ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ...

33
Темата п ДОГМА - ПРВИТЕ по предметот Догмати АТСКАТА ДЕЈНОСТ Е ЧЕТИРИ ВСЕЛЕН СОБОРИ ика Т НА НСКИ

Upload: others

Post on 18-Sep-2019

18 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

Темата по предметот Догматика

ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА

- ПРВИТЕ ЧЕТИРИ ВСЕЛЕНСКИ

Темата по предметот Догматика

ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА

ПРВИТЕ ЧЕТИРИ ВСЕЛЕНСКИ

СОБОРИ

Темата по предметот Догматика

ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА

ПРВИТЕ ЧЕТИРИ ВСЕЛЕНСКИ –

Page 2: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

3

Ширењето на христијанската вера

о завршувањето на искупителната мисија, нашиот Спасител,

Господ Исус Христос, бил со Своите ученици сè до Своето,

сеславно Вознесение на Небесата. Пред вознесението, Тој им

ветува дека ќе им испрати Дух Утешител и им вели да не

излегуваат од Ерусалим, додека тоа не се случи: „И ете, Јас ќе го

испратам врз вас ветувањето од Мојот Отец; а вие останете во градот

Ерусалим, дури не се облечете во сила одозгора.“ (Лк. 29,49). Ветувањето

било исполнето и на апостолите, на денот на Педесетница, им бил

испратен Светиот Дух, во вид на огнени јазици, па тие почнале да

зборуваат на различни јазици: „И ненадејно се чу шум од небото, како да

идеше силен ветер и ја исполни целата куќа, каде што седеа; И им се јавија

разделени јазици, како огнени, и застанаа по еден на секого од нив; И сите

се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака

како што им даваше Духот Свети да изговараат.“ (Дела 2, 2-4).

По овој настан, апостолите се распространуваат по сите краишта на

земјата, проповедувајќи ја спасоносната вера Христова. Бидејќи, нивната

работа се состоела во тоа да го проповедаат христијанството на пагански

народи, воопшто не била лесна. Се судриле со тешки искушенија: биле

прогонувани, затворани, бичувани, казнувани... безбројни се маките на

трнливиот пат на овие чесни души. И, покрај сè, тие останале цврсти во

својата вера, вршејќи ја светата должност, која им била дадена со

зборовите: „Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на

Отецот, и Синот, и Светиот Дух. “ (Мат. 28,19). Таа цврстина во верата,

била дотолку голема, што сите апостоли, освен светиот Јован Богослов,

пострадале за Христа, непоколебливо давајќи ги своите животи.

По нивната смрт, дејноста што тие ја вршеле, продолжила понатаму.

Паствите, кои тие ги придобиле, со своите проповеди, биле раководени од

епископи, ракоположени од самите апостоли. Во ова постапостолско

време, некои верски заедници имале мир, но во други, незнабожечките

владетели, кои доаѓале на власт и ја презирале христијанската вера, ги

гонеле и убивале оние покрстени христијани што не сакале да се вратат на

служење на паганските култови. Токму заради таа свирепост на

незнабожците, овој период е полн со маченици, кои пострадале за верата и

кои го придобиле венецот на вечното блаженство. Но, Бог, гледајќи ги

маките на своите слуги, благоволил гонењето во овој период прво да биде

П

Page 3: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

4

ублажено, а потоа и целосно да престане, со доаѓањето на престолот, на

благочестивиот цар Константин Велики.

Царот Константин Велики, бил син на претходниот цар Константин

Хлор и мајката Елена. Како дете бил воспитан во условите на царскиот

двор, а од татка си наследил монотеистички претстави за Бога и гледање

на христијаните, како на народ кој е чесен и верен на државата. На

преобраќењето на Константин во христијанството, влијаело и тоа што тој

живеејќи во дворот на царот Диоклецијан во Никомидија, секојдневно ги

гледал страдањата на многу маченици и нивната истрајност и храброст.

Сфатил дека со прифаќањето на религијата која тие ја исповедаат,

империјата нема да пропадне (како што мислеле неговите претходници),

туку ќе биде препородена. За конечно, јавно исповедување на

христијанството од неговата уста, била потребна уште една мала искра.

Таа „искра“ била чудесното видение кое тој го имал во ноќта, пред војната

со со-владетелот на неговата половина на империјата, и суров гонител на

христијаните, Максенциј. Имено, според преданието, царот Константин

видел крст на небото „испишан“ од ѕвезди со натпис „Со ова ќе победиш.“.

Таа ноќ, исто така, царот, на сон имал видение во кое му се јавил Христос

и му наредил да направи бајрак со крст кој ќе оди пред армијата, кажувајќи

му уште еднаш дека со тој знак ќе го победи непријателот. Константин

така и постапил, наредил да се направи таков бајрак, а на штитовите на

војниците да се нацрта крсниот знак. Следниот ден, на бојното поле, овие

знаци ѝ давале неверојатна сила на помалку бројната Константинова

војска. Максенциј бил поразен и при бегањето се удавил во реката Тибар.

Константин, триумфално влегол во Рим и за спомен на плоштадот

поставил своја статуа со крст во раката и натпис „Со овој спасоносен знак,

го спасив градот од тиранинот (312).“.

Следната, 313 година е од голема важност за христијанството,

бидејќи, царот Константин, заедно со Ликиниј, во Милано го објавил

едиктот за слободно ширење на христијанството како државна религија,

познат под името „Милански едикт на вероисповеста“. Отпрвин, со овој

едикт се израмнувале правата на христијаните и јазичниците, а

Константин се однесувал кон христијаните во таква форма, во која

јазичниците не можеле да бидат навредени. За храмовите, кои претходно

биле разурнати, дал дозвола да се обноват, а свештениците ги ослободил

од даноците. Иако, имал наклоности кон христијанството, во прво време

не брзал да се покрсти и ја задржал титулата pontifex maximus. Исто така

определил и празнување на неделата.

Page 4: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

5

Но, во 323 година доаѓа до делење на империјата, бидејќи Ликиниј

чуствувал одвратност кон христијаните и сакал да се приближи кон

јазичниците. Започнува војна, која добива религиозен карактер т.е.

Ликиниј настапува на бојното поле во името на старите богови, а

Константин под знакот на крстот, слично како и со Максенција. Ликиниј е

двапати поразен, затворен и набрзо умира. По ова, Константин станува

цар на целата империја и ја поправа положбата на црквите кои страдале од

Ликиниј. Тој никому не му го наметнувал христијанството, туку самите

незнабожци ја согледувале вистината и се покрстувале. Во историјата е

познат и еден манифест во кој тој изразува желба неговите поданици да се

христијани.

Со својот живот и владеење, царот Константин извршил многу

важна улога во ширењето на христијанската вера. Подигнал храмови во

многу тогашни светски центри, кои потпаѓале под неговата империја, како

што се: Антиохија, Никомидија, Ерусалим и други. На каналот Босфор, на

местото на стариот град Визант, го изградил Константинопол,

подоцнежен Цариград и колевка на источното православие, каде во 330

година ја пренел својата престолнина. Во 337 година се разболел, а кратко

време пред смртта бил покрстен од Евсевие Никомидиски, не

исполнувајќи ја својата голема желба да се крсти во реката Јордан. Така, во

337 година се упокоил благочестивиот цар Константин Велики, голем

заслужник за ширењето на Христовото учење.

Појава на ересите и причини за свикување на

Вселенските собори

о зајакнувањето на христијанството, почнале да се развиваат повеќе

школи, кои се наоѓале во метрополите, меѓу кои најпознати се

Александриската и Антиохиската. Овие школи дале голем број на

свети отци, кои во нив отпрвин се поучувале, па поучувале свои ученици.

Пример за такви се: св. Јован Златоуст, св. Василиј Велики, св. Григориј

Ниски, св. Григориј Богослов и многу други. Но, исто така и поради

„умувањето“, околу кое требало доста да се внимава, од овие школи

излегле и најголемите еретичари. Тие отишле премногу далеку во

С

Page 5: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

6

„умувањето“, мислејќи дека со разумот може сè да се објасни, па почнале

да ги „искривуваат“ вистините на христијанската вера. Овие еретичари, со

себе повлекувале доста големи групи на ученици, на кои им ги

проповедале своите ереси. Честа била и појавата во овие групи да има и

некој епископ на помала епископија, па и патријарх.

Заради ова брзо ширење на лажните учења и поради стравот од

замрување на вистинското, христијанско учење, Црквата решила да повика

и одржи повеќе собори, на кои ќе ги побие тие учења. За први собори се

сметаат Тајната вечера, а исто така и Слегувањето на Светиот Дух на

апостолите, настан, кој го спомнавме погоре. Но, сепак овие собори не

биле официјални, туку биле како еден вид праслики. За прв собор кој бил

официјален се смета Апостолскиот собор во 51 година во Ерусалим.

Причина за свикување на Вселенските и помесните собори било

јавувањето на некоја ерес, некој раскол или кога требале да бидат

востановени некои правила од црковно - законодавен карактер. Нивната

улога се состоела во тоа еретиците и расколниците да се убедат дека

грешат, па ако не се покаеле, со помош на ново – донесените догми, да се

побијат, антемисаат и одлачат од црквата. Анатемата за оние кои го

„извртувале“ правилното Христово учење, гласела: „Дури и ние, или ангел

од небото, да ви благовестеше нешто друго од она, што ви го

благовестевме ние, нека биде анатема.“ (Гал. 1,8).

Овие собори се делат на вселенски и помесни. Вселенските собори

биле одржувани на светско ниво и на нив биле поканети сите епископи и

цареви. Помесните (или обласни) собори, како што и кажува нивното име,

биле од помал обем т.е. на нив присуствувале неколку епископи или само

една автокефална црква.

Во историјата, од IV до VIII век, се одржале седум вселенски собори:

Првиот вселенски собор во Никеја во 325 год. (одржан поради лажното

учење на Александрискиот свештеник Ариј и аријанците за второто лице

на Светата Троица - Синот), вториот во Цариград во 381 год.(одржан

против духоборците на чело со цариградскиот епископ Македониј, кој

учел погрешно за третата ипостас на Света Троица – Св. Дух), третиот во

Ефес во 431 год.(против лажното учење на цариградскиот патријарх

Несториј за Богородица, нарекувајќи ја Човекородица), четвртиот во

Халкидон во 451 год.(против архимандритот на еден цариградски

манастир, Евтихиј, кој го проповедал монофизитството, односно

постоењето само на божествената природа во Христа), петтиот во

Цариград во 553 год.(на кој се осудени трите глави: Теодор Кирски, Теодор

Page 6: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

7

Мопсуетски и Иво Едески, поранешни несторијанци), шестиот во

Цариград во 680 год.(против монотелитството, признавање дека во Христа

има само една волја – Божјата), нов вселенски собор кој се смета како

продолжение на претходните два, а не како посебен и е наречен петто-

шести или Трулски собор(свикан за донесување на правилата кои требало,

но не биле донесени на претходните два собора) и седмиот вселенски

собор во Никеја во 787 год. (против иконоборците и иконоборството, на

кој се бранело почитувањето на иконите). На овие собори, исто така се

донесувани и канонски правила и нивниот вкупен број е 190.

Што се однесува на помесните собори, прв помесен собор се смета

оној и кој бил прв официјален собор – Апостолскиот собор во 51 год. во

Ерусалим (свикан поради прашањето дали новопримените незнабожци во

христијанство треба да се обрезат). По него се одржани голем број на

помесни собори на кои се донесени вкупно 321 правило. Најважни помесни

собори во историјата на христијанската црква се: Анкирскиот (314 г.),

Неокесарискиот (314 г.), Антиохискиот (341 г.), Сердискиот (344 г.),

Гангарскиот (362 г.), Лаодикискиот (381 г.), Цариградскиот (391 г.),

Картагинскиот (419 г.), Цариградскиот (861 г.) и Цариградскиот (879 г.).

Догмите – главно

оружје на светите отци на соборите

ако што веќе рековме, со помош на догмите, еретиците биле

побивани на соборите. Овие догми биле донесувани како правила

за верата, кои никој, никогаш не може да ги измени, надополни,

скрати или да им ја смени суштината, инаку ќе биде сметан за еретик,

бидејќи ереста е секакво противење, изопачување и порекнување на

основните вистини на Христовата наука. Пред да преминеме на

посистематско изложување на првите четири вселенски собори, би

спомнале нешто за догмата.

Догма (do1gmado1gmado1gmado1gma) е грчки збор и доаѓа од глаголот

do1keido1keido1keido1kei,dedo1gmai,dedo1gtaidedo1gmai,dedo1gtaidedo1gmai,dedo1gtaidedo1gmai,dedo1gtai ( мислам, држам, сметам, верувам или множина ).

Догматиката, како наука за догмите ја изведува следната дефиниција:

„Догмите се богооткриени вистини на верата, кои се наоѓаат во Светото

Откровение, а ги чува, формулира, објаснува и соопштува Црквата, како

вечни и неизменливи правила на спасението.“.

К

Page 7: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

8

Познатиот руски теолог, Антон П. Карташов, основачот на

Православната Академија на светиот Сергеј, во Париз, за догмите вели:

„Догмите се вечни и неисцрпни. Етапите на нивното откривање во

историјата на Црквата, како и одлуките (ороси – oro1j oro1j oro1j oro1j (грчки збор) =

одредба (дефиниција) на верата, усвоена на некој вселенски собор, па

затоа општозадолжителна за сите верници во Црквата) на вселенските

собори, никако не се некои надгробни плочи, кои го притискаат влезот во

запечатениот гроб на некои, засекогаш искристализирани и скаменети

вистини. Напротив, тие се патокази на кои се напишани точните упатства,

каде и како треба да се движи живата христијанска мисла; и онаа

индивидуалната и онаа соборната, во нејзиното незадржливо и

бесконечно барање на одговори на теоретско – богословските прашања,

како и на тие од областа на применетата животна пракса.“

Догмите утврдени од вселенските собори се „Дух и живот“ и

„зборови на вечниот живот“ (Јн. 6,63/68), па како такви, нивната суштина

не подлежи на измена и се задолжителни за сите христијани. Светите отци

се однесуваат кон нив со најголема почит. Св. Кирил Ерусалимски, за

догмите во Символот на верата на Ерусалимската црква, вели дека тие се:

„неопходни и благочестиви догми“. Исто така, вели: „Најголема

придобивка е да се изучуваат догмите.“. За нивната неизменливост, ни

зборува св. Викентиј Лерински, а св. Василиј Велики вели: „Божјите догми

се неизменливи.“.

Правилата, пак се нарекуваат канони, што доаѓа од грчкиот збор

kano1nej kano1nej kano1nej kano1nej ( самиот збор kanw1n kanw1n kanw1n kanw1n означува шилест алат кој се употребувал за

резбање и длабење на дрво и камен. Подоцна се мереле прави линии со

сличен алат или трска, и оттаму доаѓа преносното значење за канонот

како мерка и правило – во случајот кај догматиката, мерка и правило за

„правилен“ живот по догмите). За разлика од догмите, кои се вечни и

неизменливи, каноните можат да се менуваат, во зависност од потребата

во временскиот период.

Page 8: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

9

Развитокот на аријанството; Борбите против него

пред Првиот вселенски собор и на него; Аријанството по

Првиот вселенски собор и борците против него;

арот Константин Велики војувал на запад и се борел против

донатизмот, мислејќи дека на исток има мир. Но, новите ереси, меѓу

кои и аријанството се пренесувале брзо низ царството, дури и со

помош на дописи до разни ерарси, преку тогашната „пошта“. Така,

Константин дознал дека роднината на Ликиниј, Евсевиј Никомидиски,

поддржува еден нов еретичар, по име Ариј, па решил да преземе мерки

против еретичарот. Така, подоцна дошло до свикување на Првиот

вселенски собор.

Ариј, по потекло бил од Либија, и бил учени на Лукијан Антиохиски.

Пред да се заблуди, бил многу ревносен во верата. Но, ереста што сега ја

ширел им одговарала на интелегенцијата и на вработените пагани.

Аријанството било ерес, која ја изопачувала суштината на

христијанските вистини, но било доста префинето (се разбира и грешно)

формулирана, па затоа било и толку опасно. Претставувало мешавина од

јудеизам (семитизам) и хеленизам (аријанство).

Јудеизмот делувал така што ја негирал Троичноста на Света Троица

и буквално го толкувал Светото Писмо. Антиохиската школа го прифатила

ова толкување бидејќи била на таа територија. Исто делувало и

динамичното антитринитарство на Павле Самосатски (во III век).

Хеленизмот, иако отсекогаш се трудел да има монотеистички и правилни

погледи за Бога, прераснал во гностичка еономанија и фантазерство за

еони (посредници помеѓу „Апсолутот“ и космосот). Овие два „отрова“,

преку аријанството, го труеле догматот за Света Троица.

Во подршка на аријанството застанал многу ценетиот професор на

Антиохиската школа, презвитерот Лукијан. Неговиот авторитет доаѓал од

тоа што школувал многу ученици, а тие кои завршувале се нарекувале

„салукијанисти“ (sulloukianistajsulloukianistajsulloukianistajsulloukianistaj ), во негова почит. Тие се гордееле со

својот професор, кој бил како наследник на Павле Самосатски, во очите на

епископот Александриски, Александар, кој го увидел нивното плитко и

буквално толкување. Лукијановото неправилно православие било толку

очигледно, што во периодот на епископите Домен, Тимотеј и Кирил, имал

Ц

Page 9: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

10

статус на отфрлен од општеството на Црквата (a3posuna1gwgoj e7meine a3posuna1gwgoj e7meine a3posuna1gwgoj e7meine a3posuna1gwgoj e7meine

poluetei~j cro1noujpoluetei~j cro1noujpoluetei~j cro1noujpoluetei~j cro1nouj).

Но, тој се покајал и бил ракоположен од епископот Кирил, а

неговите ученици биле поставени за епископи. Авторитетот му се

докажува со тоа што по 312 година, кога пострадал маченички, бил

канонизиран за светител без приговори. Со својот живот, Лукијан

преставувал важен фактор за подоцнежното појавување на аријанството.

Буквално сите научно - философски обиди да се докаже Троичноста

на Бога, во предникејскиот период пателе од дефектноста т.е. „суб-

ординацијата“. Поради неа, втората и третата Ипостас на Света Троица,

Синот и Светиот Дух, биле подчинувани и ставани во второстепена

положба, во однос на првата Ипостас.

За хеленистите, аријанството било еден вид „ослободување“ од

несовршените учења: политеизмот и пантеизмот, кои останале од

антиката. Но, неможејќи да си ја објаснат догмата дека Бог го створил

светот од ништо, морале да ги „измислат“ еоните (посредниците).

Проблемот за еоните е целокупно овој хеленистички „отров“, кој

„притискал“ на Александриската школа, го мачел генијот, кој живеел во III

век и бил претставник на оваа школа – Ориген. Иако тој бил

интелектуално многу развиен, не можел да го спречи излегувањето на

аријанството од Александриската школа. „Отровите“ на јудеизмот и

хеленизмот биле пресилни и тој се заблудил. Затоа, не е ни чудно, што

Ариј, кој бил многу помалку образуван, толку лесно паднал во ереста и бил

сигурен во своите тврдења.

Ариј бил свештеник на Александриската црква, кој живеел во

средината на IV век. По смртта на Александрискиот патријарх, кандидати

за столицатга биле Ариј и Александар. Народот го избрал Александар и

Ариј од завист почнал да му противречи во сè. Се побунил против учењето

за единосушноста на Света Троица, во проповедите на Александар,

негирајќи ја истата, па така основал свое учење кое се нарекло аријанство.

Александар го осудил на соборот во Александрија во 317 год. и го одлачил

од црквата. Ариј е протеран во Мала Азија каде успева да придобие многу

епископи, меѓу кои и Евсевиј Никомидиски (голем пријател на

Константин), заедно со кои подоцна, ќе се брани од обвинувањата на

Првиот вселенски собор.

Гледајќи од дијалектичка точка, аријанството водело кон

антитроичноста Божја, со тоа што го понизувало Христа, велејќи дека Бог

го создал својот Син од ништо и временски, па потоа преку Него и целиот

Page 10: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

11

видлив свет. Автоматски, трите Ипостаси на Света Троицане се едино

суштни, туку Синот и Светиот Дух се потчинети на Отецот. Токму затоа,

на овој вселенски собор била изнесена формулата „omou1sion tw~omou1sion tw~omou1sion tw~omou1sion tw~00 00 PatriPatriPatriPatri1“ –

Единосуштен на Отца.

Ариј го примил Аристотеловиот трансцендентен поим за Бога како

Едниствен и Нероден – Age1nnhtojAge1nnhtojAge1nnhtojAge1nnhtoj. Сè што произлегло од Него (во смисла

на материја) не било од Него туку од ништо, од некое потполно небитие,

сепак створено по волја Божја и обдарено со битие само „однадвор“ –

ge1nhtonge1nhtonge1nhtonge1nhton. Токму за да се објасни тоа небитие што твори, биле измислени

еоните. За овој еретик Синот бил Бог само по благодат Божја (katakatakatakata```` cacacaca1111rinrinrinrin),

а не по суштина. Иако Он (Христос) е најсовршен, сепак е „творевина“

Божја и како таква „творевина“ е изменлив (trepto1jtrepto1jtrepto1jtrepto1j). Неговата

безгрешност доаѓа од Неговата човечка волја т.е. морална „снага“. Отецот

ја предвидел таа „снага“ и затоа му „дал задача“ да се вочовечи.

Пред соборот, аријанството било побивано од Малоазиската

антигностичка школа, на чело со св. Игнатиј Богоносец (кој бил

Антиохиски епископ) и потоа од неговиот наследник св. Иринеј Лионски.

Малоазијците се спротивставувале на рационалистичкиот, полн со

соблазна, систем на аријанството, со помош на сотирологијата, односно,

наука за спасението, наместо со философијата. На аријанството можеле да

му се спротивстават едноставните и некомпликувани стихови од Новиот

Завет, кои ја докажувале единосушноста на Бога. Некои од тие стихови се:

„И навистина голема е тајната на побожноста, Бог се јави во тело.“ (1 Тим.

3,16), „Оти во Него телесно живее сета полнота на Божеството.“ (Кол. 2,9),

„Кој, иако беше во обличије Божјо, сепак не држеше многу до тоа што е

еднаков со Бога. “ (Фил. 2,6), но аријаните овие стихови ги толкувале

философски, потпаднати под Аристотеловата схоластика. За среќа, тука

биле зборовите на св. апостол Павле: „Бидејќи словото за крстот е

безумство за оние, што гинат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја; Зашто

е напишано: Ќе ја погубам мудроста на мудрите и ќе го отфрлам разумот

на разумните; Каде е мудрецот? Каде е книжникот? Каде е препирачот на

овој век? Не ја обезуми ли Бог мудроста на овој свет?; Зашто светот со

својата мудрост не Го позна Бога во Неговата премудрост; Бог благоволи

со безумство на проповедта да ги спаси оние што веруваат; Оти и Јудејците

сакаат знаци, а Елините бараат мудрост, ние, пак, го проповедаме Христа

распнатиот, Кој е за јудејците соблазна, а за Елините, безумство“ (1 Кор. 1,

18-23). Токму ова, според аријаните „безумство на проповедта“, „лудост“ на

Page 11: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

12

сотирологијата во проповедите за Христа ѝ се спротивставува на

хеленската (философска) фракција, како и на јудејската (законодавната).

Исповедувањето на св. Игнатиј против аријанството и сите „отрови“

во него, се дефинирало со суштината на христијанската доктрина за

домостројот т.е. планско изградување „нов човек“ наместо древниот, кој

светот го ставил во грев. Со други зборови, домостројот е Божјиот план за

спасение на сите луѓе (oi3konomi1a ei3j to1n kai3no`n a4nqrwponoi3konomi1a ei3j to1n kai3no`n a4nqrwponoi3konomi1a ei3j to1n kai3no`n a4nqrwponoi3konomi1a ei3j to1n kai3no`n a4nqrwpon). Тој домострој

започнува со раѓањето на Христа, а потоа, Он со крсната жртва ја

„анулира“ смртта. Спасителот не само што ја победува смртта, туку и за

време на неговиот овоземен живот дава „лек за бесмртноста“ –

евхаристијата.

Учењето, пак, на св. Иринеј Лионски против аријаните се состоело

во тоа што тој кажувал дека Христос со Самиот себеси, започнал „нов

човек, втор Адам“. Со тоа, Христос одново дошол на чело на човечкиот род

– a3nakefalai1wsij. a3nakefalai1wsij. a3nakefalai1wsij. a3nakefalai1wsij. Свети Иринеј вели: „Со ова Христос го исполнил

домостројот (планот) Божји за спасение – дошол наместо Адам, кој ги

изневерил образот и подобието Божјо.“. Со вооплотувањето, Христос го

соединил човекот со Бога, за да може да го победи злото. Он, како Бог, го

дарувал спасението и ако човекот не е соединет со Бога, не би можел да

заземе место во нетрулежноста.

Ете, такво било сфаќањето на малоазиската школа: догмите не се

умување, туку треба да се почуствуваат во практика, сфакајќи ја

сотирологијата.

Најголемиот борец против Ариј на овој собор бил ѓаконот на

Александрискиот патријарх Александар, а подоцна и негов наследник на

престолот, Атанасиј (подоцна Велики). Тој, иако бил „обичен човек“ во

споредба со ерудицијата (наученоста) на некои учесници на соборот,

слободно велиме дека „сам“ го побил Ариј и неговите приврзаници. За св.

Атанасиј ќе споменеме подоцна.

Гледајќи дека христијанството за кое се борел е под закана да биде

„затруено“ од новата ерес – аријанството и дека Ариј не се покорил на

соборот во 317 година и придобил приврзаници во Мала Азија, со чија

помош го шири своето учење уште побрзо, царот Константин решил да го

повика Првиот вселенски собор, во Никеја, во 325 год. Новост во

свикувањето за разлика од претходните помесни собори, било тоа што

овој собор бил на светско (соборно) ниво, наместо на локално. Затоа,

царот морал да ги повика сите епископи на секоја црква во светот, со една

Page 12: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

13

идеја за „екуменистички“ собор. Западот, бидејќи не бил под закана на

ереси, од страна на папата Силвестер биле испратени само неколку

делегати.

На самиот почеток на соборот, царот одржал говор во кој им се

обратил на сите учесници, а посебно се осврнал кон двете спротивставени

страни на чело со Ариј и Александар.

Предсoборно обраќање на царот Константин кон Ариј и св. Александар Александриски

нам дека почеток на сегашната расправија, беше кога ти, Александаре посака да слушнеш и знаеш од своите свештеници, како секој поединечно мисли за некои одредени места од Законот, или

едноставно речено, кога ја изнесе на виделина празната страна на прашањето, тогаш ти, Арије, образложи нешто такво за што во прв момент не си требал ни да мислиш, или си требал да молчиш, ако си размислувал за тоа. Ете што го дало поводот да се поделите, да се прекине заедницата, па така светиот народ, кој се поделил на две половини, да се доведе во неслога. И така: секој од вас искрено нека му опрости на другиот, и нека го усвои тоа на што ве советува оној кој е слуга, како што сте си и вие. А што впрочем е тоа? Зар не би требало да се запрашате за минатите времиња, па да одговарате на прашањата, затоа што вакви прашања, како непредизвикани, поставени се туку-така, од склоност кон препирање и да се исполни времето со безработност. И ние треба да бидеме трезвени, а никако со вакви работи, така лекоумно да излегуваме пред светот, ниту да му говориме на простиот народ за тоа за што најпрво не сме размислиле добро. Зашто, кој може добро да знае како треба да се протолкува смислата на така големи и тешки прашања? И така: кога се расправа околу нешто вакво, мислам, потребно е да се воздржуваме од многу зборови, како не би го довеле народот до тоа да хули на Бога, било до тоа да создаде раскол, а за сето тоа не е тешко да се даде повод. Заради тоа, простете си еден на друг, и со тоа нека се надмине и невнимателно прашање и непромислен одговор, зашто тоа што вам ви даде повод да се препирате, не е главната наука во законот, и вие не внесувате некоја нова ерес во својот обичај по кој Го славите Господа и вашите мисли нека имаат еден облик (форма). Кога вие се препирате еден со друг за предмети кои се мали по важност и доста непознати, тогаш не

З

Page 13: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

14

треба да се води толку големо мноштво на народ Божји по вашите раздвоени мислења, и не само што не треба, туку тоа е и против законот. А за да ви наведам некој пример за тоа, ќе речам: Знајте, дека и самите философи живеат во заедници, бидејќи се „држат“ до една наука, а ако понекогаш се поделат во мислењата за некој посебен предмет, ги задржуваат едни кон други взаемните чувства, зашто спаѓаат во една иста група на луѓе. Па, кога е така, не е ли поправично, ние, кои сме одредени да служиме на Бога, да ја извршуваме таа служба во едномислие? Дали ќе биде умесно, заради вашите ништожни и незнајни препирки, да стане брат на брата си, и да се подели мнозинство чесни луѓе, поради нееднаквост на мислењата? Ќе биде ли убаво, ако ние дадеме повод за тоа, ако би се препирале еден со друг, многу, околу тоа, без кое можеме да живееме? Да се препираш за зборови, тоа е дело на простите, и повеќе доликува на децата, место на умовите на свети и мудри луѓе. Да се оттргнеме од патот на паѓање во ѓаволско искушение. Бог, нашиот Спасител, „излил“ на секој од нас едно исто гледање. Дозволете ми, мене, кој сум слуга на Преблагиот, по Неговата промисла да го доведам до крај, тоа за што ревнувам, и вас, Неговиот народ, да ве доведам во општа заедница со помош на призивања (молитви), мир и добри совети. Ако се наоѓа во вас една вера, како што реков, и ако подеднакво ја разбирате својата вера, и заповедите на законот со своите делови прават душата да ви е потполно еднакво расположена, тогаш таа мисла, која ве натерала да се препирате за ништо, доколку не ја допира суштината на целата вера, не треба да создава поделба, расцеп и расправа меѓу вас во било каков можен облик. Ова не го говорам со намера да ве приморам да се сложите околу тоа прашање, ако можам така да го наречам, туку ако би останало така да вашите мисли се спротивставуваат околу некој предмет кој не е важен, сепак да остане неповредено достоинството на нашиот собор и да може да остане неизвалкана вашата заедница. Па, како што ние не бараме од секого „едно“, така и вие не одете во правец на едни, исти мисли, па така, што се однесува до размислувањето за Божјото создавање, останете при една вера, при едно сфаќање, при еден завет со Преблагиот, а за помалку важните прашања, за кои еден мисли едно, друг друго, сакам тоа лично мислење да остане во вас и да се чува како тајна. Нека возвишеноста на вашата заедница остане како што била, а исто и вашата вера во Вистината и почитувањето кон Бога, и законскиот начин како се прославува Бог. Вратете се во взаемна заедница и љубов, раширете ги вашите раце и покажете му отворена прегратка на народот, да изгледа како да се очистени вашите души, и одново да сте постанале другари, зашто пријателството е често многу попријатно по прекината караница. Така, помирете се и вратете ми ги спокојните денови и мирните ноќи. Ако не направите по моја волја, не ми останува ништо друго, туку да

Page 14: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

15

издишувам, да се обливам во солзи и својот век да го поминам во неспокојство, зашто, додека има луѓе Божји, а мислам на слугите, како што сум и јас самиот, кои се делат и раздвојуваат поради неправедни и штетни препирања, можам ли јас да бидам спокоен во своите мисли? А за да познаете колку е голема мојата жалост, слушајте: не толку одамна, се наоѓав во Никомидија и одеднаш во мене се појави мисла да појдам на Исток. Брзав, за што побрзо да стигнам и ми се чинеше дека сум веќе меѓу вас, но до мене дојде веста за тоа што се случи меѓу вас, и веднаш ја изгубив волјата и се откажав од планираното патување, за да не би се довел себеси во неприлика со своите очи да го гледам, она што и моите уши не можат да го слушаат. Отворете ми ја вратата на вашето едномислие, па да појдам на Исток, зашто таа ја затворивте со вашите препирања. Направете да ве видам вас што побрзо и да се зарадувам заедно со народот, а потоа, по должноста, да Му изнесам на Преблагиот, благодарни зборови што се задржа една мисла и слобода...

Победник, Константин Велики, Август

За бројката на учесниците на соборот не се знае точно, бидејќи разни учесници, подоцна наведувале различна бројка. Се претпоставува дека биле присутни околку 300 и повеќе учесници. Ариј присуствувал со 22 епископи, кои го поддржувале на чело со Евсевиј Никомидиски. Православната страна била поделена на две групи. Првата била составена од оние епископи, кои биле философски и книжевно образовани, кои ја сфаќале силата на „отровот“ на аријанството и кои се бореле активно против него, па се најзаслужни за неговото побивање. Такви биле: Евсевие Кесариски, Александар Александриски (самиот патријарх), Осиј Кордобски и др. Втората група ги содржела попростите епископи, кои изобилувале со вера и кои недоволно разбирајќи го проблемот од философска страна, само го потврдувале правилното учење, цитирајќи го Светото Писмо. Попознати од нив се: св. Спиридон Тримитунтски, св. Пафнутие Тиваидски, св. Јаков Низибиски и св. Николај Мирликијски. За последниот, подоцна се воделе полемики дали се борел активно против Ариј или не. Исто така, имало и претставници на црквите надвор од Римската империја како: Персиската, Готската, Скитската и др. Сепак, најсилни борци против аријанството на овој собор биле св. Атанасиј Велики, ѓаконот на Александриската црква и Осиј Кордубски, кој

Page 15: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

16

отпрвин бил омиусијанец, но кога ја согледал вистината го убедувал царот Константин дека соборот е од голема важност и се борел на него со голема жар. Догматската дејност на овој собор, во најголем дел била опфатена со побивањето на Ариј од страна на св. Атанасиј Велики. Св. Атанасиј го побил Арија со своето учење, кое се темелело слично, како и она на Малоазиската школа, на сотириологијата. Исто така, св. Атанасиј, тоа што ќе го кажел, го докажувал по ирационален пат, а не по рационален. Тој бил природно надарен дијалектичар и иако немал универзитетско образование и бил млад ѓакон, на овој собор се појавил како alter ego т.е. богословски мозок на самиот патријарх Александар. Според св. Атанасиј, Логосот (Синот) се овоплотил, за ние да се обожиме (AuAuAuAu3333totototo1j e3nhnqrw1phsen i4na kai1 h2mei~j Qeopoihqw~men1j e3nhnqrw1phsen i4na kai1 h2mei~j Qeopoihqw~men1j e3nhnqrw1phsen i4na kai1 h2mei~j Qeopoihqw~men1j e3nhnqrw1phsen i4na kai1 h2mei~j Qeopoihqw~men). Последната цел е повратокот на светот кон нетрулежноста (aaaa3333fqarsifqarsifqarsifqarsi11 11aaaa). Он се овоплотил за тоа тело да се соедини со Логосот, Кој е над сè, па така наместо сите (луѓето), на тој начин да ја задоволи смртта. На еден начин, овоплотувањето е нов, второ создавање на светот, по првото. Св. Атанасиј не можел да создаде нова, совршена терминологија за со неа да го побие Ариј, бидејќи не ги разликувал јасно поимите ouououou1111sisisisi11 11aaaa

(усиа) и u1po1stasiju1po1stasiju1po1stasiju1po1stasij (ипостасис) во нивната суштина, а исто и во нивната синонимска употреба. Меѓутоа, нашол начин со описни и негирачки изрази да го стори тоа. Наместо „единосуштен“, тој има термин „својство – iiii44 44diodiodiodio1111tijtijtijtij“ или „h2 i3di1a Sofi1a, i3di1oj Logoj h2 i3di1a Sofi1a, i3di1oj Logoj h2 i3di1a Sofi1a, i3di1oj Logoj h2 i3di1a Sofi1a, i3di1oj Logoj ---- Отец“, за да го опише Христа како Единосуштен на Отецот. Он се разликува од сè што произлегло од Отецот; Бог никогаш не бил Един (Сам), туку секогаш Троичен – Tria1j Tria1j Tria1j Tria1j a5ll ou1 Mona1ja5ll ou1 Mona1ja5ll ou1 Mona1ja5ll ou1 Mona1j. Христос не бил аријански, зашто раѓањето на Логосот е предвечно. Онака, као што е Божествената Светлост предвечна, така и нејзиниот Одблесок (Христос) е предвечен – wwwwjjjj a3i1di1ou o5ntoj fotoj a3i1di1ou o5ntoj fotoj a3i1di1ou o5ntoj fotoj a3i1di1ou o5ntoj fotoj –––– a3id9ion a3pau1gasmaa3id9ion a3pau1gasmaa3id9ion a3pau1gasmaa3id9ion a3pau1gasma.

Бог како Творец, своите созданија ги создал со слободната волја, а ко Отец не се волјата, туку со Својата природа - fu1seifu1seifu1seifu1sei. Синот и Отецот имаат природно (физичко) единство – fusikhfusikhfusikhfusikh2222 eeee2222nononono1111thjthjthjthj, , , , истоветност на природата - tautotautotautotauto```` thj futhj futhj futhj fu5555sewjsewjsewjsewj и истоветност на Божеството – tauto` thjtauto` thjtauto` thjtauto` thj Qeo`thtojQeo`thtojQeo`thtojQeo`thtoj.

Синот е – oooo2222mofuhmofuhmofuhmofuh2222jjjj – истоприроден, Еден по Битие т.е. Единосуштен. Он не е никаква меѓуприрода – mesiteumesiteumesiteumesiteu5o5o5o5ousausausausa fu5sijfu5sijfu5sijfu5sij, па да биде Бог само по удел, со Отецот, па Сам преку тоа да се обоготвори. Ако е така, Он не би можел нас да не обожи: ei1 h9n e5k ei1 h9n e5k ei1 h9n e5k ei1 h9n e5k metousi1aj kai1 Au3to1j, ou3k a5n e3qeopi1hse metousi1aj kai1 Au3to1j, ou3k a5n e3qeopi1hse metousi1aj kai1 Au3to1j, ou3k a5n e3qeopi1hse metousi1aj kai1 Au3to1j, ou3k a5n e3qeopi1hse Qeopoiou5menoj kai1 Au5tojQeopoiou5menoj kai1 Au5tojQeopoiou5menoj kai1 Au5tojQeopoiou5menoj kai1 Au5toj.

На овој начин, одејќи по чекорите на антигностичката Малоазиска школа, св. Атанасиј го побива Ариј и ја спасува живата суштина на христијанството. Ариј и неговото учење се соборени. Понатаму, соборот го изложува учењето на Црквата во првите седум членови од Символот на верата, онака

Page 16: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

17

како што тоа било предавано преку Преданието во Црквата дотогаш и онака како што било доформулирано и искористено против Ариј. Сите епископи биле принудени да го потпишат никејскиот орос (правило) и со тоа да докажат дека се сложуваат со учењето на Символот на верата и дека истото го исповедаат и ќе го исповедаат. Ариј и двата египетски презвитери, Теон Мармарички и Секунд Птолемаидски не го потпишале оросот, па биле анатемисани и пратени во прогонство во Илирија. Некои епископи и учесници на соборот, поради опортунистички причини, го потпишале оросот против своја волја, не исповедувајќи ги вистините на верата чисто, во своето срце. Такви биле: Евсевие Кесариски и месниот епископ Теогнис. Но, и тие биле прогонети подоцна. Евсевиј Никомидиски, пак, го потпишал оросот поради блискоста со царот Константин, со цел да не му противречи на неговата волја. Но, подоцна и тој, слично како и Евсевие и Теогнис бил прогонет, во Галија. Со овие постапки, се докажала одлучноста на царот Константин Велики да го спроведе не дело својот „програм за Никеја“. При решавањето за тоа како треба да се верува за Синот Божји, на овој собор се појавиле три групи: аномејци (строго аријанска), омиусијанци (умерена група која барала компромис) и омоусијанци (група која го задржала правилното учење). Аномејците биле строго аријанска група, предводена од Ариј и Евсевиј Никомидиски, која учела дека Синот Божји има друга природа, која е неслична на онаа на Бога Отецот. Омиусијанците биле умерена група на чело со Евсевие Кесариски. Тие завземале средина помеѓу православието и аријанството, и нуделе компромисно решение, кое за двете страни било неприфатливо. Решението се состоело во учењето дека природата на Синот е слична на Отецот. Омоусијанците го сочинувале мнозинството на епископи, предводени од Атанасиј, кои биле и останале строго православни. Нивното учење е и правилното т.е. дека Синот по суштина бил рамен на Отецот (Единосуштен). На Првиот вселенски собор, покрај побивањето на аријанството е решен и расколот за незаконската ерархија на Мелетиј. Исто така, е определено и празнувањето на Пасха, а биле донесени 20 канонски правила. Аријанството не било сосема уништено на Првиот вселенски собор. Аријанците, сакајќи да се вратат во своите епископии и на своите катедри, решиле да го придобијат царот, за да ги помилува. Затоа Ариј напишал писмо до Константина, во кое вешто ја исповеда верата, избегнувајќи ерес, па царот сакајќи мир, ги вратил од прогонство. Тие веднаш го тргнале од престолот Евстатиј Антиохиски и други епископи кои не биле аријанци,

Page 17: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

18

но најмногу „удриле“ по св. Атанасиј Велики. Тој, пак, го наследил патријархот Александар на престолот и кога Ариј се вратил, не го пуштал во својата патријаршија. Но, царот го пратил во Константинопол, кај патријархот Константинополски, Александар. Овој патријарх немал смелост да се спротистави, но се молел да умре за да не го види Ариј, бидејќи чуствувал голема грижа на совеста, што прима ваков еретик. Сепак, по Божја благодат се случило нешто спротивно – Ариј починал пред да влезе во Константинопол. Него, го наследил Евсевиј Никомидиски. Аријаните не мирувале. Почнале да го клеветат Атанасиј со разни, лажни клевети пред царот. Но, Атанасиј се оправдал за секоја клевета на соборот во Тир, во 335 год. Константин, гледајќи дека со присуството на св. Атанасиј нема мир во империјата, го прогонил во Галија, во 336 год. Во 337 год. царот се упокојува, разочаран што со соборот во Никеја, не го постигнал мирот на она ниво на кое посакувал. Неговиот син, наследник, Константин II, го вратил од прогонство. Другите наследници по Константин II го праќале и враќале св. Атанасиј од прогонство, зависно од тоа дали биле аријанци, или не. Додека св. Атанасиј бил прогонуван и враќан, во неколку наврати, се одржале многу собори и важни случки во борбата против аријанството. Позната е интервенцијата на папата Јулиј, Антиохискиот собор (341 год.) и Сердискиот собор (342/3 год.), на кои се донесени V те формули, а во овој период, од 348 год., додека уште бил презвитер, најистакнат борец против аријанците бил св. Кирил Ерусалимски. Тој се борел против Фотин. Потоа, се одржале и соборот во Арл (353 год.), во Медиолан (Милано) (355 год.) и во Арминиум/Селевкија (359 год.), на кои со Сирмијските формули, верата почнала да се „чисти“ од еретиците и заблудените. Св. Атанасиј Велики, конечно се вратил во времето на царот Јовијан, во 362 год. Истата година 0држал собор со 22 православни епископи, на кој ја утврдил верата. Последен цар – аријанец бил Валент, кој повторно издал указ против св. Атанасиј. Но, православниот народ застанал на негова страна и го спасил, па тој мирно живеел и владеел со својот престол, се до своето упокојување во 373 год. За време на царот Валент, како големи заштитници на

православието се покажале св. Амвросиј Милански и Кападокиските отци:

св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Григориј Ниски, со своите

учења, во кои за првпат ја покажале јасната разлика меѓу поимите: ouououou1111sisisisi11 11aaaa и

u1po1stasiju1po1stasiju1po1stasiju1po1stasij.

Свети Василиј Велики си поставил за главна задача да ги врати

омиусијаните (полуаријанците) во православието и еднаш засекогаш да ја

утврди смислата на изразите ouououou1111sisisisi11 11aaaa и u1po1stasiju1po1stasiju1po1stasiju1po1stasij, бидејќи авторите на

Никејскиот символ, меѓу кои и св. Атанасиј ги употребувале како

синоними. Св. Василиј инсистирал да се разликуваат и вели дека

Page 18: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

19

единствена прифатлива формула е: „Една суштина, а три ипостаси.“ (mi1a mi1a mi1a mi1a

ou3si1a, trei~j uposta1seijou3si1a, trei~j uposta1seijou3si1a, trei~j uposta1seijou3si1a, trei~j uposta1seij). Според него, „усиа“ значи постоењето, суштината

или битното единство во Бога, а „ипостасис“ – постоењето на посебен

начин. „Усиа“ кон „ипостасис“ се однесува како „општо“ кон „посебно“.

Терминот „усиа“ е општ и ги претставува добротата или Божеството или

некој други лични својства, додека „ипостасис“ треба да се сфати во

посебните својства на очинството, синовството или во моќта на

осветувањето.

Светиот Василиј Велики ја збогатил богословската терминологија,

посебно со изразите за Света Троица. Останатите двајца Кападокиски

отци, св. Григориј Богослов и св. Григориј Ниски, оделе по неговите

стапки и уште повеќе напредувале.

Стихиите на аријанството биле силни пред Првиот вселенски собор

и по него, за време владеењето на царевите – аријанци, Констанциј и

Валент. Но, сега тие стихии се смириле, благодарение на светите отци.

Сепак, сега црквата ја потресла друга, нова ерес, излезена од аријанството

– духоборството (македонијанството).

Историјата до свикувањето на Вториот вселенски

собор и неговото свикување; Духоборците; Никео-

Константинополски символ на верата; По соборот;

арот Валент починал во Адрианополската битка со варварите. По

него, ситуацијата во државата била очајна. Истокот бил завладеан од

варварите и сеуште затруен од аријанството. Затоа, западниот

владетел, Грацијан, решил да изврши реформи на истокот и за „август“ на

таа половина од империјата, го прогласил Теодосиј Шпанецот. Покрај тоа

што работата на Теодосиј, како „август“ била да освојува, овој нов

владетел, заедно со својата жена, фантазирал мир на истокот и конечна

победа над аријанството. Но, истокот бил ромео-филски (византиски)

настроен. Теодосиј, со жена си отишол на исток, со добронамерност т.е. да

ја соедини државата со никејското богословие, слично на западното

соединување, на црквата и државата, во Рим. Но, тој не бил доволно

едуциран околу богословските проблеми, па аријанците сакале да му

Ц

Page 19: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

20

организираат средба со красноречивиот Евномиј и да го придобијат, но со

интервенцијата на жена му, Елија Флакила, не дошло до таа средба.

За среќа, седиштето на Теодосиј, било во Солун (тогаш Тесалоники),

каде на чело на црквата бил верниот никеец, епископот Есхолиј, пријател

на св. Амвросиј Милански и св. Василиј Велики. Царот Теодосиј, по некое

време се разболел, па донел одлука да се крсти и да биде Есхолиев

послушник. Тоа и го направил, а поради неговата поранешна сурова

дејност, како генерал, Есхолиј не го покрстил во царски одежди, туку во

покајничка кошула. Теодосиј се покајал за сите гревови и убиства, како

генерал и ги извршил сите црковни обврски.

Во 380 год., по болеста и крштевањето, Теодосиј го издал својот

едикт – манифест, во кој зборува дека тие што се покоруваат на истиот, да

се викаат католици (во тоа време смислата е: соборци), освен претходно

утврдените никејци, а оние кои не се покоруваат, да се нарекуваат еретици

и нивните „цркви“ да се укинуваат. Едиктот бил објавен, бидејќи се

спремало повикување на самоисточен собор (Вториот вселенски), кој имал

за задача, сè ова, црковно да го дефинира. За локација на овој собор бил

одбран градот Констанинопол. Но, таму, на патријаршискиот престол бил

патријархот Демофил, кој бил омиусијанец, па верата во овој град, во

најголем дел, била „отруена“. Св. Григориј Ниски го опишува

Константинопол, како град во кој обичните продавачи и мајстори ги

„проповедале“ погрешните формули на Евномиј.

Заради тоа, царот, решил да го смени патријархот и лично, во

придружба на многу војска го протерал, а на негово место, во соборната

црква св. Софија, го внел испосникот кој се подвизувал, а потоа во овој

град основал своја црква, во една куќа и ја нарекол „Атанасија“, па таму му

служел на Бога. Тоа бил светиот Григориј Богослов. Се вели дека тој бил

грд на лик, низок и ќелав, но со својата речивост ги придобивал срцата на

сите. Св. Григориј Богослов, вака, претставувал кандидат на Антиохиската

црква за престолот, па затоа александријците решиле да претстават и свој

кандидат. Тоа бил Максим Философ, кој отпрвин му се „умилувал“ на св.

Григориј Богослов, но потоа, додека св. Григориј лежел болен, тој тајно

бил „хиротонисан“ од своите пријатели, епископи од Египет, во „црквата“

на св. Григориј, „Атанасија“. По ова, пробувал да го побие учењето на

православните и да го тргне св. Григориј од катедрата. Св. Григориј, по

некое време, дознал за намерата на Максим и бил многу гневен. Во своите

обраќања го навредувал и него и египетските епископи, поради нивното

Page 20: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

21

лицемерство. Подоцна, на соборот не бил воздржан ни во укорувањето на

епископот Петар, братот на св. Атанасиј Велики.

Соборот го свикал императорот Теодосиј во 381 год., поради

практични промени на исток т.е. прашањето за замена на патријархот, а

исто така и заради новооживеаното аријанство, во вид на пневматизам

(духоборство), кое се јавило во непосредна близина на Константинопол. За

уште една победа на христијанството над ересите, било потребно да се

донеста на сила уште некои соборни санкции. Самиот св. Григориј, целта

на овој собор ја толкувал вака: „За утврдување на благочестивата наука.“.

Иако, сите повикани епископи биле од исток, подоцна одлуките

биле потврдени и од западот (последен пат, на Трулскиот собор, 691-2

год.), па така овој собор добил вселенски карактер. Биле повикани 150

православни епископи. Била повикана и друга група од 36 епископи,

пневматичари (духоборци), но тие не се вбројуваат, бидејќи, откако не

попуштиле во своето учење, си заминале. Главни учесници на овој собор

биле: самиот претседавател, Мелетиј Антиохиски, св. Григориј Богослов,

Тимотеј Александриски, Кирил Ерусалимски, Геласиј Кесариско –

Палестински (брат на св. Кирил), Есхолиј Тесалоникиски, Григориј Ниски,

Амфилохиј Иконски, Диодор Тарсиски и мн др.

На почетокот, претседавањето му било доделено на Мелетиј, но тој

набргу починал, па цел товар, на водење на овој собор, паднал на св.

Григориј Богослов. Подоцна, по напуштањето на св. Григориј на соборот,

тој завршил со работата под претседавателство на новоизбраниот

патријарх, Нектариј.

Отпрвин соборот го решил проблемот околу Константинополската

катедра. Заради тоа, што апсурдноста на целата Максимова интрига, била

доста очигледна, соборот донел одлука во која се велело дека тој не бил и

никогаш нема да биде патријарх, а сè што направил како таков и сите кои

ги ракоположил, да не се важи и да не им се сметаат чиновите во клирот.

Овој собор нема некоја важна догматска дејност, бидејќи догматски

прашања на соборот, воопшто не биле покренати. Соборот конструирал

само осуда (како I канон) против „учењето на евномиејците или аномеите,

аријанците или евдоксијаните, полуаријаните (омиусијанците) или

пневматичарите (духоборците), савелијанците, маркелијанците,

фотињаните и аполинаристите.“. Се разбира и одново се потврдила

„Никејската вера“. Единствено со македонијанците (духоборците), онаа

група од 36 епископи се воделе пријателски преговори, а сите други

еретици морале веднаш да се осудат.

Page 21: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

22

Духоборците на чело со Македониј и Елевсиј Кизикскимски, учеле

дека третата ипостас на Света Троица, Светиот Дух е потчинет на првите

две, Отецот и Синот. Ова учење се појавило како резултат на тоа што на

Првиот вселенски собор не било дадено доволно објаснување на овој

догмат. Поради тоа, и некои од црковните писатели, како Ориген го

прифатиле. Ова учење им годело и на аријанците и тие почнале брзо да го

шират, учејќи дека Светиот Дух е второстепена, Божја суштина, која нема

еднакво достоинство, не само со Отецот, туку и Синот. Сепак најмногу ова

учење го шири Македониј. Иако, соборот ги осудил, духоборците останале

упорни во своите тврдења и изјавиле дека: попрво би го признале

аријанството, наместо единосуштноста, која им била „стравотна“. Потоа, го

напуштиле соборот и праќале циркуларни писма до своите другари, во кои

им велеле да не се предаваат.

Освен, аријанството и македонијанството, соборот ги осудил и

лажните учења на Маркел, кој учел дека царството Христово ќе има крај,

на Фотин и она на Аполинариј – Аполинариевата ерес.

Откако ги осудил сите погрешни учења, соборот го изложил

правилното догматско учење со тоа што ги додал V те нови члена, на VII те

први од Никејскиот символ на верата. Во нив се зборува за единосушноста

на Светиот Дух со Отецот и Синот и се исповеда дека Он е Бог. Заради

поголема јасност, било „испуштено“ никејското: e1k th~j ou3si1aj e1k th~j ou3si1aj e1k th~j ou3si1aj e1k th~j ou3si1aj (од

суштината на Отецот), кое многумина не го разбрале доволно, и заменето

со појасни изрази. Против Маркеловото учење за Синот, роден во еден од

„еоните“, овј символ го потврдил раѓањето на Синот пред сите „еони“ –

„пред сите векови“. Исто така, била побиена и гностичката Маркелова

фантазија за „крајот на еонот на Синот“ ( мислејќи на крајот на Христовото

царство), со зборовите „ и неговото Царство не ќе има крај.“

Овој символ, кој сега се нарекол Никео – Константинополски,

најдобро од сè друго, ги изобличил еретиците. Како задолжителна норма

за целата православна Црква, за сите времиња, сјае со прецизни догматски

изрази и книжевна ритмичност. Не било потребно, тој да се наметнува на

никого, бидејќи сите го прифатиле со задоволство.

Последно што било разрешено на овој собор, бил расколот на

Мелетиј (самиот патријарх кој претседавал на почетокот на соборот, но

набрзо, починал). Тој бил православен патријарх, но избран од аријанците,

па затоа православните не го признавале и си избрале свој патријарх, а тоа

бил Павлијан. Така во Антиохија имало два патријарха. Но, кога за време

на вселенскиот собор, Мелетиј починал, св. Григориј, како нов

Page 22: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

23

претседавач предложил, соборот да не избира нов патријарх, туку да го

признае Павлина. Мнозинството и народот биле против и почнале да му

префрлаат на св. Григориј. Тој, уочувовајќи дека е „вишок“, дека

мислењето не му се цени многу и посакувајќи подвижничка самотија,

повторно, пишува силно емотивен, проштален говор и си заминува од

соборот. На негово место е избран Нектариј, под чие раководство соборот

ја завршува работата. За Антиохиски патријарх, не бил избран Павлин,

туку нов кандидат – Флавијан.

Соборот донел и 7 канони. Најважен е третиот во кој се вели дека:

Константинополскиот патријарх ќе има првенство по чест, по Римскиот

епископ, зашто Константинопол е „новиот Рим“.

Ете, тоа бил исходот од Вториот вселенски собор. Од сочуваниот

извештај, поднесен по соборот, за императорот, се воочува резимето на

овој собор. При крајот се вели дека: светите отци на соборот „обновиле

взаемна согласност во верата; издале кратка дефиниција за верата

(sunto1mouj o6roujsunto1mouj o6roujsunto1mouj o6roujsunto1mouj o6rouj), во која ја потврдиле 1) верата на Никејските отци, 2) ги

осудиле ересите, кои настанале по нив, 3) ги утврдиле каноните за црковна

дисциплина и го замолиле императорот сè тоа да го завери со писмен

декрет.“.

Во следниот период, Црквата преоѓа од тријадолошките дискусии,

на христолошките. Се појавуваат несторијанството и монофизитството,

грешни учења (ереси) за двете природи на Господа Исуса Христа.

Page 23: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

24

Зачетоците на несторијанството; Несториј; Свикување

на Третиот вселенски собор; неговата догматската

дејност поврзана со учењето на Кирил Александриски;

Помирување на страните по соборот;

ега Црквата ја „потресла“ друга ерес. Таа ерес била несторијанството и

неа ја проповедал Константинополскиот патријарх, Несториј.

Наследникот на Теодосиј I, царот Теодосиј II, без да знае што

носи овој човек во своето срце, го поставил за Константинополски

патријарх. По стапувањето на столицата, Несториј го земал со себе и

свештеникот Анастасиј. Во своите проповеди, во Константинопол, овие

двајца почнале да го шират погрешното учење за Господ Исус Христос и

прес. Богородица.

Погрешното учење на Несториј гласело: Господ Исус Христос не бил

богочовек, туку прост човек, обдарен со особини и благодатни дарови.

Според него, второто лице на Света Троица, не било соединето со човекот

Исус, по природа, туку по благодат. Од самиот момент кога било зачнато

(телото на човекот Исус), Бог Слово започнал да живее во него со својата

благодат. Човекот Исус од благодатно дејство на Бог Слово се родил по

натприроден начин од Дева Марија. Напоредно со неговото морално

развивање сè повеќе и повеќе се изливала врз него благодатта на Бог

Слово. По крсните страдања, Он добил таква „полна благодат“, што и при

своето „човештво“ можел да се нарече Син Божји. Човекот Исус и Бог

Слово, потоа се јавуваат во тесно единство и дејствуваат како една

личност; желбите и дејствата на Исус се совпаѓаат со желбите и дејствата

на Бог Слово. При сето такво „единство“, човекот Исус и Бог Слово, сепак

претставувале збир на особини на самостојни личности. Тоа „единство“ на

личностите помеѓу човекот Исус и Словото Божјо, повеќе не е од морален,

туку од суштински карактер. Со вакво учење со кое се негира Божествената

природа во личноста на Господ Исус Христос, истовремено се порекнува и

учењето на црквата за нашето спасение, бидејќи обичен човек не би

можел да го спаси човечкиот род.

С

Page 24: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

25

Несториј, исто така, учел дека прес. Богородица, не треба да се вика

Богородица, туку Човекородица или Христородица, што и според него

било логично, бидејќи, тој, Исуса Христа го смета за творевина Божја, во

која преовладува човечката природа. Кога православниот народ народ, од

устата на Анастасиј го слушнал ова учење, бидејќи имал огромна почит

кон прес. Богородица, му се пожалил на Несториј. Но, тој не само што не

го осудил, туку почнал и да го заштитува, велејќи дека навистина Таа

(прес. Богородица) не родила Бог, туку човек.

Сепак, „автори“ на оваа ерес не биле Несториј и Анастасиј, туку таа

потекнува од порано, од антиохијците Диодор Тарсиски и Теодор

Мопсуетски. Тие неможејќи да си објаснат некои догми околу второто

лице на Света Троица, а „затруени“ и од аполинариевата ерес, создале

своја антиохиска христологија.

Диодор Тарскиски, еден од столбовите на новоникејското

православие, кој се претставил на Вториот вселенски собор, како „образец

на верата“, бил праотец на оваа погрешна христологија. Неговите теории

ги наследил и развил неговиот ученик, Теодор Мопсуетски.

Ни Атанасиевата христологија, ни христологијата на новоникејците

не им пружала на антиохијците беспрекорно догматско објаснување за

второто лице на Света Троица. По нивната терминологија, поимите

„суштина“ и „природа“ (oooo3333usiusiusiusi1111aaaa и fufufufu````sijsijsijsij) припаѓаат на апстракцијата на

неживото. Дури во моментот на „ипостасирањето“, општата „природа“

постанува поединечно, конкретно створение. Upo`stasij Upo`stasij Upo`stasij Upo`stasij е живо

овоплотување на fu`sijfu`sijfu`sijfu`sij. Upo`stasijUpo`stasijUpo`stasijUpo`stasij му дава на живото битие една

индивидуалност, личност, додека створенијата претставуваат нејзина

реалност. Овие поими се повлекуваат еден со друг и во говорењето, скоро

взаемно се заменуваат. На овој начин доаѓаме до тоа дека на живата

стварност не ѝ е дадено да биде неипостасна, туку ѝ е дадено да биде

ипостасна. Ако Христос има две природи, тогаш има и два ипостаси т.е.

„две целосни лица“, Божествено и човечко, меѓутоа, кои по преданоста на

верата се соединети во едно „благодатно и таинствено“. Тоа е

антиохиското погрешно учење во антиохиската христологија.

Тријадолошкото богословие на Кападокијците, во меѓувреме веќе ја

формулирало разликата помеѓу термините oooo3333usiusiusiusi1111aaaa и fu`sijfu`sijfu`sijfu`sij, на една страна, и

uuuupo`stasijpo`stasijpo`stasijpo`stasij на друга. Но, во христологијата сеуште владеела онаа стара,

недефинирана употреба на овие термини, која потекнува од никејскиот

символ и од писанијата на Атанасиј Велики, во кои oooo3333usiusiusiusi1111aaaa и uuuupo`stasijpo`stasijpo`stasijpo`stasij се

поистоветуваат.

Page 25: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

26

Теодор Мопсуетски ги развил теориите на Диодор Тарсиски, но тој

толку многу ја истршил својата снага на докажување на човечката природа

во Христа, што немал повеќе сили и разум и не бил во состојба да го

изрази сам начинот на соединувањето на двете природи во Христа, се

разбира потпирајќи се на грешната антиохиска христологија. Кај него, за

опишување на соединувањето, доминира терминот suna1feiasuna1feiasuna1feiasuna1feia (допир,

допирање).

Овој, за антиохијците, „учител над учителите“ и „толкувач над

толкувачите“, исто така тврдел дека од евангелските зборови „словото

стана плот“, произлегува тоа дека Оној, кој страдал и умрел, не бил Бог,

ниту дека Дева Марија „го родила Бога“, па затоа, Таа (прес. Богородица),

треба да биде наречена Човекородица.

Со оваа теза, овој кабинетски професор дошол до конфликт со својот

аудиториум и со народот во црквата, кои во неа ја познале противречноста

кон литургиското богословие, по кое Дева Марија се почитувала како

Богородица. не стапил во борба со нив, бидејќи подоцна се оградил,

кажувајќи дека Богородица е: и едно и друго – hmfo`terahmfo`terahmfo`terahmfo`tera, и Човекородица и

Богородица. Човекородица во основа на „природните“ факти – th2 fu`sei th2 fu`sei th2 fu`sei th2 fu`sei

tou~ pra1gmatojtou~ pra1gmatojtou~ pra1gmatojtou~ pra1gmatoj, зашто оној кој го носела во утробата, бил човек.

Истовремено, Таа е и Богородица, зашто „човекот кој го родила“, бил Бог.

Вака, грешно, учел Теодор Мопсуетски. Како што рековме, Несториј нема

удел во составувањето на ова учење, туку само, како ученик на Теодор

Мопсуетски, го прифатил и го ширел. И затоа, тоа, по него е наречено

несторијанство.

Народот се бунтувал, а духовенството се воздржувало, знејќи го

Несториј како суров и осветољубив човек. Против него била сестрата на

императорот, Пулхерија, која немала влијание во империјата, во тоа време.

Веста дека патријархот паднал во ерес, се проширила брзо низ

царството. Прв против несторијанството, истапил еден отец, кој поседувал

широко, богословско образование. Тоа бил Кирил, архиепископот

Александриски. Тој веднаш испратил писмо до Теодосиј II, сестра му,

Пулхерија, Римскиот папа, Целестин и Антиохискиот патријарх, Јован, во

чија патријаршија Несториј, претходно бил свештеник. Испратил и две

писма до Несториј, но овој не им обрнал внимание. Императорот го

укорил Кирил за поттикнување немир во Црквата, но папата Целестин,

откако увидел дека несторијанството е ерес, свикал собор во Рим, во 430

год. и на него го осудил Несториј. Во меѓувреме, и во Александрија,

патријархот Кирил свикал собор, на кој во 12 точки, го осудил

Page 26: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

27

несторијанството. Тие претставувале 12 анатеми и му биле пратени на

Несториј, за да ги потпише. Но, во нив, другите источни епископи,

забележале дека се запоставува човечката природа на Господ Исус

Христос, па му забележале на Кирила. На основа на тоа, Несториј напишал

свои 12 анатемизми и му ги пратил на Кирил.

Во Црквата настанала голема „војна“ и христијанскиот свет се

разделил на два табора. Александрискиот и Римскиот патријархат го

бранеле православното учење, а Антиохискиот го заштитувал Несториј. Во

самиот Константинополски имало внатрешна борба, а Ерусалимскиот

патријархат се искажал неутрално.

За да настане мир во Црквата, Теодосиј II го свикал Третиот

вселенски собор, во Ефес, во 431 година. Овој потег не му сметал на

Несториј, бидејќи тој мислел дека неговото учење е правилно и сам сакал

собор. Лош избор за него била локацијата – градот Ефес, во кој народот

многу ја почитувал прес. Богородица, бидејќи, според преданието, Таа

живеела тука со св. Јован Богослов, до своето упокојување. Затоа, морала

да го чува стража од бесниот народ, кој го мразел поради тоа што ја

понижувал прес. Богородица. Го придружувале 16 епископи. На соборот,

пристигнал Кирил Александриски, со 50 епископи и многу египетски

монаси. Месниот митрополит Мемнон, со своите 40 епископи ја завземал

неговата страна. Претставниците на папата Целестин и Јован Антиохиски

со источните епископи, не пристигнале навреме.

Четири дена, пред нивното пристигнување, Кирил го отворил

соборот, во соборната црква „Св. Богородица“ и покрај негодувањата на

Несторијанците. Биле присутни 160 епископи. Несториј трипати одбил да

присуствува, па присутните соборјани, го осудиле и него и

несторијанството и го лишиле од епископскиот чин.

Догматската дејност на овој собор се состоела во изнесувањето на

правилното учење, од страна на Кирил Александриски, за осуда на

Несториј. Сепак, колку и да го негирало несторијанството, во неговото

учење, за момент се запоставувала човечката природа на Господ Исус

Христос, со други зборови, со намисла да го побие несторијанството,

Кирил, отишол во другата крајност, која приличела на монофизитство и

претставувала основа за александриската школа, подоцна, да ја развие и

шири оваа ерес. Тој, преку александриското гледање за природите на

Господ Исус Христос, кажува дека единството на природите во Господ

Исус Христос, не е само единство по ипостаси – e5nwsij kaq 3 upoe5nwsij kaq 3 upoe5nwsij kaq 3 upoe5nwsij kaq 3 upo````stasinstasinstasinstasin,

туку единство и по природа (природно-физичко) e5nwsije5nwsije5nwsije5nwsij fusikh2 fusikh2 fusikh2 fusikh2 или

Page 27: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

28

„единство по природи“ - e5nwsije5nwsije5nwsije5nwsij kata kata kata kata ffffu`uu`u`sinsinsinsin (како што се изразувал св.

Атанасиј).

Недостатокот на Кириловото богословие била назадната, закасната

измешаност, во употребата на следните термини: „лице, ипостас и

природа“ – pro`swpon,pro`swpon,pro`swpon,pro`swpon, upo`stasij upo`stasij upo`stasij upo`stasij и ffffu`uu`u`sisisisijjjj“. Целиот акцент на Кириловата

доктрина се пренесува на единството на Христовото лице: Он е „нешто

единствено“, сочинето „од две“ – e6n ti to1 ee6n ti to1 ee6n ti to1 ee6n ti to1 e33 33xaxaxaxa3333mfomfomfomfo~~~~inininin. Токму и заради овие

слабости на Кириловото учење за Христа, тој не успеал да го побие

Несториј со 12 анатемизми, а и Несториј имал основа, за што да му

забележи и врати со 12 свои анатемизми. Слабото и дефектното место во

Кириловата терминологија е фактот што единствениот субјект и центар,

на кој се однесуваат сите предикати, се нарекува со погрешен термин: mi1a mi1a mi1a mi1a

fu`sijfu`sijfu`sijfu`sij (една природа). Кирил не сакал да ги соединува природите, но и не

сакал, конкретно да ги раздвојува. Се ослонил на тоа, да ги разликува само:

„во гола теорија, во апстракно мислење – kata mo`nhn1 th1n qewri1an, e3n kata mo`nhn1 th1n qewri1an, e3n kata mo`nhn1 th1n qewri1an, e3n kata mo`nhn1 th1n qewri1an, e3n

yilla~j di1anoi1aijyilla~j di1anoi1aijyilla~j di1anoi1aijyilla~j di1anoi1aij“. Но, како што ќе видиме подоцна, Кирил Александриски

ја согледува својата грешка, се покајува и го исповеда правилното учење.

Што се однесува до учењето за Богородица, тој го изнел чисто,

нарекувајќи ја како што треба – Богородица. Но, со неговото мало

застранување, автоматски, Таа станувала: Онаа која родила само Бог, а не

човек.

На соборот пристигнале делегати на папата Целестин и се согласиле

со одлуките, но кога дошол Јован Антиохиски со источните епископи,

изразил негодување. Се вратил во Антиохија и свикал собор на кој ги

осудил Кирил и Мемнон и ги лишил од епископскиот чин. И Кирил го

осудил Јована на својот собор, па конечните одлуки од двата собора, биле

пратени до императорот, на разгледување. Тој донел одлука за

прогонување на сите тројца: Несториј, Кирил и Мемнон. Но.

Константинополските монаси, на чело со архимандритот Далматиј, го

спасиле Кирил. Царот решил да дојде до помирување на Јован и Кирил.

Така и се случило. Јован Антиохиски го анатемисал Несториј, а Кирил, во

делото „Помирително послание“, согледувајќи ја својата грешка го примил

и го исповедал, исповеданието на верата, кое му го пратиле источните

епископи. Така, формулата против несторијанството, за сите векови

галсела: „Исус Христос е и Бог и Човек – Богочовек. И прес. Дева Марија,

Page 28: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

29

која го родила по човечка природа, треба да се вика достојно и праведно,

Богородица.“.

Несториј бил испратен во прогонство, во Египетската пустина, до

крајот на својот живот, но несторијанството не замрело целосно, туку и

понатаму се одржувало, а посебно се раширило во Персија.

На Третиот вселенски собор, покрај осудата на несторијанството,

била осудена и ереста на папата Целестин, пелагијанството. Биле

составени 8 канони, а најважен е седмиот кој се однесува за Символот на

верата и гласи: „Никој не смее да изнесува или пишува или да составува

друга вера, освен онаа, која е востановена од светите отци, собрани со

Духот Свети, во градот Никеја.“. Подоцна, Западната црква, го прекршила

овој канон, менувајќи го осмиот член од Символот на верата.

Монофизитската ерес како причина за свикување на

Четвртиот вселенски собор; Догматската дејност и

оросот за исповедување на православната вера;

Монофизитството по соборот;

лександриската школа, со своето алегориско толкување на Светото

Писмо, ѝ давала предност на таинствената страна во догматиката.

Исто така, по Третиот вселенски собор, некои отци од оваа школа, не

се одрекле од погрешното учење на Кирил Александриски, туку

продолжиле да го развиваат, а потоа и го пропагирале. Овие два фактора,

допринеле за јавување на нова ерес, наречена монофизитство (mo1noj mo1noj mo1noj mo1noj –

еден, fu`sijfu`sijfu`sijfu`sij - природа), која била спротивна на несторијанството.

Монофизитите учеле дека Христос не бил Богочовек, туку само Бог,

бидејќи во Него имал само една природа, Божествената. Според нив,

човечката природа во Христа, како потчинета на Божествената, се слила во

неа, или Божествената ја „проголтала“ човечката. Таа исчезнала во неа,

исто како кога, во една пустина, би фрлиле зрно песок. Така, тие одлучно

ја одбивале единосуштонста на Христовото човештво со нашето човештво.

Ова учење, иако било „родено“ во Александрија, за прв пат се

„претставило“ во Константинопол. Оној кој го претставил, бил

архимандритот на еден Константинополски манастир, Евтих (Eu3tuch`jEu3tuch`jEu3tuch`jEu3tuch`j, а не

А

Page 29: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

30

Eu3tu`ciojEu3tu`ciojEu3tu`ciojEu3tu`cioj - Евтихиј), со своите монаси. Тогашниот Константинополски

патријарх, Флавијан свикал собор во 448 год., на кој го осудил и го лишил

од чинот. Тогаш, Евтих рекол дека може да се согласи, да исповеда дека:

„Господ Исус Христос, се состоел од две природи, сè до нивното

соединување. Но, по соединувањето, исповедал една природа – 2Omologw~ 2Omologw~ 2Omologw~ 2Omologw~

e3k du`o fu`seion gegenh~sqai to`n Ku`rnon h3mwn pro` thj e2e3k du`o fu`seion gegenh~sqai to`n Ku`rnon h3mwn pro` thj e2e3k du`o fu`seion gegenh~sqai to`n Ku`rnon h3mwn pro` thj e2e3k du`o fu`seion gegenh~sqai to`n Ku`rnon h3mwn pro` thj e2uw1sewj. Meta1 de1 th2n uw1sewj. Meta1 de1 th2n uw1sewj. Meta1 de1 th2n uw1sewj. Meta1 de1 th2n

e4nwsin mi1an fu`sin o2mologw~e4nwsin mi1an fu`sin o2mologw~e4nwsin mi1an fu`sin o2mologw~e4nwsin mi1an fu`sin o2mologw~....“. На православните ова не им одговарало. Но,

Алексадрискиот патријарх, Диоскор, кој го заштитувал му го вратил чинот.

Ова се случило, бидејќи императорот бил на негова страна. Евтих го

осудил Флавијан за несторијанство. За Флавијан да биде осуден,

императорот Теодосиј II, свикал собор во 449 год., познат како

Разбојничкиот собор. На него претседавал Диодор Александриски, и

соборот го осудил и лишил Флавијана од чин. Но, настанала тепачка, и

бројната војска која ги придружувала монофизитите го претепала

Флавијан до смрт. Затоа, и овој собор се нарекол Разбојнички собор.

Наскоро, имераторот починал, па на власт, дошла неговата сестра

Пулхерија. Таа била мажена за Маркијан, и двајцата биле благочестиви

христијани, кој порано го почитувале убиениот патријарх Флавијан.

За да се осудат монофизитите, императорот Маркијан го свикал

Четвртиот вселенски собор во 451 год., отпрвин во Никеја, но подоцна, за

да има поголема контрола врз него, го преселил блиску до своето седиште

Константинопол - во градот Халкидон. На овој собор присуствувале 630

епископи, а со него претседавал новиот Константинополски патријарх,

Анатолиј. Меѓу епископите, присуствувале и неколку од Разбојничкиот

собор. Тие се покајале, велејќи дека на тој собор, од страна на Диоскор,

биле принудени да ги потпишат одлуките.

Соборот брзо го осудил монофизитството. Догматската дејност ја

претставувало изнесувањето на оросот, кој сите учесници биле должни да

го потпишат и да ги исповедаат правилните догмите во него. Оросот

гласел:

„ 1) Следејќи ги, значи, светите Отци, сите сме научени едногласно да го

исповедаме Единиот и вистински Син, Господ наш, Исус Христос, исто

совршениот по Божество и исто совршениот по човештво; Бог вистински и

со Него ист, навистина човек, со разумна душа и тело; Единосуштен на

Отецот по Божество и Истиот, единосуштен, нам, по човештво; во сè

истоветен со нас, освен во гревот.

2) Кој е пред сите векови роден од Отецот по Божество, а во последното време Он ист, заради нас и заради нашето спасение, роден од Марија Дева,

Page 30: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

31

Богородица, по човештво; Го исповедаме Единиот и Ист Христос, Синот, Господ, Единородниот, Кој во две природи, неслиено, неизменливо, неразделно и неодвоено се познава, при што никаде не се укинува разликувањето на природите, поради соединувањето во Него, туку, се чува особеноста на секоја од двете природи, кои се спојуваат во едно лице и една ипостас. 3) Го исповедаме Него, не како деллив или разделен во две лица, туку како Еден и Ист Син и Единороден, Бог Логос, Господ Исус Христос, онака како што од дамнина за Него говореа пророците, и како што нас Самиот Господ Исус Хрисос нè научи, и кака што нам ни го предал, Символот на верата, на нашите Отци.“.1 Негодувања веќе не се слушнале. Тешко било да негодуваш, а да не се откриеш како монофизит. Оние, кои биле поделени во мислењата, ја дочекале оваа формулација со радосен восклик: „Тоа е верата на Отците! Сите ние така размислуваме! Митрополитите веднаш нека го потпишат тоа и – крај!“. Кулминација на соборот, претставува формулирањето на втемелениот орос, погоре. Кулминација, пак, во оросот, биле неговите негаторски одлики во изразите: a1sugcu`twj, a1tre1ptw, a1diaire1twj, a1sugcu`twj, a1tre1ptw, a1diaire1twj, a1sugcu`twj, a1tre1ptw, a1diaire1twj, a1sugcu`twj, a1tre1ptw, a1diaire1twj, a1gwri1stwja1gwri1stwja1gwri1stwja1gwri1stwj. Со тоа соборот ја завршил догматската дејност, и Евтих и монофизитите биле осудени. Исто така, на него биле донесени и 30 црковни канони, од кои најважен е 28 канон со кој се потврдува одлуката од Вториот вселенски собор, според која Константинополскиот патријарх е рамен по чест на Римскиот патријарх. Иако, монофизитството било осудено, тоа ја мачело Црквата уште 200 години. Само за споредба, борбата со несторијанството траела „само“ 20 години. Но, имало причини за тоа. Тие биле внатрешни и надворешни. Внатрешната причина е самиот карактер на учењата: несторијанството го понижувало Божеството, а со тоа и го „гаснело“ религиозното чувство кај верниците. Религиозното чувство на народот не можело да си дозволи да го исповеда Богочовекот како прост човек, а Богородица како Човекородица. Затоа, пак, монофизитството го задоволувало благочестивото чувство на христијаните, особено на монасите, од чии редови подоцна излегуваат големи поборници на оваа ерес. Надворешната причина е што несторијанството се појавило како ерес, против која се бореле православните, а монофизитството се претставило како „правилно“ учење, заштитено под бајракот на православието, со кое несторијанството ќе се „докрајчи“. Монофизитството најмногу се раширило во Сирија, Египет, Палестина и Антиохија. За разлика од несторијанството, кое заблудило неколку илјади души, монофизитството заблудило цели милиони. Затоа 1 А.В. Карташов, Васељенски сабора I том, Београд 1995.

Page 31: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

32

императорите морале со цела сила, да се борат против него. Императорот Маркијан презел разни мерки, а неговиот наследник Зенон, уште порадикални. Во 482 год., тој го издал прочуениот „акт за соединување“, „Енотикон“, кој подоцна ќе создаде разделба од 35 години, помеѓу Римската и Константинополската црква. Токму заради повторно спојување на црквите, подоцна е свикан Петтиот вселенски собор.

Петтиот, Шестиот и Седмиот вселенски собор

еттиот вселенски собор, бил свикан во 553 год., во Константинопол, а

го свикал царот Јустинијан. На него учествувале 164 црковни отци.

Поводот за свикување, бил спорот помеѓу несторијаните и

монофизитите. Соборот ги потврдил осудите на несторијанската и

монофизитската ерес, донесени на Третиот и Четвртиот вселенски собор.

Исто така, бил разрешен и спорот за трите глави: Диодор Тарсиски,

Теодор Мопсуетски и Иво Едески.

Следен вселенски собор бил Шестиот, Цариградскиот, свикан во 680

год., поради појавувањето на монотелитската ерес, чии приврзаници

исповедале дека во Исуса Христа има две природи, но една волја –

Божествената. Присуствувале 174 епископи, кои го осудиле

монотелитството и ја востановиле формулата против него, која гласи: „Во

Исуса Христа има две природи – Божествена и Човечка, а исто така и две

волји – Божествена и Човечка, така што втората и се покорувала на

првата.“.

Последниот вселенски собор, бил Седмиот, свикан во Никеја, во 787

год., на кој се осудени иконоборците и иконоборската ерес, кои од

поодамна, „ја мачеле“ Црквата. Иконоборците го одрекувале почитувањето

на иконите, сфаќајќи го како идолопоклонство. Борбата против нив

продолжила уште околу 100 години после соборот.

Соборот востановил употреба на иконите и ја одредил целта,

начинот и значењето на нивната употреба во догматот за почитување на

иконите. Во него е нагласено, дека на иконите треба да им се укажува чест

(проскинисис), а не да им се служи (латира), зашто треба да му служиме

само на Бога.

П

Page 32: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

Важноста на догмите во

православната христијанска вера

ажноста на догматската дејност на в

бидејќи отците на нив, со пом

беспрекорни догми

„давале“ на Црквата „противотров“, против „отровите“ на разните ереси,

„родени“ во помрачените, човечки разуми

вистинската вера се зачувала и било исполнето едно од ветувањата н

Спасителот, кои ги ветил во беседата на гората: „Зашто, виситна, ви велам

дури постојат небото и земјата, ниту една јота или црта од Законот нема да

се измени, додека не се исполни с

Многу свети отци, препорачуваат дека најспасоносно е до

прифаќаат со проста, силна и непоколеблива вера, а не со „умување“ и

стремеж да се сфати нивната суштина, а со тоа и суштината на Бога,

бидејќи неа ниеден човек на земјата не може да ја сфати. Последицата од

„умувањето“ може да се согледа во го

од преголемата желба за објаснување на с

„си ги затвориле очите“ и останале „слепи“, за Божјата вистина.

Затоа, Христос рекол: „Кој поверува ќе се спаси“, а св. Јован

Дамаскин ни препорачува: „Бог е бескраен и несфатлив, и се што е

разбирливо за нас е неговата бескрајност и несфатливост.“.

КРАЈ И СЛАВА НА БОГА!

В

33

Важноста на догмите во

православната христијанска вера

оста на догматската дејност на вселенските собори е огромна,

бидејќи отците на нив, со помош на формулирање на чисти и

догми, зборови на „дух и живот“, на еден начин

„давале“ на Црквата „противотров“, против „отровите“ на разните ереси,

„родени“ во помрачените, човечки разуми, на разните еретици. Со тоа,

вистинската вера се зачувала и било исполнето едно од ветувањата н

Спасителот, кои ги ветил во беседата на гората: „Зашто, виситна, ви велам

ри постојат небото и земјата, ниту една јота или црта од Законот нема да

се измени, додека не се исполни сè.“.(Мт. 5,18).

Многу свети отци, препорачуваат дека најспасоносно е до

прифаќаат со проста, силна и непоколеблива вера, а не со „умување“ и

стремеж да се сфати нивната суштина, а со тоа и суштината на Бога,

бидејќи неа ниеден човек на земјата не може да ја сфати. Последицата од

„умувањето“ може да се согледа во горенаведените случаи, каде еретиците

од преголемата желба за објаснување на сè со својот разум, самите себе си,

„си ги затвориле очите“ и останале „слепи“, за Божјата вистина.

Затоа, Христос рекол: „Кој поверува ќе се спаси“, а св. Јован

орачува: „Бог е бескраен и несфатлив, и се што е

разбирливо за нас е неговата бескрајност и несфатливост.“.

КРАЈ И СЛАВА НА БОГА!

Константинопол

православната христијанска вера

селенските собори е огромна,

ош на формулирање на чисти и

, зборови на „дух и живот“, на еден начин ѝ

„давале“ на Црквата „противотров“, против „отровите“ на разните ереси,

на разните еретици. Со тоа,

вистинската вера се зачувала и било исполнето едно од ветувањата на

Спасителот, кои ги ветил во беседата на гората: „Зашто, виситна, ви велам

ри постојат небото и земјата, ниту една јота или црта од Законот нема да

Многу свети отци, препорачуваат дека најспасоносно е догмите да се

прифаќаат со проста, силна и непоколеблива вера, а не со „умување“ и

стремеж да се сфати нивната суштина, а со тоа и суштината на Бога,

бидејќи неа ниеден човек на земјата не може да ја сфати. Последицата од

ренаведените случаи, каде еретиците

со својот разум, самите себе си,

„си ги затвориле очите“ и останале „слепи“, за Божјата вистина.

Затоа, Христос рекол: „Кој поверува ќе се спаси“, а св. Јован

орачува: „Бог е бескраен и несфатлив, и се што е

Шифра:

Константинопол

Page 33: ДОГМАТСКАТА ДЕЈНОСТ НА - ПРВИТЕ ЧЕТИРИ …preminportal.com.mk/pdf/Aleksandar Petkovski_Temata po predmetot... · 4 ублажено, а потоа

34

Библиографија:

1. А. В. Карташов, Васељенски сабора I том, Београд, 1995 г. 2. Прота-ставрофор Петар Давитковски, Историја на христијанската

црква II дел, Скопје, 1981 г. 3. Ѓакон проф. Јован Таковски, Патрологија II дел, Скопје, 1981 г. 4. Др. Јустин, јеромонах, Догматика православне цркве книга I,

Београд, 1980 г. 5. Лоски Н. Владимир, Догматика, Скопје, 1998 г. 6. Воскресение, Вселенските собори, бр.3, 1981 г.