МАГИСТЕРСКИ ТРУД -...

78
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – ПРИЛЕП МАГИСТЕРСКИ ТРУД Улогата на локалната самоуправа во развојот на малите и средни бизниси во Општина Битола Ментор: Кандидат: проф. д-р Мирослав Гвероски Софија Крстевска Прилеп, 2014

Upload: others

Post on 14-Sep-2019

50 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – ПРИЛЕП

МАГИСТЕРСКИ ТРУД

Улогата на локалната самоуправа

во развојот на малите и средни бизниси

во Општина Битола

Ментор: Кандидат:

проф. д-р Мирослав Гвероски Софија Крстевска

Прилеп, 2014

Page 2: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

КОМИСИЈА ЗА ОДБРАНА:

Ментор: проф. д-р Мирослав Гвероски

____________________________________________

Член: проф. д-р Снежана Мојсовска-Саламовска

____________________________________________

Член: проф. д-р Лазар Стојаноски

____________________________________________

Датум на одбрана:

_________________________

Page 3: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

ИЗЈАВА

Јас, Софија Крстевска, изјавувам дека поднесениот магистерски труд под наслов

„Улогата на локалната самоуправа во развојот на малите и средни бизниси во

Општина Битола“ е мој самостоен труд, кој е резултат на самостојна научна работа.

Во согласност со претходното, изјавувам дека ги прифаќам сите права, обврски

и одговорности кои произлегуваат од актите кои ги регулираат правата на авторските и

сродните права.

ИЗЈАВУВА:

Софија Крстевска

Page 4: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

Содржина

Вовед ......................................................................................................................................... 5

Прв дел: Карактеристики на малите и средни претпријатија ............................................. 8

1. Дефинирање и поим за мали и средни претпријатијатија ........................................... 8

2. Значењето и влијанието на МСП врз економски развој ............................................ 16

3. Фактори кои влијаат врз растот и развојот на МСП .................................................. 19

4. Елементи на инвестициската клима за развој на МСП .............................................. 23

Втор дел: Мерки и инструменти на единиците на локалната самоуправа за поддршка и

развој на МСП ........................................................................................................................ 25

1. Организациска поставеност на локалната самоуправа .............................................. 25

2. Можни мерки на единиците на локалната самоуправа за развој на МСП ............... 30

3. Значење на МСП за локален економски развој (ЛЕР) ............................................... 34

Трет дел: Анализа на влијанието на единицата на локална самоуправа на Општина

Битола врз развојот на малите и средни бизниси ............................................................... 36

1. Локален економски развој на Општина Битола .......................................................... 36

2. Развој на мали и средни бизниси во Општина Битола ............................................... 49

3. Проекти на локалната самоуправа поврзани со МСП ................................................ 52

4. Мерки на локалната самоуправа за поддршка на МСП преку јавно приватни

партнерства ......................................................................................................................... 58

Констатации и препораки за поддршка на локалната самоуправа во развојот на МСП во

Општина Битола ..................................................................................................................... 63

Истражување на пазарот - мали и средни претпријатија во Битола ................................. 63

Препораки за натамошни истражувања ............................................................................... 72

Заклучни согледувања ........................................................................................................... 73

Користена литература............................................................................................................ 76

Page 5: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

5

Вовед

Проблематиката со која се занимавам во ова истражување е потенцирањето на

улогата на локалната самоуправа врз растот и развојот на МСП и мерките и методите

кои се користат за МСП во Македонија да имаат позитивно влијание врз растот и

заживувањето на економијата, како и зголемувањето на вработеноста во Општина

Битола.

Актуелноста на истражувањето во овој магистерски труд се согледува преку

тоа што разработката на темата „Улогата на локалната самоуправа врз растот и

развојот на малите и средни претпријатија“ претставува актуелна проблематика во

развиените земји и земјите во развој. МСП се извор на нови работни места, нови идеи,

претприемачки иновативни потфати и сл., што придонесува да се развива економијата

во целина. Поддршката на локалната самоуправа на МСП во финансиска смисла,

поддршката на институциите во развојот на МСП и поддршката на државата на МСП е

неопходна за понатамошен раст и развој на МСП.

Предмет на истражувањето се малите и средни претпријатија во Битола и

влијанието на локалната самоуправа врз подобрување на климата за работа, преку

поедноставување на правното и регулаторното окружување, подобрување на пристапот

до финансии, промовирање на претприемништвото во образованието итн.

Целта на истражувањето е да се добијат поголеми сознанија за големината на

влијанието на локалната самоуправа врз тоа како и колку ќе се отвораат нови МСП,

како ќе опстојуваат и ќе се развиваат и понатаму на пазарот, што ќе придонесе за

заживување на стопанството и економијата преку вработеноста, а сето тоа понатаму

позитивно ќе се одрази на севкупната благосостојба на граѓаните.

Методологијата на истражувањето која ја користев при истражувањето на

предметот на овој труд претставува комбинација од повеќе методи. Пред сè,

истражувањето се базира на користење на методите за анализа и синтеза, како и на

идуктивно-дедуктивниот метод за добивање и обработка на податоци. Исто така, за да

биде истражувањето егзактно, користени се статистички податоци од проверени

извори кои понатаму служат при вршење на квантитативна анализа. При

истражувањето користена е домашна и странска литература од признати економски

експерти.

Page 6: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

6

Малите и средни бизниси се предмет на перманентно истражување токму поради

фактот што тие се основни двигатели на економскиот раст, создаваат можности за

зголемување на вработеноста и конкурентноста на секоја одделна земја и

претставуваат клучни чинители за добросостојбата на локално и регионално ниво.

Причина повеќе за големиот интерес за нив се и зголемениот број новоосновани мали и

средни бизиси, независно од високата стапка на морталитет на малите фирми во првата

година од нивното работење, поточно во првите пет години. Малите бизиси се

можност за дејствување во одделна стопанска дејност со мал капитал. За нивната

застапеност во современото општество зборуваат и податоците дека микро и средните

фирми се вистински гиганти во Европската унија, така што дури 91,5 % од сите

компании се микробизниси, а 67% од работните места во европскиот приватен сектор

припаѓаат токму на малите и средни бизниси. Бројот на малите фирми и во Р

Македонија е во постојан раст.

Малите и средни деловни субјекти се едни од основните двигатели за постигнување

забрзан економски раст, создавање дополнителна вредност во економиите,

зголемување на вработеноста и подобрување на конкурентноста на земјата.

Претприемништвото денес е основа и за одржлив локален и регионален развој

со што локалната самоуправа со законските измени што се прават во последно време се

стекнува со надлежности со коишто се јакне капацитетот за креирање и

имплементација на поволни услови и политики за поддршка на развојот на малите и

средни деловни субјекти.

Имајќи го сето ова предвид, а исто така знаејќи го и значењето на развојот на

малите и средни бизниси за развојот на македонската економија и конкретно

локалниот економски развој на Општина Битола, се определив истражувањeто во овој

магистерски труд да се насочи кон улогата на Локалната самоуправа врз растот и

развојот на МСП и мерките и методите коишто се користат МСП во Македонија да

имаат позитивно влијание врз растот и заживувањето на економијата и зголемувањето

на вработеноста.

Целта на ова истражување е да се добијат поголеми сознанија за ефектите од

влијанието на Локалната самоуправа врз тоа како и колку се основаат, опстојуваат и

развиваат новите бизниси во Општина Битола, т.е. колку тие придонесуваат за

заживување на стопанството и економијата преку вработеноста, а и врз севкупната

благосостојба на граѓаните во Општина Битола.

Page 7: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

7

Во првиот дел од магистерскиот труд објаснети се малите и средни бизниси и

определени се нивните карактеристики и начини на функционирање, како и нивната

застапеност во нашето стопанство. Понатаму се посветува внимание на начинот на

формирање на мали и средни бизниси, нивното значење и влијание врз вкупниот

економски раст, како и на факторите кои влијаат врз нивниот раст и развој.

Објаснети се и образложени и институциите кои се поврзани со МСП и нивните улоги и

начини преку кои се поврзани во соодветни корелации со МСП, како и позитивностите и

негативностите кои произлегуваат од тие корелации.

Исто така, образложени се и елементите на инвестициската клима за развој на МСП и

преку мерките кои се преземаат за подобрување на бизнис климата и поддршка на

бизнисот.

Во вториот дел објаснета е структурата на Локалната самоуправа, односно

организациската поставеност, структура и начин на функционирање на Локалната

самоуправа. Понатаму, се образложуваат задолженијата на Локалната самоуправа, со

посебен осврт на задолженијата на Локалната самоуправа поврзани со МСП, односно,

можните мерки на единиците на Локалната самоуправа за развој на МСП. Детално е

објаснето финансирањето на МСП, потребата од поддршка за развојот на МСП, како и

видовите на поддршка од државата и други институции во насока на развој на МСП.

Исто така, во овој дел од магистерскиот труд, се зборува и за локалниот економски

развој (ЛЕР), што е од голема важност за поддршка на малите и средни претпријатија,

креирање поволна инвестициска клима, инвестирање во физичка инфраструктура,

привлекување на екстерни инвестиции итн.

Во третиот дел образложен е буџетот на Општина Битола, односно приходите и

расходите со кои Општината се соочува во текот на една година. Исто така, и

вработеноста во Општината, како и начините на зголемување на бројот на вработени

преку охрабрување и поддршка за основање на сопствени бизниси. Во овој дел направен

е и осврт на застапеноста на МСП, по дејности и структура.

Во овој дел ги разгледуваме проектите на Локалната самоуправа поврзани со МСП и

капиталните инвестиции во функција на поддршка на локалната економија.

Потоа станува збор за проекти на Општината поврзани со МСП и образложени се

мерките на Локалната самоуправа за поддршка на МСП и имплементирање на јавно-

приватни партнерства.

Page 8: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

8

Прв дел: Карактеристики на малите и средни претпријатија

1. Дефинирање и поим за мали и средни претпријатија

Во земјите со пазарна економија постои широк спектар на претпријатија кои се

различни по големина, дејност, структура и други параметри. Според критериумот на

големина претпријатијата вобичаено се делат на: мали, средни и големи претпријатија.

Едно претпријатие во текот на работењето, доколку работи ефикасно, со текот на

времето се развива и окрупнува, а тоа е предизвикано од зголемената побарувачка на

производите, користењето на ефектите од економијата од обем, модернизацијата и

напредокот на технологијата, одржувањето на претпријатието во тек со конкуренцијата

и сл.

Малите претпријатија често прераснуваат во големи и со зголемување на бројот

на работници или со зголемување на годишните приходи истовремено се зголемуваат и

предизвиците врзани со работењето и управувањето на претпријатието, а сето ова носи

промени и во корпоративната култура, организацијата и стратегијата при работењето.

Дефинициите за мали и средни претпријатија се различни во различни држави, а

исто така, во некои држави се разликуваат дефинициите и во однос на дејноста во која

МСП работат постојат критериуми на дефинирање кои се однесуваат на продажбата,

приходите и профитот.

Во Р Македонија според Законот за трансформација на претпријатијата со

општествен капитал (член 12)1 и Законот за сметководството (член 40)

2, за мал субјект

се смета субјектот кој во секоја од последните две пресметковни години, односно во

првата година од работењето задоволил два од следните критериуми:

просечниот број на вработени, врз основа на работните часови во текот на една

година, да не е поголем од 50 работници;

1 Закон за трансформација на претпријатијата со општествен капитал „Сл. весник на Р Македонија“

бр.38/93 од 21.6.1993 година 2 Закон за сметководство „Сл. весник на Р Македонија“ бр.42/93 од 7.7.1993 година

Page 9: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

9

годишниот приход да е помал од 8 000 просечни месечни плати (бруто по

работник во стопанството на Република Македонија) и

просечната вредност на деловната актива (на почетокот и крајот на деловната

година) да е помала од 6 000 просечни месечни плати (бруто) по работник во

стопанството на Република Македонија.

Според критериумот за класификација на претпријатијата во однос на нивната

големина поделени се на мали, средни и големи претпријатија. Поделбата на

претпријатијата на мали, средни и големи најчесто се врши врз основа на различни

квалитативни и квантитативни елементи меѓу кои се:

бројот на вработени во претпријатието;

вложениот капитал;

износот на плати;

остварениот промет;

обртот на средства;

вредноста на постојните средства и др.

Според овие критериуми се добива вкупниот резултат и се одредува дали

станува збор за мало, средно или големо претпријатие. Сепак овие критериуми не се

доволни за да се добие точна претстава за големината на претпријатието и потребна е

поподробна анализа.

Доколку ги споредиме дефинициите на Македонија, САД и ЕУ, можеме да

забележиме различни критериуми и параметри за нивно дефинирање.

Според дефиницијата на САД за мал бизнис се смета оној бизнис кој има помалку од

250 вработени, а среден бизнис претставува бизнис кој не брои повеќе од 500

вработени. Исто така, во САД постојат различни дефиниции за мал бизнис во различни

области на работењето, односно границата на број на вработени се поместува во

зависност од тоа дали станува збор за производство, давање на услуги, трговија,

градежништво итн. Според Форбс, 97% од бизнисите во САД се мали бизниси3.

Според дефиницијата на ЕУ, мали претпријатија се оние кои имаат до 50 вработени,

додека пак во средни претпријатија спаѓаат претпријатијата кои имаат до 250

3 http://www.forbes.com/sites/stevecooper/2012/09/20/the-government-definition-of-small-business-is-b-s/

Page 10: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

10

вработени. МСП треба да остварува годишен приход кој не надминува 50 милиони

евра или годишно активата во билансот на состојба да не надминува повеќе од 43

милиони евра4. Можеме да забележиме дека дефиницијата на ЕУ е послична со

дефиницијата на Македонија за МСП во однос на бројот на вработени, додека пак

разликата е околу четирипати поголема според дефиницијата на ЕУ во однос на

границите на остварување на годишниот приход и големината на активата во билансот

на состојба за едно претпријатие да се вбројува во мал бизнис.

МСП се карактеризираат со одредени одлики и специфичности кои се

карактеристични само за нив и за нивното работење.

Бизнисот треба да исполнува две од овие 4 карактеристики за да припаѓа на

категоријата мали бизниси:

1. Менаџментот на фирмата да биде независен, бидејќи менаџерите обично

се и сопственици;

2. Капиталот е сопственост на поединец или мала група на луѓе;

3. Подрачјето на дејствување е главно мало, а пазарот локален;

4. Релативната големина на фирмата во рамките на индустријата мора да

биде мала во споредба со најголемото претпријатие од тоа подрачје.

Малиот бизнис може да се дефинира како бизнис кој не е доминантен во

подрачјето во кое дејствува и не вработува повеќе од 50 работници.

Во однос на подрачјата на дејствување, како најдоминантно стопанско подрачје

на започнување на мал бизнис се јавува трговијата како најпогодна област за водење на

мал бизнис поради помалите трошоци отколку кај производствена фирма, а и поради

широкиот спектар на дејности кои ги покрива трговијата како стопанско подрачје.

Потоа следуваат услугите, производството и на последно место градежништвото.

Општи ситуации во кои малите претпријатија манифестираат предности во

работењето се:

4 http://www.thefsegroup.com/definition-of-an-sme

Page 11: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

11

1. кога треба да се тестираат нови производи или идеи, односно кога се

бараат нови видови деловни потфати, подобро е да се започне со мало

претпријатие;

2. кога личното внимание на сопственикот е важно за секојдневните

активности;

3. кога личната услуга е доминантна, а за тоа примери се салони за убавина,

агенции за недвижности, претпријатија за декорација и ентириери, ТВ и

други електронски поправки и сл.;

4. кога пазарот за производот или услугата е главно локален;

5. кога се располага со ограничен пазар;

6. кога индустријата се карактеризира со големи варијации во

побарувачката или во стиловите;

7. кога е важен непосредниот извештај од кадрите.

Малите претпријатија се важни за придвижување на економијата во една земја.

Тоа е пред сè, поради можноста за отворање на нови работни места, како и за

поттикнување на конкуренцијата, со што подобро и поефтино се задоволуваат

потребите на населението.

а) Предности на малите претпријатија

Флексибилност, што претпоставува можност да се намали производството за

да се одговори на промените на пазарните услови. Малите претпријатија се

пофлексибилни во однос на големите претпријатија, поради што можат полесно да се

прилагодат на промените кои настануваат во текот на работењето, без разлика какви

промени настануваат, односно дали станува збор за промени во економијата,

политички промени, промени на преференциите на потрошувачите итн. Оваа

флексибилност произлегува од тоа што МСП се иновативни и лесно се прилагодуваат

на деловното окружување. Друга предност се непосредните контакти со

потрошувачите, со што сопственикот на претпријатието директно влијае на

привлекување на потрошувачите. Во овој сегмент репутацијата и односот на

сопственикот со потрошувачите е најважен, бидејќи токму од тоа ќе зависи и како ќе

гледаат потрошувачите на целиот бизнис, што значи дека сопственикот преку градење

Page 12: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

12

на професионални односи ќе привлекува повеќе потрошувачи. Понатаму, кратките

канали на комуникација, односно непосреден канал на комуникација лице в лице

или комуникација со директни контакти меѓу сопственикот и вработените, што

овозможува поголема контрола и познавање на сопственикот на вработените.

Профитот како плата, што е од голема важност за започнување и влегување во

малиот бизнис. Како најголем мотив за започнување на сопствен бизнис се јавуваат

токму профитот и работењето за себе. Секој успех на бизнисот е и личен успех за

сопственикот. Непосредни контакти со снабдувачите - на таков начин се

воспоставуваат понеформални односи со снабдувачите во поглед на количините, за

неочекувани промени во снабдувањето и слично. Сопственикот има поголема контрола

врз робата и залихите, а сите неочекувани промени може полесно да ги предвиди и да

се договори со снабдувачите за дополнително снабдување со стока. Лесно се

започнува со работа, единствена правна формалност е документацијата за локација,

почетен капитал и дозвола за работа и регистрација. Постои помал влог за започнување

со мал бизнис, што започнувањето на мал бизнис го прави подостапен и најчест начин

на започнување на сопствен бизнис. Едноставно одлучување - сопственоста и

менаџментот заснован на една личност овозможува едноставно одлучување. Колку е

посложена хиерархијата при менаџирање на едно претпријатије, толку е поголем и

посложен и самиот процес на одлучување.

б) Слабости на малите препријатија

Недостиг на ефективен менаџмент е една од слабостите на малите

претпријатија каде сопственикот се потпира на една личност. Најчесто еден од

вработените менаџира со работењето на другите вработени и со целата организација

при работењето, со што се изоставува контролата, а се зголемува можноста за грешка.

Често се случува и целото менаџирање да е во рацете на сопственикот, при што

доколку недостасува искуство од областа во која работи бизнисот, соодветно

образование и вештини за работа, уште повеќе ќе недостига ефективно менаџирање. За

да се реши овој недостаток, потребно е да се има квалификувано менаџирање, односно

соодветен менаџер кој ќе знае да го води претпријатието кон успех. Едно мало

претпријатије работи многу часови дневно, најчесто поради малиот број на вработени

кои мораат да ја сработат целата работа, поради што често се работи прекувремно за да

Page 13: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

13

се завршат сите обврски. Исто така, недостатокот од големи погони за работа и висока

технологија кај малите претпријатија е причина плус да се работи додатни часови за да

се постигне ефикасно работење. Недостигот на обртен капитал е недостаток кај

малите и средни претпријатија, обртот е одлика на големите претпријатија кои

остваруваат економии од обем, при што заштедуваат при целиот процес на

производство, што не е случај со малите претпријатија кои произведуваат помали

количини и остваруваат помал обрт на капитал. Недостигот на специјализација може

да се јави кај вработените, но и кај сопственикот на бизнисот. Во денешните услови на

работа секој кој има идеја за бизнис и доволно средства за започнување со работа,

може да започни сопствен бизнис. Луѓето кои започнуваат некаков бизнис не се

секогаш стручњаци во тоа поле за работа, односно им недостасува специјализација. За

да се реши овој проблем треба да вработуваат стручњаци кои поседуваат соодветни

квалитети и кои ќе знаат да го менаџираат бизнисот, а сопствениците ќе имаат корист

од сето тоа. Проблем се јавува и кај фамилијарните бизниси, кои се честа форма на мал

бизнис и не сакаат да вработуваат некој „од страна“ кој не е дел од семејството, а сами

имаат проблем при водењето на бизнисот. Фондовите и банките вкалкулираат

поголем ризик кај МСП, а тоа претставува проблем кога малите бизниси имаат

потреба од додатно финансирање. Банките и другите финансиски институции имаат

поголема доверба кај поголемите бизниси и им даваат поповолни кредити со

поповолни каматни стапки и високи износи. Поради тоа, малите бизниси се

поограничени во однос на финансирањето и најчесто од помош им се државните

фонодви за инвестирање на мали и средни бизниси, кои често соработуваат и со

банките. Еден од начините за да се реши проблемот со финансирањето е малите и

средни бизниси да поседуваат квалитетен бизнис план и идеи за да се насочат кон

аплицирање во разни проекти со цел за добивање на средства.

Како најчести причини за започнување на сопствен бизнис се јавуваат: желбата

да се биде сопствен газда и да се работи за себе, наследство на сеемен бизнис или

вклучување во бизнисот со родителот или со некој член од семејството. Во основа,

причината за започнување со свој бизнис е желбата за независност и можноста за

лично изразување на способноста, желбата и енергијата, поголемата слобода на

преземање на деловни активности итн. Во однос на начините како да се започне свој

бизнис постојат повеќе начини и тоа: започнување на мал бизнис преку купување на

веќе постојно претпријатие, понатаму основање на ново претпријатие, наследување на

Page 14: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

14

семеен бизнис или започнување на мал бизнис преку изнајмување на претходно

разработен бизнис.

в) Споредба меѓу малите и големите претпријатија

Често пати се прават споредби помеѓу малите и големите претпријатија,

односно помеѓу нивните карактеристики, предности и слабости. За таа цел во овој дел

ќе ги истакнеме предностите на големите претпријатија во однос на малите бизниси и

ќе направиме споредба.

Големите претпријатија во западните земји претставуваат основа на нивните

успешни стопанства. Најголемите компании во САД даваат 30% од бруто-

националниот производ и вработуваат околу 80% од научниците и истражувачите кои

работат во индустријата. Големите претпријатија имаат предност над малите

претпријатија во однос на материјалниот, кадровскиот и финансискиот потенцијал со

кој располагаат. Предностите на т.н. економија на обемот овозможуваат големите

претпријатија да бидат поефкасни, да произведуваат со пониски трошоци и да

продаваат по пониски цени. Најчесто користат сложена технологија, способни се да

спроведат детално расчленување на процесите, сѐ додека специјализацијата дава

ефекти врз зголемување на продуктивноста. Остваруваат значајно поголема количина

на набавка на ресурси во продажба на готови производи, количински рабат и сл. Од

аспект на финансиите големите претпријатија можат полесно да добијат кредити од

банките, а обично имаат и поголем потенцијал за интерно финансирање. Имаат

предност и во однос на истражувањата и развојот, бидејќи истражувањата и развојот во

големите претпријатија поуспешно се организираат. Трошоците за овие активности

може да бидат доста високи, така што полесно е за големите претпријатија да ги

покријат.

Можат да се утврдат бројни основни и дополнителни разлики помеѓу малите и

големите бизниси. Основните разлики произлегуваат од големината, подрачјето на

делување, менаџментот, организациската структура, пазарот, финансиските средства и

др., додека пак дополнителните разлики произлегуваат од односите во процесот на

работење. Првата разлика се однесува на големината. Имено, малото претпријатие има

до 50 вработени, додека пак големото претпријатие брои над 250 работници. Втората

разлика произлегува од подрачјето на дејствување. Кај малите претпријатија

подрачјето на дејствување има локален карактер, додека пак големото претпријатије

Page 15: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

15

делува на поголемо подрачје. Третата разлика произлегува од менаџментот. Имено, кај

малото претпријатие сопственикот е истовремено и менаџер и го управува бизнисот,

додека пак кај големото претпријатие овие две функции се разделени. Четвртата

разлика, организациската структура, кај малото претпријатие е поедноставна, за

разлика од сложената организациска структура на големото претпријатие која може да

биде бирократска, матрична, линиска, линиско-штабна, проектна, функционална и сл.

Петтата разлика се однесува на пазарот, малото претпријатие своите производи -

услуги ги нуди на локален и мал пазар по обем. Големото претпријатие обично има

голем пазар на кој ги нуди своите производи - услуги.

Во врска со поделбата на претпријатијата на мали, средни и големи се поставува

прашањето: која е најдобра структура на претпријатија? Одговорот на ова прашање

воопшто не е лесен и едноставен и бара поподробна анализа и содржи низа

спротивставени ставови и решенија. На една страна се сфаќањата дека треба да се

стимулира формирањето и развивањето на мали претпријатија (ваквите резултати се

потпираат на земјите со развиена пазарна економија, посебно во САД и Јапонија каде

ефектот во стопанството се гледа кај малите претпријатија со нивното брзо

прилагодување кон измените на средствата).

Од друга страна, заслужуваат внимание и оние ставови кои ја истакнуваат

приоритетноста и на големите претпријатија и кои просперитетот на западните

економии го обајснуваат првенствено со економската моќ на големите компании.

Сето ова ни укажува дека прашањето: која е најдобра структура на претпријатие, кое

претпријатие е подобро и поефикасно, големо или мало?, не е разрешено ниту во

рамките на развиените пазарни економии. Затоа при формирањето на структурата на

претпријатието се земаат во предвид предностите и слабостите на трите вида на

претпријатија. Во теоретските и практичните расправи за тоа што е подобро и

поефикасно, мало или големо претпријатие, значајно е и размислувањето на група

автори приврзаници на „тезата“ дека големото претпријатие е подобро и поефикасно,

тргнувајќи од одредени аргументи кои укажуваат на предностите на големите

претпријатија во однос на малите претпријатија.

Page 16: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

16

2. Значењето и влијанието на МСП врз економскиот развој

Во структурата на економијата на страната на понудата учествуваат голем број

на претпријатија коишто или меѓусебно си конкурираат или пак меѓусебно се

надополнуваат. Најголем број од тие претпријатија се мали или средни претпријатија,

кои иако се најмногубројни, сепак имаат помало учество во целокупната понуда на

производи на пазарот. Сепак постоењето на мали и средни претпријатија е неопходно,

бидејќи токму тие го симулираат развојот на пазарни односи, конкурентската борба и

влијаат врз намалувањето на монополската моќ на големите претпријатија. Малите и

средни претпријатија имаат различна улога во вкупното стопанство на земјите со

пазарна економија, а нивната улога најмногу зависи од фазата на развој во која се наоѓа

земјата. Во фаза на интензивен развој, кога се забележува стопанска експанзија, раст на

производството, концентрација на капиталот и на работната сила и се остварува брз

техничко-технолошки развој, како главни носители на наброените активности се

јавуваат големите претпријатија, додека пак малите и средните претпријатија имаат

подредена улога. Улогата на малите и средни претпријатија станува понагласена во

периодите на забавување или застој на стопанскиот развој. Во седумдесеттите години

од овој век кога светското стопанство после војната на Блискиот Исток го зафати

период на голем недостиг на нафта и други производи кои се поврзани и зависат од

нафтата, се појави и многу висока инфлација. Поради сето ова, во тој период голем

број на големи претпријатија престанаа да постојат. За разлика од нив, малите

претпријатија се покажаа пофлексибилни и поприлагодливи, со што успеваа да

воспостават одржлив развој и учество на пазарот.5

Токму поради ова, во едни современи услови на технолошки и економски развој

во едно општество, вниманието не е свртено само кон големите претпријатија, туку и

кон развој и дисперзија на малите претпријатија, кои претставуваат извор на иновации,

овозможуваат поголема конкурентност, се ориентираат кон потребите на

потрошувачите, ја зголемуваат вработеноста и нудат низа на други економски

предности кои влијаат врз економскиот развој.

5Д-р Стаменковски, Алекса, „Маркетинг на малите и средните претпријатија“, Скопје, април 1995 година стр. 13, 14.

Page 17: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

17

Мерењето на економската сила на МСП може да се изврши преку повеќе

синтетички показатели и тоа: учеството на МСП во креирањето на вработеноста,

учеството на МСП во создавањето на додадената вредност (разлика меѓу вкупниот

приход на претпријатијата и трошоците за интермедијарни добра, т.е. за суровини,

полупроизводи и помошни материјали) и учеството на МСП во формирањето на бруто-

домашниот производ.6

МСП се значајни за развој на националните економии бидејќи придонесуваат да

се намали невработеноста, а преку развојот на новите технологии тие можат да бидат

фактор кој генерира економски раст. Преку економскиот раст МСП влијаат врз

намалување на сиромаштијата преку отворање на можности за вработување на

нискоквалификувани работници, обезбедување на посакуваното ниво на иновации и

одржливост на економијата во целина.

Економистите потенцираат дека зајакнувањето на МСП и промоцијата на

претприемништвото претставува добра стратегија за придонес кон економскиот развој.

Тоа произлегува преку креирањето на нови вработувања, воведувањето на нови и

подобрени производи, понатаму МСП се флексибилни и можат лесно да се адпатираат

на промелнивите пазарни услови. Токму затоа потребно е да се креира средина каде

МСП ќе можат успешно да работат, да креираат производи и нови начини на работа,

да воведуваат иновации и да создаваат нови работни места. За подобрување на

економската состојба во многу економии во развој, покрај макроекономската

стабилизација, масивната трговија и инвестициските програми за либерализација (кои

се клучни за да се охрабрат странските директни инвестиции), силен фокус се става

врз поттикнувањето на МСП. За да се постигне ова, една економија потребно е да се

движи кон ослободување од поголемиот дел на рестрикции на капиталните трансфери,

да воведе даночни олеснувања за инвеститорите и да го подобри пристапот за

меѓународна размена, со цел да креира околина каде МСП ќе може да бидат

промовирани7. МСП се многу значајни и влијателни врз развојот на една национална

економија. Влијанието произлегува како резултат на природата на работењето на МСП,

6 ibid

7 „Претприемништво и претприемачкиот маркетинг“, д-р Таки Фити, м-р Верица Хаџи

Наумова- Марковска, Економски факултет - Скопје, Скопје 1994

Page 18: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

18

улогата на МСП во зголемувањето на вработеноста, проширувањето на иновациите и

начините на работа итн.

Значењето на малите и средни претпријатија за економијата на земјите во

транзиција најмногу доживеа подем благодарение на новите технологии засновани на

микроелектрониката и нивната флексибилност, што се докажа со нивното

преживување и за време на кризата и рецесијата во 1973-1974 година. Влијанието на

МСП врз поранешните социјалистички земји за време на преминот од еден систем на

уредување во друг, односно во периодот на „транзиција“ е доста големо, при што

преку развој на претприемништвото земјите правеа премин од еден систем на

уредување во друг. Развојот на МСП во овие земји беше значаен поради низа

позитивни ефекти и тоа: МСП придонесуваа за апсорпција на превработеноста во

големите државни претпријатија кои беа презаситени со вработени; создаваа нови

работни места; го ангажираа слободниот капитал на граѓаните; ги активираа и

вработуваа сите расположливи локални ресурси во процесот на слободен влез на

економските субјекти од развиените земји во транзиција, МСП најлесно ги усвојуваа

нивните искуства, со што придонесоа за збогатување на обемот и квалитетот на

понудата на своите производи и за разбивање на монополистичките структури на

новоотворените пазари, како и за постигање и одржување на саканото ниво на

конкуренција на пазарот. МСП, исто така, дејствуваат врз намалување на трошоците,

кои големите претпријатија не можат да ги избегнат. Тоа го постигнуваат преку

употреба на интермедијарна технологија што прави заштеда на најскапиот ресурс,

односно капиталот. Оваа технологија е доста флексибилна и може да се користи за

различни цели, како и за брза производствена реорганизација, согласно со потребите и

измените во барањата на пазарот. Голем број на истражувања покажале дека во однос

на големите претпријатија, МСП донесуваат поголеми бенифиции за локалното

стопанство. Така на пример, во најголем број земји МСП генерираат повеќе работни

места и генерираат поголеми социјални бенефиции во однос на остварените

инвестиции, реинвестираат значаен дел од остварениот профит и се иноватори на

голем број на нови производи и услуги на локалниот пазар.8

8 Thomas C. Gibson “Equity and venture capital financing in countres in transition”, London IT Publications,

1996

Page 19: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

19

3. Фактори кои влијаат врз растот и развојот на МСП

Во доцните 70-ти и 80-ти МСП започнаа да стануваат поиновативни и повеќе

флексибилни во однос на смалување на трошоците. Дури започнаа да призведуваат

интермедијарни добра поефикасно од големите претпријатија. Но што се однесува до

државите во транзиција, развитокот на МСП во 90-те години бележи помал развој

отколку што беше очекувано. Во развиените држави растот на МСП зависи од бизнис

циклусите. Кога економијата е во експанзија, бројот на нови фирми е поголем од

бројот на фирми кои престануваат со работа, односно згаснуваат.

МСП се критикувани во однос на нивниот краток работен век, бидејќи иако се

креатори на голем број на нови работни места, исто така, тие се и причина за затворање

на работни места, поради нивниот краток век.

Ефектите на долг рок кои МСП ги ефектираат врз економијата се растење на

приходите pre capita и зголемување на вработеноста. Се проценува дека МСП

просечно учествуваат со 60%-70% во вкупниот БДП (бруто-домашен производ) во

економски развиените земји и земјите во развој.

Развојот на МСП зависи од бројни фактори кои можат да бидат екстерни и

интерни.

Екстерни фактори кои влијаат врз развојот на МСП се следните:

• макроекономски фактори;

• бизнис околината;

• можностите за раст.

Помеѓу главните макроекономски фактори кои делуваат врз растот на МСП се

владините трошоци (government expenditures). Владата го охрабрува регистрирањето на

мали бизниси (кај нас регистрирањето на фирма е бесплатно), додека пак за

нерегистрираните бизниси следуваат казни, бидејќи не плаќаат даноци.

Исто така, инфлацијата негативно се одразува врз развојот и работењето на

МСП. За да можат МСП стабилно да го водат бизнисот и да ги планираат трошоците,

важна е стабилноста на валутата.

Спречувањето на сивата економија, односно спречување на ширењето на

нерегистираните МСП е, исто така, важно за МСП да се развиваат, притоа најчесто се

Page 20: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

20

мотивирани преку користењето на банкарски заеми со ниска каматна стапка, што не е

привилегија на нерегистрираните МСП. Економските трендови можат да влијаат врз

каматните стапки на банките, кои можат да бидат повисоки или пониски во зависност

од тоа дали економија е или не е во развој9.

Бизнис околината, односно бизнис условите за започнување со сопствен

бизнис, како и односот на постоечките МСП кон законите и легалното работење имаат

голема улога врз отворање, раст и развој на МСП. Трошоците за започнување на

бизнис, како што се: трошоците за регистрирање на фирма, лиценца за работа,

потребното време за започнување со бизнисот се многу важни поради тоа што овие

средства не се повратни.

Ниските трошоци за започнување бизнис се значајни, бидејќи доколку се

високи ќе расте бројот на нерегистрирани МСП, кои ќе работата нелегално, што

негативно се одразува како на работењето на регистрираните МСП, така и на

економијата во целост (раст на сивата економија). Окружувањето во кое бизнисот

работи, односно конкуренцијата, потрошувачите, добавувачите, условите за работа

итн. се, исто така, многу важни и можат да се одразат позитивно или негативно врз

процесот на работа на претпријатието. Претпријатието секогаш треба да настојува да

биде чекор напред пред конкуренцијата. За таа цел треба постојано да се следи и да се

запознава конкуренцијата, сè со цел да се минимизираат нивните предности и да се

биде подобар. Конкуренцијата е потребна за да напредува еден бизнис, бизнисот треба

да учи од конкуренцијата и цело време да се бори да се истакне пред конкуренцијата,

што резултира со поголем профит и позадоволни потрошувачи.

Добавувачите, пак ја претставуваат врската помеѓу двете страни на бизнисот,

затоа треба да се избираат претпазливо и да се градат цврсти и трајни врски на доверба.

Добавувачите, покрај тоа што носат производи и материјали, исто така, претставуваат

и важен извор на информации и новости за бизнисот. Навременото доставување на

производите е, исто така, од клучно значење за бизнисот, односно за впечатокот кој ќе

биде оставен врз потрошувачите. Потрошувачите се секогаш во центарот на

вниманието на бизнисите, токму затоа се вели дека потрошувачите се секогаш во

право. Задоволни потрошувачи значат и задоволен сопственик, односно поголема

заработувачка.

9 www.enterpreneur.com

Page 21: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

21

МСП во раните фази на работа се најизложени на банкрот. Стапката на

преживување на МСП, особено во првата година, е ниска. Затоа неопходно е да имаат

доволно парични средства за работа во првата фаза на раст. Сопствениците на МСП,

поради недостиг на сопствени средства, мораат да позајмуваат средства, поради што

најчесто се насочуваат кон банкарскиот сектор и кон инвестициони фондови. Високите

давачки, особено давачките кон државата го отежнуваат понатамошниот раст и развој

на МСП и ги намалуваат можностите за раст10

.

Исто така, соработката со странски партнери како можност за раст влијае врз

малите и средни претпријатија и врз заживување на стопанството во целина.

Во корист за малите и средни претпријатја е што почесто да се вклучуваат во

програмите на ЕУ кои се во функција на развој и помагање на малите и средни

претпријатија, преку директна финансиска и нефинансиска поддршка во областа на

информирањето и поддршка на деловното работење, како и промоција на соработката

и кооперацијата.

Европската повелба за мали претпријатија ги обврзува земјите на ЕУ да ги

задоволат потребите на малите претпријатија во повеќе области. Тука се вклучени

активности како јакнењето на технолошкиот капацитет на малите претпријатија и

успешните електронски (е-бизнис) деловни модели. Во ЕУ во областа на развојот на

партнерството и соработката меѓу земјите членки и пошироко се реализирани повеќе

програми и тоа:

• Програмите кои обезбедуваат мрежа на институции за информации и за промоција на

соработките како: EURO-INFO центри, BIC мрежата (центар за бизнис информации),

BC-NET (Business Cooperation Network) или мрежи за деловна соработка и многу други

институции, асоцијации и тела;

• Програми кои обезбедуваат поддршка на конкурентската способност, преку проекти

за тренинг и консалтинг како што се EUROMANAGEMENT, EUROMARKETING и

други;

• Програми за индустриски технологии и материјали (CRAFT) итн.

10 „The Role of Small and Medium Size Enterprises in Economic Development“, Selcuk Caner,HSE Conference,

Moscow

Page 22: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

22

ЕУ, исто така, има изградено систем на инструменти за спојување на

политиката на поддршка на технолошкиот развој и политиката на поддршка на малите

и средни претпријатија. Во таа насока постојат голем број на програми (околу 1 117) за

поддршка на иновациите, информатичките технологии и технолошкиот развој на

малите и средни претпријатија.

Постојат различни организации кои ги помагаат и вложуваат во малите и средни

бизниси преку проекти. Најчести проекти за соработка од таков вид се следните:

• Проектот „Европартнеријат“, што преставува можност за поврзување и соработка на

стопанствата од земјите во транзиција и земјите на ЕУ преку одржување на саемски

манифестации;

• Проектот на ЕУ за меѓугранична соработка;

• Програма за поддршка на проекти од трансфер на технологија во мали и средни

претпријатија (МСП) со активно учество на научноистражувачките институции;11

Резултатите кои се очекува да се постигнат од вака реализираните проекти се

однесуваат на: воведување на нови технологии, подобрување на постоечките

технологии (модернизација на технолошкиот процес), создавање иновативни

производи, обука и специјализација. Како една од најважните придобивки се смета

зголемувањето на ефикасноста и ефективноста на малите и средни претпријатија,

намалувањето на трошоците, зголемувањето на квалитетот на производите итн.

Активностие како зајакнувањето на технолошкиот капацитет и трансферот на

технологија не се воопшто едноставни за извршување. Сложеноста произлегува од тоа

што покрај финансиските средства кои се потребни за реализација на овие програми,

потребна е и експертиза од други земји, како и време за реализација на програмите.

Покрај екстерните фактори кои претходно ги споменав, исто така, и интерните

фактори влијаат врз развојот на МСП. Тие произлегуваат од конкретната фирма и од

сопственикот кој го води бизнисот.

11

http://ec.europa.eu/small-business/finance/index_en.htm

Page 23: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

23

4. Елементи на инвестициската клима за развој на МСП

Бизнис климата се состои од низа политички, правни, економски и

институционални регулативи. Бизнис климата има многу големо значење за развојот на

МСП, бидејќи со создавање на поволна инвестициска клима се поттикнува

инвестирањето и делувањето на бизнис субјектите.

Политичката стабилност во државата е важен сегмент на бизнис климата

бидејќи нестабилноста во законските регулативи и честите промени во законите се

одразуваат негативно врз потенцијалните инвеститори. Степенот на сивата економија и

незаконското работење делува дестимулативно врз функционирањето на постоечките

бизниси, како и врз новите потенцијални претприемачки потфати. Правните

регулативи, односно заштитата на сопственичките права, антимонополското

законодавство доколку се функционални и соодветно поставени во една земја,

делуваат врз зголемување на деловните потфати на претприемачките субјекти.

Довербата во институциите се одразува позитивно врз инвестициската клима, а

доколку административните постапки се сложени или претприемачот наиде на

бирократски пречки, сето тоа негативно ќе се одрази врз понатамошното инвестирање.

Макроекномската стабилност е неопходна за да се создаде бизнис клима која ќе

го поттикне растот и развојот на малите и средни претпријатија. Макроекномската

стабилност опфаќа ниска стапка на инфалција, одржлива стапка на економски раст,

стабилна валута и сл. Макроекономската стабилност понатаму се одразува и врз

невработеноста, поволноста на каматните стапки, приходите на населението и сл.,

односно врз самата поволност на бизнис климата за инвестирање.12

Пристапот до

финансиски услуги е многу важен за раст и развој на малите и средни претпријатија,

што значи дека намалувањето на каматните стапки, поедноставувањето на

финансиските транскации, обезбедувањето на кредити од банки по поволни услови,

12

www.pretpriemac.com.mk

Page 24: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

24

отворањето на инвестициски фондови и сл., сето тоа ќе придонесе за понатамошен

интензивен развој на малите и средни претпријатија. Понатаму, преку воведувањето на

даночни олеснувања за МСП ќе се поттикнат претприемачите да влегуваат во нови

бизниси, а ќе се намали стапката на затворање на МСП поради високи давачки и

законски регулативи.

Политичкиот и правниот систем влијаат врз бизнисите на различни начини и

имаат огромно влијание кое се ефектира и врз работењето на бизнисите. Поради тоа

потребно е добро да се разбира политичкиот и правниот систем во државата, со цел да

се работи во корелација со политичките и правните бизнис начела.

Јакнењето на инстутуционалата поддршка на малите и средни претпријатија,

исто така, се одразува позитивно врз инвестициската клима. Преку различни форми на

обуки, финансиска поддршка, консултации итн., ваквите иституции влеваат доверба

кај претприемачите и ги поттикнуваат да преземаат деловни потфати, со што се

развиваат МСП .

Подобрување на правната регулатива, владеење на правото на сопственост,

поголем пристап до финансискитe услуги, лојалната конкуренција и претприемничката

култура се само дел од приоритетите за подобрување на бизнис климата за раст и

развој на малите и средни претпријатија.

Page 25: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

25

Втор дел: Мерки и инструменти на единиците на локалната

самоуправа за поддршка и развој на МСП

1. Организациска поставеност на локалната самоуправа

Јавната администрација, најопшто кажано, е инструмент за остварување и

координација на најразличните економски, социјални и културни потреби на

општеството како модерна и динамична заедница. Јавната организација се

карактеризира со три различни нивоа: институционално, менаџерско и техничко, од

кои највисокото ниво на јавната организација претставува институционалното ниво. На

институционалното ниво се врши одредување на мисијата и основните политики на

организацијата. На средно ниво на организацијата се наоѓа доменот на менаџментот,

додека пак на најдолното ниво на организацијата се врши секојдневната работа на

службата. „Општина“ е единица на локална самоуправа, како заедница на жителите на

одредено подрачје, утврдено со закон, која преку своите органи и преку

администрацијата и организираните јавни служби, овозможува вршење на

надлежности пропишани со закон. Правото на локална самоуправа се остварува преку

претставници во органите на Општината и со непосредно учество во одлучувањето, на

начин и постапка утврдени со закон13

.

Општината во една земја во најголем дел е надлежна за вршење на следните работи:

1. Урбанистичкото (урбано и рурално) планирање, издавање одобренија за

градење објекти од локално значење утврдени со закон, уредување на просторот и

уредување на градежното земјиште;

2. Заштита на животната средина и природата во смисла на преземање мерки за

заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на

природата, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење;

3. Планирање на локалниот економски развој, утврдување на развојните и

структурните приоритети, водење на локална економска политика, поддршка на

13

Закон за локална самоуправа, Службен весник на РМ, бр. 5, 2002 година

Page 26: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

26

развојот на малите и средни претпријатија и на претприемаштвото на локално ниво и

во тој контекст, учество во воспоставување и развојот на локалната мрежа на

институции и агенции и промовирање на партнерство;

4. Комуналните дејности, во смисла на снабдување со вода за пиење, испорака

на технолошка вода, одвод и прочистување на отпадните води, јавно осветлување,

одведување и третман на атмосферските води, одржување на јавната чистота,

собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст и технолошки отпад,

уредување и организирање на јавниот локален превоз на патници, одржување на

гробовите, гробиштата и давање погребални услуги, изградба, одржување,

реконструкција и заштита на локалните патишта, улици и други инфраструктурни

објекти, регулирање на режимот на сообраќајот, изградба и одржување на улична

сообраќајна сигнализација, изградба и одржување на јавниот простор за паркирање,

отстранување на непрописно паркирани возила, отстранување на хаварисани возила од

јавните површини, изградба и одржување пазари, чистење на оџаците, одржување и

користење на парковите, зеленилото, парк-шумите и рекреативните површини,

регулација, одржување и користење на речните корита во урбанизирани делови,

определување на имиња на улиците, плоштадите, мостовите и другите

инфраструктурни објекти;

5. Културата, во смисла на институционална и финансиска поддршка на

културните установи и проекти, негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и

слични културни вредности, организирање на културни манифестации, поттикнување

на разновидни специфични форми на творештвот;

6. Спортот и рекреацијата во смисла на развојот на масовен спорт и рекреативни

активности, организирање на спортски приредби и манифестации, одржување и

изградба на објекти за спорт како и поддршка на спортски сојузи;

7. Социјалната заштита и заштита на децата во смисла на финансирање,

инвестиции, одржување и сопственост на детски градинки и домови за стари,

остварување на социјална грижа за инвалидни лица, деца без родители и родителска

грижа, деца со воспитно-социјални проблеми, деца со посебни потреби, деца од

еднородителски семејства, децата на улица, лицата изложени на социјален ризик,

лицата кои злоупотребуваат дрога и алкохол; подигање свеста на населението,

Page 27: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

27

згрижување на лица со социјален ризик, остварување право и воспитување на децата

од предучилишна возраст;

8. Образование во смисла на основање, финансирање и администрирање на

основни и средни училишта во соработка со централната власт и во согласност со

законот, како и организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во

ученички домови;

9. Здравствена заштита во смисла на управување со мрежата јавни здравствени

организации и објекти од примарна здравствена заштита во кои општината е застапена

во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравствено

воспитување, унапредување на здравјето, превентивни активности, заштита на

здравјето на работниците и заштита при работа, здравствен надзор на животната

средина, надзор на заразните болести, помош на пациенти со специјални потреби и

други области определени со закон;

10. Ги уредува прашањата поврзани со одбележување на значајни настани и

истакнати личности во спомен обележја, условите и постапката за подигање на спомен

обележјата, субјекти одговорни за нивно подигање, заштита, чување како и врши

надзор и контрола. Води регистри за спомен обележја на своето подрачје.

11. Спроведување на подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на

граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања, природни непогоди и други

несреќи и од последици предизвикани од нив;

12. Противпожарна заштита вршена од територијалната противпожарна

единица;

13. Други работи определени со закон.

Суштински структури на општината се советот и градоначалникот.

Градоначалникот се избира на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање

во согласност со закон. Законска обврска на градоначалникот е својата функција да ја

извршува професионално.

Page 28: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

28

Градоначалникот е извршен орган со следниве поважни надлежности:

му предлага на советот на општината донесување на одлуки и други општи акти

од неговата надлежност;

кога е изрично овластен, донесува поединечни акти во согласност со законот,

статутот, односно одлуката на советот;

раководи со управните и административните органи;

именува и разрешува раководни лица на управните, односно

административните органи на општината;

именува и разрешува членови од советот;

донесува акти за организација и систематизација на работните места во

управните и административните органи на општината;

врши и други работи утврдени со закон и со статут.

Советот на општината е претставнички орган на граѓаните. Најважни активности

на советот се следните:

донесува статут на Општината;

донесува деловник на советот;

донесува програма за работа;

донесува буџет на општината и завршна сметка на буџетот;

донесува генерален урбанистички план;

донесува детални урбанистички планови и урбанистичка документација за

населените места во општината;

донесува програма за уредување на градежно земјиште;

донесува одлука за начинот на превоз во градскиот и приградскиот сообраќај;

го уредува одржувањето на јавниот простор за паркирање и начинот на негово

користење;

врши одделни овластувања во согласност со законот за добрата од општа

употреба и за природните богатства на подрачјето на општината;

основа јавни служби, јавни установи и јавни претпријатија;

избира и разрешува претседавач на Советот;

Page 29: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

29

донесува програма за изградба и одржување на локалните патишта;

врши и други работи.

Општинската администрација во некои земји се организира со цел да извршува

административни, правни, сметководствени, финансиски, технички и други работи од

надлежност на органите на општината.

Општинската администрација согласно начелото за приспособливост на

организационите облици кон надлежностите на општината и кон потребите на

граѓаните се организира во сектори и одделенија, со цел да се изгради транспарентна и

услужно ориентирана општинска администрација која ќе може да обезбедува

висококвалитетни услуги, како и создавање на услови граѓаните да ги добиваат јавните

услуги на поефикасен и транспарентен начин.

Општината може да организира општински инспекторат заради вршење на

инспекциски надзор над вршењето на работите од нејзина надлежност. Организацијата,

делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација ги

утврдува советот, врз основа на предлог на градоначалникот.

Општинската администрација се состои од следните сектори и оддленија:

1. Сектор за правно-нормативни, административни и општи работи

Одделение за правно нормативни работи

Одделение за административни и општи работи

2. Сектор за финансиски прашања

Одделение за планирање и извршување на буџетот

Одделение за сметководство

Одделение за администрирање на приходи

Одделение за јавни набавки

3. Сектор за спроведување на урбанистички планови, урбанистичко планирање,

заштита на животната средина, комунални дејности и уредување на градежно

земјиште

Одделение за спроведување на урбанистички планови

Одделение за урбанистичко планирање и заштита на животната средина

Page 30: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

30

Одделение за комунални дејности и уредување на градежно земјиште

4. Сектор за економски развој, јавни дејности и информатичка технологија

Одделение за економски развој

Одделение за јавни дејности

Одделение за информатичка технологија

5. Сектор – Општински инспекторат

Одделение за комунална инспекција и инспекција за животна средина

Одделение за градежна урбанистичка инспекција, патен сообраќај и

патишта

Одделение - инспекција за приходи, туризам, угостителство, образование

и спорт

6. Сектор за внатрешна ревизија

Одделение за ревизија на системите за внатрешна контрола и ревизија на

усогласеност (регуларност)

Одделение за ревизија на успешност во работењето (извршувањето),

финансиска ревизија и ИТ-ревизија14

2. Можни мерки на единиците на локалната самоуправа за развој на

МСП

Постојат различни форми и мерки на локалната самоуправа кои се преземаат и

влијаат врз растот и развојот на малите и средни претпријатија, и тоа:

финансирање на МСП;

поддршка на институциите за развојот на МСП;

форми на поддршка на локалната самоуправа на МСП.

14

http://www.bitola.gov.mk/

Page 31: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

31

Финансирањето претставува најголем поттикнувачки фактор за раст и развој на

МСП. За таа цел, во некои земји се формираат посебни фондови за финансиска

поддршка на МСП. Исто така, кредитирањето од банките и нудењето на поволни

кредити со мали каматни стапки за почеток на мали бизниси, поддршката на извоз,

набавката на средства и сл., како и обезбедувањето на државни гаранции се дел од

политиките кои го поттикнуваат развојот на малите и средни претпријатија.

За успешен развој на МСП постојат неколку предуслови кои е неопходно да се

исполнат за да може да се потикне растот и развојот на малите и средни претпријатија.

За малите и средни претпријатија успешно да се развиваат, а и стопанството во целост,

во една земја треба да постојат: макроекономска стабилност, стабилен курс на

домашната валута, нејзина конвертабилност, современ и развиен финасиски систем,

мобилност на сите фактори на производството, како и слободен проток на

меѓународниот капитал. Исто така, потребно е да постои развиен краткорочен,

долгорочен и девизен пазар, ефикасен и едноставен даночен систем и сл.

За обезбедување на дополнителен капитал, покрај банкарските кредити,

потребни се и други инструменти како што се акциите и обврзниците. Освен тоа,

потребно е да се равиваат и посебни инвестициони банки, како и да се збогати

финансискиот пазар со небанкарски финансиски посредници. Како еден од основните

предуслови за развој на МПС се наведува стабилноста на цените. Последиците од

инфлацијата во голема мера се чувствуваат во областа на инвестирањето и

претприемништвото. Во услови на инфлација сопствениците не можат успешно да го

планираат вложувањето, ниту пак да носат рационални одлуки. Финансиските мерки

за развој на МСП опфаќаат: поттикнување на преземање ризик, зголемување на

штедењето и инвестирањето, како и создавање на општа клима за деловност и

технички напредок. Државата за остварување на овие услови се служи со разни мерки

и инструменти. Најчеста е примената на даночната политика на разни облици на

ослободување и олеснувања, како и давање на определени видови субвенции. Во

областа на кредитирањето се води политика на поповолни услови за добивање и

користење на кредити, политика на финансирање и поддршка на работењето на МСП,

се создаваат фондови за осигурување на кредити и др. Притоа, треба да се води сметка

за времетраењето, за обемот и за големината на овие мерки на даночна политика,

бидејќи нивната обилност и долгорочно користење можат негативно да се одразат врз

Page 32: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

32

основите на кои треба да се развиваат МСП15

. Даночниот систем и мерките на

даночната политика може успешно да се користат за создавање на поволно

окружување за работа и развој на МСП. Со даночната политика може да се влијае врз

обемот и насочувањето на инвестициите, како и врз отстранувањето на некои пречки

кои спречуваат развој на МСП. Од висината на даноците во голема мера зависат

одлуките на инвеститорите, односно висината на нивните трошоци, степенот на

профитабилност во нивното работење, како и нивната конкурентска способност на

домашниот и странскиот пазар. Стабилноста на даночниот пазар е од големо значење

за работата на МСП, бидејќи честите промени во висината на даноците и во видовите

даноци оневозможуваат планирање на активностите за подолг период. Тоа особено се

одразува врз калкулациите на трошоците, што создава несигурност кај претприемачите

што може да предизвика негативни финансиски резултати во некои делови од

работењето на претпријатието.

Поддршката на претприемништвото најчесто се изразува во вид на

организирана мрежа на институции - приватни, јавни, државни, регионални и/или

локални кои нудат различни видови на финансиска и нефинансиска поддршка на

малите и средни претпријатија и создаваат општоповолна рамка, во која ќе

функционираат и ќе се развиваат бизнисите. Таквиот амбиент нуди услови да

преживеат и успешно да се развиваат добрите претприемачки идеи и бизнисите да

бидат спремни да учат и да се развиваат преку продуктивно инвестирање во основни

средства, воведување нови технологии и јакнење на човековиот капитал.

Локалната самоуправа нуди различни форми на поддршка на малите и средни

претпријатија и тоа:

- бизнис инкубатори;

- Business link организации;

- бизнис мрежи -Business networks;

- консултантски услуги;

15

Материјали од советувањето „Мали и средни претпријатија во стопанството на Република Македонија“ , 1997 Скопје, Фондација „Фридрих Еберт“, канцеларија Скопје, и Економски институт -Скопје

Page 33: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

33

- образование и обука16

.

Бизнис инкубаторите претставуваат институции кои имаат основна цел и задача

да го поддржат процесот на селекција на претприемачките идеи и да овозможат нивна

комерцијализација преку поддршка на нови мали и средни бизниси.17

Според Американската национална асоцијација за бизнис инкубација, бизнис

инкубаторот се објаснува преку неговите карактеристики. Бизнис инкубаторот

претставува: динамичен процес на развој на фирмите; процес на негување на фирмите

кога тие се најранливи; помош при управувањето и пристапот до финансии, опрема,

флексибилни наеми; креатор на успешни фирми итн.

Огромниот број на институции на локално ниво често пати создава чувство на

конфузност кај сопствениците на бизнисите, кои понекогаш не знаат на која

институција да се обратат за да ја добијат вистинската информација или услуга. Токму

од ова произлезе и идејата за создавање на посебни организации, т.н. Business link

организации на локално ниво, кои ќе ги задоволат потребите и ќе ги обезбедат

услугите кои им требаат на МСП на едно место.

Концептот, пак на бизнис мрежи се состои во развивање на механизими за

соработка помеѓу мали бизниси со комплементарни производствени програми, со цел

за нивна конкурентност и опстанок на пазарот. При тоа, секое претпријатие си ја

задржува својата индивидуалност, а се зголемува квалитетот на прозиводите,

трансферот на технологии и знаења и се координираат производствените можности на

претпријатијата. Во реализација на концептот на бизнис мрежи вршители на

активностите на мрежата се т.н. нетворк брокери кои ги познаваат фирмите и регионот

и ги анимираат фирмите за кооперација во рамките на мрежата.18

Консултантската поддршка на малите и средни претпријатија најчесто се јавува

во сметководствените, правните, советодавните и други институции. Кај ваквиот вид

на поддршка важно е тоа што се ангажираат експерти од одредена област кои им се

потребни на МСП во текот на работењето. Ваквите експерти им користат на МСП кои

ги најмуваат извесен период да работат за нив. Советодавните институции се многу

16

„Претприемништво“ Таки Фити, Верица Х. Марковска, Милфорд Бејтмен, Економски факултет – Скопје, 2007 година 17

„Enterpreneurial management” Response; Los Angeles 2008; p. 288 18

Business Networing, AVON TEC, Bristol, July 1994.

Page 34: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

34

важни во однос на обуката која можат сопствениците на МСП да ја добијат за да можат

потоа соодветно да менаџираат со сопствениот бизнис.

Оттука произлегува и важноста на образованието и обуката како облик на помагање на

малите и средни претпријатија од локалната самоуправа, бидејќи само сопственик кој

поседува соодветни менаџерски способности и знаења може умешно да го води

бизнисот во сите фази на работа и постоење.

3. Значењето на МСП за локалниот економски развој (ЛЕР)

ЛЕР вклучува голем број на дисциплини помеѓу кои најважни се развојот на

економијата, планирањето на физички средства и маркетингот. Локалниот економски

развој (ЛЕР) има за цел преку проширување на економскиот капацитет на локалната

област да овозможи поквалитетно живеење за сите жители . Исто така, вклучува голем

број на функции на локалната власт и на приватниот сектор во контекст на заштита на

природната средина, развој на бизнисот, обезбедување на инфраструктура, развој на

недвижности и финасирање. Преку унапредување на климата за инвестирање на

бизнисот, локалната самоуправа овозможува амбиент за поттикнување на економски

развој, односно зголемување на приходите и нови вработувања. При тоа, сè повеќе се

придава важност на значењето на МСП за локалниот економски развој. МСП

придонесуваат за забрзан економски раст, намалување на бројот на невработени и

заживување на економијата, како на локално, така и на глобално ниво. Потребата од

мали и средни претпријатија во надминување на проблемите поврзани со инфлацијата

и сиромаштијата ја споменува и Гилдер во своето дело „Богатство и сиромаштија“19

.

Глобализацијата е незапирлив процес кој постојано носи новитети и промени, а тоа

доведува до постојано прилагодување на денешните претприемачи и зголемување на

потребата од флексиблност во работењето. Токму затоа малите и средни претпријатија

се движечка сила кога станува збор за економскиот развој.

Малите и средни претпријатија се значајни за локалниот економски развој

разгледувано од повеќе аспекти. Еден од нив е генерирањето на нови работни

места. Во однос на големите фирми МСП повеќе придонесуваат за зголемување на

19

http://www.mmisi.org/ma/25_04/pasour.pdf

Page 35: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

35

вработеноста. Тоа најмногу произлегува од трошоците кои се поврзани со редуцирање

на нови работни места, што се значително помали кај МСП наспрема големите фирми.

Исто така, во услови на рецесија и економски кризи отпуштањето на работници е

многу почеста појава кај големите фирми, во однос на малите и средни претпријатија, а

тоа се случува благодарение на прилагодливоста на МСП. Понатаму, малите и средни

претпријатија се најголеми иноватори, што е од корист за целиот локален економски

развој. МСП се иноватори на различни техничко-технолошки пронајдоци, генерираат

нови идеи, кои го олеснуваат и усовршуваат работењето, преземаат ризици,

учествуваат во различни иновациски процеси, имаат развиен претприемачки дух и

креативност. Исто така, малите и средни претпријатија придонесуваат за локалниот

економски развој и од еколошки аспект, односно МСП трошат помалку енергија,

земјиште и други ресурси, не ја загадуваат животната средина во голема мера итн.

Додека, пак од општествено-политички аспект преку МСП, кои се во приватна

сопственост, се намалува зависноста од државата и државните институции на луѓето

кои имаат свој бизнис, односно работат и се вклучени во МСП, во однос на нивната

заработка и финансиска егзистенција. Денес, насекаде во светот се засилува процесот

на иновации и се креираат нови МСП кои претставуваат база на локалниот развој.

Преку МСП се истакнува конкурентската предност, постојано се врши селекција и

диференцијација меѓу бизнисите, при што се истакнуваат најдобрите претпријатија кои

продолжуваат да опстојуваат и на тој начин се одржува конкурентската предност.

МСП ја олеснуваат работата на големите претпријатија бидејќи го стимулираат и

го помагаат нивниот развој преку извршување на најразлични услуги по пониски цени.

МСП вршат комбинација, рекомбинација и супституција на поскапите производствени

фактори со поевтини и ги насочуваат кон секторите на нивната најпродуктивна

употреба, флексибилни се и можат да извршат брза производствена преориентација и

повеќенаменска употреба на технологијата.20

20

„Претприемништво“ Таки Фити, Верица Х. Марковска, Милфорд Бејтмен Економски факултет – Скопје, 2007 година

Page 36: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

36

Трет дел: Анализа на влијанието на единицата на локална

самоуправа на Општина Битола врз развојот на малите и

средни бизниси

1. Локален економски развој на Општина Битола

Локалниот економски развој според Законот за локална самоуправа подразбира

повеќе надлежности и тоа:

- планирање на локалниот економски развој;

- утврдување на развојните и структурните приоритети, водење на локалната

економска политика;

- поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото на локално

ниво;

- учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институциите и

агенциите;

- промовирање на партнерства.21

Заинтересирани страни за локалниот економски развој се: јавниот сектор,

приватниот сектор и секторот на заедници. Во јавен сектор спаѓаат: локалната власт,

државната власт, институции поврзани со образование и др. Приватниот сектор го

сочинуваат: Стопанската комора, бизнис асоцијации, претставници на МСП,

професионални асоцијации и др. Во секторот на заедници спаѓаат: индивидуалци,

различни групи на здруженија и др22

. Целта на заедничкото работење на јавниот

сектор, приватниот сектор и секторот на заедници е подобрување на условите за

економски раст и генерирање на нови вработувања.

Локалниот економски развој за задача има повеќе активности, меѓу кои најмногу се

става акцентот на тоа локалната клима за инвестирање да е во функција на локалните

бизниси и да се влијае врз охрабрување за формирање на нови претпријатија како и

поддршка на веќепостоечките мали и средни претпријатија. Исто така, преку

подобрување на условите за привлекување на екстерни инвестиции (национални и

интернационални) се придонесува за локален економски развој.

21

Закон за локална самоуправа (Службен весник 5/2002) 22

M. Glass: „Municipalities and business development“, Saraevo, 2001

Page 37: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

37

Политиката на локалниот економски развој посочува на постоење на: изразена

оперативност на стратегии, суптилен избор на субјекти, детално планирање на

постапките или мерките на политика.

Во најопшта смисла, иницијативите на локалниот економски развој почнуваат од

локалните потреби и претставуваат употреба на низа стратегии, односно мерки,

активности на планирање и програми за излегување во пресрет на локалните потреби.

Овие елементи се неизбежни за водење на локалната економска политика:

Стратегиите на локалниот економски развој

Институционалните или оперативните структури

Активностите/мерките и програмите на политиката.

Стратегиите на локалниот економски развој се состојат од рамка и логистика на

програми, активности и трошоци кои треба да бидат направени. МСП влијаат врз

споменатите стратегии, кои вообичаено се обликуваат врз основа на истражувања за

природата на економските и социјалните проблеми во една општина, како и врз основа

на истражувањата за начините на кои политиката може да помогне во нивно

надминување.

Институционалните или оперативните структури се состојат од институции што

треба да бидат активирани заради спроведување одредена политика. Тука се

вклучуваат и интервенциите на локалната економска политика, локално определените

мерки кои значат спроведување на политиката на локалната влада, како и партнерства

кои ја комбинираат улогата на различни партнерски тела.

Активностите, односно мерките и програмите на политиката на ЛЕР се однесуваат

на: унапредување на конкурентската способност на фирмите, стимулирање на

претприемништвото и формирање на нови фирми МСП, привлекување странски

директни инвестиции (СДИ), извозна промоција, развој на туризмот, унапредување на

квалификациите и преквалификациите на работна сила, унапредување на физичката

инфраструктура итн.23

23

http://progres.org.mk/files/publications/STUDIJA-FINAL.pdf

Page 38: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

38

Во овој дел од магистерскиот труд ќе биде образложено повеќе за буџетот и за

вработеноста во Општина Битола, како важни сегменти за локалниот економски

сектор.

Локалниот економски развој на Општина Битола зависи од буџетот, односно од

вкупните приходи и расходи кои ќе се реализираат во една буџетска година. За таа цел,

во овој дел повеќе ќе се задржам на буџетот на Општина Битола за една година и негов

детален приказ.

Буџет на Општина Битола

Постојат повеќе дефиниици за тоа што претставува буџетот, а според повеќето

дефиниции буџетот може да се дефинира како систематски преглед на сите приходи и

расходи што државата ќе ги реализира во текот на еден планиран период, т.е. во текот

на една буџетска година. Финансиското право во буџетот претставува збир на норми со

кои се регулираат односите помеѓу државните органи кои се должни да ги

предвидуваат, остваруваат и користат јавните средства. Буџетското право ги изразува

сите акти врз основа на кои се регулира постапката околу донесувањето,

остварувањето и контролата на сите буџетски текови.

Буџетот се карактеризира со два типа на начела: статички и динамички начела.

Статичките начела се применуваат во фазата на мирување на буџетот, а за предмет ја

имаат неговата материјална содржина, додека пак динамичките се однесуваат на

буџетот во фазите на негово движење, односно составување, утврдување и

извршување, што значи за предмет ја имаат неговата формална страна. Статички

начела се: потполност и реалност, а динамички се: начелото на специјализација,

начелото на рамнотежа, начелото на рочност и начелото на јавност.

Начелото на потполност се однесува на опфаќање на сите приходи и сите расходи на

државата во буџетот, во една буџетска година. Начелото на реалност бара приходите и

расходите да се планирани, така што помеѓу планираните и реално остварените

приходи и расходи да нема разлика. Тоа значи прогнозите да се реални, затоа што само

така ќе се обезбеди урамнотежен биланс. Ако приходите и расходите се прецизно

планирани, крајниот исход ќе биде урамнотежен, односно буџетот нема да има ниту

дефицит ниту суфицит. Начелото на специјализација обезбедува специјализација на

буџетот со што се обезбедува буџетска дисциплина. Квалитативната специјализација се

Page 39: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

39

состои во тоа што Собранието одобрува извршителите на буџетот да можат за време на

буџетскиот период да собираат утврдени видови на приходи и да ги трошат на

предвидените потреби на државата, меѓутоа сето тоа на база на една или повеќе

детални спецификации. На тој начин се утврдуваат, од една страна, обврските на

државните органи во однос на јавните приходи, а од друга страна правата на тие

органи во однос на државните расходи. Начелото на рамнотежа бара рамнотежа во

буџетот. Меѓутоа, факт е дека најголем дел од државите во светот имаат дефицит во

буџетот. Што се однесува на начелото на роковност, буџетот е еден долг роковник на

кој сите органи мора да се придржуваат. Во Законот за буџет се кажува дека буџетот се

донесува за една година, меѓутоа за самото негово планирање, изготвување,

разгледување, изгласување, спроведување и контролирање се предвидени рокови, кои

мора да се почитуваат. Тоа се наметнува како неопходен услов за правилен развој на

буџетските текови. Буџетот не смее да биде тајна. Начелото на јавност предвидува дека

буџетот е јавен акт. Јавноста треба да биде запознаена со буџетот тогаш кога тој е

предложен на претставничкото тело на одобрување (Собрание / Парламент), како и

кога буџетот е дефинитивно прифатен. Јавноста треба да се известува како буџетот се

извршува во текот на годината.

Важни карактеристики со кои се одликува буџетот се:

1. Буџетот го донесува парламентот на државата во форма на закон.

2. Буџетот е закон по облик, а не по својата содржина, затоа што не содржи

правила и обврски како што е случај со другите закони.

3. Во буџетот се предвидуваат приходите и расходите за една буџетска година и

вообичаено се однесува на една календарска година.

4. Буџетот потребно е да биде одобрен пред почетокот на буџетската година. Во

спротивно, доколку буџетот од кои било причини не се донесе на време, мора да

се врши привремено финансирање, согласно со законската регулатива.

5. Во буџетот се планираат приходите и расходите и се изразуваат во парични

единици. Реализираните приходи и расходи во буџетот не мора да се

поклопуваат со планираните, што денес е случај во најголемиот број земји во

светот.

6. Секој буџет вообичаено е проследен и со придружни законски акти (пр. Закон за

извршување на буџетот).

Page 40: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

40

7. Буџетот е финансиски инструмент преку кој се слева и прераспределува голем

дел на општествениот производ.24

Финансирањето на општините во Република Македонија се регулира од сопствени

извори на приходи и други извори на финансирање, во согласност со економската

политика на државата.

Осврт кон буџетот на Општина Битола за 2012 година

Приходите и трошоците на Општината се утврдуваат со буџетот на Општината.

Буџетот на Општината содржи биланс за приходите и трошоците, а се однесува за

фискална година од 12 месеци која почнува на 1 јануари, а завршува на 31 декември од

секоја календарска година.

Буџетот на Општината пред донесувањето се усогласува со Министерството за

финансии, во делот за потребите и можностите за земање на заем од буџетот на

Републиката за финансирање на буџетскиот дефицит. Предлогот на буџетот на

Општината го утврдува градоначалникот и го доставува до Советот на Општината за

донесување во ноември во тековната година.

Приходите од кои се финасираат расходите во буџетот за една тековна година се делат

на: даночни приходи, неданочни приходи, капитални приходи и трансфери и донации.

Даночните приходи се состојат од: данок од доход, од добивка и од капитални

добивки, даноци од имот, даноци од специфични услуги и од такси за користење или

дозволи за вршење на дејност. Неданочените приходи се составени од приходи од

други владини услуги, такси и надоместоци и други неданочни приходи. Капиталните

приходи се составени од продажба на капитални средства, продажба на земјиште и

нематеријални средства. Во трансфери и дотации најдоминатни се учеството на

трансферите од други нивоа на власт и донациите од странство.

Извори на финансирање: приходи на Општина Битола

24

Водач во буџети, д-р Жидас Даскаловски, д-р Ана Николовска, д-р Марија Ристеска, Скопје 2006, Стр. 10,11

Page 41: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

41

Планирани извори на приходи од кои ќе се финансираат расходите на Општина

Битола во буџетот за 2012 година се од:

1. Даночни приходи;

2. Неданочни приходи;

3. Капитални приходи;

4. Трансфери и донации.

Од приказот 25

погоре можеме да заклучиме дека најголемо учество во вкупните

приходи со 49, 25 % имаат приходите остварени од трансфери и донации, 32, 19 %

отпаѓаат на даночни приходи, додека останатите 11, 11 % се приходи од неданочни

приходи и 6, 35% од капитални приходи. Преку анализата на даночните приходи се

оценува способноста на Општината да ги собере сопствените приходи со особен

акцент на даноците на имот и комунални такси кои претставуваат фискален капацитет

25

Буџет на Општина Битола за 2012 година

Page 42: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

42

на Општината. Токму затоа општинската администрација идните активности треба да

ги насочи кон зголемување на приходите остварени од данокот на имот и комунални

такси.

Даночни приходи

Табела бр.1 Даночните приходи на Општина Битола за 2012 година (32,19 %)

711

Данок од доход, од добивка и од капитални

добивки

15 512 000 3, 49%

713 Даноци од имот 153 700 000 34,60%

717 Даноци од специфични услуги 241 775 059 54,42%

718

Такси за користење или дозволи за вршење на

дејност

33 211 264 7, 40%

Вкупно: 444.198.323 100%

Извор: Сопствени пресметки врз база на податоци од буџетот на Општина Битола

201226

Кај структурата на даночните приходи може да се забележи дека најголемо учество

имаат приходите остварени од данокот на специфични услуги, односно уредување на

градежното земјиште со 54, 21%, додека данокот од имот учествува со 34, 60%, на

данок на доход од добивка и од капитални добивки отпаѓаат 3, 49 % од даночните

приходи, а на такси за користење или дозволи за вршење на дејност со 7,4%.

Неданочни приходи

Структурата на неданочните приходи за 2009 година во вкупниот буџет на

Општина Битола е претставена во следната табела и тие се составени од приходи од

други владини услуги, такси и надоместоци и други неданочни приходи. Од

неданочените приходи најголем процент отпаѓаат на таксите и надоместоците и тоа 59,

87%, додека пак најмал процент отпаѓа на други владини услуги и тоа 0, 22% од

вкупните неданочени приходи.

Табела бр.2 Неданочни приходи на Општина Битола за 2012 година (11,11 %)

26

http://www.bitola.gov.mk/

Page 43: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

43

722 Такси и надоместоци 91 821 930 59, 87%

723 Административни такси и надоместоци 4 010 000 2, 61%

724 Други владини услуги 350 000 0, 22%

725 Други неданочни приходи 51 170 200 33, 36%

Вкупно: 153 352 130 100%

Извор: Сопствени пресметки врз база на податоци од буџетот на Општина Битола 2012

Капитални приходи

Табела бр.3 Капитални приходи на Општина Битола за 2012 година (6,35%)

731 Продажба на капитални средства 20 200 000 23, 06%

733 Продажба на земјиште и нематеријални

вложувања

67 422 907 76, 94%

Вкупно: 87 622 907 100%

Извор: Сопствени пресметки врз база на податоци од буџетот на Општина Битола 2012

Трансфери и донации

Учеството на трансферите од други нивоа на власт и донациите од странство во

вкупниот буџет на Општината за 2009 година се застапени со следните износи:

Табела бр.4: Приходи од трансфери и донации на Општина Битола за 2012 година

(49, 25%)

741 Трансфери од други нивоа на власт 679 622 663 97, 85%

742 Донации од странство 14 936 753 2, 15%

Вкупно: 694 559 416 100%

Извор: Сопствени пресметки врз база на податоци од буџетот на Општина Битола 2012

Во делот на трансфери од други нивоа на власт доминираат наменските дотации од

буџетот на Република Македонија кои се наменети за остварување на надлежностите

во основното образование, средното образование, социјалната и детска заштита. Овие

средства се утврдени од надлежните министерства и се во согласност со законската

регулатива и фискалната стратегија и политика утврдена од Владата на Република

Македонија. Покрај наменските дотации во овие приходи спаѓаат и средствата добиени

од Фондот за патишта, Министерството за транспорт и врски и др. Донации од

странство се средства од донаторите од странски земји за изработка и довршување на

проекти кои се од заемен интерес на двете земји.

Page 44: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

44

Буџетски расходи на Општина Битола

Вкупните планирани расходи на Општина Битола за 2012 година изнесуваат

1 479 732 776 денари и со тоа се запазува буџетското правило на балансирани приходи

и расходи. Истите се утврдени по одредени намени и видови согласно економската

класификација.

Табела бр.5 Расходи на Општина Битола за 2012 година

40 Плати, наемнини и надоместоци за вработените 691 369 279 46, 72%

41 Резерви и недефинирани расходи 1 100 000 0, 07%

42 Стоки и услуги 353 607 281 23, 90%

46 Субвенции и трансфери 51 740 600 3, 50%

47 Социјални бенефиции 3 100 000 0, 20%

48 Капитални расходи 378 815 616 25, 60%

Вкупно: 1 479 732 776

100%

Извор: Сопствени пресметки врз база на податоци од буџетот на Општина Битола 2012

Од табеларниот приказ може да се извлече заклучок дека со планираните расходи

на Општина Битола се утврдува значајна развојна компонента на јавните услуги кои се

надлежност на Општината. Учеството на капиталните расходи со што ќе се иницира

изградбата на нова инфраструктура и ќе се подобрат јавните услуги е 25, 60%. Во

делот на расходите за стоки и услуги на кои отпаѓаат 23, 90%, покрај обезбедувањето

на редовното функционирање на Општината, се содржани и расходите за финансирање

на комуналните услуги и тековното одржување на основното образование и детската

заштита, Старскиот дом и Зоолошката градина. Во буџетот на Општина Битола се

обезбедени средства за функционирање на 12 основни училишта, 6 средни училишта, 2

градинки, Старскиот дом и Зоолошката градина. За платите и надоместоците на

вработените во општинската администрација и локалните јавни установи одделени се

46,72%.

Можеме да констатираме дека буџетот на Битола за 2012 година нема предвидено

директно средства за развој на МСП, но преку инвестирање во различни

инфраструктурни проекти се влијае врз нивниот раст и развој, односно преку

инфраструктурните проекти на МСП им се овозможуваат неопходните технички

услови за формирање, нормално функционирање и понатамошен развој. Со

Page 45: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

45

започнувањето на поголеми инфраструктурни проекти се влијае врз придвижување на

економијата во Општина Битола, а исто така и врз намалување на невработеноста.

Поради тоа за буџетската година 2012 издвоени се средства за изградба на пруги и

патишта и за комунална инфраструктура, а сето тоа позитивно ќе се одрази врз МСП.

Вработеност во Општина Битола

Под поимот „вработени“ се подразбираат сите лица кои имаат заснован работен

однос со деловниот субјект, без оглед дали работат на неопределено или на определено

работно време, како и тоа дали работат полно работно време или пак половина работно

време.

Во бројот на вработените не се вклучени лицата кои самостојно вршат дејност-

професија, како и индивидуалните земјоделци27

.

МСП имаат значаен придонес во зголемувањето на бројот на работни места, со

што се зголемува вработеноста на вкупното население.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во IV тримесечје од 2013

година активното население во Република Македонија го сочинувале 960 704 лица, од

кои вработени биле 685 479 лица, а 275 225 лица биле невработени. Стапката на

активност во овој период изнесува 57,3%, стапката на вработеност е 40,9%, додека пак

стапката на невработеност е 28,6%.

27

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=98

Page 46: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

46

Табела бр.6 Табела на активно население и број на вработени во Р Македонија

Активно население Вработени

2012 2013 2012 2013

Вкупно 948 125 960 704 657 849 685 479

Без образование 6 625 7 146 2 920 3 639

Незавршено основно

образование 36 670 35 936 25 726 22 686

Основно образование 190 334 185 968 113 574 129 164

3 години средно

образование 88 260 109 403 60 966 76 346

4 години средно

образование 418 607 422 995 295 595 303 186

Вишо образование 26 163 27 921 23 370 23 125

Високо образование 181 466 171 336 135 698 127 333

Ако ја анализираме состојбата на невработени според образованието, можеме да

кажеме дека во 2013 година 71% од активното население е вработено, што во споредба

со 2012 година изнесувало 69%. Најголем дел од активното население кое бара и е

способно за работа е со завршено средно образование и тоа 44% од активното

население во 2013 година. Најмала вработеност има кај лицата без образование и тоа

од 7 146 лица кои барале работа во 2013 година работат 3 639 лица, односно 51%.

Најголема вработеност на ниво на Македонија во однос на образованието имале лицата

со завршено високо образование и тоа со вработување од 74% на активното население,

слична била состојбата и во 2012 година кога 75% од активното население со високо

образование било вработено28

.

28

Извор: Сопствени пресметки следејќи ја табелата бр. 6, преземена од http://www.stat.gov.mk

Page 47: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

47

Табела бр.7 Табела на вработени според секторите и одделите на дејноста, IV

тримесечје, 2013 година29

Сектор Број на вработени во мали и средни деловни субјекти

Број на вработени во големи деловни субјекти

Вкупно

Земјоделство, шумарство и рибарство

95% 5%

129 391

Рударство и вадење на камен 60% 40% 7 381

Преработувачка индустрија 83% 17% 133 557

Снабдување со електрична енергија, пареа и климатизација

29% 71%

10 304

Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација

10 358

Градежништво 82% 18% 47 647

Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли

95%

5%

94 483

Транспорт и складирање 76% 24% 36 604

Објекти за сместување и сервисни дејности со храна

94% 6%

23 063

Информации и комуникации 11 387

Финансиски дејности и дејности на осигурување

9% 91%

7 659

Дејности во врска со недвижен имот

99% 1%

21 798

Стручни, научни и технички дејности

12 659

Административни и помошни услужни дејности

13 972

Јавна управа и одбрана, задолжително здравствено осигурување

28%

72%

45 930

Образование 99% 1% 40 562

Дејности на здравствена и социјална заштита

29% 71%

38 485

Уметност, забава и рекреација 86% 14% 9 041

Други услужни дејности 88% 12% 10 059 Дејност на домаќинства како работодавачи, дејност на домаќинства кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби

2 225

Дејност на екстратериторијални организации и тела

/

Вкупно: 706 565

29

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=98

Page 48: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

48

Стапката на вработеност и невработеност во Пелагонискиот регион е опсервирана и во

анализата на Регионалната стопанска комора во Битола за 2012 година. Таму Битола не

е посебно издвоена, но како дел од Пелагонискиот регион зазема значаен дел во

статистиката. Според оваа анализа, Пелагонискиот регион со стапка на невработеност

од 25, 3 проценти е трет во државата по југоисточниот и источниот регион.

Уште еден податок на Регионалната стопанска комора во Битола ја дава сликата за

овдешната економија. Според последните извештаи за 2012 година, во Пелагонискиот

регион се регистрирани 8 468 деловни субјекти. Така регионалните стопанственици

повикувајќи се на Државниот завод за статистика, велат дека дури 87 проценти од

фирмите се микро со 1 до 9 вработени, а најмалку или само 1 процент се големи

претпријатија кои вработуваат над 250 работници. Новоотворената фабрика

„Кромберт и Шуберт“ отвори голем број работни места, во неа се вработени околу

1 000 битолчани, а има 2 000 вработени, со тенденција и најава од фабриката дека во

иднина оваа бројка ќе расте.

Стапката на невработеност во Битола од 38% во 2012 е намалена на 28% кон крајот на

2013 година30

, но според статистиките и бројот на нововработени во Битола,

намалувањето на невработеноста не се должи само на отворањето на работни места,

туку и на тоа што голем број лица студираат или работат во странство, што е особено

карактеристично за младата популација. Високата невработеност се јавува како

резултат на тоа што не се отвораат нови бизниси и фабрики, односно нови работни

места. Според анализата за потребите за вработување на одредени кадри за Општина

Битола која ја направи АВРМ, донесени се повеќе заклучоци.31

Пред сè структурата на

побарувачка на работна сила е оценета како неповолна, поради малата побарувачка за

работна сила со високо образование. За главна карактеристика на невработените се

смета недостатокот на работно искуство. Доминантна е урбаната невработеност, со

82% од евидентираните невработени лица. Уделот на невработени со високо

образование во вкупниот број на невработени во Битола е речиси двојно поголем од

уделот на високообразованите невработени лица на ниво на цела Македонија. Градот

Битола е имиграционо подрачје за жителите од други општини, особено од

Пелагонискиот регион, што создава дополнителен притисок на пазарот на трудот. Како

30

https://www.avrm.gov.mk/avrm.public.web/PublicReports/PublicReports.aspx

31

Извори: Локален акционен план за вработување на Општина Битола за 2009-2010; АВРМ-Годишен извештај 2008

Page 49: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

49

дефицитарни работници, пак можат да се издвојат текстилните работници (поради

ниските плати) и градежните работници.

Сето ова резултира и со иселување на населението, најмалку две петтини од

вкупното население на Општината се надвор од градот, а во последната деценија

особено со развој на Интернетот и техниката и технологијата во нашата земја, исто

така, до израз доаѓа и интелектуалната емиграција, поради што сѐ повеќе млади

работат најчесто од дома, преку Интернет за странски компании.

Излезот од невработеноста со која повеќе или помалку се соочуваат сите земји,

Македонија ја гледа во странските инвестиции. Во последната година најголем дел од

новите вработувања беа овозможени како резултат на отворањето на нови странски

компании низ државата, меѓу кои поголеми се: белгиската компанија за производство

на автобуси „Ван Хоол“, во Бунарџик; „Кромберт и Шуберт“ во Индустриската зона

„Жабени“ - Битола, фабриката на „Дрекселмајер“ во Кавадарци , „Џонсон контролс“ во

Штип (во која работат околу 1 000 граѓани од источна Македонија), американската

компанија „Кемет“. Токму поради тоа главната насока е свртена кон привлекување на

странски инвестиции со што ќе заживее економијата и ќе се намали невработеноста,

што дополнително ќе резултира и со намалување на сиромаштијата.

2. Развој на мали и средни бизниси во Општина Битола

Според податоците од Централниот регистар на Република Македонија, на

крајот на 2010 година во Р Македонија беа регистрирани вкупно 61 454 претпријатија.

Од нив 61 262 претпријатија или 99, 7% припаѓаат на групата микро, мали и средни

претпријатија. Во нив работат околу 78% од официјално вработените лица во земјата.32

Доколку ги следиме овие статистички податоци, можеме да забележиме дека МСП

според нивниот број доминираат во однос на другите поголеми претпријатија во

Р Македонија. Меѓутоа поважен е податокот дека во нив работат речиси 4/5 од сега

ангажираната работна сила на Р Македонија. Тоа значи дека МСП имаат силно

влијание врз насочувањето како на обемот така и на динамиката на економскиот развој

на земјата и имаат големо влијание при одржувањето на економско-социјалната

32

http://www.stat.gov.mk/

Page 50: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

50

стабилност на земјата. Тој факт беше потврден и за време на најинтензивниот замав на

економската криза.

Во 2010 во однос на 2009 година бројот на регистрирани (новоотворени) МСП

се зголеми за 6 041 фирми. На крајот на 2010 година во МСП беа вработени 506 042

лица, што е за 14 719 лица повеќе од нивниот број една година порано.

Тоа ја потврдува констатацијата изнесена погоре во оваа стратегија дека МСП во

значителна мера придонесоа за амортизирање на дејството на светската економска

криза, особено преку спречување на појава и проширување на нејзиниот трет облик -

социјална криза (зголемување на невработеноста).

Таквата поставеност и значење, како и појавување во спомнатиот број и растежот на

МСП дури и во екот на најсилната манифестација на светската економска криза, ја

оправдуваат оптимистичката, а сепак реална претпоставка за претворање на МСП во

поттикнувачи на идниот економски растеж на земјата и за нивно вистинско

претворање во ’рбет на македонската економија.

Физичките лица кои се регистрираат како самостојни вршители на дејност

немаат обврска да водат деловни книги, не можат да вработат други лица, освен нив

самите, не смеат да вршат друга дејност, освен дејноста за која се регистрирани и не

смеат да вршат трговија, освен ако продаваат производи од сопствено производство.

Најголем дел од самостојните вршители на дејност (СВД) се занимаваат со трговија и

услуги. СВД се регистрираат преку Стопанската комора и за нив се врши евиденција

преку Управата за јавни приходи, УЈП. Земјоделците, исто така, се регистрираат како

самостојни вршители на дејност. За земјоделците како регистер се јавува УЈП, од каде

што другите установи црпат информации. Големиот пораст на СВД во последните 3 до

4 години, се должи токму на тоа што од 2009 година се донесе закон за регистрирање

на земјоделците33

сами да го пријавуваат и регистрираат остварениот приход. Посебно

се забележува порастот на СВД во руралните средини, како што се Новаци и Могила.

Земјоделците се регистрираат како СВД, бидејќи како такви немаат обврски за водење

на деловни книги и во најголем дел се земјоделци кои немаат поголем приход од

милион и триста илјади денари. Додека, пак ако имаат поголем приход од милион и

33 согласно измените на законот за персонален данок

http://www.sfid.mk/comp_includes/webdata/documents/ZAKON%20ZA%20DANOCNA%20POSTAPKA%20+.pdf

Page 51: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

51

тристотини годишно, задолжително треба да се регистрираат како трговци на дејност.

Земјоделците одбираат да се регистрираат како СВД бидејќи со овој вид на

регистрирање имаат обврска само еднаш годишно да поднесат пријава до Управниот

одбор за јавни приходи за остварените приходи во тековната година.

Регистрирани трговски друштва по региони во 2012 година се претставени во

следната табела.

Табела бр.8 Регистрирани трговски друштва и самостојни вршители на дејност (СВД)

претставени по општини од Пелагонискиот регион

Град Број на

регистрирани

трговски друштва

Број на регистрирани

СВД

Битола 7 094 7 540

Демир Хисар 395 2 369

Могила 2 926

Новаци 2 2 460

Од претставените податоци на табелата можеме да заклучиме дека во Битола во 2012

година има најголем број на регистрирани трговски друштва, и тоа со 7 094 , како и на

регистрирани самостојни вршители на дејност (СВД), и тоа 7 540 земјоделци или

занаетчии.

Најмал е бројот на регистрирани трговски друштва во Општина Могила и

Општина Новаци, што се должи на тоа што таму има поволни услови за развој на

земјоделството, поради што Општина Новаци бележи висок број на регистрирани

земјоделци и занаетчии и тоа 2 460, а Општина Могила 926.

Во испитуваниот регион најголем број на регистрирани самостојни вршители на

дејност, после Општина Битола, е забележано во Општина Новаци, со регистрирани

2 460 СВД.

Пелагонискиот регион се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, се

граничи со Грција и Албанија, а главен центар на регионот е градот Битола. Името

Пелагонија регионот го добил по котлината Пелагонија, на која овој регион се протега.

Регионот е особено погоден за одгледување на земјоделски и сточарски култури, со

што голем дел од руралното население се занимава.

Page 52: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

52

Исто така, во регионот е развиена и текстилна индустрија, односно производството на

текстил, особено во Општина Битола, каде работат голем број на фабрики од оваа

област, како што се на пример: „Родон“, „Мокел“, „Сакес“, „Сат Мода“, „Хера“ и

многу други.

Развиена е и прехранбената индустрија, така што во Општина Битола би ги

истакнала следните поголеми производители: „Млекара“ АД - Битола, Квасарата АД

„Квасара“, Фабриката за сладолед и замрзната храна ДООЕЛ „Цермат“, Фабриката за

млечни производи „Идеал Шипка“ - Битола, Фабриката за освежителни пијалаци и

флаширана вода „Пелистерка“ АД и др.

Сето ова е значајно како за вработување на населението, така и за директно и

индиректно ангажирање на малите и средни претпријатија во работењето на некои од

овие големи претпријатија, во делот на производството или во услужните дејности.

Односно, соработката со МСП може да биде во делот на превозот на вработените,

снабдување со храна, агенции за обезбедување, ангажирање на градежни и услужни

фирми итн.

Трговијата е во голема мера застапена во Општина Битола, а тоа најмногу се

должи на тоа што градот Битола се наоѓа во непосредна близина на Р Грција, што

овозможува поголем и континуиран трговски развој и соработка. Тука би ги

надоврзала и туризмот кој во Пелагонискиот регион е слабо развиен и потребна е

поголема активност во овој поглед. Во градот Битола има одредени промотивни

активности, особено во делот на планинскиот туризам, кој е во развој, и треба

поинтензивно да се работи за привлекување на странски инвеститори во овој домен.

3. Проекти на локалната самоуправа поврзани со МСП

Уште во 1995 година Министерството за економија изготвува Проект за поддршка

на малото стопанство, кој од страна на Владата на Република Македонија е оценет како

добра појдовна основа за нов проект. Додека, пак останатата институционална

инфраструктура, која е создадена за да им помага на МСП, главно е изградена во рамки

на разните странски проекти. Прв и позначаен чекор на институционализација на оваа

Page 53: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

53

политика е направен во периодот од 1996-1998 г. со основањето на мрежа на

институции за развој на малите и средни претпријатија, преку формирање на:

Националната агенција за развој на мали и средни претпријатија (НЕПА) во

1998 година и нејзините регионални центри - фондации во Скопје, Велес,

Битола, Струмица и Куманово, во рамки на ФАРЕ Програмата за интегрален

развој на малите и средни претпријатија (ЦОП 1996). Основната цел на НЕПА и

регионалните центри е да се обезбеди експертска и консултантска помош на

МСП, како за тековните проблеми од работењето, така и за аплицирање за

добивање на кредитна поддршка од кредитната линија во рамки на оваа

програма, дистрибуирана со посредство на повеќе домашни банки.

Во овој контекст, важно е да се спомне и Агенцијата за поддршка на

претприемништвото на Република Македонија (АППРМ) - државна институција

основана за реализација на Програмата на мерки и активности за поддршка на

претприемништвото и создавање на конкурентност на малото стопанство во Република

Македонија, како и други програми усвоени од Владата, а се однесуваат на

претприемништвото и малото стопанство. Агенцијата е основана со закон во декември

2003 год. и претставува централна државна институција за поддршка на

претприемништвото и развојот на малото стопанство во Република Македонија.

Агенцијата за поддршка на претприемништвото е најрелевантна институција на

национално ниво за имплементација и координација на домашната и меѓународната

поддршка, наменета за секторот на малото стопанство.

Во однос на поттикнувачки фактори за раст и развој на МСП значајно е да се

спомене и Стопанската комора на Македонија.

Стопанската комора повеќе од десет години успешно врши имплементација на

меѓународните стандарди (ISO 9001, ISO 14001, ISO 22000, HACCP) во македонското

стопанство.

Сојузот на стопански комори на Македонија има бројни обврски и задолженија при

што врши имплементација на стандардите и во јавните претпријатија и дава поддршка

на здравството, енергетиката, како и локалната самоуправа имплементирајќи ги

стандардите во општините.

Сојузот на стопански комори на Македонија бара поддршка на МСП преку:

Page 54: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

54

- усогласување на законските прописи;

- елиминирање на законските ограничувања секаде каде што тоа е можно и потребно;

- фискална поддршка во насока на намалување, па и елиминирање на царински и други

увозни давачки за увоз на интермедијарни стоки и услуги, намалување на даночни

стапки и/или давање субвенции за производи што ќе се определат за стратешки

производи (земјоделски, сточарски, преработувачки.)34

.

Владата на Република Македонија, исто така, со свои проекти влијае врз

поттикнување на растот и развојот на малите и средни претпријатија. Владата на

Република Македонија преку Агенцијата за вработување на Република Македонија од

2008 година ја спроведува активната политика/мерка – Проект за самовработување со

кредитирање, со кој на корисниците на кредити им се овозможи да започнат сопствен

бизнис во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија,

градежништвото, услужните дејности итн.

Од 2008 година актуелни се двете мерки на Владата за вработување, преку

неповратни кредити за самовработување. Со оваа владина иницијатива на издавање на

поволни кредити во висина од 9 000 до 17 000 евра, целта на Владата е да се влијае врз

намалување на невработеноста. Преку Агенцијата за вработување се распишуваат два

огласи за аплицирање за кредити. Првиот е за кредитирање микро и мали претпријатија

за отворање нови работни места, а вториот - за кредитирање на невработени лица за

самовработување. На огласот за кредитирање на микро и мали претпријатија може да

се аплицира за кредит од 9 000 евра за три нови работни места. Условот кој треба да се

исполни е фирмите да се активни барем една година и да имаат едно вработено лице.

На огласот за самовработување можат да се јават сите невработени од евиденцијата на

Агенцијата за вработување кои сакаат да започнат сопствен бизинс и кои планираат да

имаат три до пет нови работни места. За секое вработено лице предвиден е кредит од 3

000 евра или вкупно 9 000 евра за вработување на трите лица. Додека, пак за дејности

од поголем обем можат да аплицираат по пет невработени, од нив 5 000 евра добива

кредитобарателот и по 3 000 евра останатите четворица, или вкупно 17 000 евра. За

34

http://www.sojuzkomori.org.mk/

Page 55: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

55

вработување лице кое останало без работа по основ на технолошки вишок, стечај или

ликвидација планирани се дополнителни средства до 1 000 евра.

Овие мерки имаат цел да се зголеми вработеноста, тие се добра поддршка и за

оние лица кои се невработени, а имаат идеја да реализираат бизнис, но и за

прептријатијата кои сакаат да вработат нови лица и да го прошират својот бизнис.

Условите се многу поволни: рок на враќање на средствата од 2 години, грејс-период од

1 година и камата од само 1%. Искуствата покажуваат дека 90% од бизнисите кои се

реализирани со оваа мерка опстојале и продолжиле да функционираат.35

Друга мерка на Владата која е актуелна од 2014 година е ослободување од

плаќање на персонален данок за доход за лица до 29 години. Работодавачот кој ќе

вработи лице кое е евидентирано како невработено во Агенцијата за вработување на

Република Македонија најмалку 1 година, се ослободува од плаќање персонален данок

за доход за време од 3 години. Оваа поволност може да ја користи и работодавачот кој

ќе започне вршење на дејност како трговец-поединец или основач на трговско

друштво, како и физичко лице кое врши дејност во согласност со Закон, а кое пред

отпочнувањето на вршењето на дејноста не било регистрирано за вршење на дејност.

Со цел поттикнување на вработувањето на невработените лица корисници на паричен

надоместок, се дава можност неисплатениот дел од паричниот надоместок, по барање

на невработеното лице, да се исплати во еднократен износ или во месечни рати, но не

подолго од 24 месеци, доколку средствата се користат за засновање работен однос на

неопределено време. Корисникот на средствата е должен да ги врати искористените

средства на Агенцијата за вработување, доколку на лицето му престане работниот

однос не по негова вина, пред истекот на двојно повеќе време од времето за кое

користел средства, со банкарска камата на средствата по видување.36

Целта на локалната самоуправа е преку изработка и реализација на проекти да

делува во функција на МСП. Дел од патиштата во Пелагонискиот регион, магистрални,

регионални не се во добра состојба и потребна е нивна реконструкција. За таа цел во

Општина Битола преку проекти на локалната самоуправа, поддржани од ЕБРД,

вложено е во патна инфраструктура во поголем дел на руралната средина и тоа: с.

35

Изјава на Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата за „Сител“ телевизија, 5 ноември 2013

година 36

http://www.avrm.gov.mk/content/Oglasi%20AM/07.05.2014_JavenOKreditiranjeMK.pdf

Page 56: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

56

Бистрица, с. Крстоар, с. Драгош, с. Кишава, с. Кукуречани, с. Цапари и др., со што е

овозможена подобра комуникација со градските средини, како и изградба на

капацитети за земјоделство и сточарство во тие региони. Исто така, водоводната мрежа

во урбаните средини е застарена, а жителите на руралните средини се соочуваат со

големи потешкотии во овој поглед. Во овој контекст, во Општина Битола во тек на

реализација е проект за кој се добиени средства од германската KFW банка, со камата

од 1%, проект кој опфаќа воспоставување на водоводна мрежа за 23 села, а целта е да

се решат дел од проблемите со водоводната мрежа. Пелагонискиот регионот, исто така,

се соочува со забрзано демографско стареење на населението и намалување на младата

популација. Во Пелагонискиот регион не постои регионална туристичка понуда, со

што не се овозможува афирмација на културното наследство и валоризација на

туристичките потенцијали. Општина Битола е карактеристична по зимскиот туризам,

поради непосредната близина на врвот Пелистер каде е разработен ски-центарот и

жичарата, ски-патеките на Ниже Поле, со што се привлекуваат туристи од другите

градови, а и од соседните погранични земји. Исто така, културна афирмација на

Општина Битола се прави преку најдолгото Културно лето „Бит-Фест“, и

Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“, со што се привлекуваат

странски гости од многу земји од светот.

Што се однесува на инвестициите во капитални објекти во регионот,

предвидена е реконструкција на железничката пруга Битола-Лерин и поставување на

слободна економска зона во Жабени. Подобрување на патната и комуналната

инфраструктура ќе го подигнат квалитетот на животот и ќе направат регионот да биде

попривлечен за инвестирање.

Од голема важност за градот Битола е тоа што на само 9 км оддалеченост се

наоѓа Индустриската зона „Жабени“, која се протега на површина од 86 хектари.

Индустриската зона „Жабени“ е долгорочна инвестиција за којашто е предвидено во

првите десет години да се реализираат 60% од зоната, а целосно да се заврши за 20

години. Овој проект се очекува да има силно влијание врз стопанството во овој

регион37

. Во изградбата на индустриската зона финансиска поддршка даде и Владата

на РМ во износ од 80 000 000, 00 денари. Инвеститорите кои го откупија градежното

земјиште во Индустриската зона „Жабени“ до 31.3.2011 година се ослободени од

37

http://zabeni.mk/mk/index.php

Page 57: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

57

надоместок за уредување на градежното земјиште во висина од 100% за комплетно

изграден објект, со обврска да започнат со работа, односно да го стават во функција

објектот во рок од 18 месеци по склучениот договор за откуп на градежното земјиште.

Процентот на ослободување од надоместок за уредување на градежно земјиште се

намалува за 5% за секој месец задоцнување со отпочнување на објектот со работа.

Инвеститорите кои откупија градежно земјиште во Индустриската зона „Жабени“ и

вработија над 300 нововработени лица до крајот на 2012 г. се ослободуваат за 100% од

надоместокот за уредување на градежното земјиште, со обврска бројот на вработените

да се задржи минимум 12 месеци од отпочнувањето со работа. Основицата за

пресметка на надоместок за пренамена од земјоделско во градежно земјиште во

сооднос 3:1 како пазарна вредност, изнесува 0,1 евра по м238

.

Локалната самоуправа во Битола, исто така, ги поддржува МСП преку

организирање на најразлични обуки за стекнување со бизнис вештини и поддршка на

бизнис центрите и бизнис инкубаторите. За таа цел, во градот Битола во 2007 година е

изграден Бизнис старт ап центар (БСЦ). БСЦ е финансиран од Министерството за

надворешни работи на Холандија и со поддршка од локалната самоуправа на градот

Битола работи во функција на помагање на малите и средни бизниси, при тоа нудејќи

им консултанстки услуги, финансиска поддршка, експертиза од странство, натпревари

за изработка на најдобар бизнис план и др.39

Од сето ова можеме да заклучиме дека треба да се посвети поголемо внимание

врз афирмација на МСП, преку различни обуки и поддршка за воведување во бизнисот

и поддршка во различни фази од водење на бизнисот на младите претприемачи.

Потребно е да се зголеми поддршката од јавните инстистуции преку создавање на

поволни услови за работа на МСП, односно поддршка на постоечките како и поддршка

на генерирањето на нови бизниси. Вложување во инфраструктура, привлекување на

странските инвестиции и поддршката на јавно приватните партнерства се само дел од

низата мерки кои се потребни да се преземат од локалната самоуправа со цел за раст и

развој на МСП.

38 Врз основа на член 22 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 05/02)

и член 16 и 70 од Статутот на Општината Битола („Службен гласник на Општина Битола“ бр. 10/05),

Советот на Општина Битола на седницата одржана на 30.9.2010 година

39 http://www.bscbitola.org/index.php?lang=mk

Page 58: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

58

4. Мерки на локалната самоуправа за поддршка на МСП преку јавно

приватни партнерства

Кога станува збор за поддршка на МСП преку јавно приватни партнерства,

локалната самоуправа може да преземе повеќе активности за да придонесе за развој на

МСП. Најпрво локалната самоуправа иницира изработување на различни

инвестициони проекти кои треба да се спроведат преку јавно приватно партнерство.

Потоа ги поврзува јавните институции или Општината со приватни инвеститори, со

цел заеднички да остварат одреден проект. На овој начин локалната самоуправа дава

директен влог врз развојот на малите и средни претпријатија.

Јавно приватното партнерство е комерцијален „договор“ помеѓу јавните власти

(без разлика дали се јавни органи или локална самоуправа) и приватни фирми со цел

проектирање, изведба, финансирање и управување на јавната инфраструктура и услуги,

кои дотогаш традиционално биле спроведувани од јавниот сектор во дејности како што

се превоз, здравствени услуги, водоснабдување или образование.

Партнерствата се однесуваат на форми на соработка помеѓу јавниот и

приватниот сектор со цел да се обезбеди финансирање, изградба, реконструкција,

управување и одржување на инфраструктура или обезбедување на услуги.

Тие се состојат или од партнерства помеѓу државните или локалните власти и

приватните фирми врз основа само на договор или со формирање на проектна фирма

во која се вклучени заедно и јавниот и приватниот сектор, т.н. институционално

партнерство.40

Со Законот за концесии и други видови на јавно приватни партнерства се

уредуваат условите, начинот и постапката за доделување на концесија, содржината на

договорот за концесија, правата и обврските на концедентот и концесионерите,

правната заштита во постапката за доделување на концесијата, начинот и постапката за

доделување на договори за други видови на јавно приватно партнерство, содржината

40

www.economy.gov.mk

Page 59: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

59

на договорот за јавно приватно партнерство, правата и обврските на јавниот и

приватниот партнер и правната заштита во постапката за доделување на договори за

јавно приватно партнерство. Целта на овој закон е да се промовира и овозможи

приватната иницијатива во финансирањето на јавните услуги, да се утврди еднаков

пристап, транспарентност во постапката за доделување на концесија и договори за

други видови на јавно приватно партнерство, како и квалитетно и ефикасно вршење на

работите и услугите од доделената концесија и доделените договори за други видови

на јавно приватно партнерство. Концесија претставува доделување на право на

користење на добро од општ интерес за Република Македонија, изведување на градба

од јавен интерес или вршење на јавни услуги, со задолжување на концесионерот да

изгради и/или управува, да го користи и одржува објектот на концесија, со плаќање

или без плаќање од страна на концедентот. Концедент е Република Македонија, а

концесионер е домашно или странско правно или физичко лице или конзорциум на

кого му е доделена концесија41

.

Објекти на концесија се добрата од општ интерес за Република Македонија,

недвижните и подвижните имоти, постројки, инсталации и друг имот сопственост на

Република Македонија или на општините во Република Македонија. Договор за

концесија е договор од финансиски интерес склучен меѓу концедентот и

концесионерот којшто за предмет има користење на добро од општ интерес на

Република Македонија, изведување на градба од јавен интерес или вршење на јавни

услуги.

Други видови на јавно приватно партнерство се сите потфати, различни од

концесија и јавни набавки, за соработка во рамките на кои јавниот и приватниот

партнер ги здружуваат ресурсите и стручните знаењa за да низ соодветно насочување

на ресурсите, ризикот и добивката се обезбеди вршењето на одредена јавна услуга.

Форми во кои можат да се воспостават концесија и јавно приватното

партнерство се :

- договорно партнерство и

- институционално партнерство.

41

Закон за концесии и други видови на јавно приватно партнерство, Сл. весник на Р Македонија бр.7 од

15.1.2008 година

Page 60: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

60

Заради ефикасно креирање на политиката во областа на концесиите и јавното

приватно партнерство на Владата на Република Македонија, може да се основа Совет

за концесија/јавно приватно партнерство во состав од 11 члена, од кои еден

претседател на Советот и еден заменик на претседателот на Советот. Советот ќе ги

проучува прашањата на политиката за водење на проектите од областа на концесиите и

јавното приватно партнерство и проблемите кои настануваат од несоодветна и

недоволна уреденост на оваа материја, за што изготвува предлози, мислења и

иницијативи кои ќе бидат основа за изработка на стратегија за реализација на проекти

поврзани со концесиите/јавните приватни партнерства. За членови на Советот се

именуваат претставници од Министерството за економија, Министерството за

финансии, Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство,

Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и

просторно планирање и Секретаријатот за законодавство, двајца претставници од

Заедницата на единиците на локалната самоуправа, како и двајца експерти од областа

на економијата и правото, имајќи ја предвид соодветната и правичната застапеност на

сите граѓани во Републиката.42

Области во коишто можат да се реализираат ЈПП проекти се: собирање и

транспортирање на комуналниот и други видови на неопасен отпад, стопанисување со

спортско-рекреативни објекти, детски градинки, одморалишта и домови за стари, јавни

паркинзи, јавно осветлување и сл.

ЈПП се често користена форма на финансирање на разни проекти во ЕУ. Врз

основа на искуствата од бројни примери на успешни ЈПП идентификувани се следните

основни предности и придобивки:

Забрзана изградба на инфраструктура - ЈПП често му овозможува на јавниот

партнер наместо еднократно капитално издвојување, изградената инфраструктура или

користењето на јавните услуги да ги плаќа за времетраењето на проектот, со што се

овозможува да се пристапи кон изградба на инфраструктурни проекти, кои инаку би

биле надвор од буџетски планираните средства.

Поквалитетни јавни услуги - Распределбата на ризикот на приватниот партнер треба

да го поттикне и да го унапреди квалитетот на јавните услуги особено кај оние проекти

42 Преземено од www.pravo.org.mk, Закон за концесии и други видови на јавно приватно партнерство,

Сл. весник на Р Македонија бр.7 од 15.1.2008 година

Page 61: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

61

каде што плаќањето е поврзано со задоволувањето на однапред утврдени стандарди за

давање на услуги.

Зголемена ефикасност - Приватниот партнер е заинтересиран за намалување на

трошоците за време на целиот период на операционализација на проектот, што

потешко се постигнува во рамките на постојните механизми на управување од страна

на јавниот партнер.

Подобра распределба на ризиците - Основното начело на ЈПП е алоцирање на

ризикот на оној партнер кој може да го преземе со најмалку трошоци. Во оваа насока

треба да се прецизира дека треба да се оптимизира и максимизира преносот на ризикот

за да може да се обезбеди создавање на поголема вредност на парите.

Побрза имплементација на проектот - Со оглед на тоа што проектирањето и

изградбата е обврска на приватниот партнер, односно плаќањето од страна на јавниот

партнер е поврзано со започнувањето на давање на јавни услуги, приватниот партнер е

мотивиран работите да ги изведе во што пократок рок.

Создавање на дополнителни приходи - Приватниот партнер најчесто е во можност да

создава дополнителни приходи од трети субјекти, намалувајќи ги на тој начин

трошоците за издвојување на јавниот партнер, односно на крајните корисници на

јавните услуги.

Подобрено управување - Со пренесувањето на обврската за давање услуги на

приватниот партнер, јавниот партнер се јавува во улога на регулатор и се насочува на

активности кои се однесуваат на планирање, унапредување и контрола, наместо

секојдневно давање на јавни услуги.43

Како предлог мерки за локалната самоуправа, во функција на МСП во

Општина Битола, сметам дека се имплементирање на јавно приватни партнерства од

областа на јавното осветлување, подигнување на јавниот смет, градење на домови за

стари лица и градинки. Во овие области не се остварени јавно приватни партнерства во

Општината, а постојат можности за соработка и развој на проекти. Со имплементирање

на јавно приватни партнерства во наведените области сметам дека локалната

самоуправа ќе влијае позитивно врз развојот на МСП, како и врз зголемувањето на

вработеноста.

Актуелни проекти на јавно приватно партнерство на локалната самоуправа во

Битола се зонското паркирање, градењето на затворен олимписки базен,

43Извори : http://www.zels.org.mk/, http://www.pravdiko.mk/

Page 62: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

62

стопанисување со спортско-рекреативен објект и др. Зонското паркирање претставува

проект на јавно приватно партнерство на локалната самоуправа и „Стентон градба“

ДОО Битола. Овој проект започна во јуни 2013 година, а целта на овој проект е

максимално да бидат канализирани условите за паркирање на возилата низ Општина

Битола. Во рамки на зонскиот систем предвидени се 1 951 паркинг места распоредени

во три зони, поголем дел од паркинзите веќе се ставени во функција. Олеснителна

околност за граѓаните претставува тоа што во недела паркингот е бесплатен, а во

останатите денови од неделата првите 15 минути во која било зона паркирањето не се

наплаќа. Во рамките на овој проект предвидено е вработување на 70 луѓе во текот на

годината, а бруто-износот кој треба да се плати на Општина Битола од страна на

„Стентон градба“ ДОО - Битола за една година изнесува 1 734 410 денари.44

Преку јавно приватно партнерство во Битола предвидено е да се гради затворен

олимписки базен. За таа цел Општина Битола објави повик за приватни инвеститори за

изградба на покриен базен со олимписки димензии по принципот на јавно приватно

партнерство. Олимпискиот базен се предвидува да биде според стандарди од највисок

ранг, со димензии 25 метри широчина и 53 метри должина, а максималната длабочина

на базенот ќе биде 2,05 метри. Локацијата на која е предвидено да се гради затворениот

базен е во непосредна близина на спортската сала „Младост“ - Битола. За овој проект

интерес има и кај неколку домашни фирми, а во најава се и понуди од странство.

Откако ќе заврши постапката за избор на фирма за јавно приватно партнерство,

Општина Битола ќе ја донесе конечната одлука за почеток на изградбата на покриен

олимписки базен. 45

Јавно приватно партнерство од областа на стопанисување со спортско-

рекреативен објект е склучено помеѓу Општина Битола и „Цермат“ ДООЕЛ - Битола во

2014 година за Фудбалскиот клуб „Пелистер“ и Стадионот во Битола. Ова ЈПП се

предвидува дека ќе овозможи брз развој на фудбалот во Битола.

44 http://mkinfo.mk/makedonija/ostanato/item/9537-zonski-sistem-na-parkiranje-vo-bitola

45http://www.kapital.mk/mk/makedonija/86321/vo_bitola_kje_se_gradi_olimpiski_bazen_preku_javno_privatn

o_partnerstvo.aspx

Page 63: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

63

Констатации и препораки за поддршка на локалната

самоуправа во развојот на МСП во Општина Битола

Со цел да донесеме заклучок за претходно изнесените тези во мојот

магистерскиот труд направив истражување за малите и средни претпријатија во

Битола.

При тоа како инструмент користев анкета која ја праќав електоронски и во најголем

дел анкетата беше пополнувана по електронски пат. Анкетниот прашалник се состои

од десет прашања со понудени одговори од кои испитаникот треба да одбере, а во

некои прашања, каде што е потребно има можност испитаниците сами да дадат

одговор и да се изјаснат во однос на прашањето. Анкетниот прашалник опфаќа триесет

мали и средни претпријатија во Општина Битола, кои претставуваат селективен

примерок врз кој е вршено истражувањето. Испитани беа мали и средни бизниси од

различни дејности, при тоа најзастапени испитаници во ова истражување се мали

бизниси од областа на трговијата и услугите.

Понатаму во магистерскиот труд следат анкетата и резултатите од анкетниот

прашалник: Истражување на пазарот – мали и средни претпријатија во Битола.

Истражување на пазарот - мали и средни претпријатија во Битола

1. Каков вид на бизнис имате?

o мал фамилијарен бизнис

o мал индивидуален бизнис

o среден фамилијарен бизнис

o среден индивидуален бизнис.

2. Колку време постои вашиот бизнис?

o помалку од една година

o од една до две години

o од две до три години

o над три години.

3. Која е главна дејност на вашиот бизнис?

o производство

Page 64: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

64

o услуги

o трговија

o градежништво.

4. Колкав е бројот на вработени?

5. Кои беа вашите извори на финансирање за започнување со бизнисот?

o сопствена заштеда

o заеми од роднини и пријатели

o кредит од банка

o сопствена заштеда и заеми од роднини и пријатели

o сопствена заштеда и кредити од банка

o заеми од роднини и пријатели и кредит од банка

o првите три наведени.

6. Со кои проблеми при работењето најчесто се соочувате?

o финансиски проблеми

o високи давачки

o недоволна побарувачка

o неквалификувани вработени

o неповолни каматни стапки и кредити

o инфлација

o недостаток од мотивација

o недоволно познавање на работата.

7. Дали сметате дека локалната самоуправа ги поддржува малите и средни бизниси?

o да

o не

o не знам.

8. Дали досега сте користеле некаква поддршка/помош од локалната самоуправа?

o да

o не.

9. Доколку сте користеле поддршка од локалната самоуправа, каква поддршка сте

користеле?

o не сум користел поддршка во досегашното работење

o финансиска поддршка за МСП

o бесплатни обуки

o ослободување од данок за придноеси при вработување на нови лица.

Page 65: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

65

o неповратни кредити

o повратни кредити со ниски каматни стапки

o Other: .

10. Што е најважно според вас за да успее еден бизнис?

o квалитетен производ/услуга

o ниски цени

o искуство во работата

o локацијата на бизнисот

o имиџот на претпријатието

o вработените.

Во прилог ќе ги елаборирам резултатите од спроведеното истражување на мали и

средни претпријатија во Битола.

1. Каков вид на бизнис имате?

Слика бр. 1 Истражување на мали и средни бизниси

Првото прашање се однесува на видот на бизнисот којшто испитаниците го

поседуваат, односно дали станува збор за мал фамилијарен бизнис, мал индивидуален

бизнис, среден фамилијарен или индивидуален бизнис.

На ова прашање најголем дел од испитаниците, четиринаесет испитаници од вкупно

триесет, односно 47% одговорија дека имаат мал индивидуален бизнис. Од

истражувањето, според одговорите на ова прашање, можеме да забележиме дека

малите бизниси се позастапени, отколку средните бизниси во градот Битола.

Page 66: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

66

2. Колку време постои вашиот бизнис?

Слика бр. 2 Истражување на мали и средни бизниси

Второто прашање се однесува на тоа колку време постојат и опстојуваат на

пазарот испитуваните бизниси. Можеме да забележиме дека најзастапени се бизниси

кои постојат над три години, и тоа со 57% од испитаниците, што значи дека веќе ги

надминале најголемите потешкотии кои се јавуваат на почетокот на бизнисот и веќе

имаат стекнато искуство и бизнисот им е разработен.

3. Која е главна дејност на вашиот бизнис?

Слика бр. 3 Истражување на мали и средни бизниси

Третото прашање се однесува на дејноста на бизнисот, односно во ова

прашање согледуваме дали станува збор за бизнис кој се занимава со производство,

трговија, услуги или градежништво. При тоа донесов заклучок дека најчеста главна

дејност со која се занимаваат бизнисите е трговијата, а потоа следат услугите, што

само потврди дека малите бизниси се најзастапени во трговијата како најпогодна

дејност за мал и среден бизнис.

Page 67: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

67

4. Колкав е бројот на вработени?

Број на

испитувани

фирми

Број на

вработени

2 1

4 2

3 3

7 4

7 5

1 42

1 64

1 78

1 108

1 112

1 123

1 146

Вкупно: 30 Вкупно: 775

Табела број 1 Истражување на мали и средни бизниси

Четвртото прашање се однесува на бројот на вработени во испитуваните

фирми, а според одговорите на испитаниците забележуваме дека 30 МСП се

генератори на 775 вработувања, што во просек доаѓа околу 26 вработени во една

фирма. МСП, како што и претходно споменав во магистерскиот труд, и тоа како

придонесуваат при намалувањето на стапката на невработеност.

5. Кои беа вашите извори на финансирање за започнување со бизнисот?

Слика бр. 4 Истражување на мали и средни бизниси

Во четвртото прашање опфатени се изворите на финансирање за започнување со

бизнис, кои се неопходни, а најчесто и пресудни за започнување со сопствен бизнис.

Како извори на финансирање се јавуваат: сопствената заштеда, заеми од роднини и

пријатели, кредит од банка или различна комбинација на овие три најчести извори на

Page 68: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

68

финансирање. Според истражувањето во најголем процент, и тоа со 27% кај

испитаниците се јавува комбинацијата на сопствена заштеда и кредити од банка, а

потоа со застапеност од 20% следат сопствената заштеда и заемите од роднини и

пријатели. Причината поради која најчесто се јавува комбинација од два или повеќе

извори на финансирање се неповолните кредити од банките и малите заштеди за

започнување на бизнис.

6. Со кои проблеми при работењето најчесто се соочувате?

Слика бр. 5 Истражување на мали и средни бизниси

Во петтото прашање испитаниците ги посочија проблемите со кои најчесто се

соочуваат при работењето. Наведени беа: финансиските проблеми, високите давачки,

недоволната побарувачка, неквалификуваните вработени, неповолни каматни стапки и

кредити, инфлацијата, недостатокот од мотивација и недоволното познавање на

работата. Испитуваните бизниси како најчест проблем со кој се соочуваат во текот на

работењето ги наведоа високите давачки и тоа 37% од испитаниците се изјаснија така.

Ова укажува на фактот дека локалната самоуправа и воопшто државните власти треба

да се концентрираат на решавање на оваа проблематика, која е потенцирана и во овој

магистерски труд. Понатаму, како проблем се јавува и недоволната побарувачка, и тоа

кај 30% од испитаниците, што најчесто произлегува како резултат на големата

конкуренција и ниските цени кај производите на големите производители. За да се

надмине овој проблем, малите бизниси треба да се концентрираат на стратегијата на

диференцијација и нудењето на додадена вредност за потрошувачите. И како трет

потенциран проблем се јавуваат финансиските потешкотии кои, како што и претходно

споменав во магистерскиот труд, се јавуваат поради ограниченоста на сопствените

средства, но и поради неповолните кредити од банките наменети за МСП.

Page 69: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

69

7. Дали сметате дека локалната самоуправа ги поддржува малите и средни

бизниси?

Слика бр. 6 Истражување на мали и средни бизниси

Во шестото прашање од истражувањето испитаниците дадоа свое мислење за

тоа дали локалната самоуправа ги поддржува малите и средни бизниси. Во однос на

ова прашање 43% од испитаниците се изјаснија дека локалната самоуправа не ги

поддржува малите и средни бизниси. А 33% од испитаниците сметаат дека локалната

самоуправа ги поддржува МСП.

8. Дали досега сте користеле некаква поддршка/помош од локалната самоуправа?

Слика бр. 7 Истражување на мали и средни бизниси

Во однос на ова прашање испитаниците се изјаснија дали во своето досегашно

работење имаат користено некаква помош или биле на некој начин поддржани од

локалната самоуправа. При тоа дури 70% од испитаниците немаат користено никаква

форма на поддршка од локалната самоуправа, што во голем дел се должи и на слабата

информираност на МСП за формите на поддршка кои локалната самоуправа ги нуди.

Додека, пак 30% од испитаниците имаат користено некаква форма на поддршка од

локалната самоуправа.

Page 70: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

70

9. Доколку сте користеле поддршка од локалната самоуправа, каква поддршка

сте користеле?

Слика бр. 8 Истражување на мали и средни бизниси

Во деветото прашање се образложени видовите на поддршка и помош, кои

локалната самоуправа им ги нуди на МСП или пак ги поддржува (секако за некои од

овие форми на поддршка, МСП треба претходно да исполнуваат одредени услови кои

се претходно образложени во третиот дел од магистерскиот труд). Од наведените

видови на поддршка, односно финансиската поддршка, бесплатните обуки,

ослободување од данокот за придонеси при вработување на нови лица, неповратни

кредити, повратни кредити со ниски каматни стапки и др., во најголем дел е застапена

поддршката преку ослободување од данокот за придонеси при вработување на нови

лица, што е нова владина мерка и ја искористиле 17% од испитаниците. Понатаму,

бесплатни обуки користеле 7% од испитаниците, а никој не користел финансиска

поддршка за МСП. Од ова можеме да констатираме дека финансиската поддршка,

неповратните кредити и повратните кредити со ниски каматни стапки, се мерки за

поддршка кои треба да бидат подостапни за МСП, бидејќи се најпотребна форма на

поддршка за МСП, а со тоа би се влијаело врз нивниот раст и развој.

10. Што е најважно според вас за да успее еден бизнис?

Слика бр. 9 Истражување на мали и средни бизниси

Page 71: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

71

Во последното, десеттото прашање од истражувањето, испитаниците дадоа свое

мислење за тоа што е најважно или клучно за да успее еден бизнис.

Понудени беа следните одговори: квалитетен производ/услуга, ниски цени, искуство во

работата, локацијата на бизнисот, имиџот на претпријатието и вработените.

При тоа, 33% од испитаниците се согласија дека најважно за успехот на едно

претпријатие е квалитетот на производот или услугата која тоа претпријатие ја нуди.

Понатаму, за локацијата се изјаснија 23% од испитаниците, по што следат вработените

со 13% итн. Секако дека сите овие сегменти се важни и треба поголем дел од нив да се

застапени заедно за бизнисот да биде успешен, но често сопствениците се во ситуација

да немаат доволно средства и време да се насочат кон исполнување на сите наведени

сегменти, па мораат да бираат кон што ќе се насочат најмногу, односно да одредат што

сметаат дека е најважно за нив и да го искористат за да изградат успешен бизнис.

Според горенаведеното направено истражување можеме да констатираме дека

уште еднаш се потврди влијанието на локалната самоуправа врз растот и развојот на

МСП и потребата на МСП од поддршка, насочување, следење и делување во насока на

нивно уште поголемо развивање, што повратно би значело економски раст и

стаблизирање на невработеноста.

Page 72: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

72

Препораки за натамошни истражувања

При изработката на магистерскиот труд дојдов до повеќе констатации и предлози:

- Да се делува врз подобрување на макроекономската политика, односно врз

постигнување на макроекономска стабилност.46

- Да се зголеми фискалната транспарентност, да се воведат даночни олеснувања за

МСП, да се воведе даночна едукација за МСП.47

- Да се олеснат административните процедури за започнување со сопствен бизнис;48

- Да се зголеми поддршката за добивање на финансиски средства и поволни кредити за

МСП.49

- Да се интензивира локалната поддршка за раст и развој на МСП, преку поголеми

активности на бизнис инкубаторите, обуки, консултации итн.50

- Да се зајакне институционалната поддршка за МСП преку поголема информираност

за условите за започнување на бизнис и нудење на олеснувања од страна на државата.51

- Да се поттикне иновативноста на МСП преку финансирања од локалната самоуправа

наменети за истражувања.52

- Да се зголеми учеството на МСП во јавните набавки .53

- Да се воведат реформи во судството, со цел да се подобри инвестициската клима и да

се делува против корупцијата.54

- Да се делува врз подобрување на бизнис околината, како и врз односот на

постоечките МСП кон законите за легално работење.55

46

Види прв дел од магистерскиот труд, страна бр. 23, Елементи на инвестициската клима за развој на МСП 47Според заклучоците од истражувањето за мали и средни бизниси, види слика број 5 48

„The Role of Small and Medium Size Enterprises in Economic Development“, Selcuk Caner,HSE

Conference, Moscow 49

Види втор дел од магистерскиот труд страна бр. 30, Можни мерки на единиците на локалната самоуправа за развој на МСП 50

ibid 51

ibid 52

Business Networing, AVON TEC, Bristol, July 1994 53

Види трет дел од магистерски труд, страна бр.58, Мерки на локалната самоуправа за поддршка на МСП преку јавно приватни партнерства 54

Препораки од ЕУ преточени во програмата за евроинтеграција на Владата на Република Македонија http://vlada.mk/node/74 55

ibid

Page 73: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

73

Заклучни согледувања

Од овој магистерски труд каде детално е опфатена улогата на локалната

самоуправа врз растот и развојот на малите и средни претпријатија, можеме да

заклучиме дека малите и средни претпријатија се динамична категорија и се во

постојан раст.

Локалната самоуправа има многу големо влијание врз развојот и растот на

МСП, како преку вложување во инфраструктура, подобрување на инвестициската

клима, склучување на јавно приватни партнерства и привлекување на странски

инвестиици, така и преку даночни олеснувања, поддршка на организации кои се

залагаат за раст и развој на МСП, помагање преку доделување на разни грантови за

МСП итн.

Малите и средни бизниси се основни двигатели на економски раст, имаат

големо учество во БДП, креираат можности за зголемување на вработеноста, ја

зголемуваат конкурентноста на бизнисите. МСП се главни иноватории, флексибилни

се и можат да служат за пример на големите претпријатија за тоа како се преживува

една економска криза. Иако е голема стапката на МСП кои престануваат со работа

уште во првата или втората година, нивниот придонес е значителен во однос на

развојот на економијата во една земја.

МСП се значајни за развој на националните економии, бидејќи придонесуваат

да се намали невработеноста, а преку развојот на новите технологии можат да бидат

фактор кој генерира економски раст преку кој МСП влијаат врз намалување на

сиромаштијата, нудат можности за вработување и влијаат врз одржливоста на

економијата во целина.

За најголемиот број на мали и средни бизниси, административниот товар и

даноците се најголем проблем. Цената на административните процедури за малите

компании можат да бидат и до десет пати повискоки отколку за големите, правејќи го

овој товар диспропорционално тежок за малите бизниси. Исто така, високите даноци и

останатите давачки кон државата можат да бидат главна причина за престанок со

работа на МСП.

Page 74: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

74

Во Република Македонија треба да се работи на уште поголема афирмација на

малите и средни претпријатија и да се обрне поголемо внимание на нивно

финансирање, односно материјално помагање, со што уште повеќе ќе се зголеми

нивниот број, што од друга страна, пак ќе доведе до зголемување на вработеноста,

односно ќе се придонесе за решавање на најголемиот проблем со кој се соочува нашата

земја.

Во овој контекст, во Општина Битола сметам дека инвестициите во патната и

комуналната инфраструктура ќе го подигнат квалитетот на живот и ќе направат

регионот да биде попривлечен за инвестирање.

Од голема важност за градот Битола е тоа што на само 9 км оддалеченост се

наоѓа Индустриската зона „Жабени“. Ова е значајно како за вработување на

населението, така и за директно и индиректно ангажирање на малите и средни

претпријатија во работењето во делот на производството или во услужните дејности.

Општина Битола преку проекти на локалната самоуправа поддржани од ЕБРД

има вложено средства во патна инфраструктура во поголем дел од руралната средина.

Во Општина Битола, исто така, во тек на реализација е проект за кој се добиени

средства од германската KFW банка. Проектот опфаќа воспоставување на водоводна

мрежа за 23 села, а целта е да се решат дел од проблемите со водоводот.

Невработеноста е проблем со кој се соочуваат не само Р Македонија и Општина

Битола, туку станува збор за проблем на глобално ниво. Во Р Македонија високата

невработеност во најголем дел се јавува како резултат на тоа што не се отвораат нови

бизниси и фабрики, односно нови работни места. За Битола значајно е да се спомне тоа

што стапката на невработеност од 38% во 2012 г. е намалена на 28% кон крајот на 2013

година. Според направените статистики на АВРМ, намалувањето на невработеноста

не се должи само на отворањето на работни места, туку и на тоа што голем број

студираат или работат во странство, што е особено карактеристично за младата

популација. Исто така, градот Битола е имиграционо подрачје за жителите од други

општини, особено од Пелагонискиот регион, што создава дополнителен притисок на

пазарот на трудот.

Во магистерскиот труд образложен е буџетот на Општина Битола за 2012

година. Во однос на МСП можеме да констатираме дека не се предвидени директни

Page 75: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

75

средства за развој, но преку инвестирање во различни инфраструктурни проекти се

влијае врз нивниот раст и развој.

Токму затоа улогата на локалната самоуправа е колку што може повеќе да

влијае врз отстранувањето на пречките за раст и развој на МСП, како и да креира

поволна клима за работа на МСП, што ќе води до успешен раст на економијата во

целина.

Поради тоа потребно е да се преземат низа законски мерки за да се обезбедат

поволни извори на финансирање, да се намалат каматните стапки на банките за

кредити кои се однесуваат на МСП, да се зголеми финансиската поддршка преку

поткрепа со владини проекти, да се зајакнат постоечките институции за поддршка на

МСП итн., сè со цел да се поттикнат и да се поддржат претприемачите и иноваторите

да креираат и да вложуваат во сопствени бизиниси и идеи од кои ќе профитира

економијата во целост.

Page 76: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

76

Користена литература

A) Библиографија

1. Афродита Керамичиева-Пановска, „Развој на менаџерски вештини“, Битола,

2009

2. Д-р Алекса Стаменковски, „Маркетинг на малите и средните претпријатија“,

Скопје, април 1995 година

3. Д-р Бобек Шуклев, „ Стратегиски Менаџмент“, Скопје, 2008

4. Виолета Недановска, „Бизнис и претприемништво“, Битола, 2007

5. Д-р Жидас Даскаловски, д-р Ана Николовска, д-р Марија Ристеска, „Водач во

буџети“, Скопје, 2006

6. Д-р Јован Дамјановски, Скрипта (за интерна употреба) Стратегиски менаџмент,

Меѓународен славјански универзитет - Москва, Факултет за економика -

Филијала Република Македонија

7. Лилјана Мишковска-Кајевска, „Малите претпријатија во развојот на

стопанството на Република Македонија“, Економски институт, Скопје, 2002

8. Пеце Јовески, „Прирачник за бизнис планирање“ – Битола, 2009

9. Ристо Фотов – Менаџмент на мал бизнис, Европски универзитет, Скопје, 2006

година

10. Ричард Д. Бингам и други автори, „Менаџирање на локалната власт“, Влада на

Република Македонија, МАГОР ДОО, Скопје, 2009

11. Д-р Таки Фити, м-р Верица Хаџи Наумова-Марковска, „Претприемништво и

претприемачкиот маркетинг“, Економски факултет - Скопје, Скопје, 1994

12. Д-р Тибор Карпати „Организација и водење на маркетингот во работењето“,

Загреб, 1997

13. Bostjan Antoncic and Robert D.Hisrich, Clarifying the intrapreneurship concept,

Journal of Small Business and Enterprise Development Volume 10 . Number 1.

14. Jeremy Kourdi, Business strategy Eco Type, Great Britain, 2003

15. JoAnn C., James W., INTRAPREnEURSHIP : A REQUIESITE FOR SUCCESS, The

Entrepreneurial Executive, Volume 12, 2007

Page 77: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

77

16. Karina Skovvang Christensen , A classification of yhe corporate entrepreneurship

umbrella: labels and perspectives, Int. J . Management Enterprise Development, Vol.

1, No. 4 , 2004

17. Malin Tillmar, Ph. D. Intrapreneurshipr Department of economic and industrial

development, Linkoping University,

18. Mark Casson, The Enterpreneur Edward Elgar, Massachusetts, 2003

19. Mathew J Manimala, P D Jose, and K Raju Thomas, Organizational Constraints on

Involvation and Intrapreneurship: Insights from Public Sector, VIKALPA VOLUME

31 NO 1 JANUARY MARCH 2006

20. Sara Carter, Dylan Jones-Evans, Enterprise and Small Busnies, Principles, Practice

and Policy, Prentice Hall, 2000

21. Scott A. Beaulier, Joshua C. Hall, William S. Mounts, From Entrepreneuer to

Manager : A Brief Consideration of Economic Translation

22. Scott Weaven, Intrapreneurial Behaviour Within the Franchising Context

23. Selcuk Caner „The Role of Small and Medium Size Enterprises in Economic

Development“, HSE Conference, Moscow

24. Thomas C. Gibson “Equity and venture capital financing in countres in transition”,

London IT Publications, 1996

25. Thomas W. Zimmerer, Norman M. Scarborough, Essential of entrepreneurship and

small business management , Pearson Prentice Hall, University of Oregon, 2008

26. Farhad Analoui and Azhdhar Karami, Strategic Management in small and medium

eneterprises, Tomos Learning ,Great Britain, 2003

27. Camille Carrier Intrapreneurship in small businesses: an exploratory study,

Entrepreneurship: Theory and Practice, Fall, 1996

Б) Интернет страници

- http://www.bitola.gov.mk/

- http://ekonomski.wordpress.com/

- www.bscbitola.org

- www.ujp.gov.mk

- www.pravo.org.mk

- http://www.een.mk/pochetna.html

Page 78: МАГИСТЕРСКИ ТРУД - eccfp.edu.mkeccfp.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Magisterski_Trud_Sofija_Krstevska.pdf · преку мерките кои се преземаат

78

- https://eprints.ugd.edu.mk

- www.gtztechno.com.mк

- http://vlada.mk/

- http://www.mir.org.mk

- http://www.apprm.gov.mk/

- http://www.sojuzkomori.org.mk/

- http://www.avrm.gov.mk

- http://progres.org.mk

- http://www.stat.gov.mк

- www.pretpriemac.com

- http://www.sfid.mk

- http://www.zels.org.mk/

- http://www.pravdiko.mk/

- http://ec.europa.eu/small-business/finance/index_en.htm