seminarska po fizika

20
Семинарска работа по Физика Тема: Градежни материјали Ментор:Проф: Изработиле: Лиле Кукунеш Иван Бежаноски

Upload: aleksandar-terzioski

Post on 03-Jan-2016

274 views

Category:

Documents


1 download

DESCRIPTION

seminarska

TRANSCRIPT

Page 1: seminarska po fizika

Семинарска работа по Физика

Тема:

Градежни материјали

Ментор:Проф: Изработиле:

Лиле Кукунеш Иван Бежаноски

Александар Терзиоски

Јован Затарокски

Давор Целески

Page 2: seminarska po fizika

Семинарска работа по физика

Вовед

Со векови се граделе живеалишта,разни објекти и

споменици. И да не беше нивната трајност и отпорност на

климатските услови немаше да ја познавама својата историја и

обичаите. Со векови се тежнее да се гради за многу генерации, на

начини да се победи забот на времето. Материјалите што се

користат во градежништвото зависат како од природата на

пределот така и од нивната застапеност и од културолошкиот

напредок. Доминантен градежен материјал во разни предели е по

правило она што лесно се наоѓа или произведува во непосредната

околина.Така она што бил каменот за Египќаните, тоа е дрвото за

Канаѓаните, снегот за Ескимите.

2

Page 3: seminarska po fizika

Семинарска работа по физика

Основни принципи при избор на градежни материјали

3

Безбедност- материјалите треба да бидат безбедни за животот и здравјето на луѓето. На пример, материјалите треба да се отпорни на атмосферски влијанија, отпорни на потреси- асеизмички, огноотпорни

Трајност- материјалите треба да бидат трајни и временски да не се видоизменуваат и да не ги губат почетните својства поради кој биле применети.

Енергетска ефикасност и

еколошка исправнст

материјалите треба да помогнат при заштита на топлинска и електрична енергија,да бидат еколошки исправни, да не содржат радиоактивни елементи

Page 4: seminarska po fizika

Семинарска работа по физика

Поделба на градежните материјали

Градежните материјали, според улогата што ја играат, можат да се

поделат на две групи:

Во првата група спаѓаат материјалите кои се погодни за

основна конструкција во градењето.Тука спаѓаат природниот

и вештачкиот камен (бетон), материјалите кои се добиваат со

технолошка обработка на природни минерали,

конструкционите пластични маси, дрвото и др.

Во втората група спаѓаат градежни материјали од специјален

вид кои се неопходни за заштита на градежните матерјиали од

првата група: од атмосферски влијанија,да им ја зголемат

трајноста, материјали што ја помагаат заштедата на

енергијата, материјали за создавање на удобност и декорација.

Тука спаѓаат материјалите за: термоизолација,

хидроизолација, акустична изолација, антикорозивните

средства и декоративните бои, лакови и пластични материи.

Природните материјали се користат без значителна

технолошка обработка. Од

материјалите што се добиваат со

4

Page 5: seminarska po fizika

Семинарска работа по физика

одредена технологија се: железото, кое се користи за арматура

( зајакнување) на бетонот, керамиката, стаклото, и основниот

материјал што го бележи градежништвото на нашиот век-

цементот. Цементот е фино сомелено сврзивно средство кое

најмногу содржи калциум и алуминиум силикат. Цементот и водата

заедно даваат малтер кој по сушењето дава цементен камен. Кога

на малтерот ке му додадеме песок или чакал, се добива бетон.

За добивње на цементот се користат фино сомелени варовник и

глина. Мешањето се прави со сува или влажна постапка. Во

одредени случаи може да се додаваат и други компоненти што ќе го

подобрат хемискиот состав и ќе дадат поповолни физичко-хемиски

својства за примена во градежништвото.

Материјал Густина Средна густина Порозност(%)

Тежок бетон 2,6 2,4 10

Гранит 2,7 2,67 1,4

Стакло 2,65 2,65 0

Плексиглас 2,0 2,0 0

Физички својства на материјалите важни за

градежништвото5

Page 6: seminarska po fizika

Семинарска работа по физика

Параметри на состојба

Густина на материјалот. Густината може да се

определи од количникот на масата (m) и волуменот ( V ) на

апсолутно тврдиот материјал.

ρ = m/V

Релативна густина.Релативната густина ја дава

густината на материјалот во однос на густината на водата.Кај

повеќето градежни материјали целиот волумен се состои од

волумен на цврстиот дел(Vc) и волуменот на порите во него.

V=Vc+Vp

Средна густина. Средната густина е густината во

вистинската состојба на материјалот (мерена заедно со порите).

Така, на пример средната густина на лесниот бетон е 500-1800

kg/m3, а неговата вистинска густина е 2600 kg/m3.

Хидрофизички сфојства

Хидроскопичност се нарекува својството на материјалот

да впива водена пара од влажниот воздух. Процесот се содржи од

6

Page 7: seminarska po fizika

Семинарска работа по физика

асорбција на водената пара на повржинскиот молекуларен слој од

материјалот и од капиларна кондензација.

Капиларно впивање настанува кога дел од

конструкцијата е натопена во вода. Така, со капиларно впивање

може да дојде до навлажнување на повисоките делови од

конструкцијата.

Асорпција на вода. За определување на овај параметар

кај бетоните се користат методите на потопување ма вода ма собна

температура. Се пресметува асорпцијата на водата по едница

волумен и единица маса.

Пропустливост на вода е својство на материјалот да ја

пропушта водата при потопување. Се дефинира коефицијентот на

филтрација што укажува на водопропустливоста на материјалот.

Деформации од влага. Некои материјали како бетонот и

дрвото при промена на влажноста си ги менуваат димензиите и

волуменот, набабруваат.

Отпорноста на мраз на еден материјал се мери преку

промените што настануваат во материјалот при повече циклуси на

стопување и замрзнување

Термофизички сфојства

7

Page 8: seminarska po fizika

Семинарска работа по физика

Топлоспроводливост се нарекува својството на

материјалот да ја пренесе топлината од една до друга површина.

Ова својство е многу важно при изборот на материјал за

терморегулација или материјал за покрив.

Топлински капацитет е физичка величина која го изразува својството на

материјалот да акумулира топлина при загревање, и да ослободува при ладење . Се мери со

топлината што е потребна за загревање на еден килограм даден материјал за еден степен

целзиусов.

Материјал Топлински капацитет

(kJ,kg K)

Вода

Дрво

Бетон

4,19

2,39 – 2,72

0,75- 0,92

Огностабилност е својството на материјалот да не

се видоизменува и не се деформира под својство на високи

температури.

Огноотпорност е својство на материјалот за некое

извесно време да се спротиставува на дејството на огнот во

случај на пожар.

8

Page 9: seminarska po fizika

Семинарска работа по физика

Термички коефицијент на линеарна деформација е мерка за релативно издолжување на материјалот при загревање на еден степен целзиусов.

Материјал α(0C-1- )

Бетон

Гранит

Дрво

10x10-6

8-10x10-6

10-20x10-6

Механички својства

Градежните материјали се излаожени не само на внатрешните сили

туку и на надворешните сили : ветрови, силни дождови, тектонски

поместувања, земјотреси и др. Поради тоа треба материјалите да

поседуваат соодветни механички својства кои че им овозможат да

се спротистават на внатрешните и надворешните сили.

Еластичност е својство на цврстото тело да се врати во

старата форма по престанувањето на дејството на надворешната

сила.Поради погодната еластичност, железото се користи во

градежништвото во конструкциите подложени на големи

9

Page 10: seminarska po fizika

Семинарска работа по физика

надворешни напрегања. Инаку тоа се користи како арматура која ги

подобрува еластичните својства на бетонот.

Пластичност се нарекува својството на телото да ја измени

формата при дејство на сила и да ја запази по престанување на

нејзиното дејство.Трајната промена се нарекува остаточма или

пластична деформација.

Крутост на тврдото тело се нарекува неговата способност

да се скрш без притоа да се здобие со пластични деформации.

Еластичните својства на материјалите се менуваат во зависност од

температурата, поради тоа што Јунговиот модул на еластичност

покажува температурна зависност.

Тврдост е својство на материјалот да се спротиставува на

разрушувањето по дејство на внатрешните сили. Тврдоста зависи

како од формата на телото така и од правецот на дејството на

надворешната сила. Тврдоста на материјалите е предмет на

опсежни истражувања кај градежните материјали.

Енергетски ефикасно градење

10

Page 11: seminarska po fizika

Семинарска работа по физика

За заштеда на енергијата е потребно да се гради во согласност со

физичките закони и да се искористат материјалите со најпогодните

својства за таја намена.Еве еден пример што максимално ја чува

топлината

Заклучок

Запознавајќи се со темата која ги опфаќа градежните

материјали нивните својства и поделби и најважно нивната

примена , подетално се запознаваме со нашите живеалишта и со

11

Page 12: seminarska po fizika

Семинарска работа по физика

градбите на нашите предци. Па така запчнувајќи од првите

цивилизирани живеалишта каде оснвен градежен материјал бил

каменот, во нашето секјдневие се запознаваме со градежни

материјали кои повеќе ги исполнуваат трите основни принципи

(безбедност, трајност, енергетска ефикасност и еколошка

исправност).

Користена литература:

Физика за трета година на гимназиско

образование (Д-р Невенка Андоновска , Д-р

Мирјана Јонооска, д-р Мимоза Ристова)

Интернет

12

Page 13: seminarska po fizika

Семинарска работа по физика

( www.google.com , www.wikipedia.com )

Содржина:

Вовед.......................................................................................................2

Основни принципи при избор на градежни материјали.................3

Поделба на градежните материјали......................................................4

Физички својства....................................................................................6

13

Page 14: seminarska po fizika

Семинарска работа по физика

Параметри на состојба......................................................6

Хидрофизички сфојства...................................................7

Термофизички сфојства...................................................8

Механички својства..........................................................................9

Енергетски ефикасно градење.........................................................10

Заклучок.................................................................................................11

Користена литература.....................................................................12

14