proektna zadaca

20
СУГС “ ВЛАДО ТАСЕВСКИ “ Сообраќајна струка Техничар за транспорт и шпедиција ПРОЕКТНА ЗАДАЧА Практична настава Тема : Hucke Pack технологија на транспорт на возови коишто транзитираат низ Република Македонија

Upload: -

Post on 01-Nov-2014

749 views

Category:

Documents


13 download

DESCRIPTION

Hucke Pack tehnologija na transport na vozovi koi sto tranzitiraat niz rebpublika Makedonija

TRANSCRIPT

Page 1: Proektna zadaca

СУГС “ ВЛАДО ТАСЕВСКИ “

Сообраќајна струка

Техничар за транспорт и шпедиција

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

Практична настава

Тема :

Hucke Pack технологија на транспорт на возови коишто транзитираат низ Република Македонија

Изработил : Ментор :

Мевлида Беровиќ IV-1 Борче ЗдравкоскиСкопје 2011

Page 2: Proektna zadaca

Соджина

1. Вовед……………………………………………………………………...………32. Основни карактеристики на Hucke Pack технологија на транспорт……….…43. Најважни цели на Hucke Pack технологија на транспорт …………………….54. Предности и Недостатоци………………………………………………….……65. Поделба на Hucke Pack технологијата на транспорт…………………………..76. Средства за работа во составот на Hucke Pack технологија на транспорт…...97. Развој на железничкиот сообраќај во Република Македонија………………108. Транзитирање на Hucke Pack возовите низ Македонија по Коридор 10……119. Документи кои се користат при транзитирање низ Република Македонија..1310. Заклучок…………………………………………………………………………1411. Користена литература…………………………………………………………..15

Page 3: Proektna zadaca

Вовед

Под овој систем се подразбира комбирање на патно-железнички транспорт, каде што патните возила или нивните делови од возилата се товараат на железнички товарни коли и во најголем дел од транспортот се транспортираат со нив.Основна цел на овој систем на транспорт е слично како и кај другите системи на комбиниран транспорт што имаат цел остварување на единствен транспортен процес со што се намалуваат трошоците за транспорт и се добива поквалитетна услуга. Овој систем на транспорт ги обезбедува потребните предуслови за успешна кооперација на транспортот, комбинирање на транспортините средства од различните видови на сообраќај, со цел реализација на транспортниот синџир од производителот до потрошувачот.Од овде ќе се обидеме да ѓи дознаеме главните предности но и недостатоци на Hucke Pack технологијата на транспорт. Поделбата на Hucke Pack технологијата на транспорт и нејзината улога во вкупниот транспорт на стоки. Исто така од овде ќе дознаеме колку оваа технологија на транспорт е развиена во нашата земја односно во Република Македонија. Сега на кртако ќе се обидеме да ве запознаеме со добрите и лошите особини при користење на оваа технологија на транспорт. Сите технологии “ возило на возило “ во меѓусебно споредување со класичните технологии на транспорт имаат свои предности и недостатоци кои ќе бидат наведени понатаму…

Page 4: Proektna zadaca

1.Основни карактеристики на Hucke Pack технологија на транспорт

Hucke Pack технологијата на транспорт претставува комбинација на железнички и патен транспорт каде што патните возила (камиони, автомобили, итн. ) или делови од возила (приколки, полуприколки, и разменливи транспортни садови ) на еден дел од превозниот пат се превезуваат со железница. Оваа технологија на транспорт овозможува превоз на стока со железница независно од временските услови, на долги релации, влијае на намалување на трошоците на транспорт што автоматски влијае на цената на превозот, го зголемува степенот на безбедност итн.Иако за поимот Hucke pack технологија на транспорт за прв пат започнала да се применува во Германија на крајот од Втората Светска Војна ( во превозот на патни борбени возила или возила од патниот транспорт со наоружување на железнички вагони ), но и фактот дека оваа технологија на транспорт, исто така во СР Германија започнала да се применува и во цивилниот сообраќај на стока на почетокот на седумдесетите години од минатото столетие. Во изминатиот период најголем развој на Hucke Pack-инфраструктурата, Hucke Pack-супраструктурата и Hucke Pack-сообраќајот остварен е во Германија. Hucke Pack технологијата на транспорт се развивала и во другите европски земји особено во Франција, Шведска, Италија, Швајцарија, Австрија, Данска, Холандија, Белгија, Шпанија итн. А во поново време започнала забрзано да се развива и во бившите социјалистички земји, посебно во Унгарија, Чешка, Словачка, Русија, Словенија, Хрватска…Hucke Pack технологијата на транспорт е специфична технологија на транспорт за којашто е каректеристичен хоризонталниот и/или вертикален натовар и растовар на патни превозни средства, како на пример: натоварени ( но и празни ) камиони со приколки, и/или полуприколки како и натоварени разменливи садови ( сандаци ) коишто едноставно се превезуваат со возила на патниот сообраќај и заедно барем на еден дел од превозниот пат се превезуваат со вагони. Или поедноставно Hucke Pack превозот е превоз на патно превозни средства или разменливи транспортни садови на железнички вагони, барем на еден дел од превозниот пат.

Page 5: Proektna zadaca

1.1. Најважни цели на Hucke Pack технологија на транспорт

Најважни цели на Hucke Pack технологијата на транспорт се:

Поврзување на патниот и железничкиот превоз на многу брз, сигурен и рационален начин без претовар на товарот од возилата од патниот транспорт на железнички вагони, и обратно од железнички вагони на превозни средства од патниот сообраќај;

Оптимизирање на ефектите на патната и железничката инфраструктура и супраструктура;

Забрзување на манипулирањето и превозот на товар во комбинираниот патно-железнички сообраќај и со тоа минимизирање или потполно елиминирање на работата на живата сила во процесот на производство на сообраќајни услуги;

Квалитативно и квантитативно максимизирање на техничките, технолошките, организациските и економските ефекти во процесот на производство на сообраќајни услуги;

Максимизирање на ефектот на работа на креативните и оперативните менаџери и другите работници ангажирани во системот на Hucke Pack транспортот.

Page 6: Proektna zadaca

1.2. Предности и недостатоци на Hucke Pack технологијата на транспорт

Главни предности на оваа технологија се:

-брз претовар-висок квалитет на транспорт-транспорт без оптоварување на патните сообраќајници-заштеда на енергија-намалување на трошоците за амортизација-транспорт без емисија на издувни гасови-намаелно време на задржување на границите итн.

Сл. 1. Начин на утовар на средствата за превезување со оваа технологија

Недостатоци на оваа технологија се:

-употреба на скапи специјални товарни вагони-продолжување на релацијата на превоз во однос на директниот превоз на транспортни средства поради претовар-трошоци за два претовара-трошоци за специјална опрема и уреди итн.

Page 7: Proektna zadaca

1.3. Поделба на Hucke Pack технологија на транспорт

Во Европа Hucke Pack технологијата на транспорт се дели на следните техники:

Техника A (транспорт на комплетни патни возила)-оваа технологија се состои од железнички товарни коли и камиони со приколки. Товарење и растоварање на патните возила со сопствен погон се извршува со помош на рампа. Истоварот се извршува во спротивна насока во однос на утоварот или во зависност од правилата на станицата. Прицврстување на товарот во овие коли се врши со сопствени кочници на патните возила кои се превезуваат и со подметнувачи.

Сл. 2. Техника A (транспорт на комплетни патни возила)

Техника B (транспорт на седлести приколки и полуприколки)-оваа технологија се состои од два вида специјални железнички товарни коли и полуприколки. Превозот на полуприколки се извршува со двоосовински или четири осовниски коли со платформа сместена меѓу подложните носачи. Товарењето на полуприколките се извршува со возење преку подвижна рампа и тоа спротивно во однос на кабината на влечното средство што ја турка полуприколката.

Сл. 3. Техника B (транспорт на седлести приколки и полуприколки)

Page 8: Proektna zadaca

Техника C (транспорт на разменливи транспортни садови)-оваа технологија се состои од специјални железнички товарни коли и подвижни колски сандаци (разменливи транспортни садови). Превоз на разменливи транспортни садови најчесто се врши во железнички товани коли, кои се специјално конструирани за превоз на транспортни садови и големи контејнери. Разменливите транспортни садови се превезуваат без влечни средства (влекачи,трактори) и возно постолје-шасија.

Сл.4.Техника C (транспорт на разменливи транспортни садови)

Техника D (бимодална технологија)-оваа технологија на транспорт е специфична технологија на транспорт за која е карактерестичен превозот на специјални патни полуприколки со товар по пат и железница. Оваа технологија овозможува “претоварање” на птаните полуприколки, кои на класичен начин го превезуваат товарот во птаниот сообраќај во посебни железнички товарни вагони.

Сл.5. Техника D (бимодална технологија)

Page 9: Proektna zadaca

1.4. Средства за работа во составот на Hucke Pack технологија на транспорт

Најважни средства за работа во составот на Hucke Pack технологија на транспорт се:

Специјални патни возила или делови од возила Специјални железнички товарни коли Hucke Pack терминали

Патните полуприколки што учествуваат во Hucke Pack технологијата на транспорт треба да бидат опремени со одредени ознаки во кои се ознашува:

во кои серии на железнички товарни коли можат да се товараат податоци за димензиите и масата на приколката податоци за компанијата каде што припаѓаат сериски броеви и други податоци итн.

Најважен технички, технолошки и организациски проблем на патно-железничкиот Hucke Pack сообраќај претставува железничкиот товарен профил, кој ги одредува надворешните максимални димензии, особено висината и ширината на товарот во возилата. Во секоја национална железница има пропишана максимална дозволена висина во железничкиот сообраќај. Таа висина во Европските железници се движи од 3.4 метри до 4.3 метри. Овие коли најчесто се користат за превоз на комплетни патни возила, но освен за нив е овозможено да се превезуваат и патни полуприколки. За задоволување на барањата на железничкиот товарен профил, кај Hucke Pack системот на странспорт се применуваат специјални железнички товарни коли со рамна товарна површина ( плато коли ), опремени со мал дијаметар на тркалата.

Hucke Pack терминали се посебно изградени, уредени и опремени простории каде што се соединуваат патниот и железничкиот сообраќај и обратно ( железничкиот и патниот сообраќај ) во којшто се извршува претовар на патните возила ( комплетни камиони со приколки, полуприколки и приколки ) и разменливи транспортни садови со товар во специјални железнички товарни коли или обратно, претовар на железнички коли во специјални приколки на патниот сообраќај.

Page 10: Proektna zadaca

2. Развој на Железничкиот сообраќај во Република Македонија

Македонската железница започнала да се развива негде околу 1870 година кога започнала да се гради железничката линија Солун – Скопје – Косовска Митровица, линијата била долга 240 километри и представувала меѓународна магистрала, но се разликувала многу од останатите железници градени по првата концесија на баронот Хирош. Во сообраќај била пуштана по делници и тоа до Велес на 09. IV. 1873 година, до Скопје на 09. VII. 1873 година и до Косовска Митровица на 22. XII. 1874 година. Минимален радиус по кривините изнесувал 300 метри, а максималната наведнатост на трасата била до 25 % со вградени ориентални шини од типот SO34 долги 6, 54 метри. Од практиката било утврдено дека вградените шини по станиците биле железни со расцутени глави и дека подоцна кога станиците се проширувале по колосеците биле вградувани и стари употребувано двоглави шини. Железничката линија Табановци – Гевгелија е составен дел на Коридорот X кој е многу важен за нашата земја бидејќи ги поврзува поголемите македноски градови и тоа: Скопје, Куманово, Велес, и Гевгелија, а преку кракот D градовите Прилеп и Битола. Има две приклучни пруги едната ги поврзува Штип и Кочани, а се одвојува во Велес, а дугата е од Градско до Шивец. Коридорот X ја поврзува Македонија со цела Западна Европа како и излез преку кракот S на Црно Море и врска со Турција и Мала Азија.

Сл. 6. Карта на железничката мрежа на Република Македонија

Page 11: Proektna zadaca

2.1. Транзитирање на Hucke Pack возовите низ Македонија по Коридор 10

Коридорт 10 е од голема стратешка, сообраќајна економска и политичка важност. Овој коридор во својата основна насока од Салцбург ( Австрија ) до Солун (Грција) непосредно на мултимодален начин поврзува осум држави, а индиректно уште шест други држави. Со помош на Кордидорот 10 се воспоставува квалитетна транспортна и транзитна интерконекција меѓу Италија, Австрија, Германија, Словенија, Унгарија, Хрватска, Србија, Република Македонија, Грција, а со помош на неговото лево крило се воспоставува сообраќајна конекција со Бугарија и Турција.

Сл. 7. Распространетоста на Коридор 10

Неговата должина е 2 360 км, од кои низ Македонија е во должина на 176 км. Коридорот 10 опфаќа железнички пруги, автопатишта, телекомуникациски мрежи оптички кабли и електрични далноводи. Коридорот 10 како конекција на мултимодален автопатен, железнички и електроенергетски сообраќај, претставува важна објективна потреба за подинамичен економски и општ развој на земјите од југоисточна Европа, а во тие рамки и на Република Македонија. Коридорите се главна подлога за развој на Република Македонија и на регионот како целина. Се повеќе се покажува дека важна компонента на коридорите е желеничкото поврзување, имајќи го во предвид фактот дека железничкиот транспорт е поефтин. За да биде непречено функционирањето на железничкиот транспорт потребна е целосна електрификација на железничката мрежа.

Page 12: Proektna zadaca

Поради добрата положба на Република Македонија има многу транзитирање низ нашата земја како на пример транзитот на нафта во соседните земји односно фактот дека тие треба да поминат низ Република Македнонија кога сакаат да увезат нафта во својата земја. Во план е изградба на нафтоводниот проект АМБО кој е еден од најпрепознатливите имиња во мрежата на Коридор 8. Овој проект би требало да помине низ Бугарија, Македонија и Албанија за да понатаму нафтата продолжи со танкери за Европа, САД и Јужна Америка. Гледано од аспект на витални интереси на Република Македонија АМБО има голема стратегиска, економска и политичка димензија. Логично е дека таков значаен петроенергетски проект би привлекол и многу други развојни проекти со што повеќекратно би се зголемил развојот и вработувањето.

Page 13: Proektna zadaca

2.2.Документи кои се користат при транзитирање низ Република Македонија

Транзитна постапка претставува царинска постапка со која царинскиот орган одобрува движење на стока од едно до друго место во рамките на царинското подрачје на Република Македонија. Во транзитна постапка може да се стави: странска стока која со ставањето во оваа постапка не подлежи на плаќање на увозни и други давачки или на мерки на трговската политика за пуштање во слободен промет и домашна акцизна стока за која е спроведена извозна постапка и домашна стока која се извезува со Тир Карнет.

Движењето на стоката се врши со транзитна декларација во следните форми:

-Единствен царински документ ( ЕЦД )-ЕЦД со товарница или посебна товарница ( доколку се декларирани повеќе стоки со различни тарифни броеви на ЕЦД )-ЦИМ ( за железнички транспорт на стока ), -ТИР карнет,-АТА карнет, -Поштенски документ, -Манифест за стока за воздушен сообраќај ( AWB ),-Предавен лист ТП ( документ за комбиниран железнички и патен сообраќај за стока во контејнери ) и -Посебен образец за транспорт на воен материјал.

Page 14: Proektna zadaca

Заклучок

Со Hucke Pack технологијата на транспорт на патниот сообраќај му е овозможена поголема продуктивност во работата, намалување на трошоците за транспорт и намалување на ризикот при транспорт. Примената на Hucke Pack технологијата на транспорт претставува рационална врска меѓу желеницата и патниот сообраќај и се обезбедува имплементација на транспортот од врата до врата. Можеме да заклучиме дека со примената на овој вид на транспорт значително се помали трошоците бидејќи железничкиот транспорт спаѓа во најевтините видови на транспорт, исто така предност е и тоа што со овој вид на транспорт најмалку се загадува околината, ги растеретува главните патни сообраќајници и со тоа се остварува побрз и поквалитетен транспорт на товарот за пократко време и помалку пари од колку со другите видови на транспорт. Кај нас овој вид на транспорт сеуште е во фаза на развиток но сепак има голема економска, сообраќајна и политичка важност, бидејќи со развивање на овој вид на транспорт ќе се отворат многу можности за развивање на нашата земја во секој поглед.Значи можеме да заклучиме дека покрај овој систем на транспорт е економски исплатлив и треба да се работи на негово усовршување како во нашата земја така и во сите друфи земји во светот.

Page 15: Proektna zadaca

Користена литература

1) Каракачанов А., Шопов Т., Стојиќ Г., Диманоски К.: Комбиниран транспорт IV година транспорт и шпедиција, Министерство за образование и наука, Скопје, 2010

2) http://www.tfb.edu.mk/files/rezultati/integralentransport.pdf

3) http://www.ihr.org.mk/? option=com_content&view=article&id=74%3A_2_0_1_0_-_1_1_-_2_0_-_1_2_-_3_2_-_5_0&catid=39%3A_-_1&Itemid=100&lang=mk

4) http://www.arhiurb.vojvodina.gov.rs/postavljen/20/deo%202%20STUDIJA %20IM%20TERMINALA%20APV.pdf