Ревидиран нацрт извештај мај 2011 година macedonia options... ·...

124
Намалување на ранливоста на земјоделските системи во Република Македонија од климатските промени : Прелиминарна оценка на влијанието и можности за адаптација Ревидиран нацрт извештај: мај 2011 година Подготвен за: Вилијам Сатон Џитендра Шривастава Џон Македон Светска Банка Одделение за одржлив развој Регион Европа и Централна Азија Подготвен од: Industrial Economics, Incorporated 2067 Massachusetts Avenue Cambridge, MA 02140 617/354-0074

Upload: others

Post on 16-Jan-2020

37 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Намалување на ранливоста на

земјоделските системи во

Република Македонија од

климатските промени:

Прелиминарна оценка на

влијанието и можности за

адаптација

Ревидиран нацрт извештај: мај 2011 година

Подготвен за:

Вилијам Сатон

Џитендра Шривастава

Џон Македон

Светска Банка

Одделение за одржлив развој

Регион Европа и Централна Азија

Подготвен од:

Industrial Economics, Incorporated

2067 Massachusetts Avenue

Cambridge, MA 02140

617/354-0074

i

СОДРЖИНА СИНОПСИС i 

БЛАГОДАРНОСТ ii 

СКРАТЕНИЦИ iii 

ИЗВРШНО РЕЗИМЕ 1 

1.  ПОСТОЈНИ УСЛОВИ НА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И КЛИМА 1 

1.1  Земјоделскиот сектор во република македонија 1 

1.2  Изложеност на македонските земјоделски системи на климатските промени 5 

1.3  Постојниот капацитет за прилагодување на република македонија 12 

1.4  Како оваа студија може да и помогне на република македонија 17 

1.5  Структура на извештајот 19 

2.   МЕТОДОЛОГИЈА 20 

2.1  Преглед на пристапот 20 

2.2  Климатски сценарија и оценка на влијанието 22 

2.3  Развој на менито за прилагодување 27 

2.4   Оценка на ризиците за добитокот 32 

2.5  Несигурност и анализа на сензитивноста 33 

3.  ВЛИЈАНИЈА НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ВРЗ ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 34 

3.1  Влијанија врз земјоделските култури и врз хортикултурата 34 

3.2  Климатски влијанија врз добитокот 38 

3.3  Влијанија врз водните ресурси 38 

3.4  Ефектот на недостатокот на вода за наводнување врз приносите на културите 48 

4.  УТВРДУВАЊЕ НА МОЖНОСТИТЕ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СИСТЕМИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 52 

4.1  Можности за разгледување 52 

4.2  Препораки од земјоделците 56 

4.3  Препораки од меѓународниот експертски тим 60 

5.  АНАЛИЗА НА ТРОШОЦИ И ПРИДОБИВКИ 62 

5.1  Обем и клучни параметри 62 

5.2  Резултати од квантитативните анализи – проценти на трошоци и придобивки 65 

5.3  Други економски анализи 72 

5.4  Анализи на осетливост 78 

ii

5.5   Анализи за прилагодување на сточарскиот сектор 79 

5.6   Резиме на квантитативните резултати во аез 80 

6.   ПРИОРИТЕТНИ МОЖНОСТИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КЛИМАТСКАТА ОТПОРНОСТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ СЕКТОР ВО МАКЕДОНИЈА 84 

6.1  Препораки на национално ниво 84 

6.2  Препораки на ниво на аез 87 

6.3  Категоризација на краткорочни, среднорочни и долгорочни можности 94 

ЛИТЕРАТУРА 97 

i

СИНОПСИС

На почетокот на 2009 година, Светска Банка отпочна програма за избрани источноевропски и централноазиски (ЕЦА) земји клиенти за подобрување на способноста на овие земји да ја преточат адаптацијата на климатските промени во земјоделски политики, програми и инвестиции. Повеќефазната програма опфати активности за подигање на свеста за заканата, анализирање на потенцијалите влијанија и одговорите за прилагодување и за градење капацитети кај чинителите во земјите клиенти и кај персоналот на Банката во ЕЦА за климатските промени и земјоделскиот сектор. Овој извештај е кулминација на напорите на македонските институции и истражувачи, на Светска Банка и на тимот од меѓународни експерти под водство на консултантската фирма Индустриал Економикс за заедничко спроведување аналитичка студија за развој на Нацртот на македонскиот одговор за намалување на ранливоста на земјоделските системи од климатските промени.

Конкретно, во овој извештај се дава мени на можности за прилагодување на климатските промени за секторите на земјоделството и водените ресурси, заедно со конкретни препорачани активности за адаптација кои се прилагодени на трите одделни агроеколошки зони (АЕЗ) во Република Македонија. Нашите препораки ги отсликуваат резултатите на трите меѓусебно поврзани активности, спроведени заедно со консултантскиот тим и локалните партнери: 1) квантитативно економско моделирање на основните услови и ефектите на одредени можности за прилагодување; 2) квалитативна анализа спроведена од експертски тим на агрономи, моделирачи на култури и експерти за водени ресурси и 3) инпутот од серија партиципативни работилници за земјоделците во секоја АЕЗ. Во овој извештај се дава резиме на методите, податоците, резултатите и препораките за секоја од овие активности.

Оваа студија е дел од регионалната програма на регионот Европа и Централна Азија на Светска Банка за аналитички и советодавни активности (АСА) за намалување на ранливоста од климатски промени во земјоделските системи на ЕЦА. Република Македонија е една од четирите земји кои учествуваат во оваа програма заедно со Албанија, Молдавија и Узбекистан.

ii

БЛАГОДАРНОСТ

Извештајот го подготви тим координиран од Вилијам Сатон од страна на Светска Банка, Одделение за одржлив развој, Регион Европа и Централна Азија. Главни автори се Кенет Штржепек, Џејмс Нојман, Питер Другерс и Ана Иглесиас; дополнителни експерти во тимот беа Ричард Адамс, Брент Болерт, Семјуел Франкхаусер, Јоханес Хунинк, Соња Кирога, Ендрју Шварц и Ричард Свонсон. Локална поддршка во Република Македонија даде Ордан Чукалиев.

Тимот на Светска Банка, по азбучен ред, беше составен од: Беким Имери, Брендон Линч и Џон Македон, Џитендра Шривастава. Рецензенти беа Гретел Гамбарели и Ана Бухер.

Од Владата на Република Македонија, насоки за политиките даде управен комитет за студијата под претседателство на г-ѓа Лидија Чадиковска, раководител на одделението за меѓународна соработка, МЗШВС и без неа оваа студија немаше да биде можна. Другите членови на управниот комитет беа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Хидрометеоролошкиот завод, Универзитетот Свети Кирил и Методиј, Федерацијата на земјоделци на Република Македонија и Националната платежна агенција. Тимот е благодарен и за учеството на претставниците од широк круг македонски и мултинационални институции во почетната работилница за подигање на свеста одржана во Скопје, во мај 2010 година, како и на бројните македонски партнери кои учествуваа на консултативните работилници во јануари 2011 и април 2011 година.

iii

СКРАТЕНИЦИ

АСА Аналитички и советодавни активности

АЕЗ Агроеколошки зони

Однос П-Т Однос придобивки трошоци

ИКВ Индекс на климатска влажност

СПОАТ Систем за поддршка на одлуките за агротехнолошки трансфер

ЕЦА Источна Европа и Централна Азија

ФАО Организација за храна и земјоделство

ФФРМ Федерација на земјоделци на Република Македонија

МГЦ Модел на глобална циркулација

ГИС Глобални информатички системи

ИФПРИ Меѓународен институт за истражување на политиките за храната

МВКП Меѓувладин панел за климатски промени

МЗШВ Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

МЖСПП Министерство за животна средина и просторно планирање

НСВ Нето сегашна вредност

РО Работење и одржување

СЕИ Стокхолмски еколошки институт

ПМАП Просторен модел за алокација на производството

УНДП Програма за развој на Обединетите Нации

РКОНКП Рамковна конвенција на Обединетите Нации за климатски промени

СЕПВ Систем за евалуација и планирање на водата

ES-1

ИЗВРШНО РЕЗИМЕ

МОТИВАЦИЈА ЗА ИЗРАБОТКА НА СТУДИЈАТА

Земјоделското производство е нераскинливо поврзано со климата што го прави земјоделството најчувствително на климатските промени од сите сектори. Во земји како што е Република Македонија ризиците од климатските промени за земјоделскиот сектор се особено итен и важен проблем бидејќи егзистенцијата на мнозинството од селското население, директно или индиректно, зависи од земјоделството. Сиромашните во селата ќе бидат непропорционално погодени како резултат на нивната поголема зависност од земјоделството, нивната релативно помала способност да се адаптираат и поради високиот удел на храната во нивните трошоци. Поради тоа, климатските влијанија би можеле да го подријат напредокот кој е направен во намалувањето на сиромаштијата и неповолно да влијаат врз сигурноста на исхраната и економскиот раст во ранливите рурални области.

Потребата за прилагодување на климатските промени во сите сектори сега е јасна. Меѓународните напори за ограничување на стакленичките гасови и за ограничување на климатските промени сега и во иднина нема да бидат доволни за ограничување на неповолните влијанија од зголемувањето на температурите, промените на врнежите и зголемената зачестеност и сила на екстремните временски непогоди.

Истовремено, климатските промени можат да создадат и шанси, особено во земјоделскиот сектор. Зголемените температури можат да го продолжат периодот на вегетација, повисоките концентрации на јаглерод диоксид може да го зајакнат растот на растенијата, а во некои области, како резултат на климатските промени може да се зголемат дождовите и достапноста на водени ресурси.

Ризиците од климатските промени не можат да се ефективно разрешат, а шансите не можат ефективно да се искористат без јасен план за усогласување со земјоделските политики со климатските промени, за развој на способностите на клучните земјоделски институции и за изградба на потребната инфраструктура и инвестициите на фармите. Развивањето на ваков план идеално вклучува комбинација за високо квалитетна квантитативна анализа и консултации со клучните чинители, особено земјоделците, како и со земјоделски експерти во земјата.

Најефективните планови за прилагодување на секторот на климатските промени ќе вклучат и подобрување на човечкиот и на физичкиот капитал – но, многу од овие инвестиции можат уште веднаш да го подобрат земјоделското производство, во сегашните климатски услови. Исто така, добро е познато дека капацитетот за прилагодување на промените на климата, како за избегнување на ризиците така и за искористување на можностите кои ги создаваат климатските промени, делумно зависи и од финансиските средства – во растечките економии, адаптивниот капацитет на малите земјоделци со ограничени финансиски ресурси е особено низок. Како резултат на тоа, донаторската заедница ќе продолжи да биде клучен чинител во подобрувањето на адаптивниот капацитет на македонскиот земјоделски сектор.

Следен клучен фактор за мотивација за развојот на план за прилагодување на земјоделството на Република Македонија е нејзината понатамошна работа за придружување кон Европската Унија,

ES-2

за која Република Македонија е кандидат од 2005 година. Македонската влада веќе почна да се фокусира на потребните реформи за ЕУ, вклучувајќи ја и работата на Проектот за зајакнување на земјоделството и пристап кон ЕУ, реализиран со Светска Банка. Заедно со овие потребни реформи, ЕУ ги охрабрува активностите за подготвување и прилагодување на климатските промени. Како што беше наведено во Белата книга на ЕУ на оваа тема од 2009 година, овие активности би можеле да опфатат систематска проценка на климатските ризици, развој на иницијативи за обука на земјоделците во области како што се подобрување на ефикасноста на искористувањето на водата и утврдување на потребите за финансирање на мерките за прилагодување. Во Белата книга, исто така, се нагласува потребата за интегрирање на рентабилната адаптација на климатските промени во Политиките за рурален развој на ЕУ, понекогаш наведувани како „втор столб“ на Заедничките земјоделски политики.

Овие предизвици ги поттикнаа Светска Банка и Владата на Република Македонија да се впуштат во заедничка студија за утврдување и определување приоритетни можности за прилагодување на земјоделскиот сектор на климатските промени. Првата фаза на оваа работа опфаќаше подигање на свеста за заканите и можностите од климатските промени, почнувајќи со Работилницата за подигање на свеста одржана во мај 2010 година. Втората фаза на студијата опфати квантитативна и квалитативна анализа на можностите за прилагодување на климатските влијанија, работилница за градење капацитети и консултации со македонските земјоделци и експерти, прво во јануари 2011, а потоа и во април 2011 година. Анализата е спроведена за да се добијат резултати за конкретните агроеколошки зони (АЕЗ) на Република Македонија, за клучните земјоделски култури важни за македонското земјоделство, низ повеќе сценарија за идните климатски промени. Резултатот на овие напори се анализата и резултатите содржани во овој извештај.

Третата фаза на студијата е да се развие план за подготовка на македонскиот земјоделски сектор да биде поотпорен на постојните и предвидените промени на климата. Овој документ е првиот чекор за подготовка на тој план. Користените методи вклучуваат анализа на придобивките и трошоците, онаму каде што се достапни податоците; квалитативна анализа од страна на експертски тим кој ја посети земјата и консултации со македонските земјоделци за да се оцени влијанието на климатските промени и потребите за подобро прилагодување. Овој извештај беше детално разгледан на Националната конференција која ќе се одржи во Скопје на 6 април 2011 година, каде учесниците постигнаа консензус за група на можности за прилагодување.

Општите наоди на студијата се следните:

• Како резултат на климатските промени, во Република Македонија ќе се зголеми температурата, а врнежите ќе станат попроменливи. Овие наоди се во согласност со последните промени на климата во Република Македонија и во следните децении ќе станат уште поизразени.

• Земјоделците во Република Македонија не се соодветно прилагодени на постојната клима; овој ефект понекогаш се нарекува „адаптационен дефицит“, кој е голем во Република Македонија. Како резултат на тоа, многу од мерките за прилагодување на климата кои ги препорачуваме ќе дадат моментални придобивки во подобрувањето на приносите, како и во подобрувањето на отпорноста на идните, поостри климатски промени.

ES-3

• Директните ефекти на температурата и на врнежите од идните климатски промени врз земјоделските култури се разновидни – се предвидува климатските промени да ги зголемат приносите на многу земјоделски култури во медитеранските и во континенталните АЕЗ, додека приносите на повеќето ненаводнувани култури во овие АЕЗ се очекува да се намалат. Климатските промени можат да ги зголемат приносите на сите култури кои се одгледуваат во алпската АЕЗ. Приносите на пченицата би можеле значително да се зголемат во сите АЕЗ, но приносот на пченката која не се наводнува би можел да се намали во медитеранската и во континенталната АЕЗ. Приносите на високо вредните овошја кои не се наводнуваат – јаболката и грозјето – се очекува да се намалат. Приносите на зеленчуците во медитеранските и континенталните АЕЗ се очекува да се зголемат, онаму каде што има доволно вода за наводнување.

• Водните ресурси во некои делови на Република Македонија се обилни, но, до 2050 година, прогнозираме недостатоци на вода во басените на реките Црна и Пчиња. Во многу случаи може да има потреба од обука на земјоделците за да се осигури поефикасно искористување на водата во сушните сезони, потребни се дополнителни инвестиции во постојната инфраструктура за наводнување и одводнување за најдобро да се искористат водните ресурси во земјоделскиот сектор, а со дополнителни трошоци за изградба, може да има корист и од нови акумулации.

• Комбинираниот ефект на климатските промени врз приносот на земјоделските култури е значителен во областите каде се прогнозира недостаток на вода за наводнување, дополнително намалувајќи ги приносите до 50% во сливот на Црна Река. Иако нашите нацрт резултати укажуваат дека директните влијанија на климатските промени врз земјоделските култури можат да бидат поволни во многу области каде предвидуваме достапност на вода за наводнување, зголемената побарувачка на вода за културите во периодот од мај до септември заедно со намалувањето на дождовите во периодот од јуни до октомври, веројатно ќе доведе до загуби на приносите до 50% за сите наводнувани култури во сливот на Црна Река.

• Директните влијанија на климатските промени врз сточарскиот сектор, особено на говедата, кокошките, дури и овците, би можеле да бидат значителни, но, во моментов нема расположливи методи за точно квантифицирање на овие влијанија кои можат да се применат во Република Македонија. Предвидуваме дека температурниот стрес ефект врз добитокот би се јавувал постепено со тек на време, а земјоделците потврдија дека тие не виделе директни ефекти од климата врз нивното сточарско производство.

• Прилагодувањето и градењето на капацитети на национално ниво има висок приоритет. Промените на политиките и подобрувањата на институционалниот капацитет кои би можеле веднаш да се преземат вклучуваат проширување на капацитетот за давање услуги; подобрување на обезбедувањето на краткорочните метеоролошки прогнози на земјоделците; охрабрување на арондацијата на земјоделското земјиште во поголеми имоти за да се овозможат поголеми инвестиции во земјоделска технологија и охрабрување на напорите на приватниот сектор за прилагодување на климатските промени. Треба да се спроведат студии на национално ниво за поконкретно да се мапира и оцени функционалноста на постојните капацитети за наводнување и одводнување, особено во

ES-4

областите подложни на поплави. Подобрувањето на институционалните капацитети треба да се фокусира на изнаоѓањето семиња за сорти отпорни на суши и добиток отпорен на температури на меѓународниот пазар кои би можеле да се усвојат во Република Македонија, како и на обуката на земјоделците за поефикасно користење на водата и за користење на новите краткорочни прогнози. Нашата анализа покажува дека овие мерки имаат високи стапки на придобивки во однос на трошоците и дека тие се претпочитани и од македонските земјоделци.

• На ниво на АЕЗ и на фарма, најприоритетните мерки за прилагодување опфаќаат и/или проширување на инфраструктурата за наводнување, особено во континенталните АЕЗ; оптимизирање на ефикасноста на користењето на водата на ниво на фарма (во сите АЕЗ); обезбедување поотпорни сорти семиња и ноухау за нивно ефективно култивирање за високи приноси (во сите АЕЗ). Недостатокот на вода за наводнување во југозападниот регион изгледа веројатен и може да се разреши преку повеќе мерки за прилагодување, додека, истовремено, во некои области, климатските промени би можеле да ги влошат постојните поплави, барајќи рехабилитација на капацитетите за одводнување. Сите овие мерки имаат и високи стапки на придобивки наспроти трошоците и се претпочитани од македонските земјоделци.

Во табелата ЕС-1 е даден преглед на клучните наоди на оваа оценка, вклучувајќи ги и влијанијата на климатските промени, изложеностите кои ги предизвикуваат овие влијанија и можностите за прилагодување за справување со влијанијата на национално ниво и на ниво на АЕЗ. Штиклата покажува дека можноста за прилагодување или директно ќе го намали влијанието на климатските промени или индиректно преку затворање на адаптациониот дефицит.

ES-5

ТАБЕЛА ЕС -1. РЕЗИМЕ НА КЛУЧНИТЕ ВЛИЈАНИЈА , ИЗЛОЖЕНОСТ И МЕРКИ ЗА

ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНО НИВО И НА НИВО НА АЕЗ .

МЕРКА ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ВЛИЈАНИЕТО

Национални ниво Ниво на АЕЗ

ВЛИЈАНИЕ НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

ПРИЧИНА ЗА ВЛИЈАНИЕТО

(ИЗЛОЖЕНОСТ)

Под

обру

вање на

при

стап

от на

земјоде

лците до

тех

ноло

гии и

инфор

мац

ии

Под

обру

вање на

пр

осле

дувањето на

хи

дром

етео

роло

шки

ин

фор

мац

ии до земјоде

лците

Обе

збед

увањ

е по

ттик

за

арон

даци

ја на фар

мите

Охр

абру

вање на

вкл

учувањ

ето

на при

ватнио

т сектор

во

прил

агод

увањ

ето

Под

обру

вање на

сор

тите

на

земјоде

лски

те кул

тури

Под

обру

вање на

ин

фра

стру

ктур

ата за

од

водн

увањ

е Под

обру

вање на

достапн

оста

на

вод

ата за

навод

нување,

ре

хаби

литира

ње на

сис

темите

за навод

нување

Град

ење но

ви мал

и акум

улац

ии

Оптим

изир

ање на

земјоде

лски

те пра

ктик

и:

прим

ена на

ѓубри

ва и

зачувување на

вла

жно

ста на

по

чвата

Под

обру

вање на

упра

вувањето,

исхра

ната

и

здра

вјето на

доб

иток

от

Повисоки температури Намалување на приносите на културите што не се наводнуваат и што се наводнуваат

Повеќе штетници и болести

Намалување на приносите на културите што не се наводнуваат

Пониски и/или попроменливи врнежи

Намалување на приносите на културите што се наводнуваат

Намален проток на реките, зголемена побарувачка за вода

Промена на сезоната на раст

Намалување на квалитетот на културите

Повеќе штетници и болести

Повисоки температури (директно влијание)

Намалување на продуктивноста на добитокот

Намалување на приносите на фуражните култури (индиректно влијание)

Почести и потешки луњи

Почести и потешки суши

Почести и потешки поплави

Почесто се појавуваат штети на културите

Почести и потешки периоди на високи летни температури

ES-6

Анализата на неодамнешните климатски податоци и информациите прибрани од работилниците со земјоделците го поткрепуваат трендот на зголемување на температурите во Република Македонија. Земјоделците забележале и растечки тренд кај екстремните топлински настани. Нашата анализа покажува дека овој тренд ќе се забрза во Република Македонија во блиска иднина, што е прикажано на сликата ЕС-1. Иако постои несигурност во степенот на затоплувањето кое ќе се случи во Република Македонија, општиот тренд на затоплување е јасен и евидентен во сите три АЕЗ со просечно зголемување на температурата во следните 50 години за околу 1,8oС, што е многу повеќе од зголемувањето за 0,2oС забележано во последните 50 години.

Промените на врнежите се многу понесигурни од промените на температурите, што е прикажано на сликата ЕС-2. Прогнозата за средното влијание покажува намалување на врнежите на национално ниво за околу 8мм месечно, забележувајќи најголемо намалување во алпската АЕЗ. Меѓутоа, опсегот на исходи во сценаријата со ниско и високо влијание е голем, движејќи се од скромно зголемување според сценариото со ниско влијание до скоро 20 процентно намалување според сценариото со високо влијание. Несигурноста на регионално ниво е уште поголема, а годишното намалување на врнежите во алпската АЕЗ би можело да биде дури и 16мм месечно. Додека средното и високото сценарио покажуваат значително намалување на врнежите низа АЕЗ, ниското сценарио покажува умерено зголемување.

Меѓутоа, националните просеци се помалку важни за земјоделското производство од сезонската дистрибуција на температурите и врнежите. Зголемувањата на температурата се повисоки, а намалувањата на врнежите се поголеми во јули и август, споредено со постојните услови – зголемувањето на летните температури во континенталната АЕЗ во Р. Македонија може да биде дури и 4-5oС, што е повеќе од двојно од просечната годишна промена на температурата. Исто така, прогнозираното намалување на врнежите е најголемо во клучниот период од мај до септември кога постојните врнежи се веќе најниски.

ES-7

СЛИКА ЕС -1. ЗБИРНИ РЕЗУЛТАТИ ЗА ПРОЦЕНЕТИ ПРОМЕНИ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОД 2010 ДО

2050 ГОДИНА ЗА СЦЕНАРИЈАТА СО НИСКО ВЛИЈАНИЕ , СРЕДНО ВЛИЈАНИЕ И

ВИСОКО ВЛИЈАНИЕ .

Основно Температура за континенталната АЕЗ

ОсновноНиско Средно Високо

Температура

(оС

)

Основно Деценија

Температура (степени Целзиусови)

2040ти Ниско сценарио

2040ти Средно сценарио

2040ти Високо сценарио

ES-8

СЛИКА ЕС -2. ЗБИРНИ РЕЗУЛТАТИ ЗА ПРОМЕНИТЕ НА ВРНЕЖИТЕ СО ТЕК НА ВРЕМЕ ЗА СЦЕНАРИЈАТА СО НИСКО , СРЕДНО И ВИСОКО ВЛИЈАНИЕ .

Овие сезонски промени на климата имаат јасни импликации врз производството на земјоделските култури ако не се усвојат други мерки за прилагодување освен оние кои веќе ги користат земјоделците (како што е одреденото зголемување на користењето на наводнувањето и промените на сортите на културите). Нашите резултати за влијанијата на климатските промени врз

Основно

Врнежи (мм/месец)

2040ти Ниско сценарио

2040ти Средно сценарио

2040ти Високо сценарио

Врнежи за континенталната АЕЗ

ОсновноНиско Средно Високо

Основно Деценија

Врнежи (мм)

ES-9

земјоделските култури, ако не се применуваат мерки за спроведување, се дадени во табелата ЕС-1 подолу. Резултатите покажуваат дека приносите на клучните житни култури во македонскиот земјоделски сектор, пченицата и пченката, ќе се зголемуваат и намалуваат во зависност од АЕЗ и климатското сценарио, како резултат на зголемувањето на температурите и водниот стрес. Приносите на пченицата значително се зголемуваат во медитеранската и континенталната АЕЗ и се намалуваат во алпската АЕЗ. Приносите на пченка, исто така генерално се очекува да се зголемат според средното климатско сценарио, освен кај наводнуваната пченка во континенталната АЕЗ.

Приносите на јаболката, грозјето, пченката и зеленчукот кои не се наводнуваат дополнително се очекува да се намалат додека приносите на сите наводнувани култури освен грозјето се очекува да зголемат или да останат константни. Приносите на пченицата, наводнувана и ненаводнувана, се очекува да се зголемат во сите АЕЗ, со очекувано удвојување во алпската АЕЗ. Приносите на пасиштата и луцерката се очекува да се намалат во медитеранската, да се зголемат во континенталната и во алпската АЕЗ. Сите култури кои се одгледуваат во алпската АЕЗ се очекува да се зголемат во 2040ите години според средното климатско сценарио.

ТАБЕЛА ЕС -1. ПРОМЕНИ НА ПРИНОСИТЕ ВО ОДНОС НА ПОСТОЈНАТА СОСТОЈБА (%/ДЕЦЕНИЈА )

СПОРЕД СРЕДНОТО СЦЕНАРИО , ЗА СЕКОЈА КУЛТУРА И АЕЗ1

Наводнувани/ Ненаводнувани 

Култура  Медитеранска  Континентална  Алпска 

Луцерка  5%  28%  71% 

Јаболка  9%  13%  15% 

Грозје  ‐14%  ‐23%  N/A 

Пченка  0%  27%  N/A 

Зеленчук  11%  10%  N/A 

Наводнувани 

Пченица  16%  30%  100% 

Луцерка  ‐10%  2%  42% 

Јаболка  ‐45%  ‐41%  6% 

Грозје  ‐25%  ‐32%  N/A 

Пченка  ‐62%  ‐54%  N/A 

Пасишта  ‐3%  8%  22% 

Зеленчук  ‐11%  ‐9%  N/A 

Ненаводнувани 

Пченица  6%  25%  99% 

Забелешка: „N/A“ укажува дека културата не се одгледува во наведената АЕЗ.

1 Забелешка: Резултатите во табелата ЕС-1 се НАЦРТ резултати. Проценките се за просечните промени на приносите на културите по

деценија, под претпоставка дека ѓубрењето со јаглероден диоксид да нема ефект.

ES-10

Импликациите на климатските промени врз управувањето со водните ресурси може да бидат тешки, особено според сценариото со високо влијание бидејќи климатските промени ја зголемуваат побарувачката на вода за наводнување и, според сценариото со високо влијание, го намалуваат општото снабдување со вода. На пример, во 2050 години, споредено со историските услови, побарувачката за вода за наводнување во летните месеци се зголемува до 50 проценти, додека во истите месеци, општата достапност на вода во просек се намалува за 30-40 проценти до деценијата на 2040тите години, што е прикажано на сликата ЕС-3. Нето ефектот од зголемувањето на побарувачката и опаѓањето на снабдувањето е значително намалување на водата расположлива за наводнување.

СЛИКА ЕС -3. ПРОЦЕНЕТО ВЛИЈАНИЕ НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ВРЗ СРЕДНИОТ МЕСЕЧЕН

ПРОТОК :ПРОСЕК 2040-2050 ГОДИНА

Нето ефектот од растот на побарувачката за наводнување заедно со прогнозата за поголема побарувачка на вода од општинскиот и од индустрискиот сектор која не е поврзана со климатските промени туку со општиот економски раст и опаѓачката расположлива вода е значително намалување на водата која е достапна за наводнување. Прогнозираме дека овие фактори би можеле да резултираат со недостиг на вода кој ќе се случи во следната деценија и тежок недостиг на вода во 2040ите години според сите климатски сценарија, особено според сценариото со високо влијание. Незадоволената побарувачка за вода е дадена во табелата ЕС-2. Најтешкиот недостиг на вода до 2040ите се очекува да се случи во сливот на река Црна. Недостиг се прогнозира и во сливот на Пчиња иако не толку тежок како во сливот на Црна – не се прогнозира недостиг на вода во сливовите на реките Радика, Вардар или Брегалница.

ОСНОВНО НИСКО СРЕДНО

ПРОТО

К (КУБ

НИ

ЈАН. ФЕВ. МАРТ АПРИЛ МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТ. ОКТ. НОЕ. ДЕК.

МЕСЕЦ

ES-11

Трите стресни фактори на климатските промени се комбинираат и доведуваат до општо негативно влијание врз приносите на културите во Македонија: 1. Директно влијание на температурата и врнежите врз културите; 2. Зголемена побарувачка за наводнување потребно да се одржат дури и намалени приноси и 3. Намалување на расположливата вода поврзано со поголемото испарување и помалите врнежи. Сите овие влијанија се најлоши во летната сезона на вегетација. Нето ефектот на овие три фактори врз наводнуваното земјоделство се дадени во табелата ЕС-3 – како што покажува табелата, сите култури во сите АЕЗ и според сите сценарија се негативно погодени од климатските промени.

ТАБЕЛА ЕС -2. ГОДИШНА НЕЗАДОВОЛЕНА СЕКТОРСКА ПОБАРУВАЧКА ЗА ВОДА И ПРОЦЕНТ ОД

ВКУПНАТА ПОБАРУВАЧКА ВО 2040ИТЕ , ЗА СЕКОЈ СЛИВ И КЛИМАТСКО

СЦЕНАРИО (МИЛИОНИ КУБНИ МЕТРИ )

КЛИМАТСКО СЦЕНАРИО СЛИВ

Основно Ниско Средно Високо

Радика 0 (0%) 0 (0%) 0 (0%) 0 (0%)

Пчиња 2.3 (4,1%) 2,3 (3,7%) 5,5 (7,9%) 8,0 (10,9%)

Вардар 0.0 (0%) 0 (0%) 0 (0%) 0 (0%)

Брегалница 0.0 (0%) 0 (0%) 0 (0%) 0 (0%)

Црна 86.5 (34,7%) 99,3 (36,3%) 178 (55,7%) 193 (57,5%)

Вкупно 88.9 (13,1%) 102 (13,2%) 184 (20,9%) 201 (22,2%)

Директните влијанија на климатските промени врз добитокот би можеле да бидат тешки, но достапните методи за квантитативна оценка на ефектите врз добитокот се релативно нетестирани. Постои широка литература која тврди дека зголемувањето на температурата ја намалува продуктивноста на добитокот, но не се достапни алатки за моделирање кои се соодветни за квантифицирање на ефектите во македонските услови. Индиректното влијание на климатските промени врз добиточната храна, вклучувајќи ги пасиштата и луцерката, би било позитивно и обезбедува противтежа на негативните влијанија на директниот топлотен стрес.

ES-12

ТАБЕЛА ЕС -3. ПРОМЕНИ НА ПРИНОСИТЕ ВО ОДНОС НА ПОСТОЈНАТА СОСТОЈБА , СПОРЕД

ДОСТАПНОСТА НА ВОДА ВО 2040ИТЕ , ЗА НАВОДНУВАНИ КУЛТУРИ ПО АЕЗ -

СЛИВ И КЛИМАТСКО СЦЕНАРИО (ПОД ПРЕТПОСТАВКА ДЕКА НЕМА ЃУБРЕЊЕ ОД

СО2)

АЕЗ/речен слив 

Медитеранска  Континентална  Алпска Култура 

Пчиња  Црна  Пчиња  Црна  Пчиња  Црна 

ОСНОВНО                   

Луцерка  ‐4% ‐35% ‐4% ‐35% ‐4%  ‐35% Јаболка  ‐4% ‐35% ‐4% ‐35% ‐4%  ‐35% 

Грозје  ‐3% ‐29% ‐3% ‐29% N/A  N/A 

Пченка  ‐4% ‐35% ‐4% ‐35% N/A  N/A 

Зеленчук  ‐4% ‐35% ‐4% ‐35% N/A  N/A 

Пченица  ‐4% ‐35% ‐4% ‐35% ‐4%  ‐35% 

СЦЕНАРИО СО НИСКО ВЛИЈАНИЕ 

Луцерка  29% ‐15% 37% ‐10% 62%  7% Јаболка  6% ‐30% 11% ‐27% 11%  37% 

Грозје  ‐6% ‐33% 9% ‐22% N/A  N/A 

Пченка  ‐12% ‐42% 15% ‐24% N/A  N/A 

Зеленчук  15% ‐24% 4% ‐31% N/A  N/A 

Пченица  9% ‐28% 21% ‐20% 70%  12% 

СЦЕНАРИО СО СРЕДНО ВЛИЈАНИЕ 

Луцерка  ‐3% ‐53% 18% ‐43% 58%  ‐24% Јаболка  0% ‐52% 4% ‐50% 6%  ‐49% 

Грозје  ‐20% ‐55% ‐28% ‐59% N/A  N/A 

Пченка  ‐8% ‐56% 17% ‐44% N/A  N/A 

Зеленчук  2% ‐51% 1% ‐51% N/A  N/A 

Пченица  7% ‐49% 20% ‐42% 84%  ‐11% 

СЦЕНАРИО СО ВИСОКО ВЛИЈАНИЕ 

Луцерка  ‐8% ‐56% 8% ‐49% 71%  ‐18% Јаболка  ‐3% ‐54% ‐1% ‐53% 2%  ‐9% 

Грозје  ‐41% ‐67% ‐45% ‐69% N/A  N/A 

Пченка  ‐21% ‐62% 11% ‐47% N/A  N/A 

Зеленчук  ‐8% ‐56% ‐8% ‐56% N/A  N/A 

Пченица  2% ‐51% 14% ‐46% 90%  ‐10% 

ES-13

КОНСУЛТАЦИИ СО ЧИНИТЕЛИТЕ

Консултациите со земјоделците и со локалните експерти беа критична водечка сила на студијата, а особено на препораките за мерките за прилагодување. На првите консултации со земјоделците, спроведени во јануари 2011 година во Битола, Скопје и Кавадарци, се разгледаа проценетите климатски влијанија и се прибраа информации од земјоделците за нивните постојни капацитети за прилагодување. На овие работилници земјоделците потврдија дека почувствувале климатски влијанија, особено топлински стрес, а многу од нив неодамнешните суши и поплави ги припишаа на климатските промени. Врз основа на разговорите со овие чинители и со домашните експерти, слушнавме за неколку адаптивни одговори кои ги преземаат земјоделците. Примери за тоа се:

• Зголемување на водоснабдувањето. Иако бунарите се скапо решение за земјоделците и многу од нив мислат дека не се исплатлива инвестиција, многу веќе имаат инвестирано во нив. Земјоделците, на помалите земјоделски стопанства, исто така прибираат дождовница кога нема достапна вода за наводнување. На пример, некои земјоделци до овошните дрва ставаат буриња за прибирање дождовница со мала дупка на дното.

• Наводнување. Примена на техники за штедење на водата, како што е наводнувањето капка по капка и наводнување на културите кои претходно не биле наводнувани.

• Мрежи за град и УВ мрежи. Овоштарите користат мрежи за град и мрежи за заштита од УВ зраци.

• Пластеници. За ублажување на температурите и подобрување на приносите, некои земјоделци прават пластеници за зеленчукот.

• Покривање и полиетиленски покривачи. Се користат како техника за зачувување на водата.

Вториот круг на консултации со земјоделците се одржа во Битола, Скопје и Кавадарци на 4 и 5 април 2011 година да се разгледа моделирањето на квантитативното прилагодување и нацрт препораките за приоритетните мерки за прилагодување. Врз основа на овие консултации, земјоделците ги утврдија следните приоритетни мерки за прилагодување на национално ниво за да се подобри капацитетот за прилагодување како одговор на влијанијата на климатските промени:

1. Подобрување на хидрометеоролошките информации за земјоделците. Во моментов нема достапни информации кои се специфични за земјоделството. На земјоделците преку јавното радио им се кажува кога да применуваат пестициди, но не им се даваат информации за времето на наводнување или за фенологијата на земјоделските култури.

2. Подобрување на квалитетот и на пристапот до советодавните услуги и услугите за избор на семиња. Подобрувањето на пристапот и квалитетот на советодавните услуги би ги подобрило земјоделските практики. Иако големите фарми во државна сопственост прават селекција на семиња и тие сорти се прифаќаат од околу половината од земјоделците, преостанатата половина произведува свои семиња и има приноси кои се околу две третини од приносите кои би ги постигнале со подобрените сорти.

3. Арондација на земјиштето. Малата големина на земјоделските стопанства се гледа како демотивирачка за соодветно инвестирање.

ES-14

Иако резултатите се разликуваат од една АЕЗ до друга, следните се заеднички за сите три консултации со чинителите:

1. Премин кон соодветни сорти на културите/раси добиток за климата која се менува. Земјоделците во сите три АЕЗ ја рангираа оваа мерка како една од најважните со фокус на добивањето подобар пристап до сорти култури и раси добиток кои се потолерантни на суши и топлина.

2. Рехабилитирање на инфраструктурата за наводнување и одводнување. Генерално, овие препораки се фокусираат на рехабилитацијата на постојните канали за наводнување и одводнување и на поставување на технологии за заштеда на вода како што е наводнувањето капка по капка. Поради високите водни надоместоци во Република Македонија, поефикасните технологии за наводнување можат значително да ги намалат трошоците за земјоделците по хектар.

3. Изградба на дополнителни акумулации. И во сливот на Црна Река во југозападниот дел на Република Македонија и насекаде, земјоделците препорачуваат да се изградат големи или помали акумулации за чување на водата од пролетните месеци за наводнување во текот на летото. Оваа мерка, делумно е одговор на помалите врнежи од снег кои ефективно ја складираа водата во областите со поголема надморска височина.

Работилницата за градење технички капацитети одржана во декември 2010 година, како и кусата посета на техничкиот тим во септември 2010 година, им дадоа можност на локалните експерти повеќе да научат за методите на моделирање на ефектите од климата врз земјоделските култури и врз водните ресурси. Работилницата во декември беше и можност меѓународниот експертски тим да прибере вредни информации за македонските земјоделски практики кои значително ја подобрија квантитативната анализа.

УТВРДЕНО МЕНИ НА МОЖНОСТИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ

Резултатите на квантитативното моделирање на земјоделските култури и добитокот, квалитативната анализа и консултациите ја формираат основата за нашите утврдени менија на можности за прилагодување за подобрување на отпорноста на земјоделскиот сектор на Република Македонија на климатските промени. Резултатите ги отсликуваат четирите критериуми за определување приоритети за можностите од поголемо мени од 29 можности за прилагодување на ниво на земјоделско стопанство, 14 инфраструктурни, 13 програмски и четири индиректни можности за прилагодување. Четирите критериуми се:

• Нето економски придобивки (квантификувани придобивки минус трошоци).

• Експертска оценка на рангирањето за оние можности кои не можат да се оценат економски.

• Потенцијал за двојна добивка. Опфаќаат мерки со висок потенцијал за зголемување на благосостојбата на македонските земјоделци, со или без климатските промени.

• Поволна оценка од локалната фармерска заедница. Овие резултати се базираат на резултатите од првите консултации со чинителите и ќе се ажурираат врз основа на резултатите од вторите консултации во април 2011 година.

ES-15

МОЖНОСТИ ЗА НАЦИОНАЛНИ ПОЛИТИКИ И ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ

На националната конференција се разгледаа мерки за прилагодување на национално ниво, вклучувајќи:

1. Зајакнување на институциите, вклучувајќи: (а) внатрешна реорганизација, (б) развој на човечките ресурси, (в) финансиски ресурси и нивно користење и (г) ориентација на клиентите и следење на извршувањето.

2. Подобрување на пристапот на земјоделците до агрономската технологија и информации, вклучувајќи: (а) сорти семиња, (б) поефикасно користење на водата, (в) нови технологии и (г) советодавни пакети.

3. Отстранување на бариерите за приватниот сектор. Оваа мерка се фокусира и на подобрување на поттикот за осигурување реосигурување.

4. Подобрување на поттиците за арондација на земјишните парцели. Особено, укинување на лимитот од 10 хектари за големината на земјишните парцели.

5. Подобрување на капацитетот на хидрометеоролошките системи. Групата се фокусираше на подобрувањето на регионалната соработка и на системите за набљудување и систематско следење.

6. Подобрување на достапноста на финансиски ресурси за спроведување на прилагодувањето на климатските промени во земјоделството.

Пред националната конференција нашата анализа утврди четири мерки за прилагодување на национално ниво. Основата за овие резултати е квалитативната анализа на потенцијалните нето придобивки од меѓународниот експертски тим, заедно со препораките од групите на засегнатите земјоделци. Овие препораки на национално ниво вклучуваат:

1. Подобрување на пристапот на земјоделците до технологија и информации преку едукација на земјоделците, генерална и за прилагодување на климатските промени. Експертскиот тим препорачува капацитетот на постојната агенција за поддршка да се подобри во две области: 1) да ги поддржи подобрите агрономски практики на ниво на фарма, вклучувајќи спроведување на пораспространети демонстративни парцели и пристап до подобри информации за достапноста и најдобрите практики за управување со високо приносни култури, со особен фокус на сорти отпорни на суши и штетници и 2) да ги поддржи истите мерки, но со фокус на одржувањето на приносите за време на периоди на екстремни водни стресови кои со промените на климата се очекува почесто да се случуваат. Првиот дел од оваа препорака е краткорочна мерка за затворање на адаптациониот дефицит, а вториот дел е долгорочна мерка за да се обезбеди дека приносите не се подриваат од идните климатски промени. Инвестирањето во советување, во квантитативната анализа, има висока стапка на придобивки наспроти трошоци.

2. Подобрување на капацитетите на хидрометеоролошките институции. На состаноците со земјоделците се забележа потребата за подобри локални способности за хидрометеоролошки податоци, особено за краткорочни прогнози на температурата и врнежите. Овие способности се акутно потребни на краток рок за да се поддржи подоброто одлучување на ниво на фарма. Нашата економска анализа на трошоците и придобивките на релативно скромна

ES-16

хидрометеоролошка инвестиција, која опфаќа обука и годишни оперативни трошоци, покажува дека придобивките од таа програма многу веројатно ќе ги надминат трошоците.

3. Разгледување на национални мерки на политиките за понатамошна арондација на земјоделските површини. И експертскиот тим и групите на земјоделци забележаа дека капацитетот за прилагодување на ниво на земјоделско стопанство е ограничен од генерално малата големина на многу македонски земјоделски стопанства. Последицата од малите земјоделски стопанства е неспособноста да се обезбеди доволна заштеда од обем за инвестирање во мерки за прилагодување како што се терциерните системи за наводнување и опремата со која би можеле да се зголемат приносите и да ја намалат ерозијата на почвата.

4. Охрабрување на мерките во приватниот сектор за најефикасно прилагодување на климатските промени. Може да постои тенденција да претпоставиме дека прилагодувањето на климатските промени е нужно функција на јавниот сектор, но економската анализа во поглавјето 9 покажа дека постои силна мотивација кај приватниот сектор – со економски придобивки кои за многу ги надминуваат трошоците – за мерки со кои ќе се подобри отпорноста на македонското земјоделство на климатските промени. Националната влада треба да се фокусира на утврдување политики кои му овозможуваат на приватниот сектор ефективно да помогне во прилагодувањето – на пример, спроведување тестирање на сорти семиња и раси добиток за нивната погодност за македонската клима, терен и почвени услови и давање препораки преку пропагирање на најдобрите сорти, но овозможувајќи му на приватниот сектор да ги обезбеди овие сорти.

Комбинирањето на погорните приоритети со можностите кои произлегоа од националната конференција генерира група мерки за прилагодување на национално ниво. Сликата ЕС-4 ги поврзува изложеноста и влијанијата на климатските промени, а потоа овие влијанија ги поврзува со можностите за прилагодување на национално ниво. Мерките обележани со потемно зелено претставуваат можности кои се препорачани и со оценката на консултантите и од групата на националната конференција.

ES-17

СЛИКА ЕС -4. МЕРКИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНО НИВО

МОЖНОСТИ ЗА КОНКРЕТНИТЕ АЕЗ

Како што е резимирано на сликите ЕС-5 до ЕС-7, повеќе можности произлегуваат од квантитативната, квалитативната евалуација, евалуацијата на земјоделците и на националната конференција како најсоодветни за прилагодување на климатските промени во секоја македонска АЕЗ.

ИЗЛОЖЕНОСТ ВЛИЈАНИЕ

ВИСОК  СРЕДЕН приоритет 

• НАМАЛЕНИ И ПОПРОМЕНЛИВИ ВРНЕЖИ 

• Повисоки температури 

• Намален проток на реките 

• ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ЕКСТРЕМНИ 

НАМАЛЕНИ, ПОМАЛКУ СИГУРНИ 

ПРИНОСИ НА КУЛТУРИТЕ И 

ДОБИТОКОТ СО 

 

Загуба на културите

ОХРАБРУВАЊЕ НА ВКЛУЧУВАЊЕТО НА 

ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ЗА ДА СЕ ПОДОБРИ ЗЕМЈОДЕЛСКАТА 

ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДО ТЕХНОЛОГИИ, ВИДОВИ 

ПОДОБРУВАЊЕ НА ДОСТАВУВАЊЕТО НА 

ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИТЕ 

ПОДОБРУВАЊЕ НА ПОТТИЦИТЕ ЗА АРОНДАЦИЈА НА 

ЗЕМЈИШНИТЕ ПАРЦЕЛИ 

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КЛУЧНИТЕ ИНСТИТУЦИИ 

ПОДОБРУВАЊЕ НА ДОСТАПНОСТА НА 

ФИНАНСИСКИ РЕСУРСИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА 

ES-18

СЛИКА ЕС -5. МЕРКИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ ЗА МЕДИТЕРНСКАТА АЕЗ

СЛИКА ЕС -6. МЕРКИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ ЗА КОНТИНЕНТАЛНАТА АЕЗ

ИЗЛОЖЕНОСТ ВЛИЈАНИЕ

ИЗЛОЖЕНОСТ ВЛИЈАНИЕ

• НАМАЛЕНИ И ПОПРОМЕНЛИВИ ВРНЕЖИ 

• Повисоки температури 

• Намален проток на реките 

• ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ЕКСТРЕМНИ 

 

Загуба на културите

НАМАЛЕНИ, ПОМАЛКУ СИГУРНИ 

ПРИНОСИ НА КУЛТУРИТЕ И 

ДОБИТОКОТ СО 

ВИСОК  СРЕДЕН приоритет 

ВИСОК  СРЕДЕН приоритет 

ПОДОБРУВАЊЕ НА РАСИТЕ, УПРАВУВАЊЕТО, ИСХРАНАТА И ЗДРАВЈЕТО НА ДОБИТОКОТ 

ОПТИМИЗИРАЊЕ НА АГРОНОМСКИТЕ ПРАКТИКИ 

ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА ЗА 

ОДВОДНУВАЊЕ 

ПОДОБРУВАЊЕ НА ДОСТАПНОСТА НА ВОДА ЗА 

НАВОДНУВАЊЕ, РЕХАБИЛИТИРАЊЕ НА

ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДО СОРТИ 

ПОДОБРУВАЊЕ НА УПРАВУВАЊЕТО СО ПОЧВАТА, 

ВОДАТА И КУЛТУРИТЕ

ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО ИНФОРМАЦИИ И ОБУКА 

• НАМАЛЕНИ И ПОПРОМЕНЛИВИ ВРНЕЖИ 

• Повисоки температури 

• Намален проток на реките 

• ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ЕКСТРЕМНИ   

Загуба на културите

НАМАЛЕНИ, ПОМАЛКУ СИГУРНИ 

ПРИНОСИ НА КУЛТУРИТЕ И 

ДОБИТОКОТ СО 

 

Зголемена ерозија 

ПОДОБРУВАЊЕ НА РАСИТЕ, УПРАВУВАЊЕТО, ИСХРАНАТА И ЗДРАВЈЕТО НА ДОБИТОКОТ 

ОПТИМИЗИРАЊЕ НА АГРОНОМСКИТЕ ПРАКТИКИ 

ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА ЗА 

ОДВОДНУВАЊЕ 

ПОДОБРУВАЊЕ НА ДОСТАПНОСТА НА ВОДА ЗА 

НАВОДНУВАЊЕ, РЕХАБИЛИТИРАЊЕ НА

РАЗВОЈ НА МЕРКИ ЗА КОНТРОЛА НА ЕРОЗИЈАТА 

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОРТИТЕ КУЛТУРИ 

РЕХАБИЛИТИРАЊЕ/ИЗГРАДБА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА 

АКУМУЛИРАЊЕ НА ВОДАТА 

ES-19

СЛИКА ЕС -7. МЕРКИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ ЗА АЛПСКАТА АЕЗ

ИЗЛОЖЕНОСТ ВЛИЈАНИЕ

ВИСОК  СРЕДЕН приоритет 

• Намалени и попроменливи врнежи 

• Повисоки температури 

• Намален проток на реките 

• ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ЕКСТРЕМНИ 

 

Загуба на културите

НАМАЛЕНИ, ПОМАЛКУ СИГУРНИ 

ПРИНОСИ НА КУЛТУРИТЕ И 

ДОБИТОКОТ СО 

 

Зголемена ерозија 

ПОДОБРУВАЊЕ НА РАСИТЕ, УПРАВУВАЊЕТО, ИСХРАНАТА И ЗДРАВЈЕТО НА ДОБИТОКОТ 

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОРТИТЕ КУЛТУРИ 

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРАКТИКИ И 

ТЕХНОЛОГИИ

ИЗГРАДБА НА МИКРО АКУМУЛАЦИИ И 

РЕХАБИЛИТИРАЊЕ НА СИСТЕМИТЕ ЗА НАВОДНУВАЊЕ

ОДРЖУВАЊЕ НА ШУМСКИТЕ ЕКОСИСТЕМИ ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ЕРОЗИЈАТА И ДА СЕ ПОДОБРИ 

ВОДНИОТ РЕЖИМ 

РЕХАБИЛИТИРАЊЕ НА ПОСТОЈНАТА 

ИНФРАСТРУКТУРА ЗА 

1

1. ПОСТОЈНИ УСЛОВИ НА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И КЛИМА

1.1 ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Република Македонија се наоѓа во Југоисточна Европа, на западната страна од Балканскиот Полуостров. Има површина од 25.713 km2 и се граничи со Албанија на запад, со Србија на север, со Бугарија на исток и со Грција на Југ (МЖСПП 2008). Административно, Република Македонија е поделена на 84 општини и 8 главни региони (ЦИА 2011).

За целите на оваа студија Република Македонија ја поделивме на три агроеколошки зони, или АЕЗ, кои се прикажани на сликата 1-1. Површините во секоја од овие три АЕЗ имаат заеднички карактеристики во поглед на теренот, климата, видот на почвата и достапноста на вода – како резултат на тоа, основните земјоделски услови, влијанијата на климатските промени и можностите за прилагодување ќе бидат слични во секоја АЕЗ, со разлики помеѓу АЕЗ кои се важни за развивање конкретен план за прилагодување.

СЛИКА 1-1. АГРОЕКОЛОШКИТЕ ЗОНИ ВО МАКЕДОНИЈА

Теренот во Република Македонија е главно планински со 79% од територијата на земјата составена од ридско - планинско земјиште, додека рамниците, најбогатото земјоделско подрачје зафаќаат 19,1%, а водните површини зафаќаат 1,9% од површината на земјата (МЖСПП 2008). Околу 20% од земјата е земјоделско земјиште, околу 19% се пасишта (Државен завод за статистика 2010), а околу 37% се покриени со шуми (Европска комисија 2007). На сликата 1-1,

Проектиран координатен систем: Европски Ламберт конформален конусен;

Геодетски референтен систем ГЦС Европски 1950

1:1.000.000

Извори: 1) Консултативна група за меѓународно земјоделско истражување – конзорциум за просторни информации 2) Европска агенција за животна средина 3) Бази на податоци на ГАДМ – Глобални административни подрачја 4) Институт за истражување на еколошки системи, Инк.

Агроеколошки зони Медитеранска

Континентална

Алпска

2

светлата боја ја претставува медитеранската зона со надморска височина од 50 до 600 метри, средната боја ја претставува континенталната зона со надморска височина помеѓу 600 и 1.000 метри, а најтемната боја ја претставува алпската зона со надморска височина од 1.000 до над 2.250 метри. Медитеранската зона се карактеризира со рамнини испресечени со ридови, со генерално продуктивни услови и високи придобивки од наводнувањето; континенталната зона е составена од повисоки рамнини и ридови и планински области и исто така е релативно продуктивна; алпската зона се карактеризира со планински терен и остра клима, со недоволна продуктивност и високи стапки на сиромаштија.2 Теренот и промената на релјефот од планините може да резултира со висока ерозија на земјиштето на некои места.

НАЈНОВИ ТРЕНДОВИ ВО МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Земјоделството, традиционално е значаен и стабилен дел од македонската економија и бавно расте со тек на време со годишна стапка од 0,2% во периодот од 1990 до 2000 година и со стапка од 1,3% од 2000 до 2007 година (Светска Банка 2009б). Придонесот на земјоделството во БДП малку се намали од 13,26% во 1994 на 11,32% во 2009 година бидејќи другите сектори растеа побрзо од земјоделскиот сектор (Светска Банка 2010). Иако малку му опадна економската важност на земјоделството, Република Македонија се уште е земјоделско општество со 18,2% од вкупната вработеност во 2007 година (Светска Банка 2009б) – некои локални извори укажуваат дека оваа бројка е многу повисока.3 Меѓутоа, со 34% од населението кое живее во руралните подрачја (Светска Банка 2009б) и 36,5% од руралното население кое заработува помалку од 5 долари на ден, голем дел од македонското население е сиромашно и многу ранливо од било каков настан кој го погодува земјоделскиот сектор (Светска Банка 2009а).

Вкупното земјоделско производство беше повеќе од 1,8 милијарди УСД, а нето додадената вредност на земјоделското производство во 2008 година беше 839 милиони УСД за земјоделската дејност (Државен завод за статистика 2010а). Како што е прикажано на табелата 1-1, околу 30% од вредноста на производството отпаѓа на сточарството. Земјоделските култури сочинуваат околу две третини од вредноста на производството, а услугите, неземјоделските секундарни дејности и субвенциите го сочинуваат остатокот.

2 Прилагодено од: Iglesias, A. et al., 2007. Adaptation to Climate Change in the Agricultural Sector, AEA Energy & Environment, Didcot;

http://eusoils.jrc.ec.europa.eu/esdb_archive/eusoils_docs/esb_rr/n09_soilresources_of_europe/macedonia.pdf; Македонска академија на

науките и уметностите: Ѓ. Филиповски, Р. Ризовски, П. Ристевски, Карактеристиките на климатско-вегетационо-почвените зони (региони)

во Република Македонија,1996; и анализата на тимот на Светска Банка на импликациите од климатските промени.

3 На пример, Државниот завод за статистика (2010а) забележува дека во 2009 година во земјоделството, ловството и шумарството имало

629.901 вработени што е 30,8% од вкупното население од 2.046.898 жители, и 68% од вкупната работна сила во 2009 година од 978.775.

3

ТАБЕЛА 1-1. ВРЕДНОСТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО

2008 ГОДИНА

ОПИС ВРЕДНОСТ (МИЛИОНИ УСД ОД

2008)

Производство на земјоделски култури

$1.247

Производство на добиток $560

Вкупно производство на дејноста:

$1.885

Забелешка: Збирот на вредностите не е еднаков на вкупното поради тоа што не се вклучени услугите, неземјоделските секундарни дејности и субвенциите

Иако житарките како што се пченицата и пченката се одгледуваат екстензивно и зафаќаат 24 проценти од обработливото земјиште (види слика 1-2)4, нивниот придонес по вредност е само 11% од вкупното производство (Државен завод за статистика 2010а). Треба да се забележи дека поради просторната различност на почвите и климата и пристапот до вода, инфраструктура и други инпути, многу области во Република Македонија надвор од областите со ниска надморска височина се несоодветни за производство на зеленчук со висока вредност и поради тоа се зависни од поотпорните, помалку интензивните земјоделски култури како што е пченицата, пченката и фуражните растенија во попланинските области.

Трендовите во полјоделскиот сектор во последната деценија покажуваат намалување на посеаните површини со значително намалување на површините насеани со пченица од почетокот на оваа деценија (види слика 1-2). Вкупните површини се намалија за околу 13% во периодот од 2000 до 2008 година, додека површините под овошки се зголемија за 8% (ФАОСТАТ 2009).

4 Пресметано од: ФАОСТАТ 2009 и Државен завод за статистика 2010 (Македонија во бројки).

4

СЛИКА 1-2. ПОВРШИНИ ПОСАДЕНИ СО КУЛТУРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА , 2000-2009

Како што беше погоре забележано, сточарството долго беше важен дел од македонското земјоделство иако во периодот помеѓу 2000 и 2009 година, во најголем дел сточарството бележеше опаѓање. Најголемо е опаѓањето на бројот на кокошки и овци, за 35% и 65% соодветно и зголемувањето на бројот на козите за 46%.

Табелата 1-2 покажува дека има значителни варијации во бројот на добиток помеѓу АЕЗ. Кога добитокот ќе се подели по единица област, густината на кокошките и говедата е слична низ АЕЗ, а козите повеќе преовладуваат по единица површина во алпската АЕЗ, а овците се помалку застапени во континенталната АЕЗ.

ТАБЕЛА 1-2. ГРЛА ДОБИТОК ПО АГРОЕКОЛОШКИ ЗОНИ  

МЕДИТЕРАНСКА

ЗОНА КОНТИНЕНТАЛНА

ЗОНА АЛПСКА ЗОНА

Говеда 91.800 115.000 46.000

Кози 15.900 1.110 77.000

Овци 197.000 133.000 126.000

Кокошки 743.000 861.000 568.000 Забелешка: Вкупниот број добиток земен од ФАОСТАТ 2009 за целата земја. Податоците се поделени по АЕЗ користејќи ги податоците на ФАОСТАТ за добитокот во светот (2005).

ФОКУСНИ КУЛТУРИ ЗА ОВАА СТУДИЈА

За оваа студија, врз основа на екстензивните консултации со македонскиот управен комитет и особено МЗШВ, се фокусираме на седум култури, вклучувајќи четири поледелски култури (пченица, пченка, кромид и пиперки), две овошни култури (грозје и јаболка) и една култура за

Јаболка     Пиперки      Грозје     Пченка     Кромид      Пченица 

5

сточна храна (трева за пасење). На сликата 1-3 е прикажана проценка на вредноста на земјоделското производство на шест од културите на кои се фокусира оваа студија (проценки на производството не беше достапна за тревата), Со вкупна вредност на производството во 2008 година од 1.247 милиони УСД, пченицата, пченката, јаболката и грозјето сочинуваат 23% од вкупната вредност на земјоделското производство во Република Македонија (Државен завод за статистика 2010а).

СЛИКА 1-3. ПРОЦЕНЕТА ВРЕДНОСТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО 2008 ГОДИНА

ПО ПРОИЗВОДНИ ЦЕНИ ЗА НЕКОИ ОД КЛУЧНИТЕ КУЛТУРИ ВО РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА

Производство од Државниот завод за статистика, 2008 година.

1.2 ИЗЛОЖЕНОСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛСКИ СИСТЕМИ НА КЛИМАТСКИТЕ

ПРОМЕНИ

Потенцијалните влијанија на климатските промени врз понудата на храна во светот се проценуваат во повеќе студии (Parry et al., 2004). Резултатите покажуваат дека одредени региони и култури можат да го подобрат производството, додека други претрпуваат загуби на приноси. Во Република Македонија, импликациите на климатските промени за македонското земјоделство би можеле да бидат значителни. Зголемената температура ја „забрзува“ фенологијата на земјоделските култури што обично значи дека на растенијата им останува помалку време да го развијат делот што се бере. Високите температури и сушниот стрес за време на критичните периоди на раст, исто така ги намалуваат приносите. Вишокот вода од поплавите, исто така можат да предизвикаат штети.

За некои култури (на пример зимската пченица), зголемените температури можат да ги подобрат приносите под услов да има доволно вода и да не се преминат одредени температурни прагови во текот на критичните фенолошки фази. Во пониските области на Република Македонија, на

6

пример, изгледа зимската пченица се одгледува на температури под оптималните и климатските промени можат да ги подобрат приносите и да ја продолжат сезоната на раст.

Зголемените температури генерално го намалуваат продуктивниот потенцијал на добитокот и ја намалуваат достапноста на водата преку намалената влажност на почвата, зголеменото испарување и намалувањето на приносите од водните акумулации преку зголеменото испарување. Ефектот на врнежите врз земјоделските култури и водните ресурси е генерално поуниформен отколку на температурата, барем за културите кои не се наводнуваат и поголемите врнежи доведуваат до повисоки приноси, а пониските до нивно намалување. Сезонскиот модел на врнежи е критично важен за земјоделските култури кои не се наводнуваат, меѓутоа – на пример во Република Македонија, релативно ниските врнежи во летото значи дека во многу области не може профитабилно да се одгледува пченката без наводнување и поради тоа, скоро секогаш пченката во Република Македонија треба да се наводнува.

ПРОГНОЗИРАЊЕ НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Првиот чекор во разбирањето на изложеноста на земјоделските системи на Република Македонија на климатските промени е да се разбере потенцијалот за промени на климата во споредба со сегашната состојба. Во оваа студија се надеваме дека ќе забележиме широк опсег прогнози на климатскиот модел со утврдување на сценарија со високо влијание, средно влијание и ниско влијание до 2050 година. Сценаријата се дизајнирани да претставуваат широк опсег на потенцијал климата да влијае врз земјоделството што е дефинирано преку промената на показателот наречен климатски индекс на влажност (КИВ) (види поле 1-1 за објаснување).

На сликите 1-4 и 1-5 се резимирани резултатите на прогнозите на промените на климата на ниво на АЕЗ од сегашниот основен период до 2050 година, по децении. На сликата 1-4 се прикажани промените на температурите по АЕЗ од основата до 2040ите години. Според сите сценарија температурата постепено се зголемува од сегашната до 2050 година со најголем пораст во сценариото со високо влијание и најмал пораст според сценариото со ниско влијание. Овој растечки тренд на температурите е во согласност со историскиот тренд, а информациите се добиени од работилниците со земјоделците спроведени во Република Македонија. Освен зголемувањето на просечната температура, земјоделците забележале и растечки тренд на екстремните топлински настани.

Нашата анализа на податоците го поткрепува заклучокот дека историскиот тренд на температурите во Република Македонија ќе се забрза во блиска иднина. Иако се уште не е сигурен степенот на затоплување кое ќе се случи во Република Македонија, општиот тренд на затоплување е јасен и евидентен во сите три АЕЗ со просечно затоплување во последните 50 години од 1,8 оС за средното сценарио, што е многу повеќе од зголемувањето од помалку од 0,2 оС забележано во последните 50 години (ClimateWizard 2007). Затоплувањето би можело да биде поскромно, но просечното зголемување на температурата за сценариото со ниско влијание сепак претставува зголемување за околу 1,3 оС во споредба со сегашните услови. Во сите сценарија трендот на затоплување во однос на сегашните услови е со еднаков магнитуда во сите три АЕЗ, но опсегот на постојните температури низ АЕЗ е доста голем со просечни температури во медитеранската АЕЗ за 8 оС повисоки од оние во континенталната АЕЗ и за 4 оС повисоки отколку во алпската АЕЗ.

7

ПОЛЕ 1-1: РАЗВИВАЊЕ СЦЕНАРИЈА ЗА ПРОГНОЗИТЕ НА КЛИМАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Анализата на климатските промени бара одредени прогнози како температурата, врнежите и другите климатски варијабли од интерес би можеле да се менуваат со тек на време. Бидејќи постои голема несигурност на климатските прогнози, во студија како што е оваа, најдобро е да се обидеме да карактеризираме опсег од алтернативи, како и прогноза на „централниот“ случај.

Централниот концепт кој го користевме да ги избереме идните климатски сценарија се базира на мерките кои најверојатно ќе бидат релевантни за степенот на влијанијата на климата врз земјоделскиот сектор. Бидејќи и температурата и врнежите влијаат врз земјоделската продуктивност, избравме сценарија кои се базираат на „климатскиот индекс на влажност“ или КМВ. КМВ се базира на комбинираниот ефект на температурата и врнежите и бидејќи е поврзан со влажноста на почвата, се верува дека добро корелира со потенцијалното земјоделско производство.

Секое сценарио во нашата студија одговара на конкретен резултат на моделот на глобална циркулација (МГЦ), од оние кои ги користи Меѓувладиниот панел за климатски промени (МПКП) во неговата четврта оценка на науката на климатските промени. „Влажно“ КМВ сценарио значи дека локацијата доживеала најмало влијание (или промена на) КМВ – тоа е нашето сценарио со „ниско влијание“. Сувото сценарио одговара на високо потенцијално влијание. Специфичната основа на глобалниот општ модел на циркулација за средното сценарио е најблиску усогласен со средниот модел на КМВ за вкупно 56 МГЦ.

Предноста на овој пристап е дека обезбедува претставеност на широк целосен опсег на достапни сценарија за идните климатски промени на смислен начин и дека сите климатски сценарија се базираат на различни резултати на МГЦ кои се внатрешно усогласени со условите на клучните резултати на МГЦ кои ги користиме како инпут за моделирањето на влијанието врз земјоделските култури, добитокот и водните ресурси.

Сценариото на оваа студија

Основата на општиот модел на глобална циркулација за сценариото

Релевантно сценарио на МПКП СРЕС

Високо влијание

Лабораторија за геофизичка динамика на течности 2.1 (САД) A1B

Средно влијание

Институт за просторни студии Годар, ModelER (САД) A2

Ниско влијание

Организација на Комонвелтот за научни и индустриски истражувања, Mk 3.0 (Австралија) B1

8

На сликата 1-5 се прикажани промените на врнежите по АЕЗ од основата до 2040ите години. За врнежите до 2050 година, ниското, средното и високото сценарио покажуваат несигурност на ефектите како и на нивниот интензитет. Ниското сценарио прогнозира зголемување на врнежите, а средното и ниското прогнозираат нивно намалување. Употребата на МГЦ значи и дека деценискиот тренд на врнежите не е рамномерен со тек на време – тоа е во согласност со постојната климатска наука која кажува дека краткорочните и долгорочните трендови на врнежите можат значително да варираат и некои сценарија да покажуваат зголемување на врнежите на краток рок и намалување на долг и обратно.

СЛИКА 1-4. ЗБИРНИ РЕЗУЛТАТИ ЗА ПРОМЕНИТЕ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ НИЗ ВРЕМЕТО ЗА

СЦЕНАРИЈАТА СО НИСКО , СРЕДНО И ВИСОКО ВЛИЈАНИЕ .

Основно Температура за континенталната АЕЗ

ОсновноНиско Средно Високо

Температура

(оС

)

Основно Деценија

Температура (степени Целзиусови)

2040ти Ниско сценарио

2040ти Средно сценарио

2040ти Високо сценарио

9

СЛИКА 1-5. ЗБИРНИ РЕЗУЛТАТИ ЗА ПРОМЕНИТЕ НА ВРНЕЖИТЕ СО ТЕК НА ВРЕМЕ ЗА

СЦЕНАРИЈАТА СО НИСКО , СРЕДНО И ВИСОКО ВЛИЈАНИЕ .

Промените на врнежите се многу понесигурно од промените на температурата што го покажува споредбата на сликите 1-4 и 1-5. Прогнозата за средното влијание укажува на намалување на врнежите на национално ниво за околу 8 мм месечно, а најголем дел од ова намалување ќе биде во алпската АЕЗ. Опсегот на резултатите за врнежите во сценаријата со ниско и високо влијание е сепак голем, од скромно зголемување според сценариото со ниско влијание до скоро 20 процентно намалување според сценариото со високо влијание. Несигурноста на регионално ниво е дури и

Основно

Врнежи (мм/месец)

2040ти Ниско сценарио

2040ти Средно сценарио

2040ти Високо сценарио

Врнежи за континенталната АЕЗ

ОсновноНиско Средно Високо

Основно Деценија

Врнежи (мм)

10

повисока и годишното намалување на врнежите во алпската АЕЗ може да биде дури и 16 мм месечно.

Меѓутоа, националните просеци се помалку важни за земјоделското производство од сезонската дистрибуција на температурата и врнежите. И за температурата и за врнежите, зголемувањето на температурата се повисоко во јули и во август во споредба со постојните услови – ова зголемување на летните температури може да биде дури 5оС во континенталната АЕЗ на Република Македонија кога температурите се веќе највисоки. Исто така, прогнозираното намалување на врнежите е најголемо во клучниот период од мај до октомври кога врнежите веќе се најниски. На сликата 1-6 се прикажани месечните основни и прогнозирани температури и врнежи за континенталната АЕЗ.

Република Македонија има историја на релативно чести поплави, особено во последните две децении. Поплавите сочинуваат 44% од природните и технолошките катастрофи во Република Македонија од 1989 до 2006 година. Светска Банка смета дека Република Македонија е многу ранлива од природни катастрофи каде поплавите се зголемуваат со тек на време и дека со климатските промени се очекува да се зголеми ризикот од поплави (Светска Банка 2011). При последната голема поплава во декември 2010 година, реката Вардар се излеа и поплави домаќинства и земјоделско земјиште и удави добиток. По овој настан, жителите забележаа дека нема доволно поддршка за нивна заштита од поплави и дека немале соодветна одбрана од постојаните врнежи. Забележано е дека поплавите се проблематични низ целата земја (БалканИнсајт 2010).

Климатските промени би можеле да ја зголемат зачестеноста и интензитетот на поплавите. Иако врнежите се очекува да се зголемат само според ниското сценарио до 2040ите години (види слика 1-5), врнежите се очекува да бидат попроменливи со висока веројатност од дневни или повеќедневни настани кои се поголеми и поретки. За земјоделскиот сектор на Република Македонија поплавите се особено проблематични во пролетниот период кога можат да го одложат или спречат садењето на летните култури и при крајот на летото кога поплавите можат да го уништат целогодишниот раст и да ја спречат навремената жетва. Помалку сериозните поплави можат да ја намалат продуктивноста преку задржување на вода кај корените.

11

СЛИКА 1-6. ПОСТОЈНИ МОДЕЛИ НА МЕСЕЧНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ И НА ВРНЕЖИТЕ И

ПРОГНОЗИРАНИ МОДЕЛИ НА ВРНЕЖИТЕ СО КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ЗА

КОНТИНЕНТАЛНАТА АЕЗ

Основно Ниско Средно Високо

Врн

ежи

(мм

)

јан. фев. март април мај јуни јули август септ. окт. ное. дек. месец

Темпера

тура

ОС

Основно Ниско Средно Високо

јан. фев. март април мај јуни јули август септ. окт. ное. дек. месец

12

Република Македонија има проблем и со ерозија на почвата во голем дел од нејзината територија, главно поради лошото управување со земјиштето. Околу 44% од земјата има многу тешка ерозија, 44% има тешка ерозија, а 12% има умерена ерозија (ФАО 2005). Природните причини за ерозија ги вклучуваат стрмните падини, климата, моделите на покривање со земја и карактеристиките на почвата, а антропогените фактори ги вклучуваат практиките на обработка, преголемото садење трева и намалувањето на шумите. Луѓето ја зголемија стапката на ерозија и придонесоа за деградацијата на земјата во Република Македонија. Практиките на ниво на фарма кои водат до ерозија и деградација на земјата вклучуваат нередовна ротација на културите, палење на стрништата и лошо управување со ѓубрењето. Ерозијата може да доведе до загадување на водотеците и намалено функционирање на акумулациите и на инфраструктурата за наводнување (Сатон 2008).

Резултатите на нашето детално моделирање на ефектите на климатските промени врз клучните земјоделски култури во Република Македонија се дадени во глава 3.5 Како што е подетално опишано во тоа поглавје, заклучуваме дека прогнозираните промени на климата резимирани во сликите 1-4 и 1-5 ги претставуваат следните клучни ранливости на Република Македонија:

• Јаболката и пченката кои не се наводнувани и наводнуваните и ненаводнуваните лозја имаат висок потенцијал за намалување на приносите;

• Практично сите земјоделски култури во алпската АЕЗ имаат висок потенцијал за зголемување на приносите, веројатно како резултат на придобивките од повисоките температури во клучните фази на растот и подолгата сезона на раст;

• Надвор од алпската АЕЗ и ненаводнуваната и наводнуваната пченица како и наводнуваната луцерка, јаболка, пченка и зеленчук имаат голем потенцијал за зголемување на приносите поради корисните ефекти на повисоките температури и подолгата сезона на раст и компензирачките ефекти на наводнувањето врз сушењето на почвата и зголеменото испарување. Меѓутоа, без наводнување многу од овие култури ќе имаат лоши приноси, особено во медитеранската АЕЗ;

• Добитокот е ранлив од намалувањето на продуктивноста поврзано со повисоките температури.

1.3 ПОСТОЈНИОТ КАПАЦИТЕТ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Оценката на капацитетот за прилагодување на земјоделскиот сектор на Република Македонија претставува предизвик бидејќи капацитетот за прилагодување отсликува многу широк опсег на социоекономски, фактори на политиките и институционални фактори, на ниво на фарма, на регионално и на национално ниво. Одредени аспекти во определувањето на варијацијата на капацитетот за прилагодување низ земјата ја вклучуваат постојната климатска изложеност (погоре опишана), социјалната структура, институционалниот капацитет, знаењето и образованието и пристапот до инфраструктурата. Конкретно, областите со маргинално производство кое не се 5 Дополнителен фактор во оценката на ранливоста е ефектот на ѓубрење, за некои култури, од зголемените концентрации на CO2 во

средината. Тие резултати се дадени во глава 3.

13

наводнува ќе имаат помал капацитет за прилагодување отколку областите кои со попродуктивно и наводнувано земјоделско земјиште. Исто така, финансиските ресурси се еден од најважните фактори за определување на капацитетот за прилагодување бидејќи повеќето планирани адаптации се скапи – по овој критериум, Република Македонија се рангира релативно ниско во општиот капацитет за прилагодување на земјоделскиот сектор. Конечно, земјоделските системи кои се лошо адаптирани на постојната клима се показател за низок капацитет за прилагодување и на идните климатски промени.

Во овој дел ќе ги разгледаме трите аспекти на капацитетот за прилагодување: 1. Постојните земјоделски политики и институционални капацитети на национално ниво; 2. Доказите за капацитетот за прилагодување на ниво на фарма врз основа на нашите консултации со македонските земјоделци и 3. Краткиот преглед на доказите дека македонските земјоделски системи за културите на кои се фокусираме може да се лошо прилагодени на постојната клима, отсликувајќи висок постоен „адаптационен дефицит“.

1.3.1 НАЦИОНАЛНИ ПОЛИТИКИ И ИНСТИТУЦИОНАЛЕН КАПАЦИТЕТ

На национално ниво, високото ниво на капацитет за прилагодување на земјоделскиот сектор се карактеризира со високо ниво на функционалност во давањето хидрометеоролошки и релевантни гео-просторни податоци на земјоделците за да се поддржи доброто одлучување на ниво на фарма; обезбедување други агрономски информации преку добро обучени советодавни агенти и мрежа за поддршка која функционира добро и истражување во земјата ориентирано кон иновации на агрономските практики како одговор на прогнозираните климатски промени. Исто така, постојат системи за осигурување дека колективната водна инфраструктура се одржува добро и ги задоволува потребите на фармерската заедница – дополнително, постојат системи за разрежување на конфликтите помеѓу земјоделците и другите корисници околу обезбедувањето вода. Во Република Македонија постојат некои од овие услови, но повеќето се несоодветни, што е подолу опишано:

• Способноста за прибирање, генерирање и обезбедување метеоролошки податоци на земјоделците може да се подобри. Земјоделците забележаа дека имаат ограничени метеоролошки информации на располагање за поддршка на нивното одлучување. Исто така, за оваа студија ги користевме месечните историски податоци кои за кои се покажа дека е тешко да се користат – дневните податоци изгледа дека се достапни, но тие не се запознаени со техниките за користење на податоците од глобалните циркулациони модели како што се оние кои се користени во оваа студија. ЗАБЕЛЕШКА: локалните соговорници сугерираа дека меѓународниот тим се согласил да обезбеди куса сесија за градење капацитети на почетокот на април за да се запознае техничкиот хидрометеоролошки кадар со техниките за спроведување оценки на влијанијата на климатските промени што може да биде подобра основа за оценка на идните потенцијали за приносите на земјоделските култури.

• Постојните услуги за поддршка на земјоделците не се ориентирани кон ублажување на ризиците од климата. Иако многу земјоделци со кои разговаравме знаат за советодавните услуги, проценуваме дека само мал дел од нив ги користат овие услуги, постојните советодавни услуги имаат многу мал или никаков капацитет за давање совети за прилагодување на земјоделските системи на климатските ризици кои се опишани во

14

оваа студија. Ова е наод кој важи за сите земји кои се опфатени со пошироката регионална студија и не е невообичаено и за многу други земји.

• Способностите за земјоделски истражувања се прошируваат, но имаат многу малку врска со советодавните услуги. Главните земјоделски истражувачки центри во Република Македонија се лоцирани во Скопје. Меѓутоа, земјоделските истражувачки институти се уште не се фокусирале на климатските промени како главен ризик за земјоделското производство и тие не се ефективно координирани со советодавните услуги колку што би можеле да бидат. Исто така, истражувањата би можеле да бидат подобро фокусирани на искористувањето на предностите од сортите семиња и земјоделските практики кои се покажале како ефективни во другите земји и на координирањето со советодавните услуги за да се демонстрираат овие резултати на локално ниво, особено на малите земјоделци.

• Многу фарми се мали и имаат ограничени ресурси за инвестиции за прилагодување. И локалните податоци и нашите разговори со земјоделците го поддржуваат ова тврдење. Вкупниот број фарми постепено се намалува главно поради миграцијата и спојувањето на фармите, но просечната големина останува мала и сопственоста на парцелите е фрагментирана. Поради тоа, производството на повеќето мали фарми не може да се механизира поради финансиски ограничувања.

• Пазарите на земјоделски производи се ограничени. Многу фарми во Република Македонија се фарми за преживување кои произведуваат само за сопствени потреби и немаат врски со пазарот. Многу земјоделци работат како поединци и организираните активности за маркетинг и други области се многу ограничени. Малку претприемачки сопственици на земја развиваат бизниси кои имаат за цел да настапат на пазарите на големо, но бројот на вакви производители постепено се зголемува.

• Земјоделските политики изгледа дека се фокусирани на потребите на пристапувањето во ЕУ – а прилагодувањето на климатските промени не се смета дек од стратегијата за пристапување во ЕУ. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) го нагледува земјоделскиот сектор. Управувањето со земјоделското земјиште и наводнувањето и одводнувањето се во надлежност на министерството. Во тек се напори за менување на постојните национални стратегии за земјоделство и за рурален развој и постои желба во процесот на планирање да се вклучат резултатите од оваа и од други студии. Меѓутоа, општо, националните владини политики најмногу се засегнати со исполнувањето на условите за прием во ЕУ, а на прилагодувањето на климатските промени се уште не е ставен акцент (МЗШВ 2009).6

1.3.2 ОЦЕНКА НА КАПАЦИТЕТОТ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ ОД КОНСУЛТАЦИИТЕ СО

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

Како што е подетално опишано во глава 4, проектниот тим се консултираше со земјоделците на ниво на АЕЗ во два наврати при изработката на студијата. И двете консултации им дадоа 6 Види Република Македонија, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, МАКЕДОНСКА ПРОГРАМА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКА

СОВЕТОДАВНА ПОДДРШКА (МПЗСП), Програма за преточување на прилагодувањето на климатските промени во системите за управување со

земјоделството, јули 2009 година. Спроведени од консултантите GRM International AB And Växa Halland.

15

можности на земјоделците да ги споделат своите грижи за ризиците од климатските промени за нивните земјоделски култури и да се изјаснат каде мислат дека нивниот постоен капацитет за прилагодување е низок. На првата консултација замјоделците утврдија неколку климатски стрес фактори, вклучувајќи ги температурниот стрес, квалитетот на водата, одводнувањето и екстремните временски настани; исто така изразија загриженост дека постојните советодавни услуги не се соодветни да им помогнат да се справат со овие проблеми.

Некои заеднички теми се појавија на сите состаноци во АЕЗ, а други беа специфични за АЕЗ.

Резултати од Скопје за медитеранската АЕЗ

Примарното климатско прашање во овој регион се поплавите. Земјоделците забележале зголемување на зачестеноста на поројните дождови. Големите дождови предизвикуваат излевање на реките и затнување на одводните канали и со тоа го намалуваат квалитетот на водата. Сушите се второ најважно прашање. Земјоделците конкретно споменуваат година на поплави по која следи година на суши кои се штетни за посевите. Екстремно високите температури и градот беа исто така споменати како значајни прашања во оваа АЕЗ. Земјоделците во овој регион наведуваат дека им требаат институции за поддршка кои би сакале да ги имаат во форма на општествен капитал преку заедничка работа.

Резултати од Битола за континенталната АЕЗ

Земјоделците во овој регион потврдија дека климатските промени веќе имаат влијание врз земјоделството. Најзначајното влијание кое претставува најголем ризик е намалената достапност на водата што евидентира со ниските нивоа на акумулациите и сушите. Градот, топлотниот стрес и ветерот се исто така од примарна важност; земјоделците не се чувствуваат опремени ефективно да одговорат на овие настани. Иако во оваа област има 28.000 хектари земјиште кое може да се наводнува, само 15.000 хектари се наводнуваат. Поплавите, киселите дождови, намалувањето на врнежите од снег и зголемените дождови во зимата и пролетта беа исто така споменати, но не беа потенцирани како примарни.

Резултати од Кавадарци за алпската АЕЗ

Топлотните бранови се наведуваат како климатско прашање кое претставува најголем ризик за земјоделските култури на кое земјоделците имаат ограничен капацитет да се прилагодат. Ризиците се најизразени на подрачјата со ниска надморска височина и доаѓаат со јужниот ветер. Земјоделците имаат многу ограничен капацитет за прилагодување на редовните суши и топлотни бранови кои се случуваат во оваа АЕЗ. Иако недоволното количество вода во акумулациите и намалувањето на мразовите на повисоките надморски височини, исто така, претставуваат проблем, тие сепак не се толку изразени. Земјоделците укажуваат дека имаат потреба од подобри акумулации за вода и пошироко распространети информации за мрежите за заштита на грозјето од град и сонце и за соодветноста на земјоделските култури.

1.3.3 ПРИНОСИ НА КУЛТУРИТЕ И ПРАКТИКИ ЗА ИЗБРАНИ КУЛТУРИ

Еден забележлив показател за капацитетот за прилагодување е степенот до кој постојните приноси на земјоделските култури и практики држат чекор со оние во другите земји и со меѓународниот просек за клучните култури. Резултатот на оваа оценка дава претстава за она што понекогаш се вика „адаптационен дефицит“ или степенот до кој земјоделските системи не се прилагодени на

16

постојната клима. Ако приносите на културите се релативно ниски според меѓународните стандарди, тоа покажува дека маргиналното производство може да биде многу малку отпорно на новите климатски стресови и дека има висок потенцијал да биде уништено од климатските промени.

Ги разгледавме релативните приноси на две важни македонски култури преку анализа на податоците од ФАО: пченицата и грозјето. За пченицата, статистиката на ФАО покажува дека производството е близу 3 тони на хектар, што е просек од пченицата која се не се наводнува и која се наводнува – во просек, ова е помалку од другите делови на Европа, но е еднакво на светскиот просек. Една од причините е што Република Македонија има релативно низок дел наводнувани посеви (помалку од 10%) што го прави просечниот принос релативно низок (Светска Банка 2009б). Лампиети и соработниците и Сатон и соработниците исто така ги припишуваат ниските приноси на дисторзиите и несовршеноста на пазарот; несоодветните јавни услуги за земјоделска едукација, советодавни услуги и о пристап до финансии; неодржливото управување со почвата; недоволното наводнување и високата ранливост од природни непогоди (Лампиети и сор. 2009 и Сатон и сор. 2008). Со наводнување, добар принос на комерцијална пченица по меѓународни стандарди е 6 до 9 тони од хектар.

Кај грозјето Република Македонија има релативно висок просечен принос споредено со други делови на Европа. Во Република Македонија просечниот принос е 11 тони од хектар, значително повеќе од повеќето европски земји и од светскиот просек од 9 тони од хектар. Во Република Македонија, каде веруваме дека повеќето лозја не се наводнуваат, има потенцијал за уште поголеми приноси.

Општиот заклучок на нашиот преглед е дека постојното производство на грозје има значителна компаративна предност. Меѓутоа, за пченицата останува значителен простор за збогатување на капацитетот за прилагодување на постојната клима во Република Македонија. Како што ќе биде наведено подолу во овој извештај, многу од нашите препораки за прилагодувањето на македонското земјоделство на климатските промени има многу големи стапки на придобивки – трошоци за можностите за прилагодување кои се фокусираат на подобрувањето на приносите на пченицата.

17

СЛИКА 1-6. ПРИНОС НА ПЧЕНИЦА ВО ИЗБРАНИ ЗЕМЈИ , ПРОСЕК 2007-2009 ГОДИНА

(ФАОСТАТ )

ФАОСТАТ. 2007-2009. Производство на земјоделски култури, пристапено во декември 2010 година на

http://faostat.fao.org/site/567/default.aspx#ancor.

СЛИКА 1-7. ПРИНОС НА ГРОЗЈЕ ВО НЕКОИ ИЗБРАНИ РЕЛЕВАНТНИ ЗЕМЈИ , ПРОСЕК 2007-

2009 ГОДИНА (ФАОСТАТ )

ФАОСТАТ. 2007-2009. Производство на земјоделски култури, пристапено во декември 2010 година на

http://faostat.fao.org/site/567/default.aspx#ancor.

1.4 КАКО ОВАА СТУДИЈА МОЖЕ ДА И ПОМОГНЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Потребата за прилагодување на климатските промени во сите сектори е сега јасна. Меѓународните напори за ограничување на стакленичките гасови и за ограничување на климатските промени, во постапка, сега и во иднина нема да бидат доволни за спречување на штетните ефекти на

Холандија Западна Европа 

Узбекистан Албанија Италија 

Јужна Европа Шпанија Светот 

Македонија САД 

Источна Европа Молдавија 

Просечен принос 2007‐2009 (тон/ха) 

АлбанијаСАД

МакедонијаИталијаСветот

УзбекистанЗападна Европа

Јужна ЕвропаШпанија

Источна ЕвропаМолдавијаХоландија

Просечен принос 2007‐2009 (тон/ха) 

18

зголемувањето на температурата, промените на врнежите и зголемената зачестеноста и интензитет на екстремните временски настани.

Истовремено, климатските промени можат да создадат шанси, особено во земјоделскиот сектор. Зголемените температури можат да ја продолжат сезоната на раст, повисоките концентрации на јаглероден диоксид можат да го подобрат растот на растенијата, а во некои области, како резултат на климатските промени, можат да се зголемат врнежите и достапноста на водните ресурси.

Ризиците од климатските промени не можат ефективно да се разрешат, а шансите не можат ефективно да се искористат без јасен план за усогласување на политиките со климатските промени, за развој на способностите на клучните земјоделски институции и за изградба на потребната инфраструктура и реализирање на инвестициите на фармите. Развојот на ваков план, идеално вклучува комбинација на висококвалитетна квантитативна анализа и консултации со клучните чинители, особено земјоделци, како и на земјоделски експерти во земјата.

Следен клучен фактор за мотивација за развојот на план за прилагодување на земјоделството на Република Македонија е нејзината понатамошна работа за придружување кон Европската Унија, за која Република Македонија е кандидат од 2005 година. Македонската влада веќе почна да се фокусира на потребните реформи за ЕУ, вклучувајќи ја и работата на Проектот за зајакнување на земјоделството и пристап кон ЕУ, реализиран со Светска Банка. Заедно со овие потребни реформи, ЕУ ги охрабрува активностите за подготвување и прилагодување на климатските промени. Како што беше наведено во Белата книга на ЕУ на оваа тема од 2009 година, овие активности би можеле да опфатат систематска проценка на климатските ризици, развој на иницијативи за обука на земјоделците во области како што се подобрување на ефикасноста на искористувањето на водата и утврдување на потребите за финансирање на мерките за прилагодување. Во Белата книга, исто така, се нагласува потребата за интегрирање на рентабилната адаптација на климатските промени во Политиките за рурален развој на ЕУ, понекогаш наведувани како „втор столб“ на Заедничките земјоделски политики.

Оваа студија обезбедува рамка за оценка на алтернативите за инвестиции во прилагодување, за македонската национална влада, можеби со помош од донаторската заедница и за приватниот земјоделски сектор. Оваа рамка има две критични компоненти:

1. Ригорозна квантитативна оценка, дополнета со мислењата на меѓународниот експертски тим кои ги земаат во предвид не само постојната клима туку и повеќе сценарија за идните климатски промени. Квантитативната анализа се потпира на локалните податоци до нивото кое е можно за оценка на ризиците од климатските промени за конкретни земјоделски култури и области во земјата, но и за оценка дали трошоците за инвестициите се оправдани од придобивките во поглед на збогатување на приносите на културите сега и во иднина. Исто така, студијата ги зема во предвид конкретните услови на достапноста на водните ресурси на ниво на слив, сега и во иднина.

2. Структурирана дискусија со локални експерти и земјоделци за да се оцени и потенцијалот за конкретни стратегии за прилагодување да дадат економски резултати како и оправданоста и прифатливоста на овие можности. Придонесот на македонските земјоделци во овој процес се покажа како критичен за осигурување дека

19

квантитативната анализа е разумна и дека проектниот тим не превидел важни активности за прилагодување.

Исто така, студијата дава рангирање на можностите врз основа на квантитативните и на квалитативните резултати. Рангирањето може да се користи за да се утврдат приоритети за креаторите на политиките во подобрувањето на отпорноста на македонскиот земјоделски сектор на климатските промени. Два вида резултати од оваа студија би биле најкритични за македонските креатори на политики:

1. Конкретните активности за подобрување на инфраструктурата како што е рехабилитацијата на капацитетите за наводнување и одводнување треба да бидат високи приоритети за македонските и за инвестициите на меѓународната донаторска заедница. Меѓутоа, важно е да се запомни дека оваа студија имала широк фокус така што резултатите не претставуваат оценки на оправданоста на ниво на проекти туку пошироки студии. Како резултат на тоа, следењето на конкретни инвестиции може да бара дополнителни подетални физибилити студии.

2. Создавање услови за земјоделците сами да направат мудри инвестиции за да се подобри нивниот капацитет за прилагодување. Повеќе активности за прилагодување на ниво на фарма кои ги утврдуваме се фокусираат на промените на практиките, како што е подоброто оптимизирање на инпутите и користењето на сорти семиња отпорни на топлина или суша кои земјоделците можат сами да ги спроведат. Република Македонија веќе има усвоено цени на водата, со тоа поттикнувајќи ја ефикасноста на употребата на водата на ниво на фарма. Меѓутоа, креаторите на политиките треба да бидат свесни дека македонските земјоделци немаат обука или информации (на пример временски прогнози) за мудро и ефективно да ги спроведат овие практики. Националните креатори на политиките треба да размислат овие препораки да ги направат фокални точки за проширување и подобрување на советодавните услуги на земјоделците кои експлицитно ќе ги опфатат прилагодувањето на постојната клима и прогнозирањето на промените на климата во иднина.

Најефективните планови за прилагодување на секторот на климатските промени ќе опфатат подобрување на човечкиот капитал и на физичкиот капитал – но многу од овие инвестиции можат да ја подобрат и земјоделската продуктивност веднаш според постојните климатски услови. Овие препораки, како што е подобрувањето на достапноста на релевантни временски прогнози за земјоделците ќе донесат придобивки веднаш штом ќе се спроведат и ќе обезбедат средство за земјоделците автономно да ги прилагодат своите практики како што се менува климата.

1.5 СТРУКТУРА НА ИЗВЕШТАЈОТ

Остатокот на овој извештај се состои од пет поглавја. Прво даваме резиме на нашата методологија за студијата (глава 2). Потоа ги разгледуваме резултатите од нашата проценка на влијанието (глава 3), процесот со чинителите за утврдување и оценка на можностите за прилагодување (глава 4), нашата анализа на придобивки и трошоци (глава 5) и нашите општи препораки за конкретните можности за прилагодување на национално ниво за секоја АЕЗ (глава 6).

20

2. МЕТОДОЛОГИЈА

2.1 ПРЕГЛЕД НА ПРИСТАПОТ

Нашиот пристап кон оваа студија беше развиен да обезбеди највисоко можно ниво на квантитативна анализа и вклучување на чинителите со времето и ресурсите ограничени од целокупната студија; да обезбеди добро почетно ниво на предвидлива способност за идни прогнози; да биде доволно достапна и едноставна за целите на градење капацитети во земјата и ангажирање локални експерти во разбирањето и во одреден момент, примената на методологијата и објавувањето на резултатите и да биде соодветна да симулира и оцени опсег на можности за прилагодување за разни сценарија за промена на климата и извори на вода за земјоделството (без или со наводнување). Резултатот е утврдување на почетната група мерки кои можат ефективно да одговорат на импликациите на промените во производството на земјоделските култури и добитокот и на достапноста на водата за наводнување кои веројатно ќе бидат резултат на климатските промени.

Целокупниот обем на нашата оценка на можностите за прилагодување е:

• Географски обем: Анализата се спроведува на ниво на агроеколошка зона како што е прикажано на сликата 2-1со користење на репрезентативни фарми во секоја зона.

• Земјоделски култури: Врз основа на способноста на постојните модели на култури, консултациите со македонските соговорници и достапноста на соодветни податоци за поддршка на моделирањето, се врши квантитативна оценка на следните култури: пченка, грозје, јаболка, кромид, пиперки и пасишта што не се наводнуваат (ливади).

• Идна клима: Развиваме три идни климатски сценарија врз основа на проекциите на температурата и врнежите на ниво на земја во 2050 година. Трите сценарија се дизајнирани да отсликаат повеќе исходи на ГКМ за земјоделството кои вклучуваат ниско влијание, средно и високо влијание. Избираме климатски сценарија врз основа на анализата на ниво на земја, а потоа сценаријата ги применуваме на сите три региони на АЕЗ.

• Временски период: Генерираме резултати користејќи децениски просеци од 2010 до 2050 година (т.е. 2010ти, 2020ти, 2030ти и 2040ти години)

• Економски претпоставки: Нашите резултати се базираат на две економски проекции: продолжување на постојните услови, цени и пазари и проекција на алтернативни цени на земјоделските култури до 2050 година развиени и неодамна објавени од Меѓународниот институт за истражување на политиките за храната (ИФПРИ).

• Основа за оценката: Ги оценуваме придобивките и трошоците за секоја од можностите кои ги разгледуваме во однос на основата од „сегашните услови“. Како резултат на тоа, во некои случаи, придобивките и трошоците на можностите за прилагодување може да отсликаат придобивки од прилагодувањето на климатските промени и од подобрувањето на постојниот земјоделски систем – во тие случаи ги утврдуваме тие можности како „двојна добивка“.

Целокупната студија е спроведена во три фази, како што е опишано на сликата 2-2. Првата фаза се фокусираше на подигањето на свеста и развојот на општа методологија и обем на студијата, почна

21

во мај 2010 година со работилницата за подигање на свеста организирана од Светска Банка во соработка со МЗШВ. Првата фаза опфати и мисија на експертскиот тим и заврши со прифаќање на воведниот извештај и работниот план од македонската страна во летото 2010 година.

Втората фаза беше оценката на влијанието на климата врз земјоделскиот сектор, почнувајќи со прибирање податоци и кулминирајќи со седница за градење капацитет. При завршувањето на оценката на влијанието спроведовме почетно информирање на чинителите кое вклучуваше процес во кој учествуваа земјоделците за да се продолжи со подигањето на свеста, да се утврди разумна основа за анализата и да се соберат идеи за мерките за прилагодување кои ќе се оценат во третата фаза. Мал тим патуваше во секоја од агроеколошките зони за да даде извештај за резултатите на првичното моделирање на оценката на влијанието на климата и да прибере податоци за можностите за прилагодување кои би можеле да се следат како одговор на овие проектирани влијанија.

СЛИКА 2-2. ГРАФИК НА АКТИВНОСТИТЕ НА СТУДИЈАТА

Awareness Raising and Consultation Workshop

Data Request

Stakeholder Consultation 1

Capacity Building Workshop

StakeholderConsultation 2

National Dissemination andConsensus Building Conference

Develop Final “Response to Climate

Change” Report

Develop Initial Recommendations

for AdaptationOptions

InceptionReport

Develop Initial Climate Impact

Assessment

Awareness Raising and Consultation Workshop

Data Request

Data Request

Stakeholder Consultation 1

Capacity Building Workshop

StakeholderConsultation 2

National Dissemination andConsensus Building Conference

Develop Final “Response to Climate

Change” Report

Develop Initial Recommendations

for AdaptationOptions

InceptionReport

Develop Initial Climate Impact

Assessment

Develop Initial Climate Impact

Assessment

Работилница за градење капацитет и консултации 

Работилница за градење капацитет 

Консултации со чинителите 1 

Консултации со чинителите 2 

Национална конференција за известување и градење консензус 

Барање податоци

Воведен извештај

Развивање почетна оценка на влијанието 

на климата

Развивање почетни препораки за можностите за прилагодување

Развивање завршен извештај за „одговорот на климатските промени“ 

22

Во третата фаза се рафинираа оценките на влијанието и се направи дополнителна анализа за развој на квантитативната анализа, квалитативната експертска оценка и препораките од македонските земјоделци за менито за прилагодување. Во април 2011 година ќе спроведеме втора работилница со земјоделците за да им дадеме можност да ги разгледаат и да дадат коментари на нацрт препораките. Студијата ќе кулминира со Македонската национална конференција за известување и градење консензус која треба да се одржи во април 2011 година и со ревизија на овој извештај за да ги отслика овие резултати.

Во остатокот од ова поглавје се опишуваат трите клучни чекори на нашата квантитативна анализа. Во следниот дел се опишува како ги развивме идните климатски сценарија и како ги применивме за да спроведеме оценка на влијанието на климата врз земјоделскиот сектор, моделирајќи ја основата на ефектите од променетата клима врз постојните земјоделски системи, пред прилагодувањето. Во делот 2.3 се даваат детали за нашата оценка на ефектот на конкретните можности за прилагодување врз приносите на земјоделските култури и приходите на фармите. Во делот 2.4 се дава преглед на оценката на ризиците врз добитокот.

Треба да се забележи дека ова поглавје се фокусираше на методите кои ги користиме во нашата квантитативна анализа. Меѓутоа, конечната група препораки дадена во глава 6, вклучува елементи на квантитативно моделирање, квалитативна оценка и подготвителни стратегии за земјоделците. Другите елементи на нашиот пристап се опишани во глава 4.

2.2 КЛИМАТСКИ СЦЕНАРИЈА И ОЦЕНКА НА ВЛИЈАНИЕТО

Генерално, нашиот развој на методологијата за влијанието има четири чекори: (1) утврдувањр на главните земјоделски региони во Република Македонија; (2) прибирање на основните податоци; (3) развој на климатските проекции и (4) користење на основните податоци и податоците од климатските проекции за спроведување на оценката на влијанието.

ЧЕКОР 1: УТВРДУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ РЕГИОНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Генерираме резултати за „репрезентативна фарма“ во секој од главните земјоделски региони на Република Македонија, од кои барем по еден од секоја агроеколошока зона (АЕЗ). Презентирањето на резултатите во овој просторен однос ни овозможува да ги користиме основните податоци од метеоролошките станици кои се лоцирани во земјоделските региони и да го избегнеме интерполирањето на податоците помеѓу станиците или да се потпираме на глобалните извори на податоци (кои веќе користеле интерполација). Треба да се забележи дека овој пристап се фокусира на анализата на регионите во кои веќе има земјоделство и не ги оценува регионите кои би можеле да станат погодни за земјоделство со промената на климата.

Прибираме информации за културите што не се наводнуваат и што се наводнуваат низ Република Македонија врз основа на далечинските податоци од повеќе меѓународни извори (на пример податоците од МИРЦА за 26 наводнувани и ненаводнувани култури на ~5 минутна резолуција, податоците од Мекгил за 175 култури на ~5 минутна резолуција, податоците од СПАМ (Просторен модел за алокација на производството) или деталните карти на земјоделски култури од ИФПРИ). За жал, за овој нацрт не беа обезбедени локални метеоролошки податоци.

23

ЧЕКОР 2: ПРИБИРАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ ПОДАТОЦИ

Основните метеоролошки податоци и податоци за почвата и за водните ресурси беа обезбедени од извори во земјата и од глобални извори. Метеорологијата на ниво на станица беше обезбедена на месечно ниво и беше споена со дневните податоци на светско ниво за да се карактеризира клучниот модел на културата. Се потпиравме на комбинација од локални и глобални податоци за почвата. Податоци од земјата беа обезбедени за потребите водните ресурси. Тие потреби опфаќаат:

• Метеоролошки. Бидејќи АкваКроп е дневен модел, нашата методологија за моделирање на земјоделските култури бара барем 10 годишни дневни историски податоци за главните земјоделски региони во Република Македонија.7

СЛИКА 2-1. АГРОЕКОЛОШКИТЕ ЗОНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

• Карактеристики на почвата. Моделирањето на културите бара и податоци за видот, погодноста, ерозивниот потенцијал и хидролошките карактеристики на почвата.

7 Се користи и Кропват кој бара месечни податоци.

Извори: 1) Консултативна група за меѓународно земјоделско истражување – конзорциум за просторни информации 2) Европска агенција за животна средина 3) Бази на податоци на ГАДМ – Глобални административни подрачја 4) Институт за истражување на еколошки системи, Инк.

ПРОЕКТИРАН КООРДИНАТЕН СИСТЕМ:

ЕВРОПСКИ ЛАМБЕРТ КОНФОРМАЛЕН КОНУСЕН; ГЕОДЕТСКИ РЕФЕРЕНТЕН

СИСТЕМ

АГРОЕКОЛОШКИ ЗОНИМЕДИТЕРАН

СКА КОНТИНЕНТАЛНА

24

• Водни ресурси. Моделирањето на водните ресурси бара барем 10 годишни дневни или месечни податоци за просечниот (подобро дневни) проток на реките на мерки станици низ главните реки на секој слив во Република Македонија. Тие се обезбедени од извори во земјата. Исто така, од извори во земјата, добивме локации и волумен на активните акумулации за сите главни резервоари.

Онаму каде што користиме глобални извори на податоци, достапни на ниво на мрежа – ќелија, ги пренесуваме метеоролошките податоци на земјоделски региони и на просторни дневни податоци за ќелиите од мрежата кои го покриваат регионот.

ЧЕКОР 3: РАЗВОЈ НА КЛИМАТСКИ ПРОЕКЦИИ

Климатските проекции ги комбинираат информациите од основните податоци со проекциите на промените на климата довиени од глобалниот циркулационен модел (ГЦМ) изготвени за Извештајот од четвртата оценка на Меѓувладиниот панел за климатски промени (МПКП) на Обединетите Нации. Како што е забележано во полето1 во глава 1 погоре, за Република Македонија развивме три климатски сценарија. Сценаријата се дефинирани од климатскиот индекс на влажност (КИВ) кој е показател за сушноста на регионот.8 Врз основа на просечните вредности на КИВ низ Република Македонија, го избираме најсувото, највлажното и „средното“ сценарио од околу 56 комбинации на КИВ распоредени од МПКП за 2050 година. Потоа ги спроведуваме следните две задачи:

а. Генерирање децениски месечни промени на врнежите и температурите. Ги генерираме месечните промени на климата врз основа на разликите помеѓу идните проекции на температурата и врнежите и основните податоци од ХХ век за секој КИВ. Следејќи ја литературата, ги презентираме апсолутните промени на температурата и релативните промени на врнежите.

б. Пренесување на овие месечни децениски промени во дневни промени. Моделирањето на културите според идните климатски промени бара и дневни податоци за периодот од 2010 до 2050 година, но КИВ даваат само 12 месечни резултати за секоја деценија помеѓу 2010 и 2050 година (т.е. четири групи од 12 месечни вредности). Поради тоа, користиме децениски месечни промени комбинирани со најраната деценија на достапни дневни податоци од станиците во земјата, за да се определат идните проекции.9

ЧЕКОР 4: ОЦЕНКА НА ВЛИЈАНИЕТО

Оценката на влијанието го ги користи моделите на земјоделските култури базирани на процеси АкваКроп и КропВат за да ги анализира промените на приносите на културите и побарувачката за вода за културите низ Република Македонија, а моделот ЦЛИРУН за да ги анализира промените на протокот на водата. Потоа, можеме да го примениме СЕПВ (Систем за евалуација и планирање 8 КИВ зависи од просечните годишни врнежи и од просечното годишно потенцијално испарување (ПЕТ). Ако ПЕТ е поголем од врнежите,

климата се смета за сува додека ако врнежите се поголеми од ПЕТ климата е влажна. Пресметан како КИВ = (В/ПЕТ)-1 {каде ПЕТ>В} и

КИВ=1-(ПЕТ/В) {кога В>ПЕТ}, КИВ од -1 е многу сува, а КМИ од +1 е многу влажна. Како однос од двете длабински мерки, КИВ нема

димензија.

9 На пример, ако избраниот ГКМ проектира дека промената на јануарските температури во 2030ите години е два степени, а најблиските

достапни податоци за станица се од 1994 до 2003 година, температурите за 1 до 31 јануари за секоја година од 2030ите ќе бидат

температурите помеѓу 1994 и 2003 година плус два степени.

25

на водата), користејќи ги резултатите од ЦЛИРУН за да ги анализираме потенцијалните недостатоци на вода достапна за земјоделството на ниво на слив. Го користиме КропВат за да ја определените водата за културите и потребите за наводнување од податоците за почвата, климата и земјоделските култури. АкваКроп се користеше за да се моделираат приносите на пченицата, пченката, пасиштата, доматите, луцерката, грозјето и јаболката. Програмата КропВат е помалку детална од АкваКроп и е дизајнирана за сиромашните земјоделци и за сушните или полусушните региони и создава различни распореди за наводнување според условите за управување и ја пресметува расположливата вода за секоја шема за различни модели на културите.

Интеракциите помеѓу овие алатки се презентирани на сликата 2-3. Треба да се забележи дека оваа слика го опфаќа и економскиот модел кој е применлив за проценка на прилагодувањето (подолу опишна). АкваКроп, ЦЛИРУН и СЕПВ се накусо опишани во следното поле.

СЛИКА 2-3. МОДЕЛ НА ИНТЕРАКЦИИ ВО РАЗВОКОТ НА МЕНИТО ЗА МОЖНОСТИ ЗА

ПРИЛАГОДУВАЊЕ

ИСТОРИСКИПОДАТОЦИ

ПРОЕКЦИИ ЗА КЛИМАТА ОД ГКМ

КЛИМАТСКИСЦЕНАРИЈА

АКВАКРОПЦЛИРУН

СЕПВ

ЕКОНОМСКИ МОДЕЛ

КЛИМАТСКИ ПОДАТОЦИ

КЛИМАТСКИСЦЕНАРИЈА

ФИЗИЧКО, НАУЧНО ИПЛАНСКО МОДЕЛИРАЊЕ

ЕКОНОМСКОМОДЕЛИРАЊЕ

26

КРАТОК ОПИС НА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ АЛАТКИ ЗА МОДЕЛИРАЊЕ

Трите модели кои ги користевме во оваа студија се: АкваКроп, ЦЛИРУН и СЕПВ. Подолу е даден краток опис на секој од овие модели. Сите овие модели се јавно достапни, применувани се ширум светот, и лесни се за користење:

АкваКроп: Силните страни на овој процесен модел се во неговата едноставност на оценката на влијанието на климатските промени и оценката на стратегиите за прилагодување за културите како и неговата способност да ги оценува ефектите на водниот стрес и да ја процени побарувачката на вода на културите кои се клучни прашања во Узбекистан заедно со климатските промени. Моделот го разви и го одржува и го поддржува Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) и е наследник на добро познатиот КропВат пакет. Другите предности на моделот се неговата широка употреба, одличната поддршка и едноставната анализа. Моделот е главно ориентиран на параметрите и поради тоа бара помалку податоци. Подолната слика ги илустрира некои од главните процени на растот на културите кои се отсликуваат во АкваКроп. ГЛАВНИ ПРОЦЕСИ ОПФАТЕНИ СО АКВАКРОП

ЦЛИРУН: Месечното истекување во секој зафат може да се процени со користење на овој хидролошки модел кој нашироко се употребува при хидролошки проценки на климатските промени. ЦЛИРУН моделот врши моделирање на истекувањето како целосен слив и ги зема во предвид просечните вредности за климатските влезни параметри и почвените карактеристики за целиот слив и симулира истекување на одредена мерна локација на устието на зафатот. ЦЛИРУН може да работи со дневни односно месечни временски чекори. Почвената вода се моделира како систем со два слоја: слој на почва и слој на подземни води. Овие две компоненти се соодветни на брзо и бавно истекување при ефективни врнежи. Низа потенцијални модели за евапотранспирација се достапни за користење во ЦЛИРУН. Реалната евапотранспирација е функција од потенцијалната и реалната влажност на почвата измерени во согласност со методата на ФАО. Во ЦЛИРУН може да се внесат параметри со користење на глобално расположливи податоци, а можат да се употребат и локални бази на податоци со цел да се подобрат податоците за моделите. ЦЛИРУН дава месечни истекувања за секој слив.

СЕПВ: Систем за евалуација и планирање на води (СЕПВ) е софтверска алатка за интегрирано планирање на водните ресурси чија цел е да му помогне на експертот за планирање, а не да го замени. Обезбедува сеопфатна, флексибилна и лесна за користење рамка за планирање и анализа на политики. Софтверски алатки за речни басени како што е СЕПВ обезбедуваат математичко претставување на речниот басен кој ја опфаќа конфигурацијата на главните реки и нивните приходи, хидрологијата на басенот во просторот и времето, постоечки како и потенцијални големи шеми и нивните различни побарувачки на вода. Апликацијата на СЕПВ која ја предлагаме би извршила моделирање на вкупната побарувачката и капацитет, со што ќе обезбеди добра основа за подетално

Light interception

Potential photosynthesis

Actual photosynthesis

Dry matter increase

Roots(alive)

Stems(alive)

Storage organs(alive)

Leaves(alive)

Radiation

Water and/orsalt stress

Leaf area

Growthrespiration

PartitioningDeath

Death Death

Maintenancerespiration

Light interception

Potential photosynthesis

Actual photosynthesis

Dry matter increase

Roots(alive)

Stems(alive)

Storage organs(alive)

Leaves(alive)

Radiation

Water and/orsalt stress

Leaf area

Growthrespiration

PartitioningDeath

Death Death

Maintenancerespiration

27

моделирање во иднина. СЕПВ е развиен од страна на Институтот за животна средина во Стокхолм (ИЖСС) и е одржуван од страна на ИЖСС-САД. Иако е сопственост на ИЖСС, моделот може да се добие, за номинален надоместок, за развој на апликации за потребите на земјите.

2.3 РАЗВОЈ НА МЕНИТО ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ

Врз основа на четирите чекори на оценката на влијанието има уште три дополнителни чекори за развивање на менито за прилагодување: (5) избор и категоризирање на група можности за прилагодување кои треба да се разгледаат за Република Македонија; (6) спроведување квалитативна и квантитативна оценка на овие можности и (7) развој на рангиран ред на менито на можности за прилагодување.

ЧЕКОР 5: ИЗБОР И КАТЕГОРИЗИРАЊЕ НА МОЖНОСТИТЕ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ ЗА СЕКОЈА

ЗЕМЈА

Дефинираме и категоризираме група алтернативи за прилагодување за секоја земја која е во фокусот на нашата оценка. Оваа листа е дополнета со препораките дадени од чинителите на консултативните работилници (подолу опишани). Можностите за прилагодување се еден од следните четири вида:

• Индиректни. Широки инвестиции во програми, политики и инфраструктура која има индиректни придобивки за земјоделството (на пример подобрувањето на патиштата).

• Програмски. Подобрувања на програмите и политиките кои насочени конкретно на земјоделството (на пример истражување и развој, услуги за поддршка и развој на земјоделството).

• Управување со фармите. Неинфраструктурни подобрувања на управувањето со фармите со цел подобрување на продуктивноста на фармите (на пример промена на времето на садење или на сортите на земјоделските култури).

• Инфраструктурни. Инвестициите во инфраструктурата со кои се подобрува продуктивноста на фармите и/или се намалува варијабилноста. Можат да вклучат инвестиции на ниво на фарма како што е прибирање на дождовницата или секторски инвестиции како што е инфраструктурата за наводнување или акумулациите.

Првичната листа на категоризирани можности за прилагодување за Република Македонија е дадена во глава 4.

ЧЕКОР 6: СПРОВЕДУВАЊЕ ОЦЕНКА НА ПРИЛАГОДУВАЊЕТО

Можностите за прилагодување се оценуваат примарно врз основа на четири критериуми: (1) нето економските придобивки (квантифицирани онаму каде што е можно; ако не врз основа на експертска оценка), (2) робусноста на различни климатски услови, (3) потенцијалот да им помогне на земјоделците со или без климатски промени, наречено потенцијал за „двојна добивка“, (4) поволна оценка од чинителите. Поради ограничените податоци сите можности не се оценувани квантитативно. Методологиите за справување со секој од критериумите се подолу опишани.

28

Критериум 1: Нето економски придобивки Со моделот на нето економските придобивки се оценува групата можности за прилагодување во поглед на нивната нето сегашна вредност (НСВ; вкупните дисконтирани придобивки намалени за дисконтираните трошоци) и нивниот однос на придобивки наспроти трошоци (однос П-Т; вкупните дисконтирани придобивки поделени со дисконтираните трошоци) во временскиот период на студијата. Рангирањето само врз основа на НСВ би имало тенденција да ги фаворизира проектите со повисоки трошоци и поврат, земањето на односот П-Т ја нагласува вредноста на помалите можности за прилагодување погодни за мали фарми. Нашиот економски модел го дава оптималниот тајминг за спроведување на проектот за прилагодување преку максимизирање на НСВ и односот П-Т врз основа на различни години за почеток на проектот. Ова е особено релевантно за инфраструктурните можности за прилагодување како што се системите за наводнување и акумулациите чии високи почетни капитални трошоци не можат да се оправдаат додека доволно не се зголемат приносите на земјоделските култури. Последно, со моделот се проценува НСВ и односот П-Т за приносите во секоја димензија на анализата, имено: (1) климатските сценарија, (2) АЕЗ или слив, (3) земјоделските култури, (4) ѓубрењето со СО2, (5) наводнувано наспроти ненаводнувано.

Генерирањето на овие параметри бара неколку клучни информации,10 вклучувајќи:

Приноси на земјоделските култури со и без примена на мерката за прилагодување – се добиваат од моделирањето АкваКроп и инпутот од процесниот модел на Системот за поддршка на одлуките за агротехнолошки трансфер (СПОАТ)11;

Управниот множител за да се направи конверзија од експериментални во теренски приноси – членот на тимот ИднаВода ги разви овие проценки во консултација со локалните експерти како дел он нивната работа за градење капацитети;

Цените на земјоделските култури до 2050 година – ги користиме националните податоци за цените на културите од ФАО за постојните услови и развиваме проекции за цените според две сценарија, едно со константни цени и едно базирано на глобалната прогноза на промените на цените на ИФПРИ;

Курсот помеѓу глобалните и локалните цени на земјоделските култури;

Дисконтната стапка за да се процени сегашната вредност на идните приходи и трошоци – сите наши анализи во овој нацрт користат дисконтна стапка од 5 проценти, во согласност со анализите на Светска Банка за економиката на прилагодувањето на климатските промени;

10 Сите параметри користени во анализата се подетално опишани во прилогот на овој извештај.

11 Иако не е користен во проценката на влијанието, се потпревме на Системот за поддршка на одлуките за агротехнолошки трансфер (СПОАТ)

за да ги добиеме множителите за подобреното користење на ѓубривата и подобрените сорти на култирите. СПОАТ е систем за поддршка на одлучувањето кој се користи за олеснување на симулациите на одговорите на културите на климата и управувањето. Софтверот за СПОАТ опфаќа над 20 модели за главните земјоделски култури, многу од моделите беа развиени специјално за студиите на влијанието на климатските промени финансирани од меѓународните агенции (меѓу другите УСАИД, УНЕП, УНДП) и калибрирани и вреднувани на неколку стотини места во сите агро – климатски региони. СПОАТ моделите широко се користеа за оценка на климатските влијанија врз земјоделството на различни нивоа во опсег од поединечни места до широки географски области. Овој вид структура на моделот е особено корисен за оценување на прилагодувањето на земјоделскиот менаџмент на климатските промени.

29

Капитално трошоци и трошоци за Р и О (работа и одржување) за секој инпут на прилагодувањето (на пример инфраструктурата за наводнување. Побаравме локални податоци за да ги карактеризираме трошоците за можностите за прилагодување и во некои случаи тие ни беа обезбедени. Во целина, може да биде тешко да се добијат или да се генерализираат и како резултат на тоа, во многу случаи користиме проценки кои произлегуваат од нашата претходна работа.

Генералниот пристап за проценка на нето придобивките на две од можностите за управување со фармите кои ги оценуваме – оптимизирање на употребата на ѓубрива и промената на сортите на културите – е даден во Табелата 2-1 како илустрација на нашиот пристап. Повеќе детали за овие анализи се дадени во глава 5 на овој извештај. Треба да се забележи дека не сите можности се погодни за квантитативна анализа како оваа. Освен оптимизирањето на примената на ѓубривата и промената на сортите на културите, квантитативно ги оценивме и следните можности:

• Проширување на услугите за поддршка и развој на земјоделството;

• Подобрување на капацитетите за одводнување;

• Развој на нови капацитети за наводнување;

• Рехабилитирање на капацитетите за наводнување и

• Подобрување на ефикасноста на примената на водата за наводнување.

Конечно, земјоделците во регионите на Битола и Кавадарци забележаа дека штетите од град се значителен проблем за нив. Проектниот тим е свесен за истражувањата дека појавата на град би можела да биде почеста и/или поразорувачка со промените на климата. Поради тоа посочивме постоечка студија со која се оценува рентабилноста на мрежите за град на јаболката и ја применивме на неколку релевантни македонски култури.

30

ТАБЕЛА 2-1. ИЛУСТРАЦИЈА НА ПРИСТАПОТ ЗА ДВЕ МЕРЛИВИ МОЖНОСТИ ЗА

ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА НИВО НА ФАРМА

МОЖНОСТ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ ОПИС

ПРИСТАП КОН МОДЕЛИРАЊЕТО НА

КУЛТУРАТА ЕКОНОМСКА

МЕТОДОЛОГИЈА

Оптимизирање на користењето на ѓубривата

Дополнителната примена на ѓубрива може делумно да ги ублажи влијанијата на климатските промени врз приносите на културите.

Користење на СПОАТ за да се оптимизира нивото на инпутот на ѓубривото и да се добие резултантен множител на приносот на културата за секоја од овие димензии. Овој множител потоа се применува врз приносите на АкваКроп за да се проценат подобрените приноси со примена на ѓубривата.

1. Во економскиот модел се оценува зголемувањето на приходите по хектар (т.е. пазарната цена по зголемениот принос) поради спроведување на алтернативната за прилагодување и зголемувањето на трошоците по хектар, а потоа тие се конвертираат во НСВ и односи П-Т за секоја година од 2011 до 2050 година. 2. Се оценува дали можноста за прилагодување на ниво на фарма има нето придобивки и ако има да се утврди оптималната година(и) за почнување.

Премин кон погодни култури или сорти на културите

Како што се менуваат климатските услови, друга можност би можела да биде земјоделците да преминат на посоодветни култури или сорти на културите.

Економскиот модел користи проценки на приносите на културите во услови на климатски промени во секоја АЕЗ.

31

Критериум 2: Робусност на различни идни климатски услови

Сите можности се оценуваат во поглед на климатските услови во трите алтернативни климатски сценарија. Пресметките на односите придобивки – трошоци и на нето сегашната вредност се развиваат за секое од трите сценарија со и без ефектот од ѓубрењето од јаглеродот обезбедувајќи средство за проценка на робусноста на идните климатски услови.12

Критериум 3: Потенцијал за „двојна добивка“ Утврдуваме дали можностите за прилагодување би биле корисни дури и во отсуство на климатски промени. За можностите подложни на економска анализа можеме да ги анализираме нето придобивките на прилагодувањето во однос на основата – како резултат на тоа, проценките на придобивките имплицитно го вклучуваат и прилагодувањето на климата и придобивките што не се поврзани со климата. За другите алтернативи, потенцијалот за двојна добивка се проценува врз основа на експертско мислење.

Критериум 4: Препораки од чинителите Алтернативите за прилагодување што ги предлагаат чинителите на консултативните работилници имаат значајна тежина во препораките. Чинителите даваат и информации за влијанието кое веќе го имаат искусено и можностите за прилагодување за справување со тие влијанија. И на можностите за прилагодување за справување со овие влијанија, како што е подобрувањето на одводнувањето за да се подобри прилагодувањето на поплавите, дури и ако не биле конкретно наведени на работилниците со чинителите им се дава повисок приоритет.

ЧЕКОР 7: РАЗВОЈ НА МЕНИ НА МОЖНОСТИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ

Менито на можности за прилагодување презентирани во поглавјето 6 ги синтетизира резултатите на трите компоненти на оценката на прилагодувањето: квантитативна анализа (опишана во глава 5); квалитативна оценка на потенцијалните нето придобивки за земјоделците (исто така резимирани во глава 5) и препораките од земјоделците (резимирани во глава 4). Табелите во глава 6 даваат приоритетна листа на препораки на национално ниво и на ниво на АЕЗ со потврда на препораките врз основа на овие три компоненти на оценката. Исто така во табелите е утврдено дали можноста има потенцијал за двојна добивка.

Други компоненти на препораката се квалитативната анализа на времето потребно за спроведување на секоја од овие можности за прилагодување. Карактеристиката на можноста може да биде клучен проблем за земјоделците и за потенцијалните инвеститори. На пример, изградбата на акумулација бара многу повеќе време отколку промената на сортата на културата од една сезона до следната. Оваа информација не се користи за доделување приоритет туку е дизајнирана да обезбеди водство за мерките кои би можеле да имаат влијание веднаш наспроти одложеното влијание. Оценката се заснова на достапните информации за секоја можност заедно со мислењето на експертите.

Клучен проблем на квантитативната анализа е оценката дали можноста носи придобивки низ опсег на можни идни климатски исходи. Тие ги опфаќаат нашите квантитативни и квалитативни

12 Како што е забележано во глава 5, во најголем број случаи утврдивме дека квантитативните резултати за можностите за прилагодување се

помалку сензитивни на несигурноста во климатските прогнози отколку на несигурноста на идните цени.

32

проекции на нето придобивките од можностите за прилагодување низ трите сценарија за климатските промени, две сценарија со ѓубрење со СО2, повеќе култури и четири децении. За истите култури и можности за прилагодување ја оценуваме робусноста врз основа на оценката на експертите.

2.4 ОЦЕНКА НА РИЗИЦИТЕ ЗА ДОБИТОКОТ

Иако директните влијанија на топлотниот стрес врз добитокот не се екстензивно проучени, затоплувањето се очекува да го смени земањето храна, морталитетот, растот, репродукцијата, одржувањето и производството на животните. Колективно, овие ефекти се очекува да имаат негативно влијание врз продуктивноста на добитокот (Торнтон и сор. 2009)

Во напорите за оценка на ефектите на климатските промени врз добитокот проучивме голема литература за да ги утврдиме постојните модели врз ефектот на климатските промени, особено на температурата што се менува врз добитокот. Идеално, би користеле процес сличен како моделот АкваКроп. Модел од овој вид би можел да се употреби за да се симулираат ефектите врз добитокот за разни климатски сценарија и да се оцени влијанието од преземањето активности за прилагодување. Единствената екстензивна анализа од овој вид е структурниот рикардов модел на добитокот развиен од Сео и Менделсон врз основа на студиите во десет африкански земји (2006). Со овој модел се мери интеракцијата помеѓу температурата и добитокот и се зема во предвид адаптивниот одговор на земјоделците преку оценка кои раси се избрани, бројот на животни по фарма и нето приходите во услови на менување на климата. Студијата се потпира на анкета на над 5000 сточари во десет африкански земји. Во овие податоци, варијацијата на продуктивноста на добитокот и очекуваните резултати во различните региони покажуваат јасна поврзаност со регионалната клима што обезбедува механизми, преку просторна аналогија, статистички да се анализира како климатските промени можат да влијаат врз резултатите на добитокот. 13

Општите резултати на студијата се дека, во однос на основата, веројатноста да се изберат месни говеда и кокошки ќе се намали со зголемувањето на температурите, но веројатноста да се изберат млечни говеда, кози и овци ќе се зголеми. Очекуваниот приход по животно паѓа кај сите видови добиток, но промените се најдраматични за месните говеда, козите и кокошките кои опаѓаат за 19 проценти, 21 процент и 29 проценти со зголемување на температурата за 2,5оС. Зголемувањето на температурите, генерално, води до одговор да се намали предвидениот број месни говеда и кокошки на секоја фарма, но зголемување на бројот на другите видови добиток.

Утврдивме дека резултатите на Менделсон и Сео се во согласност со другата работа во оваа област. Во претходните студии, се утврдило дека месните говеда имаат зголемена смртност, намалена репродукција и земање храна и други негативни ефекти со зголемувањето на температурата (на пример Адамс и сор. 1999). Бат и сор. (2005) утврдиле дека малите преживари (т.е. овците и козите) се поотпорни на растот на температурите од месните говеда. Кокошките се особено ранливи на климатските промени бидејќи тие толерираат само тесен опсег на температури над кои негативно се погодени репродукцијата и растот. Исто така, зголемувањето на

13 Бидејќи суровите податоци од оваа анкета не ни беа достапни, не беше можно да се споредат климатските услови од анкетата на Сео и

Менделсон со условите во Македонија.

33

температурата предизвикано од климатските промени може да се влоши во затворените системи за чување на живината.

Меѓутоа, конечно, во македонската анализа избравме да не го користиме моделот на Менделсон и Сео. Главната причина е дека постојната клима, а особено ефектот на постојната клима врз постојните практики за управување и врз постојните раси добиток во десетте африкански земји кои ги проучувале значително се разликуваат од истите во Република Македонија. Рикардовиот пристап не ни овозможува да направиме сигурно прилагодување на тие разлики. Како резултат на тоа, обезбедуваме квалитативна оценка на ризикот од климата врз добитокот и на мерките за прилагодување кои треба да се разгледаат при одговарањето на тие ризици.

2.5 НЕСИГУРНОСТ И АНАЛИЗА НА СЕНЗИТИВНОСТА

Студијата на овој опсег, спроведена во ограничено време и со ограничени ресурси е секако ограничена. Особено, за пошироко да разгледаме повеќе земјоделски култури, области и можности за прилагодување, особено можности кои би можеле да бидат релативно нови за Република Македонија, во многу случаи мора да се потпреме на најдобрите достапни податоци и на карактеризациите на тие можности. Иако студискиот тим се погрижи да ги употреби најдобрите достапни податоци и пременуваше најсовремени алатки за моделирање и анализа, анализата на исходите за 40 години, низ широк и разновиден пејзаж на комплексни земјоделски и водни системи вклучува несигурност. Како резултат на тоа, се обидуваме да оцениме дали сензитивноста на нашите препораки е еден од најважните извори на несигурност – како идните климатски промени ќе се одвиваат низ Република Македонија.

Потенцијално поголемо прашање кои не можеме да го разрешиме сега вклучува проектирање на еволуцијата и на развојот на земјоделските системи во следните 40 години, без или со климатските промени. Идниот контекст во кој ќе се прифати прилагодувањето е несомнено важен, но е многу тешко да се проектира. Други важни ограничувања се неопходноста на истражувањето на ефикасноста на можностите за прилагодување за „репрезентативна фарма“. Нашите резултати не треба да се толкуваат како длабинска анализа на можностите на ниво на фарма. Наместо тоа, овие резултати ги гледаме како важен почетен чекор во процесот на оценка и спроведување на можностите за прилагодување на климата на земјоделскиот сектор, користејќи ги постојните најдобри достапни методи.

34

3. ВЛИЈАНИЈА НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ВРЗ ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во овој дел од извештајот се опишуваат резултатите на нашата проценка на климатските влијанија врз македонскиот земјоделски сектор. Проценката на влијанијата е важна компонента на развојот на план за прилагодување. Таа ги отсликува прогнозираните промени на температурите и врнежите, опишани во делот 1.2, во периодот од 2010 до 2050 година врз приносите на земјоделските култури и врз водните ресурси расположиви за наводнување во земјоделството, во случај да не се преземат никакви активности за прилагодување на овие промени. Како таков, претставува основа од која можеме да ги мериме ефектите на поединечните можности за прилагодување. Исто така, дава јасна слика за ризиците и можностите од климатските промени, на подетално ниво, по култури, АЕЗ и речни сливови.

Прво ги разгледуваме нашите прогнозирани влијанија на климатските промени врз земјоделските култури и хортикултурата, потоа ги резимираме резултатите на нашата проценка на директните ефекти на климатските промени врз добитокот на ниво на скрининг и на крајот ги разгледуваме ефектите на климатските промени врз водата која е на располагање за наводнување во земјоделството.

Генерално, нашите резултати го покажуваат следното:

• Во целина, директните ефекти на климатските промени врз земјоделските култури во Република Македонија би можеле да бидат позитивни за сите култури што се одгледуваат во алпската АЕЗ и за наводнуваните култури во медитеранската и во континенталната АЕЗ, но би можеле да бидат негативни за повеќето ненаводнувани култури во медитеранската и во континенталната АЕЗ.

• Директниот ефект на температурата врз добитокот, намалувањето на неговата продуктивност и на приходите на фармите би можел да биде голем, особено за говедата и кокошките. Меѓутоа, во овој момент, нашите резултати се квалитативни по природа.

• Климатските промени ќе ја зголемат побарувачката за вода за наводнување и ќе ја намалат расположливата вода. Резултатите од моделирањето покажуваат дека иако, во некои години, веќе постои недостаток на вода за наводнување, повисоките температури и помалите врнежи поради климатските промени ќе ја зголемат побарувачката за вода за наводнување и ќе го намалат протокот на реките за време на сезоната на растот. Овие зголемувања на побарувачката на вода за наводнување и намалувањата на расположливата вода ќе предизвикаат веќе постоечкиот недостиг, во идните години, да стане потежок, најакутно во југозападната медитеранска и континентална АЕЗ.

3.1 ВЛИЈАНИЈА ВРЗ ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ КУЛТУРИ И ВРЗ ХОРТИКУЛТУРАТА

Деталните резултати на нашата оценка на влијанието на поединечните култури за секоја АЕЗ и климатско сценарио се подолу резимирани во табелите 3-1 и 3-2. Во табелата 3-1 се прикажани резултатите за средното сценарио, а во табелата 3-2 се прикажани резултатите за високото и за ниското сценарио. Како што е покажува табелата 3-2, земјоделските култури што не се

35

наводнуваат се потешко погодени од климатските промени од оние што се наводнуваат. Во медитеранската АЕЗ има најизразени негативни ефекти, следена од континенталната АЕЗ. Генерално, сценариото со високо влијание има најсилно влијание со помали врнежи и повисоко испарување како резултат на проекциите за повисоки температури. Кај средното климатско сценарио, влијанието на климатските промени е до некаде помалку тешко од сценариото со високо влијание бидејќи ова сценарио е помалку песимистичко во поглед на проекциите на врнежите.

Генерално, резултатите покажуваат дека само една од наводнуваните култури има намален принос во медитеранската и во континенталната АЕЗ додека сите наводнувани и ненаводнувани култури што се одгледуваат во алпската АЕЗ имаат раст на приносите. Намалувањата на ненаводнуваните култури во медитеранската и во континенталната АЕЗ се особено значителни кај јаболката, грозјето и пченката, достигнувајќи дури и 60 процентни намалување кај пченката. Како што може да се очекува, наводнувањето ги зголемува приносите и ја намалува променливоста на приносите.14

ТАБЕЛА 3-1. ПРОМЕНИ НА ПРИНОСИТЕ ВО ОДНОС НА ПОСТОЈНАТА СОСТОЈБА (% ДО

2040ИТЕ ) СПОРЕД СРЕДНОТО КЛИМАТСКО СЦЕНАРИО , ЗА СЕКОЈА КУЛТУРА И

АЕЗ

Наводнувани/ Ненаводнувани 

Култура  Медитеранска Континентална  Алпска 

Луцерка  5%  28%  71% 

Јаболка  9%  13%  15% 

Грозје  ‐14%  ‐23%  N/A 

Пченка  0%  27%  N/A 

Зеленчук  11%  10%  N/A 

Наводнувани 

Пченица  16%  30%  100% 

Луцерка  ‐10%  2%  42% 

Јаболка  ‐45%  ‐41%  6% 

Грозје  ‐25%  ‐32%  N/A 

Пченка  ‐62%  ‐54%  N/A 

Пасишта  ‐3%  8%  22% 

Зеленчук  ‐11%  ‐9%  N/A 

Ненаводнувани 

Пченица  6%  25%  99%  Забелешка: „N/A“ укажува дека културата не се одгледува во наведената АЕЗ.

14 Детални резултати за секоја комбинација на (1) култура (2) АЕЗ (3) клима се дадени во прилогот А. Резултатите во табелите 3-1 до 3-3

даваат резимирани промени на приносите во однос на постојните приноси, изразени како просечна процентуална промена по деценија за

целокупниот 40 годишен проучуван период. Црвената боја укажува на намалување на приносите споредено со сегашната состојба, додека

зелената боја укажува на нивно зголемување. Резултатите се пресметани со земање на процентуалните промени на приносите од основата

до 2040ите години.

36

Сценариото со ниско влијание кај многу култури покажува нето позитивно влијание во континенталната и во алпската АЕЗ бидејќи зголемените врнежи обезбедуваат повеќе вода за растенијата. Повисоките температури резултираат и со повисока побарувачка на вода поради испарувањето, но само дел од зголемените врнежи се губи како резултат на непродуктивно испарување од почвата. Повеќето култури се поволно погодени од зголемената расположливост на водата. Приносите на ненаводнуваните култури се особено подобрени од зголемените врнежи бидејќи во сегашната ситуација тие имаат одреден воден стрес и нивниот раст е ограничен од водата.

ТАБЕЛА 3-2. ОПСЕГ НА ПРОМЕНИТЕ НА ПРИНОСИТЕ ВО ОДНОС НА ПОСТОЈНАТА СОСТОЈБА

(% ДО 2040ИТЕ ) ЗА ТРИТЕ КЛИМАТСКИ СЦЕНАРИЈА

Наводнувани/ Ненаводнувани 

Култура  Медитеранска  Континентална  Алпска 

Луцерка  4 to 33%  21 to 42%  68 to 92% 

Јаболка  9 to 10%  11 to 15%  14 to 15% 

Грозје  ‐35 to ‐3%  ‐39 to 12%  N/A 

Пченка  ‐11 to ‐9%  19 to 25%  N/A 

Зеленчук  3 to 19%  3 to 8%  N/A 

Наводнувани 

Пченица  13 to 15%  25 to 28%  76 to 113%

Луцерка  ‐17 to 45%  ‐10 to 42%  43 to 56% 

Јаболка  ‐60 to ‐7%  ‐63 to 6%  ‐4 to 13% 

Грозје  ‐47 to ‐12%  ‐53 to 8%  N/A 

Пченка  ‐76 to ‐52%  ‐77 to 8%  N/A 

Пасишта  ‐4 to 19%  ‐4 to 33%  20 to 58% 

Зеленчук  ‐21 to 10%  ‐28 to ‐8%  N/A 

Ненаводнувани 

Пченица  ‐3 to ‐1%  13 to 15%  70 to 105% Забелешка: „N/A“ укажува дека културата не се одгледува во наведената АЕЗ.

Погоре презентираните резултати не ги опфаќаат ефектите од повисоките концентрации на СО2 кои се очекува да бидат нус производ на зголемените емисии на СО2. Повисоките концентрации на СО2 можат да го подобрат растот на некои земјоделски култури со тоа што процесот на фотосинтеза би имал корист од дополнителниот СО2 во околината. Ефектот е тешко точно да се процени поради тешкотијата да се направат теренски експерименти и неспособноста на повеќето студии да ги земат во предвид спротивните ефекти на СО2 врз плевелите.15

Врз основа на друга работа во регионот, очекуваме дека некои од културите проучувани во Република Македонија би можеле да имаат зголемување на производството поради претпоставениот ефект на ѓубрење од СО2. Овој ефект компензира дел од негативните влијанија 15 Целосната пресметка на индиректните ефекти на климатските промени врз земјоделските култури би ги опфатила и ефектите на

повисокиот озон во средината кој, исто така го ограничува повеќето приноси.

37

на зголемениот воден стрес предизвикан од повисоките температури и од испарувањата. За други култури (на пример грозјето и тревата) општото влијание на климатските промени веројатно би останало негативно. Во целина, за поумерените климатски сценарија, ѓубрењето од СО2 веројатно би било позитивно и би можело да доведе до зголемување на приносите до 7 проценти.

За наводнуваните култури, беа проценети и климатските влијанија на побарувачката за вода за наводнување како клучен инпут во анализата на водните ресурси. Портокаловата боја во табелата 3-3 покажува зголемување на барањата за вода за наводнување на културите, додека земената покажува намалување. За сите сценарија, генералниот тренд е дека повеќе вода е потребна за одржување на постојните приноси. Особено грозјето, јаболката, луцерката и пченицата ќе имаат потреба од значително зголемување на количествата вода (види ги прилозите за апсолутните проценки за секоја деценија).

ТАБЕЛА 3-3. ПОТРЕБИ ЗА ВОДА ЗА НАВОДНУВАЊЕ ВО ОДНОС НА СЕГАШНАТА СОСТОЈБА (%

ДО 2040ИТЕ ) СПОРЕД 3 КЛИМАТСКИ СЦЕНАРИЈА , ЗА СЕКОЈА КУЛТУРА И АЕЗ

(ПОД ПРЕТПОСТАВКА ДЕКА НЕМА ЃУБРЕЊЕ ОД СО2)

Сценарио  Култура  Медитеранска  Континентална  Алпска 

Луцерка  34%  39%  45% Јаболка  48%  49%  63% Грозје  51%  51%  N/A Пченка  21%  22%  N/A Зеленчук  23%  25%  N/A 

Високо 

Пченица  36%  37%  51% Луцерка  29%  32%  39% Јаболка  50%  49%  66% Грозје  51%  46%  N/A Пченка  18%  13%  N/A Зеленчук  22%  21%  N/A 

Средно 

Пченица  28%  21%  37% Луцерка  13%  12%  21% Јаболка  13%  10%  24% Грозје  27%  19%  N/A Пченка  10%  4%  N/A Зеленчук  11%  9%  N/A 

Ниско 

Пченица  23%  18%  36% 

38

3.2 КЛИМАТСКИ ВЛИЈАНИЈА ВРЗ ДОБИТОКОТ

Ефектите врз луцерката и врз наводнуваните пасишта резимирани во претходниот дел претставуваат еден вид климатски ризик за добитокот, индиректен ефект. Ефектите на климатските промени врз приносот на пченката исто така можат да се поврзат со ефекти врз добитокот. Приносите на ненаводнуваната луцерка и пасишта се очекува да се зголемат во медитеранската и во континенталната АЕЗ, но значително да се намалат во алпската зона кафе сточарството има поголем процент во целокупната земјоделска продуктивност. Како резултат на тоа, индиректните ефекти на климатските промени би можеле да бидат големи во областите каде сточарството е најважно.

Директното влијание на климатските промени врз добитокот е исто така важно и е поврзано со повисоките температури за добитокот од оптималните кога топлината може да влијае врз продуктивноста на животните и, во случај на екстремни настани, да доведе до зголемена смртност поврзана со екстремниот топлотен стрес. Како што е опишано во глава 2, има многу ограничени информации кои го карактеризираат директното влијание на климата врз добитокот – моментално достапните методологии се далеку помалку софистицирани од техниките за моделирање на земјоделските култури применети во претходниот дел или од техниките за моделирање на водните извори во следниот дел и генерално не се соодветни за примена во Република Македонија.

Скрининг анализата која ја направивме покажува дека директните ефекти на климатските промени врз повеќето животни, во отсуство на прилагодување, би можеле да бидат негативни и потенцијално големи. За многу комбинации на видовите добиток/АЕЗ, климатските промени претставуваат голем ризик со потенцијал за дури 35 проценти загуби на нето приходите до 2040ите години, со помали ефекти врз козите и овците отколку врз кокошките и говедата.

3.3 ВЛИЈАНИЈА ВРЗ ВОДНИТЕ РЕСУРСИ

Анализа на достапноста на водата беше спроведена на ниво на речен слив користејќи го средството за евалуација и планирање на водата (СЕПВ) кое ги споредува прогнозите за побарувачката на вода за сите сектори, вклучувајќи го и наводнуваното земјоделство со резултатите за расположливата вода во услови на климатски промени добиени од моделот ЦЛИРУН. Петте главни речни сливови кои го анализиравме се прикажани на сликата 3-1. Тие, во правец на стрелките на часовникот, од север се: сливот на река Пчиња, сливот на река Брегалница, сливот на Река Вардар, сливот на река Црна и сливот на река Радика. Некои од овие сливови излегуваат од границите на Република Македонија која на сликата е обележана со дебела линија. Ние се фокусираме на снабдувањето и на побарувачката на вода на територијата на Република Македонија

Во остатокот од овој дел ги разгледуваме: (1) инпутите во СЕПВ, вклучувајќи ја и побарувачката, снабдувањето, акумулирањето и прекуграничните протоци на вода на ниво на слив, (2) аналитичките резултати и (3) ограничувањата на анализата.

39

Вкупното годишно повлекување на вода за наводнување во Република Македонија е 1,07 km3, што претставува 69 проценти од повлечената вода во земјата.16 Во моделот СЕПВ, повлекувањето вода за наводнување во секој речен слив се проценува врз основа на вкупните хектари наводнувано земјиште во секој слив, проценките на потребите на културите за наводнување по хектар (разгледани погоре) и проценката на ефикасноста на наводнувањето на ниво на речен слив. Дистрибуцијата на наводнуваните хектари по речни сливови се заснова на Глобалната карта на наводнувани области на ФАО, презентирана за Република Македонија на сликата 3-2.17 Вкупно, во земјата, има 87.590 хектари кои се наводнуваат, од нив 31.750 хектари се во сливот на река Црна, 30.499 хектари во сливот на река Вардар, 15.312 хектари во сливот на река Радика, 7.585 хектари во сливот на река Пчиња и 2.444 хектари во сливот на река Брегалница.

Потребите за наводнување на културите се под влијание на температурите и на влажноста бидејќи побарувачката за вода е директно поврзана со приносот на културите и со испарувањето. Овие потреби за наводнување се изведени од резултатите од моделот КропВат кои се погоре опишани. На сликата 3-3 се дава споредба на вкупната месечна побарувачка за наводнување во Република Македонија за постојната основа и во трите климатски сценарија за 2040ите години. Треба да се забележи дека во услови на повисоки пролетни температури, културите почнуваат да бараат вода во април наместо во мај, а побарувачката за вода за наводнување го достигнува врвот во јуни наместо во јули. Според средното и високото сценарио, многу повисока побарувачка се одржува и во август споредено со основното сценарио.

16 ФАО (Организација за храна и земјоделство). 2011. Факти за земјата: Република Македонија. Пристапено на 12 март 2011 година од

http://www.fao.org/nr/water/aquastat/data/factsheets/aquastat_fact_sheet_mkd_en.pdf.

17 ФАО. 2011. Глобална карта на наводнувани области. Пристапено на 12 март 2011 година од

http://www.fao.org/nr/water/aquastat/irrigationmap/index.stm.

40

СЛИКА 3-1. РЕЧНИ СЛИВОВИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Македонска граница Метеоролошки станици Области надвор од сливовите Реки/водотеци

Извори: 1) УСГС Хидро 1к Речни сливови 2) Дива ГИС 3) Ордан Чукалиев, Факултет за земјоделски науки и храна, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

41

СЛИКА 3-2. НАВОДНУВАНИ ОБЛАСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Македонска граница Сливови дефинирани од ИЕц Реки/водотеци Метеоролошки станици

Процент на наводнување

42

СЛИКА 3-3. СРЕДНА МЕСЕЧНА ПОБАРУВАЧКА НА ВОДА ЗА НАВОДНУВАЊЕ ВО 2040ИТЕ ЗА

СИТЕ МАКЕДОНСКИ СЛИВОВИ

За да ги земеме во предвид потенцијалните конфликти помеѓу наводнувањето и другите намени на водата, во моделот СЕПВ ги вклучивме и прогнозите за побарувачката на другите сектори. Конкретно, ги користевме прогнозите за општинската и индустриската (О и И) побарувачка за вода во Република Македонија, направени од Светска Банка.18 О и И побарувачка претставува околу 30 проценти од постојната потрошувачка на вода во Република Македонија во однос на земјоделството. Светска Банка прогнозира дека оваа побарувачка ќе се зголеми од 630 милиони m3 во 2010 година на највисоки 708 милиони m3 во 2030, а потоа ќе се намали на 625 милиони m3 до 2050 година. Овој тренд може да им се припише на проекциите на општинската и индустриската побарувачка кои достигнуваат врв во 2030 година, а потоа опаѓаат со развојот на Република Македонија, заедно со релативно рамен тренд на населението. Во отсуство на информации за точната локација на О и И корисници на вода, ја алоциравме оваа побарувачка на секој слив врз основа на населението на секој слив кое беше изведено од базата на податоци за населението во светот на Универзитетот Колумбија.19

Моделирањето на ефектот на климатските промени врз снабдувањето со вода беше направено со користење на ЦЛИРУН. Снабдувањето со вода е мерено врз основа на протокот на реките што е разликата помеѓу врнежите и евапотранспирацијата; како резултат на тоа, протокот е погоден и од прогнозите на температурата и на врнежите. ЦЛИРУН е двослојна, еднодимензионална алатка за

18 Hughes et al. 2010. The costs of adaptation to climate change for water infrastructure in OECD countries, Utilities Policy. 18(3) Страници 142-

153.

19 СЕДАЦ, Универзитет Колумбија. 2011. Населението во светот. Пристапено на 15 јануари 2011 од http://sedac.ciesin.columbia.edu/gpw/.

ОсновноНиско Средно Високо

Поб

арув

ачка

за во

да (куб

ни метри

)

јан. фев. март април мај јуни јули август септ. окт. ное. дек. месец

43

проценка на инфилтрацијата и на протокот која ги користи историските податоци за протокот како средство да ги процени карактеристиките на почвата. Во отсуство на податоци од станици во земјата за мерен проток, ЦЛИРУН беше калибриран за секој слив со користење на глобалните историски податоци за протокот од пет хидролошки мерни станици лоцирани во сливот на река Вардар и од месечните податоци од мерните станици од Хидрометеоролошкиот завод на Македонија.20 Вредностите на R на квадрат за калибрација на ЦЛИРУН беа помеѓу 0,71 и 0,84 за петте слива, а девијациите помеѓу забележаниот и моделиранот проток беа во опсег помал од еден до пет проценти, покажувајќи силна врска помеѓу забележаниот проток и протокот моделиран од врнежите и потенцијалната евапотранспирација (ПЕТ). Откако ќе се калибрира, ЦЛИРУН ги користи месечните проекции за врнежите и за ПЕТ според трите климатски сценарија, за да го проектира протокот од врнежите во секој од овие пет слива.

На сликата 3-4 е даден годишниот проток по климатски сценарија за сите сливови во Република Македонија помеѓу 2011 и 2050 година, а на сликата 3-5 е прикажана споредба на средниот месечен проток во 2040ите години според основното и трите климатски сценарија. Како што се очекуваше, во однос на постојните проценки, протокот се намалува според сценаријата со високо и средно влијание, а се зголемува според сценариото со ниско влијание. Варијабилноста низ сценаријата значително се зголемува по 2030 година. Во поглед на месечните ефекти, иако годишниот проток според сценариото со ниско влијание се прогнозира дека ќе се зголеми, протокот во пролетните месеци се намалува според сите три сценарија во споредба со основните услови, делумно како резултат на намалувањето на снежната покривка и протокот од топењето на снегот, во овие периоди. Овие намалувања се случуваат во месеците кога побарувачката на културите за вода е највисока и кога КропВат прогнозира зголемување на побарувачката од културите поради климатските промени. Исто така е важно да се забележи дека според високото и средното сценарио се проектира значително намалување на протокот на реките во доцните летни месеци кога акумулациите се најниски, а побарувачката на културите останува висока.

20 Податоци за протокот од: Massachusetts Institute of Technology. 1978. Yugoslavia and Greece. Integrated development of the Vardar/Axios

River Basin: Master Plan Report. New York : Tippetts-Abbett-McCarthy-Stratton.

44

СЛИКА 3-4. ГОДИШЕН ПРОТОК НА СИТЕ МАКЕДОНСКИ СЛИВОВИ , 2011-2050 ГОДИНА

СЛИКА 3-5. СРЕДЕН ГОДИШЕН ПРОТОК ВО 2040ИТЕ ГОДИНИ ЗА СИТЕ МАКЕДОНСКИ

СЛИВОВИ

Годи

шен

про

ток

(куб

ни кил

ометри

)

Основно Ниско Средно Високо

Година

Про

ток

(куб

ни метри

)

Основно Ниско Средно Високо

јан. фев. март април мај јуни јули август септ. окт. ное. дек. месец

45

Гледајќи ги промените на протокот во петте слива, можеме да забележиме слични трендови. На сликата 3-6 се дадени средните проценти на промените на протокот од историскиот основен период до 2040ите години според трите сценарија. Панелот од карти на левата страна ги покажува промените кога ќе се земат во предвид сите месеци во годината, а панелот на десната страна ги покажува само месеците од април до септември, месеци кога се појавува потребата за наводнување. Иако некои од јужните сливови се проектира дека имаат поголем среден годишен проток според ниското сценарио кога ќе се земат во предвид сите месеци, сите сливови според сите сценарија покажуваат намален среден проток за време на сезоната на наводнување.

СЛИКА 3-6. СРЕДНА ПРОЦЕНТУАЛНА ПРОМЕНА НА ПРОТОКОТ ВО 2040ИТЕ СПОРЕДЕН СО

ИСТОРИСКАТА ОСНОВА , СИТЕ МЕСЕЦИ (ЛЕВО ) И САМО АПРИЛ ДО СЕПТЕМВРИ (ДЕСНО )

Моделот СЕПВ ги користи овие прогнози за промената на побарувачката на вода за да ги процени потенцијалните недостатоци на вода за наводнување во услови на климатски промени. СЕПВ (Сибер и Пурки, 2007) е софтверска алатка за интегрирано планирање на водните ресурси која обезбедува математичка претставеност на речните сливови, вклучувајќи ја и конфигурацијата на главните реки и нивните притоки, хидрологијата на сливот во простор и време, побарувачката за вода и акумулациите. Пресметките се права на месечна основа од 2011 до 2050 година за основното сценарио (т.е. без климатски промени) и за трите сценарија со климатски промени, од кои секое се карактеризира со единствен прилив и промена на побарувачката на вода. Приливот на површинска вода од ЦЛИРУН се користеше како прилив на агрегирана река во секој слив моделиран во СЕПВ. Снабдувањето и побарувачката за вода се поврзани помеѓу узводниот и низводниот слив (сите четири подслива течат во главната река Вардар) и местата на акумулациите,

Вис

око

Сре

дно

Нис

ко

Вис

око

Сре

дно

Нис

ко

46

наводнувањето и на општинската и индустриската побарувачка и се секвенционирани во согласност со нивните точни локации.

Освен од проценката на промените на снабдувањето и побарувачката на вода, моделот СЕПВ критично зависи од информациите за волуменот и локациите на акумулациите и аранжманите за прекуграничен проток и од претпоставките за еколошките услови за протокот.

• Локациите и волуменот на акумулациите беа обезбедени од Меѓународната комисија за големи брани (ИЦОЛД 2010) и Берга (2006) кои ги резимираат волумените на резервоарите по локации во Република Македонија.21 Тие известуваат дека Република Македонија има вкупно 1,73 km3 акумулации, од кои 360 милиони m3 се во сливот на река Радика, 740 милиони m3 се во главниот слив на река Вардар, 140 милиони m3 се во сливот на река Брегалница и 495 милиони m3 се во сливот на река Црна. Овие изводи не наведуваат акумулации во сливот на река Пчиња.

• Аранжманите за прекуграничниот проток се исто така важна детерминанта за расположливата вода во Република Македонија бидејќи сливот на река Вардар истекува во Грција. Иако, според нашите сознанија, нема аранжмани за прекуграничниот проток со Грција, претпоставуваме дека 40 проценти од главниот месечен проток од целокупниот систем на Вардар мора да истече од Република Македонија во Грција. Во моделот СЕПВ претпоставуваме дека овие аранжмани важат за сите месеци и дека секое зголемување или намалување на расположливата вода како резултат на климатските промени мора пропорционално да се сподели помеѓу двете страни.

• Еколошки услови за протокот. Претпоставуваме минимален проток од 20 процени од водните ресурси на Република Македонија наменети за еколошки цели.

Резултатите на СЕПВ покажуваат дека незадоволена побарувачка за вода се појавува веќе според основното сценарио, а значително се зголемува во услови на климатски промени. Табелата 3-4 ги презентира незадоволените потреби за наводнување и на О и И за петте слива според основното сценарио и трите климатски сценарија во 2040ите години. Според историските основни податоци, сливовите на Пчиња и на Црна ќе имаат недостаток на вода за наводнување од околу 13,1 проценти од побарувачката за вода за наводнување на Република Македонија, главно под влијание на недостатокот на басенот на Црна од 34,7 проценти.

Во услови на климатски промени, до 2040ите години општиот недостиг на вода за наводнување се проектира да се зголеми на 13,2 проценти според сценариото со ниско влијание, 20,9 проценти според сценариото со средно влијание и 22,2 проценти според сценариото со високо влијание. Важно е дека според сценаријата со средно и високо влијание, над 50 проценти од побарувачката на вода за наводнување останува незадоволена во сливот на река Црна и 8 до 11 проценти во сливот на река Пчиња. Иако средниот годишен проток се зголемува според сценариото со ниско влијание, незадоволената побарувачка се зголемува во сите сценарија во однос на основното бидејќи, како што беше погоре опишано, побарувачката за наводнување е поголема, а

21 Berga, L. 2006. Dams and Reservoirs, Societies and Environment in the 21st Century, Volume 1; and International Commission on Large Dams

(ICOLD). 2010. World Register of Dams.

47

расположливиот проток е помал во летните месеци. Овој ефект може да се види во графикот на средната месечна незадоволена побарувачка за вода во 2040ите години кој е даден на слика 3-6.

ТАБЕЛА 3-4. ГОДИШНА НЕЗАДОВОЛЕНА ПОБАРУВАЧКА ЗА ВОДА ВО 2040ИТЕ ГОДИНИ И

ПРОЦЕНТ ОД ВКУПНАТА ПОБАРУВАЧКА , ЗА СЕКОЈ СЛИВ И КЛИМАТСКО

СЦЕНАРИО (МИЛИОНИ КУБНИ МЕТРИ )

КЛИМАТСКО СЦЕНАРИО СЛИВ

Основно Ниско Средно Високо

Радика 0 (0%) 0 (0%) 0 (0%) 0 (0%)

Пчиња 2,3 (4,1%) 2,3 (3,7%) 5,5 (7,9%) 8,0 (10,9%)

Вардар 0,0 (0%) 0 (0%) 0 (0%) 0 (0%)

Брегалница 0,0 (0%) 0 (0%) 0 (0%) 0 (0%)

Црна 86,5 (34,7%) 99,3 (36,3%) 178 (55,7%) 193 (57,5%)

Вкупно 88,9 (13,1%) 102 (13,2%) 184 (20,9%) 201 (22,2%)

СЛИКА 3-6. СРЕДНА НЕЗАДОВОЛЕНА МЕСЕЧНА ПОБАРУВАЧКА ЗА ВОДА ВО 2040ИТЕ

ГОДИНИ ЗА СИТЕ МАКЕДОНСКИ СЛИВОВИ

Има неколку важни ограничувања за оваа анализа кои ако се разрешат би можела да се подобри сигурноста на нашите резултати:

• Користењето на подземните води. Моделот СЕПВ не ги опфаќа ресурсите на подземните води во општиот воден биланс, врз основа на претпоставката дека овие ресурси се во интеракција и имаат влијание врз количеството и квалитетот на снабдувањето со

Незад

овол

ена по

барува

чка за

вод

а (МКМ

) ОсновноНиско Средно Високо

јан. фев. март април мај јуни јули август септ. окт. ное. дек. месец

48

површински води.22 Под претпоставка дека ова повлекување може да се одвои од ресурсите на површинските води и дека не се случува дупчење за подземни води, вклучувањето на овие ресурси во моделот би ја зголемил достапноста на водата.

• Квалитетот на водата. Немаше доволно информации за да се оценат импликациите на влошувањето на квалитетот на водата и зголемената соленост на почвата врз побарувачката за вода во идните години. Намалувањето на квалитетот или уште повеќе ќе го намали користењето на водата за наводнување или ќе предизвика намалување на приносите. До нивото до кое зголемената соленост на почвата предизвикува одредени наводнувани хектари да излезат од производство, толку ќе се намали побарувачката за вода за наводнување.

• Идни проекти за наводнување и акумулации. Анализата претпоставува дека до 2050 година нема да се изградат нови проекти за наводнување или акумулации. Ако со сигурност се знаеше распоредот за изградба на некој ваков проект, тој би можел да се вклучи во основата на СЕПВ и би влијаел на целокупниот воден биланс.

• Таложење во акумулациите. Претпоставуваме дека волуменот на акумулациите останува константен и дека таложењето не предизвикува значително намалување на капацитетот на акумулацијата. Оваа претпоставка може да го натцени капацитетот на акумулациите во следните 40 години.

3.4 ЕФЕКТОТ НА НЕДОСТАТОКОТ НА ВОДА ЗА НАВОДНУВАЊЕ ВРЗ ПРИНОСИТЕ НА

КУЛТУРИТЕ

Како краен чекор во оценката на влијанијата на климата врз земјоделството, ги комбинираме резултатите од анализите на влијанијата врз земјоделските култури и врз водата за да оцениме како можат да бидат погодени приносите на културите од намалувањето на расположливата вода на ниво на слив. За да се прилагодат промените на приносите на културите кои се погоре дадени (табели 3-1 и 3-2) со промените на достапноста на водата проектирани од СЕПВ, ги комбинираме информациите од ФАО за сензитивноста на културите на достапноста на вода со дефицитот на вода на ниво на слив од СЕПВ. За да го направиме тоа, прво мора да претпоставиме дека секоја фарма ќе добие процент од водата која СЕПВ проектира дека ќе биде на располагање на ниво на слив (табела 3-4). На пример, СЕПВ проектира дефицит на водата за наводнување од 7,9 проценти во сливот на Пчиња според средното климатско сценарио во 2040ите години; од ова би сакале да претпоставиме дека секоја фарма во сливот на Пчиња ќе добие 92,1 проценти од водата потребна да се задоволат сите земјоделски потреби. Во услови на недоволно вода, наводнувачот може да ја демонстрира преостанатата вода низ полето па секоја култура да добие помалку вода (т.е. дефицитно наводнување) или да ги задоволи сите потреби за наводнување на дел од културите оставајќи ги останатите без наводнување.

Кој пристап ќе даде поголеми приноси зависи од сензитивноста на конкретната посадена култура. За културите што се високо сензитивни на наводнувањето, дефицитното наводнување би резултирало со непропорционално пониски приноси во однос на дефицитното наводнување така

22 Winter, T.C., J.W. Harvey, O.L. Franke, and W.M. Alley. 1998. Groundwater and Surface Water A Single Resource. USGS Circular 1139.

49

што вториот пристап (т.е. 100 проценти од водата на некои од културите) ќе создаде повисоки приноси на ниво на фарма иако овој пристап би предизвикал целосна загуба на производството на дел од земјиштето. Од друга страна, дефицитното наводнување ќе создаде повисоки приноси на ниво на фарма кои се релативно помалку сензитивни на наводнување.

Поврзаноста или еластичноста помеѓу релативниот принос на културите и релативниот дефицит на водата се вика фактор на одговор на приносот (Ky); ФАО разви фактори на одговор на приносот за поединечните култури за секоја фаза на сезоната на раст. Генерално, намалувањето на приносите како резултат на дефицитот на вода е релативно мало во вегетативниот период, додека е големо во периодот на цветање и на формулирањето на приносот.23 ФАО ги обедини овие сезонски фактори во единствен коефициент за целата сезона на раст. За вредноста на Ky помала од еден, дефицитното наводнување предизвикува приносите да опаднат помалку од водниот дефицит, додека за вредности на Ky поголеми од еден резултира со повисоки загуби на приносите споредено со водниот дефицит. На пример, ако Ky за одредена култура е 0,9, а водниот дефицит е 10%, резултантната загуба на приносот ќе биде 9 проценти (т.е. 0,9*10 проценти). Ако вредноста на Ky за друга култура е 1,1, резултантната загуба на приносот ќе биде 11 проценти.

Во табелата 3-5 се презентирани вредностите на Ky за сезоната на раст за секоја култура од алатката за поддршка на одлучувањето на ФАО, КропВат. Треба да се забележи дека само грозјето има вредност на Ky за целата сезона помала од еден, така што дефицитното наводнување ќе ги намали загубите на приносите само за таа култура. Факторот на одговор не беше достапен за јаболката, но поради тоа што факторите за другите овошја се над еден за другите овошни дрвја, претпоставуваме дека и факторот за јаболката би бил над еден.

ТАБЕЛА 3-5. ФАКТОРИ НА ОДГОВОР НА КУЛТУРИТЕ ОД ФАО

Култура  Ky Име на културата по ФАО 

Пченка  1,25  Пченка Пченица  1  Б. Пченица Луцерка  1  Луцерка 1 Грозје  0,85  Винско грозје 

Јаболка  >1 

Претпоставено; другите овошни дрвја се 1 или повеќе 

Зеленчук  1,1  Пиперки, домати > 1 

Извор: ФАО 201024

Овие фактори ги користиме за да ги процениме промените на приносите кои резултираат од намалувањето на достапноста на вода за секоја култура, единствена област на АЕЗ-слив и климатско сценарио. На врвот на влијанието на приносите културите имаат вредност на 23 FAO. 1998. Crop evapotranspiration - Guidelines for computing crop water requirements - FAO Irrigation and drainage paper 56. Пристапено на

22 март 2011 година од http://www.fao.org/docrep/x0490e/x0490e00.htm#Contents

24 FAO. 2010. CropWat 8.0. Пристапено на 22 март 2011 година од http://www.fao.org/nr/water/infores_databases_cropwat.html.

50

Ky повисока од еден и кај нив нема да се случи дефицитно наводнување. Како резултат на тоа помала површина ќе се наводнува и приносот на ниво на фарма ќе опадне за процентот на дефицитот на вода. На дното, културите имаат вредност на Ky помала од еден и приносите на културите паѓаат за процентот на дефицитот на вода помножен со вредноста на Ky. Резултантните средни децениски промени на приносите на наводнуваните култури, прилагодени со достапноста на вода во 2040ите години се презентирани во табелата 3-6.

51

ТАБЕЛА 3-6. ПРОМЕНИ НА ПРИНОСИТЕ ВО ОДНОС НА ПОСТОЈНАТА СОСТОЈБА , СПОРЕД

ДОСТАПНОСТА НА ВОДА ВО 2040ИТЕ , ЗА НАВОДНУВАНИ КУЛТУРИ ПО АЕЗ -

СЛИВ И КЛИМАТСКО СЦЕНАРИО (ПОД ПРЕТПОСТАВКА ДЕКА НЕМА ЃУБРЕЊЕ ОД

СО2)

АЕЗ/речен слив 

Медитеранска  Континентална  Алпска Култура 

Пчиња  Црна  Пчиња  Црна  Пчиња  Црна 

ОСНОВНО                   

Луцерка  ‐4% ‐35% ‐4% ‐35% ‐4%  ‐35% Јаболка  ‐4% ‐35% ‐4% ‐35% ‐4%  ‐35% 

Грозје  ‐3% ‐29% ‐3% ‐29% N/A  N/A 

Пченка  ‐4% ‐35% ‐4% ‐35% N/A  N/A 

Зеленчук  ‐4% ‐35% ‐4% ‐35% N/A  N/A 

Пченица  ‐4% ‐35% ‐4% ‐35% ‐4%  ‐35% 

СЦЕНАРИО СО НИСКО ВЛИЈАНИЕ 

Луцерка  29% ‐15% 37% ‐10% 62%  7% Јаболка  6% ‐30% 11% ‐27% 11%  37% 

Грозје  ‐6% ‐33% 9% ‐22% N/A  N/A 

Пченка  ‐12% ‐42% 15% ‐24% N/A  N/A 

Зеленчук  15% ‐24% 4% ‐31% N/A  N/A 

Пченица  9% ‐28% 21% ‐20% 70%  12% 

СЦЕНАРИО СО СРЕДНО ВЛИЈАНИЕ 

Луцерка  ‐3% ‐53% 18% ‐43% 58%  ‐24% Јаболка  0% ‐52% 4% ‐50% 6%  ‐49% 

Грозје  ‐20% ‐55% ‐28% ‐59% N/A  N/A 

Пченка  ‐8% ‐56% 17% ‐44% N/A  N/A 

Зеленчук  2% ‐51% 1% ‐51% N/A  N/A 

Пченица  7% ‐49% 20% ‐42% 84%  ‐11% 

СЦЕНАРИО СО ВИСОКО ВЛИЈАНИЕ 

Луцерка  ‐8% ‐56% 8% ‐49% 71%  ‐18% Јаболка  ‐3% ‐54% ‐1% ‐53% 2%  ‐9% 

Грозје  ‐41% ‐67% ‐45% ‐69% N/A  N/A 

Пченка  ‐21% ‐62% 11% ‐47% N/A  N/A 

Зеленчук  ‐8% ‐56% ‐8% ‐56% N/A  N/A 

Пченица  2% ‐51% 14% ‐46% 90%  ‐10% 

52

4. УТВРДУВАЊЕ НА МОЖНОСТИТЕ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СИСТЕМИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

4.1 МОЖНОСТИ ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ

Во овој дел го опишуваме нашиот квалитативен пристап кон утврдувањето и оценката на можностите за прилагодување со фокус на оние можности за прилагодување кои не се погодни за квантитативна оценка. Нашата квалитативна анализа се базира на експертско мислење на три групи поединци: 1. Македонските земјоделски експерти кои беа консултирани во процесот на изработка на студијата; 2. Земјоделците кои ги споделија нивните гледишта на консултативните работилници; 3. Меѓународните експерти ангажирани од Светска Банка да ја спроведат аналитичката работа за потребите на оваа студија.

Во овој дел се обидуваме да ја примениме истата генерална рамка за утврдување на можностите што ќе ги препорачаме како онаа што ја користиме во квантитативната анализа (види глава 5). Во практиката, тоа значи дека се обидуваме да ги утврдиме можностите за кои, врз основа на искуствата од земјата и меѓународните искуства, веруваме дека економските придобивки (примарно за земјоделците) ги надминуваат трошоците (без разлика кој ги поднесува трошоците: македонската влада, донаторите, задругите, самите земјоделци или некоја комбинација). До наголемо можно ниво ја утврдуваме и јасната оправданост и временскиот рок за спроведување на препорачаните можности. Конечно, до најголемо можно ниво, се обидуваме да бидеме конкретни во нашите препораки за примена на можностите во македонските АЕЗ.

Списокот во табелите 4-1А до 4-1Г дава општи напомени за оценката на прилагодувањето во ова поглавје и во квантитативната анализа. Списокот опфаќа четири категории можности: А. Прилагодување на инфраструктурата – ова се „тешки“ можности за прилагодување кои вклучуваат подобрувања или проширувања кои се насочени кон водата достапна за наводнување; Б. Прилагодувања на програмите – зајакнување на постојните програми или создавање нови; В. Прилагодување на управувањето со фармите – ова се мерки на ниво на фарма и зафаќаат најголем дел од нашиот список и Г. Индиректни прилагодувања – ова се можности кои не се директно насочени кон земјоделскиот сектор туку од кои земјоделството би имало корист. Можностите кои квантитативно се оценуваат во глава 5, во табелата се нагласени со дебели букви.

53

ТАБЕЛА 4-1. СПИСОК НА МОЖНОСТИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ

КАТЕГОРИЈА МЕРКИ И ИНВЕСТИЦИИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ

РЕФЕРЕНТЕН

БРОЈ НА

МОЖНОСТА ЗА

ПРИЛАГОДУВАЊЕ

A. ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА

Системи за заштита од град (мрежи) A.1 Поставување појаси за заштита на растенијата A.2 Варовничка прашина врз стаклениците за да се намали топлината A.3

Вегетативни бариери, огради од снег, ветробрани A.4 Селење на културите во пластеници A.5 Чадни завеси за справување со доцните пролетни и раните есенски мразови A.6

Заштита на фармите

Изградба или рехабилитација на шумските појаси A.7 Повеќе засолништа и поила за животните A.8

Заштита на добитокот Садење ветробрани за да им се обезбеди засолниште

на животните при екстремни временски услови A.9

Подобрување на управувањето со полињата (на пример управување со мочуриштата) A.10

Изградба на насипи A.11 Системи за одводнување A.12 Системи за наводнување, нови, рехабилитирани или модернизирани, вклучувајќи и наводнување капка по капка

A.13

Управување со водите

Прибирање дождовница и подобрување на ефикасноста A.14

Забелешка: Можностите за прилагодување со задебелени букви се оценуваат квантитативно во глава 5.

54

КАТЕГОРИЈА МЕРКИ И ИНВЕСТИЦИИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ

РЕФЕРЕНТЕН

БРОЈ НА

МОЖНОСТА ЗА

ПРИЛАГОДУВАЊЕ

Б. ПРИЛАГОДУВАЊА НА ПРОГРАМИТЕ

Демонстрации и/или можности за споделување на знаењата Б.1

Едукација и обука на земјоделците преку услугите за поддршка (земјоделски практики базирани на нови технологии и знаење)

Б.2

Национални истражувања и трансфер на технологии преку програмите за поддршка Б.3

Приватни претпријатија како и јавни или задружни организации за земјоделски материјали (на пример семиња, машини)

Б.4

Поддршка и развој на пазарот

Силни врски со локалните, националните и меѓународните пазари за земјоделски производи Б.5

Управување со добитокот Банки на добиточна храна Б.6

Подобри информации за контролата на штетниците Б.7 Проценки на идните цени на земјоделските производи Б.8

Подобрување на следењето, комуникациите и дистрибуцијата на информации (на пример систем за рано предупредување за временските непогоди)

Б.9

Информациони системи

Информации за достапните водни ресурси Б.10 Осигурување на посевите Б.11

Осигурување и субвенции Субвенции и/или снабдување со модерна опрема

Б.12

Истражување и развој

Локално релевантни земјоделски истражувања за техниките и сортите на култури

Б.13

Забелешка: Можностите за прилагодување со задебелени букви се оценуваат квантитативно во глава 5.

55

КАТЕГОРИЈА МЕРКИ И ИНВЕСТИЦИИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ

РЕФЕРЕНТЕН

БРОЈ НА

МОЖНОСТА ЗА

ПРИЛАГОДУВАЊЕ

В. ПРИЛАГОДУВАЊА НА УПРАВУВАЊЕТО СО ФАРМИТЕ

Промена на практиките за несадење и покривање за да се задржи влажноста и органските материи, вклучувајќи ја и употребата на полиетиленски покривачи

В.1

Промени на техниките за обработка В.2 Заштитна обработка В.3 Диверзификација на земјоделските култури В.4 Ротација на културите В.5 Култури/сорти/хибриди отпорни на топлина и суша В.6 Зголемена примена на агрохемиски и/или органски материи за да се одржи приносот В.7

Рачно плевење В.8 Поголемо превртување на почвата В.9 Наизменично садење, контурно орање и земјоделство В.10 Премин кон култури, сорти соодветни на температурата и врнежите В.11

Управување со приносите на културите

Оптимизирање на времето на обработката (садење, инпути, наводнување, жетва) В.12

Алоцирање на полињата подложни на поплавување од растот на нивото на морињата како угори В.13

Мешани системи на земјоделство (растенија, добиток и дрвја) В.14 Префрлање на културите од области кои се подложни на суши В.15

Управување со земјата

Премин од поледелски на дрвни култури (агрошумарство) В.16 Управување со добитокот (вклучувајќи избор на расата, толерантни на топлина, промена на моделот на стрижење, промена на моделот на одгледување)

В.17

Прилагодување на густината на добитокот на производството на добиточна храна В.18

Управување и подобрување на пасиштата (ротирање, садење трева итн.) В.19

Рехабилитација и управување со природните пасишта В.20 Дополнителна исхтана В.21

Управување со добитокот

Vaccinate livestock В.22 Развој на одржливи интегрирани стратегии за пестицидите В.23 Управување со шумските и полските пожари В.24 Интегрирано управување со штетниците В.25

Управување со штетниците и пожарите

Воведување природни грабливци В.26 Мешање на културите за да се максимизира користењето на влагата В.27 Оптимизирање на користењето на водата за наводнување (на пример наводнување во критичните фази на растот на културите, ноќно наводнување)

В.28 Управување со водите

Користење на сорти култури со ефикасно искористување на водата В.29

Забелешка: Можностите за прилагодување со задебелени букви се оценуваат квантитативно во глава 5.

56

КАТЕГОРИЈА МЕРКИ И ИНВЕСТИЦИИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ

РЕФЕРЕНТЕН

БРОЈ НА

МОЖНОСТА ЗА

ПРИЛАГОДУВАЊЕ

Г. ИНДИРЕКТНИ ПРИЛАГОДУВАЊА

Развој на пазарот Физичка, инфраструктурна и логистичка поддршка за складирање, транспорт и дистрибуција на земјоделските производи

Г.1

Образование Подигање на општото ниво на образование на земјоделците Г.2

Подобрување на законите и прописите за распределба на водата Г.3

Управување со водите Воведување на наплата на водата или шеми на

одобренија што можат да се продаваат Г.4

Забелешка: Можностите за прилагодување со задебелени букви се оценуваат квантитативно во глава 5.

4.2 ПРЕПОРАКИ ОД ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

Важна компонента на студијата е да ги информира и консултира чинителите, земјоделците и здруженијата на земјоделци, за влијанијата од климатските промени врз земјоделството и врз водните ресурси. Нашиот тим се состана со земјоделците на струтурирани работилници на три локации во јануари 2011 година, за еднодневни консултации со чинителите. Првите формални консултации беа во Битола, за алпската и континенталната АЕЗ. Учествуваа вкупно 18 лица, вклучувајќи десет земјоделци, службеници за поддршка, претставници на ФФРМ и претставници оф Министерството за земјоделство. Вториот ден, се одржаа две формални консултации со чинителите. Првата беше во Скопје, за медитеранската АЕЗ со 12 учесници, од кои десет беа од подрачната единица на Министерството, федерацијата на земјоделци или од националната агенција за поддршка на земјоделството и двајца пчелари. Последната средба беше во Кавадарци за континенталната АЕЗ со учество на 26 земјоделци.

На чинителите им беа презентирани проектираните приноси на културите кои се важни за Република Македонија и проектираното снабдување и побарувачка за вода. Потоа, присутните беа прашани дали биле сведоци за овие влијанија и што направиле, или што би направиле, за да ги ублажат нивните ефекти. Сите потврдија дека на нивните фарми веќе почувствувале некои од овие влијанија. Иако земјоделците стануваат пофлексибилни во нивните одговори на климатските настани преку едукацијата, нивниот капацитет за прилагодување е се уште многу ограничен поради лошо одржуваните системи за наводнување и одводнување, ограничените финансиски ресурси и несоодветната поддршка и пристапот до услугите за поддршка на земјоделството.

57

РЕЗИМЕ НА ЗАГРИЖЕНОСТА И ОЦЕНКАТА НА МОЖНОСТИТЕ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

Фармерите прво беа прашани дали го искусиле влијанието на климатските промени и дали ќе биде погодено нивното земјоделство, сега и во иднина, од климатските промени. Многу атрактивна дискусија се разви околу утврдувањето на следните теми како најрелевантни за присутните земјоделци:

• Големи варијации на температурите со екстремно ниски температури во зимата и летни температури над 30 степени. Земјоделците посебно ги забележаа овие промени во последните осум години.

• Промена на зачестеноста на киселите дождови и на рН вредностите на почвата.

• Значително почести поплави во последните неколку години со поинтензивни дождови бидејќи одводните канали не можеле да бидат исчистени на време. Тоа води кон намалени приноси поради влажна почва за време на сеидбата.

• Намалени врнежи од снег што значи дека акумулациите не се пополнуваат.

• Општо намалување на врнежите, но зголемени врнежи во зимата и пролетта што неповолно влијае врз овошните дрвја. Конкретно, забележана е почеста појава на суши.

• Почеста појава на град, што може комплетно да ги уништи приносите на овошките.

• Овошките се оштетуваат како резултат на зголемената температура и сончево зрачење.

• Исчезнал мразот на повисоките надморски височини, во последните четири до пет години.

Следната ранг листа ги дава трие најбитни можности за прилагодување на ниво на АЕЗ и на национално ниво кои ги посочија фармерите во АЕЗ.

Информации за постојните одговори за прилагодување и за препораките за одделните АЕЗ се дадени подолу.

ПОСТОЈНИ ОДГОВОРИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ

Врз основа на разговорите со овие чинители и со домашните експерти, слушнавме за неколку адаптивни одговори кои ги преземаат земјоделците. Примери за тоа се.

• Зголемување на водоснабдувањето. Иако бунарите се скапо решение за земјоделците и многу од нив мислат дека не се исплатлива инвестиција, многу веќе имаат инвестирано во нив. Земјоделците, на помалите земјоделски стопанства, исто така прибираат дождовница кога нема достапна вода за наводнување. На пример, некои земјоделци до овошните дрва ставаат буриња за прибирање дождовница со мала дупка на дното.

• Наводнување. Примена на техники за штедење на водата, како што е наводнувањето капка по капка и наводнување на културите кои претходно не биле наводнувани.

58

• Мрежи за град и УВ мрежи. Овоштарите користат мрежи за град и мрежи за заштита од УВ зраци.

• Пластеници. За ублажување на температурите и подобрување на приносите, некои земјоделци прават пластеници за зеленчукот.

• Покривање и полиетиленски покривачи. Се користат како техника за зачувување на водата.

Капацитетот за прилагодување на земјоделците во Република Македонија е погоден од промените на климата. Комбинацијата на топлотни бранови, суши и поројни дождови е особено проблематична. Одговорите за прилагодување на ниво на фарма се бројни и делумно успешни, но земјоделците веруваат дека се потребни поголеми инвестиции во инфраструктурата. Тоа вклучува подобри акумулации, системи за одводнување и наводнување како и обука на земјоделците и пристап до информации за времето и за земјоделската практика.

РЕЗИМЕ НА ДИСКУСИИТЕ ВО СЕКОЈА АЕЗ

Подолу даваме информации за секоја од консултациите со чинителите за учесниците, капацитетите за прилагодување и рангираните препораки на чинителите. За да се олесни дискусијата помеѓу учесниците ги поделивме во три помали групи и побаравме од нив да ги разгледаат следните прашања, а потоа да одговорат пред целата работилница.

1. Кои, ако ги има, од влијанијата кои се разгледани во презентацијата на влијанијата на климатските промени во Молдавија сте ги забележале?

2. Од нив, кои мислите дека сега претставуваат најголем ризик за вашето работење? Кои мислите дека би можеле да претставуваат најголем ризик во иднина?

3. За влијанијата кои претставуваат најголем ризик, кои мерки ги имате веќе преземено (ако имате преземено мерки)?

4. Кои други одговори мислите дека би можеле да бидат ефективни и дека треба подетално да се испитаат?

5. Кој вид дополнителни информации би ви биле од најголема помош?

На втората рунда консултации со чинителите, одржана на 4 и 5 април 2011 година, целта на состаноците беше тројна: 1) на локалните чинители да им се презентира препорачаното мени на можности за прилагодување, 2) да се добијат повратни коментари за тие можности и 3) да се извлечат други предлози за прилагодувањето на климатските промени. Резиме на дискусиите е дадено подолу.

Алпска и континентална АЕЗ : Битола , 4 април 2011 година

Вкупно 16 лица учествуваа на консултациите во Битола, вклучувајќи земјоделци, службеници за поддршка, претставници на ФФРМ и претставници од Министерството за земјоделство. Земјоделските стопанства беа во опсег од 1 до максимум 20 хектари. Примарни одгледувани култури беа пченката, пченицата и луцерката иако некои од земјоделците одгледуваа и тутун, пиперки, јаболка, праски и органски производи. Некои од земјоделците имаа и добиток.

Најважните ефекти во овие АЕЗ се сушите, топлотните бранови и поплавите иако и градот и ветерот претставуваат проблеми. Овие земјоделци се акутно свесни за климата која се менува

59

поради зголемената зачестеност на овие екстремни настани како и зголемувањето на зголемените врнежи од дожд во зимата наместо снег (што ефективно го намалува капацитетот на акумулациите). Како одговор на овие грижи, групите ги направија следните ранг листи и резултати на резимирани можности за прилагодување.

1. Да се подобрат капацитетите за поддршка и за хидрометеоролошки прогнози (12).

2. Да се премине на соодветни сорти култури/раси добиток за новата клима (11).

3. Да се зголеми ефикасноста на наводнувањето/употребата на водата (наводнување капка по капка, покриени канали, затскривање; 7).

4. Да се изградат дополнителни капацитети за акумулирање (4).

5. Да се изгради и рехабилитира инфраструктурата за наводнување (3).

6. Програми/поттик за арондација на земјата (1).

Медитеранска АЕЗ : Скопје , 5 април 2011 година

Иако вкупно 12 лица учествуваа на консултациите, десет од нив беа од подрачната единица на министерството, од федерацијата на фармери или од националната агенција за поддршка на земјоделството. Останатите двајца учесници беа пчелари.

За разлика од континенталната и од алпската АЕЗ во близина на Битола, учесниците од скопскиот регион на консултациите во јануари и во април укажаа дека најзначајното климатско влијание што го искусиле се поплавите. Следни беа сушите, па топлотните бранови и потоа градот. Иако ниту еден од учесниците не спомена голема акумулација во регионот, неколку кажаа дека помали езерца и акумулации би биле корисни за снабдување на фармите со вода за наводнување во летните месеци. Земјоделците ги рангираа и бодуваа можностите за прилагодување на следниот начин:

1. Да се подобрат капацитетите за поддршка и за хидрометеоролошки прогнози (16).

2. Да се зголеми ефикасноста на употребата на водата (10).

3. Да се изгради и рехабилитира инфраструктурата за наводнување и одводнување(8).

4. Да се подобри пристапот до пазарите/комерцијалниот развој (5).

5. Соодветни култури/сорти за новата клима (2).

Континентална АЕЗ : Кавадарци , 5 април 2011 година

Вкупно 26 земјоделци учествуваа на работилницата во Кавадарци. Иако некои од учесниците беа од подрачната единица на министерството, а други ги претставуваа услугите за поддршка, големо мнозинство од групата беа земјоделци, главно лозари. Овие земјоделци имаа помеѓу 0,3 и 42 хектари. Сите земјоделци имаа лозја, а дел од нив имаа житарки, праски, зеленчук или капини.

На консултациите во јануари и во април, фармерите кажаа дека зголемената зачестеност и интензитет на топлотните бранови се најзначајното прашање во континенталната АЕЗ. Тие се одговорни за големите загуби на приносите во последните години. Исто така, сушата, генералната достапност на водата поради промената на моделите на врнежите и штетите од УВ зраците беа

60

наведени како значајни проблеми. Рангирањето и бодирањето на препораките за одговор на овие закани се:

1. Да се изгради и рехабилитира инфраструктурата за наводнување (покриена, филтрирана; 19).

2. Да се подобри пристапот до сорти на културите за климата која се менува (добиток; 18).

3. Да се зголеми ефикасноста на употребата на водата (наводнување капка по капка, линиски канали, затскривање; 17).

4. Програми за арондација на земјиштето (15).

5. Да се подобри едуцираноста на земјоделците преку услугите за поддршка (14).

6. Да се подобри управувањето на водата во сливот и законите за распоредување (4).

7. Правење сенки со прачките (наместо нивно горење; 2).

4.3 ПРЕПОРАКИ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ ЕКСПЕРТСКИ ТИМ

Меѓународниот експертски тим дојде до генерален заклучок дека „адаптациониот дефицит“ или разликата помеѓу постојните приноси во Македонија и потенцијалните приноси за постојната клима, е поголем од зголемената добивка што може да се реализира за подобро прилагодување на македонскиот систем на проектираните ефекти на климатските промени. Меѓутоа, затворањето на адаптациониот дефицит треба да се постигне со земање во предвид на идните климатски промени, особено за поголемите капитално/инфраструктурни проекти како што е изградбата и/или рехабилитацијата на инфраструктурата за наводнување и одводнување.

Сепак, секој голем инвестициски проект, во фазата на проектирање, треба да опфати анализи на климатските промени бидејќи многу е поевтино да се вклучат прилагодувањата на параметрите, како што е капацитетот на цевките за одводнување, во фазата на проектирање отколку да се менуваат откако ќе се изгради системот. Можностите кои ги претпочита експертскиот тим се следните:

• Подобрување на инфраструктурата за наводнување и едуцирање за практиките за наводнување на ниво на фарма (Можности А.13, А.14 и Б.2). Изгледа дека има силен потенцијал за придобивки од дополнителните инвестиции во инфраструктура за наводнување, вклучувајќи и акумулации. Тимот предлага да се направат краткорочни анализи за да се оценат придобивките и локациите на можните нови акумулации за наводнување – овие студии треба експлицитно да ги земат во предвид и климатските промени. Инфраструктурата за наводнување е квантитативно оценета во глава 5.

• Подобрување на инфраструктурата за одводнување и едуцирање за практиките за одводнување на ниво на фарма (Можности А.12, Б.2 и В.13). Тимот предлага да се направат краткорочни анализи на зголемувањето на капацитетот на постојната инфраструктура за наводнување кои треба експлицитно да ги земат во предвид потенцијалните поплави поврзани со климатските промени. Инфраструктурата за одводнување е квантитативно оценета во глава 5, но за да се реализираат целокупните

61

придобивки на оваа можност потребна е подобра едукација на фармерите за потребата одводната инфраструктура добро да се одржува.

• Подигање на општото образовно ниво на земјоделците (Можност Б.1, Б.2 и Б.3; можеби заедно со Б.14). Поконкретно, оваа можност опфаќа подобрување на капацитетот на постојната агенција за поддршка на земјоделството за да поддржи подобри агрономски практики на ниво на фарма и стратешко спроведување на план за пошироки шеми за демонстрација. Оваа можност може да се комбинира со инвестиции во истражувања фокусирани на тестирање на сорти кои се подобро прилагодени на идната клима.

• Подобрување на капацитетот на хидрометеоролошките институции (Можност Б.9). Дополнителни способности на хидрометеоролошкиот завод во Република Македонија се потребни за да се обезбедат дополнителни информации релевантни за одлучувањето на фармерите, на пример за поддршка на одлуките за времето на наводнување.

• Премин на култури и семиња соодветни на идниот климатски режим (Можности В.11, В.6 и Б.2). Оваа можност, делумно анализирана во глава 4, бара поголемо знаење на национално ниво и ефективна поддршка за фармерите за давање совети за оние сорти што се најсоодветни за новите трендови на температурите и врнежите. Оваа можност има и среднорочна и долгорочна компонента.

• Разгледување можности на политиките и/или на приватниот сектор за охрабрување на задружно земјоделство (Можност Б.4, како чекор кон пошироко усвојување на мерките во категоријата В). Меѓународниот тим на експерти беше импресиониран со пречките со кои се соочуваат малите сопственици во реализирањето на инвестиции за подобрување на приносите. За помалите земјоделски стопанства овие инвестиции е тешко да се оправдаат; во поголеми задруги има многу поголема веројатност дека може да се реализираат заштеди од обем при спроведувањето на подобрувањето на управувањето на ниво на фарма.

• Подобрување на практиките за несадење и затскривање за да се задржи влажноста и органските материи (Можности В.1 и В.2). Оваа мерка е релативно евтина и би можела да доведе до значајно затворање на адаптациониот дефицит и, да ја подобри отпорноста на земјоделскиот сектор на климатските промени и екстреми (како што е сушата).

• Наизменично садење и контурно орање (Можност В.10). Оваа можност е дизајнирана за да се подобри управувањето со водата и да се намали ерозијата на почвата. Контурното орање е особено важна мерка за намалување на ерозијата на почвата во другата работа за прилагодување на македонскиот земјоделски сектор на климатските промени (МЗШВ 2009.

62

5. АНАЛИЗА НА ТРОШОЦИ И ПРИДОБИВКИ

5.1 ОБЕМ И КЛУЧНИ ПАРАМЕТРИ

Квантитативните анализи на трошоци и придобивки на можностите за прилагодување опишани во ова поглавје се однесуваат на и детално ги разработуваат седум најважни можности за прилагодување, и тоа:

1. Додавање на нови капацитети за наводнување;

2. Рехабилитација на постоечката инфраструктура за наводнување;

3. Подобрување на ефикасноста на користењето на вода во полињата;

4. Додавање на нови капацитети за одводнување;

5. Рехабилитација на постоечката инфраструктура за одводнување;

6. Менување на сортите на култури; и

7. Оптимално користење на ѓубриво.

Во овие можности може да се вклучат и трошоци за програми за поддршка и развој, каде што е тоа соодветно, ако има потреба од зголемена поддршка и развој за целосно постигнување на придобивките од дадената можност за прилагодување. Ова важи за две од овие можности, подобрување на ефикасноста на користењето на вода, и менување на сортите на култури. Во случајот на промена на сортите на култури, очекуваме дека фармерите ќе сносат мали или никакви нето трошоци од ваквата промена во земјоделските практики – во сегашната ситуација, веруваме дека овие најдобри земјоделски практики не треба сега да се применуваат поради нецелосното истражување на национално ниво и недостаток на знаење на ниво на земјоделски поседи. Ваквата состојба беше потврдена од страна на дел од земјоделците при нашите консултации. Според тоа, трошоците кои ќе настанат за да можат овие мерки да се спроведат се однесуваат на подобрувањето на капацитети на службите за развој и поддршка на земјоделството.

Освен тоа, извршивме помалку детални анализи и за три други можности, и тоа: додавање на капацитети за акумулација на вода; инсталирање на мрежи за заштита од град за одредени култури; и проширување на употребата на „пластични тунели“, еден вид на стаклена градина, за одгледување на домати.

Нашите проценки се спроведени на ниво на фарма, врз основа на површината во хектари, и ги земаат во предвид расположливите проценки на паричните трошоци за спроведување на можноста како и импликациите по приходите од зголемувањето на приносите од културите. Сите наши проценки се спроведени за репрезентативни „модел“ фарми, кои се наоѓаат во секоја од трите АЕЗ во Македонија, за фарми каде се одгледува секоја од клучните култури. Придобивките во однос на приносите за можностите за прилагодување се анализирани за седумте култури за кои е применет моделот „ АкваКроп систем“ (пченица, пченка, пасишта, луцерка, зеленчук, јаболка, и грозје). Придобивките на можностите за прилагодување во однос на приносите од пченица, пченка, и пасишта се проценети со користење на системот ДССАТ, а промените во приносите за

63

преостанатите култури обработени со АкваКроп се проценети преку споредба со други активности кои сме ги спровеле во регионот со користење на АкваКроп. Со седум култури, од кои најголем дел се евалуирани како за приносите со наводнување така и без наводнување, и три АЕЗ, во анализите се опфатени преку 35 модел фарми.

Резултатите дадени тука се корисни како проценка од прв ред за активностите од кои најверојатно ќе произлезат позитивни резултати за земјоделците. Сепак, во оваа анализа не донесуваме заклучоци за способноста на земјоделците да платат за спроведување на овие мерки. На пример, иако може да заклучиме дека инфраструктурата за наводнување ќе доведе до зголемување на приходите на ниво на фарма за одредени култури и во одредени локации, и дека таквото зголемување на приходи ќе биде поголемо од трошокот по хектар, тоа не значи дека препорачуваме самите земјоделци да се обидат да ја изградат и да ја платат таквата инфраструктура. Всушност, само малку земјоделци ви можеле да добијат индивидуална инфраструктура за наводнување на ниво на фарма по цената по хектар која ние ја користиме, со што се одразува спроведување на обемен проект за инфраструктура за наводнување со потенцијално значителни заштеди од зголемен обем. Во голем број на случаи, потребни се национални политики и/или финансирање за да се овозможи спроведувањето на овие можности за прилагодување.

Иако одредени мерки (на пример: додатно ѓубриво) би можеле да се спроведат со ограничена или без никаква вклученост на донатори или владата, сепак најголем дел од нив би можеле поекономично да се спроведат како програми од регионален односно секторски размер. Според тоа, резултатите се корисни за донесување одлуки на национално односно регионално ниво, со тоа што целната група при донесувањето на овие одлуки би биле изготвувачите на политики во Македонија и донаторските заедници заинтересирани да финансираат инвестиции во земјоделскиот сектор.

Анализите наведени тука се со ограничен опсег – не сите можности за прилагодување кои ги разгледавме со македонските земјоделци и експертите од тимот можеа да се оценат квантитативно во однос на нивните ефекти врз приносите од културите (клучниот елемент на страната на придобивките во анализата на трошоци и придобивки), а кај некои можности многу е тешко и дури и невозможно да се проценат севкупните трошоци. За овие можности кои не се податливи за квантитативна анализа на трошоци и придобивки, обезбедивме квалитативна анализа на придобивките и трошоците, врз основа на евалуација од тимот на експерти дадена во Поглавје 4 погоре.

Другите трошоци и придобивки кои не влијаат врз расходите односно приходите на земјоделците се исклучени од квантитативната анализа, главно поради недостаток на расположливи податоци. На пример, иако зголемувањето на употребата на ѓубриво може да доведе до социјални трошоци во смисла на негативни ефекти врз квалитетот на околните води, сепак многу е тешко да се квантифицираат тие трошоци без да се имаат во предвид месните карактеристиките кои може да бидат различни за различни фарми. Иако ги исклучуваме овие трошоци од обемот на квантитативната проценка на трошоците и придобивките, и се фокусираме само на паричните расходи, сепак социјалните трошоци и другите согледување се земени во предвид квалитативно во последното поглавје, како дел од севкупните препораки.

64

На слика 5-1 се дадени приходите по хектар за културите, за услови со наводнување и без наводнување, и се врши споредба на сегашните услови со оние под дејство на климатските промени во 2040, без да се преземат активности за прилагодување. За потребите на споредбата помеѓу годините, предвидувањата за цени вградени во оваа слика се тековните цени, а не нашите „високи“ предвидувања за цени во 2040. Од сликата се гледа дека културите кои сега и во иднина имаат највисока вредност се зеленчуците. Кај житните култури, наводнуваната пченка и наводнуваната пченица даваат слични приходи по хектар, меѓутоа како што може да се заклучи од ниските приходи, пченката без наводнување најчесто не е профитабилна и често пати не е ниту прифатлива во Република Македонија. Како што ќе биде прикажано во наредниот оддел, усвојувањето на можностите за прилагодување има потенцијал за дополнително подобрување на приносите и приходите, бидејќи со прилагодувањето можат да бидат надминати сегашните недостатоци на приноси во однос на целосниот потенцијал на приноси (затворање на „недостатокот со прилагодувањето“), како и да се подобрат можностите на земјоделците за минимизирање на ризиците и искористување на можностите кои произлегуваат од климатските промени.

Резиме на клучните параметри употребени во методологијата за вреднување на трошоците и придобивките за Република Македонија, заедно со изворите на овие информации, е дадено во Анекс В. Детални резултати за сите анализи, по АЕЗ и култури, се дадени во Анекс Г.

СЛИКА 5-1. ПРОЦЕНЕТИ ПРИХОДИ ОД КУЛТУРИ ПО ХЕКТАР ЗА ДЕЦЕНИЈАТА 2040-2050

ПРЕД ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ АКТИВНОСТИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ

65

5.2 РЕЗУЛТАТИ ОД КВАНТИТАТИВНИТЕ АНАЛИЗИ – ПРОЦЕНТИ НА ТРОШОЦИ И

ПРИДОБИВКИ

Во овој оддел се претставени примери од резултатите за секоја од анализираните можности, со фокус на континенталната АЕЗ. За секоја опција, даден е графикон каде се прикажани односните П-Т за секоја од проценетите култури, за основното сценарио и сите климатски сценарија, како и двете сценарија во однос на цените. Полната линија во долниот дел на графиконот претставува однос помеѓу П и Т од еден – столбовите кои се протегаат над оваа линија претставуваат комбинации од предвидувања за култури/сценарио/цени каде придобивките се поголеми од трошоците. Повисоки столбови значат поголем однос помеѓу придобивките и трошоците, и според тоа поверојатно е дека тие комбинации на култури/сценарија, за испитуваната можност, претставуваат добри инвестиции. Подоцна во ова поглавје, дадено е резиме и рангирање на квантитативните резултати за секоја АЕЗ.

ДОДАВАЊЕ НА НАВОДНУВАЊЕ ИЛИ РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ПОСТОЕЧКАТА ИНФРАСТРУКТУРА

ЗА НАВОДНУВАЊЕ

На сликите 5-2 и 5-3 дадени се резултатите од додавање на нови капацитети за наводнување односно рехабилитирање на постоечките капацитети за наводнување. Моделот за оваа можност предвидува премин од услови без наводнување во услови во наводнување на моделираните фарми

Основно со нав. 2040 со нав. Високо 2040 со нав. Средно 2040 со нав. Ниско Основно без нав. 2040 без нав. Високо 2040 без нав. Средно 2040 без нав. Ниско

Приходи

(УСД

по хектар

)

Луцерка

Јаболка

Грозје

Пченка

Пасиш

та

Зеленчук

Пченица

66

во секоја АЕЗ – на графиконот се претставени односите помеѓу П и Т за континенталната АЕЗ за секоја од културите на кои се фокусираме. Резултатите од овие слики укажуваат дека односите П-Т се релативно високи за оваа АЕЗ за зеленчук, пченка и јаболка, и пониски за пченица, грозје, луцерка, и пасишта. Бидејќи рехабилитирањето на инфраструктурата за наводнување е помалку скапо од градење на нова инфраструктура, а придобивките се исти, односните помеѓу П-Т за рехабилитација на инфраструктурата се поголеми отколку за градење на нова инфраструктура. Општо земени, односите П-Т се најголеми во рамките на сценариото со високи и со средни климатски влијанија, и се значително поголеми во споредба со случајот кога овие мерки за прилагодување би се усвоиле во основните климатски услови.

67

СЛИКА 5-2. ИЛУСТРАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНАЛИЗАТА НА ТРОШОЦИ И ПРИДОБИВКИ

ЗА НОВО НАВОДНУВАНИ КУЛТУРИ ВО КОНТИНЕНТАЛНАТА АЕЗ

СЛИКА 5-3. ИЛУСТРАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНАЛИЗАТА НА ТРОШОЦИ И ПРИДОБИВКИ

ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ИНФРАСТРУКТУРАТА ЗА НАВОДНУВАЊЕ ВО

КОНТИНЕНТАЛНАТА АЕЗ

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА НА КОРИСТЕЊЕТО НА ВОДА ВО ПОЛИЊАТА

На слика 5-4 се прикажани односите на П и Т за подобрување на ефикасноста на употребата на водата во полињата, за континенталната АЕЗ. Главните трошоци за оваа опција се трошоците за наводнување капка по капка, во комбинација со подобрување на хидрометеоролошката мрежа, со

Односи помеѓу

П и

Т

Луцерка

без

наводнувањ

е Јаболка без

наводнувањ

е Грозје

без

наводнувањ

е Пченка без

наводнувањ

е Зеленчук

без

наводнувањ

е Пченица

без

наводнувањ

е

ОсновнаКлима, високаЦена ВисокаКлима, високаЦена СреднаКлима, високаЦена НискаКлима, високаЦена ОсновнаКлима, нискаЦена ВисокаКлима, нискаЦена СреднаКлима, нискаЦена НискаКлима, нискаЦена

Односи помеѓу

П и

Т

ОсновнаКлима, високаЦена ВисокаКлима, високаЦена СреднаКлима, високаЦена НискаКлима, високаЦена ОсновнаКлима, нискаЦена ВисокаКлима, нискаЦена СреднаКлима, нискаЦена НискаКлима, нискаЦена

Луцерка

без

наводнувањ

е Јаболка без

наводнувањ

е Грозје

без

наводнувањ

е Пченка без

наводнувањ

е Зеленчук

без

наводнувањ

е Пченица

без

наводнувањ

е

68

цел да на земјоделците да им се обезбедат подобри предвидувања за врнежите, заедно со подобрувања на службите за поддршка и развој за да се обезбедат подобри обуки за фармерите за подобро искористување на водните ресурси за наводнување. Резултатите за континенталната АЕЗ укажуваат високи односи помеѓу П и Т за пченка, меѓутоа и односно далеку под 1 за луцерка и зеленчук. Општо земено, резултатите за сите сценарија се чини дека се најосетливи на ценовните проекции и помалку осетливи во однос на климатските сценарија.

СЛИКА 5-4. ИЛУСТРАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНАЛИЗАТА НА ТРОШОЦИ И ПРИДОБИВКИ

ЗА ПОДОБРЕНА ЕФИКАСНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ВО КОНТИНЕНТАЛНАТА АЕЗ

ДОДАВАЊЕ НА НОВИ КАПАЦИТЕТИ ЗА ОДВОДНУВАЊЕ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ПОСТОЕЧКАТА

ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ОДВОДНУВАЊЕ

Резултатите од нашата анализа за подобрување на одводнувањето се прикажани на Слики 5-5 и 5-6 подолу, за континенталната АЕЗ. Слика 5-5 се однесува на нова инфраструктура за одводнување, а слика 5-6 се однесува за рехабилитација на инфраструктурата за одводнување.

Оваа можност подразбира подобрување, на ниво на фарма, на условите за одводнување слично да тоа што би се добило од разликата помеѓу лошо одводнувани почви и добро одводнувани почви, и подразбира како капитални трошоци така и трошоци за тековно одржување, проценети по хектар. Трошоците се повисоки за нова инфраструктура за одводнување отколку за рехабилитација на инфраструктурата, меѓутоа проценетото зголемување на приносите е исто, така што односите помеѓу придобивките и трошоците се повисоки онаму каде што е можно да се рехабилитира постоечката инфраструктура. Ефектот на приносите во нашите пресметки најверојатно ги потценува придобивките, бидејќи процесот на моделирање ги одразува само постојаните

Односи помеѓу

П и

Т

ОсновнаКлима, високаЦена ВисокаКлима, високаЦена СреднаКлима, високаЦена НискаКлима, високаЦена ОсновнаКлима, нискаЦена ВисокаКлима, нискаЦена СреднаКлима, нискаЦена НискаКлима, нискаЦена

Луцерка

со

наводнувањ

е

Пченка со

наводнувањ

е

Зеленчук

со

наводнувањ

е

69

подобрувања на приносите, а не ги одразува дополнителните промени на приносите кои може да настанат како резултат од подобреното одводнување за време на екстремни поплави.25

СЛИКА 5-5. ИЛУСТРАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНАЛИЗАТА НА ТРОШОЦИ И ПРИДОБИВКИ

ЗА ПОДОБРЕНО ОДВОДНУВАЊЕ ВО КОНТИНЕНТАЛНАТА АЕЗ – НОВА

ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ОДВОДНУВАЊЕ

25 Треба да се забележи дека не беше можно да се проценат ефектите на приносите врз оваа можност со моделот ДССАТ, така што ги

употребивме проценките за моделот АкваКроп од напите анализи во Албанија за да ги илустрираме потенцијалните придобивки по

приносите од подобреното одводнување.

Односи помеѓу

П и

Т

ОсновнаКлима, високаЦена ВисокаКлима, високаЦена СреднаКлима, високаЦена НискаКлима, високаЦена ОсновнаКлима, нискаЦена ВисокаКлима, нискаЦена СреднаКлима, нискаЦена НискаКлима, нискаЦена

Луцерка

со наводнувањ

е Луцерка

без

наводнување

Грозје

со наводнувањ

е Грозје

без

наводнување

Пченка со

наводнување

Пченка без н

аводнување

Пасиш

та со наводнувањ

е Зеленчук

со наводнувањ

е Зеленчук

без

наводнување

Пченица

со наводнувањ

е Пченица

без

наводнување

70

СЛИКА 5-6 ИЛУСТРАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНАЛИЗАТА НА ТРОШОЦИ И ПРИДОБИВКИ

ЗА ПОДОБРЕНО ОДВОДНУВАЊЕ ВО КОНТИНЕНТАЛНАТА АЕЗ –

РЕХАБИЛИТИРАНА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ОДВОДНУВАЊЕ

Резултатите укажуваат дека подобреното одводнување најповолно ќе делува во подобрувањето на проносите од наводнуваната пченка, но исто така ќе делува поволно за скоро сите култури кои не се сточна храна (сите освен луцерка и пасишта). Како што беше укажано од страна на земјоделците, има голема потреба за рехабилитирање на постоечката инфраструктурата за одводнување,меѓутоа високите трошоци за нова инфраструктура за одводнување може да ја ограничат исплатливоста на оваа можност.

МЕНУВАЊЕ НА СОРТИТЕ НА КУЛТУРИ

Слика 5-7 ги прикажува нашите резултати за менување на сортите на култури за континенталната АЕЗ. За оваа можност, проценуваме дека главните трошоци се за подобрување на истражувањето и развојот на регионално ниво, најверојатно финансирано со национални расходи, меѓутоа потенцијално може да биде финансирано и од страна на земјоделски кооперативи односно концерни за агробизнис. За менување на сортите на култури, ги претставуваме резултатите само за континенталната АЕЗ – меѓутоа резултатите за другите АЕЗ се слични. За оваа можност проценуваме дека вредноста на приносот може да придобие од промена од сегашните во оптималните сорти на култури, колку што е тоа изводливо во рамките на можностите во базата на податоци за сорти на култури во моделот ДССАТ. Треба да се забележи дека, бидејќи оваа можност не беше проценета во рамките на системот АкваКроп, ги претставуваме резултатите само за културите моделирани со ДССАТ.

Како што е прикажано на сликата, односите помеѓу П и Т се најголеми кај наводнуваната пченка, со исклучително големи односи од 200 спрема 1. Односите помеѓу П и Т се помали но сепак значително поголеми од 1. Во најголем број случаи, придобивките од користење на оптимални

Односи помеѓу

П и

Т

ОсновнаКлима, високаЦена ВисокаКлима, високаЦена СреднаКлима, високаЦена НискаКлима, високаЦена ОсновнаКлима, нискаЦена ВисокаКлима, нискаЦена СреднаКлима, нискаЦена НискаКлима, нискаЦена

Луцерка

со наводнувањ

е Луцерка

без

наводнување

Грозје

со наводнувањ

е Грозје

без

наводнување

Пченка со

наводнување

Пченка без н

аводнување

Пасиш

та со наводнувањ

е Зеленчук

со наводнувањ

е Зеленчук

без

наводнување

Пченица

со наводнувањ

е Пченица

без

наводнување

71

сорти на култури го одразува дефицитот поради прилагодувањето, со тоа што подобрите видови може да придонесат за значителни придобивки кај приносите без оглед на климатските промени. Сепак, можеби сме ги потцениле трошоците на оваа можност за прилагодување, бидејќи може да има дополнителни трошоци за фармерите за поскапите сорти, а можеби има и други директни трошоци за хранливи материи, пестициди, и вода за да се постигнат повисоки приноси.

СЛИКА 5-7. ИЛУСТРАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНАЛИЗАТА НА ТРОШОЦИ И ПРИДОБИВКИ

ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ОПТИМАЛНИ СОРТИ НА КУЛТУРИ ВО КОНТИНЕНТАЛНАТА АЕЗ

ОПТИМАЛНА ПРИМЕНА НА ЃУБРИВО

На слика 5-8 се прикажани нашите резултати за оптимална примена на ѓубриво, во споредба со сегашната примена на ѓубриво, за континенталната АЕЗ. На графиконот се прикажани големи односно помеѓу П и Т за пченка со наводнување, а многу помали односно за пченица со и без наводнување. Како што беше забележано погоре, меѓутоа, трошоците за ѓубриво во нашата рамка ги вклучуваат само директните расходи, и не ги одразуваат индиректните трошоци и ефекти од примената на ѓубривото за околната средина, или можноста дека подобрената примена на ѓубривото би можела, во одредени случаи, исто така да доведе до зголемување на емисиите на стакленички гасови кои придонесуваат за климатски промени. Како резултат, иако односите помеѓу П и Т за оваа можност се поголеми од 1 за пченка, доколку се земат во предвид други социјални трошоци кои не може да се квантифицираат најверојатно е дека односот помеѓу П и Т ќе се намали на помалку од 1.

Односи помеѓу

П и

Т

ВисокаКлима, високаЦена СреднаКлима, високаЦена НискаКлима, високаЦена ВисокаКлима, нискаЦена СреднаКлима, нискаЦена НискаКлима, нискаЦена

Пченка со

наводнувањ

е

Пченица

со

наводнувањ

е

Пченица

без

наводнувањ

е

72

СЛИКА 5-8. ИЛУСТРАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНАЛИЗАТА НА ТРОШОЦИ И ПРИДОБИВКИ

ЗА ОПТИМАЛНА ПРИМЕНА НА ЃУБРИВО ВО КОНТИНЕНТАЛНАТА АЕЗ

5.3 ДРУГИ ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

Освен деталните економски анализи опишани погоре, спроведовме и анализи на потенцијалните придобивки и трошоци за четири дополнителни можности кои беа од голем интерес за земјоделците, меѓутоа за кои немаше доволно податоци: подобрување на хидрометеоролошката мрежа; проширување на услугите за поддршка и развој; инсталирање на мрежи за заштита против град за одредени култури; и проширување на употребата на „пластични тунели“, еден вид на стаклена градина, за одгледување на зеленчуци. Овие други економски анализи се информативни за рангирање на можностите меѓутоа се помалку сигурни од подеталните анализи во претходниот дел.

ПОДОБРУВАЊЕ НА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКАТА МРЕЖА

Во рамките на други регионални активности ги проценивме трошоците на подобрување на собирањето на хидрометеоролошки податоци и институции во Албанија и ги споредивме со зголемувањата на приноси кои би биле потребни за да се постигнат придобивки од приносите еднакви на проценетите трошоци. Пренесовме дел од овие проценки и за Република Македонија.

Иако една од придобивките на оваа мерка е подобар избор на време за примена на вода за наводнување (анализирано погоре), не бевме во можност да ја утврдиме паричната вредност на неколку други придобивки од оваа алтернатива, од кои дел вклучуваат предвидување на поплави, подобрено предвидување на стадиумите на живот на културите, и поретка и попрецизна примена

ОсновнаКлима, високаЦена ВисокаКлима, високаЦена СреднаКлима, високаЦена НискаКлима, високаЦена ОсновнаКлима, нискаЦена ВисокаКлима, нискаЦена СреднаКлима, нискаЦена НискаКлима, нискаЦена

Односи помеѓу

П и

Т

Пченка со

наводнувањ

е

Пченица

со

наводнувањ

е

Пченица

без

наводнувањ

е

73

на пестициди. Бидејќи директна споредба на трошоците и придобивките не е возможна, наместо тоа, оваа можност ја проценивме така што согледавме за колку треба да се зголемат приносите од културите за да се оправдаат трошоците потребни за подобрување на хидрометеоролошките капацитети – ова често пати се нарекува анализа на „позитивна нула“.

Вкупно, проценивме дека на годишно ниво капиталните подобрувања и трошоците за работење и одржување на хидрометеоролошките капацитети би изнесувале 0,21 УСД по наводнуван хектар годишно. Овој трошок би бил значително помал доколку се вклучат површините каде нема наводнување.

За анализата на позитивна нула, ја делиме сегашната вредност (за периодот 2015 – 2050) на трошоците по хектар за хидрометеоролошките служби со сегашната вредност на приходите од просечен хектар за секоја култура во секоја АЕЗ и за секое климатско и ценовно сценарио. На овој начин се утврдуваат процентуалните зголемувања на приносите по хектар (т.е., приносите се линеарни во однос на приходите) потребни за покривање на трошоците по хектар. За сите култури, АЕЗ и сценарија приносите би требало да се зголемат во просек за нешто помалку од 0,1 процент за да се оправдаат трошоците. Врз основа на овие резултати, утврдивме дека проширувањето и скројувањето на хидрометеоролошката мрежа во согласност со потребите на земјоделството најверојатно ќе доведе до придобивки значително поголеми од трошоците.

ПРОШИРУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТИТЕ И УСЛУГИТЕ НА СЛУЖБИТЕ ЗА ПОДДРШКА И РАЗВОЈ

Трошоците на подобрените услуги за поддршка и развој се вклучени во анализите на П и Т за можностите за оптимална примена на ѓубриво и подобрено користење на вода за наводнување, опишани погоре. Исто така спроведовме анализа на позитивна нула за проширување на службите за поддршка и развој.

За да се проценат трошоците за подобрување на услугите за поддршка и развој, се потпревме на информациите од нашите пошироко регионални анализи. Претпоставуваме дека околу 70% од вкупниот број на земјоделски хектари во Република Македонија би можеле да имаат придобивки од проширена поддршка и развој, дека една разумна програма за поддршка и развој би чинела околу 500.000 УСД годишно, и дека програмата која ќе произлезе од таквата поддршка и развој би имала трошок од околу 6,44УСД по хектар годишно. Просечното зголемување на приносите за да се постигне позитивна нула односно да се оправдаат ваквите трошоци, за сите култури, АЕЗ,, и сценарија изнесува околу 1%. Горната граница на зголемувањето на приносите за постигнување на позитивна нула би можело да биде и до 4%, ако земеме дека само површините под пасишта ќе имаат придобивки од ваквите услуги, меѓутоа ваквата претпоставка се чини неразумна.

Зголемувањето на приноси потребно за да се оправда програмата се чини остварлив кога ќе се направи споредба со други проценки во литературата за веројатните придобивки по приносите од подобрувањето на поддршката и развојот. На пример, мета анализа на 294 студии на стапки на поврат од истражување и развој (ИФПРИ 1998 година) утврди стапка на поврат од 79 проценти за услугите на поддршка и развој. Интерамериканската банка за развој исто така утврди дека услугите за поддршка и развој ги зголемуваат приносите на лозарите со најмало производство, и ја зголемуваат продуктивноста на грозјето (2008 година). Друга пак студија (Pesticide News 2007) утврди дека практичните училишта за земјоделци довеле до намалување на употребата на пестициди во памук за 34 – 66 проценти. Во рамките на проектот за реформирање на системот за

74

поддршка и развој на земјоделството во Индија, ИФПРИ утврди дека приносите од памук на земјоделците кои го завршиле практичното училиште за земјоделци се зголемиле за 4 – 14 проценти (2010 година).

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА НА ВОДИТЕ НА НИВО НА СЛИВ

Спроведовме анализа на придобивките од подобрување на ефикасноста на водите во два слива каде анализата на ВЕАМ утврди веројатни недостатоци на вода, и тоа слив на Црна река и Пчиња. Нивото на незадоволената побарувачка во сливот на Црна река е многу поголемо отколку во сливот на Пчиња. Направивме испитување на подобрување на ефикасноста на наводнувањето од основните 50% (врз основа на податоци од ФАО) во чекори од по 5% до високи 75% во двата слива. Придобивката е зголемена добивка (не приходи) од дополнителната вода за наводнување која може да се искористи за наводнување на дополнителни површини – на пример, под сценариото со големи влијанија од климатските промени во сливот на Црна река, зголемување на ефикасноста од 5% значи дека дополнителни 25 милиони кубни метри вода стануваат достапни за задоволување на побарувачката за вода за наводнување, со што се намалува нивото на незадоволена побарувачка на вода за наводнување од 56% на 48% и се овозможува наводнување на дополнителни 2500 до 3000 хектари секоја година до 2040-тите години. Резултатите се дадени на Слика 5-9, со по еден панел за секој слив. Иако односите помеѓу придобивките и трошоците за подобрување на ефикасноста на водите на ниво на слив се слични и во двата слива, обемот на потенцијалниот проект за прилагодување на сливот на Црна река, каде има многу поголема проектирана незадоволена побарувачка на вода за наводнување, е многу поголем. Сепак, и во двата слива се чини дека трошоците за значителни подобрувања на ефикасноста на водата на ниво на слив се оправдани со придобивките од дополнителниот потенцијал за наводнување во однос на подобрувањето на приносите.

СЛИКА 5-9. ВЛИЈАНИЕ ОД ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА НА НАВОДНУВАЊЕТО НА НИВО

НА СЛИВ

СЛИВ НА ЦРНА РЕКА: СЛИВ НА РЕКА ПЧИЊА:

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА АКУМУЛАЦИЈА НА ВОДА

Исто така направивме анализа на трошоците и придобивките од градење на нови акумулациони капацитети, за да се обезбедат дополнителни количини на вода во периоди со мало

Односи помеѓу

П и

Т

Односи помеѓу

П и

Т

ОсновнаКлима, високаЦена ВисокаКлима, високаЦена СреднаКлима, високаЦена НискаКлима, високаЦена ОсновнаКлима, нискаЦена ВисокаКлима, нискаЦена СреднаКлима, нискаЦена НискаКлима, нискаЦена

ОсновнаКлима, високаЦена ВисокаКлима, високаЦена СреднаКлима, високаЦена НискаКлима, високаЦена ОсновнаКлима, нискаЦена ВисокаКлима, нискаЦена СреднаКлима, нискаЦена НискаКлима, нискаЦена

75

водоснабдување. Ограничувањата на нашиот пристап се значителни – не можеме да спроведеме детални студии на динамиката на сливот, и не ги анализиравме импликациите на акумулациите врз прекугранични текови и врз усогласеноста со меѓународни договори во врска со води. Проценетите трошоци за изградба на акумулационен капацитет се од Вард и сор. (2010 година) и изнесуваат помеѓу 0,12УСД и 0,30УСД по кубен метар, во зависност од големината на акумулациониот капацитет и просечниот наклон на сливот.

Придобивките од акумулационите капацитети се во намалувањето на незадоволената побарувачка на вода и, според тоа, обезбедување на дополнителни нето приходи од одгледувањето на култури. Вредноста на дополнителното одгледување на култури е нето приход од микс на култури исти со оние кои сега се одгледуваат во сливот – во практика на овој начин може да се преценат придобивките бидејќи, со оглед на недостатоците од вода, водата може да се пренасочи за употреба кај култури со повисока вредност.

Двата панели на Слика 5-10 ги илустрираат резултатите за двата слива каде предвидовме постојани недостатоци на вода со климатските промени. Односите помеѓу придобивките и трошоците варираат значително во зависност од волуменот на капацитетот, на хоризонталната оска, и климатското сценарио, претставено со столбовите, и од сливот, со тоа што акумулационите капацитети обично даваат поволни односи помеѓу придобивки и трошоци за сливот на Црна река за скоро сите сценарија и со многу големи чекори на зголемување на акумулациониот капацитет, додека кај река Пчиња само умерените зголемувања на акумулационите капацитети даваат поволни односи помеѓу придобивките и трошоците. Она што е во основа на овие резултати е односот помеѓу акумулациониот капацитет и годишните протоци на вода, што се преведува во зголемување на бројот на хектари кои може да се наводнуваат. За сливот на Црна река, овие односи укажуваат на тоа дека околу 100 дополнителни хектари би можеле да се наводнуваат за секои дополнителни1 милион кубни метра акумулационен капацитет, меѓутоа оваа вредност брзо се намалува по достигнување на вкупен износ од околу 50 милиони дополнителен акумулационен капацитет. Маргиналните дополнителни хектари по единица акумулационен капацитет се пониски за река Пчиња и опаѓаат многу поостро со додавање на нов акумулационен капацитет, делумно поради тоа што проектираното ниво на незадоволена побарувачка за вода за наводнување во сливот на река Пчиња е многу помал отколку во Црна река.

76

СЛИКА 5-10. ПРЕЛИМИНАРНА АНАЛИЗА НА ПРИДОБИВКИТЕ И ТРОШОЦИТЕ ОД

АКУМУЛАЦИЈА НА ВОДИ

СЛИВ НА ЦРНА РЕКА: СЛИВ НА РЕКА ПЧИЊА

Овие резултати треба внимателно да се разгледуваат, бидејќи тие одразуваат само анализа од нулти ред на издржаноста на акумулационите капацитети на ниво на слив, со многу груба резолуција, без придобивките од детална студија на исплатливоста на градењето на дополнителни акумулациони капацитети. Дури и со овие ограничувања, резултатите за сливот на Црна река особено го поддржуваат заклучокот на локалните земјоделци дека зголемувањето на акумулациониот капацитет би била ефективна стратегија за прилагодување со оглед на зголемените пролетни врнежи и потребата за вода за наводнување во периодот околу средината на летото.

ИНСТАЛИРАЊЕ НА МРЕЖИ ЗА ЗАШТИТА ОД ГРАД ЗА ЈАБОЛКОВИ ОВОШТАРНИЦИ И ДРУГИ

КУЛТУРИ

Мрежи за заштита од град беа спомнати од страна на земјоделците во континенталниот и алпскиот регион како мерка за која сметаа дека би била корисна. Има одредена понова литература која укажува дека климатските промени ќе доведат до почести бури со град односно грмотевици со поголем интензитет (Трапп и сор., 2007 година). Освен тоа, идентификувавме една скорешна студија за североисточна Шпанија каде се проценуваат трошоците за мрежи за заштита од град за јаболкови култури во однос на осигурување на културите (Иглезијас и Алегре, 2006 година) – таму се утврдени мали придобивки на мрежите за заштита од град во однос на осигурувањето на културите, меѓутоа имплицитно се претпоставува дека осигурувањето на културите само по себе е паметна инвестиција, и не се евалуира основниот ризик од оштетување од град секоја година во однос на осигурителните премии. Мрежите за заштита од град имаат како капитални трошоци така и импликации по приносите – ја намалуваат инфилтрацијата на сончеви зраци со што се намалува приносот, меѓутоа исто така служат за ублажување на екстремно високи односно ниски температури до одреден степен, што

Односи помеѓу

П и

Т

Односи помеѓу

П и

Т

ОсновнаКлима, високаЦена ВисокаКлима, високаЦена СреднаКлима, високаЦена НискаКлима, високаЦена ОсновнаКлима, нискаЦена ВисокаКлима, нискаЦена СреднаКлима, нискаЦена НискаКлима, нискаЦена

ОсновнаКлима, високаЦена ВисокаКлима, високаЦена СреднаКлима, високаЦена НискаКлима, високаЦена ОсновнаКлима, нискаЦена ВисокаКлима, нискаЦена СреднаКлима, нискаЦена НискаКлима, нискаЦена

77

пак ги зголемува приносите. Ги користиме капиталните трошоци од Иглезијас и Алегре и нивните проценки за нето намалувањата на приносите, утврдени по теренските студии на јаболката од видот „гала“, и ги применивме тие резултати на јаболката, грозјето и градинарските култури во континенталната и алпската АЕЗ. Резултатот е илустриран на Слика 5-11 подолу, и е изразен како нето сегашна вредност. Треба да се забележи дека, за сите култури и сценарија, нето сегашните вредности се негативни, што одразува дека трошоците се поголеми од придобивките. Односите помеѓу придобивките и трошоците за оваа мерка никогаш не надминуваат 0,5 за било која комбинација и во било која АЕЗ. Анализата на Иглезијаз и Алегре дава одредено оправдување за мерката за која некои земјоделци во Македонија веруваат дека би била корисна во нивните овоштарници, меѓутоа нашата анализа во која се одразени локалните услови укажува на тоа дека оваа мерка нема да доведе до придобивки поголеми од трошоците.

СЛИКА 5-11. ИЛУСТРАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ НА АНАЛИЗАТА НА НЕТО СЕГАШНА ВРЕДНОСТ

ЗА МРЕЖИ ЗА ЗАШТИТА ОД ГРАД ЗА ЗАШТИТА НА ОДРЕДЕНИ КУЛТУРИ ВО

МЕДИТЕРАНСКАТА АЕЗ

ПРОШИРУВАЊЕ НА УПОТРЕБАТА НА „ПЛАСТИЧНИ ТУНЕЛИ“

Ние исто така спроведовме првична анализа на позитивна нула за проширената употреба на пластични тунели. Ги идентификувавме севкупните проценки на трошоците кои се движеа од 95.000 УСД (од студија на Светска банка во Кенија од 2008 година) до 189.000 УСД (Гу и Чизм) по хектар. Сведено на годишна основа, овие трошоци изнесуваат од 7.630 УСД до 15.200 УСД по хектар. Претпоставуваме дека годишните трошоци за работење и одржување се минимални. Со оглед на овие проценки на годишни трошоци,приносите од наводнуваните зеленчуци ви требало да се зголемат помеѓу 210 проценти и 418 проценти за да се оправдаат трошоците за

НСВ

(УСД

) по хектар

ОсновнаКлима, високаЦена ВисокаКлима, високаЦена СреднаКлима, високаЦена НискаКлима, високаЦена ОсновнаКлима, нискаЦена ВисокаКлима, нискаЦена СреднаКлима, нискаЦена НискаКлима, нискаЦена

Јаболка со

наводнувањ

е Јаболка без

наводнувањ

е Грозје

со

наводнувањ

е Грозје

без

наводнувањ

е Зеленчук

со

наводнувањ

е Зеленчук

без

наводнувањ

е

78

тунели, зависно од која проценка за цена се користи. Врз основа на оваа анализа, утврдивме дека не е многу веројатно дека ќе се постигнат зголемувањата на приносите потребни за да се излезе на „позитивна нула“ за можноста за прилагодување со пластични тунели. Одредени спорадични докази укажуваат дека приносите од зеленчуци може да се удвојат во некои стаклени градени, но не е јасно дали пластичните тунели може да доведат до вакви големи зголемувања на приноси, особено без други мерки за прилагодување за кои се потребни се дополнителни трошоци, како што е подобрено наводнување. Како резултат, не веруваме дека во моментов постои доволна квантитативна основа за да може да се препорача оваа можност.

5.4 АНАЛИЗИ НА ОСЕТЛИВОСТ

Како што беше наведено погоре, ја испитавме осетливоста на односот помеѓу П и Т и сегашната вредност за шест (3x2) сценарија, вклучувајќи три климатски сценарија (мали, средни и големи влијанија) и две ценовни проекции (ниска проекција, каде цените остануваат константни, и висока проекција, каде е вграден постепен нагорен тренд на цените врз основа на проекциите објавени од страна на ИФПРИ). Наште резултати, општо земено, се најосетливи на проекциите на цени, од кои произлегуваат поголеми промени на приходите во подоцните години на периодот на нашата анализа, блиску до 2050 година, иако дел од овие разлики се променети поради примената на дисконтна стапка од 5%.

Исто така ги разгледавме и ефектите на нашите резултати при употреба на дисконтна стапка односно стапка на поврат од 10% наместо 5%. Севкупно, примената на поголеми дисконтни стапки доведува до приближно двојно намалување на придобивките од можностите за прилагодување (за сите култури, АЕЗ, и сценарија за клима/цени на култури). Ефектот на сегашните вредности се менува и зависи од релативната големина на трошоците и придобивките. Во мал број случаи, примената на дисконтна стапка од 10 проценти предизвикува промена на знакот пред НСВ за дадената можност за прилагодување. Промените се од позитивна НСВ до негативна НСВ и настануваат во рамките на сценарија за прилагодување каде НСВ се блиску до нула. Поради тоа што не препорачуваме опции освен ако односите помеѓу П и Т се поголеми од 1, или НСВ се многу поголеми од 0, примената на повисока дисконтна стапка не ги менува нашите препораки ниту нивното рангирање по приоритет.

Можни се и подетални анализи на осетливост, вклучувајќи и анализа на оптималниот датум на започнување на спроведувањето на конкретни можности за секоја култура и АЕЗ, како што е прикажано на Слики 5-12 и 5-13 подолу.26 Од слика 5-12 се гледа дека за сите сценарија и датуми на започнување на спроведувањето, рехабилитацијата на наводнувањето за пченка без наводнување за континенталната АЕЗ има однос помеѓу П и Т поголем од еден. Слика 5-13, за истата мерка и за истата АЕЗ, меѓутоа за пченица без наводнување, покажува различна шема, со тоа што само некои од климатските сценарија и само еден од датумите за започнување на спроведувањето даваат односи помеѓу П и Т поголем од еден. Еден заклучок од слика 5-13 би можел да биде дека, наместо целосно да се откажеме од спроведувањето на оваа мерка, би било

26 Сепак односите помеѓу придобивките и трошоците, со текот на времето се под влијание на нашата неможност да ги процениме

придобивките по 2050 година – во многу случаи може да ги потценуваме придобивките од одредени можности кои продолжуваат да се

применуваат и да бидат корисни по 2050 година, што значи дека може да имаме уште поголеми придобивки поради забрзувањето на

климатските промени по 2050 година.

79

мудро да се почека со спроведувањето на оваа можност, и да се следи одвивањето на климатските сценарија и цените на културите со тек на време.

5.5 АНАЛИЗИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА СТОЧАРСКИОТ СЕКТОР

Во отсуство на модел на процес со кој може да се симулираат ефектите на климатските промени и мерките за прилагодување врз производството на добиток, тешко е да се изврши проценка на можностите за прилагодување на сточарскиот сектор. Како резултат на тоа, нашите препораки за сточарскиот сектор се базирани на прегледот на литературата и квалитативната анализа кои ги спроведовме. Тука се вклучени можности како што се обезбедување подобра заштита за добитокот за време на топлинските бранови – од подобра сенка до климатизиран шталски простор – и менување на расите на добиток. Во Поглавје 6 препорачуваме национална политика со која ќе се посвети поголемо внимание на проценувањето на одржливоста на постепеното воведување на раси на добиток толерантни на топлина за надополнување на стадата во Македонија.

СЛИКА 5-12. ИЛУСТРАЦИЈА НА ДЕТАЛНИ АНАЛИЗИ НА ОСЕТЛИВОСТ : РЕХАБИЛИТИРАНО

НАВОДНУВАЊЕ ЗА ПЧЕНКА КОЈА СЕГА НЕ СЕ НАВОДНУВА , ВО

КОНТИНЕНТАЛНАТА АЕЗ

Однос

пом

еѓу придобивки

и трошоци

ОсновнаКлима, високаЦена ВисокаКлима, високаЦена СреднаКлима, високаЦена НискаКлима, високаЦена ОсновнаКлима, нискаЦена ВисокаКлима, нискаЦена СреднаКлима, нискаЦена НискаКлима, нискаЦена

Години од почетокот на проектот

80

СЛИКА 5-13. ИЛУСТРАЦИЈА НА ДЕТАЛНИ АНАЛИЗИ НА ОСЕТЛИВОСТ : РЕХАБИЛИТИРАНО

НАВОДНУВАЊЕ ЗА ПЧЕНИЦА КОЈА СЕГА НЕ СЕ НАВОДНУВА , ВО

КОНТИНЕНТАЛНАТА АЕЗ

5.6 РЕЗИМЕ НА КВАНТИТАТИВНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО АЕЗ

Во претходниот дел беа нагласени одредени резултати за односите помеѓу придобивките и трошоците со фокус на континенталната АЕЗ. Односите помеѓу придобивките и трошоците се корисни, но друга корисна мерка се и придобивките на нето сегашната вредност, која ги покажува придобивките по хектар минус трошоците по хектар за целиот период опфатен со анализата, почнувајќи во 2015 и завршувајќи во 2050 година. Опсезите на резултатите ги отсликуваат варијациите во зависност од климатските и ценовните сценарија. Подетални резултати за оваа мерка се дадени во Анекс Г за сите четири АЕЗ.

Во табелите 5-1 до 5-3 е дадено резиме на проценките на нето придобивките за трите АЕЗ. Во табелите ги наведуваме она што сметаме дека се петте мерки за прилагодување со најголеми севкупни придобивки – деталните резултати во Анекс 4 укажуваат дека приближно истите пет до шест мерки го имаат највисокиот ранг во медитеранската и континенталната АЕЗ – од друга страна, ефикасноста на користењето на вода на ниво на фарма и нови и рехабилитирани системи за наводнување се премногу скапи за да бидат издржани можности во алпската АЕЗ. Општо земено, нето придобивките се поголеми во АЕЗ со помала надморска висина. Треба да се забележи дека се наведени само оние култури кај кои има позитивни нето придобивки; за сите други култури кои не се наведени во табелата, проценуваме негативни или многу блиску до нула нето придобивки за дадената мерка.

Однос

пом

еѓу придобивки

и трошоци

Години од почетокот на проектот

ОсновнаКлима, високаЦена ВисокаКлима, високаЦена СреднаКлима, високаЦена НискаКлима, високаЦена ОсновнаКлима, нискаЦена ВисокаКлима, нискаЦена СреднаКлима, нискаЦена НискаКлима, нискаЦена

81

Рангирањето на бенефициите исто така зема во предвид дека одредени проценки на придобивки и трошоци не се целосни, како што е наведено во колоната „забелешки“. На пример, нашите проценети трошоци за оптимална примена на ѓубриво ги вклучуваат само трошоците за ѓубривото и услуги за поддршка и развој за советување на земјоделците – овие трошоци не ги земаат во предвид потенцијално многу значајните трошоци за животната средина поврзани со квалитетот на површински и подземни води, како и потенцијалните емисии на стакленички гасови, кои може да настанат поради примената на дополнителното ѓубриво на полињата. Од таа причина, примената на ѓубриво е последната од сите опции наведени во овој дел.

Ова рангирање на мерките според нивните нето придобивки е пренесено во наредното поглавје, каде ги комбинираме резултатите од квантитативните и квалитативните евалуации за да добиеме една севкупна група на препорачани можности за прилагодување на климатските промени за земјоделството во Македонија.

ТАБЕЛА 5-1. МЕРКИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМИ НЕТО ПРИДОБИВКИ :

МЕДИТЕРАНСКА АЕЗ

ИЛУСТРАТИВНИ ЕКОНОМСКИ РЕЗУЛТАТИ, СПОРЕД СЕГАШНА ВРЕДНОСТ,

ПО ХЕКТАР (000 УСД ОД 2009 ГОДИНА) ОПИС НА

ПРЕПОРАЧАНАТА МЕРКА

ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ

ФОКУС НА КУЛТУРИ ОД

МЕДИТЕРАНСКА АЕЗ

ПРОЦЕНЕТИ

ПРИХОДИ

ПРОЦЕНЕТИ

ТРОШОЦИ НЕТО ПРИХОДИ ЗАБЕЛЕШКИ

1) Подобрени сорти Наводнувана пченка: Ненаводнувана пченка: Наводнувана пченица: Ненаводнувана пченица:

65 до 95 УСД 0.8 до 1.8 УСД 69 до 103 УСД 41 до 62 УСД

0.35 УСД

64 до 95 УСД 0.4 до 1.5 УСД 68 до 103 УСД 41 до 61 УСД

Трошоците се за ИиР

2) Рехабилитација на старите системи за наводнување

Ненаводнувани јаболка: Ненаводнувана пченка: Ненаводнувани зеленчуци: Ненаводнувана пченица:

12 до 19 УСД 47 до 67 УСД 11 до 18 УСД 5 до 8 УСД

5.1 УСД

7 до 14 УСД 42 до 62 УСД 6 до 13 УСД 0.3 до 3 УСД

3) Создавање на нови системи за наводнување

Ненаводнувани јаболка: Ненаводнувана пченка: Ненаводнувани зеленчуци:

12 до 19 УСД 47 до 67 УСД 11 до 18 УСД

9.6 УСД 3 до 9 УСД

37 до 57 УСД 2 до 8 УСД

4) Рехабилитирање на постоечката инфраструктура за одводнување

Наводнувана луцерка: Ненаводнувана луцерка: Наводнувано грозје: Ненаводнувано грозје: Наводнувана пченка: Ненаводнувана пченка: Ненаводнувани пасишта: Наводнувани зеленчуци: Наводнувани зеленчуци: Наводнувана пченица: Ненаводнувана пченица:

1 до 1.6 УСД 0.7 до 1 УСД 2 до 3 УСД 1 до 3 УСД

26 до 36 УСД 1 до 2 УСД

0.6 до 1 УСД 3 до 4 УСД 2 до 3 УСД

10 до 14 УСД 8 до 12 УСД

0.31 УСД

0.8 до 1 УСД 0.4 до 1 УСД 1 до 3 УСД 1 до 2 УСД

25 до 36 УСД 0.6 до 2 УСД

0.3 до 0.8 УСД 3 до 4 УСД 2 до 3 УСД

10 до 14 УСД 8 до 12 УСД

Придобивките не го одразуваат зголемениот

ризик од поплави со климатските

промени

5) Поефикасно користење на вода за наводнување

Наводнувана пченка: Наводнувани зеленчуци:

14 до 20 УСД 11 до 16 УСД

8.5 УСД

5 до 11 УСД 2 до 8 УСД

Трошоците се за наводнување

капка по капка, поддршка и развој и

хидрометеоролог

82

ија 6) Оптимална примена

на ѓубриво Наводнувана пченка: Наводнувана пченица: Ненаводнувана пченица:

19 до 27 УСД 9 до 13 УСД 7 до 10 УСД

1.2 УСД

17 до 26 УСД 8 до 12 УСД 6 до 9 УСД

Трошоците не вклучуваат штети на животната

средина

ТАБЕЛА 5-2. МЕРКИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМИ НЕТО ПРИДОБИВКИ :

КОНТИНЕНТАЛНА АЕЗ

ИЛУСТРАТИВНИ ЕКОНОМСКИ РЕЗУЛТАТИ, СПОРЕД СЕГАШНА ВРЕДНОСТ, ПО

ХЕКТАР (000 УСД ОД 2009 ГОДИНА) ОПИС НА

ПРЕПОРАЧАНАТА МЕРКА

ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ

ФОКУС НА КУЛТУРИ ОД

КОНТИНЕНТАЛНА АЕЗ

ПРОЦЕНЕТИ

ПРИХОДИ

ПРОЦЕНЕТИ

ТРОШОЦИ НЕТО ПРИХОДИ ЗАБЕЛЕШКИ

1) Подобрени сорти Наводнувана пченка: Наводнувана пченица: Ненаводнувана пченица:

39 до 75 УСД 38 до 56 УСД 24 до 36 УСД

0.35 УСД

38 до 74 УСД 38 до 55 УСД 24 до 36 УСД

Трошоците се за ИиР

2) Рехабилитација на старите системи за наводнување

Ненаводнувани јаболка: Ненаводнувана пченка: Ненаводнувана зеленчуци:

9 до 17 УСД 35 до 56 УСД 10 до 19 УСД

5.1 УСД 3 до 12 УСД 30 до 51 УСД 5 до 14 УСД

3) Создавање на нови системи за наводнување

Ненаводнувана пченка: Ненаводнувана зеленчуци:

35 до 56 УСД 10 до 19 УСД 9.6 УСД

25 до 47 УСД 0.5 до 9 УСД

4) Рехабилитирање на постоечката инфраструктура за одводнување

Наводнувана луцерка: Ненаводнувана луцерка: Наводнувано грозје: Ненаводнувано грозје: Наводнувана пченка: Ненаводнувани пасишта: Наводнувани зеленчуци: Ненаводнувани зеленчуци: Наводнувана пченица: Ненаводнувана пченица:

1 УСД 0.7 до 1 УСД 3 до 6 УСД 2 до 5 УСД

22 до 32 УСД 0.5 до 0.9 УСД

3 до 5 УСД 3 до 4 УСД 7 до 11 УСД 6 до 9 УСД

0.31 УСД

0.7 до 1 УСД 0.4 до 1 УСД 3 до 5 УСД 2 до 4 УСД

21 до 31 УСД 0.2 до 0.6 УСД

3 до 5 УСД 3 до 5 УСД 7 до 11 УСД 6 до 9 УСД

Придобивките не го

одразуваат зголемениот ризик

од поплави со климатските промени

5) Поефикасно користење на вода за наводнување

Наводнувана пченка:

18 до 26 УСД

8.5 УСД

9 до 18 УСД Трошоците се за наводнување капка по капка, поддршка

и развој и хидрометеорологија

6) Оптимална примена на ѓубриво

Наводнувана пченка: Наводнувана пченица: Ненаводнувана пченица:

13 до 20 УСД 5 до 7 УСД 4 до 7 УСД

1.2 УСД 0.7 до 1 УСД 4 до 6 УСД 3 до 5 УСД

Трошоците не вклучуваат штети на животната средина

83

ТАБЕЛА 5-3. МЕРКИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМИ НЕТО ПРИДОБИВКИ : АЛПСКА АЕЗ

ИЛУСТРАТИВНИ ЕКОНОМСКИ РЕЗУЛТАТИ, СПОРЕД СЕГАШНА ВРЕДНОСТ,

ПО ХЕКТАР (000 УСД ОД 2009 ГОДИНА) ОПИС НА

ПРЕПОРАЧАНАТА

МЕРКА ЗА

ПРИЛАГОДУВАЊЕ

ФОКУС НА КУЛТУРИ ОД

АЛПСКА АЕЗ

ПРОЦЕНЕТИ

ПРИХОДИ

ПРОЦЕНЕТИ

ТРОШОЦИ НЕТО ПРИХОДИ ЗАБЕЛЕШКИ

1) Подобрени сорти Наводнувана пченица: Ненаводнувана пченица:

23 до 61 УСД 12 до 43 УСД

0.35 УСД

23 до 61 УСД 12 до 43 УСД

Трошоците се за ИиР

2) Рехабилитирање на постоечката инфраструктура за одводнување

Наводнувана луцерка: Ненаводнувана луцерка: Наводнувана пченица: Ненаводнувана пченица:

0.5 до 0.8 УСД 0.5 до 0.8 УСД

2 до 5 УСД 2 до 5 УСД

0.31 УСД

0.2 до 0.5 УСД 0.2 до 0.5 УСД

2 до 5 УСД 2 до 4 УСД

Придобивките не го одразуваат

зголемениот ризик од поплави со климатските промени

3) Оптимална примена на ѓубриво

Наводнувана пченица: Ненаводнувана пченица:

4 до 10 УСД 2 до 8 УСД

1.2 УСД

3 до 9 УСД 1 до 7 УСД

Трошоците не вклучуваат штети на животната средина

84

6. ПРИОРИТЕТНИ МОЖНОСТИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КЛИМАТСКАТА ОТПОРНОСТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ СЕКТОР ВО МАКЕДОНИЈА

Прегледот на сегашните капацитети за прилагодување во Поглавје 1, идентификацијата на ризици од климатските промени за земјоделството во Поглавје 3, резултатите од проценките на можностите за прилагодување од земјоделците и експертите во Поглавје 4, и квантитативната евалуација на мерките за прилагодување во Поглавје 5, и резултатите од Националната конференција за дисеминација и градење на консензус одржана во Скопје на 6-ти април, 2011 година, се комбинирани во ова поглавје за да се добијат севкупни мерки за политики со висок приоритет, градење на институционален капацитет, и инвестиции со цел подобрување на отпорноста на земјоделството во Македонија на климатските промени. Националната конференција беше структурирана така да учесниците прво осознаа повеќе за работата опишана во овој извештај, а потоа имаше работа во мали групи за да се рангираат можностите претставени тука на ниво на АЕЗ, да се утврди дали некои од претставените можности се неостварливи или не се потребни, како и да се додадат нови можности за разгледување. На крајот, секоја од малите групи, по една за секоја АЕЗ, даде конкретни препораки на конференцијата со ранг листа на можности за прилагодување, вклучувајќи, во одредени случаи политики на национално ниво и институционално зајакнување потребно за успешно спроведување на овие можности.

Прво ги резимираме можностите со висок приоритет на национално ниво, а потоа даваме препораки конкретно за секоја АЕЗ. Во дискусиите подолу е дадено резиме на рангираните листи изготвени на Националната конференција.

6.1 ПРЕПОРАКИ НА НАЦИОНАЛНО НИВО

Мерките кои ги подигнавме за разгледување на национално ниво се фокусираат на мерки за политики и институционален капацитет кои имаат вредност сами по себе, или пак се многу важни за да се обезбеди дека активностите на ниво на фарма и приватен сектор ќе бидат спроведени на најдобар можен начин. На Националната конференција, националните групи ги изготвија следниве ранг листи на можности за прилагодување:

7. Зајакнување на институциите, вклучувајќи: (а) внатрешна реорганизација, (б) развој на човечките ресурси, (в) финансиски ресурси и нивно користење и (г) ориентација на клиентите и следење на извршувањето.

8. Подобрување на пристапот на фармерите до агрономската технологија и информации, вклучувајќи: (а) сорти семиња, (б) поефикасно користење на водата, (в) нови технологии и (г) советодавни пакети.

9. Отстранување на бариерите за приватниот сектор. Оваа мерка се фокусира и на подобрување на поттикот за осигурување реосигурување.

10. Подобрување на поттиците за арондација на земјишните парцели. Особено, укинување на лимитот од 10 хектари за големината на земјишните парцели.

11. Подобрување на капацитетот на хидрометеоролошките системи. Групата се фокусираше на подобрувањето на регионалната соработка и на системите за набљудување и систематско следење.

85

12. Подобрување на достапноста на финансиски ресурси за спроведување на прилагодувањето на климатските промени во земјоделството.

Освен тоа, пред националната конференција нашата анализа утврди четири мерки за прилагодување на национално ниво. Основата за овие резултати, во најголем број случаи е квалитативната анализа на потенцијалните нето придобивки, заедно со препораките од групите на чинители фармери. Овие препораки на национално ниво вклучуваат

1. Зголемување на капацитетот на службите за поддршка и развој, општо и за прилагодување на климатските промени. Експертскиот тим препорачува капацитетот на постојната агенција за поддршка да се подобри во две области: 1) да ги поддржи подобрите агрономски практики на ниво на фарма, вклучувајќи спроведување на пораспространети демонстративни парцели и пристап до подобри информации за достапноста и најдобрите практики за управување со високо приносни култури; и 2) да ги поддржи истите мерки, но со фокус на одржувањето на приносите за време на периоди на екстремни водни стресови кои со промените на климата се очекува почесто да се случуваат. Првиот дел од оваа препорака е краткорочна мерка за затворање на адаптациониот дефицит, а вториот дел е долгорочна мерка за да се обезбеди дека приносите не се подриваат од идните климатски промени. Како што е наведено во Поглавје 5, нашата економска анализа укажува дека постои голема веројатност дека проширувањето на услугите за поддршка и развој ќе доведе до придобивки поголеми од проценетите трошоци.

2. Подобрување на капацитетите на хидрометеоролошките институции. На состаноците со фармерите се забележа потребата за подобри локални способности за хидрометеоролошки податоци, особено за краткорочни прогнози на температурата и врнежите. Овие способности се акутно потребни на краток рок за да се поддржи подоброто одлучување на ниво на фарма. Нашата економска анализа на трошоците и придобивките на релативно скромна хидрометеоролошка инвестиција, која опфаќа обука и годишни оперативни трошоци, покажува дека придобивките од таа програма многу веројатно ќе ги надминат трошоците.

3. Разгледување на национални мерки на политиките за понатамошна арондација на земјоделските површини. И експертскиот тим и групите на фармери забележаа дека капацитетот за прилагодување на ниво на земјоделско стопанство е ограничен од генерално малата големина на многу македонски земјоделски стопанства. Последицата од малите земјоделски стопанства е неспособноста да се обезбеди доволна заштеда од обем за инвестирање во мерки за прилагодување како што се терциерните системи за наводнување и опремата со која би можеле да се зголемат приносите и да ја намалат ерозијата на почвата.

4. Охрабрување на мерките во приватниот сектор за најефикасно прилагодување на климатските промени. Може да постои тенденција да претпоставиме дека прилагодувањето на климатските промени е нужно функција на јавниот сектор, но економската анализа во поглавјето 5 покажа дека постои силна мотивација кај приватниот сектор – со економски придобивки кои за многу ги надминуваат трошоците – за мерки со

86

кои ќе се подобри отпорноста на македонското земјоделство на климатските промени. Националната влада треба да се фокусира на утврдување политики кои му овозможуваат на приватниот сектор ефективно да помогне во прилагодувањето – на пример, спроведување тестирање на сорти семиња и раси добиток за нивната погодност за македонската клима, терен и почвени услови и давање препораки преку пропагирање на најдобрите сорти, но овозможувајќи му на приватниот сектор да ги обезбеди овие сорти.

Овие четири можности се резимирани во Табелата 6-1 подолу, каде можностите напишани со закосени букви укажуваат на преклопувања помеѓу овие можности и препораките од Националната конференција (сите четири можности се преклопуваат).

ТАБЕЛА 6-1. МОЖНОСТИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНО НИВО

КРИТЕРИУМ ЗА РАНГИРАЊЕ

МЕРКА ЗА

ПРИЛАГОДУВАЊЕ

КОНКРЕТНА

ОБЛАСТ НА

ФОКУС

НЕТО

ЕКОНОМСКА

ПРИДОБИВКИ:

КВАНТИТАТИВНА

АНАЛИЗА

НЕТО

ЕКОНОМСКА

ПРИДОБИВКИ:

ПРОЦЕНКА НА

ЕКСПЕРТИ

ПОТЕНЦИЈАЛ

ДА ИМ

ПОМОГНЕ НА

ФАРМЕРИТЕ

СО ИЛИ БЕЗ

КЛИМАТСКИ

ПРОМЕНИ

ПОВОЛНО

ЕВАЛУИРАНО

ОД СТРАНА

НА

ЛОКАЛНИТЕ

ФАРМЕРИ

Подобрување на пристапот на фармерите до агрономска технологија и информации

Семенски сорти; поефикасно користење на вода

Големи Големи Големи Големи

Подобрување на хидрометеоролошкиот капацитет

Краткорочни предвидувања на температури и врнежи

Високи (врз основа на

анализите за „позитивна

нула)

Големи Големи Големи

Давање поттик за арондацијата на земјоделските стопанства

Не е идентификуван

Не е евалуирано Не е спомнато

Потенцијално големи

Големи

Поттикнување на мерки за прилагодување од приватниот сектор

Семиња, раси добиток, особено на меѓународниот пазар

Не е евалуирано Потенцијално високи

Големи Не е спомнато

Комбинирањето на погорните приоритети со можностите кои произлегоа од националната конференција генерира група мерки за прилагодување на национално ниво. Сликата 6-1 ги поврзува изложеноста и влијанијата на климатските промени, а потоа овие влијанија ги поврзува со можностите за прилагодување на национално ниво. Мерките обележани со потемно зелено

87

претставуваат можности кои се препорачани и со оценката на консултантите и од групата на националната конференција.

СЛИКА 6-1. МЕРКИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНО НИВО ВРЗ ОСНОВА НА

ПРОЦЕНКАТА НА ТИМОТ НА КОНСУЛТАНТИ И НАЦИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА

6.2 ПРЕПОРАКИ НА НИВО НА АЕЗ

Резултатите од моделирањето на можностите за прилагодување (Поглавје 5), квалитативната анализа, и консултациите со земјоделците (Поглавје 4) ја формираат основата за нашата севкупна анализа за идентификување на можностите за подобрување на отпорноста на земјоделскиот сектор во Република Македонија на климатски промени. Тие резултати ги прикажуваме во табелите 6-2 до 6-4 подолу, за секоја АЕЗ. Табелите отсликуваат четири критериуми за рангирање, и проценка на мерките на скала од пет поени во однос на нето економските придобивки, со тоа што сите мерки на таа скала претставуваат поволна економска проценка, а скалата само го дава редоследот според рангирањето; и скала со три поени (високо, средно, или ниско) за други критериуми:

• Нето економски придобивки (придобивки минус трошоци).

• Експерстка проценка на рангирањето за оние можности кои не може да се евалуираат во економска смисла.

• Потенцијал за „двојна добивка“. Мерка со висок потенцијал за зголемување на добросостојбата на македонските земјоделци, со или без климатски промени.

• Поволна проценка од страна на локалната земјоделска заедница. Во оваа нацрт верзија, овие резултати се базирани на резултатите од првите консултации со чинителите на ниво на АЕЗ, со земјоделци и локални експерти од земјоделскиот сектор.

Изложеност    Влијание Прилагодување 

• Намалени и попроменливи врнежи 

• Повисоки температури 

• Намален проток на реките 

• Зголемена фреквенција на екстремни настани 

Намалени, помалку сигурни приноси на 

културите и добитокот со 

понизок квалитет 

 

Загуба на културите

Охрабрување на вклучувањето на приватниот сектор за да се 

подобри земјоделската продуктивност 

Зајакнување на клучните институции 

Подобрување на пристапот на фармерите до технологии, 

видови семиња и информации 

Подобрување на доставувањето на хидрометеоролошките информации до фармерите 

Подобрување на достапноста на финансиски ресурси за 

прилагодување на климатските промени

Подобрување на поттиците за арондација на земјишните 

парцели

Висок приоритет Среден приоритет 

88

Освен тоа, подолу ги резимираме резултатите од поедините мали групи на ниво на АЕЗ кои беа формирани на Националната конференција на 6 април 2011 година. Целта на овие групи беше да ги рангираат можностите за прилагодување според нивните предности за секоја АЕЗ. До степен до кој тоа беше можно, ги вградивме резултатите од таквите рангирања во табелите наведени подолу. Синтетизираните менија на можности со висок и среден приоритет за секоја АЕЗ се резимирани на Слики 6-2 до 6-4.

МЕДИТЕРАНСКА АЕЗ

На националната конференција, групата која работеше на медитеранската АЕЗ ја направи следнава ранг листа на можности за прилагодување:

1. Подобрување на расположливоста на вода за наводнување и рехабилитација на системите за наводнување.

2. Подобрена инфраструктура за одводнување.

3. Подобрување на пристапот на земјоделците до сортите на култури кои толерираат суша, топлина и штетници и прилагодени раси на добиток.

4. Подобрено управување со почва, вода и култури и користење на земјиште.

5. Зајакнување на механизмите за дисеминација на информации и технологија за земјоделците.

Освен тоа, оваа група исто така спомна:

• Финансиска поддршка за спроведување на мерките за прилагодување.

• Арондација на земјишните поседи.

Неколку можности произлегуваат од квантитативните, квалитативните проценки и проценките на земјоделците за мерките како најповолни за прилагодување на климатските промени во Медитеранската АЕЗ. Доколку овие опции се преклопуваат со препораките од Националната конференција, истите се напишани со закосени букви во Табела 6-2.

• Подобрен пристап до култури со повисоки приноси и отпорни на суша како и раси на добиток. Нашиот тим ги евалуираше можните зголемувањата на приноси со менување на сортите на краток рок и ги спореди со алтернативите со кои се овозможуваат повисоки приноси. За да се постигнат поголемите приноси, експертите забележаа дека оваа мерка треба да се спроведе во комбинација со мерки за поддршка и развој на управувањето – напата анализа ги отсликува и овие трошоци. Овие мерки претставуваат дел од потенцијално најекономичните мерки за подобрување на отпорноста. Тие обезбедуваат придобивки како во услови на климатски промени така и без климатските промени, и беа силно поддржани од страна на земјоделците.

• Подобрување на ефикасноста на наводнувањето на ниво на фарма и поправка на инфраструктурата за наводнување. Оваа група на мерки за подобрување на ефективноста на снабдувањето со вода за наводнување беше поддржана од страна на земјоделците како и од нашата квантитативна анализа. На пример, нашата анализа на

89

мерката за поправка на инфраструктурата за наводнување утврдува многу висок однос помеѓу придобивки и трошоци.

• Подобрување на одводнувањето. Квантитативната анализа укажува дека економските придобивки за земјоделците од подобреното одводнување се 10 до 20 пати поголеми од проценетите трошоци, а односите помеѓу П и Т во голема мера се поголеми од 1 за сите климатски сценарија како и алтернативните проекции на цените во иднина. Освен тоа, со подобрување на одводнувањето приносите може да се подобрат уште денес, а исто така и земјоделците ја оценуваат оваа мерка како поволна. Нашиот тим на експерти исто така забележа потреба за подобрување на инфраструктурата за одводнување и, веројатно уште поважно, потреба за соодветно димензионирање на капацитетот за одводнување за да се земе во предвид ефектот од идните климатски промени врз променливоста на протоците на вода, што може да придонесе за повисоки екстремни протоци во иднина.

• Оптимални агрономски практики. Високи и многу високи односни помеѓу П и Т беа утврдени за оптималната примена на ѓубриво, врз основа на подобрените приноси на кои укажа процесот на моделирање на култури. Меѓутоа, ако се има во предвид дека не сме ги вклучиле другите трошоци поврзани со примена на ѓубриво, како што се намален квалитет на вода, постои значителен потенцијал дека доколку се направи целосна студија на трошоците би можело да се утврдат трошоци поголеми од придобивките во однос на приносите. Како резултат на ова, оваа мерка котира ниско на листата на рангирани резултати.

ТАБЕЛА 6-2. МЕРКИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА МЕДИТЕРАНСКАТА АЕЗ

КРИТЕРИУМ ЗА РАНГИРАЊЕ

МЕРКА ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ

ФОКУС НА

КУЛТУРИ И

ДОБИТОК

НЕТО

ЕКОНОМСКА

ПРИДОБИВКИ:

КВАНТИТАТИ

ВНА АНАЛИЗА

НЕТО

ЕКОНОМСКА

ПРИДОБИВКИ:

ПРОЦЕНКА НА

ЕКСПЕРТИ

ПОТЕНЦИЈАЛ ДА

ИМ ПОМОГНЕ НА

ФАРМЕРИТЕ СО

ИЛИ БЕЗ

КЛИМАТСКИ

ПРОМЕНИ

РАНГИРАЊЕ

ОД ЛОКАЛНИ

ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Подобрени сорти на култури Пченица, пченка

1 Големи Средни 2

Подобрување на достапноста на вода за наводнување, рехабилитација на капацитетот за наводнување

Јаболка, грозје, пченка, зеленчук, пченица

2 Средни Големи 1

Подобрување на инфраструктурата за одводнување

Сите култури

3 за рехабилитација, помалку

за нова

Средни Големи 1

90

Истражување и подобрување на исхраната, управувањето и здравјето на добитокот

Говеда, кокошки

Непознато Средни Мали до средни Не е спомнато

Оптимални агрономски практики

Пченка, пченица

6 Големи Не е спомнато

На Слика 6-2 е прикажана групата на мерки за прилагодување подредена по приоритет, врз основа на препораките на Националната конференција и можностите земени во предвид од страна на тимот на консултанти. Мерките обележани со потемно зелено претставуваат можности кои се препорачани и со оценката на консултантите и од групата на националната конференција.

СЛИКА6-2. МЕРКИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ ЗА МЕДИТЕРНСКАТА АЕЗ ВРЗ ОСНОВА НА

ПРОЦЕНКИТЕ НА ТИМОТ НА КОНСУЛТАНТИ И НАЦИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА

КОНТИНЕНТАЛНА АЕЗ

Многу од препорачаните мерки во континенталната АЕЗ се слични на оние во медитеранската АЕЗ. Треба да се забележи дека преминувањето на постоечки, високо приносни култури има најголема вредност онаму каде веќе постои наводнување – високо приносните сорти имаат помало влијание кога културата не е наводнувана, бидејќи дождовите не секогаш паѓаат во период соодветен за постигнување на најдобрите резултати од овие сорти. Земјоделците во оваа АЕЗ исто така бараа поддршка за подобрување на нивото на примена на сорти отпорни на суша, кои во моментов се ограничено достапни и поради тоа тешко е да се процени нивната вредност квантитативно. Овие сорти би биле корисни како за наводнуваните така и за ненаводнуваните култури, меѓутоа својот најголем ефект го имаат со текот на времето, и во рамките на сценаријата кои предвидуваат помали врнежи. Како резултат на тоа, може да се предвиди пристап на постепено применување на оваа варијанта за „подобрување на сортите“.

Изложеност    Влијание Прилагодување 

• Намалени и попроменливи врнежи 

• Повисоки температури 

• Намален проток на реките 

• Зголемена фреквенција на екстремни настани 

 

Загуба на културите

Намалени, помалку сигурни приноси на 

културите и добитокот со 

понизок квалитет 

Подобрување на расите, управувањето, исхраната и здравјето на добитокот 

Оптимизирање на агрономските практики 

Подобрување на инфраструктурата за 

одводнување 

Подобрување на достапноста на вода за наводнување, 

рехабилитирање на системите за наводнување

Подобрување на пристапот до информации и обука 

Подобрување на управувањето со почвата, водата и културите 

Подобрување на пристапот на фармерите до сорти култури 

Висок приоритет Среден приоритет 

91

Групата која работеше на континенталната АЕЗ на Националната конференција ја подготви следнава ранг листа на можности за прилагодување:

1. Рехабилитација / изградба на инфраструктура за акумулација на вода.

2. Подобрување и рехабилитација на постоечките системи за наводнување.

3. Подобрување на инфраструктурата за одводнување.

4. Развивање на мерки за контрола на ерозијата на почвата.

5. Подобрување на ресите на говеда, овци и кози.

Освен тоа, оваа група исто така ги спомна и следниве активности:

• Осигурување на пристап до подобрени сорти на култури кои се толерантни на суша, топлина и штетници.

• Подобрување на усвојувањето на агрономски практики како во услови на наводнување така и во услови каде нема наводнување, со цел да се зголеми севкупната ефикасност на користење на вода.

• Подобрување на пристапот до пазарот.

Онаму каде првите пет препораки од Националната конференција се преклопуваат со првичните приоритети утврдени од страна на тимот на консултанти, истите се наведени со закосени букви во Табела 6-3.

ТАБЕЛА 6-3. МЕРКИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ ВО КОНТИНЕНТАЛНАТА АЕЗ

КРИТЕРИУМ ЗА РАНГИРАЊЕ

МЕРКА ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ

ФОКУС НА

КУЛТУРИ И

ДОБИТОК

НЕТО

ЕКОНОМСКА

ПРИДОБИВКИ:

КВАНТИТАТИ

ВНА АНАЛИЗА

НЕТО

ЕКОНОМСКА

ПРИДОБИВКИ:

ПРОЦЕНКА НА

ЕКСПЕРТИ

ПОТЕНЦИЈАЛ ДА ИМ

ПОМОГНЕ НА

ФАРМЕРИТЕ СО ИЛИ

БЕЗ КЛИМАТСКИ

ПРОМЕНИ

РАНГИРАЊЕ

ОД ЛОКАЛНИ

ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Подобрени сорти на култури

Пченица, пченка 1 Големи Средни 2

Подобрување на достапноста на вода за наводнување, рехабилитација на капацитетот за наводнување

Јаболка, грозје, пченка, зеленчук, пченица

2 Средни Големи 1

Подобрување на инфраструктурата за одводнување

Сите култури 3 за рехабилитација, помалку

за нова

Средни Големи Не е спомнато

Градење на нови акумулации за вода

Сите култури, но особено во сливот на Црна

Големи особено за сливот на

Црна

Не е спомнато Големи 3

92

Истражување и подобрување на исхраната, управувањето и здравјето на добитокот

Говеда, кокошки Непознато Средни Мали до средни 4

Оптимални агрономски практики

Пасишта, пченица

6 Не е спомнато Големи 5

Спојувањето на горенаведените приоритети со можностите предложени од Националната конференција генерира севкупно мени на мерки за прилагодување за континенталната АЕЗ. На слика 6-3 е дадено резиме на изложеноста, влијанијата и можностите за прилагодување, каде мерките обележани со потемно зелено претставуваат можности препорачани и од проценката на консултантите и од групите на Националната конференција.

СЛИКА 6-3. МЕРКИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА КОНТИНЕНТАЛНАТА АЕЗ ВРЗ ОСНОВА НА

ПРОЦЕНКИТЕ НА ТИМОТ НА КОНСУЛТАНТИ И НАЦИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА

АЛПСКА АЕЗ

Во табела 6-4 е дадено резиме на препорачаните мерки за прилагодување за алпската АЕЗ. Нашето моделирање на култури укажува на тоа дека културите во алпската АЕЗ може да се соочат со најголемите ризици од промените на температурата и врнежите. Освен тоа, можностите за развивање на акумулациите на вода може да се поважни во овој регион. Ризиците за добитокот исто така може да бидат најакутни во овој регион, не само поради директните ефекти на климата и топлинскиот стрес, туку исто така и поради тоа што ова е единствениот регион каде моделирањето

Изложеност    Влијание Прилагодување 

• Намалени и попроменливи врнежи 

• Повисоки температури 

• Намален проток на реките 

• Зголемена фреквенција на екстремни настани 

Намалени, помалку сигурни приноси на 

културите и добитокот со 

понизок квалитет 

 

Зголемена ерозија 

 

Загуба на културите

Подобрување на расите, управувањето, исхраната и здравјето на добитокот 

Оптимизирање на агрономските практики 

Развој на мерки за контрола на ерозијата 

Подобрување на инфраструктурата за 

одводнување

Подобрување на достапноста на вода за наводнување, 

рехабилитирање на системите за наводнување

Рехабилитирање/изградба инфраструктура за 

акумулирање на водата 

Подобрување на сортите култури 

Висок приоритет Среден приоритет 

93

на културите укажува дека приносите од пасишта и сточна храна може да се намалат како резултат на директните ефекти од промените на температурата и врнежите.

Групата која работеше на алпската АЕЗ на Националната конференција ја изготви следнава ранг листа на можности за прилагодување:

1. Подобрување на земјоделските практики и техники. Особено да се стави фокус на: (а) почва, вода, култури, пасишта и агро - шумарство; и (б) исхрана на добиток, и органски овоштарници.

2. Подобрување на растителните сорти за повисоки приноси и поголема толеранција на сушни услови.

3. Истражување и подобрување на продуктивноста на комерцијалниот добиток, со фокус на говеда, овци, и кози за млечни и месни системи.

4. Одржување на шумските екосистеми со садење на соодветни видови дрва за да се спречи ерозијата и да се подобри режимот на води.

5. Изградба на микро акумулации и рехабилитирање на постоечките системи за наводнување.

Освен тоа, оваа група ги искажа и следниве препораки за политики:

• Поголеми мотивации за усвојување на нови земјоделски практики и техники.

• Зголемување на поддршката за агроеколошките политики.

Онаму каде препораките на Националната конференција се преклопуваат со првичните приоритети утврдени од страна на тимот на консултанти, истите се дадени со закосени букви во Табела 6-4 подолу.

ТАБЕЛА 6-4. МЕРКИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ ЗА АЛПСКАТА АЕЗ

КРИТЕРИУМ ЗА РАНГИРАЊЕ

МЕРКА ЗА

ПРИЛАГОДУВАЊЕ

ФОКУС НА

КУЛТУРИ И

ДОБИТОК

НЕТО

ЕКОНОМСКА

ПРИДОБИВКИ:

КВАНТИТАТИВНА

АНАЛИЗА

НЕТО

ЕКОНОМСКА

ПРИДОБИВКИ:

ПРОЦЕНКА НА

ЕКСПЕРТИ

ПОТЕНЦИЈАЛ ДА

ИМ ПОМОГНЕ НА

ФАРМЕРИТЕ СО

ИЛИ БЕЗ

КЛИМАТСКИ

ПРОМЕНИ

РАНГИРАЊЕ

ОД ЛОКАЛНИ

ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Подобрување на сорти на култури за повисоки приноси и толеранција на суши

Пченица, Јаболка

1 Големи Големи 1

Градење на нови акумулации за води

Сите култури, но особено во сливот на Црна

Големи особено за сливот на

Црна

Не е спомнато

Големи 2

Рехабилитација на постоечката инфраструктура за одводнување

Сите култури 2 Големи Големи 3

94

Истражување и подобрување на исхраната, управувањето и здравјето на добитокот

Говеда, кокошки

Непознато Големи Мали 1

Оптимални агрономски практики

Пченица 3 Не е спомнато

Големи Не е спомнато

На слика 6-4 е дадено резиме на изложеноста, влијанијата и можностите за прилагодување за алпската АЕЗ, каде мерките обележани со потемно зелено претставуваат можности препорачани и од проценката на консултантите и од групите на Националната конференција

СЛИКА 6-4. МЕРКИ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ ЗА АЛПСКА АЕЗ ВРЗ ОСНОВА НА ПРОЦЕНКАТА НА

ТИМОТ НА КОНСУЛТАНТИ И НАЦИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА

6.3 КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА КРАТКОРОЧНИ , СРЕДНОРОЧНИ И ДОЛГОРОЧНИ МОЖНОСТИ

Мерките наведени погоре треба да се спроведат во различни временски периоди и со различни динамики за да се обезбеди дека ќе се постигне најголем ефект и економичност. Како дел од нашата квантитативна анализа, спроведовме неколку тестови на осетливост за да процениме дали, како што се менува климата, одредени можности кои ги анализиравме би можеле да бидат поекономично спроведени во одреден временски период. Сепак, за сите можности кои ги анализиравме утврдивме дека времето не е битен фактор при утврдувањето на односите помеѓу П и Т. Со други зборови, можностите со односи помеѓу придобивките и трошоците поголеми од еден имаа позитивни нето придобивки од почетокот на симулациите, во 2015 година, и понатаму

Изложеност    Влијание Прилагодување 

• Намалени и попроменливи врнежи 

• Повисоки температури 

• Намален проток на реките 

• Зголемена фреквенција на екстремни настани 

 

Загуба на културите

 

Зголемена ерозија 

Намалени, помалку сигурни приноси на 

културите и добитокот со 

понизок квалитет 

Подобрување на расите, управувањето, исхраната и здравјето на добитокот 

Подобрување на земјоделските практики и технологии 

Одржување на шумските екосистеми за да се спречи ерозијата и да се подобри 

водниот режим 

Рехабилитирање на постојната инфраструктура за 

одводнување

Изградба на микро акумулации и рехабилитирање на 

системите за наводнување 

Подобрување на сортите култури 

Висок приоритет Среден приоритет 

95

продолжија да имаат позитивни нето придобивки низ целиот период на анализата, до 2050 година, без оглед на симулираниот датум на започнување. И спротивното беше исто така вистинито – можностите со односно помеѓу придобивките и трошоците помали од еден , имаа исто ниски вредности за односите помеѓу П и Т за сите симулирани датуми на започнување.

Како резултат, категоризацијата на краткорочни, среднорочни и долгорочни можности е главно базирана на квалитативна проценка. За нашите потреби, краткорочните можности се оние за кои се препорачува спроведување за 1 – 3 години; среднорочните можности би се спровеле за 4 до 10 години; а долгорочните можности би се спровеле за 10 или повеќе години.

Краткорочни можности: Следниве мерки треба да се спроведат или барем да се започне спроведувањето за 1 до 3 години од завршувањето на студијата:

• Обезбедување на подобрени временски прогнози

• Подобрување на пристапот на земјоделците до технологија и информации

• Евалуација на можности за зголемување на акумулационите капацитети, од мали и големи размери

• Зголемување на ефикасноста на користењето на вода на ниво на фарма

• Оптимални агрономски практики

• Поттикнување на земјоделски кооперативи да ги искористат предностите од консолидација на земјоделските поседи

Среднорочни можности: Следниве мерки треба да се спроведат или барем да се започне со нивното спроведување во 4 до 10 години по завршувањето на оваа студија. За овие мерки ќе биде потребен одреден подготвителен временски период за да се обезбеди дека се дизајнирани имајќи ги во предвид ефектите од идните климатски промени врз потенцијалот за инцидентно поплавување, на пример. Според тоа, пред спроведувањето на овие можности, ќе бидат потребни подетални инженерски студии на изводливост за овие долгорочни инвестиции, меѓутоа тие студии мора да ги имаат во предвид и ефектите од климатските промени. Сепак, овие мерки не се долгорочни бидејќи очигледно е дека од нив ќе произлезат придобивки базирани врз сегашните климатски услови, дури и пред климата значително да се промени:

• Спроведување на мерки за мали акумулации на вода

• Подобрување на инфраструктурата за одводнување

• Подобрување на инфраструктурата за вода за наводнување

Долгорочни можности: За спроведување на следниве можности потребни се подолги подготвителни периоди, а исто така најдобро е истите да се спроведат согласно со менувањето на климата:

• Спроведување на мерки за големи акумулации за вода, онаму каде проценката покажува дека тоа е корисно

• Развивање на образование на земјоделците во управувањето со сорти отпорни на суша

• Подобрување на исхраната, управувањето и здравјето на добитокот

96

Студија од ваков широк обем секогаш подразбира одредени значителни ограничувања. Овие ограничувања вклучуваат потреба да се прават одредени претпоставки за многу битни аспекти на земјоделското и сточарското производство во Република Македонија, ограничувања во однос на техниките за моделирање на симулации за предвидување на приноси од култури и водни ресурси, како и ограничувања во поглед на време и ресурси. За некои од препораките ќе има потреба од подетални испитувања и анализи отколку што можеше тука да се постигне, со цел да се обезбеди дека конкретните мерки за прилагодување ќе се спроведат на начин кој ја максимизира нивната вредност за земјоделството во Македонија.

Сепак, се надеваме дека свеста за климатските ризици и аналитичните капацитети изградени во текот на оваа студија обезбедуваат не само поголемо разбирање помеѓу земјоделските институции во Македонија за основите на препораките претставени тука, туку и подобрени способности за спроведување на потребните подетални проценки потребни за понатамошно спроведување на препорачаните активности.

97

ЛИТЕРАТУРА

Adams, R.M., B.A. McCarl, K. Segerson, C. Rosenzweig, K.J. Bryant, B.L. Dixon, R.Connor, R.E. Evenson, and D. Ojima, The economic effects of climate change on US agriculture. In: R. Mendelsohn and J. E. Neumann (eds), Impact Of Climate Change On The United States Economy, (Cambridge University Press, Cambridge UK, 1999) pp. 74-98.

Alston, J.M., Marra, M.C., Pardey, P.G. and Wyatt T.J. 1998. Research Returns Redux: A Meta-Analysis of the Returns to Agricultural R&D. IFPRI, Environmental and Production Technology Division. Washington D.C. Accessed on February 1, 2011 from http://www.ifpri.org/sites/default/files/publications/eptdp38.pdf.

BalkanInsight, 2010. Macedonia Flood Victims Complain of Inaction. Skopje. Accessed on March 10, 2011 at: http://www.balkaninsight.com/en/article/macedonia-braises-for-more-flooding

Butt, T.A., B. A. McCarl, J. Angerer, P. T. Dyke and J. W. Stuth. 2005. The economic and food security implications of climate change in Mali. Climatic Change. Volume 68, Number 3, 355-378.

Central Intelligence Agency (CIA). 2011. The World Factbook: Macedonia. Viewed on March 8, 2011 at: https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/mk.html.

Cerdán-Infantes, P., Maffioli, A, and Ubfal, D. 2008. The Impact of Agricultural Extension Services: The Case of Grape Production in Argentina. Inter-American Development Bank, Office of Evaluation and Oversight. Working Paper: OVE/WP-05/08. Accessed on February 1, 2011 from http://www.iadb.org/intal/intalcdi/PE/2009/03159.pdf.

ClimateWizard. The Nature Conservancy, University of Washington, and the University of Southern Mississippi. Viewed at www.climate wizard.org.

European Commission, Agriculture and Rural Development. 2007. IPA Rural Development Programme (IPARD) for the former Yugoslv Republic of Macedonia. Accessed on March 9, 2011 from: http://europa.eu/rapid/pressReleasesAction.do?reference=MEMO/07/608&format=HTML&aged=0&language=EN&guiLanguage=en.

Food and Agriculture Organization (FAO) AQUASTAT. Global Map of Irrigated Areas. Accessed on December 14, 2010 from http://www.fao.org/nr/water/aquastat/irrigationmap/index.stm.

Food and Agriculture Organization (FAO) AQUASTAT: Macedonia. Accessed on March 9, 2011 from http://www.fao.org/nr/water/aquastat/data/factsheets/aquastat_fact_sheet_mkd_en.pdf.

Food and Agriculture Organization (FAO). Land and Water Development Division. 2005. National Soil Degradation Maps, Macedonia. Accessed on March 8, 2011 from: http://www.fao.org/landandwater/agll/glasod/glasodmaps.jsp?country=MKD&search=Display+map+!.

98

FAOSTAT. 2005. Predicted global livestock densities 2005 converted for unsuitability, adjusted to match FAOSTAT totals for the year 2005. Accessed on September 27, 2010 from http://www.fao.org/ag/AGAInfo/resources/en/glw/GLW_dens.html.

FAOSTAT. 2009. http://faostat.fao.org/

FAOSTAT. 2010. PriceStat. Accessed on December 20, 2010 from http://faostat.fao.org/site/570/default.aspx#ancor.

Glendenning, C.J., Babu, S. and Asenso-Okyere, K. 2010. Review of Agricultural Extension in India: Are Farmers’ Information Needs Being Met? IFPRI Discussion Paper 01048, Eastern and Southern Africa Regional Office. Accessed on February 1, 2011 from http://www.ifpri.org/sites/default/files/publications/ifpridp01048.pdf.

Gu, S. and Chism, J. Greenhouse and High Tunnels in Vegetable Production. University of Missouri Extension and Lincoln University Cooperative Extension. Accessed on February 3, 2011 from http://www.greatplainsgrowers.org/2010%20Information/2010%20Powerpoints/Beginners%27%20Vegetable%20-%20Greenhouse%20-%20High%20Tunnels%20-%20Sanjun%20Gu.pdf.

Iglesias, I. and Alegre, Simó. 2006. The Effect of Anti-Hail Nets on Fruit Protection, Radiation, Temperature, Quality and Profitability of ‘Mondial Gala’ Apples. Journal of Applied Horticulture, 8(2): 91-100.

Jiggins, J. 2007. Farmer Field Schools Reap Long-Term Rewards. Pesticide News 78. Accessed on February 1, 2011 from http://www.pan-uk.org/archive/Projects/Fairness/PN/pn78pp6-7.pdf.

Lampietti, A. et al. 2009. The Changing Face of Rural Space – Agriculture and Rural Development in the Western Balkans. The World Bank, Washington DC

Ministry of Agriculture, Forestry and Water Economy, 2009. Macedonian Agricultural Advisory Support Programme (MAASP), Programme for Mainstreaming Climate Change Adaptation in the Agricultural Management Systems, July 2009. Implemented by consultants GRM International AB And Växa Halland.

Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). 2008. Втора национална комуникација за климатски промени, Република Македонија, Скопје.

Odame, H., Musyoka, P, and Kere, J. 2008. How National Public Policies Encourage or Impede Agribusiness Innovation: Cases of Maize, Tomato and Dairy in Kenya. World Bank Institute and the Governments of Denmark and Ireland. Accessed on February 3, 2011 from http://info.worldbank.org/etools/docs/library/243695/KYAgribusinessReport.pdf.

Seo, S.N. and R. Mendelsohn 2006. The Impact of Climate Change on Livestock Management in Africa: A Structural Ricardian Analysis. Center for Environmental Economics and Policy in Africa (CEEPA). Printed by the University of Pretoria.

Државен завод за статистика, Република Македонија. Национални сметки. 2010а. Економските сметки за земјоделството во Република Македонија во 2008 година покажуваат бруто додадена вредност од 37981 милиони денари.

99

Државен завод за статистика, Република Македонија. Македонија во бројки, 2010б. Скопје. Прегледано на 9 март, 2011 на : http://www.stat.gov.mk/Publikacii/MakBrojki2010web_eng.pdf.

Sutton, W. et al. 2008. Integrating Environment into Agriculture and Forestry: Progress and Prospects in Eastern Europe and Central Asia. The World Bank, Washington DC.

Thornton, P.K., J. van de Steeg, A. Notenbaert, M. Herrero. 2009. The impacts of climate change on livestock and livestock systems in developing countries: A review of what we know and what we need to know. Agricultural Systems. Vol. 101. 113–127.

Trapp, R.J., Diffenbaugh, N.S., Brooks, H.E., Baldwin, M.E., Robinson, E.D., and Pal, J.S. 2007. Changes in Severe Thunderstorm Environment Frequency during the 21st Century Cause by Anthropogenically Enhanced Global Radiative Forcing. PNAS, 104(50): 19719-19723.

The World Bank, 2009a. ECA Databank. Washington DC.

World Bank, World Development Indicators, 2009b.

World Bank, 2010. Data and Statistics for Macedonia. Accessed on March 8, 2011 at: http://www.worldbank.org.mk/WBSITE/EXTERNAL/COUNTRIES/ECAEXT/MACEDONIAEXTN/0,,contentMDK:20179336~menuPK:304498~pagePK:1497618~piPK:217854~theSitePK:304473,00.html.

World Bank, 2011. World Bank Financing to Help More Than 1 Million People in South East Europe and Caucasus Cope with Natural Disasters. Washington. Accessed on March 10, 2011 at: http://www.worldbank.org.mk/WBSITE/EXTERNAL/COUNTRIES/ECAEXT/MACEDONIAEXTN/0,,print:Y~isCURL:Y~contentMDK:22848456~menuPK:304478~pagePK:2865066~piPK:2865079~theSitePK:304473,00.html.