life бр. 48

120

Upload: life-magazin

Post on 24-Mar-2016

276 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

Нов LIFE магазин посветен на индивидуалноста! Портрет на Сергеј Андреевски; Охрид низ очите на Четкар; Едиторијал со Емилија Пендева; Новак Ѓоковиќ: Светски тенисер и подеднакво добар шоумен; За LIFE пишуваат: Дејан Дуковски -- Да бе, да; Александар Ношпал: 100% свила или 100% полиестер?!

TRANSCRIPT

Page 1: LIFE бр. 48
Page 2: LIFE бр. 48
Page 3: LIFE бр. 48
Page 4: LIFE бр. 48

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК

Атанас КировскиЗАМЕНИК НА ГЛАВНИОТ

И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК

Билјана ЦрвенковскаАРТ ДИРЕКТОРКире Галевски

РЕДАКЦИЈАТони Димков

Силвана ЖежоваМарија Дивитарова

Влатко ГалевскиКатарина Стојанова

Васко МарковскиИгор Ивковиќ

Роберт СмилескиАнета Ивановска

Марија ИлиќПатриција КостовскаСерјожа Неделкоски

ГРАФИЧКИ УРЕДНИКЗлатко ПармаковскиФОТОГРАФИЈАИвана КузмановскаАндон ДавчевЛЕКТОРВиолета Караџовска- Стојанова

ИЗДАВАЧНИД ФОРУМ ПЛУС ДООЕЛ СКОПЈЕ„11 ОКТОМВРИ“ 33А 1000 СКОПЈЕРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАТЕЛ: +389 2 32 30 940ФАКС: + 389 2 32 30 942

МАРКЕТИНГАЛЕКСАНДРА ЕВТИМОВА[email protected]

АДМИНИСТРАЦИЈА/ФИНАНСИИЈУЛИЈА ПЕТРОВСКА

ПРЕТПЛАТА:828,00 ДЕНАРИ ГОДИШНА414,00 ДЕНАРИ ШЕСТМЕСЕЧНАПРЕТПЛАТА НА СМЕТКА:ФОРУМ ПЛУС ДООЕЛ СКОПЈЕРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАТУТУНСКА БАНКА АД СКОПЈЕСМЕТКА БР. 210060041050180

ПЕЧАТИДАТА ПОНС СКОПЈЕISSN 1857-5005

СО

ДРЖ

ИН

А

Поинаквата реалност на гумнотоВо овој „портрет на умет-никот“, Сергеј Андреевски само за LIFE ги илустри-раше ѕидовите на една стара куќа во неговата Слоештица и ни раскажа за Арт-Гумното, за уметни-ците, за енергијата што ја црпи од селото, за негово-то творештво...

Најважно е да живее неговата музикаТри години по смртта на Тоше Проески, музички награди и улици го носат неговото име, се прават спомен-обележја во негова чест, се фотографираат и позираат како ком-пензација за одредена донација или помош...

Горда сум на моите чеда Интервјуто со Флора Кад риу ни ја прикажу-ва од друга перспектива пратеничката на Нова де-мократија. Таа зборува за нејзината професија – актерството, за исто-ријата на нејзиното се-мејство, за домот, љу-бовта и блискоста со нејзиниот сопруг и двете деца

LIFE ПОРТРЕТ:СЕРГЕЈ АНДРЕЕВСКИ

LIFE ФОКУС: ТРИ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

ЕДИТОРИЈАЛ: ИНДИВИДУАЛНОСТ

ОД ДРУГА ПЕРСПЕКТИВА:ФЛОРА КАДРИУ

12

16

20

30

СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ

уредник на модаАлександар Ношпал

LIFE темаДејанДуковски

музикаАлександарГавровски

убавинаФоте Ѓамовски (Panache)

19

51

86

62

Page 5: LIFE бр. 48

Светски тенисер и подеднакводобар шоуменТенисерот Новак Ѓоковиќ со златни букви ја испи-шува историјата на срп-скиот тенис во светот. Ис-клучително талентиран и упорен, сигурно чекори кон шампионското место на АТП-листата и поле-ка го остварува неговиот детски сон.

Носталгичен и кога е домаПрошетавме со Четкар низ Охрид и го открив-ме на поинаков начин, та-ков каков што заслужува да биде. Четкар со страст зборуваше за Антички-от театар, со спокој за Ка-нео, со возбуда за кајчето и со љубов за градот.

Егзорцизам со макијато и музикаРоберт Смилески, наши-от патник низ светот, ни раскажува (со текст и со слики) за Гондар, неко-гашната престолнина на Етиопското Кралство, за звуците на Еthiopiques и за најубавото макијато.

ЖЕШКА ТЕМА: НОВАК ЃОКОВИЌ

ОХРИД НИЗ ОЧИТЕ НА ВЛАДИМИР ВАСИЛЕВСКИ – ЧЕТКАР

РЕПОРТАЖА: ГОНДАР, ЕТИОПИЈА

Летањето е подобро од сексНедан Пановски, „умет-ник“ за прецизно летање на радио контролирани авиони, ни раскажува за својата најголема пасија - летањето

СПОРТ: НЕДАН ПАНОВСКИ

Емилија Пендева на пошироката јав-ност и е позната од спотот за песната „Лејди“ на Тоше Проески. По кратката кариера како модел, Емилија се посве-тува на нејзината љубов - тетовирање-то. Како тату-артист работи една го-дина, а дополнително студира моден дизајн и мултимедија на ФОН. Девојката од нашиот едиторијал ужива да тетови-ра и да биде тетовирана, и повеќе сака да е зад објективот отколку да позира, па професионалната фотосесија за „Life магазин“ е прво нејзино вакво искуство.

   6 настани

   9 не-блогКОШУЛАТА НА СРЕЌНИОТ ЧОВЕК

  24 политиконОВА НЕ Е ГЕРМАНИЈА!

  38 стилСВЕТСКИТЕ ПИСТИ КАЈ НАС

  42 креативциCHIC-UNDERCOWEAR

  48 ♀ЖЕШКО

  56 шуш-буш

  60 од а до шМОНОГАМИЈА

  66 ♂ЖЕШКО

  72 технологија

  75 популарна наукаВЉУБЕНИ ГАЛАКСИИ

  81 филмШРЕК

  83 галерија

 89 дежурен тв-холичарМИСЛАМ ДЕКА ИМАМЕ ХИТ

 90 театарИБЕН НАГЕЛ РАСМУСЕН

92 книгаБОРЕЦ ЗА ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ

  94 календар

98 траги низ времетоТИВКИОТ МИЛИОНЕРИ НЕГОВИОТ ТЕСТАМЕНТ

100 патување домаПЕЛИСТЕР ЗА ПОЧЕТНИЦИ

112 панорама

111 маса за двајцаОРИЕНТ ЕКСПРЕС

114 ноќен живот

118 таротскоп

ИЗЛЕГУВА СЕКОЈ ПРВ ЧЕТВРТОК ВО МЕСЕЦОТ

44

50

76

104

МОМЕНТИ СО... Доц м-р Александар Ношпал, уред-

ник на мода, прави одличен вовед за својата прва колумна, чија поната-

мошна „задача“ ќе биде да ни ја от-крива разликата меѓу она што значи

100% свила и 100% полиестер!

брзинаКристијанИвановски

АЛФА РОМЕО И ЏУЛИЕТАКристијан Ивановски во

рубриката „Брзина“ ни ја претставува Алфа Ромео

„Џулиета“ и заклучува дека оваа убавица е мевлем за

очите и душата

ДА БЕ, ДАДејан Дуковски со своја-

та колумна „одговара“ на те мата на бројот сосема

индивидуалистички и ориги-нално: се цитира самиот се-

беси, од пред 15 години!

фитнесНаташаАнгелевска

СО ПАУЕР ПИЛАТЕС ДО УБАВО ОБЛИКУВАНО ТЕЛО

Наташа Ангелевска, инструкторка за фитнес и пилатес, ви ја претставува

програмата Пауер Пилатес на вежби за затегнување и обликување на

вашето тело

СЕРИОЗЕН ДЕЧКО, СЕРИОЗЕН БЕНД

Aлександар Гавровски разгова-раше со идејниот творец и лидер на „Беј Д’ Фиш“, Огнен Анастасов-

ски, за бендот, за македонската музика, за идните проекти...

здрава хранаГордана ДеанПоп-Христова

СЕЗОНСКА ИСХРАНА – ВРАЌАЊЕ КОН ПРИРОДАТА

Д-р Гордана Деан Поп-Христова пре-порачува сезонска исхрана: да го сле-

диме природниот ритам и да го кон-сумираме она што ни го нуди нашето

поднебје во овој дел од годината

ФОРМА И КОНТРАСТФоте Ѓамовски од студиото

Panache во овој број на LIFE мага-зин претставува две негови креа-

ции и објаснува која е тајната што прави кратката коса да делува со-

фистицирано и авангардно

68

81

89

Не постоисовршенство,

сe e животМилан

Кундера

Кир

е Га

левс

киo

Page 6: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

ас

та

ни

ГОЛЕМА РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА ЧЕМЕРСКИГолемата ретроспективна изложба на еден од најплод-ните македонски сликари Глигор Чемерски беше отворена по говорот на министерката за култура Елизабета Канчевскa Милеска и звуците на гитарата на маестралниот Влатко Стефановски. Даут-пашин амам и Чифте амам беа претесни за љубителите на уметнос-та и уметниците кои дојдоа да се запознаат со дел од педесетгодишното творештво на Чемерски. Две илјади квадратни метри беа премалку за да го соберат се она што овој уметник има да го прикаже. Со оваа изложба авторот бележи 50 години творештво, а се претставени повеќе од 250 слики, скици, студии, фотопринтови од не-говите мозаични изведби во Кочани и претседателската вила на Водно. Изложбата ќе трае два месеца, а ќе биде издадена и богата монографија.

Page 7: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

ас

та

ни

ГОЛЕМА ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД ГОГЕН„Тејт модерн“, Лондон, Велика Британија (30 септември 2010 – 16 јануари 2011)Големата есенска поставка на дела од францускиот импреси-онист Пол Гоген, која ја подготви лондонската галерија „Тејт модерн“, е прва голема изложба со делата на овој сликар во последниве 50-ина години. Поставката вклучува преку 100 дела од разни фази на сликарството на Гоген, од Европа па се до Тахити, кога се насликани и неговите најпознати дела од „зрелата фаза“, со живи бои и симплифицирани форми. Изложбата инкорпорира и повеќе значајни слики, потоа скулп-тури и цртежи, како и документарна секција која ја истражува комплексноста на животот на авторот и неговите влијанија во делата на други ликовни уметници.

ЏОЛИ СЕ ВСЕЛИ ВО НОВА ВИЛААнџелина Џоли успешно ја завршила првата недела од снимањето на филмот кој е нејзино режисерското деби и во медиумите веќе се појавија првите фотографии од куќата во која таа и децата се сместени во Будимпешта. Станува збор за вила вредна околу три милиони евра, во која деноноќно има и телохранители на познатата актерка. Анџелина за овој привремен дом издвојува 15 илјади евра месечно, а за тие пари на располагање има 2.800 квадратни метри и двор. Како што и барала, добила десет соби, затворен базен, вински подрум, гаража, сауна. Сета опрема и мебел во куќата биле проценети на повеќе од 50 илјади евра. Децата веќе тргнале на училиште во унгарската престолнина, а наскоро ќе им се придружи и Бред Пит.

МОДНА РЕВИЈА НА „АСТИБО“Гламурозен моден настан се случи во Сули ан. На модна ревија беа претставени колек-циите „Elegance“, „Catwoman“ и „Classic“ на

„Астибо“ преку кои македонската публика имаше можност да се информира за она што е тренд на светската модна сцена.

„Астибо“ е докажан македонски моден бренд наменет за жени со стил, полни со самодоверба и кои секогаш сакаат да изгледаат соодветно на приликата.

БИМИЛК ПЕКОРИНО - СИНЕРГИЈА НА ИТАЛИЈАНСКА ЕКСПЕРТИЗА И МАКЕДОНСКА ТРАДИЦИЈАВо пријатна атмосфера, збогатена со добра музика и прекрасна храна, битолската млекарница ИМБ ги промовираше новите двата типа пекори-но: пекорино тип за рендање и консумен тип. Станува збор за препознат-лив македонски производ кој со својот квалитет рамноправно може да се носи и со најпознатите светски сирења. Бимилк Пекорино е произве-дено од 100% квалитетно овчо млеко од контролирани и селектирани фарми. Претставува синергија на италијанска експертиза и македонска традиција, тип сирење со одличен квалитет. Името пекорино насекаде во светот е прифатено како тип тврдо италијанско сирење.

Page 8: LIFE бр. 48
Page 9: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

9

Одамна се спремам да пишувам колумна за Скопје. Блоговска, урбана,

смешна и тажна, цинична и автокритична, ама дефинитивно скопска колумна. Далеку од тоа дека не-блог ќе биде колумна само за Скопје, особено затоа што ја пишувам еден убав, свеж и сончев ден на мојата тераса со најубав поглед на Охридското Езеро, после еден исто толку прекрасен, дождлив и мирислив ден поминат во Слоештица кај Сергеј и Ирена. Како и да е, ова е скопска колумна од проста причина што е видена и почувству-вана низ очите на една скопјанка.

Во Слоештица велат дека си богат онолку колку што имаш сливи. За ракија. А во Скопје? Како мериш колку си богат? По тоа колку „пријатели“ имаш на „Фејсбук“?

Ја знаете приказната за царот кој оболел од чудна болест, болеста на незадоволството? Колку и да имал, што и да правел, царот бил болен од мака, просто се исушил. Дошле мудреците и лекарите, мудрувале што мудрувале, па го изнашле лекот. Царот треба да ја облече кошулата на најсреќниот човек на светот и ќе оздрави. Видел – не видел, испратил царот гласници низ царството да го бараат најсреќниот човек. Патувале тие надолж и нашироко, го измериле секое парченце од царството, но не нашле среќен човек. Секому по нешто му недостасувало, оти вирусот на незадоволството е подмолен и тежок. Враќајќи се назад, разочарани и уплашени, гласниците здогледале едно овчарче. Си лежело во тревата крај овците, си гледало во облачињата и си пеело од сe срце. Застанале овие, па го запрашале како живее, дали има пари, па среќен ли е? Овчарчето искрено си одговорило дека не е богат, ама не е ни сиромав, оти за јадење има, а цел ден си е на воздух и ужива. И да, тој за себе си мисли дека е најсреќниот човек на светот. Се израду-вале царевите луѓе! Само една молба имаме за тебе, момче. Да ни ја дадеш кошулата, со азно ќе ја платиме. Се свртело момчето зачудено и одговорило: добри луѓе, та јас немам кошула!

Ние скопјаните, за жал, одамна сме ги заборавиле убавите работи. Како да уживаш во она што е од Господ (или од Природа, што би рекол Спиноза, Барух де) дадено. Не се качуваме ни на Водно повеќе, поло-вина од нас Матка со очи не ја виделе (евентуално до „Мечкина дупка“ на кркање и назад), одиме в Охрид на одмор, а не знаеме каде е Вев-чани... Во Скопје мислам дека си богат онолку колку што имаш време! Време за шетање, време за молчење, време за децата, за љубената личност, за самотија... време за уживање. Време да отидеш до Охрид

и до Слоештица, да гo видиш Пелистер, или сите заштедени пари да ги дадеш за едно фантастично патување во Гондар, Етиопија. И токму затоа не-блог е и најскопска и не-скопска колумна, бидејќи Скопје не може да го „биде“ без сите други волшебни места.

Кога почнавме да го „преоблекуваме“ „LIFE“ и да му даваме нов живот, сфативме дека правецот во кој треба да го „подна-сочиме“ за да биде токму она што сакаме е многу едноставен: „LIFE“ треба да биде ма-газин за животот во сите негови аспекти. Да дава друга перспектива на работите, лично-стите и настаните – онаа интимната, скрие-ната страна. Да ги става во фокус работите кои ни значат, а можеби веќе сме ги подза-

боравиле или не ги забележуваме. Во тој процес на исцртување, до-цртување и дошминкување на магазинот, решивме дека секој број на

„LIFE“ ќе обработува една тема. Темата, според нас - овој прекрасен, откачен, посебен тим неверојатни индивидуалци: пишувачи, фото-графи, дизајнери – требаше да биде (филозофски и духовно, пред сe) суштинска за секого. И токму темата треба да е најтесно поврзана со она што го викаме „животен стил“ – во вистинската, есенцијална-та, целосната смисла на зборот. Животен стил не е облека, шминка, храна или предмет. Не е „здрав“ или „нездрав“ живот, „водење љу-бов“ или „секс“, „Хард кор“ или „Емо“. Животен стил е филозофија на живеење, став, печат, тетоважа која не се брише. Тоа е она што нe де-финира како индивидуи, што нe прави она што сме.

Индивидуалноста е темата на овој број. Премногу користена, филозофска, веќе видена? Без разлика, таа нe дефинира нас. Ги дефинира и луѓето за кои ние пишуваме: уметници, дизајнери, тату-артисти, политичари, писатели, музичари, спортисти, поети... Го дефинира, впрочем, и не-блог...

Уште два-три збора за не-блог, прв и последен пат. Не-блог ќе ди-ше со белите дробови на „моето“ Скопје. Ќе ги мириса октомвриски-те жолти лисја, дождот, ѓубрето од преполните, заборавени контеј-нери, мемливите подруми на старите згради на „Илинденска“ (нека ги има што подолго)... Ќе си к’снува чкембе чорба со лукче во „Чамо“, полнети пиперки во „Гурманче“ на „Водњанска“, домашна ракија и наливно винце... Ќе сака палачинки, ќе сака природа, тесни стари улички, скришни места, јаболка и сливи од водњанските дворови... Ќе слуша „моја“ музика, вистински поп, како оној на Беј Д’ Фиш, или вистински рап како оној на Легијата. Ќе сака добри луѓе и ќе мрази политика. Не-блог ќе го сака животот таков каков што е, убав, тажен, прекрасен... со или без кошула!

КОШУЛАТАНА СРЕЌНИОТ

ЧОВЕК Билјана Црвенковска¢

не

ло

г

Page 10: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

10

Page 11: LIFE бр. 48

ПОИН

АКВ

АТА

РЕА

ЛНОСТ

НА

ГУМ

НОТО

СЕРГ

ЕJЈ АНД

РЕЕВ

СКИ,

ПОРТ

РЕТ

НА

УМЕТ

НИК

ОТ

Page 12: LIFE бр. 48

Сликарот Сергеј Андреев-ски веќе шест години се

вложува себеси и своето умет-ничко искуство во развивање-то на Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт поинт – Гумно“ во село Слоеш-тица, Демир Хисар. Авторот, кој во своето 25-годишно ликовно творештво се претстави на по-веќе од 400 групни и шеесетина самостојни изложби, повеќе од триесет пати беше во Америка, а патувањата и изложбите низ Европа речиси престана да ги брои, сега повторно го открива мирот и спокојството на прос-торот во кој го помина своето детство. И не само тоа, туку во Слоештица е вреден и искрен домаќин кој за шест години им понуди гостопримство на двае-сетина уметници од Германија, Шкотска, САД, Данска, Мекси-ко, Франција. Уметничката точ-ка „Гумно“ досега ги поттикна креативните потенцијали на Гејл Тастин од САД и Лоне Сиберг од Данска, на Кристијан Ротман од Берлин и британскиот уметник Леон Пачет, на американскиот уметник Дик Робертс, кој веќе е вљубен во Македонија, на брук-линските уметници Ерика Харис и Сет Ладман. Годинава на прес-тој во Слоештица дојдоа уметни-ците Елизабет Рос од Мексико и Пауло Гајад од Бразил, чии тво-рештва ја отсликуваат уметноста на Латинска Америка. Креатив-

ниот печат на сите уметници остава свои траги во галерија-та на „Арт поинт – Гумно“, но и по стрмните селски улички, низ падините на планината, во длабочината на Бела Река и по должината на мостот кој не води никаде, а е средиште на манифестацијата „Славење на пирејот“, посветена на вели-канот на пишаниот збор, Петре М. Андреевски. Поттикнати од неговите приказни, објавени во многубројните збирки раскази, со намера да ја допреме духов-ната димензија на просторот во Слоештица, едновремено и да ја почувствуваме енергија-та која им дава полет за умет-ничка креација на автори од целиот свет, го посетивме „Арт поинт – Гумно“. Низ разговор со Сергеј Андреевски се обидо-вме да разоткриеме барем еден мал дел од магијата на времето и просторот во Слоештица.

Кога сум во Слоештица пронаоѓам друга убавина на животот

Тони Димков¢Кире Галевскиo

Page 13: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

13lif

eп

ор

тр

ет

На кој начин се прави изборот на уметниците кои доаѓаат на престој во „Арт поинт - Гумно“, во Слоештица?Многу патувам и обично сакам да видам како уметниците работат и сакам нивното творештво да го видам лично, а не само преку Интернет, бидејќи мониторот често дава лажна слика, а на Интернет може да се претстават и лажни вредности. Бидејќи соработувам со многу уметнички институции од Европа и од САД, истите со посредство на нивни комисии прават избор и испраќаат уметници на престој во Слоештица. Тие институции гарантираат дека уметниците што ги испраќаат се креативни, оригинални и посебни. Ние држиме до тоа уметниците да се посебни во секоја смисла, и како луѓе и како творци.

Кој е уметничкиот концепт на „Арт поинт - Гумно“?„Арт поинт – Гумно“ не е класична ликовна колонија, туку сосема по-инаку е конципирано. Всушност, станува збор за уметници на рези-денција, која можеби е единстве-на од таков вид на Балканот. Тука уметниците престојуваат долго време, не само десетина дена, како што тоа е случај со ликовните колонии. Во Слоештица уметни-ците можат да престојуваат и повеќе од два месеца. Им дозволуваме да седат и да работат колку што сакаат, односно да имаат доволно време да се изразат себеси, да се запознаат со нашата средина, со нашиот начин на живот и тоа да ги испровоцира да направат нешто што во своето творештво не би го направиле во сликарско ателје дома.

Што уметничкиот центар „Арт поинт – Гумно“ им нуди на уметниците?Како прво, им нуди сместување, потоа се-когаш се обидуваме да им ја понудиме нај-добрата македонска храна. Иако правиме и интернационални рецепти, сепак, во завис-ност од уметниците и нивните желби, под-готвуваме храна со локални производи од Демирхисарскиот крај. Со месо, млеко, си-рење, им правиме локални специјалитети. Ги запознаваме со околината, организира-ме посета на Крушево, Битола, Охрид, посета на манастирот во Слепче. Стана вообичаена практика да ги однесеме уметниците на овие места и да им ја отвориме вистинската душа на Македонија. Во Скопје има убава, градска енергија, но мислам дека тоа не е суштината на Македонецот. Затоа го формиравме цен-тарот во Слоештица, во Демир Хисар, бидејќи

уметниците тука можат да видат како луѓето работат, како се хранат, како го обработу-ваат полето, какви се односите меѓу луѓето. Додека уметниците шетаат низ селото, села-ните ги канат кај себе на гости. На тој начин уметниците се запознаваат со нашето гос-топримство, ја допираат земјата, ги гледаат растенијата. Тука имаме и мала бавча каде што самите ги собираат плодовите. Доаѓа-ат и луѓе кои живеат во големи градови и никогаш не виделе или не допреле домаш-но животно, кои тука ги има насекаде околу нас. Тие моменти секогаш прават уметникот да се чувствува поинаку. Кога од Бруклин, од Њујорк, уметникот Сет Ладман дојде во Слоештица, секое утро самиот сакаше да им помага на фармерите во селото околу грижа-та за домашните животни и толку се зближи со едно теле што откако Ладман си замина, фармерот ми кажа дека телето си го бара-ло својот уметник. Хранејќи ги животните, уметниците навистина можат да почувству-

ваат како е да се живее на село и како функ-ционираат тие едноставни релации меѓу луѓето и домашните животни.

Тоа се реалните, но кои се метафизички-те придобивки за уметниците кои се од-лучиле да дојдат во Слоештица?Понекогаш мислам дека Македонија е како Шкотска. Овде луѓето им раскажуваат разни приказни на уметниците, како приказните за вампирите, за духовите, но во селото доаѓаат и вистински мечки и волци. Тоа е реалноста на амбиентот, тоа не се само приказни. Сите возбуди кои ќе ги доживеат тука, сигурно нема да им се случат ако ги однесете во Охрид и ги сместите во хотел, каде што се средено. Тука е поинаку. Исто и кучињата се дел од овој простор, секојднев-но се со уметниците, играат, ги допираат. Во принцип, сите уметници сакаат животни. Активна е соработката и со двојката Јелена и Владе Цветановски, кои на Бела Река во селото изградија театарска сцена. Често ги носиме уметниците таму и чудно им е што е направена сцена на мост кој не води никаде. Сите тие работи за нив носат возбуда.

Лично, на што ви асоцира Слоештица?Роден сум во Скопје, но секое лето доаѓав тука и детството го поминував со дедо ми Мито и баба ми Менка, од кои ги научив основните на-чела во животот, кои ако не ги научев од нив, сега немаше да бидам тоа што сум. Тоа се оние суштински работи што секој човек ги осознава уште додека е многу мал. Со дедо ми речиси секој ден одевме во планината. Таму бев заед-но со птиците, со целата безгрижност и со сите негови мудрувања. Со талентот што го имаше татко ми го раскажуваше тоа што целиот жи-вот го зборуваше дедо ми. Голем дел од при-казните што ги објави татко ми, му ги раскажа дедо ми. Сите тие мудрости, сите тие приказни, бидејќи дедо ми исто беше раскажувач и мно-гу се интересираше за историјата на Македо-нија, ни ги дадоа насоките како да го направи-ме концептот на уметничкото гумно.

Практично, како започна целата работа?Всушност, станува збор за семеен центар во кој сите се вклучени во работата, и сопругата Ирена и синот Меглен и ќерката Воскресија. Сите се дел од работата и од просторот, и духовно и физички. Кога го формиравме центарот, со сопругата разговаравме за тоа дека дедо ми се што почнуваше, го почнуваше од гумното. Денот го почнуваше и го завршуваше на гумното. Всушност, Македонецот порано најголем дел од денот го поминувал со работа на гумното. Затоа во насловот на центарот е вметнато гумното, бидејќи сега гумното го претворивме во една поинаква реалност во смисла на креирање на уметноста и живеење со уметноста.

Нема граници во уметноста и секогаш има врска меѓу новиот технолошки развој и она што е наречено вештина на создавањето

Page 14: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

14

Притоа ние сакавме нашето гумно да дочекува гости од светот. Има многу ликовни колонии и работилници каде се присутни македонските уметници, но помисливме дека ќе биде добро нашиот центар да биде интернационален, и покрај убавините на селото, странските уметници преку менталитетот на луѓето што живеат во Слоештица да ги запознаваме и со менталитетот на Македонецот. Не знам дали тоа може да се почувствува во Скопје така како што се чувствува тука. Во Слоештица поинаку се живее. Тука времето понекогаш едноставно – стои. Во такви услови е полесно да се ѕирне во душата на луѓето што живеат на овој простор. Спокојот на пределот овозможува полесно да се открие и сопствената душа. Кога ќе погледнеш внатре во себе, тогаш е дадена можноста и во сопствените творби да создадеш нешто друго, нешто што дотогаш не си знаел дека постои во тебе. Тоа беше суштината на создавањето на центарот за уметност

„Арт поинт – Гумно“.

Колку центарот ви помага да го создавате сопственото творештво?Сето ова што го правам во уметнич-киот центар е независно од моето творештво, дури и многу малку работам како сликар во периодите додека имаме гости на Гумното, бидејќи тогаш сум вистински домаќин и организирам се што треба за ним да им биде удобно, да им биде достапно се што им треба и да можат без проблем да креираат. Секако, кога немаме гости на резиденција, тогаш доаѓам сам, сликам и работам на моето творештво.

Во која творечка фаза сега се наоѓа сликарот Сергеј Андреевски?Лично, кога ќе се вратам назад, мис-лам дека најкреативните моменти во мојот живот беа кога имав три-есетина години, само што тогаш не бев сигурен дека тоа што го правам е тоа што навистина треба. Сега сум сигурен, сега знам што правам, сега сум поискусен, доволен ми е еден потег за да излезе нова слика. Не случајно велат дека зрелоста чес-то е пресудна за оформувањето на делото. На пример, кога креирам слика, сега ми треба многу пократко време отколку порано. Со сегашно-то искуство до резултатот стигну-вам за многу пократко време. Тоа е резултат на искуството.

Додека ги правевме фотографиите за ова интервју, успеавте да илу-стрирате една стара куќа со нови цртежи по ѕидовите!? Како се добива инспирацијата за брзи цртежи?Богатството на светот што го има во еден уметник – тоа го нарекуваме та-лент. Во последно време некои велат дека талентот не е важен, бидејќи со новите медии доволно е уметни-ците да имаат идеи, а потоа други ќе им ги реализираат. Нема потреба уметникот лично да го создава дело-то. Постојат цели студија кои изве-дуваат уметнички проекти. Меѓутоа се уште верувам дека има разлика и точно чувствувам кои луѓе имаат та-лент. Нормално, талентот се надгра-дува. Тука е и упорноста во животот. Треба да се биде упорен. Ако се веру-ва во нешто, треба да се биде упорен. Еднаш го сретнав Унковски во Ме-трополитен во Њујорк, и тогаш тој ми рече дека во Њујорк успеваат са-мо најупорните. Има многу вистина во тоа бидејќи знам многу помалку талентирани луѓе кои успеале затоа што биле упорни. Од друга страна, знам многу големи таленти кои не се упорни. Затоа е важна упорноста, особено денес, кога има помалку ква-литет, но има голема конкуренција меѓу уметниците.

Тоа што фасцинира во вашето творештво е ритамот на работа. Често сте учествувале на различ-ни ликовни перформанси и хе-пенинзи каде што целата работа била базирана на ритамот. Каков е тој ритам?Ритамот е многу важен за мене. Прв пат со музика почнав да сликам некаде по завршувањето на академијата, што значи многу одамна. Тоа беше првиот јавен настап каде што сликав со музика и на една од манекенките интервенирав врз нејзината бела кошула ставајќи неколку бои. Тоа беа првите моменти кога почнав во живо да сликам пред публика. Потоа тоа го направив во Јапонија, во Шкотска и на разни други места. Меѓутоа, едновремено забележав дека емотивниот дел од перформансот кога сликам во живо нема врска со сликата. Тоа е чин сам за себе. Тоа е самиот перформанс. А како го доживуваат луѓето? Кога ја слушам музиката која има свој ритам, особено во Шкотска, каде што сликав со музика во афро-ритам и со тапани кои држат тензија, забележав интересна работа. Истото многупати

life

по

рт

ре

т

Page 15: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

15

сум го правел со групата „Мајовци“. Тие се велемајстори бидејќи имаат ритам, ама има и аритмија во нивната музика. Но, има еден ритам што тече цело време и тоа што е интересно додека ги слушам, тие прават целиот да сум како во бунило, како во транс. Некогаш кога сликам со нивната му-зика, отпосле гледам што се случило. За време на сликањето со нивниот ритам дури не ни гледам што се случува со сликата. Тоа е убавината на трансот во сликањето со музика. Трансот ми го дава мојот ритам и кога го слушам нивниот ритам се појавува внатрешен ритам што го слушам додека сликам. Врската е кога двата ритма, музичкиот и внатрешниот, ќе се спојат на сликата.

Уметноста веќе го следи брзиот технолошки развој и не можеме да предвидиме каква ќе биде нејзината иднина. Колку технологијата оди во прилог на вашата уметност или можеби брзиот развој на технологијата повеќе и пречи на уметноста?Мислам дека е добро технологијата да се развива. Не ми пречи развојот на технологијата. На пример, компјуте-рите сега самите прават музика, но вистинските вредности на музиката се содржани во класичната музика. Никогаш не сум бил тврдокорен да се држам само до една техника, или до еден вид сликарство. Кога бев на колонија во Египет, сите работеа со камери, и со нови медиуми. Тогаш се сетив дека можам со батерија да сликам во воздухот, а еден фотограф ги сликаше моите потези на небото. Нема граници во уметноста и секогаш има врска меѓу новиот технолошки развој и она што е наречено вештина на создавањето. И секогаш има нови резултати. Само што ќе помислам дека сум ги потрошил сите мои идеи, пак ќе се појави нешто ново. Иако, во светски рамки, има помалку квалитет од претходно. Има премногу уметни-ци кои премногу експериментираат, а многу помалку навлегуваат во длабочината на уметничкиот чин и на уметничкото дело. За разлика од порано кога имаше уметници кои беа многу подлабоки.

Значи во денешната уметност не-достига влез во длабочината на уметноста и на самите себе?Мислам дека порано нашите умет-ници повеќе комуницираа со светот. Сега некако компјутерот е доволен за информација. Тука е мојот проблем со компјутерите. Компјутерите имаат една информација, но суштината е друга. Можеш на Интернет да видиш како изгледа Сахара, но ако отидеш во Сахара и го допреш песокот, тогаш ќе почувствуваш нешто сосема друго. Тоа се два света: на реалноста и на лажната реалност, или како што некои ја нарекуваат, виртуелната реалност, која е многу возбудлива и многу е заводлива, но, сепак, не е реална. Реалноста е во овие камења, кои треба да ги допреш, да видиш и да почувствуваш колку се студени. Убаво изгледаат на компјутерскиот монитор, но, за жал, не се реални се додека не ги допреш со раката.Тука малку сум носталгичен, бидејќи сметам дека светот оди во еден правец што луѓето веќе се толку отуѓени што им е доволна таа виртуелна реалност. И ми пречи што се задоволуваат со тоа. Сепак, ние сме луѓе, едно се емоциите, а друго се допирите, едно е да зборуваш со некого на телефон, а сосема друго е да му испратиш имејл. Разликата е во емоциите. Иако компјутерот е прекрасна работа за брза комуникација со светот, сепак, недостигаат емоции во таквиот вид комуникација.

Дали тоа значи дека вистинската реалност ја пронаоѓате во Слоештица?Слоештица е друга, за мене, малку бајковита реалност. Кога гледам во зеленилото на околината, во врво-вите на планината, го чувствувам мирот и спокојството на Слоештица. Летово со син ми Мег лен се качивме на врвот од планината. Кога ќе се искачи горе, човек се чувствува како птица. Тука има и многу орли кои крикаат. Тоа е многу убав звук. Тоа е звукот на слободата, а без слобода не може да се биде уметник. Ако се нема внатрешна слобода, не верувам дека може да се креира. ¿

Сето тоа што сум го направил досега ме формирало како личност, како човек, како уметник

life

по

рт

ре

т

ВО С

УШТИ

НА

, ЧОВ

ЕК Ц

ЕЛ Ж

ИВО

Т СО

СЕБ

Е Н

ОСИ

СОД

РЖИ

НА

ШТО

ЦЕЛ

ИОТ

ЖИ

ВОТ

ЈА Н

АД

ОПОЛ

НУВ

А

Page 16: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

16о

д д

руг

а п

ерсп

ек

тив

а

ГОРДА СУМ НА МОИТЕ

ЧЕДА

ФЛОРА КАДРИУ

Верувам дека мал дел од јавноста знае дека вие, всушност, сте актерка. Како еден уметник се најде во светот на политиката. Зошто не продолживте со актерството, туку преминавте во политиката? По професија сум актер, припаѓам токму на културната димензија. Кај нас поголема популарност и значење имаат политичката сцена и политичките актери отколку драмските актери и драмско-сценска-та дејност. Што се однесува до поврзаноста помеѓу културата и политиката, да, поврзаноста е многу голема, затоа што и во политиката и во театарот дејствието се одви-ва на сцена. Разликата е во тоа што, во театарот пос-тои една сцена, а во политиката дејствието се одвива на повеќе сцени. Самите политички актери, како и драмските актери се носители на процесите и ги иг-раат своите ролји според потребите на политичкиот субјект, како и според потребите на граѓаните. Но, како се најдов во политиката... Со политика почнав некаде во 2003 година, незадоволна од сето она што се случуваше во сферата на културата што се однесува

Катарина Стојанова¢Ивана Кузмановскаo

семејна архиваo

Page 17: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

17о

д д

руг

а п

ерсп

ек

тив

а

на Албан ците во Република Македо-нија. Во тој период Албанците имаа само една културна институција од државен карактер на ниво на целата држава - Албанскиот театар. Имаше мал број институции кои би биле над-лежни за различни дејности од сфера-та на културата. Сметав дека постои потреба за подобрување на условите и можностите за креирање, развивање и презентирање на културните вред-ности и добра на албанската култура во Македонија. Тоа беа причините поради кои одлучив да навлезам во поли-тичкиот живот, иако сметам дека во државните институции не треба да има политизација. Во минатото, проектите од сферата на културата биле оние кои што алармирале за ситуацијата во самото општество, ги исмејувале владините конјуктури и ја буделе и потсвеста кај граѓаните. Доколку имате политизација, таквите проекти не можат да се реализираат и да бидат достапни до јавноста.

Од какво семејство потекнувате, во какво семејство живеете сега? Какво семејство градите? Кои се вашите размислувања за релациите во него?Потекнувам од интелектуално се-мејство. Мојот прадедо бил пратеник во првиот состав на Парламентот во Албанија. Тој е избран од регионот на Тирана, каде што во тоа време главен град бил Драч, и тоа некаде околу 1930 година, заедно со Ахмед Зогу и други познати личности од албанската исто-рија. Можеби оттаму ми е генот за за-нимавање со политика, не знам, затоа и го споменувам овој момент. Мојот дедо

е Мехмед Вокши. Дипломирал ал-бански и италијански јазик на Уни-верзитетот во Рим и е еден од пр-вите професори по албански јазик кој бил повикан да биде професор во Тирана. Татко ми во поранешна

Југославија беше генерален директор на „Макоплод“, фирма основана во Ско-пје, со огромен број претставништва низ поранешна Југославија. Интерес-но за него е дека имаше вработено не-каде повеќе од 600 работници, луѓе на коишто во најтешките моменти во ко-мунизмот им беше забрането вработу-вање поради политички причини. По-чина млад и јас останав без татко на 14 години. Мајка ми, пак, е една од ос-новоположниците на албанскиот теа-тар. Актерка која од 60-тите години ак-тивно се занимаваше со оваа дејност. Горда сум на моите родители, на моите предци. Свесна сум дека не треба да се

Досега никогаш не сум говорела за моите родители, дедо и прадедо. Сум сметала дека секоја личност треба самата да се докаже, но денес е дојдено времето кога слободно можам да говорам за нив и за нивните успеси

ФЛОРА КАДРИУ СО НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА

ФЛОРА КАДРИУ СО СИНОТ

Page 18: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

18о

д д

руг

а п

ерсп

ек

тив

а

повикуваме на успесите што ги постигнале нашите предци и досега никогаш не сум говорела за тоа кои се моите родители, дедо и прадедедо. Сум сметала дека секоја личност треба сама-та да се залага за да се докаже во професијата, во околината и во општеството. Но, денес е дојдено времето кога слободно да можам да говорам за нив и за нивните успеси. Што се однесува до моето семејство, мајка сум на две деца, ќерка и син, и горда сум на моите чеда. Ќерка ми има 26 години, синот има 18 години и јас сум многу горда што успеав да ги воспитам, а можеби и што Господ ми даде такви чеда кои се стабилни личности и не создаваат проблеми. Се трудам релациите и односите во семејството да се базираат на меѓусебна почит и блискост.Мојот сопруг е вработен во Албанскиот театар и е човек од сферата на културата. Сметам дека без негова поддршка не би можела да го постигнам тоа што го постигнувам во поли-тиката. Во семејството постои љубов, разбирање и подготве-ност за помагање во добро и во лошо. Многу е важно да направиме некое добро дело по што ќе бидеме запаметени засекогаш, затоа што големите луѓе не умираат никогаш. Она што останува по нас е доброто однесу-вање и правење добро на другите. Секогаш сум подготвена да им помогнам на другите и тоа ме прави среќна.

Што најмногу сакате да работите и каде го наоѓате мирот и спокојството? Колку често имате потреба да отпатувате некаде? Мирот и спокојството го наоѓам во семејството, дома. Но, исто така, ги наоѓам и во друштвото на моите најблиски, во друштво на мојата сестра, со моите внуци и пријателите. Најчесто не е важно каде сте, ту-ку со кого сте. Имало моменти кога сум била премногу уморна и кога сум почувствува-ла потреба за опуштање. Имало моменти

кога сум си рекла дека сакам да заминам некаде и да бидам со-сем сама. А свесна сум дека не можам и дека, всушност, не са-кам! Не сум човек кој сака самотија. Постојано ми е потребно друштво и сакам да комуницирам со луѓе.

Заврши Рамазанскиот пост и празникот Бајрам. Колку верските празници ве исполнуваат и ви причинуваат задоволство, а колку чувствувате притисок во тие денови, особено кога станува збор за одредени обичаи? Задоволство е кога ја гледате трпезата богата, кога околу неа се собираат блиските луѓе. Самите Рамазански пости и самиот ме-сец претставува задоволство. Според Куранот, тоа е свет месец и значи да бидете посмирени, добронамерни, подготвени за то-леранција, подготвени со насмевка да ги дочекувате сите. Да им помагате на луѓето кои не се во добра финансиска состојба и од тој аспект сметам дека празникот има една хумана димен-зија - целиот тој месец, како свет месец за нас муслиманите. Традицијата околу одредени празници мислам дека веќе од ден на ден се губи. Современиот живот и прифаќање на другите култури, особено западната, модернизацијата на општеството придонесува да се променат и обичаите кај сите народи.

Мора да се забележи дека навистина се грижите за вашиот изглед......Не сакам да оставам впечаток дека не се грижам за својот изглед. Самодовербата е многу важна, а кај жените

таа може да се изгради и преку изгледот. Секоја жена треба да се грижи за себе, бидејќи доколку вие се чувствувате добро, тогаш и другите ќе ве гледаат така и повеќе ќе ве почитуваат.

Многу е важно да направиме некое добро дело по што ќе бидеме запаметени засекогаш, затоа што големите луѓе не умираат никогаш

ФЛОРА КАДРИУ СО СОПРУГОТ

Page 19: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

19

За време на студиите, мојот професор Горан Стефановски ни зададе инте-

ресна ментална вежба. Да водиме еден вид дневник на креда. Поентата беше, се-кој ден во неколку реченици да запишеш едно кредо, еден, да кажеме, животен став. По еден месец, запишувајќи и на-таму, да почнеш да ги читаш кредата од претходниот месец. Да ги провериш ста-вовите. Да видиш дали и натаму веруваш во истите. Моите ставови овде се од мојот ментален дневник пред петнаесет години. Ова се исечоци од едно интервју, допис-ка за „Маргина“ со Abbe Buzzoni. Ни сам не знам дали денес би ги запишал истите ставови... Како и да е... Можеби е само чиста мрза во прашање, ама надолу се ци-тирам дваесет и петгодишниот себе:

„Успех е да можеш да го работиш тоа што го сакаш. А и што значи да бидеш успешен на еден простор помал од едно предградие на Москва? Евентуално, директна комуникација со Господ? Таму сме, кај што сме. Така е, како што е. Или си дел од колективната параноја или си параноично неколективен. Живеам на моите пар квадратни метри. Имам добар компјутер и пазарот не ми е далеку. Немам потреба за некакви посебни признаници за успех. Немам потреба нешто некому да му докажувам. Немам потреба од самозаљубеност. Немам потреба од биење битки во некои си квази духовни гладијаторски арени и терање вистина преку трупови. Барем, не свесна потреба. Пар луѓе кои јас ги сакам, постојат за мене, се надевам дека постојам и јас за нив. Се другото е лук и вода“.

„Не мислам да ја трошам младоста на уринирање во ветер. Се прс-каш... Едноставно, не ме интересира овој тон на утопување во сивило-во... Од каде толкава симптоматична потреба за бавење со колектив-ните паранои...“

„Уринирањето во ветер им го оставам на тие што имаат време. Се согласувам дека мора да постои една ’критична маса‘ луѓе кои ќе постават ниво. Систем на вредности. Меѓутоа само во позитивна смисла. Во смисла на креативност. Сe друго е искомплексирана злонамерност. Фамозната збирштина на негативна енергија под разни општи заменки како ’тие‘ или ’некои‘ се главните генератори на кризиве... Кои се тие ’некои‘? Направиле нешто да биде подобро? Или постојат како непостоечки аморфни маси на локално ’надркано‘ дејствување на кружокот на импотентни крвопијци со привремен наслов ’некои‘. Сe е тоа иста магија. Ист круг. Е, тој

круг не ме интересира. Па доста е од интелектуални мастурбации. Ако ништо друго, немам време. Едно уринирање можеби е еквивалент на пола општење, ама две уринирања не се еквивалент на едно општење... Лесно е да кажеме што не чини, туку ајде да направиме како чини. Жалосно е ако луѓе со позитивна енергија решат да се бават со самоуринирање. Нема да имаат време да бидат креативни, нешто да создадат. Башка, прскаат и од страна. Критичкиот однос и став, апсолутно ќе се види во она што го работат“.

„Чир на стомак е често заболување овде. Сите имаат чиреви. Многу длабок и долгорочен медицински проблем. Проблемот и хаосот во македонската култура не може да се реши со глобални концепти, концесии или консолидации. Сигурно може да се реши со добри филмови, претстави итн... Не може да се реши колективно. Ќе го решат, евентуално, разни индивидуалци. То ест, на операциона маса“.

„Ако не би бил во состојба да се почув ствувам како гад, би можел константно, бесчувствително и несвесно да бидам гад. Доколку не би било така, не би имало ни проблем. Нашата волја, нашето однесување и дејствување е секогаш одредено со извесен контекст. Со некои други. Обично, дежурни

гадови. Ако е контекстот лош, ако успееш да го лоцираш како таков, бегај. Кој успева да се извлече, успева. Ако не... Ќориот го водел слепиот. Човек што секогаш е во право, што не е способен, што не е доволно чувствителен да може да се почувствува повремено како гад, дефинитивно е гад“.

„Важен е ставот, позата кон она што го... примаш. Секое ново силно влијание е и еден вид духовно силување. А, твојот личен печат мора да стане неминовен. Многу стрип-цртачи цртаат како Мебиус, ама Мебиус е еден. Мораш да го апсолвираш. Да замислиме сликар што после Малевич, слика бели платна. Едноставно, никој денес не смее да си дозволи да измислува топла вода покрај бојлер. Се разбира освен ако не го прави свесно и намерно. Во нашиов век има повеќе уметнички правци и теории, отколку во сите векови заедно. Баш поради брзината на времево и количината на информации, секое право уметничко дело, во кое се гледа апсолвираност на искуства, е субверзивно. Ако не друго, барем во однос на самото себе. Во оваа смисла фразата ’институции на ситемот‘ е депласирана. Одамна отидоа химените...“

life

тем

а

Дејан Дуковски¢

ДА БЕ, ДА

Документ „Зеро“

Page 20: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

20lif

ок

ус

НАЈВАЖНО Е ДА ЖИВЕЕ

НЕГОВАТА МУЗИКА

ТРИ ГОДИНИ ПО СМРТТА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ,

МУЗИЧКИ НАГРАДИ И УЛИЦИ ГО НОСАТ

НЕГОВОТО ИМЕ, СЕ ПРАВАТ СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈА

ВО НЕГОВА ЧЕСТ, СЕ ФОТОГРАФИРААТ

И ПОЗИРААТ КАКО КОМПЕНЗАЦИЈА

ЗА ОДРЕДЕНА ДОНАЦИЈА ИЛИ ПОМОШ.

ВО ХРВАТСКА СЕ ПРАВИ СПОТ ЗА „НАСЛОНИ ГЛАВУ“,

ВО СТРАНСТВО СЕ ОБРАБОТУВААТ

ЧЕТИРИ ПЕСНИ, А ИМА МАТЕРИЈАЛ

ЗА УШТЕ ЕДЕН АЛБУМ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК.

ДАЛИ ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ТОШЕ СЕ ЧУВААТ

НА ВИСТИНСКИ НАЧИН И ДАЛИ ЗА ОВИЕ ТРИ ГОДИНИ

РАБОТИТЕ МОЖЕА ДА СЕ ПРИДВИЖАТ

ВО ПОИНАКОВ ПРАВЕЦ?

Силвана Жежова¢Андон Давчев

Филип Поповски

oo

Page 21: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

21lif

ок

ус

На 16 октомври се навршуваат три

години од смртта на македонската поп-икона Тоше Проески. За семејството - непребол, за музичката сцена - непроценлива загуба. Спомен-обележјето во форма на музичкиот инструмент лира која го означува почетокот на улицата „Тодор Проески“ во центарот на градот, спомен-куќата на Гумење и манастирот „Св. Пре-ображение“ се места во Крушево посветени на ликот и делото на балканската музичка ѕвезда. Сепак, по две години незапаметена посетеност на градот, организирани посети со автобуси и ужалени обожаватели кои оддаваа почит на неговиот гроб, интересот спласна. Помина хистеријата со која народот беше зафатен по неговата смрт, а остана само непреболот на најблиските. Неговите родители се уште двапати дневно го посетуваат неговото вечно почивалиште и ги палат кандилата во манастирот. Крушевчани, пак, времето го сметаат пред и по Тоше. И на балканската музичка поп-сцена повеќе ништо не е исто. Не-ма пејач кој може да предизвика емоции кај публиката како што нему му успеваше кога пееше на сцена. Продукцијата остана си-ромашна за квалитетна поп-музика. По неговото ненадејно и прерано заминување, најважно беше да живее она за што и са-миот живееше - музиката. Оваа мисија се исполни преку изда-вањето на албумите „The Hardest Thing“, „Још увијек сањам да смо заједно“, спотовите, двата големи концерти. Неговите пес-ни во Хрватска се уште се на врвот на музичките топ-листи, а во Македонија се чувствува неговото отсуство во етерот. „Фанови-те“ се едногласни во констатацијата дека музиката на Проески се повеќе недостасува во медиумите. Веројатно и не му е местото меѓу целиот невкус што се емитува во етерот. Од него има уште многу неиздадени песни кои публиката треба да ги слушне.

ВИСТИНИ И ЛАГИМеѓународната фондација „Тоше Проески“, основана во ја-нуари 2008 годинa, е формирана со цел чување на споменот на благородниот лик и дело на Тоше Проески, но и продол-

жување на неговата дејност на полето на музиката и хуманоста. На почетокот од осно-вањето, во првите две години до неа стигну-ваа безброј предлози поврзани со актив-ностите посветени на Проески, но во послед-ната година интере-сот е стивнат. Според зборовите на Славен Ристески, зет на То-ше, Фондацијата сла-бо стои и финансиски. Сите приливи најмно-гу ги употребувале за хуманитарни цели, а помагале и во органи-зацијата на концерти-те. За сите иницијативи одлучува семејството, но и најблискиот тим соработници од Србија

и од Хрватска. Многу работи се направени без нивна дозвола, а против пиратеријата и нелегалнaта продажба на книги и ал-буми за сликички се борат преку „Сити рекордс“ и „Пинк“ во Србија и „Хит рекордс“ во Хрватска. До сега не е поднесена ниту една тужба за злоупотреба.

„Иако долги години бев инволвиран во кариерата на Тоше, сепак не можам сам да одлучувам за работи поврзани со про-должувањето на музичкиот дел од приказната. За да не згре-ши семејството, се консултираме со Љиљана Петровиќ, Миро Буљан и Мирослав Рус. Се плашам од кич, кочевме колку може-ме работите да не излезат од контрола и мислам дека некои ра-боти можеа да се направат подобро. Многу луѓе, меѓу кои и се-мејството, згрешивме бидејќи првите две години бевме во шок па донесувавме непромислени одлуки. Подоцна ќе речевме дека можело и поинаку да се направи. Фондацијата нема пари и тешко работиме бидејќи сите донации се за манастирот. Пома-гаме на луѓе, на институции, школуваме музички таленти. За да се направи концерт има трошоци, а, за жал, за последниот и не-маше толку спонзорства, се помала е заинтересираноста. Пред-лозите за одредени активности поврзани за неговиот лик и де-ло пристигаа првите две години од несреќата, сега е стивнато. Многу малку песни се пуштаат по медиумите и од тој однос сум крајно разочаран. Хонорарите за изведените песни во Хрватска се на сметката на хрватското Здружение за заштита на правата на изведувачите (ХУЗИП), но парите се уште не се исплатени па ќе видиме што може да се направи“, вели Славен Ристески, кој

Page 22: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

22

е единствениот претставник од семејството кој зборува за Тоше и сите активности поврзани за неговиот лик и дело. Револтиран е од некоректниот однос на одредени медиуми кои пишувајќи невистини за пејачот сакаат да дојдат до поголеми тиражи. При-казната во српски „Таблоид“ за тоа дека Тоше наводно е жртва на мафијата, ја смета за чиста лага.

„Нема вистина во пишувањето за заговорот за убиство или нешто слично. Станува збор за класична несреќа. Не не ин-тересираат ниту пишувањата за сопственикот на ’Аворд‘, гос-подинот Ласто Николовски, кој наводно кариерата на Тоше ја финансирал со нелегални пари. Тој важно вложи во неговата кариера, а неговиот бизнис не не интересираше ниту нас ни-ту, пак, Тоше, кој беше одушевен што се најде таков човек за да вложи во него. Не е така како што се пишува, бидејќи приказ-ните се резултат на неуспешно изнудување рекет“, додава на-шиот соговорник.

Родителите на Тоше се поштедени од приказните кои се пи-шуваат за него. Не гледаат ниту телевизија - телевизорот им е пуштен на каналот со цртани филмови.

„Кога ќе излезе нешто ново од него, ќе ме прашаат дали тој пее и потоа почнуваат да плачат. Беа и во Ерусалим. Баба ми го сонуваше дека е таму, па појдоа да го бараат. Ги посетија сите места што ги беше посетил и тој. Тоше оттаму се врати малку разочаран, велеше дека местото е искомерцијализирано. Тој по-инаку го замислуваше. Многу приказни се вртеа околу неговото последно патување, но малку е вистина“, додава Славен.

Кристијан, синот на Славен и Дора, беше премногу поврзан со неговиот вујко. Откако ја сфатил вистината дека Тоше повеќе не е меѓу нив, се помалку зборува за него. За неговиот музички талент Славен не сака да говори, велејќи дека вре-мето ќе покаже дали тој, како што го наре-коа медиумите, е новиот наследник на Тоше.

„Во последно време само свири, не пее. Само ќе кажам дека неговиот прв настап беше на три и полгодишна возраст кога Тоше имаше концерт на плоштадот во Крушево. Често со вујко му пееја дома. Тоше ќе пуштеше само музика, а Кристијан измислуваше текст па таквите средби се претвораа во семејни шеги. Доцна навечер Тоше ќе ми се јавеше по телефон и ќе ме тераше да го однесам Кристијан во неговиот кревет за кога ќе се врати доцна по полноќ, да биде со него. Чудно беше и тоа што во песната ’Мое малечко’ како да се збогува од него. Во еден период Тоше сакаше песни со тажни содржини, како за збогување“, додава Ристески.

На Гумење повеќе не можат да се видат тезгите на кои се продаваа различни дребулии поврзани за Тоше. Славен ги спречил продавачите во нивната работа, бидејќи на нелегален начин заработувале без дозвола од семејството. Тие реагира-ле и на работата на кафулето „Планет“, кое според Ристески почнало да работи како мал музеј кој ја продава приказната за Тоше.

Љиљана Петровиќ, менаџерката на Тоше, и семејството контактираат кога има повод поврзан со концерт или издавање песна или албум. Таа одамна живее во околината на Ниш и се занимава со одгледување лаванда на големи површини.

СПОМЕН-ДЕЛА„Општината Крушево учествуваше во донесувањето на урбанистич-ките планови кои беа поврзани со сите градби кои асоцираат на ли-кот и делото на Тоше Проески. Овде влегуваат патот до манасти-

рот и месноста Вршник каде што се наоѓа крстот. Улицата ’Маршал Тито’ е преиме-нувана во ’Тодор Проески‘ и е комплетно реновирана. Во соработка со семејство-то финансиравме и поставување спомен-обележје во вид на музичка лира која го

life

фо

ку

с

Помина хистеријата со која народот беше зафатен по неговата смрт, а остана само непреболот на најблиските

ВО К

ОНАЦ

ИТЕ

НА

МАН

АСТИ

РОТ

„СВ.

ПРЕ

ОБРА

ЖЕН

ИЕ“

ИМ

А СО

БА И

СПОЛ

НЕТ

А СО

ПРЕ

ДМ

ЕТИ

ПОС

ВЕТЕ

НИ

НА

ТОШ

Е

Page 23: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

23

означува почетокот на улицата. Собрани-ето на РМ донесе одлука за градење Ме-моријален центар, односно уредување на гробното место на Тоше и изградба на црква во близина на гробиштата. Елек-тричната енергија за крстот ќе ја плаќа Општината, а ќе ги покрие и тршоците за уредувањето на самото место. По смртта на Тоше евидентен бе-ше бројот на туристи кои го посетија градот, а потоа имаше застој. Но, со неколку проекти како ’Крушево етно град’ и манифестација-та ’Крушевска република’, бројот на туристите се зголеми и работи-те тргнаа кон подобро. Крушево е туристичка дестинација од по-веќе аспекти. Треба да се уреди околината на езерото со цел да се направи еден спортско-рекреативен центар за да привлечеме спортисти. Последните две години се продадени 150 куќи, а цената на квадратен метар достигна 500 евра, што е највисока до сега. Ос-вен што се продаваат недвижностите, Општината направи две ло-кации за викенд-населби. Едната населба веќе е продадена и сите кои ги купија тие локации треба да ги градат во стилот на крушев-ската куќа за да се запази автентичноста на самиот град“, вели Ва-ско Дамчески, градоначалник на Крушево.

Манастирот „Св. Преображение“, кој освен на Тоше стана ду-ховно одморалиште и на сите негови посетители, доби струја и пат, а со тоа се исполнија уште две негови желби. Се уште се гради, а догодина треба да биде и осветен. На осветувањето ќе биде пуштена и црковната песна „Облечи се во Христа“, препе-ана и со музика од Тоше.

Спомeник во негова чест ќе биде изграден до стадионот во Но-ва Градишка од каде полета хеликоптерот со посмртните останки на поп-пејачот. Две години по ред на 16 октомври маратонци трчаат од родното Крушево до Нова Градишка. Оваа година се најавува пого-лема манифестација со хепенинг и збратимување на двата града.

Спомен-куќата во Крушево на Гумење интензивно се гра-

ди и треба да се заврши до крајот на го-динава. Во неа ќе бидат сместени сите значајни работи поврзани со животот и кариерата на најголемата македон-ска музичка ѕвезда, ќе биде пренесена собата на Тоше во Крушево, музичкото студио, сите предмети од куќата во Зло-

куќани, музичките албуми, облеката, фотографии, награди, ико-ни. Ќе недостасуваат работите земени од несовесните граѓани кои ја посетуваа семејната куќа додека беше отворена една го-дина по неговата смрт. Спомен-домот се гради по иницијатива на граѓаните од цела Македонија кои собраа околу 5.000 потпи-си за изградба на спомен-куќата. На христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, во населбата Ново Лисиче беше пуштена во употреба меморијална-та фонтана со ликот на Тоше Проески. Семејството беше покане-то на пуштањето, но не и консултирано за неговата изградба.

На 5 октомври фан-клубот од Македонија ќе организира ма-нифестација „Ѕвездено небо“ пред платото на Домот на АРМ. Фондацијата им даде целосна поддршка со тоа што ќе им отста-пи некои материјали кои не се видени до сега.

На 16 октомври, на тригодишнината од неговата смрт, ќе се освети крстот и ќе се пушти спомен-плочата во Нова Градишка. Концерт во негова чест можеби ќе се одржи во јануари.

Тоше загина на пат кон Загреб во близина на Нова Градишка, на 16 октомври 2007 година. Зад себе ги остави албумите: „Не-каде во ноќта“ (1999), „Синот Божји“ (2000), „Ако ме погледнеш во очи“ (2002), „Ден за нас“ (2004), „По тебе“ (2005), „Божилак“ (2006) и „Игри без граници“ (2007). Покрај музичката големина и талент, Тоше останува запаметен и по своите хумани дела, за што оправдано ја носеше титулата амбасадор на УНИЦЕФ. Последни-от, незаборавен концерт на 5 октомври 2007 година на Градскиот стадион во Скопје имаше токму таква мисија. ¿

life

фо

ку

с

На пуштaњето во употреба на меморијалната фонтана со ликот на Тоше Проески, семејството беше покането, но не и консултирано за неговата изградба

Page 24: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

24п

ол

ит

ик

он Ова не е Германија!

Гледано низ очите на еден Германец, лустрацијата не може да се спроведе одеднаш, потребни се години и години за процесот на

прочистување на општеството да биде конечно завршен. „Во Германија поминаа речиси 20 години од донесувањето на За-

конот за лустрација. Секоја година имаме повеќе од сто илјади ба-рања за отворање досиеја. Би рекол дека тоа е долгорочна задача, што не би завршила за две-три години“, вели Хелге Хајдемаер. Герма-нец чија функција има долго и сложено име, а значи дека раководи со владината германска служба која ги истражува досиејата на по-ранешната Демократска Република Германија. Тоа е тело слично ка-ко македонската Комисија за лустрација, кое сe уште им ги става на увид на луѓето досиејата што со децении ги водеше познатата Штази, или со цело име Министерство за државна безбедност кое, всушност, ја имаше улогата на тајна служба.

За Германците, кои се една од водечките европски нации и чија економија е број еден на стариот континент, не е ниту чудно, ниту опасно тоа што лустрацијата трае речиси две децении. Процесот

тие го сфаќаат како клучен за демократијата бидејќи сметаат оти имаат право да ја знаат, како што ја нарекуваат, црната страна на тогашниот режим.

За нив е важно лустрацијата да се спроведе до крај бидејќи, како што вели Хајдемаер, тоа ја зајакнува довербата во политички-те институции.

„Кога знаеме дека некој што работел за поранешните сили не е дел од нив, можеме да им веруваме на овие политички институции, имаме шанса демократијата да стане позитивна вредност. Можеби луѓето така ќе сфатат што значи демократијата наместо диктатурата“, вели Хајдемаер.

Но, тоа е германска перспектива на нештата. Германскиот народ покажа неверојатна доблест да се соочи со грдата страна на кому-нистичкото минато и да ги објави имињата на оние кои соработува-ле со тајните служби и на тој начин граделе кариера или стекнувале лична корист. Само лани во германскиот парламент беа пронајдени петмина поранешни шпиони, соработници на тајната полиција. Беа

Марија Дивитарова ¢

Page 25: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

25п

ол

ит

ик

оноткриени преку истражување на еден весник и предизвикаа голема

јавна дебата. Хајдемаер вели дека тоа ја придвижи земјата напред. Но, многу појужно од Германија работите не се така едноставни.

Македонија со недели се дави во лустрациска жабокречина и надмуд-рувања кој бил, а кој не бил кодош, или кој бил помал, а кој поголем ко-дош. Работата е во тоа што не постои силна политичка волја лустра-цијата да се спроведе и еднаш засекогаш да се стави точка на процесот.

Ако се прашува Јадранка Костова, новинар кој долги години се занимава со лустрацијата, ова што сега се случува е лажна политичка волја.

„Се она што се случуваше од почетокот на иницијативата за до-несување на законот до денес се сигнали кои упатуваат на тоа дека сево ова е глумење политичка волја. Проблем е самиот модел што го имаме, прво целта на лустрацијата е да се дојде до деконспирација на доушничката мрежа. Со вака моделиран закон таа мрежа треба да остане поконспиративна и потајна“, вели Костова.

Наместо да биде процес кој ќе го стабилизира општеството, лустра-цијата дојде како нов ринг за политичка борба. Па така, прво Љубчо Георгиевски прати отворено писмо до премиерот Никола Груевски. Ка-жа дека токму меѓу коалициските партнери на премиерот се крие ко-дош. Па Комисијата за лустрација се посомнева дека извесен судија од Уставен суд соработувал со тајните служби. Па почнаа нагаѓања-та кој од деветтемина уставни судии би можел да биде „нечист“? По-тоа претседателот на Уставен, Трендафил Ивановски, лично се бране-ше пред Комисијата дека не е кодош и дека станува збор за политичка местенка. Всушност, како што рече, неговото досие е фалсификат. Из-лезе и пратеникот Борис Стојменов, со слична реторика дека неговото име се валка во политички цели. И партиите се вмешаа во целата каша и ја претворија лустрацијата во уште еден политички циркус.

Но, тоа е балкански синдром, бидејќи ниту една земја од регионот не ја заврши лустрацијата до крај. Се наоѓаа некои заобиколени

патишта процесот да помине или со други закони или да не се комплетира. Словенците, на пример, ја спроведоа лустрацијата со закон за судовите донесен во 1999 година, Хрватска не спроведе целосна лустрација, а Србија има Комисија од средината на 2003-та формирана веднаш по усвојувањето на Законот за одговорност за кршење на човековите права. Овој закон важи до 2013-та, но лустрацијата не се реализира до крај. Во Албанија, Уставниот суд го укина законот за лустрација со образложение дека е спротивен на Уставот и дека ги крши човековите права.

Македонскиот закон за лустрација е донесен пред две години, но почна да се спроведува сега. Законот значи дека освен пропишаните, се воведува уште еден услов за некој да може да биде функционер, а тоа е да не бил информатор на тајните служби.

Ова се покажа како премногу лизгав терен за транзициски опш-тества како македонското. Ова, сепак, не е Германија!

Во германскиот случај, како што објаснува Хајдемаер, има една предност што имаше и друга, слободна Германија. Ги поддржавме, вели тој, сите сили што сакаа да се справат со минатото. „Како што гледаме, кај нас, тоа е процес што трае со години“, вели Хајдемаер.

Почнувајќи од 1991 година, германската лустрација беше пла-нирано да трае 15, но тој рок се пролонгираше за уште пет години, па би требало да заврши идната година. Но, германското општество сe уште со несмален интензитет се интересира за тајните досиеја и за имињата на тогашните кодоши и не е исклучено да има ново продолжување на процесот зашто, велат, лустрацијата е добра за демократијата или, ако сакате попрецизно, таа е мерило за демо-кратската зрелост на земјата.

Костова вели дека како и да се спроведува македонската лустрација, процесот треба да продолжи, или со нејзини зборови,

„колку и да е монтипајтонски, не значи дека треба да дигнеме раце од него“.

За Германците, кои се една од водечките европски нации и чија економија е број еден на стариот континент, не е ниту чудно, ниту опасно тоа што лустрацијата трае речиси две децении.

Page 26: LIFE бр. 48

02 322 16 35www.panache.com.mk

Page 27: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

27

ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ НА УБАВОТО И СТИЛОТ,

Ми претставува огромно задоволство да ви се обратам вака, директно, преку пи-шан збор, со изминати 18 години посвете-ни на креација, наука и предаденост кон она што денес се нарекува најголем соци-олошко-естетски феномен, а толку неиз-бежен и секојдневно присутен – модата. Верувајте, и јас самиот не знаев како да ја започнам оваа моја колумна, толку важна за мене во овој момент. Домашното вос-питување ми налага, како секој културен граѓанин на едно цивилизирано општест-во, да ви се претставам, иако многумина веќе сте запознаени со мојот лик и дело, најчесто преку медиумите. Едноставно, да имате претстава за мојот личен кредиби-литет, зад кој ќе бидат во иднина потпиша-ни многубројни пофалби, но и критики.

После едно среќно и безгрижно дет-ство поминато во мојот град Скопје, ис-полнето со големи сништа за вечен жи-вот меѓу раскошни фустани како оние на големите мајстори Диор и Баленсија-га, но замислувајќи ги своите музи обле-чени во строгите и гламурозни костими како оние на Шанел и Сен Лоран, успе-ав (со многу напор и убедување!) да стиг-нам во градот на светлината, Париз, и конечно да се доближам до она што се вика животен сон. Студентски денови исполнети со страст, по-лет и среќа, впрочем она што секој млад човек го посакува, посебно кога визијата за иднината му станува јаве. За една година наместо три во рака ја имав дипломата за она што Французите го нарекуваат сти-лист по Висока мода, она што дава влез во волшебниот таинствен свет на сјајот и гламурот. Влез во белите ателјеа на мадам Гре, на Лакроа, на Моленак, на Версолато, сe што во оној момент значеше гордост, ус-пех и радост. Рамо до рамо со Наоми, Линда, Надја, Амбер, Шалом, ле-гендарните убавици впишани засекогаш во историјата на модата. За три години, повторно нов доказ – диплома за моделист на Висока мо-да, награден со Гран-при од личности како Кастелбажак, Рабан, месје Пакито и многу други ликови од светот на убавиот костим.

Враќање во реалноста, во земјата на чудата, како Алиса во некој кошмар. Повторно Скопје, не толку сјајно и светло, сменето, расчлене-то, потонато во мракот на еден нов почеток. Работа во моето ателје во Дебар Маало, изолиран, осамен, разочаран, а гласот на неколку клиен-ти: „Дојдов кај мојот шнајдер!“, сe уште одекнува во мојата глава. Но, животот продолжува, сепак сум човек што долго време живееше со па-рискиот „joie de vivre“. Првите чекори во „Тетекс“ и приказната за ма-кедонскиот успех почнува. Наплив од клиенти, луѓе од шоу-бизнисот, концерти, театарски претстави, градење на првата модна куќа „Систи-на“, забави, луди забави, пријателства и декаденција. Помош и почит кон колеги и новинари (ако некој од нив заборавил, нека се потсети се-га, време е!), Македонската модна формација, желба и љубов да се из-

гради поубава иднина, не сам, туку сите ние заедно, ние - модните дизајнери.

И конечно, растргнатост. Премногу работа, проекти, притисок. Премногу за еден уметник. Спас и бегство во Лондон. Посветеност на науката, а преку неа и кон самиот себе. Чистење на мозочните сиви клетки, празнење на некои стари доси-еја, запишување нови и трајни вредности. Несвесно, но сигурно, уште еден доказ за тоа кој сум и што сум. А отсега и магистер. Почеток на нов живот и нови луѓе, пов-торно назад во Скопје, помудар, созреан и прочистен. Еден нов пат како професор, и најпосле декан. А, во блиска иднина и доктор, којзнае?!

Тоа сум јас, драги мои! Без срам, со многу сеќавања и, еве ме, конечно, во ново издание. Тука сум да се борам против сe она што се вика шунд. Кичот е сепак нешто што може да се искористи како инспи-рација. Тука не сум да предавам, иако секој ден тоа го правам, туку да споделам неколку мислења и да поставам неколку прашања, истите оние кои секојдневно си ги поставувате и вие. Тука сум да градам, да творам, да развивам. Тука сум да кажам дека ние не сме само од онаа страна на ѕидот, талентирани и неписмени. Тука

сум да зборувам за убави, но и за лоши нешта, спремен да давам и да примам. Тука сум за вас и со вас.

Се сеќавам, во минатото, пред многу години, штотуку вратен од За-пад, кога купував ткаенини, најчесто во Старата чаршија, љубезни-те продавачи најчесто ги делеа ткаенините на свила и штоф. Без раз-лика дали тоа беше навистина свила, волна или полиестер, тенките беа свила, проѕирните муслин, а дебелите штоф или кепер. Работите почнаа да се менуваат, патот на свилата дојде до Скопје, а ние сепак го привлекуваме и сe уште го почитуваме неговото величество полиес-терот. Зашто, не се гужва, не се пегла, евтин е и практичен. Како мно-гумина меѓу нас денес. Сакам преку овие неколку реда зборови во иднина да ви ја опишам убавината на свилата, на рафинманот, на на-чинот на кој таа се употребува и искористува, онака како што знаат само оние „petites mains“ да го прават тоа со нивните тенки прсти во Високата мода. Да ви ја откријам разликата меѓу она што значи 100% свила и 100% полиестер!

Некои ќе мислат исто, некои спротивно, некој ќе се смее, а некој ќе плаче.Важно сите да се забавуваме, јас додека пишувам, а вие додека читате.

Искрено ваш,доц. м-р Александар Ношпал,моден дизајнер, костимограф,професор по моден дизајн идекан на Факултетот за дизајн и мултимедијана Универзитетот ФОН

мо

ме

нт

и с

о..

.

Page 28: LIFE бр. 48

блуза, пантолони и ремени - Calliope чевли - Victor Chevignon

Page 29: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

29

едиторијал

ИНДИВИДУАЛНОСТКарактеристика што секој сака да

ја поседува, а сепак да не ги разоткрие тајните на нејзиното постоење.

Таа е дива, необична, а сепак смела и доволно екстравагантна.

Во бегство од обичното, а следена од убавото. Индивидуалноста претставена

преку младата Емилија Пендева и нејзиниот ангел заштитник – уметноста.

Фотографија:Кире Галевски

Уметничка реализација:Александар Ношпал

Модели:Емилија Пендева

Илија Илов (Моделс Ин)Стилисти:

Митко ЗановАндреј Ѓоргиевски

Шминка: Елена Арсовска (Panache)

Фризура: Бојан Стојановски (Panache)

Page 30: LIFE бр. 48

бунда и ремен на глава - Calliopeкратки пантолони од џинс - Miss Sixtyремен и алки - Terranova

Page 31: LIFE бр. 48

ин

те

рв

ју

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

31

Page 32: LIFE бр. 48

бунда - Marellaџинс - Miss Sixty

марама околу градии тенки ремени - Calliope

Page 33: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

33

елек - Calliopeблуза од пулејки,

џинс и паричник - Miss Sixtyкачкет - Terranova

Page 34: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

34

Page 35: LIFE бр. 48

LIFE

СЕ

ПТ

ЕМ

ВР

И35

туника и ѓердани - Terranovaпантолони од џинс, јакна и ракавици - Miss Sixty

Page 36: LIFE бр. 48

јакна, шапка и ремени околу нозе - Calliope

џинс и чизми - Miss Sixtyремен - Terranova

торба - VIA

Page 37: LIFE бр. 48

фустан - Calliope, алки - Terranova, чевли - Miss Sixty

Page 38: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

38С

ТИ

Л СВЕТСКИТЕ ПИСТИ КАЈ НАС

ДЕРЕК ЛАМ ЕСЕН – ЗИМА 2010

1

5

4

Page 39: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

39С

ТИ

ЛFE

ОК

ТО

МВ

РИ

1 Q крзнена јакна – MISS SIXTY (11.890 ден.)2 Q тесно здолниште – MANGO (1.999 ден.)3 Q памучна кошула во две бои – CАLLIOPE (699 ден.)4 Q кожни чизми – VIA (32.990 ден.)5 Q кожен колан на врзување – MANGO (1.990 ден.)6 Q брош – 4U ACCESSORIES (990 ден.)

2

6

3

Page 40: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

40С

ТИ

Л

ПОЛ СМИТ ЕСЕН – ЗИМА 2010

1 Q кожна јакна – HUGO BOSS (44.900 ден.)2 Q памучна блуза – SPRINGFIELD (1.090 ден.)3 Q памучни пантолони – CALLIOPE (1.599 ден.)4 Q патики од велур кожа – SPRINGFIELD (2.390 ден.)5 Q кожен ремен во две бои – TERRANOVA (699 ден.)

1

3

Page 41: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

41С

ТИ

ЛСВЕТСКИТЕ ПИСТИ КАЈ НАС

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

1

подготвил: Александар Ношпаласистенти: Митко Занов и Андреј Ѓоргиевски

модно студио: Моделс Ин

2

5

4

Page 42: LIFE бр. 48

кр

еа

ти

вц

и

CH

IC-U

ND

ERC

OW

EAR

ДО

ЛН

А О

БЛЕК

А...

ТО

ЛК

У М

НО

ГУ Д

А С

Е К

АЖ

Е,

А Т

ОЛ

КУ

МА

ЛК

У М

АТЕ

РИЈА

Л Како би го дефинирале вашиот стил?Многу нослив, еклектичен спој на автентичен крој со проткаени КИЧ елементи на принтови и бои, и нималку едноставност.

Кое модно парче, според вас, е најтешко да го дизајнирате?Долна облека... Толку многу да се каже, а толку малку материјал.

Кој или што претставува за вас главен извор на инспирација?Многу фактори: Најчесто моите или туѓи фрустрации...и соодветно на нив, бунтувањето со околината и со самиот себе...

Во која област од вашата работа најмногу уживате (или која област од вашата работа ви претставуванајголемо задоволство)?Кога плодот на мојата работа ќе го видам на улица на насмеана личност.

Која е вашата икона на стил и добар вкус? Сите женски фигури од потесното семејство, на чело со г-ѓа Мама.

Кое дело, автор или личност од областа на уметноста, литературата или архитектурата најмногу ве импресионира?Целата поп-арт култура како движење, најмногу поради едноставноста на целата филозофија околу консумеризмот во тоа време, и фактот што нејзините претставници доживеале да уживаат во плодовите на творештвото.

Кои се вашите планови за иднината?Да се реинвентирам со секоја наредна колекција.

Page 43: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

43к

ре

ат

ив

циПРОФЕСИОНАЛНА КАРИЕРА:

Роден во Скопје во студената ’84-та, во тогашната социјалистичка република. Со поминатото детство во доцните осумдесетти и раните деведесетти се создавала еклектичната естетика на креаторот на тоа што денес значи CHIC-UNDERCOWEAR. Социјалната и модна свест ја почнува од својата петта година кога децидно од-бива да биде придружуван од својата мајка и потполно сам си го избира и купу-ва првото парче гардероба. Подоцна се восхитува од фантастичните крзна на својата баба и сите парчиња со енормни потполнки на својата мајка, со целата таа фама околу нивното купување во Солун или Трст, веќе доволно свесен за тоа што понатаму би сакал да биде неговата животна окупација. По завршување-то на средното уметничко училиште во Скопје, заминува за Милано каде што ко-нечно се сретнува со реалната модна индустрија и сите нејзини добри и лоши страни. Па така, уште како студент макотрпно работи за многу еминентни ита-лијански брендови: FIORUCCI, FORNARINA, за суми коишто потоа биле вложува-ни во еден пар GUCCI чевли без трошка каење... После неколку поминати години и борба со суровоста на модната индустрија таму, решава да се врати во Маке-донија каде што по некој сплет на околности, почнува да работи за македон-ски фирми како ’фриленс‘ дизајнер. Конечно, пред една година се раѓа идејата за своја етикета и како експеримент почнува целата приказна за брендот CHIC-UNDERCOWEAR со непознатиот дизајнер, без никаква претенциозност дека неш-то ново е измислено - туку е само еден различен начин на претставување пред нашиот консумент. Колекцијата е претежно составена од носливи парчиња што го опфаќаат секој дел од женската гардероба, потполнета и со мини колекција на асесоари концептуално соодветни на тековната линија. Дизајнерот живее и работи во Скопје. До кога? Се надева, што подолго...

CHIC-UNDERCOWEAR

[email protected]

facebook: chic undercowear

Page 44: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

44

ТЕНИСЕРОТ НОВАК ЃОКОВИЌ СО ЗЛАТНИ БУКВИ ЈА ИСПИШУВА ИСТОРИЈАТА НА СРПСКИОТ ТЕНИС ВО СВЕТОТ. ИСКЛУЧИТЕЛНО

ТАЛЕНТИРАН И УПОРЕН, СИГУРНО ЧЕКОРИ КОН ШАМПИОНСКОТО МЕСТО НА АТП ЛИСТАТА, КАДЕ МОМЕНТНО Е ВТОР. ЃОКОВИЌ Е НАЈДОБАР

ТЕНИСЕР МЕЃУ ШОУМЕНИТЕ И НАЈДОБАР ШОУМЕН МЕЃУ ТЕНИСЕРИТЕ. ПОКРАЈ ФАНТАСТИЧНАТА ИГРА, НА ПУБЛИКАТА И Е СИМПАТИЧЕН

ПОРАДИ РУШЕЊЕТО НА СТЕРЕОТИПНИОТ ОДНОС НА ТЕНИСКИТЕ ИГРАЧИ.ЌЕ ОСТАНЕ ЗАПАМЕТЕН И ПО ОДЛИЧНАТА ИМИТАЦИЈА НА ИГРАТА НА

НЕГОВИТЕ КОЛЕГИ, КОИ НИКАКО НЕ МОЖЕА ДА МУ СЕ НАЛУТАТ, ТУКУ САМО ДА СЕ НАСМЕАТ. НОВАК ЕДНОСТАВНО ЗНАШЕ КАКО, ОСВЕН ОД

СУДИИТЕ, ДА СОБЕРЕ ПОЕНИ И ОД ПУБЛИКАТА.

СВЕТСКИТЕНИСЕРИ ПОДЕДНАКВО ДОБАР ШОУМЕН

Новак Ѓоковиќ

же

шк

а т

ем

а

Page 45: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

45

СЕМЕЈСТВО И ПОЧЕТОЦИЃоковиќ првите чекори во тенисот ги направи на четиригодишна возраст, во тенискиот камп на Је-лена Генчиќ на Копаоник. Легендата на југосло-венскиот тенис за него искоментира дека е најго-лемиот талент кој го сретнала по Моника Селеш.

„Никогаш нема да заборавам кога четириго-дишно момче дојде во кампот со тениска торба уредно спакувана за вистински професиона-лен тренинг. Го прашав кој му ја спакувал торба-та, ми одговори дека самиот тоа го направил. На прашањето што сака да биде кога ќе порасне, без размислување ми рече: прв тенисер на све-

тот, истата онаа реченица која одамна ја слуш-нав од Моника Селеш кога беше девојче“, изјави Јелена Генчиќ, која за тенискиот развој на Ѓоко-виќ се грижеше до неговата 12-та година.

„Јелена е наш семеен тренер. Таа го создаде Новак, а тој и должи многу. Му всади посебен однос кон спортот и животот. Така работи и со Марко и Ѓорѓе. Верувам дека и тие ќе успеат бидејќи Јелена никогаш не погрешила во про-цените“, изјави Срѓан, таткото на Новак.

Ѓоковиќ потекнува од семејство на спор-тисти, неговиот татко уште од мали нозе бил скијач, а подоцна и професионално се натпре-

варувал во овој спорт. Работел како инструктор во престижната Генексова школа за скијање на Копаоник каде ја сретнал неговата идна сопру-га Дијана. Нивните средби на белите патеки и љубовта кон планината ги споила и приватно.

„Новак се развиваше, требаше да се следи во сe, а немавме доволно финансии. Опш-теството како по правило подоцна ќе се сети на талентираните деца, откако ќе почнат да освојуваат медали и признанија. Можете да замислите како ни беше кога на дванаесет и пол години првпат замина од дома. Три месе-ци беше во Германија, во Минхен, во Тениската академија на Никола Пилиќ кој за него се гри-жеше како за свое дете. Но, тоа имаше и свои добри страни. Новак започна да се осамос-тојува порано, па подоцнежните подолги отсу-ства од дома не му паѓаа тешко“, изјави во ед-на прилика неговата мајка Дијана. Семејството му е голема поддршка не само од трибините туку и во животот.

„Најбитно е да имате луѓе околу вас кои ќе ви бидат поддршка до крајот на животот. Нормал-но има моменти и кога сакам да бидам сам. Фа-ла Богу, тие знаат да препознаат кога поддрш-ката ми е потребна и имаат можност да бидат со мене. Семејството е најголема вредност и негу-ваме заемна љубов. Да не беше татко ми и него-виот став, денес немаше да бидам тоа што сум“, често истакнува Новак во интервјуата.

ПАТОТ КОН ЅВЕЗДИТЕНа 16-годишна возраст постигна врвни резул-тати поради кои можеа да му позавидат многу постари тенисери од него. Својата професи-онална кариера Новак ја започна во 2001 го-дина на 14-годишна возраст. Таа година освои тројна титула и стана првак на Европа (сингл, E

подготви: Силвана Жежова

АПo

же

шк

а т

ем

а

РОДИТЕЛИТЕ НА НОВАК, СРЃАН И ДИЈАНА, ПО ПОБЕДАТА НАД ФЕДЕРЕР

Page 46: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

же

шк

а т

ем

а46

дабл и екипно). По одигрувањето на по-веќе престижни и пет ИТФ-турнири, го зазеде 40. место на најдобрите јуниори во светот. Во 2003 година го освои пр-виот АТП-поен, а по влезот во светот на професионалците ја прескокна поло-вина листа најдобри тенисери. На по-следниот фјучерс играше полуфинале, а на патот до него го надигра 16 години постариот Француз Салвес, човекот кој во деведесеттите беше пет години меѓу првите сто на светот. По челинџот во Белград во почетокот на февруари 2005 година, донесе одлука во иднина да се посвети на професионалните турнири и патот кон врвот на листата на профе-сионалните тенисери. Истата година се пласираше на 80. место на светска-та ранг-листа. Наредната година по ос-војувањето на првиот АТП-турнир стана најмладиот играч во топ 20, сезоната ја заврши на одличното 16. место.

Во 2007 година ја освои првата титу-ла од Мастерс серијата на петтиот Грен-слем турнир во Мајами. Неколку недели подоцна српскиот тенисер одигра полу-финале на Ролан Гарос и Вимблдон за по-тоа да го освои турнирот во Монтреал, совладувајќи ги првите тројца тенисери во светот: Роже Федерер, Рафаел Надал и Ендрју Родик. На Отвореното првенство на Америка стигна до своето прво Грен-слем финале каде беше поразен од Феде-рер. Наредните две години одигра повеќе од десет финалиња, а на победничко-то место се искачи во Дубаи, Пекинг, Ба-зел, Париз. Победата на овие турнири му овозможи да се доближи до втората позиција која му беше животен сон.

Оваа година ќе ја памети по четири големи достигнувања, во февруари тој се искачи на второто место на АТП-лис-

тата, по првпат во својата професионална кариера, а исто така постигна и значајни резултати со српската репрезентација.

По неодамна завршеното Отворено првенство на Америка Ѓоковиќ одигра натпревар за паметење кога го победи Роже Федерер и во финалето се сретна со првиот тенисер на светот, Рафаел На-дал. Иако не успеа да го надвладее, тоа беше уште една негова игра која ќе вле-зе во аналите на светскиот тенис.

„Голема е фрустрацијата да се игра против Рафе, бидејќи е сe подобар. Му симнувам капа, тој е вистински шампион, добра личност и фантастичен пример за спортистите. Ќе биде најдобар тенисер во историјата“, изјави Ѓоковиќ по одигра-ниот натпревар. Шпанскиот ас, по крајно возбудливата игра му оддаде признание на Новак за фантастичната игра.

„Сакам да му честитам на Новак за од-лично одиграниот натпревар. Но, посеб-но сакам да го пофалам начинот на кој го поднесе поразот, иако одлично тактички го имаше подготвено мечот. Им пока-жа на децата како треба да се однесува еден спортист во тешки моменти. Новак е голем играч и уверен сум дека наскоро ќе освои еден трофеј на Грен-слем тур-нир“, му возврати Надал. Со пласманот во финалето, Новак доби 860 илјади до-лари и второ место на АТП-листата.

Ѓоковиќ е победник и на првиот АТП-турнир во Белград, Отворено

првенство на Србија. Турнирот органи-зиран по иницијатива на претпријатието на семејството на Ѓоковиќ, „Фемили спорт“,од страна на организаторите беше прогласен за исклучително важен настан за развојот на тенисот во Србија.

НОЛЕ ПРИВАТНОСекој има свој идол, а така е и со Новак Ѓоковиќ. Негов избор е Американецот Пит Сампрас, за кој изјави дека му се допаѓа како сервира, но и како се од-несува на теренот. Зборува англиски и германски јазик, во слободно време сурфа на интернет, гледа филмови, слу-ша музика која го опушта, а понекогаш и излегува со пријателите. Сака домашна храна, салати и негазирани сокови. Од средината на 2006 година негов тренер е Марјан Вајда, со кого соработката е полн погодок.

Иако медиумите често го поврзу-ваа со неговите колешки Ана Ивановиќ, Марија Шарапова и со многу познати девојки, Новак има долгогодишна врска со белграѓанката Јелена Ристиќ со која заедно живеат во Монте Карло.

„Се навикнав на тоа медиумите да создаваат слика за мене како што тие

Се навикнав на тоа медиумите да создаваат слика за мене како што тие сакаат и тоа е она што го нарекувам товар на популарноста. Млад сум, сакам добра забава,но во стабилна врска сум со девојка која во потполност ме прави среќен. Таа е љубовта на мојот живот

же

шк

а т

ем

а

Page 47: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

47

сакаат и тоа е она што го нарекувам товар на популарноста. Млад сум, сакам добра забава, но во стабилна врска сум со девојка која во потполност ме прави среќен. Таа е љубовта на мојот живот“, изјавил Новак за неговата девојка која чес-топати го бодри од трибините.

Новак е најдобар тенисер меѓу шоумените, но и најдобар шоумен меѓу тенисерите. Имитирањето на играта на негови-те колеги, до бескрај ја забавуваше публиката на терените и гледачите пред малите екрани. Неговата смисла за хумор даде една нова димензија на натпреварите и внесе свежина меѓу љубителите на овој спорт. Вљубениците на тенисот по-деднакво ја очекуваа неговата игра, но и забавната страна на неговата личност.

Освоените турнири ги прославува на мирна вечера во ресторан, а не на луди забави како што мисли публиката, би-дејќи натпреварите се прилично исцрпувачки.

ФИНАЛНИОТ И ПОЛУФИНАЛНИОТ МЕЧ НА ГОДИНЕШНИОТ ФЛЕШИНГ МЕДОУ ГО ПРОСЛЕДИЈА БРОЈНИ СВЕТСКИ ЅВЕЗДИ, МЕЃУ КОИ ДОНАЛД ТРАМП СО СОПРУГАТА МЕЛАНИЈА, ЧАРЛИЗ ТЕРОН, ДЕЈВИД ДУХОВНИ И ТЕА ЛЕОНИ, УРЕДНИЧКАТА НА „ВОГ“ АНА ВИНТУР, АКТЕРКАТА ЛИВ ТАЈЛЕР, МАНЕКЕНКАТА БАР РАФАЛИ СО НЕЈЗИНОТО МОМЧЕ ЛЕОНАРДО ДИ КАПРИО, РОБЕРТ РЕДФОРД, БРЕДЛИ КУПЕР, ГРЕЈС ЏОНС.

„За да се дружам со не-кој, мора да ме импреси-онира како човек а не како позната личност. Запознав многу светски ѕвезди кои ги сакав како мал, а сега доаѓаат на натпреварите. Сепак, тоа не е доволно за вистинско пријателство. Во една прилика, на еден од турнирите каде што настапував, покрај моите родители седеше Роберт де Ниро и навиваше за ме-не. Со Ана Ивановиќ бевме кај него и неговата сопру-

га Грејс на вечера, се запознавме и тие станаа мои навивачи. Слични сме по тоа што секогаш е подготвен за шега. Многу е пријатен и непосреден“, изјави Ѓоковиќ за дружењето со славните ѕвезди.

На годинешниот Отворено првенство на Америка во ло-жата со родителите на најпознатиот српски тенисер се најде и нашата манекенка Бојана Васиќ, која две години живее во Њујорк и студира менаџмент. Според изјавите на нејзините родители, Бојана и Новак биле пријатели и се дружеле заед-но со друштво од ексјугословенските простори кое се соби-рало во одреден ресторан во Њујорк. Бојана добила и рачен часовник со посвета од Ѓоковиќ како и карти за проследу-вање на сите турнири.

Во навивачката ложа на Ѓоковиќ беше видена и популарната српска пејачка Наташа Беквалац, која сама во Рим проследи негов натпревар. Ова нејзино појавување на трибините ги подгреа шпекулациите за наводната врска меѓу популарниот тенисер и поп-пејачката. Тие цело време ги демантираат овие гласини, со изговор дека Данило Икоди-новиќ, сопругот на Наташа, и оваа позната пејачка се блиски пријатели со семејството Ѓоковиќ. Во тешките моменти по сообраќајката на српскиот репрезентативец во ватерполо

Икодиновиќ, семејството Ѓоковиќ им пружи најголема поддршка.

Ѓоковиќ освен што е од-личен тенисер и забаву-вач, успешно се снаоѓа и во улогата на манекен, па досега има учествувано на неколку модни ревии. Нео-дамна снимаше и кампања за брендот „Серџо Такини“. Српскиот тенисер дефини-тивно е омилена личност на забавите на светскиот џет-сет, а иако многу млад, успешно се носи со тежи-ната на славата која му ја донесе неговата љубов кон тенисот. ¿

АНА ВИНТУР, УРЕДНИЧКАТА НА „ВОГ“ И МИРКА ФЕДЕРЕР ЛИВ ТАЈЛЕРДОНАЛД ТРАМП СО СОПРУГАТА МЕЛАНИЈА

Новак едноставно знаше како, освен од судиите, да собере поени и од публиката

же

шк

а т

ем

а

Page 48: LIFE бр. 48

Јеле

на С

пенџ

арск

а е

дево

јкат

а ш

то

го в

оди

Слат

кар

во ш

опин

г. За

себ

е ве

ли д

ека

е сл

обод

на, д

ухов

ита

и те

мпер

амен

тна

- ток

му к

аква

што

ја

глед

аме

и во

спо

тот „

Шоп

инг“

.Ра

боти

как

о ф

отом

одел

и м

анек

енка

пе

т год

ини,

а н

еода

мна

ги з

аврш

и и

студ

иите

по

нови

нарс

тво.

Јел

ена

има

учес

твув

ано

во п

овеќ

е му

зичк

и и

рекл

амни

спо

тови

, вод

ител

ка е

на

неко

лку

инте

ракт

ивни

кви

зови

по

наш

ите

ТВ-к

анал

и, а

дел

е и

од

екип

ата

на Р

адис

ки ф

ести

вал

2010

годи

на.

Фот

огра

фиј

а:

Кире

Гал

евск

иФ

ризу

ра и

шми

нка:

студ

ио „P

anac

he“

Mод

но с

туди

о:„Ц

рнок

рак“

Kост

им з

а ка

пењ

е:„G

olde

n Po

int“

Page 49: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

49

Page 50: LIFE бр. 48

Нос

тал

гиче

н

и ко

га е

дом

аО

ХРИ

Д Н

ИЗ

ОЧ

ИТ

Е Н

АВ

ЛА

ДИ

МИ

Р

ВА

СИ

ЛЕ

ВС

КИ

- Ч

ЕТ

КА

Р

Page 51: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

51

Page 52: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

52н

из

оч

ит

е н

а..

.

Да се види Охрид низ очите на музичарот Владимир Василевски - Четкар најпрво

значи да се погледне во историјата и митоло-гијата за градот. Пред да заминеме на сите оние места кои нему му значат, Четкар раскажуваше за свадбата на Кадмо и Хармонија, за Дионис и неговите нимфи и за старото име на градот Ен-хелеа, што во превод значи „градот на јагули-те“. Сите овие приказни поврзани за неговиот град одлично ги знае и се негова инспирација во креирањето музика. Толку е вљубен во Ох-рид, што и кога е таму му недостасува. Живее во Њујорк, на Менхетен, а секоја година си доаѓа за да се види со семејството и пријателите, но и да ужива во убавините на градот како кога бил дете. За него е успех што кафето во „Аквариус“ и погледот на езерото се уште ги доживува на наивен детски начин. Тој е непосреден и топол во комуникацијата со неговите сограѓани на кои, освен убава свирка, им подарува најискрени насмевки и прегратки. Благодарение на таквиот однос, две охридски семејства кои имаат куќи со неповторлив поглед кон езерото во населбата Канео, ги отворија вратите и овозможија фото-графирање во нивните дворови. Тука Четкар по-зираше со јаболко, како штотуку да излегол од

рајот. За разлика од Ева, одолеа на искушение-то да го гризне сочниот и црвен плод, веројатно затоа што е маж. Таа привилегија повторно и ја остави на жената за да го повтори библискиот грев. Во размислувањата за животот и духов-носта која ја негува со сите негови сетила како да е собрана сета источна духовна мудрост која посочува на похрабар и порамнотежен живот исполнет со изобилство и радост.

Преку Четкар ние откривме еден поинаков Охрид, таков каков што заслужува да биде. Со страст зборуваше за Античкиот театар, со спокој за Канео, со возбуда за кајчето и со љубов за гра-дот. Да, раскажуваше за љубовните приказни од митологијата, ги посетивме сите места за кои е поврзано неговото детство, сегашност и иднина, а за неговата љубовна приказна слушнавме дека е поврзана со една Маја. За нас таа остана неот-криена како легенда - раскажана, но незапишана.

Танцот на голите самовили околу огнот во Љубаниште, романтичните моменти на дивите плажи после Градиште и што точно Дионис пра-вел со неговите нимфи се приказни кои ни ги препушти на фантазијата. Охрид е град на чуда-та, овде човековата фантазија станува реалност, а животот на Четкар е жива потврда за тоа.

Силвана Жежова¢Кире Галевскиo

ПРЕКУ ЧЕТКАР ОТКРИВМЕ ЕДЕН

ПОИНАКОВ ОХРИД, ТАКОВ КАКОВ

ШТО ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ.

СО СТРАСТ ЗБОРУВАШЕ ЗА АНТИЧКИОТ ТЕАТАР,

СО СПОКОЈ ЗА КАНЕО, СО ВОЗБУДА ЗА КАЈЧЕТО И СО ЉУБОВ

ЗА ГРАДОТ

Page 53: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

53н

из

оч

ит

е н

а..

.

„АКВАРИУС“ И „ЏЕЗ ИН“ НАИВНО ДОЖИВУВАЊЕ НА КАФЕТО И ЕЗЕРОТО

Патувањето низ Охрид со Четкар најпрво го започнавме од „Аквариус“ каде што не чекаше на најубавата маса со пре-красен поглед на Канео и Галичица. Подоцна во разговорот ни откри дека останува верен на местата кои традиционално ги посетува и каде сака да ги негува спомените. Овде ги направивме првите фотографии, и иако им го нарушивме мирот на гос-тите, никој не ни забележа.

„Уште кога ’Аквариус‘ се отвори пред дваесет го-дини, доаѓав со мајка ми и татко ми. Беше уникатен, оригинален и актуелен и таков остана до ден-денес. Овде се случи еден од мо-ите први настапи, заедно со Тијана Тодевска. Потоа често имав свирки, а го-динава одржав прекрасен концерт со лондонскиот квартет по концертот во Антички и пред настапот на Нишвил џез-фести-вал. Атмосферата беше опуштена, клупска, и тоа беше еден од најдобрите настапи летово кој во исто време ми овозможи да се сетам на првите свирки. И после толку време ми ос-тана чувството на наивно доживување на пиењето кафе овде и погледот кон езерото како кога сум бил мал. Се отворија и нови места кои исто така се добри и во ред е да има различна понуда. Сепак, најмногу ги поддржувам култните кафулиња и клу-бови меѓу кои е и најста-риот џез-клуб во Македо-нија ’Џез ин’. ’Ликвид’ ми е исто така едно од драгите места во градот. Ако неш-то препознаам дека е доб-ро, останувам верен на тоа и не правам компромиси. Трендот е моментален, а стилот е вечен“.

АНТИЧКИ ТЕАТАР – СОНИШТАТА СЕПАК СЕ ИСПОЛНУВААТ

Од „Аквариус“ се упативме кон Античкиот театар, значајно место за детството и кариерата на Четкар. Овде се одржаа три важни концерти за него како музичар. Првиот го означи стартот на кариерата, а последниот беше потврда дека е на вистинскиот пат во создавањето и испишу-вањето на една музичка приказна создадена според сопствени ноти.

„Тука седам и се потсетувам на играта со другарите како мало дете, кога беа откри-ени само неколку реда од Античкиот театар . Игравме Индијана Џонс и баравме скриено богатство. Откако почнаа целосно да го от-криваат, замислувавме дека еден ден овде повторно ќе има концерти и претстави. И навистина тоа почна да се остварува преку Охридско лето и други независни кон-церти. Местото повторно се користи за она за што и би-ло направено пред повеќе од 2.000 години. Има многу антички театри низ светот, но вообичаено се наоѓаат на периферијата или во гра-довите кои веќе не постојат. Охридскиот антички театар се наоѓа во срцето на градот кој непрекинато живее веќе неколку милениуми. Токму затоа овој шарм на Антички е многу редок. Фантазирав да свирам овде и тоа ми се оствари во 2003 година во рамките на Охридско лето кога беше мојот прв голем солистички концерт. Се претставив пред полн

театар, што беше еден неверојатен момент и прво поголемо и позначајно искуство во кариерата на кое ќе се сеќавам цел живот. И минатогодишниот и годинешниот концерт беа магични, бидејќи театарот се наполни со прекрасна публика која зрачеше со максимално позитивна енергија. Успехот е уште по-голем ако се земе предвид колку тешко е да се наполни таков театар со музика која не е толку комерцијална. Сигурно дека ќе продолжам со традицијата да свирам на ова место кое го знам откога знам за себе. Секаде е убаво да настапуваш, но дома, на местото каде што си пораснал, е тоа е посебна хемија“.Ова ни го раскажа Владимир седнат на врвот на Антички театар каде бевме само ние, по некој турист и охриѓане-цот Тунте кој во Владимир го препозна неговиот брат Васил. Од него дознавме де-ка и двајцата браќа личат на нивната мајка Славица.

КАНЕО – ДУХОВНО СМИРУВАЊЕ И НЕГУВАЊЕ НА ЕМОЦИИТЕ

На Канео нашиот соговорник го пронаоѓа својот духовен мир. Секое годишно време на ова

место за него е посебна магија која секогаш ја доживува поинаку.

„Со другарите доаѓавме во текот на целата година и имавме време да развива-ме поинакви емоции. Мес-тото од духовен и приро-ден аспект е уникатно, тоа е симбол на градот и на Маке-донија. Кога сум нервозен или вознемирен, доаѓам ту-ка и се смирувам. Духовно-то во себе го одржувам пре-ку сите мои сетила: преку прекрасни пејзажи, преуба-ви мозаици, уметнички де-ла, преку прекрасна музика, природа, птици, жуборење-то на водата. Сето тоа е мно-гу тешко да се дефинира, но резултатот е неверојатен и неопислив со зборови. Нај-голем успех за мене е ако со истиот интензитет го чувс-твувам местото како пора-но. Тоа е како кога првпат слушаш музика, кога си де-те ја доживуваш на најна-ивен и најемоционален на-чин. После Академијата не секој ја задржува таа наив-ност. Стануваш премногу критичен и аналитичен. Се обидов да заборавам малку на Академијата и да ја вра-там наивноста во мене. Сме-там дека така можам да ги напишам најубавите дела. Да ги имаш двете, односно да го задржиш и едното и другото е многу тешко. Ака-демијата, за жал, понекогаш може да го скрши уметни-кот. Хуманоста и непосред-ната поврзаност со пријате-лите, фамилијата и градот ми даваат стабилна осно-ва каде што можам да се на-вратам и да почнам да рабо-там со истиот ентузијазам“.

На прашањето дали е носталгичен кога е во Њујорк, нашиот соговор-ник одговори:

„За Охрид ме фаќа ностал-гија и кога сум тука. Тоа е изрека на Гауди за Каталон-ците, дека се толку ностал-гични, што се носталгични и кога се дома. И јас го чувс-твувам истото за Охрид и Македонија. Многу би бил емотивно празен доколку не дојдам во лето. Поврзан сум со фамилијата. Да не беа тие, немаше да бидам тоа што сум сега. Мојот тат-ко со занает ме школуваше на Беркли. Тој се занимава со производство на различ-ни видови четки, па од фа-милијарниот занает доаѓа и мојот прекар – Четкар“.

КАЈЧЕ, РИБОЛОВ И ПОСЕТА НА ДИВИТЕ ПЛАЖИ

Спомените за кајчето се вр-зани за ловењето риба на блинкер со најблиското се-мејство. Се станувало мно-гу рано, кога ѕвездите на небото се надвис нати блис-ку до езерото. Постојат оган, вода, небо, земја, и во Охрид – кајче.

„Освен за ловење риба на блинкер, со другарите кај-чето го користевме да оди-ме на плажа во Градиште. Возевме по неколку часа. Кога пеевме се создаваше прекрасно ехо од Галичи-ца и карпите во околината. Уште го чуваме нашето кај-че кое беше бојадисано во бела и кафеава боја. Во не-го се чувствуваш како да си дел од езерото. Нај омилено место ни беше на средина-та на езерото каде водата е најчиста и најдлабока. Пос-ле Градиште има фантасти-чен предел со многу диви плажи кои се идилични, ди-ви и нечепнати“.

Page 54: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

54

ЊУЈОРК, ЊУЈОРК

„Aко не се сочува историјата, не-ма иднина за градот. Езерото е од редок вид и такви во светот не-ма многу. Сум бил на фантастич-ни места, како Карибите и Хаваи, но редок е спојот на историјата и убавината. Охрид ми е драг во септември кога можам да се ре-лаксирам и на вистински начин да ги доживеам неговите убавини. Јас барам некој поинаков Охрид и поинаква слика за него. Ми пре-чи што во центарот на Охрид се испреплетуваат турбо-фолк зву-ци, тие не припаѓаат на ова мес то. Жалосно е да има кич таму каде што не му е местото. Убави рабо-ти се случија од археолошки ас-

пект, но ликот на градот се про-мени по неприроден пат. Нека се сочува автентичноста, бидејќи ка-де и да одиме, културата е многу важна, а ние ја губиме добровол-но. Денес е реткост да се слушне традиционална охридска музи-ка. Турбо-фолкот го оддалечи на-родот од самиот себе. Кичот ќе земе данок со духовното здра-вје. Има многу добри чалгаџиски групи, но, за жал, речиси и да не-ма место за таа музика. Во ресто-раните не гледам ниту традицио-нална храна на менијата, и затоа мислам дека Охрид треба поина-ку да се развива. А тоа, пак, ќе по-влече поинакви туристи“. ¿

ОХРИД - ГРАДОТ ЈА ГУБИ АВТЕНТИЧНОСТА

БОРБА СО КОНКУРЕНЦИЈАТАНа деветти октомври Четкар ќе настапи на Бродвеј во позна-тиот клуб „Иридиум“ на Менхе-тен. „Иридум“ и „Блу ноут“ се можеби најголемите ривали, а во „Блу ноут“ веќе имал три концерти во ударни термини во престижната програма „лејт најт шоу“. Неговите настапи побудиле голем интерес кај трагачите по таленти кои му по-нудиле да свири во „Иридиум“, како битно место за гитаристи и млади таленти.

„Во туристичките каталози и магазини за Њујорк како пре-порака за места кои треба да се посетат е и ’Иридиум’. Можнос-та која ми е дадена е неверојат-на, бидејќи настапувам сабота навечер. Ќе свирам со мојот

њујоршки квартет кој е во ме-шан состав: Јапонец, Афроаме-риканец и двајца Балканци. На седми јануари ќе настапам во БАМ (Бруклинска академија за музика) што е многу важно за мојата кариера. Воедно сора-ботувам со диџеј Димитри од Париз и со Том Молтон. Тие луѓе ми дадоа признание и многу ми помогнаа во кариерата. Њујорк е битно место за еден уметник бидејќи има незамислива кон-куренција, а конкурентноста во која било смисла е показател за зрелоста на една нација. Јас како Македонец ја промовирам државата бидејќи сум со маке-донски пасош и уметничка виза. Им велам на уметниците да се обидат. Еве, јас сум таму, рабо-там и живеам од тоа“.

ни

з о

чи

те

на

...

Page 55: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

55ш

уш

уш

САША БАРОН КОЕН КАКО ФРЕДИ МЕРКЈУРИ

Британскиот актер Саша Барон Коен ќе го игра Фреди Меркјури во филмот за групата

„Квин“, изјави гитаристот на бендот Брајан Меј. Автор на сценариото е Питер Морган кој го напиша и сценариото за филмот „Фрост/Никсон“, а новиот проект сe уште нема наслов. Почетокот на снимањето на филмот е закажан за следната година и ќе биде фокусиран на настапот на бендот „Квин“ на хуманитарниот концерт

„Лајв ејд“ од 1985 година. Нивниот настап на стадионот Вембли, кој траеше 21 минута, кога ги изведоа „Bohemian Rhapsody“, „We are Тhe Champions“ и „Radio Ga Ga“, се смета за еден од најдобрите рок-настапи.

БИЈОНСЕ СО НОВ АЛБУМПо двегодишна дискографска пауза пејачката Бијонсе снима нов албум, а првиот сингл може да се очекува кон средината на месецов. Веста ја откри Лос Да Мистро, кој е еден од продуцентите на хитот „Single Ladies“ откако на својот профил на „Твитер“ напишал дека е во студио на снимање со познатата пејачка. Бијонсе изјавила дека меѓу песните ќе има уште антологиски синглови за жените и да го очекуваме нејзиното појавување за три недели. Во очекување на новиот албум на аренби дивата, како продуценти ќе се запишат и Ни-Јо кој минатиот месец исто така бил во студио со Бијонсе и Мери Џеј Блајџ.

„МОМЦИТЕ ОД МЕДИСОН“ НАЈДОБРА ДРАМСКА СЕРИЈАТелевизиската серија „Mad Men“ („Момците од Медисон“) и годинава е прогласена за најдобра драмска серија на доделу-вањето на американските ТВ-награди „Еми“, а најдобра хумористична серија е „ Модерно семејство“, со што е прекинато владеењето на „30 Rock“. Жирито се изјасни дека „Момците од Медисон“ е „брилијантен“ приказ на американската рекламна агенција од 60-тите години на минатиот век, што се емитува на американската кабелска ТВ-мрежа „AMC“. Оваа серија трета година по ред е прогласена за најдобра драмска серија.

Page 56: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

56ш

уш

уш

ЏЕЈМС БЛАНТ И ПОСВЕТИ ПЕСНА НА ПРВАТА ЉУБОВЏејмс Блант и посвети песна на својата прва љубов, чие име ни по долги години од раскинувањето на врската не сака да го открие. Британскиот триесет и шестгодишен пејач вели дека песната „You are Beautiful“ не само што е негов најголем хит, туку и дека му е најмила бидејќи ја посветил на неговата прва љубов. Пејачот кој не сака да зборува за приватниот живот, открива дека и на новиот албум ќе има нешто од таа прва љубов. За неа откри дека е среќно мажена жена која веќе има и деца. Пејачот неодамна го најави и најновиот албум кој се очекува во продажба овој месец.

ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ДОБИ СИНСопругата на британскиот телевизиски готвач Џејми Оливер, Џулс, роди син. Мајката и бебето се чувствуваат добро, им порача Оливер на обожавателите. Џулс и Џејми веќе имаат три ќерки, Петал Блосом Рејнбоу, која има 17 месеци, Џејзи Бу Памела (шест години) и Попи Хани Роузи, која има осум и пол години.

КАЈЛИ ИМАШЕ „НЕЗГОДА“ СО ФУСТАНЧЕТОКајли Миног блесна на Миланската модна недела. Се појави во кусо златно фустанче, но несакајќи да покаже „премногу“ имаше проблеми при излегувањето од автомобилот. Во златното фустанче Кајли Миног го покажа совршеното тело и уште еднаш ја потврди титулата џебна Венера. На ревијата на италијанскиот дизајнер Емилио Пуши, Кајли се довозе во црниот лимен љубимец. Откако помалку несмасно се подместуваше на задните седишта, успеа да излезе пред фотографите.

РАСКОШНАТА ВИКТОРИЈА СО ДВЕ ГЛАВИ ПОНИСКОТО МОМЧЕШведската секс-бомба Викторија Силвстед, Миланската модна недела ја искористи и за шопинг. За да може полесно да ги помине сите скапи дуќани, го понесе и своето момче, милионерот Маурис Дабах, кој и ги носеше торбите и плаќаше. Викторија и Маурис на улиците на Милано го привлекоа вниманието со големата разлика во висината. Згодната Викторија своите и онака долги нозе уште повеќе ги истакна со високите потпетици.

Page 57: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

57

СО ПАУЕР ПИЛАТЕС ДО УБАВО

ОБЛИКУВАНО ТЕЛО

НАТАША АНГЕЛЕВСКА, ИНСТРУКТОРКА ЗА ФИТНЕС И ПИЛАТЕС, ВИ ЈА ПРЕТСТАВУВА ПРОГРАМАТА ПАУЕР ПИЛАТЕС НА ВЕЖБИ

ЗА ЗАТЕГНУВАЊЕ И ОБЛИКУВАЊЕ НА ВАШЕТО ТЕЛО. ОВАА КОМБИНАЦИЈА ОД ДИНАМИЧНИ И СТАТИЧНИ ВЕЖБИ

ГО ЗАБРЗУВА МЕТАБОЛИЗМОТ, ЈА ПОДОБРУВА ЦИРКУЛАЦИЈАТА, ГИ СОГОРУВА МАСТИТЕ И ЈА ОФОРМУВА МУСКУЛАТУРАТА

НА ВАШЕТО ТЕЛО

На самиот почеток, Пауер Пилатес се вежба пет дена неделно. Тренингот

трае од 50 минути до еден час, а најдобри резултати ќе добиете доколку паузите помеѓу два тренинга не се подолги од 48 часа. При започнување со оваа програма на вежби, вообичаено е да чувствувате замор и да ви се чини дека не можете да издржите ни половина час од тренингот, но на крајот чувството е сосема поинакво бидејќи ќе бидете полни со енергија! Специфичниот начин на дишење кој се спроведува при изведувањето на вежбите ќе ви помогне да го намалите стресот, кој е еден од главните фактори кои предизвикуваат лош сон или несоница. Недостигот од сон, пак, го пореметува природниот биоритам на организмот и доведува до зголемена потреба за храна и неправилна исхрана. Овие вежби ќе ви помогнат да се ослободи-те од стресот и да ја одржите хармонијата на вашето тело и дух, а со тоа да стек нете и по-добра физичка кондиција и совршено обли-кувано тело. Откако ќе ги постигнете сака-ни те резултати, ќе биде доволно вежбите да ги из ве дувате трипати во неделата. Постојат три нивоа на Пауер Пилатес, вежби кои мо-же да ги изве ду ва секој, без разлика на го-дините и физичката кондиција.

КАКО ДА ГИ ИЗВЕДУВАТЕ ВЕЖБИТЕ?

Во овој број на „LIFE магазин“ ви претставуваме получасовна програма на вежби кои заемно се надополнуваат. Вежбите треба да ги изведувате без пауза и веднаш да преминувате од една вежба (позиција) во друга. Концентрирајте се и посветете повеќе внимание на дишењето. Целиот циклус вежби треба да го повторите трипати.

ШТО ВИ ЕПОТРЕБНО

ЗА ВЕЖБАЊЕ?

R Простирка за лежењеR Мала топка тешка 1 кг

Ангелевска Наташа¢ Ивана КузмановскаoR

фи

тн

ес

Page 58: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

58

3„АКТИВНА МАЧКА“(ги активира мускулитена рацете, градите, грбот, стомакот, задникот и нозете)

„МОСТ ВО СТРАНА СО СТРАНИЧНИ ДВИЖЕЊА НА РАКАТА И НОГАТА“(ги активира страничните стомачни мускули, колко-вите, внатрешната страна на бутовите и рацете)

„СТРАНИЧНА СВЕЌА“(ги истегнува и зајакнува мускулите на рацете, градниот кош, грбот, стомакот и нозете)

„ПЛАНК“ СО ПОДИГАЊЕ НА НОГАТА(ги активира мускулите на стомакот, рацете, задникот, грбот и задната ложа)

Спуштете се на подот така што ќе бидете потпрени на дланките и колената. Рацете треба да ви се исправени, дланките да се поста-вени под рамената, а колената под колковите. Вдишете, испру-жете ја десната нога паралелно со подот истовремено пружајќи ја левата рака нанапред, како да сакате нешто да дофатите. Задр-жете се во оваа позиција 2-3 се-кунди (позиција А). Потоа ис-пуштете го воздухот, свиткајте ги лактите и колената навнатре, повлечете го торзото нанадвор, вит кајќи го грбот така што десно-то колено и левиот лакот ги пов-лекувате накај градите (пози-ција Б). Ова движење направете го 15 пати од едната, а потоа и од другата страна.Напредна верзија: Откако ќе ја усовршите вежбата, истата мо-жете да ја работите со тежинска топка од 1 кг во раката (како на фотографијата).

Од позицијата на странич-на свеќа ја повлекувате десна-та нога, ја виткате во коленото и се потпирате на неа. Левата ра-ка ја кревате над главата, а ле-вата нога е исправена и допре-на на подот (А). Вдишувате и ја кревате левата нога, истовреме-но спуштајќи ја левата рака кон ногата. Останете во оваа пози-ција (Б) две секунди. Повторете ја вежбата 15 пати, потоа смене-те ја страната.Напредна верзија: Откако ќе ја усовршите оваа вежба, истата можете да ја работите со тежин-ска топка од 1 кг во раката (како на фотографијата)

Од позицијата „активна мачка“, сега се поставувате во „планк позиција“ (или попозната како позиција на склек): дланките ви се поставени на подот, во иста линија со рамената, а нозете се исправени (А). Испуштете го воздухот и ротирајте го телото на десно. Подигнете ја десната рака над главата (Б). Задржете се во оваа позиција додека не вдишите и издишите пет пати. Потоа се враќате во почетната положба (А) и истото го повторувате на левата страна. Ротирајте од позиција А во позиција Б 8-10 пати.

Од позиција на „страничен мост“ сега се враќате во „планк позиција“ (А). Земете воздух и кренете ја десната нога, притоа внимавајќи задникот да остане во иста линија со рамената (Б). Останете во оваа положба три секунди, потоа издишете и вратете се во почетната „планк позиција“. Повторете го истото и со левата нога. Сработете ја наизменично вежбата 8-10 пати.

24

A

A

A

A

Б

Б

Б

Б

11111111111111111 33333333333333

фи

тн

ес

Page 59: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

59ф

ит

не

с

7

„КОБРА“ (ги активира грбните мус-кули, стомакот и внатреш-ниот дел на бутините) ИСЧЕКОРУВАЊЕ

НАПРЕД (ги активира мускулите на задникот, нозете и бутовите)

„КАМИЛА“ (го истегнува предниот дел од телото, ги активира грб-ните мускули и мускули-те на задникот, го опушта ’рбетниот столб и ја подоб-рува циркулацијата)

СКЛЕК СО ТОПКА(ги активира градните мускули и мускулите на рацете)

ПОЗИЦИЈА „СТОЛЧЕ“ (ги активира мускулите на задникот)

Од почетната „планк позиција“ се спуштате надолу и лактите ги припојувате до телото. Потпи-рајќи се на дланките, ја подига-те главата нагоре, истовремено кревајќи ги рамената и градите. Истегнете ги стомачните мускули

- свиткајте го горниот дел од те-лото наназад (А). Вдишете и из-дишете 2-3 пати во оваа позиција, а потоа полека спуштете ги гра-дите на подот (Б). Повторете ги движењата 6-8 пати.

Застанете исправено и раширете ги нозете во ниво со рамената (А). Ставете ги рацете напред и вдишете, исчекорете со левата нога и застанете кога левиот бут ќе ви биде во паралелна позиција со подот (а левото колено во иста линија со глуждот). Исправете ги рацете (Б). Повторете го движењето 12 пати со секоја нога.

Клекнете и седнете на петиците. Ставете ги дланките на петици-те и подигнете ја карлицата исто-времено земајќи воздух. Главата благо наслонете ја наназад. Про-должете да вршите притисок сe додека бутовите не дојдат во пра-ва линија со телото. Издишете и вратете се во почетната позиција.

Од позиција „кобра“ сега ги свитку-вате колената, ја поставувате левата дланка на топката, а десната дланка ви е долу, под агол од 90 степени. Со рацете свиткани во зглобовите се спуштате надолу, задржувајќи се две секунди (А), а потоа се враќате во почетната позиција. Повторете ја вежбата 10-12 пати.

Од почетната позиција на исчеко-рување (А), спуштете го задникот кон подот, како да сакате са седнете на столче. Задржете се во позиција кога колковите ќе дојдат во иста линија со колената и подигнете ги рацете нагоре (Б). Останете во оваа положба пет секунди и повторно вратете се во позицијата А. Повторете го движењето 12 пати.

9A

A

A

A

Б

Б

Б

5 86999999999999999999999

888888888888888866666666

Page 60: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

60о

д а

до

ш

РЕАЛНОСТИЛИ САМОПРИМАМЛИВИДЕАЛ

М ногу двојки се решаваат да отпочнат заеднички живот со отворена можност

во нивниот емотивен и сексуален живот да се појават и други луѓе. Некои за ваквата можност се одлучуваат после долгогодишна моногамија без оглед дали во таков „излет“ ќе се впуштат двајцата или само еден од партнерите. Ваквите одлуки сигурно не можат да бидат лесни бидејќи неминовно ги повлекуваат прашањата за заемната доверба и верност. Отворениот однос при ваквиот стил на живеење сепак не е гаранција дека довербата нема да биде нарушена. Но, зошто воопшто доаѓа до вакви ситуации на отфрлање на моногамијата?

Премногу сексуализираното општество во кое живее најголем дел од светот е една

очигледна причина. Сексуалните скандали на ѕвездите непрестајно се некаков „битен фактор од планетарно значење“ за публиката (дали веќе ни здодеа „тажната“ љубовџиска судбина на Тајгер Вудс?), телевизиските серии, филмовите, мошне агресивно пропагираат стил на живеење кој сосема те негира од модер-ната сцена на секојдневното живеење ако во сопствената биографија не наредиш цел список љубовно-сексуални афери. И се разбира, сето тоа резултира со куп испокршени срца.

Од друга страна, истото тоа општество ја зема и претпочита моногамијата како најпогодна норма за стабилен цивилизиран живот. Романтичниот идеал додека „смртта не нe раздели“ се култивира како поле на

МОНОГАМИЈА

ОВА Е ВРЕМЕ ВО КОЕ ПРОПАЃА

МИТОТ ДЕКА ЖЕНИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ СКЛОНИ

КОН МОНОГАМИЈА ОТКОЛКУ МАЖИТЕ.

Анета Ивановска¢

Page 61: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

61о

д а

до

ш

проекција на нашата природна потреба за љубов, разбирање, емотивно и духовно реализирање со еден, доживотен партнер.

Отфрлањето на моногамијата, сепак, не е резултат на современоста ниту, пак, нејзиното прифаќање или одбивање е само поради општестве-ните тенденции.

Биолозите одамна имаат расчис-тено дека моногамијата ни најмалку не е типична во природата. На некој начин, биолошките истражувања нe наведуваат да размислуваме дека моногамијата е, всушност, неприродна. Меѓу цицачите само три до пет проценти од 5.000 видови, вклучувајќи го и човекот, одржу-ваат моногамни заедници, а како најверни се покажуваат дабарите, волците и лилјаците. Птиците, со дури 90 проценти, долго време беа сметани за најмоногамни. Но, оваа бројка која во доцните шеесетти ја дал познатиот орнитолог Дејвид Лак, денес е изненадувачки поинаква. Во последнава деценија истражу-вањата на биологот Симон Грифит од австралискиот универзитет Меквари и неговите колеги, во врска со екстра спарувањето на птиците, покажуваат дека од 130 видови кои вообичаено се третирале како моногамни, дури 86 проценти се склони кон прељуба.

Земајќи ги предвид биолошките истражувања, Дејвид Бараш и Џудит Липтон, авторите на една од најпознатите книги на оваа тема,

„Митот за моногамијата“, сугерираат дека остварувањето на моногамијата е исклучително тешко, но сепак, не и невозможно.

Според ова, дали би требало да се помириме со сопствената биологија и да престанеме со занесот кон

идеалната моногамна врска? Како е тоа можно кога и натаму онаа топлина во срцето и бескрајното разбирање со другата личност не исчезнуваат од нашата реалност?

Науката (овојпат неврологијата) нуди одговор на оваа дилема во одбрана, односно, потврда на моногамноста кај човекот. Според неа, кога чувствуваме привлечност и љубов кон некого, во игра се хормоните тестостерон, естроген, допамин, серотонин, окситоцин и вазопресин. Научниците сметаат дека последните два се одговорни за она што го доживуваме како приврзаност кон една личност, односно нe прават моногамни.

Како да го одржуваме нивото на сопствените хормони се чини дека е тешка задача, дотолку повеќе што на Мајката природа моногамијата воопшто не и е својствена. Сепак, од сопствените искуства сите ние сме свесни за еден непобитен факт - дека човечкото битие поседува способност да ја надитрува и надминува природата.

Наспроти научните објаснувања, општествената заднина на монога-мијата е прилично контроверзна. Во антрополошките и историски наоди за нејзиното потекло, воопштено се зема дека во пораната човечка историја моногамната заедница му служела на мажот за да го осигура потеклото преку своето потомство. Тоа значело дека жената е онаа која мора да биде верна. Со развојот на цивилизацијата и концептот на правно наследство, оваа тенденција не исчезнува, напротив, се јавуваат многу силни и политички притисоци врз женското сексуално однесување. Потеклото на моногамијата исто

така силно е поврзано со Европа и Католичката црква која за своите лукративни цели и за задржување на моќта, ја проповедала монога-мијата како доблест и идејата дека прељубата е грев.

Накратко, корените на општест-вената моногамија се во контроли-рањето на женската сексуалност, за мажот да може да ја следи и одржува својата лоза. Оттаму, моногамијата историски се поврзува со женската опресија низ човечката историја.

Во современата социјална средина (особено во западните и прозападните култури) повеќе од сигурно е дека емотивната и сексуалната нерамноправност меѓу мажите и жените практично не пос-тои. Ова е време во кое пропаѓа митот (исчезнува опресијата) дека жените се повеќе склони кон моногамија отколку мажите. Реалноста сe повеќе потврдува дека рамноправноста по ова прашање станува нова норма. Вооружени со подеднакви ресурси за освојување што повеќе партнери, и едните и другите доживуваат исти ситуации и минуваат низ исти сос-тојби. Растурени семејства, чувства на повреденост од една страна или, пак, нова љубов полна страст која се вгнездува во уште една моногамна идила, се само некои од резултатите кои ги носат овие искуства.

Тогаш, каков став би бил најправилен кон прифаќањето или отфрлањето на моногамијата?

Помеѓу биолошките факти и општествените норми и предрасуди, останува самите да си составиме соодветна комбинација која ќе го означува и оправда најдоброто нешто што ни е на располагање - сопствениот избор.

На Мајката природа моногамијата воопшто не и е својствена

Page 62: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

62у

ба

ви

на

Кратката коса најчесто се поистоветува со мажественоста. Но правилата постојат за да бидат изменети. Не секогаш кратката фризура дава андроген изглед и строга форма. Спротивно од тоа, таа е функционална, лесно одржлива и практична во секој поглед, посебно земајќи го предвид брзиот начин на живеење на една современа и модерна млада жена.Сигурно си го поставувате прашањето: како да ја скратите вашата коса, а таа да не делува строго и остро, туку софистицирано и авангардно? Тајната на нашите предлози се крие во формата и адаптирањето на колоритот кон неа.Првата солуција претставува игра на контрастот, како во бојата така и во формата.

И КОНТРАСТФОРМА

Page 63: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

63у

ба

ви

на

За да се избегне класичната контрастна комбинација црно-бело,

темната боја се заменува со една иновативна, несекојдневна нијанса, во

случајов виолетова, нанесена на пократ-ките делови од фризурата. Подолгиот средиштен дел на косата е истакнат со посветла боја, а за добивање волумен

и полесно моделирање на должината се користи техниката „undercut“. За постигну-

вање современ изглед се препорачува блага асиметрија во предниот дел на фризурата.

Доколку вашата коса е кадрава, ви го нудиме истото решение, само изработено во една боја (по можност иновативна), со цел да се истакне

квалитетот и формата на влакното, а најбитно е да се адаптира бојата и формата на косата на карак-

терните црти и изразот на ликот. Станува збор за исти форми, изработени и приспособени кон различен тип

коса, но пред се кон индивидуалноста и различноста на типот на девојка или млада жена.

Со почит, Panache.

Page 64: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

64з

др

ав

а и

сх

ра

на

ВРАЌАЊЕ КОН ПРИРОДАТА

Го имаме заборавено времето кога знаевме кое овошје во кој период

од годината доаѓа на нашата трпеза. Тоа беше време кога се уште имавме врамнотежен однос со природата и во точно определено време од годината го јадевме токму тоа што е најхранливо за нашиот организам.

И како што се менува се околу нас на патот кон глобализацијата, така се менува-ат и нашите навики во исхраната. Не раз-мислуваме дали е сезона на одредено ово-шје и зеленчук, туку го купуваме она што изгледа убаво, што може да стои со денови во фрижидер без да го смени обликот или да изгние. Забораваме дека оваа храна е преполна со пестициди кои можат да пре-дизвикаат алергии, труења и други нарушу-вања во организмот.

Во Македонија ја имаме таа среќа што се уште можеме да си дозволиме органски одгледувана храна и таа секогаш би треба-

ло да биде нашиот прв избор. Во западни-те земји органската храна е луксуз кој не може да си го дозволи секое семејство. Ко-га се одлучуваме за органска, здрава храна, ние автоматски го следиме ритамот на при-родата, бидејќи оваа храна расте во одре-дени годишни времиња и не е секогаш дос-тапна како вештачки одгледуваната храна.

Есента и зимата се дел од годината кога организмот е поосетлив, метаболизмот забавува, почесто се јавува замор, пад на имунитетот, депресија и здравствени проблеми. Природата затоа има идеално решение: се појавуваат јаболка, тикви, зелка, кељ, калинка... Ние само треба да го следиме природниот ритам и да го консумираме она што ни го нуди нашето поднебје во овој дел од годината.

Со доаѓањето на есента треба да го зголемиме количеството на масло во исхраната. Најдобро е тоа да биде маслиново масло, а се препорачува и

масло од сусам кое е добро за постудените денови затоа што го грее организмот.

Во овој период, најмногу застапени треба да бидат разните видови варива, со додаток на морков, магдонос и друг коренест зеленчук. Особено е важна термичката обработка, бидејќи е препорачливо околу 70 проценти од храната да биде топла. Тоа не значи дека храната треба да се преварува - некогаш е доволно краткотрајно готвење на пареа.

Навиката да пиеме чаеви во есен и зима е позитивна, но исто така е добро да се пијат и цедени овошни сокови мешани со зеленчук (морков, цвекло, брокула). Најдобро е да ги исфрлиме слатките од исхраната: наместо чоколада и кекси, подобро е да се консумираат компоти кои традиционално се приготвуваат во нашите краеви и се одлична замена за индустриските слатки. Покрај компотите, одлична замена за благо е сувото овошје.

СЕЗОНСКА ИСХРАНА

Гордана Деан Поп-Христова ¢

Page 65: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

65з

др

ав

а и

сх

ра

на

65

ТИКВА - КРАЛИЦА НА ЕСЕНТАТиквата е зеленчук кој многу при-донесува за вашето здравје. Таа го зајакнува имунитетот, го по-добрува варењето, го поттикну-ва исфрлањето на отровите од организмот, го смалува нивото на холестерол, а делува и смирувач-ки за нервниот систем. Тиквата се подготвува едноставно, доволно е да се испече во рерна и да се зачини со малку цимет - за вкусен и здрав оброк. Печените семки од тиква покрај тоа што се вкусни, се пребогати со витамин Б и про-теини и даваат енергија.

ЈАБОЛКОЈаболкото е овошје кое ни е нај-достапно, а истовремено е и најз-драво. Тоа изобилува со витамини и минерали, го јакне имунолошки-от систем, помага во борбата про-тив вирусите и бактериите и ги не-утрализира слободните радикали. Секојдневно консумирање на ова овошје го намалува холестеро-лот, го регулира варењето и го детоксицира организмот. Јабол-

кото му дава енергија на органи-змот, бидејќи содржи јаглехидра-ти, гликоза и фруктоза. Позитивно делува против замор и намалена концентрација. Јаболкото содр-жи и серотонин така што делува позитивно на расположението, го намалува стресот и помага при проблемите со спиење.

КОСТЕНИКостените се вкусни и хранливи. Тие даваат енергија во деновите кога температурите се пониски. Енергетската вредност им е мно-гу висока поради големо количе-ство скроб, но затоа имаат низок процент на масти. Костените содржат и многу витамин Ц.

ПЕЧУРКИПечурките би требало почесто да се наоѓаат на нашето мени. Преполни се со протеини, желе-зо, цинк, витамини и минерали, а имаат малку калории и можат да се користат во исхраната како за-мена за месо. Тие изобилуваат и со селен кој го нема доволно во

другата храна. Печурките имаат антиоксидантно, антибактериско и антивирусно дејство, го нама-луваат крвниот притисок и холес-теролот, а истовремено ги чуваат бубрезите, црниот дроб, срцето и нервниот систем.

ТЕМНОЛИСНАТ ЗЕЛЕНЧУКСпанаќот, кељот, блитва и други-от темнолиснат зеленчук се бога-ти со бетакаротен, витамините Ц и Е како и со лутеин кој го штити ви-дот. Овој зеленчук штити од рак за-тоа што е богат со фолати, а делува на цврстината на коските поради количеството калциум и магнези-ум. Се препорачува темнолиснати-от зеленчук да го имаме на менито барем три пати неделно.

ЖИТАРКИЖитарките се важни во есен-ската исхрана, а интегралниот ориз, кој може да се приготвува на многу различни начини, треба што почесто да го заменува белиот ориз. Житарките се гла-вен извор на јаглехидрати и

протеини, а интегралниот ориз ги содржи сите есенцијални аминокиселини и незаситени масни киселини. Минералите (калиум, калциум, железо, магнезиум, цинк, силициумска киселина) и витамините (Б1, Б2, Б3, Б5, Б9 и Е) се наоѓаат во надворешниот дел од зрното - во лушпата. Затоа се препорачуваат токму интегралните житарки.

СОЈАЛуѓето кои редовно консуми-раат соја имаат помал ризик од кардиоваскуларни заболувања, а жените кои секојдневно ја имаат на менито (по пример на жените во Јапонија) практично немаат проблеми со менопауза-та. Сојата во исхраната доведува до смалување на нивото на холестерол и ја намалува кршливоста на коските. Таа изобилува со витамин Е, лецитин, магнезиум и со протеини. Кај луѓето кои се алергични на млечни производи и лактоза, таа е успешна замена за млеко.

Page 66: LIFE бр. 48
Page 67: LIFE бр. 48

ВоВ о

вовој б

рбрбројо

на аа

„LLLLIF

E Eма

газии

н“н в

и гоо

ппре

тсттаа

вував

меМ

аМ

аМ

аМ

ртртртринини

ВВидидидид

оеоеоовсвсвс

киикик, р

ородеедед

н нна

12

март

19898

6 гоо

диина

, ма-

гигигистстст

ерере п

о чочч

вевеечкчккч

и иреререр

суусрсрс

и на

ЉЉуб

ља

љнс

кииото

држр

авен

унуннививии

ерререрзизизии

тетететет т ти

иииспсп

оррорртитт

стс.

„НН„Н„е е е

сесеес зз

анананаимимими

ававама

ссо о

мамаамне

кенс

тввто,

тукк

у со

мод

еллстт

во.

Мо

ММднн

итте ее

пистстт

и инее

с се е

момј јп

рпед

изизви

к, м

еѓѓутут

оаоа сс

аккамам

дда

сее

сллик

ам иии

ттоао гго

о пр

ававаамаа

как

о охо

би в

о поп

следд

нивев

некк

ол-

кук гго

динин

и““, в

еввлил

за

сеебе

Мар

тин

Видо

евск

и.

На

Мар

титин

сппорор

тоот м

у е

секо

јдне

вие

пове

ќќе о

д 10

годи

-нин

: сно

убор

динг

, вејеј

кбкорр

динг

(wak

e bo

arddi

ng)) и

мау

нта-

ин б

ајјк к

се н

егово

ата а

паси

јаа, а

одл

ична

та ф

игуур

а ја

одр

уж

ва с

о ко

ндициц

исикии

тререни

нзи

покр

ај к

ејот

на

Вард

ар.

„Вни

мавав

м на

иисхсх

рарна

таа, с

е хр

анам

здзра

во, о

дбег

нува

мда

јада

м сл

алатк

и и

да п

ијам

гази

рани

пиј

алац

и, н

о не

сум

ро

б на

ниш

то“,

дода

ва М

арти

н.

Фот

огра

фиј

а:Ф

илип

Поп

овск

и

Page 68: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

68б

рз

ин

а (AlfaAlfa) RomeoRomeo & GiuliettaGiulietta

Што е убавина? Како можеме да ја дефи-нираме? „Убавина“ претставува ква-

литативна карактеристика на некој предмет или личност, чија перцепција предизвику-ва интензивно задоволство и префинето чувство во мозокот. Со оглед на тоа што си-те луѓе се различни, кај сите индивидуално се толкува убавината. Но, кога станува збор за Алфа Ромео, едноставно насекаде почну-ва да преовладува чувството за префинета, елегантна, фасцинирачка убавина.

„Џулиета“ претставува замена за веќе дотраениот модел „147“, кој е речиси 10 години на пазарот. Рака на срце, среќни сме што во Алфа Ромео конечно се одлу-

чија за промени, бидејќи моделот „147“ ги исцрпи сите можни ресурси. Ретко кога се случува автомобил кој го носи логото на Алфа Ромео да пројде незабележано. Новата „Џулиета“ припаѓа на оние моде-ли на Алфа по кои ќе си го искривите вра-тот, неуморно следејќи го секое нејзино движење. Новиот претставник на Ита-лијанците во компакт-класата ги носи ге-ните од суперспортскиот автомобил „Alfa Romeo 8C Competizione“, чие појавување во 2006 година означи почеток на ново поглавје во историјата на Алфа. Пред не-колку години, се појави малечкиот „Ми-То“ и успеа да му ги помати сметките на

Во вистински италијански дух,

со потсетување на легендарниот модел

од 60-тите години на минатиот век,

ви ја претставуваме „Алфа Ромео Џулиета“!

Кристијан Ивановски¢

Page 69: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

69б

рз

ин

авеќе етаблираниот стилски ав-томобил „МИНИ“. Сега „Џулие-та“ напаѓа со сите расположи-ви средства, во класата каде царуваат „VW Golf“ и „Форд Фо-кус“. Битката нема да биде лес-на, бидејќи „Голф“ ги нуди сите можни посакувани квалите-ти, а „Фокус“ нуди врвно возач-ко искуство и одлична практич-ност. Но, доволен е само еден поглед врз сите три возила, и

веднаш станува јасно дека „Џу-лиета“ ја има моќта да ве опие на начин што е незамислив за другите производители. Мар-кантната предница инспири-рана од моделот „8С“, високи-те странични рабови, ниското спуштање на покривот и вон-земските задни светла, ја пра-ват „Џулиета“ мевлем за очите и душата. Ниската поставеност и широката трага само ги по-

ALFA ROMEO 8C COMPETIZIONEALFA ROMEO 8C COMPETIZIONEСуперспортскиот автомобил на Алфа за прв пат се појави уште во 2003 година на Авто-сало-нот во Франк фурт. Потребни беа дури три годи-ни додека Италијанците да почнат да го про-изведуваат автомобилот кој никого не остави рамнодушен. Прек расната креација се произ-веде во ограничен број примероци и сите беа продадени уште пред да се произведат. Срце-то на оваа убавица има зафатнина од 4.7 литри и развива 450 коњски сили. Тоа е доволно за спринтот до 100 км/ч да одземе само 4,2 секун-ди и да трае сè до 293 км/ч.

тенцираат динамичките мож-ности на овој автомобил.

Во внатрешноста плени чув-ството на префинетост и квали-тет. Чистите и прегледни инстру-менти, го следат теркот на Алфа, односно стрелките се поставени во строга вертикала надолу. Рас-поредот на командите на сре-дишната конзола изгледа ерго-номски прифатлив, иако можеби контролите за клима-уред се за нијанса прениско поставени. Се-диштата, кои можат да бидат преслечени во кожа, изгледаат како да се извадени од најнови-от каталог за елитен италијански мебел. Иако ниското спуштање

на покривот наведува поинаков заклучок, сепак, просторната понуда во „Џулиета“ е на завид-но ниво. Со оглед на тоа што „Џу-лиета“ освои најмногу поени на краш-тестот на EuroNCAP, таа е сега најбезбеден автомобил во компактната класа.

За успешно дефилирање на оваа убавица по улиците се гри-жат 3 бензински и 2 дизел мотори, сите со турбо натполнење. Два од бензинците имаат зафатнина од 1.4 литри и развиваат 120, односно 170 КС. Основниот дизел има зафатнина од 1.6 литри и развива 105 КС, додека поголе-миот има зафатнина од 2.0 литри I

Page 70: LIFE бр. 48

Ретко кој помислуваше дека поја-вувањето на „Ситроен DS“, не-каде кон средината на минатиот век ќе остави толку силен впеча-ток. Имено, повеќето автомобили од тој период имаа свои квалите-ти, но овој автомобил имаше сти-листички и технолошки достигну-вања кои беа далеку пред своето време. Сега, „Ситроен“ се навраќа кон убавото минато. Неодамна бе-

ше претставен моделот „DS3“, кој претставува врвно стилистичко и дизајнерско достигнување. Овој-пат бројката е за едно зголемена, но вредностите се истите. Фан-тастичен стил, прекрасни дизај-нерски решенија во внатрешнос-та и надворешноста, практичност, уживање во возењето, и секако, еколошка свест. Зарем е можно да се посака повеќе?

бр

зи

на

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

70

и развива 170 КС. Најмоќниот мотор во понудата е бензинец со зафатнина од 1.8 литри, кој развива фантастични 235КС. Вистинските познавачи знаат дека токму кај Алфа, добар дел

од шармот отпаѓа на врвните „вокални“ способности. Тоа значи дека, за вистинскиот љубител на автомобилите, симфонијата која ја свири Алфа Ромео низ издувот, е иста како концерт на Бетовен, Бах, Моцарт и Чајковски одеднаш.

Веројатно веќе се прашува-те која цена треба да се плати

за едно вакво врвно стилско и возачко достигнување? Интересно, но цените за

„Алфа Ромео Џулиета“ на македонскиот пазар, почнуваат од сосема прифатливи 18.990

евра, за основниот модел. Дизелската понуда почнува од 20.690 евра, додека за најскапиот модел „Quadrifoglio Verde“ ќе треба да одвоите 26.900 евра. Имајќи предвид за каков автомобил станува збор, можеби се очекуваше цените да бидат повисоки. Среќни сме што не е така. ¿

Системот наречен „DNA“ за прв-пат го видовме кај помалиот

„МиТо“. Имено, станува збор за систем кој го менува карактерот на возилото, во однос на вашите лични преференци. „DNA“ е кра-теница од Dynamic - Normal - All weather, и претставува избор на три различни начини на рабо-та. Dynamic овозможува одлично спортско возачко искуство, по-ради побрзата реакција на пе-далот за гас, потврдото управу-вање и погласното озвучување од издувните цевки. Normal е

прилично јасно – овој начин се избира за исполнување на се-којдневните обврски, кога не-ма потреба од брзање. Упра-вувањето е полесно, звукот е потивок. All weather се избира кога подлогата станува лизгава. При вакви услови, електроника-та дозволува да има пролизгу-вање на погонските тркала, без притоа да му штети на системот за стабилност. Идејата зад DNA-системот може да се објасни ка-ко „Максимално уживање во во-зењето, без оглед на условите“.

ALFA ROMEOALFA ROMEO DNADNA PEUGEOT 3008 HYBRID4PEUGEOT 3008 HYBRID4ПОСЛЕДНОТО ДЕЛЧЕ ОД СЛОЖУВАЛКАТАПОСЛЕДНОТО ДЕЛЧЕ ОД СЛОЖУВАЛКАТА

Кросоверот на Пежо е нешто осо-бено, бидејќи во себе ги соединува семејниот автомобил, караванот, моноволуменот и SUV. Сега, Пежо ни ја претставува и хибридната верзија „Пежо 3008 Хибрид 4“. Ова е првиот автомобил во светот, кај кој хибрид-ниот погон е создаден од дизел-агрегат и електромотор.

На овој начин се обезбедува моќен погон на сите тркала, ниска потрошу-вачка и голема еко-свесност, бидејќи хибридот развива максимална моќ-ност од 200 КС, троши само 3,8 литри на 100 километри и ја чува природата, исфрлајќи само 99g/km CO2. Продаж-бата на хибридниот модел на „3008“ треба да започне следната пролет.

Променливо време, прекрасни автомо-били, уште попрекрасни девојки, нови-тети, забава итн... Сите овие карактерис-тики го одликуваа „Porsche Weekend Drive“, кој се одржа на 25-ти и 26-ти сеп-тември, во близина на спортскиот комп-лекс „Борис Трајковски“. За волја на иронијата и инает кон организаторот, почетокот на дождливата сезона се по-кажа во вистинско светло, прикажувајќи

ги сите можни видови дожд, познати на метеорологијата. Но, тоа не беше довол-но силна препрека за вистинските љу-бители на автомобилите, кои дојдоа во голем број со цел подобро да се запозна-ат со моделите на „Ауди“, „Фолксваген“ и „Шкода“. Секако, добредојдена беше и можноста за тест-возење. Целиот настан беше крунисан со претставувањето на новото чедо на „Ауди“, моделот „А1“.

CITROEN DS4CITROEN DS4ШКОЛА ЗА ДИЗАЈНШКОЛА ЗА ДИЗАЈН

PORSCHE MACEDONIA WEEKEND DRIVEPORSCHE MACEDONIA WEEKEND DRIVEПОВЕЛЕТЕ, ПРОБАЈТЕ И САМИТЕПОВЕЛЕТЕ, ПРОБАЈТЕ И САМИТЕ!

Page 71: LIFE бр. 48
Page 72: LIFE бр. 48

Името му е Desire, HTC DESIRE. Во моментов е еден од најпосакуваните и нај про даваните мобилни телефони во светот. Во него е „спакувано“ се она што го посакувате од еден телефон: голем екран на допир, Андроид 2.1 оперативен сис тем, камера од 5 мегапиксели и сите комуникациски алатки што живот зна чат. Спореден со својот најголем конкурент, Samsung Galaxy S, HTC Desire има помал екран и послаб квалитет на видео снимање, но од друга страна ко рисничкиот интерфејс и изборот на „виџети“ е далеку подобар. За крај: Ед ноставно, Desire е телефон со одлични перформанси. Чиста десетка!

Борбата за освојување на мобилниот универзум кулминираше во пос лед ниве неколку месеци, со појавувањето на HTC Desire, iPhone 4 и секако Samsung I9000 Galaxy S. Експертите никако не можат да се согласат кој од нив е вис тински најдобар: тестираат, споредуваат, анализираат и се расправаат, а заклучокот е секогаш различен.Силните страни на Galaxy S се: одличниот AMOLED екран и HD видео-снимање; ма ани има малку: камерата нема блиц , а изборот на „виџети“ е ограничен (спо ре дено со HTC Desire). За крај: 10! За кого и да се одлучите, нема да згрешите.

VS

СУДИРСУДИР НА АНДРОИДАНДРОИД ТИТАНИТЕ

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

72т

ех

но

ло

ги

ја

Таблет-компјутерите многу брзо станаа сериозна конкуренција на лаптоп-компјутерите, а најверојатно ќе „изедат“ и дел од колачот на „умните“ телефони

кои нудат „сè во едно“ - и повеќе. Неодамнешната анкета на истражувачката

компанија „Форестер“ покажа дека 14% (или 27 милиони) од американските потрошувачи

ќе купат таблет-компјутер наредната година. Воедно, анкетата покажува дека покрај

пионерот на мини-светот, фамозниот iPad на „Епл“, Американците се заинтересирани

и за неговите конкуренти – кои ги има сè повеќе од ден на ден.

МЕГАМЕГАПЕРФОРМАНСИПЕРФОРМАНСИМИКРО ИГРАЧКИМИКРО ИГРАЧКИ

Dell StreakАндроид „таблетот “ кој го промовираше „Дел“ ова лето е нешто помеѓу персонален компјутер и

„умен“ телефон. Помал е од iPad и лесно се носи, ги има сите можности и софтверски „играчки“ кои ги имаат Андроид-телефоните, 5 мегапиксели камера и екран со multi-touch опција, а најважно е што функционира како мобилен телефон. Прашањето е само зошто би го одбрале „Дел“,а не вистински телефон?

Page 73: LIFE бр. 48

SONY ERICSSON XPERIA X8Новата Андроид „бонбона“ на Sony Ericsson, долго време позната под шифрата „Шакира“, пристига на пазарот како XPERIA X8– поекономична и поедноставна варијанта на фамозниот X10. Големината на X8 е некаде помеѓу X10 и X10 mini – згоден е за носење в џеб, со симпатичен дизајн, но е прилично осетлив на удари. Екранот е поголем од оној на „мини“, а камерата има само 3,2 мегапиксели споредено со 5-те на неговиот претходник. За крај: доколку сте „фан“ на овој бренд, а сакате ем да бидете економични, ем вашиот мобилен да биде впечатлив – грабнете ја „Шакира“ штом ќе пристигне. А кој не би?

NOKIA N8Вљубениците во Nokia со нетрпение го очекуваат фамозниот N8 – т.н. „вистински одговор“ на iPhone 4. Овој „ас во ракавот“ на Nokia, прв од новата генерација телефони со Symbian 3 оперативен сис-тем, изгледа како микс од фантастични елементи: голем екран на до-пир, камера од дури 12 мегапиксели, HD видеоснимање и емиту-вање преку HDMI кабел, 16 GB внатрешна меморија и алуминиумска маска. Слабости? Телефонот е прилично голем, а прашање е и да-ли Symbian успеале да им одговорат на „Епл“ и Андроид. За крај: ос-танува да видиме – се работи ли за „чудото од дете“ на финскиот ги-гант, или, пак, за уште една изгубена битка?

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

73т

ех

но

ло

ги

ја

Toshiba Libretto W100Во август годинава „Тошиба“ го претстави првиот мини-компјутер на светот со два екрана. Која е пред-носта? Воедно е и „таблет“ и „мини-лаптоп“: можете да го завртите вертикално и да го читате текстот преку двата екрана – како книга, или пак да го отворите како лаптоп и да пишувате на долниот екран каде што ќе ви се појави пристојно голема тастатура на допир. Од поваќните спецификации, Либрето има 26 GB RAM меморија, Интел пентиум U5400 процесор и Windows 7 оперативен систем.

Samsung Galaxy TabНа почетокот на септември, „Самсунг“ се појави со долгоочекуваниот Galaxy Tab., кој работи на Андроид оперативен систем. Како што велат во Самсунг, оваа „играчка“ нуди „нова галаксија можности“. Помал е од iPad, но е доволно голем да може комотно да се „сурфа“ , да се чита електронска пошта и да се гледаат видеа, а покрај HD видеоемитување то и снимањето, тука е и флеш поддршката. Предност: може да се користи како мобилен телефон на 3G-мрежа, преку интерфон или bluetooth слушалка.

во најава...

Page 74: LIFE бр. 48

STARCRAFT II: WINGS OF LIBERTY (PC, Mac)

Стратегиите „во вистинско време“ се враќаат на голема врата, за што е доказ и продажбата на Старкрафт II. Оние што се запознаени со старата Старкрафт зна-ат што точно да очекуваат од „приказната“ во која Теранците, Зерг и Протосите се бо-рат за ресурси и за превласт. Дежа ви? Да, но само тој дел. Откога ќе ја искусите Стар-крафт на секој начин: графиката, сценарио-то, on-line начинот на игра, ќе заклучите де-ка играта е одлична. Навистина одлична.

MAFIA II (PC / PS3 / XBOX 360)

Доколку GTA е вашата омилена игра, мо-жеби ќе сакате да ја пробате и Мафија II, уште една класична гангстерска приказна. Можеби, а можеби и не. Визуелното дожи-вување во Мафија II е моќно со целата ар-хитектура и стил на Њујорк од средината на минатиот век, но, од друга страна, на иг-рата и недостасува динамика (со исклучок на неколку возбудливи пресметки).

CIVILIZATION V (PC, MAC)

Да, Сид Мејер се враќа со „Civilization V“, на огромна радост на неговите „фанови“. Човекот едноставно си ја знае работата. Civ 5 концепциски сосема наликува на Civ 4, има одлична графика и изменет (и мно-гу поинтересен) концепт на борба. И ако забелешките се дека нема голем напре-док во концептот од Civ 4, прашањето е да-ли вистинските вљубеници би прифатиле нешто комплетно различно?LI

FE О

КТ

ОМ

ВР

И74

Новата Xbox 360 Slim конзола е се она што претходната не беше: помала и поелегантна, неспо-редливо потивка, со 250GB хард-диск и безжично поврзување (Wi-Fi). Но приказната за Xbox не би била толку интересна до-колку завршуваше тука. Вистин-ската револуција во играњето ја воведува Kinect за Xbox 360, сис-тем базиран на 3D-камери кој го

„лови“ движењето на вашето тело – без далечински упра-вувач. Споредено со Wiimote и Playstation Move, Kinect овоз-

можува целосна слобода на движење, а вашиот аватар во играта совршено ги имитира дви жењата на вашето тело. Или не толку совршено? Тестови-те по кажуваат дека Kinect не е ни приближно толку идеален: тежок е за користење, не е пре-цизен а информациите доцнат. Сепак, „Мајкрософт“ заслужува почит не толку поради самиот производ (станува збор за прв ваков обид), туку поради пра-вецот во кој ја менува „гејминг“ индустријата.

те

хн

ол

ог

ија

XBOX 360 SLIM / KINECT ЗА XBOX 360XBOX 360 SLIM / KINECT ЗА XBOX 360

„ГЕЈМИНГ“„ГЕЈМИНГ“

СОЛАРЕН ПОЛНАЧСОЛАРЕН ПОЛНАЧ

I-СОНЧАЈТЕI-СОНЧАЈТЕГО ГО i-Phonei-Phone

Се тревожите што вашиот i-миленик брзо ја троши батеријата, а вие сте постојано во движење? Решението го има Dexim со P-flip полначот на соларна енергија. Едноставно, го ставате телефонот во полначот кој наликува на пластична навлака, соларните панели се активираат и полнењето започнува. Батеријата се полни со истата брзина без разлика дали времето е сончево или облачно – за целосно полнење се потребни околу 12 часа. P-flip е достапен за i-Phone 4 и 3GS, како и за „Блекбери“, а производителот ја цени оваа „играчка“ 80 американски долари.

РЕВОЛУЦИЈА?РЕВОЛУЦИЈА?

Page 75: LIFE бр. 48

ВЉУБЕНИ ГАЛАКСИИ

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

75п

опул

арн

а н

аука

О ваа сосема нова и фантастична слика од двете „Ан-тена галаксии“, која неодамна ја објавија Големите

опсерватории на НАСА, е композиција од неколку раз-лични фотографии на три телескопи коишто регистрира-ат различни светлосни спектри.

„Антена галаксиите“ се оддалечени од Земјата 62 ми-лиони светлосни години. Нивната колизија, која започ-нала пред повеќе од 100 милиони години и се уште трае, го иницирала создавањето на милиони ѕвезди во обла-ци од прашина и гас. Најмасивните ѕвезди од овие галак-сии веќе ја завршиле својата еволуција и експлодирале како супернови.

Фотографиите се снимени од страна на опсерва-торијата „Чандра“ и вселенските телескопи „Хабл“ и

„Спицер“, во 1999, 2003, 2004 и 2005 година. Сликата од „Чандра“ е рендгенска, со сина боја, и ги

прикажува големите облаци од вжештен меѓуѕвезден гас кој е резултат на експлозии на супернови.

Податоците од „Спицер“ ја покажуваат инфрацрвена-та светлина на облаците од прашина, кои се загреани од новородените ѕвезди. Најсветлите облаци се наоѓаат во делот каде што се преклопуваат двете галаксии.

Податоците од „Хабл“ кои се оптички имаат жолта и кафена боја и ги откриваат старите ѕвезди и региони-те во кои се формираат нови ѕвезди. Бледите објекти на фотографијата претставуваат јата од илјадници ѕвезди.

Page 76: LIFE бр. 48
Page 77: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

77

НЕДАН ПАНОВСКИ ОД СКОПЈЕ Е УМЕТНИК-ВАЈАР ПО СТРУКА И „УМЕТНИК“ ЗА ПРЕЦИЗНО ЛЕТАЊЕ АВИОНИ - ОД ХОБИ

ЛЕТАЊЕТО Е ПОДОБРО И ОД СЕКС

Page 78: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

78

Светот на авионите му го открил дедо му Пеце, во излогот на првата и во тоа време

единствена продавница за ракетни модели во поранешна Југославија – „Направи сам“ во Скопје. Раскажува дека не било лесно од купишта делчиња да се состави авионче, но дека ќефот бил огромен.

„Во продавничката 'Направи сам' кај Јоцо, мо-жеше да се купат делчиња кои сам си ги се-чеш, лепиш и правиш авион. Таквото авион-че можеше да го леташ со ластик или со рака. Јоцо, Бог да го прости, продаваше од најос-новни до најкомплицирани авиони. Беше многу тешко сосема сам да моделираш еден авион .Ти даваа еден куп делчиња кои треба-ше да се состават според нацрт-планот. Но, се вљубив од прва и почнав да правам мали ави-ончиња и ракети“.

Хобито од детските денови вистински се раз-горува кога сосема случајно во Париз наиду-ва на продавница за модели. Тоа е вистински-от почеток на една нова приказна со љубовта кон авионите која се родила во минатото.

„Сакав да купам авион и влегов во продавни-ца за модели. Мислев дека ќе ме чини околу двесте евра, но моделите кои мене ми се до-паѓаа, чинеа повеќе од двојно.Немав поим што се ми треба за да составам еден авион. Бев одушевен од повеќе модели, но тој

ми понуди да одберам само помеѓу два основни „скоро готови“ авиони. Прашав зошто, но тој рече дека може да ми продаде само еден од тие два.

Сфатив! Тој „прочита“ дека не сум подготвен да летам некој покомплициран модел, бидејќи да контролираш таков авион без искуство и тренинг е многу тешко. Разочаран, излегов оттаму и отидов дома да размислам. Другиот ден се вратив и си го купив мојот прв авион“.

По враќањето во Скопје почнува сериозно да навлегува во техниките на летањето. Негови инструктори се Дејан Саздовски и Коста Еге-ец од Аероклубот „Скопје“.

„По втората година ми здодеа тоа авионче, ги надминав основните техники на радио-контролирање, па Дејан и Коста повторно ми излегоа во пресрет. Немав скршен денар и не можев да си дозволам да купам подобар авион. Ми извадија од плакар брзинско моделче, тркачки авион. Летајќи

го тој авион, сфатив дека не ми се предизвик тркачките авиони, туку акробатските. Бев маѓепсан од авионите. Немав автомо-бил, а сакав секој ден да одам на спортскиот аеродром Стенковец. Ме носеше мајка ми, па другарите, луѓето од Аероклубот, а одев и со велосипед. Толку ми беше 'филм' летањето“.

По година и половина пауза од активно ле-тање, Недан службено заминува во Израел каде што се запознава со искусни моделари. Оттаму си купува половен авион „Венус 2“, со кој ги учи и најдобрите акробации. Недан е единствен пилот во Македонија кој лета така-наречени „IMAC“ и „3-де“ акробации. Денес, Недан барем трипати неделно оди на спортскиот аеродром Стенковец и таму го минува денот. Ми се пофали со последниот авион, купен од Америка, кој му го донесе вто-рото место на последниот натпревар во Србија. На прашањето дали му е предизвик еден ден да пилотира вистински авион, ми вели дека себеси не се гледа во кабина. Сон му е да

Од спортскиот аеродром „13 Мај“ во близина на Белград, Недан се врати со освоено второ место на првиот државен натпревар за основно пре-цизно летање F3A во Србија. По „заслуга“ на Недан, како единствен нат-преварувач од странство дојден со специјална покана од организатори-те, овој државен натпревар стана меѓународен.

сп

ор

т Марија Илиќ¢ Кире Галевскиo

Page 79: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

79с

по

рт

По неколку минути забораваш дека станицата ти е в раце. Ти си авионот!

седне зад управувачот на акробатски авион, но, ка-ко што вели, шансите тоа да се случи во Македо-нија се речиси никакви. Во моментов, целта му е да стане почитуван пилот на радиоконтролирани авиони, во кругот на моделарите.

„Не ми е целта да станам светски шампион. Верувам во себе, ќе се натпреварувам и понатаму, но реален сум и знам дека конкуренцијата е неверојатна. Мене не ме импресионира самото моделирање на авионите и про-цесот на склопување. Уживам да ги летам авионите, да правам акробации во воздухот и да го почувствувам неверојатниот адреналин кога го кревам авионот од земјата кон небото. По неколку минути забораваш дека станицата ти е в раце. Ти си авионот! Такво е чувството. Не знам како се чувствуваат другите кои го прават ис-тото, но за мене чувството е подобро и од секс“.

Недан раскажува за негови колеги, пасионирани моделари, кои при моделирањето на еден авион не само што се трудат да биде што поверодостоен со вистинските авиони, туку додаваат и неверојат-ни детали. Знаат да направат и авиони кои летале за време на светските војни, да вметнат пилоти со шмајзери, да го насликаат и бојадисаат авионот ис-то како и самиот оригинал, па дури и звукот што го испушта при летањето да биде автентичен.

„Еден таков авион е бесценет и 'фанатиците' кои пра-ват вакви модели знаат да работат на тоа и со години. Интересно е што кога ќе дојде време да се испроба во воздух тоа ремек-дело, конструкторите обично не-маат срце сами да го испробаат. Најчесто тоа за нив го прави друг пилот. Одредени моделари одат дотаму што плаќаат некому да и м го врши пробното летање“.

Недан по професија е дипломиран вајар и се зани-мава со уметност, како што вели, „од памтивек“. Твр-ди дека мора да бидеш уметник за да ги реализираш своите идеи на небото и од летањето да направиш атракција и спектакл. Впрочем, секое необично хо-би, кога се сака, се претвора во уметност за себе. ¿

Page 80: LIFE бр. 48

Влатко Галевски¢

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

80ф

ил

м80

ОВОЈ ФИЛМ Е ДОВОЛНО САМО ДА СЕ СЛУША

ПОСЛЕДНОТО ПОГЛАВЈЕ

Верувам дека на секој кој малку посериозно се занимава со филмска критика, а тоа

подразбира и определен филмски стаж, воопшто не му е лесно да пишува на тема – анимиран филм. Пред сe поради предрасу-дата дека таквите филмови се главно наменети

за најмладата филмска публика и дека ние, возрасните, не сме особено компетентни да ги цениме нивните вредности. Сепак, почнувајќи од Дизни па сe до денешно време, цртаниот филм (сосема неупотреблива формулација за новата анимирана продукција) е значаен и,

би рекле, движечки креативен и технолошки елемент во целокупната филмска индустрија.

Возрасните, кои поради желбата и обврската на своите деца да им нудат богат анимиран материјал (во домашни услови или во кино), се прилично упатени во оваа E

ако

ме

не

ме

пр

аша

те

Page 81: LIFE бр. 48

ГРАДОТ (THE TOWN)

Бен Афлек и Џереми Рејнер. Сосема привлечна комбинација за припаднич-ките на понежниот пол. Само, филмот има една мана. Не е женски. Ама, кој ќе го знае. И „Опасна кутија“ (The Hurt locker) беше машки филм, а го режираше жена (Кетрин Биглоу). Бен Афлек во овој филм се појавува и како режисер. Засега најгледан филм во САД во септември.

ИЗИ А (EASY A)

Со овој филм Ема Стоун се искачи на врвот на скалата на популарност во Америка, а беше рангирана како 49-та од најжешките 100. Но, во овој филм има и една друга девојка чија кариера е во нагорна линија. Името и е Аманда Бинс, посттинејџерка од филмовите „Лак за коса“ и „Што сакаат девојките“. Машкиот дел од екипата на филмот не би го коментирале.

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

81ф

ил

м„Шрек 4“ како веќе да ги исцрпи сите раскажувачки резерви на неговите автори

Page 82: LIFE бр. 48

МЕСТО НА ЗЛОТО: ПО ЖИВОТОТ (RESIDENT EVIL: AFTERLIFE)

Мила Јововиќ... и сe е кажано. Уште ако се знае дека оваа вамп-жена нема предра-суди околу разголувањето, јасно е зошто за само 20 дена во септември филмот во САД инкасира 60 милиони долари. Успеш-ниот рецепт за гледаност е комбинација од жанрови: трилер, СФ, акција, хорор... убави жени и многу специјални ефекти.

ВОЛСТРИТ: ПАРИТЕ НИКОГАШ НЕ СПИЈАТ (WALL STREET: MONEY NEVER SLEEPS)

По 13 години Оливер Стоун се врати на берзата. Повторно со Мајкл Даглас, но без Чарли Шин. Очигледно големите ѕвезди не сакаат да си конкурираат. Но, затоа играат Сузан Сарандон, Ели Волач, Џош Бролин, Френк Лангела, Кери Ма-лиган... Филмот почна да се прикажува пред само две недели, но се чини дека ни оддалеку не е на рамниште на досегаш-ните филмови на Оливер Стоун.

АЛФА И ОМЕГА (ALPHA AND OMEGA)

Хиперпродукцијата на цртани филмови во Холивуд никако не запира. Сепак, изгледа дека квалитетот на филмовите не е на нај-високо ниво. Како и да е, кога станува збор за цртани филмови, на кината им е зага-рантирана добра продажба на билети. На штета на родителите, се разбира! Приказ-на за двојка млади волци кои патуваат во странство и имаат многу авантури. Потоа се враќаат дома?! Позајмувачи на волчешки-те гласови се Џастин Лонг, Хајден Пенетиер, Денис Хопер, Дени Гловер и Кристина Ричи.LI

FE О

КТ

ОМ

ВР

И82

продукција. Така, сe почесто ја слушаме основната поделба на анимираните филмови според фирмите кои ги произведуваат. Нешто како моден бренд, дали е подобар Ив Сен Лорен или Пјер Карден? Кај „цртаните“ борбата главно се води помеѓу „Дрим воркс“ и „Пиксар“.

Како и да е, „Шрек“ по ова четврто (и последно) свое издание стана исклучително значаен и квалитетен бренд, како поради квалитетот на продукцијата така и поради финансиските ефекти. Податоците од бокс-офисот велат дека за четирите филма се потрошени 535 милиони долари, а заработувачката само на киноблагајните досега е милијарда и 300 милиони долари. Тука не се пресметани ефектите од дивиди-продаж-бата и профитот од една цела индустрија за текстил, играчки и сувенири кои се занимаваат со Шрек и (не)пријателите.

„Шрек 4“, сеедно што е спакуван во 3Д-технологија, како веќе да ги исцрпи сите раскажувачки резерви на не-

говите автори, а тоа веројатно ќе се одрази и на гледаноста на филмот. Бидејќи кај нас немаме услови да го гледаме во неговиот оригинален формат (3Д, ИМАКС), „Шрек“ го губи и оној технолошки гламур кој дополнително треба да ги ангажира сите сетила, а настрана што најмладите имаат и проблем со читањето на титловите. Хрватите одамна, и тоа на високопрофесионално ниво ги натсинхронизираат филмовите за деца, кои денес, патем речено, мошне рано почнуваат со совладување на англискиот јазик. И кај нас веќе се најавуваат првите синхро-низирани детски филмови за големо платно.

Во едно сум сосема сигурен. Најпривлечното во „Шрек“ се позајмените гласови. Американците тој сегмент во филмовите го довеле до совршенство.

Главните (вокални) ликови се и од претходните продолженија. Мик Мејерс како Шрек и Камерон Дијаз како Фиона се супериорни во „актерството“ на цртаните јунаци, нивните гласови и интонации се во совршена синхронизираност со мимиките, расположенијата и реакциите на Шрек и Фиона. Речиси се замислувате дали анимациите се правени откако тие го одглумиле текстот или постапката е обратна. Но, врвот на ова „aктерство во сенка“ секако се гласовите на Еди Марфи кој го озвучува Магарето и Антонио Бандерас како Мачорот во чизми. А нова-та ѕвезда во филмот е ликот на негативецот Рампелстилскин озвучен од извонредниот Волт Дорн. Вистинско уживање е да се следат креациите на овие мајстори на дикцијата, интонацијата и драматиката.

Ако мене ме прашате... не барајте од вашите деца да ви го прераскажуваат филмот, оти-дете и вие во кино, има моменти кога навистина ќе уживате и од срце ќе се насмеете. ¿

МИК МЕЈЕРС КАКО ШРЕК

КАМЕРОН ДИЈАЗ КАКО ФИОНА

ЕДИ МАРФИ — МАГАРЕТО

Најпривлечното во „Шрек“ се позајмените гласовиф

ил

м

Page 83: LIFE бр. 48

МЕСТНА ГАЛЕРИЈА, ЉУБЉАНАПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА КУРАТОРОТ

Авторскиот проект „Кураторска работил-ница“ (Curatorial workshop) на македон-скиот историчар на уметноста, Горанчо Ѓорѓиевски, е претставен во градската га-лерија во Љубљана, Словенија. Во осно-ва, проектот има многу едноставна идеја која во процесот на реализација доби на тежина. Имено, авторот, односно кусто-сот, се фотографира со одбран уметник во контекст на неговото уметничко тво-рештво. Така, со Горанчо досега се фотог-рафираа уметничките групации ИРВИН и „Зеро“, уметниците Александар Стан-коски, Жанета Вангели, Ирена Паскали, Игор Тошевски, Атанас Ботев, Урош Ѓуриќ и други. Изложбата досега е презентира-на во Скопје, Белград и во Њујорк. Горан-чо Ѓорѓиевски работи како кустос во На-ционалната галерија на Македонија.

ОТВОРЕНО ГРАФИЧКО СТУДИО – МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕПРИФАЌАЊЕ НА АПСУРДОТ

Стрип-цртеж реализиран во ликовна техника. Емотивна реалност изразена со повеќеслоен визуелен концепт. Фило-зовската смисла на животот употребе-на како лајт-мотив. Комплексното жи-вотно искуство на личноста може да се претстави на безброј начини. Тоа е чув-ството кое се раѓа откако ќе ја погледне-те изложбата „Догматското прифаќање на апсурдот како доблест“ на Васил Чу-лев. Авторот, кој десетина години живе-еше во Италија, своите визуелни фанта-зии ги преточи во конкретни дела со кои апсурдите на секојдневјето ги принесе пред очите на гледачот. Изложбата, по-ставена во Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје, навистина вредеше да се забележи.

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

83

Визуелната уметница Ирена Паскали влезе во динамичен период на претставување на своето

творештво. На почетокот на септември учествуваше на манифестацијата „20. Интернационална фото-сцена Келн“, каде со германскиот уметник Денис Тис се претставија со заедничката изложба „Експе-рименти со фотографијата“. Сегментот на Паскали носи наслов „Меридијани“ и станува збор за нејзин најнов циклус што е започнат во 2009 година и се уште е во процес на реализација.

„Во проектот ’Меридијани‘ ги фотографирам гра-довите, претставувајќи ги во една меридијална из-должена слика. Луѓето и архитектурата се соедину-ваат во вертикалниот простор обидувајќи се да го задржат своето значење. Досега се обидував да ја доловам широчината на градот, која ме импресиони-раше со својата бескрајност, повторување, луѓето и величината на архитектурата во која заедно функци-онираат. Сега сакам да ја освојам височината на гра-дот. Вертикалата во која се гледаат небото и земја-та, а луѓето и архитектурата се наоѓаат во неговата средина докажувајќи дека се тука и се дел од градот. Досега проектот е работен во повеќе градови, како Париз, Москва, Брисел, Ватерло, Венеција, Скопје, То-кио. Практично, моите ’Меридијани‘ ме натераа да ги ’ловам‘ градовите низ светот, сакани, посакувани, познати, значајни, како во минатото така и денес, кои оставиле трага и сведочат со својата хоризонтална и вертикална постојаност“, вели Ирена Паскали.

Првото претставување на „Меридијани“ се слу-чи во „Арт галерија 7“ во Келн во период од 3-ти до 26 септември. Речиси истовремено, со изложба во градот Ритген се претстави со проектот „Совладан простор“. Третата активност во текот на септември беше учеството на нејзиното видео „Есенс“ на 13. Биенале за компјутерска уметност во Гладбах.

ПА

НО

РА

МА

Н

А М

ЕР

ИД

ИЈА

НИ

ТЕ

ЕКС

ПЕ

РИ

МЕ

НТ

АЛ

НИ

Ф

ОТ

ОГР

АФИ

И Н

А И

РЕН

А П

АС

КА

ЛИ

¢ Тони Димков

га

ле

ри

ја

Page 84: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

84

ГА ЛЕРИ ЈАНОВИ

ОЛИМПИСКИ ПОШТЕНСКИ

МАРКИ

ДА ЖИВЕЕРЕВОЛУЦИЈАТА

ДИЈАЛОГ СО УРБАНИОТ

ПРОСТОР

ПТИЧЈИ ГРАД СОПИКСЕЛИЗИРАН

ИЗГЛЕД

СЛОЖУВАЛКАЗА СЕЧКАЊЕ

Британската Кралска пошта ја издаде втората серија пош тенски марки по повод ЛОИ во Лондон 2012. За 30. Олимпијада ќе бидат издадени 30 марки на кои ќе бидат илустрирани сите спортови од Олим-писките и Парао-лим писките игри. Третата пос ледна серија ќе излезе во 2011 година.

Летово, во Музејот за современа уметност во Сан Диего се отвори Viva la revolution, голема изложба која ги обединува најголемите светски стрит-артисти. Меѓу другите, можат да се видат дела од Бенкси, Шепард Фери, Блу, Инвејдер...

Оваа креативна штица за сечкање е производ на холандското дизајнерско студио „OOOMS“. Покрај симпатичниот

изглед, можете да забележите дека има и многу практична примена.

„Спонтанград во Рајското дрво“ е името на оваа скулптурна инсталација од арт-колективот „Лондон

филдворкс“. Се состои од 250 дрвени куќички за птици и има за цел да ја подигне јавната еколошка свест.

га

ер

ија

Page 85: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

85

МОДА ЗА ЅИДОВИТрине Андерсен е

дизајнерка од Данска која изработува тапе-

ти и џиновски ѕидни лепенки. Идејата ја

добива преуредувајќи го својот дом, па на-

брзо станува позната по својот бренд „ferm

LIVING“. Како што самата има речено:

„Преправајте се дека купувате облека

- ова е само мода за вашите ѕидови“.

Златко Пармаковски¢

га

ле

ри

ја

Page 86: LIFE бр. 48

THIS IS HAPPENING LCD Soundsystem(DFA / EMI 2010)

Ако ги сфатиме сериозно сите интервјуа и изјави на Џејмс Марфи од оваа година, то-гаш можеме со сигурност да заклучиме дека станува збор за последниот албум на „LCD Soundsystem“. Заокружување на една пре-красна музичка бајка започната со нивниот деби-албум, пресликана на вториот „Sound of Silver“ и заокружена на „This is Happening“. Песните како „You Wanted a Hit“ и „Home“ јасно укажуваат дека ова е последниот ал-бум на највозбудливиот состав на новиот век. Џејмс Марфи: дојдов, видов, победив.

MY PERSONAL HOLIDAYBernays Propaganda(PMG recordings / Направи заедно 2010)

Вториот албум на скопскиот рокенрол состав „Bernays Propaganda“, наследник на минатого-дишниот „Happines Machines“ (македонски албум на годината за 2009-та според „Канал 103“). Во време кога домашната музичка сцена изгледа витална и свежа како никогаш досега, „Bernays Propaganda“ делуваат како бенд што се позицио-нираше на самиот врв. Цврст рокенрол звук, анга-жирани текстови, пеколни настапи во живо. Пес-ни како „Намести фризура и гладувај“, „Се плашам од луѓе“, „Овој ден да помине“, „VIP in Paradise“.

„My Personal Holiday“: задолжително четиво за сите вљубеници во (домашниот) рокенрол.

СЕРИОЗЕНБЕНД

СЕРИОЗЕН ДЕЧКО

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

86

На пошироката јавност и е познат како идејниот творец и

лидер на „Беј Д’ Фиш“ (Bei The Fish), бенд кој во последно време е се

поприсутен и на домашните и на регионалните ТВ-станици.

Додека преслушувавме некои нови, се уште недовршени песни

во неговото студио, разговаравме со Огнен Анастасовски, еден

од најталентираните домашни музичари: дипломиран

контрабасист, композитор, продуцент, мултиинструменталист

и вокалист со прекрасен глас.

Александар Гавровски¢Кире Галевскиo

му

зи

ка

рецензии

Page 87: LIFE бр. 48

STRANGE WEATHER, ISN'T IT?!!!(Warp records 2010)

Еве еден школски пример за албум кој носи свежина со секое наредно преслушување. Четвртиот албум на американскиот рокенрол состав „!!!“ е возбудливо издание со кое тие потсетуваат на својата креативност и способ-ност да направат исклучително возбудливи песни, нешто на што подзаборавивме ако се земе предвид нивниот претходен албум, про-сечниот „Myth Takes“. „!!!“ – „Strange Weather, Isn't it?“: Најди, купи, слушни.

ARKБрендон Пери(Cooking vinyl 2010)

Вториот соло-албум на лидерот на никогаш непре-жалените „Dead Can Dance“, наследник на „Eye of the Hunter“ од 1999 година. Музичар кој не преста-нува да не заплиснува со убавина која просто из-вира од секој стих и секој звук на неговата музика.

„Ark“ е фантастично музичко доживување кое има моќ да ве однесе далеку од проблемите на овој свет и удобно да ве смести во вашата лична уто-пија. Албум на годината? Се разбира...

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

87

Огнен Анастасовски е музичар кој неуморно работи. Што за тебе претставува „Беј Д’ Фиш“, а што останатите музички проекти? Кои се твоите приоритети?„Беј Д’ Фиш“ е еден од главните приорите-ти во мојот живот, а како поминува времето, работите стануваат се посериозни. Мината-та година го издадовме вториот албум, а за следната го подготвуваме третиот. Од друга страна, јас не би се откажал од ништо. Рабо-тата на различни музички полиња е составен дел од секојдневието.

До каде е твојот хип-хоп проект? Во неврзаните разговори што сме ги воделе, зборуваше со многу ентузијазам за него…Главниот „виновник“ за овој проект, Драган од „ Ла Колони Волвокс“, во моментов е ан-гажиран со својот матичен бенд, така што

работите се ставени на „стенд-бај“. Имаме начелен договор дека тоа ќе го завршиме во првиот слободен момент.

Да се вратиме на „Беј Д’ Фиш“. Мислиш ли дека оваа постава на бендот со Владимир Настевски–Цевка

ОФИЦИЈАЛНА ДИСКОГРАФИЈА:

„What Are You Fighting For?“, E.P. (PMG Recordings 2006)„Look Up!“, L.P. (E-Go East Records 2007)„Marat / Sade“, музика за театарска претстава (PMG Recordings 2009)„Time To Get Things Right / Music About All About“, двоен L.P. (PMG Recordings / Circle Production 2009)

му

зи

ка

E

Page 88: LIFE бр. 48

на тапани е вистинската за изведување на вашите песни во живо?Долго време настапувавме како трио. Кога дојде Цевка, се случи еден интересен момент: по неколку недели заеднички проби, на една про-ба тој не дојде. Решивме да правиме проба без него. Тогаш сфативме колку Цевка се вклопил во бендот и внел нешто свое, внел динами-ка и свежина. А, дали оваа постава е вистинска за нашиот звук – не знам. Важно е да можеш да седнеш на маса, да разговараш, јадеш и пиеш со луѓето. Ако можеш да го правиш тоа, тогаш можете и да сви-рите заедно. Ми се допаѓа како стојат работите во бендот и се наде-вам дека ќе останат така уште некое време.

Живите настапи на бендот зачестија во последниве неколку години. Мислиш ли дека е тоа требаше да се случи порано?Јас сум во принцип студиски глушец. Сакам да работам тука, никој не ми пречи, мирен сум... Требаше порано да почнеме да работиме на настапите во живо, но не бевме подготвени за тоа. Би рекол дека и се-га не свириме толку колку што е потребно, но сепак доволно од аспект што живееме во Македонија. Од друга страна, секое излегување на би-на ни е сосема ново и незаменливо искуство. Уживаме во тие моменти.

Во последно време живна видеопродукцијата на „Беј Д’ Фиш“ и тоа видно се почувствува…Видеата ги работиме со луѓе што сакаат да работат со нас и самите ни приоѓаат, сосема ентузијастички. Таа енергија и ентузијазмот за рабо-

тење поради самата работа, а не за пари, не сакаме да ја изгубиме по-ради возраста или затоа што сега сме сериозен бенд. Ако некој напра-ви добро видео за наша песна, утре ќе направи и за некој друг, и ако е добар на крајот ќе го наплати својот труд.

Да го завршиме разговорот со домашната музичка сцена, како ти ја доживуваше како млад музичар? Мислиш ли дека има некои нови деца спремни да ја продолжат работата?Јас никогаш особено не сум ја следел музичката сцена, вклучително македонската. Пред некоја вечер ги гледав „Канон“, имаа добар концерт. Тотално „откачив“ на „Љубојна“, дури почнав да мислам дека и јас би го работел истото…

Повеќе сакав да разговараме за нејзиното влијание врз тебе како дете. Посета на концерти на домашни бендови…Која рокенрол сцена? Реално, кога ние бевме мали–веќе свиревме – ние, на-шата генерација („Бензона“, „Бумбикс“, „Суперхикс“...). Од постарите сви-реа само „Архангел“. Се сеќавам на едно интервју со Ристо Вртев од тоа вре-ме, го прашаа за архивата на македонска народна музика којаш то скапува во МТВ. Неговиот одговор беше дека, ако така стојат работите, целото тоа музичко богатство и треба да пропадне. Па утре, здравје, да дојде некоја но-ва генерација и да ја исправи неправдата. Проблемот е што во моментот ис-тото се случуваше и со рокенролот кај нас. Се чекаше да дојдат нови деца. И (се смее), еве не , мислам дека сме тука и дека работиме на вистинскиот на-чин: „Бернајс Пропаганда“, „Фолтин“, „Љубојна“, Сашко Костов… ¿

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

88м

уз

ик

а

ИНТЕНЗИВНАЏЕЗ-ДОЗАРАЗНОВИДНОСТА НА ПОНУДАТА ОТСЕКОГАШ ГО КАРАКТЕРИЗИРАЛА МУЗИЧКИОТ СЕНЗИБИЛИТЕТ НА СКОПЈЕ ЏЕЗ-ФЕСТИВАЛ

К ога станува збор за комуницирање со мо-дерните времиња преку музиката, тогаш

Скопје џез-фестивал е директен линк кон ак-туелното европско и светско творештво. „Џез-музиката не е стил, туку јазик“, потенцира Јури Хонинг, холандски музичар кој ќе настапи на првата вечер на фестивалот во рамките на пол-ноќната програма во клубот „Хард рок“. Прет-ходно, скопскиот џез-фестивал ќе го отворат Омар Соса и неговиот квартет со кој го сними најновиот албум „Afreecanos“, како и Марија Пија де Вито, која ќе го претстави проектот

„Mind the gap“.

Разновидноста на понудата отсекогаш го карактеризирала музичкиот сензибилитет на Скопје џез-фестивал. Ако првата вечер започ-нува со кубански музичари кои во својот израз носат афрокубански етно-влијанија вткаени во џез-колорит, а потоа настапува исклучителната вокалистка на европската современа џез-сцена, Марија Пија де Вито, тогаш на крајот на вечерта Јури Хонинг, со својот саксофон и двете стилски различни (џез и рок) гитари, дефинитивно ќе ја потврди тезата дека џезот е јазик, а не стил.

Гитаристот Лари Карлтон, откако осумна-есет пати беше номиниран и три пати стана

добитник на наградата „Греми“, со сигурност го знае тоа. Всушност, сите музичари кои настапувале и ќе настапат на Џез-фестивалот во Скопје посакуваат да се слушне и да биде разбран нивниот музички јазик. Сакаат да ги пренесат своите емоции и да добијат повратна и искрена реакција од публиката. Годинашната интензивна џез-доза Скопје џез-фестивал ќе ја понуди од 21 до 24 октомври на вообичаените локации: Универзална сала, МОБ и клуб „Хард рок“. За публиката останува само да ги прифати, разбере и во иста мера да возврати на вибраци-ите на џез-музиката.

¢ Тони Димков

ОМАР СОСА ЛАРИ КАРЛТОН ЈУРИ ХОНИНГ

Page 89: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

89

Нам ни е навистина супер. Немаме мрднато ни со ма-лиот прст, а сме ја насле-диле телевизијата како ци-вилизациска придобивка, па сега произведуваме ТВ-програма. Онака како што ние мислиме дека треба, онака како што сме си за-мислиле. Производот? Не-ретко генијален: со многу лош хумор, без вкус, често против сите правила дик-тирани од употребата на подвижните слики. Маке-донците и телевизијата - една убава приказна…

Е те ме мене повторно во мојата омилена пози-

ција. Фотелјата - удобна; нозете - испружени; кафето - силно; далечинското - на дофат; сликата - кристално чиста. Треба да престанам да размислувам за Црно-горците и како тоа нивната ТВ-продукција е оригинална и ендемска речиси како и нашата. Најдобро ќе биде да се нурнам во синиот свет. Денеска на менито: македон-ски народни приказни.

Вистина е дека станува збор за еден од најуспешни-те, па ако сакате и најдобрите македонски ТВ-продук-ти. Имаме приказна (добра приказна), имаме солиден актерски тим и ентузијастички настроена ТВ-екипа. Да нема забуни: овде зборувам за оригиналните народни приказни, лансирани и направени од Радио-телевизија Скопје во осумдесеттите години.

Бев заборавил дека постои овој македонски ТВ-производ, се додека не налетав на „новите“ филмува-ни македонски приказни... Сега нема никогаш да ги заборавам. А1 и Сител на најлош можен начин успеале да ги вратат во игра притоа уништувајќи ги сите убавини што со себе ги носат приказните ревносно собирани од Миладиновци, Цепенков, Чуповски… Прво, тоа не се тие приказни. Овие се некои нови, овие ги немам прочитано. Низ нив само провејуваат некои мотиви од оригинални-те народни приказни. Најчесто нема ниту мотиви, туку само обична, плитка приказна со (каква-таква) поука чие

дејство се случува на село. Дијалозите се приказна сама за себе: сценаријата како излезени од перото на двоецот Sинго – Велија; актерската екипа без желба за живот; режијата ко да го носи потписот Латас – Секу-ловска; музиката, фала богу, ја нема. Новите македонски народни приказни се типи-чен македонски ендемски вид, направени со силување на делото на собирачите на народни умотворби и изградени врз успехот и оригиналната идеја на серијалот започнат од РТС во осумдесеттите.

Фактот што Колозов веќе не е меѓу нас и има ог-ромна празнина со вистин-ски кастинг за улогите на Царот и Господ е најмали-от проблем. Пред да видам

како новокомпонираните македонски приказни изгле-даат на телевизија, наивно мислев дека отсуството на Ѓорѓи Колозов ќе биде клучниот проблем.

Избегнувајте ги овие ТВ-приказни, освен ако не сте мој тип на ТВ-холичар и можете да уживате во лошите костими и бајатата актерска игра или, пак, знаете да се смеете кога ситуацијата бара солзи.

Ах, да, замалку ќе заборавев… Пред некој ден, на пр-ва програма налетав на вистинска македонска народна приказна снимена во 1987. Беше неподносливо наивна, но имаше нешто симпатично во целиот производ. Може-би тоа беше Црна Арапина…

П.С. Постои една приказна која отсекогаш ме фасцини-рала. Силјан Штркот. Има фантастични елементи, од-лично дејствие, прекрасни описи и цврста, јасна поука на крајот. Никој не ни помислил да ја филмува. Филму-ван, Силјан Штркот би го направил Цепенков среќен човек. За жал, тој тоа не е.

Александар Македонски

де

жу

ре

н т

в-х

ол

ич

ар

МИСЛАМ ДЕКА

ИМАМЕХИТ

МАКЕДОНСКИНАРОДНИПРИКАЗНИ

МИСЛАМДЕКА

ИМАМЕХИТ

МАКЕДОНСКИНАРОДНИПРИКАЗНИ

Page 90: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

90

Колку долго работите во теата-рот ОДИН, со Еуџенио Барба?Дојдов во театарот ОДИН, кога тој се пресели во Осло, Нор-вешка. Тоа беше во далечната 1964 година. Тогаш почна да се основа ОДИН театарот, а официјалниот старт ни беше во 1966 година. Повеќе од 40 години сум во овој театар.

Колку е лесно или тешко да се биде водечкиот актер во театарот кој го предводи Еуџенио Барба?Тоа е многу одговорна задача и навистина ми е чест, морам да признаам. Не би се нарекла прва актерка во театарот на Еуџенио Барба, туку повеќе лидер или ко-ординатор на групата. Многу е важно да се најде начин како да се координира една голема група. Особено во големите проекти. Но, исто така, задоволство ми е и кога работам со малите групи. За повеќе од 40 години, успеав да го споделам своето актерско искуство со го-лем број млади луѓе и тоа навистина ми причинува големо задовол-ство, но и одговорност. Во театарот ОДИН се случува да работиме една претстава неколку години. Тоа е принцип востановен од Барба, чија цел е да се истражува на полето на театарот, на полето на креирањето на актерската ролја. Во такви случаи координацијата меѓу екипата е одговорна задача.

Во многу од учебниците за театар, сме читале и учеле за теа-тарот ОДИН, за театарската антропологија како дефиниција, за

Еуџенио Барба и Интернаци-оналната школа за театарска антропологија, но никогаш македонската публика немала можност одблиску да види и чуе што точно значи театарска антропологија. Ќе можете ли сега да ја објасните оваа дефиниција?Мислам дека ова прашање тре-ба да му го поставите лично на Еуџенио Барба, затоа што тој се интересираше и истражуваше на полето на театарската антропо-логија многу години пред да го основа сегашниот театар ОДИН. Тој често патуваше во Индија, ги има гледано претставите „ката-кали“ и другите видови индиски танци. Практично, јас за првпат се сретнав со оваа дефиниција со една постара група актери која ја

имавме во театарот ОДИН кога истражувавме многу на полето на те-атарот. Во тоа време, Барба ја основаше и Интернационалната школа за театарска антропологија. Таму Барба зборуваше повеќе за неговите размислувања за театарот. Еуџенио никогаш нема настапувано како актер, никогаш нема „глумено“. Но, тој на неговите работилници или, пак, кога работи некој проект постојано ја нагласува координацијата меѓу телото и умот. Еден актер мора постојано да функционира и со физичките и со менталните предиспозиции. На пример, какво специ-фично движење може да направи раката под одлична координација со разумот? Какви специфични движења може да направи актерското тело под координација со умот, со неговото лично актерско искуство? Или, кои сличности можеш да ги најдеш, на пример, во сите различни

те

ат

ар

Игор Ивковиќ¢Ивана Кузмановскаo

„ТЕАТАРОТ НЕ МОЖЕ И НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ХЕРМЕТИЧКИ ЗАТВОРЕН СИСТЕМ. ТОЈ МОРА СЕКОГАШ ДА БИДЕ ОТВОРЕН КОН РАЗЛИЧНОСТИТЕ И ДА ГИ ПРИФАЌА“, ВЕЛИ ПРВАТА АКТЕРКА ОД ТЕАТАРОТ ОДИН, НА ЖИВАТА ЛЕГЕНДА ЕУЏЕНИО БАРБА, КОЈА БЕШЕ ВО СКОПЈЕ, НА ФЕСТИВАЛОТ МОТ

ИБЕННАГЕЛ РАСМУСЕНОД ТЕАТАР ОДИН

Page 91: LIFE бр. 48

„Г-ЦА ЈУЛИЈА“ ВО МКЦ

На 11 октомври, на сцената на МКЦ премиерно ќе биде изведена претставата „Вежба по Госпоѓица Јулија на Јохан Август Стриндберг“ во режија на Деан Дамјановски. „Станува збор за работа која се концентрира врз присуството и физичкото по-ведение на изведувачот на сцената и кај која тек-стот и ликовите претставуваат своевидна база од која ја започнуваме нашата работа. Она што претставува основен фокус во процесот е тенка-та линија помеѓу поимите (или „конструкциите“) актер - лик и човек - актер“, цели режисерот Да-мјановски. Во претставата учествуваат Катерина Аневска, Јасмина Василева и Златко Митрески.

ТЕАТАР 007 ВО УНИВЕРЗАЛНА САЛА

Од 5 октомври, со претставата „Отпушоци“, работена според романот „Последната нова година“ од Николо Аманити, Независниот ТЕАТАР 007, ја почнува новата сезона, на сцената на Универзална сала. Покрај ТЕАТАР 007, во рамките на Независната театарска сцена во Универзална сала ќе работат и Војо Цветановски, првиот дипломиран пантоми-мичар во Македонија, и режисерот Ристе Алексовски. На репертоарот се претставите „Ќелавата пејачка“ од Ежен Јонеско, „Игра“ работена според култните раскази на Данил Хармс, а веќе од следниот месец ТЕАТАР 007 ги најавува премиерите на „Сината птица“ на Морис Метерлник (куклена претстава за деца) и „Магија еделвајс“ според текстот „Балканот не е мртов“ на Дејан Дуковски.

„ВОНДЕРЛЕНД ТЕАТАР“ ВО „ХАВАНА“

Од неодамна во ноќниот клуб „Хавана“ почна со работа уште една независен театар. Танде-мот Нела Витошевиќ и Васил Христов, го основаа

„Вондерленд театарот“ кој има за цел, како што изјавуваат, да направат обид да излезат од заста-рените текови во нашите театри: „Бараме алтер-нативен и современ медиум да ги изразиме на-шите идеи, зашто во институционалните театри најчесто сме обврзани да работиме нешто не го сакаме, што ни е наметнато. Така, со тек на вре-ме, или ќе паднете во тешка депресија или ќе се откажете од театарот и ќе отиде во политика" ве-ли режисерката Витошевиќ. Првата претстава која ја имаше „Вондерленд театар“ беше „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, во режија на Не-ла Витошевиќ. Во неа играат: Ирена Ристиќ, Ни-колина Кујача, Наташа Петровиќ, Славиша Кајев-ски, Игор Ангелов, Благој Веселинов. Музиката е на Огнен Анастасовски од „Беи Д' Фиш“, костими-те се на Росица Мршиќ, а продукцијата е на „Круг“ или на Дејан Крајчевски и Васил Ѓуроски. LI

FE О

КТ

ОМ

ВР

И91

те

ат

ар

култури? Какви искуствени сличности може да се најдат кај однесувањето на сцена кај ак-терите од Индија, на пример, со оние од Бали, па дури и со актерите кои играат Комедија дел арте, Шекспир итн. Тоа се принципите на те-атарската антропологија. Тоа секако не значи увезување различни ритуали или театарски форми од другите традиции, туку идејата е да се најдат заедничките принципи на работа и истите да се пренесат во искуството и работата на актерот, односно театарската група. Теата-рот не може и не смее да биде херметички за-творен систем. Тој секогаш мора да биде отво-рен кон различностите и да ги прифаќа. Не во смисла на синкретизам, мешање различни ја-зици и култури на сцената, туку автентично да се вметнат различните театарски техники и да бидат инкорпорирани во театарскиот свет.

Што мислите дека е најважно: да се поседу-ва физички или ментални предиспозиции или, пак, комбинација од двете?Мислам дека нема потреба од вакво категоризи-рање. Најважно е на почетокот да си го креира-те вашиот сопствен актерски јазик за да бидете свесни за вашето тело, за вашиот ум, но и за ва-шиот глас. Да бидете свесни за се што треба да го откриете и развиете и со текот на годините, отка-ко ќе ги осознаете сите овие работи и кога ќе ја достигнете таа точка, најтешкото е да не дозволи-те да се повторувате и секако да најдете ново ре-шение како да се одигра следниот нов карактер.Всушност, тоа е предизвикот кај секој актер и тоа е причината поради која ние не старееме.

Како се подготвувате вие за една ваша ролја? Со практични, физички вежби, ментални или, пак, истражувате?Јас не би ги нарекла вежби, туку нови начи-ни на однесување. Секогаш целам кон тоа да направам нешто различно кога работам на не-кој нов карактер. Пронаоѓам некој нов рекви-зит и започнувам да работам со него. На при-мер, се обидувам да најдам начини како можам да го искористам тој реквизит, дали е различен од останатите реквизити кои сум ги користела во минатото итн. Во претставата тоа ви при-донесува за успешно креирање на ролјата. Тоа го правам најчесто во последниов период со претставите на кои работиме.

Дали досега имате гледано некоја македонска претстава?Не.

Зошто?Па јa немав таа можност... во овие неколку де-на на МОТ, имав можност да гледам неколку од програмата на фестивалот, но не и македонска. Првпат сум во Скопје и тоа само три дена, од кои во најголем дел ги поминувам со работилници, состаноци и изведби на нашите две претстави.

Со фестивалот МОТ договоривте копро-дукциска соработка. На каков проект ќе соработувате?Тоа е за новата продукција која ќе ја води Еуџе-нио Барба. Ќе соработуваме со европски теат-ри меѓу кои, се надеваме, и од Македонија.

Page 92: LIFE бр. 48

ГУРМАНСКО ЕДРЕЊЕАнита Палческа и Гордана Челебиќ(МЛАДИНСКА КНИГА)

Едриличарскиот клуб ПАМПУР (Прва аванту-ристичка македонска поморска ударна рега-та) и книгоиздателство-то „Младинска книга“ ги здружија своите сили, вештини и умеења со цел на македонските читате-ли да им ги откријат тај-ните на морињата и оке-аните, да им го доближат едрењето, во една заед-

ничка книга да ги опфатат нишките што го поврзу-ваат човекот со природата. Исто така, нивна цел е на едноставен и ведар начин да им покажат на луѓето, кои денес живеат активно и динамично, де-ка исхраната може да биде квалитетна, иако ја-дењата се зготвени брзо, и да им понудат идеи и по-лезен прирачник за секоја мала и голема кујна.

ПАЛИНДРОМ СО ДВЕ НЃоко Здравески(АНТОЛОГ)

Младиот поет Ѓоко Здра-вески направи многу симпатична промоција на својата деби-збирка по-езија „Палиндром со две н“. Поигрувајќи со тер-минот палиндром од на-словот на книгата, промо-торите Никола Маџиров, поет, и Владимир Марти-новски, поет и годинашен добитник на наградата

„Браќа Миладиновци“, низ палиндроми ја растајнија врската меѓу поетот Ѓоко

и мистериозната Анна. Атмосферата на промо-цијата во Младинскиот културен центар звучно ја исполнија составот „Партитативен генитив“ и дел од бендот „Саут парк“. Суштината на поезијата на Здравески ја открива книжевната рецензија на Јас-на Котеска, која вели: „Прекрасна љубовна збирка, нешто како обнова на едноставниот, а длабок спој на љубовта и поезијата на македонски јазик“.

МЕ САКАШ ЛИ ПОД ДОЖДОТ Александар Русјаков(ИЛИ-ИЛИ)

Издавачката куќа „Или-или“ објави шест приказни за љубовта споени во книга-та „Ме сакаш ли под дождот?“ на Алексан-дар Русјаков. Стану-ва збор за книжев-но деби на автор кој со серискиот филм

„Приказни за љубо-вта и свршувањето“ дипломираше на Фа-култетот за драмски уметности во Скопје,

потоа стана еден од авторите на анимираната хумористична серија „Еднооки“, а досега ја има објавено само поемата „Недовршена љубовна приказна“ во списанието „Разгледи“. Заеднички именител на расказите во новата книга е љубовта, погледната и раскажана од различен агол, но на крајот повторно е ставен прашалник.LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

92

Креативното пишување е специјалност на Фросина Наумовска. Станува збор за по-

етеса која завршила филмска и ТВ-режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје и, едновремено, за режисерка која со поетскиот израз ја предава суштината во своите филм-ски дела. Дилема не постои бидејќи и во двете области досега има освоено награди, за нај-добра необјавена поетска збирка на книжев-ната манифестација „Караманови средби“ во

2006 година, за најдобра авторска песна „Пред дождот“ на поетските средби „Илинден“ и за најдобра режија на студентскиот филм „Аце Слеш“ на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2008 година. Покрај театарските претстави што ги постави во Куманово, неодамна ја промовираше својата прва збирка поезија „Модерен светец“ („Мака-веј“, 2010). Во септември замина на тригодишни постдипломски студии на ФАМУ во Прага, каде ќе го надградува своето филмско искуство.

ПРЕД ДА ЗАМИНЕ НА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ВО ФИЛМСКАТА АКАДЕМИЈА ВО ПРАГА, РЕЖИСЕРКАТА И ПОЕТЕСА, ФРОСИНА НАУМОВСКА, ГИ ОТКРИВА ИЗВОРИТЕ НА СВОЈАТА КРЕАТИВНОСТ

Тони Димков¢

ФРОСИНА НАУМОВСКА, ПОЕТЕСА

Ивана Кузмановскаo

кн

иг

а

БОРЕЦ ЗА ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ

Page 93: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

93

Што прво сте посакале да бидете: филмска режисерка или поетеса?Најпрво сакав да станам писателка. Пишував книжиња за деца кога и самата бев дете. Тогаш многу повеќе читав, за подоцна да откријам дека најубавите приказни се, всушност, наменети за возрасните. Желбата, се надевам, ќе ми се исполни по објавување на првиот роман „Ниска латентна револу-ција“ до крајот на годинава, со критика и предговор од Венко Андоновски кому сакам да му заблагодарам за отвореноста кон младите автори.

Кој талент треба човек најмногу да го поседува за да биде добар поет?Да биде добар поет, човекот мора да престане да се срами да чувствува. Тука, пред се , треба да се нагласи ранливоста и начинот на спра-вување со сопствената кршливост во однос на разорноста на еден општествен систем. Откако ќе се совлада оваа древна вештина, се друго е полесна, макар изненадувачки непо-етична, сериозна работа.

Колку искуствата од созревањето даваат храброст пред другите да се исповедаат сопствените мисли?Искуствата од созревањето се еден многу плоден творечки двигател, посебно кога се најлоши. Ова го дознаваат, порано или подо-

цна, повеќето писатели, па се случува и на-мерно да прават лоши животни избори во не-достиг на инспирација. Не ретко животот им завршува трагично, поради сопствената до-пинг-грешка врзана со изреката: кој прежи-вее ќе раскажува. Пишувањето во тој случај станува чистење на гревовите–што не е тра-гично, доколку целото творештво не се засно-ва на еден ваков принцип на креација.

Дали сопствените мисли можат да се постават во равенство со сопствената внатрешна интима?Луѓето кои ги кријат од себе своите порази и не ризикуваат никогаш, сметајќи дека така нешто можат да добијат, еднакво се однесу-ваат и кон своите песни. Сум запознала та-лентирани луѓе кои за ништо на светот не би ги објавиле своите најинтимни стихови. Тие не можат да разберат дека токму со таквите стихови многу повеќе се доближуваат до про-фесионализмот кој толку очајно го посакува-ат, наспроти обвиткувањето на стиховите со вештачки иновативна содржина и форма.

Што е тоа што со својата поезија би сакале да им го кажете на луѓето?Со поезијата сакам да укажам дека никој не е совршен, барајќи го совршенството во моќта на единката–не да победува, но, едноставно, да остане своја. Нехерметично шифрирани,

конкретните пораки со филозофско-психолошка содржина, нудат, доколку се избегне аверзијата кон врзаниот стих (каков доминира), зачудно откритие: вештата форма, која отскокнува од трендовскиот слободен стих, открива содржина во која ставовите кон поимите длабоко и прецизно се објаснуваат.

Дали поезијата се уште ја има моќта да го менува животот на луѓето?Поезијата секогаш имала моќ да го менува животот на луѓето кои сакаат да направат промена. Својата инертност во однос на про-мената, други, пак, ја оправдуваат со евтино тврдење дека поезијата е мртва. Ако луѓето ги изгубиле вредностите, не значи дека и тревата престанала да расте.

Кои се причините за вашето заминување во Прага?Во следните три години во Прага ќе стекну-вам поголемо искуство во филмското режи-рање низ теории и вежби на постдиплом-ските студии на универзитетот ФАМУ, како стипендист на Министерството за наука и образование. Овој дарежлив гест е со намера да го освежи македонскиот поим за филм, кој доживува извесно стагнирање. Верувам дека ќе напишам и стихови за земјата на Кафка, за-познавајќи нови, поинакви луѓе. ¿

Секој човек мора да престане да се срами да чувствува

Д И Л Е М А

Ме спасија кога се убивавМе сакаа кога се мразевМе смееја кога очајувавМе трпеа кога ги газевМе ставија не сакајќина голема мака:

Дали ќе Ме намразатштом почнам да се сакам?!

Со поезијата сакам да укажам дека никој не е совршен

кн

иг

а

Page 94: LIFE бр. 48

КАЛЕНLI

FE О

КТ

ОМ

ВР

И94

ка

ле

нд

ар

октомври

ноември

Национална галерија на Mакедонија

Ретроспективната изложба на сликарскиот виртуоз Глигор Чемерски, чии дела се богатство за очите и за душата, е најзначајниот ликовен настан во октомври:50 години творештво Глигор Че-мерски во Даут-пашин амам и Чифте амам

07-28октомври

Македонска филхармонија

Свечено отворање, концерт за деца и настап на „Браќа Манаки“. Филхармонијата фати одличен ритам веќе од самиот почеток на сезоната:

07.10. Отворање на концерт-ната сезона, диригент: Јануш Пшибилски (Полска), sолист: Никола Бенедети-виолина (В.Британија)

16.10. Симфониски концерт за деца Музика од филмовите

„Хари Потер“ и „Пиратите од Карибите“

20.10. „Слушајте филм“ на фестивалот „Браќа Манаки“

28.10. Симфониски концерт, ди-ригент: Борјан Цанев, солист: Марија Ѓошевска - пијано

07-09октомври

DE:SONANZ ФЕСТИВАЛ

По втор пат во Скопје се одржу-ва de:sonanz, фестивал на елек-тронска музика, визуелни умет-ности и нови медии. Не пропуштајте!

07.10, 20.00 – 24.00 ч, Музеј на современа уметност: Sutsche & Fello, Time Art Ensemble, Mehmet Can Ozer

08.10, 22.00 – 04.00 ч, Клуб Ха-вана: Cluster, Byetone, Tam Tam Delia, Axiotomic, Душко Јаневски

09.10, 22.00 – 04.00 ч, Клуб Хавана: Pantha du Prince, Danton Eeprom, Zombie Zombie, Makara, Brothers for Real

08-27октомври

Кинотека на Македонија

Кинотечната програма во текот на октомври содржи не толку ста-ри филмови, но, во секој случај, станува збор за понови наслови кои сте ги пропуштиле и кои за-должително треба да ги видите:

8-9.10, 20.00 ч. „Жега“ (Heat) Режисер: Мајкл Ман

10-13.10, 20.00 ч. „Патот на пиштолот“ Режисер: Кристофер МекКвери

14-16.10, 20.00 ч. „Вештерка-та од Блер“ Режисер: Дениел Мајрик

17-19.10, 20.00 ч.

„Студен планина“ Режисер: Ан-тони Мингела

20-21.10, 20.00 ч. „Малцин-ски извештај“ Режисер: Стивен Спилберг

22-23.10, 20.00 ч. „Фран-кенштајн“ Режисер: Кенет Брана

24-26.10, 20.00 ч. „Вообичаено сомнителни“ Режисер: Брајан Сингер

Ден на заштита на филмското богатство:

27.10, 20.00 ч. „Крајот на војна-та“ Режисер: Митко Панов

09октомври

Универзална сала„ИГРА“

Театарот 007 своето ново гнездо го свива на сцената на Универзал-на сала. Со претставата „Игра“, работена по кратки текстови од Данил Хармс, режисерот и актерите почнаа да го градат новиот репертоар на својот независен театар. Режисер Игор Ивковиќ, 20.00 ч.

15-16октомври

ДРАМСКИ ТЕАТАР„ХАМЛЕТ“ (ПРЕМИЕРА)

Почна новата сезона во Драм-ски театар. Покрај редовниот репертоар, во текот на месецот ќе се одржи и премиерата на новиот „Хамлет“. Автор: Вилијам Шекспир, режисер: Дејан Пројковски, 20.00 ч.

Page 95: LIFE бр. 48

НДАР

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

95

16-22октомври

ИФФК „БРАЌА МАНАКИ“БИТОЛА

19-23октомври

КЛУБ „КАСТРО“

Еден од најактивните скопски музички клубови. Програмата на „Кастро“ содржи многу реге, ска, хип-хоп и рок-музика. Еве ја најавата на вечерите со странски групи:19.10 21:00 „Монозид“ (Лајпциг, Германија) и „Беда Експрес“ (Скопје, МКД)23.10 21:00 „Обитс“ (Њујорк, САД) и „Хахаха“ (Скопје, МКД)

20октомври

Клуб „Колосеум“„NOUVELLE VAGUE“

Промо-настан број два за „Таксират“ број 12! Француските музичари, кои станаа глобално познати со преработките на познати њувејв и панк теми изведени во босанова стил, во Скопје доаѓаат во рамките на нивната продолжена европска турнеја.

21-24октомври

СКОПЈЕ ЏЕЗ-ФЕСТИВАЛ

Октомври во Скопје е во звуците на џезот. Програмата на Скопје џез-фестивал, по вкус на вљубе-ниците во оваа музика:21.10., 20.00 ч, Универзална са-ла: Omar Sosa Afreecanos Quartet Maria Pia de Vito „Mind the Gap“

24. 00 ч., Клуб „Хард рок“: Yuri Honing Wired Paradise 22.10, 20.00 ч, Универзална сала: Larry Cartlon trio Hamilton de Holanda quinteto 24.00 ч., Клуб „Хард рок“: Paula Morelenbaum 23.10., 20.00 ч., Универзална сала: Flat Earth Society Patricia Barber quaertet24.00 ч, Клуб „Хард рок“: The ethnics feat. Nona Hendryx

„Avant House“24.10., 20.00 ч., Македонска опера и балет: Trygve Seim/Frode Halti Terje Rypdal & Bergen Big Band „Crime Scene“ 24.00 ч, Клуб „Хард рок“: Aronas

октомври

Кино „Рамстор“„ПОЧЕТОК“ (INCEPTION)

Научнофантастичниот трилер „Почеток“ некои го нарекува-ат „Матрикс на квадрат“, други му предвидуваат кандидатура за Оскар. Секако, овој шпионски трилер треба да се види.Режисер: Кристофер НоланУлоги: Леонардо ди Каприо, Џозеф Гордон - Левит, Елен Пејџ

ка

ле

нд

ар

Page 96: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

96т

ра

ги

ни

з в

ре

ме

то

ТИВКИОТ МИЛИОНЕРИ НЕГОВИОТ ТЕСТАМЕНТ

ОБЈАВУВАЊЕТО НА ИМИЊАТА НА ДОБИТНИЦИТЕНА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ТЕКОВНАТА ГОДИНА

ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ВЕК Е НАЈЗНАЧАЈНИОТ СВЕТСКИ НАСТАН ВО ОКТОМВРИ

Page 97: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

97т

ра

ги

ни

з в

ре

ме

тоТони Димков¢

Народот мудро ја препознал вечната вистина дека се што се случува во

светот и на Земјата има своја позитивна и негативна страна. Технолошкиот развој не секогаш значи брз развој на човековата мисла. Прогресивните идеи ретко се прифаќаат во момен-тите на нивната појава, а често се потребни повеќе десетици години за нивно етаблирање во животот на луѓето. Новите идеи и изуми ја покажуваат својата вистинска страна дури откако ќе бидат откриени сите аспекти на нивната употребна вредност.

Таков е случајот и со динамитот, кој на почетокот беше многу ефикасна алатка во индустријата. Неговата подоцнежна употреба во воени цели ја покажа неговата негативна страна. Изумителот, Алфред Берхард Нобел, кој се збогати со производство на динамит, рамнотежата ја врати со тоа што 94 проценти од своето богатство го остави во наследство на прогресивните идеи и изумители од следните генерации.

Според биографските податоци, Алфред Нобел е роден на 21 октомври 1833 година во Стокхолм, Шведска. Неговото семејно стебло има потекло од Олоф Рудбек, најпознатиот технички

гениј во Шведска во 17. век, ера во која Шведска е моќна држава во северниот дел на тогашната Европа. Роден е како трето дете на Емануел и Каролина Нобел. Во 1842 година семејството се преселило во Санкт Петербург, Русија, каде младиот Алфред се здобил со своето образование. Студирал хемија кај професорот Николај Николаевич Зинин. На 18-годишна возраст заминал во САД, каде продолжил со студиите по хемија, а извесен период работел и кај пронаоѓачот Џон Ериксон. Во Шведска се вратил откако банкротирал семејниот бизнис на неговиот татко.

Во 1860 година Нобел почнал да прави експерименти со нитроглицерин обидувајќи се да пронајде начин да го стабилизира високоиспарливиот мате-ријал. Првиот период на експерименти бил проследен со голем број фатални инциденти, вклучувајќи ја и експлозијата во 1864 година, кога загинале неговиот помал брат Емил и уште четворица работници во фабриката. По извесно време Алфред успеал да открие дека мешавината на нитроглицеринот со порозната прашина на материјалот наречен кјеселгур дава најдобри резултати. Откритието било патентирано

во 1867 година и било наречено динамит. Потоа Нобел почнал да гради фабрики за производство на новиот изум во Хамбург, Стокхолм, Њујорк и во Калифорнија. Експлозивниот материјал се користел во градежништвото и во рударските компании, но големи коли-чества купувала и војската. Хемиските истражувања на Нобел придонеле и за развојот на вештачката гума, кожа, свила и скапоцените камења.

Алфред Нобел често патувал и многу брзо научил течно да зборува шест јазици. Во своето слободно време многу сакал да пишува поезија, романи и драми. Инспирацијата за поезијата ја пронаоѓал во делата на Шели и на Бајрон. Пред крајот на животот ја објавил трагедијата „Немезис“, а запишал и голем број афоризми. Покрај истражувачката работа многу се интересирал за прашањата поврзани со социјалниот живот и мирот во светот. Неговите размисли биле сметани за премногу радикални во неговото време. Често знаел да нагласи дека „динамитот поуспешно од илјада конвенции ќе доведе до мир во светот“ и „штом мажите ќе откријат дека цели армии за еден миг може да бидат сосема

Page 98: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

98

ТЕСТАМЕНТМилионерот Алфред Нобел (1833-1896) во својот тестамент потпишан во 1895 година напишал дека негово-то богатство секоја година ќе се дели

„на луѓето што во претходната година биле најзаслужни за унапредување-то на човештвото“. Неговото богат-ство во тоа време имало вредност од 31 милион шведски круни, кои денес би вределе околу 1,5 милијарда кру-ни (194 милиони долари). Тој решил од богатството да се формира инвес-тициски фонд за да се овозможи долг живот на наградите. Во својот теста-мент определил пет категории: физи-ка, хемија, медицина или психологија, литература и мир. Првите награди би-ле доделени во 1901 година, шест го-дини по смртта на Нобел во Сан Ремо, Италија. Банката на Шведска во 1968 година додала своја награда во чест на Нобел - за економски науки.

уништени, тие сигурно ќе се придржуваат до златниот мир“.

Во текот на целиот живот Алфред Нобел имал три големи љубови, но никогаш не се оженил. Бил познат по тоа што секогаш бил во движење. Францускиот писател Виктор Иго го нарекувал „најбогатиот вагабонт во Европа“. Милионерот, пак, еднаш самиот себеси се опишал со зборовите: „Патетично полуживо суштество, кое треба да биде задавено од некој хуман доктор“. Неговата единствена желба била да не го погребаат жив. Во моментите на неговата смрт, 10 декември 1896 година, Нобел беше еден од најбогатите луѓе во светот и сопственик на неколку фирми кои доминираа во индустријата на експлозивите.

Придонесот што Нобеловата награда го дава за човештвото е непроценлив, не во материјална, туку во цивилизациска смисла. Тестаментот, фондацијата и наградата што Нобел ги остави на човештвото се вистинска-та вредност на наследството на шведскиот иноватор и филантроп.

ЛАУРЕАТИ

Строгите правила во Нобеловиот тестамент често доведувале до интересни моменти око-лу доделувањето на наградата. Тестамен-тот налага наградите да бидат доделени ка-ко признание за откритија кои се направени

„за време на претходната година“. Сепак, не-кои од наградите што биле доделени за от-критија, а подоцна биле дискредитирани, беа причина да се доделуваат признанија на оние научни откритија кои го издржале тес-тот на времето, што е спротивно на тестамен-тот. Така, наградата за литература најчесто се доделува за кумулативно животно дело. На-градите за мир често се доделуваат неколку години по настаните кои треба да бидат при-знаени. На пример, Кофи Анан бил награден со награда за мир во 2001 година, што е че-тири години откако станал Генерален секре-тар на ООН. Наградите во научните области на физиката и хемијата секогаш бараат зна-чајноста на признаените достигнувања да биде „тестирана од времето“. Така, индиски-от научник Субраманијан Чандрасекар ја по-дели Нобеловата награда за физика во 1983 година за неговото работење на ѕвездената структура и еволуција од 1930 година. Меѓу гигантите кои ја добиле Нобеловата награда се: Алберт Ајнштајн, Вилхелм Рентген, Пјер и Марија Кири, Макс Планк, Нилс Бор, Вер-нер Хајзенберг, Винстон Черчил, Ернест Хе-мингвеј, Албер Ками. Добитници на Нобе-ловата награда од балканските простори се Иво Анд риќ, Мајка Тереза и Орхан Памук. Ла-уреати кои одбиле да ја примат Нобелова-та награда се Жан-Пол Сартр и То Ле Дук. На тројца германски лауреати Хитлер им забра-нил да ја примат наградата, а Борис Пастер-нак од својата татковина, Советскиот Сојуз, беше принуден да ја одбие наградата. Нај-наградуван е Меѓународниот комитет на Цр-вениот крст, со три Нобелови награди за мир, а основачот на Црвениот крст, Анри Динан, е добитник на наградата за мир на првото неј-зино доделување во 1901 година.

Животот го градиме врз песочна основа и колку повеќе старееме, толку понестабилна станува основата

Шведскиот хемичар, пронаоѓач, индустријалец и фи-лантроп, Алфред Берхард Нобел (Стокхолм, 21 октом-ври 1833 - Сан Ремо, 10 декември 1896), во 1867 година го пронајде динамитот. До својата смрт во 1896 година па-тентира 355 изуми. Се збогати од производството на ди-намит. Во тестаментот од 1896 година остави фонд од 9,2 милиони долари за доделување награди за вонредни достигнувања во подрачјето на физиката, хемијата, ме-дицината, литературата, за залагањето за мир и за еконо-мија - Нобелова награда. Наградата денес се состои од златен медал, плакета и чек на 10 милиони круни. Може да ја добие едно лице, да ја поделат тројца или да и при-падне на организација.

НОБЕЛОВА НАГРАДА

тр

аг

и н

из

вр

ем

ет

о

Page 99: LIFE бр. 48
Page 100: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

100

па

тув

ањ

е д

ом

а ПЕЛИСТЕР ЗА ПОЧЕТНИЦИИМА МНОГУ ПРИЧИНИ ДА ГО ПОСЕТИТЕ ПЕЛИСТЕР, БАРЕМ ЕДНАШ ДА СЕ

ОДДАЛЕЧИТЕ ОД ГРАДОВИТЕ, КОЛКУ И ДА Е ПОЕДНОСТАВНО ДА ОРГАНИЗИРАТЕ ВИКЕНД ВО НЕКОЈ ДРУГ ГРАД. ВЕ ВОДИМЕ ВО ДВЕ СЕЛА ШТО ЌЕ ВЕ УБЕДАТ ДЕКА

ВРЕДИ ТОА ДА СЕ НАПРАВИ. АКО ВИ Е ПРЕМНОГУ ЗА ПОЧЕТОК, БИТОЛА НЕ ВИ БЕГА - ГРАДОТ Е НА ПЕТНАЕСЕТИНА МИНУТИ ВОЗЕЊЕ ОД ДИХОВО И МАЛОВИШТА

Одамна се подготвувавме за оваа средба. Веќе станува неподносли-во себепрекорувањето што толку долго ја одложуваме средбата со

Пелистер. Се нешто ќе се испречи пред патот - некоја нова обврска, не-кој нов изговор, некое место што треба да го видиме пред да ни созрее моментот за да појдеме таму. Се некако градот е поедноставно решение - Битола со кафињата на Широк сокак, таинствената чаршија, ресторани со вкусни јадења, шармантниот животен стил на битолчани.

Но, доста е. До кога Пелистер ќе биде само апстрактен поим што сме го среќавале во учебниците, во делот за природните убавини - моликите, Пелистерски очи, врвот на планината Баба на кој се наоѓа антената на предавателот и ледничките езера од одјавната шпица на националните телевизиски канали, гордост на Битола, национален парк или репер во синонимите на градот. Влегуваме во автомобил и одиме да го видиме! Но, со усул. Врвот ќе го видиме кога ќе бидеме подготвени за тој подвиг.

ДИХОВОЗад нас се безмалку 200 километри. По кусата кафе-пауза кај пријатели-те од Туристичкиот информативен центар во Битола, пристигнуваме во Дихово, едно од двете села што ги одбравме да бидат јадицата што треба да ја загриземе пред да се вљубиме во Пелистер: Дихово и Маловишта. Селото е на седум километри од западниот излез на Битола, на патот кон Охрид, веднаш лево пред таблата со натпис „Национален парк Пелистер“.

До пред триесетина години, Дихово било центар на потпелистерски-те села. Некогаш било село со две училишта, каде што доаѓале да учат и деца од соседните села - денес работи само едното, со 5-6 деца од Ди-хово. Останале околу 300 семејства - преку зима живеат во Битола, лете и во потоплите месеци доаѓаат во Дихово главно повозрасни луѓе. Лете се собираат многу повеќе, кога доаѓаат луѓето што се иселиле во дале-чините - во Шведска, Америка и во Австралија. Но, како што ќе ви кажат

Васко Марковски¢ Филип Поповскиo

Page 101: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

101

па

тув

ањ

е д

ом

а

Page 102: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

102

луѓето што ќе ги сретнете, Дихово се менува. Во последниве две години името на селото им станало познато на многу луѓе, од Македонија и странци, кои тука нашле привлечно место за одмор, во една од двете вили што пречекува-ат туристи: Вила „Патрис“ - направена во „мо-дерен“ стил, и Вила „Дихово“ - типична селска куќа, од камен, чии домаќини решиле да оста-нат доследни на традицијата.

Движејќи се накај селото забележувате де-ка нешто сепак се движи, дека луѓето од селото, како што велат и гласините што кружат околу името Дихово, решиле да развиваат селски ту-ризам: пицерија „Оскар“, ресторан „Дихово“, ресторан „Селска идила“ и луѓе со гостоприм-лива насмевка, раздвижени околу бавчите, ово-штарниците, сандаците со пчели.

„Има многу што да се види. Пред се, природа-та. Од една страна е планината, врвот Пелистер, шумата. Од друга страна е реката. Овој мир што можат да го најдат овде, не можат да го најдат на ниедно друго место. Од друга страна, можат

да ја доживеат традицијата, да бидат пречека-ни од гостопримлив народ. Кај и да отидете, без разлика дали ќе ве видат првпат во животот, ќе ве поканат на кафе, на ракија“, не пречека Би-лјана Георгиевска, родена во Дихово, која рабо-ти како туристички водич во Битола.

Тргнавме да ги видиме местата што го прават селото привлечно за многу посетители-намер-ници. Куќи од камен накитени со низи пиперки, домаќински стокмени дворови со лозници и луѓе што спокојно си работат по нешто по дворовите - заборавени убавини за луѓето од градовите.

„Правиме кори. На други места ги викаат јуф ки, губи - овде се кори. Сега ги ставаме да се сушат. Во зима ги вариме. Се прават со јо-гурт, сирење и јајца, се варат, се потпржуваат и се печат во рерна. Кога се готови, доаѓа како гибаница. Денес, модерно, младите ги јадат ва-рени, со кечап“, ни рече една диховчанка, една од многуте жени што сукаа кори во дворови-те, срамежливо обидувајќи се да го одбегне фотоапаратот. На неколку чекори оттаму ја за-

познавме тет ка Љуба, диховчанка отселена во Битола, која често е во Дихово каде што црпи енергија за животот во градот.

„Овде е живот за живеење. Да живееш, да работиш, да имаш сила. Оди во град, ќе почнеш да јачиш. За човек во нашите години. За млади-те, не знам. Ќе одам до бавча, ќе копнам овде, низ дворчето. Вчера ги корнев цвеќињата - ќе си најдам работа. Таму - пред телевизор. Кај да одиш?“, ни рече тетка Љуба.

Ќе ви биде малку еден ден за да можете до-волно да се изнауживате во се што ќе видите. Прошетките покрај реката Сапунчица и при-родните езерца во нејзиното корито - „капејн-ци“ - опуштеното откривање на планината ди-шејќи питом свеж воздух, бараат многу повеќе. Одвојте викенд и сместете се во една од вилите. Првата јадица ја загризавме.

МАЛОВИШТАПрво што ќе ве пречека во Маловишта е нешто што можеби сте го заборавиле - мирисот на се-

па

тув

ањ

е д

ом

а

Page 103: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

103

ло, мирис на лепешки. Излегувате од автомоби-лот и се адаптирате на просторот. Барате накај каде да тргнете. Разгледувате наоколу, го ана-лизирате стилот на градбите - куќите наоко-лу и маркантниот храм што ќе ве изненади ко-га ќе погледнете над селото. Нозете самите ќе ви тргнат натаму. Додека се искачувате по кал-дрмисаните патеки ве пречекува второто из-ненадување - ’ржењето на коњите. Разменува-те поздрави со луѓето што ќе ги сретнете по пат. Станувате свесни дека дотогаш не сте биле во село каде што ќе видите толку многу коњи на едно место. Каде и да се свртите - луѓе со коњи натоварени со боровинки. Го распрашавме на-шиот домаќин, да ни објасни.

„Ех, живот. Селски живот. Сите се по боровин-ки ојдени, угоре. Сезонава се погоди. Година-ва доста собраа, а и уба' цена имаат. Кој можел, доста собраа. Закрепна селото. Сега селото е 120-130 луѓе. Младите мораат да бегаат, поради децата, нема школо. Некогаш бевме 3.000 луѓе. Отидоа по цел свет - во Грција, во Романија, во

Австралија. Сега, доаѓаат само на лето. Тие што останаа, одат на дрварење, по боровинки, имаат по два-три коња - тоа е животот“, ни рече Таш-ко Палигора, човекот што се грижи за поголема-та црква во селото, додека ја отвораше капијата на „Света Петка“.

Селото најпрвин било подигнато во подол-ните делови на планината, населено со луѓе што работеле со коњи, превозници. И до ден-денес останала специфичната блискост на луѓето од Маловишта со коњите.

Црквата ќе ве изненади. Откако ги слушнав-ме основните податоци за историјата на селото, веќе ни беше јасно зошто е толку голема и тол-ку раскошна. Храмот бил димензиониран да вдо-ми и до 3.000 луѓе, колку што живееле некогаш во Маловишта, во златните времиња, 1856 годи-на, кога се заработувало многу, кога не било теш-ко семејствата да двојат по некој златник за да направат раскошна црква.

Раскошот ќе го забележите веднаш. Тоа ќе ви го навестат камените релјефи покрај врати-

те, кога влегувате од тремот во храмот, кога ќе ги видите мајсторски изработените фрески и рас-кошниот иконостас од длабоко изрезбано дрво. Мигови на тихување. Свеќа и молитва. Изнена-дувањата уште не завршиле. Се качуваме на га-леријата, еден кат погоре. Пред нас се отвора га-лерија икони, грижливо чувани и конзервирани

- фасцинантна збирка која ќе ве повикува повтор-но да дојдете во Маловишта.

Времето е кусо. Го користиме последното „убаво сонце“ за фотографирање и се упатуваме кон автомобилот. Покрај вратите не пречекува ѕид од гајби натоварени со боровинки, подготве-ни да се претстават пред откупувачите. Во дале-чините зад селото се крие врвот, Пелистер. Ова е само почетокот. Запознавањето. Следниот пат ќе ги видиме и четирите помали цркви. Заминуваме од Маловишта и Дихово, кроејќи нови планови. Кога-тогаш ќе ги видиме и Пелистерски очи, пла-нинарскиот дом и антената на предавателот што зрачи радиобранови до Сахара, до нордиските земји, до Атлантикот.

па

тув

ањ

е д

ом

а

Page 104: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

104

КОГА КАКО ПОДАРОК ОД ЕДЕН МОЈ ПРИЈАТЕЛ ОД АВСТРАЛИЈА ДОБИВ ДИСК СО МУЗИКА ОД

ЕТИОПИЈА СО ИМЕ ЕTHIOPIQUES, ВЕЌЕ ЗНАЕВ ДЕКА ТОА НЕ Е СЛУЧАЈНОСТ.

НА МОЕТО ДОТОГАШНО ИНТЕРЕСИРАЊЕ ЗА ТАА НЕВЕРОЈАТНА ЗЕМЈА, ОВА ТРЕБАШЕ

ДА ЗНАЧИ ДОПОЛНИТЕЛЕН ЗНАК ДЕКА СЕ ДВИЖАМ ВО ВИСТИНСКАТА НАСОКА.

ТАТНЕЖИТЕ ОД ТАПАНИТЕ НА МАЈКА АФРИКА ПОТАЈНО ПОВИКУВАА, А ЗВУЦИТЕ НА

ЕTHIOPIQUES СТАНУВАА МОЈА СЕКОЈДНЕВНА ПРИСПИВНА МАНТРА. ТИЕ МАЃЕПСУВАЧКИ

НОТИ ЧЕСТО СЕ ШИРЕА ОД ШЕСТИОТ КАТ ВО МОЈАТА ЗГРАДА ВО СКОПЈЕ НАОКОЛУ

И НЕКОГАШ КАКО ДА ОДЅВОНУВАА ОД ИСПРАЗНЕТИОТ МОКАР БУЛЕВАР ДО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ...

ЕГЗОРЦИЗАМ СО МАКИЈАТО

И МУЗИКА

Роберт Смилески¢o

па

тув

ањ

е н

ад

во

р

Page 105: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

105

ПОЛИЊА СО ТЕФ И ЖИТО БЛИЗУ ГОНДАР, ЕТИОПИЈА

па

тув

ањ

е н

ад

во

р

Page 106: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

106

НА ПАТ ЗА ГОНДАРВо ушите ми одекнуваа ис-тите звуци - етиопики во Етиопија на слушалки добро заглавени во моите ушни школки, веќе полуфункци-онални од африканските прашини. Патувам со брзина на мрзливо магаре. Поамби-циозните магариња натова-рени со се и сешто одамна се пред нас - казнетите патни-ци на комбето за превоз на луѓе и стока. Возиме нагоре и на пат повеќето направен од макадам. До Гондар оста-на уште малку време, според возачот, уште многу според моето досегашно искуство: научив одамна, во Африка времето на патување не се смета, туку се релативизира за да се преживее.

Гондар, некогашната престолнина на Ети-опското Кралство, е вгнезден високо во облаците, на надморска височина од над 2.000 м. Ова инаку подзаспано гратче ве-ројатно со најмногу замоци по глава на

жител на планетава живееше за пазарни-ов ден. Разделбата со речиси распаднато-то комбе беше без трошка жал - тоа про-должи да се тркала до Аксум, а јас веднаш знаев каде ќе запрам најпрво. Ќе седнам

на кафе и ќе соберам душа за да го истра-жувам градот. Пред мене имаше едно ста-ро кино во арт деко стил со свое кафуле и отворена тераса, а каде има маса и столче во Етиопија, има и добро макијато.

КРАТКО МАКИЈАТОДВА СОВРШЕНИ ФИЛЏАНА ЕТИОПСКО МАКИЈАТО

НЕОЧЕКУВАНО ДРУШТВО НА ЕТИОПСКИТЕ ПАТИШТА

па

тув

ањ

е н

ад

во

р

Page 107: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

107

ЕДЕН ОД МНОГУТЕ ГОНДАРСКИ ЗАМОЦИ

ФРЕСКИ ОД ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА БЛИЗУ ГОНДАР

па

тув

ањ

е н

ад

во

р

Page 108: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

108

ЕTHIOPIQUESПиењето кафе во Етиопија е сериозна работа и процес кој трае. Додека се пие кафе, главно се слуша прекрасна етиопска музика. Им дозволу-вам на мојот мозок и душа да запливаат во немапираните територии на овие звуци кои те размрдуваат и те тераат да мрдаш во ритамот на песните. Дојден сум на изворот на Етиопиките, на музичките колекции издадени минатата деценија под француска етикета. Етиопските колекции се мешавина на фанк, соул и џез-музика кои на маестрален начин балансираат помеѓу модерните текови и традиционалната етиопска музика. Со својата музика повторно Етиопија ја соедини Африка со стариот антички свет со кој некогашното етиопско царство Абисинија било во допир.Со музиката таму се живее и умира. Нивниот најнов поп-идол, Теди Аф-ро, е можеби попопуларен и од нивниот претседател. Теди Афро го има на чаршафите по рестораните, на маичките од веселите босоноги деца и во весниците, каде тој со својот бунтовен дух го креира јавното мис-лење на оваа земја.Кога ќе се присетам на Етиопија денес, всушност во себе си прелистувам слики од прекрасните пејзажи и звуците на Теди Афро чиј хипнотичен глас ечеше од сите агли каде имаше минимум услови за тоа – струја и ра-диоапарат или касетофон.

ГОНДАРСКА ВЕЧЕРНА САБОТНА ТРЕСКАНекаде помеѓу гладните но весели и неуморни деца, меѓу православни-те свештеници кои истеруваат сида од болните во своите манастири и другите ликови во Гондарскиот универзум, случајно се сретнав со Самуел кој ми беше водич низ околните Симиенски Планини со неверојатна уба-вина. Самуел одеше вешто по стрмните карпи на планините, пееше песни од „Фифти сентс“, носеше пушка, пица за ручек и секогаш насмевка на неговото лице. Сем е олицетворение на новата младина на Гондар, која знае како да го искористи статусот на овој град – заштитен од УНЕСКО. Тој со шарм и со пот заработува за пристоен живот за себе и за неговата де-војка која во иднина сака да му стане и негова жена, бидејќи ја сака, а и е од добра фамилија. Бркајќи ги најубавите глетки низ Симиенските Планини и ретките ендемични гелада бабуни, се раѓаше инстант пријателство кое вечерта се зацврсти со излегување до доцна во автентична гондарска кафеана со жива музика и весела атмосфера. Во темната и зачадена кафеана со земјен под се разлеваше гласот на пејачката со бел фустан од етиопски мек памук и скромни шари. После првото пиво „Сент Џорџ“ бев готов да станам и со пејачката и со најтемпераментните гости да заиграм. На музиката во Етиопија се игра само со рамениците кои се движат во сите насоки во коишто ти дозволуваат зглобовите, се плеска со рацете

следејќи го ритамот, и се повторува „сап, сап“ онол-ку пати колку што трае музичката екстаза. После првите мигови и веќе сите се смееја и плескаа со рацете - чудниот странец од Македонија со искрена љубов кон тамошните луѓе и музика играше на негово и на задоволство на сите присутни. Танцу-вањето траеше до доцна во ноќта. Таму некаде високо, во гондарската кафеана, сите заедно, во темната африканска ноќ, бевме доброволно подложени на колективен егзорцизам, борејќи се на тој начин против сите зла и неправди на светов

– со песна, пријателски прегратки и разбирање со поглед, како да се знаеме цел еден живот. Сап, сап, сап, сап...

САМУЕЛ, ВООРУЖЕН ВОДИЧ ПО СИМИЕНСКИТЕ ПЛАНИНИ СЕМ И НЕГОВАТА ДЕВОЈКА , ГОНДАР

УЛИЧНА СЦЕНА, ГОНДАР

па

тув

ањ

е н

ад

во

р

Page 109: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

109

СМЕСТЕНА ВО ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕЛ НА ИТАЛИЈА, ТОСКАНА ГИ СОБРАЛА ВО СЕБЕ СИТЕ УБАВИНИ,

СИТЕ БОИ И ВКУСОВИ - ЖИВОПИСНИ СЕЛСКИ ПРЕДЕЛИ, ПРЕБОГАТИ ВИНОГОРЈА, МАСЛИНОВИ ДРВЈА,

ГРАДОВИ ИЗГРАДЕНИ СПОРЕД ВИЗИИТЕ НА ГОЛЕМИТЕ РЕНЕСАНСНИ МАЈСТОРИ,

ГЕНИЈАЛНИ УМЕТНИЧКИ ДЕЛА, И ХРАНА И ВИНО ПО МЕРКА

НА СТАРИТЕ БОГОВИ.

СИТЕ ВКУСОВИ НА ТОСКАНА

За Тоскана велат дека е можеби најуба-виот од регионите во Италија, иако во Италија се е волшебно. Тоскана е преу-бава во октомври, бидејќи тогаш се слу-чува „вендемиа“ – есенската жетва на грозје, и се мириса на сено, на есен, на шира, на љубов... Покрај прекрасни-те градови, Фиренца, Сиена, Пиза, во То-скана се наоѓа и Кјанти, „престолнината“ на најпознатото италијанско вино.

„Кјанти“ (Chianti) е најпознатото црвено италијанско вино, гордоста на Италија и Тоскана. „Кјанти“ се прави од грозје-то од сортата „санџовезе“, со многу ма-ла мешавина од друго грозје, како на пример „каберне совињон“. Најдоброто

„Кјанти“ е од регионот „Кјанти Класико“, но вреди да се проба и т.н. „Кјанти Ру-фина“. Најдобрите вина и од двата реги-она се оние кои се оставени да стареат, и тие ја имаат назнаката „Ризерва“.

Уште едно одлично вино кое се прави од грозјето „санџовезе“ е „Брунело ди Монталчино“ (Brunello di Montalcino).

„Брунело“ е уште едно име за „санџове-зе“, додека Монталчино е местото каде што се произведува. Ова вино, доколку стареело пет години пред да се пушти во продажба, може да биде назначе-

но како „Ризерва“. Пробајте го и „Росо ди Монталчино“ (Rosso di Montalcino), уште едно црвено вино од истиот про-изводител, кое треба да се пие доде-ка е младо.

Блиску до Монталчино се наоѓа Мон-тепулчано, домот на „Вино Ноби-ле ди Монтепулчано“ (Vino Nobile di Montepulciano). Ова е уште едно импре-сивно тосканско црвено вино, кое пов-торно се прави од „санџовезе“ и не тре-ба да се меша со вината кои се прават од грозјето „монтепулчано“.

Квалитетното и најпознато тосканско бе-ло вино доаѓа од Сан Џимињано, со ти-пично име „Вернача ди Сан Џимињано“ (Vernaccia di San Gimignano) и е најдобар придружник на оние јадења од италијан-ската кујна кои „бараат“ бело вино.

Сите овие вина се означени како „DOC“ или „DOCG“, што е знак за највисок ква-литет. Тоа не значи дека вината кои не ја носат таа назнака, како на пример т.н.

„Супертоскански“ вина или наливните, домашни вина („Вино ди Тавола“) не се квалитетни. Едноставно, ако барате ви-сок квалитет, проверете дали на шише-то стои „DOC/DOCG“.

ТОСКАНСКИТЕ ВИНА

па

ту

ва

ње

на

дв

ор

Page 110: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

110

па

ту

ва

ње

на

дв

ор

ЧОКОЛАДНА САЛАМА

состојки: 180 грама мелени бисквити (Petite Beurre), половина филџан шеќер, 150 грама стопен путер, 2 жолчки, 1/4 филџан какао во прав

Овој типичен тоскански десерт е еден од омилените на мајка ми, бидејќи е многу вкусен, а брзо и едноставно се приготвува. Стопете го путерот и оста-вете го да се олади. Матете ги жолчките со шеќерот, а потоа додадете го путе-рот и какаото (доколку сакате колачот да има потемна боја, додадете повеќе какао). Здробете ги бисквитите, но оставете некои прачиња да бидат пого-леми, за колачот вистински да наликува на салама. Вмешајте ги бисквитите во остатокот и целата маса со рацете замесете ја во форма на салама. Зави-

ткајте ја саламата во алуминиум ска фолија и оставете ја да се смрз-не (околу 30 минути). Извадете ја 10 минути пред да ја послужите на собна температура, а потоа исечете ја на тен-ки парчиња. Можете да ја послужите и со шлаг и свежо овошје.

БИФТЕК ВО КАБЕРНЕ СОС

состојки: 4 големи парчиња бифтек, морска сол, 3 лажици крупно мелен бибер, 2 лажици маслиново масло, 1 филџан црвено вино (каберне совињон), 2 лажици путер

Нежно исушете го бифтекот со салфетка. Посолете го и ставете бибер, притискајќи го со дланките. Загрејте го маслиновото масло во тава, на средна температура. Кога ќе биде загреано, ставете го бифтекот во тавата и пече-те го околу 3 минути од секоја страна (за да биде сред-но печен). Извадете го бифтекот во чинија и покријте го со фолија. Истурете го маслото од тавчето и ставете го внатре виното. Гответе го на средна температура околу 7 минути или додека виното не се намали на 1/4. Измешајте го и путерот со виното и пре-лијте го сосот врз бифтекот. Добар апетит!

САЛАТА ПАНЦАНЕЛА

состојки: сув леб (стар 2-3 дена), домати, краставици, кромид, лук, свеж босилек, маслиново масло, балзамик оцет, сол, бибер

Една од најпознатите тоскански салати е Панцанела, која се прави со стар, тврд леб, домати и босилек. Тосканците секогаш наоѓаат начин да го искористат бајатиот леб. Во случајот на Панцанела, лебот се натопува со малку вода, се остава да отстои и потоа се цеди. Врз лебот се ставаат сечкани домати, краставици, тенко сечкан кромид, тол-чен лук и многу босилек. Се зачинува со маслиново масло, балзамик оцет, сол и бибер.

ШПАГЕТИ „АЛ АМАТРИЧАНА“

состојки: 3-4 чешниња лук, сланина исечена на коцки, 1 исечкан кромид, домати (свежи или од конзерва), пекорино сирење, свеж босилек, маслиново масло, сол, бибер, малку шеќер,се чаша црно вино

Шпагетите „Ал Аматричана“ се познато (и многу вкусно) италијан-ско предјадење. Се приготвуваат на едноставен начин. Прво се про-пржува кромидот и лукот во маслиново масло, а потоа се додава сланината и се пржи додека не потемни. Се додава црното вино, се крчка некое време (речиси додека не испари) и на крај се додаваат доматите, зачинети со сол и бибер, и малку шеќер да се неутрализи-ра киселоста. Кога сосот ќе се згусне, се додава свежиот босилек.Во меѓувреме се варат шпагетите со малку сол. Италијанците ги са-каат ал денте (тврдички) и никогаш не сосема исцедени (мора мал-ку од водата да се измеша со сосот). Кога ќе бидат сварени, се ста-ваат внатре во сосот и се враќаат на шпоретот, да провријат уште малку за да „впијат“. Се служат со рендано пекорино (или парме-зан како замена) и црно вино.

Page 111: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

111

Звучи како добра провокација уште веднаш кога ќе го чуете насловот на тематските

вторнички вечери во „Ориент Експрес“, фуд-бар, клуб-ресторан или вагон-ресторан, како што претпочита да се нарекува себеси ресторанот, во тивката уличка „Благој Пешков“ во Дебар маало. На прв поглед може да ви зазвучи претенциоз-но, но лесно ќе ве уверат дека е тоа така, кога ве повикуваат на „Гурманско-винско патување“, на-оѓајќи инвентивни начини да допрат до вас.

Локалот ве пречекува со пријатна и опуште-на атмосфера. Без разлика во кој дел од дено-ноќието ќе појдете, одберете ја терасата. Место каде што ќе бидете на мир - дење кога низ прос-торот провејува лесно ветерче, а низ платнена-та стреа продира питомо сонце. Додека колони возила чекаат пред семафорите, додека бараме климатизирано такси, ќе најдете простор испол-

нет со лежерна музика, низ која повремено ќе се вмешаат папагалчињата од кафезот - бело-синиот Кики и жолто-зелениот Рики. Соодветна опуштеност ќе најдете и ноќе, кога просторот се претвора во умерено осветлена, романтична тераса, со запалени свеќи и питома, џези музика. Нека не ве изненади кога ќе забележите дека не е цеде од, на пример, „Нувел ваг“, туку некој од бендовите на клубот.

Тргнуваме со бело вино и колоритна салата: „Стоби куве“ и салата од рукола, шери домати и моцарела. Одличен почеток. Инспиративни вкусови за да ви тргне муабетот, шмек кој ќе на-прави уште од почетокот да чувствувате дека ви претстојат низа пријатни изненадувања. Печа-тот ќе го втисне руколата. Кажано со една тур-ска изрека: вкус што ќе ви остане на непцето.

Додека расприкажани ги споделувате впе-чатоците, пристигнувате на втората станица: пилешко со ѓумбир, кикиритки и портокал, де-корирано со рендана кора од портокал. Вино до следната станица: „Темјаника спешал селекшн“, 2008. Веднаш ќе го забележите тонот што го да-ва комбинацијата на портокалот и кикиритките. Ако и вие се чувствувате презаситени од пилеш-ко на сто начини, овојпат ќе бидете изненаде-ни. Заедно со темјаниката ќе бидат „прекрасен пар“, одличен спој од кој блика овошна свежина. Додека уживате во вкусовите и ги систематизи-рате впечатоците, уште еднаш станувате свесни дека ве чека долго патување, полно со изнена-дувања. Имајте доволно муабет да споделите со луѓето покрај вас.

Трета станица. „Вртиме“ на црвено. Мерло на „Disan Hills“, 2007, и биено мавровско сирење со суви сливи и апетисани. Сетилата се насочени

кон музиката и сe повеќе стануваат свесни за околината. Тивките разговори веќе се погласни за степен-два. Уживате во питомиот џез. Возот оди подзабавено. Уште пред да го пробате по-следното изненадување, сфаќате дека вредело да дадете 830 денари по човек.

Последна станица. Домашен чоколаден ко-лач со свежо нане и сушено нане. Вино - вранец

„Амфора“, на винарија „Далвина“. Нането од бавчата на Ралев! - бавча од која во голема мера се снабдува ресторанот. Ќефлиски одгледуван зеленчук, лично од основачот на „Ориент“.

Меѓу впечатоците, неколку негативни за-белешки: прилично здодевна понуда на пиво споредено со други локали и маката да најдете паркинг некаде блиску. Но, можеби е и подобро што е така - 4 вида вино, 75 денари за паркинг. Земете такси. Уживајте и бидете спокојни дека нема да направите сообраќаен прекршок.

Крај. Џагор и кикотење. Полноќ. Излегува-те и - веќе сте во срцето на ноќниот живот во Скопје. Одберете. Продолжувате понатаму или

- продолжувате понатаму? ¿

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПАТ. ПАТУВАЊЕ НИЗ ВКУСОВИТЕ НА ИСТОКОТ И ЗАПАДОТ, ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ, ХОРИЗОНТАЛАТА И ВЕРТИКАЛАТА НА ВРЕМЕТО. ТАКВИ СЕ ВИНСКО-ГУРМАНСКИТЕ ПАТУВАЊA НА СКОПСКИОТ КЛУБ-РЕСТОРАН

„ОРИЕНТ ЕКСПРЕС“

ОРИЕНТ ЕКСПРЕС

Адреса: ул. Георги Пешков бр. 6, Скопје.Работно време: 9:00-24:00 (пон-чет), 9:00-1:00 (пет-саб). Недела - не.Резервации: телефон 02/3223 097, имејл: [email protected]. Картички: Visa, Master Card, Maestro, Diners, American Express.Пристап за луѓе во количка: проблематичен - две-три скалички спуштање од влезот до ниво-то на ресторанот, две-три скалички качување од ресторанот до терасата.Повеќе инфо: www.orientexpress.com.mk

Васко Марковски¢

ма

са

за

дв

ајц

а

Page 112: LIFE бр. 48

ПАНОР

ПАНОР

НА „ИЗЛЕТ“ ВО СКОПСКИОТ МЕТЕЖАвтентично дворче како во повеќето македонски куќи, со масички и стол-чиња, жардиниери, дрвја, трева, чешмичка со кофи, патеки од коцка, камен и тули, исти такви ѕидови... кафулето „Излет“ нуди вистински излет во приро-да. За овој број на „LIFE магазин“ го издвојуваме „Излет“, поради прекрасни-от двор скриен во срцето на градот, надвор од градскиот метеж, со пријатна и релаксирачка атмосфера во звуците на соул, џез, реге и фанк. Сместен во

близина на Грчката амбасада, „Излет“ летово беше едно од омилените места на скопјани. „Првичната идеја беше да се долови излет во природа со добра вегетација. Не сакавме да биде комерцијално и тенденциозно место, туку да биде природно, домаќинско и подискретно место, за разлика од другите ка-фулиња во градов. Местото е во центарот на градот, а е интимно. Тука не е идејата да се види каков автомобил возиш, каков мотор возиш и како си об-лечен“, вели сопственикот на локалот, Огнен Узуновски – Оги.

МАКЕДОНСКА КУЌА - ЗБОРНО МЕСТО НА ЧОРБАЏИИТЕ„Македонска куќа“ е ресторан со долга традиција, но со нова локација (спроти „Алумина“) и изгледа како куќите од „Македонски народни приказни“. Во прекрасниот простран ентериер кој потсетува на Куршумли-ан, преовладуваат елементи кои во минатото ја красеа традиционалната македонска куќа. Везените чаршафчиња, чергите, килимите, носиите, пепелниците, стомните им ја освежуваат меморијата на Македонците, а се оригинално доживување за странците. Келнерите облечени во носии, амбиентот, изборот на вкусна македонска народна кујна и традиционалната музика се доволни причини за неколкучасовно патување во минатото.

ЛА БОДЕГИТА ДЕЛ МЕДИО - АТМОСФЕРА НА КУБАНСКИ НОЌИ Кубанскиот ресторан-бар „Ла бодегита дел Медио“, е вистинско место за уживање во автентични кубански специјалитети и освежителни коктели. Ентериерот е во духот на оригиналниот кубански ресторан во Хавана, исполнет со украсни предмети, ѕидни фотографии на светските и домашни славни личности и колекција на потписи на познати (како и не толку познати) посетители по ѕидовите. Се разбира тука се и разните видови пури како и традиционалниот коктел, Мохито (мешавина од рум, нане, шеќер , лимон и газиран сок). Доколку сте љубител на Мохито и незаборавен кубански ритам, повелете во „Ла бодегита дел Медио“ покрај кејот на Вардар, во центарот на Скопје.

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

112

па

но

ра

ма

Page 113: LIFE бр. 48

РАМА

РАМАРАМА

NEW YORKER, NEW YORKERNew Yorker ја отвори својата прва продавни-

ца во Македонија во новиот трговски центар „Веро“, со што станавме 29-та земја во која

е присутен овој светски лидер во модата за млади. Целодневната забава со диџеј,

водители и брејк-денс група, организирана во стилот на „New Yorker“, а во чест на

отворањето на продавницата, предизвика огромен интерес кај посетителите и купу-

вачите чие внимание го пленија најновите колекции на „New Yorker“ со тренди модели

и извонредно достапни цени.

ПО НАШ ВКУС, ЗА СЕЧИЈ ЏЕБМесто: Хотел Бристол, летна тераса

Време: Недела наутро, еден топол есенски денБуџет: 350 денари (и ситно) за двајца

Терасата на „Бристол“ е едно од омилените места на Скопјани повеќе од 80 години. Во летните денови е единственото место

во овој дел на градот со пријатна ладовина, место кај што ќе слушнеш муабети од старите скопјани – традиционални гости на

Бристол, а во раните саботни и неделни утра (6 часот наутро!) единственото место каде што можеш да јадеш штотуку скрчкана

чорба (чкембе, телешка, јагнешка...)

Неделните утра се посебна приказна, особено што во Бристол, во недела, утрото најдолго трае. Првите, ретки но упорни гости, затропуваат на вратата од хотелскиот ресторан уште во 6 часот

наутро – по бурната саботна вечер. Втората тура, редовните стари скопјани, групирани во мали групи, почнуваат да идат околу 9-10,

па се до попладне. Третите, оние кои се будат подоцна (оние кои не издржале да ја дочекаат првата чорба туку се прибрале дома малку

да поспијат), почнуваат да доаѓаат после 12. А тука се и туристите кои неминовно ги привлекува шармот на местото - симбол на едно

поинакво, автентично Скопје.

Но да прејдеме на главното. Недела утро, бурна саботна вечер... тоа е јасно! Седнувате и доаѓа Свето (или Доце, зависи) и прашува каква чорба сакате. Можете вие да јадете што сакате, но во неде-

ла во Бристол се јаде чорба. Тоа е библија. Можете да одберете и јагнешка и телешка (па дури и пилешка) чорба, но по наш вкус е

Бристолската чкембе чорба.

Двајца сме. Имаме 350 денари (присобрани од џебовите) и по не-која ситна пара. Нарачуваме две чкембе чорби (со лукче и оцет), ед-

но пивце и една кисела вода, лепче. Појадок за боговите, оние стари скопски, да не речам бристолски. На крајот, сметка од 340 денари (со ДДВ), полн стомак (и бистра глава) и неколку нови вицеви, на-

слушнати од мудреците од соседната маса.

ГОСТИЛНИЦА „ИВ“ - ТРАДИЦИЈА НА МАКЕДОНСКИ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ

И СТАРОГРАДСКА МУЗИКА Специјалитетите на македонската кујна, надополне-

ти со акустична староградска музика, се составен дел од триесет годишната традиција на гостилница-

та „ИВ“, која важи за еден од најстарите збирни град-ски локали на скопјани. Модерниот ентериер, дрвениот шанк, уметничките слики во комбинација со домашни-

от амбиент, придонесуваат да се чувствувате пријат-но и релаксирано. Малите тајни на „Ив“ се искуство-

то во кулинарство и љубезноста на угостителите. „Ив“ е вистинско место за дружење со пријателите, а на вас останува да дојдете и да се уверите, на веќе добро по-

знатата локација кај стара рампа во Кисела Вода.

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

113

па

но

ра

ма

Page 114: LIFE бр. 48

114

но

ќе

н ж

ив

от

ФЕСТИВАЛНА ПИВОТОПИВОЛЕНД

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

114

Page 115: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

Фестивалот на пивото Пиволенд по третпат се одржа на Скопското кале и Старата скопска чаршија. Петдневното случување понуди педесетина домашни и странски видови пиво, исто толку бендови, артисти и диџеи на седум фестивалски бини. Во рамките на фестивалот беше промовирана и кампањата на Црвениот крст под наслов „Кога пиете, не возете - кога возите, не пијте“. Под мотото „Дојди, види, испиј“ публиката се забавуваше на Кошин, Рамбо Амадеус, „Забрањено пушење“, „Чалгија саунд систем“, „Суперхикс“, Селимова-Желчески, Тони Китановски, Георги Шарески, ТБ „Трачери“ и многу други музичари кои направија одлична атмосфера на третиот по ред Пиволенд.

115

но

ќе

н ж

ив

от

Page 116: LIFE бр. 48

Мултимедијалната културна манифестација „Звуци на Старата скопска чаршија“ беше еден од главните настани кои го одбележаа ноќниот живот во градот. Изложби, парада на фолклорни друштва, концерт на староградска музика, настап на турска група и гудачки квартет, модна ревија и многу други интересни содржини привлекоа голем број луѓе, па чаршијата се исполни до последното место. Настанот потсети на старите заборавени традиции, но воедно даде свежина во понудата на ноќни содржини. Мисијата за заживување на овој дел од градот и годинава беше успешна.

ЗВУЦИ НА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

116

но

ќе

н ж

ив

от

Page 117: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

117

но

ќе

н ж

ив

от

БЕЛА НОЌНа 2 октомври, во осум културни установи и на повеќе локации во центарот на градот се одржа шестото издание на манифестацијата

„Бела ноќ“. Хипхопијада, диско ролеријада, бројни концерти, перформанси, изложби, претстава, моднa ревија и филмови ја одбележаа оваа „Бела ноќ“, со уметници од Холандија, Германија, Грција, Италија, Австрија и други европски земји.

Page 118: LIFE бр. 48

LIFE

ОК

ТО

МВ

РИ

118

ТАРОТСКОП ОКТОМВРИ 2010Мадам Шехерезада¢

Овен – ЦАР Октомври - особено пло-ден и креативен период за сите овни, полн со енер-гија, нови идеи, интересни предизвици. Царот, една од најсилните карти во та-ротот, е и картата на овој знак. Овни, цареви, браво! Во вашата работа овој ме-сец ќе ги поминете сите „тестови“ и ќе бидете пол-ни со себе (типично за вас, нели?). На емотивен план, мирен и стабилен период кога можете сосема да се потпрете на љубената ви личност (дозволете си и малку повеќе романтика, пуштете срце!). Бело вино и морска храна за вас, и малку тишина, ве молам.

Бик – ПУСТИНИК На повидок е повлечен и тивок период за сите би-кови. Не плашете се, ќе трае кратко, а ќе можете конечно да си поразгова-рате со самите себеси и да сфатите колку сте, всуш-ност, фантастични. Некол-ку совети: искористете го ова време да се реорга-низирате и да смисли-те стратегија во врска со работата (заборавете на оние кои ве фрустрираат и направете добар план, но спроведете го подоцна – следниот месец). Во љу-бовта, веднаш заборавете на минатото! Јадете чоко-лада, оди фино во комби-нација со самотија.

БлизнациПЕТ НА ПАРИТЕ Комбинацијата на оваа карта со „ѕвезденото не-бо над нас“, укажува на финансиски проблеми и стресни ситуации за вас. Вие прекрасни воздушни суштества сте навикнати да поминувате низ пе-риоди на убаво-лошо-прекрасно-стресно без поголеми последици. Убавото во целава ситу-ација е што следи зацвр-стување на вашата љу-бовна врска, стабилност и поддршка од вашиот животен партнер (зачу-дувачки, ова може и да ви годи,). Палачинки за вас, строго само со џем!

РакВИТЕЗ НА СТАПОВИТЕ Витезот на стаповите е ин-тересна карта, особено во комбинација со емотив-носта на раковите. Ова е почеток на нови авантури, но не и нивно финализи-рање. На работно поле, многу волја и енергија за работа. Најверојатно многу движење надвор од вообичаената работна средина, дури и службено патување. Ќе бидете за-доволни, а тоа е најважно. Во работата се е ок, но во љубовта - хммм... седење на повеќе столчиња на е баш ок, нели? Иако не ви е првпат! Чај и бисквити за вас, толку сте заслужиле.

Лав – МЕСЕЧИНА Не ме чуди што токму оваа карта се надополнува со октомврискиот „судир на планетите“ на амбициоз-ните лавови. Интуиција-та не ве лаже! Некој во вашата работна средина ви работи зад грб (или ви завидува), ама тоа е неш-то на кое сте навикнати. Не мора ништо особено да преземате, знаете вие што значи карма. Дигнете си го носот уште погоре и бркајте си ја вашата рабо-та. Лавови, во љубовната сфера подгответе се за адреналинска трка, турбу-ленции, авантури, многу мистика и мнооогу оган. И не пијте многу!

ДевицаВИСОК СВЕШТЕНИК Високиот свештеник е карта која најавува со-очување со авторитети, совети или прекори на ра-ботното место. Сепак, дра-ги девици, немојте да ги протолкувате забелешки-те од вашиот шеф (постар колега, бизнис-партнер?) премногу негативно. Мо-жеби таа малку здодевна и конзервативна личност, понекогаш е во право? Во љубовната сфера, ситни-те проблемчиња кои ги имавте со Вашата љубена личност ќе испарат исто толку брзо како што и на-станаа. Зачинете ја повеќе вечерата и уживајте.

Вага – АС НА ПАРИТЕДобри вести за вагите! Оваа „карта на хедо-низмот“, претскажува ма-теријална добивка и како последица на тоа – малку препуштање на хедони-зам. Предупредување: немојте да трошите прем-ногу, немојте да уживате премногу... никогаш не се знае што следи. Љубена-та ви личност, иако ќе ја сподели вашата радост е порационална. Немојте да се инаетите и послушајте ги нејзините совети барем овојпат! Уште еден совет: отпатувајте во природа и таму препуштете му се на хедонизмот, на убавината на животот и на љубовта.

Скорпија ТРКАЛО НА СРЕЌАТА Сосема во скорписки фа-зон, период на непред-видливост, авантура, држ-не дај, и секако среќен крај. Тркалото на среќата, оваа возбудлива, мисте-риозна карта, најавува фина промена – пред се финансиска. Неочекува-на добивка или одлич-на шанса (нова работа, унапредување, бонус?) која повлекува убава про-мена и во емотивниот жи-вот. Ве очекуваат бурни љубовни авантури, или интензивно освежување на вашата врска. Не готве-те, нарачајте пица и пре-дадете се на љубовта!

СтрелецВИТЕЗ НА МЕЧОВИТЕЗа импулсивните стрелци - најимпулсивната карта. Витезот на мечовите трга храбро да освојува се што знае и умее. Оваа аванту-ра може да излезе плод-на на деловен план, под услов да не се опуштите премногу. Тоа што го са-кате бара малку упорност. Бидете потрпеливи и све-тот е ваш! Освојувајте и во љубовта, но внимавајте да не скршите премногу срца (или да не биде вашето тоа што ќе биде скршено?) Инаку, месојаден период за вас: ребра печени во рерна, во комбинација со црно вино.

Јарец КРАЛ НА МЕЧОВИТЕКралот на мечовите е силна карта која на прин-ципиелните јарци во овој период им најавува голе-ми работи. Кралот значи истерување правда, без разлика во која сфера. На работното место конечно „ќе дојде на ваше“, или уште подобро „што е ваше ќе си дојде“. Во љубовта, ќе успеете да се разберете совршено со драгата ви личност (т.е. ќе признае дека сте во право). Би-дејќи ќе „извојувате побе-да“, ќе треба малку да се помачите: убава вечера, со сите „салтанати“ и до-бро вино. Уживајте!

ВодолијаДЕСЕТКА НА МЕЧОВИТЕВодолии, ситуацијата не е толку лоша како што ви се чини! Да, во минатиот период нешто многу ви се собра, а последиците се уште ги чувствувате. Проблемите иако веќе се решаваат (работа, фи-нансии, конфликтите со другата половина?), вие уште се држите за нив и се измачувате со она „што можеше да биде поина-ку“. Не заборавајте дека „по дождот доаѓа сонце“. Искористете го овој пери-од и реагирајте практично во вистинските ситуации. Совет: љубов за вечера, чорба за појадок!

Риби - СМРТ Без паника! Оваа карта, колку и да делува дра-матично, далеку е од она како е прикажана во евти-ните холивудски филмо-ви. Смртта е карта на про-мената. На новите работи кои доаѓаат. Таа означува интензивни промени кои многу лесто можат да би-дат екстремно позитивни. Нова работа (можеби ду-ри и во странство?), крај на една љубов и започну-вање на нова, патување... Препуштете се, бидејќи така треба да биде, колку и да не барате промени во моментов. Овошје за вас - многу разновидно сезон-ско овошје.

н и креативен периоите овни, полн со енер-ија, нови идеи, интересредизвици. Царот, едн

најсилните карти воарта

измотт“, “, , , прппрпрепрепрерппрп тсктсктскккажуажуажажжуажжжжж ва в маеријааааааааалналналналналналналл аа доддо до додд д бививбибивбивбибивбивбивбивбибби ка акака к и киииии акосослееледеедеде иццацицццц на тооааа –ааа мамалклкреррр пушуу татаањањањаатааааа е нна ха хха хаххаххха едодд ни-амам П. Предредупрупредуедувањвање:е:

немојтедатрошитепрем

рае кратко, а ќе можетеонечно да си поразговте со самите себеси атите колку сте, всу

ост, фантастични. Неку совети: искористете гва време да се реорга-изирате и да смисли-стратегија во врска сотата (заборавете

оивефруст

фифифинфинфифиининф а па па па па папромромромромомромромромромененененаеннена – –––––пред сефинфинфининининини ансансансансансансансискисиисисисиси а. . . .НеоНеоНеоНеоНеоНеоНеоНе чекччччч уваа доообивкиивка иа иилии оддлич-а шааанссса (но(ноова рабаббооотаотаотао а,напрррер дувддувд ањењње,, бонуонуонуонунууус?)?)))?))))

која повлекува убаубаубаубубаубаубаубау ввввава ввв пппрпппппменаивоемотивннниниининииооотоооо жи

ц јкарта со „ѕвезденото нбо над нас“, укажува на

ансиски проблсни ситуации прекрасни возества сте нави

да поминувате низ пе-риоди на убаво-лошо-прекрасно стреснобез

СтрелецВИТЕЗ НА МЕЧЧЧЧЧЧЧОВИОВИВООВВОВИВ ТЕЗа импулсивнитеитетеитетеетте ст стстттрелрелрелрелрелрелцццц-најимпумпмпмпумпупупуп лсилсилсилсилсллсилсил внаввнавнавнаввнавнатататата тататакарарарараррарртаВитезот нт нтнтннна мечечечечоечоечч вите тргхраброророророооо да да да дада ососососососвојвојојвојвојојвојојјјувауууууу се шзнае ееие ие ие ум ум умумумммее. ОвОвОввОвООввваа авантурара ааааааможожожжжоже да излезе плод

урно не неееене не не иинини нинивниввно фффинаининананааинализлилиллилл ираањање. е. е. НаНаНааНаНаНа Н рабрррааабаработноотнооооо но по по по по по полееееолеео , ,, , , мнонононононогугу гггу гуволвввовово ја ии еенереререререрргигијгијигигијгијаза аааа а аарабрабрабраббота.Н. Н. Н.Н. . Н.Највјвјвјвјвјвјввероероеројатјајатјатнонононононононмномномном ггу гугуггууддвдвивввдв жжжжењжжж е надвдвдвдвввдворооророорооод од дод од од ддвоововоооо ббббичбичбичбичаенаенааенаааенаена атаатаатаатаа р рарраработотооотооо нсрединдиндиндидиндиндиндинд на, аааааа, дурддд и ииииииии и ислслслслссл служужужбужуу е

ципиелните јарцрццрцрцрцрццивии вивви о оо о о о оо вопериод им најааававааваа уваувауваувауваувауваувува гого гого гогогоолелллми рабраабрабраарабрр отиотиттии К. К. раааралалалалот отоототооототзназназназназназназзначиисисисистистисистеруеруерууеруеруеруеруувањањањањањањањаа е пе епе е равававрававававвда,да,да,дада,да,дада,а, б б б бе бб бб зразаазликккккккка вввввввава во ккоко кккокоја сффффераерераерераераера.Н. Н. Н.Н. .. Нработннннннототтототото мммемммммм сто кококококококонененечненененечнечнннннќедојдддедддд наааваше“ше“ше“ше“ше“е“ее ииилилилилилилиллили

карта се се е ее еенннаднадннан опоопоппопопоппп лнува сооктомвмвмвммм рисриссисиисисии киокиоокиокиокиоикиот „т „т „тт „сссудсссс ир нпланееететее ититтеитт “ на ааамбббимб циознититититититтиите ле ле ле ле ле еее авоавоавоавоавооавоввви.вввв ИИИИИнИнИИ тутуитутутуутутутт ција-аааа аанееее еееееве лажлажлажлажлажажееее!е! !е НеНеекеНеее ој во

вашаашаашашашатаатата ра рарааааааботботботботботбботбботна а аасрессс диндиндиндининдиидинави рабрабра оототиоо зад гд гд гд ггдгрб рбрб рб рбрб б(ил(ил(илил( и вии вивввва и у а) а а оаоаеенеш

се ушшште ттт ги чувствссс увате. Проророророророоблеблеблеблеблеблеблебблемитммитмитммм е ие ие ие иеииакоакококоакоо ве ќе ќе ќе ќе ќеќеќќ ссрешрешрешрешешавааваававаавааваав ат тта (ра(ра(ра(р(ра( ботоботбобоботб а, а, фи-фи-фи-фи-ффи-фифи-и-нананнананананана сии, к,ккккккконфонфонфонфонфонфонон ликктиттититтиттиттиттититееееее сее одруууууугататгатгаттгатгатгататга а па а а а а аа олоооооовинвинвинвинвинвинвиив а?)ааа , виеиеиеиеиеииушушуштуштшш е ссссе де де држржржиржиржжржир те те тееза а занинивнивиинн ииииисе сее изиизмизизизии ачуачачуачуачуачучучч ватватвататататтттееее сеее о оо ооо оо оооона нна „ш„штшмможешедаддабидепоиоио на

ги гиги ииги и иидевдевдевдевевеведдевициициициицииициициициици нн, н,ннн,немоемоемоемоемоеемоеемојтејтејтејтејтетеј дада даадаада гигг гг ггпророотототолтоолттотото кувкувкувкувкувкук ватетететететеетет за зазз ззабелбелбелелелеле ешкешкешкешкешкешкешккте одд дваашиотииот шшееешееф ф ф (ф фффф пооосососооо тататаколега, биизнис-ис-----парпарпарпарпарпарпарпарпартнтнетнетннтнттнет ррррррр?ррпремноммнон гу негатииивновновввв . М. ММММММ. Можеби таа малку у уу у у ууздоздоздоздоздоздоздодоодевдевдевдеввдевдевввннннннниконзер а и наааа ичнонн с

инттттееензе ивни промениии комнмнмнмномннмнн гу гу уууу угу лесллл то можат т ат тат т тда да да биббббббдаттттатттт ек ек е е стсттрстсттт емно поозозиооооо тититиивтитити нНоввааа а ра рааа аббоббаббб та (мооооооожебжеббббббже и дури и вввввввво соо тттртраттртр нсттво???????))), )))) крајнннана наедндна љубоббуб в ивв започп нувањввањваавв е ненне не а ннннноваоо аова, ппп, ппатуууууувањвањееПрепупупушупууп тететтетете е се,е, , е, е, , , бидбиддддддбидб ејќи такаааа тта таа ребебеббребебрееба да бииидеидиидеиид , ккккккколки ди ди дди ди ддди да не бе бебе бебарате пророророророоменннннни иииимомомомомомоменеентеееее ов. Овошје зззззззза вва ва ва ва ваваасааа

Page 119: LIFE бр. 48
Page 120: LIFE бр. 48