Download - Bilten br 2 2015

Transcript
Page 1: Bilten br 2 2015

45 РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ45 РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ45 РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ

29.07 - 01.08.201529.07 - 01.08.201529.07 - 01.08.2015

45 FESTIVAL OF TRADITIONAL SONGS AND DANCES45 FESTIVAL OF TRADITIONAL SONGS AND DANCES45 FESTIVAL OF TRADITIONAL SONGS AND DANCES

ILINDEN DAYSILINDEN DAYSILINDEN DAYS

2015

Page 2: Bilten br 2 2015

Pokrovitel:Sobranie na

Republika Makedonija

Organizator:

BILTEN

45. РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ

Број 2/2015 • Битола, 30.07.2015

Page 3: Bilten br 2 2015

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

3

45 години по една иста патека. Од исто место се поаѓа, на исто место се доаѓа, а сепак 45 години различно! Тоа е фолклорното фестивалско дефиле по Широк Сокак, од година во година по убаво, по импресивно, по впечатливо!Годинешното фестивалско дефиле долго ќе се памети. Тоа е дефиле за незборав. Разиграни, распеани играорки и играорци, инструменталисти од сите генерации со насмеани и задоволни лица цврсто чекореа по Широк Сокак. Кулминацијата беше на плоштадот „Гоце Делчев“ кога битолчани речиси и не ги пуштаа културно уметничките друштва и фолклорни групи да продолжат до фестивалската сцена на ракометното игралиште во градскиот парк. Во дефилето учествуваа најмладиот и највозрасниот, деца со мали тапанчиња но и мажи кои силно удираа на тапаните, стројни моми, девојки кои го привлекуваа вниманието на битолчани кои како стално кафосуваа на Широк Сокак. И, уште нешто. Никој не праша колкава е температурата на возухот! Нити ги интересираше. На сите, најтопло им беше во душата!

Фолклорно дефиле за паметење

Page 4: Bilten br 2 2015

Фестивалот „Илинденски дено-ви“ е синоним за доследно чување на автентината фолклорна традиција. Овие, се важни денови во агендата на секое културно уметничко друштво во Македонија и дијаспората, истакна пратеникот Зоран Илиоски кој во име на покровителот – Собранието на Република Македонија, го отвори фестивалот на фолкорот во Битола. -Не случајно овој фолклорен фестивал се одржува во очи на големиот и најсвет македонски празник Илинден. Ако фолклорот е душата на еден народ тогаш логично е да биде нераскинливо поврзан со исконската желба за борбата за слобода, самобитност и државотвор-ност. Таа борба е длабоко врежана во македонскиот фолклор, за таа борба се испеани многу песни и многу фол-клорни игри и ора со стари и нови кореографии кои симболично го отсликуваат непокорот. Фестивалот „Илинденски денови“ во Битола е главниот столб кој го крепи сводот на македонската традиција. Тоа е важен меѓународен фестивал со богати програмски содржини, фестивал кој најдоследно и највистински ја претста-вува Македонија и големата Гоцева идеја за светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Битолскиот крај по традиција е печалбарски. Печалбарството е исто така длабоко вткаено во песните и македонскиот фолкор и затоа посебно ги поздра-

Фестивалот „Илинденски денови“ во Битола

е главниот столб кој го крепи сводот на македонската традиција

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

4

вувам иселениците од сите светски меридијани кои пред многу години се откорнале од родните огништа но не ја забораваат македонската традиција и секоја година се значаен дел на фестивалот „Илинденски денови“, рече претставникот на институцијата покровител – Собранието на Републи-ка Македонија, битолскиот пратеник Зоран Илиоски.

Зоран Илиоски, пратеник во Собрание на Република Македонија

Page 5: Bilten br 2 2015

Уживајте во фестивалот!

Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола

Вљубениците во фолклорот и уметноста кои ја проследија првата фестивалска вечер имаа прилика да го слушнат и погледнат пригодното обраќање на директорот на национал-ната установа која го организира големиот културен настан во Битола. Пред аудиториумот во рако-метното игралиште, првиот човек на НУ Центар за култура-Битола, рече: -Во 2010 година се случи значајна пресвртница за овој фести-вал. Тогаш го славевме јубилејот 40 години, а потоа осмисливме нов концепт, направивме големи промени во програмата на самиот фестивал за да оваа година имаме одлични изданија со врвни ансамбли, пред се од нашата држава а потоа и светот. Организираме и голем број придружни манифестации како дел од фести-валот на кои учествуваат голем број учесници, а само оваа година над 1.000. Кога се слави уметноста, убаво е да се заврши на спектакуларен начин, а така ќе биде оваа година со настап на култната група „Љубојна“ и врвниот виртуоз на кларинет Исмаил Лумановски кои ќе одржат концерт под наслов „Шербет Љубојна“.

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

5

Уживајте во ФЕСТИВАЛОТ! - порача Димитровски.

Page 6: Bilten br 2 2015

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

6

Градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески и оваа година од фестивалската сцена ги поздрави учесниците и гостите во градот под Пелистер. Во својата поздравна реч, Талески истакна: - Ние сме меѓу првите што го честитаме големиот празник Илинден.Почитувани, честит Илинден и добре-дојдовте во Битола! Следејќи го фестивалот воедно го следите и јуби-лејното 10-то издание на „БитФест“ кој има над 200 настани подготвени за Вас. Почнуваме да го славиме Илинден и нека е за многу години празникот!

д-р Владимир Талески, градоначалник на општина Битола

Добредојдовте во Битола!

Page 7: Bilten br 2 2015

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

7

Тоа што со нетрпение го очеку-ваа 120 ученици, студенти и волон-тери кои се занимаваат или имаат намера да се занимаваат со фолклор во културно уметничките друштва во државата, се случи. Почна седмиот по ред Семинар на традиционална музи-ка и игра кој како придружна активност се одржува во рамките на Републи-чкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ годинава е посветен на методика на народни ора, традиционално пеење и традицио-нални инструменти.

Почна и седмиот Семинар за традиционална музика и игра

Семинарот за отворен го про-гласија Валентин Соклевски како домаќин на манифестацијата и м-р Владимир Јаневски, главен коор-динатор на едукативниот настан. -За учесниците на семинарот ќе презентираме четирите сегменти од традиционалната култура на македон-ците, односно традиционалната музи-

ка, песната, играта и носијата. При-јатно е чувството што голем број на млади луѓе од година во година пока-жува се поголем интерес за учество на семинарот, а оваа година се чини тој број ќе биде најголем бидејќи има повеќе од сто учесници и од цела држава, истакна Владимир Јаневски, професор на Музичка академија, оддел етнокореологија при Универ-зитетот „Гоце Делчев“ во Штип. На семинарот со свои трудови и презентации освен професорот Јаневски учествуваат и професорката

д-р Родна Величковска од Институт за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје, м-р Благица Илиќ и м-р Тимко Чича-ковски од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“-Скопје, д-р Даворин Трпевски од ПМФ Институт за етнологија и антро-пологија при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Скопје и Валентин Соклев-ски од НУ Центар за култура-Битола.

Page 8: Bilten br 2 2015

НАЈАВУВАМЕНАЈАВУВАМЕВТОР ФЕСТИФАЛСКИ ДЕН 30.07.2015 година (четврток)

Семинар за традиционална музика и игра

Студентски дом „Кочо Рацин“ – од 10.00 до 18.00 часот

„На пладне во чаршија“ – фолклорни презентации

Стара битолска чаршија – 11.00 часот

45. Републички фестивал на народни песни и игри

„Илинденски денови“

Вечер на традиционална музика и игра

Ракометно игралиште – 20.00 часот.

1. КУД „Бисер“ Кичево

2. КУД „Весели пензионери“ Пробиштип

3. КУД „Илинден“ Демир Хисар

4. Играорна група „Ѓура Мара“ с. Миравци

5. КУД „Дримкол“ Вевчани

6. ФА „Цветови“ с. Дедино

7. КУД „7-ми Септември“ Македонски Брод

8. Ансамбл „Баладеле Делтеи“ ДФА „Дорулетул“ Тулчеа, Романија

9. ЗФГ „Копачка„ с. Драмче, Делчево

10. Ансамбл „Курпие Зиелоне“ Биалисток, Полска

11. АФ „Гоце Делчев“ Битола

12. ГКУД „Севдах“ Врање, Србија

„Ехо од дамарите“ – Вокално инструментална вечер

КЦ Магаза – 22.30 часот

Page 9: Bilten br 2 2015

НАЈАВУВАМЕНАЈАВУВАМЕTRET ФЕСТИФАЛСКИ ДЕН 31.07.2015 година (петок)

Семинар за традиционална музика и игра

Студентски дом „Кочо Рацин“ – од 10.00 до 18.00 часот

„На пладне во чаршија“ – фолклорни презентации

Стара битолска чаршија – 11.00 часот

45. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“Вечер на староградска музика и игра

Тераса на Дом на АРМ Битола – 20.00 часот.

1. СПГ „Сирма војвода“ Битола2. КУД „Васил Хаџиманов“ Кавадарци3. ФА „Туропоље“ Велика Горица, Хрватска4. КУД „Пензионер“ Прилеп5. ПГ „Весела тајфа“ Богданци6. Ансамбл „Баладеле Делтеи“ ДФА „Дорулетул“ Тулчеа, Романија7. ЗГ „Градски хор“ Штип8. Ансамбл „Курпие Зиелоне“ Биалисток, Полска9. Здружение „Распеани велешани“ Велес

45. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“Интернационална фолклорна вечер

Широк сокак 21.30 часот.

1. Ансамбл „Баладеле Делтеи“ ДФА „Дорулетул“ Тулчеа, Романија 2. Ансамбл „Курпие Зиелоне“ Биалисток, Полска3. ФА „Туропоље“ Велика Горица, Хрватска4. Ансамбл „Севдах“ Врање, Србија5. „Куартиере Вилланова ди Каљари“ Сардинија, Италија6. Ансамбл „Македонка“ Св. Климент Охридски, Торонто Канада

Песна на Широк сокакнастап на староградски ансамбли на Широк сокак

Од Саат кула до Камен мост – од 22.00 до 23.00 часот

Page 10: Bilten br 2 2015

2015

45. РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ


Top Related