seminarska po mehanizacija

28
Универзитет “ Гоце Делчев “- Штип Земјоделски факултет Проектна задача по предметот Механизација во земјоделското производство на тема: ,,Житни комбајни’’ Ментор: Изработиле:

Upload: marko-markovski-markovski

Post on 02-Dec-2015

279 views

Category:

Documents


15 download

DESCRIPTION

Mehanizacija

TRANSCRIPT

Универзитет “ Гоце Делчев “- ШтипЗемјоделски факултет

Проектна задача по предметот Механизација во земјоделското

производство

на тема: ,,Житни комбајни’’

Ментор: Изработиле:

Доц. Д-р Зоран Димитровски

Штип, мај 2013

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

Содржина:

Вовед.............................................................................3

Универзални житни комбајни......................................4

Жетварка (ХЕДЕР).......................................................6

Крилест механизам......................................................6

Апарат за сечење (жнеење)........................................8

Корито на хедерот........................................................9

Спирален транспортер.................................................9

Елеватор на хедерот....................................................11

Постапка за одвојување на жетварката (хедерот).....11

Одвојување на хедерот од вршачка............................12

Составни делови на вршачката...................................13

Вентилатор....................................................................19

Елеватор на зрно...........................................................19

Деловите се исти како кај елеваторот за зрна............20

Користена литература...................................................22

2

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

Вовед

Основен услов за добивање на високи и рентабилни приноси во

земјоделството, покрај примената на современи агротехнички мерки базирани врз

научни сознанија, претставува и примената на најсоодветната механизација на

сите можни работни и производни процеси, исто така е важен елемент.

Со примена на современа земјоделска механизација, повеќе пати се

зголемува продуктивноста на човечкиот труд, се смалуваат производните трошоци

и се зголемува рентабилноста. Современата и сложена механизација дава големи

можности во областа на полјоделството, градинарството, овоштарството,

лозарството, сточарството и други земјоделски гранки.

Прибирањето на житните култури, се извршува во временски ограничен

период. За да може навреме да се заврши жетвата и вршидбата се применуваат

специјални машини, односно комбајни наменети за таа цел.

3

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

Универзални житни комбајни

Универзалните житни комбајни овозможуваат прибирање на житни реколти

во полјоделкото производство. Главни делови и склопови на универзалните житни

комбајни се:

Жетварка или хедер;

Вршачка на комбајнот;

Погонски агрегат;

Систем за движење и управување;

Хидрауличен систем;

Дополнителни уреди и адаптери.

Слика 1 - Комбајн со стрипер уред за берба на класови; 1-стрипинг ротор, 2-помошен ротор, 3-заштитен поместувачки плех, 4-разделувач, 5-спречувачки плех, 6-надолжни транспортер, 7-спирален транспортер, 8-неподвижен лим.

Слика 2 – Функционална шема на комбајнот

4

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

Крилестиот механизам со пикап прстите ја зафаќа растителната маса,

итовременои придржува додека да ја отсече резачкиот апарат и да ја достави до

спиралниот транспортер. Двостраниот спирален транспортер ја зафаќа откосената

растителната маса и ја носи во средината кадешто ја зафаќаат прстите и ја

повлекуваат под спиралниот цилиндар и ја предаваат на елеваторот на хедерот.

Елеваторот ја повлекува растителната маса и преку собирачот за камења ја

зафаќа битерот и ја предава на вршачката комора. Во собирачот се задржуваат

некои крупни предмети кои можат да предизвикаат оштетување, доколку навлезат

во просторот помеѓу барабанот и контрабарабанот.

Во вршачката комора со ударите на шините од барабанот и со триењето кај

класичните комбајни, се избива зрното од класовите, кои заедно со поситните

примеси низ решетката од контрабарабанот паѓаат на собирното сито. Сламата и

останатите зрна (од 10 до 15%) продолжуваат преку подбарабанот до одбојниот

битер, кој го оспорува движењето на сламата и ја распоредува во сламотресот.

Сламата доаѓа до горната завеса кадешто се задржува и се спушта на

сламотресот. Сламотресот го истресува преостанатото зрно од сламата кои

пропаѓаат низ отворите од сламотресот во коритото, низ кое се слива назад на

каскадното собирно сито кое осцилира, се поместува наназад кон ситата,

истовремено се врши тежинско одделување такашто да зрната паѓаат долу, а

лесните примеси испливуваат на површината.

Таквата подготвена маса паѓа на горното сито, во времето додека паѓа, на

него делува воздушна струја која ги издувува ситните примеси надвор од

вршачката. Зрното од горното зрно пропаѓа на долното сито, а потоа на сливната

површина и се слива во коритото за жито, кадешто на долниот дел има сместено

спирален трнспортер, кој го зафаќа житото и го предава на вертикалниот елеватор

кој го качува житото и го внесува во бункерот.

Невршените класови поминуваат преку горното сито и пропаѓаат низ

продолжетокот на долната сливна површина и се сливаат во коритото за

невршени кластови. Од коритото, спиралениот траспортер ги зафаќа и ги предава

на транспортерот кој ги носи невршените кластови во вршидбената комора на

повторна вршидба.

5

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

Жетварка (ХЕДЕР)

Жетварката е предниот дел на комбајнот кој е поставен во Т положба во

насока на вршачката. Основни делови се: корито со внатрешен и надворешен

разделувач, крилест механизам, апарат за сечење, спирален транспортер,

елеватор на хедерот, делови за погонот и регулирање и подигнувачи на полегнат

посев. Странично на коритото на жетварката се поставени разделувачите со кои

се врши разделување на растенијата помеѓу секој откос.

Слика 3 - Жетварка или хедер на житниот комбајн; 1,2,3-разделувачи. 4-подигнувач, 5-пик-ап прсти, 6-крилест механизам, 7-спирален трнспортер, 8-елеватор на хедерот, 9-апарат за сечење, 10-хидрауличен цилиндар за кревање на крилестиот механизам, 11-хидрауличен цилиндар за кревање на хедерот

Крилест механизам

Улога на крилестиот механизам е да ја прифати и да ја задржи

растителната маса додека режачкиот уред ја отсекува, но и да ја задржи сè до

моментот додека спиралниот транспортер не ја зафати.

На изведените конструкции крилестиот механизам има можност за

регулирање на аголот на пикап прстите во сите положби. Во текот на вртењето ја

задржува положбата на подесениот агол кој претходно ќе се регулира.

6

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

Слика 4. - Универзален крилест механизам; 1-пиап прст, 2-летва, 3-подвижувач на летвата. 4-спојница, 5-држач, 6-држач на подвижувачот на летвите, 7-дрвено лежиште, 8-метална прачка, 9-навртка, 10-шуплива оска

Крилестиот менанизам, погон може добива по механички и хидростатски

пат. Основно е во системот да се обезбеди можност за континуирана промена на

бројот на вртежите во границите од 0 до 50 0/min. Кај новите конструкции на

комбајни се користи хидростатскиот погон (погон со хидромотор) поради големата

оддалеченост од изворот на погон како и за полесна промена на бројот на вртежи.

Слика 5 - Погон на крилестиот механизам и на спиралниот транспортер; 1-погонска каишница, 2-погонски каиш, 3-погон на спиралниот транспортер, 4-каиш, 5-синџир, 6-затегнувач на синџирот, 7-погонско вратило, 8-варијатор на крилестиот механизам, 9-автоматски затегнувач, 10-насач на крилестиот механизам

Крилестиот механизам е состои од две цевкасти носачи, осовина со две

лежишта и два осигурача, четири неподвижни розетни и една ексцентрична

розента на левата страна, 5 до 6 летви со пик-ап прсти, 5 до 6 шипки за

центрирање на крилестиот уред и уред за подигнување и спуштање на крилестиот

уред.

7

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

Апарат за сечење (жнеење)

Задачата на апаратот за жнеење, е да ја отсече растителната маса

донесена од крилестиот механизам. Делови кои го сочинуваат апаратот за сечење

се: коса, водилка на косата и погонотски уред.

Апаратот за жнеење се состои од подвижна шина со ножеви и една

неподвижа шина со прсти. Прстите се леани и тоа по два прста заедно. Се

изработуваат од материјал кој има еластичност. Прстите со помош на две завртки

се прицврстени за шината. Апаратот за жнеење се состои од контранож, водилка

на ножот, и држач на ножот.

Слика 6 - Апарат за жнеење; 1-потиснувач (држач на ножот), 2-шина, 3-нож, 4-контранож, 5-водилка на ножот, 6-завртка, 7-прст

Слика 7 - Апарат за жнеење; 1-водилка, 2-водилка на косата, 3-двојни прсти, 4-контра нож, 5-носач на ножевите, 6-назабен нож, 7-водилка на косата, 8-држач на ножот, 9-осовина на погонот на косата, 10-лежште, 11-лост, 12-зглоб, 13-мазалка, 14-пружина

Уредот за погон на косата го сочинува ексцентричниот зглоб, осцилаторен

лост или лост на движачот и виљушка. Главата на косата со вилушката е поврзана

со помош на школки. Начини на погон на косата, вообичаено се механички, преку

ексцентричен зглоб, кој може да биде на главното вратило, или куќиштето на

погонот на косата (планетарен погон). Механизамот со планетарен погон е ново

8

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

решение, има полмалку вибрација, а погонот го добива преку каишница, со што

движењето на механизамот се базира на принцип на кардански кругови.

Слика 8 - Погон на косата преку ексцентричен зглоб и преносни полуги

Слика 9 - Погон на косата преу ексентрична оска

Корито на хедерот

Хедерот има функција да ја прифати отсечената растителна маса. Коритото

се протега по целата широчина на зафатот на комбајнот, а од страна е затворено

со заштитни лимови. Се изработува од челичен лим и има форма на корито. На

предниот дел од коритото е поставен апаратот за сечење, а по должината е

поставен спиралниот транспортер. На задниот дел на коритото е поставен

елеваторот на хедерот.

Спирален транспортер

Улога на спиралниот транспортер, е да со своите лева и десна спирала ја

собира отсечената растителна маса и ја носи кон средината и со помош пикап

прстите да ја повлечкува и да ја предава на транспортерот на хедерот.

9

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

Слика 10 - Спирален транспортер на хедерот; 1-погонски синџир, 2-кратко погонско вратило, 3-лимен цилиндар, 4-пик-ап прсти, 5-папуча за регулирање на прстите

Слика 11 - Напречен пресек на спиралниот транспортер на хедерот; 1-подигнувачи, 2-двојни прсти, 3-хедерско корито, 4-полжавест транспортер, 5-пикап прсти, 6-лимен цилиндар, 7-чистачи на транспортерот

Спиралниот транспортер е составен од уред за погон, лево кратко и десно

долго вратило, во средината коленесто вратило со пикап прсти и лопаткаста

водилка, цилиндар со лева и десна заварена спирала, носечка плоча од двете

страни и два спирални чистачи.

Погон добива од главното вратило. Регулирањето на растојанието помеѓу

спиралата и дното на коритото, се изведува со помош на разлабавување од двете

страни на носечките плочки по четири навои и со помош на регулирачките навои,

спиралниот транспортер се подигнува или спушта.

Растојанието се движи од 5 до 25 mm, а за пченица изнесува од 7 до 10 mm,

растојанието помеѓу спиралниот транспортер и дното на коритото секогаш треба

да е поголемо од големината на зрното кое се собира.

Регулирањето на растојанието помеѓу прстите и подот на коритото се врши

со помош на рачката, која се наоѓа на десната страна на хедерот со која се

завртува коленестото вратило со прсти.

Растојанието треба да изнесува од 10 до 13 mm. При регулирањето треба

да се внимава на задната страна да прстите да не се многу над цилиндарот, за да

не ја исфрлаат масата надвор од него.

10

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

Елеватор на хедерот

Елеваторот на хедерот има функција растителната маса која ја добива од

спиралниот транспортер да ја предаде на вршачкиот апарат со помош и низ

собирачот на камења.

Слика 12 - Елеватор на хедерот; 1-рам на елеваторот, 2-горна осовина на елеваторот, 3-затегнувачка каишница, 4 и 5-носач на затегнувачката каишница, 6,9 и 10-навртка, 7-навој за затегнување, 8-расцепка, 11-синџир, 12-долна осовина на елеваторот, 13-лизгачки лим,14-затворач, 15-поклопец

Составни делови на елеваторот на хедерот се, куќиште, горно вратило со 3

синџирници, долно вратило т.н. лебдечко со 3 синџирници. Преку синџирниците

префрлени се синџири на кои наизменично се прцврстени лопатки во L форма.

Елеваторот е поврзан со хедерското корито со две автоматски куќи на

долната страна и два потпирача на горната страна, а за вршачката со помош на

два раменски носачи. Елеваторот добива погон од одбојниот битер од левата

страна со помош на клинест каиш и спојка.

Регулирањето, затегнувањето на елеваторските синџири се врши со помош

на држачките навоји на двете страни, се затегнуваат или се попуштаат синџирите

– равномерно за да се постигне растојание помеѓу лопатките и дното од куќиштето

на елеваторот од 8 до 10 mm.

Постапка за одвојување на жетварката (хедерот)

Хедерот се спушта на количката и се поврзува со 4 врски со неа, но и со

хедерското корито. Се ослободува спојницата на хидрауликот и се отстранува

каишот од каишницата на главното вратило за погон на делот на хедерот.

11

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

Се ослободуват долните и горните потпирачи од двете страни, а потоа

елеваторот се спушта со хидрауликот за да горните ракавци излезат од своите

лежишта и комбајнот се движи малку назад.

Одвојување на хедерот од вршачката

За адаптирање на комбајнот и за други работни органи на вршачката

комора, спојувањето на хедерот со вршачката е изведено со брзоспојувачки куки

или осигурувачи. Горната глава на елеваторот е зглобно врзана со вршачката, а

долната наслонета на хидрауличните цилиндри, со кои се подигнува и се спушта

хедерот.

Кај современите комбајни постои уред за автоматско одржување

(регулирање) на висината на отсекување.

Лизгачкиот потпирен уред кој го копира теренот, е поврзан со стрелката која

се наоѓа во просторот помеѓу два електродавача. Преку електродавачот добива

сигнал електромагнетниот вентил кој ги уклучува дизните за подигање или

спуштање на хедерот, односно регулирање на протокот на масло во одредената

насока.

Слика 13 - Систем за контрола на висината на хедерот

Современите житни комбајни се опремени со софистицирани уреди,

сензори и целокупното управување и раководоње на постапката за одвојување и

контрола на висината на хедерот се извршува од нивната кабина.

Ракувачот на машината, има целосна контрола и прегледност, бидејќи за

секоја аномалија и состојба на кој било уред е информиран или со звук или со

копче, кое прво предупредувадека постои некој проблем.

12

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

Со самото вградување на компјутерите, преку LCD-екраните, се добиваат

целокупните информации за квалитетот на работниот процес, експлоатацијата на

житниот комбајн, како и за правилната експлоатација.

Составни делови на вршачката

Вршачката, претставува доста слоен елемент на житните комбајни и е

составена од сложени склопови и делови и тоа:

Слика 14 - Делови на вршачката; 1-собирач на камења, 2-барабан, 3-контрабарабан, 4-елеватор за неовршени кластови, 5-одбоен битер, 6-сепаратор, 7-хоризонтална спирала на бункерот, 8-сламотреси, 9-сита, 10-собирна површина, 11-решеткаст сепаратор.

Одделувач (сепаратор) на камења претставува лимено корито кое сместено

на предниот дел од вршачката, тој има и поклопец кој се поставува при

адаптацијата на комбајнот за вршидба на (пченка, луцерка, трева и сл.). Ако

сепараторот на камења е полн, треба да се исчисти, во спротивно нема да можат

да се задржуваат предметите кои можат да предизвикаат кршење во вршидбената

комора.

Контрабарабанот има функција заедно со барабанот да врши одделување

на зрната од класовите, кадешто изронетото зрно паѓа низ отворите на

котрабарабанот на собирното сито. Кај комбајните со класично напречно

поставени вршачки комори, зафатниот агол на контрабарабнот се движи во

границата од 110 до 1300, а вообичаено е во границата од 115 до 1200.

Слика 15 - а.) Летвест контрабарабан, б.)Запчест контрабарабан

13

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

Регулирањето на растојанието на контрабарабанот, како и растојанието на

влезот помеѓу првата летва на барабанот и летвата на контрабарбанот треба да

изнесува 20 mm на двете страни. Растојанието на излезот треба да изнесува 8

mm. А растојанието мегу шините на барабанот и контрабарабанот треба да

иснесува 15 mm.

Барабанот има функција да со помош на ударите на летвите по

растителната маса, триењето и влечењето на масата помеѓу контрабарабанот и

предавање на одбојниот битер, да овозможи разделување на зрната од класот.

Постојат два типа на вршачки комори и тоа:

Надолжна вршачка комора (аксијална);

Напречна вршачка комора (радијална).

Напречната вршачка комора е поставена попречно по должината на

вршачката и е одвоена од оделувачките органи. Има класичен сламотрес, може да

биде со летвест или запчест барабан.

Надолжната вршачка комора е поставена должински на комбајнот. Во

комората истовремено се остварува вршидба и одделување на зрната. Не постои

класичен сламотрес. Растителната маса од елеваторот на хедерот ја зафаќа

внесувачката спирала и ја вовлекува дирекно во комората. Вршидбата се изведува

со спирални удирачи кои ги има по 2 на еден ротор.

Слика 16 - Комбајн со надолжна (аксијалена) вршачка комора

14

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

Слика 17 - Надолжна (аксијална) вршачка комора; 1-внесувачка спирала, 2-ребраста летва, 3-контрабарабан за зрно, 4-спирални ударичи,5-конрабарабан за плева, 6-ротор, 7-зафаќачки цилиндар, 8-шина на цилиндарот

Роторот истовремено врши насочување на растителната маса, а со тоа

истовремено се изведува вршиба и одделување на зрната.

Слика 18 - Барабанот на комбајнот; 1-главчиња, 2-клин, 3-вратило на барабанот, 4 и 5-плоча, 6-лева шина, 7-диск на барабанот, 8-десна шина

Улогата на одбојни битер е да ја прими сламата од барабанот, да ја

распореди рамномерно по ширина на сламотресот. На сликата се претставени

неговите составни делови:

Слика 19 - Одбојeн битер; 1-одбоен битер, 2-сепаратор, 3-решетка на сепараторот

Слика 20 - Одбоен битер; 1-тело на битерот, 2-ременица, 3-осовина, 4-крило на битерот, 5-каишница, 6-диск на варијаторот, 7-каишница,

Битерот добива погон дирекно од моторот преку спојница и широк ремен од

левата страна на вршалката. Бројот на вртежи на битерот треба редовно да се

контролира. Ако битерот нема доволен број на вртежи тогаш сите работни органи

кој тој ги покренува, нема да имаат доволен број вртежи. Причина за помал број на

вртежи кај битерот се: лостот за гас, пумпата под висок притисок, слабиот мотор,

15

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

излегување на погонскиот ремен од лежиштето или незатегнaтост на истиот. При

адаптација на пченка, кај битерот лопатките се заменуваат со чешли.

Задача на горната подвижна завеса е да ја задржи масата, да ја спушти на

сламотресот и во зависност од положбата, да ја пропушти масата под себе. На тој

начин се регулира должината на патот и дебелината, на слојот на сламата преку

сламотресот. Нејзини делови се носечка шипка, гумен дел и синџири за

регулирање, кој е закачен на покривот на вршалката зад моторот. Регулирањето

се врши со помош на синџир во движење напред - назад, каде што истовремено се

подигнува и спушта.

Ако ја повлекуваме назад, го скратуваме патот на сламата и се зголемува

побрзото излегување на сламата, односно во поголема маса и обратно.

Ако сламата е кршлива, завесата се подига за да може сламата побрзо да

излезе од сламотресот.

Ако пак, е бујна и жилава, завесата треба да се спушта, но се води сметка

да не се спушти дотаму да предизвика загушување на барабанот, елеваторот на

хедерот и повторно враќање на масата преку елеваторот на хедерот.

Слика 21 - Сепаратор за слама; 1-сепаратор (барабан), 2-контрабарабан на сепараторот

Сепаратор за слама има задача да го интензивира одвојувањето на

преостанатото зрно од сламата и класот, со што ја олеснува работата на

сламотресот. Со примена на сепараторот се смалува површината на сламотресот,

односно со иста површина сламотрес и технички карактеристики на вршидбената

комора се зголемува капацитетот на комбајнот за 10-15%.

Составни делови се: барабан и подбарабан. Барабанот е со тапо

назабување, а подбарабанот со помал опфатен агол од 80о до 100о и поголема

16

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

светла површина, односно површина на отвор. Барабанот за ронење се состои од

метален цилиндар на кој спирално се монтирани четириаголни метални клинови,

кои во текот на ронењето ги потиснуваат класовите по должината на барабанот од

предниот влезен спрема задниот влезен дел. Подбарабанот на сепараторот

претставува мост помеѓу жичаниот продолжеток на подбарабанот на вршидбената

комора и сламотресот.

Слика 22 - Сламотрес-конвенционален; 1-секција на сламотресот, 2 и 3-кукиште, 4-дрвено лежиште, 5-осовина на сламотресот, 6-куќиште, 7-каишница, 8-еластична чивија, 9-главчина, 10-дотресувач преден, 11 и 12-подметнувач за регулирање, 13-плоча

Слика 23 - Конвејрски сламотрес - (сериски сепаратори)

Улога на сламотресот е да го издвои зрното од сламата и преку сливните

корита го врати зрното на каскадна собирна површина и да ја транспортира

сламата надвор од вршилицата. Составен е од 4 до 6 секции, 2 коленести вратила

кои се потпираат на шасијата на комбајнот со затворени лежишта. Секоја секција

има 5 решеткасти каскади и сливно корито за зрно.

Погонот на секцијата на сламотрес може да биде добиен од едно или од две

коленести вратила. Распоредот на колената од вратилото, може да биде по

различни агли, што зависи од бројот на секциите. Со кинематиката на работата на

секцискиот сламотрес, неопходно е да се создадат оптимални услови за

движењето на сламата и издвојување на преостанатите зрна. (max. до 10%).

Сламотресот добива погон од десната страна на комбајнот од вентилаторот

преку шестоаголниот клинест каиш. Бројот на вртежите се 210 min-1.

17

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

Прилагодувањето на растојанието во лежиштата на сламотресот се врши

рачно, да може секцијата на сламотресот да се движи во правец горе – долу. На

предните и задните лежишта растојанието треба да биде многу мало (ни премногу

затегнат, ниту опуштен) за да може секцијата да се движи. Ако растојанието е

големо се отстрануваат лимените потпунки помеѓу половинките на дрвените

лежишта и обратно, ако растојанието е мало тогаш дополнително се поставуваат.

Регулирањето на сламотресот се врши во зависност од условите за работа.

Ако масата е бујна и остануваат доста зрна во сламата, се монтираат дотресувачи

на краевите на сите секции и се продолжува коритото на секциите. Ако сламата

пак е кршлива сите дотресувачи се отстрануваат, се враќаат продолжетоците на

коритото и се поставуваат блиндирани лимови на предните и задните каскади.

Адаптацијата за пченка се врши така што се отстрануваат сите дотресувачи

и блиндирани лимови, ако се поставени, а блиндирани лимови се поставуваат на

каскадите на сите секции. Решеткастите површини на сламотресот мора да бидат

чисти како и коритата на секциите. Коритата и секциите се загушуваат со ситна

слама поради нееднаквата висина во косењето, во случај кога се коси ниско и кога

е влажно. Лежиштата не се подмачкуваат во текот на сезоната.

Слика 23 - Ротационен растресувач на слама

Слика 24 - Вилести растресувач на слама; 1-вили, 2-сламотреси, 3- осцилаторен дел под

сламототреси

18

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

Слика 25 - Плевни сита со собирна површина; 1-лежиште, 2,5 и 8-вешалици, 3-тело, 4-капак, 6-лост, 7-носач, 9-заштитник, 10-лим, 11-носач, 12-гумена завеса, 13-плоча, 14-носач на завесата, 15-собирна површина, 16-носач, 17-класово сито (горно сито), 18-продолжеток на ситото, 19-агличести продолжеток, 20-гумена лента, 21-заштитник

Вентилатор

Улогата на вентилаторот е да создаде воздушна струја со помош на која ќе

се изврши одвојување на лесните примеси од зрното и преку горното сито да ги

исфрли од вршалката. На тој начин вентилаторот врши главно чистење, односно

издвојување на зрното од ситните примеси. Тој е поставен под плевните сита.

Страничните капаци на вентилаторот овозможуваат прилагодување на јачината на

воздушната струја и интензитетот на провејување на ситото. Јачината треба да е

таква да плевата лебди што плевното сито.

Слика 26 - Вентилаторот; 1-кукиште, 2-лопата, 3-пригушувач, 4-насочувач, 5-каишница

Елеватор на зрно

Улогата на елеваторот за зрно е да со помош на долниот полжавест

транспортер го собере зрното од коритото за зрна, да го подигне и преку горниот

полжавеср транспортер да го внесе во бункерот. Основни делови на елеваторот

на зрно се: долно вратило со полжавест транспортер и запчеста спојка, куќиште на

елеваторот, бесконечен синџир со лопатки и горен полжавест транспортер.

19

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

Добива погон преку синџирот од десната страна на комбајнот на вратилото

на долниот полжавест транспортер, која дирекно од левата страна го придвижува

елеваторскиот синџир. Во горниот дел на елеваторот, преку синџирот се

придвижува горниот полжавест транспортер.

Прилагодувањето на затегнатоста на елеветорот се врши на горниот дел со

попуштање на четири навои на носечките плочи од двете страни на куќиштето со

помош на два прилагодливи навои.

Премногу лабав синџир не може добро да го пренесува зрното, па затоа

можно е зрното да се крши, може да настане загушување и пукање на синџирот.

Одвржувањето се врши така што повремено во текот на работата се отвора

долниот поклопец и се проверува долната глава да не е намотана со плева. Се

контролира зтегнатоста на синџирот. Погонските синџири се затегнуваат навечер.

Сигурносните спојки не се прилагодуваат на елеваторите туку се затегнуваат до

крај еднаш во сезоната и се подмачкуваат.

Слика 27 - Елеватор за невршени

кластови; 1-барабан, 2-куќиште на елеваторот, 3-долна спирала на елеваторот за невршени

класови, 4-долна спирала на елеваторот за зрна

Елеватор за невршени класови. Со помош на полжавест транспортер, се

собираат невршените класови од коритото и преку елеваторскиот синџир се

подигнуваат горниот транспортер која ги внесува под барабанот на повторна

вршидба.

Деловите се исти како кај елеваторот за зрна

Елеваторот добива погон од левата страна на комбајнот преку синџир, а на

горниот дел, преку синџирот за погон на горниот полжавест транспортер. На

20

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

горната страна низ вратичка треба да се контролира каква е состојбата на

повратната маса. Ако има многу невршено класје, значи дека е големо

растојанието меѓу барабанот и подбарабанот, или е мал бројот на вртежи, но ако

има многу зрна ситата се затворени или загушени, струјата е лошо насочена или е

многу силна, или пак сламата е многу ситна, па ветерот не може да ја одвее.

Ако зрното е искршено, се контролира хедерот на елеваторот, спиралниот

транспортер, или помал е просторот меѓу барабанот и контрабарабанот, или, пак,

е поголем бројот на вртежи на барабанот.

21

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

Користена Литература

-Давчев, Ж., 2002., „Основи на земјоделската техника“, Скопје

-Давчев, Ж., 2002., „Практикум по основи на земјоделската техника“, Скопје.

-Механизација во земјоделското производство – Проф. Д-р Ристе Ѓорги Кукутанов

22