„Револуција“ магазин број 106

42

Upload: revolucijacom-mkrevolucijacom

Post on 12-Mar-2016

262 views

Category:

Documents


7 download

DESCRIPTION

Неделен магазин за политика, економија и култура

TRANSCRIPT

Page 1: „Револуција“ магазин број 106
Page 2: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZINBR.106

MAGAZIN REVOLUCIJA29 dekemvri 2012

2

Page 3: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZINBR.106

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

29 dekemvri 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

АСИСТЕНТ НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Наташа Димеска, Елена Павловска, Кристина Димовска, Емилија Петреска, Соња Ничевска, Анета

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ДИЗАЈН:Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

МАРКЕТИНГ:М-р Митко Јованов Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 76 52 93 89

Kulminira nemaweto znaewe i demokratska kultura da se vladee

Vo Makedonija se gradat dva razli~ni sveta

Apsurdno: Penzionerite stanuvaat idninata na Makedonija

Rezil: Nemame kultura za debata

Makedonskite banki se kreatori na dopolnitelna kriza

IT-proizvodi koi iz~eznaa vo 2012 godina

Iskustva steknati vo {umite

Besewe

106MAGAZIN

REVOLUCIJA

5

11

18

22

24

29

32

39

Page 4: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZINBR.106

MAGAZIN REVOLUCIJA29 dekemvri 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 210066747120154

Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Луѓе облечени како Дедо Мраз пловат со кајчиња низ магливиот венецијански канал на 22.12.2012Ројтерс/ Мануел Силвестри

Page 5: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZINBR.106

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

5

Kulminira nemaweto znaewe i kultura da se vladee

Преку потикнување и развивање на дебата, критички однос кон власта, може да се допринесе кон

својата држава. Тоа е одење наспроти ветерот, но, само така може да се даде конструктивен допринос, а не со климање на главата и застапување на владините ставови. Ставовите на владата ги бранат нејзините, членови и преставници. Така е во секое демократско општество.

Во развиените демократскои држави, кога на власт е десничарска влада, медиумите кои се десничарски настроени, сепак имаат критички однос кон владата, кој секако е поблаг, за разлика од тие со лева ориентација. Значи вообичаено е за медиумите во развиените демократии да даваат аплуази и пофалби на спортистите, културните постигнувања и други успеси во општеството,

додека пак политичарите, посебно тие кои извршуваат државни функции, се постојано под критичка опсервација. Т

Тоа е нормално бидејќи тие располгаат со моќта, јавните пари и други ресусри, кои можат да ги злоупотребат и затоа постојано треба да бидат под надзор на јавноста. Тие што се со полна уста со пофалби за власта, како што е случај во нашата држава, не и помагаат на Владата, туку и одмагаат, а притоа-трубењето пофалби, го наплатуваат со бројни привилегии, материјални бенефиции итн.

Во демократијата зборовите се поважни од бројките

Тргнувајќи од основните постулати на оваа кратка лекција за демократијата, ќе се обидам да ги детектирам основните грешки кои ги прави денешната власт во спроведувањето на своето владеење. Надевајќи дека ќе придонесат за преиспитување на формите на владеење не само се сегашната власт, туку и за идните власти. Секако најголем повод се случувањата во Парламентот и надвор од него на 24 овој месец.

Овие настани конечно не уверија дека Македонија зад себе остава уште една

несупешна година. Крајот на оваа година укажува дека следната ќе биде уште потешка. Конечно успеавме да го урнисаме и тоа што сме го изградиле. Ако до сега не можевме да се пофалиме со одговорна Влада, професионална државна администрација, независно судство, веќе една недела сме и без функционален Парламент.

Демократијата не ја прави Владата, таа е законски обврзана да ја овозможува преку почитување на Уставот, законите

Page 6: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

6 BR.106

и процедурите. Демократијата се реализира преку контролната функција на Собранието врз извршната власт, преку критичката опсервација од страна на медиумите, преку водењето дебати, преку функционирањето на невладиниот сектор и слично.

Не се многу за пофалба и минатите состави на Собранието во однос на нивното ефикасно извршување на контролната функциија на извршната власт. Но денеска се достигна врвот, нема каде повеќе, освен и формално да се укине Собранието, за да не биде непотребен трошок.

Специјализирани „експерти“ за опозицијата

Преку успешната блокада на донесувањето на Буџетот од страна на опозицијата и „успешната“ деблокада на постапката од страна на мнозинството, што доведе до присилно остранување на опозициските пратеници од пленарната сала на Собранието а претходно и на новинарите, започна нова епизода на политичката сцена-опозицијата го пресели своето дејствување на улиците.

Изминатите години стана профитабилно да и се нафрли човек на опозицијата со дрваја и камења настапувајќи како некаков си експерт, и притоа многумина изградија кариера како специјализирани „експерти“ за опозицијата.

Лесно е кога се оди со ветерот, тешко е спроти ветерот. Ако сакаме да помогнеме во развојот на демократијата, а со тоа и на државата, бидејќи различните мислења можат да доведат до напредок, а притоа, на тој начин тоа е полезно

и за Владата, секако ако е отврена да прима влијание во градењето на своите политики.

Нема култура на владеење

Сметам дека власта лошо ја изменаџира блокадата која настана со носењето на Буџетот,притоа незнам што би било полошо од ова што настана.

Најдобро сценарио беше власта да седне на заедничка маса со опозицијата и да најдат компромис, па и по цена власта да се повелече од нејзините почетни позиции за Буџетот, споредбено со ситуација кога опозицијата е надвор од Паралемнтот и се бори за власт на улица.

Сакам да верувам дека власта не го

предвиде ваквиот развој на настаните и се најде затечена, за што верувам сега и во себе се покајува.

„Цело е кога имам се“ не е својствено за владеење во демократија

Прво начело: Власта мора да ја почитува опозицијата, каква е таква, бидејќи и таа е избрана од граѓаните како и власта. Граѓаните кои гласале

Page 7: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZINBR.106

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

7

за власта и за опозицијата живеат еден до друг-комшии, пријатели, сограѓани, а не ретко и под исти кров, затоа така треба да функционираат и власта и опозицијата, во константен дијалог со целосно почитување на процедурите регулирани со законите и Уставот.

Тоа подразбира дека не е полезно

да се прават јавни кампањи против опозицијата, дека нејзините врвни членови на чело со нивниот претседател, макар се викал тој и Бранко Црвенковски, се виновни за сите тешкотии кои денеска ги имаме во државата, тргнувајќи од невработеноста, економската заостанатост, се до спорот за името на државата наметнат од Грција.

Власта не смее политички да казнува, тоа го прават гласачите

Демократијата и доброто владеење не подразбира власта политички да го казнува својот опонент. Политички казнуваат единствено граѓаните на слободни избори. Додека, државните институции со кои раководи власта согласно Уставот и законите, може

да поведува правна постапка пред судовите, кои се овластени да изречуваат затвроски и парични казни, (и државни органи кои се овластени со закон да зирекуваат мандантни казни).

Демократијата има цена

Советниците во редовите на власта кои ги иницираат медиумските кампањи прават голема штета, не само на владејачката партија-ВМРО-ДПМНЕ, туку и на државата.

За тоа каква е кадровската екипа на опозицијата, нејзиното лидерство, тоа е прашање и пробелем на партијата и нејзините членови, тие нека се справуваат низ внатрешните процедури во партијата. И на крајот на граѓаните дали ќе ја изберат или не. Сепак право е на граѓаните да гласаат и секогаш за противникот на власта.

Демократијата има своја цена, и неможе истата да се силува, бидејќи ќе се случи уназадување а не нејзин развој. Затоа, каква е таква опозцијата, таа треба да ги ползува ресусрите што и се на располагање и гарантирани со Уставот и законот да ги промовира своите политики.

Притоа треба да се прекине со форсирање на тезата дека опозицијата на чело со Црвенковски е штетна за државата. Не може да биде штетна, бидејќи СДСМ денеска не владее со ниту една институција во државата, нема мнозинство во Собрание, нема Влада, претседателот на државата, не е од нејзините редови, и дополнително владее на локлано ниво со општини кои се бројат на прстите од една рака.

Page 8: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

8 BR.106

Имено, ваква опозиција секоја власт би посакала, и би требало да подпомага за да остане таква, токму со таков лидер и кадровска екипа, како што се опишани во рекламните спотови.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ има таква власт и моќ во државата како никогаш досега во изминатите две децении. Скор да ваква концетрација на власт немала ниту СДСМ ниту во периодот од 1994 до 1998 година, кога во Парламентот до 1996 година немаше ниту формално опозиција, се додека таа година либералите на Стојан Андов не излегоа од власта. Верувам дека тогаш ВМРО-ДПМНЕ имаше барем повеќе општини под своја контрола него што денеска има СДСМ. Или пак во најмала рака ја имаат истата моќ, како СДСМ во наведениот период

Поголемата власт носи и поголема одговорност и поголми маки и тешкотии за лидерот на владејачката партија кој е и премиер за да владее успешно, особено е тешко тогаш да се контролира својот двор, да се спречи корупцијата и узурпацијата на власта од своите соработници и сопартијци.

Како се раѓа државник

Според мое мислење ВМРО-ДПМНЕ испушти златна шанса за да воспостави добро владеење во ситуација кога има најголема моќ и власт. Нема подобра стратегија на било која власта кога опозицијата и е покрај нејзе и во постојан

дијалог и притоа валста да воспостви практика да се прифаќаат нејзините предлози, кои за воља на вистината, ги има и добри. Но, кај нас, прифаќањето

предлог на политичкиот противник се сфаќа како сопствен пораз, што значи пак, немање култура на добро владеење.

Прифаќањето или отфралњето на предлозите од опозицијата треба да биде во перманентна дебата на јавната сцена.

Нема поголема доблест и момент на уживање кога ќе победите и ќе му подадете рака на победениот и ќе му понудите дијалог за решавање на државните прашања. Во тој случај може политичарот да изгради личен авторитет, кредибилитет, почитување од пошироки слоеви на граѓани-така се раѓа државник. За жал кај нас ова, да се чуди човек, изгледа како да е многу далеку.

Барак Обама после информацијата дека победил на изборите за втор мандат во Белата Куќа, ја крена слушалката и го побара противникот Ромни за да му

Page 9: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZINBR.106

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

9

честита за добрата и напорна кампања и притоа му понуди дијалог за да се договараат за креирање на Буџетот за следната година, пред за намалување на долгот на САД. Дебатата сеуште Обама ја води со републиканците.

Има многу примери за меѓусебна

соработка меѓу власта и опозицијата во многу држави кои се демократски развиени благодарение на ваквите практики.

Избори не се губат поради кооперативност со опозицијата

Нема подобро чуство да си на „престолот“ на власта и притоа да имаш доблест и широкоградост да прифатиш барем 30% од тоа што го предлага опозицијата. Тоа не само што ќе ја зајакне, политичката стабилност во државата, демократијата, туку ќе го зголеми и авторитетот и кредибилитетот на лидерот кој е на државна функција, во случајот кај нас,

на премиерот. ТВаквите практики знаат да го ценат посебно неопределените гласачи, кои се пресудни за победникот кога имаме слободни и фер избори.

Секоја власт, партија ги губи изборите не заради тоа што соработувала и била кооперативна со опозицијата,

туку напротив. Изборите секоја власт ги губи, прво поради тоа

што не изградила доволно убедителни перцепции за спроведувањето на своите политики, и посебно изборите с егубат, поради корупциски скандали, и различни форми на узурпација на власта на државно или локално ниво.

Комуникација на различни фрекфенции

Второ начело: Постојана дебата за политичките теми е неопходна за градење основи врз кои ќе почиваат политиките на Владата, во спротивно владеењето ќе биде чуствувано како присилно и натурено за голем број граѓани кои немаат посебен мотив за подршка и симпатии кон власта, посебно тие кои се неопределени, а кои рековме се пресудни, за да се добијат наредните избори во услови кога истите се слободни и фер.

Факт е дека изминатите години комуникацијата меѓу власта и опозицијата е на различни фрекфенции. Единствена заедничка арена за дебата преостана Собранието, но веќе и таа арена, симбол и централно местото на исполнување на демократијата, веќе

Page 10: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

10 BR.106

барем за овој мандат на сегашниот пратенички состав, е уништена.

Сега ништо друго не преостанува, освен да извлечиме поука за во иднината да не се повтори храмот на демократијата да се претвори во арена за насилство, па макар се работело за Буџет, за Устав, или било што. За секоја власт која сака полесно да владее, подобро е 100 дена да преговара, него опозицијата да ја принуди да се пресели на улица.

Судирот на власта и опозицијата во Собранието со блокадата на донесувањето на Буџетот од страна на опозицијата е кулминација на практиката да се комуницира на различни фрекфенции, односно непостоењето дебата на политичката сцена за многу важни прашања.

Избегнувањето на власта да дебатира со опозицијата преку медиумите предизвикуваше се погоело незадоволство и револт кај опозицијата. Дебатите меѓу власта и опозицијата преку медиумите во демократските држави, се издигнати на ниво на неформална институција, и таа мора да се почитува.

Автократите комуницираат директно со граѓаните-со толпа

Демократијата не подразбира

директна комуникација со гласачите и на тој начин бегање од вербални дуели со противниците. Директната комуникација со гласачите, е својствена за автократските режими, каде што лидерот комуницира со толпата, која пак му аплаудира во знак на подршка и одбобрување.

Политиките можат да бидат оценети кога ќе бидат судрени со политиките на противникот преку размена на аргументи преку дебати. Единствено кога две политики ќе се судрат низ вербални дебати, се спремни потоа да бидат сервирани пред гласачите на слободни и фер избори да се побара за нив подршка.

Демократијата се развива паралелно со развојот на медиумите

Токму затоа подемот на развојот на демократијата а паралелен со развојот на медиумите, денеска во 21 век преку

Page 11: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZINBR.106

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

интернет технологиите и во земјите каде што не беа замисливи развој на демократските процеси, истите се факт, токму благодарение на развојот на медиумите.

Советниците кои сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ги избегнува директните ТВ дуели со опозцијата, прават голема штета за партијата и за развојот на демократските процеси во државата.

Настапите во емисии, како „Јади Бурек“, „Миленко Шоу“, чии автори не се компетентни за водење на политички и економски дебати, не можат да бидат замена за дуелите со опозицијата. Секоја чест на овие емисии кои во однос на нивната првична замисла, но тие беа „принудени“ да се трансформираат во политички емисии.

Дуелите меѓу власта и опозицијата преку медиумите е важен составен дел на демократијата, и тие не можат да се избегнат, секој кој претендира за државна функција, мора да биде спремен на дуел со својот претендент од друга политичка опција.

Не значи дека товарот на дебатите треба единствено да го носи лидерот, туку треба да биде дисперзиран меѓу плејада од преставници на политичката опција, кои ќе ги бранат политиките во ресорот за кои се надлежни. Токму затоа е потребно секој лидер на партија, да регрутира искусни луѓе кои умеат да креираат политики и ситите да ги бранат на јавната сцена.

Автор: М-р Митко Јованов

Analiza: Penzionerite stanuvaat idninata na Makedonija

Изминатава година постоечката економска криза и условите во државава ја направија

нашата постојана битка за опстанок и преживување уште потешка. Невработеност, сиромаштија, плати кои се помалку вредат, цени кои растат, нови закони кои ни ги намалуваат правата - вакво е секојдневието во кое живееме.

Тогаш за која Македонија зборуваат владините претставници, истакнувајќи ги нивните „достигнувања“?! Како да живееме во две различни Македонии- една во нивните говори, а друга во нашата реалност. Во Македонија се изградија два света кои паралено опстојуваат еден покрај друг, а чија различност со скеој изминат ден е се поголема.

Page 12: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.106

Животниот стандард е на дното

„Македонија оди напред, патот е трасиран, тој е долг и тежок и полн со предизвици, но ние ќе успееме... Темелот за развој и долгорочна одржливост е поставен, реформите продолжуваат. Новите цели ќе донесат и нов развој и

придвижување напред. Работевме многу и успеавме да ги придвижиме состојбите во позитивен правец “. Ова е изјава е на нашиот премиер Никола Груевски, дадена пред на втори август годинава во својот илинденски говор, додека неговите приврзаници ракоплескаа и извикуваа „Така е!“.

Е, не е така!!! Какво одење напред и каков напредок виде „обичниот“ граѓанин (кој не е дел од владејачката партиска елита) изминатава година?! Скоро, никакви! Напротив животот станува сé потежок и потежок, а за тоа сме свесни сите. Услови за преживување стануваат се потешки.

Но, повторно се случува бомбардирање на нашата свест преку изјавите министрите кои горделиво повторуваат дека е забележан пораст на просечната

плата во Македонија, и таа изнесува 20.000 денари и успехот, како по правило, си го препишуваат себе си кој бил резултат од водењето на нивните економски реформи. Овој износ збуни многумина граѓани, бидејќи платата им е многу пониска од просекот и со која едвај спојуваат „крај со крај“. Прашањето е сега кој го крева и овој мизерен просек

од околу 315 евра?

„Само во преработувачката индустрија и во земјоделскиот сектор, каде што работат околу 245.000 граѓани, платите се движат под или околу 15.000 денари, што е за приближно 100 евра помалку отколку македонскиот просек“, изјави Никола Поповски, професор по економија и поранешен министер за финансии.

Па, од каде излезе овој релативно висок просек? Експерите тврдат дека порастот на просекот на платите главно е резултат на зголемувањето на платите во државната администрација, а факт е дека половината вработени во земјава земаат плата што е многу пониска од сегашниот просек.

Дури и ако се земе овој просек како прифатлив, тогаш повторно стандардот на граѓаните е далеку под прифатливото. И додека официјалната статистика покажува едни бројки и оценува дека стандародот на граѓаните е на задоволувачко ниво, животот ни укажува на една друга реалност, односно дека за плаќање на секојдневните трошоци секогаш ни се потребни двојно повеќе пари од оние што ги имаме.

На секој граѓанин во Македонија,

Page 13: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZINBR.106

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

кој според податоците на Заводот за статистика живее со, наводно, просечна плата од 20-тина илјади денари, потребни му се најмалку 9 илјади денари за да ги подмири основните месечните животни трошоци. Тоа го вели статистиката, но во реалноста потребни се повеќе пари од тоа.

Сојузот на синдикатите не се согласи со Заводот за статистика и направи своја пресметка на потрошувачката кошничка, базирана на основните трошоци на едно домаќинство. Според синдикални пресметки, за нормално, а не луксузно задоволување, за вкупните потреби на едно семејство му се потребни дури 30 илјади денари, бидејќи цените се зголемени за околу 40% оваа година.

Милостината на Регулаторите

Само за пример, од први август оваа година електричната енергија поскапи за 9,83 отсто, а цената на парното греење поскапи за речиси 4 проценти. Како „утеха“ Регулаторната комисија и Владата истакнаа дека можело да биде и полошо затоа што ЕВН и ЕЛЕМ побарале поскапување на струјата од приближно 20 отсто, а „Топлификација“, пак од фантастични 36,45 отсто, но Регулаторна не ги прифатила во целост нивните барања. Е, голема утеха ни дадоа! Но, точката не се стави тука и поскапеа скоро сите прехрабени продукти.

На реакцијата на јавноста владата се правдаше дека цените во Македонија кореспондираат со европските цени и дека тоа е нормален процес. Е,

уште платите да ни кореспондираа со европските плати, тогаш можеби оваа изјава ќе имаше некаква смисла.

Поскапувањето најмногу влијае на посиромашните слоеви, бидејќи тие најголемиот дел од платата, а може да кажеме и 100 проценти ја користат за задоволување на нивните

основи потреби, а токму последните поскапувања се однесуваат на тие видови основи производи и енергијата. Гледаме денес како сиромашното население станува уште посиромашно и како сé помалку успева да ги задоволи своите основни потреби.

Не помогнаа ни протестите против повисоките цени на струјата, парното и горивата, организирани од граѓанската иницијатива „Аман“. Надлежните институции останаа неми, а Владата како да нема разбирање за граѓаните, додека за време на својот поход по инвестиции се фали дека сме меѓу првите топ три реформатори во регионот.

Page 14: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.106

Долгови до гуша да се преживее

Паралелно со растењето на цените, растат и долговите. Соочувајќи се со денешната ситуација можноста да не должиш никому како да е целосно заборавена.

Последните анализи оценуваат дека македонските граѓани најмногу се

задолжуваат во банка за потрошувачки кредити, а земено во просек секој Македонец должи по 660 евра во банка.

Вкупната задолженост на граѓаните во февруари годинава достигна до 1,32 милијарди евра, а повеќе од една третина од кредитите за население или 480 милиони евра се земени за тековни трошоци на домаќинствата.

Ако на тоа се додадат и кредитите од кредитните картички кои заклучно со февруари достигнуваат до 192 милиони евра, произлегува дека половина од вкупната задолженост на граѓаните се должи на позајмици за основна

егзистенција, за купување на предмети за домаќинствата, за плаќање сметки, за студирање.

Аналитичарите коментираат дека структурата на задолженоста на македонското население покажува дека стандардот на граѓаните е многу низок и тие имаат потреба да позајмат пари од банките само за да преживеат.

Социологот Хасан Јашари за „Радио Слободна Европа“ вели дека очигледно е дека животниот стандард на народот во земјата опаѓа и сé потешко е за пониските слоеви во општеството, како невработените, пензионерите и луѓето со ниско образование.

„Од ден за ден. Месец за месец. Година за година. Така преживуваат поголемиот дел од македонските граѓани. Цените постојано бележат раст, сметките се сé повисоки, а џебот е сé попразен. Платите и пензиите со години наназад се исти и граѓаните со нивните

месечни примања одвај можат да ги подмират основните трошоци за

живот“.

Со бришење се намалува невработеноста

Пред некој месец, ударна вест во медумите беше дека вработеноста после 8 години е намалена. Имено стапката на невработеност во Македонија во третиот квартал (не е направена сé уште проценка на целата година) изнесуваше 30,6 проценти и бележеше намалување во однос на претходниот кваратал кога

Page 15: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZINBR.106

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

беше 31,2 отсто.

„Намалувањето на невработеноста во услови на светска криза е позитивен сигнал и потврда за добрите политики на Владата. Од почетокот на годината, па до сега невработеноста во Македонија се намалила за 1 отсто“, изјави во Собранието на РМ вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Да добро прочитавте, цел еден процент. Овој еден процент на пораст беше причина за радост и прослава и гордо удирање в гради, па ги засени и заборави 300.000-те останати кои сé уште се невработени.

Според опозицијата, измените на законот за евиденции од областа на трудот се оние кој ја намалиле невработеноста, а не фактот дека луѓето пронашле работа. Со измените невработеноста се намали со методологија на едноставно „бришење од листата“, со која се обидува да се измени реалната слика.

Владата го негираше сето ова, но сепак, чудно е како бројот на невработените драстично се намали во Агенцијата за вработување, имено за 9 месеци „исчезнаа“ 70.000 невработени.

Драге Јовановски, експерт по трудово право, за „Утрински“ изјави: „Јасно е дека станува збор за фиктивно бришење на лицата без работа. Факт е дека нив ги има многу повеќе од официјалните бројки. Ако за девет месеци по разни основи од листата на АВРМ има над 70.000 невработени лица помалку, прашање е каде отишле тие, затоа што сигурно не се вработиле. Тие се фактички невработени, но избришани од листите по разни основи.“

Иако е евидентно тенчењето на списоците во АВРМ, и премиерот Никола Груевски, и министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, се децидни дека сите преземени мерки имаат за цел точно да се евидентираат невработените, а не нивно бришење од листите.

Со Законот за евиденциите од областа на трудот почнаа да се водат две листи, една за лицата кои активно бараат работа и една за оние што не бараат работа. Според министерот Ристовски, целта е да се даде акцент на невработените кои сакаат да се вработат и да се

идентификуваат нивните потреби според знаењата и вештините што ги имаат, а преку планот за вработување што ќе го подготвува Агенцијата за вработување.

Социјална помош за две вреќи брашно

На сличен начин намален е бројот и корисници на социјална помош. Дел од експертите објаснуваат дека неажурирана документација за да се продолжи примањето социјална помош е една од причините зошто е намален

Page 16: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.106

бројот на корисници на ваква помош од државата.

Но, обновувањето на документацијата по сé изгледа не беше единствената причина за губење на правото на социјална помош. Последните неколку месеци бевме сведоци на случаи, каде граѓани го губеа правото на социјална помош зашто Управата за јавни приходи кај некои од нив наоѓала приходи за кои немало пријавено основ од каде се тие пари.

Имено, лицата треба секоја година да поднесуваат барање за социјална помош, а на тоа немаат право ако поседуваат два стана, куќи или викендичка, деловен простор или возило, земјиште, добиток или ако имаат заштеда од над 50.000 денари. Доколку го продадат возилото, според законските мерки, ќе им престане правото на социјална помош во наредната година.

Сведоци бевме на укинување на помошта на илјадници социјални случаеви, кои на некој начин се дограбиле до пари, работејќи сезонски на само неколку месеци или продавајќи мал дел од одгледуваните земјоделски производи. Во најголем дел од случаите се работеше за 100, 200, па и за 500 денари.

Висината на социјалната помош, според објаснувањата на ресорното министерство и Центрите за социјална работа, во Македонија се определува согласно бројката на членови на семејството. Така, за едночлено семејство, таа изнесува 2.174 денари, за двочлено – 2.979 денари, за семејство со три члена социјалната помош е 3.784, 4.558 денари изнесува помошта за четиричлено семејство, а за петчлено пак, таа е 5.393 денари.

Но, такви износи добиваат лица што

за првпат поднесуваат барање за користење парична помош. Граѓаните кои повеќе од три години користат социјална помош, добиваат за 50 отсто, односно за половина помал износ.

Гордата вест на владата е дека во новата година, 39 илјади домаќинства, кои ја користат социјалната парична помош ќе можат да „здивнат“, бидејќи според програмата на Владата предвидено е зголемување на социјалната парична помош. Така, износот на социјалната парична помош за 2013 година ќе се зголеми за 5 проценти.

На некого процетуално ова можеби му изгледа солидно, но имајќи го предвид целиот износ, социјално загрозените граѓани кои ја примаат оваа помош, ќе добијат само од 110 до 270 денари повеќе. Навистина ќе „здивнат“ со новото зголемување, нели?!

A, за што попрво да се потрошат тие 200 денари повеќе? Дали за сметките кои постојано растат, дали за храна, дали да се замени веќе распаднатата облека, дали за образование на децата? Дали... Со мизерните неколку илјади денари што социјалците ги добиваат не се покриваат ни 5% од месечните трошоци, а пак, да не зборуваме за водење на еден нормален и просечен живот.

Младите ја напуштаат државата

Според социологот Јашари последиците од незадоволството на народот од животниот стандард и мизерните услови веќе се гледаат.

„Младите ја напуштаат Македонија, на другата страна имаме сé повеќе болни луѓе, сé послаба здравствена заштита на

Page 17: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZINBR.106

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

населението“.

Состојбата со младата генерација во Македонија е алармантна. На возраст од 15 до 29 години живеат 483.448 лица или речиси една четвртина од населението и тие спаѓаат во загрозена група која се соочува со социјална исклученост, невработеност и недоверба во институциите.

Половина од вкупниот број млади имаат поминато повеќе од една година во барање работа, што има негативни последици за нив и предизвикува лузни на професионален и на приватен план. Тие се соочуваат со низок животен стандард, корупција и немаат информации за функцијата на државните институции. Ова го покажа анализата на „Реактор-истражување“, во рамките на проектот „Република Млади“.

„Младите многу години чекаат да се вработат иако сакаат и се подготвени да почнат да работат веднаш. За жал, како најуспешен модел за вработување досега се покажаа личните контакти. Од онаа група на млади кои успеале да најдат работа, речиси третина се вработиле без или само со усен договор со работодавецот“, вели Дона Костуранова, претседател на Младински образовен форум.

И средношколците се незадоволни од својот статус. Според резултатите од анализата, тие ценат дека немаат никакво влијание во општеството и дека не се стекнуваат со потребното искуство во образовниот процес со кое ќе можат да развиваат критичко мислење, ќе бидат свесни за средината околу себе и ќе практикуваат тимска работа. Во анкетите тие одговориле и дека ако не се промени ништо, за десет години половина од нив би ја напуштиле државата.

„Ништо не видов, ништо не слушнав“

Знаеме дека граѓаните не се задоволни од квалитетот на својот живот. Не се ниту оптимисти дека тој ќе се подобри. Неизбежен е фактот дека Maкедонија е на дното според животниот стандард, образованието и општествениот живот, а е и прва по невработеност на младите, тоа го потврдуваат и светските агенции во своите истражувања. Народот е разочаран, нема верба во подобро утре.

Сиромаштија, невработеност, низок стандард, зголемени давачки, цени до небото и сето тоа испреплетено со губењето на правото да се крене гласот, да се каже својата мака, да се побараат одговори, го прават македонскиот народ безнадежен. Излезот тој го гледа со заминувањето далеку од тука.

И како шлаг на тортата на бедотијата - наместо вниманието да се сврти кон креирањето на една подобра иднина за сите, а не само за личностите кои се во „фотелја“ и нивните најблиски, целата енергија на македонската политичка сцена се троши на борба (дури и насилна) за доаѓање на власт и борба (исто така насилна) за задржување на власта, а при тоа се гази обичниот граѓанин кој е единствениот кој страда. Тој е обичен пион во нивната „игра“, кој според нив вреди да се ризикува, за да се победи.

„Ништо не видов, ништо не слушнав“- е единствениот принцип за извлекување на здрава и целосна глава од меѓупартиските конфликти.

Сето ова го знаеме, но молчиме! Зошто?! Зарем веќе кренавме раце од сé, зарем ја изгубивме надежта дека има светло на крајот на тунелот?!

Page 18: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.106

Apsurdno: Penzionerite stanuvaat idninata na Makedonija

Народот (не партиските војници) не е свесен за својата моќ. Не е свесен за силата кој тој ја поседува за донесување на промените. Дозволува да биде изманипулиран и искористен на најлошиот можен начин и сето тоа со наведната глава и со достоинството под нозете.

И сé додека молчи, сé додека одлучува да стои настрана од сé, неговата иднина ќе биде сé помрачна и понеизвесна.

Aвтор: Елена Павловска

Додека во полн ек е предизборната кампања, насилството со кое се доаѓа до фотелја, гласното

плукање на противникот, македонскиот народ молкум и со наведната глава ја напушта оваа држава.

Иако пред неколку години Македонија ја доби визната либерализација, сепак, барањата за бугарски пасош, не се намалија. За неполн месец биле поднесени дури 42.373 барања за бугарски пасош. Додека се соочуваме со опструкции на патот кон Европа, токму од страна на Бугарија, покрај Грција, но и ние самите кон себе како резултат на нашата внатрешно

загушена демократија, се зголемува бројот на Македонци кои се одлучуваат да се запишат за Бугари за да добијат државјанство на нашиот источен сосед.

Бугарски пасош на рати за една и пол година

Статистиката покажува дека експанзијата за земање на бугарски пасоши започнала во 2004, 2005 и 2006 година, кога дури по 200 – 300 Македонци чекале во еден ден за добивање на бугарско државјанство. Некои податоци зборуваат дека токму во овој период се извадиле дури 200 – 300 илјади бугарски патни исправи, што е

поразителна бројка.

Речиси сите жители од источна Македонија имаат бугарски пасош, а ни половина немаат извадено пасош од својата држава. Францускиот „Фигаро“ ги истакнува токму Македонците како најжелни луѓе за второ државјанство, но и големи баратели на азил. За тоа време нашите власти постојано ги бараат корените на нашата нација во минатото, градат споменици

Page 19: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZINBR.106

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

19

и алудираат на славните наши херои од античкото минато, спроведување рекламни кампањи за убавините на нашата држава, а при тоа граѓаните се очајни до таа мера да се откажат од својата националност и да ги напуштат тие толку популаризирани убавини.

Некои луѓе во дискусиите на форумите, токму на оваа тема тврдат дека македонскиот пасош е „Фиќо“, а бугарскиот е „Мерцедес“. Според нив „Фиќото“ е тесно и неговата намена е за патување на кратки релации, а пак „Мерцедесот“ е простран и дозволува патување до сите дестинации.

Властите како и воопшто да не ја забележуваат оваа појава, како да мижат пред реалноста. Зарем можно е да не се забележат огласите во дневните весници за посредување за вадење на бугарски пасош – „Бугарски пасош на рати за една и пол година, со лесно интервју на кое не се паѓа, а ако сте поголема група може да добиете и попуст“?

Зарем можно е да не се забележат „наградите“ кои бугарската влада им ги доделувала на нашите студенти во облик на бугарско државјанство?

Додека нашата влада спие, бугарската успева да направи вистинска пропаганда од процесот на добивање на пасоши, успева дури и некои интелектуалци да ги убеди да глумат жртви на македонскиот систем во кој не може слободно да се декларираат како Бугари, па мораат да бараат азил во Софија. Единствен услов за добивање на ова „престижно државјанство“ е секако откажување од своето, но и плаќање 1000 евра за потребната документација.

Сиромаштијата пресудна за менување на идентитетот?

Лошата економска состојба, секојдневната борба за парче леб, но и безнадежноста која го загушува нашиот народ, посебно од малите места, е само капката која ја прелива чашата за одлуката да се побара бугарски пасош. Токму патриотизмот најлесно падна под ударот на гладот и безнадежноста, безизлезноста.

Иако вратите на ЕУ се отворени за нас, сепак, тие се отворени за посета и разгледување на земјите, но на нашите граѓани им е потребна работа, сигурна иднина за децата, па затоа им е потребен бугарскиот пасош за работа во некоја од земјите на ЕУ.

Знаејќи ја оваа состојба Бугарите многу мудро ја користат ситуацијата во своја полза. Тие процесот за добивање на пасош го свеле само на полагање на бугарски јазик, јазик за кој тврдат дека е јазик и на нашата н а ц и ј а . С о

Page 20: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

20 BR.106

едноставно декларирање дека се има дедо, баба Бугари, нашите луѓе за само неколку месеци стануваат државјани на Бугарија, а Бугарија добива оружје во рака за тврдењата дека и Македонците се дел од Бугарите и го зборуваат истиот јазик. Допрва ќе ни бидат испорачани барањата од Бугарија засновани на бројот на Македонци кои се изјасниле за бугари и под тој основ се стекнале со бугарско државјанство.

Европската Унија неколку пати апелираше за промена на прелесната постапка за добивање на бугарско државјанство, но Бугарија има целосен суверенитет во уредувањето на оваа процедура, па ги игнорира препораките, со што си создава доволно простор за аргументи дека Македонците се чувствуваат и декларираат како Бугари, со што може да ја порекува нашата посебна македонска националност.

Наместо да се борат во земјата, бараат бугарски пасош

Метежот кој деновиве се случи пред македонското Собрание, групите

н е з а д о в о л н и граѓани се само мал дел од оние групи кои трпеливо чекаат да добијат бугарски пасош. Но, зошто не остануваат тука да се борат за сигурна иднина на татковината? Зарем толку е

сеедно дали ќе постоиме како држава

или ќе пропаднеме?

Претпоставувам дека негрижата која државата ја покажа кон сиромашните, ќорсокакот во кој ги стави, ги направи луѓето себични. Тие сега само сакаат да ја обезбедат својата иднина, иднината на своето семејство, а за иднината на државата, која не се грижи за нив, тие не ни помислуваат. Што е и разбирливо, бидејќи државата стана сервис за мал број повластени граѓани, кои се припадници на партиите и поблиску до партиските раководства.

„Јас не сум Бугарин во душа, но нивниот пасош ми помогна да работам во Финска и за една година да заработам 20 000 евра, па сега да живеам малку поспокојно“ – е една од приказните со кои луѓето ги оправдуваат своите барања за државјанство. Овој човек не Бугарин во душа, но се потпишал дека е Бугарин, и во тој случај не е важно како се чуствува, тој за Бугарија е Бугарин. Но, не можеме да ја префрламе вината на луѓето кои одлучиле да побараат бугарски пасош бидејќи причината е потрага по подобар живот кога државата кренала раце од нив. Вината е во недоговорноста на нашите државни раководства во изминатите 20 години,

Page 21: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZINBR.106

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

21

со посебен акцент во последните 10 години.

Младите без националност

Иднината на нашата држава им останува на младите, но токму тие се најнезадоволни од сегашната ситуација во државата, па најмногу тие аплицираат за бугарски пасош. Дел од нив го добиле додека студирале во Бугарија, но дел се оправдуваат дека им треба за да заминат на постдипломски студии во некоја европска земја, за да може истовремено да работат и да останат таму. Младите во своите планови не ни ја споменуваат државата во која се родиле, ситуацијата во која се наоѓаме, туку сонуваат за заминување по секоја цена, иако тоа би значело во некоја рака потпишување на пакт со ѓаволот.

Наместо да размислуваат за пропаѓањето на Македонија, кое последните настани го најавуваат на големи ѕвона, тие се во потрага по бугарска адреса на живеење. Таа е неопходна за вадење на пасош, а

пак Бугарите мудро заработуваат од тоа.

Заборавајќи ја својата историја, потекло, занемарувајќи ги алармантните вести за патеката по која незапирливо се движи домашната економија, младите се подготвуваат за докажување на „своите бугарски корени“, пред експертите од министерството за внатрешни работи на Бугарија, кои безмилосно „лице в лице“ ги испрашуваат за патриотизмот кој го чувствуваат кон бугарската држава.

Како уште една причина за добивањето на овој документ, младите ја наведуваат и регулативата која стапува на сила од 2014 година, кога оние кои поседуваат бугарски пасош може да студираат и работат во европските земји без никакви пречки.

Ако властите за скоро не смислат начин за задржување на граѓаните во државата, тие ќе немаат ниту кој да ги избере и да им потпише овластување за крадење и пустошење низ државата.

Автор: Наташа Димеска

Page 22: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

22 BR.106

Rezil: Nemame kultura za debata

2012 ќе се одбележи како година кога преку политичките

дебати сме направиле чекор назад кон меѓусебното разбирање. Сепак, никој не може подобро да го заостри дуелот од дебатата на некогашните партиски противници, Бранко Црвенковски и Лубчо Георгиевски. Па, Дедо Мраз нека ни донесе повеќе дебатери. Нека е среќна!

Како се дебатира во Македонија

Политиката во Авганистан е како темпирана бомба. Во Сирија е како мина на која многумина ќе нагазат, додека во

Македонија е лика и прилика на Црното Море. Секој, колку и да „голем“, може да лебди на површината со нозете во височина и да се дави до гуша во солта која го нагризува јазикот.

Дебатите во Македонија, кога ќе се случат се како селска слава. Се случува еднаш во годината. Изобилуваат со шаренило и се насобрал народ од секаде

и од никаде, а кога чудото ќе помине, ќе останат само ѓубрето и коментарите на сеирџиите.

Но, како некому конечно да му „светнало“ во глава, па решиле да одиграт една добра партија на кршење мразови и јазици. Решивме и ние Македонците да аргументираме.

Изминатите денови, во фокусот е дебатата каде се зборуваше за тоа дали религијата го унапредува општеството. Но, од целата бука, често не може да се чуе ука. Она што нам ни недостасува се факти односно аргументи кои ќе го потврдат нашиот став. Ние всушност

не знаеме како да се искажеме, па затоа често нашите дебати завршуваат неславно.

Кога не можеме да решиме за едно вакво прашање, тогаш не можеме ни да помислеме да навлегуваме во дебата каде приоритет ќе ни биде политиката на нашето општество.

За тоа, ќе треба да изедеме уште многу фурни леб, очигледно.

Дебатите се еден вид притисок со цел да се добијат некои решенија, кои инаку не можат да се донесат. Дебатите буквално претставуваат вадење на зборовите со клешти, бидејќи и немаме што да кажеме. Но, во средината на сето ова имаме еден голем прашалник.

Page 23: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZINBR.106

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

23

Што откако фигурите ќе се наредат? Ги имаме оние кои се „за“ и оние кои се „против“. И едните и другите, ги набабруваат своите образи на кои во секоја минутка бликнува по некоја нова брчка. Така напнати до максимум, решиле да дебатираат, со ливче напишано од дома за да можат да го изрецитираат на однапред познатите прашања на новинарот/новинарката.

Кога веќе настанува атмосфера на која ќе можат противниците „вербално да водат битка“ настанува тишина, која се надополнува кога од публиката не се заинтересирани да прашат нешто. Тоа буквално претставува слика, а не ситуација.

Ова зачинете го со тремата на модераторот кој за првпат го ставиле пред таков дуел, а веќе сценариото почнало да скршнува. Повеќе не важат прашањата смислени една недела пред да почне дебатата. Тогаш што правиме?!

По примерот на познатите дебати на „политичките асови“ од европската

сцена, нашите скромни политичари решија да го одврзат својот вокабулар кој го чувале за некој друг живот. Но, работата е што кај нас новите промени се табу, така што многумина не ни разбираат за што всушност нашите политичари расправаат. Затоа и граѓаните веќе не знаат за кој гласаат и за чии цели протестираат. Јајцата се фрлаат, но од тоа профит ќе има само еден човек.

2012 ќе се одбележи како година кога преку политичките дебати сме направиле чекор назад кон меѓусебното разбирање. Сепак, никој не може подобро да го заостри дуелот од дебатата на некогашните партиски противници, Бранко Црвенковски и Лубчо Георгиевски. Па, Дедо Мраз нека ни донесе повеќе дебатери. Нека е среќна следната година!

Автор: Емилија Петреска

Page 24: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

24 BR.106

Деновиве, доста актуелни се состојбите во банкарскиот сектор, односно во последните

статистички податоци и анализи кои укажуваат дека и покрај кризата, банките во Македонија работаат доста профитабилно и рентабилно. Навидум тоа е состојба за поздравување, доколку не се ѕирне подлабоко во содржината на нивните профити.

Профитите на банките

За првите 6 месеци, сите банки во Македонија инкасирале околу 200 милиони евра. Од тие 200 милиони, 163 милиони евра отпаѓаат на камати, а 37,6 милиони на банкарски провизии и надоместоци (од што може да забележиме дека над 25% од ови приходи отпаѓаат на банкарски провизии и надосместоци, што во никој случај не претставува дополнителна вредност за корисниците, освен, се разбира, за самите банки);

Во просек секој вработен во Македонија (450.000 регистрирани вработени) за 6 месеци на некоја од банките и оставил по 130 евра само на име на камати, или една минимална македонска плата (а во наредните 6 месеци ќе остави уште толку!);

Статистички, секој вработен должи по 3.000 евра во некоја банка, односно едно домаќинство со 2-ца вработени

должи околу 6.000 евра - без камати;

Од тука произлегува дека просечно, едно семејство во Македонија на банките им должи вкупно 6.000 евра без камати, плус 230 евра камати, или околу 43 eвра секој месец од оваа година, а вкупно 86 до крајот на годината;

На ваквите состојби, најчест одговор на банкарите е тој дека светот се наоѓа среде финансиска криза, а кризата

носи и намалување на работењето и поскапување на производите и услугите. Или тоа дека банката, како и секој бизнис гледа најдобар (најбрз, најнеризичен) начин да си ги оплоди своите пари.

Е па, и те како си ги оплодија парите! Во првата половина на 2012 година заработија околу 10 милиони евра повеќе отколку во 2011 година, која исто така беше можеби најтешката кризна година за македонското стопанство.

Makedonskite banki se kreatori na dopolnitelna kriza

Page 25: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZINBR.106

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

25

„Добив пари од странство на девизна сметка. Требаше на сметка да ми „легнат“ 50 УСД. Се фрапирав кога лицето од другата страна на шалтерот ми кажа дека можам да добијам само 38 долари, а остатокот било банкарска провизија. Па каде го има тоа, не знам која друга приватна фирма има ќар од 25% на една (електронска) услуга“ -ова го изјави Аце Стојковски од Скопје, неодамна за еден дневен весник.

Постојат и други случаеви кога граѓаните се револтирани од дрскоста на банките во посегањето по парите спечалени на име на провизии и надоместоци, како на пример во случаевите кога, банките наплатуваат „пенали“ за сметка во банка кога салдото е нула, а вие сте требале да и‘ „платите“ некоја провизија на банката, и тогаш, автоматски ви наплаќаат дополнителни 50 или 100 денари - затоа што сметката ви е на нула!

Апсурдните казни на банките

Тое е еквивалент на ситуација во која, службеничка од банка ви доаѓа дома на врата и ве прашува колку пари имате во џебот? Ако кажете дека немате пари - „бум“ - еве ви „казна“ затоа што немате доволно пари во џебот. Како сте можеле воопшто да помислите да немате пари.

Да, македонските банки ве казануваат финансиски, затоа што немате пари.

Ваквите неосновани провизии, заедно со другите т.н. „банкарски паушали“ како на пример: 10 денарска провизија за увид во сметка, 150 денари за дебитна картичка (која патем не е произволна, мора да ја поседувате), 100 денари за отворање на сметка во банка, 50 денари за црвени таксени марки (ви ги наплаќаат а не ги гледате, затоа што

трансакциите се секако електронски), 20 денари провизија за водење

на трансакциска сметка и сл. се’ повеќе ги полнат џебовите на банкарите, кои до крајот на годината на банките можат да им донесат плус 20 милиони нови евра профити од нашите пари. Односно пари за кои тие ни давале „банкарски услуги“.

Немојте да се изненадите ако утре ви наплатат за тоа што стоите во ред пред шалтер, или ако прашате нешто дополнително.

И Бил Гејтс не би добил кредит без имот во центарот на Скопје

Но, профитот е во ред, јас немам ништо против тоа тие да заработуваат. Прашањето е колку од овие пари ги враќаат назад во стопанството или ги пласираат како кредит до граѓаните? Одговорот за жал е: Многу малку.

„Кредити секогаш имало, и ќе има за оние бизниси кои имаат добри инвестициски проекти“ (Г.Бишев, 2011г.). Каде се таквите кредити? Имате слушнато некоја компанија да се обрати во било која комерцијана банка и да добие кредит само врз база на инвестициски проект? Нема шанси.

Верувам дека денес, ако по некоја

Page 26: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

26 BR.106

економска случајност, дојде лично Бил Гејтс од „Microsoft“, во некоја од македонските банки и предложи финансирање на некој проект од, да бидеме скромни 200.000 евра, со спремен бизнис-план, сигурно банката ќе му побара двајца жиранти (вработени во бонитетно претпријатие- читај државна институција) плус недвижен имот во урбанизирано градско подрачје како залог во вредност 1:3, односно куќа, стан, фабрика, проценета (од нивни проценители) на 600.000 евра.

За оставање на залог во вид на опрема, машини, или т.н. „неопипливи средства“ како трговска марка, бренд, патент или некоја друга интелектуална сопственост и да не разговараме. Ве молам господине Биј Гејтс, чесно - ако сакате, ако не...

Според нивните банкарски параметри, за да ви одобрат кредит, каде каматата ви е во најдобар случај околу 10%, ама навистина најдобар случај, каде финансикото портфолио на фирмата ви е беспрекорно, треба да бидете Субата Рој, Марк Цукенберг или Ворен Бафет.

Па, ве молам, кој бизнис во

Македонија, во време на криза, со каква и да е инвестиција може да направи дополнителен профит над 12% годишно? Значи, и да ја купите најновата производна технологија, и да освоите 1-2 нови пазари, и да имате супер квалитетен производ со одлична позиционионираност и конкурентност пред другите, практично е невозможно да остварите 12-13% поголем профит за само една година. Ако можете, во тој случај банките и не ви се многу-

многу потребни.

Затоа и многу од домашните компании кои имаат здрави финансиски параметри избегнуваат да се задолжуваат кај домашните банки (Алкалоид, Витаминка, БиМилк, Пивара Скопје) и како алтернатива тропаат на вратите на странските и меѓународни кредитори.

Колапсот на банките ќе биде неизбежен

Се’ позивесно е дека еден ден, банките ќе останат без парите од тие кои денес им веруваат. Некои аналитичари велат дека и актуелната светска економска криза е последица од алчноста на

Page 27: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZINBR.106

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

27

помоќната банкарска елита.

Македноските банки засега упорно го форсираат својот тренд на финансирање на државата и странските пазари, на сметка на домашната економија. Но, нештата се менуваат, и тоа брзо. Непосакувано за никого, но можеби за некое време, сценариото во кое и нашите банки ќе треба да побараат

помош за спас како шпанските, ирските и италијанските не мора да претставува некоја далечна иднина.... а дали тогаш ќе има некој слух за да им помогне, останува да видиме.

Автор: Ѓорѓи Г. Рафајловски

Page 28: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZINBR.106

MAGAZIN REVOLUCIJA29 dekemvri 2012

28

Page 29: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

29

Artvizor

BR.106

IT-proizvodi koi iz~eznaa vo 2012 godina

Ако годината најчесто ја паметиме по ИТ производите кои се појавија оваа година, не е лошо да се потсетиме и на оние производи кои повеќе нема да можeме да ги купиме.

Порталот „Mashable“ има направено листа на десет ИТ производи кои беа прекинати да се произведуваат во текот на 2012 година, и тоа изгледа вака:

1. Белиот MacBook, кој беше особено популарен помеѓу (американските) студенти, како поефтина алтернатива за оние кои сакаат Apple компјутер.

2. Dell Venue smartphone на Windows

Page 30: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

30 BR.106

3. 9,7-инчен Kindle DX е-читач

4.Иако сé уште е достапен, Ap-ple во 2012 година го претстави, а со тоа и практично ја „уби“ третата генерација iPad, претставувајќи го iPad 4 само 6 месеци подоцна.

5.Logitech Squeezebox музичката платформа беше заменета со новиот сервис UE Smart Radio.

6.Третата генерација iPhone е претставена во 2009 година, но продолжи да се произведува и во производство остана сé до оваа година.

Page 31: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

31

Artvizor

BR.106

7.Webtop исто така престана да постои оваа година, а од Mo-torola се вели дека одговорна за тоа е слабата побарувачка.

8. 17-инчниот Apple PowerBook, исто така не постои, останати се само верзиите од 13 и 15 инчи.

9. Некогаш многу популарните Asus Eee PC netbook компјутери веќе не се произведуваат.

10. Nexus Q всушност и не престана да се произведува, односно тој никогаш не се појави во продавниците иако е претставен оваа година, и од Google се вели дека се работи на негово подобрување.

Подготви: Дијана Димевска

Извор: http://tehnologija.me

Page 32: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

32 BR.106

Iskustva steknati vo {umite

Моето еколошко патување започна во хималајските шуми. Мојот татко беше поборник за

заштита на шумите, а мајка ми стана земјоделец откако успешно избега од трагичните збиднувања во Индија и во Пакистан. Токму во хималајските шуми и екосистеми научив сè што требаше да знам за екологијата. Песните кои нашата мајка за нас ги создаваше, секогаш се пееја за шумите, за дрвјата и за индиските шумски цивилизации.

Првпат се вклучив во современото еколошко движење преку „Чипко“ – ненасилен одговор на сериозните случаи на обесшумување, кои се случија во хималајскиот регион.

Во 1970-те, група на селски жени од гарвалскиот регион на Хималаите, каде што впрочем и јас живеев, се организираа во одбрана на шумите.

Широко распространетото и масивно сечење на дрвјата доведе до опустошување на земјата и до поплави, како и до недостаток од вода и гориво за огништата. Бидејќи жените беа оние кои беа задолжени за обезбедување на овие основни средства за преживување, обесшумувањето за нив значеше подолго пешачење со цел да се дојде до вода и до дрвја за огрев, и следствено на ова, до поголем товар за пренесување до домовите.

Жените добро знаеја дека вистинската вредност на шумите не лежи во мртвите дрвја, туку во изворите и потоците, во храната за добитокот и во горивото за нивните огништа. Жените, тогаш, решија да ги одбранат шумите и ветија дека ќе ги прегрнат дрвјата и попрво ќе си дозволат да бидат убиени, отколку да им

допуштат на дрвосечачите да продолжат со нивната работа.

Една позната фолклорна песна од тој период оди отприлика вака:

„Овие прекрасни дабови и зеленики

ни даваат студеникава вода.

Не сечете ни ги дрвјата,

туку оставете ги живи.“

Во 1973 тргнав на патување со надеж дека ќе ги посетам моите омилени шумски предели и дека ќе пливам во моите омилени потоци пред да заминам

Page 33: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

33

Artvizor

BR.106

за Канада, каде што требаше да ја подготвам мојата докторска дисертација. Но, кога пристигнав на саканите локации, шумите веќе ги немаше, а потоците беа значително намалени.

Една од најдраматичните активности на „Чипко“ се случи во хималајското село Адвани, во 1977, кога една селска жена чие име беше Бахни Деви покрена движење на отпор против нејзиниот сопствен сопруг, кој беше склучил договор за сечење на дрвјата околу селото. Кога во шумата пристигнаа официјалните претставници, жените кои се собраа во име на отпорот, во рацете држеа фенери и покрај тоа што беше ден.

Шумарот побара објаснување од нив, на што жените одговорија: „Ние дојдовме тука за да те научиме на шумарство.“ Тој на ова им возврати: „Вие будалести жени. Како можете да го спречите сечењето на дрвјата од страна на оние кои ја знаат вистинската вредност на шумите? Дали вие воопшто знаете што сè носат овие шуми? Тие се извор на добивки, на смола и на дрва.“

Во тој момент, јас решив да станам дел од движењето „Чипко“ и секој празник и одмор го минував во pad yatras (т.н. „аџилак во движење“), документирајќи ги случаите на обесшумување, на заложбите на активистите и на ширењето на пораката на „Чипко“.

Жените во хор пееjа:

„Што кријат овие шуми?

Земја, вода и чист воздух.

Земја, вода и чист воздух.

Зачувајте ја Земјата и сè она што таа ни носи.“

Надвор од монокултурите

Благодарение на „Чипко“, јас научив за разноликоста на биолошкиот свет и за потенцијалната економичност втемелена врз самата идеја за таа разноликост; заштитата на двете стана моја животна мисија. Како што тоа и го објаснив во мојата книга „Монокултурите на умот“, така и сега би сакала да објаснам дека потфрлањето во разбирањето на разноликоста на био-светот и мноштвото негови функции, се коренот на осиромашувањето на природата и на културата.

Page 34: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

34 BR.106

„Навдања“, движењето за заштита на био-световите и на органското земјоделство кое го започнав во 1987, се развива и се шири до ден денес. Досега ние имавме шанса да работиме со земјоделци кои вложија во повеќе од 100 банки за семиња низ цела Индија.

Ние, исто така, им помагаме на земјоделците да се префрлат од користење на фосилни горива и на

хемиски монокултури, кон разноликите био и еко системи хранети од сонцето и од земјата. Лекциите кои ги научив за разноликоста во хималајските шуми ги вклучив како дел од движењето за заштита на разноликоста на био-системите и на нашите фарми.

Започнав настрана да чувам семки од полињата на нашите земјоделци, за дури подоцна да сфатам дека јас и моите соработници имаме потреба од создавање на посебна фарма која соодветно би ги обучувала активистите кои сакаат да бидат дел од ваквото наше движење.

Токму за овие цели, фармата „Навдања“ започна со работа во 1994 во долината Дун, лоцирана во долниот дел на хималајскиот регион близу покраината Утарканд. Денес ние чуваме и одгледуваме 630 сорти на ориз, 150 сорти на пченица и илјадници други видови.

Ние практикуваме и промовираме интензивна форма на земјоделство, кое

е во согласност со разноликите био-системи и кое продуцира многу повеќе храна и намирници по еден акр. Зачувувањето на био-разноликоста е, навистина, еден одговор за кризата со храна на светско ниво.

Био-разноликоста беше мој учител за богатството и за слободата, за соработката и за заемното давање.

Правата на природата на светската сцена

Кога природата ни е учител, нам ни е дадена шансата да создаваме заедно со неа – ние ја препознаваме нејзината функција и нејзините права. Затоа за Еквадор, на пример, е значајно што ги призна „правата на природата“ во државниот устав. Во април 2011, Генералното собрание на ОН – инспирирано од уставот на Еквадор и од Универзалната декларација за правата на Земјата иницирана од Боливија, - организираше конференција за хармонија со природата како дел од деновите посветени на Земјата.

Голем дел од дискусиите беа насочени кон начините на преобликување на

Page 35: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

35

Artvizor

BR.106

системите кои се темелат на доминација на луѓето над природата, на мажите над жените и на богатите над сиромашните, во нови системи втемелени врз заемно партнерство.

Сепаратизмот е една од причините за дисхармонија со природата, за насилството против неа, но и за насилството против луѓето општо. Како што посочи истакнатиот ј у ж н о а ф р и к а н с к и еколог Кормек Калинен, „апартхејдот“ значи исклученост, одделеност.

Светот се здружи во движење против апартхејдот, со цел да се стави крај на сепаратизмот меѓу луѓето врз основа на бојата на кожата. Апартхејдот во Јужна Африка е далеку зад нас. Ние, денес, мораме да надминеме еден пошироко распространет и подлабок апартхејд, – а тоа е еко-апартхејдот кој се темели на илузијата за одделеноста на луѓето од природата.

Извештајот на генералниот секретар именуван како „Хармонија со природата“ ја истакна важноста на новото поврзување со природата: „На крајот, еколошки деструктивното однесување е резултат на неуспехот да се сфати дека човечките суштества се неразделив дел од природата и дека ние не можеме да ñ наштетиме на природата, без сериозно да си наштетиме самите на себе“.

Светогледот наречен „Мртва Земја“

Војната против Земјата се темелеше токму на оваа идеја за сепаратизмот. Нејзините современи семки се посеаја кога живата земја беше претворена во мртва материја со цел да се отвори патот за индустриската револуција. Монокултурите ја заменија разноликоста. „Сировите материјали“ и „мртвите

материи“ ја заменија енергичната Земја. Таканаречената Terra Nullius (празната земја подготвена да биде заземена без разлика на присуството на домородните луѓе на нејзино тло), ја замени Terra Madre (Мајката Земја).

Филозофијата се враќа кон корените на Френсис Бекон кој нашироко се смета за татко на модерната наука, кој рече дека науката и изумите кои резултираат од природата, не „вршат ништо повеќе освен едно претпазливо упатување кон насоката по која се движи природата; тие имаат моќ да ја освојат и да ја потчинат, да ја стресат сè до нејзините темели“.

Роберт Бојл, познатиот хемичар од 17 век и гувернер на Корпорацијата за ширење на Евангелието меѓу Индијанците од

Page 36: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

36 BR.106

Нова Англија, беше јасен кога стави до знаење дека сака да ги ослободи

домородците од нивната идеја за природата. Тој го нападна нивното сфаќање за природата „како еден вид на божица“ и сметаше дека „почитта со која мажите зборуваат за она нешто кое го именуваат како „природа“, претставува поразителна пречка за подем на империјата наречена човек, врз другите инфериорни суштества“.

Идејата за смрт на природата дава темел да ñ се објави војна на Земјата. Но, ако Земјата е, најпосле, само мртва материја, тогаш ништо и не може навистина да биде елиминирано.

Како што посочи филозофката и историчарка Керолин Мерчант, оваа смена на перспективата – од природата како жива, плодна мајка, кон природата како мртва материја со која може да се манипулира – им одговараше на активностите кои доведоа до капитализмот. Сликите на превласт создадени од Бекон и од другите водачи на научните револуции, ги заменија оние на плодната Земја, отстранувајќи ги

културните пречки за експлоатацијата на природата. „Никој не може така лесно

да ја убие мајката, да копа по нејзината утроба, барајќи злато или да го оштети нејзиното тело“, напиша Мерчант.

На што нè учи природата

Денес, во време на неколкукратни кризи потсилени од глобализацијата, ние мораме да ñ го свртиме грбот на онаа парадигма според која природата

е само мртва материја. Мораме да усвоиме една поеколошка парадигма,

а најдобриот учител за ова е токму самата природа.

Токму од овие свои убедувања го создадов универзитетот „Буџа Видјапет“ во рамки на „Навдања“.

Бидејќи универзитетот е лоциран во „Навдања“, фарма која се занимава со био-разноликоста, учесниците учат да работат со живи семиња и со жива почва. Дел од учесниците се земјоделци, деца на училишна возраст и странци од сите страни на светот. Два од нашите најпопуларни курсеви се „Органско земјоделство и агроекологија од А до Ш“ и „Ганди и глобализацијата.“

Универзитетот „Буџа Видјапет“ учи на демократија за Земјата која е основа за слободата на сите видови и за слободата и одговорностите на сите луѓе како членови на големото семејство наречено Земја; нивната задача, цел и порив би требало да биде спознавањето, заштитата и почитувањето на другите живи видови. Демократијата насочена кон Земјата претставува мост од

Page 37: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

37

Artvizor

BR.106

антропоцентризмот кон екоцентризмот. И бидејќи сме сите ние зависни од Земјата, демократијата насочена кон неа, ги преведува човековите права во права за храна и вода, во права за слобода кон и по глад и жед.

Поезијата на шумата

„Буџа Видјапет“ беше инспириран, всушност, од Рабиндранат Тагоре, индискиот национален поет и добитник на Нобеловата награда.

Тагоре формираше образовен центар во Шантиникетан, во западен Бенгал, Индија, посветен на шумите, кој беше наменет за инспирација од природата и за поттикнување на индиската културна ренесанса. Центарот во 1921 стана универзитет, прераснувајќи во еден од најпознатите индиски центри за образование.

Во „Религијата на шумата“, Тагоре пишуваше за влијанието кое шумските жители во древна Индија го извршиле врз класичната индиска книжевност. Шумите се извор на вода и складишта на био-разноликоста и тие можат многу да нè научат за демократијата – за ослободувањето на простор за другите, додека добиваме доволно храна од заедничката нишка на животот.

Според Тагоре, единството со природата претставува највисок стадиум на човековата еволуција. Денес, исто како и во времето на Тагоре, ние мораме да се свртиме кон природата и кон шумите за да ги совладаме лекциите посветени на слободата.

Во неговиот есеј „Тапован (Шума

на чистотата)“, Тагоре напиша: „Индиската цивилизација беше особено карактеристична во нејзиното лоцирање на изворите за материјална и за интелектуална регенерација и истите ги

најде токму во шумите, а не во градот.

Најдобрите идеи во Индија се родија од заемната врска на човекот со дрвјата, со реките и со езерата, а далеку од бучните толпи. Мирот на шумата помогна во интелектуалниот напредок на човекот. На културата која започна од шумите ñ влијаеа процесите на возобновување на животот, кои секогаш се збиднуваат во шумите, во зависност од тоа за кои видови станува збор, од која сезона, од глетката, мирисот и звукот. Обединувачкиот принцип на животот меѓу разноликостите, меѓу демократскиот плурализам, стана водечки принцип на индиската цивилизација“.

Токму ова обединување во и на разноликостите е темелот и на еколошката одржливост и на демократијата. Разноликоста без единство би станала основа за конфликт и за натпревар.

Единството без разноликост би станало

Page 38: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

38 BR.106

темел за надворешна контрола. Ова е точно не само за природата, туку и за културата. Шумите претставуваат единство во нивната разноликост, а ние го постигнуваме тоа единство со природата преку нашата врска со нив.

Во записите на Тагоре, шумите не беа само извор на знаење и на слобода; тие беа извор на убавина и на радост, на уметност и на естетика, на хармонија и на совршенство. Тие го симболизираа универзумот.

Во „Религијата на шумата“, поетот вели дека нашиот ум „ги води нашите обиди да воспоставиме врска со универзумот - или преку освојување или преку создавање на заедништво, преку култивирање на моќта или преку негување на чувството на сочувство“.

Шумите нè учат на единство и на сочувство.

Шумите исто така нè учат и на идејата на „доволност“: како принцип на еднаквост, на кој начин да уживаме во даровите на природата без нивна експлоатација и акумулација.

Тагоре цитира неколку древни текстови кога вели: „Сознај ги сите движења во овој придвижувачки свет како дело на Бога; најди радост преку одрекувањето, а не преку алчноста за имање“.

Ниту еден од видовите кои живеат во шумата не присвојуваат делови кои се во сопственост на другите видови. Секој вид се самоодржува преку соработката со другите видови.

Крајот на „консумеризмот“ и на

акумулацијата ќе значи почеток на радоста на живеењето.

Конфликтот меѓу алчноста и сочувството, меѓу освојувањето и соработката, меѓу насилството и хармонијата за кои пишуваше и самиот Тагоре, се актуелни и ден денес. И токму шумите се оние кои можат да ни го посочат патот надвор од овој конфликт.

Авторка на текстот е Вандана Шива – филозофка, активистка за еколошки прашања и еко-феминистка. Таа се бореше за промени на практиките и на парадигмите врзани за земјоделството и за храната и им помагаше на организациите на Зеленото движење ширум Африка, Азија, Латинска Америка, Ирска, Шведска и Австрија, организирајќи кампањи против генетското инженерство.

Шива беше во функција и на советник на владите во Индија, но и надвор од нејзината матична земја, а беше дел и од Меѓународниот форум кој се одржа на тема на глобализацијата, на Организацијата за околина и за развој и на Третата светска мрежа. Добитник е на неколку награди, меѓу кои и на наградата Рајт Лајвлихуд во 1993 (алтернативна Нобелова награда) и наградата Сиднеј пис во 2010.

Подготвила: Кристина Димовска

Извор: Towards Freedom/ Yes Maga-zine

Page 39: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

39

Artvizor

BR.106

Besewe

Влегов во јавниот тоалет и брзо ја затворив вратата. Проклет да сум, не требаше повторно да влезам во

женскиот дел. Не сакам да помислам што ќе ми се случи ако некој ме фати како излегувам од тука. А, ко за некоја беља, никогаш не внимавав каде точно влегувам.

Се слушна некој необичен звук од кабината до мене. Чуден, многу чуден. Изгледа како некој да си игра со ситни монети - ги фрла во воздухот, тие паѓаат и ѕвечкаат на подот. „Проклетник“ - си помислувам. Денес човек не може да си ја заврши работата без да му сметаат од сите страни.

Паричките повторно паѓаат на подот.

„Глупак, биди потивок!“ - викнав. Не

можев да издржам.

Настана тишина.

„Сконцентрирај се“ - си реков на себе и се насмеав како некој лудак. На ѕидот пред мене стоеше испишано со црн маркер „Насочи ја сета своја духовна енергија во дупката и ПУКАЈ!“. Си мислам, ах некои проклети дечишта ми ја предвиделе мислата. Но, потоа се сепнав и си реков дека тоа најверојатно се однесува на сите серковци што по грешка влегуваат во женско веце. Каков срам!

На подот повторно паѓаат монетите. „Жими сите светци на небесите овој игра монопол во јавно WC!“ - нервозно помислувам. Мора да е и тој нервозен како мене.

Одеднаш, слушам како ги откопчува своите фармерки и си игра со каишот.

Низ глава ми поминаа сто грозни слики за типот во соседната кабина. Мора да е некој тежок случај, несакано дете од детството со Едипов комплекс... Мора да е некој силувач на жени кога толку обожава да влева страв, знаете со монетите и сите тие чуда... Можеби имал некоја ужасно доминантна мајка во младоста која му го згорчила животот до тој степен, што сега смртно ги мрази сите жени на светот и сака да исчезнат од лицето на Земјата. Или, чувај Боже, инцест со неговата сестра!

„Монструозно чудовиште“ - наеднаш реков и се засмеав ко да сум нетокму, бидејќи го реков тоа гласно. „Ќе биде гадно ако ме слушнал“ - помислив малку исплашено.

Page 40: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

40 BR.106

Наеднаш, каишот се префрли преку цевката, веднаш над WC шолјата во соседната кабина.

„Жими Исуса, овој ќе да е акробат!“ - со чудење помислив. Мора навистина да има ужасна столица.

Во истиот миг ми се згади од помислата на изгледот на шољата, цела замастена, темно-кафеава, како некој да цртал планини и очајно здодевни пејсажи врз неа.

„Лет на кафеавите коњи“ - си реков и се насмеав.

Монетите паднаа на подот. Две-три некако се протркалаа во мојата кабина.

Помислив дека лудакот ќе чукне на вратата и ќе си се збогувам со мојата глава. Или можеби ќе ми го збрца ножот уште од неговата кабина и ќе искрварам до смрт. Или можеби...

Но, наместо сето тоа, завладеа тишина.

„Се успал проклетиов на шољата!“ - помислив. Каков чуден народ! А, си мислев ги познавам луѓето!

Ма, мечка страв, мене не страв! И онака не можев да ја свршам проклетата работа во тоалетот од тие скапани монети. Што ќе ме чини ако отидам и му речам, онака како некој мачо, да си ги земе проклетите монети и да престане да си игра како некое размазено детиште, зошто убаво се знае за што служат проколнативе тоалети. Не гледаш секој ден некој психијатриски случај да влегува во тоалет и тоа ЈАВЕН тоалет и да џавка со проклети тракатанци, монети и чуда, плашејќи луѓе како некој идиот со ум надвор од овој свет!

Се облеков, а срцето ми чукаше како на исплашен белец среде племе канибали и

полека излегов од кабината. Не сум јас некој страшливец, барем не многу... Ама ужасната тишина ми ги распара ушите.

„Еј, шефе“ – реков, со треперење.

Но, во истиот миг ми се згрози од мојот инаку длабок глас.

„Момче!“ - викнав веднаш потоа, демек построго, мислејќи дека ќе го исплашам кутриот кучкин син.

Но, овој ништо не рече.

„Проклет садистички идиот!“ - помислив. „Сигурно му е многу интересно да се мајтапи со мене!“.

Да ми беа при рака монетите, ќе му ги напикав онаму каде сонцето не изгрева!

И тогаш, почувствував како ми надоаѓа жештина во главата и знаев дека ќе побеснам.

„Слушај ти детиште! Ако не излезеш во истиов момент, жими сите вери ќе ја разбијам вратата и нема да знаеш каде ти е крајот!“ - се развикав како некој дивјак од неолитот, но се возгордеав кога слушнав колку всушност моќно звучам. Се насмеав.

Но, не добив одговор.

„Да ти се... на тие твои монети!“ - вреснав како попарен од врела лава и со нога ја турнав вратата, иако жими сите ангели на небото, се тресев како некоја беззаба баба полна пари во џебовите среде бел ден.

И тогаш... „Voila“.

Топол млаз крв ми шибна низ ноздрите.

Во кабината, тој фамозен непознаник се беше обесил со каишот за цевката. Цревата ми се напнаа ко пупки во мај, и во истиот миг исповратив сè што јадев тој

Page 41: „Револуција“ магазин број 106

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

41

Artvizor

BR.106

ден. Замириса на желудочна киселина, а боите на храната се измешаа како некоја проклета палета на некој авангарден уметник.

Не можев ништо да речам. Стоев

запрепастен.

- Тато? - изустив беспомошно на крајот.

Автор: Кристина Димовска

Page 42: „Револуција“ магазин број 106