cipfa - Испит - Управување со трошоците

27
CIPFA Сертификат и диплома по сметководство за јавен сектор IM2 – УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ 19. 12. 2009 ID:_______________ 3 часа плус 20 минути време за читање Упатство за кандидатите Одговорете пет прашања: Одговорете ги сите 3 прашања од Дел А и две прашања од Дел Б. Сите прашања носат еднаков број поени. Треба да бидат прикажани сите пресметки. Кога се бараат пресметки со формули, можат да се користат калкулатори, но сите чекори во пресметките мора да бидат прикажани. Пресметките без вакви докази (на пример, користење на научни функции на калкулаторите) нема да добијат поени. Калкулаторите што можат да се програмираат не се дозволени во просторијата каде што се спроведува испитот. Милиметарска хартија и хартија со табела за извештај за парични текови може да добиете од дежурниот надгледувач, доколку е потребно. Кога во прашањето се бара специфична форма или стил, како што е писмо, извештај или распоред на сметки, поените ќе бидат дадени за презентација и писмена комуникација.

Upload: mihail-dzotov

Post on 31-Dec-2015

108 views

Category:

Documents


1 download

DESCRIPTION

CIPFA испит за добивање Сертификат и диплома по сметководство за јавен сектор

TRANSCRIPT

Page 1: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

CIPFA Сертификат и диплома по сметководство за јавен сектор   

IM2 –  УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ   19. 12. 2009  

ID:_______________  

3 часа плус 20 минути време за читање  

Упатство за кандидатите  Одговорете пет прашања: Одговорете ги сите 3 прашања од Дел А и две прашања од Дел Б. Сите прашања носат еднаков број поени.  Треба да бидат прикажани сите пресметки. Кога се бараат пресметки со формули, можат да се користат калкулатори, но сите чекори во пресметките мора да бидат прикажани. Пресметките без вакви докази (на пример, користење на научни функции на  калкулаторите)  нема  да  добијат  поени.  Калкулаторите  што  можат  да  се програмираат не се дозволени во просторијата каде што се спроведува испитот.  Милиметарска хартија и хартија со табела за извештај за парични текови може да добиете од дежурниот надгледувач, доколку е потребно.   Кога во прашањето се бара специфична форма или стил, како што е писмо, извештај или  распоред  на  сметки,  поените  ќе  бидат  дадени  за  презентација  и  писмена комуникација. 

Page 2: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ    19.12.2009 

1 /10  

   ДЕЛ A Одговорете ги СИТЕ прашања од овој дел         

Владата на Фестваниа има затвор во кој дејствува работилница за да обезбеди можности за  вработување  за  затворениците.  Работилницата  дејствува  како  целосно  независна трговска  единица  со  комплетно  посебни  идентификувани  приходи  и  расходи  и  ниво  на целна добивка поставено од страна на Владата. Затворениците произведуваат само еден производ наречен woofplug и го продаваат по тековна цена од €500. 

Трошочната анализа покажува дека варијабилните трошоци на woofplug се следни: 

  €Директни материјали 200Директни плати  100Варијабилни општи трошоци  100Вкупни варијабилни трошоци за еден woofplug  400

Забелешка: Затворениците се плаќаат за работата што ја работат – но вкупниот заработен износ им се предава само кога ќе се ослободат од затворот. 

Постојат  3  вида  на  фиксни  општи  трошоци.  Следната  табела  ги  покажува  тековните годишни општи трошоци:  

  € Административни општи трошоци  200.000Општи трошоци за управување  120.000Општи трошоци за маркетинг/рекламирање  100.000 

Целната добивка утврдена од страна на Владата е €100.000, а тековниот годишен број на произведени и продадени единици од woofplugs е 5.000 единици. 

Еден  од  менаџерите  чувствува  дека  профитабилноста  на  woofplug  може  да  биде подобрена. Три опции посебно биле сугерирани:  

Опција  1.  Зголемување  на  продажната  цена  за  €50  и  зголемување  на  трошењето  за рекламирање за €30.000 во обид да се задржи побарувачката наспроти зголемувањето на цената. 

1

Page 3: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ    19.12.2009 

2 /10  

Опција 2. Да се намали цената за 10%. Ова би значело дополнителна побарувачка за 1.000 единици. Како резултат на дополнителната побарувачка, фиксните општи трошоци би се зголемиле  –  административните  општи  трошоци  за  €20.000,  општите  трошоци  за управување за €10.000 и општите трошоци за маркетинг/рекламирање за €20.000. 

Опција 3.  Исто  така,  бил  сугериран  и  порадикален  начин  на  кратење  на  трошоците.  Би можело да се користат поевтини материјали кои би ги намалиле трошоците за директни материјали на €150 по единица. Исто така, бидејќи платата што се плаќа на затворениците е целосно опциона за затворот,  таа би можела да се преполови.  (И двете овие промени предложено е да бидат имплементирани истовремено.) 

 

• Барање за прашање 1 

(а)  Утврдете дали е исполнета тековната целна добивка поставена од Владата. 

                        (3) 

(б)  Вреднувајте  ги  трите  опции  што  се  сугерирани,  прикажувајќи  го  ефектот  врз добивката за секоја опција. 

                         (12) 

(в)  Наведете  ги накратко било кои други нефинансиски фактори за кои менаџментот знае дека треба да биде свесен кога се разгледуваат овие опции. 

                         (5) 

                         (20) 

Page 4: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ    19.12.2009 

3 /10  

The  Government  Aggregate  Testing  Executive  (G.A.T.E.)  е  владина  агенција  која  врши тестирање на материјали кои се користат во градежната индустрија. Тестовите се вршат на материјали за да се оцени квалитетот и издржливоста за остварување на целта за која се наменети. Во најголем број случаеви се издава сертификат за тестирање и материјалите се означени  со  “gatemark“;  ова означува дека материјалите  се  тестирани и безбедни  за употреба. 

Како  сметководител  во  G.A.T.E.  вашата  работа  е  да  изготвите  квартален  извештај  за извршниот одбор кој содржи детали за предвидување на паричните текови. Како помош ги имате следните информации:  

Трошоци за персонал 

Месечните  плаќања  сега  се €80.000.  Награда  од 2,5%  (од месечната  плата)  треба  да  се исплати на 1 јуни.  

Материјали 

Материјалите  потребни  за  работење  на  агенцијата  се  проценети  да  чинат  €300.000  за годината што доаѓа. 40% од набавките се направени рамномерно во текот на првите шест месеци.  Материјалите  се  плаќаат  60%  во  месецот  на  набавка,  а  остатокот  во  следниот месец. Набавките во март за предходната финансиска година биле €25.000. 

Трошоци за енергија 

Трошоците  за  енергија  се  очекува  да  бидат  €30.000  месечно  во  текот  на  зимата,  од ноември до март. Во сите останати месеци трошоците за енергија ќе бидат €15.000. 

Општи расходи 

Очекувани  се  во  износ  од  €84.000  за  цела  година.  Тие  се  случуваат  рамномерно  низ годината и се плаќаат во месецот во кој настануваат. 

Набавка на опрема 

G.A.T.E. треба да ја замени машината за тестирање која е при крајот на нејзиниот корисен век. Новата машина ќе чини €200.000 и ќе биде испорачана во мај. Добавувачот на оваа машина е согласен да прифати плаќање на пет месечни рати од €40.000, при што првата рата треба да се плати во месецот после испораката. 

 

 

2

Page 5: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ    19.12.2009 

4 /10  

Приходи 

Од  Владата  е  објавен  грант  од  €380.000  за  цела  година.  Како  и  обично,  тој  ќе  биде исплатен во две еднакви рати во јуни и декември. Наплатите за приватно сертифицирање во износ од €432.000 се примаат подеднакво низ годината. 

Претплатите  за  списанието  на G.A.T.E.  обезбедува  приход  од  €200.000  за  цела  година.  Претплатите  се  наплаќаат  во  2  рати,  на  1  април  и  на  1  октомври.  Меѓутоа,  искуството покажало дека 50% се наплаќаат во месецот кога треба да се наплатат, 40% во следниот месец и 10% во месецот после тоа.  

Други информации 

Финансиската  година  на  G.A.T.E.  трае  од  1  април  до  31  март.  Паричната  состојба  на почетокот на годината што доаѓа (1 април) се очекува да биде €20.000 во готово. 

Постои  дозволено  пречекорување  од  €50.000  ставени  на  располагање  од  страна  на банката доколку е потребно. 

 

• Барање за прашање 2 

Изгответе извештај за следниот состанок на Одборот на директори на G.A.T.E.. Извештајот треба да вклучи:  

(а)  Предвидување на паричните текови за трите месеци април, мај и јуни. 

                        (15) 

(б)  Оценка на прикажаната парична состојба,  со  сугестии за подобрување кадешто е потребно.  

                         (5) 

                         (20) 

Page 6: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ    19.12.2009 

5 /10  

Градот  Долмова  има  нов  универзитет  кој  работи  веќе  две  години.  Од  академска  и оперативна гледна точка тој е успешен, со персонал и студенти кое позитивно реагираат на прогресот постигнат до сега. Но, исто така, објективно е да се каже дека финансиските системи  и  контролата  се  запоставени  и  Одборот  на  менаџери  на  универзитетот започнуваат да се грижат околу нивната недоволна експертиза во овие области. 

Членовите  на  одборот  не  се  финансиски  експерти;  најголемиот  дел  од  нив  воопшто немаат  било  какво  финансиско  образование.  На  нивниот  последен  состанок  било сугерирано дека, како прв чекор, треба да биде изготвен информативен документ во кој ќе  бидат  објаснети  основните  термини  и  дефиниции  во  врска  со  буџетирањето  и сметководствените прашања. Посебно, на членовите не им е јасно што е разликата помеѓу финансиско сметководство и управувачко сметководство, и дали универзитетот треба да има функција управувачко сметководство. Ито така, постои конфузија во врска со буџетите и  буџетирањето;  на  пример,  што  се  буџети,  зошто  треба  да  се  изготвуваат,  кои  се користите од нив итн.? 

 

• Барање за прашање 3 

(а)  Објаснете  ја  разликата  помеѓу  финансиско  сметководство  и  управувачко сметководство набројувајќи ПЕТ клучни разлики. 

                        (5) 

(б)  Објаснете што се подразбира под буџет. 

                        (2) 

(в)  Објаснете ги користите/целите од изготвување буџети. 

                        (3) 

(г)  Опишете  ПЕТ  проблеми  на  кои  би  можело  да  се  наиде  кога  универзитетот изготвува буџети. 

                        (10) 

                        (20) 

3

Page 7: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ    19.12.2009 

6 /10  

   ДЕЛ Б Одговорете ДВЕ прашања од овој дел   

Болницата Восоко обезбедува целосен опсег на медицински услуги за граѓаните на градот Восоко и окружните области.  Како и Националните  здравствени  услуги финансирани од страна на Владата, болницата има капацитет да извршува козметички операции за кои се плаќа директно приватно од страна на пациентот.  

Една  таква  козметичка  процедура  е  Операција  А  која  употребува  посебен  лек  наречен Бокситоксин. Бокситоксинот е многу испарлив, не може да се складира за подолг период од два месеци, па затоа треба редовно да се купува. Исто така, цената на Бокситоксинот значајно варира од недела во недела, што и‘ причинува тешкотии на болницата Восоко да ги изработи трошоците за материјали за Операцијата А. 

Евиденцијата  за  набавки  ги  покажува  следните  износи  и  цени  за  Бокситоксинот  за последните три месеци:  

Датум  Износ  Цена по грам 10 јануари  10 грама  €200 по грам 17 февруари  20 грама  €240 по грам 28 февруари  20 грама  €260 по грам17 март  10 грама  €250 по грам(забелешка – на почетокот на јануари немало почетни залихи од Бокситоксинот) 

На  следните  датуми  била  извршена  операцијата  А  и  износите  на  употребениот Бокситоксин биле следни: 

Датум    Употребен износ 20 февруари  Операција бр. 97  20 грама 10 март  Операција бр. 98  20 грама 20 март  Операција бр. 99  15 грама 

Болницата  вообичаено  го  користи  методот  прв  пристигнат  прв  излезен  (FIFO)  за вреднување  на  материјалите  што  се  издадени/употребени,  но  изразени  се  некои интереси  за  применување  на  пристапот  последен  пристигнат  прв  излезен  (LIFO).  Не  е познато  која  би  била  разликата  при  утврдувањето  на  вредноста  на  Бокситоксинот употребен во Операциите 97, 98 и 99. 

4

Page 8: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ    19.12.2009 

7 /10  

Во  болницата  се  има  обратено  нов  добавувач  на  материјали  кој  рекол:  „Можам  да  ве снабдувам  со  Бокситоксин  по  цена  од  €220  по  грам  се  додека  набавувате  минимален износ од 100 грама“. Болницата не е сигурна околу предностите и недостатоците на оваа понуда. 

 

• Барање за прашање 4 

(а)  Направете евиденција  за  залихите  за да  ја покажете вредноста на Бокситоксинот употребен  во  секоја  од  операциите,  како  и  количината  и  вредноста  на  крајните залихи на 20 март користејќи го: 

  (i)  пристапот прв пристигнат прв излезен (FIFO) 

  (ii)  пристапот последен пристигнат прв излезен (LIFO) 

                         (14)  

(б)  Вреднувајте  ја и дискутирајте ја понудата од новиот добавувач и од финансиска и од нефинансиска гледна точка. 

                         (6) 

                         (20) 

Page 9: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ    19.12.2009 

8 /10  

Советот  на  Волдома  управува  општински  капацитет  за  рециклирање.  Тие  ги  собираат отпадоците  од  хартија,  картон  и  ткаенини,  кои  се фрлаат  во  градот,  и  ги  обработува  со сечење, натопување и потоа компресирање под многу висок притисок за да се формираат цигли; кога ќе се испечат и исушат овие цигли може да бидат употребени како гориво и од страна на приватните домаќинства како и од страна на комерцијалните организации. 

Се произведува стандардна цигла, и, со цел да се конролираат трошоците, се применува систем  на  стандардни  трошоци.  Картичката  на  стандардни  трошоци  за  една  цигла  е следна: 

  € Директни материјали:   450 грама по €2,40 по кгр.  1,08 Директни плати: Сечачи – 1 час по €10 по час  10,00Цедачи – 30 минути по €8 по час  4,00Обликувачи – 10 минути по €12 по час  2,00 Вкупен стандарден трошок за една цигла  17,08

Советот изработува месечни информации за управувачкото сметководство кои вклучуваат пресметки на отстапувања. За месецот што штотуку има завршено од вас имаат побарано да  помогнете  во  изготвувањето  на  овие  анализи.  Следните  фактички  информации  се извадени од трошочниот систем: 

Вкупен број на произведени и продадени цигли  2.700 Вкупно набавени и употребени директни материјали (кгр) 1.620Вкупна цена платена за директни материјали (€) 3.564 Часови одработени од страна на сечачите (часови) 2.250Часови одработени од страна на цедачите (часови) 1.440Часови одработени од страна на обликувачите (часови)  450 Стапка за плата по која им се плаќа на сечачите (€ по час)  12Плати заработени од страна на цедачите (€)  11.232Плати заработени од страна на обликувачите (€)  6.750

   

5

Page 10: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ    19.12.2009 

9 /10  

• Барање за прашање 5 

(а)  Пресметајте  ги  отстапувањето  во  цената  на  материјалите  и  отстапувањето  во користењето на материјалите. 

                        (3) 

(б)  Пресметајте  ги  отстапувањето  во  платите  за  работна  сила  и  отстапувањето  во ефикасноста на работната сила за сите три вида на искористена работна сила. 

                         (9) 

(в)  Нов  член  на  советот  се  прашува  дали  вреди  да  се  применува  системот  на стандардни  трошоци и  ве има прашано да напишете белешка  со објаснување на неговите предности и недостатоци. 

                         (8) 

                         (20) 

Page 11: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ    19.12.2009 

10 /10  

Владата на Булганиа ги испитува трошоците за издавање пасоши на нејзините граѓани. Тие веруваат дека има и фиксни трошоци и варијабилен трошочен елемент кон овие трошоци и направени се некои анализи. Посебно, вкупните трошоци за последните шест месеци на издавање на пасоши се извлечени од трошочниот систем.  

  Број на издадени пасоши  €‘000      Јануари  370 21,05Февруари  380 21,52Март  420 22,35Април  490 25,15Мај  500 25,20Јуни  460 23,60 

• Барање за прашање 6 

(а)  Врз  основа  на  податоците  за  шест  месеци  дадени  погоре  користејќи  линеарна регресија поставете формула за фиксните и варијабилните елементи на трошоците. 

                        (11) 

(б)  Користејќи  го  равенството  добиено  во  дел  (а),  пресметајте  ги  проектираните вкупни трошоци за 440, 540 и 640 пасоши.  

                         (3) 

(в)  Објаснете ги претпоставките кои се направени кога се користи линеарна регресија за да се направат проекции како погоре, и накратко дискутирајте ги сите фактори кои би можеле да влијаат на веродостојноста на вашите трошочни проекции. 

                         (6) 

                         (20) 

Формули за линеарна регресија: 

 

 

Page 12: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

         

 

CIPFA Сертификат и диплома по сметководство за јавен сектор IM2 – Управување со трошоци ШЕМА ЗА ПРЕГЛЕДУВАЊЕ

Page 13: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

Прашање 1

(а) Ниво на тековна добивка

Пресметка на придонес по единица:

€ по единица € по единица Продажна цена 500 Варијабилни трошоци Директни материјали 200Директни плати 100Варијабилни општи трошоци 100 400ПРИДОНЕС ПО ЕДИНИЦА 100

Ниво на тековна добивка:

€ € Вкупен придонес – 5.000 единици х €100 500.000 Фиксни трошоци Административни општи трошоци 200.000 Општи трошоци за управување 120.000 Општи трошоци за маркетинг/рекламирање 100.000 420.000Вкупна добивка 80.000

Целната добивка на Владата е €100.000, па, според тоа, сега затворот е €20.000 под целната добивка.

3 поени

(б) Оценување на трите опции.

Вреднување на Опција 1.

Продажната цена се зголемува на €550 и трошоците за рекламирање на €130.000. Затоа придонесот по единица сега е €150 по единица.

€ € Вкупен придонес – 5.000 единици х €150 750.000 Фиксни трошоци Административни општи трошоци 200.000 Општи трошоци за управување 120.000

Page 14: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

Општи трошоци за маркетинг/рекламирање

130.000 (130.000 = 100.000 + 30.000) 450.000

ВКУПНА ДОБИВКА 300.000 4 поени

Вреднување на Опција 2.

Продажната цена се намалува на €450 – побарувачката се зголемува на 6.000 единици – фиксните трошоци се зголемуваат за €50.000. Затоа, сега придонесот по единица е €50 по единица.

€ € Вкупен придонес – 6.000 единици х €50 300.000 Фиксни трошоци Административни општи трошоци (се зголемуваат за €20.000) 220.000 Општи трошоци за управување (се зголемуваат за €10.000) 130.000 Општи трошоци за маркетинг/рекламирање (се зголемуваат за €20.000) 120.000 470.000ВКУПНА ЗАГУБА 580.000 4 поени

Вреднување на Опција 3.

Варијабилните трошоци се намалуваат на €300 по единица – придонесот по единица сега е €200 по единица.

€ € Вкупен придонес – 5.000 единици х €200 1.000.000 Фиксни трошоци Административни општи трошоци 200.000Општи трошоци за управување 120.000Општи трошоци за маркетинг/рекламирање 100.000 420.000ВКУПНА ДОБИВКА 580.000 4 поени

(в) Нефинансиски фактори на кои треба да обрне внимание менаџментот.

• Нивото на целна добивка не е исполнето – па затоа нешто треба да биде направено за да се поправи сегашната ситуација.

• Дали овие три опции се единствените можни опции? Веројатно не се. Би можело да постојат и други промени кои би можеле да бидат прифатени за да се зголемат добивките.

Page 15: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

• Опцијата 2 претпоставува зголемена побарувачка за 1.000 единици – 20% зголемување. Дали работилницата има доволно слободен капацитет за да ја задоволи оваа побарувачка?

• Колку се извесни промените во продажната цена и побарувачката? Дали овие промени се само „нагаѓања“? Или се базирани на објективни податоци, минато искуство, слични производи итн.?

• Опцијата 3 сугерира примена на поевтини материјали? Дали се јавуваат прашања во врска со нивниот квалитет? Дали купувачите сеуште ќе го купуваат производот итн.?

• Каква ќе биде реакцијата на затворениците за намалувањето на платите сугерирано во опцијата 3. Дали тие ќе продолжат да работат во работилницата? Дали можат да одбијат? Дали може да бидат присилувани да работат итн.?

• Дали постои било каква конкуренција за овој производ? Од други затвори или дури и комерцијален производ сличен на woofplug?

(по 1 поен за секој валиден коментар – да биде даден кредит за секој разумен аспект – максимум до 5 поени во овој дел)

5 поени

Вкупно 20 поени

Page 16: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

Прашање 2

Government Aggregate Testing Executive

Април Мај Јуни (поени) €`000 €`000 €`000 Парични приливи грантови 190 1 претплати 50 40 10 3 давачки 36 36 36 1 Вкупни приливи 86 76 236 Парични одливи персонал 80 80 82 2 материјали (РП1) 22 20 20 3 енергија 15 15 15 1 опрема 40 1 општо 7 7 7 1 Вкупни одливи 124 122 164 Нето паричен тек -38 -46 72 Почетно салдо 20 -18 -64 Крајно салдо -18 -64 8 2 РП 1 60% од април 20 х 0,6 = 12 40% од март 25 х 0,4 = 10 Вкупно платено во април = 22 15 поени

(б) Оценка на состојбата на паричниот тек:

Пречекорувањето на лимитот е €50.000. Предвидено е ова да биде пречекорено во мај за €14к.

GATE треба да го разгледаат следното за да помогнат во подобрувањето на состојбата на паричниот тек:

• Дали владиниот грант би можел да биде примен поскоро? • Дали владиниот грант би можел да биде примен на рати? • Дали претплатите би можеле да се примаат на датумот за наплаќање?

Можеби би можело да се понуди мал готовински попуст за да се стимулира плаќање?

• Дали би можело набавката на опремата да се одложи?

Page 17: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

• Дали финансирањето на набавката би можело да се прошири? На пр., лизинг, изнајмување итн.

• Доколку ништо не може да биде направено за да се подобри паричниот тек ќе треба да се информира банката и да се договори повисоко ниво на пречекорување.

5 поени

(еден поен за секој валиден коментар, максимум до 5 поени)

Вкупно 20 поени

Page 18: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

Прашање 3

(а) Финансиско сметководство v. Управувачко сметководство

Финансиско сметководство Управувачко сметководство

• Се бара со закон v Не се бара со закон • Утврдена форма v Било која форма • Историско (гледа наназад) v Насочено кон иднин(гледа напред) • Цело работење v Делови • Се користи екстерно v Интерно • Точно v Приближно

(еден поен по валидна споредба, максимум до 5 поени)

(б) Дефиниција на буџет

Буџетот е квантифициран план вообичаено прикажувајќи ги планираниот приход и/или расход кои се направени во текот на дефиниран период за да се постигне дадената цел.

(Релевантната дефиниција го вклучува фактот дека тој е план во финансиски услови = 2 поени)

(в) Користи/цели на буџетот

• Планирање: буџетот се користи да се планираат организационите прашања за периодот што доаѓа.

• Контрола: Откако еднаш ќе се направи буџет потоа би требало да постои периодичен (вообичаено меечен) преглед на фактичките резултати споредени со буџетот и акциите превземени да се корегира резултатот доколку постојат отстапувања од буџетот.

• Координација: Со цел да им се дозволи на менаџерите да разберат како нивните активности се вклопуваат во севкупните активности и целите на организирањето активности и буџети на секој департман се вклопени во еден целосен план/буџет за организацијата.

• Комуникација: Изготвувањето на буџет бара комуникација помеѓу менаџерите на различни нивоа и менаџерите на различни функции. Исто така, важно е дека еднаш кога е изготвен буџетот потоа тој се распределува на различни нивоа на менаџери и нивните вработени.

Page 19: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

• Мотивација: Со користење на буџетот како таргет за департмните и, оттаму, индивидуите за да се исполни, може да биде генерирана мотивација бидејќи постои носител да се оствари поставениот таргет.

• Овластување и делегирање: Кога буџетот е одобрен тоа е авторизација на финансиската/трошочната политика на организацијата за периодот. Одговорноста за имплементирање на оваа политика и надгледување на буџетите потоа е делегирана на релевантните менаџери.

½ поен за секоја релевантна точка, максимум до 3 поени

(г) ПЕТ проблеми на кои може да се наиде кога универзитетот изготвува буџети би можеле да го вклучат следното:

• Буџетите ќе бидат главно зависни од бројот на студенти. Колку се извесни проекциите за бројот на студенти?

• Кои временски распореди се вклучени во производството на буџети? На пример – дали буџетите се произведуваат пред да биде одреден бројот на студенти (на пр., чекање на резултатите од испитите?)

• Веројатно буџетите се изготвуваат за индивидуални академски департмани. Индивидуалните буџетски корисници може да се обидат да ги преценат трошоците и да изградат буџетска лабавост во буџетите за да ги направат таргетите полесни за остварување. Ова ја намалува точноста на буџетите и, исто така, ја редуцира мотивацијата за остварување на таргетите и ја намалува буџетската контрола.

• Академците би можеле да бидат позаинтересирани за нивните сопствени предмети и да имаат помал интерес за буџетската контрола и финансиите генерално. Тие би можело да ги немаат потребните вештини или да не бидат способни да ја разберат документацијата за буџети и буџетска контрола.

• Промени во владата или во нејзината политика може да влијае врз активностите на универзитетот. Овие промени може да не бидат познати за универзитетот доволно долго врме за да можат да бидат вградени во буџетот.

• Доколку се прифати растечки пристап (основните буџети се дополнуваат со додавање на промените во плаќање и во цените) тогаш постои потенцијал за грешки во основата за да се продолжи понатаму.

• Бројот на студентите кои се откажуваат од предметите ќе влијае врз буџетите на приходи и до одреден степен на буџетите за трошоци (во зависност од пропорцијата на фиксните и варијабилните трошоци). Минатото искуство би можело да даде индикации за тоа како буџетите треба да бидат флексибилни или корегирани.

Page 20: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

(2 поени за релевантен, добро објаснет аспект, максимум до 10 поени)

Вкупно 20 поени

Прашање 4

(а) Евиденција на залихи покажувајќи ги трошоците на бокситоксинот употребен во операциите

Следната табела ги покажува износите и вредностите на бокситоксинот примен и употребен – претпоставувајќи прв пристигнат, прв излезен (ФИФО) метод при утврдување на цената на материјалите

Примени/купени Издадени/употребени Залиха&вредност Датум € € € Поени10.01 10 гр. 2.000 10 гр. 2.000 17.02 20 гр. 4.800 30 гр. 6.800 20.02 20 гр. (10 х 200; 10 х 240) 4.400 10 гр. 2.400 2 28.02 20 гр. 5.200 30 гр. 7.600 10.03 20 гр. (10 х 240; 10 х 260) 5.000 10 гр. 2.600 2 17.03 10 гр. 2.500 20 гр. 5.100 20.03 15 гр. (10 х 260; 5 х 250) 3.850 5 гр. 1.250 3

Вредноста на бокситоксинот употребен во Операција 97 е €4.400. Вредноста на бокситоксинот употребен во Операција 98 е €5.000. Вредноста на бокситоксинот употребен во Операција 99 е €3.850. Крајната залиха е 5 гр. во вредност од €1.250.

Табелата подолу е според пристапот Последен пристигнат, прв излезен (ЛИФО).

Примени/купени Издадени/употребени Залиха&вредност Датум € € € Поени10.01 10 гр. 2.000 10 гр. 2.000 17.02 20 гр. 4.800 30 гр. 6.800 20.02 20 гр. (20 х 240) 4.800 10 гр. 2.000 2 28.02 20 гр. 5.200 30 гр. 7.200 10.03 20 гр. (20 х 260) 5.200 10 гр. 2.000 2 17.03 10 гр. 2.500 20 гр. 4.500 20.03 15 гр. (10 х 250; 5 х 200) 3.500 5 гр. 1.000 3

Вредноста на бокситоксинот употребен во Операција 97 е €4.800. Вредноста на бокситоксинот употребен во Операција 98 е €5.200. Вредноста на бокситоксинот употребен во Операција 99 е €3.500. Крајната залиха е 5 гр. во вредност од €1.000.

Page 21: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

Вкупно 14 поени

(б) Вреднување на понудата од новиот добавувач

• Цената платена за лекот варира од €200 по грам до €260 по грам со просечна платена цена од околу €42 по грам (€14.500 платени за набавени 60 грама. 14.500/60 = 241,66)

• Не е познато дали цената ќе продолжи по нагорен тренд или ќе се стабилизира (или дури и ќе опаѓа). Цената во март покажува намалување за €10 по грам од последната цена во февруари.

• Понудата од новиот добавувач е по цена од €220. Доколку 60 грама беа набавени по оваа цена – тогаш вкупниот трошок би бил €13.200 – има заштеда од €1.300 споредено со она што е фактички платено.

• НО, треба да биде наведено дека оваа цена очигледно е условна доколку се купат 100 грама. Бидејќи потребата е само 60 грама би можело да постои ризик дека 40 грама би можеле да бидат неупотребени. Порати тоа, ова би значело дека трошокот (вклучувајќи го и неупотребениот дел) би бил €22.000 кој е €8.800 повеќе отколку тековниот трошок.

• Кажано е дека бокситоксинот е испарлив и се расипува прилично брзо. Доколку новиот добавувач инсистира на минимален износ од 100 грама – тогаш болницата или ќе треба да ја зголеми побарувачката (дали може да се извршат повеќе операции?) или можеби вишокот на бокситоксин би можел да се продаде понатаму било каде?

• Дали понудата од добавувачот е отворена за било каков вид на измена или преговарање? Доколку минималниот износ би можел да биде поблиску до нашата нормална употреба – тогаш дури и ако цената е малку повисока од €220 на која се инсистираше – би можело сеуште да биде финансиски исплатливо.

• Во оваа фаза не јасно како точно „минималните 100 грама“ ќе функционираат. Дали тоа едноставно е минималниот износ за секоја направена порачка? Дали постои било каква врска со време? (на пример, 100 грама за време од три месеци итн.?)

• Дали постојат други добавувачи за бокситоксин? • Дали постојат било какви други лекови освен бокситоксин кои би можеле да се

употребат? • Дали постои конкуренција од други болници за Операција А? Со други зборови,

колку е важно да се утврдат точни трошок и цена? Доколку има мала или нема конкуренција тогаш трошоците за материјали едноставно можат да бидат пренесени на пациентите преку зголемување на цените.

(Може да бидат направени други валидни коментари. Еден поен за секоја разумна точка, максимум до 6 поени за овој дел.)

Page 22: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

(6 поени)

Вкупно 20 поени

Прашање 5

(а) Отстапувања кај материјалите

Стандард Фактички Отстапување Поени Вкупно 2.700 х 0,45 х 2,40 = 2.916 2.700 х 0,6 (РП1) х 2,20

(РП2) = 3.564 €648(Н) 1

Цена 1.620кгр. х €2,40/кгр. =

3.888 1.620 кгр. х €2,20/кгр. = 3.564

€324(П) 1

Користење 1.215кгр. х €2,40/кгр. =

2.916 1.620 кгр. х €2,40/кгр. = 3.888

€972(Н) 1

РП1: фактичко користење: 1.620 кгр. / 2.700 цигли = 0,6 кгр./цигла РП2: платена цена: 3.564€/1.620 кгр. = 2,20€/кгр.

(б) Отстапување во работна сила

Сечачи Стандард Фактички Отстапување Поени Вкупно 2.700 х 1 ч. х €10/ч =

27.000 2.250 часа х €12/час = 27.000

НУЛА 1

Стапка за плата

2.250 часа х €10/час = 22.500

2.250 часа х €12/час = 27.000

€4.500(Н) 1

Ефикасност 2.700 часа х €10/час =

27.000 2.250 часа х €10/час = 22.500

€4.500 (П) 1

Цедачи Стандард Фактички Отстапување Поени Вкупно 2.700 х 1/2 ч. х €8/ч =

10.800 1.440 часа х €7,8/час (РП3) = 11.232

€432 (Н) 1

Стапка за плата

1.440 часа х €8/час = 11.520

1.440 часа х €7,8/час = 11.232

€288(П) 1

Ефикасност 1.350 (РП4) часа х €8/час 1.440 часа х €8/час = €720 (Н) 1

Page 23: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

= 10.800 11.520 РП3: Фактичка стапка за плата: 11.232/1.440 = 7,8 РП4: број на часови: 2.700/30 минути = 1.350

Обликувачи Стандард Фактички Отстапување Поени Вкупно 2.700 х 1/6 ч. х €12/ч =

5.400 450 часа х €15/час (РП5) = 6.750

€1.350 (Н) 1

Стапка за плата

450 часа х €12/час = 5.400 450 часа х €15/час = 6.750

€1.350(Н) 1

Ефикасност 450 (РП6) часа х €12/час =

5.400 450 часа х €12/час = 5.400

НУЛА 1

РП5: Фактичка стапка за плата: 6.750/450 = 15 РП6: Број на часови: 2.700/6 = 450

(в) Белешка со објаснување на предностите и недостатоците на системот на стандардни трошоци.

Предности

• Наметнува испитување на процесите итн. – што може да води кон ефикасност, подобри начини на работење итн.

• Обезбедува детални информации за да овозможи добра контрола на трошоците • Одредува каде би можеле да се најдат подрачјата со проблеми • Ги прави менаџерите свесни за трошоците во нивните сопствени области на

одговорност • Може добро да работи во повторливи производствени ситуации за еден производ

Недостатоци

• Стандардите можат да станат застарени – кои би можеле да водат кон погрешни отстапувања

• Одземаат време, труд и трошоци за да се чуваат ажурирани • Може да дадат погрешно повторно уверување со бројки кои имаат лажна точност • Имаат потреба од многу детален систем на трошоци и кодирање за да

функционираат • Ги игнорираат прашањата за квалитет • Не ги идентификуваат лесно причините за отстапувањата

Page 24: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

(еден поен за секоја идентификувана предност или недостаток, максимум до 8 поени во овој дел)

8 поени

Вкупно 20 поени

Page 25: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

Прашање 6

(а) Одредување на равенката за регресија

Број на издадени пасоши €‘000 (x) (y) (xy) Јануари 370 21,05 7.788,5 136.900Февруари 380 21,52 8.177,6 144.400Март 420 22,35 9.387,0 176.400Април 490 25,15 12.323,5 240.100Мај 500 25,20 12.600,0 250.000Јуни 460 23,60 10.856,0 211.600 ВКУПНО 2.620 138,87 61.132,6 1.159.400

(Поени: 2 за секој точен збир на и ху)

Формули за линеарна регресија:

Според тоа,

b = 2.956,20 / 92.000 = 0,0321326 [варијабилен трошок = €32,13 по пасош]

4 поени

а = 138,87 / 6 – 0,0321326 х 2.620 / 6

а = 23,145 – 14,031235

а = 9,113765 [што претставува фиксен трошок од €9.114 месечно]

2 поени

Според ова, формулата за регресија е у = 9.114 + 32,13х

1 поен

Page 26: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

(б) Пресметување на трошоците за 440, 540 и 640 пасоши?

у = 9.114 + 32,13х

Така, кога х = 440 тогаш у = 9.114 + 32,13 х 440 = €23.251 1 поен

Слично,

кога х = 540 тогаш у = 9.114 + 32,13 х 540 = €26.464 1 поен

кога х = 640 тогаш у = 9.114 + 32,13 х 640 = €29.677 1 поен

(в) Претпоставки и веродостојност на регресионите проекции

• Регресијата претпоставува дека линеарното однесување ќе продолжи и затоа проекциите се веродостојни.

• Веродостојноста е поверојатна кога „интерполираме“ – со други зборови користење равенка за да се проектира вредност за „х“ која е во рамките на вредностите на употребените податоци. Таа е помала кога „екстраполираме“ – со други зборови проектирање на вредностите на „х“ надвор од дадените податоци.

• Во делот (б) проекцијата за 440 пасоши, значи, е „интерполирање“ НО вредностите за 540 и 640 пасоши е „екстраполирање“, и затоа, потенцијално помалку веродостојни.

• Екстраполирањето претпоставува дека линеарните трендови ќе продолжат за х вредностите и после набљудуваните податоци.

• Регресијата претпоставува дека врз трошоците за издавање пасош нема да влијаат други фактори. Доколку бројот почне да се зголемува значително над „нормалниот“опсег (како што е даден во брјките за шест месеци) тогаш на пример може да се искористат преднотите од економија на обем.

• Методологијата за издавање пасоши би можело да се промени – на пример „оnline“ или автоматско издавање би можело да влијае врз идните трошоци

• Регресијата беше базирана на податоци за 6 месеци – што може да се земе како мал примерок на кој може да се базира регресија. Исто така, тука е и фактот дека побарувачката за пасоши може да биде сезонска – повеќе луѓе да сакаат пасоши во месеците пред периодот на летни одмори – и веројатно помала побарувачка во месеците есен/зима. Би требало да се запрашаме дали фиксните трошоци се униформни во текот на годината?

• Односот помеѓу бројот на издадени пасоши и вкупните трошоци може да не биде линеарен, туку криволиниски.

• Би требало да биде запомнето дека линеарната регресија утврдува „линија која е најсоодветна“ преку (во овој случај) 6 точки на податоци. Фактичките трошоци не се (освен по коинциденција) на самата фактичка линија. Разликите може да бидат

Page 27: CIPFA - Испит - Управување со трошоците

мерени статистички – да се добие индикација колку далеку од пресметаните вредности за 440, 540 и 640 пасоши тие „реални“ износи би можеле да лежат.

(Други разумни точки би требало да бидат бодувани – еден поен по коментар, максимум до 6 поени)

6 поени

Вкупно 20 поени