peПУБЛИКА МАКeДoНИjА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско...

112
1 ФИНАНСИСКАТА АНАЛИЗА КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА ОЦЕНКА НА ПРОФИТАБИЛНОСТА НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ( МАГИCТEPCКИ ТPУД ) Кандидат: Мeнтop: Александра Јолевска 04/12 дoц. д-p Татjана Cпаcecка Пpилeп март, 2016 PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА Унивepзитeт „Cв. Климeнт Oxpидcки“ Битoла Eкoнoмcки факултeт - Пpилeп

Upload: others

Post on 02-Sep-2019

23 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

1

ФИНАНСИСКАТА АНАЛИЗА КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА ОЦЕНКА НА

ПРОФИТАБИЛНОСТА НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ

( МАГИCТEPCКИ ТPУД )

Кандидат: Мeнтop:

Александра Јолевска 04/12 дoц. д-p Татjана Cпаcecка

Пpилeп

март, 2016

PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА

Унивepзитeт „Cв. Климeнт Oxpидcки“

Битoла

Eкoнoмcки факултeт - Пpилeп

Page 2: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

2

Содржина:

Вовед ----------------------------------------------------------------------------------------------------------3

1. Улогата и значењето на анализата на финансиските извештаи во управувањето со деловните

субјекти ........................................................................................................................................................ 7

1.1. Финансиската анализа за потребите на финансискиот менаџмент ........................................ 7

1.2. Корисници на информациите од финансиските извештаи ................................................... 16

1.3. Ефекти од стандардизација на финансиските извештаи ....................................................... 31

1.4. Имплементација на меѓународните сметководствени стандарди .................................... 34

2. Анализа на финансиските показатели како основа за квалитетно деловно одлучување ........... 43

2.1. Видови финансиска анализа .................................................................................................... 43

2.2. Карактеристики на хоризонталната анализа .......................................................................... 44

2.3. Значење на вертикалната финансиска анализа ...................................................................... 49

2.4. Рацио-анализа како подлога за донесување рационални деловни одлуки .......................... 50

2.4.1. Показатели на ликвидност ............................................................................................... 51

2.4.2. Показатели на активност (коефициенти на обртот на деловни средства) ................... 57

2.4.3. Показатели на финансиска структура (задолженост) .................................................... 61

2.4.4. Показатели на рентабилност ............................................................................................ 64

3. Анализа на финансиските извештаи на СУПЕРТРЕЈД ДОО ........................................................ 68

3.1. Методолошки пристап за применетата анализа ..................................................................... 68

3.2. Анализа на финансиските показатели на СУПЕРТРЕЈД ДОО ............................................. 70

3.2.1. Показатели на ликвидност ............................................................................................... 76

3.2.2. Показатели на активност или ефикасност ...................................................................... 80

3.2.3. Показатели на финансиска структура ............................................................................. 82

3.2.4. Показатели на рентабилност ............................................................................................ 86

3.3. Предлози и мерки за зголемување на ефикасноста на работењето на СУПЕРТРЕЈД ДОО

89

Page 3: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

3

„Профитот е систем за палење на економскиот мотор!“

Чарлс Сојер (Charles W. Sawyer), американски политичар и дипломат

Вовед

Успешното работење, креирањето конкурентска предност, како и интензивните

промени во деловното опкружување наметнуваат потреба од поквалитетна информациска

поддршка. Користењето на сметководствените информации за управувачки цели, секако,

претставува еден од најзначајните фактори во функција на унапредување на резултатите

од работењето. На сите нивоа од управувачката структура на менаџментот постои потреба

од квалитетни информации, примена на одредени сметководствени инструменти, техники

и концепти во насока на успешно раководење и деловно одлучување.

Финансиските извештаи претставуваат најсеопфатен јавно достапен извор на

деловни информации што е во функција на давање поддршка на менаџерите, акционерите,

кредиторите, вработените, даночните органи, регулаторните тела, конкурентските

компании итн. Со оглед на тоа што постојат голем број корисници на финансиските

извештаи, постои потреба финансиските извештаи да се структурираат и да се

приспособат кон потребите во зависност од тоа дали се подготвуваат за потребите на

екстерните или на интерните корисници. Имено, во билансите се прикажани само

монетарни вредности, таквите податоци имаат мала аналитичка вредност. За да бидат

корисни тие информации, неопходно е да се воспостават соодветни релации меѓу

билансните позиции. Сето ова ја истакнува потребата од примена на методот на

финансиска анализа во формирање на оптималната финансиска структура.

Финансиската анализа претставува алатка за препознавање на клучните елементи

од извештаите, која преку сетот на финансиски показатели и нивното толкување,

придонесува за евалуација на тековното работење, идентификување на

проблемите/областите на потенцијалните можности, развивање буџети и имплементирање

на идните стратегии што водат кон профитабилност, солвентност и ликвидност.

Page 4: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

4

Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент на

деловниот субјект се базира врз информациите и резултатите од системското

набљудување, собирање, обработка и пресметување на сложените показатели на

финансиското работење, односно на финансиската анализа на работењето.

Финансиската анализа претставува детално испитување на финансиската и на

економската состојба и резултатите од работењето на некој деловен субјект. Таа се

извршува врз основа на финансиските извештаи на тој деловен субјект: билансот на

состојба, билансот на успех, извештајот за паричните текови и извештај за промените на

капиталот.

Целта на анализата на финансиските извештаи е да обезбеди информации што се

однесуваат на состојбата на финансиска стабилност на деловниот субјект, ликвидноста и

неговата заработувачка способност. Исто така, анализата на финансиските извештаи ги

вклучува аспектите на истражување, квантифицирање, се занимава со аналитички приказ

и хронолошка евиденција на деловните трансакции од билансот на состојба, билансот на

успех и извештајот за парични текови, со цел донесување валидна оцена на финансиската

позиција и рентабилноста на работењето на деловниот субјект. Меѓутоа, согледувањето на

постојната финансиска позиција на деловниот субјект, како и донесувањето одлуки за

идните движења на растот и развојот на субјектите налага детална анализа,

квантифицирање и вреднување на финансиската положба со примена на одредени методи,

постапки и инструменти на финансиска анализа.

Информациите добиени со финансиската анализа претставуваат почетна основа за

преземање активности насочени кон подобрување на бонитетот, како и трендот на раст и

развој во работењето на деловниот субјект. Имено, финансиската анализа треба да

овозможи релевантна процена на тековната финансиска позиција на деловните субјекти,

да ја идентификува потребата од проширување на деловните активности, како и потребата

од прибавување дополнителни извори на финансирање.

Поаѓајќи од претходно наведеното, основната цел на истражувањето на овој труд е

да се согледаат улогата и значењето на финансиската анализа, односно можноста да ги

идентификува добрите страни на деловните субјекти со цел нивно најоптимално

искористување, но и да ги препознае слабостите на деловниот субјект со цел преземање

соодветни корективни мерки.

Page 5: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

5

Имено, во фокусот на вниманието на овој магистерски труд е примена на рацио-

анализата, која се занимава со истражување и квантифицирање на аналитички значајни

односи меѓу одделни билансни и финансиски категории заради согледување на оцената на

финансиската положба и рентабилноста на деловниот субјeкт.

Имено, трудот има задача да ја прикаже динамичната улога на финансиските

извештаи на деловните субјекти и квалитетната финансиска анализа како основа за

донесување релевантни, финансиски и инвестициски одлуки што водат кон зголемување

на вредноста на капиталот, што е и основна цел на работењето на секој деловен субјект.

Поаѓајќи од наведениот предмет и цели на истражување, произлезе и соодветната

структура на овој магистерски труд, покрај воведниот дел и заклучните согледувања,

магистерскиот труд се состои од уште три дела.

Во воведниот дел, најнапред, ќе се даде објаснување на целта од проучувањето на

проблематиката опфатена со овој труд, со што ќе се укаже на потребата од ваков тип

истражувања.

Во првиот дел од трудот предмет на истражување ќе биде финансиската анализа и

нејзиното значење за потребите на финансискиот менаџмент. Имено, финансиската

анализа претставува динамичен процес на обезбедување информации за финансиските

проблеми што настануваат во текот на работењето. Крајната цел на финансиската анализа

е да обезбеди јасни и целосни информации за унапредувањето на финансиската функција

во деловниот субјект. Всушност, финансиската анализа претставува една од најважните

динамични компоненти на финансискиот менаџмент. Во тој контекст, предмет на анализа

ќе бидат и корисниците на информациите од финансиските извештаи, како и ефектите од

нивната стандардизација.

Предмет на обработка во вториот дел од трудот ќе бидат видовите финансиска

анализа и нивните карактеристики. Во тој контекст, истражувачкиот фокус ќе биде

насочен кон истражување на постапките што се користат за успешна анализа на

финансиските извештаи. Посебен акцент ќе биде ставен на рацио-анализата како најчесто

применуван метод на анализа на финансиските извештаи при донесување рационални

одлуки во деловното работење на деловниот субјект. Имено, со помош на рацио-анализата

се оценува финансиската положба на деловните субјекти, и се проценува идната

Page 6: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

6

финансиска ситуација и заработувачката способност. Основната цел на рацио-анализата е

да се идентификуваат причините за влошената финансиска состојба и да се преземат

навремени мерки за нејзино надминување.

Во третиот дел од трудот во фокусот на вниманието ќе биде имплементацијата на

рацио-анализата на финансиските извештаи на деловниот субјект СУПЕРТРЕЈД ДОО.

Имајќи ги предвид современите услови на стопанисување, техничките и технолошките

достигнувања, големата конкуренција, изострените барања на потрошувачите, како и

фактот дека информацијата е моќно оружје за менаџерите, во овој дел од трудот, пак, ќе

бидат имплементирани добиените сознанија кај определен деловен субјект од практиката.

Во овој дел, всушност, ќе се изврши детална анализа на финансиските извештаи, притоа

применувајќи ја рацио-анализата и, врз основа на резултатите од спроведената анализа на

финансиските извештаи на конкретниот деловен субјект, ќе бидат дадени предлози и

мерки во насока на зголемување на ефикасноста на работењето на СУПЕРТРЕЈД ДОО.

И, конечно, врз основа на добиените резултати од целокупното истражување во

заклучните согледувања ќе бидат синтетизирани и елаборирани крајните согледувања за

што поголема примена на анализата на финансиските извештаи и навремено доставување

информации до менаџерите, што е битен предуслов за ефикасно деловно одлучување и

управување.

Page 7: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

7

1. Улогата и значењето на анализата на финансиските извештаи во управувањето

со деловните субјекти

1.1. Финансиската анализа за потребите на финансискиот менаџмент

Финансискиот менаџмент е составен дел од целокупното управување во процесот

на работењето на деловните субјекти. Постојат различни дефиниции за поимот

финансиски менаџмент. Имено, можеме да го споменеме дефинирањето на Џозеф Меси

(Joseph Massie) според кое, „Финансискиот менаџмент претставува оперативна активност

во работењето што е одговорна за стекнување и ефективно користење на средствата

потребни за ефикасно работење“.1

Во опкружувањето што брзо и непредвидливо се менува, деловниот субјект бара

начин да создаде и да одржи конкурентска предност. Неговата способност да ги разбере

финансиските импликации на сопствените одлуки станува одлучувачки фактор во борбата

за конкурентска превласт.

За основање и нормално функционирање на деловен субјект е потребно да се

финансира набавката на опрема, материјал, човечки ресурси и други инпути што е во

надлежност на финансиската функција. Финансиската функција ги извршува своите цели

со цел да создаде и да ја одржи финансиската сила на деловниот субјект, односно да

овозможи трајна способност за плаќање, финансирање, инвестирање, зголемување на

имотот и задоволување на финансиските интереси на другите засегнати во деловниот

субјект.

Основна задача на финансиската функција се финансиските аспекти на работењето

на деловниот субјект. Во тој контекст, финансиската функција ги опфаќа целите и

структурата на дејноста на деловниот субјект, стратегиските фокуси и опции на

генералната стратегија, стратегиите на организациските единици и другите функции во

1 Massie, Joseph L, „Основите на менаџментот (Essentials of Management)“ Prentice-Hal, 1971 година

Page 8: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

8

деловниот субјект. Почитувајќи ги начелата и правилата на финансирање, финансиската

функција во соработка со другите функции се очекува:

Да обезбеди квалитетно и навремено финансирање на растот и развојот на

деловниот субјект;

Да креира, да зајакнува и да одржува добар финансиски углед (кредитен

бонитет) на деловниот субјект;

Да ги минимизира финансиските ризици во работењето на деловниот

субјект.

За дефинирање на постојната финансиска состојба во деловниот субјект, значајни

се билансните позиции што ги покажуваат: нето ликвидните средства, тековната актива,

фиксната актива, сопствените и туѓите извори на финансирање. Изборот на финансиските

цели се врши врз база на стратегиски определувања и состојби на атрактивноста на

одделни извори на финансирање.

Кога станува збор за финансиските цели, како што се: рентабилност, ликвидност,

солвентност и посакуваниот коефициент на однос меѓу сопствените и туѓите извори на

финансирање, треба да се има предвид дека тие можат да бидат во конфликт. Така,

рентабилноста може да биде во конфликт со ликвидноста, кога деловниот субјект,

преферирајќи ликвидност, ја намалува инвестициската дејност и со тоа истовремено ги

губи шансите за остварување поголема добивка и обратно. Ако деловниот субјект

прекумерно инвестира, тоа може да има негативно влијание врз ликвидноста. Исто така,

преферирајќи поволни односи со сопствените и туѓите извори на финансирање, тоа

предизвикува влошување на солвентноста, односно способноста деловниот субјект

навремено да ги изврши своите финансиски обврски. Конечно, прекумерното

задолжување може да биде во конфликт со рентабилноста бидејќи може да ги зголеми

трошоците на капиталот.

Усогласувањето на финансиските потреби и структурата на финансиските извори

мора да се базира врз уважувањето на планираните финансиски цели и прифатеното

стратегиско определување на растот на деловниот субјект. Притоа, програмирањето на

Page 9: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

9

прибавување финансиски средства мора да биде усогласено со динамиката на

инвестирањето и антиципираните средства.

Во дефинирањето на финансиската политика секој деловен субјект е под влијание

на многубројни фактори од кои зависат резултатите од работењето. Од тие причини,

потребна е голема претпазливост во носењето финансиски одлуки и воспоставување на

инструментите на финансиската политика. Имајќи го предвид фактот дека и преголемата

внимателност може да ја намали ефикасноста како последица на избегнувањето на

ризикот, а невнимателноста може да ја загрози не само ефикасноста туку и опстанокот на

самиот деловен субјект, за правилно водење на финансиската политика на деловниот

субјект голема важност има финансиската анализа.

Финансиската политика креира стратегија и тактика на финансиско управување врз

основа на начелата и правилата на финансирање со цел обезбедување сигурност, раст и

развој на деловниот субјект и максимално искористување на позитивните конјуктурни

трендови на финансискиот пазар. Опстанокот, растот и развојот на деловниот субјект, а со

тоа и можноста за финансирање на деловниот субјект, се одредени, пред сѐ, со

финансискиот углед што го ужива самиот субјект, како и неговата финансиска положба.

Финансискиот углед на деловниот субјект и неговата финансиска положба се

меѓусебно условени и тесно поврзани. Без добра финансиска положба нема добар

финансиски углед. Од финансискиот углед, односно од бонитетот на деловниот субјект

зависи можноста за прибавување извори на финансирање за својата тековна и развојна

активност.

Тековното и развојното работење на деловниот субјект подразбира усогласување

на финансиските потреби и извори врз основа на претпоставките за остварување доволна

висина на профит. Во тој контекст, основни задачи на финансискиот менаџмент се

следниве: обезбедување капитал за потребите на деловниот субјект водејќи сметка за

изворите од кои потекнува, роковите на враќање (каматната стапка) и другите услови;

рационално користење на расположливиот капитал преку изнаоѓање најдобри можности

за вложување; одржување на обемот на капиталот; урамнотежување на приливот и

одливот на средства и обезбедување трајна способност за плаќање; регулирање на

Page 10: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

10

финансиските односи, вршење промет на хартии од вредност, откупување на долговите и

продажба на побарувањата, финансиско планирање и финансиска анализа (анализа на

состојбата на средствата и нивните извори и анализа на економичноста на

финансирањето).2

За да се согледа реалната и објективната финансиска состојба на деловниот субјект,

неопходно е да се изврши финансиска анализа што ги определува минатото и сегашноста

на деловниот субјект, а претставува и основа (база) за предвидување на идната

финансиска ситуација. Финансиската анализа се занимава со утврдување на

функционалните односи што постојат меѓу позициите на билансот на состојба и билансот

на успех, со цел добивање веродостојни оцени за финансиската положба и активноста на

деловниот субјект. Информациите добиени со финансиската анализа претставуваат

појдовна основа за преземање активности насочени кон подобрување на бонитетот и

трендот на раст и развој на работењето на деловниот субјект. Основната цел на

финансиската анализа е согледување на слабостите што можат да доведат до финансиски

проблеми во деловниот субјект во идниот период и преземање адекватни мерки за нивно

отстранување. Исто така, финансиската анализа треба да даде одговори на тоа каква е

ликвидноста на деловниот субјект, дали се остварува профит итн.

Финансиската анализа се занимава со анализа на финансиската ситуација на

деловниот субјект и можностите за промени во посакуваните правци, односно начин на

собирање и користење информации од финансиски карактер, со цел да се оцени тековната

финансиска ситуација, можното темпо на развој, да се прогнозира перспективна

финансиска ситуација, да се откријат достапни извори на средства и можност на нивна

мобилизација, да се прогнозира положбата на деловниот субјект на пазарот на капитал

итн.

Корисноста на анализата на финансиските извештаи се набљудува од аспект на

управување со работењето и развојот на деловниот субјект, која му претходи на процесот

2 Проф. д-р Синиша Спасов, цитирано дело, стр.14-15 (цитирано од „Деловни финансии со финансиски

менаџмент“ – проф. Трајкоски Бранко, 2002 година.

Page 11: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

11

на управување, или попрецизно, му претходи на процесот на планирање, кој претставува

составен дел од управувањето.

Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент на

деловниот субјект се базира врз информациите и резултатите од системското следење,

собирање, обработка и пресметка на сложените показатели на финансиското работење –

односно на финансиска анализа на работењето.

Финансиската анализа претставува многу детално испитување на финансиската и

економската ситуација и резултатите од работењето на некој деловен субјект. За успешно

работење и успешно извршување на анализата, неопходно е да се познаваат основните

поставки на анализа на финансиските извештаи. Суштината на анализата на финансиските

извештаи се состои од следење, испитување, оценување и формулирање дијагноза на оние

процеси што се случиле во деловниот субјект и како такви се содржани и конкретизирани

во финансиските извештаи. Кога станува збор за финансиска анализа, всушност, се мисли

на испитување на финансиската состојба на деловниот субјект преку испитување на

нејзините составни елементи.3

Анализата на финансиските извештаи е најважен дел од целокупната анализа на

работењето на деловниот субјект. За време на носењето темелни годишни финансиски

извештаи се јавува засилен интерес за анализа на тие извештаи. Голем број корисници на

финансиските извештаи сметаат дека од нив не може да се оцени бонитетот на деловниот

субјект и дека извештајот служи за задоволувањето на законските прописи. Меѓутоа, врз

база на добра анализа може да се добие најмеродавна процена за бонитетот на

конкретниот деловен субјект. Колку пореално е утврден финансискиот резултат, толку

подобри и поквалитетни ќе бидат одлуките што се носат врз негова основа. Затоа е

потребно да се примени таков начин на утврдување на секој дел на приход и секој елемент

на расход што ќе даде максимално точен извештај, односно максимално можен

финансиски резултат.

3 Арсов, д-р Сашо,: „Финансиски менаџмент“, Економски факултет - Скопје, 2008 год., стр.47

Page 12: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

12

Битни карактеристики на финансиската анализа се следниве:4

Финансиската анализа (како и анализата на работењето воопшто) треба да се

сфати како динамичен процес што постојано тече и дава информации за

финансиските проблеми што настануваат во текот на работењето.

Динамичноста на финансиската анализа е потребна, бидејќи во современи

услови на работење, унапредувањето со финансиската анализа не може да се

обезбеди само со повремена анализа (по завршни сметки и по периодични

пресметки), туку, напротив, финансиската анализа треба да е континуирана

(перманентна), односно на краток рок (месец, 15 дена, 10 дена, па и дневно)

По својата содржина и домен на дејствување, финансиската анализа, всушност,

претставува испитување и оценување на внатрешните резерви во доменот на

финансиите на деловниот субјект. Според ова, главната поента на

финансиската анализа треба да биде насочена кон испитување и откривање на

внатрешните резерви на деловниот субјект.

Финансиската анализа се врши со цел да се изготват информации за

унапредување на финансиската функција, поточно за реоптимизација на

финансиските планови. Од оваа карактеристика може да се заклучи дека крајна

цел на сите испитувања и оценувања на внатрешните резерви е да се дадат

јасни и целосни информации за унапредувањето на финансиите, односно на

финансиската функција на деловниот субјект. Овие информации треба да бидат

наменети за менаџментот и за работниот колектив, а треба да бидат изготвени

врз принципот „секому своето“, а не врз принципот „сѐ на сите“, што во

практиката се покажа како непрактичен и неприфатлив. Исто така, на

потенцијалните вложувачи да им се обезбедуваат сите релевантни информации

потребни за носење одлуки за вложување на нивниот капитал, бидејќи

суштината на постоењето на правните субјекти е долгорочно и стабилно да

4 Трајкоски, д-р Бранко: „Деловни финансии со финансиски менаџмент“, Економски факултет - Прилеп,

2002 стр. 689

Page 13: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

13

функционираат и, од тие причини, треба да осигурат и капитал од други

надворешни извори покрај кредиторите.5

Четврто, финансиската анализа не може да се сфати само како работа и

привилегија на стручните лица, туку како работа и задача на сите работни луѓе.

Според овие карактеристики, може да се заклучи дека современите сфаќања за

финансиската анализа нужно водат кон недвосмислено идентификување и распознавање

на две фази во единствениот процес на анализирање. Прва фаза е испитувањето што

треба да биде темелно, детално и сеопфатно, и втора фаза е информирањето што треба да

биде селективно, концизно и функционално.

Место за анализа постои и кај оние деловни субјекти кај кои резултатите се веќе

позитивни, бидејќи анализата може да ги открие можностите за остварување на уште

подобри резултати.

Како појдовна основа за извршување на анализата ни служат финансиските

извештаи во кои можеме да ги најдеме сите потребни информации потребни за аспектите

за финансиската кондиција на деловните субјекти како што се ликвидноста, ефикасното

користење на расположливите средства, задолженоста, профитабилноста итн.

Во тој контекст, за валидна и успешна анализа е неопходно:

1. Да се подготват финансиските извештаи (информациона основа) за анализа,

односно

a. Разгледување на употребливоста на билансните податоци, т.е.

адекватноста на постапките на билансирање (правилност на алокацијата

на расходите и приходите на извештајните периоди и вреднување на

монетарните флуктуации)

5 Дахтевиќ, д-р Сима, цитирано дело, стр. 448

(За што подобра ефикасност, информациите треба да се делегираат на вистинските места, односно секое

лице што е задолжено за конкретна дејност треба да ја добие конкретната информација за да може

навремено да дејствува и да ја извршува својата работна задача)

Page 14: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

14

б. Консолидирање на билансот на состојба и успех

в. Класифицирање на билансните податоци

2. Избор на адекватни инструменти на анализа и фиксирање на карактеристични

(аналитички значајни) билансни (финансиски) релации.

Во економската теорија постојат финансиски анализи што се однесуваат не само за

различните аспекти на финансиската состојба на деловниот субјект (положба и

финансиска структура на деловниот субјект), за неговата активност во финансиската

област (управување со активата и пасивата), за неговото функционирање во финансиската

област, туку и за анализа, која преку финансиски изрази и односи сублимирано зборува за

целокупната активност на деловниот субјект, неговата положба и развој.

При изработка на финансиските извештаи во нивната анализа се среќаваат

одредени проблеми, како што се:

Обезбедување информации. При утврдувањето на финансиските позиции,

деловниот субјект е неопходно да изврши компарација со просекот во

гранката каде што спаѓа деловниот субјект. Информациите за просекот во

гранката можат да се обезбедат од екстерни и од интерни извори. За

квалитетот на финансиската анализа, од голема важност е изборот на

адекватни извори за компаративни податоци.

Интерпретација на резултатите, бидејќи е тешко да се генерализира дали

некој показател е позитивен или негативен. На пример, висока стапка на

ликвидност покажува дека деловниот субјект е способен навремено да ги

намирува своите обврски. Од друга страна, постои конфликт меѓу

ликвидноста и рентабилноста. Имено, високиот степен на ликвидни

средства што се чуваат како резерва не носат добивка.

Различната сметководствената практика може да оневозможи споредување

на деловните субјекти со просекот во гранката. На пример, различните

методи на процена на вредностите на залиха (ФИФО, ЛИФО и др.) имаат за

последица различни показатели. Ако во гранката се применуваат други

Page 15: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

15

методи од оние на деловниот субјект, споредливоста може да биде

значително намалена.

Посебен проблем може да биде исто така и практиката на искажување

нереални резултати. Во деловните субјекти се јавува потреба резултатите од

работната година да се прикажат подобри или полоши отколку што

всушност се. Таа потреба може да се задоволи на многу начини, и така на

долго време да се оневозможи да се согледа вистинската состојба.

Инфлацијата создава искривена слика на резултатите и вредноста на

деловниот субјект и во такви околности е тешко да се согледаат остварените

ефекти од работењето.

Анализата на финансиските извештаи е обемна работа, презентирање и

разбирање на ефектите од работењето претставено во самите финансиските

извештаи. Грешките во работењето оневозможуваат донесување правилни

заклучоци, па затоа е пожелно да се користи секој облик на автоматизација

што ќе го олесни и ќе го зголеми нивото на анализа.

Теоријата и практиката на финансиската анализа имаат цел да пронајдат адекватни

одговори на овие проблеми и нивното влијание да се намали на толерантна мера. Покрај

овие тешкотии, финансиската анализа останува незаменлив инструмент при евалуација на

ефикасноста на деловниот субјект. Освен анализата внатре во деловниот субјект, пожелно

е да се направи и споредлива анализа на конкуренцијата за да се согледа како соодветниот

деловен субјект дејствува во однос на другите субјекти.

За да може деловниот субјект да опстане и да се развива на пазарот, мора да се

управува со неговото работење и развој. Притоа, за носење важни деловни одлуки

потребна е анализа што опфаќа вредносни и количински податоци и информации. Земајќи

ги предвид предизвикувачките пазарни услови, не е потребно посебно да се нагласува

важноста на анализата на финансиските извештаи. Но анализата на финансиските

извештаи не е единствената анализа што ќе обезбеди информации за квалитетно носење

деловни одлуки. Имено, таа овозможува финансиски информации за носење одлуки, но

Page 16: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

16

тие информации не се сеопфатни за целокупната анализа за работењето на деловниот

субјект бидејќи содржат финансиски влијанија од минати случувања.

Долгорочниот опстанок на деловниот субјект зависи од неговата способност да

креира долгорочна вредност, а тоа може да се постигне не само со добро познавање на

работењето на деловниот субјект туку и со познавање на пазарот, перманентно следење на

сите промени и приспособување кон новите пазарни услови.

Оттука, прибавувањето дополнителни информации може да се оцени како

неопходност. Од тие причини, произлегува потребата за нефинансиски извештаи, односно

составување извештаи за перформансите на деловните процеси. Од овие извештаи,

корисниците треба да добијат информации што не се содржани во финансиските

извештаи, кои се важни при носењето на деловните одлуки. Врз нивна основа, тие можат

да размислуваат за клучните проблеми во можностите за унапредување на работењето,

односно до постојано зголемување на нивото на рационалност на деловните процеси.

Анализата на перформансите на деловните процеси и успешноста на работењето е

неопходна компонента во процесот на управување со работењето на деловните субјекти.

Предмет на таа анализа се вкупните перформанси на деловните субјекти, како што е

процесот на снабдување со неопходните инпути, процесот на производство, ценовните

политики при вршење дејност трговија, процесот на продажба на производите и други

маркетинг-активности, процесот на испорака, процесот на услужување на потрошувачите.

1.2. Корисници на информациите од финансиските извештаи

Успешното функционирање на деловните субјекти во голема мера зависи од

сметководствените информации. Сметководството не е цел само за себе, туку мора да ги

задоволува информациските потреби на различните интересни групи, односно мора да им

осигури различни информации на корисниците на кои им се потребни за различни намени.

Page 17: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

17

Сметководствените информации ги обезбедува сметководствениот информациски

систем.6

За успешно реализирање на овој систем е потребно да се конципира и адекватна

организациска поставеност на информацискиот систем, со користење современа

финансиска и компјутерска технологија, што претставува современ тренд на секоја

развиена и пазарно ориентирана национална економија. Во таа смисла, се прави

разграничување на два основни домена, и тоа финансиско сметководство и управувачко

сметководство.7

Имено, финансиското сметководство обезбедува информации за деловниот субјект,

односно за одделните надворешни корисници што се особено заинтересирани за тие

податоци и нивната примена. Корисниците на овие информации најчесто се наоѓаат

надвор од деловниот субјект. Финансиското сметководство дава информации за минатото,

оставајќи им притоа можност на корисниците предвидување според тие информации.

Од друга страна, управувачкото сметководство се занимава со обезбедување

информации за менаџментот, односно менаџерите што непосредно ги носат одлуките и ги

вреднуваат перформансите на деловниот субјект. Поточно, управувачкото сметководство

се занимава со обработка на податоци за она што се случило во минатото во деловниот

субјект, и тоа во онаа мера и на оној начин што ќе овозможи финансиските информации

да се искористат за антиципирање на иднината.

Како што беше и претходно констатирано, финансиската анализа на работењето на

деловниот субјект е пресудна при донесување низа деловни одлуки, а се заснова врз

финансиските извештаи. Според тоа, може да се каже дека финансиската анализа е

исцрпно испитување на финансиската и економската состојба и резултат од работењето на

одреден деловен субјект. Во финансиските извештаи податокот е функционално и

временски заокружена целина на деловните процесите во субјектот, со што во основа

може да се прави разлика меѓу извештаите што се прават за таканаречени интерни и

екстерни корисници. Денес анализата на финансиските извештаи игра многу важна улога

6 Сметководствениот информациски систем претставува системска целина со повеќе интегрални делови,

што треба да обезбедат комплексна и навремена информациска подлога со точни квалитативни и

квантитативни показатели за донесување оптимални деловни одлуки 7 Талеска, д-р Сузана, :„Финансиско сметководство“ – Економски факултет - Прилеп, 2010 год. стр. 14

Page 18: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

18

бидејќи со неа акционерите, потенцијалните кредитори т.н. инвеститори, вработени и

опкружувањето се запознаваат со ситуацијата во деловниот субјект. Колку е повеќе

деловниот субјект потранспарентен во своето работење, а показателите на анализата на

финансиските извештаи позитивни, толку поголеми се шансите да се привлечат

инвеститори, односно капитал.

Имено, клучни екстерни корисници се инвеститорите и кредиторите, односно

стејкхолдерите што обезбедуваат капитал. Кога се работи за известување за потребите на

екстерните корисници, неопходно е да се применат меѓународните сметководствени

стандарди, додека, пак, во извештаите за потребите на интерните корисници, односно

менаџерите што донесуваат деловни одлуки, можат да се вршат различни анализи во

согласност со интерните потреби. Познато е тоа дека корисниците на финансиските

извештаи имаат сеопфатни информациски очекувања. Тие во одлучувањето сметаат дека

се потпираат на релевантни и веродостојни информации за финансиската положба,

финансискиот успех и перспективите на деловниот субјект. Одредена сигурност и

спокојност на интерните корисници (менаџерите) им нуди системот на интерна

сметководствена контрола, а на другата страна екстерните корисници треба да стекнат

доверба од позитивното мислење на овластените ревизори. Но често се случува самите

екстерни корисници да бидат скептици во поглед на вистинитоста и објективноста на

финансиските извештаи, односно во реалното прикажување на перформансите на

деловниот субјект, имајќи го предвид растечкиот број на манипулации и сметководствени

трикови што имаат цел да ја прикријат реалната позиција на деловниот субјект и да

прикажат негова поповолна финансиска состојба.

Целите на финансиската анализа се разликуваат според видот на корисниците на

предметната анализа. Па така, целите можат да се поделат на општи и посебни.

Имено, општите цели се однесуваат на согледување на заработувачките

способности (рентабилност, профитабилност, успешност) и финансиската положба

(статус) на деловниот субјект, неговите парични текови и промена на капиталот во насока

на обезбедување информации на корисниците на финансиските извештаи.

Page 19: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

19

Целите на финансиската анализа се однесуваат на задоволување на

информациските на стеикхолдерите8

бидејќи тоа се корисници што му обезбедуваат

капитал на деловниот субјект и како такви му овозможуваат успешност во работењето.

Инвеститорите (акционери) и кредиторите користат сметководствени информации

со цел да се изврши процена на квалитетот на остварените резултати на деловниот субјект

(добивка или загуба) и идните парични текови што се поврзани со нивните вложувања.

Имено, инвеститорите се давателите на акционерски капитал на еден деловен субјект и

претставуваат најквалитетен извор на финансирање. Тие можат како влог да внесат

средства, предмети или права и да ги разменат за акции, хартии од вредност што носат

право на иден принос, односно дивиденда и капитална добивка. Акционерите го

понесуваат целиот свој ризик до висина на нивните влогови, што значи не одговараат за

обврските на деловниот субјект со својот личен имот. Акционерите се заинтересирани за

финансиските извештаи за да можат да го проценат ризикот за донесување квалитетни

одлуки поврзани со портфолиото на сопствените хартии од вредност, но, исто така, и за да

ја согледаат перспективата на заработувачките способности на деловниот субјект,

краткорочната и долгорочната финансиска сигурност на деловниот субјект, способноста

на менаџментот да создаде вредност за сопствениците, како и способноста и

подготвеноста на деловниот субјект за исплаќање дивиденда. Додека, пак, постојните

инвеститори врз основа на финансиските извештаи одлучуваат дали да ги задржат уделите

во некој деловен субјект или едноставно да ги продадат. Сосема е логично тоа дека

инвеститорите што влегуваат денес во деловните субјекти од нивните вложувања

очекуваат приноси во иднина.

Посредник меѓу деловните субјекти и инвеститорите е финансискиот менаџмент,

кој, од една страна, управува со деловниот субјект и одговара за носењето добри

инвестициски одлуки, а од друга страна, со презентирање на финансиските извештаи им

овозможува на инвеститорите да направат најдобри одлуки за пласман на своите средства.

Информациите што се презентирани во финансиските извештаи по историски вредности,

8 Поимот стејкхолдери (stakeholders) претставува секој субјект или поединец што има интерес во работењето

на деловниот субјект чии финансиски извештаи се предмет на финансиска анализа. Во сметководствените

стандарди тоа се корисниците на финансиските извештаи и се делат на две групи – интерни (менаџери,

вработени) и екстерни (инвеститори во акции и обврзници, кредитори, државни органи, деловни партнери,

синдикати).

Page 20: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

20

базирани врз најверодостојните расположливи податоци, со почитување на начелото на

каузалност на приходите и расходите и начелото на постојаност, имаат висок степен на

веродостојност. Меѓутоа, слабост на ваквите информации е тоа што тие се однесуваат на

минатото, додека, пак, одлуките за инвестирање и неинвестирање се носат врз основа на

проектирање идни вредности, парични текови, можности на создавање дополнителна

вредност и иден принос. Предвидувањето на работењето на еден субјект во иднина не е ни

малку лесно, а таквото предвидување сигурно би претставувало невозможно, односно би

било неизводливо без информациите презентирани во финансиските извештаи, кои, сепак,

се најдобра појдовна точка за процена на перспективите на еден деловен субјект. Ова се

две фундаментални и квалитетни карактеристики и претставуваат суштина на корисните

финансиски информации.

Кредиторите се важна група што преку одобрување долгорочни или краткорочни

кредити или обврзници обезбедуваат капитал на деловниот субјект. Нивниот основен

мотив е да обезбедат фиксен принос во вид на камата на зајмениот капитал. Како

корисници на финансиските извештаи најмногу се заинтересирани за способноста на

деловниот субјект да ја исплаќа каматата и да ја врати главницата во рокот на

достасување. Долгорочните кредитори се интересираат за долгорочната заработувачка

способност на деловниот субјект, како и солвентноста, додека, пак, краткорочните

кредитори најмногу ги интересира ликвидноста на деловниот субјект, како и движењето

на паричните текови со оглед на тоа дека очекуваат брз повраток на инвестициските

вложувања.

Снабдувачите како корисници на финансиските извештаи најмногу се

заинтересирани за профитабилноста, процената на ризикот, како и за способноста на

деловниот субјект да ги исплаќа своите обврски, односно наплата на нивните побарувања

во определениот рок.

Купувачите се најмногу заинтересирани за информациите врз основа на кои ќе ја

согледаат способноста на деловниот субјект да одговори на нивните барања.

Државата и нејзините органи ги користат сметководствените податоци со цел

утврдување на мерките на економска политика, носење правилни одлуки во поттикнување

на одредени дејности и надзор на спроведување на мерките на економската политика.

Како корисници на финансиските извештаи најмногу се заинтересирани за општите

Page 21: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

21

информации за деловниот субјект како и процена на даночните приходи, можноста за

наплата на даноци и креирање даночна политика.

Имено, кога станува збор за способноста за создавање средства, таа се дефинира

како способност на корисниците (стејкхолдерите) да дојдат до објективни податоци од

сметководствените информации за тоа дали деловниот субјект е способен да исплати

дивиденди, камати, тековни обврски кон снабдувачите (ликвиден), опремата,

материјалите, даноците кон државата итн.

Додека, пак, најважни интерни корисници на финансиските извештаи се

менаџментот на деловниот субјект и вработените. Имено, менаџерите ги носат и ги

спроведуваат своите деловни одлуки со посредство на вработените. Тие примарно се

заинтересирани за структурата на капиталот, степенот на задолженост, висината на

обртните средства, ефикасноста на управувањето, висината на заработувачката по акција и

слично, со цел согледување на профитабилноста, солвентноста и ликвидноста на

деловниот субјект. Менаџерите се наоѓаат во поповолна положба во однос на другите

корисници на финансиските извештаи поради достапноста до извештаи и информации од

интерен карактер (интерен биланс на успех, оперативни анализи, извештаи за остварени

резултати по сегменти и сл.). Од друга страна, менаџментот на еден деловен субјект може

да се најде и во улога на екстерен корисник на финансиски извештаи на други деловни

субјекти, најчесто на конкуренцијата.

Вработените се заинтересирани за информациите за стабилноста и

профитабилноста на деловниот субјект за да ја оценат способноста за обезбедување плати,

пензиско осигурување како и можностите за идно унапредување и напредок во деловниот

субјект. Со оглед на широкиот спектар на интерни и екстерни корисници, деловните

субјекти составуваат годишни финансиски извештаи за да можат тие корисници да се

запознаат со работењето на деловниот субјект. Тоа е од особена важност за екстерните

корисници што немаат директен пристап до сметководствените евиденции, па мораат да

се потпрат на информациите содржани во финансиските извештаи.

Поголем дел од екстерните субјекти ги имаат на располагање само финансиските

извештаи, кои претставуваат обврска на самиот деловен субјект да бидат обелоденети.

Повеќе од јасно е тоа дека за да би се донеле заклучоци за финансиската положба и

способноста за заработување врз основа на финансиските извештаи, неопходно е

Page 22: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

22

најнапред да се разберат финансиските извештаи што претставуваат подлога за

финансиска анализа. Имено, финансиските извештаи претставуваат најраспространет

извор на деловни информации што прикажуваат резултати што ги има остварено

деловниот субјект во одреден временски период. Тие ја отсликуваат финансиската

положба, ликвидност, успешност во работењето, како и промените во капиталот и

паричните текови во одреден временски период. Основната цел на составување на

финансиските извештаи се наоѓа во фактот дека тие обезбедуваат задоволување на

екстерните и интерните корисници за финансиски информации, и врз нивна основа тие

носат деловни одлуки.

Со сѐ поголемата глобализација на светскиот пазар, со развојот на пазарот на

капитал, со потребата од поделба на сопственичките и управувачките функции во

деловните субјекти се зголеми и значењето на финансиските извештаи. Имено, се појави

потребата од непристрасни и сигурни информации што се основа за процена на

способноста на деловниот субјект да создаде парични текови неопходни за сервисирање

на обврските спрема вработените, државата, снабдувачите, како и генерирање односно

распределба на добивка во вид на дивиденда. Но исто така, за да се процени способноста

да деловниот субјект, потребно е согледување на профитабилноста, финансиската

ситуација на деловниот субјект, да се согледа ефикасноста на управување со имотот и

изворите на финансирање, согледување на ризиците на кои е изложен деловниот субјект

за да се процени способноста за генерирање позитивни парични текови.

Основни финансиски извештаи што секој деловен субјект е должен да ги подготви

најмалку еднаш во годината, а најчесто и полугодишно, па и квартално се извештаи што

ги сублимираат сите сметководствени промени во текот на една година или ја отсликуваат

состојбата во даден момент. Тие претставуваат исклучително важни извори на

информации на финансискиот менаџер. Во оваа група спаѓаат:

Билансот на состојба9

Билансот на успех

Извештајот за готовински текови

9 Поимот биланс потекнува од латинските зборови Bilanx libra (вага), што значи дека со билансот се мери и

се искажува резултат, дека тоа нешто што се мери се искажува од два аспекта и се доведува до рамнотежа.

Page 23: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

23

Извештајот за промена на капиталот.

Билансот на состојба претставува слика на состојбата на средствата и изворите на

деловниот субјект во еден даден момент од нејзиното постоење.10

Вообичаено и во

согласност со законските прописи, деловните субјекти се обврзани да изработат биланс на

состојбата на крајот од годината т.е. со датум 31 декември, како дел од годишната

сметка.11

Покрај тоа, билансот на состојба се изработува во посебни случаи како

спојување или раздвојување на деловниот субјект, при стечај или ликвидација, но и

секогаш кога за тоа ќе се укаже потреба. Основната карактеристика на билансот на

состојба е рамнотежата меѓу двете страни, активата и пасивата.

На левата страна во активата се искажуваат конкретните средства, средства по

состав и функција, а на десната страна во пасивата се искажуваат изворите, т.н. начин на

добивање на овие средства. Главни позиции на страната на активата се: постојаните

средства (нематеријални и материјални средства, долгорочни финансиски вложувања),

обртни средства; залихи; краткорочни побарувања; парични средства и хартии од

вредност и АВР. Додека, пак, позиции на страната на пасивата се: капиталот и резервите

(основниот капитал, резервите и акумулираната добивка), краткорочни и долгорочни

обврски. Сопствениот капитал можеме да го изразиме како сметководствена вредност што

се добива како разлика на активата и вкупните обврски на деловниот субјект. Капиталот

на акционерско друштво се состои од: акционерски капитал, капитални резерви, резерви

(ревалоризациски и од добивка) и нераспределена добивка.

Акционерскиот капитал е најквалитетниот извор на финансирање и претставува

износ на вложен капитал од страна на физичките и на правните лица. Со тоа, нивното

учество во деловниот субјект е дефинирано со висината на учеството во акционерскиот

капитал на деловниот субјект.

Емисионата премија или капиталните резерви настануваат во моментот кога при

продажба на емитуваните акции се остварува поголема вредноста над номиналната.

10

Арсов, д-р Сашо,: „Финансиски менаџмент“, Економски факултет - Скопје, 2008 год. стр.22 11

Годишните сметки и финансиските извештаи се поднесуваат до Регистарот за годишни сметки при

Централниот регистар на Република Македонија согласно со член 469 од Законот за трговските друштва.

Page 24: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

24

Резервите се во функција на заштита на основниот капитал и претставува законско

и статутарно издвојување од добивката.

Нераспределената добивка претставува дел од расположливата добивка што

останува задржана во деловниот субјект што му овозможува да води политика на стабилна

дивиденда.

Капиталот треба да има позитивна вредност бидејќи негативниот капитал не е

одржлив на долг рок, а во таква ситуација менаџментот на деловниот субјект треба да го

зголеми капиталот, на пример, со издавање нови акции. Зајмените средства, односно

краткорочните и долгорочните обврски претставуваат обврски што се последица на

претходни деловни активности и одлуки на деловниот субјект, а чие намирување ќе има за

последица намалување на економските ресурси на деловниот субјект.

Долгорочните обврски се однесуваат на обврските што се очекуваат да се намират

во временски период подолг од една година, почнувајќи од моментот на настанување на

обврската. Додека, пак, краткорочните или тековните обврски претставуваат обврски за

кои се очекува да бидат намирени во текот на деловниот циклус во рок од една година од

денот на настанувањето на обврската (кредитирање од снабдувачите, обврски за

дивиденда, даночни обврски, обврски врз основа на камата и др.). Долгорочните

резервирања претставуваат обврски на деловниот субјект чиј износ и рок на достасување е

неизвесен на денот на настанување на обврската, а нивното намирување ќе значи одлив на

ресурси. Обично, се проценуваат на период од 3 до 5 години, а типичен пример се судски

спорови, трошоци на реструктурирање и сл.

Билансната рамнотежа е основна формална карактеристика на билансот на состојба

земајќи предвид дека секое средство си има свој извор. Таа се однесува на тоа дека

вредностите на ставките што се прикажани на левата страна имаат еднаква вредност со

сите поставки прикажани на десната страна во пасивата на билансот. Основната билансна

еднаквост може да се искаже со односот актива = пасива, што претставува квантитативна

рамнотежа на двете страни од билансот.

Доколку финансискиот резултат не е распределен, тој се искажува во билансот и со

тоа се постигнува рамнотежа меѓу активата и пасивата.

Page 25: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

25

Позитивниот финансиски резултат, кој претставува вишок на активата над

пасивата, се искажува во пасивата, додека, пак, негативниот финансиски резултат се

искажува во активата бидејќи претставува кусок на активата спрема пасивата.12

Во формална смисла, билансот може да биде двостран приказ, при што лево се

прикажува активата, а на десната страна пасивата, или во едностран приказ каде што прво

се прикажува активата, а под неа пасивата. Активата на билансот на состојба ги опфаќа

средствата дефинирани со следниве карактеристики:

- Тоа се ресурси што имаат потенцијал да генерираат идни готовински

приливи или да ги намалат идните готовински одливи

- Набавени се во претходни трансакции

- Можат да бидат проценети со задоволителна прецизност.

Пасивата на билансот на состојба ги опфаќа изворите на капиталот дефинирани со

следниве карактеристики:

- Се очекува тие да доведат до идни готовински одливи или да ги намалат

идните готовински приливи

- Претставуваат резултат на веќе реализирани трансакции

- Не можат да се избегнат.

Формата, содржината и структурата за билансот на состојба не е стриктно

дефинирана со меѓународните сметководствени стандарди, туку е само пропишан

минимумот на неопходни информации што треба да ги содржи. Со цел поправилно

презентирање на состојбата на имотот на еден деловен субјект, покрај минимално

дефинираните информации, во билансот на состојбата се прикажуваат и други билансни

позиции што се финансиски значајни или тоа го налага нивната природа или функција.

Основната цел на билансот на состојба како финансиско известување е да обезбеди

информации што се неопходни за оцена на финансиската структура и расположливите

економски ресурси на деловниот субјект, за оцена на ликвидноста, солвентноста, како и

12

Мијоска, м-р Мимоза, магистерски труд „Моделирање на анализа на перформансите на деловен субјект“ –

2013 година , стр.21

Page 26: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

26

оцена на способноста на деловниот субјект да се приспособи кон пазарните услови во кои

учествува.

Иако билансот на состојба е од голема корист за инвеститорите, кредиторите, а

особено за раководството на деловниот субјект, сепак се смета како помалку корисен од

билансот на успех. Со оглед на тоа дека и билансот на состојба се составува по

трошкочниот принцип, тој често не ја покажува тековната вредност на некои средства,

како што се имотот и опремата. Следното ограничување се однесува на неговата

неможност да ја покаже вредноста на одредени елементи, односно конкретно за

инвестициите што се прават за обучување и развој на вештините на одредени индивидуи

во деловниот субјект.

Биланс на успех

Покрај информациите за финансиската положба, за аналитичарите и за

корисниците на анализата се неопходни и информациите за успешноста (рентабилноста)

од работењето на деловниот субјект во сметководствениот период што се содржани во

билансот на успех.

Билансот на успех се дефинира како сметководствен извештај во кој се прикажани

приходите и расходите остварени во одреден сметководствен период. Односно, тој е

периодичен извештај што се изработува во определен ден, но се однесува на некој минат

период опфаќајќи ги сите направени приходи и трошоци во текот на тој период, за разлика

од билансот на состојба, кој ја покажува финансиската состојба на точно утврден ден.

Додека билансот на состојба го следи т.н. концепт на залиха, односно постојната

состојба, билансот на успех го следи концептот на тек, односно сите промени што

настанале во еден период.13

Исто како и кај билансот на состојба, и тука постои баланс, односно рамнотежа

што се изразува преку следново равенство:

13

Арсов, д-р Сашо,: „Финансиски менаџмент“, Економски факултет - Скопје, 2008 год., стр. 27.

Page 27: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

27

Приходи = Расходи + Добивка

или

Расходи = Приходи +Загуба

Со претходното равенство може да се заклучи дека суштината на билансот на успех

е да се утврди финансискиот резултат како разлика меѓу приходите и расходите. Имено,

овој извештај има свое значење во однос на билансот на состојба, бидејќи подолг период

се сметаше дека успешноста од работењето искажана преку резултатот (добивка или

загуба) е една од најзначајните информации за потребите за деловното одлучување. При

извршувањето на деловните активности, согласно со промените на имотот и изворите

настануваат приходите и расходите.

Приходите се дефинираат како зголемување на економската корист во текот на

пресметковниот период во облик на приливи или зголемување на средствата, односно

намалување на обврските, што доведува до зголемување на сопствениот капитал.14

Со цел

веродостојно информирање на корисниците за можноста за создавање идни парични

текови од страна на деловниот субјект, приходите треба да се одделат од добивката.

Постојат редовни, финансиски и вонредни приходи. Редовните приходи

настануваат како резултат на продажбата на производите, односно нивната реализација на

пазарот. За деловниот субјект е значајно да остварува приходи во значителна мера, а исто

така е битно да има поголеми деловните приходи од финансиски.

Финансиските приходи исто така се редовни, а претставуваат резултат на

вложувањето на расположливите или зајмените парични средства. Може да се напомене

дека вишокот од средствата може да се вложи во акции, обврзници, заем, при што се

стекнува надоместок како камата или дивиденда. Додека, пак, вонредните приходи не се

појавуваат редовно, па затоа тие не можат да се предвидат ниту, пак, да се планираат и

14

МСФИ - Рамка за подготвување и презентирање на финансиски извештаи

Page 28: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

28

претставуваат разлика во цена при продажба, при вишок за време на инвестирање или со

отписот на обврските.

Расходите како негативна компонента се дефинираат како трошоци што

потекнуваат од вообичаени активности (деловни финансиски расходи) и претставуваат

намалување на економските користи во текот на пресметковниот период во облик на

одливи, трошоци или создавање обврски што за последица има намалување на

сопствениот капитал.

Исто како приходите, така и расходите се делат на редовни, финансиски и

вонредни. Имено, редовните расходи настануваат при извршувањето на основната дејност

на деловниот субјект. Тие ги сочинуваат набавната вредност на продадената стока и

трошоците што се содржани во продадените производи. Финансиски расходи се

последица на користењето на туѓите финансиски средства, односно тоа се обично камати

што мора да ги плати деловниот субјект поради користење на туѓите средства и курсните

разлики.

Вонредните расходи исто како вонредните приходи не настануваат редовно, затоа и

тие како нив тешко можат да се предвидат или да се планираат, а во нив спаѓаат казните,

штетите и сите оние расходи што настануваат како последица на непредвидените деловни

случувања врз кои деловниот субјект не може да влијае.

Резултатот се утврдува како разлика меѓу остварени приходи и расходи.

Битно е да се напомене дека билансот на успех се состои од повеќе подбиланси, од

кои секој има одредено значење и дава некој финансиски резултат, кој на свој начин ја

отсликува успешноста од работењето. Односно, во него приходите, расходите и

резултатот се искажуваат во следните подбиланси:

Деловни приходи, расходи и резултат

Финансиски приходи, расходи и резултат

Неделовни и вонредни приходи, расходи и резултат

Со меѓусебното сумирање на резултатите од подбилансите се добива вкупниот

бруто резултат на деловниот субјект како бруто-добивка (збир на сите добивки) или како

Page 29: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

29

бруто-загуба (збир на сите загуби) во пресметковниот период. Тоа значи дека деловниот

субјект во билансот на успех може да искаже бруто-добивка или бруто-загуба. Доколку

бруто-добивката е поголема од бруто-загубата, се искажува добивка или обратно, ако е

поголема бруто-загубата од бруто-добивката, се искажува загуба. Така, позитивниот

резултат се искажува на страната на расходите, а негативниот финансиски резултат се

искажува на страната на приходите, со што се остварува билансна рамнотежа.

Извештај за готовински текови (Casw Fow)

Извештајот за готовински текови е составен дел од основните финансиски

извештаи. Имено, покрај билансот на состојба и билансот на успех, се смета како еден од

најважните извештаи бидејќи значителен број од деловните субјекти имаат (посебно денес

при светска економска криза) големи проблеми со солветноста, бидејќи оствариле

поголеми одливи од приливи на средства. Приходите и расходите се евидентираат според

основните сметководствени претпоставки на настанување, а тоа значи да се евидентираат

тогаш кога настанале, односно кога се заработени, а не кога се наплатени побарувањата.15

Извештајот за готовинските текови е приказ на паричните приливи и одливи во

сметководствениот период врз основа на деловните, инвестициските и финансиските

активности. Паричните текови што се прикажани во овој извештај се однесуваат на

одреден временски период, па затоа овој извештај се третира како периодичен извештај.

Способноста на деловниот субјект да оствари позитивен паричен тек од своите

деловни активности се отсликува преку паричниот тек од деловните активности, односно

се укажува на способноста на деловниот субјект да намирува достасани обврски, плаќа

дивиденда, финансира нови инвестиции. Односно, накратко кажано, ги опфаќа сите

активности поврзани со производството и продажбата на производите и услугите.

Сите вложувања во постојан имот, односно проширување и одржување на

постојните капацитети се прикажуваат во паричниот тек од инвестициските активности.

15

Често се случува туристичките и хотелските деловни субјекти да искажат позитивен (добивка) резултат, а

да имаат проблем со ликвидноста и со солвентноста. Вообичаено е во туризмот да има временска

усогласеност меѓу приходите и наплатата, и расходите и издатоците, како и ризикот на трансформација од

една во друга.

Page 30: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

30

Паричниот тек од инвестициските вложувања укажува на способноста на деловниот

субјект да создава идни приливи и идни парични текови. Доколку одливите се поголеми

од приливите тоа покажува дека расте инвестициската активност, односно деловниот

субјект расте. Доколку приливите се поголеми од одливите, тоа укажува дека деловниот

субјект продал долгорочен имот.

Паричниот тек од финансиските активности на деловниот субјект прикажува

приливи на готовина од емисијата на акции и земање кредити и ги прикажува одливите

настанати како резултат на плаќањето на главницата од кредитите и исплатите на

дивиденди на акционерите. Доколку деловниот субјект зема дополнителни кредити или со

емисија на акции финансира инвестициски активности, тогаш тој остварува поголеми

приливи од финансиските активности.

Основните причини поради кои се составува овој извештај за парични текови се

информациите што му служат на менаџментот, но и на другите стејкхолдери за да ја

оценат:

Способноста на деловниот субјект да генерира доволно средства за

редовното работење;

Способноста на деловниот субјект да ги исплаќа ануитетите за кредити како

и дивиденда на акционерите;

Способноста на деловниот субјект да инвестира и да создава идни добивки.

Извештај за промените на капиталот

Извештајот за промените на капиталот е составен дел од финансиските извештаи

составени во согласност со МСС, кој е наменет за сопствениците на капитал. Овој

извештај се составува како посебен и во него како минимум позиции се прикажуваат:

Нето-добивка или загуба во сметководствениот период;

Page 31: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

31

Ставките на приходи и расходи што не влегуваат во билансот на успех, туку

се признаваат во корист или на штета на капиталот;

Збирен ефект на промените во сметководствената политика.

Извештајот за промените на капиталот се состои од два дела – првиот дел содржи

податоци за претходната година, а другиот дел податоци за тековната година.

Основна причина за составување на извештајот на промени на капиталот во

набљудуваниот сметководствен период е сознанието дали дошло до намалување или до

зголемување на нето-имотот на деловниот субјект.

1.3. Ефекти од стандардизација на финансиските извештаи

Примарната задача на финансиското известување е креирање на висококвалитетни

финансиски извештаи што ја зголемуваат довербата кај инвеститорите, кредиторите и кај

другите стеикхолдери, со што се создава поволен амбиент за инвестициската и

економската активност воопшто. Обезбедувањето висококвалитетни финансиски

извештаи, покрај почитувањето на професионалните и законските регулативи, подразбира

и почитување на етичките норми, односно етичко однесување на креаторите на

финансиските извештаи. Имено, посебно е важна и хармонизацијата на сметководствените

и ревизорските практики што го олеснуваат сметководственото-финансиско

комуницирање меѓу економските субјекти во светот, надминувајќи ги на тој начин

сметководствените препреки што стојат на патот на постигнувањето повисок степен на

слобода во процесите на производство, услуги и капитал.

Имено, сметководството го дефинираме како реално и фер прикажување на

финансиската положба и успешноста на одреден деловен субјект, односно како

потфункција на функцијата на управување. Тоа, без правила за подготвување, признавање

и вреднување во финансиските извештаи, не може да се одвива и затоа во теоријата е

воведен поимот на стандардизација. Стандардизацијата е извршена во рамките на

пишаните правила што генерално се нарекуваат стандарди и како такви се применуваат со

цел да се исполнат принципот на доверливост, како и сите барања.

Page 32: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

32

Во најширока смисла, стандардите претставуваат мерило на некоја категорија

преку формулирање на тоа што за таа категорија е стандардно.

Сметководствените стандарди се делат на национални и меѓународни16

.

Стандардите што настанале под влијание на културни, правни, социјални,

финансиски и економски системи што преовладуваат во конкретната национална

економиија претставуваат национални стандарди. Со интернационализацијата на

производството и трговијата, односно со појавата на потребата за разбирање на

финансиските извештаи на различните национални економии исто така се појавуваат

трендовите за изедначување на стандардот на финансиското сметководство за глобално

ниво.

Во меѓународни рамки се појавуваат два типа стандарди што се прифатливи:

Меѓународни сметководствени стандарди (IAS-International

Accounting Standards)

Националните сметководствени стандарди (US GAAP, General

Accepted Accounting Principles)17

Законските прописи не предвидуваат само обврска за изработување на

финансиските извештаи, туку ја дефинираат и нивната структура. Ова е резултат на

потребата од постоење на унифицираност на финансиските извештаи на одделните

деловни субјекти поради потребата од нивна контрола од страна на државните органи, за

статистички потреби, за целите на корпоративното управување, за потребите на

финансиските пазари и др. Во нашата земја, на пример, за секоја од ставките во билансите

на состојба со закон е дефинирано што треба да содржи, како се утврдува нејзината

вредност и која е нејзината шифра за АОП (автоматска обработка на податоци).18

16

Стандарди прифатени во широкото меѓународно опкружување 17

http://mk.wikipedia.org 18

Арсов, д-р Сашо,: „Финансиски менаџмент“, Економски факултет - Скопје, 2008 год., стр. 47

Page 33: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

33

Успешноста на финансиската анализа е условена од материјалната и од формалната

исправност на билансите.

Материјалната претпоставка на финансиската анализа се однесува на обезбедување

вистински и објективни билансни податоци. Формалните претпоставки на анализата се

врзани за правилната класификација на билансните позиции.

Имено, материјалните претпоставки на финансиската анализа се претставени преку:

1. Употребливоста на билансните податоци што може да биде загрозена од

неадекватни постапки на билансирање. Адекватната процена на билансните

позиции, односно постигнување употребливост на билансните податоци

подразбира:

Доследно почитување на принципот на каузалност (корелација) при

билансирањето и утврдувањето на периодичните резултати и на секој

сметководствен период точно да се распореди соодветниот приход и расход.

Почитување на принципот на сигурност со што се заштитува деловниот

субјект од самоволие при процесот на билансирање;

Почитување на принципот на внимателност.

2. Елиминирање на влијанието на монетарните нарушувања на билансот и

периодичните резултати

3. Консолидирање на билансот

Предмет на консолидирање се средствата, обврските и финансискиот

резултат. Имено, матичното правно лице и неговите подружници водат

посебно сметководство бидејќи тоа се посебни сметководствени целини и

имаат посебни финансиски извештаи. Имено, обврската на правното лице е

да составува консолидиран финансиски извештај и таа произлегува од

фактот што поседува повеќе од 50% од капиталот, а со тоа и контрола над

подружницата.

Набљудувано од сметководствен аспект, консолидираните финансиски

извештаи сочинуваат една целина бидејќи матичното правно лице и сите

нејзини подружници се третирани како едно правно лице.

Page 34: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

34

Додека, пак, формалните претпоставки на финансиската анализа се однесуваат на

обезбедување правилно групирање на позициите на активата, пасивата, приходите и

расходите. При групирањето на позициите во билансот на состојба, позициите во активата

треба да се класифицираат според принципот на растечка или опаѓачка ликвидност.

Позициите на страната на пасивата се организираат според принципот на растечка или

опаѓачка достасаност (рочност), односно според рокот на достасаност на обврските за

плаќање.

Групирањето на позициите на активата според принципот на растечка ликвидност

и позициите на пасивата според принципот на растечка достасаност е условено со

доминирачкото значење на златните билансни правила, кои инсистираат на одредени

релации на основниот капитал и долгорочната врзана актива.

1.4. Имплементација на меѓународните сметководствени стандарди

Комисијата за меѓународни сметководствени стандарди (International Accounting

Standards Committie, IASC) е основана во 1973 година од страна на 16 професионални

сметководствени организации од разни земји, како што се: Австралија, Канада, Франција,

Германија, Јапонија, Мексико, Холандија, Англија, Ирска и САД од чија страна се

донесени меѓународните сметководствени стандарди.

Комисијата за меѓународните сметководствени стандарди (ИАСЦ) е независна

приватна организација, која може да се нарече „тело што постои за да се постигне

единство во сметководствените принципи што се користат од страна на деловните

субјекти и од другите правни субјекти за финансиско известување во целиот свет“.

Во нејзиното членство до 1998 година беа вклучени 143 сметководствени

организации застапувајќи два милиона сметководители во 103 земји.19

Како што е наведено во својот состав, целите на ИАСЦ се „формулирање и

објавување на сметководствените стандарди во јавноста за нивна презентација во

финансиските извештаи и нивно промовирање во светот“ и „работење за подобрување и

19

http://www.referenceforbusiness.com

Page 35: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

35

усогласување на регулативите, сметководствените стандарди и процедури поврзани со

презентирање на финансиските извештаи“.

Стандардизираните сметководствени процедури се важни, со цел да се направат

финансиските извештаи споредливи, особено од земја до земја. Сепак е можно

сметководствените процедури да се разликуваат и во една иста земја. Тоа најчесто се

однесува на инвестициски услуги или компании што вршат бизнис во повеќе од една земја

за усогласување на различните сметководствени процедури.

Иако финансиските извештаи може да се јават во слична форма во различни земји,

сепак, постојат разлики што веројатно се предизвикани од различни социјални, економски

и правни околности, но и поради тоа што различни земји ги имаат предвид потребите на

различните корисници на финансиските извештаи при утврдување на националните

барања. Комисијата за меѓународни сметководствени стандарди (КМСС) е посветена на

намалувањето на овие разлики преку барањето хармонизација на прописите,

сметководствените стандарди и процедурите што се однесуваат на подготовката и

презентирањето на финансиските извештаи. Комисијата смета дека натамошната

хармонизација најдобро може да се постигне доколку вниманието се насочи кон

финансиски извештаи што се подготвуваат со цел обезбедување информации корисни за

донесување економски одлуки.20

Ова може да биде скапо и одзема многу време. Стандардизираните

сметководствени постапки се особено важни за мултинационални компании на кои им се

потребни постојани сметководствени процедури и постапки за оценување на работењето

од различни земји. Стандардизираните сметководствени процедури се посебно екстремно

важни за мултинационалните компании на кои им се потребни постојани сметководствени

процедури за еваулација за работењето од различни земји.

Меѓународните сметководствени стандарди, исто така, можат да бидат важни за

земјите во развој, со оглед на воспоставувањето национални сметководствени стандарди

20

Правилник за водење на сметководство – Службен весник на РМ бр. 159 од 29.12.2009 година

Page 36: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

36

како скап и макотрпен процес. Меѓународните сметководствени стандарди сѐ повеќе

стануваат значајни во финансискиот свет доминиран од глобалните трговци.

Дополнително, на оваа комисија ѝ пристапи Меѓународната федерација на

сметководители (International Federation od Accountants, IFAC), која е основана во 1977

година со цел да ги сплоти сите професионални сметководители во светот заради носење

општоприфатени стандарди. Од 1997 до 2000 година ИАСЦ ги реорганизира стандардите

со што се формира International Accounting Standards Board (ИАСБ).

Меѓународната федерација на сметководители (ИФАЦ) е глобална организација

посветена да му служи на јавниот интерес преку зајакнување на професијата и да

придонесе за развој на силни меѓународни економии. Таа се состои од над 175 члена и

соработници во 130 држави, презентирајќи просечно 2,5 милиони сметководители во

јавната практика, образованието, индустријата и трговијата.

Мисијата на федерацијата е да му служи на јавниот интерес преку:21

• Придонесување за развојот на високи стандарди за квалитет и насок;

• Олеснување на усвојувањето и имплементацијата на стандардите за висок

квалитет и насоки;

• Придонесување за развојот на силни професионални сметководствени

организации и сметководствени фирми и практики од страна на професионални

сметководители, како и промовирање на вредноста на професионалните

сметководители во светот.

Меѓународните сметководствени стандарди (Меѓународните стандарди за

финансиско известување), несомнено, имаат пресудна улога во процесот на унификација и

хармонизација на финансиското известување во глобални рамки. Меѓународните

стандарди за финансиско известување ги стандардизираат финансиските извештаи и

финансиското известување и прават компромис при нивната примена и начинот на кој се

користат различните методи за процена на позициите, главно, да се изготват

21

http://www.ifac.org/about-ifac/organization-overview

Page 37: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

37

финансиските извештаи што ќе дадат вистински непристрасен и веродостоен преглед на

имотот, обврските и капиталот, промените во финансиската состојба и финансискиот

резултат на деловните субјекти.

Со воведувањето на меѓународните стандарди за финансиско известување и

нивното прифаќање од страна на сметководствените практики на голем број земји во

светот, се добива прецизна слика за финансиската состојба, финансиската успешност и

тековите на готовината на компаниите.22

Според својата суштина, финансиското известување зависи од начинот на

евидентирање на настанати деловни случувања што во финансиските извештаи се

синтетизираат по билансни позиции за да бидат употребливи за своите корисници. Имено,

битни прашања на финансиското известување се следниве: целите на финансиските

извештаи, квалитативните карактеристики на финансиските извештаи што ја одредуваат

корисноста на информациите содржани во нив, претпоставки што се користени при

составување на финансиските извештаи, елементите на финансиските извештаи и

признавање и мерење на билансните позиции.

Квалитативното прикажување, признавање, мерење, вреднување и обелоденување

на имотот, обврските, капиталот, приходите и расходите не можат да се одвиваат без

почитување на одредени кодифицирани и стандардизирани правила и принципи. Во

основа, концептот на квалитет на финансиско известување е прикажување на економската

суштина на деловните случувања за деловните трансакции онака како што настанале, како

и прикажување на последиците од нивното настанување.

За потребата од хармонизација на финансиското известување на глобално ниво се

зборува со децении. Научните дискусии и стручни елаборации на оваа тема беа

претворени во некаква акција во насока на конвергенција на МСФИ, УСА ГААП и

европската директива за финансиско известување, сите во насока на преуредување на

глобалниот систем, кој во иднина ќе ја превенира можноста за нереално

(субјективизирано) финансиско известување.

22

Осврт кон меѓународните стандарди за финансиско известување - Костадиновски Александар и Ѓоргиева

Трајковска Оливера (2013) - скрипта

Page 38: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

38

Финансиските извештаи не доаѓаат со упатство за употреба и за нивното

„толкување“ е потребно квалификувано познавање. Имено, тие претставуваат производ на

сложен процес - финансиското известување, кое, пак, се темели врз сметководството како

практична активност на сметководителите.

Токму сметководителите се носители на процесот на финансиско известување што

започнува со сметководството како практична активност. Режимот на евиденција на

деловните настани од кој започнува целокупниот процес на финансиско известување, во

основа, претставува практичен процес. Познавањето на концептите на сметководството е

еднакво важно со знаењето на технологијата на изведувањето на тие концепти -

евиденцијата на деловните настани.23

Сметководителите и овластените сметководители на територијата на Република

Македонија се организираат во Институт на сметководители и овластени сметководители

на Република Македонија. Со статус на сметководител или овластен сметководител се

стекнува лице што положило испит за сметководител или за овластен сметководител.

Вршителот на сметководствени работи е должен да ги почитува Кодексот на етика

за професионални сметководители на ИФАЦ и актите на Институтот на сметководители и

овластени сметководители на Република Македонија.24

Кодексот на етика за професионални сметководители (Code of Etics for Professional

Accountants) подразбира основни принципи што треба да ги почитуваат професионалните

сметководители при вршење на сметководствените услуги.

Тука спаѓаат следниве принципи:

Објективност – професионалниот сметководител не смее да биде пристрасен при

вршење на сметководствените услуги;

Интегритет – професионалниот сметководител мора да биде искрен и чесен;

Доверливост – почитувањето и доверливоста се сметаат како дел од

професионалното етичко однесување и затоа професионалниот сметководител

23

Димитров, Душан : „Прирачник за сметководство“, Проагенс - Скопје, 2014 година. 24

Закон за вршење на сметководствени работи, член 3, 2012 година

Page 39: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

39

треба да ги чува во тајност информациите поврзани со работењето на деловниот

субјект што ги користи неговите сметководствени услуги;

Стручна оспособеност – сметководителот треба да поседува стручно образование и

способност да го примени своето знаење.

Одборот на Комитетот за меѓународни сметководствени стандарди издал околу 40

меѓународни сметководствени стандарди, како и рамка за подготвување и презентирање

на финансиските извештаи, од кои, актуелни се:25

МСС 1 – Презентирање на финансиските извештаи

МСС 2 – Залихи

МСС 7 – Извештаи за парични текови

МСС 8 – Сметководствени политики, промена на сметководствени процени и

грешки

МСС 10 – Настани по датумот на билансот на состојба

МСС 11 – Договори за изградба

МСС 12 – Даноци од добивка

МСС 14 – Сегментирано известување

МСС 16 – Недвижности, постројки и опрема

МСС 17 – Лизинг

МСС 18 – Приходи

МСС 19 – Бенефиции на вработените

МСС 20 – Сметководство за државни поддршки и објавување на државната помош

МСС 21 – Ефекти од промената на курсевите на странските валути

МСС 23 – Трошоци за зајмувања

МСС 24 – Објавувања за поврзани странки

МСС 26 – Сметководство и известување на плановите за пензионирање

МСС 27 – Консолидирани финансиски извештаи и сметководство за вложување во

подружници

25

Д-р Сашо Кижухаров, Маја Кочоска: „Сметководство“ (основи-принципи-апликации); трето издание,

2007;

Page 40: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

40

МСС 28 – Сметководство за вложувања во придружени претпријатија

МСС 29 – Финансиско известување за хиперинфлаторни економии26

МСС 30 – Објавувања во финансиските извештаи на банките и сличните

финансиски институции

МСС 31 – Вложувања во заеднички потфати

МСС 32 – Финансиски инструменти: објавување и презентирање

МСС 33 – Заработувачка по акција

МСС 34 – Периодични финансиски извештаи

МСС 36 – Оштетување на средства

МСС 37 – Резерви, неизвесни обврски и неизвесни средства

МСС 38 – Нематеријални средства

МСС 39 – Финансиски инструменти: признавање и мерење

МСС 40 – Вложување во недвижности

МСС 41 - Земјоделство.

Меѓународните сметководствени стандарди што непосредно се занимаваат со

финансиските извештаи се:

МСС 1 – Презентација на финансиските извештаи

МСС 7 – Извештаи за паричните текови

МСС 10- Настани по датумот на билансот на состојба

МСС 14 – Известување по сегменти

МСС 27 – Консолидирани и поединечни финансиски извештаи

МСС 29 – Финансиско известување во хиперинфлаторни стопанства

МСС 30 – Објавување финансиски извештаи на банки и други финансиски

институции

МСС 34 – Периодично финансиско известување.27

26

Во економијата, хиперинфлацијата се јавува кога земјата се соочува со многу висока, забрзувачка и

„незапирлива“ стапка на инфлација 27

Dimitrovic Saponja Lj., Petkovic D., Jaksic D: Racunovodstvo, Ekonomski fakultet , Subotica, 2007, str. 498

Page 41: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

41

Суштината на МСС е да се пропише прикажувањето на финансиските извештаи

обезбедувајќи споредливост со финансиските извештаи од претходно, а исто така со

финансиските извештаи на другите деловни субјекти.

Меѓународниот сметководствен стандард не ги пропишува строгите форми на

составување на финансиските извештаи, но тој ги наведува минимум ставките што треба

да бидат презентирани и укажува на тоа кои податоци може да бидат прикажани, а остава

можност самите деловни субјекти да ги приспособат кон своите интерни потреби.

Основен предуслов за правилно носење деловни одлуки се објективни и реални

информации. Од инсистирањето за реални и објективни информации произлегува и

значајната улога на надзорот во процесот на финансиското известување. Екстерен надзор

врши независна ревизија што се занимава со испитување на реалноста и објективноста на

информациите што се содржани во финансиските извештаи. Независната ревизија како

надзорна функција е основна претпоставка на квалитетното финансиско известување и

значаен фактор за обезбедување доверливост на информациите што се содржани во

финансиските извештаи. На тој начин, се придонесува за унапредување на квалитетот на

финансиските извештаи што ги прави корисни и употребливи за голем број корисници.

Според последното ажурирање на меѓународните сметководствени стандарди, се

извршија следниве промени во МСС 1, односно билансот на успех се заменува со

извештајот за сеопфатна добивка или загуба, биланс на состојба со извештај за

финансиската состојба.28

Примената на меѓународните сметководствени стандарди/меѓународни стандарди

на финансиско известување обезбедува пробивање на домашните деловни субјекти на

странските пазари на капитал. На овој начин и домашните субјекти се штитат од

дополнителни трошоци, бидејќи информациите за финансиската положба и успешност се

сметаат за вистинити и чесни ако се подготвени во согласност со барањата на

меѓународните сметководствени стандарди.

28

Прирачник за изготвување на годишната сметка и финансиските извештаи за 2014 година – Проагенс

Скопје, февруари, 2015 год.

Page 42: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

42

Исто така, примената на меѓународните сметководствени стандарди го намалуваат

системскиот ризик на вложувања во нашата земја создавајќи услови за привлекување

странски капитал. Примената на професионалната регулатива има голем број бенефиции

за нашата земја, пред сѐ, ќе дојде до усовршување на сметководствената практика и

нејзино приближување кон земјите со развиени финансиски пазари, унапредување на

културата на финансиското известување и создавајќи услови за признавање на

националните сметководствени професии во меѓународни размери.

Page 43: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

43

2. Анализа на финансиските показатели како основа за квалитетно деловно

одлучување

2.1. Видови финансиска анализа

Една од функциите на работењето на деловните субјекти е анализата на самото

работење. Првенствено, таа се состои од испитување на резултатите од работењето, како и

анализа на искористените производствени фактори, со цел да се идентификуваат

причините за постигнатите резултати.29

Врз основа на констатираните причини се

предлагаат мерки за отстранување на негативните страни на работењето и задржување на

силните страни и на тој начин се овозможува подобрување на идното работење.

Во оваа смисла, анализата претставува средство за унапредување на работењето на

деловните субјекти. Добиените резултати од спроведената анализа на финансиските

извештаи се користат како подлога за проектирање на бизнис-плановите на деловниот

субјект, краткорочното и среднорочното планирање, планирање на инвестициските

проекти, плановите на спојување и присоединување на деловниот субјект и други

активности што ги преземаат деловните субјекти. 30

Финансиската положба на деловниот субјект ја условуваат многубројни фактори

што меѓусебно можат да бидат контрадикторни. Тоа дополнително придонесува за

отежнување на согледувањето на финансиската положба. Овој проблем најчесто се решава

со временска и просторна споредба. Имено, споредувањето на финансиската положба на

деловниот субјект во однос на финансиската положба на конкуренцијата претставува

просторно споредување. Тоа овозможува солидна основа за извлекување заклучоци за

можностите за опстанок, раст и развој на деловниот субјект. При вршење на оваа

29

Kneževič, G., Ekonomsko’finansijska analiya, Univerzitet Singidunum, Beograd, (2011) 30

Brigham E. F., Grapenski L. C., ”Fundamentals of Financial Management - Theory and Practice”, The Dryden

Press, New York, 1994

Page 44: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

44

споредба, треба да се има предвид изборот на репрезентот или групата на деловни

субјекти со кои се врши споредба, да се избегнат погрешните заклучоци.

Додека, пак, временското споредување овозможува согледување на динамиката,

движењето и развојот на финансиската положба на деловниот субјект.

Анализата на финансиската рамнотежа е најважна карактеристика во анализата на

финансиската положба на еден деловен субјект. Таа е директно поврзана со начелото на

стабилност на финансиската политика.31

Од тие причини, за да се направи квалитетна

анализа на финансиската рамнотежа на деловниот субјект, не е доволно само да се има

последниот биланс на состојба, туку за да се согледа динамиката, потребно е да се

обезбедат финансиските извештаи за најмалку претходни три години. На тој начин може

да се изврши временска споредба и да се утврди дали постојат подобрувања во

финансиската положба за идентификуваниот период или не. Исто така, потребно е да се

набават и информации за слични субјект што ја репрезентираат дадената индустриска

гранка со цел да се направи просторно споредување.

Во практиката постојат и се употребуваат различни видови финансиска анализа, и

тоа:

Хоризонтална анализа

Вертикална анализа

Анализа на основните финансиски показатели – рацио-анализа

Cash Flow анализа

Leverage анализа

2.2. Карактеристики на хоризонталната анализа

Целта на хоризонталната анализа е да се овозможи споредување податоци во

подолг временски период за да се откријат тенденциите и динамиката во поединечни

31

Van Horne J. C., „Financijsko upravljanje i politika“, (Financijski menadzment), Deveto izdanje, Zagreb, 1993.

Page 45: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

45

билансни промени. Врз основа на тие промени, се следат успешноста и сигурноста на

работењето на деловните субјекти. Тоа овозможува полесно да се идентификуваат

финансиските перформанси на деловниот субјект. Анализата на работењето бара, покрај

податоците од тековните финансиски извештаи, и податоци од претходните

сметководствени периоди заради нивна меѓусебна компарација.

Хоризонталната анализа претставува споредување на билансните позиции во

билансот на состојба и билансот на успех за две или повеќе години. Во случај да се врши

анализа за период од 2 години, оваа анализа ја нарекуваме споредбена (компаративна)

анализа, додека, пак, во случаите кога се анализира период што е подолг од 2 години, оваа

анализа се нарекува анализа на трендови на развојот на позициите на билансите.

Промените меѓу набљудуваните периоди можат да се прикажуваат во апсолутни износи,

проценти или индекси.

Резултатите добиени со хоризонталната анализа што е спроведена за временски

период од 2 години, можат да упатуваат на позитивна финансиска состојба, но ако тие се

набљудуваат за подолг временски период, може да се дојде до заклучок што упатува на

можни проблеми.

За пресметување на промените во позициите на финансиските извештаи и за нивно

споредување, може да се земе некоја година како базна година и потоа другите години да

се споредуваат со неа. Покрај тоа, може да се прави споредба на секоја година во однос на

претходната.

Како што беше напомнато, хоризонталната анализа може да биде реализирана во

апсолутни (разлика = тековна година – претходна година) или релативни броеви.

Учеството на поединечните билансни позиции во анализата на структурата се искажува во

релативни броеви (%). Додека се набљудуваат финансиските извештаи за повеќе години,

користиме т.н. базен индекс, при што првата година во низата се зема како базна и се

доделува индекс од 100. 32

32

Stevanovic N. Milicevic(2009): „Upravljacko racunovodstvo“, Centar za izdavacku delatnost, Ekonomski fakultet,

Beograd.

Page 46: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

46

Хоризонталната анализа на билансот на состојба и билансот на успех се спроведува

врз база на индексни броеви што овозможуваат полесно да се воочат правците и

интензитетот на промените во финансиската положба на деловниот субјект.

Имено, индексот се добива така што се ставаат во однос промените од тековната

година и промените од претходната година и тој количник се множи со 100.

Пример на хоризонтална анализа:33

АКТИВА 2014 2013 Промена Промена во %

Тековни

средства 28450 25600 2850 11,13%

Постојани

средства 202506 194400 8106 4,17%

Вкупни

средства 230956 220000 10956 4,98%

33

Билансните позиции што се во пораст имаат вредност на индекс поголема од 100, а позиции чија

вредности опаѓаат имаат индексни вредности помали од100.

Page 47: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

47

ПАСИВА 2014 2013 Промена Промена во %

Тековни

обврски 25280 12000 13280 110,66 %

Постојани

обврски 80000 90000 (10000) (11,11%)

Акциски

капитал 125676 118000 7676 6,51%

ВКУПНА

ПАСИВА 230956 220000 10956 4,98 %

Вкупното зголемување на активата и пасивата е еднакво на 4,98% поради тоа што

постои еднаквост на основните билансни позиции: Актива = Обврски + Капитал

или,

АКТИВА = ПАСИВА

Во овој пример е прикажано зголемувањето на тековните средства и долгорочните

средства, до зголемување на тековните обврски, намалување на долгорочните обврски и

зголемување на акционерски капитал.

Посебно се истакнува значајното зголемување на тековните обврски (110,66%),

што не е поволно бидејќи тековните обврски мора да се намират во краток рок што

негативно се одразува врз ликвидноста на деловниот субјект.

Врз основа на претходните констатации може да се извлече заклучок дека овој

деловен субјект нема доволно средства да ги намири тековните обврски, туку нив ги

одложува и така тие кумулираат во неплатени во билансот на состојба.

Толкувањето на резултатите од хоризонталната анализа на финансиските извештаи

може да биде различно во зависност од различните сметководствени политики.

Просечните ефекти од наведените разлики доаѓаат предвид ако се врши споредба на

просечните вредности од еден деловен субјект со просечните вредности на друг сличен

Page 48: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

48

деловен субјект. Односно, големо е значењето на хоризонталната анализа кога се врши

компаративна анализа со најважните конкуренти, сродни деловни субјекти или

индустриска гранка.

Споредувањето и анализирањето на отстапките на просечните вредности меѓу

деловните субјекти во иста дејност се набљудуваат како почетна основа за истражување

на неискористените потенцијали т.н. внатрешни резерви. 34

Различните сметководствени политики во финансиските извештајни групи на

деловен субјект не се дозволени. Еднообразноста во нивната примена е основна

претпоставка на составувањето вистински и објективни консолидирани финансиски

извештаи. Од друга страна, наведените разлики можат да бидат земени предвид при

толкување на резултатите од анализата на финансиските извештаи на повеќе групи

деловни субјекти што дејстуваат во иста гранка. Во тој случај, ограничувањата во

споредувањата на финансиските извештаи на слични групи деловни субјекти, покрај

примената на различни сметководствени политики, можат да постојат и од аспект на

придобивките на големите групи во постигнување на ефектот на економии во обем.

Ефектите од економиите од обем се обично недостапни за малите групи деловни субјекти.

Во иста дејност, деловните субјекти најчесто тргуваат на пазарите со сосема различен

степен на развиеност што влијае врз показателот на нивната заработувачка моќ и

способност за стекнување приноси.

Некои деловни субјекти ги користат двете технички компарации како основни

аналитички методи што ги користи менаџментот. Но може да се каже дека е можеби

подобро да се споредуваат позиции за повеќе години за да се воочат одредени тенденции и

врз нивна основа да се донесат квалитетни деловни одлуки и идни планови.

Тоа е така, бидејќи за да се добие заклучок за динамиката на промените, потребно е

да се набљудуваат повеќегодишните трендови.

Треба да се напомене дека кај хоризонталната анализа може да се појават проблеми

доколку се случат значајни промени во политиката на билансирање, односно

сметководствени политики на деловниот субјект чии биланси се анализираат.

34

Sekulović,B.:” Analiza poslovanja preduzeća”, Beograd : Beogradska poslovna škola, 2005, str. 36

Page 49: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

49

2.3. Значење на вертикалната финансиска анализа

Вертикалната анализа ја нарекуваме и структурна анализа. Всушност, таа ја

покажува големината на делот на секоја билансна позиција во вкупната актива, пасива или

приход. Во оваа анализа учеството на секоја поединечна билансна позиција се искажува со

релативни броеви (%).35

Врз основа на оваа анализа, носителите на одлуки добиваат

поквалитетни информации во споредба со информациите во номинална вредност.

Оваа анализа се спроведува на тој начин што активата и пасивата во билансот се

означуваат со 100, а сите други позиции се ставаат во однос со нив и на тој начин се

добива нивната структура.

Компарацијата на показателите (позициите), кои ги дава анализата на билансот за

неколку анализирани периоди го утврдува нивното движењето (трендот), за кои може да

се каже дека се резултат на деловната политика и политиката на инвестирање на

конкретниот деловен субјект.

Во услови на инфлации, оваа анализа е особена практична, кога апсолутните

броеви не даваат конкретни информации.

Пример за вертикална анализа:

АКТИВА 2014 %

Тековни средства 28450 12

Постојани средства 202506 88

ВКУПНИ СРЕДСТВА 230956 100

ПАСИВА 2014 %

35

Во активата во билансот на состојба може да се разгледува процентуалното учество на тековните

(обртните) средства во однос на вкупната вредност на активата или учеството на постојаните средства во

однос на вкупните средства.

Page 50: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

50

Краткорочни обврски 21540 9

Долгорочни обврски 80000 35

Акционерски капитал 129416 56

ВКУПНА ПАСИВА 230956 100

Врз основа на вертикалната анализа можат да се извлечат заклучоци за структурата

на средствата (активата) и изворите на финансирање (пасива) од билансот на состојба.

Имено, во претходниот пример може да се забележи дека во структурата на активата

доминираат постојаните средства со 88%, додека, пак, во структурата на пасивата

доминира акционерскиот капитал со учество од 56% во изворите на финансирање

(ВКУПНА ПАСИВА).

На крајот може да се заклучи дека голем дел од постојаните средства е финансиран

од сопствен капитал (56%), но, сепак, еден дел е финансиран и од краткорочни извори што

не е позитивен показател.

Секој деловен субјект треба да настојува да ја усогласи временската структура на

средствата и на изворите на финансирање.

2.4. Рацио-анализа како подлога за донесување рационални деловни одлуки

Целта на финансиската анализа е квантифицирање и оценување на функционалните

односи што постојат меѓу билансните позиции со цел добивање веродостојни

информации за финансиската положба и активностите на деловниот субјект. Имено, со

оваа анализа се врши испитување на односите меѓу поврзаните делови на финансиските

извештаи, со цел да се истакнат и да се објаснат клучните релации од кои зависат

сегашната и идната финансиска состојба на деловниот субјект.

Page 51: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

51

Рацио-броеви36

се броеви што претставуваат однос меѓу две функционално

поврзани билансни позиции. Тие се користат во парцијалните финансиски анализи.

Всушност, анализата со помош на рацио-броевите има цел да ја оцени финансиската

состојба и да се идентификуваат очекуваните промени во идната финансиска состојба на

деловниот субјект.

При анализирање на резултатите од оваа рацио-анализа се користат рацио-броеви

од претходните години; рацио-броеви што се утврдени како плански величини во

конкретен деловен субјект; рацио-броеви што се посакувани, на пр., оние што се

однесуваат на најуспешниот деловен субјект во дејноста; итн.

Особено значајни се оние показатели што се просечни за одредена индустриска

гранка и се врши нивно споредување.

Рацио-броевите можат да се групираат на најразлични начини, но најчесто за

потребите на рацио-анализата, се групираат на следниов начин:

Показатели на ликвидност

Показатели на активност или ефикасност

Показатели на финансиска структура

Показатели на рентабилност.

2.4.1. Показатели на ликвидност

Ликвидноста (liquidity) претставува способност на деловниот субјект да може да ги

намири сите свои тековни обврски во предвидениот рок со достапните краткорочни

извори. Ликвидносната состојба на деловниот субјект е значаен елемент на нејзиното

финансиско здравје од причина што од неа зависат не само добрите деловни односи со

доверителите и со другите стејкхолдери туку и нејзиниот опстанок, бидејќи деловниот

36

Поимот „рацио“ потекнува од англискиот јазик што означува однос.

Page 52: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

52

субјект што е неликвиден во одреден временски период е сериозен кандидат за стечај и

ликвидација. 37

Суштината на управувањето со ликвидноста произлегува од тоа дека достасаните

обврски, под нормални услови, можат да се исплатат исклучиво преку ликвидни

средства.

Под ликвидни средства се подразбира дел од обртните средства што веднаш или во

релативно краток рок можат да се употребат за исплата на краткорочните обврски. Тука

спаѓаат готовината, краткорочните побарувања и пласманите во краткорочни хартии од

вредност. Во помалку ликвидни средства спаѓаат залихите и однапред платени трошоци,

за кои е потребно малку подолго време да се конвертираат во готовина за да се исплатат

краткорочните обврски.

За да се изврши исплатата на тие обврски, потребната готовина се набавува преку

продажба или наплата на побарувања, или извори надвор од деловниот процес. Затоа,

рацио-анализата на ликвидноста треба да даде информациска основа за одговор на

прашањето: „Дали деловниот субјект располага со доволно готовина и средства

(побарувања и залихи) што можат под нормални околности релативно брзо (пред

достасување на обврските) да се претворат во готовина за да одговори на обврските што

достасуваат?“

Мерењето на краткорочната ликвидност претставува прв тест на финансиската

состојба на деловниот субјект во смисла дали има доволно готовина во блиска иднина да

ги сервисира краткорочните обврски што достасуваат. За статистичка анализа се користат

следниве видови рацио-ликвидности:

1. Рацио на тековна (општа) ликвидност ( RTL),

Показателот на тековната ликвидност е најопшт индикатор за ликвидноста на деловниот

субјект што укажува на способноста на деловниот субјект за тековно намирување на

обврските. 38

37

Арсов, д-р Сашо,: „Финансиски менаџмент“, Економски факултет – Скопје, 2008 година 38

Mesarič, Petra: „Temeljni pokazatelji analize financijskih izvještaja“, Istraživački rad, Zagreb, 2009 god.

Page 53: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

53

Тековните обврски се обврски чиј рок на достасување е една година и тие би

можеле да се намират од расположливите средствата што би се претвориле во готовина

во период од една година.

Тековна ликвидност = обртни средства

краткорочни обврски

Со податоците од претходната табела за 2014 година, имаме:

Тековна ликвидност = 28.450

21.540= 1,32

Овој показател се смета за прифатлив, односно деловниот субјект се смета за

ликвиден доколку тековната ликвидност е поголема од 1. Најчесто се препорачува

показателот на ликвидност да изнесува приближно 2. Но, сепак, индикаторот на превисока

тековна ликвидност не индицира секогаш позитивно.

Имено, таа може да биде резултат на постоењето на стари залихи во деловниот

субјект што во никој случај не треба да се сметаат како извор на ликвидни средства и со

тоа постоење на ликвидност.

Овој показател претставува индикатор на заштита на краткорочните кредитори и

затоа е пожелно за деловниот субјект степенот на покриеност на краткорочните обврски

да биде што поголем и со тоа нивните побарувања подлежат на помал ризик од

ненаплатливост.

Недостаток на овој показател е тоа што не прави разлика меѓу различни видови

обртни средства, од кои некои се поликвидни од другите.

Page 54: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

54

2. Рацио на забрзана (моментна, ригорозна, редуцирана) ликвидност

Основна задача на овој показател е да ја дополни сликата што ја дава претходниот

показател. Односно, целта на овој показател е да даде процена на можноста деловниот

субјект да ги исплати своите краткорочни обврски употребувајќи го својот најликвиден

имот. Имено, според него, се одземаат залихите и тоа не само оние застарените туку

залихите воопшто бидејќи не претставуваат толку ликвиден извор на средства како што

се паричните средства и побарувањата. Суштината на показателот на моментната

ликвидност е тоа што ги одзема залихите од обртните средства и на тој начин ја

пресметува ликвидноста како способност на деловниот субјект да одговори на

достасаните обврски во најкус рок. 39

На пример, доколку се работи за залихи на

материјали, прво тие мора да се потрошат во процесот на производство за да се добие

готов производ, а потоа треба да помине прилично дополнително време за да се продадат

залихите на готови производи.

Моментна ликвидност = обртни (тековни) средства − залихи

краткорочни обврски

Моментална ликвидност = 28450 − 15425

21540= 0,60

Доколку овој показател е поголем од 1, тогаш се оценува како задоволителна. Од

примерот може да се заклучи дека моментната ликвидност не е задоволителна бидејќи не

го надминува показателот 1. Суштината на овој показател е дека треба да изнесува

минимално 1 или повеќе, односно тековните обврски не би смееле да бидат поголеми од

39

Арсов, д-р Сашо: „Финансиски менаџмент“ Економски факултет – Скопје, 2008 година

Page 55: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

55

најликвидните средства. Но треба да се забележи големото учество на залихите во

вкупните обртни средства.

Имено, овој показател најчесто го користат банките и другите кредитори, а служи

како предупредување на опасноста од неможноста должникот да ги исплати своите

обврски во рокот на достасување.

Кога се работи за деловни субјекти што немаат залихи (готови производи,

материјали или недовршено производство), често постои еднаквост меѓу општата и

ригорозната ликвидност.

3. Рацио на парична ликвидност

Овој вид показател се пресметува со помош на следнава формула:

Рацио на парична ликвидност =Готовина

Краткорочни обврски или достасани обврски

- Доколку показателот е поголем од 1, тогаш соодветниот деловен субјект е

ликвиден на денот на мерење на ликвидноста.

- Доколку показателот е еднаков на 1, тогаш тоа е минималната граница под

која тој не треба да се спушти.

- Доколку показателот е помал од 1, тогаш расположливата готовина не е

доволна за намирување на достасаните обврски.

4. Нето обртни средства

Овој показател ги прикажува обврските на деловниот субјект на краток рок и

укажува на оној дел од вкупните обртни средства што е прибавен од долгорочни извори

на финансирање. Колку се поголеми нето обртните средства, толку е поголема

Page 56: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

56

ликвидноста на деловниот субјект. Овој показател е мошне значаен за краткорочните

кредитори што го набљудуваат конкретниот деловен субјект и го анализираат, бидејќи

тој е индикатор за краткорочната ликвидност и способноста за враќање на обврските.

Пред да одобри кредит, банката врши анализа на ликвидноста на деловниот субјект, но и

од односот на краткорочните обврски спрема нето обртните средства, кои на некој начин

служат како гаранција дека деловниот субјект ќе ги исполни своите обврски. Се

претпоставува дека деловниот субјект што има поголем износ на нето обртни средства, со

истата брзина на конверзација на залихите и побарувањата во готовина, автоматски

обезбедува и сразмерно поголем степен на ликвидност.

Всушност, овој показател се пресметува на следниов начин:

Нето обртни средства = Обртни средства – Краткорочни обврски40

Сите претходно споменати рацио-показатели се однесуваат на различни аспекти на

циклуси на наплата и исплата. Треба да се запази општиот принцип дека секој дел од

рациото мора да биде релевантен за корисниците кон кои е упатен. Исто така, вкупниот

рацио треба да ги рефлектира интересите на одредени корисници на информации, односно

да можат да ги применуваат како база врз која во иднина ќе ги насочуваат своите

активности.

Сепак, треба да се потенцира тоа дека аналитичарот мора да ги земе предвид

ограничувањата и да изврши потребно модифицирање на финансиските извештаи за

потребите на рацио-анализата (дефлација, елиминирање на влијанието на сезонските и

цикличните движења, впросечување на одредени вредности), бидејќи механичкото

пресметување и интерпретација на одделните показатели може да биде опасно и да

наведува до погрешни заклучоци. Неминовно е тоа дека внимателното и промислено

користење на техниките на рацио-анализата, притоа, почитувајќи ги постојните

40

Miličevic B. (2009), Metodološki postupci u oceni finansijskog stanja preduzeča, Beograd.

Page 57: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

57

ограничувања, му овозможува на екстерниот аналитичар сосем солиден увид во

финансиската состојба и моќта за заработка на соодветниот деловен субјект.

Со цел да се спречи донесување погрешни заклучоци, им се препорачува на

аналитичарите следење и контрола на други показатели што не се директно изведени од

финансиските извештаи на деловниот субјект. Тоа се, всушност, промените во бројот на

вработените, промените на односот на менаџментот кон опкружувањето или обврските,

промени во услугите што вообичаено им стојат на располагање на самите купувачи, па и

други промени во однос на сликата на субјектот во јавноста и околината. Исто така, не

треба да се занемари и внимателното следење на исправноста и законитоста на работењето

на менаџментот и проучувањето на извештаите на менаџментот.

Од сето ова, може да се заклучи дека оцената на финансиската состојба на

конкретен деловен субјект треба да се базира не само врз согледување на сите рацио-

показатели туку и да се разгледуваат низа квалитативни показатели што се поврзани со

специфичните карактеристики на деловниот субјект. Целта на финансиската анализа не е

само да се утврди дали финансиската состојба е поволна или неповолна, туку да помогне

да се конципира таква финансиска структура што најуспешно овозможува реализација на

целите на деловниот субјект со почитување на принципите на деловната политика и

постојано приспособување кон тековните промени.

2.4.2. Показатели на активност (коефициенти на обртот на деловни средства)

За време на работењето деловните субјекти настојуваат да располагаат со

средствата што поефикасно, односно да се вложуваат што помалку, а да се остварува што

поголем обем на активности.

Таа ефикасност се добива со односот меѓу остварениот обем на активности

(односно приходите и расходите како финансиски израз на количината и асортиманот на

реализирани и произведени производи) и вложувањата во деловни средства. Показателите

што произлегуваат од тој однос се нарекуваат показатели на активност.

Page 58: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

58

Имено, овие показатели даваат одговор на прашањето колку деловниот субјект

ефективно ги користи расположливите средства, односно претставува база за оцена дали

билансно изразените средства одговараат во висина на остварените (планираните)

приходи.

Значењето на утврдувањето на овој показатели се согледува од аспект на

управувањето со финансиите бидејќи релацијата на ефектите и вложувањата директно го

детерминираат степенот на ликвидност и рентабилност на деловниот субјект.

Доколку деловниот субјект ефикасно управува со своите средства, ќе оствари брз

обрт на своите средства и брзо ќе се претворат во парични средства што се неопходни за

покривање на краткорочните обврски. Со побрз обрт, деловниот субјект ќе оствари и

поголема ликвидност, помала ангажираност на обртни средства, а со тоа ќе се намали и

потребата од задолжување.

Од групата показатели на активност, како позначајни може да се издвојат следниве:

a) Коефициент на обрт на побарувања = Нето-приходи од продажба

Просечно салдо на купувачи

Мошне е значајно да се антиципира периодот во кој може да се очекува конверзија

на побарувањата од купувачите во готовина.

Со помош на овој коефициент се пресметува понатаму просечниот период на

наплата на побарувањата, и тоа со следнава формула:

Просечен период на наплата = 365

Коефициент на обрт на побарувањата

Резултатот од овој однос покажува колку дена му се потребни на конкретниот деловен

субјект да ги наплати сопствените побарувања, односно временскиот период за кој ги

кредитира купувачите.

Page 59: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

59

При анализа на овие показатели треба да се има предвид дека вкупниот износ на

побарувања од купувачите зависи од обемот на реализација, но и од политиката на

кредитирање на купувачите и од степенот на ефикасност на наплатата.

Набавна вредност на продадени производи

b) Коефициент на обрт на залихи = -------------------------------------------

Просечно салдо на залихи

Во деловните субјекти во кои вложувањата во залихи имаат голем удел во

структурата на средствата, многу е важно анализирањето на нивната конвертибилност во

готовина. Овој показател покажува дали деловниот субјект во настојувањето да обезбеди

континуитет во своето производство ангажира висок обем на средства во залихи.

Доколку се работи за залихи на материјали за производствениот процес, тоа

укажува на потребата од анализа на функционирањето на набавниот сектор, кој, можеби,

во настојувањето да се минимизира ризикот од застој во производствениот процес

ангажира вишок обем на инпути и со тоа се натрупуваат залихи. Со тоа, се создава

неусогласеност меѓу инпутите и аутпутите што мора да биде финансиран на соодветен

начин. Деловниот субјект може да ги финансира залихите со сопствени средства, но без

разлика, мора да се има предвид дека тоа не се бесплатни средства, тие имаат свој

опортунитетен трошок.

Доколку коефициентот на обрт на залихи е низок, може да биде индикатор за

неадекватно функционирање на маркетингот и на продажниот сектор.

Имено, иако во залихи спаѓаат и залихите на готови производи, во пресметувањето на овој

коефициент се користат трошоците бидејќи сите залихи во деловните субјекти се

евидентираат по набавна вредност, а не по продажна.

Со помош на овој коефициент понатаму се пресметува просечниот период на

врзување на средствата во залихи, и тоа со следнава формула:

Денови на врзување =365

Коефициент на обрт на залихи

Page 60: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

60

Резултатот од овој однос го покажува периодот на врзување на средствата, при што

треба да се има предвид дејноста на деловниот субјект од аспект на процесот на

работењето во него.

c)

Коефициент на обрт на снабдувачи= Набавна вредност на продадени производи + Промена на состојбата на залихи

Просечна состојба на снабдувачи

Со помош на овој коефициент, понатаму се пресметува просечниот период на

исплата на обврските, и тоа со следнава формула:

Просечен период на исплата на обврските41 = Просечни обврски кон доб. × 365

Вкупен износ на годишни набавки

Резултатот од овој однос покажува колку дена му се потребни на конкретниот

деловен субјект да ги исплати своите обврски, односно временскиот период за кој е

кредитиран од снабдувачите. Познавањето на просечниот период за исплата на обврските

кон снабдувачите претставува значаен параметар во дефинирањето на кредитната

политика на деловниот субјект, бидејќи само наплатата на побарувањата обезбедува

средства за исплата на обврските кон снабдувачите.

Доколку просечното време укажува на често одложување на обврските за плаќање

кон снабдувачите, тоа може да има негативни последици за субјектот. Тие се согледуваат

во тоа дека се создава лоша слика за способноста на деловниот субјект навреме да ги

намирува своите обврски и да ги пролонгира роковите за плаќање што може да доведе до

зголемување на трошоците за затезни камати.

Сепак, овој резултат треба да подлежи на дополнителни анализи бидејќи треба да

се имаат предвид валутите што му се одобрени на деловниот субјект од снабдувачите.

Во текот на работењето снабдувачите даваат различни валути (рокови за плаќање)

на фактурите, затоа при пресметка на овој показател треба да се земат предвид и тие

41

41

Арсов, д-р Сашо: „Финансиски менаџмент“, Економски факултет – Скопје, 2008 година

Page 61: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

61

информации што имаат големо значење за попрецизно и поточно пресметување на

периодот на исплата на обврските.

d) Коефициент на обрт на нето обртни средства = Нето-приход од продажба

Просечни нето обртни средства

e) Коефициент на обрт на вкупните средства = Приходи од продажба

Просечни вкупни средства

Овој коефициент ја покажува ефикасноста во користењето на средствата во

деловниот субјект. Колку е поголем коефициентот на обрт, толку е поповолно за

деловниот субјект. Но, сепак, треба да се има предвид и дејноста на самиот деловен

субјект, бидејќи некои деловни субјекти во зависност од дејноста имаат поголем или

помал обрт во своето работење.

2.4.3. Показатели на финансиска структура (задолженост)

Показателите на финансиската задолженост имаат исклучително значење за

неговата финансиска состојба. Имено, финансиската структура го претставува односот

меѓу сопствените и зајмените извори на финансирање. Анализата првенствено се заснова

врз позициите од пасивата од билансот на состојба. При утврдување на одредени

показатели се применуваат односи меѓу основните позиции од пасивата на билансот на

состојба, но можат да се користат и податоци од билансот на успех за оптоварување на

деловната добивка со фиксни обврски на име камата. Финансирањето на вкупните

средства во активата се извршува со обврски или со сопствен капитал. Во зависност од

индивидуалните потреби на деловните субјекти и структурата на активата, структурата

на пасивата може да биде формирана на различни начини. Додека, пак, при формирањето

на пасивата треба да се има предвид дали се задоволени условите на билансните правила

бидејќи таа може да биде формирана според потребите на деловниот субјект.

Page 62: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

62

Затоа, меѓу показателите на финансиската структура, пред сè, се вбројуваат

релативните односи меѓу вкупните и сопствените извори на финансирање и коефициент

на фиксните расходи на име камата. Кон нив треба да се додаде и коефициентот на

покривање на вкупниот долг со кој се изразува способноста на деловниот субјект да ги

плаќа периодичните расходи на име камата заедно со отплатата на главницата.

Присуството на овие расходи во билансот на успехот потврдува дека деловниот

субјект ангажира туѓи извори на финансирање, а нивната висина на индиректен начин

зборува за структурата на финансирање на деловниот субјект.

Обврските според основата на изворите на финансирање се од фиксен карактер и

приоритетни, па не зависат од остварените ефекти од активностите (деловната добивка),

односно мораат да се исплатат дури и во случај на работење со загуба.

a) Показател на задолженост = Зајмени средства (долг. и крат. обврски)

Вкупна пасива

Овој однос е индикатор за учеството на зајмените средства во финансирањето на

деловниот субјект.

Високата вредност на показателот на задолженост покажува дека во структурата на

изворите на финансирање доминираат зајмените средства, и обратно, ниската вредност на

овој показател значи дека поголемиот дел од долгорочниот капитал се финансира од

сопствени извори.

Овој показател се разликува од субјект до субјект и не постои однапред утврден

стандард. За да се добијат определени информации, потребно е да се спореди со

претходните години кога е во прашање учеството на зајмените извори како и со просекот

во гранката во која дејствува деловниот субјект.

Page 63: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

63

б) Однос меѓу долгорочните обврски и сопствениот капитал =

Долгорочните обврски и резервирања

Сопствен капитал

Целта на овој показател е да се измери ефектот од финансирањето од зајмени

средства врз рентабилноста или степенот на принос од сопствен капитал.

в) Коефициент на покривање на каматата= Деловна добивка

Трошоци од камати од кредити

Со помош на овој показател се искажува колку една парична единица расход на

име камата е покриена со парични единици на деловната добивка, односно се согледува

способноста на деловниот субјект за отплата на трошоците на финансирањето.

Деловните субјекти во текот на своето работење се финансираат со долгорочни

кредити или емисии на обврзници. Оттука произлегуваат фиксните периодични расходи

на име камата како и фиксната обврски што мора да се намири.

Сите овие издатоци за камата паѓаат на товар на деловната добивка. Како и

претходниот, така и овој показател треба да се спореди со неговата вредност за

соодветниот деловен субјект во претходните години. Исто така, и овде не постои утврден

стандард за неговата големина. Затоа, при носењето на одлуките за одобрување кредит,

аналитичарите користат и други податоци, првенствено засновани врз процена на

стабилноста на деловните активности на деловниот субјект и способноста за

постигнување позитивни резултати во наредниот период.

Page 64: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

64

2.4.4. Показатели на рентабилност

Целта на секој деловен субјект е максимизирање на добивката на долг рок, а целта

на показателите на рентабилност е да се согледа степенот на остварување на поставените

цели.

Позитивната разлика меѓу деловните приходи и расходи претставува деловна

добивка што се остварува со ангажирање деловни средства што се користени за

извршување на деловните активности.

Секој приход претставува зголемување на активата или намалување на пасивата,

додека, пак, расходите претставуваат намалување на активата и зголемување на пасивата.

Приходите или расходите (добивката или загубата) произлегуваат од ангажирањето

средства и извори на финансирање.

Во зависност од ефикасноста при користењето на средствата, деловните субјекти

остваруваат добивка или загуба.

Рентабилноста е економско начело на работење со чија примена се постигнува

работење во кое со што помалку ангажирани средства се остварува поголема добивка. За

да работи рентабилно деловниот субјект е потребно со што помали трошоци да го

извршува својот производствен процес. Затоа показателите се од особена важност бидејќи

му овозможуваат на менаџерот преземање соодветни мерки за рационализација на

трошоците, посебно на општите трошоци и трошоците на продажба.

Показателите на рентабилност претставуваат релативни односи на две позиции

каде што во броителот се наоѓа добивката, а во именителот некоја форма на средство на

деловниот субјект. На овој начин добиваме неколку битни показатели на рентабилност:42

a) Стапка на профитабилност = Нето-профит

Вкупен приход

42

Stevanović N.Miličevivč D(2009): „Upravljačko raćunovodstvo“, Centar za izdavačku delatnost, Ekonomski

fakultet, Beograd.

Page 65: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

65

Основната цел на деловниот субјект е остварување на што поголема стапка на

профит со што помала ангажираност на средства. Врз основа на ангажираните средства, се

остварува или приход или можна добивка. Доколку приходите се поголеми од расходите,

тогаш се остварува профит.

б)

Стапка на поврат на деловни средства = Нето-добивка

( ROA- Return of assets) = Просечни деловни средства

Максимизирањето на стапката на враќање на средствата е можна преку две варијанти:

Зголемување на стапката на нето-добивка или/и зголемување на обртот на деловни

средства.

в)

Стапка на поврат на сопствен капитал = Нето добивка

( 𝐑𝐎𝐄 –𝐑𝐞𝐭𝐮𝐫𝐧 𝐨𝐟 𝐞𝐪𝐮𝐢𝐭𝐲)) = Просечен сопствен капитал

Активата што е финансирана од сопствен капитал се добива кога од вкупната актива се

одземаат обврските што ги има деловниот субјект кон други лица.

Максимизирање на стапката на враќање на сопствениот капитал се добива со

максимизирање на стапката на деловна добивка или/и максимизирање на коефициентот на

обрт на активата што е финансирана од сопствен капитал.

Page 66: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

66

При користење туѓи извори на финансирање се плаќа камата што ја намалува

стапката на враќање, па од тие причини, битно е да се пресмета стапката на принос на

сопствените средства.

Со помош на анализата Дипонт што се користи во финансискиот менаџмент, се

вршат оцени за деловните субјекти врз основа на утврдување на поврзаноста меѓу

финансиските коефициенти. Анализата Дипонт почнува од стапката на принос на

сопствениот капитал (ROE) како еден од општите показателите на успешноста на

работењето на деловните субјекти.

Стапката на враќање сопствени средства претставува производ од:

Стапката на поврат на вкупните средства

Мултиприкаторот на сопствениот капитал

Коефициентот на финансиска структура на капитал

Стапката на враќање на вкупни средства =

Нето − добивка

Приходи од продажба × Коефициентот на обрт на вкупни средства 43

Сопствениот капитал =Мултипликаторот на нето − добивка

Нето − добивка + (камата Х ( 1 – даночна стапка) )

43

Коефициентот на обрт на вкупни средства претставува количник од нето-добивката и просечните вкупни

средства.

Page 67: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

67

Мултипликаторот покажува колку парични единици нето-добивка ќе останат како

потенцијален принос за акционерите во однос на вкупниот принос за сите стејкхолдери.

Финансиска структура =

Коефициент на просечни деловни средства (долгорочни и обртни )

Просечен сопствен капитал

Коефициентот на финансиска структура покажува колку на секоја парична единица

од сопствениот капитал има ангажирани обртни и долгорочни средства.

Всушност, тој мери во колкав степен деловниот субјект се потпира на зајмени

извори на финансирање (долгорочни и краткорочни обврски).

Конкуренцијата ја привлекува високиот показател ROE, со намера да ги искористи

тие позитивни перформанси. Со текот на времето со самото освојување на пазарот RОЕ

паѓа под неговиот просек. Нискиот ROE ја одбива конкуренцијата и ги тера постојните

деловни субјекти да излезат од таа дејност, така да оние субјекти што остануваат ROE

расти на просечно ниво.

Page 68: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

68

3. Анализа на финансиските извештаи на СУПЕРТРЕЈД ДОО

3.1. Методолошки пристап за применетата анализа

За да се овозможи квалитетна анализа на работењето на некој деловен субјект,

неопходна е адекватна информациска подлога во вид на сметководствени, односно

финансиски информации. Со помош на финансиската анализа податоците од

финансиските извештаи се претвораат во корисни информации, релевантни за управување

со работењето и развојот на деловниот субјект.

Анализата на финансиската состојба и успешноста претставува основен елемент на

утврдување на вкупните деловни позиции на некој деловен субјект на пазарот и

стратегијата врз која се заснова неговиот развој. Работејќи во денешни пазарни услови,

ниту развојот ниту опстанокот на деловниот субјект не се однапред обезбедени. Задачата

на финансиската анализа е да ги препознае добрите особини на деловните субјекти за да

можат тие да се искористат на вистински начин, но и да се препознаат слабите страни за

да можат да се преземат соодветните корективни мерки. Со еден збор, основната цел на

анализата на финансиските извештаи е оцена на поранешните остварувања, но и

создавање основа за донесување одлуки за некои идни остварувања.

Овој магистерски труд е насочен кон анализа на двата финансиски извештаја што

даваат базични информации за работењето на деловниот субјект, а тоа се билансот на

состојба и билансот на успех. Имено, анализата на овие два финансиски извештаја ќе се

изврши со користење на рацио-анализата за набљудуваните две години од работењето

(2013 и 2014 година) со што би се добила слика за финансиска состојба на набљудуваниот

субјект „Супертрејд ДОО“, кој работи во секторот нафтената индустрија.

Кога станува збор за анализа на финансиските извештаи, таа во суштина се

идентификува со анализа со помош на финансиски показатели (коефициенти,

индикатори).

Показателите претставуваат односи меѓу две величини изразени во математичка

формула и имаат своја вредност само ако се правилно интерпретирани. Тие ја покажуваат

Page 69: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

69

финансиската состојба на конкретен деловен субјект, односно насоката во која се движи

со оглед на поставените цели. Имено, за донесување рационални одлуки, потребно е

финансиската анализа да ја долови правилната и реалната состојба на деловниот субјект.

Притоа е мошне важно кои податоци ќе се селектираат, како ќе се анализираат и како ќе

се дојде до крајните резултати, односно до заклучоците за постигнатите резултати.

Врз основа на информациите за финансиската состојба на деловниот субјект и

деловните резултати, може да се донеси одлука за инвестирање, односно купување хартии

од вредност од тој деловен субјект. За оваа одлука е потребен најбитниот индикатор –

способноста на деловниот субјект да генерира готовина во иднина. Меѓутоа,

финансиската состојба е под влијание на финансиската структура, ликвидноста,

солвентноста и способноста на вистински начин да се управува со расположливите

ресурси, како и успешно приспособување кон настанатите промени на пазарот.

Овој дел од трудот е наменет за практична примена на показателите за анализа на

финансиските извештаи што се прикажани во претходниот теоретски дел на трудот.

Имено, спроведена е финансиска анализа на деловниот субјект „Супертрејд ДОО“ Скопје

со помош на четири групи показатели: показатели на ликвидност, показатели на

активност, показатели на финансиската структура и показатели на рентабилност.

За оваа цел, се користат податоците од ревидираните финансиски извештаи на

конкретниот деловен субјект и на синтетички начин ќе бидат прикажани најосновните

финансиските показатели потребни за оцена на успешноста на работењето.

Показателите на ликвидност и активност се насочени кон мерење на сигурноста во

работењето, додека, пак, показателите на финансиска структура и рентабилност се

насочени кон мерење на успешноста во работењето.

Во овој труд ќе бидат презентирани само овие показатели, но треба да се напомене

дека при деловното одлучување е потребно да се користат и други финансиски показатели

што не се опфатени со овој труд, како и многубројни нефинансиски показатели што имаат

сѐ поголема улога како помош на менаџерите при носењето на деловните одлуки.

Page 70: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

70

3.2. Анализа на финансиските показатели на СУПЕРТРЕЈД ДОО

Друштвото за производство, промет и услуги „Супертрејд ДОО“ Скопје е основано

во 1991 година. Основната дејност на друштвото е трговија на големо и мало со нафта и

нафтени деривати. Просечниот број на вработени за 2015 година изнесува 31 вработен.

Друштвото ја води својата сметководствена евиденција и ги подготвува своите законски

финансиски извештаи во согласност со Законот за трговски друштва и меѓународните

стандарди за финансиско известување (МСФИ) што се применуваат во Република

Македонија.

БИЛАНС НА СОСТОЈБА44

( Извештај за финансиската состојба)

На 31 декември 2014 година

2014 2013

АКТИВА

Нематеријални средства 47.468 0

Материјални средства 79.444.552 70.011.104

Долгорочни финансиски средства 41.245.401 11.430.769

44

Износите што се наведени во овој труд се преземени од официјалните финансиските извештаи на

деловниот субјект

Page 71: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

71

Вкупно нетековни средства 120.737.421 81.441.873

Тековни средства

Залихи 70.269.250 8.499.040

Краткорочни побарувања 201.228.210 154.975.908

Краткорочни финансиски средства 11.929.662 12.229.662

Парични средства и парични еквиваленти 10.216.663 3.842.939

Вкупно тековни средства 293.643.785 179.547.549

Платени трошоци за идните периоди 220.677 1.603.498

и пресметани приходи (АВР)

ВКУПНО СРЕДСТВА 414.601.883 262.592.920

ПАСИВА

ГЛАВНИНА И РЕЗЕРВИ

Основна главнина 318.900 318.900

Резерви 855.666 855.666

Акумулирана добивка 51.766.915 34.074.743

Page 72: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

72

Добивка за деловната година 52.870.013 42.443.812

Пренесена загуба - 162.782 - 162.872

Вкупно главнина 105.648.712 77.530.339

Нетековни обврски (долгорочни)

Обврски за кредити и заеми 51.507.160 31.332.560

Тековни обврски (краткорочни)

Обврски кон снабдувачи и 143.447.514 105.007.991

Обврски за кредити и заеми 113.995.720 46.086.715

Вкупно тековни обврски 257.443.234 151.094.706

Одложено плаќање на трошоци и приходи

на идните периоди (ПВР) 2777 2.635.315

ВКУПНО ПАСИВА 414.601.883 262.592.920

Основната главнина на Друштвото се состои од непаричен влог во износ од

318.900,00 денари, што е во согласност со Законот за трговски друштва, износот на

основната главнина да изнесува 5.000 евра.

Друштвото има задолжителна резерва, како општ резервен фонд, која се формира

по пат на зафаќање процент од нето-добивката. Издвојувањето се врши сѐ до моментот

Page 73: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

73

додека резервата не достигне износ што е еднаков на 1/10 од основната главнина. До

достигнување на законскиот минимум, оваа резерва може да се користи само за

покривање загуба, а кога ќе го надмине предвидениот минимум, вишокот може да се

користи по претходно донесена одлука на основачите и за дополнување на износот

утврден за исплата на дивиденди.

Друштвото управува со капиталот за да се осигури дека ќе биде во можност да

продолжи да работи според принципот на континуитет, и во исто време да го максимизира

повратот на сопственикот. Структурата на капиталот на Друштвото се состои од основна

главнина, резерви и акумулирана добивка. Друштвото ја следи структурата на изворите на

финансирање врз редовна основа анализирајќи ги трошокот на капиталот и ризиците

поврзани со секоја одделна класа на капиталот.

Финансиските ризици се следат врз временска основа, и се избегнуваат

првенствено преку намалувањето на изложеноста на Друштвото на овие ризици.

Износот на овие резерви на 31 декември 2014 година изнесува 855.666,00 денари.

Побарувањата од купувачите се зголемени за 30 % во 2014 година во однос на 2013 година

како резултат на голем број потпишани договори за испорака на нафта и нафтени

деривати, додека обврските кон снабдувачите се зголемени за 36 % во 2014 година во

однос на 2012 година како резултат на големите набавки и издадените гаранции кон

странските снабдувачи.

Page 74: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

74

БИЛАНС НА УСПЕХ 2014 2013

(Извештај за добивка или загуба)

Приходи од работењето 4.829.860.994 3.653.822.733

Приходи од продажба 4.808.869.214 3.640.100.993

Други приходи 20.991.780 13.721.740

Расходи од работењето 4.748.510.895 3.614.482.968

Финансиски приходи 37.449.850 18.205.092

Финансиски расходи 59.547.128 14.594.771

Добивка од редовното работење 59.252.821 42.950.086

Добивка пред оданочување 59.252.821 42.950.086

Данок на добивка 6.382.808 506.274

Нето-добивка за деловната година 52.870.013 42.443.812

Page 75: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

75

Она што може да се забележи како добар показател е подобрување на

финансискиот резултат на деловниот субјект. Исто така, за разлика од 2013 година,

приходите од работењето во наредната 2014 година се зголемиле на 4.829.860.994 денари,

односно за 32%.

Во современи услови на работење, билансот на успехот првенствено има цел да им

даде на кредитните аналитичари релевантни информации поврзани со деловното

одлучување, планирање и развој на деловниот субјект.

Може да се сумираат карактеристиките на билансот на состојба и билансот на

успех, односно нивната поврзаност се согледува во следново:

MKD 0

MKD 2 000

MKD 4 000

MKD 6 000

2014 2013

Ми

ли

он

и

Приходи

Приходи од работењето

Финаниски приходи

MKD 0

MKD 2 000

MKD 4 000

MKD 6 000

2014 2013

Ми

ли

он

и

Расходи

Расходи од работењето

Финансиски расходи

MKD 0

MKD 100

MKD 200

MKD 300

Ми

ли

он

и

Актива

2014

2013 MKD 0

MKD 100

MKD 200

MKD 300

Ми

ли

он

и

Пасива

2014

2013

Page 76: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

76

Билансот на состојба ја искажува состојбата на имотот, капиталот и обврските на

ден на билансирањето, при што добивката претставува зголемување на имотот и

сопствениот капитал, а добивката претставува намалување на имотот и на сопствениот

капитал.

Билансот на успех ја искажува појавата на вкупното зголемување на сопствениот

капитал (приходи) и вкупното намалување на сопствениот капитал (расходи) во текот на

претсметковниот период, а разликата меѓу нив претставува финансиски резултат што се

прикажува во билансот на состојба како нето-зголемување на сопствениот капитал

(добивка), односно како нето-намалување на сопствениот капитал (загуба).

3.2.1. Показатели на ликвидност

Секој деловен субјект настојува да работи ликвидно, бидејќи ликвидноста

претставува еден од клучните квалитети на работењето, што има исклучително значење

како за деловниот субјект, така и за доверителите. Ликвидноста на деловниот субјект е

тесно поврзана со структурата на изворите на финансирање. Имено, доколку во

структурата на изворите доминираат сопствените извори на финансирање од долгорочен

карактер, дотолку ликвидноста на деловниот субјект е поголема и обратно.

Ликвидноста вообичаено се дефинира како способност на деловниот субјект да ги

извршува своите обврски во полн износ и навреме, а притоа да го зачува потребниот обем

и структура на обртни средства за извршување на тековното работење и кредитниот

бонитет. Деловните субјекти што одржуваат одреден степен на ликвидност нудат широки

гаранции за доверителите дека обврските се исполнуваат во целост и навреме.

За да ја одржува ликвидноста, деловниот субјект треба да настојува редовно да

врши реализација на своите производи и услуги и редовно да врши наплата на

реализацијата.

Page 77: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

77

Стапка на тековна ликвидност (𝐑𝐑𝐑) = тековни (обртни)средства

тековни (краткорочни) обврски)

Стапка на тековна ликвидност = 293.643.785 / 257.443.234 = 1,14 ~ 114 % 45

Стапка на тековна ликвидност = 179.547.549 / 151.094.706 = 1,19 ~ 119 % 46

Доколку износот на овој коефициент е помал од 1, тогаш ликвидноста на

деловниот субјект е најзадоволителна.

Во текот на 2013 година секој денар на краткорочна обврска е финансиран со 1,19

денари обртни средства, додека, пак, во 2014 година секој денар на краткорочна обврска е

финансиран со 1,14 денари на обртни средства.

Коефициентот на тековна ликвидност ја покажува способноста на субјектот за

намирување на тековните обврски и е во рамките на пропишаниот, иако е намален во

однос на претходната година и деловниот субјект може да работи со овие показатели на

тековна ликвидност.

Иако показателот на тековна ликвидност има тенденција на паѓање што е

последица на условите на рецесија на пазарот, доколку земеме предвид дека деловниот

субјект има доверливи извори на приходи што ѝ овозможуваат да работи со ниски

показатели на тековна ликвидност, тогаш може да се констатира дека тековната

ликвидност во набљудуваниот период е задоволителна.

Стапка на забрзана (моментна)ликвидност (RRL)= тековни (обртни) средства-залихи

тековни (краткорочни) обврски

45

Пресметана стапка на ликвидност за 2014 година 46

Пресметана стапка на ликвидност за 2013 година

Page 78: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

78

Стапка на моментна ликвидност = 𝟐𝟐𝟐.𝟐𝟐𝟐.𝟐𝟐𝟐 − 𝟐𝟐.𝟐𝟐𝟐.𝟐𝟐𝟐

𝟐𝟐𝟐.𝟐𝟐𝟐.𝟐𝟐𝟐

= 𝟐,𝟐𝟐 ~ 𝟐𝟐%47

Стапка на моментна ликвдност = 𝟐𝟐𝟐.𝟐𝟐𝟐.𝟐𝟐𝟐 − 𝟐.𝟐𝟐𝟐.𝟐𝟐𝟐

𝟐𝟐𝟐.𝟐𝟐𝟐.𝟐𝟐𝟐

= 𝟐,𝟐𝟐 ~ 𝟐𝟐𝟐%48

Ставајќи ги во однос обртните средства намалени за залихите и краткорочните

обврски, се добива значително поригорозен тест на ликвидноста во однос на општата

(тековна) ликвидност.

Во текот на 2013 година секој денар од краткорочна обврска е покриен со 1,13

денари на обртни средства, додека, пак, во 2014 година секој денар на краткорочна

обврска е финансиран со 0,87 денари обртни средства. Според овој показател, моментната

ликвидност на деловниот субјект е под оптималната ликвидност, бидејќи имаме пад на

ликвидноста во 2014 година.

Стапка на парична ликвидност = парични средства и еквиваленти (готовина)

тековни (краткорочни) обврски

Стапка на парична ликвидност = 10.216.663 / 257.443.234 = 0,04 ~ 4 %49

47

Пресметана стапка на моментна ликвидност за 2014 година 48

Пресметана стапка на моментна ликвидност за 2013 година 49

Пресметана стапка на парична ликвидност за 2014 година

Page 79: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

79

Стапка на парична ликвидност = 3.842.939 / 151.094.706 = 0,03 ~ 3 %50

За да се согледа ликвидноста на еден деловен субјект во целост, неопходна е и

анализата на паричната ликвидност.

Во текот на 2013 година секој денар на краткорочна обврска е покриен со 0,03

денари готовина, додека, пак, во 2014 година секој денар на краткорочна обврска се

финансира со 0,04 денари готовина. Според овој показател, ликвидноста е под оптимално

ниво, но може да се забележи раст на ликвидноста во текот на 2014 година.

Нето обртни средства = Обртни средства – Краткорочни обврски

Нето обртните средства го претставуваат оној дел на обртни средства што е

финансиран од долгорочни извори. Порастот на овој показател не мора да значи

автоматски и пораст на тековната ликвидност мерена преку показателот на општа

ликвидност, бидејќи може да се случи еден субјект да биде истовремено неликвиден.

Затоа, показателот на тековна ликвидност се смета дека е пообјективно мерило наспроти

показателот на нето обртни средства.

Поголемиот износ на показателот на нето обртни средства е важен индикатор на

перспективна ликвидност, бидејќи му овозможува на деловниот субјект нови краткорочни

задолжувања без значајни влијанија на тековната ликвидност мерени преку показателот на

општа ликвидност.

Показател на општа ликвидност = 293.643.785 - 257.443.234 = 36.200.55151

Показател на општа ликвидност = 179.547.549 - 151.094.706 = 28.452.84352

50

Пресметана стапка на парична ликвидност за 2013 година 51

Пресметана стапка на општа ликвидност за 2014 година 52

Пресметана стапка на општа ликвидност за 2013 година

Page 80: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

80

Врз основа на претходните показатели може да се забележи дека во 2014 година имаме

зголемување на показателот на нето обртни средства.

3.2.2. Показатели на активност или ефикасност

Деловните субјекти вложуваат во деловни средства, постојани и обртни, со цел тие

да се користат ефикасно, што, всушност, претставува тежнеење кон остварување на

поголем обем на деловни активности со што помало вложување средства.

Следствено на тоа, финансиските показатели на активност ги опфаќаат сите

релативни односи меѓу приходите и трошоците од една страна, а од друга, поединечните и

вкупните вложувања во деловни средства.

Коефициент на обрт на побарувања од купувачи

= нето − приходи од продажба

просечно салдо на побарувања од купувачи

Стапка на обрт на побарувања од купувачите = 4.808.869.214/ 201.228.210 = 23,90 ~ 2453

Стапка на обрт на побарувања од купувачите = 3.640.100.993 / 154.975.908 = 23.49 54

Коефициентот на обрт на побарувањата за 2014 година изнесува 24. Тоа значи дека

деловниот субјект ги свртува 24 пати просечно побарувањата во текот на годината.

53

Пресметана стапка на обрт на побарувања од купувачите за 2014 година 54

Пресметана стапка на обрт на побарувања од купувачите за 2013 година

Page 81: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

81

Просечен период на наплата = 365

коефициент на обрт на побарувањата

Просечен период на наплата на побарувањата = 365/ 24 = 15,21

Просечен период на наплата на побарувањата = 365/ 23.49 = 15,54

Овој показател покажува дека во 2014 година просечно се потребни 15 дена за наплата на

продадените стоки на купувачите, односно должничко доверителските односи се

решаваат, во просек, за половина месец.

Ова е резултат на продажбата на нафта и нафтени деривати со авансно плаќање или во рок

од 5 дена од испораката согласно со условите од договорите што ги има склучено

субјектот со купувачите.

Коефициент на обрт на вкупните средства = Приходи од продажба

Вкупни средства

За анализата е значајно прашањето за ефикасното користење на деловните средства од

страна на деловниот субјект. Врз основа на пресметката на показателот за обрт на

вкупните средства, може да се пресмета колку денари од деловните приходи се оствариле

на секој денар вложен во деловни средства. При анализата на наведениот показател, треба

да се има предвид дека врз неговата големина влијаат коефициентите на обрт на одделни

облици на деловни средства (коефициент на обрт на купувачи, коефициент на обрт за

залихи итн.)

Во продолжение е прикажана практична пресметка на показателот за обрт на вкупните

средства:

Page 82: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

82

Коефициент на обрт на вкупните средства 4808869214

414601883= 12

55

Коефициент на обрт на вкупните средства 3640100993

262592920 = 14

56

Тоа значи дека за секој денар средство со кое располага, деловниот субјект

генерира 12 денари приход во 2014 година.

Најголемиот ризик од ликвидност со кој се соочува Друштвото се плаќањата врз

основа на обврски за кредити и кон снабдувачите што се управува врз основа на

одржување соодветен однос со наплатата на побарувањата од купувачите.

3.2.3. Показатели на финансиска структура

Како што беше споменато и претходно, вкупните деловни средства на деловниот

субјект може да бидат финансирани од различни извори на финансирање, кои од аспект на

припадноста можат да бидат зајмени и сопствени. Всушност, тој однос меѓу зајмените и

сопствените извори на финансирање се нарекува финансиска структура на деловните

субјекти, која се изразува на страната на пасивата од билансот на состојба.

Вкупните средства во активата се финансираат од обврските или од сопствениот

капитал. Структурата на пасивата може да биде групирана на различни начини за да

одговара на индивидуалните потреби на деловниот субјекти и на неговата структура на

активата. Деловниот субјект со финансирањето на деловните средства во поголема или во

помала мера од туѓи извори презема обврска во одредени фиксни рокови да го исплати

долгот со постојната камата. Присуството на овие расходи во билансот на успех потврдува

дека деловниот субјект ангажира туѓи извори на финансирање, а нивната висина на

индиректен начин зборува за финансиската структура на субјектот.

55

Пресметана стапка на обрт на вкупните средства за 2014 година 56

Пресметана стапка на обрт на вкупните средства за 2013 година

Page 83: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

83

Обврските врз основа на извори на финансирање се од фиксен и приоритетен

карактер. Тие не зависат од остварената деловна добивка, односно мораат да се исплатат

дури и во случај кога деловниот субјект работи со загуба. Поголеми фиксни финансиски

расходи укажуваат и на зголемен ризик, односно опасност да очекуваната готовина од

деловните активности не биде доволна да ги покрие обврските врз основа на долговите.

Меѓу показателите на финансиската структура, се вбројуваат, пред сѐ, релативните

односи на зајмените кон вкупните и сопствените извори на финансирање и коефициентот

на покривање на фиксните расходи на име камата.

Коефициент на вкупна задолженост = вкупен долг

вкупни средства=

308.950.394

414.601.883= 0,75 ~ 75%

Коефициент на вкупна задолженост = 308.950.394

414.601.883= 0,75 ~ 75%

57

Коефициент на вкупна задолженост = 182.427.266

262.592.920= 0,69 ~ 69%

58

Во секој денар на вкупни средства се содржат 0,75 денари на туѓи извори на

финансирање, односно степенот на задолженост на конкретниот деловен субјект изнесува

75%.

За секој деловен субјект големо значење има структурата на зајмените извори на

финансирање поради различното влијание на финансиската структура на самиот субјект.

Поголемото учество на долгорочните кредити е индикатор за неповолна финансиска

структура, затоа мора посебно да се анализира и следниот однос:

57

Пресметана стапка на вкупна задолженост за 2014 година 58

Пресметана стапка на вкупна задолженост за 2013 година

Page 84: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

84

Коефициент на сопствено финансирање = долгорочни обврски и резервирања

сопствен капитал

Коефициент на сопствено финансирање = 51.507.160

120.737.560= 0,43 59

Коефициент на сопствено финансирање = 31.332.560

81.441.873= 0,38

60

Врз основа на добиените резултати од пресметката на претходните два показатела,

секој денар што е ставен во деловни средства, преку задолжување, изнесувал 0,75 денари

во 2014 или 75% и 0,69 денари во 2013 година или 69%. Тоа значи дека во 2014 година

имаме благо влошување.

Што се однесува на односот на долгорочните задолжувања и сопствените извори

може да се заклучи дека на секој денар вложување, деловниот субјект од сопствените

извори ангажира 0,43 денари долгорочен долг во 2014 година, односно долгорочните

задолжувања учествуваат во финансирањето на деловниот субјект со 43% во однос на

сопствениот капитал. Во 2013 година учествуваат со 38% што е поповолно во споредба со

наредната година.

Финансирањето со долгорочни и краткорочни кредити условува плаќање камата, и тоа на

товар на деловната добивка. За да се утврди степенот на финансиско оптоварување,

потребно е да се утврди коефициентот на покриеност на каматата од деловната добивка.

Тој коефициент се пресметува на следниов начин:

59

Пресметана стапка на сопствено финансирање за 2014 година 60

Пресметана стапка на сопствено финансирање за 2013 година

Page 85: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

85

Показател за покриеност на камата оперативна (деловна )добивка

камата

Показател за покриеност на камата = 59.252.821

7.440.061= 7,96 61

Показател за покриеност на камата = 42950086

4134150= 10,39 62

Колку е понизок овој показател, толку повеќе деловниот субјект е оптоварен со

трошоци на име камата. Така, во 2014 година стапката на покриеност на камата изнесува

7,96, и тоа значи дека деловната добивка за 7,96 пати го надминува износот на трошоците

за камата.

Секој денар на трошок за камата се покрива со 7,96 денари од деловната добивка.

Не е потребно посебно да се нагласува дека поголем степен на покриеност на

трошоците за камата со деловна добивка автоматски значи и поголема заштита на

интересот на доверителите, односно подобра кредитна способност на деловниот субјект.

Всушност, овој показател изразува колку секоја парична единица на име расход на име

камата е покриена со парична единица од деловната добивка. При анализа на овој

показател треба да се нагласи дека не постојат некои стандарди и општоприфатени

критериуми за неговата големина. Користењето на самонаведениот показател во

процената на финансиското оптоварување на деловниот субјект не може да даде

вистинска слика, затоа при носење одлуки за одобрување кредит, аналитичарите се служат

и со низа други податоци, првенствено засновани врз процена на стабилноста на

61

Пресметана стапка на покриеност на камата за 2014 година 62

Пресметана стапка на покриеност на камата за 2013 година

Page 86: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

86

деловните активности на деловниот субјект и способноста на постигнување позитивни

резултати во наредниот период.

3.2.4. Показатели на рентабилност

Имено, рентабилноста на деловниот субјект претставува прираст на вложените

средства што се постигнува само со максимизирање на добивката на долг рок.63

Секој деловен субјект во текот на своето работење за да постигне успех, треба да

води сметка за направените трошоци и тоа да го остварува со што помала количина

ангажирани средства. Доколку еден субјект целосно ги искористува своите капацитети и

ги продава своите производи по продажни цени што му генерираат добивка, тогаш се вели

дека тоа работи рентабилно.

Основната цел на секој деловен субјект е да генерира профит. Затоа, при своето

работење е многу важно како ги користи расположливите ресурси, дали тие

придонесуваат за генерирање приходи, а со тоа проток на готовина.

Стапка на профитабилност = нето профит (добивка)

вкупен приход

Стапка на профитабилност = 52870013

4829860994= 0,011 ~ 1,1 %

64

Стапка на профитабилност = 42443812

3653822733 = 0,012 ~ 1,2%

65

63

Трајкоски, д-р Бранко: „Деловни финансии со финансиски менаџмент“, Економски факултет - Прилеп,

2002

64

Пресметана стапка на профитабилност за 2014 година

Page 87: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

87

Согласно со податоците, од секој денар на нето-приход од продажба се остварува

1,1 % од нето-добивката.

Деловната активност на друштвото следена од аспект на обемот на остварените

приходи е за 32,6 % зголемена во споредба со претходната година. Расходите бележат

помал раст (32,5%), што предизвикува добивката во тековната година да е за 24,6 %

поголема од добивката остварена во претходната година.

Финансиската стабилност на друштвото е подоптимално, но задоволително ниво.

Иако ликвидноста е на подоптимално ниво, сепак е проследена со брзо решавање на

должничко-доверителските односи и реализација на залихите. Ликвидноста е во

тенденција на опаѓање што се должи на условите на рецесија на пазарот. Треба да го

земеме предвид фактот дека набљудуваниот деловен субјект има доверливи извори на

приходи и парични примања што ѝ овозможуваат да работи со ниски показатели на

ликвидност.

Во 2014 година овој субјект бележи добивка од 52.870.013 денари, додека во 2013

остварила добивка од 42.443.812 денари, со оглед на тоа што се направени поголеми

трошоци во тековната година, и тоа: зголемен број на вработени, зголемен обем на работа,

зголемен број на купувачи, а со тоа зголемување на побарувањата, инвестиции во нова

опрема, обезбедување и заштита на опремата и објектите од надворешни влијанија и

хаварии и нивно осигурување за вршење на енергетската дејност.

Доколку деловниот субјект ја акумулира целата нето-добивка за зголемување на

сопствениот капитал, тогаш таа во целина претставува акумулација, но нето-добивката

подлежи на распределба. Само оној дел од нето-добивката што е акумулиран за деловниот

субјект, било за финансирање на растот и развојот, било за резервен капитал, претставува

извор на финансирање. Имено, во функција на развојот на деловниот субјект не треба да

65

Пресметана стапка на профитабилност за 2013 година

Page 88: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

88

се исплаќа целокупната добивка на име дивиденда, туку еден дел се задржува и се користи

како интерен извор на финансирање.

Во однос на трошоците од курсни разлики или промени на каматна стапка, не

можеме да го занемариме фактот дека деловниот субјект е вклучен во меѓународни

трансакции поради тоа што набавките ги врши исклучиво од Грција, па со самото тоа е

изложено на ризик од промена на девизните курсеви. Девизните обврски, а со тоа и

девизни одливи, произлегуваат од увозот на нафта и нафтени деривати. Поради промените

во курсот на странската валута, доаѓа до зголемување на трошоците со кои се оптоварува

набавната вредност по тон нафта и нафтени деривати.

Вложувањето во основни и обртни средства со цел намалување на трошокот за

камата и отплата на подолг рок значи обезбедување тековна ликвидност и солвентност во

брзорастечкиот тренд на развој на субјектот.

Во услови на циклични движења во стопанството и сѐ уште присутното неадекватно

зголемување на стопанските активности, потрошувачката на нафта и нафтени деривати

како примарен енергенс во стопанските дејности има континуирана побарувачка.

Оттаму и оправданоста на вложувањата што ги прави Друштвото се со позитивни

ефекти врз натамошниот стабилен развој по експанзионата 2014 година. Со поевтини

извори на средства се прави заштеда во трошоците и пренамена на ликвидните средства во

тековни краткорочни вложувања за зголемени набавки, што, пак, од друга страна,

придонесува за поголема конкурентност и освојување поголем процент од пазарот на

потрошувачката во Р. Македонија.

Претходно дадените показатели што истовремено ја даваат оцената за бонитетот на

Друштвото, укажуваат на добро и успешно работење; остварен е вкупен приход што ги

покрива вкупните трошоци и тоа остварува добивка.

Големиот обрт, односно малиот број денови што ги врзуваат залихите, наплатата на

побарувањата од купувачите и обврските што им се плаќаат на снабдувачите, што се гледа

и од коефициентите, претставува показател за динамичниот обрт и од работењето на

Друштвото.

Page 89: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

89

3.3. Предлози и мерки за зголемување на ефикасноста на работењето на

СУПЕРТРЕЈД ДОО

Енергетската инфраструктура во нафтениот сектор во Република Македонија

овозможува увоз, извоз и транспорт на сурова нафта и нафтени деривати, преработка на

суровата нафта, производство на биогориво, дистрибуција, транспорт и продажба на

нафтените деривати.

Пазарот со нафта и нафтени деривати е дефиниран со Законот за енергетика, како и

другите подзаконски акти што ја дефинираат оваа проблематика.

Досега од Регулаторната комисија за енергетика се издадени 49 лиценци од областа

на нафтата и нафтените деривати, од кои 34 се однесуваат на дејноста трговија на големо

со нафта и нафтени деривати. Ваквата поставеност овозможува либерализација на пазарот

со нафта и нафтени деривати. Со тоа е овозможено учество на повеќе учесници на пазарот

создавајќи услови за негова поголема конкуренција.

Колку е поголемо присуството на учесници, толку конкуренцијата ќе овозможи

понудата соодветно да одговара на побарувачката, овозможувајќи состојбата во овој

сектор да биде стабилна. Отсуството на еден или на повеќе трговци се компензира од

другите трговци надополнувајќи го отсуството на трговците што не ја вршат или не можат

да ја вршат дејноста за која им е издадена лиценцата од кои било причини.

Цените на одделни нафтени деривати се формираат според методологијата чии

елементи за формирање на рафинериските цени се следниве:

Просечната цена на суровата нафта од типот „брент“ на Лондонската берза,

како и движењето на референтните цени на одделни нафтени деривати

објавена во берзанскиот извештај Platt`s Crude Oil Spot Price, во изминат

четиринаесетдневен период.

Вредноста на манипулативните трошоци, трошоците за транспорт,

осигурување, царински давачки, шпедиција, банкарски провизии, трошоци

Page 90: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

90

за испитување на квалитетот на суровата нафта и рафинериската цена за

преработка на тон сурова нафта.

Просечен курс на доларот во изминатиот четиринаесетдневен период.66

Политиката на основачите и мерките преземени во претходната 2013 година во

развој на големопродажната мрежа го позиционираа овој деловен субјект меѓу поголемите

дистрибутери во конкуренцијата на малосопственици, која придонесе да се направи

поинаква распределба на понудата на нафта и нафтени деривати на македонскиот пазар.

Според годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика на РМ за

2014 година, „Супертрејд“ се наоѓа на третото место како увозник на нафта и нафтени

деривати во Република Македонија67

и на 18-то место според 200 најуспешни компании во

Република Македонија.68

Работењето на Друштвото е под влијание на неодамнешната финансиска криза и

влошувањето на економските услови. Со оглед на тековната глобална финансиска криза и

нејзиниот ефект на локалниот пазар во Македонија, Друштвото најверојатно и во

наредната година ќе продолжи да работи во отежнати и неизвесни економски услови.

Клучен приоритет на Друштвото во наредната година ќе биде управувањето со

портфолиото на клиенти приспособено кон промените во економското опкружување и

зачувување на позицијата на пазарот бидејќи фокусирањето кон клиентите претставува

еден од најголемите предизвици на денешните деловни субјекти. Суштината во ваквата

стратегија е генерирање вредност како за деловниот субјект, така и за клиентите со

нивните односи базирани врз заемна соработка.

Може да се заклучи дека Друштвото користи несоодветни извори на средства

(краткорочни) што ја оптоваруваат тековната ликвидност за набавка на долгорочни добра

што ги става во функција на бизнисот (транспортни средства, цистерни, резервоари,

пумпи и слично).

66

Регулаторна комисија за енергетика на РМ: „Годишен извештај 2014“, достапно на www.erc.org.mk 67

Регулаторна комисија за енергетика на РМ: „Годишен извештај 2014“, достапно на www.erc.org.mk 68

200 НАЈГОЛЕМИ ФИРМИ ВО МАКЕДОНИЈА - издавач Еуро Бизнис Центар – Скопје, 2015 година

Page 91: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

91

Во 2014 година „Супертрејд ДОО“ Скопје остварува поголема добивка отколку

претходната година за 10.426.201,00 денари. Деловниот субјект во 2014 година со цел

експанзија и проширување на бизнисот го зголемил својот обем на работа. Поради ова,

потребно е да се продолжи со инвестициските вложувања во опрема – транспортни

средства за сопствен транспорт на набавените деривати од странство, со цел да се заштеди

како на трошоци за најмување, така и на подобар временски распоред на транспорт и

превоз на набавените и продадените деривати.

Со оглед на зголемување на бројот на потпишани договори за испорака на нафта и

нафтени деривати, субјектот треба да цели кон зголемување на профитот со водење

политика на давање помали маржи. Исто така, треба да се стреми кон намалување на

степенот на задолжување, особено на краткорочните обврски и замена со задолжување на

долгорочен рок со цел остварување поголема ликвидност.

Во однос на побарувањата од купувачите, потребно е насочување на стратегијата

кон намалување на деновите на наплата на побарувањата од купувачите, односно да се

задржат редовните купувачи и да се спречи натамошно отпишување на побарувањата,

односно да се намали бројот на тие побарувања што се ненаплатливи.

Но не смее да се заборави фактот дека е важна организацијата на процесот на

опслужување на потрошувачите и немање застој при испораката на производите.

Денешните околности налагаат поинакви услови и барања на долгорочните

доверители во поглед на висината на потребниот сопствен капитал. Во билансите на

денешните деловни субјекти сѐ помало е учеството на сопствениот капитал, а сѐ поголемо

на зајмениот капитал. Често се смета дека овие деловни субјекти се несигурни и

високоризични. Тоа првенствено зависи од неговата профитабилност, односно

способноста за заработувачка. Неминовна е зависноста на деловните субјекти од

зајмениот капитал што е наметната од современите услови на стопанисување.

Page 92: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

92

Заклучок

Вpз ocнoва на cпpoвeдeната анализа на иcтpажуваната пpoблeматика, cами пo ceбe

ce намeтнаа oддeлни peлeвантни заклучoци, oднocнo ce дeфиниpаа пocтojнитe cocтojби и

пpoизлeгoа нeкoи кoнcтатации, кoи какo cугecтии и миcлeња мoжат да пpeтcтавуваат

дoбpа пoдлoга за натамoшни иcтpажувања вo oваа oблаcт. Вo тoj кoнтeкcт ce пpeзeнтиpани

наjpeлeвантнитe coзнаниjа, заклучoци и пpeпopаки за кoнципиpањe и имплeмeнтиpањe

eфикаcна пoлитика на деловните субјекти во функција на унапредување на резултатите од

работењето.

1. Сопствениците, инвеститорите, банките, државата и нејзините органи, менаџерите и

сите вработени се заинтересирани за деловниот успех на деловниот субјект. Од тие

причини, тие го следат работењето на деловниот субјект преку финансиските извештаи,

што се даваат на увид на независни ревизори за да се потврди нивната веродостојност.

2. За правилно управување и раководење со деловниот субјект, потребно е да се обезбеди

солидна информациска основа за носење менаџерски одлуки. Од голема важност е тие

одлуки да бидат донесени на адекватен начин за да бидат во функција на зголемување

на ефикасноста на алокацијата на ретките економски ресурси. Во спротивно,

нерационалните одлуки го водат капиталот во погрешни насоки условувајќи

намалување на ефикасноста во алокацијата на ресурсите, што, всушност, значи и

намалување на ефикасноста на пазарот на капитал. Сето ова понатаму има

мултипликативен негативен ефект на работењето на поединечни деловни субјекти, но и

на состојбата на економијата воопшто.

3. Претприемачите, инвеститорите и аналитичарите создаваат база на податоци што се

презентира преку финансиските извештаи. Препознавањето на корисни информации

што стојат зад бројките во извештаите покажуваат еднакво или повеќе од самиот

извештај. На тој начин може да се добијат информации за тоа во која насока се одвива

конкретниот бизнис. Благодарение на стандардизираните и квалитетни финансиски

извештаи, се намалува информациската асиметрија и негативната селекција, што им

обезбедува на инвеститорите поголема сигурност. На тој начин се постигнува

инвестирање и поголема мобилност на капиталот, а резултатот е поефикасно

функционирање на пазарот на капитал, кој претставува битна детерминанта во развојот

Page 93: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

93

на економијата на секоја земја. Но тенденцијата на задоцнето сметководствено

признавање на некои трансакции и промените во вреднувањето укажуваат дека

финансиските извештаи, исто така, не ја прикажуваат најдобро реалноста.

4. Финансиските извештаи претставуваат најраспространет извор на деловни информации

што ги прикажуваат остварените резултати од работењето на деловните субјекти. Тие ја

отсликуваат финансиската состојба, ликвидноста, успешноста на работењето, како и

промените во капиталот и паричните текови во одреден временски период. Овие

извештаи претставуваат непосреден производ на системот на сметководствено

известување, што по својата суштина и намена ги отсликуваат перформансите на

деловните субјекти за определен временски период, неговата финансиско-структурна

позиција, како и ликвидноста на субјектот. Основната цел на составувањето на

финансиските извештаи е обезбедување веродостојни информации и задоволување на

потребите на екстерните и интерните корисници за финансиски информации, врз

основа на кои се донесуваат значајни одлуки.

5. Постојат определени податоци што не можат да се согледаат од анализата на

финансиските извештаи, и тоа: квалитетот на менаџментот на деловниот субјект,

идната потрага за производ или услуга, квалитетот на производите и услугите, идните

планови на деловниот субјект и нивно согледување преку можностите на деловниот

субјект, точноста и вредноста на залихата, староста на побарувањата, односно колку од

нив се наплатливи, информација за други слични деловни субјекти за да може полесно

да се направи споредба или за перспективата на конкретниот сектор.

6. Анализата на финансиските извештаи е насочена кон набљудување, испитување, оцена

и формулирање дијагноза на сите деловни настани што се случиле во текот на

определен временски период што се содржани и опредметени во рамките на

финансиските извештаи. Имено, финансиската анализа претставува исцрпно

истражување, квантифицирање, дескрипција и оцена на финансискиот статус и

успешноста на работењето на деловниот субјект. На овој начин, финансиската анализа

овозможува податоците од извештаите да се претворат во корисни информации врз

основа на кои менаџментот ги носи деловните одлуки.

7. Финансиската анализа претставуваа основен инструмент на менаџментот за контрола

на работењето, како и база за идентификување на ефектите од претходно донесените

Page 94: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

94

одлуки. Финансиската анализа обезбедува информации за сигурноста на деловните

субјекти, ликвидноста, ризиците на кои е изложен субјектот, информации за

финансиската рамнотежа, можностите за финансирање нови проекти и истовремено

дава предупредувачки сигнали за можните промени на финансиската состојба на

деловните субјекти. Врз основа на сите овие информации се овозможува

подобрување на идните резултати од работењето, односно отворање нови можности и

перспективи за деловните субјекти.

8. Имено, финансиската анализа подразбира применување на различни аналитички

постапки, од кои посебен акцент се става врз рацио-показателите, пред сѐ, поради

високата информациска вредност што ја има не само за менаџментот туку и другите

заинтересирани субјекти за работењето на деловните субјекти. Користењето на

рацио-покатазателите овозможува согледување на успехот во работењето како во

однос на конкуренцијата, така и во однос на претходниот период. На овој начин

анализата на финансиските извештаи придонесува за зголемување на

информациските и управувачките аспекти на финансиските извештаи, што има

клучно значење за менаџерските структури.

9. Конечно, апликацијата на информациите добиени со анализата на сметководствените

извештаи овозможува создавање квалитетна подлога за аргументирано деловно

одлучување и ефикасно управување со трговските друштва, бидејќи финансиската

анализа има клучно значење при анализата на работењето, при анализата на

ограничувачките фактори и можностите на деловните субјекти, со цел да се проценат

неговите перформанси во контекст на поставените цели и стратегии за нивна

реализација.

Page 95: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

95

БИЛАНС НА СОСТОЈБА

(Извештај за финансиската состојба)

На ден ________ година

Реден

број ПОЗИЦИЈА

Ознака

на

АОП

Број на

белешка

Износ

Тековна

година

Претходна

година

1 2 3 4 5 6

1.

АКТИВА: А. НЕТЕКОВНИ

СРЕДСТВА

(002+009+020+021+031)

001

2.

I. НЕМАТЕРИЈАЛНИ

СРЕДСТВА

(003+004+005+006+007+008)

002

3. Издатоци за развој 003

4. Концесии, патенти, лиценци,

заштитни знаци и слични права 004

5. Гудвил 005

6. Аванси за набавка на

нематеријални средства 006

7. Нематеријални средства во

подготовка 007

8. Други нематеријални средства 008

Page 96: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

96

9.

II. МАТЕРИЈАЛНИ

СРЕДСТВА

(010+013+014+015+016+017+018

+019)

009

10. Недвижности (011+012) 010

10.a. Земјиште 011

10.б. Градежни објекти 012

11. Постројки и опрема 013

12. Транспортни средства 014

13. Алат, погонски и канцелариски

инвентар и мебел 015

14. Биолошки средства 016

15. Аванси за набавка на материјални

средства 017

16. Материјални средства во

подготовка 018

17. Други материјални средства 019

18. III. ВЛОЖУВАЊА ВО

НЕДВИЖНОСТИ 020

19.

IV. ДОЛГОРОЧНИ

ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

(022+023+024+025+026+030)

021

20. Вложувања во подружници 022

21.

Вложувања во придружени

друштва и учества во заеднички

вложувања

023

22.

Побарувања за дадени

долгорочни заеми на поврзани

друштва

024

23. Побарувања за дадени 025

Page 97: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

97

долгорочни заеми

24.

Вложувања во долгорочни

хартии од вредност

(027+028+029)

026

24.а.

Вложувања во хартии од

вредност што се чуваат до

достасување

027

25.б.

Вложувања во хартии од

вредност расположливи за

продажба

028

24.в. Вложувања во хартии од

вредност според објективната

вредност преку добивката или

загубата

029

25. Други долгорочни финансиски

средства

030

26. V. ДОЛГОРОЧНИ

ПОБАРУВАЊА (032+033+034)

031

27. Побарувања од поврзани друштва 032

28. Побарувања од купувачи 033

29. Други долгорочни побарувања 034

30. VI. ОДЛОЖЕНИ ДАНОЧНИ

СРЕДСТАВА

035

31. Б. ТЕКОВНИ СРЕДСТВА

(037+045+052+059)

036

32. I. ЗАЛИХИ

(038+039+040+041+042+043)

037

33. Залихи на суровини и материјали 038

34. Залихи на резервни делови, ситен

инвентар, амбалажа и автогуми

039

Page 98: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

98

35. Залихи на недовршени производи

и полупроизводи

040

36. Залихи на готови производи 041

37. Залихи на трговски стоки 042

38. Залихи на биолошки средства 043

39. II. СРЕДСТВА (ИЛИ ГРУПИ

ЗА ОТУЃУВАЊЕ НАМЕНЕТИ

ЗА ПРОДАЖБА И

ПРЕКИНАТИ РАБОТЕЊА)

044

40. III. КРАТКОРОЧНИ

ПОБАРУВАЊА

(046+047+048+049+050+051)

045

41. Побарувања од поврзани друштва 046

42. Побарувања од купувачи 047

43. Побарувања за дадени аванси на

снабдувачи

048

44. Побарувања од државата врз

основа на даноци, придонеси,

царина, акцизи и за други

давачки кон државата

(претплати)

049

45. Побарувања од вработените 050

46. Други краткорочни побарувања 051

47. IV. КРАТКОРОЧНИ

ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

(053+056+057+058)

052

48. Вложувања во хартии од

вредност (054+055)

053

48.а. Вложувања што се чуваат до

достасување

054

Page 99: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

99

48.б. Вложувања според објективната

вредност преку добивката и

загубата

055

49. Побарувања за дадени заеми од

поврзани друштва

056

50. Побарувања за дадени заеми 057

51. Други краткорочни финансиски

средства

058

52. V. ПАРИЧНИ СРЕДСТВА И

ПАРИЧНИ ЕКВИВАЛЕНТИ

(060+061)

059

52.а. Парични средства 060

52.б. Парични еквиваленти 061

53. VI. ПЛАТЕНИ ТРОШОЦИ ЗА

ИДНИТЕ ПЕРИОДИ И

ПРЕСМЕТАНИ ПРИХОДИ

(АВР)

062

54. ВКУПНА АКТИВА:

СРЕДСТВА

(001+035+036+044+062)

063

55. В. ВОНБИЛАНСНА

ЕВИДЕНЦИЈА – АКТИВА

064

56. ПАСИВА : А. ГЛАВНИНА И

РЕЗЕРВИ (066+067-068-

069+070+071+075-076+077-078)

065

57. I. ОСНОВНА ГЛАВНИНА 066

58. II. ПРЕМИИ НА ЕМИТИРАНИ

АКЦИИ

067

59. III. СОПСТВЕНИ АКЦИИ (-) 068

60. IV. ЗАПИШАН, НЕУПЛАТЕН 069

Page 100: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

100

КАПИТАЛ (-)

61. V. РЕВАЛОРИЗАЦИСКА

РЕЗЕРВА И РАЗЛИКИ ОД

ВРЕДНУВАЊЕ НА

КОМПОНЕНТИ НА ДРУГА

СЕОПФАТНА ДОБИВКА

070

62. VI. РЕЗЕРВИ (072+073+074) 071

63. Законски резерви 072

64. Статутарни резерви 073

65. Други резерви 074

66. VII. АКУМУЛИРАНА

ДОБИВКА

075

67. VIII. ПРЕНЕСЕНА ЗАГУБА (-) 076

68. IX. ДОБИВКА ЗА

ДЕЛОВНАТА ГОДИНА

077

69. X. ЗАГУБА ЗА ДЕЛОВНАТА

ГОДИНА

078

70. XI. ГЛАВНИНА НА

СОПСТВЕНИЦИТЕ НА

МАТИЧНОТО ДРУШТВО

079

71. XII. НЕКОНТРОЛИРАНО

УЧЕСТВО

080

72. Б. ОБВРСКИ (082+085+095) 081

73. I. ДОЛГОРОЧНИ

РЕЗЕРВИРАЊА ЗА РИЗИЦИ

И ТРОШОЦИ (083+084)

082

74. Резервирања за пензии,

испратнини и слични обврски кон

вработените

083

75. Други долгорочни резервирања 084

Page 101: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

101

за ризици и трошоци

76. II. ДОЛГОРОЧНИ ОБВРСКИ

(од 086 до 093)

085

77. Обврски кон поврзани друштва 086

78. Обврски кон снабдувачи 087

79. Обврски за аванси, депозити и

кауции

088

80. Обврски за заеми и кредити кон

поврзани друштва

089

81. Обврски за заеми и кредити 090

82. Обврски за хартии од вредност 091

83. Други финансиски обврски 092

84. Други долгорочни обврски 093

85. III. ОДЛОЖЕНИ ДАНОЧНИ

ОБВРСКИ

094

86. IV. КРАТКОРОЧНИ

ОБВРСКИ (од 096 до 108)

095

87. Обврски кон поврзани друштва 096

88. Обврски кон снабдувачи 097

89. Обврски за аванси, депозити и

кауции

098

90. Обврски за даноци и придонеси

на плата и на надомести на плати

099

91. Обврски кон вработените 100

92. Тековни даночни обврски 101

93. Краткорочни резервирања за

ризици и трошоци

102

94. Обврски за заеми и кредити кон

поврзани друштва

103

95. Обврски за заеми и кредити 104

Page 102: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

102

96. Обврски за хартии од вредност 105

97. Обврски врз основа на учество во

резултатот

106

98. Други финансиски обврски 107

99. Други долгорочни обврски 108

100. V. ОДЛОЖЕНО ПЛАЌАЊЕ

НА ТРОШОЦИ И ПРИХОДИ

ВО ИДНИТЕ ПЕРИОДИ (ПВР)

109

101. VI. ОБВРСКИ ВРЗ ОСНОВА

НА НЕТЕКОВНИ СРЕДСТВА

(ИЛИ ГРУПИ ЗА

ОТУЃУВАЊЕ) ШТО СЕ

ЧУВААТ ЗА ПРОДАЖБА И

ПРЕКИНАТИ РАБОТЕЊА

110

102. ВКУПНО ПАСИВА:

ГЛАВНИНА, РЕЗЕРВИ И

ОБВРСКИ

(065+081+094+109+110)

111

103. В. ВОНБИЛАНСНА

ЕВИДЕНЦИЈА - ПАСИВА

112

Page 103: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

103

БИЛАНС НА УСПЕХ

(Извештај за добивка или загуба)

За периодот од ____ до _____ година

Реде

н

број

ПОЗИЦИЈА

Ознак

а на

АОП

Број на

белешк

а

Износ

Тековна

година

Претходна

година

1 2 3 4 5 6

1. I ПРИХОДИ ОД

РАБОТЕЊЕТО (202+203+206) 201

2. Приходи од продажба 202

3. Други приходи 203

4.

Промена на вредноста на залихи

на готови производи и на

недовршено производство

4.а.

Залихи на готови производи и на

недовршено производство на

почетокот на годината

204

4.б.

Залихи на готови производи и на

недовршено производство на

крајот на годината

205

5. Капитализирано сопствено

производство и услуги 206

6.

II РАСХОДИ ОД

РАБОТЕЊЕТО

(208+209+210+211+212+213+218

+219+220+221+222)

207

Page 104: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

104

7. Трошоци за суровини и други

материјали 208

8. Набавна вредност на продадени

стоки 209

9.

Набавна вредност на продадени

материјали, резервни делови,

ситен инвентар, амбалажа и

автогуми

210

10. Услуги со карактер на

материјални трошоци 211

11. Други трошоци од работењето 212

12. Трошоци за вработени

(214+215+216+217) 213

12.а. Плати и надоместоци на плати

(нето) 214

12.б. Трошоци за даноци на плати и

надоместоци на плата 215

12.в. Придонеси од задолжително

социјално осигурување 216

12.г. Други трошоци за вработените 217

13. Амортизација на материјалните и

нематеријалните средства 218

14.

Вредносно усогласување

(обезвреднување) на нетековни

средства

219

15.

Вредносно усогласување

(обезвреднување) на тековните

средства

220

16. Резервирања за трошоци и

ризици 221

Page 105: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

105

17. Други расходи од работењето 222

18.

III. ФИНАНСИСКИ

ПРИХОДИ

(224+229+230+231+232+233)

223

19.

Финансиски приходи од односи

со поврзани друштва

(225+226+227+228)

224

19.а. Приходи од вложувања во

поврзани друштва 225

19.б. Приходи врз основа на камати од

работење со поврзани друштва 226

19.в.

Приходи врз основа на курсни

разлики од работење со поврзани

друштва

227

19.г. Други финансиски приходи од

работење со поврзани друштва

228

20. Приходи од вложувања во

неповрзани друштва

229

21. Приходи врз основа на камати од

работење со неповрзани друштва

230

22. Приходи врз основа на курсни

разлики од работење со

неповрзани друштва

231

23. Нереализирани добивки

(приходи) од финансиски

средства

232

24. Други финансиски приходи 233

25. IV. ФИНАНСИСКИ РАСХОДИ

(235+239+240+241+242+243)

234

26. Финансиски расходи од односи 235

Page 106: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

106

со поврзани друштва

(236+237+238)

26.а. Расходи врз основа на камати од

работење со поврзани друштва

236

26.б. Расходи врз основа на курсни

разлики од работење со поврзани

друштва

237

26.в. Други финансиски расходи од

поврзани друштва

238

27. Расходи врз основа на камати од

работење со неповрзани друштва

239

28. Расходи врз основа на курсни

разлики од работењето со

неповрзани друштва

240

29. Нереализирани загуба (расходи)

од финансиски средства

241

30. Вредносно усогласување на

финансиски средства и

вложувања

242

31. Други финансиски расходи 243

32. Удел во добивката на

придружените друштва

244

33. Удел во загуба на придружените

друштва

245

34. Добивка од редовното работење

(201+223+244)-(204-

205+207+234+245)

246

35. Загуба од редовното работење

(204- 205+207+234+245)-

(201+223+244)

247

Page 107: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

107

36. Нето-добивка од прекинати

работења

248

37. Нето-загуба од прекинати

работења

249

38. Добивка пред оданочување

(246+248) или (246-249)

250

39. Загуба пред оданочување

(247+249) или (247-248)

251

40. Данок на добивка 252

41. Одложени даночни приходи 253

42. Одложени даночни расходи 254

43. НЕТО-ДОБИВКА ЗА

ДЕЛОВНАТА ГОДИНА (250-

252+253- 254)

255

44. НЕТО-ЗАГУБА ЗА

ДЕЛОВНАТА ГОДИНА

(251+252- 253+254)

256

45. Просечен број на вработени врз

основа на часови на работа во

пресметковниот период (во

апсолутен износ)

257

46. Број на месеци на работење (во

апсолутен износ)

258

47. ДОБИВКА/ЗАГУБА ЗА

ПЕРИОД

259

47.а. Добивка што им припаѓа на

имателите на акции на матичното

друштво

260

47.б. Добивка што се однесува на

неконтролирано учество

261

Page 108: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

108

47.в. Загуба што се однесува на

имателите на акции на матичното

друштво

262

47.г. Загуба што се однесува на

неконтролирано учество

263

48. ЗАРАБОТУВАЧКА ПО

АКЦИЈА

264

48.а. Вкупна основна заработувачка по

акција

265

48.б. Вкупна разводнета заработувачка

по акција

266

48.в. Основна заработувачка по акција

од прекинато работење

267

48.г. Разводнета заработувачка по

акција од прекинато работење

268

Page 109: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

109

Page 110: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

110

Page 111: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

111

Референции од користена литература:

1. Massie, Joseph L, „Основите на менаџментот“ (Essentials of Management) Prentice-

Hal, 1971 година

2. Проф. д-р Синиша Спасов, цитирано дело (цитирано од „Деловни финансии со

финансиски менаџмент“ – проф. Трајкоски Бранко, 2002 година.

3. Арсов, д-р Сашо: „Финансиски менаџмент“, Економски факултет - Скопје, 2008

год.

4. Трајкоски, д-р Бранко: „Деловни финансии со финансиски менаџмент“, Економски

факултет - Прилеп, 2002

5. Дахтевиќ, д-р Сима, цитирано дело.

6. Ефтимов Љупчо, (2014), Менаџмент на оранизационите перформанси (учебно

помагало во подготовка) Економски факултет - Скопје.

7. Collier, P. Č Accounting for managers – Interpreting accounting information for decesion

making, Aston University (2004).

8. Ангелова Б., „Budgeting - систем на сметководствено планирање на трошоците и

финансискиот резултат на претпријатијата“, Економски институт, Скопје, 2001

9. Талеска, д-р Сузана: „Финансиско сметководство“ – Економски факултет – Прилеп,

2010 год.

10. Мијоска, м-р Мимоза, магистерски труд „Моделирање на анализа на

перформансите на деловен субјект“ – 2013 година.

11. МСФИ – Рамка за подготвување и презентирање на финансиски извештаи.

12. Правилник за водење на сметководство – Службен весник на РМ бр. 159 од

29.12.2009 година

13. Осврт кон меѓународните стандарди за финансиско известување – Костадиновски

Александар и Ѓоргиева Трајковска Оливера (2013), скрипта

14. Димитров, Душан: „Прирачник за сметководство“, Проагенс – Скопје, 2014 година.

15. Закон за вршење на сметководствени работи, член 3, 2012 година

16. Д-р Сашо Кижухаров, Маја Кочоска: „Сметководство“ (основи-принципи-

апликации); трето издание, 2007;

Page 112: PEПУБЛИКА МАКEДOНИJА - eccfp.uklo.edu.mk · 4 Модерното финансиско управување, односно финансискиот менаџмент

112

17. Dimitrovic Saponja Lj., Petkovic D., Jaksic D:Racunovodstvo, Ekonomski fakultet,

Subotica, 2007,

18. Прирачник за изготвување на годишната сметка и финансиските извештаи за 2014

година – Проагенс Скопје, февруари, 2015 год.

19. Kneževič,G., Ekonomsko’finansijska analiza, Univerzitet Singidunum, Beograd, (2011)

20. Brigham E. F., Grapenski L. C., „Fundamentals of Financial Management - Theory and

Practice“, The Dryden Press, New York, 1994

21. Van Horne J. C., „Financijsko upravljanje i politika“, (Financijski menadzment), Deveto

izdanje, Zagreb, 1993.

22. Stevanovic N. Milicevic (2009): „Upravljacko racunovodstvo“, Centar za izdavacku

delatnost, Ekonomski fakultet, Beograd.

23. Sekulović, B.: „Analiza poslovanja preduzeća“, Beograd: Beogradska poslovna škola,

2005.

24. Mesarič, Petra: „Temeljni pokazatelji analize financijskih izvještaja“, Istraživački rad,

Zagreb, 2009 god.

25. Miličevic B. (2009), Metodološki postupci u oceni finansijskog stanja preduzeča,

Beograd.

26. 200 НАЈГОЛЕМИ ФИРМИ ВО МАКЕДОНИЈА - издавач Еуро Бизнис Центар –

Скопје, 2015 година

Интернет-извори:

Интернет-извори:

1. http://www.ifac.org/about-ifac/organization-overview

2. www.erc.org.mk - Регулаторна комисија за енергетика на РМ: „Годишен извештај

2014“.

3. http://mk.wikipedia.org

4. http://www.referenceforbusiness.com

5. www.slvesnik.com.mk

6. www.kapital.com.mk