АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА...

129
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет “Св. Климент Охридски” Битола Економски факултет - Прилеп АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА БАНКИТЕ Кандидат: Ментор: Благојче Брсаковски 34/15 Проф. д-р Драгица Оџаклиеска Прилеп Февруари, 2017

Upload: others

Post on 04-Nov-2020

41 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Универзитет “Св. Климент Охридски”

Битола

Економски факултет - Прилеп

АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА

БАНКИТЕ

Кандидат: Ментор:

Благојче Брсаковски 34/15 Проф. д-р Драгица Оџаклиеска

Прилеп

Февруари, 2017

Page 2: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

2

СОДРЖИНА

Воведни напомени, цели и методологија на истражувањето........................................3

ПРВ ДЕЛ

1. ФУНКЦИИ НА БАНКИТЕ......................................................................................7

1.1. Улогата на банките во финансискиот систем...................................................17

1.2. Активни и пасивни банкарски работи...............................................................23

1.3. Принципи во банкарското работење.................................................................34

ВТОР ДЕЛ

2. ФАКТОРИ ШТО ЈА ДЕТЕРМИНИРААТ ПРОФИТАБИЛНОСТА НА

БАНКИТЕ..................................................................................................................51

2.1. Микроекономски фактори..................................................................................52

2.2. Макроекономски фактори..................................................................................65

2.3. Оценка на профитабилноста на банките...........................................................67

ТРЕТ ДЕЛ

3. АНАЛИЗА НА ПРОФИТАБИЛНОСТА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ......................................................................................88

3.1. Анализа на финансиските извештаи..................................................................91

3.2. Оценка на профитабилноста............................................................................104

3.3. Препораки за зголемување на профитабилноста на Шпаркасе Банка

Македонија АД Скопје......................................................................................111

Заклучни согледувања......................................................................................................119

Користена литература.......................................................................................................126

Page 3: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

3

ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ, ЦЕЛИ И МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Банкарскиот сектор како дел од финансискиот сектор има круцијално значење за

стабилноста и просперитетот на економијата во една земја. Во современите економски

системи банкарските институции имаат значајна улога при мобилизацијата и

алокацијата на финансиските средства, како и за непречено функционирање на

целокупниот економски систем. Имено, банките претставуваат најважни финансиски

институции од чија стабилност, безбедност и успешност на работа зависи

функционирањето и на останатите економски сектори.

Како резултат на појавата на зголемена конкурентност во однос на останатите

финансиски институции, неопходна е диверзификацијата на банкарските производи и

услуги, кои банките ги нудат на своите клиенти. На тој начин, денешните банки

постојано ги напуштаат границите на традиционалното банкарство, пред се, преку

имплементирањето на комерцијални активности од осигурителниот сектор.

Со оглед на важноста и улогата која банките ја имаат во финансискиот систем и

целокупната економија на една земја, како и фактот дека банките во најголем дел

управуваат со национални финансиски средства, нивната профитабилност не е важна

само за акционерите, туку и за пошироката јавност. Имено, финансиските институции

и обезбедуваат на економијата постојана понуда на свеж капитал, кој служи како

иницијатор за инвестициски активности. Важно е да се истакне дека користа е

заедничка, бидејќи без здрава економија која е “гладна” за пари, како и население кое е

подготвено да троши, финансиските институции имаат помал број клиенти, а со тоа и

помала можност за профит, додека долгорочна перспектива на раст и развој не постои

за никој.

Во последните дваесет години се зголемува важноста на општествената

одговорност на банкарското работење и тоа не како слободен избор на банките туку

како нивна потенцијална обврска. Корпоративната општествена одговорност на

банките подразбира нивно ангажрање во општествените прашања. Општествената

одговорност, значи земање во предвид на интересите на оние врз кои банките влијаат

преку своето работење, а кои истовремено можат да имаат влијание на успешноста на

работењето на банките. Според тоа, покрај за интересите на сопствениците, банките

треба да водат сметка и за интересите на останатите вклучени страни, да обезбедат

подеднакви банкарски услуги за сите, да ја оневозможат индивидуалната

Page 4: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

4

дискриминација, да водат сметка за интересите на локалната заедница, да

овозможуваат кредитирање и финансиски услуги на подрачјата на кои прибираат

депозити, да овозможат поддршка за станбено обезбедување, како и да финансираат

потфати од јавен интерес.

Профитабилноста претставува основна цел на работењето на секоја финансиска

институција и предуслов за нејзин долгорочен опстанок. Постигнувањето на

задоволителното ниво на профитабилност е од големо значење за банките бидејќи

овозможува зголемување на банкарскиот капитал преку задржување на добивката, го

поддржува растот на активата, овозможува остварување на посакуваното ниво на

принос на капитал и средствата на сопствениците, како и полесно справување со

потенцијалните кредитни загуби. Во услови на се поголема пазарна конкуренција,

големо значење за банките има постојаната анализа и следење на факторите кои можат

да влијаат врз нивната профитабилност и на тој начин да обезбедат оптимални услови

за развој.

Имајќи ги во предвид претходните укажувања во однос на улогата и значењето

на банкарските институции, предмет на истражување во овој магистерски труд ќе

бидат:

Улогата на банкарските институции во финансискиот систем;

Анализа на активните и пасивните банкарски работи;

Принципи врз кои се заснова банкарското работење;

Анализа на факторите кои ја детерминираат профитабилнонста на банкарските

институции од микро и макро аспект;

Показатели кои се применуваат за оцена на профитабилноста на банките –

сметководствени показатели, показатели на капитал и пазарни показатели;

Анализа на финансиските извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје -

биланс на успех, биланс на состојба и извештај за паричниот тек;

Оцена на профитабилноста на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје преку

примена на показателите на профитабилност;

Препораки за зголемување на профитабилноста на Шпаркасе Банка Македонија

АД Скопје.

Page 5: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

5

При опсервација на овие проблеми треба да се има предвид нивната

мултидимензионалност, комплексност и меѓузависност со другите услови и фактори

што дејствуваат врз нив.

Со оглед на комплексноста на истражуваната проблематика, најпрво ќе се

изврши теоретска разработка на основните економско-финансиски категории кои се

релевантни за реализација на поставените цели. Примената на дедуктивниот метод при

ова истражување беше неопходна, бидејќи со овој метод се откриваат составните

компоненти на појавата, се утврдуваат квантитативните односи меѓу нив и се

согледува нивното дејство врз целината. Квалитетот на предметот или појавата е

условен од составните делови, од нивното дејствување во рамките на целината,

односно од пропорциите меѓу деловите. Дедуктивниот метод овозможува прво да се

укаже на најважното при испитувањето, па потоа да се даде подетално разјаснување.

Токму затоа, најнапред ќе биде даден општ осврт на истражуваната проблематика што

понатаму претставува појдовна основа за проучување на суштината на предметот на

истражување.

Со оглед на тоа што предмет на проучување на магистерскиот труд се факторите

на профитабилност на банкарските институции, примената на методот на анализа се

наметна како неопходност при истражувањето. Од друга страна, пак, системскиот

приод во обработката на темата укажа на потребата од примена на синтезата, како

метод којшто појавите ги проучува низ дијалектичкото единство на разновидните

меѓусебно поврзани структури и односи што чинат единствена целина.

Исто така, во истражувањето користен е и методот на апстракција што

овозможува издвојување и одделна анализа на поголем дел од составните делови кои ја

сочинуваат истражуваната појава.

Покрај воведот и заклучните согледувања, магистерскиот труд е конципиран во

три тематски единици, преку кои можеме подобро да се запознаеме со банките,

нивната функција, профитабилноста, факторите на профитабилност и конкретно

финансиските резултати на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Во првиот дел на магистерскиот труд ќе биде објаснета улогата на банкарските

институции во економијата. Банките имаат централна улога во финансискиот систем,

бидејќи извршуваат одредени активности што се од круцијално значење за

функционирањето на економијата, односно тие делуваат како финансиски посредници,

Page 6: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

6

се јавувааат како носители на платниот промет, имаат посебна улога во монетарната

политика и сл. За да се обезбеди стабилност на банкарските институции, работењето на

банките се темели на почитување на одредени принципи на банкарското работење што

треба да бидат во функција на остварување на основната цел на банките, а тоа е

максимизирање на богатството на акционерите.

Во вториот дел на магистерскиот труд предмет на анализа ќе биде

профитабилноста на банките како една од основните цели на секоја финансиска

институција. Во овој дел ќе бидат презентирани факторите што ја детерминираат

профитабилноста на банките коишто ќе бидат набљудувани од микро и макро аспект.

Од микроекономските фактори особено ќе бидат потенцирани: квалитетот на

менаџментот, квалитетот на активата, економијата на обем, вонбилансните операции,

трошоците на работењето и сл. Макроекономските фактори ќе се анализираат во

контекст на промените во опкружувањето и нивното влијание врз резултатите од

работењето на банкарските институции.

Оценката на успешноста во работењето на банкарските институции се врши со

посредство на одделни показатели за профитабилноста и ризикот. При анализата на

профитабилноста на банкарската институција круцијално значење треба да има

приносот на капиталот, што се пресметува како однос меѓу нето добивката и капиталот

на банката. Приносот на средствата, што е вториот најважен збирен показател при

оценката на профитабилноста на банките, претставува однос меѓу нето добивката и

вкупните средства на банката. Претходно споменатите збирни показатели можат да

претставуваат солидна основа за изведување дополнителни показатели со коишто уште

подетално ќе се изврши анализа и оценка на профитабилноста на банкарските

институции.

Во третиот дел од магистерскиот труд ќе биде извршена оценка на

профитабилноста на Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, којашто според

класификацијата на Народната Банка на Република Македонија спаѓа во групата на

средни банки. Во овој дел на магистерскиот труд, предмет на анализа ќе бидат

финансиските извештаи врз основа на кои ќе биде извршена пресметка на основните

финансиски показатели за оценка на профитабилноста на банката. Притоа, посебен

акцент ќе биде ставен врз финансиската анализа во функција на оптимизација на

профитабилноста на Шпаркасе банка Македонија АД Скопје.

Page 7: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

7

ПРВ ДЕЛ

1. ФУНКЦИИ НА БАНКИТЕ

Финансиските институции го претставуваат ‘рбетот и главниот механизам на

дејствување на финансискиот систем и целокупната економија. Банките се

најзначајаните финансиски институции. Поимот “банка” има потекло од латинскиот

збор “banca” што значи “клупа” или “маса за размена на пари”. Според тоа, од самиот

поим може да се согледа најстарата функција на овие институции. Прва попрецизна

дефиниција за банките има дадено американскиот “Закон за банкарски холдинг

компании” кој банката ја дефинира како институција која прима депозити, при што

депонентите имаат законско право на нивно повлекување и во исто време одобрува

кредити на физички и правни лица.1

Строгата регулација ги доведе банките во неповолна пазарна позиција во однос

на небанкарските финансиски институции, што резултираше со пад на конкурентноста,

а како последица на тоа и намалување на нивната профитабилност. Имено,

банкарскиот сектор беше предмет на обемна регулација од страна на државата, која ги

одредувала цените, односно каматните стапки кои банките може да ги наплаќаат,

активностите кои можат да ги вршат, ризиците кои може да ги преземат, капиталот кој

мора да го одржуваат и локациите на кои може да работат.2 Банкарската регулација

претрпува големи промени во текот на дваесеттиот век, од обемните регулации во

тресеттите години на минатиот век до укинувањето на истите регулаторни одредби во

последните дваесет години на иститот век. Регулаторните промени поттикнати се со

макроекономските шокови, како и со зголемената конкуренција помеѓу банките, но и

помеѓу банките и останатите финансиски институции.

Со дерегулацијата, отстранети се многу ограничувања кои постоеле уште од

триесеттите години на минатитот век и постигнато е преобликување на финансискиот

систем, но и на целокупната економија. Дерегулацијата и неконтролираниот прилив на

странски капитал го поттикнуваат развојот на ризичното шпекулативно работење. Во

1 Leko, V. (2004) Upravljanje bankama, pripreme i zabilješke sa predavanja iz „Poslovne politike banaka“.

Zagreb: Ekonomski fakultet, стр. 5 2 Kroszner, R. S. i Strahan, P. E., (2014) Regulation and Deregulation of the US Banking Industry: Causes,

Consequences and Implications for the Future. U: Rose, N. L., ur., Economic Regulation and Its Reform: What

Have We Learned?. Massachusetts: National Bureau of Economic Research, стр. 485

Page 8: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

8

текот на 1980-тите и 1990-тите, дерегулацијата го зафатила банкарскиот сектор и

довела до промени во работењето на банките. Имено, со законот за модернизација на

финансиските услуги од 1980 и Gramm–Leach-Bliley законот од 1999 година, укинати

се преостанатите одредби на Glass-Steagall законот, со што на банките им е дозволено

покрај со своите традиционално кредитно депозитни работи да се занимаваат и со

инвестициско банкарство.3

Како последица на тоа доаѓа до значајни промени во

принципот на банкарското работење, што се гледа и преку влезот на банките во високо

ризични активности во потрага по поголем профит.

Како последица на дерегулацијата, создадени се можности за развој на разни

финансиски деривати, иновации и агенции со помош на кои банките можат да тргуваат

на секундарниот пазар со депозитите на штедачите. Меѓутоа, проблемот не се однесува

само на дерегулацијата на банкарскиот сектор, туку и на слабата или непостоечка

регулација на небанкарските финансиски институции. Имено, кризата во голема мера

се должи на ризикот кој го преземале институции кои не биле контролирани, а не на

дерегулираните институции кои преземале нов ризик.4

Се поголемата конкуренција помеѓу банките и небанкарските финансиски

институции ги присилила банките да почнат да вршат и други финансиски работи, а не

исклучиво депозитно - кредитни, со цел да ги искористат можностите кои ги нуди

пазарот на капитал. Со развојот на пазарот на капитал и дерегулацијата на

финансискиот сектор, банките, значително ги зголемиле можностите за работа.

За да се прилагодат на новите предизвици во опкружувањето, банките се

трансформираат од традиционални депозитно - кредитни институции во банки со

целосни услуги, кои ги нудат своите финансиски услуги како на домашниот, така и на

меѓународниот финансиски пазар. Така, денешните банки претставуваат сложени

финансиски конгломерати кои ги извршуваат сите финансиски активности, а не

исклучиво банкарските.

3 DeBoer, D. R. (2009) Understanding the Financial Crisis: Origin and Impact. Junior Achievement, стр. 2

4 Krugman, P. (2009) The return of depression economics. New York: W. W. Northon & Company, стр. 112

Page 9: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

9

Во развиените финансиски структури постојат неколку основни типови

финансиски институции, и тоа:5

класични, традиционални (банки, штедилници и кредитни задруги);

институционални инвеститори (осигурителни компании, пензиски фондови,

финансиски компании);

колективни инвеститори (инвестициски компании, заемни фондови);

брокерско-дилерски институции.

Постојат неколку карактеристики кои банките ги издвојуваат во однос на другите

финансиски институции. Прво, банките се финансиски институции кои примаат

депозити од пошироката јавност. Оваа карактеристика на банките ја претставува

нивната основна определба како еден вид на привилегија за прибирање на депозити од

јавноста, што за другите компании не е дозволено. Исклучок се единствено

депозитните штедни институции кои примаат депозити само од дел од јавноста.

Прибраните парични депозити претставуваат основа за секундарна емисија на пари

која ја извршуваат деловните банки. Додека преносот на паричните вишоци е функција

карактеристична за сите типови на финансиски посредници, водењето на трансакциски

сметки и мултипликацијата на депозити е одлика исклучиво за депозитните

институции како што се банките. Исто така, доколку се изземат штедилниците како

депозитни институции, функцијата на креирање на парични средства е најважната

карактеристика на банките по која се разликуваат од сите останати финансиски

институции.

Втора значајна карактеристика која ги издвојува банките пред другите

финансиски институции е нивната функција за одобрување кредити. Меѓутоа, иако и

сите останати финансиски институции ја извршуваат оваа функција, банките се

единствени институции кои професионало и постојано, а не само повремено, примаат

депозити и како резултат на тоа одобруваат кредити. Во тој случај банките се најважен

финансиски посредник, кој својата посредничка улога ја извршува со примање на

5 Д-р Витанова Г., Финансиски пазари и институции, Економски факултет, Прилеп, 2003, стр. 202

Page 10: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

10

паричните средства на економските субјекти со вишок пари, во форма на депозит, а

потоа врши пласирање на тие средства главно во облик на кредити на економските

субјекти кои имаат недостаток на парични средства. При тоа, секторот население

обично се каратеризира со вишок на парични средства кои ќе ги штеди во банките,

додека од друга страна, корпоративниот сектор е тој кој вообичаено има потреба од

дополнителни парични средства за финансирање на деловните потфати. На тој начин,

благодарение на финансиското посредување на банките, приносот и сигурноста на

пласманите на штедачите не зависи од успешноста на компаиите, туку од успешното

работење на банките.

Трета специфична карактеристика на банките е дека тие се носители на

платниот промет. Платниот промет ги опфаќа сите плаќања кои се вршат со пари,

готовински и безготовински, помеѓу физичките и правните лица во земјата и во

странство. Според тоа, платниот промет може да биде внатрешен и меѓународен.

Внатрешниот платен промет ги опфаќа сите плаќања кои се извршуваат помеѓу

физичките и правни лица кои се наоѓаат во земјата, додека пак, меѓународниот платен

промет ги опфаќа финасиските трансакции помеѓу физички и правни лица во различни

земји. Една од најважните функции на банките е посредувањето во плаќањата помеѓу

населението, претпријатијата и државните институции. Имено, денес, платниот промет

се врши со пренос на депозитните пари помеѓу сметките на клиентите, а имајќи во

предвид дека останатите финансиски институции, освен штедилниците, немаат

овластување за водење на трасакциски сметки на кои се наоѓаат депозитни пари,

функцијата на плаќање е резервирана исклучиво за банките.

Платниот промет влијае на висината на потребната количина на пари. Ако

платниот промет во земјата е неефикасен и успорен, тоа делува во насока на

зголемување на побарувачката на пари, односно за непречено извршување на

плаќањата потребно е да се обезбеди поголема количина на пари. Во тој поглед,

банките имаат централна улога во економскиот систем, бидејќи ефикасното

извршување на плаќањата меѓу економските агенти претставува неопходен предуслов

за непречено функционирање на економијата. Исто така, платниот промет, има свои

импликации и врз финансиската стабилност на земјата. Доколку има нарушување во

функционирањето на платниот промет, ќе настане прекин во плаќањата на обврските

на учесниците во платниот промет. Како последица на тоа е губењето на довербата во

банкарското работење во оваа област, како и негативен впечаток за функционирањето

Page 11: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

11

на економијата. Според тоа, можеме да заклучиме дека банките имаат голема улога во

секојдневното функционирање на платниот промет како витална компонента на

современата економска инфраструктура и неопходен канал на управувањето со

економијата.

Една од клучните карактеристики според која, најчесто, банките се разликуваат

од другите финансиски институции е тоа што тие претставуваат дел од монетарниот

систем на земјата, т.е. обврските на банките кон своите клиенти претставуваат дел од

паричната маса. Посебното место на банките во однос на другите финансиски

институции се изразува во тоа што тие учествуваат во создавањето на паричната маса,

односно можат да влијаат во зголемувањето на паричната маса. Банките ја

спроведуваат оваа функција при извршувањето на своите секојдневни активности,

односно преку кредитирањето. Имено, во случаевите кога банките им одбруваат

кредити на своите клиенти, одобрените кредити се појавуваат во билансите на банките

како нови депозити, под услов клиентите да не ги повлечат средствата во вид на готови

пари. Имајќи предвид дека депозитите кај банките претставуваат дел од паричната

маса, произлегува дека со самото одобрување на кредити, банките успеале да создадат

нови пари, односно влијаеле врз зголемувањето на паричната маса во економијата.

Овој процес на создавање на дополнителни пари преку процесот на кредитирањето се

нарекува кредитна мултипликација. Токму поради способноста на банките да создаваат

пари, односот на државата кон нив е различен во споредба со другите финансиски

посредници.

Банките имаат важна улога во процесот на економскиот раст и општествениот

развој. Расположливоста на кредити можеби е најпознатата и најзначајна функција

која банките ја обезбедуваат, иако имаат значајна улога во платниот промет,

обезбедуваат сигурност во штедните производи, па дури и индиректно поттикнуваат

социјална кохезија, на пример, осигурителна можност за станбено осамостојување на

млади семејства.6

6 Hrvatska udruga banaka (2008) Krediti i gospodarski rast: od teorija do stvarnosti (Online).

Достапно на: http://www.arhivanalitika.hr/dat/HUB%20Analiza%209.pdf

Page 12: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

12

Покрај функциите на финансиски посредници, носители на платниот промет како

и учеството во спроведувањето на монетарната политика, дополнителни финансиски

услуги кои банките им ги нудат на своите клиенти се следните:7

Брокерски услуги. Банката ги врши услугите со хартии од вредност одвоено од

другите финансиски услуги и може да биде активна на примарниот и секундарниот

пазар. За таа цел банката може да основа брокерско друштво или тие услуги да ги врши

преку посебна сопствена организациона единица.

На примарниот пазар банките самостојно или преку своите подружници се главните

играчи при издавањето на државни хартии од вредност (државни записи и обврзници).

Исто така се јавуваат во улога на основни дилери коишто учествуваат на аукциите на

државни хартии од вредност, а потоа нив им ги продаваат на други инвеститори. На

секундарниот пазар банките делуваат како брокери или дилери. Имаат посредничка

улога помеѓу продавачите и купувачите на хартии од вредност и за извршената услуга

наплаќаат одреден паричен надомест – брокерска провизија.

Старателски работи над хартии од вредност. Како дел од широкиот спектар на

банкарски производи и услуги, банките на своите клиенти им нудат висококвалитетни

и сигурни старателски услуги над хартии од вредност, со посебно внимание на

индивидуалниот пристап до клиентот. Во рамките на основната понуда на

старателските услуги спаѓаат следните банкарски активности:

o Отворање и водење на сметки за хартии од вредност и наменски парични

сметки во Централниот депозитар за хартии од вредност и во банката;

o Чување и одржување на портфолиото на хартиите од вредност на клиентот;

o Порамнување на трансакции поврзани со тргување со хартии од вредност

o Известување за состојбите и промените на сметките за хартии од вредност и

наменските парични сметки;

o Реализација на права кои произлегуваат од сопственоста на хартиите од

вредност на клиентите согласно неговите инструкции, како наплата на

дивиденди, камата и главница и друг вид приход од хартиите од вредност;

o Следење и навремени известувања за корпоративни настани;

7 http://bankarstvo.mk/index.php/licni-finansii/item/4366-koi-funkcii-gi-izvrshuva-bankata

Page 13: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

13

o Услуги на застапување на собранија на акционерски друштва;

o Известување за новините на пазарот на капитал и измените на законските

прописи;

o Плаќање на даночни обврски во име на клиентите кои произлегуваат од

сопственоста над хартиите од вредност кои се водат на збирна сметка на

Банката;

Менувачко работење. Во Република Македонија, менувачко работење можат

да вршат банки, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица со седиште

во Република Македонија, кои се регистрирани за вршење на менувачки работи и кои

имат добиено дозвола од НБРМ за вршење на истите. Менувачкото работење на

банките ги опфаќа следните работи:

o Домашните физички лица (резиденти) и странските физички лица (нерезиденти)

можат да продадат на банката ефективни странски пари и чекови деноминирани

и исплативи во странска валута

o Домашните странски лица можат да купат ефективни странски пари

o Странските физички лица можат да извршат реоткуп на ефективни странски

пари за износот на непотрошените денари, што претходно ги добиле при

продажбата на ефективните странски пари на банката.

За извршената менувачка работа, банката наплатува провизија согласно на тарифата за

надоместоци, а на физичкото лице му издава потврда.

Чување на вредни работи во сефови. Во широката палета на услуги кои ги

нудат банките спаѓа и понудата на различни големини на сефови за чување на хартии

од вредност, предмети, документи или материјали. Сеф може да закупи физичко или

правно лице врз основа на писмено барање од страна на закупецот и склучен

договор. Банката му гарантира на закупецот тајност на податоците и дискреција при

употребата на сефот. Со сефот може да ракуваат само закупецот и лицата овластени од

него. Заради сигурност секој сеф се отвора со два клуча, кои едниот е кај корисникот, а

другиот во банката.

Издавање гаранции. Банкарската гаранција претставува инструмент со кој

банката гарантира дека нејзиниот клиент ќе ја исполни обврската кон трето лице.

Page 14: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

14

Банкарските гаранции претставуваат условни обврски за банката, бидејќи при нивното

издавање таа нема никаква обврска ниту кон налогодавачот ниту кон корисникот на

гаранцијата. Обврската на банката настанува само доколку налогодавачот не ја изврши

својата обврска кон корисникот. Односно, доколку налогодавачот уредно ја подмири

својата обврска и го плати долгот кон корисникот на банкарската гаранција, во тој

случај банката нема никакви обврски, а гаранцијата останува неискористена. Имено,

гаранциите кои ги издаваат банките најчесто не се активираат, затоа што банката

секогаш врши детална анализа на клиентите за кои гарантираат, а исто така бараат

одредено обезбедување во форма на депозит, недвижен имот, хипотека, меница и сл.

Банките, за издавањето на бакарската гаранција наплатуваат одреден надомест –

провизија, поради подготвеноста врз себе да ја преземат обврската на налогодавачот.

Издавање акредитиви и други инструменти на меѓунардниот платен

промет. Акредитив е банкарски инструмент со кој една банка по налог на својот

коминтент дава налог на друга банка да му стави на располагање на лицето назначено

на акредитивот одреден паричен износ во определен временски период. Отвоарњето на

акредитиви е познато како доста сложена банкарска операција каде треба да се внимава

при точно прецизирање на условите на акредитивот, документацијата, обезбедувањето

и др. Со отворањето акредитив банките се вклучуваат и во меѓународните плаќања, за

што е потребно високо професионално финансиско однесување.

Финансиско советување. Советодавните услуги најчесто се карактеристика на

инвестициските банки. Тие им обезбедуваат советодавни услуги на своите клиенти,

правните лица, во ситуациите на соединување и преземање, како и во целина на

корпоративното претруктуирање. При финансиското советување, банките водат сметка

и за техничкиот аспект на секоја трансакција. Тие најпрво прибираат информации за

секој од економските субјекти вклучени во трансакциите, ги процесираат, даваат свое

мислење за цената која треба да се плати, потоа советодавни услуги при емисијата на

хартии од вредност, купување на вредносни хартии, цената на одредени инвестиции и

сл. Односно банката им помага на своите клиенти (корпорации или државни

институции), правејќи проценка за нивните потреби од финансиски средства. Таа му

дава совети во поглед на условите на пазарот, ги запознава со придобивките и

трошоците од различните можности на мобилизирање на средствата и притоа им ја

посочува најповолната инвестициска стратегија која ќе одговори на потребите на

клиентот.

Page 15: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

15

Електронски пари и електронско банкарство. Развојот на технологијата во

банкарскиот сектор придонесе за значајни промени во традиционалните банкарски

работи. Имено, денес се почесто луѓето ги користат електронските уреди за вршење на

основните финансиски операции како трансакции на финансиски средства, плаќања во

земјата и странсво, плаќање на даночните обврски и сл. Сето тоа благодарение на

електронските пари (e-money) или дигитални пари (digital cash), кои претставуваат

електронски средства кои ги извршуваат традиционалните функции на парите, односно

служат како средство за палќање и како средство за чување на вредноста.

Електронските пари ги вклучуваат парите кои се наоѓаат на сметките во

интернет-банките или на сметките поврзани со интернет банкарството (сметки од кои

може да се плаќа преку интернет), потоа парите на кредитните и дебитните картички,

картички со претплата и др.

Финансиски лизинг – е оној лизинг со кој се пренесуваат сите ризици и

користи кои произлегуваат од сопственоста на еден предмент од давателот на лизинг

на корисникот на лизинг, било тој да е подвижен или неподвижен, при што по истекот

на определен временски период сопственоста може, но не мора да му биде пренесена

на корисникот на лизинг.

Предметот на финансиски лизинг му се дава на користење на корисникот на

лизинг за договорен временски период, во замена за плаќање на надомест за користење

на предметот на лизинг, врз основа на одредбите од договорот кој е склучен помеѓу

давателот и корисникот на лизинг.

Едно средство за да биде предмет на финансиски лизинг, потребно е:

o да биде купено од страна на давателот на лизинг (банката) со единствена цел да

биде дадено на лизинг; или

o Управниот одбор на банката да донел одлука со која едно средство во

сопственост на банката, коешто банката го користела за извршување на

сопствената дејност или ги стекнала по некој друг основ (како на пример

преземени средства по основ на ненаплатени побарувања), се пренаменува во

средство коешто банката ќе го даде на финансиски лизинг.

Page 16: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

16

Брз трансфер на пари. Брзиот раст на глобалната економија наметнува потреба

за брз трансфер на пари без притоа да постојат просторни ограничувања. Оваа услуга

банките во Република Македонија најчесто ја шзвршуваат во соработка со светски

познатата компанија Western Union. Таа овозможува испраќање и прием на пари низ

целиот свет независно дали клиентот има отворено сметка кај деловната банка.

Активности од областа на осигурувањето. Современото функционирање на

банкарскиот сектор ни покажува дека банките се повеќе превземаат активности на

осигурителните компании. Имено, банкарските производи и услуги постојано ги

напуштаат границите на т.н. традиционално банкарство, преземајќи и дел од оние со

осигурителен карактер како што се полисите за животно и неживотно осигурување.

Според тоа, банките во комбинација со кредитите нудат полиси за различни видови на

животно осигурување, а неживотното осигурување најчесто е застапено преку

продажба на полисите за: патничко осигурување, автомобилска одговорност, каско

осигурување, зелен картон, домаќинско осигурување, осигурување на имот од пожар и

некои други опасности, осигурување од незгода, како и сите останати видови полиси за

неживотно осигурување.

Page 17: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

17

1.1. Улогата на банките во финансискиот систем

Финансискиот систем го сочинуваат носителите на понудата и побарувачката за

парични средства, финансиските облици – инструменти во кои се инкорпорирани

паричните побарувања на различни финансиски институции и тековите на циркулација

на парични средства, кои интегрирани со законските правила и прописи, овозможуваат

тргување со пари и парични вишоци, притоа одредувајќи ја цената на финансиските

производи.8

Клучни елементи на финансискиот систем се: финансискиот пазар,

финансиските инструменти и финансиските институции.

Финансискиот систем е најважен и најповеќе контролиран дел во целокупниот

економски систем. Според тоа, неговата стабилност, развој и успешност претставуваат

основни предуслови за стабилност и раст на економијата во земјата. Значењето на

финансискиот систем се искажува преку работата на банките и другите финансиски

институции и различните финансиски пазари.

Како најзначајни финансиски институции во финансискиот систем, банките ги

имаат следните две важни функции:

1. мобилизирање на депозити нудејќи поволни каматни стапки, така што на тој

начин ги претвораат заштедите во активен капитал

2. дистрибуција на заштедите во облик на кредити со што придонесуваат за

економски раст и развој.

Функцијата на мобилизација на заштедите е од суштинско значење за

финансискиот систем, бидејќи, од една страна, без пристап на инвеститорите многу

производни процеси се непрофитабилни, а од друга страна му овозможува на

населението да поседуваат диверзифицирано портфолио и зголемување на

8 Rose, P. S. (1986) The Financial System in the Economy. Texas: Business Publications, стр. 4

Page 18: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

18

ликвидносната на средствата, што придонесува за поефикасна алокација на

финансиските ресурси.9

Друга значајна функција на финансискиот систем е алокативната функција. Во

тој контекст, прибирајќи ги слободните парични средства и алоцирајќи ги во

економски оправдани проекти, банките овозможуваат развој на финансискиот систем

кој придонесува за напредок на целокупната економија и зголемување на животниот

стандард. Имено, финансискиот систем го детерминира обемот на достапни кредити, ја

мобилизира расположливата заштеда, формира каматни стапки и креира различни

финансиски побарувања. Паричните вишоци се трансферираат во инвестиции на

претпријатијата, домаќинствата и државата. Инвестициите во нова опрема

предизвикуваат зголемување на продуктивноста на трудот и раст на животниот

стандард. Од друга страна, нестабилен или неразвиен финансиски систем

оневозможува постигнување на стабилност и развој на целокупната економија. Во

такви услови, кога финансискиот систем не е во состојба да ги извршува своите

основни задачи доаѓа до намалување на инвестициите и производството, намалување

на животниот стандард, односно се намалува економскиот раст.

Со цел да се приспособат на новите услови и трендови на пазарот како би

останале конкурентни и достапни на своите клиенти, банките биле приморани да ја

прошират својата улога во економијата. Денес, модерните банки, покрај основните

функции на примање депозити и одобрување кредити, ги имаат и следните улоги во

економскиот систем:

Посредничка улога – штедните влогови примени од домаќинствата, банките ги

претвораат во кредити за деловните субјекти за тие да можат да инвестираат во

нови недвижности, опрема и останати добра.

Улога на плаќање – банките извршуваат плаќања на стока и услуги во корист

на своите клиенти.

Улога на гарант – во случаевите кога комитентите на банката не се во можност

да ги отплаќаат своите кредити.

Улога на агенти – банките вршат работи во корист на своите комитенти кои се

однесуваат на управување и заштита на нивните средства, како и издавање и

откуп на нивни хартии од вредност.

9 Bogdan, Ž. (2010) Pregled istraživanja o vezi između razvijenosti financijskog sustava i gospodarskog rasta.

U: Grgić, M., ur. Zbornik Ekonomskog fakulteta u Zagrebu. Zagreb: Ekonomski fakultet, стр. 139

Page 19: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

19

Политичка улога – служејќи како кредитор на владината политика во обидите

за регулирање на растот на економијата и остварувањето на социјалните цели.10

За да може финансискиот систем непречено да функционира како посредник во

прибирањето и пласманот на реалните извори на штедење, односно акумулацијата,

потребно е да се остварат претпоставките за здрав и стабилен банкарски систем, а со

тоа и претпоставките за развој на економијата. Под здрав банкарски систем се

подразбира оној систем кој ефикасно ги извршува следните функции: посредување

помеѓу штедачите и инвеститорите, временска трансормација на штедењето, платен

промет, ефикасна алокација и ефикасен механизам за спроведување на монетарната

политика. Имено, доколку поединечни банки западнат во криза може да се случи

поради домино ефектот да дојде до појава на системска криза на банкарскиот, но и на

финансискиот сектор, што пак, ќе има последици врз целокупната економија.

Исто така, важно за банките е да уживаат високо ниво на доверба кај штедачите,

бидејќи во спротивно, може да дојде до повлекување на нивните заштеди од банките и

нивни трансфер во готовина или во странство. Потоа, банкарскиот систем претставува

механизам за спроведување на монетарната политика во земјата. Доколку банкарскиот

систем не е здрав, стабилен и не функционира на соодветен начин, инструментите на

монетарната политика ќе бидат помалку ефикасни или неефикасни.

Во секој случај, кредитите и нивното влијание врз производството и

вработеноста, се најважниот показател за улогата на банките во економијата на една

земја. Меѓутоа, без улогата на банките во извршувањето на плаќањата и

мобилизирањето на заштедите, ќе отсуствува и нивната кредитна улога, а како резултат

на тоа и нивното влијание врз целокупната економија.

Во Република Македонија, исто така, банките се најзастапен и најзначаен фактор

за одржување на стабилноста на целокупниот финансиски систем, но и на стабилноста

на останатите институционални сегменти. Меѓутоа, иако помали по обем, клучни за

финансиската стабилност се и пензиските фондови, коишто како финансиски

посредници се значајни за долгорочната финансиска стабилност на домаќинствата, но

претставуваат и значајна компонента на активата на домаќинствата. Пензиските

фондови, заедно со друштвата за осигурување имаат голем потенцијал за натамошен

10

Rose, P. S. (2005) Menadžment komercijalnih banaka. 4. izd. Zagreb: Mate, стр. 8

Page 20: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

20

раст, но во последниве години работат во исклучително неповолни пазарни услови за

инвестирање и оплодување на средствата на крајните корисници (Табела 1.1.1.).

Page 21: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

Табела 1.1.1. Структура на вкупните средства во финансискиот систем на Република Македонија

Izvor: НБРМ, Извештај за финансиската стабилност во Република македонија во 2015 година

Вид на финансиски институции

Вкупни средства

(милиони денари) Структура во % Промена

31.12.2015/31.12.2014

Број на

институции

2014 2015 2014 2015 Апсолутна

промена

Во

проценти

2014 2015

Депозитни финансиски институции 403,176 426,313 87,5 86,4 23,137 5,7 19 18

Банки 400,281 423,668 86,8 85,8 23,386 5,8 15 15

Штедилници 2,895 2,646 0,6 0,5 -249 -8,6 4 3

Недепозитни финансиски институции 57,772 67,278 12,5 13,6 9,506 16,5 101 108

Друштва за осигурување 16,416 17,562 3,6 3,6 1,146 7,0 15 15

Осигурителни брокерски друштва н.п. 689 н.п. 0,1 н.п. н.п. 30 32

Друштва за застапување во осигурувањето н.п. 89 н.п. 0,02 н.п. н.п. 11 13

Лизинг друштва 4,311 3,408 0,9 0,7 -903 -20,9 8 8

Пензиски фондови 33,580 40,802 7,3 8,3 7,222 21,5 4 4

- задолжителни пензиски фондови 33,074 40,065 7,2 8,1 6,991 21,1 2 2

- доброволни пензиски фондови 506 737 0,1 0,1 231 45,7 2 2

Друштва за управување со пензиски фондови 508 773 0,1 0,2 265 52,2 2 2

Брокерски куќи 178 153 0,0 0,0 -25 -14,0 6 6

Инвестициски фондови 1,950 2,882 0,4 0,6 932 47,8 13 13

Друштва за управување со инвестициски фондови 33 49 0,0 0,0 16 48,5 5 5

Друштва за управување со приватни фондови н.п. н.п. н.п. н.п. н.п. н.п. н.п. н.п.

Финансиски друштва 796 871 0,2 0,2 75 9,4 7 10

Вкупно 460,948 493,591 100,0 100,0 32,643 7,1 120 126

Page 22: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

Во Република Македонија продолжија структурните промени на финансискиот

систем, односно и натаму се намалуваат бројот и обемот на активностите на

штедилниците, како и улогата на друштвата за лизинг и брокерските куќи. Во 2015

година, активата на финансискиот сектор во Република Македонија растеше забавено

во однос на претходната година, главно поради забавениот раст на активата на

банкарскиот систем, но и на задолжителните пензиски фондови и на друштвата за

осигурување. Придонес имаше и натамошното намалување на активата на друштвата

за лизинг и брокерските куќи. Годишниот раст на вкупните средства на финансискиот

систем, иако е забавен, има малку поголемо значење за домашната економија (за 0,4

процентни поени). Вкупните средства на финансискиот систем зафаќаат 88,1% од

бруто домашниот производ (Графикон 1.1.1.).

Графикон 1.1.1. Учество на средствата на финансискиот сектор во БДП во проценти

Izvor: НБРМ, Извештај за финансиската стабилност во Република македонија во 2015

година

Page 23: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

23

Финансискиот систем на Република Македонија се карактеризира со едноставна

структура, а меѓусебната зависност на одделните сегменти е минимална. Во

последните години се повеќе се зголемува интересот за комбинирање на

осигурителните и банкарските производи и услуги (пр. банкоосигурувањето), но

нивниот обем е сѐ уште мал. Како резултат на ова, ограничена е можноста за

прелевање на ризиците од еден во друг институционален сегмент, со што се

ограничени и ризиците за нарушување на финансиската стабилност во земјата врз таа

основа.

Банките, како главна алка на поврзаност во рамките на финансискиот сегмент,

имаат најголемо влијание врз вкупните движења во финансискиот систем, пред сѐ

преку депозитите коишто останатите финансиски институции ги чуваат кај нив. Иако

овие депозити се речиси незначајни како извор на средства за банките (3,4% од

нивната вкупна депозитна база), тие се особено значајни за некои од финансиските

институции бидејќи претставуваат значителен дел од нивните вложувања. Затоа, може

да се каже дека банкарскиот систем е клучниот сегмент, од кој може да се пренесат

ризиците кон останатите сегменти од финансискиот систем и неговата стабилност е од

клучно значење за одржувањето на финансиската стабилност, особено имајќи предвид

дека кај него се концентрирани и заштедите на нефинансискиот сектор.

Во услови на недоволна развиеност на финансиските пазари, како и

ограничената понуда на финансиски производи и инструменти, значителен дел од

средствата на недепозитните финансиски институции, се пласирани кај банките.

Според тоа, депозитите на недепозитните финансиски институции во банките, на

крајот од 2015 година, изнесуваа 11.035 милиони денари и забележаа годишно

намалување од 5,4%. Во состојба на намалена ликвидност на недепозитните

финансиски институции, се јавува потреба за повлекување на нивните депозити од

банките, не би се почувствувале никакви последици врз ликвидноста и стабилноста на

банкарскиот систем во целина. Имено, нивното учество во вкупната актива и вкупната

депозитна база на банките е мало и изнесува 2,6% и 3,4%, соодветно. Сепак,

ситуацијата е малку поинаква по одделни банки, каде што учеството на депозитите на

недепозитните финансиски институции во вкупните депозити достигнува и до една

четвртина (по одделни банки се движи во интервал од 0,9% до 24,2%).11

11

Извештај за финансиската стабилност во Република македонија во 2015 година

Page 24: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

24

1.2. Активни и пасивни банкарски работи

Постојат повеќе критериуми според кои можат да се поделат банкарските работи,

и тоа: билансен критериум, функционален критериум и временски критериум.

Според билансниот критериум банкарските работи можат да бидат: пасивни,

активни, неутрални и сопствени. Додека пак, според функционалниот критериум тие

се делат на: работи за мобилизација и концентрација на средства, кредитни работи,

комисиони работи и сопствени работи. Според временскиот критериум, односно

анализата на изворите пласманите, банкарските работи можат да бидат: краткорочни,

среднорочни и долгорочни банкарски работи.

Во овој магистерски труд детално ќе бидат објаснети само активните и пасивните

банкарски работи. Преку извршувањето на неутрални банкарски работи, банките

вршат услуги за кои наплатуваат провизија со цел прибирање на средства за своите

интереси.

Сопствените работи на банката се насочени кон оптимизација на профитот преку

директно учество во производството на производи или услуги, како учество на банките

во берзанските трансакции кои банките ги вршат директно.

Активни банкарски работи

Активни банкарски работи претставуваат оние активности преку кои банките

претходно мобилизираните средства, ги пласираат во различни форми на кредитни и

некредитни вложувања, при што се јавуваат во улога на доверител. Односно под

активни банкарски работи се подразбираат сите активности во кои банката се јавува во

улога на кредитор, при што мобилизираните средства ги пласира најчесто во форма на

кредит. Според тоа, како класична активна работа на банката се смета давањето на

кредит на своите клиенти, кои преку склучување на договор со банката се обрзуваат

дека добиената сума ќе ја вратат во договорениот временски период заедно со неговата

Page 25: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

25

цена во форма на камата. Овие активности на банката, заедно со пасивните банкарски

работи, ја сочинуваат суштината на банкарското работење. Историски гледано, тие се

едни од најстарите банкарски работи.

Според критериумот на рочноста, активните банкарски работи се делат на:

Краткорочни активни банкарски работи

Долгорочни активни банкарски работи

Краткорочните активни банкарски работи се оние работи со кои деловните

банки вршат пласман на сопствените и мобилизираните средства на комитентите, во

рок кој не е подолг од една година. Во овие активни работи сапѓаат следните форми на

краткорочно кредитирање: есконтен кредит, конто-корентен кредит, ломбарден кредит,

акцептен кредит, рамбурсен кредит и авален кредит.

Есконтен кредит претставува банкарска активност со која банката купува

меници кои не се доспеани, со одбивање на износот на камата до денот на доспевањето

на меницата. На овој начин, со есконтирањето на мениците, односно со нивното

продавање на деловните банки пред рокот на нивно доспевање, деловните субјекти ги

наплатуваат своите побарувања, додека пак, банките вршат пласман на слободните

парични средства на краток рок и го обезбедуваат стопанството со потребните

ликвидни средства.

Конто-корентен кредит претставува најчест облик на краткорочно

кредитирање. Кредитот функционира според принципот на кредитна линија која му е

одобрена на клиентот на користење. Имено, доколку на сметката на комитентот има

повеќе исплати отколку уплати, во тој случај се јавува кредитирање од страна на

банката. Комитентот според потребите искористува дел по дел од одобрениот износ, а

камата плаќа само за искористениот дел од кредитот. Засега, само граѓаните кои имаат

тековни сметки, можат по претходно склучен договор со банката, да влегуваат во т.н.

минусно салдо, до одреден минус, односно да издаваат чекови, иако на својата тековна

сметка немаат средства. На тој начин тие се кредитирани од банката.12

Тука спаѓаат и

кредитите кои банката ги одобрува на кредитните картички.

12

Трпески Љ., Банкарско работење, Скопје, 2002, стр. 115.

Page 26: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

26

Ломбардниот кредит името го добил по областа Ломбардија (северен дел на

Италија).13

Станува збор за давање кредити врз основа на подвижни вредности, хартии

од вредност, стоки, накит и други благородни метали кои остануваат во сопственост на

заемопримачот. За разлика од другите кредити кај ломбардниот кредит меродавен е

бонитетот на залогот, а не бонитетот на субјектот што бара кредит. Исто така, овој

кредит никогаш не изнесува стопроцентен износ од вредноста на залогот, туку само

определен процент од таа вредност, на пример 40-60%, освен кога во прашање е

златото (100% од неговата вредност). Бидејќи каматната стапка на ломбардните

кредити што ги одобрува Централната банка е за 1% повисока од есконтната стапка,

деловните банки пресметуваат 1-2 % повисока каматна стапка од висината на

есконтната стапка на Централната банка. Во развиените пазарни економии најмногу

ломбардни кредити се одобруваат врз основа на заложување на хартии од вредност.

Акцептен кредит е кредит што го дава банката по пат на акцептирање на

меница којашто на неа ја влече нејзин коминтент или по некое друго лице.14

Деловната

банка става свој потпис (акцепт) на меницата и со тоа како главен должник се обврзува

дека на имателот на меницата ќе му го исплати меничниот износ, ако нејзиниот

коминтент не ја откупи меницата во рокот.

Рамбурсен кредит претставува посебен вид на акцептен кредит за плаќање на

прекуморски увоз или извоз при што банката се јавува како услужен акцептант, со

употреба на стоковни документи, како што се: товарни листи, полиси за осигурување и

друго. Овие кредити најчесто ги одобруваат големите банки кои имаат висок

меѓународен углед и поведение. Најпознати помеѓу нив се лондонските банки.

Рамбурсен кредит се реализира на тој начин што некоја позната банка му отвара преку

продажните банки на продавачот кредит, кој ќе му биде исплатен во нејзиниот акцепт

кога продавачот поднесува документ (коносман и останато) дека стоката е отпремена

на адреса на купувачот. Документот гласи на купувачот на стоката, на тој начин

останува во нејзина сопственост се додека налогодавачот не ја откупи од неа.15

Авалниот кредит претставува банкарскли кредит врз основа на авална меница

односно авална гаранција. Со овој кредит банката се обврзува дека на сметка на својот

клиент ќе ја изврши обврската спрема трети лица, доколку клиентот уредно и

13

Проф. Тихомир Јовановски, Монетарна економија, стр. 215, Скопје 1995 година. 14

Проф. Тихомир Јовановски, Монетарна економија, стр. 216, Скопје 1995 година 15

Конеска Љ., Банкарски сметководствен систем, Скопје, 2006, стр. 162, 163.

Page 27: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

27

навремено не ја изврши. Се дава во вид на гарантно писмо упатено на доверителот на

клиентот. Банката од клиентот бара покритие, а за извршената услуга наплатува

провизија.

Долгорочни активни банкарски работи се оние активни банкарски работи со

кои банките вршат пласман на средствата во рок подолг од една година. Долгорочните

активни банкарски работи во најголем дел се поврзани со одобрувањето на

долгорочните кредити.16

Најважни видови долгорочни кредити се:

Инвестициски кредити за проширување, односно зголемување на дејноста

Хипотекарни кредити

Останати видови долгорочни активни банкарски работи: долгорочни кредити на

домашни и странски банки, заеднички вложувања, конзорционални работи и сл.

Инвестициските кредити се долгорочни кредити кои се даваат за купување на

опрема, проширување на капацитетите на економските субјекти или со цел нивна

реконструкција и модернизација. Овие кредити банките ги одобруваат од

мобилизираните средства преку долгорочните пасивни банкарски работи, најчесто

орочените депозити од физичките и правни лица. При одобрувањето на

инвестицискиот кредит, банката, покрај утврдувањето на кредитната способност на

барателот на кредит, треба да направи стручна анализа на поднесениот инвестициски

елаборат за да ја утврди профитабилноста на инвестицијата. Поради подолгиот рок на

отплата инвестициските кредити носат поголем ризик, па вообичаено е да имаат

повисока каматна стапка во однос на краткорочните кредити.

Хипотекарниот кредит претставува кредит, кој деловните банки го одобруваат

врз основа на заложување на недвижен имот. Хипотекарниот кредит е реален кредит

што значи дека не се одобрува врз основа личниот кредибилитет на барателот на

кредитот, туку врз основа на вредноста на имотот што се заложува. Висината на

кредитот кој банката го одобрува изнесува 50-60% од вредноста на хипотеката. Исто

така, за да се одобри хипотекарен кредит, имотот кој се заложува мора да биде

16

Трпески Љ., Банкарско работење, Скопје, 2002, стр. 119.

Page 28: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

28

осигуран од елементарни непогоди, а полисата за осигурување да биде пренослива на

банката која го издава кредитот.

Конзорционални кредити. Во случаевите кога се работи за некои поголеми

инвестициски потфати, односно поголеми износи на кредити, тогаш повеќе банки

можат да се здружат во т.н. банкарски конзорциум и да одобруваат заеднички кредити.

Во тој случај банките се договараат која ќе има колкав удел во одобрениот кредит. При

конзорционалните кредити ризикот е многу помал во споредба кога една банка сама

доделува кредит во поголем износ.17

Исто така, на тој начин банките го распоредуваат

и ризикот во случај да не се врати кредитот (кредитниот ризик).

Пасивни банкарски работи

Преку својата функција на прибирање и концентрација на слободните

финансиски средства, банките главно извршуваат пасивна банкарска работа. Гледано

од билансен аспект се работи за туѓи мобилизирани финансиски средства, кои од

аспект на банката претставуваат нејзин долг, поради што се евидентираат на страната

на пасивата. Кај пасивните банкарски работи банката е должник во однос на своите

киенти.

Извршувајќи ги пасивните банкарски работи банките вршат две значајни

функции. Прво, ги мобилизираат и концентрираат мноштвото поделени финансиски

вишоци, во различна временска расположливост, кои ќе бидат употребливи по

квалитет и квантитет од аспект на кредитобарателите. Второ, вака мобилизираните и

концентрирани финансиски средства, банката ги трансформира и става на располагање

на дефицитните финансиски посредници, соодветно на нивните квантитативни и

временски можности.

Главен индикатор за успешноста и водењето на политиката на концентрација на

финансиски средства кај банките претставува кредитниот потенцијал. Прибраните и

17

Трпески Љ., Банкарско работење, Скопје, 2002, стр. 120.

Page 29: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

29

концентрирани парични средства на банката ќе овозможат голема финансиска

активност, која се зголемува напоредно со развојот на производството и продажбата.

Концентрираните средства на банката и овозможуваат банкарска активност преку

разни облици на кредитирање, каде банката остварува профит врз основа на разликата

на активните и пасивните каматни стапки. Според тоа политиката на прибирање

финасиски средства претставува најзначајна активност во деловната политика на една

банка. За банката како финансиска институција карактеристично е тоа дека се соочува

со проблемот како да ја задоволи зголемената побарувачка за парични средства,

односно како да ја зголеми сопствената понуда на парични средства од квантитативен

и квалитативен аспект. Со други зборови, финансиските средства се прибираат поради

пласман. Од тука, обемот и карактерот на прибраните финансиски средства го

одредуваат и обемот и карактерот на банкарските палсмани. Врз основа на своите

извори на средства, банките формираат своја потенцијална понуда на парични

средства.

Структурата на изворите на средства е следна:

1. Парични депозити и штедни влогови како и други средства на граѓаните,

2. Емисија на хартии од вредност,

3. Меѓубанкарски кредити во земјата и странство,

4. Кредити добиени од Централната Банка.

Пасивните банкарски работи може да се поделат според повеќе критериуми и тоа:

1. Според потеклото на паричните средства

2. Според имотно – правните ознаки

3. Според временскиот критериум - рочноста

Според потеклото на паричните средства, пасивните банкарски работи се делат на:

Работи кои произлегуваат од влогот на парични средства во банката, кои веќе

се наоѓаат во оптек,

Page 30: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

30

Работи кои настануваат со уплата на сметката на банката,

Работи предизвикани со продажбата на девизи, злато и краткорочни хартии од

вредност

Според имотно – правните обележја, пасивните банкарски работи се делат на :

Работи кои се иницирани со приливот на депозити кои претставуваат слободни

парични средства на претпријатијата и другите трансактори (обртни средства

кои го опслужуваат производниот циклус)

Работи кои се поврзани со работните односи со граѓаните (кога банката прима

пари како заштеда)

Според временскиот критериум – рочноста, пасивните банкарски работи се делат на:

Краткорочни пасивни банкарски работи

Долгорочни пасивни банкарски работи

Краткорочни пасивни банкарски работи

Со вршењето на пасивните банкарски работи, банките обезбедуваат парични

средства, кои ги користат за одобрување на краткорочни кредити, на своите комитенти

како и за извршување на останатите сопствени и други активни работи.

Најзначајните краткорочни банкарски работи ги опфаќаат следните облици на

обезбедување на парични средства:

1. Емисија на пари,

2. Мобилизација и чување на краткорочни средства – депозити по видување,

3. Задолжување кај други банки (краткорочни кредити),

4. Издавање на благајнички записи – краткорочни хартии од вредност,

5. Есконтирање на сопствени меници.

Page 31: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

31

Емисијата на пари во развиените банкарски системи претставува специфична

банкарска работа која ја извршува централната банка преку т.н. привилегирана емисија.

Оваа емисија на пари е од посебно значење за целокупното општествено и економско

движење. Со емисијата на парични средства, банката создава парични средства кои

може да ги користи за одобрување на нови кредити на банките и другите правни и

физички лица, како и за извршување на обврските спрема своите долгови со што

емитуваните парични средства ги претвора во извори на средства со кои работи.

Мобилизација и чување на краткорочни средства – депозити по видување,

претставуваат најважниот и најразвиениот облик на краткорочни пасивни банкарски

работи од кои најмногу зависи кредитниот потенцијал на банките. Депозитите по

видување претставуваат парична маса која може да се претвори во готови пари или во

депозити за плаќање на сопственикот на депозит, односно банката може да ги исплати

во секое време. Депозитите претставуваат основна суровина за одобрување на заеми и

на тој начин претставуваат краен извор за профит и развој на секоја банка. Депозитите

по видување може да се поделат на:

Депозити на тековните и жиро сметките на претпријатијата,

Депозити на граѓаните – штедни влогови,

Останати депозити на поврзани сметки.

Задолжување кај други банки (краткорочни кредити) – со оваа пасивна

банкарска работа банките доаѓаат до потребниот паричен капитал за извршување на

своите кредитни работи и тоа најчесто кога своите расположливи банкарски средства

за кредитирање ги имаат искористено за одобрување на краткорочни кредити. За

мобилизација на овие средства банката се одлучува со цел да ја сочува или подобри

својата ликвидност. На комерцијалните банки, вакви кредити најчесто им одобрува

централната банка или некоја друга голема банка. Кредитите на централната банка

најчесто се јавуваат во следните облици:

1. Реесконт,

2. Реломбард,

3. Селективни кредити,

4. Кредити за ликвидност и сл.

Page 32: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

32

Реесконт, претставува краткорочна банкарска работа која се состои во тоа да

една банка комерцијалната меница од своето портфолио ја продава (есконтира) на

централната банка, во рамките на својот редисконтен контингент.

Реломбард – е краткорочна банкарска работа кај која банката која претходно

одобрила ломбарден кредит (по ломбардна стапка), врз основа на залог на хартии од

вредност или некоја друга драгоценост, бара кредит од друга банка (по реломбардна

стапка), најчесто со цел задоволување на ликвидноста.

Механизмот на селективни кредити на централната банка, делуваат во правец

на исполнување на две цели и тоа, обезбедување селективно насочување на кредитите

во согласност со приоритетите на економската политика и делуваат на

квантитативното регулирање на растот на кредитниот потенцијал. Двата главни

приоритети кои се наоѓаат пред селективната кредитна политика на централната банка

се кредитите за извоз и кредити за откуп на залихите на земјоделски производи.

Кредитите за ликвидност – ги одобрува централната банка на деловните банки,

така што тие ќе извршат премостување на краткорочните периоди во кои дошло до

негативна состојба на ликвидносната позиција кај банките. Овој вид на кредити не е

популарен, но е поволен бидејќи се се користат во време кога кредитот никаде од друго

место да се добијат.

Издавање благајнички записи – благајничките записи се краткорочни харти од

вредност кои банката ги издава со цел да мобилизира парични средства, кои средства

банката се обврзува да исплати на имателот на овие записи по истекот на договорениот

рок, заедно со износот на договорената камата. Благајничките записи можат да гласат

на име или на доносител. Записите најчесто се издаваат на рок од три до дванаесет

месеци. Овие записи се многу погодни за прибирање на оние расположливи парични

средства на деловните субјекти кои во одреден период не му се потребни за одржување

на тековното работење.

Есконтирање на сопствени меници – во оние случаеви кога паричните средства

наменети за кредитирање се веќе ангажирани, банката може да есконтира сопствена

меница како би обезбедила средства за одбрување на кредити. Есконтиањето на

сопствени меници претставува специфичен начин на обезбедување средства за

Page 33: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

33

кредитирање, бидејќи зависи од бонитетот и солвентноста на банката, како и на онаа

која ја есконтира меницата.

Долгорочни пасивни банкарски работи

Обезбедувањето и концентрацијата на долгорочните средства го извршуваат

долгорочните пасивни банкарски работи. Тие средства банката ги користи за

кредитирање на развојот на индустријата и економските, односно финансиски

инвестиции. Финансирањето на инвестициите се врши од акумулирани (непотрошени)

парични средства.

Акумулацијата на долгорочните средства банките ја вршат преку следните

долгорочни активности:

1. Емисија на акции и други хартии од вредност,

2. Орочени депозити,

3. Долгорочни депозити на државата и јавните институции,

4. Издавање на обврзници,

5. Долгорочни кредити од странство,

6. Формирање на сопствени фондови,

7. Акумулирање на долгорочните средства на претпријатијата

Емисија на акции и други хартии од вредност – претставува еден од најстарите

облици на акумулација на долгорочни средства. Имено, банките ги зголемуваат

средствата за одобрување на кредити преку емисија на акции и останати хартии од

вредност, така што создаваат нов капитал кој до тој момент бил во сопственост на

купувачите на овие хартии од вредност. Досега практиката покажала дека најсигурни и

најстабилни средства за одобрување на било кои долгорочни кредити се оние средства

обезбедени преку емисија на акции.

Орочени депозити – средствата од орочените депозити, банката може да ги

користи на подолг рок и да одобрува долгорочни кредити од тие средства без опасност

дека ќе дојде до неликвидност, бидејќи однапред се знае кога е датумот на нивното

доспевање и кога треба да се има расположливи средства за евентуална исплата на

овие орочени депозити. Притоа, основен мотивациски фактор при ваквото

Page 34: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

34

инвестирање е каматната стапка која расте со рокот на орочување, а со самото тоа,

орочените депозити претставуваат најзначаен извор на долгорочни средства.

Долгорочни депозити на државата и јавните институции – овие депозити претставуваат

значаен извор на долгорочни банкарски средства. Државата издвојува одреден износ на

средства или од емисијата на обврзници, кои средства ги вложува во банките. Во

банките, исто така се вложуваат средства од фондовите на јавните установи и

институции со долгорочен карактер како што се средствата од резервните и другите

фондови, разни јавни установи и организации, фондации и слични организации. Сите

тие средства банките ги користат постепено и на подолг рок.

Издавање на обврзници – обрзницата е хартија од вредност со која издавачот се

обврзува дека на лицето означено на неа или по негова наредба, односно на нејзиниот

доносител, ќе му ја исплати сумата наведена во самата обврзница, во наведениот рок

заедно со износот на предвидената камата. Обврзници може да издава државата,

банките, штедилниците и индустриските претпријатија со цел прибирање на поребниот

финансиски капитал. Во случајот банкарското работење обврзниците се издаваат за

обезбедување на долгорочни извори на средства.

Долгорочни кредити од странство – Средствата од странство претставуваат

значаен извор на дополнителни долгорочни банкарски средства. Овие средства банките

ги обезбедуваат на меѓународниот пазар на пари и капитал преку склучување на

финансиски кредити и кредитни линии со специјализирани деловни развојни банки,

банкарски конзорциуми и мултинационални банки.

Page 35: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

35

1.3. Принципи во банкарското работење

Поради специфичноста, улогата и значењето на банкарското работење во

обезбедувањето на ликвидност на тековната репродукција, одлука за насочување,

односно алокација на капиталот и сл., во пракса сите банки се изградени врз

општоприфатени принципи на банкарско работење. Тие се:

принцип на ликвидност

принцип на сигурност

принцип на профитабилност

Покрај традиционалните има и дополнителни принципи како:

принцип на ефикасност во вложувањата

принцип на солвентност

принцип на ажурност или уредност во работењето

Првите три принципи се познати и како т.н. златни правила во банкарското

работење. Златното банкарско правило на финансирање е воспоставено уште од 1854

година од страна на германскиот автор Хубнер, со цел да се одржи ликвидност кај

банките и тоа гласи: “Кредитот кој некоја банка може да го даде, а при тоа нема да се

доведе во опасност во поглед на исполнувањето на своите обврски, мора да одговара

на кредитот кој банката го користи, и тоа не само според износот туку и по квалитет”.

Непридржувањето према наведените принципи во банкарското работење од страна на

банките, би довело до пореметување и блокада на паричните текови, економска

нестабилност, застој во процесот на репродукција, неефикасност на инвестициските

вложувања, губење на угледот на банката, нарушување на нејзините перформанси и др.

Page 36: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

36

Принцип на ликвидност

Принципот на ликвидност е основен и најзначаен принцип на работење за секоја

банка. Поради своето значење, овој принцип во многу банкарски системи е регулиран

директно или индиректно од страна на монетарните власти. За ликвидноста на банките

заинтересирани се депонентите, регулаторите, управата, независните финансиски

аналитичари, а поради системскиот ризик и другите финансиски институции и

пошироката јавност. Всушност, доследноста на овој принцип се гледа во способноста

на банката во секој момент да одговори на доспеаните обврски, без разлика дали се

работи за барање на депонентите за повлекување на своите депозити, барање на

комитентите за повлекување на средствата од одобрените кредити или за извршување

на обврски по основ на отплата на претходно земени кредити, при што банката се

јавува во улога на должник. Имено, се работи за двостран карактер на обврските на

банката, односно обврските спрема доверителите и обврските спрема должниците.

Деловните банки се сметаат за ликвидни ако нив им се расположливи средства на

жиро сметката и во благајната поголеми или еднакви на доспеаните обврски. Обратно,

тие не се сметаат за ликвидни ако им се расположливи ликвидни средства недоволни за

измирување на доспеаните обрски. Поимот ликвидност е поширок поим од

расположливата готовина која банките ја држат во благајната или на сметките кај

централната банка. Ликвидните средства според овие две категории опфаќаат и други

ликвидни облици на актива кои можат, но само еден краток рок да се трансформираат

во готовина или во парични средства на сметките кај централната банка. Или накратко,

ликвидна сопственост се смета секоја сопственост која може во краток рок да се

претвори во пари и тоа без поголеми загуби.

Наспроти ликвидноста на сопственоста стои доспевањето на обврските.

Најприфатливо за банката би било да постои усогласување помеѓу овие две величини,

односно доспевањето на активата да се усогласи со доспевањето на обврските. Едно од

основните правила во банкарството се однесува на што подобро синхронизирање на

роковите на доспеаност на обврските со роковите на доспеаност за наплата на

побарувањата. Меѓутоа, во пракса главно постои отстапување помеѓу овие величини.

Во случаевите кога претворањето на активата во пари е пократко во однос на

доспевањето на обврските сметаме дека постои висока ликвидност, а во обратен случај

Page 37: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

37

постои намалување на ликвидноста која е толку поголема колку е и отстапувањето

помеѓу доспевањето на активата и доспевањето на обврските поголемо. Ниту

состојбата на преголема ликвидност, како ни состојбата на неликвидност не се

прифатливи за банките. Во првиот случај, тие би располагале со значително големо

салдо на готовина отколку што е потребно со што директно се загрозува нивната

профитабилност, имајќи во предвид дека готовината на сметките не обезбедува

никаков принос. Од друга страна недоволните ликвидни средства оневозможуваат

подмирување на обврските во роковите на доспевање со што директно се предизвикува

намалување на довербата во банките кај нивните комитенти.

Накратко, постојат три видови на обврски за банкарските организации според

кои најчесто се претставува нивната ликвидност, а тоа се:

Обврска банките во предвидениот рок да ги извршуваат налозите на

коминтентите кои располагаат со средствата на сметките кои се водат кај

банките;

Обврска банките во договорените рокови да ги пуштаат во оптек

одобрените кредити на коминтентите;

Обврската на банките да ги враќаат во предвидените рокови кредитите кои и

се одобрени од страна на нејзините кредитори, централната банка или друга

банка или институција.

Покрај овие обврски банките мора да исполнуваат и четврта обврска, а тоа е да

располагаат со доволна количина на резервни средства. Овој принцип е многу важен за

нив т.е. поради тоа мора да располагаат со соодветна висина на резерви за да не дојде

до ситуација против нив да се покрене ликвидациона постапка. Во пракса често се

случува да не постои потполна усогласеност во динамиката на приливите и одливите

на средства, па затоа се формираат одредени ликвидносни резерви кои ќе овозможат да

се надминат моменталните проблеми на неликвидност. Тоа претпоставува дека

финансиските менаџери имаат дневна обврска да ги усогласат роковите на дадените

кредити со роковите на превземените обврски и на тој начин банките остваруваат

апсолутна ликвидност во секој момент, односно да ја имаат потребната резерва на

ликвидност, а покрај тоа да може непречено да ги извршува своите кредитни

активности и сите доспеани обврски да ги плаќа во предвидените рокови. За таа цел, во

Page 38: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

38

пазарните економии банките мораат перманентно да обезбедуваат дневна ликвидност

во своето работење.

Имајќи во предвид дека банките главно работат со мобилизирани туѓи средства,

им се наметнува голема одговорност и преземаат обврска дека во предвидениот рок и

под договорените услови ќе ги вратат тие парични средства и тоа без било какво

одолговлекување. На тој начин банката одржува доверба кај нејзините депоненти и го

избегнува т.н. домино ефект, што овозможува нејзин опстанок во неизвесни и ризични

пазарни услови. Tреба да се има во предвид трајната способност на банката да

обезбеди таков прилив на средства кои ќе бидат синхронизирани со доспеаните

обврски. Тоа значи дека краткорочно примените туѓи средства не смеат да се даваат на

заем долгорочно. Доколку ова правило не се почитува, тогаш банкарскиот систем би

бил неликвиден. Во таа смисла ликвидноста е континуиран процес, а не способност

изразена во даден момент. Поради тоа, менаџментот на банката има обврска, преку

управување, контрола и следење на активностите да донесува одлуки со кои банката во

секој момент динамички ќе ги билансира приливот и одливот на средства, така што во

исто време ќе постигне профитабилно и сигурно банкарско работење.

Во теоријата се укажува на четири основни индикатори на неликвидност на

деловните банки и тоа:

1. кога банката нема доволен износ на парични средства на сметката кај

централната банка за покритие на налозите на своите коминтенти,

2. ако банката не е во состојба да исплатува парични средства врз основа на

одобрени кредити,

3. кога банката не е во можност да ги отплатува кредитите спрема централната

банка, другите банки или во странсво во договорените рокови и

4. ако банката држи пониско ниво на задолжителните резерви кај централната

банка во однос на пропишаниот износ.

Најтежок облик на неликвидност на банката настанува во случај на симултан

настап на сите наведени индикатори. Тоа е случај, кај оние банки кои ненавремено ги

приспособуваат нивните биланси и не настојуваат да ги елиминираат разликите од

трошењето на ликвидниот потенцијал. Банкарската пракса покажува дека ликвидноста

Page 39: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

39

на банките зависи, пред се, од одобрените кредити на самата банка, како и од оние кои

ги одбрува.

Преку принципот на ликвидност се ефектуираат целокупните перформанси на

една банка. Имено, со одржувањето на ликвидноста временски и квантитативно се

детерминира и остварувањето на принципите на сигурност и профитабилност. Со

постигнувањето и одржувањето на потребното ниво на ликвидност доаѓа до

оптимизирање на односите помеѓу склоноста на банката за максимизирање на

профитот (принципот на профитабилност) и невнимателно прифаќање на преголем

ризик (принцип на сигурност). Може да се рече дека принципот на ликвидност

претставува на некој начин интегрирачки фактор при конципирањето и

спроведувањето на деловната политика на банките, бидејќи ја релативизира

конфликтноста на поединечни нејзини делови.

Ликвидноста има критична временска димензија. Потребите на некоја банка за

ликвидни средства се најчесто моментални. Изворите на средства до кои пристапот е

овозможен моментално, како на пример резервите кои се позајмуваат од некоја друга

банка, мора да се користат како би се покриле овие ликвидни потреби во многу краток

временски интервал. Долгорочната побарувачка за ликвидни средства се јавува како

резултат на сезонска, циклична и трендовска ситуација. Имено, доколку менаџментот

предвидува потреба за долгорочни ликвидни средства, може да се повлечат средства од

поширок аспект на алтернативни извори на средства, отколку кога е во прашање

моменталната потреба за ликвидни средства.

Одржувањето на потребното ниово на ликвидност на банките претставува

индивидуален проблем, што значи дека не постојат стандардизирани решенија за

ликвидност. Имено, секоја банка мора да пронаоѓа сопствена формула и решенија за

формирање на задоволителното ниво на резерви и други присапи во покривањето на

ликвидносните потреби. Со цел да ја покријат идната побарувачка на ликвидни

средства банката може да користи неколку потенцијални извори.

Најважен извор претставуваат новите депозити на коминтентите на банката и тоа,

депозитите на новоотворените сметки и новите депозити на веќе постоечките сметки.

Овој прилив на депозити е доста голем на почетокот на секој месец кога се делат плати

а може да се постигне и друга висока точка на средината на секој месец, кога се

Page 40: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

40

плаќаат сметки и останати обврски. Друг значаен елемент за банката како извор на

ликвидни средства преставува отплатата на кредитите од страна на нејзините

коминтенти. Тие средства на банката и даваат свежи средства за исполнување на

ликвидносните потреби, што се постигнува со продажба на активата на банката.

Ликвидните средства исто така потекнуваат од приходите настанати од продажба на

недепозитни услуги и заеми од пазарот на пари. Останатите извори на побарувачка на

ликвидни средства вклучуваат отплата на обврските на средствата кои банката ги

позајмила од пазарот, како што се кредитите кои банката ги добила од некоја друга

банка или од централната банка.

Кога се зборува за ликвиднота како принцип во банкарското работење во

литератирата често се користат поимите на примарна, секундарна и терциерна

ликвидност. Ваква поделба на ликвидноста е идентична на поделбата на активата на

банките на овие три групи а заедничка карактеристика им е брзината на претворање на

поединечните облици на имотот во готовина или на сметката кај централната банка.

Примарна ликвидност или ликвидност од прв степен ја опфаќа готовината во благајна

и вишокот на ликвидни средства на банката на сметките кај централната банка над

ликвидносните резерви. Оваа ликвидност е показател на платежната способност на

банката бидејќи претставува прва и основна резерва на ликвидност која на банката и

овозможува навремено да ги плаќа доспеаните обврски, да ги изврши сите налози на

своите коминтенти и непречено да ја извршува својата кредитна активност.

Секундарната ликвидност ги опфаќа, покрај примарната ликвидност и оние

дополнителни извори на ликвидност кои можат брзо по правило во текот на истиот ден

да ги зголемат ликвидните парични средстсва на банката на нејзината сметка кај

централната банка. Имено, за банката тоа се нејзини дополнителни резерви на

ликвидност кои таа ги активира во вонредни ситуации за сезонски или неочекувани

одливи на средства. Од аспект на структурата секундарната ликвидност ја сочинуваат:

Краткорочни пласмани во комерцијални меници и благајнички записи

Парични средства во резервните фондови на банките

Неискористени и одобрени кредити од централната банка

Користење дел на задолжителните резерви со обврска во текот на

месецот да се вратат земените средства

Page 41: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

41

Користење на краткорочни кредити за ликвидност кај централната банка

врз основа на заложување на одредени хартии од вредност кои се во

функција на стоковен промет

Расположливи девизни резерви кои може да се продадат на девизниот

пазар

Терциерната ликвидност нема оперативно значење за тековната деловна

политика на банките. Таа е повеќе од стратешки и долгоророчен карактер, бидејќи ги

опфаќа оние облици на прибирање на ликвидни парични средства чија трансформација

во тековни ликвидни парични средства се одвива многу побавно. Во оваа група

спаѓаат: долгорочните кредити и облигации, меници кои не можат да се есконтираат,

должници по тековните сметки, заеми на залози, можност за добивање на кредтити од

банки банки или прибирање на парични средства на финансискиот пазар.

Учеството на поединечните позиции во вкупната актива не е еднакво. Тоа зависи

од природата на активностите кои банката ги извршува. Праксата покажува дека

поголемиот дел средства пласиран во ликвидни средства од прв степен кои заедно со

готовината претставуваат 2/3 од целокупната актива. Една третина отпаѓа на ликвидни

средства од втор степен, а целосно непознат износ на долгорочна имобилизација.

Со цел зајакнување на финансиските институции и имунитетот на банкарскиот

систем, усвоени се Базел 3 стандардите, каде се донесени мерки кои се однесуваат на

зголемување на капиталот и ликвидноста на банките. Основни цели на Базел 3 се:

Да ги зајакне стандардите во однос на потребниот капитал за покривање на

ризиците,

Да ги натера банките да посветат поголемо внимание на ликвидноста,

Да го отстрани процикличното однесување на банките и

Да ја намали опасноста од појава на систематски кризи.

Базел 3 предвидува и проширување , односно зајакнување на вториот и третиот

столб (супервизијата и пазарната дисциплина). Конечно, покрај стандардите за

капиталот, со Базел 3 се воведуваат и регулативни стандарди во однос на ликвидноста

и левериџот. Поради обемноста на промените се предвидува нивно постепено

воведување до крајот на 2018 година.

Page 42: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

42

Базел 3 значително ги заострува стандардите за потребниот капитал на банките и

тоа како во однос на големината на потребниот капитал, така и во поглед на квалитетот

на капиталот.18

Иако минималната стапка на адекватноста на капиталот и натаму останува 8%, се

зголемува минималната стапка на капиталот од нивото 1 (од 4% на 6%). Притоа,

најголем дел од капиталот од нивото 1 (4,5%) треба да биде во форма на обични акции

и задржана добивка. Со оваа мерка се обезбедува капиталот на банките да биде

составен од најквалитетните форми.

Со предложената реформа се предлагаат и два дополнителни износи на потребен

капитал (т.н. capital buffers) коишто предизвикуваат зголемување на потребното ниво

на капитал на банките и тоа:

- за зачувување на капиталот (capital conservation buffer) и

- противцикличен капитал (countercyclical buffer).

Значи, банките се должни да држат дополнителен капитал од најмалку 2,5% од

активата пондерирана според ризици (capital conservation buffer). Овој капитал треба да

послужи за покривање на загубите при појава на финансиски и економски кризи.

Доколку не го одржуваат овој дополнителен капитал, банките нема да можат да

исплаќаат дивиденди и бонуси.

Вториот вид дополнителен капитал (противцикличен капитал) може да се движи

од 0-2,5% во зависност од состојбите во кои се наоѓа националниот финансиски систем

(висината ја утврдува секј национален супервизорски орган). Банките нема да бидат

должни да издвојуваат ваков вид дополнителен капитал во текот на целиот економски

циклус (како што е случајот со дополнителниот износ за зачувување на капиталот).

Овој капитал се пропишува како задолжителен во услови на значаен кредитен раст

којшто може да предизвика раст и на системскиот ризик. Овој противцикличен капитал

банките ќе можат да го користат во услови на криза, односно во тие услови,

националниот супервизор ја укинува обврската за исполнување на потребното ниво на

противцикличен капитал. Треба да се истакне дека противцикличниот капитал се

18

Basel III: A global regulatory framework for more resilient banks and banking systems, Basel Committee on

Banking Supervision, Bank for International Settlements, Basel, December, 2010

Page 43: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

43

издвојува на дополнителниот износ за зачувување на капиталот, а може да се состои

единствено од акционерски капитал.19

Значи, Базел 3 ги обврзува банките да држат капитал во висина од најмалку

10,5% од ризичните средства (8% + 2,5%), а ако кон тоа се додаде и контарцикличниот

капитал, тогаш минималниот капитал изнесува 13%.

Покрај заострените стандарди во однос на адекватноста на капиталот, со Базел 3

се воведуваат и соодветни стапки за ликвидноста и левериџот. Во однос на

ликвидноста, се предвидени две стапки, и тоа:

- стапка на покриеност на ликвидноста (liquidity cоverage ratio, LCR) и

- стапка на нето стабилно финансирање (net stable funding ratio, NSFR).

Првиот стандард бара банките да поседуваат доволно високоликвидни средства за

покривање на паричните одливи за време на стресна состојба, во траење од еден месец.

Оттука стапката на покриеност на ликвидноста (liquidity cоverage ratio, LCR)

претставува однос помеѓу износот на високо квалитетната ликвидна актива и нето

паричните одливи во наредните 30 дена, кој однос не смее да биде помал од 100%.

Вториот стандард има за цел да обезбеди финансирање на активностите на

банката од стабилни извори на средства (депозити, долгорочни позајмици и капитал).

Оваа стапка има подолгорочен структурен карактер и обезбедува покривање на

рочната неусогласеност на активните и пасивните позиции на банката.

На крај, Базел 3 воведува дополнителна обврска за банките да одржуваат стапка

на левериџ од 3% (leverage ratio). Стапката на задолженоста претставува однос на

капиталот (основен капитал) и билансната и вонбилансната изложеност на банката.

19

НБРМ, Дирекција за финансиска стабилност банкарска регулатива и методологии “Измени на

Базелската капитална спогодба (воведување на Базел3) и прелиминарни проценки за нивното влијание

врз адекватноста на капиталот на банките во Република Македонија”

Page 44: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

44

Принцип на сигурност

Принципот на сигурност на банките подразбира одреден степен на сигурност

дека нивните комитенти во определен рок уредно ќе ги извршат своите обврски

регулирани по пат на договор. Имено, банките, во рамките на својата кредитна

политика мора да водат сметка да одобруваат кредити само на оние комитенти,

односно баратели на кредити, кај кои има високо ниво на сигурност дека кредитот ќе

биде вратен во целост и во однапред договорениот временски период. Овој принцип е

особено значаен при носење на долгорочни кредитни одлуки, со оглед на рочноста на

овие кредитни пласмани и големи обемни износи на поеднични кредити од овој вид.

Имајќи ги во предвид долгите рокови на доспевање на долгорочните банкарски

кредити, имаме зголемување на кредитниот ризик а со тоа и на кредитните загуби. Во

рамките на принципот на сигурност, со цел да се минимизира кредитниот ризик,

банките применуваат соодветна стандардна процедура за кредитна анализа, оценка и

испитувување на кредитната способност и успешноста во работењето, односно

бонитетот на барателот на кредит. Кај долгорочните кредити дополнително се

применува методот на оценка на економската ефикасност на инвестицијата,

селектирање и оптимизација на инвестициските проекти.

Принцип на профитабилност

Принципот на профитабилност подразбира дека банкарските организации имаат

своја цел во своето работење да остварат што поголем профит. Профитабилноста значи

дека банките водат сметка за да остварат што е можно поголеми приходи преку

остварување на што е можно помали трошоци во работењето, т.е. да води сметка за

економичноста во своето работење. Исто така, банките настојуваат да остварат што

поголема добивка врз основа на различни активни и пасивни каматни стапки, камата на

дадени кредити и камата на прибавени средства, како и добивка врз основа на

некаматоносни пласмани, како што се купување и продажба на хартии од вредност,

односно добивка по основ на други услуги, платен промет или разни други банкарски

услуги. Според тоа, банките мора да бидат насочени кон прифаќање на туѓи средства

се додека приносот кој го остваруваат преку ангажирањето на тие средства е поголем

Page 45: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

45

од износот на средствата кои мора да бидат платени на име надомест за користење на

туѓи средства.

За да остварат профит, банките мора да имаат доволно високи каматни стапки за

потенцијалните штедачи, додека каматата и провизијата кои ги сносат

заемопримателите, мора да бидат доволно ниски за да ги стимулираат потребните

приходи на финансиски средства. Ваква усогласеност на овие текови може да има само

банката која има добро испланирана маркетинг стратегија за своите производи и

услуги, како за оние кои се однесуваат на депонентите, така и за оние кои се

однесуваат на корисниците на кредити. Крајниот резултат треба да се појави како

разлика помеѓу активната и пасивната каматна стапка, која мора да биде доволна за да

ги покрие оперативните и административните трошоци, даноците, придонесите, нето

добивката и соодветен принос за акционерите. Доколку тие не се задоволни од

остварената дивиденда, добиените средства ќе ги вложат за купување на акции од

некоја друга банка или друг економски субјект надвор од банкарскот сектор.

Кај принципот на профитабилност за банкките е многу важно следењето на

настанатите трошоци. На пример, доколку се следат трошоците на активата на банката,

во тој случај познато е дека со порастот на големината на банкарската актива,

трошоците на активата по еднинечна парична единица на активата се намалуваат. Тоа

значи дека малите банки со мала актива имаат и големи трошоци по единица актива во

однос на големите банки, односно оние со голема актива. Потоа, трошоците на

активата во билансот на состојба на банките се однесуваат во согласност со законот за

економија на обем, што значи, по аналогија, фиксните трошоци на банката да се

намалуваат со порастот на обемот на производство, т.е. зголемување на банкарската

актива.

Банката исто така, мора да води сметка за трошоците за набавка капитал, односно

економичноста во прибавувањето на парични ресурси како извори на средства во

својот финансиски и кредитен потенцијал. Најниски трошоци имаат депозитните

извори на банкарски средства. Современите банки се повеќе се ориентираат на

принципот на стабилност на своето работење во смисла на задржување на своите

клиенти како и привлекување на нови, задоволувајќи го целиот асортиман и структура

на побарувачка за кредити и останати банкарски услуги, при што во одредени

активности банката свесно губи дел од својот профит. Притоа, можен е судир помеѓу

начелата на рентабилност и ликвидност, а кое начело ќе се најде во прв план зависи

пред се, од тоа што за банката претставува примарна цел.

Page 46: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

46

Долго време се сметало дека остварувањето на што поголем профит било главно

начело во финансиското работење, за подоцна да дојде до промена на овој став и дека

начелото на профитабилност никогаш не смее да биде спротивставено со начелото на

ликвидност и начелото на сигурност на пласманите.

Начелото на ликвидност бара банкарските организации да располагаат со голем

износ на ликвидни средства кои не носат или носат многу мал принос, а начелото на

рентабилност бара поголем степен на ангажирање на средства. Според тоа може да се

очекува дека финансиската институција кога тогаш ќе се соочи со потешкотии во

ликвидноста, доколку начелото на рентабилност би имало апсолутен примат.

Оптимална комбинација на степеност на ликвидност и степенот на профитабилност на

банката може да се анализира од два аспекти: аспект на одржување на ликвидност, а со

тоа и кредитна способност и аспект на односот помеѓу приходите и расходите. Имено,

неликвидна банка не може да извршува кредитни активности со кои ја загрозува

нејзината профитабилност преку изгубените каматни приходи.

На профитабилноста на банките влијание имаат голем број на фактори, а во

литературата најчесто се споменуваат: квалитет на менаџментот, квалитет на актива,

економија од обем т.е. обем на деловните активности, приходи од некаматни и

неризични операции – провизија, надомест и слично, трошоци од работењето на

банките и опкружувањето. Анализата на факторите на профитабилност укажува на

нивното значење за висината на профитот кој банките го остваруваат. Според тоа

неопходно е менаџментот на банката да ги постави и искомбинира овие фактори во

функција на формирање на високи стапки на нето принос на активата, што би

обезбедило задоволителна стапка на профитабилност.

Принцип на ефикасност

Принципот на ефикасност на вложувањата подразбира дека банката остварува

планирани и оптимални ефекти во секторот на пласирање на средствата. Банките

секогаш треба да настојуваат паричните средства да ги насочуваат во ефикасни

кредитни пласмани во економијата, со цел да се постигне што подобри резултати во

поглед на обемот и структурата на вложувањата со остварување на висока

продуктивност. Тука пред се, се мисли на долгорочните кредитни пласмани на банката.

Во тој контекст, принципот на ефикасност на вложувањата е многу значаен од

макроекономски аспект. Економската ефикасност на работењето на банкарските

Page 47: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

47

институции може да биде едно од значајните орудија на менаџментот кое е насочено

на трошоците на работењето. Од ефикасното работење на банките и останатите

финансиски организации, општа корист имаат како акционерите така и комитентите и

другите соработници. Ефикасноста има свои реперкусии врз сигурноста, квалитетот и

цените на понудените производи и услуги. Основна задача на банките како финансиски

посредници е да спроведуваат успешна трансформација на средствата на пасивата во

квалитетни каматоносни средства од актива по пат на пласирање на кредити.

Пласираните средства повторно се враќаат во парични средства на активата,

додека пак приходите и расходите повторно се враќаат во акционерски, ангажиран

капитал.

Овој процес се состои од две фази:

Прибирање и позајмување на средства, односно чиста посредничка работа и

Т.н. производен дел кој вклучува и деловна поддршка на банката.

Во финансиската пракса вообичаено е банката одвоено да ги евидентира и води

каматните и некаматните приходи и каматните и некаматните издатоци. Разликата

помеѓу овие категории се изразува како нето каматни приходи/расходи и нето

некаматни приходи/расходи. Во рамките на книговодствената анализа следење на

трошоците, вкупните трошоци се групираат во три категории:

1. каматни трошоци

2. резерви за губиток на кредити и трошоци за каматни губитоци

3. други оперативни или некаматни трошоци (плати, останати примања на

вработените, издатоци за режиски трошоци, издатоци за опрема и други

издатоци).

Помеѓу овие некаматни издатоци платите на вработените се главен издаток, кои

заедно со останатите примања на вработените изнесуваат од 10 до 25 проценти од

вкупните приходи на банкие. Вкупните оперативни ризици, одземаат 20 до 40

проценти од вкупниот приход. Останатиот дел од вкупниот приход треба да ги покрие

каматните трошоци, кредитните загуби, даноците, како и прифатливото ниво на

профит за банката.

Page 48: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

48

Принцип на ажурност и уредност во работењето

Принципот на ажурност и уредност во работењето на банката се заснова на три

елементи:

самостојност и објективност во носењето на одлуки

елементи на постојана циркуација на пари

елементи на деловно предвидување.

Поаради тоа што во најголем дел банките работат со туѓи средства, рационалното

работење со тие средства се поставува како нивен приоритет. Принципот на уредно

работење подразбира стручно, рационално и еконмично работење, придржување до

добрите деловни навики, точно и експедитивно работење, чување на морални и

деловни интереси, придржување до монетарната дисциплина и сл.

При донесувањето на одлуки за пласман на средствата банките мора да

нстапуваат со висок степен на внимателност, одлуките да не се носат пребрзо и под

било какви притисоци, при пласманите да не се превземаат преголеми ризици, односно

преголемата заработувачка да се стави во втор план. Според тоа одлуките на банките

мора да бидат засновани на стручни и научни анализи кои овозможуваат реална оцена

и проценка на финансискиот резултат на секој пласман. Одлуките околу пласманите на

банката, исто така треба да се темелат врз исправни и целосни сознанија за бонитетот

на клиентот и неговата кредитна способност, а кај сложените работи и поголемите

кредити, банката мора да ги познава технолошките процеси, односно пазарните

активности и конјуктурата на производсво кои се кредитираат.

Расположливите средства на банката треба секогаш да бидат во пласмани за да се

избегне штетна имобилизација. Исто така, банката треба да води сметка за динамиката

на циркулирање на средствата и да ги предвидува тековите на економските и

финансиските движења. Предвидувањето на овие текови е високостручна работа која

бара специфични макроекономски и финансиски познавања, па затоа банките денес

вработуваат специјализирани аналитичари и ја воведуваат позицијата на т.н. главен

екномист.

Уредното работење не претставува само формалност туку упатува на сериозност

и одговорност во работата, опфаќа стручно и експедитивно извршување на

активностите, придржување до финансиксите принципи и начела, почитување на

Page 49: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

49

моралниот кодекс, чување на деловни тајни, транспарентност на условите на работа,

чување на репутацијата, угледот на земјата и слично. Деловноста на банките е во тесна

поврзаност со нивната автономија, односно самостојност во однос на власта, а

единствени критериуми за нивното работење може да бидат пазарот и монетарно –

кредитната политика на Централната Банка.

TRICK принципи

Современите банки работат во услови на брзи промени во нивното опкружување,

поради што и самите мора постојано да вметнуваат новитети и да го менуваат начинот

на работење. Има голем број на фактори кои влијаат врз донесувањето на одлуки на

банките и кои треба да се имаат во предвид при управувањето со банките (на пример:

променливи стапки на инфлација и камата, регулаторни промени, промени на

даночната регулатива, технолошки напредок, степен на економска активност, научен и

стручен напредок и сл.). Критични фактори кои денес имаа големо влијание на

опстанокот на банките во високо - конкурентната финансиско сервисна економија, а за

кои деловната политика на банката мора да води сметка бидејќи се одлучувачки за

максимизирање на добивката, управување со ризикот и стратегиско планирање, се

сведуваат на т.н. TRICK20

принципи кои, всушност, се следните:

T – Transparency – Транспарентност. Транспарентноста на банките

(проѕирност јасност) подразбира дека банките денес на пазарната јавност и

овозможуваат се повеќе податоци за сопствената финансиска состојба и објавуваат

информации кои овозможуваат нивно пазарно вреднување, оценување на управата,

увид во условите и начините на роботење, надзор и дисциплина на кредиторите и

должниците и слично. Работењето под овој принцип е голем напредок за разлика од

досегашното традиционално, затворено и потајно банкарско работење. Отвореноста

бара целосно објавување на информации за јавноста да има увид во работењето на

банкарските институции што помага при вреднувањето, создавањето доверба и

одржувањето на репутацијата на банката. На тој начин преку објавувањето се

придобиваат внимателните и недоверливи комитенти, а банката се преставува

транспарентна институција која ништо не крие од јавноста.

20

Достапно на: http://www.prenhall.com/divisions/bp/app/sinkey/ppt/ch02.ppt

Page 50: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

50

R – Risk exposure – Изложеност на ризик. Изложеноста на ризик упатува на

значењето што го има развојот на методите за управување со ризиците во банкарскиот

сектор. Банките превземаат определени ризици, па таквото опкружување на

зголемената ризичност ги присилува на постојана иновативност во методите на

менаџментот за ризик. Покрај традиционалното управување со пасивата и активата

(Asset and Liabilyty Management - ALM) и кредитните анализи, банките превземаат

софистицирани техники за заштита од ризиците преку фјучерси, форварди, опциски

договори (стандардизирани термински договори со дефинирани основни елементи, по

правило се склучуваат без кредитен ризик за купувачот и продавачот) и поделба или

префрлување на ризикот преку секјуритизација (препакување на актива). Досегашниот

фактор за ризик се однесуваше само на каматниот ризик (намалувањето на каматните

стапки), а новиот го проширува на изложеноста на банката на сите и посебно на новите

ризици, како што се законски ризик (ризик од промена на законската регулатива)

системски ризик (ризик дека кризата од повеќе банки ќе се прошири на целиот

банкарски систем), ризик на одржување на ликвидност на банките (извршување на

доспеаните обврски), кредитен ризик, валутен ризик како резултат на промената на

девизните курсеви и слично.

I – Information technology – Информатичка технологија. Во новите економски

услови на стопанисување, информатичката технологија ги претвора банките во

институции ангажирани за производство и преработка на информации, слично како

телекомуникациските компании. Имено, со помош на информатичката техологија

банките можат да прибираат, обработуваат, и дистрибуираат информации за своја

сметка и за сметка на нивните коминтенти. Примената на информатичката технологија

има драстично влијание врз промената на производите и услугите во банкарскиот

сектор. Повеќето од банките применуваат традиционално работење - во канцеларија и

електронска дистрибуција на услугите, но веќе постојат и чисти Iternet банкарски

фирми (Е-банки).

C – Competition for customers – Конкуренција за комитенти. Конкуренцијата

за комитенти бара од банката постојана грижа за трите најважни елементи на

конкурентноста: цена, достапност и доверба, се со цел да ги задржи постоечките

комитенти и да ја прошири комитентската база. Според тоа конкурентноста се гледа

преку примената на првите три – TRICK принципи, така што комитентите на банката

Page 51: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

51

од неа очекуваат иновативни производи и услуги, понудени на транспарентен начин,

лесно достапни со примената на модерна информатичка технологија при што банката

го превзема управувањето со ризиците.

K – Kapital adaquacy – Адекватност на капиталот. Адекватноста на капиталот

ја пропишуваат регулаторните агенции за да се осигура бонитетот и сигурноста на

банките. Поврзувајќи ја големината на банката и ризичноста на нејзините пласмани со

големината на капиталот, регулаторите ги дисциплинираат банките и го осигуруваат

нивното рационално работење. Од друга страна, управувањето со капиталот и

потребата за постојано задоволување на капиталните побарувања на доверителите

претставува една од најзначајните активности на банкарската управа.

Компонентите на TRICK не треба да се анализираат изолирано (одделно) туку

преку нивното взаемно делување бидејќи, како резултат на нивното влијание една врз

друга. Постојана грижа за овие т.н. TRICK елементи претставува предуслов за

опстанок на банката на денешниот финансиски пазар, но истовремено овие

компоненти се и нејзина движечка сила која здружена со настојувањето на

менаџментот на банката да оствари прифатлива добивка водат до иновативно и

внимателно однесување. Според тоа TRICK може да се сфати и како модел за анализа

на влијанието, промената и финансиската иновација кај современите банки, односно

како критериум за вреднување на успешноста на банкарскиот менџмент.

Page 52: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

52

ВТОР ДЕЛ

2. ФАКТОРИ КОИ ЈА ДЕТЕРМИНИРААТ ПРОФИТАБИЛНОСТА НА

БАНКИТЕ

Работењето на банките е детерминирано од голем број внатрешни и надворешни

фактори што имаат влијание врз остварениот финансиски резултат и нивната

профитабилност. Внатрешните фактори се специфични за банките и зависат од нивната

деловна политика. Тука спаѓаат: големина на банката, капитализација, ликвидност,

оперативна ефикасност, изложеност на ризик и сл. Менаџментот на банката нема моќ

да ги контролира надворешните фактори на профитабилност. Тие се фактори кои се

карактеристични за одредена економија во која банката функционира, а често се

однесуваат на: концентрација на пазарот, инфлација, бруто домашен производ,

девизните курсеви и сл.

Имено, за утврдувањето на разликите во профитабилноста помеѓу банките треба

да се имаат во предвид следните две групи фактори:

Микроекономски фактори на профитабилност (квалитет на менаџментот,

квалитет на актива, економија од обем, диверзификација на банкарските

активности, вонбилансни операции, трошоци од работењето на банкарските

институции, профитни центри)

Макроекономски фактори на профитабилност (Фаза на економскиот циклус,

Банкарско опкружување)

Page 53: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

53

2.1. Микроекономски фактори на профитабилност

Квалитет на менаџментот

Денешната економска ситуација во која функционираат банкарските институции,

наметнува низа на услови и барања, кои мора да бидат исполнети за воопшто да би

опстојувале. Имено, во услови на силна финансиска конкуренција опстојуваат само

оние банки кои нудат добар производ. Банкарските производи и услуги се наменети за

клиентите и за задоволување на нивните потреби. Денес, најголем проблем за банките

претставува нивното успешното управување. Банкарското управување е систем кој

фунционира во континуитет и бара постојано носење на деловни одлуки од страна на

менаџментот. Одлуките треба да се носат брзо и правилно, а пасивноста може да

доведе до носење на погрешна одлука.

Во услови на брзи промени на деловното окружување, се повеќе доаѓа до израз

способноста на банките да остварат поголем профит. Во една таква ситуација

квалитетот на менаџментот претставува еден од клучните фактори на профитабилност.

Менаџментот во банкарството претставува тим или поединец кои се одговорни за

подготовка, носење, реализација и анализа на одлуките, но и поттикнување на

одговорни активности во корист на банката. Главна задача на менаџментот на банката

е да ја спроведува деловната политика на банката и да има максимална искористеност

на банкарските перформанси. Тој треба да ги обезбеди банкарските ресурси и да ги

искористи односно трансформира преку менаџерската функција. Во вакви услови

квалитетен и способен менаџмент претставува основен услов за банката да ја оствари

посакуваната цел. На менаџментот му се потребни универзални и специфични знаења

и способности за успешност на банката. Освен квалитет и способност банкарскиот

менаџмент мора да поседува и лидерски способности.

Менаџментот на банката располага со деловни ресурси, а настојува да ги оствари

организационите цели на банката. Организационите цели покажуваат што се сака да се

постигне со продажбата на банкарските производи. Според тоа како организациони

цели се сметаат:

Зголемување на угледот на банкарскиот пазар

Дефинирање на стандардите за квалитет на банкарските производи

Page 54: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

54

Зголемување на добивката, а намалување на трошоците

Задоволување на потребите на потрошувачите на банкарски производи

Менаџментот во деловните банки има единствена цел и тоа создавање на јасна

визија за правилно насочување на банкарските производи (кои ги карактеризираат

интегритетот и фокусираноста на квалитет), и одржување на професионална

интеракција со вработените и потрошувачите на банкарски производи и креирање

решенија за подобро задоволување на нивните потреби. Менаџментот треба низ процес

на планирање, организирање, раководење, контрола и евалуација да оформи посебна

деловна понуда на банкарски производи која ќе биде претставена како најдобра на

пазарот. За да го постигне тоа, потребно е претходно да ги прибере сите валидни

информации за претходните трансакции на физичките и правни лица, но исто така и да

ги предвиди нивните желби, барања и потреби.

Менаџментот треба да биде успешен во реализацијата на процесите на

планирање, организирање, управување, контрола и евалуација.21

Планирањето е процес на носење на деловни одлуки поврзани со анализата на

окружувањето, целите и деловната стратегија. Имаме повеќе нивоа на планирање.

Првото ниво се однесува на основните цели во работењето на банката, а го обликува

највисокото раководство. Менаџерите на стратешкото и средното ниво креираат

специфични цели кои тогаш стануваат одговорност на различни деловни сегменти. На

пример, соработката на овие менаџери со шефовите на одделенијата меже да

придонесе за развој на бучетотот, за што е потребно значајно зголемување на

продажбата на банкарски производи. Според тоа, менаџментот треба да се насочува

помеѓу другото и на развивање на стратегија за зголемување на продажбата. Второто

ниво на планирање настанува при спроведувањето на рутинските операции, кои често

се повторуваат како кредитни акции и сл. Овие операции најчесто се спроведуваат по

стандардни планови кои ги креираат менаџерите на средното ниво. За третото ниво на

планирање, одговорни се менаџерите на оперативно ниво, а се однесува на дневните

активности, како на пример: распоред за вработените, планови за специјални

случувања, нови програми за обука и други активности.

Организирањето е процес на носење деловни одлуки поврзани со дизајнирањето

на организационата структура на деловната банка која најдобро би одговарала на

21

М. ћировић. Банкарство. Белград, Bridge Company, 2001. стр.69

Page 55: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

55

работните ресурси, зацртаните цели и екстерното опкружување. Организирањето,

всушност, претставува определување на авторитативност и комуникација помеѓу

непосредните извршители и менаџерите на соодветното организациско ниво. Потоа

оваа компонента го одредува односот помеѓу работните места во деловната банка.

Значајно е да се истакне дека менаџерите како што се генералниот директор,

менаџерите на сектори и служби и раководителите на одделенија го сочинуваат

синџирот на управување. Тие имаат наредбодавен авторитет кој се однесува на

спроведување на задолженијата, наредбите и одлуките. Спротивно од тоа, менаџерите

на поединечните служби како на пример сужбата за односи со јавност немаат

наредбодавен авторитет, но им даваат совети на менаџерите кои се во т.н. синџир на

управување. Организационата структура кај деловните банки постојано трпи одредени

промени. Според тоа, организационите графикони и соодветната работна

документација треба исто така да подлежи на промени, за да одговори на

нововоспоставените релации.

Управување е процес на носење деловни одлуки поврзани за координација,

мотивација и комуникација на вработените во деловната банка. Во согласност со

потребите на вработените менаџментот може да го менува својот стил на работење,

меѓутоа најважно е да се воспостави соработка која се темели врз принципите на

праведност и искреност. Оваа компонента на менаџментот се однесува и на

прифаќањето и примената на идеите на вработените, со цел постигнување на подобри

деловни резултати. Имено, во случаевите кога менаџерот не се согласува со

вработените, најчесто како резултат имаме ниска продуктивност, низок морал и сл. Во

такви услови, работите не се завршуваат на време, и не одговараат на поставените

стандарди за квалитет.

Контролата е процес кој почнува со поставување на стандарди за извршување

на работите поврзани со реализацијата на банкарските производи и услуги,

продолжува со проценка на реалниот учинок, а потоа вклучува споредба на тие

стандарди со постигнатата реализација, за да се одреди, дали е потребно и во која мера,

да се превземат корективни мерки. Според тоа, од големо значење е менаџерите да ја

познаваат основата на активностите на нивните вработе, потоа стандардите за

работниот учинок и да бидат способни да увидат до која мера вработените се

придржуваат до тие стандарди.

Page 56: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

56

Евалуацијата е процес на следење кој се однесува на тоа колку менаџерот

заедно со своите вработени придонесол за постигнувањето на организациските цели во

рамките на своето работење.

Колку финансискиот систем е посложен толку ќе биде поголема и

конкуренцијата на финансискиот пазар, а со тоа и барањата кои се поставуваат пред

банкарскиот менаџмент се се поголеми. Современите пазарни услови на

стопанисување, се повеќе бараат од менаџментот на банката не само стручно

познавање и професионалност, туку и претприемачки инстинкт.

Доколку банкарскиот менаџмент има претприемачка способност и во дадените

ситуации се однесува претприемачки, тогаш ќе биде во состојба полесно да ги процени

развојот на финасискиот пазар и конкурентноста на финансиските институции, се со

цел носење на правилна одлука за следните потези во банката со која управува.

Банкарскиот менаџмент има професионална обрска постојано да ги извршува

новите барања поврзани со квалитетот на управување. Менаџерскиот професионализам

посебно се истакнува преку: стратегиското планирање, планирање на технологијата и

нејзина примена во работењето на банката, при управувањето со активата и пасивата и

обезбедувањето на финансиска контрола во банката.22

Менаџерите кои се дел од успешниот менаџмент на една банка треба да се

одликуваат со лидерство, комуникативност, способност за успешно составување на

стручни тимови, да управуваат со тимови, да носат правилни одлуки, да

воспоставуваат успешни односи со окружувањето и др. Задача на менаџерот, е во што

поголема мера да го икористи т.н скриен капацитет на вработените, односно

дискреционен напор. Тоа е напорот на вработените над прифатливиот минимум, како

норма за секој вработен. Способните менаџери се во состојба да го извлечат

максимумот од секој вработен кој е на располагање во банката, односно да ја поместат

границата на прифатливата минимална норма кон максимална, односно оптимална

норма.

Основен предизвик со кој се соочуваат современо организираните банки и

нивниот менаџмент, не е само како да се навлезе во новите банкарски активности, туку

и како да се справат со ризичните работи без поголеми последици. За да може да ги

напушти високо ризичните работи, неопходна е професионалност во своето работење,

22

Н. М. Вуњак, Љ.Д. Ковачевић. Банкарство Бечеј: Пролетер а.д. , Суботица Економски факултет, 2006.

стр 439

Page 57: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

57

а тука се подразбирастратегиско планирање, агресивен маркетинг, примена на

најсовремена технологија, управувачко – информациски систем, финансиски

менаџмент на банката и сл.

Квалитет на актива

Под актива се подразбираат средствата на банката кои може да се пласираат на

пазарот на зајмовен капитал во облик на кредити (за инвестиции или потрошувачка).

Тие средства се резултат на орочените депозити, како и депозитите по видување. Во

активата покрај износот на кредити кои банките ги нудат на пазарот, влегуваат и

задолжителните резерви, односно оние средства кои банката не смее да ги пласира,

туку мора да ги задржи како гаранција за враќање на заштедите. Стапката на

задолжителна резерва ја пропишува Централната банка и тоа е еден од основните

инструменти на монетарната политика, за регулирање на понудата на пари во

економијата.

Квалитетот на активата има значително влијание на сигурноста и

профитабилноста на банката. Најважниот дел од кредитните пласмани на банката го

сочинуваат кредити одобрени од населението и претпријатијата, но и дел од

пласманите на банката се чува во облик на хартии од вредност кои носат камата. При

пласирањето на кредитите, банките мора да вршат соодветна анализа и проценка на

бонитетот на претпријатијата и другите корисници.

Оние банки кои имаат натпросечна стапка на нефункционални кредити, загубите

по тој основ ги покриваат од резервите или од банкарскиот капитал, што доведува до

намалување на нивната профитабилност. Финансиски успешните банки, со цел да ја

намалат стапката на ваквите нефункционални кредити користат различни модели за

евалуација на кредитната способност на потенцијалните должници.

Банките исто така треба да формираат соодветни резерви од своето работење за

покривање на очекуваните загуби и да формираат дополнителен капитал за покривање

на загубите. Несоодветната актива на банката носи висок ризик и недоволна

профитабилност. Според тоа, реалната оцена на кредитната способност на идните

должници, ја штити банката од идни кредитни ризици, како и од нивното влијание врз

нејзината ликвидност и профитабилност.

Билансот на состојба ги покажува изворите на парични средства и нивното

користење т.е. обврските и сопствениот капитал и имотот на банката, на точно

Page 58: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

58

определен датум. Билансот на состојба на банките значајно се разликува во поглед на

структурата на активата (средствата) и пасивата (обврските) и капиталот во однос на

билансот на состојба на производните, трговските и останатите финансиски субјекти.

Основна задача на банките е да ја мобилизираат потребната количина на парични

средства и потоа да ја пласираат по што поповолни услови со цел да остварат одредена

стапка на профит. Основни елементи на вкупната актива на банките се резервите,

паричните елементи во процесот на наплата, депозити кај другите банки, инвестиции

во хартии од вредност и кредити од остатокот од активата.23

Најголем процентуален

удел имаат кредитите, готовината и останатата актива.

Резервите се дел од депозитите на сметките на централната банка. На резервите не се

плаќа камата, а се состојат од задолжителни и резерви од вишоци.

Паричните елементи во процесот на наплата се јавуваат кога кај банката се

издава чек за наплата од сметките кои се водат кај другите банки. Ваквите чекови за

банката претставуваат сопственост. Таа има побарување од други банки кое ќе биде

наплатено за неколку дена.

Депозитите кај другите банки се најчесто мали депозити, кои помалите банки ги

чуваат кај големите банки за потребите на разни услуги, како што се: наплата на

чекови, трансакции со депозити, помош при тргување со ефекти – коресподентско

банкарство и сл.

Хартиите од вредност претставуваат дел од сопственоста на банката, односно

нејзин извор на приходи. Тие се делат на: државни хартии од вредност – обврзници,

хартии од вредност на локалните власти, и останати хартии од вредност. Меѓутоа,

државните хартии од вредност се најликвидни, односно можат лесно да се продадат и

конвертираат во готови парични средства со ниски трошоци. Позннати се и како

секундарни резерви.

Кредитите, со нивниот облик на приходи како камати, претставуваат главен

извор на приходи за банкарските институции, додека пак, за корисниците

претставуваат обврска. Кредитите најчесто се карактеризираат со помала ликвидност

од останатиот капитал на банките, бидејќи тие не може да се конвертираат во готовина

до истекот на нивниот рок на доспевање.

Банкарската актива можеме да ја класифицираме како ризична и неризична.

Имено, ризична актива, е онаа актива кога постои ризик дека нема да се наплати

23

Р. Лукић. Банкарско Рачуноводство. Београд: Центар за издавачку дјелатностЕкономског Факултета у

београду. стр. 231

Page 59: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

59

номиналната вредност заедно со износот на камата во договорениот рок на

доспевање(пр. кредити), додека пак, кај неризичната актива овој ризик не постои,

односно е резултат на резерви, парични елементи во процес на наплата, депозити кај

други банки и сл.

Каматоносната актива е воедно и ризична актива. Каматоносната актива е онаа

на која банките наплатуваат камата со што остваруваат профит. Некаматоносната

актива е онаа на која не се наплатува камата - останатата актива со исклучок на

инвестициите во каматоносни хартии од вредност и кредити.

Управувањето со активата на банката подразбира алокација на средствата на

банката со цел максимизација на профитот со минимален ризик. Управувањето со

активата, всушност е управување со готовината, кредитните палсмани, хартиите од

вредност и останатите облици на актива. Меѓутоа, управувањето со банкарската актива

е ограничено во зависност од однесувањето на нејзините клиенти, бидејќи банката има

обврска да чува одреден износ на ликвидни резерви (парични средства или

каматоносни краткорочни хартии од вредност) за да биде во можност непречено да ги

извршува налозите на своите клиенти.

Главниот проблем со кој се соочува менаџментот на банките при управувањето

со активата, се однесува на судирот помеѓу ликвидноста и профитабилноста на банката.

Акционерите на банката секогаш настојуваат да се оствари што поголем профит по

основ на пласмани со зголемен кредитен аранжман како и пласмани во хартии од

вредност. Но, на овој начин директно се загрозува принципот на ликвидност во банката.

Стапката на ризчност на активата кај банките ја пропишува Централната банка,

на тој начин што сите побарувања ги групира во следните категории: А, Б, Ц, Д, Е.24

Категоријата А ги опфаќа побарувањата од оние должници кај кои не се

очекуваат проблеми во наплатата на тоа побарување.

Категоријата Б ги опфаќа оние побарувања чии готовински текови се оценети

како адекватни но финансиската состојба на должникот не е задоволителна

поради проблеми во работењето.

24

Н. М. Вуњак, Љ.Д. Ковачевић. Банкарство Бечеј: Пролетер а.д. , Суботица Економски факултет, 2006.

стр. 327

Page 60: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

60

Категоријата Ц ги опфаќа оние побарувања на должниците чии готовински

текови не се адекватни од аспект на подмирување на обврските.

Категорија Д, ги опфаќа побарувањата од должниците кои работат со загуба,

или пак, може да се предвиди дека во иднина ќе работат со загуба.

Категоријата Е ги опфаќа оние побарувања од должниците за кои се смета дека

нема да бидат наплатени.

Економија од обем

Економијата од обем е исто така значаен микроекономски фактор на

профитабилност. Постои општа економска законитост која вели дека поголем обем на

работење, ги намалува фиксните трошоци по единица производ, што доведува до

зголемување на профитабилноста. Со зголемувањето на конкуренцијата на

банкарскиот пазар доаѓа до намалување на стапката на провизија и каматната маржа.

Банките се принудени преку зголемувањето на обемот на работење да ги

намалуваат фикснте трошоци по единица банкарски производ и на тој начин ја

зголемуваат висината на профитната стапка.

Во денешно време, банките располагаат со скапа електронска опрема која

создава високи фиксни трошоци, кои по единица производ или услуга можат да се

намалат само доколку се оствари висок обем на работење. Профитабилноста на

банката се зголемува со воведување на нови банкарски производи и дистрибутивна

мрежа, но само ако на страната на побарувачка се појават доволен број на клиенти.

Економијата на обем се остварува и доколку банката извршува трансакции на

клиенти со големи износи, бидејќи трошоците за големите трансакции се релативно

ниски. Сепак, покрај ефектите на економијата од обем во банкарското работење,

големо значење има и квалитетот на банкарските трансакции.

Меѓутоа, во случај кога две банки имаат ист квалитет на пласмани,

попрофитабилна ќе биде онаа банка која има поголем обем на работење. За разлика од

реалниот сектор каде обемот на работење е обратнопропорционален на степенот на

техничката опременост, кај банките со растот на техничката опременост не доаѓа до

намалување на вработените.25

25

С. Комазец, Б. Крстић, А. Живковић, Ж. Ристич. Банкарски менаџмент. Београд: Чигоја штампа. Стр.

917

Page 61: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

61

Со оглед на се поголемите можности, големите банки во поглед на поволните

услови за дополнително апсорбирање на финансиски ресурси на пазарот, како и на

поголемата можност за дисперзија на своите банкарски активности, големите банки се

подготвени да прифатат поголем ризик и поголем левериџ фактор во функција на

поголема профитабилност, што истакнува и релативно поголемо значење на квалитетот

на менаџментот во големите во однос на средните и мали банки. Од тоа можеме да

согледаме дека големината на банката е еден од факторите за профитабилност на

банките. Односно, големите банки се попорофитабилни за разлика од малите банки.

Диверзификација на банкарските активности

Во современото банкарство се јавува тенденција која подразбира проширување

на границите на работењето на банките, што практично значи диверзификација на

програмата на активности која банката им ја нуди на своите клиенти.

На тој начин со создава можност за зголемување на продажбата на производите или

услугите, што доведува до зголемување на нивото на вкупната продажба и приходите

од една страна, а од друга страна намалување на трошоците на банката.

Проширувањето на традиционалната лепеза на активности на комерцијалните

банки главно во осигурителната дејност или работа со хартии од вредност, значително

ги зголемува вкупните приходи на банката и позитивно влијае на нејзината

профитабилност.

Ваквата диверзификација на понудата на производи и услуги од страна на

банкарските институции доведува до појава на т.н. универзални банки.

Процесот на диверзификација на деловните активности на банкарските

институции е резултат на трансформационите процеси, покренати со дерегулацијата и

воведувањето на електронското работење. Кога комерцијалната банка ќе изврши

превземање(аквизиција) на некоја инвестициона банка се создаваат можности за

формирање поголеми приходи комбинирани со релативно намалување на трошоците

како резултат на постигнување на ефект на синергија.

Тоа важи и во ситуациите кога имаме превземање на осигурителна компанија од

страна на комерцијална или универзална банка. Диверзифицираните финансиски

институции можат да вршат вкрстена продажба на разни финансиски производи или

услуги користејќи ги истите коминтенти кои се заинтересирани за купување разни

финансиски инструменти.

Page 62: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

62

Кај диверзификацијата на банкарските производи, значаен фактор претставува

користењето на единствена филијална мрежа, односно електронски систем за

дистрибуција на услугите.

Според тоа процесот на диверзификација на финансиските институции настанува

кога индивидуалните клиенти можат на едно место да добијат широк спектар на

финансиски активности. Така клиентите можат во една универзална финансиска

институција да отворат трансакциска сметка, да чуваат штедни и орочени депозити, да

користат разни видови на потрошувачки кредити, да добијат хипотекарни кредитиза

купување на стан, да даваат налози за купување и продажба на акции и обврзници, да

купуваат и продаваат акции на инвестициони фондови, купување на осигурителни

полиси и др.

На тој начин се остварува принципот на вкрстена продажба на банкарските

производи и услуги и тоа на едно место, што дејствува мултипликативно на обемот на

продажба на финансиските услуги како и на смалувањето на трошоците на овие

услуги.26

Вонбилансни операции

Како вонбилансни операции се вбројуваат: стратешки и советодавни услуги,

консалтинг, брокерски услуги, работи на платен промет, гарнција, авал, агенциски

работи, факторинг, форфетинг, лизинг, осигурување и др.27

Вонбилансните операции се повеќе се нагласени во денешното работење на

банките во земјите со развиена пазарна економија. Тие можат значително да влијаат на

профитабилноста на банките. Некои од вонбилансните операции на банките, значат и

преземање на одредени ризици за банките, па според тоа современите методологии за

мерење на адекватноста на капиталот на банките ги земаат во предвид и вонбилансните

позиции.

Банките во земјите со размиени финансиски пазар се принудени што повеќе да се

насочуваат кон вонбилансни трансакции поради големата конкуренција на зајмовниот

26

М. Ћировичћ. Банкарство. Београд: Bridge Company, 2001. стр. 11. 27

С. Комазец, Б. Крстић, А. Живковић, Ж. Ристич. Банкарски менаџмент. Београд: Чигоја штампа. стр.

917

Page 63: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

63

пазар. Така, банките ги презвемаат вонбилансните операции бидејќи им носат големи

приходи во форма на провизија.

Односот помеѓу каматниот и некаматниот приход, особено кај големите банки во

развиените пазарни економии, значително се менува во насока на зголемување на

учеството на некаматниот приход.

Трошоци од работењето на банкарските институции

Трошоците од работењето на банките земаат значително влијание врз нивната

профитабилност. Според тоа, главна задача на оперативниот менаџмент на банката е да

ги минимизира овие трошоци при даден обем на билансни и вонбилансни банкарски

активности.

Оперативните трошоци од работењето се состојат од платите и бенефитите како

и материјалните трошоци вклучително и амортизацијата. Платите и бенефиците на

вработените учествуваат со висок процент во структурата на расходите кај малите

банки. Тие ја прикажуваат традиционалната работно интензивна природа на банките.

И покрај тоа што големите банки имаат развиено и електронско банкарство,

платите и бенефициите на вработените имаат опаѓачка тенденција, додека пак, кај

малите банки со примената на новата технологија на работа, тие сеуште се високи во

поглед на учеството во структурата на вкупните расходи на банката.

Останатите некаматоносни трошоци од работењето ги опфаќаат трошоците за

амортизација, пропаганда, материјали и сл. Важно е да се напомене дека современите

банки своето работење го темелат на база на скапа телекомуникациска и компјутерска

опрема која за определен временски период треба комплетно да се смени.

Профитот на банките е директно условен од висината на трошоците.

Минимизирањето на трошоците при одреден обем на билансни и вонбилансни

активности на банката, доведува до максимизирање на нето профитот. Најчесто пред

менаџментот на банката се поставува задача како да се минимизираат трошоците од

работењето на банката. Секое рационално управување со трошоците на банката има за

резулат зголемување на профитот, односно нето добивката.

Page 64: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

64

Профитни центри

Профитните центри овозможуваат преглед на настанатите приходи и расходи не

само за банката како целина туку и по поединечни организациони делови како и по

функционалните активности кои ги имаат банките.

Компјутерската технологија овозможува прзо процесирање и добивање на

податоците за висината на приходите, расходите и нето профитот и тоа како по

организационите единици, така и по билансните и вонбилансните активности на

банката. Врз основа на анализа на податоците добиени од сите профитни центри,

менаџментот на банката може, со цел да оствари што поголем профит, да ги ограничи

или целосно укини некои активности на банката кои негативно влијаат врз стапката на

профитабилност на банката.

Големите банки кои имаат значително голем обем на работа, често се

одлучуваат за формирање на профитни центри со цел да ги минимизираат трошоците

од работењето, а да го зголемат профитот. Исто така, со овие профитни центри полесно

се управува со приходите и расходите по поединечните делови на банката, групите

банкарски производи, банкарските линии, како и управувањето со самите банкарски

производи.

Поврзување на микроекономските фактори на профитабилност

Од посебно значење за банките е да остварат доволна каматна маргина како

разлика помеѓу каматата на пласманите и каматата на обврските. Со додавањето на

провизија на каматната маргина се добива оперативниот доход на банката.

Друг клучен агрегат при определувањето на профитабилноста на банката се

оперативните расходи кои на банката кои се состојат од два дела:

Расходи за плати и бенефиции на вработените

Материјални расходи вклучувајќи ја и амортизацијата

Разликата помеѓу оперативниот доход и оперативниот расход го претставува

бруто профитот на банката. Кога од него ќе се издвојат средствата за резерви за

Page 65: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

65

покритие на загубата и средствата на име плаќање на даночните обрски, се добива нето

добивка – профит како конечно мерило за профитабилноста на работењето на банката.

Најзначајна улога од сите микроекономски фактори има квалитетот на

менаџментот на банката. За остварување на прифатливи стапки на нето приноси

потребно е банките добро да извршат проценка на кредитните ризици и на тој начин да

ги минимизираат загубите во кредитното работење со што директно се намалува и нето

профитот кој банката го остварува.

Банките потребно е да вршат адекватно формирање на цените на кредитите за

да се покријат трошоците на изворите на средствата, трошоците на работењето на

банките и за да го формираат планираниот профит.

За банката многу важно е да биде способна да ги контролира трошоците на

работењето имајќи во предвид дека функционира во конкурентско пазарно

опкружување. Најголем дел од трошоците на работење претставуваат фиксните

трошоци како плати, опрема, закупнини, па затоа банките мораат да вршат значителен

обем на банкарски активности и на тој начин да ги покријат трошоците односно да

обезбедат намалување на вкупните трошоци по единица банкарски производи и услуги.

Високите фиксни трошоци како и високиот степен на конкуретност помеѓу

банките и другите финансиски институции, имаат влијание банките потешко да го

прошират своето работење преку кое создаваат синергетски ефекти кои ја зголемуваат

профитабилноста на банката.

Според тоа економијата од обем и диверзификацијата имаат значајна улога во

формирањето на профитабилноста како за поединечните банки така и за банкарскиот

систем во целина.

Page 66: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

66

2.2. Макроекономски фактори

Кај големите земји или интегрирани региони, макроекономските фактори играат

пресудна улога во споредбата на различни банки кои работат во исти или слични

услови. Во случаевите на споредување на перформансите на банките кои

функционираат во различни региони на светот или ако се набљудуваат

карактеристиките на банките во иста земја, може да се забележат значајни разлики во

перформансите и профитабилноста кои се главно од макроекономски карактер.

Фаза на економскиот циклус

На профитабилноста и на стапката на економските перформанси значително

влијание има фазата на економскиот циклус во кој се наоѓа земјата или регионот. Врз

зголемувањето на профитот кај банкарскиот сектор влијае и високото ниво на

економската активност. Според тоа, високото ниво на економска активност има

позитивно влијание на профитабилноста на банките и поради тоа и компаниите во

реалниот сектор од економијата, во целина функционираат поефикасно и

попрофитабилно отколку во фаза на рецесија на економскиот циклус.

Во ситуација на рецесија во економијата доаѓа до негативни движења во

профитабилноста и ефикасноста на банките. Во фазата на рецесија на економскиот

циклус доаѓа и до зголемување на стапката на банкротсво на претпријатијата, кои во

ситуациите на поволни макроекономски услови покажувале подобри економски и

профитни перформанси. Врз банките негативно влијание имаат и секторските кризи,

доколку тие банки имаат пласмани во кризните сектори. Комбинацијата на

рецесионите макроекономски движења и високите каматни стапки посебно негативно

влијаат врз перформансите на банките, бидејќи во тој случај доаѓа до непрофитабилни

кредити, односно се зголемува стапката на ненаплатена камата и ненаплатена главница.

Таа комбинација доведува и до зголемување на загубите од работењето со ефекти

преку намалување на стапката на профитабилност, а во некои случаеви имаме и

негативна стапка на профитабилност. Од аспект на банката, најповолно е такво

макроекономско опкружување кое осигурува доволно висока стапка на економски раст,

доволен степен на ценовна и валутна стабилност, фискална политика која не ја

Page 67: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

67

пригушува екомијата, како и доволно позитивна, но не и превисока реална каматна

стапка.

Банкарско опкружување

Друг макроекономски фактор претставува опкружувањето во кое една банка

функционира. Овој макроекономски фактор, исто така, има влијание врз

профитабилноста на банкарскиот сектор како целина. Во услови на рецесија се

зголемуваат т.н. системски ризици кои можат да го зголемат банкротсвото на

деловните субјекти. Во такви услови особено е осетлива профитабилноста на оние

банки кои имаат доминантни пласмани во некоја од кризните економски области како

што се: аграр, енергетика, станбен сектор и др. За разлика од рецесијата, фазата на

економски просперитет, овозможува раст на стапката на профитабилност дури и кај

оние банки кои во нормални услови на стопанисување би имале ниска стапка на

принос.

Од наведеното произлегува дека макроекономските фактори го дефинираат

амбиентот во кој функционира банкарскиот сектор како целина, додека пак, позицијата

на поединечните бамнки е резултат на влијанието на микроеконмските фактори, пред

се квалитетот на менаџментот.

Опкружувањето како фактор на профитабилноста на банката е од екстерен

карактер, па менаџментот на банката треба постојано да се прилагодува на овој фактор.

Опкружувањето како значаен фактор на профитабилноста предизвикува системски

ризици, стечај на клиентите на банките, зголемување на каматните стапки,

зголемување на ненаплатените побарувања и намалување на вкупната стапка на

профитабилност.

Заштита од можен системски ризик возможна е единствено по пат на

прилагодување. Имено, менаџментот на банката треба нејзините активности да ги

насочува во правец на намалување на кредитниот, валутниот, каматниот, гаранцискиот

и терминскиот ризик. На овој начин менаџментот на банката може да ги минимизира

загубите, да го спречи намалувањето на нето профитот и да оствари соодветна стапка

на сопствена профитабилност.

Page 68: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

68

2.3. Оцена на профитабилноста на банките

Профитабилноста е основна и најважна мерка за успешноста на работењето на

сите економски субјекти, па така и за банките. Имено, секој стабилен банкарски систем

е изграден врз профитабилни и адекватно капитализирани банки. Профитабилноста

претставува одраз на начинот на кој работат банките, земајќи го во предвид и

опкружувањето во кое функционираат, односно, го отсликува квалитетот на

менаџерскиот тим на банките, однесувањето на акционерите, успешноста на

стратегиите, политиките, ефикасноста и способноста за управување со ризиците со кои

се соочуваат. Таа е показател кој ја покажува конкурентската позиција на една банка на

финансискиот пазар, како и квалитетот на нејзиниот менаџмент.

Остварувањето на задоволително ниво на профитабилност е од исклучително

значење за банките, посебно во услови на зголемена конкуренција на финансиските

пазари. Високо ниво на остварен профит подразбира ефикасно банкарско работење,

како основен предуслов за иден раст на банките, како и извор на финансиски средства

за идна експанзија на банкарското портфолио, потоа зголемување на капиталот преку

задржаната добивка, лесно справување со загубите, поддржува раст на сопствените

средства и обезбедува соодветен поврат на клиентите. Исто така, профитабилните

банки имаат големо влијание врз привлекувањето на странски капитал и тоа најповеќе

при проценката на надворешните инвеститори, со цел зголемување на финансиската

сила на банката. Имено, колку банката има подобра профитабилност толку поголема е

довербата во нејзината финансиска моќ, односно поголеми се изгледите за

привлекување на странски капитал и нови клиенти.

Мерењето на успешноста на работењето на банките е сложен процес. Всушност,

за да се даде оцена за нивното работење, во пракса се користат повеќе показатели, кои

се определуваат со помош на податоците од финансиските извештаи на банките. Два

најважни финансиски извештаи за мерење на профитабилноста се билансот на состојба

и билансот на успех. Билансот на состојба е основен финансиски извештај кој

претставува систематизиран преглед на средствата, обврските и капиталот на банката

на определен датум.28

Според тоа, билансот на состојба ни дава информации за тоа што

банката поседува, што должи и колкав е степенот на сопственост на акционерите.

28

Žager, K., Žager, L., Analiza financijskih izvještaja. Zagreb: Masmedia, 1999, стр. 33

Page 69: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

69

Слично како и кај другите трговски друштва, и билансот на банката има две

страни коишто се во постојана рамнотежа. „Билансот како двостран преглед на

меѓусебно израмнети величини, може да се прикажи во форма на конто, како

меѓусебна конфронтација на двете страни или во пропишан образец, во кој величините

од двете страни се подредени една под друга“.29

За разлика од билансот, кој ја покажува финансиката состојба во определен временски

момент, билансот на успех ги покажува активностите на компанијата во даден период,

дава информации за приходите, расходите и нето добивката на банката.

Оцената на профитабилноста на банката ќе следи откако ќе се определеат

показателите на профитабилност за конкретната банкарска организација и истите ќе

бидат споредени со вредностите од претходниот временски период, но и со вредноста

на показателите на конкурентните банки. Како резултат на таа споредба може да се

оцени дали има подобрување или нарушување на успешноста во работењето и во која

област. Ваквата споредба на показателите најчесто се врши помеѓу банки кои се

наоѓаат во иста група според големината на вкупните средства.

Показатели на профитабилноста на банките

Генерално, профитабилноста на банките може да се анализира со помош на

сметководствените показатели, пазарните показатели и показателите на капитал

(Табела 2.3.1.).

Табела 2.3.1. Класификација на показателите на профитабилност на банките

Сметководствени

показатели Показатели на капиталот Пазарни показатели

ROA - Профитабилност на

вкупниот имот

RORAC – принос на ризик

прилагоден на капиталот EPS – заработка по акција

ROE – Профитабилност на

сопственичката гланица

RAROC – принос на капитал

прилагоден на ризик DPS – дивиденда по акција

EVA – концепт на економски

додадена вредност Принос на дивиденда

MVA – концепт на пазарна

додадена вредност

Однос на исплата на

дивиденда

P/E – однос помеѓу цената и

заработката

PPS – пазарна цена на

акциите Извор: Pavković, A., Instrumenti vrednovanja uspješnosti poslovnih banaka, Zbornik Ekonomskog fakulteta u

Zagrebu, Ekonomski fakultet Zagreb, (2004), број 2., стр. 179-193

29

Dr. Jovan Rankovic, Teorija Bilansa, I, Ekonomski Fakultet Beograd, 1992 godina, стр.21

Page 70: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

70

Сметководствени показатели на профитабилност

Податоци за сметководствените показатели може да се добијат од основните

финансиски извештаи. Имајќи ја во предвид природата на дејноста која банките ја

извршуваат, како и нивното општествено значење, тие се должни да ги објавуваат

своите финансиски извештаи.30

Според тоа многу е лесно да се дојде до сите потребни

податоци за определување на сметководствените показатели, врз основа на кои може

да се врши споредба помеѓу успешноста на работењето на поединечните банки.

Главните сметководствени показатели се темелат на четирите клучни

сметководствени информации:

1. нето добивка

2. вкупен опративен приход

3. просечна актива

4. просечен акционерски капитал

Нето добивката претставува крајниот финансиски резултат на крајот на

пресметковниот период и претставува почетна големина при пресметката на

показателите за профитабилноста.

Оперативниот приход всушност, ја претставува продажбата на банката, односно

оној приход кој банката го остварува преку извршување на своите редовни активности.

Просечната актива и просечниот акционерски капитал се средни вредности на

состојбата на вкупната актива и акционерскиот капитал во два анализирани

пресметковни периоди. Податоци за состојбата на вкупната актива и акционерскиот

капитал може да се најдат во билансот на банките.

Најчесто користени показатели за определување на профитабилноста се:

Стапка на принос на средствата (ROA - Return on Asset)

Стапка на принос на капиталот (ROE - Return on Equity)

ROA е главно детерминиран од структурата на активата на банката, а со оглед на

тоа што менаџментот е задолжен за структуирање на средствата, тоа значи дека

30

Според законот за банките тие се субјекти од јавен интерес - "Службен весник на Република

Македонија" бр.190/16.

Page 71: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

71

претставува и показател за квалитетот на управување со банката.31

Овој показател го

покажува остварениот профит по единица средства и претставува, на некој начин,

одраз на способноста на банкарскиот менаџмент за искористување на финансиските и

реалните инвестициски ресурси на банката со цел максимизирање на профитабилноста,

односно покажува колку парични единици нето добивка, банката остварила на една

парична единица вкупни средства. Оваа мерка зависи од одлуките на менаџментот,

политиката на банките, како и од фактори врз кои банките немаат контрола, а се

поврзани со економската и државната регулатива.

Стапката на принос на средства ROA, претставува однос помеѓу нето-добивката и

вкупните средства на банката. Во идеални околности, именителот треба да ги изразува

просечните дневни вредности. Сепак, во повеќето земји, таквите информации не е

можно да се обезбедат, па аналитичарите користат месечни или квартални вредности.32

Стапка на принос на средства ROA = средства вкупни

добивка - нето

Многу финансиски аналитичари сметаат дека односот меѓу нето добивката и

просечните вкупни средстсва со кои управува менаџментот на банката се најдобри

поединечни показатели за оцена на менаџментот. Покрај успешноста на менаџерското

управување со банката, ROA овозможува споредба на профитабилноста помеѓу

поедничните банки. На тој начин, банките кои имаат поголем процент на

профитабилност на средствата се сметаат за успешни во однос на оние со помал

процент на профитабилност на средствата. Доколку ROA изнесува 1 или повеќе,

таквата банка се смета за успешна, а инвестирањето во таа банка се смета за

профитабилна инвестиција. Инвеститорите секогаш настојуваат на што поголема

стапка на принос на средства односно не помала од 5%. Сепак, кога се работи за

банкарските организации, во светски рамки, прифатливата стапка на принос на

средства (ROA) ќе биде прифатлива доколку изнесува над 1,5%.33

31

Koch, T.W., McDonald, S.S. (2010) Bank Management. 7th edition. Ohio: Mason 32

Pavković, A. (2004) Instrumenti vrednovanja uspješnosti poslovnih banaka. U: Zbornik Ekonomskog

fakulteta u Zagrebu. Zagreb, Ekonomski fakultet, стр. 181. 33

https://www.classle.net/#!/classle/content-page/profitability-indicator-ratios/

Page 72: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

72

За да се задржи реалната вредност на капиталот во услови на инфлација,

минималната вредност на овој показател треба да биде еднаква на стапката на

инфлација. Доколку резервите за потенцијални загуби не се реално утврдени во однос

на ризичноста на кредитното портфолио, тоа може да влијае на реалниот приказ на

двата показаели ROA и ROE. Банката која има поголем удел на сопствен капитал во

изворите на средства, ќе има пониска цена на финансирање отколку банката која

повеќе пласира позајмени средтсва на кои плаќа камата. Исто така, банката, може во

исто време да има добар ROA показател, а слаб ROE показател и обратно.34

Сепак како забелешка на овој показател се упатува невклучувањето на

вонбилансните активности (off-balance-sheet activities) кои можат да имаат значителен

придонес во остварениот профит.

Профитабилноста на банките може да се анализира и преку вториот

сметководствен индикатор за мерење на профитабилноста, односно стапката на принос

на капиталот (Return on Equity - ROE). Овој показател покажува колку ефективно

менаџментот на банката ги користи средствата ставени на располагање од страна на

акционерите и претставува главен индикатор за остварениот принос како надоместок

за вложувањето на акционерскиот капитал во банката. Стапката на принос на

капиталот ROE, на акционерите им покажува колку менаџментот е успешен во

максимизирањето на нивниот капитал, односно колкава е остварената добивка на

банката по парична единица од нивниот удел во капиталот на банката. Според тоа

акционерите секогаш настојуваат овој показател да има што поголема вредност, па

доколку во услови на висока профитабилност банката има ROE околу 15% се смета за

успешна, а во услови на криза, успешна е секоја банка со ROE поголем од 10%.

Стапката на принос на капиталот се пресметува како однос меѓу нето –добивката и

капиталот на банката.

Стапка на принос на капиталот (ROE) = капитал иакционерск

добивка - нето

34

Pavković, A. (2004) Instrumenti vrednovanja uspješnosti poslovnih banaka. Zbornik Ekonomskog fakulteta u

Zagrebu, 2 (2004), 1, стр. 181

Page 73: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

73

Според претходно наведеното, двата показатели покрај за вреднување на

финансиската стабилност служат и како оцена за менаџментот и неговото управување

со банката. Врз основа на показателот ROA може да се согледа колку успешно банката

ја користи својата сопственост за на нејзина основа да генерира приход, додека ROE е

показател врз основа на кој сопствениците на банката проценуваат како банкарскиот

менаџмент управува со банката во нивна корист.

Финансиските показатели на остварениот приход од инвестициите во банката ја

покажуваат т.н. “долна линија” на перформансите банката, меѓутоа не даваат

дополнително појаснување за тие резулати. Според тоа за да се добие подетална слика

за работата на банката, потребна е детална анализа на овие показатели од страна на

менаџментот, а најчесто за тоа се користи познатиот Дипонт (Du Pont) систем на

анализа. Со помош на овој метод се врши расчленување на показателите на

профитабилност на нивните составни компоненти, заради утврдување на подрачјата

одговорни за осварените перформанси на банката. Овој метод името го добил според

американската компанија Дипонт, која прва започнала да го применува овој систем на

анализа со која можат да се откријат врските што постојат помеѓу финансиските

покзатели. Со примената на оваа анализа се откриваат причините за слабите или

добрите резултати на банките, односно да се добијат податоци кои ќе му помогнат на

менаџментот за идентификување и зајакнување на поволните фактори кои банката ја

ставаат во конкурентска предност, а соодветно неутрализирање на факторите кои

имаат негативно влијание преку преземање на корективни мерки за подобрување на

работењето во иднина.35

35

Спасов Синиша, Арсов Сашо, „Финансиски менаџмент“, Економски факултет, Скопје, 2004, стр.65.

Page 74: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

74

Како пример за наведената Дипон анализа, стапката на принос на капиталот

може да се прикаже преку следната анализа36

(Графикон 2.3.1.):

Графикон 2.3.1. Дипон модел за стапката на принос на капиталот ROE

= x x x

Извор: Неновски, Д-р Томе и Делова-Јолевска, Д-р Евица, Пари и банкарство, Скопје 2012, стр. 360

На графиконот 1, прикажан е Дипон моделот за стапката на принос на

капиталот (ROE), со чија помош може да се видат составните компоненти на овој

показател на профитаблност. Според тоа, оваа анализа овозможува да се согледаат сите

подрачја кои што може да влијаат за зголемување на профитабилноста.

Мултпликаторот на капитал ЕМ (Equity multiplier) претставува врска меѓу

показетелите на профитабилност ROA и ROE и претставува износ на имотот по еден

денар акционерски капитал. Овој мултипликатор го мери финансискиот левериџ и

претставува показател за мерење на профитот и ризикот. Имено, големата вредност на

мултипликаторот на капитал покажува дека банката во голема мера се финансира со

задолжување во однос на акционерскиот капитал и обратно. Според тоа,

мултипликаторот на капитал дава важна информација за тоа во која мера банката

користи туѓи во однос на сопствените извори на финансирање т.е. ја мери финасиската

потпора.

Мултпликаторот на капитал е определен како однос меѓу просечните вкупни

средства и просечниот акционерски капитал, а производот од овој мултипликатор со

покзателот за стапката на принос на средствата го дава показателот за стапката на

принос на капиталот.

EM = капитал иакционерск

средтсва вкупни

36

Неновски, Д-р Томе и Делова-Јолевска, Д-р Евица, Пари и банкарство, Скопје 2012, стр. 360.

ROE ЕМ Коефициент на

обрт на средствата Нето-профитна маржа

капитал

добивка нето

капитал

средства вкупни

средства вкупни

приходи вкупни

приходи вкупни

добивка нето

Page 75: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

75

ROE = средства вкупни просечни

добивка нето x

капитал кисопственич просечен

средства вкупни просечни = ROA x EM

Стапката на принос на капитал може да биде интерпретирана и на следниот начин:37

ROE = ROA x Leverage

Со други зборови стапката на принос на капитал (ROE), претставува функција

на стапката на принос на средства (ROA) и финансискиот левериџ.

Од формулата можеме да согледаме дека, поголема вредност на ROE може да се

оствари со зголемувањето на повратот на капитал или со зголемување на

мултипликаторот на капитал, односно со поголем износ на должничко финансирање во

однос на акционерски капитал. Во ситуација кога нето добивката, а со тоа и приносот

на капитал се позитивни, подобрата финансиска состојба претставува предност за

банката бидејќи преку влијанието на мултипликацијата резултира со зголемување на

приносот на акционерскиот капитал. Меѓутоа иако поголемата вредност на

мултипликаторот резултира со зголемување на ROE, таа укажува и на поголема

изложеност на капитален ризик и ризик од несолвентност. Од тие причини, при

определување на профитабилноста на акционерскиот капитал важно е да се определи

дали зголемувањето на ROE е резултат на зголемување на ROA или зголемување на

финансиската поткрепа, односно дополнително задолжување на банката.

Понатамошното расчленување на стапката на принос на капитал ROE, во рамки

на Дипон анализата, може да се прикаже преку следната формула:

ROE = PM x AU x EM

Односно,

ROE = ттрошоциоперативни вкупни

еоданочувањ по приход нетоx

средства вкупни

приходи оперативни вкупниx

капитал вкупен

средтсва вкупни

37

Thomas R. Robinson, Hennie van Greuning, Elaine Henry, Michael A. Broihahn – INTERNATIONAL

FINANCIAL STATEMENT ANALYSIS, John Wiley & Sons, Inc., Hoboken, New Jersey, 2009 стр. 298

Page 76: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

76

Од оваа формула може да се види дека стапката на принос на капиталот е

претставена како производ од три показатели, со чија подетална анализа може да се

утврдат причините за зголемување односно намалување на профитабилноста на

банките.

ROE = нето профитна маржа x стапка на користење на средствата x мултипликатор на

капиталот

Нето профитната маржа ја претставува ефикасноста на банката во управувањето

со трошоците и ценовната политика. Нето профитната маржа ни покажува дека банката

може да ја зголеми својата профитабилност преку дополнителна контрола на

трошоците и преку максимизирање на приходите од продажба на банкарски производи

и услуги. Нето профитната маржа се пресметува како однос помеѓу остварената нето

добивка и вкупните оперативни приходи на банката.

Нето профитната маржа (PM) = приходи оперативни вкупни

добивка нето

Втората компонента, стапката на користење на средствата се однесува главно на

политиките на управување на банката, со расположливите средства и остварувањето на

бараниот принос. Имено, слободните средтсва со кои менаџментот на банката

располага може да ги инвестира на различни начини. Меѓутоа доколку се одлучи за

пласман на тие средтсва во инвестиции што носат висок принос, тоа ќе ја зголеми

профитабилноста на банката. Стапката на користење на средствата се пресметува како

однос помеѓу вкупните оперативни приходи и вкупните средства.

Стапка на користење на средствата (AU) = средства вкупни

приходи оперативни вкупни

Во практиката се применува и трето расчленување на стапката на повраток на

капиталот ROE, при што се добиваат уште четири други индикатори со чија анализа,

менаџментот на банката може да ги утврди проблемите со цел нивно анулирање и

зголемување на профитабилноста и ефикасноста.

Page 77: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

77

ROE = ефикасност на управување со даноци x ефикасност во контрола на трошоците x

ефикасност на управување со средствата x ефикасност на управување со фондовите

ROE =

ефикасност на

управување со

даноци

x

ефикасност во

контрола на

трошоците

x

ефикасност на

управување со

средствата

x

ефикасност на

управување

со фондовите

Според дадената формула, намалување на ефикасноста во работењето на

банката може да има доколку имаме намалување на вредноста на некоја од четирите

компоненти. Според тоа, менаџментот на банката треба внимателно да ги следи и да

врши процена на ефикасноста каде може да дојде до евентуално намалување.

Дипон системот, исто така, овозможува расчленување и на стапката на принос

на средства (ROA) на нејзините составни компоненти, со цел подетална анализа на

изворите на профитабилноста на банките. Бидејќи нето добивката на бнката

претставува разлика помеѓу вкупните приходи, вкупните расходи и обрската за данок,

формулата за стапката на принос на средства (ROA) ќе ја добиеме кога таа разлика ќе

ја ставиме во однос со вкупните средства на банката.

ROA = TA

T - TE - TR NI = TR – TE – T

каде што,

NI – нето добивка на банката

TR – вкупни приходи

TE – вкупни расходи

T - данок

TA - вкупни средства на банката.

Од расчленувањето на стапката на принос на средства (ROA) произлегуваат три

показатели кои се однесуваат на определени фактори кои имаат влијание врз

профитабилноста на банката и тоа: стапка на користење на средствата, стапка на

трошоците и стапка на даноците.

Стапката на користење на средствата (asset utilization) ја имавме и при

примената на Дипонт системот на стапката на принос на капиталот. Таа се пресметува

како однос помеѓу вкупните оперативни приходи и вкупните средства.

Стапка на користење на средствата AU = TA

TR

Page 78: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

78

Вториот показател, стапката на трошоците се пресметува како однос меѓу

вкупните оперативни расходи и вкупните средства.

Стапка на трошоците ER = TA

TE

Третиот показател, односно стапката на даноците е претставен како однос меѓу

данокот на добивка и вкупните средства.

Стапка на даноците TR = TA

T

Според претставените показатели стапката на принос на средствата може да се

претстави и на следниот начин:

ROA = AU - ER - TAX

Анализата на профитабилноста на банките може да продолжи и преку

расчленување на стапката на користење на средствата, односно со расчленување на

приходите. Вкупните приходи на банката се составени од следните категории: приходи

од камата, некаматни приходи и остварени капитални добивки.

Според тоа големината на каматните приходи е клучна компонента која влијае

на вкупниот приход на банката и има различна вредност кај различни банки.

Повисокото учество на кредити во средтсвата ги зголемуваат приходите од камата.

Некаматните приходи се состојат од повеќе компоненти кои имаат свое влијание врз

стапката на користење на средтсвата. За да се добие показател за учество на ставките

во некаматниот приход секоја од нив дели со просечните вкупни средстсва на банката.

Приходите од камати зависат од три основни фактори: ефект на стапка на

принос, ефект на структура и ефект на обем. Ефектот на стапка на принос покажува

дека банките можат да ги зголемат приходите од камати и нивната профитабилност,

доколку наплаќаат повисоки каматни стапки за своите кредити или пак доколку

остваруваат повисоки стапки на принос на вложувањата во хартии од вредност.

Вториот фактор, ефектот на структурата, укажува на тоа дека банката може да

оствари поголема профитабилност доколку поголемиот дел од вкупните средства го

распред.ели во пласмани што носат повисок принос. Третиот фактор, односно ефектот

на обем, влијае на големината на каматните приходи преку големината на

Page 79: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

79

каматоносните средства. Доколку банката има поголем обем на каматоносни средства,

таа ќе покаже поголема профитабилност.

Покрај анализата на каматните приходи, банката може да ги расчлени и

некаматните приходи на нивните составни компоненти. На тој начин, менаџментот на

банката ќе го открие придонесот на одделните некаматни приходи врз

профитабилноста на банката.

Исто како и приходите и расходите може да се расчленат на три основни

категории: каматни расходи, некаматни расходи и резервации за можните загуби на

кредитите. Доколку овие категории се стават во однос со вкупните средства,

овозможуваат добивање на нови показатели, со чија анализа се откриваат факторите

што влијаат врз профитабилноста на банката. Тие фактори се: ефектот на каматна

стапка, ефектот на структурата и ефектот на обемот.

Кај првиот фактор, ефектот на каматна стапка, се истакнува дека каматните

трошоци со кои се финансираат обврските, се разликуваат од една банка до друга. За

тие разлики постојат повеќе причини како: различните премии за ризик кои ги плаќаат

банките, различните временски периоди кога банките позајмуваат и различната

достасаност на депозитите и долгот. Како основна причина за вториот фактор, ефектот

на структурата и неговото влијание врз разликите на трошокот по камати од банка до

банка, произлегува дека лежи во составот на обврските кои се разликуваат меѓу

банките. Износот на каматите расходи на банката зависи и од тоа дали се финансира

претежно од сопствени или од туѓи средства.

Анализата за контролата на банката врз трошоците може да се врши и со

расчленување на некаматните расходи на нивните составни компоненти..

Покрај основните показатели, менаџментот на банката користи и други

показатели, како на пример: нето-каматна маржа, некаматна нето-маржа, распон,

стапка на товар и стапка на ефикасност.38

Нето-каматната маржа претставува однос меѓу нето-каматните приходи и

вкупните средства и како таква е важен показател за способноста на банката во

управувањето со каматниот ризик. Нето каматниот приход настанува како резултат на

38

Петревски, проф. д-р Горан, Управување со банките, Скопје 2010, стр.103.

Page 80: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

80

кредитните и депозитните односи со претпријатијата, граѓаните, домашни и странски

банки и други организации, а се добива со одземање на вкупните расходи од камата од

вкупните приходи од камата. На овој показател најголемо влијание имаат активните и

пасивните каматни стапки кои банката ги применува, како и структурата на билансот

на состојба. Имено, промените на каматната маржа укажуваат на тоа дали банката

остварила добивка или загуба како резултат на промената на каматните стапки.

Нето каматната маржа, пред се, зависи од развиеноста на финансискиот систем,

големината на банката и нејзината позиција во однос на конкуренцијата,

опкружувањето во кое банката функционира, големината на активата и слично.39

Подетално, нето каматната маржа е определена од структурата на билансот и

каматните стапки кои се применуваат на поединечни ставки на активата, односно

пасивата.

Значењето на каматната нето-маржа произлегува од тоа што каматните приходи

и каматните расходи се основ.ни категории во билансот на успехот. Овој показател

покажува дали банката остварува повисоки приходи од кредитни активности, односно

дали својата стратегија ја има насочено примарно кон традиционалните банкарски

работи.

Нето каматна маржа = средства вкупни

приходи каматни нето

Со оглед на тоа дека разликата помеѓу активната и пасивната каматна стапка се

смета како каматна маржа, во показателите на профитабилност на банките се

вбројуваат и нивните просечните каматни стапки. Просечната активна каматна стапка

претставува однос помеѓу приходите од камати и каматоносната актива во која се

вбројуваат сите пласмани во кои банката ги насочува своите вложувања. Од друга

страна, просечната пасивна каматна стапка претставува однос меѓу расходите за камата

и каматоносната пасива која ги опфаќа сите обврски на банката на кои плаќа камата.

Просечна активна каматна стапка = актива акаматоносн просечна

камата од приходи

Просечна пасивна каматна стапка = пасива акаматоносн просечна

камата од расходи

39

Žager, K., et. al. (2008) Analiza financijskih izvještaja. Zagreb: Masmedia, стр. 306

Page 81: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

81

Некаматната нето-маржа претставува однос меѓу некаматните нето-приходи и

вкупните средства. Притоа, во групата некаматни приходи (non-interest income) спаѓаат

приходите од провизии и надоместоци што банките ги нудат на своите клиенти како

што се: посредување во домашниот и меѓународниот платен промет,

отварање акредитиви и давање гаранции, управување со средствата, брокерски

активности, посредување при издавањето на хартии од вредност, советодавни услуги,

старателски активности итн. Исто така спаѓаат и: остварените и неостварените курсни

разлики од тргувањето со девизи, преведувањето во денари на ставките изразени во

странски валути и бројни други приходи прикажани под името: "останати приходи од

дејноста" како што се: наеми од оперативен лизинг, вложувања во подружници и

придружени друштва, наплата на претходно отпишани побарувања итн. Во групата на

некаматни расходи (non-interest expenses) спаѓаат расходите што банката ги прави за

извршување на редовните активности. Тоа е разновидна категорија којашто вклучува

ставки како што се: плати и други надоместоци за вработените, амортизација, трошоци

за одржување, трошоци за енергија, матерјални трошоци, премии за осигурување на

депозитите, трошоци на софтверот, премии за осигурување на имотот и на вработените,

административни трошоци, трошоци на маркетинг, кирии, судски и адвокатски

трошоци итн. Како најважна поединечна ставка во оваа група се јавуваат трошоците на

вработените кои ги опфаќаат: нето-платите, придонесите за социјално осигурување,

бонуси и награди, отпремнини итн. Како што се гледа, некаматните расходи се многу

обемни и по правило ги надминуваат некаматните приходи на банките. Затоа разликата

меѓу некаматните расходи и некаматните приходи се нарекува товар (burden) и банките

постојано се трудат овие расходи да ги намалат што е можно повеќе, зашто тоа ја

зголемува нивната профитабилност.40

ги вклучуваат наемнините, платите и

надоместоците за вработените.41

Поради тоа што кај голем број банки некаматните

расходи ги надминуваат некаматните приходи, овој показател најчесто е негативен.

Некаматна нето-маржа = средства вкупни

приходи некаматни нето

40

Горан Петревски, Управување со банките - второ издание, Скопје: Економски факултет, 2011, стр.36-37 41

http://www.investopedia.com/terms/n/noninterest-income.asp

Page 82: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

82

Распонот како показател ја мери големината на разликата меѓу просечниот

принос од средства и просечните трошо.ци од обврските кои носат камата. Всушност,

распонот претставува мерка на ефективноста на банката во извршувањето на нејзината

основна дејност, т.е. финансиско посредување. Распонот и каматната нето-маржа исто

така се важни за вреднување на способноста на банката да се соочува со каматниот

ризик.

Стапката на товарот, односно коефициентот на задолженост, претставува однос

меѓу разликата на некаматните трошоци и некаматните приходи и просечните вкупни

средства. Овој показател е сличен на некаматната нето-маржа.

Коефициент на задолженост = средства вкупни

приходи некаматни - расходи некаматни

Cost-to-income-показателот

Покрај основните коефициенти за изразување на финансиските перформанси

како ROA и ROE, кои на јавноста и се презентираат преку годишните банкарски

извештаи, денес банките банките големо внимание посветуваат и на CIR - cost-to-

income показателот, кој го претставува односот меѓу оперативните трошоци и

приходите. За разлика од ROA и ROE кои овозможуваат компаративна анализа на

профитабилноста на банките, cost-to-income показателот овозможува оперативна

ефикасност меѓу различни организации. Стапката на ефикасност покажува колку плаќа

банката за некаматни трошоци за единица оперативен приход. Имено, овој показател

ги изразува вкупните оперативни трошоци на една банка, како процент од

оперативните приходи, односно ако cost-to-income-показателот е, на пример, 30%, тоа

значи дека 100 единици приход се остваруваат со 30 единици оперативни трошоци,

што значи колку е понизок овој показател, толку е поголема ефикасноста во

работењето на банката.

Page 83: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

83

Cost-to-income-показателот може да се применува кај различни организации, но

тој има специфична примена кај банките, и претставува израз на односот меѓу

вкупните оперативни трошоци и вкупните редовни приходи. Вкупните редовни

приходи се пресметуваат како збир од нето-каматните приходи, нето-приходите од

провизии, останатите нето-финансиски приходи и останатите редовни приходи.42

Како

резултат на тоа, cost-to-income-показателот ја покажува вкупната ефикасност на

банката во целина, поради што и се нарекува коефициент на ефикасност на банката.

Cost-to-income-показателот претставува инверзен коефициент што значи дека

повисоката вредност на овој коефициент укажува на помала ефикасност, додека

пониската вредност укажува на повисока ефикасност. Според тоа, ако една банка има

Cost-to-income коефициент 100% тоа ни покажува дека нејзината ефикасност изнесува

0% и обратно. Повеќе автори се согласни во ставот дека овој коефициент во реалноста

претставува индикатор повеќе за неефикасноста, отколку за ефикасноста на

банкарското работење.

Низ годините, банкарите развиле стандарди за интерпретација на вредноста на

cost-to-income-показателот. Така според Alex Jablonowski43

, финансиски консултант,

„идеална вредност на cost-toincome-показателот е од 30% до 40%; исто така, вредноста

од 40% до 50% се смета за добра и задоволителна; кај најголем број од банките,

коефициентот изнесува околу 50%. Cost-to-income-коефициентот, со вредност од 60%

и повеќе, укажува на потреба за преземање мерки за подобрување на ефикасноста на

работењето, или за некои специјални проблеми во окружувањето“.

Преку cost-to-income-показателот може на брз и едноставен начин да се оцени

способноста на банката за претворање на расположливите средства во приход. Така,

доколку имаме зголемување на cost-to-income-показателот, тоа ни покажува дека

имаме зголемување на трошоците или намалување на приходите. Исто така, значајно е

да се напомене дека различните бизнис-модели на работење на банките можат, и при

слични приходи, да генерираат различни вредности на cost-to-income-показателите.

Имено, доколку банката посветува поголемо внимание на услугите за

потрошувачите, може да дојде до намалување на ефикасноста, но и да се зголеми

нејзиниот нето профит. Банките, коишто имаат построга контрола врз трошоците, исто

42

King, B., Efficiency Ratio – A Focal Point For Change, BenchMark Consulting International, 2007 43

Buchanan, I. (2007): Features Bank Efficiency: Measure for measure, Alliance & Leicester, IBSJ Features,

issue 16.5, Feb 07

Page 84: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

84

така, имаат и поголема ефикасност, но веројатно е дека ќе имаат пониска профитна

маржа.

Стапката на ефикасност = приходи некаматни каматни

расходи некаматни

Анализата со декомпозиција на определени клучни показатели укажува дека

постигнувањето на висока профитабилност на банката зависи од неколку клучни

фактори:44

внимателно користење на финансискиот левериџ, внимателно користење на

оперативниот левериџ, внимателна контрола на оперативните трошоци, внимателно

управување со портфолиото на средствата и внимателна контрола на изложеноста на

ризик.

Меѓутоа, како главен недостаток на сметководствените показатели на

профитабилност, можеме да ја истакниме нивната “застареност”, поради што

пресметките за овие показатели се темелат врз податоци од претходните пресметковни

периоди.

Индикатори на капиталот

Иако ROA и ROE поради својата едноставност и јасност се најчесто користени

сметководствени показатели за профитабилноста на банките, тие имаат одредени

недостатоци.

Имено, во нивната пресметка не се земаат во предвид ризиците на кои банката

се изложува при вршењето на определени активности. Со цел да се отстранат тие

недостатоци настанале алтернативни методи на вреднување на успешноста на

работењето. Поради тоа, големите банки воведуваат прилагодени показатели на

ризикот со кои се мери приносот на поединечните активности од работењето

корегирани за преземените ризици во однос на вредноста на капиталот алоциран на таа

активност.

Во услови на присуство на високи банкарски ризици, традиционалните методи

за утврдување на профитабилноста на банките се проширауваат по пат на методите за

44

Rose & Hudigins, BANK MANAGEMENT & FINANCIAL SERVICES, Mc Graw Hill Irwin 2005, page 160.

Page 85: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

85

принос на капиталот коригиран за висината на ризикот ризично прилагоден поврат на

капитал (Risk Adjusted Return on Capital - RAROC), како и преку методот за поврат на

ризично прилагоден капитал (Return on Risk Adjusted Capital - RORAC).

RAROC = капитал

ризик со усогласена добивка

RORAC = капитал на прилагоден ризик

добивка

Целта на користењето на овие показатели е да се пресмета приносот од

функционирањето на определени деловни линии и тој принос да се спореди со

количеството на капитал алоциран во таа деловна линија.

Добивката од деловните активности може да се усогласи со ризикот (RAROC)

така што очекуваната загуба ќе се одземе од добивката заедно со другите трошоци.

Капиталот може да се усогласи со ризикот (RORAC) така што максималните загуби ќе

се засноваат на идните приноси или на износот неопходен за покритие на добивката.45

Покрај овие два, како показатели за капиталот може да се сметаат и MVA

(концепт на пазарна додадена вредност, односно Market Value Added) и EVA (концепт

на економска додадена вредност, Economic Value Added). Значењето на овие два

показатели се гледа во директното поврзување на успешноста на банката и придонесот

на менаџментот во зголемувањето на капиталот на акционерите. MVA се пресметува

како разлика на пазарната вредност на акционерскот капитал и историската вредност

вложениот капитал, додека EVA претставува разлика помеѓу нето оперативната

добивка по оданочување и трошоците на капиталот (EVA подразбира дека банката

мора да оствари приходи со кои ќе ги покрие трошоците на задолжување, трошоците за

работа и соодветна дивиденда за акционерите).

Значаен финансиски индикатор за работата на банката претставува стапката на

адекватност на капитал. Адекватност на капитал е способност на банката да ги нуди

своите услуги се додека го одржува законски утврдениот однос меѓу капиталот и

вкупната актива. Стапката на адекватност на капиталот претставува однос меѓу

капиталот и активата на банката, односно ја прикажува способноста на банката да ги

45

Pavković, A. (2004) Instrumenti vrednovanja uspješnosti poslovnih banaka. U: Zbornik Ekonomskog

fakulteta u Zagrebu. Zagreb, Ekonomski fakultet, стр. 181.

Page 86: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

86

апсорбира загубите генерирани од лошите пласмани. Адекватноста на капиталот

претставува и своевидна заштита на клиентите на бнаката, пред се на штедачите, од

можните лоши кредити.

За утврдување на адекватноста на капиталот , секоја банка е должна да пополни

повеќе извештаи и истите да да ги достави до НБРМ. Дел од тие извештаи се: извештај

за сопствени средства, за портфолиото за тргување, заактивата пондерирана според

кредитниот ризик, за вкупните активности, за капиталот потребен за покривање на

валутниот ризик, за капиталот потребен за покривање на специфичниот ризик од

вложувања во должнички инструменти и др.

При пресметката на стапката на адекватност на капиталот во предвид се земаат

повеќе видови на ризици коишто можат да остават последици врз активата на банката.

Меѓу нив најчести се: кредитен, валутен и пазарен, но постојат и таканаречени

специфични ризици. Пресметката на стапката на адекватност на капиталот се врши на

следниот начин46

:

Стапка на адекватност на капиталот =ризик оперативенпазаренкредитен

2) и 1 вокапитал(ни

Минималната пропишана стапка на адекватност на капиталот од НБРМ

изнесува 8%, што значи дека банките се должни постојано да одржуват стапка на

адекватност на капитал којашто нема да биде пониска од пропишаната вредност.

Гувернерот на Народната Банка на Република Македонија може да пропише повисок

процент од 8% доколку тоа е потребно поради природата, видот и обемот на

активностите коишто банката ги извршува и ризиците на коишто е изложена. Банката е

должна да обезбеди соодветно ниво на сопствени средства во зависност од видот и

обемот на финансиските активности и висината на ризиците коишто произлегуваат од

извршувањето на тие активности.47

46

Горан Петревски, Управување со банките (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр.275-

276 47

Одлука за методологија за утврдување на адекватноста на капиталот на НБРМ („Службен весник на

Република Македонија“ бр. 47/2012)

Page 87: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

87

Пазарни показатели

За разлика од сметководствените показатели кои ја анализираат

книговодствената вредност, пазарните показатели ја поврзуваат книговодствената

ефикасност на сопственичкиот капитал со неговата пазарна вредност. Со неа се мери

успешноста на вложувањата во акциите на банката т.е. работењето на банката се

анализира од аспект на инвеститорите. Поради тоа понекогаш во литературата овие

показатели се нарекуваат и индикатори на инвестирање. Меѓутоа, овие индикатори не

може да се најдат за сите банки, бидејќи нив ги објавуваат компании и

специјализирани институции за објавување на финансиски информации. Според тоа,

пазарните индикатори најповеќе се достапни само за големите, избрани банки.

Еден од најчесто применуваните пазарни показатели е заработка по акција (EPS

- Earnings per share), кој ја мери добивката расположлива за обичните акции.48

Овој

показател е корисен во оценката на ефикасноста и дејствувањето на менаџментот за

проценка на очекуваната дивиденда во иднина.

Показателот заработка по акција EPS, се пресметува како однос помеѓу нето

добивката и вкупниот број на обични акции.

Заработка по акција (EPS) = акции обични на број

добивка нето

Дивидендата по акција (DPS - Dividends per share), претставува показател, кој

покажува колкав е тековниот принос кој годишно го примаат акционерите на банката

по обична акција. Дивидендата по акција се изразува како однос помеѓу нето добивката

за дивиденда и бројот на обични акции.

Дивиденда по акција (DPS) = акции обични на број

дивиденда за добивка нето

Цената по акција, покажува колкава цена акциите постигнале на организираниот

пазар на капитал. Значајни информации за успешноста на работењето на банките може

да се добијат со споредба на пазарната и книговодствената вредност на акциите. Имено,

доколку пазарната цена е поголема од книговодствената, банката создава вредност и

обратно.

48

Расположлива добивка е нето добивката намалена за износот на дивиденда за преференцијалните

акции

Page 88: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

88

Принос по дивиденда е показател кој е сличен на вкупната профитабилност на

акциите. Односот на овие два показатели зависи од тоа дали дивидендите се исплатени

од акумулираната добивка во претходните пресметковни периоди. И двата показатели

се изразуваат во проценти. Показателот дивиденден принос (yield), има голема важност

бидејќи ја изразува големината на годишната дивиденда по акција во однос на

нејзината пазарна цена.

Дивиденден принос (yield) = (PPS) акција на цена пазарна

(DPS) акција по дивиденда

Односот на исплата на дивиденда (Dividend Payout Ratio - DPR), како показател

ни ја покажува распределбата на остварената нето добивка на банката. На тој начин се

изразува и дивидендната политика на банката. Висината на дивидендата се менува во

согласност со економските услови и заработката на банките. Доколку дивидендата се

зголеми, тоа на инвеститорите ќе им даде позитивен знак и повод за инвестирање во

профитабилна инвестиција во иднина. Овој показател се пресметува како однос помеѓу

дивидендата по акција и заработката по акција:

Однос на исплата на дивиденда (DPR) = (EPS) акција по добивка

(DPS) акција по дивиденда

Најзначајни показатели за инвестиарње претставуваат вкупната и дивидендната

рентабилност на акциите. Вкупната рентабилност на акциите (P/A ratio) ги ставува во

сооднос добивката по акција и пазарната цена на акциите, со нагласок сопственичкот

капитал да не е искажан по неговата книговодствена, туку според пазарната вредност.

Вкупна рентабилност на акција (P/A) = акцијата на цена пазарна

акција по добивка

Односот на цената и заработката (P/E – Price Earnings Ratio) според многу

аналитичари се смета за најважен вредносен показател кој инвеститорите го користат

при анализата на пазарот на акции- берзата. Се изразува како однос на пазарната цена

по акција и заработката по акција.

Однос на цена и заработка (P/E) = (EPS) акција по заработка

(PPS) акција по цена пазарна

Page 89: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

89

ТРЕТ ДЕЛ

3. АНАЛИЗА НА ПРОФИТАБИЛНОСТА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ

Банкарскиот систем е најзначаен дел од вкупниот финансиски систем во

Република Македонија, бидејќи околу 90% од вкупните средства на финансискиот

систем отпаѓаат на банките. Банкарскиот систем го сочинуваат: Народна банка на

Република Македонија, комерцијалните банки, штедилниците и Фондот за

осигурување депозити, како и законите и подзаконските акти од областа на

банкарството. Во моментот 15 банки и 3 штедилници имаат дозвола за работа издадена

од гувернерот на Народна банка на Република Македонија.

Банкарскиот систем на Република Македонија е регулиран согласно Европските

стандарди и истиот се карактеризира со континуиран тренд на пораст на нето

добивката на банките, пораст на побарувачката за кредити како од корпоративниот

сектор така и од секторот население, висока каматна маргина и либерализиран пристап

за странските инвеститори.

Банките во Република Македонија се групирани од страна на Народната банка во

три групи, во зависност од големината на нивната актива. Границите меѓу одделните

групи банки се менуваат и коригираат за просечната годишна стапка на раст на

вкупната актива на банкарскиот систем за претходните четири квартали. Коригирањето

се врши еднаш годишно, на крајот на годината. Според тоа, на 31.12.2016 година,

извршена е следната поделба: група големи банки (актива поголема од 32,1 милијарди

денари), група средни банки (актива меѓу 8,0 и 32,1 милијарди денари) и група мали

банки (актива помала од 8,0 милијарди денари). (Табела 3.1).

Page 90: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

90

Табела 3.1. Приказ на групирањето на банките во Република Македонија според

големината на активата на 31.12.2016 година

Група големи банки

(актива поголема од 32,1 милијарди денари)

Актива

(во милиони денари)

1. Комерцијална Банка АД Скопје 100.776

2. Стопанска Банка АД Скопје 86.153

3. НЛБ Банка АД Скопје 71.834

4. Охридска Банка АД Скопје 35.882

5. Халк Банка АД Скопје 35.815

Група средни банки

(актива меѓу 8,0 и 32,1 милијарди денари)

1. ПроКредит Банка АД Скопје 21.403

2. Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје 18.904

3. Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје 14.862

4. УНИ банка АД Скопје

14.271

5. Стопанска Банка АД Битола

10.581

6. Еуростандард Банка АД Скопје

9.479

7. Централна Кооперативна Банка АД Скопје

8.414

Група мали банки

(актива помала од 8,0 милијарди денари)

1. ТТК Банка АД Скопје

7.506

2. Силк Роуд Банка АД Скопје

5.644

3. Капитал Банка АД Скопје 3.157

Извор: Народна банка на Република Македонија

Во овoј магистерски труд посебно ќе биде извршена анализа на финансиските

извештаи и профитабилноста на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, која спаѓа во

групата на средни банки.

Шпаркасе Банка Македонија е основана на 29 декември 1992 година, кога ја

добила дозволата од Народната Банка на Република Македонија за основање како

комерцијална банка под името "Инвест банка ад Скопје". Нејзината мајка-банка,

Штаермеркише шпаркасе, опстојува скоро два и пол века, не само во Австрија туку и

пошироко во Југоисточна Европа. Оваа банка била основана во Грац, во

далечната 1825 година. Денес, таа е најголемата штедилница во Виена и најголема

Page 91: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

91

банка во јужна Австрија. На 16 септември 2008 година, Шпаркасе Банка постанала дел

од "Штаермеркише шпаркасе" и Групацијата "Ерсте", една од најсилните групации

во Европа, со речиси 200-годишна традиција. На 15 април 2010 година, Шпаркасе

банка ја направила промената на името и официјално се ребрендирала на 4

октомври 2010 година.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е правно лице – акционерско друштво

со седиште на ул. Македонија 9-11 Скопје во Република Македонија, основана за

извршување на банкарски работи предвидени со Законот за банките. Банката е

основана на неопределено време заради вршење работи утврдени со закон со кој се

регулира работењето на Банката. Банката е правно лице со дозвола од Гувернерот на

НБРМ основано согласно со одредбите од Законот за банки и Законот за трговски

друштва и работи во рамките на деловната политика и развојниот план.

Шпаркасе банка Македонија АД Скопје претставува македонска

универзална банка со широка понуда на банкарски производи и услуги наменети за

поддршка, развој, финансирање на физички и правни лица. Согласно дозволата за

основање и работење издадена од Гувернерот на НБРМ, овластена е за вршење платен

промет во земјата и во странство, депозитни активности, кредитирање во земјата и

странство, вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции,

издавање и администрирање на платежни средства (парични картички, чекови,

патнички чекови, меници), менувачки работи , тргување со инструменти на пазарот на

пари, тргување со хартии од вредност, тргување со финансиски деривати, економско-

финансиски консалтинг и др.

Шпаркасе Банка Македонија e рангирана во првите 5 банки во Македонија, со

пазарен удел од 4-5% и со вкупна актива од 284 милиони евра.

Штаермеркише Шпаркасе е мнозински сопственик на Шпаркасе Банка

Македонија, со 99% од акциите на Банката. Банката има 73 акционери со

неквалификувано учество.

Номиналниот износ на почетниот капитал (основна главнина) на Банката

изнесува 1.662.774.540,00 денари и истиот е поделен на 622.762 обични акции на име

со номинална вредност од 2.670,00 денари по една акција. Банката може да издава

обични и приоритетни акции.

Page 92: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

92

Заклучно со 30.06.2016 година, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје има 316

вработени.49

3.1. Анализа на финансиските извештаи

Целокупното работење на една банка, всушност се отсликува во нејзините

финансиските извештаи. Бидејќи тие може да бидат многу сложени, преку

финансиската анализа треба да се сведат на разбирливи показатели за менаџерот. Само

така менаџментот ќе може да донесе правилна одлука во која насока да го води

бизнисот.

Финансиската анализа претставува алатка за препознавање на клучните

елементи од финансиските извештаи која преку сетот на финансиски показатели и

нивното толкување ќе придонесе кон евалуација на тековното работење,

идентификување на проблемите/областите на потенцијалните можности, развивање на

буџети и имплементирање на идните стратегии кои водат кон профитабилност,

солвентност и ликвидност.

Постојат бројни клучни елементи од финансиската слика на една банка, а истите

можат да се пронајдат во трите основни финансиски извештаи што ги создава и тоа:

биланс на успех, биланс на состојба и извештај за паричните текови.

Препознавањето на овие елементи во финансиските извештаи е потпомогнато

преку сет на финансиски показатели кои во една заедничка спрега овозможуваат да

дадат одговор на прашања за тоа дали и колку банката е профитабилна, ликвидна,

солвентна и дали има или одржува долгорочна успешност на деловен план.

Освен за менаџментот, финансиските извештаи се наменети пред се за

акционерите, кои треба да можат да ги разберат резултатите од работењето на банката

и врз основа на тие податоци да донесат правилни одлуки, односно тогаш одлуките се

засноваат на корисни информации, за тоа во која насока се движи нивниот бизнис.

49

http://www.sparkasse.mk/

Page 93: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

93

Во продолжение предмет на анализа ќе бидат ревидираните финансиски

извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за периодот од 1 јануари 2015 до

31 декември 2015 година.

Билансот на состојба претставува список на средства со кои располага банката,

како и нејзините обврски и капитал.

Биланс на состојба на ден 31 декември 2015

во илјади денари

тековна

година 2015

претходна

година 2014

СРЕДСТВА

Парични средства и парични еквиваленти 4.828.225 4.541.170

Средства за тргување - -

Финансиски средства по објективна вредност преку

билансот на успех определени како такви при почетното

признавање

- -

Дериватни средства чувани за управување со ризик - -

Кредити на и побарувања од банки - -

Кредити на и побарувања од други комитенти 9.507.751 8.505.737

Вложувања во хартии од вредност 2.695.714 2.525.647

Вложувања во придружени друштва - -

Побарувања за данок на добивка (тековен) - 4.407

Останати побарувања 76.122 134.680

Заложени средства - -

Преземени средства врз основа на ненаплатени

побарувања

10.449 3.740

Нематеријални средства 29.593 20.659

Недвижности и опрема 330.466 337.814

Одложени даночни средства - -

Нетековни средства кои се чуваат за продажба и група за

отуѓување

- -

Вкупно средства 17.478.320 16.073.854

ОБВРСКИ

Обврски за тргување - -

Финансиски обврски по објективна вредност преку

билансот на успех определени како такви при почетното

признавање

- -

Дериватни обврски чувани за управување со ризик - -

Депозити на банки 343.596 1.255.714

Депозити на други комитенти 11.966.749 9.491.115

Издадени должнички хартии од вредност - -

Обврски по кредити 1.615.373 1.869.394

Субординирани обврски 1.021.080 1.019.444

Посебна резерва и резервирања 87.940 75.797

Page 94: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

94

Обврски за данок на добивка (тековен) 5.229 -

Одложени даночни обврски - -

Останати обврски 151.430 141.093

Обврски директно поврзани со група на средства за

отуѓување

- -

Вкупно обврски 15.191.397 13.852.557

КАПИТАЛ И РЕЗЕРВИ

Запишан капитал 1.662.775 1.662.775

Премии од акции 861.619 861.619

Сопствени акции - -

Други сопственички инструменти - -

Ревалоризациски резерви - -

Останати резерви - -

Задржана добивка/(Акумулирана загуба) (237.471) (303.097)

Вкупно капитал и резерви кои припаѓаат на

акционерите на банката

2.286.923 2.221.297

Неконтролирано учество - -

Вкупно капитал и резерви 2.286.923 2.221.297

Вкупно обврски и капитал и резерви 17.478.320 16.073.854

Потенцијални обврски 2.958.477 2.423.219

Потенцијални средства - -

Од прикажаниот биланс на состојба можеме да согледаме дека вкупните

средства на банката на крајот на 2015 година изнесуваат 17.478,3 милиони денари и

бележат зголемување од 8,7% во однос на минатата година, зголемување што се должи

на зголемена кредитна активност.

Паричните средства и паричните еквиваленти на 31.12.2015 година

изнесуваат 4.828,2 милиони денари и се зголемени во однос на минатата година за

6,3%, како нето-ефект на зголемувањето на краткорочни депозити во НБРМ и

намалувањето на тековни сметки и трансакциски депозити кај странски банки и на

благајнички записи на крајот на годината.

Вложувањата во хартии од вредност на 31.12.2015 изнесуваат 2.695,7

милиони денари и бележат раст од 6,7% во однос на 31.12.2014 година.

Page 95: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

95

Кредитите и побарувањата од други клиенти од приватен сектор во вкупен

износ од 11.018,7 милиони денари во однос на изминатата година забележаа

зголемување од 7,5% (Табела 3.1.1.).

Табела 3.1.1. Структура на кредити според должникот

Структура на кредити според должникот

2015 2014 промена%

Правни лица 6.538,1 6.734,6 -2,9%

Физички лица 4.480,6 3.517,0 27,4%

Kредити и побарувања од

клиенти 11.018,7 10.251,6

7,5%

Намалено за:

резервација поради

оштетување

-1.510,9 -1.745,9 -13,5%

Нето-кредити и побарувања

од клиенти

9.507,8

8.505,7 11,8%

Извор: Годишен извештај за 2015 година на Шпаркасе банка Македонија АД Скопје

Зголемувањето се должи пред сè на кредитите на физички лица што во однос на

претходната година бележат раст од 27,4% додека кредитите на правни лица бележат

намалување од 2,9% во однос на 2015 година.

Останатите побарувања во износ од 76,1 милиони денари во себе ги

вклучуваат побарувањата за провизии и надоместоци, другите побарувања од

купувачите, авансно платените трошоци и побарувањата по други основи.

Преземените средства за ненаплатени побарувања изнесуваат 10,5 милиони

денари и бележат зголемување за 6,7 милиони денари во однос на нивото од

претходната година.

Нематеријалните средства изнесуваат 29,6 милиони денари. Во однос на

претходната година бележат зголемување од 43,2% односно за 8,9 милиони денари,

како резултат на продолжување на трендот на стабилизирање и надградба на ИТ-

системот во текот на 2015 година, и се очекува овој тренд да продолжи и во наредната

година.

Page 96: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

96

Недвижностите и опремата изнесуваат 330,5 милиони денари и се намалени за

2,2%, односно за 7,3 милиони денари.

Вкупните обврски на банката на 31.12.2015 година изнесуваат 15.191,4

милиони денари. Заедно со акционерскиот капитал од 2.286,9 милиони денари,

вкупните извори на средства на банката изнесуваат 17.478,3 милиони денари.

Депозитите на банки и кредитни линии на анализираниот датум изнесуваат

1.959,0 милиони денари.

Депозитите на други клиенти (Табела 3.1.2.) со 11.966,8 милиони денари

учествуваат со 68,5% во вкупните извори на средства.

Табела 3.1.2. Структура на депозитите според клиенти

Депозити на

клиенти 2015 2014

Промена

во % учество

Правни лица 5.847,1 3.954,7 47,9% 48,9%

Физички лица 6.119,7 5.536,4 10,5% 51,1%

Вкупно депозити

на клиенти 11.966,8 9.491,1 26,1% 100,0%

Извор: Годишен извештај за 2015 година на Шпаркасе банка Македонија АД Скопје

Депозитите на правни лица изнесуваат 5.847,1 милиони денари и бележат

зголемување од 47,9% во однос на претходната година. Нивното учество во вкупните

депозити на клиенти изнесува 48,9%. Учеството на депозитите на население во

вкупните депозити е 51,1%, а истите изнесуваат 6.119,7 милиони денари и бележат

зголемување од 10,5% во однос на претходната година.

Според рочноста, краткорочните депозити учествуваат со 82,4% додека

учеството на долгорочните депозити е 17,6%.

Акционерскиот капитал заeдно со премиите од акции, резервите и добивката

за годината на 31.12.2015 година изнесува 2.286,9 милиони денари. Неговиот износ

бележи пораст од 3,0% во однос на претходната година и учествува во вкупните извори

Page 97: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

97

на средства на банката со 13,1%. Акционерскиот капитал се состои од вкупно 622.762

обични акции со номинална вредност од 2.670 денари.

Субординираниот долг со 31.12.2015 година изнесува 1.021,1 милиони денари

и е непроменет во однос на 2014 година.

Стапката на адекватност на капиталот, како однос помеѓу сопствените

средства на банката и активата пондерирана според ризик, како показател за

преземениот ризик во работењето во билансните и вонбилансните активности на

банката на 31.12.2015 година изнесува 25,6%.50

Стратегија на банката е да одржува

стапка на адекватноста на капиталот над 15%

50

Извор: Годишен извештај за 2015 година на Шпаркасе банка Македонија АД Скопје

Page 98: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

98

Билансот на успех е финансиски извештај за банкарските приливи и одливи на

средства пресметани во одреден временски период, односно приходите и расходите на

банката.

Биланс на успех за периодот од 1 јануари 2015 до 31 декември 2015

во илјади денари

тековна

година 2015

претходна

година 2014

Приходи од камата 723.322 708.952

Расходи за камата (141.902) (185.308)

Нето-приходи/(расходи) од камата 581.420 523.644

Приходи од провизии и надомести 227.415 188.462

Расходи за провизии и надомести (90.235) (67.701)

Нето-приходи/(расходи) од провизии и надомести 137.180 120.761

Нето-приходи од тргување - -

Нето-приходи од други финансиски инструменти

евидентирани по објективна вредност

- -

Нето-приходи/(расходи) од курсни разлики 47.461 36.061

Останати приходи од дејноста 39.101 88.786

Удел во добивката на придружените друштва - -

Исправка на вредноста на финансиските средстсва, на

нето-основа

(186.633) (234.128)

Загуба поради оштетување на нефинансиските средства,

на нето-основа

(1.020) (3.962)

Трошоци за вработените (266.971) (228.458)

Амортизација (40.407) (39.199)

Останати расходи од дејноста (234.067) (235.128)

Удел во загубата на придружените друштва - -

Добивка/(загуба) пред оданочување 76.064 28.377

Данок на добивка (10.438) (576)

Добивка/(загуба) за финансиската година од

непрекинато работење

65.626 27.801

Добивка/(загуба) од група на средства и обврски кои се

чуваат за продажба

- -

Добивка/(загуба) за финасиската година 65.626 27.801

Добивка/(загуба) за финасиската година, која

припаѓа на:

акционерите на банката - -

неконтролираното учество - -

Заработка по акција

основна заработка по акција (во денари) 105 45

разводнета заработка по акција (во денари) 105 45

Page 99: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

99

Во 2015 година банката ги оствари следните резултати од своето работење во

анализираниот период:

Приходите од камати од пласирани средства на крајот на 2015 година

изнесуваа 723,4 милиони денари, со забележан раст на каматните приходи во однос на

минатата година за 2,0%. Приходите од камата се носечката позиција во вкупните

приходи на банката и покрај падот на каматните стапки во тековната година.

Во вкупните приходи најголемо е учеството на каматата реализирана од

нефинансиски друштва и домаќинствата каде што е забележано зголемување во однос

на 2014 година (Табела 3.1.3).

Табела 3.1.3. Структура на приходите од камата

Приходи од камата 2015 2014 % промена

Нефинансиски друштва 378,4 340,0 11,3%

Држава 85,2 124,3 -31,5%

Банки 31,9 25,3 26,1%

Останати финансиски друштва 0,0 1,6 n.a.

Население 227,9 217,8 4,6%

723,4 709,0 2,0%

Извор: Годишен извештај за 2015 година на Шпаркасе банка Македонија АД Скопје

Расходите по основ на камати на крајот од 2015 година изнесуваат 141,9

милиони денари и бележат намалување од 23,4% во однос на претходната година,

претежно како резултат на намалувањето на каматните стапки кај домаќинствата и

нефинансиските друштва. Намалувањето на каматните стапки на депозитите го

следеше намалувањето на каматните стапки на хартии од вредност.

Page 100: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

100

Во расходите од камати најголемо учество имаат каматите исплатени за

депозитите на население (Табела 3.1.4).

Табела 3.1.4. Структура на расходите за камата

Расходи за камата 2015 2014 % промена

Нефинансиски друштва 25,1 25,2 -0,4%

Банки 47,1 53,8 -12,5%

Останати финансиски друштва 6,8 12,1 -43,8%

Население 62,9 94,2 -33,2%

141,9 185,3 -23,4%

Извор: Годишен извештај за 2015 година на Шпаркасе банка Македонија АД Скопје

Согласно со претходно наведеното, нето-каматниот приход на 31.12.2015

година изнесува 581,5 милиони денари што е за 11,0% поголемо од минатата година.

Приходите од провизии и надоместоци на крајот на годината изнесуваат 227,4

милиони денари и се повисоки за 20,7% од приходите од провизиите остварени во 2014

година. Зголемувањето се должи на зголемениот промет на правните лица преку

своите сметки, но и зголемувањето на пласманите.

Расходите за провизии и надоместоци во вкупен износ од 90,2 милиони

денари се зголемени за 33,3% во однос на 2014 година или за 22,5 милиони денари.

Нето-приходот од провизии и надоместоци за вршење банкарски услуги на

крајот од годината изнесува 137,2 милиони денари и забележа раст од 13,6% во однос

на минатата година.

Остварениот нето-ефект од курсни разлики со 31.12.2015 година изнесува 47,5

милиони денари. Позицијата на нето-курсни разлики во однос на 2014 година забележа

зголемување од 31,6%.

Нето-исправката на вредност на финансиските средства како резултат на

ефектот од издвојување и ослободување на посебна резерва за пласмани изнесува 187,7

Page 101: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

101

милиони денари (од кои 1,0 милион денари се однесуваат на загуба поради оштетување

преземени средства). Нивниот износ во 2014 година изнесуваше 234,1 милиони денари

(од кои 4,0 милиони денари се однесуваат на загуба поради оштетување на преземени

средства).

Трошоците за вработени изнесуваат 266,9 милиони денари. Нивниот износ е

поголем за 38,5% во однос на 2014 година. Бројот на вработени на крајот на 2015

изнесуваше 298 вработени (2014:302).

Износот на пресметаната амортизација на 31.12.2015 година изнесува 40,4

милиони денари и бележи зголемување од 3,1% во однос на 2015 година, односно

зголемување од 1,2 милиони денари.

Останати расходи од дејноста за периодот заклучно со 31.12.2015 година

изнесуваат 234,0 милиони денари и се на исто ниво од минатата година. Најголемо

учество имаат трошоците за материјали и услуги 37,0% (2014:37,3%), административни

и трошоци за маркетинг 18,2% (2014:15,3%) и трошоци за кирии 14,6% (2014:15,1%).

На крајот од 2015 година Банката оствари позитивен финансиски резултат од

76,1 милиони денари пред оданочување, при што данокот на добивка изнесува 10,4

милиони денари.

Нето-остварената добивка на банката изнесува 65,6 милиони денари

(2014:27,8 милиони денари).

Извештајот на паричниот тек ги прикажува сите приливи и одливи на банката

во текот на одреден временски период.

Информации за корисниците – достапност во секое време

Информациите се корисни за проценка на можностите на ентитетот

Јасна прегледност и концизност при споредба

Ажурност при внесувањето на информациите

Page 102: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

102

Извештај за паричниот тек за периодот од 1 јануари до 31 декември 2015 година

во илјади денари

тековна

година 2015

претходна

година 2014

Паричен тек од основната дејност

Добивка/(загуба) пред оданочувањето 76.064 28.377

Корегирана за:

Неконтролирано учество, вклучено во консолидираниот

Биланс на успех

Амортизацијата на:

нематеријални средства 4.065 10.296

недвижности и опрема 36.342 28.903

Капиталната добивка од:

продажба на нематеријални средства - -

продажба на недвижности и опрема (91) (860)

продажба на преземени средства врз основа на

ненаплатени побарувања

(30.467) (16.914)

Капитална загуба од:

продажба на нематеријални средства - -

продажба на недвижности и опрема - 1

продажба на преземени средства врз основа на

ненаплатени побарувања

- -

Приходи од камата (723.322) (708.952)

Расходи за камата 141.902 185.308

Нето-приходи од тргување - -

Исправка на вредноста на финансиските средства, на

нето-основа:

дополнителна исправка на вредноста 687.576 433.335

ослободена исправка на вредноста (500.943) (199.207)

Загуба поради оштетување на нефинансиските средства,

на нето-основа:

дополнителни загуби поради оштетување 1.020 3.962

ослободени загуби поради оштетување - -

Посебна резерва:

дополнителни резервирања 30.694 18.739

ослободени резервирања (18.551) (73.520)

Приходи од дивиденди (4.093) (4.466)

Удел во добивката/(загубата) на придружените друштва - -

Останати корекции (983) 1.905

Наплатени камати 710.816 714.935

Платени камати (124.371) (181.357)

Добивка од дејноста пред промените на деловната

актива:

285.658 240.485

(Зголемување)/намалување на деловната актива:

Средства за тргување - -

Дериватни средства чувани за управување со ризик - -

Кредити на и побарувања од банки - 305.834

Кредити на и побарувања од други комитенти (1.167.411) (1.191.897)

Page 103: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

103

Заложени средства - -

Преземени средства врз основа на ненаплатени

побарувања

(7.729) (36.635)

Задолжителна резерва во странска валута (34.885) 16.461

Задолжителен депозит кај НБРМ според посебни

прописи

- -

Останати побарувања 48.356 (56.705)

Одложени даночни средства - -

Нетековни средства кои се чуваат за продажба и група за

отуѓување

- -

Зголемување/(намалување) на деловните обврски: - -

Обврски за тргување - -

Дериватни обврски чувани за управување со ризик - -

Депозити на банки (912.064) 21.266

Депозити на други комитенти 2.491.321 1.103.038

Останати обврски 10.460 23.596

Обврски директно поврзани со група на средства за

отуѓување

- -

Нето паричен тек од основната дејност пред

оданочување

713.706 425.443

(Платен)/поврат на данок на добивка (802) 3.327

Нето паричен тек од основната дејност 712.904 428.770

Паричен тек од инвестициската дејност

(Вложувања во хартии од вредност) (170.067) 756.194

Приливи од продажбата на вложувањата во хартии од

вредност

- -

(Одливи за вложувањата во подружници и придружени

друштва)

- -

Приливи од продажбата на вложувањата во подружници

и придружени друштва

- -

(Набавка на нематеријални средства) (13.298) (16.426)

Приливи од продажбата на нематеријални средства 299 -

(Набавка на недвижности и опрема) (29.003) (75.974)

Приливи од продажбата на недвижности и опремата 100 905

(Одливи за нетековните средства кои се чуваат за

продажба)

- -

Приливи од нетековните средства кои се чуваат за

продажба

- -

(Останати одливи од инвестициска дејност) - -

Останати приливи од инвестициска дејност 4.093 4.466

Нето паричен тек од инвестициска дејност (207.876) 669.165

Паричен тек од финансирањето

(Отплата на издадени должнички хартии од вредност) - -

Приливи од издадени должнички хартии од вредност - -

(Отплата на обврските по кредити) (252.858) (278.884)

Зголемување на обврските по кредити - -

Page 104: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

104

(Отплата на издадените субординирани обврски) - -

Приливи од издадените субординирани обврски - -

Приливи од издадените акции/сопственички

инструменти во текот на периодот

- -

(Откуп на сопствени акции) - -

Продадени сопствени акции - -

(Платени дивиденди) - -

(Останати одливи од финансирањето) - -

Останати приливи од финансирањето - -

Нето паричен тек од финансирањето (252.858) (278.884)

Ефект од исправката на вредноста на паричните средства

и паричните еквиваленти

- -

Ефект од курсните разлики на паричните средства и

паричните еквиваленти

- -

Нето-зголемување/(намалување) на паричните

средства и паричните еквиваленти

252.170 819.051

Парични средства и парични еквиваленти на 1 јануари 4.064.390 3.245.339

Парични средства и парични еквиваленти на 31

декември

4.316.560 4.064.390

Според извештајот за паричен тек, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

има остварено 712.904.000 денари парични нето-приливи од основната дејност,

додека истата категорија за 2014 година изнесувала 428.770.000 денари. Во 2015

година имаме 207.876.000 денари парични нето-одливи од инвестициска дејност, за

разлика од 2014 година кога се остварени нето-приливи од 669.165.000 денарти. Исто

така остварени се нето-парични одливи од финансирањето во износ од 252.858.000

денари за 2015 година. Во 2014 година, нето-паричните одливи од финансирањето

изнесуваат 278.884.000 денари. Како резултат на овие нето-парични приливи и одливи,

Банката за 2015 година остварила вкупни нето-приливи, односно забележала

зголемување на паричните средтсва и паричните еквиваленти за 252.170.000 денари.

Page 105: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

105

3.2. Оценка на профитабилноста

Од анализата на финансиските извештаи на Шпаркасе Банка може да се

определи нејзината профитабилност. Профитабилноста на банката, пред се, е одраз на

начинот на кој ги извршува банкарските активности и макроекономското опкружување

во кое банката функционира. Имено, профитабилноста, дава реална слика за

квалитетот на менаџерскиот тим на банката, деловната политика, стратегиите,

ефикасноста и способноста за управување со ризиците и однесувањето на акционерите.

Во следната табела се прикажани пресметаните податоци за 2015 и 2014 година

соодветно.

Табела 3.2.1.

Показател

Тековна

година

2015

Претходна

година

2014

Стапка на принос на капитал (ROE) 2,9% 1,3%

Стапка на принос на средства (ROA) 0,4% 0,2%

Мултипликатор на капитал (EM) 7,6 7,2

Профитна маржа (PM) 8,2% 3,6%

Стапка на користење на средствата (AU) 4,6% 4,8%

Стапка на трошоците (ER) 4,2% 4,6%

Каматна нето-маржа (NIM) 3,3% 3,3%

Некаматна нето-маржа (NNM) -2,9% -3,1%

Cost-to-income (CIR) 67,2% 65,4%

Page 106: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

106

Стапка на принос на капиталот ROE

Врз основа на прикажаните податоци за остварената нето добивка во билансот

на успех и вредноста на акционерскиот капитал од билансот на состојба, можеме да ја

пресметаме стапката на принос на капиталот ROE како основен показател на

профитабилност:

ROE (2015) = капитал иакционерск

добивка нето =

923.286.2

626.65 = 2.9%

Пресметаната вредност на стапката на принос на капитал ROE ни покажува дека

акционерите на секои 100 денари вложен капитал оствариле зарабтка од 2,9 денари.

ROE (2014) = 297.221.2

801.27= 1.3%

Во 2014 година стапката на принос на капитал изнесувала 1,3%, што значи дека

Банката во 2015 година работела поуспешно, бидејќи нејзината профитабилност

пораснала за 1,6 проценти, односно има позитивна тенденција во работењето.

Овој показател на 31.12.2015 година на ниво на групата средни банки во

Република Македонија изнесува 7,2%, додека на ниво на банкарскиот систем 10,4%.51

Стапка на принос на средствата ROА

Вториот клучен показател, стапката на принос на средства ROА го покажува

остварениот профит по единица средства на банката. Во пресметката учествуваат нето

добивката и вкупните средства на банката.

ROА (2015) = средства вкупни

добивка нето=

320.478.17

626.65= 0,4%

Пресметаната стапка на принос на средства за 2015 година ни покажува дека на

100 денари ангажирани средства, Шпаркасе Банка остварува нето-добивка од 0,4

денари. На ниво на групата средни банки овој показател изнесува 0,8%, додека на ниво

на банкарскиот секото 1,1% .

51

www.nbrm.mk

Page 107: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

107

Истиот показател за 2014 година изнесува 0,2% што значи стапката на принос

на средства на 31.12.2015 се зголемила за 0,2%. Мерено и според овој показател,

Банката покажува повисока профитабилност.

ROА (2014) = 854.073.16

801.27 = 0,2%

Со цел да испитаме од каде потекнува зголемената профитабилност на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, стапката на принос на капитал ќе ја

анализираме преку нејзините составни компоненти, односно како производ на стапката

на принос на средствата и мултипликаторот на акционерскиот капитал.

Мултипликаторот на капитал на Шпаркасе Банка за 2015 година изнесува:

EM = капитал акцинерски

средства вкупни =

923.286.2

320.478.17 = 7,6

Мултипликаторот на капитал ни покажува дека Шпаркасе Банка работи со

седум пати мултиплицар капитал, односно секои 7,64 денари средства на Банката се

поткрепени со еден денар капитал.

Според тоа, стапката на принос на капитал претставена како производ помеѓу

стапката на принос на средства и мултипликаторот на капитал, изнесува:

ROE = ROA x EM осносно, ROE = 0,4% x 7,6 = 3% 2,9%

Од расчленувањето на стапката на принос на капитал, можеме да согледаме

дека акционерите на Шпаркасе Банка оствариле повисок принос благодарение на

повисоката стапка на приносот на средствата, односно поради поефикасното работење

на менаџментот на банката.

Стапката на принос на капиталот можеме да ја прикажеме и како производ на

профитната маржа, стапката на искористеност на средствата и

мултипликаторот на капитал, односно: ROE = PM x AU x EM

Page 108: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

108

PM = приходи оперативни вкупни

добивка нето=

805162

626.65= 8.2%

Пресметаната профитна маржа ни покажува дека на секои 100 денари приходи

што ги остварила Шпаркасе Банка, нејзината чиста заработка изнесува 8,2 денари. За

разлика од претходната година (3,6%) профитната маржа е поголема за 4,6%.

Зголемувањето на вредноста на профитната маржа може да биде како резултат на

поголемата ефективност на банкарскиот менаџмент во контролата на расходите од

работењето или на способноста да се остварат поголеми прихо.ди на сопствените

средства.

Со цел да се утврдат причините, вршиме понатамошна анализа на приходите и

на расходите.

Стапката на искористеност на средствата ја покажува способноста на

Банката да ги инвестира своите средства во активности што и обезбедуваат поголеми

приходи. Овој показател го покажува просечниот бруто-принос што го остварила

банката од секои 100 денари средства.

AU = средства вкупни

приходи оперативни вкупни=

320.478.17

162.805 = 4.6%

Стапката на искористеност на средтсвата за 2015 година изнесува 4,6% што

значи дека на секои 100 денари вложени средства банката остварила 4,6 денари

просечен бруто принос. Во споредба со претходната година, вредноста на овој

показател е намалена за 0,2% што покажува дека Банката не успеала доволно да ги

инвестира средствата во форми што носат високи приходи.

Земајќи ја во предвид вредноста на пресметаните показатели се потврдува

горенаведеното равенство, односно:

ROE = PM x AU x EM = 2.9%

Со натамошна анализа на приходите може да се открие дали тоа произлегува

повисоките каматни или некаматни приходи. Понатаму, анализата на каматните

приходи треба да открие дали зголемената профитабилност доаѓа оттаму што го

Page 109: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

109

зголемила банката обемот на каматоносните средства, дали е тоа последица на

подобрената структура на средствата или пак се должи на тоа што банката успеала да

ги инвестира средствата со повисоки стапки на принос. Анализата на некаматните

приходи, пак, треба да покаже дали банката успеала да им наплатува на клиентите

повисоки провизии за услугите што ги нуди, или, пак, бил зголемен обемот на услугите.

Со цел да анализираме на што се должи повисоката профитабилност на банката,

односно дали е резултат на подобрата контрола на трошоците може да согледаме преку

стапката на трошоците. Овој показател го покажува просечниот трошок на банката,

т.е. колкави се оперативните трошоци на банката на 100 денари средства.

ЕR = средства вкупни

расходи вкупни=

17.478.320

729.098 = 4.2%

Стапката на трошоците за 2015 година изнесува 4.2% и бележи намалување во

однос на 2014 година кога изнесувала 4,6%. Трошоците на банката се намалени како

резултат на повеќе фактори: намалување на расходите за камата, насочување кон

депозити на кои се плаќа пониска каматна стапка исто така ориентација кон пониски

некаматни расходи на банката, потоа имаме намалување на загубите поради

оштетување на нефинансиските средства. Тоа значи дека банката ги обезбедува

средствата по пониски трошоци во споредба со претходната година.

Анализата на нето-каматната маржа ни ја покажува ефикасноста на банката во

процесот на финансиско посредување. За тековната година(2015) таа знесува:

NIM = средства вкупни

приходи каматни-нето =

320.478.17

420.581 = 3,3%

Вредноста на нето-каматната маржа е речиси иста како и претходната година, а

е за нијанса повисока од вредноста на групата на средните банки која за 2015 година

изнесува 3,2%. Овој показател на ниво на целиот банкарски систем изнесува 3,5%.52

52

http://www.nbrm.mk/

Page 110: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

110

Некаматната нето-маржа ја претставува разликата помеѓу некаматните

приходи и расходи во однос на вкупната актива.

NNM = средства вкупни

приходи некаматни нето =

320.478.17

703.317 = -1,8%

Некаматната нето-маржа незначителен пад во однос на претходната година (-

1,6%). Негативната вредност на овој показател ни покажува дека некаматните приходи

сеуште не се доволни за покривање на некаматните расходи од работењето.

Cost-to-income-коефициентот е показател за ефикасноста на работењето на

организациите. Во однос на банките, тој претставува израз на односот меѓу вкупните

оперативни трошоци и вкупните редовни приходи. Овој показател претставува

инверзен коефициент и ја покажува способноста на банката за нејзината контрола врз

оперативните трошоци. Имено, стапката на ефикасност ја покажува способноста на

банката да ги покрива оперативните трошоци од остварените оперативни приходи.

CIR = приходи оперативни вкупни

расходи оперативни =

162.805

445.541 = 67,2%

Cost-to-income-коефициентот за 2015 година е зголемен за 1,8 процентни

поени во однос на 2014 година кога изнесувал 65,4%. Неговата инверзност ни

покажува дека стапката на ефикасност на работење на банката е намалена за 1,8% во

однос на претходната година. Cost-to-income показателот на ниво на групата на средни

банки за 2015 година изнесува 64,9%, додека на ниво на банкарскиот систем изнесува

51,6%.53

Од претставените податоци во билансот на успех можеме да ја пресметаме и

заработката по акција, која претставува еден од основните пазарни показатели за

профитабилноста на банката. Овој показател ја мери добивката расположлива за

обичните акции и има големо значење, пред се за акционерите, при оценката на

53

http://www.nbrm.mk/

Page 111: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

111

ефикасноста и дејствувањето на менаџментот во однос на очекуваната дивиденда во

иднина.

EPS = акции обични на број

добивка нето =

762.622

000.626.65 = 105 денари.

Според тоа, заработката по обична акција во 2015 година изнесува 105 денари и

е значително зголемена во однос на претходната година кога изнесувала 45 денари. Тоа

претставува позитивен знак за секој инвеститор, односно дејствување на банкарскиот

менаџмент во насока очекувана од страна на акционерите.

Фокусот во управувањето со ризиците на Шпаркасе банка беше главно ставен

на управувањето со кредитниот ризик како еден од најголемите ризици на кои е

изложена банката, меѓутоа соодветно се следеа и другите ризици какви што се

пазарните ризици, ликвидносниот ризик, каматниот, валутниот и оперативниот ризик.

Стапката на адекватност на капиталот, како однос помеѓу сопствените

средства на банката и активата пондерирана според ризик, како показател за

преземениот ризик во работењето во билансните и вонбилансните активности на

банката на 31.12.2015 година изнесува 25,6%. Овој индикатор бележи намалување во

однос на 2014 година кога изнесувал 29,4%. Стратегија на Банката е да одржува стапка

на адекватноста на капиталот над 15%.54

Согласно со важечката регулатива што наложува воспоставување интерна

адекватност на капиталот, Банката во текот на 2015 го следеше и процесот на интерна

оценка на адекватноста на капиталот (ICAAP), која е базирана на групациските

стандарди. Интерната адекватност на капиталот ѝ овозможува на Банката поддршка во

процесот на управување со ризиците како и одржување потенцијал на покриеност, кој е

во согласност со профилот на ризичност, големината и сложеноста на финансиските

активности на Банката.

54

Стапката на адекватност на капитал на наиво на групата средни банки во Република Македонија за

2015 година изнесува 16,3%, додека на ниво на банкарскиот систем 15,5%.

Page 112: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

112

3.3. Препораки за зголемување на профитабилноста на Шпаркасе

Банка Македонија АД Скопје

Деловната политика на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје има за цел

реализирање на глобалните стратешки определби, дефинирани согласно нејзината

визија и мисија, сообразени со вредностите кои ги застапува нивниот доминантен

акционер. Визијата на банката е да биде современа банка која ги исполнува

очекувањата на клиентите и создава нови вредности за нејзините вработени и

акционери. Додека, нејзината мисија, претставува позиционираност помеѓу првите pet

банки на пазарот според изборот на клиентите, односно банка која успешно ги

реализира нивните потреби и проекти.

Шпаркасе Банка, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги

нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на

физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.

За остварувањето на зацртаните цели и успешно спроведување на деловната политика,

потребно е банката да продолжи со добрите практики, да остане независна, самостојна,

универзална банка, препознатлива како елитна финансиска институција присутна на

домашниот и глобалниот финансиски пазар, која со супериорно финансиско работење

ќе им понуди на своите клиенти високо квалитетни производи и услуги кои во целост

ќе одговараат на нивните потреби, притоа генерирајќи позитивни финансиски

резултати.

Остварувањето на основните стратешки определби на Шпаркасе Банка, односно,

подобрување на позицијата на пазарот и зголемување на прфитабилноста, главно може

да се реализира преку следните мерки:

1. зголемување на клиентската база

2. подобрување на мрежата на дистрибуција

3. воведување на нови продукти и финансиски инструменти

4. рационализација, контрола на трошоците и пристап на намалување на трошоци

5. рационално управување со ризикот

6. унапредување на апликативен и ИТ софтвер.

7. зголемени маркетинг активности

Page 113: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

113

Зголемување на клиентската база

Шпаркасе Банка овозможува лесна достапност до квалитетни производи и

услуги, соодветно структурирани на потребите на постоечките и новите клиенти.

Проширувањето на базата на клиенти е долг и постојан процес кој бара постојан

ангажман на целата мрежа за дистрибуција и зајакнати маркетинг активности.

Задржувањето на постоечките клиенти може да се оствари првенствено преку

зголемување на стапката на бројот на производи по клиент – физички лица (дебитна

картичка, пречекорување, револвинг картичка, производи за животно осигурување,

електронско банкарство, СМС-известување...) со цел да се задржи нивната лојалност и

да се генерира повисоко ниво на провизии. Исто така, банката може да остварува

контакти преку шалтер со непосредно запознавање на клиентите кои оствариле веќе

контакт со банката, а ќе им се нудат продукти кои до тој момент не ги користеле -

директна продажба. Рационализација на процедурите за кредити и намалувањето на

времето за обработка на барањата и одговор, исто така ќе придонесе за забрзување на

процесите и зголемување на задоволството кај клиентите. Довербата кај своите

клиенти дополнително би се зголемила доколку банката обезбедува соодветна обука на

продажниот персонал за најдобрите практики, односно преку прогресивно

обезбедување периодични и редовни состаноци со сите клиенти.

Во согласност со деловната стратегија на Шпаркасе банка за влез во најдобрите

банки во Република Македонија, како и насочување кон корпоративните клиенти и

малите и средни компании, придобивањето на новите клиенти може да се врши преку

повеќе активности и тоа:

Развој на понуда со нови и уникатни финансиски производи и услуги

Развој и имплементација на нови маркетиншки и рекламни кампањи за новите

производи и услуги кои ќе бидат прилагодени спрема потребите на клиентите

Вработување на специјализирано лице од областа на маркетингот и

комуникациите

Интензивирање на работата на терен преку презентации за придобивање нови

клиенти од јавната администрација;

Задржување и унапредување на успешниот пристап кон корпоративните

клиенти и кон малите и средните компании;

Page 114: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

114

Привлекување на најуспешните компании во секој регион со понуда на

повластени услови во зависност од нивните потреби;

Спонзорирање на определени семинари или настани на кои Банката ќе биде во

можност да изврши презентација на своите продукти и сервиси;

Посети и презентирање на Банката и нејзините производи и услуги на поголеми

компании кои имаат значително пазарно учество во определена област на

повисоко ниво на менаџмент.

Подобрување на мрежата на дистрибуција

Мрежата на дистрибуција на банката може да се подобри во насока на

децентрализација на определени банкарски продукти и услуги, преку умерен раст на

мрежата на експозитури. Исто така потребна е засилена контрола врз истите и

дефинирање на таргети, следење на исполнувањето по секој од нив за секоја

експозитура, како и преземање на корективни мерки во случај на ниска

профитабилност. Според тоа, отворањето на нови експозитури најдобро ќе биде на

локации со висок бизнис потенцијал, додека прераспределувањето на банкоматите со

месечно следење, односно инсталирање дополнителни банкомати, да се изврши само

на атрактивни локаци.55

Следејќи го примерот на големите банки, покрај електронското банкарство

потребно е да се овозможи развој и на дополнителни електронски сервиси со што ќе се

овозможи електронско извршување на трансакции кои до сега не беа во можност да се

спроведат, на пример имплементирање на предефинирани сервиси со кои ќе се

овозможи автоматско месечно плаќање на фактурите на клиентите кон одредени

правни субјекти како Т-мобиле, оне.вип, ЕВН Македонија, Топлификација и други.

На овој начин Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ќе стане подостапна до

своите клиенти и на оние локации каде нема да има свои експозитури, а добиените

информации од ваквата продажба ќе послужат за дополнително испитување на пазарот

за отворање на нови експозитури.

55

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е застапена со експозитури во 18 градови во земјата што

остава простор за поголема распространетост

Page 115: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

115

Воведување на нови продукти и финансиски инструменти

Проширувањето на клиентската база на Шпаркасе Банка бара активно следење

на движењата на пазарот, приспособување на кредитната стратегија и создавање

решенија и производи согласно потребите на клиентите и карактеристиките на

кредитните производи. Воведувањето на нови, модерни и инвентивни продукт

решенија и услуги би воделе кон обезбедување на една од лидерските позиции на

пазарот. Според тоа, потребно е креирање на понуда на адекватни и иновативни

производи кои ќе ги задоволат растечките потреби на современиот клиент.

Имено, денес банките се повеќе навлегуваат во дејноста на осигурителните

компаии, преку воведување на иновативни кредитни продукти комбинирани со

животно и неживотно осигурување. Продажбата на полиси може да биде во соработка

со некоја од најголемите осигурителни компании на пазарот, а крајниот резултат е

зголемување на приходите, односно профитабилноста на банката.

Збогатувањето на понудата на бизнис пакетите за микро клиентите кои најголем дел од

своето работење го извршуваат преку банката може да се изврши со воведување на

останати продукти како, зголемување на лимити на картички, пречекорување,

кредитни линии, револвинг картички и сл.

Воведување на M-Banking, како услуга со лесна достапност и пристап на

сметките на клиентите преку нивните мобилни телефони, поголемо задоволство на

клиентите и намалување на трошокот по едница трансакција

Следејќи го трендот на раст на технологијата, неизбежно е воведувањето на

бесконтакни платежни картички, што ќе придонесе за поголема безбедност и

рационализација во процесите на плаќање на клиентот.

За финансиски моќните и влијателни клиенти, воведување нова услуга, односно

понуда на пакети и програми за лојалност – лично банкарство.

Според својата деловна политика на банката постојано се фокусира на

придобивање на активни корпоративни клиенти, профитабилни мали и средни

компании, растечки извозно ориентирани компании со стабилна сопственост и

менаџерската структура, односно компании со одржливи и профитабилни

инвестициски планови и проекти. Во тој случај, банката би имала потреба од

воведување на нови кредитни производи, на пример:

Page 116: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

116

Бизнис кредит OVERDRAFT - наменет за поддршка на моменталната

ликвидност на мали и средни претпријатија, финансирање плаќања поврзани со

основната дејност (купување суровини, материјали, стоки, други краткорочни

активи, плаќањe тековни трошоци и др.).

Интрадневен кредит - покривање на тековни ликвидносни потреби на дневно

ниво со цел непречено извршување на платните трансакции во текот на денот.

Кредит за извозници - Поддршка на извозно ориентирани компании преку

набавка на основни или обртни средства. Овој кредит е наменет за ликвидни

компании кои се извозно ориентирани и компании со проекти кои подразбираат

поголем нето-девизен прилив.

Рационализација и пристап на контролата на трошоци

Една од можностите за зголемување на профитабилноста е рационалното

управување со трошоците, особено во услови во кои се наоѓа домашната економија и

последните неколку години светската економија. Управувањето со трошоците е од

основно значење за зголемување на профитабилноста во работењето на банката и

постигнувањето на поставените цели.

Рационализација на трошоците може да се постигне преку реализацијата на

спроведен план за штедење за подобрување на контролата на непродуктивните

трошења со цел максимизирање на финансиските резултати,

За таа цел, потребно е банката постојано да врши анализа на секоја експозитура,

следење и контрола на каматоносните активни и пасивни позиции, со настојување за

зголемување на каматната маргина. За да се постигне истото, треба да се

интензивираат активностите за обезбедување на поевтини извори на финансирање и да

се идентификуваат областите каде што е можна заштеда и подобрување на односот

трошоци/приходи како главна цел и како показател на ефикасноста. Прибирањето на

депозити е со иста важност како и изнаоѓањето на поевтини извори на финансирање.

Непрофитабилните производи и услуги исто така имаат големо влијание врз

трошоците. Според тоа, банката треба да применува строга контрола на трошоците,

контрола на сите буџетски ставки коишто се однесуваат на трошоците, постојано да ја

ревидира понудата на продукти и услуги кои ги нуди на своите клиенти, при што

Page 117: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

117

непрофитабилните ќе се заменат со нови, иновативни и конкурентни производи кои

истовремено ќе одговараат на потребите на клиентите, но ќе генерираат и профит за

акционерите на банката.

Не треба да се занемарат и високите трошоци за вработените кои имаат

најголем удел во вкупните трошоци на банката и бележат значителен пораст во однос

на претходната година. До нивно намалување би се дошло доколку се обезбеди

соодветен тренинг за вработените со што би се стекнале со поголеми вештини за

извршување на поголем број на финансисики операции и подигнување на квалитетот

на услугата преку подобрување на експедитивноста и ефикасноста воопшто (како во

интерните процеси, така и во испорачувањето на услуги кон крајните корисници –

клиенти). Тоа ќе придонесе за зголемување на вкупните приходи, а намалување на

трошокот по вработен.

Управување со ризик

Неминовен елемент во процесот на управување со ризиците претставува

почитувањето на досегашната пракса за известување на Надзорниот и Управниот

одбор, како и Одборот за управување со ризици согласно пропишаната динамика.

Посебен акцент треба да се стави на управувањето со кредитниот ризик така

што ќе се преземаат активности за понатамошно унапредување на процесот на

кредитно одобрување со дополнителна контрола од независен организационен дел,

односно служба за управување со кредитен ризик.

Во согласност со успешното справување со ризикот, намалувањето на

нефункционалните кредити на најниско ниво ќе има позитивно влијание врз

профитабилноста. Исто така, банката не треба да го чува превземениот имот и

материјални добра туку, од истите најдобро е да се ослободува во најкраток можен рок.

Овие мерки ќе овозможат остварување на позитивни стапки на поврат на

капиталот и активата, така што ќе се превземаат активности за пронаоѓање на купувачи

за превземениот имот уште во постапката за превземање како и засилени активности за

продажба со сопствено ангажирање, но и ангажирање на етаблирани агенции за

продажба на недвижен имот.

Page 118: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

118

Организациониот дел на банката, одговорен за управување со ризиците, покрај

на кредитниот ризик, големо внимание треба да посвети и на преостанатите видови на

ризици (пазарните, оперативните и другите ризици). Според тоа, потребна е надградба

со нови кадри како и со едукацијата на постоечките кои ќе ги следат овие видови на

ризици преку воведување на соодветни извештајни форми и воспоставување на

индикатори се со цел за поуспешно управување со овие видови на ризици.

Овие мерки и активности, ќе придонесат за намалување на учеството на

проблематичните кредити во вкупното портфолио согласно буџетираното, ќе го

подобри квалитетот на портфолиото и ќе ја зголеми покриеноста на проблематичните

кредити со адекватно ниво на резервации.

Унапредување на апликативен и ИТ софтвер

Со цел зголемување на ефикасноста на работењето потребни се вложувања во

ИТ и софтвер со што би се заменил постоечкиот хардвер и надградил постоечкиот

софтвер со функционалности кои ќе овозможат соодветен раст на банката, како и

континуирано ширење на мрежата на ПОС и АТМ уреди. Имплементирањето на овие

технолошки иновации ќе влијае во насока на усовршување на дел од постоечките

продукти, со цел следење на современите пазарни трендови и засилување на

продажбите. Унапредувањето на апликативниот софтвер на банката, во согласност со

определбите на банката за следење на новите технологии, ќе доведе до менување на

перцепцијата за истата како „иновативна банка“.

Маркетинг активности

Маркетинг активностите се од исклучително значење за генералната стратегија

на банката во поглед на континуирано зголемување на пазарниот удел и рангирање

помеѓу најдобрите три банки во Република Македонија. Преку спроведување на

креативни и иновативни маркетинг кампањи службата маркетинг и комуникации

потребно е да го задржи трендот во рекламирањето и постојана присутност во

медиумите, поддржана со континуирана ПР стратегија во насока на зголемување на

Page 119: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

119

свесноста за Банката (Brand awareness). Стратегијата за градење на препознатлив имиџ

на современа и иновативна банка, преку промоција на производи и услуги кои

претставуваат „уникатна конкурентска предност“(USP) за Банката, како што се

достапноста на широката мрежа на банкомати преку Ерсте и Шпаркасе Групацијата,

новиот тип на АТМ-и со менувачко и депозитно работење, како и промоцијата на

комплетно нови понуди на производи и услуги на македонскиот пазар.

Промената на пристапот ориентиран кон продукт кон пристап ориентиран кон

клиентот ќе ја промени перцепцијата за банката во очите на клиентите во „поразлична

од другите банки“.

Сите овие промени се од исклучително значење за позиционирање како

референтна банка, репер за следбениците на пазарот, прв избор на банка за новите и за

постоечките клиенти, ефикасна, блиска, флексибилна, иновативна, модерна и банка со

добри услуги.

Како резултат на истите, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ќе забележи

подобрување на позицијата на пазарот, зголемување на профитабилноста и ќе се

придружи на водечките банки во Република Македонија.

Page 120: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

120

ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА

Во согласност со методологијата за научноистражувачка активност, завршниот

дел од магистерскиот труд, всушност, претставува синтетизирање на заклучоците што

произлегоа од проучувањето и анализата на проблематиката што беше предмет на

истражување.

1. Во современите финансиски системи банкарските инстиуции имаат значајна улога

при алокацијата на финансиските средства за непречено функционирање на

целокупниот економски систем. Покрај банкарските, со развојот на пазарот на капитал

доаѓа до појава на небанкарските институции. Обемната регулација на банките од

страна на државата, ги стави во неповолна пазарна позиција во однос на небанкарските

финансиски институции, имено, банките се соочиле со пад на конкурентноста на

пазарот, односно на нивната профитабилност. Меѓутоа, банкарската регулација

претрпува големи промени во текот на дваесеттиот век, така што преку дерегулацијата,

отстранети се многу ограничувања и создадени се можности за развој разни

финансиски деривати, иновации и агенции со помош на кои банките можат да тргуваат

на секундарниот пазар со депозитие на штедачите. Според тоа, се поголемата

конкуренција помеѓу банките и небанкарските финасиски институции ги присислила

банките да почнат да вршат и други финансиски работи, а не исклучиво депозитно -

кредитни, со цел да ги искористат можностите кои ги нуди пазарот на капитал. Имено,

денешните банки претставуваат сложени финансиски конгломерати, кои ги извршуваат

сите финансиски активности, а не исклучиво банкарските.

2. Постојат неколку карактеристики кои ги издвојуваат банките во однос на останатите

финансиски институции. Прва карактеристика е тоа што тие се финансиски

институции кои примаат депозити од пошироката јавност, што претставува еден вид на

привилегија бидејќи, прибирање на депозити од јавноста за другите компании не е

дозволено. Втора значајна карактеристика која ги издвојува банките пред другите

финансиски институции е нивната функција за одобрување кредити. Имено, тие

Page 121: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

121

претставуваат финансиски посредници (financial intermediaries), кои ги поврзуваат

економските субјекти, кои се наоѓаат во различна финансиска положба, парично

суфицитарните и парично дефицитарните субјекти. Третата карактеристика е тоа што

тие претставуваат институции на платниот промет. Денес, платниот промет се врши со

пренос на депозитните пари помеѓу сметките на клиентите, а имајќи во предвид дека

останатите финансиски институции, освен штедилниците, немаат овластување за

водење на трасакциски сметки на кои се наоѓаат депозитни пари, функцијата на

плаќање е резервирана исклучиво за банките. Банките имаат клучна функција и во

спроведувањето на монетарната политика, бидејќи претставуваат дел од монетарниот

систем на земјата. Исто така, банките го решаваат проблемот на информациска

асиметрија (informational asymmetry) помеѓу економските единици со вишок и оние со

кусок на финансиски средства, што придонесува за зголемување на економскиот раст и

општествениот развој.

3. Банките нудат широк спекар на финансиски услуги, при што во определени работи

се јавуваат во улога на должник, доверител, посредник, може да извршуваат сопствени

работи (во свое име и за своја сметка) или да вршат управувачко-контролни работи.

Поделбата главно се врши на активни и пасивни банкарски работи. Активните

банкарски работи се оние активности преку кои банките претходно мобилизираните

средства, ги пласираат во различни форми на кредитни и некредитни вложувања, во

финансиски дефицитарни сектори при што банките се јавуваат во улога на доверител.

На овие средства банката наплатува активна каматна стапка. Пасивни банкарски

работи претставуваат мобилизацијата и концентрацијата на финансиски средства. на

овие работи банката исплатува пасивна каматна стапка.

4. Своето работење банкарските институции го темелат врз основа на општоприфатени

традиционални принципи на банкарско работење. Тие принципи се: принцип на

ликвидност, сигурност, профитабилност, ефикасност во вложувањата, солвентност и

принцип на ажурност, односно уредност во работењето, познати како златни правила

во банкарското работење. Принципот на ликвидност е основен и најзначаен принцип

на работење за секоја банка. доследноста на овој принцип се гледа во способноста на

банката да ги подмири своите обврски во секое време и спрема секој доверител, како и

да ги исполни неговите барања, без разлика дали се работи за барање на депонентите за

повлекување на своите депозити, барање на коминтентите за повлекување на

Page 122: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

122

средствата од одобрените кредити или за извршување на обврски по основ на отплата

на претходно земени кредити. Принципот на сигурност на банките, подразбира

одреден степен на сигурност дека нивните комитенти во предвидениот рок уредно ќе

ги извршат своите обврски регулирани по пат на договор. Принципот на

профитабилност ја истакнува основната цел на банкарските организации да остварат

што поголем профит. Притоа, банките, треба да водат сметка да остварат што е можно

поголеми приходи преку остварување на што е можно помали трошоци во работењето

најчесто како резултат на промените на активните и пасивните каматни стапки, камата

на дадени кредити и камата на прибавени средства, како и добивка врз основа на

некаматоносни пласмани, како што се купување и продажба на хартии од вредност,

односно добивка по основ на други услуги, платен промет или разни други банкарски

услуги.

Банките секогаш треба да настојуваат паричните средства да ги насочуваат во

ефикасни кредитни пласмани во економијата, со цел да се постигне што подобри

резултати во поглед на обемот и структурата на вложувањата со остварување на висока

продуктивност. Бидејќи банките најголем дел работат со туѓи средства, рационалното

работење со тие средства се поставува како нивни приоритет. Принципот на уредно

работење подразбира стручно, рационално и еконмично работење, придржување до

добрите деловни навики, точно и експедитивно работење, чување на морални и

деловни интереси, придржување до монетарната дисциплина и сл.

5. Работата на банките е детерминирана од голем број фактори кои имаат влијание врз

остварениот финансиски резултат и нивната профитабилност. За утврдување на

профитабилноста на банкарските институции треба да се имаат во предвид

микроекономските фактори и макроекономските фактори на профитабилност.

Квалитетот на менаџментот како микроекономски фактор, е од големо значење за

успешно спроведување на деловната политика на банката и максимална искористеност

на банкарските перформанси. Исто така, одлуките треба да се носат брзо и правилно, а

пасивноста може да доведе до носење на погрешна одлука. Доколку банкарскиот

менаџмент има претприемачка способност и во дадените ситуации се однесува

претприемачки, тогаш ќе биде во состојба полесно да ги процени развојот на

финасискиот пазар и конкурентноста на финансиските институции, се со цел носење на

правилни одлуки во иднина.

Page 123: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

123

Квалитетот на активата има значително влијание на сигурноста и профитабилноста на

банката. Најважниот дел од кредитините пласмани на банката го сочинуваат заеми

одобрени на населението и претпријатијата, но и дел од пласманите на банката се чува

во облик на хартии од вредност кои носат камата. При пласирањето на заемите,

банките мора да вршат соодветна анализа и проценка на бонитетот на претпријатијата

и другите корисници. Оние банки кои имаат надпросечна стапка на нефункционални

кредити, загубите по тој основ ги покриваат од резервите или од банкарскиот капитал,

што доведува до намалување на нивната профитабилност. Финансиски успешните

банки, со цел да ја намалат стапката на ваквите нефункционални кредити користат

различни модели за евалуација на кредитната способност на потенцијалните должници.

Економијата од обем е исто така значаен микроекономски фактор на профитабилност.

Банките се принудени преку зголемувањето на обемот на работење да ги намалуваат

фикснте трошоци по единица банкарски производ и на тој начин ја зголемуваат

висината на профитната стапка.

Диверзификацијата во банкарскиот сектор, како фактор, подразбира диверзификација

на банкарските производи или услуги кои банките ги нудат на своите клиенти. На тој

начин со создава можност за зголемување на продажбата на своите производи или

услуги, што доведува до зголемување на нивото на вкупната продажба и приходите од

една страна, а од друга страна зголемувањето на трошоците на банката е значително

намалено. Друг микроекономски фактор претставуваат вонбилансните операции каде

се вбројуваат: стратешки и советодавни услуги, консалтинг, брокерски услуги, работи

на платен промет, гарнција, авал, агенциски работи, факторинг, форфетинг, лизинг,

осигурување и др. Трошоците од работењето се значаен фактор на банките бидејќи

имаат значително влијание врз нивната профитабилност. Според тоа, главна задача на

оперативниот менаџмент на банката е да ги минимизира овие трошоци при даден обем

на билансни и вонбилансни банкарски активности.

Профитните центри претставуваат организационен облик на минимизирање на

трошоците и макксимизирање на профитот кај банкарските институции, на тој начин

што се овозможува следење на трошоците и тоа не само на ниво на банката како

целина туку и во нејзинитеорганизациони делови.

6. Фазата на економскиот циклус во кој се наоѓа земјата или регионот, претставува

значаен макроекономски фактор кој влијае врз профитабилноста на банкарските

институции. Имено, доколку имаме високото ниво на економска активност, тоа има

Page 124: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

124

позитивно влијание за постигнување на поголеми перформанси и поголема

профитабилност на банките. Поради тоа и компаниите во реалниот сектор од

економијата, во целина функционираат поефикасно и попрофитабилно отколку во фаза

на рецесија на економскиот циклус. Исто така, негативно влијание имаат секторските

кризи, доколку банките имаат пласмани во кризни сектори. Комбинацијата на

рецесионите макроекономски движења и високите каматни стапки посебно негативно

влијаат перформансите на банките, бидејќи во тој случај доаѓа до непрофитабилни

заеми, односно се зголемува стапката на ненаплатена камата и наплатена главница.

Друг макроекономски фактор претставува опкружувањето во кое една банка

функционира. Во услови на рецесија се зголемуваат т.н. системски ризици кои можат

да го зголемат банкротсвото на деловните субјекти. Во такви услови особено е

осетлива профитабилноста на оние банки кои имаат доминантни пласмани во некоја од

кризните економски области како што се: аграр, енергетика, станбен сектор и др. За

разлика од рецесијата, фазата на економски просперитет, овозможува раст на стапката

на профитабилност дури и кај оние банки кои во нормални услови на стопанисување

би имале ниска стапка на принос.

7. Остварувањето на задоволително ниво на профитабилност е од исклучително

значење за банките, посебно во услови на зголемена конкуренција на финансиските

пазари. Оцената на профитабилноста на банката ќе следи откако ќе се определеат

показателите на профитабилност за конкретната банкарска организација и истите ќе

бидат споредени со вредностите од претходниот временски период, но и со вредноста

на показателите на конкурентните банки. Генерално, профитабилноста на банките

може да се анализира со помош на сметководствените показатели, пазарните и

показателите на капитал. Најчесто користени показатели за определување на

профитабилноста се: стапка на принос на средствата (ROA - Return on Asset) и стапка

на на поврат на капиталот (ROE - Return on Equity). ROA го покажува остварениот

профит по единица средства и претставува, на некој начин, одраз на способноста на

банкарскиот менаџмент за искористување на финансиските и реалните инвестициски

ресурси на банката со цел максимизирање на профитабилноста. Стапка на поврат на

капиталот ROE на акционерите им покажува колку менаџментот е успешен во

максимизирањето на нивниот капитал, односно колкава е остварената добивка на

банката по парична единица од нивниот удел во капиталот на банката. Исто така, оцена

на профитабилноста на банките се врши и преку пресметка на нето-профитната мажра,

Page 125: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

125

каматна и некаматна нето маржа, Cost-to-income-показателот, стапка на адекватност на

капиталот и др.

8. Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е банка која спаѓа во групата на средни

банки, односно претставува македонска универзална банка со широка понуда на

банкарски производи и услуги наменети за поддршка, развој, финансирање на физички

и правни лица. Од билансот на состојба на банката, може да се види дека вкупните

средства на банката на крајот на 2015 бележат зголемување од 8,7% во однос на

минатата година, како резултат на зголемената кредитна активност. Паричните

средства и паричните еквиваленти се зголемени во однос на минатата година за 6,3%,

како нето-ефект на зголемувањето на краткорочни депозити, а раст бележат и

Вложувањата во хартии од вредност за 6,7% и кредитите и побарувањата од други

клиенти од приватен сектор за 7,5%. Исто така акционерскиот капитал бележи пораст

од 3% во однос на минатата година. Од билансот на успех се гледа дека приходите од

камати забележуваат раст за 2%, додека расходите по основ на камати се намалени за

23,4%. Зголемување имаме и на приходите од провизии и надоместоци 20,7%, но и на

трошоците за вработени за 38,5% во однос на мината година.

9. При пресметувањето на профитабилноста на профитабилноста на Шпаркасе Банка

Македонија АД Скопје, утврдено е зголемување на профитабилноста во однос на

претходната година. Пресметаната вредност на стапката на принос на капиталот ROE

изнесува 2,9%, односно банката осварува поголема профитабилност на овој показател

за 1,6%. Стапката на принос на средства ROА изнесува 0,4% и бележи пораст во однос

на мината година. Cost-to-income-коефициентот како показател за ефикасноста на

работењето изнесува 67,2% и бележи зголемување за 1,8 процентни поени.

Зголемувањето на профитабилноста во 2015 година, во најголема мера е резултат на

зголемување на стапката на принос на средствата, односно вложувањето на

материјалните и финансиските ресурси во форми што носат повисок приход за Банката.

10. Остварувањето на основните стратешки определби на Шпаркасе Банка и

подобрување на позицијата на пазарот, како и зголемување на прфитабилноста, главно

може да се реализира преку повеќе мерки. Задржувањето на постојаните и

зголемувањето на клиентската база, како резултат на понудата на нови и уникатни

Page 126: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

126

финансиски производи и услуги ќе има позитивно влијание врз профитабилноста.

Мрежата на дистрибуција на банката може да се подобри во насока на

децентрализација на определени банкарски продукти и услуги, преку умерен раст на

мрежата на експозитури. Воведувањето на нови банкарски производи и услуги како

m-banking, осигурување, нови видови на бизнс кредити и сл. би придонеле за

привлекување на поголем број клиенти и остварување на поголем профит. Една од

можностите за зголемување на профитабилноста е рационалното управување со

трошоците, особено во услови во кои се наоѓа домашната економија и последните

неколку години светската економија. Исто така, Во согласност со успешното

справување со ризикот, намалувањето на нефункционалните кредити на најниско

ниво ќе има позитивно влијание врз профитабилноста. Со цел зголемување на

ефикасноста на работењето потребни се вложувања во ИТ и софтвер со што би се

заменил постоечкиот хардвер и надградил постоечкиот софтвер со функционалности

кои ќе овозможат соодветен раст на банката, Маркетинг активностите се од

исклучително значење за генералната стратегија на банката во поглед на континуирано

зголемување на пазарниот удел и рангирање помеѓу најдобрите три банки во

Република Македонија. Преку спроведување на креативни и иновативни маркетинг

кампањи службата маркетинг и комуникации потребно е да го задржи трендот во

рекламирањето и постојана присутност во медиумите, поддржана со континуирана ПР

стратегија во насока на зголемување на свесноста за Банката (Brand awareness).

Page 127: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

127

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Арсов, С., Финансиски менаџмент, Скопје: Економски факултет, Скопје, 2008

2. Арсовски Д., Ризици во банкарското работење, Economy press, Скопје, 1998

3. Бишев Г., Неновски Т., Паричен поредок и банки, НАМ, Скопје, 1995

4. Bank profitability - Financial statements of banks 1996-2005, 2007 ed.

5. Buchanan, I: Features Bank Efficiency: Measure for measure, Alliance & Leicester,

IBSJ Features, 2007

6. Bogdan, Ž., Pregled istraživanja o vezi između razvijenosti financijskog sustava i

gospodarskog rasta. U: Grgić, M., ur. Zbornik Ekonomskog fakulteta u Zagrebu.

Zagreb, Ekonomski fakultet, 2010

7. Витанова, Г., Финансиски пазари и институции, Економски факултет, Прилеп,

2003

8. Витанова, Г., Даночно и банкарско сметководство, Економски факултет, Прилеп,

2004

9. Vuckovic M., Kreditno bankovnog sistem, Ekonomski fakultet, Skopje, 1968

10. Vunjak, N.M., Kovacevic Lj.D., Bankarstvo Becej; Proleter a.d. Subotica Ekonomski

fakultet, 2006.

11. Јовановски Т., Монетарна економија, стр. 215, Скопје 1995

12. Конеска Љ., Банкарски сметководствен систем, Скопје, 2006

13. Komazec.S, Krstic B., Zivkovic A., Ristic Z., Bankarski menadzment, Beograd, 1998

14. King, B., Efficiency Ratio – A Focal Point For Change, BenchMark Consulting

International, 2007

15. Krugman, P., The return of depression economics. New York: W. W. Northon &

Company, 2009

16. Kroszner, R. S. i Strahan, P. E., Regulation and Deregulation of the US Banking

Industry: Causes, Consequences and Implications for the Future. U: Rose, N. L., ur.,

Economic Regulation and Its Reform: What Have We Learned?. Massachusetts:

National Bureau of Economic Research, 2014

Page 128: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

128

17. Leko, V. Upravljanje bankama, pripreme i zabilješke sa predavanja iz „Poslovne

politike banaka“, Zagreb: Ekonomski fakultet, 2004

18. Lukic, R., Bankarsko racunovodstvo, Beograd, Centar za izdavacku djelatnost

Ekonomskog fakulteta u Beogradu

19. Michelle R. Clayman, Martin S. Fridson, George H. Troughton, Corporate Finance: A

practical approach 2nd ed, CFA Institute Investment Series, 2012

20. Неновски, Т., Делова Јолевска Е., Пари и банкарство, Скопје 2012

21. Oџаклиеска Д., Пазарот на капитал во функција на ефикасен портфолио

менаџмент, докторска дисертација, Економски факултет, Прилеп, 2010

22. Петревски, Г., Управување со банките, Скопје 2010

23. Петревски, Г., Управување со банките - второ издание, Економски факултет,

Скопје, 2011

24. Петковски М., Финансиски пазари и институции, Eкономски факултет, Скопје,

2004

25. Pavković, A., Instrumenti vrednovanja uspješnosti poslovnih banaka, Zbornik

Ekonomskog fakulteta u Zagrebu, Ekonomski fakultet Zagreb, (2004), број 2

26. Rankovic, J., Teorija Bilansa, Ekonomski Fakultet Beograd, 1992 godina

27. Rose, P. S. The Financial System in the Economy. Texas: Business Publications, 1986

28. Rose, P. S. Menadžment komercijalnih banaka. 4. (изд. Загреб) izd. Zagreb: Mate,

2005

29. Rose & Hudigins, BANK MANAGEMENT & FINANCIAL SERVICES, Mc Graw

Hill Irwin 2005

30. Спасов С., Арсов С., Финансиски менаџмент, Економски факултет, Скопје, 2004

31. Cirovic M., Bankarstvo, Beograd, BridgeCompany, 2001

32. Трпески Љ., Банкарско работење, Скопје, 2002

33. Thomas R. Robinson, Hennie van Greuning, Elaine Henry, Michael A. Broihahn –

INTERNATIONAL FINANCIAL STATEMENT ANALYSIS, John Wiley & Sons,

Inc., Hoboken, New Jersey, 2009

34. Teresa Barger - principal autor, FINANCIAL INSTITUTIONS Washington, D.C.

1998

Законски прописи

Page 129: АНАЛИЗА НА ФАКТОРИТЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ НА …eccfp.uklo.edu.mk/files/PostgraduateUpload/Brsakovski_Blagojce-0.p… · Анализа на финансиските

129

1. Закон за банки

2. Годишен извештај за 2015 година на Шпаркасе банка Македонија АД Скопје

3. Службен весник на Република Македонија“ бр. 47/2012

4. Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/2007

Интернет извори

1. http://accountingacademy.mk/mk/2013-06-30-18-14-42/finansiski-obuki/short-

financial-trainings/analiza-na-finansiski-izvestai

2. http://bankarstvo.mk/index.php/licni-finansii/item/4366-koi-funkcii-gi-izvrshuva-

bankata

3. https://books.google.mk/books?id=_pCuPhzzZuUC&printsec=frontcover&redir_esc=

y#v=onepage&q&f=true

4. http://www.investopedia.com/terms/n/noninterest-income.asp

5. https://www.classle.net/#!/classle/content-page/profitability-indicator-ratios/

6. http://www.prenhall.com/divisions/bp/app/sinkey/ppt/ch02.ppt

7. http://www.arhivanalitika.hr/dat/HUB%20Analiza%209.pdf

8. http://bankarstvo.mk/

9. http://bi.mk/

10. http://www.investopedia.com/

11. http://www.sparkasse.mk/

12. http://www.nbrm.mk

13. http://www.faktor.mk

14. http://www.wikipedia.com

15. http://www.pravdiko.mk

16. http://www.economy.gov.mk

17. http://www.financepractitioner.com/

18. http://www.ft.com