veber politicka sociologija 01

22
ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ ПРЕДМЕТ: ПОЛИТИКАТА ВО СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВО ПРОФЕСОР: Проф.Др. МАРИЈА ДРАКУЛОВСКА - ЧУКАЛЕВСКА СТУДЕНТ: диа МАЈА ЛАЛОВИЌ – БЛАЖЕВСКА ТЕМА: семинарски труд ВЕБЕРОВАТА ТЕОРИЈА ЗА ПОДЕЛБА НА МОЌТА ВО РАМКИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ОПШТЕСТВЕНА ЗАЕДНИЦА ПРЕКУ СТРУКТУРНАТА ФОРМА И НАЧИНОТ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ВЛАСТА УНИВЕРЗИТЕТ ‘‘ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИ ‘‘ ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ ИНСТИТУТ ЗА СОЦИОЛОГИЈА 02.2012 СКОПЈЕ

Upload: majadamjan

Post on 28-Apr-2015

104 views

Category:

Documents


7 download

TRANSCRIPT

Page 1: Veber Politicka Sociologija 01

ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ

ПРЕДМЕТ: ПОЛИТИКАТА ВО СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВО

ПРОФЕСОР: Проф.Др. МАРИЈА ДРАКУЛОВСКА - ЧУКАЛЕВСКА

СТУДЕНТ: диа МАЈА ЛАЛОВИЌ – БЛАЖЕВСКА

ТЕМА: семинарски труд ВЕБЕРОВАТА ТЕОРИЈА ЗА ПОДЕЛБА НА МОЌТА

ВО РАМКИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ОПШТЕСТВЕНА ЗАЕДНИЦА ПРЕКУ СТРУКТУРНАТА ФОРМА И НАЧИНОТ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ВЛАСТА

УНИВЕРЗИТЕТ ‘‘ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИ ‘‘

ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТИНСТИТУТ ЗА СОЦИОЛОГИЈА

02.2012СКОПЈЕ

Page 2: Veber Politicka Sociologija 01

Веберовиот концепт на моќ Маја Лаловиќ – Блажевска

Содржина:

вовед 3

Облици на општественото функционирање 4

Општествените односи 4

Вебер и политиката

5

Став за тоа што е држава 6

Вебер и моќта 8

Социологија на власта 9

Легитимноста на власта 10

Рационалната, односно легална бирократска власт 11

Традиционална власт 12

Харизматска власт 12

Општествената поделба на моќта 13

Политичките партии и моќта 14

Литература 16

2

Page 3: Veber Politicka Sociologija 01

Веберовиот концепт на моќ Маја Лаловиќ – Блажевска

Вовед:

Основниот предмет на политичката социологија е директниот однос или

релацијата меѓу политиката и општеството, но оваа дефиниција се однесува само

во рамките на националната држава како носител на монополот на силата.

Социолозите од самите почетоци на формирањето на политичката социологија

придаваат огромна заинтересираност и иницијатива за толкувањето на моќта,

како основен елемент во секоја општествено-политичка клетка.

Оснивачите на модерната политичката социологија се сметаат дека се

Маркс и Вебер кои иако спротивни во своите теории сепак многу прецизни во

објаснувањето на начините на општественото функционирање. Нивните теории,

придонесоа до приклонетост во научната сфера кон едното или другото

толкување на начините на остварувањето на општествените процеси. Маркс

преку преокупираноста со капитализмот, економската класна борба и

поистоветувањето на економската со политичката моќ , и Вебер со убеденоста

во автономијата на политичкото државно ниво. Тоа придонесе кон креирање на

нови пристапи во политичката социологија, нови парадигми, со кои повеќе

теоретичари ги објаснуваат општествените промени кои го следеа минатиот и

почетокот на новиот милениум преку елитистите, постструктуралистите или

постмарксистите до плуралистите и глобалостите. При тоа се направија

различни обиди да се преформулира политичката социологија од Фуковата

културна политика до новата политичка социологија која прави детален пресек на

демократските микро-макро процеси во глобалната политика.

Денес современите политички социолози сметаат дека глобализацијата ја

намалува класичната моќ на националната држава токму поради развојот на нови

структурни општествени целини и дисперзирање на моќта.

Кои се облиците на општественото функционирање?

Кои се принципите на формирањето на моќноста и која е хиерархијата во

спроведувањето на истата.?

3

Page 4: Veber Politicka Sociologija 01

Веберовиот концепт на моќ Маја Лаловиќ – Блажевска

Својата теорија за моќта, како и политичката социологија во целина, Вебер

ја темели на личните сваќања на функционирањето на општеството, на

општествените односи, а посебно од единствената концепција за политиката,

државата и обликот на власт.

Автономијата на политичкото државно ниво е централна идеја во

Веберовата политичка социологија и е почеток на анти-марксистичката теорија

за автономијата на власта но и за значењето на либерално-демократската

држава.

Научниот хоризонт на Макс Вебер е прилично широк.Почнувајќи од

најопширните филозофски гледишта, па се до детали во историската

хронографија околу општествените прашања, тој се интересира за човекот и за

неговата судбина во општеството.Тој е универзален научник-филозоф.

Вебер и неговото разбирање за власта се клучни елементи во политичката

социологија. Во текстот се опфатени најважните катактеристики за сите три

типа на легитимната власт, а тоа се: рационално-бирократската,

традиционалната и харизматската. При тоа нераздвојни се и неговите погледи на

класите и сталежите но и политичките партии.

Овој труд е симболичен пресек на Веберово опсервирање на моќта како

основна компонента во дефинирањето на базата и структурата во одржувањето

на една општествена заедница, како основа при толкувањето на новите

општествено-политички односи.

4

Page 5: Veber Politicka Sociologija 01

Веберовиот концепт на моќ Маја Лаловиќ – Блажевска

Облици на општественото функционирање

Според Вебер, постојат четири облици на општествено функционирање:

1. Целнорационално : кога се постигнуваат целите кон кои се тежнее, според

очекуваните однесувања на надворешниот свет и другите луѓе.

2. Вредноснорационално : кога свесно се верува во етичката, естетската,

религиозната или друга апсолутна вредност на одредено однесување,

независно од успехот на самото дејствување.

3. Афектно, емоционално : кога се функционира во склад со актуелните

емотивни состојби.

4. Традиционално : кога се функционира во склад со воспоставените навики и

обичаи.1

Моќта по Веберовата концепција представува облик на општествено

функционирање со цел да се спроведе сопствената воља. Очигледно е дека секој од

наведените четири видови на општествено функционирање, може да послужи како

основа и содржина во процесот на моќта.

Општествените односи

Веберовата дефиниција за моќта, го вклучува поимот на општествени односи.

Феноменот на моќта, според тоа е можен во рамките на одредени општествени

односи.Под општествени односи , Вебер го подразбира ’’Однасувањето на поголем

број на поединци со заедничка цел и ориентација’’.Општествениот однос се состои,

значи од подполно и исклучително делување на некаков смислен можен начин, без

разлика врз што се засновани тие изгледи. Моќта според Вебер, во најопштата

смисла, аспект или начин на дејствување на мнозинсвото во сите општествени

1 (Max Veber, Privreda I drustvo, 1976, Beograd).

5

Page 6: Veber Politicka Sociologija 01

Веберовиот концепт на моќ Маја Лаловиќ – Блажевска

односи. Човекот може да одразува моќ на пазарот, позади предавачката катедра, на

вечерен прием, во спортот или во некоја научна дискусија и сл.

Вебер и политиката

На прашањето што подразбира под поимот политика, Вебер во своите предавања –

Политиката како професија – го дава следниот одговор

:’’Раководењето или влијанието од раководењето од некоја политичка

организација, што во нашиот случај би била државата.’’2

Политиката, според тоа за нас би значело тежнеење кон учествувањето во моќта или

влијанието во распределбата на моќта меѓу државите, или помеѓу група на луѓе во

една држава во која што тие живеат.

За Веберовото сфаќање на политиката и политичкиот процес, важен е и поимот на

политички однос. Политичкиот однос е една од можните манифестации на општествен

однос. Како и кај секој општествен однос, така и кај политичкиот однос содржината

може да се менува според околностите.Вебер тоа го илустрира на следниот начин:

...’’Политичкиот однос кој што е заснован на солидарност може да премине во

судир на интереси.’’...

Доколку во некој општествен однос, а во политичкиот посебно, дејствувањето

ориентирано кон намерата да се спроведе сопствената воља наспроти отпорот3 од

еден или повеќе партнери, се работи за борба.За разлика од борбата, натпреварот се

карактеризира со употреба на мирољубиви средства.Така се покажува дека судирот

на интереси и борбата да се наметне сопствената желба е наважниот елемент во

Веберовото сфаќање за принципите на моќта.

Некои теоретичари и понатаму сметаат дека концепот на ’’ отпор’’ е многу важен во

разбирањето на Веберовата смисла за тоа што представува моќта.Во теориските

дискусии за Вебер ’’ недоволно се цени и неадекватно се уважува дека во неговата

2 Max Veber, Politika kao poziv, Beograd 2006. 3 Nash.K.: Contemporary political socioloдy, 2010, Blackwell Publishers, London

6

Page 7: Veber Politicka Sociologija 01

Веберовиот концепт на моќ Маја Лаловиќ – Блажевска

анализа за моќ и отпор два дистинктивни но и меѓузависни аспекти во односот –

моќ.’’

Значи, главната карактеристика во Веберовото сфаќање на моќта е дека ’’Власта е

кооперативна моќ, по дефиниција’’.

Во социолошката категоризација важно место им припаѓа на општествените

институции, како што се семејството, црквата, државата и слично. Според Вебер, сите

политички институции се поврзани со употреба на сила.

Кога ке се спомене политички условена или донесена одлука, тогаш според Вебер,

секогаш се мисли на интересна распределба, односно на одржување и на

зголемување на моќта.

’’ Кој се занимава со политика, тежнее кон моќ : моќта е како средство во служба на

другите цели (идеални или егоистични) или моќ само заради моќ, за да се ужива во

чувството на престиж кое што таа го нуди.’’

Веќе од овие неколку наведувања се гледа дека во Веберовата концепција постои

длабока поврзаност на моќта и политиката и моќта и интересот.

Став за тоа што е држава

Сличната врска со категоријата на моќ, лесно се воочува и во Веберовото општо

одредување на политичките заедници и посебно на државата.Под поимот политичка

заедница, Вебер подразбира таква заедница која со своето дејствување изразува

спремност за употреба на физичка, па и вооружана сила за потчинување на одредена

територија и секако на однесувањето на луѓето кои се наоѓаат на таа територија,

трајно или привремено.

Значи, политичка заедница спаѓа во таков тип на заедници на кое заедничкото

дејствување вклучува принуда со која се загрозува или уништува животот и слободата

на дижење, како на тие кои не припаѓаат на таа заедница, така и на самите учесници

во таа заедница.Политичката заедница, а државата пред се , очекува од поединците

да се изложат на смртна опасност ако е тоа во интерес на заедницата.Затоа секоја

политичка заедница развива специфична база и ги поставува своите трајни

емоционални темели во она что се нарекува заедничка политичка судбина.4

Посебен и најважен облик на политичката заедница е државата.

Државата е една од најважните општествени институции, а сите политички тела се

такви кои употребуваат сила. Државата според Вебер е онаа човечка заедница, 4 Pavlovic, V. Govornik 2009, Beograd

7

Page 8: Veber Politicka Sociologija 01

Веберовиот концепт на моќ Маја Лаловиќ – Блажевска

вклучително и општественото и политичко тело кое за себе и со успех бара монопол

на легитимна употреба на физичка сила. Државата е политичка организација и

политичка установа.

’’ Една политичка организација со карактер на установа треба да се нарече држава,

ако нејзиниот управен апарат со успех остварува право на монополот на

легитимната физичка принуда за одржување на поредокот.’’

Поимот држава е тешко замислив без Веберовото категориско разликување на моќта и

власта. За разлика од моќта која представува наметнување на сопстената воља во

рамките на одредени општествени односи, односно покорување на одредени личности

кон одредени наредби со конкретна содржина. За поимот власт и држава важно е и

Веберовото одредување на политички групи.

’’ Политичка група треба да се нарекува група која има власт во случај кога

нејзиното постоење и важење на нејзините поредоци во рамките на одредена

географска област, непрекидно гарантира управен апарат со примена на закана со

физичка принуда.’’

Вебер предупредува дека насилството не е ни единствено ни нормално средство на

управување на политичките групи, па ни на државата.

’’Заканата и евентуалната примена на наилство е нивното специфично средство,

кога ќе затаат останатите средства.’’

Политичката група, па и државата се карактеризира со тоа што таа полага право

власта да ја спроведува преку обезбедено насилство.Но ниедно политичко тело , па

вклучително и државата не може да се дефинира само според нејзината цел.

Политичкиот карактер на државата може да се дефинира само по однос на

средствата, односно власта или начинот на кој таа власт се извршува, не земајќи во

предвид за која цела таа се извршува.

Вебер целосно ја прифаќа изреката дека секоја држава се темели на сила.

Историската карактеристика на државата е тоа што насилството е средство, кое под

одредени услови станува цел за себе.

8

Page 9: Veber Politicka Sociologija 01

Веберовиот концепт на моќ Маја Лаловиќ – Блажевска

Поимот држава целосно се развива во модерното доба, па Вебер настојува да ја

дефинира како еден вид на модерен тип , апстрахирајки ги содржинските цели кои се

многу променливи.Најважната карактеристика на модерната држава Вебер го

издвојува фактот дека таа има управен и павен поредок, кои можат да се менуваат по

законски пат. Модерната држава представува територијална установа.Таа има

карактер на рационална и трајна организација. Конечно, Вебер нагласува дека

легитимното насилство денес постои само во онаа мерка во која државниот поредок

тоа го дозволува и го пропишува.

Поради ова монополскиот карактер на државната власт е важно својство на нејзината

сегашна положба.

Основната функција на државата се:

а) законодавната функција

б) заштита на личната сигурност и јавниот ред (полиција).

б) заштита на стекнатите права (правосудство).

г) заштита на хигиенските, педагошките, општествено-политичките и

другите културни интереси(разни гранки на управа).

д) целно организирана заштита од надворешна опасност (воена управа).

Вебер и моќта

Веберовата дефиниција на моќта е една од највлијателните и најчесто цитирани

дефиниции во текстовите кои се занимаваат со анализа на феноменот на моќ.Таа

прочуена дефиниција гласи:

’’Моќ представува можност во рамките на одредени општествени односи, да се

спроведе сопствената воља наспроти отпорот, без обзир врз што се засновани тие

изгледи.

Во оваа дефиниција на поимот моќ, која во германскиот вокабулар Вебер ја користи

како macht , има неколку важни моменти.

Прво, моќта се одредува како збир од веројатности.

9

Page 10: Veber Politicka Sociologija 01

Веберовиот концепт на моќ Маја Лаловиќ – Блажевска

Второ, моќта се воспоставува и реализира во рамките на одредени

општествени односи, а не во социјалниот вакуум или во случај на

изолирани поединци.

Трето, главната содржина или целта на моќта е наметнување заради

спроведување на сопствената воља.

Четврто,спроведување на сопствената воља наспроти постоечкиот

отпор.

Петто, моќта се воспоставува без обзир на што се засновуваат

изгледите за нејзиното реализирање.

Власта има двојно значење. Потесно во смисла на управна или државна политичка

власт, и поширока смисла која се однесува на владеење и господарење како сила и

доминација.Одтукасе стекнува оценката дека сржта на Веберовата политичка

социологија е социологијата на власта, или социологијата на доминацијата.

По однос на моќта и власта Во Веберовата политичка социологија покасно ке стане

збор како коментар на повеќе аналитичари:

Разликата меѓу моќта и власта ссе поврзува со повеќе ситуации. Кога станува збор за

моќта, оној кој ја поднесува е присилен да ја следи вољата на другиот. Кога станува

пак збор за власта тогаш на дело стапува ситуацијата во која некој се покорува на

наредбата бидејќи има верба дека таа има легитимен облик.

Социологија на власта

Според наведеното, Вебер направил јасна разлика меѓу поимот моќ и поимот власт.

Според оценката на некои аналитичари,таа разлика е дури преоштра, бидејќи не

остава јасна можност околу сфаќањето на власта како еден сигурен

институционализиран облик на моќ. Конечно власта е само уште еден облик на моќ,

или како што и самиот Вебер цитира: ’’ Власта е специјален случај на моќ.’’5

Кога станува збор за власта, за разлика од дифузниот поим на моќта, односот меѓу

владеењето и подчинетоста има институционална подлога, или со дуги зборови, тоа

значи дека власта е институционализирана моќ.

5Pavlovic, V. Govornik 2009, Beograd

10

Page 11: Veber Politicka Sociologija 01

Веберовиот концепт на моќ Маја Лаловиќ – Блажевска

Поимот власт Вебер го употребува во смисла на авторитарна моќ на

заповедање.Власта постои само во рамките на една општествена организација.

Таму каде што нема општествена организација, таму нема ни власт. Власта ито така е

институционален однос меѓу владеењето и подчинувањето, односно однос меѓу

општествените положби, а не однос помеѓу личностите.таму каде што постои власт,

распределбата на правата и на должносите е взаемна.

За разлика од моќта која се шири дифузно, власта се движи по ограничена патека.

Општествената организација е таа која ја одржува и штити власта, што значи дека

непослушноста власта би ја казнила со одредени постапки.6 (Djuric, M. 1964)

Секоја власт е исто што и управа, но од друга страна на секоја управа и е потребна

власт, бидејќи за водењето на управата потребна е власт или буквално во раце да му

биде дадена моќта на управување.

Легитимноста на власта

Едно од клучните прашања во Веберовата теорија на моќта е прачањето за начинот и

обликот на општествената легитимација на власта. Веберовата социологија на власта

е најпозната по анализата на трите типа на легитимна власт. Тие три типа на власт се

всушност три типа на легитимност на моќта на управување. Општата теорија на

легитимност се сведува на извесен минимум на заедничка согласност на членовите

на едно општество, вклучувајќи ги тука сите слоеви а посебно владеачките кои што

представуваат предуслов за обезбедување на стабилност и одржување на секоја па и

најдобро организираната власт.

Учесниците во општественото дејствување, посебно во општествените односи, можат

да се ориентираат спред представата за постоењето на легитимниот

поредок.Легитимноста според Вебер може да се гарантира на два начина:

а) според внатрешните побуди:

Афективна

Вредноснорационална

Традиционална, религиозна

б) според очекуваните надворешни последици – според интересот:

6 Djuric, M. Sociologija maxa Vebera, 1964, matica hrvatska zagreb

11

Page 12: Veber Politicka Sociologija 01

Веберовиот концепт на моќ Маја Лаловиќ – Блажевска

Важните столбови на легитимност во секој политички поредок се конвенциите и

правото. Конвенциите или обичаите гарантираат дека секое одстапување од

вообичаениот начин на однесување, ќе наиде на неодобрување или бојкот кај

одреден број на луѓе. Правото пак гарантира дека во случај на повреда на поредокот

би се случила физичка или психичка принуда со казнување.

Рационалната, односно легална бирократска власт

Основните обележја на рационалната власт се : непрекинато, со правила регулирано

извршување на службените работи. Чиновниците се ссоодветно школувани за

извршувањето на јасно дефинираните надлежности врз хиерархиски принципи на

органите на власта.

Според Веберовата анализа, нејчестиот тип на легална, рационална власт е власта

која се врши со посредување на бирократскиот управен апарат.Управниот апарат се

состои од индивидуални чиновници кои ги исполнуваат следните три круга на услови:

Статусно-професионални

Компетентност

Договорно-административни

Бирократијата сама по себе носи и одредени недостатоци од кои две се најзначајни:

’’ Бидејќи таа се заснова на деперсонализација, тоа им одговара на превземање на

одговорноста на одреени функционери и бидејќи таа е заснована на почитување на

стандардни процедури, таа спречува било каква иновација.’’

И покрај овие недостатоци, Вебер смета дека чисто бирократската (монократска)

управа е оној вид на управа која може да постигне највисоко ниво на ефикасност и

рационалност.

Според тоа и нема рамна по прецизноста, постојаноста, дисциплината, строгоста и

доверливоста. Таа формално може да се употреби за секаков вид на задачи. Во

општествената теорија владее неподелено мислење за тоа дека Вебер е најзаслужен

во укажувањето на значењето на бирократијата во современите модерни општества.

’’Бирократијата е најефикасниот остав на управа во историјата и особено е

применета во управувањето на големите и комплексни општества од модерен

тип.’’

12

Page 13: Veber Politicka Sociologija 01

Веберовиот концепт на моќ Маја Лаловиќ – Блажевска

Имајќи ја во предвид Веберовата анализа, можеме да заклучиме дека појавата на

бирократијата имала огромно влијание на политиката и животот на модерните

општества и на нивните можности за демократизација.

’’ Таа има обезбедено трајна самообновлива структура на моќ, која не зависи од

режимот на политичките партии и која остварува специјална вештина која е ’’надвор

од политиката’’. ’’

Тука се гледаат и сомнежите на Вебер по прашање на демократизацијата. Тој ја смета

демократијата за непрактична и дека редовно се раствара во диктатура на моќното

малцинство, но сепак дека треба да се тежнее кон неа, ако не поради друго туку

заради надворешната контрола на извршната власт.

Традиционалната власт

Традиционалната власт е онаа власт чија легитимност се засновува врз светоста на

прастарите, одсекогаш постоечки поредоци на моќ и кога во неа се верува на основа

на таа светост.Патријархализам ја означува состојбата во која власта во некоја

економска група, а пред се во домаќинството ја врши поединец кој е предодреден со

строгите правила во наследувањето. Геронтократија ја означува состојбата кога

најстариот во одредена заедница или група ја има моќта на власта како најдобри

познавачи на светоста на традицијата. Вебер нагласува сека геронтократијата и

патријархализмот се јавуваат најчесто паралелно. Уште еден тип на традиционална

власт е хоноратот, каде општествениот углед или престижот на поединците ќе стане

основа на суверена власт.

Највисокиот врв на традиционалната власт е султанизмот кој се карактеризира со

патримонијална власт која во својата управа воглавно се движи во сферата на

целосно самоволие кое не е ограничено со традицијата.

Харизматска власт

Харизмата Вебер ја нарекува способноста на некоја личност да е надарена со

надприродна или надчовечка моќ и способност. За таквите личности од масата се

доживуваат како природни и историски големи водачи.7

7 Pavlovic, V. Govornik 2009, Beograd

13

Page 14: Veber Politicka Sociologija 01

Веберовиот концепт на моќ Маја Лаловиќ – Блажевска

Харизматските авторитети се засновуваат на исклучителен дар на ’’божја милост’’ но

и на доброволно подчинување кон личностите со харизматска власт, бидејќи тие

слободно ја признаваат таа власт.Тоа има длабоки психолошки корени во механизмот

придвижен од очајот или надежта.Тука главна особина е доброволното подчинување

како основа на легитимноста на харизматската власт.

Доколку дојде до промена на чувствата кај масата, односно харизматското водство не

оди во прилог на подчинетите, таа може да заслабне за да на крајот и исчезне.Според

Вебер харизматската власт заради овие причини е специфично лабилна.

’’Харизмата е голема револуционерна сила во епохите врзани за традицијата.’’

Таа е опозитно поставена во однос на бирократската власт која е планирана и крајно

рационализирана на сметка на стихијноста на харизматската власт. Таа е во некоја

мерка спротивна и на традиционалната власт во обликот на сталежот. Харизматската

власт го руши минатото и затоа е специфично револуционерна. Таа е врзана за

актуелна личност, а не за авторитетот на обичаите или митска и верска личност од

минатото.

Харизматската власт исто така е врзана и за авторитарниот тип на власт. Специфични

услови за нејзиното пројавување се општествените кризи, економските, религиозните,

политичките и останатите општествено социјални непогоди.

Тоа се ситуации во кои на луѓето им се чини дека единствен излез од конкретната

ситуација е божјиот дар на милоста , личност благословена со способности да ги води

во подобра иднина. Таквата слепа послушност води кон опасна авторитарност.

Интересен модел кој Вебер го анализира е таканаречениот плебисцитарен тип на

демократија со владетел (демагог), каде владетелот владее на основа на

приврзаноста на своите политички следбеници и врз основа на довербата која како

таква ја имаат тие.

Примерите за плебисцитарна демократија Вебер ја наоѓа во антиката но и во

модерните општества. Типичните антички примери се старогрчките тирани и демагози,

староримските (capitani del popolo)8. Во модерните времиња тоа се Кромвеловата

диктатура во Англија, плебисцитарната демократија во Франција под Робеспјер и

Наполеон.9

8 Административна титула која се користела во Италија во текот на средниот век.9 Pavlovic, V. Govornik 2009, Beograd

14

Page 15: Veber Politicka Sociologija 01

Веберовиот концепт на моќ Маја Лаловиќ – Блажевска

Односот кој постои меѓу харизмата и изградбата на институциите е најверојатно

најзначајниот предизвик кој вебер го поставил пред модерната социологија.

Општествената поделба на моќта

Секој правен поредок , посебно државниот, директно влијае со својот облик на

распределбата на моќта во рамките на одредена општествено-политичка заедница.

Вебер покажува дека економската како и секоја друга моќ, се распределува во рамките

на една заедница. Распределбата на економската моќ, односно богатствата се одвива

во стопанскиот поредок.

Покрај моќта и богатствата, Вебер го има во предвид и општествениот углед или

престижот.Значи Вебер ја воочува врската меѓу богатствата(економската моќ),

политичката моќ и општествениот углед, но не ги изедначува.

Начинот на кој општествениот углед се респределува меѓу општествените групи во

една заедница, Вебер го нарекува општествен поредок

Распределбата на моќта во политичката заедница го нарекува политички

поредок.Функцијата на правен поредок ја гарантира како политичката и економската

моќ, така и угледот, односно престижот.

Најважниот Веберов наод е дека класата, сталежот и партиите се најистакнати

појави на распределба на моќ во рамките на одредена заедница.Наједноставното

објаснување според Вебер што е тоа класа а што е сталеж го представува на

следниот начин.Поделбата на класите се врши во однос на производството и

стекнување на материјални добра, додека сталежот зависно од принципот на

трошење на тие добра преку специфичен начин на живот.

Политичките партии и моќта

Третиот вид на општествена поделба на моќта ја сочинуваат политичките

партии.Вебер политички партии ги нарекува здруженијата кои се засновани на

слободното придобивање на членови.Нивната главна цел е да во рамките на една

организирана група, на своите раководители им се обезбеди моќ, а со тоа на своите

учесници односно себеси остварување на објективни цели или лична корист.

15

Page 16: Veber Politicka Sociologija 01

Веберовиот концепт на моќ Маја Лаловиќ – Блажевска

Партиите можат да бидат релативно трајни организации но и пролазни ефемерни

појави. Вебер повторно прави класификација на политичките партии и тоа на

патронажни, сталешко-класни и идеолошки.

Патронажните се оние партии кои се исклучиво ориентирани кон стекнување на моќ за

својот лидер и на обезбедување на положби во управнио апарат за сопствените

членови.Сталешко-класните партии се претежно и свесно ориентирани во интересот

на одредена класа или сталеж. Идеолошките партии се ориентирани кон конкретните

објективни цели или апстрактните принципи.

Партиите според Вебер, ги користат сите средства за постигнување на

моќ.Постоењето на партиите потврдува дека занимавањето со политика е пред се

работа на заинтересирани како економски така и кон политичката и идеолочката моќ

како таква.Според тоа политичката игра и активност е во рацете на неколку актери.

Прво тука се наоѓа партиското раководство, па кругот на активните членови на

партијата.Најширокиот круг го сочинуваат неактивната маса на гласачи и бирачи.И

најневидливиот релативно мал круг сочинета од партиските мецени и оние кои

значително финансиски ја поддржуваат политичката партија.

Финансирањето на партијата, по својата важност е централно прашање за поделбата

на моќта и одредувањето на материјалниот правец на партиското дејствување.

Критички но сепак точно оценето е дека модерните партии се плодови на

демократијата, избор на правото на масата.

Партиските битки не се само битки за објективни цели, туку тоа се битки за одредени

интерси и превласт над службите во државниот апарат. Вебер поради тоа воочува

дека партиите во модерното време преоѓаат во бирократска организација. По неговото

мислење јакнењето на бирократизацијата во партиите не се разликува битно од

јакнењето на бирократијата во стопанството и во државната управа. Во таа смисла, тој

ја прифаќа оценката за јакнењето на плебисцитарниот облик на демократија.

Партиите, нивните лидери и нивните машини се појавуваат како фактички

плебисцитарен диктатор кој стои над парламенот.

Во поглед на општествената распределба на моќта, можеме да го следиме

Веберовиот заклучок дека родното место на партијата е во сферата на моќта, односно

16

Page 17: Veber Politicka Sociologija 01

Веберовиот концепт на моќ Маја Лаловиќ – Блажевска

во политичкиот поредок. За разлика од партијата, класата пак функционира во

рамките на стопанскиот поредок, а сферата на поделба на угледот, односно родното

место на сталежот се наоѓа во општествениот поредок.

ЛИТЕРАТУРА

Veber.M, Politika kao poziv, Beograd 2006

Veber.M., Privreda I drustvo, 1976, Beograd

Nash.K.: Contemporary political socioloдy, 2010, Blackwell Publishers, London

Djuric. M, 1964, Socioloдija Maxa Vebera, Matica Hrvatska, Zagreb

Pavlovic.V.:, 2009, Govornik, Beograd

17

Page 18: Veber Politicka Sociologija 01

Веберовиот концепт на моќ Маја Лаловиќ – Блажевска

18