univerzitetski vesnik br. 89-90

40
univerzitetski vesnik Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 89-90, ноември-декември 2008 ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО СТОПАНСКАТА КОМОРА Н а 1 декември о.г., Универзитетот „Св. Ки- рил и Методиј“ во Скопје потпиша Мемо- рандум за соработка со Стопанската комора на Македонија со цел меѓусебна соработка за потребите на високообразовната дејност и сто- панството. Од името на двете институции Мемо- рандумот го потпишаа ректорот на Универзите- тот проф. д-р Велимир Стојковски и претседате- лот на Стопанската комора г. Бранко Азески. Ц еремонијата на потпишувањето на Мемо- рандумот се одржа на Универзитетот, а на неа присуствуваше претседателот на Владата на Република Македонија м-р Никола Груевски, кој со своето поздравно обраќање ја изрази без- резервната поддршка на Македонската влада на оваа иницијатива во насока на развој и прос- перитет на државата. Н а свеченото потпишување на Меморан- думот присуствуваа министерот за образо- вание и наука г. Перо Стојановски, претсе- дателот на Универзитетскиот сенат проф. д-р Гордана Богоева-Гацева, проректорите и гене- ралниот секретар на УКИМ, деканите на факул- тетите, директорите на научните институти, заменик-претседателот на Универзитетскиот сенат проф. д-р Сашо Јосимовски, претседате- лот на Студентскиот парламент г. Самоил Мал- чески, претседателите на факултетските сту- дентски сојузи, други членови на академската заедница и студенти. Исто така, на церемони- јата бројно беше и присуството на еминентни претставници на македонската бизнис заед- ница. И мплементацијата на соработката дефини- рана во овој Меморандум ќе овозможи квалитетна и современа реализација на прак- тичната настава на студентите на УКИМ во согласност со најновите законски прописи, која значително ќе го подобри квалитетот на обра- зовниот процес и ќе го усогласи со потребите на стопанството, а истовремено ќе придонесе во процесот на развој на пазарот на работната сила во Република Македонија.

Upload: goce-gjorgjijoski

Post on 13-Mar-2016

272 views

Category:

Documents


12 download

DESCRIPTION

Универзитетски весник број 89-90, издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

TRANSCRIPT

Page 1: Univerzitetski vesnik br. 89-90

univerzitetskivesnik

Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 89-90, ноември-декември 2008

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО СТОПАНСКАТА КОМОРА

Н а 1 декември о.г., Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ во Скопје потпиша Мемо-

рандум за соработка со Стопанската комора на Македонија со цел меѓусебна соработка за потребите на високообразовната дејност и сто-панството. Од името на двете институции Мемо-рандумот го потпишаа ректорот на Универзите-тот проф. д-р Велимир Стојковски и претседате-лот на Стопанската комора г. Бранко Азески.

Ц еремонијата на потпишувањето на Мемо-рандумот се одржа на Универзитетот, а на

неа присуствуваше претседателот на Владата на Република Македонија м-р Никола Груевски, кој со своето поздравно обраќање ја изрази без-резервната поддршка на Македонската влада на оваа иницијатива во насока на развој и прос-перитет на државата.

Н а свеченото потпишување на Меморан-думот присуствуваа министерот за образо-

вание и наука г. Перо Стојановски, претсе-дателот на Универзитетскиот сенат проф. д-р Гордана Богоева-Гацева, проректорите и гене-

ралниот секретар на УКИМ, деканите на факул-тетите, директорите на научните институти, заменик-претседателот на Универзитетскиот сенат проф. д-р Сашо Јосимовски, претседате-лот на Студентскиот парламент г. Самоил Мал-чески, претседателите на факултетските сту-дентски сојузи, други членови на академската заедница и студенти. Исто така, на церемони-јата бројно беше и присуството на еминентни

претставници на македонската бизнис заед-ница.

И мплементацијата на соработката дефини-рана во овој Меморандум ќе овозможи

квалитетна и современа реализација на прак-тичната настава на студентите на УКИМ во согласност со најновите законски прописи, која значително ќе го подобри квалитетот на обра-зовниот процес и ќе го усогласи со потребите на стопанството, а истовремено ќе придонесе во процесот на развој на пазарот на работната сила во Република Македонија.

Page 2: Univerzitetski vesnik br. 89-90

2

универзитетски

весник

Главен и одговорен уредникД-р Велимир Стојковски

Заменик главен и одговорен уредникМ-р Илија Пиперкоски

Постојани соработници Костадина Мокрова Биљана Фотиновска М-р Марија Ценевска Томислав БашевскиЛектор Весна И. ЦветановскаТехничко уредување Горан Муратовски

.............................1• текст на меморандумот

• проф. д-р Филип Џенти• проф. д-р Мирољуб Стојановиќ

• проф. д-р Елена Думова-Јованоска• проф. д-р Коле Василевски• доц. д-р Пеце Недановски• проф. д-р Моме Спасовски

• Факултетот за ветеринарна медицина

• Факултетот за електротехника и информациски техологии

• Градежниот факултет• Природно-математичкиот

факултет• Факултетот за музичка уметност

• Македонски студентски игри - '08• Започнаа државните

универзитетски лиги

..................10

..........................10

..........11

......18...17

...20

..............3

......21

...23

...................................34..37

С танува сè појасно и очигледно дека 21 век е вре-ме на интелектуална конкурентност. Заради

тоа, како доминантен национален интерес пред се-која земја се поставуваат две барања: продукција на „умови“ и создавање услови тие умови да се задр-жат и да се искористи нивниот потенцијал. Тие барања постепено, но сè повеќе видливо, прерасну-ваат во вистинска војна - војна за умови. Создава-њето нови кадри, или како што уште се нарекува „интелектуален капитал“, е незаменлив услов за општ развој, почнувајќи од економскиот до култур-ниот и демократскиот или обратно, сеедно – истак-на во своето обраќање претседателот на Стопанската комора г. Бранко Азески.

Р екторот проф. д-р Велимир Стојковски, пак, ис-такна дека потпишувањето на Меморандумот за

соработка меѓу УКИМ и Стопанската комора е резул-тат на подолготрајна соработка, особено интензивира-на во последните две години со подготовките за отво-рањето на ЕИИЦМ. Нецела година од неговото отво-рање, во координација на Универзитетот, а со под-дршка на Европската комисија и Владата на Р. Македонија, може да се констатира дека знаеме, мо-жеме и умееме да се вклучиме во европскиот и свет-скиот пазар на трудот и знаењето и дека Македонија, како прва земја од Западен Балкан во кој Европската комисија отвори ваков центар, ги оправдува очеку-вањата.

У ниверзитетот е длабоко навлезен во ре-формите согласно со болоњските про-

цеси и барањата на пазарот. Истовремено, трансформацијата на научноистражувач-ката дејност е резултат на брзиот развој на новите технологии, што ја наметнува потребата од интердисциплинарен и мул-тидисциплинарен пристап во поврзувањето и соработката меѓу Универзитетот и сто-панството. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како најзначаен дел на целокупниот образовен систем во Републи-ката, како витален центар за создавање ви-сококвалитетни стручни кадри, целосно ги задоволува високите стандарди за нивното вклучување во пазарот на трудот. Напредо-кот на образованието и науката, Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј“ го следи со воведување и развој на нови академски дисци-плини и нивна адаптација спрема современи-те трендови. Истовремено, ние сме отворе-ни, заедно со стопанството, претпријати-јата, банките, индустријата, да работиме на креирање квалитетни програми со повеќе практична настава и да едуцираме кадри кои ќе можеме побрзо и поуспешно да ги ста-виме во функција на развојот на нашата држава – продолжи во својата пригодна реч ректо-рот проф. д-р Велимир Стојковски.

...............................4

.................5......8

....12...............13

................14...............15

...............................20

..........................................21..............................22

.........................................23

....................................23

...............26..................31

...39

...................40

........19

Page 3: Univerzitetski vesnik br. 89-90

3

1. Цел на Меморандумот за соработка

Овој Меморандум се склучува помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и Стопанската комора на Македонија со цел меѓусебна соработка за потребите на високообразовната дејност и стопанството.

2. Рамки на работа• Стопанската комора на Македонија се согласи да овозможи реализација на студентска практика за

студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во службите на Стопанската комора на Македонија во Скопје и во регионалните канцеларии во Кочани, Прилеп, Битола и Гостивар, како и во компании - членки на Стопанската комора на Македонија.

• Реализацијата на студентската практика во компанија - член на Стопанската комора на Македонија ќе се регулира со договор склучен во писмена форма меѓу Стопанската комора на Македонија и компанијата - член на Комората.

• Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и Стопанската комора на Македонија редовно ќе се информираат за напредокот на студентската практика врз основа на евалуацијата што ќе ја врши Стопанската комора на Македонија на студентската практика остварена во службите на Стопанската комора на Македонија, односно во компаниите - членки на Стопанската комора на Македонија.

• Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и Стопанската комора на Македонија се согласни, врз основа на наодите од евалуацијата, да предложат преземање соодветни мерки и активности.

• Стопанската комора на Македонија се согласи, еднаш годишно, да организира заеднички средби на фирмите - членки на Комората со најдобрите студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.

• Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и Стопанската комора на Македонија ќе соработуваат во рамките на планирањето, утврдувањето и развојот на потребниот високообразовен кадар за стопанството.

• Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и Стопанската комора на Македонија ќе соработуваат во организирање континуирано образование преку обуки и семинари за стекнување нови знаења и проширување на знаењата и стручноста на раководните кадри, како и на други стручни кадри.

• Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и Стопанската комора на Македонија ќе соработуваат во рамките на едукација и тренинг на претприемачи.

• Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и Стопанската комора на Македонија ќе организираат тренинг-програма посебно за законодавството на ЕУ, меѓународните стандарди, користењето на претпристапните фондови на ЕУ и сл.

3. Начин на соработка• За начинот на реализација на студентската практика, како и за другите работи, предмет на

соработка на овој Меморандум, договарачите меѓусебно ќе се договараат преку претставници од двете договорни страни.

Меморандумот е составен во 2 (два) еднакви примерока, по еден за секоја страна и влегува во сила со денот на потпишувањето.

УНИВЕРЗИТЕТ СТОПАНСКА КОМОРА „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” НА МАКЕДОНИЈА

Ректор ПретседателПроф. д-р Велимир Стојковски Бранко Азески

Склучен на 1.12. 2008, во СкопјеМеѓу:

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” - Скопје, претставуван од ректорот, проф. д-р Велимир Стојковски, иСТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА - Скопје, претставувана од претседателот, Бранко Азески.

Page 4: Univerzitetski vesnik br. 89-90

4

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и партнерство со УНИКА – Академска мрежа на главните градови на Европа, Ври–универзитетот во Бри-сел и Универзитетот во Виена, работи на ТЕМПУС ЈЕП-проектот Промовирање на модел за интегриран универзитет на државните универзитети во Ре-публика Македонија, кој е насочен кон спроведување реформа во универзитетското управување и финан-сирање, зајакнување за стратешко менаџирање и подобрување на централните универзитетски услуги.

За таа цел, на 12 и 13 ноември 2008 година, во Ректо-ратот на Универзитетот се одржа Семинар за размена на најдобри практики со учество на претставници од Универзитетот во Виена, Универзитетот во Брисел, Универзитетот во Љубљана и Универзитетот во Мари-бор. На Семинарот беа обработени следниви теми: докторски студии, улогата на факултетот во рамките на моделот на интегриран универзитет и форми на финансирање. На Семинарот учествуваа повеќе од 120 учесници, од кои 90 од факултетите и научните институ-ти при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и 30 учесници од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.

Семинарот беше отворен со презентација на тема: Промените во развојниот процес на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на ректорот, проф. д-р Велимир Стојковски. Во својата презентација ректорот даде краток осврт на структурата и организацијата на Универзитетот и истакна дел од тековните реформи за спроведување на новиот Закон за високото образование и целосното спроведување на болоњските реформи. Дел од презентацијата беше посветен на улогата на Универзитетот во економскиот развој на Р. Македонија, при што како еден од модалитетите на соработка во тоа поле беше истакнат Европскиот информативен и иновативен центар. Како заклучок на својот осврт, ректорот укажа на значајни промени како на универ-зитетско, така и на национално ниво во одговор на посочените пречки при спроведувањето на потребните промени на Универзитетот. Промените поврзани со нови-от Закон за високото образование во Р. Македонија ги презентираше м-р Снежана Билиќ–Сотировска од Министерството за образование и наука.

Потоа следуваше презентацијата на проректорот за настава, проф. д-р Елена Думова-Јованоска, на тема: Прогрес во Болоња–процесот, која го претстави текот на спроведувањето на болоњските реформи на Универзи-тетот и процесот на поврзување на високото образование со стопанството преку истражувањето. Проф. д-р Думова-Јованоска ги истакна спроведените постапки (2002 и 2008 г.) за самоевалуација и надворешна евалуација како дел од напорите за обезбедување на квалитет. Презентацијата беше заклучена со осврт на достапните програми за меѓународни студии и список на програми на ЕУ, стипендии и академски мрежи на Универзитетот.

На вториот ден од Семинарот, на панел–дискусијата на тема: „Докторски студии“, проректорот проф. д-р Коле Василевски го претстави Европскиот информати-вен и иновативен центар во Македонија – Enterprise Europe Network. Проф. д-р Василевски даде осврт на глав-

ните активности и цели, како и начинот на финанси-рање на Центарот, развојните и истражувачки секторски групи, дел од програмите, потенцирајќи го значењето на Центарот за економскиот развој на Македонија.

Проректорот за финансии, проф. д-р Пеце Неданов-ски, елаборираше на тема: Финансирање на високото образование во РМ – примерот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, претставувајќи ја теков-ната финансиска состојба на Универзитетот, како и одоб-рените финансиски средства од Буџетот на РМ. Тој се осврна кон новиот начин на финансирање на високото образование, согласно со новиот Закон за високото образование.

На панел–дискусијата за улогата на факултетите во рамките на моделот на интегриран универзитет, прорек-торот проф. д-р Моме Спасовски ги презентираше структурата, програмата и активностите на Југоисточна-та европска школа за магистерски и докторски студии по инженерство (СЕЕФОРМ), координирана од Градежниот факултет и Институтот за земјотресно инже-нерство и инженерска сеизмологија. Проф. д-р Спасов-ски, исто така, даде краток осврт на бројните висо-кообразовни институции од странство со кои соработува Школата, организираните предавања, семинари, добитниците на ДААД–стипендии од Македонија и соседните земји и стипендистите заминати на докторски студии во Германија.

Свој осврт за тековната состојба на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола при спроведувањето на болоњските принципи дадоа и ректорот, проф. д-р Златко Жоглев, со презентација на тема: Од фрагмен-тираност кон интегрираност: Патот на Универзите-тот „Св. Климент Охридски“ во Битола кон инте-гриран универзитет, и проректорот проф. д-р Сашо Атанасоски, на тема Креирање, имплементација и развој на интегриран универзитет на УКЛО - Битола. Приказ на докторските студии во рамките на болоњ-скиот процес при УКЛО даде проф. д-р Марика Башеска-Ѓорѓиеска од Економскиот факултет во Прилеп.

Проф. д-р Мелита Ковачевиќ, проректор за наука и технологија на Универзитетот во Загреб, даде приказ на состојбата на својот матичен универзитет и ја презен-тираше програмата на докторските студии. Искуствата од Универзитетот во Марибор ги презентираше ректорот, проф. д-р Иван Розман, кој ја претстави исто-ријата на Универзитетот, неговите единици и доктор-ските студии. На панел–дискусијата за докторски студии свој осврт имаше и директорот на Школата за докторски студии при Универзитетот во Љубљана, проф. Катја Бресквар, која ја претстави програмата и организацијата на овие студии.

Проф. д-р Артур Метингер, проректор на Универ-зитетот во Виена, ги презентираше искуствата при спроведувањето на болоњските принципи и моделот на интегриран универзитет на Универзитетот во Виена. На панел-дискусијата за докторски студии, тој, исто така, се осврна и на програмата за докторски студии што овој Универзитет ја нуди. Докторските студии при Ври-универзитетот во Брисел ги презентираше проректорот проф. д-р Розет Јегерс.

О Д Р Ж А Н С Е М И Н А Р З А Р А З М Е Н АН А Н А Ј Д О Б Р И П Р А К Т И К И

Page 5: Univerzitetski vesnik br. 89-90

5

IZVR[ENA PROMOCIJA NA PO^ESNI ZVAWA NA UNIVERZITETOT

ННаа 1144 ннооееммввррии 22000088 ггооддииннаа,, ввоо РРееккттооррааттоотт ннаа УУннииввееррззииттееттоотт „„ССвв.. ККиирриилл ии ММееттооддиијј““ ввоо ССккооппјјее,, ррееккттоорроотт ннаа УУннииввееррззииттееттоотт,, ппрроофф.. дд--рр ВВееллииммиирр ССттоојјккооввссккии,, ииззвврршшии ссввееччееннаа ппррооммооцциијјаа ии ббееаа ддоодде-е-ллееннии::

•• ззвваањњееттоо ппооччеессеенн ппррооффеессоорр ннаа ппррааввннии ннааууккии ннаа УУннииввееррззииттееттоотт „„ССвв.. ККиирриилл ии ММееттооддии јј““ ввоо ССккоопп јјее //pprrooffeessssoorr hhoonnoorriiss ccaauussaa//,, ннаа ппрроофф.. дд--рр ФФииллиипп ЏЏееннттии,, ппррооффеессоорр ннаа ККооллууммббии јјаа--ууннииввееррззииттееттоотт,, ССААДД,, ввоо ззннаакк ннаа ппррииззннааннииее ззаа ннеегго-о-ввииоотт ппррииддооннеесс ззаа ррааззввоо јјоотт ннаа ппррааввннооттоо ккллииннииччккоо ооббррааззооввааннииее ннаа ППррааввннииоотт ффааккууллттеетт ввоо ССккоопп јјее,, ззаа ннееггооввааттаа ппооммоошш ввоо ооффооррммуувваањњееттоо ккллииннииккаа ззаа ддаавва-а-њњее ппррааввннаа ппооммоошш ии ииззггооттввуувваањњееттоо ппррооффииллии ззаа ккллииннииччккии ппррооггррааммии ссппоорреедд ннооввииоотт ЕЕККТТСС,, ккааккоо ии ззаа ммоожжннооссттаа ггооллеемм ббрроо јј ссттууддееннттии ии ааддввооккааттии оодд РР.. ММа-а-ккееддооннии јјаа ддаа ууччеессттввуувваааатт ннаа ббрроо јјннии ккооннффееррееннццииии ии ррааббооттииллнниицции ннаа ККооллуум-м-ббии јјаа--ууннииввееррззииттееттоотт ввоо ССААДД..

•• ззвваањњееттоо ппооччеессеенн ппррооффеессоорр ннаа ффииллооллоошшккии ннааууккии ннаа УУннииввееррззииттееттоотт „„ССвв.. ККи-и-рриилл ии ММееттооддии јј““ ввоо ССккоопп јјее //pprrooffeessssoorr hhoonnoorriiss ccaauussaa//,, ннаа ппрроофф.. дд--рр ММиирроољљуубб ССттоо јјааннооввииќќ,, ппррооффеессоорр ннаа УУннииввееррззииттееттоотт ввоо ННиишш,, РРееппууббллииккаа ССррббии јјаа,, ввоо ззннаакк ннаа ппррииззннааннииее ззаа ннееггооввииоотт ппррииддооннеесс ввоо ааффииррммаацции јјааттаа ннаа ммааккееддоон-н-ссккааттаа ллииттееррааттуурраа ввоо ррааммккииттее ннаа ннееггооввииоотт ммааттииччеенн УУннииввееррззииттеетт ии ввоо РР.. ССр-р-ббии јјаа,, ззаа ннееггооввииоотт ппррииддооннеесс ввоо ооррггааннииззиирраањњееттоо ннаассттаавваа ппоо ммааккееддооннссккии јја-а-ззиикк ннаа ФФииллооззооффссккииоотт ффааккууллттеетт ннаа УУннииввееррззииттееттоотт ввоо ННиишш,, ккааккоо ии ззаа ббрроо ј-ј-ннииттее ннааууччннии ттррууддооввии,, ссттааттииии ии ккррииттииккии ппооссввееттееннии ннаа ммааккееддооннссккааттаа ллииттееррааттуурраа,, јјааззиикк ии ккууллттуурраа..

Почитуван ректоре, почитувани проректори, почитувани декани, почитувани професори, по-читувани гости, дами и господа,

Ми причинува особено задоволство, во името на Правниот факултет „Јустинијан Пр-ви“, во името на Комисијата која го подготви Рефератот за избор на проф. д-р Филип Џенти во professor honoris causa и во лично име да одржам промоторска реч во чест на проф. д-р Филип Џенти.

1. Д-р Филип Џенти докторирал право на Универзитетот „Њујорк“, во Њујорк, 1980 година.

2. Професорската кариера ја започнал на Бруклин, каде што предавал Legal Writing, Analysis and Research, како и права на затво-рениците, до 1989 година, кога преминува на престижниот Универзитет „Колумбија“, во Њу-јорк. Во 1993 година е избран за редовен про-фесор на Колумбија–универзитетот. Ги преда-ва клиничките предмети: клиничка програма за затвореници, клиничка програма за семеј-ството, Legal writing (правничко пишување),

Промоторска реч на проф. д-р Гордана Силјановска - Давкова, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“

Page 6: Univerzitetski vesnik br. 89-90

6

правна практика, права на затворениците, злоу-потреба и заштита на децата.

3. Автор и коавтор е на голем број научни и стручни трудови, објавени во престижни амери-кански научни списанија од областа на кли-ничкото образование, во кои ги обработува прашањата врзани за: правата на затворе-ниците; посвојувањето на деца од родители - затвореници и колатералната штета врз фами-лијата на затворените; заштитата на децата и ограничувањето и одземањето на родителските права во случај на злоупотреба.

4. Остварил студиски престој на Универ-зитетот „Ал Кудс“ и Хебрејскиот универзитет во Ерусалим. Предавал на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта и Лајден – Холан-дија. Бил воведничар и панелист на многу кон-ференции, семинари и работилници, одржани на врвни правни факултети, не само во САД, туку и низ светот. Бил консултант и едукатор во голем број проекти.

Со страст и посветеност, која и самата сум ја почувствувала, предава и обучува за: учењето низ искуство и практика; правничките вешти-ни (решавање проблеми, правна анализа и заклучување, правно истражување, истражува-ње на факти, комуницирање, советување, пре-говарање, водење спорови и постапка за алтер-нативно решавање на спорот, организирање и управување со правни работи, препознавање и решавање на етички дилеми); обезбедување на основните вредности на правничката професија (компетентно застапување, посветеност на прав-дата, честа и моралот; спремност за унапреду-вање на професијата, личен професионален развој).

5. Во матичната институција, но и поши-роко, има активен работен ангажман, вршејќи одговорни функции: директор на факултетот, директор на Клиниката за затвореници и

семејство, член на Сенатот на Колумбија–уни-верзитетот, член на Советот за образование, член на Одборот за јавна правна иницијатива, член на Адвокатската комора на државата Њујорк, член на Здружението за воспитување на државата Њујорк (Коалиција за жени – зат-воренички), член на Здружението на дирек-тори за Legal Writing; член на Здружението за правна клиничка едукација; член на Уреду-вачкиот одбор на Ревијата за човекови права - издание на Колумбија–универзитетот.

6. Проф. Џенти има богат и плоден pro bono социјален ангажман, верно служејќи ѝ на заед-ницата: како адвокат во Правната служба за затвореници на градот Њујорк, како истражу-вачки аналитичар во Канцеларијата на градона-чалникот на Њујорк во Проектот за админис-тративен трибунал, директор на Департманот за домување и семејство, при правната служба на Bedford Styvesent Community.

7. Добитник е на повеќе награди и призна-нија: најдобар индивидуалец–волонтер на Њу-јорк за 1986, професор на годината (за 2005 и 2007 година) на Правниот факултет, како и топ–волонтер на годината, прогласен од Вос-питно–поправната установа (Бедфорд Хилс).

8. Кој е придонесот на проф. Џенти за Прав-ниот факултет „Јустинијан Први“, за Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј“?

Зошто проф. Џенти треба да биде македон-ски професор honoris causa ?

Зошто треба и официјално да стане еден од нас, професорите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“?

9. Правното клиничко образование нема тра-диција во Република Македонија иако intership-от инцидентно се практикувал. На Правниот факултет „Јустинијан Први“ клиничките дис-циплини станаа дел од наставната програма во 1997 година. Инспирацијата беше американска.

Page 7: Univerzitetski vesnik br. 89-90

7

Сознанијата за американските образовни искус-тва, странската литература, информациите до-биени од Институтот Отворено општество и програмата ЦЕЕЛИ, но најмногу созреаната свест кај професорите за насушна потреба од практично знаење, како нужен предуслов за квалитетно правно образование, нe турна во светот на учењето низ правна практика. Со американска финансиска и научна помош го формиравме Центарот за правна клиничка еду-кација и го започнавме проектот за работа со вистински клиенти, на кои студентите со про-сечна оценка осум, со помош на адвокати, но-минирани од Адвокатската комора на Р. Маке-донија и професори, во улога на ментори, им даваа бесплатна правна помош. И кога ги пра-вевме првите клинички чекори, на кои најмно-гу им се радуваа студентите, во 2000 година се појави професорот Џенти, како воведничар и модератор на Регионалната конференција за правно клиничко образование во Охрид, органи-зирана во рамките на програмата ПИЛИ (Public Interest Law Initiative), на Колумбија-универзитетот. Од тогаш до денес – бидејќи и сега е меѓу нас не само како лауреат, туку и како воведничар и едукатор на работилница за правно клиничко образование – ние учиме од него. Ни препорача релевантна литература, ни ги предочи успешните клинички приказни, ни го покажа патот од основање до одржлив кли-нички развој, ни пренесе драгоцено знаење и искуство. Во 2002 година повторно беше меѓу нас, сега во својство на надворешен евалуатор. Неколкудневниот престој и активното учество во работата на Клиниката, средбите со стран-ките, адвокатите и претставниците на невла-дините организации како партнери, увидот во актите и третираните случаи, анализата на резултатите од интерната евалуација, како и евалуацијата од странките му овозможи да нe ви-ди одвнатре. Добивме одлична евалуација, пре-пораки за натамошна работа, научна и етичка сатисфакција, нови отворени врати. На негов предлог проектот беше продолжен за уште три години. Низ граѓанската правна клиника седум-десетина случаи беа успешно завршени во ко-рист на нашите клиенти. Во рамките на клини-ката за казнено право, голем успех беше влегу-вањето во затворот Идризово и работата со жените затворенички. Со студентите кои не беа вклучени во проектот се работеше преку симу-лации. Развивме intership–програма со бројни институции, работевме со внатрешно раселени-те лица со кои се сретна и проф. Џенти, а преку Проектот на Националниот демократски инсти-тут од САД за студенти–практиканти нашите сту-денти влегоа во Собранието на Р. Македонија. Некои од нив денес се вработени во него. Во рамките на Клиниката за политички систем ги вклучивме студентите во проектите за измена на регулативата за невладиниот сектор и избор-ното законодавство, како и во Проектот за пого-лемо учество на жените во политиката. Лоби-равме за Законот за недискриминација.

Со финансиска поддршка на АБА–ЦЕЕЛИ ги објавивме најдобрите студентски трудови од сферата на клиничкото образование; објавивме Практикум по кривично право и Збирка на

граѓанските предмети кои поминаа низ Цента-рот.

По препорака на проф. Џенти, Правилата за работа на Центарот за клиничка едукација и Етичкиот кодекс на нашиот Центар беа објаве-ни на англиски јазик во престижна публика-ција за клиничко образование. Во знак на признание за успешното работење, Регионал-ната конференција на Балканската мрежа на правни клиники, како и финалната конфе-ренција за клиничко образование се одржаа на нашиот Факултет.

Правниот факултет од Москва (од Ајдахо, САД) стана наш клинички партнер, со кој неколку пати разменивме професори и сту-денти. Добивме и денес добиваме донации во книги. На покана на проф Џенти добивме рет-ка прилика да престојуваме на Универзитетот „Колумбија“, каде што следевме предавања и судски процеси, ја презентиравме нашата Клиника на тркалезна маса организирана во рамките на ПИЛИ, остваривме работни средби со колегите–клиничари и со деканот на Факул-тетот.

Со професорот Џенти продолжи соработката на многубројни конференции и работилници. Секогаш имаше време, разбирање и одговор на нашите прашања. Посочувајќи ја правната кли-ника на Правниот факултет „Јустинијан Први“ како модел на клиничко образование што мо-же и треба да се следи во регионот, нe поттикну-ваше и нe охрабруваше.

Пред три години храбро влеговме во Боло-ња–процесот, а тој е незамислив без клинич-кото образование. Наскоро (во средината на ноември) ќе започнеме со новиот мастер–цик-лус, според ЕКТС. Законската обврска за прак-тична настава, од една страна, и усвоените силабуси, во кои доминираат клинички дисци-плини, од друга нe упатуваат на лекциите од клиничкото образование научени од професо-рот Џенти. Најважните меѓу нив се онаа за Сократовиот метод, во кој професорот е не само предавач, туку и ученик и онаа за учењето емпатија. Така нe учеше професорот Филип Џенти, нашиот професор honoris causa, на кого сме му неизмерно благодарни за она што го стори за Правниот факултет „Јустинијан Пр-ви“, за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, за македонската правна наука.

Page 8: Univerzitetski vesnik br. 89-90

8

Почитуван ректоре на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, почитуван г. декан на Фило-лошкиот факултет „Блаже Конески“, почитува-ни дами и господа,

Развојот на македонската книжевност и на македонската книжевна наука денес, нависти-на, не може да се споредува со иницијалниот сјај на словото на нашите патрони, светите браќа Кирил и Методиј од Солун и на нивниот за сите нас најзначаен следбеник, златоустиот беседник св. Климент Охридски. Низ многуте векови што нè делат од нив, меѓутоа, низ времињата на нејзините прогони, понориштва и преобразби, македонската книжевност до денес веќе сигурно се преоформи во еден и пошироко незанемарлив колективен креативен субјект на овие македонски, јужнословенски и словенски простори. И пак со онаа некогашна нејзина силина на интегралност како првокла-сен обединувачки креативен агенс. Наспроти зачудувачките, па сепак пред сè интригантни предизвици, наспроти многуте кројки и прекрој-ки на модерната историја, па и на максимално дијаболизираните норми на софистицираната политичка кореспонденција во модерниот и секогаш на хуманистички и на духовен план во недостаток свет.

Почитувани! Не сум без надеж дека со ваква-та трансвременска проекција на македонскиот колективен креативен гениј на книжевен план ќе се најдам на заедничко рамниште барем со по некого и од вас. На рамништето на кое може-би ќе откриете интенции за некаква необична пресметка со хировите на политичките димен-зии на времето и на историјата која настојува да го измести него (времето) не само од него-вата неизместлива позиција, туку и од пози-цијата на основна, ако не и единствена составка на универзумот, посебно, мислам дека можам да имам собеседник токму во ликот на нашиот денешен почестеник, во ликот на многукратно нашиот проф. д-р Мирољуб Стојановиќ. И не са-мо затоа што е г. Стојановиќ на високошколско

образовно ниво оформен во рамките на нашата матична институција, на која ги стекнал и највисоките научни степени; не ни само затоа што во неговата научноистражувачка актива маркантно доминира македонската книжев-ност и култура; не ни само затоа што тој потек-нува од најнепосредниот ареал на доминант-ното влијание на кирилометодиевскиот и на светиклиментовиот цивилизациски код, туку затоа што кај него ги има сите тие претпос-тавени составки, односно затоа што во неговото дело можам да ги откривам, да ги детектирам нив во една неразделна, ако не и недопирлива синтеза, а во неа и со неа, односно самата таа еманира од некоја таинствена, од некоја заедничка атавистичка длабочина.

Почитувани! Треба ли малку и поконкретно да ве упатам во тајните на претпоставениот заумен дијалог со делото на проф. д-р Мирољуб Стојановиќ, ќе се обидам да ви го приближам тоа со фрлање малку внимание барем врз не-кои сегменти, барем врз некои места и вред-ности од неговата извонредно плодна македо-нистичка научна актива.

Така и ќе застанам кај или ќе започнам од сосема очекуваното сознание дека да се зборува за македонистичките студии и за другите маке-донистички опсесии на проф. д-р Мирољуб Стојановиќ, значи да се зборува за главниот дел од неговиот научноистражувачки и креати-вен влог. Не сакајќи, меѓутоа, во ова слово, да ја повторувам ниту камерната сума на податоци што беа изнесени во предлог–рефератот, јас повеќе сакам да ве насочам, пардон, уште пове-ќе да ве наведам кон едно попродлабочено, кон едно ултрааналитичко читање барем на еден дел од неговите студии за македонската кни-жевност, да не речам за не мал број од позна-чајните македонски автори од поблиското кни-жевно минато, а особено за современите кни-жевни творци. Тоа се автори како Григор Прли-чев, како Стале Попов или Блаже Конески, како Ацо Шопов или Славко Јаневски, односно како Ташко Георгиевски или Матеја Матевски и Гане Тодоровски. И веќе тука не можам да не констатирам дека Стојановиќ не се зафаќа со толкување на делата на овие автори само како репрезентативни претставници на македонска-та книжевност. Секако не. Според аналитички-те рамништа на кои се реализира, може да се константира дека Стојановиќ кон нив е воден од некој несфатливо длабок аналитички порив, од некој порив кој преку него трага по и откри-ва или преоткрива некои гласови и пораки од дамнината, кои се опредметуваат и пред наши очи, а особено преку јазикот на поезијата.

Почитувани! Колку за потсетување и колку за едно и навистина примарно насочување во тие потешко допирливи сфери на македонис-тичката егзегеза на проф. д-р Стојановиќ, ако не и само како илустрација, ќе го насочам ваше-то внимание кон синтагмата оформување на прамаглината. Неа, пак, би требало да ја доот-крива, односно да започне, по овој или по некој друг принцип, да ја објаснува синтагматската целина што следи по неа и која гласи: тради-

Промоторска реч на проф. д-р Науме Радически,професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Page 9: Univerzitetski vesnik br. 89-90

9

циското и современото во поезијата на Блаже Конески. Последователно поставени, тие две целини го оформуваат насловот на книгата која Стојановиќ му ја посветува на поетот Блаже Конески. Се постават ли, пак, тие две синтаг-матски целини на рамништето, односно на дејствата на едно длабоко и ултраегзегетичко читање, веројатно би се согледало не само кол-ку се тие дорекувачки упатени една на друга, туку и колку можат да бидат, на едно рамниш-те, дури и разнонасочно ориентирани. Првата воопшто не може да биде лишена од семантич-ката носивост на Стојановиќ како промислувач на светот и на природата на поезијата. Втората, пак, изобилно ни ги открива неговите аналитич-ки интенции како современ македонист и како во модерната книжевна наука, во нејзината методологија извонредно верзиран книжевен истражувач и аналитичар, како аналитичар со комуникативност и со методологија на долгого-дишен универзитетски наставник по оваа дисци-плина. Повеќе од тоа, набљудувани како семан-тички пар и како едно двојство, тие таинствено, но и сугестивно упатуваат кон подлабоките, мо-жеби и не сосема свесни, интенции на истражу-вачот кој веројатно е со вродени можности за претчувствување на за дефинирање неподатни нешта од видот на колнатиот милениумски татнеж во тешкото на галичаните и во Тешкото на Конески. Стојановиќ е, значи, истражувач кој аналитички нурка не само во индивиду-алниот свет на поетот, туку во длабочините на нашиот колективен егзистериум.

Сето ова ако не се дооткрива, тогаш барем манифестно, самото од себе, ни се приближува низ потсетувањето за аналитичките преокупа-ции на проф. Мирољуб Стојановиќ со такви ликови од македонската одамна креативно доречена и исто така одамна распадната како систем епика, ликови како Болен Дојчин и како Марко. Па на тие аналитички релации беше во многу нешто втемелен и неговиот пристап кон поезијата на Конески. По македонскиот колекти-вен етногенетски и културолошки код Стојано-

виќ трага и во неговите студии за другите маке-донски книжевни творци. На прво место, сека-ко, во неговата дисертациона студија, а потоа и книга за Стале Попов, која, всушност, е негова-та македонистичка научноистражувачка и ана-литичка голема матура. До толку повеќе што во неа особени резултати покажува како во при-стапот кон ликовите во делата на Стале Попов, така и кон неговиот стил. Потоа и во мно-штвото студии и критички прилози за Григор Прличев и за помалку познатиот македонски автор и културен деец од XIX век, Константин Петкович, односно за неговите интересирања и врски со Црна Гора како руски конзул во Дубровник.

На неколкудеценискиот истражувачко–ана-литички итинерар на проф. Мирољуб Стојано-виќ, особено низ современата македонска кни-жевност маркантно се забележливи персонал-ните присуства уште и на автори како Матеја Матевски и Гане Тодоровски, на кого му има посветено и посебна книга, понатаму уште и драмските творци Васил Иљоски, Коле Чашуле и Георги Сталев, романсиерот и раскажувач Си-мон Дракул, една цела редица поети од Радо-ван Павловски и Богомил Ѓузел до Иван Чапов-ски, па раскажувачот Паскал Гилевски, како и многумина книжевни историчари и критичари како Димитар Митрев и Харалампие Поленако-виќ, односно како Александар Спасов и Милан Ѓурчинов. Природата на ова искажување, пред-определена од природата на оваа свечена сред-ба, секако, не дава можности посебно да се збо-рува за сите нив.

Во овој контекст, меѓутоа, воопшто не може-ме да прескокнеме дека македонистот Миро-љуб Стојановиќ има извонреден респект и чувство и за македонските егзистенцијални гол-готи од најново време. Тоа најзабележливо се потврдува низ неговиот научен пристап кон книжевното дело на романсиерот и раскажувач Ташко Георгиевски. Како со погоре спомнатите

Page 10: Univerzitetski vesnik br. 89-90

10

насочувачки и синтагматски целини, така и со делбите и преселбите на Ташко Георгиевски, со која е именувана нему посветената посебна кни-га, односно со психолошката голгота на прогоне-тите, претставувајќи се како аналитичар со нешто поразлични научни преокупации и прис-тапи од другите проучувачи на Георгиевски, проф. Мирољуб Стојановиќ застанува во редот не само на најпродуктивните, туку и во редот на респектабилно највисоко реализираните проучу-вачи на македонската книжевност во поново време.

Почитувани! Не сакајќи да излегувам од при-стојните рамки на пригодност што е својствена за свечени мигови, немам можности ниту за некои подетални интерпретации на македонис-тичкиот научен опус на проф. д-р Мирољуб Стојановиќ, ниту за некој посериозен анали-

тички пристап или дијалог со неговите научни толкувања и вреднувања во рамките на македо-нистиката. Меѓутоа, не можам да предвидам де-ка вредностите на неговата научноистражувач-ка, аналитичка, преведувачка и друга актива дополнително ги истакнува веќе самиот факт што тој создава надвор од границите на Репуб-лика Македонија. Со сите предности и со сите неможности на таквата позиција. На крајот не можам да не потсетам уште и дека основните интенции на мојот индивидуален аналитички поход и настојување за остварување на еден длабочински, без малку психограмски пристап во настанување кон неговото дело и кон него-виот креативен профил дури и во оваа свечена пригода, можам да (му) ги препуштам за некое негово евентуално идно себеаналитичко откри-вање или преиспитување.

Универзитетски сенат

ДДООННЕЕССЕЕННИИ ИИЗЗММЕЕННИИТТЕЕ ИИ ДДООППООЛЛННУУВВААЊЊААТТАА ННАА ССТТААТТУУТТООТТ ННАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТООТТНа седницата на Универзитетскиот сенат

на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, одржана на 13.11.2008 година, беше донесена Одлука за усвојување на измените и дополнувањата на текстот на Статутот на Универзитетот донесен на 16.9.2008 година, кои произлегоа од мислењата на Министер-ството за образование и наука, Министер-ството за финансии и од Секретаријатот за законодавство на Владата на РМ, при што беше утврден пречистениот текст.

Воведни напомени за потребата за доне-сување на измените и дополнувањата на Стату-тот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

даде ректорот проф. д-р Велимир Стојковски, кој рече дека измените и дополнувањата не се однесуваат на суштински прашања, туку произлегуваат од концепциски приоди при нормирањето во постапката за донесување на Статутот од страна на Собранието на РМ. Универзитетот постапувајќи по забелешките на ресорните министерства за образование и наука и за финансии, како и од Секрета-ријатот за законодавство, направи измени кои по усвојувањето на пречистениот текст на Статутот ќе бидат доставени на седница на Владата која ќе се произнесе по нив и потоа ќе бидат проследени до Собранието на РМ.

УУССППЕЕШШННОО РРЕЕААЛЛИИЗЗИИРРААННАА ИИ ГГООДДИИННААШШННААТТАА ААККЦЦИИЈЈАА ЗЗАА РРААССППРРЕЕДДЕЕЛЛББААННАА ВВААУУЧЧЕЕРРИИТТЕЕ ННАА ССТТУУДДЕЕННТТИИТТЕЕ ННАА УУККИИММ

Во рамките на проектот Ма-кедонија - земја на инфор-матичари, Владата на Репуб-лика Македонија и Министер-ството за информатичко оп-штество одлучија и годинава, по вторпат, да спроведат прог-рама за доделување вредносни ваучери за купување компју-тери.

Во согласност со Законот за издавање вредносни бонови - ваучери (Сл. весник на РМ бр. 139/2008), нивната номинална вредност изнесуваше 15.500 де-нари. Право за користење на ваучерите за учебната 2008/09

година имаа редовни студенти запишани за прв пат во послед-на студиска година во учебна-та 2008/2009 година на кој би-ло државен или акредитиран приватен факултет во нашава земја до 15 ноември 2008 годи-на, како и студенти кои се еви-дентирани како лица со посеб-ни потреби, а кои не го искорис-тиле правото за ваучер во 2007 година.

Целта на програмата е да се зголеми бројот на корисници на компјутери, пред сè меѓу студентската популација, на тој начин овозможувајќи им да

ги унапредат своите знаења во областа на информациските технологии, особено како при-донес во нивното успешно пла-сирање на пазарот на трудот по дипломирањето. Кампања-та беше спроведена во соработ-ка со сите високообразовни ус-танови во Република Македо-нија и со фирмите за компју-терска опрема кои изразија готовност за учество во програ-мата.

За успешно и ефикасно реа-лизирање на акцијата, ректо-рот на Универзитетот проф. д-р Велимир Стојковски име-

Page 11: Univerzitetski vesnik br. 89-90

11

Архитектонски факултет

Градежен факултет

Факултет за електротехника и информациски технологии

Машински факултет

Природно-математички факултет

Економски факултет

Правен факултет „Јустинијан Први“

Филозофски факултет

Филолошки факултет „Блаже Конески“

Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“

Медицински факултет

Стоматолошки факултет

Фармацевтски факултет

Факултет за физичка култура

Факултет за земјоделски науки и храна

Шумарски факултет

Факултет за ветеринарна медицина

Факултет за музичка уметност

Факултет за ликовни уметности

Факултет за драмски уметности

Технолошко-металуршки факултет

нуваше одговорни претставни-ци од Универзитетот за примо-предавање на ваучерите: д-р Елена Думова-Јовановска, про-ректор за настава, д-р Пеце Не-дановски, проректор за финан-сии, инвестиции и развој и Го-ран Муратовски, раководител на Универзитетскиот компју-терски центар. Организирање-то на активностите и админи-стративните работи на овој про-ект се остваруваа во рамките на Одделението за настава и на-ука.

Согласно со пропозициите за доделување ваучери, Универ-зитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доби вкупно 5519 ваучери - 5497 за студентите од завршните години и 22 за студентите со посебни потре-би.

Со цел за транспарентна и објективна распределба на вау-черите, целокупната постапка

за реализација на овој проект беше синтетизирана во посеб-но Упатство за издавање на вредносните бонови. На овој начин беше обезбеден един-ствен пристап при нивната ра-спределба на сите факултети на УКИМ.

Врачувањето на ваучерите на сите факултети се одвиваше во периодот од 28 ноември до 9 декември оваа година, во присуство на работните групи на факултетите и на држав-ните просветни инспектори. Согласно со Упатството, факул-тетите беа задолжени до 5 де-кември да ги вратат нераспре-делените ваучери.

Генерален заклучок е дека распределбата на ваучерите на сите факултети на Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се реализираше успеш-но, навремено и без проблеми.

По повод 50 години од возобновувањето на

Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква и по повод 40 години од возобновувањето на

нејзината автокефалност, на 25 ноември 2008 година, по светата божествената литургија во црквата на свети Григориј Палама во Струмица, заради особен придонес и залагање во севкупниот напредок и

афирмација на Македонската православна

црква, митрополитот струмички г. Наум гo

одликува со медал од прв ред, од Редот на светиот македонски крст, ректорот

на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во

Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски.

На 18 декември, од страна на Универзитетот записнички се вратени нераспределените

ваучери - 229 во Министер-ството за финансии.

122

144

370

329

45

444

570

912

429

555

285

285

194

96

65

169

90

35

90

39

22

ВКУПНО 5290

ФФ АА КК УУ ЛЛ ТТ ЕЕ ТТ ДДооддееллееннии ввааууччееррии

Распределени беа вкупно 5290 ваучери, и тоа:

ПРОФ. Д-Р ВЕЛИМИР СТОЈКОВСКИВВииттеезз ннаа РРееддоотт ннаа ссввееттииоотт

ммааккееддооннссккии ккррсстт

Page 12: Univerzitetski vesnik br. 89-90

12

ПРОФ. Д-Р ЕЛЕНА ДУМОВА-ЈОВАНОСКА,проректор за настава

Р одена е на 31.5.1963 година во Ташкент, Узбекистан. Средно образование завр-шила во Тетово, а со диплома за високо

образование се стекнала на Градежниот факул-тет во Скопје во 1987 година. Постдипломските магистерски студии ги продолжила на истиот Факултет, каде што по одбраната на магистер-скиот труд под наслов Експертен систем за евалуација на сеизмичката повредливост на неармирана ѕидарија во 1992 година се стекна-ла со академскиот степен магистер. Со научни-от степен доктор на технички науки се стекнала во 1999 година, на Градежниот факултет со одбрана на докторската дисертација под наслов Криви на повредливост на армиранобетонски конструкции од високоградба во сеизмички ак-тивни региони.

Проф. д-р Елена Думова-Јованоска во 1988 година на Градежниот факултет била избрана во звањето помлад асистент, во 1993 година за асистент, во 2000 година за доцент, а во 2005 година била избрана во звањето вонреден про-фесор.

Проф. Думова-Јованоска во два мандатни периоди ја извршувала функцијата продекан за настава и наука на Градежниот факултет, а била и одговорен уредник на обновениот Збор-ник на научни трудови на Факултетот, како и член на повеќе комисии на Градежниот факул-тет, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”,

Институтот за земјотресно инженерство и ин-женерска сеизмологија, Министерството за об-разование и наука и други институции.

Има објавено научни трудови во струч-ни списанија: „База на знаења за класифика-ција на индивидуални објекти од неармирана ѕидарија во зависност од нивната повредли-вост“, Градежен конструктор, Списание на ДГКМ, вол. 1, број 2, 1995, стр. 112-124, E. Dumova-Jovanoska, ”Fragility curves for reinfor-ced concrete structures in Skopje (Macedonia) region”, Soil Dynamics and Earthquake Enginee-ring, volume/issue 19/6, 30-Aug-2000, Е. Думова-Јованоска, „Калибрирање на Парк-Анговиот глобален индекс на штети со приме-на на механизмот на настанување на лом на конструкциите“, Зборник бр. 14, Градежен фа-култет, 2004, Churilov Sergey, Elena Dumova-Jovanoska, “Expert System For Classification And Damage Assessment Of Individual Low-Rise Unreinforced Masonry Buildings”, Bilingual jour-nal of Macedonian Association of Structural Engi-neers, MASE No. 8-37, pp. 536-542, 2006. На домашни симпозиуми и конференции има пре-зентирано 26 научни трудови, а 14 на странски симпозиуми и конференции, како и 4 попу-ларни трудови објавени во стручни списанија и на стручни собири. Покрај тоа, проф. Елена Думова-Јованоска учествувала како дел од тимот на изработка на 22 стручно-апликативни трудови, а е автор на следниве учебници и учебни помагала: практикум Информатика (коавтори Г. Алексовски, В. Пачовски, В. Михајлов и С. Чурилов), Градежен факултет, 2002, Seismic risk and vulnerability, сепа-рат-печатени предавања на англиски јазик (по покана на ИЗИИС била вклучена во наставата на CADAC курсот во учебните 2002/03 и 2003/04 година), учебник Теорија на кон-струкциите, Градежен факултет, 2004, авто-ризирани предавања Ѕидани конструкции, 2006, ktk.gf.ukim.edu.mk, (нов изборен пред-мет), авторизирани предавања Динамика на конструкциите, 2007, ktk.gf.ukim.edu.mk, ав-торизирани предавања, Асеизмичко проек-тирање, 2008, ktk.gf.ukim.edu.mk (нов избо-рен предмет), Structural engineering, 2008 (коавтор Г. Марковски, предавања подготвени во рамките на ТЕМПУС проект) www.derec.ukim.edu.mk и Environmental poli-cy and legislation, 2008 (предавања подготве-ни во рамките на ТЕМПУС проект) www.derec.ukim.edu.mk.

Проф. Елена Думова-Јованоска учеству-вала во следниве национални научноистражу-вачки проекти: Студија за носивоста на браната Глажња, Станислав Миловановиќ, Грозде Алексовски, Лилјана Денковска, Елена Думова-Јованоска, 2000, Капацитет на гра-нична носивост на бетонски лачни бра-ни и стабилност на карпестата основа, А. Ангелов, В. Симонче, С. Миловановиќ,

Page 13: Univerzitetski vesnik br. 89-90

13

Г. Алексовски, Л. Денковска, Е. Думова-Јованоска, 2000, Конструктивни системи од високоградбата со олеснети безгредни меѓукатни плочи, С. Миловановиќ, Ѓ. Кокала-нов, Л. Денковска, Е. Думова-Јованоска, Г. Алек-совски, В. Михајлов, 2003, Методологија за процена на носивоста и зајакнување на сеизмички неотпорни конструкции, Ѓ. Ко-каланов, С. Миловановиќ, Л. Денковска, Е. Ду-мова-Јованоска, Г. Алексовски, В. Михајлов, 2003 и Генерирање синтетички земјотре-си кои ја одразуваат сеизмичноста на одреден регион, Е. Думова-Јованоска (главен истражувач), С. Миловановиќ, Љ. Денковска, С. Чурилов, 2004, а била координатор на про-ектот за изработка на Пакет на информации за кредит-трансфер систем (2002), финан-сиран од ФИООМ, во рамките на кој е израбо-тена веб-страницата на Градежниот факултет. Учествувала и во меѓународно финансирани проекти, како што се: активности на TEMPUS Joint European Project UM_JEP-15058-2000, oбука како FP6 мултиплаер во рамките на TRISTAN-EAST Project (FP5) 2002-2005, координатор на активностите на Градежниот факултет во TEMPUS SCM-C006B03-2003,

Exchange of a good practice in implementa-tion of ECTC, координатор на International Centre for Doctoral Studies in Engineering – SEEFORM (www.seeform.ukim.edu.mk) at Ss.Cyril and Methodius University (финансиран од Германската влада, преку Пактот за стабилност) од 2004, член на Управниот одбор и истражувачкиот тим на проектот “Earth-quake Protection of Historical Buildings by Reversible Mixed Technologies”, FP6-2002-INCO-MPC-1, Contract No. PL 509119 и координатор на активностите на Градежниот факултет во TEMPUS Project CD_JEP-19028-2004: DEREC – Development of En-vironmental and Resources Engineering Curriculum (www.derec.ukim.edu.mk).

Проф. д-р Елена Думова-Јованоска активно ги познава англискиот, рускиот и српскиот, а се служи со грчкиот и германскиот јазик. Добит-ник е на награда за најдобро дипломиран сту-дент на Градежниот факултет во учебната 1986/87 година, како и на посебно признание во областа на науката за докторската дисерта-ција, доделена од Друштвото на градежни кон-структори на Македонија.

ПРОФ. Д-Р КОЛЕ ВАСИЛЕВСКИ,проректор за наука

П роф. д-р Коле Василевски е роден на 12.10.1963 година во Скопје. Основно и средно образование завршил во

родниот град. Со диплома за завршено високо

образование се стекнал на Шумарскиот факул-тет во Скопје, каде што дипломирал во 1988 година.

Во октомври 1988 година се вработил на Шу-марскиот факултет, во одделот за одгледување на шумите, како помлад асистент по предметот педологија и петрографија, а подоцна и на предметот мелиорации на деградирани шуми и шикари.

Во текот на постдипломските студии на Шумарскиот факултет во Белград, изработил неколку семинарски трудови, а според настав-ната програма ги положил предвидените испи-ти со среден успех 9,60.

Во рамките на постдипломските студии и изработката на магистратура во 1995/96 годи-на, бил на повеќемесечна специјализација на Шумарскиот факултет во Белград, каде што според програмата престојувал во повеќе шум-ски стопанства и се запознал со теренските и лабораториските методи на испитување на поч-вите.

Магистерскиот труд под наслов „Земљишта у огледима хибрида петоигличевих борова у Македонији” јавно го одбранил на 30.9.1993 година во Белград.

Докторската дисертација „Почвите на пла-нинскиот масив Бистра и нивната корелација со одделните пасишни и шумски фитоценози” јавно ја одбранил на 27.12.1996 година.

На распишаниот конкурс објавен во весни-кот „Нова Македонија” од 24.1.1997 година, за избор на еден наставник во сите звања по пред-

Page 14: Univerzitetski vesnik br. 89-90

14

метот педологија со петрографија, конкурирал и бил избран во звањето доцент.

Во досегашниот период од наставниот про-цес, ги изведувал наставата и практичниот дел по дисциплината педологија со петрографија, како и наставата по предметите мелиорации на деградираните шуми и шикари и исхрана на растенијата.

Во научната работа учествувал како соработ-ник и раководител во повеќе научноистражу-вачки проекти. Исто така, учествувал во изработ-ката на повеќе програми и проекти од апликати-вен карактер, од областа на педологијата и

мелиорациите на деградираните шуми и ши-кари.

Во работата на Факултетот учествувал во работењето на повеќе комисии. Во периодот 1998-2000 година ја извршувал функцијата продекан по финансии и наука, а во 2004 бил избран за декан на Шумарскиот факултет во Скопје.

Има објавено 30 научни и 9 стручни трудо-ви, како и еден учебник и учебно помагало.

Проф. д-р Коле Василевски раководел со два, а учествувал во 8 научноистражувачки проекти. Добро го владее англискиот јазик.

ДОЦ. Д-Р ПЕЦЕ НЕДАНОВСКИ, проректор за финансии, инвестиции и развој

Р оден е на 12.7.1963 година во Ресен. Средно образование завршил во родни-от град, а дипломирал на Економскиот

факултет во Скопје во 1988 година. Постдип-ломските студии ги завршил во 1996 година, со одбрана на магистерскиот труд Економскиот развој и еколошката заштита, а во 1997 година ги завршил вторите постдипломски студии на Institute for Advanced Studies Виена, Австрија, со одбрана на темата со наслов: Environmental Protection in Transitional Circum-stances - Case Study of Macedonia. Со научниот степен доктор на економски науки се здобил во 2003 година, одбранувајќи ја на Економскиот факултет во Скопје докторската дисертација

под наслов: Економски аспекти на заштита-та на животната средина.

Д-р Пеце Недановски престојувал на специ-јализации на: Универзитетот Stendal во Гре-нобл, Франција, стипендист на француската влада; Институтот за повисоки студии во Виена, стипендист на ОЕЦД, постдипломски студии од областа на применетата економија; Департман за економија, Универзитет Pompeu Fabra, Барселона, Шпанија; Летна школа при Меѓународниот летен Савариа-универзитет во Косег, Унгарија: Централна Европа и Европ-ската унија; меѓународен тренинг-курс на тема: Технологии за контрола на загадувањето на воздухот од индустриски извори на загадува-ње; Меѓународен центар за трансфер на технологии за заштита на животната средина, Јокаичи, Јапонија, стипендист на јапонската влада; Институтот за економски науки (Maison des sciences économiques) при Универзитетот Пантеон-Сорбона (Pantheon-Sorbonne), во Па-риз, Франција, стипендист на француската вла-да; Економскиот институт при Бугарската ака-демија на науките во Софија, Бугарија, изработ-ка на PHARE-проектот “Overcoming Isolation Strategies of Development and Policies of Cross-Border Cooperation in South Eastern Europe after Agenda 2000”; Регионалниот центар за живот-на средина (Regional Environmental Center - REC), во Сентендре, Унгарија, Strategic Environ-mental Assessment, REC и Шведската агенција за меѓународен развој (Swedish International Development Agency - Sida); Правен факултет, Универзитет во Нови Сад, СР Југославија, вос-поставување наставно-научна соработка со Еко-номскиот факултет во Скопје; Белфаст, Север-на Ирска и Лондон, Англија, техничка помош од британската влада (Department for Interna-tional Development), изготвување на Стратегија за намалување на сиромаштијата во Република Македонија; Варшава, Полска, семинар на тема: Social Monitoring and Human Develop-ment Reporting, во организација на Економ-ската комисија на ОН за Европа и UNDP; Универзитетот во Лимерик, Република Ирска; како и престој на St. Peter’s College, Oxford Uni-versity, UK, во рамките на програмата Oxford

Page 15: Univerzitetski vesnik br. 89-90

15

Colleges Hospitality Scheme, и на Колеџот на Ев-ропа, Бриж, Белгија.

Д-р Пеце Недановски во 1989 година, со изборот за помлад асистент, се вработил на Економскиот факултет во Скопје, за во 1997 да биде избран за асистент, а во 2004 година за доцент.

Покрај вршењето на продеканската функ-ција на Економскиот факултет, проф. Неданов-ски бил претседател, заменик-претседател и член на повеќе органи и тела од делокругот на неговата област во земјата и надвор од неа.

Има објавено повеќе од 50 научни и стручни трудови во стручни и научни списанија во земјата и во странство, а презентирал и голем број трудови на симпозиуми, научни и стручни конференции во земјата и во странство.

Има објавено учебник: Никола Узунов, Ан-гел Георгиев, Пеце Недановски, Применета економија, Економски факултет, Скопје, 2003, 570 стр., како и други изданија (студии, книги),

како што се: Економскиот развој и животна-та средина, Економски факултет, Скопје, 2000, Obstacles to Trade, Growth, Investment and Competitiveness – Ten Case Studies on Balkan Businesses (коавторство), Chesapeake Associates, Washington, DC, September 2001 и Економски аспекти на заштитата на животната средина, Економски факултет, Скопје, 2004. Исто така, има преведено два учебника: Health Care Economics, (fifth edition), од авторот Paul J. Feldstein, финансиран од Министерството за финансии на РМ, 2002/2003 година и Environmental and Natural Resource Economics, (fifth edition), од авторот Thomas H. Tietenberg, финансиран од Министерство за финансии на РМ, 2002/2003 година.

Доц. Пеце Недановски учествувал во 29 научноистражувачки проекти.

Активно говори: англиски, француски и српски јазик.

ПРОФ. Д-Р МОМЕ СПАСОВСКИ,проректор за меѓународна соработка

Р оден е на 25.9.1957 година во с. Ругин-це. Основно и средно образование завр-шил во Скопје, а дипломирал на Меди-

цинскиот факултет во Скопје во 1982 година со просечен успех 8,38.

Во 1984 година се вработил во Републичкиот

завод за здравствена заштита-Скопје, во Инсти-тутот за социјална медицина. Специјалистич-киот испит по социјална медицина со организа-ција и економика на здравствената заштита го положил на 22.9.1988 година.

Во учебната 1986/1987 година се запишал на постдипломски студии на Медицинскиот фа-култет во Сараево по социјална медицина со организација на здравствената заштита.

Во Институтот за социјална медицина при Републичкиот завод за здравствена заштита бил ангажиран во следењето на организаци-оната поставеност на здравствената служба во Републиката, како и во изготвувањето на пла-новите и програмите за развој на здравствената заштита и унапредувањето на организацијата и работата на здравствената служба. Особено бил ангажиран во примената на компјутерите во здравството, на планот на воведувањето инфор-мациони системи. Како член на повеќе репуб-лички комисии, учествувал во воспоставува-њето на аптекарскиот информационен систем, на информациониот систем на заводите за здравствена заштита, како и во компјутерската обработка на здравствено-статистичките пода-тоци. Во 1994 година бил началник на одделе-нието за организација и планирање на здрав-ствената заштита, а потоа и началник на одде-лението за економика во здравствената зашти-та при Институтот за социјална медицина, која функција ја извршувал сѐ до 1997 год.

Во 1996 година, од страна на министерот за здравство, бил назначен за локален консултант на Светската банка за спроведување на рефор-мите на здравствената заштита во Р. Македо-нија, во делот на финансискиот и здравствено-статистичкиот интегрален информациски сис-тем.

Page 16: Univerzitetski vesnik br. 89-90

16

Во 1997 година се вработил на Медицин-скиот факултет, ООЗТ-Институти, Институт за социјална медицина. Еден е од основоположни-ците на Институтот за социјална медицина при институтите на Медицинскиот факултет во Скопје.

Со научниот степен доктор на медицински науки се стекнал на 6.3.1997 година, на Меди-цинскиот факултет во Скопје со одбрана на докторската дисертација „Информациониот сис-тем за лекови во Република Македонија: евалу-ација и насоки за современо организирање”.

Во 1998 година ја продолжил соработката со Светската банка и Министерството за здравство на планот на реформата на здравствениот систем во Р. Македонија, во делот на воспоста-вување интегрален информационен систем во здравството. Истата година учествувал на 51. Годишна асамблеја на СЗО во Женева, Швајца-рија како делегат на Светската федерација на асоцијациите за јавно здравство. Во 1998 годи-на учествувал на стручна едукативна годишна конференција од областа на јавното здравство во Вашингтон - САД. Истата година, со реше-ние на министерот за здравство бил назначен за национален соработник на СЗО за контрола на пушењето, а учествувал и во целокупниот тек на изградбата на Рамковната конференција на СЗО за контрола на тутунот, работејќи како делегат на Р. Македонија во повеќе наврати, на работните состаноци во Женева, Бангкок, Њујорк, Хаг, Будимпешта, Варшава, Париз. Во 2000-2001 год. соработувал со Институтот отво-рено општество во програмата за унапредување на здравјето на ромската популација.

Учествувал како поканет предавач на Albert Schweitzer Институтот од САД на конференции организирани во повеќе земји (Бугарија, Рома-нија, Полска), како и на Project HOPE во 2007 година.

Од 2001 година во континуитет до денес, како претставник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, еден е од директорите на меѓународ-ниот курс „Human rights and medicine” при Интеруниверзитетскиот центар во Дубровник.

Проф. д-р Моме Спасовски од 2002 до 2008 година активно е вклучен во работата на Меди-цинскиот факултет преку повеќе одбори и работ-ни групи. Особено е посветен на поставувањето на курикулумот на Школата за јавно здравство, што резултира со отворањето на Центарот за јавно здравство при Медицинскиот факултет. За таа цел има учествувано на работни семи-нари во Каунас, Литванија 2003 и 2004 година, Браун школата за јавно здравство при Хадаса Универзитетот во Ерусалим, Израел, 2005, Шко-лата за јавно здравство во Тампа САД, 2005, Ереван, Ерменија 2006, Белград 2007 година.

По престојот во Центарот за превенција и контрола на болестите CDC Атланта, во 2003 година, за едукација од областа на јавно здрав-ствениот менаџмент, го развива проектот „Пла-

нирање за здравје” со локалната заедница во Р. Македонија. Добиените знаења и искуства им ги пренесува на студентите на постдиплом-ски студии при Центарот за јавно здравство. Курсот од областа на здравствениот менаџмент во 5 генерации е евалуиран со највисока оценка по методите, содржината и начинот на прене-сување на материјата на студентите. Развива изборен курс со целосен менаџмент на квали-тетот TQM во рамките на Центарот за јавно здравство. Во 2007 година добива грант од CDC за продолжување на проектот „Раководење и управување за здравје“ и е одговорен на проек-тот кој е во тек. Во 2008 година, во соработка со УНИЦЕФ, Републичкиот завод за здравствена заштита и Медицинскиот факултет, го развива проектот „Зајакнување на здравствениот сис-тем преку следење и програми за адолесцентно здравје и градење капацитети за развој и им-плементација на ефикасни докажани стратегии за мајка и дете на локално ниво на општина”.

Во 2005 година бил избран за продекан за меѓународна соработка на Медицинскиот фа-култет. Претседател е на Одборот за меѓународ-на соработка.

Има објавено 90 стручни и научни трудови.Активно го владее англискиот, а пасивно

францускиот јазик.

Педагошка активност

Во 1990 година бил избран за асистент на Катедрата за хигиена со социјална медицина и медицина на трудот, а во 1995 година за асис-тент на Катедрата за социјална медицина и во-вед во медицината. Во 1998 год. бил избран за доцент на Катедрата за социјална медицина, во 2002 за вонреден, а во 2007 година за редовен професор.

Во 1999 година бил избран за шеф на Катед-рата за социјална медицина, а преизбран во 2001 и 2003, во трет мандат. Одговорен настав-ник е на предметот социјална медицина за сту-дентите на Медицинскиот факултет по ЕКТС, како и на Филозофскиот факултет, на Институ-тот за социјална работа и социјална политика. Предава на Стоматолошкиот факултет, како и на високите школи за медицински сестри и радиолошки технолози.

Претседател е на една од комисиите за полагање специјалистички испит по социјална медицина, а бил член во повеќе комисии за полагање специјалистички испит по општа медицина.

Активно учествува во едукацијата на лекари-те на специјализација во делот на социјалната медицина и бил ментор на специјалистички теми на повеќе кандидати.

Page 17: Univerzitetski vesnik br. 89-90

17

Стручно-научна активност

Од 1998 година е соработ-ник на СЗО за контрола на пушењето, а во 2000 година успешно го завршил проектот „Застапеноста на пушењето кај лекарите во Р. Македонија” во соработка со Британската асо-цијација на лекарите и СЗО Регионално биро за Европа, Копенхаген. Во периодот 2000-2002 година учествувал како субкоординатор во проектот на ФАРЕ за осовременување на здравствената статистика во Р. Македонија. Консултант е на СЗО за оформување на публи-кацијата „WHO EUROPEAN COUNTRY PROFILES ON TOBACCO CONTROL“ 2001, 2003 и 2007, како и на Ameri-can Cancer Society на публика-цијата: „Tobacco Control Coun-try Profiles“ за делот што се однесува за Р. Македонија. Во 2007 изработил брошура „Од-викнување од пушење кај бре-мените жени”.

Ментор е на три докторски дисертации и повеќе магисте-риуми од областа на социјал-ната медицина и јавното здрав-ство. Во периодот по 1997 годи-на, учествувал на бројни кон-ференции, конгреси и симпозиуми во земјата и над-вор од неа.

На Конференцијата на шко-лите за јавно здравство на ев-ропскиот регион во Ереван, Ерменија 2006, активно про-мовира прием на Школата на Медицинскиот факултет во ASPHER како рамноправен член.

Во 1998 година бил избран за претседател на специјалис-тичкото Здружение на лекари-те по социјална медицина. Добитник е на плакета на Ма-кедонското лекарско друштво и плакета на Медицинскиот факултет по повод 60 години од формирањето. Член е на Светската федерација на асо-цијациите од јавно здравство, Европската федерација на асо-цијации за јавно здравство и консултант на Светската здрав-ствена организација.

На 11 ноември 2008 год. во са-лата за конференции на Факулте-тот за електротехника и инфор-мациски технологии се одржа свечено затворање на курсот „Искористување на биомасите во енергетски цели“. Ова претста-вува трет семинар, кој се одр-жува во континуитет од страна на Институтот за електрични централи и разводни постројки, во соработка со фондацијата „Ви-ли Брант“ и италијанското Мини-стерство за човекова околина, море и копно, на полето на об-новливите извори на енергија.

Целта на семинарот е да еду-цира и подготви професионал-ни кадри на полето на енергети-ката во согласност со одржли-виот развој и Протоколот од Кјото, кои ќе бидат во можност да го развиваат и управуваат еко-развојот во регионот. Исто така, овој семинар беше посве-тен на зголемување на енергет-ската ефикасност и промоција на чистите извори на енергија, а со цел да се намали емисијата на стакленички гасови во атмос-ферата.

Курсот беше, главно, реализи-ран од страна на професори од насоката електроенергетика и уп-равување (ЕЕиУ) од Фaкултетот за електротехника и информа-циски технологии во Скопје и професори од енергетските насо-ки на Машинскиот факултет во Скопје, во периодот 16-27 јуни 2008 година. За времетраењето на курсот се одржаа предавања со вкупно 60 работни часа. По-тоа студентите добија семинар-ски теми, кои ги обработија и им ги презентираа на своите помлади колеги во неколку сред-ни училишта во Маке-донија.

На церемонијата на свеченото затворање присуствуваа повеќе еминентни гости, кои ги поздравија целта и намената на курсот, меѓу кои: министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македо-нија, г. Неџати Јакупи, амбасадорот на Репуб-

лика Италија во Република Ма-кедонија, г. Донатино Маркон, директорот на фондацијата „Ви-ли Брант“, г. Марио Спадаре и ректорот на Универзитетот Ту-ша-Витербо – Италија, г. Рикар-до Валентини.

Од страна на домаќините на присутните им се обратија: дека-нот на Факултетот за елек-тротехника и ИТ – проф. д-р Миле Станковски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Ме-тодиј“ - проф. д-р Велимир Стој-ковски, раководителот на Ин-ститутот на електрични центра-ли и разводни постројки, проф. д-р Атанас Илиев, раководите-лот на проектот проф. д-р Арсен Арсенов и претставникот на сту-дентите – учесници на семина-рот, Бобан Розман.

Курсот успешно го завршија 22 студенти на кои им беа до-делени сертификати. На студен-тите – автори на најдобрите се-минарски трудови и презента-ции, од страна на фондацијата „Вили Брант“, им беа доделени награди. Исто така, во соглас-ност со ЕКТС, на студентите кои-што успешно го завршија кур-сот ќе им бидат признаени 2 кредити.

На крајот да споменеме дека соработката помеѓу Институтот за електрични централи и раз-водни постројки и фондацијата „Вили Брант“ продолжува со организација на четвртиот курс со наслов „Tехноекономски ас-пекти на обновливите извори на енергија“. Овој семинар ќе се одржи во периодот 28 ноември -20 декември 2008 година, а студентите за овој семинар веќе покажаа завиден интерес.

СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ НА КУРСОТ „ИСКОРИСТУВАЊЕ НА БИОМАСИТЕ ВО

ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕЛИ“

Page 18: Univerzitetski vesnik br. 89-90

18

ПП ОО ТТ ПП ИИ ШШ АА НН ИИ НН ОО ВВ ИИ ДД ОО ГГ ОО ВВ ОО РР ИИ ЗЗ АА СС ОО РР АА ББ ОО ТТ КК АА

Член 1Универзитетот за шумарство во Софија и Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со овој Дого-вор ги уредуваат и ги регулираат областите на заед-ничка соработка, како и формите и начинот на него-во спроведување.

Член 2Соработката ќе се реализира, во зависност од рас-положливите финансиски средства и со согласност на Универзитетот за шумарство во Софија и Универ-зитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, преку следниве програмски активности: • размена на наставници; • размена на студенти; • заеднички научноистражувачки

проекти; • учество на семинари и научни

средби; • кратки студиски престои; • програми за стручен развој; • други области од заеднички интерес.

Член 3Имплементацијата на овој Договор ќе зависи од расположливите финансиски средства за заеднич-ки активности. Сите обврски, должности и трошоци

поврзани со проектите одобрени со овој Договор ќе се извршуваат во согласност со воспоставените практики и начела на секоја од институциите, како и условите на агенциите што финансираат.

Член 4Сите измени и дополнувања на овој Договор треба да се достават во писмена форма како анекс кон Договорот.

Член 5Договорот се склучува за период од пет години, стапувајќи во сила на денот на потпишувањето, со можност за продолжување за период од уште пет години, по претходно изразена писмена соглас-ност. Овој Договор може да биде раскинат од која било договорна страна со претходно писмено извес-тување поднесено шест месеци пред раскинување-то.

Член 6Договорот стапува во сила со потпишување од страна на ректорите на двата универзитета.

Член 7Договорот е потпишан во три примероци на англиски, македонски и бугарски јазик.

ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА

Следејќи го заедничкиот интерес за развивање на наставата и научното истражување на двата универзитета, како и напорите за продлабочување на контактите меѓу универзитетите, Универзитетот за шумарство во Софија, претставуван од ректорот, проф. д-р Нино Петков Нинов, и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија, претставуван од ректорот, проф. д-р Велимир Стојковски, го воспоставуваат следниов

Во знак на заемно разбирање и соработка го потпишуваме овој Договор.

Ректор на Универзитетот Ректор на Универзитетот за шумарство во Софија „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

ПРОТОКОЛ ЗА СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТИТЕ КОИ ГО НОСАТ ИМЕТО НА СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ

На 30 октомври 2008 година во Велико Трново, одбележувајќи ја 45–годишнината на Универзитетот, Протокол за соработка потпишаа ппрроофф.. дд--рр ВВееллииммиирр ССттоојјккооввссккии, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија, ппрроофф.. дд--рр ППллааммеенн ЛЛееггккооссттуупп, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Велико Трново, Република Бугарија и ппрроофф.. дд--рр ЕЕддууааррдд ККооссттооллааннссккии, ректор на Универ-зитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Трнава, Словачка, како израз на нивната намера да ги постават темелите за создавање на Асоцијација на универзитети кои го носат името на светите браќа Кирил и Методиј.

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Република Македонија Универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Велико Трново, Република Бугарија

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Трнава, Словачка

ПРОТОКОЛ ЗА НАМЕРА

Денес, 30 октомври 2008 година, проф. д-р Пламен Легкоступ, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Велико Трново, Република Бугарија, проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија и проф. д-р Едуард Костолански, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Трнава, Словачка, го потпишаа овој Протокол како израз на нивната намера да ги постават темелите за создавање на Асоцијација на универзитети кои го носат името на светите браќа Кирил и Методиј. Протоколот е потпишан на англиски јазик, како и на официјалните јазици на соодветните земји.

Проф. д-р П. Легкоступ Проф. д-р В. Стојковски Проф. д-р Е. Костолански30 октомври 2008 година

Велико Трново

Page 19: Univerzitetski vesnik br. 89-90

19

Меѓународниот семинар за маке-донски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е еден од годинашните добитници на високата државна награда „Св. Кли-мент Охридски“, во областа на образова-нието. Со оваа државна награда се оддава највисоко признание за долгогодишни ос-тварувања во областа на воспитанието, об-разованието, културата, уметноста, здрав-ството, спортот, заштитата и унапредува-њето на човековата околина и во соци-јалната дејност, а таа се доделува на поединци, група творци, институции и здруженија на граѓани.

Наградите, со пригодна свеченост, беа врачени на 8 декември о.г., држав-ниот празник на Република Македонија во чест на големиот словенски и маке-донски просветител Св. Климент Охрид-ски, во Собранието на РМ. Академик Крум Томовски, претседател на Одборот за доделување на наградата, освен на Семинарот, им врачи признанија и на: Агим Рушити, во областа на образовани-ето, во областа на културата на проф. д-р Вера Битракова-Грозданова и на Миле Бо-шески, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“, и на д-р Самуел Садикарио во областа на здравството. Високото државно признание - наградата „Св. Климент Ох-ридски“, во име на Семинарот, ја прими проф. д-р Емилија Црвенковска, директор на МСМЈЛК при УКИМ.

Меѓународниот семинар за маке-донски јазик, литература и култура во над

четиридецениското постоење, остварувај-ќи разновидна дејност (Летниот семинар во Охрид со Научната конференција, дванаестте лекторати по македонски ја-зик во странство, издавачката дејност и наставата по македонски јазик за стран-ските студенти на УКИМ), се наложи како непречекорлив фактор во развојот на македонистичката мисла кај нас и во светот. Тоа произлегува од она што непосредните учесници на Семинарот го истакнале како посебна вредност за не-говата организација, а тоа е: можноста из-ворно да се запознаат достигањата на македонската култура, директниот кон-такт со македонскиот јазик и литература, воспоставувањето академски врски со до-машните - македонски и со странските македонисти и слависти, како и образов-ната и научната мисија на Семинарот, чии резултати се пренесуваат низ повеќе славистички центри во светот.

За исклучителниот придонес во ко-ординирањето на активностите за што по-добро презентирање на високообразовни-те и научните достигнувања во областа на македонистиката и за развојот на сора-ботката со славистичките центри во земја-та и во странство, Универзитетот „Св. Ки-рил и Методиј“ во Скопје за органи-зирањето на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во 2007 година, по повод 40-годишниот јубилеј на Семинарот, беше одликуван со Орден за заслуги за Македонија од претседателот на Р. Македонија, г. Бран-ко Црвенковски.

ДДРРЖЖААВВННААТТАА ННААГГРРААДДАА „„ССВВ.. ККЛЛИИММЕЕННТТ ООХХРРИИДДССККИИ““ ЗЗАА 22000088 ДДООДДЕЕЛЛЕЕННАА ННАА MMEEЃЃУУННААРРООДДННИИООТТ ССЕЕММИИННААРР ЗЗАА ММААККЕЕДДООННССККИИ ЈЈААЗЗИИКК,, ЛЛИИТТЕЕРРААТТУУРРАА ИИ

ККУУЛЛТТУУРРАА

Page 20: Univerzitetski vesnik br. 89-90

20

ДВАНАЕСЕТТА ОРАТОРСКА ВЕЧЕР,,ИВО ПУХАН“

НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ

Студентката по новинарство, медиуми и кому-никации Наталија Крстова е победник на двана-есеттата Ораторска вечер „Иво Пухан“ на Прав-ниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, која се одржа на 9 декември 2008 година.

На финалната вечер настапија 16 студенти во две категории.

Во првата категорија, осум студенти интер-претираа говори на познати говорници. Оваа практика е неверојатна за развивање на говор-ничките вештини, а низ обука поминаа 25 сту-денти од правните, политичките и студиите по новинарство, медиуми и комуникации на Прав-ниот факултет.

Новина на Ораторската вечер претставуваа импровизираните говори, презентирани во рам-ките на Карл Попер – дебатата. Осум студенти дебатираа на темата „Бракови помеѓу лица од

ист пол во Република Македонија – за или про-тив“.

По повод 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, во свечениот амфитеатар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје се одржа свечена седница со пригодна програма и гости.

На свечената седница, покрај многубројните гости, учество земаа и ректорот на Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски, амбасадорот на САД во РМ г. Филип Рикер, како и домаќинот на оваа манифестација, деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – проф. д-р Борче Давитковски.

На одбележувањето се истакна значењето на

документот Универзална декларација за основ-ните слободи и човекови права, усвоена на Генералното собрание на ООН на 10 декември 1948 година, со која се гарантирааат основните права и слободи на човекот во целиот свет.

Денес, на шеесетгодишнината на оваа Декла-рација, светот сѐ уште е во постојана битка за заштита на основните слободи и права, доколку тие некаде во светот се загрозени или не се почитуваат во доволна мера.

Посебен свечен тон на ова јубилејно одбеле-жување му даде и хорот на АКУД ,,Мирче Ацев” од Скопје, кој изведе сплет на познати музички дела во современ аранжман.

Правен факултет „Јустинијан Први“ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН

НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Page 21: Univerzitetski vesnik br. 89-90

21

Ректорска конференција на јавни универзитети

Ректорската конференција на јавни универзи-тети под претседателство на проф. д-р Златко Жоглев одржа седница на 10.12.2008 година, на која беа разгледани повеќе прашања од делокру-гот на нејзиното работење.

Притоа беше разгледана информацијата за работата на Работната група формирана за изра-ботка на мерила и критериуми за кофинан-сирање на студиите на јавните високообра-зовни установи и за партиципациите и другите давачки на студентите на високообразовните ус-танови, како и мерила и критериуми за финан-сирање на дејноста на високообразовните уста-нови при што беше истакнато дека е доставен работен материјал кој претставува појдовна основа за може да се расправа и да се дојде до прифатливи решенија. Членовите 7 и 8 од Пред-логот за изработка на Уредба за нормативи и стандарди за основање на високообразовни уста-нови и за вршење на високообразовна дејност, кои се однесуваат на нормативите за обезбеде-но одржливо ниво на финансирање на приват-на високообразовна установа и нејзините студис-ки програми и обезбедена квалитетна финансис-ка гаранција за основање на приватна високо-образовна установа не треба да се разгледуваат бидејќи овие мерила и критериуми не се однесу-ваат на единиците на јавни универзитети. Исто-времено, Работната група изработила и Пред-лог–ценовник за висината на надоместоците што ги плаќаат студентите за образовни и адми-нистративни услуги на јавните универзитети во кој се опфатени цените на услугите што треба да ги плаќаат студентите, а кои треба да се почи-туваат од сите единиците во состав на јавните универзитети. Ректорската конференција на јавни универзитети го прифати работниот мате-ријал на Работната група формирана за изработ-ка на мерила и критериуми за кофинансирање на студиите на јавните високообразовни установи и за партиципациите и другите давач-ки на студентите на високообразовните устано-ви, како и мерила и критериуми за финанси-рање на дејноста на високообразовните устано-ви и заклучи да го даде на јавна расправа. По завршување на јавната расправа Работната гру-па ќе ги разгледа забелешките и предлозите и до 10.2.2009 година ќе треба да подготви мате-ријал.

Во рамките на тоа Ректорската конференци-ја на јавни универзитети донесе Одлука за Це-новник за висината на надоместоците што ги плаќаат студентите за образовни и администра-тивни услуги на јавните универзитети.

На седницата беше актуелизирано прашање-то за организирање на синдикат во високото образование кој треба да ги застапува интереси-те на вработените во високото образование и да биде партнер на Владата на РМ при потпишу-вањето на колективните договори. Во врска со тоа беше формирана работна група составена

од генералните секретари на јавните универзи-тети, со која ќе раководи м-р Илија Пиперкос-ки, генерален секретар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, која има задача да ги раз-гледа можностите за формирање синдикат во високото образование и да предложи соодвет-ни решенија.

МЕРИЛАТА И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ НА СТУДИИТЕ - НА ЈАВНА РАСПРАВА

„”

„”

Page 22: Univerzitetski vesnik br. 89-90

22

По повод протестот на група студенти

одржан на 16 декември о.г., поврзан со

Одлуката на Ректорската управа донесе-

на на 126. седница, за престанок со рабо-

та за одредено време на Универзитетско-

то радио Студент FM 92.9, а со цел точно

и целосно информирање на широката

јавност за причините за

ваквото привремено реше-

ние, Универзитетот „Св.

Кирил и Методиј“ во

Скопје на 18 декември

2008 година одржа прес-

конференција.

На прес–конференци-

јата, ректорот проф. д-р

Велимир Стојковски об-

разложи дека причините

за привремениот преста-

нок со работа за одредено

време на Универзитетско-

то радио се исклучиво од

финансиска природа. Име-

но, Универзитетското ра-

дио постои од 11 декември

минатата година кога за-

почна со емитување на

експериментална програ-

ма, додека од 14 јануари

о.г. започна со редовна

програма. Опремувањето

на радиото со сета неоп-

ходна логистика и ресур-

си, неговото одржување,

како и исплатата на хоно-

рарите и другите трошо-

ци на ангажираните лица

во радиото во голема

мера го надмина лимитот

на расположливите финансиски сред-

ства наменети за оваа позиција за што

Ректорската управа ја донесе одлуката

за привремен престанок на работата на

радиото сѐ до изнаоѓање друго поаде-

кватно решение за работата и финан-

сирањето на Универзитетското радио.

ООДДРРЖЖААННАА ППРРЕЕСС--ККООННФФЕЕРРЕЕННЦЦИИЈЈАА ЗЗАА УУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТССККООТТОО РРААДДИИОО

На 23 декември 2008 година, ректорот проф. д-р Велимир Стојковски одржа договорен состанок со претседателот на Сту-дентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје г. Самоил Малчески со цел размена на идеи и мис-лења за изнаоѓање ново оптимално финансиско и програмско решение за започнување на работата на Универзитетското радио Студент FM 92,9. Имено, Ректорската управа, на 126. седница одржана на 27. 10 2008 г., донесе Одлука за привре-мен престанок со работа на радиото поради финансиски при-чини.

На состанокот беше договорено Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Студентскиот парламент да преземат чекори и активности за повторно започнување со работа на Универзитетското радио. Универзитетското радио Студент FM 92,9 ќе започне да работи според нова програмска шема и јасно утврдени мерила и критериуми за финансирање на неговата работа и функционирање.

Page 23: Univerzitetski vesnik br. 89-90

23

ППРРООФФ .. ДД --РР ССААДДИИ ББЕЕЏЏЕЕТТИИ ППРРЕЕТТССЕЕДДААТТЕЕЛЛ ННАА ИИННТТЕЕРРУУННИИВВЕЕРРЗЗИИТТЕЕТТССККААТТАА ККООННФФЕЕРРЕЕННЦЦИИЈЈАА

Интеруниверзитетскатаконференција на РМ на седницата одржана на 22.12.2008 година, за прет-седател во наредниот две-годишен период го избра проф. д-р Сади Беџети, ректор на Државниот уни-верзитет во Тетово.

Инаку, на седницата бе-ше верификуван манда-тот на предложените чле-нови за Интеруниверзи-тетската конференција од Универзитетот на Југоис-

точна Европа во Тетово: проф. д-р Аслан Била-ли од Правниот факултет, проф. д-р Муртезан Исмаили од Факултетот за современи науки и технологии и проф. д-р Етем Азири од Факул-тетот за бизнис администрација, избрани од страна на Сенатот на Универзитетот на Југоис-точна Европа.

Интеруниверзитетската конференција на РМ го избра проф. д-р Веби Беџети од Факулте-тот за јазици, култури и комуникации за член на Одборот за акредитација од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, како и проф. д-р Изет Зеќири од Факултетот за бизнис адми-нистрација за член на Агенцијата за евалуација од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Интеруниверзитетската конференција на РМ го избра проф. д-р Стефан Буџакоски за член на Одборот за акредитација од Првиот приватен универзитет-ФОН во Скопје. Проф. д-р Стефан Буџаковски е избран на местото на досегашниот член проф. д-р Јове Кекеновски, кој поради вработување на друга високообразов-

на установа не може да ги извршува обврските на член во Одоборот за акредитација.

Истовремено, Интеруниверзитетската кон-ференција донесе Одлука за номинација на двајца членови во новоформираниот Национа-лен совет за информатичко општество, што е формирано со Одлука на Владата на РМ. За членови на овој совет се номинирани проф. д-р Маргита Кон Поповска, од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и доц. д-р Тони Стојановски од Првиот приватен универзитет – Европски универзитет – РМ во Скопје.

„ “

„ “

Универзитетски сенат

РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРОГРАМАТА ЗА РАБОТА ВО ПЕРИОДОТ 2007-2008 ГОДИНА

Во периодот 1.10. 2007–1.10.2008 година, Фа-кулетот за ветеринарна медицина во Скопје, ка-ко дел од предвидената програма за работа, реа-лизираше поголем број активности во повеќето приоритетни области. Во периодот за кој се из-вестува, Факултетот беше соочен со низа предиз-вици, кои храбро и успешно ги надмина, со што го докажа сопствениот наставно–научен капаци-

тет како високообразовна институција. Дел од реализираните активности и надминатите пре-дизвици ќе бидат накратко опишани.

Во периодот за кој се известува, вкупно беа одржани 16 седници на Деканската управа на ФВМ и 9 седници на Наставно–научниот совет на ФВМ на кои се разгледувани разни актив-ности и барања и донесени се редица одлуки

Проф. д-р Мишо Христовски,декан на Факултетот за ветеринарна медицина

Page 24: Univerzitetski vesnik br. 89-90

24

што го креираат успешното работење на Факул-тетот за ветеринарна медицина во Скопје, по принципот од идеја, одлука до максимална исполнителност, без одлагање и со максимална транспарентност.

1. АкредитацијаАкредитацијата претставува формално при-

знавање за одредена институција дека во це-лост ги исполнува специфицираните барања на меѓународниот стандард ИСО 17025 и дека посе-дува компетентност за издавање технички ва-лидни резултати.

Целта на добивање акредитација претставу-ва зголемување на довербата на клиентите за веродостојноста на резултатите од тестирањето, било да се работи за анализа на болести кај жи-вотните, анализа на храна или производство на семе.

Процесот на акредитација се одвиваше на 2 и 3.6.2008 и заврши успешно, со што Факулте-тот за ветеринарна медицина го доби Сертифи-катот за акредитација со бр. ЛТ-006 (Инс-титутот за храна и Ветеринарниот институт). Со овој сертификат се потврдува дека се исполнети барањата на стандардот МКС ИСО/ИЕЦ 17025:2006.

По тој повод се организираше промоција на сертификатот на 9.7.2008 г. на која, покрај дека-нот, пригодни обраќања имаа и: министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Ацо Спасеноски, ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски и директорот на Инсти-тутот за акредитација на РМ, доц. д-р Трпе Рис-тоски.

2. ЕвалуацијаСо директивите 78/1026/ЕЕС, 78/1027/ЕЕС и

2005/36/ЕЕС се дефинираат минималните за-должителни барања за сите членки на ЕУ и принципите на препознавање на соодветното образование, проверка на знаењето, вештините, студиската програма, деталниот опис на екстра-муралната практика и други форми на компе-тенција за докторите по ветеринарна медицина.

Евалуацијата на Факултетот треба да се реа-лизира до 2010 год. и е реално обременета со проблемите околу просторот, клиниките, када-рот, ЕКТС и др., кои се императиви за сегашна и блиска идна активност, која мора да ја завр-

шиме ако сакаме да бидеме еднакви во фами-лијата на ЕАЕВЕ (Асоцијацијата на установи за ветеринарна едукација).

Како позитивна реакција на досега реализи-раните активности, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, во рамките на самоевалуацискиот процес, го селектира ФВМ - Скопје како репре-зентативен факултет од групата биолошки нау-ки, за изработка на самоевалуациски извештај, кој послужи како основа за изведување на само-евалуацијата на сите останати факултети од ис-тата група.

Во правец на обезбедување квалитет на нас-тавниот процес, како потреба за приближување до европските стандарди, Факултетот презема директни активности, од кои најголем дел се во тек на реализација.

3. Наставна дејностВо академската 2007/08 год. се продолжи со

реализацијата на студиската програма за додип-ломски студии на Факултетот за ветеринарна медицина според европскиот кредит–трансфер систем (ЕКТС), со кој се започна од академската 2006/07 год.

Во поглед на правилно имплементирање на новата студиска програма на ФВМС според ЕКТС и документацијата што е потребна за во-дење на евиденцијата, во 2007/08 година беа преземени низа активности, посети и консул-тации со други институции на УКИМ, наставно-научниот кадар и студентите, кои детално се опишани во прилогот.

Во изминатиот едногодишен период, ФВМС презеде низа активности за негова промоција, привлекување нови студенти и усогласување на наставниот курикулум преку учество на домаш-ни и меѓународни собири.

Факултетот за ветеринарна медицина воведува и форми на континуирано образова-ние на граѓаните. Континиураното образование ќе се врши преку обука, (тренинг) курсеви, се-минари и други форми на теоретска и практич-на настава.

4. Научноистражувачка дејностНаучноистражувачката дејност на Факулте-

тот за ветеринарна медицина се одвива во рам-ките на тековни проекти финансирани од Ми-нистерството за образование и наука, како и проекти добиени на меѓународни конкурси.

Министерството за образование и наука обја-вува конкурси за национални и меѓународни билатерални проекти во текот на целата годи-на. Билатералната соработка е воспоставена со Словенија, Србија, Хрватска и др. земји, каде што наставно–научните работници конкурира-ат со свои предлог–проекти врз основа на обја-вените конкурси.

Посебна придобивка претставува проектот Upgrading and introduction of sustainable diag-nostic tools for the major transboundary diseases of animals in F.Y.R. of Macedonia, поднесен од страна на доц. д-р Иванчо Налетоски во рамките на ФП–6 програмата, преку кој дел од наставниот кадар реализира посети и обуки за дијагностика на предвидените болести во реномирани институти од ЕУ. Исто така, во те-

Page 25: Univerzitetski vesnik br. 89-90

25

кот на годината, остварена е можност за апли-цирање предлог-проекти по ФП–7 програмата, бидејќи е потпишан Меморандумот за разбира-ње од страна на Македонската влада.

Научноистражувачката дејност, како соста-вен дел од организацијата на Факултетот, е за-силена со реализираната претплата на 15 видни научни и стручни списанија, а воедно Факулте-тот е и регистриран корисник на Ебсцо-базата на податоци. Истовремено, со потпишаниот до-говор меѓу Министерството за образование на Р. Македонија и издавачката куќа ‘Елсевиер’, преку Универзитетската компјутерска мрежа, на Факултетот за ветеринарна медицина му се овозможени пристап и користење на најголе-мата светска електронска база на податоци ‘Скопус’, а во преговори е и користењето на базата на научни списанија ‘Science Direct’ за пристап до целосни текстови. На овој начин, на наставниот кадар и на студентите на Факул-тетот им е овозможен пристап до целосните текстови на најсовремените научни статии од списанијата што ги издава оваа издавачка куќа.

Научноистражувачките активности на када-рот на ФВМС дополнително се етаблираат со излегувањето од печат на списанието МАКЕ-ДОНСКИ ВЕТЕРИНАРЕН ПРЕГЛЕД, кое прет-ставува дополнителна афирмација на Факулте-тот во домашни и меѓународни рамки.

5. СобириСогласно со новиот Закон за заштита и благо-

состојба на животните, Факултетот за ветери-нарна медицина од Скопје во соработка со Крал-ското друштво за превенција од суровост кон животните (РСПЦА) од Велика Британија, во март 2008 година, ги организираше работилни-ците: Благосостојба на животните - европска рамка и 3Р концепт - законска рамка за заш-тита на лабораториски животни. На овие работилници се дискутираше за важноста на благосостојбата на животните за Република Ма-кедонија во чекорите што ги презема за добива-ње членство во Европската унија.

Факултетот за ветеринарна медицина, заед-но со Сојузот на студенти при ФВМ, во јуни 2008 год. во Охрид, го организираше меѓу-народниот собир на студенти по ветеринарна медицина Ветеринијада 2008. На овој собир, покрај студентите од ФВМ, учество зедоа и сту-денти од факултетите за ветеринарна медицина од Загреб, Сараево и Нови Сад.

Во октомври 2008, заедно со партнерите од Канада со кои имаме потпишано договор за ре-гионален застапник, предвидена е организаци-ја на регионална конференција под наслов: Реви-тализација на руралниот развој на сточарски-от производствен капацитет на Балканот низ наука, технологија и обука.

Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје ќе биде и организатор на меѓународниот научен собир под наслов Знаењето - капитал на иднината, кој ќе се одржи во Скопје и во Охрид во периодот од 12 до 15 февруари 2009 година. Коорганизатори на научниот собир се и: Институтот за социолошки и политич-ко–правни истражувања од Скопје, Институтот за менаџмент на знаењата од Скопје и Navreme

Knowledge Development – Виена, Австрија.Врз основа на официјалната покана од

ЕСДАР (Европска асоцијација за репродукција на домашни животни), ФВМ донесе одлука за прифаќање на иницијативата за кандидатура за хостирање на Годишното собрание на ЕСДАР во 2010 година.

6. Соработка Со цел успешно унапредување на ветеринар-

ното здравство, воспоставена е соработка со ФВМС од Љубљана, Белград, Стара Загора, Заг-реб, Сараево, Хановер, Семекс-Сокова (Унга-рија), Научниот институт за ветеринарство во Нови Сад, Република Србија, Таџикистанскиот научноистражувачки ветеринарен институт, Центарот за трансфер на технологии при Министерството за земјоделство на Израел, „Алта Генетикс” од Канада и др.

Соработката на институтите со нашите комитенти е од посебно значење за ФВМС и се истакнува, пред сѐ, со МЗШВ (Републичка упра-ва за ветеринарство), фармите (Ветеринарен институт и Институт за репродукција), произ-водните капацитети, трговските фирми и дру-ги.

Како резултат на интензивната соработка со ФАО, ФВМ е организатор на обуката на ветери-нарните инспектори и доктори по ветеринарна медицина за високо патогена авијарна инфлу-енца.

Со цел интензивирање на соработката, пред сѐ, во наставно-образовната дејност, ФВМС во учебната 2007/08 година продолжи со учество во програмата за размена на студенти и настав-ници (ЦЕЕПУС), во мрежата на ветеринарни факултети од Централна Европа ВетНЕСТ.

Соработките треба да се прошируваат, зголе-муваат и надградуваат бидејќи имаат големи потенцијали за афирмација и солидна заработу-вачка.

7. ИнвестицииОсобено треба да се нагласи опремувањето

на Лабораторијата за испитување на квалите-тот на млекото при Институтот за храна, така што за прв пат во РМ се формира Централна независна акредитирана лабораторија за испи-тување на квалитетот на суровото млеко. Фор-мирањето на оваа лабораторија резултираше со потпишување договори со млекарниците ‘Свед-милк’ и ‘Идеал Шипка’.

Во интерес на решавањето на реалните прос-торни проблеми, ФВМС напорно работи на нив-но конечно надминување. Во тек е изработката на Деталниот урбанистички план за комплек-сот ‘Ветерина’ во н. Илинден, Скопје, кој како идејно изготвено решение е доставено до Вла-дата на РМ.

Сите инвестиции се реализирани со непо-средна соработка и помош од членовите на Де-канската управа и со другите колеги и соработ-ници на кои во оваа прилика ја искажувам мо-јата искрена благодарност.

Со измените на Статутот на ФВМС, кои тре-ба наскоро да се случат, се предвидува изработ-ка на бројни програми за работа за претстојна-та година и бизнис–план за работа на деканот

Page 26: Univerzitetski vesnik br. 89-90

26

и Деканската управа, како и изработка на Стра-тегија за развој на Факултетот за наредниот петтогодишен период.

Сето горенаведено укажува на фактот дека изминатиот период беше изразито успешен и продуктивен за Факултетот и претставува осно-ва за мојата понатамошна работа и соработка со целиот кадар.

Сите опишани активности претставуваат краток осврт на сето она што е сработено во те-кот на изминатиот едногодишен период. Нив-ниот детален приказ е даден во Годишниот из-вештај на Факултетот за ветеринарна медицина за академската 2007/2008 година.

СТУДИРАЊЕТО ПО ЕКТС-СИСТЕМОТ ОТВОРА ШИРОКИ ПЕРСПЕКТИВИ

I. Општи напомени и специфичности

Извештајот ја прикажува работата на дека-нот и Факултетот во целина во четвртата годи-на од мандатот, за период од 1 октомври 2007 до 30 септември 2008 година, при што во некои сегменти се прикажани и некои показатели за целиот четиригодишен мандат.

Од голем број активности што се случуваа на ФЕИТ, наведени се само дел, кои по своето зна-чење заслужуваат внимание и одзедоа најголем дел од времето и работата на деканот, Декана-тот и стручните служби на Факултетот. Според вообичаениот принцип на транспарентно и де-мократско работење, најголем дел од тие актив-ности беа презентирани како информација на веб-страницата на Факултетот, така што и сту-дентите, наставно-научниот кадар на Факулте-тот, како и нашето опкружување можеа конти-нуирано да ги следат работата и активностите на ниво на Факултетот.

Започнатите проекти од третата извештајна година беа приоритет за решавање и во оваа година, при што се вложени максимални на-пори за нивна реализација. Како посебен белег на овој период е донесувањето на новиот Закон за високото образование и улогата на Универ-зитетот и Факултетот во новите законски рамки и услови. Затоа, во оваа извештајна година има-ше активности на деканот, продеканите, секрета-рот, сенаторите и општо целиот Факултет во влијанието врз изработката на новиот Статут на УКИМ. Специфичност во оваа година беше и приспособувањето кон уписите на нови студен-ти според средношколската матура и нивна реализација во август 2008.

Оваа година беше и последната година од мандатот на Деканатот и нашите претставници во универзитетските органи. Се реализираа из-борни активности, при што успешно се изврши избор на новиот декан проф. д-р Миле Станков-ски, новите продекани: вонр. проф. д-р Влатко Стоилков, доцентите д-р Дејан Ѓорѓевиќ и д-р Александар Ристевски, како и новите сенатори на ФЕИТ, професорите д-р Тони Јаневски и д-р Рубин Талевски. При нивната номинација и из-

бор, Наставно-научниот совет на ФЕИТ им ука-жа апсолутна доверба да го водат Факултетот во наредниот четиригодишен мандатен период.

II. Водење на ФакултетотВо својата функција на водење на Факулте-

тот, деканот поттикна низа активности, помеѓу кои за одбележување се следниве:

- Разговори со владини претставници и обез-бедување средства за проектот на нова згра-да на ФЕИТ и компензација на еден дел од трошоците за дисперзираната паралелка во Штип. Владата на Р. Македонија за прв пат оваа година одвои вакви наменски средства за ФЕИТ и според најавите, со учество во проектот, ќе учествува и во натамошните активности за нејзина изградба;

- Интензивна комуникација со Ректоратот на УКИМ и Владата во врска со активностите за отвoрање нови универзитети и факулте-ти од дејноста на ФЕИТ;

- Промоција на успешноста на студентите на ФЕИТ и нивните достигања;

- Покрената е иницијатива и започнати се активности за осовременување и модерни-зација на студиските програми на ФЕИТ, во рамките на комисија на ниво на ФЕИТ, со крајна цел добивање меѓународна акредита-ција;

- Формиран е Центар за нови студенти на ФЕИТ, со цел да ги промовира студиските програми и да привлече нови студенти на Факултетот, но и да се грижи за прифаќање на новите студенти и да овозможи помош за нивно подобро снаоѓање во новата среди-на и начинот на студирање на Факултетот;

- Востановена е практиката на деловно пла-нирање на годишно ниво - со Годишен де-ловен план за работа на ФЕИТ;

- Забрзана е постапката и интензивирани се активностите за донесување студиски про-грами за V година;

- Иницијативи за нови студиски програми и можности за нивен третман како проекти;

- Подобрување на работните услови на нас-тавниот кадар, грижа за редот и чистотата

Проф. д-р Вангел Фуштиќ,декан на Факултетот за електротехника и информациски технологии

Page 27: Univerzitetski vesnik br. 89-90

27

на Факултетот и неговата околина;- Подготовка на монографија за ФЕИТ;- Иницијатива и поддршка за организација на меѓународната конференција EPE-PEMC 2010;

- Обраќање на деканот до ННС, со осврт на те-ковните прашања и неизвесности;

- Поддршка на низа студентски семинари и работилници, како дел од наставниот про-цес;

- Претставување и промоција на Факултетот во јавните медиуми;

- Иницијативи за јавно приватно партнер-ство во дејноста;

- Оформување на веб-страницата на ФЕИТ, развој на нејзината динамика и промоција на успешната и транспарентна работа на нашиот Факултет.

III. Наставна дејност

• Настава и студенти според старите наставни планови и програми

Во оваа академска година апсолвира послед-ната генерација студенти запишани по старите наставни планови и програми во траење од девет семестри. Без оглед на тоа што завр-шуваат овие програми, тие ја извршија својата функција во минатото така што со гордост мо-же да истакнеме дека според тие програми се создадоа низа успешни генерации наши дипло-мирани инженери. Тие со својата стручност и успешност го промовираат Факултетот во зем-јата и во странство и имаат голема заслуга за тоа што е Електротехничкиот факултет/ФЕИТ денес. Се планира до учебната 2010/2011 годи-на сите студенти што студираат според овие наставни планови и програми да дипломираат, со што и формално овие програми ќе згаснат.

• Настава според новите студиски програми

Во мандатот на овој Деканат се реализира еден циклус од новите студиски програми спо-ред ЕКТС. Во оваа академска година, ја завршу-ва четиригодишната настава првата генерација студенти (2004/2005) запишани по новите сту-диски програми.

За оваа настава, во текот на извештајнавa година, реализирани се и следниве активности:

- ажурирани се долгите содржини за сите предмети во сите години на сите студиски програми, со што се разрешени дел од про-блемите поврзани со предусловите, бројот на кредитите, ажурирање на содржините и сл.;

- изготвен и отпечатен е информатор за идни-те студенти што треба да се запишат на Фа-култетот во учебната 2008/2009 год.;

- донесена е одлука со која се регулира извр-шувањето на студентската практика за студентите запишани на ФЕИТ и според ко-ја реализираната студентска практика овоз-можува добивање 3 кредити;

- донесена е одлука за признавање на креди-ти на студентите што посетувале и полагале

курсеви што не се предвидени со студис-ките програми на Факултетот; според оваа одлука, со успешно завршување на ваков вид курс, студентот се здобива со 2 кредита, а максималниот број кредити што еден сту-дент може да ги добие по овој основ се 6;

- на Наставно–научниот совет со посебни од-луки беа прифатени и неколку курсеви, кои беа реализирани од страна на наставниот кадар на Факултетот или во соработка на наставниот кадар на Факултетот и студент-ската организација BEST;

- донесена е одлука со која е овозможено сту-дентите да избираат предмети од другите студиски програми на Факултетот; вкупни-от број кредити од овие предмети не смее да надминува 10% од вкупниот број креди-ти, кои треба студентите да ги освојат за да дипломираат;

- направена е измена во правилата за студи-рање во однос на начинот на пријавување и одбрана на дипломската работа; според но-вите Правила, дипломската работа се прија-вува во последниот семестар на студирање и се вреднува со 8 кредити, кои влегуваат во збирот од 240 кредити, а кои се потреб-ни за дипломирање на студентите по ЕКТС. По барање на студентите беше реализирана дополнителна ден-сесија, која на поголем број студенти им помогна да го надополнат пропуштеното.

• Предлагање нови студиски програми за вториот циклус на студии

Почнувајќи од академската 2004/05 година, додипломските студии од прв циклус се реали-зираат согласно со ЕКТС и се во траење од 8 семестри со оптоварување од 240 кредити. Во 2008 година завршува (дипломира) првата ге-нерација студенти што студираат според ЕКТС и според системот 4+1 од учебната 2008/2009 година треба да отпочнат студиите од втор цик-лус на студии.

Со одлуки на Наставно-научниот совет, усво-ени се студиските и предметните програми од вториот циклус на студии-магистерски студии, кои треба да се организираат на Факултетот сог-ласно со Болоњската декларација и европскиот кредит-трансфер систем и донесена е одлука за организирање втор циклус на студии на ФЕИТ.

Page 28: Univerzitetski vesnik br. 89-90

28

Факултетот изготви 23 студиски програми за магистерски студии (втор циклус) од областите што ги негува во согласност со современите стандарди и постигнувања. Со овие студии за прв пат ќе се реализираат редовни магистерски едногодишни студии, со што ќе се заокружи моделот 4+1 и со нивното завршување студенти-те ќе се стекнат со 300 кредити.

• Дисперзирана паралелка во Штип

Со оглед на фактот дека во Штип се отвори нов универзитет, Факултетот донесе одлука сту-дентите запишани во дисперзираната паралел-ка во Штип од учебната 2008/2009 година своето образование да го продолжат во Скопје. За да им се олесни префрлањето во Скопје, Факултетот донесе одлука овие студенти да не ги плаќаат кредитите за сите предметни дисци-плини што ги запишуваат по првпат.

IV. Уписна политика и нови студенти

За оваа учебна година, уписните квоти што ги усвои Факултетот беа на ниво на минатого-дишните. Пред објавување на Конкурсот за запишување студенти, Владата на Р. Македони-ја ја зголеми квотата на кандидатите за некои студиски програми. За студиската програма ин-форматика и компјутерско инженерство, квота-та од 80 студенти е зголемена на 100, за студис-ката програма компјутерско системско инженер-ство и автоматика, бројот на студенти во држав-на квота е зголемен на 60, на студиската програма телекомуникации на 80, а за профе-сионалните студии по информатика Владата на Р. Македонија воведе државна квота со 40 студенти.

Во учебната 2008/09, во првиот уписен рок се запишани вкупно 502 студенти. Со вториот и третиот уписен рок, вкупниот број новозапи-шани студенти ќе ја надмине бројката од 600 нови студенти. И покрај големиот број нови факултети и универзитети како можен избор за студирање, интересот за студирање на нашиот Факултет и натаму останува голем. За одбележу-вање е успехот на студиската програма електро-енергетика и управување, за која, како и мина-тата година, владее сè поголем интерес и која ја исполни државната квота.

• Центар за нови студенти

По иницијатива на деканот, во март 2008 се формираше Центарот за нови студенти, со задача да го промовира Факултетот пред мату-рантите од сите средни училишта во земјата и да предизвика зголемен интерес за упис на студенти на сите студиски програми на Факул-тетот. Неговата мисија, според замислата на деканот, е да ги привлече и стимулира младите луѓе да ги реализираат и надградат своите тален-ти на полето на електротехниката и информа-циските технологии преку студирањето на нашиот Факултет. Веднаш по отпочнувањето со својата активност, Центарот организираше ми-ни отворен ден за средношколците, кои учеству-ваа на Републичкиот натпревар по математика,

а кој се одржа во зградата на Факултетот. Во таа прилика беа користени заостанатите рекламни материјали од отворениот ден од 2007 година.

• Подготвителна настава

Во септември оваа година, веднаш по првиот уписен рок, Факултетот организираше нулти курс по математика за идните студенти. Целта на овој курс е повторување и утврдување на знаењата од средношколската математика, неопходни за следење на наставата на сите тех-нички факултети. Факултетот организира и подготвителна настава по физика за идните наши студенти, за што е можно нивна подобра подготовка за следење на наставата.

V. Кадровски промени и ангажирани лица

Во овој период на Факултетот се вработија 7 помлади асистенти, што значително ја подобри кадровската екипираност на некои институти. Во пензија заминаа професорите проф. д-р Ли-дија Петковска и проф. д-р Панчо Врангалов. Во оваа прилика им изразуваме голема благо-дарност за нивната работа на нашиот Факултет и желби за убави пензионерски денови и ната-мошна соработка во научноистражувачката работа. Нашите колеги, проф. д-р Аксенти Грнаров, проф. д-р Томислав Џеков и асист. м-р Владо Ханџиски заминаа да работат на други приватни универзитети, додека на шест лица им мирува работниот однос. Факултетот ангажираше 16 лица по договор, демонстра-тори избрани од ННС - 22 и доделени демон-стратори за лабораториски вежби вкупно 19.

VI. Научноистражувачка дејност

Факултетот продолжи успешно да дејствува и во научноистражувачката работа. Стимула-тивните мерки што беа воведени даваат натамо-шен поттик во научноистражувачката работа. Во рамките на тековните проекти се реали-зираа летни школи и семинари за студентите на Факултетот, престој на поголем број наши студенти и магистранти на универзитетите во Европа. Реализирана е набавка на нова опрема за научноистражувачка работа. Проектите овоз-можија и престој на наши професори во други странски институции, што многу придонесе за размена на искуства и трансфер на знаење, како и на научноистражувачките резултати. За одбележување се придонесите на проектите за осовременување на лабораториите. Дел од про-ектите даваат значителен придонес кон осовре-менување на наставните програми, особено за постдипломските студии и за примената на новите технологии.

VII.Студенти и промоција на нивниот успех

Соработката на Деканатот и студентите бе-ше на високо ниво и сите заеднички активнос-ти беа координирани и успешно реализирани. Организирани беа низа традиционални забави како составен дел од културниот живот на Факултетот. Така, најмасовна беше Бруцошката

Page 29: Univerzitetski vesnik br. 89-90

29

забава, на која присуствуваа голем број студен-ти од ФЕИТ и Универзитетот. Факултетот даде финансиска поддршка на „Електријада 2008”, која оваа година се одржа во месец мај во мало-то гратче Теслиќ, Босна и Херцеговина. Нашите претставници традиционално учествуваа во ре-чиси сите научни и спортски натреварувачки дисциплини и освоија вредни награди. За непо-средна комуникација со студентите, деканот имаше приемни термини за студентите, како и службена електронска адреса „декан” за директ-на комуникација со студентите.

• Промоција на дипломирани и наградени студенти и магистри

Во февруари оваа година се одржа промоци-јата на магистри и дипломирани и наградени студенти на ФЕИТ, која беше една од најуспеш-ните досега. И оваа година беше голем бројот на наградените студенти според покажаниот успех по години, како и успешноста со висок просек на дипломираните студенти. Деканатот вложи напори и успеа да обезбеди значителни средства за Фондот за наградување на студен-тите. На промоцијата беа промовирани 18 магис-три и 285 дипломирани студенти според стари-те наставни планови и програми. Од промовира-ната редовна генерација 2002/2003 завршија 66 студенти, од кои 20 со просек над 9, кои беа наградени. На тригодишните студии по инфор-матика завршија 8 студенти од кои 1 со просек над 9.

Исто така, Инженерската организација на Македонија им додели Инженерски прстен на најдобрите студенти Ѓорѓи Маџаров и Миле Орешковиќ. Наградата „Атанаско Кантарџиев“ ја добија двајцата студенти што дипломирале со просек 10,00 - Ѓорѓи Маџаров и Миле Ореш-ковиќ. Беа доделени и пофалници за Електри-јада и Студентски спортски игри, а дел од студен-тите добија и награди од Македонската секција на IEEE.

• Промоција на успешноста на студентите

И оваа година продолжи промоцијата на ус-пешноста на студентите на ФЕИТ, со претставу-вање на најдобрите студенти-дипломци за 2007 година - Ѓорѓи Маџаров и Миле Орешковиќ. Ди-пломецот Горан Трпчевски, пак, беше промо-виран како најмлад дипломец во историјата на ФЕИТ. Деканот организираше средба и промо-ција на иновативноста и креативноста на наши-те студенти-иноватори и нивните признанија од страна на Сојузот на пронаоѓачи и автори на техничките унапредувања на Белград. Нашите студенти Александар Цветановски, Драган Авра-мовски и Мирослав Павлевски освоија Сребрен и Бронзен медал за пронајдокот „Нервно инфе-рентен двоножен робот”. Студентот Александар Цветановски е добитник и на плакета од Држав-ниот завод за индустриска сопственост и награ-да од Министерството за образование и наука на Р. Македонија.

• Студентски практики

Факултетот склучи договори и има соработ-ка со неколку компании за организирано учество на студентските практики, како на пример со Македонски телеком, Сивус - “Seavus Summer Job” програма, Стопанска банка, ЕЛЕМ, МЕПСО, како и во рамките на ISSNB – DAAD проектот итн.

VIII. Апликативна дејностИ во овој извештаен период, Факултетот ја

продолжи интензивната апликативна дејност.

И оваа година, како и минатата, имаме пораст на договорени и до крајот на годината секако и реализирани финансиски средства. За соработ-ката се користени различни бизнис модели, соодветно на потребите на нашите клиенти од стопанството како: изработка на студии, кон-султантски услуги, мерења и сл. Факултетот беше активен на јавните повици и наскоро се очекуваат нови договори со стопанството.

Започнатите напори и активностите за акре-дитација на лабораториите на Факултетот и на-таму продолжуваат, за нивно наметнување ка-ко потреба на соодветни државни институции и секако профитабилно работење. Како државна институција, Факултетот е должен да работи во оваа насока и во партнерски однос со соодвет-ните министерства да му даде поддршка на нашето стопанство преку сертификати, атести, дозволи, мислења, вештачења и др. Потребни се финансиски вложувања во нашите лаборато-рии за зајакнување на нивната конкурентност и профитабилност.

IX. Материјално-финансиско работење

Факултетот има позитивно материјално–фи-нансиско работење. Забележан е пораст на при-ходите по сите основи на сопствената сметка, како резултат на зголемените приходи на сора-ботката со стопанството од околу 21%, во однос на претходниот извештаен период и зголемени-те приходи од студентите од неколку проценти, додека од постдипломците приходот изнесува-ше 67%. Расходите во сопствената сметка беле-жат пораст кај платите од 71% во однос на прет-

Page 30: Univerzitetski vesnik br. 89-90

30

ходниот извештаен период, како резултат на покачувањето на бодот од 1.9.2007 од 35,00 ден. на 39,00 ден. и промени во Правилникот за плата.

X. Организирани манифеста-ции на Факултетот

Како поважни манифестации што го одбеле-жаа извештајниов период се:

- прв свечен час за новите студенти,- бруцошка забава за новите студенти,- низа манифестации по повод Нова година и Божиќ (Новогодишно дружење на ФЕИТ, Изложба на фотографии на фото клубот ЕЛЕМА, Студентска веселба, Новогодишна елка и пано за желбите на студентите, Читање на новогодишните желби, Новогоди-шен коктел, Василица),

- завршеток на наставата и апсолвентски де-нови – во овој период имаше 2 апсолвира-ња на студентите според стари наставни програми и според новите четиригодишни студии,

- промоција на магистри и дипломирани и наградени студенти на ФЕИТ,

- отворен ден за средношколците,- саем на кариера,- студентски семинари, летни школи и струч-ни курсеви, како и

- организација на низа научни и стручни гос-тувања и предавања на професори од стран-ство во соработка со македонската секција на IEEE и проектите на ФЕИТ.Покрај веќе спомнатите активности и

настани, за одбележување се и следниве:- На 1 октомври 2007 година свечено беше од-бележан почетокот на новата учебна година и првиот час за студентите во I година. На свечениот час присуствуваа над 500 сту-денти запишани во I година на ФЕИТ, прет-ставници на студентската организација и наставниците и соработниците на Факулте-тот.

- На 25.10.2007 г. на Факултетот беше отворе-на нова мултимедијална училница, која е формирана во рамките на ТЕМПУС проек-тот „Компјутерски поддржано колаборатив-но учење”, чиј раководител е доц. д-р Дими-тар Ташковски. Училницата е опремена со 20 компјутери, 2 видеопроектора, видеосер-вер, телевизор, видеоконференциска каме-ра и документна камера. Во рамките на исти-от проект, за првпат во нашата држава е воведен колаборативниот начин на изве-дување на наставата. Овој начин на настава беше применет за изведување на наставата по предметот основи на дигитално процеси-рање на сигнали.

- Факултетот за електротехника и информа-циски технологии беше домаќин на Студент-ската работилница со наслов 2007 - Година на хелиофизиката и планетата Земја, која се одржа во ноември 2007 година. Органи-затори на манифестацијата беа: ФЕИТ, Ин-женерската институција на Македонија, Здружението на инженери по физика и Македонското астрономско друштво. Со оваа манифестација Република Македонија

се приклучи кон 191 земја-членка на Обеди-нетите нации, кои ја одбележуваат Интер-националната година на хелиофизиката и планетата Земја.

- По повод реализацијата на курсот „Прото-колот од Кјото и негова имплементација”, стипендиран од фондацијата „Вили Брант“ од Рим, а во соработка со Универзитетот од Туша во Витербо, Италија и Министерство-то за животна средина и заштита на земја и море на Република Италија, во ноември 2007 во просториите на Факултетот беше одржано свечено затворање на овој курс и доделување сертификати за успешните сту-денти. Факултетот беше и покровител на Неделата на енергетика на Македонија 2007, која се одржа во ноември 2007 во со-работка со Машинскиот факултет во Скоп-је. Во декември 2007 год. на ФЕИТ се одржа студентски семинар „Обновливи извори на енергија, класификација, можности и пер-спективи”. Семинарот беше организиран од Институтот за електрични централи и раз-водни постројки, а беше под покровител-ство на фондацијата „Вили Брант“ – Итали-ја. Од 18 до 21 март, во холот на Факултетот се одржа Job Fair 2008 на ФЕИТ. Job Fair е саем за вработување и кариера, кој студент-ската организација БЕСТ успешно го орга-низира по четврти пат. Семинарот со нас-лов „Заштеда на енергијата со примена на енергетски ефикасни електрични машини” се одржа во текот на месец март 2008 го-дина и опфати голем број студенти од сите студиски програми на Факултетот. Во рам-ките на своите подготовки за ACM ICPC (International Collegiate Programming Con-test) натпреварите, ФЕИТ организираше ре-вијален натпревар во алгоритамско програ-мирање. Натпреварот се одржа во март 2008 во просториите на ФЕИТ во организа-ција на Центарот за отворено и далечинско образование. На 19 април 2008 година, Факултетот ги отвори своите врати за мату-рантите. Голем број матуранти дојдоа и заедно со своите постари колеги од ФЕИТ имаа можност од прва рака да се запознаат со Факултетот, со начинот на работа и студирање, со лабораториите, институтите, просториите за предавање итн. Сите мату-ранти што нė посетија добија бесплатни промотивни и информативни материјали за Факултетот, како и мултимедијално цеде со сите потребни информации подготвени од Центарот за нови студенти. Во периодот 29-31 мај 2008 година, на Факултетот за електротехника и информациски техноло-гии во Скопје се одржа работилница на тема New Frontiers of Low-Cost Photovoltaic Solar Cells – 2008. Работилницата ја органи-зираа Факултетот, Инженерската институ-ција на Македонија и Технолошко–мета-луршкиот факултет, под покровителство на CEI (Central European Initiative). Во јуни оваа година се одржа студентскиот семинар „Искористување на биомасите за енергет-ски цели“, во насока на проширување на знаењата на студентите за еден важен об-

Page 31: Univerzitetski vesnik br. 89-90

31

новлив извор за производство на елек-трична енергија. Факултетот зеде активно учество во популаризацијата на успешноста на нашите дипломирани студенти на стран-ските универзитети со поддршка на Првиот меѓународен семинар за магнетна резонан-ција во Република Македонија, кој се одржа во август оваа година во Охрид. Сите манифестации и собири беа прикажувани и на веб-страница на Факултетот.

• Конференција EPE – PEMC 2010

Во силна конкуренција и со големо ангажи-рање на иницијаторите за организирање на оваа конференција, како и со голема поддршка на деканот, ФЕИТ ја доби организацијата на 14. Конференција EPE – PEMC 2010, во 2010 годи-на во Охрид. Ова претставува големо призна-

ние за Факултетот но и одговорност да се завр-шат успешно сите подготовки. Проф. д-р Слобо-дан Мирчевски е главен претседавач на конфе-ренцијата.

• Приходи на буџетската сметка

Како поддршка од државата за дејноста на ФЕИТ, приходите на буџетска сметка, за жал, во мандатниот период се без пораст. Мал по-раст имаме минатата година со порастот на пла-тите во јавната администрација од 10% (на бу-џетскиот дел од платата) и со компензација на еден дел од трошоците за дисперзираната пара-лелка во Штип. Во вкупните приходи, на соп-ствена сметка, покрај приходите од студентите и соработката со стопанството се пресметани и другите приходи по различни основи како донации, спонзорства и сл.

И З В Е Ш Т А ЈЗА РАБОТАТА

во периодот 1.10.2007 - 30.9.2008 година

Во Извештајов се презентирани активнос-тите на Деканатот, во сите сфери на дејствува-ње, како и резултатите кои се постигнати во из-минатата година.

Работата на Градежниот факултет во измина-тата година беше конципирана, пред сѐ, во пра-вец на исполнување на статутарно утврдените задачи и мисијата на Факултетот. Една од основ-ните заложби во работата на Деканатот беше одржувањето на развојната фаза на Факултетот.

Со донесувањето на Законот за високото обра-зование, во март 2008, Универзитетот покрена постапка за донесување на нов Статут со кој суштински се менува досегашниот статус на Факултетот и се налагаат низа активности во поглед на редефинирање на организационата структура и начинот на работа на Факултетот во сите сфери на дејствување. Деканатот ги презе-де сите потребни мерки и активности Градежни-от факултет да биде во чекор со сите случувања, да даде максимален придонес во креирањето на новиот Статут на Универзитетот и да изврши соодветни подготовки за имплементирање на неговите одредби.

Во текот на изминатата година бевме сооче-ни со низа објективни проблеми, со кои подол-го време се соочуваме, а кои произлегуваат од општите услови и околности во кои се одвива високообразовната дејност на јавните универ-зитети, поконкретно на техничките факултети.

Покрај сè, сметам дека на Градежниот факул-тет во изминатата година се постигнати конкрет-ни резултати, во сите области, кои укажуваат

дека успешно се остварува четиригодишната програма за работа на Градежниот факултет.

1. НАСТАВНО-ОБРАЗОВНА ДЕЈНОСТ

Наставно–образовната дејност, како основ-на дејност, имаше посебен приоритет во работа-та на Деканатот. Беше продолжен и заокружен процесот во имплементацијата на Болоњската декларација и ЕКТС во студиските програми од првиот циклус на високото образование – до-дипломските студии.

Во изминатата академска година дипломи-раа: 62 студента на градежништво, 26 студенти на геодезија и 3 студенти на геотехника. Сту-диите ги завршија и 14 студенти на степен по градежништво и 2 студента на степен по геоде-зија.

Вонр. проф. д-р Петар Цветановски,декан на Градежниот факултет

Page 32: Univerzitetski vesnik br. 89-90

32

Со задоволство можам да истакнам дека во изминатата година ги добивме и првите дипло-мирани градежни инженери и првите дипломи-рани инженери по геотехника кои студиите ги завршија според ЕКТС.

Низа искуства од првата генерација на зао-кружени студии беа искористени за подобру-вање на студиските програми и начинот на нив-ната реализација.

Со намалениот интерес на младите за студи-рање на техничките факултети се соочивме и во изминатата година. Градежниот факултет презе-де низа пропагандни активности за информира-ње на матурантите со можностите кои Факулте-тот им ги нуди. Од фондацијата за стипендира-ње на студенти по градежништво и геодезија беа доделени 13 стипендии на најуспешните студенти запишани во прва година. Заедно со студентите кои, според критериумите на фондацијата, ги задржаа стипендиите имавме 41 стипендист.

Покрај сè, бројот на запишани студенти во академската 2008/2009 година е под нашите очекувања. Особено загрижува слабиот интерес за поединечни насоки на студиите по градеж-ништво. Дефицитот на инженерски кадар и порастот на БНП во градежништвото се реална основа за оптимизам во иднината.

Во летниот семестар од оваа академска годи-на стартуваа и студиите од вториот циклус по геодезија на кој се запишаа 61 студент.

За студиите од вториот циклус – постдиплом-ски студии по градежништво и геотехника беше изготвен Проект за измени и дополнувања, кој беше усвоен од страна на Ректорската управа. Со овие измени го заокруживме и вториот цик-лус на студии според болоњскиот процес и прак-тично овозможивме реализација на моделите 4+1 и 3+2, односно стекнување на академски степен магистер преку реализација на 300 кредити во траење од 10 семестри.

Во изминатата година имавме две одбрани на магистерски трудови, а прифатени се шест пријави за изработка на магистерски трудови.

Во април 2008 беше отворен вториот циклус на докторските студии SEEFORM, спонзори-рани од германската агенција за меѓународна соработка DAAD преку научноистражувачката мрежа DYNET. На овие студии беа прифатени апликациите на девет кандидати од регионот на Југоисточна Европа.

За подобрување на наставниот процес Гра-дежниот факултет инвестираше во набавка на LCD-проектори, во амфитеатарот и училницата 111 беше инсталирано озвучување, беа набавени 32 персонални компјутери, беше адаптирана нова компјутерска училница со 24 работни мес-та, беше реновирана лабораторијата за санитар-на хидротехника.

Инвестирано е и во набавка на лиценциран софтвер под многу поволни услови, а одредени пакети се добиени преку спонзорство и донаци-ја. Во овој момент, Факултетот, за едукативни цели, располага со современ софтвер кој овозмо-жува да одржиме високо ниво на наставниот процес.

Значителни активности беа преземени и околу редизајнирањето на веб–страницата на

Факултетот со отворање на можноста катедрите да имаат свои веб–страници кои ќе можат слободно да ги креираат.

Интернет-комуникацијата беше проширена со дополнителни 10 ADSL бесплатни врски до-биени од Македонски телеком.

Во склоп на наставниот процес беа организи-рани низа посети на интересни објекти и произ-водни погони за градежни материјали и про-изводи наменети за градежништвото.

Согласно со статутарните одредби и Законот за високото образование, а во рамките на про-цесот на самоевалуација, од страна на Комиси-јата беа реализирани две анкети на студентско-то мислење, на крајот од зимскиот и летниот семестар. Комисијата изготви и презентира извештај од првата анкета.

Во реализацијата на наставно–образовната дејност, особено во делот на студиите од прв циклус според ЕКТС, соочени сме со дефицит на асистентски кадар. Деканатот испрати бара-ње за вработување на три нови асистенти, во октомври 2007 година, со адекватно образложе-ние, барањето го повтори уште неколку пати. Се очекува овие места да бидат одобрени во текот на октомври 2008.

2. НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ

Научноистражувачката работа на Факулте-тот во изминатата година се одвиваше преку работа на научноистражувачки проекти, преку учество во работа на меѓународни проекти, преку индивидуална изработка на магистерски трудови и докторски дисертации, учество на симпозиуми и конгреси во земјата и во стран-ство, објавување на научни трудови во списани-ја и друго.

Оваа година продолжи работата и се фина-лизира меѓународниот проект во рамките на програмата FP6: PROHITECH. Во рамките на проектот беа изградени и испитани два модела, на катедрала и византиска црква.

Исто така продолжи и реализацијата на ТЕМПУС-проектот DEREC за подготовка на студиска програма по инженерство на животна-та средина. Подготвениот Проект за интердис-циплинарните студии беше одобрен од Ректор-ската управа и за него беше распишан конкурс за упис.

Од научноистражувачките проекти финанси-рани од МОН беше завршен еден проект, а беа пријавени два нови проекта. Треба да се нагла-си дека МОН, во изминатиот период, водеше доста рестриктивна политика во поглед на фи-нансирањето на научноистражувачките проек-ти.

Градежниот факултет зеде учество во проек-тот за енергетска ефикасност спонзориран од австриската агенција за енергетика.

Во текот на октомври, Факултетот со свои членови учествуваше во организација на меѓу-народната работилница NATO: Advanced Re-search Workshop.

Во мај 2008 се одржа меѓународната конфе-ренција BALWOIS 2008 на која Градежниот фа-култет беше коорганизатор.

Наставниците и соработниците со свои науч-

Page 33: Univerzitetski vesnik br. 89-90

33

ни трудови учествуваа на голем број научни собири во земјата и во странство. Учеството на овие собири е од посебно значење за научното усовршување на наставниот персонал, како и за афирмација на нашиот Универзитет и Градеж-ниот факултет.

Формирањето на фонд за млади кадри, со издвојување на 1,5% од апликацијата, меѓу другото, овозможи и покривање на трошоците за учество на научни собири на помладите коле-ги.

Во текот на минатата година два наши асис-тента остварија подолг престој во Германија за научно усовршување врз основа на стипендии од германската агенција DAAD и фондацијата JGH.

Во рамките на програмата CEEPUS, 7 настав-ници и 6 асистенти остварија престој во стран-ство, а 10 наставници и асистенти беа гости на нашиот Факултет.

Во изминатата година, на Градежниот факул-тет се одбранети две докторски дисертации и се прифатени осум пријави за изработка на док-торски дисертации.

Градежниот факултет, на полето на меѓуна-родната соработка, воспостави контакти и пот-пиша Меморандум за соработка со Институтот за Транспорт од Тексас, и со Градежниот факул-тет од Политехничкиот универзитет од Петро-град.

Во рамките на традиционалната соработка со Факултетот за геодезија од Софија, гостин беше деканот доц. д-р Славејко Господинов.

Како резултат на соработката со шведскиот Кралски институт, на Градежниот факултет му се доделени 6 стипендии за Land management.

На Градежниот факултет беа организирани и низа предавања и семинари.

Во коорганизација со Министерството за жи-вотна средина и просторно планирање, беше организиран Семинар за проектирање на депо-нии за цврст неопасен отпад.

Во коорганизација со ИСРМ беше органи-зиран Семинар за еврокодовите и искуствата од нивната имплементација во Хрватска.

Гостин на нашиот Факултет беше и проф. д-р Мартин Виланд, претседател за сеизмички аспекти на високите брани при Меѓународната комисија за високи брани (ICOLD), кој одржа и предавање на тема: „Сеизмична сигурност на постојните брани“.

Министерот за транспорт и врски, г. Миле Јанакиески, одржа предавање за состојбата во правната регулатива од областа на градежниш-твото.

3. АПЛИКАТИВНА ДЕЈНОСТАпликативната дејност има особено значење

во работата и за работата на Факултетот. При-марно, апликативната дејност е непосредна конекција со стопанските субјекти и егзактен начин за докажување на нашите стручни потен-цијали. Исто така, апликативните проекти се можност за стручна надградба на младите коле-ги, а апликативната дејност, како приходна став-ка во буџетот на Факултетот, е една од можнос-тите за подобрување на материјално–финансис-ката состојба.

Во изминатиот период се реализирани го-лем број на проекти во сите стручни области кои ги покрива нашиот Факултет. Со задовол-ство може да се истакне дека за капиталните проекти, на кои Градежниот факултет е тради-ционално ангажиран, и во оваа година беа склучени договори. Некои од договорите се со тригодишен ангажман, што претставува значително олеснување во планирањето на средствата од сопствената сметка.

Покрај во нашата држава, Градежниот фа-култет, во соработка со фирми од стопанството, работеше на апликативни проекти во Р.Алба-нија, Косово, Р.Србија, а на меѓународен тендер ја доби и изработката на Стратегијата за развој на градежништво во Р.Црна Гора.

Интензивирањето на апликативната работа по обем и квалитет беше една од заложбите на Деканатот во четиригодишната програма за работа. Во таа насока беше извршена измена на начинот и процентот на издвојување од аплика-тивните проекти.

Измените на законската регулатива нала-гаат потреба од нова форма на организациона поставеност за непречено вршење на поголем дел од апликативните проекти. Во таа насока, а согласно со Законот за високото образование, Деканатот покрена постапка за основање на Институт за студии и проектирање во рамките на Универзитетот и Градежниот факултет.

4. ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТВо периодот од 1.10.2007 до 30.9.2008 годи-

на, на Факултетот се издадени 4 учебници од наши наставници.

Ценејќи ја важноста на учебниците во оства-рувањето на наставниот процес, огромниот труд кој е вложен, скромните средства кои спо-ред Правилникот се доделуваат на авторите и севкупните проблеми со кои авторите се соочу-ваат во печатењето на учебниците, Деканатот во иднина ќе се заложи за зголемување на финансиската поддршка.

Формирањето на електронска датотека на објавени трудови е во фаза на реализација која треба на крајот од 2008 година да резултира со издавање на електронски зборник.

5. СТУДЕНТСКА ОРГАНИ-ЗАЦИЈА И СТУДЕНТСКИ АКТИВНОСТИ

Факултетот постои заради студентите. Спо-ред академските права, кои ги имаат, тие се рамноправен чинител во наставниот процес и во работата на Факултетот.

Студентите се организирани во ССГФ, кој во изминатиот период беше легитимен претстав-ник на студентите. Според новиот Статут на Универзитетот, студентите ќе треба да ја про-менат својата организациска структура со цел да можат и понатаму да ги остваруваат своите права за партиципација во управните органи на Факултетот.

Во изминатиот период Деканатот имаше це-лосно разбирање за низа барања на студентите и нив ги проследи до управните органи на Факултетот. Барањата поврзани со наставниот процес беа решавани на седниците на ННС, а

Page 34: Univerzitetski vesnik br. 89-90

34

барањата за финансиска помош - на седниците на Деканатската управа.

За подобрување на студентското организира-ње и активности, на студентската организација Градежниот факултет ѝ додели поголема просто-рија.

Во рамките на студентските активности, а во организација на Градежниот факултет, во ап-рил 2008 се одржа Регионалниот конгрес на студентите од геотехнолошките факултети, ГЕОРЕКС 2008. На Конгресот учествуваа околу 90 студенти и наставници од 12 факултети од регионот. Комплетните трошоци беа покриени од спонзорства.

Во август 2008 година, студентската органи-зација IACES, како домаќин, организираше размена на која присуствуваа 30 студенти од странство. Градежниот факултет помогна во изведувањето на стручниот дел од програмата и во организирањето на превозот.

Факултетот, исто така, го финансираше пре-возот на студентите кои учествуваа на Градежни-јадата во Чањ.

Градежниот факултет ги награди и студен-тите кои на ICAMES (Меѓународен културен академски собир на студенти од инженерски факултети) во Истанбул го освоија третото мес-то.

6. МАТЕРИЈАЛНО–ФИНАН-СИСКО РАБОТЕЊЕ

Главни столбови врз кои се потпира финан-сиското работење на Факултетот се буџетската сметка (603) на која се депонираат средствата кои ги добиваме од МОН и буџетската сметка (788) на сопствените средства на кои се депони-раат средствата од апликативна работа, уплати од студенти и други мали ставки.

Со средствата од првата сметка, согласно со намената, беше покриен личниот доход на вра-ботените, како и одреден дел од материјалните трошоци.

Со средствата од втората сметка се покри-ваат авторските хонорари на учесниците во апликативната работа, авторските хонорари за зголемен обем во наставната дејност, авторски-

те хонорари на надворешните соработници, авторските хонорари за наставата на постдип-ломските студии, дел од материјалните трошо-ци и други ставки регулирани со правилникот. Остатокот од средствата на оваа сметка се користат според одлука на управните органи на Факултетот.

Во текот на извештајната година средствата од сопствената сметка беа насочени кон реали-зација на планот за реновирање на Факултетот, купување на информатичка и друга техничка опрема.

7. РАБОТА НА ОРГАНИТЕ НА УПРАВУВАЊЕ НА ФАКУЛ-ТЕТОТ

Во текот на изминатата година се одржани вкупно 8 седници на Наставно-научниот совет. На 338. и 339. седница беа избрани претстав-ници на соработниците и студентите, членови на комисиите и член на Комисијата за самоева-луација. На 342. седница беа избрани членови на Сенатот на Универзитетот и беше утврден кандидат за проректор на Универзитетот од редовите на Градежниот факултет.

Анализирајќи ги записниците може да се констатира дека во најголема мера се разгледувани прашања поврзани со наставата и реформите во наставниот процес, измени и дополнувања на студиските програми, избори и преизбори на наставници и асистенти, избори на раководители на катедри, пријави на магистерски трудови и докторски дисертации, издавање на учебници, донесување на одлуки во надлежност на ННС и др.

Во периодот 1.10.2007 - 30.9.2008 година, одржани се вкупно 7 седници на Деканатската управа. Разгледувани се прашања од финансис-ка природа, како што се финансиски програми, одлуки за јавни набавки, завршна сметка, инвестиционо и тековно одржување на Факул-тетот и сл. Разгледувани се и барања на студен-тите за финансирање на дел од нивните про-грамски активности.

СТУДИИТЕ ПО ИНФОРМАТИКА - СÈ ПОАТРАКТИВНИ

Природно-математичкиот факултет во изве-штајниот период во изминатата учебна година одржа 12 редовни и 5 вонредни седници на Наставно-научниот совет, при што беа разгледу-вани прашања од неговата надлежност, а донесе-ните одлуки се во согласност со Статутот и со Деловникот за работа на ННС.

Деканатска управаДеканатската управа на Факултетот одржа

25 редовни и 7 вонредни седници, при што беа разгледувани прашања од нејзиниот домен на работа и одлучување.

Во наставната дејност беа забележани актив-ности што оставија силен впечаток во работата на Факултетот во учебната 2007/2008.

Проф. д-р Јорданка Митевска,декан на Природно-математичкиот факултет

Page 35: Univerzitetski vesnik br. 89-90

35

Во текот на месец јуни 2007 година, се реали-зираше првиот уписен рок за студенти во прва година во учебната 2007/08 година, а новина во уписот, во однос на претходната учебна 2006/2007 година, беше промената на државна-та квота за студии по информатика, која беше направена од страна на Владата, така што, за прв пат, во прва година на ПМФ беа запишани вкупно 665 студенти, од кои 629 како редовни и 36 како вонредни студенти. Големиот број запи-шани студенти на студиите на Институтот за информатика беше повод за бојкот на дел од наставата од страна на наставниците. Поради тоа, почетокот на дел од наставата на студиите по информатика доцнеше повеќе од еден ме-сец. Во периодот октомври-декември 2007 годи-на беше реализирана акцијата на Владата на Р. Македонија за доделување ваучери за набавка на информатичка опрема на студентите од четврта година. Во „првиот бран”, во кој беа доделени само 152 ваучери, беше одлучено на ПМФ да се донесат критериуми за избор на студенти што ќе добијат ваучер. Одлуката се покажа исправна и ваучерите беа поделени. Подоцна, со одлука на Владата, беа додeлени уште дополнителни 320 ваучери, со што вкуп-ната бројка изнесуваше 472 ваучери. Во јануари 2008 година почнаа подготовките за активира-ње на дополнителните можности на софтверот за студентска евиденција, кој е во употреба во Студентската служба, со цел да се реализира електронско пријавување на испитите во јунски-от испитен рок. За жал, и покрај залагањата, електронското пријавување испити во јунскиот испитен рок не беше успешно спроведено пора-ди направен превид од изведувачот на работите – „Ултра“. Во учебната 2008/09 година во првиот уписен рок, во прва година, се запишаа 267 студенти. Во вториот уписен рок документи поднесоа 296 кандидати. Под претпоставка де-ка сите тие ќе се запишат во учебната 2008/09 година, за прв пат, во прва година ќе се запи-шат вкупно 563 студенти. За приближување на услугите, за студентите беше отворен шалтер на Комерцијална банка АД Скопје во просториите на Факултетот, а преку Универзитетската библи-отека „Св. Климент Охридски”, односно член-ството во МЕБ, беше потпишан договор помеѓу ПМФ и издавачката куќа IoP Journals за лицен-ца за бесплатен пристап до базата на издавачот.

Во текот на извештајниот период, на Факул-тетот се акредитирани нови студиски програ-ми:

- додипломски студии по молекуларна биоло-гија (со самофинансирање);

- постдипломски студии по медицинска физи-ка;

- постдипломски студии по „софтверско инже-нерство” во рамките на проект од Темпус програмата, чиј раководител е проф. д-р Катерина Здравковска. Во врска со овие студии, во август 2007 година продеканите за настава и меѓународна соработка и наука го посетија Универзитетот во Нови Сад, при што беа направени иницијални договори за заемно признавање на дипломите.

- во фаза на акредитација се постдипломски-те студии по форензика, во рамките на

проект од Темпус програмата, чиј раководи-тел е проф. д-р Мимоза Ристова. Во рамките на проектот „Креативна наста-

ва”, на ПМФ беше организиран тридневен семинар со наставниците-методичари од сите студиски групи на Факултетот. Предавач на семинарот беше проф. д-р Јоже Ругељ од Педа-гошкиот факултет при Универзитетот во Љуб-љана. Тема на семинарот беше „Имплемен-тацијата на ЕКТС во рамките на Болоњскиот процес во наставата“.

Факултетот учествуваше на саемските мани-фестации „Денови на образованието” органи-зирани во април 2007 и април 2008 година.

Научна и апликативна дејност

Во извештајниот период на Факултетот се одвиваше значајна научноистражувачка и ап-ликативна активност. Наставниците и соработ-ниците учествуваа на голем број научни кон-ференции, симпозиуми и конгреси, во земјата и странство. Позначајна активност е органи-зираното учество во манифестацијата „Наука за сите”, која се одржа на 19.5.2007 година и на 23.5.2008 година, на плоштадот „Македонија“, а во организација на УКИМ во рамките на прославата на патронатот на Универзитетот, 24 Мај. Притоа општа констатација е дека во 2008 година, институтите пројавиле помало интере-сирање за манифестацијата. Наставно–научни-от и соработничкиот кадар редовно е информи-ран за конкурсите на проекти финансирани од МОН, од ЕУ, во рамките на ТЕМПУС или ФП програмите. Во почетокот на месец ноември 2007 година, МОН и Министерството за финан-сии од буџетската сметка на Факултетот, пот-сметка – проекти од МОН, ги повлекоа речиси сите нереализирани средства (вкупно 2.896.000,00 денари), пренаменувајќи ги за други потреби на Владата на РМ. Во тој период, деканот и продеканот, заедно со раководите-лите на проектите, се организираа и презедоа повеќе активности со цел да се вратат одземе-ните средства. По остварената средба на деканот со министерот за финансии д-р Трајко Славевски, средствата во почетокот на 2008 го-дина беа вратени.

Во почетокот на септември 2007 година, по иницијатива на Царинската управа, отпочнаа

Page 36: Univerzitetski vesnik br. 89-90

36

разговори за формирање лабораторија за потре-бите на ЦУ при ПМФ, со учество на институтите за хемија, физика и биологија. Според договорот, царинската лабораторија ќе работи во просториите на ПМФ - Институт за хемија, а анализите ќе ги врши заеднички стручен тим составен од научноистражувачкиот кадар на Институтот за хемија, а по потреба и од другите институти на Факултетот и од вработените во Службата за царинска лабораторија при Царин-ската управа. Лабораторијата свечено е пуште-на во употреба на 18.9.2008 година.

Проектот NEWEN. NEWEN (NEtherlands Western Balkan Environmental Network) е меѓуна-роден проект за кој отпочнаа разговори во декември 2007 година. Иницијатор е Амбаса-дата на Холандија во Белград (Р. Србија). Про-ектот треба да вклучи уште 5 држави од југозападен Балкан, меѓу кои од Македонија е избран нашиот Факултет со програмата за еколо-гија. Преку овој проект треба да се обезбеди размена на искуства и размена на кадри, како и на студенти (постдипломци и докторанди) од областа на заштитата на животната средина.

По барање на МОН и Државниот завод за статистика, од страна на продеканот за наука е организиран пристап до формулари, нивно соби-рање и препраќање до соодветните институции. Од 4 до 7 септември во Конгресниот центар во Охрид се одржа научната конференција „85 години од животот на професор Благој Попов“. Конференцијата ја организираа институтите за математика и информатика при Факултетот, во знак на одбележување на 85–годишниот животен јубилеј на академик Благој Попов. На конференцијата учествуваа околу 80 научни работници од земјата и странство, а беа презен-тирани околу 50 научни трудови од различни области на математиката. Во рамките на одбеле-жувањето на јубилејот, објавена е книгата „Из-брани трудови на Благој С. Попов“, чиј уредник е проф. д-р Дончо Димовски. Во оваа книга се претставени 68 научни трудови на академик Благој С. Попов во нивната оригинална форма. Исто така, отпечатено е посебно издание на Годишниот зборник на Природно–математич-киот факултет, Институт за математика, Скопје.

Од 20 до 22 септември во Охрид се одржа Конференција на етнолозите, посветена на дело-то на проф. д-р Ѓорѓи Здравев, во организација на Институтот за етнологија и антропологија при Факултетот, на која учествуваа етнолози од повеќе земји.

Кадровски прашањаКадровското прашање е проблем со кој се

соочуваат Факултетот и Универзитетот, во цели-на, веќе повеќе години. Во врска со потребата за решавање на ова прашање, до МОН и УКИМ се доставени писмени барања, а се остварени и повеќе средби со надлежните. Почитувајќи го критериумот - вработување само врз основа на испразнето работно место, согласности за нови вработувања од страна на Министерството за финансии се доделени само во исклучителни ситуации. Така, во извештајниот период е до-биена согласност за вработување на 2 помлади асистенти (еден на Институтот за физика и

еден на Институтот за математика) и 3 помлади асистенти на Институтот за информатика.

За забележување е фактот дека овие соглас-ности се добиени дури во мај 2008, иако по препорака на Владата на Р. Македонија, поради зголемените државни квоти за студиите по информатика, требаше да се даде согласност за 5 нови вработувања на помлади асистенти уште во мај 2007 година. Поради критериумот согласно со новиот Закон за високото образование, на местото помлад асистент да може да се вработат само лица со завршен втор циклус на студии, на објавениот конкурс во почетокот на јули 2008 година се пријави само еден кандидат. Од тие причини, конкурсот беше повторен на 2.9.2008 година, но и на овој повторен конкурс не се јави ниту еден кандидат. Со цел да не се изгуби добиената согласност за вработување за преостанатите две места, од ресорните министерства е побарано дадената согласност да се преименува за прием на 2 наставника или барем да се дозволи прием на 2 соработника на некој друг институт доколку нема кандидати за информатика. Примен е и 1 лаборант на Институтот за физика. Во администрацијата се добиени согласности за 1 правник, секретар на ПМФ, 1 правник, персонална служба, 1 систем–ин-женер, 1 лице – возач, курир, чувар во сеизмолошката лабораторија, како и 1 хиги-еничар.

Финансиско-материјално работење

Во областа на финансиското работење, во извештајниот период Факултетот се соочуваше со доста проблеми поради трезорскиот систем во финансиското работење на ниво на држава. На неколку наврати на Факултетот му беа бло-кирани средствата по некои програми поради што не можеа да се реализираат плановите на одделни програми, иако Факултетот имаше средства на тие сметки. Но ова не беше проб-лем само на ПМФ. Со него се соочуваше целиот Универзитет, поради што од страна на Ректора-тот на УКИМ беа преземени одредени актив-ности и беше организирана средба на деканите и шефовите на сметководствените служби на факултетите со релевантни претставници од Министерството за образование и наука, со цел да се изнајдат решенија за надминување на ова прашање.

Инвестициони зафатиВо текот на извештајниот период, реализи-

рани се неколку поголеми инвестициони зафа-ти и преземени мерки за санирање, уредување и тековно одржување на просторот.

Во рамките на одбележувањето на 16 декем-ври 2007 година, патрониот празник на Факул-тетот, организирана е свеченост на која се про-мовирани дипломираните студенти на додип-ломските и постдипломските студиски групи на Факултетот во периодот од 17.12.2006 годи-на до 12.12.2007 година, и се доделени награди на пензионираните работници.

Во рамките на свеченото одбележување на

Page 37: Univerzitetski vesnik br. 89-90

37

24 мај 2008 година, патрониот празник на УКИМ, на свеченоста што се одржа во просто-риите на Ректоратот, од страна на прет-седателот на државата, г. Бранко Црвенковски, на ПМФ му е доделен Орден за заслуга за Македонија за 60-годишната дејност на Факултетот. Ова е само уште едно признание и потврда за значењето и улогата на ПМФ во развојот на образованието и науката во Р.Македонија.

АктиПо повеќемесечна подготовка и усогласува-

ња, од страна на ННС на Факултетот, усвоен е нов Правилник за утврдување и исплата на пла-ти и други надоместоци на вработените на Факултетот.

Издавачка дејностИздавачката дејност на Факултетот се одвива-

ше според предложениот план од страна на Комисијата за издавачка дејност, прифатен од страна на ННС на Факултетот, а во согласност со расположливите средства за таа намена.

Студентски сојуз За активностите во рамките на Сојузот, како

и за проблемите со кои се соочуваат студентите, деканот и продеканот за настава беа информи-рани преку нивните претставници, но и во пое-динечни средби.

Покрај ангажираноста околу тековните обвр-ски, настава и испити, ССПМФ беше особено активен во организирањето разни воннаставни активности, што е значаен сегмент од студент-скиот живот. Така, ССПМФ беше организатор на Приматијадата 2007, која се одржа во Стру-га. На неа учествуваа околу 900 студенти од повеќе универзитети од балканските држави. Игрите ги отвори деканот на Факултетот. ССПМФ зеде учество и на Приматијадаta 2008 што се одржа во Чањ, Црна Гора. И на двете приматијади студентите од ПМФ постигнаа забележителни резултати. ССПМФ зеде учество и на Универзитетските спортски игри. Поддржани од Факултетот, студентите од ПМФ зедоа учество и на меѓународни натпревари во разни научни области.

ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА СТУДИСКИТЕИ ПРЕДМЕТНИТЕ ПРОГРАМИ

Во март 2008 година, Собранието на Републи-ка Македонија го донесе Законот за високото образование со кој се утврдува дека универзи-тетите се единствени носители на правниот суб-јективитет, со што факултетите го губат стату-сот на самостојни правни лица. Факултетските органи, преку своите претставници во комисии-те на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, учествуваа во изготвувањето на Статутот на Универзитетот како највисок акт, врз основа на кој факултетите ќе ги донесат своите правил-ници, а од друга страна преземаа мерки за приспособување на дејноста на Факултетот со новините од Законот.

Уметничка и научноистра-жувачка дејност

а) Уметничка дејност и награди

Изминатата година ансамблите, наставници-те и студентите на ФМУ реализираа концерти и други форми на уметничка дејност во држава-та и надвор од неа:

- вонр. проф. м-р Симон Трпчески - Англија, Швајцарија, Шкотска, Белгија, САД, Руси-ја, Холандија, Австрија, Франција, Чешка, Италија, Германија и Ирска;

- вонр. проф. О. Кондратенко - Германија, на

Охридско и на Скопско лето;- проф. Т. Светиев и проф. М. Куфојанакис - Бахова вечер, Софија, Р. Бугарија;

- камерно дуо Кировски: Љубиша Киров-ски, Маја Шутевска-Кировска: „60 години СМУМ Златна лирa“;

- камерно дуо Гелебешеви-Нови Сад, во орга-низација на ЕПТА и промоција на ЦД;

- учество на професори и студенти во про-грамата на манифестацијата „Денови на македонската музика“;

Проф. м-р Евушка Елезовиќ,декан на Факултетот за музичка уметност во Скопје

Page 38: Univerzitetski vesnik br. 89-90

38

- учество на хорот „Драган Шуплевски“ на меѓународниот хорски фестивал во Варна, Р. Бугарија, под раководство на доц. С. Та-тарчевски, каде што ја освои третата награ-да во категоријата мешани хорови;

- отворање на манифестацијата „Нишки хор-ски свечености“ со делото на проф. д-р Д. Бужаровски и настап на ансамблот „Солис-ти на ФМУ“, под раководство на проф. В. То-девски;

- проф. Ж. Глишиќ – авторски концерт ,,Музи-ка на народни теми” - 2.8.2008, во рамките на Охридско лето;

- проф. М. Куфојанакис - целовечерен кон-церт со Македонска филхармонија;

- доц. М. Ѓошевска - настап со гудачкиот квар-тет „Еквилибриум“;

- успешно извршување на функцијата селек-тор на Охридско лето - проф. Г. Јосифова - Неделковска;

- успешно извршување на функцијата селек-тор на „Денови на македонската музика - вонр. проф. Ј. Андреевска;

- успешна организација на првиот фестивал на македонските музички уметници „Злат-на лира“ под водство на проф. м-р Т. Свети-ев;

- м-р М. Вршкова, ум. сор. - диплома за ус-пешна музичка соработка на манифестација-та „Охридски бисери“;

- промоција на ЦД - Е.Трпкова-Елезовиќ;- Борис Светиев, студент - втора награда за композиција на меѓународен натпревар за инструменталисти и композитори, во Софи-ја, Р. Бугарија;

- С. Кожухаров и С. Томашевиќ, студенти - први награди на натпревар по соло-пеење во Приштина;

- Софија Никоска, студентка - прва награда на манифестацијата „Охридски бисери“.

б) Научноистражувачка дејност:- Развој на музиколошката мисла, во која ФМУ има водечка улога, преку трудовите на наставниците, на магистрандите и на докто-рандите објавени во домашни и странски публикации и на интернет (проф. д-р Д. Бу-жаровски, вонр. проф. д-р В. Коларовска-Гмирја, вонр. проф. м-р Д. Даутовски, м-р А. Димитријевски, ас. м-р Т. Јорданоска, В. Маљановска, Д. Прокопиева, М. Шулајков-ска и др.).

- Во рамките на програмата на Европската унија за заштита на културното наследство, под раководство на проф. Дитрих Шулер, (претседател на Виенската музичка архива), активностите на ИРАМ се анализирани и како успешни цитирани во Извештајот заед-но со институтите во С. Петерсбург - Русија, во Полска, Романија и во Албанија, при што сите овие институции, освен ИРАМ, работат со поддршка од националните ака-демии за наука и уметност. Потенцирањето на работата на ИРАМ во овој Извештај е најголемо признание за неговото значење, уште повеќе што доаѓа од врвен стручњак како Дитрих Шулер.

Уметничка (концертна) дејност во организација на ФМУ

6.12.2007 Свечен концерт по повод промоција на дипломирани студенти на ФМУ и доделување на наградата за најдобар студент „Томислав Зографски" (Шо-пен – Јана Павловска; Брамс - Фроси-на Богдановска - виолина; Весна Пе-трушевска - пијано).

9.12.2007 Свечен концерт по повод патронат на Факултетот и доделување на дипломи (Симфониски оркестар на ФМУ дири-гент: Саша Николовски-Ѓумар).

12.12.2007Концерт, класа на проф. доц. Темков Страшо – флејта.

12.12.2008Концерт „Музика вива“ на Катедрата за клавишни инструменти на ФМУ (класа на повеќе професори).

12.12.2009Уметничка програма на класите по со-ло-пеење и хорот на ФМУ по повод 60 години Шумарски факултет - Скопје.

14.12.2007 Два концерта во една вечер – „Музи-ка вива“, Софија Никоска, Марија Вршкова.

14.12.2008Концерт „Музика вива“ на класата по ударни инструменти, вонр. проф. Мој-ца Седеу.

18.12.2007 Концерт „Музика вива“ на класата по пијано, проф. Борис Романов.

19.12.2007 Музика за гитара „Музика вива“ (кла-сите по гитара).

20.12.2007Концерт „Музика вива“ на класата по ударни инструменти, вонр. проф. Мој-ца Седеу.

24.12.2007Концерт на духовна музика со хорот „Драган Шуплевски“ при Факултетот за музичка уметност во Скопје.

25.12.2007Концерт „Музика вива“ на класата по виолина, проф. Михајло Куфојанакис.

26.12.2007Концерт „Музика вива“, класа по со-ло–пеење - Весна Ѓиновска, Марија Муратовска.

27.12.2007Новогодишен концерт на Биг бендот и хорот на ФМУ во Скопје.

15.1.2008 Концерт „Музика вива“, класа по пија-но, проф. Евушка Елезовиќ.

18.2.2008 Во сеќавање на Ладислав Палфи: Про-моција на интернет-изданието на кни-гата на Владан Велков „Ладислав Пал-фи (He) Заборавениот Гениј“ (ИРАМ).

20.2.2008 „Убавата екцентричност“ - балет; „Меркур“ – балет.

27.2.2008 Музичко кино „Моцарт во Виена“ (до-кументарен филм) (ИРАМ).

29.2.2008 Концерт посветен на споменот на Симеон Савев во Штип со настап на класата на проф. С. Савев и В. Ристов и проф. Весна Ѓиновска.

7.3.2008 Промоција на Дигиталната колекција „Пенушлиски“ (ИРАМ).

11.3.2008 Магистерски труд по композиција: „Увертира за глас и симфониски ор-кестар“: кандидат Драган Томиќ (ИРАМ)

13.3.2008 Одбрана на магистерски труд по сонологија: „Развитокот на музичката

Page 39: Univerzitetski vesnik br. 89-90

39

програма на Македонската телевизија низ творештвото на режисерот Коле Малинов“ - кандидат Весна Малја-новска (ИРАМ).

19.3.2008 Концерт „Музика вива“, класа по соло–пеење, проф. Марија Муратов-ска-Наумовска.

26.3.2008 Концерт „Музика вива“, класа по хор-на и флејта, проф. доц. Александар Гошев, проф. Бети Станковска.

9.4.2008 Концерт „Музика вива“ на студентите од одделите: МТП, диригирање и соло–пеење.

15.4.2008 Концерт на Симфонискиот оркестар со солисти на ФМУ во Скопје; дири-гент: Сашо Татарчевски.

14.5.2008 Концерт „Музика вива“, Руски валери - класа по соло–пеење, доц. Весна Ѓи-новска.

15.5.2008 Концерт „Музика вива“, класа по со-ло–пеење, доц. С. Галиќ Петровска.

23.5.2008 Свечен концерт по повод 24 Мај, патро-ниот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со Симфонискиот оркестар, хорот и солисти на ФМУ; диригент: Сашо Татарчевски.

26.5.2008 Концерт „Музика вива“, класа по флеј-та, проф. С. Темков, Катерина Бачев-ска - флејта; Марија Вршкова - пија-но–придружба.

27.5.2008 Концерт „Музика вива“, класа на Ка-тедрата за гудачки инструменти, хар-фа и гитара.

30.4.2008 Музичко кино „Димитрије Бужаров-ски - Деспина и Мистер Докс“ (ИРАМ).

2.6.2008 Концерт „Музика вива“, класа на Ка-тедрата за виолина и камерна музика.

13.6.2008 Гала-концерт во чест на проф. Коста Трпков со солистите на ФМУ и оркеста-рот на МОБ, диригент: Бисера Чадлов-ска.

1.10.2008 Концерт по повод почетокот на учебна-та 2008/09 година.

Новина во работата на Факултетот е воведува-њето нова форма на едукација на студентите – Музичко кино под раководство на проф. Д. Бу-жаровски, каде што во текот на целата година беа презентирани аудио и видеоснимки за живо-тот и делото на истакнати музички дејци.

Високообразовна дејностВо изминатата учебна година за првпат

ФМУ ја вршеше својата педагошка и уметничка дејност во услови на конкуренција со други два државни факултети за музичка уметност – факултетите во Штип и во Тетово, што делумно влијаеше и на уписната политика и на финан-сиската состојба на установата.

Co усвојувањето на предметните програми за седмиот и осмиот семестар на додипломски-те студии целосно е заокружен процесот на ре-гулирање на додипломските студии.

Во тек се подготовки за приспособување на студиските и предметните програми со барања-та на новиот Закон за високото образование и воведени се три циклуси на образование.

НабавкиВо периодот од ноември 2007 до ноември

2008 година на ФМУ се реализирани повеќе набавки, согласно со Законот за јавните набав-ки, од кои најзначајни се набавката на инстру-менти - две концертни пијана, дувачки инстру-менти и народни инструменти, како и изврше-ниот генерален ремонт на две концертни пија-на.

Нормативна дејност и активности на факултет-ските органи

Во периодот ноември 2007 - ноември 2008, одржани се вкупно 16 седници на Наставно-научниот и уметнички совет на кои се донесени повеќе одлуки, од кои најзначајни се следниве:

- усвоени се предметните програми за седми-от и осмиот семестар на додипломски сту-дии;

- усвоени се изборните наставни предмети за учебната 2008/2009 година;

- во наставно-образовниот процес се вклуче-ни нови наставници и асистенти: вонр. проф. Кире Костов, ас. Кристина Светиева и ас. Трена Јорданоска;

- извршени се реизбори на постојните нас-тавници и соработници.Деканатската управа и Колегиумот за пост-

дипломски и докторски студии, во функција на подготовка на актите на Наставно-научниот и уметнички совет, одржаа десетици редовни седници.

Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со сите матични студент-ски организации на УКИМ, ги одржа XII македонски сту-дентски игри во Охрид - хотел „Десарет“, од 29 октомври до 2 ноември 2008 година.

Свеченото отворање на игрите се одржа на 29 октом-ври во 22,00 часот, со поздравување на претседателот на СПУКМ, Самоил Малчески.

На игрите зедоа учество 700 студенти од Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и тоа од: Факултетот за ветеринарна медицина, Факултетот за земјоделски нау-ки и храна, Архитектонскиот, Градежниот, Економскиот, Машинскиот, Медицинскиот, Педагошкиот, Природ-

но–математичкиот, Правниот, Стоматолошкиот, Техно-лошко–металуршкиот факултет, Факултетот за електро-техника и информациски технологии, Филозофскиот, Фи-лолошкиот и Шумарскиот факултет.

Исто така, учество зедоа и студентите од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и студентите од Факултетот за туризам во Скопје.

Гости на игрите беа студенти–претставници од Европ-ската студентска унија, како и професори и асистенти од повеќе факултети, кои ги проследија спортските настани. Натпреварите се одиграа во спортската сала „Билјанини извори“. ММ

аа ккее ддоо ннсс ккии сс ттуу ддее ннтт сскк ии

ии ггрр ии

–– ММСС ИИ

'' 0088

Page 40: Univerzitetski vesnik br. 89-90

На свеченото затворање на игрите, студентите беа поздравени од претседателот на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Самоил Малчески и од ректорот на Универзитетот „Св.

Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Велимир Стојков-ски.

На свеченото затвoрање беа доделени пехари, медали, дипломи за најдобрите натпреварувачи и благодарници.

Екипно:

Поединечно:

На 20 декември 2008 година во Спортската сала „Кале” во Скопје стартуваа Државните универзитетски лиги на Ре-публика Македонија. На присутните во салата им се обрати-ја и ги поздравија: проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и проф. д-р Благоја Марковски, претседател на Универзитетската спорт-ска федерација на Македонија. Со пригодни зборови, ректо-рот на Универзитетот проф. д-р Велимир Стојковски, на спортистите им посака дружење, фер и коректна спортска борба.

Спортовите во кои студентите ќе се натпреваруваат се: мал фудбал, кошарка, пинг-понг и шах. Во останатите спор-тови и понатаму ќе се одржуваат државните универзитетски првенства во екипна и во поединечна конкуренција.

Право на учество во Лигите имаат универзитетските сту-дентски екипи на универзитетите во Македонија кои имаат акредитација и право на работа.

За натпреварувачката 2008/09 година свои екипи прија-виле:

• Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје• Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола• Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово• Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип• Факултетот за туризам во Скопје• Државниот тетовски универзитет• Универзитетот ФОН во Скопје.

Натпреварите во лигите се играат по спортови со двокру-жен бод – систем есен-пролет, во универзитетските градови во Република Македонија, во согласност со правилата на ме-ѓународните спортски федерации, односно согласно со пра-вилата и пропозициите на Универзитетската спортска феде-рација на Македонија.

Во првото коло од натпреварите, што се играше во Скопје на 20.12.2008 година, беа постигнати следниве

резултати:

Натпреварите од второто коло се одиграа на 24 декември 2008 година. Беа постигнати следниве резултати:

ММаа ккее ддоо ннсс ккии сс ттуу ддее ннтт сскк ии

иигг ррии

–– ММСС ИИ

'' 0088

ЗЗ ААПП ОО

ЧЧ ННАА АА

ДДРР ЖЖ

АА ВВНН ИИ

ТТ ЕЕ УУНН ИИ

ВВ ЕЕРР ЗЗИИ ТТ

ЕЕ ТТСС КК

ИИ ЛЛ ИИ

ГГ ИИ