3 Македонското - Кресненско востание

10
Историја Македонија од крајот на XVIII До првата светска војна

Upload: olivertashev

Post on 20-Oct-2015

257 views

Category:

Documents


3 download

DESCRIPTION

istorija

TRANSCRIPT

Page 1: 3 Македонското - Кресненско востание

Историја

Македонија од крајот на XVIII До првата светска војна

Page 2: 3 Македонското - Кресненско востание

Македонското востание Македонското востание (во македонската историографија познато под името Кресненско востание) е востание на македонскиот народ против Отоманската власт кренато на 17 октомври (5 октомври стар стил) 1878 година во селото Кресна, во долината на реката Струма во Пиринска Македонија. Дознајте повеќе за: Македонското востание

Page 3: 3 Македонското - Кресненско востание

Причини и подготовки за востанието

Причини: По Берлинскиот конгрес во 1878 година, Македонија останала во рамките на Османлиското царство. Безбедноста и економската состојба кај населението била многу влошена, а народот бил разочаран и незадоволен. Подготовки: Во северо – источниот дел на Македонија, започнале подготовките за кревање на ново востание. Во околината на Горна Џумаја, Пиринска Македонија, дошло до раздвижување на востанички чети.

Митрополитот Охридски Натанаил, роден во Кучевиште, Скопско бил еден од

главните организатори и поддржувачи на

востанието

Познатиот војвода дедо Иљо Малешевски, од

Берово, учествувал во Руско-турската војна

1877/78 г. бил награден со ордени за храброст.

Во ова востание се борел за својот народ

Page 4: 3 Македонското - Кресненско востание

На тајно советување кое се одржало есента 1878 година во Горна Џумаја било донесено решение за кревање на Македонското - Кресненско востание. Првиот удар требало да се изврши во правецот на Кресненската клисура на реката Струма. Во подготовките на востанието активно учествувале Димитар Поп Георгиев Беровски, војводите дедо Иљо Малешевски, Ѓорѓија Пулевски, Стефо Николов, охридскиот митрополит Натанаил, попот Коста од селото Буф, Леринско Ова востание го помагале и Македонците кои работеле и живееле во тогашното кнежевство Бугарија. Тие формирале комитет „Единство“ чија што главна задача била да ги помага востаниците со оружје и друг материјал.

Ѓорѓија Пулевски од Галичник, учесник во Српското

востание и Руско-турската војна, се борел за слободата и на својот народ

Димитар Поп Георгиев Беровски, водачот на

Разловечкото востание, повторно застанал на чело на македонските

востанички одреди

Page 5: 3 Македонското - Кресненско востание

Почетокот и текот на востанието

Востанието започнало на 5 октомври (стар стил) / 17 октомври 1878 година, кога четите на војводите Димитар Поп Георгиев Беровски и Стојан Карастоилов до околу 400 востаници успешно го нападнале османлискиот гарнизон во селото Кресна. Набргу востанието се проширило од двете страни на реката Струма, зафаќајќи ја областа Каршијак. Набргу се ослободила територија од 54 населени места со околу 32.000 жители.

Македонското – Кресненско востание октомври 1878 година

Page 6: 3 Македонското - Кресненско востание

Востаниците во ослободените области организирале востаничка власт. Биле основани старешински совети Селската полиција се грижела за безбедноста на населението Востаниците биле распоредени во четири поголеми востанички воени единици Стојан Карастоилов бил избран за воен раководител и прв војвода, а рускиот емигрант Адам Калмиков бил назначен за водач – атаман на востанието.

Македонските ајдуци – биле основата на востаничката војска

Кресненската клисура

Page 7: 3 Македонското - Кресненско востание

Бил формиран и „Штаб на Македонското востание“ составен од повеќе војводи, за негов началник бил избран Димитар Поп Георгиев Беровски. Штабот имал функција на привремена востаничка влада. Била основана и македонска коњица на чело со војводата Николица Македонски

Печатот на началникот на штабот на македонското востание

Писмо на Димитар Беровски

Димитар Беровски како началник на

штабот на востанието

Page 8: 3 Македонското - Кресненско востание

Задушувањето на востанието Македонското востание не било во интерес на кнежевството Бугарија. Таа уште од почетокот сакала востанието да го претстави како протест против Берлинскиот конгрес и желба на населението за присоединување со Бугарија. Софискиот комитет „Единство“ сметало дека тоа има право да раководи со востанието, барајќи востанието да се води на широк фронт. Востаничките раководители сметале дека целта на востанието е ослободување на Македонија Ова довело до отворени судири •Димитар Поп Георгиев Беровски бил уапсен во Ќустендил •Водачот на востанието војводата Стојан Карастоилов бил убиен од луѓе испратени од Софискиот комитет.

Ќустендил Софија

Page 9: 3 Македонското - Кресненско востание

Овие настани довеле до деморализирање на востаниците, а состојбата не ја подобрило ниту назначувањето на Словенецот Мирослав Хумбаер на чело на новиот востанички Штаб. На 6 јуни/18 1879 година митрополитот Натанаил кој за сето време имал посредничка улога меѓу востаниците и комитетот во Софија, заповедал четите да се растурат, а оружјето да се собере и складира за некоја подобра прилика. Со тоа завршило Македонското востание.

Page 10: 3 Македонското - Кресненско востание

Причини за неуспехот на востанието •Политичката надворешно – политичка ситуација не им одела во прилог на македонските востаници •Слабата материјална подготвеност на востаниците •Внатрешното не единство и грубото мешање на кнежевството Бугарија во водењето на востанието

Значењето на Македонското – Кресненско востание: •Македонското – Кресненско востание е од особено значење, најмногу заради идејата за независност на ослободителната борба. •Главната цел на востанието било создавање на независна и самостојна македонска држава.

Погледнете: Македонско Кресненско востание 1878 година Дополнете го знаењето за: Кресненското – Македонско востание