цената како елемент на договорот за продажба

21
СОДРЖИНА Вовед................................................... 3 ТРГОВСКИ ДОГОВОР........................................ 4 ВИДОВИ ДОГОВОРИ......................................... 6 ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРОТ НА ПРОДАЖБА.......................7 ЦЕНАТА КАКО ЕЛЕМЕНТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА............8 ЗАКЛУЧОК............................................... 14 КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА...................................15

Upload: 070903355

Post on 11-Jan-2016

84 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

семинарска работа по трговско право

TRANSCRIPT

Page 1: цената како елемент на договорот за продажба

СОДРЖИНА

Вовед.............................................................................................................................3ТРГОВСКИ ДОГОВОР...............................................................................................4ВИДОВИ ДОГОВОРИ.................................................................................................6ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРОТ НА ПРОДАЖБА....................................................7ЦЕНАТА КАКО ЕЛЕМЕНТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА..........................8ЗАКЛУЧОК.................................................................................................................14КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА...................................................................................15

Page 2: цената како елемент на договорот за продажба

ВОВЕД

Секојдневниот живот денес се повеќе е опфатен со прометот на стоки и

услуги. Овој подем е наметнат од се поголемата динамика на денешното

производство со што автоматски се зголемува бројот на трговски работи. А

самата сигурност во секојдневниот промет бара се поголема развиеност и

кодифицираност на трговското право. Самите трговски субјекти во текот на

нивното постоење и работење вклучуваат најразновидни правни дела и затоа

бараат кодифицирани начина за своја заштита и сигурност. Односно подобра

регулатива на самите трговски договори.

По својата природа трговските договори претставуваат облигациони

договори, поради тоа е повеќе од потребно да биде регулиран и познат самиот

поим на трговскиот договор, самата трговска работа и што е можеби најважно

за распознавање на самите договори а тоа се самите карактеристики на

трговските договори. Друга важна за самото случување, препознавање и

постоење на трговските договори.

Во битни елементи на трговските договори спаѓаат предметот на

договорот и самата цена на договорот. Цената на договорот се смета како битен

елемент, бидејќи без исполнување на овој елемент или подобро кажано услов не

би можело да постои или да се оствари некој трговски договор пред се

договорот за купопродажба. Договор во кој купувачот за одредена цена добива

одреден предмет од продавачот или деверзибилно кажано продавачот за

одредена цена-односно паричен износ дава одреден предмет.

За да се запознаеме подобро со цената како битен елемент на трговските

договори, пред се треба да се запознаеме со поимот на трговските договори,

нивните карактеристики а најпосле и со самите битни елементи во овој случај со

посебен осврт на цената како битен елемент на трговските договори.

2

Page 3: цената како елемент на договорот за продажба

ТРГОВСКИ ДОГОВОР

Поим

За самиот поим на трговскиот договор може да се дадат повеќе

различни дефиници но најприфатена е онаа според која: под трговските

договори подразбираме типични вообичаени договори кои се случуваат во

голем број во трговскиот промет, а со цел да се врши размена, промет со стоката

и чие склучување и извршување по правило претставува редовен предмет на

работење на соодветниот трговски субјект.

Трговските субјекти во текот на своето работење склучуваат

многубројни разновидни договори за вршење на својата трговска дејност.

Но во секојдневната практика сите договори кои ги склучуваат

трговските субјекти не се сметаат за трговски договори. Дел од тие договори се

од дблигациона природа, дел трудово-правна, управноправна природа и сл.

Само дел од тие договори се сметаат за трговски договори. Во нашето

облигационо право како негативна одлика се смета тоа што во ниту еден

позитивен пропис не е изречно определено што се смета за трговски договор.

Договорите само биле поименично набројувани. Во нашето право

постоиподелба на договорите на трговски и облигациони договори, но

правнатарегулатва и на едите и на другите е извршена со единствениот закон за

облигационите односи.

Денес согласно со самите определи на Законот за облигационите односи

за да може еден договор да се смета за трговски договор потребно е:

- Договорот да станал типичен за трговскиот прометодносно договорот

да се усвојува во голем број, секојдневно;

- Самото склучување и извршување да спаѓа во редовната постојана

дејност на поедините трговски субјекти;

- Како предмет на еден таков договор треба да се јави прометот со стока

или вршење на некои трговски услуги во врска со прометот со стока.

Карактеристики

Во својата секојдневна дејност трговските субјекти секојдневно

склучуваат трговски работи-договори. При вршењето на својата дејност самите

3

Page 4: цената како елемент на договорот за продажба

субјекти стапуваат во деловни односи меѓу себе и вршат трговски работи за да

остварат приход (добивка) и да ги задоволат самите општествени потреби.

Самите субјекти самостојно во своето работење одлучуваат за

размената на своите производи и услуги. Така на пример самите трговски

друштва за да ја вршат својата трговска дејност мораат постојано или

повремено да да купуваат суровини или друг потрбен материјал, а сето тоа го

постигнуваат со склучување на голем број трговски договори со други трговски

друштва односно во овие случаи со други субјекти на трговското право.

Како и секој друг вид на договори и самите трговски договори имаат

одреден број на свои карактеристики по кои тие се разликуваат од другите

договори во самиот граѓанско-правен промет.

Од овие карактеристик најдобро е да се задржиме на странките,

предметот, формата, одговорноста, самата примена на прописите и слично.

Од карактеристиките најважни се сметаат:

- Како странки кои трговските договори се трговците, односно, како

трговец може да се смета секое правно или физичко лице кое самостојно и

трајно врши некоја трговска дејност која е набројана во чл. 1 од Законот за

Трговски Друштва.

- Кај трговските договори како предмет се јавува прометна стока,

односно подвижни телесни ствари наменети за пазарот и вршење на трговски

услуги во најчест случај поврзани со прометот на стоки.

- Трговските договори се одликуваат со својата неформалност.

- Одговорноста на страните кај трговските договори е поголема во

однос на договорите во граѓанското право.

- Важи начелото на свесност и чесност.

- Дозволен е натпреварот и конкуренцијата, но само во случај кога тие

се конструктивни додека пак нелојалната конкуренција е забранета.

- Роковите на застарување кај трговските договори се пократки поради

брзината на прометот.

Сиве овие карактеристики на трговското право се дадени заради самото

полесно определување на видот на договорите, условите под кои се склучуваат

и треба да се склучени за да се валидни, посебни правила за склучување или

други општи правила.

4

Page 5: цената како елемент на договорот за продажба

ВИДОВИ ДОГОВОРИ

Посебен осврт на договор за продажба

Од повеќето видови договори кај трговските договори посебно важно е

да се обрне внимание врз скоро најчестиот и најраспространет договор, а тоа е

договорот за продажба. Затоа особено корисно е да се споменат некои услови,

елементи за договорот за продажба.

Во секојдневниот живот самата стокова размена не би можела да се

склучи односно да постои без продавање и купување на самата стока, затоа е

важно да се потенцира дека договорот за продажба на стока е основен правен

институт кој ги регулира непосредните правни односи меѓу самите субјекти во

внатрешниот и меѓународниот правен промет, односно односите кои

настануваат меѓу самиот продавач од една страна и купувачот од друга страна.

Самиот договор за продажба с смета за еден од најстарите договори а со тоа со

самиот развиток може да се нагласи дека од него се развиле и некои други

договори кои имаат искористено дел од општите правила кои настанале од

самиот договор за продажба.

Кај договорот за продажба највачно е да се спомне дека тоа е договор во

кој настанал однос меѓу две страни кај кој продавачот се обврзува да му

испорача (продаде) одредена стока на купувачот, а пак купувачот се обврзува за

таа стока да му плати на продавачот определен износ на пари односно да ја

исплати цената на таа стока.

За да се склучи ден договор за продажба потребно е да се запазат

одредени правила за да тој договор биде регуларен.

- Најпрвин треба да имаме понуда за склучување на договор, а понудата

може да се дефинира како еднострана изјава на волја која е упатена кон

определено лице со цел да се склучи договор.

- По понудата за склучување договор следува самото прифаќање на

понудата која исто така претставува изјава на волја од страна на лицето кое ја

добило поудата дека целосно ја прифаќа таа понуда за склучување договор,

односно изразува волја односно согласност од двете страни за стапување во

договорен однос.

5

Page 6: цената како елемент на договорот за продажба

- Важно прашање околу договорот за продажба е определување на

самиот момент на склучување односно времето кога договорот се склучува.

- Покрај времето, битно прашање е и местото на склучување на

договорот. Сепак ова прашање е обврска од практичен карактер најмногу за

определување на месна надлежност при случај на спор меѓу договорените

страни.

- За самите трговски договори карактеристично е што се склучуваат во

било која форма: усно, писмено, пред суд, сведок или без сведок.

ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРОТ НА ПРОДАЖБА

Во многубројните правни системи во светот назначено е дека самиот

договор за продажба на стока и каузален договор. Како и секој друг договор и

договорот за продажба за да може да се смета за склучен и пред се валиден

странките треба да се согласат за битните елементи на овој договор.

Според нашиот закон за облигациони односи како битни елементи на

договорот за продажба се сметаат:

- Предметот на договорот;

- Цената.

Без овие два елемента односно согласноста на странките во договорот

за предметот и неговата цена овој договор не може да постои. Ова мислење е

прифатено во најголем број на земји во светот додека пак секако имаме и

одредени исклучоци каде се смета дека само преметот е битен дел на договорот

за продажба.

Во секојдневното тргување често се случува странките при самото

склучување да назначат и одредени други елементи како што се:

- рокот на испорака и плаќање;

- местото на испорака;

- начинот на самата испорака;

- амбалажата;

- условите на плаќање и др.

6

Page 7: цената како елемент на договорот за продажба

Кога некој од овие елементи е назначен и околу нив е постигната

согласност кај договорените страни тогаш во случај кога не е исполнет некој од

елементите договорот не се смета за склучен односно тој нема правна валидност

се додека не с исполнети сите потребни односно назначени делови. Ваквите

посебниуслови кои се внесуваат во договорите се нарекуваат “битни елементи

по волја на странките“.

ЦЕНАТА КАКО ЕЛЕМЕНТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА

Цената претставува еден од битните елементи на договорот за

продажба, и таа како таква е признаена во најголемиот број на правни системи

во светот иако има одредени недоразбирања односно тврдења од страна на

земјите припаднички на англосаксонското право кои сметаат дека цената не

претставува битен елемент на договорот за продажба туку како битен елемент

се претпоставува само предметот на размена или подобро кажано предметот на

договорот. Во конкретниов случај можеме да ги оставиме несогласувањата на

страна и да се осврнеме кон цената како елемент на договорот за продажба.

Под цена подразбираме паричен надомест кој што купувачот го дава на

продавачот за отстапената ствар. Според нашата правна регулација цената е

претставена како втор битен елемент на договорот за продажба. При самото

одредување на цената треба да се нагласи дека таа треба да биде сериозна,

првична односно еквивалентна и најчесто да биде определена прецизно и

фиксно. Но во денешната практика се понагласена е потребата цената да се

одредува според настанатите околности, бидејќи околностите без разлика дали

се општествени, економски, политички или од друг карактер сепак имаат

одредено директно или индиректно влијание врз самата висина на цената.

Да земеме еден најпрост пример:

- Во услови на девалвација на самиот денар како платежно средство во

Р. Македонија, односно до намалување на неговата цена ќе се појави потреба од

зголемување на цените на производите;

7

Page 8: цената како елемент на договорот за продажба

- Додека пак во услови на ревалвација, односно зголемување на

вредноста на денарот би требало да дојде до намалување на цената на

производите;

Сето ова директно покажува на самата зависност на цената од

конкретните околности и потребата од нејзиноот менување се со цел

одбегнување на состојби на загуби за самите економски субјекти.

Меѓутоа во самата практика, цената се зема дека е одредена и кога со

договорот е предвиден начин на кој таа може да се одреди и според

околностите, кога е само објективно определива. Во практиката постојат повеќе

такви начини.

Така на пример можат да бидат договорени следниве видови на цена:

- Пазарна цена;

- Тековна цена;

- Разумна цена;

- Паритетна цена;

Во понатамошното излагање ќе изнесеме одредени обележја на сите

овие наведени видови цена со цел, нивно подобро запознавање и користење во

определени случаи кога тоа е потребно.

* Најпрвин ќе започнеме со Пазарната цена. Пазарната цена претставува

средната цена која стоката ја има или ќе ја има во одредено место или пазар за

одреден период. Овој начин на одредување на цената е особено корисен поради

честите варијации на вредноста на стоката во одреден временски период не

само на различни места или пазари туку и на истиот пазар во одреден временски

период.

Пазарната цена најчесто ја одредуваат пазарни организации кои водат

евиденција на цените, потоа од стара на стопанските-трговски комори, различни

агенции, според берзанското работење и слично.

Цената може да се искористи и од некој друг претходен договор и во тој

случај се смета како одредена пазарна цена. Или пак да доверат на некое трето

лице или група на лица да ја одреди таа цена.

Во најчестите случаи тоа го прави некоја трговска комора или пак

агенција и слично.

* Тековната цена најчесто се поклопува со самата пазарна цена.

Тековната цена може да се дефинира како просечната пазарна цена во одредено

8

Page 9: цената како елемент на договорот за продажба

место и во одредено време. Друг случај е таканаречената фабричка цена.

Фабричка цена претставува онаа цена по која фабриката ја продава стоката на

големо. Додека пак продажна цена е цена според која продавчот редовно ја

продава стоката.

* Друг вид на цена која се јавува е и таканаречената разумна цена, таа

се јавува кога со договорот нема доволен број податоци со помош на кои таа би

можела да се одреди. Во овој случај самиот купувач е должен да плати цена која

продавачот редовно ја наплаќа во време на склучување на договорот. Покрај

разумната цена друг вид кој би требало да се спомене е и цената кога судот ја

утврдува според околностите кои се појавуваат во тековниот случај. Кога имаме

договорена тековна цена самиот купувач ја должи цената која е договорена во

самиот договор или според службената евиденција на пазарот во местото на

продавачот во времето кога требало да настапи самото исполнување. Во случај

таква евиденција да нема самата тековна цена се одредува врз основа на

елементите со помош на кои според обичаите на пазарот се утврдува цената.

* Цената може да се смета дека е одредена и во оние случаи кога е

склучен договор пред надлежен државен орган и од самиот тој надлежен

државен орган таа цена е пропишана или пак правно определена. Во тој случај

одредената цена има обврзувачки карактер и самите странки не можат да ја

менуваат. До промена може да дојде со барање на едната од вклучените страни

но битен услов е двостраната согласност односно да се изедначат или усогласно

волјите на двете договорени страни откако волјата ќе биде усогласена потребно

е да се поднесе писмено барање до надлежниот државен орган, кој по ова

прашање треба да донесе правосилна одлука се со цел самиот склучен договор

да е валиден.

* При договорите за продажба може да се јават повеќе различни случаи

на нормирање или пак поставување на самите услови. Во случај да е утврдена

или подобро кажано договорена повисока цена од онаа која е пропишана од

надлежен орган за одреден вид на ствари во тој купувачот го должи само

износот на онаа цена која е утврдена, ако дојде до случајот тој веќе

договорената цена да ја исплати во повисок износ од износот пропишан од

страна на надлежниот орган тогаш тој има право да бара наплатената разлика да

му се врати.

9

Page 10: цената како елемент на договорот за продажба

* Нареден вид на цена е Паритетната цена. Таа може да се дефинира

како цена договорена за стока оставена на одредено место, најчесто местото на

испорака. Во најчест случај местото на испорака е товарното место, па

понекогаш се договара клаузулата,паритет, товарна станица и слично.

Кај цената како елемент на договорот за продажба може да бидат

договорени и одредени попусти како што се:

- Рабат;

- Каса сконто;

* Рабатот претставува договорен попуст од цената и тој се добива при

фактурирањето односно пресметувањето на цената.

* Каса сконто е условен попуст кој продавачот го дава на купувачот

само тогаш кога тој цената ја плати во краток рок пред стасаноста на обврската

за плаќање. Кај каса сконто најдобро е изразен принцип на диспозитивност на

слободната волја на купувачот.

Како што веќе напоменав износот на цената зависи директно или

индиректно од различните економски, политички или општествени услови. Во

тие случаи договорените страни може да се договорат за ревизија на самата

цена. Таков случај е таканаречената валутна клаузула.

Валутната клаузула се поставува за да се обезбеди одредена сигурност

во случаите кога доаѓа до промена на курсот на валутата и ќе настане измена на

цената според променетиот курс.

Друг начин на осигурување во однос на процена на околностите е и

таканаречената Златна Клаузула. Кај оваа клаузула се врши ревизија на цената

само во случајот ако дојде до промена на износот на цената на златото во

сооднос со цената на валутата со која, цената на златото е врзана. Денес оваа

златна клаузула има се помала примена највеќе поради тешкотиите во нејзиното

користење односно применување.

Цената како елемент на договорот за продажба може да варира и во

случаите кога се менува цената на материјалите од кои е изработена стоката

која се јавува како предмет на договорот за продажба и стапува во трговскиот

промет, потоа при промена на цената на работна рака и друго. Во сите овие

случаи се внесува клаузула за приближно одредување на цената. Цените кои се

одредени и зависат од други фактори односно околности се нарекуваат лизгави

цени. Додека пак цените кои цврсто се определени и не зависат во толкава мера

10

Page 11: цената како елемент на договорот за продажба

од околностите се нарекуваат фиксни цени. Но денес одредувањето на овие

фиксни цени има се помала употреба поради големата несигурност во

стопанството и се поголемата потреба од варијабилност на цената и нејзиното

прилагодување според тековните околности.

Во најголем број на случаи се договара дека висината на цената ќе

зависи пред се од висината на трошоците за самото тоа производство. Логично е

при зголемување на трошоците за производството да се зголеми и цената на

финалниот производ. Така трошоците на производство воглавно на цената на

материјалот или работната сила секако ќе дојде до зголемување на цената на

финалниот производ.

Во нашата практика претпријатијата слободно ги варирираат цените

согласно условите на работење и во согласност со условите на пазарот и

општата политика на цените.

Сепак во одредени случаи доаѓа до државна контрола.

Под државна контрола се подразбира активирање на државата со цел

заштита на самите купувачи или продавачи од една страна и самите

претпријатија од друга страна. Ова активирање на државата, односно државната

контрола се изразува на два начини и тоа преку максимирање на цените од една

страна и минимизирање како втор начин на државна контрола. Во првиот случај

при пропишување на максималните цени самите производи не можат да се

продаваат над таа цена која е утврдена како максимална додека од пониска цена

можат да се продаваат. Ова максимизирање на цените е со цел да се заштитат

купувачите пред се. Во овој случај купувачите се заштитуваат пред се од

случаите на монополски цени.

Кога имаме минимизирање на цените се определува најниска продажна

цена под која производот не може да се продава. Ова пред се е за заштита на

претпријатијата односно производителите. Кај минимизираните цени

производот може да се продава по повисока цена но не може да се продава по

пониска цена од утврдената минимизирана цена.

Суштината на самиот купопродажен договор се состои пред се како што

напоменав во давање определен предмет односно стока за определен надместок

односно цена.

Купувачот стапува во однос со продавачот во изразување на својата

волја. Во самиот тој однос при изразувањето на волјата купувачот и продавачот

11

Page 12: цената како елемент на договорот за продажба

стапуваат во обврзувачки однос при кој самиот продавач се обврзува да го даде

предметот за кој е изразена волјата на купувачот додека пак купувачот се

обврзува да ја исплати цената за производот. Со извршувањето на овие две

речено дејствија се извршува купопродажен однос.

Според нашиот закон за облигциони односи основна обврска на

купувачот е да ги исплати цената и друга обврска е да го преземе предметот.

Цената самата претставува надомес што го плаќа купувачот за купениот

производ. Купувачот е должен да ја плати цената во време и на место одредено

во договорот. Ако местото не е назначено, плаќањето се врши во време и место

во кое се врши предавањето на предметот. Плаќањето најчесто се врши во

готовина, може и со меница, чек или со вирмански налог (безготовински), со

префрлање средства од една жиро-сметка, односно од жиро-сметката на

купувачот на жиро-сметката на продавачот.

Во однос на рокот за плаќање за важечки се смета рокот на денот кој

што го одредиле договорените страни.

Ако ги погледнеме сите потребни аспекти, цената навистина е најважен

дел, елемент на договорот за продажба. Ова се гледа од самиот податок дека ако

купувачот не ја исплати цената тој не може да ја земе стоката односно

предметот за кој изразил волја да го купи. Значи без исплаќање на цената не

може да се оствари самиот договор за продажба.

12

Page 13: цената како елемент на договорот за продажба

ЗАКЛУЧОК

Договорот за продажба е еден од најважните трговски договори и за

подобро се користи самиот договор потребна е добра разработка на самите

елементи на тој договор.

Цената е назначена како елементм самите услови на кои може да се

исплати или начинот на исплата се со цел поголема сигурност во правниот

промет. Самите услови околу цената претставуваат еден вид на заштита и на

двете страни односно заштита и за продавачот и купувачот бидејќи цената како

елемент на договорот за продажба ги обврзува и двете страни и ги става во

правно регулиран однос кој е валиден и во секој случај потребен за сама

регулација на односот.

Ако немаме исплата на цена, купувачот не може да бара да го добие

предметот на договорот а пак продавачот може да бара надомест на штета

поради lucrum caesans или изгубената обивка.

Купопродажниот договор е во секојдневниот промет со добра, стоки и

услуги а цената базично претставува услов за остварување на договорот за

продажба а не само елемент.

13

Page 14: цената како елемент на договорот за продажба

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

- “Трговско право“, Д-р Александар Николовски, Д-р Снежана Плавшик

- “Закон за облигациони односи“, Службен весник на Р.Македонија

- “Закон за трговски друштва“, Службен весник на Р. Македонија

14