Револуција магазин бр.61

46

Upload: revolucijacom-mkrevolucijacom

Post on 31-Mar-2016

237 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

Магазин за политика, економија и култура

TRANSCRIPT

Page 1: Револуција магазин бр.61
Page 2: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 28 ЈАНУАРИ 2012 ГОДИНА страна 2

Page 3: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 3

Содржина Неделна панорама .......................................................................... 04

Некултурата на културни настани .................................................... 10

Колку ние вложуваме во ЕУ, а колку ЕУ во нас? ................................ 16

Европски грантови за македонска култура ........................................ 20

Идентитетите во Европа .................................................................. 22

Хрватска тргна кон европскиот успех ............................................... 26

Заштита од дискриминација - поим и начини ........................................ 29

Медиумите - бизнис алатки во рацете на политичарите ...................... 34

Бакингамската Палата ..................................................................... 36

Социјално вклучување на старите лица ............................................ 40

WILLFRED (2011) ............................................................................. 41

Импресум

Oсновач и главен и одговорен уредник

М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

Заменик на главниот и одговорен уредник и администратор

Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

Помошник на главниот и одговорен уредник и администратор

Елена Павловска, e-mail: [email protected]

Уредник за филмска уметност, стрип и уметнички анимации: Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

Соработници-аналитичари:

Светлана Пеншовски, Атанас Величков, Елена Николовска, Сања Алексовска, Владимир Неделковски, Симе Симовски, Елизабета НАјдоска – Величкова, Симона Митровска, Ана Николова, Даниела Цветаноска

Надворешен соработник:

Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

Технички уредник:

Миланчо Ристовски e-mail: [email protected]

Маркетинг: Славица Ѓоргиевa

Е- mail: [email protected] моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Page 4: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 4

Автор:

Влатко Неделковски

„Револуција“, магазин за политика, економија и култура

ISSN 1857- 7458

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

Република Македонија

[email protected] http://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Издавач:

МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење

Жиро сметка: 2704953485006

Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Адреса:

Востаничка 67б-7

1000, Скопје 00 389 76 52 93 89

00 389 75 63 44 94

Page 5: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 5

Да не се изгориме... Македонските, бугарските и

грчките академици и историчари ќе треба да седнат

на иста маса, да најдат сили

да основаат заеднички

експертски комисии што заедно ќе работат на

надминување на различните

толкувања на историјата и на

разликите во образованието

на младите. Ова се дел препораки содржани во

предложената резолуција за

македонскиот напредок во

евроинтеграциите на Комисијата за надворешни

работи до Европскиот

парламент, која се очекува да

биде финализирана во март.

Европскиот парламент во

членот 60 од предложената резолуција на Комисијата за

надворешни работи „го

изразува своето разочарување

од немањето напредок во прославата на заедничките

историски настани и личности

со соседните ЕУ држави, што

може да придонесе кон

подобро разбирање на историјата и добрососедските

односи; ЕП го охрабрува

создавањето заеднички

експертски комисии за историја и образование со

Бугарија и Грција, со цел да се

придонесе кон објективно и

фактичко толкување на историјата, засилување на

академската соработка и

промовирање позитивен став

на младите генерации кон своите соседи“. Резолуцијата

ја предложи Ричард Ховит,

известувачот на ЕУ за

Македонија. Овој предлог кај македонските историчари

наиде на различен прием – од

одобрување, па сè до

етикетата дека и тука се

работи за уште еден обид на бришење на македонскиот

идентитет од европската

карта.

Идејата со создавање на заеднички комисии од

историчари е добра во

одредена смисла. Преку оваа

иницијатива нашите историчари, ќе успеат да ги

стават на маса горливите

прашања околу провокациите,

поврзани со нашиот идентитет.

Но овде се јавува еден мал проблем. Зошто е потребно

Македонија да објаснува или

пак оправдува за идентитетот

на својот народ? Дали такви комисии и заеднички славења

и одбележувања се

предвидени и за другите

балкански земји, што имаат да „делат нешто“ една со друга.

Заедничката прослава на

историските личности и

Page 6: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 6

настани со Бугарија исто така

крие одредени ризици. Ако во

Македонија постои одредена поделба во однос на

историјата, настаните и

личностите, во Бугарија нема

таков момент. Научните работници се консолидирани и

знаат како да настапат без да

се компрометираат еден со

друг. Од сето тоа следува дека ако ЕУ ни наложи заеднички

прослави со Бугарите, кај нас

ќе се случи една каша- попара

од која сите ќе се извалкаме и што е уште потрагично можно

е и да си го „изгориме“ јазикот

од жешкото.

Поп за топ „Не се грижете, БЈРМ ќе ја

освоиме за 20 минути со 5

авиона и 10 тенка“- тоа го

истакна солунскиот

митрополит Антимос како коментар за вевчанскиот

карневал, прераскажувајќи

наводен разговор помеѓу

поранешните први луѓе на Србија и Грција, Милошевиќ и

Мицотакис. „Дали сте

заинтересирани за ваква

интервенција. Грција не е, ние тоа ќе го направиме по мирен

пат“, го раскажува Антимос

наводниот дијалог меѓу

Милошевиќ и Мицотакис. Ова Антимос го кажал на

неделната литургија и по

којзнае кој пат ја претворил

во политичка проповед. Тој

неодамна, исто така, како реакција на најавата за

отворање македонска

радиостаница во Лерин, ги

повика Грците да се соберат и

на вандалски начин да спречат на грчка територија

да се емитува програма на

македонски јазик.

Според Антимос, радиото ќе

било инструмент на

пропаганда. На јавен настап

пред верниците побара да се

екипира еден автобус со 50 Грци што ќе заминат во Лерин

и ќе ја уништат станицата.

Антимос и лани својата

божиќна литургија ја искористи за политички говор.

„Не смее Скопјаните да се

нарекуваат Македонци, а

„Воинот на коњ“, никако не може да биде Александар“,

рече тој тогаш. Солунскиот

владика Антимос изгледа

многу нé сака... Значи,

човекот убедливо може да конкурира за плакетата

„Најдобар промотер на

Македонија“. Ќе го нема некое

време и ете ти го со нов бисер... А инаку е свето лице,

нели такви се поповите...

Page 7: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 7

Лошо е кога попови, почнаа да

лупат за топови... Лошо, ама

таква ни била судбината...

Криминал над

македонското знаме Пред зградата на општината

во Струга, запалено е македонско знаме. Од СВР

Охрид информираат дека

знамето го запалил Исмаили

Минир (47) од струшкото село Шум. Откако пристигнал пред

зградата на општината, тој го

извадил знамето и го запалил,

а потоа избегал од местото. - По половина час Исмаили Минир е пронајден од

полициски службеници и

приведен во полициската

станица во Струга на информативен разговор -

изјавил Стефан Димовски,

портпарол на СВР Охрид. Тој

додаде дека во моментот се утврдуваат причините и

мотивите поради кои Минир го

сторил ова дело и дека со

подетални информации ќе излезат откако ќе бидат

познати сите детали. Настанот

бил пријавен од граѓани на

Струга, кои биле очевидци на

целиот настан.

Од полицијата потенцираат

дека не станува збор за

знамето кое се наоѓа пред општинската зграда во Струга,

туку дека посоченото лице го

носел со себе. Секоја чест за

граѓаните, што го пријавиле случајот, зашто можеле да си

„свиркаат“ и да глумат дека

ништо не виделе. Но, мора да

се пише големо УА за информативниот разговор,

затоа што доколку ваков

настан има повеќе сведоци, а

и дотичниот фрустриран човек си го признал делото, не треба

да испијат кафе заедно, туку

треба да си одлежи убава

дебела казна. Казната ќе биде

како поука за сите кои се нереализирани личности,

плукаат по Македонија, а ни

со прст не мрднале, ни да си

обезбедат убав живот на себе си.

До подобро здравство

за Ромите Во име на македонското

претседателствување со Ромската декада 2005-2015,

Х.Е.Р.А заедно зо Владата на

Република Македонија,

организира меѓународната конференција – „До подобро

здравство за Ромите”.

Конференцијата се одржа на

24-25 јануари 2012, во Скопје,

во Влада на Република Македонија.

На конференцијата беше

предвидено да присуствуваат

владини и невладини

Page 8: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 8

претставници од 11 земји од

Декадата, вклучувајќи и

владини претставници на земјата домаќин како и

експерти и претставници на

меѓународни и национални

невладини организации и фондации.

Главната цел на

конференцијата е да овозможи

адекватен пристап до примарното здравство на

ромското население и

подобрување на моделот на

РЗМ- Ромските Здравствени Медијатори. Конференцијата

ќе овозможи размена на

искуства помеѓу националните

засегнати страни од земјите учеснички, за понатамошно

стекнување на соодветни

здравствени практики и

политики, како предуслов за

ефективен пристап до примарната здравствена

заштита на Ромското

население. Интересна

иницијатива, мора да се признае драги мои, кога има

некој настан за поздрав.

Ромите секогаш сме ги ставале

на маргините, човечно и

благородно е да се третираат

хумано и рамноправно. Секоја чест за организаторите, ова е

пример дека невладините

организации можат да

направат чекор понапред од стандардот, а позитивен е

фактот дека токму Владата го

поддржува овој проект. Да се

надеваме дека ефектот ќе го видиме набрзо и дека во

практика ќе се примени сè од

она што е дискутирано.

„Копанки“ на пауза Претседателството на

Планинарско-скијачкиот клуб

„Пелистер” од Битола, на

својата седница донесе одлука да го затвори планинарскиот

дом „Копанки”. Ваквата

одлука раководството на

планинарскиот клуб

„Пелистер” ја донесе во знак на револт поради пријавата

што клубот ја добил од

Управата за јавни приходи од

Битола, бидејки наводно продавале чај без фискални

сметки. Во планинарско-скијачкиот

клуб „Пелистер“, кој функционира како Здружение

на граѓани, се крајно

револтирани.

- Ваквата одлука навистина не ни е логична. Домот „Копанки“

од УЈП го „третираат“ како

кафеана. Него исклучиво го

посетуваат планинари, кои

кога се одмораат по долгите планинарења, се освежуваат

со чај.

Page 9: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 9

Добар дел од нив пијат чај

дури и бесплатно. Овој дом

сега го посетуваат, кога има снег. Кога ќе се стопи снегот

тој најчесто е празен и никој

не го посетува. Оттаму, не

знам зошто е ваквата одлука на УЈП – велат од

планинарско- скијачкиот клуб,

кои се цврсто решени дека

доколку УЈП остане на ваквото барање - да го затворат

Домот.

Навистина Македонија има природни убавини, со кои се

гордееме, и тоа се истите

места каде што ги носиме

странците – гости за да се воодушевуваат. Но, по ваквите

небулози, планинарските

домови, секогаш скудно

направени, без никаков скап инвентар, со дрвените масички

и столчиња - се единствените

места кои имаат душа и кои ги

собираат сите љубители на планините. Поголемиот дел од

нив се секогаш исти луѓе, кои

стануваат вистински пријатели

со текот на времето, бидејќи

ги поврзува една заедничка, суштинска нишка. УЈП решиле

да прават пари, само што во

нивниот закон кој ги штити,

треба детално да се наведе за какви објекти станува збор.

„Копанки“ нема да прави

профит, одосно планинарите

нема да пијат чај за да се стоплат, но и УЈП нема да

заработува. Балансот е

постигнат, само што

оштетените секогаш се недолжните луѓе.

3Д во Скопје Kино „Милениум“ е првото

кино во Македонија во кое е инсталирана

тридимензионална технологија

за следење филмови.

Градоначалникот Kоце Трајановски ја најави оваа

новина, а официјално ќе ја

промовираат на 4 февруари во

20 часот, кога и ќе биде

отворено првото 3Д-кино во рамки на „Милениум“.

Првиот филм, кој ќе се

емитува е „Пина Бауш“,

приказна за култна кореографка, професорка по

танц, како и балетска

режисерка, на европскиот и

Page 10: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 10

светски режисер Вим Вендерс.

Тридимензионалното гледање

филмови се одликува со чувство на илузија.

Посетителите филмовите ќе

може да ги следат со посебни

очила и ќе имаат чувство дека се дел од акцијата, т.е. ќе

бидат очи в очи со ликовите.

Со очилата и со технологијата

3Д при следење на филмската слика се добива чувство на

длабинска перцепција. Редно

време беше и Македонија да

добие вакво кино.

Додека сите се фалеа со

„Аватар“, Македонците беа

присилени да одат во дел од соседните земји, за да го

доживеат тој ефект. Сега, сите

кои ја следат технологијата и

сакаат да бидат чекор со неа, може да се упатат во главниот

град. Искрено, се надевам

дека оваа технологја ќе биде

стандард и дека ќе се снимаат повеќе 3Д филмови, кои ќе

бидат откупени од нашите

застапници

Page 11: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 11

Елена Павловска

Некултурата на културни настани

Звонењето на мобилните телефони, џвакањето,

грцкањето семки,

разговарањето, правењето

бучава.... и што уште не, станаа дел од театарските претстави,

концертите, поетските читања,

промоциите, изложбите.

Едуцираната публика како да

исчезна. Ако порано беше карактеристично дека треба

внимателно да се следи некој

културен перфоманс, денес тоа

не е така. Најголем дел од културните настани се полни со

луѓе кои всушност не знаат ни

зошто дошле и како тука се

нашле, па се обидуваат својата досада (бидејќи не се нешто

културно расположени) да ја

искажат на најкреативниот, а

истовремено и највулгарниот

начин.

Урбаната некултура се

покажува

Често пати наместо реплика на

актерот или звукот на музичката нота може да

слушнеме песна која е најнов

музички хит и одекнува од

нечиј мобилен телефон, па дури и да бидеме сведоци на

кревање на слушалката и

кратко или подолго „шепкање “

во телефонот или, пак, разговор помеѓу двајца посетители во

публиката- толку интезивен и

гласен да за миг заборавате што

се случува на сцената.

Грицкањето семки, извикување погрдни зборови,

прекинувањето, буката- се само

дел од проблемите на кои

наидуваат актерите и музичарите, а со кои не можат и

не знаат како да се справат.

Уметничката сцена ја чувствува

урбаната некултура на граѓаните, a актерите и

музичарите поради тие пречки

на неедуцираната публика,

забораваат на дел од

репликите, ја губат концетрацијата и чувствуваат

голем револт.

Проблемот не е само во дофрлањето на негативни

коментари и вулгарно пречење

при изведувањето на

перформансот, често по завршувањето на некоја

театарска претстава, публиката

зад себе остава голем број

отпадоци. Како да просто мора да се грицка сончоглед и семки

баш тој час и половина. Фактот

дека пред самото влегување ги

купуваме овие „реквизити“,

значи дека се подготвуваме за народски кажано „тепање на

досадата“. Тогаш се наметнува

прашањето: Зошто воопшто

одите ако ви е досадно и не уживате? Е, тука „лежи зајакот“.

За половина од луѓето што ги

гледаме единствената причина

поради која се појавуваат на овие настани не е простото и

Page 12: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 12

едноставно уживање во

уметноста, туку потребата да

бидат видени на вакви настани и да им се наметне етикетата на

„поддржувачи и уживачи на

уметноста“. Тоа се истите луѓе

кои си праќаат СМС за време на настанот, си предремуваат,

вршат напад врз масите со

закуска додека авторот ги

објаснува мотивите за своето дело, а потоа за ТВ-камерите

даваат „восхитувачки“ изјави од

типот: „Прекрасно си поминав,

уживав во уметноста!“ .

Неодамна и еден наш актер

најверојатно многу изнервиран

од ѕвонењето на мобилен за

време на неговата претстава, напиша еден куп лути зборови

на неговиот Фејсбук профил.

„Ако фатам уште еднаш некој

како му ѕвони мобилен на претстава, ќе се симнам од

сцена, ќе му го земам и ќе му го

начукам ........!!!! (подобро да

не ја пренсеме целосната гневна порака). Ова го напиша

актерот и го наведе примерот на

„културниот гостин“, кој и

покрај тоа што му заѕвонил

телефонот на сред претстава, се осудил да ја крене слушалката

и да извика; „Ало, во театар

сум... не бе, можам да правам

муабет, кажи?“ Правилно однесување при

посета на ваквите културни

места скоро и да нема. Бројката

на луѓето кои ги знаат тие правила се намалува со сé

поголем интензитет, а

некултурата испливува на

површина. Уметниците велат

дека вината за недоволна едукација не е само во

присутните. Тука има бројни

фактори кои влијаат на таквото

однесување. Како главни ги

вклучуваат домашното воспитување кое е главно за

оформување на карактерот и

начинот на однесување, но исто

така и образовните институции не им обрнуваат доволно

внимание на учениците.

Доколку учениците посетуваат

повеќе вакви манифестации и културни центри, овој проблем

би се решил многу побрзо,

тврдат експертите.

Публиката им пречи на

уметниците Голем е бројот на културните

манифестации во кои публиката

со своето однесување дирекно

влијае и му пречи на уметникот при неговиот културен

перфоманс. Она вулгарно

размислување: „Сум платил

карта, можам да правам што сакам!“ ја уништува

македонската култура, а и

странските изведувачи

стекнуваат лоша слика за нас. Ќе наведам само неколку

примери, кои последниве

неколку месеци ја разбрануваа

јавноста и ги наполнија

медиумите и социјалните мрежи со најразновидни коментари и

дебати.

Премиерна изведба на

композицијата „4,33“ во

Page 13: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 13

авторство на еден од

најзначајните композитори на

20-тиот век, Џон Кејџ пред неколку дена беше изведена во

рамки на концертниот циклус

„Кирилица“ на Македонската

филхармонија. Станува збор за дело во три става во

времетраење од четири минути

и триесет и три секунди, период

во кој оркестарот не отсвирува ниту една единствена нота и ја

остава публиката да ги

апсорбира звуците на

околината.

Медиумите пренесоа дека

звуците кои можеа да се

абсорбираат од околината за

време на изведбата на „4.33“

беа шепотење и кашлање на македонската публиката за

време на концертот. Па, добро

драги мои што очекувате? Или

единствено слушнавте дека композицијата и авторот се

„мошне ценети“, па моравте да

бидете видени на таков

настан?! Не дај боже да пропуштите нешто, што другите

го сметаат „ин“.

На Василичарскиот концерт во

МОБ, пак, публиката дури и се

испокара меѓу себе, велат сведоците. „Аман, седнете веќе,

исклучете ги мобилните и

престанете да кашлате!“- се

слушаше од публиката. Верди,

кој беше на листата на

македонските уметници, ја наполни салата на МОБ до

последното место, иако во неа

имаше и такви кои или од

помодарство или од само ним познати причини дојдоа на

концерт и тоа со вклучен

телефон, во време кога

концертот е веќе во полн ек, или, пак, како да се болни од не

знам што, па постојано кашлаа

и тоа без прекин.

"Аман, седнете веќе еднаш! Кој идиот го оставил вклучен

мобилниот? Добро, сите ли

болни дојдоа на концерт, не

можете ли да се воздржите од

кашлање?... Смешно или подобро речено трагикомично,

но ова се коментарите кои

можеа да се слушнат меѓу

публиката на гала-концертот "Вива Верди" со нашите и

странски оперски пејачи, а кои

беа пренесени од сите медиуми.

Кој знае што ли само помислија странските изведувачи.

Традиционалниот настан успеа

да ја наполни салата на

Македонската опера и балет до

последно место. Дури имаше и луѓе за кои се носеа

дополнителни столчиња или,

пак, останаа да стојат, но, за

жал, повторно имаше и таква публика која фрли лошо светло

на сето ова и од еден културен

настан направи своја лична

забава. Политичари, министри,

амбасадори, професори,

лекари, музички уметници,

црковни великодостојници... сите „видни“ луѓе беа дел од

јубилејниот концерт на Борис

Page 14: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 14

Трајанов, кој дојде кривејќи на

едната нога поради

повредениот прст, за што се дозна подоцна. Македонскиот

баритон одбележа 25 години

светска кариера и не дозволи

една малечка повреда да му застане на патот, за да запее

пред сопствената публика, што

„рака на срце“ и ретко се

случува. Па, сепак, и покрај тоа што

салонот на Македонската опера

и балет беше прилично

исполнет со луѓе, чие ниво на култура на однесување треба да

биде пример за „обичните“

граѓани, се случи токму

спротивното. Публиката

доцнеше, па се развлече и почетокот на концертот. Потоа

одвреме-навреме ќе заѕвонеше

и по некој мобилен. Во текот на

изведбата и гласни дошепнувања, па згора на сé

погоди и сезона на грип (која

како да секогаш погодува на

вакви настани), па кашлици,

потшмркнувања, суви и влажни марамчиња како доплнување на

панаѓурскиот амбиент,

пренесуваат медиумите.

Амбиент каков што не заслужува ниту еден уметник

или пак остатокот од

дисциплинираната концертна

публика, која навистина дошла да тука ужива во перформансот.

Очигледно е нужно да

посетителите се потсетуваат на

основните правила на

однесување во концертните дворани, кои треба да се дел од

општата култура.

Но, можеби токму тоа,

мобилните телефони или звуците на кашлање што го

нарушуваа амбиентот, беа меѓу

причините што македонскиот

маестро со зад себе две и пол децении светска кариера, не

успеа да ја вознесе публиката и

да пружи маестрален концерт

како што тој знае и умее.

Концентрацијата беше

нарушена на неговата јубилејна

вечер. Ова го забележаа сите и

го пренесоа сите медиуми, но

кој треба тука да се обвинува? Не сигурно нашиот културен

амбасадор, пред чии нозе се

поклонуваат светските

уметнички имиња. Драги мои, па кога тој со повредена нога се

одлучи да дојде и да ве почести

вам со неговиот перформанс,

имајте барем малку достоинство и вие него да го испочитувате

со вашето внимание!

Пијанистот Симон Трпчески

свиреше со Лондонски

филхармониски оркестар во Скопје, но и нему му свиреа и

тоа со мобилен телефон! За

време на концертот во

Метрополис арената, токму во моментот кога Симон ѝ се

обрати на публиката, го

почестија со грубо ѕвонење на

телефон на кое реагираше дел од публиката. И тоа не е сé, во

преполната сала паралелно со

Page 15: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 15

делата од Менделсон и Брамс

забавуваше и звукот од СМС

пораки и останати музички додатоци. А претходно уредно

беше замолено да се исклучат

мобилните телефони, а тоа дури

го пишуваше и на видеобимот, но попусто, како никој тоа да

не го гледа и не го чита или,

пак, смета дека сето тоа го

прави тајно и неприметно. Како еден од најголемите

бисери од овој тип во

Македонија се издвојува и оној

на концертот на камерниот оркестар на Арката Штутгарт од

Германија во Домот на АРМ,

кога диригентот дури и го

прекина концертот. Револтиран

од упорното ѕвонење на мобилен телефон во публиката,

диригентот Патрик Штруб дури

се заврте и рече: "Можеби би

сакале да одговорите на повикот?", по што сопственикот

на мобилниот веднаш го

напуштил концертот.

Како еден од начините за борба против ваквата некултура дел

од институциите поставија

блокатори за мобилни

телефони. Онаму каде што нив

ги нема останува само апелот дека во културни институции

треба да се демонстрира

елементарна култура, а

мобилните ако веќе не се ставени надвор од употреба

треба барем да се на опцијата

безгласно ѕвонење. Зашто ако

веќе пријателите, девојките, сопругите, роднините не можат

да издржат без вас, а и вие без

вашиот мобилен телефон, барем

така нема да ги вознемируваат вистинските вљубеници во

уметноста кои сакаат да

уживаат, но и оние кои се на

сцената и на кои им е потребна

максимална концентрација. Ја поздравувам одлуката на

диригентот од Германија,

„Браво маестро!“. Треба на

ваквите појави да им се одговори со стил, а не да се

премолчуваат и игнорираат.

Реакција на некултурата Додека нашите уметници се обидуваат да не посветуваат

внимание за она што се случува

во публиката, европските

уметници и тоа како знаат да го искажат своето незадоволство.

Таму барем љубителите на

класичната музика добро знаат

дека треба да ги исклучат мобилните телефони додека се

на концерт во сала.

Но, токму тоа му се случи на

словачкиот виолинист Лукас

Кмит додека настапуваше пред својата публика на концерт во

една еврејска синагога.

Виртуозот беше прекинат среде

изведбата од непристоен звук

на мобилен телефон.

Виолинистот запре една

секунда, а потоа возврати импровизирајќи звук со својата

виолина, од мобилниот телефон,

Page 16: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 16

популарниот Нокиа џингл.

Публиката го поздрави со

аплауз бидејќи ја сфати неговата поента. Видеото стана

хит на You Tube со над 850.000

разгледувања.

Рускиот пијаниста Николај Петров, пак, го прекина

концертот во Кишињев поради

еден гледач чиј мобилен

телефон зазвонел во два наврати, пренесоа медиумите

„Само што уметникот го заврши

првиот такт од музичкото дело

се слушна звонењето на мобилниот телефон. Пијанистот

го прекина звонењето за да

почека невоспитаниот гледач да

го заврши својот разговор.

Кога неколку минути подоцна

телефонот на истиот гледач повторно зазвони, пијанистот

стана и ја напушти салата",

објасни управникот на

концертната сала во која требаше да се одржи настапот

на Петров. Управата на салата

побара од гледачот да го

напушти објектот, меѓутоа рускиот уметник одбил да го

продолжи концертот,

откажувајќи го и вториот

концерт закажан за утрешниот

ден и отпатувал од Молдавија.

Зависни од публиката Меѓутоа, нашите уметници,

никогаш до сега не направиле

ниту пак, се осудиле да замислат вакви драстични

чекори, како нивните европски

колеги. Зошто? Затоа што

ситуацијата на македонската

уметничко-култура цена е лаички кажано „за жалење“.

Фразата „прегладнетиот

уметник“ тука навистина се

реализира. Ако нема претстава, концерт, нема пари, ако се

обиде да застане во одбрана на

сопствената уметност веднаш е

пренесувана неговата „ароганција“ во медиумите и ете

ти лоша реклама и имиџ.

Нашите уметници одлучуваат да

молчат бидејќи тие зависат од

публиката, зависат од нејзиното одобрување. А, несовесните

„уживачи“ на уметноста, знаејќи

го оваа понекогаш знаат и да го

злоупотребат. На нашата култура ѝ недостига почит. Како

што човекот што ја платил

картата бара најдобра изведба

на уметникот, така и уметникот има право да бара

достоинственост и почит кон неговата изведба. Сé додека си

ги гледаме сопствените

потреби, не обрнувајќи внимание за туѓото вложување

и време- македонската култура

и уметност ќе тапка во место.

Ако ние не ја цениме, тогаш е апсурдно да тоа го бараме од

странците.

Page 17: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 17

Светлана Пеншовски

Колку ние вложуваме во ЕУ, а колку ЕУ во нас? Вие не може да појдете кај ЕУ

кога и да посакате, тие секогаш културно ќе ви кажат дека имате

бланко покана, која може да ја

употребите кога сакате, но не сте

пожелни на нивните прослави, родендени, јубилеи, затоа што не

знаете да наздравите убаво,

немате култура да ве седнат на

маса заедно со нивните гости, имате селски манири, кои ќе ги

засрамат домаќините и ќе им

падне репутацијата. Едноставно,

не сакаат да слушнат од нивните

пријатели нешто од типот: - па каде најде токму со овие

парталавковци да садиш

краставици?

Претставување на

параметрите Најпрво, да започнам со една

мала дигресија. ЕУ постои долго

време и има традиција на која може да ѝ завидуваме. Меѓутоа за

сето нејзино постоење, нашата

држава никогаш не

почувствувала гостопримливост,

покана за учество, датум за преговори за преговарање,

љубезни пофалби. Секогаш се

повторуваат исти замерки, потоа

проширени маани и недостатоци, барања за промена, услови

против нашиот поредок итн...

Попросто кажано, тоа доаѓа

некако вака: ако сакате да појдете некаде на гости, да

поминете дел со некоја

фамилија, да пробате дел од

колачот што го месела

домаќинката, да ве почестат со кафе – Вие се најавувате за

присуство. А, што ви викаат

домаќините? – Сега моментално

не сме дома, ах, токму во овој момент имавме договорено со

други луѓе да ни дојдат на гости,

леле кај најдовте баш сега,

имаме планови со едни пријатели, е во овој период сме

во гужва, ама и „чкрипиме“

финансиски...

Значи, вие не може да појдете

кога и да посакате, тие секогаш културно ќе ви кажат дека имате

бланко покана, која може да ја

употребите кога сакате, но не сте

пожелни на нивните прослави, родендени, јубилеи, затоа што не

знаете да наздравите убаво,

немате култура да ве седнат на

маса заедно со нивните гости, имате селски манири, кои ќе ги

засрамат домаќините и ќе им

падне репутацијата. Едноставно,

не сакаат да слушнат од нивните пријатели нешто од типот: - па

каде најде токму со овие

Page 18: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 18

парталавковци да садиш

краставици?

Што е со културата? Ете, до тука чинам се разбравме.

Инаку темата беше поврзана со

културата. Јасно е дека ЕУ има стандарди повисоки од нашите на

кои сме навикнати и јасно е дека

сè ќе сториме за да ги

достигнеме, примениме и

импресионираме. Затоа, ЕУ освен што нè излажа со бонбончиња,

останатото треба да зависи од

нас. Нашата Влада, сериозно си

ја „сфати“ работата, па искрено мора да се каже дека се

придвижија некои работи во

културата. Ќе набројам дел од

нив.

Најсуштински од сè, според мене

се археолошките наоѓалишта.

Дел од нив се реставрираа, дел

комплетно се поставија и како

нови туристички атракции

(„Заливот на коските“), дел припаднаа на групата на светски

опсерватории („Кокино“), но ако

ги гледаме двете страни на

паричката, не смее да се заборави дека во последно

време, актуелни се примерите со

континуирани кражби на

артефакти, прастари икони,

делови од црковен инвентар и на сите нив, им се губи трагa на

сивиот пазар, ја напуштаат

државата за ниски суми, па во

идно време ќе бидат дел од поговорката: „со свој камен по

глава“... Тоа значи дека на

нашите граници, но и на

нелегалните премини, некој не си ја работи работата за која што е

платен.

Вистина е дека имаме премногу

манифестации. Секој град, сега веќе и секоја населба станува

автентична по некоја област. Од

Скопско(Охридско) културно

лето, Баскерфест, Илинденски

денови, Струмички карневал, Бела ноќ, музички фестивали,

Пивофест, Виноскоп, собири на

храна, скара, промоции на

сирења, месеници, МОТ, гостувања на странски музички

групи и театарски претстави...

Глумиме дека сме Запад, но

организацијата ни потфрла, сите настани почнуваат со

задоцнување, а што е трагично-

сето тоа го сфаќаме дека е

нормално, влезниците немаат

некаква логичност со стандардот, или се безобразно ниски, или

бескрајно високи.

Да, сигурно е тешко да си

организатор и сите конци да ги наредиш, меѓутоа секој кој сака

да му се величи името, треба

убаво да го запоти задникот, за

да биде пофален без лицемерие. Критикувам за сите Пивофести

каде што немало чаша, а гостите

биле приморани од 1,5 литарско

Page 19: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 19

шише да пијат (што е

нечовечно), критикувам за сите

продадени влезници во театар, кога ти даваат столче од страна

да седиш како натрапник, а си

купил влезници 2 недели

претходно, критикувам за сите пропусти на Хасап каде што не се

знае што се јаде, во борба да се

престигне времето, а да се

задоволат гладните усти, да, можеби многу критикувам, но

тука нешто навистина не е како

што треба.

Се изградија споменици, ЕУ

помогна со 50 милиони евра за

изградба, се сликаа сите млади со гушнати девојки статуи, со

допрени гради како метафора, се

искараа граѓаните за бројката, во

кој град, колку споменици се изградиле. Општо земено,

културата требаше да ги зближи

луѓето, но кај нас, токму

спротивно, таа е катализатор за

конфликт. Натрапните локации за верски објекти станаа локации

каде младите се пресметуваа

меѓу себе, делејќи правдина. Ете

затоа не нè сакаат во ЕУ. Премногу сме агресивни.

Со воодушевување се прими

веста дека ЕУ ќе инвестира

неколку милијарди евра за брз интернет, но на својата

територија. Хипотетички да

речеме дека тоа се случило во

Македонија.

Дали некој знае што се случи со

сите компјутери, кој беа поставени во општините? Дали

доживеа некој рок на траење

повеќе од 2 месеца? Да, ничие е

и така од колено на колено се пренесува – што не си спечалил,

п.с... му се! Епа никој не сака да

се дружи со неблагодарни

суштества, а најмалку

Европјаните од ЕУ. Се преведоа многу книги, се

организраа саеми, но повторно се

жалиме дека немаме читателска

публика. Додека им дозволуваме на патниците во автобуси да

пренесуваат корења, дрва,

кокошки и слични миленици, сè

до тогаш тие нема да земат книга во рацете, а не дај Боже да стане

збор за дневен весник.

Едноставно страв им е на луѓето,

ако го отворат весникот додека седат во автобус, да не го

прочитаат весникот, сите околу

него побрзо од сопственикот, па

Page 20: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 20

да бараат од него да ја сврти

страната. Страшно...

Се „палиме“ на статии дека ќе се вработат 400 Македонци во ЕУ,

ама откако ќе помине

иницијацијата. Овие фалби се

многу слични со плановите кога мајката Ромка, го тепа синот, кој

вели дека ќе го изеде зелникот,

кој ќе го месела таа, за кое нема

ни брашно, ни вода. Има уште многу елементи во

културата, од платите на

уметниците, до финасирањето на

филмови, спотови и проекти . За крај, убав е цитатот од

европарламентарката Дорис Пак

(од „Форум Скопје“), на

прашањето зошто Унијата не

вложува доволно во културата,

Пак одговора: „ЕУ е формирана

како економски и индустриски

простор, а не како културен или образовен. Сега гледаме дека тоа

не била успешна формула,

бидејќи културата и

образованието се дел од секојдневието.“

Интересно е да се чуе некој

искрен одговор. Економијата

била поважна од културата, a

европска култура, во вистинска

смисла на зборот е сè уште

неостварена цел. Во секој случај,

и да влезе Македонија во ЕУ, и да не влезе, нашиот развиток и

во двата случаи ќе биде бавен,

спор и со мали иницијативи...

Веќе се помиривме со тоа.

Page 21: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 21

Eлена Николовска

Европски грантови за македонска култура Се движев по улиците на мојот

град во екот на денот- луѓе насекаде. Минуваат, брзаат и по

пат ги фрлаат своите ливчиња,

салветки по улиците и

тротоарите. Немаат време да најдат корпа за отпадоци, нема

потреба. Малечко девојче

помина покрај мене, изгледаше

како да има едвај 6 годинки, си го дојаде ѓевречето и со поглед

наоколу ја побара најблиската

корпа за отпадоци.

Оваа глетка последниве две години станува сé почеста.

Конечно и Македонците се

грижат за околината каде живеат. Ни недостигаше нешто,

срамота беше да го чуваш

ѓубрето по џебови до

најблиската корпа за отпадоци. Немаше потреба да го запреш

возилото на пешачкиот премин

за да поминат пешаците. Се

преправавме дека не постои жолтата линија во редовите за

чекање. Ни недостигаше

чувство за култура.

И следниот пат кога ќе се

запрашате што Европската Унија ѝ даде на Македонија,

погледнете наоколу.

Дали ви изгледа градот

поубаво? Не дека немавме чувство за култура, туку не си

го ценевме доволно за да

вложиме во него. ЕУ истури

илјадници денари за да ја

воздигне културата на Македонија. Па сега разбравме

дека и ние имаме речити

автори, талентирани сликари и

холивудски капацитети за филмска индустрија. Разбравме

и дека во европските градови

корпите за отпадоци се многу

честа појава, дека фонтаните можат да бидат и вистински

уметнички дела.

А сепак, секојдневно некој

плука по новите европски

закони. Законите изгласани за да се усогласи македонското

законодавство со легислативата

на Европската Унија. Истите тие

закони поради кои денес можете да го поминете пешачкиот

премин без да се плашите за

вашиот живот. Законите поради

кои безредието во институциите се замени со само еден ред кој

се движи доста побрзо. Имавме

Page 22: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 22

сé, ама ни недостигаше нешто,

нели?

Културни проекти се раѓаат

секој ден во нашата Македонија,

овие денови. Европската Унија е

водата поради која неуморно растат.

Којзнае дали ќе ја засакавте

македонската култура да не беа

европските грантови, кои

буквално ја воздигнаа од пепел. Сега и целиот свет нé познава.

УНЕСКО направи можеби најмногу за нашите културни

вредности. Којзнае каде ќе беа

сега оние археолошки

локалитети и антички градови да не ги заштитеше оваа

институција. За малку тргнавме

да ги урнеме за да изградиме

модерни згради.

Станавме претпознатливи во светот по нашата единствена

култура, благодарение на

фондовите од ЕУ, а сепак

негодуваме за спомениците и европските закони. И сé уште

тврдоглаво ги уништуваме

новите споменици, фонтаните,

функционалните корпи за

отпадоци. Се бунтуваме против Европа, па ние си имаме

култура, што има тие да ни

менуваат. Меѓутоа, погледнете

наоколу, дали ви изгледа градот поубаво?

Page 23: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ПОЛИТИКА страна 23

М-р Митко Јованов

Идентитетите во Европа

Македонскиот јазик е најголем

белег, жив доказ за постоењето на македонскиот народ. Сè

додека има луѓе кои зборуваат

македонски јазик, успешно ќе

опстојува македонскиот народ. Македонскиот народ опстојувал

далеку одамна пред да формира

своја држава, зборувал на свој

посебен јазик различен од другите народи, создавал

посебна култура.

Кои се Франките? Франкен (Franken) е регион во Германија со посебен

индентитет, традиции и обичаи.

Во минатото постоел Франкен

(франачки) јазик, кој подоцна е

сведен на дијалект на германскиот јазик, кој и денеска

го зборуваат жителите на овој

регион. Индентитетот Франкен

денеска има регионален карактер и значење, се наоѓа во

сојузната држава Баварија. Тој

е дел од баварскиот и

германскиот индентитет.

Баварија е поделена на седум административни реони (Kreis),

од кои три се во регионот

Франкен и го носат неговото

име, односно горен Франкен

(Oberfranken), среден Франкен (Mittelfranken), долен Франкен

(Unterfranken). Реоните имаат

влада и админстрација, ги

обединуваат пониските локални служби во соодветниот реон и

ги кординираат работите кои се

изведуваат на регионално ниво.

На чело на Владата стои претседател. Секој реон има

свој амблем, знаме и

автонoмност да го развива

својот индентитет. Поимите Франкен и Франки на

прв поглед асоцираат на

Франција и Французите.

Помалку упатените во

подалечната историјата на Европа, односно Германија и

Франција, регионот Франкен би

го сместиле во Франција. Во

Германија поимот Франки секојдневно се употребува за

жителите во регионот Франкен,

за нивниот посебен дијалект,

кој за жителите од северна Германија е тешко разбирлив.

Се одржуваат бројни

манифестации за презентирање

на традициите и обичаите на

Франките. Постојат бројни брендови на производи кои го

носат името Франкен.

Овој идентитет има долга и

богата историја на постанување. Франките се споменуваат прв

пат во 3 век од нашата ера.

Франките се првото германско

племе кое од териториите на денешна средна Германија и

Холандија, се населува во

северна Галија, на територијата

на Римската империја. Подоцна Франките создаваат своја

Page 24: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ПОЛИТИКА страна 24

држава - Франачкото кралство

(на германски јазик

Франкенрајх, во латинична

транскрипција Frankenreich, додека името за денешна

Франција на германски јазик е

Франкрајх, во латинична

транскрипција Frankreich). Франачкото кралство се создава

на териториите на денешна

Франција, Холандија, Белгија и

западните делови од Германија. Тоа е историскиот момент кога

се поставуваат основите и

започнува историскиот процес

на создавањето на денешните држави Франција, Германија,

Холандија и Белгија. Денешниот

холандски јазик е директен

наследник на франачкиот јазик.

Постојат различни толкувања на историчарите од каде се дојдени

Франките и како го добиле

името. Според едни историчари,

Франките претходно живееле во Панонија, од таму подоцна се

доселиле покрај реката Рајна.

Според други, нивното првично

живеалиште е областа од изворот на Дунав до реката

Рајна, и се именувале со името

Франки според нивниот

командант Франко. Претходно

биле познати под името Сикамбери, што значело

скитничко племе. Ваквите

тврдења се оспорени од

историчари од поново време. Тие сметаат дека Франките се

појавиле како резултат на

мешање на повеќе мали

германски групи кои ја населувале рајнската област

источно од реката Рајна, тие

подоцна ја искористиле

слабоста на Римската империја и продираат на нејзина

територија. Откако се покорени

од римскиот император Јулијан

кон крајот на третиот век од

нашата ера, Рим им дозволил на

Франките да живеат на голем дел од Галија, денешна

Холандија и Фландрија во

Белгија, за возврат тие ја

признавале власта на Рим. Од тој момент Франките се

сојузници на Рим и ги бранеле

неговите границите од

варварските напади. Се бореле и против големата инвазија врз

териториите на Римската

империја од источно-

германските племиња. Благодарејќи токму на воената

помош од Франките, римската

власт успеала да се задржи во

Париз до 486 година од нашата

ера, односно до крајот на петтиот век.

Откако Римската империја

почнала да слабее, Франките

постепено се прошируваат на поголем дел од Галија.

Карло Велики во 771 година од

нашата ера, ги обединува и

поведува Франките во борба против Саксонија (денешна

германска покраина) и го

проширува кралството на

Франките до реката Лаб.

По смрта на Карло Велики, на тронот го наследува синот

Лудвиг Побожниот. Лудвиг

Page 25: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ПОЛИТИКА страна 25

Побожниот има тројцата синови,

но за врховен владетел го

прогласува синот Лотар I.

Таквата одлука не ја признаваат другите двајца синови Карло II

и Лудвиг Баварски, и војуваат

меѓусебно за превласт на

тронот. Братоубиствената борба завршува со постигнување на

Верденскиот договор со кој

кралството се дели на три дела,

односно меѓу Карло II, Лудвиг Баварски и Лотар I.

На Карло II му биле дадени

западните територии и

постанува крал на Франција. Лудвиг Баварски е крунисан за

крал на Баварија и на Источна

Франачка(Германија). Лотар I е

крунисан за крал на Италија.

(Податоците можат да се најдат и на Википедија, што е најлесен

начин секој да се запознае)

Ова е мал дел од историјата на два европски народа кои се

многу горди на себе, кои се во

исто време многу различни, но

сепак имаат блискост која може да се пронајде назад во

историјата. Два народи кои биле

големи историски соперници и

непријатели, во својата историја

повеќе денови војувале него што биле во мирољубиви

односи.

Од направениот краток осврт,

можеме да ги забележиме неопходните минимум елементи

за Германија и Франција да

бидат во меѓусебен спор како

тој што го имаат Македонија и Грција денеска. Сепак немало,

ниту пак има ваков вид на спор

меѓу овие две држави.

Германците не го оспоруваат името на државата Франција,

ниту пак Франција инсистира на

монопол на името на својата

држава и нација.

Дополнително на ваквата

историја, има посебност и во меѓусебното именување меѓу

овие две држави и народи.

Името на Франција на германски

гласи Франкрајх (Frankreich). Додека пак Франција и се

обраќа и ја именува Германија

со името Алеманиа (Allemannia).

Зборот Алеманија потекнува од времето на античкиот период, со

овој назив Римјаните ги

именувале германските

племиња северозападно од нивните граници. Додека пак

Германците себе се именуваат

како Дојчланд (Deutschland),

Англичаните и другите народи

од англиското говорно подрачје, ги именуваат како Германи

(Germany), исто и ние

Македонците им се обраќаме со

името Германци и Германија, додека пак Србите и Русите и

некои други народи, на

Германците им се обраќаат со

името Немачка и немци. Најмалку четири имиња за еден

народ и држава.

Потикнати од спорот што ни го наметна Грција, можеме да се

запрашаме како оваа

терминологија функцинира во

случајот со Германија, и притоа

Page 26: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ПОЛИТИКА страна 26

не постои забуна, уште помалку

опасност од загрозување на

нечиј индентитет, или пак

крадење историја. Вакви случаи на различно меѓусебното

именување на државите има

повеќе.

Посочените факти зборуваат дополнително за апсурдноста на

спорот што постои меѓу

Македонија и Грција. Ваквите

примери за развојот и опстојувањето на индентитетите

во Европа може да помогнат и

на Балканот, конкретно во

спорот што го имаме со Грција, која ни го оспорува името на

државата.

Основен фундамент на еден

народ кој го прави различен од

другите народи, е јазикот на кој зборува, јазикот ги прави во

најголем дел разликите меѓу

културните творештва на

народите.

Нашиот македонски мајчин јазик

е тој што нè прави различни во

секојдневното живеење од

другите. Македонскиот јазик е најголем белег, жив доказ за

постоењето на македонскиот

народ. Сè додека има луѓе кои

зборуваат македонски јазик, успешно ќе опстојува

македонскиот народ.

Македонскиот народ опстојувал

далеку одамна пред да формира своја држава, зборувал на свој

посебен јазик различен од

другите народи, создавал

посебна култура.

Page 27: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ПОЛИТИКА страна 27

Aтанас Величков

Хрватска тргна кон европскиот успех

Пред дваесет и една година хрватските граѓани засекогаш ја

уништија југословенската идеја

како политички проект,

зацврстувајќи ја својата независност, а исто така и

најавувајќи го конечниот крај на

каква било југословенска

политичка идеја (беше јасно дека по отцепувањето на Хрватска и

Словенија Југославија повеќе

немаше да може да опстане). На

референдумот, што беше одржан

во истиот ден кога Ивица Рачан и хрватските комунисти во 1990

година го напуштија 14-тиот

конгрес на СКОЈ и отворија

простор за распадот на Југославија, Хрватите одлучија

да се приклучат на најбогатиот

светски пазар и кон- сложената

светска политичка асоцијација во која суверенитетот донекаде се

споделува, но не се уништува.

Тука треба да се потсетиме дека

влезот во ЕУ беше прокламиран

како цел на целата прва

гарнитура хрватски политичари во почетокот на деведесеттите

години на минатиот век. Таа цел,

за жал, беше компромитирана со

војната во Босна и Херцеговина, со воените злосторства по

операцијата „Бура“ и

„несмасноста“ на хрватската

држава во времето на Туѓман. Но, дури и Туѓман, исто како и сите

претставници на хрватската

политичка елита од тоа време,

сметаа дека членството во

Европската Унија е вообичаена национална цел за Хрватска.

Хрватските граѓани оваа недела

гласаа правилно, како и во

повеќето навистина важни политички случаи (изборите во

1990 година, референдумот во

1991 година, изборите во 2000

година, претседателските избори во 2009 година, неодамнешните

парламентарни избори), со што

покажаа голем степен на

одговорност и политичка култура. Лошата вест е дека

многу мал број на граѓани

излегоа на гласање.

Референдумот несомнено е

легален, но неговата легитимност би била значајно поубедлива, ако

во него беа вклучени поголем

број на луѓе.

Причините за слабата излезеност се повеќе од јасни. Хрватите

одамна ја изгубија довербата во

повеќето свои институции и пред

сé ја изгубија вербата во политичарите.

Page 28: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ПОЛИТИКА страна 28

„За“ Европската Унија се

обединија, можеби за прв пат по

војната, а можеби и за прв пат по референдумот за независност,

речиси сите хрватски државни и

политички институции: сите

политички партии, претседателот на републиката, католичката

црква, сите главни медиуми и

некои организации на воени

ветерани.

Големиот број граѓани, кои не им

веруваат на институциите и на политичарите, веројатно се

воздржаа од гласање, бидејќи не

сакаа да помогнат во овој

политичко-културен-медиумски проект. Таксистот, кој синоќа

после работа ме носеше дома, ми

рече: „Сé е во ред, но пофалбите

за ЕУ станаа навистина досадни“.

Во различните интернет форуми деновиве доминираше

негативниот однос кон

референдумот, бидејќи

Европската Унија започна да се идентификува со локалната

политичка сцена.

Огромниот јаз меѓу државните и

јавните институции и дел од хрватското население е една од

главните причини за

разочарувачки слабата

излезеност пред избирачките

места. Другата причина е фактот дека Хрватите не само што се

заморија од политиката, нив ги

замори и самиот пат кон

Европската Унија.

ЕУ во Хрватска не може да се

дочека како причина за отворање на шампањско, туку како нешто

што природно ни припаѓа.

Третата јасна причина е

сегашната состојба, особено во нејзините неуспешни членки, што

може да предизвика конфузија и

неодлучност. Без оглед на малиот

одѕив, Република Хрватска одлучи да стане членка на ЕУ. По

оваа одлука во следните неколку

години дел од нашата реалност

ќе се измени.

ЕУ ни дава трајна геополитичка стабилност. ЕУ ни отвора пазар

со повеќе од половина милијарда

луѓе. ЕУ ќе нé натера да

постигнеме повисоки стандарди во организацијата на државниот

и јавниот живот. Членството во

ЕУ ќе ни даде шанса да се

модернизираме во голем број области, членството во ЕУ ќе нé

натера, се разбира, драстично да

Page 29: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ПОЛИТИКА страна 29

го промениме начинот на

однесување, особено во

бизнисот. Нема никакво сомнение дека

многумина нема да сакаат или

пак да можат да се усогласат и

нема да успеат. Меѓутоа, успехот на оние кои умеат, нема да биде

ограничен во рамките на

Хрватска, како што беше досега.

Република Хрватска денеска

почна да создава услови да се

претвоти во една успешна, мирна и најмногу задоволна земја.

Автор: Давор Бутковиќ Извор: „Јутарни лист“

Подготвил: Атанас Величков

Page 30: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ПОЛИТИКА страна 30

Ана Николова

Заштита од дискриминација – поим и начини - Дискриминацијата како појава,

често пати се доживува како

„неправда против која нема

што да се направи“.

Заинтригирна од тоа колку често луѓето се повикуваат на

дискриминација, следува една

едноставна обработка на тоа

што значи дискриминација и како да се постапува по

истата.

Право да живеат без

дискриминација и правото на

живот без насилство се меѓу

основните човекови права.

Дискриминација е нееднаков третман на поединецот или

група на луѓе. Овој нееднаков

третман може да се должи на

карактеристиките на луѓето кои се сметаат дека се

заеднички за луѓето, кои се

идентификуваат како група:

на пример, расата, полот,

културата, родов идентитет,

етнички идентитет, потекло,

верска припадност. Всушност,

во правно- нормативна

смисла, дискриминација е недозволено и неоправдано

разликување на луѓето врз

основа на карактеристики,

наведени во Законот за заштита од дискриминација.

Овој закон во Република

Македонија е донесен во

април 2010 година.

Кои се облиците на

дискриминација? Директна дискриминација;

Индиректна

дискриминација; Вознемирување;

Дискриминација на лица со

интелектуална и телесна

попреченост; Поттикнување на

дискриминација;

Сегрегација;

Виктимизација;

Дискриминација во обезбедување на добра и

услуги;

Тежок облик на

дискриминација;

За постоење на

дискриминација потребно е да

постои врска помеѓу таквото постапување и некои од

основите кои се наведени во

Законот за дискриминација.

Page 31: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ПОЛИТИКА страна 31

По кои

дискриминаторски

основи е забрането

различното

постапување? Пол, раса, боја на кожа, род;

Припадност на

маргинализирана група;

Етничка припадност;

Јазик; Државјанство;

Социјално потекло;

Религија или верско

убедување и други видови убедувања;

Образование;

Политичка припадност;

Личен или општествен статус;

Ментална и телесна

попреченост;

Возраст;

Семејна или брачна состојба;

Имотен статус;

Здравствена состојба;

Директна дискриминација е

секое неповолно постапување,

разликување, исклучување

или ограничување, кое како последица има или би можело

да има одземање, нарушување

или ограничување на

еднаквото признавање или уживање на човековите права

и основни слободи, споредено

со третманот кој го има или би

можело да го има друго лице

во исти или слични услови.

Индиректна

дискриминација врз

дискриминаторска основа е

секое ставање на некое лице

или група во неповолна положба во споредба со други

лица, со донесување

очигледно неутрални одредби,

критериуми или со преземање на определени практики.

Разлика меѓу

вознемирување и

сексуално

вознемирување? Според Законот за заштита од

дискриминација вознемирувањето и

понижувачкото постапување

претставува повреда на

достоинството на лицето или на група на лица, кое

произлегува од

дискриминаторска основа и

кое има за цел или резултат повреда на достоинството на

одредено лице или создавање

заканувачка, непријателска,

понижувачка или

застрашувачка средина, пристап или практика. На

Page 32: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ПОЛИТИКА страна 32

пример, навредливо

однесување на работници кои

се припадници на друга националност или навредливи

пораки поврзани со нивната

националност.

Сексуално вознемирување е несакано однесување од полов

карактер, кое се изразува

физички, вербално или на кој

било друг начин, а има за цел или последица повреда на

достоинството на едно лице,

особено кога се создава

непријателска, заканувачка, деградирачка или

понижувачка средина. Пример

однесување од секусуална

природа или вербални

забелешки со сексуална природа.

Вознемирување и

мобинг

Мобингот е психолошко насилство и злоупотреба на

работното место, кое може да

има многу серизони последици

како за жртвата, така и за работната средина. Разликата

со вознемирувањето, во

смисла на Законот за заштита

од дискриминација е тоа што

кај мобингот не мора да има врска помеѓу постапувањето и

една од основите наведени со

Законот. На пример,

навредливо однесување кон работникот, не врз основа на

пол, раса, националност, туку

на да речеме како поединец

кој последен дошол во работната средина.

Најзастапен проблем

претставува малтретирањето

од страна на шефот, изразено преку секојдневно

навредување, омаловажување,

преместување на пониско и

послабо платено работно место, или пак свесно

поставување на работни

задачи за кои работникот не е

квалификуван да ги извршува (односно не се на негово

интелектуално ниво).

Мобингот како таков,

препознаен е во Законот за работни односи, но сé уште не

постојат советувалишта,

амбуланти и други стручни

институции, пред кои жртвите

на мобинг можат да побараат заштита.

Како може да се спречи

дискриминацијата?

Пред сé, Законот предвиде

формирање на Комисија за заштита од дискриминација кој

постапува по претставки, дава

мислење и препораки за

конкретните случаи на дискриминација, на

подносителот на претставка му

Page 33: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 ПОЛИТИКА страна 33

дава информации за неговите

права и можности за

покренување на судска или друга постапка за заштита, ја

информира јавноста со

случаите на дискриминација и

превзема активности за промоција и едукација на

еднаквоста, човековите права

и недискриминација итн. Во

секој случај, покрај инструментите и механизамите

предвидени со овој закон,

особено важни се и следниве

начини за спречување на дискриминација:

Информирање за нашите

права, за тоа како и каде

можеме да ги оствариме;

Залагање за позитивни промени во законодавството,

како би се зацврстиле

човековите права во било кое

поле ( политички, економски, културни права);

Доколку се доживее

дискриминација, користење на

сите расположливи правни средства за заштита на своите

права;

Поттикнување на јавни

дебати за појавата и

последиците од

дискриминација;

Така, заштитата од дискиминација бара

сеопфатност во нејзиното

сузбивање- како

предвидување на превентивни мерки, така и законски

решенија, но и дебати и

едукација во јавноста.

Донесувањето на Законот за заштита од дискриминација во

РМ беше проследено со

жестоки дебати во однос на

основите за постоење на дискриминација- т.е. во однос

на сексуалната определба

како основ за дискриминација.

Сепак постоечкиот Закон не ја

предвдидува сексуалната определба како основа за

дискриминација.

Според извештајот на МЦМС-

македонски центар за меѓународна соработка,

најчесто граѓаните се

чувстуваат дикриминирани во

областите како работните односи ( вработувањето),

услугите на јавниот сектор, но

и услугите на приватниот

сектор- кафе барови,

дискотеки, базени.

Page 34: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 МЛАДИ СО СТАВ страна 34

Page 35: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 МЛАДИ СО СТАВ страна 35

Даниела Цветаноска

Медиумите - бизнис алатки во рацете на политичарите

Знаењето е сила, знаењето е моќ. Но, што ако знам многу работи

кога немам каде да ги кажам?!

Што ако имам безброј прашања

кога немам на кого да ги поставам?! Или според сите

пропишани правила и прописи,

имам кому, но не знам дали ќе

бидам меѓу најсреќните, па да ми бидат одговорени.

Во Македонија има многу млади и

надежни професори, кои ја

развиваат слободата на мислата,

говорот и дејствувањето. Многу

од нив и се платени за тоа. Но, каде се тие?! Со чесни

исклучоци, тие што ќе излезат со

поддршка за младите, во нашава

мала земја се нарекуваат партиски војници. А во нашава

демократија, постојано се крши

слободата на говорот и мислата.

Каде сте луѓе? Зошто сите си седиме и ја прифаќаме состојбата

таква каква што е?! И не се

обидуваме ништо да промениме.

Па, нели ние сме слободни. Цело

време слушаме за слободата на медиумите, за тоа дека можеме

се да си кажеме. Па, како тогаш

Македонија цело време паѓа на

скалата за слобода на говорот. По сите нови истражувања и

анкети, Македонија го допре

дното во однос на слободното

новинарство. Па, ако новинарите немаат право да го кажат тоа што

го имаат, тоа што го виделе и го

евидентирале, зарем можеме ние

останатите луѓе да го направиме

тоа? Само за потсетување, во последниот извештај на ЕК се

вели: медиумите и понатаму се

поделени по етничка и политичка

линија, а самоцензурата е широко застапена. Па, кој не

знае дека постои поделеност на

медиумите. А сите наши медиуми,

се препукуваат за тоа кој е повеќе во право и која

телевизија е повеќе гледана. Со

ова јасно покажувам дека

Page 36: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 МЛАДИ СО СТАВ страна 36

медиумите полека, но сигурно ја

губат улогата како сервис на

граѓаните и стануваат бизнис алатки во рацете на

политичарите.

Зарем сите случувања околу

медиумите во поседниов период не се доволен доказ дека вака веќе не може понатаму. Сé

почести се тужбите против новинарите, сé повеќе се губат

професионалните стандарди и сé

повеќе се заплашуваат

новинарите. Од сето ова

добиваат само политичарите, а

губат сите останати граѓани, а

најмногу младите луѓе. А дали воопшто се запрашал некој дали

и нас ни се потребни и забавни

или информативни емисии, а не

само политички препукувања и вести кои се различни на сите

телевизии?

Зошто транспарентноста на една

телевизија зависи од тоа од која политичка партија е

сопственикот? Па, јас како млад

човек, можам една информација

да ја слушам во милион различни верзии. И на кого треба да

верувам? На медиумскиот

простор постои само еден крупен

играч, а тоа е политиката. Е па, тоа се случува во оваа наша мала

„демократија“. И сé додека во младите е

иднината, а тие си молчат и се

кријаат зад своите партиски книшки и раководители, ќе го

имаме овој тренд на опаѓање на

слободата на говорот. Па, зошто

тогаш бараме виновник? Ееее, се додека бараме виновници во сите

други, наместо во нас самите, ќе

продолжиме да си живееме во

мрак и целосно изолирани од

вистината.

Page 37: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 РЕВОЛУЦИЈА-ДОПИСНИЦИ страна 37

Специјално од Лондон: Јасмина Спиркоски

Бакингамската Палата

Бакингамската Палата од 1837 година е официјална

резиденција на англиските

кралеви во Лондон. Денеска

таа служи како административен центар на

монарсите.

Иако во Бакингамската

Палата се многу настани и приеми одржувани од

кралицата, државните соби

во Бакингамската Палата се

отворени и за посетителите секоја година.

Бакингамската Палата има

775 соби од нив 19 се

државни соби, 52 се спални

соби на монарсите и нивните гости, 188 спални на

персоналот, 92 канцеларии и

78 купатила. Таа е 108 метри

долга, 120 метри широка и 24 метри висока.

Палатата е место каде што се

одвиваат секојдневните

административни активности на британската уставна

монархија. Во неа се

сместени канцеларите на

сите секретари и помошници

на кралицата, Војводата од Единбург и на нивната

потесна фамилија. Во Палатата исто така се

одржуваат и големи кралски

церемонии и државни посети.

Бакингамската Палата е опремена и декорирана со

бесценети уметнички дела

кои се дел од кралската

колекција, една од најголемите уметнички

колекции во светот денеска.

Таа не претставува

уметничка галерија и исто

така не е ни музеј. Државните соби во Палатата

често се користат од

кралицата и припадниците на

кралската фамилија за организирање на официјални

и државни приредби.

Повеќе од 50 илјади

посетители ја посетуваат палатата годишно како гости

на банкети, ручеци, вечери,

приеми и забави во

кралските градини. За тие што примиле покана да ја

посетат Бакингамската

Палата нивниот влез најпрво

ќе го направат во големиот

салон и потоа по заоблените мермерни скали од големото

скалило.

Во собата каде што е тронот,

кралицата во специјални прилики како што се

кралските јубилеи

организира кралски приеми.

Друга употреба на собата со тронот е и како место каде

што се прават официјалните

свадбени фотографии при

кралските венчавнки.

Page 38: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 РЕВОЛУЦИЈА-ДОПИСНИЦИ страна 38

Оргиналната Палата на

Кралот Џорџ IV имаше недостаток од голема сала

каде што би можело да се

организираат забави па тој

недостаток кралицата

Викторија го поправи со изградбата во 1853 година на

најголемта тогашна сала во

Лондон. Со 36 метри должина

18 метри ширина и 13 метри висина салата за балови е

една од најголемите соби во

Бакингамската Палата. Таа

била отворена во 1856 година, со бал за да се

прослави крајот на

Кримеантската војна.

Денеска салата за балови се

користи од кралицата за организирање на државни

банкети и други официјални

приеми, како што е

годишниот прием на дипломатскиот кор на кој што

присуствуваат 1500 гости.

Тоа е еден формален прием

каде што кралицата се среќава со сите амбасадори

акредитирани од неа. За

дипломатите тоа е можеби

еден од најзначајните настани на кои тие

присуствуваат. Салата за

балови уште се користи како

концертна сала за

меморијални концерти и е

редовно место каде што се

доделуваат одликувања на заслужните граѓани. Такви

настани вообичаено се 21 во

годината, 9 во пролет, 2 во

лето и 10 во есен. На денот на одликувањата кралицата

или Принцот од Велс како

нејзин претставник се

среќава со примателите на одликувањата и им ги

доделува нивните

одликувања, вклучително и

витештвата на тие што биле наградени со витештво.

Собата каде што се

одржуваат официјалните

државни вечери е една од

најзначајните државни соби на западната страна на

Палатата. Многу

високодостојни луѓе имаат

вечерано во оваа соба, вклучувајќи ги и 24-те

носители на Орденот на

Заслуга како и голем број

претседатели и премиери. Пред салата за балови да

биде додадена кон Палатата

во 1850- тите години, првиот

државен бал бил одржан во Сината соба во мај 1838

година како дел од

прославите за крунисување

на кралицата Викторија.

Page 39: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 РЕВОЛУЦИЈА-ДОПИСНИЦИ страна 39

Музичката соба, оригинално

попозната како собата за

цртање Бов, е место каде што се крстени четири кралски

бебиња: Принцот од Велс,

Кралската Принцеза,

Војводата од Јорк и Принцот Вилијам беа крстени од

страна на поглаварот на

Англиската црква. Музичката

соба исто така се користи за претставување на гостите од

државните посети пред

кралицата и Војводата од

Единбург, каде што официјален говорник со

јасен и силен тон го извикува

името на посетителот и го

претставува посетителот

пред кралицата. Еден од последните

апартмани кои фрлаат поглед

кон градината е Белата соба

за цртање, оргинално наречена Северната соба за

цртање, која е можеби една

од највеличенствените од

државните соби.

Оваа соба исто така служи

како соба за кралски прием

каде што кралицата и членовите на кралската

фамилија се собираат пред

државни и официјални

приеми.

Многуте посетители на

кралските забави, кои се

одржуваат во градината поминуваат пред да стасаат

до градината низ собата Бов.

Таа првично била наменета

како дел од приватните одаи на Кралот Џорџ IV, но

никогаш не била опремена за

таква намена. Наместо тоа,

таа станала уште една соба за приеми каде што

кралицата го приредува

првиот ручек при посетата на

претседатели од други земји.

Промена на кралската

стража во

Бакингамската Палата Промената на стража е

процес на замена на старата стража со нова стража во

Бакингамската Палата.

Стражата која ја чува

Бакингамскта Палата е

наречена кралска стража и таа е поделена во два

оддела, оддел за

Бакингамска Палата и оддел

за Палатата Св. Џејмс. Должностите на кралска

стража вообичаено ги врши

батаљонот од кралската

дивизија а понекогаш и батаљони на други

пешадиски девизии. Војници

за овие стражи се одбираат

од една од петте единици во

Британската Армија: Шкотската Гарда, Ирската

Гарда, Велшката Гарда,

Гренадирската Гарда и

Гардата Ладен Поток. Кралската стража е

командована од капетан и

секој нејзин оддел е

командуван од поручник.

Page 40: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 РЕВОЛУЦИЈА-ДОПИСНИЦИ страна 40

Боите на батаљонот кој ја

врши должноста на стража се

носени од војник со чин Потпоручник. При

примопредавањето на

стражата војничкиот

оркестар свири музика која варира од традиционални

воени маршови, музика од

филмови па дури и

популарни забавни мелодии. Кога Кралицата е во

Палатата кралската стража

се состои од 4 строја на

војници пред Палатата, а кога таа не е присутна во

Палатата стражата се состои

од два строја.

Кралската стража вообичаено

е составена од пешадија во нивна полна церемонијална

униформа, црвени туники и

капи изработени од мечкина

кожа. Понекогаш единици од другите земји на Комонвелтот

одржуваат почесна стража

пред Палатата.

Во мај 1988 година од канадската пешадија

организираа почесна стража

пред Бакингамската Палата

за прв пат по 1953 година.

Кралската дивизија го чува

интегритетот на кралевите и

кралските Палати од 1660 година.

До 1689 година англиските

кралеви живеле главно во

Палатата Вајт Хол и тие биле обезбедувани од Кралската

коњаница. Во 1689 година

седиштето на кралевите

премина во Палатата Св. Џејмс и таа била

обезбедувана од пешадиски

стражи.

Кога кралицата Викторија за свое седиште ја направила

Бакингамската Палата во

1837 година, кралската

стража останала во Палатата

Св. Џејмс со оддел за обезбедување на

Бакингамската Палата.

Во Бакингамската Палата промена на почесната стража

се одвива дневно во 11.30

часот од мај до јули, а потоа

на други одредени часови во

текот на остатокот на годината.

Промена на стража не се

прави при врнежливо време.

Page 41: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 РЕВОЛУЦИЈА-СОРАБОТНИЦИ страна 41

Социјално вклучување на старите лица

Вклучувањето на старите лица во

самото општество е повеќе од подавање рака, а воедно е и

показател дека староста не е

болест, туку е дел од нашиот

животен циклус. Со старото лице треба да се постапува без да се

врши дискриминација на

неговата личност по било која

основа, возраст, пол, раса, етничка припадност и

инвалидност, туку да се најдат

начини како тие би биле корисни

и неотфрлени. Македонија

станува земја со старо население, па затоа активното

вклучување на старите лица во

самото општество е од огромно

значење пред сé за самите стари лица како и за нивното блиско

опкружување. Активното

вклучување на старите лица

може да биде во областа на:

Креирање на политика ,што

директно влијае на нив;

Членување во здруженија;

Волонтирање;

Учество на работилници од

едукативен и креативен

карактер;

Организирање на

прошетки, прослави и други

собири за заедничко

дружење и др.;

Никогаш не е доцна за искажувањето на хуманоста,

секој втор стар човек во

општеството има потреба од

помош од трето лице, а дадената помош од личност од иста

возраст е повеќе од разбирање и

почитување. И затоа

Здружението „Хуманост“ смета дека креирањето на подобри

услови за живот на старите лица

и нивното социјално вклучување

во општеството е истовремено и креирање на подобра и

посигурна старост за сите, затоа

што еден ден сите ние ќе бидеме

стари.

„ХУМАНОСТ“

Здружение за унапредување на условите за грижа и сместување

на стари и изнемогнати лица

Page 42: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 АРТВИЗОР страна 42

Од перото на Владимир Неделковски

WILFRED(2011)

Улоги: Elijah Wood, Jason Gann, Fiona Gubelmann Режија: Randall Einhorn, Victor Nelli Jr. Сценарио: Jason Gann, Adam Zwar Продуцент: David Zuckerman (за да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е лекториран)

„Менталното здравје и среќата се невозможна

комбинација“

Марк Твејн

Типкањето по тастерите од

лаптопот, полека, но сигурно

стивнуваше, кога Рајан со силна

и ведра воздишка го чукна тастерот Ентер и ја прогласи

својата работа за завршена,

мрморејќи си самиот на себе: Го

средив! На мониторот блеснаа

зборовите „Самоубиствена порака-Трета Ревизија“ при што,

зуењето на печатачот го означи

едновремено, печатењето на

последниот поздрав како и доаѓањето на моментот, кога

Рајан ќе го напушти овој свет.

Со сигурна насмевка, младиот

човек стана од столчето и се

упати во кујната. Едно, по друго

ги ставаше неопходните додатоци во миксерот, според рецепт веќе

научен напамет; сепак ова беше

трета ревизија, пардон, трет

обид... Значи, пола литар млеко, кравјо по можност; една

излупена банана, непрезреана;

диетален додаток со минерали,

за здраво тело и здрав дух и

останатото слично срање;и главната состојка – полно

шишенце таблети за спиење, со

количество не помалку од

дваесет, убави, плави „бебенциња“.

измешајте/блендирајте и

оставете да постои петнаесетина

минути. Испијте ја целата доза наеднаш, на екс. ЖИВЕЛИ! Рајан,

стоеше, комично со бели

„мустаќи“ од млекото и ја читаше

по којзнае кој пат својата проштална порака, кога нешто го

сврте неговиот поглед кон

прозорецот во трпезаријата. Иако

ноќ, Рајан ја препозна својата

убава, млада соседка како излегува од плавиот автомобил.

„Збогум девојко од комшилук. Се

Page 43: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 АРТВИЗОР страна 43

надевам ќе го најдат мојот леш

пред смрдеата да ти засмета“ –

целиот претворен во насмевка, Рајан и мафна со едната рака.

Девојката, го забележа убавиот

гест и учтиво се насмевна и му

возврати еднакво. Рајан легна на троседот и удобно сместен, веќе

беше подготвен да западне во

студената прегратка на смртта,

кога... ВРРРРРМММ!!!- силно татнење го тргна од мирот и

спокојот. Гневно истрча кон

неговиот сосед, кој како и

повеќето бајкери, уживаше да го слуша својот мотор како ржи.

Пред да зине и да му каже нешто

на соседот, Рајан начу длабок

машки глас кој ечеше од куќата

на убавата соседка: Море, барабо! Усред ноќ е да „тибам!

-Вилфред, доста. Ајде... –

убавата соседка го прекина

гласот и го затвори прозорецот. – Јасно, има дечко. – промрмори

Рајан и се врати на својот тросед.

Лежејќи, чекајќи на својот

тросед, Рајан потроши добри два часа. Не издржа и скокна

нервозно стрчувајќи се кон, сега

празното, шишенце со лекови.

Фрустрацијата зошто е уште жив,

го јадеше жив! Го препрочита по триесетиот пат упатсвото за

лекот. Ги разгледа сите онлајн

информации за лекови, за

предозираност, за мерки за претпазливост... Се измори, па

седна на троседот, разочарано

гледајќи на рачниот часовник.

Седењето му досади, па го зема јажето за скокање и извежба

неколку серии. Се истушира.

Напиша на компјутерот и Четврта

Ревизија на прошталната порака.

Го фати паника и хистерија и се

растрча манијакално по куќата, во потрага по друг метод за

самоубивање; задушување со

перница? Не... труење со

испивање хемикалии од тоалетот? Неуспешно... Додека

Рајан, да успее да најде

соодветно решение за неговиот

проблем, зачрчори ѕвочето на надворешната врата и Рајан

забележа дека е веќе дојдена

зората.

Рефлексно ја отвори вратата и се појави на куќниот праг, згужван,

нечешлан и небричен, со

ненаспани очи како вистинско

зомби. Пред него стоеше убавата,

млада соседка, во чии златникави прамени бујна коса

се прелеваше утринското сонце.

Девојката се претстави и Рајан,

повторно автоматски, започна разговор со неа, сосем спонтано,

како да е само уште еден

вообичаен ден. Додека

разговорот траеше, низ маглата на својот ум, Рајан некако успеа

да сфати дека убавата Џена го моли да ñ го причува песот,

додека таа не е дома. Рајан се

согласи, без ронка двојба и погледна во сивото, рунтаво

животинче, кое стоеше на две

нозе, зад девојката. „Две нозе?“

Рајан зјапаше во необичното ѕверче, додека зборовите од

соседката му бледнееја од

неговиот ум. -Вилфред. Дојди,

момче.-извика наеднаш Џена и

во следниот миг, пред скаменетиот Рајан се најде маж

од некои трисет години, повисок

Page 44: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 АРТВИЗОР страна 44

од него, облечен како сиво куче,

со пластична муцка прицврстена

на носот. Девојката замина, оставајќи го Вилфред на прагот.

Пред сосем да се соземе Рајан,

„песот“ се оптегна на троседот и

започна интересен и необичен разговор со Рајан за ДВД-деа,

омилени актери и сл.

Овој „краток“ опис е само

почетокот на најновата (најлуда) серија од, на мене, непознатата

продукциска куќа, FX Productions

која ги откупила правата за

истоимената серија од некоја

австралијанска продукција и откога го преработиле

сценариото, ангажирале

пристојни актери и добар

режисер И ФРАНКЕНШТАЈНОВОТО ЧУДОВИШТЕ Е ЖИВО! МВХА-ХА-

ХА-ХА-ХА-ХА-ХА-ХА-ХА-ХА-

ХАААААААА!

Во главна улога, како Рајан, се појавува Илајџа Вуд, малиот

Фродо од Господар на Прстените,

кој е совршен за оваа улога.

Значи, да поедноставам и дообјаснам - Рајан е млад човек,

разочаран од животот, како на

социјален, така и на

професионален план, кој е склон

кон самоубиство. Обидот да си го

одземе животот ќе му биде

саботиран од страна на „прегрижливата“ сестра која му

ги сменила таблетите за спиење

со бонбони. Рајан, не може да и

докаже на сестра му дека не гледа надеж во неговата иднина,

бидејќи нема другари, нема

девојка, нема работа и е

заглавен во адвокатска кариера која ја мрази од корен и на која

се нафатил само заради неговиот

тврдоглав и надмен татко. ТУКА

НА СЦЕНА ДОАЃА ВИЛФРЕД! Тхе вондер-дог! Вилфред, е всушност

вистински пес од соседката (по

која Рајан се треска), но во очите

и ушите на Рајан, кучето е човек,

средовечен маж, во сив крзнен костум. Вилфред прави сé што

прави секое куче, само што го

прави тоа на човечки начин. На

пример, како куче, сака да копа по дворот, да бара коски, но тоа

Вилфред го прави користејќи

лопата. Или, како пес т.е. машко

куче сака да го пика носот под

сукњи од девојки и сега замислете ситуација, како

возрасен маж, облечен како куче,

ја пика главата под фустан на

некоја згодна девојка. Ха! Бесценето... Сеедно, оваа серија

е толку оригинална и смешна што

не ми се веруваше што гледам.

Еве уште една шега за пример. Вилфред и Рајан се ушуњаваат у

куќа на моторџијата-галамџија. И

сеа, Вилфред, испизден од

будење среде ноќ, му предлага

на Рајан да се „олеснат“ (покакаат) во чизмите. И ТОА И

ГО ПРАВАТ; ХА! Абе вицови до

Page 45: Револуција магазин бр.61

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 61 АРТВИЗОР страна 45

колена, заедно со кучешки го...

фекалии. А, слушнете го молам

карактерот на песот, Вилфред. Храбар, искусен, мудар;

попрецизно, тој е тип што трча по

задници (и женски и кучешки),

чисто за рекреација; „Дува“ марихуана и влече мудри изреки

додека е „хај“; Омилен актер му

е Мет Дејмон иако го смета за

педер и најсакано нешто на светот е неговото тениско топче,

кое ако е правилно фрлено, може

да ја предодреди судбината,

според некои кучешки верувања. Финтата, во целата оваа

лудорија, е што сите освен Рајан,

го гледаат, слушаат, мирисаат

Вилфред како само уште еден

пес. Но, на страна шегата, меѓу

сите вицови, се прикажани и

полно суптилни мудрости и поуки

и животни лекции, кои, иако серијата е чукната и блесава и

комична до помочување, се

неверојатно целисходни и

реалистични. Па, најкратко, сума сумарум, ука и ум преку виц

и смеа. Ова е серија која ја

препорачувам на сите што сакаат

да видат нешто ново, неочекувано добро и супер

забавно, со сублиминална порака

за поубав живот.

конечна оценка: 9,0/10

Се читаме и се смееме.

Page 46: Револуција магазин бр.61

Револуција магазин број 61 28 ЈАНУАРИ 2012 ГОДИНА страна 46