Transcript
Page 1: Mcgo Usaid Pkrn Bilten Br.2MCGO USAID PKRN Bilten br.2.pdf

ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ

civic education

mace

donian

cente

r

MCGO

AKEDONSKIENTAR ZARA\ANSKOBRAZOVANIE

СОДРЖИНА

Вовед ................................ 2

Компетенции и стандардиза стручните соработнициЗошто? Како? Што е направено? ........... 4

Предлог процес за реализација на професионалниот развој на ниво на училиште ..................... 6

Професионален развој нанаставниците и стручнитесоработници ................... 8

Изготвени финансискисценарија за системот за професионален и кариерен развој на наставниците ............ 10

БИЛТЕН број 2февруари 2015

Проектот на УСАИД за професионален и кариерен развој на наставницитее финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), а го спро­ведува Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), во соработ­ка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор, којае вклучена во активностите поврзани со изготвување на стандарди и компе­тенции за наставници.

Целта на проектот е да се надгради и подобри системот за професионалени кариерен развој на наставниците и на тој начин да придонесе за поквали­тетна воспитно­образовна работа на наставниците и повисоки постигања научениците во Република Македонија.

Проектот започна да се спроведува во декември 2012 година и ќе трае дојуни 2015 година.

Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk

Проектот за професионален и кариерен развој на наставниците се спроведува со поддршка на Бирото за развој на образованието.

Page 2: Mcgo Usaid Pkrn Bilten Br.2MCGO USAID PKRN Bilten br.2.pdf

2ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk

ВОВЕД

Почитувани читатели,

Во првото издание на Билте­нот имавте можност да прочита­те за анализата на политиките ипраксата на професионалниот ина кариерниот развој на настав­ниците во Република Македо­нија, во која се идентификуваапотребите и се дадоа препоракиза подобрување на професио­налниот развој и воспоставува­ње на функционален систем занапредување во звања на вос­питно­образовниот кадар.

Во изминатиот период рабо­тевме на реализирање на дел одпрепораките произлезени од ана ­лизата. Работните групи, соста­вени од претставници од клучни­те образовни институции, прет ­ставници од факултетите кои об­разуваат наставници и стручнисоработници и практичари одучилиштата, со поддршка на Ма­кедонскиот центар за граѓанскообразование и во соработка соФондацијата за образовни и кул­турни иницијативи Чекор по че­кор, ги изработија следните до­кументи за професионалниотразвој на воспитно­образовниоткадар во училиштата:

l Нацрт на основни професионални компетенцииза наставници;

l Нацрт­стандарди за наставник­ментор;

l Нацрт­стандарди за наставник­советник;

l Нацрт на основни професионални компетенцииза стручни соработници;

l Нацрт­стандарди за струченсоработник­ментор;

l Нацрт­стандарди за струченсоработник­советник;

Компетенциите и стандарди­те, кои претставуваат основа запонатамошно градење на капа­цитетите на воспитно­образов­ниот кадар и придонесуваат заунапредување на севкупниот об­разовен систем на националнониво, беа одобрени од страна начленовите на Советодавното те­ло на проектот1 и понатаму беавградени во соодветната закон­ската регулатива. Нацрт­доку­ментите може да ги најдете наадресата: http://mk.mcgo.org. mk/usaid­teacher­professional­and­career­development­project/ вопапката Стандарди.

Исто така изготвивме Упат­ство за следење на работата ипланирање на професионалниотразвој на наставниците и струч­ните соработници во основните

1 Советодавното тело на Проектот за ПКРН е составен од претставник од МОН директорите на сите образовни институции во државата и претседателот на СОНК.

Page 3: Mcgo Usaid Pkrn Bilten Br.2MCGO USAID PKRN Bilten br.2.pdf

3ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk

и во средните училишта, што сепилотира во нацрт­верзија во 14основни и средни училишта одстрана на околу 150 наставниции стручни соработници за да седобијат мислења и сугестии занегово квалитативно подобрува­ње. Упатството содржи опис напроцедурите и улогите на раз­личните органи и тела во учи­лиштето што се вклучени во реа­лизација на професионалниотразвој, како и инструменти и тех­ники за следење на работата навоспитно­образовниот кадар. Вонего се промовира нов приод вопрофесионалниот развој споредкој секој поединец презема од­говорност за понатамошно гра­дење на личните компетенции, апоголема улога им се дава и настручните активи како најдобраформа на колегијално учење наедни од други.

Наша главна цел е промови­рање и наградување на најдоб­рите практичари. Работната гру­па за изготвување на процедурии инструменти за напредувањево звања на воспитно­образов­ниот кадар работи на поставува­ње на систем, процеси и про­цедури прифатливи за сите за­сегнати страни во системот. На­шата визија за системот за кари­ерно напредување на воспитно­образовниот кадар и изготвени­те документи е дека ќе ги иден­тификува најдобрите практича­ри во училиштата. За да бидефункционален, овој систем тре­

ба да биде дополнет со прециз­ни предвидувања на целокупно­то буџетско оптоварување од не­говото реализирање. Затоа про­ектот, во соработка со Минис ­терството за образование и нау­ка, изготвува финансиски симу­лации на системот за професио­нален и кариерен развој, со целда обезбедиме транспарентен,праведен и одржлив систем занапредување во звања на настав ­ниците и на стручните соработ­ници. За воспоставување на функ ­ционален и одржлив систем запрофесионален и кариерен раз­вој, кој ќе придонесе за повисо­ки постигнувања на учениците, еодговорен целокупниот кадарво училиштата, при што особеное значајна улогата на директори­те. За таа цел, во соработка соДржавниот испитен центар, про­ектот го поддржа изработување­то на Основните професионалникомпетенции за директори наосновните и на средните училиш ­та, кои ќе послужат за профе­сионален развој на раководниоткадар во училиштата.

Ова е само краток опис намногуте интересни и важни ак­тивности што се случуваат вопро ектот, а што се дел од овојБилтен, па затоа ве поканувамеда ги прочитате.

Со почит,

Вера Кондиќ Митковска, Раководител на проектот

Page 4: Mcgo Usaid Pkrn Bilten Br.2MCGO USAID PKRN Bilten br.2.pdf

Додека траеше јавната расправа за компетен­циите за наставници, до нас почнаа да стигнуваатпредлози дека и за стручните соработници (педа­гози, психолози, социолози, дефектолози и со­цијални работници) е неопходно да се изготватопи си на потребните компетенции. Предлозитедоаѓаа и од наставниците и од стручните соработ­ници. Образложенијата упатуваа на потребата зајасно дефинирање на обврските на стручните со­работници. „Ако има компетенции и за нас, ситеќе можат да видат што треба да работиме, а не данè гледаат како административци“ (изјава на стру­чен соработник).

4

Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk

КОМПЕТЕНЦИИ И СТАНДАРДИ ЗА СТРУЧНИТЕ СОРАБОТНИЦИЗОШТО? КАКО? ШТО Е НАПРАВЕНО?

Предизвици во процесот на изготвувањето.При изготвувањето на компетенциите и стандар­дите за стручните соработници се договоривмедека документите треба да имаат слична структу­ра како оние за наставниците: професионални ста­вови и вредности од кои ќе се раководат, опис накомпетенциите според подрачјата на работа и при­мери на активности. Јавните дискусии што ги во­девме со стручните соработници и со матичнитефакултети беа насочени кон следниве прашања:

(1) дали за секој профил на стручен соработник треба да се изготват посебни описи на компетенциите и

(2) во која мера компетенциите треба да ги надминуваат компетенциите стекнати во текот на студиите, со оглед на тоа што повеќето профили не се оспособуваат специфично за работаво училишта.

Професионалната заедница ги прифати компетенциите и стандардите. Во документите што беа најавна расправа и за коишто се одржаа консултации со факултетите и со регионалните здруженија настручни соработници беше истакнато дека стручните соработници во работата треба да се раководатод следниве вредности: најважен им е ученикот; имаат професионален интегритет; доверливи се; водатгрижа да обезбедат еднаквост, инклузија и социјална правда; покажуваат иницијатива и работат на кон­тинуиран развој на училиштето. Компетенциите за сите стручни соработници се однесуваат на: работасо ученици, наставници и со родители, соработка со заедницата, професионален развој и професио­нална соработка, аналитичко­истражувачка работа и подобрување на училишната структура, органи­

ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Page 5: Mcgo Usaid Pkrn Bilten Br.2MCGO USAID PKRN Bilten br.2.pdf

5

Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk

зација и клима. Повеќето компетенциисе заеднички за сите профили, но вклу­чивме и опис на карактеристиките во ра­ботата на секој профил, како и некоимногу специфични компетенции за секојод стручните работници. Како што речево дискусијата еден стручен соработ­ник: „Ние работиме тимски и добро ешто компетенциите ќе придонесат да сеформира профил на стручен соработникшто во работата ги има во прв план по­требите на субјектите со кои работиме,но не се зафаќа со работи за кои не екомпетентен“.

Компетенциите и Стандардите за стру ­чен соработник­ментор и стручен сора­ботник­советник, покрај тоа што ќе секористат при унапредувањето во звања,ќе се користат и за планирање и следе­ње на нивниот професионален развој.

Нацрт­компетенциите и нацрт­стан­дардите за стручни соработници по вгра ­дувањето на сугестиите од јавната рас­права ги разгледа и ги прифати Совето­давното тело на проектот. Со цел да сеобезбеди законска основа за нивна при­мена, Бирото за развој на образование­то ќе му предложи на министерот за об­разование и наука да ги донесе нацрт­компетенциите и нацрт­стандардите застручни соработници.

Нацрт на основните професионалникомпетенции и нацрт­стандардите застручен соработник­ментор и нацрт­стандардите за стручен соработник­со­ветник може да ги најдете на адресата:http://mk.mcgo.org.mk/usaid­teacher­professional­and­career­development­project/ во папката Стандарди.

ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Page 6: Mcgo Usaid Pkrn Bilten Br.2MCGO USAID PKRN Bilten br.2.pdf

6 7ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk

ПРЕДЛОГ ПРОЦЕС ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОФЕСИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ НА НИВО НА УЧИЛИШТЕ

Забелешка:* Наставникот во јуни прави евалуација врз основа на основните професионални компетенции од каде избира ограничен број компетенции за кои стручно ќе се усовршува во текот на годината. При самоевалуацијата наставникот ги зема предвид

белешките и извештаите од интерното и екстерното следење со кои тој располага.** Подразбира самостојно учење преку акциски истражувања, учество на вебинари, on­line обуки, користење на стручна литература.*** Поддржуван професионален развој ќе му се додели на наставник кој не го реализирал личниот план за професионален развој. На предлог на стручниот актив, оваа одлука ќе ја донесе директорот во консултација со струната служба.

Процесот е исцртан согласно работата на групата за следење и професионален развој во рамките на Проектот на УСАИД за професионален и кариерен развој на наставниците.

Следење на планирањето и реализацијата

на наставни и воннаставни

активности

Рефлексија на работата

и анализана портфолиото

Самоевалуација* и изготува личен

план за проф. (ПР) развој

Директор

Временска рамка:

Наставник

Стручен соработник

Стручен актив

Тим за професионален развој

Биро за развој на образованието

Центар за стручно образование и обука

Државен просветенинспекторат

Државен испитен центар

Акредитирани понудувачина обука

Го разгледува и со наставникот

го финализираличниот план за ПР

Изготвуваплан за проф.

развој за целотоучилиште

Го одобрува училишниот план

за проф. развој

Акредитира програми за обука

Следење на планирањето и реализацијата

на наставни и воннаставни

активности

Нагледничасови

ИНТЕРНО СЛЕДЕЊЕ

ЕКСТЕРНО СЛЕДЕЊЕ

Извештаи од советодавнастручна посета

на часови

Извештаи од советодавнаконсултативна

работа

Индивидуално оценување

на наставникот

Индивидуалноучење**

Доказиза исполнетост

на компетенциите

Извештај за реализација

на личниот план за проф. развој

Нов циклус на професионален

развој

Извештај за реализираниот план за проф.

развој

Годишен извештајза резултатите од

реализираниот план за ПР

Повратна инфор.за реализација

на личнот план запроф. развој

Поддржанпрофесионален

развој***Организира

интерни обуки /дисеминација /

Менторска /колегијалнаподдршка

Организираат обуки за воспитно

образовниот кадар

Резултати од екстерни тестирања

јуни август мај јуни

Page 7: Mcgo Usaid Pkrn Bilten Br.2MCGO USAID PKRN Bilten br.2.pdf

8ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Сите истражувања го потврдуваат влијанието на квалитетот на настав­ниците врз постигањата на учениците. Сè поевидентна е констатацијатадека училиштата се толку добри колку и воспитно­образовниот кадаршто работи во нив. Затоа од наставниците и од стручните соработницисе очекува постојано да ги надградуваат своите професионални компе­тенции преку континуирано стручно усовршување и посветеност кон до­животно учење. Во тој контекст потребно е училиштата систематски даја следат работата на наставниците и на стручните соработници и да имобезбедат поддршка за нивен континуиран професионален развој.

Карактеристики на добар училиштен систем за професионален развој

Добриот училиштен систем за професионален развој им овозможувана сите вработени да добијат поддршка соодветна на нивните индиви­дуални потреби за да одговорат на потребите на учениците. Меѓутоа,одговорноста за професионалниот развој и за ефектите од него е личнаодговорност на секој поединец.

Планирањето на професионалниот развој првенствено се базира насамоевалуација преку која секој поединец ги идентификува своите јакии слаби страни, како и подрачјата за подобрување. Оттука, училиштататреба да поттикнуваат практика на објективна и искрена самоевалуа­ција на наставниците и на стручните соработници.

Ретко кога сериозен напредок во работата се случува случајно. Затоанеизбежно е професионалниот развој да се планира, а основна цел напланирањето да биде изнаоѓање на ефективни начини за надминувањена јазот меѓу посакуваното и постојното ниво на квалитет на воспитно­образовниот кадар.

Професионалниот развој е континуиран процес на подобрување наквалитетот на работата на вработените. Во овој процес улогата на ди­ректорот е клучна и тоа првенствено преку соодветно вреднување наработата и правично распределување на средствата и можностите застручно усовршување.

Насоки за планирање на професионалниот развој на воспитно­образовниот кадар

За да им помогнеме на училиштата да го подобрат професионалниотразвој, проектот на УСАИД за професионален и кариерен развој изра ­

ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ И НА СТРУЧНИТЕ СОРАБОТНИЦИ

Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk

Page 8: Mcgo Usaid Pkrn Bilten Br.2MCGO USAID PKRN Bilten br.2.pdf

9ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ

боти Упатство за следење на работата и планирање на професионал­ниот развој на наставниците и на стручните соработници.

Упатството го изработи експертска група составена од наставници,стручни соработници и директори, советници од Бирото за развој на об­разованието, советници од Центарот за стручно образование и обука иинспектори од Државниот просветен инспекторат.

Во него се содржани насоки за:

l следење на работата на воспитно­образовниот кадар;

l идентификување на индивидуалните потреби за стручно усовршување и планирање на професионалниот развој;

l планирање на професионалниот развој на ниво на училиште;

l следење на ефектите од професионалниот развој.

При изработка на Упатството внимававме да ги задржиме добритеучилишни практики и се трудевме да внесеме нови современи практикиза професионален развој што постојат во високо развиените образовнисистеми. Имајќи ги предвид карактеристиките на добриот училиштенсис тем, наведени погоре, новина во процесот претставува самоевалуа­цијата на професионалните компетенции како основа за планирање напрофесионалниот развој. Врз основа на резултатите од самоевалуа­цијата, наставникот/стручниот соработник изготвува личен план за про­фесионален развој, што е основа за изработка на планот на ниво на учи­лиште. Друга новина е определување на поддржан професионален раз­вој за наставниците и за стручните соработници кои нема да го реализи­раат личниот план за професионален развој. Тоа подразбира доделува­ње на ментор, кој во наредната година ќе му помогне на наставникот/стручниот соработник при планирањето и реализацијата на планот. ВоУпатството, исто така, се дадени многу примери на обрасци што можеда ги користат училиштата.

Пилотирање на процесот за професионален развој

За да се усогласат предложените процедури и обрасците во Упатство­то со потребите и можностите на воспитно­образовниот кадар и усло­вите што постојат во училиштата, 14 училишта во Македонија ќе го пило­тираат Упатството пред да биде применето на национално ниво.

Доколку и вие сакате да го пилотирате процесот на професионаленразвој и подетално да се запознаете со новините опишани во Упатствотоза следење на работата и планирање на професионалниот развој на нас тавниците и на стручните соработници во основните и во среднитеучилишта, ве молиме да ни пишете на нашата електронска адреса [email protected] и на [email protected], а ние ќе ви ги испра­тиме потребните материјали.

Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk

Page 9: Mcgo Usaid Pkrn Bilten Br.2MCGO USAID PKRN Bilten br.2.pdf

10ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk

ИЗГОТВЕНИ ФИНАНСИСКИ СЦЕНАРИЈА ЗА СИСТЕМОТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Една од компонентите на проектот на УСАИДза професионален и кариерен развој на настав­ниците е насочена кон изработка на сценарија запотребните финансиски средства што треба дасе обезбедат за непречен професионален и кари ­ерен развој на наставниците.

Член 211) Наставниците се обврзани на континуирано

стручно усовршување да посветат најмалку 60 часа во текот на три учебни години.

2) Во рамките на 60 часа стручно усовршувањеспаѓаат обуките што наставниците ги посетуваатво и надвор од училиштето, од кои нај малку 40 часа се од учество на акредитирани програмиза обука за што средства се обезбедуваат во буџетот на Бирото за развој на образованието.

3) Акредитацијата на програмите за обука од став 2) на овој член ја врши Бирото за развој на образованието, согласно со Законот за Бироза развој на образованието.

4) Секој наставник во рок од три години поминува10 часа обука за приоритетни програми определени од министерот за што средства се обезбедуваат во буџетот на Бирото за развојна образованието.

5) Секој наставник во рок од три години поминува10 часа обука за личен професионален развој.Трошоците за обуката за личен про фе сионаленразвој се на товар на наставникот.

Извор: Закон за наставници во основните и средните училишта („Службен весник на Република Македонија“ бр. 10/15)

Во рамките на оваа компонента треба да се ут­врдат различни извори на финансирање на профе­сионалниот развој на наставниците. Во испитува­њето2 на финансирањето на професионалниот раз­вој е утврдено дека во 2013 година, 19% од опфате­ните општини и 15% од училиштата во тие општиниобезбедиле средства за професионален развој нанаставниците. Тој износ бил речиси еднаков на из­носот што за истата година го обезбедила држа­вата преку БРО за истата намена, но за сите учи­лишта од цела држава. Ова е показател за постое­ње свест за потребата од континуирано стручноусовршување на наставниците со средства обез­бедени од различни извори на финансирање.

За да ги предвидиме финансиските оптоварува­ња на буџетот на Република Македонија од пред­ложените решенија за професионален развој насите наставници, ние изготвивме финансиски сце­нарија.

За да може навремено и реално да се планира­ат потребните средства во буџетот и решенијатада почнат да се применуваат и за да може да обез­бедиме различни пристапи во финансирање настручното усовршување на наставниците, израбо­тивме две финансиски сценарија:

1) Утврдени финансиски обврски на МОН/БРО ина општините за обезбедување по пет (5) часастручно усовршување за наставниците на ниво на

општини. Се претпоставува дека со овој модел ќесе следи и дисеминацијата на стекнатото знаењана ниво на училиште и општина, односно дека не­колкукратно ќе се зголеми бројот на обучени на­ставници. На тој начин чинењето на обука по на­ставник значително ќе се намали, а со тоа и опто­варувањето на централниот и на локалниот буџет.

2) Утврдени финансиски обврски на МОН/БРОза обезбедување на шеесет (60) часа стручно усо ­вршување за сите наставници и стручни соработ­ници во РМ за период од три (3) години. Овој мо­дел е прифатен од страна на МОН/БРО и е внесенво законската регулатива.

2 Извештај од испитувањето на мислењата на општините за нивната улога во стручното усовршување на наставниците (МЦГО, 2014).

Page 10: Mcgo Usaid Pkrn Bilten Br.2MCGO USAID PKRN Bilten br.2.pdf

Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk

11ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Двете сценарија беа дискути­рани со претставници од МОН иод БРО пред да им бидат доста­вени на БРО и МОН за поната­мошна употреба и планирање наидните активности поврзани сопрофесионалниот развој на на­ставниците и на стручните сора­ботници.

Покрај тоа работевме и на фи­нансиски симулации на чинење­то на различни решенија за да сеовозможи напредување во зва­ња на наставниците. Врз основана досегашните истражувањашто ги спроведе проектот во со­работка со БРО, се претпоставу­ва дека 15–20% од наставницитеќе ги исполнат условите за зва­њето наставник­ментор, а 5–7 %од наставниците ќе ги исполнатусловите за наставник­советниккога системот за напредувањево звања ќе биде во целост при­менет (минимум 5 години).

Проектот изготви неколку мо­дели за напредување во звањетонаставник­ментор што ги имаатследниве предности и слабости:

1) Унапредување на наставни­ци­ментори според утврдениотброј наставници на училиш но ни­во: Ова е модел што постои возаконската регулатива, а гоограничува бројот на наставницишто можат да напредуваат вокариерата на годишно ниво: подвајца наставници во малитеучилишта (до 50 наставници) ипо тројца наставници во големи­те училишта (над 50 наставници)и со дополнителната поделба научилишта (до 10, до 20,...., до 150наставници) е утврден бројот на

наставници што треба да се стек­нат со звањето наставник­мен­тор и колкави ќе бидат финан­сиските оптоварувања по учи­лиште. Според овој модел, вра­ботените во малите училишта ќего достигнат максималниот бројна наставници­ментори и настав­ници­советници многу пораноотколку нивните колеги во голе­мите училишта. Притоа се по­требни 15 години за напредува­ње во звање во сите училишта.Овој модел го отвори прашање­то на правичност, мотивација иможностите што им се нудат нанаставниците кои ќе ги исполнатстандардите за напредување вокариерата. Поради тоа се приста­пи кон развивање на моделотопишан подолу.

2) Унапредување на наставни­ци­ментори според број опреде­лен на општинско ниво: Утвр дене бројот на наставници што тре­ба да се стекнат со звањето на­ставник­ментор на ниво на др ­жава и колкави ќе бидат финан­сиските оптоварувања по општи­ни (без оглед на големината научилиштата) за период од пет (5)години, земајќи го предвид бро ­јот на наставници и просечниотброј на ученици по наставник. Се­пак, поради нееднаквиот соод ­нос на бројот на ученици на еденнаставник на национално ниво,се предложи формула која ги зе­ма предвид бројот на студенти,број на училишта и на бројот нанаставниците на ниво на општи­на, при што најголемо влијаниеда има бро јот на ученици какокрајни корисници на ефектот одработата на наставниците­менто­ри. Бројот на наставници­менто­

ри по општина секоја година даго определува МОН, земајќи гипредвид горенаведените пара­метри.

3) Унапредување на наставни­ци и на стручни соработници возвањата ментори и советнициспоред број определен на др ­жав но ниво: Утврден е бројот нанаставници стручни соработни­ци што треба да напредуваат возвања и колкави ќе бидат финан­сиските оптоварувања (без ог­лед на големината на училишта­та) за период од пет (5) години.Овој модел беше најприфатливза МОН и е внесен во законскатарегулатива.

При изработката на финансис­ките сценарија користевме пода­тоци од интернет­страницата наДржавниот завод за статистикаи податоци добиени од МОН. Ис­товремено ги обработивме со­браните податоци по општини,земајќи предвид повеќе пара­метри, како на пр.: демографскиподатоци за наставниците, јавна­та потрошувачка за образова­нието, постигнувањата на учени­ците на меѓународните тестира­ња ТИМСС (2011, 2003 и 1999) иПИРЛС (2006 и 2001), а по регио­ни е утврдена и просечната вред ­ност на бруто домашниот про­извод во однос на државни отпро сек за периодот 2000–2011година, со цел да се најде повр ­заност на квалитетот на образо­ванието и економскиот развој.Оваа база може да претставуваодличен извор на податоци прикреирање на образовните и раз­војните политики на државно ина општинско ниво.

Page 11: Mcgo Usaid Pkrn Bilten Br.2MCGO USAID PKRN Bilten br.2.pdf

Проект за професионален и кариерен развој на наставницитеH Ул. Козле, 1-б, 1000 Скопје ℡ 02/3067-981 7 02/3067-985 * [email protected] ü www.mcgo.org.mk

Овој документ е подготвен од страна на Проектот за професионален и кариерен развој нанаставниците со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓуна­роден развој (УСАИД). Мислењата, изразени во овој документ, им припаѓаат на авторитеи не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владатана Соединетите Американски Држави.

ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ

civic education

mace

donian

cente

r

MCGO

AKEDONSKIENTAR ZARA\ANSKOBRAZOVANIE

Уредувачки одбор:Лорета Георгиева, Извршен директор на МЦГОВера Кондиќ Митковска, Раководител на проектотМитко Чешларов, Раководител на сектор, Биро за развој на образованиетоАлександар Стамболиев, Координатор за програмски активности и комуникацииГорица Мицковска, Специјалист за образованиеБеса Речи, Асистент на проектот

Издавач: Македонски центар за граѓанско образование

Дизајн: Билјана Михајловска

Вашите мислења и сугестии поврзани со прашања за унапредување на системот за професионален и кариерен развој може да ги испраќате на [email protected].

Сл

ед

ете н

ѐ н

а:

htt

p:/

/ww

w.m

cg

o.o

rg.m

k/u

said

-teach

er-

pro

fessio

nal-

an

d-c

are

er-

de

ve

lop

me

nt-

pro

jec

t


Top Related