Медалјон

6
~ М Е Д А Л Ј О Н ~ Приказна на: Александар Арсовски Контакт: [email protected] На само неколку километри од Битола се наоѓа Баба планина, поточно на нејзиниот највисок врв, Пелистер. Таму живее вечната мистерија која со векови опстојува и досега никој не дознал за што точно станува збор. Баба планина е позната по голем број на места за одмор, разни планински куќички полни со посетители. Токму таму во една планинска куќа беше дојдено на викенд едно семејство. Семејство на изглед обично како и сите останати но кога повторно ќе се загледаш ќе видиш некоја чудна мистерија која се крие во нив. Таткото Стефан е директор на една голема компанија, а мајката Сузана е добра домаќинка а воедно и добра мајка, таа на некој начин потекнува од „матно семејство“ т.е семејство за кое и да не се сеќава, бидејќи уште како мала била напуштена од нив и останала сама. Сепак среќата била на нејзина страна таа го запозна Стефан а сега имаат две прекрасни девојчиња, помалата Симона која има 10 години, а постарата Александра која пред некој ден наполни 17. „Ќе ме оставиш ли веќе еднаш те молам“ – Александра беше нервозна бидејќи сестра и постојано и досадуваше и неможеше да биде сама. „Ама ајде, зошто си толкава намќорка, зарем ќе останеш тука во собава цел ден! Види надвор колку е само убаво.“ –Симона се обидуваше да ја разубеди сестра си за да испаднат надвор и да поиграат во природата. „Несакам сега да испаднам, ќе седам малку да се одморам, а ти сега бидејќи си многу добра ќе ме сотавиш сама. Добро?“

Upload: aleksandar-arsovski

Post on 24-Jun-2015

93 views

Category:

Education


1 download

DESCRIPTION

Македонска хорор приказна Дејствието се одвива во Битола, на Пелистер. Едно нормално семејство заминува на одмор, но таму се случува пресврт во приказната на нејзината ќерка. Таа дознава за мистеријата која ја кријат двете езера, дознава за својот дедо кој го дал својот живот за нејзината мајка.

TRANSCRIPT

Page 1: Медалјон

~ М Е Д А Л Ј О Н ~

Приказна на: Александар Арсовски

Контакт: [email protected]

На само неколку километри од Битола се наоѓа Баба планина, поточно на нејзиниот највисок врв, Пелистер. Таму живее вечната мистерија која со векови опстојува и досега никој не дознал за што точно станува збор. Баба планина е позната по голем број на места за одмор, разни планински куќички полни со посетители. Токму таму во една планинска куќа беше дојдено на викенд едно семејство. Семејство на изглед обично како и сите останати но кога повторно ќе се загледаш ќе видиш некоја чудна мистерија која се крие во нив. Таткото Стефан е директор на една голема компанија, а мајката Сузана е добра домаќинка а воедно и добра мајка, таа на некој начин потекнува од „матно семејство“ т.е семејство за кое и да не се сеќава, бидејќи уште како мала била напуштена од нив и останала сама. Сепак среќата била на нејзина страна таа го запозна Стефан а сега имаат две прекрасни девојчиња, помалата Симона која има 10 години, а постарата Александра која пред некој ден наполни 17.

„Ќе ме оставиш ли веќе еднаш те молам“ – Александра беше нервозна бидејќи сестра и постојано и досадуваше и неможеше да биде сама.

„Ама ајде, зошто си толкава намќорка, зарем ќе останеш тука во собава цел ден! Види надвор колку е само убаво.“ –Симона се обидуваше да ја разубеди сестра си за да испаднат надвор и да поиграат во природата.

„Несакам сега да испаднам, ќе седам малку да се одморам, а ти сега бидејќи си многу добра ќе ме сотавиш сама. Добро?“

„Е нема да те оставам сама.“ – Симона почна да и чепка по работите и да и го растура креветот.

„Мамооо!“- Силно извика Симона, а тоа ја уплаши мајка и која со трчање веднаш влезе во собата.

„Што се случува девојки!?“ –таа беше целосно избезумена.

„Мамо Симона ми досаѓа, погледни што ми направи на креветот“

Page 2: Медалјон

„Ама мамо јас ја викам да одиме надвор да си играме ама таа не сака.“ – Се обидуваше да се оправда Симона.

„Господе Боже ме извадивте од памет. Зошто не престанете малку, нели дојдовме на викенд за да се одмориме а не да правиме неред и да се караме.“ –се обидуваше да се смири –„Ако веќе толку сакаш да испаднеш надвор ајде со мене и татко ти и ќе одиме да се прошетаме, малку ќе разгледаме наоколу.“ –Се обидуваше да ја разубеди Симона. –„Така и дада ти ќе може малку да се одмори. Се договоривме ли?“

Конечно некој да и погоди на Симона, таа беше пресреќна зошто некој и оди по ќефот па радо ја прифати понудата од својата мајка. Бидејќи беше многу нестрплива тие за половина час откако се спремија решија да заминат на прошетка но пред да излезат од дома татко и влезе во собата на девојчињата, сакаше да зборува со Александра, која во тој момент ја средуваше собата.

„Александра, дојди малку, сакам да зборуваме нешто“. –ја повика татко и со сериозен тон.

„Кажи тато, што се случува?“ –љубопитно прашуваше Александра.

„Знаеш дека ние сега излегуваме на прошетка, а пред а излеземе сакам да ти кажам нешто, т.е. да те предупредам.“

„Да ме предупредиш?“ –Александра беше изненадена. –„Зошто да ме предупредиш?“

„Во овој крај на Пелистер има две езера, тие езера кријат една голема мистерија, која трае со векови, затоа сакам да те предупредам, откако ќе заминеме ние на прошетка немој да излегуваш самата надвор или пак да се доближуваш накај езерата...“ –изненадно запре со зборувањето татко и.

„Но зошто татко? Што е толку страшно?“ –Александра беше уште пољубопитна.

„Тие две езера имаат голема моќ да те хипнотизираат, ти го одземаат здивот и може да се удавиш во нив, а да не си свесна за тоа. Многу луѓе кои не знаеле за ова се имаат удавено. Затоа те молам да бидеш внимателна.“

„Во ред тато“.

„Ми ветуваш ли?“

„Ти ветувам тато“.

Page 3: Медалјон

Александра беше многу изненадена од приказната, иако беше изненадена таа на некој начин и не поверува во тоа. Откако нејзините заминаа на прошетка таа го зема дневникот и својот медалјон кој го најде во нивната стара куќа. Мајка и и кажа дека тој медалјон му припаѓал на Никола (нејзиниот дедо), таа беше многу радосна зошто има некој спомен од нејзиниот дедо и затоа со љубов го чуваше и не даваше никој да го допира. Седна на креветот и започна да пишува во дневникот, тоа беше нејзин начин на изразување, во тој дневник ги изразуваше своите чувства, емоции и доживување. Точно како една тинејџерка која сака да ужива во мирот без никој да и досадува.

Не помина ни половина час за таа веќе имаше напишано десетина страни од дневникот, се додека не ја прекина мистериозен глас.

„Александра....“ –се слушаше од далечината.

Александра се изненади од овој глас, немаше никој во близина кој ја знае и кој би можел да ја викне. Но сепак продолжи да пишува исто како ништо да не се беше случило, но тоа не и успеа. Почна да се слуша тивка музика која полека полека те хипнотизира и ти го одзема здивот, гласот повторно се повторуваше:

„Александара.....„- и повторно „Александра“.... Александра силно го стегна медалјонот во своите раце и се доближи до прозорецот, таа мислеше дека нејзините се имаат вратено и ја зафркаваат, но тоа не беше така, нејзините сеуште беа на прошета, а таа остана сама и уплашена во својата соба. Александра не можеше повеќе да издржи реши да испадне надвор и да види кој ја вика. Таа полека се движеше низ дворот и разгледуваше на сите страни, стравот и беше влезен во нејзе, незаеше што попрво да направи, дали да вика силно или пак да чека и да види што ќе се случи.

„Александра дојди“ – Повторно се слушна гласот, а музиката стана се посилна.

Музиката и гласот целосно ја хипнотизираа Александра, започна да се движи како некој робот без да знае каде оди. Медалјонот полека се тресеше напред назат, целата таа глетка беше застрашувачка, некој ќе си помислеше дека станува збор за место проколнато со духови кој ти ја заземаат мислата и те прават да се чувствуваш изгубен. Додека се движеше полека не ни забележа дека времето е скоро затемнето, се спремаше страшно невреме, кога одеднаш се слушна силна грмотевица таа се освести.

„Каде сум јас?!“ – Александра исплашено разгледуваше на сите страни обидувајќи се да најде некој и да побара помош. Но во тој момент таа свати дека се наоѓа покрај двете езера за кој татко и и зборуваше.

Page 4: Медалјон

„Александра... конечно пристигна“ –повтоно се јави мистериозниот глас.

„Кој си ти?! Што сакаш од мене?! Зошто ме викна?!„ –почна да вика исплашено.

„Александра... имаш нешто што ми припаѓа мене“. –проговори гласот.

„Јас немам ништо твое! Незнам што сакаш до мене?“ –испаничено прашуваше Александра.

„Погледни во твојата десна рака.“

Александра кога погледна виде дека сеуште го носи со себе медалјонот од својот дедо.

„Тоа е медалјонот на дедо ми.“

„Се разбира... затоа и го барам.“

„Но кој си ти, појави си.. или барем кажи ми кој си да знам!“ –стануваше се пољубопитна и нестрплива да дознае кој и зборува.

„Јас сум двојот дедо Никола, тој медалјон е мој...“

„Што?“ –Оваа реченица навистина ја изненади Александра. –„Ти си мојот дедо.. но како?“

„Пред многу години, баба ти, јас и мајка ти заминавме на пат. Мајка ти беше сеуште бебе и беше многу болна. Дознавме дека преку оваа планина има лекар кој може да ја излекува, па бевме решени да заминеме во потрага по тој лекар зошто не сакавме нашето чедо да умре.. тогаш дојдовме до овие езера... се обидовме да поминеме покрај нив но се лизнавме и паднавме внатре. Единствено мајка ти успеа да се спаси, а ние останавме овде заробени. Со векови испраќаме гласови да дојдете тука на викенд, а ти да дојдеш овде со медалјонот и да ни го дадеш.“

„Но зошто ви е медалјонот?“ –Изненадно прашуваше Александра.

„Медалјонот ни служи како еден вид на портал кој ќе не пренесе горе на небото, ние останавме заробени помеѓу два светови, несме ни на небото а несме ни на земјата.. затоа те молам фрли го медалјонот внатре во езерото и ние ќе си заминеме.“ –мистериозниот глас повеќе не беше мистериозен, тоа всуштност бил гласот на нејзиниот дедо. Александра повеќе не се плашеше па направи како што тој побара. Откако го бакна медалјонот таа го фрли во езерото.

„Ти благодарам душо“ –Тоа беше последиот збор од нејзиниот дедо.

Page 5: Медалјон

Небото повторно стан светло, бурата си замина, Александра погледна во часовникот и виде дека се наближува 18.30 ... тоа беше времето кога нејзините треба да се вратат од прошетка, па затоа таа со трчање замина кон куќата во која престојуваа. Кога се врати дома нејзините сеуште не се беа вратиле, тогаш таа на брзина направи свеж сок од овошје, ја намести масата и ги чекаше да се вратат. За неполни десетина минутки нејзините се вратија, а таа со нетрпение чекаше да им раскаже што се случило додека тие не беа тука. Откако им раскажа се по ред никој не сакаше да и верува, сите мислеа дека таа измислува, па и не и придаваа важност на нјзината приказна. Единствено нејзината мајка нешто како да ја стегна во нејзиното срце. Во еден момент како да почувствува мир и спокој во својата душа. Всуштност таа на некој начин и поверува на својата ќерка за нејзината приказна, затоа што на момент како да и се вратија некои спомени од времето кога таа беше малечка т.е сеуште мало бебе.

Мистеријата на некој начин се расчисти, легендите кој дотогаш живееа за овие две зера од овој момент бидат заменети со нови легенди кој допрва ќе ги раскажува Александра на своите другарки и дригари, а исто и на своите деца кој во далечната иднина ќе ги има.

~ К Р А Ј ~