praktikum mjp

65
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ПРАКТИКУМ ПО ПРЕДМЕТОТ МЕЃУНАРОДНО ЈАВНО ПРАВО асс. д-р Дејан Маролов Штип, 2012

Upload: anastazija-koceva

Post on 19-Jan-2016

57 views

Category:

Documents


1 download

DESCRIPTION

praktikum MJP

TRANSCRIPT

Page 1: praktikum MJP

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИППРАВЕН ФАКУЛТЕТ

ПРАКТИКУМ ПО ПРЕДМЕТОТ МЕЃУНАРОДНО ЈАВНО ПРАВО

асс. д-р Дејан Маролов

Штип, 2012

Page 2: praktikum MJP

Овој практикум содржи:

- 3аедничка Декларација на Mинистер-претседателот на Република Бугариjа и Претседателот на Владата на Република Македониjа

- Времената спогодба меѓу Република Грција и Република Македонија

- Прсудата на Меѓународниот Суд на Правдата (Р.Македонија против Грција)

- Спогодба за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европските Заедници и нејзините земји членки.

Преку користење на овој практикум студентите за време на вежби ќе можат практично да се запознаат со :

Меѓународното договорно право, односно меѓународните договори како извор на меѓународното право склучени од субјекти на меѓународното право, признавање на држави, органи за одржување на меѓународните односи, мирно решавање на споровите, работата на Меѓународниот Суд на правдата како орган на ОН и генералано со меѓународно правниот систем. Практичните примери се одбрани со цел подобро и поконкретно запознавање на македонската надворешна политика преку нејзините органи за одржување на меѓународните односи.

Page 3: praktikum MJP

ЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА НА МИНИСТЕР-ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА И

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1

Mинистер-пpeтceдaтeлот на Република Бугариjаи Претседателот на Владата на Република Македониjа,

Поаѓаjќи од заедничкиот стремеж за развоj на добрососедските односи меѓу двете држави,

Длабоко убедени во потребата од развоjот на соработката врз основа на меѓусебно почитување, доверба, разбирање, добрососедство и заемно почитување на интересите на нивните држави и народи,

Убедени во необходноста од зацврстување на безбедноста и мирот, соработката и довербата во Jугоисточна Европа,

Поаѓаjќи од определбите на двете земjи за интегрирање во европските и евро-атлантските структури,

Веруваjќи дека конструктивниот диjалог во сите области на билатералните односи, како и во однос на регионалните и меѓународните проблеми, ќе придонесе за натамошно унапредување на односите на двете земjи на рамноправна основа,

Почитуваjќи ги принципите на Повелбата на ООН и документите на ОБСЕ, како и демократските принципи, содржани во документите на Советот на Европа,

1. Jа изразуват своjата подготвеност и заедничката желба за развоjот на севкупните односи меѓу Република Бугариjа и Република Македониjа. Тие односи ќе се развиваат во согласност со основните принципи на меѓународното право.

2. Двете страни ќе соработуваат во рамките на Организациjата на Обединетите нации, Организациjата за безбедност и соработка во Европа, Советот на Европа, Инициjативата на НАТО Партнерство за мир, Мултинационалните мировни сили на земjите од Jугоисточна Европа и други меѓународни организации и форуми.

3. Двете страни ќе придонесуваат за развоj на соработката меѓу земjите од Jугоисточна Европа, за унапредување на разбирањето, мирот и стабилноста во регионот и при остварување на регионалните проекти како елемент на процесот за создавање на единствена Европа.

1 Георгиевски., С., Додевски., С., Документи за Република Македонија (1990-2005), Правен факултет „Јустинијан Први“ - УКИМ, Скопје, 2008, стр.907-909

Page 4: praktikum MJP

4. Двете страни ќе ги поттикнуват контактите и ќе организираат средби меѓу претставниците на органите на управата на различни нивоа, за развоj на приjателските односи и соработката.

Тие ќе придонесуваат за поттикнување на контактите меѓу невладините организации и граѓаните на двете земjи.

5. Имаjки jа предвид географската блискост, двете страни ќе се стремат кон создавањето на неопходните правни, економски, финансиски и трговски услови за обезбедување непречено движење на капиталот, стоките и услугите. Тие ќе ги поттикнуваат заедничките инвестиции и ќе обезбедат нивна защтита.

6. Двете страни ќе го поттикнуваат зголемувањето на туристичката размена, како и развивањето на соодветни форми на соработка во областа на туризмот.

7. Двете страни ќе ги развиваат и усовршуваат сообраќаjните врски и комуникации меѓу нив, како и во рамките на регионалните инфраструктурни проекти.

Тие ќе се стремат кон олеснување на царинските и граничните формалности за движењето на патници и стоки.

8. Двете страни ќе jа поттикнуваат активната и непречена соработка во областа на културата, образованието , здравството, социjалната грижа и спортот.

9. Двете страни ќе прават напори за слободен проток на информации, преку поттикнување и развивање на соработката во областа на печатот, радио и телевизиските емисии, со користење на современите информативни средства.

Тие ќе се ангажираат во заштитата на авторските и интелектуалните права на творците од двете земjи.

10. Двете земjи ќе jа унапредуваат соработката во правната и конзуларната област и особено во областа на граѓанските, казнените и административните прашања, со цел за олеснување на патувањето и посетувањето на своите граѓани, како и за решавање на нивните хуманитарни и социjални проблеми.

11. Двете страни нема да преземаат, поттикнуваат и поддржуваат една кон друга деjствиjа и активности кои имаат неприjателски характер.

Ниту една од страните нема да дозволи неjзината териториjа да биде користена против другата од организации и групи, кои имаат за цел извршување на субверзивни и сепаратистички деjствиjа или деjствиjа насочени кон загрозувањена мирот и безбедноста на другата земjа.

Двете земjи немаат и нема да проjавуваат териториjални претензии една спрема друга.

Република Македониjа изjавува дека ништо од неjзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање на Република Македониjа во внатрешните работи на Република Бугариjа со цел да го заштити статусот и правата на лица кои не се државjани на Република Македониjа.

Page 5: praktikum MJP

Двете страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамерената пропаганда од страна на институции и агенции и нема да дозволат активности на приватни лица, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични деjствиjа, кои би наштетиле на односите меѓу Република Бугариjа и Република Македониjа.

Потпишана во Софиjа на 22 февруари 1999 година, во два оригинални примерока, секоj од нив на официjалните jазици на двете земjи - бугарски jазик, согласно Уставот на Република Бугариjа и македонски jазик, согласно Уставот на Република Македониjа, при што двата текста имаат еднаква важност.

ЗА РЕПУБЛИКА БУГАРИJА                        ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJA

ИВАН КОСТОВ                                             ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИМинистeр-претседател                                  Претседател на Влада

Page 6: praktikum MJP

ВРЕМЕНА СПОГОДБА МЕЃУ РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2

Обединети Нации

Њуjорк, 13 Септември 1995

Времена Спогодба

Министерот Каролос Папуљас, претставувајќи ја Првата Страна („Претставник на Првата Страна“) и министерот Стево Црвенковски, претставувајќи ја Втората Страна („Претставник на Втората Страна“), со ова ИЗЈАВУВААТ И СЕ СОГЛАСУВАА на следното:

Повикувајќи се на принципот за неповредливост на границите и територијалниот интегритет на државите, вграден во Завршниот Акт на Конференцијата за Безбедност и Соработка во Европа, потпишана во Хелсинки,

Имајќи ги предвид правилата на Повелбата на Обединетите нации, и поточно, правилата кои се однесуваат на должноста државите да се воздржуваат во нивните меѓународни односи од закана и употреба на сила против територијалниот интегритет и политичката независност на која било држава,

Водени од духот и принципите на демократија и основните права и почитувањето на човековите права и достоинство, во согласност со Повелбата на Обединетите Нации, како и со Хелсиншкиот Завршен Акт, Париската Повелба за нова Европа и соодветните акти на Организацијата за Безбедност и Соработка во Европа,

Земајќи го предвид нивниот взаемен интерес за одржување на меѓународниот мир и безбедност, особено во нивниот регион,

Со желба да ја потврдат постоечката граница меѓу нив како трајна меѓународна граница,

Потсетувајќи се на нивните обврски да не се мешаат, со каков било предтекст и во каква било форма, во внатрешните работи на другиот,

Сакајќи да ги развијат нивните взаемни односи и да постават цврста основа за клима на спокојни односи и разбирање,

Сфаќајќи дека економската соработка е важен елемент за развојот на взаемните односи на стабилна и цврста основа, како и сакајќи да ја развијат и промовираат идната соработка,

Со желба да се постигнат извесни времени договори, кои ќе обезбедат основа за да се договори трајна Спогодба

Се согласија на следното:

2 Министерство за надворешни работи наРМ

<http://www.mfa.gov.mk/sites/default/files/hag/Vremena-spogodba-1995.pdf>

Page 7: praktikum MJP

А. МЕРКИ ЗА ГРАДЕЊЕ ДОВЕРБА И ПРИЈАТЕЛСКИ ОДНОСИ

Член 11. Со влегувањето на сила на оваа Времена Спогодба, Првата Страна ја признава втората страна како независна и суверена држава, под привремена одредница воспоставена во писмото на Првата Страна со датум на оваа Привремена Спогодба, а Страните во најскор датум ќе воспостават дипломатски односи на усогласено рамниште со конечна цел тие да бидат подигнати на амбасадорско ниво.

2. Првата Страна, што е можно најбрзо ќе воспостави канцеларија за врска во Скопје, главниот град на Втората Страна, а Втората Страна, што е можно најбрзо ќе воспостави канцеларија за врски во Атина, главниот град на Првата Страна.

Член 2Страните овде ја потврдуваат нивната заедничка граница како трајна и неповредлива меѓународна граница.

Член 3Секоја од Страните се обврзува да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на другата Страна. Ниту една Страна нема да поддржува активности на трета страна насочени против суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на другата Страна.

Член 4Страните ќе се воздржуваат, во согласност со целите и принципите на Повелбата на Обединетите Нации, од закана или употреба на сила, вклучувајќи ја и употреба на сила насочена кон повреда на постоечката граница, и се согласуваат дека ниту една од нив нема да иснесува или подржува барања насочени накај територијата на другата Страна, или барања за промена на нивната постоечка граница.

Член 51. Страните се согласуваат да ги продолжат преговорите под надзор на Генералниот Секретар на Обединетите Нации, предвидени со Резолуцијата 845 (1993) со намера за постигање на согласност во врска со разликите опишани во таа резолуција и со Резолуцијата 817 (1993).

2. Признавајќи дека постои разлика меѓу нив во врска со името на Втората Страна, секоја страна ги задржува сите права кои се во согласност со наведените обврски превземени со оваа Времена Спогодба. Страните ќе соработуваат со намера да ги подобрат нивните взаемни односи, без оглед на нивните позиции во однос на името на Втората Страна. Во тој контекст, страните ќе превземат практични мерки, вклучувајќи и како ќе се однесуваат во однос на документацијата, за да се одвиваат нормални трговски и економски односи меѓу нив, на начин кој е конзистентен со нивните респективни позиции во однос на името на Втората Страна. Страните ќе превземат практични мерки за разликата во однос на името на Втората Страна не ги попречува, ниту се меша во нормалните трговски и економски врски меѓу Втората Страна и трети страни.

Page 8: praktikum MJP

Член 61. Втората Страна овде свечено изјавува дека ништо во нивниот Устав, а особено во Преамбулата и во Членот 3 од Уставот, не може, ниту треба да биде толкувано, ниту кога било ќе биде толкувано како основа за какво било побарување од Втората Страна на каква било територија која не е во нивните посоечки граници.

2. Втората Страна овде свечено изјавува дека ништо во нивниот Устав, а особено членот 49, како што е изменет со Амандман, не може, ниту треба да биде толкувано, нито кога било ќе биде толкувано како основа за Втората Страна да се меша во внатрешните работи на друга држава за да заштитува статус и права на кој било други личности во други држави кои не се граѓани на Втората Страна.

3. Втората Страна уште свечено изјавува дека толкувањата во параграф 1 и 2 од овој член нема да бидат поништени со какво било друго толкување на нејзиниот Устав.

Член 71. Секоја Страна ќе превземе брзи и ефикасни мерки да забрани непријателска активност и пропаганда од агенции контролирани од државата и да обесхрабри акти од приватни ентитети кои повикуваат на насилство, омраза и непријателство спрема другата страна.

2. Со стапувањето во сила на оваа Привремена Спогодба, Втората Страна ќе престане да го користи на каков било начин, симболот прикажан на нејзиното национално знаме до пред влегувањето во сила на оваа Спогодба.

3. Ако која било Страна смета дека еден или повеќе симболи кои претставуваат дел од нејзиното историско или културно наследство се користени од другата Страна, таа ќе и’ го предочи тоа на другата Страна, и другата Страна ќе превземе соодветни корективни активности или ќе објасни зошто не смета за потребно тоа да го стори.

Член 81. Страните ќе се воздржуваат од наметнување на какво било ограничување на слободниот проток на луѓе и стоки меѓу нивните територии и преку територијата на која било Страна до територијата на другата. Обете Страни ќе соработуваат во насока на олеснување на таквото движење и во согласност со меѓународниот закон и обичај.

2. Страните се согласуваат дека Европската Унија и Соединетите Држави можат да бидат замолени да дадат помош во однос на разввањето на практичните мерки наведени во параграфот 2 од членот 5, исто како и да им помогнат на Страните во спроведувањето на членот 8.

А. ЧОВЕКОВИ И КУЛТУРНИ ПРАВА

Член 9

Page 9: praktikum MJP

1. Страните во сите нивни постапки ќе се раководат од духот и принципите на демократија, основни слободи, почитување на човековите права и слободи, владеењето на законот, во согласност со Повелбата на Обединетите Нации, Универзалната Декларација за Човековите Права, Европската Конвенција за Заштита на Човековите Прави и Основни Слободи, Меѓународната Конвенција за Отстранување на Сите Облици на Расна Дискриминација, Конвенцијата за Правата на Детето, Хелсиншкиот Завршен Акт, документот на Копенхагеншката Средба и Конференцијата за Човековите Димензии на Конференцијата за Безбедност и Соработка во Европа и на Париската Повелба за Нова Европа.

2. Ниту едно право или инструмент наведен во претходниот параграф 1 не може да се толкува во смисла да им дава право да превземаат постапки спротивни на целите и принципите на Повелбата на Обединетите Нации, или на Завршниот Хелсиншки Акт, вклучувајќи го и принципот на територијален интегритет на Државите.

Член 10Убедени дека развојот на врските меѓу луѓето е неопходен за унапредување на разбирањето и добрососедските односи на двата народи, Страните ќе ги охрабруваат контактите на сите соодветни рамништа и нема да обесхрабруваат средби меѓу нивните граѓани во согласност со меѓународниот закон и обичај.

Ц. МЕЃУНАРОДНИ, МУЛТИЛАТЕРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ИНСТИТУЦИИ

Член 111. По стапувањето во сила на оваа Времена Спогодба, Првата Страна се согласува да не се противи на пристапување или полноправно зачленување на Втората Страна во меѓународни, мултилатерални и регионални организации и институции на кои Првата Страна е член, но Првата Страна го зачувува правото да се противи на какво било членство наведено погоре ако и само во случај да Втората страна е ословувана во таквите организации и институции различно одошто во параграфот 2 на Резолуцијата 817 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации.

2. Страните се согласуваат дека тековниот економски развој на Втората Страна треба да биде поткрепен преку меѓународна соработка, колку што е тоа можно со блиски врски меѓу Втората Страна и Европската Економска Област и Европската Унија.

Д. ВО ОДНОС НА МЕЃУНАРОДНИТЕ СПОГОДБИ

Член 121. Со влегувањето во сила на Времената Спогодба, Страните ќе се раководат во нивните меѓусебни односи во согласност билатералните договори кои беа склучени меѓу поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Првата Страна на 18 Јуни 1959 година:

(а) Конвенцијата за меѓусебните правни односи

(б) Спогодбата за реципрочно признавање и спроведување на судски решенија и

(в) Спогодбата за хидро-економските прашања.

Page 10: praktikum MJP

Страните веднаш ќе се спогодат со цел да склучат нови спогодби кои во суштина ќе бидат слични на оние наведени погоре.

2. Страните ќе се консултираат за да ги утврдат другите спогодби случени меѓу поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Првата Страна кои ќе ги сметаат за применливи во нивните меѓусебни односи.

3. Страните можат да склучуваат додатни билатерални договори во областите од взаемен интерес.

Член 13Со оглед на фактот дека Втората Страна нема пристап до море, Страните ќе се водат од соодветните правила на Обединетите Нации од Законот за Море, до степен применлив во практика и кога за тоа ќе се постигнат соодветни спогодби.

Член 141. Страните ќе го охрабруваат развојот на пријателски и добрососедски односи меѓу нив и ќе ја зајакнуваат економската соработка во сите области, вклучително и на областа за управување со водите. Во практика тие ќе гиподдржуваат, на реципрочна основа, патните, железничките, пловните и воздушните транспортни врски, со употребата на најдобрите достапни технологии, и ќе поддржуваат транзит на нивните добра меѓу нив и преку нивните територии и пристаништа. Страните ќе ги почитуваат меѓународните правила и закони во врска со транзитот, телекомуникацијата, знаците и кодовите.

2. Страните се согласуваат да започнат преговори со цел веднаш да се применат спогодбите за соработка во гореспоменатите обласи, земајќи ги предвид обврските на Првата Страна кои произлегуваат од нејзиното членство во Европската Унија и од други меѓународни инструменти. Таквите спогодби ќе се однесуваат на визи, работни дозволи, „зелени карти“ осигурувања, транзит низ воздушниот простор и економска соработка.

Ѓ. ЕКОНОМСКИ, КОМЕРЦИЈАЛНИ, ПРАВНИ И ОДНОСИ ПОВРЗАНИ СО ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВАТА ОКОЛИНА

Член 151. Страните ќе ги зајакнуваат нивните економски врски на сите полиња.2.Страните особено ќе го подржуваат развојот и соработката во областа на капиталните инвестиции, како и индустриската соработка. Особено внимание ќе им биде посветено на соработката меѓу малите и средните претпријатија.

Член 161. Страните ќе ја развиваат и унапредуваат научната и техничката соработка, како и соработката од областа на образованието.

2. Страните ќе ја зајакнат размената на информации од научната и техничката документација, и ќе се стремат да го унапредат взаемниот пристап до научните и истражувачките институции, архиви, библиотеки и слични институции.

Page 11: praktikum MJP

3. Страните ќе ги подржуваат иницијативите од научните организации и поединци насочени кон унапредување на соработката во науката.

Член 171. Страните ќе посветат особено внимание да одбегнат да ја загрозуваат природната околина и да ги сочуваат условите за живот во езерата и реките кои ги делат двете Страни.

2. Страните ќе соработуваат во отстранувањето на сите облици на загадување во пограничните области.

3. Страните ќе се стремат да ги развијат и усогласта стратегиите и програмите за регионална и меѓународна соработка и за заштита на човековата околина.

Член 18Страните ќе соработуваат во залечувањето на последиците од природните несреќи.

Член 191. Страните ќе соработуваат во унапредувањето и промовирањето на деловните и туристичките патувања.

2. Во согласност со обврските на Првата Страна кои произлегуваат од нејзиното членство во Европската Унија и од релевантните инструменти на Унијата, Страните ќе прават заеднички напори да ги унапредат и забрзаат царинските и граничните формалност, вклучувајќи го и поедноставувањето на издавање виза за граѓаните на другата страна, земајќи го предвид Членот 5, Параграф 2 од оваа Времена Спогодба.

3. Страните ќе се трудат да ги унапредат и модернизираат постоечките гранични премини, како што е тоа неопходно за слободен проток на сообраќајот, и ќе воспостават нови гранични премини, како што е неопходно.

Член 20Страните ќе соработуваат во борбата против организираниот криминал, тероризам, економскиот криминал, криминалот со наркотици, нелегалната трговија на културни добра, повредата на цивилниот авио транспорт и фалсификувањето.

Е. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 211. Страните ќе ги разрешуваат сите несогласувања исклучиво со мирни средства во согласност со Повелбата на Обединетите Нации.

2. Секоја разлика или недоразбирање кое ќе се појави меѓу страните во врска со толкувањето на оваа Времена Спогодба може да се достави од која и да е од страните до Меѓународниот Суд за Правда, освен разликите посочени во Членот 5, параграф 1.

Page 12: praktikum MJP

Член 22Оваа Времена Спогодба не е насочена против ниту една држава или ентитет и не се мешат во правата и обврските кои произлегуваат од билатералните и мултилатералните спогодби на сила кои Страните ги имаат заклучено со други држави или меѓународни организации.

Член 231. Оваа Времена Спогодба ќе влезе во сила и ќе стане ефективна на тринаесеттиот ден од датумот на кој ќе ја потпишат претставниците на Страните, како што е приготвено подолу.

2. Оваа Времена Спогодба ќе остане во сила се додека не биде заменета со трајна спогодба, со тоа што после седум години секоја од Страните може да се повлече од оваа Времена Спогодба со писмен допис, кој ќе стапи на сила 12 месеци после доставувањето до другата Страна.

СО ОВА СЕ ПОСВЕДОЧУВА дека Страните, преку нивните овластени претставници, ги потпишаат трите копии на Времената Спогодба на Англиски јазик, кои ќе бидат регистрирани во Секретаријатот на Обединетите Нации. Во рок од два месеци од датумот на потпишувањето, Обединетите Нации треба да подготват, во согласност со Страните, преводи на јазикот на Првата Страна и на јазикот на Втората Страна, кои ќе претставуваат дел од регистрацијата на оваа Спогодба.

Page 13: praktikum MJP

_______________________________ _________________________________

Претставник на Претставник на Првата Страна Втората Страна

СВЕДОК, во согласност со Резолуцијата 845 (1993) на Советот за Безбедност:

______________________________________

Сајрус Венс

Специјален Пратеник на Генералниот Секретар на Обединетите Нации.

ПРЕСУДА НА МЕЃУНАРОДЕН СУД НА ПРАВДАТА

(РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРОТИВ ГРЦИЈА)3

3 Министерство за надворешни работи на РМ<http://www.mfa.gov.mk/sites/default/files/hag/ICJ-Presuda-MKD.pdf>

Page 14: praktikum MJP
Page 15: praktikum MJP
Page 16: praktikum MJP
Page 17: praktikum MJP
Page 18: praktikum MJP
Page 19: praktikum MJP
Page 20: praktikum MJP
Page 21: praktikum MJP
Page 22: praktikum MJP
Page 23: praktikum MJP
Page 24: praktikum MJP
Page 25: praktikum MJP
Page 26: praktikum MJP
Page 27: praktikum MJP
Page 28: praktikum MJP
Page 29: praktikum MJP
Page 30: praktikum MJP
Page 31: praktikum MJP
Page 32: praktikum MJP
Page 33: praktikum MJP
Page 34: praktikum MJP
Page 35: praktikum MJP
Page 36: praktikum MJP
Page 37: praktikum MJP
Page 38: praktikum MJP
Page 39: praktikum MJP
Page 40: praktikum MJP
Page 41: praktikum MJP
Page 42: praktikum MJP
Page 43: praktikum MJP
Page 44: praktikum MJP
Page 45: praktikum MJP
Page 46: praktikum MJP
Page 47: praktikum MJP
Page 48: praktikum MJP
Page 49: praktikum MJP
Page 50: praktikum MJP
Page 51: praktikum MJP
Page 52: praktikum MJP
Page 53: praktikum MJP
Page 54: praktikum MJP
Page 55: praktikum MJP
Page 56: praktikum MJP
Page 57: praktikum MJP
Page 58: praktikum MJP
Page 59: praktikum MJP
Page 60: praktikum MJP
Page 61: praktikum MJP