Револуција магазин бр. 52

54

Upload: mitko-jovanov

Post on 30-Mar-2016

250 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

Revolucija magazin br.52

TRANSCRIPT

Page 1: Револуција магазин бр. 52
Page 2: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 19 НОЕМВРИ 2011 ГОДИНА страна 2

Page 3: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 3

Содржина

Неделна панорама ....................................................................... 04

„Повеќе Европа“ - предизвик за Германија .................................... 10

Јоргос заврши како претепано „куче“ ............................................ 13 Европската централна банка е виновна?! ....................................... 15

Европските опции се на маса ........................................................ 19

Иднината на Европа: Посилна или помала унија? ........................... 23

Што ќе донесе должничката криза за ЕУ? ....................................... 26 Иднината е во корените ................................................................ 28

Успешна македонско-босанска приказна ........................................ 30

Правата на потрошувачите бледнеат .............................................. 35

Пасоши на кило- Срби vs Македонци .............................................. 39 На чекор до ратификација на Конвенцијата на ООН

за правата на лицата со хендикеп ................................................. 42

THE TOURIST (2010) ..................................................................... 47

Мониторинг-Станица за Мерење на Патриотизмот .......................... 50

Импресум

Oсновач и главен и одговорен уредник М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

Заменик на главниот и одговорен уредник и администратор

Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

Помошник на главниот и одговорен уредник и администратор Елена Павловска, e-mail: [email protected]

Уредник на содржини за Европската унија и евроатланските интеграции:

Ениса Бајрами e-mail: [email protected]

Уредник на Артвизор и Релаксација: Силвана Јовановска. e-mail: [email protected]

Уредник за филмска уметност, стрип и уметнички анимации:

Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

Соработници-аналитичари: Светлана Пеншовски, Атанас Величков, Сенада Ибраимова, Сања Алексовска, Владимир Неделковски, Симе

Симовски

Надворешен соработник: Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

Технички уредник: Миланчо Ристовски

e-mail: [email protected]

Маркетинг:

Славица Ѓоргиевa Драгица Маренчева Е- mail: [email protected] Е-mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 75 63 44 94 моб.: +389 (0) 78 32 97 36

Page 4: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 РЕВОЛУЦИЈА-МАГАЗИН страна 4

Автор:

Влатко Неделковски

„Револуција“, магазин за политика, економија и култура

ISSN 1857- 7458

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

Република Македонија

[email protected]

http://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Издавач:

МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и

креирање јавно мислење

Жиро сметка: 2704953485006

Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Адреса:

Востаничка 67б-7 1000, Скопје

00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94

Page 5: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 5

Тодоров ги доби

изборите Лекарите и пациентите од

Одделението за неврологија во штипската Клиничка болница

добија нови простории во еден

дел од зградата на

Инфективното одделение. Новите простории се опремени

со болнички кревети и друг

потребен инвентар за нормално

функционирање на невролошкото одделение, чиј

објект беше затворен поради

немање услови за нега и

лекување на тешко болните

пациенти. Министерот за здравство Никола Тодоров

наведе дека странските и

домашни експерти констатирале

дека клиничката болница располага со солидна

апаратура, но предизвици

постојат за подобрување на

условите на одделенијата за невропсихијатрија и физикална

терапија. Министерот веќе

добил ветување од штипскиот

бизнис сектор дека активно ќе се вклучи во подобрување на

состојбите на штипската

клиничка болница.

Ете така се добиваат избори! Работа, работа, работа... Како

што се вели: „24/7 посветено“.

Пред сработеното и боговите

молчат. Министерот Тодоров

многу одговорно ја сфати својата должност и еве го

резултатот, а тоа веќе личи на

европски начин на

управување... Деновиве беа актуелни, казните кои Тодоров

ги подели, но освен да казнува

министерот покажа дека може и

да реновира. Болниците во Македонија се во незавидна

состојба. Одделението за

неврологија во штипската

Клиничка болница е една добра приказна, да се надеваме дека

нема да биде исклучок. Да не се

чудите, ако на следни избори,

владејачката партија ги добие

изборите во Штип. Македонецот знае да критикува, ама знае и

да цени, кога некој ќе направи

нешто добро за него. Кажано во

една реченица, ако сакаш да добиеш треба да работиш, затоа

што ништо не паѓа од небо. Да

се надеваме дека и во

останатите болници низ Републикава, ќе се направи сè

што е потребно за нивното

нормално функционирање.

Новинари - сончогледи Медиумите во Македонија се

делумно слободни, новинарите

се жалат на политички, правни

и бизнис притисоци кои

поттикнуваат автоцензура- заклучува СЕЕЕМО

(Организацијата на медиумите

од Југоисточна Европа). Во

извештајот на СЕЕМО се препорачува неселективна

примена на законите и

регулативите, транспарентност

на владините рекламни

Page 6: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 6

кампањи, гаранции за

независноста на регулаторните

тела, мерки за правилно функционирање на јавната

радио-дифузна куќа и

почитување на етичките и

професионалните стандарди. Не е лесно да си новинар во

Македонија. Тука на мода се

„сончогледите“ и поради таа

причина ретки се тие, кои глумат лудило и ја работат таа

професија без да мислат на тоа,

дали ќе „чепнат“ некои

интереси или ќе му „извадат“ око на некој.

Новинарите исто како и сите други, ја работат својата работа

за пари. Парите го вртат светот,

колку и тој факт да е вулгарен и

со статус на клише, времето на идеалите одамна помина...

Никој не видел витези

деновиве, нели? Новинарите во

Македонија, кои можат да си

дозволат свој став се многу малку. Тоа е така поради фактот

дека, кога егзистенцијата ти

зависи од „газдата“, играш

според неговата свирка, а тоа е повеќе од нормално, затоа што

сите знаеме дека тој што ги

дава парите, ја нарачува и

музиката. Секој човек е слободен во изборот да верува

или не на одреден медиум.

Истото важи и за новинарот...

Тој ја има целосната слобода да

одбере по која свирка да игра, а доколку не игра, треба да ја

менува професијата... Тука

нема ништо ненормално или

неморално... Ако ги поделиме работите на политичка основа,

сето тоа е уште поедноставно.

Новинарот со левичарски

убедувања соработува со левичарски медиуми, новинарот

со десничарски исто така

соработува со медиуми, што ги

делат неговите ставови. Утопија е „муабетот“ дека новинарите

не се или пак не треба да имаат

политички убедувања... Сите

имаат, а реципиентите сами

одлучуваат, на кого од сите да му веруваат и следат.

Проблемот се појавува тогаш,

кога власта ќе ја премине

границата, проблем е кога новинарите стануваат

„сончогледи“... Тие најмногу

добиваат, бидејќи секоја власт

има потреба од такви новинари.

Почестете ги МТВ со

едно евро Со новиот закон, кој го

предлага Владата, освен што ќе се зголеми сумата на претплата

од 130 денари на 190 денари,

се предвидува и укинување на

забраната за рекламирање во одредениот временски

интервал, со што на исто ниво

ќе бидат МТВ и другите

приватни телевизии. Со ова МТВ, освен што ќе прима

пари од граѓаните, кои ги

наплаќа со помош на УЈП, сега

ќе прави пари и од фирмите кои

ќе може да се рекламираат.

Page 7: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 7

Паметно одиграно, нема

сомнение во тоа.

Со измените се овозможува јавниот радиодифузен сервис да

емитува и игри на среќа кои

државата самостојно ги

приредува или се организирани од субјект кој има лиценца од

надлежен орган.

Од Министерството за транспорт и врски истакнуваат дека

измените се направени според

препораките од Европската

унија, која бара поголема независност во

функционирањето на

националниот јавен

радиодифузен сервис. Можеби ќе кажат дека ЕУ барала и МТВ

повеќе да заработува, дека на

ЕУ ѝ е криво што никој не го

гледа тој дотичен канал, дека

ЕУ сака да ја подигне репутацијата на државниот

канал...

Ќе добиеме и Здружение

за односи со јавноста На 3-ти декември во Македонија

ќе биде формирано Здружение

за односи со јавноста (ЗОЈМ). Здружението се основа по

неколку месечна работа на

Иницијативниот одбор со кои се

поставија главните постулати на

функционирање и

организациската структура на

ЗОЈМ.

Во следните три недели сите стручњаци за односи со

јавноста кои ќе станат членови

на Здружението ќе имаат

можност да се кандидираат за

претседател, потпретседател или за членови на органите на

управување, додека постапката

за основање е веќе започната.

Како иницијатор се споменува Високата школа за новинарство

и за односи со јавноста. Како

неминовен фактор за основање

на здружението е потребата од стандардизирање на

професијата, подобрување на

професионалните и етичките

принципи и поттикнување на соработката на локално и

регионално ниво, се со цел

односите со јавноста и

корпоративните комуникации

дополнително да се развијат и да ја добијат соодветната

позиција во државата.

Здружението ќе организира

едукативни програми, ќе работи на етичките стандарди, ќе

издава стручни публикации и ќе

прави активности кои ќе ја

популаризираат оваа професија и ќе ја доближат до јавноста.

Одлично, ќе бидеме

информирани за сè. Меѓутоа,

Page 8: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 8

ако ви поминаа површно

претходните неколку редови,

уште еднаш да посочиме: кој мисли дека може да кандидира

за тие позиции, мисли дека е

стручно лице за односи со

јавност, нека ги земе работите во свои раце. Огласот за

сосетките, верните озборувачки

- е забранет!

Оракл во Македонија,

јееееиии Оракл aкадемијата, ќе биде

воведена на државните

универзитети ширум земјава, информираше Панче Кралев,

министерот за образование и

наука.

Кралев истакна дека Оракл академијата дава поддршка на

1,5 милиони студенти во

глобални рамки и на околу 600

илјади студенти во Европа,

Блискиот Исток и Африка. „Оракл академијата претставува

програма која на образовните

институции ширум светот им

обезбедува софтвер, наставна програма, поддршка и ресурси,

кои во иднина факултетите ќе

можат да ги користат и

интегрираат во своите секојдневни наставни

активности. Како резултат на

тоа, студентите стекнуваат

практично искуство,

применувајќи најнови технологии и развиваат

вештини, кои им се потребни на

компаниите“, посочил Кралев.

Се претставува и платформа со која на учениците во основните

училишта им се овозможува да

соработуваат со заеднички

проекти во училиштето заедно со наставниците или со сите

деца во светот кои се вклучени

во иницијативата. Навистина

добра е соработкава, не знаеме само како приватните

македонски академии истиов

процес го почнаа многу порано

и успешно го спроведуваат.

Државниве, можеби не сакале да „ризикуваат“, па почекале да

се „изгорат“ приватниве;

меѓутоа, тоа за среќа не се

случило. Веројатно, најмногу им е за софтверот, за да не се

плаќа скапа лиценца. Вака

некој кога сака, па нека

почести.

На дрога од мали нозе Според податоците на

Здружението за унапредување на превенцијата, третманот и

социјално вклучување на лица

кои употребуваат дроги и други

психотропни супстанции „Доверба“, опаѓа границата на

возраста на лицата кои користат

дроги. Малолетници меѓу 14 и

17 години, па дури и деца под

10 години употребуваат дроги. Од 2007-та година досега многу

малку е направено во однос на

третманот на лица кои

употребуваат дроги, а 60 отсто од нарко корисниците, воопшто

Page 9: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 9

не се вклучени во третманот.

Здружението „Доверба“

спроведува кампања под мотото „Не биди рамнодушен, приклучи

се“ која ќе трае до 1-ви

декември, кога ќе се одбележи

Светскиот ден на борба против ХИВ/СИДА.

Еве една прекрасна можност за надлежните институции да

направат еден чекор, што ќе ја

подобри положбата на

македонската младина. Податоците на здружението

„Доверба“ се алармартни. Време

е да се преземат сериозни

мерки за спречување на таа

негативна тенденција. Родителите треба исто така да

бидат свесни, дека тие се

одговорни за постапките на

своите деца сè до полнолетство. Нема оправдување за

неодговорноста во однос на

сопствените деца. Дрогата е

еден од најголемите проблеми, што го мачи нашето општество.

Потребна е целосна

мобилизација и дома и на

училиште. Треба да се засили

контролата и во врска со родителите, кои неодговорно се

однесуваат со своите деца, а се

свесни за нивните проблеми со

наркотиците. Граѓанското општество во Македонија има

една лоша навика... Сакаме сè

да ни биде чисто и затоа

понекогаш го ставаме ѓубрето

под тепих... Однадвор сè изгледа ОК, но внатре работите

стојат далеку поинаку. Мора да

се стави ред... Мораме да се

активираме и да не дозволуваме нашата иднина во лицето на

децата да се уништува.

Работата е повеќе од јасна, сè

додека си ја криеме главата во песокот, околу нас ќе се

случуваат работи, што малку по

малку, ќе го стават под знак

прашалник нашиот опстанок.

Втора шанса за дрвото На 23.11.2011 година (среда) ќе

се спроведе традиционалната есенска акција „Засади ја

својата иднина - ден на дрвото“.

На тој ден нема да се

спроведува настава за

учениците и студентите. Наставата ќе биде спроведена

во некоја идна сабота.

Во есенската акција ќе се

пошумуваат и површини во населените места, како и покрај

патиштата и автопатите, за што

веќе се обезбедени садници за

пошумување на површина од околу 400 километри.

Page 10: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 НЕДЕЛНА ПАНОРАМА страна 10

И оваа година, граѓанската

акција за пошумување „Ден на

дрвото“ ќе се реализира во партнерство со Владата на

Република Македонија, односно

Министерството за

земјоделство, шумарство и водостопанство и Јавното

претпријатие „Македонски

шуми“. Неколку совети од

„Револуција“: ако не знаете да садите дрвце, не се појавувајте

воопшто (тоа може да го

направи стручно некој, поради

кого дрвото ќе доживее полнолетство), не носете

потпетици (земјата ги голта),

облечете се со топла облека

(камерите симболично ќе ве снимаат вас- не сте вие

функционери) и за крај-

забавувајте се!

Page 11: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 11

Од платформата на М-р Митко Јованов

„Повеќе Европа“ - предизвик за Германија

Хелмут Кол, туторот на

канцеларката Ангела Меркел, ја обедини Германија со девизата

дека тоа подразбира повеќе

обединета Европа. Денеска

Меркел е пред предизвикот да направи на континентот повеќе

Европа, од тоа што, денеска е

ЕУ. Тоа е во согласност со

ставот на Хери Кисинџер, поранешен државен секретар на

САД, кој смета дека ЕУ ќе биде

фактор во светот, кога ќе

има еден телефонски број, и тоа 004930184000, кој звони

во кабинетот на канцеларот

во Берлин.

Моќта на милијардите

Должничката криза ги исцртува новите структура во ЕУ.

Главниот центар каде се носат

вистинските и суштински

одлуки, не е Брисел, туку Берлин. Оваа констатација се

потврди изминатите три недели.

А демонстрацијата на ваквата

состојба на моќта во ЕУ, прв го почувствува веќе поранешниот

грчки премиер Јоргос

Папандреу.

Имено, откако тој го најави

референдумот на кој граѓаните требаше да се изјаснат за

мерките за штедење наметнати

од ЕУ, министерот за финансии

на Германија Волфганг Шојбље, со едно кревање на телефонот

ја стопира исплатата на

милијардите евра помош од ЕУ

за Грција. Притоа, тој не се консултираше со ниеден друг од

колегите во ЕУ.

Во вторникот на први ноември

изутрината во 7.15 часот Шојбле му се јавил на грчкиот колега

Евангелос Венизелос, да му ја

пренесе информацијата да не ги чекаат парите од ЕУ и да се

спремаат за банкротирање.

Венизелос тој период се наоѓа

во болница поради болки во стомакот, но телефонскиот

повик е од Берлин и мора да се

одговори. Подоцна звони

телфонот и на Папандреу, на линија е Меркел, за да му ја

каже непријатната

информација.

Меркел дури во 11 часот

одлучува да го информира

Саркози и него ништо друго не му останува, освен да биде

благодарен што е информиран.

Банките се крстат во

Берлин Пред две недели банкарите

испратија писмо со иста

содржина на адреса на

кацеларката Ангела Меркел и

францускиот претседател Николај Саркози.

Потписник на писмото е

претседателот на

интернационалната банкарска асоцијација (ИИФ) Чарлс

Далара. Тој бара гаранции за

Page 12: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 12

банките во прв ред од Меркел,

па потоа и од Сракози.

Должничката криза во ЕУ,

покажа дека европската бирократија сконцентрирана

главно во Брисел, одвај да има

некоја улога во носењето на

одлуките за решавање на истата.

Саркози ја остави Карла

заради Маркел Претходно, на 19-ти октомври во Франкфурт на прославата по

повод заминувањето на

претседателот на Европската

централна банка (ЕЦБ) Жан Клод Трише, Меркел изненадно

ги повика Баросо, Ромпуј,

новиот претседател на (ЕЦБ)

Марио Драги, Жан Клод Јункер,

во една просторија до салата, каде се одржуваше свеченоста.

Тоа се функционерите кои ја

сочинуваат „франкфуртската

група“ која менаџира со кризата. Саркози одлучува да

биде во Франкфурт, иако

неговата сопруга Карла Бруни

тогаш е во болница и ја донесе на светот неговата ќерка. Тој

решава овој чин да го

пропушти, бидејќи сака да биде

во друштво со Меркел.

Во салата нема ништо

подготвено, освен чаши и вода.

Меркел зборува со висок тон.

Таа им дава до знаење на

присутните дека ЕЦБ нема да ги

спасува банките, ниту

индиректно, туку тоа треба да го прават националните влади. На

присутните им стана јасно дека

е создаден центарот на моќта во

ЕУ, тоа е Германија.

Тие ја видоа Меркел во сосема

друга слика, таа не е веќе канцеларката која беше тивка, и

на групните фотографии

изгледаше повлечено, сега

нејзините колеги од ЕУ, особено државите од евро зоната,

молчат пред неа и мирно ги

слушаат нејзините одлуки.

Плати и владеј Германија денеска станува

лидер во Европа и пошироко,

тоа го наметнуваат околностите

кои бараат предводење за да се реши должничката криза и да не

дојде до распаѓање на

монетарната унија и

уназадување во процесот на евроинтеграциите на

континентот. Тоа не значи дека

Германија ќе владее со

останатите држави, како што

тоа лесно се кажува нашироко во ЕУ, посебно во државите кои

се соочени со должничката

криза, како Грција или Италија.

Page 13: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 13

На оваа тема зборува и

министерот за финансии

Шојбле. („Револуција“ магазин

број 51: http://mkrevolucija.com/analizi/4

0-analizi/2595-germanija-ne-

vladee-so-evropa)

Поради минатото, Германија во изминатите педесетина години

политички беше воздржана,

иако економски силна,

нејзината политичка тежина беше како на пример, на

државата Данска. Но, тоа време

изминува и од Германија се бара

да го преземе водството. Денеска во државите од ЕМУ

важи девизата „плати и владеј“.

Германија има голема

одговорност пред себе за

иднината на ЕУ, таа треба да биде државата која ќе служи за

пример за другите држави во

однос на тоа како треба да се

средат државните финансии. Германија со уставот забранува

задолжување на државата

повеќе од нејзините можности.

Франција се обидува да спроведе реформи инспирирани

од тие во Германија, тоа значи

рационализација на државната

администрација, потикнување

на економијата и зајакнување на социјалните механизми. Не

случајно популарноста на

Саркози во Франција е на седмо

место, додека на Меркел е на втората позиција, во мерењето

на популарноста на европските

лидери.

Повеќе Европа на

континентот Ако туторот на Меркел -Хелмут

Кол ја обедини Германија со

девизата дека тоа подразбира и обединета Европа, денеска

Меркел има задача да направи

на континентот повеќе Европа,

од тоа што денеска е ЕУ. Тоа е

во согласност со ставот на Хери Кисинџер, поранешен државен

секретар на САД, кој смета дека

ЕУ ќе биде фактор во светот,

кога ќе има еден телефонски број, и тоа 004930184000,кој

звони во кабинетот на

канцеларот во Берлин.

Во следниот број: Размислувања за ЕУ од

„мислечките фабрики“ во

европските центри

Page 14: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 14

Од европските кулуари: М-р Митко Јованов

Јоргос заврши како претепано „куче“

Наивен, непромислен, премиер-

губитник, идиот, политички самоубиец, предавник.

Францускиот претседател

Николај Саркози, пред сè, би

посакал да го претепа. Ова се дел од коментарите во ЕУ по

најавата на Јоргос Папандреу

за референдумоско изјаснување

на Грците за пакет мерките за спас од банкрот.

Неодговорноста ја плати

со политичката кариера Јоргос Папандреу, се врати од

Брисел со 230 милијарди евра помош за својата држава, исто

така и со отпишување на дел од

долговите. Истовремено со

милијардите, тој донесе и пакет мерки да ги спроведе, за да

може парите да легнат на

сметката на Грција.

Наместо да ја преземе одговорноста врз себе, тој

истата сакаше да им ја натовари

на граѓаните на Грција. Тој

објави дека пакет мерките за штедење ќе ги стави на

референдумско изјаснување

пред граѓаните. Тоа беше кобна

одлука за него, која доведе до губење на довербата пред

Меркел и Саркози, во прв ред, а

потоа и пред другите лидери од ЕМУ.

Од него се очекуваше да

започне веднаш со

спроведување на структурните реформи, а не да прави

политика. Една од мерките која

му беше зададена е да го

стопира излевањето на милијардите евра од приватните

сметки надвор од Грција.

Проценките се дека над 250

милијарди евра се излезени надвор од границите на Грција.

Тоа се пари во голема мера

стекнати со даночно затајување

и други коруптивни активности.

Берлин му „обезбеди“ и договор со Швајцарија за соработка во

откривање на тајни приватни

сметки на Грци во швајцарските

банки.

Од него се бараше

реформи, не политика Но, Папандреу посака

зајакнување на својата политичка позиција. Партискиот

и личен интерес преовлада во

него наместо државничкото

однесување. Тој посака да ја

„затне“ устата на опозизијата преку референдум и притоа не

само што ја стави на коцка

својата политичка кариера,

судбината на Грција, туку и милијардите од ЕУ (читај

Берлин). Тоа не му беше

дозволено! Не помина една ноќ

од објавувањето на одлуката за референдум, за утредента,

главниот касиер во ЕУ,

германскиот министер за

финансии Волфанг Шојбле, пред

Page 15: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 15

да го испие кафето во 7 часот

наутро, со еден телефонски

повик да ги блокира

милијардите евра - помош за Грција. Тоа беше брутален

притисок врз Папандреу. Истиот

ден на состанокот со

пратениците, тие ја одбиваат одлуката за референдум и

Папандреу ја губи подршката,

бидејќи за Грција се поважни

милијардите помош од ЕУ, отколку функцијата на

Папандреу.

И со право, бидејќи ваквиот

потег на Папандреу ги стави во

опасност мерките за спас на еврото, донесени на средбата во

Брисел, финансиските пазари

почнаа да реагираат, каматите

се кренаа за Италија и за

другите држави кои се борат со долговите.

Сензитивниот Саркози со

ќеф би го претепал Првите реакции и коментари од Берлин, Париз и другите

европски центри, на сметка на

Папандреу беа: наивен,

непромислен, премиер-губитник, идиот, политички

самоубиец, предавник. Додека

францускиот претседател

Николај Саркози, пред сè, би

посакал да го претепа. Во

медиумите во Европа, го

споредуваа со Михаел

Горбатчов, човекот кој сакаше

да го реформира Советскиот сојуз и ја изгуби моќта.

Откако во вторникот Шојбље ја

стопира финансиската помош за

Грција, во средата вечерта Папандреу беше повикан од

Меркел и Саркози на рапорт во

Кан, каде што двајцата беа на

состанокот на 20-те најсилни економии во светот.

Го испратија од Кан како

претепано „куче“ На средбата Папандреу се обидува да им објасни на

Меркел и Саркози, дека

референдумот ќе биде успешен.

Но, неговите усилби се попусти,

одговорот од Меркел е јасен: „Овде ние кажуваме, а не ти“,

притоа му го диктираат датумот

и прашањето за рефендумот.

„Притоа, го испраќаат како претепано „куче“ дома и

безмилосно го извисуваат“, ова

го изјавил соработник на

Папандреу за германскиот неделен магазин „Штерн“.

Следните настани веќе се

познати во јавноста, нова

преодна влада во Грција, која

треба да ги спроведе реформите наметнати од ЕУ.

Page 16: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 16

Европската централна банка е виновна?!

Засилувањето на должничката

криза во Европа го потврди крајот на политичката кариера

на еден премиер Џорџ

Папандреу, премиерот на

Грција, а се закани на друг-Силвио Берлускони премиерот

на Италија. И покрај отпорот на

народот, владите се борат да

останат еден чекор понапред кога е во прашање пазарот на

хартии од вредност со

пресекување на нивните

буџети. Целата драма

предизвикана од состаноците, предлозите и контрапредлозите

изгледа има трагичен крај.

Меѓутоа театралната атмосфера

на овие преговарања го засени настанот, кој што изгледа е

далеку поважен на долгорочен

план од Грчкиот референдум.

Исто така ја поддржа сторијата за владиниот долг, која што

наведува на погрешно мислење.

Според оваа сторија, кризата ја

изразува неможноста да се управува со општествената

макроекономска политика во

систем каде што одлуките се

донесуваат врз база на

согласноста на 27 држави членки од кои 17 користат

заедничка валута, вклучувајќи

ги и огромните разлики во

однос на развојот и растот, разлики во бизнис циклусот во

земјите на континетот. Постојат

реални проблеми кои што не се

причината за неуспехот на системот на Европскиот

финансиски систем. Падот е

предизвикан од изборот на

политика од страна на една од

неколкуте Европски институции

која има капацитет да дејствува

еднострано и решавачки-Централната банка. Наместо

„една големина одговара на

сите” банката продолжи со

„една големина не одговара на секој” – монетарната политика

која е далеку подобра од првата

во време кога во ниедна од

европските економии не се забележува силен развој. Со

колебање банката се согласи да

ги поддржи пазарите на

Европскиот општествен долг со

купување на државни хартии од вредност. Но за разлика од

политиката водена за

федералните резерви- според

која што централната банка на Сад ги трупа резервите со цел

да ги намали долгорочните

каматни стапки, Европската

централна банка наместо да ги стерилизира односно

неутрализира, таа врши

купување на резервите на

банките од приватниот сектор. Со таквата политика тешко е да

се обезбеди стабилизација на

финансиските пазари.

Концепцијата за улогата на

самата банка претставува само дел од еден широкоопфатен

проблем. Европската централна

банка била основана во 1998 во

Page 17: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 17

време кога последиците од

инфлацијата во 1970-те и 1980-

те биле сè уште свежи. Уште во тогашниот мандат, фокусот бил

ставен на инфлацијата. За

разлика од другите банки, како

никоја друга во историјата Европската централна банка се

одрече од каква било

одговорност, во однос на

европскиот финансиски систем, контрола на неговата

ефикасност или во однос на

отпорноста на еврото како

валута. Наместо тоа, таа беше фокусирана целосно кон

формални цели како што се

одржување на стапката на

инфлација на 2 проценти. Сето

ова нè доведува до критичниот случаj: не- драмата на Грција

туку заминувањето на Жан Клод

Тричет од претседателското

место на Централната банка на 1-ви Ноември.

Самиот господин Тричет го

отелотвори неуспехот на

системот на европските финансиски институции. Тој

одбиваше да ги признае своите

грешки и изјави дека неговото

работење било беспрекорно,

бидејќи инфлаторните стапки биле одржани и под одредената

граница. Во очаен обид да ја

врати ситуацијата во нормала,

како што се одвивала пред кризата, тој ги зголемил

каматните стапки за два

процентни поени, со што било

предизвикано отстапување од маргиналните граници на

инфлаторната стапка, што во

овој случај бил најлош можен

начин да се одговори на кризата. Заменикот на господин

Тачер, Марио Драги може да се

каже дека претставува некакво

освежување, со неговата одлука

да ја намали каматната стапка за една четвртина односно на

1.25 проценти. Но тој треба да

направи многу повеќе доколку

сака да ја избегне ситуацијата во која би бил првиот

претседател на Централната

банка, која се соочува со

колапс на валутата. Решавачкиот чекор во овој

момент е изјавата дека

Централната банка ќе стои зад

заедничкиот долг на учесниците во еврозоната ако е потребно и

по цена на промена на

инфлаторната стапка. Ова ќе им

овозможи на владите-

финансиски ресурси потребни за рекапитализирање на

банките. Се претпоставува дека

пазарите на хартии од вредност

ќе се стабилизираат и без потребата од купување на

долгорочни хартии од вредност.

На својата прва конференција

како претседател на Централната банка, господинот

Драги упати кон јавноста

измешани сигнали. Реторички,

даде големо значење на

неуспешните политики водени во минатото. Но во практиката,

најави намалување на

каматните стапки, додавајќи

дека последното зголемување на истите пред пет месеци,

било грешка. Неговата можност

за негово управување нема да

трае долго, доколку се продолжи со сегашните

политики, постои можност

Европската централна банка да

го уништи еврото со цел да се спаси од хипотетички огромна

инфлација.

Page 18: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 18

Еврозоната се соочува

со системска криза Претседателот на европската

комисија Хосе Мануел Баросо изјави поточно предупреди дека

еврозоната е соочена со

системска криза, која што бара

поголеми и подлабоки одговорности од страна на сите

земји членки. “Навистина сме

соочени со системска криза

која бара посилни одговорности и преземање на многу важни

мерки” -изјави Баросо пред

Европскиот парламент во

Стразбург. Тој го повтори

повикот за подлабока економска интеграција помеѓу

сите земји членки во еврозоната

и кажа дека мерките насочени

за надзор на буџетите на земјите членки ќе биде

имплементирани следниот

месец.

Германската централна

банка против светот Веидман, новиот претседател на

германската Бундес-банка

силно се спротивставува на

фактот- Европската централна банка да биде кредитор во

последниот обид да го зацврсти

еврото како заедничка валута.

Притисокот од страна на германските партнери сe

зголемува сè повеќе. Некои

предупредуваат дека планот на

Веидман може во целост да го уништи еврото. Во обид да се

спаси еврото, европските

заштитници се под голем

притисок да купуваат неограничени државни

обврзници од земјите членки,

чии економии страдаат. Меѓутоа

врвот на Бундес-банк вели НЕ

на оваа идеа, и испраќа јасна и

гласна порака не само до

Берлин, туку до Брисел, Париз и Вашингтон. Ако Европската

централна банка подлегне под

овој притисок тоа може да

значи загрозување за сите. Кризата која ја опкружува

заедничката валута достигна

ново ниво. Пред помалку од две

години кога грчката влада призна дека е во должничка

криза, европските политичари

се чини дека ги избегнуваа

опциите за спасување на еврото. Врвовите од шестте

влади се повлекоа или дадоа

оставки. Многу од принципите

врз кои беше основана

задничката валута беа прекршени. Кршењето на

правилата стана стандардна

практика од која не се извлече

ниту една корист. Грција е сè поблизу до напуштање на

еврозоната, а Италија се

приближува кон национален

банкрот. Не е ни чудо што госпоѓата Ангела Меркел уште

еднаш ја негираше гласината

дека Германија и Франција се

подготвуваат за поделба во

еврозоната. Сè досега Еврoпската централна банка

купуваше ограничен број на

португалски, шпански и

италијански државни хартии од вредност, со цел да го зајакне

еврото. Но доколку се продолжи

по волјата на европските

политичари, Европската централна банка ќе претставува

гаранција за сиот непокриен

долг на должничките нации,

дотаму со проширување и прекршување на сите

применливи права. Нивната

Page 19: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 19

идеја е печатење на пари и

повлекување на кризата во

“море од ликвидност”.

Ризик од инфалција Веидман верува дека

политичарите со избирање на најлесниот начин за решение на

проблемот, тие всушност го

влошуваат истиот. Според него

„слаткиот отров” за

должничките нации, не е во согласност со традицијата на

Бундес-банка и средствата на

владиното финансирање и тој

стравува дека оваа противречност може да

предизвика финансиска криза

во Германија, како што тоа

беше случај во 1920 година.

Со недели отпорот на Веидман

беше тема на голем број финансиски самити. Во

Германија тој доби поддршка од

голем број на експерти и

поголем дел од популацијата.

Но притисокот од надвор расте,

вклучувајќи го претседателот на

Сад -Барак Обама па сè до францускиот претседател

Саркози и Претседателот на

Европската комисија -Баросо,

кои настојуваат Германија да се откаже од својата идеја.

Поранешниот претседател на

Бундес-банк и шефот на

Централната европска банка дадоа отказ непосредно пред

расправата за купување на

државни хратии од вредност.

Тие се почувствуваа напуштени од страна на германската влада.

Веидман исто така е несигурен

во однос на тоа колку време

неговата позиција ќе биде

поддржана од страна на германската влада. Советникот

и министер за финансии

Волфганг ќе биде повеќе од

среќен доколку ја исполни желбата на своите сојузници со

цел да отстапи. Кампањата на

германските монетарни власти

се претвори во борба за докажување на независноста.

Веидман има тешка задача пред

себе.

Преземено од:

New York Times

Подготвила: Јана Јовановска

Page 20: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 20

Европските опции се на маса

Европските лидери имаат

помалку од еден месец да договорат уште една голема

зделка за да ја спасат

еврозоната од влошувањето на

должничката криза. Мораат да се концентрираат на вирусот кој

ги тресе финансиските пазари.

За тој кус период, геманската

канцеларка Ангела Меркел мора да ја обедини нејзината

коалиција зад потенцијaлно

непопуларната одлука, а

францускиот претседател

Никола Саркози мора да дејствува за да ја одбрани

својата земја од нестабилниот

ААА кредитен рејтинг.

Новите лидери на Италија и Грција мора да осмислат

проекти за долгорочно штедење

и економски реформи и покрај

притисокот од политичките и социјални протести. Новата

шпанска влада мора да ги убеди

инвенститорите да преземат

храбра и ризична акција за да се поврати конкуретноста и да

се расчисти станбеното

расипништво.

А, Европската Централна Банка

мора да заклучи дека

најголемата закана за

стабилноста во еврозоната лежи

во рецесијата, кредитна криза и ризикот од дефлација наместо

инфлација.

Ако на сите тие услови им се

излезе во пресрет, тогаш Меркел, Саркози, лидерите на

европските институци и ММФ ќе

можат да создадат поубедлив

план да ја напaднат должничката криза и да ја

запрат заразата која се шири.

Но, не е дури сигурно дека

германските лидери ќе ја

прифатат потребата за посмели акции и тоа за неколку недели.

Серија на пресвртници се

можни на патот до Самитот на

Европската Унија, закажан за 9 декември, последниот во оваа

година, кои ќе го покажат

патот кон шансите за успех.

Меркел како да се зацврсти по Конгресот на конзервативната

Христијанско демократска

партија (ЦДУ) без да си ги врзе

рацете во евроскептицизам. Повикувајќи „повеќе од Европа“

како решение на кризата без да

спелува што точно тоа содржи,

таа си остави простор за

маневрирање. Обидите на партиските „бунтовници“ да ја

ограничат, на пример, барајќи

дефицитарните грешници да се

протераат од еврото, се поразени.

Слободните демократи (ФДП),

коалиционите партнери на

Меркел, играјќи си со евроскептицизмот, остануваат

несигурен фактор, но

политичките аналитичари велат

дека тие немаат каде да одат.

Page 21: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 21

Позицијата на Саркози е

потешка на само шест месеци

пред очекуваната реизборна понуда. Неговата влада,

минатата недела, го прифати

вториот пакет –мерки за

намалување на децифитот за 2012 година, но Европската

комисија вели дека се потребни

повеќе акции за очекуваниот

слаб развој. Франција на тоа одговори дека веќе прави

доволно. Пазарите реагираа

негативно, бидејќи

прилагодувањата најчесто се во зголемување на даноци, а не

намалување на трошоците, но

исто така поради

предвидувањата за мрачниот

раст, изложеноста на Француските банки на

Италијанскиот долг, и

несигурноста на изборот.

Меркел и Саркози треба да се сретнат во декември на

конгресот во Марсел на

Европската народна партија,

група на главните централно-десничарски партии, кои

доминираат со ЕУ владите.

Пред тоа, извршната Европска

Комисија, ќе го претстави својот

предлог, следната недела (23

ноември) за посилно економско

управување со еврозоната и ќе

објави консултантски труд за тешката и оспорувана идеја за

зеднички еврозонски

обврзници.

Европските финансиски министри треба да се сретнат на

крајот на месецов да се обидат

да ги финализираат плановите

за искористување на фондот за спасување на еврозоната, за да

се осигура првата загубата на

проблематичните државни

обврзници и да се привлечат странските инвенститори да го

откупат долгот на еврозоната.

Како и да е, тие планови се

соочуваат со легални

компликации и отпор од пазарот и изгледа неверојатно да се

обезбеди посакуваниот масовен

заштитен ѕид против заразата

на пазарот на обврзници и тоа во најкраток рок.

Спојот на економски индикатори

поради доцна ноемвриската

бизнис клима, довербата на потрошувачите и новите редови

во индустрија, ќе даде почиста

слика за тоа колку лошо е

забавувањето.

Тоа ја поставува сцената за клучниот регулаторски ЕЦБ

состанок на 8 декември, на кој

треба да се одлучи дали да се

намалат каматните стапки повторно до 1,25 процент и

дали да се преземат посилни

акции да се стабилизира

пазарот на обврзниците на еврозоната. ЕЦБ е под масовен

интернационален и пазарен

притисок да интервира

порешително за да ја заштити Италија и Шпанија, но таа

досега ги одби повиците да

Page 22: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 22

направи повеќе, посочувајќи на

владината одговорност кон

фискална политика. ЕУ политичарите велат дека

која-било зделка, нема да

обезбеди посмели акции од ЕЦБ

како возврат на посилна имплементација на плановите за

штедење и економски реформи

од Рим и Мадрид.

Опциите на политиката се на масата и широко се познати:

-Вторите 130 билиони евра како

спас програма за Грција,

вклучувајќи 50% на

„доброволно“отпишување од сопствениците на обврзниците

од приватниот сектор, зависат

од способноста на Атина да ги

исполни своите фискални цели, да донесе построги реформи и

да ги продаде сите државни

средства. Алтернативата е

тешок грчки пропаст со поширока штета.

- Италија ќе бара помош од

ММФ, ако Марио Монти и

неговиот тим на технократи не ги убеди инвеститорите на

неговиот одржлив пат на

фискална консолидација и

промотивниот раст на

реформите на пензијата, пазарот на трудот и

регулативата.

- Францускиот предлог да ѝ се

обезбеди на Европската

Институција за Финансиска

Стабилност да делува како банка и да позајмува пари од

ЕЦБ, останува на маса и покрај

отфрлањето на Германија и

ЕЦБ, минатиот месец. Ако моменталните комплексни

напори да се искористи

Европскиот фонд за спас се

оствари во следниве седмици,

Париз сигурно повторно ќе се издигне.

- Неколку други пермутации вклучуваат ММФ, ЕФС, ЕЦБ и

Интернационалниот монетарен

фонд да добијат шлаканица од

Берлин и Франкфут. Тоа би

значело искористување на правата на ММФ на позајмување

од еврозоната, за да се

обезбеди капитал за

искористување на фондот да се купат обврзници од еврозоната,

дозволување на ЕЦБ да му

позајми на ММФ средства за

истата цел. Пуританците на германското централно

банкарство таквата опција ја

прогласија за нелегална.

- ЕЦБ може да го промени

курсот и да престане да ги „стилизира“ сте негови

купувања на суверени

Page 23: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 23

обврзници, земајќи еквивалетен

износ од пазарот. Тоа ќе

овозможи да се купат повеќе обврзници со печатење на

парите- европска верзија на

таканаречено квантитативно

олеснување (QE), практицирано од Федералните Резерви на САД

и Банката на Англија.

Главната цел на QE од чуварите

на централното банкарство е дека тоа може да предизвика

инфлација. Како и да е, ако

ризиците од еврозоната

создадат можност за дефлација поради рецесијата и

контракцијата на билансот на

банката, целта може да ја

намали својата тежина.

- Еврозоната може да го направи првиот чекор кон

издавање на заеднички

гарантирани обврзници, откако

ќе постигне поголема економска интеграција, со прифаќање на

ограничувања на суверенитетот

на националниот буџет од

страна на членовите. Германија ја одби идејата за евро

обврзници, до сега.

- Секаква преселба во построга

примена на фискалната

дисциплина е обврзана да биде дел од секаквов договор.

Холандскиот предлог за комесар

на ЕУ буџетот, со право да

интервенира во националната фискална политика на серијата

на прекршителите, може да

биде клучен елемент во

спасувањето на северно- европските доверителски земји.

Како и да е, некои од оние кои

бараат построги контроли,

најверојатно, се најисплашените за било какви

промени на договорот, кои

бараат реферндум.

Автор: Paul Taylor Извор: Reuters

Подготвила:

Елена Павловска

Page 24: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 24

Иднината на Европа: Посилна или помала унија?

Можеби се нарекува Европска

Унија, но дел од тоа име е доведено под знак на прашање.

Грчевите на пазарот од

минатата недела јасно се

однесуваат на краткорочни интереси, за билансот на

состојбата во земјите како што

се Италија, Шпанија, па дури и

Франција. Но, тие исто така се за проблемите на подалечните

хоризонти: Дали ЕУ сè уште има

смисла во сегашната форма?

Сè додека ова прашање

останува неодговорено,

несигурноста ќе ја следи. Краткорочните мерки како што

е потпомагање на шпанските и

италијански обврзници од

страна на Европската Централна

Банка се „брзи поправања на мазни работи врз кратки

термини“, вели Стефан Кинг,

главниот економист во HSBC во

Лондон. „Но, тие не даваат одговор на прашањето кое

пазарот го поставува: Кои се

политичките и фискални

ангажмани, кои ќе создадат стабилност во иднина?“

Проблемот беше идентификуван

одамна. ЕУ создаде единствена

валута, но заборави да создаде

подлабока политичка и фиксна унија. Резултатот беше

креирање на систем кој создаде

јарем врз индивидуални земји

со единствена уницифирана монетарна политка, без да

овозможи трансфер на средства,

кој ќе им овозможи на членките

на унијата да излезат од уништувањето, кое

приспособувањето може да го

создаде. Како резултат,

консезусот забележува дека

моменталната состојба едноставно не е одржлива.

Силните гласови велат дека ЕУ

треба или да се засили, или да

дозволи некои да заминат од унијата.

„Што треба да се случи - е дека

има искрено признавање дека

тие два избора постојат и дека треба да се направи избор“,

вели Кинг.

„Преправањето дека едноставно

ќе се извлечеме од ова, нема да

успее. Јасно е дека ЕУ е „цврста конструкција“, вели Ема

Бонино, потпретседател во

Италијанскиот Сенат и

поранешен комесар во ЕУ.

Page 25: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 25

„Но, таа како да функционира

само кога нема финанскиски

проблеми“. Решението, таа се согласува, е

понатамошна централизација на

политичката моќ. Таквиот потег

не мора да значи создавање на единствена Европска

супердржава, според теркот на

САД. Бонино има предложено

интемедијално решение, според кое земјите членки, ќе се

откажат само од некои од

овластувањата, како што се:

надворешната политка, одбранбената и гранична

контрола.

Најважното, тоа вклучува и

Министерство за Финансии,

одговорно за економската стабилизација, и, кога е

потребно, трансфер на средства

од Централната влада до

индивидуалните земји.

Заедничкиот политички идентитет, таа се согласува, ќе

ја направи потребната

прераспределба- поприфатлива.

„Помошта, нормално доаѓа само кога има заедничко чувство на

припадност“, вели таа.

Другата можност- за која

најгласно се расправа во Германија, каде има гнев од

страна на плаќачите на данокот,

кои се принудени да ги

спасуваат помалку одговорните

земји како Грција или Ирска – е

напуштање на унијата. „Најдобро е за сите, особено за

Грција, е да го напушти еврото“,

напиша во својот есеј Ханс

Вернер Син, влијателен економист на универзитетот во

Минхен. Послабите земји ќе

бидат слободни да ја

девалвираат својата валута и да почнат да ја враќаат својата

конкурентност.

Остатокот од ЕУ нема да биде

принуден да доаѓа на помош. Дури и Отмар Исинг, поранешен

член на Европската Централна

Банка и еден од движечките

сили зад единствената валута,

предупреди за забрзаното растење на унијата. Поборникот

на Европската интеграција, кој

еднаш славно предупреди дека

„не постои пример во историјата за долгорочна монетарна унија,

која не е поврзана во една

држава“, Исинг сега е загрижен

дека помошта за извлекување на помалку одговорните членки

ќе доведе до „фискална

недисциплина“, па дури и

немири од страна на плаќачите

на данок, кои се гневни, бидејќи се присилени да се

жртвуваат.

Двата избора се историски

преседани, вели Стивен Кинг. По падот на Советскиот Сојуз,

земјите кои со децении биле

обединети под единствен

политички авторитет, наеднаш не се. Многу од

новоформираните, поранешни

советски републики, прво се

обидуваа да ја задржат руската валута- рубљата. Но наскоро, со

текот на развојот, разликите

Page 26: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 26

помеѓу различните економии

станаа преголеми, па

единствената заедничка валута пропадна.

Модел за алтернативно

сценарио е самата ЕУ. Пред

воведување на еврото, Европската Заедница имаше

воведено механизам на

валутите, наменет да се намали

варијабилноста во девизните курсеви на различните земји-

членки. Во 1992 година, тој

систем почна да пропаѓа. Со

низа на настани кои ќе му изгледаат познати на секој кој

ги следи пазарите оваа недела,

шпекулациите ги испратија

пазарите во гнев.

Велика Бритија, која се

приклучи на механизмот две

години порано, набрзина се повлече. Другите земји зацртаа

поинаков пат и се заложија да

се движат кон поблиска

економска интеграција. „Единствената валута немаше

да се случи без таа криза“ вели

Кинг. „Кризата ги откри своите

опции, а изборот мора да се направи!“

Автор: Stephan Faris

Извор: Тime World

Подготвила:

Елена Павловска

Page 27: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 27

Стаменче Серафимовска

Што ќе донесе должничката криза за ЕУ? Канцеларката Ангела Меркел сега тврди дека мора да се

менува Лисабонскиот договор за

ЕУ да може автоматски да

интервенира против трајните

грешници на буџетскиот план. Кризата со еврото се шири од

периферијата кон центарот. Сите

ја префрлаат вината едни кон

други, но кое е вистинското решение за да се излезе од

кризата?

Погрешниот став на европските

земји кон државните долгови е во центарот на кризата со еврото.

Затоа, најважната подолгорочна

цел покрај сегашните мерки за

спас е намалувањето на државните дефицити и долгови.

Поради помошта за банките во

екот на првата банкарска криза

во 2008 година, товарот на

државните долгови значително се зголеми. Но, проблемот со

преголемите државни долгови

постоеше и претходно и

банкарската криза само го заостри проблемот, кој и онака

ќе избиеше порано или подоцна.

Финансиските пазари без

штедење ги откриваат слабостите на презадолжените држави во

Европа. Затоа идеите за подобро

регулирање и контролирање на

берзите се добри. Но, пазарната

логика е многу важна како инструмент за дисциплинирање

на владите. Доколку успеат

обидите да им се одземе таквата

функција на финансиските

пазари, тогаш ситуацијата на подолг рок ќе стане уште

полоша. Обиди за прикривање на

овие непријатни факти има и ден

денес. Така на пример, Франција

очигледно највеликодушно би ги финансирала преголемите

државни долгови со помош на

печатење нови пари. Какви

последици тоа би имало може да се види со примерот на Велика

Британија, која не е членка на

евро-зоната. Таму моменталната

инфлација е 5%.

Ако таквиот тренд продолжи во

следните 10 години, тогаш британската држава ќе има само

половина од товарот што го

содржат празните државни каси,

но затоа заштедите на британските граѓани ќе се стопат

на половина од сегашното ниво.

Иако податоците укажуваат на

тоа дека владата во Атина не ги

исполнила ветувањата и ситуацијата ја нема под

контрола, на Грција повторно ѝ е

одобрена нова транша

финансиска помош. За

Page 28: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 28

потсетување, европските лидери

им ветија на граѓаните дека во

таков случај ќе биде прекината помошта за презадолжената

Грција.

Канцеларката Ангела Меркел

сега тврди дека мора да се менува Лисабонскиот договор за

ЕУ да може автоматски да

интервернира против трајните

грешници на буџетски план. Тоа е чудно затоа што Европа веќе

има јасни правила и договори

што се однесува до финансиската

стабилност. Само што и

Германија, по почетното инсистирање на тој принцип,

подоцна го игнорираше во повеќе

наврати, кога беше во прашање

нејзиниот буџет. Затоа се поставува прашањето:

зошто би требало членките на ЕУ

сега да му се потчинуваат на

некаков европски министер за финансии или супер-комесар,

кога досега без проблеми го

игнорираа пактот за финансиска

стабилност секогаш кога неговите одредби не им одговараа?

Доколку политичарите сега

навистина се сериозни со

откажувањето од „должничката

економија“, тогаш тоа ќе

претставува почеток на нова

епоха - насекаде во Европа. Крајно време е политиката,

државата да троши многу

средства и веќе создадените

долгови да ги финансира со ново задолжување, да заврши.

И на крај, оној кој ја плаќа

цената од секоја загуба се

граѓаните. Но тие кутрите, веќе сфатија што се случува и бараат

рамноправна распределба на

товарот од преголемите долгови.

Останува само да се надеваме дека притисокот од

демократската база за вистински

пресврт во Европа на тој план,

овој пат ќе биде доволно силен и

успешен.

Page 29: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 29

Елена Николовска

Иднината е во корените

Европската Унија е лошо избалансирана и постои

дефинитивен проблем околу

огромната разлика помеѓу

помалку развиените држави-членки и оние побогатите. Овој

проблем ескалираше со

економската криза во Грција,

Шпанија, Португалија. Овие наслови во последно време се

единствените кои се вртат низ

европските медиуми.

Американските економисти веќе

подолго време се уверени дека Унијата се движи кон финансиски

колапс. Меѓутоа Европската Унија

не се предава. Активирани се

сите механизми и институции на ЕУ, со цел опстојување на оваа

експериментална заедница на

држави.

Замислата за една Унија на

држави, која ќе се темели на

добрососедски односи без граници е премногу идилична. Во

напор да се зачува демократијата

и еднаквоста, Унијата им остави

на државите да си задржат што повеќе од својот суверенитет, не

пресметувајќи притоа дека сите држави различно ги сфаќаат и

применуваат принципите на

демократија и еднаквост.

Токму тука е најголемиот

проблем. ЕУ нема силни

механизми за контрола и

спроведување на својата легислатива во државите-членки.

За момент претставете си едно

огромно дрво со многу лисје чиј

број постојано се зголемува, кои

постојано се обновуваат, се менуваат, паѓаат и се раѓаат,

исти по формата и изгледот, а

сепак нови. Искалени се низ

времето и годишните времиња. Силата на тоа дрво е во

корењата, неговите корења се сè

уште млади и кревки, но

пополека и сигурно заземаат сè повеќе простор и стануваат

поцврсти, побројни, постабилни.

Коренот го храни дрвото, а

лисјето го одржуваат живо. Во Европската Унија државите се

лисјето на дрвото, а корењата ги

претставуваат нејзините

многубројни институции и

органи, како и легислативата, која тие ја носат. Државите

сакаат и мислат дека со

задржување на голем дел од

суверенитетот можат да опстојат, а сепак да ги чувствуваат

бенефициите од коренот.

Меѓутоа, низ секој лист мора да

минува по некоја вена од коренот, која ќе го прехранува и

одржува во живот.

Page 30: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 ТЕМА НА НЕДЕЛАТА страна 30

За да опстане ЕУ онаква каква ја

замислиле нејзините создавачи, државите ќе мора да се откажат

од поголем дел од својот

суверенитет, за доброто на

целата унија. Ова ќе значи голем број компромиси кои нема да му

се допаднат секому. Меѓутоа, не

заборавајте дека лисјата умираат

и се раѓаат секој ден, нови,

позелени, навидум исти, а сепак различни и посилни...

Page 31: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 МАКЕДОНИЈА страна 31

Славица Ѓоргиева

Успешна македонско-босанска приказна

Иако дел од главната политичка (читај партиска) пропаганда е

дека сите сме исти и дека сите

треба да си се сакаме и да си се

почитуваме, нашето секојдневие ни го сведочи токму

спротивното. Поделба по

религија, поделба по етничка

припадност, поделба по нијанса на тен... И потребно ни е

УНЕСКО да ни одбере еден ден

во годината, за да глумиме сите

ние толеранција и посветеност

кон градење на истата. За оние кои знаат, само ќе

потврдиме. За оние кои не

знаат- еве, ги информираме.

Денот кој е избран како интернационален ден на

толеранција е токму денешниот,

16-ти ноември.

Целта на овој текст е да ви ги

даде појдовните информации за значењето на овој ден, главниот

настан со кој истиот се

одбележа во Македонија, со

посебен акцент на она што се случуваше претходниот викенд

во Сараево, како резултат на

македонско-босанска соработка.

Дали пораката на сите овие настани е доволно силна да се

избори со сите предизвици и

препреки, или сè е само ветер и магла, за да се собере некој

грант и да се замачкаат очи на

(и од) меѓународната заедница,

ви оставам сами да процените.

16-ти ноември – што,

зошто, од кога? Во време исполнето со војни,

омраза и поделби, ги забораваме позитивните

вредности, кои ова општество

ги промовира и се труди да ги

имплементира. Затоа, секоја

година 16-ти ноември се користи за да се потсети светот

дека различните култури,

цивилизации и луѓе треба да се

почитуваат, негуваат и соработуваат. По овој повод,

УНЕСКО доделува награда за

промоција на толеранција и

ненасилство. Признанието е креирано во 1995-та, на 125-

годишнината од раѓањето на

Махатма Ганди. Годинава, таа

отиде во рацете на Анаркали

Хонариар, поборничка за правата на жените во

Авганистан, и Калед Абу Аввад,

палестински мировен активист.

Page 32: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 МАКЕДОНИЈА страна 32

На овој ден, свое обраќање

имаше и Секретарот на ОН, Бан Ки-мун. Во својата порака, го

посочи и следново:

„Во време на промени, мора да

останеме доследни на идеалите и принципите кои се срцето на

Повелбата на ОН и

Универзалната декларација за

човекови права. Една од тие суштински вредности е

толеранцијата. Нашето

практикување на толеранцијата

мора да биде силно и да претставува нешто повеќе од

мирна коегзистенција. Мора да

постои активно разбирање,

проследено со дијалог и

позитивно вклучување со останатите“.

Марш на толеранција По повод Меѓународниот ден за

толеранција, хелсиншкиот комитет за човекови права во

Скопје организаираше марш на

толеранцијата. Маршот започна

точно на пладне, со звукот на сирена за тревога и порака

„Изрази се слободно“. Главната

порака која се движеше од

Музејот на Град Скопје до плоштад Македонија, беше

алармирањето за потребата од

постоење на здрава критичка

свест и негувањето на јавната дебата, која во

Македонија полека ја губи

важноста.

Маршот не наиде на

посакуваната квантитативна поддршка. Присуството на

малиот број марширачи, постави

неколку тези: или во

Македонија сите си се сакаме и толерираме без исклучок, па

нашите рози се и на соседот;

или толеранцијата ни е на толку

високо ниво, што ни е страв дека гласното мислење ќе

влијае на нашето работно

место; или можеби, слабата

информираност е причината што предизвика изненадувачки лица

кај минувачите кои случајно

поминаа покрај 50-тината

активисти.

Не ми суди! Во мај, во рамките на

иницијативата „Balkans, let’s get

up!“, ни беше дадена шанса да

размислиме што е труло во

нашето општество, што е она што нѐ вади од кожа и кое би

сакале да го промениме.

Македонските и босанските

претставници се најдоа на иста фреквенција – поделби,

поделби, поделби, и речиси

никаква иницијатива против

оваа појава. (Да, на зборови сите толерираме, сѐ додека

ДРУГИОТ (?!) е најмалку 300

метри подалеку од нас).

Во Македонија, ги имаме

етничките Македонци наспроти етничките Албанци. Во Босна и

Херцеговина пак, не е сеедно

дали си Бошњак, Србин, или

Хрват. Етикети кои се остатоци од минатото, а чија жртва е

сегашноста, и особено младите

Page 33: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 МАКЕДОНИЈА страна 33

луѓе, кои по игра на времето и

просторот се нашле тука.

Верувајќи дека секој голем пат, и остварувањето на секоја

голема цел се почнува со

бебешки чекори, го создадовме

македонско-босанскиот проект – „Не ми суди“ (или во оригинал

Don’t judge me) .

Мисијата на проектот е да ги

поврзе македонската и

босанската младина, на возраст од 18-25 години, на тој начин

што ќе се организира заедничка

работилница „Да се биде

поинаков не е злостор“ (Being different is not a crime)

посветена на етничката (не)

толеранција. Учесници на

работилницата беа осумте

најдобри есеи на претходно организираниот конкурс

„Градете нетолеранција,

заборавете го општеството“.

Целиот проект беше финансиски поддржан од

Balkans, let’s get up!, а во

пресрет на идејата излезе и

Институтот за развој на млади

КУЛТ од Сараево. Верувајќи

дека светот останува на

младите, го поддржаа проектот отстапувајќи ни ги просториите

и дел од своите финансии.

Што се случуваше во Сараево? Собрани на едно место,

македонско-босанската младина

ни покажа дека не сме

единствени кои се свесни за проблемот на етничката (не)

толеранција која ни го окупира

општеството. Исто така, не сме

единствени кои сакаат промени.

Тие три дена (11-13 ноември 2011), колку што траеше

работилницата, сите бевме

еднакви – немаше никакво

етикетирање – ниту по етничка или верска припадност, ниту по

степен на образование.

Разликата беше само во идеите

кои се споделуваа и размислувањата кои ја

придвижуваа работилницата по

најдобриот можен тек.

По првичното запознавање и оној неминовен срамежлив

молк, почна забавата.

Покрај имињата, првиот ден

учесниците ја имаа можноста и

да се запознаат со етничкото расположение во другата земја.

Page 34: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 МАКЕДОНИЈА страна 34

Преку игра, учесниците од

нашата земја ѝ оддадоа

признание на музиката, која не признава различности;

споделија дел од убавите

моменти во срцето на нашиот

главен град - Старата Скопска Чаршија. Тонот на нивните

гласови опадна кога раскажуваа

за неодамнешните настани кои

ја нагрдија сликата за Кале, за потценувачкиот однос кон

Ромите, за дел од традициите

кои се практикуваат од навика,

и за преголемата затвореност и пасивност во економско-

административната сфера.

Учесниците од Босна пак, со

мрачни лица констатираа дека

веќе им е преку глава светот да ги препознава по сивилото на

војната и лошата политика.

Истиот ден, на фудбалскиот

терен се соочија репрезентациите на Босна и

Португалија. А знаеме, спортот

обединува без никакви задни

намери. Токму ова беше еден од моментите на кои се посочи, за

да се докаже дека ако сакаме,

можеме да живееме сите

заедно, и замислете, да ни биде

убаво.

Она што е заедничко за двете општества (а најверојатно и за

целиот Балкан) е емпатијата

која нѐ поврзува и нормално,

кафепиенките. Луѓето на овие

простори сѐ уште не се смрзнати како господата од Запад и

сметам дека пријателствата на

Балканот се едни од најсилните

во светот. Можеби некој ќе ја злоупотреби таа ваша топлина,

но еј, зар може да ги мразите

сите цветови, затоа што по

грешка сте се боцнале на еден трн...?

Покрај многуте други игри, би ја издвоила онаа со општествените

улоги. Учесниците застанаа во

еден ред и притоа, им беше

дадено да извлечат еден од многуте листови, на кои стоеа

објаснувања за нивната улога

во општеството. На секое

прашање од тренерот, чиј одговор беше потврден, тие

истапуваа еден чекор напред.

За секое НЕ, остануваа во

место. После десетина прашања, во една соба,

можевте да ја видите целата

наша општествена скала –

лукавите, образованите,

националистите, високите функционери низ општеството

се движеа без голема леснотија.

Припадниците на малцинските

групи, просечниот работник, лицата на кои државата не им

Page 35: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 МАКЕДОНИЈА страна 35

пружа шанса за ре-

социјализација, останаа

отпозади, да им ја голтаат прашината на првиве. Ако

сметате дека ова е само игра, и

дека општествата не

функционираат така – ве молам, демантирајте ме.

Следуваа игри во тим,

презентации, драмски сцени од

секојдневната дискриминација и жестоки дебати. Час и половина

беше издвоен за македонскиот

„Балканкан“, чија проекција

беше проследена со тивка дебата. Методот кој не

дозволува никаква вербална

комуникација, остави впечаток

кај учесниците, бидејќи

истовремено може да се водат дискусии за неколку теми, а и

доколку нешто не „дофатиш“,

слободно може да си се

присетиш. Се учеше и практикуваше

етничка (не) толеранција, без

да се покаже со прст кон неа, и

без „не смееш ова“, „не е дозволено она“. Уште еднаш би

сакала да напоменам дека сето

ова се одвиваше галантно, во

релаксирана атмосфера, без

строги правила и прописи, што на учесниците им овозможи без

потешкотии да ги споделуваат

своите мислења, знаејќи дека

никој нема да им суди дали тоа е правилно или не. Можеби

ваква атмосфера во

едукативните институции и

бројните организации би придонела она што се

случуваше во Сараево тие три

дена, да се пренесе и на улица,

и да стане наше ново секојдневие...

Дали застануваме тука? Дали со нашиот проект, со

нашата скромна работилница ќе успееме да ја искорениме

етничката омраза и

непотребното етикетирање? Па,

најверојатно не. Но, имавме доволно храброст да засадиме

семе, и сега со нетрпение го

очекуваме неговиот постепен

развој, и по извесен период,

неговиот плод.

А во меѓувреме, имајте разбирање за оние кои имаат

поинаква верска, етничка,

расна или било каква друга

припадност. Не само денес, не само утре, туку 365 дена во

годината - почитувајте и бидете

почитувани!

Page 36: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 МАКЕДОНИЈА страна 36

Светлана Пеншовски

Правата на потрошувачите бледнеат Секое човечко битие е дел од

синџирот на клиенти-потрошувачи во ова пазарно

општество. Се покажува како

неспорен факт- дека не сме

доволно информирани за нашите права, дека секојдневно сме

очевидци на докази, при кои,

освен што се крши законот

постојано, тоа несвесно го прифаќаме како нормален начин

на трговија. За таа цел, ќе

наведеме неколку примери, за

кои, искрено се надеваме дека ќе

придонесат до менување на закоравените економски догми.

Прва важна работа е дека-

речиси 80% од претпријатијата

за трговија, во своите објекти и тоа на неколку места- имаат

известување: „купената роба не

се враќа“! Овде е најдоброто

место каде што треба да се цитира нашиот мил, префинет

закон, за кој што сите треба да

слушнат и да си ги научат своите

права.

50-от член од Законот за заштита

на потрошувачите вели: „Потрошувачот има право кај

трговецот кај кој е купен

производот да го замени

производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во

однос на формата, големината,

моделот, бојата, бројот или од

други причини. Потрошувачот правото од ставот 1 на овој член

може да го оствари во рок од 15

дена од денот кога производот е

купен“.

Што значи тоа? Тоа значи дека сè, ама буквално сè можете да

вратите од купените производи.

Трговецот е должен да ве

обесштети со комплетната платена сума или да ви најде

соодветен производ за замена.

Толку! На сите продажни места

каде што велат дека робата не се враќа- автоматски го кршат

законот, со објавен доказ на сите

ѕидови.

Второ, мораме да ги чуваме

фискалните сметки. Така е. Меѓутоа, доколку купиме миксер

со дебитна картичка, во

понеделник, доколку ја фрлиме

фискалната сметка во четврток, а сме се сетиле во недела да

правиме палачинки -

установуваме нешто фрапантно-

миксерот не работи! Што вели искуството?

Се враќате на местото каде што

сте го платиле производот и од

таму ве летнуваат како партал,

Page 37: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 МАКЕДОНИЈА страна 37

бидејќи не можат ништо да ви

помогнат, ако не ја покажете таа

дотична фискална сметка. Културно сакате да објасните

дека сте платиле со платежно

средство-картица и дека во

извештајот за месечни трансакции уредно си стои кој

датум сте го направиле

купувањето. Но, тоа не е доволен

доказ, бидејќи со таа сума таму имаат дури три производи и

многу е тешко да се пронајде

натрапникот. Си одите дома

револтирани и притоа ги слушате советите на сите околу вас- дека

можете да ги тужите во

Државниот пазарен инспекторат,

кој е единствено надлежен за

прекршување на овој закон. Втора опција е Организацијата на

потрошувачи на Македонија. Ако

има некој кому му се разденило

по ваков сличен проблем, слободно нека се јави.

Третата, најситна, но

најиритирачката работа е во

сумата 0,50 дени. Да, мали се, не се забележуваат, но секогаш ни

се пред очи. За таа прилика, на

еден македонски форум ја најдов

следната фотографија:

Фискалната сметка е коректна и

математички точна, меѓутоа

извештајот од плаќањето со картичка покажува 0,50 дени

поголема сума. На истиот начин,

најлончињата од 1,5 денар-

бидуваат 2 денари. Сето тоа помножено со број на

потрошувачи - се доаѓа до сума

која и не е симболична во својата

смисла. Кој е одговорен за ова? Повторно истиот инспекторат...

Кој знае колку им е досадна и

монотона работата, со

секојдневни идентични проблеми и поплаки.

Четврта, но воедна и последната

критика е до лажните промотивни

периоди, до лажните попусти со

фирми соработници, до лажните реклами, за кои никој не сноси

одговорност. На пример,

склучувате животно осигурување

со некоја осигурителна компанија. За таа цел, тие сакаат

коректно да ве испочитуваат

како клиент и ви нудат список на

компании, организации за кои треба да се прелажете како со

бонбончиња. Доаѓа денот кога

сакате да искористите некој

купон, на пример сума нешто

помала од 3000 денари во една продавница за информатичка

опрема. Меѓутоа, што се случува?

Вработените таму, воопшто не се

информирани за таква зделка, ве информираат вас дека до сега

никој не барал производ на тој

начин, вие се чувствувате

непријатно, како да барате нешто што не ви припаѓа. Ама, за да ви

се доразјаснат информациите, се

обраќате на вистинското место-

Page 38: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 МАКЕДОНИЈА страна 38

осигурителната компанија. По

неколку дена ве информираат

дека не требало да го кревате проблемот на толку високо ниво,

затоа што сето тоа стигнало до

финансискиот директор, кој

воедно се изјаснил позитивно. Зарем до таму стигнаа работите?

Сите треба да си имаме некој

финансиски директор во џеб, за

да ни се најде по потреба? Како за резиме, прошетаните и

информирани граѓани знаат

нешто за странските земји и

поради таа информација ги боли срцето.

На Запад се „земаат“ технички производи од продавници, се

користат 30-ина дена и потоа

може да се вратат без воопшто да

се наведе причина за тоа. Едноставно може да се каже дека

производот не изгледал така,

како што очекувал купувачот.

Можеби бил премногу розев, но не доволно јако розев, за да се

погоди нивниот вкус.

Во моменти како Светско

фудбалско првенство, сите позајмуваат огромни ТВ

приемници, па откако ќе завршат

преносите, истите се враќаат со

достоинство, иако кај нас сето

тоа би се протолкувало како

злоупотреба. Не за друго, туку затоа што, доколку се воведе тоа

правило во нашата држава,

продавниците ќе треба да имаат

празни излози и да мируваат со работа.

Такви сме, бараме да се

однесуваат коректно со нас,

затоа што порано важеше девизата: „муштеријата е

секогаш во право“, но сега истата

е само во добрите спомени.

Page 39: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 50 МЛАДИ СО СТАВ страна 39

Page 40: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 40

Атанас Величков

Пасоши на кило- Срби vs Македонци

Додека дел од македонската популација гледа идиотски

емисии, каква што е

„Прељубници“, а пак

министерот за здравство Никола Тодоров, фаќа на спиење сестри

и доктори во Штип, 20 илјади

косовски Срби, побараа руско

државјанство. Не дека тоа има некаква врска со нас, ама сепак

е интересен факт. Станува јасно

дека додека Македонците

сакаат доброволно да се пишат

Бугари, нивните браќа од север, сакаат да станат Руси.

Симптоматично е тоа дека нема

редици за наши пасоши. А ние

драги мои, сме на некој начин Швајцарија на Балканот, имаме

еден куп малцинства и глумиме

мулти-култи, затоа велам на

некој начин, бидејќи во Швaјцарија никој не глуми,

секој си го тера ќефот... Овие

косовските Срби, демек беа

големи патриоти, ама ете им

дојде ножот до коска и се фатија за Русија, флерт на

словенска база. Лавров истакна

дека Русија ќе ги чува правата

на Србите од Косово. Ако не ме лаже паметот, Русија ќе ја

чуваше Србија и од НАТО, пред едно 12 години, ама тоа како да

остана само на хартија, а

хартијата денес драги мои,

вреди ко злато... За Македонецот ако на таа хартија

го има бугарскиот грб, тогаш

веќе не се работи за злато, туку

за платина... Инаку и на нашиве не им е лесно, немаат работа,

на никој не му се работи на

поле... И на мене не ми се

работи, немојте да мислите дека

се правам голем земјоделец. Но, ако треба и на поле ќе појдам и

нема да се бунам...

Забележувам драги мои, дека

овој пат ги зафркнавме браќата Срби, ги зафркнавме и тоа на

неколку полиња... Знае ли

воопшто некој, колку бугарски

пасоши има во Македонија? Илјадници... Еве за Србите

знаеме, 20 илјади бараат спас

во руските документи.

Србите бараат пасоши, затоа што не можат да го прифатат

фактот дека во Косово, ќе

командуваат само и единствено

Албанците. Не сакаат да ги гази албанска чизма, кажано на еден

многу погруб начин.

Page 41: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 41

Ние Македонците немаме мака со тоа, ама имаме мака со

фактот дека за сè некој друг ни

е виновен... Македонецот нема

работа, не поради фактот дека е неснаодлив, туку поради фактот

дека државата не го вработила.

Се знае кои ги вработува

државата, тие што работеле за партијата на власт и Албанците

според Рамковен. Тоа е

македонска реалност,

останатите смртници да му ја

мислат, ниви има колку сакаш... Има и обложувалници... Овци не

се чуваат туку така, затоа не ги

споменувам како опција за

егзистенција. Во Македонија драги мои, сите сме поделени,

ВМРО-вци, СДСМ-овци... Нè

обединуваат само овците, затоа

што и ние како нив не знаеме каде да одиме... Србите јасно си

кажуваат, дека сакаат руски

државјанства бидејќи не се

мирисаат со албанската

администрација на Косово. Го чекам денот кога барем еден од

тие Македонци, кои земале

бугарски пасоши, ќе излезе во

јавност и јасно ќе каже дека го земал пасошот за да оди во

странство и да биде

гастербајтер... Дали ќе се најде

маж, кој ќе ги повика новинарите на прес и јасно ќе

каже: „Луѓе, ова веќе не се

трпи, станав Бугар за да барам

работа во странство?“ Многу се надевам дека ќе го дочекам

денот, кога некој од

„новокомпонираните“ Бугари, ќе

излезе во јавност и ќе си ги каже маките, ама финтата е да

биде официјално... Кога пред

некое време двајца наши

„лепотани“ почнаа да го „дрват“ со нивните бугарски пасоши во

„Стон Бриџ“ на прес, можат и

тие, кои сега се во анонимност.

Пред неколку дена го гледав комичарот Марјан Ѓорѓиевски...

На шега или на вистина тој кажа

нешто многу важно... Нема

повеќе утопии, нема ни веќе

дел од народот, кој не го прифатил фактот, дека ако се

наведнеш, секако добиваш...

или пари или некоја

општествено- пренослива болест!

Повторно стануваш роб, роб на

сопствената смиреност, во однос

на фактот дека во Македонија, ретки се тие кои успеале со

работа, а многу повеќе се тие,

кои се служат со проневери и

насочено лижење, кон силните

на денот. Респект за Србите... Си кажаа браќава што ги мачи и

Сергеј Лавров, ги поддржа. За

нас, никој не се нафаќа да нè

поддржи, ние не сме интересни, немаме што да понудиме. Како

што вели еден македонски

новинар: „Македонија е црна

дупка на Балканот“. Сè додека се однесуваме како овци, ќе се

делиме и ќе бидеме маргиналци.

За крај би сакал да напоменам

дека, само посветеноста и креативноста, ќе нè извадат од

црната дупка во која се

Page 42: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 БАЛКАНСКИ ДОПИСИ страна 42

наоѓаме... За пасошите не се

грижете, еве сега браќата

Бугари ја сменија процедурата и сега е многу поедноставна, за

ќеф... Вака-така, бугарските и

руските пасоши држат цена... За

македонските нема да зборувам затоа што времето ме

притиснува. Сакам да изгледам

некое видео од „Прељубници“...

Page 43: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 РЕВОЛУЦИЈА-СОРАБОТНИЦИ страна 43

На чекор до ратификација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со хендикеп Иако до сега дури 106 држави ја

ратификувале ООН Коневенцијата за правата на лицата со хендикеп,

од 153 земји кои ја потпишале

(Македонија ја потпиша на 27 март 2007 година, со што е меѓу првите

во регионот), прв значаен исчекор

кај нас кон заземањето соодветен пристап за ратификација на овој

меѓународен документ беше

направен дури на 3 октомври 2011

година. Тогаш двајца претставници на Полио Плус остварија средба со

актуелниот претседател на Владата

на РМ, Никола Груевски, а ратификацијата на оваа

Конвенција беше една од клучните

теми на консултација и договор. Почетокот на втората половина од

ноември пак, за Собранието означи

вметнување на уште една важна

точка во нивниот дневен ред – разгледување и усвојување

предлог-закон за ратификација на

Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп и на Факултативниот

(опциониот) протокол. Со право,

како што беше ветено на средбата со премиерот, се очекува ООН

Конвенцијата и навистина да биде

ратификувана кај нас, до крајот од

оваа година!

Зачекорувајќи во новиот

милениум, нашата држава, ја

оцени европската интеграција како важен предизвик и

единствена опција за иднината,

аплицираше за членство во ЕУ и во 2005 година стана кандидат

за нејзина членка. Делот од

просецот на таа интеграција, кој

се однесува на социјалната инклузија, е многу важен

момент за нашите сограѓани со

хендикеп. Но, што се однесува

до самата држава, тоа прашање, во рамките на целиот тек на

евро-интеграцискиот процес, е

и движечка сила на нејзиниот

натамошен развој, лост кој го

придвижи прашањето на еднаквите можности на

граѓаните, а со тоа и на

целосното вклучување на

лицата со хендикеп во заедницата.

Конвенцијата, која ја осмисли

рамката за заштита и промоција на (веќе) валоризираните права

на лицата со хендикеп, усвоена

на 13.12.2006 година, е

највисокиот правно-

обврзувачки документ на ООН во овој век, и е првиот документ

кој ЕУ го има потпишано како

сојуз на држави (иако процесот

на нивно одделно потпишување и ратификација оди

поединечно).

Page 44: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 РЕВОЛУЦИЈА-СОРАБОТНИЦИ страна 44

15 Причини за ратификација на Конвенцијата на ООН

за правата на лицата со хендикеп 1. Македонија е меѓу првите

држави кои ја потпишаа

Конвенцијата на ООН за правата

на лицата со хендикеп. 2. Во последниот извештај за

напредокот на Р. Македонија,

Европската Унија негативно се изјасни по основ на

нератификацијата на Конвеницјата

на ООН за правата на лицата со

хендикеп. 3. Со ратификувањето на

Конвенцијата, Македонија ќе има

можност да ги користи меѓународните фондови за

хармонизирање и имплементирање

на националното законодавство со Конвенцијата.

4. По ратификувањето на

Конвенцијата на ООН за правата

на лицата со хендикеп, законската рамка ќе се усогласува во текот на

следните години ( три, пет, 10 или

повеќе), согласно капацитетот и буџетските можности на државата.

5. Конвенцијата не генерира нови

права за лицата со хендикеп, туку овозможува изградба на

интегрален систем, со прогресивна

реализиација за уживање на

постојните човекови права и слободи.

6. Конвенцијата е лост за

премостување на гледиштето кон хендикепот - од традиционален и

медицински, кон социјалниот

модел (од аспект на човекови права).

7. Конвенцијата ќе го надмине

концептот на посебни потреби и

специјална заштита, со ефективно вклучување на лицата со хендикеп

во главните текови на

општеството.

8. Конвенцијата со својата брза

ратификација ќе го забрза

процесот за изградба на

национално законодавна рамка, а со тоа и хармонизирање на

македонското законодавство со ЕУ.

9. Конвенцијата е најголем меѓународен акт донесен во 21

век. Признание е брзата

ратификација (до сега) од

државите членки (55 ратификации за 1,5 год.).

10. Се однесува на повеќе од 650

милиони жители на планетава кои се меѓу најмаргинализираните

слоеви, повеќе од 57 милиони во

ЕУ и најверојатно над 200 000 граѓани во Македонија.

11. Македонија ги има потпишано и

ратификувано сите конвенции на

ООН до сега. 12. Конвенцијата ќе овозможи да

се постават приоритети и

индикатори преку кои Владата може да донесува одлуки,

вклучувајќи ги законите,

политиките и програмите; 13. Конвенцијата ќе овозможи

ефикасна и ефективна судска

заштита на национално ниво, а со

потпишувањето и на опциониот протокол ќе се овозможи заштита и

на меѓународно ниво.

14. Конвенцијата ќе придонесе кон целосна партиципација на лицата

со хендикеп во донесување на

одлуките за нивниот живот и остварување на принципот “ Ништо

за нас без нас”.

15. Македонија е премногу мала да

се откаже од придонесет на било кој свој граѓанин, па бил и со

хендикеп.

Усвоено на работната средба на

ИППГ

од 04.12.2009 годинa

Page 45: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 РЕВОЛУЦИЈА-СОРАБОТНИЦИ страна 45

За потрагата по

загубената агенда Во процесот на изработка и

донесување на овој меѓународен документ,

Македонија, преку Полио Плус,

имаше водечка улога во

регионот. Нашето Министерство за надворешни работи, во име

на Владата на РМ, го следеше

позитивниот меѓународен тренд

и акредитираше членови на невладини организации кои

активно дејствуваат во областа

на хендикепот, да бидат дел од

официјалните државни

делегации во ООН. Така, во работата на Ad hoc комитетот на

Конвенцијата во 2005 година,

на неговото шесто заседание,

нашата држава за првпат беше претставена со двајца експерти,

членови од Полио Плус.

Вклучувајќи се активно во

работата на заседанието, нашите претставници имаа две

интервенции, и тоа: во однос на

нацрт-членот 17 што се

однесува на образованието (сегашен член 24) и нацрт-

членот 24 што се однесува на

учеството на лицата со

хендикеп во културниот живот,

рекреативните и слободните активности и спортот (сегашен

член 30). Претходно пак, на

третото заседание, тројца

претставници од Полио Плус учествуваа во делот на

Комитетот за работа со

невладините организации.

Неколку месеци по донесувањето, на 27 март 2007

година, нашата држава им се

приклучи на државите кои ја

потпишаа оваа Конвенција. Тоа

беа првите чекори на

Македонија во приклучувањето

во глобалната заложба за

унапредување на положбата и можностите на лицата со

хендикеп, што ќе им овозможи

уживање на нивните права на

иста основа како и останатите луѓе. Две години подоцна

(2009), државава го презеде и

следниот чекор, потпишувајќи

го и Опциониот протокол, но не го ратификуваше, ниту пак

Конвенцијата го стори тоа.

Долго потоа, ситуацијата по тоа

прашање остана статус-кво. Во изминативе години, Полио Плус

активно притискаше за поскора

ратификација на Конвенцијата и

опциниот протокол на многу

начини. Најголемо „лобирање“ и постојани иницијативи имаа

членовите на Интер-партиската

парламентарна група (2003-

2010), од што „се изроди“ и првата успешна граѓанската

иницијатива (2005) за поддршка

на Закон за правата на лицата

со хендикеп (кој дише со оваа Конвенција), неговото

доставување до Собранието на

РМ и 60-те гласа кои утврдија

дека постои потреба од

донесување на ваков Закон (март 2006); со низа

публикации, анализи и

толкувања на овој документ,

прирачници како да се оствари и надгледува нејзиното

спроведување, како и со

неколку кампањи меѓу кои

„Конвенција, сега!“ (2010), „Во потрага по загубената агенда“

(2011) со поддршка од

програмата Цивика Мобилитас,

Европската комисија и Канцеларијата на ООН во РМ...

Page 46: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 РЕВОЛУЦИЈА-СОРАБОТНИЦИ страна 46

Но, и покрај сите наши

притисоци и заложбите на низа

други граѓански организации на лицата со хендикеп и

меѓународни организации и

институции во РМ, ова прашање

долго време не беше посериозно третирано. Иако

оваа Конвенција веќе ја

ратификувале дури 81 држава

од сите 144 земји кои ја потпишале (Македонија ја

потпиша на 27 март 2007, а

потоа и речиси сите држави од

нашето непосредно соседство: Хрватска во август 2007 година,

Словенија - април 2008, во јули

2009 - Србија, а истата година и

Црна Гора), прв значаен

исчекор кај нас кон заземањето соодветен, сериозен пристап

кон ратификацијата беше

направен дури на почетокот од

минатиот месец. На 3 октомври 2011 година, двајца

претставници на Полио Плус

остварија средба со актуелниот

претседател на Владата на РМ, Никола Груевски, кога

ратификацијата на оваа

Конвенција беше една од

клучните теми на консултација

и договор.

Претставници од Полио Плус кај Премиерот Груевски (03.10.2011)

Зборот што во таа пригода

премиерот Груевски им го даде на Полиоплусовци, наскоро

беше и одржан: почетокот на

втората половина од ноември за

Собранието означи вметнување на уште една важна точка во

нивниот дневен ред –

разгледување и усвојување

предлог-закон за ратификација на Конвенцијата за правата на

лицата со хендикеп и на

Опциониот протокол. Со право,

како што беше ветено на средбата, се очекува ООН

Конвенцијата за правата на

лицата со хендикеп и навистина

да биде ратификувана кај нас до крајот од оваа година!

Конвенцијата ги промовира и ги заштитува граѓанско-

политичките, социјално-

економските и културните права

на лицата со хендикеп.Таа повикува на

недискриминаторски третман и

еднаквост во пристапот до

правдата, во третманот на

судовите и политиката, како и во преземањето

административна задача со

обезбедување неопходно

разумно, процедурално и соодветно на возраста -

прилагодување во

образованието, здавствената

грижа, во работната средина, семејниот живот, културните и

Page 47: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 РЕВОЛУЦИЈА-СОРАБОТНИЦИ страна 47

спортските активности и кога се

учествува во политичкиот и

јавниот живот. Конвенцијата осигурува дека

сите лица со хендикеп се

признаени пред законот. Таа

исто така ја забранува тортурата, експлоатацијата,

насилството и злоупотребата, а

ги заштитува нивниот живот,

слобода и безбедност, нивната слобода за движење и

изразување и ја почитува

нивната приватност.

Со ратификацијата на овој

меѓународен документ и придружниот протокол, во

нашата држава конечно ќе се

постават темелите за

воспоставување системска рамка за надминување на

проблемите со кои секојдневно

се соочуваат овие сограѓани, за

менување на ставовите и за унапредување на односот на

средината и заедницата кон

нив.

Бидејќи Законот за правата на

лицата со хендикеп, предложен

до нашето Собрание преку успешна граѓанска иницијатива,

е осмислен во духот и начелата

на оваа Конвенција, се очекува

тој поскоро да биде усвоен, токму како нејзин

имплементирачки закон.

Полио Плус

– движење против хендикеп

Page 48: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 АРТВИЗОР страна 48

Од перото на Владимир Неделковски

THE TOURIST (2010) улоги: Angelina Jolie, Johnny Depp, Paul Bettany режија: Florian Henckel von Donnersmarck сценарио: Florian Henckel von Donnersmarck продуцент: Graham King

(За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Холивуд краде, Холивуд

лаже, но на крај, сепак

најквалитетни филмови

прави

Знаете кое време дошло? Хех.

Време за моето омилено хоби:

ПЛУКАЊЕ ПО ХОЛИВУД! Само веднаш ќе потенцирам дека во

овој случај, филмот не е лош,

ниту глуп, ниту шаблонизирано

клише... Многу полош од сето набројано - ФИЛМОВ Е

УКРАДЕН! Токму така, драги,

лејдис енд џентлмен. Холивуд

наш, непресушниот извор на моќни, убави и интересни

филмски приказни е, за жал,

одамна пресушен. И затоа, веќе

седум-осум години по ред, спроведува успешен систем на

самоодржување, без вложување

вистински талент; едноставно,

ќе види добра идеја/филм во

странство, ќе ја украде, ќе ја

нашминка со богат буџет и...

ВОАЛА! Имаме амерички,

инстант боксофис, хит. Ако не

верувате дека ова е политиката која ја води Холивуд, ќе ви

набројам неколку филмски

хитови, за кои сигурно сметате

дека се американски; „Прстен“ – е јапонски хорор хит во три

дела. „Окото“ – е кинески,

хорор спектакл во два дела;

„Мрачна вода“ – е јапонски хит трилер... А, сега и нашиов

„Турист“ е француски,

трилер/романса, хит, од 2005,

„Антони Цимар“. Па, Холивуд...

Тебе ти зборам, кога велам: КОГА ЌЕ ДОБИЕШ ОРИГИНАЛНА

И СВОЈА ИДЕЈА? Со ова

кажаново зад нас, Туристот, е

како и неговиот оригинален претходник, добар, виситински

добар филм, со Џони Деп и

Анџелина Џоли во главните

улоги.

Приказната почнува со Елиза,

преубава, елегантна жена, (за

Скопјани, коректниот термин е

јака п..ка) која е следена од францускиот интерпол во

соработка со Скотланд Јард (за

Скопјани, повторно, тоа се

англиски џандари). Истрагата ја води инспекторот Џон Етчинсон,

кој посветил години и години од

својот живот за да го фати

љубовникот на Елиза,

Page 49: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 АРТВИЗОР страна 49

Александар Пирс, кој должи

неплатен данок од 744 милиони

фунти (е ова, за Скопјани, ви се сите матни зделки на Благоја

Ханџиски, сопственикот на

Зегин). Додека Елиза т.е.

педесет-годишната, нашминкана-со-слој-шминка-

дебел-колку-целулитот-на

нејзиниот-педесетгодишен-

задник-Анџелина Џоли, си седи во кафанче и „си ја лади“,

неочекувано доаѓа поштарче и и

дава препорачано писмо од

љубовникот кој е во бегство. Во писмото се напишани упатства,

Елиза да го фати првиот воз за

Венеција и во возот да најде

некој човек кој му личи на

телесната градба на него, Александар Пирс. Елиза, пошо е

Анџелина-најубавата,

најсилната, најпаметната-

бабетина, пардон, женска на планетава, ја зафркнува и

француската и англиската

полиција и се качува, мирно и

достоинствено на возот, додека сиротите цајкани, едвај, газ-

преку-глава, успеваат да сфатат

што се случува. Таму, во возот,

седнува, карши шармантниот

професор по математика, Френк, навидум најобичен

турист од Америка. Елиза,

флертува со него, кој се

заљубува во неа „до уши“, не знаејќи дека таа сака само да го

искористи за да ја навлече

полицијата на погрешна трага,

бидејќи Френк, физички е сличен на нејзиниот сакан

Александар. Полицијата, иако

холивудски глупа,(тоа значи

интелигенција на ниво на камен), успева да сфати која е

намерата на Елиза и се

откажува од истрагата. Но, она

што не го знаат ни полицијата,

ни Елиза, ни Френк, е тоа што има уште една странка,

заитересирана да го зграпчи

Александар Пирс и евентуално

да го убие, а тоа е ни помалку ни повеќе, мафијашот Реџиналд

Шо, кој е „модерен бизнисмен“

од типот на нашите „модерни

бизнисмени“ и чии „соработници“ се земени

директно од редовите на

руската мафија. Неговиот

интерес за Александар Пирс се 2,5 билиони долари, кои тој му

ги „дигнал“ на нашиот „чесен“

бизнисмен. За несреќа на

приглупиот турист, Френк,

мафијашите се сигурни дека тој е всушност Александар и

започнуваат со него, игра на

„мачка и глушец“, бркајќи го

низ преубавата Венеција...

Па, се, се, ама Енџи, НЕ! Со сета

почит кон трудот (и парите) што

Холивуд ги вложил за да го

направи скромниот француски филм, грандиозна,

величествена, богата и

раскошна, море епска, романса,

овој филм, не требало да биде „посветен“ на Анџелина Џоли.

За жал, како повеќето филмови

каде настапува т.н. Дебели

Page 50: Револуција магазин бр. 52

РЕВОЛУЦИЈА МАГАЗИН - Број 52 АРТВИЗОР страна 50

Усни, наместо центарот на

внимание да биде загадочната

приказна, тоа е нашата кралица на Холивуд, прогласена и

проверена за таква од самиот

Холивуд, д уан енд онли

Анџелина/Бранџелина Џоли. Се е супер, сериозно. И сценарио и

режија и глумци и костими и

НАЈМНОГУ, шминката, која

успева да ги скрие (повеќето) брчки на лицето на жената, која

успеа да ги уништи филмовите

Ограбувач на Гробници (Tomb

Raider 1+2). Знаете зошто зборувам вака? Затоа што, за

разлика од Џони Деп, кој исто

се гледа дека е во години, сепак

има нешто што Енџи го нема.

Не, не е тоа пенис, туку актерски талент. Имено, Енџи,

освен дебелите усни и доброто

тело, никогаш немала вистински

талент за глума. И сега, кога веќе нема ни убаво тело, а не

пак лице, кое верувајте дека е

како на вештерката од Снежана,

ако не е со слој од пудра и литар ботокс, Енџи, со

нејзиниот петпарачки „талент“,

не се трпи, особено кога насила

е правено, да изгледа џоа, таа е некаква си фем-фатал,

интелигентна, софистицирана,

млада дама. „Млада дама“ бе!

Мва-ха-ха-ха-ха-хааааааа! Море, Енџи! АБЕ, ВИСУЛКИТЕ

СКОРО ДО ЗЕМЈА ТИ СЕ

СВЛЕЧКАЛЕ!!! АЈ, БИДИ ФИНА И

САМА ПРИЈАВИ СИ СЕ ВО СТАРЕЧКИ ДОМ!

Моја порака е, гледајте го

филмов, затоа што е убаво

составена, интересна приказна, а не затоа што во него „глумат“

застарените, дебели усни на

некогашната ѕвезда од Холивуд,

мис Анџелина-посвојувам-се-

што-ќе-ми-донесе-публицитет-Џоли.

Фала, поздрав и се читаме!

Конечна оценка: 8/10

Page 51: Револуција магазин бр. 52

Револуција магазин број 52 АРТВИЗОР страна 51

Запис на Сања Алексовска

Мониторинг-Станица за Мерење на Патриотизмот

Скопјани се единствените во

светот, кои го добија прототипот на мониторинг станицата која го

овозможува мерењето на

патриотизмот во воздухот.

Благодарејќи на ваквата станица Владата на

Р.Македонија ќе ја има

единствената можност да дознае

колкаво е нивото на патриотизам во главниот град во

кое било време.

Колку што успеавме да

дознаеме, станицата може да го

измери екот на зборовите:

македонска, Македонија,

македонско, Македонче, Влада, Република, министер итн. во

однос со употребините зборови

од типот на: добра, супер,

гордост, сила, одлично, како дел од една изговорена

реченица. На пример, ако некој

граѓанин на Скопје изјави: -

Македонија е супер! нивото на патриотизмот во воздухот

значително ќе се зголеми. За

разлика од ваквиот спој на

зборови во реченицата

мониторинг-станицата ја има можноста да регистрира и

негативни зборови од типот на:

ср*ње, го*на, никаква, смрт, идиот, морон итн. Тоа би

значело дека ако некој од

граѓаните изјави нешто како на

пример: - Смрт за Владата! би се одразило многу лошо на

нивото на патриотизам во

воздухот и тој значително ќе

опадне.

Мониторинг станицата е уште во

фаза на подобрување и

усовршување, но како што ни

изјавија од Министерството за

животна средина, станицата може да препознае голем број

на зборови во воздухот, така

што и да кажете во реченицата,

а притоа да се однесува на Македонија, Влада и така

натаму ќе биде забележано во

серверите на станицата.

Од Министерството за животна средина ни изјавија дека се

трудат што повеќе да ја

подобрат станицата, за да биде

таа во иднина, во можност да ги

идентификува граѓаните и да покаже кој, што, како и кога

рекол и да ни презентираат

една комплетна и детална слика

Page 52: Револуција магазин бр. 52

Револуција магазин број 52 АРТВИЗОР страна 52

за патриотизмот во воздухот.

Еве што ни изјави нивниот

министер Абдулаќим Адеми:

„Мораме да почнеме да зборуваме позитивни работи за

нашата земја и да се сакаме

прво себе си, па потоа да не

сакаат и другите. Кога долго време зборуваш дека нешто е

добро тогаш почнуваш и да

веруваш дека е така. Пробајте

ајде - Македонија е прекрасно место! И следствено за тебе

Македонија станува прекрасно

место. Кој ја читал „Моќта на

Потсвеста“ ќе знае за што зборувам.“

Тие исто така ни изјавија дека

новите мерачи, кои се од

германско потекло, се

направени според најнова технологија и можат да ја

измерат и застапеноста на боите

во воздухот, што значи дека ако

во застапеноста на боите доминираат црвената и жолтата

боја, стрелката на мерачите ќе

покаже многу поголема стапка

на патриотизам во воздухот. Надлежните убедуваат дека

проблеми со дишењето нема да

има, иако веќе некои од

граѓаните се жалат на пецкање

во очите и непријатна миризба. Непријатната миризба пак,

објаснуваат надлежните дека е

нормална појава кога нивото на

патриотизам е многу високо и дека треба да се толерира.

Еве што ни изјави

градоначалникот на општина

Центар Владимир Тодоровиќ:

„Граѓаните, прво може да почнат да чувствуваат мала

непријатна миризба кога нивото

на патриотизам во воздухот ќе

се накачи, но потоа ќе се навикнат на таквата миризба па

дури и нема да можат да

функционираат без неа, така

што кога нивото на патриотизам ќе опадне тие самите ќе почнат

потсвесно да ја изразуваат

љубовта кон татковината

меѓусебно.“

Исто така нè информираа дека,

откако ќе биде воспоставен

мониторинг системот со можност

за идентификација на ѓраганите, Владата ќе

организира и доделување на

награди за граѓаните кои се

потрудиле најмногу да го покачат нивото на патриотизам

во воздухот како и казни за

граѓаните кои го намалиле

истиот. Идејата за ваквиот проект, би

требало да ја зголеми

националната свест како и

воедно да ја подобри љубовта

кои граѓаните ја чувствуваат кон својата татковина. Освен

мониторинг-станицата во Скопје

наскоро се очекува вакви

станици да се отворат и на сите

Page 53: Револуција магазин бр. 52

Револуција магазин број 52 АРТВИЗОР страна 53

територии низ земјава, но

најмалку во источниот дел,

бидејќи според надлежните-

таму не се многу потребни. Но да не се надеваме премногу,

останува да видиме како

мониторинг-станицата ќе

функционира понатаму и дали

навистина ќе има вредни

награди за најпатриотите.

*некои од горенаведените

информации не се точни, вие одберете кои.

Page 54: Револуција магазин бр. 52