Како и каде да се - euromelanoma...појават првите симптоми на...

2
Можете да го победите и битката започнува кога знаете што да превземете кога сте во опасност! ЕУРОМЕЛАНОМА 2019 ЕВРОПСКА КАМПАЊА ЗА РАНО ОТКРИВАЊЕ НА РАКОТ НА КОЖАТА Партнер на кампањата: Подржано од: Eвропски спонзори: Локални спонзори: © Copyright 2019 Euromelanoma. All rights reserved. Како и каде да се бараат сомнителните промени? Набљудувајте ја Вашата кожа еднаш месечно со цел навремено откривање на некоја сомнителна промена. Проверувајте ја кожата од предната и задната страна на телото, со посебен акцент на местата изложени на сонце. Имајте во предвид дека сомнителните промени не се јавуваат само на места изложени на сонце или на видливи места. За да ги прегледате тешко достапните места на телото, застанете пред големо огледало со мало огледало во раката. 1 Погледнете го лицето, вклучувајќи го носот, усните, устата, ушите и делот позади ушите. 2 Проверете ја главата, користејќи чешел за разделување на косата на делови. Кај мажи: при ќелавост, проверете ја добро целата глава. 3 Проверете ги рацете: од предната страна, од задната страна и меѓу прстите. 4 Потоа, фокусирајте се на вратот, градите и горниот дел на телото. Кај жените, проверете ја кожата меѓу и под градите. 5 Подигнете ја раката, за да ги проверите надлактиците и пазувите. 6 Користете мало огледало за проверка на вратот и грбот. 7 Проверете го задникот и задниот дел на нозете. Завршете ја проверката со преглед меѓу прстите на стапалата и табаните. Кој е со ризик за рак на кожа? Секој човек може да добие рак на кожа. Но, најчесто се јавува кај луѓе после 50-та година од животот или кај луѓе со продолжена или интензивна изложеност на сонце. Имате зголемен ризик за рак на кожа ако: Имате светла кожа или сте предиспонирани да горите на сонце Сте имале изгореници во текот на детството Престојувате на сонце долго време (професија или хоби) Се изложувате на интензивно сонце во краток временски период (на одмор) Користите солариуми Имате повеќе од 50 бемки Имате семејна историја за рак на кожа Сте возрасни над 50 години Имате трансплантирани органи Постојат едноставни постапки кои можете да ги научите за да се заштитите, без разлика дали сте со зголемен ризик за развој на рак на кожа или не. Ако сте запознати со првите знаци на рак на кожа и редовните самопрегледи, можете да ги стопирате сомнителните промени на кожата пред да станат многу сериозни. Ракот на кожата може да се лекува, ако се открие рано. Ако имате промена на кожата која Ве загрижува, посетете го Вашиот дерматолог што е можно побрзо! Најважно е да не го одложувате третманот, за да се постигне најдобар можен исход без компликации или смрт. Златни правила се: Не ја игнорирајте промената во надеж дека ќе се повлече Немојте да чекате како ќе се развива промената или сами да ја лечите Не претпоставувајте дека промената не е сериозна Немојте да мислите дека во моментот имате поважни работи во животот Најважно од се е да не се плашите да го посетите Вашиот дерматолог Ракот на кожата може да се лекува, ако се открие во раната фаза на развој. И при најмалиот сомнителен знак за рак на кожа, консултирајте го Вашиот дерматолог што побрзо! За повеќе информации во врска со ракот на кожата и раната превенција посетете ја ВЕБ-страницата: www.euromelanoma.org Што е следниот чекор?

Upload: others

Post on 13-Jul-2020

27 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Како и каде да се - Euromelanoma...појават првите симптоми на рак на кожа. Оваа брошура објаснува што треба

Можете да го победите и битката започнува кога знаете што да

превземете кога сте во опасност!

ЕУРОМЕЛАНОМА 2019 ЕВРОПСКА КАМПАЊА ЗА РАНО ОТКРИВАЊЕ НА РАКОТ НА КОЖАТА

Партнер на кампањата: Подржано од:Eвропски спонзори:

Локални спонзори:

© C

opyr

ight

201

9 Eu

rom

elan

oma.

All r

ight

s res

erve

d.

Како и каде да се бараат сомнителните промени?Набљудувајте ја Вашата кожа еднаш месечно со цел навремено откривање на некоја сомнителна промена.

Проверувајте ја кожата од предната и задната страна на телото, со посебен акцент на местата изложени на сонце. Имајте во предвид дека сомнителните промени не се јавуваат само на места изложени на сонце или на видливи места. За да ги прегледате тешко достапните места на телото, застанете пред големо огледало со мало огледало во раката.

1Погледнете го лицето, вклучувајќи го носот, усните, устата, ушите и делот позади ушите.

2Проверете ја главата, користејќи чешел за разделување на косата на делови. Кај мажи: при ќелавост, проверете ја добро целата глава.

3Проверете ги рацете: од предната страна, од задната страна и меѓу прстите.

4Потоа, фокусирајте се на вратот, градите и горниот дел на телото. Кај жените, проверете ја кожата меѓу и под градите.

5Подигнете ја раката, за да ги проверите надлактиците и пазувите.

6 Користете мало огледало за проверка на вратот и грбот.

7Проверете го задникот и задниот дел на нозете. Завршете ја проверката со преглед меѓу прстите на стапалата и табаните.

Кој е со ризик за рак на кожа?Секој човек може да добие рак на кожа. Но, најчесто се јавува кај луѓе после 50-та година од животот или кај луѓе со продолжена или интензивна изложеност на сонце.

Имате зголемен ризик за рак на кожа ако:•Имате светла кожа или сте предиспонирани

да горите на сонце

•Сте имале изгореници во текот на детството

•Престојувате на сонце долго време (професија или хоби)

•Се изложувате на интензивно сонце во краток временски период (на одмор)

•Користите солариуми

•Имате повеќе од 50 бемки

•Имате семејна историја за рак на кожа

•Сте возрасни над 50 години

•Имате трансплантирани органи

Постојат едноставни постапки кои можете да ги научите за да се заштитите, без разлика дали сте со зголемен ризик за развој на рак на кожа или не.

Ако сте запознати со првите знаци на рак на кожа и редовните самопрегледи, можете да ги стопирате сомнителните промени на кожата пред да станат многу сериозни.

Ракот на кожата може да се лекува, ако се открие рано.

Ако имате промена на кожата која Ве загрижува, посетете го Вашиот дерматолог што е можно побрзо! Најважно е да не го одложувате третманот, за да се постигне најдобар можен исход без компликации или смрт.

Златни правила се:•Не ја игнорирајте промената во надеж

дека ќе се повлече

•Немојте да чекате како ќе се развива промената или сами да ја лечите

•Не претпоставувајте дека промената не е сериозна

•Немојте да мислите дека во моментот имате поважни работи во животот

•Најважно од се е да не се плашите да го посетите Вашиот дерматолог

Ракот на кожата може да се лекува, ако се открие во раната фаза на развој. И при најмалиот сомнителен знак за рак на кожа, консултирајте го Вашиот дерматолог што побрзо!

За повеќе информации во врска со ракот на кожата и раната превенција посетете ја ВЕБ-страницата: www.euromelanoma.org

Што е следниот чекор?

Page 2: Како и каде да се - Euromelanoma...појават првите симптоми на рак на кожа. Оваа брошура објаснува што треба

Не бидете поразени со негирање на проблемот!Ракот на кожата е најчестата форма на рак во светот. И покрај тоа, може лесно да се спречи и излекува ако се открие на време. Но, постои еден заеднички фактор кој ги спречува луѓето да се заштитат од рак на кожа и да побараат лечење, а тоа е - негирање на проблемот!Надминувањето на овој проблем ќе значи зголемување на можноста за редовно фотозаштитување на кожата и брзо делување кога ќе се појават првите симптоми на рак на кожа. Оваа брошура објаснува што треба да направите за да го надминете негирањето на проблемот и да се заштитите од ракот на кожата.

Превенција од рак на кожа - Заштитувајте се секогаш на сонцеИзбегнувајте го претераното изложување на сонце

Престојувајте во сенка кога е можно и избегнувајте го летното сонце во период од 11 до 16 часот.

Носете заштитна гардероба

Носете заштитна гардероба со долги ракави, заштитни капи или шешири и наочари за сонце со ултравиолетова заштита.

Користете секогаш заштитна крема за кожата

Проверете дали користите средства со висок заштитен фактор за заштита од УВА и УВБ зраци. Запомнете дека кремите за заштита од сонце имаат ефект ако се нанесуваат половина час пред изложување на сонце и нивниот ефект трае само два до три часа.

Децата се со најголем ризик за долгорочни здравствени проблеми во врска со претераното изложување на сонце. Играта на отворено е многу важна за децата, но не смеете како родители да дозволите Вашето дете да добие изгореници.

4 главни типови на сомнителни лезии на кожата МЕЛАНОМТој е најмалку чест тумор, но и најопасен со најголем потенцијал за брзо метастазирање во внатрешните органи. Може да се појави и кај помладите лица, во споредба со базоцелуларниот и спиноцелуларниот карцином кои се вообичаени за повозрасната популација. Се појавува како темно пигментирана дамка со нејасно дефинирани граници и различни бои на здрава кожа или од претходно постоечка бемка. Многу ретко се појавува како пигментирано, розево или безбојно чворче кое многу брзо расте. Кога ќе се постави сомневање за меланом во рана фаза на развој, неопходно е итно хируршко отстранување.

Препознавање на рак на кожа - Што треба да се бара?Проверете ја кожата во врска со изгледот на дамките ако:

•Се менува големината, бојата и/или формата•Промената е поинаква од другите бемки

(„знак на грдо пајче“)•Асиметрична или има нерамни граници•Рапава или лушпеста при допир•Присутни многу бои во промената•Има чувство на јадеж•Има крварење или секреција•Има бисерен изглед

•Личи на рана која не зараснува

Ако здогледате две или повеќе предупредувачки знаци за рак на кожа, не губете време. Брзо консултирајте дерматолог!

БАЗОЦЕЛУЛАРЕН КАРЦИНОМПретставува најчеста форма на рак на кожа, но за среќа и најмалку опасна. Вообичаено има форма на издигнато чворче со мазна и сјајна површина како бисер кое често во средината има мала раничка, на деловите на кожата изложени на сонце. Овие тумори генерално не даваат метастази, но ако не се лечат може да се прошират во ткивата каде што ги уништуваат околните и подлабоките структури на кожата. Затоа се препорачува лечење кое се состои од хируршко отстранување или некои други видови локална терапија.

СПИНОЦЕЛУЛАРЕН КАРЦИНОМПретставува втора по честота форма на рак на кожа, кој вообичаено се јавува на деловите на телото изложени на сонце, како лицето и главата. Често се развива во форма на груба брадавичеста промена, со брз раст и појава на раничка. Може брзо да метастазира во лимфните јазли и другите органи ако е локализиран на усните, ушите, прстите или кај пациенти со намален имунитет. Затоа хируршката терапија е задолжителна!

АКТИНИЧНИ КЕРАТОЗИОвие црвено-кафеави, лушпести и груби лезии на кожата вообичаено се јавуваат кај повозрасни лица на делови експонирани на сонце како што се лицето, вратот, ушите, горните страни на шаките и главата без коса кај мажите. Тие се најчесто резултат на хронично оштетување од сонце. Претставуваат преканцерозни промени, кои во 10-15% од случаите може да се трансформираат во спиноцелуларен карцином. Затоа треба да се лекуваат, за да се спречи нивниот малигнен развој.

бенигна малигна

бенигна малигна

бенигна малигна

бенигна малигна

пред после

Знаци за рано откривање на меланомБидејќи меланомот е посебно сериозен облик на рак на кожа,треба да ги познавате раните знаци.

Правилото на ABCDE може да ви помогне за рано откривање на меланом:

A Дали е промената асиметрична?

BДали има нејасни граници?

CДали содржи различни бои?

DДали е пречникот поголем од 6 мм?

E Дали има развој во растот?