Револуција магазин бр.64

42

Upload: revolucijacom-mkrevolucijacom

Post on 11-Mar-2016

253 views

Category:

Documents


9 download

DESCRIPTION

Магазин за политика, економија и култура

TRANSCRIPT

Page 1: Револуција магазин бр.64
Page 2: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 18 ФЕВРУАРИ 2012 ГОДИНА страна 2

Page 3: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 3

Содржина

Неделна панорама .......................................................................... 04

Кој кого контролира? ...................................................................... 09

Пратеникот - далеку од граѓаните .................................................... 13

24/7 за медиуми, а кафе – муабет во приватноста ............................. 19

Говорницата e најмоќнотo место во демократскитe држави …………………. 23

Стравот лозјето го чува!? ................................................................. 27

Демократска тишина ....................................................................... 29

Што е агенција за кредитен рејтинг? ................................................ 31

Да не ги заборавиме и тие се дел од нашиот живот ........................... 35

Скопје – градот на седумте порти ..................................................... 36

2 BROKE GIRLS (2011-2012) ............................................................. 38

Импресум

Oсновач и главен и одговорен уредник М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

Заменик на главниот и одговорен уредник и администратор

Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

Помошник на главниот и одговорен уредник и администратор Елена Павловска, e-mail: [email protected]

Уредник за филмска уметност, стрип и уметнички анимации: Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

Соработници-аналитичари:

Светлана Пеншовски, Елена Николовска, Сања Алексовска, Симе Симовски, Симона Митровска, Сања

Горгиева, Магдалена Јовановска, Кристина Вељаноска

Надворешен соработник: Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

Технички уредник: Миланчо Ристовски

e-mail: [email protected]

Маркетинг:

Славица Ѓоргиевa Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Page 4: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 4

Автор:

Влатко Неделковски

„Револуција“, магазин за политика, економија и култура

ISSN 1857- 7458

Адреса:

Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]

http://mkrevolucija.com/ 00 389 76 52 93 89

00 389 75 63 44 94

Издавач:

МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење

Жиро сметка: 2704953485006

Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Адреса:

Востаничка 67б-7

1000, Скопје 00 389 76 52 93 89

00 389 75 63 44 94

Page 5: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 5

И Меркел нè сака во ЕУ

и НАТО Германската канцеларка

Ангела Меркел неделава издвои време за македонскиот

премиер. Откако најмоќната

жена на светот измрзнала

десетина минути, чекајќи го првиот човек на нашата влада

(информација која се рашири

по социјалните медиуми), таа

побара од Грција и Македонија да постигнат компромис во

долгогодишниот спор за

името. Како и сите останати, и

Меркел ја понуди својата

поддршка за барањето на Македонија за влез во НАТО и

ЕУ, но не заборави да си каже

дека Атина и Скопје треба со

преговори да најдат излез од спорот за тоа кој има право на

името Македонија.

Иако после средбава не слушнавме нешто што

изненадувачки ќе нè здрма,

позитивно е што германската

канцеларка, цело време нè ословуваше со уставното име.

Германската канцеларка доби

новинарско прашање кога таа

би била на местото на Никола

Груевски, дали во иднина би

можела да и верува на Грција?

Очекувано, следеше дипломатски одговор:

„Неспорно е дека

Меѓународниот суд донесе

една пресуда, која е успех за македонската влада, а и за

мене лично приемот во НАТО

би бил добро. Затоа, јас

дефинитивно би продолжила да преговарам со Грција и би

се обидувала да најдам

решение. Во Европската унија

ние сите сме навикнати да правиме компромиси. Поинаку

ЕУ не би можела да опстане.“

Еее почитувана канцеларке, и

Македонија е навикната да

прави компромиси, но ако продолжи со нив, тешко дека

долго време ќе опстане...

Ајде да си играме

преговори После тримесечно натегање,

премиерот на Грција Лукас Пападимос ја прифати

средбата со претседателот на

македонската Влада. Кафето

ќе го пијат на маргините на

следниот состанок на Европскиот совет на почетокот

на март.

За Пападимос, билатералните

односи биле многу важни, а за спорот со името - тоа требало

да се решава во рамки на

преговорите што се водат со

посредство на ОН. Очекува дека некаков напредок во

целиот процес ќе донесе

Page 6: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 6

најавената посета од

господинот медијатор – Метју

Нимиц.

Наспроти обвинувањата од

македонскиот врв, дека Грција

не покажува баш

најимпресивни напори за преговори, и заеднички

напредок, Пападимос сега

пишува дека неговата земја

„се залага за долгорочна

политика на мир и стабилност во регионот и за интеграција

на сите земји од Западен

Балкан во евроатланските

структури, како и за промоција на добрососедските

односи, како основа за

постигнување на таа цел.“

Што мислите, ќе успеат ли Пападимос и Груевски заедно

да измислат топла вода?!

Австралија рече

„Македонија“! Австралиската влада ја повлече т.н. директива славо-

македонска со која беше

преименувана македонската

заедница во Австралија во 1994 година. Ова беше

соопштено од Австралиско-

македонскиот комитет за

човекови права.

Австралиското министерство за надворешни работи на 9-ти

јануари годинава испратило

писмо до Австралиско-

македонскиот комитет во кое се вели:

„Јас можам да потврдам дека

„славо-македонското“

административно циркуларно писмо повеќе не е на сила во

Министерството за

надворешни работи и трговија

(ДФАТ). ДФАТ ми има ставено до знаење дека „славо-

македонската директива“ не се

применува во други владини

служби, влучувајќи ги и

Министерството за имиграција и државјанство и

австралискиот завод за

статистика.“

Во друго писмо од Министерството за имиграција

и државјанство на 11 јануари

2012 година се потврдило

истото. Во ова писмо стои:

„Националната служба за преведување и толкување сега

само го употребува терминот

„македонски”. Ние ја

Page 7: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 7

признаваме загриженоста на

Македонско-австралиската

заедница во врска со ова прашање.“

Според Австралиско-

македонскиот комитет ова е

голем успех на нивната долгогодишна кампања, со

која сакаа владата на

Австралија да се согласи и да

го прифати правото на самоидентификација на

македонската заедница. Еден

чекор напред, кој е следен?

Помалку струја, исти

сметки? Веќе неколку дена скопските

улици се во мрак, по

владината препорака за

штедење на електричната енергија поради недостигот на

струја во целиот регион.

Полека се гаснат и гратските

билборди, поради техничката неможност одеднаш да се

исклучат сите светлечки

реклами. Но, поради

необврзувачката одлука за штедење на струјата,

сопствениците на голем број

фирми, сè уште се глуви на

повиците на власта да штедат.

Наспроти тоа, освен билбордите кои за два до три

дена треба целосно да се

изгаснат, светлечки реклами

на угостителски објекти, аптеки, бензински пумпи,

продавници, можат да се

забележат низ целиот град. Дали рестрикциите во уличното осветлување ќе ја

намалат и месечната такса што

ја плаќаат граѓаните, заедно

со сметката за потрошена

електрична енергија, зависи од одлука на Владата.

Висината на таксата за

уличното осветлување се

утврдува со Одлука на Совет на Градската власт и се дели

во сооднос 60:40 помеѓу

Градот и општините.

Парите кои влегуваат во општинските каси, се користат

за подобрување на

комуналната инфраструктура,

за поставување ново улично

осветлување, тековно одржување на светилките.

Сè што треба да направат

сопствениците на фирмите е

да го паузираат малку тајмерот за реклами и да се

вратат на мануелниот начин

на контрола на

прекинувачите. Тогаш проблемот ќе биде 100%

решен. Освен тоа, по домовите

реално не треба да ви светат

по 18 светилки, романтично е со пригушено светло, со

исклучок на тие што плетат

или шијат. Во суштина –

мислете на тоа дека појавата е

Page 8: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 8

важна на глобално ниво, а не

само за Македонија, а

рутината сама по себе ќе си дојде. Во празна соба

навистина нема потреба да

биде светло, макар и да

чувате цвеќиња, дури и тие се навикнати на светло само

преку ден.

Ало, само за полиција и

итна помош Ребаланс на цените во

фиксната телефонија, односно

нивно зголемување, ќе биде

една од задачите на

Агенцијата за електронски комуникации во наредниот

четиригодишен период,

доколку биде усвоена

Стратегијата за работа на АЕK за овој период, која моментно

е во нацрт-верзија.

Ваквото мислење не го делат во „Македонски телеком“.

Според нив, анализата за

ребаланс на цените не ги зема

предвид сите аспекти и сите производи. Ваквото

зголемување во почетокот би

значело, на пример, висината

на претплатата во фиксната

телефонија да се зголеми на

околу 700 денари (со ДДВ),

кај бизнис-корисниците уште повеќе, што ќе доведе до

одлив на корисниците. И други

експерти сметаат дека нешто

не е во ред со ваквиот план прво да дојде до зголемување

на цените кои потоа, за

неколку години, би се

намалиле, бидејќи ако постои вистинска либерализација, таа

на почетокот носи намалување

на цените. Само во

Македонија може вакви моменти да се сметаат за

изуми и решенија. Најпрво да

поскапиш нешто, за потоа по

неколку години да поевтини е

стратегија, која што ќе ги натера луѓето да паузираат од

телефонските апарати, па

потоа откако со години ќе се

одвикнат од таа навика, можноста да се вратат сите

стари клиенти – е многу мала.

Слободно нека го направат

овој мал експеримент, дури и лудоста има крајни граници.

Матичен за

миленичиња

Болницата е опремена со

современа апаратура, хируршка сала, стационар за

мали животни, биохемиска,

паразитолошка и

микробиолошка лабораторија, како и апаратура за рендген,

ехо и за ЕKГ-дијагностика.

Животните ја добија првата

универзитетска ветеринарна болница во земјава. Покрај

прием, амбулантно

Page 9: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 9

сместување и лекување на

животните со сите адекватни

медикаментни третмани, клиниката нуди и решавање

на проблемите со плодноста,

вештачко осеменување, рана

дијагностика на гравидитет, стоматолошки и

офталмолошки зафати.

Сопствениците на домашните

миленици во неа ќе добиваат совети и упатства за нега и за

исхрана, превентивни

вакцинации, контрола на

паразити и згрижување на итните и на критичните

случаи.

Првата Универзитетска

ветеринарна клиника свечено беше отворена на Факултетот

за ветеринарна медицина.

Објектот е вреден 100.000

евра и целосно е финансиран

од Универзитетот „Св. Kирил и Методиј“. Во неа ќе работи

високообучен тим експерти од

различни области, кој ќе биде

секојдневно достапен за сите на кои им е потребна врвна

ветеринарна услуга.

Во сите неделни панорами,

кои што се обележани во

„Револуција“ ретко има и по

некоја новост за која немаме

ама буквално никаква замерка. Во современиот свет,

домашните миленичиња се

почитуваат на ниво на деца,

затоа нивната грижа не подразбира само храна и

место за престој, туку и

комплетна здравствена

заштита. Овој новитет е за пофалба, само треба малку да

поработиме на навиките кои

ги имаат сопствениците.

Page 10: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 10

Славица Ѓоргиева

Кој кого контролира?

Пратениците се должни да ја контролираат Владата што ја

избрале, во насока да се

спречи злоупотребата на

моќта, со што директно ќе се заштитат интересите на

граѓаните. Меѓутоа, во

Македонија преовладува

традицијата на собраниска потчинетост пред владиниот

тотем. Наместо да `ржи кога

треба, Собранието е преточено

во нема гласачка машинерија

која подлежи на строга партиска дисциплина.

Центарот на власта За да се заштитат граѓаните од самоволието на еден човек

или една политичка гарнитура,

Македонија, како и секоја

држава која се прокламира

како демократска, со Уставот од 1991 утврди поделба на

државната власт –

законодавна, извршна и

судска. Согласно Уставот на РМ,

Собранието е централна

институција околу која се врти

државната власт. 123-цата граѓански избраници во свои

раце ја имаат можноста да ги

креираат легалните правила

на игра во секој сегмент на

општеството. Имунитетот кој им го гарантира највисокиот

правен акт во државава, им

остава простор за креативност

и слободно изразување.

На тронот на извршната власт седат Претседателот на

државата и Владата. Според

уставните обврски,

Претседателот е оној кој како англиска кралица седи на

тронот и се смешка пред

камери, додека Владата е она

мало човече кое секогаш се вртка околу кралицата, за да

може поелегантно да ги влече

конците. Иако не седнува на

престолот, Владата е таа која

го контролира. И логично, судската власт ја

имаат нашите „автономни и

независни“ судови.

За да се извршуваат обврските

во целост, Уставот прилично

силно ги штити органите на

државната власт. Но, за да се спречи неконтролирано

расфрлање на моќ,

предвидени се механизми на

заемна контрола помеѓу Собранието и Владата.

Така, македонските пратеници

секој последен четврток во

месецот и официјално можат да бараат „рапорт“ од

Page 11: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 11

владините министри за

нивната работа, за некои

недоречености или за некој нивен кикс. Се препорачува

прашањата да бидат што

пократки и што поконкретни,

на што ќе следува директен одговор и соодветна

аргументација.

Но, првото соочување на

владиниот состав во 2008 година со граѓанските

претставници не ја спроведе

теоријата во пракса. Наместо

горенаведеното, бевме сведоци на маратонски говори

и држење предавања. И што

уште помалку доликува на

ваква институција – нарачани

прашања. Објективот на дневен „Фокус”, покажа како

премиeрот нарачува едно од

тие прашања од пратеникот

Илија Димовски, што не мора да значи дека тој е

единствениот кој добил такво

„ливче со барање“.

Фатен на дело, Премиерот не негираше дека се нарачувале

прашања. Но, како што кажа,

битни биле одговорите...

Бланко мандати Владата е таа која ги предлага

законите. Собранието е тоа што дебатира по нив и го дава

конечното ДА. Последните

вонредни парламентарни

избори резултираа со владина коалиција чие мнозинство

заедно изнесува 71 пратеник.

Во систем каде највисока институција е матичната

партија, дали навистина

треба да се очекува реална,

суштинска дебата за предлог-законите, без позади тоа да се

крие некоја сива стратегија?

Непосредно по изборите на 5

јуни, јавноста ја здрма скандалот дека пратениците

на коалицијата предводена од

ВМРО-ДПМНЕ потпишувале

бланко оставки, кои би се активирале истиот момент ако

некој се одлучи да истапи од

тоа коалиционо семејство. Прв

кој собра храброст ова да го

каже јавно беше претседателот на

Демократскиот сојуз, Павле

Трајанов, кога гостувајќи во

емисијата „Пресинг“ на ТВ Алфа, потврди дека и тој

Page 12: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 12

самиот потпишал таков

документ.

Како што беше соопштено преку македонските медиуми,

секој кандидат за пратеник од

коалицијата предводена од

ВМРО ДПМНЕ во зависност од позицијата на изборните

пратенички листи потпишувал

и меници во вредност од 300

илјади до 600 илјади евра. Оправдувањето било дека

овие пари партијата ги

потрошила во кампањата за

кандидатот за пратеник да добие место во парламентот и

дека ако е подготвен да ја

обештети партијата со

високата сума, може да ја

напушти коалицијата. Поповска од ДОМ негираше

дека има потпишано писмен

документ, но познавајќи го

македонскиот кукавички менталитет за јавно

дејствување (со чесни

исклучоци) сомнежот останува

да тлее...

Како и да е, под претпоставка

дека ова е вистина, дали може

да се очекува оние кои седат

на собраниските столчиња да

ја притиснат кочницата на

Владата, знаејќи дека

следните неколку години ќе бидат запишани на црната

листа и до гуша во долгови?

Ми веруваш ли? Друго оружје кое

законодавната власт го има

против својата извршна

колешка, е гласањето за

(не) доверба на Владата. Обид за вакво нешто имаше

пред некои пет години, кога

најголемата опозициска

партија, СДСМ реши да го разниша малку светот на

владејачката партија.

Очекувано, македонскиот

парламент ја отфрли иницијативата за недоверба на

владата на премиерот

Груевски. 43-ца ја поддржаа,

но побројна беше другата

половина - околку 65 пратеници. И така, целата

приказна заврши како што сме

навикнале - со обвинувања

дека опозицијата „се обидува да ја дестабилизира земјата во

еден важен момент, кога

Македонија е блиску до

добивање покана од НАТО“ (очигледно дека поканата

уште не стигнала па...).

Се појавија размислувања

дека всушност тоа гласање беше само тест за да се види

дали Груевски сé уште има

контрола над

парламентарното мнозинство.

Несигурноста се јави откако владејачката коалиција

помина низ еден турбулентен

Page 13: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 13

период, т.е. помалиот тогашен

владин партнер, ДПА се

закани дека ќе излезе од владата, откако Груевски

постигна договор со

најголемата партија на

етничките Албанци, ДУИ. Контролата, сепак, не беше

изгубена...

А демократијата? Пратениците се должни да ја контролираат Владата што ја

избрале, во насока да се

спречи злоупотребата на

моќта, со што директно ќе се заштитат интересите на

граѓаните. Меѓутоа, во

Македонија преовладува

традицијата на собраниска потчинетост пред владиниот

тотем. Наместо да `ржи кога

треба, Собранието е

преточено во нема

гласачка машинерија која подлежи на строга

партиска дисциплина.

Погоре наведените примери се

само дел од приказната.

Независно од составот и имињата на главните фаци,

темата останува иста, се

менуваат само нијансите.

Секоја влада учи од грешките

на претходната, издигнувајќи

ја манипулативната состојба речиси до совршенство.

Двојниот стандард на контрола

(еден уставен и еден реален)

не е она што ни е потребно кога чукаме на европските

порти. Вистински дебатни

борби и соочувања на

аргументи се она што треба да се најде на пратеничкото

мени, наместо излитените

театарски претстави.

За да успее, демократијата треба да се развие однатре.

А кое друго место би било

толку добро за нејзин зачеток,

ако не централната и

најзначајна институција на државната власт?

Page 14: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 14

Елена Павловска

Пратеникот - далеку од граѓаните

Ракување со сите кои ќе му

излезат на патот и попатно

сликање со истите, слушање (или

вешто глумење на слушање) на граѓаните кои ќе се најдат во

негова близина со „загрижено“

климање во главата, изговарање

на фразите: „Јас ве разбирам“; „Јас сум тука за вас“; „Ние се

грижиме за потребите на

граѓаните“; „Јас ќе ја оправдам

вашата доверба“ - сето ова е неизбежен дел од водење на

предизборната кампања. А

потоа? Потоа се седнува во

фотелјата, се заклучува

канцеларијата и се преспива четири години, богатејќи се со

пратеничката плата и уживајќи

во пратеничките привилегии...

Дистанца меѓу пратеникот и граѓанинот

Членот 61 од Уставот на

Република Македонија вели:

„Собранието на Република

Македонија е претставнички орган на граѓаните и носител на

законодавната власт на

Републиката“, со членот 62 се

надолнува: „Пратеникот ги

претставува граѓаните и во Собранието одлучува по свое

уверување.“ Значи, според

Уставот Собранието и

пратениците имаат една и единствена цел за нивното

постоење, а тоа е да им служат и

да ги застапуваат граѓаните. Но,

дали тие ја оправдуваат својата цел? Во реалноста има обратно

порпорционална ситуација,

граѓаните се тие кои што постојат

за пратениците, тие постојат за

да ги изберат и да ги „наградат“ со пратеничката функција.

Попусти се обидите да се намали

дистанцата, тој огромен јазол

што се испречил помеѓу политичарот, пратеникот и

граѓанинот. Обиди кои особено

се видливи во предизборната

кампања кога политичарот потенцира дека и тој е во истите

чевли, во истата ситуација како и

сите останати и дека е еден од

народот (што и да тоа значи).

Можеби сме наивни, можеби едноставно ни е потребно да се

надеваме и да веруваме во

искреноста на некои од

политичарите, па сепак, ги наградуваме со нашиот глас, но

што потоа? Грижливиот и чесен

човек кој ќе се смести во својата

удобна фотелја, мистериозно добива амнезија и заборава и на

кажаното и на ветеното. Слугата

на народот, оној кој се ставаше

Page 15: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 15

под нив, спремен да се жртвува и

да служи за неговото добро,

после денот на парламентарните избори ја добива моќта да се

чувствува супериорно, на

повисоко ниво од граѓаните,

далеку над „обичниот човек“, кој го остава далеку зад себе, како

да е недостоен за неговото

внимание.

Пратеникот како

работник

Пратеникот е работник како и

сите други. Тој има работно место

и обврски кои мора совесно и

одговорно да ги извршува. Неговиот работодавец е народот,

кој ја оценува неговата работа и

одлучува дали ќе го награди или

ќе му даде отказ - односно така би требало да се гледа на

работите. Но, реалноста е малку

поинаква. Пратеничката работа

за некои наши политичари е само обично хоби, хонорарец, попатна

заработувачка. Придружна

работа од онаа нивна приватна и

примарна, па и не обрнуваат многу внимание дали ќе се најдат

на собраниската седница, дали

ќе учествуваат во расправата,

дали нешто ќе придонесат. Јасно

ни е дека функционерите имаат одговорна работа, тие сепак ја

водат државата (како така, но ја

водат) и затоа имаат посебен

статус и одговорност, за што им се потребни привилегии. Но, кај

нас таквите привилегии се толку

големи, што не се работи за

нивната употреба, туку

злоупотреба од страна на

пратениците.

Стои фактот дека народните избраници, некогаш имаат

потреба да бидат надвор од

парламентот, но практиката

покажува дека тие во овој дел се однесуваат сосема неодговорно.

Пратениците имаат

попривилегиран третман во

обврските од работниот однос од обичните вработени, бидејќи за

нив не важи општиот закон за

работни односи. Правилата за тоа

како пратениците треба да се однесуваат на работното место се

утврдени со посебен Закон за

пратеници и во Собранискиот

деловник. Законот за пратеници,

со кој всушност се дефинираат правата и обврските на

народните избраници во

Собранието, во времето на

неговото донесување од јавноста беше критикуван како неетички и

дека пратениците го

злоупотребиле своето

овластување да носат закони за да си донесат акт за себе. Ова е

единствениот закон за кој

поранешниот шеф на државата,

Page 16: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 16

Борис Трајковски, го искористи

правото на делумно вето, па за

законот се гласаше два пати.

Големите привилегии за

пратениците беа предмет на

разгледување и од Уставниот суд,

кој пред неколку години укина одредби од законот што се

однесуваа на правата на посебни

и семејни пензии и други права

од работен однос на пратениците по истекот на нивниот мандат, со

објаснување дека со нив се

нарушува уставниот принцип на

еднаквост на граѓаните.

Со само два дена појавување на

работното место во текот на една

година, распоредени по еден ден

на секои шест месеци, на

пратениците им се исплатува плата за сите 12 месеци и тоа без

никакви последици за нивниот

работен статус. За разлика од

нив, вработените граѓани само со три дена последователно

отсуство од работното место

добиваат отказ. Пратеникот што

нема да дојде на работното место се смета дека оправдано

отсуствува само со тоа што

неговата секретарка ќе го

пријави отсуството кај

собранискиот спикер, без притоа

да наведе кои се тие причини што го спречиле функционерот

да дојде на работа. Работникот,

пак, своето отсуство на работа

мора да го оправда во кратки рокови од 48 часа и

задолжително со документација

(лекарска потврда за боледување

или друг доказ за тоа дека навистина бил спречен да дојде

на работа). Тој не може на својот

претпоставен само да му најави

дека одреден ден нема да дојде на работа и со тоа да се заштити

од казна или, пак, отказ.

Поради отсуство од работа,

пратеник може единствено да

биде парично казнет и тоа само ако трипати едноподруго

неоправдано отсуствува од

седница и тоа со пет проценти од

платата за секој ден неоправдано отсуство. Во досегашната

практика на Собранието, само

пет парламентарци биле казнети

по околу 12 илјади денари, иако бројот на пратениците што не се

појавуваат на работно место

постојано се зголемува.

Петнаесетина пратеници редовно

ја злоупотребуваат уставната одредба со која се утврдува дека

пратеничкиот мандат може да

биде одземен само поради

шестмесечно отсуство, па на работа не се појавуваат со

месеци. Уште триесетина други

народни избраници, пак,

отсуствуваат во пократки интервали, од неколку дена до

неколку недели.

Page 17: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 17

Иако законски се обврзани да

присуствуваат на седници и да

учествуваат во работата на парламентот, за народните

избраници речиси не постојат

никакви казни доколку

пратеникот недостојно се однесува или ако не ги извршува

своите основни задачи: не

поднесува амандмани и закони,

не расправа по нив и не се ангажира за иницијативите што

доаѓаат од граѓаните. Следењето

на активноста на народните

избраници покажува дека само 13 пратеници биле присутни на

сите собраниски седници, а

активни се само десетина.

Граѓаните најчесто ги опишуваат

како мрзеливи пратениците од собранискиот состав. Тоа го

покажуваат и истражувањата -

една четвртина од пратениците

воопшто не прозбореле во текот на својот мандат. Па, неизбежно

е да се постави прашањето:

Зошто, воопшто, ги плаќаме и

зошто, всушност ги гласаме? Да молчат, да уживаат, да се

полнат со пари?

Граѓаните не се

задоволни

Пратениците во Собранието не ги претставуваат интересите на

граѓаните, а самото Собрание

нема речиси никаква улога во

спроведувањето на државната политика. Ова се дел од

заклучоците на последното

истражување за работата на

Собранието спроведено од

Институтот за демократија.

Во телефонската анкета 90

проценти од луѓето побарале

пратениците да бидат поактивни

на собраниските седници, а 80 проценти мислат дека комисиите

треба да играат поголема улога

врз донесувањето на законите.

На прашањето дали Собранието

врши контрола врз работата на Владата, потврдно одговориле

само 10 проценти од

испитаниците. Освен на

неефикасноста на пратениците граѓаните најмногу замеруваат на

подредената улога на Собранието

во однос на Владата, или со

други зборови неговата улога на пасивен спроведувач на

владините политики. Анкетата на

институтот за демократија е

спроведена од 20 до 23 јануари

оваа година, врз 1111 испитаници. Од сите прашани

само десет проценти велат дека

барем еднаш неделно го гледаат

собранискиот канал.

Лоши оценки, исто така, се

дадени за работата на

Собранието и на пратениците.

Page 18: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 18

Граѓаните мислат дека

законодавниот дом е неефикасен,

не го следи спроведувањето на законите и не може да ја

контролира работата на Владата.

Голем број од граѓаните сметаат

дека пратениците се пасивни и без идеја. 84 отсто од

испитаниците велат дека

пратениците треба да бидат

поангажирани, но и кога дискутираат нивните говори ги

нервираат. Дури 61 отсто од нив

имаат лоша оценка за

излагањето на пратениците од говорница.

Во анкетата има фрапантни

резултати што се однесува на

работата на пратениците. Над 72

отсто од анкетираните никогаш не се сретнале со пратеникот од

својот крај, а тоа го направиле

само 21 отсто од нив.

Ова се дел од резултатите на телефонската анкета спроведена

во рамките на проектот „Мојот

пратеник“ и проектот за

зајакнување на капацитетот на Парламентот, финансиран од

ОБСЕ и Вестминстер

фондацијата. Граѓаните дале

оценка 2.59 за Парламентот

оценувајќи ја неговата работа од еден до пет.

(Не)грижата на

пратениците

Имаме несоодветен однос

пратеник-граѓанин. Пратениците веќе преминуваат во групата

функционери, кои ги штитат

сопствените интереси, позиции и

привилегии, а далеку се од тоа да ги застапуваат интересите на

граѓаните. Во договор со

претседателот на Собранието на

Република Македонија, Трајко Велјановски, и со

координаторите на пратеничките

групи, пратениците еден ден се

ослободени од обврските во

Собранието и во неговите комисии. Значи, нема пленарни

седници во петоците, заради тоа

што тој ден пратениците ќе бидат

обврзани да го минуваат времето во овие пратенички канцеларии,

да комуницираат секојдневно со

граѓаните. Но, дали навистина е

така? Во петоците канцелариите се полни со луѓе (оние кои се

отворени), но пратениците ги

нема.

„Ги гледаме само на телевизија или во весници“ велат нашите

граѓани.

Со ова само се продлабочува

раздорот меѓу пратеникот и

народот што го бира. Пратениците се претворени во

нема гласачка машина за

предлозите од својата партија,

кои не контактираат со луѓето кои ги избрале и се неактивни.

Со ова, во практиката се

добиваат пратеници кои во сé

беспоговорно им се подредени на

Page 19: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 19

партиските лидери и потесното

раководство и избраници за кои

граѓаните можат само на четири години да се изјаснат дали

заслужуваат избор или не.

Со тоа што само ќе седнат во

своите удобни фотељи не значи

дека ги штитат нашите интереси. Во демократско општество во

вистинска смисла на зборот,

пратеникот би го знаел секој

проблем со кој се соочува неговиот граѓанин и би се

залагал тој проблем во рамки на

законските домени, да го реши.

Не е грижа за граѓанинот ако

упати осуда или негодување откако некој работник ќе биде

повреден на работното место. Не

е грижа за граѓанинот ако со

партиски пари купиш прехрамбени артикли и ги

однесеш на некое социјално

загрозено семејство, а при тоа

викајќи ги сите медиуми да бидат сведоци за твојата „грижа“. Не е

грижа за граѓанинот ако го

посетуваш домот за сираци или

домот за деца со посебни потреби, еднаш годишно и тоа

пред Нова Година, носејќи им

пакетчиња на децата кои

прерано и на суров начин ги откриле лошите страни на

животот, и тоа се разбира со

придружната војска од новинари.

Така не се води гржа за народот...

Треба да им ставиме до знаење

дека ние сме заслужни за

нивната функција и за нивниот удобен живот. Нивната грижа за

нашите потреби не е процес на

нивната добра волја, па ако

сакаат ќе го стораат тоа, тоа е нивна ОБВСКА, нивна РАБОТА!

Page 20: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 20

Светлана Пеншовски

24/7 за медиуми, а кафе – муабет во приватноста Некое залутано јајце не е за срамота, ако гневот е искрен и

ако луѓето не се водени поради

нечии туѓи интереси. Јајцето е

многу здраво, како да вели - ако

си коректен – може да го гледаш во целина, во совршена форма,

но ако си играш, тогаш ќе бидеш

малку и извалкан. Важно е да не

се грижите господа пратеници, јајцето лесно се пере, проблем

може да претставува доматот.

Патешествието Влада -

Собрание Собранието на Република

Македонија е претставнички

орган на граѓаните и носител на

законодавната власт на

Републиката, барем така вели нашиот ценет Устав. Меѓутоа, за

начинот на кој функционира,

уште и се вели: oрганизацијата и

функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот и со

Деловникот. Зошто ние, обичните

смртници имаме некоја друга

претстава за Собранието, поточно за пратениците

бесмртници?

Секој Македонец, кој има

просечен коефициент на интелигенција и не мисли дека,

на пример, емисиите за аграр се

врвот на медиумското

информирање – без сомнение ќе

посочи дека и Стиви Вондер, ќе „видеше“ дека Собранието кај

нас и нема некоја контрола.

Многу е просто да се анализира тезава, но доколку ви „боди“ очи,

само дозволете да се

дообјаснам...

Значи, Владата, како врв на

демократијата, во својата

роботска, нехуманоидна, „работна“ атмосфера 24/7, си ги

донесува тие закони, за кои

сметаат дека се поволни во

моментот, за нив или за Македонија. Тие стануваат

полнозначни веднаш, освен се

разбира ако не станува збор за

потребата од двотретинско

мнозинство на Собранието. Е, тука лежи афинитетот, кој

колку играл стратегии во

детството, па за да знае да ги

примени во реалниот живот. Владејачката партија, која и да е

во моментот е компатибилна со

партијата која доминира во

Владата. Тоа значи дека со мала суптилна манипулација, некоја

помала партија ќе биде

„подмитена“ да гласа за или

Page 21: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 21

против некој закон. Тогаш,

здружени, го прават она за кое

од небо се гледа дека се вложило труд за драматургија. Сè нешто

се натегаат на говорницата, сè

некој е попаменетн од некој друг,

па почнуваат навреди најпрво на културно ниво, па до максимално

иронични и саркастични

обвинувања против егото и

суетата на противникот. Народот има досаден живот и единствено

што знае да прави најдобро е „да

фаќа сеир“. Собранискиот

канал го овозможува тоа. Најчести следбеници се сите

конзументи кои имаат дури 4

телевизиски канали поради

лошите предаватели, каде што

трите канали се со народски речено – снег, ама затоа

Собранискиот е секогаш СТАКЛО.

Пратениците за сите пари

го забавуваат народот Сите сме свесни дека нивната

професија е една од најдобро

платените во овој момент, но тоа

наместо да е показател и мотиватор за поголема

ефективност, нам ни се случува

еден друг феномен. Ако, еве

хипотетички се појават на

работа, тогаш се фотографирани како читаат весници, како

задремале, како си цртаат

цртежи, си разговараат за

приватени теми со истомислениците и сè што може

да се сетите.

На прсти се бројат најактивните,

кои поставуваат пратенички прашања, за волја на вистината,

малку поголем е бројот на тие

што се појавуваат на говорница,

но тоа не значи дека секогаш

кажуваат став, против-став или имаат решение за некој понуден

проблем... Многу пати сме биле

сведоци на покажани емоции за

нереализирани фрустрации, во обид за докажување на самиот

себе си.

Во суштина станува збор за 123

лица, чија што бројка е доволна

за една средна македонска фирма. Ние кога не се

појавуваме на работа, нормално

е дека сносиме санкции, од

скратени дневници, намалени денови од одмор, активирани

боледувања, двојно зголемени

обврски во првиот момент кога се

враќаме на работното место. Тоа

е навистина правилно, кога се гледа од перспектива на

ефективност и ажурност, но

нивните појавувања на работа,

седенките во бифе, присутност само за гласање, но не и за

дискусија – е катастрофално за

млада држава.

Затоа, некое залутано јајце не е за срамота, ако гневот е искрен и

ако луѓето не се водени поради

нечии туѓи интереси. Јајцето е

многу здраво, како да вели - ако

Page 22: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 22

си коректен – може да го гледаш

во целина, во совршена форма,

но ако си играш, тогаш ќе бидеш малку и извалкан. Важно е да не

се грижите господа пратеници,

јајцето лесно се пере, проблем

може да ви претставува доматот.

Страв од говорницата Toa e место, каде што еднаквите

над себе се надвикуваат, ги употребуваат своите

неталентирани ораторски

вештини, испреплетени меѓу

јазичните-говорни маани и

дијалекти на своето место од каде што потекнуваат. Дикцијата,

правилниот изговор, концепт на

кратки и јасни обраќања – се

само илузија претопена во долги монотони излагања, со

разлабавена поента.

Сепак, за среќа имаме и

талентирани пратеници, кои во

нашата држава негуваат статус на ѕвезди поголеми од

уметниците. Со нив ги труеме и

малите деца... Затоа што не е

важно дали знаат за култен бенд како „Архангел“, но важно е да

знаат по некој претставник на

секоја партија, кој е надлежен

министер за која област - затоа што некогаш, таа информација

може да донесе благодет.

Идиферентноста не е посакувана

никаде, а во случајов, најмалку во политиката и затоа нè

убедуваат да бидеме определени

по секоја цена.

Лично, за мене најзабавен

феномен е глумењето непријатели пред јавноста, во

Собрание, во ТВ дебати, во

ставови на нарачани колумни, во

изјави со зајадливост, меѓутоа во приватноста, станува збор за

луѓе, кои знаат да го изиграат

системот и да бидат успешни над

него.

Секоја чест, ние сме во секој

случај последното дупче на свиралото, секогаш ќе бидеме

неми сведоци, ќе гледаме тоа

Page 23: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 23

што ќе ни се сервира, ќе

учествуваме во истиот нивен

систем, кој и да сакаме од дното на душата да го разбереме- ќе нé

претопи во маса гласачи, во

толпа послушници, во

страдалници поради душманите одбрани од вас или вашите

соседи сеедно...

Page 24: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 24

М-р Митко Јованов

Говорницата e најмоќнотo место во демократскитe држави

Ќе гласам за пратеник кој слободно ќе се движи на улица и

ќе патува со автобус до

Собранието, како мојот доктор

Стојановски кога беше пратеник од 1991 до 1994 година.

Никола Стојановски, беше еден

од најпознатите и врвни лекари-

педијатри во Велес, во Македонија, но и во странство.

Пратеник на граѓаните Денеска ако сè уште живее,

треба да биде 88-годишен пензионер. Со доктор

Стојановски ме поврзуваат

деновите од детството, тој беше

мојот доктор-педијатар, кај него

родителите ме носеа на лекар. Се сеќавам дека беше привилегија

за секои родители, д-р

Стојановски да биде лекар на

нивното дете, бидејќи беше врвен лекар со специјализации

во странство.

Токму затоа кај него секогаш

имаше гужва, со часови чекавме да дојдеме на ред, бидејќи д-р

Стојановски секој свој мал

пациент внимателно го

прегледуваше, даваше совети, кон нив се однесуваше како

нивни родител. Токму затоа и ние

децата, го сакавме и

поздравуваме со голема

стравопочит кога ќе го сретневме по ходниците на детското

оделение во велешката болница.

Неговата бела коса, високи веѓи,

со скоро секогаш сериозниот израз на лицето, дополнително

делуваа на неговиот висок

авторитет.

Д-р Стојановски во 1991 година на првите повеќепартиски избори

беше избран за пратеник во

првиот состав на Собранието,

тогаш имаше 68 години. Ја водеше првата седница на

Собранието пред да биде избран

првиот претседател на

Собранието, бидејќи беше најстар од тогаш избраните

народни преставници.

Пратеникот д-р Стојановски на

седниците во Собранието на

релација од Велес до Скопје и назад, патуваше со автобус.

Многу често околу 9 часот наутро

го гледавме како чека автобус,

често се случуваше да патуваме

Page 25: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 25

во ист автобус до Скопје, или пак

назад. Граѓаните, често ги

користеа ваквите прилики да му пријдат и да поразговараат со

него, да го прашаат, да се

посоветуваат, да се пожалат,

секој со своите проблеми. Во првите години на плурализмот,

немаше отворени канцеларии во

кои пратениците можеа да ги

примаат граѓаните, (или поточно партиските членови) како

денеска што постојат, кои пак се

отворени со помош на странски

организации за развој на демократијата.

На пратеникот д-р Стојановски не му требаше таква канцеларија,

тој со луѓето се среќаваше на

автобуска станица, во автобус, на

улуца, низ чаршијата по која можеше да го сретнете скоро

секоја вечер како шета со своите

пријатели, да седи во

пензионерските домови, секаде каде беа и граѓаните. Не го

интересираше да биде директор

на некоја фирма, јавно

претпријатие, институција, како

што беше случај со неговите следбеници после вторите

парламентарни избори во 1994

година, кои покрај пратеничката

функција себеси се поставуваа и

за директори на државни фирми, а зошто? За лично да се збогатат

на криминален начин!

Од Табула раса преку пратеник до фабрикант Зарем директорот на велешка

Маслодајна ќе беше најголем

акционер, ако не станеше

пратеник во 1998 година? Секако одговорот е негативен. За д-р

Стојановски пратеничката

функција преставуваше чест и

предизвик своето искуство,

знаење да го стави во функција на подобрување на состојбите на

граѓаните.

Таков пратеник имаа граѓаните

на Велес и неговата поширока околина од 1991 година до 1994

година. Не беше важно, ниту пак

сега е релевантно, да

споменуваме на која партија ѝ припаѓаше д-р. Стојановски,

бидејќи него го препознававме

пред сè како народен човек, а не

како партиец и партиски војник. Незамисливо беше некој, макар

тој бил и лидерот на партијата,

на д-р Стојановски да му диктира

како треба да гласа или да

настапува во Собранието. Бидејќи неговиот минат труд,

авторитет, интегритет, беа

несовладлива пречка за

партискиот лидер да побара од него понизност и слепа

послушност.

Аргументите јасно зборуваат дека

повеќето пратеници од првиот состав беа поблиски до

граѓаните, подобро се носеа со

Page 26: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 26

предизвиците во тие бурни

години, кога се поставуваа

темелите на независноста на државата, во споредба со

пратениците од следните состави

на Собранието. Алчноста,

самобендисаноста, ароганцијата, крадењето, себичноста, слепата

послушност пред партискиот

лидер, станаа особини на

пратениците. Затоа и причините за состојбите во кои се

доведовме до денеска, треба да

ги бараме токму во капацитетите

и особините на избраниците во Парламентот, што пак е

последица, функционерите во

извршната власт да бидат

неодговорни и самоволни во

практикувањето на власта.

Во пратеничките клупи до

денеска се изредија и такви

личности кои немаа ниту еден

ден работен стаж во својата професија, што значи без

резултати зад себе. Имаше и

такви со незаокружено

образование, пратеници чиј глас

граѓаните не го слушнаа од собраниската говорница, гласаа

за закони без да знаат што

пишува во нив. Ваквиот состав на

Собранието предизвика огромни

штети на развојот на

демократските процеси во

државата, затоа денеска сè уште сме држава во која демократијата

и правната држава се само форма

испишана на хартија.

„Попусто вложивме стотици илјади евра за да им овозможиме

на македонските пратеници да се

запознаат со искуствата и

начинот на работата на пратениците во нашата држава,

бидејќи ваквиот проект не

помогна во подобрување на

работата на вашите пратеници“. Ова го изјави претставник на

една од амбасадите во нашата

држава, која финансиски

помогнала за да се подобри

работата на нашите пратеници. Престојот таму го искористиле за

шетање и билдање дневници.

Виртуелни пратеници Темелот на демократијата се пратениците, бидејќи тие се

гаранцијата и главен столб на

правниот поредок, нивната моќ е

во тоа што директно власта ја црпат од граѓаните кои ги

избрале. За да не биде тоа само

форма, тие треба да живеат со

нивните маки и проблеми. Конкретно, минатата година во

една велешка фабрика

работничките јавно се пожалија

дека биле малтертирани од раководителите. Кога

инспекциските служби ни се

корумпирани и слаби, први кои

треба да реагираат за да ги

заштитат праватата на работниците, се пратениците од

Велес - да разговараат со

Page 27: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 27

работничките, да инсистираат од

надлежните инспекции да го

спроведат законот, да бидат гаранти дека правата на

работниците ќе бидат заштитени.

За жал, ниту пратеникот од

власта, ниту пак тој од опозицијата не се погрижија да

ги заштитат работничките, од кои

повторно без срам и перде ќе ја

бараат поддршката за новиот мандат.

Совесен пратеник кој реално

сака да биде во служба на

граѓаните, тој ќе се интересира како се спроведуваат законите

барем во изборната единица од

каде е избран. Токму затоа

пратениците го имаат имунитетот

за да можат да имаат моќ над сите други државни органи. Ако

сакаме да бидеме демократска

држава, тогаш најмоќно место во

државата треба да биде собраниската говорница.

Пратеникот треба да воведе

практика пред да тргне на пат за

Собранието, да посетува некоја од подрачните единици на

државните институции. Доволно

е да прошета по ходниците за да

се запознае како функционира државата на лице место, ако

треба да им укажува на

одговорните во конкретните

институции на нивните пропусти, особено кога се кршат правата на

граѓаните.

Јас ќе гласам за пратеник кој ќе

ми вети дека ќе ја воведе оваа практика во вршењето на

функцијата и ќе патува со

автобус до Собранието, како

мојот доктор Стојановски кога беше партеник. А не со

автомобил на сметка на

граѓаните, како сегашните

пратеници. Признавам дека ќе бидам ставен на големи маки да

се одлучам.

Page 28: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 28

Елена Николовска

Стравот лозјето го чува!?

Зборот демократија поттекнува од грчките зборови δημος што

значи „народ“ и κρατειν што

значи „владеење“, а суфиксот íα

означува „владеење на народот“.

Поинаква дефиницијата би била

„демократија е власт на народот,

каде што врховната моќ му е дадена на народот и се извршува

непосредно преку него или преку

негови избрани претставници во

услови на слободен изборен

систем“. Според дефиницијата на Абрахам

Линколн, „демократијата е

управување на народот, од

народот и за народот“. Ова се првите дефиниции кои ќе

ги добиете ако во вашиот

пребарувач утипкате

демократија. А сепак некако далечна звучи оваа проста

дефиниција кога ја чита вашиот

просечен Македонец. Во

Македонија гласот на народот никаде го нема. Заменет е со

гласот на еден човек кој молкум

говори преку неколкумина

избраници. Како претстава со

кукли на конци. Само еден човек е господар на куклите кои

ги придвижуваат токму нивните

конци, во насоките кои му

одговараат нему. Доколку конците на некоја кукла станат

многу заплеткани, многу лесно се

сечат и се заменува со нова

кукла. Кога станаа работиве во нашата

мала Македонија толку

заплеткани? Вратете се наназад низ времето кога нашите

новопечени политичари со

изнудени дипломи сфатија дека

мнозинство не се добива со муабет и истакнување на своите

партиски агенди, туку со сурова

агресија. Спомнете си на денот

од предизборниот молк. Тие денови низ вестите проструија

извештаи за скинати постери од

кампањата на една партија и

заменети со други низ речиси

сите градови во Македонија и понекоја физичка пресметка

помеѓу партиските симпатизери.

Народот на ова гледаше како

обично партиско препукување и

го заборави како нормално.

Меѓутоа, вистински сетете се, тоа беше првиот пат некоја партија

да се сети да создаде огромна

партиска војска која ќе биде

составена од млади луѓе кои ќе ги извршуваат сите наредби од

својот генерал и нема да се

сомневаат во неговите зборови.

Page 29: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 29

И наместо граѓаните сами да си

ги изберат своите претставници

од изборните листи, тие мораа да го заокружат бројчето пред

имиња кои не ги познаваа,

имиња претходно селектирани од

лидерот на партијата. Вистина, граѓаните одеа на гласање и за

прв пат се среќаваа со тие

имиња. Вчудоневидени и

шокирани, многу од нив обесхрабрено го поништуваа

гласачкото ливче и се враќаа

разочарани дома. Во тој момент

мирниот македонски просечен граѓанин ја остави агресивната

политика да надвладее и да

порасне во незадржливи

граници.

Денес според Фридом Хаус,

Македонија е ставена во

категоријата на делумно слободни земји. Како главни

проблеми се наведени немање

слобода во граѓанските

здружувања, слободата на здружување, слобода на

изразување и загрозување на

човековите права. Зарем ви

звучи како демократска земја? Па

ова се основните темели на секое

демократско општество. Кај нас

ги нема.

Ваквите темели на демократијата

се срушија и на нивно место

израснаа некои нови, некои поцврсти, но нездрави, изградени

на сила. Тука царува агресивната

политика. Водечките политички

фигури како да решија да ги згазат сите демократски нишки

во земјава и буквално да го

спроведат она старинското:

„Стравот лозјето го чува.“ Кога утре ќе се разбудите, не

обвинувајте никој за сегашната

недемократска состојба. Вилите

во раце и да го избркаме стравот

од нашите лозја!

Page 30: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 СЕКОЈДНЕВЈЕ страна 30

Елена Николовска

Демократска тишина

Па зарем се вративме назад во

времето, кога за секој збор кажан

против власта, се закануваше

опасност да бидеш испратен на казна за предавство на островот

Голи Оток? Нели овој денешен

систем се вика демократија? И

нели во таа демократија секој има право на глас и секој глас е

еднакво важен?

Кој го плаши

македонскиот граѓанин? Во последниве неколку месеци

новинарите од екипата на Радио

Илинден се обидоа за својата

публика да ги најдат актуелните теми кои сите не засегаат и да ги

преточат во анализи. Меѓутоа, не

би било радио доколку нема и

веродостоен аудио материјал, нели? И токму затоа тргнавме во

потрага по изјави од граѓани со

кои верувајте се стремевме да

направиме муабет.

Од некоја чудна причина, нашиот

диктафон никако да сними

нешто. На секое наше „Ќе може

ли да ви поставиме кратко прашање?“, добивме одговор „Не,

не би сакал да коментирам“.

Останавме вчудоневидени колку

се плашат македонските граѓани да го искажат својот став.

Дури им ветивме и дека ќе

останат анонимни, никаде нема

да го напишеме нивното име. Сепак не сакаа да им го снимиме

гласот. Причината беше стравот

да го кажат јавно своето

мислење.

И добро, на што се должи оваа

тишина на обичниот граѓанин?

Отпрвин ќе си помислите дека едноставно не се заинтересирани

за тековните состојби на

општеството во кое живеат.

Меѓутоа, на кафе во пријателски

кругови сфатив дека сите ги интересира и имаат свое

интелегентно мислење за сите

општествено- политички

проблеми на нашата Македонија. На моето прашање зошто никој

Page 31: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 СЕКОЈДНЕВЈЕ страна 31

не сака јавно да си го каже ова

свое мислење, секојпат го

добивав истиот одговор „Ќе разберат овие од власта па после

никогаш нема да можам да си

најдам работа“. Останав

вчудоневидена. Па зарем се вративме назад во

времето, кога за секој збор кажан

против власта, се закануваше

опасност да бидеш испратен на казна за предавство на островот

Голи Оток? Нели овој денешен

систем се вика демократија? И

нели во таа демократија секој има право на глас и секој глас е

еднакво важен?

Во потрага по одговори тргнав на

интернет истрага. И скоро на секоја фејсбук страница на

официјалните органи, кои инаку

се отворени за коментари од

јавноста, ставив по еден коментар за реалните проблеми

на општеството кои навистина ме

засегаат. Само една секунда

подоцна мојот коментар беше

бришен и како никогаш да не

постоел. Негативните критики кои би требало да послужат како

сугестија за понатамошен развој

на подобро, се бришат.

Позитивните коментари, гордо стојат.

Македонскиот граѓанин е

исплашен. Вистински и реално.

Како никогаш досега, тој се плаши од долгата рака на власта.

Бидејќи тие не му се закануваат

со неговиот живот, посегаат по

нешто далеку поболно, по неговата егзистенција. А смртта

трае една минута, бедната

егзистенција е мачење кое може

да трае со години.

Македонија се претворила во држава на шепотење и тишина.

Сите газат тивко за некој да не ги

слушне каде тргнале и никој не

сака да каже ништо против власта. Нашите новинари храбро

ќе го стават својот потпис на

своите текстови во надеж дека

можеби и оние што ќе го прочитаат ќе сфатат дека

погласни сме кога сме повеќе.

Ви посакуваме пријатен викенд

во земјата во која владее

демократска тишина.

(Авторката е асистент на одговорниот уредник во Студио Скопје на Радио

Илинден – Мелбурн)

Page 32: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ЕКОНОМИЈА страна 32

Што е агенција за кредитен рејтинг?

ААА, Ба3, Ца, ЦЦЦ, не ви

наликува на свидeтелство на некој ученик од американско

училиште?

Ова навистина е еден систем за

оценување, креиран да ги информира заинтересираните

страни. Оценките дадени преку

букви ги оценуваат големите

корисници на заеми, без разлика дали станува збор за компании

или влади, и им кажува на

нивните доверители колкави се

можностите да си ги добијат

парите назад.

Овие букви се среќаваат во

вестите на сите медиуми за влијанието на кризата која ја

измачува еврозоната. Промена на

оценката значи и промена на

сумата која позајмувачот мора да ја плати на својот заемодавач,

што значи дека позајмувањето ќе

чини повеќе поради високата

каматна стапка што ќе ја одреди заемодавачат, бидејќи се работи

за ризичен долг.

Додека должниците/владите на

Грција, Ирска, Португалија, а

сега дури и моќниот САД се

познати имиња, оние кои имаат огромно влијание на нивната

судбина се непознати за

пошироката јавност.

Тоа се агенциите за кредитен рејтинг, кои постојат за да ја

оценат вредноста на издавачите

на обврзници, тоа се компании

или во овој случај земјите, кои позајмуваат пари со тоа што

издаваат обврзници.

Но кои се тие? Дали ни требаат? И како одлучуваат кому да му ја дадат

ААА, најдобрата кредитна оценка

која му се дава на должникот, чиј

ризик да банкротира е минимален, а пак кому пониската

ЦЦЦ, што ако се држиме до

училишната логика значи дека

издавачот на обврзници планира

да му ја здувне.

Пурс и Мудис „Стандард и Пурс“, бидејќи се

најстари, ќе ги разгледаме први.

Сè започна во 1860 година, кога Хенри Пурс, ја напиша историјата

Page 33: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ЕКОНОМИЈА страна 33

на финансиите на железниците и

каналите во САД, како водич за

инвеститорите. Вториот дел од оваа агенција или

делот наречен Стандард доаѓа во

1906 година кога Стандардното

статистичко биро беше основано да ги разгледува финансиите на

компаниите кои не се занимаваат

со железници. Двете компании ги

здружија силите во 40-тите години од 19 век.

„Мудис“ пак беше основана во

1909 година од страна на Џон Муди, кој објави анализа на

заплетканиот и неизвесен свет на

финансиите во компаниите кои се

занимаваат со железници,

оценувајќи ја вредноста на нивните акции и обврзници.

Тие сега се моќни концерни.

Оперативниот приход на „Мудис“

во 2010 година изнесуваше 688 милијарди долари, а „Стандард и

Пурс“ заработиле 762 милијарди

долари. Секоја од нив покрива по

40% од бизнисот на компании за рејтинг.

„Фиџ“ е уште една помала верзија на претходните две

агенции.

Постојат уште многу вакви

агенции за кредитен рејтинг, чии

имиња ретко се појавуваат дури и на маргините на финансиските

рубрики. Па зошто овие три

агенции се токму тие чии

извештаи се најмеродавни за сите?

Дел од одговорот лежи во

Комисијата за хартии од вредност

(КХВ) финансискиот верен чувар на САД. Таа во 1975 година ги

призна како три Национално

признаени организации за

статистички рејтинг. Ова признание од КХВ им го

олеснува животот на земјите и на

финансиските институции кои

сакаат да издадат обврзници.

Практично им кажува на заемодавците дека фирмата или

земјата има досие и е пресметана

веројатноста за тоа колку е таа

способна да го врати долгот. Дополнителен поттик за

Национално признаените

организации за статистички

рејтинг е фактот дека Комисијата за хартии од вредност на

одредени инвестициони фондови

им бара да работат само со

обврзници кои се високо оценети

од акредитирани агенции. Осигурителните компании исто

така се оценувани според

рејтингот на резервите кои ги

поседуваат. Лошата оценка на издавачот на

обврзници ја намалува вредноста

по обврзница, а ја покачува

каматната стапка, па може да значи дека фондовите сега

мораат да ги продадат овие

обврзници.

Page 34: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 ЕКОНОМИЈА страна 34

Но ова може да биде еден

маѓепсан круг. Ќе имаме повеќе

продавачи отколку купувачи, цената дополнително ќе паѓа, а

уште поголема камата ќе треба

да се плати и така притисокот врз

позајмувачот станува сè поголем и поголем.

Иако Комисијата за хартии од

вредност има акредитирано 10

национално признаени организации за статистички

рејтинг, вклучувајќи една

канадска агенција и две

јапонски, сепак „Стандард и Пурс“, „Мудис“ и „Фич“

остануваат најголемите

одредувачи на стандард.

Ова е така делумно бидејќи

нивниот рејтинг им е достапен на сите инвеститори бесплатно.

Сериозни критериуми А што е со нивните методи на

работа? „Стандард и Пурс“ велат дека

комисија од пет до осум лица

одлучува за вистинскиот рејтинг.

Своите одлуки ги засноваат врз основа на голем број на

финансиски и бизнис атрибути

кои би можеле да имаат влијание

врз враќањето на долгот, а некои

зависат од издавачите на

обврзниците т.е должниците.

„Стандард и Пурс“ во својата

изјава даваат долга листа на

критериуми кои може да ги

искористат, вклучувајќи ги и економските, регулаторните и

геополитичките влијанија,

коорпоративното управување со

ресурсите како и конкурентната

позиција. Се чини дека со ова се покрива

сè. Со кредитната криза, која

започна во 2007 година, дојде до

жестоки критики на сметка на овие агенции, па дури се родија

и некои непријателски односи.

Но за тоа, во некоја друга

прилика.

Извор: Би-Би-Си (BBC)

Подготвила: Кристина Вељаноска

Page 35: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 МЛАДИ СО СТАВ страна 35

Page 36: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 РЕВОЛУЦИЈА-СОРАБОТНИЦИ страна 36

Саше Јованов

Да не ги заборавиме и тие се дел од нашиот живот

Здружението „Хуманост“ со поддршка на такси компанијата

„Авто куќа“ од јануари до

декември 2012 година, ќе го

реализира проектот „Да не ги заборавиме и тие се дел од

нашиот живот“.

Со овој проект се планира

формирање на фонд, кој ќе биде пренаменет за организирање нa

бесплатен сервис за давање

помош во домашни услови на

старите и изнемоштени лица.

Опфатеноста на бројот на корисници ќе зависи од

собраните финансиски средства

од поставените кутии за донација

во сите автомобили на такси компанијата „Авто куќа“ и преку

данаторските броеви на „Т-

мобиле“ и „Вип“. Давањето на

бесплатна нега ќе започне шест месеци по започнувањето на

проектот. Ќе се евидентираат

лицата на кои им се дава

бесплатна нега кои пред

започнување на нивното опслужување и ќе имаат

потпишано договор за користење

на усугите. По завршувањето на

проектот ќе биде изготвен и извештај за спроведениот проект.

Броевите за донација се T-Mobile:

070/143-434 и Vip: 077/143- 434

Page 37: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 УРБАНА ЛЕГЕНДА страна 37

Урбана гео-митологија

Скопје – градот на седумте порти

Индивидуалноста на Скопје е

прикажана во неговата

топографска положба. Скопје е

многу повеќе од главен град. Тој

е исто и „глава“, на седум патишта кои водат од и до

Скопје, многу слични на седумте

перцепциони и витални отвори до

и од човековата глава. Град на духот, сознанието, личноста на

секој човек, лоциран во личната

пештера односно човековата

глава.

Седумте патишта кои водат до и

од главата се очите, ушите,

ноздрите и устата. Пет од нив се

широко отворени, два (ушите) се

заслонети во тајни премини. Гео-митолошката легенда за генезата

на Скопје е уникатна и

единствена во светската урбана

историја. Единствено раскошот на хтонската ткаенина на

непаралелните алегории и

метафори можат да и парираат на

тематската автентичност на Скопје.

Некогаш, на локацијата на која

што денес се наоѓа Скопје,

постоела огромна глава но без

ниту еден отвор. Сите едноставно

ја нарекувале „главата“. Со

сигурност не се знае кога, но

некојси злобен магионичар ја проколнал главата да биде

онеспособена: слепа, глува,

нема. Многу години подоцна еден

херој дошол наоружан со огромно копје. Откако го поразил

магионичарот, со своето копје ги

отворил сите седум патишта на

маѓепсаната глава. Тоа бил начинот на кој се создадени

очите, што значи главата била

способна да гледа: Качаничка

клисура и клисурата Матка, со

реките Лепенец и Треска. Ноздрите ги сочинуваат

клисурите кои денес се наоѓаат

во Радуша и Групчин, познати

како Радушки и Групчински Дервен. Планината Жеден, која

ги дели очите и им се

придружува на ноздрите, е

всушност носот, нејзиното име доаѓа од фактот дека водата

единствено истекува од неа но не

се влева, што е и причина зошто

носевите се секогаш влажни.

Page 38: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 УРБАНА ЛЕГЕНДА страна 38

Планината Китка и селото

Матејче се ушите, чии премини

водат низ планини, скриени како ушните канали во главата. На

крајот отворената Таорска

Клисура на реката Вардар е

устата на „главата“.

Како што оживеала главата, така

се разбудило и нејзиното тело, го прашала херојот како успеал да

ја ослободи од магијата. Тој го

покажал неговото копје што ги

отворило сите седум патишта. Во тој момент задувале седум

ветрови низ сите седум патишта

на градот. Копјето, прободено во

земја, почнало да пее. Од тогаш, градот е нарекуван „градот

ослободен од копје кое пее“.

Подоцна, името на градот било

модифицирано во „со-копје-кое-

пее“, за денес тој да се вика Скопје.

Уморен и испотен од борбата,

херојот легнал да поспие. На тоа

место, планината Водно ја впила потта на херојот. Водно всушност

наликува на човек кој лежи со

раката под неговата глава.

Херојот го положил своето копје во грмушка од јоргован покрај

неговите нозе. Со копјето на

херојот биле споени планините

Водно и Осој, а на тој превој израснале јорговани. Ден денес

секоја година во мај овој превој е

прекриен со јоргован.

Урбанта гео-митологија на Скопје

е неспоредлива во нејзината топографска антропоморфност,

уникатен митолошки дух и

простор кој во себе носи илјада

години минато.

Подготвила:

Магдалена Јовановска

Page 39: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 АРТВИЗОР страна 39

Од перото на Владимир Неделковски

2 BROKE GIRLS (2011-2012) Улоги: Kat Dennings, Beth Behrs Режија: Michael Patrick King Сценарио: Whitney Cummings Продуцент: Michael Patrick King (За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Серија за обичната

келнерка Во држава во која единствен

приватен бизнис, кој ги привлекува луѓето од сите класи

(пошто, нели, сите мораат да

јадат и пијат) е кафанџиско-

ресторанско-сендвичарскиот,

нормално е, во таква „економија“ да цути само еден вид професија.

Келнерската. Згора на оваа

изјава, ако додадам дека газдите

на ваквите локали се тешки шовинисти и алчни,

недообразувани сељачишта

(селани од град), кои сакаат да

бидат опкружени и служени од млад и убав женски кадар,

нормално ќе биде за денешната,

просечна жена од кариера, да

биде, во 80-90%, вработена како

келнерка/продавачка/шанкерка и сл.

„Жени од секакво образование

(средно, вишо и високо, не е

важно), ОБЕДИНЕТЕ СЕ и дојдете во Скопје, пошо огласите за

вработување се наменети за вас

(за повеќето од вас); „Барам

девојче до 26 год. за работа во

кафана, солидна заработувачка...“. Ироничното е

тоа што всушност, келнерките се

повластената работничка класа,

односно, не се на минималец, редовно земаат плата, имаат

здравствени и други придонеси,

уредно платени итн. После сé

кажано, сигурен сум дека оваа серија ќе ги заинтригира сите

жени кои се нашле во оваа или

слична професија.

Две банкротирани (скршени?)

девојки, е ситком серија за, како

што погодувате, две цури со

„дупнати“ џебови. Дејствието е

сместено во соседството Вилиамсбург во Бруклин, Њујорк

или поедноставено во едно

ресторанче/кафанче, каде

богаташка нога нема стапнато. Епизодите се хронолошки

забелешки на секојдневните

авантури на две млади келнерки,

со кои судбината (односно економијата на САД) си поиграла

и ги претворила во пријателки и

Page 40: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 АРТВИЗОР страна 40

цимерки, од потреба. Максин,

скратено Макс, доаѓа од

сиромашно работничко семејство и како таква е таква! Работлива,

вредна, но и вулгарна и сирова,

цинична и песимистична, таа е

моделот на поголемиот дел од денешната (и нашата) женска

младина. Чиста спротивност е

Керолајн, плавуша со „сина крв“

која е родена богата, но благодарејќи на матните зделки

на сопствениот татко, кого го

апсела даночната инспекција,

сега е без скршен пени односно денар и која е приморана да се

понижува работејќи како

келнерка (е овде треба да ги

фатите Америте за гуша и да ги

давите додека не им излезат ѕрцките; знаат ли бе они дека

келнерки заработуваат повеќе од

просечни доктори и

фармацевти?!). Макс ја прифаќа Керолајн како колешка и

другарка и дури и цимерка и

покрај сите сопствени убедувања

да не покажува ни ронка сочувство кон никого. Од

благодарност, Керолајн ја

подучува Макс на некои основи

на банкарство и економија и ја

убедува да се обидат да заштедат заедно, пари со кои би отвориле

сопствен ресторан. Споредни

ликови кои ја дополнуваат

атмосферата се, нивниот шеф, кинезот „на црно“ Хан Ли, кој го

добил ресторанот од руската

мафија; па украинскиот готвач

Олег, со единствено хоби да им се пушта на келнерките како и сè

што се движи во сукња; и како

последен е стариот Ерл, со кого

Макс сака да флертува кога има

пет слободни минути.

Како интересен детаљ, ќе спомнам дека секоја епизода

започнува со Макс која сервира

јадење на некоја маса, а

завршува со некоја сума долари, кои навидум, девојките ги

заработиле за таа епизода.

Инаку, целта е да соберат 250

000 (и со зборови, двестотини и

педесет илјади) долари, за да го

остварат спомнатиот сон за заеднички ресторан.

Многу едноставна приказна,

многу едноставно раскажана.

Сите да разберат и секој (просечен работник) да се

заинтересира доволно, за да ја

изгледа, барем оваа прва и

засега единствена, сезона.

Лично, морам да признаам дека, иако ликовите ми се допаднаа,

уште на прв поглед, сметам дека

хуморот, во кој е вложен труд за

да биде модерен и хип и на ниво, сепак силно потфрла. Да не

бидам погрешно сфатен; смешно

е, но недоволно, за повисока

оценка. Навистина, кастингот, режијата, камерата, буџетот и сé

останато, освен вицовите, Е ТОП!

Но, сепак, серијата е доволно

Page 41: Револуција магазин бр.64

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 64 АРТВИЗОР страна 41

забавна и со тема како што е

„сиромашниот работник во

денешна економија“, напросто ве влече пред мониторот за да

видите како и колку ќе заработат

двете келнерки или дали ќе

пропаднат уште подлабоко во

долгови и ќе мораат да почнат да

собираат од нула. НАПНАТО, ЏОА

ХОРОР, ЧОВЕЧЕ..! Се шалам. Погледнете за да видите.

Конечна оценка: 7,0/10

Се читаме!

Page 42: Револуција магазин бр.64

Револуција магазин - број 64 18 ФЕВРУАРИ 2012 ГОДИНА страна 42