seminarska neverbalna

33

Upload: silva-poposka

Post on 24-Oct-2014

1.083 views

Category:

Documents


5 download

TRANSCRIPT

Page 1: Seminarska neverbalna
Page 2: Seminarska neverbalna

Вовед

Ефективната комуникација е од голема важност, како во деловниот така и во секојдневниот живот. Сите ние меѓусебно комуницираме. Недостигот на комуникацијта често се означува како причина дека нешто тргнало наопаку во семејствата, општеството или бизнисот.

Постојат многу различни дефиниции за терминот комуникација. Често комуникацијата се дефинира како пренос на мисла или идеа на некои други лица, со тоа што тие лица имаат разбирање за таа мисла или идеа исто како и оној од кого потекнала.

Овде е се осврнеме на невербалната комуникација, која покрај вербалната има многу важна улога во комуникацискиот процес. Така на пример, Harrisоп смета дека 65 % од пораките во комуникациски процес кој се одвива лице-во-лице се пренесуваат невербално.

Дефининирање на поимот невербална комуникација

Повеќе автори се занимавале со проблемот на дефинирање на поимите невербална комуникација и невербални пораки. Eisenberg и Smith зборуваат како за пораки без зборови, за Mehrabian (1971) тоа се неми пораки, а за Wenburg u Wilmot "сите знаци кои не се зборови". Applbaum и неговите колеги невербалната комуникација ја дефинираат како "зборување без зборови... знаци на однесување кои не се дел од јазичниот код, а ги пренесуваат лугето и околината при оставарување на комуникација".

Во прегледот на литература за невербална комуникација, Harrison (1972) укажува дека дефинициите варираат од оние општите, според кои невербална комуникација се однесува на речиси секаков вид надразба која влијае на лугето, до оние според кои невербална комуникација опфаќа само однесување при намера за комуникација. Harrison сугерира дека е наједноставно вербалната комуникација да се дефинира како се што користи пишан или кажан збор, а сите било какви други типови на симболи спагаат во невербална комуникација. Кnарр се сложува, истакнувајќи дека невербапната комуникација ги опфаќаа оние настани во кои зборовите не се ни пишани ни кажани.

Може да се заклучи дека сите овие автори се сложуваат околу тоа дека невербална комуникација се однесува на пораки кои не се изговорени ниту напишани. Овие пораки се генерирани од страна на сите три клучни компонетни во процесот на комуникација: луѓето, пораките и околината. Луѓето можат да комуницираат со своите тела и физичко однесување. Висината, тонот и бојата на гласот се форми на комуникација. Времето, просторот, архитектурата и предметите се средства за комуникација на околината.

Page 3: Seminarska neverbalna

Во следната табелата се прикажани димензиите на невербалното однесување кои ќе бидат од интерес во ова излагање.

Тело – изглед и однесување Глас О к о л и н аЛице (уста и очи)ОднесувањеДопириДржење

Облик, ф о р м а

ВисинаИнтонацијаБрзинаПаузи

Нетечност

П р о с т о р и територијаВремеАрхитектура (дизајн на објектиили простории, распоред наседишта)Предмети (облека, уметничкидела)

Функции на невербални пораки

Несомнено е дека невербалните пораки вршат многу важни функции во процесот на комуникација. Harrison (1972) верува дека невербалното однесување го дефинира и регулира комуникацискиот систем и негствата специфична содржина. Со други зборови, преку невербални пораки лугето откриваат желба за комуникација, заклучуваат што е соодветно да се каже во даден момент, сигнализираат кој треба прв да проговори, го препознаваат вистинското значење на кажаното. Ekman (1965) вели дека невербалното однесување може да ги повтори, негира, замени, дополни, нагласи или регулира вербалните сигнали. Така на пример, професорите во процесот на предавање користат слајдови за да го нагласат, потврдат и истакнат она што усно го кажуваат. Пријателски поставена рака на рамо на загрижен работник може да ги замени зборовите "Во ред е, те разбирам". Студентите со потврдно климање на главата го наведуваат професорот да мисли дека тие го разбираат она што тој го кажува, па тоа може да влијае на должината на неговото излагање. Но, честопати се случува и невербалните пораки да се во контрадикција со вербалните. Професорот може да каже: "Слободно прашајте ме кога е нешто нејасно", за потоа во текот на семестарот, постојано да ги скратува предавањата, а кога некој студент поставува прашање да го прекине со објаснување дека минало времето и при тоа да гледа на својот рачен часовник.

3а ваквите ситуации, Mehrabian (1971) вели: "Кога невербалното однесување е во контрадикција со изговореното, не е теш ко да се претпостави каква порака ке биде пренесена. Допирите, положбата на телото, гестикулацииите, како и изразот на лицето и бојата на гласот можат да влијаат повеке од искажаните зборови и повеќе да ги откријат чувствата испратени преку пораката". Keltner се сложува со него: "Кога информација пренесена преку невербален канал е во контрадикција со информација пренесена преку вербален канал, при интерпретација на овој пар информации од страна едно лице, доминира онаа пренесена невербално." Тој истакнува и дека акцијата зборува погласно од зборовите.

Appibaum и неговите колеги разликата меѓу вербална и невербална комуникација, ја оценуваат вака: "Гернерално, вербалната комуникација ја пренесува основната содржина, а невербалната ги пренесува чувствата, емоциите и личното мислење."

Page 4: Seminarska neverbalna

Stewart мисли дека примарна функција на невербалната комуникација е да ги искаже врските меѓу лицата кои комуницираат и да ги отслика нивните карактери. Сето ова води до заклучок дека невербалната комуникација е комуникација на чувства и ставови, кои најчесто се основа на меѓчовечките односи., Еве еден пример за поткрепување на овој став. Еден менаџер, соочен со негативни реакции за неговото водење од страна на подредените, постојано барал специфични вербални примери кои би го илустрирале неговото лошо работење. По неколкучасовно набројување на такви примери, кои менаџерот успевал со логички објаснување да ги отфрили како неосновани, еден од подредените извинал: "По ѓаволите! Би можеле да продолжиме цела ноќ да ви даваме примери. Но тешко е со зборови да се каже она што нам ни пречи. Тоа е поврзано и со нашите чувства и начинот на кој вие постапувате со нас. Тешко е да се зборува за нашитите чувства, но верувајте, тие се вистински!

Мора да се нагласи дека е речиси невозможно да се зборува за значењето на невербалните пораки, без да се земе во предвид ситуацијата и контекстот во кој се генерирани. Дури и за вербалните пораки е можно да бидат погрешно протолкувани, заради различните значења што може да ги има еден збор. 3а невербалните тоа е дури поверојатно да се случи. Како што вели Кnарр (1978): "Невербалната комуникација е цврсто врзана со вербалниот аспект на процесот на комуникација, така што секое нивно делење би било вештачко. Во пракса такво делење нема."

Тело - облик, изглед и однесување

Честопати користиме фрази како: "убива со поглед" или "кисела насмевка" кои се однесуваат на говорот на телото. Преку говорот на телото луѓето ги изразуваат своите чувства и ставови. Испитувањата покажале дека движењата на телото се главни индикатори на склосностите во интерперсоналните врски. Mehrabian (1971) вели:

"Поголема симпати ја се постигнува ако се седи близу до соговорникот,

отколку ако се седи далеку, ако сте навалени напред наместо назад, ако сте му свртени директно лице во лице, ако го допирате, ако го гледате директно во очи, ако го продолжувате физичкиот контакт при ракување, ако го продолжувате збогувањето, или ако користите гестови при поздравувањето кои имплицираат физичко доближување".

Beier u Sternberg го испитувале говорот на телото кај 51 брачен пар, кои биле во брак три до шест месеци и дошле до следниот заклучок: "Суптилните знаци во интеракцијата кај млади брачни парови се мерливи и може да укажат на стрес. Допирите, погледите, начинот на седење, иницијативата за конверзација, може да помогнат да се направи разумна прогноза за успешноста на бракот".

Page 5: Seminarska neverbalna

Испитувањатата кои ги спровел Goldhaber укажуваат на тоа дека определени движења на телото им помагаат на хомосексуалците да идентификуваат други хомосексуалци. Според интервјуто направено со 1000 испитаници трите клучни знаци за препознавање се: загледување во очи на друг маж подолго време, долготрајно допирање околу коленото и тапкање со стопалата.

Истражувачите направиле преглед на невербалните движења на телото. Ekman u Friesen разликуваат 5 типа на изразување преку движења на телото, за кои тие ги користат следните терминни: симболи, илустратори, регулатори, афектори и адаптери. Симболи се типични гестови кои се користат како замена за зборови. Така на пример, со подигање на десната рака со исправена дланка, сообраќниот полицаец сопира движење на возила во одреден правец. Илустраторите го придружуваат и надополнуваат говорот. Пожарникарот покажува на жртва во зграда во пламен и вели"Ене го!". Регулаторите ја контролираат говорната комуникација. Кога студентите климаат со глава професорот продолжува да зборува. Кога слушателот почнува да "шета со погледот", оној кој зборува сфаќа дека на слушателот веке не му е интересна темата. Афектори се движења кои ја покажуваат емоционалнта состојба на соговорниците. Малите деца го иплазуваат јазикот за да покажат незадоволство. Адаптерите се движења научени уште од детството, кои имаат некое значење, но соговорникот не мора да може да ги протолкува. Чешањето по носот, играњето со прамени од косата се такви примери.

Ray Birdwhistell ја направил веројатно најпозната класификација на движењата на телото, наречена кинетика. Тој развил и тестирал набљудувачки систем, кој служи за следење и снимање .на движењата на телото. MeCrockey u неговите колеги се осврнуваат на неговата теорија:

"Неговите испитување се базираат на теоријата дека кинетиката формира јазик сличен на говорниот или пишаниот. Правејки низа од гестови може да се формира реченица или параграф. Резулататите до кој дошол Birdwhistel.l поддржуваат три важни заклучоци:

(1) Движењата на телото можат да бидат набљудувани и снимени, дури и оние кои се чини дека се на микроскопско ниво;

(2) Компилација од листа на движења и нивните значења се бескорисни без информации зa контекстот во кој се направени;

(3) Движењата околу очите и движењата со дланките се примарни во препознавање на културата на лицето. "

Голем дел од физичките движења на телото, може да се групираат во четири групи: лице, држење и одесување, допири и генерален облик на телото.

Лице

Лицето е веројатно највидливиот индикатор на чувствата и емоциите, но сепак и мегу најтешките да се оцени. Иако

Page 6: Seminarska neverbalna

можеме да контролираме голем дел од изразите на лицето и сме свесни кога ги правиме, сепак честопати правиме изрази на лицето без намера за тоа. Проблем при проценување на чувствата според изразот на лицето се јавува бидејќи изразот на лицето може да вклучува повеке чувства истовремено, а не само едно.

Ekman развил таканаречена "Техника на бодување на изразите на лицето", позната како FAST, скратеница која доага од англискиот назив Facial Affect Scoring Technique. Оваа техника им овозможува на истражувачите да препознаат шест видови на емоции (среќа, лутина, изненадување, тага, гадење и страв) набљудувајќи три дела од лицето: делот околу веѓите и челото; делот околу носот кој ги поврзува очите и усните; долниот дел. од лицето, т.е. оној кој ги опфаќа образите, носот, устата, брадата и вилиците. Со претходна обука од само шест часа, кодерите можат да станат професионалци во користење на FAST техниката. Кnарр (1978) сублимирал дел од резулатите добиени со користење на оваа техника:

1. Среќата најдобро се препознава според изразот на долниот дел од лицето и делот околу очите.

2. Очите се најрелевантни при препознавање на тага.

3. На делот околу очите и долниот дел од лицето може да се забележи изненадувањето.

Среќа Тага Изненадување Замисленост

Лутина Збунетост Срам Поспаност

(4) Лутината најправилно се препознава според изразот на долниот дел од лицето и делот околу веѓите и челото.(5) Долниот дел од лицето е пресуден при препознавање на гадење. (6) Стравот најмногу се покажува во очите.

Page 7: Seminarska neverbalna

Според горе кажаното произлегува дека делот околу очите е оној кој дава најмногу информации. Резулататите до кои дошле многу истражувачи водат до одредени конзистентни заклучоци, сублимирани од страна на McCroskey:

(1) Директен поглед во очи се појавува во следниве случаи:

· кога индивидуата бара повратна реакција од другите луѓе;· кога индивидуата сака да сигнализира почеток на комуникација;· кога индивидуата сака да сигнализира потреба да се придружи; вклучи или исклучи.

(2) Жените се посклони кон контакт со очи од мажите.

(3) Контактот со очи е поинтензивен со зголемување на растојанието мегу лицата кои комуницираат.

(4) Контактот со очи се користи за да се предизвика вознемиреност кај другите.

(5) Контактот со очи се избегнува во следниве ситуации:

· кога лугето сакаат да ги скријат емоциите;· кога две лица се физички многу блиску еден до друг;· при натпреварување, кога е напната ситуацијата, или веднаш по лажење;· кога говорникот почнува долго искажување или додека

слушателите слушаат долго и здодевно искажување;· кога индивидуата сака да одрекхе постоење на било какви социјални врски.Од посебно значење при изучување на организациските

хиерархии и врските мегу nyfe на различни позиции се резултатите до кои дошол Hearn, кои покажуваат дека лугето на повисоки позиции повеке предизвикуваат дабидат контактирани со очи од оние на пониски. Ако вработените не го гледаатменаџерот директно во очи, тоа значи дека не го гледаат како човек со висок авторитет.

Тука е важно да се нагласи дека постојат големи разлики во толкувањето на изразите и движењата на лицето и главата кај различните народи. Во тој контекст е и следниот преглед на реакции, значења и последици од некои изрази и движења на лицето кај различни народи.

Преглед на реакции, значење и последици

Page 8: Seminarska neverbalna

Глава и лице

Постапка Значење Во кои земјиКлимање со главатагоре-долу

"да" Во најголем број земји"не" Грција, Индија и

Бангладеш

Одмавнување со главаталево-десно

"да" Иран, Турција, Шри Ланка

Милување или чешкањена брадата со ноктинапред-назад

"Не го з н а м одговорот"Португалија, Бразил;Аргентина

3нак н а нетрпение илигадење

Италија

"3аминувај !Неподнослив си"

Франција

Навредлив гест ТунисКлимање со главатананазад

"не" Саудиска Арабија,Дубаи, Абу Даби, Јемен,Сомалија, СеверенЕгипет, Тунис, Бугарија

Да се поттапка нечијаГлава или да сепомилува косата

Пријателски гест Скоро сите западниземји

3а некој да се навредиили понииси

Тајланд, Бурма,Индонезија, Сингапур

Уши

Постапка 3начење Во кои земјиДа се штипне или допреушната ресица

Да се назначи декадругиот е хомосексуалецили феминизиран

Италија

Да сеповлече илиштипне ушната ресица

Извинување нанадредениот за сторената

Индија

Покорност на помладиотбрат на постариот

Индија

Како израз напочитување

Бразил

Нос

Постапка Значење Во кои земјиДа се стисне носот сопрсти

Кога се смета планот,проектот, или одреденазадача неуспешна

Северна Америка,Англија, Австралија

Да се турне носот сопоказалецот или сосредниот прст нагоре

"Толку е тоа лесно штом о ж а м да го направам исо ставање на претот вонос"

Франција

Page 9: Seminarska neverbalna

Уста

Постапка Значење Во кои земјиДа се испружијазикот Начин на некого да му

се подсмевнуваш или даго навредиш

Англиско говорноподрачје

Несвесен знак нагубење концентрација

Универзално

Поздрав на пријателот ТибетПлукање во лице илитело

Голема навреда Скоро универзално

Плукање на под, улица Н о р м а л н о КинаПлукање на стапалатана другиот

Се изразува допагање Кенија, делови од Судан

Да се јаде на улица Вулгарно е Франција, Полска,Јапонија

Да се испакнат уснитеили да се држи

некојп р е д м е т в о уста

Непристојно е Филипини

Очи

Постапка Значење Во кои sемјиИзбегнување на поглед во

очи Како о п ш т о правило

Африка, Кариби

Како израз напочитување и покорност

Англија, СевернаАмерика, Јапонија,Гана, Јужна Африка

Кога жената сака да ја избегнепомислата н а додворувањ

е во

3амбија, Колумбија,М а л и и ситемуслимански земји

3бунетост Англија

Page 10: Seminarska neverbalna

Да се sвериш во некого Единствен начин да се дознаенешто

Кина, Тајван, СаудискаАрабија, Пакистан

Непристојност Англија,Јапониjа,Ирска, Тајланд,Австралија,Н о в 3еланд,3ападнаЕвропа,Северна Америка

Намигнување.

"Јас знам", "Ниеделиме тајна"

Северна Америка,Ирска, 3ападна Европа,

Австралиј аНепристоен гест Хонг К о н г3нак за удварање 3ападните земји"Не сум сериозен, се шегувам

"

Северна Америка,Австралија, Англија

Допирање на

надворешниотагол од окото

"3нам што имаш на ум", "Не можеш да меизлажеш"

Франција, Англија

"Чувај се, бидивнимателен"

Италија

Израз н а

разочарувањеХрватска, Босна,Македонија, Србија

Држење и оgнесување

Уште на децата во училиште, учителите им кажуваат да седат исправено. Некои дури и ги казнуваат за неправилно држење на телото. 3емајќи го во предвид трудот на Hewes, кој препознал преку илјада различни држења на телото, прашањето на "неправилно" наспроти она на "правилно" држење станува бесмислено. Efron исто така потсетува на комплексноста на испитување на држењето на телото предизвикана од големите разлики во толкувањето на говорот на телото кај луѓе од различни

Page 11: Seminarska neverbalna

народи и култури. Harrison (1972) укажува на проблемите на кои може да се наиде ако се игнорира фактот дека постојат културни разлики кај лугето во толкување на гестикулациите преку примери:

"Амерканец може да сигнализира ОК со дланката во фино Европско друштво. Кај многу народи, истиот гест се смета за непристоен и означува женски гениталии. Девојка би го разбрала како понуда, а машко лице како обвинение за хомосексуалност. Не е потребно да се објаснува дека ефектот од ваков гест во обата случаи е далеку од оној кој требало да го постигне сигнализираното ОК. Слична ситуација може да се јави кога Американец би понудил храна со левата рака. Во некои делови од светот, каде левата рака е резервирана за чистење на телото, тоа се смета за етрашна навреда."

Кnарр (1978) нагласува дека држењето на телото многу ни кажува за однесувањето на човекот, неговиот општествен статус, емоциите, топлината што ја има како човек. Mehrabian (1968) пак за врската мегу општествениот статус и држењето вели: "Луѓето се најрелаксирани кога се обраќаат на луге кои се пониско во хиерарихиско ниво, помалку кога се обракаат на луѓe на исто ниво во хиерархиската структура и најмалку кога се обракаат на луѓе повисоко во хиерархиско ниво". Mehrabian, исто така открил дека луѓето се понапнати кога се во конфронтација со мажи кои не им се пријатни, отколку на жени кои не им се пријатни. Можеби ова е последица на сфаќањето на некои мажи, дека нивниот општествен статус е надреден во однос на оној на жените.

Remland (1981) забележал дека кога лице во лице комуницираат надреден и подреден, нерамноправната природа на нивниот меѓусебен однос наметната од различниот статус, се забележува и преку нивното држење. Надредениот обично е порелаксиран и помалку внимава на своето држење одподредениот. Надредениот може да биде потпрен на столчето и да разгледуванаоколу додека го слуша подредениот. Тој го покажува невнимание и недоволна заинтересираност со тоа што не гледа во подредениот додека овој зборува, не се смее на неговите шеги и не клима потврдно со главата. Со тоа имплицитно кажува: "Моето тело е побитно од твоето."

ДопирањеУште од детството, па во текот на целиот живот сите луге

имаат потреба да бидат допрени и да ги допираат другите nyfe. Spitz докажan дека децата за својот нормален раст и развој имаат потреба да бидат допирани. Родителите ги допираат бебињата кога ги повиваат, хранат, негуваат. Блиските пријатели и родителите ги прегрнуваат децата. Адолесцентите се допираат кога водат љубов. Возрасните се допираат кога се ракуваат.

Филмот "Втора шанса" ја прикажува потребата од допири. Во филмот, дваесет и две месечно женско бебе, отфрлено од родителите е вратено во болница со тежина од само 7 kg u висина од само 71 cm. Бебето покажувало знаци на екстремна ретардираност во поглед на физички способности и комуницирање. Дијагнозата гласела

Page 12: Seminarska neverbalna

дека пати од синдромот на мајчина негрижа, што значи дека му недостасувале допири од родителите. Потоа бебето е доверено на "нова мајка" - доброволец, која постојано му пружала љубов, посебно во форма на физички допири. 3а само неколку месеци, бебето покажало значителен напредок во тежината, висината и физичките способности.

Како што растеме, физичките допири се заменети со вербални и невербални симболи. Родителите ги опоменуваат децата со зборовите: "Не го допирај телевизорот, вазната, чоколадата, не се допирај самиот". Посебно се осувдува взаемното допирање на две машки лица. Веројатно успехот на многу групи за социјализирање се базира на постојаната потреба од допири.

Во едно од испитувањата кои Jourard ги правел зa допирањето, тој открил дека припадничките на женскиот пол допираат и се допирани повеке од оние на машкиот. Лугето најчесто ги допираат пријателите од спротивниот пол и мајките, додека татковците се воздржуваат од допирање на децата. Во една црковна церемонија, Young вели:

"Секое човечко суштество има потреба да допира и да биде допрено. Секој од нас има чувства и мисли кои се толку длабоки, што зборовите не можат да ги искажат. Сепак, лугето се трудат да ги поделат со другите. Најсилната радост се зголемува кога е споделена со другите. Најголемите стравови и грижи стануваат издржливи и надминливи кога се споделени. 3а да се споделат ваквите чувства со целиот интензитет и.значење, треба да се вклучи целото битие во нивно пренесување. 3а тоа се потребни допири.

Кога детето ке ви се доближи, исплашено и повредено, кажете му дека се грижите за него, кажете му дека го сакате, кажете му дека ви е жал. Потоадопрете го. 3емете го во раце и погалете го. Тогаш тоа ќе ви поверува. Тогаш ке знае дека се грижите за него.

О б л и к и и з г л е g н а т е л о т о

парфеми со цел да ги победат лошиот здив и природниот мирис на телото. Голема е и потрошувачката на гелови и лакови за коса, шампони и регенератори кои "ќе ја направат косата миризлива, сјајна и мека и ке го отстранат првутот". Тука се и средствата за шминкање, како маскари, кармини, пудри, лажни трепавици, коректори. Очигледно е дека лугето многу се грижат за обликот и изгледот на своето тело.

Физичката привлечност ја зголемува почетната самодоверба кај лугето. Singer покажал дека девојките ја користат физичката привлечност за да ги изманипулираат професорите од спротивниот пол да им дадат повисока оценка. Тој вели дека привлечните девојки седнуваат во првите редови, им со обраќаат на професорите по предавањата, често одат на консултации во нивните канцеларии. Истражување дали слично се однесуваат машките студенти кон професорките сеуште не е направено.

Shelldon (1940) развил систем за класификација на телата според нивната генерална форма во три типа на физиономии: ектоморфни (слаби, високи), ендоморфни (дебели, заоблени), и месоморфни

Лугето трошат огромни суми на пари на козметички производи, како деодоранти, средства за плакнење на устата, сапуни, лосиони за тело и

Page 13: Seminarska neverbalna

(муслкулни, атлетски градени). Wells u Siegel ro демонстрирале верувањето, кое постои кај многу луѓе дека различните темпераменти одат заедно со различната градба на телото. Гледајќи слики од трите типа на физиономии, испитаниците ги карактеризирале ектоморфините како послаби, помлади, повисоки, понапнати, понервозни и помалку мажествени. Ендоморфните биле карактеризирани како подебели, постари, пониски, помалку привлечни и помолчеливи. Месоморфните, пак, како посилни, помажествени, попривлечни и повисоки. Очигледно е дека најголем дел од луѓето се стремат кон месоморфен изглед. Книгите за диети долго време се меѓу најпродаваните и покрај тоа што е дискутабилно колку се медицински оправдани. Истото е со средствата за слабеење. Омилените актери во филмовите се несомнено со месоморфен изглед.

Друга димензија на невербалното однесување на телото е должината на косата и бојата на кожата. Во многу земји, како на пример САД луѓето кои не се од белата раса се соочуваат со бројни проблеми. Тоа било посебно

изразено во организациски структури (претпријатија, институции), каде белците многу полесно напредувале и се стекнувале со менатџерски титули. Во седумдесетите, по интервенција на владата, дошло до промени во политиката и однесувањето на многу организации околу прашањето на вработување и унапредување на луѓe од други раси. Но давањето работни мести "наменети за белци" •на nyfe од други раси јасно дека не значело и надминување на расните проблеми во комуникацијата мегу лугето. Еве како ги опишува своие искуства црнецот Jones, кој бил менаџер во компанија со претежно белци вработени:

"Иако, предрасуди постојат во бизнисот, во САД нормите против предрасудите исклучуваат можност за признавање на вина од страна на пристрасната страна. Така, во мојот случај, мојот прв менаџер u John беа повиновни за наивност отколку за лицемерие, тие не можеа да препознаат предрасуди, бидејки тоа би значело нарушување на сликата која ја имаа створено за себе. Оваа појава е широко распространета во индустријата во САД.

Моето искуство кажува дека морално обврзување на еднакви шанси за сите не е доволно. Тоа обврзување е бескорисно ако компанијата не услее да препознае дека постои чудно филтрирање мегу приправничкото и нивото на врвен менаџмент.

Должината на косата кај момчињата била исто така причина за предрасуди во шеесетите. Особено оние со коса под ушите и рамениците биле дискриминирани при вработување. Некои компании дури и наведувале норми во врска со должина на косата, носење брада и бакембарди во понудите за работа.

Глас

Во еден филм, менаџерот му извикува на вработениот: "Слушај што сакам да ти кажам, а не што кажувам. " Да се слуша што тој сака да каже значи да се обрне внимание на неговиот глас, а не на зборовите кои тој ги користи. Висината на гласот, тонот со кој е нешто кажано, одречноста даваат многу информации за ставот, статусот и чувствата. Некои истражувачи изучувањата за човечкиот глас ги нарекуваат паралингвистика, која ја делат на сегменти (кои се однесуваат на дескриптори на гласот) и вокализатори. Сегменти се особини на гласот како висина,

Page 14: Seminarska neverbalna

резонанса, брзина и ритам. Вокализатори се нетечност во зборувањето, паузи и вокални карактеристики како смеење, прозевање и плачење.

Многу испитувања на човечкиот глас укажуваат на коезистентност вoспособноста на слушателите да предвидат некои карактеристики на спикерите.

Kramer, на пример, заклучил дека според гласот е можно да се предвидат физички карактреристики (возраст, висина, тежина, физиономија), ставови и сконости (животни вредности, професија), карактерни особини (интроверност, екстравернтонст), карактер во глобала (нормален, невротичен), прилагодливост и психопатија. Nerbonne на испитување вршени во САД демонстрирал дека слушателите можат да ја препознаат етничката група на која u припаѓа спикерот (црна или бела), образованието (средно или високо), од која дијалектичка област доаѓа (Источна, Јужна или генерално Америчка). Addington открил дека гласот потврдува многу стереотипни разлики мегу мажите и жените: "Машкиот карактер се перцеприра преку препознавање физичка и емоционална сила, а женскиот преку социјални дисциплини."

Други истражувања покажуваат дека слушателите можат да откријат некои емоции на спикерот од гласовни знаци. Вознемиреноста се рефлектира преку прекини во зборувањето, "аа.. ", недовршена реченица, повторување, пелтечење и слично. Но има и такви истражувања кои покажале дека вознемирехоста има само мало влијание на паузи од типот "а... ";"е... "; "хм.. "; "ух".

Вокална мерка која е поврзана со вознемиреноста е лаузата. Goldman- Eisler (1955) сугерираат дека изрази со малку слогови изговорени во еден замав укажуваат на вознемиреност и напнатост. Mahl(1963) вели дека паузите во зборувањето се индекс за определување на вознемиреноста и дека голема вознемиреност се рефлектира во колебливо зборување. Manther заклучил дека бројот на паузите во зборувањето е правопропорционален со нивото на вознемиреност. Goldhaber открил дека должината на паузите исто така зависи од вознемиреноста.

Според невербалното однесување, може да се претпостави и општествениот статус. Harms покажал дека испитаниците успеале да го одредат статусот на говорникот, слушајќи дел од негов говор со должина од 40-60 секунди. Многумина дури тврделе дека 10-15 секунди им биле доволни.

Според резулататите на многу испитување, висината на гласот и брзината на зборување незначително влијаат на тоа како слушателите ке ја примат пораката, што е во спротивност со верувањето на многу учители по држење говори. Испитувањата на Goldharber за компресиран (брз) говор покажуваат gека слушателите можат да воспримаат снимени пораки собрзина до 350 збора во минута. Некои испитување укажуваат на дури повисоки рати на зборување, при барем кус тренинг на слушателите.

Околина

Третиот елемент со кој се остварува невербална комуникација е околината. Влијанието на околина во комуникација зависи од:· Територија и простор· Време· Изглед на објектите, просториите и распоредот на седишта

i

Page 15: Seminarska neverbalna

· Предмети

Tepuтuopuja и простор

Во една омилена детска приказна го срекаваме следниот диалог:

".Мечињата ги погледнаа трите столчиња.-Некој седел на моето столче - се пожали Мечок со длабок глас. -Некој седел на моето столче - се пожали Мечката.

-Некој седел на моето столче и го скршил - се пожали малото Мече со својот бебешки глас.

Потоа мечињата продолжија да ја разгледуваат собата и дојдоа докреветите.

-Некој лежел на мојот кревет - се пожали Мечокот со длабок глас. - Некој лежел на мојот кревет - се пожали Мечката.- Некој лежел на мојот кревет, и еве го, сеуште е тука! — се пожали

малото Мече со збунето гласче...

Постои многу мала разлика во реакциите на мечињата кога откриле дека некој бил во нивниот дом и начинот на кој луѓето би реагирале во слична ситуација. Средовечна жена во САД застрелала пијан човек кој се обидел да провали во нејзината куќа. Реакцијата на еден вработен, кој морал да ја промени канцеларијата против своја волја била: "Ке се залепам за каучот, па ако можат нека ме поместат. "

Во сите овие примери, луѓето, како и мечињата, заштитуваат одредена теритиорија. Halls (1959) го нарекува ова територијалност, и претпоставува дека лугето и животните се спремни сешто да направат за да ја заштитат својат територија. Rosenfeld (1973) ја дефинира територијалноста како претпоставување имотни права над географска област без легална основа за тоа. Hall (1966) ја дефинирал територијата како "простор со непроменливи карактреристики, ограничен со фиксни видиливи или невидливи граници".Mehrahran (1971) покажал дека кога човекот се наоѓа на сопствена територија чувствува психолошка предност. Општо мислење е дека тимот кој игра на своја територија е во предност. Во една организација се јавил проблем околу лидерството на еден менаџер и бил свикан состанок на таа тема. Еден ден пред состанокот, кој требало да се одржи во канцеларијата на менаџерот, вработните побарале да се смени локацијата. Била одбрана друга канцеларија; која според големината и капацитетот за седење не била соодветна на бројот на учесниците во состанокот. Ова покажува дека лугето многу полагаат на предноста да се биде на своја територија.

Според Remland (1981) се забележуваат три генерални правила заврската мегу територијата и статусот во една организација. Вработените кои се на повисока позиција обично:

(1) Имаат поголема територија(2) Подобро ја заштитуваат својата територија

(3) Ја загрозуваат територијата на вработените кои се на пониска позиција

Дури и кај животните, доминантните видови "држат" поголема и подобра територија. Истиот принцип се заблежува и кај луѓето. Според Knарp (1978), во една организациска структура, луѓето од повисок ранг "држат" поголема и подобра територија и имаат поголема слобода на движење. Eisenberg u Smith дошле до заклучок дека попрестижните луѓе контролираат поголеми теритиории. Пример за тоа е и универзитетот. Пет

Page 16: Seminarska neverbalna

дипломирани студенти работат заедно во канцеларија голема колку и онаа во која работат двајца аситенти или еден директор на катедра. Деканите имаат дури и поголеми канциларии. Sommer исто така тврди дека во повеќето организации големината на канцеларијата е во согласност со позицијата. Mehrabian пак, големината на канцеларијата ја поврзува и со позицијата и со моќта на индивидуата: "Луѓето на повисока позиција имаа пристап до поголем простор и имаат повеке моќ да го регулираат пристапот на другите до нивната територија од оние на пониска позиција... во една организациска структура, како компанија, училиште, болница и слично, луѓето на повисока позиција добиваат поголеми приватни делови и. нивната приватност е поголема. "

Според второто универзално правило, луѓето кои се на повисока позиција се поспособни да ја заштитуваат својата територија од оние кои се на пониска позиција. Еден едноставен пример го илустрира тоа. Ако се обидеме телефонски да стапиме во контакт со некој министер, претходно ќе не поврзат со неколку негови помошници и секретарки, за на крај, ако имаме среќа и трпение да бидеме поврзани со министерот. 3а тоа, Mehrabian (1971) вели: "Луѓето кои се на високи позиции сами го определуваат пристапот на другите до нив. Човек на пониска позици ја има помала можност да влијае на пристапот на луѓето од повисока позиција до него.... Разликата во позицијата се гледа и во степенот на неодлучност и несигурност на посетитителот кога истиот му пристапува на оној кој го посетува. Ако постои голема разлика во општествениот статус, посетителот или чека дозвола пред секој поголем чекор на приближување, или се соочува со ризикот да го навреди другиот. Тој дури и ќе се стеснува да седне, бидејки тоа е знак на релаксираност и намера да остане подолго. Дури и кога ке биде поканет да седне, ќе продолжи да се однесува подредено, бирајќи место кое е поодалечено од домаќинот.

Eisenberg u Smiгh се сложуваат со Mehrabian: "Најважниот претпоставен го контролира просторот до кој е најтешко да се пристапи, одвоен со некоку врати и секретарки од останите вработени." Fabun исто така ја нагласува важноста на локацијата како средство за заштита на територијата: Висинската разлика на која се наоѓа канцеларијата може да биде индикација за важноста на личноста. Најчесто најважните луѓе имаат канцеларии на највисоките катови во зградата.

Држењето голема канцеларија на највисоките катови эборува не само за важноста на личноста туку и за можоста за пристап до таа личност.Испитувањата што ги спровел Goldharber ги потврдуваат овие принципи. Тој забележал дека секретарките на универзитетите се бариера во комуникацијата мегу студентите и администрацијата и тоа по директно барање на луѓето од администацијата. Оттука и заклучокот дека високата позиција значи и подобра заштита на територијата.

О б р а т н о т о в а ж и , п а к з а л у ѓ е т о с о п о н и с к а п о з и ц и ј а в о организационите структури. Треото универзално правило е дека луѓето на повисока позиција се во можност слободно да пристапуваат до територијата на оние на пониска лозиција. Дури и студентите од повисоките години на студии успеваат да добијат повеќе привилегии кај професорите во однос на бруцошите.

Ефектот од овие три универзални правила, иако не секогаш очигледен е пораката која надредените ја пракаат до подредените: "Мојата територија е поважна од твојата. "

Како што досега користениот термин територија репрезнентира

Page 17: Seminarska neverbalna

фиксен простор, терминот подвижен простор се однесува на просторот околу нас, кој условно речено, "се движи" заедно со нас. Lтttle го нарекува "лично растојание или оддалеченост", Sommer "личен простор", а за Rosenfeld (1973) тоа е"оддалеченоста од другите на кое се поставува личноста". Hall (1969) развил модел во кој наведува четири типа на растојание, кои се најчесто користни при деловните или личните контакти:

· Интимно растојание· Лично растојание· Социјално растојание· Јавно растојание

Интимното растојание (од непосреден допир до половина метар) е растојание кое се преминува при водење љубов или борење. На ова растојание се активраат сетилата за допир и лц3рис. Честопати, во гужва во лифт или автобус сме принудени да го преминеме интимното растојание дури и со непознати nyfe. Тогаш телото автоматски реагира со затегнување на мускулите, повлекување на рацете, свртување на погледот.

Личното растојание (од половина до еден метар) е резервирано за блиски пријатели (долната граница) и за комуникација со другите (горната граница). Односот меѓу соговорниците, како и нивните взаемни чувства го диктираат растојанието мегу нив. Како што Mehrahian (1968) нагласува, колку повеке постојат симпатии меѓу соговорниците, толку е помало растојанието мегу нив. Растојанието при комуникација зависи и од културата на народот. Ha1.l (1959) забележал дека Арапите се на помало растојание кога комуницираат отколку Американиците, што може да предизвика проблеми кога комуницираат Арап и Американец. Williams открил дека инторвертните луге при комуникација се држат на поголемо растојание од екстровертните.

Социјалното растојание (од еден до четири метри) е растојание кое. најчесто се држи при деловна комуникација, формална или неформална. Притоа, помало е растојанието при неформално комуницирање или на неформални средби, а поголемо при официјални средби и разговори. Во некои големи канциларии, понекогаш учесниците во состанокот седат на растојание од околу три метри.

Јавно растојание (од четири-пет метри и повеќе) е растојанието на кое се наогаат предавачите од учениците, и говорниците при јавен настап. Тогаш гласовите знаци доминираат над контактот со очи.

Влијание на локацијата на цената на комуникација

Локацијата е поврзана со цената на комуникација. Ако е канцеларијата сместена надвор од централното градско подрачје, тоа може да предизвика трошоци на комуникација повисоки од заштеденото на пониска наемина. Тоа го потврдуваат и неколку испитувања направени во Европа во последните десет години. Испитувањата на Thorngren направени во Шведска и оние на Goddard во Англија покажуваат дека по преместување на канцалариите компаниите успеале да ги задржат само 30% од контактите кои ги имале. Руе развил модел за пресметување на просечните додатни патни трошоци за патување на вработените на деловни состаноци по релокација на канцеларијата. Тој заклучил дека позитивниот економскиот ефект од релокација на канцелариите е помал од додатните патни трошоци. Се разбира, трошоците на комуникација може да се намалат ако потребата од старите контакти се намали со децентрализација на одлуките кои се однесуваат за едно географско подрачје. Друга алтернатива, која моментално се испитува во Англија и Канада, е патувањето да се замени со поголемо користење на можностите на телекомуникациите: Досегашните резулатати

Page 18: Seminarska neverbalna

покажуваат дека во дури во една третина од случаите класичниот состанок може без проблем да се замени со аудио-теле-конференција, а во додатни 10% од случаите дури не се неопходни ни видео ефекти.

Влијaние на разликита во позициите на луѓетона комуникацијата

Испитувањата кои Goldhaber ги вршел во САД и Канада потврдуваат дека оддалеченоста меѓу луѓe на различни позиции има големо влијание на комуникацијата во една огранзациона структура. Незадоволството од комуникацијата во рамките на организацијата и потребата од подобрување на истата растат со зголемување на растојанието меѓу луѓето кои се наогаат на различни позиции. Резултатите добиени од набљудување на 4000 вработени во 16 огранизации, водат до следните заклучоци:

1) Колку повисоко една личност се наоѓа во хиерахиската структура на

организацијата, толку поретко ги проследува информациите до врвниот менаџмент и нивната реакција до вработените кои се пониско во хиерархиската структура;

2) Најсигурен извор на информации се луѓето кои се најблиску до работниците, т.е. најниското ниво на менаџери, а помалку сигурен луѓето од средниот менаџмент;

3) Информациите добиени од врвниот менаџмент се со посалб квалитет од оние добиени од било кои други извори;

4) Директнта комуникација е подобра и поздрава од онаа на глобално ниво (која ја смалува отвореноста, недоволно наградува и казнува, и ги минимизира можностите за влијание и напредок).

Време

Времето е втор фактор по важност за улогата на околината во комуникацијата. Секојдневно слушаме коментари за важноста на времето, како на пример: "Времето лета", "Времето е пари", "Немам време за губење", "Ти помина времето", "Време е". Речникот ни е полн со зборови поврзани со време то: наскоро, подоцна, тогаш, сега, вчера, денес, утре, веднаш, рано, доцна и многу други. Се храниме во согласност со времето, три оброка дневно – секој во одредено време, спиеме во определено време, работиме и учиме во определено време. Многу од главните настаните и активности во животот ни е условени од времето: раѓање, крштевка, стапување во брак, пензионирање.

Во некои земји, како на пример во Америка, луѓето се однесуваат кон времето со посебно внимание, особено во организациите. Доцнењето на училиште или на состанок, како и незапазување на роковите за исполнување на одредени задачи може да се сфати како навреда и да донесе негативни последици. Професорите им велат на студентите: "Ако ја предадете домашната на време, ќе имам доволно време внимателно да ја разгледам." Се јавува вознемиреност ако телефонот заsвони во 3 часот наутро. 3а третманот на времето од страна на организационите структури, Halpin рекол:

"Многу организации и народи воспоставиле рамки на толеранција на

Page 19: Seminarska neverbalna

доцнење. Ако некој доцни повеќе од она што се толерира, тоа е навреда за оној кој чека. Сепак, доаѓањето навреме и доцнењето различно се третираат во различни ситуации. Воените лица е вообичаено да пристигнат неколку минути пред договореното време, а професорите обично доцнат 5 до 10 минути. На прием или коктел ретко кој доаѓа во договореното време. На вечера дури е во согласност со доброто однесување да се доцни барем 10 минути.

Третманот на времето зависи и од општествениот статус. Луѓето со повисок статус си дозволуваат да не го почитуваат времето на оние со понизок; но цврсто се држат до својот временски план. Шефот на оддел може константно да доцни на состаноците кои самиот тој ги закажува, за кога неговата секретарка еднаш ќе пристигне десет минути после него, прекорно да ја погледне. Hall (1959) заклучил дека Американците толерираат доцнење од пет минути без потреба од извинување.

Remland (1981) воочил дека луѓето на повисоки позиции се однесуваат како да смеат да го контролираат времето на другите. Фреквенцијата на комуникација обично ја одредуваат надредените, тие ја прават агендата на состанокот и го одредуваат времетраењето. Според Remland, со тоа тие јасно кажуваат: "Моето време е побитно од твоето."Некои организации во светот почнаа да применуваат таканаречено флексибилно работно време, со кое се дава можност вработените да одберат во кој период од денот ќе работат. Таков пример е Hewlett-Packard, каде биле укинати картичките за броење на работните саати. Вработените можеле да почнат со работа во интервалот од 6:30 до 8:30 часот. Тоа довело до многу позитивни резултати:

Културните разлики во врска со сфаќање на времето може да предизвикаат проблеми. Кај некои народи да се дојде точно на време е навреда како што кај повеќето народи доцнењето е навредливо. Во Латинска Америка обично се чека и до 45 минути за почеток на деловен состанок.

Интересен е и примерот на финецот Osmo Wiio, за американски бизнисмен кој и понудил на една јапонска компанија голема зделка. 3делката била толку важна, што тој отпатувал во Токио на преговори и бил спремен да остане таму неколку недели. 3а него, јапонскиот систем на донесување одлуки изгледал многу неприфатлив и пред се многу спор. Морал да се види и да преговара со многу луѓе. Кога се обидувал да го забрза донесувањето на одлука, најљубезно му велеле "Наскоро". Откако шест месеци го слушал истиот одговор, американецот се откажал и речиси со насолзени очи си заминал жалејќи што пропушта огромна зделка. Откако си заминал, јапонците го коментирале неговото "брзо" заминување. Да лочекал уште три недели, ќе ја склучел зделката.

Увидувајќи ја важноста на културните разлики, Stzrld u Baird (1981) предложиле неколку вештини за поефективно комуницирање и надминување на тие проблеми:

(1) Покажување лична почит — Способност да се покаже безусловна почит кон другите без покажување супериорност.

(2) Да не се пресудува — Способност да се каже "можеби е вака", а не "сигурно е вака".

(3) Да се биде флексибилен — Способност на толеранција и справување со неочекувани ситуации.

(4) Да се биде спонтан — Способност да се отфрлат очекувањата и да се делува во конкретната ситуација.

(5) Фокусирање на проблемот — Способност да се наведат и другите активно да учествуваат во решавањето на културен начин

Page 20: Seminarska neverbalna

(6) Соживување — Способност да се ставиме во кожата на другиот, да се обидме ситуацијата да ја согледаме од негова гледна точка.

Во јуни и јануари,јапонските компании обично даваат бонуси и со тоаправат економски бум. Низ целата земја вработените одат по стоковните куќи и купуваат подароци за личните и деловните пријатели. Се чини дека целата земја се движи кон повисоко скалило, како дел од планот да се влеат нови доходи во рацете на вработените и сето тоа во точно определно време. Јапонците управуваат со своето време, наместо тоа да управува со нив.

И квалитетот на информации е поврзан со времето. Квалитетот на информирање во некои организации е слаб, пред се, како последица на лошото темпирање на информациите. Обично информациите пристигнуваат прерано или предоцна за да бидат корисни. Исто така се заблежува дека информациите побрзо патуваат од долу нагоре во херархиското ниво, отколку од горе надолу.

Покрај темпирањето, големо влијание на комуникацијата има и должината на времето наменето за една активност. Често е потребно многу време за да се издвојат битните информации од небитните. Исто се случува и со состаноците. Еден состанок не би требало да трае повеќе од час половина. Квалитетот на донесените одлуки на состанок кој трае три наместо час и половина не го оправдуваа изгубеното време кое можело инаку да биде искористено. 3а да се добие груба проценка на оправданоста на потрошеното време за некои активности, може да се спроведе следната процедура:

(1) Да се направи листа на сите задачи за еден ден или една недела, било приватни или деловни.

(2) Да се процени вредноста на секоја задача со оценка мегѓу 1 и 10, при што 1 значи најмалку значајна задача.

(3) Да се процени времето потребно за извршување на секоја задача.

(4) Да се подели вредноста на задачата со времето потребно за нејзинот извршување. Добиениот резулатат е оправданоста на задачата.

(5) Според добиените резултати, задачите да се подредат во опаѓачкиредослед. Потоа се групираат активностите кои поефикасно се спроведуваат ако се спроведуваат едноподруго.

Други техники кои помагаат подобро да управуваме со времето е користење на џебни календари и календари за на маса на кои би се запишувале сите позначајни повици и задачи наброени по приоритет. 3а да се спречи одолговлечување на состаноци, пак, може да се користе аларм кој би го означил кра јот на состанокот . Како што Hal l рекол: "Времето зборува", т. е. тоа е од витално значење на секој човек.

Изглед на о6јектите, просторите и распоредот на седиштата

Некои објекти и простории се чини дека покажуваат топлина и гостопримливост, додека други делуваат ладно и непристапно. Изгледот на објектот, просторијата и мебелот можат да ја засилат или ослабат комуникацијата. Johanson (1987) го нагласува значењето на физичката околина во организациите и нејзиното влијание врз комуникацијата. Еден архитект во САД дизнајнирал еден правен факултет така да предизвика поголема комуникација. Фоајето го

Page 21: Seminarska neverbalna

направил кружно, со пријатни столчиња наредени по неколку во група околу мали масички. Бидејки вработените, професорите и студентите морале да минуваат низ фоаејето каде и да одат, фоајето ја олеснило нивната комуникација.

Maslow u Мintz.: ја докажале поврзнаста мегу естетските вредности на една просторија и некои човечки реакции. Испитаници сместени во убаво уредена просторија дале повисоки оценки за фотографии на луѓе, од оние кои ги дале испитаници сместени во грда просторија за истите фотографии. Испитаниците сместени во грдата просторија, го завршиле оценувањето побрзо и повеке се жалеле на главоболка, поспаност и монотони ја . Испитаниците од убаво уредената просторија покажувале задоволство, уживање и волја да продолжат со активноста. Несомнено е дека амбиентот влијаел на нивното однесување и комуникација. Многу банки и поголеми компании имаат поставено прегради меѓу вработените и клиентите. Покрај тоа, распоредот на мебелот е таков што многу вработени работат во иста просторија без внатрешни прегради. Некои испитувања покажале дека таквиот распоред предизвикува поголема продуктивност. Од друга страна, според резулататите на Eric Sundstrom и неговите,колеги, вработевите се посреќни кога имаат поголема приватноста во канцелариите, можеби заради тоа што приватноста се сфаќа како повисок статус и што не се постојано изложени на погледите на другите. Влијанието на распоредот и начинот на седење и уреденоста на,просторот Sonmmer ја нарекол "екологија во мало". Многу од испитувањата направени во оваа област водат до заклучок дека начинот на седење има логика позади себе, без разлика дали сме свесни за тоа. Sommer заклучил дека организацијата на седењето во мали групи е во функција на активноста што треба да се реализира, врските мегу учесниците и околината (просторот штn е на располагање). Strodbeck u Hook велат дека лугето кои седат на чело на масата се најчесто прифатени како лидери на групата. Somnіer покажал дека лидерите одбираат да седнат на чело, а останатите се распоредуваат така да можат да го гледаат лидерот. Според него на луѓето им е поважно да го гледаат лидерот, отколку да комуницираат со него. Тој забележал дека студентите во предавална се највнимателни кога седат непосредно десно или лево од предавачот. Седењето непосредно лево или десно од домаќинот на некој состанок, дава најмногу можност да се конторлира неговото влијание. Кnapp за тоа вели: "Во типична предавална, студентите кои седат така да можат да остварат контакт со очи со предавачот се вклучуваат повеќе во дискусија; истото важи за студентите кои седат на средните седишта од редиците, со тоа што поактивни се оние кои седат понапред; вклученоста на студентите се намалува кога нивниот број расте.

Очигледно е дека архитектурата на објектите, уреденоста и дизајнот на просториите и распоредот на столчињата околу масите имаат големо влијание на околината во која се одвива невербалната комуникација.

Уште повеќе, Davis (1984) нагласува дека физичката локација може да влијае на градењето став по некои прашања, како и на вклученоста на индивидуите во некој организиран настан.

Во 1974, во погонот ка Volvo во Kalmar, источна Шведска, биле направени револуционерни промени со цел да се постигне подобрување на работните задачи и подобрување на квалитетот на работната околина. Била дизајнирана нова линија за производство, која процесот на производство го направила полесен и похуман. Наместо да се работи во големи погони, просторот бил поделен на мали работилници, по една за секој тим на работници. Секоја работилница имала посебен влез, посебни тушеви, сауна, шкавчиња и соба за паузи. 3вукот од машините бил толку редуциран, што работниците можеле нор мално да разговараат додека работат на

Page 22: Seminarska neverbalna

машините. Била воведена механизација за извршување на целата тешка физичка работа. 3а релаксација, во близина на погонот биле изградени тениски терени, библиотеки и базени. Работниот простор бил декориран со зеленило и бил вкусно бојадисан. Генераниот директор на Volvo, г-дин Pehr G. Gyllenhammer тоа го коментирал вака: "Мора да постои начин да се создаде работна околина која ќе ги задоволи потребите на модерниот човек за задоволстово од секојдневниот живот. Оваа цел мора да се задоволи, без разлика на тоа дали ќе резулатира со поголема ефикасност во работењето".

Првичните резултати од овој експеримент се навистина охрабрувачки. Вработените многу поретко отсуствуваат од работа, позадоволни се, повешти во работењето и прават помалку грешки. Квалитетот на автомобилите на Volvo e видно зголемен,се произведуваат помалку автомобили со грешка и помалку автомобили се вракаат на поправка во гарантниот рок.поставил камин во својата канцеларија во Менхетан. Бидеј ќи неговата канцеларија се наога на 106-тиот кат во облакодер со 110 ката, оџакот морал да се пробие низ 4 ката. Други симболи на моќ се приватните мермерни тоалети и приватните трапезарии опремени со порцелански и сребрени сервиси за јадење.

Некои моќни личности ги користат предметите како средства за ограничување на интеракцијата со другите. Тие прават бариери со мебелот или користат зеленило, архивски регистри и часовници за да се заштитат од натрапници. 3а таа цел некои дури и поставуваат столчиња, маси, машини за пишување и слично помеѓу своето биро и влезот на канцеларијата.

И облеката може да има влијание на комуникацијата. Hoult покажал дека облеката повеќе влијае на оние кои не го познаваат, отколку на оние кои добра го познаваат човекот што ја носи. Кnарр (1978) се согласува со него, истакнувајќи дека: "Разумно е да се смета дека најчесто мислењето за другите се гради делумно според облеката и делумно според други фактори." Compton ја покажува врската мегу статусот и изборот на облека. Луѓето на повисоки позиции повнимателно одбираат облека. Многу организации се свесни дека облеката на вработените влијае на односот со јавноста. Полицијата во еден универзитетски центар во САД неодамна вовеле палта наместо класични униформи . Во некои средни училишта во светот учениците мораат да носат поофицијална гардероба, а во некои се дури и експлицитно забранети кратки здолништа; кратки панталони и фармерки.

John Molloy, потпирајќи се на информациите од 15 000 видни луѓе и бизнисмени, вели дека облеката на човекот директно влијае на неговиот кредибилитет и углед кај луѓето. Molloy забележал дека луѓето се најпријатни за околината кога носат светло-сиво или сини одела.Тој исто така забележал дека со тегет одело се постигнува најголем удел во широк круг луѓе. Генерално, темните одела се поврзуваат со голем авторитет. Molloy во своите понови трудови сугерира дека деловните жени кои сакаат да станат треба да да ја одбегнуваат висока мода и да се облекуваат поконзервативно, а мажите да се облекуваат во зависност од публиката на која и се обраќаат.

Page 23: Seminarska neverbalna

Резиме

Количината на невербални пораки, сама по себе зборува за значењето што го има во целосниот процес на комуникација. Невербална комуникација се однесува на пораки кои не се изговорени ниту напишани. Овие пораки се генерирани од страна на сите три клучни компонетни во процесот на комуникација: лугето, пораките и околината. Лугето да комуницираат со своите тела и физичко однесување; вокалните карактерисики се средства за пренесување на пораките, времето, просторот, архитектурата и предметите се средства за комункација на околината. Невербалната комуникација е комуникација на чувства и ставови и треба да се разгледува во контекстот во кој се јавила. Обликот, изгледот и однесувањето на телото прв ги испитувал Birclwhistell, кој ја направил веројатно најпозната класификација на движењата на телото, наречена кинетика. Голем дел од физичките движења на телото, може да се групираат во четири групи: лице, држење и однесување, допири и генерален облик на телото. Лицето, очите и устата даваат најмногу информации. Држењето и однесувањето може да се поврзат со општествениот статус на личноста. И покрај потребата од допира, многумина не го користат доволно овој начин на невербална комуникација. Според генералниот облик на телото, разликуваме три типа на физиономии: ектоморфни (слаби, високи), ендоморфни (дебели, заоблени), и месоморфни (муслкулни, атлетски градени). Гласот може да се испитува според карактеристики како висина, резонанса, бpзина и ритам или според нетечност во зборувањето, паузи и вокални карактеристики како смеење, прозевање и плачење. Науката за човечкиот глас ги нарекуваа паралингвистика и покажува дека според гласот слушателите можат да предвидат некои карактеристики на спикерите, како физички особини, ставови и сгоности, карактерни особини, карактер во глобanа, прилагодливост и психопатија. Влијанието на третиот елемент со кој се остварува невербална комуникација - околината зависи од: територија и простор, време, изглед на објектите, просториите, распоред на седишта и предмети. Територијалноста опфака завземање одредена територија и нејзина заштита. Постојат три генерални правила за врската мегу територијата и статусот во една организација. Вработените кои се на повисока позиција обично имаат поголема територија, подобро ја заштитуваат својата територија; ја загрозуваат територијата на вработените кои се на пониска позиција. Лично растојание или оддалеченост е растојанието од другите на кое се поставува личноста. Hall развил модел во кој наведува четири типа на растојание, кои се најчесто користни при деловните или личните контакти: интимно, лично, социјално и јавно растојание. Интимното растојание (од непосреден допир до половина метар) е растојание кое се преминува при водење љубов или борење. Личното растојание (од половина до еден метар) е резервирано за блиски пријатели (долната граница) и за комуникација со другите (горната граница). Социјалното растојание (од еден до четири метри) е растојание кое најчесто се држи при деловна комуникација, формална или неформална. Јавно растојание (од четири-пет метри и повеќе) е растојанието на кое се наоѓаат предавачите од учениците, и говорниците при јавен настап.

Page 24: Seminarska neverbalna

Незадоволството од комуникацијата во рамките на организацијата и потребата од подобрување на истата растат со зголемување на растојанието мегу лугето кои се наогаат на различни позиции. Времето е исто така многу важно во процесот на комуникација. Со користење на техники кои помагаат подобро да управуваме со времето, може да се постигне поголема ефикасност во работата. Културните разлики во врска со сфаќање на времето може да предизвикаат проблеми во комуникацијата.

Изгледот на објектите, уреденоста и дизајнот на просториите и распоредот на столчињата околу масите можат да ја засилат или ослабат комуникацијата. Експериментите направени во погон на Volvo покажуваат дека со менување на работната околина може да се постигне квалитетот на производството и задоволството на вработените.

Предметите, т.е материјалните добра, како облека, уметнички дела, декорираност на просториите, боите на предметите и статусни симболи влијаат на комуницијата. Облеката има влијание на начинот на кој една личност ќе биде прифатена и мислењето што другите го градат за неа.

Референци

· Goldhaber, G. "Organizational communication", Wm.C.Brown

Page 25: Seminarska neverbalna

Publishers, 1992

· Ѓорѓијовски, Б. "Невербална комуникација", предавање на семинар за деловно однесување и комуникација во бизнисот, 1997

· Mehrabian, А. "Communication without words", Psychology Today, 1968

· Ekman, P., Soreson, E., Friesen,W. "Pan-Cultural Elements in Facial Displays and Emotions", Science, 1969

· Ekman, Р. "Facial Affect Scoring Technique: A First Validity Study", Semiotica, 1971

· Knapp, М. "The role of Nonverbal Communication in the Classroom", Theory into Practice, 1971

· Birdwhistell,R."Kinetitics and Context", Unversity of Pensilvania Press, 1970

· Костовски, З. "Вовед во комуникацијата", предавање на семинар за деловно однесување и комуникација во бизнисот, 1997

· Интернет страни и курсеви на многу автори

Page 26: Seminarska neverbalna