naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn i-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој...

130
Д И МИ Т Р И Ј А А Н Т Е В С К И ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН ЗА I ГОДИНА НА СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ ГРАФИЧКА СТРУКА

Upload: others

Post on 06-Nov-2019

26 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

Д И М И Т Р И Ј А А Н Т Е В С К И

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

ЗА I ГОДИНА

НА СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

ГРАФИЧКА СТРУКА

Page 2: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

Дипл. граф. технолог Димитрија Антевски

Г Р А Ф И Ч К И Д И З А Ј Н

ЗА I ГОДИНА

ГРАФИЧКА СТРУКА

СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

Скопје, 2010 година

Page 3: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

Рецензенти:

Доц. д-р САЊА ПОПОВСКА - ВАСИЛЕВСКА

Дипл. граф. инг. ЉУБЕ ЃОРЃИЕВСКИ

Дипл. граф. инг. ЈОРДАН СТОЈАНОВСКИ Со решение на Републичкиот педагошки совет бр. , од , се одобрува употребата на овој учебник

Page 4: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

5

ВОВЕД

Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во I

година од средно насочено образование, тој по својата концепција и начинот на образложување за поедини графички вредности целосно е прилагоден на основните принципи за запознавање со елементите за графичко обликување и печатење. За таа цел спомнати се најосновните графички знаци: точка, линија, крива и плоха. При тоа настојував да дадам оптичка и психолошка вредност на одредени знаци, а истовремено образложено е нивното користење во композиција и во единствена графичка концепција. Целата содржина на печатот во принцип можеме да ја сведеме на важните карактеристики во односот на белите, сивите и црните површини на плохата во која се угледува слогот како блок. Рамнотежата на одредени елементи ни овозможува ускладување на целокупната композиција од некоја плоха. Законите на пропорција, симетрија и ритам се составен дел на општата ликовна проблематика кои помагаат при составувањето на основните графички елементи. Посебно внимание треба да се обрне на бојата и нејзината употреба при печатењето. Многу често се случува отпечатениот производ да обилува со шаренило и оптичка кои го отежнуваат доживувањето нескладност на ликовната хармонија и визуелната читливост. Затоа многу е важно да се познава односот на основните бои со неутралните и шарени бои. Развојот на денешната графичка индустрија му должи признание на својот почеток со рачните графички техники, кои и денес се применуваат од страна на уметници-графичари. Потребите на современото општество, желбата за поширока и помасoвна порака преку модерните печатарски машини најдоа решение во ефектот и брзината на соопштувањето. Можност за визуелна комуникација е се поширока и поголема, па пораката, зборот и сликата се почесто се пренесува со механизирани средства. Но притоа и понатаму останува потребата за складност на одредени облици, како и за односот на големината и типот. Нормативот на општиот склад од одредена плоха со споменатите елементи за графичко обликување, содржани се во законитостите на општото ликовно творештво во кое се огледува содржината и формата како естетско доживување. Секоја графичка порака, па и наједноставната, која има само текстуален дел, мора да има целовитост, и јасна индустриска графичка концепција.

Page 5: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

6

Оптичкото доживување на некоја плоха на која е поставена графичката порака, мора да има единство во замислата, чист израз и хармонична целина. Во тој случај таа е презентирана како производ во кој е создадено единство во техничко-технолошката постапка и ликовно графичката усогласеност. Скопје, 2010 год.

Од авторот

Page 6: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

7

1. ЕЛЕМЕНТИ ЗА ГРАФИЧКО ДИЗАЈНИРАЊЕ

Во групата на елементи за графичко предочување спаѓаат сите оние знаци кои се појавуваат на одредена чиста површина на хартија или некој друг материјал преку кој се пренесува некоја порака. Тука најпрво се мисли на односот од црната и сивата боја, кои делуваат контрастно на белата површина. Празната плоха читателот го асоцира на чистота, елементарност на материјата и во него го пробудува чувството на очекување. Тоа всушност е место каде што секој знак, односно секоја наша интервенција ја вознемирува површината и истовремено и дава одредена порака. Со појавата на било каков знак на одредена плоха, кај читателот се јавува чувство на љубопитство. Тие елементарни знаци, кои се појавуваат на некоја плоха ќе ги изучиме како оптичка појава, како систем на односот помеѓу бела површина и црн контраст. Како што секој дел од природата е составен по одредени закони, така и секое наше делување е изложено на еден ред, распоред на односот за да се постигне складност. Нашето делување на хартијата може да го споредиме со дел од површината на земјината рамнина. На одреден простор се помали и поголеми четириаголници со разна површина, кои со својата боја, материја и структура се разликуваат и предизвикуваат сензација за нашето око. Во таквиот правилен распоред на четириаголници се појавуваат шуми, дрвореди, поединечни стебла, огради и слично, кои со својот контраст на големината и структурата на материјата му даваат богатство на просторот. Човечката интервенција во тој распоред е голема, иако е природата сама од себе дава свој особен карактер. На хартијата преку нашето делување се појавуваат разни четириаголници со помал и поголем формат, обоени плохи, темни површини и слободни линии. Сите тие елементи кои можеме да ги наречеме како блок на текстот, фотографијата (клишето) и цртежот како слобдна форма ги распоредуваме на површината по некое правило за да се добие складност и убавина на плохата. Сите тие знаци можеме да ги поставиме во неколку основни облици воглавно се составени, а тоа се: точка, линија, крива и плоха.

Page 7: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

8

1.1. ТОЧКА

Најмалиот графички знак, односно наједноставниот начин на изразување е точката. Таа е упориште за окото, ако се најде на бела површина. Ако на одредена зелена ливада се појави некое стебло, тоа ке биде центар на нашиот поглед, односно ориентациска точка. Слично на тоа е и кога на површината на некој хартија се појави точка, таа ке претставува оптичка вредност за стварање на средиште. Затоа не е сеедно на кое место ке се појави таквото упориште, односно точката. Нејзиното место е одредено и најчесто се наоѓа околу средишната оска, околу центарот. Секако многу важно е големината на точката во споредба со целокупната површина па затоа нејзината големина не смее да се наметнува, бидејки на тој начин би го пореметила мирот на целата површина. Точката многу ретко се применува во графичкиот дизајн (можеби во писмата и меморандумите), но тука се смета за основна оптичка и ликовна вредност. Со појавата на две точки на одредена површина се чувствува оддалеченост и раздвојување, бидејќи во тој случај се чувствува инсистирање на два центра. На тој начин се деконцентрира читателот и се создава немир во неговото чувство, кој несакајќи сугерира на разделување на два сектора. Ова е понагласено кога точките се во меѓусебна оддалеченост, но ако точките се со различна големина, тогаш средиштето на гледањето ќе го привлече поголемата точка. Всушност таа постанува главна, односно таа доминира на површината и затоа нашето око ке биде вперено почесто и подолго во неа.

Три или повеќе точки целосно ја разделуваат плохата (површината) и при тоа комплетен немир кај читателот, бидејќи ја растураат основната сугестија. Ако тие точки се повредни во дијагонален ред ќе предизвикуваат раздвиженост и при тоа во мирната површина на четириаголникот ќе внесат чувство на растргнатост и нескладност. Центрите на запазување се раздвојуваат во разни смерови со што се ствара немир, а неколку фокуси кои на тој начин настануваат кој го одделуваат нашето внимание од основниот облик на четириаголникот на кој се темели рамнотежата. Сосема нова поинаква слика се добива ако точките се јавуаат во поголем број, а при тоа се поставени во одреден низ и тоа во хоризонтална или вертикална положба. Тогаш точките создаваат систем од флека која се шири во сите

Page 8: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

9

насоки. На тој начин се добива порамномерна плоха, која наместо центар и еден фокус, каква што имавме во претходните случаи, ќе добиеме сива плоха зависко од тоа во кој правец се поставени точките, такви карактеристики ке има плохата.

Слика бр, 1-Систем од точки а) Една точка ни означува центар за нашето око две точки ни претставуваат оддалеченост, а три точки разделување. б) Ако точкастите вредности се правилно распоредени во вертикални,коси и криви низови се добива визуелно доживување на сивите површини. в) Во низовите со пругасти точки се добиваат потемни и посветли површини, односно се јавува на површината различна тонска вредност. Провери го своето знаење: 1* Кои елементи за графичко дизајнирање ги познаваш?

Page 9: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

10

2* Какво чувство кај читателот предизвикува појавата на една точка на страницата? 3* Што ни претставуваат две точки на страница? 4* Каков ефект предизвикуваат три точки на страница? 5* Во кои правци можат да бидат распоредени точкастите вредности? 6* Како се добиваат посветли и потемни површини со употреба на точки?

Впечаток на мирна површина ќе добиеме ако точките постојано се повторуваат со иста големина и на еднаква оддалеченост. Меѓутоа сосема друга вредност има точката ако постепено се зголемува и смалува па на тој начин се добива друга визуелна вредност. Всушност на тој начин имаме преминување од светли во темни тонови, а со тоа површината останува немирна со што пропаѓа во длабочина и извира од неа. Збир од поголеми точки на една површина може да предизвика контраст ако во нивна близина на истата површина има помали точки. На тој начин се добива по богата форма кај плохата на која се јавуваат контрасти помеѓу темните, светлите и белите делови. Во тој случај можеме да зборуваме за визуелно чувство на варијации, а со тоа и побогата површина. Посебен случај е кога точките со различна големина се движат за одредени правци и на тој начин создаваат одредени форми. Такви едноставни форми можат да се изведат кај топка, кај квадрат или кај било кој просторен предмет. Ова посебно често се применува во графичкиот дизајн и тоа кај помалите графички нацрти: огласи во весници, наслови на списанија, налепници и слично. Таквиот пристап на графичкиот дизајн дава ликовна чистота, визуелна јасност и графичка читливост, а многу е едноставна подготовката за репродукција. Разното движење на точката по површината, нејзино намалување и зголемување, менување на правецот ни дава многу можности за добивање на разни модулатори. Еден таков пример е концентричниот низ на точки од центарот во кој се собрани поголемите точки кои се шират и при тоа се намалуваат во правците на кружниот венец. Таквата децентрализација создава експлозија и ширење на модулаторот надвор од границите на основната плоха.

Page 10: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

11

Слика бр.2-Варијации со низови од точки

а)Со варијации на точките во централниот дел од површината добиваме визуелно затворање или одделување на истата.

б) Тоа е приказ на модели со концентрични површини во кои системите од точки се собираат или разделуваат од центарот.

Во спротивно, ако точкестиот низ се надоврзува на

кружниот венец (кон наспроти) темното средиште (центар), чувството на модулаторот се концентрира на средината, а крајните точки го затвораат кругот. На тој начин се чувствува концентрација и затворање на обликот. Понатамошните низови од точки можат да настанат на површината со разна измена на точките и делувањето на плохата по пат на одреден систем на темни и светли низови. Со тоа добиваме поделеност на плохата и нејзино растурање со можност за создавање на разни варијанти. При тоа треба да се води грижа за поставеноста која треба да биде по некој логичен ред за поставување на низови, а со тоа би се избегнала можноста за визуелни судири. Според тоа произлегуваа дека со правилна употреба и самата точка дава

Page 11: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

12

многу можности при концентрирање на замислите од графичкиот дизајн.

Слика бр.3-Композиции со точки

Приказ на разни форми од постигнатите системи со

низови на точки на разна оддалеченост. Има комбинации на: квадрат и круг, разни положби на четириаголници, а со тоа ја доживуваме едноставната хармонија.

Провери го своето знаење: 1* Каков впечаток ни остава површината ако точките на истата се со иста големина? 2* Што се случува ако точките наизменично се намалуваат и зголемуваат? 3* Какви варијации со низови од точки познаваш? 4* Кои модели со концентрични кругови ги обработивме? 5* Какви форми можеме да добиеме со низови од точки?

Page 12: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

13

1.2. ЛИНИЈА

Нашиот поглед ке лута по некоја чиста површина (рамнина), а со појавата на само една точка истиот ќе се “врзе” за точката. Ако точката почне да се движи и по неа остава видлив траг ке настане линија, па нашето око е принудено да го следи правецот на линијата. Според тоа произлегува дека линијата има динамичко делување врз читателот. Линиите може да бидат насочени во разни правци, а разликуваме: прави, коси и криви линии. Секоја линија од овие групи има различно дејство врз читателот, односно тој различно ја чувствува.

Во групата на прави линии спаѓаат хоризонталните и вертикалните линии и тие се карактеризираат по својата смиреност, цврстина и строгост. Во вертикалната линија насетуваме силен стремеж кон висината, а доколку оваа линија продолжува до долниот раб на површината се чуствува нејзино пропаѓање и извесна тежина. Хоризонталната линија ја чуствуваме мирно и тивко, бидејќи не асоцира на равната површина од мирно море, на рамнината од хоризонтот. Преовладувањето на вертикални и хоризонтални линии е специфичен израз на современата архитектура.

Косата линија внесува живост, а читателот ја чувствува немирно, бидејќи таа делува динамично. Ова чувство е призразено ако коса линија се појави помеѓу прави линии, а типичен пример е дијагоналата на правоаголна површина.

Кривите линии скоро секогаш се делови од круг, елипса или парабола, а во посложени форми се соединети делови од геометриски ликови. Ако движењето е спорно, кривите линии се одраз на смиреност и одмор, кроткост и нежност. Силната искривеност ни побудува чувство на буен и раскошен израз. Кривите линии се карактеристични за секои уметнички стилови, како што се барок и рококо.

Права линија кога ке се појави на некоја површина ќе предизвика одделеност на истата, а со тоа ќе добиеме одредени полиња. Тој граничен однос што го предизвикуваат вертикалните и хоризонталните линии во зеницата на нашето око предизвикува чувство на разделување.

Page 13: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

14

Слика бр. 4 - Ефекти со точки и линии

1.Статичка точка (мирување) 2.Точката се движи и ствара линија. 3.Вертикала линија повлечена во правецот на земјината тежа. 4.Хоризонтална линија на која не делува земјината тежа. 5.Почетокот на линијата е видлив и таа се движи од лево на десно 6.Линија што се движи од десно кон лево. 7.Неодредена линија без динамичност и може да се движи лево или десно. 8.Неодредена линија со точка на левата страна,па може да појде во тој смер. 9.Површината помеѓу точките е прекината со напетост,линијата е замислена. 10.Лажна линија што се добива од низот на точки. 11.Непостоечка линија помеѓу две линии. 12.Низ од линиички ствараат линија. Провери го своето знаење: 1* Како настануваат линиите? 2* Што подразбираш под поимот неодредена линија? 3* Каква е таа “непостоечка” линија? 4* Кое е чувството што го предизикува низ од линии?

Page 14: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

15

Слика бр. 5 - Ефекти со линии и букви

13.Низ од вертикални линии ни делува како широка линија. 14.Ред од самостални букви сочинуваат лажна линија. 15.Чист линеарен ефект. 16.Две линии кој се составени под прав агол ни претставуваат слабо забележлива површина. 17.Три составени линии подобро ја дефинираат површината. 18.Затворена површина. Ефектот од површината е основен, а пристуството на линиите е секундарен. 19.Линија која се спротиставува на поле од мали линиички. 20.Линија и црно поле како интизивни елементи на површина. 21.Вертикална линија и кружно поле претставуваат контраст помеѓу линија и површина, како и контраст помеѓу различни форми. 22.Буквата “Л” дава најмалку приметна тенденција на површината, кога се појавува во десниот горен агол. 23.Форма на затворена буква. Ефектот на површината е основен а присутноста на линиите е секундарна. 24.Површина со линии на која се појавуваат два система на букви: обични и црни (масни). Вакво мешање на системи треба да се одбегнува во практиката. 25.Површина со линии на која се јавуваат две црни букви, а белиот простор помеѓу нив предизвикува линеарен ефект. Провери го своето знаење: 1* Каков ефект може да предизвика ред од самостални букви? 2* Какво чувство предизвикува употребата на вертикална линија и кружно поле? 3* Што е тоа “затворена” буква? 4* Како три составени линии ја дефинираат површината?

Page 15: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

16

Слика бр. 6 а 1.Снага што произлегува од оптегнати линии на старогрчка вазна. 2.Елегантна фигура од јапонка на лакиран дуборез. 3.Мноштво од линии изразуваат страстно витално движење.

Слика бр.6 б 4.Со помош на линии изразен е очај кај читателот. 5.Со линии изразена опуштеност (раскалашеност). 6.Расправа,кавга изразена со линии.

Слика бр. 6 в 7.Душевна возбуда претставена со линии. 8.Ишарана самоволна форма од линии, детска игра. 9.Осуда, крути и остри линии.

Page 16: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

17

Провери го своето знаење: 1* Дали со помош на линии може да се постигне ефектот на елегантна фигура? 2* Објасни како и со какви линии може да се изрази: очај, опуштеност и расправа? 3* Како со линии може да предизвикаме душевна возбуда и осуда?

Сосема друг однос се постигнува кога површината ке се подели со коса линија во кос или дијагонален правец. Во тој случај настанува немир, бидејки линиите го водат нашето око надвор од основната единица на исправеноста.Тоа е примена на два система, кој меѓусебно се разликуваат и се судруваат. Затоа оваа варијанта многу ретко се применува при графичко обликување, а исклучок се производите кај кој сакаме да го истакнеме контрастот. Ако линиите се постават во непркинат низ ке добиеме тонска површина. Зависно од тоа во кој правец се повлечени линиите, можеме да имаме три основни варијанти: хоризонтален, вертикален, и диагонален низ. Секој од овие три низа има различно визуелно дејство и ствара различно чувство кај читателот. Хоризонталниот низ предизвикува мир и истовремено оптички ја проширува површината. Вертикалниот низ ја издига темелната површина и создава чувства за повисока површина, а дијагоналниот низ предизвикува немирна површина и со тоа се чувствува нејзината раздвиженост.

Нови можности се постигнуваат ако линиите се вкрстуваат во нивните меѓусебни положби. Во тој случај се добиваат рамномерни сиви површини, но под услов празнините меѓу линиите да се секогаш исти. Со приближување и оддалечување на линиите се постигнуваат посветли и потемни површини. Таквите површини се убави (и згодни), па затоа многу често се употребуваат во графичкиот дизајн. Врз нив можна е секоја понатамошна интервенција со одредени знаци, кој се посветли или потемни.

Ако системот од линии го собираме или разделуваме ке добиеме можности за нови визуелни (оптички) и ликовни елементи, бидејќи на тој начин настанува нова комбинација. Линиите кои се зближуваат создаваат чувство на потемни и подлабоки површини на кој застанува нашиот поглед. Во другиот случај, односно кога линиите се шират и оддалечуваат од центарот ја смируваат површината ја прават рамномерна.

Page 17: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

18

Убавината и складноста на таквата површина лежи во прв ред во комплетната едноставност и чистота при употреба на линеарните средства. Со поставување на линиите во системот на разни положби се добиваат нови комбинации т.е.нови варијанти. Таквите нови модели кај кој се употребени само прави линии можеме да ги сведеме на неколку можности: а) добивање на линеарен низ со испрекинати линии. б) со менување на правците кај линиите. в) со здебелување на поедини делови од линиите. г) со вкрстување на линиите под разни агли.

Слика бр.7 – Систем од прави линии.

Page 18: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

19

а)Една линија на површината ја доживуваме како разделување на истата. Повеќе вертикални и хоризонтални линии ни ја означуваат поделеноста на површината, а косите линии ги чуствуваме со немир и разединетост. б)Линиските редови со хоризонтална, вкрстена и коса положба сочинуваат хомогена површина. Зависно од густината и големината на внесот со боја се добива посветла или потемна површина. в)Позиции на линиските “растери” со различни интезитети, и се добиени со вкрстувањена линии и комбинација на бели полиња. Провери го своето знаење: 1* Како ја доживуваме една вертикална линија по средината на страницата? 2* Какво чувство ќе предизвикаат повеќе хоризонтални и вертикални линии? 3* Каков ефект ќе постигнеме со употреба на коси линии? 4* Објасни што сочинуваат линиските редови во хоризонтална, вертикална и коса положба? 5* Што се тоа линиски “растери” и како се добиваат?

Слика бр. 8 а - Модели од линии

Page 19: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

20

Слика бр. 8 б – модели од линии а)Со составување на низови со различна густина и големина во хоризонтална, вертикална и коса положба се добива чувство на мир и неподвижност,односно се продлабочува површината. б)Приказ на модел на линии кој поаѓаат од еден центар се чувствува како фокус т.е. жариште (нуклеус). Линиските потези со спротивни правци ни причинуваат доживување за продолжување на ликовната идеја.

Сите тие варијации мора да се сложуваат во една концепција за да се постигне рамнотежа на површината. Под поимот концепција се подразбира создавање на идеа за дизајнот, одбирање на линеарен систем и нивно поставување одреден правилен ред. При одбирањето на системот потребно е да се појде од еден линеарен низ, кој ќе го спротиставиме на другите спротивни низови од линии, а при тоа ќе поставиме одредено место како бела доминантна површина. Варијации на такви елементарни дизајни има многу и тие ствараат разни оптички доживувања. Со употреба на линии кој се поставени во разни положби се добиваат модели со разно значење, а најчесто се состојат од три варијанти:

- рамномерни површини - површини со централен фокус - површини со децентрално разграничување Во првата варијанта ке добиеме чувство на мир,

рамнотежа, брановитост и движење, па ни се чини дека

Page 20: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

21

површината непрестано се повторува и надвор од рабовите на својот формат.

Кај централната варијанта поаѓањето е во средина, па настанува експлозија со ширење на зраците во сите правци што слабее кон рабовите на страниците од форматот.

Во децентралната положба фокусната точка може да се постави на секое место од темелната површина од која извира сноп на линии, кој како зраци се вперуваат во рабовите на основната површина. На тој начин се постигнува раздвиженост на површината, што кај читателот (побудува) вознемиреност.

Слика бр. 9-позиции од линии

Со различно поставување на линиите во диференцијала

на големината и густината на внесот се менуваат правците, а со нивното задебелување се постигнуваат одредени визуелни доживувања и значења. Тие елементарни потези ни овозможуваат често за: стабилност, растер, немир и друго. Истовремено го доживуваме реалното чувство за дожд, сонце, раздвиженост и конкретен облик.

Page 21: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

22

Слика бр.10 - линиски варијации

Со спротвставување на линиите, односно со менување на нивниот правец на патување или со мало поместување може да се обележи конкретен облик и одредена големина. Тие варијации овозможуваат визуелни и психолошки сензации, кои читателот го упатуваат на мир, раздвиженост, концентрација, живост и продорност.

Тоа се само основни форми на графички варијации кои се темелат на линиите, а постојат уште многу решенија и комбинации. Убавината за изразување на формите со линии лежи во чистината на нејзините изведби, во јасноста и едноставноста на предочување.

Заради својата јасна концепција системот од линии денес е омилен како форма за применување на темите од подрачјето на графичкиот дизајн. Без разлика на целата концепција на

Page 22: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

23

линеарниот систем во креативноста на ликовното остварување овој систем овозможува уште повеќе оптички варијанти. Првично со линиите може да се докомпонираат разни материјали кој означуваат разни содржини. Со поставување и прекинување на линеарниот систем се добиваат оптички варијанти од разни материјали како текстил, метал и слично, а покрај тоа многу голема е можноста од моделирање. Со зголемување, намалување или прекинување на линиите може да се постигне пластичност на мотивите. Со таков начин се сретнуваат кај помалите реализации на графичкиот дизајн, а таков случај се нацртите за мерки, бидејќи техниката за загревање на минијатури бара потполна чистота на техничките средства. За таа цел најубава е линијата зошто таа ни овозможува наједноставен систем на ред и чистота. Сличен е случајот и кај нацртот на вредносните хартии како што се: пари, меници, а почесто и дипломи, пофалници, за признание и слично. Честа е потребата од линеарен систем при изработка на помали графички производи, односно на нивните решенија, како што се: налепници, меморандуми, писма, на книги и слично. Покрај можностите за создавање (искажување) на содржината, линиите ја врамуваат и целината, а со тоа и содржински ја затвараат површината. Провери го своето знаење: 1* Какви се моделите од линии што поаѓаат од еден центар? 2* Како ги поделивме моделите од линии во разни положби? 3* Какво чувство можат да предизвикаат различно поставените линии? 4* Што се тоа линиски варијации?

Page 23: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

24

Слика бр.11- I линиска композиција

Вкрстените правоаголни линии ја дефинираат површината со постепено здебелување или со тенки линиски низови па на тој начин се добиваат светли и темни полиња. Со тие постапки се добиваат фокуси за нашето око, а целокупнуот впечаток е отвореност која ни дава чувства на смиреност.

Слика бр.12-II линиска композиција со празен простор

Со правење на разни односи и интервенции на основните

елементи (точка и линија) на темна и светла подлога се добива богатство од оптички вредности на разни длабочини и квалитети. Сите површини се добиени со посебни постапки на графичките наноси, а тоа ни овозможува богатство на оптичкиот интезитет и варијација на површината. Белото поле ги концентрира формите кон средиштето на истината.

Page 24: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

25

Кривата линија е елемент на графичко предочување и таа по својата форма се разликува од правите линии, бидејќи неправилно се шири по површината. Таа на тој начин потполно ја одвојува површината и и дава нов облик, тежиште и растеретување. Бидејќи основната форма на целиот текст е правилен четириаголник, кривата се разликува од таа форма и се наметнува како нова ликовна вредност со своја доминација и контраст. Појавата на контрастот што го овозможува кривата во било која форма ни остава впечаток при печатењето со својата нова форма и посебност. Во графичкото обликување, кривата се појавува во различни облици и на разни места, па затоа таа може да представува самостојна ликовна концепција во едностраниот печат на: плакатот огледниот картон, разни налепници и друго. Секако највеќе е присутна кај цртежите во кој таа е основна за изразување, бидејќи таа дава: живост, динамичност и слободен облик.

Меѓутоа, скоро сите криви линии по начинот на

изведување, грубо можеме да ги поделиме во две основни групи: - правилни криви - слободни криви Во првата група спаѓаат кривите кој при своето движење

често не го менуваат својот правец, односно се шират и развиваат правилно под некој агол во однос на центарот. Овде во прв ред се мисли на кривата од: кружница, елипса, како и делови од парабола и хипербола.

Слободната крива често го менува својот правец на

движење по површината и на тој начин создава чворови. Таа при своето извивање се враќа назад и при тоа создава одредени форми. Слободната крива многу се употребува и тоа за: вињетки во слогот, илустрации, карикатури, орнаентални и декоративни цртежи па се до технички цртежи.

Page 25: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

26

Слика бр.13 а – “правилни”криви линии а) Со употреба на наједноставниот облик на “правилни” криви, системот од концентрични кругови се чувствува како елементарен облик на средиште и центар. Ако делови од круговите се поставени во спротивни положби, тогаш тие се доживуваат како изненадување и сплет на визуелното расположение

Слика бр. 13 б - “правилни”криви линии б) Делови од кружниците во оддалеченост на разни центри го концентрираат нашиот поглед на фокусот од кој се развиваат резбарски ликови со разни правци. На тој начин се добиваат зраци за доживување на розетни конструкции и сферни куполи.

Page 26: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

27

Слика бр. 13 в - “правилни”криви линии в) Кривите од кружниците од својата одалеченост создаваат илузија за сплетови во кој правоаголно или косо се кршат нивните лакови и означуваат динамичност на сплетовите.

Слика бр.14 делови од криви

Деловите од круг, елипса, парабола и хипербола со

различно применување на големината и правецот, прават мрежа од заоблени крвули. Тие линии меѓусебно се сечат или произлегуваат од некој фокус. На тој начин се добиваат оптички игри, кој со својата живост и раздвиженост ја оживуваат четвороаголна површина. Всушност со добивање на такви зраци се чувствува раздвиженост, немир и растоварување на основната површина.

Page 27: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

28

Слика бр.15-модели со оловни линии

Круговите или делови од нив ни овозможуваат правење

на варијации кон одреден концепт. Непрекинатото повторување на такви криви со помали или поголеми паузи го концентрира нашето око на центарот од кој произлегуваат светлосните зраци. Тие центри може да се означат како темни или посветли полиња, но во секој случај тие се главни центри. Сличен е случајот со употребата на елипсоидни линии во постојаното нивно повторување. Впечатокот од таквите низови е мирен, бидејќи површината подеднакво се продолжува во сите правци. Провери го своето знаење: 1* Што подразбираш под линиска композиција? 2* Какви се “правилно” кривите линии? 3* Што се тоа слободно криви линии? 4* Како можеме да ги употребиме “правилно” кривите линии при дизајнирање? 5* Како ги чувствуваме овалните линии?

Page 28: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

29

Слика бр.16-варијации со елипсоидни криви линии

Правите линии во своето вкрстување претставуваат затворање на површината, а елипсоидни линии го “водат” нашето око надвор од основната површина. Во оддалеченоста на низовите со разни правци се добиваат спротивности во обликот и го ”изнесуваат” погледот надвор од површината. На тој начин всушност се јавуваат две оптички низи: централна и децентрална, а во тоа е важноста на ликовната порака.

Page 29: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

30

Слика бр.17-композиции од кружни форми

Хармоничност и варијации на кружните и четириаголните форми се постигнува со систем од хоризонтални линии со различна големина и дебелина. Релјефноста на топчестите форми се состои во распоредот на линискиот нанес. Оптичката вредност на композицијата лежи во мирноста на површината и во системската поставеност на кружните варијации.

Слика бр.18-композиции со црно-бели кругови

Page 30: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

31

Композицијата од кружни форми се појавува во пет различни црно-бели форми кој се поставени во системски ритмичен ред. За да не се добие впечаток на орнамент, во средината на површината е поставен бел круг, кој служи и оптичко седиште. Полукружните исечоци со својата тонска спротивност на положбата на површината делуваат хомогено во таа целина. Во контрастот на црните и белите полукругови се губат круговите, а наместо нив се појавуваат контрастни форми од полукругови.

Провери го своето знаење: 1* Што е тоа централна и децентрална низа? 2* Какво чувство предизвикуваат композициите од кружни и четвороаголни форми? 3* Објасни една композиција со црно-бели кругови?

Слика бр. 19 а - слободни криви линии а)Ако повлечеме слободен потег на површината се добива крива која дава впечаток на некој потег односно движење. На тој начин мирната правоаголна површина се вознемирува. Самиот потег од кривата линија мора да има живост, бидејќи таа се изведува одеднаш и само тогаш има своја оптичка вредност.

Page 31: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

32

Слика бр. 19 б - слободни криви линии б)Ако на површината се најдат повеке такви криви линии тие во меѓусебниот однос имаат различни значења: искрење, вртење, кружно движење, чвор и друго.

Слика бр. 19 в - слободни криви линии в)Кривите со спротивни правци или кривите во облик на виуги прикажуваат некоја ознака: бранови, граници, затвореност и слично.

Page 32: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

33

Слика бр.20 – систем од криви линии а)Многу криви линии кои се поставени во хоризонтални, вертикални или дијагонални низови ја раствораат површината. На тој начин се добива впечаток за симболични чувства за природни појави (мирно растење, разделување и сл.).

Page 33: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

34

б)Централните сплетови од криви линии во различни системи отвораат или затвораат почетна точка. На тој начин го означуваат местото од кое се емитуваат зраци или создаваат различни жаришта. в)Со систематски потези на кривите линии ја затвораме површината. На тој начин на неа настануваат продлабочувања со помалку или повеќе црнина. Ваквата складност на површината ни причинува разни атмосферски доживувања. Провери го своето знаење: 1* Што се тоа слободни криви линии? 2* Какво чувство кај читателот предизвикуваат истите? 3* Објасни еден систем од криви линии? 4* Што се тоа сплетови од криви линии? 1.3. ПОВРШИНА

Ние делумно се запознаваме со површината коа зборуваме за низот на точки или за вкрстувањето на линиите на определна рамнина т.е. површина. Меѓутоа овдека ке зборуваме за површина како основен елемент за графичко предочување кој има две димензии, како и за визуелните чувства што се доживуваат со распоред на темно-светлите полиња во внатрешноста на една одредена површина.

Во прв ред мора да се нагласи дека чистата и бела површина од основен четриаголник најчесто ни претставува страница од хартија или некој друг материјал, кој ја очекува нашата интервенција. Таа не е графичка негација, тоа е одмор, станица и пауза во границите на графичката порака која ни овозможува многу други интервенции на графичкиот дизајн. Посебно е важна белата површина во споредба со другите помали и темни, но заситени површини. Сепак мора да нагласиме дека главната поента на графичкиот дизајн е композицијата на црно-белиот распоред и самостојно поврзана на површините. Најчесто, не ја посматраме белата површина

Page 34: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

35

самостално, туку како целина со спротивните наноси на сивите и црните површини. Во состав на тие површини, белата површина го задржува нашиот поглед во контрастот, а делува како одмор. Втората варијанта е сивата површина, која се добива со помош на мноштво од точки и линии кои правилно се распоредени по целата површина. Рековме дека белата површина е неутрална и таа го задржува нашиот поглед со својата неутралност, сивата површина делува како продлабочена и вознемирена, а црната ни претставува продор во длабочина и крајна спротивност.

Распоредот на црните полиња на одредена површина можеме да го претставиме во две основни варијанти:

- составување на црните полиња во геометриска форма и - поставување на полињата во слободни шари. И во двата случаја вредноста на темните полиња делува

елементарно и дава најголема спротивност во комплетниот состав во нацртот на графичкото делување. Всушност, најчесто основната графичка целина ни е претставена со односот на црно-белите полиња, а бојата е карактеристика на сликарството.

Во системот при составување на композиција од црно-белите полиња најчесто се добиваат геометриски форми кои се поврзани со: четириаголник, триаголник и дел од круг. Нивниот правилен изглед не зависи само од нивната форма, туку од нивниот распоред на основната површина. Овој ред првенствено се однесува на нивната положба во однос на замислената вертикална и хоризнотална линија, кои поминуваат низ средината на површината, а освен тоа важна е и нивната големина. Положбата на полињата во еден таков хоризонтален или дијагонален систем ни го претставува единството на градбата на елементите во заедничкиот ред т.е. нивната правилност и раздвиженост. При тоа, за да недојде до шаблонизирање, графичкиот модулатор мора да има свој почеток, односно центар. Тој се состои од варијации на полињата што оставаат траг од боја и најчесто околу центарот се помали, а се шират во форма на некоја графичка концепција односно идеа на црно-бели односи. Во тие односи лежи и убавината на ликовните замислувања, а многу често во таквите композиции се јавува еден од облиците кој се разликува од другите. Таа разлика може да биде во формата или во положбата, па на тој начин се добива контраст, спротивност или доминантрност. Всушност, настанува оптички судир, се зголемува интересот и окото се концентрира на новата форма.

Page 35: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

36

Големи се можностите за користење на површини кој варираат, посебно се применуваат исечоци во кој двете страни се цврст, правоаголни, а другиот дел дел се обликува во слободна форма. На тој начин се добива одредена мекост, а аглестите делови многу полесно се продолжуваат на нова неодредена површина. Во таква состојба на површината настанува нова оптичка игра при што контрастот е поблаг, ритамот е послободен, бидејки формите немора да се составуваат во нивните агли а тоа значи дека и распоредот на темно светлите полиња ке се чуствува како полесен и посмирен.

Поголемо богатство при обликување ќе постигнеме ако во овој систем внесеме и сиви полиња, кој се добиваат со мноштво од точки или со испрекинати линии. На тој начин добиваме различни можности за складност на површината, а во смисла на техничката страна имаме основна белина, чувство на сиво во разни позиции и црн контраст. Доживувањето и оптичкото чувство на еден ваков модулатор ни претставува база за реализација на сите графички решенија, па поради својата техничка едноставност и оптичка убавина овие технички решенија се применуваат во графичкиот дизајн.

Слика бр.21а-површински вредности а)Основни површински вредности: бела, сива и црна површина. Белата површина ни претставува пауза, исчекување и чистина. Сивата површина предизвикува чувство на мир, а црната ни претставува продлабочување, односно ни дава оптичка длабочина.

Page 36: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

37

Слика бр.21 б Површински вредности б)Со комбинација на црна и бела се добиваат најголеми разлики во односот т.т. најголеми контрасти. Сиво – бело – црната комбинација ни дава затвореност, нагласување и декоративност на површината.

Слика бр.21 в Површински вредности в)Со разработка на црните елементи по белата површина се добива игра со најголем интезитет на оптичките односи и во нивниот контраст и распоред се темели складноста на концепцијата. Провери го своето знаење: 1* Дефинирај што подразбираш под поимот површина? 2* Какви површински вредности познаваш? 3* Што се добива со комбинација на црно-бели полиња? 4* Какво е чувството и контрастот со употребата на црно-бели полиња?

Page 37: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

38

Слика бр.22-Црно-бели односи

Стварањето на елементарни црно-бели наноси на површината има широки можности. Четириаголните форми како што се правоаголна со неодредена положба од една страна и триаголници со отворени и затворени површини од друга страна. Овие форми ритмички се зголемуваат или намалуваат, па на тој начин го насочуваат нашето око кон центарот или краевите на површината. Веќе рековме дека друга можност при составување на црно-бели полиња во композиција е кај слободните површини. Тие немаат одредена форма, како што имаа геометриските полиња, а нивната големина се развива во разни форми, па нивниот состав е неодредена шара. Таквите шари настануваат по површината и многу зависат од темпераментот и дизајнерот.

Слободната форма најчесто на површината се нанесува со четка или со нешто друго поголемо и сама по себе дава одредена живост и раздвиженост, односно таа има свој залет. Рабовите на тие шари се немирни, па ние имаме чувство како да сакаат да се прошират и зголемат. Повеке такви потези сочинуваат целина која делува цврсто и хомогено. Сосема сигурно дека составот од такви шари е под влијание на ликовната концепција во која тие сочинуват единство кон идеата што сакаме да ја постигнеме.

Page 38: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

39

Хоризонталната поставеност на шарите ни дава чувство на мирен состав од полица, вертикалната положба ни сочинува задоволство на растење, а концентрираноста ни овозможува ритам на фокусот. Композиција од само црни полиња ретко се употребува при графичкото дизајнирање. Најчесто таа доаѓа во комбинација со сиви полиња и слободни линии, а во тој случај имаме побогат и потполн дизајн, што ни дава чувство на инпресивност и разноликост. Многу голема е примената на вакви концепции во графичкиот дизајн. Тука би можеле да ги спомнеме ликовните и техничките прилози во печатот како што се: нацрти на наслови на весници и списанија, технички нацрти на наслови и огласи во весници, плакати, огледни картони и слично. Таквите нацрти се брзо впечатливи и имаат голема можност за изразување, а нема тешкотии при техничката изведба и во технолошкиот процес на печатење. Оваа ликовно-графичка концепција е истовремено блиска на техниката на висок печат, како и на техниките на дрворез и линорез, кој претставуваат извор на графиката.

Слика бр.23 - Елементарен контраст

Со комбинација на контрастот на основа на црно белите односи се добива елементарно делување. Тоа е најголема

Page 39: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

40

разлика на визуелното чувство од една површина и најсилен контраст на графичкото изразување. При градењето на тие односи постои и ритмички систем на меѓусебните големини и начинот за поставување на црните големини наспроти белите. Тој систем се чита во основното движење и порастот на елементите кои варираат по големина. Провери го своето знаење: 1* Што подразбираш под поимот црно-бели односи? 2* Што е тоа елементарен контраст? 3* Какви композиции од полиња најчесто се употребува за графичко дизајнирање? 4* Какви се чувствата од декоративните композиции?

Слика бр. 24 а - Декоративна композиција

Page 40: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

41

Слика бр. 24 б - Декоративна композиција

Првиот впечаток од црно белите форми ни претставува, орнамент бидејќи еднакви форми се појавуваат во исти оддалечености. Убавината на композицијата се состои во варијациите на црните полиња наспроти белите. Така тие најпрво се појавуваат како црни големини, а потоа како бели, па во таа смисла тие се движат според ритмичкиот ред. Провери го своето знаење: 1* Што е тоа декоративна композиција? 2* Каква е убавината од декоративната композиција? 3* Што подразбираш под поимот ритмички ред на црно-белите полиња?

Page 41: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

42

2. СВЕТЛО И СЕНКА

Предметите што не опкружуваат во нивната реална и конкретна поставеност ги гледаме со помош на светлото, кое ја означува големината и формата на нивната материја. Со помош на светлосните зраци, кај одредени материи се јавува и обоеност, која ни овозможува разноликост на материите според нивниот квалитет. Ако при тоа ја елиминираме бојата како продукт на рефлектираните зраци од некоја материја, во тој случај ни останува основната појава за запазување а тоа е светлото и сенката.

Ако го посматраме изворот на светло, ќе доживееме различни оптички феномени, а познати се следниве извори на светлосни зраци: сончеви зраци, вештачко осветлување и произволно осветлување.

Сончевата светлина е сигурно најдиректен извор на светло, која ни ја прикажува реалноста на предметите и тоа пооделно и како целина во одделно некој простор. При тоа ни прикажува разни материи во природата, а истовремено прави однос на дирекно и одвоено, на елементите во просторот. Ако сончевиот зрак паѓа дирекно на предметот се добива исфрлена сенка, која ни дава нереален простор ја продлабочува, реалната атмосфера. При индиректно поминување на зраците (облачно време) односот станува поблак, бидејки дифузијата на светлото е неодредена, а со тоа обликот е компактен и конкретен. Бидејки сончевата светлина извира од еден единствен извор, тоа ке се одрази и на предметите со тоа што светлото е упатено во еден правец, а тоа ни овозможува и продлабочување на просторот.

Осветлувањето со вештачки извори е слободно, бидејќи изворите се различни предметите се обликувани според сопствена концепција, па затоа доживувањето на контрастот е слободно. Со оваа постапка се добива имагинарност на просторот и слободно доживување на атмосферата (театар, кино и слично). Предметите и ефектите излегуваат од просторот како контрастни делови на целината и тие доминираат со чувството. Всушност, просторот се обликува според јакоста на изворот на светло а многу е зависна и неговата локација.

Нова поставеност ќе добиеме со произволното осветлување при што се прават различни ефекти според сопствена ликовна идеа без извори на светло. Во овој случај

Page 42: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

43

зборуваме за распоред на светлата и сенките на одредена површина со создавање на оптички феномени за длабочина и височина. Темните тонови на светлата површина се изведуваат со било кое средство (молив, туш и маслени бои) и ствараат на неа површински и просторни илузии па во тој контраст ни пренесуваат некоја ликовна порака. Со истата, односно со начинот на прикажување доживуваме во разни периоди на ликовниот израс разчични варијации.

Во периодот на Ренесансата за да се постигне просторната илузија, ликовите се поставувале во низови со светло и сенка во длабочина (перспектива), а во периодот на Барок посебно е изразен односот на контрастот од диагонален распоред.

Современите ликовни стремежи и ја враќаат на подлогата нејзината површност, односно ликовите се нанижани во хоризонтален и вертикален ред и со тоа се запазува принципот во дводимензионалност. На таа основа се поставени сите елементи на графичкиот дизајн, а односот црно-бело е основна карактеристика на графичката порака.

Четириаголните форми на печатот се спротивности на темното и светлото односно тие се доживување на контрастот и израз на одредена димензија. Во тие односи владее голема неспротивност на црното кон белото со граничен степен на изразот кон целата печатарска површина. Тоа е слично како во вистинскиот простор што постои однос на големината на човекот и неговиот простор (собите), така да човекот може слободно да се движи и работи во истите.

Исто така и во површинскиот однос треба да постои сооднос помеѓу темните полиња кон основната површина на која графичката порака ке биде видлива, директно и пристапно. Тој однос на големините првенствено е зависен од количината на темните полиња на подлогата, а потоа и од квалитетот на сивите правоаголници, кој го следат основниот контраст на црно-белото како одмор. Тие односи на меѓусебните површини ги сврзуваат и вреднуваат законите на: симетрија, пропорција и ритам.

Page 43: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

44

Слика бр. 25 а – светло и сенка а)Кога продира сончев зрак, тој на телото предизвикува три тонски вредности: светло, полусенка и сенка. Во графичка смисла тоа значи дека има бела, сива и црна површина. Распоредот на тие елементи зависи од правецот на сончевите зраци.

Слика бр. 25 б – светло и сенка б)Сончевата и вештачката осветленост се разликуваат не само по интезитетот, туку и по изворот на светлост. Вештачката светлина може да ја добиеме од еден или од повеке извори, па распоредот на темно-светлите форми лажно е претставен.

Овдека повеке е присутен ефектот на контрастот, одколку вистинитоста на објектите. На тој начин се добиваат сценски лажни ефекти, кои многу се користат во филмот, театарот, фотографијата и сл.

Page 44: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

45

Слика бр. 25 в –светло и сенка в)Тоа е всушност негова слободна ликовна порака, па на тој однос се темели ликовната идеа кај комплетната графика. Тоа е слободна ликовна порака на авторот. На тој распоред на црно-белите полиња се темели основната и ликовната идеја од целата графика. Провери го своето знаење: 1* Какви извори на светло постојат? 2* Кои ефекти ги предизвикува сончев зрак кога ќе осветли некое тело? 3* Објасни ги тонските вредности што тогаш се чувствуваат? 4* Од што зависи распоредот на елементите? 5* По што се разликува сончевата и вештачката светлина?

Page 45: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

46

3. ЗАКОНИ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ

Секое наше дејствување, односно секоја наша креативна интервенција на одредена површина мора да делува сложно. Всушност, несмее да се дозволи да биде повредено и оптоварено психолошкото чувство на читателот. Предметните форми кој се поставуваат на површината мора да бидат поставени во одреден ред, при што треба да се води грижа за нивниот меѓусебен однос.

Таквиот законски однос владее на секаде во природата, односно се што не опкружува подлежи на законите за: гравитација, ритам, односот на масите, земјината тежа.

Ние не го поставуваме формите во просторот, бидејќи најчесто работиме со дводимензионални површини од хартија, метал и други видови на материјал. Но сепак можеме да направиме некоја споредба во смисла на законитоста и правилноста на површината.

Односот темно-светло е основа на контрастот, темел на запазувањето и јасна порака. Полињата, односно формите што ги поставуваме на површината се разликуваат по големината и обликот, а нивната структура може да биде различна во смисла на составот и техниката на изведување.

Површината може да биде темна, растерска, сиво од мноштво на точки и линии или како обоена површина од сив пигмент (боја). Секоја од овие структури има посебно оптичко делување и сопствените важни ознаки. Распоредот на малите црни и сиви полиња ќе влијае на складноста и оптичката рамнотежна на вкупната површина. Односот на малите и големите форми т.е. нивното зголемување и повторување во правилен ред предизвикува раздвиженост и психолошка немирност по површината.

Во понатамошното образложување на законите за усогласување, посебно ќе ги обработиме некој од важните закони кој ја сочинуваат основата за изведување на ликовно-графичката реализација.

Page 46: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

47

3.1 ПОДЕЛЕНОСТ НА ПОВРШИНАТА

Белата страница од хартија можеме со линии да ја делиме во сите правци и на тој начин ке добиеме повеке помали површини т.е. полиња. Со тие линии само сме ја вознемириле површината, бидејќи истата сме ја поделиле, а притоа не сме добиле хармоничност на целата површина. Со правилна поделба на површината односно, ако на истата делуваме со хоризонтални и вертикални линии, се постигнува систем од полиња, кој хармонично се поврзуваат и наставуваат. Секој вид на графички дизајн во својата основа носи поделба на површината, без разлика дали центарот е на средината на површината или се работи за концепција во која постои рамномерно пространство по истата.

Најчесто поделба се прави низ средината на страницата во една хоризонтална и вертикална линија, па во тој случај се служиме со познатиот координатен систем. На тој начин добиваме четири полиња и секој од тие квадрати ни претставува темел за оптички и психолошки изглед на површината. Всушност, секој од нив ни дава лекција за содржајноста и оптичкото доживување за истата, како и за местото на зближување. Полињата: горе десно, горе лево, долу десно и долу лево ни даваат различен однос кон оптичкото и психичкото доживување. Горното десно поле претставува психолошки центар на нашиот поглед, па затоа тоа се смета за оптички центар. Од тој центар се развива нашето доживување надолу, а потоа во правец на горното лево и долното лево. Тука накратко лежи визуелното доживување и психолошкиот распоред на елементите. Нацртаниот знак, квадрат или круг, со иста големина и иста тонска вредност различно ќе делува, зависно од тоа дали се наоѓаат во горниот или во долниот дел од површината.

Тој распоред на вредностите на светлите и на темните полиња по површината ни дава оптичка и психолошка важност за графичкиот локалитет на збиднување. Примената на таквите односи ја гледаме во сите побарувања и реализации на графичката индустрија. Тоа е однос на основните графички средства нивната меѓусебна поврзаност по сложениот блок, фотографии и цртежи со белините од површината на хартијата.

За ваквата поставеност и поделеност на површината ни помагаат четири основни закони за усогласување и тоа:

Page 47: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

48

а) закон за симетрија б) закон за пропорција в) закон за ритам г) правило на златен расек (пресек).

Слика бр.26 – поделба на површината

Page 48: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

49

Психолошко-визуелните вредности на одредена површина се разликуваат по својата локација. Психолошката вредност горе-доле или лево-десно претставува различни центри за окото и специфично доживување. Квадратите на површината, која е поделена со хоризонтална и вертикална оска се место за графичка интервенција и поставување на црно-сиви полиња. Во рачните графички производи (списанија, весници и сл.) предност има горниот десен квадрат. Другите квадрати со помал или поголем интезитет се поставуваат на темелна површина според вертикалата или дијагоналите. Провери го своето знаење: 1* Како можеме да ја поделиме белата страница од хартија? 2* Кои закони за усогласување ги познаваш? 3* Објасни ги чувствата на читателот при поделба на страницата по хоризонтала и вертикала? 4* Какви е психолошко-визуелната вредност при поделеност на страницата по дијагоналите? 3.2 ЗАКОН ЗА СИМЕТРИЈА

Ова правило се темели на тоа што деловите од левата и десната страна гледани кон средишната вертикална оска, треба да се поклопуваат, да се еднакви според големината и да се поставени на исти локалитети. Меѓутоа, ова основно правило во понатамошното посматрање можеме да го обележиме како одраз на меѓусебните тежини во кои тежината од левата страна е еднаква на тежината од десната страна. Всушност, тоа е правилото на рамнотежа, а овој систем ни го овозможува полугата (мотката). Правилото за симетрија е гледање и поставување на било која маса т.е. на оптичките големини во споредба со хоризонталната оска за стабилна рамнотежа. Законот за ред и симетрија најдобро може да се види во самата природа бидејќи ретко може да најдеме некое тело во природата кое неможе да се подреди на еднакви половини. Такви единствено се телата на луќето и животните, а слична е состојбата со растенијата иако секое стебло се труди да ја изедначи рамнотежата со растење на своите гранки.

Page 49: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

50

Реализирањето на својот дух се темели на симетричност, како многу важна појава на човечката психа. Тоа може да се забележи во се што се наоѓа околу нас, почнувајќи од системите за урбанизирање па до градење на разни згради, училишта, блокови, паркови, споменици и слично. Масата хоризонтално се поделува во однос на средишната оска и тоа што левата и десната страна да бидат приближно исти, а притоа да се постигне заокруженост на површината. Таа треба да изгледа како целина и да делува хармонично и мирно. Посебно е интересна симетричноста кај уметничките слики, бидејќи се работи за рамнина, па и средствата за симетричност се менуваат. Рамнотежа кај сликата се постигнува со големина на обликот, растертонската вредност и со боја. Поголема површина се покрива со поголеми облици кои носат поголема тежина, длабочина и имаат потемни тонови што го продлабочуваат чувството за просторност и длабочина. Силните бои што припаѓаат на групата основни бои, делуваат агресивно и стануваат тежиште на нашето око. Сличен е случајот при примената на графичкиот дизајн, а типични примери за тоа се: плакат, огледен картон, насловни страници од книга, разни огласи и друго. Покрај големината на формите и нивната тонска вредност за оптичката симетричност од посебна важност се квалитетот и вредноста на бојата. Овие елементи во дизајнот се применуваат блокови од сложени букви, фотографии или графичко-ликовни идејни цртежи. Во систематизацијата на тие низови и во нивната рамнотежа се наоѓа во убавината и складноста на дизајнот.

Слика бр.27. При дизајнирање на корица користен е законот

за симетрија

Page 50: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

51

Законот за симетрија го одредува сместувањето на елементите лево и десно од вертикалната средишна линија. Тоа е разместување на тежината од едната и другата страна, а со цел да се постигне визуелна рамнотежа. Истата е зависна од големината на површината и нејзината затемнетост. Темните полиња визуелно се потешки, па за постигнување на рамнотежа и складност, потребно е светлите полиња да бидат поголеми. Провери го своето знаење: 1* Според која замислена линија на страницата се применува Законот за симетрија? 2* Што подразбираш под оптичка рамнотежа? 3* Какво чувство кај читателот предизвикуваат поголемите и потемните полиња? 3.3. ЗАКОН ЗА ПРОПОРЦИЈА

Спротивно на законот на симетрија кој ги поставуваше односите на големините во хоризонтална положба, поставен е законот за пропорција. Тој ја проучува поставеноста на елементите што се наоѓаат на некоја површина во вертикална положба. Тоа е систем на растење а преку дизајнот се совладуваат силите на земјината тежа. Затоа овој закон предвидува големините на елементите во постепено растење да се намалуваат. Тоа е потреба на материјалите и закон на тежиштето.

Од самиот почеток на развојот на цивилизацијата човекот бил главна тема па човечкото тело е основа за изразување, без разлика како значење на него му се давало: господ, симбол или портрет. Тоа претставува основна пропорционалност, па затоа не е чудо што со оваа законитост на односот на телото се занимавале многу научници и уметници. Тука можеме да го

Page 51: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

52

споменеме грчкиот скултор Поли Клет, кој дал идеална пропорција на односот на сите делови на телото во споредба со големината на главата. Потоа направени се напори за проучување на пропорционалните односи, наспроти квадратната правилност или спрема кружната (Леонардо да Винчи).

Наједноставни и очигледни се односите на пропорција во растителниот свет во кој првенствено се гледа развитокот на гранките во споредба со висината и дебелината на стеблото.

Бидејќи законот на симтерија ги поставил односите во смисла на хоризонталите, а законот за пропорција се темели на големините во смисла на вертикалата, во системот на тие две компоненти се добиваат размери на две димензии. На тој начин се обележува размерот на површината, па тоа својство на овие закони се применува во сликарските дела и во графичкиот дизајн. Секое ликовно дело во системот при нанос на материи на дрво, платно или хартија е подложно на тие закони, бидејќи во спротивно се постигнува нерамнотежа или збрканост. Површината со добри пропорционални односи врз читателот делува затворено и хармонично т.е. исто како некоја добро и правилно изградена зграда која се издига во просторот.

Во графичкиот дизајн овие односи се многу повпечатливи, бидејќи се состојат од помали и поголеми четириаголници и од затворено блокови на темни и светли полиња. Затоа е многу важен нивниот распоред по вертикала и хоризонтала кој треба да биде што е можно појасен и попрегледен. Без разлика на пораката која се упатува кон читателот, графичката креативност мора да биде оптички ускладена со што ќе се добие и во квалитет и во читливост.

Слика бр. 28. Употребени печатарски елементи според

законот за пропорција

Page 52: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

53

Законот за пропорција ја ускладува големината и положбата на формите според вертикалната оска. Тоа е растење на формите и издигање во совладување на земјината тежа. Затоа долните форми се поголеми и потешки во споредба со горните и се помали и полесни. Со овој закон се одредува основната поврзаност на пооделни делови со целината. Овој и предходниот закон ја одредуваат идеалната складност на предметите во природата, како и распоредот на ликовните елементи на површината. Провери го своето знаење: 1* Во кој правец ја уредуваме страната според Законот за пропорција? 2* Во која насока се следи распоредот на формите? 3* Каков е најсоодветниот распоред на црните, сивите и белите полиња? 3.4 ЗАКОН ЗА РИТАМ

Законите што предходно ги запознавме ги одредуваат односите на масата и нивната рамнотежа, како и статичноста во одреден простор или на некоја површина. Законот за ритам е основа за раздвиженост, движење, динамичност и живост. Со ритамот се оживуваат формите кои ги поставиле законите за пропорција и симетрија.

Се што е живо се движи по одреден систем т.е. по правилото на замена при што се внимава на: нагласеноста, оддалеченоста, и местото во просторот. Основното правило на ритамот се состои во нагласеноста и ненагласеноста на слогот, или на телата во одреден простор и време.

Симетричноста и пропорционалноста го регулираат нашиот однос во површинската статичност во височина и широчина, а ритамот ги возбудува тие односи и ги остава во нереален простор т.е. во чувство на динамичност. Како што во првите два закона главни линии на складност и рамнотежа беа хоризонталната и вертикалната, така кај овој закон основна линија е дијагоналата. Таа го носи нашето име надвор од

Page 53: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

54

центарот, односно надвор од форматот во продолжување на ликовното доживување.

Ритмичноста може да се постигне на различни начини и тоа со: постигнување на ист облик, кој постепено се зголемува и создава чувство на раздвиженост, или пак со продолжување на непрекинат синџир од мали криви кој се меѓусебно поврзани по целата површина.

Таквите криви предизвикуваат чувство за растење, па затоа оваа можност често се смета за елементарна карактеристика што ја поседува секоја личност. Освен постигнувањето на линеарните редови ритмичноста се изразува и со: градација на површината, меѓусебно спротивставување на линиските потези, спротивност на темното и светлото и спротивност на топлите и ладните бои. Ритамот го води нашето чувство и нашето око во доживување на површината а тоа се постигнува со разни спротивности како што се: кусо-долго, тесно-широко, брзо-споро, мирно-немирно и компактно-растргнато.

Во креативноста на графичкиот дизајн ритмичноста е присутна во сите комбинации како што се: во системот и градацијата на сложените облици, во распоредот на црно-белите полиња и во однос на ликовно-графичката обработка. Пораката што се испраќа до читателот со помош на ритам е многу изразена и сугестивна.

Слика бр. 29 - а, б - Примери за поставени печатарски

елементи според законот за ритам

Page 54: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

55

Слика бр.29. - в, г - Примери за поставени печатарски елементи според законот за ритам

Со законот за ритам се обележува движењето, живоста и

динамичноста на формите. Кај површинските форми тој ритам се истакнува со средување и поврзување на поголеми и помали форми во една концепција, која може да се темели на линеарна или површинска меѓусебна поврзаност на големините. а) сместување на црни и бели полиња во површинска концепција на смалување на елементите. б) растење на четириаголни форми со постојано менување на положбите в) намалување на површинските односи кој се намалуваат постепено од својата односна централна површина. г) систематско растење на линии изразено преку зголемување и здебелување при движењето на кривата. Провери го своето знаење: 1* Што се регулира со законот за ритам во графичкиот дизајн? 2* Како да ги поставиме црно-белите полиња на страница при дизајнирање? 3* Објасни го растењето на четвороаголните форми? 4* Прикажи како ќе изгледа постепеното намалување на површинските вредности?

Page 55: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

56

3.5. ПРАВИЛО НА ЗЛАТЕН РАСЕК

Освен досега споменатите закони кој се основни и при обележувањето на складноста во природата и во човечката психа, постојат правила до кој дошол човекот при визуелните посматрања или на емпирички начин.

Едно од основните правила кое го обработува односот на ширината и висината со што се постигнува складноста на тие две димензии е правилото на златен расек.

Ако сакаме ова правило математички да го изразиме, тоа би гласело: поголемата страница се однесува наспроти помалата страница како однос на поголемата страница спрема едната и другата страница (М:м=М:(M:м). На тој начин се добиваат цели серии во односите на страниците како што се: 2:3; 3:5; 5:8; 8:13; или поточно 62:38. Овие формати се згодни за гледање а најчесто се применуваат при: изработка на хартија, изработка на книги и воопшто во дизајнирањето.

Ова правило може да се добие со линеарна конструкција. Така за да се подели одредена должина (А-Б) на два нееднакви размера по правилото на златен рез т.е. на големините минор и мајор, потребно е таа должина да се преполови и нејзината должина да се пренесе под прав агол во десно или во лево. На тој начин ке добиеме точка Ц, која се соединува со точката Б. Должината А-Ц се пренесува од точката на Ц на должината Ц-Б и на тој начин се добива нова точка А1. Од точката Б со шестар ја пренесуваме должината БА1 на должината АБ. На тој начин таа должина е поделена во правилен однос на должината мајор (Б-Д) и на должината минор (Д-А). Ако ги пренесеме тие должини во конструкциониот цртеж на површината ќе добиеме многу убав размер или сооднос. Со повлечена диагонала на овие површини се добиваат мноштво на цврсти точки од кој можеме да повлечеме хоризонтални и вертикални линии, а со тоа се добиваат поголеми и помали формати кој подлежат на правилото на златен рез. Ова правило е познато од многу одамна и го користеле Египќаните и другите источни народи а најчесто старите Грци. Доказ за тоа најубавиот грчки храм Партенон кој е граден во тие размери и се наоѓа на Акропол.

Правилото на златен рес има голема практична примена во графичкиот дизајн, па така дизајнерот својте замисли ги креира во форматите на хартија што се добиени според тоа правило. Затоа тој никогаш не го бара односот на реализацијата и геометриската средина на форматот, но затоа се грижи за

Page 56: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

57

доминантната поставеност во горната или долната третина на површината. Средишната хоризонтална линија ни претставува одделност, а горната и долната третина ни овозможуваат визуелни размери за пораката и доживувањето.

Слика бр. 30- правило на златен расек

Со геометриска конструкција е добиен односот на

пропорции на две големини, должина и ширина како идеални оптички вредности. Со тие односи добиен е размерот за квалитат на големина, кој е прикладен во сите конструкции на површината или телото, а познат е уште од античко време(партенон). Денес тој стана идеален однос во размерот на големините кај хартиите и во однос на страниците од едиции. Дијагоналниот пресек на површината ни дава разни големини со ист размер.

Провери го своето знаење: 1* Кој однос го обработува правилото на златен расек? 2* Врз основа на што се дошло до ова правило? 3* Каде најмногу во графичката индустрија наоѓа примена правилото на златен расек?

Page 57: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

58

Слика бр. 31 – оптички сугестии: “ помало” и “поголемо”

Објективноста на работите и нашето запазување на

истите многу често е спротивно, бидејќи нашето око е под сугестија на привидението. Тоа се поправа со корекција од нашиот разум, а еве неколку такви примери. Правецот преполовен и одреден со стрели означува две должини со разни големини, а системот од неколку паралелни линии низ кои поминуваат покуси коси линии ни сугерира на линии со разни насоки. Сличен е случајот во низот од пореден вертикални и хоризонтални линии, во кои квадратната форма се зголемува или проширува. Потоа две исти кружници кој се опкуржени со помали или поголеми кругови ја намалуваат или зголемуваат својата форма. Сличен е примерот со нацртана бела точка во црн квадрат и обратно, а со исти големини, па точката се зголемува или намалува. Ваквата сугестивност продолжува во графичките односи на линии. Кривата линија во хоризонтална положба дава илузија на хоризонт, вертикална линија делува како стебло, а круг со зраци ни сугерира сонце, па на овој начин се доаѓа до сите симболи и знаци. Провери го своето знаење: 1* Што подразбираш под поимот оптички сугестии? 2* Прикажи неколку лажни сугестии и привидувања? 3* Каков ефект предизвикува црн круг на бела страница и бел круг на црна позадина?

Page 58: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

59

4. ЕСТЕТСКИ НАЧЕЛА

Освен законитостите за складност кој предходно ги изучивме, постојат и естетски форми со кој се ускладуваат меѓусебните односи во самата композиција. Всушност, тие односи се темелат на визуелниот момент за разработка на површината, односно за деталите кој се меѓусебно зависни и го формираат изгледот на целата површина со психолошка порака. Овие начела може да се поделат во следниве групи: 4.1 ХАРМОНИЈА

Таа се состои од комбинација на исти и слични форми составени во целина, а нивниот квалитет во сличноста може да биде во: формата, големината и бојата. Со повторување на исти или слични облици се регулира наизмичкиот ред, порастот и падот. При продолжување со исти форми, а различни големини се добива непрекинат ред на градацијата во повторувањето. Така линијата за повторување на слични форми со различен интензитет ја доведува нашата свест во состојба на задоволство и среќа. Таа хармонија е постигната во времето, а кај ликовните дела лежи во реалниот или нереален простор. Тоа се позициски односи на големината и формата, а во составување на тие големини многу е важен квалитетот на оддалеченоста односно интервалот, кој се состои од одмори и очекувања на ново но слично доживување. Всушност, хармоничноста се наоѓа помеѓу два основни тонски поими т.е. помеѓу црно и бело. Таа го разбива и забележува елементарниот контраст, односно го поврзува предниот поим т.е. облик.

Посебно е значајна хармоничноста која е постигната при изработка на разни варијанти со употреба на разни бои. Значајно е применувањето и одбирањето на боите, како и нивниот интензитет. На тој начин се постигнува сличност кај боите и тоа во обоеноста и категоријата (топли и ладни бои), сличност во интензитетот (јакост на пигментот) и поврзаност на боите во компонентите на нивната комплементарност. Секоја интензивна боја бара свое повторување т.е. репетиција во сличноста со друга боја, а потоа во паузата се користат бои од трет ред и се повторуваат исти со помал интензитет.

Page 59: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

60

Слика бр. 32. Хармонично поставени печатарски елементи

Хармонијата претставува складност на исти или слични форми кои се наоѓаат во иста заедница со мирни односи 4.2. КОНТРАСТ

Тој се состои од спротивности и представува максимална

разлика во големините и изненадувањето со нови елементи. Во хармонично поврзаниот низ контрастот претставува прекинување и пауза. Облиците на контрастот во ликовната уметност се сретнуваат во сите елементи на ликовното изразување, па така на прво место би била оддалеченоста помеѓу формите, а потоа појавата на спротивни големини, контрастот помеѓу темно и светло и јакоста помеѓу различните бои. Ако во мноштво на хоризонтални линии се појави само една вертикална линија ке доживееме оптичка спротивност, а тоа значи дека ќе дојде до застанување на нашиот поглед.

Појавата на контрастот во природата е многу различен и неговата карактеристика најчесто е во разноликоста на големините, деталите, боите и плодовите. Тој контраст на формите и боите најубаво може да се види во градбата на цветовите и тоа во сите негови детали. Во ликовните остварувања контрастот најчесто се јавува како спротивен однос на формите и големините, односно на спротивностите од бои и разликата помеѓу светлото и темното.

Контрастот во графичкиот дизајн најчесто е изразен со појавата на спротивноста помеѓу темното и светлото и со варијација на линиите. Темелот на сите форми на дизајнот лежи во односот на правоаголните површини и од тој состав цртежот по својата форма излегува од тие рамки. Тонското степенување на сложниот блок ни овозможува скала од сиви површини и тоа

Page 60: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

61

почнувајќи од најсветлите па до целосно темните полиња, ако се употреби негативен текст.

Спротивноста на сивиот систем ја прави темниот правоаголник од фотографијата, а таквиот отпечаток овозможува илузија за трета димензија т.е. продира во површината на длабочината. Сосема е различен односот кај цртежите, бидејќи тие со својте слободни форми сосема се разликуваат од правоаголните геометриски облици. Според тоа можеме да зобруваме за контраст на движењето на линиите и потезите, бидејќи по својот нов облик цтрежот ни овозможува нова графичка порака, а освен тоа со својата форма се јавува како одмор и изненадување. Многу често при дизајнирањето како контраст може да ни служи и сосема бела површина, бидејќи во споредба со отпечатениот текст и фотографија делува многу различно.

Слика бр. 33. Приказ од контрасни печатарски елементи

Контрастот се отчитува во појавата на нова форма или на

нејзината нова положба внатре во заедницата. Тој може да биде изразен со нова положба или со својата изразита тонска вредност. Контрастот е спротивност на останатите форми. 4.3. РАМНОТЕЖА

Со неа делумно се запознавме кога зборувавме за симетрија на меѓусебните маси и хоризонтална композиција. Непотребно рамнотежата како посебен феномен во распоредот на формите по површина е всушност баланж на масите од спротивните страни. Таа може да биде формална, а таков е случајот кога формите со иста големина и тежина, односно имаат правилен распоред кон средната оска и подеднакво се

Page 61: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

62

оддалечени од неа. Во тој случај станува збор за симетрична рамнотежа, која дава чувства на смиреност, одменост достоинственост. Втор случај е несиметричната или неформалната симетричност, во која постои зависност во должината на нееднаквите маси. Таа рамнотежа ја одделува симетријата а со тоа се губи централниот интерес во раздвоеноста на формите. Тој облик врз читателот остава впечаток на несмиреност и несигурност. Третиот вид на рамнотежа е типичен за површинското ликовни делување и е познато како оптичка рамнотежа. Тука е постигната визуелна изедначеност на тежините со помош на формите, темно- светли полиња и застапеност на боите. Воопшто кај рамнотежата важни се три основни начела и тоа: формите, нивната тежишна вредност и нивното место на површината. Самата форма ја одредува својата имагинарна тежина, па ако употребиме триаголник и правоаголник со иста големина, ќе имаме чусвство дека триаголникот е многу полесен. Ова важи за сите геометриски тела со форми во кои со врвовите се свртени нагоре. Улогата на бојата е многу повпечатлива при совладување на рамнотежата бидејќи самиот облик на темното поле делува многу потешко во споредба со светлото поле. Но ако зборуваме за основните бои, а посебно за топлите како што се жолтата и црвената, тогаш нив оптички ги доживуваме како потешки и подинамични. По некогаш помало поле обоено со црвено и жолто, може да ни одржува рамнотежа со поголеми полиња на другата страна што се обоени со секундарни бои. Најубави облици на оптички облици се користеле во делата од ренесансата во кој прецизно се оставени деталите од композицијата од левата и десната страна на средишната оска. На тој начин се дава можност за чувствување баланс, затвореност и хомогеност. Во современиот дизајн, како феномен на општата површност, рамнотежата се добива со две оски, кој се поставени во вертикална и хоризонтална положба. Елементите се правоаголни и можат да бидат светли, сиви и темни, а меѓусебно се поврзани со големината и формата. Хоризонталната положба на некој правоаголник ќе делува врз читателот многу потешко во споредба со вертикалната положба на ист таков правоаголник.

Page 62: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

63

Слика бр. 34. Печатарски елементи поставени во рамнотежа

Рамнотежата означува балансирање на односите помеѓу левата и десната половина. Таа може да биде статичка во мирната поставеност на формите или динамична во движењето на деловите надвор од рамнината. 4.4 ДОМИНАЦИЈА

Самиот израз ни го означува централното внимание т.е. средиштето, односно основната идеа што е предмет на ликовното реализирање. Ако се работи за кружна композиција најчесто централното внимание е насочено кон средиштето, во кое може да има квадрат. Тој најчесто е пресечен со две дијагонали, кој го упатуваат нашето око во центарот. На тој начин се насочува концентрацијата на читателот во тој нов фокус иако тој се наоѓа во средиштето на површината. Според тоа доминацијата не се изразува со местото на површината, туку во психолошката игра на елементи кои читателот го водат до фокусот т.е. до доминацијата. Постојат два вида на доминација и тоа централна и децентрална. Иако тие делуваат различно на нашето око ја постигнува истата цел, тоа е да го концентрираат погледот на вазниот момент од ликовното дело. Централната доминација е статичка и мирна, а децентралната е динамична и раздвижена.

Не смее да се дозволи доминацијата да се поистоветува со контрастот, бидејќи помеѓу нив постои голема разлика. Контрастот е спротивставување на меѓусебни делови во сите детали на композицијата, а доминацијата е еден момент т.е. едно истакнување во уметничкото дело.

Основната доминација се темели на контрастот, односно на одделување од останатите форми. Така доминантната фигура

Page 63: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

64

треба да се разликува по својата форма од сите други делови на композицијата. Тој момент на истакнување и одделување може да биде во формата во големината, во односите на тонската разлика и во специфичноста на боите.

Ако на една површина се појавуваат неколку видови на правоаголници, а само на едно место се појави кружница и крива, тогаш јасно е дека тежиштето на одделување е насочено на неа. Тоа всушност е момент на доминација, а слично е и со употребата на боите. Така бојата што се одделува вкупниот состав на другите бои ќе доминира, бидејќи излегува од мирот на композицијата и станува средиште на нашето внимание.

Во графичкиот дизајн поимот на доминација најчесто е поврзан со содржината. Најважното соопштение најчесто се сложува и печати со големи црни букви, па на тој начин се става акцент на важноста (акциденичен слог). Важноста може да се истакне и со поставување на текстот на правилното место од површината, а тоа е горниот десен квадрат од форматот. Трет момент на доминација е употребата на бојата, па така круг или четириаголник ако се обои на сива подлога, тој останува психолошки впечатлив и е предмет на нашето интересирање.

Слика бр. 35. Приказ од елементи што доминираат на околината

Доминацијата го одредува сместувањето на предметите

или ликовните идеи во средиштето на видливоста. Таа се наметнува со својата положба или со различноста од другите форми.

Page 64: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

65

4.5. ЕДИНСТВО

Под овој поим се подразбира здружување т.е. заедништво на сите елементи, а со тоа се постигнува единствена цел кон крајниот резултат. Всушност, единството е акција за здружување на раздвиженоста и снагата што ја имаат сите полиња. Можеби најдобра споредба за единството е активноста на еден тим во борбата за првенство. Секој нов член претставува посебна единица во движењето и поставеноста на теренот, но сите тие комбинации имаат единствена цел – победа. Кон таа цел упатени се сите акции колку единството е поскладно толку резултатот ке биде подобар.

Единството се темели на функционалноста на сите одделени делови кон реализирање на секоја акција. Таа акција може да биде за одржување на животот, растењето односно за формирањето на облици од целиот органски свет. Тоа е витално единство на животот потенцијал од природата и тоа е зависно од времето кое се менува и повторува.

Сите активности на човекот упатени се кон остварување на работни победи, а според комбинацијата на материите во реализирање на идеите. Тие мора да се органски поврзани за да се постигне саканата цел. Со спроведување на такви организираности на единството, се поврзува целта, која бара чиста изведба. Таа чистина се состои во одбирањето на предметите или формите за создавање на ликовни креативности. Не е можно да се направи единствена целина од неколку различни форми или полиња кои по својот состав чинат посебна единица односно во основа се разликуваат. Синтезата ќе биде хомогена ако појавените ликови се поврзани со заедничка форма и материја.

Тоа единство во градбата на елементите впечаливо е во графичкиот дизајн, односно во примената на композициите кај современите плакати. Плакатот многу често се темели на знаци и симболи, кој постојано се повторуваат во ритмички ред и прават единство на градбата и на тој начин сугестивно се наметнуваат со својата организациона чистота.

Значи единството не го прави содржината, туку начинот на обликување и чистата заедница.

Page 65: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

66

Слика бр.36. Печатарските елементи делуваат хомогено

Единството прави заедница на основната концепција во изразување на важност на ликовната идеја. Во единството лежи чистината на ликовната порака и заедништвото на обликуваната замисла. Во единството е изразена комбинацијата на пооделни елементи, за да се истакне основната порака. Провери го своето знаење: 1* Наброј ги естетските начела што се користат при графички дизајн? 2* Што подразбираш под поимот хармонија со елементите? 3* Како го чувствуваме контрастот на црно-белите полиња? 4* Како се постигнува рамнотежа при графичкот дизајнирање? 5* Објасни што е тоа доминација и прикажи еден таков пример? 6* Како се постигнува единство со елементи при графичко дизајнирање?

Page 66: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

67

5. СОДРЖИНАТА НА ГРАФИЧКОТО ДИЗАЈНИРАЊЕ

Со печатениот производ се пренесуваат информации, односно се репродуцираат мислите. Обликувањето на графичкиот производ е вештина за посредување, а истовремено и процес на оптималност, бидејќи се што е убаво настојуваме да го истакнеме на што е можно подобар начин. Ако некој говорник при излегувањето на своите мисли си помага со гестови и мимики, тогаш на графичарот при репродукција на текстовите му е дозволено да се служи со “говорот” на облиците и формите.

Содржината на некој графички производ е одредена со предавањето на самиот ракопис, па активноста на графичарот обично започнува со студирање (проучување) на истиот. Мерлива и конкретно ограничена површина најчесто се нарекува формат. Постоечките формати на хартија скоро секогаш се правоаголни, а тоа ни овозможува многу практични и технички предности. Форматите што се користат во графичката индустрија по правило се правоаголни и издолжени а тоа им дава посебно естетско обележје. Квадратните формати многу ретко или случајно се сретнуваат во графичката индустрија, па затоа и скоро да не постојат графички производи со такви димензии. Од правоаголните формати многу почесто се употребуваат оние што се издолжени по висина (вертикално), бидејќи за нив се вели дека се поживи и поелегантни од останатите формати. Тие се издолжени по ширина (хоризонтално) и сугерираат смиреност, ведрина и сигурност.

Во содржината на графичкиот дизајн ги вбројуваме сите средства со кој се изведува графичката порака. Најпрво се одредува подлогата, која најчесто е хартија или поливинилни или метални фолии. Употребата на средството за секое графичко дејствување бара своја техничко-технолошка постапка. Основната предност на хартијата е тоа што лесно се витка, освен тоа е: чиста, впивателна, прилагодна за печатење со боја и прилично е трајна. Во оваа прилика нема да зборуваме за начинот на нејзиното производство, за одредување на граматурата и за другите својства туку за нејзината елементарна особина во прифаќањето на графичките мисли. Нејзината чистота, структура и впивателност ни овозможуваат секоја па и најмала графичка постапка да се гледа, односно секоја честичка, знак или нешто слично да биде впечатливо. Сето тоа може да се

Page 67: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

68

запази на хартијата, па без разлика на значењето и видот на чувствата, можеме да ги поделиме на три степени:

- сиви знакови и сиви површини - црни линии и површини и - обоени подлоги. Сите овие три елементи дејствуваат хомогено, затоа се

појавуваат скоро од секој графички производ. Кога одреден елемент ќе дојде повеќе до израз зависи од намената на текстот. Книжните табаци за весници, списанија, ревии, книги и огласи делуваат најчесто црно и сиво, а кај плакатите огледните картони и налепниците повеќе до израз доаѓаат боите. Единството на овие елементи не доаѓа во намената на едната содржината т.е. во единственоста на пораката, туку заедништвото се гледа во оптичкото и психолошкото доживување на впечатоците од целината. Тие се состојат од хармоничниот распоред на масата и во комплетната складна постапка без разлика на содржината. Најголема грешка во составувањето на тие односи е во постојаното прекинување на одредени елементи (црни и бели), како и во неритмичкото поставување на меѓусебните оддалечености со што се добиваат непотребни контрасти и прекинувања на хармонијата. Во практичната примена на тие елементи во печатот, овие содржини можеме да ги сретнеме во конкретна присутност на овие знаци: а) сиво, знак, блок, букви б) фотографија (применета во форма на растер) в) цртеж

Page 68: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

69

Слика бр.37 – знаци и симболи што се користат при

дизајнирање

Идеограмите, знаците и симболите своите форми ги изведуваат од наједноставните геометриски ликови. Тие имаат свој затворен облик па се наметнуваат со својата елементарност (круг, триаголник, правоаголник, квадрат и слично). Во тие форми може да се најдат разни оптички ефекти и тоа од графички ликовни решенија па се до разни симболи. Основното на графичката интервенција се состои во односот и системот на црно-бели позиции.

Page 69: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

70

Слика бр.38-знаци и симболи што се користат во текстот

Формата на овие знаци се темели на кругови, правоаголници и триаголници. Распоредот на црно-белите односи дава визуелно доживување на правилните и неправилните форми. Со тие знакови се доаѓа до обликување на заштитните знакови, како и до формите на денешниве букви. Во овие знаци основната декоративна идеја е јасна, а пораката видлива и впечатлива. Провери го своето знаење: 1* Што подразбираш под содржина на графичкиот дизајн? 2* Какви знаци и симболи се употребуваат при дизајнирањето? 3* Што претставува блок од букви на одредена страница? 4* Какво чувство кај читателот предизвикува фотографијата? 5* Кои се ефектите од употребата на цртежи во текстот?

Page 70: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

71

5.1. ТЕКСТ

Најважен елемент на целокупниот текст е буквата или блок од букви. Тоа во својот развој поминало подолг период до денешниве писмени форми. Од египетските хиероглифи преку сирските клинести резови до феничанските знаци. Во Грчката култура писмото ја добило својата графичка карактеристика, а во римската империја ја добило својата архитектонска убавина, складноста и оптичкото изразување. Писмото кое е познато под поимот капитала по својата единствена форма и по односите на величините била темел на сите облици од современото писмо.

Слика бр. 39 - развиток на буквите

Page 71: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

72

Од хиероглифите па до денешниве букви развитокот бил долг и тежок. Пренесувањето на пораките со помош на слики, преку клинестите знакови до фениќанскиот и грчкиот алфабет се кристализира во изворна убавина на римската капитала. Тука е создаден темелот на современите писмовни форми. Оптичкото доживување на буквите може да се сведе на следниве визуелни карактеристики: елипсовидни и полуелипсовидни форми, квадатни и аглести форми со затворени типови, како и аглести форми со отворени типови (видови).

Креативноста на буквите и писмата како графичко доживување може да доживее трансвормација при менување на видовите на писмата.

Слика бр. 40 - пишување и печатење со разни видови на букви

Page 72: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

73

Постои цврсто убедување дека пишувањето и печатењето се две различни и взаемно неусогласени техники, кои треба прецизно да се одделат. Пишуваните букви се нешто лично, органско, неповторливо и спонтано. Тие го изразуваат карактерот на личноста на оној што го пишува а често пати и неговото расположение. Печатените букви се излиени во неограничени количини, кои се зависни од потребите. Ваквите букви се повторуват во прецизен и непроменет облик, а затоа тие се безлични и објективни по својата природа. Тоа му овозможува на графичарот универзално да ги употребува, а со тоа и да ја обликува својата композиција на многу начини. Добриот познавач на графичкото обликување мора да одбегнува мешање на пишуван и печатен текст, бидејќи на тој начин се постигнува многу лош ефект, освен тоа ваквото решение го уништува пишуваното писмо. Вештите раце на римските мајстори кој пишувале на камен, на буквите им дале посебни особини во нивните конструкции и пропорции, кој освојуваат со својата оптичка содржајност и убавина. Основната конструкција произлегува од квадрат, а заоблените делови од круг. Убавината се состои во односот на висината и ширината, како и во симетричноста на знакот. Во средниот век пишуваните букви се трансформираат во облини и во аглести завршници (серифи), па на тој начин целосно се губи класичната форма (иницијално писмо, готско и др.). Гутенберговиот изум овозможува индустријализација на печатот па од XIX–от век писмата се враќаат кон класичите форми (Гармонд, Каслон, Баскервил), кој денес се употребуваат.

Ние нема да зборуваме за видовите на буквите и писмата, туку за нивните карактеристички оптички својства, а така скоро сите писма се темелат на две форми: аглести и заоблени. Проблемот е во составувањето на низовите од буквите, кој треба да делуваат хомогено, односно да не настане визуелно (оптичка) празнина или зацврстување. Тоа е посебно присутно кај вертикалите, кој се визуелно повисоки и кај кружните букви кој се хоризонтално пошироки.

Кога зборуваме за блок или графички столб, тогаш мислиме на доживувањето на целата маса, односно на хомогената целина од разни степени на сивото. Во тој блок ни дава една буква надоаѓа специално до израз, бидејќи сите се вклучени во единствената површина и буквата претставува дел од оптичкиот растер. Затоа на хомогена сива површина многу лошо делуваат белите полиња, кој се последица на големите и

Page 73: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

74

честите оддалечености помеѓу зборовите и редовите во слогот. Денешниот типогравски систем сеуште целосно не го решил овој проблем, па затоа често во слогот имаме различни белини помеѓу зборовите и редовите.

Накратко, буквите во ликовна смисла е знак на оптичката упадливост, односно графички знак што ја возбудува површината, а блокот е доживување на мирната хомогена површина. Провери го своето знаење: 1* Кој е основен елемент на текстот? 2* Како се развивале буквите? 3* Како оптички ги доживуваме буквите? 4* Кои ефекти ги постигнуваме со пишувани и отпечатени букви? 5.2. ФОТОГРАФИЈА

Фотографијата во печатот е најголема темна површина со правоаголна форма, која се истакнува на белата хартија во сивилото на сложениот слог. Нејзиниот тонски интензитет делува елементарно и се наметнува со својата впечатливост како око на конкретноста. Таа е против тежа на сите останати елементи што се користат во печатот.

Слика бр.41-форми на фотографии

Page 74: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

75

Техничката константација што ја дава фотографската снимка е моментален одраз на стварноста. Нејзината примена во печатот доживува разни варијанти за претварање на фотографијата во фото-растер, потоа во црно бели односи, во фотографика и во комбинација и интервенција на дизајнерот во фотомонтажа. Таа фотомонтажа е плод на човечката интервенција во техниката на фотографијата која дава големи можности во постигнувањето на графички ефекти (посебно обоени). Освен тоа таа е основа за најубави достигнувања во современиот дизајн. Нејзината примена најдобро се гледа во оживувањето на современиот плакат, проспект или рекламен оглас. Функционалноста на фотографијата, која се употребува во графичката индустрија ја пренесува пораката до читателот, може да биде изразена во три форми и тоа: а) како документарна(фото-репортажа) б) илустративна(рекламна-пропаганда) в) ликовна(естетска)

- Документарниот фотографски отпечаток нема никакви претензии, бидејќи тој е дел на композициската форма од некој формат. Тој е од технички карактер, а неговиот растер се одредува според квалитетот на хартијата за печатење.

- Рекламната фотографија мора да биде впечатлива, односно да има своја сугестија. Во повеќе случаи таквата фотографија се печати во колор техника, а при самата подготовка за печатење таа сама се корегира при естетско и техничко поле. При тоа посебно внимание се обрнува на изостреноста на сликата, како и на изостреноста на боите. Бидејќи овој вид на фотографии служи за рекламирање, таа мора да е контрастна и се печати со впечатливи бои. Коректурата се состои во декомпозирање на фотографијата односно во изделување на основните теми при што се појачуваат контрастите (американски ред туш). Многу често се менува целата позадина да создаде што е можно посилен визуелен ефект, па затоа во овој вид на фотографии најмногу се употребува во проспекти, каталози, плакати и кај огласите во весниците и списанијата. Понекогаш се користи и фотомонтажата со која се истакнува односот на идејните наспроти декоративните елементи на вкупната целина.

- Ликовната фотографија исто така може да најде примена во репродукцијата со помош на печатење, бидејќи постои можност на основната снимка да се преформира во нов израз на

Page 75: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

76

ликовната фотографија. Тука најчесто е главниот извор на светло, како и изделувањето на основниот детаљ.

Фотографијата посебно место има во овозможувањето да се доживеат природните убавини (разгледници, календари со пејсажи и слично), а најмногу во снимањето на уметничките дела. Многу ретко се постигнува приближна репродукција, бидејќи денешниот четирибоен печат не може да ги задоволи и даде сите нијанси што се наоѓаат на оргиналите. Секако е најтешко со црна боја која во природата е помека и не делува слично на другите бои како кај репродукцијата. Провери го своето знаење: 1* Што предизвикува фотографијата во печатот? 2* Каков ефекти можеме да постигнеме со истата? 3* Во каква форма може да биде изразена фотографијата? 5.3. ЦРТЕЖ

Цртежот претставува основна форма на ликовното изразување, бидејќи тој е важен знак за содржина и квалитет на уметникот. Цртежот е личен ракопис со кој се изразува темпераментот и надареноста на одреден мајстор и со него се опфаќа основната концепција. По својата форма цртежот е однос на темно-светла содржина и е изразен во својата основна цел. Сите ефекти кај цртежот се постигнуваат со помош на: креда, јаглен, туш и други средства за извлекување на линии и контури.

Во графичкиот дизајн најмногу се употребува црно-белиот цртеж, бидејќи тој целосно се вклопува во ставот на графичко изразување, а нема никакви потешкотии во техничкиот процес-производство.

Во визуелниот поглед цртежот во печатарството не претставува одмор, бидејќи се разликува од правоаголните форми на текстот и на фотографијата. Тој со своите криви линии дава разиграност на површината, односно ново визуелно квалитетно изразување, кое потполно се разликува од графичките форми. Всушност, без цртеж секој лист е некако

Page 76: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

77

сиромашен, бидејќи му недостасува контрастот од слободни линии и црти.

Освен оптичките вредности цртежот по своето интерпретирање има посебно значење, бидејќи текстуалното или ликовното образложение ни го предава со доживување. Ова посебно е важно и се применува при печатење на: детски сликовници, белетристички романи, проспекти, плакати и слично. Најчесто цртежот е самостална ликовна дисциплина во која поединецот (уметникот-графичарот) во куса форма ја изразува својата концепција на содржината. Најубаво цртежот се манифестира во изворните репродуктивни техники, како што се литографија, бакропис, линорез и други, бидејќи тука доаѓа до израз неговата чистота и неговата изворност.

Оргиналниот цртеж се изведува со рака и тој може да се појави во разни форми во смисла на приодот при реализирањето и намената. Тие форми можеме да ги прикажеме низ следниве видови:

а) скици,кроки б) студија в) уметнички цртеж г) вињети, знакови, симболи д) илустрација ѓ) карикатура, стрип е) технички цртеж

Ако се има предвид намената, овие форми се разликуваат

по големината и начинот на изведба. Провери го своето знаење: 1* Што претставува цртежот? 2* Кои видови на цртежи ги познаваш? 3* Каков цртеж според обоеноста најмногу се употребува во графичкиот дизајн? 4* Која е пораката на цртежот во печатарството?

Page 77: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

78

5.3.1 СКИЦА-КРОКИ

Скицата е збирен цртеж во кој со основни линии се бележи важната концепција на ликовното видување или замислување. Во неа е изразена идеата што произлегла од уметникот па до реализација, а гледана низ: особеноста на природата, карактеричноста и живоста на градбата и објектот. Разни се можностите за изведба на скицата (молив, туш, креда, јаглен), бидејќи тоа се кратки забележувања кој настануваат за многу кратко време и треба точно да се прибележат. Многу често таквите прибелешки се најубави во изразувањето зошто не се товарени со споредни работи. Идеата што потекнува од уметникот секогаш е јасна а мотивите се различни. Според настанувањето на скиците тие може да бидат:

- скици кој настанале со мисли, според интуиција и - скици кој настанале според природните појави Композицијата е одредена во скицата и тоа во збирниот

облик и идејата на совладната целина. Убавината на скицата што е работена според мислите зависи од техничко – илустративната спобособност на одреден мајстор, како и од креативната можност на уметникот. Всушност, се работи за визионерната маштовитост на креаторот, кој треба да има јасна концепција и цртачка способност со најголем дијапазон. Скицата настаната според природните појави секогаш има своја одредена конкретност. Нејзината порака е јасна иако забележувањето е направено само во основна форма.

Посебен облик на скицата е кроки формата, во основа се темели на забележување на раздвижен жив објект. Овој вид на цртеж ја опфаќа живата природа и тоа во еден потег со комплетната целина. Во таквиот цртеж сите детали се споредни, а главниот акцент е во движењето (т.е. во покретот). Кај кроки цртежот се чувствува како животот во еден момент застанал и дека веќе во следниот момент ке продолжи. Затоа и овие скици и цртежи се забележуваат најчесто со оние средства кој највеке ни одговараат во брзината на создавањето, а тоа се боја и четка. Тоа е така зошто можноста за создавање на тенки и дебели линии е голема и едноставна, односно во притиснување на раката, а на

Page 78: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

79

тој начин се добива и визуелно чувство за доживување на движење.

Од сликата можеме да заклучиме дека кроки или скицата од коцката е набрзина нацртано за да се види нејзината основна форма и нејзиниот однос во просторот. Во понатамошниот приказ на некое живо тело кроки ќе значи приказ на движењето со основни линии или тонски вредности. Скицата никогаш не оди во детали. Таа во главни црти го прикжува некое тело или предмет. Таа е монументален цртеж за важноста на некоја ликовна идеја.

Слика бр.42-кроки или скица Провери го своето знаење: 1* Што претставува скица-кроки цртежот? 2* Како може да настанат скиците? 3* Објасни ги карактеристиките на скицата?

Page 79: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

80

5.3.2.- СТУДИЈА

Од самиот збор можеме да заклучиме дека се работи за студирање т.е. продирање во одредена материја од сите аспекти. Всушност овој збор значи приод во одредена материја во сите важни страни, како разрешување на главните карактеристики. Затоа студијата не спаѓаат директно во уметничката форма, односно тоа е учење и совладување на објективните вистини од објектот. Студијата никогаш не се занимава со сите карактеристики на предметот, бидејќи таа секогаш е одредена според пропозициите што и се поставени. Тие анализи може да се поделат во следниве карактеристики на објектот:

- односот и големината на објектот во просторот - структура на материјата на предметот - анализа на боите и рефлексите т.е. неговите тонски

вредности Приодот на ликовната студија најчесто започнува од

анализата на предметот во просторот, па затоа оваа анализа најчесто се поставува во две димензии (должина и ширина). Третата димензија т.е. длабочина, му дава на објектот целосна поставеност, а преспективата ни овозможува планско поставување на предметот во недоглед. На овој начин на површината се постигнува илузија за просторот, па нашето око продира низ истата и ги следи објектите до најситните делови. Затоа со перспективата многу се служеле уметниците од ренесансното доба при цртање на својте големи композиции. Во цртежите и на сликите што се појавуваат на разни подлоги: платно, камен, метал и др. Секој од нив има своја обоеност и структура. Тука се појавите: хомогеност, компактност, раздвиженост, мекост, прозирност, па студиозноста на овие структури е многу важна при доживување на материјата. Во цртежите и во сликарството средствата што се користат се многу сиромашни, но постои можност за добиена помош на различно нанесување на боја или со линии, која често се употребувала во средно (марки,минијатури и др). Бојата како ефект за тема на студијата, односно тоа е доживување на материјата. Освен тоа важно е рефлексијата на тонската вредност и чувството за

Page 80: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

81

материјално допирање на овие карактеристики се постигнува за вистинска вредност на материјата.

Слика бр. 43. “студиран” цртеж

Спротивност на скицата е студијата бидејќи нејзиниот цртеж е направен според однапред испланираната претстава за важноста на некој предмет. Таа задача може да биде за материјалот, односот на телото во просторот, анализата на внатрешната структура или за разликата на светлата на материјата. Студијата не е уметничка концепција, туку техничка анализа на поставеноста задача.

Провери го своето знаење: 1* Што подразбираш под поимот студија? 2* Со кои карактеристики се занимава студијата при изразувањето? 3* Која е спротивноста помеѓу скицата и студијата?

Page 81: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

82

5.3.3.-УМЕТНИЧКИ ЦРТЕЖ

Ваквите цртежи и припаќаат на посебна ликовна уметничка категорија, во кој уметникот може слободно да се искаже придржувајќи само на својата концепција. Ваквиот цртеж се изведува со едноставни средства (молив, јаглен или туш), па поради сиромашноста на средствата цртежот се надополнува со богатиот изведувачки облик. Освен тоа ваквиот цртеж не подлегнува на никакви правила, па системот од слободни линии и криви се шири по површината, а од таквите сплетови извира неговото движење.

Без разлика на содржината на цртежот, идејата за неговото обликување не зависи од самиот уметник, односно неговата фантазија и изворност. Секој уметник има свој начин и стил на интерпретирање со кој тој се изразува, а па по него најчесто го познаваме авторот. Тој стил се состои со создавање на меѓусебни линеарни односи и во карактеристиките на движењата. Надареноста, темпераментноста на личната наклонетост и комплетниот став кон животот го карактеризира цртежот како израз на личноста. Со својата тематика уметничкиот цртеж се базира на сите вистински содржини од природата (пејсаж, мртва природа, ентериер, луѓе и животни) во фантазерство (минатост, расположение, микросвет) и на пораките за ставовите кон општеството (сатиричност и др).

Цртежното изразување со развитокот на ликовната дејност, доживува разни форми на интерпретираност и тоа од примитивните облици, преку субјективните и убаво совладани форми на цртежите, па се до магинарните концепции на кој начинот на изразување истовремено е содржина на складноста. По својата надворешна форма, начинот на искажување и приодот на реализација, цртежите може да ги поделиме на: геометриски, реалистички и декоративни. Секој од нив се појавува во современиот живот и со својата надворешна форма предизвикува визуелна сензација. Геометрискиот цртеж е формиран со прави линии и површини и тој делува на читателот со својата елементарна чистота на графичко изразување. Реалистичкиот цртеж најчесто е илустративен и читлив, а декоративниот е богато исшаран и орнаментален.

Според тоа произлегува дека уметничкиот цртеж е база на сите ликовни концепции и тема на уметничкото изразување.

Page 82: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

83

Провери го своето знаење: 1* Какви се карактеристиките на уметничкиот цртеж? 2* Како ги поделивме уметничките цртежи според надворешната форма? 3* Кои теми можат да бидат застапени на уметничките цртежи? 5.3.4.-ВИЊЕТИ, ЗНАЦИ И СИМБОЛИ

Оние три елементи за графичко обликување се всушност помали цртежи кои се појавуваат секогаш како декоративен дел во некој текст кај: книгите, учебниците, списанијата и во други графички производи. Со нив на текстот му се дава визуелна заинтересираност, а бидејќи намената им е сврзана за други графички форми овие елементи и припаѓаат на групата “применета графика”.

По големината се слични на минијатурите, но по својата содржина тие се разликуваат бидејќи минијатурата е слика со претензиона содржина, а вињетата е мал декоративен знак, односно украсен израз. Вињетите не се илустрација и од нив неможе да се разбере содржината на текстот бидејќи тие се украсни облици, слободни форми на угодување, расположение и симболичка форма на визуелната комуникација. Тие скоро секогаш се прикажуваат во црно-бела форма, со темен, ефект, а по стварната карактеристика може да биде во следните облици: симболи, доживувања, декоративно-орноментално и геометриски форми. Секој од овие знаци ми дава живот на текстот, бидејќи во монотоничноста на истиот тие го привлекуваат нашето внимание и делува ефектно. Другите елементи од ситната графика исто така го (следат) текстот и имаат свое значење во типогравските знаци. Така самата буква со фазни трансвормации и украсување може да дојде до границата на нечитливост. Ова е карактеристика за иницијалите кај кој преовладува декоративност и мноштво на цртачки елементи. И другите типогравски знаци како што се: броевите, точка, цртичка, параграф, прашалник, може да се преобликуваат и делуваат како цртежи со што ке се постигне визуелен ефект, а ќе се намали неговата читливост.

Page 83: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

84

Симболите како знаци секогаш нешто “зборуваат” и означуваат, а карактеристика е тоа што се многу мали и јасни по својата форма. Тие се појавуваат на два начина:

- директни, кој во цртежот имаат точно визуелно значење за одредена порака

- индиректни, кај кои смислата се наоѓа во преобликуваната форма на значењето или одговорот (старо христијански симболи).

Смислата на симболите најдобро може да се види во сообраќајните знаци, кои се состојат од системи на стрелки, здебелени линии, кругови и слично, а секој такво симбол на прв поглед ни ја кажува својата смисла. Графичките зраци и симболи се многу поедноставни а во значењето се многу појасни.

Слика бр. 44. вињетка што често се користи

Вињетата е декоративен и оптички приказ за доживувањето, а е изразена во помала форма. Таа не е самостојно дело, туку се поврзува за текстот и со својата исклученост ни причинува оптички контраст кон истиот. Вињетата е мал цртеж како минијатура и претставува оптичка пауза Провери го своето знаење: 1* Што се тоа вињети и зошто се користат? 2* Какви пораки носат за читателот вињетките? 3* Колку видови на симболи познаваш? 4* Какво е значењето на графичките знаци?

Page 84: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

85

5.3.5.- ИЛУСТРАЦИЈА

Самиот збор ни означува можност одреден текст да се изрази на визуелен начин, односно да се приближи на читателот со што ќе се дообјасни содржината на доживувањето и истовремено ке се до искаже изворната мисла. Според тоа илустрацијата е слободна ликовна интерпретација на некој текст кој најчесто е од подрачје на белестристиката, песната, со научна содржина и од литературата за децата. На иста тема секогаш можеме да добиеме различна илустрација односно разни ликовни решенија, бидејќи секој илустратор има своја замисла. Во илустрацијата се гледа личноста и приврзаноста на креаторот во доживувањето на содржината и во оживувањето на текстот. Начинот на илустрирање не зависи од никакви правила т.е. тој е наполно слободен, но секогаш мора да биде ликовно чист, односно во изведбата треба да има единствена ликовна форма. Овој начин на обработка ја опфаќа сржта на доживување и претставува оптички ефект за содржината на текстот. Кој дел од содржината на некоја новела, збирка на песни и прикази ке биде ликовно презентиран, најчесто зависи од изборот на самиот илустратор. Понекогаш е тоа општиот дел, друг пат се земаат главните ликови или карактеристичните сцени, или пак другите ликови кој се носители на битието. Сите тие на илустрацијата се прикажани со визуелни и психолошки карактеристики. Иако илустрацијата е приказ од само еден момент, во неа мора да се чувствува целата содржина на доживувањето и средината. Затоа најчесто се земаат сцени кој се драматични или смешни, бидејќи во нив илустраторот има големи можности за прикажување на спротивностите и специфичните особини на лицата. Во исто време илустрацијата не се врзува за основните форми на пропорционалноста и во неа креативноста на пораката го диригира изразувањето на надворешните форми. Затоа начинот на обработка на илустрациите многу често е нереален, бидејќи ликовите не се наоѓаат во реална положба и големина. Во практиката илустрациите најчесто се во црна-бела техника, бидејќи на тој начин убаво се вклопуваат во текстот. Можеме да кажеме дека илустрацијата не само што е содржински неопходна во белетристиката, туку таа визуелно го збогатува печатниот текст.

Илустрацијата скоро секогаш е одделена од текстот и најчесто се јавува во долната половина од страницата

Page 85: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

86

(полустранична илустрација), но може да заземе и цела страница (целостранична илустрација). Илустраторот треба да води грижа за начинот на репродукција, можностите на печатарската техника, како и за структурата и својствата на хартијата, па според тоа да го одбере материјалот за изработка на илустрацијата.

Слика бр. 45. илустрација од мече

Со илустрацијата го оживуваме текстот и истиот ликовно го претставуваме. Таа не е зависна од некој класични прописи, а текстот го пренесува во нова форма на оптичко доживување. Во илустрацијата е присутно доживувањето на средината, карактеристични на ликовите и основната порака на збиднувањето. Значи таа по својот облик е слободна и во темата на ликовната обработка. Во техничкиот поглед илустрацијата зависи од техниката на печатење во која ќе ја печатиме, од квалитетот на хартија и од големината на репродукцијата. Провери го своето знаење: 1* Што подразбираш под поимот илустрација? 2* Каков ефект на текстот постигнуваме со илустрација во истиот? 3* На кои временски период се однесува илустрацијата?

Page 86: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

87

5.3.6. КАРИКАТУРА И СТРИП

Карикатурата е посебна гранка на графичката дејност, која со својот облик ни дава израз на духовитост, т.е. порака со сатира и шега. Секоја карикатура кај читателот предизвикува чувство на изненадување а нејзиниот цртеж е лапидарен, директен и остар, а главна карактеристика му е иронија и смеја. Во таквиот цртеж важен е основниот израз, па затоа тој се сведува на битните карактеристики, а негативните особини посебно се изразуваат и нагласуваат.

Карикатурата најчесто се појавува во два облика и тоа : - карикатура на одредени личности - карикатура на доживување, ситуација и иронија Првиот вид на карикатура најчесто се употребува за

политички и културни личности кои се познати на јавноста. Во цртежот на карикатурата се доживуваат различни трансформации во кој е изразена нивната лична карактеристика, а негативностите се потцртани и истакнати во најголема можна мерка. Затоа карикатурата ги опфаќа сите поединости кој недопринесуваат кон целата замисла. Во диспропорцијата до израз доаѓаат основните облици на доживувањето и целата изразеност во форма на нагласеност, зголеменост и истакнатост. Со овие карактеристики, личноста јасно е прикажана и доведена во состојба на смеја и иронија. Прикажувањето на смешните ситуации, посебно на оние кои се разликуваат од стварноста, од теоријата и практиката претставува посебно поле на графичката дејност. Во тие нацрти, кои се намалени на најмали знаци со геометриска форма, шегата и сатирата се изразуваат само со битни ознаки. Многу често и најмалите ситници кои (се важни) во пораката, прикажани се со сите свој детали. Карикатурата со смешни сцени, иронични приказни не е ликовна манифестација како ефект на убаво, туку тоа се директни изрази на мисли и сценски доживувања во кои значењето е лесно читливо и впечатливо, затоа е честа нивната примена во текстот, а истовремено значи оптичко растоварување и нова форма на порака до читателите.

Стрипот како форма на изразување во составот на цел лист на цртежот, во последно време стана посебен начин за изразување на пораката со раздвижена сцена. Доживувањето на стрипот има двострука улога. Тој е оптичка форма за

Page 87: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

88

доживување на средината, личноста и сцената, а истовремено е приказ од некоја содржина. Него посебно го сакаат децата бидејќи е прифатлив начин за изразување. Во графичкото предочување најчесто постојат два облика на стрипови. Во првиот случај се работи за реална форма на цртање и тука ликовите и доживувањата се студија што илустрира, а во вториот стрип изразувањето е декоративно со помош на знаци и симболи. Реалистичките стрипови до максимална вредност ги развил Волт Дизни, а декоративно симболичните стрипови се присутни кај цртаните. Во печатарството стриповите многу често се присутни, бидејќи по својата форма и начин на изразување се прифатливи, а визуелно тоа се нови облици за изразување на живите пораки.

Слика бр. 46. карикатура

Карикатурата и приказ на некоја личност со нагласување нејзините негативни особини. Таа не го опишува толку го карактеризира некое лице. Карикатурата критикува исмејува и го става лицето во шеговита позиција. Освен лични карикатури во јавниот живот се појавуваат и карикатури од средината, состојбата во општеството или за апсурдната состојба на некоја актуелна тема. Провери го своето знаење: 1* Што подразбираш под поимот карикатура? 2* Во колку облици најчесто се јавува карикатурата? 3* Каква форма на изразување е стрипот? 4* Кои пораки се постигнуваат со карикатурите?

Page 88: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

89

5.3.7. ТЕХНИЧКИ ЦРТЕЖ

Тој е составен дел на целокупниот печат и може да ја дели: страницата, столбовите, главата на листовите, го заокружува текстот и слично, односно го дели сето она што има одделено и нагласено значење. Техничкиот цртеж ги одвојува текстуалните столпчиња во весниците, списанијата и ревиите како посебни целини, бидејќи во спротивно тестуалната порака би била штура и монотона. Понекогаш ваквите одвојувања во текстот се прават со линии, кругови, шари и рамки, додека почесто за таа цел и за истакнување се употребува технички цртеж. Под овој поим се мисли на геометризирани форми кој се поставени во црно-бел однос. Техничките цртежи по своето место и значење во дневните и седмичните гласила, можат да се поделат на следниве варијанти:

-глава на графички производ -ознака за одредена рубрика -одделување на истакнатиот текст Секој графички производ, а посебно дневните и

седмичните весници имаат своја карактеристична глава на листот, која се разликува од другите. Техничкиот и графичкиот дизајн на главата од листот зависи од повеќе фактори и тоа: од традицијата, историјата, основната порака и слично, а решението се состои од пишуван текст и декоративни ознаки. Бидејќи текстот најчесто се печати во црна боја на бела подлога, главата поради контраст најчесто се печати во негатив и нејзиното решение е со посебна форма на текст.

Одредени рубрики не би дошле до израз ако немаат одделни цртачки елементи. Тука првенствено се мисли на оптички знаци и симболи, кој се впечатливи и означуваат одредени содржини: политика, спорт, култура и забавни прилози. Според тоа техничкиот цртеж е начин на сигнализирање и се појавува преку целиот столб во правоаголна и долгнавеста форма.

Со појавата на цртеж во сложената форма најчесто се означува идејата на содржината од текстот. Со техничкиот

Page 89: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

90

цртеж освен што се истакнуваат насловите, можат да се стават во рамка и одредени огласи или текстови со посебно значење. Карактеристика на техничкиот цртеж е тоа што тој е едноставен, со системот на ритмичките линии и површини го приближуваат кон својот декоративен орнаментален состав.

Слика бр.47. технички цртеж

Техничкиот цртеж се појавува во форма на разни конструкции, а се изведува со помош на разни помагала (шестар, триаголник и сл.). Неговото доживување е линеарно или површинско и има правилна механичка конструктивност. Во опремувањето на списанија и книги техничкиот цртеж значи одмор во текстот и ликовно доживување на акцентот од истиот. Може да се појави под насловите, при одвивање на рубрики и кај оптичка доминација.

Провери го своето знаење: 1* Што се постигнува со техничкиот цртеж во целокупниот печат? 2* Објасни што подразбираш под поимот глава на графичкиот производ? 3* Како се изведува одвојување и истакнување во текстот? 4* Во какви форми може да се појави техничкиот цртеж?

Page 90: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

91

5.3.7.1. ВИДОВИ НА ЦРТЕЖИ

Техничкото изведување на цртежите зависи од концепцијата на самиот автор и од неговиот темперамент, бидејки секој сликар има свој начин на предочување, а секој графичар има свој стил на работа. Затоа цртежот ни ја претставува комплетната личност на авторот, односно од него се отчитува содржината и пораката на цртежот, како и начинот цртање постои уште една важна компонента, а тоа е состав на материјалот со кој се црта. Овие материјали може да се поделат на тврди и меки, односно на остри и тапи.

Секој материјал има свој отпор, своја кохезија и неговата подлога зависи од притисокот на раката т.е. трагата што ке ја остави на хартијата е зависна од тој притисок. Помеките како што се: јаглен, креда и молив, во својот состав се суви и оставаат на површината линии со различна дебелина и различна тонска вредност. Тврдите или остри материјали како што се: тушот и бојата, создаваат елементарен однос на црно кон белата подлога, па се визуелно покомпактни, а нивното делување зависи само од големината т.е. дебелината на линиите. Ваквиот остар однос на црно-белите состави многу е погоден за репродукција во печатењето, бидејки изработката на негативни е едноставна без употреба на растер(аутотипија) а делувањето е елементарно и директно. Без разлика на разните технички моменти на материјалот и ликовната идеја на цртежот, како и начинот на цртање, цртежите можеме да ги поделиме на следниве видови:

- линеарни цртежи - површински и просторни цртежи - стилизирани цртежи Секој од овие видови на цртежи има свое одделено

делување односно своја единствена хомогеност и чистота, која се состои од логичноста и консенктивноста на начините за издвојување на цртежите. Сето тоа може да се забележи и види на следната слика на која се прикажани повеке видови на цртежи со своите карактеристики (види ја сликата).

Page 91: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

92

Слика бр.48. Линеарени, површински и стилизирани цртежи а) Линеарниот цртеж со својата контура одделува одредени форми и создава разни претстави за големината и односот на одредена површина. Со тоа таа е вознемирена а во нашето око се создава слика од некоја форма. Квалитетот на линеарниот цртеж се состои од еластичноста и живоста на линиите, како и во чистата карактеристика на објектот и во содржајноста на графичката убавина. Во линеарниот цртеж доаѓа до израз личната карактеристика на уметникот во сочувањето на неговиот стил или ликовен ракопис. б) Тоновите нанесени на површината со разни длабочини и височини ги карактеризираат формите. Тогаш со помош на белата, сивото и црното поле се добиваат впечатоци за

Page 92: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

93

длабочина и височина. Најчесто тонскиот цртеж е поврзан со линеарните потези, кои создаваат живост и со површинските наноси придонесуваат за динамичноста на цртежот. Пространоста на некое тело зависи од распоредноста на светлото и сенката на самото тело и во просторот во кој се наоѓа. в) Стилизирањето е најлошата форма на цртежот, бидејки цртежот е набиен во калап, па нема живост и раздвиженост. По изгледот овој цртеж е декоративен, па затоа и се употребува за укрстување. Провери го своето знаење: 1* Кои видови на цртежи ги познаваш? 2* Какви ефекти се постигнуваат со линеарните цртежи? 3* Објасни што подразбираш под: површински, просторен и стилизиран цртеж? * ЛИНЕАРЕН ЦРТЕЖ

Основните средства за обликување на некој цртеж е линијата, која може да биде права и крива. Таа ги одделува меѓусебно деловите од површината и лизга по истата создавајќи илузии за ликовни замисли. По живоста на линиите го препознаваме цртачот, односно неговата вештина и способност. Иако најчесто зборуваме за криви линии, кои во своето движење настојуваат да го задржат правецот и континуитетот, а се виткаат на одредени места во нови форми.

Делувањето на линиите е различно за различни материјали, па така меките графички средства (креда, молив), на својот пат за обликување на формите создаваат разни дебелинини на линии. Таа разлика во дебелината на линиите е зависна од притисокот на раката, а со нејзината помош се создава оптичка илузија, волуменозност. Во изведување на линиите често се појавуваат прекини т.е. паузи во кои линијата се губи, а во тој случај нашето око создава замислена црта и на цртежот. Има случај кога линиите се удвостручени (двојни) и тоа во барање на формата. Во тие случаи постои мал меѓупростор со чија помош се продлабочува формата и ја означува волуменоста. Во линеарните цртежи постојат две

Page 93: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

94

варијанти за изразување и тоа со: чисти линии и сплет на линии. Чистата линија е знак за станиовита декоративност и во таква линија опфатен е целиот цртеж со еден потез т.е. со еден налет. Поради елементарноста на линеарната концепција со неа деталите се меѓусебно јасни потези и овдека најчесто доаѓаат до израз чистата и јасната концепција, која е изразена со графички средства. На тој начин се избегнува секаква неправилност и непропорционалност на цртежот, а од такви цртежи секој детаљ е точно одреден во резлизацијата на замислата.

Слика бр. 49 а - линеарни цртежи а) Двете варијанти кој содржајно се темелат на правоаголници и круг се добиени со помош на вкрстени хоризонтални и вертикални линии. Со употреба на поретки и погусти линии се добива површина со посветли и потемни полиња (тонови). На иста основа и на иста позиција со елементарните и линиските низови се добиваат разни графички ефекти и разни композициски форми.

Page 94: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

95

Слика бр. 49 б - линеарни цртежи б) Со варијации на дијагоналните и вкрстените линии се изразува многу поголема динамичност на цртежите. Кон таа идеја придонесуваат елементарни аглести елементи во вид на триаголник и неправилните полиња. Со спротивставување на темното и светлото површината се издигнува и пропаѓа. Провери го своето знаење: 1* Кои варијанти на изразување се користат кај линеарните цртежи? 2* Какво чувство предизвикуваат погустите и поретките линии? 3* Кои елементи се употребуваат за поголема динамичност кај цртежите?

Page 95: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

96

5.3.7.2. ПОВРШИНСКИ И ПРОСТОРНИ ЦРТЕЖИ

Површинскиот цртеж се темели на линии кој прават гранична поделба и имаат различни тонски вредности. Всушност овој вид на цртежи се состои од разработка на цел лист едноподруги линии кој сочинуваат полутонски сиви и црни ефекти. Со овие варијации се постигнува визуелно чувство во однос на поблиски подалечни елементи т.е. на површината се создава илузија за просторност. Помеките средства (јаглен, молив) по својот состав одговараат за добивање на тонски вредности, односно за ефектот светло-сенка. Меѓутоа најефектно средство за тонирање е тушот разреден со вода (лавиран туш) со кој се постигнуваат модулатори со разни тонски разлики. Со такви средства се постигнуваат цртежи со ефектен израз и хомоген состав. Тонските варијации создават простор (просторност), а линиските сугерираат на просторот во ознаките на деталите и разните материјали.

Слика бр. 50 - линеарна и просторна комбинација

Прикажувањето на овие две геометриски форми е постигнато со помош на одредени системи. Топката е нацртана само со хоризонтални линии т.е. системски потези, а со густината на линиите е добиено површинско доживување.

Page 96: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

97

Сличен е случајот со коцката, која е нацртана со вертикални потези, па имаме просторно доживување. Ваквите системи делуваат мирно и чисто иако во основа постои одредена стелизираност.

Просторноста на цртежот зависи од начинот на наносот на сивите и црните тонови, а најубав пример за површински цртеж се графичките техники- линорез и дрворез. Ако ги земеме во предвид површините, тие по својата вредност се еднакви без разлика на големината и на местото кадешто се наоѓаат (горе-доле, лево-десно). Црната боја на површината стои во иста висина и тоа само по својата положба, ни сугерира што е поблиску а што подалеку. Односот во големината на елементите ни ја сугерира просторноста на цртежот втората варијанта за означување на важноста во просторот лежи во идејната форма, па така ликовите што се позначајни се прикажани како поголеми во однос на другите без разлика на местото на кое се наоѓаат на површината.

Слика бр. 51 - Добивање на валјак и пирамида со употреба на хоризонтални, вертикални и коси линии

Со вкрстување на хоризонтални-вертикални и коси линии

се добиваат формите на валјак (цилиндар) и пирамида. Употребата на овие начини за цртање многу често се сретнува на марките и парите.

Површинскиот цртеж е најадекватна форма за изразување ако се земе предвид рамната подлога, бидејќи подлогата и

Page 97: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

98

цртежот се стапуваат во една целина. Ова заедништво е претставено со оптичко единство, а цртежот останува на површината. Ваквото површинско обликување во суштина е декоративно, бидејќи организацијата на елементите и формите е поставена на систем од разни големини со исти плански вредности.

Слика бр. 52 - Варијации со површински цртеж

Page 98: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

99

Просторниот цртеж се темели на два начина на изразување. Во првиот случај се работи за вертикалното поставување на предметите од системот односно за слободна конструктивна перспектива. Всушност тука има смалување на облиците кој се поодалечени од нашето око. Во вториот случај изразувањето е со помош на хоризонтални форми кој се редат една до друга до висината на хоризонтот. Ако двата начина се појават истовремено тие ја продлабочуваат површината и овозможуваат илузија на просторот.

Овде се употребани сите графички форми за да се

постигне ефектот со истиот состав на композиција. Силните темни наноси се белите полиња како и полињата со точкици ни пружаат цврста композиција. Точкасите полиња со потемни или посветли тонови ни даваат меки форми, а комбинациите со линии и полињата делуваат динамично. Затоа пак цртаните форми на црната подлога визуелно ја исфрлуваат содржината на цртежот во средиштето на вниманието. Провери го своето знаење: 1* Кои карактеристики ги познаваш кај површинските цртежи? 2* Какви чувства предизвикуваат просторните цртежи? 3* Со кои комбинации се добиваат геометриски фигури на цртежите? 5.3.7.3-СТИЛИЗИРАНИ ЦРТЕЖИ

Секој реален предмет има свои важни карактеристики, кои произлегуваат од неговата општа одреденост на видот и родот, а истовремено и ознаки кои се наоѓаат во самата материја. Во линискиот, површинскиот и просторниот цртеж ваквите ознаки секогаш се видливи и истакнати. Стилизирање означува сведување на сите тие ознаки во заеднички карактеристики на иста обликувана вредност. Всушност, на тој начин се собираат вредностите од содржината, па цртежите наликуваат како да се изработуваат под еден калап за сите ликовни доживувања.

Page 99: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

100

Слика бр. 53 - стилизирани цртежи Со разни графички постапки како што се полиња со

точки, вкрстени линии, цртички или црни полиња се постигнуваат многу ефекти за разни оптички доживувања. Полињата се одвојуваат со својата особеност на изразувањето па се добива богаство со разни квалитети. Во таа игра од графички средства може да се добие впечаток за разен матријал и негова декоративност. Вкупниот впечаток се темели на одредена површност, а со варијации на полињата се чувствува лажна длабочина. Овој начин на графичка композиција посебно се применува во подрачјето на графичкиот дизајн (плакат, огласи и сл.).

Бидејќи стилизирањето нема поголеми уметнички претензии, тоа се појавува како пропратна декорација во

Page 100: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

101

манифестациите во јавниот живот, во креациите на применетата уметност и во графичкиот дизајн. Стилизирната форма на сликата и цртежот се појавува во графички дизајн како придружба на целиот јавен живот т.е. како естетска ликовна порака. Според тоа ваквиот цртеж значи поедноставување на ликовната обработка од некоја конкретна задача, која е наменета за оптичко доживување, известување и содржајност. Ваква појава се сретнува во наједноставните форми, а најубавите решенија се кај плакатите. Според намената може стилизираните цртежи во графичкиот дизајн да ги поделиме на следниве варијанти:

- ликовна декоративна стилизираност (налепници, дипломи)

- стилизирање на личности, места и доживувања (плакат, проспект)

- стилизирање на технички цртеж. Првиот случај (линиска стилизираност) наоѓа примена во:

пофалниците, дипломите, налепниците и слично, бидејќи рамката е изразена во орнамент и декорација. Оваа појава уште повеке е изразена и примената во идејното решение на вредносните хартии како што се марките и парите. Стилизираност на личности, места и доживување се изведува со цврста рамна линија и притоа се нагласува главната идеа на графичката порака. Во прикажувањата на местата и доживувањата (проспект и плакат) често деталите се појавуваат во знак на целина (лист како стебло), па на тој начин се придонесува на декоративната содржина.

Техничкиот цртеж по својата намена е линиска или површинска стилизација, а неговото ликовно делување лежи во контрастниот однос на местата каде што се појавува. Освен тоа ваквиот цртеж е декоративен по својот геометриски состав. Провери го своето знаење: 1* Што подразбираш под поимот стилизирани цртежи? 2* На кои графички производи се применува ликовна декоративна стилизираност? 3* Објасни каква е примената на стилизирани: личности, места и доживувања во графичкиот дизајн?

Page 101: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

102

6. Б О Ј А

Изворот на боја лежи во емитувањето на сончевите зраци на одредени предмети т.е. материи кој ги впиваат или одбиваат светлосните зраци. Количината и видот на боите од спектарот на одбиените светлосни зраци ја одредува обоеноста на предметите. Бојата како физикална појава на светлоста е одредена со френкфенција на светлосните титраи кои се предизвикани со пулсирање на светлосниот извор. Бојата кај поедини материи не е константна, односно постои битна разлика во однос на директниот удар на светлото и истата материја гледана во сенка. Затоа една иста материја гледана на светло и во сенка ке претставува не само тонска разлика, туку ке има сосем друга боја (колоризам).

Кога сончевиот зрак ке се пропушти низ тристрана стаклена призма на ѕидот ке добиеме сноп од бои кој може да се разликуваат. Тоа е всушност низ од девет нијанси: црвена (портокалова), жолта, жолто-зелено, зелено, сино-зелено, зелено-сина, сина и виолетово-сина. Сите тие бои можеме да ги групираме во три примерни бои и тоа : жолта, пурпурна, (пурпурно-црвена) и азурна (зелено-сина), а тоа се основните бои на суптрактивната синтеза.

Адитивната синтеза исто така има три основни бои, кој се добиваат со најизменично мешање на бои од суптрактивната синтеза и тоа се: (сино-љубичеста) зелена и црвена. 6.1. КВАЛИТЕТ НА БОИТЕ

Во понатамошниот текст ке се задржиме на квалитетот и мешањето на така наречените пигментни бои т.е. градба на материјалните бои и нивниот квалитет. Секоја боја има своја индивидуалност односно свој квалитет на делувањето, кој се темели на запазувањето и впечатливост. Тоа значи дека квалитетот е зависен од примањето, доживувањето и експресивноста на бојата, како и од нејзината психолошка појава. Со својата големина на одредена површина бојата се

Page 102: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

103

наметнува на нашето око и таа станува доминантна на површината. Ако бојата е застапена со помали полиња таа се губи во формата и неделува сугестивно и наметливо врз читателот како што ке делува боја која е застапена на поголеми полиња. Многу важна оптичка и психолошка карактеристика на боите е нивниот интензитет. Квалитетот или интензитетот на боите се состои на количината на пигментите, односно нејзината обоеност, јачината и чистото изразување на боите. Постојат скали за интензитетот на боите во кој се застапени сите бои и тоа почнувајќи од најслабите нијанси па се до полниот состав на истите. Нивното оптичко делување е многу различно,па така послабите нијанси дејствуваат благо и неутрално, а за разлика од нив боите со поголема концентрација на пигменти обилуваат со елементарност и прогресивност. Добивањето на разни тонски вредности кај боите се состои од две можности и тоа:

1. Со ликвидност на боите што се постигнуваат со додавање на средства за мешање, како што се: фирнајс, ленено масло, гумиарабика и сл.

2. Со растурање на боите на ситни честички (точки) како што е тоа случај во графичката индустрија при употребувањето на растерската мрежица.

Можноста за добивање на повеќе нијанси од една иста боја ние ја чуствуваме како различна вредност во создавањето на длабочина и височина при изразувањето. Всушност, на тој начин се постигнува моделирање на разни предмети, а со тоа се реализира нивното место во просторот

Слика бр.54- Разни тонски вредности

Page 103: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

104

Црвена,

жолта

Зелена,

сина

Црна

Сива

Бела

Слика бр.55 Динамичност на боите

Покрај другите оптички и психолошки квалитети на боите, една од поважните особини е нивната динамичност. Тоа е елементарно делување на бојата врз зеницата од нашето око. Кога на одредена рамнина ке паднат светлосни зраци со различна обоеност ке настанат следниве ефекти. Црвената и жолтата боја доаѓаат до рамнината и се одбиваат кон нашето око, сината и зелената боја продираат во рамнината и го продолжуваат својот пат т.е. ја продлабочуваат рамнината. Црната боја продира и ја раствара површината, а сивата боја се соединува со рамнината и делува неутрално. Белата боја влегува во површината и ја нагласува нејзината рамнина 6.2. КОНТРАСТ НА БОЈАТА

Контрастот е однос на спротивности од било кој вид, особено е впечатливо во разноликоста на боите. Основниот контраст е во тонски вредности на боите т.е. во нивните светли и темни тонови и во интензитетот. Тонската вредност е контраст

Page 104: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

105

на упадливост, уочување и наметнување на разликата на боите. Темната и светлата површина се најсилни оптички спротивности што може да ги види нашето око.

Слика бр. 56. Изразен контраст и постепен контраст

Најголемите спротивности кај боите е односот на црното и белото, а тој систем секогаш делува елементарно. Покрај целата контрасност и елементарност на нивниот однос, делуваат спокојно а со својата неутралност избиваат од површината на графичката идеја.

Со било која постапка ако се разредуваат или собираат црните честици се добиваат нијанси со разни тонови се до потполно црнило.

Втора варијанта за оптички спротивности и контрасти може да се согледа во самиот состав на боите. Најголема разлика е спротивност во основните разлики на трите основни (примарни) бои: жолта, црвена(пурпурна), сина(азурна). Секоја од нив различно делува на човековата психа, бидејќи тоа се три оптички вредности, кои делуваат во својот елементарен однос од сите анализи на контрастот кај боите во неговото оптичко и психолошко делување ќе одделиме само два поима:

- топли и ладни бои - динамични и статични бои

Page 105: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

106

Топлите и ладните бои произлегуваат од психолошката анализа на нивната вредност. Основното правило гласи: топли се оние бои кои во својот состав идат кон жолтата односно црвената боја, а ладни се боите чии основен состав се зелената и сината боја. Накратко се работи за сите понатамошни тоналитети на боите кои произлегуваат од основата топло-ладно. Со применување на таквите варианти бојата се сретнува секаде околу нас односно во сите основни човечки места за комуницирање (концертни и спортски сали, културни домови, болници, ресторани и сл). При тоа боите го збогатуваат амбиентот па така сината боја остава впечатоци на ладно, а жолтата дава впечаток на топло. Во понатамошното посматрање на топло-ладниот тоналитет на боите, можеме да воспоставиме разлика во самата боја, која со дополнителен материјал може да остане потопла или поладна. Темно црвената боја делува поладно во споредба со кармин црвената, а исто така и зелено-сината во споредба со зелено-жолтата боја.

Втора варијанта за делување на боите е динамичноста па според неа постојат: динамични и статични бои.

- Динамичните бои се сите оние што го преближуваат чувството на пространост односно делуваат наметливо и живо на нашето око. Такви бои се црвената и жолтата а својот ефект го постигнуваат со враќање од својата подлога во нашето око.

- Статични (мирни) бои се сината и зелената бидејќи тие го продлабочуваат просторот. Всушност тие прават пробив во внатрешноста а со тоа го насочуваат нашето око позади основната површина. На тој начин односно со помош на овие разлики и контрасти се создаваат игри на зближување и оддалечување а тоа значи се добива чувство за невистинита просторност. Провери го своето знаење: 1* Што подразбираш под поимот боја или обоеност? 2* Кои квалитети на боите ги познаваш? 3* Што е динамичност на бојата? 4* Кои бои ги нарекуваме динамични? 5* Како ќе ги објасниш статичните бои?

Page 106: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

107

7. ПИСМО – ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ

Најважните збидувања во развојот на писмото се случило приближно пред три илјади години. Овде се мисли на првата појава на писмото односно по целосна неписменост во тоа време, за прв пат се сретнуваат знаци за писма и писменост. Овие писма се појавуваат како последица на човековата желба да изнајде начин за овековечување на својте мисли, а истовремено и да ги зголеми можностите за меѓусебно комуницирање. Почетокот на писмото најверојатно треба да се бара во непосредните предходници на клинестото писмо од Месопотанија и староегипетските хиероглифи. Паралелно со овие писма се појавило и раното сликовно писмо (пиктографи и идеографи) а кој всушност го потполнуваат празниот временски простор помеѓу предисториските цртежи во пештерите гореспоменатите писма.

Слика бр. 57. а) предисториски цртеж б)современи цртежи

За писмо можеме да зборуваме тогаш кога цртежните слики

ќе достигнат извесен степен на стилизираност, односно кога еден ист знак ке почне да се употребува во иста форма за ист поим. Не е познато кога и каде за прв пат се применува ваков метод.

Содржината на некоја мисла ако се претвара во знаци се вика кодирање, а обратниот процес е декодирање. Според тоа зборот код претставува договорен термин за најситната честичка од некоја информација во склопот на некој систем за комуницирање, а најпознат таков систем е јазикот. Долго, многу долго време размената на мисли меѓу луѓето се одвивале со

Page 107: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

108

непосреден контакт на човек со човек. По пронаоѓањето на писмото, елиминирана е таа потреба за било каква временска и просторна вклопеност во комуницирањето. Затоа пронаоѓањето на писмото може да се смета како револуција на полето за пренос на информации.

7.1. ПОДЕЛБА НА ПИСМАТА Денес многу тешко може да се направи некоја точна

дефинирана поделба на графичките писма, бидејќи зависно од која гледна точка ке ги посматраме писмата постојат многу групи и подгрупи на истите.

Така ако се земе историскиот развој за писмата постојат: а) - сликовно писмо б) - поимовно писмо в) - хиерогливско писмо г) - кинеско писмо д) - слоговно писмо ѓ) - арапско писмо е) - грчко писмо - алфабет и.т.н

Сите овие писма настанале во разни временски интервали а на нивниот изглед силно влијаеле времето и условите во кои тие настанале. Своите имиња ги добиле според културите на државите кои во тоа време биле најсилни и најразвиени

Page 108: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

109

а) СЛИКОВНО ПИСМО

Слика бр. 58.

Овој диск е пронајден 1908 година кај градот Фестос на

островот Крит и се смета дека потекнува од околу 1700 години пред н.е. Испишан е од двете страни со кретско писмо, а текстот до денес не е дешифриран. Завојниот запис веројатно се чита од десно во лево, од крајот кон средиштето.

Слика бр. 59. Идеограмски знакови

Page 109: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

110

Слика бр. 60. Современи пиктограми

б) ПОЈМОВНО ПИСМО

Слика бр. 61 Сумерски идеограми од периодот 3500 до

3000 години пред нашата ера

Слика бр. 62. Вавилонско силабично писмо од периодот

2900 до 2700 години пред нашата ера

Page 110: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

111

в) ХИЕРОГЛИФСКО ПИСМО

Слика бр. 63. Дигитални староегипетски хиероглифи

Слика бр. 64. Египетски хиероглифи на оловни букви

Page 111: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

112

г) КИНЕСКО ПИСМО

Слика бр. 65. Отпечатоци од старите кинески печати

Слика бр. 66. Старо кинеско писмо

Page 112: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

113

д) СЛОГОВНО ПИСМО

Слика бр. 67. Јапонско слоговно писмо

(од фотослог 1972 година)

Слика бр. 68. Квадратно писмо на матрици за лиење

Слика бр. 69.

Хебрејско квадратно писмо (на матрици од монотип машина)

Page 113: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

114

ѓ) АРАПСКО ПИСМО “ЛОТУС“

а) Обично писмо

б) Полу црно писмо

Слика бр. 70. Арапско писмо “лотус”

Слика бр. 71. Арапско писмо “Ал Јадид”

Page 114: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

115

Слика бр. 72.

Фениќански напис од 11 и 10 век п.н. ера (вертикални линии го означуваат границите помеѓу зборовите)

е) ГРЧКО ПИСМО

Слика бр. 73. Грчко капитално писмо

Page 115: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

116

Слика бр. 74 Грчко уницијално писмо (6-ти век)

Page 116: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

117

Слика бр. 75.

Старо грчки алфабет (се употребува скоро 2500 год.) со мали измени

Page 117: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

118

ЛАТИНИЦА

Ова писмо историскиот почеток го бележи со основањето на Римската држава и тоа на преодот помеѓу седми и шести век пред нашата ера.

Меѓутоа, дури кон крајот на третиот век ова писмо формално се стандардизира. Од два века п.н.е. Римската држава владее со целото Средоземје како последица на тоа и латиницата се раширува по целото подрачје. Победите на Римската војска фигуративно се прикажува и овековечува со прикладни текстови. Обликувањето на буквите не е повеќе препуштено на случајот, тука формите се точно утврдени, а нивните димензии и пропорции се прилагодени на тогашните естетски сваќања.

Латиницата во прво време имала 21 знак (J, U, W, Y и Z се додадени подоцна).

Слика бр. 76. Архаична латиница (6-ти век п.н.е.)

Page 118: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

119

Слика бр. 77.

Рана форма на Римско писмо (3-2 век п.н.е.)

Слика бр. 78

Римско монуметално капитално писмо (114 год. п.н.е.)

Page 119: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

120

ГЛАГОЛИЦА

Глаголицата е словенско писмо и тоа настанало кон средината на IX век и тоа во источниот дел на Балканскиот Полуостров.

Со својата графичка структура и својот стил не наликува на ниедно постаро писмо и ако на прв поглед може да остави и обратен впечаток. Всушност, ова писмо делува како стилизирано, но со своите карактеристични крукчиња се разликува од секое друго европско писмо.

Слика бр. 80 - Табела на хрватската глаголица и

црковнословенска кирилица

Page 120: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

121

Слика бр. 79.

Насловна страна од Хрватски Мисал (печатен во Риека во 1531 со глаголичко писмо)

Page 121: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

122

КИРИЛИЦА Ако се има предвид изгледот на најстарите примери од кириличното писмо што може да се сретне на плочки од споменици ова писмо е уницијално (уставно). На тоа не наведуваат исправени, заоблените и превоаголни букви како што биле буквите на грчкото иницијално писмо, што се користи кон крајот на IX век и во почетокот на X век. Тогашната кирилица имала 38 букви, а 26 од нив целосно се превземени од грчкиот јазик се стилизирани нови букви, а делови од истите се преземени од глаголица. Точно не е утврдено кој е автор на кирилицата а се споменуваат браќата Кирил и Методиј, епископите Климент, Константин, цар Самуил и други. Кирилицата со својата едноставност многу брзо ја истиснала глаголицата од употреба кај сите народи што ја користеле, освен кај Хрватите. Од Балканскиот полуостров кирилицата многу брзо прешла во Русија, а како народно писмо таа е употребувана и во Романија до крајот на 18 век. Најстар запис со кирилично писмо се смета Самоиловиот натпис од 993 година, а најзначаен споменик на српската култура е Мирославовото евангелие од XII век. Во XII век настанала Босанската кирилица - Босанчица, а таа е посебна варијанта на кирилично писмо во која има примеси од глаголицата и латиницата. Ова писмо се употребувало во Босна, Дубровник и средна Далмација. Во 18 век кај Србите старата кирилична азбука дошла под силно влијание на руската граѓанска азбука, која останала со 24 знаци, и уфрлил 6 нови букви за посебни гласови од јазикот (ќ, ј, љ, њ, ѓ, џ). Оваа Вукова азбука е прифатена дури од 1868 година. Македонската азбука направена е во 1945 година од самата Вукова азбука која служела како пример и од неа се исфрлени буквите. Истовремено воведени се буквите ќ, ѓ, ѕ, за посебни гласови од Македонскиот јазик. Кириличното писмо на самостални правоаголни парчиња од оловна легура за прв пат се појавило во последната деценија од XV век и тогаш е печатена првата книга со Кирилични букви. Таа се викала Октоих осмогласник а е печатена во 1491 година во Краков. Истата таа книга е печатена и кај нас во 1494 година и тоа печатницата на кнезот Ѓуриќ Црновиќ во Цетиње, а ја отпечатил Ермонахот Макарија.

Page 122: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

123

Слика бр. 81.

Насловна страна од книга (печатена во 1519 год. во Венеција) со кирилично писмо

Слика бр. 82.

Универзална кирилица

Page 123: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

124

Слика бр. 83

Старо словенско насловно писмо

Слика бр. 84.

Кирилични иницијални (средновековни ракописни книги)

Page 124: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

125

Слика бр. 85.

Втор лист од “Осмогласникот” (печатен во 1494 година во Цетиње со грбот на кнезовите на Ѓ. Црноевиќ)

Провери го своето знаење: 1* Како се развивало писмото? 2* Направи споредба помеѓу предисториските и современите цртежи?

Page 125: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

126

3* Објасни како ги поделивме писмата? 4* Што е тоа Сликовно писмо? 5* Кои се карактеристиките на Појмовното писмо? 6* Како изгледа Хиероглифското писмо? 7* Објасни го изгледот и карактеристиките на Кинеското писмо? 8* Кои писма спаѓаат во Слоговното писмо? 9* Каде се употребува Арапското писмо и за што? 10* Кои се карактеристиките на Грчкото писмо? 11* Како се развивала Латиницата? 12* Кога и каде настанала Глаголицата? 13* Кој ја пронашол Кирилицата? 14* Од колку букви е составена истата? 15* Каде денес се користи Кирилицата?

Page 126: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

127

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН ЗА I ГОДИНА

ЛИТЕРАТУРА:

1. Диме Антевски: Графичко обликување,

Скопје 1994 година

2. Фрањо Месарош: Графичка енциклопедија,

Загреб 1975 година

3. Јосип Рестек: Основи графичког дизајна,

Загреб 1975 година

4. Емил Рудер: Типографија, Љубљана 1977

година

5. Мирослав Фрухт: Индустриски дизајн,

Белград 1981 година

Page 127: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

128

С О Д Р Ж И Н А

Стр.

Вовед . . . . . . . . 5 Елементи за графичко дизајнирање . . . 7 Точка . . . . . . . . 8 Линија . . . . . . . 13 Површина . . .. . . . . 34 Светло и сенка . . . . . . 42 Закони за усогласување . . . . . 46 Поделеност на површината . . . . . 47 Закон за симетрија . . . . . . 49 Закон за пропорција . . . . . . 51 Закон за ритам . . . . . . 53 Правило на златен расек . . . . . 56 Естетски начела . . . . . . 59 Хармонија . . . . . . . 59 Контраст . . . . . . . 60 Рамнотежа . . . . . . . 61 Доминација . . . . . . . 63 Единство . . . . . . . 65 Содржина на графичкото дизајнирање . . . 67 Текст . . . . . . . . 71 Фотографија . . . . . . . 74 Цртеж . . . . . . . . 76 Скица-кроки . . . . . . . 78 Студија . . . . . . . 80 Уметнички цртеж . . . . . . 82 Вињети, знаци и симболи . . . . . 83 Илустрација . . . . . . . 85 Карикатура и стрип . . . . . . 87 Технички цртеж . . . . . . 89 Видови на цртежи . . . . . . 91 Линеарен цртеж . . . . . . 93 Површински и просторни цртежи . . . . 96 Стилизирани цртежи . . . . . 99 Боја и квалитет на боите . . . . . 102 Контраст на боите . . . . . . 104 Писма, историски развој . . . . . 107 Поделба на писмата . . . . . . 108 Сликовно писмо . . . . . . 109

Page 128: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

129

Појмовно писмо . . . . . . 110 Хиероглифско писмо . . . . . 111 Кинеско писмо . . . . . . 112 Слоговно писмо . . . . . . 113 Арапско писмо . . . . . . 114 Грчко писмо . . . . . . . 115 Латиница . . . . . . . 118 Глаголица . . . . . . . 120 Кирилица . . . . . . . 122

Page 129: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година

За министерот:

*

Димитрија Антевски

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

ЗА I ГОДИНА

ГРАФИЧКА СТРУКА

*

Лектор: Виолета Јовановска

*

Подготовка и графички дизајн: Наташа Антевска - Вељановска

*

Корицата ја илустрирал: Дарко Антевски

Page 130: Naslovna so recenzenti - e-ucebnici dizajn I-god..pdf · 5 ВОВЕД Бидејќи овој учебник е исклучиво наменет за ученици во i година