emocii i motivacija

18
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ ИНСТИТУТ ЗА ПСИХОЛОГИЈА ЕМОЦИИ И МОТИВАЦИЈА -СЕМИНАРСКА РАБОТА- -ТЕОРИИ НА МОТИВАЦИЈА-МОТИВ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ Студент: Пашоска Милена Ментор: Проф.д-р.Виолета Арнаудова

Upload: jamag

Post on 26-Dec-2015

94 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

Emocii i Motivacija

TRANSCRIPT

Page 1: Emocii i Motivacija

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ

СКОПЈЕ

ИНСТИТУТ ЗА ПСИХОЛОГИЈА

ЕМОЦИИ И МОТИВАЦИЈА

-СЕМИНАРСКА РАБОТА-

-ТЕОРИИ НА МОТИВАЦИЈА-МОТИВ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ

Студент: Пашоска Милена Ментор: Проф.д-р.Виолета Арнаудова

СКОПЈЕ

Мај 2013 год.

Page 2: Emocii i Motivacija

СОДРЖИНА1. ВОВЕД...............................................................................................................................2

2. Што е Мотив ? Што е Мотивација ?...............................................................................3

2.1 Класификација на Мотивите....................................................................................3

3. ТЕОРИИ НА МОТИВАЦИЈА.........................................................................................5

3.1 Теорија на хиерархија на потребите........................................................................5

3.2 Теорија на два факторu (1959)..................................................................................5

3.3 МекКлuлендова теорuја на потребuте.....................................................................6

3.4 Теории X и Y на Даглас МекГрегор........................................................................6

4. ВИДОВИ НА МОТИВАЦИЈА........................................................................................7

5. МОТИВ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ......................................................................................8

5.1 Создавање на мотив за постигнување кај поединци.............................................8

5.2 Аткинсонова теорија за постигнување со осврт на теоријата за очекување.......9

5.3 Испитување на мотивот за постигнување и преглед на некои експерименти...10

6. ЗАКЛУЧОК.....................................................................................................................11

7. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.......................................................................................12

1

Page 3: Emocii i Motivacija

1. ВОВЕД

Потребите на поединците и причините кои ги мотивираат, се предмет на

интензивни истражувања и анализи од кои произлегле многу мотивациони теории. Без

оглед на овие бројни теории, патиштата за истражување сеуште се отворени.

Проблемот на мотивација е суштинско прашање на човековата активност, системот на

личноста, работата и меѓуопштествените односи во кои овој процес се одвива. Една од

клучните стратегиски задачи на човекот е да изгради систем на мотивации и успешно

управување со своите потенцијали.

Човековите потенцијали се основа врз која се гради стратегијата за напредување, а

сите ресурси ги придвижува човекот со своето делување. Веќе не се во прашање

човековото знаење и неговите можности, кои несомнено се огромни, колку што е

важно мотивирањето и охрабрувањето на конструктивни промени во тие можности, се

во функција на остварување на животен прогрес.

“Ќе бидам најдобар што можам“, е легитимна, кон развој насочена и здрава желба

која го поткрева степенот на мотивација и го намалува степенот на фрустрација заради

неминовните препреки и падови во животот.

Целта на човекот е да остане во живот, да е секогаш сигурен, да почувствува среќа

и да доживее бодрење односно мотивирање. Среќата не е производ на околностите,

туку на начинот на кој ги осмислуваме ситуациите од нашите животи. Среќата

подразбира рационален, логичен и прагматичен контакт со реалноста, другите луѓе и

со нас самите. Бидејќи луѓето не можеме да ги менуваме, треба да ги прифатиме какви

што се. Но, на сопствената промена можеме да влијаеме.

Прифаќањето на себеси како битие подложно на грешки, со доблести и мани,

наместо негување на возвишена и семоќна слика за себе, води кон значително

намалување на притисокот за постигнување на успех. После тоа, а заради

постигнување на среќа и успех во животот, треба да се работи на сопствените

потенцијали и мотиви за реализација на тие желби. Желбите да бидеме најдобри што

можеме, а не најдобри на светот, е најдобриот рецепт за среќа.

2

Page 4: Emocii i Motivacija

2. ШТО Е МОТИВ ? ШТО Е МОТИВАЦИЈА ?

Мотивите се поттикнувачки сили кои предизвикуваат разновидна човекова

активност, односно ја поттикнуваат и управуваат со неа. Мотивацијата е сложен

психодинамички процес за поттикнување на активност на човекот, нејзино насочување

кон одредени објекти и регулирање на активноста заради постигнување на одредени

цели.

Извор на мотивите се потребите. Под потреба подразбираме недостиг на нешто.

Ако е тоа нешто што му недостига на организмот, н апример храна, велиме дека

станува збор за органски потреби. Ако тој недостаток не е органски, туку помалку или

повеќе е неодреден стремеж или повеќе јасна и свесна желба за одредени објекти или

ситуации, велиме дка станува збор за психолошки потреби.

Понекогаш поимите потреба и мотив се изедначуваат, што не е оправдано.

Може да постои некој недостаток во организмот, кој ние воопшто не го доживуваме и

тој не нѐ поттикнува кон остварување на некоја цел. И, потребите, не секогаш

предизвикуваатнепосредно остварување на цели, со кои тие би се задоволиле.

Вродените органски потреби предизвикуваат активирање на некои одредени

физиолошки процеси, и за тоа активирање преку потреба збруваме како за нагон.

2.1 Класификација на Мотивите

Креч и Кречфилд , поаѓајќи од општите цели, ги делат мотивите на две големи групи:

1. Мотиви на недостиг кај кои доминира остварувањето на општите цели

за опстанок и сигурност. Тоа се мотиви со кои се сака да се отстрани дефицитот на

нешто, непријатноста, опасноста или анксиозноста. Основната улога на овие мотиви

се однесува на редуцирањето на тензијата .

2. Мотиви на изобилство кај нив доминираат општите цели на

задоволство и стимулација. Основна карактеристика на овие мотиви се однесува на

желбата да се постигне задоволство, признание, награда, да се дознае нешто ново, да

се создава (креира), да се постигнуваат успеси во професијата, да се стекнува

богатство итн.

3

Page 5: Emocii i Motivacija

И двете групи на мотиви имаат посебни подгрупи на специфични мотиви:

Мотиви кои се однесуваат на анатомско-физиолошките потреби на

човекот;

Мотиви кои се однесуваат на односот со средината во која човекот

живее и работи;

Мотиви кои се однесуваат на односите со другите луѓе;

Мотиви кои се однесуваат на самата личност.

Во стручната литература се користи и друга класификација на мотивите според

која тие се делат во две основни групи:

Примарно-биолошки мотиви , во кои спаѓаат мотивите за глад, жед,

мајчинскиот мотив, сексуалниот мотив итн.

Секундарни-социјални мотиви во кои спаѓаат: мотивот на

самопотврдување, мотив за доминација и моќ, мотив за постигнување, мотив за

самоактуелизација итн.

Давид МекКлиланд Абрахам Маслов Ричард

Кречфилд

4

Page 6: Emocii i Motivacija

Дејвид Креч Даглас МекГрегор Џон Вилијам

Аткинсон

3. ТЕОРИИ НА МОТИВАЦИЈА

3.1 Теорија на хиерархија на потребите

Најексплоатираната теорија за мотивација е теоријата на хиерархија на

потребите, која ја формулирал психологот Абрахам Маслов. Тој ги анализира

човечките потреби во хиерархискиот ред, од потреби од најниско ниво до потреби од

највисоко ниво. При тоа тој заклучува дека кога една група на потреби ќе се задоволи

таа престанува да биде главен мотиватор за човековото однесување. Таа улога ја

презема другата група потреби кои во дадениот момент се доминантни.

3.2 Теорија на два факторu (1959)

Фредерик Херзберг и неговите соработници ја модифицирале теоријата на

Маслов за хиерархија на потребите. Нивните истражувања укажуваат на двофакторска

теорија за мотивацијата.

5

Page 7: Emocii i Motivacija

Внатрешни (мотивациони) фактори Хигиенски фактори

Успешно завршување на важна задача Политика и управување на организацијата

Признанија и пофалби Надзор и контрола

Лична работа Квалитет на меѓучовечките односи со надредените

Одговорност за својата и работата на другите Работните услови

Напредување Плата

Сигурност

3.3 МекКлuлендова теорuја на потребuте

Давид МекКлиленд идентифицира три типа на основни мотивирачки проблеми

и спровел обемни истражувања за овие три типа на потреби :

Потреба за моќ - констатирал дека луѓето кои имаат потреба за моќ му

придаваат голема важност на влианието и контролата.

Потреба за поврзување - се чувсгвуваат задоволени ако се сакани, настојуваат

да избегнуваат болка и настојуваат да избегнат отфрленосг од групата.

Преукупирани се со одржување на поволни социјални врски, уживаат во

чувството на интимносг и разбирање, спремни се да ги утешат и да им помогнат

на другите во неволја.

Потреба за постигнување - луѓето со изразена потреба за постигнување имаат

нагласена желба за успех и нагласен страв од неуспех. Ги сакаат предизвиците и

си поставуваат тешки (но не и неостварливи) цели. Имаат реален пристап кон

ризикот, не ризикуваат туку повеќе преферираат анализа и проценка на

проблемите, ја претпоставуваат личната одговорност за извршувањето на

работата и сакаат прецизна и брза повратна информација за својата работа.

3.4 Теории X и Y на Даглас МекГрегор

Теориите Х и Y се теории за мотивација на луѓе кои ги креирал Даглас

МекГрегор на школите за менаџмент во шеесетите години од минатиот век. Овие

теории се користат во менаџирањето со човечките ресурси, и претставуваат два

различни модели на работна мотивација.

6

Page 8: Emocii i Motivacija

Традиционалниот поглед познат како теорија X , се состои од тоа што луѓето им е

својствено да не ја сакаат работата и ја гледаат како потреба за нивен опстанок.

Таквите мора да се присилат да работат и да се контролираат па дури и да се казнуваат.

Теоријата Y, е многу пооптимистичка во однос на човековата природа. Луѓето ќе се

насочат самите само ако за нивното извршување нинвото извршување на работа бидат

наградени, проблемот според оваа теорија е дека во модерниот индустриски живот не

се искорисутува целосно човечкиот потенцијал.

4. ВИДОВИ НА МОТИВАЦИЈА

Постојат повеќе видови на мотивација:

интринзична мотивација-кога нешто правиме спонтано, мотивација за

постигнување на цели.

екстринзична мотивација-кога нешто правиме очекувајќи некаква корист.

мотиви за постигнување- кога некоја работа ни претставува предизвик

компетентност, мотивација за извршување-кога обавувањето на некои работи

ни дава чувство на задоволство од сработеното.

теорија на спротивни процеси-кога некоја работа ни дава емоционален

подстрек.

теорија на позитивни емоции-мотивација заради спонтано подигнување на

располоќението.

верба во сопствената самоконтрола-обавуваме нешто како би се ослободиле од

стресот, депресијата, и како би стекнале чувство дека сами управуваме со

сопствениот живот.

поврзаност-често сме мотивирани за дружење со пријателите, мотивација како

социјален производ.

социјална споредба-мотивирани сме да ги споредуваме нашите способности со

оние на другите луѓе.

Основни прашања на мотивацијата се: што го предизвикува однесувањето и

зошто тоа однесување варира во интензитетот. Прашањето што го предизвикува

однесувањетоможе да се подели на многу дргуи потпрашања. Важно е да се научи како

7

Page 9: Emocii i Motivacija

мотивацијата влијае на започнувањето, трајноста, промената, насоченоста кон

одредена цел и евентуалнот престанување на работата.

Второто основно прашање се бави со мотивацијата интериндивидуално и

интраиндивидуално. Интраиндивидуалната непостојаност се случува кај поединци со

тек на времето, бидејќи однесувањето скоро секогаш варира во својот интензитет.

Интериндивидуално, мотивацијата варира дури и во иста околност, а не само со текот

на времето. Многу такви мотиви кои се силни за една личност, се потполно неважни за

друга. Мотивацијата е она што на однесувањето му дава насока и енергија.

5. МОТИВ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ

Еден од социјалните мотиви е мотивот за постигнување. Се сврстува во

категоријата мотиви насочени кон лична афирмација и егзистенција. Тенденцијата за

постигнување на успех,како што поедноставно се дефинира овој мотив, е една од

вредностите која на различни налини се негува во поединечни култури. Според

теоријата на Вебер, кој настанала на почетокот од минатиот век, мотивот за

постигнување представува психолошка основа врз која се развива цело едно

општество. Значи, овој мотив е еден од индивидуалните потенцијали неопходни за

напредок на личен, организационен и општествен план.

Овој мотив има три основни карактеристики. Тој е сложена мотивациска

предиспозиција. Бидејќи овој мотив подразбира определен начин на размислување,

перцепција и обработка на информациите, можно е да се подреди и во категоријата на

когнитивни мотиви. Исто така мотивот за постигнување е и социјален мотив, затоа што

се стекнува со социјализација и значително влијае врз социјалното однесување на

луѓето.

5.1 Создавање на мотив за постигнување кај поединци

Се мисли дека создавњето на овој мотив е тесно поврзано со хедонистичкиот

тон, кој, кога ќе се јави поврзан со некои доживувања, ја зголемува веројатноста оваа

личност подоцна да се насочи кон остварување на некое постигнување. Посилен мотив

се јавува кај луѓе кои пораснале во семејства во кои биле наградувани за своите

напори. Во слични ситуациилуѓето работат за она за кое претходно биле наградени. Во

8

Page 10: Emocii i Motivacija

склад со ова, Ајзенберг (1992) го дава поимот “научена трудољубивост“. Напорот

доживеан преку сетилата, иако непријатен, може да се поврзе со удобноста која ни ја

донесува со него постигнатата цел и може да стане позитивно поткрепување, награда,

наместо казна.

Интересно е што создавањето на мотив за постигнување може да се набљудува и

надвор од рамката на индивидуата низ општествениот развој. Според МекКлиланд

важен фактор во развојот на овој мотив е протестанизмот, бидејќи го нагласува

осамосталувањето од авторитетот на Црквата, и слободата што само по себе значи

голема индивидуална одговорност и потреба за постигнување на цели.

5.2 Аткинсонова теорија за постигнување со осврт на теоријата за очекување

Теоријата на очекување води потекло од XVIII век, а за основна претпоставка ја

зема онаа, дека луѓето постапуваат така за да го остварат најдоброто за себе,

проценувајќи колку вреди целта и колку е веројатноста таа цел да се постигне. Наоѓаме

рамнотежа помеѓу една цел која за нас има голема вредност, но е тешко остварлива, и

цел која лесно ќе ја оствариме, но не е вредна како првата. Очекуваната вредност на

исходот се добива кога ќе се помножи веројатноста на исходот со неговата вредност.

(OВр=ВИ x ВрИ)

Оваа теорија би била применлива кога секогаш би имале објективни темели врз

кои можеме да се потпреме како би ги процениле објективната веројатност на некој

настан. Исто така, немаме секогаш ни објективна скала на вреднсоти, бидејќи некои

цели(освојување на партнер или медал) не можат така лесно да се изразат со броеви.

Нашите избори не се секогаш толку рационални.

Модифицирање на оваа теорија извршил Аткинсон. Тој зборува за тоа дека

подготвеноста на подинецот да се ангажира во постигнувањето на зададената цел

зависи од веројатноста на успехот, мотивирачката вредност на успехот и потребата за

постигнување. Оваа теорија, за разлика од останатите теории на мотивација. се

засновува самона мотивирачката вредност на постигнатиот успех, не разгледувајќи ги

при тоа надворешните награди. Таа претпоставува дека поголема е мотивациската

вредност при оставрувањето на некоја тешка задача, каде веројатноста за остварување

е помала, отколку при полесна задача. Според тоа, желбата за постигнување успех е

9

Page 11: Emocii i Motivacija

функција која се добива со множење на потребата за постигнување (мотивираност за

успех), веројатноста на успехот и неговата мотивирачка вредност.(Жу=Му х Ву х

МВру). Од ова се гледа дека, доколку една од вредностите е нула тогаш, нема ни желба

за успех. И веројатноста на успехот и неговата мотивирачка вредност можат да се

движат во дијапазон од 0 до 1. Па така најголема вредност ќе се добие кога Ву=0,5,

бидејќи тогаш имаме израз Ву х (1-Ву). ова оди во прилог на претпоставката дека

личностите со високо ниво на мотивација за постигнување ќе бидат наклонети кон

превземање на умерени ризици кон остварување на целта. Затоа ќе одбираат задачи со

умерена, средна,тежина.

Втор аспект на Аткинсоновата теорија, е желбата за одбегнување на неуспех.

Лаички кажано, освен гордоста која ја чувствуваме кога постигнуваме успех,

чувствуваме и срам заради неуспехот. Тоа се обидуваме да го одбегнеме. Таа желба за

одбегнување на неуспех е поврзана со поранешни негативниискуства, како што е на

пример потсмевањето или казните за претходните неуспеси. Аналогно на желбата за

постигнување на успех и оваа желба за одбегнување може да се изрази како производ

на мотивот за одбегнување на неуспех (страв од неуспех кој пбично се мери со

прашалници за анксиозност), веројатноста за неуспех(1-Ву) и негативната мотивирачка

вредност на неуспехот(-(1-Пн));(Жон=Мон х Вн х нМВрн). Максимална вредност ќе се

добие кога Вн=0,5. Имено личноста која многу се плаши од неуспех ќе одбере лесна

задача или задача кој толку е лесна за остварување што нема шанси за неуспех, или ќе

одбере толку тешка задача за која не е никаков срам ако не постигне успех.

5.3 Испитување на мотивот за постигнување и преглед на некои експерименти

Денес во полза на мерење на највисоки постигнувања најмногу се

користат:проектирачки техники, инвентари на личноста, специфични

прашалници(анкети). Основна замерка на овие пристапи, особено на последните два, е

дека претпочитаат само некои од аспектите на мотивот за постигнување

(претпочитување на различни тежини на задачи, ниво на аспирација, упорност во

решавањето на задчите), а ги занемарува другите аспекти. Но, тоа е само одраз на

фактот дека сеуште не се утврдиле сите компоненти кои го сочинуваат мотивот за

постигнување.

10

Page 12: Emocii i Motivacija

На значењето на мотивот за постигнување укажал МекКлиланд. Тој оваа

мотивациона диспозиција ја определува како желба на поединецот да се натпреварува

со некои стандарди на исклучителна успешност, или како желба да се надминат

сопстевените или туѓите достигнувања во некоја централна активност-економска,

академска, спортска, уметничка и сл. МекКлиландовиот пристап за структурата на

мотивот за постигнување е актуелен и денес.

6. ЗАКЛУЧОК

Целите кои си ги поставуваме на себеси, мотивите кои доаѓаат не од билошките

потреби, туку од сложените функции н анашата личност, најтешко се мерливи,

најсложени се, и повеќе од сите други мотиви не одвојуваат нас од идеалот на

психологијата:можност за предвидување на човековото однесување. Донекаде можеме

да влијаеме на нив, да ги менуваме, да ги подобруваме, но секогаш останува факторот

кој оневозможува со сигурност да предвидиме што ќе направи човекот. Колку и да

гипознаваме нечии мотиви, тие секогаш можат да не изнанадат. Затоа, да се насочат

истражувањата во тој правец, да се проникне во потполност во когнитивните мотиви

кои се под влијание на факторот на личноста претставуваат можност за голем чекор

кон напред кон идеалите на психологијата.

 

11

Page 13: Emocii i Motivacija

7. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Opšta psihologija, Nikola Rot,ZAVOD ZA UDZBENIKE – BEOGRAD,2010

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%BE

%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0

http://en.wikipedia.org/wiki/John_William_Atkinson

http://www.unizd.hr/Portals/12/ppt/luka_marinovic/6.%20KOGNITIVNE%20TEORIJE

%20MOTIVACIJE.pdf

http://www.scribd.com/document_downloads/direct/78939312?

extension=doc&ft=1366030835&lt=1366034445&user_id=202116656&uahk=k/cJErM/

1dX4lWhhgh1ygckCo9s

http://studenti.rs/preuzmi.php?id=15927&f=http://studenti.rs/wp-content/files_mf/

MOTIV.doc

12