otcet gradonacalnik opstina pehcevo

5

Upload: zivko-kalikov

Post on 30-Mar-2016

260 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

Otcet gradonacalnik Opstina Pehcevo

TRANSCRIPT

Page 1: Otcet gradonacalnik Opstina Pehcevo
Page 2: Otcet gradonacalnik Opstina Pehcevo

·Изградба на улицата „Буковик“ - Средствата се обезбедени од Буџетот на Општината, во вредност од 1.200.000 денари. Проектот е завршен во ноември 2011.

·Изградба на локалниот пат Пехчево – Равна Река .Извршено е асфалтирање на локалниот пат Пехчево – Равна Река, при што во должина од 5 км е поставен нов асфалт, а во должина од 8 км е извршена реконструкција. Инвестицијата изнесува 250.000 евра, а средствата се обезбедни од Владата на РМ. Проектот е завршен во јуни 2011 година.

·Пробивање пристапен пат во селото Панчарево. Иницијативата е на граѓаните, а реализацијата од Општината. Пробиен е пристапен пат до селото, со средства обезбедени од Буџетот на Општината во вредност од 1.500.000 денари. Проектот е завршен во април 2011 година.

·Изградба на улицата „Десни дол” во с. Панчарево. Извршено е поплочување со бекатон плочки во должина од 760 метри. Проектот е реализиран во согласност со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, во вредност од 3.500.000 денари. Проектот е завршен во јуни 2010 година.

·Изградба на улицата „Бел камен”. Улицата „Бел камен” е изградена со макадам плочи, средствата се во висина од 900.000 денари, а се обезбедени од Буџетот на Општина Пехчево. Проектот е завршен во октомври 2011 година.

·Изградба на пешачка улица. До улиците „Мирче Ацев” и „Илинденска” изградена е на пешачка патека со макадам, во вредност од околу 900.000 денари, средствата се обезбедени од Буџетот на Општината, а проектот е завршен во октомври 2011 година.

·Изградба на пешачка патека меѓу улиците „29 ноември” и „Вељко Влаховиќ”.Изградена е пешачка патека со макадам, во вредност од околу 900.000 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општината. Проектот е завршен во ноември 2011 година.

нови работни места. На овие клучни прашања работев напорно со помош и поддршка на мојот тим, а сé со цел да ја оправдам вашата доверба. Неуморно и посветено ги реализирав дадените ветувања, горди истакнуивам дека најголем дел се веќе реализирани, но мора да додадам дека освен она што го ветив, реализирав и многу други проекти кои беа од клучно значење и одеа во прилог на подобрување на животот на граѓаните, а за кои немав преземено обврска во претходната Програма, но проценив дека се уште еден чекор кон оставрувањето на мојата цел за Пехчево. Сепак, мора да потенцирам во духот на отчетноста и политичката искреност, дека одредени прашања од објективни причини не успеавме да ги релаизираме, но остануваат заложбите нив да ги оствариме во периодот што следува.

Цврсто верувам дека со овој нов начин на работа, успеав и постигнав видливи резултати. Имам образ јавно да кажам дека не останав должник пред моите сограѓани. Вредно и несебично се вложив во исполнување на дадените ветувања знаејќи дека тоа што ќе го направам ќе има голем ефект врз сегашноста, но и ќе отвори перспектива за иднината на нашата општина.

Свесен за одговорноста што ја носам пред граѓаните, во ниту еден момент не се поколебав и не почувствував дека немам сили и енергија да прдоложам со работа.

Во овој предизборен период, во духот на нашите заложби за транспарентност и за одговорност пред вас, со гордо крената глава излегуваме пред вас со овој Отчет, во кој точно се наведени проектите кои ги реализирав заедно со локалната администрација.

Драги пријатели,

Почитувани сограѓани,

Развојот на нашата локална заедница претставува основен темел за развојот на Република Македонија. Општината е основната клетка, базата од која се гради нашата држава, а Пехчево иако мала Општина има значаен удел во севкупната слика на државата. Сите позитивни работи кои ја красат државата се рефлектираат во Пехчево, но и сите негативности влијаат во животот на граѓаните на Пехчево. Овој синџир е нераскинлив, но верувам дека, ако човек во една општина, чесно и со добра намера работи и придонесува, животот на граѓаните ќе се подобри во многу аспекти.

Со оваа цврста заложба застанав пред вас на Локалните избори во 2009 година барајќи ја вашата доверба. Вербата во развојот, сигурната иднина и пристојниот живот беа преточени во соодветна Изборна програма која содржеше кохерентни планови и проекти како да го направиме носечкиот развоен исчекор. Во периодот што следуваше, по добивањето на мандатот, остварувањето на Програмата беше мојата основна цел. Ценев дека доколку успеам да создадам добар, конкретен и спроведлив план, ќе успеам да ги придвижам работите да се движат по нагорна линија. Мојата желба беше да понудиме програма што ќе овозможи просперитет, стабилност и подобар живот и, од денешна перспектива навраќајќи се на минатиот период, со задоволство истакнувам дека во нашата Општина за прв пат поставивме нови стандарди на локално раководење.

Јас како градоначалник и како човек кој го одржува својот збор и кој ги почитува моралните принципи, се обврзав да го спроведам ветеното. Се обврзав да го променам ликот на локалната политика, да го направам моето родно Пехчево пристојно место за живеење, се обрзав дека ќе успеам да го сопрам иселувањето на младите кои се иднината на оваа малешевска Општина и да создадам реални улсови овде да се отворат

ОПШТИНА ПЕХЧЕВОOTЧЕТ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И НА СОВЕТОТ 2009-2012 година

// 03OTЧЕТ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И СОВЕТОТ 2009-2012 год.

•ИНФРАСТРУКТУРА И КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ

Page 3: Otcet gradonacalnik Opstina Pehcevo

·Изградба на два моста во село Црник. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општината.

·Реконструкција на три помошни мостови на реката Писа. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општината, во вредност од 150.000 денари.

·Изградба на 8 пешачки патеки и една улица во Општина Пехчево. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општината, а вредноста на извршените работи изнесува 3.774.435 денари. Проектот е во тек на реализација.

·Реконстукција на градскиот плоштад во Пехчево. Проектот ќе започне со реализација во ноември 2012 година. Вредноста на проектот изнесува 4.8 милиони денари, а е финансиран со подеднакво учество на Општината и Швајцарската агенција за развој и соработка.

·Уредување на локацијата Езерце со рекреативни содржини и туристичка инфраструктура.

·Изградба на регионален водовод .. Во рамките на овој Проект, изграден е цевковод од 13 км, со разновидни цевководи до селата Робово, Чифлик, Умлена и Негрево, како и соодветни таложници и прочистителни станици. За овој капитален објект се инвестирани 46.000.000 денари, а проектот е завршен во јуни 2011 година. Со овој Проект трајно е решено водоснабдувањето на Пехчево и селските населби.

·Изградба на фекална канализација во селото Чифлик (прва фаза). Проектот кој е во тек на реализација, финансиски е поддржан од Бирото за рамномерен развој на РМ. Вредноста на Проектот изнесува 5.800.000 денари.

04 // ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

·Отворена е детска градинка во с. Црник. Градинката работи во рамките на детската градинка во Пехчево, „7 Септември“ и во градинката може да престојуваат над 50 деца. Инаку, проектот е реализиран со финансиски средства од Европската комисија, Ромски образовен фонд ( REF ) и Општина Пехчево и со неговата имплементација е обезбедена функционална детска градинка во селото Црник.

·Реконструкција на училиштетото во селото Црник. Целосна реконструкција на фасадата, замена на подовите, промена на старата дрвена столарија со нова алуминска столарија, како и изградба на ветробрани на двете влезни врати од училиштето. Проектот е финансиран од УСАИД во вредност од 1.400.000 денари.

·Инасталирање на централното греење во подрачното училиште с. Црник што работи во рамките на ООУ „Ванчо Китанов“.

// 05OTЧЕТ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И СОВЕТОТ 2009-2012 год.

·Уредување со автентичен дрвен материјал на патеките до водопадите.

·Доуредување на локалитетот Равна Река и месноста наречена Бараки со летниковци, клупи за одмор и патокази.

· Уредување на шумскиот парк „Скокото” на Равна Река.

·Доуредување на месноста Вртена Скала.

·Уредување на природните реткости во Општината. Уредување на пешачки патеки до водопадите на реката Брегалница и Црни Дол, како и изградба на летниковци.

·Изработка на ДУП за Равна Река. Се чека согласност од Министерството за траспорт и врски да се одобри.

·Одбележување на туристичките лока-литети во Општина Пехчево

•ОБРАЗОВАНИЕ

ТУРИЗАМ

Page 4: Otcet gradonacalnik Opstina Pehcevo

// 07OTЧЕТ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И СОВЕТОТ 2009-2012 год.

·Изградба на ново спортско игралиште во рамките на ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево. Проектот е во тек на реализација , а вредноста е од околу 3.500.000 денари.

·Народна кујна во село Црник . Наменета е за социјално загрозените семејства кои живеат во оваа населба во Општина Пехчево.

·Изградба на капацитети за претпри-емништво кај Ромите и зголемување на можностите за самовработување.

· Изградба на нова спортска сала

•МЛАДИ, СПОРТИ СОЦИЈАЛНАЗАШТИТА

•ЖИВОТНА СРЕДИНА И ДОНАЦИИ

·Набавка на канти и контејнери за отпад. Набавени се 1200 канти и 100 контејнери во вредност од 360.000 денари.

·Набавка на специјално возило за собирање на комуналниот отпад. Проектот е реализиран во јуни 2011 година, изнесува 4.900.000 денари, а средствата се обезбедени во соработка со Проектот МЦИП на Светската банка и Министерството за финансии на РМ.

·Донација на автобус. Како резултат на заложбите на Општината и на Владата, а со цел да се подобри транспортот до училиштата и безбедноста на учениците во сообраќајот, Пехчево доби нов автобус кој е донација од НР Кина.

·Донација на два камиони за Општина Пехчево. Камионите се за потребите на јавните претпријатија „Комуналец“ и „Равен“.

·Проект за „Примена на напредни информатички методи во зачувување на животната средина”. Средставата се во вредност од 99.500 евра, обезбедени се преку ИПА- Програмата за прекугранична соработка, а реализацијата е во партнерство со Општина Симитли од Република Бугарија.

·Регионален едукативен ЕКО-центар – реконструкција и надградба на Ченгино Кале, старата караула која ќе ја ставиме во функција на развој на туризмот. Проектот е аплициран.

06 // ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

Page 5: Otcet gradonacalnik Opstina Pehcevo

// 09OTЧЕТ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И СОВЕТОТ 2009-2012 год. 08 // ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

·Фестивал на дувачки оркестри. Под покровителство на Општина Пехчево се организира културната манифестација „Фестивал на дувачки оркестри ”. Ова е прв и единствен фестивал во Македонија посветен на дувачките оркестри и инструменталисти.

·Пехчевско културно лето. Во организација на Општина Пехчево, заедно со културниот дом ,, Јане Сандански “, - Пехчево, а во соработка со Министерството за култура,традиционално секоја година се организира манифестацијата „Пехчевско културно лето“.

·„Пехчевски Павловден“ – празник на градот Пехчево, а под покровителство на Општината се организира Саем на традиционални производи.

·Од оваа година почнавме и со организација на настан за прославување на големиот христијански празник Успение на пресвета мајка Богородица, позната како Голема Богородица, а под покровителство на Општина Пехчево. Овој настан планираме да биде традиционален.

·Отворена е Канцеларија за социјални работи. Канцеларијата е во рамките на Центарот за социјални работи (министерство за труд и социјална политика).

·Отворена е Канцеларија за катастар на недвижности. Агенцијата за катастар на недвижности Скопје, Во рамките на Одделението за катастар на недвижности во Берово, отвори Канцеларија за катастар на недвижности во Пехчево.

·Канцеларија на Фондот за здравствено осигурување. Отворена е Канцеларија на Фондот за здравство која е во рамките на Фондот за здравство од Берово.

·Отворена е канцеларија на Агенцијата за вработување.

·Отворена канцеларија на Министерството за внатрешни работи за издавање на лични карти и пасоши.

·Отворен е шалтер на Управата за јавни приходи.

·Отворена е Канецалрија на Минис-терството за земјоделство ,шумарство и водостопанство.

·Во тек е и процедурата за изградба на три мали хидроелектрани на реките Љутачка и Крива Река.

·Во тек е процедура за отварање на откупно дистрибутивен центар во Пехчево.

·Во процедура е пренамената на земјоделското земјиште во градежно за изградба на фотоволтични централи.

•КУЛТУРА

·Во тек се истражувања на планината Буковик и Кадиица за отворање на рудник за бакар. Истражувањето го врши фирмата ,, Кадиица метал“, а според најавите од фирмата инвестицијата ќе чини 100 милиони евра, а отворањето на рудникот ќе донесе директни вработување на 100-тина лица. Општината максимално се заложува да одговори на сите потребни барања кои се од надлежност на локалната власт.

· Во процедура е и отворање на рудникот за јаглен во с.Црник - Пехчево.

•ИНВЕСТИЦИИ

•ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА

•ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТНОСТ

·Општина Пехчево е Општина која максимално се залага да биде транспарентна пред очите на граѓаните со цел тие да имаат информација за тоа како работи општинската админситрација и како се трошат нивните пари. За таа цел сите активности од единиците на локалната самоуправа се

преточуваат во информации на општинската веб-страница. Општината има отворено сандаче за жалби, поплаки и пофалби на работата на општинската адмиснитрација. Во тек е јакнење на капацитетите на вработените за да може да се издава месечен локален информатор кој ќе се доставува бесплатно до сите граѓани на Пехчево, како и годишен информатор во кој граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со реализираните проекти. Инаку, Општина Пехчево има соработката со локалните и националните медиуми редовно одржува прес конференции со цел да ја информира јавноста за активностите, а можеме да се пофалиме за одлична соработка со националните медиуми.