za bitola

59
Во текот на историјата, во зависност од владетелите, градот Битола имал многу имиња. Словенскиот назив за градот, Битола, потекнува од зборот Обител (старословенски: Обитѣль) кој за време на средниот век се користел за заедница на монаси, односно манастир. Името го добил по многуте манастири што се наоѓале во градот и во околината, а некои постојат и денес. Со текот на времето, гласот О се исфрла во изговорот на зборот „Обител“, и името на градот станува Битола. Грците од истите причини градот го нарекувале Монастири (грчки: Μοναστήρι). Битола е денешен официјален назив за градот, но истовремено и најстариот назив, судејќи по Битолската плоча од 1015 година на којашто градот е спомнат, како и според многуте војсководци на царот Самуил, како и патниците од тоа време. Арапскиот патник Абу Абдалах Мухамед ал-Идриси во 12 век напишал: „Потребни се два дена патување на исток за да се стигне од Ахрид (Охрид) до Бутили (Битола). Бутили е необичен и убав град.“ Постојат приказни според кои на десниот кеј на реката Драгор имало 41 цркви и исто толку воденици за нивно издржување. Исто така и на левиот кеј на Драгор имало 29 цркви со исто толку воденици. За време на празничните денови во тоа време, народот од селата од Битолското поле се собирале кај овие цркви каде ги вршеле своите верски обреди. Со оглед на тоа што земјиштето на кое се наоѓал градот Битола тогаш било прекриено со многубројни цркви, градот го добил името Манастир[се бара извор]. Има верзија која вели дека градот Битола името Манастир го добил по една огромна црква која се наоѓала над Битола, кај сегашниот мост

Upload: marjanstandupcomedy

Post on 02-Feb-2016

73 views

Category:

Documents


1 download

DESCRIPTION

njdabskjdbasdjasb

TRANSCRIPT

Во текот на историјата, во зависност од владетелите, градот Битола имал многу имиња. Словенскиот назив за градот, Битола, потекнува од зборот Обител (старословенски: Обитѣль) кој за време на средниот век се користел за заедница на монаси, односно манастир. Името го добил по многуте манастири што се наоѓале во градот и во околината, а некои постојат и денес. Со текот на времето, гласот О се исфрла во изговорот на зборот „Обител“, и името на градот станува Битола. Грците од истите причини градот го нарекувале Монастири (грчки: Μοναστήρι). Битола е денешен официјален назив за градот, но истовремено и најстариот назив, судејќи по Битолската плоча од 1015 година на којашто градот е спомнат, како и според многуте војсководци на царот Самуил, како и патниците од тоа време. Арапскиот патник Абу Абдалах Мухамед ал-Идриси во 12 век напишал: „Потребни се два дена патување на исток за да се стигне од Ахрид (Охрид) до Бутили (Битола). Бутили е необичен и убав град.“ Постојат приказни според кои на десниот кеј на реката Драгор имало 41 цркви и исто толку воденици за нивно издржување. Исто така и на левиот кеј на Драгор имало 29 цркви со исто толку воденици. За време на празничните денови во тоа време, народот од селата од Битолското поле се собирале кај овие цркви каде ги вршеле своите верски обреди. Со оглед на тоа што земјиштето на кое се наоѓал градот Битола тогаш било прекриено со многубројни цркви, градот го добил името Манастир[се бара извор]. Има верзија која вели дека градот Битола името Манастир го добил по една огромна црква која се наоѓала над Битола, кај сегашниот мост викан Црн Мост (турски јазик: kara köprüsü). Во оваа црква можеле да се сместат сите присутни од селското население од битолското поле кои доаѓале за време на празниците да ги вршат верските обреди. Според записите на Марко Цепенков, градот Битола своето име го добил по големопоседникот Тољо, кој имал своја тврдина во близината на денешното битолско село Буково. Во времето кога дошле Турците да го освојат овој дел од Македонија, за да го повикаат на борба големопоседникот Тољо, му велеле „Би Тољо, до би Тољо“, со што според Марко Цепенков од таму потекнува денешното име на градот Битола. За време на отоманските власти, градот се викал Манастир, што Турците и Албанците го усвоиле од Грците. После Балканските Војни од 1913 градот потпаѓа под српска окупација и повторно го добил старото име Битола.

Народен театар - Битола

Првата театарска зграда во Битола е изградена по наредба на битолскиот валија Абдул Керим-паша. Нејзината изградба трае долго, од 1897 година, кога се поставени темелите, до 1906, односно 1908/1909 година, кога најпосле е завршена и сцената. Зградата е користена за сите видови приредби, од естрадни и циркуски до театарски. Првиот професионален театарски ансамбл во неа работи од 1910 до 1912 година, кога пожарот целосно ја уништува. Потоа театарските претстави се одржуваат на повеќе локации во градот, најчесто во Гранд-хотел. Од крајот на 1913 до 1915 година во Битола функционира Градско позориште, професионална трупа составена од некогашните патувачки актери, кои претставите ги играат на српски јазик. Воените операции околу Солунскиот фронт ја запираат активноста на оваа трупа во Битола (во текот на 1915 година трупата ќе се префрли во Солун, па во Воден). Но, тие на градот ќе му создадат една од највиталните театарски легенди: големата Сара Бернар, посетувајќи ги и забавувајќи ги француските војници стационирани околу Битола, на молба од турскиот паша (непријател!), наводно и за граѓаните одиграла една претстава. Барем засега, оваа легенда не е поткрепена од никакви театрографски факти. Втората фаза во развитокот на институционалната/професионална театарска дејност во Битола е датирана од 1918 до 1926/1929, кога, со променлив успех, повторно функционира српското Градско позориште. На местото на изгорениот турски театар во 1926 година е подигната новата театарска зграда. Во периодот од 1926 до 1929 година театарот, постојано недоволно субвенциониран од државата, функционира како организациски дел на скопскиот театар, додека сосема не згасне. До почетокот на Втората светска војна во Битола се активни уште неколку театарски трупи, коишто претставите ги изведуваат на српски јазик, додека скопското Народно позориште „Краљ Александар Први“ постојано и задолжително гостува со речиси сиот свој репертоар. Оттука, театарскиот живот во Битола се одвива исклучително интензивно. За време на Втората светска војна во Битола перманентно работи бугарскиот театар (најпрвин како полупрофесионален, а од 1943 година како професионален). Истовремено, во градот функционираат и повеќе аматерски

и полупрофесионални дружини, организирани по училиштата. Веднаш по ослободувањето во Битола се организира интензивна театарска дејност. Професионалниот театар со работа официјално започнува на 14 ноември 1944 година, изведувајќи ја едночинката на Владо Малески - Петтоимениот Ѓоре. Овој датум се смета за ден на основање на Народниот театар Битола

Сара Бернар

Објектите во кои денес е сместен студентскиот дом „Kочо Рацин“ во Битола имаат славно минато, вели докторот по

археологија и истражувач Стевче Тодоровски. Според него, објектите биле подигнати во турско време, како прва

наменска болница на овие простори за лекување на и ранети турски офицери. Тоа било во периодот на

владеењето на султанот Абдул Kерим Паша (1895-1901), кога во Битола имало многуброен турски аскер.

Но, објектот е познат и по претпоставките дека таму престојувала славната француска артистка Сара Бернар (1844-

1923), дивата на францускиот театар на крајот од 19 и почетокот на 20 век. Била позната по исклучителната глума

и убавиот глас, а во Битола дошла за време на Првата светска војна за да ги развесели француските војници што

тука војувале на фронтот.

- Познатата Бернар пред болните пеела и извела некоја точка, им посветила внимание. Таа била од кремот на

Франција, а тука се лекувале многу француски војници, дел и со високи чинови. Меѓу нив имало ранети лица, како и

пилоти што учествувале во Првата светска војна. Се смета дека при истата посета Сара била и во театарот во

Битола, таму за градското население извела точка, затоа Битола уште од тоа време ја нарекле Мал Париз на

Балканот - вели Тодоровски.

Се претпоставува дека Бернар настапила во просторијата каде што денес е сместена студентската менза. На

влезната врата од надворешниот дел е зачуван камениот гранит на кој се изделкани палмети како орнаменти. Над

вратата има украси од ковано железо од периодот на еклектицизамот, кој бил карактеристичен за 19 век, слично на

изработките на белгискиот архитект Виктор Хорта. За жал, не е зачуван податокот кој бил градителот на турската

болница во Битола.

За доаѓањето на Бернар во Битола со децении се плетат различни приказни. Според некои од нив, таа дошла во

1916, а според други во 1917 година, а освен градот, го посетила и фронтот на Kајмакчалан, каде што имало

француска војска. Се раскажува дека дошла во посета на француски офицер со кого била во љубовна врска. Но,

останале и сосема спротивни кажувања дека за време на посетата веќе не била во својот сјај, туку имала повеќе од

шеесет години, едната нога ~ била ампутирана и сочувствувала со војниците што на фронтот останале инвалиди.

Некои битолчани сметаат дека нејзината посета на фронтот подоцна била инспирација за Мерлин Монро да ги

посети и забавува американските војници во Виетнам.

Прво место во земјава каде што се применил рендген

Се смета дека ова била првата болница во Македонија каде што се применил рендгенот. Тоа било уште во турско

време, односно во првата деценија од минатиот век, што значи само неколку години откако во 1903 година Марија

Kири ја добила Нобеловата награда за придонес во радиологијата. На еден од објектите до денес е зачуван

записот рендген со арапско писмо.

Kомплексот располага со пет објекти, кои биле изградени во минатото, а се зачувани до денес, само надградени за

уште еден кат. Некогашната капела денес е стоматолошка и здравствена ординација. Околу објектите се протега и

првиот парк, а денешниот кај битолското шеталиште во текот на Првата светска војна српската војска го користела

за сушење чаршафи и облека.

Бравот последен се распаднал

Се смета дека на местото каде што во минатото била подигната болницата, денес преадаптирана во студентски

дом, има најчист воздух во градот.__

абдул керим паша

Во богатото културно наследство на Битола значајни се градбите и делата на валијата Абдул Керим

паша, чије име сепак паднало во сенка зад постигањата на Мустафа Кемал Ататурк кој, пак, за дел

реформаторски постигнања се инспирирал токму од Абдул Керим паша

5 октомври 2007 - 18:14 Like Share 0 Tweet 0

Културното наследство на прогресивните дела на безброј

личности се повеќе стануваат мост за соработка и разбирање

меѓу народите. Се издвојуваат објекти со широко меѓународно

значење, се посочуваат личности што за векови со импозантни

дела и дејствувања го одбележале своето постоење. Во Битола

се бројни таквите дела и личности. Дел од нив не можат да

паднат под превезот на минатото зашто оставиле корени од кои

и натаму се црпи енергија. Од османлискиот период на овој град

е незаборавно името на Мустафа Кемал Ататурк, кој се школувал во овој град и кој подоцна го

одушевил светот со реформаторските дела и постигања. Во негова чест и сеќавање во битолскиот

музеј, каде некогаш се школувал тој, постои негова спомен-соба.

Но, во овој град делувале и низа други личности кои ставиле темели на објекти кои и денес се

вбројуваат во богатото културно наследство. Некои од нив постепено излегуваат од сенката на

големиот Ататурк, зашто од сенките што се посочуваат за вредностите на нивното време и владеење

и натаму се високи и непроценливи. Тие не можат да го поместат севкупното постигање на Ататурк,

но сепак, за Битола се значајни и понекогаш се чини неоправдано ставени во сенка.

Како еден од нив се споменува и валијата Абдул Керим паша,

кој со своето доаѓање во Битола во 1895, па во наредните шест

години бил иницијатор за изградба на дела за кои се уште се

зборува со пиетет. Тие негови прогресивни делувања, соработка

со локалното население, бенифициите што им ги давал, а

посебно градбите што и денес се во функција, го вбројуваат во

луѓето што ќе останат во вечните сеќавања и спомени на овој

град. Личностите што ги регистрирале и обработувале неговите

постигања се неподелени во тврдењата дека тој никогаш не

треба да биде заборавен. Напротив, тие се уште може да бидат патоказ за проширување на

меѓусебната соработка меѓу нашиот и турскиот народ.

_____ _____ ____ __ _______ __ _______ | ____

ГРАДБИ

Симон Дракул во едно искажување за Абдул Керим паша има регистрирано дека него го красела

толеранцијата меѓу бројните конфесии и националности во вилаетот каде управувал и сметал дека

клучот на сожителството на мирот и спокојниот живот се токму во тоа.

Професорот Александар Стерјовски во трудот "Валијата Абдул Керим Паша и Битола" има наведено

дека се бројни примерите, како тој со своите градби и дела давал значаен придонес за современиот

развој на гадот, за неговиот пат кон модерната цивилизација.

Абдул Керим паша не само што го регулирал коритото на

брзата планинска река Драгор, туку ги уредил приодите на

градот, поставил канализација, туку имал и смелост во неговиот

центар преку ноќ да ги "избрише" муслиманските гробишта и на

нивно место да подигне модерни објекти меѓу кои и Народниот

театар во чија зграда, на 14.11. 1944 година првпат на сцена се

слушна македонскиот јазик. Абдул Керим паша започна да го

уредува излетничкото место Тумбе кафе, ги поставил основите

за денешниот парк и шеталиште, насадил дрвореди кои се уште

опстојуваат, но според мајорот и директор на Турската воена гимназија, Мехмед Тефик, со

настојување на Абдул Керим паша била изградена болница за сиромашни, дом за сираци, хотел,

кожара, а уредил и опремил и библиотеки.

Мехмед Тефик запишал дека од валиите кои доаѓаа во Битола, најмногу придонесол за

разубавување и средување на градот, со градење на многубројни згради и Абдул Керим паша.

Затоа и Стерјовски има забележано дека Мустафа Кемал Ататурк, кој бил сведител на управувањето

на Абдул Керим паша, се инспирирал од битолскиот енергичен, правичен и видовит валија.

ПРОГРЕС

Со своите напредни идеи, делувања Абдул Керим паша, паѓал

во немилост на поголем број свои управувачи, а потоа и со

налетот на слободарските идеи и дејстувања на македонскиот

народ, ја согледувал неговата прогресивност заради што и сам

одлучил да се повлече од функцијата наводно поради нарушено

здравје, заминувајќи од овој град. Но, неговото дело нема

никогаш за исчезне зошто е вплетено во напорите за мир,

сожителство и културно поле за дејствување што отсекогаш се

негувало на овие простори. Иако денес во Битола има само

една мала уличка што го носи името на Абдул Керим паша, сепак, неговото дело и натаму е мошне големо.__

ЛАЛА И ВАГНЕР

Нема цврсти докази, туку само индиции дека големиот музичар и слободен ѕидар, Рихард Вагнер, ја посетил Битола. Сомнежи дека Вагнер бил масон воопшто и нема, ниту пак во тоа дека несомнено спаѓал во редот на оние кои ги интересирале духовните предизвици, а не биле членови само од материјални побуди. Тоа произлегува од анализата на неговите опери Нибелуншката тетралогија, Парсифал, Холанѓанецот скитник, и особено Фауст, кои се сметаат за израз на масонска симболика за трагањето по духовното. Тоа се приказни за типично масонски преокупации: мрачни магии, за гревот, за искушенијата и за смртта која носи преобразба.

Се смета дека Вагнер во Битола престојувал три дена кај семејството Лала, односно кај неговиот ученик и капелмајстор Димитрие Лала кој работел во Бајрот-театарот, кога се изве дувале Вагнеровите опери. Секако дека капелмајсторот Лала бил многу близок со великиот Вагнер, дека биле пријатели, а можеби и браќа по масонска линија.

Кога станува збор за можната локација на седиштето на некоја масонска ложа во Битола во тоа време, одредени истражувачи ја посочуват токму оваа куќа која постои и ден денес, неодамна како приватен музеј, сместена во близината на познатата саат-кула…

Вагнер лала

МУЗЕЈ ВАГНЕР-ЛАЛА

Музеите еволуираат по начинот и формите на презентација, но остануваат вонвременски храмови

што воспоставуваат линк меѓу минатото и сегашноста, презентирајќи континуитет на постоењето на

една култура, на еден идентитет

До пред неколку години на почетокот на единствената уличка што се влива кај Градскиот часовник

во Битола постоеше приватниот музеј „Вагнер-Лала“.

Таму се наоѓа стара градска куќа во розова боја, на чија висока порта со витраж и фенери стои масонски

триаголник, полн загадочност.

Како малечок имав можност да гостувам во помалата куќичка, споена до музејот. Откако ќе ја отворев антикварната

квака, ненавикнат на тој модел, се наоѓав во ходник со плочки како шаховско поле, каде што редовно ме

пречекуваше насмевката на градинарот. Лево се наоѓаше некогашната собичка за послуга, од каде што се

чувствуваше слаб чад од старо ќумбе; десно беше влезот во музејот и работната канцеларија на сопственикот

Петар Петров. Многу повеќе ја паметам неговата појава олицетворена преку неговиот глас, кој бараше да биде

послужен со чај.

Петров беше космополит со префинети манири, со прецизно определена дневна рутина на однесувањето како

неопходен баланс кој понатаму му овозможуваше да ги исполни сите свои ексцентрични пориви и креативни

потреби.

Уште во комунизмот работеше сам за себе, како совршено педантен коресподент. Владеејќи со повеќе светски

јазици им помагаше на иселениците. Кај холандски КЛМ уживаше специјален статус, шведските авиокомпании

редовно го канеа за јубилеи.

По неговата смрт, заедно со неговото семејство имав уникатна можност да учествувам во собирањето на неговата

оставина и документација.

Таа беше полна со преписки со разни амбасадори, кралски фондации, пријатели раштркани по сите краишта на

светот.

Како секој упатен граѓанин собираше исечоци од натписи во весниците, но и повеќе од тоа: праќаше писма во

белградска „Политика“, жалејќи се за јавни градски проблеми.

Во 1965 година го отвори првиот приватен музеј во Македонија.

Петров беше потомок и наследник на ароманското трговско семејство Лала. Еден припадник на тоа познато

семејство беше и Димитар Лала (роден 1848 г.), кој беше ученик и капел-мајстор на Рихард Вагнер.

Според биографските податоци на кои наидов во една грчка музичка енциклопедија, тој се школувал во Солун и во

Атина и низ европските метрополи Женева, Виена и Минхен.

Тоа било време на романтизмот, на големите идеи, во музиката почнала практика пораките да не ги носи само

текстот, туку и целата музика да стане порака сама за себе.

Во 1876 г. во баварското гратче Бајројт, Димитар Лала заедно со Вагнер ја поставуваат славната оперска

тетралогија „Прстенот на Нибелунзите“.

Се смета, иако не е никаде запишано, дека Вагнер една ноќ престојувал во Битола, додека за нивниот пријател и

следбеник, унгарскиот композитор Франц Лист, со сигурност е утврдено. Ќерката на Лист, Козима, била втора

сопруга на Вагнер.

Дошол до израз нескротливиот темперамент на Димитар, кој го вовлекол во афера со неа, што предизвикало силна

љубомора кај нејзиниот сопруг. Најомилениот студент на Вагнер, грчкиот пијанист Емилиос Риадис, раскажува дека

кога во Париз и' предал писмо на Козима од Димитар, на нејзините очи навреле солзи.

Вагнер бргу потоа починал. Димитар продолжил да работи како диригент во Салцбург, Атина, Цариград за на крај

да заврши како учител по пијано во Солун. Стекнал слава со детски песни. Во Атина во 1906 г. армискиот хор под

водство на познатиот Јосепх Кессарис ја изведува неговата опера „Македонски марш“.

Компонира музика за операта „Саломе“, според текст на Оскар Вајлд. Почнува да компонира за операта „Електра“

од Софокле, која останува незавршена зашто умира во 1911 год.

Во 1917 год. неговото семејство сето творештво го праќа по брод во Италија, кој ќе биде потопен од германска подморница. Преживуваат само музички текстови од предавања и некои хорски песни како Die Karthause и The

Hermitage.

Грчката музичка академија го смета за еден од носителите на грчката современа оперска музика. Наследството на

Лала, во форма на мебел, порцелан, кујнски прибор од барок и рустик, албуми, часовници, ќерката на Петров,

Катерина и покрај великодушни понуди на заинтересирани колекционери од светот ја продаде на градот во 2006

год. за симболична сума и на тој начин ја оствари неговата последна желба.

Делови од музејот се изложени во неодамна реобновениот битолски музеј.

Го посетив и ги видов, меѓу останатото, (целата таа инклузивна постановка од праисторија до совремие) сите оние

стимпанк-кутии што живо ме интересираат во последно време: германска машина за пишување марка Stoewer

Record од 1909 г., американска каса во сребрена боја, во арт-нуво стил, австриска музичка кутија „полифон“ со

панорама кон виенската шума итн.

Сето тоа се реликвии од македонската граѓанска класа од 19 век, која била во допир со Европа, со монденската

висока култура.

Според една од поновите дефиниции во Оксфордскиот речник, „музеите овозможуваат луѓето да истражуваат

колекции за инспирација, знаење и уживање. Тие се институции што собираат, чуваат и ги прават достапни

артефактите и специмените што ја зацврстуваат довербата во општеството“.

Таа дефиниција би припаѓала на категоријата надуенковци од западната цивилизација, според класификацијата за

типови колекционери според Орхан Памук во „Музеј на невиноста“. Втората категорија, посочува Памук, се оние

сентименталци што собираат предмети заради самото собирање, како одговор, лек и утеха од некоја болка,

изгубена љубов.

Музеите еволуираат по начинот и формите на презентација, но остануваат вонвременски храмови што

воспоставуваат линк меѓу минатото и сегашноста, презентирајќи континуитет на постоењето на една култура, на

еден идентитет.

ЗАЧУДНИ ПРИКАЗНИ

Духови, толосоми, самовили, вампири, ѓаволи и други адски суштества шетаат низ Битола. Дел од објектите за кои се верува дека има духови се на Широк сокак во строгиот центар на Битола. „Проколнатите“ куќи ги дели само еден ѕид од најатрактивните битолски кафулиња. Во нив „играта пука“ секоја вечер и никој не се сомнева дека само на чекор до нив надземни суштества имаат свој сопствен пир. Една од оние „проколнати“ е и двокатната зграда, која се наоѓа веднаш спроти градската кафеана на хотелот „Епинал“. Или поточно, објектот што граничи со архитектонска убавица за која битолчани редат романтични приказни дека во неа живеела убавата битолчанка Елени Каринте - големата љубов на питомецот Кемал Ататурк, творецот на модерна Турција.

Во спорната зграда никој не останал повеќе од неколку дена, барем вака раскажуваат жители на Широк сокак. Крцкање, необични звуци, тропање и којзнае какви не страшни нешта се случувале таму. Други, пак, не веруваат во духови и во ваквите озборувања. Тие велат дека станот е во сопственост на една богата битолска фамилија, која поради големиот имот, не стасала и овој стан да го реновира и да го користи. Но, сепак, останува прашањето зошто еден од поатрактивните објекти на Широк сокак би зјаел празен со децении. Во изминатите години се реконструираа фасадите на сите објекти на Широк сокак, единствено оваа фасада е без лик. На неа се забележуваат обиди за реновирање и доградување, но се' уште стои малтерот.

Приказните на битолчани дека во зградата живеат вампири и самовили не ги остава рамнодушни ниту помладите. Мајка на седмоодделенка вели дека соучесниците на нејзината ќерка, понесени од фантазијата, веќе подолго време се подготвувале да влезат во зградата за да се соочат со духовите.

„Веќе неколку пати ја одвраќам ќерка ми од намерата со своите соученици да влезе во зградата. Ја уверувам дека таму нема никакви духови, дека тоа се само приказни, но деца како деца. Од она што го гледаат на телевизија, си снимаат самите филмови“, вели родителот.

Битолчанец, кој се занимава со егзорцизам и кој ја усовршувал својата

специјалност низ белиот свет цели три децении, вели дека такви проколнати куќи има уште неколку, и тоа во строгиот центар на Битола. Една од куќите се наоѓа кај познатата „Аргирица“, втората е наспроти една од црквите во градот. Во некои од нив бил повикан да ги избрка духовите. Тврди дека успеал и оти сопствениците сега мирно спијат. Прашан зошто тие натприродни сили се вселиле во куќите, тој вели дека причините се разни. Но, најчесто станува збор за ужаси, кои некогаш таму се случиле или за неприродна емотивна врска меѓу почината личност и некој нејзин близок човек. Па живиот никако не го остава духот на мртвиот да си замине. Во една таква куќа, вели тој, се случиле колежи за време на Илинден.

Битолчани веруваат дека еден од проколнатите објекти сега е наменет за хотел. Наводно, пред 60 години во подрумите на објектот биле мачени сите оние што мислеле спротивно на тогашниот систем. Вистина или лага од страв, суеверие или, пак, некои други причини, сепак, најголем дел од овие куќи и објекти во градот и натаму се празни. Оставени на забот на времето, иако површината на објектите и локацијата каде што се наоѓаат се исклучително атрактивни.

Елени Каринте и младиот Мустафа Кемал Ататурк ги нарекуваат балканските Ромео и Јулија

Турските туристи минуваат илјадници километри за да ја посетата спомен-собата во битолскиот музеј, да се фотографираат под балконот на Каринте, но и да го читаат писмото што таа му го напишала на Ататурк

Приказната од крајот на 19 век за неостварената љубов меѓу убавата битол-чанка Елени Каринте и младиот Мустафа Кемал Ататурк, кои многумина ги нарекуваат балканските Ромео и Јулија, денес станува незаобиколна тури-стичка атракција во Битола. Турските туристи минуваат илјадници киломе-три за да ја посетата спомен-собата во битолскиот музеј, да се фотографи-раат под балконот на Каринте, каде што е исплетена, можеби, најголемата љубовна сага на овие простори, но и да го читаат писмото што таа му го на-пишала на Ататурк.

Битолската убавица Елени Каринте имала само десет години кога се сретна-ла со Мустафа Кемал Ататурк во 1900 година, додека човекот што подоцна ќе стане основач на современа Турција и татко на нацијата бил матурант на Воената гимназија во Битола.

- Љубовта меѓу нив не се родила веднаш, како што се раскажува денес по филмовите и по написите, зашто таа сѐ уште била дете. Романсата се случила седум години подоцна, во 1907, кога Ататурк се вратил повтор-но во Битола за да ја управува Воената гимназија – велат битолчани.

Денес, по повеќе од еден век, приказната не само што не паднала во забо-рав, туку балконот од кој Елени го гледала Мустафа додека минувал на Ши-рок сокак, стана атракција за турските туристи во Битола. Но, за жал, не е зачувана ниту една фотографија од Елени.

Битолчани велат дека со снимањето на разни документарни филмови и играни филмови, приказната ја губи вистинитоста.

Прво треба да се објасни како успеал матурант на Воената гимназија во Би-тола, каков што бил Ататрук, да влезе во куќата на големиот трговец Ефтим на Широк сокак. Посредник бил роднина на таткото на Кемал, кој работел во Јуч катли, нешто како полициска станица на Широк сокак, спроти куќата на Каринтеви. Тој го однел Мустафа на првиот именден на Елени, кога таа имала 10 години, се вели во приказната, која со години ја раскажуваат би-толчани.

На приемот, мајка рекла: „Нашето девојче ќе ви покаже на малиот клавир ’клавсен‘ што научи да свири кај Французинките” (тоа биле учителките по пијано во Битола).

Така Елени пред Мустафа ја отсвирела песната „Брате Жак“. Но, по првото познанство, тие се разотишле, а Ататурк заминал на Воениот колеџ во Истанбул.

Патиштата повторно им се вкрстиле по седум години, кога тој се вратил да ја раководи Воената гимназија во Битола. Повторно на празникот Елена и Константин, неговиот роднина го однел кај Каринтеви, а таму сега го прече-кала 17-годишна дама. Така почнала љубовта. Иако, средината не одобру-вала врска меѓу христијанка и муслиман, Елени побегнала за Ататурк.

- Направија филмови дека бегал со неа по лозјата. Но, нему тоа не му прилегало, бил офицер. Ја однел кај својот роднина, во куќа во близина на денешниот ресторан „Ловец“.Се дигнало многу прав. Семејството го ан-гажирало дури и грчкиот владика да влијае, па успеале девојчето да го вратат дома – раскажуваат постарите битолчани.

По ова, Мустафа заминал од Битола. Елени за кусо време ја омажиле за То-де, најдобриот работник на татко ѝ, кој му дал мираз од 900 наполеони са-мо за да ја земе за жена зашто угледот ѝ бил нарушен. Родила две деца, но фатиле војните, децата ѝ умреле, а Елени избегала во Лерин и никогаш не се вратила во Битола.

Се раскажува дека до крајот на животот примала чек од лице што ја издр-жувало, но до денес не е откриено од кого.

Спомен-собата во чест на големиот турски реформатор се наоѓа во битол-скиот Завод и музеј, објект во кој било сместено училиштето во кое се шко-лувал младиот кадет. Фотографии, скици од битки, библиотека, биста, во-сочна фигура – одаја што ги збрала сите тајни од животот на големиот ре-форматор. Таму е поставено и писмото за кое се верува дека пред повеќе од еден век му го напишала битолчанката Елени Каринте на младиот Му-стафа Кемал, кој учел во воената гимназија во Битола. Всушност, централ-но место зазема писмото од Елени Каринте, а приказната за балканските Ромео и Јулија, тој муслиман, таа христијанка, нивната голема љубов, предвреме осудена на пропаст поради религиските и општествените стеги, денес, еден век подоцна, е главен адут за привлекување турски туристи. Со воздишки го читаат писмото, се фотографираат пред куќата на Каринте на битолски Широк сокак, додека балконот ја раскажува тажната љубовна приказна…

Според друга верзија, пак, Елени била ќерка на трговецот Ефтим Каринте. Нејзиното семејство било едно од најбогатите влашки семејства, кои со другите семејства од тој ранг го диктирале општествениот и трговски живот во Битола во последните децении на деветнаесеттиот век. Семејството Ка-ринте било длабоко религиозно семејство, а Елени била израсната во духот на православното христијанство. Според преданијата, а во недостиг од неј-зина фотографија, се смета дека била убава руса девојка, која многу ја са-кала книжевноста. Куќата на Каринте се наоѓа на Широк сокак, кој бил цен-тар на сите збиднувања. Го видела Мустафа сосем случајно додека седела на балконот. Во неколку наврати имале случајни средби и погледи додека нѐ сфатиле дека се родила љубов, која морало да ја кријат бидејќи била за-бранета.

- За оваа приказна дознав многу одамна. Ги сакам љубовните приказни како тие за Пирам и Тизба, Самсон и Далила, Лејла и Меџнун, шах Јахан и Мумтаз Махал. Има нешто во нив што ме тера да верувам во љубовта иако понекогаш си велам дека, веројатно, таквите љубови отишле со нив и сега се многу ретки – вели Николина Василевска, актерката што ја изведува педесетминутната монодрама „Големата љубов на Елени“.

Младиот кадет Мустафа во 1896 година доаѓа од Солун да учи во воената гимназија во Битола. Често шетал по Широк сокак, а едно попладне пред Велигден, во 1897 година, на балконот од куќата на богатиот трговец Ефтим Каринте, која и денес постои на аголот од улицата, веднаш наспроти хоте-лот „Епинал“, ја забележал убавата Елени, негова врсничка. И девојката не останала рамнодушна, па крадешкум, таму од балконот и таа фрлила пог-лед на стројниот Ататурк, висок, со убав стас и со сини очи. И така Мустафа секој ден минувал пред куќата, а Елени го чекала на балконот. Меѓу нив се распламтила силна, но забранета љубов. Девојката за да биде со него, по-бегнала преку визбите на куќата. Заедно заминале надвор од Битола, но та-ткото на Елени, Ефтим, ги фатил, ја затворил девојката дома, а потоа, ку-пил куќа во Лерин. Насила ја однел таму, со намера да ја омажи за друг чо-век.

„Има цела година откако ме грабна од тебе, ме заклучи дома и не ме пу-шти цел месец. Не плачев, знаев дека џабе му се сите катанци и затво-ри. Човекот со кој тој сакаше да се венчам, го видов само еднаш и ме пра-ша дали можам да го љубам. А јас му реков ’Не, јас си го љубам првото либе‘. И повеќе не го видов. Татко ми никогаш не ми прости, а и јас нему. Вечно ќе те сака и чека твојата Елени Каринте”, му напишала Елени на Ататурк.

Девојката никогаш не се омажила, доживеала длабока старост, а до крајот на животот, неколку пати во годината примала чекови од странство. Почи-нала во Лерин на 80 години.

Мустафа Кемал подоцна стана прв претседател на Турција, творец на мо-дерната турска држава, поради што го добил името Ататурк, татко на наци-јата. Се оженил со Латифе Ханам, но бракот траел само две години. Ататурк и Каринте не се сретнале никогаш повеќе.

Љубовната сага за балканските Ромео и Јулија, во Битола се пренесува од генерација на генерација. Некои велат дека оригиналот на писмото од Ка-ринте се наоѓа во историски архив. Други, пак, велат дека станува збор за легенда. Сепак, меѓу битолчани, и денес живее оваа љубов.

- Оваа љубов е вистински магнет за турските туристи. Минуваат ил-јадници километри од Турција до Битола, со желба да го прочитаат пис-мото во спомен-собата, да ја видат куќата на Широк сокак и да се фо-тографираат под балконот од кадешто Елени првпат го здогледала Мустафа. Додека туристите се одушевени, високите воени и државни делегации што доаѓаат да ја посетат спомен-собата, не прашуваат ни-што за оваа љубовна приказна. За оваа љубов нема ниту збор во биогра-фијата на Ататурк, не е пронајден ниту еден пишан документ што би ја потврдил приказната. Дури од научните кругови во Турција било суге-рирано овде, кај нас, да не се обрнува толкаво внимание на таа приказна затоа што нема други документи, освен писмото за кое кај нас се веру-ва дека Елени го напишала до Ататурк– велат упатените.

Оваа љубовна приказна е инспирација за филмските и театарски работни-ци. Во 2006 година беше снимен краток документарно-игран телевизиски филм, направен е музичко-театарски перформанс, а, исто така, најновиот

филм на Александар Поповски „Балканот не е мртов“, работен според сце-нариото на Дејан Дуковски за истоимената претстава, кој беше прикажан на фестивал „Браќа Манаки”, ја раскажува приказната за љубовта меѓу Ата-турк и Каринте.

Писмото на Елени Каринте до Кемал Ататурк

До Кемал Ататурк,некаде и некогаш!

Поминаа толку години, а јас ете уште секој ден чекам абер од тебе. Ако некогаш го добиеш писмово, сети се, види ги солзиве на хартијава… Годи-ните си врват. Овдека се зборува за тебе. Нешто се случува.

Ако ги читаш овие редови додека љубиш некоја друга жена, искини го писмово и прашај ја неа дали верува дека некоја си Елени Каринте од Би-тола го поарчила цел живот за еден човек со кого била само еден ден. Ако ја љубиш неа, како што јас те љубам тебе, не кажувај ѝ ништо, не-ка биде среќна ако си и ти.

Ако, пак, уште ја паметиш девојката од Балканот и не љубиш друга, знај дека те чекам. Ќе те чекам секој ден, цел живот… Знам дека ќе се вратиш, дека не си заборавил.

Татко ми умре. Има веќе цела година. Тој ден кога ме грабна од тебе, ме заклучи дома. Не ме пушти цел месец. Не плачев. Знаев дека џабе ќе се сите катанци и затвори. Човекот со кој тој сакаше да се земам го ви-дов само еднаш. Ме праша дали некогаш ќе можам да го љубам… му ре-ков: не! Си го љубам првото либе. Повеќе не го видов.

Татко ми никогаш не ми прости. Ни јас нему. Неколку дена пред да умре ме викна кај себе… рече: Знам дека згрешив, но знам и дека никогаш не бев добар татко. Не барам да ми простиш, не барај ни ти! Бог нека ни прости на двајцата. Сакав најдобро, а направив најлошо.Татко ми не беше лош човек!Не сум веќе млада и убава како тогаш.Цел живот еден ден…

Вечно те сака и секогаш ќе те чека вечно твојаЕлени Каринте

Првата плескавица во Битола

- Првата плескавица во светот е направена пред 6.000 години во Македонија или, поточно, во Пелагонија, во времето на неолитот. Ова е одговорот на експертите од телевизискиот канал Дискавери, на кои во рубриката „Сакам да знам“ им било поставено прашањето за староста на плескавицата. Домашните истражувачи овој податок го кажуваат како своевиден куриозитет. „Не гледам зошто во Дискавери би биле пристрасни. Станува збор за нешто што е потврдено при испитувањето на неолитските артефакти пронајдени на нашите простори и тука нема место за сомневање

Сегашност го нарекуваме оној момент на премин на иднината во минато, а тој краток момент е всушност фикција, оти тој е толку краток, што нема реална димензија. Всушност, може да се каже дека сегашноста и иднината се само време во кое се сеќаваме на минатото. Затоа, она што можеме навистина да го познаеме и задржиме како познато секогаш е минато. Ова значи дека во историјата секогаш, помалку или повеќе, се останати траги за постоењето, дури и тогаш кога нештата физички целосно исчезнале. Имено, може да се заклучи дека секој град врз својот надворешен изглед има видливи траги од своето минато. Така, многубројните траги врежани врз изгледот на Битола, преку архитектурата и урбанизмот, се најтранспарентното и најнепорекливото сведоштво за нејзиното многувековно постоење. Но, и онаа Битола, преку сеќавањето, преку старите фотографии, описите на разните патеписци, оставила длабоки духовни траги за нашите и идните генерации. На овој начин, во лавиринтот на постоечки и исчезнати сокаци и ќор – сокаци, улички, улици и булевари, се заплеткани и егзистираат прекрасните приказни и историски факти за битолскиот застој низ времето. Секоја од овие улици и секоја куќа, секоја порта и јавна чешма, секој камен кријат некаква возбудлива и неповторлива вистинска или измислена сага... Може таа да е љубовна, но може и боемска, па дури и

револуционерна, но, секогаш е специфична и неповторлива – битолска. Така, Битола со својот постоечки урбан и културен еклектицизам и непостоечкиот, но присутен духовен екстракт, секогаш за своите жители, но и сите оние добронамерници кои го посетиле градот и барем краток период поминале во него, претставува место каде тие можеле да достигнат до своите највисоките духовни инспирации. Местоположбата на Битола во близина на Баба Планина, Пелагониско Поле и Црна Река, има пресудна улога за историскиот развој на градот. Благодарение на ваквата местоположба, уште во периодот на предисторијата, постои организиран човечки живот со, за тоа време, развиена и богата материјална и духовна култура...

За Битола

Заради поволната местоположба, најверојатно од македонскиот владетел Филип II, тука е изграден античкиот град Хераклеја Линкестис, а низ него во време на владеењето на Римјаните проаѓа познатата патна комуникација Виа Егнација, со што тој во време на неколку векови е еден од главните градски центри на овој дел од Балканскиот Полуостров. Населувањето во почетокот на VII век, најпрво на словенското племе Драговити, а потоа и на словенското племе Березити (Брсјаци) и поставувањето на темелите на нов град во близина на античкиот град Хераклеја, го означува почетокот на средновековниот период на Битола. Во овој период од својот развој, градот се претвори во значаен религиозен, просветен и културен центар, во кој има голем број на цркви и манастири. Во времето на средновековната македонска држава на царот Самоил и неговите наследници, Битола претставува град – тврдина со несомнено значајна воено – стратешка функција и се смета дека е една од престолнините на македонските цареви.

Сепак, и покрај спроведените повеќебројни истражувања и анализи за да се одговори на прашањето каде е лоцирана средновековна Битола до наше време сè уште нема точен и прецизен одговор на тоа прашање.

Карактеристично за Битола е што во средновековните пишувани извори се сретнуваат голем број различни имиња за градот. а најчесто се употребувани Бутелиок, Битола, Пелагонија и Монастир. Паѓањето на Битола под турско – османска власт кон крајот на XIV век донесе видливи промени на физиономијата на градот од етнички и урбан аспект. Тој е претворен во град скоро целосно населен од турско и друго муслиманско население и со типично ориентален надворешен изглед, во кој најекспонирани се бројните џамии, медреси и останати муслимански верски и јавни објекти. Од отоманскиот период датира Саат – кулата, која и денес е најпрепознатлив објект и незаменлив симбол на градот. Тогаш е започнато оформувањето како главната градска улица на таканаречениот Широк Сокак.

Во времето на долгогодишното, петвековно отоманско владеење, градот повеќепати доживеа свои издигнувања и падови. Но, градскиот живот никогаш не згасна, а континуирано, во различни периоди, се населуваат луѓе со различни етнички и верски припадности: македонско христијанско население, муслиманско население со припадници од разни етнички елементи: Евреи, Власи, Роми... И покрај фактот дека на крајот на XIX век доминантен дел од градското население го сочинува македонскиот етнички елемент, со сите доселувања и иселувања на население во тој период, Битола добива карактер на град со мешан етнички состав и се стекнува со традиција на меѓунационална и верска толеранција.

Својот најголем демографски, економски, политички, општествен и културен подем, Битола го достигна во втората половина на XIX и почетокот на XX век. Градот тогаш е претворен во воено административен центар на европскиот дел од Отоманската империја и доживува голем урбан растеж, во кој доминираат градби на бројни воени, економски и културни објекти, на болници, раскошни куќи, јавни чешми, конзулски резидентни и останати

репрезентативни објекти.

За стопанскиот развиток од големо значење е и поврзувањето со железничка линија во 1894 година на Битола со Солун. Во тоа време занаетчиството од најразличен вид, со повеќе од 2 000 дуќани, претставува главната стопанска производна гранка во градот, а се тргувало со низа држави од Европа и Азија. Свои дипломатски претставништва од рангот на конзулати, отвораат сите големи европски држави, а такви претставништва има и од тогашните балкански држави. Затоа честопати и денес Битола се нарекува „конзулски град.“ Промените во големината и значењето на градот постепено неминовно предизвикаа промени во личната култура на жителите, кои во многу сегменти започнаа да се однесуваат по европски стандарди. Сето тоа предизвика и видлив просветно културен подем. Па, во градот се отвараат училишта и читалишта, се формираат културно – музички групи, гостуваат театарски претстави. Браќата Јанаки и Милтон Манаки отвараат фотографско студио и први на Балканот започуваат да снимаат со филмска камера. Тие со таа филмска камера и со фотографските апарати регистрираа и овековечија низа од исклучително значајни настани кои се одиграа во градот во време на последните години од отоманската власт.

Како главен административен и економски центар на Отоманската Империја, Битола претставува и терен на интензивна активност на соседските странски пропаганди, во нивниот обид за однародување на македонскиот народ и негово претворање во Бугари, Грци или Срби. Истовремено, градот е центар и на ослободителната револуционерна борба, организирана и предводена од Македонската револуционерна организација. Во градот и неговата околина со цел да го организираат населението за ослободителна борба од турската власт, престојуваат и дејствуваат најпознатите имиња на Македонската револуционерна организација: Гоце Делчев, Ѓорче Петров,

Даме Груев, Пере Тошев, Никола Карев... Токму затоа, Илинденското востание во 1903 година најсилно се реализира во вториот битолски револуционерен округ на Македонската револуционерна организација, а во близина на градот се водеа некои од најзначајните битки меѓу востаниците и турската војска.

По Идинденското востание, градот стана арена за пресметка меѓу приврзаниците на разните културно национални пропаганди од соседските балкански држави, пресметка која не беше само со збор и перо, туку и со груба физичка сила и оружје. Битола е во центарот на случувањата и во време на Младотурската револуција од 1908 г., па тука во почетокот на бунтот против централната власт се собрани главините раководители и главните воени сили на младотурското движење. Растот на Битола е прекинат со Балканските војни и Првата светска војна. Битолската битка помеѓу српската и отоманската војска во времето на Првата балканска војна е една од најголемите воени операции во текот на целата таа војна.

Со поразот на турските војски во оваа битка, дефинитивно завршло петвековното отоманско владеење со Битола. Но, најкатастрофални последици за градот се предизвикани кога тој за време на Првата светска војна е на самата линија на воени дејства од таканаречениот Македонски фронт. Завојуваните страни, односно српските, бугарските, француските и австроунгарските војски, безмилосно цели две години го бомбардираа градот и скоро целосно го уништија. Мнозинството жители на Битола или беа убиени или побегнаа од градот. Стопанскиот, културниот, просветниот живот скоро целосно престана. Иако, по запирањето на воените судири дел од населението се враќа, поделбата на Македонија меѓу соседните држави негативно влијаеше на натамошен долгорочен развој на Битола.

Имено, Битола потпадна под српска власт и од град со централна местоположба во Отоманската Империја. стана град кој се наоѓа во периферен реон на новото Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, односно нешто подоцна преименувано во Кралство Југославија. Всушност, пресекувањето на природната комуникациска врска на Битола со Солун значеше неповратно губење на економското, културното, политичкото и културното значење на градот. Во периодот помеѓу двете светски војни, Битола бележи скромен развој на сите полиња. Основната карактеристика на градот за време на српската окупација е неговата индустриска неразвиеност и големите економско – социјални и политички проблеми. Во овој период, особено по големата светска економска криза, од крајот на 20 – тите и почетокот на 30 – тите години на минатиот век, пропаднаа голем дел од занаетите во градот, а големата битолска чаршија од отоманскиог период видливо се намали. Најголемо претпријатие во тој период е битолскиот „Монопол“ со околу 580 вработени, што сведочи за економската неразвиеност на сето градско стопанство. Најзначаен економски зафат во целиот меѓувоен период е изградбата на железничка пруга со нормален колосек од Битола до Велес во 1931 година. Во време на Втората светска војна, Битола претставува воен и административен центар на бугарската окупаторска власт. Како таков претставува и еден од главните центри во организирањето на македонското национално ослободително движење.

Бројката од над 6.000 учесници во национално ослободителната и антифашистичка војна од 1941 до 1945 година и 266 загинати борци се најдоброто сведоштво за придонесот на Битола и битолско во извојувањето на првата национална држава на македонскиот народ во историјата. Имињата на Стив Наумов, Елпида Караманди, Тодор Ангелевски, Трифун Пановски и низа други видни македонски херои од Битола ќе останат трајно испишани во национално ослободителната историја на градот.

Ослободувањето на Битола од бугарските и германските окупатори на 4. ноември 1944 година го означува почетокот на еден нов забрзан растеж на градот на сите полиња од општествено – економскиот живот.

Индустрискиот раст во годините по војната продуцира изградба на низа стопански објекти од најразлични области од економскиот живот. Развојот на комуникациските инфраструктурни објекти од сите видови, особено од патната инфраструктура, доживеа голема експанзија. Економскиот раст предизвика забрзан демографски и урбан развој.

Градот постепено се претвори во модерен индустриски, културен, образовен и здравствен центар во југозападниот реон на Социјалистичка Република Македонија. Ова значење Битола продолжи да го има и по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Градот и денес ги поседува сите неопходни претпоставки за натамошен сестран општествен, економски и културен развој. Тој развој, заедно со откривањето на нови факти за историјата на градот, кој веќе одамна го нема, ќе ја надградуват, надополнуваат и градат специфичната и неповторлива слика на Битола.

KОИ БИЛЕ ПРВИТЕ ЖЕНИ KОМИТKИ ВО БИТОЛА?

Го убиле спахијата, ја спасиле честа

Сребра и Донка Ушлиновски, според новите истражувања на историчарот Никола Миновски, се првите комитки во Битола и првите рисјанки што дигнале рака на Турчин, кој грабал и потурчувал убави и млади невести од битолските села

Жанета Здравковска (Дневник)

Сребра и Донка Ушлиновски од село Лера биле првите комитки во битолскиот регион, кои во илинденскиот период нарамиле пушки и се приклучиле во борбата за ослободување на Македонија. До овие сознанија дојде историчарот Никола Миновски од Битола, објавувајќи ги првпат во јавноста преку „Публика“. Според него, деновиве се навршија 110 години од храбриот подвиг на двете хероjки, кои успеале да го убијат злогласниот насилник и развратник Џелеб Реџо Сулов од Лера, кој ги грабал убавите и младите девојки од битолските села. Веста за неговото убиство кон крајот на летото 1902 година силно одекнала сред македонското и муслиманското население. По селата и на пазарите во Битола се зборувало дека две млади невести го ликвидирале насилникот, а потоа станале комитки во четата на војводата Ѓорги Сугарев. Дотогаш не се чуло каурка да дигне рака на Турчин. Тој настан, според Миновски, на турските аги и бегови им ја покажал вистинска сила на жената Македонка во одбраната на својата чест.

Животна приказна како од филм

Приказната за животот на двете комитки наликува на таа на Kалеш Анѓа од истоимениот роман на Столе Попов или на судбината на Цвета од драмата „Македонска крвава свадба“ на Војдан Чернодрински. Џелеб Реџо со години бил спахија-закупник на десетокот во битолските села Рамна, Лера, Цапари, Свиништа, Стрежево, Метимир. Се занимавал главно со закупување добиток и бил главен снабдувач на воениот гарнизон во Битола. Секаде одел вооружен на оседлан коњ, чуван од неколку гавази-чувари. Поубавите девојки и млади невести не можеле од него раат да излезат од дома.

- Џелеб Реџо ~ фрлил око на убавата Сребра Домазетова, која имала 18-години. За таква убава и стројна девојка имало многу кандидати од добри семејства во Лера и од околните села, но никој не се решавал да ја земе за жена, бидејќи Реџо јавно се заканувал дека ќе го убие секој што се токми за девојката. Семејството на Сребра било многу загрижено, а таа се криела по куќите на другите роднини - раскажува Миновски.

Девојката ги молела родителите да се иселат од Лера, но тие не биле во состојба зашто ќе требало да се простат од целиот имот и петчленото семејство да го лишат од секакви средства за опстанок. Татко ~ на Сребра, Димо Домазетов, му се пожалил на кметот на селото да го советува Реџо или да нареди преку власта во Битола да не ја обеспокојува ќерка му. Тие постапки уште повеќе ја зголемиле амбицијата на спахијата, па неговите луѓе една ноќ го фатиле татко ~ на Сребра, го премачкале со боја и му се заканиле дека ќе го убијат ако не ја натера ќерката да стане анама. По неколку дена селскиот старешина им рекол на родителите на Сребра дека не е во состојба да им помогне бидејќи Реџо и нему му се заканувал. Со тоа, тие веќе изгубиле секаква надеж за помош од власта.

Го убиле озлогласениот Џелаб Реџо

Од заканите на Реџо не се исплашил само Апостол Ушлиновски од истото село, кому, иако не бил најдобра прилика за убавата Сребра, нејзините родители му ја дале. По свадбата Реџо и неговите луѓе го фатиле Апостол и го претепале, го премачкале со бои и му се заканиле дека ќе го убијат ако не се откаже од Сребра. Претепан, тој одвај се довлечкал до дома, каде неколку дена, завиткан во овча кожа, ги лечел раните.

Во истата куќа живеела и Донка, по потекло од Смилево, снаа за братучед на Апостол. Бидејќи сопругот ~ бил на печалба во Цариград, Донка била вознемирувана и следена од бандата на Реџо. Повеќе време за размислување немало, па тие испланирале како да го убијат спахијата. Другиот ден разгласиле дека Апостол ја избркал Сребра и дека таа си отишла кај мајка си. За тоа слушнал и Реџо, кој многу се израдувал што Апостол достојал на „дадената беса“. Мајката на девојката отишла лично кај Реџо и му соопштила дека ќе му ги даде Сребра и Донка, зашто се неразделни. Но, за тоа ќе мора да дојде самиот и да ги земе без да знае никој за да не се посрамоти семејството во селото.

-На договореното време Реџо отишол облечен и наѕунѕурен со сите нишани како што му прилегало на еден баш-чауш од негов ранг за да ги земе двете

невести. Го седнале во гостинската соба, а Сребра со учтиви комплименти му го прибрала оружјето, зборувајќи дека тоа е за во планина. Потоа од зад грб му излегол Апостол и му врзал јаже околу вратот, го удавиле, а трупот го скриле под една надгробна плоча во селото - вели историчарот.

Херојките фрлени во заборав

Но, не успеале добро да го закопаат, па наскоро се разнела смрдеа околу гробиштата и црквата. Така бил откриен трупот на Реџо, а турската војска почнала истрага кој е убиецот. Го претресувале селото и ги измачувале жителите. Апостол, Сребра и Донка успеале да избегаат па власта ги прогласила за „фирар” (нелегални). За да не го измачуваат локалното население Апостол напишал специјално писмо до валијата во Битола со кое му соопштил дека го убил Реџо и му ги изложил подробно причините. Апостол, Сребра и Донка во отсуство биле осудени на доживотен строг затвор. Пресудата останала во сила и по Илинденското востание. Тие влегле во четата на битолскиот војвода Ѓорги Сугарев и се бореле за ослободување на Македонија.

За првите битолски комитки се знае дека учествувале и во борбите за време на Илинден во Битолскиот регион. Но, по задушувањето на востанието, за да се спасат, побегнале во Бугарија, каде што живееле во Варна. Подоцна учествувале и во балканските војни и во Првата светска војна надевајќи се дека тие ќе ~ донесат слобода на Македонија. За Донка се знае дека е погребана во Варна, а за Сребра нема податоци.

- Ваквите херојски подвизи на треба да се вадат од заборав. Оваа малечка епизода од нашата национална историја ми изгледа како многу погодна за инспирација за писателите, драматурзите и сценаристите за театарска претстава или филм - вели Миновски.

Французин во Првата светска војна

Валентин го гранатирал Македонскиот фронт, но и ги нацртал старите улици на Битола, Мегленци, Бач...

Францускиот војник Етјен Андре Валентин (1893-1940), познат уште и како „уметникот од фронтот“ оставил збирка цртежи од историска важност за настаните и животот на цивилното население од крвавиот Македонски фронт, кој минувал низ Битолско. Вклучен како војник во француската армија изработил збирка од 130 цртежи и скици.

Овие навидум едноставни уметнички творби, изобилуваат со многу детали што го откриваат изгледот на војниците во тоа време, униформите, потеклото, но содржат и вредни информации за животот на цивилното население.

Во збирката има цртежи од Битола, наречена во тоа време Монастир, пејзажи од селата во близина воената линија Мегленци, Бач и Брод. Цртежите ретко имаа текст, но авторот токму на оние што ги работел тука запишал еден доста значаен факт, името Македонија. Од збирката вниманието го привлекуваат цртежите на жени со народна носија и мажи со гајди на кои запишал дека се Македонци. Тоа било во период кога Македонија како држава не постоела, но војниците територијата ја препознавале како таква, а народот како македонски со специфична носија. Има и скици на кои уметникот по името Македонија, тргнал запирка и додал Србија зашто во тоа време овој дел бил под српска власт.

На фронтот се разболел од туберкулоза

Со потомците на војникот Валентин, внуката Нели и нејзиниот сопруг Ванота Гијах, се сретнав во Kаен, Долна Нормандија, регион во Франција. Брачната двојка раскажа дека војникот бил роден во Париз во семејство со уметничка дарба. Бил голем вљубеник во уметноста, што ни војната не му го одзела еланот да твори. Kога не му летале куршуми над главата, во затишјето меѓу битките, додека војската одмарала по рововите, тој со молив, понекогаш и со бои врз хартија оставал траен белег за војната.

-Мојот дедо беше сликар и сликаше за време на Првата светска војна. Неговите цртежи беа предадени на мојот татко, а тој му ги предаде на мојот маж. Знаеме дека во Битолско пристигнал пред пробивањето на фронтот во 1918 година како член на артилериски полк, откако претходно војувал во други делови на Европа. Имал 25 години кога војувал во Македонија. Цртал со молив и понекогаш со пастел зашто немал многу материјал. За среќа, се извлекол жив и во Франција се вратил со цртежите - раскажува неговата внука Нели Гијах.

Војникот успеал да извлечи жива глава од крвавиот конфликт, но тој трајно го загрозил неговото здравје. Покрај ноќните кошмари што ги имал, од кои дел насликал и на цртежите, на фронтот се разболел од туберкулоза. По враќањето во Франција се лекувал подолго време, но на крајот болеста напреднала и во 1940 година починал во Рен, Бретања, на 47-годишна возраст.

Цртежите се чуваат во ковчег за да не се оштетат

- Цртежите ни останаа како семејно наследство. Оригиналите се во еден ковчег за да не се оштетат. Направивме фотокопија од самите цртежи и преземаме повеќе мерки за нивна афирмација. Дел од цртежите и скиците ги испративме во Македонија каде што се чуваат во спомен-собата на француските гробишта, а дел се во Франција - вели зетот за внука, Ванота Гијах.

Потомците на војникот Валентин направиле и разни изработки на кои се изложени цртежите од фронтот, а ја посетиле и Битола, како и околните села во кои некогаш војувал нивниот роднина.

Kон распретувањето на животната приказна за војникот Валентин се вклучија и средношколците од гимназијата „Јосип Броз - Тито“ од Битола и средното училиште „Жан Мермоз “ од Вир, Франција, водени од нивните професори по историја Иљо Трајковски и Ерик Алар. Тие истражуваа на терен, па беа објавени неколку пишувани материјали и брошури за Македонскиот фронт и војниците чии животни судбини ги фрлија на фронтот. Проектите се во рамки

на соработката меѓу Македонија и Долна Нормандија.

Во една од брошурите цртежите на Валентин се класифицирани во неколку групи. Едната е таканаречена„ брада“, воен жаргон кој значи натоварено магаре. Ги отсликува војниците што натоварени со муниција и друга опрема морале да пешачат понекогаш со часови носејќи го товарот во многу тешки услови, на студ или пороен дожд, ноќе.

Друга категорија се војници наречени домородци, односно дојдени од колониите на Франција. Тоа се црнци вклучувани во пешадија, според цртежите со обетки на ушите, а по потекло претежно од Сенегал. Зачувани се скици од непријателски војници, претежно германски. Покрај воените цртежи, многу детаљни се и оние што ја доловуваат убавината на македонската носија, изгледот на Битола во тоа време, селските пејзажи...

- Ова е промоција на Македонија. Тој не ги скицирал само војниците туку и цивилното население кое живеело тука. За нас е значајно зашто има добри скици од Битола и околината, селата Брод, Мегленци, македонските носии, црквите. Некои се црно-бели, а некои во боја. Се случувало талентирани војници да носат и прибор за цртање - вели Иљо Трајковски, професор по историја во гимназијата „Јосип Броз - Тито“ од Битола.

Една од скиците на војникот Валентин послужил како модел да се изработи метална плоча во стручното училиште „Мондвил“ во Франција , која беше пренесена на француските гробишта во Битола.

Мариово личи како фронтот вчера да завршил

Досега во неколку наврати средношколци од Битола и од Вир заедно со своите професори ја истражувале линијата на фронтот во Мариовско. Притоа извршиле и нејзино мапирање за познатата кота 1050, а биле забележани остатоци од робови, бункери и други воени утврдувања.

- Во тие села с` уште се користи огромен материјал од Првата светска војна за огради, покриви, фурни , оџаци, влезни врати. Kористат уште железо од Првата светска војна. За Французите тоа беше вистинско откритие зашто на други фронтови многу малку можете да најдете остатоци. Kај нас е како вчера да завршила војната. Само во период од два дена најдовме остатоци од пушки, прибор за храна, за копање, празни шишиња од пијалаци - вели Трајковски.

Несекојдневната животна приказна за војникот што во војна тргнал со хартија и молив е само една од многуте што ги крие теренот каде што пред еден век минувал Македонскиот фронт.

- Македонскиот фронт е специфичен по тоа што сите војски од Првата светска војна имале свои војници тука. На Западниот фронт војувале Германија, Франција и Велика Британија. На Источниот Австро-Унгарија, Русија и Германија. Но, на Македонскиот фронт се сите. Од руската војска, француската, колониите Мароко, Сенегал, Индокина, Лаос, Kамбоџа и сите други држави што учествуваа во Првата светска војна. Најголем дел директно со војска, а на пример Нов Зеланд, САД, Шкотска имале свои болници. Тие им помагале и на локалното население - додава битолскиот историчар.

Фамилијата Данабаш од дијаманти

до трње

Меѓу најпознатите трговци од минатото на некогашна "конзулска Битола" се и браќата Данабаси од

кои едниот - Михаил ја изградил една од најубавите куќи, но поради дијамантите бил ѕверски убиен

и погребан на "Буковските гробишта", каде од трње на грбот не може да се прочита ниту неговото

име иако се уште е поим за богаташ

Од минатото на Битола има безброј настани и личности што се

паметат и прераскажуваат. За некои од нив постојат објекти,

споменични обележја, а за други само гробови, спомени и

сеќавања. Тоа и натаму е разбирливо бидеќи за време на

турскиот период Битола бил значаен воен и трговски центар, а

со функционирањето на конзулатите на неколкуте развиени

европски земји, станал и простор каде крстосувале интересите и

културите на Истокот и Западот.

Битола и како космополитски град востановила обележја на народите и луѓето што живееле во неа.

Некои сеќавања за тој период не бледнеат, зашто оставените траги постојано предизвикуваат

интерес.

БОГАТАШ

Еден поим за богатство најмногу се поврзува со името - Данабаш. Ако некое момче се однесува

отмено, богато и се крева на големо, се нагласува дека тоа го прави како да е на Данабаш син. Или

пак девојка. Ако отскокнува од средината и стандардите, ќе се рече: што се замислува, да не е ќерка

на Данабаш. И така ова име во градот под Пелистер со години наназад се поврзува со отменоста и

богатството. А тоа можеби го наметнува и куќата на Данабаш која се смета за една од најубавите во

градот.

Лоцирана на Широк сокак, веднаш до некогашното кино на браќата Манаки во куќата до Втората

светска војна живееше Михаил Данабаш, а после тоа од 1959 до 1976 беше музеј, потоа зграда на

Социјалистичкиот сојуз, за денес да биде седиште на политички партии, невладини организации и

место на хрватскиот конзулат. Куќата е сведок за успешната трговска дејност на нејзиниот прв

сопственик, кој за жал на "Буковските гробишта" почива во гроб обвиен со трње и шипје од кои тешко

се чита неговото име. Каква иронија на животот. Живееше во

палата, и е вброен меѓу легендите од минатото на овој град.

Така многумина битолчани денес го споменуваат Данабаш како

богат трговец, но не знаат кој бил и како живеел. Дури не го

знаат ниту неговото име - се вели само Данабаш.

Сакајќи нешто повеќе да дознаме за него, неговата дејност што

ја извршувал пред да биде убиен, поразговаравме со многу

постари битолчани, "претресовме" десетина документи во Заводот и музеј и Битолскиот архив и од

повеќето сознанија може да се извлече следното:

Станува збор за двајца браќа Данабаси, по потекло Власи, кои тргувале со повеќе европски и други

земји. До нивната куќа се помни и доаѓањето на каравани со камили. Едниот бил Јанко, другиот

Михаил кој имал ексклузивно право да увезува нафтени деривати и газија, дури и од позната фирма

"Шел". Но тргувал и со дрвени материјали и разни други стоки, непосредно до пред Втората светска

војна, кога бил убиен од едно лице кое работело кај него.

Убиецот се качил на катот и со чекан го удрил по глава газдата, одземајќи му ги дијамантите и

златото што ги поседувал, иако таквото богатство не го манифестирал пред народот. Според едни,

убиството имало и политички карактер. Дијамантите, наводно, биле забележани во Белград, каде

што биле откриени, а по некои кажувања тие биле сошиени во палтото на убиецот, кој откако бил

откриен, наводно поради револт бил застрелан од полицаец викан Црна Сабота и тоа во период кога

останале нерасветлени и други убиства на имотни битолчани.

Некои битолчани велат дека Михаил имал две ќерки кои се преселиле во Белград, други повеќе, но

потврдено е дека една од неговите ќерки во 1986 или блиску до оваа година на постара возраст

дошла да ја посети родната куќа на татко и и собата каде што тој бил убиен. Од тогаш како да се губи

трагата на потомците, но не и сеќавањата за постоењето на фамилијата. Данабаш е длабоко врежан

во бележитите луѓе на овој град и којзнае дали некогашниот сјај, манифестиран и преку убавата куќа

ќе биде потемнет.

ИСЧЕЗНАА И ДИЈАМАНТИТЕ И ПОТОМЦИТЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ БИТОЛСКИ

БОГАТАШИ

Kаде се потомците на едни од најбогатите и најградски семејства во историјата на Битола, Економо и Данабаш?

Kаде завршило нивното богатство во пари и во дијаманти? До денес овие прашања останаа без одговор, има само

претпоставки, вели Димче Миновски, публицист и хроничар на Битола.

Тој раскажува дека Ѓорге Економо и Петар Данабаш биле најбогатите трговци и лихвари во регионот во почетокот

на 20 век. Едниот од нив, Економо, имал голема финансиска моќ, па ~ давал заем дури и на турската војска.

Другиот, Петар Данабаш, тргувал со далечни земји, па се раскажува дека стоката во неговата куќа стигнувала со

камили.

- Економо бил еден од најбогатите, лихвар, со своите пари ја подигнал куќата во строгиот центар на Битола,

сочувана до денес на плоштадот Магнолија. Таму денес се наоѓа рускиот конзулат. Тој ја кредитирал и

многубројната турска војска во Битола, ако не стигнеле навреме парите за војниците, тој им давал заем. Парите се

носеле со пајтони оти имало многу војска - раскажува Миновски.

Економо доживеал длабока старост. Починал во 1934 година. Со сопругата Доминика бил погребан во гроб со

најубав мермер, кој до денес нема ни една пукнатина иако никој не го одржува.

- Надгробните споменици на Буковските гробишта се стари безмалку сто години, а не се руинирани. Мермерот за

богатите се носел дури од Белград. Бил многу квалитетен, можеби повеќе и од денешниот - додава Миновски.

Денес семејството нема потомци во градот, а се претпоставува дека тие живеат во Грција. Миновски додека им ја

истражувал семејната лоза дознал дека во Солун има адвокатска фирма, која ја води семејство Економо. Во иднина

останува да се испита дали тоа се роднини на некогашните битолски богаташи.

За разлика од Економо, кој проживеал 90 години, неговиот богат современик, Данабаш, животот го завршил

трагично. Летото во 1928 година бил ѕверски убиен и ограбен.

- Данабаш имал две ќерки, но не и машки потомок. Една од варијантите е дека тој што сакал да му стане зет, го

извршил убиството. Вечерта се качил со јаже на балконот, а потоа го убил со чекан по главата - раскажува

хроничарот.__

Грозоморниот настан е опишан и на неговата надгробна плоча. На мермерот е изрезбана смртната постела на

Данабаш и е запишано дека бил маченички убиен. Другите претпоставки се дека убиството било организирано за да му ги украдат дијамантите.

- Постари битолчани ми раскажуваа дека тоа било организирано убиство, во кое била замешана и тогашната власт.

Убиецот бил порачан од битолско село, повеќемина сакале да го поделат неговото богатството - вели Миновски.

Дијамантите, наводно, биле откриени подоцна во Белград, каде што бил пронајден убиецот. Скапоцените камења

му биле сошиени за палтото. Откако го откриле се раскажува дека бил убиен од извесен полицаец наречен Црна

Сабота. Kаде завршило богатството не се знае, а се раскажува дека ќерките на Данабаш се преселиле во Белград.

Споменот за ова семејство го чува грандиозната куќа на Данабаш, која опстоила до денес на битолското Kорзо, во

близина на старото кино „Манаки“. Денес таму се наоѓаат конзуларни претставништва. Двата објекта на

некогашните битолски трговци денес се под заштита и се сопственост на државата.

„Потребни се два дена патување на исток за да се стигне од Ахрид (Охрид) до Бутили (Битола). Бутили е необичен и убав град“, напишал арапскиот патник Абу Абдулах Мухамед ал-Идриси во своите мемоари во 12 век.

И навистина, уште од најдамнешни времиња овој прекрасен македонски град крадел воздишки од неговите случајни и намерни посетители.

Многу важни настани од македонската и балканската историја се случиле во Битола. Градот е граден, доградуван, рушен и повторно граден и надградуван уште од неговото прво населување во доцното бронзено доба. Потоа во хеленистичкиот период, па Римското царство, сѐ до византиското време имал статус на град со висок степен на цивилизација.

Традиционално силниот трговски центар, е познат и како град на конзулите поради тоа што во еден период за време на Отоманската империја, Битола имала дури дваесет конзулати од разни европски земји. Во истиот период, градот имал многу школи, меѓу другите и воена академија, којашто ја посетувал и славниот турски реформатор Кемал Ататурк. Градот бил преполн со фабрики и фотографски дуќани, а интересно е и тоа што покрај Сингер, во Битола уште во тоа време постоела фабрика за слатки.

Во Битола се снимени првите фотографии и филмови, благодарејќи на браќата Манаки. Тоа било златното доба на градот. За жал, за време на Балканските војни, многу битки биле водени во околината на градот и самиот град, па многу материјални докази изгореле или биле потполно уништени. Архитектурата можела да се обнови, посебно последните петнаесетина години, а докази за сѐ што се случувало се и прераскажувањата на старите кои добро се сеќаваат.

Очигледно, некои работи тешко се менуваат, па така ниту разните историски пресврти не успеале да ја избришат убавината на овој стар македонски град.

Дембел чаршија во неизбришливи

спомени

Опеана во песните, останата во сеќавање на најстарите граѓани, некогашната атрактивна битолска

чаршија како да ги враќа спомените на еден период од минатото на овој град кога едни тргувале,

други произведувале, а некои, пак, мрзливци времето го минувале во разговори за нив, не

помрднувајќи се од кафеаните каде пиеле чај и кафе со локум. - Денешната невработеност на

младите, нивното присуство низ кафулињата, кај многумина како да асоцира на еден период кога

некои работеле, а други гледале сеир и правеле чешит

20 октомври 2006 - 21:09 Like Share 0 Tweet 0

Познатиот битолски адвокат и музичар, Петар Георгиев -

Калица во една своја песна го опеал копнежот по некогашна

Битола каде се шетало, седело и пиело кафе на Дембел

чаршија. Иако познатата Дембел чаршија, која се наоѓала

веднаш покрај реката Драгор, на местото каде што денес се

наоѓа Судот и СВР, одамна ја нема, сеќавањата за неа не

бледеат. Многу млади и не знаат со што била позната таа

Дембел чаршија, но како и многу други граѓани од овој град,

раскажуваат шеги и досетки што се случувале низ неа, бидејќи таа била наречена Дембел, односно

Мрзлива чаршија зашто пред нејзините кафеани, гостилници и дуќани, претежно се седело и пиело

чај и кафе со локум. Се вели дека кога некогаш избувнал пожар во неа и сите почнале да бегаат,

еден од "дембелите" му рекол на колегата со кого седел на истата маса да избегаат зашто чаршијата

гори. А, овој, мрзеливо и монотоно му возвратил: "Не ти е мака што зборуваш". И, си продолжил да

гледа сеир. Со ова како да се кажува се за оваа Дембел чаршија и нејзините посетители.

Низ чаршијата имаше многу улички, дуќанчиња, покрај Драгор и кафеани во кои седеа агите и

беговите и поимашните трговци, гледајќи ги жените на офицерите и другите битолчани што минувале

крај нив. По тоа чаршијата и била позната и станала незаборавна - вели битолчанецот Ицо Попов.

СЕЌАВАЊА

И многу други возрасни битолчани прераскажуваат настани што

се случувале во Дембел чаршија и тоа за периодот кога

турското ропство било во распаѓање и кога во градот се'

поголемо било присуството на странските дипломати и конзули.

Во чаршијата имало на столб и два часовници кои покажувале

различно време - ала франга и ала турка, односно едниот

(турскиот) покажувал два часа порано според времето во

Турција, а другиот според европското, односно француското време. Но, оние што седеле во

чаршијата како да не ги интересирало времето. Муабетеле и пиеле со часови. Други како да работеле

за нив, тргувале, произведувале и ги развивале занаетите. Се носела стока од други поголеми

градови, пристигале и клавири.

- Дембел чаршија е позната и по Десоецо - велат некои битолчани, прераскажувајќи ги сеќавањата на

него. Имено, тој Турчин од прилепското село Десово, по кое и се нарекол Десоецо, имал неверојатна

видовитост и на многумина им предвидувал што ќе им се случи. Па и ден-денес многу битолчани за

некое очекување не велат "не сум Ванѓа па да предвидам", туку "не сум Десоецо па да знам што ќе

се случи".

СПОМЕНИ

А, такви случки имало многу. Се пеело и низ песните на

пајтоните, низ тесните сокачиња и другите чаршии што ги имало

во градот.

Радмила Момидиќ - Петкова од Заводот и музеј со години

опстојно и совесно ја истражувала битолската чаршија.

Евидентирала и многу белешки од патеписи за неа. Објавила и

повеќе научни трудови. Во еден свој труд има напишано дека

"битолската чаршија се вбројува во редот на најголемите

сочувани чаршии во Македонија, во која денес има над 600

дуќани, лоцирани во 27 улици".

Денес делови од таа чаршија ги нема. Разрушени се за изградба на станбени единици, државни

објекти или слободни простори. Останале спомените за нив. Постарите битолчани раскажуваат за

тоа некогашно минато на овој град, зборуваат дека некогаш по скали се слегувало во реката Драгор,

се фаќала риба и веднаш се пржела, кажуваат за Евреите кои продавале печени јајца за мезе.

Многупати зборуваат и за дембелите, за луѓето од Дембел чаршија. Денес ја нема Дембел чаршија

на тоа место каде што била, но невработените млади, лоцирани низ кафулињата на Широк сокак како

да потсетуваат на тие некогашни времиња, на карактеристичната содржина во Дембел чаршија. Дел

од нив имаат амбиции да заминат низ Европа. Процесите да тргнат во обратен правец зашто ако

некогаш "Европејци" доаѓале во Битола, денес нејзините млади имаат способности да се ангажираат

низ Европа. Не се дембели, односно мрзливци, но немаат шанса за ангажмани во странство. Затоа и

пред неколку дена младите преку свое здружение организираа марш низ битолската главна улица

насловен "Македонија без визи", односно за свет и живот без граници. Преку тоа можеби Дембел

чаршија засекогаш ќе остане во спомените и сеќавањата, во минатото, зашто низ ова современо,

динамично време, одамна животот на дембелите (мрзливците) е изминат.__