i. 5 ii. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/postgraduateupload/cvarkovska_jasmina-0.pdf ·...

95
1 Содржина Вовед I. Карактеристики на “ХАЛКБАНК” .............................................................................5 1. Местото и улогата на “ХАЛКБАНК” во банкарството во Р.Македонија ..................5 2. Банкарски работи .............................................................................................................6 3. Кредитни работи ............................................................................................................14 II. Кредитите, како банкарски производи .....................................................................23 1. Карактеристики и функции на кредитот .....................................................................24 2. Видови кредит ...............................................................................................................25 3. Структура на кредитот ..................................................................................................27 3.1.Значење на каматниот механизам за функционирање на банката ......................31 3.2.Обезбедување кредит ……......................................................................................36 3.3.Заштитни клаузули ..................................................................................................38 3.4.Општи услови за одобрување кредит ...................................................................41 III. Кредитни производи на “ХАЛКБАНК”наменети за правни и физички лица 44 1. Оценка на кредитната способност на правните лица ................................................44 1.1.Кредитно интервју ...................................................................................................49 1.2.Анализа на кредитното барање ..............................................................................51 1.3.Кредитно истражување ...........................................................................................53 2. Утврдување на кредитниот рејтинг на клиентот, преку квантитативна и квалитативна анализа ....................................................................................................60 3. Кредитни производи, наменети за физички лица ......................................................68 3.1.Постапки за утврдување на кредитната способност на физичките лица ...........70 IV. Развој и пласман на кредитните производи на “ХАЛКБАНК” во контекст на економското окружување ............................................................................................77 1. Анализа на состојбата со нефункционалните кредити ..............................................81 2. Мерки за зголемен пласман на кредитни производи .................................................86 Заклучок

Upload: others

Post on 26-Sep-2019

37 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

1

Содржина

Вовед

I. Карактеристики на “ХАЛКБАНК” .............................................................................5

1. Местото и улогата на “ХАЛКБАНК” во банкарството во Р.Македонија ..................5

2. Банкарски работи .............................................................................................................6

3. Кредитни работи ............................................................................................................14

II. Кредитите, како банкарски производи .....................................................................23

1. Карактеристики и функции на кредитот .....................................................................24

2. Видови кредит ...............................................................................................................25

3. Структура на кредитот ..................................................................................................27

3.1.Значење на каматниот механизам за функционирање на банката ......................31

3.2.Обезбедување кредит ……......................................................................................36

3.3.Заштитни клаузули ..................................................................................................38

3.4.Општи услови за одобрување кредит ...................................................................41

III. Кредитни производи на “ХАЛКБАНК”наменети за правни и физички лица 44

1. Оценка на кредитната способност на правните лица ................................................44

1.1.Кредитно интервју ...................................................................................................49

1.2.Анализа на кредитното барање ..............................................................................51

1.3.Кредитно истражување ...........................................................................................53

2. Утврдување на кредитниот рејтинг на клиентот, преку квантитативна и

квалитативна анализа ....................................................................................................60

3. Кредитни производи, наменети за физички лица ......................................................68

3.1.Постапки за утврдување на кредитната способност на физичките лица ...........70

IV. Развој и пласман на кредитните производи на “ХАЛКБАНК” во контекст на

економското окружување ............................................................................................77

1. Анализа на состојбата со нефункционалните кредити ..............................................81

2. Мерки за зголемен пласман на кредитни производи .................................................86

Заклучок

Page 2: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

2

Вовед

Банките претставуваат финансиски посредници меѓу физичките и правните лица

коишто поседуваат вишок или кусок на парични средства. Всушност со ова се

потврдуваат основните функции на банките што се однесуваат на примањето депозити и

одобрувањето кредити. Меѓутоа, работењето на овие институции не се сведува само на

овие две функции, тие се носители на платниот промет, односно нудат платежни услуги,

имаат посебна улога во монетарната политика, а нудат и дополнителни услуги за

економските агенти.

“Халкбанк”АД-Скопје е банка што извршува голем број функции, но главно е

фокусирана на кредитирањето на физичките и правните лица.

Поддршката со кредитирањето на малите и средни деловни субјекти, како и на

населението за “Халкбанк” претставува приоритетна задача. Оваа банка има успешна

соработка со своите партнери: ЕФСЕ, КОФВ, МБПР, МРФП и ФИООМ, домонантниот

акционер ДХБ Банка, како и главниот акционер Demir-Halk, но и многу други.

Одобрувањето кредити на населението се одвива така што “Халкбанк” на поединци,

практично, им позајмува парични средства неопходни за купување трајни потрошни

добра, како и добра што се неопходни за домување. Најчесто таа работи со кредити што се

одобруваат на подолг рок, т.е долгорочни кредити, или кредити чиј рок на втасување е над

1 година. “Халкбанк” на населението вообичаено му одобрува потрошувачки и станбени

кредити. Неопходноста од исполнувањето на условите за одобрување кредит е многу

битна, пред се заради непречно одвивање на процеурата за оценка на кредитната

способност на клиентот. Во составот и редоследот на процедурата е опфатена

документацијата, започувајќи од чекинг листата (каде што е запишан бројот на кредитот

според кој што се чека да се одобри), општите податоци на кредитобарателот, заверката на

податоците од фирмата во којашто работи странката, изјава, менична изјава, траен налог,

картица, па се до извештајот од кредитниот регистар. Ваквата документација е пресудна за

добивање позитива одлука.

Page 3: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

3

Кредитирањето на деловните субјекти е централна активност на “Халкбанк”. Таа

одобрува кредити што, секако, се проследени со ризик, односно веројатност да не бидат

вратени, а тоа сериозно може да се одрази врз профитабилноста, ликвидноста но и врз

солвентноста на банката. Оттука произлегува и потребата за пообемна и посложена

кредитна анализа, за разлика од онаа за населението. Исто така “Халкбанк” посветува

големо внимание на определувањето на цената на кредитите (каматната стапка и другите

надоместоци).

Во првиот дел од трудот се елаборирани карактеристиките на “Халкбанк” и тоа:

структурата на изворите и средствата, активностите, капиталот, нето-профитот, развојот,

соработката и сл. Имено, “Халкбанк” како и секоја друга банка, главно, врши банкарски и

кредитни работи. Воедно, натаму, е образложено и менаџирањето со средствата и

обврските, како и поволностите од имплементирањето на електронското банкарство од

страна на физичките лица и правните субјакти.

Во вториот дел се презентирани карактеристиките на кредитот, како еден од

најзначајните производи на банкарските институции. Притоа се образложени функциите,

улогата и значењето на кредитите, но и на каматата, како значеан дел за добивката на

банката. Банкарските институци се многу внимателни при давањето кредит и поради тоа

редовно вршат испитување на кредитната способност на клиентите. Од тој аспект се

образложени општите услови што се неопхони да се исполнат за да се одобри кредитот.

Во третиот дел детално се анализирани кредитните производи на “Халкбанк”.

Посебно, во овој сегмент се елаборирани потребните документти што треба да бидат

доставени од клиентите-физички лица и клиентите-правни лица при одобрувањето на

кредитите. При обработката на кредитната способност на правните лица се разгледува

бонитетот на енитетот, формалната кредитна способност, законската договорна кредитна

способност, како и материјалната кредитна способност. Во таа смисла е образложена и

постапката на кредитното интервју, потоа е направена анализа на кредитните барања што

се проследени со кредитни истражувања и сл.

Во четвртиот дел се презентирани постигнатите резултати од работењето на

“Халкбанк”, т.енејзиниот развој и оставарените активности. Притоа е разработен делот за

Page 4: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

4

нефункционалните кредити што, всушност, ја претставува нивната улога, односно што е

неопходно да се преземи за тие да не настанат, а доколку се јават, тогаш што се прави за

да се елиминираат. И, на крај, се објаснети мерките и активностите што “Халкбанк” ќе ги

презема во иднина за нејзин позитивен раст и развој, но и придонес за националната

економија, при што се понудени одделни сугестии и мислења како заклучни согледувања

од ова истражување.

Page 5: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

5

1. КАРАКТЕРИСТИКИ НА “ХАЛКБАНК”

“Халкбанк” АД-Скопје е акционерско друштво со седиште во Р.Македонија. Имено,

заради промената на акционерската структура Извозно-кредитната банка АД-Скопје во

2011 година го промени своето име во “Халкбанк” АД-Скопје. Банката ги извршува

следниве активности: извршување платен промет во земјата и странство, примање

депозити, одобрување кредити, посредување при обезбедување девизни средства, наплата

и исплата на парични средства и друго. Со акциите на “Халкбанк” А.Д се тргува на

Македонската берза на хартии од вредност, со симбол IKB и ИСИН КОД

(МКIKBA101015)1. Карактеристично за “Халкбанк” е дека на 24 февруари 2012 година е

донесена одлука за да се започне постапка за присоединување на Зираат банката, во

сопственост на Република Турција, кон “Халкбанк”. Ваквото присоединување имаше за

цел да се направи проширување на учеството на оваа банка во банкарскиот сектор.

1.1 Местото и улогата на “ХАЛКБАНК” во банкарството во Р.Македонија

Матичната “Халкбанк” е банка на банкарскиот пазар во Р.Турција. Oваа банка е

основана во 1938 година и претставува една од најголемите турски банки. Според

податоците од 2010 година, “Халкбанк” имала оставрено актива од над 35 милијарди € и

капитал од 3,5 милијарди €, а пак стапката на враќање на капиталот изнесувала повеќе од

30%. Банката го стекнува капиталот преку продажба на акции што се емитувани од

нејзина страна или, пак, од задржаната добивка. Нето профитот во 2010 година изнесувал

1 милијарда €. Во Р.Македонија “Халкбанк” АД- Скопје е основана на 15.03.1993 година

како акционерско друштво, а подоцна се здобива и со дозвола за вршење на сите видови

банкарски работи. Активностите што ги врши “Халкбанк,” главно, се насочени кон

работењето со депозити, кредитирањето на правни и физички лица, девизно-валутните

работи, платниот промет во земјата и странство, инструментите со фиксен принос,

гаранциите и акредитивот.“Халкбанк” во македонската банкарска индустија од своето

основање, па се до денес бележи значајни оставарувања и развој. Таа е прва банка што во

Р.Македонија го воведе Меѓународниот систем за управување со квалитет, EN ISO

1 Извор - http://www.mse.mk/mk/symbol/IKB

Page 6: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

6

9001:208 и стандардот за управување со информациската сигурност, ISO 27001:20052.

Исто така, “Халкбанк” е прв агент во Р.Македонија за Western Union Money Transfer од

САД за брз трансфер на пари од земјата кон странство, и обратно “Халкбанк” вклучува

кореспондентска поврзаност со 339 банки во светот и има 17 отворени сметки во странски

банки. Според калсификацијата на НБРМ, оваа банка е со средна големина, што е

препознатлива и афирмирана за поддршка и развој на микро, мали и средни деловни

субјекти во македонската економија.“Халкбанк” исто така обезбедува и долгорочна

соработка со низа меѓународни финансиски институции за обезбедување долгорочни

средства и фондови за развој на македонската економија. Банката создава дополнителни

вредности за потрошувачите, акционерите и вработените, пред се, преку квалитетно

извршување на банкарските услуги, односно со свесно разбирање на општествените

одговорности и должности. Она што “Халкбанк” го има поставено како мисија, всушност

е да стане водечка банка, со истовремено исполнување на условите за универзално

банкарство.

Акционерската главнина на “Халкбанк” изнесува 2.893.690.000,00 денари и е составена

од 289.369 обични акции, со номинална вредност од 10.000 денари една акција.

1.2 Банкарски работи

“Халкбанк” како и останатите банки, претставува финансиска институција. Преку

депозитите, што за банката претставуваат обврска, таа може да го зголемува својот

профит до максимум, но само ако добро ги контролира ваквите финансиски обврски.

Значајно за банката е успешно да управува со средствата, што ги има стекнато преку

позајмување. Оваа институција ги извршува следниве банкарски работи:

платен промет во земјата. Тоа е една од основните банкарски функции на

“Халкбанк”. Банката има развиено квалитетен, брз и ефикасен систем во извршувањето

2 Извор, http://utrinski.mk/?ItemID=93C3CC9D696FD0489A294392E62F025D Со воведувањето на системот за

управување со информациската сигурност банката ќе ја потврди и зајакне ефикасноста во работењето и

понудата на уште поквалитетни услуги ,ќе ја одржи позицијата на пазарот, и тоа како банка со

најдинамичен развој во сите сегменти од работењето. Сертификацијата е извршена од аудитори во име на

сертификациската куќа во светот, СГС од Велика Британија ЛТД.

Page 7: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

7

на обврските. Имено, за да може да се биде учесник во платниот промет е потребно

физичките и правните лица претходно да имаат отворено своја денарска трансакциска

сметка. Согласно Законот за платен промет3, плаќањата меѓу учесниците треба да се

вршат преку денарски сметки. Со самото отварање сметка од страна на “Халкбанк”

клиентот е во можност да ги извршува сите активности кои што се во внатрешниот и

надворешниот клиринг. Клиентот може да учествува уште и во:

системот за интерни порамнувања на банката за сите плаќања кон субјектите

коишто исто така, имаат сметка во банката;

системот за екстерни порамнувања, што е поделен на два дела, и тоа:

КИБС – клириншки интербанкарски систем преку кој што се одвиваат сите

редовни плаќања до 1.000.000 денари, а порамнувањето се врши на крајот од

пресметковиниот период;

МИПС – Македонски интербанкарски платен систем преку кој што се

одвиваат итните плаќања, кои што се однесуваат на износи поголеми од

1.000.000 денари.

Платен промет во странство. “Халкбанк”нуди можност за плаќање во странство.

Домашните физички лица можат да чуваат свои девизи во банката, а истите можат да ги

користат за плаќања при увоз на стоки и услуги внесени во земјата од странство или, пак,

за одделни потреби на физичкото лице, односно на членовите од неговото потесно

семејство. Самото трансферирање на девизите е проследено со презентирање соодветни

документи, но има и случаи кога тоа не е потребно (на пример, престој во странство

заради школување, заради лекување и сл), во височина од 2.500 € во денарска

противвредност. При ваквото трансферирање е доволно само информација од резидентот.

Но, ако трансферите се поголеми од 2.500 €, тогаш задолжително се доставува документ

со кој што се утврдува основата за плаќање. Но, доколку се купува недвижност што е

поседувана од нерезидент, тогаш е потребно да се достави:

доказ дека недвижноста е регистрирана во Регистерот за недвижности во

Р.Македонија за нерезиденти при Министерството за финансии;

3 Сл. весник на Р.Македонија бр. 113/2007

Page 8: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

8

доказ дека обврските спрема државата се подмирени.

Трансакциски депозити. Трансакцискиот депозит е сметка во банката којашто му

овозможува на имателот да потпишува чекови во корист на трето лице. Во ваквите

трансакциски депозити спаѓаат сите депозити на коишто можат да се издаваат чекови, и

тоа: бескаматоносни трансакциски сметки (депозити по видување), каматоносни

трансакциски сметки и депозитни сметки на пазарот на пари. Трансакциските депозити

некогаш биле најзначаен извор на фондовите на банките (изнесувале повеќе од 60% од

вкупните обврски на банката), но со појавата на нови поатрактивни финансиски

инструменти ваквото значење се намалило. Трансакциските депозити се наплатливи по

налог, што значи дека ако депонентот отиде во банка и побара да подигне дел од неговите

пари, тогаш банката е обврзана да му го исплати веднаш побараниот износ. Исто така, ако

субјектот, кој примил чек издаден врз основа на сметка во банката, сака да го наплати,

тогаш банката е обврзана да му го исплати веднаш износот на којшто гласи чекот.

Трансакцискиот депозит за имателот односно за депонентот претставува средство за него

и е дел од неговото богатство, па поради тој факт имателот може да повлекува средства од

депозитот, додека, пак, истата таа постапка за банката претставува обврска, бидејќи таа е

должна (на барање на депонентот) да ги исплати средствата. Трошок за банката при

трансакциските депозити е каматната исплата и трошоците за одржување на тие сметки,

обработката на сметките, подготовката и испраќањето месечни извештаи, обезбедувањето

ефикасни услуги и сл.

Нетрансакциски депозити. Овие трансакциски депозити се примарен извор на

фондовите кај коишто сопствениците, врз основа на овие депозити, не можат да издаваат

чекови. Каматните стапки кај овие депозити се повисоки од оние кај трансакциските

депозити. Постојат два вида нетрансакциски депозити, и тоа: штедни сметки и орочени

депозити.

Под штедна сметка се подразбира дека имателот на сметката може да додава да

повлекува средства од неа кога сака, односно во кое било време. Доколку имателот има

штедна книшка, тогаш на неа можат да се евидентираат трансакциите и каматните

исплати, но доколку ја нема, тоа ќе се евидентира во месечните извештаи.“Халкбанк” во

однос на штедните влогови дава можност да се штеди во денари или девизи. Кога станува

збор за денарските штедни влогови тоа значи дека таква штедна книшка може да отвори

Page 9: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

9

секој граѓанин на Р.Македонија со лична карта или пасош. Овие штедни влогови се

осигурени во Фондот за осигурување на штедни влогови кошто може да ги обештетува

осигурените депозити, и тоа до 30.000 € во денарска противвредност според депозитот

пресметан по средниот курс на НБРМ. Во овој износ се пресметува главнината на

депозитот, договорената пресметана и пропишана камата, како и непристигнатата камата

до денот на конечноста на решението на гувернерот4. Постојат 3 вида денарски штедни

влогови што ги нуди “Халкбанк” а тие се: денарски штедни влогови по видување кај

коишто каматата се подигнува по истекот на календарската година, орочени денарски

штедни влогови каде што подигањето на каматата се врши по истекувањето на периодот

за орочување и денарски штедни влогови орочени со месечно или тримесечно подигање

на каматата, при што таа се подигнува по истекот на 1 или 3 месеца.“Халкбанк” нуди

атрактивни каматни стапки на депозитите.

Девизната штедна книшка може да биде отворена од страна на лица кои се

граѓани на Р.Македонија, т.е кои живеат во земјата или, пак, се граѓани на Р.Македонија, а

се на привремена работа во странство. Уплатите на девизи можат да бидат во

неограничен износ само на домашни физички лица кои вршат уплата на девизи на

девизната книшка, а уплатите и исплатите на странски физички лица се ограничени

согласно со одлука за начинот и условите за отворање и водење сметка за нерезиденти,

како и одлуката за за пријавување ефективни странски пари што можат да се внесуваат и

изнесуваат од Р.Македонија5. Уплатите можат да бидат во ефективни странски пари на

шалтерите на банката, потоа од дознаки од странство, како и од чекови што гласат на

конвертабилни валути. Девизната штедна книшка е осигурана на ист принцип и начин

како и денарската штедна книшка од Фондот за осигурување штедни влогови.“Халкбанк”

за девизното штедење дава можност да се штеди во евра и штедење во американски

долари.

Орочени депозити. Овие депозити имаат фиксен рок на втасување што може да

биде од неколку месеци до повеќе од 5 години. Доколку имателот на овие депозити се

4 НБРМ е централната банка во земјата со којашто управува Советот на НБРМ, а членови се гувернерот, кој

е претседавач на Советот, тројца вице-гувернери и пет надворешни членови кои се именувани од страна на

Собранието на Р.М.

5 http://www.halkbank.com.mk/?ItemID=0BC889C7AB65DF41A2C5C18BDE4EE301

Page 10: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

10

определи да ги повлече средствата пред датумот на втасување, постојат соодветни пенали

(а најчесто тоа е не добивање на камата за определен период). Орочените депозити можат

да бидат со поголеми и помали деноминации. Оние што се со помали деноминации се

помалку ликвидини за депонентот, во споредба со штедните депозити, зашто тие носат

поголема рата и поради тоа се поскап извор за банката. Орочените депозити што се со

поголеми деноминации се обични депозити, така што тие се купуваат обично од големи

корпорации или од страна на други банки. Со овие депозити може да се тргува. Како и

обврзниците, така и тие можат да се продаваат на секундарниот пазар пред датумот на

втасување. Од оваа причина ваквите преносливи депозити ги поседуваат корпорации,

инвестициски фондови и други институции, како алтернативни средства на трезорските

записи или карткоорчните обврзници.

Депозити кај друга банка. Вакви депозити обично чуваат малите банки кај

поголемите банки за размена на услуги, наплата на чекови, трансакции на девизниот

пазар, како и помош при купување хартии од вредност. Ваквите заеднички работи го

прават кореспондирачкото банкарство.

Резрви. Секоја банка, па и “Халкбанк” дел од своите фондови ги чува како резерви

во форма на депозити. Овие резерви ги сочинуваат депозитите плус готовината што се

наоѓа во благајната (тоа е онаа готовина што банката ја чува преку ноќ во трезорите).

Резервите не носат камата, но банката мора да ја има таа резерва и тоа поради две

причини: едната причина е законската задолжителна резерва што е поврзана со законската

регулатива на Народна банка на Р.Македонија и таа ја дефинира основата за

пресметување6 и одвојување задолжителна резерва, го пропишува процентот, начинот и

рокот за пресметување на височината на каматната стапка според којашто се пресметува и

плаќа каматата, како и условите за нејзино користење; другата причина заради којашто

“Халкбанк” издвојува резерви е поврзана со вишокот резерви што банката ги чува како

6 Извор: http://www.nbrm.mk/WBStorage/Files/CBO_Odluka_za_zadolzitelnata_rezerva.pdf,

Основата за пресметување задолжителна резерва ја чинат обврските на банките во домашна валута, во

домашна валута со валутна клаузула и во странска валута, како и обврските на штедилниците во домашна

валута и во домашна валута со валутна клаузула, и тоа: депозитите и примените кредити, издадените

должнички хартии од вредност од страна на банките и штедилниците и останати обврски.

Page 11: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

11

најликвидни средстава од сите други останати, затоа што тие можат да се употребуваат за

подмирување на обврските на банката, кога од неа се повлекуваат големи износи средства

директно преку депозитарите или, пак, индиректно преку чековите што се издадени врз

основа на транскациските сметки во банката.

Државни хартии од вредност.“Халкбанк” на аукциите за државни хартии од

вредност може да учествува со државни записи и државни обврзници во име и за сметка

на индиректните учесници (домашни и странски правни лица). За да се учествува на

аукцијата индиректниот учесник треба прво однапред да достави писмено барање до

банката, односно пропишан образец што ги содржи сите задолжителни елементи за

запишување државни хартии од вредност (специфираниот износ за којшто ќе се аукцира,

како и каматната стапка и основните податоци на индиректниот учесник). Индиректниот

учесник може да даде понуда за купување државни хартии од вредност со минимален

износ од 10.000 денари, а секое наддавање треба да биде на заокружен износ од 10.000

денари. Најдоцна еден ден пред започнувањето на аукцијата индиректниот учесник мора

да изврши уплата на дисконтираниот износ за државни записи и номиналниот износ за

државни обврзници, како и 0,10% провизија за посреднички услуги ако понудата е

успешна. Но, доколку понудата не е успешна, тогаш провизијата за поднесување изнесува

300 денари. Меѓутоа ако понудата е успешна “Халкбанк” изготвува договор за купување

државни хартии од вредност, а средствата ги уплатува на сметката на Министреството за

финансии на Р.Македонија. Доколку понудата е неуспешна, банката го враќа уплатениот

дисконтиранан износ, како и уплатената провизија за посредничките услуги, намалена за

провизијата за поднесување барање, во износ од 300 денари.

Western Union е познат како брз трансфер на пари, зашто претставува најбрз

начин да се примаат и испраќаат пари, преку најсовремена технологија и единстевена

компјутерска мрежа, што е достапна и развиена низ целиот свет.“Халкбанк” е овластен

агент7 на Western union за територијата на Р.Македонија. Начинот на којшто се врши

исплаќањето пари е следниов: клиентот најпрвин се обраќа до една од експозитурите на

“Халкбанк” или до нејзините подагенти (каква што е комерцијална Банка) и пополнува

формулар за којшто се добива потврда со контролен број. Потоа тој треба да го извести

оној на кого што му ги праќа парите, износот што е испратен и контролниот број. Парите

7 Извор: http://www.halkbank.com.mk/default-en.asp?ItemID=F8A3FF166657EA42AC4313BDD52AA866

Page 12: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

12

можат да бидат исплатени истиот момент на лицето кое е назначено како примач. Од

друга страна, пак, текот на примањето е следниов: најпрвин се потврдува дека парите се

испратени преку агент на Western Union, потоа испраќачот треба да го извести примачот

за износот на парите, а по известувањето лицето треба да ја посети “Халкбанк” со

документ за идентификација и да пополни формулар за подигање на парите. Трансферот

ќе биде извршен ако податоците од личната идентификација се совпаѓаат и контролниот

број е точен, така што во истиот момент парите ќе бидат достапни за подигање.

Максималниот износ што може да се испрати преку Western Union од Р.Македонија кон

друга земја е 2.500 € од едно физичко лице во текот на еден месец, а додека пак

максималниот износ што може да се подигне во текот на еден ден од физичко лице е 5.000

€.

Page 13: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

13

Подетален преглед на каматните стапки соодветен на орочувањето:

Номинални каматни стапки за депозити Номинални каматни сташки за орочено

со исплата на камата на крај од периодот. штедење со месечна исплата на камата Штедење во САД долари

Штедење во евра

Номинални каматни стапки за депозити со Номинални каматни стапки за депозити со

исплата на камата на крај од периодот. месечна исплата на камата

ШТЕДЕЊЕ ВО МКД

КАМАТНИ СТАПКИ

3 МЕСЕЦА 2,30%

6 МЕСЕЦИ 3,00%

9 МЕСЕЦИ 3,50%

12 МЕСЕЦИ 4,20%

13 МЕСЕЦИ 4,40%

18 МЕСЕЦИ 5,00%

24 МЕСЕЦИ 5,70%

36 МЕСЕЦИ 6,10%

ШТЕДЕЊЕ ВО

МКД

КАМАТНИ

СТАПКИ

3 МЕСЕЦА 2,10%

6 МЕСЕЦИ 2,80%

9 МЕСЕЦИ 3,30%

12 МЕСЕЦИ 4,00%

13 МЕСЕЦИ 4,20%

18 МЕСЕЦИ 4,80%

24 МЕСЕЦИ 5,50%

36 МЕСЕЦИ 5,90%

ШТЕДЕЊЕ ВО

САД долари

КАМАТНИ

СТАПКИ

ДО 1 МЕСЕЦ 0,20%

3 МЕСЕЦА 0,30%

6 МЕСЕЦИ 0,70%

12 МЕСЕЦИ 1,00%

24 МЕСЕЦИ 1,20%

36 МЕСЕЦИ 1,30%

ШТЕДЕЊЕ ВО

ЕВРА

КАМАТНИ

СТАПКИ

3 МЕСЕЦА 1,60%

6 МЕСЕЦИ 1,90%

9 МЕСЕЦИ 2,30%

12 МЕСЕЦИ 2,70%

13 МЕСЕЦИ 2,80%

18 МЕСЕЦИ 2,90%

24 МЕСЕЦИ 3,40%

36 МЕСЕЦИ 4,00%

ШТЕДЕЊЕ ВО

ЕВРА

КАМАТНИ

СТАПКИ

3 МЕСЕЦА 1,50%

6 МЕСЕЦИ 1,80%

9 МЕСЕЦИ 2,20%

12 МЕСЕЦИ 2,60%

13 МЕСЕЦИ 2,70%

18 МЕСЕЦИ 2,80%

24 МЕСЕЦИ 3,30%

36 МЕСЕЦИ 3,90%

Page 14: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

14

1.3 Кредитни работи

Одобрувањето кредит од страна на банката и овозможува таа да генерира профит.

Кредитот е помалку ликвидно средство во споредба со другите средства, затоа што тој не

може да се конвертира во готовина пред неговото втасување. Кредитот за банката е

средство и и овозможува остварување профит, а пак за клиентот што го побарал е обврска

да го врати за дадениот период, како и да ги надомести сите трошоци што се поврзани со

него. Но, може да се јави и случај кредитот да не биде вратен, односно да не биде

исполнета обврската од страна на должникот, па затоа банките се соочуваат со висок

кредитен ризик.

Менаџмент на средствата. За да може банката да ги максимизира своите

профити таа мора истовремено да ги максимизира приносите на кредитите и хартиите од

вредност, да го редуцира ризикот и да го одржува соодветното ниво на ликвидност. За да

ги реализира сите овие цели банката треба да биде совентна и атрактивна за

кредитобарателите. Пред да се одобри кредитот банката треба да ја оцени способноста на

клиентот, односно колку тој е способен да ги подмирува обврските за кредитот. За таа цел

вработените во секторот за кредитирање се должни да го проценат кредитниот рејтинг на

потенцијалниот кредитобарател. Исто така, многу е значајно банката да купи хартии од

вредност со висок принос и низок ризик. За ефикасно работење на банката е значајно

менаџирањето на средствата со коишто таа располага, односно намалување на ризикот

преку диверзификација на портфолиото. Банката мора да ја менаџира ликвидноста на

средствата, а тоа ќе и овозможи да ги задоволи своите потреби за резерви, без да трпи

поголеми трошоци. Тоа би значело дека банката ќе се определи да чува ликвидни хартии

од вредност, иако тие носат понизок принос од другите средства, односно таа ќе реши

колкав вишок да чува за да ги избегне трошоците од одливор на депозитите. Но, и

преголемата конзервативност на банката не е добра, бидејќи ако таа сака да ги избегне

сите трошоци поврзани со одливот на депозитите преку чување вишок резерви, тогаш таа

ќе трпи загуба, зашто резервите не носат никаква камата, од една страна, а од друга

страна, пак, обврските за одржување се многу скапи и во тој случај банката може да се

соочи со претрпување загуба.

Менаџмент на обврските. Истражувањето за менаџирањето со обврските бележи

податок што укажува дека банките порано своите обврски, главно, ги третирале како

Page 15: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

15

фиксни, при што се труделе да постигнат оптимална комбинација на средствата. Тоа било

така, затоа што повеќето од 60% од изворите биле транскациски депозити коишто, според

законот не носеле никаква камата, па поради тоа банките, преку своите депозити, не

можеле да конкурираат со различната исплата на камати. Втората причина била

недоволно развиените пазари на прекуноќни меѓубанкарски заеми, преку коишто банките

ретко можеле да позајмуваат од другите банки за да ги задоволат потребите за резерви.

Оттука, ваквата неповолност довела до испитување на начините за преку обврските да

можат да се обезбедат резерви и ликвидност. Ваквиот начин ја стимулирал експанзијата

на пазарите на прекуноќни заеми. Со појавата на оваа флексибилност банките презеле

поинаков пристап кон банкарскиот менаџмент. Имено, претходната постапка била

заменета со агресивно поставување таргет цели за раст на средствата и стекнување

фондови, и тоа онолку колку што им се потребни.

Неповолна селекција. Тоа е проблем што се јавува од асиметричната информација,

пред да се случи трансакцијата. Неповолната селекција, најчесто, се јавува кога при

изборот на кредитобарателите ќе му се одобри кредит на оние што нема да можат да го

вратат. При ваквата неповолна селекција многу е веројатно заемите да бидат повеќе

изложени на ризик од лошо кредитирање, па затоа банката треба да се определи да не дава

заеми, и покрај тоа што се јавуваат и заемобаратели кои се со низок ризик. За да се разбере

оваа постапка на едноставен начин, натаму е наведен еден пример. Имено, ако се

претпостави дека се работи за две лица, означени како Х и Ѕ кои бараат кредит. Едното од

нив, односно лицето Х е личност која може да побара заем само во случај кога е сигурно

дека тој заем ќе го вложи во инвестиција што може да биде исплатлива и, се разбира,

заемот да го врати навреме; додека, пак, другото лице, Ѕ, е личност која сака да вложува

во обложувалница. Но, за ова лице може да се каже дека е личност од која и не може

многу да се очекува дека парите ќе бидат вратени, затоа што доколку го добие

очекуваниот износ таа ќе ги врати, позајмените средства но доколку се случи спротивното

(за што веројатноста е поголема) таа ќе нема од каде да ги врати. Така, ако доволно се

познаваат двете лица, тогаш е нормално на лицето Ѕ да не му се позајмат средствата,

бидејќи кај тоа лице ризикот е поголем, и покрај тоа што ќе биде поупорно во барањето на

заемот, затоа што доколку не се случи очекуваниот настан, тогаш заемот нема да биде

вратен. Ова е случај кога се познаваат двете личности, односно кога банката нема

Page 16: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

16

асиметрични информации. Но, што ќе се случи, ако лицата не се познаваат доволно

добро? Во тој случај на лицето Ѕ ќе му се позајмат пари, затоа што е поупорно од другото,

но и поради можноста да се направи неповолна селекција. Значи, можно е банкатат да се

определи да не позајмува ниту на едната, ниту на другата личност.

Моралниот хазард е проблем што може да се јави од асиметричните информации,

но по случувањето на трансакцијата. Тоа значи дека откако парите ќе му се дадат на

заемокорисникот, тој може да ги искористи за друга намена, а тоа пак може да предизвика

повисок ризик. Оттука, ако заемот, на пример е наменет за да се отвори деловен простор

од каде што ќе се заработува, тогаш веројатноста е голема заемот да се врати и банката се

определува да го одобри. Но, доколку барателот не ги вложи средствата во тоа што го

навел во барањето како образложение, ами отиде во казино и ги изгуби, тогаш се случува

моралниот хазард (ризикот), односно тој ги нема повеќе парите за да го врати заемот. Со

овај пример се потврдува дека моралниот хазард е резултат на асиметрична информација,

но по настанувањето на трансакцијата. Морален хазард кај банката е оној ризик или

проблем што може да се јави доколку, по одобрувањето на кредитот на фирмата, наместо

средствата да бидат вложени во корисна инвестиција, тие да се вложат во сосема трета

активност што носи голем ризик и неможност да бидат вратени8. За да може да биде

профитабилна банката треба да биде способна да се соочува со овие проблеми, главно, за

да ја намали веројатноста од не исполнување на обврските од страна на кредитните

должници.

Менаџирањето на кредитниот ризик9 подразбира управување со ризикот

кредитот да не биде вратен од страна на кредитобарателот. Всушност, кредитниот ризик е

веројатност пласираните средства од банката кај кредитобарателот да не бидат вратени

според условите и роковите што се определни во договорот. Во зависност од пласманот за

којшто се работи во практиката, можат да се сретнат краткорочен и долгорочен кредитен

8 Мишкин Фредерик С: “Економија на пари, банкарство и финансиски пазари” Скопје, Магор, 2010, стр.

234-236

9 Проф. д-р Витанова Гордана: “Финансиски пазари и институции” , Економски факултет – Прилеп,

Битола, 2003год, стр. 234

Page 17: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

17

ризик. Краткорочниот ризик произлегува од спроведувањето краткорочна кредитна

политика, а тој се јавува како резултат на:

лошата проценка на краткорочната способност на банката;

отсуството на отплата на кредитот од страна на кредитобарателот;

ризик што произлегува од кредитнта политика која што ја води банката, а е

резултат на желбите и интересите на банката да се стекне со поголема добивка.

Долгорочниот ризик се јавува како резултат на можноста за појава на девијантни состојби

кај банката, но и кај барателот на кредитот. За банката многу важна е проценката10

на

кредитните барања од кредитобарателот, па за тоа таа користи некои од следниве

различни пристапи:

традиционален пристап, при што најголемо внимание му се посветува на

понуденото обезбедување од страна на корисникот на капиталот, а помалку на

способноста за отплатата на кредитот;

статистички пристап на проценка на финансиската состојба што се состои во

анализа на коефициентите кога пазарниот интерес е насочен кон ликвидноста на

ентитетот. При оценката на способноста да се врати кредитот се тргнува од

анализа на финансиските податоци од билансот на состојба, а сосема малку или

воопшто не се користат податоците од билансот на успех. Ликвидноста на

кредитобарателот се оценува според нето обртниот капитал, измерен како

разлика меѓу тековната актива и тековните обврски на ентитетот. За ваквата

оценка се пресметуваат повеќе коефициенти, а како такви се: коефициентот на

ликвидност, коефициентот на рентабилност, коефициентот на финансирање,

коефициентот на профитабилност, како и коефициентот на сопственост;

современиот или тн. динамичен пристап користи анализа на тековите на

ликвидност во комбинација со квалитативната и квантитативната анализа на

ентитетот заради утврдување на неговата финансиска позиција во стопанската

дејност. Cash анализата има цел да утврди колку средства се прибрани и како тие

10 Daniel Msellati “Approaches to credit evaluation”презентирано на курсот на фондацијата “Griorijano

dell amore”, Милано, април, 1994,

Page 18: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

18

се употребени за да се добие информација за успешноста на ентитетот во

тековниот, но и во идниот период;

системот на бодирање на кредитите се состои во проценување на статистичката

веројатност дали кредитот ќе биде отплатен. Имено, за различни карактеристики

на барателот му се доделуваат одделни бодови, а кредит ќе му се одобри на оној

барател кој има повисок или еднаков број од однапред утврдениот збир на

бодови.

Електронско плаќање. Развојот и имплементацијата на компјутерската технологија

во банките и добрата конекција му овозможува на клиентот (со неговото логирање,) да го

изврши плаќањето сам по електронски пат. Но, системот на електронско плаќање на

корисникот му овозможува тој да биде поштеден од логирање, што значи наместо тој да се

логира и да се изврши плаќањето, тоа го прават редовните сметки.11

“Халкбанк” АД -

Скопје на своите клиенти странки, преку електронското банкарство, им нуди:

архива на изводи од отворањето на денарската трансакциска сметка;

преглед на дневни трансакции;

преглед на реализирани налози и нивно групирање според различни критериуми,

заради правење анализи во зависност од потребите на странките;

внос, потпишување и процесирање на сите видови безготовински налози;

креирање шаблони за плаќање.

“Халкбанк” своето електронско банкарство го има развиено до степен што на своите

корисници им овозможува да имаат увид во состојбата, увид во плаќањата, како и

привилегија во креирањето налози, без можност за нивно потпишување. Другата можност

што ја нуди електронското банкарство на “Халкбанк” е делегирање на привилегиите за

колективно потпишување на налозите или, пак, приливегии за ограничено потпишување

до определени износи. Во октомври 2009 год. услугата на банкарството беше збогатена со

функционалност за корисниците (физичките и правните лица) на кредитни картички,при

што тие имаат:

11 Сметките што пристигнуваат во редовни временски интервали, како што се сметките за електрична

енергија,вода, телефон и слично.

Page 19: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

19

увид во состојбата (расположливо салдо) на кредитната картичка;

преглед на прометот на картичката, т.е. сите конечно реализирани трансакции во

периодот определен од корисникот;

преглед на месечните извештаи (фактури за кредитни картички) и можност за

нивно печатење.

Во 2010 година “Халкбанк” ја воведува и другата функционалност што овозможува:

следење на состојбата на девизната трансакциска сметка од страна на правните лица; увид

во девизната сметка; преглед на налозите; печатење на налозите; креирање, потпишување

и процесирање на налозите.

Континуираниот процесот на развој на е-банкарството на “Халкбанк” АД- Скопје е

проширен за следниве дополнителни функционалности:

увид во кредитите за физички и правни лица;

увид во депозитите за физички лица;

увид во девизните сметки за физички лица.

Значаен вид е-банкарска услуга е онаа што се обезбедува преку банкоматите. Преку

банкоматот клиентите можат да вадат парични средства, да префрлуваат средства од една

на друга сметка, како и да го проверуваат салдото на сметката. Предноста на банкоматот

во однос на човечкиот фактор е во тоа што не се наплаќа за прекувремената работа,

никогаш не спие и е достапен 24 часа на ден. Банкоматите за извршените трансакции

повлекуваат ниски трошоци, па поради тоа тие се поставуваат надвор од филијалата на

банката. Со достапноста на банкоматите надвор од филијалите се овозможува и подигање

странска валута (лесно и едноставно) исто како и подигањето на парични средства од

сметка во банка. “Халкбанк” нуди три типа картички, и тоа: дебитни, кредитни и

картички со претплата.

Дебитната картичк. Ваквата картичка на имателот му овозможува тој да користи

средства, односно да плаќа со нив само доколку има доволно средства на сметката од

којашто можат да се повлекуваат. Но, доколку сопственикот нема доволно средства на

располагање, тогаш преку оваа картичка тој има можност да користи пари до дозволеното

Page 20: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

20

пречекорување за коешто има склучено договор. Всушност, тој може да биде во “минус”

што на некој начин, значи дека тој користи кредит од банката. За ваквата состојба

сопственикот е информиран од месечната картичка преку којашто може да ја следи

состојбата на средствата, односно приливите и одливите на сметката.

Кредитни картички. Тоа се картички што поседуваат чисто кредитни

карактеристики, бидејќи не се поврзани со тековната сметка на сопственикот, туку со

нивната употреба тие автоматски користат кредит од банката. Со кредитните картички

сопственикот има отворена кредитна линија што постојано се продолжува, а тоа значи

дека, доколку долгот сопственикот го исплати (целосно или делумно), кредитот повторно

се обновува. Но, доколку корисникот на кредитната картичка не го исплати долгот во

определениот рок, постои можност да го подмири во дополнителен период од 10 до 15

дена, при што во тој временски период може да се врати целосниот износ на долгот или

само определен процент од кредитот. Овде е неопходно да се потенцира дека камата се

плаќа само на искористениот кредит.

При работењето со картичките можат да се сретнат различни брендови, но сите тие имаат

иста функција. Кај “Халкбанк” брендовите на картички се: VISA и MASTERCARD12

.

Видови Visa картички се:

дебитни картички Visa Electron;

кредитни картички Visa Classic Credit; и

кредитни картички Visa Gold.

Дебитната картичка Visa Electron претставува меѓународна чип дебитна картичка

што можат да ја користат физички лица, а е поврзана со трансакциската сметка на лицето,

така што се овозможува користење на средствата на продажните места ширум светот и

преку банкоматите. Исто така, со оваа картичка, покрај што можат да се користат

расположливите средства можат да се користат и средства што се дозволени во минус.

Предностите од користењето на Visa Electron се:

едноставноста и флексибилноста во плаќањата и подигањата од банкомат;

брзата достапност до средствата;

сигурноста во извршувањето на транскацијата; и

12

Англиски назив : ATM card, т.е Automated Teller Machine card (забрана на превод)

Page 21: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

21

контролата и прегледноста на трошоците.

Рокот на важење на оваа картичка е првичното давање и реиздавање, по истекот на 3

години, а во однос на каматата што се плаќа, пак, таа е реглулирана согласно со тарифата

на банката за сметки по видување. Трошоците што се поврзани со Visa Electron се:

подигање готовина од други банкомати во износ од 2 %, изнесува мин 120 денари;

реиздавање ПИН коверт е 100 денари;

замена на картичка (изгубена, оштетена, украдена) е 300 денари;

надомест за итна изработка на картичка е 600 денари;

надомест за неоснована рекламација е 600 денари;

блокирање на картичка, без надомест;

деблокирање на картичка изнесува 60 денари.

Кредитната картичка Visa Classic Credit е меѓународна револвинг кредитна

картичка што има чип којшто служи за плаќање на сите продажни места наменети за тоа,

подигање готовина од банкомати и плаќања преку интернет. Револвинг кредитот е кредит

што е одобрен и автоматски е обновлив, а банката го одобрува на лицето кое поднело

барање за издавање ваква картичка. Оваа картичка функционира на таков начин што

кредитниот лимит (којшто е одобрен) се намалува со користењето определен износ, а по

уплатата на искористениот износ тој кредит се обновува и е расположлив за користење.

Лимитот што може да се користи преку оваа картичка може да изнесува до 300 000 денари

или може да биде поголем, но само ако се донесе таква одлука од управниот одбор. Ваква

картичка може да се даде на лице кое е во редовен работен однос на задоволително ниво.

По првичното издавање оваа картичка може да се реиздаде по 3 години повторно. За да се

одобри ваква картичка е потребно да се има соодветно обезбедување, односно меница од

100 денари, административна забрана на платата на барателот, како и други обезбедувања,

прифатливи за банката. Каматата што се плаќа за оваа картичка може да биде различна, и

тоа со:

депозит 3.00%;

плата во “ХАЛКБАНК”- 11.50%;

плата во други банки 11.50%;

посебна одлука донесена од членовите на управниот одбор од 10 – 11.50%;

Page 22: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

22

Предностите од користењето на Visa Classic Credit се следниве:

кога долгот се подмирува постои можност тој да биде подмирен во целост или

минимално, така што доколу се подмири вкупниот долг, тогаш тој може да биде

бескаматоносен до 40 дена или, пак, да се подмири минимален долг од 5% плус

камати и надоместоци;

едноставно и флексибилно плаќање, како и подигање готовина од банкомат;

брза достапност до средствата;

сигурност во извршувањето на трансакцијата;

контрола и прегледност на трошоците, преку издавање месечен извештај;

издавање дополнителна картичка, покрај основата, што може да биде поврзана со

сметката на основната картичка.

Трошоците, пак за Visa Classic Credit се:

во првата година Visa Classic Credit и Master Card Credit се без надомест за

членарина, а за вторта година членарината изнесува 1.200 денари за двете години;

за првата година Visa Classic Credit и Master Card Credit на дополнителниот

корисник се без надомест за членарина, а за втората надоместот за членарина

изнесува 600 денари;

подигање готовина преку банкоматите во износ од 2% минимум, а од банкоматите

на “Халкбанк” мин. 100 денари;

подигањето готовина од банкоматите на другите банки во износ од 2,5 % мин.

изнесува 150 денари;

подигањето готовина од шалтерите на “Халкбанк” во износ од 1,5% мин. изнесува

60 денари;

реиздавањето пин коверт изнесува 100 денари;

замената на уништена, украдена или оштетена картичка изнесува 300 денари;

надоместокот за итна изработка на нова картичка изнесува 600 денари;

надоместокот за неоснована рекламација на картичката изнесува 600 денари;

блокирањето на картичката е без надоместок;

деблокирањето на картичката изнесува 60 денари.

Page 23: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

23

Кредитната картичка Visa Gold се разликува од Visa Classic Credit според износот на

лимитот. Обезбедувањата треба да содржат: бланко потпишана меница со менична изјава

од барателот на картичката, администартивна забрана на платата и одделни други

обезбедувања, прифатливи за банката. Трошоците што се поврзани со Visa Gold се:

годишната членарина на основната картичка е 1.800 денари, а годишната членарина на

дополнителна картичка е 900 денари.

Постојат повеќе видови MASTERCARD, и тоа:

дебитни картички Maestro;

кредитни картички Master Card Standard; и

мaster Card Pay Pass.

Оваа кредитна картичка е наменета за физички лица и е поврзана со трансакциската

сметка, така што овозможува користење на средствата на продажните места и

банкоматите ширум земјата, т.е онаму каде што е истакнато логото на Maestro, како и за

плаќање преку интернет. Дебитната картичката му овозможува на корисникот да ги

потроши средствата што се расположливи на трансакциската сметка, заедно со

одобрениот минус на сметката. Предностите и трошоците се исти како и оние кај

дебитната картичка Visa Electron. И останатите два вида картички се слични со Visa

Classic Credit.

2. КРЕДИТИТЕ КАКО БАНКАРСКИ ПРОИЗВОДИ

Кредитите што “Халкбанк” им ги нуди на своите клиенти, како еден од производите во

состав на кредитните активности всушност, претставуваат еден вид долг, кој како и сите

должнички инструменти, повлекува редистрибуција на финансиските средства. Со

одобрувањето кредит се воспоставува определен однос меѓу “Халкбанк” и

кредитобарателот (физичко или правно лице) за износот на средствата што е одобрен, а

овој однос трае се до моментот кога кредитобарателот ќе ги врати средствата, заедно со

каматата. Вообичаено е кредитобарателот да се обрати до онаа банка за кредит каде што

Page 24: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

24

поседува тековна сметка13

. Основни карактеристики на секој кредит се: условите што се

поврзани со одобрувањето, височината на каматата и рокот на враќање. За “Халкбанк”

многу е значајно квалитетното проценување на финансиската способност на

кредитобарателот, односно неговата способност навреме да го врати одобрениот кредит.

2.1 Карактеристики и функции на кредитот

Кредитот, всушност, овозможува воспоставување однос меѓу две физички или правни

лица од кои едното лице е должник, а другото е доверител. Имено, кај кредитот постои

кредитен однос меѓу кредиторот или доверителот, т.е корисникот на кредитот или

должникот. Кај овој кредитен однос доверителот му позајмува на должникот пари под

определени услови, на определено време, но и плаќање надоместок за користењето, како и

обврска за враќање. Многу е битно да се потенцира и начелото на повратност, односно

обврската на должникот кредитот да го врати навреме и во целосен износ. Од микро

аспект и од аспект на одделни економски субјекти, кредитот има две функции:14

првата

функција се однесува на тоа дека со помош на кредитите деловните субјекти (особено

оние коишто се од сезонски карактер,) своите износи на ангажираните средства може да

ги приспособат кон реалните потреби во производството или, пак, во одделни дејности тие

се ослободуваат од обврската да чуваат поголеми износи од потребните во определен

момент; втората функција се состои во тоа што со кредитот се овозможува континуитет

во производството или вршењето други дејности/услуги, особено кога е потребно

ангажирање туѓи средства. Тоа, конкретно, би можело да се објасни со пример за

определен производствен субјект и да се види колку е значајна оваа функција15

на

кредитите.

Имено, деловниот субјект за неговото производство располага само со сопствени

средства и нив ги вложи за да изврши определено производство, тогаш тој би останал без

средства, па за да го реализира другото производство тој ќе треба да чека претходното да

го продаде за средствата да се вратат во парична форма и потоа да го направи вториот

13 Тековната сметка ги претставува тековните трансакции меѓу резиденти и нерезиденти на кои за цел не им

е трансфер на капитал. Составот на тековната сметка е од 4 дела: стоки, услуги, доход и тековни трансфери.

14 Трпески д-р Љубе: “Пари и банкарство”, Економски факултет, Скопје, 2003, стр. 210-212

15 Д-р Вјекослав Мајхснер, “Кредит”, Култура – Скопје, 1960, стр. 8-20

Page 25: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

25

циклус на производство. Но, со тоа не само што се пропушта можноста за зголемување на

производството, туку се губи и континуитетот на производството. Овде, како алтернатива,

може да се искористи штедењето, што претставува сегашно одложено трошење за подобра

иднина, но тоа на ниво на национална економија предизвикува тезауризација16

, односно ја

нарушува пазарната рамнотежа. За да не дојде до сето тоа, битно е заштедените средства

да се искористат “плодно”, односно тие средства да се претворат во акумулација, така што

ќе се вложат во банки, и тоа делумно заради нивната сигурност, делумно и заради

каматата, а со тоа кредитната способност на банката ќе се зголеми. Тие пари банката нема

да ги задржи, туку (во вид на кредит) ќе им ги одобри на субјектите што сакат да го

прошират производството за да не дојде до нарушување на пазарната рамнотежа, односно

повлекување на куповната сила од пазарот.

2.2 Видови кредити

“Халкбанк” на своите клиенти-физички лица им одобрува различни видови кредити

меѓу кои најзастапени се потрошувачкиот, станбениот, хипотекарскиот и најновиот- Еко

кредит, што е промотивен и со определено време на траење, односно ваквиот кредит може

да се бара и одобрува до 31.11.2018 година. Потрошувачкиот кредит е таков кредит што се

користи за зголемување на потрошувачката.17

Хипотекарскиот кредит влегува во групата

реални кредити затоа што тој не се одобрува врз основа на личната кредитна способност

на барателот на кредитот, туку врз основа на недвижниот имот што се задолжува (земја,

зграда, и слично) или таканеречен хипотека. Вообичаено, кредитот треба да се одобрува

во височина од 50%-60% од вредноста на хипотеката. Тоа, всушност, значи дека за време

на користењето на кредитот, (а тоа вообичаено е од 10 до 30 години,) сопственикот на

хипотеката не смее да презема никакви дејствија со коишто би се намалила вредноста на

имотот. Постои можност имотот да биде оштетен од некои елементарни непогоди (пожар,

поплава и сл.), а во тој случај сопственикот да не биде во можност да го врати кредитот,

па затоа банката за да не ризикува од сопственикот бара имотот да го осигура, а полисата

да ја винкулира (пренесување на правото на сопственост) во корист на банката.18

Најбаран

16

Повлекување на куповната сила од пазарот и не усогласување на стоковните со паричните фондови.

17 Проф Д-р Љупчо Трпчески “Пари и банкарство” Economy Press, Скопје, 2003

18 Проф. Д-р Глигор Бишев “Банкарство и банкарско работење”, Скентпоинт, Скопје, 2009

Page 26: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

26

кредит што “Халкбанк” го нуди на клиентите е потрошувачкиот кредит, пред се за

клиентите со плата во “Халкбанк”. Имено, ако платата на клиентот минува преку

“Халкбанк” таа е гаранција за обезбедување кога треба при одобрувањето на кредитот да

се стави административна забрана на платата. Всушност, кога се одобрува кредит до

300.000 МКД не се потребни жиранити, а над 300.000 МКД е потребен 1 жирант. Пред да

се одобри кредитот потребно е да се оцени кредитната способност на клиентот, односно

кога странката бара кредит до 300.000 МКД неговата кредитна способност треба да биде

½ од месечните примања, и тоа ако платата изнесува повеќе од 20.000 МКД. Но, ако

странката побара износ поголем од 300.000 МКД, тогаш кредитната способност треба да

биде 1/3 од месечните примања, и тоа со плата до 20.000 МКД. Оттука, ако овие барања

клиентот утврди дека може да ги исполни, тогаш тој може да се обрати до една од

експозитурите на “Халкбанк” и да ја започне процедурата за барање кредит.

Друг вид кредит што банката може да го одобри на физичките лица е потрошувачкиот

кредит со девизна клаузула за клиенти со плата во “Халкбанк”. За одобрување до 5.000

ЕУР не е потребен жирант, а кредитната способност на должникот треба да биде до ½ од

месечните примања, со плата над 20.000 МКД. Но, за одобрување кредит за сума повисока

од 5.000 ЕУР е потребно за обезбедување на кредитот да има еден жирант, а кредитната

способност на должникот треба да биде 1/3 од месечните примања, со плата до 20.000

МКД.

“Халкбанк” одобрува и хипотекарски кредити. За да се одобри ваков кредит е

потребно да биде дадена под залог хипотека, така што односот на хипотеката спрема

кредитот треба да биде 1:1,5, а кредитната способност пак треба да биде ½ од месечните

примања.

Доколку клиентите имаат веќе земено кредит од некоја друга банка, па повторно

сакаат да добијат нов, кредитод “Халкбанк”, тогаш банката може да им понуди

хипотекарен кредит за рефинансирање на обврските во другите банки. Но, за таа цел

банката треба да ја дознае оваа информација од клиентите или од податоците што се

достапни за нивната кредитна задолженост, што ги презентира главно Кредитниот

регистар на НБРМ. На тој начин остатокот од кредитот во другата банка ќе биде затворен.

За клиентот да се определи на ваква постапка нормално е “Халкбанк” да нуди пониска

Page 27: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

27

каматна стапка, како и пониски трошоци за обработката, провизија и слично, во споредба

со банката во којашто тој претходно имал веќе подиганото кредит.

“Халкбанк” може да понуди уште и станбен кредит за клиенти со плата во оваа

банка. Обезбедувањето на овај вид кредит и испитувањето на кредитната способност

сосема се исти како и кај претходните два вида кредити.

Еко кредитот е последниот вид кредит што “Халкбанк” им го нуди на своите клиенти.

Овој кредит се однесува на одобрување на средства за обнова на деловни простории или,

пак, за лични потреби (реновирање куќа, зграда). Битно е средствата да се наменети за

она што се побарани, затоа што за овој кредит банката средставата и ги одобрува на

фирмата што ќе ја врши услугата. Како и за сите претходни, така и за овој вид кредит е

потребно обезбедување, и тоа до 10.000 ЕУР со еден жирант, а над 10.000 ЕУР со

хипотека 1:1,5, додека што се однесува до кредитната способност таа треба да биде ½ од

месечните примања.

2.3 Структура на кредитот

Секој кредит има своја структура, односно се карактеризира со: каматата, каматната

стапка, главнината, ратата, ануитетот и амортизацискиот план. Каматата19

го презентира

износот на пари што треба да и се платат на “Халкбанк”, како цена за позајмените пари

што се дадени на користење. Каматата за “Халкбанк” е интерес за да се даде кредит и во

тој поглед е потребно да се постапи внимателно во однос на износот, условите и роковите

за плаќање. Каматната стапка е изразена во процент и покажува колкава е цената на

парите што се позајмени. На пример, ако е одобрен кредит во височина од 60.000 денари, а

износот на каматната стапка е 10%, тоа значи дека (по завршувањето на периодот за

којшто е одобрен кредитот) потребо е да се врати целиот претходно одобрен износ,

односно 60.000 плус 10% од сумата, што значи вкупно 66.000 денари. Главнината го

покажува износот на пари што се дадени, а во овој случај тоа се 60.000 денари. Ратата за

кредитот е износот што треба да се плати месечно, а се однесува само на отплатата на

19 Велковски Васил: “Камата”, Здружение на правници од стопанството на Република Македонија, Скопје,

2000, стр.15-20

Page 28: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

28

главнината. Ануитет е износот што е формиран од износот на ратата плус каматата за

кредитот. Амортизацискиот план е планот во којшто се искажани сите месечни плаќања

врз основа на кредитот, заедно со каматата, што е многу битен документ, бидејќи според

него може прецизно да се планираат месечните трошоци. Поволната каматна стапка ја

претставува можноста правното или физичкото лице да се определи да земе кредит од

банката. Каматата е трошокот што се плаќа за средствата коишто се позајмени.

Во презентираната табела се наведени само условите според кои што клиентот

треба да биде запознат со подеталните податоци за тоа како ќе се одвива текот на

отплатата во согласност со амортизацискиот план.

Број на

рата

Датум Износ на

рата

Износ на

главнина

Износ на

камата

Остаток од

долг

1 11.12.2008 916.77 725.44 191.33 9,274.56

2 12.01.2009 916.77 778.27 138.50 8,496.29

3 11.02.2009 916.77 797.82 118.95 7,698.47

4 11.03.2009 916.77 816.18 100.59 6,882.29

5 13.04.2009 916.77 810.78 105.99 6,071.51

6 11.05.2009 916.7720

837.44 79.33 5,234.07

7 11.06.2009 916.77 841.05 75.72 4,393.02

8 13.07.2009 916.77 851.17 65.60 3,541.85

9 11.08.2009 916.77 868.84 47.93 2,673.01

10 11.09.2009 916.77 878.10 38.67 1,794.91

11 12.10.2009 916.77 890.80 25.97 904.11

12 11.11.2009 916.77 904.11 12.66 0.00

20 Месечна рата е сумата што треба да се внесе на сметката на корисникот. Во прикажаниот случај во месецот мај сумата од (916.77евра) го вклучува износот на каматата од 79.33€ и дел од главнината т.е 837.44 евра.

11,001.24 10,000.00 1,001.24

Page 29: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

29

Од прикажаниот последен резултат може да се забележи дека вкупната сума за исплата

на кредитот е 11,001.24 евра а во неа сума се вклучени главнината од 10,000.00 евра

како и каматата од 1,001.24 евра.

Банката при кредитирањето, може да се соочи со проблемот каматен ризик (interest rate

risk), што се јавува како резултат на неповолните идни движења на каматните стапки, при

што доаѓа до промена на вредноста на средствата коишто носат добри каматни приноси.

Каматниот ризик може да предизвика промена на добивката, но и промена на пазарната

вредност на капиталот на банката. Она што може да се наведе како причина за појавата на

каматниот ризик е рефинансирањето што, најчесто, настанува како резултат на

краткорочното позајмување за да се финансираат долгорочни средства, и обратно,

односно долгорочно да се позајмува за да се финансираат краткорочни средства.

Веројатноста за да дојде до промена на нето каматните приходи во банката ја покажува

каматниот ризик. Ваквите приходи се остваруваат преку работењето со средствата и

обврските, така што во зависност од структурата и карактеристиките на средставата и

обврските променливите каматни стапки можат да ги зголемат или намалат приходите и

расходите на банката. Според тоа средствата и обврските се делат на: каматносензитивни

и каматнонесензитивни. Приходите на средствата и расходите на обврските што се

менуваат во зависност од влијанието на каматните стапки влегуваат во групата

каматносензитивни, додека приходите на средствата и расходите на обврските што не се

менуваат од влијанието на каматните стапки влегуваат во групата каматнонесензитивни.

Според ваквите елаборирања произлегува следново: ако каматночувствителните средства

се поголеми од каматносензитивните обврски, тогаш нето-приходите во банката ќе се

зголемат, но може и да се намалат ако каматните стапки опаднат. Обратно, пак доколку

каматносензитивните средства се помали од каматносензитивните обврски, тогаш нето-

приходите на банката ќе се намалат при раст на каматните стапки, а ќе се зголемат со

опаѓањето на каматните стапки. Па, така, каматниот ризик на банката може да се измери

преку два вида показатели, и тоа од типот на :

разликата меѓу износот на каматносензитивните средства и обврски;

односот меѓу износот на каматносензитивните средства и обврски;

Page 30: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

30

Оттука, колку банката е изложена на каматниот ризик може да се утврди со помош на

показателите за јазот. Ваквите показатели можат да бидат позитивни, негативни и нултни.

Позитивен јаз може да се јави кога каматната сензитивност е поголема од 1,(единица) а за

да се дојди до тоа е потребно каматносензитивните средства да бидат поголеми од

каматносензитивните обврски. Кога банката има позитивен јаз, тогаш таа е изложена на

веројатноста да дојде до намалување на нејзиниот нето-приход, а сето тоа може да се

манифестира, бидејќи таа е изложена на ризик од намалување на каматните стапки. Во тој

случај каматните приходи ќе се намалат во поголем износ во споредба со каматните

расходи, што значи ќе дојде до намалување на нето-приходот. Во обратен случај, пак, при

раст на каматните стапки а со позитивен јаз, банката ќе доживее раст на нето-приходот

затоа што каматните приходи ќе пораснат за поголем износ од каматните расходи.

Коефициентот на каматната чувствутелност на банката може да биде помал од 1 (единица)

во случај кога износот на каматносензитивните обврски го надминува износот на

каматносензитивните средства. Во овој случај банката е каматносензитивна на страната на

обврските. Кога банката има негативен јаз, тогаш таа е изложена на ризикот од

зголемување на каматните стапки. Резултатот што може да се добие од намалувањето на

нето каматниот приход, се манифестира само ако каматните расходи на банката се

зголемат во поголем износ од каматните приходи, но и ако постои зголемување на нето

каматниот приход кога каматниот расход ќе се намали за поголем износ од каматниот

приход. И, последниот јаз, е нултниот јаз, при што каматносензитивните средства се

еднакви на каматносензитивните обврски, така што во ваков случај банката е заштитена

од ефектите на промените на каматните стапки. Имено, ако дојде до промена на каматните

стапки, тоа подеднакво ќе се одрази и врз каматните , и врз каматните расходи, при што и

нето каматниот приход ќе остане ист.

Во практиката постојат неколку видови извори што можат да предизвикаат каматен

ризик, а такви се следниве: ризик што може да биде предизвикан од промена на каматните

стапки во портфолиото на банкарските активности; ризик од кривата на принос што

влијае врз профитабилноста и средствата на банката; ризик од разликите во височина на

референтните каматни стапки; ризик што произлегува од опциите што се вградени во

каматночувствителните позиции.

Page 31: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

31

2.3.2 Значење на каматниот механизам за функционирање на банката

Основен извор за формирање добивка на “Халкбанк” е нето-каматниот приход што

е поврзан со основната дејност, односно со прибирањтое парични средства коишто,

најчесто, се во вид на депозити што таа ги вложува во различни видови финансиски

средства, вообичаено во вид на кредити. На тој начин “Халкбанк”, за да може да оствари

заработувачка, е потребно да оствари позитивна разлика меѓу каматата што ја наплаќа за

одобрените кредити и каматата што ја плаќа за депозитите. Ако оваа разлика е позитивна,

тоа значи дека се остварува нето-каматен приход што претставува основен извор за

формирање добивка. Овој факт упатува на заклучокот дека секоја промена на каматните

стапки било на кредитите, било на депозитите на “Халкбанк” води кон зголемување или

намалување на нето-каматниот приход.

За таа цел овде се презентира следниов пример: “Халкбанк” со издавањето потврди

за депозити со рочност од една година прибира депозити на коишто плаќа пазарна каматна

стапка, а којашто изнесува 4%, но од друга страна, “Халкбанк” средствата ги инвестира

во вид на кредити во износ од 10.000.000 денари, со рок на втасување од 4 години и со

постојана каматна стапка од 7%. Овој износ од 10.000.000 денари е финансиран од

депозитите во износ од 8.000.000 денари и 2.000.000 денари од уплатениот акционерски

капитал. Врз овие основи годишниот каматен приход на “Халкбанк” ќе изнесува

10.000.000 * 7% = 700.000 денари, но исто така “Халкбанк” има и каматен расход, т.е

8.000.000 *4% = 320.000 денари. Од овие детални податоци може да се пресмета и нето-

каматниот приход, т.е 700.000-320.000=380.000 денари. Но, што ако дојде до неочекуван

раст на пазарните каматни стапки за 1 процентен поен? Во тој случај секако дека се доаѓа

до промена, а таа промена е содржана во сленово: логично е “Халкбанк”, за да ги задржи

своите клиенти, да им понуди принос што е еднаков на пазарните каматни стапки. Тоа

значи дека “Халкбанк” ќе плаќа каматна стапка од 5% на новите депозити, а од друга

страна, каматниот приход нема да се промени, бидејќи кредитот е одобрен со постојана

каматна стапка, односно таа е непроменлива, па така крајниот резултат ќе биде:

годишниот каматен приход 700.000 – каматниот променат расход, т.е 8.000.000 * 5% =

400.000, а тоа е (700.000-400.000=300.000 денари). Од неочекуваната промена на

каматните стапки се согледува драстичниот ефект што го трпи “Халкбанк” на нето-

Page 32: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

32

каматниот приход и профитабилноста. До вакви ризици се доаѓа затоа што “Халкбанк”

одобрила кредит со постојана каматна стапка, а прибира депозити со каматна стапка што е

променлива во пократки временски инетрвали. Токму затоа треба да се внимава на

рочноста на средствата и обврските за да може да се одржува профитабилноста на

посакуваното ниво. Кога доаѓа до промена на каматната стапка, тогаш промената може да

се забележи и кај пазарната вредност на средствата и обврските на “Халкбанк”. Имено, со

раст на пазарната каматната стапка се намалува пазарната цена на финансиските

инструменти што се со постојан приход, и обратно, со опаѓањето на пазарните каматни

стапки доаѓа до раст на пазарната цена на финансиските инструменти. Ваквата врска меѓу

каматните стапки и пазарните цени се однесува и на средствата, и на обврските21

. Од

претходниот пример се гледа дека од одобрениот кредит се добиваат парични приливи во

текот на следниве 4 години, и тоа 4 парични приливи во вид на камата (на крајот од секоја

година) и еден паричен прилив во вид на отплата на основниот долг (на крајот од 4

години). Од друга страна, “Халкбанк” прибира средства од депозити што се однесуваат на

1 година, но ако се претпостави дека таа мобилизира депозити за период од 3 години,

тогаш банката ќе се соочи со три парични одлива во вид на камата (на крајот од секоја

година) и еден паричен одлив кога депонентите ќе ги повлечат средствата (на крајот од 3

години). Па, според овие претпоставки, со дисконтирање на идните парични текови на

пазарната каматна стапка може да се процени сегашната пазарна вредност на средствата и

обврските на “Халкбанк”. Со ваквото дисконтирање на идните парични текови што

произлегуваат од приходите и расходите ќе може да се добие пазарната вредност на

капиталот на банката. Оттука може да се заклучи дека со промените на пазарните каматни

стапки на краток рок ефектот ќе се рефлектира врз нето-каматниот приход, а гледано на

долг рок, пак, ваквите промени ќе се рефлектираат на пазарната вредност на банката.

Анализата на јазот е една од техниките што ја мери изложеноста на каматниот ризик само

од аспект на ефектите на промената на каматните стапки врз нето-каматниот приход. Оваа

техника минува низ неколку фази, и тоа:

21 За управувањето со средствата и обврските повеќе во: Joel Bessis, Risk Menagement in Banking, (second

edition), John Wiley & Sons, 2002 стр. 131-243, и Moorad Choudhry, Bank Asset and Liability Management:

Strategy, Trading, John Wiley & Sons (Asia), 2007, стр. 211-337.

Page 33: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

33

поставување краткорочни цели за нето-каматниот приход ;

групирање на средствата и обврските во зависност од тоа дали се чувствутелни на

промените на каматните стапки, односно дали промените се одразуваат врз

приходите на средствата или врз расходите на обврските;

предвидување на каматните стапки во следниот период според сопствените

предвидувања или според очекувањата на пазарните аналитичари;

проценка на ефектите предизвикани од промената на каматните стапки и

влијанието врз нето-каматниот приход;

управување со каматниот ризик, така што се преземаат мерки за заштита од

каматниот ризик, од една страна, а од друга страна, ова менаџирање може да биде

насочено кон искористување на промените за зголемување на нето-каматниот

приход.

Кога станува збор за вакви анализа битно е да се направи групирање на средствата и

обврските, односно нивната каматна чуствителност. Ова групирање се врши во зависнот

од тоа дали приходите што ги носат средствата, односно расходите што се предизвикани

од обврските во определен временски период се менуваат во зависност од промената на

каматните стапки. Оттука каматносензитивните средства (rate-sensitive assets) се оние на

коишто каматниот приход се менува како резултат на промените на каматните стапки, а

додека каматнонесензитивните средства (non rate-sensitive assets) се оние кај коишто

каматниот приход останува непроменет и покрај промената на каматните стапки.

Каматносензитивни обврски (rate-sensitive liabilities) се оние кога каматниот расход на

изворите на средствата се менува при промена на каматните стапки, а

каматнонесензитивни обврски (non rate-sensitive liabilities) се оние кај коишто каматната

стапка не предизвикува никакви ефекти врз каматните расходи за обврските. По ваквото

групирање се пресметува јазот според следново равенство:

Јаз = каматносензитивни средства – каматносензитивни обврски;

Во следната табела е презентиран ефектот врз нето-каматниот приход, како резултат на

поврзаноста помеѓу јазот и каматните стапки:

Page 34: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

34

Јаз Каматни стапки Нето-каматен приход

Позитивен

Позитивен

Негативен

Негативен

Нулти

Нулти

Зголемување

Намалување

Зголемување

Намалување

Зголемување

Намалување

Расте

Опаѓа

Опаѓа

Расте

Не се менува

Не се менува

Овде е неопходно да се напомене фактот дека нето-каматниот приход може да се менува

под дејство на повеќе фактори, и тоа:

1. промена на височината на каматните стапки. Со промената на каматните

стапки со знак и со големина се одразува промената кај нето-каматниот приход.

Имено промената на пазарните каматни стапки, се јавува на следниов начин ако

“Халкбанк” има позитивен јаз, нето-каматниот приход ќе се зголеми кога

каматните стапки ќр пораснат, а ќе се намали кога каматните стапки ќе опаднат.

Во случај на негативен јаз, пак, нето-каматниот приход ќе се зголеми кога

каматните стапки ќе се намалат, а нето-каматниот приход ќе се намали кога

каматните стапки ќе се зголемат. И третиот случај е нултниот јаз што значи дека

со промената на каматните стапки не се јавува влијание врз нето-каматниот

приход. Ваквата промена е можна, затоа што износот на каматносензитивните

средства се разликува од износот на каматносензитивните обврски. Големината

на јазот, исто така, има соодветно влијание врз работењето на “Халкбанк” при

изложеност на ризик. Имено, колку јазот е поголем, толку е поголема

изложеноста на ризик, и обратно, колку јазот е помал, помала е и изложеноста на

ризик;

2. промена на разликата меѓу приносите на средствата и трошоците на

обврските. Овој дел е насочен кон промената на разликата меѓу активните и

пасивните каматни стапки и нивното влијание врз нето-каматниот приход.

Page 35: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

35

Разликата меѓу овие каматни стапки може да биде помала или поголема од

различни причини. На пример: ако работењето на “Халкбанк” од позитивно се

промени во негативно, тоа ќе значи дека приносите на краткорочните финансиски

инструменти ќе ги надминат приносите на долгорочните финансиски

инструменти, па така ако банката се финансира од краткорочни извори на

средства таа ќе се соочи со намалување на разликата на каматните стапки на

средствата и обврските, при што ќе дојде до опаѓање на нето-каматниот приход;

3. промена на обемот на средствата и обврските. Нето-каматниот приход на

банката може да се промени и во случај кога каматните стапки не се променале,

ниту пак настанале промени во структурата на средставата и обврските. Но, тоа

се случува само кога нето-каматниот приход на банката е изразен во апсолутна

вредност. Тоа е така затоа што самата големина на економскиот јаз во банката

има одраз врз нето-каматниот приход, т.е со самото растење на средствата, при

непроменети каматни стапки, доаѓа до раст на нето-каматниот приход;

4. промена на структурата на средствата и обврските. Независно од промените

на каматните стапки, нето-каматниот приход може да биде определен и од

структурата на средствата и обврските. Поточно, ако успешно се намали

учеството на некаматоносните средства во вкупните средства, тогаш автоматски

ќе се зголеми нето-каматниот приход.

Анализата на јазот е проследена и со определени недостатоци. Имено, еден од

недостатоците е поврзан со временските интервали, односно исти средства или обврски

можат да бидат каматносензитивни само во определен инетрвал. Овде особено се

проблематични средствата и обврските што немаат определен рок на втасување или на

кои не се пресметува камата. Друг посебен проблем може да биде определувањето на

каматната чувствителност на средтвата и обврските со вградени опции, така што

клинетот може да врши предвремено повлекување на средствата или предвремена отплата

на долгот. И, како најсериозен недостаток на оваа анализа, е тоа дека таа е насочена кон

нето-каматниот приход што се јавува како краткорочна цел на менаџментот, а е

запоставена долгорочната цел, т.е максимирањето на пазарната вредност на банката.

Page 36: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

36

2.3.3 Обезбедување кредит

“Халкбанк” е банка што, всушност, претставува финансиски посредник со тоа што

таа ги поврзува економските ентитети, односно ги поврзува оние кои имаат потреба од

финансиски средства и оние кои имаат вишок на средства и ги вложуваат во неа. Имено,

банката има на располагање средства, што се мобилизирани од ентитети кои имаат вишок

и ги вложиле кај неа, па им позајмува на оние кои имаат кусок на финансиски средства.

На овој начин “Халкбанк” ја извршува депозитната и кредитната функција. Со вршењето

на оваа функција таа на своите клиенти може да им понуди соодветни предности. Од една

страна, таа може на своите штедачи да им овозможи да вложуваат финансиски средства во

различни износи. Една од таквите предности што се овозможени од страна на “Халкбанк”

а е поврзана со депозитите на населението, е тоа што до определен износ тие можат да

бидат осигурани, тоа би значело дека и во случај банката да пропадне, тие своите

депозити нема да ги изгубат. Од друга страна, кога станува збор за оние ентитети што

имаат потреба од финансиски средства, за нив “Халкбанк” нуди можност, како и секоја

друга банка, за позајмување, односно кредитирање. Во процесот на кредитирање банката

на физичките или правните лица им одобрува соодветен износ на средства, за определено

време и со право тие средства да бидат вратени со соодветен надоместок односно камата.

Но, она за што банката треба да води грижа е таа да се осигура дека кредитот ќе биде

навреме и во целост вратен, а за тоа е потребно да има соодветни покритија со коишто

кредитот ќе биде обезбеден. Банката, пред да донесе одлуката за одобрување кредит, ја

оценува финансиската сила на кредитобарателот, т.е неговата способност да може да го

отплати, кредитот поради што најпрвин се истражува дали клиентот има постојана

работа, дали таа работа е континуирана и стабилна, но и колкави приходи тој остварува.

Исто така, за да се утврди дали кредитот е безбеден, пред да се одобри “Халкбанк” врши

проверка на задолженоста на клиентот, односно дали тој е задолжен во други банки. За да

дојде до таков податок “Халкбанк” испраќа барање до Кредитниот регистар на НБРМ од

којшто добива извештај. Во тој извештај се содржани детални податоци за сите навреме и

ненавреме подмирени обврски. Најчест приход од којшто се покрива ратата за кредитот е

платата на кредитобарателот, при што банката, за да може да го обезбеди кредитот, врши

администартивна забрана на платата. Она што е битно за “Халкбанк” е странката да ја

повлече кај себе со платата, всушност тоа го прави со административна забрана, така што

Page 37: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

37

за секоја рата од кредитот се повлекуваат средства од мсетката на клиентот за да може

ратата да биде платена. Но, секако, и при тоа постојат определени правила за коишто е

битна височината на приходот од работниот однос, а тоа лесно може да се утври со

помош на документот-картица од каде што се гледаат приливите и одливите на

средствата, како и износот на лимитот, доколку странката го има. Во таков случај, ако

износот на приходот што се добива од работниот однос е под 20.000 денари, тогаш за рата

се зема ½ од платата, но за да биде ½ е потребно кредитот да се одобри на подолг рок, за

да се задржува половина за плаќање на ратата (главнината + камата), а износот што може

да се одобри на толкав приход е 400. 000 денари. Но, доколку износот на приходот од

плата е повисок од 20.000 денари, тогаш за рата се задржува 1/3 од тој износ. Во случај

кога вработениот е со статус на определено работно време, а бара кредит од “Халкбанк”

тогаш е потребно тоа лице да обезбеди жирант (како обезбедување) кој ќе биде со статус

вработен на неопределено работно време. Во ваков случај, доколку барателот не го

исплати кредитот, тогаш “Халкбанк” кредитот ќе го наплати од жирантот. Но, покрај

вработените, како баратели на кредит можат да се јават и пензионери, па во тој случај

обезбедувањето на кредитот на пензионерот е неговата пензија, што треба да биде во

височина од 6.000-7.000 денари. Рокот за коштој ќе биде одобрен овој кредит е 2 и пол

години(и мора да биде толку), но доколку странката сака рокот да биде пократок, како

решение е ратите да ги плаќа побрзо за да можат да се намалат и со тоа да се затвори

кредитот. Исто така, во зависност од видот на кредитот, како обезбедување може да се

земе и залог на хартии од вредност, депозит, или хипотека на недвижен имот. Кога се

одобрува автомобилски кредит, тогаш како обезбедување е автомобилот што се

финансира од кредитот, а тој мора да биде осигуран за банката да биде заштитена од

ризикот од оштетување или негова кражба.

Пред одобрување станбен кредит обезбедувањето е многу битно, заради тоа што

тука се работи за одобрување големи износи, но и долги рокови за отплатување. Поради

тоа “Халкбанк” ангажира проценител кој ќе изврши проценка на пазараната вредност на

имотот што ќе биде ставен под хипотека, така што според таа проценка се определува

височината на кредитот. Исто така, значајно е да се има предвид и правниот аспект, т.е да

се утврди дали имотот е заведен во катастар, на кое име гласи, како и дали тој е веќе

ставен под хипотека. Сите овие активности се неопходни да се преземат затоа што ако

Page 38: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

38

должникот не го врати кредитот, тогаш “Халкбанк” имотот ќе го продаде за да може да го

наплати побарувањето. Кога се анализира ваквото обезбедување “Халкбанк” го испитува

трендот на пазарот, локацијата, староста и состојбата на недвижнината. Она што се смета

како позитиван страна на недвижностите е дека тие се трајни, не можат да се преместат

или уништат, но негативноста што произлегува од нив е дека не се ликвиден имот, т.е

нивната цена може да опадне, а тоа би ја отежнала продажбата, доколку се дојде до

присилна наплата на кредитот. Од сите тие причини, за да може кредитот да биде сигурно

обезбеден потребно е да се земе како хипотека22

оној имот што има вредност за 1,5 пати

поголема од износот на кредитот.

2.3.4 Заштитни клаузули

Одобрувањето кредити е проследено со соодветна документација, односно со

договорите склучени меѓу “Халкбанк” и клиентот. Во договорите се наведени клаузули,

што се јасни и разбирливи за клиентот, а со коишто банката практично се заштитува од

ризици. Заштитните клаузули се содржани во членовите на договорите. Имено, јасно е

наведено дека: средствата според договорот “Халкбанк” ги обезбедува согласно со

Договорот за кредит од хх.хх.хххх година и тие можат да се користат исклучиво за

финансирање на инвестиции за развој на енергетската ефикасност и користењето

обновливи извори на енергија. Средствата ќе бидат исплатени на сметката на корисникот

во денарска , пресметана според средниот курс што важи за паритетот EUR/МКД и

котиран на индикативната курсна листа на денот на исплатата. Корисникот може да го

користи кредитот по потпишувањето на договорот за кредит и по обезбедувањето на

побарувањата на банката. Рокот за користење на кредитот е наведен во договорот за

кредитот, како и тоа дека користењето на кредитот се врши врз основа на уредно

поднесена документација. Исто така, може да биде наведено дека банката на

неамортизираниот дел на главнината на кредитот пресметува и наплатува камата, секој

последен ден од месецот, од секоја година. Каматната стапка е променлива согласно

актите на банката и законската регулатива. За трошоците што се настанати според

договорот за кредит се пресметува и наплатува однапред еднократен администартивен

надоместок од износот на одобрениот кредит. Корисникот треба да плати надоместок за

22 Околу 90% од кредитите што се одобрени на компании се обезбедени со хипотека.

Page 39: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

39

предвремена отплата на кредитот во процентуална височина од износот на предвреме

отплатената главнина. Притоа корисникот е должен да ја извести банката за секоја

предвремена отплата во рок од 7 дена, пред датумот на предвремената отплата. Банката е

должна да го извести корисникот за сите настанати промени во врска со промените во

каматата, месечниот ануитет и др. со доставување нов план за отплата на кредитот.

Отплатата се врши во евра или денарска противвредност, пресметана според средниот

курс на НБРМ , што важи за паритетот EUR/МКД, котиран на индикативната курсна листа

на Централната банка на Република Македонија на денот на исполнување на обврската,

согласно Закон, подзаконски акти и интерни акти на банката. За време на грејс периодот

се пресметува интеркаларна камата23

според соодветна каматна стапка на годишно ниво,

што втасува за плаќање секој последен календарски ден од месецот, од секоја кредитна

година. Исто така, за казнените камати е јасно детализирано дека на втасаните, а не

платени обврски за кредитот, во роковите и според условите утврдени со договорот,

банката пресметува и наплатува казнена договорена камата за соодветната валута.

Стапката на договорената казнена камата е променлива, зависно од височината на

утврдената законска камата за соодветната валута и актите на банката, а таа може да

изнесува најмногу до 50% повисоко од утврдената законска казнена камата за соодветната

валута. Пресметката на казнената камата се врши со примена на декурзивниот едноставен

каматен метод на втасаната главнина, без додавање на казнената камата на главината.

Кога пресметката на казненаната камата се врши за пресметковен период подолг од една

година, тогаш износот на должничката казнена камата се добива така што резултатот

добиен со множење на главнината, стапката на казнената камата и бројот на годините на

задоцнување ќе се подели со 100. Кога пресметката на казнената камата се врши за

пресметковен период пократок од една година, тогаш износот на должничката казнена

камата се добива така што резултатот добиен со множење на главнината, стапката на

казнената камата и бројот на деновите на задоцнување ќе се подели со бројот 36.500,

23 Интеркаларна камата е онаа што се пресметува и наплатува за време на користењето на кредитот, односно

до моментот кога се започнува со отплата на кредитот. Таа се пресметува од моментот на исплата до првата

уплата на кредитот. На пример, ако кредитот е подигнат на 15 мај, првата рата ќе се плаќа на 1 јули, а

интеркаларната камата ќе се пресметува до 1 јули, и ќе се плати во првите денови од јули.

Page 40: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

40

односно со 36.600 кога годината е престапна. Кога станува збор за не исполување на

обврските се наведуваат случаите заради коишто настанало тоа, а такви се:

ако корисникот не плати втасаната рата во рок од 15 дена од денот на нејзиното

втасување;

ако не ги извршува уредно обврските за други договори со банката;

ако корисникот престанал да ги исполнува условите за кредитна способност

утврдени со законските прописи, актите и деловната политика на банката;

ако корисникот го употреби кредитот спротивно од намената од договорот за

кредит;

ако корисникот својата опрема, односно опремата што е финансирана со

кредитот, ја оттуѓи или оптовари без претходно добиена согласност од банката.

Притоа корисникот потврдува дека против него не се покренати, односно не се во

процес на покревање какви било судски, управни и извршни постапки за коишто

претходно не ја известил банката. Корисникот потврдува дека го прочитал договорот во

целост и е запознат со сите одредби. Тој се обврзува веднаш да ја извести банката во

случај на настанување одделни последици што би можеле да влијаат врз договорот како и

редовната отплата на ратата на кредитот. Исто така, тој се обврзува дека нема да користи

други кредити или позајмици од банката, без претходна писмена согласност од неа.

Корисникот, натаму се обврзува дека имотот што е наведен како обезбедување ќе го

осигура од ризици со полиса за осигурување, винкулирана во корист на банката за целиот

период на времетраењето на кредитот. Во таа смисла, тој се обврзува да врши и проценка

на вредноста на имотот што е предмет на залог минимум еднаш годишно, односно до

конечното подмирување на обврските. На крај корисникот се обврзува да ја чува и

одржува целокупната релевантна книговодствена документација согласно со

конзинстетните сметководствени практики за работењето. Тој е должен до банката

редовно да доставува годишни финансиски извештаи, согласно законската регулатива,

штом ќе заврши годината, но најдоцна до 30.04 во годината за претходната година. Во

случај на не исполнување на ваквата обврска, корисникот изјавува дека банката може да

ги набави податоците од завршната сметка на кредитокорисникот од Централниот

регистар на Р.Македонија. Кредитокорисникот се согласува податоците во врска со

Page 41: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

41

договорот, што се сметаат за банкарска тајна, банката да може да ги направи достапни за

Кредитниот регистар, Кредитното биро и други органи и овластени лица во сите случаи

предвидени со закон.

2.3.5 Општи услови за одобрување кредит

Постапката за започнување на кредитниот процес стартува со определување на

општите услови, што се презентирани во табела и тие треба да бидат достапни како за

кредитобарателот, така и за кредитодавателот. Вработените во “Халкбанк” на барателите

им ги доставуаат овие обрасци за да бидат пополнети од нивна страна. Формуларот ги

содржи следниве податоци:

1.Податоци за кредиторот/кредитниот посредник

Податоци за кредиторот Податоци за кредитниот посредник

Колона 1 Колона 2

Назив на кредиторот Назив на кредитниот посредник

Адреса на којашто е достапен кредиторот Адреса на којашто е достапен кредиторот

Број на телефон* Број на телефон*

Електронска адреса* Електронска адреса*

*овие информации не се задолжителни за кредиторот/кредитниот посредник

Page 42: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

42

2.Податоци за кредитниот производ

Вид на кредитот (Се опишува видот на кредитот)

Вкупниот износ на кредитот што вклучува:

Валутата во којашто е изразена

главнината;

Вкупниот износ во денари, за

кредити одобрени во денари;

Вкупниот износ во странска

валута, за кредити одобрени во

странска валута;

Вкупниот износ во денари како

противвредност на странска

валута, за кредити одобрени во

странска валута;

(износот треба да биде изразен како сума на пари или

пак описно, ако височината зависи од друга големина);

(денари,евра,долари во денар поврзан со вредноста на

еврото или друга валута);

(износ во денари);

(износ во странска валута);

(износ во денари и износ во старнска валута);

Траење на договорот за кредит; (рок на договорот за кредит или наведување, доколку

нема рок);

Износ за поединечните плаќања и

редоследот на пристигнување на ратите

што треба да се платат;

(поединечни плаќања и редослед на плаќањата кои

потрошувачот е должен да ги изврши подетално за

главнината, каматата и надоместоците);

Опис на стоката или услугата и нејзината

цена во готово, ако кредитот е во форма на

одложено плаќање за одделни стоки и

услуги поврзани со договорот за кредит;

(опис на стоката или услугата);

(цена во готово);

Гаранции за кредитот; (опис на инструментот што се бара како обезбедување);

Обврска за склучување договор за

дополнителни услуги;

(вид и опис на договорот за дополнителни услуги што се

бараат за одобрување на кредитот);

Посебна сметка на којашто се

евидентираат уплатите и исплатите;

(се наведува дали е задолжително да се отвори посебната

сметка, а ако не е, редот се брише);

Page 43: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

43

3.Податоци за трошоците на кредитот24

4. Останато

Имате право да се откажете од договорот (наведување на правото за откажувањето)

Имате право на целосна или делумна (се наведува износот и процентот на

24 Извор: Народна банка на Р.М- Упатство за изменување и дополнување на формуларот на условите за одобрување кредит.

Колона 1 Колона 2

Вид на каматна стапка

При примена на различни каматни стапки

се наведуваат информации за секојаод нив.

(се наведува видот на каматната стапка, и тоа:

фиксна каматна стапка;

променлива каматна стапка;

Височината на договорената каматна

стапка(изразена во % на годишно ниво).

(процент на договорената каматна стапка на

годишно ниво);

Трошоци за склучување договор за

дополнителни услуги.

(износ на трошоци врз основа на договор за

дополнителни услуги );

Трошоци за водење една или повеќе

сметки на коишто се водат уплатите и

исплатите.

(износ на трошокот за водење на сметките);

Нотарски трошоци што ги плаќа

потрошвачот при склучувањето на

договорот.

Овие трошоци не се вклучени во

пресметаната СВТ.

(опис и износ на нотарските трошоци);

Други трошоци што произлегуваат од

договорот за потрошувачки кредит.

Кредиторот/кредитниот должник е должен

да наведе дека овие трошоци не се

вклучени во пресметаната СВТ.

(опис и износ на другите трошоците и услови

под коишто тие можат да се изменат);

(доколку не е познат износот на овие

трошоци, јасно се наведува дека не е познат,

но дека постои обврска тој да се палти);

Page 44: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

44

предвремена отплата на кредитот. надоместокот);

Раскинување на договорот за

потрошувачки кредит.

(се наведува правото, постапката и условите

за раскинување);

Рок во којшто кредиторот, односно

кредитниот посредник е обврзан со

преддоговорените информации, ако тоа е

применливо.

(ако е применливо, се наведува периодот или

точните датуми во коишто

кредиторот/кредитниот посредник е обврзан

според преддоговорените информации,

содржани во формуларот);

3.КРЕДИТНИ ПРОИЗВОДИ НА “ХАЛКБАНК” НАМЕНЕТИ ЗА ПРАВНИ И

ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Кредитирањето претставува процес што вклучува голем број активности за коишто се

грижат вработените и менаџментот на “Халкбанк”. Оваа банка постојано врши

истражувања на пазарот за да можат да се откријат потребите на клиентите, како и да се

пронајдат можности за да се одобруваат нови кредити што би биле прифатливи за нив.

Ваквите истаражувања, исто така, содржат активности што се однесуваат на анализа на

тековното движење во стопанството, проекциите на идната побарувачка, анализа на

конкуренцијата, како и анализа на трендовите за одделни видови кредитни производи.

Вработените во “Халкбанк” водат агресивна маркетиншка кампања, односно одат на терен

(надвор од просториите на експозитурите), за да ја запозанаат јавноста со кредитините

производи и привлечат нови клиенти, а со постојаните клиенти одржуваат редовни и

блиски контакти, и разговори околу нивните финансиски потреби, при што им ги

презенетираат новите (доколку ги имаат) кредитни производи што ги нудат.

3.1 Оценка на кредитната способност на правните лица

Со започнувањето на постапката за склучување кредити односно “Халкбанк” е должна

да изврши проверка на можноста за тоа колку правните лица се подготвени да го вратат

кредитот. Ваквата оценка е една од централните активности во кредитниот процес, затоа

што од неа зависни квалитетот на кредитното побарување, односно квалитетот на

Page 45: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

45

кредитното портфолио,25

како и проценката на кредитниот ризик. Во тој процес се врши

оценување на способноста на правните лица,26

нивната способност за навремено и

целосно враќање на кредитите, односно се оценува нивниот бонитетот. Имено, при

оценката на бонитетот се земаат предвид екстерните фактори што се однесуваат на

угледот на субјектот што го има на пазарот, професионалноста, стабилноста во

работењето, одговорноста кон обврските, деловната етика, квалитетот во инвестициските

проекти, перспективите и сл. Од пресудно значење за способноста на субјектот за

плаќањето е оценката на:

1. формалната кредитна способност што ја опфаќа деловната способност на правниот

субјект, а се однесува на уписот во судскиот регистар, отворената жиро сметка и доказ

дека не е поведена стечајна постапка;

2. законско-договорна кредитна способност што се однесува на законитоста во

работењето, уредноста и испитување на обврските во претходните периоди, оценка на

ажурноста и уредноста во книговодството, оценка на успешноста на работењето, колку

наменски биле искористени претходните кредити, ликвидноста, солвентноста, како и

одделни показатели за квалитетот на интерната економија;

3. материјално-кредитната способност според којашто може да се оцени дали правниот

субјект има способнот со своето работење и поседуваниот имот да обезбеди доволна

гаранција за покривање на обврските што ќе произлезат од кредитот.

“Халкбанк” во текот на анализите треба да направи разлика меѓу субјектите што ги

исполнуваат и оние што нема да ги исполнат обврските. За да изготви вакви анализи

банката ги користи следниве информации:

1. финансиски извештаи на клиентот;

2. кредитни извештаи за историјата на плаќањата од определен деловен субјект на

други фирми:

25 D.Jakovcevic: Upravlanje kreditnom rizikom u sovremenom bankarstvu, TEB Poslovno savetovanje, Zagreb, 2000, str 119 26 Витанова д-р Гордана: “Финансирање на претпријатијата со кредити”, 2001, стр. 9-13

Page 46: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

46

3. податоци од одделни банки за нивните деловни партнери, т.е нивната кредитна

способност и работењето на фирмата;

4. историја на плаќањата од каде што може да се процени веројатноста дали

субјектот ги има платено претходните обврски.

Со помош на ваквите кредитни информации “Халкбанк” може да добие одговор на голем

број прашања од коиштп најбитни се следниве:

1. какви се можностите и намерите правниот субјект да ги подмири обврските

според договорените кредитни услови;

2. дали работата на правниот субјект е доволно стабилна за да може да биде отпорна

на негативните влијанија во деловното окружување;

3. колкав дел сопствено учество имаат во вкупните извори на финансирање;

4. дали правниот субјект е во можност да обезбеди ликвидни средства за да може да

ги подмири втасаните обврски;

5. дали приложените извештаи содржат реални побарувања и колкава е можноста за

впаричување на залихите што ги поседува;

6. дали прометот што го остварува е доволен и какво е остварувањето на

финансиските резултати во однос на вложувањата;

7. колкав паричен прилив може да оствари;

8. до кој степен остварената добивка може да се намали за да не ја загрози отплатата

на позајмените средства;

9. до која вредност може да се намали вредноста на имотот, а да не се загрози

наплатата на кредитот;

10. дали субјектот има имот со вредност што би била доволна во случај имотот да се

земе како залог за да се осигура отплатата на позајмените средства;

11. колкава може да биде загубата на “Халкбанк” во случај на стечај на субјектот;

12. каква е состојбата на субјектот на пазарот во однос на конкуренцијата;

13. колкав е развојот на секторот во којшто се наоѓа субјектот;

14. каква е тековната и деловната развојна политика;

15. колкав е степенот на искористеност на капацитетите;

Page 47: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

47

16. каква е способноста на менаџментот во раководењето на субјектот и колкава е

продуктивноста на вработените;

17. кои се карактеристиките на пазарот за набавка и продажба на субјектот итн.

Одговорите на овие прашања се добиваат од квантитативните податоци во кредитните

информации, но за да биде оценката за кредитоспособноста на барателите комплетна

потребно е уште да се иднтификуваат и квалитативните податоци. За таа цел постојат

современи методи што постојано се усовршуваат и надоградуваат, а и интересот за нивна

примена е се поголем со оглед на условите за работа што често се покажуваат како

несигурни. Во практиката најкористени методи и постапки што се употребуваат за оценка

на кредитната способност на барателите се следниве: метод за компаративна анализа,

метод за анализа на трендот, метод за анализа на финансискиот потенцијал и метод за

предвидување.

Метод за компаративна анализа. Кај овој метод кредитните аналитичари како

основа за анализа ги користат билансот на успех и билансот на состојба на

кредитобарателот, така што показателите ги користат за да направат споредба со

индикаторите за работењето на одделни референтни вредности што се својствени за

гранката во којашто кредитобарателот припаѓа.

Метод за анализа на трендот. Како основа ги зема податоците од билансот на

успех и состојба, но разликата е во тоа што кај овој метод билансните ставки не се

прикажани само во апсолутни, туку и во релативни вредности, т.е како стапки или

индекси на годишните промени. И со овој метод се врши споредба на показателите, но со

таа разлика што промените се прикажуваат во апсолутни износи, т.е како индекси на

годишните промени за определен период.

Рацио - анализата (анализата на финансиските показатели) е заоснована на рацио

броевите што опфаќаат 4 групи показатели27

:

27 Петрески Горан: “Управување со банките”; но за подетални информации за пресметката на показателите

види кај: Синиша Спасов, Сашо Арсов, “Финансиски менаџмент”, Економски факултет, Скопје, 2004,

стр.75-93; но и во Сашо Арсов, “Финансиски менаџмент”, Економски факултет, Скопје, 2008, стр 47-71

Page 48: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

48

показатели за ликвидноста (Liquidity Ratios) што содржат индикатори со коишто

се оценува способноста на субјектот дали ги исполнува тековните обврски;

показател за активноста (Activity Ratios) со којшто се покажува дали субјектот

ефикасно ги користи расположливите средства;

показател за задолженоста (Leaverage Ratios)со кајшто се покажува степенот на

задолженост и можноста за нови задолжувања, без да се наруши тековното

работење;

показател за профитабилноста/рентабилноста (Profitability Ratios) што опфаќа

индикатори со помош на коишто се утврдува успешноста на вложувањето, како и

водењето на финансиската политика.

Метод за анализа на финансискиот потенцијал. Овој метод се заоснова на анализа

на реконструираниот биланс што се состои од билансот на состојба и билансот на успех,

како и од проекцијата на готовинските текови на деловниот субјект. Анализата на

готовински (паричен) тек помага да се согледаат сите парични приливи и одливи.

“Халкбанк” може да има повеќе доверба во оној субјект што ќе може да докаже и покаже

колку парични средства му се потребни, односно во што ќе бидат вложени средствата и од

каде тие ќе бидат вратени. Про-форма финансиските извештаи се такви аналитички

инструменти што се користат за проверка на кредитните барања, во смисла на

финансиските прогнози.

Методот за предвидување е сличен со про-формата, но со таа разлика што кај него

се даваат прогнози за подолг временски период (5-10 години), независно од тоа колку

долго трае отплатата на кредитот. Составен дел на проекцијата се извештајот за парични

текови, пробниот биланс на состојба и успех.

По завршувањето на овие активности “Халкбанк” треба да донесе одлука за тоа дали

барањето за кредит ќе го одобри или одбие. Во тој контекст, од значајна помош можат да

бидат и субјективните насоки, познати како “петте К на кредитот”, и тоа со:

1. карактерот: се испитува подготвеноста на барателот колку тој е спремен да ги

подмири обврските;

Page 49: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

49

2. капацитетот: помага во одлучувањето за способноста на барателот да ги

подмири кредитните обврски преку деловните парични текови;

3. капиталот: се утврдуваат финансиските резерви на барателот;

4. колатералот: се утврдуваат ветените средства во случај на не исплата;

5. климата: се согледуваат општите економски услови28

.

За кредитниот референт е најтешко да го определи карактерот на кредитобарателот,

за тоа што преку него треба да се утврди желбата на комитентот за враќање на кредитот.

Како извор на иформација тој може да ја користи апликацијата за кредит и кредитниот

регистар. Доколку барателот е комитент на банката, во тој случај многу полесно може да

се дојде до валидни информации за него, односно да се виде целата негова историја во

врска со сите негови одливи и приливи на парични средства. Но, во случај барателот да не

е комитенет на банката, тогаш се доставува барање до кредитниот регистар за да се добие

историја за неговите приливи и одливи. Со помош на капацитетот се утврдува

способноста на комитентот за отплатата на кредитот, односно се утврдува колкав дел од

приходите ќе остане откако ќе се одбијат сите трошоци, а тоа се прави со помош на

периодичните отплати. Со капиталот се оценува имотната состојба што истовремено

влијае врз способноста на комитентот за враќање на кредитот. Колатералот всушност, е

секундарниот извор за плаќањето, а како таков може да биде имотот што е финансиран од

бараниот кредит, некој друг имот што го поседува барателот на кредитот или, пак, некоја

лична гаранција. Додека, пак, со климата се определува влијанието на промените од

економска природа што можат да придонесат да се наруши способноста за плаќање во

случај на пропаѓање на некоја деловна активност, а со тоа не би можело да се оствари

приходот што се очекувал.

3.1.1 Кредитно интервју

Процесот на кредитирање на правните лица, практично, започнува во моментот кога

правното лице ќе реши да поднесе барање за одобрување кредит. За таа цел во одделот за

кредититање правни лица барателот се обраќа до кредитните референти, т.е аналитичари

28 Понекогаш во литературата се наведува уште еден елемент во анализата, а тоа е усогласеноста. Овде не се

врши анализа на кредитобарателот, туку анализата е поврзана со банката и се однесува на нејзината

усогласеност со банкарската регулатива и законите воопшто.

Page 50: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

50

за тоа што точно бара, за која намена е барањето и кои се способностите што ги

поседува, при што започнува процесот на кредитното интервју29

. Имено, со текот на

интервјуто се добива двонасочна размена за битни и почетни информации од страна на

референтот на “Халкбанк” и претставникот на деловниот субјект. На тој начин

“Халкбанк” добива една претходна слика за целта на кредитобарателот за што се бара

кредит, неговата способност, како и подготвеноста за навремена целосна отплата на

кредитот. Исто така, преку прашањата што кредитниот службеник му ги поставува, се

добиваат одговори коишто водат кон откривање на неговите идни планови, финансиските

потреби, намената на кредитот, карактерот, чесноста, некој “блед” впечаток за тековната

финансиска способност за којашто подоцна ќе се извршат детални анализи за да се увиди

точната финансиска способност и слично, а сите тие се од пресудно значење за тоа дали

постои добра основа за одобрување на кредитното барање или пак за негово одбивање.

Банкарскиот службеник, преку разговорот, најпрвин се труди да се запознае со историјата

на бизнисот со којашто клиентот се занимава. За таа цел е потребно да се достави и бизнис

план преку којшто ќе се разбере суштината на бизнисот, визијата, деловните идеи и

стратегијата. Искустовото на кредитобарателот исто, така, е битен елемент, па затоа при

доставувањето на кредитното барање, е потребно да се достави уште и кратка биографија

и професионално резиме на кредитобарателот. Исто така, кредитниот службеник, при

кредитното интервју, го известува клиентот усно дека по поднесување на кредитното

барање ќе биде потребно да се достави и обемна документација, што се состои од

финансиски извештаи за одделни години, одлука на надлежниот орган за управување за

користење на кредитот, склучени договори или преддоговори за набавка или продажба,

спецификација на постојаните и обртни средства, изводи од банкарски сметки, различни

дозволи и согласности од државата и слично. Поволниот впечаток од кредитното интервју

води до теренска посета на деловниот субјект, од кадешто би се добиле дополнителни

информации за дејноста, организацијата, органите на управување и состојбата на имотот.

Од извршеното интервју деловниот субјект се стекнува со следниве информаци: износот

на кредитот што може да го добие, износот на каматата, провизијата, други трошоци

поврзани со кредитот, рокот за отплата, инструментите за обезбедување, времето за тоа

29 Директен и личен контакт меѓу кредитниот службеник и претставникот на деловниот субјект.

Page 51: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

51

колку ќе трае целата постапка се додека се добие кредитот, документацијата што треба да

се достави итн.

3.1.2 Анализа на кредитното барање

По завршеното интервју деловниот субјект треба до банката да ја достави

потребната документација. По обезбедувањето на апликацијата за кредит, т.е барањето за

кредит заедно со целата документација, се пристапува кон кредитна анализа. Од

кредитната анализа30

можат да се извлечат некои првични показатели, па доколку тие се

позитивни се врши посета на комитентот на лице-место при што се врши увид во

бизнисот, и се води разговор со менаџментот на деловниот субјект. При ваквата посета

вработените во “Халкбанк” можат да се соочат со одделни проблеми. Некои од тие

проблеми се однесуваат на невистинитоста на податоците во документите што доведуваат

до отежнување на правилната оценка за деловниот субјект. Според досегашните анализи,

може да се види дека голем дел од македонските ентитети доставуваат невистинити

извештаи за да покажат помала или повисока добивка за да имаат подобра кредитна

оценка од страна на “Халкбанк”. Според кредитните аналитичари, за бонитетен субјект се

смета оној кој има добро финансиско работење, добро обезбеден пласман за производите,

позитивна проекција на паричните текови од производите, како и ефикасно раководство

од менаџери со развојни планови. Банката може да го оцени позитивно барањето на

клиентот, доколку покаже: транспарентност во презентирањето на неговата целокупна

слика, реално и ажурно сметководство, подготвеност за реално одговарање на

поставените прашања за работењето на деловниот субјект, како и готовност за водење

дискусии за можните предизвици или можните проблеми што можат да настанат,

постоење јасна долгорочна визија за компанијата и сл. Решавањето дали кредитното

барање да се одобри или не во “Халкбанк” се носи од страна на најмалку два кредитни

30 Повеќе на ниво на Р.Македонија кај: Коцева Јадранка: “Кредитни процедури и кредитни анализи на

комерцијалните банки во Р.Македонија и нивното влијание врз кредитното портфолио”, Универзитет “Св.

Кирил и Методиј”- Скопје, Економски Институт, 2011, стр. 70-95

Page 52: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

52

службеника, доколку се работи за мали кредити. Но, за да нема субјективност во

одлучувањето е предложена поединечна одговорност за вработените кои се надлежни. За

секој вработен е евидентирано нивото на ризик на кредитното портфолио што директно

или индиректно се рефлектира врз системот за наградување, а тоа придонесува до носење

правилна одлука. Но, сепак, крајната одлука ја носат директорот на секторот за

кредитирање, генералниот директор и управниот одбор кога се работи за големи кредити.

Одлуката за кредити над 10% од гарантираниот капитал на банката ја носи одборот за

раководење со ризикот или управниот одбор за да се зголеми контролата и одговорноста

при одобрувањето на кредитот. Кога се одобруваат кредитните производи е неопходно да

се направи посеопфатно истражување пред кредитите да се одобрат на физичките или

правните лица, па затоа се составува детален кредитен профил којшто, обично, се креира

кога се одобруваат поризични кредити, какви што се, на пример, хипотекарните со

ризичен или, пак, со значителен залог. Во деталниот кредитен профил се вклучува

проверувањето на специфичните детали во апликацијата за кредит, како што се: статусот

на вработување, адресата, платата, промените во однос на претходно обезбедените

информации, хипотеката или залогот, верификацијата на адресата и други податоци што

се обезбедени за постојаните или претходните доверители. Натаму овој профил се рангира

за да се направи проценка на ризикот. Со овој процес се нумерира кредитниот скоринг за

физички или правни лица со што се олеснува постапката да се направи брза проценка за

веројатноста дека апликантите редовно ќе го сервисираат кредитот. Овој процес се

реализира преку компјутерска матрица врз основа на специфични критериуми, во однос

на информациите за претходно задоцнетите плаќања и нивото на долг (втасан, одобрен и

неискористен). Овие критериуми се пондерираат, а потоа се сумираат во единствено

рангирање, при што рангирањето се споредува со карактеристиките на вкупната

популација во портфолиото, така што со анализа на рангирањето банкарскиот службеник

може да ги процени потенцијалните позајмувачи, во споредба со другите позајмувачи. За

“Халкбанк”, како доверител, постои опција да добие предупредување за апликациите на

кредитобарателите во случај неговите информации да се неконзистентни со базата на

податоци на кредитните бироа што можат да се однесуваат на: адресата, статусот на

вработување или некои други лични податоци, потоа може да биде предупредено ако

кредитобарателот е обвинет во некоја кривична или граѓанска постапка, дали тој има друг

Page 53: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

53

долг или задоцнети плаќања, развод, преселба, губење работа и др. Ова кредитно

предупредување се користи како систем за рано предупредување за потенцијална

измамничка апликација со што на доверителот му се сигнализира, при водењето на

кредитната постапка, да се посвети поголемо внимание.

3.1.3 Кредитно истражување

По извршеното кредитно интервју, постапката продолжува со анализа на

кредитното барање. При анализата на кредитното барање големо внимание се посветува

на: финансиската анализа (financial analysis), што започнува со анализирање на

финансиските извештаи (билансот на состојба, билансот на успех и извештајот на

паричните текови). Финансиската анализа овозможува следење на финансиската состојба

на кредитобарателот по одобрувањето на кредитот. Оттука, анализа на финансиските

извештаи е потребно да се има предвид дејноста на кредитобарателот, финансиската

политика, фазата на животниот циклус во којашто се наоѓа, , пазарните услови, како и

некои други фактори што можат да имаат влијание врз извештаите (билансот на состојба,

билансот на успех и извештајот на паричните текови)31

.

Почетната анализа започнува со анализирање на билансот на состојба, од каде

што се добива претстава за височината и структурата на средствата, обврските и

капиталот. Тоа се значајни информации за кредитната способност на клиентот.

Значајноста на овие информации е во тоа што од билансот на состојба се добива увид во

имотот со којшто располага деловниот субјект, а претставува обезбедување на кредитот,

структуртата и ликвидноста (со колкав износ обртни средства располага) на средствата,

заради поврзаноста со височината на залихите и побарувањата од купувачите, што е многу

битно бидејќи со нивната наплата постои можност да се исплати кредитот, потоа нивото

на задолженост, односно информации во врска со височината и структурата на обврските

(краткорочните, наспроти долгорочните обврски). Билансот на состојба придонесува за

31 Петрески Горан: ”Управување со банките”; Но, постојат и други одлични книги од областа на анализата

на финансиските извештаи, на пример, Gerald I. White, A.C. Sondhi, D.Fried, The Analysis and Use of Financial

Statements (third edition), John Wiley & Sons, 2003

Page 54: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

54

информираност во врска со нето-вредноста на друштвото, односно со големината на

капиталот, како мерка за финансиската моќ и капацитетот на задолжување. Кредитниот

аналитичар треба да посвети внимание не само на овие информции, туку и на износот на

нето обртните средства на клиентот.

Преку билансот на успех кредитниот аналитичар доаѓа до информации за обемот и

структурата на приходите и расходите на клиентот што, исто така, се важни за оценување

на кредитната способност. Искуствата на кредитните аналитичари на “Халкбанк”

покажуваат дека анализата само на билансот на состојба и билансот на успех може да

даде погрешна претстава за финансиската состојбата на клиентот, како резултат на

карактерот на сметководството што овозможува ограничена употреба на податоците.

Поточно, сметководствената евиденција се води врз пресметковна основа, што значи дека

одделни приходи, расходи, средства и обврски се евидентираат тогаш кога настанале,

независно од тоа дали тие претставуваат парични приливи или одливи. На пример,

приходите од продажба се евидентираат како приход, иако продадените производи се

уште не се наплатени. Оттука, според овие извештаи, деловниот субјект може да покаже

добивка во билансот на успех, но тој да нема доволно парични приливи за отплатата на

кредитот. За таа цел е потребна анализата на извештајот за паричниот тек.

Извештајот на паричниот тек дава одговор на две основни прашања: прво,

како деловниот субјект го финансира своето работење; и второ, дали тој остварува

доволно парични приливи за уредна отплата на кредитот? од овој извештај се согледува

врската меѓу билансот на состојба и билансот на успех, затоа што се прикажуваат

изворите на средствата и нивната употреба. Значи, од извештајот на паричните текови се

открива како се финансира набавката на средствата и за што се употребени парите, од

каде се подмируваат обврските и сл.

Овај извештај е составен од три дела, и тоа: паричен тек од основната дејност,

што ги покажува оперативните приливи и одливи коишто произлегуваат од редовното

работење; паричните текови што произлегуваат од инвестирањето, а вклучуваат промени

во долгорочните средства (набавка и продажба на згради, опрема, инвентар и

нематеријални средства, како и инвестирање во хартии од вредност); и паричните текови

од финансирањето што ги прикажуваат приливите и одливите коишто се поврзани со

Page 55: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

55

исплатата на долговите, исплатата на дивидендата, како и издавањето на сопственички и

должнички хартии од вреднот.

Од аспект на кредитниот ризик, информациите што се добиваат од податоците од

извештаите немаат големо значење, ако се однесуваат на податоците од тековната година,

бидејќи деловниот субјект може да има прикажано добивка во билансот на успех, но тоа

не е клучно, затоа што ако во претходните години не ја имал таа добивка значи дека

можно е во иднина неговото работењето да не се покаже како успешно. Токму затоа се

анализираат финансиските извештаи за неколку години за да се утврди каков бил текот на

работењето, со што ќе се добие претстава во која насока се движи субјектот. Со тоа ќе се

добијат сознанија дека тој постојано остварува позитивен финансиски резултат, ќе се види

со колкава стапка растат приходите, дали се зголемувал капиталот, и каква е стапката на

задолженост. Ваквото согледување обезбедува позитивна претстава, но притоа постои

можност да се добие и негативна претстава, ако од анализите од година-во година се

покаже дека деловниот субјект имал обврски што постојано му се зголемувале. Или

постои можност да се докаже дека добивката е нестабилна, затоа што таа во одделна

година ја имало, но во друга ја немало, што е знак дека работењето не е проследено

наназад редовно со позитивен резултат. Практиката покажува дека постојат и примери

што укажуваат на тоа дека овие податоци можат да наведат и на погрешен заклучок. На

пример, ако од временската анализа на билансот на состојба се покаже дека со текот на

времето вредноста на залихите се зголемува, тоа може да биде лош сигнал за ликвидноста,

од една страна, но од друга страна, и не мора да значи зашто можно е тоа да се реши со

зголемен обем на работење. Во тој случај, со помош на показателите од финансиските

извештаи може да се збогати финансиската анализа и да се надополни со пресметка на

релативните (процентуални) показатели. Од наведниот пример ќе се добие појасна слика,

односно ако залхите растат не само во апсолутен, туку и во релативен процент од

вкупните средства тоа е знак дека поголем дел од средствата ќе бидат врзани во залихи, а

тоа би значело дека постои ризик од отежнато враќање на кредитот. Преку анализа на

определени податоци во однос на определени ставки во билансот на успех и билансот на

состојба се добиваат сознанија за: профитабилноста, продуктивноста, економичноста,

рентабилноста, задолженоста и ликвидноста, стапката на враќање на капиталот и сл.

Page 56: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

56

Добивањето на овие сознанија е проследено со пресметка на постојаните показатели, што

се наведени натаму.

Показателот на ликвидноста (liquidity ratios) ја мери способноста на друштвото да

обезбеди доволно парични средства со коишто може навремено да ги подмирува

обврските. Овој показател има пресудно значење кога се одбруваат краткорочни кредити,

бидејќи и самиот има краткоорчен концепт. Најзначајни показатели за ликвидноста се

прикажани во следното равенство:

Нето-обртен капитал = обртни средства – краткорочни обврски;

Нето-обртниот капитал (net working capital) е општа мерка за мерење на способноста на

клиентот да ги подмирува навреме краткорочните обврски, така што кога показателот е

поголем од 1 (единица) тоа значи дека клиентот има поголема ликвидност; или

Тековна ликвидност = обртни средства / краткорочни обврски.

Показателот за тековна ликвидност (current ratio) на кредитниот аналитичар му

покажува со колкав износ на обртни средства располага ентитетот, односно кога

показателот е поголем од 1, (единица) тогаш и ликвидноста е поголема, но ако

показателот е поголем од 2 (два), тогаш клиентот поседува доволна ликвидност. Меѓутоа,

недостатокот на овој показател е дека тој ги вклучува сите обртни средства (заедно со

залихите), без оглед на тоа колку брзо тие се претвараат во пари во следниот период. За да

се елиминира овој недостаток се користи показателот на моментална ликвидност, т.е.:

Моментална ликвидност = (обртни средства – залихи) / краткорочни обврски;

Предноста на овој показател е во тоа што тука се земени предвид само парите и обртните

средства што можат брзо да се претворат во пари, како што се краткорочните хартии од

вредност и побарувањата од купувачите.

Показатели на активноста (activity ratios) се оние што ја покажуваат оперативната

активност на субјектот (operating efficency), односно колку брзо тој е подготвен ефикасно

да ги користи средствата. Со овие показатели се претставува брзината што е потребна за

Page 57: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

57

да се претворат средставта во парична форма. Во рамките на овие показатели влегуваат и

следниве:

Обрт на вкупните средства = приходи од продажба / вкупни средства.

Показателот на обртните средства (asset turnover ratio, sales to asset ratio) ја претставува

општата мерка за брзината со којашто средствата се претвараат во пари. За

надополнување на овој показател се користат пресметки и на други показатели, како што

се: обртот на побарувањата од купувачите, што се добива кога приходите од продажбата

ќе се поделат со просечните побарувања од купувачите; обртот на постојаните средства,

што се добива кога приходите од продажбата ќе се поделат со просечниот износ на

постојаните средства итн.32

За утрвдување на ефикасноста во управувањето со залихите

постои показателот за обрт на залихите (inventory turnover ratio), т.е.:

Обрт на залихите = приходи од продажба / залихите 33

Врз основа на овој показател може да се пресмета и просечното време на врзување на

средствата во залихи (age of inventory), т.е.:

Просечен период за врзување на залихите = 365 / обрт на залихи.

За успешноста на деловниот субјект е битна наплатата на побарувањата од купувачите

што се мери преку показателот просечен период за наплата на побарувањата (average

collection period) којшто покажува за колку денови клиентот може да ги наплати

побарувањата, односно просечно за колку денови побарувањата можат да се претворат во

пари. Но, за да се пресмета овој показател најпрвин треба приходите од продажбата да се

поделат со бројот на денови во годината, така што се добива просечниот дневен приход од

продажбата, односно:

32 При пресметка на показателите за обртот на средствата се јавува проблемот за неспоредливост на податоците од билансот на успех, што се однесуваат на целиот пресметковен период, и податоците од билансот на состојба, што се однесуваат на последниот ден од пресметковниот период. За таа цел, во сите формули за пресметка се зема предвид просечниот износ на средствата, а тој се пресметува како проста аритметичка средина од почетниот и крајниот ден на пресметковниот период. 33 Овој показател може да се пресмета и така што, наместо приходите од продажба, да се земат трошоците за продадени производи.

Page 58: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

58

Просечен период за наплата на побарувањата = просечни побарувања од купувачите /

посечен дневен приход од продажбата.

Покрај побарувањата од купувачите, на сличен начин може да се добие и показателот за

просечното време за исплата на обврските (average payment period), така што притоа

акцентот се става на времето изразаено во денови што се потребни за деловниот субјект да

ги плати своите обврски кон добавувачите. Ако овој показател е поголем, тогаш потребата

од финансирање на деловниот субјект од банкарски кредит е помала. Како и во

претходниот, така и во овај случај за да се дојде до показателот е потребно најпрвин да се

пресмета просечниот дневен износ на набавките, што се добива преку проценка на

процентуалното учество на набавките во трошоците на продадените производи или:

Просечен период за исплата на обврските = обврска кон добавувачите / просечна дневна

набавка.

Показателите за профитабилноста (profitability ratios)34

се јавуваат како крајна мерка

на ефикасноста на работењето на деловниот субјект. Овие показатели го покажуваат

успехот во работењето, односно покажуваат колку друштвото е способно во

остварувањето приходи за да можат да се покријат вкупните трошоци и да се обезбеди

соодветен надоместок за сопствениците на капиталот. Пресметката на овие покзатели се

врши на следниов начин:

Принос на средствата = нето-добивка / вкупни средства;

Принос на капиталот = нето-добивка / акционерски капитал.

Но, профитабилноста може да се оцени и преку следните два показатели на профитната

маржа: бруто-профитна маржа (gross profit margin) и нето-профитна маржа (net profit

margin). Овие показатели се утврдуваат според следново равенство:

Бруто-профитна маржа = (приходи од продажба- трошоци на продадени производи) /

приходи од продажба;

34 Повеќе за анализата на профитабилноста во однос на клиентот види кај: Timothy W. Koch, S. Scott

MacDonald, Bank Menagement (Fifth edition), Thomson/South-Western, 2003, стр. 639-689.

Page 59: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

59

Нето-профитна маржа = нето-добивка / приходи од продажба.

Бруто-маржата ја покажува бруто добивката што ја остварува деловниот субјект на 100

денари приходи од продажба, што служат најпрвин за покривање на оперативните и

другите расходи во работењето, а додека пак нето-профитната маржа покажува колкава е

чистата добивка на 100 денари приходи од продажба.

Показатели на задолженоста (leverage ratios) се оние што ја покажуваат врската меѓу

обврските и капиталот, односно го презентираат начинот на финансирање на друштвото.

За “Халкбанк” овој показател има големо значење при кредитната анализа за одобрување

долгорочни кредити. Имено, ако клиентот има повисока задолженост, тоа значи дека има

поголеми расходи за финансирање, што упатува на потребата да оствари поголем приход

за нивно покривање. На тој начин се доаѓа до зголемување на променливоста на

добивката, а со тоа се зголемува и ризикот од несолвентност. Постојат две групи

показатели, така што едните се заосноваат на податоците од билансот на состојба и го

покажуваат степенот на задолженост, а во другата група се показателите што се

заосноваат на податоците од билансот на успех ја покажуваат способноста за

подмирување на обврските кон добавувачите, т.е.:

Вкупна задолженост = долгорочни обврски / вкупни средства.

Показателот за вкупна задолженост (debt rato, leverage ratio) на кредитните

аналитичари на “Халкбанк” им покажува колкав дел од средствата се финансираат од

туѓи извори, односно од задолжување, што е презентирано преку формулата:

Долгорочна задолженост = долгорочни обврски / вкупни долгорочни извори.

Показателот за долгорочна задолженост (capitalization ratio, long term debt to capital

ratio) го покажува учеството на долгорочниот долг во вкупните долгорочни извори на

финансирање, односно:

Покриеност на каматните расходи = оперативна добивка / каматни расходи

Показателот за покриеноста на каматните расходи (times interest earned, interest

coverage) покажува дали добивката, остварена од редовното работење што го има

Page 60: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

60

клиентот, е доволна за исплата на каматните расходи. Ако овој показател е поголем од 1

(единица), тогаш деловниот субјект има поголема способност уредно да ги покрива

расходите. Во оваа формула како броител се зема оперативната добивка, односно

добивката пред исплатата на каматите и даноците.

Меѓутоа, со анализирањето на финансиските извештаи се добиваат податоци за

работењето од минатото, а за “Халкбанк” е битно како кредитот ќе се отплаќа од идните

парични приливи. Токму затоа, кредитните аналитичари на “Халкбанк” од

кредитобарателот бараат да достави проектиран финансиски извештај (про форма), т.е.

извешти на паричните текови за следните неколку години од каде ќе се покаже

способноста на друштвото да остварува доволно парични приливи за уредна отплата на

кредитот.

3.2 Утврдување на кредитниот рејтинг на клиентот преку квантитативна и

квалитативна анализа

Квантитативната и квалитативната анализа за утврдување на кредитниот рејтинг

најлесно може да се презентира преку финансиските извештаи на деловниот субјект

“Извор.” Овој деловен субјект се занимава со производство на електронски уреди, а има

поднесено барање за, добивање кредит од “Халкбанк”. Од информациите кои им се

презентирани на кредитните аналитичари на “Халкбанк” за деловниот субјект “Извор”

јасно е дека се работи за ентитет што е новосоздаден и работи само две години.

Долгорочениот кредит којшто ентитетот го бара од “Халкбанк” со рок на втасување 4

години и отплата со еднакви тримесечни рати е наменет за набавка на нова машина со

којашто ќе се овозможи задоволување на барањата на купувачите и зголемување на

обемот на производство.со одговорниот менаџер на деловниот субјект, по поднесувањето

на барањето за кредит, кредитниот аналитичар на “Халкбанк” прави интервју, односно тоа

го врши овластеното лице, на деловниот субјект. По спроведентото интервју деловниот

субјект-барател на кредитот до банката поднесува биланс на состојба и биланс на успех.

Бидејќи ќе се споредуваат расположливите податоци само за дветте последни години

аналитичарот не е во можност да изврши целосна временска анализа за да го утврди

трендот на работата, но тој е во можност да ги согледа настанатите промени кај

средствата, обврските, капиталот, приходите, расходите, како и финансискиот резултат, а

Page 61: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

61

од временската анализа може да ги пресмета релативните показатели што го покажуваат

поединечното учество на одделни билансни ставки во вкупните средства, односно во

вкупните приходи.

Пример за оваа активност е презентираниот биланс на состојба од “Извор” АД

Битола за периодот од 2012 год./ во илјади ден.

Биланс на состојба на “Извор” АД Битола 31.12.2013 год. (Вредностите се искажани во

илјади ден. (истото важи и за колоната за 2012 година.)

Опис 2013 Структуа(%) 2012 Структура(%

)

Промена 2013

2012 %

Просек во

дејноста

Средства:

Пари

Хартии од вредност

Побарувања од купувачи

Залихи

Претплатени трошоци

Обртни средства

Постојани средства, бруто

Минус: Исправка на вредноста

Постојани средства, нето

Вкупно средства

8 700

4 900

88 200

72 300

2 800

176 900

145 600

64 400

81 200

258 100

3,4

1,9

34,2

28,0

1,0

68,5

56,4

24,9

31,5

100,0

9 100

7 600

68 100

55 800

3 300

143 900

120 700

52 100

68 600

212 500

4,3

3,6

32,0

26,3

1,5

67,7

56,8

24,5

31,3

100,0

-4,4

-35,5

29,5

29,6

-15,1

22,9

20,6

23,6

18,4

21,5

5,2

2,5

28,6

24,1

1,2

61,6

61,1

22,7

38,4

100,0

Обврски и капитал:

Обврска кон добавувачи

Пресметани неплатени трошоци

Обврски по краткорочни кредити

Други краткорочни обврски

Краткорочни обврски

Издадени обврзници

Обврски по долгорочни кредити

Вкупно обврски

Издадени обични акции

Капитал вишок

Задржана добивка

Вкупно капитал

Вкупно обврски и капитал

64 200

4 400

48 600

6 300

123 500

13 00

44 200

180 700

48 000

3 500

25 900

77 400

258 100

24,9

1,7

18,8

2,4

47,8

5,0

17,2

70,0

18,6

1,4

10,0

30,0

100,0

52 600

6 800

36 500

11 300

107 200

9 600

30 000

146 800

45 000

2 600

18 100

65 700

212 500

24,7

3,2

17,2

5,3

50,4

4,5

14,2

69,1

21,2

1,2

8,5

30,9

100,0

22,0

-35,3

33,1

-44,2

15,2

35,4

47,3

23,1

6,7

34,6

43,1

17,8

21,5

20,3

2,6

20,4

4,1

47,4

8,2

22,1

77,7

15,7

1,6

5,0

22,3

100,0

Од податоците што се прикажани во билансот на состојба може да се константира

дека деловниот субјект “Извор” бележи брз раст, како резултат на интензивните деловни

активности со што забрзано се зголемуваат средствата, односно има раст за 21,5%.

Кредитниот аналитичар, во овој случај треба е да изврши детално анализирање, затоа што

се работи за новосоздадено друштво. Од податоците во билансот на состојба може да се

забележи дека има спротивни промени кај обртните средства, т.е во 2013 година се

забележува намалување на најликвидините средства (пари и хартии од вредност) во однос

Page 62: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

62

на 2012 година, а помалку кај ликвидните средства (побарувања од купувачите и

залихите) каде што има зголемување за 30%. Бидејќи ДООЕЛ “Извор” е во почетна фаза

на животниот циклус, разбирливо е дека намалувањето на парите и хартиите од вредност е

проследено со големите вложувања поврзани со зголемувањето на производството и

освојувањето на пазарот. Во овие анализи кредитниот аналитичар става акцент на растот

на обртните средства, бидејќи тој се јавува како резултат на зголемените побарувања од

купувачите и зголемените залихи, а тоа може да значи дека клиентот има проблем со

продажбата на производите, но и со наплатата на побарувањата од купувачите. Во

билансот на состојба се презентирани податоци и за изворите од коишто се финансира

друштвото. Според овие податоци, капиталот во 2013 год. бил зголемен за 18% во однос

на 2012 година, што било резултат на задржаната добивка, како последица на високата

пофитабилност во претходната година. Во 2013 година биле зголемени обврските за 23%,

и тоа долгорочните биле повеќе зголемени во споредба со краткорочните обврски. Исто

така, преку анализа на податоците од билансот на состојба се добиваат информации за

промените кај обртните и постојаните средства. Обртните средства (парите и хартиите од

вредност) се намалени и во апсолутен износ, а со релативните показатели тоа е докажано,

т.е нивното учество во вкупните обртни средства е намалено за сметка на зголеменото

учество на побарувањата од купувачите и зголемените залихи. Тоа значи дека промената

кај овие ставки е иста. Но, разлика може да се забележи кај билансните ставки на

постојаните средства коишто, во апсолутен износ, во 2013 год, бележат раст, а додека пак

релативните показатели покажуваат дека тие во 2013 год. бележеле намалување, што

значи дека (иако постојаните средства во апсолутен износ бележат раст), релативните

показатели упатуваат на заклучокот дека нивното учество во вкупните постојани средства

е намалено. Со анализата на релативните показатели кај изворите на средства кредитниот

аналитичар забележува дека не е извршена некоја значајна промена во начинот на

финансирање на деловниот субјект, затоа што учеството на обврските и состојбата на

капиталот речиси се исти. Но, извесна промена е забележана кај краткорочните обврски

што се намалиле со истовремено зголемување на процентуалното учество на

долгорочните кредити. Врз основа на споредбените податоците од билансот на состојба

се доаѓа до следниве заклучоци:

Page 63: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

63

деловниот субјект располага со релативно мал износ на пари и хартии од вредност

во споредба со конкуренцијата;

голем дел од обртните средства се наоѓаат во побарувањата од купувачите и

залихите, што може да укаже на проблемот дека продажбата на производите и

наплатата на побарувањата може да биде отежната;

евидентно е дека деловниот субјект, “Извор”, има повисоко учество на обртни

средства во вкупните средства, во споредба со конкуренцијата, а структурата на

обртните средства е неповолна;

деловниот субјект “Извор” работи со релативно помалку постојани средства во

споредба со конкуренцијата, што значи дека има помало производство, па оттука е

и мотивот за барање кредит од “Халкбанк” заради набавување нова машина;

“Извор”, во голема мера, се потпира на сопствени извори, т.е помалку е задолжен

од конкуренцијата, како резултат на конзервативната финансиска политика, но и

фактот дека е ново друштво коштое нема кредитна историја;

туѓите извори на средства имаат помало учество во долгорочните обврски.

Биланс на успех на “Извор” АД Битола, 31.12.2013 год.

Опис 2013 Структура( %) 2012 Структура( %) Промена

2013/2012 %

Просек во

дејност

Приходи од продажба, нето

Трошоци на продадените производи

Бруто – добивка

Расходи за продажбата

Општи и админст. расходи

Амортизација

Други оперативни расходи

Вкупно оперативни расходи

Оперативна добивка

Приходи од камата

Расходи од камата

Курсни разлики

Вондредни приходи

Вондредни расходи

Вк.неоперативни приходи

Добивка пред оданочување

Данок на добивка

Нето-добивка Дивиденди

Задржана добивка

362 100

237 400

124 700

36 700

46 900

12 300

2 700

98 600

26 100

700

-10 800

100,00

65,5

34,4

10,01

12,9

3,4

0,7

27,2

7,2

0,2

-3,0

-0,4

0,1

-0,2

-3,3

3,9

0,3

3,6

1,4

2,1

312 500

190 600

121 900

28 600

32 400

8 800

2 100

71 900

50 000

500

-12 300

-2

100,00

61,0

39,0

9,1

10,4

2,8

0,7

23,0

16,0

0,2

-3,9

-0,9

0,1

-0,8

-5,3

10,7

1,0

9,7

3,8

5,9

100,00

62,4

37,6

8,7

10,9

4,4

0,5

24,5

13,1

0,3

-3,6

-0,5

0,1

-0,3

-4,0

9,1

0,6

8,5

3,4

5,1

Page 64: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

64

Во тој конеткс кредтиниот аналитичар треба да изврши анализа на апсолутните,

реалативните показатели од билансот на успех и показателите за споредба со

конкуренцијата. Според истражувањата се дојде до константација дека во 2013 година

приходите од продажба биле зголемени за 15,9%, но исто така и трошоците биле

зголемени за 24,5% така што сето тоа се одразува бруто-добивката која се зголемила само

за 2,3%. Кредитниот аналитичар на “Халкбанк” има обврска да истражува и

дополнително, да открие зошто трошоците толку се зголемиле, т.е дали тоа зголемување е

затоа што пораснале цените на материјалите и деловите што се вградени во готовите

производи или, пак, постоела неефикасност во процесот на производство. Исто така,

бидејќи во 2013 година оперативните трошоци се зголемиле во голем износ, односно за

40%, потребно е да се утврди која е причината. Поточно, зошто вака зголемените трошоци

предизвикувале намалување за половина на оперативната добивка во споредба со 2012

година, а што е уште полошо намалувањето на добивката пред оданочување и нето-

добивката било 60%. Овие резултати се особено алармантни за кредитниот аналитичар,

зашто давааат загрижувачки сигнал за кредитната способност на деловниот субјект, пред

се затоа што се работи за новосоздадено друштво кое работи само 2 години, па тешко е да

се утврди дали се работи за привремено влошување на состојбата или за трајно

намалување на неговата ефикасност и профитабилност. Токму за тоа се врши анализа на

релативните показатели во билансот на успех. Од нив се гледа влошувањето на

ефикасноста на “Извор”, т.е и тука трошоците на продадените производи се зголемени од

61% на 65% од приходите од продажба. Исто така, во 2013 година дошло до зголемување

на учеството на оперативните трошоци во приходите од продажба од 23% на 27% , па како

резултат на тоа логично било бруто-добивката, оперативната-добивка и нето-добивката да

бидат влошени. Секако дека кредитниот аналитичар продолжува со анализата на

билансот на успех, т.е ги анализира и ги споредува релативните показатели со

показателите на ниво на дејноста во којашто работи клиентот, од каде што јасно се гледа

дека тој помалку е ефикасен во споредба со останатите друштва што се занимаваат со иста

дејност. Значи, кредитобарателот, “Извор”, се одликува со ниска профитабилност, во

споредба со другите друштва, односно оперативната добивка од продажбата на

производите кај него е 7%, а додека пак просекот кај другите друштва е 13%. Кредитниот

Page 65: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

65

аналитичар на “Халкбанк” за деловниот субјект “Извор” врши и анализа на показателите

за ликвидност, профитабилност, ефикаснот и задолженост на клиентот.

Оценката на ликвидноста на “Извор” се пресметува според показателите за тековната и

моменталната ликвидност и тоа:

Тековна ликвидност = 176 900 / 123 500 = 1,43;

Моментална ликвидност = (176 900 – 72 300)/123 500 = 0,85

За испитување на ефикасноста на користењето на средствата од страна на “Извор”се

пристапува кон пресметка на коефициентите за обрт на вкупните средства, постојаните

средства и залихите, а секако дека тие се проследени и со пресметка на просечниот период

на врзување на залихите, просечниот период за наплата на побарувањата, обртот на

побарувањата од купувачите и просечниот период за исплата на обврските, што се

прикажани со следниве равенства:

Обрт на вкупните средства = 362 100 / 235 300 = 1,54

Обрт на постојаните средства = 362 100 / 74 900 = 4,83

Обрт на залихите = 362 100 / 64 050 = 5,65

Просечен период за врзување на залихите = 365 / 5,65 = 65 денови

Обрт на побарувањата од купувачите = 362 100 / 78 50 = 4,63

Просечен период на наплата на побарувањата = 78 150 /992 = 79 денови

Просечен период на исплата на обврските = 64 200/ 694 = 92 денови.

Профитабилноста на “Извор”, исто така, се проценува со помош следниве показатели:

Принос на средства = 13 000 / 235 300 = 5,52%

Принос на капитал = 13 000 / 71 550 = 18,17%

Page 66: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

66

Бруто-профитна маржа = 124 700 / 362 100 = 34,44%

Нето-профитна маржа = 13 000 / 362 100 = 3,59%

И, на крај, бидејќи кредитното барање се однесува на долгорочен кредит, потребно е да се

изврши анализа, со особено внимание на задоложеноста на деловниот субјект, преку

пресметка на следниве показатели:

Вкупна задолженост = 180 700 / 258 100 = 70%

Долгорочна задолженост = 57 200 / 134 600 = 42,5%

Покриеност на каматните расходи = 26 100 / 10 800 = 2,42

Во продолжение се презентирани пресметаните показатели за ликвидноста,

профитабилноста и задолженоста на клиентот А.Д “Извор” и конкуренцијата во истата

дејност.

Финансиски показатели на А.Д “Извор” АД Битола, 2013 година

Показател “Извор” Ад Битола Просек во дејноста

Ликвидност:

Тековна ликвидност

Моментална ликвидност

1,43

0,85

1,30

0,79

Активност:

Обрт на вкупни средства

Обрт на постојани средства

Обрт на залихите

Просечен период на врзување на залихите

Обрт на побарување од купувачите

Просечен период за наплата на

побарувањата

Просечен период за исплата на обврските

1,54

4,83

5,65

65 дена

4,63

79 дена

92 дена

1,79

3,92

6,63

55 дена

5,48

67 дена

118 дена

Профитабилност:

Принос на средства

Принос на капитал

Бруто-профитна маржа

Нето-профитна маржа

5,52%

18,17%

34,44%

3,59%

6,28%

28,16%

37,60%

8,50%

Задолженост:

Вкупна задолженост

Долгорочна задолженост

Покриеност на каматните расходи

70,00%

42,50%

2,42

77,7%

57,71%

3,64

Од презентираните податоци можат да се донеасат следниве заклучоци:

Page 67: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

67

деловниот субјект “Извор” АД Битола се одликува со повисока ликвидност во

споредба со конкуренцијата;

располага со релативно повеќе обртни средства, но со неповолна структура;

кај ефикасноста при користењето на средствата евидентно е дека показателите се

полоши во споредба со оние на конкуренцијата. Имено, “Извор” има помал обрт,

подолг период на врзување на залихите, помал обрт и подолг период за наплата на

побарувањата од купувачите, што наведува на тоа дека е неопходно да се подобри

управувањето со залихите и наплатата на побарувањата од купувачите;

во врска со профитабилноста, пак компанијата “Извор” има прилично ниска нето-

профитна маржа, што се јавува како последица на ниската ефикасност, т.е високите

трошоци, како и прилично ниската стапка на принос на капиталот како резултат на

помалиот финансиски левериџ;

според задолженоста, јасно е дека овој деловен субјект поседува понизок степен на

задолженост во споредба со конкуренцијата, но проблемот е што оперативната

добивка не е доволна за покривање на каматните расходи.

Покрај деталната анализа на податоците од билансот на состојба и билансот на

успех, кредитниот аналитичар треба да направи анализа и на извештајот на паричните

текови, особено на оние парични текови што се јавуваат при редовното работење, главно,

за да се утврди дали тие се доволни за да се покријат паричните одливи од

финансирањето. Сите овие анализи помагаат за донесување одлуки поврзани со

одобрувањето кредит. Кредитниот аналитичар, покрај тоа, врши проверка и на останатите

документи, што се доставени од кредитобарателот, и тоа: лиценца, потврда од суд дека не

е осудуван, градежна дозвола, имотен лист и др. “Халкбанк”, при испитувањето на

состојбата на клиентот честопати добива информации и од надворешни извори. Имено,

таа контактира со другите банки, па од нивното искуство може да дознае дали се работи за

клиент кој навремено или ненавремено ги подмирува своите обврски. Кредитниот

аналитичар, исто така, може да користи и информации од Кредитниот регистар на

НБРМ35

којшто претставува база на податоци и нуди информации за кредитната

изложеност на банките и штедилниците кон деловните субјекти и населението од

35 Петрески Горан “Управување со банките”, Економски факултет, Скопје, 2008, (Охрид: “Коста Абраш”) стр.182-183

Page 68: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

68

Р.Македонија. Кредитниот регистар е воспоставен уште во 1998 година, а формално-

правно тој постои од 2004 година. Од 2008 година тој работи и функционира како систем

што врши ажурирање на податоците и овозможува побрзо доставување на бараните

информации. Неговата основа цел е на банките да им овозможи подобро информирање

при донесувањето одлуки за кредитирање, а пак на НБРМ и служи за спроведување на

податоците при супервизијата. Кредитниот регистар содржи низа податоци, а меѓу нив и

следниве податоци за должниците: општи податоци (матичен, т.е даночен број; име;

седиште и живеалиште; дејност), височината на кредитот; вид на кредитот (денарски,

девизен или со валутна клаузула), категорија на ризик, износ на потенцијалните загуби,

намена на кредитот (станбен, потрошувачки кредит на тековна сметка и картичка итн),

податоци за нето-извозниците, податоци за жирантите и др. Податоците што се нудат од

овој регистар не се однесуваат само за вкупната задолженост, туку посебно за секоја

кредитна партија и тоа: број на кредитната партија, датум на одобрување, износ на

кредитот, рок на втасување, втасана главнина, каматна стапка (постојана или променлива),

тип на кредитот (со ануитет или со еднократна отплата), статус на кредитот

(преструктуриран, пролонгиран и.т.н), вид на обезбедување и сл. Во Р.Македонија

одделни информации можат да бидат обезбедени и од Централниот регистар, што

претставува државна институција којашто ги прибира и обработува финансиските

извештаи на трговските друштва и нуди информации за сите деловни субјекти.

3.3 Кредитни производи, наменети за физички лица

Кредитирањето на населението е многу значајна функција на банкарските институции

во Р.Македонија. Според најновите податоци од годишниот извештај на НБРМ 2013

година се забележуваат значајни движења во монетарната сфера. Имено, постои

дополнително забрзување на депозитниот раст со продолжување на трендот на

деевроизација – карактеристично за кризниот период. Депозитниот раст беше изразен

преку намалувањето на учеството девизите во вкупните депозити, а тоа беше проследено

со соодветни промени во валутната структура на активностите на банките. Натаму,

динамиката на кредитите кај приватниот сектор, што во првата половина од годината

забавувала, се гледа дека во треттиот квартал таа се стабилизира, а во последниот квартал

од годината умерено се забрзува и достигнува до 6,4% на крајот од периодот. Од втората

Page 69: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

69

половина на годината се оценети подобрени согледувања на банките во однос на ризикот

од економските активности. Како позитивен придонес за забрзувањето на кредитнот раст

се оценува дека се преземени одделни квалитетни мерки од страна на НБРМ. Исто, така,

во втората половина од годината е забележан тренд на постепено забавување на

нефункционалните пласмани на банките. Тоа дополнително го охрабри кредитирањето во

однос на корпорацискиот сектор кон крајот на 2013 година, наспроти присутната поголема

воздржаност од почетокот на годината, главно, поради високиот кредитен ризик. За

разлика од кредитите на деловните субјекти, што опфаќаат одобрување кредити со

валутна клаузула, т.е девизни кредити, при кредитирањето на населението доминантно

учество имаат денарските кредити. Основен и најбаран кредит од старана на физичките

лица е поторшувачкиот кредит, што им служи за финансирање на тековната

потрошувачка или, пак, за купување одделни трајни добра. Овие кредити “Халкбанк”

најчесто ги одобрува во денарска вредност, но секако дека има можност да понуди и

потрошувачки кредит со валутна клаузула или девизен кредит. Оттука, клиентот може да

има на располагање определен износ за позајмување, а тоа е можно со помош на

кредитните картички (credit cards) и дозволените пречекорувања на тековните сметки

(overdrafts) што се карактеристика за обновливите потрошувачки кредити, така што

клиентот има една отворена кредитна линија на определен износ што постојано се

обновува. На тој начин за клиентот постои поголема флексибилност, зашто тој, може

веднаш да го плати целосниот износ на неискористениот кредит или, пак, да плати само

определен процент од кредитот.

Како посебен вид кредит што “Халкбанк” им го одобрува на своите клиенти е еко

кредитот што, всушност, е наменски потрошувачки кредит. Суштината на овој кредит е

во тоа што се одобрува преку оние трговски деловни субјекти со коишто “Халкбанк”

претходно има склучено договори. Износот до којшто може да биде одобрен овој кредит е

од 50.000-100.000 денари, но овие средства клиентот не ги добива, бидејќи тие се

префрлаат на сметката на деловниот субјект што се јавува во улога на продавач.

Каматната стапка кај овој кредит е 5,5%, со рочност на отплата до 5 години. Но, бидејќи

овој е промотивен кредит крајниот рок за да се користи е до 31.12.2018 година. Покрај

кредитните рати што треба редовно да се подмируваат, исто така, се плаќаат и

манипулативните трошоци за обарботка на кредитот.

Page 70: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

70

Исто така “Халкбанк” нуди и ненаменски кредит за своите клиенти. Ваквите

кредити се исплаќа во готови пари или средствата се префрлаат на сметката за потребите

на клиентот. Каматната стапка кај овој кредит е променлива, а максималниот износ до

којшто може да се одобри овој кредит е до 600.000 денари, со рок на враќање до 7 години.

“Халкбанк” нуди можност за одобрување станбен кредит што спаѓа во групата

обезбедени и долгорочни кредити. Овие кредити, најчесто, се одобруваат за купување

стан, куќа, градба, доградба, реновирање, земјиште со куќа и слично, но исто така банката

може да одобри ваков кредит за на клиентот да му послужи за рефинансирање на кредит

што го има земено од друга банка. Ваквиот кредит се враќа на рати, а тој е обезбеден со

недвижен, односно хипотека.

Друг вид обезбеден кредит што им го одобрува “Халкбанк” на своите клиенти е

автомобилскиот кредит, чијашто отплата се врши во месечни ануитети, а парите што се

одобрени банката му ги исплаќа на продавачот. Намената за којашто е побаран овај кредит

е за купување нови или страри автомобили, односно моторни возила. Овој кредит е

обезбеден со залогот на возилото што се купува, заедно со полисата за каско осигурување,

винкулирана во корист на банката. Исто така, како обезбедување можат да се искористат и

други инструменти, како што се: меницата, администартивна забрана на платата, еден или

двајца жиранти, депозит/денарски или девизен како и недвижен имот т.е хипотека.

Трошоците што се поврзани со овој кредит, а коишто се на товар на странката за која се

одобрува кредитот се: каматната стапка, шо е променлива во зависност од височината на

учеството, валутата и видот на обезбедувањето, провизијата за одобрување на кредитот,

нотарските трошоци, премијата за осигурување, интеркаларната камата и друго.

3.3.1 Постапки за утврдување на кредитната способност на физичките лица

Кредитирањето на населението е процес што се состои од неколку фази. Имено, за

почеток битно за “Халкбанк” е да направи анализа на пазарот за да ги утврди потребите и

барањата на потрошувачите, а врз основа на тоа да ги развие кредитните производи, при

што настојува на различни начини да ги придобие потрошувачите. Всушност, “Халкбанк”

не остава потрошувачите сами да дојдат и да се обратат со барање за кредит, туку

кредитните службеници преку таканаречената “работа на терен”, им ги наметнуваат

Page 71: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

71

понудите со кредити, и тоа со посета на физичките и правните лица, при што на кратко и

јасно (без да им одземат многу време) им ги презентираат кредитните производи и им ги

објаснуваат неопходните услови. Поточно, со доставувањето на барањето за кредитирање

официјално започнува процесот на кредитирање. “Халкбанк” притоа врши повеќе анализи

за да ја утврди способноста на физичкото лице за уредна отплата на кредитот и да го

оцени кредитниот ризик на кредитобарателот. Овие кредитни анализи се разликуваат од

оние што се спроведуваат кај правните лица, затоа што за населението постојат

ограничени финансиски податоци што не се ревидирани, па поради тоа постои можност за

погрешно прикажување. “Халкбанк” поставува одделни критериуми кога одобрува

определени видови кредити, а проверката на исполнувањето на критериумите ја

претставува првата фаза од обработката на кредитното барање36

. Она што е најбитно во

овој сегмент е дека приходите на клиентот се основен извор за отплата на кредитот,

а обезбедувањето има второстепена улога. Во таа насока “Халкбанк” од

кредитобарателот бара да достави доказ за постојана работна ангажираност што е извор на

приход. Доказот за постојаната работа е битен за да се утврди дали изворот на приход

(платата) е стабилен. Месечната рата на кредитот се ограничува на 30%-50% од месечната

плата на кредитобарателот. Исто така, покрај платата, се утврдува дали клиентот

остварува и други примања и дали тие се редовни, трајни и стабилни. Меѓутоа, покрај

приходите, неопходна е проверка и на нивото на задолженост на клиентот. За да биде

сигурен дека платата ќе биде доволна за отплата на кредитот, кредитниот аналитичар на

Халкбанк” месечниот ануитет го ограничува на определен процент од месечниот приход,

и тоа најчесто на една третина. При кредитирање на население се обработуваат

стандардни групи прашања што се однесуваат на:

проценката на карактерот, односно способноста и желбата да се отплати долгот;

изворите на приходи од коишто ќе се отплаќа кредитот;

вреднувањето на обезбедувањето;

проверката на кредитната историја за постојаните клиенти на банката;

36 За содржината на кредитните барања и придружната документација кај потрошувачките и станбените

кредити подетално види: Љубе Трпевски, “Пари и банкарство”, Economy press, Скопје, 2003, стр. 613-618.

Page 72: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

72

обезбедувањето информации од кредитниот регистар за искуството на други

банки при работа со конкретниот клиент.

Утврдувањето на кредитната способност на физчките лица тесно е поврзано со

анализата на обезбедувањето. Имено “Халкбанк”, притоа, бара различни инструменти за

обезбедување на наплатата на кредитите, а како најчесто применувани се:

административната забрана на платата, обезбедувањето жиранти, обезбедувањето

депозити, залогот на хартии од вредност, како и хипотека на недвижен имот.

Административната забрана на платата значи дека секој месец на должникот, (автоматски)

му се одзема определен процент од платата во корист на банката. Ако должникот кој бара

кредит е на определено работно време, тогаш “Халкбанк” обезбедувањето бара да му биле

покриено од страна на жирант, кој е на неопределно работно време, бидејќи само така (во

случај должникот да не биле во можност да го врати кредитот), “Халкбанк” кредитот ќе го

наплати од жирантот. Овие обезбедувања, најчесто се користат кога се одобруваат

потрошувачки кредити, но кога станува збор за друг вид кредити (на пример

автомобилските и станбените), тогаш обезбедувањето е сосема различно.

Имено, кај автомобилските кредити, вообичаено е кредитот да биде обезбеден со

автомобилот што се финансира со кредитот, така што “Халкбанк” (за да се заштити од

ризикот на оштетување и кражба на автомобилот) бара тој целосно да биде осигуран,

бидејќи во случај кредитот да не биде вратен, тогаш автомобилот останува во корист на

“Халкбанк”.

При одобрување станбени кредити, поради големите износи и долгите рокови на

втасување, обезбедувањето е уште посложено. Како обезбедување во овој случај се

користи ставањето на недвижниот имот под хипотека. За таа цел, уште пред да се одобри

кредитот, “Халкбанк” испраќа проценител кој ќе ја процени пазарната вредност на имотот

што е ставен под хипотека, а исто така се врши проверка и на правните аспекти, т.е дали

имотот е заведен во катастар, кои се сопствениците, дали можеби е веќе ставен под

хипотека за некој друг кредит и сл. Ова се некои од битните елементи во случај

должникот да не го враќа кредитот, при што “Халкбанк” своето побарување го наплаќа со

продажба на имотот. Овде е неопходно да се потенцира дека недвижностите се добро

обезбедување, затоа што се трајни и не можат да се преместат или уништат, но од друга

Page 73: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

73

страна, тие не се ликвиден имот, а нивните цени некогаш можат да се намалат, при што би

можело да дојде до отежнување на продажбата, во случај на присилна наплата на

кредитот. За таа цел “Халкбанк”, најчесто, станбените кредити ги обезбедува со имот, чија

вредност е поголема за 1,5 пати од износот на кредитот. Согласно со постаките за оценка

на кредитната способност на физичките лица може да се наведе и оценката на кредитниот

ризик со помош на кредитното бодирање. Оваа постапка се спроведува со помош на

рамките на квантитативните методи, така што веројатноста должникот кредитот уредно да

го отплати се мери преку квантитативни податоци, а притоа се врши примена на

статистичките техники со коишто се определуваат карактеристиките на должникот.

Оттука, “Халкбанк” треба да поседува богата база на податоци за определен подолг

временски период. Постапката на кредитното бодирање вкулучува 10-тина

карактеристики на должникот, и тоа:

1. месечниот приход;

2. работниот стаж;

3. нивото на задолженост;

4. кредитната историја (задоцнети отплати, неплатени кредити);

5. недвижниот и подвижниот имот (стан, куќа, автомобил);

6. возраста;

7. ликвидниот имот;

8. депозитното работење со банката (број на сметка, просечно салдо) итн.

Секоја од овие карактеристики поединечно се бодира, а крајната оценка е пондериран

просек од поединечните бодирања. Од просекот се носи крајната одлука за прифаќање или

одбивање на кредитното барање. За тоа дали кредитното барање ќе биде прифатено или

одбиено, главно, зависи од нивото на интервалот што е определен според кредитната

политика на “Халкбанк”. Всушност, ако вкупниот број бодови на должникот е во

интервалот прифатлив за “Халкбанк”, тогаш тој ќе биде оценет како кредитноспособен и

ќе му биде одобрен кредит, и обратно, ако бројот на бодовите не е во рамките на

интервалот определен според кредитната политика на банката, должникот се оценува како

многу ризичен и неговото кредитно барање ќе биде одбиено. Но, покрај интервалот за

одбивање и прифаќање на крединотот барање, исто, така постои и интервал што се наоѓа

Page 74: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

74

меѓу прагот на прифаќање и прагот на одбивање на барањето. Тој ја претставува областа

на нерешителност за што е неопходно да се спроведе квалитативна анализа за да се дојде

до дополнителни информации, па дури потоа да се донесе конечната одлука. Ваквата

постапка на кредитно бодирање е проследена и со одделни недостатоци, и тоа:

1. примената е условена од постоење богата база на податоци, а ваквиот услов е

присутен само кај поголемите банки;

2. кредитното бодирање е засновано на историски податоци, т.е само врз податоците

од прифатените кредитни барања;

3. кредитното бодирање претставува механички систем за анализа на кредитното

барање, така што постои опасност некои податоци да бидат погрешно анализирани

и вреднувани.

Примената на кредитното бодирање илустративно може да се прикаже преку еден

едноставен пример37

и тоа: да се претпостави дека Иван Иванов поднесол барање за

одобрување потрошувачки кредит во износ од 30.000 денари.Тој во барањето запишал

дека има 37 години, дека е оженет и е татко на две малолетни деца; има 4 години

работено како наставник во основното училиште “Јане Сандански” од кадешто прима

месечна нето плата од 14.000 денари; и нема никави дополнителни примања. Иван ги

доставил потребните документи, а како дополнување кон нив ја доставил и потврдата за

работен стаж и платата. За да го утврди нивото на задолженост на Иван, “Халкбанк”

побарала дополнителни информации од кредитниот регистар, а од тие податоци се

покажало дека тој веќе отплаќа еден потрошувачки кредит кај Стопанска банка А.Д

Скопје, со месечна рата што изнесува една третина од неговата нето-плата. Исто така, од

кредитниот регистар се константирало дека Иван во претходните три години користел

уште два потрошувачки кредити, од којшто едниот го отплаќал со повремено

задоцнување. Во истовреме, пак, во “Халкбанк” тој има само тековна сметка преку

којашто ја зема платата, но не користи други депозитни или кредитни услуги. Исто така,

клиентот наведил дека живее под кирија. Врз основа на овие информации, како и другите

37

Примерот е наведен според Timothy W.Koch, S Scott MacDonald, Bank Management (Fifth edition),

Thomson/South-Western, 2003, стр. 637; при што се посочува следниов извор: “A Man Who Governs Credit Is

denied a Toys R Us Card”, Wall Street Journal, December 14, 1995.

Page 75: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

75

информации добиени од дополнителни извори, кредитниот службеник извршил бодирање

на клиентот, а добиените податоци се прикажани во следнава табела:

Page 76: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

76

Бодираниот клиент остварил 105 бодови,

при што максимален број бодови освоил

само кај возраста, а кај другите

критериуми поминал прилично лошо,

особено кај месечните приходи, кадешто

од можните 50 тој освоил само 20 бодови,

така што за жал не се добива некој

позитивен сигнал. Оставрените бодови не

се доволни за да се донесе позитивната

одлука, зашто неговите бодови укажуваат

на тоа дека тој се наоѓа во областа на

нерешителност. Оттука, кредитниот

службеник има потреба од повторно

разгледување на кредитното барање за да

дојде до некои дополнителни

информации. Одлуката на кредитниот

службеник ќе биде одбивање на

кредитното барање, затоа што во овој

случај се работи за кредит (за којшто

месечната рата изнесува 3.500 денари), а

вкупната месечна отплата на долговите

врз основа на стариот и новиот кредит за овој клиент ќе биде до 60%, што не гарантира

редовна отплата на кредитот, особено затоа што само месечните примања се единствениот

извор за отплата на кредитот.

Карактеристики Бодови Бодови на

И.И

Месечни нето-приходи

Под 10.000 денари

10.000 – 15.000 денари

15.000 – 30.000 денари

30.000 – 60.000 денари

Над 60.000 денари

10

20

30

40

50

20

Работен стаж

Невработен

Под 1 година

Од 1 до 3 години

Од 3 до 5 години

Над 5 години

0

10

20

30

40

30

Задолженост (месечна отплата

на долгот/приходи)

Над 50%

40% - 50%

30% - 40%

20% - 30%

10% - 20%

Над 10%

0

5

10

15

20

30

10

Кредитна историја

Лоша (доцнење или неплаќање на

долговите)

Нема кредитна историја

Просечна (повремено доцнење во

отплатата )

Одлична (редовна отплата на

долговите)

0

5

10

20

10

Односи со банката

Нема никаква сметка во банката

Само тековна сметка

Штеден влог

Тековна сметка и штеден влог

0

5

10

20

5

Станбено прашање

Непознато

Под кирија

Со родители

Сопствен стан

0

10

15

20

10

Возраст

20 – 30 години

30 – 50 години

Над 50 години

10

20

10

20

Page 77: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

77

4. РАЗВОЈ И ПЛАСМАН НА КРЕДИТНИТЕ ПРОИЗВОДИ НА “ХАЛКБАНК”

ВО КОНТЕКСТ НА ЕКОНОМСКОТО ОКРУЖУВАЊЕ

Во историјата на работењето на “Халкбанк” се забележани рекордни резултати во

кредитирањето што придонесуваат за успешен развој на бизнисите, и тоа како на

деловните субјекти, така и на индивидуалните претприемачи.

Перформансите од работењето на “Халкбанк” се изразени преку квалитетното

портфолио, зголемениот кредитен пласман, растот на депозитната база, потпишаните

аранжмани со странски партнери за поддршка на малите и средни деловни субјекти. Еден

од кредитните аранжмани е склучениот договор со Европската банка за обнова и развој од

Лондон (EBRD) за поддршка на мали и средни деловни субјекти. Овој договор е прва

кредитна линија што е одобрена врз комерцијална основа за деловна банка во

Р.Македонија, без потреба за гаранција од државата. Исто така се склучени кредитни

договори со Германската банка за развој од Франкфурд (KFW) (наменет за поддршка на

микро и мали ентитети, како и унапредување на животниот стандард на претприемачите);

кредитен договор со Соросовиот Фонд за економски развој (SEDF) од Њујорк; со

Фондацијата Институт отворено општество-Македонија за агро кредити и кредити за

обртни средства за мали и средни бизниси.

“Халкбанк” во своето работење е избрана за банка на годината од Стопанската комора

на Р.М за постигнатите особено позитивни резултати, зголемените активности,

продуктивноста и економичноста во работењето. Со реализацијата на сите видови

банкарски работи, како и со промовирањето на македонскиот меѓународен бизнис, таа

денес е универзална комерцијална банка што зазема водечко место на пазарот, особено во

сегментите за работа со микро, малите и средни ентитети, индивидуалните пртприемачи и

населението.

Развојот на “Халкбанк” е континуиран така што во 2007 година таа го добива

признанието “Најдобра банка” во Р.М од магазинот “Finance Central Europe” од Лондон.

Имено, ова признание е добиено преку рангирање на банките според активата, капиталот,

остварениот профит, РОА и РОЕ. Во тој контекст активата на “Халкбанк”, заклучно со

32.12.2006 година, изнесувала 5,19 милијарди денари, а во првите 6 месеци во наредната

Page 78: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

78

(2007) година достигнува до 6 милијарди денари. Капиталот и резервите на крајот од

годината биле 1,01 милијарди денари, а по 6 месеци (во 2007 година) исто така се

очекувал раст. Нето-профитот на крајот од 2006 година изнесувал 153,3 милиони денари,

додека пак индикаторите за РОА и РОЕ биле 3,5% и 16,1%, респективно. Ова признание за

Банката е потврда, но и мотив за натамошно оставрување значајни резултати, како и

трајна определба за развивање производи и услуги за потребите на клиентите. Својата

работа “Халкбанк” успешно ја продолжува. За тоа докажуваат податоците од поновите

датуми, односно на официјалната страница на Македонската берза, на 22.11.2012 година, е

објавен болк на трансакции на обични акции IKB со номинална вредност од 10.000

денари, во количина од 100.954, со процент од основната главнина-34,89%, цена по

акција-11.613,51 денари и вредност на трансакцијата од 1.172.430.288,54 денари. Според

извештајот на “Халкбанк” за состојбата на 31.12 2013 година, евидентно е дека бројот на

вработени изнесува 377, учеството на вкупниот број акции е 98,78%, бројот на акционери

(кои немаат квалификувано учество во банкта) е 10,вкупниот номинален капитал изнесува

2.893.690.000 МКД, бројот на акции од среден род е 289.369 обични акции со номинална

вредност од 10.000,00 МКД. Во однос на кредитите, пак, од овој извештај јасно е дека

износот на втасаните кредити е 129.630 илјд. МКД-состојба на 31.12.2013 година, а

изложеноста на кредитниот ризик (за кој што е извршена исправка на вредноста) е

14.964.464 илјд. МКД ,исто така, со состојба на 31.12.2013 година.

Кредититањето, како битна деловна активност на “Халкбанк” носи видливи позитивни

резултати од година-во година. Имено, во оваа година “Халкбанк” ја има зголемено

подршката за приватните субјекти за 67%, такашто, кредитното портфолио за фирмите

според најновите податоци, изнесува 121 милиони евра. Од друга страна, пак, и кредитите

за населението се зголемени за 33% со што вкупната изложеност (за физичките лица)

изнасува 102 милиони евра. Ваквата состојба е загрижувачка за останатите конкурентски

банки, кај коишто кредитниот раст во минатата година изнесувал само 6,4%, особено

заради фактот што тие банки своите пари ги вложувале во благајнички записи кај НБРМ и

Министерството за финансии. Ваквиот рапиден раст на кредитните активности на

“Халкбанк”, ја натера конкуренцијата да размислува за намалување на каматните стапки

за да може да остане во конкурентскиот натпревар со “Халкбанк”, наспроти засилените

кредитни активности.

Page 79: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

79

Ваквиот рапиден раст на пласманите на кредитите е резултат на:

потрошувачкиот кредит без надоместок за обработка на апликациите до 31.12.2013

година. Оваа мерка е воспоставена како резултат на унапредувањето на грижата

за клиентите кои се третираат како најважен сегмент од работењето на

“Халкбанк”. Оваа банка на своите клиенти им нуди потрошувачки кредит без

надоместок за обарботка, а како такви клиенти се следниве:

вработените во јавна администрација и акционерските друштва;

вработените во приватни компании;

членовите на синдикатот на СОНК;

членовите на синдикатот на УПОЗ;

вработените во финансиските институции;

пензионерите;

потрошувачки кредит со рок на отплата од 12 месеци;

потрошувачки кредит со рок на отплата до 36 месеци;

нов ЕКО кредит за енергетска ефикасност, воведен во 2011 година. Со тоа

“Халкбанк” се означува како прва “зелена” банка во Македонија. Со овој

исклучително поволен еко производ “Халкбанк” им дава поддршка на

македонските домаќинства, микро и малите деловни субјекти за намалување на

трошоците и потребите од енергијата, како и намалување на исфрлањето на CO2.

“Халкбанк” овие средства за финансирање на домаќинствата и локалните деловни

субјекти ги обезбедила во соработка со Green Growth Fund, Southeast Europe

(GGF), преку кредитна линија од 5 милиони евра. Но, исто така “Халкбанк”

средните и големите деловни субјекти ги поддржала со кредити со поволни

услови, и тоа од средствата обезбедени од ЕБОР. Еко кредитот е достапен за

физички и правни лица и има поволна каматна стапка од 7% за износ до 100.000€ и

рок за отплата до 84 месеци, но со главна цел: финансирање проекти за

подобрување на животните услови преку промена на топлотна изолација, врати ,

прозорци, нови системи за греење, т.е. замена на старите бојлери, соларно-

термички системи за топла вода, спроведување топлина преку нови електрични

Page 80: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

80

пумпи на системите за греење, внатрешен и надворешен систем за осветлување,

поставување соларни панели, како и конверзија на природен гас и други

обновливи извори за користење на енергијата;

во 2010 година “Халкбанк” вовела кредитна линија во вредност од 15 милиони

евра од својот принципал Demir-Halk за да се кредитираат малите и средни

деловни субјекти, како и големите стратегиски клиенти во Р.Македонија.

Стратегискиот инвеститор Demir-Halk Nederland N.V, ја поддржал “Халкбанк” со

одобрување кредитна линија што таа ја користела за финансирање на

македонската економија, преку нови кредити, активности и производи;

“Халкбанк” со нова кредитна понуда за поддршка на МСП. Оваа мерка е

реализирана во 2009 година со понуда за финансиска поддршка наменета за мали и

средни деловни субјекти, а кредитната понуда е 5X5. Со оваа понуда “Халкбанк” е

решена, во услови на пристојна економска неизвесност на пазарот, цврсто да

застане зад МСП секторот, поддржувајќи ги одржливите и профитабилните

проекти, со што ја остварува својата мисија за лидер според понудени квалитетни

услуги, преку обучен тим и со помош и соработка со своите партнери: ЕФСЕ,

КОФВ, МБПР, МРФП и ФИООМ. Кредитната понуда 5X5 е развиена и

поддржана од доминантниот акционер на банката, ДХБ банка од Ротердам,

Холандија, којашто поседува 66,65% од акциите на “Халкбанк”. Со тоа

“Халкбанк” обезбедува кредит во вредност од 5 милиони евра, со рок на отплата

до 5 години, како и со прифатливи, прилагодливи и флексибилни услови.

Максималниот износ изнесувал до 300.000 евра, а за поиздржливи проекти имало

можност за одобрување поголеми финансиски средства;

поволни кредити за почетни бизниси од страна на “Халкбанк”. Повторно со

решителен напор за остварување на својата мисија како лидер во понудата на

квалитетни услуги на клиентите “Халкбанк”, во соработка со Фондацијата

Институт отворенот општество – Македонија, во 2009 година понудила нов

кредитен производ. Главната карактеристика на овој кредит е отплата во домашна

валута, ниска каматна стапка, долг рок на отплата и флексибилно обезбедување.

Притоа биле обезбедени над 300.000 евра за кредити за почетните бизниси чии

претприемачи се лица на возраст до 35 години. Кредитите се во височина до 1

Page 81: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

81

милион евра, со каматна стапка од 7,5% на годишно ниво, рок на отплата до 5

години и со вклучен грејс период од 6 месеци за инвестиции, односно до 3 години

со вклучен грејс период од 6 месеци за обртни средства. “Халкбанк” со поддршка

од доминантните акционери е подготвена да го зголеми фондот за финансирање

вакви проекти, со цел да се поддржат новите претприемнички идеи, да се креираат

нови работни места и да се зајакне економијата во земјата. На правните лица

“Халкбанк” им понудила можност за исклучителен евтин бизнис кредит за

основен капитал, обртни средства (работен капитал) или во комбинација, со

фиксна каматна стапка од 8% годишно, што значи дека таа е непроменлива во

зависност од кредитниот износ, при што максималниот износ е до 100.000 евра во

денарска противвредност, без провизија за обработка на документацијата за

кредитот. Периодот за користење е до 2 години, а грејс периодот е до 1 година.;

покрај поддршката на малите и средни деловни субјекти со ниски каматни кредити

“Халкбанк” финансиски го поддржа и еден од најголемите инвеститори во

Македонија, ТАВ Холдингот, т.е турската компанија што се занимава со изградба

и управување на аеродромите. ТАВ Холдингот претходно го имал добиено

тендерот за изградба и управување со Скопскиот и Охридскиот аеродром. Со оваа

силна поддршка “Халкбанк” се истакнува како банка што ги поддржува сите

сектори од македонската економија, започнувајќи од населението, микро-

бизнисите, преку малите и средни деловни субјекти, па се до големите корпорации

и проекти. Но, покрај овие македонски субјекти, таа се стреми да биде банка за

избор на меѓународно ниво, т.е да работи за потребите на меѓународните

инвеститори.

4.1 Анализа на состојбата со нефункционалните кредити

Кредитите што не носат приноси се прогласуваат како нефункционални кредити.

Кредитот се прогласува за нефункционален кога не е антиципирано целото плаќање на

главнината и каматата, т.е наплатата на кредитот доцни 3 месеца или нешто повеќе од тој

рок; кога рокот на втасување изминал, а плаќањето не е целосно извршено; кога

главнината со каматата се втасани, а не се платени 6 месеци и повеќе, сметано од првиот

Page 82: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

82

ден на не плаќањето. Во случај отплатата да биде во интервали од 3 или повеќе месеци,

кредитот ќе се класифицира како нефункционален, кога ратата е втасана и не е платена.

Ако кредитот е обезбеден во целост (главнина, камата и трошоци за наплата) со

готовински средства, тогаш тој ќе биде класифициран како нефункционален, доколку е

втасан и не е платен во рок од 12 месеци. Кога кредитот ќе се класифицира како

нефункционален, всушност, тој треба да остане таков се додека не се отпише или не се

наплати главнината и каматате за него. Нефункционалните кредити не можат да се

прекласифицираат како редовни кредити, преку замена со нов кредит. За овие

нефункционални кредити “Халкбанк”, плаќа определен надоместок кон НБРМ за

резервација. Појавата на нефункционални кредити “Халкбанк” може да ја спречи само

ако врши следење на перформансите на кредитите, и тоа на: индивидуално ниво, но и на

ниво на целото портфолио. Оттука, постои потреба од воведување мерки за38

:

разбирање на тековната состојба на клиентот;

усогласеност на кредитите со постојните договори;

следење на употребата на кредитните линии од страна на клиентите;

проектираните готовински текови на главните кредити да се соодветни за

сервисирање на долгот;

колатералот да претставува соодветно покритие на долгот;

идентификација и класификација на потенцијалните проблематични кредити.

Кредитирањето на индивидуално ниво може да се следи редовно и вондредно.

Редовното следење претставува водење добра деловна политика, т.е. грижа за клиентите

со што ќе се оценува потребата од дополнителни финансиски средства или услуги.

Ваквото следење се однесува на клиентите кои редовно ги подмируваат ратите, особено за

да се проанализира состојбата на клиентот, и да се добие некаква слика за тоа дали

постојат евентуални причини што би можеле негативно да влијаат врз отплатата.

Вондредното следење што го врши “Халкбанк” се однесува на должниците кои доцнат со

плаќање на ратите, така што со ова следење е потребно да се обезбеди наплата на

38 Податокот е добиен од личниот разговор со вработените на експозитурата во “Халкбанк”.

Page 83: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

83

кредитот. Овој вид следење се однесува на проблематичните кредити. Постапката за

нивното следење “Халкбанк” ја дели на рано следење и доцна наплата (присилна

наплата). Во раното следење “Халкбанк” применува постапка што се однесува на

предупредување на клиентот, преку испраќање писма до него, водење телефонски

разговори, како и состанок со клиентот. “Халкбанк” има прво писмата да ги испраќа преку

пошта до клиентите, доколку тие доцнат со наплатата на ратата околу 30 дена. Ваквите

писма се умерена опомена, како и извинување, ако, додека е доставено писмото до

клиентот, тој во меѓувреме го подмирил долгот. Второто писмо “Халкбанк” го испраќа

кога клиентот доцни веќе со 2 рати, така што тој се повикува долгот да го плати веднаш.

Треттото писмо е писмо со коешто се укажува умерена закана, т.е во него се потенцирани

последиците што клиентот ќе ги претрпи, ако не го плати долгот. За поголем притисок

(како мерка) се користи и телефонски повик со известување дека ратата е задоцнета.

Друга мерка е “Халкбанк” да го повика клиентот на состанок, при што постои можност да

се утврдат причините за доцнењето, а потоа да се донесе конечната одлука: дали кредитот

ќе се наплати присилно или, пак, ќе се пристапи кон некое друго решение.

Едно од тие решенија што “Халкбанк” може да го понуди е продолжување на рокот

на втасување на кредитот, што е наведен во склучениот договор со клиентот, но

единствено со анекс кон договорот. Ваквото продолжување на рокот подлежи на

верификација39

на одборот за управување со ризици или, пак, кредитниот одбор. За да се

излезе во пресрет на клиентот “Халкбанк” може да понуди преструктурирање на кредитот,

што всушност е кредитна изложеност од страна на банката за замена на постојната, при

што се доаѓа до замена на договорените услови, а за такви измени се сметаат следниве:

продолжување на рокот на втасување;

намалување на каматните стапки;

намалување на височината на побарувањето (главнина/или втасана камата и

провизија преку отпис);

39 Визирање, верификација или потврда сето тоа е едно исто, т.е тоа значи дека се врши двојна контрола, односно кај платниот промет едниот службеник го внесува налогот, а другиот го контролира и, ако е се во ред, се пушта, односно средствата се префрлаат од една на друга сметка. Истото се прави и кај девизното работење и кај кредитирањето, но тука верификацијата ја врши раководителот.

Page 84: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

84

капитализација на каматата;

консолидација на повеќе побарувања во едно побарување, со менување на

договорените услови.

За да го изврши ова преструктурирање надлежните вработени во “Халкбанк” треба да

направат анализа на причините. Финалната анализа се доставува до соодветните органи за

одлучивање (одборот за управување со ризици и кредитниот одбор). Ако од нив предлогот

се прифати, тогаш се склучува нов договор со изменети услови за отплата на кредитот. Во

постапката за преструктурирање “Халкбанк” може да изврши делумен отпис, бидејќи тоа

е поевтин начин за да се реши проблемот, во споредба со присилната наплата. Присилната

наплата40

е посложена процедура, особено ако се работи за кредит што не е обезбеден, а

во случај кога клиентот не сака да соработува со банката или, пак, не е во состојба да го

плати долгот. Кога кредитот не е обезбеден “Халкбанк” подготвува документација со

доказ за побарувањето и го приложува до судот. Во судот се води судска постапка, така

што тој издава платен налог којшто, по неговото донесување во утврдената законска

рамка, станува правосилен и е извршен41

. Натаму налогот се доставува до извршител кој,

согласно со законските можности, прво ја блокира сметката на клиентот, а потоа го

истражува (движниот и недвижниот) имот што го поседува клиентот, зашто може оттаму

да го наплати побарувањето. “Халкбанк”, исто така, е во можност да поднесе пријава за

отворање на стечајна постапка, ако процени дека клиентот поседува имот за наплата. Кога

кредитот е обезбеден, ,пак, постапката е полесна зашто не се чека од судот да се донесе

судска одлука. Во овој случај “Халкбанк” ја подготвува документацијата заедно со

потврдата за задолжување со кредит, записот на хипотеката или залогот во јавните книги

и ја доставува до нотар, давајќи соодветни инструкции за постапување. Нотарот со печат

ја потврдува правосилноста за извршување и таквиот нотарски акт се доставува до

извршител. Извршителот најпрвин ја блокира сметката на клиентот, па ако должникот во

рок од 8 дена не го подмири долгот, се оди кон реализација на хипотеката. Постапката за

извршување се спроведува со понуда на хипотеката преку наддавање на јавен оглас и

собирање понуди. Најповолната понуда се прифаќа за наплата на побарувањето, т.е

40 Одлука за супервизорски стандарди за регулирање на достасаните, а ненаплатени побарувања на

банките, Службен весник на Р.М, бр, 134/2007.

41 Закон за извршување, Службен весник на Р.М, бр, 35/2005, 50/2006, 129/06, 8/2008.

Page 85: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

85

најповолниот понудувач се јавува како купувач на хипотеката. Но, ако нема други

заинтересирани понудувачи и самата банка (т.е “Халкбанк”) може да се јави како купувач

на хипотеката.

Ако по исцрпувањето на сите можности за наплата на побарувањето, не постои

алетрнатива за негова наплата делумно или во целост, тогаш е потребно долгот да се

отпише. Ваквите отпишани побарувања се евидентираат на посебна вонбилансна сметка.

Како такви можности се јавуваат следниве: донесена судска одлука за неоснованост на

побарувањето; завршена постапка за стечај или ликвидација; не постоење друг имот од

којшто би се наплатило побарувањето и сл. За да се спроведе отписот на кредитот треба

надлежните вработени во “Халкбанк” да се изготват елаборат, а потоа тој да се достави на

увид до надзорниот одбор за одлучување. Елаборатот ги содржи следниве елементи:

причина поради којашто се предлага отпис;

преземени мерки за наплата на побарувањето и резултати од нивното преземање;

лица што учествувале во одобрувањето на кредитот;

причина за не постоење несоодветност во обезбедувањето на побарувањето;

оценка дали се почитувани деловните и кредитните политики и процедури на

банката при одобрувањето, следењето, наплатата и отписот на побарувањето;

се наведуаат (доколку постои поврзаност меѓу лицето чие побарување се

отпишува со банката), акционерите и лицата со посебни права и одговорности на

“Халкбанк”.

Нефукнционалните кредити се проблем за секоја банка, па и за “Халкбанк” и затоа

таа се труди да ги минимизира. Имено, успешната наплата може да се постигне преку:

анализа, засилен мониторинг42

(засилена контрола), посветеност и следење на пласманот

врз основа на прецизно дефинирани процедури, пласман на средства во добри бизнис

планови поддржани со стабилна финансиска конструкција, како и финансиски одржлива

инвестициска програма. Нефункционалните кредити ги анализира и Народна банка на

Р.М. и за нив таа врши постојана контрола на портфолијата на клиентите, при што ги

42 J.L Mester, I.L Nakamura, and M.Renault “Checking accounts and banking monitoring”, Working Paper, 90-

02-C, Vol 38, 2002 стр 3-5

Page 86: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

86

следи и дава насоки за решавање на проблемот, т.е. наплата на побаувањето, а натаму се

спроведуваат стратегии за процентуално минимизирање на портфолијата каде што има

доцнење. Во тој контекс се преземаат и низа други мерки што главно, се однесуваат на:

комуникација со клиентите и продолжување на роковите за исплата на нефункционалните

кредити, како основно решение на овој проблем. Следењето и спроведувањето на овие

инструкции резултираат во побрза и поуспешна наплата на нефункционалните кредити, а

со тоа се зголемува кредитниот потенцијал, неопходен за инвестирање во компаниите,

како и се поттикнува личната потрошувачка на населението. Конкретно, правецот според

којшто “Халкбанк” се движи во врска со овој проблем е: следење на нефункционалните

кредити со детална анализа на секоја кредитна изложеност, како и зголемување на

продажбата на преземениот имот.

4.2 Мерки за зголемен пласман на кредитните производи

Развојот не се постигнува само со промени, туку тој е резулатат на заедничка работа

на менаџментот и сите вработени. Во услови на изострена конкуренција многу е тешко да

се освои пазарот, односно да се задржат постојните и да се освојат нови клиенти. Токму

затоа, “Халкбанк” треба да изгради бред според којшто ќе биде препознатлива.

Препознатливиот бренд за клиентот значи ориентираност кон иновации, доверба и

можности за побрз раст на “Халкбанк” на македонскиот пазар. Иновациските производи

“Халкбанк” треба постојано да ги проширува за да може да се обезбеди задоволство кај

клиентите, а реалниот сектор да добива супериорни производи и услуги. Зголемувањето

на бројот на квалитетни клиенти (клиенти кои навреме ќе ги измируваат своите обврски)

има директно влијае врз финансисиските ефекти на банката, зашто придонесува за

зголемување на нејзиниот рејтинг, подобрување на стандардот на вработените и

натамошен раст и развој.

За да ја оствари нејзината мисија и да биде најдобра банка во Република Македонија

”Халкбанк” треба да ги преземе следниве активности:

- доследно да ги почитува законските прописи и интерните правила и процедури за

испитување на кредитната способност на кредитобарателите;

- да ги сведе на минимум нефункционалните кредити;

Page 87: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

87

- преку искористување на сите ресурси со коишто располага (технички, човечки,

информациски и сл.) да ги намали каматните стапки на кредитите и тие да станат

достапни до поголем број кредитокорисници;

- да го зголеми бројот на филијали и на тој начин да стане поблиска до поголем број

клиенти (физички и правни лица);

- да организира континуирана едукација на вработените за подобрување на

соработката со деловните субјекти;

- да соработува со финансиските институции за да може на клиентите коишто

увезуваат капитални добра од странство да им понуди среднoрочно и долгорочно

финансирање;

- да го зголеми бројот и да го подобри квалитетот на ко-промоциските активности и

кампањи за новите кредитни производи што ги нуди;

- да има поагресивна реклама и промоција на електронските медиуми за да ги

анимира клиентите за користење на нејзините услуги;

- да печати и дели флаери преку коишто ќе ја запознае пошироката јавност со

нејзините производи и услуги и ќе предизвика соодветен кај неа.

Сите овие активности можат да придонесат “Халкбанк” подобро да се етаблира на

македонскиот финансиски пазар и да стане една од водечките банки со препознатлив

бренд.

Page 88: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

88

Заклучок

Во согласност со методологијата на научноистражувачка активност, во завршниот

дел од овој труд се синтетизирани заклучните согледувања коишто се резултат на

направените анализи и испитувања на проблематиката поврзана со проценката на

кредитната способност на клиентите од страна на “Халбанк”:

1.”Халбанк” е финансиска институција што е етаблирана на македонскиот финансиски

пазар. Ова банка е со средна големина, според класификацијата на НБРМ, и е прва банка

што ги воведе: меѓународниот систем за управување со квалитет EN ISO 9001:208 и

стандардот за управување со информациската сигурност ISO 27001:2005. Исто така,

“Халкбанк” е прв агент во Р.Македонија за брз трансфер на пари во земјата и странство,

преку Western Union Money Transfer. Врз рејтингот на “Халкбанк” имаат големо влијание

и значителен придонес склучените договори со: Европската банка за обнова и развој од

Лондон (EBRD) за поддршка на малите и средни бизниси, со Германска банка за развој од

Франкфурд (KFW), наменет за поддршка на микро и мали компании; и кредитниот

договор со Соросовиот Фонд за економски развој (SEDF) од Њујорк, како и со

Фондацијата Институт отворено општество-Македонија за агро кредити и кредити за

обртни средства за мали и средни деловни субјекти. Oваа банка е избрана за банка на

годината од Стопанската комора на Р.Мaкедонија за постигнатите резултати,

продуктивноста и економичноста во работењето.

2. Работата на “Халкбанк” е селектирана во две групи: банкарско работење и кредитно

работење. Во рамките на банкарското работење таа извршува платен промет во земјата и

странство, работа со транскациски и нетрансакциски депозити, активности поврзани со

тргувањето со хартии од вредност и друго.

Една од најзначајните функции на “Халкбанк” е пласирањето на мобилизираните средства

во форма на кредити на заинтересираните физички и правни лица. Кредитните потреби на

клиентите таа ги обезбедува со развивање нови кредитни производи. Најчести кредитни

производи што им се одобруваат на физичките лица се: потрошувачкиот, станбениот,

хипотекарскиот, автомобилскиот и промотивниот Еко кредит. На деловните субјекти

Page 89: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

89

банката им нуди широк спектар на краткорочни и долгорочни кредити, кредити за обртни

средства, инвестициски, хипотекарски кредити и сл.

4.Бидејќи најголем дел од приходите што ги остварува банката се од пласирани

кредити, неопходно е таа да има изградено процедури и правила според коишто ќе се

почитуваат условите при нивно одобрување. Процесот на кредитирање започнува со

обраќање на клиентот до “Халкбанк”, при што се воспоставува директен контакт меѓу

клиентот и кредитниот референтот. Всушност со клиентот се води интервју, преку

коешто референтот добива сознанија за: височината на бараните средства, намената на

кредитот, финансиската способност, составот на раководниот кадар во компанијата и сл.

По спороведеното кредитно интервју доколку референтот стекне позитивно мислење, се

пристапува кон теренска посета за да се добијат дополнителни информации односно да се

потврдат податоците пласирани на интервјуто.

Во делот на кредитното истражување се прави финансиска анализа на

финансиските извештаи (билансот на состојба, билансот на успех, како и извештајот за

паричните текови), при што се зема предвид дејноста на дејствување, финансиската

политика, фазата на животниот циклус во којашто се наоѓа, фирмата пазарните услови и

други влијателни фактори.

5. Банката од билансот на состојба добива податоци за височината и структурата на

средствата, обврските и капиталот. Битни информации за кредитната способност на

клиентот се: височината (големината) на имотот со којшто располага и капацитет на

задолжување. Преку анализа на податоците што се пласирани во билансот на успех

банката доаѓа до сознанија за обемот и структурата на приходите и расходите. Анализата

на извештајот на паричните текови дава одговор на прашањата: од каде ентитетот го

финансира работењето и дали остварува доволно парични приливи за навремена отплата

на кредитот?

Банката, со помош на податоците од финансиските извештаи, ги пресметува следниве

показатели: показатeлот за ликвидноста, показателите за профитабилност, показателот за

рентабилноста, како и показателите за задолженоста.

Page 90: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

90

Најкористени методи и постапки што се употребуваат во практиката за оценка на

кредитната способност на барателите се следниве: методот на компаративна анализа,

методот за анализа на трендот, методот за анализа на финансискиот потенцијал и метод за

предвидување.

Меѓутоа, бидејќи од финансиските извештаи се добиваат податоци само за работењето во

минатото, а за “Халкбанк” да ја оцени способноста на клиентот за навремено отплаќање

на кредитот е битна сегашноста, од него таа бара да достави проектиран финансиски

извештај (про-форма) за паричните текови, и тоа за следните неколку години од каде што

ќе се покаже способноста на друштвото да генерира парични приливи.

6.Кредитирањето на населението е многу значајна активност за “Халкбанк”. Токму

затоа, таа континуирано прави анализа на пазарот за да ги утврди потребите на

населението и, според нив, да развие кредитни производи што ќе ги задоволат нивните

барања. Пред да се донесе одлука за доделување кредит на физичко лице се пристапува

кон оценка на неговата кредитната способност. Главен акцент при оценувањето на

кредитната способност на физичките лица се приходите, како основен извор за отплата на

кредитот. Оттука, неопходно е да се обезбедат докази дека лицето е во редовен работен

однос и неговата работа е постојана и стабилна; потоа податоци за височината на платата,

што имаат влијание врз определувањето на височината на месечната рата и сл.

Обезбедувањето има второстепена улога и се однесува на: административната забрана на

платата, обезбедувањето со жирани, обезбедувањето со депозити, залогот на хартии од

вреднот и хипотеката на недвижен имот. Оценката на кредитниот ризик кај населението се

прави со помош на кредитно бодирање што се смета за квантитативен метод, а се врши

според следниве податоци: месечениот приход, работниот стаж, нивото на задолженост,

кредитната историја, недвижниот и подвижниот имот, возраста, ликвидниот имот,

девизното работење и друго. Сите овие фактори поединечно се бодираат и се добива

крајната оценка, како пондериран просек, од каде што се носи и крајната одлука за

прифаќање или одбивање на кредитното барање на физичкото лице.

Page 91: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

91

7. “Халкбанк” континуирано го зголемува пласманот на средства во облик на

кредити на правни и физички лица. Банката, по одобрувањето на кредитите ги следи

кредитните должници, односно навременото отплаќање на кредитните обврски. Притоа,

таа особено внимание посветува на нефункционалните кредити, односно оние коишто не

се враќаат навреме. За да ги намали нефункционалните кредити, таа постојано ја следи

тековната состојба на клиентот, усогласеноста на кредитите со договорите, ја надгледува

употребата на кредитите од страна на ентитетот итн. Доколку клиентот се најде во

ситуација да не може редовно да ги сервисира своите обврски кон банката, тогаш таа

може да преземе една од следниве мерки: продолжување на рокот на втасување,

намалување на каматните стапки, намалување на височината на побарувањето

(главнина/или втасана камата и провизија, преку отпис), капитализација на каматата и

консолидација на повеќето побарувања во едно побарување со менување на договорените

услови и, како крајна мерка, активирање на хипотеката.

8. За да ја оствари својата мисија, односно за да стане најдобра банка во Република

Македонија “Халкбанк” треба во иднина да ги преземе следниве мерки: да ги намали

каматните стапки на кредитите и тие да станат достапни за поголемиот број

кредитокорисници; да го зголеми бројот на филијали и на тој начин да стане поблиска до

поголем број клиенти (физички и правни лица); да организира континуирана едукација на

вработените за подобрување на соработката со деловните субјекти; да го зголеми бројот и

да го подобри квалитетот на ко-промотивните активности и кампањи за новите кредитни

производи што ги нуди, а тоа подразбира да има поагресивна реклама и промоција на

електронските медиуми за да ги анимира клиентите за користење на нејзините услуги.

Според направените истражувања може генерално да се заклучи дека “Халкбанк”

има капацитет и потенцијал за натамошен поинтензивен раст и развој во Р.Македонија.

Page 92: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

92

Користена литература

A. КНИГИ

1. Николовски Ненад: “Банки и организаиран криминал (спречување на перење

пари и финансии, организиран криминал во банкарското работење со осврт на

Р.Македонија)” Нордиа, Скопје, 2011.

2. Мишкин Фредерик С: “Економија на пари, банкарство и финансиски пазари”

Магор, Скопје, 2010.

3. Хефернан Шили: “Современо банкарство”, Академски печат, Скопје, 2009.

4. Trifunovic Predrag: “Banke, organizacija, poslovanje I politika”, Sluzbeni list,

Beograd, 1980.

5. Крцкоси Миле: “Збирка на прописи од областа на работните односи, стопанство

и банкарство во Р.Македонија” Службен весник на Р.М. Скопје,1994.

6. Vuckovic Milos: “Organizacija poslovanje kreditnih preduzeca” Izdavacko preduzece

Narodne Republike Srbije, Beograd, 1948.

7. Vuckovic Milos : ”Kreditno – bankarski sistemi”, Економски факултет, Скопје, 1967.

8. Велковски Васил: “Камата”, Здружение на правници од стопанството на

Република Македонија, Скопје, 2000

9. Силјаноски Благоја: “Акумулација: камата, работничка дивиденда и профит

(економетриски-математички модел)”, Мугри 21, Скопје, 1994.

10. Мајхснер Вјекослав: ”Кредит”, Култура, Скопје, 1960

11. Стојменов Борислав: “Финансиско работење: стручни појаснувања со коментар

на Законот за финансиско работење”, Економски центар, Скопје, 1989

12. Стојменов Борислав: “Пресметка на камати на побарувањата и обврските: со

таблица за конформни стапки за 366 дена”, Економски центар, Скопје, 1988

13. Стефановски Бошко: “Што треба да знам за меницата, како инструмент за

плаќање и обезбедување на плаќањето” Просветно дело, Скопје, 2005

Page 93: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

93

14. Коцева Јадранка: “Кредитни процедури и кредитни анализи на комерцијалните

банки во Р.Македонија и нивното влијание врз кредитното портфолио”, Ј.Коцева,

Скопје, 2011

15. Делова Јолевска Евица: “Управување со проблематични кредити од страна на

банките со посебен осврт на проблематичните кредити во Р.Македонија”

Економски институт, Скопје, 2003

16. Николовска Татјана: “Развој на информациски модел за оценка на перформанси

при финансирање на мали и средни претпријатија” Скопје, 2011

17. Ставрев Зоран: “Закон за заштита на потрошувачите при договори за

потрошувачки кредити” 2007

18. Витанова Д-р Гордана: “Финансирање на претпријатијата со кредити” 2001

19. Чоланович Бранислав: “Кредитна активност на банките” 2001

20. Зарезанкова – Потевска Марија: “Напори за кредитирање на малото стопанство”

1998.

21. Beattie, V.A Casson, P.D Dale, R.S McKenzie, G.V Sutcliffe, C.M.S: “Банките и

лошите кредити” 1995

22. Рафајловска Јасмина: “Меница инструмент за плаќање и обезбедување на

плаќањето”

23. Тобин Џејмс, Голуб Стефан С: “Пари, кредит и капитал” Скопје, Арсламина 2011

24. Емшова Менча: “Банкарски активности во врска со кредитирање на

потрошувачи” Скопје, 2011

25. Илиевски Коста: “Потенцијал за кредитирање” 1994

26. Pokorn Joze: “Denar ili kredit” 1967

27. Трпески Д-р Љупчо: “Пари и банкарство” Економски факултет Прилеп, Скопје,

2003

28. Витанова Д-р Гордана: “Финансиски пазари и институции” Економски факултет

Прилеп, Битола 2003

29. Мангова Поњавиќ, Кики: “Кредитен регистер на НБРМ”

30. Kozetinac Gramidir: “Proces kreiranja novca”

31. Штериев Иван: “ Пресметка со хипотеките санација на банките ” Скопје, 1994

Page 94: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

94

32. Коевски Горан: “Меница како средство за плаќање и извршна исправасо цел

обезбедување на плаќањето” Скопје 2008

33. Milicevic Stevan: “Hartije od vrednost” 1981

34. Филипович Ставре: “Основни поими за меницата” 1983

35. Димески Стевчо: “Банкарски менаџмент во современа глобализација на

финансиските пазари” Прилеп 2010

36. Дафи Дарел, Синглтон, Кенет, Џ: “Кредитен ризик: одредување цени,мерење и

управување” Скопје, 2011

37. Филиповиќ Биљана: “Кредитен ризик и ризик на адекватноста на капиталот”

Охрид 2011

38. Каунариќ Д-р Анте: “Банка принципи и пракса” банковног пословиња Издавачко

инструктивно биро, Загреб, 1981

39. Стојановиќ Д-р Тодор: “Анализа на работењето на претпријатијата” Скопје 1990

40. Неноски Томе: “Формирање цени на производи и услуги на корпоративните

банки”

41. Жан – Луј: “Финансиско управување” Logos – A 2006.

42. Министерство за финансии, Можности и услови за кредититирање на

претпријатијата во Р.Македонија.

43. Кокс Денис, Кокс Мајкл,: “Математика за банкарство и финансии” Скопје, Арс

ламина 2011

44. Рос, Стивен А. Вестерфилд, Рандолфов, Џаф, Џефри Ф: “Корпоративни

финансии” Скопје, Магор 2010

45. Гривчев Васил Ј: “Интерна банка” Скопје, Завод за унапредување на

стопанството во Р.М 1981

46. Превала Шанбан: “Финансирање на бизнисот” Скопје, Академик 1996

47. Петрески Горан: “Управување со банките”, Економски факултет, Скопје, 2008

(Охрид: “Коста Абраш”)

48. Арсов Сашо: “Финансиски менаџмент”

49. J.L Mester, I.L Nakamura, and M.Renault “Checking accounts and banking

monitoring”, Working Paper 2002

Page 95: I. 5 II. - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Cvarkovska_Jasmina-0.pdf · управување со информациската сигурност банката ќе

95

B. СПИСАНИЈА

1. Закон за банки, “Службен весник на Р.Македонија” 63/00, 103/00, 37/02, 51/03,

85/03;

2. НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, “Службен весник на

Р.Македонија” бр. 31/09

C. ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦИ

1. http://www.halkbank.com.mk/

2. http://www.nlbtb.com.mk/Default.aspx?lId=1

3. http://www.stb.com.mk/

4. http://www.sparkasse.com.mk/

5. http://books.google.mk/books?id=NaiDeVIDwDkC&pg=PA170&lpg=PA170&dq=b

ankarski+institucii&source=bl&ots=JGb184Ea97&sig=R52dwDFIDGC-

eCpNEggWXCtTBmg&hl=en&sa=X&ei=pc-

DUsiPGo_VsgaDqICQAg&redir_esc=y#v=onepage&q=bankarski%20institucii&f=f

alse

6. http://www.org.mk/struga/banki/moznosti-kreditiranja-1.pdf