Дневни планирања за ii одделение

23
ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАВЕН ЧАС (НАСТАВНА ЕДИНИЦА) ОУ „Светозар Марковиќ“ Учебна година: 2013/2014 Предметен наставник: Наташа Максимовска Одделение: II (второ) Час бр. 1 ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ Наслов на наставна целина Здраво Наслов на наставна единица Поздравување/отпоздравување Тип на часот Претставување, повторување на училишни предмети, бои, Цели на часот Да се повторат изразите за претставување Да се категоризираат зборовите -бои/училишни предмети Да се увежба поставување и одговарање на едноставни WH прашања Наставни методи Аудио-лингвална, визуелно, логички, музички, интерперсонален, наставник-ученик, ученик-ученик Наставни форми Индивидуална, во парови, групи, фронтално, цело одделение Наставни средства и помагала English Adventure -стартер Б (учебник стр. 2, работна тетратка, прирачник за наставникот, флеш карти (црвена, жолта, сина, зелена, портокалова, розе, обоени предмети во училницата (книга, пенкало, молив, гума, училишна ташна) Аудио ЦД и ЦД плеер ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ ВО ФАЗИ Воведен дел Ги поздравувам учениците на англиски јазик и воедно се претставувам. Се движам наоколу и поединечно го поздравувам секој ученик. Ги охрабрувам да ме отпоздравам на англиски и да си го кажат своето име. Потоа сите стануваат и правиме круг. Започнувам со свртување кон ученикот од мојата лева страна, велам здраво и го кажувам своето име. Учениците еден по друг ме следат и секој на секој му кажува здраво и се претставува се додека не си ги научиме имињата. Ја пуштам песничката Здраво и сите пееме. Главен дел Кревам флеш картичка со еден предмет и прашувам што е тоа. Тие во хор одговараат. Ја повторувам истата активност со други училишни предмети. На масата ставам разнобојни предмети, учениците излегуваат еден по еден и покажуваат на предмет со црвена/жолта/сина или некоја друга позната боја.

Upload: natasa-maksimovska

Post on 28-Oct-2015

174 views

Category:

Documents


9 download

DESCRIPTION

Дневни планирања за II одделение

TRANSCRIPT

Page 1: Дневни планирања за II одделение

ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАВЕН ЧАС (НАСТАВНА ЕДИНИЦА)

ОУ „Светозар Марковиќ“Учебна година: 2013/2014Предметен наставник: Наташа МаксимовскаОдделение: II (второ)Час бр. 1

ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ

Наслов на наставна целина Здраво

Наслов на наставна единица Поздравување/отпоздравување

Тип на часот Претставување, повторување на училишни предмети, бои,

Цели на часот Да се повторат изразите за претставувањеДа се категоризираат зборовите -бои/училишни предмети Да се увежба поставување и одговарање на едноставни WH прашања

Наставни методи Аудио-лингвална, визуелно, логички, музички, интерперсонален, наставник-ученик, ученик-ученик

Наставни форми Индивидуална, во парови, групи, фронтално, цело одделение

Наставни средства и помагала English Adventure -стартер Б (учебник стр. 2, работна тетратка, прирачник за наставникот, флеш карти (црвена, жолта, сина, зелена, портокалова, розе, обоени предмети во училницата (книга, пенкало, молив, гума, училишна ташна) Аудио ЦД и ЦД плеер

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ ВО ФАЗИ

Воведен делГи поздравувам учениците на англиски јазик и воедно се претставувам. Се движам наоколу и поединечно го поздравувам секој ученик. Ги охрабрувам да ме отпоздравам на англиски и да си го кажат своето име. Потоа сите стануваат и правиме круг. Започнувам со свртување кон ученикот од мојата лева страна, велам здраво и го кажувам своето име. Учениците еден по друг ме следат и секој на секој му кажува здраво и се претставува се додека не си ги научиме имињата. Ја пуштам песничката Здраво и сите пееме.

Главен делКревам флеш картичка со еден предмет и прашувам што е тоа. Тие во хор одговараат. Ја повторувам истата активност со други училишни предмети. На масата ставам разнобојни предмети, учениците излегуваат еден по еден и покажуваат на предмет со црвена/жолта/сина или некоја друга позната боја. Потоа им давам инструкции да отворат на страна 2 и ги прашувам дали знаат за Пајо Паторот и неговите внуци.Прашувам каде се и што прават. Поставувам прашања односно заповедни форми -најди го Пајо Паторот, покажи на нешто црвено, најди го моливот.Откако ќе ги истрошиме сите можности им пуштам ЦД со брзозборка за работите кои се наоѓаат на сликата. Ја повторуваме неколку пати следејќи го ритамот на брзозборката.

Завршен дел/Домашна работаНаставната единица ја завршувам со пуштање и пеење на песничката довидување . Ја пееме сите заедно и го следиме ритамот. Доколку имаме време се навраќам уште еднаш на воведниот дел со взаемно поставување и одговарање на прашања за училишни предмети и бои а потоа ја играме играта Пајо Паторот вели..

МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕДЗНАЕЊА

Преку бура на идеи го утврдувам познавањето на вокабуларот кој се однесува на претставување, бои и училишни предмети.

Page 2: Дневни планирања за II одделение

ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ ( методи на формативно/сумативно оценување)

Формативно оценување со усна повратна информација во текот на часот на одредени ученици по нивоа која ја забележувам на претходно изготвена чек листа.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

-учениците ги препознаваат боите и училишните предмети-учениците ги разбираат поставените прашања и даваат соодветен, креативен одговор-правилно ги поставуваат WH прашања при насочена говорна вежба-правилно употребуваат целна лексика

ЗАБЕЛЕШКИ

Појаките ученици поставуваат прашања и даваат цели одговори, а послабите имаат потешкотии во поставување на прашања и на истите даваат сосем краток одговор

Дата на реализација Предметен наставник

____________________ __________________________

Page 3: Дневни планирања за II одделение

ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАВЕН ЧАС (НАСТАВНА ЕДИНИЦА)

ОУ „Светозар Марковиќ“Учебна година: 2013/2014Предметен наставник: Наташа МаксимовскаОдделение: II (второ)Час бр. 2

ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ

Наслов на наставна целина Здраво

Наслов на наставна единица Бои и училишни предмети

Тип на часот Повторување на бои и училишни предмети

Цели на часот Да се препознаат пишаните форми на обоените зборови Да се усвојат изразите благодарам/моламДа се поврже и обои

Наставни методи Аудио-лингвална, визуелно, логички, музички, интерперсонален, наставник-ученик, ученик-ученик

Наставни форми Индивидуална, во парови, групи, фронтално, цело одделение

Наставни средства и помагала English Adventure -стартер Б (учебник стр. 2, работна тетратка, прирачник за наставникот, флеш карти (црвена, жолта, сина, зелена, портокалова, розе, обоени предмети во училницата (книга, пенкало, молив, гума, училишна ташна) Аудио ЦД и ЦД плеер

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ ВО ФАЗИ

Воведен делГи поздравувам учениците на англиски јазик Ги охрабрувам да ме отпоздравам на англиски а потоа им ја пуштам песничката здраво. Ги повторуваме училишните предмети во вид на ланец. Јас велам моливче ќе ве молам! Благодарам! Истата активност продолжува се додека не се искаже и последниот ученик. Ги кревам флеш картичките со бои и прашувам која боја е? Поединечно даваат одговор. Откако ќе ги истрошиме боите земам други картички на која е напишан зборот за бојата. И кога ќе подигнам на пр. картичка со сина боја тие велат сина а потоа го покажувам и зборот за сина и сите во хор го читаат зборот и така натаму за сите бои. Ги лепам боите и зборовите на табла во измешан ред. Доаѓаат на табла и ги спаруваат боите со зборови. Ако спарат точно одделението им ракоплеска а ако згрешат удираат по под со чевли.

Главен делГи отваррат учебниците на стр.3 . Ги насочувам учениците да гледаат во горниот дел.Покажувам на секоја боја и прашувам Која е ова боја? Потоа секој ученик поединечно гледа во зборовите за бои и ги чита на глас. Покажувам на дното на страницата каде што се наоѓаат училишните предмети . Прашувам Што е ова? Тие одговараат Молив! На крај на учениците им свртувам внимание на линиите кои се повлечени од зборовите за бои до училишните предмети. Наоѓаат која боја оди со кој предмет и истиот го бојат со таква боја. Дали вежбата ја направиле како што треба проверувам со поставување на прашања на пр. Која боја е гумата/книгата/моливот/пенкалото

Завршен дел/Домашна работаНаставната единица ја завршувам со пуштање и пеење на песничката довидување . Ја пееме сите заедно и го следиме ритамот. Доколку имаме време правиме пикасо диктат со училишни предметои кои ги бојат според дадените флеш картички за бои каде истите се дадени во пишана форма

Page 4: Дневни планирања за II одделение

МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕДЗНАЕЊА

Преку бура на идеи го утврдувам познавањето на вокабуларот кој се однесува на бои и училишни предмети.

ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ ( методи на формативно/сумативно оценување)

Формативно оценување со усна повратна информација во текот на часот на одредени ученици по нивоа која ја забележувам на претходно изготвена чек листа.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

-учениците ги препознаваат боите и училишните предмети-учениците ги разбираат поставените прашања и даваат соодветен, креативен одговор-правилно ги поставуваат WH прашања при насочена говорна вежба-правилно употребуваат целна лексика-правилно повржуваат боја со збор на дадена боја

ЗАБЕЛЕШКИ

Појаките ученици даваат цели одговори т.е. со боја и име на предмет, а послабите ученици ги препознаваат зборовите за бои но имаат потешкотии во поставување на прашања и на истите даваат сосем краток одговор

Дата на реализација Предметен наставник

_______________________ ___________________________

Page 5: Дневни планирања за II одделение

ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАВЕН ЧАС (НАСТАВНА ЕДИНИЦА)

ОУ „Светозар Марковиќ“Учебна година: 2013/2014Предметен наставник: Наташа МаксимовскаОдделение: II (второ)Час бр. 3

ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ

Наслов на наставна целина Моето лице

Наслов на наставна единица Презентирање на нов вокабулар – Делови од лице

Тип на часот Идентификување на делови од лице

Цели на часот Да ја разбере лексиката за делови од лицеДа ја репродуцира истата лексика и правилно да ја изговара Да се разбере прашалното зборче и соодветно вербално да реагира

Наставни методи Аудио-лингвале, визуелно, логички, музички, интерперсонален, наставник-ученик, ученик-ученик

Наставни форми Индивидуална, во парови, групи, фронтално, цело одделение

Наставни средства и помагала English Adventure -стартер Б (учебник стр. 4, работна тетратка стр.2, прирачник за наставникот, флеш карти (очи, уши, нос, лице, уста, ) Аудио ЦД и ЦД плеер

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ ВО ФАЗИ

Воведен делГи поздравувам учениците на англиски јазик но сега секој поединечно. Тие отпоздравуваат и исто така си го кажуваат своето име. Ја пуштам песничката Здраво и сите пееме. Ја земам куклаta Пајо Паторот и барам од учениците да го најдат магичниот збор што всушност е дел од слагалка (очи). Ми кажуваат што е . Ја подигам флеш картичка за очи. Учениците вербално одговараат на прашањето додека јас покажувам на моето лице. Истото го повтоувам и за другите делови од лицето (уши, нос, уста, лице, глава) со покажување и очекување вербален одговор и со покажување и очекување на невербален одговор со тоа што учениците додека јас ги именувам деловите од лицето (мојот нос, моите уши, мојата уста..) тие покажуваат на истите. На крај ги прашувам да погодат што ќе учат во ова Наставна Целина.

Главен делСо Пајп Паторот им велам да го отворат учебникот на стр.4. Им обрнувам внимание на карактерите од приказната за играчките. Ги прашувам дали им се познати. Некои одговараат со да а некои со не. Тогаш ги запознавам со личностите (Г-дин и Г-ѓа Компирова глава, Дрвенко) Од учениците барам да покажат на различните делови од главата користејќи го ликот на Компирова глава. Истото го повторувам и со женскиот лик. Додека ја слушаат брзозборката повторуваат и покажуваат на слушнатите зборови со тоа што ги допираат своите делови од лице. Волонтер ученик кажува збор додека другите ученици го допираат тој дел од лицето. Потоа им објаснувам дека ќеги допрам деловите од лицето но едно ќе заборавам и кога ќе прашам тие треба да ми кажат кој е тој збор.

Завршен дел/Домашна работаНаставната единица ја завршувам со цртање на лице на табла. Ученик излегува и ги црта другите делови од лицето при тоа именувајќи ги додека ги црта. Им ја пуштам песничката Догледање. Во работна тетртатка на страна 2. уичениците ги повржуваат личностите со нивните очи, усти и уши.

Page 6: Дневни планирања за II одделение

МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕДЗНАЕЊА

Им цртам круг на табла и пишувам глава, Ги цртам другите делови од лице , тие ги именуваат а јас го пишувам зборот. Откако ќе ја пополниме главата ја играме играта допри го..(носот, устата..)

ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ ( методи на формативно/сумативно оценување)

Формативно оценување со усна повратна информација во текот на часот на одредени ученици по нивоа која ја забележувам на претходно изготвена чек листа (WH прашања повржани со лексика за бои и училишни предмети.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

-учениците ја препознаваат лексиката за делови од лице -учениците ги разбираат поставените прашања и даваат соодветен-правилно ги поставуваат WH прашања при насочена говорна вежба-правилно употребуваат целна лексика

ЗАБЕЛЕШКИ

Појаките ученици поставуваат прашања и даваат цели одговори, а послабите имаат потешкотии во поставување на прашања и на истите даваат сосем краток одговор

Дата на реализација Предметен наставник

__________________________ _________________________

Page 7: Дневни планирања за II одделение

ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАВЕН ЧАС (НАСТАВНА ЕДИНИЦА)

ОУ „Светозар Марковиќ“Учебна година: 2013/2014Предметен наставник: Наташа МаксимовскаОдделение: II (второ)Час бр. 4

ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ

Наслов на наставна целина Моето лице

Наслов на наставна единица Идентификување и посочување кон одредени делови на лицето

Тип на часот Слушање и боење на делови од лице

Цели на часот Да се препознае пишаната форма за деловите од лицетоДа се увежба лексиката за делови од лице и бои Да се увежба поставување и одговарање на едноставни WH прашања

Наставни методи Аудио-лингвале, визуелно, логички, музички, интерперсонален, наставник-ученик, ученик-ученик

Наставни форми Индивидуална, во парови, групи, фронтално, цело одделение

Наставни средства и помагала English Adventure -стартер Б (учебник стр. 5, работна тетратка стр. 3, прирачник за наставникот, флеш карти (зелена, портокалова, розе, виолетова, , жолта, очи, уши, коса, нос, уста) Аудио ЦД и ЦД плеер

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ ВО ФАЗИ

Воведен делГи поздравувам учениците на англиски јазик им ја пуштам песничката здраво, ги повторувам боите со подигање на флеш картичка со тоа што гиохрабрувам гласно да ја изговорат бојата. Правам неколку тима и секој тим си има своја боја . За една минута треба да најдат што повеќе предмети во училницата од својата боја. Победува тимот со најмногу пронајдени предмети од својата боја

Главен делЈа повторуваме брзозборката од наставнате единицва 1 при што го додавам и новиот збор -коса- во ритамот. Ги охрабрувам учениците да ја кажуваат брзозборката при тоа допирајќи го споменатиот дел од лицето. Играме игра со допирање. Ги ставам рацете на очите и велам допрете ги очите. Истото го повторувам и со другите делови од лицето. Го отвараат учебникот на стр. 5 и гледаат во лицето на роботот. Им давам инструкции од типот покажи на коса/нос/уста/очи... а потоа погаѓаме каква боја би била косата/очите/ушите итн. Потоа им го пуштам текстот на ЦД. Го слушаат двапати и со одредена боја ги бојат деловите од лицето. Откако ќе завршат со боењето поаставувам прашање-Каква боја е носот/косата/устата/ушите и очите. Ја подигам картичката со напишан збор за дел од лицето, го читам зборот и ги охрабрувам и тие да го направат истото. Додека ги ставам на табла учениците ги читаат зборовите. Ја играм играта со погаѓање односно покажување на зборот. Ученик чита еден збор другите покажуваат кон истиот.

Завршен дел/Домашна работаНаставната единица ја завршувам со мемориоска игра. Неколку минути гледаат на стр. 4 а потоа поставувам прашања -каква боја е лицето на Компирка?- Во работна тетратка на стр. 3 учениците ги наоѓаат играчките на кои им фали по нешто а потоа ги бојат во свои омилени бои.

МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕДЗНАЕЊА

Page 8: Дневни планирања за II одделение

Преку пикасо диктат го утврдувам познавањето на вокабуларот кој се однесува на делови од лице.

ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ ( методи на формативно/сумативно оценување)

Формативно оценување со усна повратна информација во текот на часот на одредени ученици по нивоа која ја забележувам на претходно изготвена чек листа (WH прашања од типот -која боја е твоето лице/уста/нос)

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

-учениците ги препознаваат пишаните зборови за деловите од лицето-учениците ги разбираат поставените прашања и даваат соодветен одговор-ја имаат усвоено лексиката за деловите од лицето како во пишана така и во вербална форма

ЗАБЕЛЕШКИ

Појаките ученици на поставените прашања даваат цели и конкретни одговори, а послабите имаат потешкотии во одговарање на истите , одговараат со да или не

Дата на реализација Предметен наставник

______________________ ___________________________

Page 9: Дневни планирања за II одделение

ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАВЕН ЧАС (НАСТАВНА ЕДИНИЦА)

ОУ „Светозар Марковиќ“Учебна година: 2013/2014Предметен наставник: Наташа МаксимовскаОдделение: II (второ)Час бр. 5

ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ

Наслов на наставна целина Моето лице

Наслов на наставна единица Увежбување на вокабулар -делови од лице и спротивни придавки

Тип на часот Повторување на делови од лице, прашување Да/Не прашања

Цели на часот Да се препознае сликата за делови од лице и да се најде соодветен стикерДа се увежба поставување и одговарање на Да/Не прашања за 1 и 3 лице еднина

Наставни методи Аудио-лингвале, визуелно, логички, музички, интерперсонален, наставник-ученик, ученик-ученик

Наставни форми Индивидуална, во парови, групи, фронтално, цело одделение

Наставни средства и помагала English Adventure -стартер Б (учебник стр. 6, работна тетратка стр. 4 прирачник за наставникот, флеш карти (броеви 1-5, тажен/среќен, црвена и сина боја, уши, лице, очи, коса, нос, уста) Аудио ЦД и ЦД плеер

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ ВО ФАЗИ

Воведен делГи поздравувам учениците на англиски јазик и ја пееме песничката здраво. Ја играме играта допри ...Учениците се станати од столчињата. Се движам наоколу, бројам до 5 и велам допри го носот. Истото го повторувам со другите делови од лице. На крај им ја давам наредбата да седнат. Им ги покажувам картичките со среќно и тажно лице и велам Јас сум среќна и го држам среќното лице до мене. Повторувам со тажен. Поставувам Да/Не прашање на кои тие даваат Да/Не одговор. Истата иогра со допри ја повторуваме но опвој пат со броење до пет, кажувам ти си среќен/тажен и допри го (увото). Тие допираат одреден дел од лицето со среќен/тажен израз.

Главен делГо земам учебникоти го отварам на стр. 6. Истото го прават и учениците. Им давам упатство да гледаат најгоре на страницата. Прашувам прашања со Кој а тиње одговараат (личности од светот на Дизни). Со црвена боичка ги повржуваат сите среќни лица а со сина сите тажни. Поставувам прашањ за 3 лице еднина а тие одговараат со да или не зависно од чувството изразено на лицето за кои се прашани. Ги упатувам да гледаат во големата слика и да ги најдат петте различни лика. Ги запознавам со оние кои им се непознати. Потоа ги наоѓаат стикерите, ги наоѓаат соодветните и ги лепат на местата кои се предвидени за тоа. Поставувам прашања за ликовите од големата слика, Треба да погледнат во одреден лик и да кажат дали е среќен или тажен. Главниот дел го завршувам со искази за среќен/тажен каде учениците невербално со физичка активност (TPR) го даваат одговорот односно за да ја допираат главата за не ушите

Завршен дел/Домашна работаНаставната единица ја завршувам со поставување на прашањето Дали сте среќни. Сите би требало да одговора позитивно. Ако сте среќни допрете го носот. Истото ова го повторувам и за другите делови од лицето. Ја пееме песничката догледање. Учениците гледаат наголемата слика стр. 6 и 7 Им опишувам еден од личностите а тие

Page 10: Дневни планирања за II одделение

според сликата иисказите го даваат името на истата.

МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕДЗНАЕЊА

Пишувам зборови од темата делови од лице на табла, учениците ги копираат во своето блокче и потоа го цртаат дадениот збор за лице (пикасо диктат)

ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ ( методи на формативно/сумативно оценување)

Формативно оценување со усна повратна информација во текот на часот на одредени ученици по нивоа која ја забележувам на претходно изготвена чек листа (поставување Да/Не прашања, давање одговор на истите, користење на спротивните придавки среќен/тажен)

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

-учениците ги препознаваат зборовите за делови од лице-учениците правилно повржуваат делови од лице со нивните зборови и со спротивните придавки -учениците ги разбираат поставените прашања и даваат соодветен одговор-правилно ги поставуваат Да/Не прашања при насочена говорна вежба-правилно употребуваат целна лексика

ЗАБЕЛЕШКИ

Дата на реализација Предметен наставник

______________________ _________________________

Page 11: Дневни планирања за II одделение

ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАВЕН ЧАС (НАСТАВНА ЕДИНИЦА)

ОУ „Светозар Марковиќ“Учебна година: 2013/2014Предметен наставник: Наташа МаксимовскаОдделение: II (второ)Час бр. 6

ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ

Наслов на наставна целина Моето лице

Наслов на наставна единица Повторување на делови од лице и чувства. Песничка Ние сме среќни

Тип на часот Слушање песничка и увежбување на дадената лексика

Цели на часот Слушање со разбирање на песничкатаПрепознавање на пишана форма за делови од лице Невербално реагирање на заповеди

Наставни методи Аудио-лингвале, визуелно, логички, музички, интерперсонален, наставник-ученик, ученик-ученик

Наставни форми Индивидуална, во парови, групи, фронтално, цело одделение

Наставни средства и помагала English Adventure -стартер Б (учебник стр. 6 и 7, работна тетратка, прирачник за наставникот, флеш карти (црвена, жолта, сина, зелена, портокалова, розе, очи, уши, коса, нос, уста блок бр. 2) Аудио ЦД и ЦД плеер

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ ВО ФАЗИ

Воведен делГи поздравувам учениците. Еден ученик доаѓа до табла. Му давам упатства што тој треба ги изврши -Допри го носот, или направи тажно лице. Употребувам други глаголи за давање инструкции (допри, отвори, затвори

Главен делЈа отварам книгата на стр. 6 и 7. Учениците исто така гледаат на овие две страни. Прашувам Да/Не прашања за емоции со тоа што имињата не ги спомнувам туку со изразот баз при што ученикот го дава името на среќниот или тажниот. По ова им пуштам песничка за пријателите на Вуди. Додека тие ја слушаат песничката јас го демонстрирам дејството (чувство на среќа, тресење со глава, рака, тело, плачење, броење до 3 ракоплескање). Песничката ја пуштам неколку пати и ги охрабрувам ученниците да ја пеат и да гестикулираат. Флеш картичките ги свртувам со лицето надоле. Децата кажуваат дел од лице а јас ја подигам картичката со напишаниот збор и сите заедно ја читаме. Истите картички -слики и зборови- ги разместувам низ училницата и правам два тима кои спаруваат збор со слика. За секој погоден пар се ракоплеска а за грешка тупкаат со нозе.Ги распоредувам картичките на табла и како што ги местам така го читаат зборот.

Завршен дел/Домашна рабoтаГледаат на стр 7 и повржуваат пишан збор со дел од лицето со истиот на сликата. Отвараат работна тетратка на стр. 4.Учениците гледаат во паровите картички и во рацете на лицата. Го штиклираат кутивчето ако зборот и сликата си одговараат а прецртуваат доколку не одговараат

МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕДЗНАЕЊА

Page 12: Дневни планирања за II одделение

Преку пикасо диктат проверувам до која мера учениците до сега ја имаат совладано лексиката од ова тема. Препознавање на пишани зборови за делови од лице

ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ ( методи на формативно/сумативно оценување)

Формативно оценување со усна повратна информација во текот на часот на одредени ученици по нивоа која ја забележувам на претходно изготвена чек листа.(разбирање на заповедна форма со различни глаголи)

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

-учениците ги препознаваат боите и деловите од лицето во пишана форма-учениците ги разбираат поставените прашања и даваат соодветен одговор-правилно употребуваат целна лексика

ЗАБЕЛЕШКИПојаките ученици поставуваат прашања и даваат цели одговори, а послабите имаат потешкотии во поставување на прашања и на истите даваат сосем краток одговор

Дата на реализација Предметен наставник

_____________________ __________________________

Page 13: Дневни планирања за II одделение

ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАВЕН ЧАС (НАСТАВНА ЕДИНИЦА)

ОУ „Светозар Марковиќ“Учебна година: 2013/2014Предметен наставник: Наташа МаксимовскаОдделение: II (второ)Час бр. 7

ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ

Наслов на наставна целина Моето лице

Наслов на наставна единица Презентирање на приказна Г-дин Компир

Тип на часот Слушање приказна и разбирање на истата

Цели на часот Да се разбере лексиката во приказната Да се увежба поставување и одговарање на едноставни WH и Да/Не прашања

Наставни методи Аудио-лингвале, визуелно, логички, музички, интерперсонален, наставник-ученик, ученик-ученик

Наставни форми Индивидуална, групно, фронтално, цело одделение

Наставни средства и помагала English Adventure -стартер Б (учебник стр. 8, работна тетратка стр. 33, прирачник за наставникот, флеш картички, боички, ножички, лепак, блок бр.2) аудио ЦД и ЦД плеер

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ ВО ФАЗИ

Воведен делГи поздравувам учениците на англиски јазик, Ја пееме песничката од наставната единица 6. Ги охрабрувам додека пеат да ги изведуваат дејствата спомнати во песничката

Главен делУчебниците се отворени на стр. 8. Им кажувам дека сега е време да чујат една приказна и дека треба да гледаат во сликите. Покажувам на секоја личност и прашувам кој е тоа. Откако ќе кажат за сите личностиим свртувам внимание на првата слика и прашувам дали е срееќен. Истото го повторувам за секоја слика (за секоја личност од сликите). На крај поставувам прашање дали можат да погодат што се случува во приказната. Сега ја слушаат приказната на ЦД . Учебникот е отворен накај нив и со прст покажувам на секоја слика според тоа како се развива приказната. Приказната ја слушаат уште еднаш со упатство да ги допираат деловите од лицето кои ќе ги чујат во приказната и да се насмеат кога Компир е среќен а да се намуртат кога е тажен.

Завршен дел/Домашна работаНа табла ја цртам главата на Компира потоа доброволец излегува и постапува според дадени инструкции (нацртај коса, очи, уши, нос, уста, весело лице или тажно) Во работна тетратка на стр. 33 ги сечат сликите од дадената приказна и во блокче ги подредуваат лепат и бојат по свој избор.

МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕДЗНАЕЊА

Поставувам едноставни WH и Да/Не прашања воврска со лексиката и карактерите од темата

Page 14: Дневни планирања за II одделение

ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ ( методи на формативно/сумативно оценување)

Формативно оценување со усна повратна информација во текот на часот на одредени ученици по нивоа која ја забележувам на претходно изготвена чек листа (WH прашања со кој и Да/Не прашања)

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

-учениците ја користат лексиката за делови од тело во едноставни искази-учениците ги разбираат поставените прашања и даваат соодветен, креативен одговор-правилно ги поставуваат WH и Да/Не прашања при насочена говорна вежба-правилно употребуваат целна лексика

ЗАБЕЛЕШКИ

Појаките ученици се појавуваат во покреативно светло при давање на едноставни искази во кои вметнуваат и придавки и бои

Дата на реализација Предметен наставник

______________________ ________________________

Page 15: Дневни планирања за II одделение

ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАВЕН ЧАС (НАСТАВНА ЕДИНИЦА)

ОУ „Светозар Марковиќ“Учебна година: 2013/2014Предметен наставник: Наташа МаксимовскаОдделение: II (второ)Час бр. 8

ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ

Наслов на наставна целина Моето лице

Наслов на наставна единица Цртање лице на кловн

Тип на часот Цртање маска на кловн

Цели на часот Да се утврдат зборовите за делови од лицеДа се увежбаат спротивните придавки голем/мал Да се усвои присвојната придавка мое

Наставни методи Аудио-лингвале, визуелно, логички, музички, интерперсонален, наставник-ученик, ученик-ученик

Наставни форми Индивидуална, во парови, групи, фронтално, цело одделение

Наставни средства и помагала English Adventure -стартер Б (учебник стр. 9, работна тетратка стр. 5 прирачник за наставникот, Доналд Дак кукла, (маска на кловн, боички,) Аудио ЦД и ЦД плеер

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ ВО ФАЗИ

Воведен делВо училницата влегувам со маска/препревена. Ги поздравувам учениците на англиски јазик и се претставувам како кловн. Покажувам на мојот нос, очи и коса

Главен делОткако ќе дадам опис на маската (делови од лице, боја, чувство, големина) ги отвараме учебниците на стр. 9 Учениците гледаат во маскираните деца и покажуваат на сите делови од лицето, каква боја се и каква големина. Потоа им соопштувам дека ќе ги слушнат дечињата како ги опишуваат своите маски. Учениците треба да покажат на точната маска и на различните делови од маската според редоследот како што се спомнуваат . Го слушаат описот на маските на ЦД двапати. Им го читам балончето со реченицата, го наоѓаат носот и поставувам прашање за неговата големина. На истата страна учениците ја цртаат својата маска. Додека цртаат се движам помеѓу нив и поставувам прашања, што е ова/ која боја е косата, дали очите се големи или мали. Учениците одговараат со кратки одговори.

Завршен дел/Домашна работаНаставната единица ја завршувам со гласање за омилена песничка или игра од ова тема и победничката ја пуштаме на ЦД или ја играме сите заедно. Во работна тетратка на стр. 5. Учениците ги читаат и бојат деловите од лицето на среќните и тажните кловнови.

МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕДЗНАЕЊА

Page 16: Дневни планирања за II одделение

Часот го заапочнувам со играта Доналд вели покажи/отвори/затвори/допри каде учениците ги следат инструкциите.

ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ ( методи на формативно/сумативно оценување)

Формативно оценување со усна повратна информација во текот на часот на одредени ученици по нивоа која ја забележувам на претходно изготвена чек листа (одговарање на WH и Да/не прашања, употреба на бои, придавки за спротивност и присвојна придавка при давање опис на маска)

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

-учениците ја имаат утврдено лексиката за делови од лице-учениците ги разбираат поставените прашања и даваат квалитативен и креативен одговор-правилно ги поставуваат WH прашања при насочена говорна вежба-правилно ја употребуваат целна лексика-креативно ги користат боите, придавките за спротивност и присвојност при давање опис на лице/маска

ЗАБЕЛЕШКИ

Дата на реализација Предметен наставник

______________________ _________________________

Page 17: Дневни планирања за II одделение

ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАВЕН ЧАС (НАСТАВНА ЕДИНИЦА)

ОУ „Светозар Марковиќ“Учебна година: 2013/2014Предметен наставник: Наташа МаксимовскаОдделение: II (второ)Час бр. 9

ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ

Наслов на наставна целина Моето лице

Наслов на наставна единица Проверка на знаење 1 ( Наставно ливче за евалуација 1)

Тип на часот Утврдување на содржини

Цели на часот -Да ги прочитаат зборовите а потоа да ја заокружат сликата која одговара на секој од дадените зборови-Да обележат лице со со зборови дадени во кутивчето

Наставни методи Разговор, објаснување, демонстрирање, набљудување

Наставни форми Индивидуална, фронтално

Наставни средства и помагала English Adventure -стартер Б ( прирачник за наставникот, фотокопиран материјал стр. 84 (со срдства на наставникот)-додатен фотокопиран материјал за да се лепат на тестот за оние кои не можат да го напишат зборот, боички)

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ ВО ФАЗИ

Воведен делГи поздравувам учениците на англиски јазик и им го поделувам фотокопираниот материјалч. Им давам упатства -да си го напишат името горе на ливчето каде пишува име и одделение

Главен делОткако ќе го напишат своето име објаснувам што треба да работат. Во првата вежба дадени се во 5 реда слики кои покажуваат делови од лице и збопр од лева страна кој покажува само еден дел. Ученикот треба да го поврже пишаниот збор со сликата. Во втората вежба дадени се 5 збора од делови од лице, нацртана е глава и извлечени се линии на кои учениците треба да ги напишат имињата на деловите од лице или пак да залепат стикери (изработени од наставникот) за оние ученици на кои пишувањето им претставува тешкотија

Завршен дел/Домашна работаОткако ќе завршат ми го предаваат ливчето и истите ги оценувам тука на час според бодовната листа дадена на самото ливче (три нивоа) Резултатите бодовите од 1-10 се запишуваат и во претходно изготвена чек листа со целите од тековната тема (формативно)

МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕДЗНАЕЊА

Преку бура на идеи го утврдувам познавањето на вокабуларот од темата.

Page 18: Дневни планирања за II одделение

ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ ( методи на формативно/сумативно оценување)

Сумативно оценување со решавање на задачите од наставното ливче и со бодување на истите сопоред три нивоа претходно внесени во чек листа.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

-соодветно користат зборовите за делови од лице-препознаваат графија на зборови (делови од лице)-дополнуваат празни места со зборови кои покажуваат делови од лице

ЗАБЕЛЕШКИ

Дата на реализација Предметен наставник

____________________ _______________________