ekoturizam vo opstina bosilovo

Post on 20-Feb-2015

69 Views

Category:

Documents

4 Downloads

Preview:

Click to see full reader

TRANSCRIPT

ПроектРазвој на еко/рурален туризамво Општина Босилово

Финансиран одЕвропската Унија

Имплементиран од Општина Босилово

Партнер Општина Грмен, Република Бугарија

• Проектот „Развој на еко/рурален туризам во Општина Босилово“ е дел од Програмата на Европската унија за соседство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија 2004 „Грант шема за заштита на природната средина, поддржување на културното наследство и соработката меѓу јавните институции на регионално/локално ниво“.

• Вкупниот буџет на проектот е 189.174 евра, од кои 166.470 евра се донација од Европската агенција за реконструкција, а останатите 22.704 евра се од средства на Општината.

• Партнер на Општина Босилово во спроведувањето на проектот е Општина Гармен од Република Бугарија.

• Главна цел на проектот „Развој на еко/рурален туризам во Општина Босилово“ е одржлив развој на Општина Босилово преку развој на еко/рурален туризам во околината на Моноспитовско блато. Од една страна, искористување на природните ресурси и биолошката разновидност и одржување на оптимално ниво на видовите во Моноспитовското блато, а од друга страна, одржлив развој на општината преку обука на локалното население за започнување на мали бизниси од областа на еко-руралниот туризам.

Конкретни цели на проектот• Зајакнување на инфраструктурните капацитети во околината на Моноспитовско

блато;• Подигање на свеста кај локалното население за значењето на опстанокот на

Моноспитовско блато и неговото одржување;• Изготвување на детална студија за биолошката разновидност во Моноспитовско

блато;• Воспоставување на Канцеларија за заштита и развој на Моноспитовско блато;• Развивање на традиционалните занаети и фолклорот во Општина Босилово;• Градење платформа за понатамошни инвестиции и генерирање нови работни

места во околината на Моноспитовско блато;• Регионално вмрежување на општините од прекуграничната област во полето на

еко/руралниот туризам;• Воспоставување на соработка во туризмот помеѓу Општина Босилово и Општина

Грмен;• Создавање и промоција на туристичка рута Босилово – Грмен;• Промоција на Моноспитовско блато и Општина Босилово.

АктивностиСо проектот „Развој на еко/рурален туризам во Општина Босилово“ беа предвидени повеќе инфраструктурни и институционални активности:

� Обука за фолклор и обичаи;� Обука за занаетчиство;� Институционална обука;� Младински камп за екологија и култура;� Театарска претстава „Македонски љубовни приказни“;� Проучување на биолошката разновидност во Моноспитовско Блато;� Јавен форум „Одржлив развој на еко/руралниот туризам во Општина

Босилово и струмичкиот микро регион“;� Издавање на монографија за Моноспитовско блато, мултимедијален

компакт диск и брошура;� Работни состаноци со претставници од Општина Грмен;� Изградба на пристапен пат до Моноспитовското блато;� Изградба на дрвени градби низ Моноспитовско блато;� Набавка на повеќенаменско возило.

Обука за фолклор и обичаи

• Обуката имаше за цел реафирмирање и стандардизирање на постоечките и одминатите обичаи карактеристични за овој регион, а воедно, истакнување на традицијата како значаен сегмент во развојот на современото општеството.

Обука за занаетчиство• Обуката беше насочена кон оспособување на

локалното население за самостојно вршење стопанска дејност преку изработка на разновидни занаетчиски, уметнички и декоративни предмети.

Институционална обукаОбуката имаше за цел воспоставување на рамка за регулирање на правилата и прописите кои се однесуваат на заштитата и менаџирањето на Моноспитовско блато како туристичко место со статус на заштитено подрачје.

Запознавање со можностите за придобивките од развојот на еко/руралниот туризам и тоа пред се на локалното население и заитересираните страни (ловци, рибари, занаетчии, угостители, инвеститори).

Улогата на туризмот во заштитата на природните богатства.

Младински камп за екологија и култура

• Основна цел на кампот беше определувањето на туристичките потенцијали во регионот, мобилизацијата на кадри за развој на еко/руралниот туризам во Општина Босилово, како и етаблирањето на прекуграничната туристичка мрежа.

Проучување на биолошката разновидност во Моноспитовско блато• Проучувањето беше спроведено од страна на експертски

тим од „Македонско еколошко друштво“ – Скопје. Во текот на шестмесечното истражување беа посетени сите позначајни локации во и околу блатото. Подрачје на интерес беа сите животински и растителни видови, а особено алгите, васкуларните растенија, безр’бетниците (пеперутки, пчели, вилински коњчиња, пајаци), рибите, водоземците, влекачите, птиците, цицачите, како и нивните природни живеалишта.

Монографијата „Биолошката разновидност на Моноспитовско блато“.

Се изработи листа на видовите кои живеат во блатото и се определија загрозените видови и начините за нивна заштита. Исто така се направи зонирање и соодветно описно означување на зоните на биолошка разновидност со нивните видови и карактеристики и резултатите добиени од истражувањето се валоризираа според меѓународните конвенции и критериуми.Резултатите се публицираа во монографијата „Биолошката разновидност на Моноспитовско блато“.

Мултимедијален компакт дискВо рамките на проектот беше изработен и мултимедијален компакт диск во кој се презентирани интересни фотографии и информации за Моноспитовско блато, за реализацијата на проектот, за Општина Босилово, како и за прекуграничната туристичката рута Босилово – Грмен.

Инфраструктурно уредување на Моноспитовско блато

• Земјен пристапен пат од 3 км • Дрвени патеки во должина од 1000 метри• 7 дрвени колиби• 2 набљудувачници• Информативни табели и патокази• Хранилки за птици• Корпи за отпадоци

Театарска претстава „Ма к е до н с к и љ у б о в н и п р и к а з н и“

• Театарската претстава беше комбинација од неколку македонски народни хумористични, љубовни и еротски приказни. Мотивите од народното творештво и фолклорниот колорит беа изразени преку различните театарски средства: говор, песна, музика, традиционални танци итн.

Јавен форум „Одржлив развој на еко/руралниот туризам во Општина Босилово и струмичкиот микро регион“• Форумот има за цел да ги потенцира можностите на струмичкиот

микро регион за развој на еко/руралниот туризам и да го привлече приватниот сектор во процесот на развој на овој вид туризам. На форумот со свои дискусии ќе учествуваат повеќе експерти од областа на екологијата, еколошкиот и руралниот туризам, претставници од приватниот сектор, како и гости од Општина Грмен и други погранични општини од Р.Бугарија.

• Градоначалниците од овој прекуграничен регион ќе потпишат Меморандум за меѓуопштинска прекугранична соработка во полето на еко/руралниот туризам.

• Форумот ќе биде добра можност општините од овој регион да ги претстават своите досегашни резултати од областа на туризмот, како и да ги претстават идните проекти.

• Туристичките агенции и потенцијалните инвеститори ќе се запознаат со можностите за бизнис и инвестирање.

Работни состаноци со претставници од Општина Грмен

Во рамките на проектот се одржаа два состанока со претставниците од партнерската Општина Грмен. На овие состаноци се дискутираше за:• проектните активности и резултати, ефикасната

реализација, како и прекуграничниот импакт во областа на еко/руралниот туризам

• комплементарните карактеристики на двата региона, за капацитетите, можностите и поволните услови за развој на еко/рурален туризам

• идентификација на туристичка рута помеѓу двете општини• потребата од постојана размена на искуства и информации

од областа на туризмот• воспоставување на планско делување во понатамошниот

развој на соработката помеѓу двете пријателски општини.

• Идни активности за заштита и одржливост на Моноспитовско Блато

• - обезбедување на доволно количини на вода во текот на цела година заради обновување на растителниот и животинскиот свет,

• - кампања и притисок врз локалната самоуправа во градот Струмица за изградба на пречистителна станица за отпадни води пред нивниот влез во Моноспитовскиот канал,

• - подобрена пристапност до блатото од две страни преку асфалтирање на патниот правец Босилово – Еднокуќево -Моноспитово-Банско,

• - набавка на минибус во рамките на регионалниот развој на туризмот со соседните општини Ново село и Струмица,

• - изградба на природен музеј во населеното место Моноспитово• - порибување на блатото со рибен подмладок.

top related