Островот со скриеното богатство - Роберт Луис...

245
ОСТРОВОТ НА СКРИЕНОТО БОГАТСТВО Роберт Луис Стивенсон

Upload: nu4ka

Post on 27-Dec-2015

2.085 views

Category:

Documents


10 download

DESCRIPTION

Роман напишан од шкотскиот писател Роберт Луис Стивенсон, која за прв пат била објавена на 23 мај 1883 година. Романот е авантура во кој се опишува приказната за една група пирати и обични граѓани кои се во потрага по закопано богатство на еден ненаселен остров во Карипското Море. Книгата е позната по самата приказна, но и добриот опис на атмосферата, ликовите и акцијата која се одвива низ целиот текст. Исто така, романот вклучува добар опис на моралните вредности на самите ликови, особено на главниот негативен лик и ова се смета за чуден елемент кој е вметнат во една детска литература. Препознатливо за романот се пиратите, картата со скриеното богатство, бродовите и убистават, како и тајните договори и преговори за опстанок на островот и враќање во Бристол со здраво тело и дух, но и богатство во џебовите.

TRANSCRIPT

Page 1: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

ОСТРОВОТ НА СКРИЕНОТО БОГАТСТВО

Роберт Луис Стивенсон

Page 2: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

2

Page 3: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Прв делСТАРИОТ ГУСАР

3

Page 4: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

1. СТАРИОТ МОРСКИ ВОЛК КАЈ „АДМИРАЛ БЕНБАУ“

Бидејќи големопоседникотТрилоуни, докторот Лејсви и другите, побараа од мене да ги напишам сите подробности за Островот со скриеното богатство, да напишам сè од почеток до крај, без да пропуштам ништо, освен каде се наоѓа, а ова само заради тоа што еден дел од богатството сè уште лежи таму, го земам перото во годината 17.. и се враќам во времето кога татко ми ја држеше крчмата „Адмирал Бенбау“ и кога опалениот од сонцето стар морнар, со лузна на лицето, првпат се насели под нашиот покрив.

Се сеќавам, како да беше вчера, кога со тешки чекори пријде кон вратата на крчмата, додека некој зад него, на рачна количка, го влечеше неговиот морнарски сандак. Беше тоа висок, крупен, гломазен човек, со поцрнето лице, со перчин црн како катран што му паѓаше преку рамото од неговиот измастен син капут; рацете му беа со стврднатини и солупени, а ноктите црни и искршени. Преку едниот негов образ се гледаше голема, длабока и грда исекотина. Се сеќавам како ја разгледа крчмата свиркајќи си за себе и како одеднаш со висок, старечки глас што му потреперуваше и се губеше, ја почна онаа стара морнарска песна која подоцна често ја пееше:

Петнаесетмина околу ковчегот на покојникотА-ха-ха - и шише рум!

Тогаш чукна на вратата со својот стап што личеше на железна ќускија, а кога се појави татко ми, грубо му побара чаша рум. Кога му беше донесена, ја испи полека, насладувајќи се како вистински зналец, насочувајќи го притоа својот погпед кон гребените и, горе, на натписот на крчмата.

- Ова е пријатен залив - рече по долго размислување - крчмата е на убаво место. Имаш ли доста гости, другар?

Татко ми му одговори дека, напротив, има многу малку посетители, што е за жалење.

- Добро, тогаш - рече тој - ова е гнездо за мене... Еј, ти, другар - му викна тој на човекот што го довлечка сандакот - приближи ја количката и помогни тоа да се однесе горе. Извесно време ќе останам овде - го продолжи својот монолог - јас сум едноставен човек и сè што ми треба е малку рум, сланина и јајца... се разбира, и очи, за да можам да го гледам заминувањето и пристигнувањето на лаѓите. Како ќе ме викате? Можете да ме викате капетан. Аха,

4

Page 5: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

гледам што очекувате... еве! - и тој фрли три или четири златници на прагот. - Кажете ми кога ќе ја преминам таа сума - додаде, гледајќи остро како некој заповедник.

Навистина, иако алиштата му беа во лоша состојба, а изразувањето грубо, не оставаше впечаток на обичен морнар. Повеќе личеше на крмар или заповедник на брод кој бара послушност без поговор. Човекот кој му го донесе сандакот ни рече за него дека се истоварил ден пред тоа од поштенскиот брод и отседнал во „Ројал Џорџ“, дека се распрашувал за крчмите покрај брегот и бидејќи за нашата чул само добро, а и дека е осамена, претпоставува дека токму затоа ја одбрал за место каде што ќе престојува. Тоа беше сè што тогаш дознавме за нашиот гостин.

Беше многу молчалив; по цел ден шеташе по долината или се качуваше на гребените со месингана дулбија в раце, а навечер седеше во еден агол на крчмата, блиску до огнот, и пиеше рум со малку вода. Ако некој му се обратеше, обично не одговараше, само луто ќе погледнеше, дувнувајќи низ нос толку силно како да е тоа бродски рог за магла, така што ние и посетителите на нашата крчма брзо се навикнавме да го оставаме на мир. Секој ден, по враќањето од прошетките, прашуваше дали поминал тука некој морнар. На почетокот верувавме дека му недостига друштвото на своите другари, меѓутоа подоцна видовме дека, напротив, намерата му беше да ги избегне. Кога некој морнар на поминување за Бристол ќе свратеше кај „Адмирал Бенбау“, тој добро ќе го загледаше низ завесата на вратата пред овој да влезе во салата, и тогаш секогаш беше мирен како глушец, сè додека таквиот гостин не ја напуштеше нашата крчма. Неговата повлеченост, барем за мене, не претставуваше тајна - на некој начин, го делев со него неговиот страв. Еден ден ме тргна настрана и ми вети четири сребрени пени секој први во месецот ако добро внимавам на „морнарот со една нога“ и доколку го известам оној момент кога овој би се појавил. Често, кога на први ќе му се обратев за ветената плата, тој само ќе дувнеше низ носот и ќе ме уплашеше со погледот но веќе штом поминеше неделата, се предомислуваше, ми даваше четири пени и одново наредба внимателно да внимавам на „морнарот со една нога“.

Колку таа личност ме прогонуваше во моите соништа, не треба да ви кажувам! Во бурните ноќи, кога од ветрот се тресеа ѕидовите на нашата куќа, а брановите, бучејќи, удираа во брегот и гребените, го видував во илјадници облици и со безброј ѓаволски изрази. Понекогаш ногата би му била отсечена до колена, другпат до колкот, а често би ми се појавувал како некое чудно суштество кое отсекогаш имало една нога на средината од своето тело. Мојата

5

Page 6: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

ноќна мора достигнуваше врв кога тоа чудовиште ќе почнеше да трча, да скока и да ме префрла преку ендеци и огради. Како што и самите гледате, имајќи ги предвид страшните привиденија што ме прогонуваа, скапо ме чинеа четирите пени што ги примав од капетанот.

Иако ме обземаше страв и при самата помисла на морнарот со една нога, од капетанот се плашев многу помалку отколку што се плашеа другите. Беше вечер кога беше испил многу повеќе рум отколку што требаше и во таквите случаи, со израсипан јазик, обично пееше стари морнарски песни, не обрнувајќи внимание на никого; понекогаш порачуваше пијалок за сите по ред и ги принудуваше другите да ги слушаат неговите приказни или да пеат заедно со него. Често се случуваше целата куќа да се тресе од она: „Аха-ха, и шише рум“; сите гости тоа го прифаќаа сосила, од страв да не им летне главата, и се надвикуваа еден со друг, сакајќи да ги избегнат забелешките на капетанот. Во таквите прилики тормозеше се околу себе, тропаше со рацете на масата за да ги замолчи другите, скокнуваше раздразнето заради некое прашање, а понекогаш и заради тоа што никакво прашања не се поставуваше, сметајќи дека друштвото со недоволно внимание ја следи неговата приказна.

Гостите од сè најмногу се плашеа токму од неговите приказни. Беа навистина страшни: за бесења и за стоење на штици со клинци со врвовите свртени нагоре, за бурите на морето и за островите Сувите Желки, или за ужасните доживувања што ги имал на северните брегови на Јужна Америка и Карипското Море. Според неговите зборови, мора да живеел меѓу најрасипаните луѓе на кои бог некогаш им дозволил да пловат по морињата; не би можел да ви кажам од што повеќе се згрозуваше нашиот прост селски свет - од јазикот со кој се служеше кога раскажуваше или од свирепите злосторства што ги опишуваше. Татко ми често зборуваше дека ќе ни ја упропасти работата и дека гостите ќе престанат да доаѓаат кај нас; мислеше дека ќе го избегнуваат тормозењето и неизбежното тресење од страв при враќањето во своите домови. Меѓутоа, јас верував дека неговото присуство повеќе ни користеше отколку што ни штетеше. Луѓето, само во момент се плашеа, но размислувајќи подоцна за приказните, тие приказни им се допаѓаа; тоа беше прекрасно возбудување за мирниот селски живот; дури се најде една група млади луѓе, кои се чини, го обожуваа, наречувајќи го „вистински морски волк“, „стара добра стока“ и со слични имиња и зборувајќи дека таквите луѓе направиле нивната земја да стане страв и трепет на сите мориња.

6

Page 7: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Меѓутоа, од друга страна, изгледаше дека нè води во пропаст, бидејќи продолжи кај нас да седи иако поминуваа недели и месеци, сè додека сите пари што ни ги даде при пристигнувањето не се потрошија, а татко ми немаше срце ни храброст енергично уште да му побара. Ако воопшто за тоа и му спомнеше, капетанот така силно дувнуваше низ носот што со таа грмотевица го заплашуваше, божем, ќе го оддуваше од собата мојот татко. Го гледав како по една таква сцена ги крши прстите и убеден сум дека тој немир и страв многу придонесоа за неговата прерана смрт.

За целото време што го помина кај нас, капетанот имаше исти алишта, освен по некој чифт чорапи што ги купуваше од торбарите. Бидејќи сенилото од шеширот веќе му висна, го остави така да му виси, без оглед што му пречеше кога дуваше ветер. Се сеќавам на неговиот капут што го крпеше горе во собата и кој на крајот целиот беше во крпеници. Никогаш не пишуваше ниту примаше писма, а разговараше само со редовните гости на крчмата и тоа, главно, кога ќе се напиеше рум. Неговиот морнарски сандак беше секогаш заклучен.

Само еднаш се случи некој да му се спротивстави, и тоа пред крајот, кога мојот кутар татко толку пропадна што беше очигледно дека му се ближи смрт. Докторот Лејвси дојде доцна едно попладне да го посети пациентот; мајка ми му даде малку да прикасне, па тој отиде во салата за разговор да испуши едно луле додека му го донесат коњот од селото, бидејќи нашата стара крчма немаше штала. Одев по него и се сеќавам дека ми падна в очи разликата меѓу чистиот свеж доктор - со светли, црни очи и со пријатни движења, со напудрена, како снег бела коса - и мештаните, а над сè, нечистото, гломазно страшило, нашиот гусар, кој држејќи ги рацете на масата, тромо гледаше во шишето со рум. Оддеднаш тој ја зарика својата вечна песна:

Петнаесетмина околу ковчегот на покојникотА-ха-ха, и шише рум!

Пиј, а за другото ѓаволот ќе се погрижиА-ха-ха, и шише рум!

На почетокот замислував дека ковчегот на покојникот е токму оној горе, во неговата соба, и таа мисла, како и онаа за морнарот со една нога, не ми даваше ноќе мир. Сега, меѓутоа, дамна сите престанавме да обрнуваме особено внимание на таа песна. Таа ноќ претставуваше нешто ново само за докторот Лејвси, а на него, како што можев да забележам, не направи пријатен впечаток, бидејќи

7

Page 8: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

тој, за момент, налутено го подигна погледот, а потоа го продолжи разговорот со градинарот - со стариот Тејлор - за новото средство против ревматизам. Во меѓувреме, стариот гусар сè повќе се загреваше со својата песна и, на крајот, удри со рацете по масата пред себе, што за сите нас беше знак за тишина; сите гласови, освен оној на докторот, замолкнаа, а тој продолжи како пред тоа, зборувајќи јасно и после секои два-три збора благо вовлекувајќи чад од своето луле. Капетанот, речиси неверувајќи, вчудовидено се џареше во него, потоа одново чукна на масата, се очакари уште повеќе и свреска: „Мир таму на палубата!“

- Дали вие можеби мене ми се обраќате, господине? - праша докторот.

- Вам, ами кому! - врекна капетанот и опцу.- Имам само едно нешто да ви кажам господине, дека наскоро,

само ако продолжите да пиете рум, светот ќе биде слободен од едно валкано арамииште.

Капетанот го опфати страшен бес; тој скокна, го извлече и го отвори морнарскиот нож и, вртејќи го во дланката, му се закануваше на докторот дека ќе го закова за ѕидот.

Докторот не се ни помрдна од местото; и понатаму му зборуваше преку рамото со истиот, доста висок глас, така што целата сала може да го чуе, а сепак сосема мирно и прибрано.

- Ако овој момент не го ставите ножот в џеб, ветувам, жими честа, дека првото судење по ред ќе биде ваше и дека сигурно ќе висите.

Откога изменија неколку остри погледи, капетанот се повлече, го врати ножот во џебот и, завивајќи како претепан пес, одново седна на своето место.

- Значи, господине - продолжи докторот - бидејќи сега знам дека таков тип се наоѓа во мојот округ можете да сметате на тоа дека и ден и ноќ ќе се внимава на вас. Јас не сум само лекар, освен тоа сум и судија, така што ако се поднесе макар и најмало обвинение против вас, макар тоа била и неучтивост како пред малку, ќе ги преземам потребните мерки да бидете фатен и протеран. Нека ви биде тоа доволно!

Набрзо потоа на докторот му го доведоа коњот и тој одјава, а капетанот таа вечер, како и многуте многу вечери што следеа, беше од ништо помал.

8

Page 9: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

2. ЦРНИОТ ПЕС СЕ ПОЈАВУВА И ИСЧЕЗНУВА

Набрзо по овој, се случи првиот таинствен настан кој, најпосле, нè ослободи од капетанот; иако, како што ќе видите, не и од другите работи во врска со него. Зимата беше остра, со долги и силни мразеви и со големи бури; ни беше јасно дека постои мала веројатност дека мојот кутар татко ќе ја дочека пролетта. Од ден на ден венееше, додека крчмата падна на грбот на мајка ми и на мојот грб; имаше толку работа што немавме време да се обѕираме на нашиот непријатен гостин. Едно јануарско утро, уште рано, додека воздухот ги штипеше образите и сè се смрзнуваше, а заливот имаше сив изглед од ледената измаглица - брановите полека удираа во карпите, а сонцето ниско, речиси потпирајќи ги врвовите на ритчињата, ги фрлаше зраците во правец на морето - капетанот стана порано од обично и појде долж брегот, со ножот кој се нишаше под широкиот скут на неговиот син капут, со дулбијата под мишка и со шеширот на глава. Се сеќавам, дека додека заминуваше, здивот се виеше по него како чад, а додека исчезнуваше зад големата карпа во близината, слушнав како налутено мрмори, како сè уште да мисли на докторот Лејвси.

Мајка ми беше горе, кај татко ми, а јас ја местев масата за појадок за случај капетанот брзо да се врати, кога вратата на крчмата се отвори и во салата влезе некој човек кого дотогаш не го имав видено. Тоа беше бледо, доста високо суштество, на чија лева рака недостигаа два прста и, иако носеше нож, не личеше на некој борец. Постојано внимавав да не наиде морнарот со една, па дури и со две нозе, и се сеќавам дека овој изгледаше загадочно. Тој не оставаше впечаток на морнар, а сепак во него имаше нешто од поморец.

Го прашав што сака. Одговорот беше „Чаша рум“. Додека одев да му донесам, тој седна на масата и со движење на раката ме повика да му пријдам. Јас застанав в место со крпата в раце.

- Дојди овде, синко - рече тој - Дојди поблиску!Му се приближив еден чекор.- Нели оваа маса овде е за мојот другар Бил! - праша тој,

насмевнувајќи се сосила.Му одговорив дека не го познавам неговиот другар Бил и дека

масата ја подготвив за гостинот кој живее во нашата крчма, а кого го викаме капетан.

- Па, како да се земе - рече тој - мојот другар Бил можете и така да го викате. Тој има исекотина на едниот образ и многу пријатно однесување. Има, богами, особено кога е поднапиен, мојот

9

Page 10: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

стар другар Бил! Ќе земеме, да речеме, заради доказ, дека вашиот капетан има исекотина на образот и уште ќе речеме ако сакате, дека е тоа токму десниот образ. Е, добро, сега кога се ви кажав, одговорете ми дали мојот другар Бил е во вашата куќа.

- Му реков дека е излезен на прошетка. - На која страна, сине? По кој пат тргна.

Кога ја испружив раката во правец на карпата и кога реков дека капетанот веројатно брзо ќе се врати и дадов одговор уште на некои прашања.

- Ах - рече тој - овој рум така ми годи како да го пијам за здравје на мојот другар Бил.

Додека ги изговараше овие зборови, изразот на неговото лице не беше ни најмалку пријатен. Кога некој би претпоставил дека тој го мислеше она што го рече, јас би имал свои причини да не му поверувам. Меѓутоа, тоа не е моја работа, си мислев, а освен тоа ми беше тешко да се знае што треба да се стори. Странецот се врткаше околу влезот на крчмата, ѕиркајќи секој момент, како мачка што демне глушец. Еднаш излегов надвор на патот, но тој веднаш ме викна назад и бидејќи, според неговото мислење, не го послушав доволно брзо, на неговото лојно лице се случи страшна промена и тој ми ја повтори наредбата со таква пцовка што јас потскокнав. Штом се вратив, странецот продолжи со своето поранешно полудодворувачко, полупотсмешливо однесување: ме потчукна по рамото, ми рече дека сум бил добар момчак и дека сосема ме засакал.

- Имам син баш таков каков што си ти - рече - тој е гордост на мојата душа, но за момчињата е потребна дисциплина, сине, само дисциплина. Да си поминал подолго време со Бил, не би ти се случило една иста работа да повторувам. Не, братче! Бил на такво нешто не навикнал, ниту пак другите со кои пловел. Ах, еве го, сигурен сум дека доаѓа мојот другар Бил, со дулбијата под мишка, бог нека го благослови! Сега ти и јас ќе одиме во салата сине, ќе се скриеме зад вратата и на нашиот Бил ќе му приредиме мало пријатно изненадување. Бог нека го благослови, велам повторно.

Зборувајќи вака, странецот, туркајќи ме пред себе се повлекуваше во салата; ме смести во аголот зад себе, така што и двајцата бевме скриени зад отворената врата. Се чувствував многу непријатно и, како што можете да си замислите, бев возбуден. Мојот страв уште повеќе се зголеми кога забележав дека непознатиот и самиот е многу исплашен. Тој ја ослободи рачката од својот нож, го извлече од футролата, а за сето време додека тука чекавме голташе плунка како коска да му застанала в грло.

10

Page 11: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Најпосле капетанот влезе, ја затвори вратата по себе и, не гледајќи ни лево ни десно, преку собата, се упати одново кон местото каде што го очекуваше појадокот.

- Бил! - викна непознатиот глас што, како што ми се стори, требаше да изгледа смел.

Капетанот се сврти на петиците. Неговата мрка боја речиси ја снема од лицето, а носот речиси посине, имаше изглед на човек што видел духови или ѓаволи, или нешто уште полошо, ако постои уште полошо и, чесен збор, во тој момент ми беше жал за него, гледајќи го како старее и како се занесува.

- Ајде, Бил, прибери се, ти ме знаеш. Сигурно го познаваш својот стар другар - рече непознатиот.

Капетанот тешко укна.- Црниот пес! - само рече.- А кој друг? - одговори овој стануваќи послободен. - Црниот

Пес, онаков како што бил секогаш, дошол кај својот стар другар Бил во крчмата „Адмирал Бенбау“. Ах Бил, Бил, ние двајцата во свое време, откако ги изгубив своите два прста, видовме страшни работи. Притоа покажа на осакатената рака.

- Сега внимавај - рече капетанот - ме дотера до самата дупка; еве ме: па, зборувај, што е?

- Значи, навистина си ти тоа, Бил - одговори Црниот Пес - секако во подобра положба си. Ова момче, кое толку го засакав, ќе ми донесе чаша рум, а ние, молам, ќе седнеме на отворено и ќе поразговараме како стари другари од бродот.

Кога се вратив со румот, веќе седеа еден спроти друг на масата што беше подготвена за капетанот - Црниот Пес блиску до вратата, од страна, за да може со едното око да внимава на својот другар, а со другото, како што ми се чинеше, на своето повлекување.

Тој ми рече да се оддалечам и да ја оставам вратата отворена.

- Без никакво прислушкување, сине - додаде.Ги оставив заедно и отидов во одделението за точење

пијалок.Навистина, долго се напрегав нешто да слушнам, додека до

мене допираше само неразгатливо мрморење; но на крајот гласовите стануваа посилни и можев да разберам збор-два, повеќето пцовки на капетанот.

Навистина, долго се напрегав нешто да слушнам, додека до мене допираше само неразгатливо мрморење; но на крајот гласовите стануваа посилни и можев да разберам збор-два, повеќето пцовки на капетанот.

11

Page 12: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Тогаш одеднаш почна страшна експлозија на пцовки и други повици - столиците и масата одлетаа на разни страни, следеше ѕвечење на оружје, а потоа офкање - а веќе следниот момент го видов Црниот Пес, кому од левото рамо му течеше крв, како бега. Капетанот го гонеше, додека двајцата во рацете ги држеа своите криви ножеви. Кај самата врата капетанот силно замавна со намера на бегалецот да му го зададе последниот, стравотен удар со кој, сигурно, би му ја пресекол кичмата ако ножот не се задржеше на висечката табла на крчмата. И ден денешен, на дното од натписот, може да се види трагата од тој удар.

Со ова битката беше завршена. Стигнувајќи до патот, Црниот Пес, и покрај раната, на чуден начин ги покажуваше петиците и за половина минута исчезна зад ритчето. Капетанот, од своја страна ѕуреше во таблата како маѓепсан, а потоа неколкупати помина со раката преку очите и најпосле влезе во крчмата.

- Џим - рече тој - рум! - Додека зборуваше малку се занесе и со едната рака се потпре на ѕидот.

- Да не сте ранет? - викнав јас.- Рум - повтори тoј. - Морам брзо да бегам одовде. Рум! Рум!Стрчав да му донесам, но возбуден од настанот, скршив една

чаша и ја расипав славината; додека и натаму така се сплеткував, слушнав тапо паѓање во салата. Потрчав назад и го најдов капетанот пласнат на земја. Во истиот момент, мајка ми, која ја слушнала викотницата и тепачката, стрча по скалите долу за да помогне. Заедно му ја поткренавме главата; дишеше тешко и длабоко, додека очите му беа затворени, а лицето му доби ужасна боја.

- Уф, уф! - викна мајка ми - каков срам за нашата куќа. Најлошото е што твојот сиромав татко лежи горе и не е во состојба да ни помогне.

Во меѓувреме не знаевме како да му помогнеме на капетанот и постојано мислевме дека добил некоја тешка рана во борбата со непознатиот. Се разбира, рум донесов и се обидував да му го турам во грлото; но забите му беа цврсто стегнати, а вилиците како од железо. За среќа, вратата се отвори и за наше големо олеснување, го видовме докторот Лејвси кој доаѓаше да го посети татко ми.

- Ох, докторе - викнавме - што да правиме? Каде е ранет?- Ранет? Глупости! - рече докторот. - Тоа е само крајот на сите

алкохоличари. Речиси сите тие завршуваат на тој начин, како што и го предупредив. Ранет е колку што сме ти и јас. Вие госпоѓо Хоукинс побрзајте кај вашиот маж и, ако е можно, не кажувајте му ништо за ова. Што се однесува до мене, ќе направам сè да го сласам овој безвреден живот. Џим ќе ми донесе некоја посатка.

12

Page 13: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Кога се вратив со една чинија в раце, докторот веќе го имаше искинато ракавот на капетанот и му ја имаше ослободено гломазната жилава и целата истетовирана рака. „Добра среќа“, „Поволен ветер“, „Желбите на Бил Боунс“ - сето тоа, чисто и јасно, беше испишано на подлактицата, а горе, близу до рамото, имаше вистинска бесилка со обесен човек, изработена како што ми изгледаше, со големо внимание и љубов.

Претскажување! - рече докторот, допирајќи ја творбата со прстот. - А сега, Бил Боунс, ако навистина така те викаат, ќе ја видиме бојата на твојата крв. Џим - додаде -можеби ти е непријатна една таква глетка.

- Не, докторе одговорив.- Добро, тогаш придржи го садот. - Зборувајќи го тоа, тој го

извади својот скалпел и ја отвори вената.Истече доста крв додека капетанот ги отвори своите

замаглени очи и погледна околу себе. Здогледувајќи го докторот, тој се намурти, но се разведри кога погледот му падна на мене. Тогаш лицето нагло му се измени и, обидувајќи се да стане, врекна:

- Каде е Црниот Пес?- Јас не се викам така - го прекина овој. Не ме интересира - одговори докторот. - Тоа е име на еден

мој познајник, инаку гусар по професија, па бидејќи е тоа згодно име, така ќе ве викам. Ќе ви кажам само: една чаша рум нема да ве убие, но ако земете една, ќе земете и втора, и трета, и жими перикава, тоа ќе ве скрши, ќе умрете, ме разбирате ли? Ќе умрете и ќе одите во пеколот пред да сакате. Ајде сега, обидете се да станете! Овојпат ќе ви помогнам до креветот.

Заедно со доста мака, успеавме да го искачиме да го легнеме в кревет; главата му падна на перницата како да беше во несвест.

- Внимавајте сега - рече докторот - румот за вас значи смрт, а бидејќи ве предупредив совеста ми е чиста.

По тие зборови тргна да го посети татко ми и ме зеде со себе.- Ова не е ништо - рече откога по себе ќе ја затвориме

вратата. - Му пуштив толку крв што за извесно време ќе биде мирен. Би требало да лежи барем една недела. Тоа ќе му помогне но следниот удар сигурно би го убил.

13

Page 14: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

З. ЦРН ЗНАК

Околу пладне му донесов на капетанот некои ладни пијалоци и лекови. Лежеше речиси во иста положба во која го оставивме, а изгледаше слаб и исцрпен.

- Џим - рече - ти си единствениот овде што нешто вреди; знаеш дека секогаш бев добар спрема тебе: никогаш не поминал еден месец, а да не сум ти дал четири сребрени пени. Сега гледај, другар, слаб сум и напуштен од сите и, Џим, ќе ми донесеш чаша рум, нели ќе ми донесеш, другар?

- Докторот... - почнав...Тој тогаш почна да го пцуе докторот со слаб, но лут глас.- Ако се прашувам јас, сите доктори со ред немаат поим, а тој

таму е вистински пример на незнајко. Што знае тој за морнарите? Јас сум ти бил на страшни места каде што другарите паѓаа околу мене како снопје од жолта треска и каде што земјата се нишаше како да си на бранови. Што еден доктор може да знае за таквите земји? А живеев од рум, ти велам. Тоа ми беше сè во животот и, ако сега не ми донесеш ќе се чувствувам како бродско корито на суво; ти ќе носиш грев на душата, Џим, и тој влечко доктор - и тој продолжи во тој тон уште некое време. - Гледај, Џим, како ми се тресат прстиве - продолжи со молежлив глас - не можам да ги запрам, зашто во овој денешен проклет ден ни една капка немам испиено. Тој доктор е будала, верувај ми! Ако не ми дадеш рум, Џим, ќе почнат да ми се јавуваат духови. Некои од нив веќе имам видено: стариот Флинт, таму во аголот зад тебе. Го видов како што те гледам сега тебе и, ако продолжат да ме посетуваат тие сенки, а јас сум човек кој минал низ грозен живот, ќе го убијам својот роден брат! Самиот твој доктор ми рече дека една чаша не би ми штетела. Џим, ќе ти дадам златник за чаша рум.

Бидејќи зборуваше сè погласно и погласно, се исплашив за татко ми кој тој ден се чувствуваше многу лошо и кому му беше потребен мир, и бидејќи веќе ме потсети на зборовите на докторот и многу ме навреди со обидот за подмитување, реков:

- Вашите пари не ми се потребни, освен оние што му ги должите на татко ми. Ќе ви донесам една чаша и ни капка повеќе!

Кога му ја донесов чашата, алчно ја зграби и ја испи до дното.- Да, да - рече - сега, се разбира, е малку подобро. Кажи ми,

другар, дали тој доктор зборуваше за тоа колку долго би требало да останам овде... мислам, в кревет?

- Најмалку една недела - одговорив.

14

Page 15: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- По ѓаволите - се врекна тој. - Недела дена! Тоа не можам. Не, никако! Дотогаш би ми испратиле црн знак. Тие парталковци ќе почнат да ме гонат од овој момент, парталковците кои своето не можат да го задржат, а би сакале нешто туѓо. Сега ти кажи ми, дали еден вистински морнар би требало да прави такво нешто? Јас сум штедлива душа, никогаш не ги растурав парите, нити пак ги губев, и пак ќе ги излажам. Не се плашам јас од нив; ќе ја сменам крчмата, другар, и одново ќе им се провнам.

Додека зборуваше, со мака се поткрена на креветрт, фаќајќи ме со раката за рамото како со клешта, така што јас речиси заплакав, а потоа тешко ги помрдна нозете како да му беа од олово. Зборовите што ги изговараше, отсечни по значењето, тажно не се совпаѓаа со неговиот малаксан глас. Кога успеа да заземе седечки став на работ од креветот, тој воздивна.

- Докторот добро ме среди - промрмори - ми зуи во ушите, легниме назад.

Пред да можам да му помогнам, тој самиот се навали и остана извесно време така мирно да лежи.

- Џим - рече по мала пауза - го виде денес оној морнар.- Црниот Пес? - прашав.- Да, да, Црниот Пес - рече. - Лош е тој човек, но уште полоши

се оние што го испратиле. Ако сега никако не би можел да си отидам одовде и ако им успее да ми пратат црн знак, ќе се обидат да дојдат до мојот сандак, запомни го тоа; јавни го коњот... знаеш да јаваш, зар не? Значи, тогаш скокни на коњ и право... па, да, сакам! ... кај оној никаков проклет доктор и речи му да ги собере сите, судиите и другите органи на власта, и да ги собере на „палубата“ на „Адмирал Бенбау“, целиот Флинтов бродски екипаж... луѓето и морнарите што преостанале. Бев прв крмар, прв крмар на Флинт, и јас сум единствениот што го знае „местото“; ми го даде планот во саваната, додека умираше... гледаш, токму како сега. Но, Џим за тоа не зборувај никому ништо, сè додека не ми го предадат црниот знак или додека не се појави одново Црниот Пес или морнарот со една нога, особено тој.

- Но, капетане, што е тоа „црн знак“?- Тоа е некоја покана, другар; ќе ти кажам ако ми ја пратат. Ти

само добро внимавај, Џим, сè ќе делиме на еднакви делови, жими честа!

Зборуваше уште некое време, но гласот му стануваше сè послаб, та затоа набрзо му го дадов лекот што тој го прими како некое дете, велејќи:

- Ако на некој воопшто некогаш му бил потребен лек, тоа мене ми е навистина потребен.

15

Page 16: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Набрзо потоа падна во длабок, летаргичен сон, во кој го оставив. Што беше потребно да се преземе за работите да течат како што би било неопходно, не знам. Бидејќи чувствував смртен страв, помислувајќи на можноста капетанот да се покае заради искажаното признавање и на последиците од тоа, можеби сепак требаше за сè да се извести докторот. Но настаните течеа на свој начин: мојот кутар татко неочекувано умре таа вечер, та сите други работи отидоа во втор план. Нашата разбирлива тага, посетата на соседите, грижата околу закопот и работата која во меѓувреме мораше да се врши во крчмата, толку многу го исполнија моето време и моите мисли, што одвај и помислував на капетанот, а уште помалку му се плашев.

Следното утро, жими најмилото, тој слезе долу како обично, ги зеде своите оброци, макар што јадеше малку но, ми се чини, рум испи повеќе од обично, бидејќи забележав дека сам се служеше во барот. Беше смуртен и дуваше низ носот така што никој не се осмелуваше да му застане на патот. Вечерта, пред погребот, се напи како никогаш порано: беше просто ужасно да се слуша како ја пее својата одвратна морнарска песна во куќата во која се жалеше. Меѓутоа, очигледно толку многу беше пропаднат што сите се грижевме да не умре, бидејќи докторот, кој веќе не ни доаѓаше по татковата смрт, сега одненадеж беа го викнале во друго, доста оддалечено место. Како што реков, беше толку слаб и, навистина повеќе изгледаше дека пропаѓа, отколку да се опоравува. Кога се качуваше или слегуваше од својата соба, се чинеше повеќе како да се влечка, отколку да оди, а кога одеше до селото во барот или кога се подаваше низ вратата за да го почувствува мирисот на морето, со раката се потпираше на ѕидот и дишеше тешко и забрзано, како да се качува на планина. Мене ни еднаш не ми се обрати, така што верував дека заборавил на својата исповед. Расположението му беше многу променливо и, бидејќи засилено со физичката слабост, беше понавреклив од секогаш. Сега му стана навика, додека пиеше, да го вади својот нож од футролата и така гол, да го става на маса. Но и покрај сето тоа, околината не го интересираше и често можеше да се забележи дека мислите му лутаат некаде далеку. Во една прилика, на пример, на наше најголемо изненадување, почна да пее друга арија, некој вид народна љубовна балада, која, веројатно, ја научил во младоста, пред да отплови на море.

Така течеа работите сè до денот на погребот. Околу три часот на тоа ладно магловито попладне, додека седев пред вратата размислувајќи за својот покоен татко, забележав како некој човек полека се приближува по патот; тупкаше со некој стап пред себе, а преку очите имаше зелена крпа; очигледно беше слеп. Одеше

16

Page 17: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

подгрбавено, стар и изморен, а по него се влечеше огромна, искината морнарска пелерина со капелка, која само го потполнуваше неговиот навистина грозен изглед. Запре недалеку од крчмата и со некој чуден, звучен глас, му се обрати на просторот наоколу:

- Дали некој добар човек би му кажал на еден кутар слепак кој го изгубил драгоцениот вид, храбро бранејќи ја својата татковина Англија... нека го благослови бог кралот Џорџ... каде и во кој крај од земјата се наоѓам?

- Ова е долината Блек Хил, крчмата „Адмирал Бен-бау“, добар човеку - реков.

- Слушам некој глас - рече тој - глас на млад човек. Ќе сакаш ли добар, млад пријателу, да ми дадеш рака и да ме воведеш внатре?

Јас му подадов рака, а грозното, благоглаголиво слепо суштество, во тој момент ми ја зграпчи како со клешта. Уплашен, се обидов да се ослободам, но слепиот со едно движење на раката ме привлече до себе.

- Сега, момче - рече - носи ме кај капетанот!- Не смеам, човку!- О - се исклешти тој - така, значи! Однеси ме право кај него

или ќе ти ја скршам раката.Зборувајќи така, тој толку силно ми го сврти зглобот што

зајачкав.- Човеку, го реков тоа заради вас, капетанот не е она што

беше; тој седи со изваден нож пред себе... сосема друг човек...- Ајде, напред - ме прекина тој. Гласот му беше свиреп, ладен

и одвратен; никогаш дотогаш не бев слушнал таков глас. Тоа ме исплаши повеќе отколку болката и јас послушав и го однесов во салата каде што нашиот болен, стар гусар седеше занесен од румот. Слепецот ме држеше цврсто, потпирајќи се на мене со целото тело, така што одвај го поднесував тој товар.

- Носи ме право кај него - рече - а кога ќе го видиш, викни: „Еве ви го пријателот, Бил“. Ако не го сториш тоа, јас вака - притоа ми ја заврти раката така силно што речиси се онесвестив. За ова кусо време слепиот просјак толку ме беше исплашил што стравот што ми го наметнуваше капетанот изгледаше безначаен, та затоа, отворајќи ја вратата на салата, со треперлив глас ја повторив наредбата.

Кутриот капетан го крена погледот. Само еден поглед беше доволен за целосно да го отрезни и да го смрзне. Изразот на неговото лице не оддаваше толку страв од слепецот, колку од некоја друга смртна опасност. Тој се обиде да стане, но без успех.

17

Page 18: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Значи, Бил, не мрдај! - нареди просјакот. Ако не гледам, слушам и ќе го почувствувам дури и движењето на твоите прсти. Работа си е работа. Дај ја левата рака! Момче, земи му ја левата рака и подај ја кон мојата десна!

Двајцата послушавме без збор; видов како со раката со која го држеше стапот, спушта нешто во капетановата дланка, која во истиот момент се затвори.

- Сега завршивме со тоа - рече слепиот и потоа ме пушти. Беше просто неверојатно со каква точност и брзина излезе од салата до патот; тропкањето на неговиот стап постепено се губеше во далечината.

Извесно време капетанот и јас стоевме вчудовидени, а потоа, речиси во истиот момент, јас го олабавив стисокот, а тој ја повлече раката и внимателно го погледна предметот во дланката.

- Во десет часот! - викна. - Уште шест часа! Сепак ќе ги испревариме! - рече и скокна на нозе.

Притоа се занесе и ја принесе раката кон грлото; остана за момент така, нишајќи се, а потоа, колку што беше долг и широк, падна главечки на подот.

Притрчав, викајќи по мајка ми, но се беше залудно: животот на капетанот беше молскавично завршен. Чудна работа, иако во последно време почнав да чувствувам сожалување кон него, никогаш не го сакав, а сепак, сега кога видов дека нè остава, ми гргнаа солзи од очите. За кусо време, тоа беше втора смрт, додека болката беше сè уште свежа во моето срце.

18

Page 19: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

4. МОРНАРСКИ КОВЧЕГ

Се разбира дека на мајка ми ѝ раскажав сè што знаев, а можеби требаше тоа порано да го сторам, та дојдовме до заклучок дека сме се нашле во тешка и опасна ситуација. Извесен дел од парите на гусарот, ако воопшто имаше, секако ни припаѓаше нам, но постоеше мала веројатност другарите на капетанот, од кои двајца запознав, да бидат расположени да го отстапат пленот заради плаќање на неговите долгови. Ако ја прифатев порано издадената наредба на стариот гусар и веднаш да јавев кај докторот Лејсви, мајка ми би останала сама и незаштитена, а тоа не можев да го дозволам. Меѓутоа, да се остане и натаму дома, ни изгледаше навистина невозможно, потпукнувањето на јагленот во каминот, па дури и отчукувањето на часовникот, нè исполнуваше со страв, ни изгледаше како да слушаме како од сите страни се ближат чекори, а гледајќи го мртвото тело на капетанот спрострено на подот, помислувајќи дека слепиот одвратен просјак се снове во близината, крвта ни се смрзнуваше во жилите. Нешто мораше да се преземе, та најпосле решивме заедно да одиме во блиското село и да побараме помош. Како што решивме, така во часот и сторивме: гологлави и недоволно облечечени истрчавме во полумракот и измаглицата.

Селцето беше оддалечено само неколку стотина метри, а беше пикнато во следната долина и, она што посебно ме храбреше беше тоа што лежеше на спротивната страна од каде што се појави слепиот човек и на која страна тој веројатно и се врати. И макар што неколкупати подзастанувавме и фаќајќи се еден со друг за рака наслушнувавме, ни беа потребни само неколку минути за да стигнеме. По пат не слушнавме никаков необичен звук: само тивкото потпласнување на брановите и гракањето на гавраните во далечината.

Кога стигнавме веќе беше потстемнето и никогаш нема да заборавам колку многу се израдував на жолтата светлина што се подаваше низ вратите и прозорците. Впрочем, како што се покажа, тоа беше единствената помош што тука можевме да ја добиеме, бидејќи - сигурно веќе помисливте, би требало тие луѓе да се срамат - никој не се согласи да дојде со нас назад во крчмата. Колку што повеќе се трудевме да им ја опишеме неволјата во која се наоѓавме, толку повеќе мажите, жените и децата, се стискаа еден во друг во своите домови. Името на капетанот Флинт за чии подвизи дотогаш не знаев, на некои во селото им беше познато по зло и предлзвикуваше ужасен страв. Некои од селаните се сетија

19

Page 20: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

дека, додека ги обработувале своите ниви кои се наоѓаа во близината на нашата крчма, виделе на патот доста туѓинци и им се тргале од погледот, сметајќи ги за криумчари. Еден селанец дури видел една мала едрилица закотвена во Китовата Дупка. Накусо, што се однесува до нив, се плашеа од секого кој бил пријател на капетанот, некои со добра волја се понудија да одјаваат до докторот Лејсви, но никој не сакаше да ни помогне во одбрана на крчмата.

Се вели дека кукавичлукот преминува од еден на друг, но од друга страна, доказите го охрабруваат човекот, та така, откога секој од нив го кажа она што сакаше да го каже, збор зеде мајка ми. Таа не можеше да дозволи да ги изгуби парите што му припаѓаат на нејзиното сираче, та изјави дека ако никој друг не сака, таа ќе се врати кај крчмата со својот син.

- Назад ќе се вратиме по истиот пат по кој и дојдовме и тоа благодарејќи ви вам, вам големите, невешти луѓе, со срце на зајак. Ќе го отвориме оној сандак, макар тоа да не чини и животот! Госпоѓо Крослеј, ви благодарам на торбата што ни ја позајмивте; во неа ќе ги донесеме парите што ни следуваат според законот.

Се разбира, јас изјавив дека ќе тргнам со мајка ми; тие сите извикаа дека е тоа лудост, па сепак, ни тогаш никој од нив не сакаше да ни се придружи. Се што направија беше тоа што што ми дадоа наполнет пиштол за случај да бидеме нападнати и ветување дека ќе држат оседлани коњи за да можат да ни се најдат при рака доколку при враќањето бидеме гонети. Едно од децата доби должност да одјава до докторот и да побара оружена помош.

Кога ние двајцата тргнавме во опасна авантура во студената ноќ, срцето бурно ми тупаше. Полната месечина го започнуваше својот пат и, румена, се подаваше низ горните слоеви на маглата што нè натера да побрзаме, бидејќи беше јасно дека пред да се вратиме, месечината ќе го посее својот полн сјај по долината и нашето заминување ќе го изложи на погледот на оние кои би нè демнеле. Поминувавме покрај живите огради брзо и бесшумно; не чувме и не видовме ништо што би ни го зголемило стравот сè до оној момент, кога на наше големо олеснување, вратата од крчмата се затвори зад нас.

Веднаш го ставив резето и потоа за еден момент застанавме, дишејќи тешко: сами во куќата со капетановото мртво тело. Потоа мајка ми зеде свеќа од барот и, држејќи се за рака, отидовме во салата. Трупот лежеше во истата положба во која го оставивме: со едната рака испружена и со отворени очи.

- Спушти го пердето, Џим - прошепоти мајка ми - би можеле да се приближат и да гледаат што правиме. А сега - рече кога тоа го

20

Page 21: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

сторив - мораме да му го земеме клучот; но кој смее да го допре, тоа би сакала да знам! - и додека ова го изговараше, ми се стори дека слушам офкање.

Без разсмилување се спуштив на колена. На подот, близу до неговата рака, лежеше парче хартија, од едната страна црна. Беше несомнено дека е тоа црниот знак. Ја кренав хартијата и видов дека на другата страна, со добар, читок ракопис, беше испишана оваа кратка вест: „Ти даваме рок до десет часот вечерва“.

- Имал рок до десет, мајко - реков и додека тоа го изговарав, почна да бие нашиот стар часовник. Овај ненадеен звук многу не исплаши, но набрзо потоа се израдувавме бидејќи отчука само шестпати.

- Сега, Џим тој проклет клуч!- Можеби му е околу вратот - забележа мајка ми.Совладувајќи ја силната одвратност, му ја искинав кошулата и

навистина тука, на парче валкан конец, што го пресеков со неговата пиличка, висеше клучот. Ова не исполни со надеж та без одлагање побрзавме по скалите кон мапата собичка во која стариот гусар помина така долго време и каде што неговиот ковчег стоеше уште од првиот ден.

Однадвор беше сличен на сите други ковчези: со иницијал „Б“ втиснат со усвитено железо на капакот и со по 25 малку излупени и исчукани рабови, веројатно од долгата и невнимателна употреба.

Подај ми го клучот - рече мајка ми и макар што бравата беше зарѓана, за миг го сврти и го крена капакот.

Од него се крена силен мирис на тутун и катран, додека одозгора се гледаше таму еден многу добар костум внимателно свиткан и чист.

- Овој костум никогаш не е носен - рече, кревајќи го, мајка ми.Под него се редеа разни нешта: еден квадрант, кутија со

кресива, повеќе свитоци, тутун, два многу убави пиштоли, една шипка сребро, некој стар шпански часовник и уште нешто накит од помала вредност, главно од странска изработка, два компаси обрабени со месинг и пет-шест чудни школки од Западна Индија. Често подоцна размислував за што ли му биле потребни тие школки во авантуристичкиот, грешен и немирен живот што го водел.

Видов дека извесна вредност претставуваат само среброто и накитот во кој не се разбиравме. Под овие работи лежеше непроквасливата морнарска наметка, избледена од солта на многуте мориња. Мајка ми со нетрпение ја поткрена и пред нас се покажаа последните работи во ковчегот: еден свиток восочно платно и торба од јута, во која, при допирот, се слушна ѕвекот на злато.

21

Page 22: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Ќе им покажам на тие глупци дека сум чесна жена-рече мајка ми.- Ќе го земам она што ми припаѓа и ни денар повеќе. Подржи ја торбава, Џим! - додаде и почна да ги брои златниците од капетановата морнарска кеса, спуштајки ги во онаа што ја држев јас.

Беше тоа долга и тешка работа, бидејќи златниците беа од различна големина и потекнуваа од сите земји: дублони, лујдори, гвинеи, осмаци и други за нас непознати пари, измешани со овие. Гвинеите беа најретки, а само со нив мајка ми можеше да дофати некоја сметка.

Кога донекаде ја завршивме половината работа, се тргнав и ја зграпчив мајка ми за рака. Од тивката, студена ноќ, до нас допираше звук од кој срцето ми отиде во петиците: тупкање на стапот на слепецот по смрзнатиот пат. Додека задржувајќи го дишењето, наслушнувавме, се приближуваше се поблиску и поблиску; на влезната врата чувме отсечно тропање, а потоа свртување во бравата и чкрипење на резето никаквецот веројатно се обидуваше да влезе. Тогаш, за извесно време, настапи тишина, а најпосле, одново одекна потчукнување на стапот кое, на наша неискажлива радост, се губеше во далечината, постепено исчензнувајќи.

- Мајко, собери се, мораме веднаш да бегаме!Бев сигурен дека заклучената врата предизвика сомневање и

дека токму заради тоа набрзо можевме да очекуваме цел рој стршлени. Колку му бев благодарен на бога што на време ја затворив, би можел да замислам како би изгледал некој којшто би го видел овој ужасен слепак!

Меѓутоа, мајка ми, иако страшно исплашена, не сакаше да земе ни трошка повеќе од она што и припаѓаше и упорно настојуваше да го заврши броењето.

- Се уште не е седум часот - ми рече.- Знам што ми припаѓа и тоа ќе го земам!

Додека се уште се расправавме, од далечината, од ритчето, се слушна остар писок. Тоа за нас двајцата беше повеќе од доволно.

- Ќе понесам колку што избројав - рече мајка ми скокнувајќи на нозе.

- А јас ова, за сметката да се израмни - додадов, земјаќи го свитокот восочно платно.

Следниот момент веќе трчавме надолу по скалите, оставајќи ја свеќата покрај испразнетиот ковџег, а час подоцна ја отворивме вратата и бегавме колку што не носеа нозете. Како што ќе се види, го искористивме последниот момент. Месечината веќе јасно светеше на височинката, над нас, а маглата брзо исчезнуваше.

22

Page 23: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Нејзината тенка нишка лебдеше само на дното на долината и околу крчмата, скривајќи ги првите чекори на нашето бегство. Сепак, дури да го поминеме половината пат до селцето, ќе бидеме осветлени од месечината, а покрај тоа, звук од многу чекори допираше до нас. Се осврнавме во тој правец и видовме движење на светлост таму-ваму: очигледно, еден од нив носеше фенер.

- Мило дете - рече оддеднаш мајка ми - земи ги парите и бегај! Јас ќе се онесвестам.

Ова е крај за нас двајцата, помислив јас. Колку многу го проколнував кукавичлукот на соседите и ја обвинував мајка ми заради чесноста од една страна, а лакомоста, од друга: заради нејзината поранешна луда срченост и сегашната слабост! За среќа, бевме веќе на малиот мост та успеав, иако се тетеравеше, да ја доведам до работ на насипот, каде што целосно исцрпена издивна и ми падна на рамото. Не знам како воопшто имав сила, а изгледа дека тоа грубо го направив, но ми успеа да ја свлечкам по насипот до малку подолу под сводот од мостот. Понатаму не можев да ја влечам, бидејќи мостот беше премногу низок и оттаму можеше само да ѕуриме. Моравме тука да останеме: мајка ми одвај малку скриена, а двајцата речиси во непосредна близина на крчмата.

23

Page 24: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

5. ПОСЛЕДНАТА СРЕДБА СО СЛЕПИОТ

Моето љубопитство, во извесна мерка беше посилно од стравот, не можев да издржам вака скриен, туку повторно со изјазив горе кадешто засолнет од една грмушка, можев да гледам што се случува на патот пред крчмата. Само што ја зазедов таа положба, почнаа да пристигнуваат непријателите, седум-осуммина, доаѓаа со трчање, додека на неколку метра под нив, брзаше оној со фенерот. Тројца трчаа заедно држејќи се за раце и јас разбрав, иако низ маглата, дека средниот од нив е слепиот просјак. Следниот момент, по гласот се уверив, дека сум бил во право.

- Кршете ја вратата! - викна тој.- Во ред, напред! - беше одговорот.Дватројца се одделија и јурнаа кон „Адмирал Бенбау“, а по нив

потрчка и оној со фенерот, можев да видам како застануваат пред самата врата и како полугласно се договараат, веројатно изненадени што ја најдоа отворена. Застојот беше краток, бидејќи повторно слушнав како слепиот наредува со повишен, пламенен и бесен глас.

- Внатре, внатре, напред! - викаше и ги караше заради бавењето.

Неколкумина од нив веднаш послушаа, додека двајца останаа на патот со одвратниот просјак. Од куќата се слушна извик на изненадување. Прозорецот на капетановата соба одненадеж се отвори, стаклото се искрши; на прозорецот, осветлени од месечината, убаво се гледаа главата и рамената на човекот кој му се обрати на просјакот пред себе.

- Пју - викна тој - дошле пред нас. Некој го испревртил сандакот од горе до долу.

- А таму ли е? - грмеше Пју.- Парите се тука.Слепакот опцу нешто во врска со парите.- Мислам, флинтовата мапа - викан тој.- Овде воопшто не е - одговори оној одозгора.- Еј, вие долу, дали е кај Бил? - пак викна Пју.По ова, веројатно еден од оние кои останаа да го претресат

капетанот, излезе надвор.- Некој веќе го претресол - рече.- Нема ништо кај него.- Тоа овие од крчмата... она момче; подобро да му ги ископав

очите - викаше слепиот Пју. - Сега беа тука; кога се обидов да влезам, вратата беше затворена. Растрчајте се, момци! Морате да ги најдете!

24

Page 25: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Сигурно се тие, оставиле свеќа кога заминале - рече оној од прозорецот.

- Тука се негде, барајте! Превртете ја целата куќа, момчиња. Морате да ги најдете! - повторуваше Пју, размавтувајќи со стапот.

На тоа следеше страшно расфрлање по нашата крчма, трчање угоре-удолу, превртување на мебелот, удари со нозе по вратите. Одѕивот на сето тоа се враќаше дури од клисурата, се додека еден по еден не излегоа на патот, изјавувајќи дека во куќата не нема. Токму во тоа време, истиот писок од кој порано се исплашивме, повторно се одзва во ноќта, само што овојпат двапати едно по друго. Дотогаш верував дека е тоа некој вид свирче на слепакот со кое се повикува екипажот за напад, но сега знаев дека е тоа договорен знак кој доаѓа од бродот кон селцето; од впечатокот што го направи на гусарите, се виде дека ги предупредува на опасноста што се приближува.

- Еве, повторно Дерк - рече еден.- Двапати! Другари, мораме да бегаме!

- Да бегате? Кукавици! - викна Пју. - Дерк е будала и од секогаш бил плашливец, не обрнувајте внимание на него. Тие мора да се наблизу, не можеле далеку да одат; само за малку што не ги имате фатено! Побрзајте и пронајдете, ги, пци едни! Ох, проклет да сум! - се дереше.- Само кога би имал очи...

Ова направи впечаток: двајца од групата се одделија и почнаа да се сноваат околу некоја граѓа, но ми се чини, без одушевување, и со едното око целото време свртено кон сопствната опасност, додека другите неодлучно стоеја на патот.

- Во прашање се милиони, будали, а вие едвај ги влечете нозете! Кога би го нашле сето тоа, би биле богати како кралеви, а вие, иако знаете дека е тука, стоите и се извлекувате. Ни еден од вас немаше храброст да излезе пред Бил. Јас тоа, иако слеп, го сторив, а сега треба да ја пропуштам приликата; да останам сиромав, просјак кој ползи и моли за малку рум, а би можел да се возам со кола. Да имате храброст колку една бедна бубачка, се уште можете да ги фатите!

- По ѓаволите, Пју! Имаме дублони - промрмори еден од нив.- Можеби таа проклета работа ја скриле - додаде друг. - Земи

златници, Пју, место што стоиш и што врескаш.„Врескање“ беше вистинскиот збор, сосема соодветен. На

оваа забелешка Пју уште повеќе се разбесни и со својот стап се размава лево-десно, така што удри повеќемина од нив.

Овие од своја страна го опсипаа со пцовки слепиот никаквец, заканувајќи му се со ужасни изрази и залудно обидувајќи се да го дофатат неговиот стап.

25

Page 26: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Нивната кавга беше спас за нас; додека се уште траеше, од врвот на ритчето, од селцето, стигна до мене нов звук: тупање на коњи во галоп. Речиси во истото време, од другата страна одекна пукот на пиштол. Очигледно, ова беше последно предупредување, бидејќи гусарите се растрчаа на сите страни: еден кон морскиот брег друг заврти зад ритчето, така што за половина минута од нив не остана трага, освен Пју. Не знам дали го напуштија од чист страв или на тој начин му се одмаздуваа за навредите и ударите. Го видов како во бесот чука со стапот по патот, подавајќи ја раката и како во очајот ги повикува своите другари. Најпосле тргна во погрешна насока и потрча неколку чекори, поминувајќи крај мене во правец на селцето.

- Џони, Црн Песу, Дерк! - викаше. Не оставајте го, другари, стариот Пју, помогнете ми!

Токму тогаш четири или петмина јавачи се прјавија на месечината и бучно, во полн галоп, јурнаа надолу. Пју ја сфати својата грешка, се сврти, вреснувајќи и потрча кон ендекот во кој што пропадна. Веднаш стана и летна, сега веќе сосема избезумен, токму под нозете на коњот што наидуваше.

Јавачот се обиде да го спаси, но залудно. Пју падна со крик што ја параше ноќта, а коњските копита, поминувајќи преку него, одново одекнаа по патот.

Скокнав повикувајќи ги јавачите; и самите веќе ги запираа коњите, покажувајќи одвратност заради овој несреќен случај, а јас набрзо видов кои се тие. Последниот беше момчето што го испратија кај докторот Лејсви, а другите беа даночаници кои овој случајно ги сретнал и со кои, сосема умно, веднаш се вратил. Штом веста за едрилицата во Китовата Дупка, стигнала до инспекторот Денс, веднаш го поттикнала уште таа вечер да појде во наша насока и на таа околност мајка ми и јас можевме да благодариме штосе спасивме од смртта.

Пју беше мртов. Што се однесува до мајка ми, штом ја донесовме во селото, по малкуте вода и сол, се поврати и не изгледаше ништо полошо по претрпениот страв, иако и натаму жалеше за остатокот од парите. Во меѓувреме, инспекторот одјава во Китовата Дупка колку што се може побрзо, а неговите луѓе мораа да се симнат по брегот, речиси тркалајќи се водејќи ги, а понекогаш придржувајќи ги своите коњи, во постојан страв од заседа. Според тоа, кога стигнаа кај Китовата Дупка и кога видоа дека едрилицата веќе отпловила, никој од нив не се изненади многу. Навистина, не одминала многу далеку. Инспекторот им викна да се вратат, но еден глас од едрилицата го предупреди да се тргне од месечината или ќе добие „малку олово како подарок“. Истиот момент еден

26

Page 27: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

куршум просвири покрај неговата рака, а брзо потоа едрилицата забрза и исчезна. Инспекторот Денс стоеше на брегот, како „риба на суво“ како што самиот рече, и се што можеше да направи беше да прати човек во Бристол, да побара брз брод подготвен за гонење. „А тоа е исто како ништо да не сум презел“ рече. „Се радувам само што му стапнав на врат на господинот Пју“ - тогаш веќе имаше дознаено од мене се што се случи.

Заедно се вративме во нашата стара крчма. Збрката што ја затекнавме беше таква што полошо не можеше да се замисли; тие никаквеци во потрага по нас го превртиле дури и стариот часовник и, иако беше однесена само капетановата торба со парите и малку сребро од касата, беше очигледно дека не упропастиле. На Денс случајот му изгледаше комплициран.

- Велите, ги однеле парите? Добро, Хоукинс, тогаш кој ѓавол бараа? Претпоставувам, уште пари.

- Не, инспекторе - одговорив - не бараа пари, барем јас така мислам. Тоа за што веројатно го презеле сето ова, во џебот е кај мене, а искрено да ви кажам, би сакал да е на сигурно место.

- Се разбира, момче, сосема си во право. Ако сакаш, остави го тоа нешто кај мене.

- Мислев, можеби докторот Лејсви... - почнав.- Сосема точно, ме прекина тој расположено.- Сосема точно:

џентлмен, а воедно и судија. Кога ќе размислам, би требало и самиот таму да одјавам и да поднесам извештај, нему или пак на големопоседникот Трилоуни. Пју е мртов... не да го жалам, но мртов е... и светот тоа може да им го препише на кралските службеници; ако е тоа воопшто нечија вина, наша е. Значи Хоукинс, ако сакаш, можам да те поведам со мене.

Од се срце му заблагодарив на понудата, а потоа тргнавме за в село каде што не чекаа коњи. Додека мојата намера и ја соопштив на мајка ми, тие веќе беа на коњите.

- Догар - викна инспекторот - вие имате добар коњ, земете го ова момче зад вас.

Штом јавнав и се фатив за ременот на Догар, инспекторот даде знак и сите тргнавме кон докторовата куќа.

27

Page 28: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

6. КАПЕТАНОВИТЕ ДОКУМЕНТИ

Набрзо запревме пред куќата на доктор Лејсви која, барем одналред, беше целата во мрак. Инспекторот ми рече да скокнам од коњот и да затропам, а Догар ми ја подаде узенгијата за да можам да слезам. Уште на првото чукање девојката ја отвори вратата.

- Дали е докторот дома? - прашав.- Не, дојде попладнето, но потоа отиде во Хол да ја помине

вечерта со големопоседникот.- Тогаш да одиме таму, момчиња! - рече господинот Денс.Овојпат, бидејќи не беше далеку, трчав покрај Догаровиот коњ

до главниот влез во паркот, а потоа по долгата, од месечината осветлена широка патека, се до белата зграда на Хол, која од сите страни гледаше на големата стара градина. Овде инспекторот Денс слезе од коњот и ме зеде со себе, по неколкуте зборови што ги размени со слугата, овој ни дозволи пристап кон куќата и спроведувајќи не низ ходникот послан со дебел килим, не пушти во големата библиотека чии сите ѕидови беа обложени со полици полни со книги, со бисти на секоја до тие полици, и каде што докторот и големосопственикот седеа од двете страни на каминот, пушејќи на своите лулиња. Никогаш дотогаш не го имав видено големосопственикот толку одблиску. Тоа беше човек висок преку шест стапки, крупен, со љубезен израз; лицето му беше доста црвено и малку набрчкано, огрубено од долгите патувања, а многу црните, подвижни веѓи, му даваа темпераментен изглед, никако лош изглед, туку би се рекло, решителен и возвишен.

- Влезете господине Денс - рече тој многу свечено а сепак љубезно.

- Добровечер, Денс - рече докторот климнувајќи со главата.- Добровечер и тебе, драги Џим. Кој ветер ве донесе овде?

Инспекторот, во став мирно и сосема укрутен, раскажа се за настанот како да кажува добро совладана лекција, додека овие двајца господиновци слушаа наведнати, погледнувајќи еден во друг и сред своето изненадување и големото интересирање, заборавија на лулињата. Штом слушна дека мајка ми се вратила во крчмата, докторот се удри по колено, а големосопственикот извикнувајаќи „браво“ го испразни своето второ луле на оградата од каминот. Уште доста пред да биде завршено искажувањето на Денс, големопоседникот Трилоуни - ќе се сетите, тоа е неговото име - беше станат од фотелјата и чекореше вамутаму по собата, додека докторот веројатно за што подобро да чуе, ја симна својата

28

Page 29: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

напудрена перка; неговата природна, мазно исчешлана црна коса, оставаше чуден впечаток.

Најпосле инспекторот го заврши својот извештај.- Господине Денс - рече големопоседникот - вие сте многу

љубезен, а што се однесува до газењето на оној страшен никаквец, го сметам тоа за доблест: едноставно како кога човек би згазил некоја бубашваба. Го забележав и тоа дека Хоукинс е момче на кое може да се смета. Хоукинс, ќе сакате ли да заѕвоните? Господин Денс мора нешто да се напие.

- Значи Џим, тоа што го бара го имаше кај себе? - праша докторот.

- Еве докторе - реков и му го предадов свитокот во восочна хартија.

Тој почна внимателно да го обрнува во раката; прстите речиси му трепереа од желбата да го отвори но наместо да го стори тоа, го стави полека во џебот од својот капут.

- Големопоседнику - само рече - откога Денс ќе го испие пивото мора, се разбира, да отиде на својата должност, но имам намера да го задржам Хоукинс да спие кај мене и, со ваша дозвола, предлагам да му донесат ладна паштета со месо, за да вечера.

- Како што сакате, Лејсви - рече големопоседникот иако Хоукинс заслужуваше нешто повеќе од ладна паштета.

По извесно време беше донесена паштета и пита со месо од гулаб и сето тоа беше ставено на едно мало масиче на страна, каде, гладен како волк, слатко вечерав, додека на инспекторот Денс, по неколкуте изрази на пофалба, му беше дозволено да си оди.

- А што сега, големопоседнику? - рече докторот.- Што сега, Лејсви? - изговори овој речиси истовремено.- Еден по еден, еден по еден - се насмеа докторот.

Претпоставувам дека сте чуле за Флинт?- Да сум слушнал за него? - извикна големопоседникот.

Прашувате дали сум слушал за Флинт! Тоа беше најкрволочниот гусар што воопшто некогаш пловел по морињата. Црнобрадиот беше детиште во споредба со него. Шпанците толку многу му се плашеа, што ви велам, драги мој, понекогаш се гордеев што тој беше Англичанец. Кај Тринидад, со свои очи, му ги видов едрата, но кукавичкиот син, капетанот со кој пловев, побегна, ја спрашти, мил господине, побегна во Порт Спен.

- Сум слушал лично за него - рече докторот, - но работата е во тоа дали имаше пари?

29

Page 30: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Пари! - викна големопоседникот. - Зар не ви се познати прикаските околу тоа? Тоа им беше единствената фижа. Заради што би го ризикувале својот арамиски живот?

- Тоа набрзо ќе го дознаеме - рече докторот - но вие сте толку возбудени и толку викате што не можам да дојдам до збор. Она што би сакал да го знам се состои во ова: да претпоставиме дека во мојов џеб имам некој податок каде Флинт го закопал своето богатство, дали тоа богатство претставува голема вредност?

- Вредност, докторе! - извикна големопоседникот.- Тоа вреди толку што, ако го имате податокот што го споменавте, ќе подготвам лаѓа во бристолското пристаниште, ќе ве поведам вас и Хоукинд и ќе го најдам, па макар се криел и цела година.

- Многу добро - рече докторот.- Сега, значи, ако му е по волја на Џим, ќе го отвориме свитокот, рече и го стави пред себе на масата.

Заврзокот беше зашиен, така што докторот мораше да ги земи своите инструменти и да го исече работ со своите лекарски ножици. Внатре имаше две работи една книга и некој запечатен документ.

- Најпрвин ќе ја погледнеме книгата - забележа докторот.Тој ја отвори, додека јас и големопоседникот гледавме преку

неговите рамена; докторот Лејсви љубезно ме повика да му пријдам и со него да уживам во истражувањето. На првата страница имаше само делови од реченици што некој ги начкртал веројатно кога немал работа; една, „Сонот на Били Боунс“ беше иста како онаа истетовирана на раката од капетанот; потоа „Госп. Б. Боунс, крмар“, „Нема повеќе рум“, „Тоа го доби кај Палмовиот Клуч и други одделни нечитки зборови. Морав да помислам кој би можел да биде тоа што „тоа го доби“ но што „тоа“ можеше да биде; најверојатно нож во грбот, заклучив.

- Од ова не може многу да се дознае - рече докторот Лејсви, превртувајќи понатаму.

Следните неколку страници беа исполнети со некои чудни белешки: од едната страна на линијата имаше датум, а на другиот крај износ на пари, како во обичните трговски книги, но наместо објаснување, меѓу тие ставки стоеше само еден поголем или помал број крвчиња. На пример, на дванаесетти јуни 1745, износот од седумдесет фунти требало да му припадне некому, а само шесте крвчиња ја објаснуваа причината зошто. Во неколку случаи беше додадено името на местото, како „кај Каракас“ или просто беа назначени ширините и должините, како 62° 17' 20" или 19° 2' 4".

Белешките биле водени речиси дваесет години; исносите на некои записи како што изминувало времето станувале се поголеми,

30

Page 31: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

а на крајот, по пет-шесте погрешни зборови, точно е собрано и додадени се зборовите „купот на Боунс“.

- Ова не можам да го фатам ни за глава ни за опашка - рече докторот Лејсви,

- Работата е јасна како ден - викна големопоседникот. - Ова е пресметковна книга на оној никаквец. Крвчињата означуваат имиња на бродови или на градови коишто ги потопиле, односно ги покрале, а износите претставуваат дел што му пропаднал на тој непрокопсаник. Таму каде што се плашел да не има некое двоумење, заради јасност, ги додавап ознаките: „кај Каракас“, гледајте, нападнат е некој брод. Бог нека им помогне на кутрите души на неговиот екипаж, веќе одамна на дното од морето!

- Точно - се согласи докторот. - Гледајте што значи да се биде светски патник. Во право сте! Износите се зголемувале колку што положбата му била повисока.

Во книгата се наоѓаа уште само неколку податоци за положбата на местото, што е забележано на последните листови и една таблица за сведување на француските, англиските и шпанските пари на заедничка вредност.

- Штедлив човек! - викна докторот.- Не дозволувал да биде излажан.

- А сега рече големопоседникот - да видиме што има овде.Документот беше запечатен на повеќе места со жиг на

напрсток, можеби токму оној истиот што го најдов во џебот на капетанот. Докторот многу внимателно ги симна печатите и пред нас испадна мапа на некој остров, со ширината и должината, со положбата, имињата на ридовите, долините и заливите и сите поединости потребни на еден брод за сигурно да застане на неговиот брег. Островот беше девет милји долг, а пет широк, со форма, би можело да се рече, на некоја дебела ламја. Имаше две добро заградени пристаништа, а во средината еден рид означен со името Дурбин. Имаше тука уште податоци од подоцнежен датум, а и најважниот од сите: три со црвено мастило вцртани крвчиња, две на северниот дел од островот, а едното на југозападниот. Покрај ова последното, со истото црвено мастило и со ситен, читлив ракопис, сосема различен од капетановите несигурни букви, беа впишани овие зборови: „Главното богатство лежи овде“.

На опачината од мапата, со истиот ракопис беа набележани следните податоци:

„Високо дрво, рамо на Дулбија, спрема север С.С.И.“„Костуров Остров И.Ј.И. - со помош на И.“„Десет стапки“.

31

Page 32: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

„Среброто во шипки е на север; ќе се најде со помош на косината на источното ритче, десет фатки јужно од Црниот Гребен, гледајќи во тој правец“.

„Оружјето лесно може да се најде - во песочниот рид С., точката на северниот залив спрема И. и четвртина С.“

„Џ.Ф.“

Тоа беше сè, но кратко и неразбирливо за мене, додека големопоседникот и докторот ги исполни со голема радост.

- Лејсви - рече големопоседникот - веднаш ќе ја напуштите вашата бедна работа. Утре тргнуваме за Бристол; по три недели... три недели?!... две недели... десет дена... ќе имаме најдобар брод и најодбран екипаж во Англија. Хоукинс ќе појде како помошник на стјуардот. Ќе бидеш славен помошник, Хоукинс! Вие, Лејсви, ќе бидете бродски лекар. Јас ќе бидам адмирал. Ќе го поведеме Редрат, Џојс и Хантер. Ќе имаме поволен ветер, брзо преминување и ни најмала тешкотија да го пронајдеме островот и парите... толку пари што ќе се тркаламе во нив, ќе играме криенка цел живот.

- Трилоуни, од сè срце ќе појдам со вас - рече докторот.- Џим исто така ќе дојде во полза на потфатот. Постои само еден човек од кого се плашам.

- Од кого? - подвикна големопоседникот.- Кажете го името на тој пес, господине?

- Од вас - одговори докторот. - Не сте во состојба да молчите. Ние не сме единствените што знаеме за овој документ. Оние луѓе кои ноќеска извршија напад на крчмата, секако храбри и безобѕирни, и оние другите кои останале на едрилицата, а смеам да речам и уште повеќемина во непосредна близина, решени се на сè да дојдат до тие пари. Ни еден од нас не би смеел да се движи сам додека не отпловиме на море. Во меѓувреме, Џим и јас ќе бидеме еден со друг. Вие ќе ги поведете Џојс и Хантер кога ќе одјавате за Бристол, а ни еден од нас не смее да изговори ни збор за тоа што сме нашле.

- Лејсви - одговори големопоседникот секогаш сте во право. Ќе молчам како да сум нем.

32

Page 33: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Втор делБРОДСКИ ГОТВАЧ

33

Page 34: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

7. 3АМИНУВАМ ЗА БРИСТОЛ

Помина многу повеќе време додека сè беше подготвено за пат, отколку што замислуваше во своето одушевување големопоседникот, а ни еден од првобитните планови, па дури ни оној на докторот да ме држи покрај себе, не можеше да биде изведен онака како што планиравме. Докторрт мораше да оди во Лондон за да донесе свој колега кој би ја презел неговата лекарска пракса, големопоседникот имаше многу работа во Бристол, а јас живеев во Хол под заштита на стариот Редрат, чувар на ловечки кучиња, речиси како заточеник, но полн со соништа за доживувањата на море и прекрасни фантазирања за чудните острови и авантури. Со часови седев наведнат над мапата и ја врежував во паметењето секоја поединост. Седејќи покрај огнот во собата на чуварот на куќата, му приоѓав на тој остров во својата фантазија од секоја можна страна, ја испитував секоја стапка од неговата површина; се качував илјада пати на оној висок рид кој се викаше Дурбин и од врвот уживав во величествената глетка што се менуваше при секое мое движење. Понекогаш таму имаше безброј дивјаци со кои се боревме, а другпат полно опасни животни што не прогонуваа; но дури ни во фантазирањата, никогаш не учествував во толку чудни и трагични настани како што беа оние кои навистина се одиграа во нашата вистинсќа авантура.

Така минувааа седмици, додека еден ден не стигна писмо упатено до докторот Лејсви, со додаток: „Во случај на негово отсуство, писмото може да го отвори Том Редрат или младиот Хоукинс“. Според овој налог ги прочитавме, или подобро речено ги прочитав - стариот чувар на кучиња беше слаб во читање, освен печатни букви - следните важни вести: 

Крчмата кај „Стариот ленгер“.Бристол, 1-III-17..

Драги Лејсви, бидејќи не знам дали сте во Хол, или пак се уште во Лондон, испраќам по еден примерок од ова писмо во двете места.

Бродот е купен, опремен и лежи укотвен, подготвен за пат. Никогаш не сте можеле да замислите поубав од него: дете би можело со него да управува; тонажата му е двесте, а името „Хиспаниола“.

Го набавив со помош на својот стар пријател Брендли, кој се покажа како неверојатно вешт човек; чудесен младич, просто робуваше заради мене, а можам да речам и сите други штом

34

Page 35: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

разбраа за пристаништето кон кое пловиме, мислам, за богатството.

- Редрат - реков, прекинувајќи го читањето - ова на докторот нема да му се допадне. Големопоседникот сепак ја огласил тајната.

- Па, кој има поголемо право? - промрморе овој. - Убаво би изгледало, мислам, кога големопоседникот би морал да молчи заради докторот Лејсви.

По ова, кренав раце од секакво натамошно објаснување и продолжив да читам:

Брендли лично ја пронајде „Хиспаниола“ и пазарејќи се ваму-таму ја доби за незначителна сума. Извесни луѓе во Бристол имаат неверојатно нетрпеливост спрема Брендли; тие одат така далеку што изјавуваат дека ова чесно суштество сешто би направило за пари; зборуваат дека „Хиспаниола“ била негова сопственост и дека им ја продал за неверојатно висока цена. Очигледна клевета. Меѓутоа, ни еден од нив не може да ја оспори вредноста на бродот.

Досега немав некои поголеми пречки. Работниците, јажарите, и којзнае како се се викаат другите, беа необично спори, но со време сето тоа се поправи. Екипажот ми задаваше најголема грижа.

Сакав да најдам добри луѓе - за случај на непријатности со домородците, со гусарите или со проклетите Французи - и мака мачев додека ги пронајдов едно половина дузина, кога, среќа, чиста случајност го донесе кај мене вистинскиот човек, човек каков што ми беше потребен.

Стоев на молот и сосема случајно почнав со него разговор; така дознав дека тој како стар морнар држел крчма и ги познавал сите поморци во Бристол, го губел здравјето на брегот и сакал да стане готвач на некој брод за одново да се најде на море. Ми рече, дека тоа утро докуцкал до брегот за да се надише морски воздух.

Сето тоа многу ме допре - сигурно и вас би ве допрело та веднаш од чисто сожалување го примив за бродски готвач. Се вика Долгиот Џон-Силва, тој е без една нога, но тоа го сметав за препорака, бидејќи ја изгубил служејќи и на својата земја под команда на бесмртниот Хоук. Замислете, Лејсви, пензија не прима.

Значи, драги докторе, мислев дека сум пронашол само готвач, но во таа прилика го открив и екипажот. Со здружени сили, Силва и јас за неколкудена најдовме неверојатно силни

35

Page 36: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

момци: не изгледаа особено убави, но искажуваа нескршлив дух. Свечено изјавувам дека можеме да се бориме и со фрегати.

Долгиот Џон дури ме наговори да отфрлам двајца од шестмината или седуммината што јас бев ги примил во служба, му требаше само момент да ми докаже дека се тоа обични неранимајковци, кои треба да се избегнуваат при вака важен потфат.

Духовно и физички се чувствувам совршено, јадам како бик, а спијам како труп, а сепак, ни за момент немада се радувам сè додека не го слушнам трчкањето на моите морнари по палубата. Кон морската шир, еј! По ѓаволите со богатството! Блаженството на морето им го заврти мозокот. Значи, Лејсви, тргнете веднаш, не губите ни час ако ме почитувате.

Хоукинс, во придружба со Редрат, веднаш нека оди кај мајка си, а потоа, двајцата што побрзо нека дојдат во Бристол.

Џон Трилоуни

П.С. Заборавам да кажам дека Блендли, кој попатно речено, ќе испрати по нас друг брод, доколку не се вратиме до крајот на август, за капетан на бродот пронајде еден прекрасен човек; за жал, доста е крут, но во некој друг поглед е вистинско богатство. Силва прими еден многу способен крмар по име Ароу. Лејсви, имам и еден надморнар кој знае да свири на гајда, така што животот на нашата „Хиспаниола“ ќе биде како на некој воен брод. Исто така не ви реков дека е Силва во многу добра состојба, лично дознав дека имал во банката сметка која никогаш не ја пречекорил. Со крчмата ќе управува неговата жена која не е од бела раса, па на старите момци како што сме вие и јас нема да им се забележи ако сметаме дека жената, исто толку колку и здравјето, го тера назад на морето.

Џ.Т.

П.П.С. Хоукинс може цел ден да остане кај мајка си.Џ.Т.

Можете да го замислите моето возбудување при читањето на ова писмо. Бев речиси надвор од себе од радост и иако никогаш во животот не сум презирал некој човек, почувствував овојпат некоја одвратност кон стариот Редрат којшто јадикуваше и мрмореше. Секој негов помошник со радост би го зел неговото место, но не беше тоа желбата на големопоседникот, а она што тој го сакаше, беше закон за другите, само стариот чувар на кучиња се осудуваше понекогаш да мрмори.

36

Page 37: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Следното утро, тој и јас тргнавме пешки до „Адмирал Бенбау“, каде што ја најдовме мајка ми здрава и добро расположена. Капетанот, кој предизвика толку непријатности, беше однесен таму од каде што грешниците не можат да направат веќе никакво зло. Големопоседникот нареди сè да се поправи, салата да се вароса, а натписот на крчмата да се обои, додаде дури и малку мебел - најважно од сè, една чудесна столица со наслон за мајка ми. Се погрижи исто така за едно момче кое што ќе ѝ помага во мое отсуство.

Дури тогаш ја сфатив својата положба; до тој час мислев само на доживувањата што ми претстоеја, никако на домот што ќе го напуштам, а сега, при погледот на овој невешт дојденец крј требаше да остане покрај мајка ми на моето место, првпат заплакав. Иако се срамам од тоа, не можам да речам дека баш најдобро се однесов спрема мојот заменик бидејќи беше нов во работата, ми се дадоа безброј прилики да му објаснам како што да работи и да го понижам, а јас не бев мрзелив да ги искористам тие прилики.

Ноќта помина, а следниот ден по ручекот, Редрат и јас тргнавме на пат. Се простив од мајка ми, со рака го поздравив заливот каде што се бев родил и го поминав детството и стариот „Адмирал Бенбау“ кој, нововаросан, не беше така мил. Последната моја мисла се однесуваше на капетанот, кој така често шеташе покрај брегот со накривен шешир, со силно изразената лузна на образот и со својата стара бронзена дулбија. Тогаш почнавме да се спуштаме нудолу по ридот и мојот дом ми се изгуби од видот.

Предвечер, на пустелијата кај „Ројап Џорџ“ се качивме на поштенската кола. Седев стиснат меѓу Редрат и некој крупен постар господин и, наспроти брзото возење и ладниот ноќен воздух, мора да сум дремел почнувајќи уште од тргнувањето, а потоа додека се качувавме по ритчињата и слегувавме по долините, од станица до станица, спиев како труп, бидејќи кога најпосле се разбудив, бидејќи некој добро ме затресе, и ги отворив очите, видов дека колата стои пред една голема зграда во некоја градска улица и дека одамна се разденило.

- Каде сме? - прашав.- Во Бристол - одговори Том. - Слезете.Големопоседникот беше се настанил нешто подалеку одовде,

во една крчма на пристаништето, за да може да ја надгледува работата на бродот, така што, на моја голема радост, се упативме пешки покрај кејот и покрај безбројните мали и поголеми бродови кои им припаѓаа на разни држави. На некои од нив морнарите пееја додека работеа, на други, беа високо над мојата глава и висеа на

37

Page 38: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

јажињата кои не ми изгледаа подебели од пајажина. Иако целото детство го поминав крај морето, многу од овие нешта за мене беа новина, токму како никогаш порано да не сум стапнал на брегот. Особено на мене делуваше мирисот на катранот и солта, исто така и чудните фигури на клуновите од бродовите кои штотуку се вратиле од пловидбата по далечните мориња. Покрај тоа, забележав многу морнари со карики во ушите, со мустаќи обвиени околу нив и со намазнети перчини, како се кочоперат и се движат со тежок морнарски чекор; ништо повеќе не би ме развеселило да видев исто толку кралеви и првосвештеници.

И самиот поаѓав на море, на морската шир, на брод кој има дури и надморнар гајдаџија и весели морнари со перчини; на морската шир, спрема непознатиот остров, да барам закопано богатство! Додека сè уште се лулкав во овој прекрасен сон, стигнавме пред големата крчма и го видовме господинот Трилоуни во униформа на поморски офицер од сина чоја, како излегува од неа со насмевка на лицето, совршено имитирајќи го одот на морнарите,

- Тука сте! - викна. - И докторот стигна сношти од Лондон. Браво! Сега целиот екипаж е тука.

- О, господине, - викнав - кога тргнуваме?- Тргнуваме! - рече. - Утре ќе испловиме.

38

Page 39: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

8. ВО КРЧМАТА „КАЈ ДУЛБИЈАТА“

Откако добро појадував, големопоседникот ми даде писменце за Џон Силва, кој се наоѓаше во крчмата „Кај дулбијата“ и ми рече дека тоа место лесно ќе го најдам ако одам вдолж доковите и ако внимавам кога ќе стигнам до една мала гостилница над која, како фирма, виси голема бронзена дулбија. Тргнав, радувајќи се што уште еднаш ми се дава прилика уште подобро да ги разгледам бродовите и морнарите. Некако се провлекував низ масата луѓе, низ колите и балите - во пристаништето во ова време сè вриеше - додека не наидов на крчмата што ја барав.

Имаше привлечен изглед: дулбијата беше скоро обоена, на прозорците висеа чисти црвени пердиња, а подот беше послан со сув светол песок. Излегуваше на две улици, а двете врати, широко отворени, пропуштаа до-волно светлина во големата, ниска сала, наспроти густите облаци чад.

Гостите, поголемиот број морнари, зборуваа така гласно што јас уплашен запрев на вратата, двоумејќи се дали да влезам.

Притоа, од споредната соба излезе некој човек и само еден поглед беше доволен да ме убеди дека е тоа Долгиот Џон. Левата нога му беше сосема исечена, а под левата пазува држеше патерица со која совршено вешто ракуваше, потскокнувајќи со неа како некоја птица. Беше висок, добро граден, со тркалезно лице како шунка, едноставно и бледо, но интелигентно и насмеано. Навистина изгледаше многу расположен, бидејќи, движејќи се меѓу масите, си потсвирнуваше, се шегуваше и ги тупкаше по рамената гостите кои му беа симпатични.

Сега, да ви ја кажам вистината, од првото споменување на Големиот Џон во писмото на големопоседникот, се плашев да не биде случајно тоа баш оној морнар без нога на кого, според налогот на капетанот, требаше да внимавам. Но самиот поглед беше доволен да ме разубеди; ги видов капетанот, Црниот Пес и слепиот Пју и мислев дека веќе знам како еден гусар треба да изгледа: сосема поинакво суштество, според моето сфаќање, од овој чист и љубезен крчмар.

Веднаш ја собрав сета храброст, го поминав прагот и веднаш се упатив кон тој човек, таму каде што стоеше потпрен на својата патерица во разговор со некој гостин.

- Дали сте вие Џон Силва, сопственик на оваа крчма? - прашав подавајќи го писменцето?

- Да, момче мое, - рече - така ме викаат. А кој си ти? - И тогаш, здогледувајќи го писмото од големопоседникот, малку се тргна. -

39

Page 40: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Аха - рече сосема гласно, подавајќи ми ја раката. - Сега ми е јасно. Ти си нашиот нов кабин - бој; баш ми е мило што се запознавме! - говорејќи така тој добро ми ја затресе раката.

Во истиот тој момент, еден од гостите во другиот агол  од крчмата, нагло стана и тргна кон излезот што се наоѓаше во близината на неговата маса. Со еден скок се најде на улица. Неговото брзање го привлече моето внимание, та веднаш го познав; беше тоа истиот оној човек со мрсно лице, без два прста, кој прв дојде кај стариот гусар во крчмата „Адмирал Бенбау“.

- Ах - викнав - запрете го! Тоа е Црниот Пес!- Не би дал ни два гроша да дознам кој е тој - рече Силва. - Но

тој пробисвет не ја плати сметката. Брзо, трчајте и фатете го.Еден од морнарите блиску до вратата скокна и истрча надвор.- Дури и да е адмирал Хоук, мора да ми ја плати сметката -

викна Силва а потоа, испуштајќи ја мојата рака: - Како рековте дека се вика? - праша - Црниот...Што?

- Пес, господине - одговорив. - Зар господинот Трилоуни не ви зборуваше за гусарите? Овој е еден од нив.

- Така значи?! - викна Силва. - Во мојот дом; Бен, трчај и помогни му на Хари. Еден од тие пропаднати типови, значи? Ти ли пиеше со него, Морган? Дојди овде!

Морган, постар морнар, со пробелена коса, со опалено лице, приоѓаше питомо како овчичка, превртувајќи низ прстите парче тутун за џвакање.

- Значи, Морган - му се обрати Долгиот Џон доста строго - ти сигурно никогаш порано со свои очи не си го видел тој Црн...Црн Пес, зар не?

- Никогаш, господине - му одговори овој, салутирајќи.- Не му го знаеш ни името, нели?- Не, господине.- Бога ми, Морган, тоа ти оди во прилог - извика крчмарот. - Да

си се дружел со такви каков што е тој, никогаш не би ти дозволил да влезеш во оваа крчма... можеш да бидеш сигурен во тоа! За што разговаравте?

- Право да ви кажам, и не се сеќавам веќе - одговори Морган.- Па што имаш на рамена, глава или тиква? - викна Долгиот

Џон. Навистина не знаеш точно? Можеби не знаеш точно ни со кого зборуваш сега... можеби? Ајде сега кажи за што брбореше? За патувања, капетани, бродови? Зини веќе еднаш! За што?

- За казнувањето на бродовите... да, така беше.- За казнувањето? Убава работа за разговор, секако. Губи се

сега на своето место, Том!

40

Page 41: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Додека Морган полека се враќаше на своето место, Силва со доверливо дошепнување ми рече, што, патем речено, многу ми годеше:

- Тоа е многу чесен човек, тој Том Морган, само донекаде будалетинка. А сега - продолжи повторно гласно - да видиме... Црниот Пес? Не, не се сеќавам на името; јас не се сеќавам, бога ми! Сепак мислам дека... Да, сум го виѓавал тој никаквец; има доаѓано понекогаш овде со некој слеп просјак... да, да, сум го виѓавал понекогаш.

- Сигурно дека е така - реков јас. - Го познавам исто така тој слеп човек, името му е Пју.

- Така - извика Силва сосема возбудено. - Пју! Така, значи, се викаше. Па, изгледаше како арамииште! Ако го стигнеме овој Црн Пес, ќе има новости за капетанот Трилоуни. Бен добро трча; малкумина има морнари што трчаат подобро од него. Тој сигурно ќе го стигне, братко. Говорел за казнувањето на бродовите, зар не? Јас ќе му покажам како се прави тоа.

За целото време додека овие реченици му излетуваа од устата, чекореше вкочането со својата дрвена нога горе-долу по крчмата, удирајќи со раката по масите и оддаваше слика на таква вознемиреност што и најдобар судија или полициски инспектор тоа би го убедило во неговата искреност. Меѓутоа, бидејќи овде повторно го видов Црниот Пес, моите сомневања се вратија, така што остро внимавав на секој збор и на секое движење на готвачот. Но тој беше прониклив и остроумен, премногу бистар за мене, така што јас, кога оние двајца луѓе се вратија задишани, изјавувајќи дека меѓу луѓето го загубиле тој бегалец и кога Силва ги искара како најгрди арамиишта, бев готов да се заколнам во неговата невиност.

- Сега внимавај, Хоукинс - рече - ова е многу непријатна работа за мене, зар не? Што ќе помисли за тоа капетанот Трилоуни? Овде, во мојата куќа, седи и пие рум тој проклет, кучкин син. Ти доаѓаш и сè јасно ми раскажуваш, а јас дозволувам на сите нас од пред очи да ни избега. Значи, Хоукинс, мораш да бидеш правичен спрема мене пред капетанот. Ти навистина си само момчак, но се гледа дека си вистинска видра: го забележав тоа штом те видов. Сега еве како стојат работите: што можев да направам со оваа дрвена нога? Некогаш, кога бев здрав морепловец, сигурно би го стигнал и би го врзал, но сега...

Тогаш одеднаш застана и зина како на нешто да се сетил.- Сметката - рече - три рума! Батко мој, за малку ќе заборавев

на тоа. - И спуштајќи се на клупата, се смееше сè додека не му потекоа солзи по лицето.

41

Page 42: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Не можев да се воздржам; сите заедно се смеевме, смеата се фаќаше за смеа, а од таа смеа одекнуваше целата крчма.

- Баш сум ти вистински стар морнар - рече најпосле бришејќи си го лицето... - Ние треба да се согласуваме, Хоукинс, бидејќи ти, заради младоста, а јас заради тоа што немам нога, не ќе бидеме први на бродот. Но, ајде, подготви се сега да одиме; вака не оди. Должноста е должност, другари! Чекај само да го земам својот стар шешир и веднаш заедно одиме до капетанот, Трилоуни. Ќе му раскажеме сè, бидејќи внимавај, ова е сериозна работа, млад мој Хоукинс: ни ти ни јас, ако смеам така да речам, не би можеле да се пофалиме со некој успех. Но по ѓаволите со тоа, никако не можам да ја заборавам онаа неплатена сметка.

Тука одново почна од срце да се смее, така што, макар што сето тоа веќе не ми изгледаше особено забавно, бев принуден да му се придружам во неговата веселост.

При таа наша мала прошетка покрај кејот, беше необично интересен придружник; ми раскажуваше за разните бродови покрај кои поминувавме - за нивната опрема, тонажа и националност - објаснувајќи ми ги работите што се вршеа на нив; на кој начин еден се истовараше, како на друг се вршеше товарење, додека третиот беше во подготовка да заплови по морето. Од време на време уфрлуваше по некоја мала приказничка за бродовите или морнарите, повторувајќи некој поморски израз сè додека не би го запаметил; така, увидов дека тој беше еден од многу добрите поморци.

Големопоседникот и докторот ги најдовме заедно; токму го допиваа остатокот од пијалокот пред да тргнат да го разгледаат бродот.

Долгиот Џон им го раскажа целиот тек на работите, од почеток до крај, многу живо и сосема вистинито.

- Така тоа се случи, зар не Хоукинс? - прашуваше од време на време, а јас, се разбира, потврдував.

Овие двајца господа жалеа што Црниот Пес успеал да избега, но сите се согласивме дека нема да сториме ништо понатаму. Откако му заблагодаривме на Долгиот Џон, тој си ја зеде патерицата и замина.

- Сите луѓе на бродот во четири попладне - викна големопоседникот по него.

- Во ред, господине! - се слушна одговорот на готвачот низ ходникот.

- Значи, големопоседнику - рече докторот Лејсви - не им верувам многу на луѓето што сте ги нашле, зборувајќи воопшто, но овој Џон Силва многу ми се допаѓа.

42

Page 43: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Тој е сила, вистински адут! - изјави задоволно големопоседникот.

- Сега - додаде докторот - Џим би морал да појде со нас на бродот, зар не?

- Се разбира! Земи го својот шешир Хоукинс, па ќе ја разгледаме лаѓата.

43

Page 44: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

9. БАРУТ И ОРУЖЈЕ

„Хиспаниола“ беше закотвена малку подалеку од брегот. За да ѝ пријдеме, моравме да се провлекуваме под бродските клунови со големите фигури и околу крмите на многуте други лаѓи и нивните челични јажиња што го гребеа дното на нашиот чамец или се нишаа околу нас. Најпосле стигнавме и се качивме на бродот, каде што нè пречека и нè поздрави помошникот на капетанот, господинот Ароу, опален, разрок стар морнар со обетки на ушите. Тој и големопоседникот се однесуваа меѓу себе многу пријателски. Меѓутоа, набрзо видов дека меѓу господинот Трилоуни и капетанот, работите не течат мазно.

Овој последниов беше строг критичар, ситничар, кому изгледа, ништо на бродот не му се допаѓаше; наскоро имавме прилика да чуеме и зошто, бидејќи само што слеговме во кабината, зад нас се појави еден морнар.

- Господине, капетанот Смолет би сакал да разговара со вас - рече.

- Секогаш сум му на располагање на капетанот; доведете го - рече големопоседникот.

Капетанот, кој се наоѓаше наблизу, веднаш влезе, затворајќи ја зад себе вратата.

- Значи, капетане, што имате да кажете? Се надевам, сè е во ред... како што и треба да биде на еден брод.

- Па, господине, почна капетанот - подобро е да зборуваме отворено, мислам, дури и по цена некој да се почувствува навреден. Не ми се допаѓа ова патување; не ми се допаѓаат овие луѓе; не ми се допаѓа дури ни мојот помошник.

- Можеби, капетане, не ви се допаѓа ни овој брод? праша големопоседникот, кој како што можеше да се забележи, беше многу лут.

- Во врска со тоа не би можел ништо да кажам, господине, бидејќи сè уште не го имаме испробано. Сепак, ми изгледа убава лаѓа; тоа е сè што можам да кажам.

- Можно е господине и вашиот работодавач да не ви се допаѓа? - праша големопоседникот сè полут.

Но овде се замеша доктор Лејсви. - Стрпете се малку - рече. - Застанете луѓе. Таквите прашања создаваат само недоразбирање. Капетанот кажа малку, или дури премногу, и морам да кажам дека барам објаснување. Велите дека не ви се допаѓа патот. Тогаш, зошто?

44

Page 45: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Ја прифатив, господине, оваа задача според, како што би рекле ние, запечатен налог; значи, треба да го одведам овој брод таму каде што ќе ми нареди овој господин - рече капетанот. - Дотука е сè во ред. Но сега гледам дека секој човек на бродот знае повеќе од мене. Мислите ли дека е тоа добро?

- Не - рече докторот - не мислам.- Понатаму - дознав дека сме во потрага по некое богатство; и

тоа го дознав од своите луѓе, обрнете внимание на тоа. Значи, закопано богатство; тоа е жална работа, таквите патувања не ми се допаѓаат, па макар се преземале од најдобри причини; не ги сакам особено кога се држат во тајност и кога таа тајна, ве молам за извинување господине Трилоуни, ја знае и папагалот.

- Папагалот на Силва? - праша големопоседникот.- Така се вели кога за нешто премногу се зборува - одговори

капетанот. - Верувам, господа, дека никој од вас не знае што презема, но ќе ви го кажам своето мислење: живот или смрт; токму такво нешто.

- Тоа е сосема јасно речено и доволно вистинито - рече докторот. - Ние навистина преземаме преголем ризик, но не сме така наивни како што верувате. Значи, рековте дека не ви се допаѓа екипажот. Зарем тоа не се добри морнари?

- Не ми се допаѓаат, господине - одговори капетанот Смолет. - Што се однесува до тоа мислам дека требаше да ми се дозволи сам да ги одберам своите луѓе.

- Можеби требаше - одговори докторот. - Мојот пријател навистина можел да ве поведе со себе кога ги одбираше, но ако и постои пропуст, тој е ненамерен. Вам не ви се допаѓа ни господин Ароу?

- Не! Мислам дека е добар морепловец, но се однесува премногу слободно со морнарите за да биде добар офицер. Помошникот на капетанот би морал да биде поповлечен; не би смеел да пие со луѓето на бродот.

- Мислите дека тој пие? - викна големопоседникот.- Не знам, господине, само е премногу близок со нив.- Значи, капетане, кажете ни накратко, што би сакале вие?- Па господо, нели вие решивте да го преземете ова

патување?- Повеќе од точно - одговори големопоседникот.- Многу добро! - рече капетанот. - Бидејќи сега трпеливо

сослушавте сè за работите со кои не се согласувам, слушнете уште неколку збора; се однесуваат на ставањето барут и оружје во предниот магацин. Гледајте, постои едно добро место под кабината; зошто тоа не би се сместило таму? Тоа е прво; вие со

45

Page 46: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

себе водите четворица ваши луѓе и ми рекоа дека тие ќе ноќевале на предниот дел од бродот; зошто не би ги сместиле овде покрај кабината?

- Има ли уште нешто? - праша големопоседникот.- Уште едно нешто: овде премногу се брбори за работите.- Да, тоа е и мое мислење - се согласи докторот.- Ќе ви кажам што јас лично чув - продолжи капетанот Смолет.

- Дека имате мапа на некој остров; дека на неа се наоѓаат крвчиња кои означуваат каде се наоѓа богатството и дека островот лежи - и тој точно ја назначи поморската должина и широчина.

- Никогаш тоа не сум го споменал - викна големопоседникот - никому!

- Екипажот тоа го знае, господине - одговори капетанот.- Лејсви, мора вие или Хоукинс да сте кажале - се гневеше

големопоседникот натаму.- Не е важно кој - одговори докторот, кој, се виде, како и

самиот капетан, обрнуваше малку внимание на префрлувањата на господинот Трилоуни.

Се разбира, ни јас не се осврнував многу на забелешките на големопоседникот, бидејќи тој беше брз на јазикот, па сепак, во овој случај верувам дека имаше право да се лути, макар што не бев сигурен дека никој од нас не зборувал за местоположбата на островот.

- Значи, господо - продолжи капетанот - не знам кај кого се наоѓа таа мапа, но изрично барам да не ми се покажува ни мене ни на господинот Ароу; во спротивно, би сакал да поднесам оставка.

- Сосема ве разбирам - рече докторот. - Сакате за оваа работа да не се зборува, задниот дел од бродот да биде запоседнат од нашите луѓе и само тие да имаат пристап до оружјето и до барутот на бродот. Со други зборови, вие се плашите од побуна.

- Гослодине - рече капетанот Смолет - без намера да ве увредам, немате право да ги толкувате моите зборови на свој начин. Ни еден капетан, драги мој, не би можел да најде оправдување да отплови на море ако би имал макар мала основа да претпостави такво нешто. Што се однесува до Ароу, верувам дека е сосема човек на место, а исто така и некои од екипажот, дури и сите, колку што јас знам; но јас сум одговорен за безбедноста на бродот и за животот на луѓето на него, гледам дека се случуваат работи, мислам, не сосема исправни, и барам да се преземат извесни мерки на претпазливост или да се прими мојата оставка. Тоа е сè!

- Капетане - почна докторот со насмевка - дали некогаш сте ја слушнале прикаската за планината и глушецот? Ќе ме извините, но

46

Page 47: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

ме потсетувате на таа приказна. Кога влегувавте овде сакавте, можам да се заколнам, да кажете нешто поважно од ова.

- Докторе, вие сте прониклив човек. Кога го пријавив своето доаѓање, единствената намера ми беше да поднесам оставка; не ни мислев дека господинот Трилоуни ќе ме сослуша.

- Сигурно и не би ве сослушал да не беше тука Лејсви; брзо ќе расчистевме. Меѓутоа, сега, откога сè ми изложивте, ќе направам како што сакате, но во моите очи нешто изгубивте.

- Тоа е ваша работа - господине, но ќе видите дека ја вршам само својата должност.

По тие зборови, тој нè напушти.- Трилоуни - рече докторот - спротивно на моето досегашно

мислење, сега верувам дека сте успеале на бродов да доведете двајца чесни луѓе: капетанот и Џон Силва.

- Што се однесува до Силва, се согласувам со вас, но кога станува збор за овој неподнослив лажливец, морам да изјавам дека однесувањето му е под секоја критика; недостојно за вистински морнар, а освен тоа Англичанец!

- Па - рече докторот - ќе видиме.Кога се качивме на палубата, луѓето веќе го пренесуваа

оружјето и барутот, пеејќи при работата, додека капетанот и господинот Ароу ја надгледуваа работата.

Бев воодушевен од новиот распоред; сè на бродот се преместуваше. Шест постели беа сместени на задниот дел, во продолжение на главното складиште; од оваа група кабини се доаѓаше до бродската кујна и до предниот дел на лаѓата каде што се наоѓаа морнарите. Дотаму се доаѓаше само преку тесниот проод покрај самата ограда. Во почетокот беше решено овие кабини да им припаднат на капетанот, на господинот Ароу, на Хантер, на Џојс, на докторот и на големопоседникот; меѓутоа, сега две од нив зазедовме јас и Редрат, додека капетанот и господин Ароу требаше да спијат во едно помало одделение на покривот, кое имаше доволно простор. Се разбира, беше доста ниско, но во него сепак беа убаво сместени два висечки кревети, така што дури и капетановиот помошник беше задоволен како беше уредено. Се чини дека и тој имаше свои сомнежи во поглед на екипажот, но тоа е само претпоставка, бидејќи, како што ќе слушнете, набрзо веќе не ни се даваше прилика да го дознаеме неговото мислење.

Сите бевме зафатени со работа, пренесувајќи го барутот и креветите, кога последните луѓе, колку што се сеќавам двајцата, заедно со Долгиот Џон, од крајбрежниот чамец се качија на бродот.

Готвачот се качи брзо како мајмун и штом виде што се работи, извика:

47

Page 48: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Аха другари, што е тоа?- Го преместуваме барутот - му одговори еден.- Зошто, жити бога! - викна Долгиот Џон. - Ако се задржуваме

со тие работи, ќе ја пропуштиме утринската плима!- Тоа е моја наредба - рече кусо капетанот. - Вие можете да се

симнете долу, бидејќи на екипажот треба да му се даде вечера.- Добро, добро, капетане - одговори готвачот салутирајќи, а

потоа се изгуби во правец на кујната.- Тоа е еден од нив - забележа докторот.- Многу веројатно, господине. Полека со тоа, луѓе, полека - им

се обрати потоа на луѓето кои го преместуваа барутот. Тогаш, забележувајќи ме како го гледам подвижниот топ на средината од лаѓата, викна:

- Еј, ти момче, остави го тоа! Оди кај готвачот и помогни му!Заминувајќи, слушнав како гласно му вели на докторот:- Не ми требаат повластени на бродот. Ве уверувам дека јас

имав исто мислење за капетанот како и големопоседникот и го мразев од дното на душата.

48

Page 49: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

10. ПАТУВАЊЕ

Целата таа ноќ бевме во голема брзаница бидејќи ги стававме работите на своите места и бидејќи примавме полни чамци со пријатели на големопоседникот, како што се господинот Брендли и други, кои доаѓаа да му пожелат среќен пат и сигурно враќање. Не паметам ни една ноќ во „Капетан Бенбау“ да сум имал ни половина толку работа како овде; бев уморен како пес кога пред разденување слушнав силен писок и екипажот се забрза околу подигнувањето на ленгерот. Да бев и двапати поуморен отколку што бев во моментот, не би ја напуштил палубата, сè ми беше многу ново и многу ме интересираше: кусите заповеди, остриот писок на свиралката и луѓето кои при трепкањето на бродските фенери брзаа на своите места.

- Ајде Барбеки, запеј ни една морнарска! викна еден глас.- Некоја старинска - додаде друг.- Да, да, другари! - рече Долгиот Џон кој, потпрен на својата

патерица, стоеше наблизу и самиот веднаш ја почна аријата и зборовите кои ми беа добро познати.

„Петнаесетмина на ковчегот на покојникот“.А тогаш целиот екипаж прифати во хор:„а-ха-ха, и шише рум!“При последното „Ха!“, морнарите силно го завртија вителот

пред себе.Дури и во тој возбудлив момент мислите за момент ми

одлетаа назад кон стариот „Адмирап Бенбау“: ми се стори како сè уште да го слушам капетанот како ги поттикнува нашите гости да пеат. Но набрзо се појави котвата и веќе по неколку секунди висеше крај бродот, додека водата истекуваше од неа: едрата се затегнаа и набрзо брегот и бродовите одминуваа од двете наши страни. Пред да легнам малку да поспијам, „Хиспаниола“ брзаше кон островот со скриеното богатство.

Нема да ви го опишувам патот со сите ситници; беше доста успешен: бродот се покажа како многу добар, екипажот како способни морнари, а капетанот како одличен познавач на својата работа. Но, пред да стигнеме до целта, се случија два-три настана што треба да се објаснат.

Се покажа дека работата со господинот Ароу стоеше полошо отколку што претпоставуваше капетанот; екипажот не ги слушаше неговите наредби и со него правеше што ќе посакаше, а тоа и не беше она најлошото: после еден ден или два на море, почна на палубата да се појавува со замаглени очи, со црвени образи, со

49

Page 50: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

икање и со други знаци на пијанство. Често се случуваше да мора да му се нареди за казна да слезе долу, се разбира, осрамотен. Понекогаш му се случуваше да падне и да се исече, а често по цел ден поминуваше в постела; од време на време се појавуваше речиси трезен и донекаде учествуваше во она што беше негова работа.

За сето тоа време никако не можевме да откриоме каде наоѓа пијалок: тоа беше бродска тајна; колку и да внимававме на него, не можевме да ја решиме. Кога ќе го прашавме, пијан, тој само се смееше, а кога беше трезен, свечено изјавуваше дека никогаш ништо не пиел, освен вода.

Не само што беше некорисен како офицер и даваше лош пример за луѓето, туку беше очигледно дека, ако продолжи така, наскоро самиот ќе си го стави крајот, така што никој од нас не се изненади многу кога една ноќ, за време на бура, сосема исчезна. Оттогаш, никогаш веќе не го видовме.

- Се урна преку оградата - рече капетанот. - Па, господо, тоа нè спаси, инаку ќе моравме да го ставиме во окови.

Така, се најдовме без првиот офицер, а беше потребно да се произведе некој на негово место. Надморнарот Џоб Андресон имаше најмногу шанси од сите други и, макар што ја задржа својата дотогашна титула, ја вршеше и оваа должност. Големопоседникот, кој порано поминал доста денови на море, се покажа многу корисен со своето знаење, та често, кога времето беше подобро, го заменуваше. Тоа истото го правеше и вториот офицер Израил Хендс, внимателен, лукав, постар, искусен морнар кому, во незгода, би можело да му се довери сè.

Тој, инаку, беше сигурен човек на долгиот Џон, а веќе кога го споменувам нашиот готвач, Барбикју*, како што го викаше екипажот, за него ќе ви раскажам.

Патерицата, со помош на мал заврзок му висеше на вратот, така што двете раце, по потреба, му беа слободни. Вредеше да се види кога стоеше така потпрен и нишајќи се како што се нишаше бродот, ги вршеше работите околу готвењето, како што тоа го прави некој здрав на копното. Уште почудно беше на кој начин, и при најлошо време, ја преминуваше палубата. Две-три, таканаречени „Долгиот Џон обетки“, всушност заврзоци од јажињата на палубата, му служеа при преминувањето на поголем празен простор. Час се фаќаше за нив, оставајќи ја патерицата да се влече, а потоа одново ја употребуваше и на тој начин преминуваше определен простор исто толку брзо колку и другите морнари. Сепак, некои од луѓето кои порано пловеле со него, покажуваа сожалување, гледајќи како се мачи.

50

Page 51: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Тој Барбикју не е обичен човек - имаше обичај да каже Андерсон. - Одел во добро училиште додека бил млад; кога е расположен, зборува како од книга, а храбар е: лавот не е ништо во споредба со Долгиот Џон. Сум имал прилика да видам како, невооружен, зграбува по четворица и им ги чука главите една од друга.

Целиот екипаж го почитуваше, дури и го слушаше. Имаше обичај секому да му каже по нешто пријатно и секогаш беше готов да направи по некоја мала услуга. Спрема мене беше неуморно внимателен и секогаш покажуваше задоволство кога ќе ме видеше во кујната што ја одржуваше чиста како црквичка: светлите садови висеа на ѕидовите, а неговиот папагал, се кочопереше во кафезот во еден агол.

- Ја гледаш ли таа птица - ќе речеше - таа е стара можеби двесте години: повеќето живеат вечно. Ако некој видел поголеми расипаности од неа, тоа мора да е самиот ѓавол. Таа пловела со Ингланд, познатиот гусар, капетанот Ингланд; била на Мадагаскар, Малабар, Суринам, Провиденц и Портобела; присуствувала на вадењето злато од потонатите бродови. Во таквите прилики и научила да вели „осмаци“, а не е ни чудно, триста и педесет илјади осмаци, Хоукинс! Била присутна кога вицекралот на Индија излегувал од Гоа; да, била таму, а кога ја гледаш, би помислил дека е само некакво бебенце. Но ти знаеш што е барут, зар не, капетану Флинт?

- Внимавај, тргнуваме! - закрескуваше папагалот.- Ах, опасен мангуп е тоа! - ќе речеше готвачот, подавајќи ѝ

шеќер, а птицата потскокуваше на решетките, сипајќи пцовки како од ракав. - Ете - ќе додадеше Џон - не можеш да фаќаш трње со раце, а да не се набодеш! Оваа моја кутра, стара, невина птица пцуе како ѓавол; никако да се опамети. Би пцуела таа и пред самиот свештеник - Џон притоа побожно се прекрстуваше, оставајќи на тој начин впечаток на навистина добар човек.

За сето тоа време големопоседникот и капетанот Смолет и натаму беа во затегнати односи; големопосодникот тоа не го криеше: го презираше капетанот. Овој од своја страна зборуваше само кога ќе се побараше од него по име, а и тогаш остро, кратко и суво, без да се растура со зборови. Кога ќе беше притиснат в ќош признаваше дека, изгледа згрешил, кога беше во прашање екипажот: некои од нив беа вредни баш како што посакуваше, а дека однесувањето на сите беше доста добро. Од лаѓата беше просто одушевен. „Таа е поисправна отколку што човек би имап право да очекува од својата венчана жена“. „Но“, додаваше, „сè што можам да речам е дека сè уште не сме се вратиле дома, а патот не

51

Page 52: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

ми се допаѓа“. Во таквите случаи, големопоседникот се свртуваше од него и кревајќи ја високо главата, почнуваше да чекори горе-долу по палубата.

- Само продолжи така, човеку, па ќе експлодирам - ќе речеше тој.

Често нè следеше невреме, при што се покажаа добрите особини на „Хиспаниола“. Екипажот беше сосема задоволен; да не беше тоа така, тешко со него ќе се излегуваше на крај, бидејќи верувам дека ни на еден брод не се толку размазени морнарите, дури уште откога Ное тргнал на пат со своите. За најмала ситница се служеше дупли грог, а пудинг, на пример, само ако големопоседникот слушнеше дека на некого од луѓето му е роденден, додека едно буре со јаболка се наоѓаше постојано на палубата, така што секој од нас можеше да се послужи секогаш кога ќе посакаше.

- Досега немам видено никакво добро од тоа - му рече капетанот на докторот. - Да се размази екипажот е исто што и да се направат ѓаволи од нив!

Но, како што ќе чуете, извесно добро сепак видовме од бурето: да не беше тоа, не ќе можевме да се подготвиме и сите ќе изгиневме заради предавство.

Еве како се случи тоа.Наидовме на ветер што дуваше кон запад, што и ни беше

потребно за да стигнеме на Островот. Нема да ви го кажам точниот правец во поединости; главно, добро нè следеше, додека ние, ден и ноќ, внимававме кога ќе видиме копно. Според пресметките, требаше веќе таа ноќ, а најдалеку другиот ден до пладне, да го забележиме Островот со скриеното богатство. Правецот ни беше југ-југозапад, ветерот дуваше од страната, а морето беше мирно. „Хиспаниола“ напредуваше рамномерно, од време на време нуркајќи со својот клун, додека зад неа остануваа безброј капки како фина магла. Сè беше во најдобар ред; одлично бевме расположени: се ближеше крајот на првиот дел од нашата авантура.

Својата работа ја завршив веднаш по заоѓањето на сонцето и, заминувајќи да си легнам, посакав да каснам јаболко, та отидов на палубата. Набљудувачот будно внимаваше дали во далечината ќе го забележи островот, а крмарот, ѕурејќи кон страната на едрата свртени кон ветрот, тивко потсвирнуваше некоја арија за себе, додека сè друго беше мирно, освен удирањето на брановите.

Бидејќи бурето беше доста високо за мене, морав да влезам внатре за да можам да одберам барем едно од оние малку останати јаболка. Но, седејќи долу во мракот, било заради

52

Page 53: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

роморењето на брановите кои го удираа бродот или заради лулањето на лаѓата, заспав, или баш сакав тоа да го сторам, кога некој седна на самото буре; штом тој се потпре со грбот на него, тоа се заниша и баш кога сакав да излезам, човекот почна да зборува. Го познав гласот на Силва и бидејќи слушнав само неколку збора, ја сменив одлуката и решив во никој случај да не се појавувам; останав таму каде што бев, треперејќи и слушајќи, љубопитен, а здрвен од страв, бидејќи од првите неколку збора разбрав дека само од мојата присебност зависат животите на сите чесни луѓе на бродот.

53

Page 54: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

11. ШТО СЛУШНАВ ОД БУРЕТО

- Не, не јас! - рече Силва. Флинт беше капетан, а јас подофицер. Од истиот плотун Пју го изгуби видот, а јас ногата. Тоа беше вистински хирург, тој што ми ја исече; од колеџ, и сè така; латински сипеше од ракав и што уште не, но го обесија како пес и го исушија на сонцето како и сите други на „Корсо Кастл“. Робертсовите луѓе ги менуваа имињата на своите бродови, како што беше случај со „Ројал Форчен“ итн. Што се однесува до мене: како што е бродот наречен, така и нека си остане. Така беше и со „Касиндра“ со која се вративме од Малбара, бидејќи Ингланд го поведе вицекралот на Индија; така и со „Вапурс“, Флинтовиот стар брод којшто го гледав полн со крв и претоварен со злато, речиси да потоне.

- Ах - воздивна другиот глас, според кој го препознав најмалиот морнар на бродот, кој очигледно беше сосема маѓепсан. - Тој Флинт, тој беше цветот на гусарите!

Дејвис исто така беше сила - му одговори Силва - но јас не пловев со него; првин со Ингланд, потоа со Флинт, тоа е мојата историја; а сега да кажам за својата сметка, ако може така да се каже. Моите деветстотини од Ингланд и две илјади од Флинт во суво злато, оставени се, да знаеш, на сигурно место. Тоа не е лошо за човек кој немал некој особен чин. Сето тоа лежи во банка. Каде ли се сега луѓето на Ингланд? Не знам! А каде се на Флинт? Па ете, повеќето од нив се на овој брод, желни да ја покажат својата храброст, неколкумина просто молеа да им се даде прилика. Гледаш, стариот Пју кој го изгуби видот и го сметаше тоа за срам, трошеше илјада и двесте годишно, како лорд во парламентот! Каде е тој сега? Па... умре; но по ѓаволите, само две години пред да стапи на служба кај Флинт, просто умираше од глад. Просеше, крадеше, пресекуваше грклени, па сепак, бога ми, гладуваше.

- Па да, тоа ништо не му помогна - рече младиот морнар.- Ништо не може да им биде од полза на будалите, тоа можам

да ти го речам; тоа и ништо друго - подвикна Силва. Но, сега слушај: ти си навистина млад, но вистинска видра; го забележав тоа веднаш штом те видов и ќе ти зборувам како човек.

Можете да си замислите како се чувствував слушајќи како овој проклет стар гусар му се обраќа на овој морнар, со истите ласкави зборови како и мене порано. Мислам, би го убил, само да бев во состојба да го сторам тоа. Но тој продолжи, не претпоставувајќи дека некој прислушкува.

54

Page 55: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Еве како живеат „џентлмените на среќата“; многу ризикуваат, секогаш можат да стигнат на бесилка, но јадат и пијат како принцови, а кога патувањето завршува, во џебовите имаат стотици златници наместо обични пезоси. Се разбира, поголемиот дел тие го трошат на рум и на други безвредности, а потоа повторно се враќаат на море само во своите кошули. Јас, меѓутоа, не правам така. Сè оставам на страна; нешто овде, нешто таму, но никаде многу, да не предизвикам сомневање. Јас имам педесет години, но кога еднаш ќе се вратам од ова патување, ќе бидам вистински џентлмен. А и време е, ќе речеш. Аха, но јас и досега доста добро живеев; никогаш ништо не си ускратував: спиев на меки душеци и цело време јадев одбрани работи, освен кога бев на море. А како почнав? Како обичен морнар, баш како сега ти.

- Добро, рече овој другиот - но овие пари што сте ги ставиле на страна, сега отишле по ѓаволите, зар не? По ова, не смеете веќе да се појавувате во Бристол.

- Зошто? Каде ти претпоставуваш дека тие пари се наоѓаат? - праша потсмешливо Силва.

- Па, во Бристол, во банките и ваму-таму.- Беше таму, синко - рече готвачот. - Беше сè додека не ја

кренавме котвата, но сега е кај мојата стара. „Дулбија“ го продадов, а мојата стара девојка веќе отиде таму каде што треба да се најдеме. Би ти кажал каде, бидејќи имам доверба во тебе, но на другите момци би им било криво што тоа токму тебе сум ти го доверил.

- Но можеш ли да ѝ веруваш на својата жена?- „Џентлмените на среќата“ обично малку си веруваат еден на

друг, а имаат и право, но јас работам на свој начин, да, на свој. Кога некој морнар би предал нешто, мислам нешто за мене, мрак би го проголтал. Ти велам, некои се плашеа од Пју, некои од Флинт, но Флинт се плашеше од мене, бога ми, се плашеше! Немаше погруб екипаж од оној на Флинт: и на самиот ѓавол би му било одвратно со таков екипаж да се најде на море! Сега, ти велам, не сум од луѓето што сакаат да се фалат и сам гледаш каков сум во друштво, но кога јас бев подофицер, луѓето на Флинт беа како овчички. Ха, на бродот на стариот Џон, сигурен си за себе!

- Добро, сега ќе ти речам - одговори младичот ни напола не ми се бендисуваше оваа работа додека не разговарав сега со тебе, Џон. Еве ти ја сега мојата рака!

- Храбар си ти момчак и бистар, а подобар изглед за „џентлмен на среќата“ речиси не сум видел со свои очи - рече Силва, ракувајќи се така срдечно што целото буре се тресеше.

55

Page 56: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Сега веќе почнав да ги разбирам нивните изрази; „џентлмен на среќата“ го викаа, ни помалку ни повеќе, обичниот гусар, а малата сцена на која присуствував скриен, претставуваше последна сцена на придобивање на еден од чесните морнари, можеби последниот од тој вид на бродот. Но по ова прашање наскоро малку здивнав. Силва свирна, а веднаш потоа се појави некој трет човек и седна со него.

- Дик е наш! - рече Силва.- О, знаев дека ќе биде на наша страна - одговори гласот на

Израил Хендс. - Не е Дик будала. - Тој го испреврти тутунот в уста и плукна. - Но слушај, Барбикју - продолжи тој - би сакап да знам колку ние вака ќе чекаме како некои проклети магариња? Доста го трпев овој капетан Смолет, долго ме мачи, по ѓаволите со него! Би отишол фино во таа нивна кабина, би се раскомотил и добро би се напил.

- Израил - му се обрати Силва - со главата никогаш не си се служел добро, но мислам дека можеш добро да слушаш, се разбира, имаш големи уши. Значи, еве што имам да ти кажам: внимавај што работиш, зборувај тивко и биди трезен сè додека не дадам знак; а биди сигурен дека тоа ќе го сторам, синко мој.

- Па не велам дека нема, промрморе овој. - Она што прашувам е кога? Тоа би сакал да знам.

- Кога! По ѓаволите! - викна Силва. - Па, ако баш сакаш да знаеш, ќе ти кажам: во последниот момент што ќе биде поволен за тоа; ете, тогаш. Ете тој капетан Смолет е морепловец што не можеш да најдеш подобар, а големопоседникот и докторот ја имаат мапата; не знам каде ја држат, знам ли? Ќе речете, не знаеме ни ние; според тоа, нека тие двајцата убаво го пронајдат богатството и нека помогнат да се натовари; тогаш ќе видиме што ќе правиме понатаму. Да сум сигурен во сите вас, ѓаволски синови, би го оставил капетанот да нè врати барем половина пат пред да нападнеме.

- Зошто, мислам дека сите на бродов сме морнари - рече младиот Дик.

- Подобро речи, обичен екипаж - упадна Силва. - Можеме да го возиме бродот, но во кој правец? Тоа е она што ни недостасува; на секого од нас. Кога само јас би се прашувал, би го оставил капетанот да не доведе, во најмала рака, до ветерот кој сам би не одвел каде што сакаме. Тогаш не би дошло до некоја лоша пресметка и до лажичка вода на ден. Но добро ве познавам и ќе завршам со него уште на островот, веднаш штом го натовариме златото, макар што е тоа штета. Знам дека сте среќни само кога сте

56

Page 57: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

пијани и срцето ме боли што морам да пловам со луѓе како што сте вие!

- Полека, полека, Долг Џон - викна Израил. - Што се лутиш сега?

- Па што мислите, колку големи бродови сум видел со свои очи како пропаѓаат и колку морнари како умираат пржејќи се на сонцето - викна Силва - а сè само заради тоа брзање, брзање, брзање! Ме слушате ли? Сум научил две-три работи на море кои мораат да се знаат: треба да се одреди правецот и да се фати поволен ветер: тогаш сме без грижа; но вие не сте за тоа. Ве познавам! Следниот ден би ги наполниле устите со рум и би отишле на бесилка.

- Познат си како некој вид проповедник, Џон, но постоеле и други кои можеле да ракуваат и да ги употребуваат работите исто толку добро колку и ти - рече Израил. - Сакале да се пошегуваат, не биле ни светци: по некој куршум им одлетал од рака; впрочем, како кај сите вистински гусари...

- Така значи?! - го прекина Силва. - А каде се сега тие? Пју беше таков, но умре како просјак; а Флинт го уби румот на Савана. Да, беа тоа добри момци, само каде се сега?

- А кога ќе ги пофаќаме, што ќе правиме со нив? - праша Дик.-Тоа ми се допаѓа! - викна готвачот, восхитувајќи се. -

Вистинско деловно прашање. Па, што мислиш? Да ги оставиме на некој пуст остров? Така би направил Ингланд. Или сите да ги испотепаме, како што правеа Флинт и Били Боунс.

- Били беше сила за тие работи - рече Израил. - „Мртвите не зборуваат“, би рекол. Но сега и тој е мртов, а се сеќавам: погруб гусар од Били не видело ниедно пристаниште.

- Имаш право - рече Силва - беше груб и готов на сè. Но запомнете го ова: јас сум мирен човек, би се рекло џентлмен, но бидејќи е работата овојпат сериозна, гласам за смрт. Должноста е должност, другари! Се разбира, кога ќе се повлечам во мирен живот и кога ќе се возам со својата кола, не би сакал да ми се појават овие неповикани како ѓаволи при молитва. Реков ќе чекаме, а кога ќе дојде време, ќе ја собереме својата жетва.

- Џон - викна Израил одушевено - ти си вистинскиот човек за оваа работа.

- Тоа ќе можеш да го кажеш кога ќе бидеме готови, Израил, но барам една работа: го сакам Трилоуни. Ќе му ја откинам онаа говедска глава со овие раце. Дик - додаде прекинувајќи - де скокни и подај ми едно јаболко да ја наквасам устава.

Можете да го замислите стравот што ме спопадна. Сакав да скокнам и да се дадам во бегство што секако и би го сторил да имав

57

Page 58: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

сила, но срцето и нозете ме издадоа. Слушнав како Дик се поткрева, но тогаш некој го запре, до мене допре гласот на Хендс.

- О, остави, нема сигурно да цмукаш јаболко, како некое бебе? Подобро да испиеме малку рум.

- Дик - рече Силва - тебе ти верувам; еве ти клуч. Во мојата кабина ќе најдеш буренце, наполни едно шише и донеси горе.

Иако умрен од страв, сепак помислив дека тоа е изворот од каде што Ароу се снабдува со алкохол од кој ќе му дојде крајот.

Штом Дик се оддалечи, Израил и готвачот почнаа да шепотат. Иако можев да слушнам само по некој збор, дознав една важна новина; меѓу одломките ја слушнав јасно целата реченица: „Ни еден повеќе не можеме да убедиме“. Според тоа, дојдов до заклучок дека на бродот сепак сè уште имаше сигурни луѓе.

Кога Дик се врати, додека шишето преминуваше од рака во рака, првин пиеја „за среќа“, потоа „за мир на душата на добриот, стар Флинт“, а Силва, зборувајќи: „Ова за наше здравје и за многу плен!“ испи неколку голтки.

Токму во тој момент нешто над мене засвети; кревајќи го погледот, ја забележав полната, сребренеста месечина, чија бледа светлина се одбиваше од предното крило, а речиси во исто време се слушна гласот на извидникот на катарката: „Еј, земја!“

58

Page 59: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

12. ВОЕН СОВЕТ

По палубата започна трчаница. Чув тропање на вратите од кабините и чекори на морнарите од предниот дел на бродот. Искористувајќи го погодниот момент, излегов од бурето, завртив околу предното едро, ја претрчав палубата до крмата и стигнав на незаградениот простор истовремено со Хантер и со докторот, кои оттаму сакаа подобро да го видат копното.

Речиси целиот екипаж беше веќе тука. Еден перчин магла се губеше како што се појавуваше месечината. Далеку, југозападно од нас, се гледаа два рида, оддалечени еден од друг околу три километри, а зад нив, се издигаше трет рид, уште поголем, чиј врв беше затскриен од маглата. Сите три изгледаа стрмни и како купа.

Ми се стори дека сонувам. Сè уште не бев сигурен дека по еден таков страв, сум останал жив. Притоа го слушнав капетанот како издава наредби. Клунот на „Хиспаниола“ се помрднуваше за неколку степени спрема ветрот; се пловеше во правец кој ја покажуваше капетановата намера да го заокружи островот од исток.

- Е, сега, луѓе - рече капетанот откога доведе сè во ред - дали некој од вас порано го видел копното кое е пред нас?

- Јас го имам видено - рече Силва - бродот на кој бев готвач, овде земаше вода.

- Би рекол дека заливот е на југ, зад некое островче?- Така е. Тој остров го викаат Костуров Остров. Овде некогаш

беше главната гусарска база, а еден од моите другари добро го познаваше островот. Оној рид на север се вика Јарбол. Има уште три што се нижат спрема југ; наречени се предно, главно и задно едро. Главното, она чиј врв се наоѓа во облаците, се вика Дулбија; од него се извидуваше морската шир додека бродот, укотвен, се поправаше или се уредуваше. Овде гусарите ги доведуваа своите бродови кога требаше да ги исчистат.

- Имам овде една мапа - рече капетанот - види дали одговара на ова место.

Додека Силва ја земаше мапата во своите раце, забележав како му светат очите со вонредна жар; меѓутоа, знаев дека кога ќе фрли поглед на неа, ќе се почувствува разочаран. Тоа беше само копија што ја пронајдовме во ковчегот на Били Боунс со сите податоци - имињата, височините и длабочините на водата наоколу - освен црвените крвчиња и писменото објаснување. Иако Силва сигурно беше многу разочаран, на него ништо не можеше да се забележи.

- Да - рече - точно одговара и многу добро е нацртано. Кој ли тоа можел да го стори? Мислам дека гусарите беа неспособни за такви работи. Аха, еве го „Пристаништето на капетан Кид“; баш онака како

59

Page 60: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

што и јас и моите другари го нарекувавме. Силната струја оди кон југ, а потоа северно покрај западниот брег. Се разбира, имате право - рече - што го опкружувате островот, зашто ако сакате да застанете и да го прегледате бродот, подобро место од ова не може да се најде.

- Благодарам - рече капетанот Смолет. - Подоцна ќе те повикам ако ми затребаш. Сега можеш да одиш.

Бев восхитен од ладнокрвноста на Џон и, признавам, се исплашив гледајќи дека ми приоѓа. Се разбира, не мо жеше да му биде познато моето прислушкување од бурето, а сепак, се ужаснував од неговата свирепост, од дволичноста и моќта, така што кога ја спушти раката на моето рамо, одвај успеав да го совладам тресењето.

- Ах - рече - прекрасен е овој остров, убаво местенце за разонода на момчак како што си ти. Ќе се капиш, ќе се искачуваш на дрвјата, а можеш да ловиш и диви кози; гледајќи таму, се сетив на своето детство, просто ја заборавам оваа дрвена нога. Прекрасно е да се биде млад! Кога ќе посакаш малку да го истражиш островот, само кажи му на стариот Џон, тој ќе ти подготви ужина.

Откако најсрдечно ме потчукна по рамото, замина од кај мене и набрзо видов како слегува по скалите.

Капетанот, големопоседникот и докторот Лејсви, разговараа на командниот мост и, иако горев од желба да ги известам за сè што слушнав, не се осмелував отворено да ги прекинам. Додека измислував некоја неупадлива причина за тоа, ме викна докторот. Го заборавил лулето долу, а бидејќи беше роб на тутунот, посака да му го донесам. Но штом му пријдов така блиску што можев да зборувам без опасност некој да не чуе, реков брзо: „Докторе, викнете ги капетанот и големопоседникот долу, во кабината, и тогаш, под било каков изговор, побарајте ме. Имам да ви кажам страшни работи“. Докторот на тоа малку се тргна, но веќе во следниот момент владееше со себе.

- Благодарам, Џим - рече гласно - тоа е сè што сакав да знам - како да добил одговор на некое свое прашање.

Веднаш потоа се сврти на петици и им се придружи на другите двајца. Видов дека разговараат и, иако никој од нив не покажуваше некакво возбудување, ми беше јасно дека мојата молба им е соопштена. Набрзо капетанот го викна Џоб Андерсон и му нареди целиот екипаж да го викне на палуба.

- Момчиња - им се обрати капетанот штом сите беа на собир - имам да ви кажам два-три збора. Целта на нашето патување е копното кое го гледате, Големопоседникот Трилоуни, како што сите знаете, е многу дарежлив човек, а бидејќи му реков дека секој човек на бродот ја исполни својата должност како што само може да се посака, тој, докторрт и јас, ќе слеземе долу, во кабината, да испиеме по некоја чаша во ваше здравје и за ваша среќа. По желба на

60

Page 61: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

големопоседникот, вие ќе бидете послужени со грог, а јас се надевам дека ќе го испиете за наше здравје. Мислам дека е ова добро од големопоседникот и, ако се согласувате, ќе го поздравиме со трипати „ура“.

Се разбира, следеше поздравот и тоа така громогласен и од се срце што, морам да признам, ми беше тешко да верувам дека овие исти луѓе коваат заговор, подготвувајќи се да не убијат.

- Уште едно „ура“ за капетанот - викна Долгиот Џон откога одушевувањето беше смирено.

Овој предлог исто така беше радо прифатен.Веднаш потоа тројцата џентлмени слегоа долу, а малку подоцна

еден морнар јави дека Џим Хоукинс го викаат да слезе долу во кабината.

Ги најдов како седат околу округла маса на која стоеше шише шпанско вино и чинија со суво грозје. Докторот, павкајќи чад од своето луле, ја држеше периката во скутот што беше, тоа го знаев, сигурен знак на неговата вознемиреност. Бидејќи ноќта беше топла, прозорецот беше отворен, и можев да го видам блесокот на месечината врз трагата што бродот ја оставаше зад себе.

- Значи, Хоукинс - рече големопоседникот - имаш нешто да ни кажеш? Зборувај!Се разбира послушав и раскажав накратко сè што слушнав. Никој не ме прекинуваше, ниту направи било какво движење, но затоа ме гледаа без да трепнат.

- Џим - рече докторот откога завршив - седни!Ме натераа да седнам на масата заедно со нив, ми турија чаша

вино и ми ги наполнија рацете со суво грозје. Сите тројца, поклонувајќи се, испија во мое здравје, за моја среќа и храброст.

- Сега, капетане - рече големопоседникот - признавам дека вие имавте право, а не јас. Согледувам дека испаднав магаре и чекам на вашите наредби.

- Не поголемо од мене - одговори капетанот. - Никогаш не сум чул човек кога чувствува дека се подготвува побуна, чии знаци се видливи, да не преземе противмерка, но овој екипаж навистина не го разбирам.

- Капетане - се замеша докторот - дозволете да ви кажам, ми се чини дека овој Силва е впечатливо бистар човек.

- Би изгледал тој уште повпечатлив кога би висел на бесилка - одговори капетанот. - Но овој разговор кон ништо не нè води. Би требало да се направат две-три работи кои, со дозвола на господинот Трилоуни, ќе ги навестам.

- Вие сте овде капетан, наше е да ве слушаме - рече ласкаво големопоседникот.

61

Page 62: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Прво - почна капетанот - мораме да продолжиме, назад не се може. Кога би наредил бродот да се сврти назад, веднаш би нè нападнале. Второ, имаме време, во најмала рака, сè додека не го најдеме богатството. Трето, сепак располагаме со неколкумина верни луѓе. Значи, порано или подоцна, мора да дојде до борба. Врз основа на тоа, предлагам тој ден да биде оној на кој тие најмалку ќе се надеваат. Мислам дека можеме да сметаме на вашите слуги, господине Трилоуни?

- Исто како на мене - изјави големопоседникот.- Тројца - собираше капетанот - што со нас прават седуммина,

ако го сметаме и Хоукинс. Значи, сега е прашање колкумина чесни има меѓу екипажот?

- Веројатно луѓето што ги нашол Трилоуни пред да наиде на Силва.

- Не би рекол - забележа големопоседникот. - Хендс е еден од нив.

- Мислев дека на Хендс може да му се верува - додаде капетанот.

- И кога човек ќе помисли дека се тие вистински Англичани! - го прекина големопоседникот, целејќи на гусарите. - Ми доаѓа просто да го кренам овој брод во воздух.

- Значи, господо - рече капетанот - сè што би имал да кажам се состои во следното: мораме да бидеме мирни и да внимаваме на секое нивно движење! Знам дека е тоа напорна работа и би било многу подобро веднаш да дојде до пресметка. Но тоа ништо не ни помага, затоа мораме да правиме сè што е неопходно додека не дознаеме кој е со нас.

- Ете, тука Џим може да ни помогне повеќе од секој друг. Луѓето со него слободно се однесуваат, а тој е прониклив момчак - рече докторот.

- Хоукинс, во тебе се полагаат големи надежи! - додаде големопоседникот.

Се чувствував прилично безнадежно, знаев дека сум беспомошен, а сепак, според чудниот стек на околностите, токму со моја помош дојдовме до спасот. Во меѓувреме, макар што долго го разгледувавме тоа прашање, дојдовме до заклучок дека од дваесет и шест колку што вкупно бевме на бродот само седумина бевме оние на кои со сигурност можеше да се смета. Од тие седуммина, едниот беше момче, така што возрасни луѓе на наша страна имаше шестмина, а на нивна деветнаесет.

62

Page 63: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Трет делМОЈАТА АВАНТУРА

НА ОСТРОВОТ

63

Page 64: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

13. ПОЧЕТОК НА АВАНТУРАТА

Кога следното утро се качив на палуба, изгледот на островот беше сосема поинаков. Иако ветерот имаше сосема престанато, видов дека во текот на ноќта сме совладале голем дел од патот; бевме укотвени околу половина милја југоисточно од нискиот источен брег. Голем дел од површината на островот го покриваше шума со сивозелена боја. Оваа воедначеност се прекинуваше на некои места, во заливчињата, каде што се појавуваа песочни јазици, или пак од многуте високи борови што растеа одделно или во групи. Но општиот изглед сепак беше едноличен и тажен. Над таа вегетација се издигнуваа ридишта со голи, каменити врвови. Сите беа со чудна форма, а „Дулбија“, за околу сто до сто педесет метри повисок од другите, исто така изгледаше необично: стрмен, издигнувајќи се остро од сите страни, со нагло отсечен врв што оставаше впечаток на постамент на некој споменик.

„Хиспаниола“ осетно се нишаше на океанските бранови; едрата чкрипеа, крмата се движеше таму-ваму, а целиот брод крцкаше, ечеше и се тресеше. Морав да се придржувам. Пред очите сè ми се вртеше бидејќи иако бев доста добар морнар додека бевме во движење, ова стоење во место и нишање како океанот да си игра со некое шише не можев да го поднесам, а да не ме обземе некоја мака и лесна несвестица, особено изутрина кога стомакот ми беше празен.

Можеби заради тоа, а можеби и заради изгледот на островот - неговите сиви, меланхолични шуми, дивите, каменитите врвови и брановите што се пенеа и шумеа крај стрмниот брег, иако денот беше сончев, а околу нас облетуваа галеби факајќи риби и крикајќи - се чувствував тажен и ја мразев од тој прв поглед и самата помисла на Островот со скриено богатство, иако би се помислило дека би требало да бидам среќен што се истоварувам по така долгиот пат на море.

Тоа утро имавме пред себе доста досадна работа. Од ветерот немаше ни трага, требаше да ги спуштиме чамците и да весламе за „Хиспаниола“ да се одвлече три-четири милји околу островот, а потоа, низ еден тесен премин, да влезе во заливот зад Костуровото Островче. Доброволно се пријавив за еден од чамците, иако, се разбира, не беше тоа работа за мене. Горештината беше неподнослива, а морнарите грдо мрмореа при работата. Андерсон, на кого му беше доверена командата над чамецот во кој се наоѓав јас, наместо да одржува ред, пцуеше погласно од сите други.

64

Page 65: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Па - рече, проследувајќи го тоа со пцовка - ни ова не ќе трае вечно.

Тоа беше лош знак: сè до денеска луѓето ја извршуваа работата со волја. Меѓутоа, сега, штом го видоа островот, се виде дека дисциплината нагло попушта.

За сето тоа време Долгиот Џон стоеше покрај крмарот, помагајќи му да го спроведе бродот. Го познаваше преминот како дланката на својата рака. Ни еден момент не се поколеба, иако водостојот доста се разликуваше од податоците од мапата.

- Овде осеките се многу силни - рече - а преминот е поткопан, што би се рекло, како со лопата.

Најпосле „Хиспаниола“ ја доведовме токму до местото кое на мапата беше означено со ленгер, оддалечено околу петстотини метри од двата брега. Дното беше покриено со чист песок. Кога нашиот ленгер пласна во водата, се крена облак од птици што запиштија. Извесно време кружеа над шумата, но потоа брзо се спуштија и одново завладеа мир.

Околу местотот каде што запревме, копното беше покриено со шума што стигнуваше до самата вода; брегот беше рамен, обрабен со врвовите на ридјата што се гледаа во далечината, што создаваше некој вид амфитеатар, ако можеме така да го наречеме. Во ова езеро се сливаа две мали поточиња, додека природата на тоа место беше необично зелена. Од бродот не можеше да се види куќата, ни оградата од колја. Сè беше затскриено од дрвјата и да немаше објаснување во мапата, ќе ни изгледаше како да бевме први луѓе кои, од настанувањето на островот, се истовариле овде.

Воздухот сосема мируваше и не се слушаше никаков глас, освен шумењето на брановите кои доаѓаа до брегот и удираа во оддалечените карпи. Над заливот лебдеше некој чуден мирис на застојаност: тоа беше испарувањето од наквасените лисја и стебла кои скапуваа. Забележав дека докторот го намирисува воздухот, муртејќи се, како да имаше наблизу расипано јајце.

- Не знам дали ќе го најдеме богатството - рече - но сигурен сум дека овде има маларија.

Како што реков, однесувањето на луѓето, додека бевме во чамците, беше доста лабаво, а сега, при враќањето на бродот, стана опасно. Лежеа во групи по палубата и мрмореа. И на најмалата наредба, одговараа со мрачни погледи и површно, безволно, ја извршуваа. Тоа преоѓаше дури и на верните луѓе и ни еден не се осмелуваше да го поправи другиот. Беше јасно дека побуната, заканувајќи се ни се приближуваше како дождовен облак.

Освен ние, опасноста ја забележуваше и Долгиот Џон. Гледавме како приоѓа од една до друга група и им дели добри

65

Page 66: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

совети, давајќи се себе си за пример. Просто се надминуваше себе си во љубезноста и во желбата да се најде на услуга: секому се насмевнуваше. Кога ќе слушнеше некој заповед, во истиот момент ја зграбуваше својата патерица и весело одговараше: „Разбирам, разбирам!“ Кога немаше работа, сеедно пееше песна по песна, обидувајќи се на тој начин да го сокрие незадоволството на другите.

Од сè што можевме да забележиме тоа тажно попладне, најлошо ни изгледаше очигледната загриженост на Долгиот Џон.

Во кабината одржавме совет.- Големопоседнику - рече капетанот - ако издадам макар уште

една заповед, ќе дојде до судир. Значи, ако им подвикнам, ќе нè нападнат. Ако молчам, Силва ќе забележи дека нешто знаеме: тогаш играта ќе биде изгубена. Ни останува да се потпреме само на еден човек.

- На кого мислите? - праша големопоседникот.- На Силва - одговори капетанот - кој сака, како и сите ние, да

ја забошоти работата. Ако му се даде прилика да ги убеди, тој тоа сигурно ќе го постигне. Јас предлагам тоа да му го овозможиме на тој начин што на екипажот ќе му дадеме слободно попладне на островот. Ако сите одат, ќе излеземе некако на крај со бродот, ако никој не појде, ќе седиме во кабините и господ нека ни биде на помош; ако некои сепак излезат, запаметете ми ги зборовите, на бродот ќе се вратат питоми како јагниња.

Предлогот беше прифатен. На сигурните луѓе им беа дадени полни пиштоли. На Хантер, Џојс и Редрат им ја доверивме тајната која ја примија со многу малку изненадување и со помалку страв отколку што очекувавме. Потоа капетанот се качи на палубата, упатувајќи му ги на екипажот овие зборови:

- Момчиња! Денот беше многу жежок, сите сме уморни и нерасположени: малку прошетка по брегот никому нема да му штети. Чамците се сè уште во водата, можете да ги земете и кој сака може ова попладне да го помине на островот. Како знак за враќање ќе испукаме еднаш половина час пред заоѓање на сонцето.

Верувам дека наивно мислеа дека штом ќе слезат, богатството ќе се создаде пред нив, бидејќи за една секунда сите се најдоа на палубата, поздравувајќи го капетанот со „ура“ така гласно, што ехото се враќаше од далечината, а птиците повторно се кренаа крескајќи околу заливот.

Бидејќи капетанот беше повеќе од задоволен од исходот, така што постоеше можност тоа задоволство да му се види на лицето, тој брзо се повлече оставајќи го Силва да го уреди заминувањето, мислејќи дека е тоа најдоброто што можел да го стори. Да останеше би морал да се преправа дека не ја разбира положбата во која се

66

Page 67: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

наоѓаме. Беше јасно како ден дека Силва е водачот на овој бунтовен екипаж. Чесните луѓе, а набрзо се уверив дека и такви има на бродот, мора да беа многу припрости. Подобро речено: претпоставувам дека вистината беше во ова: целиот екипаж со негодување гледаше на одлуката на своите коловодци, со тоа што кај некои негодувањето беше поголемо, а кај некои помало, а пак неколцина, главно добри луѓе, не сакаа, на никој начин да го извршат она што се бараше од нив, бидејќи едно е да се седи без работа и да се коваат планови, а сосема друго да се грабне бродот и да се убие извесен број невини луѓе.

Во меѓувреме, Силва формира две групи; шестмина останаа на бродот, а другите тринаесет, меѓу кои се наоѓаше Силва, почнаа да слегуваат во чамецот.

Тогаш ми светна една мисла која многу придонесе што денеска сме живи. Ми беше јасно дека штом Силва остава шестмина, дека нашите не ќе можат да го преземат бродот и да отпловат со него, а бидејќи останаа само шестмина, бев убеден дека јас тука не би бил од полза; затоа решив да влезам во чамецот. Го сторив тоа колку што можев побрзо скокнав и клекнав во предниот дел на најблискиот чамец кој речиси во истиот момент тргна.

Никој не сврти внимание на мене, освен најблискиот морнар кој рече: „Ти ли си тоа, Џим?“ Меѓутоа, Силва од другиот чамец остро гледаше на нас и го постави истото прашање. Од тој момент, почнав да се каам заради својата смелост. 

Се натпреварувавме меѓу себе. Бидејќи чамецот во којшто бев јас тргна нешто порано и беше полесен, а и екипажот подобар, изби далеку пред другите и набрзо удри со клунот во брегот меѓу дрвјата. Ја грабнав првата гранка, се префлив со нејзина помош и ја прснав во првиот шибјак, додека Силва и другите се наоѓаа уште триесетина метри зад нас.

- Џим, Џим! - викаше по мене.Можете да замислите што правев; скокајќи, сопинајќи се и

кршејќи ги гранчињата пред себе, трчав колку што можев, сè додека не го изгубив здивот.

67

Page 68: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

14. ПРВАТА ПРЕСМЕТКА

Се чувствував толку среќен што му избегав на Долгиот Џон што со интересирање и задоволство почнав да ја разгледувам оваа чудна земја во која се најдов.

Откога одминав еден мочуришен појас полн со врби, рогози и чудни, непознати шипјаци, се најдов на работ на отворениот, брановиден и песочен простор, долг повеќе од еден километар. Меѓу поголемиот број криви дрвја со големина на даб, на тој простор растеше и по некоја евла, но со бледи лисја како на врба. На другиот крај се истакнуваше еден рид со два необично остри врвови кои се отсликуваа на сонцето.

За првпат ја почувствував страста на испитувањето на непознати предлози; островот беше ненасилен, другарите од бродот останаа зад мене, а пред мене: само неми ѕверишта и птичишта. Одев таму-ваму, од дрво до дрво, овде-онде откривав непознато цвеќе, дури видов и змии, од кои една ја крена главата и прос'ска на мене слично на штракалка. Тогаш не ни претпоставував дека е тоа човеков смртен непријател, опасна ѕвечарка.

Потоа наидов на некои грмушки, подоцна дознав дека е тоа жив даб, а растеше покрај жолтеникавоцрвените капини. Гранките му беа чудно извиткани, лисјата како кај рогоза, а се протегаше од врвот на едно округло песочно ритче и, колку што се приближував до едно широко мочуриште со трска, низ кое минуваше најблиското поточе на својот пат кон заливот, станувше сè поголема. Бариштето се испаруваше на силното сонце, а низ проѕирната измаглица се наѕираа и трепереа линиите на Дулбија.

Оддеднаш во трската се слушна некакво движење; излетта една дива пајка, по неа втора, а набрзо се крена цело јато, гагајќи и кружејќи над барата. Веднаш заклучив дека веројатно некој од нашите морнари се приближуваа кон истото место од другата страна. И навистина, не се излагав; набрзо слушнав оддалечени, ниски тонови на човечки гласови, кои постепено стануваа сè погласни.

Ова, се разбира, ме исплаши, така ползејќи стигнав до првиот даб, се скупчив како глушец и продолжив да наслушнувам.

Според гласовите сфатив дека се двајца, бидејќи неколку недоволно разбирливи зборови допреа до мене, додека гласот на другиот - на Силва, веднаш го познав - продолжи да зборува, истурајќи зборови како од ракав. Првиот само од време на време го прекинуваше. По тонот се чувствуваше дека разговарат би се рекло нешто сериозно, но до мене сè уште не доаѓаа разбирливи зборови.

68

Page 69: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Најпосле веројатно запреа и седнаа, бидејќи не само што нивното приближување престана, туку почнаа и пајките да се смируваат и да слетуваат на своите места во мочуриштето.

Помислив дека сум ја запоставил својата должност, а бидејќи веќе направив глупост да одам на брегот со овие авантуристи, најмалку што можев да сторам беше да прислушкувам; мојот план и очигледната должност се состоеја во тоа да им пријдам што е можно поблиску, користејќи се со погодноста што ја даваа грмушките.

Правецот можев да го одредам не само по тонот на нивните гласови, туку и по движењето на пајките, до кои понекоја сè уште вознемирено леташе над нивните глави.

Им приоѓав, ползејќи на сите четири, полека но сигурно, додека најпосле, ѕиркајќи низ лисјата, не го видов Долгиот Џон Силва, со уште еден од екипажот. Стоеше покрај мочуриштето на мал отворен простор, но доста затворен со гранки. Сончевите зраци му паѓаа баш на темето. Паларијата на Силва стоеше фрлена крај него на земја, а неговото мазно, свежо лице, светло од потта, беше свртено кон другиот, со израз како за нешто да го преколнува.

- Другар - зборуваше - ти си вистинско злато, златна футка, тоа си ти! Да не сум те засакал како зеницата во своето око, мислиш ли дека би те предупредувал? Сè е свршено, ништо не можеш да сториш ниту да поправиш. Сè што сакам, тоа е да ти ја спасам главата, а кога еден од оние дивјаци би знаел за тоа, што би било со мене, Том? Кажи ми сега, што мислиш, што би се случило?

- Силва - рече оној другиот - а јас забележав дека е црвен во лицето. Говореше зарипнато како некој гавран, додека гласот му затреперуваше како затегнат конец. - Силва, ти си стар и чесен, или барем уживаш таков глас; имаш пари, што е реткост кај нас бедните морнари; храбар си, или пак јас грешам, а сега сакаш да ми кажеш како си дозволил себе си да те водат овие неколкумина клетници? Ти, не! Што се однесува до мене, сигурно како што постојам, поарно би ја изгубил својата рака, отколку да работам спротивно на сопствената совест...

Во тој момент го прекина некој вик што стигна до нас. Најдов еден од чесните, но гледај, ми се чини и уште еден. Далеку во мочуриштето некој викаше, може да се рече со истргнат глас, потоа уште еден по него, а потоа, страшен, долг крик, чие ехо неколкупати се одбиваше од карпите на Дурбин и се распадна во воздухот. Одново се крена цел облак мочуришни птици затскривајќи го погледот, а долго потоа откако завладеа тишината, испрекинувана само со нивното слетување и со бучавата на брановите во далечината, тој смртен крик ѕвонеше во моите уши.

69

Page 70: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

На тоа Том скокна како подбоден коњ, но Силва воопшто не мрдна. Стоеше на истото место, лесно потпрен на патерицата и го демнеше својот другар, како змија спремна за скок.

- Џон... - почна морнарот подавајќи му ја раката во знак на поздрав.

- Рацете назад - викна Силва, скокнувајќи чекор назад, брзо и вешто како некој гимнастичар.

- Добро Џон, ќе ја повлечам ако баш сакаш. Нечиста совест те гони да се плашиш од мене. Но, навистина, кажи ми што беше тоа?

- Тоа? - одговори Силва, смешкајќи се в страна, повнимателен од било кога порано, додека очите му светкаа како искршено стакло на сонце. - Тоа! Ох, мислам дека тоа беше Алан.

На тоа кутриот Том настапи како херој.- Алан! - викна. - Нека му е лесна земјата како на вистински

морнар! Што се однесува до тебе, Џон, долго ми беше другар, но од сега не си ми веќе! Ќе цркнам како пес, но вршејќи ја својата должност. Го убивте Алан, зар не? Уби ме и мене ако можеш. Јас те чекам.

Со тие зборови, овој храбар момчак му го сврти грбот на готвачот и тргна назад кон брегот. Но не му беше судено да стигне далеку. Силва, вреснувајќи, замавна со својата патерица и со сета сила ја фрли. Нејзиниот горен крај силно го погоди сиротиот Том токму меѓу плешките; рацете му летнаа нагоре, тој офна и падна.

Дали повредата беше смртоносна или не, никогаш не ќе се дознае, сепак, заклучувајќи според тапиот пад, скршена му беше кичмата. Силва не му дозволи да се поврати. Вешто како мајмун, иако без нозе и без патерица, во следниот момент веќе беше над него и двапати му го закачи ножот до рачката во телото кое не можеше да се брани. Го слушнав од својата скривница како збива, задавајќи ги ударите.

Не знам точно што значи да се падне во несвест, но во следните неколку мига ми се чинеше дека сè се врти околу мене: Силва, птиците, дури и врвот на Дурбин, сè се превртуваше пред моите очи, додека во ушите ми удираа ѕвона и некои гласови од далечината.

Кога дојдов на себе, чудовиштето го имаше шеширот на главата и патерицата под рака. Покрај него на земја лежеше неподвижен Том, додека убиецот, не обрнувајќи на него ни најмало внимание, почна да го брише од тревата својот крвав нож. Бидејќи сè друго остана неизменето, а сонцето и понатаму немилосрдно жареше над мочуриштето што се испаруваше и над врвовите на ридиштата, со тешка мака се убедував себе си дека едно убиство е

70

Page 71: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

извршено пред моите очи, а еден друг човечки живот е угаснат само миг пред тоа.

Притоа, Џон извади некое свирче и неколкупати дувна. Неговите модулирани звуци одлетаа далеку низ загреаниот воздух. Се разбира дека значењето на ова не ми беше познато, но во мене одново почна да се буди стравот. Мислев, ќе наидат повеќе луѓе и можеби ќе ме откријат. Убија веќе двајца чесни луѓе: зар не би можел и јас да дојдам на ред после Том и Алан.

Веднаш се извлеков од своето скришно место и почнав колку што можам побрзо и потивко да се повлекувам. До мене допираа повиците, и одѕивите на стариот гусар и на неговите другари кои како знак на опасност, ми даваа крилја. Штом стигнав до чистината, се затрчав како никогаш порано, не обрнувајќи сметка за правецот, главно да се оддалечувам од убиецот, а во мене растеше стравот, се додека не се претвори речиси во избезуменост.

Дали, навистина, некој би можел да биде поизгубен од мене? Како ќе се осмелам да одам до чамецот кога ќе го чујам пукотот, како ќе одам меѓу оние злотвори чии раце чадат од невина крв? Првиот што ќе ме види, ќе ми го скине вратот како на врабец! А од друга страна, зарем моето отсуство не би претставувало за нив доказ за стравот, а според тоа и убеденост дека сум запознат со настаните? Сè е свршено, мислев. Збогум „Хиспаниола“, збогум големопоседнику, докторе и капетане! Пред мене стоеше само смртта од глад или од рацете на овие гусари.

За сето време трчав и, незабележувајќи, сум се при ближил до подножјето на оној рид со два врва, наоѓајќи се така во делот на островот каде што живиот даб беше многу прореден и, како според изгледот, така и според големината, личеше на вистинско планинско дрво. Измешани со него, имаше и неколку елки, некои од кои беа петнаесет, а други и дваесет метри високи. Воздухот беше многу посвеж отколку во заливот покрај мочуриштето.

Овде ново возбудување ме принудуваше да застанам, а срцето уште посилно ми зачука.

71

Page 72: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

15. ЧОВЕК НА ОСТРОВОТ

Од оваа страна на ридот, која беше многу стрмна и каменита, одненадеж почнаа да се одронуваат камења и, буфтајќи меѓу дрвјата, да паѓаат долу. Насочувајќи го и без да сакам погледот во тој правец, видов некоја сенка како брзо се затскрива зад стеблото на една елка. Дали тоа беше мечка, човек или мајмун, не можев веднаш да оценам: беше нешто темно и влакнесто, само толку видов. Но стравот од оваа нова појава не ми дозволуваше да мрднам.

Сега ми изгледаше како да сум отсечен од двете страни. Зад мене беа убијците, а пред мене ова чудно нешто кое демне. Почнав на непознатата опасност да ѝ давам предност над познатата. Силва ми изгледаше помалку страшен во споредба со ова шумско суштество. Затоа се свртив на петиците и, гледајќи внимателно преку рамо зад себе, почнав да се повлекувам во правец на чамците.

Само што го сторив тоа, оној створ одново се појави и заобиколувајќи ме на доста големо растојание, се виде дека сака да ми го пресече патот. Се разбира, бев уморен, но и на најодморен би му било залудно да се натпреварува со таков противник; тоа суштество јуреше како срна од стебло до стебло; трчаше на две нозе како човек, но некако необично, премногу наведнато. Па сепак беше тоа човек, не можеше веќе да има сомнение во тоа.

Почнав да се присетувам на приказните за човекојадците. На врвот од јазикот ми беше да викнам за помош, но самиот факт што тоа навистина беше човек, без оглед на неговиот див изглед, ми делуваше смирувачки, додека стравот во мене на помислата на Силва, заземаше сè повеќе замав. Сепак погледнав наоколу дали можеби не би можел да се спасам, но размислувајќи за таа можност, ми светна во главата дека не сум голорак и дека со себе имам наполнет пиштол. Штом почувствував дека не сум сосема беспомошен, ми се врати храброста, се свртив и одважно тргнав кон овој пустиник.

Додека сè уште се решавав на овој чекор, тој веќе се скри зад некое стебло, но мора внимателно да демнеше на мене, бидејќи штом тргнав во негов правец, повторно се појави и ми зачекори во пресрет. Тогаш оддеднаш се поколеба, се врати назад, потоа пак напред и најпосле, што многу ме зачуди и ме збуни, се фрли на колена и скрстените раце ги крена кон мене.

Кога го видов тоа, одново запрев.- Која си ти? - прашав.

72

Page 73: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Бен Ган - одговори со глас што чкрипеше како зар'ѓана брава.. - Кутриот Бен Ган кој последните три години не проговорил ни збор со жив човек.

Видов дека е од бела раса, како и јас, и дека изразот на лицето му е дури симпатичен. Кожата му беше опалена од сонцето, дури и усните му беа темни, а очите, на така опаленото лице, имаа извонреден сјај. Од сите клетници што воопшто сум ги видел или сум ги замислувал, тој изгледаше најиспартален; алиштата му се состоеја од крпи од стара бродска цирада и некои други парчиња, а целиот тој оклоп на крпеници се држеше заедно со помош на најразновидни, нескладни копчиња, криви дрвени парчиња и врвки од суви црева. Околу појасот имаше кожен ремен со месингана кокарда што претставуваше единствена солидна работа на него.

- Три години? - викнав. - Бродоломик ли си?- Не, другар - рече - оставен.Имав слушнато за такви случаи и знаев дека „оставен“ значи

страшна казна што ја применуваа гусарите, а според која виновникот е истоваруван на некој пуст и оддалечен остров, само со нешто малку барут и сачми.

- Овде сум оставен пред три години и оттогаш живеам од диви кози, капинки и остриги; каде и да се наоѓа човек, мислам, некако ќе се снајде, но другар, изгорев за вистинска храна. Да не имаш при себе парче сирење? Немаш? Многу ноќи сум сонувал сирење, најчесто печен леб и се будев, чувствувајќи се излаган.

- Ако некогаш повторно дојдам до брод - реков - ќе имаш сирење колку што ти сака душата.

За сето време ја допираше ткаенината на мојот капут, ми ја галеше раката, ги гледаше моите чевли и воопшто покажуваше детинска радост што се наоѓа во друштво со уште некој човек. Но на моите последни зборови тој изненаден се тргна.

- Ако некогаш повторно дојдеш до брод, велиш? - повтори тој. Зошто, кој те спречува?

- Знам, не ти - беше мојот одговор.- Па, се разбира - викна. - Значи, ти... како се викаш, другар?- Џим - му реков.- Џим, Џим - повторуваше мошне задоволен. - Значи Џим,

животот толку ми беше тежок што би ти било непријатно за тоа да слушаш. Ете, на пример, гледајќи ме, не би помислил дека мајка ми беше побожна. Па, сепак - продолжи - така беше. Бев учтиво, побожно дете. Сега гледај што стана од мене, а сè почна со железни парички на полјанката. Така, почна, но продолжуваше сè натаму. Мајка ми ме советуваше и сè претскажа, таа побожна, добра жена. Меѓутоа, божја волја била да стигнам овде. На овој

73

Page 74: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

пуст остров размислував за сè. Никој нема да ме види да пијам рум но, се разбира, ако ми се даде можност, ќе пробам малку само за среќа. Веќе гледам начин како да станам добар. И, Џим - запре, осврнувајќи се околу себе и спуштајќи го гласот до шепотење - богат сум!

Сега ми стана јасно дека сиромавиот, од осаменост почнал да полудува и мора тоа чувство да ми било изразено на лицето, бидејќи тој го повтори својот исказ многу убедливо.

- Богат, богат - ти велам. Уште нешто ќе ти кажам: ќе те направам човек, Џим! Да, момче мое, ќе им бидеш благодарен на ѕвездите кои те довеле прв да ме најдеш.

Тогаш одненадеж лицето му се смрачи, тој посилно ми ја стисна раката и го крена прстот, заканувајќи се.

- Сега Џим, ќе ми ја кажеш вистината: да не е тоа брод на Флинт?

Тогаш низ главата ми помина среќна мисла. Поверував дека сум пронашол сојузник, та веднаш му одговорив.

- Не, бродот не е на Флинт. Флинт е мртов, но бидејќи ме прашуваш, ќе ти ја кажам вистината: има на лаѓата некои од Флинтовиот екипаж. Тоа и е несреќа за нас другите.

- Нели има и човек со една...нога? - прошепоти.- Мислиш, Силва?- Аха, Силва, така се вика, да.- Тој е готвач...и исто така, водач.Сè уште ме држеше за зглобот на раката, а кога тоа му го

реков, речиси ми ја искриви раката.- Ако те испратил Долгиот Џон, знам дека со мене е свршено,

но што мислиш, што ќе биде со тебе?Веднаш донесов одлука и му раскажав сè за нашиот пат и за

тоа во каква каша се наоѓаме. Ме слушаше без речиси да трепне, а кога завршив, ме погали по главата.

- Добро момче си ти - рече - но како што гледам, во голема неволја сте, зар не? Ти само потпри се на Бен Ган: Бен Ган е човекот на кого можеш да се потпреш! Сега, сметаш ли за возможно, дека тој твој големопоседник ќе се покаже великодушен во случај да му помогнам бидејќи е, како што велиш, во голема неволја?

Му реков дека големопоседникот е навистина многу добар човек.

- Да, но гледај, не мислам да ме стави за чувар на паркот или да ме облече во ливреја, тоа не е за мене, Џим. Би сакап да знам дали тој би се согласил да се раздели, да речеме, од илјада фунти, од парите кои би можел да ги смета за свои.

74

Page 75: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Сигурно дека би се согласил: инаку, договорено е, целиот екипаж да добие свој дел.

- Ах - рече - тоа ли ви е намерата? - А изгледаше дека му се симнува товарот од душата.

- Зошто да не? - викнав. - Големопоседникот е џентлмен, а освен тоа, ако се ослободиме од овие никаквеци, сигурно ќе ни бидеш потребен на бродот.

- Сега ќе ти кажам уште нешто - продолжи тој - само толку и ништо повеќе. Бев на бродот на Флинт кога богатството беше закопано; тој и шестмина други со него, шест силни морнари, поминаа на брегот речиси цела недела, додека ние другите чекавме на стариот „Валрус“. Еден убав ден здогледавме сигнал, а Флинт се појави сам во мал чамец; сам со завиткана глава. Сонцето штотуку излегуваше, тој беше блед како крпа, но внимавај, стоеше пред нас, а шестмината наши другари беа мртви, мртви и закопани! Како го сторил тоа, на никого од нас не ни беше јасно; можеби биле тоа поединечни и ненадејни убиства, тој против шестмина! Били Боунс тогаш беше крмар, Долгиот Џон, подофицер. Тие го прашаа каде е богатството. „Ах“, одговори, „ако сакате можете да излезете на островот и да останете таму, но што се однесува до бродот, продолжи, „ѓавол нека го земе, јас ја продолжувам потерата по друго богатство“. Тоа беа неговите зборови, Џим!

- Значи, пред три години се наоѓав на еден друг брод што минуваше одовде. „Момчиња“, реков, „овде е закопано богатството на Флинт; како би било да се истовариме и да го побараме“. Капетанот беше против, но другите морнари се согласија со мене и така излеговме на брегот. Го баравме дванаесет дена, а секој ден се однесуваа сè погрубо спрема мене, додека едно убаво утро не појдоа сите на бродот. „Што се однесува за тебе, Бен Ган“, рекоа, „еве ти пушка, лопатче и казма; остани овде и барај го Флинтовото богатство колку што ти е волја“. Така, Џим, јас поминав овде три години и за сето тоа време не каснав храна како што треба. А сега гледај, погледни ме! Изгледам ли како морнар? Не, ти велам, ниту пак некогаш сум бил тоа.

Кажувајќи го тоа, тој намигна и ме штипна за образот.- Џим, ти само повтори му ги овие зборови на

големопоседникот - продолжи тој: - „Ниту некогаш сум бил“, баш така речи му. Три години бил на островот дење и ноќе, по сонце и по дожд; понекогаш можеби ќе помислел и на молитва (ќе му речеш ти), а често можеби помислувал на својата стара мајка, бидејќи е сигурно жива (ќе кажеш); но најголемиот дел од времето бил во потрага по нешто. Тогаш ќе го штипнеш, еве вака.

И тој најдоверливо, одново ме штипна.

75

Page 76: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Тогаш - продолжи - ќе му го кажеш ова: „Ган е еден добродушен човек (ќе му речеш), а има многу поголема доверба...внимавај, многу поголема доверба, во џентлмен по раѓање, отколку во овие „џентлмени на среќата“, бидејќи и самиот бил еден од нив“.

- Па, не разбрав сè од ова што ми кажа - реков - но тоа сега не е од некоја важност, бидејќи не гледам начин на кој би стигнал до бродот.

- Ах, тука лежи зајакот! Имам јас еден чамец, што го направив со овие две раце, а го чувам под белите карпи. Ако дојде до најлошото можеме да се обидеме нешто со него кога ќе биде мрак. Охо - извика оддеднаш - што е тоа?

Навистина, иако до заоѓањето на сонцето имаше уште најмалку час-два, островот одекнуваше од топовски грмотевици.

- Почна борбата! - викнав. - Трчај по мене.Заборавајќи сосема на стравот, се затрчав кон заливот,

додека „оставениот“ лесно климкаше покрај мене во своите крпи.- Лево, лево - довикуваше. - Држи лево, Џим! Внимавај на

гранките! Еве овде ја убив првата дивокоза... не доаѓаат веќе тука; побегнаа од Бен Ган.

За целото време додека трачвме продолжи да збо-рува, не очекувајќи, а и не примајќи, одговор.

По извено време, по топовската канонада, следеше пукање од пушки.

Настана молк, а тогаш, на четири милји пред нас, го здогледавме бродското знаме како се вее над една шумичка.

76

Page 77: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Четврти делБАРИКАДА

77

Page 78: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

16. ПРИКАЗНАТА ЈА ПРОДОЛЖУВА ДОКТОРОТ: КАКО Е НАПУШТЕН БРОДОТ

Беше околу дванаесет и триесет часот, три ѕвона, како што би рекле морнарите, кога два чамци со екипаж тргнаа кон брегот. Капетанот, големопоседникот и јас, ја разгледавме состојбата во кабината. Да имаше знак макар и за најмал ветер, би се фрлиле на бунтовниците што останаа со нас, на бродот, би ја кренале котвата и би отпловиле кон морската шир. Меѓутоа, од ветер немаше ни трага, а за нашата беспомошност да биде целосна, влезе Хантер си јави дека Џим Хоукинс скокнал во еден од чамците и отишол на брегот со другите.

Не ни помислувавме да се посомневаме во исправноста на Џим, но се загриживме за него. Со луѓе во таква состојба на раздразнетост, постоеше мала веројатност дека момчето некогаш веќе ќе го видиме. Решивме да излеземе на покривот. Во сливниците, смолата скоро вриеше; речиси ми се смачи од одвратната смрдеа. Ако воопшто некаде има треска и дизинтерија, мора да ја има во овој грозен запив. На предниот дел од палубата, мормо-рејќи, седеа шесте никаквеци. На местото на брегот каде што рекичката се влеваше во морето, се гледаа врзани лесни чамци, а во секој од нив по еден човек. Еден од нив ја потсвирнуваше „Лилибулеро“.

Исчекувањето претставуваше за нас голем напор, затоа решивме Хантер и јас да го земеме чамецот и да одиме до брегот, за барем нешто да дознаеме.

Чамците на екипажот беа десно од нас, та затоа завеславме во правецот на местото означено на мапата како барикада. Луѓето што ги чуваа чамците се збркаа кога не видоа. Оној што потсвирнуваше, наеднаш престана, а ние, од нашиот чамец видовме дека нешто се договараат. Да го известеа Силва, се можеби би се свртило поинаку, но бидејќи наредбата, изгледа, била да не ги напуштаат чамците, решија мирно да останат таму каде што беа. Набрзо одново го чувме потсвирнувањето на „Лилибулеро“.

Обиколувајќи еден истурен дел на брегот, ги изгубивме од вид; набрзо потоа се истоваривме. Излегов и побрзав речиси трчајќи, со марама под шеширот за да се заштитам од силното сонце и со наполнети пиштоли заради секоја сигурност.

Не одминав ни стотина метри кога ја видов барикадата. Еве како изгледаше: на врвот од едно округло ритче беше изградена една мошне солидна барака; од сите страни имаше пушкарници, а

78

Page 79: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

многу наблизу извор со бистра вода. Во бараката, според потребата, можеа да се сместат околу четириесет луѓе. Секаде наоколу просторот беше расчистен и заграден со колје во височина од два метри без никаков отвор. Оваа ограда беше премногу јака за да може лесно да се собори, а беше поставена така што и самиот приод и пружаше заштита од можните напаѓачи. Луѓето што би се наоѓале во оваа дрвена куќа, би имале предност, добро заштитени, а се што би им требало би била добра храна и будно внимание за да можат, освен при целосно изненадување, да и се спротистават и на цела чета.

Особено ме заинтересира изворот. На „Хиспаниола“ имавме удобни кабини, доста оружје, муниција, јадење и одлични вина, но она што ни недостигаше, беше вода. Токму кога за тоа размислував, слушнав некој ужасен крик. Смртта за мене не пртставуваше новина, бев во полкот на војводата од Камберланд, дури и ранет кај Фонтној, но почувствував дека срцето посилно ми зачука. „Отиде Џим Хоукинс“, помислив.

Меѓутоа, бев стар војник, а покрај тоа и лекар. Ние не смееме да покажуваме нерешителност во работата, та веднаш донесов одлука и, не губејќи време, се вратив на брегот и скокнав во чамецот.

За среќа, Хантер добро веслаше, речиси летавме по водата, та брзо стигнавме до бродот и јас се качив.

Се разбира, сите беа потресени. Големопоседникот седеше блед како крпа и, добродушникот размислуваше, во каква неволја не довел. Дури и на лицето на еден од оние шестмина се забележуваше дека не се чувствува најдобро.

- Ете, тој е сигурно новак - покажувајќи со главата во неговиот правец.- Кога го слушна крикот, за малку што не падна во несвестс, докторе. Мислам дека не ќе ни биде потребно многу за да го придобиеме.

Му го изложив на капетанот својот план и заедно се договоривме како да го спроведеме во дело.

Го ставивме Редрат во ходникот кој од кабините водеше во предниот дел на бродот и му дадовме три или четири наполнети пиштоли. Хантер го притера чамецот до отворот кај крмата, а Џојс и јас го полневме со оружје, со муниција, со вреќички бисквити, со посолено свинско месо и со по некое шише коњак; на сето тоа го додадовме неопходното сандаче со лекови.

Во меѓувреме, големопоседникот и капетанот стоеја на палубата; набрзо го слушнавме гласот на капетанот:

- Хендс - му се обрати - двајцата имаме наполнети пиштоли и, ако било кој од вас се обиде со некаков трик, ќе биде мртов.

79

Page 80: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Се виде дека тоа ги збуни. По кусо советување, еден по еден почнаа да слегуваат од палубата, со намера, очигледно, да ни дојдат од зад грбот. Но, наидувајќи таму на Редрат, кој ги чекаше во ходникот, веднаш тргнаа назад. Сепак, набрзо забележавме дека една глава се подава одоздола.

- Назад, песу! - викна капетанот.Главата ја снема и за извесно време, од овие шестмина бевме

мирни.За тоа време, фрлајќи ги работите како што ни доаѓаа до рака,

го наполнивме чамецот колку што можеше да биде дозволено. Потоа Џојс и јас слеговме во него и, колку што можевме побрзо, завеславме кон брегот.

Здогледувајќи нè и по вторпат, чуварите на чамците на брегот се вознемирија. „Лилибулеро“ одново престана и токму кога нашиот чамец им се изгуби од вид, еден од нив скокна на брегот и исчезна. Решавав дали да го изменам својот план и да ги уништам нивните чамци, но се исплашив дека Силва и другите би можеле да бидат наблиску, така што целиот наш дотогашен труд би бил залуден.

Набрзо стигнавме на брегот на истото место како порано, та почнавме да ги пренесуваме работите во нашето идно утврдување, Тешко натоварени, сите тројца го минавме кусиот пат и го фрливме товарот преку оградата. Тогаш, оставајќи го Џојс да го чува, навистина еден човек, но со повеќе пиштоли, Хантер и јас се вративме до чамецот по она што остана. Откога без одмор го пренесовме целиот товар, тие двајцата зазедоа место во бараката, а јас, заложувајќи ја сета сила, завеслав назад кон „Хиспаниола“.

Да се натовари повторно чамецот и да се завесла, се чинеше поопасно отколку што навистина беше; гусарите беа помногубројни, но нашата предност лежеше во оружјето. Ни еден од морнарите на брегот немаше пушка. Си ласкавме себе си како ќе се пресметаме со нив неколцината ако ни дојдат на дометот на оружјето.

Големопоседникот, сега сосема прибран, ме очекуваше на прозорчето кај крмата. Го прифати поводилото на чамецот, го врза и сите брзо повторно почнавме да го товариме. Свинското месо, барутот и бисквитите брзо ги сместивме, а потоа секој од нас, големпоседникот, Дерат, капетанот и јас, зедовме по една пушка и сабја. Другото оружје и муниција го фрливме преку оградата в море, на чие чисто песочно дно светлиот челик се отсјајуваше на сонцето.

Во меѓувреме настапи осека и бродот почна да се врти околу својата котва. Од брегот, каде што се наоѓаа чамците на екипажот, доаѓаше слабо довикување. Иако тоа не храбреше во однос на Џојс и Хантер, кои се наоѓаа доста источно, за нас ова беше сериозна опомена да тргнеме што порано.

80

Page 81: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Редрат го напушти своето место во ходникот и скокна во чамецот кој беше подготвен и се чекаше само капетанот.

- Сега, момчиња - рече капетанот - ме слушате ли?Никаков одговор не доаѓаше од предниот крај на бродот.- Тебе Абрахам Греј, тебе ти зборувам.Сепак, одговор немаше.- Греј - продолжи капетанот погласно - јас го напуштам овој

брод и наредувам ти да тргнеш со својот капетан. Знам дека си во душата добар, а смеам да речам дека ни еден од вас не е толку лош, колку што изгледа. Часовникот ми е в рака: ти давам триесет секунди да ми се придружиш.

Настана мала пауза.- Ајде, мило мое момче - продолжи капетанот - немој долго да

се колебаш. Мојот живот и животот на овие добри луѓе со мене се во голема опасност, секоја секунда е важна.

Оддненадеж се слушна врева и тепачка, а потоа Абрахам Греј, со исекотина на лицето, излезе и потрча кон својот капетан.

- Со вас сум! - рече.Во следниот миг двајцата скокнаа во чамецот и ние тргнавме.Се оддалечивме од бродот, но сè уште не бевме во куќата, во

нашето утврдување.

81

Page 82: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

17. ПРИКАЗНАТА ЈА ПРОДОЛЖУВА ДОКТОРОТ:ПОСЛЕДНИОТ ПРЕМИН СО ЧАМЕЦОТ

Овој премин сосема се разликуваше од сите претходни. Пред сè, нашиот, така да се каже, лонче од чамец, беше претоварен: пет возрасни луѓе, од кои тројца - Трилоуни, Редрат и капетанот - беа мошне високи, беше тоа премногу за него, а да не го сметаме барутот, свинското месо и вреќите со двопек. Преку рабовите на задниот крај се прелеваше водата. Често моравме да ја исфрламе, а моите панталони и полите на капутот, уште не одминати сто метри, беа сосема мокри.

Капетанот се погрижи да го урамнотежи нашето чунче; сега малку подобро лежеше на водата, но сепак одвај се осмелувавме да дишеме.

Освен тоа, дејствуваше и осеката; силна струја, шумејќи јуреше западно по заливот и јужно во правец на отворената шир, кон теснецот низ кој утрото влеговме. Дури и најмалите бранови претставуваа опасност за нашиот претоварен чамец; сепак најлошо од се беше што струјата не отфрли од вистинскиот пат, така што постоеше страв дека ако и се препуштиме на волјата, да го допреме брегот токму покрај чамецот, каде што гусарите можеа секој момент да се појават.

- Не ќе ни биде лесно да излеземе на вистинското место - му реков на капетанот. Јас ја држев крмата, додека тој и Редрат веслаа. - Осеката го влече! Дали би можеле да завеслате посилно?

- Не! Чамецот би се превртил - одговори тој. - Насочете го во тој правец, ве молам; држете го така се додека не се види некаков успех.

Се обидов, но гледајќи дека струјата не носи западно, го свртив клунот кон исток, односно под прав агол спрема правецот кон кој требаше да одиме.

- Ако продолжиме со ова темпо, никогаш нема да стигнеме - реков.

- Тоа е единствената насока кон која треба да настојуваме - одговори капетанот. - Треба да се оди спротивно. Гледајте - продолжи - ако му се препуштиме на ветрот, тешко е да се каже каде би го допреле брегот, а сосема е можно да наидеме на гусарите. Меѓутоа, ако продолжиме вака, струјата ќе попушти, а ние ќе можеме да се вратиме крај брегот.

- Веќе е послаба - рече Греј с кој седеше напред. - Би можеле да попуштиме.

82

Page 83: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Благодарам момче - како ништо да не се случило. - Сите премолчено се согласивме да постапуваме со него како со еден од нашите.

Одненадеж капетанот викна, ми се чини, со изменет глас.- Топ!- Мислев на тоа - реков, сметајќи дека му е на ум

бомбардирање на утврдувањето. - Никогаш не ќе можат топот да го изнесат на брегот, а дури тоа и да им успее, не би можеле да го влечат низ шумата.

- Погледнете зад себе, докторе.Сосема бевме заборавиле на таа можност, а гледај, на наша

вчудовиденост, петте неранимајковци се вртеа околу него, симнувајќи ја цирадата со која беше покриен. Што беше уште полошо, истиот момент ми падна на памет дека барутот и муницијата за топот не ги фрливме во водата и дека им треба само една секира за да ги земат.

- Израил беше топчија кај Флинт - рече засипнато Греј.За секој случај, го свртивме чамецот во правец на местото на

истоварување. Толку веќе бевме одминале што без многу запнувања, можевме да го држиме правецот, но тешкотијата беше во тоа што на тој начин кон „Хиспаниола“ бевме свртени бочно, бивајќи така добра цел за нишанење.

Можевме да го слушнеме и да го видиме оној никаквец Израил Хендс кога го фрли ѓулето на палубата.

- Кој е најдобар стрелец? - праша капетанот.Трилоуни, ладен како карпа, веднаш почна да ја полни својата

пушка.- Еј - викна капетанот - полека со таа пушка, инаку ќе се

превртиме! Сите внимавајте на рамнотежата кога ќе нишани.Големпоседникот нанишани; ние престанавме да весламе и се

наваливме на другата страна за да држиме рамнотежа: ова го изведовме така добро што во чамецот не влезе ни капка вода.

Се виде дека оние на бродот веќе го имаа свртено топот додека Хендс, стоејќи покрај него со набивачот, беше најмногу изложен. Меѓутоа, немавме среќа; тој се наведна токму во моментот кога големопоседникот пукна. Наместо него, погоди друг, кој падна.

Неговиот крик ги возбуди не само оние покрај него, туку и гусарите на брегот. Погледнувајќи случајно во тој правец, видов како истрчуваат од шумата и заземаат места во чамците.

- Еве ги! - реков.- Тогаш да запнеме - викна капетанот. - Не можеме сега да

гледаме на тоа дали ќе се превртиме или не. Сè пропаѓа, ако не

83

Page 84: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

стигнеме до брегот. - Тргна само еден чамец - додадов. - Екипажот на другиот, веројатно ќе оди по брегот, со намера да ни го пресече патот.

- Бога ми, ќе мораат добро да трчаат! Тие не ми задаваат голема грижа, туку топот! Тој е доста прецизен. Големопоседнику, кажете ни кога ќе нанишаните за да бидеме подготвени.

Во меѓувреме, за така претоварен чамец, се оддалечувавме брзо, а сепак многу малку вода влезе во него. Бевме веќе блиску до брегот, триесет или четириесет удари со веслата, веќе се гледаше песочен јазик што осеката го остави зад себе кај една група дрвја. Веќе не моравме да се плашиме од гусарскиот чамец; веќе нè затскриваше кривината. Осеката која така немилосрдно нè задржуваше, сега ни беше од помош, забавувајќи го напредувањето на нашите напаѓачи. Единствен извор на опасност претставуваше топот.

- Кога би смеел - рече капетанот - би застанал и би скинал уште еден.

Беше јасно дека ништо нема да ги поколеба да испукаат едно ѓуле. Речиси и не се осврнуваа на својот убиен другар кој, меѓутоа, не беше мртов, бидејќи видовме како се обидува да се отркала.

- Внимавај! - викна големопоседникот.- Наведни се! - прифати брзо капетанот.Тој и Редрат се наведнаа така брзо што клунот на чамецот

отиде во вода. Во тој ист момент се разнесе топовски пукот, чиј одглас Џим го слушнал во шумата; се разбира, пукањето на пушката на големопоседникот, заглушена од топот, не можело да се чуе. Никој од нас не знаеше каде падна гранатата, но според воздушната струја што ја осетивме над главите и која делумно придонесе за превртувањето на чамецот, може да се рече дека просвири над нас.

Чамецот сосема полека потона во плиткото, оставајќи ме мене и капетанот да стоиме во водата и да се гледаме во чудо. Другите тројца ги повлече со себе, но тие брзо станаа, се разбира сосема мокри.

Несреќата не беше страшна - не беше изгубен ни еден живот, а до брегот можевме лесно да дојдеме - но се што понесовме беше на дното, а за работите да изгледаат полошо, ни останаа за употреба само две од петте пушки. Мојата ја вчепив од колената и ја кренав несвесно над главата; што се однесува до капетанот, како паметен човек, тој својата ја држеше преку рамо, со прекинувачот нагоре. Другите три потонаа со чамецот.

За неволјата да биде поголема, слушнавме гласови што се приближуваа низ шумата, покрај брегот; Не само што ни

84

Page 85: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

претстоеше опасност да бидеме, во ваква бедна состојба, отсечени од утврдувањето, туку исто така моравме да стравуваме дали Хантер и Џојс ќе можат да се одржат ако бидат нападнати од десетина од оние. Знаевме дека Хантер е искусен и смирен, но не беше така и со Џојс; овој беше многу љубезен и, ако се земе дека беше слуга, беше учтив човек, вешт кога беше во прашање чистење на алишта или на чевли, но сосема неподготвен воин.

Имајќи го сето тоа на ум, шлапкавме колку што можевме побрзо кон брегот, оставајќи го зад себе стариот чамец и речиси половината од нашиот барут и артиклите.

85

Page 86: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

18. ПРИКАЗНАТА ЈА ПРОДОЛЖУВА ДОКТОРОТ:КРАЈ НА БОРБАТА ПРВИОТ ДЕН

Брзавме низ шумата што нè делеше од бараката, додека по секој чекор, гласовите на гусарите стануваа се појасни. Набрзо слушнавме како трчаат и ги кршат гранките, минувајќи низ гастакот.

Најпосле сфатив дека е само прашање на секунди кој прв ќе се дофати до оградата на нашето утврдување, та трчајќи ја погледнав својата пушка.

- Трилоуни е сигурен стрелец; дајте му ја својата пушка, капетане - реков.

Кога му ја даде, Трилоуни, мирен и ладен, како што "беше од почетокот на опасноста, подзастана само за миг за да види дали е сè во ред. Тогаш, бидејќи видов оти Греј беше невооружен, му ја дадов својата сабја. Срцата на сите повесело ни зачукаа кога видовме како плукна во дланката, ги собра веѓите и замавта низ воздухот. Според сè, се гледаше дека нашиот нов сојузник е вистински морнар.

Веќе по четириесет чекори излеговме од шумата и ја видовме пред себе куќата. На оградата наидовме во средината, од јужната страна, но истовремено, седум гусари, развикувајќи, се појавија на југозападниот агол. Ги предводеше Андерсон. Тие, очигледно збунети што се најдоа лице в лице со нас, запреа и, пред да се приберат, имавме време, и тоа не само големопоседникот и јас, туку и Хантер и Џојс, од куќата да ги дочекаме како што заслужиле; четири куршуми пламнаа во различни интервали, но дејството им беше одлично. Еден од непријателите падна, додека другите, без да се колебаат, се свртија и побегнаа во шумата.

Одново ги наполнивме пушките и отидовме до аголот да го видиме паднатиот гусар. Лежеше мртов; куршумот му беше поминал низ срцето.

Токму се израдувавме на нашиот успех, кога од некоја гмушка, неочекувано, пукна пиштол; куршумот просвири покрај моето уво и го погоди кутриот стар Том Редрат кој се заниша и колку што беше долг, падна на земја. Големопоседникот и јас возвративме, но бидејќи, всушност, немавме видлива цел, барутот беше веројатно залудно потрошен. Одново ги наполнивме пушките и се вративме кај кутриот Том.

Капетанот и Греј веќе го отпетлуваа, но мене веднаш ми беше јасно дека му нема спас.

Верувам дека нашата спремност да возвратиме со пукање, уште еднаш ги растера напаѓачите, бидејќи без натаму да бидеме

86

Page 87: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

вознемирувани, можевме стариот Редрат, кој офкаше и крвареше, да го кренеме и да го внесеме во куќата.

Од самиот почеток на нашите неволји, па и досега, кога го спуштивме да умре, сиромашкиот не покажуваше изненадување или страв, ниту пак со еден збор се пожали; како вистински тројански јунак беше на стража во ходникот на бродот и добро, нечујно, како верно куче, ја извршуваше секоја наредба; беше постар од сите нас, а сега тој добар, верен слуга, мораше да умре.

Големопоседникот клекна на колена покрај него и бакнувајќи му ја раката, ппачеше како мало дете.

- Заминувам ли, докторе? - праша старецот.- Том, момче, ти одиш во вечниот мир.- Ми е жал само што немав среќа пред нив да ја употребам

пушката.- Том - рече големопоседникот - кажи дека ми проштеваш, ќе

кажеш ли?- Дали ќе биде тоа пристојно јас вам да ви проштевам?

Секако, нека биде така, амин!По мала пауза изрази желба некој да прочита молитва.- Таков е обичајот - додаде извинувајќи се. Набрзо потоа, не

изустувајќи веќе ни збор, испушти душа.Во меѓувреме, капетанот, кој ми изгледаше необично полн

околу градите и џебовите, почна да вади разни нешта: британски знамиња, Светото писмо, клопче поцврст конец, мастило и перо, бродскиот дневник и доста тутун. Потоа излезе во дворот каде што пронајде една подолга смрекова гранка и откога со помош на Хантер ја исчисти, ја фрли на покривот од куќата; веднаш и самиот се качи горе, ја зацврсти и го истакна знамето.

Изгледаше дека ова му донесе големо олеснување. Откога се врати во куќата, правеше сметка со прехранбените продукти како ништо друго да не постоеше. Сепак, покрај сето тоа, мислеше на разделбата со Том. Штом заврши со работа, извади друго знаме и побожно го покри со него.

- Не земајте го тоа премногу трагично - рече тресејќи му ја раката на големопоседникот. - Нему ќе му биде добро, не треба да се стравува за оној што загинал вршејќи ја верно својата должност. Можеби тоа не е доволно побожно речено, но така е!

Тогаш ме повлече на страна.- Докторе - рече - по колку недели вие и големопоседникот

очекувате друга лаѓа?Реков дека не е збор за недели, туку за месеци; Ако не се

вратиме дури до крајот на август, Бленди ќе испрати брод да не

87

Page 88: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

најде, ни порано ни подоцна од тоа! Сега можете и сами да пресметате, додадов.

- Па, да... - одговори капетанот, чешкајќи се по главата - не стоиме баш најдобро, дури и кога провидението би било на наша страна.

- На што мислите? - прашав.- Жално е што го изгубивме оној втор товар. Тоа е она што

сакав да го кажам. Со муниција сме обезбедени, но што се однесува до прехрамбени артикли, слабо, многу слабо; така што, всушност, можеби е сега подобро што сме еден помалку.

И, тој покажа на Редрат под знамето.Токму тогаш, високо над нашиот покрив, боботејќи и свирејќи,

прелета една граната и падна далеку во шумата.- Охо - извика капетанот. - Само вие пукајте. И така имате

малку барут.При повторниот обид, се покажаа подобри. Ѓулето падна во

самиот двор, крена облак песок, но не направи никаква друга штета.- Капетане - рече големопоседникот - куќата не се гледа од

бродот, мора да нишанат на знамето. Зар не би било попаметно да го внесеме?

- Да го симнам знамето?! - викна капетанот. - Никогаш, драги мој! - Штом ги изговори овие зборови, мислам дека сите се согласувавме. Тоа не беше само чувство на постојаност и храброст, туку покрај тоа и добар потег со кој им покажувавме на нашите непријатели дека го презираме нивното бомбардирање.

Така нè гаѓаа целата вечер. Гранатите една по друга или не прелетуваа, или паѓаа далеку пред нас; во најдобар случај, се заринкуваа во песокта пред куќата; веројатно пукаа премногу високо, така што ударите им беа мртвен и само креваа облаци песок. Не нè плашеа, макар што едно ѓуле го проби покривот и пропадна низ подот. Набрзо се навикнавме на таа игра, така што не и го придававме ни потребното внимание.

- Од ова би можело да се извлече некоја полза - забележа капетанот. - Во шумата пред нас веројатно нема никој, а осеката трае веќе долго време: би можело да се направи обид да се спаси барем еден дел од товарот. Кој би отишол да го донесе она свинско месо?

Веднаш се јавија Греј и Хантер и, добро вооружени, се искрадоа од куќата, но залудно. Гусарите беа похрабри отколку што претпоставуваме, а можеби на гаѓањето на Израил му придаваа повеќе надеж отколку што требаше. Во секој случај, неколкумина од нив беа зафатени со ва-дење и пренесување на работите од потонатиот чамец во друг, кој се наоѓаше во близината. Силва

88

Page 89: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

командуваше од крмата и сега сите имаа по една пушка кои изгледа ги извадиле од некоја нивна тајна скривница.

Меѓутоа, капетанот седна да го продолжи својот бродски дневник и еве што забележа во него:

„Алаксандар Смолет, капетан; Давид Лејвси, бродски лекар, Абрахам Греј, морнар, Џон Трилоуни, сопственик на бродот, Џон Хантер и Ричард Џојс, негови слуги, единствени верни од бродот, со храна за десет дена, доколку се штеди, се истоварија денес на брегот и го истакнаа британското знаме на покривот од куќата на Островот со скриеното богатство. Томас Редрат, бивш сопственик на брод, го убија гусарите; Џим Хоукинс...“

Во истото време и јас почнав да размислувам за судбината на кутриот Џим Хоукинс.

Од надвор се слушаше како некој вика.- Некој нè вика - рече Хантер кој беше на стража.- Докторе, големопоседнику, капетане! Здраво Хантер, дали си

тоа ти? - доаѓаа довикувања.Стрчав кон вратата и стигнав токму на време да го видам Џим

Хоукинс како, здрав и жив, ја прескокнува оградата.

89

Page 90: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

19. ПРИКАЗНАТА ОДНОВО ЈА ПРОДОЛЖУВА ЏИМ ХОУКИНС:ЕКИПАЖОТ ВО ЗАСОЛНИШТЕ

Штом го видовме знамето, Бен Ган застана, ме повлече за рака и седна.

- Еве - рече - сигурен сум дека тука ти се пријателите.- Повеќе ми изгледа дека се тука гусарите - одговорив.- Зар тоа? - викна. - Па, на место како што е ова, каде што

навраќаат само „џентлмени на среќата“, Силва би истакнал гусарско знаме, не се сомневај во тоа. Не, ова се твоите пријатели. Имаше и судири и сè ми се чии дека гусарите го извлекле подебелиот крај. Сега се твоите овде на брегот, во старата дрвена куќа која пред многу години ја изгради Флинт. Кога беше трезен, не можеше да му се најде рамен. Тој од никого не се плашеше; единствено од Силва; само Силва смееше да му направи некоја забелешка.

- Па - реков - можеби е така, а и нека биде така, дотолку повеќе треба да побрзаме и да им се придружиме на моите.

- Не другар - одговори Бен. - Причекај малку. Ти си добро момче, или пак јас се лажам, но сепак си само момче. Бен Ган поинаку гледа на работите. Ништо нема да ме одвлече таму каде што одиш ти; ништо, ме разбираш ли, се додека претходно не разговарам со тој твој џентлмен по раѓање и од него не добијам чесен збор дека ништо нема да ми се случи. Не заборавај ги моите зборови: „Многу (ќе речеш), многу поголема довеба во роден џентлмен“, и тогаш штипни го.

И, тој по третпат доброќудно ме штипна.- А кога ќе ти биде потребен Бен Ган, знаеш каде ќе го најдеш,

Џим. На истото место каде што и денес го најде. Оној што ќе дојде нека држи во рацете нешто бело, и мора да дојде сам. Ох, и ова ќе го кажеш: „Бен Ган има свои причини за тоа“.

- Значи, - реков - мислам дека разбрав. Имаш да дадеш некој предлог и би сакал да зборуваш со големопоседникот или со докторот, а ќе бидеш таму каде што те најдов. Тоа ли е сè?

- А кога? Не прашувам. Па, од пладне до три часот, секој ден.- Добро - реков - можам ли сега да одам?- Нема да заборавиш? - праша загрижено. - „Многу повеќе

доверба и свои причини“, ќе речеш. „Свои причини“, тоа е главно. Па, Џим - рече, држејќи ме и понатаму - мислам дека сега можеш да одиш. И уште нешто, ако го видиш Силва, нема да предадеш дека Бен Ган е тука? Ни самиот ѓавол тоа нема да ти го извлече, а? Не,

90

Page 91: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

велиш? Џим, ако гусарите ноќта ја поминуваат на брегот, ќе има сабајле мртви!

Токму тогаш го прекина силен пукот. Топовското ѓуле ги сломи гранките и падна во песокта недалеку од нас. Следниот момент скитнавме секој во свој правец.

Цел час потоа, островот се проломуваше од пукање, а гранатите прелетуваа низ шумата. Додека ѓулињата, како што ми се чинеше, постојано ме прогонуваа, јас бегав од место до место. Пред крајот на бомбардирањето, иако не смеев да одам во правец на бараката, каде што изгледа ѓулињата најчесто паѓаа, почнав да собирам храброст и, заобоколувајќи доста источно, отползив меѓу дрвјата до брегот.

Сонцето штотуку зајде. Морскиот ветер ладеше шумејќи низ гранките и ја матеше сивата површина на заливот... Осеката веќе наголемо дејствуваше, оставајќи соголени песочни купови и по дневната горештина, на своето тело под кусиот капут, го чувствував ладниот вечерен воздух.

„Хсипаниола" сè уште се наоѓаше на исто место, но гледај, на неа се виеше Џоли Роџер: црното пиратско знаме. Додека набљудував, бувна оган од топот, уште еден пукот одекна на островот и уште едно ѓуле просвири низ воздухот. Тоа беше и последно тој ден.

Извесно време останав скриен и ја набљудував брзаницата по нападот. Луѓето уништуваа нешто со секирите крај брегот блиску до утврдувањето; подоцна видов дека е тоа нашиот кутар стар чамец. Понатаму, во шумата, на местото каде што поточето се влеваше во морето, гореше голем оган, а меѓу устието на потокот и бродот, постојано одеше и идеше чамец. Морнарите во него, кои дотогаш ми изгледаа мрачни, сега извикуваа весело, со детска радост. Но според нивните гласови заклучив дека тоа беше влија-ние на румот.

Најпосле помислив дека би можел да се вратам до куќата. Бев доста оддалечен, стоев на ниско песочно јазиче што го опфаќаше заливот од исток и се ширеше во правец на Костуровото Островче. Поткревајќи се сега на нозе, на извесно растојание, над ниските грмушки, здогледав осамена карпа, многу висока и необично бела. Помислив дека тоа би можела да биде белата карпа за која зборуваше Бен Ган, дека таму ако еден ден ми затреба чамец, сега знам каде ќе го најдам.

Тогаш тргнав заобиколувајќи низ шумата се додека не стигнав до задната страна на оградата од колје, каде што моите пријатели срдечно ме пречекаа.

Брзо им раскажав сè што знаев и почнав да разгледувам околу себе. Бараката - покривот, ѕидовите и подот - беше изградена од

91

Page 92: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

необработени чамови стебла. Поголемиот дел од подот беше триесет-четирисет сантиметри над песокот. Пред влезот имаше трем, а веднаш под него мал, чудно опкопан извор; всушност, неговите ѕидови ги претставуваше еден бродски казан без дно.

Во еден агол од куќата беше поставена камена плоча и една за'рѓана железна котарка што требаше да служи како еден вид огниште.

Целото ритче, оградено со колје, беш расчистено, а граѓата употребена за изградбата на бараката и оградата; по пенушките можеше да се види какви прекрасни високи дрвја биле уништени за оваа цел. Без зеленило, целото земјиште наоколу беше испрано и во нанос: само понекаде, крај изворот, во песокта се зеленееше мов, малку папрат и грмушки.

До самата ограда, гледано кон островот, премногу блиску и, како што рекоа, незгодно за одбрана, растеше густа, висока шума од четинари, додека од морската страна шумата беше измешана со живи дабови.

Ладниот вечерен воздух што веќе го споменав, дуваше низ пукнатините на грубо изградената зграда и сите не сосипуваше со непрестаен дожд од песок. Песокот ни беше во очите, ни чкрипеше под забите, го имавме и како додаток за јадењата. Дури и во изворот на дното од казанот, песокта играше како ориз пред да зоврие. Четвртестата дупка во покривот служеше како оџак низ кој излегуваше само мап дел од чадот, додека поголемиот дел се вртеше низ куќата, ни ги полнеше очите со солзи и не принудуваше да кашламе.

На тоа ќе додадеме дека на Греј, на нашиот нов сојузник, заради исекотината што му ја направија бунтовниците, лицето му беше во завој, а кутриот стар Том Редрат, лежеше се уште незакопан покрај ѕидот, под знамето, вкочанет и испружен колку што е долг.

Да не беше дозволено да седиме без работа, веќе би се раскравиле, но капетанот Смолет не беше човек што би го трпел тоа. Тој нè викна и нè подели во групи кои со ред ќе чуваат стража. Докторот, Греј и јас, бевме во првата; големпоседникот, Хантерс и Џојс, во втората смена. Засега, иако бевме уморни, двајца испрати по дрва, на двјаца им нареди да копаат гроб за Редрат, а докторот мораше да готви; јас меѓутоа, чував стража на вратата, додека капетанот одеше од еден до друг, поткревајќи ни го духот и помагајќи онаму каде што ќе затребаше.

Од време на време докторот излегуваше на врата заради воздух, а и за да ги освежи очите што му беа полни чад; тогаш обично ќе ми кажеше по некој збор.

92

Page 93: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Тој капетан Смолет - ми се обрати во една прилика - подобар човек е од мене. А кога јас го велам тоа, Џим, тоа многу значи.

Другпат кога дојде, извесно време молчеше. Тогаш ја наведна главата на страна и ме погледна.

- Како ти изгледа тој Бен Ган? Може ли човек да му верува?- Не знам - одговорив. - Дури не сум сосема сигурен дали е

при чиста совест.- Во тоа не треба да се сомневаш - одврати докторот. - Човек

кој поминал три години на пуст остров, Џим, не може да остави впечаток на целосно здрав, како што сме јас и ти. Тоа не лежи во човековата природа. Рече ли дека има силна желба за сирење?

- Да, бараше сирење - одговорив.- Па, Џим, добро е да се биде скромен во јадењето. Си ја

видел онаа моја кутија за бурмут, зар не, а никогаш не си забележал дека земам бурмут. Причината е во тоа што јас во неа чувам едно парче пармезан: многу хранително сирење што се произведува во Италија. Да, тоа ќе биде нешто за Бен Ган.

Пред вечера го закопавме стариот Том и извесно време постојавме гологлави крај неговиот гроб. Дрва имаше донесено доволно, па сепак недоволно според мислењето на капетанот: „Морате утре малку поживо да се фрлите за оваа работа“, ни рече тој. Тогаш, откога се поднаситивме со свинско и испивме по чаша грог, тројцата главатари се повлекоа во еден агол за да ја разгледаат ситуацијата.

Изгледа дека не им беше сосема јасно што да прават; храната ни беше недоволна, така што заради гладта би морале да се предадеме пред да ни дојде помошта. Сепак, најголемата надеж се полагаше во тоа, како што беше речено, да истепаме што повеќе бунтовници, сè додека не ги принудиме да го спуштат своето знаме или да побегнат со „Хиспаниола“. Нивниот број од деветнаесет, веќе го смаливме на петнаесет; двајца други ранивме, а еден, оној што беше покрај топот, во најмала рака беше ранет, ако не и мртов. При судирот со нив, беше неопходно особено грижливо да се штеди животот на секој наш човек. Инаку, на наша страна имавме два моќни сојузници: румот и климата.

Што се однесува до првото, иако се наоѓавме на околу половина милја оддалечени од нив, можевме да слушаме како до некоја доба од ноќта, викаат и пеат. Со оглед на климата пак, докторот главата ја даваше во залог дека половината од нив, уште пред да помине првата недела, ќе се испоразболат, бидејќи, без потребните лекови, се улогорија покрај самото мочуриште.

93

Page 94: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Според тоа - додаде - ако пред тоа не не поубијат ќе бидат среќни ако можат да избегаат со бродот. Претпоставувам дека одново ќе му се вратат на гусарењето.

- Тоа би бил првиот брод што сум го изгубил - рече капетанот. Како што можете да си претпоставите, бев уморен како пес и кога успеав да заспијам, по многуте вртења и превртувања од една на друга страна, спиев како труп.

Другите веќе одамна станале, појадувале и донеле уште доста дрва, кога ме разбуди некаква викотница.

- Бело знаме! - викна некој. А веднаш потоа изненадено: - Силва, лично!

На тоа скокнав и, триејќи ги очите, отрчав до првата дупка во бараката.

94

Page 95: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

20. СИЛВА КАКО ПРАТЕНИК

Навистина, зад самата ограда од колја видов двајца луѓе, едниот од кои мафташе со некоја бела марама, а другиот, ни помалку ни повеќе, туку самиот Силва лично, мирно стоеше крај него.

Беше сè уште многу рано и најстудено утро што доживеавме откако тргнавме на пат: студот влегуваше просто в коски. Небото беше ведро, без ни едно облаче, а на сонцето се руменееја врвовите на дрвјата, но таму каде што стоеше Силва со својот придружник, сè уште сè беше во сенка; дури нозете сè до колена им беа обвиени со слаба, бела измаглица, која за време на ноќта се креваше од мочуриштето. Овој необичен студ и измаглицата, земени заедно, јасно ја изразуваа очајната состојба на островот. Беше јасно дека ова место е влажно, нездраво и полно треска.

- Луѓе, не излегувајте надвор - рече капетанот. - Би дал десет спрема еден дека се подготвени на измама. - Тогаш им викна на гусарите.

- Кој доаѓа? Стој или пукам!- Пратеници - викна Силва.Капетанот беше под тремот, внимателно затскриен од

можните препади. Тогаш се сврти кон нас:- Смената на докторот на своите места! Вие, докторе, молам,

заземете ја северната страна, Џим источната, а ти Гај, западната. Другите нека ги полнат пушките. Живо, момчиња, и внимателно.

Потоа пак им се обрати на бунтовниците.- А за што би сакале да преговарате?Овојпат одговори оној другиот:- Капетанот Силва сака да дојде кај вас и да постави некои

услови.- Капетанот Силва? Не го познавам. Кој е тој? - викаше

капетанот Смолет. Можевме да слушнеме како мрмори сам за себе: „Капетан, нели? Срце мое, тој веќе е унапреден!“

Долгиот Џон сам одговори.- Јас - господине.- Момчињата ме избраа за капетан, бидејќи

вие го напуштивте бродот - рече посебно нагласувајќи го она „напуштивте“.- Подготвени сме да попуштиме ако дојде до спогодба, само го барам вашиот збор, капетане, дека ќе ме пуштите здрав и жив од бараката и дека нема да пукате додека не се оддалечам.

- Мил мој - рече капетанот - не чувствувам ни најмала желба да зборувам со тебе. Но бидејќи ти сакаш да разговараш со мене,

95

Page 96: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

можеш да дојдеш, тоа е се. Што се однесува до измама, тоа може да се случи само од твоја страна, но во тој случај чувај си ја кожата.

- Тоа ми е доволно, капетане - одговори весело Долгиот Џон. - Доволен ми е вашиот збор, зборот на еден џентлмен.

Можеше да се види дека оној што ја носеше белата марама се обидуваше да го задржи, но Силва само се насмеа и го потупка по плеќите, покажувајќи со тоа дека е бесмислено да се спречува во она што го намислил да го стори. Тогаш пријде кон оградата, ја префрли својата патерица, ја крена ногата и многу живо и вешто се префрли на наша страна.

Морам да признам дека ползата од моето стражарење беше речиси никаква, бидејќи сето мое внимание беше насочено кон настанот кај нашата ограда; всушност, веќе го бев напуштил своето место и се затскрив зад капетанот, кој сега седеше на прагот потпрен на лактите и со главата меѓу дланките, додека погледот му беше насочен кон водата што извираше од стариот железен казан во песокот. Ја потсвирнуваше мелодијата „Дојдете девојки и момчиња“.

Искачувањето по ритчето претставуваше страшен напор за Силва. Било заради големата нагорница, било заради пенушките од отсечените дрвја, а секако и заради мекиот песок, тој и неговата патерица беа беспомошни како некој укотвен брод во борба со брановите. Сепак јуначки се трудеше и најпосле стигна пред капетанот, кого најљубезно го поздрави: на себе ги имаше своите најдобри алишта: огромен син капут со безброј месингани копчиња и фин обработен шешир.

- Повелете - рече капетанот поткревајќи ја главата. - Подобро би било да седнете.

- Зар нема да ме пуштите внатре, капетане? - се пожали Долгиот Џон. - Утрото е навистина доста студено за да можам да седам овде на песокот.

- Па Силва, да сакаше да бидеш чесен човек, можеше да седиш во својата кујна на бродот. Сè е твое дело; или си бродски готвач и не можеш да се пожалиш на однесувањето, или си капетан Силва, обичен бунтовник и гусар, а во тој случај, по ѓаволите со тебе. 

- Добро, добро капетане - одврати готвачот, седнувајќи на песокот како што му беше понудено. - Морате да ми помогнете кога ќе станувам, тоа е се. Одлично ви е ова местенце. Ах, тука е и Џим. Ти посакувам доброутро, Џим! Докторе, слуга покорен сум! Па вие сте овде сите заедно, би се рекло, како некое среќно семејство.

- Ако имате нешто да кажете, подобро би било да почнете.

96

Page 97: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Имате право, капетане. Должноста е должност, тоа е јасно. Па добро го изведовте она минатта ноќ; не би можело да се рече дека не беше добро. Некој од вас многу добро ракува со лопата, а не би можел да кажам дека некои од моите луѓе не беа потресени. Можеби дури и сите се возбудија; можеби дури и самиот се сепнав, а можно е заради тоа да сум дошол ваму да ви поднесам услови. Но, запомнете капетане, нема тоа да ви успее другпат! Ќе поставиме стражи и донекаде ќе го смалиме румот. Веројатно мислевте дека сите сме напиени, но ви велам, јас бев трезен, само уморен како пес; да се разбудев само миг порано, сигурно ќе ве фатев на дело: сè уште не беше мртов кога му пријдов.

- Значи? - праша капетан Смолет колку што можеше поладнокрвно.

Ништо од сето ова не разбра, но гласот не го оддаваше. Што се однесува до мене, оддеднаш се сетив на последните зборови на Бен Ган, та почнав да разбирам. Претпоставив дека отишол до гусарите додека тие сите заедно, пијани, лежеле околу огнот и со радост заклучив дека од сега ќе имаме да сметаме само со четиринаесет непријатели.

- Значи, еве во што е работата - одговори Силва. - Нам ни треба она богатство и ние ќе го земеме, тоа е нашиот став; вие сакате што порано да ги спасите своите животи, мислам тоа е ваш став. Имате мапа, зарем не?

- Веројатно дека е така - рече капетанот. - Знаеме.- Познато ми е дека имате. Не би требало со мене да сте

груби; во вашиот одговор не гледам ни трошка разбирање. Сакам да речам дека ја бараме вашата мапа, а што се однесува до мене лично, секогаш сум ви мислел добро.

- Тоа кај мене не пали! - го прекина капетанот точно знаеме што ни подготвувавте и не се осврнуваме на тоа, бидејќи како што гледате, не можете сега тоа да го спроведете во дело.

Потоа одмерувајќи го ладно Силва, почна да го полни своето луле.

- Ако е Греј... почна овој.- Оставете го тоа! Греј ништо не ни кажа, ниту нешто го

прашавме. Дури, повеќе сакам да го видам овој остров како лето по ѓаволите, отколку да му поставам такво прашање. Тоа е мојот одговор што се однесува за тоа.

Оваа мала отсечност изгледа го смири Силва. Порано изгледаше збунет, но сега се прибра.

- Сосема во ред - рече - нема да ги одредувам границите на она што еден џентлмен го смета за исправно или за неисправно. А

97

Page 98: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

бидејќи гледам дека го полните лулето, ќе бидам слободен да го направам истото и јас.

Откога го наполни и го запали, тие двајцата долго пушеа, молчејќи и не гледајки еден во друг. Од време на време само го набиваа тутунот со прстот или се наведнуваа да поплукнат. Со задоволство ги набљудував, како да гледам двајца добри артисти.

- Сега - продолжи Силва - еве што предлагам. Вие ќе ни го дадете тој план за да можеме да го најдеме богатството и ќе престанете со убивањето на кутрите морнари и со сечење глави при спиење. Тоа вие треба да го сторите. Ние пак ви даваме шанса да изберете: можете да тргнете со нас на бродот кога ќе го натовариме богатството и тогаш, ви давам чесен збор, ќе ве доведам до некој пуст брег здрави и живи или, ако тоа не ви се допаѓа, бидејќи некој од морнарите можеби би бил груб заради некоја ваша поранешна груба постапка и би сакал да ги расчисти старите сметки, можете да останете овде. Во тој случај би ја поделиле храната, а како и порано, ќе бидам добар првиот брод што ќе го сретнеме да го испратам да ве земе. Морате да признаете дека е ова разумен предлог, на подобар не сте можеле да се надевате. Мислам - овде го крена гласот - дека сите во куќава ги слушнаа моиве зборови, а она што еднаш го реков, важи за сите.

Капетанот стана и ја истресе пепелта од лулето во својата лева рака.

- Дали е тоа се? - праша.- Тоа се моите последни зборови, ѓавол да го земе! одговори

Џон. - Ако го одбиете ова, повеќе нема да ме видите, но ќе проговорат нашите пушки.

- Многу добро - рече капетанот. - Сега ти слушни ме мене: ако дојдете еден по еден, невооружени, ќе се потрудам сите да ве ставам во окови и да ве предадам на редовниот суд во Англија. Ако не се согласите, бидете сигурни, како што јас се викам Александар Смолет, дека сите, до еден, ќе ве потепаме и ќе ве фрлиме в море. Богатството не можете да го најдете, со бродот не знаете да управувате, меѓу вас нема ни еден кој би бил способен за тоа. Не сте ни за борба способни: ете, Греј им се извлече на петмина твои луѓе, а бродот „мој капетане“ ви е во окови. Во тоа и самиот ќе се увериш, бидејќи покрај брегот е изложен на ветрот. А јас ова убаво ти го зборувам, а тоа воедно се и последните убави зборови што ги слушаш од мене бидејќи, жими оној горе, следниот пат кога ќе се сретнеме ќе те убијам како пес. Сега бегај! Нозете под тебе и како што знаеш бегај, но што побрзо.

Силва беше шокиран, а очите му светкаа од бес. Тој го испразни лулето.

98

Page 99: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Подајте ми рака - му се обрати на капетанот.- Од мене тоа нема да го доживееш.- Кој ќе ми помогне да станам? - загрме.Никој од нас не се ни помрдна. Мрморејќи најгрди клетви, тој

некако се довлечка до тремот и, откога се поткрена на патерицата, плукна во изворот.

- Еве ви! викна. - Тоа е моето мислење за вас. Пред уште да помине еден час, ќе излетате од оваа барака како затки за пиво. Смејте се, по ѓаволите, смејте се! Пред и да помине еден час, ќе се смее другата страна, ќе се сметаат за среќни оние што ќе загинат!

Не остави со страшна пцовка. Се извлечка некако низ песокот, обидувајќи се неколкупати безуспешно да ја премине оградата, додека најпосле не му пријде на помош оној другиот. Веднаш потоа исчезнаа во шумата.

99

Page 100: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

21. НАПАД

Откога Силва исчезна, капетанот, кој за целото време внимателно внимаваше на него, се сврти кон нас и виде дека е само Геј на своето место. Првпат го видовме така лут.

- Назад! - згрме. А тогаш, откога сите ги зазедовме своите места, му се обрати на Греј: - Денес твоето име ќе го запишам во бродскиот дневник: ја вршеше својата должност како вистински морнар Голепоседнику, многу сум изненаден од вашата постапка. Докторе, мислам дека носевте униформа? Ако така сте ја извршувале должноста кај Фонтној, поарно да сте седеле дома!

Сите од смената на докторот беа на пушкарниците, а другите, тоа може да се сфати мошне посрамени, почнаа да ги полнат резервните пушки.

Извесно време, капетанот молчејки гледаше, а потоа на сите ни се обрати:

- Момчиња рече - на Силва му одговорив предизвикувачки; мислам дека е подобро железото да се кова додека е жешко. Како што рече, ќе не нападне по изминувањето на ... еден час. Не е потребно да ви кажам дека тие се повеќе на број, но ние ќе се бориме од засолниште, а пред една минута можев да речам дека и дисциплината ни е подобра од нивната. Се разбира, не се сомневам дека, ако се потрудите, ќе го извлечат подебелиот крај.

Потоа ги обиколи сите пушкарници, и како што сам рече, констатира дека е сè во ред.

Од двете покуси страни на бараката, источната и западната, имаше само две пушкарници, од јужната пак, над тремот, уште две, а од северната пет, Ние седуммината на располагање имавме дванаесет пушки. Дрвата за горење ги наредивме на четири купа во облик на маси, по една од средината од секоја страна, а на секој од овие купови имаше муниција и по четири наполнети пушки, така што на бранителите се да им биде при рака. На средината, наредени, лежеа сабјите.

- Угаснете го огнот - рече капетанот. - не е веќе студено, а подобро е чадот да не ни пречи.

Господинот Трилоуни ја изнесе железната корпа која ни служеше како огниште и жаровите ги изгаси во песокта.

- Хоукинс не појадуваше. Ајде, Џим, земи нешто и брзо назад на своето место па таму јади - продолжи капетанот Смолет. - Само брзо, момче, и добро прикасни, ќе ти треба. Хантер, послужи ги сите луѓе со бренди.

100

Page 101: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Во меѓувреме капетанот донесе одлука за начинот на одбрана.

- Докторе, вие заземете место до вратата - продолжи. - Гледајте многу да не се изложувате, чувајте се повеќе внатре и пукајте од тремот. Хантер, ти заземи ја источната страна, таму; Џојс, момче, ти западната. Големопоседнику, бидејќи сте најдобар стрелец, заземете ја со Џојс оваа подолга северна страна, која има пет пушкарници, тука ни се заканува најголема опасност. Ако стигнат до таа страна и ако почнат да пукаат на нас низ нашите пушкарници, не би ни било баш пријатно, Хоукинс, ти и јас не би биле многу корисни како стрелци, ние ќе ги полниме пушките и ќе гледаме да помогнеме каде што ќе затреба.

Навистина престана да студи, сонцето веќе се беше кренало над нашиот шумски појас и со сета сила грееше на расчистениот простор, а маглата ја снема како никогаш и да ја немало. Набрзо песокот стана врел; дури се топеше и смолата на потпорните греди. Сите ги симнавме капутите, ги распетлавме кошулите и стоевме секој на своето место со завртени ракави во трескавично расположение.

Еден час помина.- По ѓаволите со нив! - викна капетанот. - Ова е досадно. Ајде

Греј, отсвири ни нешто.Во тој момент Џојс ни го навести нападот - Молам, капетане - рече - треба ли да пукам ако видам

некого?- Тоа веќе го кажав! - викна капетанот.- Благодарам - одговори Џојс со истата мирна учтивост.Извесно време се беше мирно, но забелешката на Џојс не

поттикна да го напрегнеме видот и слухот: стрелците ги држеа пушките в раце, а капетанот, со стиснати усни со загрижен израз, стоеше во средината на бараката.

Така изминаа неколку секунди, кога, оддеднаш, Џојс нанишани и пукна. Само што замре звукот на неговиот пукот, почна пукање однадвор, би можело да се рече, расштркано, пукот по пукот во нееднакви интервали, од сите страни на оградата. Многу куршуми ја погодија куќата, но ни еден не влезе и, кога чадот се крена, се околу оградата и шумата изгледаше мирно како и порано; ни едно гранче не се нишаше, ниту некаде засветка цевка од пушка што би го открила присуството на непријателот.

- Дали некого погоди? - праша капетанот.- Не, капетане - одговори Џојс. - Верувам дека не погодив.

101

Page 102: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Барем си искрен - промрмори овој. Наполни му ја пушката Хоукинс! - продолжи гласно. - Кулкумина беа на ваша страна докторе?

- Знам, точно! - одговори докторот Лејвси. - од оваа страна се пукаше трипати; забележав три блесоци: двата еден до друг, а третиот подалеку, на запад.

- Три - повтори капетанот. - А колку на ваша страна големопоседнику?

Овде, меѓутоа, не беше лесно да се дојде до точен извештај; на нивниот сектор имаше повеќе; според сметката на големопоседникот, седум, а според мислењето на Греј, осум или девет. Од исток и запад беше испукана само по една пушка, според тоа ни беше јасно дека нападот ќе се развие од север, а дека другите три страни ќе служат само како камуфлажа. Сепак, капетанот остана при поранешниот распоред. Ако на бунтовниците им успее да ја преминат оградата, докажуваше тој, ќе стигнат до било која незаштитена пушкарница и ќе не поубијат како глувци.

Во секој случај, не ни остана многу време за размислување. Една поголема група гусари оддеднаш излезе од шумата од северната страна и со викотници потчра право кон оградата. Истовремено од шумата се повтори пукањето, а еден куршум просвири низ отворот на вратата и ја разби пушката на докторот на парчиња.

Гусарите навалија на оградата како мајмуни. Големопоседникот и Греј постојано пукаа: тројца напаѓачи паднаа, еден од нашата, а другите двајца од надворешната страна на оградата, но беше јасно дека еден од овие беше повеќе уплашен отколку ранет, бидејќи за миг стана и се изгуби во шумата. Значи, двајца лежеа на земјата, еден побегна, а четворица се наоѓаат од нашата страна на оградата, додека од шумата, седуммина или осуммина, секој снабден со повеќе пушки, постојано, но залудно пукаа на нашата дрвена куќа.

Оние чеворицата на нашата страна викајќи потрчаа право кон зградата, додека оние во шумата исто така правеа пеколна врева за да ги охрабрат. Од наша страна многу се пукаше, но заради брзаницата, без успех: четворицата напаѓачи со трчаница ја поминаа угорницата и се најдоа пред нас.

На средната пушкарница се покажа главата на Џоб Андерсон.- Сите на нив! - викна со громок глас.Во истиот момент еден од гусарите ја зграби цевката на

пушката од Хантер, му ја извлече од раце и така силно ја тргна назад низ отворот што кутриот Хантер, удрен, се урна онесвестен

102

Page 103: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

на подот. Во меѓувреме, третиот што ја оптрча куќата, се појави на вратата и со својата сабја се вдаде на докторот.

Сега положбата ни беше сосема изменета; до пред неколку минути пукавме од засолниште на изложениот непријател, а сега самите бевме изложени и оневозможени да го вратиме нападот.

Бараката беше полна чад, што мошне ни користеше. До мене допираа довикувањата и мешаницата, пукањето на пушките и гласното офкање.

- Надовор, момчиња! Излегувајте и борете се таму со сабјите! - викна капетанот.

Ја зграби првата сабја од купот, а некој кој во истото време земаше друга, ме исече на раката, што во онаа возбуда речиси не почувствував. Излетав од куќата на бел ден, а зад мене веднаш истрча уште некој, додека пред мене докторот беше вдаден надолу по својот напаѓач; тој набрзо го стигна со еден силен удар со сабјата преку лице, го кутна.

- Зад куќата, момчиња! Зад куќата! - викаше капетанот. И иако бев многу возбуден, во неговиот глас почувствував промена.

Несвесно послушав и со крената сабја потрчав зад куќата. На мое огромно изненадување, се најдов лице в лице со Андерсон. Тој крикна и го крена ножот што засвети на сонцето. Немав ни толку време да се исплашам и додека сечилото сè уште блескаше над мојата глава, се тргнав на страна и бидејќи едната нога ми пропадна во мек песок, главечки се истркалав по падината.

Порано, додека брзав надвор од бараката другите гусари веќе притрчуваа кон оградата за да не досредат. Еден од нив, со црвена марама на главата и со сабја во забите, веќе ја беше опчекорил оградата. Тој интервал на време беше толку кус што, кога се најдов на нозе, пак се си ја имаше истата положба, оној со црна марама сè уште до половина префрлен, додека на друг штотуку му се покажуваше главата на оградата, па сепак, во овој здив на време, борбата беше завршена, а победата на наша страна.

Греј, кој трчаше веднаш зад мене, со еден удар го собори Андерсон, кој немаше време да се прибере по промашениот удар. Другиот напаѓач на пушкарницата беше погоден од куршум баш кога и самиот се подготвуваше да пука внатре и сега лежеше во смртен грч додека пиштолот се уште му чадеше во раката. Со четворицата кои се наоѓаа на нашата страна од оградата, само со еден не се имавме пресметано, а и тој, отфрлувајќи ја сабјата и целиот умрен од отрав, бегаше назад.

- Пукајте, пукајте од куќта! - викаше докторот. - А вие, момчиња, назад во засолништето!

103

Page 104: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Но на неговите зборови никој не реагираше; веќе не се слушна ни еден пукот, а на оној последен разбојник му успеа да се спаси: исчезна во шумата со другите. За неколку секунди, останаа само оние петмина убиени: четворица од оваа страна на оградата, а петтиот зад неа.

Докторот, Греј и јас потрчавме кон куќата колку што можевме побрзо, знаејќи дека набрзо гусарите ќе стигнат до местото каде што им беше резервната муниција и дека секој момент пукотницата може да продолжи.

Внатре сега имаше многу помалку чад и еден поглед ни беше доволен да ни покаже колку не чинела победата. Хантер во несвест лежеше покрај пушкарницата; Џојс, кому куршумот му минал низ главата, беше мртов, а во средината на просторијата големопоседникот, блед како крпа, го придржуваше уште побледиот капетан.

- Капетанот е ранет - рече господин Трилоуни.- Побегнаа ли? - праша капетанот.- Сите кои можеа - одговори докторот - но петмина веќе тоа

никогаш не ќе можат да го сторат.- Петмина! - извика капетанот. - Тоа е веќе подобро! Петмина

спрема тројца; значи останува четири спрема девет; тоа е многу подобро отколку на почетокот. Тогаш, како што претпоставувавме, бевме седум спрема деветнаесет.

104

Page 105: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Петти делМОЈАТА АВАНТУРА

НА МОРЕ

105

Page 106: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

22. ПОЧЕТОКОТ НА МОЈАТА АВАНТУРА НА МОРЕ

Гусарите не се вратија, од шумата не беше испукан ни еден куршум. Како што рече капетанот: „Го добија својот дел за денес“, та можевме слободно да се движиме по бараката, на мир да ги преврземе ранетите и да ручаме. Наспроти опасносата, големопоседникот и јас готвевме надвор, па дури и таму со мака ја вршевме својата работа возбудени од гласното јачкање на докторовите пациенти, што допираше до нас.

Од осуммина погодени во борбата, само уште тројца беа живи: гусарот кој беше погоден кај пушкарницата, Хантер и капетанот Смолет; а од овие, првите двајца беа повеќе мртви отколку живи. Гусарот набрзо умре под ножот на докторот, а и Хантер, иако презедовме се што се можеше, не се врати веќе при свест. Цел ден се мачеше дишејки тешко, како некогаш стариот гусар во нашата крчма кога го удри капка, градната коска му беше скршена од ударот, а черепот напукан од падот, та во некое доба следната ноќ и тој испушти душа.

Што се однесува до капетанот, раните навистина му беа сериозни, но без опасност по живот; ни еден орган не беше кобно повреден. Куршумот на Андерсон, бидејќи тој прв го рани, му ја проби клучната коска, лесно чепнувајќи ги градите, додека другиот само му помина низ мускулите на ногата. Докторот изјави дека сигурно ќе заздрави, само што во меѓувреме, во следните неколку седмици, не ќе смее да чекори ниту да ја движи раката, дури ни да зборува, освен ако е неопходно. Исекотината на мојата рака беше незначителна. Докторот стави фластер преку неа и, во шега, ме тргна за уши.

По ручекот, големопоседникот и докторот седнаа покрај капетанот за да се советуваат; пладнето веќе беше поминало и откога се наразговараа колку што им беше волја, докторот го зеде шеширот и пиштолите, ја опаша сабјата, го стави во џебот планот на островот и со пушката на рамо ја прескокна оградата на северната страна и набрзо се оддалечи во шумата.

Греј и јас седевме заедно во најоддалечениот агол, на бараката за да бидеме подалеку од разговорите на нашите постари. Греј беше толку изненаден од постапката на докторот што го извади лулето од уста и речиси го заборави.

- Зошто, жити бога - рече, - дали можеби докторот полудел?- Се разбира дека не полудел - одговорив. - Мислам дека е тој

последниот од нас кому тоа може да му се случи.- Па другар, можеби не; но запомни, ако не е тој, тогаш сум јас.

106

Page 107: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Претпоставувам - реков - дека докторот знае што прави и веројатно сега отишол да го најде Бен Ган.

Како што подоцна се воспостави, бев во право. Но во меѓувреме, бидејќи во куќата беше неиздржливо топло, песокот околу нас под пладневните зраци на сонцето врел како жар, ми помина низ главата една мисла за која можам да речам дека не беше најсправедлива. Замислувајќи како докторот минува низ сенките во шумата, додека околу себе слуша црцорење на птиците и го чувствува пријатниот мирис на боровите, му завидував. Јас пак морав да се пржам во алиштата кои се лепеа за смолата, додека околу мене насекаде имаше крв, а и мртви тела, така што местото ми се стори просто неподносливо.

За целото време додека ја чистев куќата, а потоа садовите до ручекот, оваа неподносливост и завист стануваа се посилни во мене. Најпосле, кога се најдов кај вреќето со бисквити, додека на мене никој не обрнуваше внимание, ги презедов првите чекори да се извлечам од сето ова и џебовите од палтото ги наполнив со бисквити.

Ќе помислите дека сум бил будала. Навистина имав намера да преземам премногу смел и будалски чекор, но веќе се решив тоа да го сторам со сите претпазливости. Мислев дека овие бисквити, ако нешто ми се случи, ќе ми бидат храна за два дена.

Потоа зедов два пиштоли и бидејќи при себе веќе имав муниција, сметав дека сум добро снабден.

Што се однесува до самата замисла, таа, всушност, не беше лоша. Сакав да одам до песочниот јазик кој од исток го одвојуваше заливот од морската шир и да ја пронајдам белата карпа што ја забележав сношти, а патоа да констатирам дали чамецот на Бен Ган навистина се наоѓа таму скриен, нешто за кое и денес мислам дека вредеше да се вложи труд. Меѓутоа, знаејќи дека нема да ми биде дозволено да го напуштам нашето утврдување, намерата ми се состоеше во тоа да земам „француско отсуство“ и да исчезнам кога никој нема да внимава. Овој начин, навистина грд, и самиот потфат го правеше неубав. Но јас бев само дете и веќе цврсто решен да го сторам она што го наумив.

Во меѓувреме работите така се развиваа што наскоро ми се даде прекрасна прилика. Големопоседникот и Греј беа зафатени со преврзување на капетанот. На мене никој не обрнуваше внимание, та набрзо ја прескокнав оградата и пред моето одсуство да може да биде забележано, се најдов во шумата, далеку од моите пријатели.

Ова беше моја втора будалска работа, многу полоша од првата, бидејќи сега оставив зад себе само двајца здрави луѓе да ја

107

Page 108: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

бранат куќата, но како и првиот пат, желба ми беше да ги спасам сите.

Тргнав право кон источниот брег на островот, бидејќи однапред решив да ја следам онаа страна на песочниот јазик што гледаше кон отвореното море, да не се случи евентуално да бидам забележан од заливот. Иако сонцето се уште светеше ширејќи топлина, веќе се наближуваше вечерта. Чекорејќи под високите дрвја, далеку пред себе, освен постојаната бучава на брановите, го слушав и неодреденото шушкање на лисјата и крцкањето на грмушките што го навестуваше морскиот ветер, посилен од обично. Ја почувствува студената струја на воздухот, а набрзо потоа излегов од шумата, и осветлена од сонцето се до хоризонтот, ја видов сината површина на морето и брановите што се натрчуваа, оставајќи ја вдолж брегот својата пена.

Никогаш не бев забележан дека морето околу Островот со скриеното богатство е мирно. Над него можеше да свети сонцето, воздухот да биде неподвижен, морската површина мазна и сина, а сепак вдолж брегот се тркалаа огромни бранови, бучејќи и дење и ноќе. Тешко би можел да замислам некое место на островот од каде што не би можеле да се чујат.

Одев така покрај брановите, уживајќи во нивната игра, се додека не наидов на некои густи грмушки, тогаш, мислејки дека сум се оддалечил доволно на југ, почнав да ползам кон другата страна на песочниот јазик.

Зад мене беше отвореното море, а пред мене заливот. Како да се изморил од својата необична топлина, морскиот ветрец се умори, но на негово место, од југ и југоисток, дојде лесна воздушна струја, носејќи со себе густа магла. Запивот, затскриен со Костуровиот Остров, лежеше осамен и нем како кога го видовме првиот пат. На морското огледало, како насликана, се гледаше „Хиспаниола" со гусарското знаме.

Покрај бродот беше еден од чамците, а на крмата Силва, него секогаш можев да го препознаам, додека другите двајца се навалуваа над бродската ограда. Еден од нив, оној со црвена шамија беше баш оној неранимајко кого го видов пред неколку часа на нашата ограда од колје. Јасно беше дека разговараа и се смееја иако на таа оддалеченост, не можев, се разбира, да слушнам ни збор. Оддеднаш се слушна стравотно, неприродно крескање, кое во првиот момент страшно ме исплаши. Но набрзо се сетив дека е тоа гласот на папагалот на Флинт: дури ми се стори дека ги гледам живите бои на неговите пердуви на рацете од неговиот господар.

Набрзо чамецот тргна кон брегот, а оној со црвената шамија слезе со својот другар во бродската кабина за морнари.

108

Page 109: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Речиси во истото време зад Дулбија сонцето зајде и бидејќи маглата се повеќе се спушташе, почна сериозно да се стемнува. Видов дека не смеам да губам време ако сакам уште таа вечер да го најдам чамецот.

Белата карпа, која убаво се гледаше од местото каде што се наоѓав, беше оддалечена уште само околу осмина милја, та ползејќи на мевот и провлекувајќи се меѓу грмушките, мошне се задржав додека не дојдов до неа. Кога стигнав до неа, ноќта веќе сосема се беше спуштила. Токму под неа се наоѓаше една неголема длабнатина, скриена од бедем густо зеленило, кое тука изобилно растеше, а во средината на таа визбичка здогледав шаторче од козји кожи, мошне слично на циганските.

Скокнав во дупката, ги поткренав краевите на шаторите и го видов чамецот на Бен Ган, примитивен, како воопшто некој чамец може да се нарече така: груба рамка од жилаво дрво што се навалуваше на едната страна и со распната козја кожа преку него. Чунот беше неверојатно мал, дури и за мене, и со тешка мака можев да замислам дека во него може да се вози возрасен човек. Седиштето му беше поставено мошне ниско: некој вид распната кожа во лак. За погон служеа две весла.

Дотогаш не бев видел чун каков што некогаш правеле староседелците на Британија, но подоцна ми се даде прилика и не би можел поубаво да ви го опишам оној на Бен Ган, освен да ви кажам дека беше сличен на првиот и најлошиот од сите што воопшто човекот ги направил. Но сепак имаше една предност: беше многу лесен и можеше да се носи.

Значи, сега кога го пронајдов, мислите дека сум се задоволил. Меѓутоа, почна да ме прогонува друга мисла и тоа така, што би ја извршил дури и лично капетан Смолет да се обидеше да ме спречи во тоа. Решив таа вечер да ја пресечам котвата на „Хиспаниола“ и да ја оставам да се занурка каде што сака. Бев убеден дека бунтовниците, онака одбиени тоа утро, не сакаат ништо друго освен да ја кренат котвата и да тргнат кон морето. На овој начин мислев да ги спречам во тоа, а сега, бидејќи оставиле стражари без чамци, мислев дека ми се дава вонредна прилика тоа да го сторам без голема опасност.

Очекувајќи добро да се стемни, седнав и добро се најадов бисквити. Ова навистина беше најпогодна ноќ за извршување на мојата намера, една од илјада, што би се рекло. Насекаде наоколу беше магла и кога и последните зраци затреперија и се изгубија, на Островот со скриеното богатство завладеа целосен мрак. Кога најпосле го кренав чамецот на рамо и сопинајки се, се извлеков од

109

Page 110: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

дупката во која вечерва, во целиот залив беа видливи само две точки.

Големиот оган на брегот, кај мочуриштето, крај кој победените гусари лежеа и се пијанчеа, беше едната, а другата, која одвај се наѕираше, беше матната светлина од бродот. Тој беше свртен во правец на осеката, мене отстрана, а светлоста што ја ѕиркав, доаѓаше од кабината за морнари; всушност, тоа беше само одблесок на зраците кои потекнуваа од прозорецот кај крмата.

Осеката веќе беше во полн замав, та морав да куцкам низ барата и влажниот песок додека не стигнав до водата што се повлекуваше и откога, направив неколку чекори, вешто го спуштив чунот на површината од морето.

110

Page 111: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

23. ОСЕКАТА ДЕЈСТВУВА

Како што се уверив подоцна, чунот даваше доволна безбедност за човек со моја тежина и височина, а беше лесен и погоден на водата, но со него неверојатно тешко се управуваше. Прави ти што сакаш, тој сеедно си одеше на своја страна, а изгледа дека најмногу му се допаѓаше да се врти во круг. Дури и Бен Ган призна дека чудно се однесувал „додека не го запознаеш“.

Се разбира, јас не му ја знаев ќудта: се вртеше на сите страни, само не на онаа кон која јас сакав. Тргнуваше напред, но в страна и сигурен сум дека никогаш не би стигнал до бродот да не беше осеката. За среќа, без оглед на тоа како веслав, ме носеше водата и гледај, „Хиспаниола“ лежеше баш пред мене.

Првин се покажа пред мене како некој куп црн во мракот. Потоа се покажаа рабовите на нејзиниот бок и оградата, а веќе следниот момент, бидејќи водата, како што ми се чинеше, колку што се одалечував од брегот, се побрзо се повлекуваше, се најдов покрај нејзината котва и го грабнав јажето.

Јажето беше затегнато како тетива. Секаде околу боковите, водата жубореше како во близината да се наоѓаше некоја планинска рекичка. Еден потез со мојот морнарски нож и „Хиспаниола“ би тргнала шумејќи, носена од осеката.

Тоа сето беше убаво, но се сетив дека да се пресече оддненадеж затегнатото јаже би било исто така опасно, како да се подбодува коњ кој се рита. Сега веќе бев сосема сигурен дека доколку така будалски би го одделил бродот од котвата, би се нашол или под чунот или покрај него, во водата.

Се најдов на мртва точка и ќе морав да го напуштам својот план доколку не ми се насмевнеше среќата. Ветрето, кое во почетокот дуваше од југ и југоисток, кога падна ноќта го смени правецот и сега доаѓаше од југозапад. Токму додека размислував, тоа дувна малку посилно и ја принуди „Хиспанола“ да ја смени својата положба. На моја голема радост, почувствував како јажето попушта, а раката со која го држев, се нурна во водата.

Веднаш го извадив ножот, го отворив со забите и почнав да го сечам јажето лико по лико додека најпосле не останаа само две лика: тогаш престанав, подготвувајќи овие два да ги пресечам кога одново ќе дувне ветрот и кога напонот ќе попушти.

За сето време до мене доаѓаа гласови од кабината, но да ја кажам вистината, толку бев занесен што одвај обрнував внимание на тоа. Сега, меѓутоа, чекајќи го ветрето, се заинтересирав за нив.

111

Page 112: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Еднаш го препознав Израил Хендс, топчијата на Флинт. Другиот глас му припаѓаше, се разбира, на оној мој пријател со црвената шамија. Беше јасно дека двајцата се пијани, па сепак и натаму пиеја, бидејќи, додека наслушнував, еден од нив, пцуејќи со пијан глас, го отвори задниот прозорец и исфрли нешто што ми личеше на празно шише. Тие не само што беа пијани, туку, очигледно, и страшно лути. Се сипаа пцовки како од ракав, а од време на време доаѓаше до таква експлозија што бев сигурен дека ќе се испотепаат. Но, кавгата попушташе, а гласовите за извесно време се претвораа до мрморење до следниот настап, кој пак минуваше без последици.

На брегот во шумата гореше логорскиот оган. Некој со големо трпение ја пееше старата, меланхолична морнарска песна, завршувајќи го секој стих со треперлив глас. Ја слушав многупати додека патувавме и се сеќавам на зборовите:

Само еден од екипажот е жив од седумдесетмина што отпловија.

Помислив дека песната премногу бедно им соодветствува на оние кои тоа утро претрпија така тешки загуби. Меѓутоа, од она што го видов досега, овие гусари не беа ништо помалку бездушни од морето по кое пловеа.

Најпосле дувна ветрот, бродот појде в страна и се приближи. Почувствував како јажето попушта и со еден потег ги пресеков последните две лика.

Бидејќи се наоѓав наспроти ветрот, зад бродот, неговото дејство на чунот беше безначајно, та затоа речиси во истиот момент се најдов крај бокот на „Хиспаниола“. Бродот почна да се исправа и полека да се движи. Очекувајќи секој момент да се случи несреќа, запнав со сета сила, но согледувајќи дека на ова место нема да ми успее чунот да го одделам од бродот, завеслав право кон крмата. Најпосле се ослободив од својот налудничав сосед и токму при последното завеслување, раката ми ја допре некое јаженце, коешто се влечеше префрлено преку оградата. Веднаш се фатив за него.

Тешко би можел да кажам зошто го сторив тоа, беше тоа просто природен нагон. Но сега, кога веќе го држев и кога почувствував дека горе е врзано, нешто почна да ме копка да ѕирнам низ прозорецот.

Повикувајќи го јажето, го приближив чунот доволно блиску до прозорецот и внимателно се поткренав, толку што ми се покажа таванот и еден дел од внатрешноста на кабината.

Сега, бродот со својот мап придружник, побрзо се лизгаше по водата. Веќе се наоѓавме напоредно со логорскиот оган.

112

Page 113: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

„Хиспаниола“ како што тоа би го рекле морнарите, гласно мрмореше, сечејки ги без престан безбројните бранчиња. Се додека не погледнав низ прозорецот, ми беше разбирливо бродската стража да не ја забележи промената. Меѓутоа, еден поглед се ми објасни, а само еден поглед и смеев да фрлам од така несигурна потпирка, бидејќи ги видов Хендс и хеговиот другар како се борат, обидувајќи се да го задави еден другого.

Се спуштив на седиштето речиси во последниот момент: чунот само што не ми избега од под нозете. Во еден момент пред очите ми беа само тие двајца збеснати луѓе со закрвавени очи кои се влечеа таму-ваму под замаглената светилка. За очите да ми се навикнат на мракот, извесно време морав да ги држам затворени.

Бескрајната балада веќе не се слушаше. Сега целото друштво околу логорскиот оган ја пееше во хор онаа позната:

Петнаесетмина морнари околу ковчегот на покојникотА-ха-ха- и шише рум!

Пијте, а за другото ѓаволот ќе се погрижи,А-ха-ха- и шише рум.

Токму што помислив дека ѓаволот и пијалокот се здружени во работата на „Хиспанола“ во тој час, одненадеж ме тргна наглото нишање на чунот којшто остро се сврти, и ми се стори, го смени правецот. Брзината во меѓувреме чудно му се зголеми.

Веднаш ги отворив очите. Насекаде околу мене светкаа мали бранови и брзаа понатаму, обединувајќи се во своето одминување. Самата „Хиспаниола“ по чија трага бев носен, оддалечен само неколку метри, како да се заниша и како да се поткрена малку во темницата. Додека се уште се џарев во неа, видов дека и таа сврти кон југ.

Погледнав преку рамо, а срцето ми зајде во градите. Баш зад мене ја видов светлината на логорскиот оган. Насоката на истекувањето на водата сврти под прав агол, носејќи ги со себе големиот брод и моето чунче и забрзувајќи го својот тек. Креваше се поголеми бранови, го засилуваше шумот и надоаѓаше низ теснината кон отвореното море.

Одненадеж, „Хиспаниола“ нагло се наведна и се сврти преку дваесет степени. Речиси во исто време од неа се слушнаа повици. Оние двајца пијаници, освестувајќи се и чувствувајќи ја опасноста, трчаа на сите страни.

Лежев на дното на тој проклет чун и од се срце го молев бога да ми ја прими душата. Бев сигурен дека на излезот ќе ме покријат силни бранови, кои надоаѓаа од морската шир. Тогаш ќе престанат сите мои маки, бидејќи ако можеби можев да ја поднесам

113

Page 114: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

помислата на самата смрт, беше неподносливо да се гледа како таа смрт полека ми се приближува.

Мора да сум лежел така со часови, додека брановите постојано ме фрлале ваму-таму и одвреме на време ме прскале. Смртта ја очекував секој момент. Постепено почнав да чувствувам замор. Сред тој ужас наидуваше на мене некоја неосетливост и повремена вкочанетост, додека најпосле не ме совлада сонот. Лежејки така на дното од чунот, сонував за својот дом и за стариот „Адмирал Бенбау“.

114

Page 115: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

24. КРСТАРЕЊЕТО НА ЧУНОТ

Кога се разбудив веќе беше разденето и видов дека се наоѓам на северзападниот дел од Островот со скриеното богатство. Сонцето се беше веќе појавило, но се уште се криеше зад масивот на Дулбија чии големи карпести стрмнини, од оваа страна, се спуштаа речиси до самото море.

Во близината се ноаѓаа Хаулбаулајн - глава и Мизнјарбол ридовите, со имиња на бродови. Едниот од нив беше гол и темен, а главата во осојниците високи од четириесет до педесет стапки, со подножје закитено со големо количество одронети карпи. Бев оддалечен нецела четвртина морска милја и прва помисла ми беше да одвеслам до брегот.

Меѓутоа, набрзо се премислив, бидејќи силните бранови со бучава која далеку се разнесуваше, јуришаа на карпите, а големите млазеви, распрснувајќи се на сите страни, секој миг следеа еден по друг. Заклучив дека ако се осмелам да му пријадам на така опасно место, сигурно ќе ме најде смрт или, во најдобар случај, залудно ќе ја потрошам силата, обидувајќи се да преминам преку тој крш.

Покрај сето тоа, здогледав и триесетина огромни слузави чудовишта, меки дебели змии од неверојатна големина кои жмиркаа по мазните карпи или скокаа пласнувајќи се во морето, додека од нивниот лаеж одекнуваше целата околина.

Подоцна дознав дека тоа биле сосема безопасни морски лавови. Меѓутоа сега, погледот на нив, покрај инаку непристапниот брег и огромните бранови, беше повеќе од доволен да ме одврати од излегување на тоа место. Порано би се согласил да умрам од глад и жед на отворено море, отколку да одам во пресрет на такви опасности.

Во меѓувреме ми изгледаше дека пред мене стојат многу подобри изгледи на другата страна. Северно од Хаулбаулајн-главата се простираше низок брег, на кој по осеката остануваа големи површини жолт песок. Малку посеверно од таму, се наоѓаше уште едно погодно место, обележено на картата како Шумска Престилка, целото во високи зелени борови кои се спуштаа до самиот брег.

Се сеќавам што зборуваше Силва за струјата која одеше кон север, вдолж целиот западен брег на Островот со скриеното богатство, а бидејќи веќе почувствував дека сум под нејзиното дејство, решив зад себе да го оставам Хаулбаулајн главата и да ја зачувам својата сила за обидот за истоварување кај Шумската Престилка, која имаше многу попривлечен изглед.

115

Page 116: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Морето силно, но рамномерно се креваше: од југ доаѓаше благ, умерен ветер кој не беше во спротивност со правецот на струјата, такашто брановите се креваа и се спуштаа без да се ломат.

Да не беше така, одамна ќе настрадав. Вака, напротив, беше зачудувачки како мојот мал, лесен чун, мирно и сигурно плови. Лежејќи во него, често речиси над себе, ќе го здогледав врвот на големиот син бран, па сепак, чунот само малку ќе потскокнеше, ќа заиграше како на зглобови и ќе се спуштеше на другата страна, лесен како птичка.

Со време, сосема се ослободив, та седнав да ја испробам вештината на веслањето, но и најмалата промена на положбата страшно делуваше на однесувањето на чунот. Само што ќе направев едно движење, престануваше мазно да се лизга, полетуваше по бранот така што ми се заматуваше свеста и прскајќи на сите страни, го закачуваше својот клун длабоко во бокот на следниот бран.

Сиот мокар и уплашен, брзо се вратив во поранешната положба, а чунот одново се исправи и продолжи благо да се лизга по брановите како порано. Беше очигледно дека не смеев да се мешам во неговите работи, а земајќи ја предвид брзината со која пловеше, дали воопшто можев да се надевам дека ќе стигнам до брегот?

Макар што страшно се исплашив, не паднав со духот. Прво, движејќи се многу внимателно, ја исфрлив водата од чунот со помош на мојата капа, а потоа, поткревајќи ја малку главата, почнав да набљудувам како му успева така лесно да плови преку огромните бранови.

Дојдов до заклучок дека брановите, големи, мазни, сјајни планини, како што изгледаа од копното или од бродот, беа всушност слични на низа ридови на земја со своите врвови, рамнини и долини. Чунот, препуштен на самиот себе, ги избираше долините, а ги избегнуваше стрмнините и врвовите на брановите.

Значи, помислив во себе, јасно е дека не сакам да ја менувам положбата ако сакам да ја одржам рамнотежата. Па сепак, од време на време морав да удрам со веслото, барем на помирните места, за да можам да го насочам чунот кон брегот. Веднаш презедов мерки и лежејќи на лактите, во многу незгодна положба, само понекогаш лесно ќе удрев со веслото, управувајќи го чунот кон местото на истоварувањето.

Тоа беше многу напорна работа, а со незначителен резултат, па сепак напредував. Макар што беше очигледно дека нема да ми успее да се истоварам на самата Шумска Престилка, бидејќи

116

Page 117: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

струјата ме занесе околу сто метри подалеку, сепак се наоѓав сосема блиску до брегот, сигурен дека ќе стигнам до следниот р'т: веќе видов како зелените, сенчести крошни на дрвјата се нишаат на ветрот.

Беше навистина крајно време, бидејќи чувствував страшна жед. Сонцето немилосрдно печеше, додека брановите стокатно ги одбиваа неговите зраци. Целиот бев испрскан со капки морска вода кои се сушеа на мене, а на усните ми се нафати слој сол. Сето тоа заедно придонесуваше да горам од жед, додека главата неиздржливо ме болеше. Гледајќи ги дрвјата така блиску, чувствував силна желба по копното, но струјата набрзо ме однесе подалеку и кога стигнав до р'тот, видов нешто што ги измени сите мои намери.

Токму пред мене, оддапечена околу половина милја, се нишаше „Хиспаниола“ со распнати едра. Бев сигурен дека стражата ќе ме забележи и ќе ме фати, но чувствував толкава желба што можноста за тоа повеќе ме радуваше отколку што ме плашеше. Но пред да дојдам до некој заклучок, толку ме изненади она што се случуваше, што застанав џарејќи се вчудовиден.

Бродот беше под главното и со двете помошни едра, а прекрасното бело платно се отсјајуваше на сонцето како снег или како сребро. Кога пред малку го видов, сите едра му беа распнати, а одеше во правец на северозапад, та претпоставив дека, заобиколувајќи го островот, се враќа во заливот. Веднаш потоа тргна кон запад, така што помислив дека ме видоа и дека тргнале по мене. Најпосле, меѓутоа, налета право на ветрот, запре и извесно време стоеше така беспомошен додека едрата му потреперуваа.

- Баш се невешти - извикав. Мора да се се уште пијани како трупци - и помислив како капетанот Смолет би ги прекорил за тоа.

Во меѓувреме бродот полека се вртеше и земаше друг правец. Две-три минути брзо едреше, а потоа повторно наиде на ветер и застана. Тоа постојано се повторуваше. Таму-ваму, горе-долу, кон север и југ, исток и запад, „Хиспаниола“ едреше во налети, а секогаш завршуваше како што почнала, со олабавени едра. Сега ми беше јасно дека со неа никој не управува, а ако е така, што се случува со оние двајца? Или беа мртви пијани или, можеби, ја напуштиле, та помислив дека би можел да се качам на неа и да му ја вратам на капетанот.

Струјата ги носеше чунот и бродот со истата брзина кон југ. Бродот, всушност, одеше со такви прекини, задржувајќи се подолго, така што повеќе можеше да се рече дека заостанува, отколку што се оддалечува. Сигурно знаев дека би го стигнал, само да се

117

Page 118: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

осмелам да седнам и да завеслам. Обземен од авантурата, но и на помислата на вода што таму би нашол, ја удвоив храброста.

Станав, а во истиот момент ми полета во пресрет цел облак капки. Но овојпат не попуштив, туку го усредоточив целото внимание и сила, веслајќи кон „Хиспаниола“. Набрзо чунот толку ми се наполни со вода што морав да застанам и да ја исфрлам, додека срцето ми чукаше како на птица. Сепак, постепено свикнав на новата ситуација, а мојата ореова лушпа вешто поминуваше меѓу брановите кои само од време на време ја удираа бочно, заплиснувајќи ме со својата пена.

Брзо се приближував кон „Хиспаниола“. Веќе го видов блесокот на бронзата на крмата, а се уште ни жива душа не мрдаше на покривот. Единствено што можев да претпоставам беше дека е бродот напуштен. Во најлош случај, луѓето лежат пијани долу каде што можеби би можел да ги затворам и да правам со „Хиспаниола“ што ми е волја.

Извесно време го правеше она што најмалку сакав: мируваше. Се движеше во правецот на југ, сопинајќи се за целото време. Секогаш кога ќе застанеше, едрата и се исполнуваа, а тоа веќе во следниот момент ја насочуваше во правецот на ветрот. Се разбира дека тоа најмалку го сакав, бидејќи иако изгледаше безнадежно и едрата и тупаа како да пукаат топови, а трупјето се тркалаа и тропаа по покривот, сепак ми се оддалечуваше, не само заради брзината на водената струја, туку и заради своето газилиште кое, природно, беше големо.

Најпосле сепак ми се даде прилика. За кусо време ветрот стивна, а струјата ја сврти „Хисланиола“. Пред мене се покажа нејзиниот заден крај со прозорецот од кабината. Прво што ми падна в очи беше дека ламбата над масата светеше, иако веќе одамна беше ден. Главното едро висеше отпуштено како знаме. Да не ја носеше струјата, би се помислило дека сосема мирува.

Во следните неколку моменти малку бев се заборавил, но потоа го удвоив напорот и одново почнав да ја пристигнувам.

Не бев оддалечен ни сто метри, кога ветрот пак продолжи да дува. Јажињата ѝ се затегнаа, а таа тргна побрзо, спуштајќи се и издигнувајќи се како ластовица.

Првин се почувствував разочаран, но веднаш потоа се израдував: се вртеше сè додека кон мене не ѝ се покажа целиот бок; дури и повеќе, додека растојанието меѓу нас не се сведе на половина, потоа третина, а потоа на четвртина. Веќе можев да ја видам белата пена пред нејзиниот клун. Од мојот чун ми изгледаше огромна.

118

Page 119: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Одненадеж почувствував опасност. Одвај имав време да мислам: нешто да сторам и да се спасам. Се наоѓав на врвот на еден бран, кога бродот го видов на друг. Бродскиот чамец ми висеше над главата. Скокнав на нозе и се отфрлив, турнувајќи го чунот со нозете. Со едната рака се фатив за пречката од едрото, додека ногата ми остана меѓу столбот и споната. Додека, тресејќи се, сè уште тука висев, тапиот удар ми навести дека бродот налетал на чунот и дека така сум оставен на „Хиспаниола“ без отстапница.

119

Page 120: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

25. ДОЛУ ГУСАРСКОТО ЗНАМЕ

Токму ја дофатив конструкцијата на која висеше бродскиот чамец, кога помошното едро полета и со тресок удри во другото; дури и утробата на бродот се застресе. Меѓутоа, следниот момент, бидејќи другите едра и натаму влечеа, тоа се врати и беспомошно висна.

За малку што не се најдов во водата од силниот удар, па не губејки време, отползив по оградата и главечки се урнав на палубата.

Се најдов на предниот дел од бродот, затскриен со влезот на морнарската кабина, а главното едро, кое беше затегнато, ми го затскриваше едниот дел од задната палуба. Се беше пусто. По штиците, кои не беа измиени уште од побуната, се гледаа отпечатоци на стапалки, додека едно празно шише се со искршено грло, леташе таму-ваму како живо по олукот за одлив на водата.

Одненадеж „Хиспаниола“ влезе право во ветрот; пречките зад мене зачкрипеа, крмата бувна, целиот брод болно застенка и се затресе, а во истиот момент главното едро полета внатре и ми го ослободи видикот до задниот дел од бродот.

Двајцата стражари навистина беа тука: оној со црвената шамија лежеше на грб вкочанет како кип, со раширени раце како распнат, додека низ отворената уста му се гледаа забите; Меѓутоа, Хендс седеше потпрен на оградата, со подбрадокот на градите и со отворени дланки на подот, додека лицето, иако опалено од сонцето, беше бледо како крпа.

Извесно време бродот се препнуваше назад и в страна, како коњ азган; едрата налетуваа час на едното час на другото јаже, додека главното едро се нишаше ваму-таму, а катарката болно јачкаше под напорот. Повремено, тенки облаци од капки паѓаа преку оградата, додека огромните бранови удираа бочно во бродот. Бурата овде ми изгледаше многу посилна отколку во малиот чун самоделски направен кој сега се наоѓаше на морското дно.

При секој поголем потрес, оној со црвената шамија полетуваше право на една страна, за веднаш потоа да се растркала на другата. Беше просто страшно да се гледа: неговиот изглед и грозната насмевка, со која ги покажуваше своите заби, ни најмалку не оддава чувство дека се случува нешто вонредно. Меѓутоа, Хендс се повеќе се скупчуваше, а се спушташе се подолу; нозете му се ширеа, а целото тело му се свртуваше кон крмата, така што неговото лице малку по малку ми се губеше од вид, додека не остана само темето, увото и свиокот на едниот мустак.

120

Page 121: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Во исто време на штиците околу двајцата забележав големи дамки веќе засирена крв и почнав себе си да се уверувам дека во пијанството се заклале еден со друг.

Гледав така и неколку мига размислував, додека бродот мируваше, а тогаш, оддеднаш забележав дека Израил Хендс делумно се врти и дека притоа офка, се додека не се врати во положбата во која го видов првиот пат. Офкањето, што навестуваше голема болка и исцрпеност, а и она како му висеше долната усна, до срце ме потресе. Но штом се сетив на разговорот што го слушнав од бурето со јаболка, од сожалувањето не остана ништо.

Заобиколив зад неговиот грб и застанав кај главното едро.- Станувај, господине Хендс! - викнав со потсмев. Тој само

мрзеливо преврти со очите. Очигледно веќе беше во таква состојба што ништо не можеше да го зачуди. Само рече:

- Ракија.Оценив дека не смеам да губам време и бидејќи го избегнав

судирот со пречката од едрото, која токму во тој момент полета преку палубата, се спуштив по скалите во кабината.

Тука затекнав таков неред каков што не може да се замисли. Сите фиоки кои се држеа заклучени, сега беа искршени и отворени во потрага по плен; на подот, каде што ништожниците пиеле и се советувале по враќањето од логорот крај мочуриштето, имаше дебел слој кал, а на бело бојадисаните ѕидови, обрабени со злато, се гледаа отпечатоци на нивните нечисти раце. Десетина празни шишиња цангараа во ќошевите при подвижувањето на бродот, до-дека една од докторовите медицински книги лежеше отво-рена на масата со искинати листови кои веројатно ги употребувале за припапување на лулињата. Насред овој крш, ламбата и натаму фрлаше чадлива матна светлина.

Од кабината поминав во оставата за пијалок. Сите буриња беа однесени, а огромен број шишиња испиени и фрлени. Јасно е дека за целото време откога почна бунтот, тие се пијанеле.

Пребарувајќи овде, сепак во едно шише најдов мапку ракија за Хендс, а и некои бисквити, компот, доста суво грозје и парче сирење за мене. Со ова богатство излегов на палубата, сето тоа го спуштив зад крмата, подалеку од Хендс, и добро се напив вода од бурето што се наоѓаше наблизу. Дури тогаш отидов кај него и му го подадов шишето со ракијата.

Повлече добра голтка, а дури потоа го зачепи со устата.- Аха - рече - баш ова ми беше потребно.Тогаш веќе се најдов во своето засолниште каде што почнав

да јадам.

121

Page 122: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Многу ли си повреден? - го прашав.Тешко одговараше; подобро речено, почна да поткаснува.- Да е докторот на бродов - рече - би се повратил дури да

мигнеш, но гледаш, мил мој, немам среќа, така обично се случува со мене. Што се однесува до тој влечко - притоа покажа на оној со црвена шамија на главата - тој е веќе мртов што, всушност, заслужи. Инаку, никогаш не беше вистински морнар. А од каде доаѓаш ти?

- Па - реков - сакам да ја преземам командата на бродот, господине Хендс, и бидете љубезен до натамошните наредби да ме сметате за капетан на „Хиспаниола“.

На тоа тој добро ме одмери, но не рече ништо. Бојата на лицето малку му се врати, макар што се уште изгледаше доста слаб и при секое движење на едреникот, се нишаше ваму-таму.

- Ох, слушајте Хендс - продолжив - не ми се допаѓа ова знаме, и со ваша дозвола, веднаш ќе го симнам. Во секој случај, подобро е да бидеме без никакво, отколку со ова.

Ја заобиколив пречката од едрото, и дофакајќи го јажето, го симнав црното гусарско знаме, и преку ограда, го фрлив во морето.

- Да живее слободата - викнав, мафтајќи со капата - Ова е крај на капетанот Силва!

Подмолно, под око, со наведната глава, Хендс внимателно ме гледаше.

- Капетан Хоукинс - рече најпосле - сметам... сметам дека сега некако би сакал да стигнеш до брегот? Да речеме, малку да поразговараме за тоа.

- Зошто да не, од сè срце, господине Хендс. Само продолжете.- И јас продолжив да јадам со голем апетит.

- Оној таму - почна тој покажувајќи изнемоштено со главата во правец на мртвиот - се викаше О'Брајан, вистинско ирско простачиште. Значи, тој човек и јас ги кренавме едрата со намера да се вратиме назад. Меѓутоа, тој е сега мртов, лежи како труп, а кој да управува со бродот, те прашувам? Ти не си за тие работи, погледни се, освен ако јас не ти покажам. Значи, слушај добро што ќе ти кажам: ти ќе ми носиш храна и пијалок, ќе ми додадеш и едно старо шалче или шамиче да ја завијам оваа моја рана, а јас ќе ти кажам што сè треба да правиш за „Хиспаниола“ да ја помрднеш одовде. Разбираш?! Тоа е, мислам, во ред, услуга за услуга.

- Ќе ти кажам едно нешто - почнав јас. - Не сум јас некој глупчо или човек што не го познава морето. Се разбирам јас во нештата. Знам дека се обидов и не успеав. Сега е на тебе редот. Северниот премин! Се прашуваш, зошто ти, а не јас? Би ти помогнал да ја одведеш и во пеколот ако треба! Би ти помогнал, по ѓаволите!

122

Page 123: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Предлогот беше прифатлив та на самото место склучивме договор. Три минути подоцна, „Хиспаниола“ лесно пловеше покрај брегот на Островот со скриеното богатство, со изгледи до пладне да стигне до северната страна на островот, а пред осеката до Северниот Премин, каде што би ја заринкале пред да се повлече водата.

Тогаш ја оставив крмата и слегов во кабината за од својот сандак да земам еден свилен конец кој мајка ми ми го даде на заминување на пат. Му помогнав да ја завие раната на бутот која престана да крвари и бидејќи и малку јадеше, проголта уште две-три голтки ракија, Хендс почна видно да се опоравува, а потоа погласно зазборува; со еден збор, изгледаше сосема друг човек.

Ветрето одлично ни одеше на рака. Пред него летавме како некоја птичка. Брегот крај нас одминуваше, а секој момент глетката се менуваше. Поминавме покрај ридести краишта, се лизгавме покрај низок песочен предел покриен со ретки, закржлавени борчиња и набрзо го заобиколивме карпестиот брег на северниот крај од островот.

Бев одушевен од своето управување, со изгледот и со вонредно убавиот сончев ден. Сега имав доволно вода и добра храна, а победата што ја извојував, придонесе за смирување на совеста што ме гризеше заради напуштањето на моите другари. Мојата единствена грижа беше овој морнар, чии потсмешливи очи го следеа секое мое движење и на чие лице лебдеше чудна насмевка: насмевка на болка и слабост на намачен стар човек, но сепак полн потсмешливост. Додека ме следеше со погледот и долго, долго ме посматраше, на лицето можеше да му се прочита измама.

123

Page 124: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

26. ИЗРАИЛ ХЕНДС

Погодниот ветер дуваше во западен правец, така што сега од крајно североисточната точка, кон Северниот Премин пловевме уште полесно. Само што, бидејќи сега бевме без котва, а бродот не можевме да го заринкаме додека не надојде уште вода, мораше да се маневрира за да се добие во време. Хендс ми даваше упатства во поглед на менувањето на правецот, и бидејќи успеав во тоа, седнав да продолжам мирно да јадам.

- Капетане - ќе рече тој по подолго молчење со онаа иста непријатна насмевка - како би било овој мој другар О'Брајан да го префрлиш преку ограда? Не да сум всушност некој за многу чистунство, ниту особено внимавам на редот, а самиот е виновен за ова што го снајде, само мислам дека не би требало тој овде да ни служи за украс, зар не?

- Не сум доволно силен за тоа и не ми се допаѓа тој вид работа, та според мене, може да остане да лежи тука каде што е - реков.

- Оваа „Хиспаниола“ е некој баксуз брод - продолжи тој трепкајќи. - Многу луѓе настрадаа на неа; колкумина само кутри морнари се истепани откога јас и ти тргнавме од Бристол. Такво проклетство никогаш не сум доживеал! Ете и тој О'Брајан сега е мртов, зар не? Знаеш, јас не сум ти некој учен човек, но ти знаеш да читаш и да пишуваш. Отворено те прашувам, сметаш ли дека човек по смртта може да се врати во живот?

- На човекот можете да му го убиете телото, но не и душата, тоа белким ви е познато? - одговорив. - О'Брајан е на пат за другиот свет и можеби сега не гледа.

- Е, тоа ти е баш жална работа. Излегува некако како убивањето да е, всушност, губење на време. Но, впрочем, колку што можев досега да почувствувам, душата не претставува којзнае што. Со тоа нема да ме исплашиш, Џим. А сега, ајде мил мој, слези од кабината и донеси ми... па... по ѓаволите! Како се викаше? Ах, да, донеси ми едно шише вино, Џим. Оваа ракија за мене е многу силна.

Ова негово колебање ми се стори некако неприродно, а што се однесуваше до тоа дека ракијата била премногу силна за него и дека повеќе сакал вино, не можев да му верувам. Беше јасно дека сакаше да ме оддалечи под било кој изговор; само не знаев зошто. Го избегнуваше мојот поглед и со очите шараше ваму-таму, горе-долу; де гледаше во небото, де пак фрлаше површен поглед на мртвиот О'Брајан. За сето време се смешкаше и некако збунето се

124

Page 125: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

оближуваше, така што и најмало дете можеше да забележи дека подготвува некоја измама. Бидејќи мојата предност над еден ваков будалетинка се состоеше во тоа што самиот можев да го скријам своето сомнение, та затоа без заобиколување му одговорив:

- Виното, секако, добро ќе ви дојде: Сакате бело или црно?- Наполно ми е сеедно, другар. Главно да го има доволно и да

биде добра сорта. Нема тука, братче, некоја особена разлика, зар не?

- Во ред, ќе ви донесам црно портско, само ќе ми треба малку време да го најдам.

По тие зборови се стрчав по скалите правејќи што поголема врева. Штом се спуштив, ги собув чевлите. Речиси нечујно го претрчав ходникот кој водеше до предниот дел на бродот, и откога се искачив по скалите, внимателно ја подадов главата. Иако знаев дека не би претпоставувал дека сум таму, сепак бев на штрек. Набрзо се обистинија моите најцрни претпоставки.

Видов како полека се поткрева на рацете и на колената и макар што ногата очигледно многу го болеше, бидејќи слушнав дека стенка, доста брзо се тркалаше преку палубата. За половина минута беше веќе кај оградата, каде што од еден куп јажиња извади нож или, поточно кама, до самата рачка натопена со крв. Откога само за момент ја погледна, притоа смеејќи се одвратно, го испроба сечилото на раката и брзо ја пикна во пазувата. Потоа брзо откаска назад на своето место.

Тоа беше сè што требаше да знам. Хендс можеше да се движи, сега беше и вооружен и очигледно сакаше да се ослободи од мене. Требаше да бидам неговата следна жртва. Што имаше намера да прави после тоа, дали ќе премине преку целиот остров, од Северниот Премин до логорот во мочуриштата, или со палење оган ќе бара помош од своите другари кои се наоѓаат на другата страна на островот, беше прашање кое многу не ме засегаше.

Сепак, беше сигурно дека во едно можам да му верувам; нашите намери во поглед на усмерувањето на бродот до брегот, сосема се поклопуваа. Двајцата сакавме да го заринкаме во некое сигурно, скришно место, за кога ќе се даде прилика, да можеме повторно да го ставиме во движење од таму со што помалку труд и опасност. Според тоа, сметав дека животот не ми е во опасност се додека не ја завршам таа работа.

Се разбира, размислувајќи за ова, не губев време. Колку што можев потивко се вратив во кабината, повторно ги обув чевлите и, зграбувајќи го првото шише вино на кое случајно ја спуштив раката, се вратив на палубата.

125

Page 126: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Хендс го најдов скупчен на истото место на кое го оставив. Очните капаци му беа спуштени; веројатно со тоа сакаше да каже дека е толку немоќен што не може да ја поднесе дури ни дневната светлина. Меѓутоа, кога му пријдов, тој сепак го крена погледот, го намести грлото на шишето како човек добро извежбан во таа работа, и извикувајќи, „Нека е со среќа“, повлече добра голтка. Извесно време лежеше мирно, а потоа од џебот извади парче тутун и побара од мене да му отсечам малку.

- Исечи ми парче за џвакање - рече. Немам кај себе нож, а ни доволно сила тоа сам да го сторам. Ех, Џим, чувствувам дека ме напушта силата! Мое добро момче, пресечи само едно добро парче, бидејќи изгледа дека тоа ќе ми биде последно; јас сигурно се подготвувам на долг пат во вечен мир.

- Да сум на твое место и така лошо да се чувствувам, би се помолил на бога како секој христијанин - му реков.

- Зошто? -рече. - Еве, кажи ми зошто?- Зошто?! - извикав.- Пред малку ме праша дали човек го

продолжува животот по смртта. Меѓутоа, знаеш дека сите имаме душа. Сепак си изгубил верба; си живеел во грев, во лага и крв. Покрај твоите нозе лежи човек кого со своја рака си го убил и уште ме прашуваш зошто! Па ете затоа, Хендс.

Зборував возбудено, бидејќи притоа мислев на окрвавената кама скриена во неговата пазува со која, во своите нечисти мисли, се подготвуваше да го прекине и мојот живот. Тој пак повлече уште една голтка вино и почна да зборува со необично свечен глас.

- Има веќе триесет години откако пловам по морињата, се нагледав добри и лоши работи, убаво време и бесни бури, недостиг на храна, вадење на ножеви и уште многу нешто. Сепак можам да ти речам дека доброто се враќа со добро. Секогаш бев за оној кој прв удира. Мртов коњ не фрла клоци. Тоа се тие мои погледи на животот, амин, нека биде така! А сега внимавај што ти зборувам - додаде одненадеж менувајќи го тонот - доста правевме глупости! Веќе одамна настапи плимата и нивото на водата е сега доволно високо. Ти наредувам, капетане Хоукинс, да го тераш бродот право низ преминот и еднаш да завршиме со тоа.

Видов дека во моментот беше бесмислено да му се противам. Немавме за одење ни уште две цели милји, но мораше да се работи многу внимателно, бидејќи преминот за Северниот Залив не само што беше тесен, туку и плиток. Мислам дека бев добар и вешт потчинет, а сигурен сум дека Хендс беше одличен крмар, бидејќи по извесно кружење минувавме крај самиот брег со таква сигурност што беше задоволство да се гледа.

126

Page 127: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Штом минавме низ преминот, од сите страни се најдовме опкружени со копно. Брегот на Северниот Залив беше покриен со густа шума, но за разлика од заливот на југ, овој беше доста потесен и подолг, сличен на вливот на некоја река што всушност, и беше. Токму пред нас, на јужниот крај, здогледавме остатоци од некој брод во последниот степен на распаѓање. Беа тоа остатоци од некој голем едреник со три јарбола, кој тука лежел долго изложен на невремето, така што насекаде од него висеше морска трева, а на палубата израснале грмушки што сега буеја. Ова беше тажна глетка, но по тоа можеше да се заклучи дека заливот беше затскриен и мирен.

- Ене - рече Хендс - погледни таму. Она е токму место какво што ни треба за да ја заринкаме „Хиспаниола“. Совршен песок на кој би можеле да се распознаат трагите од мачешки шепи, наоколу секаде шума, а на оној стар едреник цвеќе како во некоја градина.

- Кога ќе го заринкаме - прашав - како подоцна ќе го истуркаме?

- Сосема едноставно - одговори. - Бродот добро ќе го врземе, а ти, кога ќе настапи осека, ќе поминеш со јажето на брегот. Со него ќе поминеш околу еден од оние големи борови и ќе се вратиш. Другиот крај од јажето овде ќе го ставиме на макара кога ќе се појави потреба, ќе сочекаме плима и неколку пати ќе ја свртиме макарата. Бродот ќе заплови како риба! А сега, момче добро внимавај. Веќе сме блиску, а бродот треба да се исправи. Еве, десниот бок малку... така... полека... сега десниот... малку левиот... држи... држи!

Додека командуваше, јас со напрегнато внимание ги извршував наредбите, кога оддеднаш тој викна: „Сега право во правец на ветрот!“ Цврсто ја држев крмата, а „Хиспаниола“ брзо иташе напред.

Возбудувањето за овие неколку минути беше такво што целото внимание го усредсредив на бродот и речиси заборавив да внимавам на Хендс. Бев толку занесен очекувајќи потрес од допирот со копното што ја превидов опасноста што ми висеше над главата и се џарев преку оградата на десниот бок во големите млазови што клунот ги оставаше зад себе. Не би можел да кажам зошто, но одеднаш повторно се сетив на опасноста што ми се закануваше и ја свртив главата токму на време да ја спасам. Можеби слушнав чкрипење на подот или ја наѕрев сенката што се подаваше кон мене или тоа беше просто инстинкт на мачка, но кога се свртив, го видов Хендс, сега многу поблиску до мене, со камата во десната рака.

127

Page 128: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Мора двајцата да сме вреснале во истиот момент кога ни се сретнаа погледите, но додека јас само цивнав во стравот, тој рикна како ѕвер во напад! Во истиот момент се фрли напред. Отскокнав в страна и ја пуштив рачката на крмата која полета напред и силно го удри право в гради. Мислам дека ова ме спаси, бидејќи тој за момент запре како вкопан. Уште пред да може да си дојде на себе, ја искористив приликата да се извлечам од аголот каде што му бев на дофат и да се доберам до отворената палуба. Запрев кај главното едро, го извадив пиштолот од џебот и, бидејќи тој тргна кон мене, внимателно нанишанив и го повлеков чкрапалото. Пиштолот само чкрапна, но не пукна, сигурно правта му беше влажна. Се прекорував себе се заради својата небрежност, како можев да бидам така лекомислен, та на време да не ја проверам исправноста на кременот и барутот. Секако, сега не би се наоѓал во положба на јагне кое бега пред волк.

Така брзите движења на еден ранет човек, просто ме збунија. Од брзаница и бес беше црвен како рак, додека перчини бела коса му паѓаа преку челото. Немав време ниту намера да го употребувам својот втор пиштол, бидејќи бев убеден дека и тој би откажал послушност. Едно нешто ми беше јасно. Не смеам само да се повлекувам пред него, бидејќи, на крајот, сепак ќе ме втисне в ѕид и ќе добие уште една одлична прилика како онаа кај крмата. Тогаш би ми останало само уште едно единствено чувство во животот: продирањето на крвавата кама во моето тело. Го држев едрото со двете раце и со напнато внимание исчекував што ќе се случи.

Увидувајќи дека имам намера да облетувам наоколу, тој за момент запре, смислувајќи некое лукавство со кое би ме надитрил. Ова беше игра која ја имав добро испечено уште од дома, кога со другарите се јазев по карпите околу пештерите во Црниот Рид, но никогаш порано, бидете убедени, со така напрегнати нерви како сега. Сепак, како што реков, ова беше игра за момчиња, а бидејќи противник ми беше еден постар морнар, и тоа ранет, сметав дека нема да се посрамотам. Одново се почувствував многу похрабар и размислувајќи кон што води сето тоа, дојдов до заклучок дека вака можам долго да издржам но сепак без изгледи за конечен спас.

Додека работата стоеше, „Хиспаниола“ наврапито запре и се затетерави, заринкувајќи се тој момент во песокот, а потоа брзо како стрела, се навали на левата страна за цели четириесет степени. Огромен бран вода плисна преку оградата врз нас, а потоа полека, како од некоја бара, почна да истечува во одводниот олук.

Истиот момент двајцата се најдовме еден крај друг во водата; се валкавме заедно кон оградата, додека вкочанетото тело на мртвиот морнар со црвена шамија на главата, чии раце и натаму

128

Page 129: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

беа раширени, верно не следеше. Навистина, бевме толку блиску еден до друг, што при падот со главата ја удрив ногата на Хендс така што ми се стори дека сите заби ми се раздвижија. Без оглед на тоа, сепак прв станав на нозе, бидејќи Хендс се беше сплеткал со мртовецот. Вака навалената палуба, воопшто не беше погодна за трчање, а бидејќи противникот се наоѓаше речиси непосредно пред мене, морав сам неодложно да смислам нов начин на спасување. Можам да речам дека скоро ја немав завршено мислата, а веќе јурев кон главниот јарбол; брзо ги зграпчив скалите кои водеа кон осматрачницата и, не знам дали повеќе со рацете или со нозете, се качив горе каде што седнав и здивнав.

Брзината ме спаси. Додека сè уште се јазев, камата тапо се забоде во јарболот на оддалеченост на неколку сантиметри од моите стопала. Сега гледав долу во Хендс, кој со отворена уста вџашено се џареше горе во мене - прекрасен израз за некој сликар кој би сакал да претстави разочарување и вџашеност.

Сфаќајќи дека во моментот не ме застрашуваше опасноста, ја искористив приликата да го наполнам пиштолот и откако го сторив тоа, а за уште подобро да се обезбедам, го испразнив и вториот и се фрлив на работа.

Хендс веднаш ја виде мојата намера. Му беше јасно дека тркалото на среќата се сврте и колебајќи се само за миг-два се приближи до скалите и со камата в заби почна полека, тромо и со забележителна болка, да се качува кон мене. Со тешка мака, стенкајќи, ја влечеше по себе својата ранета нога. Кога беше отприлика на третина пат до мене, завршив со подготвувањето на вториот пиштол, а тогаш, со по еден во секоја рака, надмено му викнав:

- Уште само еден чекор, Хендс, и ќе ти го истурам мозокот! Како што самиот убаво кажа, мртовците не касаат - додадов подбивно.

Тој веднаш застана. Според грчењето на лицето, можев да видам дека се обидува нешто да смисли. Беше навистина во мачна положба, а јас речиси безбеден, па гласно се насмеав. Најпосле, откога ја проголта плунката, иако не можеше да го отстрани од лицето изразот на крајна збунетост, тој проговори. Пред тоа, за да може да зборува, го извади ножот од устата, инаку во секој друг поглед стоеше мирно како што бев му наредил.

- Џим - рече - мислам дека обајцата сме на погрешен пат. Мислам дека би било подобро некако да се спогодиме. Знаеш дека би бил мој само да не дојдеше до она нагло навалување на бродот. Ете, немав среќа. Според сè, би требало да те удрам, но тоа тешко

129

Page 130: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

му паѓа на еден стар морнар каков што сум јас, кој целото време го има во вид тоа дека ти, Џим, си само новак.

Ги слушав неговите зборови и се насмевнував, чувствувајќи се како некое петле на ѕид, кога наеднаш, десната рака ми одлета зад рамото. Нешто како стрела зафрчи низ воздухот. Почувствував удар и болка - десното рамо ми беше приковано на јарболот. Во моментот на страшна болка и вчудовиденост, тешко би можел да речам од своја волја, а сигурен сум со бесвесна цел, двата мои пиштоли спукаа и ми излетаа од раце. Не паднаа сами. Истиот миг, со недовршен лелек, Хендс ги испушти јажињата и со главата удолу летна в море.

130

Page 131: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

27. „ОСМАЦИ“

Заради навалената положба во која сега се наоѓаше бродот, јарболот висеше далеку над водата, та од осматрачницата на која се наоѓав, можев да ја видам само водата во заливот. Хендс кој не се беше искачил така високо, според тоа падна поблиску до едреникот, до самиот негов бок. Тој еднаш исплива на површината, но повторно се врати на дното, оставајќи зад себе крвава трага и пена. Кога водата се смири, го видов како лежи склопчен на чистиот светол песок, во сенката на бродот. По некое рипче ќе минеше покрај него, а заради бранувањето на водата изгледаше како да мрда, обидувајќи се да стане. Меѓутоа, куршумите и водата го сторија своето: беше мртов и претставуваше добра храна за рибите во морето каде што имаше намера мене да ме фрли. Дури откога се уверив во ова, почувствував болка, изнемоштеност и страв. Топла крв ми се слеваше низ грбот и градите. Чувствував дека камата, таму каде што ме беше приковала за јарболот, ме пече како вжарено железо. Па сепак, физичката болка, која ја поднесував, без офкање, ми задаваше речиси помалку грижи отколку стравот дека заради изнемоштеност ќе паднам од осматрачницата во мирната, зеленкаста вода покрај Хендс.

Исцрпен, со затворени очи, се држев цврсто со двете раце. По некое време, се почувствував малку подобро, пулсот подобро ми работеше и можев да господарам со себе си.

Првата мисла ми беше да ја извлечам камата, но или затоа што таа беше силно забодена во јарболот, или заради мојата исцрпеност, стреснувајќи се, се откажав од таа намера. За чудно чудо, тоа што се стреснав, ми помогна. Камата, всушност, за малку не ме промашила. Прикована ми била само кожата, и бидејќи се стресов, таа се откина. Се разбира, крвта потече посилно, но јас се чувствував слободен, бидејќи сега само палтото и кошулата ме врзуваа за јарболот.

Со едно нагло движење и двете ги скинав и по скалите од спротивната страна се симнав на палубата; онака исцрпен за ништо на светот не би се решил да се симнам преку оние над водата, од кои Хендс падна.

Потоа се симнав во кабината и ја преврзав раната која се уште крвареше и ми задаваше силна болка, но која не беше длабока и опасна, ниту пак многу ми пречеше при работата. Тогаш се обѕрнав околу себе и бидејќи сега бродот во некоја смисла ми припаѓаше мене, се решив да го отстранам и последниот патник: мртвиот О'Брајан.

131

Page 132: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Како што веќе реков, тој лежеше до самата ограда на бродот како некоја страшно незграпна восочна фигура со човечки бои, но не и боја и изглед. Заради положбата во која се наоѓаше, немав со него голема тешкотија, а бидејќи во последно време бев видел доста страшни работи, секој страв од мртовец беше исчезнал од мене, па фаќајќи му го палтото и ногавицата, го кренав како некоја вреќа и го префрлив преку оградата. Телото плесна и потона. На површината остана само црвената шамија која му падна од главата, а кога морето малку се смири, го видов како лежи покрај Израил Хендс; телата им се лулееја при бранувањето на водата. Иако многу млад, О'Брајан беше без коса, неговата ќелава глава лежеше на колената на човекот кој го уби, додека рипчињата брзо се сноваа таму-ваму околу двајцата.

Сега бев наполно сам на бродот, настапи осека. Сонцето се подготвуваше да зајде, а сенките на боровите на западниот брег се протегаа преку целиот залив, шарајќи ја и палубата. Се креваше вечерно ветре и, иако „Хиспаниола“ беше затскриена од исток со ридот со два врвови, јажињата тивко потпевнуваа, додека лабавите едра клопотареа ваму-таму.

Ја согледав опасноста, па успеав некако да ги спуштам помошните едра, но со главното одеше тешко; при навалувањето на едрото, пречката ми полета надолу, така што едниот крај со едниот дел од едрото, и дојде под вода. Ова го отежнуваше потфатот и го правеше опасен, па се колебав дали да го преземам. Најпосле го извадив ножот и го пресеков јажето. Едрото нагло се урна во водата, пливајќи по неа како некоја огромна морска желка. Иако со сите сили го затегнав пресечениот крај, не ми успеа да го задржам, а како утеха ми остана уверувањето дека сум се обидел од своја страна да направам сè. „Хиспаниола" отсега мораше да се потпре на среќата, како што и самиот тоа го правев.

Сега веќе целиот залив се наоѓаше во сенка: последните зраци од сонцето, се сеќавам, се пробиваа низ дрвјата и паѓајќи врз цветниот покров на скапаниот брод, блескаа како бесценето камење. Чувствував трпки по телото, водата брзо се повлекуваше, додека бродот полека се спушташе на потпорниот кружен обрач.

Дојдов до оградата и погледнав во водата: изгледаше сосема плитко, па полека се спуштив долу, држејќи се со двете раце за синџирот на сидрото. Ми допираше само до појасот, а бидејќи под нозете имав цврста брановита песок, целиот среќен, тргнав кон брегот, оставајќи ја навалената „Хиспаниола“ со нејзиното главно едро, кое полека одминуваше по морската површина.

Сонцето веќе зајде, настапи квечерина, а низ боровите кои полека се нишаа, шумолеше ветрот.

132

Page 133: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Најпосле пак бев на суво, и тоа со добри резултати. „Хиспаниола“ лежеше тука, далеку од гусарите; нашите луѓе одново можеа да се качат на неа и да отпловат. Нестрпливо го очекував часот кога ќе се вратам назад во нашето утврдување и ќе го изложам својот успех. Можеби малку ќе ми префрлаат што ги оставив без да прашам, но се надевав дека повторното освојување на „Хиспаниола“ ќе претставува таков одговор, што и самиот капетан Смолет ќе ми признае дека не сум губел залудно време.

Размислувајќи така многу расположен, се враќав кај своите другари. Се сеќавам дека на источната рекичка која се влеваше во Заливот на капетан Кид, извираше под ридот со два врва кој се наоѓаше од мојата лева страна, па се упатив во таа насока за да ја прегазам на местото каде што беше најмала. Шумата не беше густа и одејќи сè така по долината, наскоро се најдов во подножјето на ридот, а веднаш потоа загазив во рекичката.

Ова ме доведе блиску до местото каде што се сретнав со Бен Ган, оставениот морнар, па со бурно внимание се движев по малку заобиколен пат. Квечерината сосема настапи и кога излегов меѓу двата врва, малку потаму здогледав голем оган на кој овој жител на островот, веројатно ја подготвуваше својата вечера. Па сепак, во себе мислев, како може да биде толку непретпазлив, ако светлината може да се види одовде, има ли некоја причина заради која и самиот Силва не би можел да ја забележи од својот логор во мочуриштата кај брегот?

Постепено ноќта стануваше сè потемна, па единствено светлината од огнот на Бен Ган ми служеше како патоказ. Двоглавиот рид зад мене и Дулбија десно, постепено исчезнуваа во темнината, а ѕвездите беа бледи и разредени, а јас талкав низ шумата сопнувајќи се од грмушките и паѓајќи во песочните длапки.

Наеднаш ме осветли некоја светлост, па го кренав погледот; бледи зраци просветлуваа од врвот Дулбија, а набрзо низ крошните на дрвјата забележав нешто округло и сребренесто: се појави месечината, мојот верен сопатник.

Сега се движев многу полесно и наскоро го совладав остатокот од патот. Де чекорејќи, де трчајќи, нестрпливо се приближував кон нашето утврдување. Сепак, кога веќе бев во непосредна близина, го успорив чекорот. Би било навистина тажно, оваа авантура да се заврши со мојата смрт, и тоа токму од оние кои тоа секако не би го сакале.

Месечината се креваше сè повисоко и повисоко. Нејзините зраци фрлаа сè посилна светлина низ разредените дрвја, но во истиот миг пред себе здогледав една друга, која наполно се разликуваше од месечевата: беше црвена и топла и само од време

133

Page 134: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

на време потемнуваше како жар од некој голем оган со гламји кои догоруваат.

Ми беше сосема нејасно што би можело тоа да биде.Најпосле стасав до чистината пред оградата од колје;

западниот крај беше осветлен од светлината на месечината, додека остатокот од оградата заедно со зградата што беа во мрак, беше испресечен само со по некој зрак. Од другата страна на зградата догоруваше огромен оган, ширејќи постојано црвена светлина, која силно се одделуваше од мекото месечево бледило. Сè беше пусто и мирно, со исклучок на шумењето на лисјата од ветрето.

Глетката беше необична и чудна, па малку уплашен, запрев. Не беше наш обичај да палиме голем оган. Според наредбата на капетанот, внимававме на секое дрвце, па почнав да се грижам да не се случило нешто лошо за време на моето отсуство.

Внимателно прикрадувајќи се, одбегнувајќи го осветлениот простор, го одбрав најтемното место од источната страна на оградата и ја прескокнав.

За уште подобро да се осигурам, се спуштив на колена и бесшумно одлазив кон најблискиот агол на зградата. Додека се приближував, почувствував големо олеснување. Звукот кој допираше до мене, всушност, не беше пријатен, порано во врска со тоа често правев забелешки, но тогаш беше вистинска песна да се слушнат моите другари како во мирен сон гласно фчат.

Никогаш порано, дури ни оној прекрасен извик на осматрачот на бродот: „Сè е во ред“, не ми прозвучил попријатно или поутешно од ова.

Меѓутоа, бев убеден во едно, а тоа беше дека сите се премногу невнимателни. Случајно сега Силва да им се приближи со своите луѓе, веќе не би се разбудиле, ниту би го дочекале утрешниот ден. Причината ја најдов во тоа дека капетанот лежеше ранет, па одново почнав да се прекорувам себе си што ги напуштив во опасност со недоволен број луѓе за стражарење.

Во тоа време веќе бев стигнал до вратата, па се подисправив. Внатре беше таков мрак што со око ништо не можеше да се распознае. Што се однесува до звукот, грчењето и натаму се слушаше, но освен тоа, од време на време, и некој поинаков шум: некое потчукнување или клукнување кое ми беше неразбирливо.

Полека влегував внатре со испружени раце. Ќе си легнам на своето место, си мислев, насмевнувајќи се и ќе уживам во нивното изненадување кога ќе се разбудат.

Со стопалото удрив во нешто што се помрдна. Беше тоа нечија нога. Одвај се сврти, мрморејќи и продолжи со фчењето. А тогаш, наеднаш, пискав глас врекна од мракот: „Осмаци, осмаци,

134

Page 135: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

осмаци, осмаци!“ и продолжи така без здив и промена, како клопотарење во некоја воденица.

Зелениот папагал на Силва, капетан Флинт. Значи него сум го слушнал како клука во некое дрво. Тој беше подобар стражар од сите момчиња и го објави моето доаѓање со ова монотоно потпевнување.

Немав време ниту да се приберам од изненадувањето: на непрестајното крескање на папагалот, момците се разбудија и испоскокаа, а Силва со грда пцовка загрме:

- Кој доаѓа?Се свртев да бегам; со некои се судрив и брзо се наведнав за

да влетам право в раце на друг, кој ме зграпчи како со канџи.- Запали го факелот! - викна Силва, кога успеаја да ме фатат.Еден од гусарите истрча до огнот надвор и се врати со факел.

135

Page 136: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Шести делКАПЕТАНОТ СИЛВА

136

Page 137: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

28. ВО НЕПРИЈАТЕЛСКИОТ ЛОГОР

При светлината на факелот чии зраци нееднакво паѓаа по внатрешноста на бараката, сфатив дека ми се обистинија најцрните претчувства. Гусарите ја грабнале зградата и прехранбените продукти: тука имаше шишиња коњак и, како и порано, свинско месо и леб, но ме спопадна ужасен страв кога видов дека од заробениците немаше ни трага. Помислив дека мора да настрадале и срце ме заболе што не бев со нив заедно да умреме.

Тука имаше сè на сè шест гусари, другите загинале. Петмина стоеја бабуњосани, разбудени од првиот сон и надуени од пиење; шестиот лежеше потпрен на лактот; беше мртовечки блед, со крвав завој околу главата, што јасно зборуваше дека скоро бил ранет и само што бил превиен. Се сеќавам на оној гусар кој беше ранет во големиот напад и кој избега во шумата и бев уверен дека е овој токму тој.

Папагалот стоеше на рамото на Силва и со клунот си ги чистеше своите пердуви. Силва ми изгледаше нешто поблед и постар од обично. На себе се уште ги имаше оние убави алишта во кои доаѓаше кај нас на преговори, но сега беа износени, измачкани со глина и на многу места искинати.

- Значи - рече - еве ни го Џим Хоукинс, другари. Сврати мапку кај нас, а? Тоа ти е, братко, пријателско внимание.

Зборувајќи така, седна на буренцето со бренди и почна да го полни лулето.

- Принеси ми го тој факел, Дик - рече и откако го запали лулето: - Добро е, момче - додаде и продолжи: - Закачи го во оној куп дрва! Вие другите ослободете се, нема потреба да стоите пред господинот Хоукинс. Сигурен сум дека ќе ви ја прости таа слобода. И така, Џим - рече набивајќи го тутунот во лулето - дојде и му направи пријатно изненадување на кутриот, стар Џон. Кога првпат те видов, забележав дека си бистро момче, но ова, навистина, преминува сè.

На сето ова, како што претпоставувате, не одговарав. Ме ставија пред ѕид и тука стоев и гледав право во Силва, наизглед, се надевам доста храбро, но со очаеност во душата.

Силва многу прибрано повлече уште дватрипати од лулето и продолжи:

- Еве, Џим, кога си веќе овде, ќе ти кажам нешто. Отсекогаш ми беше симпатичен, баш така, бидејќи си храбар момчак: вистинската моја слика кога бев млад и убав. Отсекогаш сакав да ни пријдеш, да го добиеш својот дел или да умреш како витез ако

137

Page 138: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

затреба, а сега, петле мое, ти се дава таа прилика. Капетанот Смолет е добар поморец, што секогаш го признавам, но бара дисциплина. „Должноста е должност“, вели тој и во право е. Подобро е да се чуваш подалеку од него. Самиот доктор е сосема против тебе: „Неблагодарно суштество“, рече. Накратко, работата се состои во ова: не можеш да се вратиш кај нив, бидејќи не би те примиле, а ако немаш намера сам да претставуваш трета бродска група, а ти свртувам внимание дека би се чувстувал многу осамен, ќе мораш да ми пријдеш мене.

До овде одеше сè како што треба; моите пријатели, значи, се живи и макар што делумно поверував на приказната на Силва дека се лутеле што сум ги напуштил, сепак чувствував помала потиштеност, а многу повеќе олеснување.

- Нема да истакнувам дека си во наши раце, како што гледаш. - продолжи Силва. - Јас сум за спогодба. Знам од искуство дека заканата не води на добро. Ако службата ти се допаѓа, тогаш ќе ја прифатиш; ако не, Џим, се разбира, слободен си тоа да го кажеш. Нема кај мене сила, другар, само слободно кажи што мислиш. И ако било кој морнар ти даде подобра понуда, проклет нека бидам!

- Треба ли, значи, да одговарам? - прашав со треперлив глас. Чувствував дека целиот овој говор е проткаен со закана со смрт што ми висеше над главата, така што образите ми гореа а срцето во градите силно ми чукаше.

- Никој, момче, не те принудува. Размисли! Овде, другар, не смее глава да те заболи. И самиот гледаш како времето пријатно ни минува во твое друштво.

- Значи - почнав малку охрабрен - ако треба да се решам, со право барам претходно да ми се каже што се случило: зошто сте вие овде и каде се моите.

- Што се случило? - повтори еден од гусарите со длабок глас. - Тоа ти е приближно, кажи ми да ти кажам!

- Ти подобро молчи додека не ти се обратам! - се врекна Силва на него. А тогаш, со претходниот милозлив тон, ми одговори: - Вчера рано наутро дојде кај нас во логорот Лејсви со бело знаме и рече дека некој не предал и отпловил заедно со бродот. Можеби некои од нас сме се напиле, та така сме се заборавиле. Не можам да речам дека не беше така. Во секој случај, не обрнувавме внимание на бродот. Тогаш, се разбира, погледнавме и гледај, по ѓаволите, од бродот немаше ни трага. Не знам што изгледаше поглупаво: дали тоа што ни се случи или изразот на лицата на овие мои будали додека се џареа во правец на морето. „Значи, како би било ние двајцата за нешто да се спогодиме“, предложи докторот. Така преговаравме и, како што гледаш, ние прејдовме ваму и ја

138

Page 139: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

добивме храната, бренди, зградата и дрвата што така убаво сте ги исекле: полн брод, како што би можело да се рече. Тие, меѓутоа, некаде заминаа, врска немам каде.

Овде повлече неколупати од лулето, а потоа продолжи:- За да не помислиш дека и ти си дел од тој договор, ова се

неговите последни зборрви: „Колкумина заминувате?“, прашав. „Четворица“, рече, „четворица од кои еден е ранет. Што се однесува до она детиште, не знам каде е, ниту пак многу ми е грижа, по ѓаволите со него!“ Тоа беа неговите зборови.

- Дали е тоа сè? - прашав.- Тоа е сè што треба да знаеш, синко - одговори Силва.- А сега треба да решам?- Секако, ќе треба да решиш на која страна ќе се определиш.- Значи - реков - не сум толку будала да не знам што да

правам. Во најлош случај, малку ме интересира што ќе се случи. Откога тргнавме заедно на пат, видов дека многумина ги изгубија своите животи. Но би сакал нешто да ви кажам - продолжив сосема возбуден - и тоа, прво, дека сте во очајна положба! Без брод, без богатство, и речиси без луѓе. Сите мостови зад вас се урнати. Ако баш сакате да дознаете кој го направил тоа, ќе ви кажам дека сум тоа лично јас! Бев во бурето со јаболка онаа вечер кога го видовме копното и те слушнав тебе, Џон, тебе Џонсон и Хендс, кој сега лежи на морското дно, и го повторив секој ваш збор по неколку минути пред големопоседникот, докторот и капетанот. Што се однесува, меѓутоа, до бродот, јас му го пресеков јажето од котвата, го убив човекот што таму го оставивте и ја одведов „Хиспаниола“ таму каде што ни еден од вас никогаш нема да ја пронајде. Сè е на моја страна; сите конци се во мои раце од самиот почеток и од вас се плашам толку колку од една обична мува! Убијте ме или поштедете ми го животот, но ќе ви го кажам уште ова и ни збор повеќе. Ако ми го поштедите животот, што било, било. А кога пред судот ќе одговарате за гусарење, ќе направам сè што можам да ве спасам. Сега вие решете. Убијте уште еден и влошете ја својата положба или оставете ме жив и задржете на тој начин еден сведок што ќе ве спаси од бесилка.

Тука запрев бидејќи, право да ви кажам, веќе го бев изгубил здивот, а за големо чудо никој не се ни помрдна: се ѕвереа во мене како стадо овци. И додека и натаму ѕуреа, продолжив:

- Значи - господине Силва - верувам дека сте најдобар од сите овде и, ако дојде до најлошото, бидете љубезни да му кажете на докторот како сум се понесол.

139

Page 140: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Ќе го имам тоа на ум - рече Силва со така чуден нагласок што никако не бев начисто дали на таа молба се потсмеваше или пак беше допрен од мојата храброст.

- На тоа јас нешто ќе додадам - викна морнарот со црвено лице, се викаше Морган, а првпат го видов во крчмата на Долгиот Џон на брегот во Бристол - тој го препозна и Црниот Пес!

- Да, вистина е - рече готвачот. - Јас ќе ви свртам внимание уште на нешто! Ова исто момче не измами со преправената мапа на Били Боунс. Земајќи се предвид, свршено е со Џим Хоукинс.

- Тогаш, еве му - викна пцуејќи Морган. Притоа скокна како младич и го извади ножот.

- Застани таму! - викна Силва. - Кој си ти, Том Морган? Мислиш ли дека си ти овде капетан? Жими вера, ќе те научам на памет! Внимавај што правиш, инаку ќе заминеш по патот по кој заминаа многумина пред тебе за овие последни триесет години, од првиот до последниот, некои на бесилка, а некои на штици, а сите заедно в море како храна за рибите. Биди уверен Том Морган, ни еден човек не ми застанал на пат, а да го дочекал утрото.

Морган застана, но другите потајно промрморија.- Том има право - рече еден.- Доста еден веќе ме злоставуваше - додаде друг. - Поарно ќе

се обесам, по ѓаволите, Џон Силва, отколку што ќе дозволам да ми се натресуваш!

- Да не сака некој од вас џентлмените да ги расчисти сметките со мене? - загрме Силва, наведнувајќи се сосема на буренцето и држејќи го и натаму лулето кое му чадеше во десната рака. - Кажете ми сè што ви е на срцето, верувам не сте неми. Оној што бара и добива! Дали сум живеел сите овие години за да му дозволам на еден кучкин син, на еден голтар, сега, на крајот, да ми ја урне куќата над глава. Познато ви е што се прави во таквите случаи. Колку што ми е познато, сите вие сте гусари. Значи, ве чекам! Оној кој смее, нека ја извлече сабјата, а јас ќе се потрудам, и покрај оваа патерица, пред да ми се угасне лулето, да му ја прегледам утробата!

Никој и не мрдна, молчеа како трупје.- Такви сте вие, зар не? - додаде Силва, ставајќи го одново

лулето в уста. - Убаво ми изгледате, просто човек да ве слика! Со вас не вреди да се бориш. Но кога веќе добро разбирате англиски, ќе ви кажам дека јас сум овде избран капетан. Да, јас сум капетан, бидејќи сум подобар од вас за цела морска милја. Не сакате да се борите како што би се очекувало од вистински гусари е, па, тогаш ќе слушате! Бидете во тоа уверени. Ова момче ми се допаѓа и никогаш подобро од него досега не сум сретнал. Тој, всушност, е повеќе

140

Page 141: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

човек од сите вас, глувци, овде. И ви го велам ова: би сакал да го видам оној кој само би го чепнал, запомнете добро!

По ова, сè беше мирно за подолго време. Јас стоев крај самиот ѕид и чувстував дека срцето ми чука во градите како чекан, но сега видов зрак надеж. Силва се потпре на ѕидот со скрстени раце, со лулето во аголот на устата, и седеше така, мирен како да е в црква. Сепак, очите немирно му играа, следејќи го секое движење на своите бунтовни момчиња. Меѓутоа, тие постепено се повлекоа во најоддалечениот агол на бараката и до мене допираше само нивното тивко дошепнување. Еден по еден ја поткреваа главата, а црвената светлина од факелот им ги осветлуваше нервозните лица. Но нивните погледи не паѓаа на мене, туку на Силва.

- Изгледа дека имате доста работи да ми кажете - забележа Силва, плукнувајќи далеку. - Договорете се добро и кажете ми или задржете го тоа што сте се договориле за себе.

- Извинете - одврати еден од нив - мошне сте слободни во толкувањето на правилата кога сами управувате. Добро би било да поведете сметка и за другите. Овој екипаж е незадоволен, не може со него така да се постапува. Тој има права како и другите момчиња, ќе бидам слободен толку да кажам. А според вашите сопствени правила, мислам, можеме слободно да се договараме. Ќе извините, иако засега ве признававме за капетан, бараме да го искористиме правото надвор да се договориме.

Поздравувајќи по правилата, како вистински морнар, овој долгоног човек ладнокрвно се упати кон вратата и исчезна зад куќата. Другите, еден по друг, го следеа неговиот пример. При поминувањето, секој од нив поздравуваше, додавајќи по некое извинување, како „според правилата“ или „совет на екипажот“, како што рече Морган. И така, со една или друга забелешка, сите излегоа, оставајќи ме мене и Силва сами со факелот.

Долгиот Џон веднаш го испразни лулето.- Сега внимавај добро, Џим, - рече мирно со шепот. - Ти веќе

се наоѓаш на прагот на смртта и, што е уште полошо, не би поминал без мачење. Тие ќе ме симнат од позицијата што ја имам, но запамети, јас сум со тебе, било во вода, било во оган. Не ми беше тоа намера сè додека не одговори, па и тогаш, ми беше криво сè да изгубам, па уште и да се согласам на некое спогодување. Но гледам дека ти си исправен момчак. Си реков: „Потпри се на Хоукинс, Џон, а Хоукинс ќе се потпре на тебе. Ти си неговиот последен адут, а богами, Џон, и тој твој! Рамо до рамо!“, реков „Ти спаси го твојот сведок, а тој ќе те спаси од бесилка“.

Почнав да разбирам што сакаше како низ магла.- Сакате да кажете дека е сè изгубено? - прашав.

141

Page 142: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Да, жими вера! - одговори. - Бродот го нема, нема ни живот: така можат работите да се толкуваат. Штом видов дека во заливот ја нема „Хиспаниола“, Џим, попуштив, иако инаку сум многу издржлив. Што се однесува до оние надвор и нивното советување, сите тие се вистински будалетинки и кукавици. Ќе те спасам од нив доколку можам. Но, внимавај, Џим, мило за драго, ти ќе го спасиш Долгиот Џон од бесилка.

Бев просто вчудовиден. Ми изгледаше неверојатно тоа што го бара така скршено тој искусен гусар, нивниот испробан водач.

- Ќе направам, секако, сè што можам - реков.- Значи, се договоривме! викна Долгиот Џон. - Горд си, по

ѓаволите! Сега ми се дава прилика.Тој докуцка до факелот кој сè уште стоеше закачен меѓу

цепаниците и одново го запали лулето.- Мораш да бидеш начисто, Џим. На рамената ми е главата и

тоа каква! Сега сум на страната на големопоседникот. Знам дека бродот си го скрил на сигурно место. Како си го извел тоа не знам, но секако е добро сместен. Хендс и О'Брајан мора да биле пијани. Никогаш многу не сум им верувал. Сега запамти: нема да поставувам прашања, но ни мене да не ми се поставуваат. Знам дека е играта изгубена, во тоа сум сигурен, а можам да оценам дека си ти чесен. Ах, таква младост! Ти и јас заедно, би можеле чуда да правиме!

Во тој момеит претури малку коњак од шишето во својата матарка.

- Сакаш ли да пивнеш, другар - праша, а кога јас одбив: - Па, јас ќе се напијам капка-две, Џим - рече. - Потребна ми е некоја голтка, бидејќи ќе стане крш. Кога веќе споменувам непријатни работи, зошто докторот ми ја даде онаа мапа на островот, Џим?

Здогледувајќи ја мојата вчудовиденост, мора да дошол до заклучок дека за тоа немам поим, та веднаш продолжи:

- Да, ми ја предаде, и нема сомнение, тука нешто се крие. Мора да постои некој ѓавол, на добро или на зло.

Коњакот одново му заклокоти низ грлото, сега готов да го дочека и најлошото.

142

Page 143: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

29. ПОВТОРНО ЦРН ЗНАК

Бидејќи откога гусарите се оддалечија заради советување, помина извесно време, еден од нив повторно се појави и повторувајќи го пропишаниот поздрав, наизглед малку со потсмев, замоли за неколку минути да му го позајмиме факелот. Силва му одговори дека може да го земе и пратеникот се повлече оставајќи не нас двајцата во целосен мрак.

- Ветрот почна да дува, Џим - рече Силва, кој сега ми се обраќаше со сосема пријателски тон.

Веќе не можев да издржам во неизвесност, та отидов до првата пушкарница низ која можев да ги видам. Гламните од големиот оган беа одамна изгорени и сега, низ пепелот даваа само слаба и мрачна светлост, та ми беше јасно зошто заговорниците го бараа факелот. Сите заедно се наоѓаа на удолницата на половина пат до оградата од колје. Еден го држеше факелот, додека друг клечеше во средината, сечивото од ножот што го држеше в раце се преливаше блескајќи час од пламенот на факелот, час од месечевата светлина. Другите наведнати нешто внимателно ја следеа работата на овој другиот. Можеше да се распознае дека овој, освен ножот, во раката држеше и некоја книга. Додека размислував, од каде могло да се најде такво нешто кај нив, оној кој дотогаш клечеше стана и целата група заедно, се упати кон нас.

- Еве, доаѓаат - реков и брзо се вратив на своето место, сметајќи дека би било навреда за моето достоинство доколку би заблежале дека сум ги гледал.

- Ако, ако, момче, остави ги; само нека дојдат - рече весело Силва. - Сè уште јас имам неиспукан куршум во резерва.

Вратата се отвори и тие четворицата, еден до друг, истуркаа еден напред. Во секоја друга прилика би ми било смешно да гледам како човекот полека се приближува, колебајќи се при секој чекор, додека десната рака со затворена дланка му беше испружена напред. Но овој пат не ми беше до тоа.

- Издолжи го чекорот, момче, издолжи го! - викна Силва - нема да те каснам. Врачи ми го тоа што го држиш, глупавко. Мене барем познати ми се правилата. Не напаѓам јас на пратеник.

Охрабрен од тие зборови, гусарот пријде послободно и предавајќи му на Силва нешто од дланката, брзо се повлече кон своите другари.

Долгиот Џон фрли поглед на она што го прими.- Црн знак! Помислив дека е тоа - забележа. - Каде ли само

сте добиле хартија? Ох, гледај! Сега внимавајте, ова не носи среќа!

143

Page 144: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Значи, сте искинале лист од Светото писмо. На кој будала му паднало на ум да ја кине Библијата?

- Ете! - рече Морган - ете! Што реков? Нели реков дека тоа не води на добро?

- Впрочем, тоа прашање сте го решиле заедно - упадна Силва. - Мислам дека за тоа сите ќе страдате. Кој ли тоа жолтоклунец има Библија?

- Дик - рече еден.- Значи, Дик? Тогаш нека се помоли на бога. Секако. Убавите

денови на Дик поминале, бидете сигурни во тоа.Но долгиот со жолти очи овде го прекина.- Остави ја таа приказна Џон Силва - рече. - Овој екипаж ти

предаде црн знак после подробното советување, онака како што е пропишано. Сврти ја хартијата на другата страна како што бараат правилата и види што пишува таму. Тогаш можеш да зборуваш.

- Благодарам, Џорџ - одговори Силва. - Отсекогаш без двоумење си минувал на работата, а правилата ги знаеш напамет, што ми е баш мило. Значи, што ли пишува, да видиме? Аха? „Симнат“, тоа е значи? Напишано многу внимателно, би можел да се заколнам, речиси како печатено. И тоа со твојот ракопис, Џорџ. Се гледа дека во некоја рака си го презел раководството над екипажот. Не би се чудел ако станеш и капетан. Подај го, те молам повторно тој факел, ова луле некако не сака да ми гори.

- Ајде сега - рече Џорџ - овој екипаж не можеш веќе да го насамаруваш. Ти си чудак на свој начин, но сега веќе твоето помина и би можел да се симнеш од тоа буре и да помогнеш да избираме.

- Ми се чини дека ти рече оти ги знаеш правилата - одврати со презир Силва. - Впрочем, ако не ги знаеш, јас ќе ги кажам: јас останувам овде и чекам. И не заборавај, сè уште сум ваш капетан, сè додека не ги изнесете забелешките на кои треба да одговорам. Во меѓувреме, вашиот црн знак не вреди баш ништо. После тоа: е, ќе видиме.

- О - почна Џорџ - изгледа дека не ти е сè јасно. Ние сме сите исправни и ќе гледаме да оди сè како што треба. Прво, ти направи збрка од овој наш потфат. Би морал човек да е глупав за тоа да не го признае. Второ, го пушти непријателот да се извлече од оваа стапица за ништо. Зошто сакаа да си одат? Не знам, но беше јасно како ден дека тоа беше нивна желба. Трето, не дозволи да ги нападнеме во мочуриштата. О, гледаме ние, Силва, малку подалеку отколку што ти мислиш. Сакаш да дојдеш до богатството без нас, ете, тука лежи зајакот! А четврто, еве ова момче...

- Дали е тоа сè? - праша мирно Силва.

144

Page 145: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- И доволно - одврати Џорџ. - Сите треба да висиме и да се печеме на сонцето, а сè заради тебе.

- Значи, внимавајте сега, ќе ви одговорам на обвинувањето точка по точка. Велите дека сум направил збрка од потфатот, така ли? Добро! Сите вие знаевте што сакав јас, а на сите ви е познато дека уште оваа ноќ би биле на „Хиспаниола“, сите живи и здрави, со доволно храна и натоварено богатство, да беше тоа сторено. Значи, кој ме спречува? Кој му стои на патот на законитиот капетан? Кој врачува црн знак, овде, на островот, и ја почнува оваа игра? Навистина убава игра, сите сме во неа, а се нешто ми мириса на бесилка во градот Лондон, баш така? А кој е виновен за тоа? Гледате и сами: Андерсон, Хендс и ти Џорџ Мери! А единствено ти преостана од екипажот кој насекаде го вовлекуваше својот нос. И ти имаш храброст да полагаш право на моето капетанско место, ти кој сите нас не закопа! По ѓаволите, па тоа ја преминува секоја мерка.

Силва запре, а по изразот на лицето на Џорџ и на неговите другари се гледаше дека не ги трошеше напразно своите зборови.

- Тоа ви е одговор на првата точка - викна обвинетиот, бришејќи ја потта од челото, бидејќи зборуваше со таква силина што се тресеше целата куќа. - Жими честа, просто ме мрзи да зборувам, бидејќи вие ниту нешто разбирате, ниту запаметувате, и само се чудам како мајките можеле да ве пуштат на море! Само погледнете! И вие сте ми некои „џентлмени на среќата“! Би било подобро да сте останале дома да ве чуваат мајките.

- Ајде, Џон - рече Морган. - Одговори на другите точки.- Ах, другите - одговори Џон. - Ги има доста, зар не? Велите

дека било направена збрка од потфатот. Ох, жими вера, само кога би можеле да сфатите колкава збрка, би се освестиле! Така сме блиску до бесилката што уште сега ми се кочи вратот кога ќе помислам на тоа. Мора да сте ги виделе тие луѓе како висат на синџири додека околу нив облетуваат птици, а морнарите се обидуваат да ги заборават заминувајќи на пат. Кој е оној, ќе праша некој. Тој! Па, тоа е Џон Силва. Добро го познавав, ќе речат другите. А додека тие се оддалечуваат кон брегот, ѕвечкањето на синџирите полека исчезнува. Значи, приближно дотука сме дојдени, секој мајчин син од нас, а се благодарејќи му нему, на Андерсон и Хендс, и вам на другите, на проклетите будали што не ги сфаќате работите. А ако сакате да ви кажам нешто за четвртото прашање, за ова момче, ќе ви кажам, зошто да не, мајка му стара, ќе ви кажам со најголемо задоволство! Зарем тој не е заложник? Треба ли како таков да го изгубиме? Не, никако. Може да ни послужи како нишка за која треба да се држиме и тоа не мора да ве чуди. Да го убијам ова момче? Не, по ѓаволите! Силва тоа нема да го стори, другари.

145

Page 146: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Тој сè уште може да не спаси. Што е со третата точка? Би имало многу да се зборува за тоа прашање. Можеби вие не држите особено до тоа што секој ден ве посетува вистински доктор, а ти Џон со рана на главата, или ти Џорџ Мери, којшто се тресеше од грозница пред неполни шест часа и чии очи сè уште се жолти како кора од лимон? Можеби не ви е познато ни тоа дека друг брод треба да стигне во случај овој на време да не се врати? Но ќе стигне, и тоа скоро. Ќе видиме тогаш кој ќе се радува што држиме заложник! Што се однесува до точката број два и зошто сум ги пуштил одовде? Па вие речиси на колена ме молевте да се спогодиме. Бевте ги изгубиле нервите и присуството на духот, би поумирале од глад да не го сторев тоа, но сето тоа е ситница! Еве гледајте зошто!? Затоа!

И тој фрли на подот некој стар лист хартија кој веднаш го препознав: токму онаа мапа со три црвени крвчиња на пожолтен пергамент, што бев ја нашол завиткана во восочна хартија на дното од капетановиот сандак. Просто не можев да сфатам зошто докторот му ја дал.

Но, доколку појавата на мапата беше необјаснива за мене, кај гусарите предизвика вистинска вчудовиденост. Сите скокнаа на неа како мачки на глушец. Требаше да се види како ја дрпа еден од раката на друг. А според пцовките и веселите извици со кои беше проследено нивното испитување, би помислиле не само што се дофаќаат до суво злато, туку веќе го натовариле на брод и дека се негде на безбедно место, на морската шир.

- Да - рече еден. - Ова е вистинската Флинтова мапа. М.М.Џ.Ф., со запирка и со ова клунче одоздола; така секогаш се потпишуваше.

- Ова е одлична работа - рече Џорџ - но како да го скриеме богатството кога немаме брод.

Силва одеднаш стана и потпирајќи се со раката на ѕидот, викна:

- Запамети, Џорџ, ако слушнам само уште еден збор со тие твои глупости, ќе мораш да ми излезеш на мегдан. Како? Па јас би сакал тоа да знам! Би требало ти тоа да ми го кажеш, ти и другите кои се виновни за исчезнувањето на бродот, бидејќи бевте пијани како земја! Но, се разбира, ти не можеш да ми одговориш, зашто освен слама, немаш ништо друго во главата. Но внимавај како ми се обраќаш и ќе внимаваш во иднина, Џорџ Мери, запомни што ти зборувам.

- Тука имаш право - рече стариот Морган.- Право! Сигурно дека имам - рече готвачот. - Вие го изгубивте

бродот, а јас го најдов богатството. Кој е тогаш повешт и подобар?

146

Page 147: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

А сега, по ѓаволите, самиот поднесувам оставка. Изберете го за капетан кого сакате, јас завршив со тоа.

- Силва - почнаа да викаат. - Засакогаш Долгиот Џон! Ти си наш капетан.

- Значи, така сега ми црцорите? - рече готвачот. - Па, Џорџ, ми се чини дека ќе мораш да почекаш некоја друга прилика, пријателу. Среќа за тебе што не сум ни малку осветољубив. Но таков сум отсекогаш. А сега, другари, што ќе правиме со овој црн знак? Изгледа дека нема повеќе вредност, зар не? Ми се чини дека сè се сведе на тоа дека Дик ја предизвикува својата среќа, кинејќи ја Библијата.

- Сепак можам мирно да ја бакнам, зар не? - се одѕва Дик кој се чувствуваше многу непријатно, помислувајќи дека навлекол проклетство на себе.

- Свето писмо со искинат лист! - одврати потсмешливо Силва. - Свршено е со него. - Тоа сега ти вреди колку и збирка балади.

- Зарем баш така? - извика Дик со повесел глас. - Тогаш, сметам, ни тоа не е лошо да се има.

- Држи, Џим, еве една реткост за тебе - рече Силва и ми го фрли мене парченцето хартија искинато од Библијата.

Имаше округла форма, со големина на џебен часовник. Едната страна му беше чиста, бидејќи беше исечено од последниот лист, а на другата се наоѓаа стих-два од Откровението. Меѓу другите, најупадливи беа овие зборови: „Надвор се пците и убијците“. Печатената страна беше измачкана со јаглен што веќе почна да се вади, валкајќи ми ги прстите, додека на другата, исто така испишана со јаглен, се наоѓаше само еден збор „симнат“. Оваа реткост токму сега се наоѓа пред мене, но од сето што беше некогаш на неа, имаше останато само една темна линија, како кога некој би повлекол со нокт по хартијата. Со ова настаните тој ден завршија, та наскоро потоа, откога секој го накрена шишето рум, си легнавме. Претходно, за на некој начин да му се одмазди на Џорџ, Силва му нареди да чува стража и му се закани со смрт ако се случи да се покаже неверен. Долго лежев сосема буден, а богами имав и оправдана причина за тоа. Мислев на човекот кого истиот тој ден го убив, на мојата несигурна положба, а над сè на опасната игра со која Силва беше сега зафатен: со едната рака да ги држи бунтовниците на собир, а со другата, со сите средства, можни и неможни, да го спроведе својот план во дело и да го спаси бедниот живот. Меѓутоа, тој лично спиеше како труп и гласно грчеше. Всушност, иако беше толку расипан, срцето ми се стегаше за него додека размислував на опасностите на кои беше изложен и на грозната бесилка што го очекуваше.

147

Page 148: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

148

Page 149: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

30. НА ЧЕСЕН ЗБОР

Ме разбуди ѕвонлив срдечен глас што доаѓаше од падините на шумата, всушност сите ги вознемири, дури и стражарот кого го видов како се обидува да си дојде при себе од сонот во кој беше паднал потпрен на вратата.

- Барако, еј викаше - овде докторот.И се појави докторот Лејсви. Иако се израдував на неговиот

глас, радоста донекаде ми беше заматена. Нејасно се потсеќавав на својата непослушност и на на забележаното бегство. А знаејќи каде сè ме доведе тоа, во какво друштво и опасност, се срамев да му погледнам во очи.

Мора да станал пред разденување, бидејќи денот штотуку настапуваше. И кога отрчав до пушкарницата, го видов како стои, како некогаш Силва, со нозете скриени од маглата.

- Вие, докторе! Ви посакувам доброутро! - викна Силва сосема расеан и блескајќи од задоволство. - Се гледа дека сте свежи и дека сте пораниле; а се вели: кој рано рани, две среќи граби. Џорџ, размрдај се малку, синко мој, и помогни му на доктор Лејсви да се качи на палубата. Сè оди како што треба, докторе. Вашите пациенти: сите бодри и весели.

Тој продолжи во таа смисла, стоејќи на возвишението со пушката под пазувата на едната рака, додека со другата се потпираше на ѕидот на бараката, а тонот на однесување и изразот на неговото лице, сосема потсетуваа на оној стариот Џон.

- Имаме исто така и едно убаво изненадување за вас, господине - продолжи. - Тука е еден странец, ха, ха! Нашиот нов самец и кираџија. Изгледа сосема здрав и весел, а спиеше како топ - ви велам - сосема до стариот Џон, еден до еден цела ноќ. За ова време докторот веќе ја имаше прескокнато оградата и му приоѓаше на готвачот. И јас забележав дека гласот му беше необично изменет кога праша:

- Белким не е Џим?- Баш истиот оној Џим каков што отсекогаш го знаеме - рече

Силва.Докторот застана в место, макар што не изговори ни збор и

дури по неколку мига зачекори понатаму.- Значи, сепак - рече најпосле - должноста пред

задоволството, како што вие, Силва, самиот би рекле. Ајде да ги прегледаме и да ги преврземе оние наши пациенти.

Момент потоа влезе во бараката и, климнувајќи ми со главата во знак на поздрав, пријде кон работата да ги преврзе пациентите.

149

Page 150: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Изгледаше смирено иако знаеше дека животот меѓу овие подмолни ѓаволи му виси на конче. Ја вршеше својата работа како да се наоѓаше кај некој свој пациент, во некое мирно семејство во Англија. Веројатно ваквото негово однесување имаше свое влијание кај гусарите, бидејќи се однесуваа како ништо да не се случило, како да е тој сè уште нивни бродски лекар, а тие и понатаму верни и исправни морнари на бродот.

- Мора да се чувствуваш сосема добро - му рече на оној со исчукана глава - а ако некому му беше животот во прашање, твојот сигурно беше. Сигурно черепот ти е тврд како карпа. А ти Џорџ, како се чувствуваш? Очигледно, бојата на лицето не ти е најдобра. Гледај, слезинката не ти е во ред. Го земаше ли оној лек? Му ги дававте ли оние капки, момчиња?

- Му ги даваме, како не; се разбира дека му ги дававме - одговори Морган.

- Видете, бидејќи сум сега гусарски лекар или, подобро да се каже, лекар на еден затвор, што, според моето сфаќање, повеќе одговара - рече докторот Лејсви, насмевнувајќи се љубезно - должноста ми е, а ми се чини и чест, да не изгубам ни еден човек кој му припаѓа на кралот Џорџ и на бесилките.

Никаквеците се погледнаа, но го голтнаа апчето без жалба.- Дик не се чувствува добро, господине - рече еден од

гусарите.- Дојди слободно и покажи ми го јазикот. Не се чувствуваш

добро, не е ни чудно. Јазикот ти е таков што и Французите би се исплашиле од него. Ова е уште еден случај на треска.

- Ах, ете ти - рече Морган - тоа ти е казната што ја скина Библијата.

Тоа ви е казна, како што рече Морган, што сте магариња - одврати докторот - и што немате доволно мозок во главата да го разликувате чистиот, свеж планински воздух, од лошиот, влажен и болешлив. Многу е веројатно дека, макар што тоа е само мое лично мислење, многу добро ќе платите пред да се ослободите од оваа маларија. Сакавте да логорувате кај мочуриштето, зар не? Силва, многу ме чуди тоа од тебе! Секако, оставаш впечаток на помалку будала од нив, од сите на ред. Но изгледа не располагаш со доволно познавање на здравствените услови и прописи. Значи - додаде откога им ја одреди и им ја даде потребната доза лекови повеќе како на деца во некој интернат, отколку како на вистински убијци, бунтовници и гусари - значи, со тоа за денес завршивме. А сега би сакал да зборувам со ова момче, ако ми дозволувате.

Притоа сосема попатно покажа со главата кон мене.

150

Page 151: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Џорџ Мери се наоѓаше кај вратата, обидувајќи се да го исплука гадниот вкус на лекот што го испи, но по првите зборови на докторовиот предлог се сврти на петиците и возбудено врекна „Не, никако!“ и опцу.

Силва удри со дланката по бурето.- М-и-р! - загрме и погледна околу себе некој лав. - Докторе -

рече - веќе мислев на тоа, знаејќи колку ви е нашиот гостин мил. Многу сме ви благодарни на трудот и на вниманието што ни го подарувате и како што гледате, ви веруваме: момчињата земаат лек од вашите раце како да е рум. Мислам дека најдов решение што ќе ни одговара на сите нас. Хоукинс, ќе ми го дадеш ли твојот чесен џентлменски збор, јас мислам дека си млад џентлмен, иако сиромав по раѓање, дека нема да побегнеш?

Му ветив без предомислување.- Тогаш докторе - рече Силва излезете и преминете ја

оградата, а кога ќе бидете таму, јас ќе го доведам момчето таму; мислам дека можете низ неа да разговарате. Збогум и нашето почитување на големопоседникот и на капетанот Смолет.

Експлозијата на незадоволство, кое избувна оној момент кога докторот излезе, можеше да го запре само мрачниот поглед на Силва. Зборуваа дека игра дволична игра, дека се обидува да склучи мир сам за себе, дека ги жртвува интересите на своите другари и на оние кои загинаа, со еден збор дека го прави всушност баш она што и го правел. Во секој случај, ми изгледаше така очигледно што никако не можев да замислам како ќе му појде од рака да ги смири. Но тој беше двапати попаметен од секого од нив. Ги наречуваше будали, глупци и со други погрдни имиња што му паѓаа на памет. Им рече дека е потребно јас да зборувам со докторот, им ја изнесе предноста што сега располагаат со вистинската мапа и им постави прашање дали сакаат да го раскинат договорот со докторот токму денес кога треба да тргнат по богатството.

- Не, по ѓаволите! - викна. - Ќе го раскинеме договорот кога за тоа ќе дојде време; а дотогаш ќе го чувам докторот како капка вода на дланката и, ако биде потребно, ќе му ги лижам чевлите.

Потоа им нареди да го запалат огнот и потпирајќи се со едната рака на својата патерица и со другата на моето рамо, ги остави збунети и смирени повеќе со неговата речитост, отколку со доказите.

- Полека, момче, - рече. - Ќе полетаат за миг на нас, само ако забележат дека брзаме.

151

Page 152: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Полека и речиси немарно чекоревме тогаш по песокот зад оградата каде што чекаше докторот, а кога се доближивме толку блиску што можеше да не чуе, Силва застана.

- Немојте да го заборавите ова, докторе - рече - а момчето ќе ви раскаже како му го спасив животот и заради тоа бев дури симнат, а вие знаете што можеше тоа да значи. Докторе, кога човек управува со брод, очекувајќи секој час бура, како што е случајот со мене, кога се коцка и кога ја става последната пара во игра, можеби не ќе биде многу ако бара да му се каже еден утешен збор? Не смеете да заборавите дека сега не е во прашање само спогодбата, таа исто така сега го опфаќа и животот на момчето; ќе кажете некој добар збор за мене докторе и ќе ми дадете макар трошка надеж што ќе ме одржува.

Сега кога им сврти грб на своите другари и на куќата во која се наоѓаа тие, Силва стана сосема друг човек. Образите му беа пропаднати, а гласот му потреперуваше: Никогаш не сум видел некого посериозно да мислел од него за тоа што зборуваше.

- Зошто, Џон, белким не се плашиш? - го праша докторот.- Докторе, не сум кукавица! Не, далеку од тоа, ни толку! - И

тогаш го покажа малиот прст: - а и дури да сум, тоа не би го покажал. Но искрено морам да признам, косата ми се крева кога ќе помислам на бесилката. Вие сте добар и чесен човек; подобар не сум имал прилика да видам! И не заборавајте ги моите добри дела, како што знам дека нема да ги заборавите лошите. А сега, јас се повлекувам и ве оставам вас и Џим сами. А тоа исто така забележете го, бидејќи тоа сега овде многу значи. Зар не?

Кажувајќи го ова, тој толку се повлече што да не може да го слуша нашиот разговор, седна на една пенушка и почна да подсвиркува. Одвреме навреме се завртуваше така што де погледнуваше во мене и во докторот, де во своите бунтовни неранимајковци кои што се движеа таму-ваму по песокот, меѓу огнот околу кој се сновеа за да го потпалат и куќата од која изнесуваа свинско месо и леб за појадок.

- Значи, Џим, почна докторот тажно - тука стигна. Што си надробил, тоа и ќе сркаш, мило мое момче. Бог ми е сведок дека во своето срце не чувствувам дека би можел да те прекорувам. Но сепак толку ќе ти речам, па било да ти е по волја или не: Кога капетанот Смолет беше здрав, ти не се осмели да не напуштиш; а кога лежеше ранет и не беше во состојба да те спречи, жими Свети Ѓорѓија, беше просто кукавички!

Морам да признам дека тогаш се расплакав.- Докторе - реков - би можеле да ме поштедите. Доволно

самиот себе се прекорував. Животот секако ми виси на конец, а

152

Page 153: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

веќе би бил мртов да не застанеше Силва на моја страна и да не ме спасеше. Верувајте, докторе, смртта можам да ја поднесам, можам скоро и да речам дека и сум ја заслужил, но се плашам од мачење. Ако решат да ме мачат...

- Џим - ме прекина докторот со изменет глас - Џим, тоа не можам да го дозволам. Прескокни и бегај со мене!

- Докторе, дадов чесен збор.- Знам, знам! - викна. - Овојпат ќе го заборавиме тоа. Го земам

тоа на себе, сето заедно, нечесноста и срамот, мое момче, но овде не можам да те оставам. Скокни! Само еден скок и надвор си, па потоа ќе трчаме како срни.

- Не! - одговорив. - Знаете многу добро дека тоа ни самите не би го направиле по дадениот збор. Ни еден од вас, ни големопоседникот, ни капетанот, па нема ни јас. Силва ми поверува. Му дадов чесен збор и ќе се вратам назад. Но, докторе, не ме оставивте да завршам. Ако почнат да ме мачат, би можело да се случи да им го откријам местото каде се наоѓа бродот, бидејќи јас го скрив по некој среќен стек на околности, а нешто и со борбеност, и сега лежи во северното пристаниште, на јужниот брег, во вода само при полна плима, инаку е целосно зануркан во песок.

- Нашиот едреник! - извика возбудено докторот.Брзо му ги раскажав своите доживувања кој тој мирно ги

сослуша.- Овде е замешан прстот на судбината - забележа кога

завршив. - Едно по едно, секојпат благодарејќи ти тебе, главите ни остануваат на рамења и мислиш ли, можеби, дека ние би дозволиле твојата да ја изгубиш? Такво нешто не смееме да дозволиме, момче мое. Ти прв дозна за заговорот. Го најде Бен Ган, најдоброто дело што воопшто некогаш си го сторил во животот или што ќе го сториш дури и да доживееш деведесет. Ох, кога веќе зборувавме за Бен Ган тоа е, жими Јупитер, вистински ѓавол во човечки облик. Силва - викна оддеднаш - Силва, ќе ти дадам еден мал совет, продолжи додека готвачот ни приоѓаше - да сум на твое место, не би брзал многу со потрагата по богатството.

- Зошто господине? Јас го правам она што можам, а би сакал да го видам оној што не би го правел тоа - рече овој. - Молам за извинување, но својот и животот на момчето, можам само така да ги спасам ако го барам богатството. Во тоа бидете уверени.

- Тогаш, Силва - забележа докторот - ќе додадам уште нешто: Внимавај на писокот кога ќе го пронајдеш.

- Докторе - рече Силва - ако зборуваме како луѓе, тоа значи многу и воедно не значи ништо. Какви ви се намерите, зошто ја напуштивте бараката, зошто ми ја дадовте мапата, сето тоа за мене

153

Page 154: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

е тајна, зар не? А сепак, сè што баравте сторив со затворени очи, а за тоа не добив ни еден утешителен збор. Но ова сега ја преминува секоја граница. Ако не сакате отворено и јасно да ми кажете што ви значи ова, кажете ми барем да знам, и понатаму нема да ве прашувам.

- Не - рече таинствено докторот - немам право ништо повеќе да ти кажам. Гледаш Силва, тајната не ми припаѓа мене, инаку, чесен збор, ќе ти ја обелоденев. Но одам понатака, доколку можам, дури и повеќе. Знам, ако не се лажам, дека капетанот нема лесно да се согласи со ова. Прво, ќе ти дадам малку надеж. Значи, Џон, ако двајцата ги извлечеме главите од оваа каша, од своја страна ќе направам сè да те спасам, се разбира, нема криво да се заколнам.

Лицето на Силва радосно се озари.- Повеќе не би можеле да кажете, сигурен сум, дури да сте ми

и родена мајка! - викна.- Значи, тоа е првата отстапка - додаде докторот. - Втората се

состои во советот: држи го момчето постојано покрај себе, а кога ќе ти затреба помош, викај. Одам таа помош да ти ја најдам, а тоа ќе ти докаже дека не зборувам на памет. Збогум, Џим!

Потоа докторот се поздрави со мене преку оградата од колја, му климна со главата на Силва и брзо завлезе во шумата.

154

Page 155: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

31. ПОТРАГА ПО БОГАТСТВОТО ФЛИНТОВАТА СТРЕЛКА

- Џим - рече Силва, кога останавме сами - јас го спасив твојот живот, но и ти си мој. Нема тоа да ти го заборавам. Забележав како докторот ти покажува да ја прескокнеш оградата и да бегаш, ве гледав подоко, секако дека ве гледав, и видов, баш како да слушам, како го одбиваш предлогот. Џим, треба да го бараме богатството и, како што рече докторот, таму да откриеме некоја тајна. Попатано речено, ова никако не ми се допаѓа. Запамти, мораме да се потпреме еден на друг, како залепени близнаци за да си ги спасиме животите, наспроти сите опасности и наспроти судбината.

Токму тогаш еден од гусарите ми викна дека појадокот е готов, та наскоро оддалечени еден од друг, седевме и јадевме печено месо со двопек. Огнот беше таков што и вол би можело на него да се испечи, се чувствуваше таква жега што можеше да му се пријде само отстрана од каде што дуваше ветер, па дури оттаму човек мораше да биде претпазлив. Таква иста расипничка постапка, можеше да се забележи и при јадењето, бидејќи, како што ми изгледаше, беа испекле трипати повеќе месо отколку што можеше да се изеде. А еден од нив, смеејќи се засипнато, го истури остатокот од чинијата во огнот, кој што со ова необично гориво уште повеќе се распламти. Никогаш не сум видел луѓе кои помалку мислат на следниот ден. Геслото им беше „турај што повеќе“. Не сметаа колку храната ќе им трае, ниту внимаваа дали ноќниот стражар случајно спие и макар што имаа храброст за судири, на тоа набрзо забораваа, се гледаше дека се наполно неприкладни и неподготвени за нешто слично на подолго логорување.

Дури и Силва, додека седеше со капетанот Флинт на своето рамо, со ниеден збор не даде до знаење дека се растурџии. Ова многу ме изненади, бидејќи денес ми изгледаше особено подмолно.

- Е, другари - им зборуваше - среќа е што го имате стариот Џон за вас да мисли со свој ќуп. Го добив она што сакав. Се разбира, тие го имаат бродот. Каде го чуваат сè уште не знам, но кога еднаш ќе го пронајдеме богатството, ќе мораме да се размрдаме и да го најдеме. А тогаш, другари, мислам кога ќе го имаме едреникот в раце, ќе го водиме главниот збор.

Зборуваше така со полна уста топла сланина. Им ја враќаше надежта и самодовербата, а мислам во исто време, и себе си се храбреше.

- Што се однесува до нашиот заложник - продолжи - ова како што мислам јас, му беше последен разговор со оние кои толку ги сака. Дознав се што ми треба и му благодарам на тоа. Било

155

Page 156: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

поминапо. Кога денеска ќе тргнеме во потрага по богатството, ќе го држам врзан, бидејќи, запомнете, треба да го чуваме како парче злато, во случај да се случи нешто непредвидено. Кога еднаш ќе се добереме до богатството и до бродот и кога како весели другари ќе отпловиме на морската шир, тогаш, зошто да не, ќе разговараме со господинот Хоукинс, се разбира дека ќе разговараме, а ќе му го дадеме и неговиот дел, сигурно, за сета добрина што ни ја стори.

Не беше ни чудно што момчињата сега беа убаво расположени. Меѓутоа, јас се чувствував како убиен. Доколку планот што сега го изложи би се покажал како остварлив, Силва, веќе навикнат на измами, не би се колебал многу да го примени. Имаше потпора во двата логора, но без двоумење, порано би се решил за богатството и слободата со гусарите, отколку само за спас од бесилката, на што најмногу можеше да се надева на нашата страна.

Дури и кога работите би се развивале така што би морал да се држи до спогодбата склучена со докторот, какви ли сè опасности ќе видиме! Го замислував оној момент кога сомнението кај неговите следбеници ќе се претвори во извесност и кога ќе мораме да се бориме заради заштита на своите животи - тој сакат, а јас само дете - против пет силни и сурови морнари!

На овие две можности додајте го сега и таинственото однесување на моите пријатели. Нивното неочекувано напуштање на оградената барака; необјаснивото предавање на мапата со точните податоци за пронаоѓањето на богатството или уште помалку разбирливата докторова последна опомена на Силва: „Внимавај на писокот кога ќе го најдеш“, па ќе разберете со каков апетит појадував и тргнав со гусарите по лов на богатството.

Некој да нè гледаше, би видел многу чудни појави: Сите во измачкани морнарски алишта; а сите освен мене, вооружени до заби. Силва, кој носеше два пиштоли, еден однапред, а друг одзади, имаше исто така и една голема крива сабја, на појасот, а во секој џеб уште по еден помал пиштол. За неговиот чуден изглед да се дополни, на рамото му седеше капетанот Флинт, папагалот, и непрекинато нешто неврзано зборуваше. Јас врзан со канапче околу појасот, покорно чекорев по бродскиот готвач кој го држеше другиот крај на канапот де со слободната рака, де со силните заби. Се чувствував, просто, како некое маче, кое го водат на панаѓур. Другите беа натоварени со разни потреби: некои носеа казми и лопати, тоа беа најпотребните работи што ги донесоа од „Хиспаниола“, додека други влечеа свинско месо, пексимит и ракија за пладневниот ручек. Како што се виде, сите артикли потекнуваа од нашето складиште во бараката, та дури и сега зборовите на

156

Page 157: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Силва ми изгледаа сосема вистинити. Да не се здоговорел со докторот, тој и неговите луѓе би морале да живеат на вода и од она што би можело да се улови. Водата никогаш не одговараше на нивниот вкус, а морнарите само во ретки случаи се добри ловџии. И покрај сето тоа, кога толку оскудеваа во храна, постоеше мала веројатност дека имаат барут во изобилство.

Значи, така опремени тргнавме, не изостана дури ни оној со скршената глава, кој секако требаше да седи во сенка, и искачувајќи се стигнавме до брегот каде што не чекаа два чуна. И на нив се чувствуваа трагите на нивното неконтролирано однесување и пијанство. Еден беше со скршено седиште, а и двата во очајна состојба: нечисти и полни со вода. Заради сигурност, ни еден не смееше да се остави, та поделувајќи се во две групи, влеговме во нив и веднаш запловивме.

Додека пловевме, разговорот главно се водеше за податоците наведени во мапата. Црвеното крвче, само по себе, не можеше да им биде од голема полза, а податоците што се наоѓаа одзади, како што ќе чуете, можеа да се толкуваат двосмислено. Можеби се сеќавате дека тие гласеа:

„Високо дрво, рамо на Дулбија, спрема север ССИ.“„Костуров Остров И Џ И - со помош на И.“„Десет стапки“.„Високо дрво рамо на Дулбија, спрема север ССИ“.Токму пред нас пристаништето беше опкружено со една

висорамнина чија што височина би можела да изнесува 60 до 90 метри; таа на север се допираше до јужната падина на избочината на Дулбија, а на југ одново се креваше и преминуваше во стрмен пуст крш наречен Каменен Јарбол. Висорамнината беше покриена со доста голем број борови од различна височина. Овде-онде можеше да се види по некој бор или елка кои за цели 10 до 15 метри се издигаа над другите. Кое од овие дрвја требаше да биде баш она „високо дрво“ на капетанот Флинт, требаше да се одреди со помош на компас кога ќе се стигне на самото место.

Меѓутоа, иако тоа беше единствениот исправен начин според кој мораше да се постапи, секој од гусарите веќе беше одбрал по едно дрво уште пред да стигнеме на полпат. Единствено Долгиот Џон не учествуваше во оваа забава и ги предупредуваше да не пребрзуваат додека не стигнат горе. Пловевме складно според упатствата на Силва и бидејќи поминавме долг пат, без никаков замор и доста брзо, се истоваривме кај вливот на втората рекичка, онаа што извираше некаде во шумата, под самата Дулбија. Оттаму, свртувајќи лево, почнавме да се искачуваме од падината кон висорамнината.

157

Page 158: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Во почетокот, тешката леплива земја и мочуришните растенија ни го забавуваа напредувањето, но малку помалку, косината стануваше сè пострмна и сè поцврста под нозете. Шумата добиваше поинаков изглед со дрвјата кои беа поголеми и кои растеа поправилно. Се приближувавме, всушност, до најубавиот дел од островот. Насекаде околу нас имаше растурени миризливи грмушки; овде онде поминувавме покрај гасак од лешници, а гордите елки и борови нè гледаа одозгора, додека сè дишеше со свежина и со прекрасна мешавина од мириси. Покрај ова, чистиот свеж воздух проткаен со сончевите зраци што се пробиваа меѓу дрвјата им даваа совршено освежување на нашите нерви.

Гусарите одеа распрснати, секој за себе, викајќи и прескокнувајќи по шумата, а на доста големо растојание со другите, чекоревме Силва и јас. Јас оневозможен од канапот, а тој збивајќи со напор, додека земјата се одронуваше под нозе. Од време на време морав да му помагам и да го придржувам за да не изгуби рамнотежа и да не се истркала надолу.

Така одевме приближно еден километар, додека оној што се наоѓаше на крајната лева страна почна возбудено да вика како од нешто да се исплаши. Постојано нешто се дереше, така што побрзавме кон него.

- Белким не го нашол богатството - рече стариот Морган којшто забрзано не одмина, доаѓајќи ни од десната страна - тоа треба да е подалеку оттука.

- Навистина, кога стигнавме до него, дознавме дека е во прашање нешто сосема друго. Под една висока елка веќе доста зарастена во коров, лежеше човечки костур, со уште понекоја останата крпа од алиштата. Верувам дека на сите некои ладни трпки ни проструија по телото.

- Морнар беше - рече Џорџ Мери, кој како похрабар од другите, пријде блиску до него и ги разгледа оние крпи. - Секако - продолжи - ова бил добар морнарски штоф.

- Несомнено - рече Силва - многу веројатно. Впрочем, не очекуваше сигурно да пронајдеш овде некој владика? Но, само погледнете во каква положба е? сосема неприродно!

Навистина, штом малку подобро се загледавме, видовме дека зазема чудна положба. Освен незначителниот неред (веројатно дело на птиците што тука се хранеле, или на коровот што постепено се создаваше меѓу коските и околу нив, костурот лежеше наполно право), нозете укажуваа на еден правец, една рака, зафрлена над главата, како да се обидуваше да плива, покажуваше точно спротивен правец.

158

Page 159: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Нешто ми падна на памет - забележа Силва - Еве го компасот, а ене ја и најистакнатата точка на Костуровиот Остров како стрчи како некој заб. Обидете се и поставете го компасот долж овој костур.

Тоа е и сторено. Костурот покажуваше во правец на островот, на компасот можеше да се прочита И Џ И - И.

- И мислев дека така ќе биде - викна готвачот. - Ова е всушност стрелка која го покажува правецот. Залраво, таму е правецот кон поларната ѕвезда и кон нашите златници! Но, по ѓаволите, просто целиот се наежувам кога ќе се сетам на стариот Флинт. Ова е сигурно една од неговите шеги. Тој и оние шестмина беа сами на овој остров. Сите ги уби, а овој го довлекол овде и го поставил како компас, ѓаволски син! Погледнете колкави му се коските, а косата му е жолтеникава; тоа мора да е Олардаис. Се сеќаваш на Олардаис, Том?

- Секако - одговори Морган. - Се сеќавам на него, ми должеше малку пари и го понесе сосема на брегот мојот нож.

- Кога зборуваш за својот нож - рече еден. - Зошто го нема овде? Флинт не беше човек кој на луѓето би им ги претресувал џебовите, а на птиците, не им е потребен.

- Жими вера, има во тоа вистина - викна Силва.- Овде нема ни едно нешто - рече - ни паричка, ни тутункесе.

Нешто овде не е во ред.- Така изгледа - рече Силва - нешто како да не чини, а и не ми

мириса на добро. Да е некој ѓавол, Флинт жив, убаво овде би си поминале. Шестмина беа, а и ние сега сме шестмина. Од нив останаа само коските.

- Го видов мртов со своите очи - рече Морган. - Били ме внесе, а тој лежеше со бакарни парички на очите.

- Мртов! Да, сигурно дека е мртов и под земја - рече оној со врзана глава - но ако некогаш некој дух шетал по земјата, оној на Флинт би бил еден од нив. По ѓаволите, баш имаше грозна смрт тој Флинт!

- Да, да - додаде друг. - Де р'жеше како пес, де се дереше барајќи рум, а потоа пак пееше. „Петнаесетмина“ беше една од неговите песни, другари, а право да ви кажам, оттогаш просто не можам да ја поднесам. Беше ужасна жега, прозорецот отворен, а до мене постојано допираше песната, иако смртта беше веќе во неговата соба.

- Ајде, ајде, - рече Силва, - оставете го тој разговор. Умре и, колку што знам, овде не може да биде. Секако не го знам времето на денот, во тоа бидете уверени. Не вреди за тоа многу да се мисли. Напред по дублони!

159

Page 160: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Навистина тргнавме, но наспроти топлото сонце и денот полн светлина, гусарите веќе не се осмелуваа да одат распрскано, туку одеа еден до друг и меѓу себе си шепотеа. Стравот од мртвиот гусар им влезе в коски.

160

Page 161: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

32. ПОТРАГА ПО БОГАТСТВОТО ГЛАС ОД ШУМАТА

Било заради стравот и непријатноста што човечкиот костур ги остави на нив, било за Силва и болните луѓе да се одморат, сите одвај го дочекаа одлагањето за извесно време на понатамошната потрага, та поседнаа да се одморат штом стигнавме на падината од висорамнината.

Бидејќи висорамнината имаше мала косина кон запад, од местото на кое што запревме се протегаше вонредна глетка на двете страни. Пред нас, гледајќи на дрвјата, се простираше Шумската престилка порабена со пенливите бранови, а зад нас лежеше не само заливот со Костуровиот Остров, туку јасно можевме преку песочниот јазик и источната низинка, да го видиме големиот појас на отвореното море. Токму над нас се издигаше Дулбија: Понекаде пропрскан со осамени борови, а понекаде со црни длапки. Сè беше мирно, освен зуењето на безбројните инсекти и бучавата на оддалечените бранови што допираа до нас од сите страни. Пространоста на глетката само ни го зголемуваше чувството на осаменост.

Додека седеше, Силва го зеде компасот и почна да се загледува во него.

- Постојат три високи дрвја - рече - приближно во права линија гледајќи во Крстуровиот Остров. Рамото на Дулбија, мислам, значи оној понизок крај, таму. Па сега и дете би можело да го најде богатството. Сега никако не ми се брза, би се согласил најпрвин да ручаме.

- И мене не ми се брза - промрмори Морган. - Кога размислувам за Флинт верувам дека... којзнае што би сторил.

- Заблагодари му ти, батко, на бога, што е тој веќе одамна мртов, рече Силва.

- Баш беше одвратен ѓавол, - викна третиот гусар, стреснувајќи се. - Па уште со она модро лице...

- Тоа е последица на румот - додаде Мери. - Модар! па и беше вистински модар ѓавол. Подобро да не го споменуваме. Уште од моментот кога наидоа на костурот и почнаа да мислат на ова, гласот им стануваше сè потивок и сега речиси шепотеа, така што нивниот разговор тешко можеше да ја наруши мртвата тишина што владееше околу нас. Меѓутоа, одеднаш во средината на шумата околу нас, се слушна треперлив глас и зборовите на добро познатата песна:

Петнаесетмина околу ковчегот на покојникотА-ха-ха, и шише рум!

161

Page 162: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Никогаш не сум видел некој толку да се исплаши како сега гусарите. Како некој маѓепсник да замавнал со стапчето, така што сите одеднаш побледеа. Некои скокнаа на нозе, а други го зграбија првиот до себе, држејќи го цврсто. Морган се испружи на земја и ја пикна главата во тревата.

- Ова е Флинт по ѓа... - викна Мери.Оддеднаш песната запре исто како што и почна: Се прекина

како што би се рекло на пол пат, како некој да ставил дланка на устата на пејачот. Бидејќи доаѓаше низ чистиот светол воздух од зелената шума, ми изгледаше како да звучи топло и пријатно, та нивното однесување ми се стори уште почудно.

- Ајде - рече Силва, изговарајќи ги зборовите со тешка мака преку своите суви усти - вака не оди. Станувајте да одиме. Ова е ѓаволскиот почеток, а никако не можам да се сетам на гласот. Чекајте, ова не се духови, тука е некој од крв и месо, во тоа сум сигурен.

Додека зборуваше, радоста му се враќаше, а со тоа и бојата на лицето. Дури и некои луѓе беа готови да размислат за зборовите со кои Силва ги храбреше, кога се слушна истиот глас, не во песна, туку како одвај чудно довикување, чие ехо уште потивко се одбиваше од стрмнините на Дулбија.

Дерби Мак Гроу! - довикуваше (така приближно звучеа зборовите кои доаѓаа до нас) Дерби Мак Гроу! - се одгласуваше едно по друго. А тогаш, со нешто повишен глас и со пцовка што овде нема да ја спомнам: - Подај ми го тој рум, Дерби!

Гусарите стоеја како заковани. Ни еден не се помрдна, само очите им беа страшно ококорени. И долго потоа, иако гласот веќе одамна исчезна, не изговарајќи ни збор, луѓето ѕуреа пред себе.

- Сега е јасно! - одвај прошепоти еден. - Да одиме.- Тоа беа неговите последни зборови - офкаше Морган -

последните што ги изговорил пред смртта.Дик, со Библијата пред себе, сесрдно се молеше на бога. Се

гледаше дека неговото восхитување пред да западне во ова лошо друштво, не било баш најлошо.

- Никој на овој остров не можел да го познава Дерби - мрмореше, никој, освен ние што сме тука. - А тогаш давајќи сè од себе, викна: - Другари, дојдов ваму да го кренам богатството и нема да дозволам да бидам победен ни од човек, ни од ѓавол. Никогаш во животот не сум се плашел од Флинт, а по ѓаволите, подготвен сум и мртов да го пречекам. На четвртина милја одовде лежат седумстотини илјади фунти стерлинзи во злато! Дали некогаш се случило некој „џентлмен на среќата“ да отстапи пред такво богатство и да ја пропушти можноста која не се дава двапати во

162

Page 163: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

животот, а сè заради некој стар пијан морнар и, над сето тоа, одамна мртов?

Неговите другари со ниеден знак не покажаа дека храброста им се враќа. Уште повеќе, како да ги исплашија погрдните зборови што се однесуваа на Флинт.

- Внимавај, добро, Џон! - рече Мери. - Не терај шега со духови.Другите не ни одговорија од страв. Се држеа еден до друг, а

блиску до Џон, како неговата храброст да можеше нешто да помогне. Што се однесува до него, изгледаше како сосема да се повратил.

- Духови, можеби постојат - рече. - Но една работа не ми е јасна. Слушнавте одѕив. Зар не? Ете, мислам никој никогаш не видел дух со неговата сенка. Тогаш, би сакал да знам, како може гласот да му одекнува? Тоа, сигурно, не е природно?

Овој доказ ми изгледаше доста слаб, но никогаш не се знае што може да влијае на суеверните луѓе и, на мое изненадување, Џорџ Мери просто се препороди.

- Жими вера, така е, - рече. - Паметна ти е таа твоја тиква, нема сомнение, Џон. А кога трезвено ќе размислиш, гласот навистина беше сличен на оној на Флинт, тоа морам да го признам, но и покрај сè, не беше така јасен како неговиот. Повеќе би можело да се рече дека ме потсетуваше на нечиј друг глас. Беше посличен...

- На гласот на Бен Ган, ѓавол да го земе! - загрми Силва.- Така и ќе биде - рече Морган, поткревајќи се на колена. -

Гласот е на Бен Ган!- Тоа ништо не ни помага, зар не? - праша Дик. - Секако, Бен

Ган овде може да биде физички исто толку колку и Флинт.Но постарите оваа забелешка ја примија со презир.- Никој не треба да се осврнува на Бен Ган, - викна Мери. -

Жив или мртов, од него не се плашиме!Беше просто неверојатно како духот одново им се поткрена и

им се врати природната боја на лицата. Наскоро почнаа да разговараат меѓу себе, од време на време наслушувајќи. Набрзо потоа, бидејќи ништо не се слушаше, ги префрлија казмите и лопатите преку рамо и го продолжија патот. Мери одеше напред, контролирајќи со Силвиниот компас за да се оддалечат од правецот што укажуваше на Костуровиот Остров. Имаше право кога рече дека никој не се обѕирал на Бен Ган, без разлика дали тој е мртов или жив.

Единствено Дик уште го држеше своето Свето писмо и плашливо во ôд, се загледа околу себе. Но на неговиот страв никој

163

Page 164: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

не обрнуваше внимание освен Силва, кој заради таа негова претпазливост почна да го предизвикува.

- Веќе ти реков - рече - дека твојата Библија нема веќе вредност. Кога на неа не може да се положи заклетва зар мислиш дека би претставувала некоја вредност за духовите? Ама, баш ни олку. - При тоа застанувајќи за момент, покажа на малиот прст.

Но Дик не можеше лесно да се поврати. Навистина, беше очигледно дека младичот се чувствува сè полошо. Засилена со големата горештина, со исцрпеноста и со настапот на страв, треската, која доктор Лејвси му ја намести, земаше сè поголем замав. Другите, меѓутоа, се чувствуваа прекрасно. Непречено чекоревме малку надолу, бидејќи како што спомнав, висорамнината се навалуваше малку кон запад. Големи и мали борови растеа раштркани. Дури и фмушките лески беа така ретки што големите превои пред нас се капеа на сонцето. Движејќи се кон северозапад, од едната страна се приближувавме сè поблиску и поблиску до падините на Дулбија, додека од другата ми се отвораше се поголем видик на западниот залив каде што само вчера, фрлан од брановите, се тресев во она чунче. Така стигнавме и до првото високо дрво и, испитувајќи ја положбата според компасот, видовме дека не е она што го бараме. Истиот случај беше и со другото. Третото се издигаше седумдесет метри во височина над некои грмушки; вистински џин меѓу дрвјата со неверојатно стебло и огромна крошна која ширеше таква сенка, што во неа цела чета војници би можела да вежба. Положбата му беше очигледно оддалечена од другите, како кон исток, така и кон запад, и можеше лесно да биде означено на мапата како појдовна точка за приоѓање.

Помислата на неговата огромност не оставаше на гусарите така особен впечаток како свеста дека некаде во неговата сенка се наоѓаат закопани седумстотини илјади фунти стерлинзи во суво злато. Самата помисла на парите, додека се приближуваа кон стариот бор, целосно го проголта поранешниот страв. Очите им гореа во главата; движењата на нозете им беа побрзи и полесни; целата душа им жеднееше за тоа богатство, за тој доживотен раскош и задоволство: а сето тоа лежеше тука и го чекаше секого од нив посебно! Задишен, Силва брзо куцаше на својата патерица. Ноздрите му се ширеа и му трепереа, а пцуеше како бесен, бркајќи ги мувите што му паѓаа на испотеното сјајно лице. Десно го тргаше канапот со кој ме држеше врзан, а од време на време ќе се завртеше, дофрлувајќи ми крвнички поглед. Всушност, ни најмалку не се трудеше од мене да ги скрие своите мисли. Можев да му ги читам од лицето и од секој негов поглед, баш како од книга. Во непосредна близина на златото, тој заборави на се друго. Дадените

164

Page 165: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

ветувања и докторовите предупредувања за него сега претставуваа нешта од минатото. Ми беше јасно дека сега му е целта да се дофати до богатството, да ја најде „Хиспаниола“ и во некоја темна ноќ да се натовари на неа; да се заколат сите чесни луѓе на островот и да отплови како што имаше порано намера, обземен од злосторството и богатството.

Возбуден од настаните што по пат се случија, одвај успевав да одам со брзина со која одеа гусарите, растргнати од желбата што побрзо да стигнат до закопаното богатство. Од минута во минута снемоштував, а во тие моменти Силва грубо го тргаше канапот и крвнички ме погледнуваше. Дик којшто заостана, чекореше тромо зад мене и додека треската се повеќе го обземаше, се слушаше како да пцуе, да се моли на бога. Ова во мене внесуваше уште поголемо нерасположение. За работите да бидат уште полоши, никако не ме напушташе помислата на трагедијата што некогаш се одиграла на оваа висорамнина, кога оној безбожен гусар со модро лице, оној кој умрел во Савана, пеејќи и барајќи рум, ги убил со свои раце своите шестмина соучесници при грабежот. Размислував како некогаш во оваа шумичка која сега изгледаше така пријатна и мирна, мора да се ширеле очајни крикови и ми се чинеше како ми ѕвонат во ушите.

Во тоа време веќе сосема излеговме од шумичката.- Напред, другари, сите заедно! - викна Мери и пред сите други

отрча што можеше побрзо, додека другите одвај го стигнуваа.Одеднаш, на нецели сто чекори од нас, видовме како

застанаа. Слушнавме подмолен извик на исчудување. Силва и самиот ги забрза чекорите, просто копајќи со својата патерица како споулавен. По неколку мига и тој и јас застанавме како вкопани.

Пред нас лежеше огромна дупка; а по страните зараснати во трева и коров, кој се подал од дното, се гледаше дека е ископана многу поодамна. Во неа се наоѓаше еден скршен копач, а многу штици од искршени сандаци беа расфрлани секаде наоколу. На една од нив, со вжештено железо, беше втиснато „ВАЛРУЗ“ - името на бродот на Флинг.

На сите ни беше сосема јасно. Богатството некој порано го нашол и го однел; исчезнале седумстотините илјади фунти стерлинзи во злато!

165

Page 166: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

33. ПАДОТ НА ЕДЕН ГЛАВАТАР

Глетката која сега беше пред нас никој од нас не можеше да ја замисли. Сите шестмина гусари, како погодени од гром, одеднаш онемеа. Но кај Силва оваа состојба потраја само еден момент и тој се прибра. Сите негови мисли, сите негови стремежи, беа насочени кон ова богатство како на тркач кон целта и победата. Значи, во еден единствен момент се распрснаа сите негови надежи и планови и за момент беше како маѓепсан, но веднаш во следниот момент си дојде кон себе, го врати поранешното расположение и го измени својот план пред другите да имаат време да се освестат од разочарувањето.

- Џим - прошепоти - држи го ова и внимавај на секое нивно движење.

Притоа ми додаде двоцевен пиштол.Во исто време полека тргна кон источната страна, водејќи ме и

натаму врзан, а по неколку чекори, големата дупка нè разделуваше од другите петмина гусари.

Тогаш ме погледна и климна со главата како да сакаше да каже: „Положбата ни е многу опасна“ што, всушност, и сам увидував. Изразот на лицето сега одново му беше повеќе од љубезен. Овие нагли промени толку многу ме лутеа што јас не можев да се воздржам, а да не му шепнам: „Значи, пак ја променивте страната“.

Меѓутоа, немаше време да ми одговори. Гусарите, еден по друг почнаа да скокаат во дупката и да копаат со прстите, расфрлувајќи ги штиците на сите страни. Морган најде еден златник и го крена над главата, истурајќи пцовки како од ракав. Тоа беше парче од две гинеи во злато, а во следната половина минута минуваше од рака на рака.

- Две гинеи! - развикуваше и раката во која го држеше, ја тресеше кон Силва. - Тоа се твоите седумстотини илјади фунти стерлинзи, зар не? Ти си човек создаден за преговори, нели? Ти си тој кој ништо не смислил, глупавко со слама во главата!

- Само копајте, момчиња - рече мошне ладнокрвно и мошне дрско Силва - ништо нема да ме зачуди ако пронајдете моркови.

- Моркови! - повторуваше Мери речиси врескајќи.- Моркови! го слушате ли тоа, другари? Ќе ви кажам сега: тој

сè знаел однапред. Погледнете му го само лицето, сè му се чита на него.

166

Page 167: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Е, Мери - забележа Силва - повторно се подготвуваш за капетан? Жими вера, како што гледам, трбе ништо не може да те спречи.

Но овој пат се гледаше дека се сите на страната на Мери. Еден по еден, полека излегуваа од дупката, фрлајќи зад себе плашливи погледи. Забележав една работа која ни одеше во прилог, а тоа е дека сите излегоа од другата страна на дупката и сега стоеја наспроти нас.

Значи, очекувавме така, двајца на една, петмина на друга страна, додека ни еден не се осмелуваше да го зададе првиот удар. Силва стоеше в место. Стоејќи простум потпрен на својата патерица, го следеше секое нивно движење и изгледаше поладнокрвен отколку било кога порано. Очигледно, беше храбар.

Најпосле, Мери дојде до заклучок дека нешто би можело да се почне со говор.

- Другари - рече - тие двајцата таму се сами. Едниот од нив е стар сакат кој нè подлажа да дојдеме ваму и по чија вина сме слепаци. Другиот е она пцето чие срце лично ќе го искорнам. Сега, другари...

Кревајќи го гласот и раката, очигледно имаше намера да почне напад. Но токму тогаш - крк, крк, крк - три пукотници блеснаа од шумата. Мери со главата полета право во дупката пред себе. Оној со врзана глава се сврте в место, се затресе и падна в страна колку што е долг. Иако беше мртов, се тресеше уште некое време, додека другите тројца се свртија и тргнаа да бегаат колку што ги носеа нозете.

Пред да можам да трепнам, долгиот Џон испука од двоцевниот пиштол на Мери кој се бореше со животот и додека овој, во агонија, превртуваше со очите, му дофрли:

- Џорџ, ми се чини дека со тебе завршив.Во истиот момент од шумата ни притрчаа докторот, Греј и Бен

Ган, со пиштоли кои сè уште им чадеа во рацете.- Напред! - викна докторот. - Што побрзо можете, момчиња.

Мораме да ги спречиме да стигнат до чамецот.И ние потрчавме, често расчистувајќи си го патот низ гастакот,

чии гранки не удираа во градите.Силва, не пуштајќи нè од вид, нè следеше со необична

енергичност. Напорот што тој човек го поднесуваше скокајќи со својата патерица, додека мускулите речиси ќе му испукаа, ги превозмогнуваше можностите на едно нормално суштество. Кога стигнавме до почетокот на удолницата, тој се наоѓаше сè на сè околу десет метри зад нас, речиси без здив.

167

Page 168: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

- Докторе - викна - погледнете таму, не треба повеќе да се брза!

И навистина, немаше потреба од брзање. На почистиот дел од висорамнината се гледаа трите преостанати бегалци како сè уште трчаат во истиот правец во којшто и тргнаа, заправо кон Мизн-јарбол ридот. Веќе се наоѓавме меѓу нив и чамецот, та ние четворицата седнавме да се одмориме. Наскоро, бришејќи ги лицата од потта, ни се придружи и долгиот Џон.

- Ви благодарам многу, докторе - рече - се појавивте токму во вистинскиот час да нè спасите Хоукинс и мене. А тоа си ти, Бен Ган! - додаде - Жими вера, добро си се снашол.

- Да, тоа сум јас, Бен Ган - одговори оставениот морнар, очигледно чувствувајќи силна неудобност во присуство на овој. - А - додаде по долга пауза - како сте вие, господин Силва? Многу добро, благодарам, ќе речете.

- Бен, Бен, - мрмореше Силва - не можам да верувам дека ти вака ме суреди. Докторот го испрати Греј по една од лопатите што гусарите ги заборавија кога излегоа, а тогаш, додека полека се спуштавме кон надолнината до местото каде што лежеа чамците, во неколку збора ни раскажа што се случило. Ова необично го интересираше Силва, бидејќи тука, од почеток до крај, главна улога играше Бен Ган, напуштениот и, на прв поглед, смешен морнар.

Во своите долги, осамени прошетки по островот, Бен наишол на оставениот костур. Тој го претресол, го нашол богатството и го ископал (искршената лопата што гусарите ја видоа во дупката беше негова). Го пренел богатството на своите плеќи, преминувајќи којзнае колку пати од високиот даб до една пештера на двоглавиот рид, на североисточната страна од островот, и таму го наредил на сигурно место, веќе два месеци пред доаѓањето на „Хиспаниола“.

Кога докторот дозна од него за оваа тајна, она попладне по нападот, и кога следното утро виде дека бродот го снемало од заливот, отишол до Силва, му го дал планот со податоците каде се наоѓа богатството, план кој тогаш веќе бил без никаква вредност, му ги предал артиклите, бидејќи пештерата на Бен Ган била обилно снабдена со посолено козјо месо. Всушност, му дал се што посакал, само без опасност да се извлече со своите луѓе и да премине во пештерата на двоглавиот рид, каде што би биле надвор од дофатот на маларијата и каде што можеле да внимаваат на богатството.

- Помислував на тебе, Џим - рече - и ми беше многу жал, но го направив она што сметав дека најдобро одговара на интересите на оние кои исправно ја вршеа својата должност. Чија вина беше што ти не беше еден од нив?

168

Page 169: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Тоа утро, од кога виде дека јас ќе учествувам во страшното разочарување на гусарската дружина, а бидејќи претпоставувал дека тоа може да има лоши последици, отишол што побрзо до пештерата и оставајќи го големопоседникот да го чува капетанот, ги зел Греј и Бен Ган и се упатил дијагонално за во тој момент да му се најде напомош. Набрзо, меѓутоа, сметајќи дека луѓето на Силва би можеле да стигнат пред нив до она високо дрво, го испратил Бен Ган напред, а потпирајќи се на неговото познавање на теренот и вештината, останал да види што може да стори сам. Сепак, нему му дошло на ум кај своите некогашни другари да го поттикне суеверието и во тоа толку успеал што докторот и Греј имаа време да стигнат таму пред нас и да земат заседа.

- Ах - рече Силва - среќа моја што Хоукинс беше со мене! Инаку би дозволиле стариот Џон да го исечат на парчиња како никогаш и да не постоел, зар не, докторе?

- Веројатно така - одговори весело докторот.Во тоа време стигнавме до чамците. Докторот искрши еден од

нив со своето секирче, а потоа влеговме во другиот и тргнавме наоколу покрај брегот кон северниот премин.

На овој начин моравме да изминеме дванаесет до четиринаесет милји. Силва, иако речиси убиен од умор, зеде едно весло како и сите други, та брзо се лизгавме по мазната морска површина! По некое време веќе ја заобиколувавме југоисточната страна на островот, покрај која, пред четири дена, Хендс и јас минавме со „Хиспаниола“.

Додека го минувавме двоглавиот рид, го видовме влезот во пештерата на Бен Ган и некој човек како стои таму потпрен на својата пушка. Тоа беше големопоседникот. Ние го поздравивме мавтајќи со шамичињата и извикувајќи три пати „ура“, при што учеството на Силва не беше ништо помалку срдечно од другите.

Три милји понатаму, веднаш зад Северниот Премин, наидовме на „Хиспаниола“ која сама, за своја сметка крстареше наоколу. Последната плима ја поткренала од местото на која беше зануркана. Да имаше посилен ветер и силна водена струја како што е обично при осеките во јужниот залив, никогаш повеќе не би ја нашле и би ја виделе удрена негде од карпите. Вака, сè беше во ред, исклучувајќи го кршот околу главното едро. Најдовме друга котва и ја спуштивме на морското дно, кое на ова место беше само неколку метри под површината. Сите одново сложни завеславме кон Заливот на Румот, што се наоѓаше најблиску од ризницата на Бен Ган; а тогаш Греј сам се врати со чунот до „Хиспаниола“ каде што ќе ја помине ноќта како стражар.

169

Page 170: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Блага угорнина одеше од брегот на езерото кон пештерата. Горе, на врвот, големопоседникот ме чекаше. Кон мене беше многу внимателен и благ. Со ни еден збор не го спомна моето бегство, било да ме искара или пофали, меѓутоа, образите му се вцрвенија на учтивиот поздрав на Силва.

- Џон Силва - рече - ти си еден многу расипан човек и измамник, измамник за каков не се чуло, господине. Речено ми е да те тужам на властите. Добро, нека биде така; но, ми се чини, имаш повеќе грев на душата, отколку коса на главата.

- Ви благодарам многу, господине - одговори Силва, поздравувајќи повторно.

- Да не си се осмелил да ми заблагодаруваш! - викна големопоседникот. - Треба уште да дозволам некој да ми благодари што не ја извршувам својата должност! Бегај!

Потоа сите влеговме во пештерата. Таа беше доста широка, со доволно чист воздух, со извор и со мало езеро со бистра вода. Подот беше од песок. Крај големиот оган лежеше капетан Смолет, а во оддалечениот агол, каде што одвај се наѕираше светлината од огнот, видов огромен куп златници и наслаги злато во шипки. Тоа беше златото на Флинт заради кое тргнавме на пат и заради кое веќе изгубивме седумнаесет луѓе од „Хиспаниола“. Колкумина меѓутоа, загинале, додека е собирано, колку крв и болка или потонати бродови; колку храбри луѓе морале да одат по штици со шајки, колку топовски фанати се испукани заради него, колку срам е претрпено, и лага и сторени ѕверства, не би можел да каже ни еден човек. Па сепак, тројца луѓе на островот - Силва, стариот Морган и Бен Ган - учествувале во тие злосторства и залудно се надеваат да го добијат својот дел. - Влези, Џим - рече капетанот - воопшто земено, ти си добар момчак, но мислам дека ние двајцата веќе нема да пловиме по морињата, барем не заедно. Ти си за мене, барем на некој начин, премногу разгален, премногу мил. Ти ли си тоа, Џон Силва? Кој ветер тебе те донесе овде?

- Се вратив на дрлжност, капетане - одговори Силва.- Ах, - рече овој. И тоа всушност беше сè што кажа.Како пријатно ја поминав таа вечер меѓу своите пријатели. И

каква бете таа вечера со посоленото козјо месо на Бен Ган, со некој вкусен зачин и со шише старо вино од „Хиспаниола“. Сигурен сум, никој никогаш не бил посреќен и повесел од нас. Тука беше и Силва, кој седеше малку подалеку, речиси надвор од дофатот на светлината и јадеше со голем апетит, готов и на најмалото барање да се најде на услуга. Дури тивко учествуваше во нашата смеа - тоа беше истиот стар, учтив и услужен морнар, каков што го знаевме пред бунтот.

170

Page 171: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

34. И КРАЈ

Рано следниот ден се фативме за работа, бидејќи пренесувањето на така големо количество злато, речиси еден и половина километар од брегот, а оттаму уште пет километри до „Хиспаниола“, беше напорна задача за така мал број луѓе. Тројцата гусари кои сè уште се наоѓаа на островот, не ни задаваа голема грижа. Еден стражар на падините на ридот ни беше доволна заштита од некој можен напад. Освен тоа, сметавме дека се веќе презаситени од борба.

Според тоа, работата енергично одминуваше. Греј и Бен Ган одеа и се враќаа со чамецот, додека за тоа време другите го собираа на куп златото на брегот. По две шипки се врзувани и ставани преку рамената на луѓето, што претставуваше доста голем товар, но со кој секој радо би одел полека. Што се однесува до мене, цел ден бев зафатен во пештерата редејќи златници во вреќите во кои порано држевме двопек.

Беше тоа чудна збирка во поглед на разновидноста, како онаа на Били Боунс, но далеку поголема и поразновидна, така што ми беше особено задоволство одделувајќи едни од други: англиски, француски, шпански и португалски златници; ѓорѓени и лујлори, дублони и двогинеи, мондори и цекини; главите на сите европски владатели за последните сто години, чудни ориентални златници со некои комплицирани знаци, со втисната пајакова мрежа или снопје жито, округли, четвртести, цели и дупени на краевите или во средината, веројатно носени некогаш како украс околу вратот - сите златници на овој свет, се чини, беа застапени во оваа колекција. Што се однесува до нивниот број, сигурен сум дека ги имаше како суви лисја во есен, така што од наведнување ме болеше грбот, додека прстите ми се кочеа од броење.

Ден по ден ни минуваше во оваа работа. Секоја вечер цело богатство беше пренесувано на бродот, додека за следното утро не чекаше друг куп. За сето ова време не слушнавме ни глас за оние тројца гусари.

Најпосле, мислам третата вечер, додека докторот и јас шетавме по падината на ридот и одозгора ја гледавме долината што се простираше под нас, од мракот долу, донесено од ветрот, стигна до нас некое викање, измешано со песна. По необичната тишина, ова само за момент ни дојде до ушите.

- Господ нека им прости - рече докторот - тоа се оние тројца.- Сите се пијани - се слушна гласот на Силва зад нашиот грб.

171

Page 172: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

Морам да признам дека на Силва му беше дозволена целосна слобода и покрај секојдневните префрлувања што беа упатувани на негова сметка, повторно се чувствуваше како некој вид повластен добронамерен штитеник. Навистина, беше чудно како лесно ги поднесуваше овие прекорувања и со каква учтивост настојуваше сето тоа да го замазни. Меѓутоа, мислам дека ни еден од нас не постапуваше со него ништо подобро отколку со обичен пес, освен можеби Бен Ган, кој и понатаму чувствуваше необичен страв од својот некогашен претпоставен, или јас, кој барем за нешто морав да му бидам благодарен. Иако во тој поглед имав причина за него да мислам полошо отколку за другите, бидејќи имав прилика да гледам како се подготвува на нова измама, на онаа висорамнина. Според тоа, не треба да постои чудење што докторот му одговори со нешто погруб тон.

- Пијани, но можеби и болни - рече.- Имате право, господине - рече Силва - но малку ни е грижа

како им е.- Мислам дека тешко би можел да бараш од мене да те

сметам за човечен - одговори потсмешливо докторот - и знам дека моето мислење во тој поглед ќе те изненади. Да сум убеден дека се болни, како што претпоставувам дека барем еден од нив има добиено треска, би го напуштил логорот и би им пружил помош каква што ми налага лекарската должност.

- Ве молам за извинување, господине, но сметам дека во овој случај грешите - изјави Силва. - Бидете уверени дека не би се вратиле жив. Јас сум на ваша страна, со душа и срце, и би ми било непријатно нашиот број да се намали, а особено кога тоа би биле вие, на кого толку многу му должам. Но тие луѓе долу не можат да се држат до дадениот збор, дури и кога би сакале, бидејќи им недостигаат вашите погледи.

- Се разбира не - рече докторот. - Ти си тој кој се држи до дадениот збор, тоа веќе го знаеме.

Значи, оние извици и песната беа меѓу последните знаци кои допираа до нас од нивна страна. Уште еднаш слушнавме пукање од пушка и заклучивме дека ловат. Одржавме совет и решивме дека би морале да ги оставиме на островот - можам да речам, на огромно задоволство на Греј, а особено на Бен Ган. Оставивме доста барут и куршуми, голем дел посолено козјо месо, малку лекови и други потреби како што се алатки, алишта и една цирада, доста јажиња и, на исклучива желба на докторот Лејсви, големо количество тутун.

Ова воедно беа и нашите последни подготовки пред тргнување. Пред тоа веќе го пренесовме на бродот целото злато,

172

Page 173: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

доволно вода и остатокот од козјото месо да ни се најде за секој случај. Најпосле, едно убаво утро, ја кренавме котвата и тргнавме низ Северниот Премин под она исто знаме кое, по капетанова заслуга, се виеше на бараката додека се боревме.

Како што се покажа, оние тројца многу повеќе го следеа нашето движење, отколку што ние претпоставувавме, бидејќи, пловејќи низ преминот, каде што моравме да се држиме поблиску до јужната страна, ги видовме сите тројца како клечат на колена во песокот и со скрстени, кренати раце, бараа милост. Мислам дека на сите ни беше тешко на срцето да ги оставиме во вака бедна состојба, но не можевме да ризикуваме друг бунт, а да ги поведеме дома, каде што сосема сигурно ги чекаше бесилка, би била, ѕверска љубезност. Докторот им викна и им кажа каде се наоѓаат прехранбените артикли и другите работи, но тие продолжија да нè викаат по име, преколнувајќи нè да бидеме милостиви и да не ги оставаме да умрат на овој напуштен остров.

Најпосле, увидувајќи дека бродот постојано се движи во ист правец и дека брзо одминува, еден од нив, не знам кој, скокна на нозе, бесно опцу, ја крена пушката и пукна. Куршумот просвири покрај главата на Силва и излета низ главното едро.

По ова, се чувавме затскриени зад оградата, а кога подоцна ја подадов главата, видов дека ги снемало од р'тот и дека и тој исчезнува во далечината. Претпладне, на мојата огромна радост, највисоките врвови на Островот со скриеното богатство веќе се губеа од видот на синиот хоризонт.

Толку ни недостигаа луѓе што секој од нас имаше полни раце работа, само капетанот лежеше на душекот кај крмата и издаваше наредби; иако доста се опорави, неговата состојба сè уште бараше мир. Правецот на бродот беше сега насочен кон најблиското пристаниште на Америка, бидејќи не ни се одеше на далечниот пат до Бристол без екипаж. И вака, со слаб ветер и речиси без бура, бевме речиси сосема исцрпени пред да стигнеме.

Сонцето само што заоѓаше кога ја спуштивме котвата во еден од најубавите заливи на светот, каде што веднаш нè опколија неколку чамци полни црнци, шпански Индијанци и мелези кои продаваа зеленчук и овошје и ни нудеа, за неколку парички, да не повозат по заливот. Погледот на овие весели лица, особено на црнците, вкусот на тропското овошје, а над сè светилките што почнаа да се палат по градот - сето тоа беше вонреден контраст на крвавите ноќи од нашиот престој на островот, та докторот и големопоседникот, водејќи ме со себе, решија да ја минат ноќта на брегот. Овде се најдовме со капетанот на еден англиски воен брод

173

Page 174: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

со кој стапивме во разговор, отидовме на неговиот брод и се забавувавме до зори, кога се вративме на „Хиспаниола“.

Бен Ган беше самиот на палубата и штом не виде почна со необично возбудување да ни се исповеда. Силва исчезнал. Тој му помогнал да побегне со еден крајбрежен чамец пред неколку часа и сега нè уверуваше дека тоа го направил само за да ни ги спаси животите кои, според неговите зборови, „биле постојано во прашање се додека оној со една нога се наоѓал на бродот“. Но ова не беше се. Бродскиот готвач се погрижил да не си оди со празни раце. Додека не него не се обрнуваше посебно внимание, скршил една штица на оставата која сега служеше таму да биде сместено богатството и извлекол вреќичка злато во вредност од триста или четиристотини гинеи.

Мислам дека сите бевме задоволни што така ефтино се ослободивме од него.

Значи, ќе бидам краток и ќе ви речам уште дека зедовме неколку момчиња, патувавме без непријатности дома и стигнавме во Бристол токму кога господин Брендли размислуваше за подготвување на брод кој требаше да ни дојде во помош. Од целокупниот број момчиња што тргна на пат, се вративме само ние петмина; „пијалакот и ѓаволот го сторија своето со другите“, одмаздувајќи им се. Сепак, утеха претставуваше за нас што нашиот случај не беше така тежок како на оној брод за којшто пееја:

Само еден од екипажот е живОд седумдесет и петмина колку што отпловија.Сите бевме задоволни со својот дел од богатството и го

употребивме паметно или будалски, секој според својата природа. Капетанот Смолет се повлече во едно мирно место. Греј, не само што ги сочува своите пари туку, станувајќи одеднаш амбициозен, предано ја вршеше својата работа и сега е главен крмар и коосопственик на еден убав, голем брод. Освен тоа, се ожени и стана татко. Што се однесува до Бен Ган, тој своите илјада фунти ги потроши или ги изгуби за три недели или, да бидам поточен, за деветнаесет дена. Меѓутоа, доби само место на чувар на куќата на големопоседникот и на паркот, од што најмногу се плашеше на островот, тој е жив, донекаде чуден, но вистински вљубеник во селските деца.

За Силва ништо веќе не слушнавме. Страшниот морнар со една нога, кој и во сонот ме прогонуваше, сосема исчезна од мојот живот, но сè ми се чини дека некаде се состанал со својата „стара мома“, Црнкиња, и веројатно живее удобно со неа и со папагалот, капетанот Флинт. Барем тоа е најмногу што би можеле да му

174

Page 175: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

пожелиме, бидејќи изгледите за некој убав живот на другиот свет му се речиси никакви.

Колку што ми е познато, среброто во шипки и оружјето, сè уште лежи таму каде што ги закопал Флинт, а според мене, навистина, можат да лежат цела вечност. Ни со топови ни со јажиња, никој веќе не би ме одвлекол на оној проколнат остров. За најстрашни ги сметам оние соништа кога го слушам рикањето на брановите кои удираат во брегот, или кога скокнувам в постела, додека во ушите сè уште ми пишти гласот на капетанот Флинт: „Осмаци! Осмаци!“

Крај

175

Page 176: Островот со скриеното богатство - Роберт Луис Стивенсон

176