univerzitetski vesnik br. 106

36
Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 106, мај 2010

Upload: goce-gjorgjijoski

Post on 17-Mar-2016

271 views

Category:

Documents


9 download

DESCRIPTION

Универзитетски весник број 106, издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

TRANSCRIPT

Page 1: Univerzitetski vesnik br. 106

univerzitetski

vesnikИздание на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје Број 106,мај 2010

ССВВЕЕЧЧЕЕННОО ООДДББЕЕЛЛЕЕЖЖААННППААТТРРООННААТТООТТ ННАА УУККИИММ

Page 2: Univerzitetski vesnik br. 106

универзитетски весник - број 106

универзитетски

весник

Главен и одговорен уредник

ППрроофф.. дд--рр ВВееллииммииррССттоојјккооввссккии

Заменик главен и одговорен уредник

ММ--рр ИИллиијјаа ППииппееррккооссккии

Постојани соработнициККооссттааддииннаа ММооккррооввааББииљљааннаа ФФооттииннооввссккааММ--рр ММаарриијјаа ЦЦееннееввссккааТТооммииссллаавв ББаашшееввссккии

ЛекторВВеессннаа ИИ.. ЦЦввееттааннооввссккаа

Техничко уредувањеГГоорраанн ММууррааттооввссккии

ОДЛУКА за доделување Плакета наУниверзитетот за 2010 годинаБеседа на ректорот, проф. д­р ВелимирСтојковски на свечената академијаОбраќање на претседателот на Р. Ма­кедонија, д­р Ѓорге Иванов, насвечената академијаОбраќање на министерот за образованиеи наука, Г.Никола Тодоров, насвечената академијаЦеловечерен концерт на АКУД „МирчеАцев“Промоција во звањето почесен професорна Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“во Скопје на проф. д­р Пламен Легкоступ

• Curriculum vitae• Предлог­програма за работа наЕкономскиот институт во Скопје

................. 8...... 10

................................ 12

................................ 13......................................................... 14

... 15

......................................... 27...........30

Почитувајќи ја традицијата и оддавајќи гидолжната чест, заслуженото признание и високатапочит кон делото и историскиот завет на сесло-венските просветители - светите браќа Кирил иМетодиј, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” воСкопје и оваа година подготви посебна програма зачествување на 61-годишнината од основањето и на24 Мај - патрониот ден на Универзитетот.

Централните свечени манифестации во рамки-те на Програмата посветена на одбележувањетона 61-годишнината од основањето на Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје се одржаа на 18и 19 мај оваа година.

Во присуство на бројни претставници на ака-демската заедница на УКИМ, свеченостите започ-наа на 18 мај во аулата на Универзитетот.Присуството и учеството во церемонијалната про-грама на гостите од десетина универзитети одЕвропа со кои УКИМ има академска, наставно-науч-на и културна соработка, како и присуството напретставниците на другите универзитети одРепублика Македонија ги збогатија свеченостите.

„Првиот ден од чествувањето на патронатотго посветуваме на нашата најголема гордост, тоашто го прави УКИМ препознатлив, единствен итешко достижен на овие простори и пошироко –нашите студенти и наставно-научни работници.Се собравме денес на овој свечен чин, да им оддадемедолжно признание на најдобро дипломираните сту-денти на нашиот Универзитет, на студентитекои со својата одличност, можеби за нијанси се из-двоија од нивните колеги и станаа први меѓу еднак-вите по квалитет во својата генерација. Истовре-мено, денес на пензионираните наставно-научниработници им оддаваме признание и благодарностза нивниот голем придонес во развојот и унапреду-

ДДООССТТООИИННССТТВВЕЕННОО ООДДББЕЕЛЛЕЕЖЖУУВВААЊЊЕЕ ИИ ЧЧЕЕССТТВВУУВВААЊЊЕЕ ННАА ППААТТРРООННИИООТТ ДДЕЕНН ННАА УУККИИММ

Page 3: Univerzitetski vesnik br. 106

3универзитетски весник - број 106

ДДООССТТООИИННССТТВВЕЕННОО ООДДББЕЕЛЛЕЕЖЖУУВВААЊЊЕЕ ИИ ЧЧЕЕССТТВВУУВВААЊЊЕЕ ННАА ППААТТРРООННИИООТТ ДДЕЕНН ННАА УУККИИММ

вањето на севкупните дејности на УКИМ и вложени-от труд во создавањето високообразовани кадри коиимаат значајна улога во развојот на Република Маке-

донија во сите области и дејности“ – рече ректоротпроф. д-р Велимир Стојковски во своето поздравно ипригодно обраќање.

Потоа, ректорот Стојковски им доделипофалници на 20 најдобро дипломиранистуденти на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј” воСкопје, коистудиите гизавршиле ворамките наредовнитероковиутврдени состатутите нафакултетите,но не подоцнаод 6 месеци одденот наапсолвирањето,со просечнаоценканајмалку 9,00.

Врз основа на Одлуката за формирање Универзитет-ски фонд за доделување награди на талентирани и ди-пломирани студенти, на најдобро дипломираните сту-денти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” воСкопје во учебната 2008/2009 година, кои студиите гизавршиле во рамките на редовните рокови утврдени состатутите на факултетите, но не подоцна од 6 месе-ци од денот на апсолвирањето, со просечна оценка нај-малку 9,00, им се доделува Пофалница на:

1. Александра Каневче, дипломирала на Факулте­тот за електротехника и информациски техноло­гии во Скопје, насока: информатика и компјутер­ско инженерство, со просечна оценка 10,00.2. Јане Јовановски, дипломирал на Природно­ма­тематичкиот факултет во Скопје, студии по физика­ физика и компјутерски науки, со просечнаоценка 10,00.3. Јорданка Кацарска, дипломирала на Филолош­киот факултет „Блаже Конески” во Скопје, Катедраза романски јазици ­ италијански јазик и книжев­ност, преведувачка насока, со просечна оценка10,00.

* * *

4. Сања Сарафиловска, дипломирала на Фило­лошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје,Катедра за романски јазици­италијански јазики книжевност, преведувачка насока, со про­сечна оценка 10,00.5. Стефан Кувенџиев, дипломирал на Тех­нолошко­металуршкиот факултет во Скопје, нанасоката дизајн и менаџмент во хемискатаиндустрија, со просечна оценка 10,00.6. Симона Марковска, дипломирала на Гра­дежниот факултет во Скопје, конструктивнанасока, со просечна оценка 10,00.7. Розета Николовска, дипломирала на Педа­гошкиот факултет „Св. Климент Охридски” воСкопје, насока: предучилишно воспитание, сопросечна оценка 10,00.8. Христијан Талевски, дипломирал на Фило­зофскиот факултет во Скопје, Институт за исто­рија на уметноста и археологија, насока: архео­логија, со просечна оценка 9,98.9. Борислав Кондов, дипломирал на Медицин­скиот факултет во Скопје, насока: општа меди­цина, со просечна оценка 9,94.10. Блашка Миева, дипломирала на Факултетотза ликовни уметности во Скопје, Сликарски од­дел, конзервација и реставрација, со просеч­на оценка 9,92.

Page 4: Univerzitetski vesnik br. 106

4 универзитетски весник - број 106

17. Филип Стамевски, дипломирал на Факул­тетот за музичка уметност во Скопје, отсек:хармоника, со просечна оценка 9,57.

11. Јордан Ѓурчески, дипломирал на Сто­матолошкиот факултет во Скопје, со про­сечна оценка 9,91.12. Маја Волкановска, дипломирала наЕкономскиот факултет во Скопје, департ­ман за сметководство и ревизија, со про­сечна оценка 9,90.13. Марија Мирчевска, дипломирала наФакултетот за земјоделски науки и хранаво Скопје, насока: преработка на земјо­делски производи, со просечна оценка9,88.14. Елеонора Ангеловска, дипломирала наМашинскиот факултет во Скопје, насока:индустриско инженерство и менаџмент,со просечна оценка 9,84.15. Ирена Цуцулоска, дипломирала наПравниот факултет „Јустинијан Први” воСкопје, правни студии, со просечнаоценка 9,69.16. Марија Зафирова, дипломирала наФармацевтскиот факултет во Скопје, сопросечна оценка 9,67.

18. Тодор Досевски, дипломирал на Факултетот зафизичка култура во Скопје, насока: физичка кул­тура, со просечна оценка 9,54.19. Јасмина Палашевска, дипломирала на Шу­марскиот факултет во Скопје, насока: проекти­рање и технологија на мебел и ентериер, со про­сечна оценка 9,49.20. Симона Тоскиќ, дипломирала на Факултетот задрамски уметности во Скопје, отсек: продукција,со просечна оценка 9,37.

* * *

Page 5: Univerzitetski vesnik br. 106

5универзитетски весник - број 106

. . . . Потоа, свеченоста продолжисо доделувањето награди одФондацијата „ДимитарСтамболиев“ . . . .

Основачот и донатор на Фондацијата „Проф. д-рДимитар Стамболиев”, редовен професор на Машинскиотфакултет во пензија, традиционално доделува годишнанаграда за одличен успех постигнат во текот на студи-рањето. „Фондот е формиран од авторските хонорариостварени во текот на 35-годишното издавање на десе-тина основни универзитетски учебници од областа намашинските елементи и конструкции за 2. и 3. степен настудии, во повеќе изменети и дополнети изданија, како ина два комплета билтени на МАНУ„Македонска термино-логија”, од областа на машинската техника, чии терми-ни се преведени на 6 јазици. Наградата е од каматата наорочените средства на Фондот. Оваа година наградата„Димитар Стамболиев” им се додели на:

1. Горан Николовски, Машински факултет, со про­сечна оценка 9,34;

2. Борисав Кондов, Медицински фа­култет, со просечна оценка 9,94.

Досега од средствата од оваа Фондација се доделени 11 награди.

* * *

. . . . Церемонијата продолжи сододелување повелби наУниверзитетот „Св. Кирил иМетодиј” во Скопје, по поводпензионирањето, а во знак напризнание за придонесот воразвојот и унапредувањето нанаставно-образовната и научнатадејност на Универзитетот. Беадоделени 47 повелби . . . .

Врз основа на чл. 4 од Одлуката за установување Пла-кета и Повелба на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”во Скопје, по повод пензионирањето, во знак на признаниеза придонесот во развојот и унапредувањето на наставно-образовната и научната дејност на Универзитетот, им седоделува Повелба на:

1. д­р Тодор Ановски, редовен професор2. д­рЉубомир Арсов, редовен професор3. д­р Костадин Николовски, редовенпрофесор4. д­р Василка Најденова, редовен професор

5. д­р КостадинкаЉапчева, редовенпрофесор6. д­р Ефтимија Христова, редовен професор7. д­р Снежана Брезовска, вонреден професор8. д­р Билјана Марина, вонреден професор9. проф. Марија Соларова, редовен професор10. м­р Симеон Танев, редовен професор11. д­р Блажо Димитров, редовен професор

12. д­р Фанија Поповска, редовен професор13. д­р Александрина Илиева, редовенпрофесор14. д­р Славчо Митев, редовен професор15. д­р Мирко Спасеноски, редовен професор16. д­р Марија Георгиева­Иванова, редовенпрофесор17. д­р Крсте Богоески, редовен професор

Page 6: Univerzitetski vesnik br. 106

6 универзитетски весник - број 106

18. д­р Тодор Аџиев, редовен професор19. д­р Анание Илиевски, редовен професор20. Чедомир Цветановски, лектор21. д­р Нешит Садику, редовен професор22. д­р Сејфедин Харуни, редовен професор23. д­р Перко Колевски, редовен професор24. д­р Стојанка Костовска, редовен професор25. д­р Елена Џајковска, редовен професор26. д­р Глигор Џолев, редовен професор27. д­р Климент Каровски, редовен професор28. д­р Јовица Угриновски, редовен професор29. д­р Владимир Симовски, редовен професор30. д­р Михаилчо Токарев, редовен професор31. м­р Цветанка Симоновска, редовенпрофесор

32. Владимир Бошковски, редовен професор33. Мица Стакинова, асистент34. д­рЖивко Грујовски, вонреден професор35. д­р Миодраг Мицајков, редовен професор36. д­р Мирјана Поленак­Аќимовска, редовенпрофесор37. д­р Верка Трајкова, редовен професор38. д­р Трајан Панев, редовен професор39. д­р Коста Аџиевски, редовен професор40. д­р Христо Карталов, редовен професор41. м­р Лила Стошиќ, асистент­истражувач42. д­р Димка Митева, научен советник43. д­р Видоја Трпески, редовен професор44. д­р Лазар Сиваков, редовен професор45. д­р Стојан Беличовски, редовен професор46. д­р Наумче Белковски, редовен професор47. д­р Трајко Русевски, редовен професор

Настапот наКвартетотфлејти„Аулос“, наФакултетот замузичкауметност приУниверзитетот„Св. Кирил иМетодиј“ воСкопје, и дадедостоинствени свечен тонна целатацеремонија.

* * *

Page 7: Univerzitetski vesnik br. 106

7универзитетски весник - број 106

Вечерта, АКУД„Мирче Ацев“

одржацеловечерен

концерт во којуживаа и

претставницитена странскитеуниверзитети.

Следниот ден, 19 мај,пред споменикот на се-словенските просвети-тели, браќата Кирил иМетодиј, кој се наоѓа воцентралниот дел наУниверзитетскиот кам-пус, во координација соМакедонската право-славна црква и Богослов-скиот факултет „Св.Климент Охридски“ сеодржа традиционални-от молебен. Со молебе-нот чиноначалствува-ше неговото блажен-ство г.г. Стефан, архи-епископ охридски и маке-донски. Со положување

* * *

* * *

Page 8: Univerzitetski vesnik br. 106

8 универзитетски весник - број 106

свежо цвеќе на споменикот на нашите патрони,достојна чест и признание одадоа актуелнатаректорска гарнитура, странските гости во чие имесвежо цвеќе положи проф. Анте Углешиќ, ректор наУниверзитетот во Задар, Хрватска, како и делегаци-јата на студентите на УКИМ предводена од прет-седателот на Студентскиот парламент, г. ИванЖивковски. Исто така, својата почит со полагањесвежо цвеќе ја одадоа и деканите и директорите наединиците на УКИМ.

* * *

Врз основа на Статутот на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј” во Скопје и Одлуката за доделување Плакетана Универзитетот, ректорот на Универзитетот ја донесеследнава

О Д Л У К Аза доделување Плакета на Универзитетотза 2010 година, за значајни остварувања

поврзани со високообразовната,научноистражувачката и културната

дејност и афирмација на Универзитетотво земјата и во странство

Член 1По повод 24 Мај - патрониот ден на Универ-

зитетот, Плакета на Универзитетот за 2010 година, заостварувања поврзани со развојот на високообразов-ната, научноистражувачката и културната дејност и заафирмацијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”во Скопје, во земјата и во странство, им се доделува на:

• г. Живко Мукаетов, генерален директор и прет-седател на Управниот одбор на Алкалоид АД –Скопје;

• г. Стојан Давчев, генерален директор на„Дасто“ ДООЕЛ – Скопје.

Член 2Плакетата се доделува на 19.5.2010 година.

Член 3Оваа Одлука стапува во сила со денот на доне-

сувањето.

РекторПроф. д-р Велимир Стојковски

Исто така беше одржана и свече-ност на која беше доделено звањетопочесен професор во областа наликовните уметности на Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје,

на проф. д-р Пламен Легкоступ, рек-тор на Универзитетот „Св. св. Кирили Методиј” во Велико Трново, Бугарија.

По церемонијата на положувањесвежо цвеќе, во аулата на Ректора-тот се одржа пригодна свеченост накоја ректорот проф. д-р Велимир Стој-ковски им врачи плакети на Универзи-тетот на: г. Живко Мукаетов, генера-лен директор и претседател на Управ-ниот одбор на Алкалоид АД – Скопје и г.Стојан Давчев, генерален директор на„Дасто“ ДООЕЛ – Скопје, за нивниот

придонес за развојот и афирмацијатана УКИМ во земјата и во странство.

Македонскиот византиски хор„Хармосини“, кој и оваа година наста-пи во рамките на свечената програмаза чествување на патронатот, пов-торно и даде несекојдневен, достоин-ствен и свечен тон на целата церемо-нија.

Page 9: Univerzitetski vesnik br. 106

9универзитетски весник - број 106

Истата вечер празнувањето продолжи со одржу-вање на свечената академија, која се одржа во Маке-донската опера и балет во вечерните часови и којабеше проследена од целата македонска јавност прекудиректен пренос на Македонската радио-телевизија.

На академијата, пригодни беседи одржаа ректо-рот проф. д-р Велимир Стојковски, претседателотна Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов иминистерот за образование и наука, г. Никола Тодо-ров (нивните беседи ги објавуваме во целост). При-сутните ги поздрави и претседателот на Студент-

скиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје, г. Иван Живковски.

Програмата на културно-уметничкиот дел наакадемијата беше застапена со традиционалнамакедонска музика со современ аранжман, и тоа сонастапот на: Биг-бендот, оркестарот на народниинструменти и ансамблот „Сонант“ при Факул-тетот за музичка уметност на УКИМ. Диригент напрограмата беше маестро Кире Костов, а солисти:Драган Даутовски, Александра Поповска и ЖивојинГлишиќ.

Во рамките на севкупната свечена програманастапија хорот „Драган Шуплевски“- диригент:г. Саша Татарчевски и хорот на АКУД „Мирче Ацев“ –диригент: Катерина Вескоска.

* * *

Исто така беше одржана и свече-ност на која беше доделено звањетопочесен професор во областа наликовните уметности на Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје,

на проф. д-р Пламен Легкоступ, рек-тор на Универзитетот „Св. св. Кирили Методиј” во Велико Трново, Бугарија.

По церемонијата на положувањесвежо цвеќе, во аулата на Ректора-тот се одржа пригодна свеченост накоја ректорот проф. д-р Велимир Стој-ковски им врачи плакети на Универзи-тетот на: г. Живко Мукаетов, генера-лен директор и претседател на Управ-ниот одбор на Алкалоид АД – Скопје и г.Стојан Давчев, генерален директор на„Дасто“ ДООЕЛ – Скопје, за нивниот

придонес за развојот и афирмацијатана УКИМ во земјата и во странство.

Македонскиот византиски хор„Хармосини“, кој и оваа година наста-пи во рамките на свечената програмаза чествување на патронатот, пов-торно и даде несекојдневен, достоин-ствен и свечен тон на целата церемо-нија.

Page 10: Univerzitetski vesnik br. 106

10 универзитетски весник - број 106

ПОЧИТУВАНИ,Имам особена чест да ве поздравам и да ви се обра­там на овој голем празник – шеесет и првата годиш­нина од основањето на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје. Со особено задоволство ги поздра­вувам нашите драги пријатели, ректори и претставни­ци на универзитетите од странство, кои нè удостоијасо своето присуство.Деновиве го чествуваме големиот празник на на­шиот Универзитет ­ нашиот патронат. Денешниовден не е празник само на Универзитетот, туку и на Ре­публика Македонија. Името на сесловенските просве­тители и сопокровители на Европа го слават сите на­роди на кои светите браќа им ја вдахновиле писме­носта и им го покажале патот на светлината.„...Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво?Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не годишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се сра­мите да признаете само три јазика, а за сите другинароди и племиња сакате да бидат слепи и глуви? Да­ли Господ го сметате толку бессилен тоа да не можеда го даде, или завидлив, па тоа да не го сака?...“Со овие зборови, Константин ­ Кирил Филозоф во9 век го бранел македонскиот (словенскиот) јазикпред тријазичниците.Користејќи го македонскиот говор од околинатана неговиот роден Солун, кој го знаел од детството,Константин ја составил првата словенска азбука. Гово­рот на Македонците од Солунско го издигнал на нивона прв книжевен јазик. Битката за писменоста, понеговата смрт не престанала. Неа ја продолжил него­виот брат Методиј. Преку Климент, Наум, Ангеларији низа истакнати македонски дејци, таа битка за пос­тојано знаење продолжува и денес на Универзитетот„Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје, како духовен наслед­ник на просветителската вековна традиција, чии осно­ви ги поставиле сесловенските првоучители Кирил иМетодиј.Да се имаат за патрони светите браќа Кирил иМетодиј, да се биде достоен наследник на нивното

епохално дело, не е само чест и гордост, туку и обврс­ка за сите нас. Универзитетот е место каде што сестекнуваат знаења и нема сомневање дека во времетово кое живееме, знаењето и неговата примена сеединственото нешто што може да му донесе напредокна општеството. Оттука, нашата образовна, научна иопштествена одговорност е уште поголема.Интелектуалниот капитал на Универзитетот,научните достигнувања, научноистражувачкитепроекти, квалитетот во образованието, меѓународ­ната соработка, нашата работа и посветеноста нанашата мисија, се она што широко го афирмиранашиот Универзитет во регионални и меѓународнирамки.Како резултат на долгогодишната традиција иквалитетот, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ воСкопје остварува успешна билатерална соработка соповеќе од 80 еминентни универзитети во светот иголем број академски мрежи (UNICA, EUA, IAU,CEEPUS, CEI, Европската агенција за атомскаенергија, Балканската мрежа на универзитети, UNI­ADRION, ERASMUS, BASILEUS и др.).Развивањето заеднички студиски програми и за­еднички дипломи во сите циклуси ­ додипломски,постдипломски и докторски студии на интернацио­нално ниво, е една од особено значајните страте­гиски цели на Универзитетот, што е непосредно по­врзано и со зголемувањето на мобилноста на студен­тите и на наставниците. Универзитетот ги поттик­нува и создава предуслови за развивање заедничкистудиски програми со имплементација на соодветнамобилност, како и остварување размена на знаења иискуства на наставен и научен план.На тој начин се поврзуваат и се користат академ­ските ресурси и културните традиции и се обезбедуваимплементација на европската димензија во високо­то образование и науката, во соработка со постојнитеи идни партнери. Креирањето заеднички студискипрограми, всушност, претставува имплементација надел од болоњските препораки.На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скоп­је има 11 меѓународни заеднички студиски програми,

ББЕЕССЕЕДДАА ННАА РРЕЕККТТООРРООТТ

ППРРООФФ.. ДД--РР ВВЕЕЛЛИИММИИРР ССТТООЈЈККООВВССККИИ

ННАА ССВВЕЕЧЧЕЕННААТТАА ААККААДДЕЕММИИЈЈАА

ООДДРРЖЖААННАА ППОО ППООВВООДД ППААТТРРООННИИООТТ

ППРРААЗЗННИИКК ННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ

Page 11: Univerzitetski vesnik br. 106

11универзитетски весник - број 106

кои се креирани и се реализираат во соработка со над35 партнерски универзитети од странство. Тој е един­ствен универзитет во државата кој има потпишанодоговори за двојни дипломи ­ со универзитетите воФиренца, Орлеан, Сорбона, Бохум и Лунд. Овие сту­диски програми им овозможуваат на нашите дипло­мирани студенти надградени искуства и знаења, какои престој и усовршување во други универзитетски сре­дини.Иако со големи финансиски тешкотии, продол­жувајќи ја историската мисија за ширење на јазикот,нашиот Универзитет денес одржува 11 лекторати воуниверзитетските центри во кои се изучува македон­скиот јазик, но и литература и култура. Тоа се нашителекторати во Тирана, Краков, Сосновјец, Крајова,Москва, Истанбул, Будимпешта, Париз, Брно, Прагаи Риека, како и 18 центри во кои се изучува македон­скиот јазик во Австралија, Германија, Канада, Пол­ска, Русија, САД, Словенија, Словачка, Србија и Хрват­ска, а по потпишаниот договор за соработка мина­тиот месец и пројавениот интерес, наскоро очекувамеда се започне со изучување на македонскиот јазик ина Универзитетот во Сеул, Јужна Кореја.Но, освен во образовниот процес, Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е широко етаблирани во сферата на иновациите и трансферот на техно­логии. Денес, по две години напорна работа, можемеда се пофалиме дека Европскиот информативен ииновативен центар во Македонија, чиј координатор еУКИМ, е полноправен член и партнер во Европскатамрежа на претпријатија, која работи под Европскатакомисија. Таа Мрежа е еден од клучните инструментиза реализација на Рамковната програма за конкурент­ност и иновации на Европската унија – CIP и во неачленуваат преку 600 партнерски организации од 44држави, кои даваат услуги на повеќе од 25 милионимали и средни претпријатија (МСП).Со воспоставување на контакт со Универзитетотили со која било од нашите партнерски институции,македонските мали и средни претпријатија можат даги добијат услугите од Мрежата, преку едношалтер­ски систем и бесплатно.Со тоа, УКИМ дава значаен придонес во подобру­вање на конкурентноста на македонската економијапреку зголемување на степенот на иновации и интер­национализација на македонските МСП во бизнис­сферата, дисеминација на информации од доменотна политиките и иницијативите на ЕУ, наоѓање парт­нери за бизнис­соработка, технолошка размена и за­едничко учество во развојни проекти, обука, помош иподдршка на македонските субјекти за учество наединствениот европски пазар и во програмите на ЕУ,промоција на македонските традиционални и култур­ни вредности итн.Сето ова недвосмислено покажува дека нашиотУниверзитет не само што е водечки во земјата посвојата поврзаност со меѓународните академски заед­ници и истражувачки мрежи, туку и преку различниформи на креативна соработка го следи темпото наглобалните научни, технолошки и образовни инова­ции.

Да потсетиме, Универзитетот „Св. Кирил и Мето­диј“ во Скопје, како академска заедница на професо­рите, соработниците и студентите, е основан во 1949година, врз темелите на вековната просветителскатрадиција во Македонија и нашата најстара членка –Филозофскиот факултет, кој оваа година одбележува90 години од своето постоење. И покрај тоа што Уни­верзитетот во изминатата година ги направи најго­лемите реформи од своето основање, трансфор­мирајќи се во интегриран универзитет, нè очекувауште многу труд и многу работа. Благодарение на си­лата на духот и таа енергија што сите нас нè сплотуваи нè одржува на оваа наша Alma Mater, благодарениена пожртвуваноста на сите оние кои дел од својот жи­вот вградиле во нашиот Универзитет, го зачувавмеУниверзитетот кој денес има скоро 50.000 студенти и3.300 професори и соработници. По својата органи­зациска структура, тој е современ, функционално ин­тегриран и отворен европски универзитет, заедницана 22 факултета, 5 научни институти и 10 придружничленки. Универзитет на кој согласно со европскиоткредит­трансфер систем се реализираат повеќе од200 студиски програми од прв циклус студии и над270 студиски програми од втор циклус студии, а око­лу 50 студиски програми од трет циклус – докторскистудии (со околу 100 потпрограми) се во постапка заакредитација.Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,како најстар и најголем храм на знаењето во држава­та, негувајќи ги капиталните вредности создавани вонеговиот развој, со своите 127.000 дипломирани сту­денти, повеќе од 5.300 специјалисти и магистри иповеќе од 2.700 доктори на науки од сите наставно­научни области, е значаен актер во развитокот на ев­ропското општество на знаење.Тој е дострел во сопствената синтеза на квалите­тот и квантитетот, тој е есенцијална супстанција нанашиот оптимизам, влог во опстанокот, гаранција занаучниот, стручниот и воопшто интелектуалниот на­предок, поттик на општественот развиток, како и ус­лов за приближување кон Европската унија и хармо­низација на сите полиња согласно со европските исветските стандарди.ПОЧИТУВАНИ ПРИСУТНИ, ДАМИ И ГОСПОДА,Во овие празнични мигови, кога одбележуваме 61година од основањето на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје, се потсетуваме дека без оглед насите тешкотии низ кои сме минале и минуваме, на­шиот Универзитет се одржал и ќе се одржи затоа штоима благородна мисија. Затоа што се темели на идеа­лите на науката и хуманизмот. И на крајот, затоа штосо својот потенцијал Универзитетот „Св. Кирил и Ме­тодиј“ носи историска одговорност во создавањетовредносни системи во образованието, науката и кул­турата, како најважни елементи на духовната сила ипросперитетот на Македонија.Нека ни е честит и вечен празникот.VIVAT, CRESCAT, FLOREATACADEMIA !

Page 12: Univerzitetski vesnik br. 106

12 универзитетски весник - број 106

ООББРРААЌЌААЊЊЕЕ ННАА ППРРЕЕТТССЕЕДДААТТЕЕЛЛООТТ ННАА

РР.. ММААККЕЕДДООННИИЈЈАА,, ДД--РР ЃЃООРРГГЕЕ ИИВВААННООВВ,,

ННАА ССВВЕЕЧЧЕЕННААТТАА ААККААДДЕЕММИИЈЈАА ООДДРРЖЖААННАА

ППОО ППООВВООДД ППААТТРРООННИИООТТ ППРРААЗЗННИИКК

ННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ

М и претставува особено задоволство да ви гочеститам патрониот празник, денот на голе­мите сесловенски просветители, светите браќа Кирили Методиј. Тие, со своето дело, нè задолжија сите нас.Кирил и Методиј веруваа во правото на секој народда го користи својот јазик. Тие ја рушеа догмата вос­поставена од другите. Догмата дека насобраното знае­ње на Европа треба да се предава само на три избра­ни јазици. Дека е тоа некакво ексклузивно право натаканаречените стари народи и дека не е за другитеземји и луѓе.Сесловенските просветители ја напуштија удобнос­та на царската палата во Константинопол, и заминааво просветителска мисија. Мисија за ослободување насловенските народи од незнаењето. Мисија за граде­ње на заедништво на сите европски народи под истиуслови и еднаков пристап до словото.Светите браќа биле подготвени да ја жртвуваатсвојата слобода и својот живот, за да го одбранат пра­вото сите народи да зборуваат на својот јазик, и тоада не биде пречка за размена на мисли и идеи.Кирил и Методиј биле прогонувани. Кирил почи­нал во Рим, а Методиј го завршил својот овоземен жи­вот во зандана. Историјата постојано нè става предвакви предизвици. Но, тоа не треба да нè обесхраб­рува. Предизвици имало, има и секогаш ќе има.Тогаш тоа била одбрана на правото на сите наро­ди на знаење и верување. Денес е одбрана од ониешто сакаат да живеат и да профитираат од затворе­носта, недовербата и непријателството.Делото на Кирил и Методиј не згасна. Нивнитеученици го одбранија и го вратија на изворот, воКлиментовиот универзитет. И повторно, знаењето сеширеше од овие простори, но сега преку кирилицата.Денес, тоа е одбрана од оние што сакаат да ја пресе­чат комуникацијата и разбирањето меѓу народите.Како што тогаш победија оние што се залагаа зада се подигне нивото на знаење на народите, такаденес ќе победат оние што се залагаат за вистинско иискрено помирување и разбирање меѓу народите.За нивното дело, признанието дојде дури во двае­сеттиот век, кога папата Јован Павле II на 31 декем­ври 1980 година, во своето апостолско посланиеEGRIGAE VIRTULIS ги прогласи за копокровители наЕвропа, заедно со свети Бенедикт. Кирил и Методиј

го дадоа својот влог во Европа, европската култура ицивилизација. Знаењето кое го проширија во Европаденес ни се враќа, и ние тоа треба да го искористиме.Почитувани,Образованието треба да развие целосна креатив­ност и повисока состојба на свеста и да создаде граѓа­ни способни да ги исполнат своите највисоки аспира­ции, а истовремено да придонесат максимално занапредокот на општеството.Со користењето на најголемото национално бо­гатство на Македонија – бесконечната креативностна нејзините граѓани – ефикасното образование мо­же да обезбеди национален просперитет и меѓуна­родна компетентност.Ако некогаш борбата била образованието да бидена мајчин јазик, денес борбата е образованието дабиде и подостапно за сите. Преку високото образова­ние, Македонија е веќе дел од европскиот отворенобразовен простор. Простор во кој полесно патувамеи поради визната либерализација.Со реформите кои се спроведуваат, европскитевредности стануваат наши вредности. Вклучувањетона Македонија кон болоњскиот процес значи потврдана започнатите реформи. Значи и примена на европ­ските добри практики и стекнати искуства. Студентотповторно е централен субјект на образовниот процес.Знаењето на македонските студенти се третираеднакво како и знаењето на нивните колеги од запад­ноевропските земји. Со тоа, студентите од Македони­ја застанаа на истата почетна линија како и студенти­те од другите европски земји. За сите нив важат исти­те образовни стандарди и правила во овој голем, се­европски академски натпревар.Но, болоњските образовни принципи потребно еда се применат не само кон надвор, туку и дома, воМакедонија. Потребна е мобилност. Мобилност несамо кон европскиот образовен простор, туку и воМакедонија. Мобилност во рамките на нашитеуниверзитети и нашите факултети. Мобилност која јазацврсти здравата конкуренцијата која создава нов иподобар квалитет.Сето ова нè исправа пред прашањата: Што е суш­тината на образованието?

Page 13: Univerzitetski vesnik br. 106

13универзитетски весник - број 106

За што се едуцираат нашите млади?Што е целта на прифаќањето на европските вред­ности?Дали само да бидат потрошувачи на европскатакултура, или да бидат и нејзини креатори?Почитувани,Не е доволно да се знае. Знаењето мора да се при­мени. Неопходно е поврзување на знаењето со потре­бите на секојдневниот живот.Знаењето е во функција на индивидуалниот успехкој ќе донесе колективен успех. Развојот на земјатазависи од придонесот на образованието. Денес смесведоци на големото селење на моќта. Денес, моќнисе оние држави и општества кои продуцираат илипривлекуваат високообразовани, квалификувани пое­динци, иноватори и лидери во своите стручни облас­ти.Затоа, треба да се прифати сфаќањето на образова­нието како континуирано, доживотно учење.За колку време застарува знаењето?Познато е дека денес, насекаде, знаењето кое сту­дентите на техничките, информатичките или меди­цинските науки го стекнуваат во текот на студиите, евеќе застарено штом ќе дипломираат. Оттука произ­легува насушната потреба за постојано надградувањеи усовршување. Само така може да се биде конкурен­тен на глобалниот пазар на знаењето.Знаењето денес е достапно, но треба да се научида се размислува со своја глава. Имагинацијата е по­важна од знаењето, бидејќи знаењето ни кажува штово моментов знаеме и разбираме. Имагинацијата ниукажува на сето она што можеме да го откриеме и соз­дадеме.

Ајнштајн рекол: „Умот функционира како падо­бран, имаме корист од него само кога е отворен“. Соотворениот ум, студентите стануваат сосема блискисо изворите на сето знаење и изворите на севкупнитеакадемски дисциплини. Со отворениот ум, студенти­те се чувствуваат блиски со сето знаење и со секоеподрачје од студиите. Стекнуваат образованиезасновано на свеста.Затворениот ум создава ксенофобичност, страво­ви и предрасуди. Образованието кое го отвора умотпридонесува за интеграција на поединецот воопштеството и во глобалниот свет. Целта наобразованието е празниот ум да го замени со отворенум. Зошто? Затоа што окото го гледа само она штоумот е подготвен да го сфати.Почитувани,Македонија и македонскиот високообразовен сис­тем продуцираат квалитетни кадри кои често се про­биваат до најпознатите европски и светски академ­ски и истражувачки центри. Затоа, и покрај сите пре­дизвици со кои се соочува нашиот образовен систем,не треба да се потценуваме.Како што кажува една стара мудрост – кругот насознанието се затвора на крајот од вечноста. Секојагенерација го темели својот напредок врз претходни­те, наследените знаења. Македонија и македонскотообразование имаат цврсти и здрави темели. Темеликои ги поставија токму светите браќа Кирил и Мето­диј. Темели на кои се надоврзаа македонските пре­родбеници. На нас е да продолжиме да чекориме потој пат.Ви благодарам.

ООББРРААЌЌААЊЊЕЕ ННАА ММИИННИИССТТЕЕРРООТТ ЗЗАА ООББРРААЗЗООВВААННИИЕЕ

ИИ ННААУУККАА,, ГГ.. ННИИККООЛЛАА ТТООДДООРРООВВ,,

ННАА ССВВЕЕЧЧЕЕННААТТАА ААККААДДЕЕММИИЈЈАА ООДДРРЖЖААННАА

ППОО ППООВВООДД ППААТТРРООННИИООТТ ППРРААЗЗННИИКК

ННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ

П очитуван прeтседател на Република Македонија,д­р ЃоргеИванов,Почитуван ректор на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“,проф. д­рВелимирСтојковски,Почитуванипроректори,Почитувани декании директори,Почитуванипретставницина академската средина,Драги студенти,Дамии господа,

Ми претставува особена чест и големо задовол­ство што имам можност да бидам дел од свеченатаакадемија по повод одбележувањето на патрониотден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Задо­волството е уште поголемо затоа што станува збор заинституција која е од особен национален интерес,институција која тесно се поврзува со темелите намакедонската држава, институција без која не може­ше да се замисли втемелувањето и развојот на наша­та земја.

Page 14: Univerzitetski vesnik br. 106

14 универзитетски весник - број 106

Општо познат е ставот дека ниедна држава не мо­же да опстане доколку не формира свој образовенсистем. Оттука, концептот на националната држава етесно поврзан со просветителскиот концепт.Воопште­но, може да се каже дека карактерот на една држава етесно поврзан со тоа какво образование има, односнокои и какви знаења се усвојуваат. Значењето на Уни­верзитетот „Св. Кирил и Методиј“ има токму таква,државотворна функција.Во својот шеесетгодишен развој, кадрите на овојУниверзитет постојано се присутни на јавната сценаво Македонија, како дел од тимот кој работи на про­гресот на државата. Без оглед на тоа кој систем билна власт, која влада раководела со земјата, овој Уни­верзитет постојано и активно го дава својот придонескон изнаоѓањето најсоодветни решенија за горливипроблеми, но и за постојан економски, техничко­тех­нолошки и општ развој. Со своите 22 факултета и со10­те научни институти, Универзитетот „Св. Кирил и

Методиј“ во плуралниот простор на високото образо­вание во Македонија и натаму го држи приматот нанајголем и профилски најразгранет универзитет.Почитувани,Честитајќи ви го патрониот празник, Владата наРепублика Македонија и Министерството за образо­вание и наука вложуваат и ќе вложуваат во развојотна овој Универзитет, но едновремено и ќе сметаат наинтелектуалните способности и професионални веш­тини на кадрите од различни области. Посакувајќиви натамошни успеси во образовната и научната деј­ност, сакам да истакнам дека дострелите на овој Уни­верзитет, како и на образованието во целина, јагарантираат стабилноста и просперитетот на нашатадржава во целост.Благодарам за вниманието.

В орамките на програмата за прослава на патро­ниот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Мето­диј“ во Скопје, традиционално се одржа свечениотконцерт на АКУД „Мирче Ацев“ од Скопје на 18 мајо.г. во Домот на Армијата со почеток во 20,00 часот.Во присуство на ректорот проф. д­р Велимир Стој­ковски,проректорите проф. д­рЕленаДумова­Јовано­ска, проф. д­р Моме Спасовски, проф. д­р Коле Ва­силевски, проф. д­р Пеце Недановски, претставницина академската заедница на УКИМ, како и гости одевропските универзитети, настапија сите ансамблина Друштвото, изведувајќи целовечерна програма.Фолклорниот ансамбл настапи со „Калајџиско“,„Водарка“, „Долна Преспа“, „Жетварка“, „Тресеница“,како и сплет на игри од Источна Македонија.Академскиот хор на „Мирче Ацев“ настапи со„Љубовна приказна“, „Кан­кан“ на Жак Офенбах,како и со популарната композиција на Мекдермот одмјузиклот „Коса“, „Доба на водолијата“.

Гостите на концертот можеа да уживаат и во орке­старската и вокалната изведба на народниот и изво­рен оркестар.

ННаа 1188 ммаајј ввоо ДДооммоотт ннаа ААРРММООДДРРЖЖААНН ЦЦЕЕЛЛООВВЕЕЧЧЕЕРРЕЕНН ККООННЦЦЕЕРРТТ ННАА ААККУУДД „„ММИИРРЧЧЕЕ ААЦЦЕЕВВ““

Page 15: Univerzitetski vesnik br. 106

15универзитетски весник - број 106

Од реализацијата на програмата за странските гости

ППРРООММООЦЦИИЈЈАА ВВОО ЗЗВВААЊЊЕЕТТОО ППООЧЧЕЕССЕЕНН ППРРООФФЕЕССООРР ВВОО ООББЛЛААССТТАА ННААЛЛИИККООВВННИИТТЕЕ УУММЕЕТТННООССТТИИ ННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ „„ССВВ.. ККИИРРИИЛЛ ИИ ММЕЕТТООДДИИЈЈ”” ВВОО

ССККООППЈЈЕЕ ННАА ППРРООФФ.. ДД--РР ППЛЛААММЕЕНН ЛЛЕЕГГККООССТТУУПП,, РРЕЕККТТООРР ННААУУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТ ВВОО ВВЕЕЛЛИИККОО ТТРРННООВВОО,, ББУУГГААРРИИЈЈАА

61-годишен јубилеј на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј” во Скопје (1949-2010)

Во рамките на одбележувањето на патронатот на Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на 18 и 19 мај оваа година,Универзитетот реализираше програма со која се одбележаа 61 го-дина од постоењето. Со своето присуство Универзитетот го удо-стоија претставници од неколку странски универзитети, со коиУниверзитетот остварува долгогодишна плодна соработка: проф.Марија Шишинова, заменик ректор, Универзитет „Св. КлиментОхридски” во Софија, Бугарија; проф. Пламен Легкоступ, ректор,проф. Петко Петков, проректор и проф. Милен Михов, помошникректор, Универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј” во Велико Трново,Бугарија; проф. Мирољуб Гроздановиќ, ректор, проф. Драган Дениќ,проректор, проф. Властимир Ѓокиќ, проректор и проф. ДраганАнтиќ, декан, Универзитет во Ниш, Србија и проф. Анте Углешиќ,ректор и проф. Владимир Скрачиќ, проректор, Универзитет воЗадар, Хрватска.

На 18 мај 2010 година, претставници од странските универ-зитети присуствуваа на целовечерниот концерт на АКУД ”МирчеАцев”.

На 19 мај 2010 година, во името на странските гости, ректоротна Универзитетот во Задар, проф. А. Углешиќ положи цвеќе на спо-меникот на светите браќа Кирил и Методиј. Чествувајќи ја тради-цијата, беше одржан и молебен, со кој чиноначалствуваше архие-пископот охридски и македонски - неговото блаженство г.г.Стефан.

Во рамките на програмата беше одржана свечена промоција возвањето почесен професор во областа на ликовните уметности наУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје на проф. д-р Пла-мен Легкоступ, ректор на Универзитетот „Св. Св. Кирил и Мето-диј” во Велико Трново, Бугарија.

Врз основа на чл. 144, ст. 1 од Законот за високотообразование и член 294 од Статутот на Универзите­тот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а на предлог наФакултетот за ликовни уметности, во знак на призна­ние за остварената соработка во областа на ликовни­те уметности меѓу двата универзитета, особено вообласта на ликовната педагогија и графичкото тво­рештво, за неговиот придонес во развојот и афирма­цијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” воСкопје, како и заложбата за основање на Асоцијаци­

јата на универзитетите кои го носат името на светитебраќа Кирил и Методиј, на 19 мај 2010 ректорот наУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопјепроф. д­р Велимир Стојковски на свечен начин извр­ши промоција во звањето почесен професор вообласта на ликовните уметности на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј” во Скопје на проф. д­р ПламенЛегкоступ, ректор на Универзитетот „Св. св. Кирил иМетодиј” во Велико Трново, Бугарија.

Промоторска реч на проф. д-р Ди-митар Малиданов, декан на Фа-култетот за ликовни уметности задоделување на звањето почесенпрофесор во областа на ликов-ните уметности (professor honoriscausa) на проф. д-р Пламен Легко-ступ, ректор на Универзитетот„Св. св. Кирил и Методиј” од Ве-лико Трново, Бугарија

Проф. д­р Пламен Лекгоступ ероден на 4 април 1959 година во Ве­лико Трново, Бугарија. Во 1983 годи­на завршил студии по ликовна умет­ност, насока: графика. До 1986 годи­на работел како слободен уметник, аод истата година е избран за асис­тент по теорија и методика на ликов­ната уметност на Педагошкиот фа­култет на Великотрновскиот универ­зитет „Св. св. Кирил и Методиј“. Во

Page 16: Univerzitetski vesnik br. 106

16 универзитетски весник - број 106

1997 година е избран за доцент по методика на ликов­ната уметност, а од 2007 година е професор и ректорна Великотрновскиот универзитет. Неговата доктор­ска дисертација е на тема: „Ингегративна улога наликовната уметност за интелектуалниот развиток надецата од предучилишната возраст“.Творечкиот портрет на проф. д­р Пламен Лекго­ступ може да се претстави во следниве насоки: него­вите научни трудови од областа на теоријата, методи­ката и историјата на ликовната уметност (самостојни,а некои и во коавторство) вклучуваат 7 монографии,19 учебници и учебни помагала, 5 студии, статии воспецијализирани изданија, учество со трудови нанаучни конференции и симпозиуми во светот. Што сеоднесува до уметничкотворечките достигнувања одобласта на живописот, графиката, скулптурата и илу­страцијата ­ тие нашле израз во над 70 самостојниизложби во Бугарија, Македонија, Србија, Црна Гора,Австрија, Германија, Франција, Белгија, Русија иШвајцарија, како и 18 илустрации на книги и учебни­ци.

Уметничките творби на овој познат автор се во соп­ственост на Националната уметничка галерија воСофија, уметничките галерии на Велико Трново и Раз­град, културниот центар AMORC во Париз, на Бугар­скиот културно­информациски центар во Москва, наФондацијата ARTKIBIUS во Белгија, како и на многуприватни колекции во повеќе држави.Како резултат на неговата основна дејност, какотворец и уметник, наставник и научник, неговите тру­дови се публикувани во периодичните и специјализи­рани изданија во многу земји, со повеќе од 270 едини­ци.Основоположникот на системското педагошко соз­нание, таткото на педагогијата на современото време,големиот хуманист и реформатор Јан Коменски, воедно од неговите дела, го воспостави во практикаренесансното начело на една од најплодотворнитепедагошки идеи ­ да се открива светот пред детскиотмир и да се разбудува и развива детскиот разум, чув­ствителноста и творештвото низ богатството и силатасо внесување на сликовните нагледни средства и умет­носта. Оваа идеја во последните неколку столетијаима различни свои приврзаници и реализатори, соод­ветно на специфичните особености и возможности насоодветното време. Сеобразната реализација во еденили друг степен и однос е одличје на педагошко­умет­

ничкото творештво и дејност на научникот­истражу­вач, уметник и универзитетски професор д­р ПламенЛегкоступ.Во контекст на горекажаното, педагошката класи­ка, која е дел од научната и уметничка преокупацијана проф. Легкоступ, со својата актуелност и значај­ност се вбројува во современиот глобализирачкисвет, од гледна точка и со разбирањето на педагогот­уметник за водечката хумано­педагошка потребности можност ­ да се сочува и развива интегритетот надетската личност преку постигање на толку неопход­ното и хармонично единство во рационално­емоцио­нално­волевата сфера.Проф. д­р Пламен Легкоступ, со својата работа воглобална сфера на дејствувањето, дава значаен при­донес во иновативните методологии за зголемувањена ефективноста на воспитувачкиот процес, за ритуа­лизација на училишниот живот, за воспоставување иусовршување на вонучилишната дејност и нејзинатарезултативност, во многу голем степен со методичноиздржана атрактивност. Имено, во контекст на овие

усилби, сега е многу потребен еден современ, инова­ционен трансфер на дидактичката уметност во односна целиот воспитувачки процес, со кој се карактери­зира научно­педагошкото и уметничко творештво идејност на проф. Легкоступ.Проф. Легкоступ, како педагог ­ уметник, го раз­открива процесот на комплексот од педагошките,психолошките и социјалните истражувања, односноод природата на феноменот дете и неговата особинада ја восприема уметноста.Посебно сакаме да потенцираме дека во оваа уло­га проф. Легкоступ ја следи креативноста на профе­сор­истражувач, универзитетски професор и умет­нички творец, за што е познат во регионот и поши­роко. Освен на матичниот Универзитет, тој предавали предава како хонорарен и визитинг­професор намагистерските програми на Софискиот универзитет„Св. Климент Охридски“, како и на Пловдискиот уни­верзитет „Паисхиј Хиландарски“. Покрај тоа, држелпредавања и на Универзитетот Монс­Ено во Белгија,Универзитетот во Гранада, Шпанија, Универзитетотво Лидс, Англија. Проф. Легкоступ ја популаризирасвојата научна работа преку предавачката дејност одобласта на теоријата, методиката и историјата на ли­ковната уметност, како и преку издавање на моногра­фии и учебници, студии и статии во различни специ­

Page 17: Univerzitetski vesnik br. 106

17универзитетски весник - број 106

јализирани списанија. Тој е широко цитиран во мно­гу престижни изданија од оваа област.Во својата биографија, значајно е да се напоменедека тој вршел и врши значајни функции во различ­ни стручни организации и комисии, во Министер­скиот совет и Консултативниот совет за образованиепри Министерството за образование и наука во Буга­рија, како и во други здруженија.За својата досегашна работа тој е добитник на ре­дица награди, меѓу кои ќе ги споменеме: златенмедал за комбиниран декоративен метод во живото­писот од ЕАST–WEST EURO INTELLECT – Софија,ме­дал орден „Голема победа“ на Президиумот на нацио­налниот комитет за општествени награди ­ Москва,почесната награда „Крст за заслуги“ на Рускатаакадемија на природни науки и др.И на крајот, сакаме да напоменеме дека проф. д­рПламен Лекгоступ е иницијаторот за основањето наАсоцијацијата на универзитетите кои го носат иметона светите браќа Кирил и Методиј (во која членува инашиот Универзитет). Покрај тоа, остануваат забеле­жани неговите заложби и искрена помош при разме­ната на кадри на двата универзитета, а меѓу нив и на

професорите од Факултетот за ликовни уметности воСкопје.За особено значаен придонес во областа на ликов­ните уметности, особено во делот на ликовната педа­гогија, како и графичкото творештво како потеснаспецијалност во која делува проф. д­р Пламен Лег­коступ, со совојата творечка, уметничка и педагошкаработа, за неговиот придонес во развојот и афирма­цијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” воСкопје, преку која се остварува плодна соработка соФакултетот за ликовни уметности, изразена прекуреализација на престои на соработници и наставни­ци од Факултетот на универзитетот во Велико Трно­во, организирани изложби во Р. Македонија, како инеговиот личен придонес во основањето на асоција­цијата на Универзитетите кои го носат името наСветите браќа Кирил и Методији, се предлага напроф. д­р Пламен Легкоступ, редовен професор науниверзитетот „Св. св. Кирил и Методиј” од ВеликоТрново, Бугарија, да му се додели титулата почесенпрофесор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” воСкопје.

Реч на проф. д-р Пламен Легкоступ, РекторУниверзитет „Св. св. Кирил и Методиј“ во ВеликоТрново, Бугарија при доделувањето на титулатапочесен професор (professor honoris causa) наУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Почитувани членови на Сенатот,Уважен господин ректор,Драги декани, студенти и професори,Колеги и гости,Дами и господа,Во предвечерјето сме на денот, кога православни­те христијани го чествуваат денот на светите рамно­апостоли, сопокровители на Европа, патроните наСкопскиот и на Великотрновскиот универзитет –браќата Кирил и Методиј.Пред повеќе од 1155 години тие ја создадоа сло­венската азбука. За тоа сведочи Црноризец Храбар во

својот труд „О писменех“. Во тоа дело, точно е посо­чен датумот на нејзиното создавање – 885 година поХриста, сметано по византискиот календар.Творбата на светите браќа – глаголицата, е фено­менална. И повеќе од тоа, зашто за секој звук има изнак – достоинство, кое азбуките на повеќето другијазици и до денес го немаат. Научниците кои се зани­маваат со глаголицата, го откриваат нејзиното многу­страно и заштитувачко словенство и совршенствотона неговиот јазик. Таа азбука е едно послание, еднамолитва за духовност, писменост и просперитет.Подредувањето на буквените знаци има не самозвучно, туку и бројчано и смисловно значење. Сами­от знак на глаголицата „аз“ има длабока филозофскасмисла. И тој, како и сите знаци во глаголицата, носибоженствена сила и можности на самата буква. Нододека глаголицата како сакрално писмо е создаденаза богослужбените книги, што било прва задача надвајцата браќа, таканаречената од Климент Охрид­ски и од останатите ученици на Кирил и Методиј ­кирилица, е граѓанско писмо, писмо за сеопшта упо­треба. Над сé е нивната убеденост во силата на Хри­стовото учење, нивната осознаена волја да се трудатза „спасението на словенскиот род“, со кој се врзанипо раѓањето.Но, едно се знаците, коишто дејствуваат врз умотпреку пораките поставени во нив, а сосема другонешто е писменоста. Пораките во знаците се подлож­ни на заборав. А писменоста го надминува заборавот.Во неа се изразува не само јазикот, туку и самобит­носта, достоинството, политиката, независноста наеден народ.Истото важи и за уметноста. Преку знаците, коди­рани во творбите, ние судиме за белезите кои еденнарод ги остава во времето и по кои судиме за тоашто се случило со векови наназад. Нашиот совреме­ник, на пример, тешко би го разбрал посланието, коего носи сликата на средовековниот уметник. Имену­вањето на сликата означува нешто, но тоа е сврзаносамо со предметите. Тајниот јазик на творбата, раз­бирлив само за уметникот и неговите современици,

Page 18: Univerzitetski vesnik br. 106

18 универзитетски весник - број 106

често пати останува неслушнат. Што означуваат не­кои знаци, зошто во реката се превртува делфин, зош­то, пак, е тука тоа барде или таа врата, или тој бисеростава загатка и започнува да те мачи мислата деканешто останало неразбрано? Многу симболи, знаци изначења од минатото денес се или неповратно загу­бени или заборавени.

Имено, тука на помош ни доаѓа познавањето науметноста. Како што не можеме да читаме без да јазнаеме азбуката на светите браќа, така сме и неукибез познавањето на знаците и симболите на уметнос­та. Преку интегративните врски на ликовната умет­ност се изградува вредносен однос кон резултатите одуметничката дејност. Се создава систем од критери­уми и знаења за да се искажат аргументирани естет­ски судови, со што се полагаат основите на оцену­вачкиот однос кон околниот свет и естетскиот вкус, атоа доведува до стимулирање на интелектуалниот раз­виток на индивидуата. Постоењето на интегративни­те врски меѓу уметностите го развива восприемањетона естетските чувства, форми, естетскиот однос конреалноста и се дава стимул за творечко и индивидуал­но изградување на човекот.Словенството го чува и го развива делото на покро­вителите на Европа, св. Кирил и Методиј. Тоа имдало вдахновение на многу писатели, научници, умет­ници и интелектуалци, и на нивните творечки истра­жувања. Можеме да се гордееме со тоа што нашатаписменост постои повеќе од едно илјадалетие и денесе една од официјалните азбуки на обединета Европа.

Ќе си дозволам да цитирам некои мисли, мислиод упатствата на патријархот Фотиј, познат енцикло­педист и реторичар, ректор на прочуената Магнаур­ска школа во Цариград и учител на св. Кирил, кој јаблагословил мисијата на светите браќа: „Многу патисловото отстапувало пред копјето. Но, и силата насловото во многу случаи ја затапувала острината на

војната и го сопирала пробивот на големите војски.Оттука, силата соединета со словото е двоен споме­ник на победата. Надежта ги засилува делата, а одпоследните се раѓа надежта. Но, ти кога ќе го умилос­тивиш Бога, не пренебрегнувај ништо од тоа што тре­ба да го направиш и ќе ожнееш добри и големи наде­жи“.Дозволете ми да се надевам дека по денешниотчин, силата на нашите два универзитета ќе се удвои,за да можеме уште поуспешно да дефилираме возаедничкиот европски, а зошто да не и во светскиотобразовен простор.Од сé срце ви благодарам на сите вам, кои јаудостоивте мојата скромна личност со доделувањетона високото звање почесен професор на Скопскиотуниверзитет „Св. Кирил и Методиј“. Ја примам таачест како признание не само за моите усилби во об­ласта на ликовната уметност, туку и како почит конуниверзитетот што го претставувам.Ви благодарам за вниманието.

Page 19: Univerzitetski vesnik br. 106

19универзитетски весник - број 106

Универзитетскиот сенат донесе Одлука за потвр­дување на изборот на д­р Биљана Ангелова, нау­чен советник, за директор на Економскиот институтво Скопје.Исто така, Универзитетскиот сенат донесе одлукиза избор во звањето редовен професор на: д­р ЈованПејковски, вонреден професор на Филозофскиотфакултет во Скопје, д­р Елена Петроска, вонреденпрофесор на Филолошкиот факултет „Блаже Конес­ки“ во Скопје, на м­р Мојца Седеу, вонреден про­фесор на Факултетот за музичка уметност во Скопје ина м­р Катерина Гелебешева­Костадиновска,вонреден професор на Факултетот за музичка умет­ност во Скопје.Универзитетскиот сенат донесе Одлука за доделу­вање на звањето почесен професор (PROFESSORHONORIS CAUSA) во областа на ликовните уметнос­ти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скоп­је, на проф. д­р Пламен Легкоступ, ректор наУниверзитетот „Св. св. Кирил и Методиј” во ВеликоТрново, Бугарија.Универзитетскиот сенат донесе Одлука за форми­рање Комисија за студентски жалби, во следниов сос­тав: проф. д­р Божна Гаговска, за претседател, проф.д­р Елена Думова­Јованоска, проф. д­р Татјана Мит­кова, Јагода Дренковска и член што ќе биде предло­жен од Студентскиот парламент. За заменици наКомисијата беа избрани: проф. м­р Сабаудин Жута,заменик­претседател, проф. д­р Коле Василевски,проф. д­р Лидија Христова, Маргарита Шукуловска истудент што ќе биде предложен од Студентскиот пар­ламент. Исто така, Универзитетскиот сенат донесеОдлука за формирање на Надзорен одбор наОПИТНО ПОЛЕ ДООЕЛ ­ Скопје, а за членови беаизбрани: проф. д­р Коле Василевски, проф. д­р ДрагиДимитриевски, проф. д­р Маријан Кипријановски,проф. д­р Душко Мукаетов и проф. д­р СлободанБанџо.

22. седница на Универзитетскиот сенатППООТТВВРРДДЕЕНН ИИЗЗББООРРООТТ ННАА ДД--РР ББИИЉЉААННАА

ААННГГЕЕЛЛООВВАА ЗЗАА ДДИИРРЕЕККТТООРР ННААЕЕККООННООММССККИИООТТ ИИННССТТИИТТУУТТ

Универзитетскиот сенат, на седницата одржана на5.5.2010 година, го усвои глобалниот календар на ак­тивности и неработни денови во учебната 2010/2011година, a ги усвои и следниве проекти: за измени идополнувања на студиската програма од втор циклусстудии по дипломатија и меѓународни односи наПравниот факултет „Јустинијан Први“; за измени идополнувања на студиската програма од втор циклусстудии по физичка географија со геоекологија наПриродно­математичкиот факултет; за воведувањенова студиска програма од втор циклус студии поконзервација и реставрација на Факултетот заликовни уметности; за измени и дополнувања ­ усо­гласување на студиската програма за академскимагистерски студии од областа на јавното здравствона Медицинскиот факултет во согласност со Законотза високото образование и актите на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“; за измени и дополнувања настудиската програма за трет циклус­докторски сту­дии по земјотресно инженерство (предлагач и орга­низатор: Институт за земјотресно инженерство и ин­женерска сеизмологија); за воведување трет циклус­докторски студии по машинство (предлагач и орга­низатор: Машински факултет); за воведување третциклус­докторски студии по индустриско инженер­ство и менаџмент (предлагач и организатор: Машин­ски факултет); за воведување студиска програма одтрет циклус­докторски студии по градежништво(предлагач и организатор: Градежен факултет); завоведување студиска програма од трет циклус­докторски студии по геодезија (предлагач и органи­затор: Градежен факултет); за воведување третциклус­докторски студии по медицина, потпрогра­ми (модули): базична медицина (предлагач и орга­низатор: Медицински факултет), клиничка меди­цина (предлагач и организатор: Медицински факул­тет), молекулска медицина (предлагач и организа­тор: Медицински факултет); за воведување трет цик­лус­докторски студии по јавно здравство (предлагачи организатор: Медицински факултет); за воведува­ње трет циклус­докторски студии по стоматологија,потпрограми (модули): реконструктивно­протетскастоматологија (предлагач и организатор: Стомато­лошки факултет), превентивно­реставративна иинтерцептивна стоматологија (предлагач и организа­тор: Стоматолошки факултет), орофацијална хирур­гија (предлагач и организатор: Стоматолошки фа­култет), болести на устата и парадонтот (предлагач иорганизатор: Стоматолошки факултет); за воведува­ње трет циклус­докторски студии по фармација(предлагач и организатор: Фармацевтски факултет) иза воведување студиска програма од трет циклус­докторски студии по ветеринарна медицина (предла­гач и организатор: Факултет за ветеринарна меди­цина).

23. седница на Универзитетскиот сенат

Универзитетскиот сенат, на седницата одржана на26.5.2010 година, ги усвои проектите: за воведувањетрет циклус­докторски студии по правни науки(предлагач и организатор: Правен факултет „Јусти­нијан Први“), потпрограми (модули): администра­тивно право, право на информатичка технологија,право на интелектуална сопственост (авторско и про­најдувачко право), правна реторика и аргументација,деловно право, финансово право, граѓанско право,историја на правото, казнено право, меѓународноправо, право на Европската унија, римско право, тео­рија на правото, уставно право; за воведување третциклус­докторски студии по политички науки, пот­програми (модули): политички систем (предлагач иорганизатор: Правен факултет „Јустинијан Први“),политички науки (предлагач и организатор: Правенпродолжуванастр.22

ССРРЕЕДДССТТВВАА ООДД ССООЛЛИИДДААРРННИИООТТ ФФООННДД ЗЗААФФААККУУЛЛТТЕЕТТООТТ ЗЗАА ФФИИЗЗИИЧЧККАА ККУУЛЛТТУУРРАА

Page 20: Univerzitetski vesnik br. 106

20 универзитетски весник - број 106

Н а 27 мај о.г., во Ректоратот наУниверзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје, преку промоција­та на брошурата „ЕУ­програми за ма­лите и средните претпријатија воМакедонија“, издание на Европскиотинформативен и иновативен центарво Македонија (ЕИИЦМ), беше одбе­лежана двегодишнината од постое­њето на Центарот. ЕИИЦМ претста­вува конзорциумски проект финан­сиран од Европската комисија и одВладата на Република Македонија,

НА УКИМ ПРОМОВИРАНА БРОШУРАТА„ЕУ-ПРОГРАМИ ЗА МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА“

Е В Р О П С КИ О Т И Н Ф О Р М АТ И В Е Н ИИ Н О В АТ И В Е Н Ц Е Н Т АР В О М АК Е Д О Н И Ј АО Д Б Е Л ЕЖА Д В Е Г О Д И Н И О Д С В О Е Т О

П О С Т О ЕЊ Е

Page 21: Univerzitetski vesnik br. 106

21универзитетски весник - број 106

НА УКИМ ПРОМОВИРАНА БРОШУРАТА„ЕУ-ПРОГРАМИ ЗА МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА“

каде што како партнерскиинституции освен Универзите­тот „Св. Кирил и Методиј“ воСкопје, кој е воедно и проектенкоординатор,влегуваат:Агенци­јата за поддршка на претпри­емништвотонаРепубликаМаке­донија, Стопанската комора наМакедонија и Фондацијата заменаџмент и индустриско истра­жување.На пригодната свеченост,чиј домаќин беше ректорот наУниверзитетот и претседател наКонзорциумот на ЕИИЦМ, проф.д­р Велимир Стојковски, своеобраќање имаше проектниот ме­наџер на ЕИИЦМ, доц. д­р Вик­тор Стојмановски од Машин­скиот факултет, а говореа и гос­тите на свеченоста,евроамбасадоротН.Е. г. Ерван Фуереи министерот заекономија на Република Македонија, д­рФатмир Бесими.

Во присуство на раководството наУниверзитетот, членовите на Ректорска­та управа и Универзитетскиот сенат, чле­нови на академската заедница на УКИМ,претставници од редот на студентите,претставници од партнерските инсти­туции во ЕИИЦМ, како и претставнициод националните медиумски куќи, вововедното обраќање, ректорот Стојков­ски истакна дека, со досегашната работа,Центарот во целост го оправдал сопстве­ното постоење, земајќи го предвид фак­тот дека ЕИИЦМ ерамноправна членкана Европската мрежана претпријатија, вокојашто досега члену­ваат 600 партнерскиорганизации од Европа и поши­роко, и даваат услуги на над 25ми­лиони мали и средни претпри­јатија. Претставувајќи ја брошура­та каде што се систематизиранисите програми на ЕУ кои се одне­суваат на поддршката и развојотна малите и средните претпри­јатија, а до коимакедонските прет­приемачи имаат пристап, ректо­рот Стојковски посочи дека наовој начин чинителите во маке­донското бизнис­опкружување ќе

ја имаат можноста да си ја подобрат конкурентноста,да се вмрежуваат и преку таквите соработки да наста­пуваат заеднички на европскиот пазар.Евроамбасадорот Фуере, како претставник наКомисијата која финансиски го поддржува овој про­ект и кој е долгогодишен пријател на Универзитетот,и министерот Бесими, претставник на Владата наРМ, во своите обраќања до присутните го посочијазначењето на Европскиот информативен и иновати­вен центар во Македонија, од позициите на инсти­туциите кои ги претставуваат, а во контекст на евро­интегративните процеси на нашата земја, особено водоменот на развојот не само на малите и среднитепретпријатија, туку и во унапредувањето и овозм­ожувањето на ефикасниот трансфер на технологии.Свој осврт за досегашното работење на ЕИИЦМ иЕвропската мрежа на претпријатија даде и про­ектниот менаџер Стојмановски, потврдувајќи го зна­чењето на една ваква мрежа во Македонија, која

овозможува поврзување на македонските претпри­емачи со европските, наведувајќи и уште една зна­чајна компонента, а тоа е поврзувањето на академ­ската со бизнис­заедницата, односно дека на брз иефикасен начин дошло до спојување на два различниначина на размислување.Како доказ за досегашното успешно работење наЕвропскиот информативен и иновативен центар воМакедонија е најавениот зголемен буџет од 7,5проценти за периодот 2010­2012 година.

Page 22: Univerzitetski vesnik br. 106

22 универзитетски весник - број 106

факултет „Јустинијан Први“), јавна администрација(предлагач и организатор: Правен факултет „Јусти­нијан Први“), меѓународни односи (предлагач и орга­низатор: Правен факултет „Јустинијан Први“), демо­кратијата во услови на глобализација (предлагач иорганизатор: Институт за социолошки и политичко­правни истражувања); за воведување трет циклус­док­торски студии по комуникологија (предлагач и орга­низатор: Правен факултет „Јустинијан Први“); завоведување студиска програма од трет циклус­доктор­ски студии по безбедност, одбрана и мир (предлагачи организатор: Филозофски факултет), потпрограми(модули): безбедност, одбрана, мир; за воведувањестудиска програма од трет циклус­докторски студиипо историја на уметноста (предлагач и организатор:Филозофски факултет), потпрограми (модули): умет­носта и културата на средниот век, поствизантиска ипреродбенска уметност на Балканот, современа свет­ска уметност и визуелна култура, семиотички проучу­вања на ликовното и визуелното; за воведување сту­диска програма од трет циклус­докторски студии поархеологија (предлагач и организатор: Филозофскифакултет), потпрограми (модули): средновековнототворештво и македонскиот културен идентитет, прет­христијанска археологија, христијанска археологија,религиско­митолошки проучувања во археологијата;за воведување студиска програма од трет циклус­док­торски студии по класична филологија (предлагач иорганизатор: Филозофски факултет), потпрограми(модули): компаративна граматика, хеленска култу­ра, римска култура, византиска култура, микенскакултура; за воведување студиска програма од третциклус­докторски студии по дефектологија (предла­гач и организатор: Филозофски факултет), потпро­грами (модули): специјална едукација, превенција ирехабилитација на лица со инвалидност; за воведу­вање студиска програма од трет циклус­докторскистудии по филозофија (предлагач и организатор: Фи­лозофски факултет), потпрограми (модули): истори­ја на филозофијата, логика и епистемологија, етика,естетика и филозофија на културата, филозофска ан­тропологија; за воведување студиска програма одтрет циклус­докторски студии по социологија, пот­програми (модули): социокултурен модул (предлагачи организатор: Филозофски факултет), социоеконом­ски модул (предлагач и организатор: Филозофскифакултет), европска интеграција (предлагач и органи­затор: Филозофски факултет), социологија на органи­зација (предлагач и организатор: Институт за социо­лошки и политичко­правни истражувања), социоло­гија на окружувањето (предлагач и организатор: Ин­ститут за социолошки и политичко­правни истражу­вања); за воведување студиска програма од трет цик­лус­докторски студии по социјална работа и социјал­на политика (предлагач и организатор: Филозофскифакултет), потпрограми (модули): социјална работа,социјална политика; за воведување студиска програ­ма од трет циклус­докторски студии по организацио­ни науки и управување (менаџмент), потпрограми(модули): менаџмент на човечки ресурси (предлагачи организатор: Институт за социолошки и политич­ко­правни истражувања); за воведување студиска про­грама од трет циклус­докторски студии по педагогија(предлагач и организатор: Филозофски факултет иПедагошки факултет „Св. Климент Охридски“), пот­програми (модули): теориско­компаративен модул,модул за предучилишно воспитание и образование,

модул за училишно воспитание и образование, соци­јално­педагошки модул, андрагошки модул; за вове­дување студиска програма од трет циклус­докторскистудии по наука за јазик (предлагач и организатор:Филолошки факултет „Блаже Конески“), потпрогра­ми (модули): албански јазик, турски јазик, англискијазик, германски јазик, романистика, славистика; завоведување студиска програма од трет циклус­док­торски студии по наука за книжевност (предлагач иорганизатор: Филолошки факултет „Блаже Коне­ски“), потпрограми (модули): албанска книжевност,турска книжевност, англиска книжевност, германскакнижевност, романистика, славистика, општа и ком­паративна книжевност; за воведување студискапрограма од трет циклус­докторски студии по култу­рологија (предлагач и организатор: Филолошки фа­култет „Блаже Конески“, Филозофски факултет и Ин­ститут за македонска литература), потпрограми (мо­дули): култура, културна историја, јазик и култура,книжевност и култура, културолошки студии; завоведување студиска програма од трет циклус­док­торски студии по технологија (предлагач и организа­тор: Технолошко­металуршки факултет), потпрогра­ми (модули): неорганско инженерство и заштита наживотната средина, технологија на облеката, проек­тирање системи со тотален менаџмент на квалитет,текстилна хемија и екологија, процесно инженер­ство, наука за полимери и полимерно инженерство,прехранбена технологија, биотехнологија, нутрицио­низам; за воведување студиска програма од третциклус­докторски студии по металургија (предлагачи организатор: Технолошко­металуршки факултет),потпрограми (модули): металургија и метални мате­ријали, екстрактивна металургија, електрохемискоинженерство и за воведување студиска програма одтрет циклус­докторски студии по електротехника иинформациски технологии (предлагач: Факултет заелектротехника и информациски технологии).Истовремено, Универзитетскиот сенат го усвоиПравилникот за организирање на издавачката деј­ност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ воСкопје, а донесе одлуки за избор во звањето редовенпрофесор на: д­р Љубиша Јаневски, вонреденпрофесор на Економскиот факултет во Скопје, д­рИрена Тавчиовска­Василева, вонреден професорна Природно­математичкиот факултет во Скопје,како и одлуки за прифаќање на иницијативата и зараспишување конкурс за предвремен избор во пови­соко звање на д­р Перица Пауновиќ, доцент наТехнолошко­металуршкиот факултет во Скопје и наиницијативата и за распишување конкурс за пред­времен избор во повисоко звање на д­р ЛидијаКрстевска, вонреден професор на Институтот за зем­јотресно инженерство и инженерска сеизмологија воСкопје.Исто така, Универзитетскиот сенат го прифатиПредлогот на ректорот проф. д­р Велимир Стојков­ски и на Комисијата за доделување средства од Соли­дарниот фонд на Универзитетот за потребите наФакултетот за физичка култура во износ од 50% одсредствата што ќе се реализираат во Солидарниотфонд за 2010 година, но не повеќе од 2.000.000,00денари. Истовремено, Универзитетскиот сенат гоусвои заклучокот дека јавно се оградува од генезатана дејствата што се случувале на Факултетот за фи­зичка култура.

Page 23: Univerzitetski vesnik br. 106

23универзитетски весник - број 106

141. седница на Ректорската управаУУССВВООЕЕННИИ ММИИССЛЛЕЕЊЊАА ЗЗАА ППООВВЕЕЌЌЕЕ ППРРООЕЕККТТИИ

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирили Методиј“ во Скопје одржа седница на 11.5.2010 го­дина, на која разгледа повеќе актуелни прашања одделокругот на своето работење. Притоа, утврди пози­тивно мислење за: Предлог­проектот за воведувањетрет циклус­докторски студии по правни науки(предлагач и организатор: Правен факултет „Јусти­нијан Први“), потпрограми (модули): администра­тивно право, право на информатичка технологија,право на интелектуална сопственост (авторско и про­најдувачко право), правна реторика и аргументација,деловно право, финансово право, граѓанско право,историја на правото, казнено право, меѓународноправо, право на Европската унија, римско право,теорија на правото, уставно право; Предлог­проектотза воведување трет циклус­докторски студии по по­литички науки, потпрограми (модули): политичкисистем (предлагач и организатор: Правен факултет„Јустинијан Први“), политички науки (предлагач иорганизатор: Правен факултет „Јустинијан Први“),јавна администрација (предлагач и организатор:Правен факултет „Јустинијан Први“), меѓународниодноси (предлагач и организатор: Правен факултет„Јустинијан Први“), демократијата во услови на гло­бализација (предлагач и организатор: Институт засоциолошки и политичко­правни истражувања),Предлог­проектот за измени и дополнувања на сту­диската програма од втор циклус студии по дипло­матија и меѓународни односи на Правниот факултет„Јустинијан Први“; Предлог­проектот за воведувањетрет циклус­докторски студии по комуникологија(предлагач и организатор: Правен факултет „Јусти­нијан Први“); Предлог­проектот за воведување сту­диска програма од трет циклус­докторски студии побезбедност, одбрана и мир (предлагач и организатор:Филозофски факултет), потпрограми (модули): без­бедност, одбрана, мир; Предлог­проектот за воведу­вање студиска програма од трет циклус­докторскистудии по историја на уметноста (предлагач и орга­низатор: Филозофски факултет), потпрограми (моду­ли): уметноста и културата на средниот век, постви­зантиска и преродбенска уметност на Балканот, со­времена светска уметност и визуелна култура, семи­отички проучувања на ликовното и визуелното;Предлог­проектот за воведување студиска програмаод трет циклус­докторски студии по археологија(предлагач и организатор: Филозофски факултет),потпрограми (модули): средновековното творештвои македонскиот културен идентитет, претхристијан­ска археологија, христијанска археологија, религис­ко­митолошки проучувања во археологијата; Пред­лог­проектот за воведување студиска програма одтрет циклус­докторски студии по класична филоло­гија (предлагач и организатор: Филозофски факул­тет), потпрограми (модули): компаративна грамати­ка, хеленска култура, римска култура, византискакултура, микенска култура; Предлог­проектот за во­ведување студиска програма од трет циклус­доктор­ски студии по дефектологија (предлагач и организа­тор: Филозофски факултет), потпрограми (модули):специјална едукација, превенција и рехабилитација

на лица со инвалидност; Предлог­проектот за вове­дување студиска програма од трет циклус­докторскистудии по филозофија (предлагач и организатор: Фи­лозофски факултет), потпрограми (модули): историјана филозофијата, логика и епистемологија, етика,естетика и филозофија на културата, антропологија;Предлог­проектот за воведување студиска програмаод трет циклус­докторски студии по социологија,потпрограми (модули): социокултурен модул (пред­лагач и организатор: Филозофски факултет), социо­економски модул (предлагач и организатор: Фило­зофски факултет), европска интеграција (предлагачи организатор: Филозофски факултет), социологијана организација (предлагач и организатор: Институтза социолошки и политичко­правни истражувања),социологија на окружувањето (предлагач и организа­тор: Институт за социолошки и политичко­правниистражувања); Предлог­проектот за воведување сту­диска програма од трет циклус­докторски студии посоцијална работа и социјална политика (предлагач иорганизатор: Филозофски факултет), потпрограми(модули): социјална работа, социјална политика;Предлог­проектот за воведување студиска програмаод трет циклус­докторски студии по организационинауки и управување (менаџмент), потпрограми (мо­дули): менаџмент на човечки ресурси (предлагач иорганизатор: Институт за социолошки и политичко­правни истражувања); Предлог­проектот за воведу­вање студиска програма од трет циклус­докторскистудии по педагогија (предлагач и организатор: Фи­лозофски факултет и Педагошки факултет „Св. Кли­мент Охридски“), потпрограми (модули): теориско­компаративен модул, модул за предучилишно воспи­тание и образование, модул за училишно воспитаниеи образование, социјално­педагошки модул, андра­гошки модул; Предлог­проектот за воведување сту­диска програма од трет циклус­докторски студии понаука за јазик (предлагач и организатор: Филолошкифакултет „Блаже Конески“), потпрограми (модули):албански јазик, турски јазик, англиски јазик, герман­ски јазик, романистика, славистика; Предлог­проек­тот за воведување студиска програма од трет циклус­докторски студии по наука за книжевност (предлагачи организатор: Филолошки факултет „Блаже Конес­ки“), потпрограми (модули): албанска книжевност,турска книжевност, англиска книжевност, германскакнижевност, романистика, славистика, општа и ком­паративна книжевност; Предлог­проектот за воведу­вање студиска програма од трет циклус­докторскистудии по културологија (предлагач и организатор:Филолошки факултет „Блаже Конески“, Филозофскифакултет и Институт за македонска литература), пот­програми (модули): култура, културна историја, ја­зик и култура, книжевност и култура, културолошкистудии; Предлог­проектот за воведување студискапрограма од трет циклус­докторски студии по техно­логија (предлагач и организатор: Технолошко­мета­луршки факултет), потпрограми (модули): неорган­ско инженерство и заштита на животната средина,технологија на облеката, проектирање системи сототален менаџмент на квалитет, текстилна хемија иекологија, процесно инженерство, наука за полимерии полимерно инженерство, прехранбена технологија,биотехнологија, нутриционизам; Предлог­проектотза воведување студиска програма од трет циклус­док­торски студии по металургија (предлагач и организа­

Page 24: Univerzitetski vesnik br. 106

24 универзитетски весник - број 106

тор: Технолошко­металуршки факултет), потпрогра­ми (модули): металургија и метални материјали,екстрактивна металургија, електрохемиско инженер­ство; Предлог­проектот за воведување студиска про­грама од трет циклус­докторски студии по електро­техника и информациски технологии (предлагач: Фа­култет за електротехника и информациски техноло­гии).Исто така, Ректорската управа го усвои Правилни­кот за организирање на издавачката дејност на Уни­верзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а донесеОдлука за изгледот и издавањето на дипломата зазавршени студиски програми за прв, втор и третциклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Мето­диј“ во Скопје.Ректорската управа донесе одлуки за давање со­гласност на лица избрани во наставно­научни звањана Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за вршењевисокообразовна дејност на други јавни универзите­ти за Факултетот за земјоделски науки и храна и заПравниот факултет „Јустинијан Први“.Ректорската управа ја усвои Програмата за одбе­лежување на 24 Мај ­ патрониот празник на Универ­зитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што година­ва ќе се одржи на 18 и 19 мај 2010 година.

Ректорската конференција на јавните универ­зитети во Република Македонија, на седницатаодржана на 31.5.2010 година, разгледа повеќе акту­елни прашања од делокругот на своето работење.Притоа, расправаше за состојбите со реализацијатана клиничката и практичната настава на јавнитеуниверзитети и по опстојната расправа заклучидека е потребно да се обрати до Министерството заобразование и наука со барање за организирање наитна средба со ресорниот министер, на која ќе би­дат разгледани и дообјаснети одредени аргументина јавните универзитети, а се во интерес на успеш­но организирање на практичната и клиничкатанастава.Разгледувајќи го прашањето за процесот на ева­луација, односно рангирање на јавните универзи­тети во Република Македонија, Ректорската кон­ференција на јавните универзитети заклучи, Ми­нистерството за образование и наука да се заложи,во согласност со одредбите на Законот за високотообразование, евалуацијата, односно рангирањетода се спроведува од Агенцијата за евалуација на Ре­публика Македонија.Истовремено, Ректорската конференција го под­држа ставот за воспоставување соработка со другиректорски конференции.Ректорската конференција на јавните универ­зитети донесе Одлука за избор на проф. д­р Вели­мир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Ки­рил и Методиј” во Скопје, за претседател на Рек­торската конференција на јавните универзитети,со мандат од две години, односно од 1.6.2010 до31.5.2012 година.

ППРРООФФ.. ДД--РР ВВЕЕЛЛИИММИИРР ССТТООЈЈККООВВССККИИ --ППРРЕЕТТССЕЕДДААТТЕЕЛЛ ВВОО ННААРРЕЕДДННИИООТТ

ДДВВЕЕГГООДДИИШШЕЕНН ППЕЕРРИИООДД

Ректорска конференција на јавните универзитети

П Р В , В Т О Р , Д Р У Г Ј А З И К :

М А К Е Д О Н С К О - Х Р В А Т С К И

С П О Р Е Д Б И

Меѓународен собир на соработка

Ф илолошкиот факултет „Блаже Конес­ки“ при Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје и Филозофскиот факултетво Загреб, под покровителство на Национал­ната фондација за наука, високо образованиеи технолошки развој на Република Хрватска,организираа Научен собир на соработка поднаслов Прв, втор, друг јазик: македонско­хрватски споредби.Поддршката за Собирот е добиена по висо­ката позитивна оцена на билатералниот науч­ноистражувачки проект: Положбата на маке­донскиот и на хрватскиот јазик во образов­ниот систем на повеќејазични средини, штосе работеше во периодот 2007­2009 година водвете институции со поддршка на Министер­ството за образование и наука на РепубликаМакедонија и Министерството за образование,наука и спорт на Република Хрватска. Главниорганизатори и истражувачи на овој проектбеа проф. д­р Емилија Црвенковска од Маке­донија и проф. д­р Зринка Јеласка од Хрват­ска.Меѓу Македонија и Хрватска на полето налингвистиката постојат многу заеднички сфе­ри на интерес, меѓу кои особено актуелна етемата на Собирот: Прв, втор, друг јазик: ма­кедонско­хрватски споредби, што се одржана 14 и 15 мај 2010 година на Филолошкиотфакултет Блаже Конески во Скопје, на која сеговореше за: македонскиот/хрватскиот какострански јазик; двата јазика во образовниотсистем; испитување на познавањата на овиедва јазика; македонскиот/хрватскиот какомалцински и како наследен; јазичниот, нацио­налниот и културниот идентитет на етничкитезаедници; прашања од областа на терминоло­гијата. На Собирот настапија околу 45 учесни­ци од Македонија и од Хрватска. Организато­рите се потрудија во програмата да вклучат

Пишува: Роза Тасевска

Page 25: Univerzitetski vesnik br. 106

25универзитетски весник - број 106

П Р В , В Т О Р , Д Р У Г Ј А З И К :

М А К Е Д О Н С К О - Х Р В А Т С К И

С П О Р Е Д Б И

Меѓународен собир на соработка

излагачи од повеќе институции за да ја искористатможноста да ги разменат своите сознанија од овааобласт и да се запознаат, што ќе овозможи понатамуда се рашири полето на соработка.Во овие два дена настапија учесници од: Универ­зитетот во Загреб – Филозофскиот факултет, какоорганизатор, универзитетите од Риека, Задар, Сплит,Пула, Факултетот од Осиек, Министерството за обра­зование, наука и спорт на Република Хрватска,Хрват­ската матица на иселеници, Универзитетот во Љуб­љана ­ Филозофскиот факултет, а од Македонијаучествуваа: Филолошкиот факултет Блаже Конескипри Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје,како организатор и домаќин, Универзитетот на Југо­источна Европа од Тетово, ФОН­универзитетот одСкопје, Универзитетот Гоце Делчев од Штип, Инсти­тутот за македонски јазик Крсте Мисирков и некол­ку училишта од Македонија.Претседатели на Програмскиот одбор на Собиротбеа: проф. д­р Зринка Јеласка од Хрватска и проф.д­р Емилија Црвенковска од Македонија, а претседа­тели на Организацискиот одбор на Собирот: д­р Ли­дија Цвикиќ од Хрватска и проф. д­р Елена Петроскаод Македонија. Заедно со членовите на двата одбора,тие се исклучително заслужни за овој успешно орга­низиран собир: за изборот на темите, за вклучување­то на учесници од повеќе научно­образовни центриод Македонија и од Хрватска, за навремената подго­товка на програмата со апстрактите и конечно, заречиси стопроцентното присуство на пријавенитеучесници на Собирот. Посебно радува што со излага­ња учествуваше и научниот подмладок од двете сре­дини.Тематскиот дел Македонскиот/хрватскиот ка­ко странски јазик беше застапен во излагањата надесетина референти. Беше опфатено изучувањето намакедонскиот/хрватскиот на странските универзите­ти од сите аспекти: застапеноста на јазикот, мотива­цијата за изучување на јазикот, бројноста на студен­тите, соодветноста на кадарот, методите и начинитена реализирање на наставата по македонски/хр­ватски во различни туѓојазични средини, грижата наодговорните институции за подготовка и снабдувањена центрите за македонистика, односно кроатистикасо потребните учебни помагала, литература, екипи­рање на лекторатите со технички помагала и слично.Стана збор и за начините и времетраењето на престо­

јот на странските студенти во земјите чиј јазик гоизучуваат, односно во Македонија/во Хрватска, за­ради усовршување и збогатување на своите знаења.И во двете земји постои организирано прифаќање настрански македонисти/кроатисти преку летнитешколи за странци, преку подолги или пократкипрестои во текот на учебната година заради изработ­ка на научни трудови од областа на македонисти­ката/кроатистиката. Во овој дел, се разбира, пооп­ширно се претстави застапеноста и состојбата намакедонскиот јазик како странски на високообра­зовните центри во Република Хрватска и хрватскиотјазик и култура во високото образование во Репуб­лика Македонија. Во целост состојбата се оцени ка­ко задоволителна, но не и задоволувачка. Се наведоаактивностите што се преземаат за подобрување нанаставата и сè што вклучува таа, како и начините накои се планира тие активности да се реализираат.Во делот Проверка на познавањето на јазиците,во неколку излагања се говореше за центрите што јавршат проверката, примената на стандардите вотестирањето и оценувањето, задолжителното и до­броволното подложување на проверка итн.Македонскиот/хрватскиот јазик како иселе­нички јазик беше тема на четири реферати. Грижатаза зачувување на наследниот јазик кај децата наиселениците во Европа и во прекуокеанските земји еважна задача што ја имаат различни организации иинституции во матичната земја и во земјата на жи­веење. Во светот живее бројно македонско населе­ние. Наставата по македонски јазик се изведува врзпринцип на самоорганизираност или на интегрира­ност. Институциите што се грижат за оваа настава воМакедонија се Министерството за образование инаука и Министерството за надворешни работи. Вопоследните години овие министерства покажаапоинтензивен интерес за наставата по македонскијазик за децата на иселениците, но состојбата ниоддалеку не може да се спореди со онаа во Хрватска.Негувањето на јазикот на децата на иселеницитепретставува посебна грижа на хрватското Министер­ство кое организира разни форми на настава: летникампови, театарски работилници за деца, испраќањеобучени кадри за овој вид настава по јазик во ситеземји каде што живее хрватско иселеништво. Во не­кои земји наставата по хрватски ја организираат хр­

Page 26: Univerzitetski vesnik br. 106

26 универзитетски весник - број 106

ватските иселенички заедници и католичките ми­сии, а во некои наставата ја изведуваат наставнициза кои финансиски и стручно се грижи Министер­ството за наука, образование и спорт на РепубликаХрватска. Хрватската матица на иселеници, со свои­те оддели за школство, за наука и спорт, за култура,како и со издавачкиот оддел, има сериозна улога возачувувањето на хрватскиот јазик и култура кај деца­та на хрватските иселеници. Освен во Загреб, ваквиинституции и одделенија работат во Пула, Риека,Сплит, Дубровник и во Вуковар.Тематскиот дел Јазичниот, националниот и кул­турниот идентитет на етничките заедници за­почна со неколку реферати посветени на термино­лошките прашања по оваа тема. Се истакна потреб­ата за усогласување на терминологијата од одделниподрачја на лингвистиката, како и попрецизно дефи­нирање на одредени поими. Во рамките на оваатерминологија треба да бидат поимите на билингвиз­мот/двојазичноста, мултилингвизмот/мулти­јазич­носта и учењето/усвојувањето на втор јазик, какошто се називите: прв јазик, мајчин јазик, втор јазик,странски јазик, немајчин јазик, наследен јазик, какои роден и нероден говорител/зборувач и сл. Во маке­донскиот јазик доста термини од англискиот не сеадаптирани, некои се преведени во неколку вари­јанти, а хрватското искуство може да послужи какомодел за посоодветна адаптација на македонски.Од бројните излагања и од дискусиите на специ­јалистите од образовните институции од различнинивоа од Македонија и од Хрватска за положбата намакедонскиот и на хрватскиот јазик во повеќејазич­ни средини, неговото изучување и усвојување какомајчин/роден јазик или како втор јазик за припад­ниците на етничките заедници во Република Маке­донија и во Република Хрватска, како и за негување

и зачувување најазичниот и култур­ниот идентитет наетничките заеднициво двете држави, мо­же да се изведат по­веќе заклучоци. Пр­во, за јазикот на мно­зинството, односномакедонскиот и хр­ватскиот. За неговотопоефикасно и поква­литетно усвојувањепотребни се посебниучебници за секојаетничка заедница вокои презентираниотјазичен материјал ќеги земе предвид меѓу­себните културнисличности и разлики.Наставниот кадар, ос­вен доброто познава­ње на јазикот на мал­цинската заедница,треба да има широкии конкретни познава­ња за културата иобичаите за етничка­та заедница. И обратно, во наставата, наставнитепланови и помагала на јазиците на етничкитезаедници треба да се земаат предвид јазичните икултурните карактеристики на мнозинската етничказаедница. Значи, со соодветни наставни програми иматеријали, со добра подготвеност и со позитивенприод кон изучувањето на јазикот и културата намнозинската заедница и еднакво, кон јазиците икултурите на секоја етничка заедница ќе се зголемиинтересот, квалитетот и степенот во учењето наразличните јазици и култури во општества како штосе хрватското и македонското.Како заклучок можеме да истакнеме дека овојСобир имаше повеќестрано позитивно значење.Прво, се обработи една многу важна и чувствителнатема што стои на врвот на хиерархијата за иденти­фикација на секој народ, на секоја држава, на секојпоединец во општеството. Се констатираа состојбитена овој план во двете држави, се разменија мислењаи предлози за идните планови на дејствување вонасока на подобрување на образованието во повеќе­јазични и мултикултурни средини, за поуспешно ипоквалитетно изучување на странски јазици, за по­широко и подобро презентирање на македонски­от/хрватскиот јазик и култура во Европа и во светот.Запознавањето и личните контакти ја зајакнуваатсоработката меѓу колегите од Македонија и од Хр­ватска, преку непосредните разговори и дискусии сераѓаат нови идеи, теми и начини за понатамошнасоработка, и се стекнуваат трајни пријателства.Рефератите од овој Собир ќе бидат објавени вопосебен зборник во електронска и писмена форма иќе станат достапни, како во Македонија и во Хрват­ска така и пошироко во светот.

Page 27: Univerzitetski vesnik br. 106

27универзитетски весник - број 106

Curriculum VitaeПроф. д­р Биљана Ангелова,директор на Економскиот институт

Д­р Биљана Ангелова е родена воСкопје, 1965 година. Основно и гим­назиско образование завршила воСкопјe, a на Економскиот факултетпри Универзитетот „Св. Кирил и Ме­тодиј“ се запишала во 1983 година,каде што дипломирала на прометно­комерцијалната насока во 1987 годи­на. Во септември 1988 година ги

продолжила студиите на истиот Фа­култет, на постдипломските студиипо маркетинг и надворешна трговијакаде што магистрирала на 5 февру­ари 1992 година со одбрана на маги­стерскиот труд на тема: „Цените воконтекст на деловното одлучување“.Во јуни 1989 година се вработилаво „Макотекс“ АД – Скопје каде штоостанала сè до март 1992 година. Од1 март 1992 година до денес е врабо­тена во Економскиот институт воСкопје, каде што на 30 јануари 1992година е избрана во соработничкотозвање помлад асистент за истражува­ње на проблемите од областа на па­зарот и цените. Во текот на 1994 го­дина ја пријавила докторската ди­

сертација на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Мето­диј“ во Скопје на тема: „Budgeting – систем на финансиско сметководственопланирање на трошоците и финансискиот резултат во производственитепретпријатија“ и докторирала во септември 1999 година.Во научното звање научен соработник – доцент од областа на деловнитефинансии е избрана на 18 ноември 1999 година, а на 5 мај 2004 година е из­брана во звањето виш научен соработник за истражување на проблематикатана деловните финансии. Во звањето научен советник – редовен професор еизбрана на 24 декември 2007 година.Со решение издадено од ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Мето­диј“ во Скопје, д­р Велимир Стојковски, на 27 ноември 2009 година е назна­чена за в.д. директор на Економскиот институт, а од 5 мај 2010 година е из­брана за директор на Економскиот институт во Скопје.Во текот на својата научна и наставна дејност д­р Биљана Ангелова актив­но работела на голем број научноистражувачки, стручни и апликативнипроекти, а од 2000 година е вклучена во наставата на постдипломските сту­дии на предмети од областа на финансискиот менаџмент. Во периодот 2006 ­2008 била раководител на постдипломските студии по меѓународен менаџ­мент, а од 2008 до денес е раководител на постдипломските студии по фи­нансиски менаџмент.Во текот на наставно­научната дејност, д­р Биљана Ангелова остварилаповеќе студиски престои значајни за унапредување на нејзините знаења одобластите во кои ги работела своите научни и апликативни истражувања. Вотекот на 1997 година престојувала на Универзитетот во Болоња, Италија, ворамките на Школата за посткомунистичка транзиција на земјите од Југоис­точна Европа. Во 1998 година, во Виенскиот институт, во соработка на про­ект на Светската банка работела на истражувања за формирање на кластериза мали и средни претпријатија воРепублика Македонија, во контекстна јакнење на конкуретноста. Во 2003година престојувала во Институтот„Inwent“ во Бон, а потоа воФранкфурт и Дрезден во Германијакаде што следела обуки за проблема­тика од областа на локалниот еко­номски развој. Во 2008 година пре­стојувала во Прага, Република Чешка,поради работа на проекти за задолжу­вање и кредитоспособност на општи­ните и практики на спроведување набуџетски процес на локално ниво. Во2009 година добила грант од светскиреномираната рејтинг­агенцијаMoody’s која и овозможува обука воаналитичкиот центар на Moody’s во Лондон, каде што се стекнала соcертификат за аналитичар на корпоративен кредитен рејтинг.Во досегашниот период на работа во Економскиот институт активноучествувала во голем број истражувања како член или како раководител натимови. Повеќето од проектите се реализирани преку Министерството заобразование и наука на Република Македонија, каде што како раководителна тимот истражувачи се јавува во проектите: „Инвестициите во РепубликаМакедонија“ (2003), „Ефикасноста на финансискиот пазар во Република Ма­кедонија во функција на зголемување на трошковната ефикасност и репро­дуктивната способност на македонското стопанство“ (2004) и „Банкарскикредити и алтернативни форми на финансирање во Република Македонија“(2006). Покрај овие истражувања, д­р Биљана Ангелова учествувала и на го­лем број други научни истражувања кои Економскиот институт ги работелза потребите на Министерството за образование и наука на Република Маке­донија.Во текот на својот работен ангажман во Институтот учествувала и во дру­ги апликативни истражувања, главно во соработка со меѓународни и домаш­

Во рамките на процесите за интегрирано дејствувањеи функционирање на Универзитетот „Св. Кирил иМетодиј“ во Скопје усогласени со Законот за високотообразование и Статутот на Универзитетот, во Универ‐зитетски весник ги претставуваме раководнитеоргани на единиците и придружните членки наУниверзитетот. Во зависност од обемноста насодржините и актуелните настани, во секој бројобјавуваме биографски податоци на еден или повеќедекани на факултети, односно директори на научниинститути.Во овој број ја претставуваме ППРРООФФ.. ДД‐‐РР ББИИЉЉААННААААННГГЕЕЛЛООВВАА..

Page 28: Univerzitetski vesnik br. 106

28 универзитетски весник - број 106

ни институции. Таа била раководител на проектот „Ана­лиза на трошковните структури на производственитепретпријатија во Република Македонија“ (1999), во сора­ботка со Проектот за сметководство и ревизија на USAID– IBTCI; учесник во проектот „Студија за економска ин­вентаризација на хидротехничките објекти и системитеза наводнување во Република Македонија“, работена во2001 година за потребите на Фондот за води на Репуб­лика Македонија; „Стратегијата за економски развој наструмичкиот регион“, за општина Струмица (2000);„Стратегијата за развој на текстилната индустрија воРепублика Македонија“ (2005­2006), за Министерствотоза економија.Во областа на локалниот развој активно работела напроучување на факторите на локален економски развој,фискална децентрализација и буџетски процес на локал­но ниво во голем број општини во Република Македо­нија. Д­р Биљана Ангелова била раководител на двегоди­шен проект (2004–2006) на Светската банка за анализа навработеноста во општините Битола и Куманово. Проект­ните истражувања се рецензирани од експерти на Свет­ска банка во Вашингтон и како успешно оценети се пре­порачани случаи за неколку поранешни советски репуб­лики.Во периодот 2003 – 2005 работела како раководителна тим на две засебни студии за потребите на Министер­ството за култура на Република Македонија и Светскатабанка за истражување на социјалните потреби и култур­ната мотивираност на населението во четири македон­ски општини.Во контекст на истражувањата за потребите налокалниот економски развој и оцена на буџетскиот про­цес на локално ниво, во континуитет од 2003 година епостојан соработник на проектите на USAID кои гиподдржуваат овие истражувања: LGRP, BEA, MDW, накои соработката трае и до денес. Во текот на повеќего­дишната соработка со сите наведени проектни единицина USAID била учесник и раководител на голем бројистражувања кои се однесуваат на стратегиските плано­ви за локален економски развој, изработка на прирачни­ци и методолошки алатки за ЛЕР, изработка на инвести­циони анализи, физибилност на проекти, капиталнибуџети и други анализи кои главно се однесуваат наоцена на кредитоспособноста на општините, можноститеза засновање на јавно­приватни партнерства и др. Вотекот на 2004 година, за потребите на USAID го израбо­тила Прирачникот за локален економски развој , кој бешенаменет за општините во Република Македонија.Во текот на 2005 – 2006 година, д­р Биљана Ангеловареализирала голем број обуки на финансиските раково­дители и на други вработени од финансовите одделенијана 45 општини опфатени со обуките на USAID за „Уна­предување на капиталното буџетирање на општините воРепублика Македонија“ и давање на непосредна консул­тантска помош во подготовка на буџетите за капиталнофинансирање. Како резултат на оваа активност во 2007година произлезе и изработката на Прирачникот за капи-тално буџетирање во издание на USAID/BEA (BusinessEnvironment Activity). Во текот на 2008­2009, во рамкитена Проектот за кредитоспособност и задолжување наопштините работела на утврдување на кредитоспособ­носта на повеќе општини во Република Македонија.Д­р Биљана Ангелова активно соработувала и на дру­ги истражувања за потребите на општините во доменотна финансирање и пренос на надлежности работени соUNDP и Европската агенција за реконструкција (EAR).Така, во текот на 2006 година била ангажирана како екс­перт за изработка на проектната задача (ToR) за програма­

та наменета за јакнење на капацитетите на општините,ЗЕЛС и Министерството за локална самоуправа наРепублика Македонија, која беше имплементирана одEAR (2006­2008) преку воведување на сервисните цен­три за граѓаните во рамките на општинската админи­страција.Во периодот од 2003 година до денес е ангажиранакако финансиски експерт на донаторската програма штоВладата на Република Италија ја имплементира во Ре­публика Македонија во рамките на Програмата за зашти­та на животната средина, преку Министерството залокална самоуправа ­ Бирото за регионален развој иCooperacioni Italiana. Како продолжение на оваа актив­ност, во 2008 година, за потребите на Министерството занадворешни работи на Италија ­ MAE – DGCS и ECработи на Студијата за одржливоста на интегрираниотсистем за заштита на животната средина и тарификацијана јавните услуги за Националниот парк „Маврово“.Во рамките на апликативните истражувања спрове­дени во последните пет години, изработила голем бројфизибилити­студии, инвестициони анализи, длабинскиистражувања за потребите на голем број компании иостварила консултантски и експертски ангажмани наповеќе проекти како што се: Изготвување на методоло­гија за Cost­Benefit анализи за проекти од областа наживотната средина и Студија за отстранување на линда­нот од постројките на „ОХИС“ АД ­ Скопје, за потребитена Министерството за животна средина и просторнопланирање, а во соработка со UNDP, SAICM (2009­2010);„Стратегија за инвестиции во животната средина“, какораководител во делот на финансиските аспекти на Стра­тегијата, изработена во соработка со Австриската агенци­ја за развој (АДА), Регионалниот центар за животна сре­дина (РЕЦ) и Министерството за животна средина ипросторно планирање (2008/2009); „Good Governance“­Истражување за примена на принципите на добро упра­вување во секторот „јавни пари“, ФИООМ (2007­2008).Во рамките на апликативната активност на Мини­стерството за образование и наука на Република Маке­донија во текот на 2005 година, извршила ревизија на 42истражувачки и развојни проекти аплицирани во МОНод аспект на нивната финансиско­економска одржли­вост.Во периодот 2008­2009 била ангажирана како финан­сиски консултант на Министерството за економија, Сек­торот за енергетика, во контекст на ревизија на инвести­ционите вложувања и обврски на ЕВН кон малцинскитеакционери по преземање на компанијата.Покрај наведените проекти, д­р Биљана Ангеловаучествувала и во изработка на голем број физибилити­студии во различни области, од кои како позначајни биги издвоиле студиите кои се влезени во националниотплан за инвестиции во јавниот сектор во Република Ма­кедонија: Физибилити­студија за реконструкција, пре­адаптација и модернизација на Центарот за рехабилита­ција и продолжена медицинска нега „Катлановска Бања“во 2002 година; Физибилити­студија за изградба на Вете­ринарен факултет како дел од националната стратегијаза инвестиции во јавниот сектор во 2001; Физибилити­студија за доградба и модернизација на Регионалниотводовод „Студенчица“ ­ Скопје. Проектот стана дел однационалната стратегија за инвестиции во јавниот сек­тор во 2003; Физибилити­студија за набавка на возила наприроден гас за потребите на ЈСП „Скопје“. Студијатастана дел од Националната стратегија за инвестиции војавниот сектор во 2004; Физибилити­студија за изградбана ХМС „Лисиче“, 2006; Физибилити­студија за изградбана Кривичен суд, Министерство за правда, Светска банка

Page 29: Univerzitetski vesnik br. 106

29универзитетски весник - број 106

во 2007; неколку студии за јавно – приватно партнерствоза комуналните претпријатија во општина Куманово вотекот на 2008; Ревизија на економскиот дел на Студијатаза енергетскиот биланс и енергетските потреби на Репуб­лика Македонија, каде што учествувала со тим на експер­ти од Градежниот факултет во Скопје, 2009­2010.Во периодот од 1994 се стекнала со лиценца за про­ценка на претпријатијата со општествен капитал. Вопериодот од 1994 до денес изработила над 150 проценкина капиталот на претпријатија со општествен капитал иакционерски капитал на банките. За потребите на транс­формација на општествениот капитал, д­р Биљана Анге­лова изготвила голем број студии за трансформација,реорганизација или реструктурирање на компаниите сопримена на најразлични модели на трансформација,финансиска консолидација, студии за трансформација сопреземање и конверзија на долгови, делбени биланси идруги анализи, од кои посебно комплексни се студиитеработени за трансформација и/или консолидација на ком­паниите: „Рудници и Железарница“ АД ­ Скопје; РОЦ„Тораница“ – Крива Паланка; АД „Бентомак“ КриваПаланка; АД „Инекс Горица“ – Охрид; АД ЗИК „Стру­мица“ – Струмица; АИК „Тиквеш“ АД – Кавадарци; ЗК„Анска Река“ – Валандово; ЗИК „Куманово“ АД – Кума­ново; „Макотекс“ АД – Скопје; АТП „Галеб“ АД – Охрид;АТП „Југотранс“ АД – Струга; АТП „Југ Турист“ АД – Ку­маново; ЈЗУ „Катлановска Бања“; градските аптеки восклоп на медицинските центри и здравствени домови;Градски трговски центар АД – Скопје; ДООЕЛ­те на ЈП„Македонски шуми“; ДООЕЛ­те на „ЕЛЕМ“ ­ Скопје и го­лем број други компании во државна, општествена илиприватна сопственост. За потребите од усогласување соЗТД, направени се студии за утврдување на акционерски­от капитал во „Стопанска банка“ АД – Скопје, „Комер­цијална банка“ АД – Скопје и „КБ Брокер“ – Скопје.Во текот на своето досегашно научно и стручно анга­жирање, д­р Биљана Ангелова објавила повеќе научни истручни статии во земјава и во странство. Автор е накнигата „Budgeting – систем на финансиско сметковод­ствено планирање на трошоци и финансиски резултат вопретпријатијата“, која се користи како учебно помагалопо предметот менаџерско сметководство во рамките нанаставниот процес на студиите од втор циклус кои сеодвиваат на Економскиот институт.Таа има остварено значајно учество на домашни и намеѓународни научни собири, конференции и други јав­ни дебати со свои трудови и презентации како: „Стран­ските директни инвестиции во Република Македонија“,презентиран на Меѓународниот конгрес на тема „Социо­економскиот развој на балканските земји“, РепубликаТурција, 2009; презентација на резултатите од истражува­њето во врска со процедурите и практиките за доне­сување на буџет со осврт на практиките и ребалансот набуџетот за 2008, во Скопје; презентер и учесник во јав­ната дебата на тема „Буџетот на Република Македонијаза 2009“, Скопје, 2009; презентер и учесник на научниотсобир на тема „Критериуми за влез во ЕУ во делот занамалување на пречките за вработување на младите лицаи лицата кои се подолго време невработени, 2008; „Прет­приемништво во функција на локалниот економскиразвој“, научен собир на Универзитетот на ЈугоисточнаЕвропа, 2006; потоа, голем број учества на научни соби­ри во земјава како што се презентацијата на инструментина корпорациско финансирање во функција на долгороч­ната ефикасност, на научниот собир на Економскиотинститут и Фондацијата „Friдрих Ebert“, Скопје, 2003;Ограничувачки фактори за стимулирање и развој наинвестиционата активност во стопанството на Република

Македонија ­ научен собир на Економскиот институт иФондацијата „Friederich Ebert Stiftung“, Скопје, 2003; Фи­нансиско планирање и интерна контрола ­ оперативниинструменти на финансиско­сметководствен менаџ­мент, 13. Меѓународен симпозиум за сметководство иревизија, во организација на Министерството за финан­сии и Сојузот на сметководители, 2002; Алтернативниформи на финансирање на стопанството во РепубликаМакедонија, Универзитет „Македонија“ Солун, 2001;Инвестиционите фондови и лизингот како алтернативнаформа на финансирање на претпријатијата во РепубликаМакедонија, Меѓународна конференција за имплемента­ција на INTERREG­програмата, Универзитет „Македо­нија“, Солун, 2001; Влијанието на трансформацијата воаграрниот сектор врз производството на вино во Репуб­лика Македонија, меѓународен симпозиум, 2001; Смет­ководственото планирање како оперативен процес ворамките на интегралниот циклус на планирање и кон­трола на трошоците и финансискиот резултат, на 11.Меѓународен симпозиум за сметководство и ревизија, воорганизација на Министерството за финансии и Сојузотна сметководители, 1999; Приватизацијата и посттранзи­ционите процеси во Република Македонија, Универзи­тет во Болоња, Италија, 1997 и други научни трудовииздадени во научни списанија.Во рамките на својата апликативна активност, д­рБиљана Ангелова спровела и голем број на обуки, главнореализирани како интегрален дел на спроведувани про­екти како што се: Обука за јакнење на капацитетите налокалната самоуправа во Република Македонија, прекуотчетноста, транспарентноста и одговорноста, какопредавач на теми поврзани со подготовка и извршувањена буџетите на ЕЛС, планирање на буџетите за подобру­вање на капиталната инфраструктура и интеракции меѓустратегиското и финансиското планирање, имплементи­рана преку UNDP и Агенцијата за државни службеници,јануари – март 2002; Обука за идни претприемачи – сег­мент: финансирање, СИНТЕФ, ФИООМ, февруари ­март 2006; Унапредување на капиталното буџетирање наопштините во Република Македонија, MDW ­ USAID,ноември ­ декември 2005 и април ­ мај 2006, со опфат напретставници на 45 општини; Капитално буџетирање иимплементација на јавно­приватни партнерства воопштините, Business Environment Activity &MDW,USAID, јуни 2007.Низ неколку обуки спроведени во земјава и во стран­ство се стекнала со сертификати за стручно усовршу­вање:• 1994 (март – јули) – Обука за проценка на прет­пријатија со општествен капитал, спроведена одАгенцијата за приватизација на Република Маке­донија и Price Waters & Coopers. По успешнозавршениот испит се стекнала со звањето овлас­тен проценител со општо овластување за процен­ка на капиталот на претпријатија со општественкапитал;• 2003 – Обука за обучувачи за локален економскиразвој, спроведена во Бон, Франкфурт и Дрезден,во организација на INWENT, Германија, каде штосе стекнала со лиценца за обучувач за локаленекономски развој;• 2009 – Обука за корпоративен кредитен рејтинг,спроведена во седиштето на Агенцијата за креди­тен рејтинг Moody’s во Лондон, Велика Британи­ја, каде што се стекнала со сертификат за анали­тичар за корпоративен кредитен рејтинг.

Page 30: Univerzitetski vesnik br. 106

30 универзитетски весник - број 106

Големите и брзи политички, општествени и еко­номски промени во Европа и светот предизвикаа дра­матични промени во европскиот, но и во светскитенаучноистражувачки пристапи и високообразовнисодржини. Интензивните процеси на глобализација,брзиот техничко­технолошки развој, постојната екс­панзија во високото образование и кризата во финан­сирањето се неколку од позначајните фактори коипредизвикуваат промени во стратешкиот пристап нанаучните и високобразовните институции. Паралел­но со глобалните промени, Република Македонија сесоочува и со сложени транзициски и реформскипроцеси кои ја погодуваат националната економија исе одразуваат на позицијата на образованието инауката.Во рамките на системот на наука и високо образо­вание во Република Македонија, Економскиот инсти­тут е веќе позициониран како самостојна и истакнатанаучноистражувачка институција од областа на еко­номските науки. Во речеси шестдеценискиот развојна Економскиот институт создаден е богат наученопус, од научни, стручни и апликативни трудови,оспособувани се и усовршувани научноистражувачкикадри, создавана е научноистражувачка инфраструк­тура, се одржува издавачката дејност и се образувааткадри во напредните степени на високотообразование што во овој долг временскипериод го етаблираат Економскиотинститут како значаен фактор за развој наекономската мисла во државата и нејзинаимплементација во реалниот сектор.Повеќе од една декада на напорна рабо­та со својот интелектуален потенцијал, Ин­ститутот го усовршува и образовниот про­цес во вториот циклус на студии создавајќинајприкладен спој од искуството на науч­ноистражувачкиот кадар, стекнато низбројните научноистражувачки и аплика­тивни проекти, со современите теоретскидостигнувања во областа на економскатамисла и тоа искуство им го пренесува настудентите кои го унапредуваат своетообразование и знаење низ вториот циклусна студии. Поради тоа, напорите во перио­дот што следува ќе бидат насочени конпонатамошно јакнење на единството нанаучноистражувачката работа и наставно­образовните активности со цел да се обез­беди референтен корпус на знаења и веш­тини потребни за развој на нашето оп­штество.Мисијата на Економскиот институт eпроактивен однос кон промените и актив­но учество во креирање ставови и мислењаза бројни економски и воопшто, за акту­

елни општествени прашања, како и пер­манентно усовршување на студискитепрограми и образовните практики со целунапредување на знаењата и вештинитена студентите. Ваквата мисија ќе се засно­ва на понатамошна посветеност наистражувањата од областа на економски­от развој и нивна успешна имплемента­ција во образовниот процес на студиитена вториот и третиот циклус на студии, како и нивнапримена во апликативните истражувања.Имајќи ги предвид постојните полиња на актив­ност, развојната стратегија на Економскиот институтќе се темели на јакнење на двата столба: научноис­тражувачката и образовната активност, во рамкитена интегрираниот Универзитет „Св. Kирил и Мето­диј“.

НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКАДЕЈНОСТПроблемот кој веќе подолг период ја тишти нау­ката во Република Македонија е нејзината марги­нална улога во општеството. Динамичката интерак­ција во триаголникот наука – држава ­ јавност не евоспоставена во вистинска смисла. Денес наукатастанува глобален процес, од кој се очекува да намет­не позначајни промени на местото и улогата на нау­ката во Република Македонија, односно нејзино по­местување од позиција на маргинален статус воопштеството во позиција на нејзино активно учествово сите општествени текови, а консеквентно и зголе­мување на нејзината улога, значење и влијание восите сегменти. Во услови на сė поинтензивна глоба­лизација, поединецот не е повеќе во можност да гоконтролира севкупното знаење дури ни во своето

Проф. д­р Биљана Ангелова,директор на Економскиот институтПРЕДЛОГ­ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НАЕКОНОМСКИОТ ИНСТИТУТ ВО СКОПЈЕ

Page 31: Univerzitetski vesnik br. 106

31универзитетски весник - број 106

подрачје на дејствување, па затоа и научноистражу­вачките кадри ќе мораат да работат умрежено. Пора­ди тоа, една од клучните парадигми на општествататемелени на знаење е создавање на научноистражу­вачки мрежи и нивен развој со помош на информа­циско­комуникациски технологии, кои овозможуваатконцентрација и комбинација на напорите на истра­жувачите за решавање на проблемите и продукцијана знаење. Таквите „заедници“ се главни носители напромените во „општествата на знаење“. Тие наметну­ваат разработка на нови организациони модели, но ипроцеси на донесување на одлуки и развој на полити­ки.Во четвртиот извештај на ЕУ заМакедонија, нагла­сено е дека во областа на политиката за истражувањее постигнат одреден напредок, но сепак и во 2009година не се решени проблемите во врска со бавнатаимплементација на Националната стратегија заистражување, малиот буџет за истражување, недос­тигот на финансии за истражувачките установи,слабите врски меѓу научноистражувачките институ­ции и бизнисот, како и слабиот административенкапацитет, што во целина го забавува развојот наистражувачките капацитети во земјава.Научноистражувачката дејност е речесишест деце­нии основна дејност на Економскиот институт, која ипокрај ограничените буџетски извори мора да сеодржува и во иднина. Научните, стручните и аплика­тивните истражувања и во иднина треба да претставу­ваат еден од двата клучни столба на кои се градипостојната, но и идната развојна стратегија наИнстит­утот, а која треба да се зајакнува и преку врските собизнис­секторот. Научноистражувачката активностќе продолжи да се развива и во иднина, но возначајно променетите институционални, легислатив­ни и пазарни услови. Развојот на научноистражувач­ката дејност во Република Македонија со приличноограничена буџетска поддршка се одвива во крајнонеповолни услови, што подразбира супстандардниуслови во поглед на материјалните и финансискитересурси, трансферот на современи истражувачкизнаења и вештини (набавка на софтверски алатки иотежнат пристап до меѓународни бази на податоци иелектронски изданија) и намален број на нови врабо­тувања. Ваквата долгогодишна, неизвесна и тешкасостојба ги доведуваше во прашање одржливоста иперспективите на Институтот и значајно ја намалинеговата конкурентност дури и во локални размери.Ваквите промени во непосредното, но и во пошироко­то опкружување претпоставуваат нови приспособу­вања и нови начини на стабилно позиционирање наЕкономскиот институт како проеминентна научноис­тражувачка институција во полето на економскатамисла во земјава. Во таа насока ќе се настојува да сепоттикнат активности во насока на:• подобрување на квалитетот на проектните апли­кации и поинтензивно вклучување на Економски­от институт во проектите на Министерството заобразование и наука;• вклучување во меѓународни мрежи на соработкаи работа на меѓународни проекти;• учество во меѓународни конзорциуми за проект­на соработка на ФП­7, за кој веќе е потврденоучество на конзорциумот за компаративно истра­жување на тема „Comparative analysis of factormarkets for agriculture”, за кој очекуваме скоро

потпишување на договор меѓу Европската коми­сија и Универзитетот од Лувен, Белгија и партне­рите на проектот;• обезбедување на средства за поголема вклуче­ност на кадрите на Економскиот институт заучество на меѓународни конференции,семинари, работилници и други настани на коиќе можат да ги презентираат сопственитеистражувања, но и да отворат нови перспективии да развијат можности за нови соработки наИнститутот со други истражувачки центри восветот;• изнаоѓање на можности за нови извори на сред­ства за подобрување на квалитетот на научноис­тражувачката инфраструктура, прекувклучување на меѓународни проекти (ТEMPUS,ERASMUS MUNDUS), обезбедување донации иработа на други апликативни проекти;• зајакнување на соработката со министерствата восмисла на применети истражувања за нивни по­треби;• организирање на научни собири, конференции итематски форуми преку кои ќе се промовираатнаучноистражувачките капацитети на Институ­тот и ќе се афирмираат нашите истражувачкикадри;• зајакнување на капацитетите на научноистражу­вачкиот сектор преку обезбедување на вработу­вање на млади кадри и вложување во нивниотразвој;• отворање и обновување на соработката со другислични институции во регионот и пошироко;• вложувања во подобрување на истражувачкитетехнологии;• развивање и јакнење на соработката на аплик­тивни проекти со јавниот и приватниот сектор;• следење и грижа за кариерниот развој на истра­жувачите преку организирање на третиот циклусна образование ­ докторските студии;• развој на експертиза и специјализација во воде­ње на проекти.Посебна заложба ќе претставува вложувањето нанапори за примена на Европската повелба за истра­жувачи и регрутација на научноистражувачки кадри,која ги третира прашањата на професионализам,мобилност, континуиран професионален развој какои други значајни прашања. Посебно ќе се настојувада се зголемат напорите за директно вклучување војавниот живот. Како дел од нашата општественаодговорност, оваа активност ќе биде насочена конзапознавање на јавноста со резултатите од истражу­вачките активности на разбирлив и јасен начин.Непосредното вклучување во јавноста истовременоќе им помогне на истражувачите подобро да гиразберат интересите и приоритетите на јавноста закои се очекува придонес во науката.

НАСТАВНО­ОБРАЗОВНАДЕЈНОСТРазвојот на наставно­образовната дејност енесомнено другиот „столб“ на кој и во иднина морада се потпира натамошниот развој на Економскиотинститут. Токму оваа дејност, која започнувајќи од1999 до денес е во постојан подем, овозможи свое­

Page 32: Univerzitetski vesnik br. 106

32 универзитетски весник - број 106

видна афирмација на знаењата и вештините стекнатиниз истражувачката и апликативната работа прекунивно инкорпорирање во образовниот процес.Современите, развиени општествени системи, т.н.„општества на знаење“, креираат нови парадигми.Тие ја менуваат положбата на истражувачите, универ­зитетите, истражувачките центри, граѓанското оп­штество и системите на управување. Развојот на оп­штествата темелени на знаење поттикнува драмати­чен пораст на продуктивноста и употреба на знаење­то. Тоа се рефлектира во сите стопански и други оп­штествени сектори. Затоа едно од клучните прашањакои се отвораат пред научните и образовните инсти­туции е како да се создаде ново знаење и како да сеобезбеди дисеминација на знаењето во насока наурамнотежен развој на општествената заедница истопанството.За да се соочат со таквите предизвици, граѓанитемораат да учат како да учат бидејќи имаат непосре­ден пристап до голем дел на знаењето кое го продуци­ра научната заедница. Денес е доволно да се отвори

некој интернет­пребарувач и да се запишат клучнитезборови. Од тие причини е многу поважно студентитеда стекнат како општи (генерички) вештини на учењеи истражување, способности за вклучување и антици­пирање на промените така и да се стекнат со специ­фични знаења и да се оспособат за спроведување наспецифични истражувања. Таквите вештини и компе­тенции треба да се развиваат на сите нивоа на обра­зование вклучувајќи ги и вториот и третиот циклусна високо образование.Организирањето на постдипломските студии наЕкономскиот институт логично произлезе како следна богатиот научноистражувачки опус кој е создаванво речеси шестдеценискиот период од кадрите наЕкономскиот институт и бројните научни и стручнисоработници со кои Институтот соработувал низ едендолг период на своето постоење. Низ повеќе од еднадекада на напорна работа на развој и подобрување напостдипломските студии, Институтот постојано гоусовршува образовниот процес и прави напори завоведување на практики кои претставуваат најприкла­ден спој од искуството стекнато низ бројните научно­истражувачки и апликативни проекти со совре­мените теоретски достигнувања во областа на економ­ската мисла. И во периодот што следува ќе се насто­јува да се продолжи со посветеноста во развојот настудиите од втор циклус, како и воведување на трет

циклус ­ докторски студии, низ кој ќе се рефор­мираат и приспособат постојните искуства во реали­зацијата на постапките и истражувањата за стекну­вање на научен степен – доктор на економски науки.Имајќи го предвид искуството на кадрите на Еко­номскиот институт во научноистражувачката сфера,како и во досегашната имплементација на постдип­ломските студии и спроведување на постапки иистражувања за докторирање, сметам дека е неопход­но да се направат заложби за обезбедување на првиотциклус на студии со кои ќе се обезбеди континуитетво образовниот процес и, секако, поизвесна одржли­вост на студиите од втор и трет циклус. За постигну­вање на вака поставените цели, потребно е да се пре­земаат следниве активности:• перманентна работа на усовршување на постој­ните образовни практики и понатамошно инте­грирање на научноистражувачкото искуство,знаења и вештини во образовниот процес;• организирање на прв циклус на студии какозаеднички интердисциплинарни студии со другиединици во рамките на интегрираниотУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“;• организирање на студии од прв и вторциклус во рамки на заеднички сту­диски програми кои ќе се развијат врзоснова на меѓународна соработка содруги високообразовни или научниинституции;• воведување, акредитација и развој нанови студиски програми во вториотциклус на студии, и тоа приспособенина потребите на студентите кои завр­шиле тригодишно, односно четириго­дишно високо образование;• воведување и развој на специјалис­тички студии;• воведување, акредитација и развој назаеднички студии на втор циклус содругите единици во рамките на инте­грираниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“;• воведување, развој и акредитација на студискапрограма за третиот циклус на студии од областана економијата и организационите науки.За континуирано подобрување на квалитетот наобразовниот процес во целина, потребно е да се вове­дат современи практики на следење, евалуација ипроверка на наставните активности преку:• континуирана евалуација од страна на студенти­те, и тоа како на наставните практики, така и насамите наставници, како и на останатите условиво кои се спроведува наставниот процес;• преземање на корективни активности во ониеделови на наставниот процес кои ќе се иденти­фикуваат како „слаби карики“ на системот;• перманентно обновување и осовременување набиблиотечниот фонд;• фокус на подобрување на истражувачките, ана­литичките и комуникациските вештини на сту­дентите;• организирање на предавања и „клиничка наста­ва“ за студентите од страна на истакнати експер­ти од јавниот и/или приватниот сектор, од земја­ва и од странство;• обезбедување на можности за следење на семи­нари, обуки и работилници организирани над­вор од редовниот наставен план;

Page 33: Univerzitetski vesnik br. 106

33универзитетски весник - број 106

• обезбедување на електронски пристап до литера­тура, научни истражувања, објавени научни истручни трудови на интернет­портали кои обезбе­дуваат пристап до истражувања од областа наопштествените науки;• креирање на прирачници за подготовка на семи­нарски трудови, упатства за содржината на маги­стерските и докторските пријави и постапка наподготовка на магистерски и докторски трудови;• креирање на прирачник за начините на студира­ње и регулирање на правата и обврските на сту­дентите кои се запишале на Економскиот инсти­тут;• понатамошно подобрување на веб­порталот наЕкономскиот институт, која треба да обезбедипоголема и посеопфатна информираност на сту­дентите и на сите оние што се заинтересирани заусовршување и продолжување на своето образо­вание на Економскиот институт;• имплементација на електронски систем на адми­нистрирање на процедурите за пријавување иевиденција на испити, семинарски, упис на семес­три, како и воведување на „електронски индекс“,со помош и поддршка на Универзитетот.Економскиот институт веќе започна со активностиза подготовка на докторските студии согласно соизмените на Законот за високото образование иСтатутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.Овие заложби мора да продолжат и во блиска иднинаво насока на унифицирање на пристапот на орга­низирање на студиските програми од трет циклус ворамките на интегрираниот пристап, согласно со Пра­вилникот за организирање на докторски студии. Вотаа насока од големо значење е користењето на екс­пертизата која ја обезбедува Универзитетот, прекунепосредната соработка со службите на Ректоратот.Во таа насока, Економскиот институт ќе треба несамо да ги доразвие постојните студиски програми одвториот циклус, туку и да воведе нови студискимодули (потпрограми) во рамките на третиот циклус­ докторски студии. Низ докторските студии кои сеспроведуваат во третиот циклус на високото образо­вание, студентите ќе треба да совладаат вештини надобро организирано научно истражување, но и да сестекнат со општи компетенции кои се потребни запримена на научни вештини во јавниот и приватниотсектор. Сметам дека во оваа насока ќе мора да сепродлабочи соработката со Економскиот факултет исо други единици на Универзитетот, преку користењена заедничките искуства и креирање на заедничкимодули или меѓусебно инкорпорирање на кадрите вонаставните процеси на третиот циклус на студии надвете институции. На овој начин, преку отворена со­работка со другите единици на Универзитетот, придо­несуваме за унапредување на квалитетот на интегра­тивните процеси и зајакнување на постојните пози­ции на најстар и најреномиран универзитет во Репуб­лика Македонија.

СТУДЕНТИТЕ КАКОПАРТНЕРИВОФОКУСОТ НА ОБРАЗОВНИОТПРОЦЕСУсилбите на персоналот, а посебно на академски­от персонал на Економскиот институт ќе бидат и воиднина насочени кон посветеноста, грижата и одго­

ворниот однос кон студентите. Согласно со Болоњ­ската декларација, студентите го добиваат централ­ното место и претставуваат партнери во образовниотпроцес. Ваквиот статус им овозможува да бидат оце­нувачи на образовните практики и двигатели на ини­цијативи за промени кои водат кон негово подоб­рување. Во основа на заложбите за наредниот периодќе биде образование во чиј центар се наоѓа студентот,онака како што е тоа определено во Болоњската де­кларација. Пристапи кои ќе обезбедат современиприоди во „предавањето и учењето, ефикасни струк­тури за поддршка и раководење, како и студискипрограми кои своето внимание ќе го фокусираат настудентот во сите три циклуси на студии“. Натамош­ното моделирање на студиските програми во насокана нивно подобрување, усогласувањето со меѓународ­ните трендови во високото образование и приспосо­бувањето на потребите на пазарот на трудот во Ре­публика Македонија, како и перманентното подобру­вање на квалитетот на предавањата, ќе претставуваатчекори во насока на обезбедување на повисок квали­тет во областа на образованието.Со цел да се обезбеди улогата на студентите какоодговорни субјекти и двигатели на развојот во висо­кото образование, ќе се настојува да се воведат меха­низми кои овозможуваат:• следење на потребите на студентите;• создавање на услови за мобилност на студентите,согласно со ЕКТС­режимот на студирање;• учество на студентите во научноистражувачкатаработа;• професионален развој преку обезбедување нанивно учество на конференции, семинари иработилници;• следење на кариерите на постдипломците –ALUMNI­групи;• подобрена информираност и транспарентност засите сегменти на образовниот процес (наставнипрограми, режими на студии, финансиски аспек­ти);• поттикнување на објава на научни трудови восписанието кое го издава Економскиот институт.Во насока на обезбедување на квалитет вообразовниот процес ќе се преземат мерки заиновирање и подобрување на студиските програмипреку инкорпорирање на научните достигнувања исознанијата стекнати од истражувањата. Ова ќе ниовозможи постигнување на една од задачитепоставени во мисијата на Институтот а тоа езголемување на бројот на лицата со компетенции воистражувањето.

ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТИздавачката дејност на Институтот ќе продолжида се развива и во иднина. Издавањето на научнисписанија, стручни книги, учебници, зборници натрудови од одржаните научни собири, конференциии други јавни форуми се дел од начелата наопштествената одговорност, кои се спроведуваатпреку дисеминација на научните сознанија војавноста.• Научното списание „Економски развој“ ќе про­должи да се издава и во иднина, со настојувањеза порамномерна динамика од досегашната и

Page 34: Univerzitetski vesnik br. 106

34 универзитетски весник - број 106

можност за објавување на научни статии од наши­те постдипломци, докторанди и соработници одземјава и од странство.• Ќе се настојува списанието „Економски развој“ дапрерасне во меѓународно списание.

• Издавачката дејност ќе настојувам да се проши­ри преку квартално или семестрално издавањена Извештај за макроекономските движења воземјава. Овој Извештај, врз основа на анализа настатистичката база на Министерството за финан­сии, НБРМ, РЗС, како и други релевантни инсти­туции, ќе претставува сублимат на макроеконом­ските движења, како и стручен приод кон иденти­фикација на факторите, оцена на постојните иидните макро и микроекономски состојби во зем­јава.• Имајќи ги предвид современите технолошки икомуникациски достигнувања ќе се настојува из­давачката дејност да претрпи промени и во на­сока на т.н. „отворен пристап“, односно објавува­ње на електронска верзија на нашите изданија,со што пристапноста на сознанијата од истражу­вањата на Институтот ќе станат поблиски докорисниците, а истовремено ќе ги промовирамесопствените истражувачки капацитети.

КАДРОВСКА ПОЛИТИКАИИНВЕСТИЦИИВложувањата во човечки ресурси за научна инсти­туција се приоритетна инвестиција. Јакнењето на

капацитетите на научниот персонал ќе претставуваедна од приоритетните активности во наредниот пе­риод. Во таа насока ќе се настојува да се подобри кад­ровската структура во научниот сектор преку врабо­тување на млади кадри (асистенти), со што ќе сезатвори една празнина која е создадена низ повеќе­годишен период на апстиненција во прием на новикадри. Секако дека за ваквата политика ќе се бараатсогласности од Универзитетот „Св. Кирил и Мето­диј“, Министерството за образование и наука и Ми­нистерството за финансии.За вработените научни кадри ќе се поддржуваатиницијативи за континуирано унапредување на нив­ните знаења и вештини преку обуки, студиски пре­стои и друг вид на усовршување во земјава и востранство.Иницијативите за инвестиции во материјални ре­сурси главно ќе бидат насочени на следниве полиња:• започнување на иницијативи за проширување напросторните капацитети на Институтот прекусогласност која, преку Универзитетот, ќе се бараод Министерството за образование и наука соцел да се изнајде решение за проширување и по­добрување на просторот во кој се врши научно­истражувачката и наставно­образовната дејносткоја е во постојан подем;• инвестиции во опрема за научни истражувања(економетриски софтвери од типот на STATA иE­Views);• инвестиции во опрема и нагледни средства заподобрување на квалитетот на наставно­образов­ниот процес;• инвестиции во современа литература и перио­дични стручни и научни списанија, зборници идруга литература во насока на збогатување набиблиотечниот фонд.

Економскиот институт е најстарата научноистра­жувачка институција во областа на економските нау­ки во земјава, со речеси шестдецениско постоење, пазатоа да се извршува функцијата директор на овааинституција претставува чест и одговорност. Да севоди ваква институција во понатамошен и контину­иран развој, кој низ сите овие години минувал и низпериоди на неизвесности и проблеми бара одговор­ност, професионален однос, посветеност и напорнаработа. Спремна сум да ја прифатам ваквата одговор­ност пред целиот колектив, но и пред сите оние штосо својата работа и посветеност ја изградиле денеш­нава позиција на Институтот.Реализацијата на оваа Предлог­програма, саматапо себе не може да се оствари доколку не биде поддр­жана од колективот и доколку во нејзината реализа­ција не бидат вклучени сите вработени во Институ­тот. Ја изразувам и својата подготвеност за разгледу­вање и прифаќање и на други идеи и иницијативикои водат кон развој и афирмација на нашиот Инсти­тут. Посебно сакам да ги истакнам своите заложби запримена на принципи на работа кои ќе водат конподобра соработка, меѓусебно разбирање и довербаво колективот, како што се одговорноста, професио­нализмот, транспарентноста, отчетноста и доследна­та примена на етичките принципи во однесувањето.

* * *

Page 35: Univerzitetski vesnik br. 106

35универзитетски весник - број 106

9­та самостојна изложба на проф. Жарко БашескиВВООННВВРРЕЕММЕЕННССККОО ИИ

ЕЕДДИИННССТТВВЕЕННОО ССИИЛЛИИККООННССККОО

ООББЛЛИИККУУВВААЊЊЕЕ ННАА ЧЧООВВЕЕККООТТ

Жарко Башески, редовен професор на Ка­тедрата за вајарство при Факултетот за ли­ковни уметности на Универзитетот „Св. Ки­рил и Методиј“ во Скопје, од 20 април до 5мај 2010 година во Културно­информатив­ниот центар во Скопје, ни приреди несекој­дневно задоволство. Изложба, која не сумсигурен дека може да се нарече изложба, ауште потешко дека тоа може да се опише сонеколку зборови. Сепак, ако би бирале збо­рови, ова доживување може да се нарече –невообичаено, досега невидено на овие прос­тори, вонвременско. Можеби, последното бибило најточно, затоа што темата којаштоавторот ја избрал е вечната тема – човекот.Без оглед на тоа дали тој homo sapiens ечовекот кој излегува од земја (со којаштоисконски е поврзан) или замислениот лик наФилип II (од кој зрачи храброст, но и маке­донска благост), или пак автоскулптурата наавторот (која човек длабоко го замислува, докаде сè може да оди уметничката креација),оваа несекојдневна поставка си поигра со се­тилата на бројната публика, вчудоневиденаод реалистичниот третман на делата на авто­рот.

Изработени од специјален силикон, сонајситни детали кои до перфекција го при­кажуваат човековото тело, скулптурите напроф. Башески се новитет на нашите прос­тори. Во својата креација тој не се запира натрите димензии на скулптурата, водејќи сесамо од естетските и уметничките каракте­ристики. Неговите скулптури се реалистич­ни по својот приод, без интенција да гоидеализираат телото и да ја игнорираатреалноста и суровоста на природата. Напро­тив, пронаоѓајќи ја убавината на постоењетои енергијата на животот, ослободена одтрагањето по физичката совршеност, скулп­турите на Башески зрачат со силен емоти­вен и психолошки набој. Истовремено, иакопостои суптилна поврзаност на скулптуритесо времето и приликите во кои ликовитеегзистираат, на сите нив без оглед на нив­ната големина во просторот, авторот им далживот и душа, со што човекот го сместил воцентарот на постојаната егзистенцијалнаборба.Затоа, скулптурите на проф. Башески,изработени со врвен хиперреализам, сескулптури што можат еднаш да се видат, носе гледаат и доживуваат постојано, затоашто тие со својата фасцинантност се вса­дуваат длабоко во душата и паметењето.

Пишува: Проф. д­р Велимир Стојковски

Page 36: Univerzitetski vesnik br. 106

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“бул. Крсте Мисирков б.б., 1 000 Скопје, Македонија

: +389 2 3 293 293 : +389 2 3 293 202

: [email protected] : www.ukim.edu.mk