Револуција магазин бр. 72

40

Upload: revolucijacom-mkrevolucijacom

Post on 14-Mar-2016

245 views

Category:

Documents


1 download

DESCRIPTION

Revolucija magazin br.72

TRANSCRIPT

Page 1: Револуција магазин бр. 72
Page 2: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJAMAGAZINBR.72

MAGAZIN REVOLUCIJA14 April 2012

2

Page 3: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJA MAGAZINBR.72

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

14 April 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

ЗАМЕНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИКЕлена Николовска, e-mail: [email protected]

ПОМОШНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Елена Павловска, e-mail: [email protected]

УРЕДНИК ЗА ФИЛМСКА УМЕТНОСТ, СТРИП И УМЕТНИЧКИ АНИМАЦИИ:Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Александра Николовска, Магдалена Јовановска, Кристина Вељаноска, Славе Ангелов, Милена Петровска

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ТЕХНИЧКИ УРЕДНИК:Миланчо Ристовскиe-mail: [email protected]

МАРКЕТИНГ:Славица Ѓоргиевa Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Nedelna panorama ................................................................................................................... 5

Obrazovanieto go izgubi svojot sjaj ..................................................................................... 12

Makedonija - izvoznik na mladi umovi ............................................................................. 17

Od kafe do desetka ................................................................................................................ 20

Koga vladata si igra banka ................................................................................................... 22

Aziski monetaren fond kako alternativa na MMF? ..................................................... 25

Makedoncite ZA policija za `ivotni ................................................................................ 28

Marketing agenti ili prodava~i? ...................................................................................... 30

Makedonskoto naselenie sè pove}e staree ....................................................................... 34

THE IMMORTALS (2011) .................................................................................................... 36

Sodr`ina

Page 4: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJAMAGAZINBR.72

MAGAZIN REVOLUCIJA14 April 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 2704953485006 Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Автор:Влатко Неделковски

Page 5: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJA MAGAZINBR.72

MAGAZIN REVOLUCIJA Nedelna Panorama

5

Радев на кровот на новото МНР

Статуата на Симеон Радев бугарски публицист, историчар и дипломат, родум од Ресен, неделава осамна на кровот од новата зграда на Министерството за надворешни работи.

Бугарската агенција „Фокус“ пренесе дека „една од скулптурите на новата зграда на македонското МНР го овековечува членот на бугарската делегација при поделбата на Македонија во Букурешт 1913-та.“. И пред да може македонското МНР да го напише својот официјален одговор на нелогичниот лик, екс- министерот за дијаспора на источниот сосед, Божидар Димитров се појави во јавноста со изјава:

- Да поставиш споменик на Симеон Радев, автор на „ Градителите на современа Бугарија“, а не на „Градителите на современа Македонија“, долгогодишен дипломат во бугарското, а не во македонското министерство за надворешни работи, може да значи само едно: дека тивко Македонците признаваат дека се Бугари и дека нивното МНР е филијала на бугарското МНР.

Еден ден подоцна, од Секретаријатот

за општи и заеднички работи (СОЗР) информираа дека поставувањето на статуата на Радев е резултат на грешка, и истата ќе биде префрлена во Музејот на македонската борба. Според официјалното соопштение, грешката се случила уште при формирањето на листите на личности за кои треба да бидат изработени статуи.

На кровот од МНР сега ќе бдее фигурата на Жан Моне – идеолог и главен основач на европското обединување.

За помалку информираните, Симеон Радев до 1903 година бил истакнат македонски новинар, а потоа виден бугарски публицист, историчар и дипломат. Радев бил член и на бугарската делегација при потпишувањето на Букурешкиот договор во 1913 година и при потпишувањето на Солунското примирје во 1918 година.

Во ерата кога Република Македонија од петни сили се труди да си докаже дека е своја и ничија друга, кога се бори да си го заштити идентитетот од своите соседи, надлежните си дозволуваат ваков непосакуван превид... Невниманието на едни, останува како нова црна точка во историјата на други...

Првиот претседател кој стапнал во Шуто Оризари

Ѓорге Иванов е првиот македонски претседател што се појавил во скопската општина Шуто Оризари, тврдат општинарите. Претседателот Иванов во Шуто Оризари го честиташе Меѓународниот ден на Ромите. Тој имаше средба со градоначалникот, Елвис Бајрам и со советници во општината, кои изразија благодарност

Page 6: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJAMAGAZINBR.72

MAGAZIN REVOLUCIJANedelna Panorama

6

за оваа прва посета на претседател на државата на општината.

Иванов ја посети општината поради учениците на возраст од 9 до 12 години од шест општини, опфатени со проектот „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“, кој е под негово покровителство.

Претседателот Иванов присуствуваше на манифестацијата во рамки на проектот и потсети дека по Прилеп, ова е втора општина во која учениците низ спортот и игра ќе се дружат и запознаваат.

- Тоа што го видовме во Прилеп и овде покажува дека кај младите има потреба и желба да другаруваат меѓу себе. Преку тоа другарување се запознаваат и ја осознаваат Македонија како земја на различности, кои сме ги почитувале, постојано сме ги негувале и од мали нозе да се почувствува таа моќ која дава заедништвото – изјави претседателот.

Тој смета дека младите треба да другаруваат и преку спортот да го добијат чувството за натпревар, но потенцираше дека освен тоа треба и знаење, треба да бидат одлични ученици. Носител на проектот е Здружението за развој и иницијативи,

Геостратешки институт „Глобал“ во партнерство со општините вклучени во неговата реализација - Прилеп, Тетово, Центар, Старо Нагоричане, Шуто Оризари и Врапчиште.

Целта на проектот е да им овозможи на учениците од основното образование од шесте општини преку спортски активности, дружење, комуникација и посета на локални културни знаменитости подобро да се запознаат со своите врсници кои потекнуваат од различни културни и етнички заедници.

Историски потег кој вечно ќе се памети... Како да им поделил пари и иднина наместо лажни насмевки...

Детонатор продолжуваАкцијата „Детонатор“ носи и кадровски промени.

Кочанските полицајци, наместо кривични пријави, делеле предупредувања. Насоки и наредби добивале од сега разрешениот помошник командир и од поранешниот командир во пензија на полициската станица во Кочани. Утврдени биле пропусти при правењето на записниците, а со добар дел од кочанските полицајци се вршат разговори за да се утврди дали свесно ги правеле таквите записници.

Градот беше почестен и од посетата на првата полицајка, која во получасовната средба зад затворени врати се разговарало за апсењето на командирот Тодоровски и останатите инволвирани во акцијата „Детонатор“.

Во акцијата „Детонатор“ која го стресе источниот дел од државата разрешени се 13 полициски старешини, раководители, началници, а приведени

Page 7: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJA MAGAZINBR.72

MAGAZIN REVOLUCIJA Nedelna Panorama

7

беа и 14 лица од криминалната кочанска група.

Од исток, акцијата се префрли на другата страна од земјата - Струга и околината беа последните места каде „удри“ детонаторот. Покрај извршените контроли во неколку објекти одземени се покер апарати, флипери како и други предмети и документација што укажува на нелегална организација на игри на среќа.

Претрес бил извршен и во објект на стружанецот Дилавер Бојку кој е познат како балкански крал на проституцијата.

Во последната офанзива, биле пронајдени 40 покер и флипер-апарати, рулет маса како и маси за „блек џек“ , материјали за кладилници, пластични жетони, 33 шпилови карти, 29 клучеви за покер апарати, 6 читачи за покер апарати, 9 коцки за играње, како и повеќе тетратки со евиденции за попис.Апаратите за коцкање биле сместени во шупи. Меѓу осомничените за организирањето на игрите на среќа

немало полицајци.Се најавува дека акцијата ќе продолжи во сите сектори на МВР низ цела Македонија. Изгледа дека Детонаторциве решиле да си направат еден мини Лас Вегас... Ајде да погодуваме каде ќе се детонира следно?!

Три од три за ракометаритеАко петтото место на Европското првенство во Србија нè издигна во височините на ракометната еуфорија и во Гетеборг заминавме со илузии дека сме фаворити во конкуренција на Унгарија, Шведска и Бразил, трите порази од трите натпревари сурово нè спуштија на земја.

Потфрлување на клучните играчи, недоволната физичка подготвеност и воедно преголемата самодоверба се дел од причините поради кои не ја заслуживме Олимпијадата.

На дуелите со Шведска и Унгарија нашата репрезентација одигра под своето ниво, но сепак резултатски беше блиску. Со оглед на тоа дека на крајот се бројат само поразите или победите, останува впечатокот дека Македонија одигра лошо.

Page 8: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJAMAGAZINBR.72

MAGAZIN REVOLUCIJANedelna Panorama

8

Се вперуваат прстите, кој каде погрешил, кој потфрлил, кој се задржал на нивото. По враќањето на ракометарите, дури се шпекулираше и за оставка на селекторот Шундовски, но останаа само гласините.

Имавме шанса, но не ја искористивме. Отидовме со зурли и тапани, се вративме со солзи во очите... Сепак, не е се загубено – да ги насочиме надежите кон баражот против Австрија за пласман на СП во Шпанија! Ама овој пат, да си бидеме пореални за можностите и умешностите!

Во земјата на чудатаНесекојдневна појава или Божје чудо се случи со фрескоживописот во црквата Свети Димитрија во Скопје, кој се чисти сам од себе. За само неколку минути фреските и ореолите на светците и ангелите добиваат боја како да се насликани сега.

Со утринската литургија по повод Цветници чиноначалствувал отец Зоран, според кој Бог ни праќа порака дека треба повеќе да се вртиме кон духовното, а не кон материјалното.

Веста за настанот брзо се прошири низ македонските, а богами и низ светските медиуми. Сите сакаа што поодблиску да ја раскажат приказната, а верниците правеа редици за да со свои очи бидат сведоци на појавата која претходно била евидентирана само уште во една црква во Русија.

Настанот од Св. Димитриј ги разбуди блогерите и социјалните мрежи, и ги подели по линијата – чудо или не?На една страна се верниците кои не ја ни разгледуваат опцијата дека заживувањето на фреските е можеби

резултат на обични, земски акции.На другата страна пак, се оние кои прашуваат: која е пораката од „чудото“; како тоа поповите апелираат да се свртиме кон духовното додека ги возат своите мерцедеси; дали е ова свесна или несвесна измама; како може во 21 век граѓаните уште да се палат на средновековни „чуда“, и уште повеќе – како може на овој начин да се злоупотребува верата на еден човек??

Конзерваторите во потрага по одговорот – веќе ги имаат примероците од фреските во црквата, но информациите ќе дојдат дури откако ќе биде завршена целосната анализа, односно по завршувањето на велигденските празници.

Го испративме католичкиот, го чекаме православниот

ВелигденБискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов на велигденската воскресна литургија што минатиот викенд се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје ја прочита велигденската порака:

Page 9: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJA MAGAZINBR.72

MAGAZIN REVOLUCIJA Nedelna Panorama

9

- Драги браќа и сестри - врв на црковната година е прославата на Воскресеното таинство на нашиот Господ Исус Христос. За нас верниците секој празник, а особено Велигденските празници не се само сеќавање, туку секогаш и повторно настани на спасението. Она што во знаци го славиме, она на што се сеќаваме, тоа по неизмерната Божја милост во нас и со нас се случува, ако во тоа таинство влегуваме со силата на верата и понесени со милоста на Божјиот Дух. Нашиот Господ за сите времиња ја одреди „методологијата“ на евангелизацијата, а тоа е дека знак на препознавање меѓу христијаните е љубовта.

Тој праша дали треба да се докажува колку денес луѓето околу нас и ние самите во времето на глобализацијата и новата колонизација, во време на индивидуализам и егоизам се чувствуваме напуштени, занемарени и изгубени.

Бискупот Киро Стојанов ја заврши пораката:

- Драги верници, браќа и сестри, со оваа воскресна порака, сакав заедно со вас да ги споделам и товарот и радоста

и таинството и надежта која ни ја носи славењето на христовото пасхално таинство. Со тие мисли, нека ви е среќен и благословен големиот христијански празник Велигден. Христос Воскресе – Навистина Воскресе.

Една недела подоцна, започнаа и православните празнувања за Христовото Воскресение - Велигден, најголемиот христијански празник, празник на победата над смртта, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.Домаќинките во четвртокот ги бојадисуваа јајцата претежно во црвена боја која има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта.

Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воено ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението.

Page 10: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJAMAGAZINBR.72

MAGAZIN REVOLUCIJANedelna Panorama

10

На Велики Четврток, Господ Исус Христос на тајната вечера ја востановил Светата тајна причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во христовото тело и крв. Оваа света тајна - Евхаристија е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има христовата крв. Затоа црвената боја, симболизирајќи ја христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Како што бојадисаните црвени јајца од Велики четврток се јасна најава за блискоста до Велигден, така и тогаш, на Велики четврток на тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.

Според Светото предание се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца.

Нека им е честит и весел празникот Велигден на сите христијани! Нека ни донесе здравје и сила... Христос Воскресна...Вистина Воскресна!

Бесплатни прегледи на Плоштадот

Акција за превентивни бесплатни прегледи се спроведуваше во сите градови во земјава, по повод 7 април, Светскиот ден на здравјето, кој годинава е посветен на повозрасните лица и здравото стареење.

Акцијата ја организираше Министерството за здравство, во соработка со здравствените домови, центрите за јавно здравје и Институтот за медицина. Низ целата земја беа поставени 38 пунктови за бесплатни превентивни прегледи, а во акцијата

учествуваа повеќе од 200 здравствени работници.

Навали сиромашниот народ, кога нема пари за ништо, па ниту за лекарски преглед...

Црн петок за МакедонијаПетократно убиство во скопско Радишани ја вознемири јавноста во петокот. МВР засега нема осомничени за безживотните тела на четирите момчиња од населбата Радишани и 45-от годишен човек од селото Црешево, кои биле застрелани во горниот дел од телата со огнено оружје.

Page 11: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJA MAGAZINBR.72

MAGAZIN REVOLUCIJA Nedelna Panorama

11

Настанот предизвика револт кај локалните жители, кои се загрижени за својата безбедност. Во текот на првиот ден по убиството, беа регистрирани неколку нарушувања на јавниот ред и мир во Скопје, при што беа оштетени автобус на ЈСП и три патнички моторни возила.

Според неофицијални информации, обдукцијата е веќе завршена, но во интерес на истрагата, деталите сè уште не се објавени. Засега е само познато дека педесетина лица биле повикани на информативен разговор во полицијата. Покрај веќе вообичаените барања за

оставка на министерката Јанкуловска, следат и постојани апели за разумност и воздржаност во однос на невистини.„Револуција“ се придружува кон ваквите апели, повикувајќи ги институциите и медиумите што побрзо да си ја завршат работата, да се најдат одговорните за немилиот настан, и да следуваат соодветни казни.

Сепак, поголем е апелот – да се информира објективно за настанот и истиот да не се злоупотребува за разгорување на, и онака веќе надразнетите меѓуетнички односи во земјата.

Page 12: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.72

Дисперзирани студии, факултет во секој град, воведување на нови предмети, исфрлување на други предмети, изучување на англиски јазик и компјутерски вештини, екстерно оценување, оценување на професорите, вакви учебници, онакви учебници... И што уште не се спомена и се воведе, па се повлече, изминативе години. Новините наместо да ни помогнат да го подобриме квалитетот на образованието на нашите деца, единствено нé освестија дека работите не функционираат и под итно е потребна промена.

Раздор меѓу ученикот и професоротБогата и просперитетна нација може да биде само образована нација. Веројатно инспирирана од ова мото, Македонија во последниве години почна агресивна образовна кампања, го зголеми обемот на инвестиции во образованието, се засилија реформите во овој сектор. Отворени

се многу нови универзитети, воведени голем број новини, применети европски стандарди. Но, колку сето тоа реално се исплатува?

Новата парадигма во образованието гласи: Ставање фокус врз учењето, а не врз предавањето; ставање фокус врз ученикот или студентот и промовирање филозофија на учење за цел живот.

Дали тоа се реализира? Теоретски знаеме како е најдобро, но не знаеме како тоа да го примениме во пракса. А, учениците и студентите стануваат сé пофрустрирани и поразочарани. Ќе беше идеално секој да се однесувше согласно со моралните начела и совесно и професионално да ги негуваше своите обврски. Но, факт е дека во нашето општество постои еден расцеп, огромна дистанца меѓу професорот и ученикот - раздор кој тешко може да се надмине.

Obrazovanieto go izgubi svojot sjaj

Page 13: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJA MAGAZINBR.72

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

Од една страна ги имаме професорите- кои се разочарани, исфрустрирани од проблемите со кои се соочуваат, па просто немаат елан, волја, а и воопшто не се замараат да внесат нешто креативно и интересно во своите предавања, а од друга страна се учениците, студентите кои се чувстваат разочарани и изневерени, па на професорската незаинтересираност возвраќаат со непочит кон истите.

Зошто да учам, зарем тој се труди нешто да ме научи?! Зошто да го учам, зарем тој сака нешто да научи?!- Кругот е меѓепсан и како да нема излез од него. Ниту едната ниту другата страна не сака да попушти, а често доаѓа и до ескалација на нетрпението. Зарем во ваква атмосфера можеме и да зборуваме за стекнување на некакво знаење и образование?!

Причините за напнатата атмосфера и тензиите психолозите и педагозите ги гледаат и кај двете страни. Тие истакнуваат дека не станува збор за еднозначен проблем, кој може да се детектира само на едно место, туку за влијание на повеќе фактори, на кои не се имуни ниту учениците ниту професорите.Според психолозите кај учениците

и студентите среќаваме лични фрустрации, кои се предизвикани и се јавуваат поради неколку фактори. Тука е самото домашно воспитување и семејната атмосфера во која живеат истите. Но, и одраз на реалноста, која е сурова кон некои поединци.

Професорите, пак, се чувствуваат омаловажени и потценети, дека нивната работа не се цени и почитува доволно, па едноставно креваат раце од сé. Не се грижат за квалитетот на пренесеното знаење и дали некој нешто разбрал од кажаното.

Спуштени стандардиЗнаењето е моќ. Со ваква кампања владата ги повикува матурантитe да се запишат на факултет. Само минатата година бруцоши станаа повеќе од 19 илјади или 85 проценти од вкупниот број на средношколци –како што велат од министерството за образование. Оваа година државен матурски испит ќе полагаат околу 17 илјади ученици. Поголемиот дел од нив сакаат да се запишат на факултет.

Во Македонија се доаѓа до една претстава дека може лесно да се студира. Не ме сфаќајте погрешно, не зборувам за достапноста на образованието, која треба да биде подеднаква за сите. Туку зборувам за волјата, умешноста, способноста на учениците. Ако порано само најквалитетните се здобиваа со универзитетска диплома, денеска стандардите се многу подолу.

Образованието го изгуби својот сјај. Го изгуби своето влијание во општеството. Доволно е тато да има пари, и без разлика на оценките и способноста, ќе ја стави дипломата во џебот на своето

Page 14: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.72

дете. Затоа, голем број на луѓе, а и работодавачи гледаат со потценување на факултетското образование. Ако си завршил факултет, не значи дека поседуваш знаење! Свесни за ваквиот аспект и студентите реагираат соодветно.

Експертите се сложуваат дека последниве генерации многу несериозно ги сфаќаат студиите, а и квалитетот на наставата е многу намален поради тоа.

Несериозност кон студиитеОд каде таа несериозност?! Несериозноста е само резултат, одраз на мизерните услови со кои се соочуваат студентите во текот на своето студирање. Факултетот не се гледа како светилиште на знаењето, како иституција од која се прозведуваат идните лидери (на сите полиња) во општеството. Факултетот се гледа како една фаза од животот, која мора да се истрпи, низ која мора да се протрчи, низ која мора да се помине. Што го карактеризира нашето образование?! Студенти, кои немаат доволно литература за учење, па учат од англиски или српско-хрватски книги. Професор кој предава неколку предмети на голем број студенти без доволно асистенсти и демонстратори.

Професори кои не укажуваат ни трошка почит кон студентите. Не велам дека тие треба да се постојано насмеани и пристојни, но дали студентите би имале доверба во знаењето што го добиваат од професор чиј прироритет не е присуството и квалитетното предавање на часовите? Зошто, пак, да присуствуваат? Истите веќе работат 4-5 други споредни работи и споредни

проекти. Предавањето го третираат како едноставно хоби. Губењето на времето на студентот низ факултетската зграда додека го очекува професорот, кој на крајот нема да се појави- се третира едноставно како „дел од студентскиот живот“.

Образовниот систем врие од професори, кои наместо да нудат квалитетно знаење, бараат профит: Купи ја мојата книга, ако сакаш да положиш!

Диплома, а не знаењеПрофесорите мораат да им помогнат на учениците или студентите да ги разберат и развијат блоковите за градење на животните и работни способности, а не само да го рецитираат текстот од нивната книга, која задолжително мора да се купи (а баш за беља, таа е најскапата во книжарницата). Професорите треба да ги користат современите форми и стратегии во реализацијата на наставата што го поттикнуваат критичкото мислење, какви што се: анализа на студии на случај, решавање проблеми, тимска работа, подготовка и реализација на проекти, спроведувања на истражувања и евалуација.Професорите се однесуваат несериозно кон нивната просветно-образовна обврска. Дали ученикот разбрал, сфатил

Page 15: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJA MAGAZINBR.72

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

и покажал креативност го гледаат како дел од способноста на ученикот, а не како резултат од нивниот успех или неуспех да го пренесат знаењето и да го поттикнат и охрабрат студентот за поголеми потфати.

Што го карактеризира нашето образование?! Студенти кои учат за оцена, а не знаење. Студенти кои соочени со реалноста на општеството, безживотно лутаат по лавиринтот на образованието со мислата „И да завршам, дали ќе се вработам?!“. Стекнуваат универзитетска диплома чисто поради редот (да не биде исклучок од мнозинството), а не поради своите амбиции и замисли на сопствената иднина.

Коренот на сите наши проблеми во општественото живеење потекнува од образованието, од недоволното образование; од парадоксот што населението поседува дипломи, а всушност не поседува никаков степен на основни познавања.

Спецификата на високото образование се состои во фактот дека тука се подготвуваат кадри од витален интерес за развојот и иднината на заедницата - лекари, лидери, инженери, правници, економисти, информатичари... Дипломираните треба да располагаат

со интелектуални вештини кои можат да ги материјализираат како ресурси и тие ја претставуваат нивната моќ, тврди Макс Вебер. Овие интелектуалци или техничари на знаењето претставуваат с‘рж на општествениот прогрес. А, реалноста ни кажува дека реализација на сонот и на стекнатите вештини не зависи од твојата способност, од постигнатиот успех и покажаниот талент, туку од познанствата, врските и парите во џебот. Зошто тогаш студентот да се мачи и да учи?

По завршување следи вработување, колку тоа ќе се оствари и колку ќе биде успешно - тешко е да се предвиди. Сите што работат знаат дека е тешко да си ја задржиш работата, а да не зборуваме за вработување на млад кадар, штотуку излезен од училишните клупи. Факт е дека е тешко, ако не си партиски војник, не можеш лесно (а и воопшто) да се вработиш.

Професорите велат дека сé уште не е направено истражување со кое ќе се знае колку од дипломиците се вработуваат или напредуваат во струката што ја одбрале. Но, сите знаеме дека бројот на вработени е многу мал. Од проста причина што економијата не може да ги прими со таков интензитет и не може да направи разлика меѓу оние кои се квалитетни. Затоа што ние немаме таков систем за вреднување. Коренот на сите проблеми во македонското општество е во слабостите на образовниот систем, сметаат експертите. На сметка на квантитетот се загуби на квалитет. Образованието е поевтинето, кадарот лошо образован. Дипломата, знаењето го изгубија својот сјај. Завршеното високо образование, веќе не е гаранција за твојот квалитет,

Page 16: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.72

бидејќи и помалку способните успеваат да се протнат низ дупките на системот на образованието.

Потребни се итни промениОбразованието е во хаос- тоа сите го знаат. Се воведуваат реформи, но истите се недоволно осмислени. На власите им е потребна една голема шлаканица од реалноста. Неквалитетното образование, носи неквалитетни кадри, што доведува до неквалитено општество. Знаењето мора повторно да се стави на пиедисталот. Дипломата и квалитетот да си ја вратат одземената круна. Само почитта кон стекнатато знаење, ќе резултира паралелно со вложениот труд кон подобрување на нашето општество. А, подобро општество ни е потребно на сите нас...

Елена Павловска

Page 17: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJA MAGAZINBR.72

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

Дали има подобар вовед во оваа тема од самиот факт дека околу 400 магистри по науки во Република Македонија се водат како невработени? Ова се официјалните статистики од биротo за вработување кои велат дека нашите образовани луѓе седат дома.

Дали овие невработени кадри се дел од сивата економија која успешно се провлекува веќе подолго време, е сосема небитно кога овие академски граѓани не го добиле заслуженото место во општеството.

Па оттука лесно е воочлив фактот дали и зошто Македонија се соочува со одлив на високообразовани луѓе, надвор од своите граници. Ако во оваа трошна земја твоето образование не значи ништо, тогаш некаде таму далеку на посакуваниот Запад, можеби нема да ти цветаат рози, но искуствата кажуваат дека ќе бидеш повеќе почитуван и секако, пореално платен.

Во едно истражување за емиграцијата на Македонците, се покажа дека и ние во нешто сме биле лидери - во извоз на млади умови.

Истражувањето кое го спроведе Светската Банка покажа дека дури 29% од емигрантите кои си заминуваат од Македонија и ја бараат својата иднина во земјите од ЕУ, се со високо образование. Ова е огромна цифра на млада популација, која е моторот – движечката сила и иднината на секоја држава, а истата си заминува од државата.

Па, ако ова е бројката која веќе си заминала од Македонија, тогаш уште поголема е онаа на младите кои се во обид да си заминат или пак имаат желба да го сторат истото.

Како ние очекуваме да градиме стабилна држава, кога иднината на Македонија едвај ја чека шансата да си

Makedonija - izvoznik na mladi umovi

Page 18: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.72

замине од Татковината?

Можеби со мирна совест и чиста душа можеме да покажеме со прст на државата која досега не превзела офанзивни мерки, како да ги задржи младите и талентирани луѓе да останат во својата држава.

Гордо и со крената глава ќе се восхитуваме кога ќе слушнеме дека некој наш драг сограѓанин остварил огромен успех во Шведска или пак Германија. Зарем тој успешен млад човек не може истиот успех да го постигне и во Македонија? Или пак државата не се потрудила доволно за да го мотивира токму тука да работи и да твори?

Сега засега, владата не покажува никакви знаци дека има точно определена стратегија како да го искорени овој синдром на одлив на млади мозоци од Македонија.

Дел од цифрите кои можат да се најдат низ медиумите велат дека скапата интелегенција во Македонија си заминува, па дури 80 000 млади стручни кадри засекогаш си отишле од својата родна земја.

Цифрата е страшно поразителна, а за

појавата се молчи и не се превзема буквално ништо.

Многу често властите кај нас знаат да го негираат фактот дека огромен број млади си заминале од Македонија, па така во едно свое интервју Диме Спасов од ВМРО-ДПМНЕ вели дека сите податоци за одливот на млади умови се невистини. А нашето секојдневје го покажува токму спротивното...

Свесни сме дека голем број на појави во Македонија знаат да бидат пренадуени од страна на медиумите, но не можеме да го занемариме фактот дека држава се соочува со сериозен проблем. Па затоа меѓу младите генерации се поставува прашањето: Кој ќе нè внесе во ЕУ ако немаме млади умови?

Единствено нешто што го прават надлежните е отворање на нови универзитети и факултети низ цела земја, каде секој граѓанин може да се запише на дисперзираните студии.

Во моментов огромен број на средношколци го продолжуваат своето образование на некоја од понудените

Page 19: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJA MAGAZINBR.72

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

19

факултетски опции. Откако стапи во сила законот дека е задолжително, средношколското образование како да ја изгуби важноста, па сега тоа и нема некоја цена.

Матурантите се приморани да се запишат на факултетите, а оние кои биле посолидни, за на некој начин да се разликуваат од останатите, магистрираат и докторираат. Бројот на високообразовани луѓе во Македонија расте од ден за ден, сосема спротивно на работните места, чиј број и понатаму се намалува.

Дали ова е решение? Дали една мала држава со нестабилна економија и низок процент на развој, треба да ги приморува своите млади да завршуваат факултети и магистерски студии, а потоа да не им нуди никакви услови за работа? Или пак, подобро би било да ги мотивира и насочува кон дефицитните кадри, за кои ама баш никако не е потребно високо, туку само потемелно стручно познавање? Бидејќи директори и експерти, и онака има премногу...

Магдалена Јовановска

Page 20: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

20 BR.72

Студентски живот мачен. Толку клише муабет. И да не минев низ неговата најтрнлива варијанта, никогаш немаше да поверувам дека тоа сериозно се случува.

На почетокот ме чекаше огромниот универзитет на државата со млада надеж на сите страни. Ама место надеж, таму ме дочека асистент- љубовџија кој ветуваше чиста десетка за еден кафе муабет. Е, што кога одговорот не му се допадна, па чиста петка, и така до бескрај. Многу е важно да сте во добрососедски односи со вашиот асистент и така него ќе го гледате повеќе од професорот.

Не е сé толку црно, можеби ќе имате шанса кафе- муабетот да го направите директно со професорот, зад затворени врати. Таму често се случуваат вакви муабети.

На овие муабети кај професорот, деканот, ректорот, секретарката, обавезно се носи шише жесток пијалок, скап и импресивен. И парите се задолжителни, во кеш, без пластика или соодветна против услуга. И што добивате? Разумна размена за десетка, три десетки, па дури и цела диплома, со десетки.

За собирањето потписи по универзитетскиот лавиринт нема потреба да се зборува. Знаете кога пред некој ден имаше хаос по повод попустот во „Нептун“, па луѓе умираа? Eпа така изгледа, само што тепачката е за еден печат.

На приватните универзитети е сé исто, само многу полесно се доаѓа до кафе- муабетот со некој од моќниците на универзитетот. Постои една многу пријателска атмосфера. Кога овие пријатели се поздравуваат, секогаш зад тоа стои некоја агенда, нешто што едниот сака, а другиот го добива. Затоа и огромната пријателска насмевка.

Od kafe do desetka

Page 21: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJA MAGAZINBR.72

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

21

А, таму сите некако се знаат со шефот на целава институција. Половина му се браќа, сестри, внуци и други луѓе од семејното дрво, кое патем е енормно, ама огромно. Остатокот кој не му се, се пријателски настроени (види погоре), а има и такви што му се поранешни или сегашни љубовници, нему или на некој од семејното дрво, ама и тие слободно можат да се сместат таму.

Можеби ќе речете дека текстов е едно класично мрчење на една

несреќна душа. Ама, воопшто не е песимистички. Па, како може да биде сфатен негативно, кога ви пружа цела една лепеза на разни начини како да стигнете до диплома, денес, утре или за три години? Колку ли е супер нашиот образовен систем кога на младите надежи така дарежливо им нуди волку многу шанси за вредна десетка. Ма, прекрасно е...

Елена Николовска

Page 22: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

22 BR.72

Ekonomija

Денешната лекција за тоа како Америка навистина функционира, започува со прашањето: Која е најголемата и највлијателна финансиска институција во светот? Не е ни „Џ.П.Морган“, ни „Голдман Сакс“. Toa e aмериканската влада!

Тоа е заклучокот на банкарскиот експерт Даглас Џ. Елиот од институциите Брукингс, а и бројките го поддржуваат. До крајот на 2011, кредитните програми за фарми, бизниси, образование и агенциите за станбено финансирање должеа 2.7 трилиони долари во заем и залог. Тука не се вклучени дополнителните 5 трилиони долари што се поврзани со директорите на агенцијата „Фени Меј“ и „Фреди Мек“, кои Вашингтон ги зеде под своја закрила во кризата во 2008.

Наскоро ќе дознаеме дали овие „итни“ програми постепено ќе станат

постојани, како што се случи со итните програми за Експорт-Импорт Банка и Управата на Федералната Агенција за Домување за време на Големата депресија.

Посредувањето на владата во кредитните пазари, што се чини потребно при криза, покажува дека нашиот народ често сака да работи на црно.

Тоа загрижува доколку сте како мене и верувате дека една од лекциите што произлегоа од рецесијата беше дека финансиските обврски знаат да бидат многу поризични отколку што изгледаат. Што е уште полошо, сега законот повеќе ги збунува отколку што им ги објаснува ризиците на даночните обврзници.

Федералните заеми секогаш се прават во име на општествени цели, а

Koga vladata si igra banka

Page 23: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJA MAGAZINBR.72

MAGAZIN REVOLUCIJA Ekonomija

23

приватниот банкарски систем не би ги поддржал целосно доколку се оставени сами на себе.

Пример за тоа се студентските заеми. Доброобразована популација дава поцивилизирано и попродуктивно општество. Генерално, банките не се навикнати да даваат долгорочни и директни индивидуални кредити – па така на владата ѝ одговара да го зголеми износот за партиципација за студентите кои се запишуваат. Оваа постапка, економистите ја нарекуваат „дефект на пазарот“.

Како и да е, кога владата ќе одлучи да ги распредели и онака ретките средства, не успева да избалансира. Некои категории на федералниот кредит, како што се: субвенции, одржување на железници, мали бизниси, им олеснуваат на корисниците, кои не се од корист за целокупната економија.

Општествената корист од студентските кредити што се поддржани од владата може да ја надмине висината на

трошоците. Но, дури и оваа програма ја расипува можноста за корегирање на пазарот. Гарантиран прилив на пари од партиципација ја тргаат можноста за фиксирање на трошоците. Партиципацијата се зголемува и студентите мораат повторно да се позајмуваат.

Минатиот век, кредитите на агенцијата ја зголемија стапката на купување, ама не за долго. Државната инвестиција во хипотеки беше почувствителна на нестабилноста во економијата, отколку што серијата претседатели и конгресмени од двете партии претпоставуваа. А, последиците ќе се чувствуваат уште долго.

Некои експерти веруваат дека портфолиото вредно 706 милијарди долари за студентски кредит претставува сличен проблем во повисокото образование.

Кредитните програми ќе останат. Дури и ако има консензус за да се намалат, тоа пак би се покажало непрактично во блиска иднина. Сепак, со одредени исклучоци, федералните заеми можат да ги поправат дефектите на пазарот.А, Конгресот треба да биде потранспарентен околу трошоците и придобивките.

Сите се согласуваат дека федералниот буџет треба да вклучи пресметан износ за трошокот што се создава при позајмувањата секоја година. Конгресот го собира предвидениот прилив за секоја кредитна програма, како што се: очекувани трошоци, рати и камати, школарина и ја пресметува нивната „моментална вредност“, земајќи ја за камата, најниската.

Со законот, Конгресот го зема во

Page 24: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

24 BR.72

Ekonomijaпредвид премногу нискиот трошок за позајмување на владата. Тоа значи дека пресметките се прават како сите да ја имаат таа можност да платат најниско, па тука и се лажат даночните обврзници околу трошоците и ризиците.

Канцеларијата за буџетот на Конгресот верува во попрецизно пресметување на „фер вредност“, а најниската камата би била заштитена од ризикот од пад во економијата.

Со пресметувањето на фер вредноста, програмите за студентски заеми донесоа профит од 9% во 2010, а до 2020 ќе биде 12% загуба.

Минатиот месец извештаите покажаа дека осигурувањето за хипотека од агенцијата за домување ќе чини 3.5 милијарди долари оваа година, за разлика од 4.4 милијарди долари што се планираа според сегашните пресметки. А, тоа ќе го зголеми дефицитот во буџетот. Конгресот ќе мора да воведе други програми, или правилно да ги зголеми даноците.

Во февруари, Советот донесе предлог-закон што беше поддржан од републиканецот Скот Гарет, кој бараше фер пресметување на вредноста. Предлогот сè уште не стигна во Сенатот. Предлог-законот ќе му отежне на Конгресот со тоа што ќе ги стави даночните обврзници на ризик, особено доколку се чисти. Еве, зошто тие горе не ги сакаат законите, а толку многу се потребни.

Извор: Washington PostПревод: Mилена Петровска

Page 25: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJA MAGAZINBR.72

MAGAZIN REVOLUCIJA Ekonomija

25

Набљудувањето како Европа кокетира со финансиската криза која ја снајде, не ги избриша спомените на Азијците за нивната финанасиска катастрофа од пред 15 години. Всушност, им служеше постојано како потсетник за опасностите кои ги демнат. Затоа тие продолжија со своите напори да изградат финансиски одбранбен штит, иако со брзина на желка, што е типично за азиската мултилатерална дипломатија.

Разговорите за „Азискиот монетарен фонд“ резултираа со нешто поумерено, наречено Иницијатива за мултилатерилизација од Чјанг Маи (анг. the Chiang Mai Initiative Multilateralisation(CMIM)).

Ова е договор помеѓу десетте членки на Здружението на земјите од Југоисточна

Азија плус Кина, Јапонија и Јужна Кореја, за меѓусебно помагање за да се одржи ликвидноста во услови на криза.Тоа е импресивно достигнување во регионалната соработка меѓу овие земји. Во март годинава тие превзедоа голем чекор напред.

Големиот бес кон Меѓународниот монетарен фонд беше поттик за сето ова, поради кредитите за помош што во 1997 и 1998 години им ги даде на овие земји. Мерките за штедење кои беа воведени во овие земји, беа оценети како неефикасни и болни и влегоа во програмата на ММФ, со себе носејќи ја понижувачката стигма. Аналитичарите можеби се неправедни.

Една фотографија од 1998 година ја сумира регионалната перцепција на

Aziski monetaren fond kako alternativa na MMF?

Page 26: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

26 BR.72

Ekonomijaчелните лица на ММФ. На неа е шефот на ММФ од тоа време, Мишел Камдесус. Неговото стоење со прекрстени раце, гледајќи кон покојниот Сухарто, претседателот на Индонезија, кој брзо потоа е соборен од власт, претставува нешто што наликувана на „безусловно предавање“. На листата на обвинувања можеме да ја додадеме и „културната нечувствителност“.

Во обид да се демонстрира азиската солидарност, беше поттикнат лов по регионална алтернатива за фондот. Сепак ентузијазмот наскоро се судри со две големи пречки.

Прво потребите на Тајланд, Јужна Кореја и Индонезија во тоа време се чинеа огромни, иако во однос на подоцнежните (не азиски) кризи се премали. Второ, основа на азискиот регионализам е немешање во меѓусебните односи. Подоцна на владите ќе им биде наредено од страна на нивните соседи да воведат ред во своите домашни економии.

Првата соработка беше во 2000 година, и имаше за цел да ја прошири и формализира економската мрежа на билатерални „свап“ договори помеѓу

централните банки, според кои тие ветуваат дека ќе си помагаат една на друга. Ова беше придружено со економска политика.

Во 2010 година, тринаесетте земји го формализираа договорот и тој стана обврзувачки за сите нив. Бидејќи парите остануваат во централните банки на земјите, оваа формација повеќе претставува група ветувања, отколку фонд.Наредната година во Сингапур се отвори Канцеларија за економско истражување. За директор е поставен Веи Бенуа, ветеран од Кинеската централна банка. Оваа агенција изработува квартални извештаи за економијата на секоја земја членка, нешто како систем за рано предупредување.

CMIM располага со 120 милијарди долари. Г-дин Веи на состанокот во Пном Пен кој се одржа кон крајот на март изјави дека оваа сума ќе биде двојно поголема.

Во денешно време дури ни 240 милијарди не е многу. Но досега овој фонд не е искористен.

Page 27: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJA MAGAZINBR.72

MAGAZIN REVOLUCIJA Ekonomija

27

Јужна Кореја за време на кризата кон крајот на 2008 година за помош се обрати кон Кина и Јапонија. Стабилноста повеќе се одржува со кредибилитетот на поддршката од таквите земји, отколку од самите пари.

Г-дин Веи потенцира дека Азија создава одбранбен зид во „време на мир“. Ова е за пофалба, но не е гаранција дека тие се доволно силни. Секоја од овие земји има пристап до сума која со тек на времето се дуплира (пет пати за сиромашните земји, два ипол пати за побогатите, еднаш за Јужна Кореја и по половина за Кина и Јапонија).

Роден од фрустрацијата од ММФ и понатаму останува врзан со условите на фондот. Освен во случај кога самата земја ги прифаќа условите на ММФ, од својата централна банка може да повлече само 20% од расположливите средства. Овој износ ќе се покачи, но само на 30% годинава, а од 2014 на 40%.

Земјите кои себе си се гледаат како потенцијални жртви на кризата сакаат да се ослободат од оковите на фондот.Брзорастечката регионална независност изгледа дека бара регионална

одговорност за финансиската криза. Но колку повеќе е регионот поврзан, толку е поголем ризикот од „зараза“ и неможноста на соседите меѓусебно да си помагаат.

Во 1997 година, Јужна Кореја вети дека ќе даде свој придонес во помошта за Тајланд. Неколку месеци подоцна, кога ја зафати финансиската криза, мораше да се повлече.

Идејата за Азиски монетарен фонд не исчезна, но денес дури и неговите најсилни поддржувачи го гледаат како далечен сон, и го сметаат повеќе како додаток отколку како алтернатива за Меѓународниот монетарен фонд. Од 1997-98 година балансот на финансиската моќ се префрли на земјите во развој, што е во корист на Азија. Азија не може да го победи ММФ, но можеби може да го промени.

Извор: The EconomistПодготви: Кристина Вељаноска

Page 28: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

28 BR.72

Во саботата на 7 април, Македонија виде нешто што досега немало. Стотици граѓани дојдоа да ја дадат својата поддршка за Декларацијата за заштита на животни. Имаше дури и такви од другите градови низ републикава, кои патуваа во главниот град, само за да го остават својот потпис на ливче хартија.На момент дури се формираше и редица од луѓе, кои чекаа да се потпишат на Декларацијата. А никој ништо не даваше бесплатно, ниту пак имаше нешто на распродажба. Зачудувачки, сите беа таму за нешто да дадат, без да добијат ништо за возврат, освен огромното задоволство дека имале удел во креирањето на еден историски настан за оваа наша Македонија.

Политичари, доктори, адвокати, врвни спортисти, баби и дедовци, млади луѓе, мрчатори и оптимисти, христијани и муслимани, католици и атеисти - сите тие дојдоа за јавно и едногласно да кажат дека сакаат похуман третман со

животните и регулирање на правилата за чување на животни.

Молам? Македонците? Да, баш тие. Заедно и без трошка срам. Прашуваа и се информираа. Оставаа и пари како донација за бездомните животинки.

Декларацијата за заштита на животни започна како фејсбук група под името „Сакаме полиција за животни“, основана од господинот Владимир Петковиќ, кој е огромен љубител на животни.

Makedoncite ZA policija za `ivotni

Page 29: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

29BR.72

Подоцна кон групата се приклучи и вашиот новинар и дипломиран правник, Елена Николовска, која ги пренесе на хартија идеите на г-динот Петковиќ, додавајќи ги и своите.

Оваа Декларација ја „озакони“ адвокатот Владимир Кацарски, кој помогна околу законската регулатива на оваа проблематика, а сé со цел да се пронајде правецот во кој би се предлагале понатамошни измени во законите.

Либералната Партија на Македонија застана како поддржувач на оваа граѓанска иницијатива, заедно со многумина, чии имиња останаа во позадина, а токму поради нив Декларацијата ја доби својата последна форма.

Здруженијата за заштита на животни „Срце за животните“ и „Спас за животните“, се приклучија кон граѓанската иницијатива точно навреме и несебично ја турнаа кон реализација. И членовите на здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ ги запишаа своите имиња за поддршка. На крајот - сите имавме иста цел...

И што претставува таа? Декларацијата се повикува на хуманата страна која постои во сите демократски општества во Европа. По затворањето за потписи, пратеникот Ивон Величковски ќе ја изнесе пред Собранието на Р.М. Со неа ќе се предложат измени на постоечките Закони во насока на отворање легислативен простор за формирање на посебни одделенија, кои ќе делуваат како полиција за животни, а кои ќе се грижат за спроведување на еден хуман и разумен закон за сите животни на територија на РМ. Под нивна надлежност би биле сите проблематики, од сурови луѓе кои малтретираат и убиваат животни до несовесни сопственици на животни.

Злите јазици ќе речат, а што е со луѓето? Ама, од некаде мора да се почне, нели? Остваривме и нешто повеќе од замислената цел. Покажавме колку сме гласни кога сме многу!

Елена Николовска

Page 30: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

30 BR.72

Според моето досегашно искуство на барање работа во областа на маркетингот во Македонија, сфатив дека нашите компании патат од определен синдром непознат на науката, кој јас го нареков „Погрешна претстава за поимот маркетинг“.

Меѓу компаниите кои ги бараат идните вработени преку интернет огласи, неретко ме привлекува насловот: Се бараат маркетинг агенти.

Го отворам огласот и се запрепастувам... Најчесто содржините одат вака: козметичка индустрија бара маркетинг агенти за продажба. Или пак: Нутриционистичка фирма бара маркетинг агенти кои ќе работат вредно. Заработи онолку колку што ќе се покажеш и докажеш...

Што всушност тоа значи? На

козметичката индустрија и се потребни продавачи, кои ќе заработуваат по десет денари од секој продаден производ??? Или пак, на нутриционистичката фирма и се потребни луѓе кои деноноќно ќе трчаат и ќе замараат други луѓе да купат „здрава храна“ или витамини кои чинат по 2000 денари, за тие да добијат 500-1000 денари месечно?????

Навистина не можам да разберам. Поимот маркетинг секојдневно се злоупотребува во огласите. Маркетингот не е она што најголем дел од компаниите во земјава сметаат дека е.

Изгледа дека дел од т.н. менаџери го прескокнале испитот по маркетинг. Маркетингот е многу покомплексен поим. Не значи само продавање на производот. Не значи само објавена реклама на телевизија.

Marketing agenti ili prodava~i?

Page 31: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

31BR.72

Барем мојот професор по маркетинг ме научи дека тоа не е сè што нуди маркетингот...

Билбордите што секојдневно ги гледаме на улица - тие се маркетинг. Веб страните што се дизајнирани со нечија креативност - и тоа е маркетинг. Боите и буквите на таблите што стојат пред компаниите - и тие се маркетинг. Маркетинг е однесувањето на продажниот персонал во бутик, во козметичко студио, на фризер, кај адвокат... Маркетинг е пријатниот мирис кога ќе влеземе во Nike да разгледаме спортска опрема. Маркетинг е намалената цена на млекото за Велигден.

Каталозите што Ви пристигнуваат дома, полни со производи кои ги нуди одредена компанија - и тоа е маркетинг. Промоциите на компанија за сладоледи, кои се одржуваат на секоја плажа на лето во Охрид - маркетинг!!!

Има ли потреба уште да се набројува???Сите карактеристики и активности што ги набројав досега, се измислени од страна на нечиј мозок. Значи определени луѓе, таканаречени маркетинг професионалци, вложиле напор и труд за да дојдат до некаква креативна идеја, која ќе го привлече вниманието на потрошувачите да купуваат некој производ или да користат определена услуга. Некој макотрпно работел на случајот, за потрошувачот да купи производ или услуга од неговата компанијаа, а не од конкурентската.

А денес конкуренцијата во Македонија е тукуречи сурова. Мал пазар, многу конкуренти, малку пари... Треба да си професионалец во вистинска смисла на зборот, и да имаш добро извежбани нерви, за да опстанеш на нашиот пазар. Значи, сите овие луѓе ја употребиле цела своја креативност за да постигнат

Page 32: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

32 BR.72

резултати, додека некои компании се потсмеваат на нивната професија и ги поистоветуваат маркетерите со обичен продавач. Навистина, некој не се трудел за џабе 4 или 5 години на факултет за потоа да се јави на оглас кој бара Маркетинг агент запирка продавач. Инаку, ова не е единствениот начин на кој македонските компании го покажуваат своето незнаење од областа маркетинг.

Сè до пред некое време, никаде не можевме да видиме автобус кој на надворешната страна промовира име на компанија. Или пак, кога во Македонија сте виделе креативен билборд??? Дали сте слушнале дека денес има Happy Hour во некој од скопските ресторани или кафулиња??? За многумината кои не знаат ни што значи овој поим - тоа е еден час слободно бесплатно дегустирање на нови производи кои ги нуди ресторанот, или кафулето...

Но кај нас, компаниите не се трудат премногу околу иновациите и

воведувањето на нови производи, со чест на исклучоците.

Тоа е така затоа што компаниите не сметаат дека е потребно да вработат маркетинг професионалец во нивните редови. Додека сметководителот се занимава со неговите обврски, финансискиот директор ги „тенчи“ нервите со финансиските проблеми на компанијата, а менаџерите со раководната и координативната функција, некој треба да се позанимава и со маркетингот и перспективата на таа иста компанија. Зашто додека се запоставува тој аспект од работењето, сопствениците и менаџерите не се свесни дека на долг рок фирмата им тоне.

Инаку, таа функција не треба да ја врши било кој. Треба да ја врши човек кој има соодветно образование за тоа. Како што јас со мојата диплома од економски факултет не можам да бидам лекар, така ни архитектот не може да биде економист, ниту пак фармацевтот може да биде адвокат.

Кога ќе се средат тие вредности во нашата земја, дури тогаш сериозно ќе почнат

Page 33: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

33BR.72

да се сфаќаат сите професии. Меѓу нив, се надевам дека ќе биде и мојата професија - маркетинг менаџментот. Дотогаш, добивам впечаток дека секој може да биде економист, маркетер, финансиски аналитичар. Без разлика дали има соодветно образование или не...

Кога ќе се надминат овие работи, тогаш и компаниите поинаку ќе гледаат на маркетинг професијата, ќе бараат професионалци кои знаат што работат,

и тоа многу позитивно ќе се одрази на нивното работење, позитивно ќе се одрази на вработувањето на млади кадри од економијата...

А најмногу од сè, позитивно ќе се одрази на македонскиот пазар, бидејќи ќе се создаде имиџ на компании со интернационална перспектива... Тоа ќе биде совршено за македонската макроекономија.

Факт е дека во нашата земја доминира синдромот на погрешна претстава на младите дипломирани и магистрирани маркетинг менаџери.

Се надевам дека ќе го дочекам тоа време кога овие работи ќе почнат поинаку ќе се сфаќаат. Дотогаш не ни преостанува ништо освен да ги разгледуваме огласите и секој ден да бидеме сведоци на погрешните сфаќања за нашата професија...

Леонора Ташкоска

Page 34: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJARevolucija - Sorabotnici

34 BR.72

Според последните статистики и направени испитувања, граѓаните на нашата држава во просек живеат четири години помалку во споредба со оние од земјите-членки на ЕУ.Овој не многу пријатен податок за нас го објави Светската здравствена организација (СЗО) по повод Светскиот ден на здравјето, 7-ми април.

Статистиката е правена само врз основа на чисти факти, во кои не се наведуваат конкретните причини кои придонесуваат за дадениот резултат, туку едноставно се обсервирани податоците од испитувањето. Во краткото образложение се вели дека ова се должи на социо-економските услови и начинот на исхраната.

Подолго живеат жените, во просек 76 години, додека просечниот век на мажите е 72 години.

Како најчеста причина за смртноста на

македонските граѓани се наведуваат кардиоваскуларните болести.

Најстари лица на територијата на цела држава има во полошкиот регион, а најмногу надеж даваат демографските податоци од источниот дел, што по малку делува и парадоксално, затоа што истиот овој регион според заводот за статистика е со најмал стандард во нашата држава.

Како резултат на овие факти, се доаѓа до заклучокот дека населението во Македонија сé повеќе старее, па така СЗО препорачува државата да ги унапреди институциите за грижа на старите лица.

Претставникот на СЗО за Македонија, Марија Кишман вели дека е потребно да се направи специфична стратегија што би вклучила унапредување на капацитетите на геријатриските служби, отворање на центри за стари лица, зголемување на достапноста на вакцините – особено против грипот, стручна подготовка на оние кои работат во институциите за грижа

Makedonskoto naselenie sè pove}e staree

Page 35: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

35BR.72

Revolucija - Sorabotniciна старите лица и други мерки што ќе придонесат за подобрување на квалитетот на животот на постарите генерации.

Сашко Јованов

ХУМАНОСТЗдружение за унапредување на условите за грижа и

сместување на стари и изнемогнати лица

Page 36: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

36 BR.72

The „Immortals“ или „Бесмртните“ е совршен пример да покажам зошто во моите рецензии, секогаш прво пишувам кој е режисер, а потоа кој е сценарист. Објасувањето лежи во фактот, дека, одличниот режисер е способен и од просечно (па и потпросечно) сценарио да створи филм кој ќе биде доволно забавен за мнозината, но и доволно привлечен за да добие позитивни критики (тука може да се нагласи - и да заработи милиони во киносалите).

Имајќи го во обзир целиот маркетиншки циркус околу филмот „Бесмртните“, кој е најавуван како новото продуцентско достигнување на истата екипа која на големото платно ни ја донесе екранизацијата на стрипот „300“, од Френк Милер, трејлерот за овој филм, бил изгледан на Јутјуб од страна на повеќе од дванаесет милиони луѓе. И, како што тоа вообичаено се случува, благодарејќи на одличниот трејлер, од филм-беда, настанува метаморфоза во

THE IMMORTALS (2011)

Улоги: Henry Cavill, Stephen Dorff, Luke EvansРежија: Tarsem SinghСценарио: Vlas ParlapanidesПродуцент: Mark Canton

Zastrashuva~ka marketin{ka kampawa za mediokritetna prikazna

Page 37: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

37

Artvizor

BR.72

фантастично и епско, филмувано чудо! Соодветно, луѓето ќе се испотепаат за да го видат тоа, фасцинантно, (според трејлерот) „ремек-дело“ и ќе го наполнат боксофисот со гледаност, а џебовите на продуцентите со кеш.

Сосема спротивност настанува кога за добар филм ќе се пушти на Јутјуб слаб трејлер, па филмот мора да се потпре на гледачите кои се доволно пристојни, за да го пофалат после гледање.

Како што спомнав, после бомбастичниот трејлер од „Бесмртните“, сега кога го гледам филмот, заклучувам дека се работи за силно разочарување. „Сликата зборува со 1000 зборови“ – особено кај писател од висок квалитет каков што е Френк Милер, авторот на „Тристотини (300)“. Целиот дијалог, кој стриповски е две-три страни од А4 формат, на истоимениот филм на Zack Snydera, е пренесен со одлична нарација и добиена е сосем нова димензија на истата приказна.

Визуелно импресивен, сценаристички добар како и самиот стрип (само

поопширен) со реплики какви што би ги зборувале херои и режисерски уреден со хируршка прецизност, особено во поглед на борбената кореографија, е „300“. ЧИСТА СПРОТИВНОСТ ОД НЕГОВИОТ ПОМЛАД БРАТ, „БЕСМРТНИТЕ“. Во што лежи главниот проблем? Во сценариото и режијата.

Сценариото на Бесмртните го напишале Charley и Vlas Parlapanides и она што на истото му недостига е посложена наративна структура и поразработени ликови. Приказната позајмува малку од грчката митологија, но само толку колку е потребно за да наликува на уште еден меч+сандали епик и токму тука, кога се менува митот, се менува и филмот чија цел е само куса забава без никаква порака.

Карактерите и мотивите како на главниот протагонист Тезеј, така и на главниот антагонист, кралот Хиперион, се, отворено да се каже, прости до темел.

Хиперион, полуден од болка за смртта на неговите жена и деца, погодени од болеста за која тој се молел на боговите

Page 38: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

38 BR.72

да не се случи, ја поробува/поубива цела античка Грција. Тој е со намера да ги најде емпирискиот лак и стрели, оружјето од легендите, кое може да ги ослободи единствените сили кои можат да ги убијат грчките богови, Титаните. На таа намера му се испречува Тезеј, кој сака да го убие Хиперион, бидејќи ја убил неговата мајка.

Самата основна приказна е слаба и шаблонизирана и ако на тоа се придодаде фактот дека на неа не е посветено внимание, туку е вложен труд само да изгледа убаво (всушност, изгледот е беспрекорен), нормално е дека ќе се добие долга и заморна „авантура“. Целата работа изгледа како високобуџетна, крвава видеоигра за Playstation или Xbox и се разбира дека ќе биде интересна само за публика која троши слободно време само на такви играчки, а тоа е попалениот, полн-со-брза-храна-и-бубуљици, недообразуван, тинејџер. Не ми се верува дека има некој друг профил кој би одседнал два часа гледајќи компјутерско колење и борби и уште колење и крвои и слично, без вистинска крајна цел.

Навистина е очигледно дека токму таа е таргет-публиката за овој филм, за што зборува и фактот дека целиот кастинг со исклучок на злобниот Хиперион и таткото на Тезеј, е на возраст од некои дваесеттина години. Речиси сите актери се некаква холивудска дечурлана, вклучително и актерите кои ги толкуваат улогите на моќните грчки богови и божици (конкретно и ликот на богот Зевс, изгледа како штотуку да завршил средно).

И повторно, да се навратам на филмот „300“, кој претставува совршен трансфер од стрип на целулоид и да посочам уште два наслова кои се од истиот стрип автор, а кои претставуваат и критичко и културелно достигнување: „Градот на Гревот“ (Sin City) и „Бетмен: Мрачниот Витез“ (Batman: Dark Knight).

Причината зошто ги спомнувам овие два филма е за да посочам како, дури и одлична приказна, за да се долови добро, бара одлична дирекција т.е. режисер, кој повторно отсуствува во нашиов „Бесмртен“ случај. Младиот и неискуен Американец со индиско потекло, Tarsem Singh, едноставно не се снаоѓа со грчките митови за Минотаури и богови кои лежат на облаци и фрлаат молњи како хоби.За крај да речеме дека иако е вложен труд во „Бесмртните“ за да биде филмот

Page 39: Револуција магазин бр. 72

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

39

Artvizor

BR.72

поприфатлив за денешната публика, сепак трудот е вложен само во борбената кореографија како и во изгледот на позадината, која навистина изгледа историско-митолошки, благодарејќи на внимателно изработена компјутерска графика. За жал, СĖ друго е ставено во втор план, па филмот не може да се опише поинаку отколку, графички мелем за очи-eye candy, кој вреди да

се гледа само ако не можете навечер да заспиете или немате, ама баш ништо друго за работење.

Се читаме!Конечна оценка 5,5/10

Владимир Неделковски

(За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Page 40: Револуција магазин бр. 72