Револуција магазин бр. 70

46

Upload: revolucijacom-mkrevolucijacom

Post on 22-Mar-2016

261 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

Магазин за политика, економија и култура

TRANSCRIPT

Page 1: Револуција магазин бр. 70
Page 2: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 31 МАРТ 2012 ГОДИНА страна 2

Page 3: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 3

Содржина

Неделна панорама .......................................................................... 04

Градење на македонскиот идентитет ................................................ 09

Ја мразиме, а пак ја бараме ............................................................. 17

Со бугарски пасош кон Западот ....................................................... 20

Северно Косово - закана за Македонија и Босна ............................... 23

На пат кон новата црвена линија ..................................................... 27

Социјалните мрежи – непријатели на социјалниот живот ................... 30

Скопското Кале од праисторија до денес .......................................... 33

THE BIG YEAR (2011) .. .................................................................... 39

Покажете ја мајката, аман! .............................................................. 42

Импресум

Oсновач

М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

Главен и одговорен уредник и администратор Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

Заменик на главниот и одговорен уредник

Елена Николовска, e-mail: [email protected]

Помошник на главниот и одговорен уредник и администратор

Елена Павловска, e-mail: [email protected] Уредник за филмска уметност, стрип и уметнички анимации:

Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

Соработници-аналитичари: Александра Николовска, Магдалена Јовановска, Кристина Вељаноска, Славе Ангелов, Милена Петровска

Надворешен соработник:

Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

Технички уредник: Миланчо Ристовски

e-mail: [email protected]

Маркетинг:

Славица Ѓоргиевa Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Page 4: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 4

Автор:

Влатко Неделковски

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура

ISSN 1857- 7458

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

Република Македонија

[email protected]

http://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Издавач:

МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и

креирање јавно мислење

Жиро сметка: 2704953485006

Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Page 5: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 5

Уставен укина 12

лустрациски членови

Новинарите, адвокатите, верските и невладините

организации, заедно со

поранешните функционери се

спасија од лустрација, откако Уставниот суд укина 12 членови

од Законот за лустрација.

Одредбите се укинаа од две

причини - субјектите на кои се однесува и временската рамка на

лустрацијата. Според Уставен

новинарите, адвокатите и

медијаторите се вработени во

приватен сектор и со лустрацијата им се нарушувале

честа и угледот. На невладините

и верските организации и на

фондациите пак, им се загрозувала слободата на

здружување.

За поранешните јавните функционери лустрација не може

да има доколку тие не се

кандидати за функција или се на

актуелна позициј, бидејќи тоа би

им било повреда на интегритетот и достоинството.

Уставен истакнува дека

законодавецот оставил

непрецизен временски опфат на лустрацијата. Таквата

недефинираност овозможува

лустрацијата да се однесува и за

во иднина, иако во одлука на судот во 2010 е прецизирано да

се однесува до 91-та. Со

укинувањето, судот практично ја

потврди времената мерка од пред два месеца.

Укинувањето значи дека

одредбите од Законот за

лустрација нема да важат од 25-

ти јануари кога беше донесена времената мерка, но нема да се

однесуваат на лицата кои

претходно влегле во процесот на

лустрација.

Паралелно со одлуката на

Уставниот, владејачката партија

истапи со нов предлог закон за

лустрација на сите функционери од 91-та до 2006-тата,

новинарите, невладините и

верските организации, но и на

сите кои се стекнале со

општествен капитал.

Дел од одредбите во новиот

закон се идентични како оние

кои не поминаа на Уставен. Меѓутоа, експертите ја наоѓаат

смислата на ваквиот потег во тоа

дека на тројца судии во брзо

време им истекува мандатот, па можно е нивната замена да

Page 6: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 6

резултира со различен став кон

истите одредби.

И потоа, се чудиме зошто

европските критики секогаш се

насочени кон судството...

Ловот стигна во Катар

Владина делегација предводена

од премиерот неделава го посети

Катар.

При посетата, беа остварени повеќе средби, состаноци и

форуми за економска промоција

на Република Македонија и

презентација на поволностите кои земјата ги нуди за

привлекување странски директни

инвестиции.

Како и претходно во Турција и

Индија, и тука беа презентирани бизнис климата и можностите за

инвестирање во Република

Македонија, со посебен акцент

на инвестициите во инфраструктурата, енергетиката,

недвижностите, образованието,

земјоделството и слободните

економски и туристички зони.

Премиерот се врати од Катар со

ветување дека ќе се изградат 20 бензински пумпи во Македонија,

а не се отфрла ниту можноста за

испитување наоѓалишта на нафта

и природен гас.

И покрај сите македонски

„успешни“ приказни, катарскиот

министер за енергетика и

индустрија најголем интерес покажал за проектот за

влегување со 49 отсто во

компанијата за производство на

енергија ЕЛЕМ по пат на докапитализација.

Како што шпекулираат

медиумите, катарците ги сакаат

своите проценти, но само ако во

рок од една година струјата поскапи и ја има цената на

средно европско ниво. Ова би

значело дека во таква ситуација,

би нè очекувало поскапување на струјата од 120-150% во однос

на денешната цена.

Не знаеме дали овие владини

прошетки се вистински походи за инвестиции, или само се бара

најпогодно место за летните

одмори, но дефинитивно сме

сигурни ако новите инвестиции

Page 7: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 7

носат нови покачувања – им

благодариме, но сепак не.

Нема парно, ама има

сметки

Штом не користам нешто, нема

зошто да плаќам за него. Проста логика, нели? Е да, ама не и ако

во вашиот град царува

„Топлификација“.

Регулаторната комисија разгледува повеќе можни

решенија за новиот правилник

кои се однесуваат на

исклучувањето од мрежата на

„Топлификација“.

Дел од решенијата предвидуваат

корисниците кои се исклучиле да

плаќаат половина од сметката

(освен ако не се исклучи цела зграда), но и целосна забрана за

нови исклучувања.

Компанијата не дозволува

граѓани да се исклучуваат од

нејзината мрежа, додека

Регулаторната комисија не го

донесе новиот Правилник.

Поради ова, граѓани од неколку

скопски населби се пожалиле кај

Народниот

правобранител. Неговиот портпарол изјави:

- Ние покренавме постапка по

сопствена иницијатива, зашто

добивме јавувања од граѓани кои велат дека кога побарале да се

исклучат од користење на

топлинска енергија, им било

кажувано дека не може да го сторат тоа сега и не може да се

постапува по нивни барања,

зашто се подготвуваат измени на

Правилникот. Топлификација

нема право да не постапува по барањето на граѓаните за

исклучување. Сè додека не се

донесат измените на тој фамозен

Правилник, се уште важи постоечкиот.

И погодете што? Првиот човек на

„Топлификација“ не знаел дека

неговите „поданици“ нема да исклучуваат додека не се средат

новите правила.

Од одделот за снабдување пак,

негираат дека приказната на

граѓаните е вистинита.

Народниот правобранител е

малку збунет, бидејќи смета дека

најавените измени на

Правилникот се во спротивност со одлуката на Уставниот суд, кој

пред неколку години ја укина

наплатата на половина од

Page 8: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 8

месечната сметка за корисниците

кои ќе го исклучат парното.

За секој здраворазумен човек,

навистина нема логика да се

плаќа за нешто што не се

користи. Ама, каде се бара профит – не барајте разум!

Макпетрол е новиот

Сваровски

Неделата ни почна со супер вест - цените на горивата повторно се

поместија, НАГОРЕ!

Бензините поскапеа за еден и

пол денар, а дизелот за половина

денар по литар. Еуросупер 98 сега чини 89 денари, бензинот од

95 октани се продава за 87 и пол

денари за литар, а дизелот, е 75

и пол денари за литар. За половина денар поскапеа и

екстралесното масло за

домаќинство, а единствено

намалување има кај мазутот.

Граѓаните веднаш реагираа (во

меѓусебни разговори, нормално),

бидејќи веќе научивме дека

поскапите бензини ќе повлечат и повисоки цени на прехранбените

продукти. И сето тоа се

предвидува да ни дојде како

велигденски подарок.

„Очекуваме да се зголемат цените, но тоа зависи од повеќе

фактори. Најголемо зголемување

ќе има таму каде транспортните

трошоци се највисоки, ама влијание имаат и други фактори,

како струјата на пример" - вели

Никола Начовски, менаџер во „Тедико Супер" маркети.

Трговците сметаат дека поголеми

поскапувања ќе има кога превозниците ќе решат да ги

зголемат цените. Тие засега се

воздржуваат од ваков чекор, но

за да ги задржат сегашните цени побараа намалување на ДДВ и

зајакната контрола врз

нелегалните превозници.

Изговорот за последното

поскапување на нафтените

деривати, регулаторот го објаснува со повисокиот курс на

денарот во однос на доларот,

иако просечната цена на

суровата нафта на светскиот

пазар била пониска за 0.47% во изминатите две недели.

Во четвртокот, „Револуција“

објави колумна на Али Наими,

министер за нафта и минерални ресурси во Саудиска Арабија. Во

неа, тој смирува дека нафта има

доволно, и дека неговата земја

како најголем производител, а воедно и како земја со најголеми

Page 9: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 9

резерви на сурова нафта, е

расположена да направи сè што е во нејзина моќ, за да цените

повторно дојдат на приземно

ниво.

Како што вели Наими, „на крајот на приказната се доаѓа до

заклучок дека снабдувањето со

нафта не е и не било проблем и

нема разумна причина за опстојувањето на високите цени

на нафтата и нафтените

деривати.“

Затоа, „Револуција“ ги прашува нашите регулатори – која е

вашата разумна причина, за

стремежот кон европски цени, со

балкански стандард?! Прашуваме

за вистинската причина, не за нови изговори...

Учи, за да не работиш

Само за 365 дена година, нови 5

000 дипломирани работоспособни граѓани не можат да најдат

работа. Официјално, бројот на

невработен високообразован

кадар уште малку и ќе ја надмине бројката од 42 илјади.

Поради „економската криза“,

неотварањето нови работни

мести, стечајна елиминација на веќе постоечките, зачинето со

необјективните критериуми за

вработување, младите дипломци

едноставно не знаат каде да ја

бараат својата иднина.

Со факултетска диплома, со

заслужен висок просек, по

неколкумесечна потрага по

стручно работно место, надежта избледува. Во очај, младите се

принудени да ја праќаат својата

биографија и на места за кои

воопшто не им е потребна

дипломата, а и да не зборуваме колку помалку се платени.

Заврши факултет – повели метла,

заврши средно, добиј партиска

книшка – еве ти директорска фотелја... Да ти биде срам да

инвестираш во својот капацитет,

без претходно да разработиш

план како да отидеш во земја, каде реално ќе се оценат твоето

знаење и способност...

Page 10: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 10

Елена Павловска

Градење на македонскиот идентитет Што е идентитет?

Терминот „идентитет“ (од латински identitas-ист-

повторување на исто) означува

истоветност, целосна

еднаквост, но и однос според

кој е нешто, на пример битие или својство, во различни случаи или

под различни видови еднакво на

самото себе си, односно исто.

Просто речено термин, кој означува кои сме ние како

битие, се разбира имајќи ја

предвид комплексноста и

безграничноста на карактеристиките на овој поим.

Во психолошка смисла

идентитет е трајно чувство на целовитост и посојаност на

личноста како дел од една

целина. Чувство за нас самите

како индивидуи, но и чувство за припадност кон некоја поголема

група.

Во социолошка смисла на зборот,

пак, постојат разни видови на идентитети (расен – полов –

професионален – култулорошки –

политички – и национален).

Идентитет тука се означува како припадност на определена

група, професија, раса,

политичко движење, нација...

Национален идентитет

Зборот нација води потекло од

латинскиот збор „nasci“ – да се

родиш, односно да припаѓаш

некаде со самиот чин на твоето

раѓање.

Нација или народ (меѓу овие два

термини постои знак за

еднаквост) претставува

општествена заедница на луѓе кои зборуваат со ист јазик, вера,

имаат иста историја и традиција

– кои заедно преживеале

политички и културен развој и кои имаат заедничка свест за

взаемна припадност (национален

идентитет) и целовитост – во

однос према други нации.

Во политичка конотација – нација е група на луѓе кои себе

се доживуваат како природна

политичка заедница - често со

желба за воспоставување или зачувување на заедничка

држава.

Page 11: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 11

Во психолошка конотација –

нација е група на луѓе кои се

одликуваат со меѓусебна приврзаност во смисла на

патриотизам. Психолошки

останатите членови на нацијата

се доживуваат како браќа, а самата земја како мајка.

Но, мора да напоменеме дека

секој си има своја замисла за тоа

како би требало тој патриотизам и таа љубов кон татковината да

изгледа.

Кај нас, најискрено,

патриотизмот добива толку пристрасни погледи и сфаќања,

да секој кој не се барем малку

вклопува во шемата или поинаку

гледа на работите, веднаш е

етикетиран како „предавник“, „непријател“, „продадена душа“.

А токму расколот на една иста

нација меѓу ВАШИТЕ и НАШИТЕ

е најострата закана за повреда на националниот идентитет.

Изразот „Национален Идентитет“

е составен од два збора -

национален (нација) и идентитет. Односно поистоветување со една

нација и со сите сегменти кои ѝ

припаѓаат на оваа група луѓе.

Покрај национален идентитет,

често се спомнува и етничкиот идентитет. Етнички идентитет

произлегува од поимот

за етничка група (од грчки

ethnos- народ) и означува одредена група на луѓе – кои

делат заеднички идентитет на

темел на иста култура, традиција,

религија, историја, јазик,

етничкото потекло. Етничките

групи делат заедничко потекло во континуиран тек на време –

т.е. ја делат историјата и

иднината на еден народ. Ова се

постигнува со генерациско пренесување и примопредавање

на заеднички јазик, институции,

вредности и традиции од колено

на колено.

Во политичка смисла главна

разлика меѓу „етничка група“

и „нација“ е во тоа што етничките групи немаат суверенитет,

независност и поистоветеност со

земја, држава. Но, историски

земено поимот на етнички групи е многу постар од поимот на

нација – кој е придобивка на

поновото време.

Секоја нација има своја главна

идентификациска идеја врз основа на која го гради својот

идентитет како и своето

национално единство, со цел да

ги оствари своите национални цели. Заснован на главната

идентификациска идеја,

идентитетот потоа може и да се

Page 12: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 12

збогатува со други, помошни,

идентификациски идеи и

симболи.

Појасно кажано, без

континуирано креирање на

идентитетот, кој денес би имал

глобално значење и вредност, идентитетот на една нација е во

опасност да исчезне.

Идентитетот воопшто, и

националниот идентитет се динамични категории и се

менуваат интерактивно со текот

на времето, значи не се статични.

Идентитетот на еден народ зависи од самиот тој народ и

како што се менува времето,

општеството- така се менува и

народот, а со тоа и се надградува

идентитетот.

Да бидеш верен на некој

национален идентитет, не значи

да се навраќаш на минатото и

историјата, истакнувајќи од каде сме дошле. Да го негуваш

идентитетот значи да го

осветлуваш и патот каде

одиме! Ако одново и одново не го надоградуваш со нови нешта и

со нови идентификациски

моменти и поими- тој е во

опасност да избледи.

Македонски идентитет

За идентитетот на

Македонците постојат повеќе

тези и претпоставки. Овие тези се поткрепуваат со голем број на

историски, јазични (филолошки-

лингвистички), културолошки

(народно творештво), генетски аргументи, факти и истражувања.

Нивното проучување, полемика и

развој и во денешни дни (по

независноста на Македонија и засиленото непризнавање на

името, нацијата и јазикот од

соседните држави) се многу

актуелни. Честа е појавата на користење на овие тези во

политичкиот живот во Република

Македонија, при што тие се

предмет на (дневно) политички судири, препукувања, расправи и

полемики.

Факт е дека македонската нација

се создаваше во сложени

историски услови. Во тешка борба со надворешните и

внатрешните фактори се

оформуваше свеста за

припадност кон една македонска нација. Главните празници и

обележја на македонскиот

идентитет - културата, јазикот,

традицијата, историјата - денес не предизвикуваат

сомнение.

Но, условите за создавање

самостојна македонска држава во

почетокот на 90-те години беа исклучително тешки, а пак

првите две децении на постоење

беа затемнети со цела редица на

околности, што го загрозуваат самиот идентитет.

Денес да бидеш Македонец

значи да бидеш негиран,

оспоруван, отповикуван, да

Page 13: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 13

бидеш Македонец значи

постојано да мораш да се

искажуваш, дообјаснуваш, докажуваш.

Создавањето на македонскиот

национален идентитет е процес

кој се одвивал со текот на

вековите, но најмногу во 19 век во процесот на таканаречената

национална преродба (тогаш

всушност и се јавува терминот

нација и националност).

Во втората половина на XIX век и

почетокот на XX век, започнува

македонската преродба, која

трае до периодот меѓу двете светски војни, кога македонскиот

идентитет добива масовен

карактер.

Врвната точка ја достигнува

пред, и за време на Втората Светска Војна, кога се создаваат

Македонски воено-политички

организации, се печати

современа литература на изворен македонски јазик, и се

отвораат училишта, коишто на

младите Македонци им

овозможуваат да го учат и негуваат мајчиниот јазик.

Сепак, со новите истражувања и

отворање на ватиканските

архиви (вест што беше мошне актуелна деновиве) се увидува

дека официјален Ватикан уште

во 1612 година Македонците

ги признава како одделен народ, посебен од Србите и

Бугарите и давал посебни

стипендии за Македонци.

Зошто е толку оспоруван

македонскиот идентитет?

Отоманскиот милетски систем на

управување довел до тоа да

Македонците се определуваат

според црквата под чијашто ингеренција се наоѓале. Со

создавањето на грчкиот,

бугарскиот и српскиот милет,

Македонците кои што живееле на тие територии, автоматски

станале Грци, Срби и Бугари.

И покрај силната активност на

странските црковно-просветни пропаганди се појавуваат

Македонци кои сметаат дека не

се ниту Грци, ниту Срби,

ниту Бугари, туку дека се посебен словенски народ -

Македонци. Нешто, кое на

останатите и не им се допаѓало

многу.

Со појавувањето на вакви личности кои пропагираат

постоење на посебен македонски

народ, започнува периодот

наречен „македонска преродба“, а луѓето кои се директно

Page 14: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 14

вклучени во овој процес се

наречени македонски

преродбеници.

Патот по кој мина македонскиот

народ од своето будење, па до

целосната национална

афирмација беше толку сложен, што е многу тешко да се спореди

со националното будење на кој и

да е народ на Балканот.

Од пробивот на капитализмот на почвата на Македонија, па до

формирањето на македонската

нација, македонскиот народ

минуваше низ повеќе фази на преобразување.

Генеза на Македонците

Од каде ние потекнуваме? Чии потомци сме ние? Ова е дебата

која неуморно се води во

македонските, но и странските

политички и медиумски кругови.

Дали сме потомци на Алексадар Македонски или, пак, сме

потомци од племињата на

Словените, кои тука се доселиле

во 7 век? Дали ако подигнеме споменик на Алесандар, ја

негираме поврзаноста со Самуил,

Кирил и Методиј или обратно?

Антиквизација или словенизација? Толку сме

преокупирани со тоа од каде сме

дошле, па забораваме каде

одиме.

Официјалниот македонски став, а

воедно и ставот на МАНУ за

генетскиот карактер на

македонскиот народ е дека современите Македонци се

производ на мешањето

на словенските племиња кои се

населуваат во Македонија во 7 век, со локалното население,

односно населението на

античките, старите Македонци.

Потврда за овој став се разните

антрополошки и генетски истражувања, коишто

констатираат 35% словенски

гени (од тип R1a), додека

останатите 65% се оквалифилкуваат како генетски

материјал од народите што ја

населувале Македонија пред

доаѓањето на Словените, односно од Античките Македонци со кои

денешните Македонци се многу

поврзани особено во физичкиот

изглед.

Page 15: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 15

Значи, без расправии, драги мои.

Секој кој живеел, чекорел,

опстојувал на оваа тло, можеме слободно да го наречемо наш

предок. Ако го славиме дедото,

не значи дека го потценуваме

таткото и обратно.

Најважното од сé, без разлика на

тоа која теза ја поддржуваме, е

дека ние сме еден посебен народ,

со посебни обележја и посебна национална свест. Ние сме

Македонци!

Културата и традицијата

на Македонците

Официјалниот став за културолошкиот карактер на

Македонците е дека

македонското културно

наследство е словенско, со силни византиски и отомански

влијанија и примеси. Ние

имаме богат средновековен

културен фонд, чијшто индикатори се многубројните

фрески, иконостаси и дрворези

во црквите и манастирите,

народните носии, книжевноста и друго.

Македонскиот народ исто така

има голема историска улога во

создавањето на словенската

писменост.

Имено, гласовниот инвентар на

дијалектот на македонските

Словени од околината на Солун е

земен за основа на првото словенско писмо (глаголицата), а

самиот дијалект издигнат до ниво

на прв книжевен словенски јазик

(во науката познат како старословенски), што чини

Македонците да имаат

извонреден придонес за

општословенската и европската култура. Македонија се смета за

лулката на словенската

писменост и култура, а

градот Охрид за Ерусалим на словенското православие.

Културата на Македонците е

импресионистичко-

традиционалистичка. Таа е силно поврзана со емоциите кон

родната земја и поднебјето во

коешто живеат.

Богатото културно наследство на

Македонците доаѓа до израз во народното творештво,

раскошните народни носии,

украсите и орнаментите во

градските и селските куќи, самиот архитектурен стил,

манастирите и црквите,

иконостасите, иконите,

дрвозерите, литературните дела итн.

Сето тоа е толку уникатно и препознатливо низ целиот свет.

Page 16: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 16

Факт е дека светските експерти

со воодушевување гледаат на

нашата култура и традиција. И не мислам само на постарите дела.

И денешниве уметнички дејци

зрачат со посебна уникатност и

генијалност, само што, ние толку сме преокупирани со тоа да

докажеме кои сме, да пренесеме

некаква порака за нас, таму

надвор, толку очите ни се вперени во надворешните

реакции, што забораваме што

имаме дома и колку тоа вреди.

Сé додека не стане предоцна, сé додека талентот на уметникот не

најде засолниште во туѓите

прегратки...

Ќе се сочуваме ли?

Народот е носител на

суверенитетот на државата.

Носител на суверенитетот на

македонската држава е

македонскиот народ.

Не негирам дека секој си го сака

народот на кој припаѓа и си ја

сака татковината (државата е

веќе друг концепт). Никој доброволно не би се откажал од

идентитетот на таа татковина. Но,

што точно правиме да го

сочуваме??

Не си патриот ако удриш со

рацете во градите и извикаш „Јас

сум Македонец!“, прогласувајќи

ги сите за „предавници“. Македонштината не е нешто што

се добива со раѓање,

македонштината е нешто што

се гради и изградува без

престанување.

Националниот идентитет

овозможува да се чувствуваме

како свои меѓу свои, без оглед

на пречките, тешкотиите, предизвиците кои ги носи

припадноста на една нација.

Ќе завршам со зборовите

на академик Блаже Ристовски, кој во едно итервју ќе каже:

„..нашето национално и државно

име не е уставно, туку тоа

е етнокултурно и историско. Во последните десетина години во

Македонија се појавија различни,

главно однадвор инфилтрирани,

мислења за македонската

етногенеза, за македонскиот ентитет и за македонскиот

културно-национален развиток

низ историјата.

Македонската академија на науките е навистина должна,

независно од државно-

политичките ставови што

најчесто се темелат и врз факти и аргументи што не се познаваат,

да се изјасни за овие и за

сличните прашања.

Повеќепати сум го поставувал тоа

прашање усно и писмено. Треба да се знае дека ние сме

Македонци, етногенетски

создадени од нашата и воопшто и

од балканската историја. Зборуваме словенски јазик како

писменост наследена од

солунските браќа Кирил и

Page 17: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 17

Методиј и особено од охридските

светители Климент и Наум.

Но, ние сме наследници на целата култура и историја на сé

што станувало на географско-

историската територија што го

носела и го носи македонското име...“

А, јас би додала „и на сé што

продолжува да го гради тоа име“.

Драги мои Македонци, процесот не е завршен, внимавајте како

градите...

Page 18: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 18

Елена Николовска

Ја мразиме, а пак ја бараме

„Европската Унија се движи кон пропаст!“, „ЕУ само нé лаже и ни

ги мачка очите!“, „Никогаш не нé

сакале во Унијата!“, „Македонија

никогаш нема да биде земја- членка на ЕУ“, „Уа ЕУ, оди си од

Македонија, добро ни е и без

тебе!“...

Од почетокот на годинава

буквално се изнаслушав вакви и слични скептични муабети. Имаат

право луѓето да бидат песимисти

и скептици, имаат право да речат

што сакаат, ова е демократско општество. Ама се прашувам,

зошто толку омраза и

песимизам?

Одговорот е и повеќе од

очигледен, нема потреба да се бара во некои скриени кулиси -

овој народ е сиромашен и

очаен. Нема среќа во

сиромаштијата.

Ама кога сите гледаат дека пред

очи земјата им оди надолу, кон

сé полошо и полошо, зошто

наместо да свртат грб и

едноставно да побегнат, да не се обидат оптимистички да ѝ се

спротивстават на оваа власт и

сами проблемот да го решат таму

каде што некој ќе ги чуе - во Европската Унија?!

Кажете што сакате, има

корупција и неправди и таму, ама

мислењето на граѓаните во ЕУ е највисоко ценето и почитувано.

Европарламентарците буквално

се тресат за она што ќе се

обелодени во јавноста, зошто

свесни се кој е поброен.

На 1-ви април во Европската

Унија стапува на сила законот за

Граѓанска иницијатива на

европските граѓани со што им се отвара можност на обичните

граѓани да влијаат врз одлуките

и регулативата на ЕУ во

Парламентот. Сите европски граѓани добиваат шанса да бидат

сослушани, подеднакво.

Не ми е јасно од каде толку омраза и лутина за вечно да си

мислиме дека никогаш нема да

Page 19: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 19

бидеме дел од ЕУ. Да,

преговорите траат ужасно

долго, и да, тоа е така поради една соседна држава која со

години го попречува нашиот

напредок. Ама така било

отсекогаш и така ќе остане, тоа се билатерални односи помеѓу

две соседни суверени земји. ЕУ

не може директно да се

вмеша во сувереноста на овие земји. Никогаш тоа не го ни

правела.

Ама ве прашувам, ако Унијата

никогаш не ни планирала

Република Македонија да стане

полноправна земја- членка на ЕУ, зошто „истура“ толку пари во

фондови за развој на земјава?!

Никој не фрла толку пари ако

оттаму не планира подоцна да извлече корист.

А, користа е јасна, зголемување

на територијата на единствен

европски пазар, ама во земја со стабилна економија. Ете, затоа

ни помага. Нé подготвува. Ни

прави услуга што подготовките

траат толку долго, наместо да нé

фрли во најдлабокото и да нé остави да се снаоѓаме сами.

ЕУ ништо не ни земала. Од

почетокот на годинава европски

фондови буквално се истурија врз нашава територија. За

одржлив развој, за пчеларството,

за билкарите. Сé што треба е да

побарате.

Не преку владини институции.

Тоа е убавото во ЕУ, можете

сами, без посредници, сами вие

како европски граѓани со европски права. Ви треба само

идеја и желба да ја остварите.

Корупциската рака на власта

секогаш ќе постои и можеби ќе ви се замеша во плановите. Така

стојат работите насекаде.

И сега не разбирам ни зошто

кога толку многу сакаме да

избегаме од ЕУ и ја мразиме, сите масовно вадиме бугарски

пасоши за да најдеме работа

токму таму, во Европската

Унија?!? Ја гледате ли иронијата на целава смешна ситуација?..

Бегаме од државава зошто „таа ништо не направила за нас“,

бегаме и од ЕУ зошто „и таа

ништо не направила за нас“, ама

Page 20: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 20

ни требаат и двете за да

избегаме и да најдеме работа.

Па добро, зарем сериозно мислите дека таму во ЕУ во

услови на глобална економска

криза, ќе ве дочекаат со раце

широко отворени и висока плата?

А, за цело тоа време зборуваме

за наш единствен идентитет

како македонски народ и бараме токму ЕУ да ни го заштити истиот

пред меѓународната заедница.

Кој идентитет треба да го

штити ЕУ ако ние сите веќе сме се пишале како Бугари?!

Стратегијата на Унијата треба да

ви биде јасна. Република

Македонија ќе стане полноправна земја- членка на ЕУ. Македонците

не треба да бараат подобар

живот надвор од државата, треба

да ги искористат европските пари за да создадат подобар живот

внатре во неа.

Нема никаква корист ако мразиме

и бегаме, во историјата ќе бидат запишани тие што останале да

се борат. И да, ќе им биде

потешко, ама на крајот ќе бидат

посреќни што со својот вековен идентитет сега можат да се

наречат Европјани...

Page 21: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 21

Со бугарски пасош кон Западот

Македонци, Молдавци и Украинци

се туркаат за да добијат бугарски пасош. Многумина планираат да

заминат во други земји од

Европската Унија, но најпрво

треба да ја поминат бугарската администрација.

„Земав бугарско државјанство

затоа што сум Бугарин. Како што

биле и татко ми, дедо ми и

прадедо ми. Горд сум на моите корени и сакам во пасошот да ми

стои: „Државјанин на Република

Бугарија.“

Ова очекувавме да го чуеме кога застанавме во редот од десетици

Македонци, Украинци и

Молдавци, кои сакаат да станат

бугарски сонародници. Бугарија без проблем дава пасоши на

жителите од овие земји кои

можат да го докажат бугарското

потекло.

Но, повеќето кои чекаа отворено

кажаа дека не се таму затоа што

се сметаат за потомци на

бугарските канови, туку од практични причини.

„Доколку Бугарија се развива

исто како Словенија, ако платите

се зголемат и квалитетот на живеење се подобри, ќе останам.

Инаку планирам да заминам за

Италија со новиот пасош. Таму би

сакал да живеам и работам,“ вели 25-годишниот Далибор од

Делчево.

Се чека ред пред Министерството

за внатрешни работи во Софија,

одделот којшто доделува сертификати за националност на

натурализираните државјани.

Секој ден, од 9:30 до пладне,

околу 200 лица трпеливо чекаат да го добијат бесценетиот

документ што ќе им овозможи

бугарска лична карта и пасош.

Некои поднеле барање за натурализација пред неколку

години, други пак скоро и имаа

среќа брзо да си ја завршат

работата.

Page 22: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 22

Млади, без работа и без

соодветни квалификации

Младите Бугари се жалат на

лошата организација и хаосот при чекањето ред за

државјанство. Често некои чекаат

со денови пред зградата, други

спијат во автомобилите, па отседнуваат и кај пријатели или

во евтини хотели.

Македонците се најбројни меѓу

поднесителите. Некои живеат преку границата, па се враќаат

со воз, а има и компании кои

нудат специјален возен ред за

оваа пригода поради големата

побарувачка за натурализација.

Повеќето се млади, без работа и

без соодветна квалификација.

Доколку ги прашате што мислат

македонските власти за егзодусот, ќе ви речат „не им е

гајле“.

Денес, Далибор дојде со

братучедите и неколку другари,

сега веќе сите нови Бугари. Но,

никој не сака да остане да живее

тука. Сите сакаат да одат на

Запад.

За да го добијат документот што ќе им го овозможи тоа, им треба

бугарска адреса на живеење.

„Тоа не е проблем“, велат. „Сите

пријавивеме иста адреса. Во некои бугарски села покрај

македонската граница тоа е

пазар. На некои адреси се

регистрирани стотици Македонци.“

Поедноставен живот

Далибор го поднел барањето

една година порано. Пред да дојде тука морал да „скокне“ низ

сите обрачи пишани во новиот

Државен закон. Најтешкиот дел –

како што тој го нарекува „аудиција“ – бил интервјуто

„лице в лице“ со експерти од

Министерството. Морал да ги

докаже бугарските корени и да

покаже одлично владеење на јазикот.

„Само им ја кажав фамилијарната

историја“, вели. „Дедо ми е

Бугарин. Се борел во Втората светска војна. Живеел во...

Плевен“ вели двоумејќи се, „да,

Плевен (северна Бугарија). Во

1943 ја напуштил бугарската војска и се приклучил на

српската. Потоа купил земја

близу Делчево.“

Дваесеттина Бугари од Бесарабија, исто така, чекаат да

Page 23: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 23

добијат државјанство. Доаѓаат од

Украина и Молдавија. Некои се

тука со години.

Лила Грекова, 31 годишна, дошла

во 2003 од Болхрад, Украина –

град основан во средниот век од

бугарски колонисти. Таа студира психологија на Универзитетот

„Велико Трново“ (централна

Бугарија).

„Поднесов барање во 2006“, вели таа. „Генеолошкото дрво на

мојата фамилија оди до 18 век.

Од татко ми знам дека

потекнуваме од Јамбол (јужна

Бугарија), а сме мигрирале за време на Отоманската

окупација“, вели таа додавајќи

дека не сака веднаш да замине

со новиот пасош.

„Новото државјанство ќе ми го

поедностави животот тука, во

Бугарија“.

Подготви: Милена Петровска Извор: Press Europe

Page 24: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 МК ВО ЕУ страна 24

Северно Косово - закана за Македонија и Босна

Европската унија и САД имаат

клучна улога во Босна и Херцеговина и Македонија во

услови на нови меѓуетнички

тензии во овие мали, но

стратешки важни балкански земји.

Постои големо очекување дека

идниот договор за доделување на

специјален статус за Србите во северно Косово, ќе заврши

со она што некои го нарекуваат

„замрзнат конфликт" во

регионот, давајќи дополнителна

политичка тежина на про-ЕУ српскиот претседател Борис

Тадиќ и со кој Косово ќе се

доближи до ЕУ со quid-pro-quo

договор за либерализација на визниот режим и правото да

потпишува правни договори.

Но, како тогаш ЕУ и САД треба да

се справат со потенцијален

пропратен ефект во соседна

Македонија?

Дали тие треба да се обидат

нежно да го убедат Али Ахмети,

лидерот на главната албанска

политичка партија во земјата, да не побара автономија за својот

народ?

Или пак треба да користат

валкани трикови за да го

присилат да се симне од власт и

со тоа да се неутрализира неговиот капацитет за да

направи проблеми?

Не толку одамна, токму Ахмети

во 2001 година ја поведе

неговата мала герилска армија во отпорот против силите на

македонската држава за да

бараат повеќе права за

етничките Албанци отколку што има во рамките на сегашниот

договор.

Новиот Косово- Србија договор,

исто така отвора прашања за Босна.

Дали ЕУ и САД треба да го

укинат посебниот статус на

босанските Срби во малата федерација и да постават Устав

од типот на оној во Македонија,

Page 25: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 МК ВО ЕУ страна 25

во обид да поттикнат нов бран на

Балканизација?

Или треба да постават Косово-тип модел на поделба на власта во

Босна? Или пак треба да го

искористат српскиот устав како

пример за малцинските права во целиот регион?

Земјите од Западен Балкан се во

хаос во однос на различни права

дадени на различни етнички и секташки групи, од кои повеќето

одат под имињата на

малцинствата, кои не се

мнозинство и заедници - имиња кои им помагаат на мнозинства

да ја монополизираат власта на

нивната територија.

Мнозинствата - Бошњаците во

Босна; Србите во државата на Република Српска; Србите во

Србија; Албанците во Косово;

Македонците во Македонија, па

дури и Хрватите во Хрватска, прават сé што можат за да им

помогнат на малцинствата.

Во меѓувреме, Западните

спонзори се служат со

применување на магичната формула со латински термини

како „sui generis" за да се

преправаат дека секоја земја е

херметички уникатна и посебна.

Во некои случаи, земјите на ЕУ

самите поставуваат лош

пример: само помислете на

правата на Ромите во Франција или третманот на Туниските

бегалци во Италија.

Дојде време за ЕУ да го

промени својот пристап. Да го прекине наметнувањето на

мешани права за т.н. малцинства

и мнозинства на Балканот и

наместо тоа да се сврти на

универзалните „права за сите граѓани“.

Ако косовските Срби добијат

специјален статус на Косово,

тогаш никој не би имал морално право да го натера Ахмети во

Македонија да молчи.

Никој не би имал право да каже

„не“ на посебениот статус за Србите во Босна, за Албанците,

Бошњаците и Унгарците во

Србија или за Бошњаците во

Црна Гора.

А што е со Албанците и Македонците во Грција? Што е со

Турците во Бугарија или Русите

во Латвија?

Ние наместо тоа го предлагаме Бриселскиот модел за

балканските земји.

Page 26: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 МК ВО ЕУ страна 26

Не белгискиот модел. Белгија е

поделена на три региони -

Валонија, Фландрија и Брисел – таа не успеа да формира влада

повеќе од една година. Но,

главниот град на Белгија - кој е

поделен на 19 добро функционирачки општини со

еднакви права за сите нејзини

жители, без разлика од каде

доаѓаат - нуди важни лекции.

Исламистичка закана

Во меѓувреме, ЕУ и САД, исто

така мора да одговорат на две

други прашања со кои се загрозува иднината на Западен

Балкан - политичкиот ислам и

економската пропаст.

Тоа не е широко објавено, но радикалните исламисти сé повеќе

се инфилтрираат во умерените

муслиманските заедници во

Босна, во регионот на Санџак во

Србија, во Косово, Македонија и во Албанија.

Овие вахабистички елементи не

беа тука пред Балканските војни.

Но, сега тие се обидуваат да создадат нови тензии помеѓу

не-муслиманите и муслимански

умерените - во Македонија во

јануари беа запалени православни цркви.

Во исто време, додека арапски

пари - и добри и лоши - се

фрлаат во регионот, економската криза во ЕУ е причина за

драстично намалување на

приходот.

Со околу 45 проценти невработеност во Косово и 32

отсто во Македонија, ранливите

луѓе на Балканот кои ги гледаат

нивните услови за живеење - веќе сиромашни по стандардите

на ЕУ - еродираат чекор

понатаму.

Овие три проблеми - политичката фрагментација, сиромаштијата и

почетокот на вахабизмот - се

причина за сериозен аларм и за

ремонт на ЕУ и политиката на САД.

Во изминатите 10 години од

Балканските војни, западниот

пристап во регионот е:

„Сé додека не постојат

калашникови по улиците, сé е во

ред.“

Тоа е сепак далеку од „во ред“. Ако даночните обврзници во

Франција, Германија, Велика

Британија и САД не сакаат да ги

видат своите милијарди долари дадени за помош во регионот

Page 27: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 МК ВО ЕУ страна 27

фрлени залудно, тие треба да

повикуваат и лидерите да

погледнат подалеку од безбедносните прашања на

„проектот“ Балкан.

Успехот на Балканот, како во

внатрешноста на Европската унија, не е само ставање крај на

вооружениот конфликт. Тој доаѓа

кога сите Европејци ќе уживаат

во вистинските плодови на

демократијата: политичка еднаквост, слободата на

движење; на социјална помош;

пристојно образование;

пристојно здравствено осигурување и пристојни изгледи

за добивање на работа.

Анализата е направена од Абрахам- Ибрахим Келменди и Едмонд- Екрем

Красниќи кои се независни новинари и аналитичари на Балканот.

Објавена е за EUobserver.

Превoд: Елена Николовска

Page 28: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 ЕКОНОМИЈА страна 28

На пат кон новата црвена линија

Еврофондовите за помош

дополнително ќе се зголемуваат,

а паралелно со тоа ќе се зголемува и одговорноста на

Германија како земја-гарант.

Уште еднаш Берлин ги пречекори

границите кои самиот ги одреди.

Коалиционите членови

негодуваат, но се чини дека ја

изгубиле волјата да се борат

понатаму. Министерот за економија Шобл вети дека ова

ќе биде за последен пат, но

искуството кажува поинаку.

Поставувањето на граници сред

кризата во еврозонота е двосмислено и ризично. Во

последниве месеци и години

многу ограничувања беа

поставени: Грција не требаше да добие ни цент, Германија не

требаше да ги плаќа долговите

на другите земји, Европската

централна банка немаше планови да купува безвредни државни

обврзници, а се согласи и на тоа.

Но многу од овие граници беа

преминати, избришани, преименувани или просто кажано

- заборавени.

Сега уште една црвена линија е

премината. Спротивно на

првичните тврдења фондовите за спас на еврозоната ќе

бидат зголемени, а со тоа и

недопирливите и непроменливи

германски придонеси од 211 милијарди евра.

Коалиционите лидери во Берлин

се обидуваат да го минимизираат

овој потег.

- Генерално ризикот е намален,

вели Вокер Каудер, лидер на

конезервативната

демохристијанска партија. - Можеби вака на хартија не

изгледа вистинито, но во суштина

тоа е вистината.

Во меѓувреме канцеларката Ангела Меркел ги истакна

наводните психолошки

придобивки од зголемувањето

на фондот.

Но не сите од партиските редови се убедени - тие негодуваат за

она што се случува позади

затворени врати. Дури и

озлогласениот бунтовник против

дополнителната помош за извлекување на должниците

изгледа изморен од залудната

борба против помошта и

ризиците.

Досега сиот отпор беше

неуспешен. Само

Page 29: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 ЕКОНОМИЈА страна 29

парламентраците Клаус Питер

Вилш и Манфред Колбе, веќе

познати како чести критичари на политиките за еврото, го искажаа

својот став на состанокот

претходниот четврток, велејќи

дека ризиците веќе не можат да се проценат.

На крајот министерот за

финансии, Волфганг Шобл успеа

да издејствува парламентарната група да му даде широки

овластувања за да го поддржи

привремениот соживот со

европската финансиска стабилност.

На состанокот со своите европски

колеги во Копенхаген во петокот, само четворица парламентарци

одбија да ја дадат својата

поддршка кон планот.

Бунтовникот против еврото, Петар Гаувел не беше присутен

на состанокот. Помладиот

коалиционен партнер на Меркел,

слободните демократи, ориентирани кон биззнис

заедницата не гласаа, но

извештаите говорат дека во

голема мера се согласуваат со

договорот.

Меркел неодамна изрази подготвеност да ги искомбинира

преостанатите средства од

Европскиот фонд за финансиска

стабилност (ЕФФС) со постојаните на Европскиот

механизам за стабилност (ЕМС).

Со ова, таа конечно потклекна на

меѓународниот притисок, за зајакнување на заштитниот ѕид

против проширувањето на евро

кризата.

Крајниот лимит на кредит од 500 милијарди евра спрема ЕМС ќе

остане ист, согласно со овие

планови. Но ЕМС ќе биде

надополнет со 190 билиони евра

од Европскиот фонд за финансиска стабилност кои веќе

беа наменети за помош на Ирска,

Португалија и Грција.

Првично, овие пари не биле вклучени во пресметките на

Европскиот фонд за помош, но на

овој начин максимално ќе се

зголеми моќта за помош на земјите должници.

Имено, останатите неискористени

средства на Европскиот фонд за

финансиска стабилност од околу

240 милијарди, ќе останат како резерва за итни случаи, сè

додека ЕМС не го достигне

максималниот капацитет, кон

средината на 2013 година. Првично неговата моќ ќе биде

ограничена на околу 200

милијарди евра.

Page 30: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 ЕКОНОМИЈА страна 30

Но, според учесниците на

парламентарната средба Шобл

изјави дека новите програми за помош, главно, ќе бидат

финансиран од страна на

Европскиот фонд за финансиска

стабилност, и ЕМС, кои брзо би можеле да го достигнат својот

лимит до крајот на првата

година, ако Шпанија или Италија

бидат принудни да побараат помош.

Прашањето дали овој нов

договор ги зголемува ризиците на

даночните обврзници остана неодговорено. Според сето ова ќе

биде тешко Германија да не ја

премине сегашната црвена

линија и да не се зголеми

границата на нејзината одговорност.

Сегашните суми кои се во

циркулација се од 230 до 280

милијарди евра, многу повеќе од одредениот максимум од 211

милијарди евра. Кредитот од

Европскиот механизам за

финансиска стабилност за Ирска, Портигалија и Грција ќе се враќа

во просек 25 години.

Сепак во вторникот прашањата

на конзервативната

парламентарна група беа ограничени. Наводно

канцеларката ги убедила дека

дефинитивно ќе можат да гласаат

за зголемувањето на фондот за помош во Бундестагот.

Се очекуваше дека парламентот

ќе гласа за ЕСМ кон крајот на

мај, за закон кој исто така ќе

вклучи законодавство за

фискалниот пакт на Меркел, со

кој 25 членки се обврзуваат на поголема фискална дисциплина.

Но во вторникот, опозицијата,

чија поддршка ќе и биде

потребна на Меркел, инсистираше на повеќе време за

преговарање, велејќи дека

фискалниот пакт мора да вклучи

мерки за зголемување на растот во земјите погодени од кризата.

Меркел го пофали зголемувањето

на заштитните резерви како

„последниот чекор на логичниот пат“, но некои конзервативци се

сомневаа дали поставените цели

беа навистина постигнати. Во

вторникот Организацијата за

економска соработка и развој изјави дека пакетот за спас на

еврото треба да биде зголемен на

најмалку 1 трилион евра за да

помогне на еврозоната да заздрави економски.

Европската комисија исто така би

барала повеќе отстапки од

Германија, претпочитајќи ЕСМ и ЕФФС да се водат паралелно со

полна пареа, преку што нивниот

обем би се зголемил на некои 940

билиони евра. Најдобрата опција,

според нив, би бил транфер од фондовите на ЕФФС во ЕСМ – што

би довело до експлозија на

германската одговорност,

достигнувајќи обем од 400 билиони евра.

Подготви: Кристина Вељаноска

Извор: Spiegel

Page 31: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 МЛАДИ СО СТАВ страна 31

Анамарија Велиновска

Социјалните мрежи – непријатели на социјалниот живот

Денес ретко кој нема профил на Facebook или Twitter. Тие се

социјални мрежи и официјално,

ни служат за подобро да се

поврземе со останатиот дел од светот. Но, дали навистина е

така?

Facebook, по дефиниција, е

мрежно место кое служи како услуга за друштвено вмрежување

со слободен пристап која

функционира и е приватна

сопственост на корпорацијата

Facebook.

Корисниците можат да се

придружат на мрежи

организирани по градови, работни места, училишта и

региони за да се поврзат и

комуницираат едни со други. Тие,

исто така можат да додаваат пријатели и да им испраќаат

пораки и да ги ажурираат

нивните лични профили за да ги

известат пријателите за

најинтересните настани во својот живот.

До пред неколку години, еден

најобично поминат ден не

подразбираше никакво интернет поврзување. Едноставно, немаше

потреба од тоа, бидејќи луѓето се

среќаваа низ маало, во парк,

случајно во некое кафуле и сл.

До пред неколку години, за да

„падне“ договор за следното

излегување или собирање на

кафе, не беше неопходно да се

има профил на социјална мрежа.

Не беа потребни никакви event-

ти за да се дознае каде има

забава и повторно можеше да се

вратиш дома, со прекрасни спомени, кои не мора уште

истиот момент да ги постираш на

„ѕидот“.

Не е дека тогаш било подобро време, но сепак денес, посебно

ние младите генерации, сме

помалку или повеќе зависни од

поврзувањето на интернет.

Еден тинејџер ретко може да си замисли како да преживее без да

го провери профилот на Fb –

неколку пати на ден.

Многу пати не го ни користиме профилот за вистински цели. Се

разбира дека овозможува

бесплатно да се слушнеме со

Page 32: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 МЛАДИ СО СТАВ страна 32

другари од друга држава, кои се

подалеку од нас, но мрежите

честопати се и искористувани за негативно промовирање, како на

пример, „премолчениот“

натпревар помеѓу девојките, за

тоа која ќе постави поразголена фотографија и ќе собере

најмногу сочни коментари.

Сето она што го добиваме како

повратен одговор од другите активни корисници (кои најчесто

и не ги познаваме) претставуваат

лајковите, коментарите, инбокс

пораките и чет разговорите.

Лајковите се најголемата гордост

на секој корисник, највисоко достигнување и исполнување на

најсилните амбиции.

На почеток, пред да се достигне

моменталната проширеност на Facebook ретко кој посветуваше

внимание на лајковите – тогаш и

можеби оваа мрежа си ја имаше

вистинската намена.

Но сега, кога ќе погледнете дека

најголем број лајкови има на

слика на која има се, освен

облека; сите коментари се полни

со ласкање и умилкување, со срценца и цветчиња, се

наметнува прашањето – што се

случи со приватноста и

искреноста?!..

За жал, за некој, профилот навистина престатвува живот.

Таму има над 2 000 пријатели со

кои буквално нема ни речено

здраво, но со кои има разменето многу лајкови, слатки

коментарчиња и дооолги

„четувања“, без никаква желба

разговорот да продолжи и во живо...

Интернетот, како и се друго,

добро е само ако е умерено. Тој е

тука да ни послужи, а не да не

направи негови робови.

Не дозволувајте Facebook да ви

го контролира денот. Ајде,

одјавете се од вашиот профил, и

логирајте се во најблискиот парк. Имајте интересен ден, нормално,

без интернет!

Page 33: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 МАРКЕТИНГ страна 33

Page 34: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 АРТВИЗОР страна 34

Aлександра Николовска

Скопското Кале од праисторија до денес

Кога старите скопјани

раскажуваат за своето Кале, кажуваат дека долг период тоа

било избегнувано, затоа што

мислеле дека е опседнато или

проколнато. Низ Скопје кружат неколку приказни за чудните

настани на Калето, колку се

вистинити - вие сами пресудете.

Во шеесетите години, после големиот земјотрес биле

испитувани скривниците во

внатрешноста на Калето.

Испитувањата биле вршени во

најголема тајност, а при истите биле пронајдени чудни работи.

За време на испитувањата се

случил инцидент, при што еден

од испитувачите се задушил во внатрешноста на скривницата.

Кога го извадиле човекот, целиот

бил помодрен со чудна боја на

кожата и покрај тоа што носел маска, заштитно одело и опрема

за дишење.

После ова, испитувањата биле

прекинати, а скривниците

затворени.

Но, сепак љубопитноста кај

младите не стивнала.

Млади момчиња, се опремиле со

некаков алат, како конец, батерија, свеќа и заштитни маски

и се решиле да влезат во

скривницата. Кога влегле првиот

пат, внатре нашле човечки

костур и голем базен со вода. Во

базенот фрлиле камен и според звукот на каменот кој го дал

откриле дека базенот е многу

длабок.

Но, истражувањата на момчињата не запираат тука, тие повторно

влегле во скривницата. Но,

овојпат еден од нив излегол со

страшни последици за кои никој не зборува до ден денешен.

И покрај верувањата дека скопското Кале е опседнато или

проколнато, тоа сé уште е еден

од најпривлечните и

најпровокативните, но истовремено најконтроверзни и

најсложени локалитети за

истражување.

Иако со тој простор е поврзана

целата културна и политичка историја на градот од најстарите

праисториски времиња до

земјотресот во 1963 година, сé

уште претставува само обична

Page 35: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 АРТВИЗОР страна 35

тревна површина со

прекрасен видик на целото

централно градско подрачје.

Скопската тврдина Кале, се наоѓа

на ридот наречен Градиште со

поглед на реката Вардар. Токму

на Калето се наоѓаат остатоци од најстарата населба од Бакарното

доба, 4 милениуми пред нашата

ера. Остатоците се земјенки или

полуземјенки со функција на живеалишта, култни објекти и

керамички садови, алатки и

сечила од коска и камен.

Во периодот на Бронзеното доба, или поточно во текот на 3 и 2

милениум пред Христа,

продолжува праисториското

живеење на Калето. Од овој

период се откриени печки за керамика, делови од објекти од

средното бронзено доба и една

куќа од доцното бронзено доба.

Сите овие откритија зборуваат за

континуиран развиток на една

локална култура во која се негувале општобалканските

вредности.

Најмладата праисториска

населба, онаа од Железното

време (прва половина на првиот Милениум пред Христа) значела

продолжување на животот, но

сега концентриран на нова

позиција, главно во југоисточните делови на Калето.

Поинтензивни остатоци од

живење во следните векови од

втората половина на првиот милениум пред Христа, засега не

се откриени, но поедини наоди

потврдуваат одредени активности

на Калето во текот на 4 век пред наша ера.

Откриен е култен простор -

ритуална јама со остатоци од

животински жртви, ритуално

јадење, керамика, вообичаена за 4 век пред нашата ера во

Скопско, и наод на бронзена

монета на Александар

III, најстарата досега откриена монета на Калето.

Следните остатоци од населбата

припаѓаат на Средновековниот

град.

Непрекинатиот и бурниот

историски развиток како

вистински градски центар или

Средновековно Скопје започнува

некаде кон крајот на 10 век или во Самуилово време и трае до

денес.

Тогаш, под Самуил, Скопското

Кале било заштитено со убаво ѕидани бедеми, кои целосно го

оградуваат Горниот град,

формирајќи, по многу нешта

Page 36: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 АРТВИЗОР страна 36

единствен фортификационен

систем, граден според

највисоките тогашни критериуми и градежни техники.

Откриените бројни монети од 10

и 11 век, погребувања веднаш од

внатрешната страна на јужниот бедем, боеви секири и стрели,

керамика и други ситни наоди од

истото време- зборуваат дека

Калето во тоа време функционирало најверојатно

како голем воен кастрон.

Сите остатоци од оваа условно

кажано „самуилова” фаза се проследени со монетни наоди на

т.н. анонимни фолиси, и на

императорите Василиј II,

Никифор III и Михаил VII, сите

од 10 и 11 век, откривани најчесто во изворна

положба. Сето ова убаво го

документира важното место и

големо историско, економско и политичко значење на Скопската

тврдина во времето на Цар

Самоил и неговите следбеници.

Кон крајот на 11-тиот век (од

1081-88 и пак во 1097 год.)

Скопје го држат Норманите

(Викинзите), кои претходно ја

зазеле византиската Јужна

Италија, од каде се шират на Балканот. Така, генералот

Пунтесиј со 200 оклопници ги

зазел, најпрво градовите во

денешна Јужна Албанија и преку Охрид и Полог стигна во Скопје,

кое го држеле од 1081 до 1088

година.

Норманите биле познати како производители на многу

квалитетно оружје од добар

челик. Од тоа време, кај

југоисточната кула на Калето, откриени се делови од

работилници и ковачници, со

згури од железо и од хром, а

пронајдени се и делови од

викиншки самострел.

Тоа важело за страотно оружје во

тогашна Европа, а го користеле

само Викинзите, така што наодот

од Скопската тврдина претставува најубавата потврда

за присуството на Норманите во

Скопје.

За време владеењето на династијата на Комнените, низ

целиот 12 век, во Византиското

царство владеел мир и

благосостојба. Според наодите

на камени делови од украси на иконостас, на Скопската Тврдина

во тоа време биле подигнати

најмалку две цркви.

Според историските извори од 1204-1264 година, Византиската

империја била по прв пат

раздробена и поделена на повеќе

мали држави.

Page 37: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 АРТВИЗОР страна 37

Околу Скопје војуваат: Бугарите,

Србите, Епирците, феудалците од

Просек и Солун, царевите од Никеја.

Економскиот пад на империјата е

одразен во квалитетот на парите

и другите производи. Сепак, животот во скопскиот Горен Град

продолжил со ненамален

интензитет, при што е

забележано дека и Долниот град бил укрепен со обѕидие.

Историските податоци кажуваат

дека од крајот на 13-тиот до

крајот на 14 век Скопје го држеле Србите. На местото на

византиските чиновници доаѓа

српска администрација, а кралот

Стефан Душан ја преместил престолнината од Призрен во

Скопје, каде бил крунисан за цар

и го издал познатиот Законик.

Од пишаните извори, исто така, знаеме дека Горниот Град (Кале)

во тоа време бил густо изграден

и дека таму стоеле најмалку 4

цркви. Градските бедеми на Калето биле обновени,

заградувале сосема нова

урбанизација, при што градот

бил незнатно проширен во северозападниот дел. Јужната

влезна порта го користела

стариот премин, но прагот и бил

подигнат за околу 1м повисоко. Од источната страна била

доѕидана голема квадратна кула

како пандан на западната.

Остатоци од пространи јавни градби, градени од камен или со

камен и тули и техники

карактеристични за тоа време се

откриени на неколку од истражуваните позиции.

На највисокиот и најдоминантен

дел од Калето, во југоисточниот

дел на градот, откриена е црква

со крстообразна внатрешност и со некропола околу неа. Меѓу

другото, од оваа црква се

сочувани парчиња од фрески (со

стилско-ликовни одлики од крајот на 13-14 век), потоа еден

посребрен путир скриен во

криптата северно од црквата и

позлатен сребрен сервис украсен со алмандини, емајл и голем

грчки натпис околу него (најден

порано, во јужното подножје на

црквата).

Во гробовите околу црквата е најден бронзен и сребрен накит

како и повеќе монети кои

потекнуваат од 13 и 14 век, како

и една секундарно употребена надгробната плоча на некој

болјар Влатко, со старословенски

натпис, датирана во 1281

година.

Page 38: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 АРТВИЗОР страна 38

Во 1391 година Јигит-бег го

освоил Скопје. Бидејќи

скопјаните пружале силен отпор, Турците за казна го разурнале

градот и делови од градските

бедеми. По тие настани Калето

добива нов карактер и служи како воена касарна.

Границата на Турската империја

набргу се поместува далеку на

север и Скопската Тврдина го губи воено-стратешкото значење,

освен како касарнски простор за

мала воена посада.

Од тоа време, во североисточниот дел на

тврдината откриени се бројни

јами од кои се вадела глина, а

потоа служеле како отпадни јами

засипувани со отпадот и чкартот од околините занатски

работилници.

Во есента 1689 г. австриска

војска под Пиколомини го зазела Скопје. Во воениот извештај

испратен до царот во Виена стои

дека Скопската тврдина е бела

полуразурната, слабо бранета со 12 запустени кули и слаб

одбрамбен ров (од исток).

Доволни биле 400 коњаници за

во еден јуриш да ја освојат

тврдината.

Овој извештај е сосема спротивен

од распеаниот опис што го

оставил Евлија Челеби од истото

тоа време.

На крајот од Првата светска

војна, во 1917-18 година, на

Калето бил сместен штабот на

Австриската војска. Траги од тој

престој се откриваат во

најгорните слоеви на Калето во форма на оружје и други ситни

предмети од војнички карактер.

По формирањето на Југославија,

во време од 1921-30 год. на Калето беа изградени 10-ина

масивни воени градби: генерал-

штаб, касарни, магацини и др.

Тие таму стоеле до 1951 година кога војската била повлечена од

Калето, а во градбите се вселиле

Археолошкиот и Историскиот

музеј.

Во земјотресот од 1963 година

сите овие градби биле

срушени, на места формирајки

рушевински слој со дебелина од

неколку метра.

Денес Скопската тврдина Кале е

отворена за посетители. Калето,

со својата големина е, исто така, место на кое се одржуваат

концерти и фестивали под

ѕвездите.

Затоа, доколку не верувате во

приказните за тоа дека Калето е опседнато и проколнато, не

Page 39: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 АРТВИЗОР страна 39

чекајте, патиките на нозе, качете

се на тврдината и уживајте во

пролетното зајдисонце над Скопје.

Page 40: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 АРТВИЗОР страна 40

Од перото на Владимир Неделковски

THE BIG YEAR (2011) Улоги: Jack Black, Owen Wilson, Steve Martin Режија: David Frankel Сценарио: Howard Franklin Продуцент: Ben Stiller (За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Хоби за луѓето со вишок

слободно време (и кеш)

Што имаат, Стив Мартин, Овен

Вилсон и Џек Блек, заедничко? Три особини:

1. Сите во Сад ги знаат како

славни и пристојни актери

2. Повеќето луѓе во РМ ги виделе

нивните фимови, НО НИКОЈ НЕ ГИ ЗНАЕ ПО ИМЕ (!?)

3. Новата хит - комедија во која

глумат сите тројца: „Големата

Година“ – филмска приказна за најчудниот спорт/хоби на

планетава, набљудувачи на

птици. Со ред...

Здружението на љубители на

птици, повремено, прогласува за

активен, еден специфичен натпревар т.н. Големата Година.

Учесник може да биде секој што

поседува двоглед. Станува збор

за натпревар во набљудување

птици. „Шампионот“ во оваа активност, во моментот е Кени

Бостик, кој во минатогодишната

Голема Година го поставил

рекордот од 732 забележани, различни видови птици.

Но, оваа година ќе биде

поинаква. Оваа година има

жестока конкуренција претставена со бизнисменот во

пензија, Сту Прајслер и

новинарот Бред – животогодишен

птичји обожавател. Сите тројца се сериозни, возрасни мажи, кои

имаат свои животи, свои

професионални и домашни

проблеми... И СИТЕ ЛИЧНИ

РАБОТИ ОДАТ КАЈ ШТО НЕ ТРЕБА, кога ќе започне натпреварот.

Компетицијата е силна и во

квалитет и во квантитет, а сите

тројца се загреани до коска за да го соборат рекордот од 732 птици

и да станат – ПТИЧАРОТ НА

ГОДИНАТА! (Бреј!)

Page 41: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 АРТВИЗОР страна 41

Филмот, всушност следи три

паралелни приказни, кои се

судираат во најважните моменти и на крај конвергираат во една

величествена (па и не е толку

величествена) кулминација.

И сума сумарум... НЕ Е СМЕШНО! Не, без шала. Не е смешно. Иако

е вложен труд за да ситуациите

во филмот имаат комична

конотација, хуморот отсуствува и тоа е тоа.

Сепак, тоа не значи дека филмот е здодевен. Напротив.

Кога еден хардкор

екшн/ЕсЕф/драма/хорор –

љубител како јас, на пример, ви

порачува дека приказна за набљудување птици Е интересна,

тогаш, веројатно би требало, да

ги заинтригира сите вкусови.

Вредно е да се напомене и дека идејата произлегува од вистински

факти и дека името на

шампионскиот Птичар не е

измислено, што повлекува впечатлив заклучок дека на овој

свет има луѓе кои можат да

посветат сé, ама буквално сé,

само за да уживаат во глетката

на редок птичји вид. И тоа е,

всушност, најсилната страна на овој филм; веродостојноста во

прикажувањето на одлучноста,

упорноста, истрајноста, на еден

просечен љубител на птици.

Навистина е импресивно до кои

крајни граници на разумноста на

некое хоби, би оделе птичарите

за да ја постигнат својата цел. Патувања од еден крај на

америчкиот континент до друг,

посети на локалните острови и

полуострови, долги и исцрпни пешачења по степи, снегови и

планини, губење на слободното,

работното и „брачното“ време и

сето ова со една единствена цел:

Да се види онаа ретка птица, онаа природна скапоценост, која

никој друг не ја видел.

Звучи малку лудо, малку глупаво,

но и многу доследно на сите вистински авантуристички идеи.

А, во суштината на сите

активности кои спаѓаат во хоби

на отворен простор, лежи токму тој авантуристички дух. Желбата

за истражување, за пронаоѓање,

за спиритуално воздигнување.

Page 42: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 АРТВИЗОР страна 42

Кога на сето кажано ќе се додаде

и интересен факт како

надреалниот бодовен систем кој се применува во овој квази

спорт, станува уште

попримамливо да се види овој

филм. Имено, се добива по еден бод за секој виден и запишан вид

на птица. Значи за секој вид. И

редок и нетолку редок.

И згора на тоа, НИКОЈ НЕ ЈА ПРОВЕРУВА ВЕРОДОСТОЈНОСТА

НА ЗАПИШАНАТА БРОЈКА (!?).

Значи... Ти си одиш по планина,

гледаш пиле (а доволно е и да го чуеш..!?) го запишуваш у

тетратка и готово. ВЕЌЕ СИ

ОФИЦИЈАЛЕН ПТИЧАР! Бре.

Никој нема да те праша „абе, стварно виде розевоножна

гуска?“ или пак, да ти побара

некаков доказ како фотографија

или пердув или шознам. Целиот

птичарско-набљудувачки систем се заснова на чест. Едноставно

на слепа верба: штом птичарот

вели дека видел, значи видел и

точка. НЕВЕРО-ФА**НГ-ЈАТНО!

Морам да признаам дека и мене

ми е тешко да прифатам за

реално нешто такво. Но, ако го гледате внимателно филмот, од

почетокот до крај, ќе забележите

нешто кај сите тие луѓе т.н.

птичари, што денес ретко се среќава кај модерниот-

монетарно-опседнат-човек.

Тоа е веќе споменатиот

авантуристички дух, кој просто зрачи од птичарите. За птичарите

вистинска авантура не е да се

пронајде редок вид на птица. За

нив вистинската авантура е потрагата по редок вид на птица.

Авантурата е самата по себе

награда! Кул...

Се читаме! Конечна оценка 7,5/10

Page 43: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 АРТВИЗОР страна 43

HOW I MET YOUR MOTHER (2005-денес)

Покажете ја мајката, аман!

Телевизиска серија со ветувачки

наслов. Барем така изгледаше на прв поглед – „Како ја запознав

мајка ви“ (анг. How I met your

mother).

Серија која требаше да ги замени

сите клишеа кои ги имавме видено, од типот на „Пријатели“

или пак уште постарата

„Синфилд“. Серија во која

главниот лик, очигледо се

обидува на своите деца да им раскаже како ја запознал

нивната мајка.

Па така во овие седум сезони,

видовме дека секоја можна епизода почнува со зборовите:

„Деца, во .........“. Мора

постојано да нè потсетуваат дека

серијата всушност е за нечија мајка, жената на Тед, за да не ја

заборавиме носечката приказна.

Веќе сите сфативме дека серијата

се базира на мистериозната мајка, како Тед се разминал со

нејзе на улиците во Њу Јорк,

како имал врска со нејзината

цимерка, како го позајмил нејзиниот жолт чадор...

Ете, и сега да се вклучите за да

ја гледате, веднаш ќе сфатите

како стојат работите - Тед ќе ве потсети пред почетокот на

епизодата, а и да не заборавиме

дека тука е и името на самата

серија.

Дури, на моменти ќе се

пошегуваме: Дали на овие деца

не им здодеа да слушаат за

животот на нивниот татко и сè

што тој правел, а никако да каже како ја запознал нивната мајка?

Понекогаш изгледа дека

индивидуалните ситуации,

моменти и сплетки се доста поинтересни и поважни од таа

мистериозна жена.

Зарем креаторите, продуцентите,

па и актерите се толку сигурни

во успехот, високите рејтинзи и

гледаноста на серијата, па вака си поигруваат со фановите??

Page 44: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 АРТВИЗОР страна 44

Не се знае уште колку е

дозволено да трае оваа игра,

бидејќи ако ги пролистате форумите и местата за

коментари, ќе видите дека

фановите на серијата полека

почнуваат да го губат трпението...

А можеби малите статистички

податоци кои укажуваат на

нешто друго, се многу поважни од тоа за што зборуваат

фановите. Според тоа, ако во

2008 година, некаде во третата

сезона на серијата истата имала гледаност од околу 9.8 милиони

гледачи по епизода, таа бројка

во 2011 година, односно на

средина од последната сезона

достигна рекордни 10.5 милони гледачи.

Сигурно ова е најважната

причина зошто продуцентите сè

уште си поигруваат со фановите, а очигледно и тие сè повеќе се

заинтригирани која е всушност

мајката.

Но, и други околности беа пресудни за пораст на

гледаноста.

Сметам дека клучен момент за

еден вид пресврт во сите

случувања во серијата беше неодамнешната трагедија,

смртта на таткото на Маршал.

Критичарите ја оценија таа

епизода како перипетие кое очајно ѝ недостасуваше на

серијата. Момент кој ја помести

од мртвата точка на сите

збиднувања.

Потоа следеа низа неколку непредвидени моменти, како на

пример повторното зближување

на Барни и Робин, како и веста

дека Робин не може да има деца.

Но, ако така анализираме тогаш

можеме да кажеме дека до сега,

ретки биле моментите кои ја

одбележале сезоната – само по еден важен момент по сезона.

Фановите заслужуваат и

повеќе!

Кога ќе разговарате со фановите,

кога ќе ги читате нивните

коментари, па дури и со оние

околу вас кои навистина ја гледаат серијата, ќе сфатите

дека никој не ја гледа поради

главниот лик, а па најмалку за

тоа која е мајката. Луѓето

Page 45: Револуција магазин бр. 70

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 70 АРТВИЗОР страна 45

всушност се импресионирани

од Барни.

Сметаат дека тој е ЛЕГЕН...... ДАРЕН!

Таа треска и опседнатост што ги

фатила луѓево со Барни,

кулминираше кога еден скопски ноќен клуб му посвети вечер и

истата да ја нарече „Barney

suit-up night“.

А пак, до сега не слушнавме да се организира вечер, „Најди ја

вистинската мајка“. Што и

повторно ја потврдува теоријата

дека ликот на Барни е доста поатрактивен за публиката,

околку главниот лик Тед.

Во познатите светски магазини се

појавија критики за неколку

телевизиски серии, кои беа вметнати по категории. „Како ја

запознав мајка ви“ спаѓаше во

категоријата, „серии кои ги

гледате, само поради тоа што веќе сте почнале да ги гледате“.

Што значи дека за многу од нас,

истата и не е повеќе толку

атрактивна, но лојалноста и

посветеноста, како и

зближувањето со ликовите,

(сепак се работи за 7 сезони),

дефинитивно е клучно за гледаност на серијата.

Сè повеќе фанови, а и критичари

се сомневаат дека еден ден ќе

дојде и таа епизода кога Тед ќе им рече на своите деца: „Деца,

ова е приказната како ја

запознав мајка ви. Со нејзе ве

добив вас, а сега ќе се разведуваме и јас ќе се

преженам за тетка Робин“...

Магдалена Јовановска

Page 46: Револуција магазин бр. 70

Револуција магазин - број 70 31 МАРТ 2012 ГОДИНА страна 46