univerzitetski vesnik br. 101

36
univerzitetski vesnik Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 101, декември 2009 О О д д б б е е л л е е ж ж а а н н а а 5 5 0 0 - - г г о о д д и и ш ш н н и и н н а а т т а а о о д д о о с с н н о о в в а а њ њ е е т т о о н н а а С С т т о о м м а а т т о о л л о о ш ш к к и и о о т т ф ф а а к к у у л л т т е е т т

Upload: goce-gjorgjijoski

Post on 30-Mar-2016

248 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

Универзитетски весник број 101, издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

TRANSCRIPT

Page 1: Univerzitetski vesnik br. 101

univerzitetskivesnik

Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Број 101, декември 2009

ООддббееллеежжааннаа 55 00 -- гг ооддиишшннииннаа тт аа оодд оосснноовваањњее тт оо ннаа СС тт ооммаа тт ооллоошшккииоо тт

ффаакк уулл тт ее тт

Page 2: Univerzitetski vesnik br. 101

• промоција одржана на 21 декември 2009 година

• промоција одржана на 22 декември 2009 година

• промоција одржана на 23 декември 2009 година

Усвоен Деловникот за работа на Ректорската управа

Донесени одлуки за избор во звањето редовен професор

• Одржана работилница за обука на Еразмус-координаторите

• Национален Темпус-информативен ден

• Договор за научно-образовна соработка меѓу УКИМ, Техничкиот универзитет во Софија и Хемиско-технолошкиот и металуршки универзитет во Софија

• Curriculum vitae• Реални стратегии за сочување со

предизвиците

, декан на Технолошко-металуршкиот факултет

........................................ 6

........................................ 8

...................................... 10

......................... 12

............................... 13

................. 14

.................................................... 16

...................... 17

................................. 24

................................... 25

........................................ 32

Page 3: Univerzitetski vesnik br. 101

3

Page 4: Univerzitetski vesnik br. 101

4

Page 5: Univerzitetski vesnik br. 101

5

Page 6: Univerzitetski vesnik br. 101

6

Промоција одржана на 21 декември 2009 година

Олгица Димитровска, на 28 декември 2005 година, на Природно-математичкиот фа-култет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Влијание на географските фактори врз загадувањето на водите во сливот на река Треска и предлог-мерки за заштита“.

Мирјана Мирчевска, на 2 април 2004 годи-на, на Природно-математичкиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Вер-бални и невербални етнички симболи во Горна Река“.

Слаѓана Тасева, на 12 декември 2002 годи-на, на Правниот факултет „Јустинијан Први“, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Пе-рење пари“.

Љупчо Митревски, на 14 ноември 2003 го-дина, на Филолошкиот факултет „Блаже Коне-ски“, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Македонскиот минеј (со посебен осврт на трескавичките минеи)“.

Марија Ѓорѓиева-Димова, на 9 октомври 2008 година, на Филолошкиот факултет „Бла-же Конески“, ја одбрани докторската дисерта-ција на тема: „Историографската метафик-ција во романот (толкувачки модели)“.

Ненад Вујадиновиќ, на 16 октомври 2008 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Ко-нески“, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Српскиот јазик како наставен предмет во основните училишта во Република Македо-нија“.

Бујар Хоџа, на 1 декември 2008 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ја од-брани докторската дисертација на тема: „Тео-ретско-методолошки погледи на Умберто Еко: поетика на отворено дело“.

Ваљбона Тоска, на 27 февруари 2009 годи-на, на Филолошкиот факултет „Блаже Коне-ски“, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Начини на изразување на семантичка-

Page 7: Univerzitetski vesnik br. 101

7

та категорија посесивност во именската син-тагма во албанскиот и во македонскиот јазик“.

Зоран Киткањ, на 21 март 2009 година, на Филозофскиот факултет, ја одбрани докторска-та дисертација на тема: „Престапничко однесу-вање на малолетните сторители со посебен осврт на лицата со интелектуален дефицит“.

Бранка Минчева-Коцевска, на 5 мај 2009 година, на Филозофскиот факултет, ја од-брани докторската дисертација на тема: „Ети-ка на мирот“.

Абдилнасер Синани, на 15 мај 2009 годи-на, на Филозофскиот факултет, ја одбрани док-торската дисертација на тема: „Компјутеризаци-јата како фактор во процесот на наставата во сите степени на образование во Република Македонија“.

Минас Бакалчев, на 29 октомври 2004 го-дина, на Архитектонскиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Домување како урбан фрагмент на примерот на Скопје“.

Љутви Зуљбеари, на 8 јуни 2009 година, на Медицинскиот факултет, ја одбрани доктор-ската дисертација на тема: „Профил на дислипи-демијата и апопротеинските аберации кај па-циенти лекувани со повторувани хемодија-лизи“.

Ѓулшен Селим, на 12 јуни 2009 година, на Медицинскиот факултет, ја одбрани докторска-та дисертација на тема: „Проценка на влијани-ето на традиционалните и уремија/дијализ-но-зависни ризик фактори врз кардиовас-куларниот морталитет и морбидитет кај пациенти на хемодијализа“.

Лидија Петковска, на 15 јуни 2009 годи-на, на Медицинскиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Ефекти на трајната имуносупресија со калцинеурински инхибитори и кортикостероиди врз инсулин-ската сензитивност и резистенција кај болни со пресаден бубрег“.

Милена Голубовиќ-Арсовска, на 19 јуни 2009 година, на Медицинскиот факултет, ја од-брани докторската дисертација на тема: „Евалу-ација на различни техники на ласер-фотокоа-гулација во третманот на дијабетичната макулопатија“.

Алифета Селими, на 2 јули 2009 година, на Институот за социолошки и политичко-правни истражувања, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Улогата на водството во маркетиншкиот менацмент во тргови-јата“.

Здравко Савески, на 15 јули 2009 година, на Институот за социолошки и политичко-правни истражувања, ја одбрани докторската

Page 8: Univerzitetski vesnik br. 101

8

дисертација на тема: „Теоријата и практика-та на демократијата и одредувањето на нејзината суштина“.

Крсте Крајовски, на 2 октомври 2009 годи-на, на Институот за социолошки и политичко-

правни истражувања, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Влијанието на ментор-ството во имплементацијата на реформски-от процес на полициските кадри во Република Македонија“.

Промоција одржана на 22 декември 2009 година

Елизабета Тодоровска, на 24 јуни 2009 година, на Медицинскиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Корелација меѓу липидниот статус и параметрите на фи-бринолитичкиот систем“.

Антонио Георгиев, на 26 јуни 2009 годи-на, на Медицинскиот факултет, ја одбрани док-торската дисертација на тема: „Поврзаност на коронарната артериска болест со мутации и полиморфизми во гените за липопротеин ли-паза и аполипопротеините“.

Светлана Јовевска, на 29 јуни 2009 годи-на, на Медицинскиот факултет, ја одбрани док-торската дисертација на тема: „Евалуација на морфолошкиот развој на бубрегот кај хумани-от фетус“.

Ирина Павловска, на 3 јули 2009 година, на Медицинскиот факултет, ја одбрани доктор-ската дисертација на тема: „Епидемиолошкиот

метод применет во испитувањето на улога-та на одредени ризик фактори во настану-вањето на белодробниот и ларингеалниот карцином“.

Елена Џукеска, на 6 октомври 2009 годи-на, на Филозофскиот факултет, ја одбрани док-торската дисертација на тема: „Формите на генитив сингулар во микенскиот грчки и во ајолските дијалекти“.

Огнен Спасовски, на 18 јуни 2009 година, на Филозофскиот факултет, ја одбрани доктор-ската дисертација на тема: „Однос на субјек-тивната добросостојба со базичните психо-лошки потреби, животните цели и со себеце-нењето“.

Марјан Јованов, на 17 септември 2009 го-дина, на Филозофскиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Погребу-вање во антиката помеѓу Вардар и Струма“.

Page 9: Univerzitetski vesnik br. 101

9

Елена Спасова-Илиевска, на 2 октомври 2009 година, на Градежниот факултет, ја одбра-ни докторската дисертација на тема: „Истра-жувања за конституирање и афирмација на еден семипробабилистички концепт за димен-зионирање на коловозни конструкции“.

Наташа Тошеска-Спасова, на 26 јуни 2009 година, на Стоматолошкиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Вли-јанието на збиеноста на мандибуларните инцизиви и нивната позиција на краниофаци-јалната морфологија“.

Љуба Симјановска, на 30 септември 2009 година, на Стоматолошкиот факултет, ја одбра-ни докторската дисертација на тема: „Рационал-на дијагностичка и прогностичка проценка на можните алергиски реакции на локални ане-стетици in vivo и in vitro тестирање“.

Сузана Топузоски, на 10 јуни 2009 година, на Природно-математичкиот факултет, ја одбра-ни докторската дисертација на тема: „Дифрак-циони оптички елементи кои генерираат зра-ци со фазни сингуларности“.

Весна Гершан, на 3 јули 2009 година, на Природно-математичкиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Оптимизаци-ја на физичките параметри поврзани со квали-тетот на мамографските слики и радијацио-ните дози“.

Соња Манчевска, на 8 јули 2009 година, на Природно-математичкиот факултет, ја одбра-

ни докторската дисертација на тема: „Орбити на фамилии од ограничени линеарни операто-ри“.

Елена Бабаче, на 14 јули 2009 година, на Природно-математичкиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Прилози кон итеративни функциски системи со афина ин-варијантност“.

Букурие Мустафа, на 2 март 2009 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Јазикот на романот ‘Мртвата река’ од Ја-ков Ѕоѕа“.

Емилија Саржоска-Георгиевска, на 27 април 2009 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ја одбрани докторската ди-сертација на тема: „Контрастирање на дис-курси: кохерентност во писмени состави на англиски и македонски јазик“.

Татјана Панова-Игњатовиќ, на 29 април 2009 година, на Филолошкиот факултет „Бла-же Конески“, ја одбрани докторската дисерта-ција на тема: „Македонија во делата на Мајлс Франклин“.

Александар Костадиновски, на 8 јуни 2009 година, на Економскиот факултет, ја од-брани докторската дисертација на тема: „Мере-ње на перформансите и контрола на трошо-ците во здравствениот сектор“.

Page 10: Univerzitetski vesnik br. 101

1 0

Леонид Наков, на 6 јули 2009 година, на Економскиот факултет, ја одбрани докторската

дисертација на тема: „Стратегиско управува-ње со организациските промени“.

Промоција одржана на 23 декември 2009 година

Елена Никољски-Паневски, на 19 октом-ври 2009 година, на Шумарскиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Ин-тегралност кај недвижниот и движниот ме-бел во македонската куќа од XIX век и можнос-ти за континуитет“.

Соња Филипоска, на 8 јули 2009 година, на Факултетот за електротехника и информацис-ки технологии, ја одбрани докторската дисер-тација на тема: „Примена на теоријата на комплексни мрежи за моделирање и анализа на перформансите на компјутерските мре-жи“.

Иван Чорбев, на 9 јули 2009 година, на Факултетот за електротехника и информациски технологии, ја одбрани докторската дисертаци-ја на тема: „Прототип за интегриран систем за е-медицина“.

Славчо Чунгурски, на 2 октомври 2009 го-дина, на Факултетот за електротехника и ин-формациски технологии, ја одбрани докторска-та дисертација на тема: „Говорни синтетиза-тори на македонски јазик“.

Сашо Тодоровски, на 25 септември 2009 година, на Факултетот за физичка култура, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Ефекти на различните тренажни модели врз специфичната кошаркарска прецизност при уфрлување на топката во кош по дриб-линг со скок-шут кај кошаркари од 16 годишна возраст“.

Христијан Мицкоски, на 22 мај 2009 го-дина, на Машинскиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Управување на манипулациони роботи со примена на fuzzi логика“.

Page 11: Univerzitetski vesnik br. 101

1 1

Васко Стојановски, на 22 јуни 2009 годи-на, на Машинскиот факултет, ја одбрани доктор-ската дисертација на тема: „Развој на напреден систем за оптимирање на носечки конструк-ции кај автобусите во однос на апсорбирана-та енергија при превртување“.

Винета Сребренкоска, на 2 јули 2009 го-дина, на Технолошко-металуршкиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Добивање и карактеризација на полимерни екокомпозити: споредба со конвенционалните и можности за нивна повторна употреба“.

Ранко Аџиски, на 22 септември 2009 годи-на, на Технолошко-металуршкиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Ком-позити со контролирана порозна структура добиени од индустриски отпаден материјал и примарни/секундарни суровини“.

Катарина Давалиева, на 25 септември 2009 година, на Технолошко-металуршкиот фа-култет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Клонирање и експресија на гени за тер-мостабилни ДНК полимерази и конструкција на модифицирани форми со подобрени свој-ства“.

Орхидеја Шурбановска, на 17 септември 2009 година, на Филозофскиот факултет, ја од-брани докторската дисертација на тема: „Семеј-

ството и врсниците како фактори на социјал-ното однесување на детето во училишната средина“.

Иван Трајков, на 2 октомври 2009 година, на Филозофскиот факултет, ја одбрани доктор-ската дисертација на тема: „Социјална инклу-зија на лица со психички растријства“.

Марија Чичева Алексиќ, на 4 јуни 2009 година, на Филозофскиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Семантич-киот развој на клучните христијански тер-мини“.

Лучиана Гуидо-Шремпф, на 17 јуни 2009 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Рекламите на италијански и нив-ната примена во наставата по италијански како странски јазик“.

Марија Леонтиќ, на 19 јуни 2009 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Тур-ските суфикси во македонскиот јазик, со пара-лели од македонската патронимија и топони-мија“.

Аида Кочи, на 8 октомври 2009 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ја од-

Page 12: Univerzitetski vesnik br. 101

1 2

брани докторската дисертација на тема: „Добро-волците на американскиот Мировен корпус во американската литература и култура и нив-ните искуства во Р. Македонија“.

Билјана Начевска-Настовска, на 22 сеп-тември 2009 година, на Природно-математич-киот факултет, ја одбрани докторската дисерта-ција на тема: „Обопштени инверзии и опера-торски равенки“.

Ласко Баснарков, на 29 септември 2009 година, на Природно-математичкиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Синхронизација на фазни осцилатори“.

Драгана Черних-Анастасова, на 6 јули 2009 година, на Природно-математичкиот фа-култет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Карактеристики на кода бранови на земјотреси од територијата на Република Македонија“.

Љупчо Неделков, на 30 декември 2003 го-дина, на Природно-математичкиот факултет, ја одбрани докторската дисертација на тема: „Обреди на премин од животниот циклус на Македонците во Тиквеш“.

Ректорската управа на Уни-верзитетот „Св. Кирил и Мето-диј" во Скопје, на седницата одржана на 22 декември 2009 година, даде позитивно мисле-ње за: Предлог-проектот за во-ведување нова студиска програ-ма од прв циклус по туризам на Природно-математичкиот факултет; Предлог-проектот за измени и дополнувања на сту-диските програми од втор цик-лус на Природно-математички-от факултет (студиски програ-ми по биологија, студиски про-грами по географија, студиски програми по етнологија и ан-тропологија, студиски програ-ми по математички науки и примени, студиски програми по физика, студиски програми по хемија); Предлог-проектот за воведување нови студиски програми од втор циклус на Природно-математичкиот фа-култет: студиски програми од втор циклус по географија, гео-графски информациски систе-ми; демографија; студиски про-грами од втор циклус по инфор-матика; инженерство на инте-лигентни системи; кодирање и криптографија; компјутерски науки и студиски програми од втор циклус по физика - физи-ка за компјутерски хардвер; Предлог-проектот за преимену-

вање на називот на постдиплом-ските специјалистички (мас-тер) студии по конференциско толкување на Филолошкиот фа-култет „Блаже Конески" во со-гласност со Законот за високо-то образование; Предлог-проек-тот за измени и дополнувања на студиската програма од втор циклус за книжевности, јазици и лингвистика - насока: јазици, бизнис и меѓународна трговија на Филолошкиот фа-култет „Блаже Конески"; Пред-лог-проектот за измени и до-полнувања на студиската про-грама од прв циклус за док-тори по стоматологија на Сто-матолошкиот факултет; Пред-лог-проектот за измени и до-полнувања на студиската про-грама од прв циклус за струч-ни забни техничари на Стоматолошкиот факултет; Предлог-проектот за основање студиска програма од втор цик-лус од областа на стоматолош-ките науки на Стоматолошки-от факултет; Предлог-проек-тот за измени и дополнувања на студиските програми од прв циклус студии за предучили-шно воспитание и за одде-ленска настава на Педагош-киот факултет „Св. Климент Охридски"; Предлог-проектот за воведување студиски про-

грами од втор циклус студии за предучилишно воспитание и за одделенска настава на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски"; Предлог-проектот за воведување заед-ничка (интердисциплинарна) студиска програма од втор циклус по меѓународни одно-си на Филозофскиот факултет (носител на ТЕМПУС-проек-тот е Универзитетот во Гете-борг, Шведска); Предлог-про-ектот за воведување нова сту-диска програма од прв и втор циклус по прехранбена техно-логија и биотехнологија на Технолошко-металуршкиот факултет (Темпус ЦД_ЈЕП-40065-2005); Предлог-проек-тот за усогласување на студис-ките програми од прв циклус универзитетски студии на Фа-култетот за драмски уметнос-ти; Предлог-проектот за вове-дување студиски програми од втор циклус универзитетски студии на Факултетот за драм-ски уметности; Предлог-елабо-ратот за основање студиски програми од прв циклус уни-верзитетски студии на Факул-тетот за музичка уметност: балетска педагогија - класичен балет, балетска педагогија - современ танц; Предлог-ела-боратот за основање студиски

Ректорска управа

Page 13: Univerzitetski vesnik br. 101

1 3

програми од прв циклус уни-верзитетски студии на Факул-тетот за музичка уметност: аранжирање на популарни жан-рови, тромбон - популарни жан-рови, саксофон-популарни жан-рови, пијано - популарни жан-рови, удирачки инструменти - популарни жанрови, контра-бас - популарни жанрови, ги-тара - популарни жанрови, соло-пеење - популарни жанро-ви.

Ректорската управа донесе Одлука за усвојување на Делов-никот за работа на Ректорска-та управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" и за неј-зините комисии и други работ-ни тела.

Ректорската управа донесе Одлука за дополнување на Пра-

вилникот за организација и систематизација на работните места во Централната стручна и административна служба – Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Ректорската управа донесе Одлука за распишување кон-курс за избор на лектори по македонски јазик за учебните 2010/2011 и 2011/2012 година на универзитетите во Крајова -Романија, Риека-Хрватска и Прага - Чешка, а го прифати Извештајот на Комисијата за утврдување на условите за престанок на статусот при-дружна членка на Универзи-тетот „Св. Кирил и Методиј", на Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии „Скопје“ во Скопје.

Универзитетски сенат

Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје одржа седница на 29.12.2009 година, со поче-ток во 12,00 часот на којa беа разгледани повеќе актуелни пра-шања од работењето. Притоа, го верификува мандатот на: Бобан Трајчевски, Марјан Христов, Душко Димитриевски, Исмаил Бафтијари, Спасе Симјановски, Горан Трајковски, Ивица Пет-ровски, Благоја Неделковски, Дамјан Мирчевски и Михајло Костримовски, за членови на Универзитетскиот сенат предложени од Студентскиот парла-мент, како и на проф. Димитар Грбев-ски од Факултетот за драмски уметнос-ти.

Универзитетскиот сенат донесе одлу-ки за усвојување на: Проектот за вове-дување нова студиска програма од прв циклус по туризам на Природно-мате-матичкиот факултет; Проектот за изме-ни и дополнувања на студиските про-грами од втор циклус на Природно-ма-тематичкиот факултет (студиски про-грами по биологија, студиски програми по географија, студиски програми по етнологија и антропологија, студиски програми по математички науки и при-мени, студиски програми по физика, студиски програми по хемија); Проек-тот за воведување нови студиски про-грами од втор циклус на Природно-ма-тематичкиот факултет: студиски про-

грами од втор циклус по гео-графија, географски ин-формациски системи, демо-графија, студиски програми од втор циклус по информати-ка, инженерство на интели-гентни системи, кодирање и криптографија, компјутерски науки, студиски програми од втор циклус по физика - физи-ка за компјутерски хардвер; потоа Елаборатот за основање студиски програми од прв циклус универзитетски сту-дии на Факултетот за музичка уметност - балетска педагоги-ја - класичен балет, балетска педагогија - современ танц; Елаборатот за основање сту-диски програми од прв цик-лус универзитетски студии на Факултетот за музичка умет-ност: аранжирање на популар-ни жанрови, труба - популар-ни жанрови, тромбон - попу-ларни жанрови, саксофон - популарни жанрови, пијано - популарни жанрови, удирач-ки инструменти - популарни жанрови, контрабас - попу-ларни жанрови, гитара - попу-ларни жанрови и соло-пеење -популарни жанрови; Проек-тот за преименување на нази-вот на постдипломските спе-цијалистички (мастер) студии по конференциско толкување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески" во соглас-

Page 14: Univerzitetski vesnik br. 101

1 4

ност со Законот за високото образо-вание; Проектот за измени и допол-нувања на студиската програма од втор циклус за книжевности, јазици и лингвистика – насока: јазици, биз-нис и меѓународна трговија на Фило-лошкиот факултет „Блаже Конески"; Проектот за измени и дополнувања на студиската програма од прв цик-лус за доктори по стоматологија на Стоматолошкиот факултет; Проек-тот за измени и дополнувања на сту-диската програма од прв циклус за стручни забни техничари на Стома-толошкиот факултет; Проектот за основање студиска програма од втор циклус од областа на стоматолошки-те науки на Стоматолошкиот фа-култет; Проектот за измени и допол-нувања на студиските програми од прв циклус студии за предучилишно воспитание и за одделенска настава на Педагошкиот факултет „Св. Кли-мент Охридски"; Проектот за воведу-вање студиски програми од втор цик-лус студии за предучилишно воспи-тание и за одделенска настава на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски"; Проектот за воведување заедничка (интердисциплинарна) студиска програма од втор циклус по меѓународни односи на Филозофски-от факултет (носител на ТЕМПУС-проектот е Универзитетот во Гете-борг, Шведска); Проектот за измени и дополнувања на студиските про-грами од прв и втор циклус по пре-хранбена технологија и биотехноло-гија на Технолошко-металуршкиот факултет (Темпус ЦД_ЈЕП-40065-2005), со забелешките околу ангажи-рањето на пензионираните професо-ри; Проектот за усогласување на сту-диските програми од прв циклус универзитетски студии на Факулте-тот за драмски уметности и на Про-ектот за воведување студиски програ-ми од втор циклус универзитетски студии на Факултетот за драмски уметности.

Универзитетскиот сенат донесе Деловник за работа на Универзитет-скиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј".

Универзитетскиот сенат донесе Одлука за давање согласност на Пра-вилникот за измени и дополнувања на Правилникот за внатрешните од-носи и работењето на Филозофскиот факултет, како и Одлука за преста-нок на статусот придружна членка на Универзитетот „Св. Кирил и Мето-диј" на Заводот за испитување на ма-теријали и развој на нови техно-логии „Скопје“ во Скопје.

В о април 2009 го-дина, Универзите-

тот „Св. Кирил и Ме-тодиј“ доби Еразмус-универзитетски чартер, издаден од Извршната агенција за образова-ние, аудиовизуелни по-литики и култура на Европската унија, со што се создаде можност за учество на Универзи-тетот во активностите во рамките на програма-та „Доживотно учење“, односно потсекторската програма за мобилност на студенти и кадар „Еразмус“. Програмата за мобилност „Еразмус“ е програма која ја пот-тикнува мобилноста на студентите и на академ-скиот кадар, двигател е на модернизацијата во

високото образование во Европа, а главна цел на програмата е креирање на европски високообразо-вен простор, промовирање иновативност, како и поттикнување и поддршка на академската мобил-ност во високото образование.

Со цел подобро запознавање на претставниците од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и факул-тетите со оваа програма за мобилност, како и со претстојните активности во рамките на програма-та, на 16 декември 2009 година, во соработка со На-ционалната агенција за европски образовни про-грами и мобилност, во Ректоратот на Универзите-тот беше организирана работилница за обука на Еразмус-координаторите. Работилницата беше ор-ганизирана со цел за запознавање со процедурите за имплементација на мобилностите на студентите и академскиот кадар, координација на инволвира-ните страни на ниво на Универзитетот и факулте-тите, процесот на донесување на одлуки, протокот на информации, потпишување на билатерални договори и запознавање со техничките и адми-нистративните процедури на Еразмус-програмата.

На работилницата учествуваа проректорот за меѓународна соработка, проф. д-р Моме Спасов-ски, проректорот за наука, проф. д-р Коле Василев-ски, проректорот за финансии, проф. д-р Пеце Недановски, проректорката за настава, проф. д-р Елена Думова-Јованоска, претставници од Нацио-налната агенција за европски образовни програми и мобилност, продеканите за настава од факул-

Page 15: Univerzitetski vesnik br. 101

1 5

тетите, како и делегираните Еразмус-коорди-натори. Работилницата ја раководеа гости-пре-давачи предложени од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Словенија: Катја Церјак, раково-дител и Биби Оваска - Пресетник, советник во Одделението за меѓународна соработка на Уни-верзитетот во Љубљана.

Проф. д-р Моме Спасовски, проректор за меѓународна соработка на Универзитетот, даде воведен збор за значењето на можноста за учество на Универзитетот во програмата за мо-билност „Еразмус“, како и добивањето на Ераз-мус-универзитетскиот чартер. Раководителот на секторот за терцијарно образование во На-ционалната агенција за европски образовни програми и мобилност, Неда Ахчиева, даде кра-ток осврт за работата на Националната агенци-ја, го истакна значењето на влезот на Р. Македо-нија во Програмата за доживотно учење, а на-прави и кратка презентација за програмата за мобилност „Еразмус“.

Во вториот и третиот дел од работилницата, гостите-експерти од Универзитетот во Љубља-на - Катја Церјак и Биби Оваска - Пресетник го споделија со присутните долгогодишното искус-тво на нивниот Универзитет во учеството во рамките на програмата „Еразмус“, давајќи при-мери на добра практика, но исто така потен-цирајќи ги препреките на кои може да наиде

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ при пар-тиципирањето во програмата. Церјак и Пресет-ник, исто така, говореа и за раководењето со програмата за мобилност „Еразмус“, како и за финансиските правила и животниот циклус на оваа програма за мобилност. Во своите излага-ња, гостите се осврнаа на многу аспекти од про-грамата „Еразмус“: меѓууниверзитетски догово-ри, мобилности на студенти, професори и ка-дар, грантови за организирање на мобилности-те, договори за доделување грант, како и проце-дури за добивање на грантовите, финансиски правила за студентска мобилност, за мобил-ност на професори и кадар, како и за организи-рање на мобилноста, за распределбата на буџе-тот, за прераспределувањето на неискористени-те или дополнителните финансии и други ас-пекти. Во работилницата активно учество зе-маа и присутните претставници од Универзите-тот, со дискусии и прашања упатени до гостите од Универзитетот во Љубљана, а поврзани со искуството на Универзитетот во рамките на програмата за мобилност „Еразмус“.

Работилницата заврши со излагањето на Не-да Ахчиева од Националната агенција, давајќи краток преглед на планираните финансии за 2010 година на Универзитетот „Св. Кирил и Ме-тодиј“ за учество во програмата за мобилност за студенти и кадар „Еразмус“.

Page 16: Univerzitetski vesnik br. 101

1 6

Несомнено најзначајна, континуирана поддрш-ка на преструктурирaњето и реформирањето на високото образование во земјата обезбедува Европ-ската комисија, преку Темпус-програмата. Од 1996 година, до денес, Комисијата ја поддржува соработ-ката на високообразовните институции од Репуб-лика Македонија, земји-членки на Европската уни-ја и земјите од Западен Балкан преку 146 проектни активности и 340 индивидуални мобилности, зајак-нувајќи ја на ваков начин регионалната соработка и внесувајќи европска димензија во образовниот систем на Република Македонија. Бројните интен-зивни активности се финансирани со вкупен буџет од 33,7 милиони евра, а во последните години свое кофинансирање на активностите дадоа и високооб-разовните институции од Република Македонија.

Како резултат на соработката, на повеќе високо-образовни институции се отворени нови факултети и интердисциплинарни студии, отворени се нови студиски програми и насоки во согласност со оп-штествено-економските потреби и процесот на при-ближување кон Европската унија, преструктурира-ни се постојните студиски програми, опремени се кабинети и лаборатории, осовременети се библио-теките и поврзани се во библиотечни информа-циони системи, воведени се современи, информа-тички поддржани образовни методи.

Развојот на универзитетскиот менаџмент е под-држан со развој на стратегија за интеграција на универзитетите од регионот на Западен Балкан, интегрирање и структурирање на меѓународната со-работка на универзитетите, воспоставување на информациони системи, развој на системи за уче-ње на далечина и канцеларии за поддршка на студентите.

Преку проекти за институционално зајакнување, универзитетите значајно придонесуваат за јакнење на капацитетите на јавната администрација, стопанството и невладиниот сектор, за импле-ментација на Спогодбата за стабилизација и асоци-јација, Акциониот план за европско партнерство и Националната програма за апроксимација на пра-вото.

Во рамките на активностите за промоција на третиот конкурс од четвртата фаза на Темпус-про-грамата и подготовката за аплицирање, Извршната агенција за образование, аудиовизуелност и кул-тура на Европската комисија од Брисел, во соработ-

1188 ддееккееммввррии 22000099 ггооддииннаа

Page 17: Univerzitetski vesnik br. 101

1 7

ка со Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија и Националната Темпус-канцеларија при Министерството за образова-ние и наука на Р. Македонија, на 18 декември 2009 година, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" организираа Темпус-национален ин-формативен ден.

На информативниот ден под наслов „Предиз-вик за реформите во високото образование во третиот конкурс од Темпус IV“ учествуваа прет-ставници од сите акредитирани високообразов-ни институции во Република Македонија, држав-ните институции, граѓанското општество и дру-ги партнери. Свои поздравни обраќања имаа ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охрид-ски“ во Битола и претседател на Ректорската конференција на јавни универзитети, проф. д-р Златко Жоглев, министерот за образование и наука, г. Никола Тодоров и шефот на Делегаци-јата на Европската комисија во Скопје, амбаса-дорот Ерван Фуере. Снежана Билиќ-Сотироска, координатор на Националната Темпус-канцела-рија при Министерството за образование и нау-ка, имаше излагање на тема: „Модернизација на високото образование - трет конкурс во рам-

ките на Темпус IV“. Координаторот на Нацио-налната Темпус-канцеларија, во продолжение-то, исто така, ја образложи Е-формата на подне-сување апликација за учество во проектот „Темпус“.

За влијанието на Темпус-проектите врз ре-формата на високото образование во Републи-ка Македонија говореше проф. д-р Елизабета Бахтовска, професор на Факултетот за технич-ки науки при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, додека во завршниот дел, за програмите на Европската комисија, меѓу кои и програмата за мобилност „Еразмус Мун-дус“, како и за Националниот тим на Болоња- промоторите, посебен осврт даде Марија Краку-товска, асистент во Националната Темпус-кан-целарија при Министерството за образование и наука на Р. Македонија.

Конференцијата по повод Националниот Темпус-информативен ден „Предизвик за ре-формите во високото образование во третиот конкурс од Темпус IV“ беше затворена со зак-лучни согледувања на излагачите и дискусија со присутните претставници.

Page 18: Univerzitetski vesnik br. 101

1 8

Page 19: Univerzitetski vesnik br. 101

1 9

Page 20: Univerzitetski vesnik br. 101

20

Доделена Плакета на УКИМ на г. Хајнц Ринас

Page 21: Univerzitetski vesnik br. 101

21

Page 22: Univerzitetski vesnik br. 101

22

Page 23: Univerzitetski vesnik br. 101

23

Н а 10.12.2009 година, на свечена церемо-нија на Софискиот универзитет „Св. Кли-

мент Охридски“ во Софија, на проф. д-р Трајан Гоцевски му беше доделена титулата почесен доктор на науки. Да се биде дел од луѓето кои се носители на ова почесно звање, на еден од нај-престижните и најстарите универзитети во Евро-па е голема чест. Како што истакна ректорот на Софискиот универзитет „Св. Климент Охрид-ски“: „Проф. д-р Трајан Гоцевски е еден од најис-такнатите научници од областа на геополитич-ките и економските проблеми и надвор од гра-ниците на Република Македонија. Неговите дела се за свет без граници, етничка толеранци-ја, економија заснована на знаење и образова-ние, како и за активни контакти помеѓу универ-зитетските центри во светот“.

По повод доделувањето на титулата почесен доктор на науки, проф. Гоцевски одржа пристап-но предавање на тема: „Парадигмата на човеко-виот капитал во земјите во транзиција и уло-гата на универзитетите во неговото создавање“.

На свечената церемонија, покрај членовите на академската заедница на Софискиот универ-зитет, присуствуваа и: ректорот на Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Велимир Стојковски, амбасадорот на Република Македо-нија во Бугарија, Александар Василевски, досе-гашниот амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, Михо Михов, деканот на Филозофскиот факултет во Скопје при Уни-верзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Горан Ајдински, директорот на Културниот цен-тар на Република Македонија во Бугарија, Дос-та Димовска и други.

Проф. Гоцевски го доби ова високо универзи-тетско признание како резултат на продлабоче-ните врски и односи на науката, образованието и културата помеѓу Софискиот универзитет и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На Софискиот универзитет, на бугарски ја-зик се преведени две книги од проф. Гоцевски, Економика на образованието и Образовен менаџмент, кои служат како учебници, однос-но се користат во научната и универзитетската практика во Бугарија, како и во соседните зем-ји, бидејќи се со висок квалитет и се единстве-ните дела од оваа област во регионот.

Проф. д-р Трајан Гоцевски е еден од најпоз-натите македонски научници и универзитетски наставници. Тој во науката се истакнува со мо-

дерни идеи на полето на економијата и менаџ-ментот, одбраната и едукацијата, а се залага за современ универзитет со висок апликативен ка-пацитет на нови знаења и технологии. Автор е на 52 книги, и учебници во разни научни гран-ки, како и на преку 250 стручни и научни тру-да, монографии и статии објавени во македон-ски и многубројни странски списанија, на маке-донски, англиски, албански, бугарски и фран-цуски јазик. Многу од овие дела претставуваат суштествена иновација во начинот на мисле-њето и креирањето нови идеи. Од објавените книги, 5 се универзитетски учебници и еден учебник за средните училишта. По иницијати-ва на проф. Гоцевски, на Филозофскиот факул-тет во Скопје, во академската практика, се во-ведени нови постдипломски студии за: менаџ-мент во образованието, менаџмент на човекови ресурси во општествените дејности, европски студии за интеграции, студии за мир и развој, како и студии за безбедноста и одбраната.

Во рамките на соработката на Универзите-тот „Св. Кирил и Методиј“, проф. Гоцевски по-веќе децении соработува со универзитетите во регионот, Полска, Шведска, Холандија, Австри-ја, Италија, Швајцарија и Франција. Бил гос-тин-професор на повеќе универзитети во Евро-па, меѓу кои и на универзитетите во: Париз, Дижон, Виена, Клагенфурт, Ајдховен, Софија, Истанбул, Гетеборг, Љубљана, Загреб, Белград, Арнхем, Рим, Келн, Лил, Амстердам, Солун, Подгорица, Благоевград и др.

За покажаните исклучителни резултати на полето на науката и професионалната дејност, како и за ангажирањето на полето на општес-твениот живот, проф. Гоцевски е добитник на поголем број домашни и меѓународни награди и признанија.

Во 2004 година, проф. Гоцевски е добитник на највисоката државна награда Гоце Делчев за посебни достигнувања во науката на Република Македонија.

Добитник е на Големиот знак со сина лента на Софискиот универзитет.

Проф. д-р Трајан Гоцевски е избран за заме-ник-директор на бордот на МБИ на Универзи-тетот во Кембриџ.

Член е на Советот на Центарот за стратегис-ки истражувања при МАНУ, на Советот на Лон-

Од Филозофскиот факултет во Скопје

Page 24: Univerzitetski vesnik br. 101

24

донската дипломатска академија и еден е од 12-те членови на Женевскиот центар за реформи во безбедносниот сектор на земјите од Југоис-точна Европа, каде што членуваат и други углед-ни личности од европските држави.

Проф. Гоцевски беше член на првата Влада на независна Македонија и прв цивилен минис-тер за одбрана.

Проф. Гоцевски, во периодот од 1998 до 2002, бил член и на Советот за национална без-бедност на Република Македонија и претседа-тел на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“.

Проф. д-р Трајан Гоцевски бил претседател на Меѓународната научно-културна манифеста-ција „Гоцеви денови“.

Исто така е член на Редакцискиот одбор на меѓународното списание Меѓународна полити-ка што го издава Универзитетот во Загреб.

Главен и одговорен уредник е на теоретското списание Современа македонска одбрана.

Проф. Гоцевски дал значаен придонес во профилирањето и создавањето на научни и дру-ги кадри на Филозофскиот факултет во Скопје.

Тој се јавува како раководител и учесник во истражувачки тимови во повеќе домашни и странски научноистражувачки проекти.

На домашната и на меѓународната јавност проф. Гоцевски ѝ е познат како архитект на мирното одвојување на Македонија од пора-нешна Југославија, творец на цивилниот модел на одбранбениот систем на Р. Македонија и дал особен придонес во создавањето на независна и суверена Република Македонија.

Во меѓународните кругови и стручни инсти-туции е познат и признат како добар познавач на геополитичките и стратегиските односи на Балканот и пошироко, како и признат научник за економските односи и менаџментот во образованието.

Во рамките на процесите за интегрирано дејствување и функционирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје усогласени со Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот, во Универзитетски весник ги претставуваме раководните органи на единиците и придружните членки на Универзитетот. Во зависност од обемноста на содржините и актуелните настани, во секој број објавуваме биографски податоци на еден или повеќе декани на факултети, односно директори на научни институти.

Во овој број го претставува-ме ППРРООФФ.. ДД--РР ТТИИХХООММИИРР ССТТООЈЈККООВВ.

Проф. д-р Тихомир Стојков,декан на Архитектонскиот факултет

Тихомир Стојков е роден на 5.8.1948 година во Битола. Дипломирал на Уни-верзитетот во Скоп-је, на Архитектон-ско-градежниот фа-култет, Оддел за ар-хитектура. Маги-стрирал на Универ-зитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, во 1982 година, со одбрана на магистер-скиот труд: „Поли-мерните материја-ли - можности за нивната примена во

архитектурата“, а со научното звање доктор на технички науки се стекнал во 1997 година со одбрана на докторската дисертација: Одрж-ливи системи на планирање, проектирање во вонурбан простор низ интерпретација на архитропски модел на семејна куќа. Редовен професор е на Архитектонскиот факултет во Скопје. Во периодитe 2005-2007 и 2007-2009 година бил раководител на Институтот за високоградба. Ги познава англискиот, фран-цускиот и италијанскиот јазик. Работел во Архитектонското ателје „УНДЕНГРАУНД“ во

Page 25: Univerzitetski vesnik br. 101

25

Скопје, а од 1973 до 1988 е избран за асистент по пред-метот архитектонски конструк-ции 2 на Архитектонскиот факултет во Скопје. Во пери-одот од 1988 до 1990 година остварил стручен и академ-ски престој во Австралија. (Стекнати искуства на полето на проектниот менаџмент и развивањето на проекти и про-ектна документација со инвес-тициона вредност од околу 600 милиони АУС долари).

Во периодот од 1991 до 1996 бил избран за асистент по предметите: архитектон-ски конструкции 2, ентериер, опрема и обработка, детаљ и обработка на архитектонски простор, а од 1996 година е професор по предметите: архи-тектонски конструкции 2, ен-териер, опрема и обработка, детаљ и обработка на архитек-тонски простор (продлабоче-на настава).

Од 1988 до 1990 година, д-р Тихомир Стојков оства-рил престој на Универзитетот во Мелбурн и Дикин универ-зитетот во Ѓилонг, Австрали-ја, (истражувач и гостин пре-давач). Писмени референци: prof. Peter McIntire, Head of Department /15.8.1988; 8.5.1990, prof. Kevin Borland, /29.1.1991), (Melbourne University, School of Architecture, (истражувања за докторската дисертација), потоа, во 1995, на Универзи-тетот во Темпи, Школа за архи-тектура - Оддел за животната архитектура, Аризона, САД, писмена референца: - Regents Professor Jeffres Cook /11.7. 1995). (завршните истражува-ња на докторската дисертаци-ја). Во 1997 година е избран за

вонреден професор на Архи-тектонскиот факултет, за пред-метите: архитектонски кон-струкции 2 и детаљ и обработ-ка на архитектонски простор. Во периодот од 2000 до 2005 година бил професор на Шу-марскиот факултет во Скопје, оддел технологија на дрво, дизајн на мебел и ентериер, на предметот: конструкција и обликување на простор, од 2000 до 2006 година бил професор на интердисципли-нарните студии по инженер-ство на животната средина, по предметот одржлив урбан развој, а во 2002 година бил избран за редовен професор на Архитектонскиот факул-тет, за предметите: архитек-тонски конструкции 2 и де-таљ и обработка на архитек-тонски простор. Во 2007 годи-на бил повторно избран за редовен професор на Архитек-тонскиот факултет, за предме-тите: архитектонски конструк-ции 2 и детаљ и обработка на архитектонски простор.

Проф. Стојков остварил богата научна и истражувачка работа.

Д-р Тихомир Стојков од 1997 до 2000 година, бил претседател на ААМ (Асо-цијација на архитектите на Македонија), а од 2000 до 2003 година бил член на УО на ААМ и координатор на Ко-мисијата за односи со странство на ААМ, а во 2000 година бил член на Националниот совет за изра-ботка на Стратегија за одрж-лив развој на Р. Македонија.

Остварил и богата публи-цистичка дејност.

Проф. д-р Тихомир Стојков, декан на Архитектонскиот факултет

РЕАЛНИ СТРАТЕГИИ ЗА СООЧУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ

Предлог-програмата за работата на Архитектонскиот факул-тет, во мандатниот период 2009-2013 година, претставува про-должување на шестдецениската традиција во една од најдоблес-ните и, секако, исклучително комплексни креативни дисципли-ни - архитектурата, институција во која од 1973 година, во конти-

нуитет ја градев сопствената академска и дел од личната акредитација. Свесни сме дека плејада поединци, наши почитувани колеги на кои и де-нес живо се сеќаваме, несеби-чно и трајно вградиле дел од сопствениот творечки и креа-тивен кредо во виталноста на неговиот чудесен биологизам и афирмација, многу поширо-ко од рамката на локалниот контекст и опкружување. Тоа за сите нас претставува мотив повеќе, не само да ја одржиме ваквата академска констелаци-ја на Архитектонскиот факул-тет, ами постојано да ја негува-ме и дообликуваме чекорејќи низ времето и предизвиците со кои генерациски се соочу-ваме.

Во изминатиот период и особено во изминатите две-три години, Факултетот поми-на низ еден мошне комплек-сен процес на трансформации и соочувања со непознати кои генерираа проблеми и отворе-ни прашања, со кои сите заед-но се обидовме да го одредиме вистинскиот пат кон кој треба-ше да се определи школата заедно со комплексноста на нашите поединечни афините-ти и афилијации во неа како демократско дадено право. Тоа е процес кој сѐ уште трае.

Изготвувањето на програма за студии по архитектура спо-ред ЕКТС и неговото имплемен-тирање во учебната 2007/2008 година бараше од сите нас да вложиме особени напори кон постигнување на оваа цел во мошне сложени услови на вна-трешна материјална и кадров-ска кондиција и влијанија про-излезени од комплексноста на општествената ферментација. Мислам дека можеме, после сѐ, сепак да констатираме дека солидно се зацртани залож-бите и визиите за понатамо-шно усовршување на Архитек-тонскиот факултет во иднина.

Во изминатиот период, школата се соочи со уште два критични момента, кои секако значително ќе влијаат врз раз-војот на настаните во наред-ниот период. Пред сѐ, станува збор за промените и имплика-циите кои произлегоа и пона-

Page 26: Univerzitetski vesnik br. 101

26

таму ќе произлегуваат од можеби најголемиот предизвик со кој се соочил Факултетот од сво-ето постоење - промените што настанаа со орга-низационата трансформација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во т.н. интегриран Уни-верзитет, со што битно се преформулира статусот на неговите членки - факултетите во ос-новни образовни единици. Останува да верува-ме дека рефлексиите на политиките за создава-ње на силни универзитети како клучни актери во развитокот на идното европско општество на знаења, сепак, ќе бидат промоција и на една вистинска европска афилијација на Р. Маке-донија, подеднакво во доменот на академскиот и општествениот план, и покрај тоа што сме свесни дека овој процес временски ќе трае мно-гу подолго од еден релативно восприемлив оп-сег за негово разбирање во сегашноста и осо-бено исходот од неговото заокружување во идни-на.

Вториот момент се однесува на уште еден не-вообичаен процес низ којшто поминува школа-та, а тоа е заминувањето во пензија на добар дел од наставно-научниот кадар во релативно кус временски период. Без разлика колку овој, би рекле, природен и административен фено-мен, сериозно го погодува или во блиска идни-на ќе го погодува наставниот процес на Факул-тетот, реално треба да го сфатиме како процес на промена на генерации кој отвора можност поголемиот дел од помладата генерација, која веќе ги најавува своите академски афинитети и потенцијали, да настапи на сцената на идните учители по архитектура. Тоа е потенцијал на кој Факултетот со респект и голема доверба ќе смета во наредниот период.

Иако во овој воведен сегмент на фокусирање кон општата ситуација низ која во моментов по-минува школата можат да се набројат и други поединечни чинители кои ја генерираат поши-роката оптика на таа ситуација (појава на реал-на конкуренција на пазарот на високото обра-зование, нова економска логика во одредува-њето на критериумите за финансирање, етика, принципи и критериуми за оцена на квалите-тот и вреднување на стекнатите знаења), сепак цениме дека сите тие фактори како неминовна калеидоскопичност на времето во кое живееме ќе можат поцелисходно да се артикулираат ако се изградат реални стратегии за соочување и децентно разрешување на неколкуте претходно набележани круцијални прашања кои неминов-но ќе се рефлектираат во програмските постав-ки на овој предлог.

Наставна дејност

Наставната дејност и во наредниот период ќе претставува основен темелник врз кој ќе се генерираат и реализираат клучните активности и заложби за одржување на кредибилитетот и физиономијата на една квалитетна школа за ар-хитектура како што е Архитектонскиот факул-тет во Скопје.

Во моментов, втората генерација на студен-ти ја следи студиската програма според ЕКТС. Првите искуства, секако, треба да бидат пред-мет на една посеопфатна елаборација и евалу-ација, затоа што на тој начин ќе можат да се разрешат два хронични проблема наследени од инерцијата на минатото: амбивалентноста кон случувањата во наставата (1) и инсуфициенција-

Page 27: Univerzitetski vesnik br. 101

27

та на потребата помеѓу другото да се размис-лува за целината на наставниот процес (2), како клучен интерес за секого од нас. Во таа смисла, во наредниот период ќе биде неопходно да се дефинира една генерална рамка за континуира-ната валоризација на ангажманот на настав-ниот кадар и покажаниот успех на студентите како конечен мерлив исход од тој процес. Ова особено се однесува на новата линија во нас-тавниот процес, а тоа е интегрираниот сегмент на наставата - студијата. Цениме дека тоа ќе биде суштинско нешто што ќе го предодреди квалитетот на Архитектонскиот факултет во услови на реалната конкуренција на пазарот на едукацијата на архитекти во иднина. Секако (и сѐ уште), реални се размислувањата за тоа дека Архитектонскиот факултет располага со врвен наставен кадар за едукација по архитектура, но реално е исто така во иднина да се размислува кон тоа за каков исход ќе се залагаме на релација: едукација - оспособеност за истражу-вање - оспособеност за работа во професија (професии) што ја нуди архитектурата токму низ компетенциите што студентите сукцесивно ќе ги стекнуваат низ работата во студијата, особено во завршните години.

Она што иманентно и ургентно треба да се направи во наредниот период во однос на нас-тавната дејност на Факултетот е развивањето реални студиски програми за третиот циклус на студии (докторски студии). Веќе сме инфор-мирани дека согласно со Законот за високото образование по 15.9.2009 година, на факулте-тите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ им се овозможува единствена алтернатива да подготвуваат кадри од ваква академска и науч-на провениенција низ третиот циклус на сту-дии. Ова ќе биде од особено значење за Архитек-тонскиот факултет, со оглед на фактот дека тој досега беше единствената образовна инсти-туција во Р. Македонија која нудеше докторски

студии од областа на архитектурата и урбаниз-мот. Можноста за академски и научен конти-нуитет по вториот циклус на студии согласно со новата констелација на студиска програма спо-ред ЕКТС која е во тек во првиот циклус, логич-но ја наметнува иманентноста на ова прашање. Затоа неговото разрешување ќе биде од најви-сок приоритет за Факултетот во идниот период. Имајќи го предвид Предлогот за организација на студии од трет циклус изготвен во јуни 2008 година од работна група на Факултетот во соработка и консултации со експерти од европ-ските факултети кои учествуваа во проектот TEMPUS SCM C035 B06 - REFORMAE 2 ‘Recog-nition of Architectural Degrees in CARDS Coun-tries on Competences and Learning Outcomes’, постојат реални шанси овој предлог да се ма-теријализира низ конкретни студиски програ-ми за одредени подрачја од интерес на Факулте-тот, како урбанистичкото планирање и управу-вање, енергетски ефикасната архитектура, ме-наџментот или заштитата на градителското на-следство кадешто, покрај домашниот кадар, учество ќе можат да земат и експерти од над-вор. Реализацијата на дел од овие студиски програми ќе има извонредно значење за пона-тамошното академско усовршување на дел од помладиот кадар на Архитектонскиот факултет и отворање на можности преку неа да се реали-зира и дел од идната кадровска политика на Фа-култетот.

Секако, за реализација на овој најкомплек-сен сегмент од наставната дејност на Факулте-тот, неопходно ќе биде да се направат напори за квалитетна опременост и доопременост, од-носно перманентно одржување на нивото на квалитетот на дидактичкиот простор што во ид-нина може да претставува голема компаратив-на предност на Факултетот. Пред сѐ, станува збор за конечно оформување и опремување на

Page 28: Univerzitetski vesnik br. 101

28

квалитетен компјутерски центар со компјутери од поновата генерација, со вградени ажурирани софтверски апликации, за што во минатото беа преземени многу активности. Јасно е дека фи-нансиската состојба на Факултетот не е најповол-на за реализација на оваа дејност, но во секој случај треба да се бараат механизми овој проб-лем во иднина да се апсолвира во континуитет како услов sine qua non. Во таа смисла, во идни-от период ќе се направат напори да се доопре-мат сите постојни простории во кои се изведува практичната работа со студентите и единстве-ниот амфитеатар со кој располагаме, но и созда-вање на нови во рамките на просторните мож-ности на Факултетот. Дел од овие активности се во тек, така што новата деканска гарнитура презема обврска да ги продолжи и да ги надгра-дува просторните услови во континуитет. Сека-ко, инвестирањето во постојано подобрување на опременоста на Факултетот ќе бара од новата деканска гарнитура максимална упорност во изнаоѓањето средства и приоритетно распола-гање со нив за оваа намена. Претставите дека Факултетот изгледа како што изгледа и распо-лага со опрема со каква што располага се дол-жат, пред сѐ на лошата материјална состојба и треба да отстапат место за една подруга перцеп-ција за можностите за разрешување на оваа про-блематика, што во иднина, по системот joint venture, може да донесе и одредена предност.

Запишувањето на студенти во прва година на студии на Архитектонскиот факултет е стаби-лизирано на бројката 60+30, што претставува оптимална придобивка од изминатиот период имајќи ги предвид просторните услови. Секако, бројот на студентите значително ја определува контрибуцијата кон вкупните материјални сред-ства за работа на Факултетот. Оваа бројка сигур-но не овозможува поголема комотност во реали-

зацијата на одредени проекти за подобрување на општите услови за работа, но постојат реал-ни можности да се изнајдат и други извори на финансиски средства за што се потребни нови, свежи идеи во материјалното работење на Фа-култетот.

Презентирањето во јавноста (професионал-ната и онаа пошироката), на резултатите од едукацијата и особено од студијата, ќе добие соодветен приоритет во наредниот период. Во одреден сегмент, во работата на студијата (во завршните години, на пример) можат да се извршуваат работи на сегменти од вистинска практична работа низ реални проекти. За таа цел ќе биде потребно да се изгради стратегија и да се создадат услови дел од кадарот да се изгради такашто да може да реализира ваква настава низ практична работа што може да би-де квалитетна иновација во наставниот процес. Во таа смисла можеби ќе треба уште еднаш потрезвено да се размисли за формирање на еден единствен институт за истражувања во архитектурата и урбанизмот, кој би отворил многу други можности, не само за подигање на нивото на научната и научно-применувачката работа, ами и за постигнување на две битни предности: висока професионална компетент-ност, со која во иднина значително би можело да се подигне нивото на наставниот процес на Факултетот, и постигнување на значителна ма-теријална потпора за реализирање на нови про-грами.

Летната школа за архитектура е простор кадешто исто така можат да се отворат нови перспективи во реализацијата на оваа специ-фична настава. Искуствата од слични школи во Европа и во светот тоа го потврдуваат. За таа цел, во наредниот период ќе се разгледаат и активираат сите можни механизми и креатив-

Page 29: Univerzitetski vesnik br. 101

29

ни идеи за Летната школа за архитектура да се внесе во регистарот на референтните летни шко-ли во регионот и пошироко со учество на рефе-рентни домашни и странски предавачи и менто-ри, како и со испитување на можноста во меха-низмот на развивањето на темите и програмите да се овозможи дел од студентите-учесници да се стекнат со одреден број на кредити. На тој начин, Летната школа за архитектура може да стане еден вид препознатлив знак или бренд на Факултетот со можност да отвори простор за поширока локална и меѓународна афирмација на Архитектонскиот факултет. Во рамките на наставата според ЕКТС во работата на Летната школа, може, на пример, да се изведува и дел од редовната настава, која, од различни причи-ни, студентите не биле во можност да ја реали-зираат во текот на зимскиот или летниот семес-тар. На тој начин може многу да се подобри ефи-касноста на студирањето, во заемен интерес.

Апликативна дејност

Во традициите на различните дејности на Фа-култетот од минатиот период, апликативната работа заземаше значително место. Низ тој про-цес кадрите се оспособуваа да решаваат најраз-лични проблеми и предизвици што ги намет-нуваше стопанството и стопанските субјекти.

За жал, во изминатиот период на транзици-ја, овој сегмент, така да се рече, е замрен. Штета-та од тоа е најмалку двојна; пред сѐ, се изгуби многу битната конекција со стопанството и вто-ро, се изгуби можноста дел од вработените на Факултетот, низ реални и покомплексни про-екти и експертизи, да ги докажуваат, да ги усовр-шуваат и практично да ги проверуваат своите

сознанија од областите за кои се избрани во академската кариера. Впрочем, правото и сло-бодата за пласман на сопствениот труд и знае-ња се неприкосновени демократски определби и придобивки во општествата со развиени па-зарни економии.

Во таа смисла, привлекувањето на квалитет-ни апликативни проекти во рамките на Факул-тетот (чл. 2 и 3 од Правилникот за внатрешната организација и работата на Архитектонскиот факултет...) може да отвори простор за осмислу-вање на нови методи на работа и на полето на наставната и на полето на научната работа и секако, градење на поквалитетна интеракциска соработка, како внатре така и надвор од Факул-тетот. Тоа е простор кој, меѓу другото, може значително да ја подобри општата материјална состојба на Факултетот и да отвори можности за разрешување на некои суштински проблеми споменати во претходната точка. Таа може ко-нечно, да отвори и простор за поголема мотива-ција на кадарот и другите служби на Факулте-тот. Треба да се спомене дека заради одредена ретроградна инерција во менталниот склоп на општеството во транзиција и во него пројаве-ните не помалку штетни постсоцреалистички рецидиви, можат да се забележат заложби за ревидирање на правото на апликативна дејност на факултетите. Имајќи предвид дека денес архитектонската професија во Р. Македонија е регулирана со посебен закон и дека веќе функ-ционира одредена институција наречена Комо-ра на инженери-учесници во изградбата, логич-но е да се очекува дека оваа материја во блиска иднина може значително да помогне Факулте-тот да се реафирмира и на овој план. Заради

Page 30: Univerzitetski vesnik br. 101

30

заживувањето на оваа многу значајна и суптил-на дејност на Архитектонскиот факултет, се на-метнува потребата уште еднаш да се размисли за формирање на единствен институт/центар за истражувања во архитектурата и урбанизмот. За тоа, секако, е потребен соодветен консензус, што, се надеваме, ќе има доволно разбирање и поддршка токму од помладата генерација на Факултетот.

Кадровска политика

Имајќи ги предвид дел од актуелните состој-би на Архитектонскиот факултет споменати во воведниот дел на оваа Предлог-програма, ка-дровската политика сигурно ќе биде една од приоритетните активности на деканската гарни-тура во наредниот мандатен период. Фактот дека за одредени предмети веќе подолго време хронично не постои соодветна покриеност со наставно-помошен и соработнички кадар се заострува со фактот дека во наредниот период Факултетот може да се соочи и со недостаток од наставници. Овој проблем може да генерира исклучително комплексни ситуации кои, ако без поширока внатрешна согласност и надво-решна поддршка не се дефинираат во приори-тетите на кадровската политика, можат да дове-дат до нарушување на меѓусебната доверба на кадарот.

Во секој случај, Архитектонскиот факултет, во ваквата можна состојба треба пред сѐ да води сметка за искористување и развивање на внат-решниот кадровски потенцијал, но едновреме-но, согласно со Законот за високото образова-ние, треба да биде отворен и спремен и за сите облици на можна соработка со квалитетни над-ворешни експерти со кои привремено или трај-но ќе можат да се разрешат дел од кадровските проблеми.

Токму затоа, развивањето на сите облици низ кои би можело да се решава овој проблем, а се достапни како организациони форми (трет циклус на студии, институт/центар за истражу-вања во архитектурата и урбанизмот и сл.), согласно со новиот Закон за високото образо-вание, ќе бидат предмет на постојан интерес на деканската гарнитура во наредниот мандатен период.

Внатрешна организација на Факултетот

Врз основа на новата организациската поста-веност во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Архитектонскиот факултет веќе изготви сопствен Правилник за внатрешната организација и работата во рамките на Универ-зитетот. Новата деканска гарнитура ќе води сметка за порамномерно ангажирање на када-рот во сите активности на Факултетот надвор од наставата набележани во чл. 14 и 17 од овој Правилник, како и покривање на активностите во различни комисии и стручни тела на Факул-тетот. Во дел од овие активности се предлага

активно учество да земат и студентите на Фа-култетот согласно со нивните академски права како рамноправни чинители, подеднакво во наставниот процес и во работата на Факултетот.

Финансиско работење

Архитектонскиот факултет е високообразов-на институција од јавен карактер која финан-сиското работење во новите услови и понатаму ќе го реализира врз основа на прецизно изгот-вен буџет со ставки во кои со право веќе подол-го време се очекуваат одредени подобрувања. За жал, барем засега, приходните ставки од бу-џетот остануваат да бидат со релативно стаби-лен карактер, што наведува на реален заклучок дека некаков позначаен дебаланс на буџетската политика во однос на високото образование, во услови на економска криза, во блиска иднина нема да има. Во секој случај, во наредниот пе-риод, деканот, врз основа на некои досегашни искуства, ќе се ангажира кон попрезизно изгот-вување и реализација на буџетските средства според планирани ставки на ниво на полугоди-шен и годишен приоритет усогласен со Факул-тетската управа и Наставно-научниот совет на Факултетот. Дел од средствата од сметката на Факултетот, онолку колку што тоа го овозможу-ваат околностите, ќе бидат искористени за по-натамошно зголемување на вредноста на бодот. Сепак, во ваква ситуација останува Факултетот да се обиде да се потпре на други можности за генерирање на приходи кои се во согласност со општите и посебните акти на Универзитетот и Факултетот, кои, под одредени услови, претход-но беа споменати како реално возможни.

Една од клучните идеи кои деканската гар-нитура во наредниот мандатен период ќе ги понуди е секако формирање на специјален фонд за поддршка на наши млади колеги во нивното стручно усовршување надвор од Факул-тетот, за посета на специјализирани конферен-ции од интерес за нивната работа за напредува-ње, посети на локалитети од стручно-истражу-вачки интерес и сл., за што ќе биде изготвена посебна програма со правилник за користење на овие средства.

Распределбата на дополнителни средства во вид на авторски хонорар останува да биде пред-мет на посебна опсервација согласно со новите услови за финансиско работење. Во секој слу-чај, во наредниот мандатен период, Деканатот ќе изготви детална анализа на генераторите на приходите и расходите со предлог за реализи-рање на буџетските средства.

Издавачка дејност

Архитектонскиот факултет години наназад реализираше одреден вид на издавачка дејност олицетворена преку Зборникот на објавени тру-дови на наставно-научниот и соработничкиот кадар. За жал, во изминатиот период и оваа активност замре со исклучок на неколку изда-нија на пригодно публикувани книги на наши

Page 31: Univerzitetski vesnik br. 101

31

еминентни колеги во пензија или пригодни публикации од Летната школа за архитектура. Секако, радува фактот што во рамките на про-славата на 60-годишнината на Архитектонски-от факултет се анимира издавањето на нов Збор-ник на трудови со референца на регистрирано стручно списание во кое заинтересираните коле-ги ќе можат да објавуваат свои трудови, истра-жувања и проекти. Во таа смисла, во наредниот мандатен период, Деканатот ќе ја поддржува оваа иницијатива и ќе се залага таа да се проши-ри со интерно издавање на двомесечен или три-месечен билтен на Архитектонскиот факултет или т.н. електронски зборник за чија реализаци-ја ќе биде ангажиран дел од помладиот кадар на Факултетот и студентите. Во тој контекст ќе биде дадена поддршка за перманентно надграду-вање на најавената веб-страница на Архитектон-скиот факултет како извонредна можност за студентите и сите заинтересирани за бесплатен пристап до најразличен вид на информации кои Факултетот може да ги презентира или да ги понуди.

Меѓународна соработка

Во изминатиот период, Архитектонскиот факултет воспоставил традиција на солидна меѓународна соработка преку организирање и учество на најразлични меѓународни конферен-ции, меѓународни проекти или организирање на посета на бројни гости-предавачи. Оваа тра-диција ќе биде силно поддржана од Деканатот во наредниот мандатен период со желба за нејзино поквалитетно надградување низ еден систем на програмски осмислени случувања спроведени од ваков карактер во континуитет (предавања, работилници, семинари и сл.), но со обид за градење на еден принципиелен реци-

процитет на размена на наши кадри со институ-циите од каде што овие гости ќе доаѓаат. Во таа смисла, соработката со архитектонските факул-тети од регионот ќе има посебен приоритет.

Студенти и студентска организација

Во наредниот мандатен период, Деканатот ќе направи согледување за реалните можности за поддршка на студентските иницијативи и активности кои се од интерес. Впрочем, добар дел од активностите на Факултетот во иднина ќе се реализираат во соработка со студентите и студентската организација. Во таа смисла ќе биде согледана можноста за нивно ангажирање на најразлични нивоа на одлучување, не само по прашања од нивен интерес, ами и во актив-ности низ кои тие слободно ќе можат да ги искажат сопствените афинитети, размислувања и слобода на изразување на сопственото мислење за најразлични прашања од работата на Факултетот. Транспарентноста во комуника-цијата со студентите ќе биде максимална, а нив-ните мислења за севкупноста на нашиот и на нивниот ангажман во наставниот процес ќе бидат инкорпорирани во неговата евалуација.

Развивањето на простор и услови за перма-нентна дебата по прашања кои го свртуваат нивното внимание и интерес ќе биде еден од приоритетите на Деканатот во наредниот ман-датен период. Цениме дека на таков начин Aрхитектонскиот факултет ќе ги унапреди соп-ствените перцепции за критичка и самокритич-ка опсервација на одредени состојби во рела-циите со студентите, како низ наставниот про-цес, така и во рамките на нивните лични афи-нитети за активности надвор од него.

Page 32: Univerzitetski vesnik br. 101

32

Во периодот од 01.10.2008-01.10.2009 годи-на, кој претставува втора година од мандатот на деканот на Технолошко-металуршкиот фа-култет, професор д-р Александар Димитров, реализирани се голем број на активности, кои подолу подетално ќе бидат претставени и групирани според областа.

I. ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставната функција на Факултетот е сѐ уште доминантна во однос на научноистражу-вачката и апликативната дејност. Во последни-те години, во споредба со претходното десетоле-тие, има значајни тенденции на зголемување на научноистражувачките активности/проекти. Зголемувањето на овие активности резултира со сѐ поголем број на научноистражувачки и апликативни проекти, добиени од европските фондови. Но, и покрај тоа, и понатаму главна активност на Факултетот е наставата.

За подобрување на наставата, како на додип-ломско така и на последипломско ниво, во текот на 2008/09 година беа преземени и реа-лизирани следните активности:

1. Воведени се 12 нови студиски програми на постдипломските студии, организирани по ЕКТС. Со ова ТМФ може да се пофали дека заклучно со 2008/09 година со успех е завр-шена реформата за воведување на ЕКТС, во изведувањето на наставата на додипломски-те и последипломските студии. На новите студиски програми, во оваа година се запи-шаа и наставата ја следеа повеќе од 30 студенти.

2. Во соработка со фондацијата Willy Brandt од Италија, беше организиран семинар „Управување со отпад“. Семинарот го посе-туваа студенти од ТМФ, претставници на јавните комунални претпријатија и општините.

3. Исто така беше организирана и промоција на учебници и книги, издадени од профе-сори на ТМФ:

- Монографија од проф. д-р Светомир Ха-џи Јорданов;

Во согласност со

Законот за

високото

образование и

Статутот на Уни-

верзитетот „Св.

Кирил и Методиј“

во Скопје, обврска

на деканите на

факултетите е,

најмалку еднаш во

годината, до

наставно-научните

совети и до

ректорот на

Универзитетот да

поднесат извештај

за својата работа.

Во Универзитетски

весник објавуваме

дел од извештаите

за работа на

деканите, кои по

својата форма и

содржина можат

да бидат

редактирани за

оваа намена.

Во овој број го

објавуваме

извештајот за

работата на

деканот на

ТТееххннооллоошшккоо--

ммееттааллуурршшккииоотт

ффааккууллттеетт, ппрроофф..

дд--рр ААллееккссааннддаарр

ДДииммииттрроовв.

И З В ЕШ ТА ЈЗА РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ВО ВТОРАТА ГОДИНА ОД

МАНДАТОТ НА ДЕКАНОТ НА ТЕХНОЛОШКО-МЕТАЛУРШКИОТ ФАКУЛТЕТ ЗА ПЕРИОДОТ ОД 01.10.2008-01.10.2009 ГОД.

Проф. д-р Александар Димитров,декан на Технолошко-металуршкиот факултет

Page 33: Univerzitetski vesnik br. 101

33

- Монографија од доцент д-р Перица Пау-новиќ;

- учебник од проф. д-р Виолета Чепујнов-ска.

4. Како резултат на повеќегодишна соработка на Институтот за органска технологија и ДААД, и оваа година беше организирана летна школа за студентите на технолош-ко-металуршките факултети од регионот (Македонија, Србија, Бугарија, Албанија). Школата беше масовно посетена и позитив-но оценета како од страна на слушателите така и од организаторите.

5. Во рамките на ТЕМПУС-проектот „Инженер-ство на храна“ во текот на 2008/09 година беа организирани и реализирани едного-дишни последипломски специјалистички студии. На овие студии, покрај професо-рите од Универзитетот „Св. Кирил и Мето-диј“, настава одржаа и еминентни професо-ри од познати европски центри. Наставата на овие студии ја посетуваа повеќе од 70 сту-денти.

6. Во соработка со фондацијата GIFF4U SEE, беше потпишан Меморандум за соработка со цел да им се овозможи на студентите да потегнат иницијатива за учество на различ-ни проекти во различни области.

7. За посебно одбележување на оваа учебна го-дина е и воведувањето на практична наста-ва за студентите од трета година студии на ТМФ. Практичната обука се изведуваше во летниот период во времетраење од 4 неде-ли. За успешно реализирање на оваа актив-

ност беа реализирани бројни контакти со компаниите заинтересирани за овој вид на соработка со ТМФ. Ја користам оваа при-лика јавно да им се заблагодарам на сите компании што ги прифатија студентите и им овозможија во нивните погони да ги стекнат своите први практични знаења.

II. МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Меѓународната соработка има посебна тежи-на и е неопходно нејзино посебно негување и унапредување. Во текот на оваа година, Декана-тот потроши многу време и енергија за зголему-вање на овие активности. Во таа насока, реали-зирани се следниве активности:

1. Посета на POLITEHNIKO Варшава, Полска и учество на Brokerage саемот на FP7-NMP-INCO/NET предлог -проекти;

2. Извршен е прием на повеќе странски делегации: Неапол, Италија; Грац, Австрија; Вагенинген, Холандија; БАН - Софија, Бугарија; Зеница, БИХ. Со некои од овие делегации беше потпишан и Меморандум за соработка;

3. Потпишан е договор за соработка со Истра-жувачкиот оддел на компанијата ORGA-NON – Schering Plough во ОСС - Холандија;

III. ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ТМФ ДО ИДНИТЕ АКАДЕМСКИ ГРАЃАНИ

За подобра презентација на ТМФ пред идни-те академски граѓани, но и потенцијални сту-

Page 34: Univerzitetski vesnik br. 101

34

денти на ТМФ, како и пред пошироката македон-ска јавност, беа преземени следниве активнос-ти:

1. Спроведена е професионална кампања за презентација на ТМФ, и во нејзини рамки беа спроведени следниве активности:

- организирани се два отворени дена;- учество на Саемот на образование;- организирани се презентации пред средношколците во Куманово, Велес, Прилеп, Неготино, Кавадарци, Штип, Пехчево, Кочани, Тетово, Гостивар;

- натписи и статии во списанијата: Инженерство, Матурант, Студент, ТЕА, Дневник, Нова Македонија;

- реализирани повеќе ТВ настапи на МРТВ1;

- учество на манифестацијата „Ден на нау-ката“ на плоштадот Македонија.

2. Во соработка со Институтот за текстилно ин-женерство беше организирана модна ревија на студентите од IV година на насоката конфекциско инженерство.

3. Формиран и отворен е Центар за карие-ра на Факултетот. За потребите на овој Цен-тар испечатен е флаер за негова популари-зација. Исто така поставена е и нова веб- страна на Центарот за кариера. Во рамки-те на активностите на Центарот за кариера беа одржани две предавања од менаџерски и педагошки карактер.

4. Формирана е „Алумни“ Асоцијација на еми-нентни инженери и менаџери, кои дипломи-рале на Технолошко-металуршкиот факул-тет, во неговото педесетгодишно постоење. Во рамките на Алумната, формиран е Од-бор за подигнување на дигнитетот на Факултетот и достоинството на професијата инженер.

IV. ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА НА ФАКУЛТЕТОТ

За обезбедување услови за изведување на ква-литетна и современа настава, како и за по-добрување на инфраструктурата на ТМФ, беа реализирани повеќе активности:

1. извршено е поплочување на подот на ходни-ците во анексот на ТМФ;

2. извршено е комплетно бојадисување на ѕи-довите и таваните на анексот;

3. изграден и опремен е Клуб на пријател-ство на факултетот;

4. поставена е нова цврста ограда на дворот на Факултетот;

5. извршено е хортикултурно уредување на дворот;

6. набавена е опрема за квалитетно, совреме-но и нормално изведување на лабораторис-ките вежби на Факултетот;

7. набавен и пуштен е во работа нов софт-вер за компјутерско работење и функцио-нирање на студентската служба на Факулте-тот.

V. ПОДОБРУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД

Факултетот со неговата поставеност, како и ингеренциите што ги има во рамките на Уни-верзитетот и државата, не може битно да влијае врз подигањето на студентскиот стандард. Индиректно, преку разни форми на делување може да го олесни режимот на студирање и да го намали оптималното време за добивање на диплома. Во таа насока, во текот на оваа учебна година беа реализирани следниве активности:

1. обезбедена е нова просторија за Студент-скиот парламент на ТМФ. Просторијата е опремена со нов мебел, компјутер и безжи-чен интернет;

2. поставена е нова модерна веб страна на Факултетот;

3. во соработка со БОМЕКС, Скопје, колегите од Институтот за неоргански технологии обезбедија 5 стипендии за новозапишани студенти на ТМФ, на насоката Неорганско инженерство и заштита на животна среди-на. Исто така, Деканатот, во рамките на своите можности, финансиски ги помогна сите активности што ги реализираше студентскиот парламент на ТМФ, во текот на 2008/2009 година.

VI. НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА

Технолошко-металуршкиот факултет конти-нуирано ја негува научноистражувачката рабо-та преку реализација на национални и меѓуна-родни проекти, од кои призлегуваат голем број отпечатени трудови во еминентни списанија со меѓународно влијание. Во текот на 2008/09 година, за одржување на континуитетот во оваа област од страна на Деканатот беа реализирани следниве активности:

1. аплициран е Елаборат на тендер за нови лаборатории, распишан од Владата на Р. Македонија;

2. аплициран е проект МАКЛАБ од Програма-та REGPOT-2010-5 на FP7 за нова научно-истражувачка и лабораториска опрема;

Page 35: Univerzitetski vesnik br. 101

35

3. организиран е семинар „Подобрување на комуникациски вештини“ за вработените на ТМФ;

4. потпишан УНЕСКО-проектот „Усвојување на најсоодветни технологии за третира-ње на отпадни води во Република Македо-нија со посебен осврт на еколошките и социо-економските аспекти”;

5. потпишан е билатерален проект помеѓу Ре-публика Македонија и Република Бугарија, под наслов „Синтеза, структура и свој-ства на поликомпонентни керамички сис-теми добиени по метод на контролирана кохидролиза“.

6. потпишан е проектот ЕУРЕКА со наслов „Развој на нови активатори, материјали и технологии за производство на нови пневматски и хидраулични вентили“.

VII.ОСТАНАТИ АКТИВНОСТИ

• донесен е нов Правилник за распределба на средствата, стекнати од уписите на пост-дипломските студии на ТМФ;

• донесен е нов Правилник за распределба на средствата, стекнати од пријавите за из-работка на докторски студии;

• организиран е семинар „Подобрување на комуникациски вештини“ за вработените на ТМФ.

Деканатот на ТМФ и во третата година од својот мандат ќе се ангажира да ги реализира целите, поставени во програмата аплицирана при неговиот избор. За реализација на поставе-ните цели, Деканатот со ист интензитет и елан ќе биде фокусиран во насока на:

- подобрување и осовременување на настав-ниот процес и воведување на докторски сту-дии, организирани по ЕКТС;

- подобрување на инфраструктурата на лабо-раториите и набавка на научноистражувач-ка опрема, неопходна за рамноправно учес-тво во научноистражувачките проекти со останатите земји од регионот и пошироко.

За реализација на овие цели, Деканатот и голем број вработени на ТМФ, активно работат на подготовка на проектни апликации за доби-вање на финансиски средства од разни европ-ски фондови и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Се надеваме дека вложениот труд на крај ќе биде награден и дека наскоро ќе бидеме во состојба рамноправно да соработуваме, ако не со врвните европски универзитети, барем со оние што се рангирани во средината.

Page 36: Univerzitetski vesnik br. 101