magisterska emilija penova

131
1 Универзитет Св. Климент Охридски –Битола Факултет за безбедност –Скопје Емилија Пенова Полицијата во предистражната постапка (магистерски труд) Скопје, 2012

Upload: nikola-zdraveski

Post on 10-Oct-2014

810 views

Category:

Documents


10 download

TRANSCRIPT

Page 1: Magisterska Emilija Penova

1

Универзитет Св. Климент Охридски –Битола

Факултет за безбедност –Скопје

Емилија Пенова

Полицијата во предистражната постапка

(магистерски труд)

Скопје, 2012

Page 2: Magisterska Emilija Penova

2

Ментор:

Проф. д-р Гордан Калајџиев

Вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан први“ на

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје

Членови на комисија:

1.Проф. д-рБорис Мурговски

Редовен професор на Факултетот за безбедност Скопје,

Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола

2. Проф. д-р Иванчо Стојанов

Редовен професор на Факултетот за безбедност Скопје,

Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола

Датум на одбрана:________________________

Датум на промоција:

Научна област од кој се стекнува степенот магистер:

Криминалистика и криминологија

Page 3: Magisterska Emilija Penova

3

Полицијата во предистражната постапка

Апстракт

Постапувањето на полицијата во предистражната постапка е од критично значење

за успехот за казненото правосудство во справувањето со криминалот и корупцијата. До

осудата на сторителите на кривичните дела, може да се дојде само доколку полицијата,

биде ефикасна и ги пременува сите модерни сознанија на криминалистиката. Од друга

страна, модерните демократии во кои се почитуваат човековите права и слободи од

полицијата бараат да постапува согласно со правно предвидените процедури ,кои

предвидуваат сe повеке гаранции за инвидуалните права на граѓаните. Модерната

кривична постапка повеќе не е само инструмент за примена на кривичното право и

примена на законот, туку станува значаен за заштита од арбитрерна и погрешна примена

на казненото право. Во оваа смисла полициската постапка како вовед во казнената

постапка добива на значење, па дури и се смета за еден вид „сеизмограф“ на Уставот,

односно примена на уставните слободи во практичниот живот. Оттука казненото процесно

право во последните дваесетина години се занимава со оваа тема ,како со централно

прашање, не само кај нас туку и како светски тренд. Кај нас особено со последната

реформа на кривичната постапка, улогата на полицијата се редефинира и станува тема

од исклучителен правен интерес, за која интензивно се пишува во последниве неколку

години.

Основна цел на трудот, од каде што и произлегува мотивот за разработка на оваа

тема е да проникне во суштествените карактеристики на теоретските аспекти на

полициската постапка, преку објаснување на поимот, типологијата, развојот и

современите тенденции на нејзиното концепциско менување и нејзината примена во

практиката на повеќе држави во регионот и Европа, за да се расветли улогата на

полицијата во предистражната постапка, нејзините права и должности, областите на

делување, како и односот со јавното обвинителство.

Page 4: Magisterska Emilija Penova

4

Преку прикажувањето на постојните решенија кај нас и во неколку европски земји,

трудот треба да ги посочи аргументите во прилог на потребата од нејзино редефинирање и

реструктурирање. Трудот воедно има за цел и да ги препознае и да укаже на бројните

дилеми и отворените прашања кое неретко се и од суштинско значење, како и да ги

посочи можните, не секогаш конечни одговори и решенија во однос на полициските

овластувања, почитувањето на човековите права и односот полиција –истржаен судија

- јавно обвинителство.

КЛУЧНИ ЗБОРОВИ

Предистражна постапка, полиција, полициски овластувања, јавен обвинител, реформа на

кривична постапка, човекови права и слободи.

Page 5: Magisterska Emilija Penova

5

THE POLICE PROCEDING IN PRELIMINARY INVESTIGATION

ABSTRACT

The police acting in terms of the preliminary investigation process is of crucial

importance for the success of the criminal justice which handles with the crime and corruption.

Crime perpetrations can be convicted only if the police are efficient and if police apply the

modern acts of criminology. On the other side, modern democracy which respects the human

rights and freedom, ask the police to act according to the strictly determined procedures which

provide guarantee of the individual rights of the citizens

The modern criminal proceeding is not just an instrument of applying criminal law and

applying criminal rights, but it is also becoming important about the protection from arbitrary

and incorrect application of the criminal law. In terms to this, the police action, as an

introduction in the criminal procedure, acquires great importance and it is even considered as a

seismograph of the constitution which also means application of the constitutional freedoms

within practical life. Consequently, the last twenty years, the criminal procedure law deals with

this subject considering it as a central question here and worldwide.

With the last made reforms within the criminal procedure, the role of the police is

redefined and it becomes a subject of an outstanding legal importance, for which it is highly

written in the last few years.

The basic aim of this work and the motivation about developing this subject is to penetrate the

basic characteristics of theoretical aspects of the police procedure through terms explanation,

typology, development and modern tendency in its conceptual changing and its application in the

practice of more countries in this region and in Europe, with an aim to clear up the role of the

police in the process of preliminary investigation, its rights and obligations, areas of acting and

the relations with the public prosecution

This work should refer to the arguments in terms of the need of the criminal procedure

and its redefining and reconstructing by the process of displaying the existing decisions in our

Page 6: Magisterska Emilija Penova

6

country and in several European countries. Also, the aim of the work is to recognize and to point

to the numerous dilemmas and open questions which are often of crucial importance, and to

point to the possible but not always final answers and decisions in relation to the police

authorities, the respect to the human rights and to the relation: police- investigative judge- public

prosecution.

Key words

Preliminary investigation process, police, police authorities, public prosecution, reforms within

the criminal procedure, respect to the human rights.

Page 7: Magisterska Emilija Penova

7

И З Ј А В А

Изјавувам дека при изработката на магистерскиот труд ги почитував позитивните

законски прописи од областа на заштитата на интелектуалната сопственост и не користев

реченици или делови од трудови на други автори без да ги почитувам методолошките

стандарди. Изјавата ја давам под полна материјална и кривична одговорност.

Изјавил:

_____Пенова Емилија_____

Page 8: Magisterska Emilija Penova

8

СОДРЖИНА:

Вовед…………………………………………………………………………………11

1. Предистражна постапка

1.1. Поим и правна природа на предистражната постапка................................13

1.2 Полициски извиди..........................................................................................17

1.3 Процедурален тек и процедурални субјекти на предистражната

постапка...........................................................................................................18

1.4 Истрага.............................................................................................................22

1.5 Улогата и значењето на предистражната постапка во казнената

постапка...........................................................................................................25

2. Улогата на полицијата во кривичната постапка………..……….......…….27

2.1. Должности и овластувања на полицијата................................................... 27

2.1.1 Повикување........................................................................................... 34

2.1.2 Приведување..........................................................................................35

2.1.3 Лишување од слобода........................................................................... 37

2.1.4 Задржување........................................................................................... 39

2.1.5 Потрага по лица и предмети............................................................... 43

2.1.6 Насочување или ограничување на движењето на лица и

превозни средства ........................................................................................... 45

2.1.7 Преглед или претрес на определени објекти и простории на државни

органи, институции што вршат јавни овластувања и други правни лица и

увид во определена нивна документација..................................................... 48

2.1.8 Сопирање, легитимирање и преглед или претрес на лица, превозни

средства и багаж.............................................................................................. 49

2.1.9 Обезбедување и преглед на местото на настанот.............................. 51

2.2. Примена на посебните истражни мерки.................................................... 54

2.3. Поднесување кривична пријава.................................................................. 62

Page 9: Magisterska Emilija Penova

9

2.4. Граници на автономијата на полицијата при преземањето на

дејствијатa во предистражната постапка............................................................. 64

3. Однос на полицијата со јавното обвинителство…………………..........……….70

3.1 Поим на јавен обвинител....................................................................................70

3.2. Улогата на јавното обвинителство во претходната постапка.........................71

3.2.1. Поводи од кои јавното обвинителство дознава за кривичните

дела..........................................................................................................................73

3.2.2. Постапување на јавното обвинителство по кривичните пријави….......75

3.3. Однос на полицијата со јавното обвинителство.................................................76

3.3.1. Раководење и контрола на јавното обвинителство врз полицијата.........79

3.3.2 Други форми на контрола и надзор врз полицијата...................................82

4.Споредбено-правен преглед………………………………….………..........……….85

4.1. Германија...................................................................................................................85

4.2. Италија.......................................................................................................................89

4.3. Англија......................................................................................................................91

4.4 Франција...................................................................................................................94

4.5. Хрватска....................................................................................................................96

4.6. БиХ............................................................................................................................98

5.Предистражната постапка во Р. Македонија…………….........………………..100

5.1. Историски преглед на кривичната и предистражната постапка

на РМ (значајни реформи на ЗКП).................................................................................100

5.2. Предистражната постапка и истрагата во постојниот ЗКП..............................101

5.3 Предистражната и истражната постапка според новиот ЗКП...........................104

5.3.1 Основни причини за напуштање на судската истрага..............................106

5.3.2 Односот на полицијата и јавниот обвинител според новиот ЗКП…......108

5.3.3. Истражни центри на јавното обвинителство и овластувањата на

полицијата во истражниот центар.......................................................................112

Page 10: Magisterska Emilija Penova

10

6. Заклучоци и предлози

Заклучоци и предлози( де леге ференда )...................................................................113

7. Користена литература...............................................................................................121

Page 11: Magisterska Emilija Penova

11

Воведни напомени

Полициското право и постапка во последните дваесеттина години беа предмет на

интензивно правно нормирање во светот, па и кај нас. Долго време полициското

постапување беше многу оскудно уредено со правни прописи. Сепак нараснатиот

сензибилитет за основните човекови права и слободи, како и значењето на овој почеток

стадиум на постапката за ефикасноста на казнената правда, особено со примена на

современите (посебни) истражни мерки придонесоа полициската постапка и

овластувањата на полицијата детално правно да се уредат и тоа не само во соодветните

законски прописи, туку тие станаа составен дел на меѓународното право и националните

устави. Овој светски тренд најде свој одраз и во уставот и законите на Република

Македонија. Имено, повеќе членови на новиот македонски устав, изречно ја уредуваат

полициската постапка којашто за прв пат во нашата историја станува уставна категорија.

Мора веднаш да се забележи дека уставотворецот изразил голема резерва во однос на

нејзиниот капацитет да ги почитува човековите права, поради што за нашата полиција

востановува сериозни ограничувања во примена на некои основни овластувања со кои се

зафаќа во човековите права и слободи. Законите од оваа сфера, а посебно Зaконот за

полиција, ЗКП, Законот за јавното обвинителство, понатаму го имплементираат овој тренд

на сè подетално регулирање на полициските истраги како иницијална фаза на кривичната

постапка.

Токму, реформата на истрагата е централно прашање на реформата на казнената

постапка во Република Македонија. Односот помеѓу јавното обвинителство и полицијата

во претходната постапка беа предмет и на новиот Закон за јавно обвинителство од 2008

год. со кое практично започна реформата на нашата казнена постапка, реформа која не ја

менува само постапката како таква, туку зафаќа и во односите на органите што го

применуваат законот. Јавниот обвинител добива нови права и одговорности за раководење

со полицијата и другите органи кои имаат посебни овластувања во постапката за

откривање и гонење на кривичните дела. Со тоа, со новиот ЗКП дефинитивно се брише

досегашната разлика помеѓу сосема неформалната преткривична постапка (досега

оставена на полицијата) и формалната судска истрага.

Page 12: Magisterska Emilija Penova

12

Новата обвинителска истрага со тоа отвори повеќе прашања кои не се само од

процедурална природа, туку со нив се зафаќа во некои принципиелни прашања за

уставната поделба на власта и основните човекови права и слободи. На некој начин, оваа

реформа ја брише досегашната граница помеѓу криминалистички правила и правните

процедури и бара ново редефинирање односно балансирање на полициската ефикасност

наспроти правата и слободите на осомничените и другите граѓани. Тоа ја нагласува

потребата од подетална разработка на оваа тема, која навистина има многу практични и

процедурални аспекти, но длабоко завлегува и во основните принципи на правната

држава.

Page 13: Magisterska Emilija Penova

13

1. Предистражна постапка

1.1. Поим и правна природа на предистражната постапка

За да се поведе кривична постапка, мора прво да се открие кривичното дело, да се

обезбедат докази и да се открие сторителот на кривичното дело, односно лицето за кое

постои сомнение дека е извршител на делото.1 Кривичната постапка е збир на правно

уредени дејствија и мерки кои ги преземаат судовите и некои други субјекти во случај на

веројатност дека некое лице извршило казнено дело, при што дејствијата имаат заедничка

цел да се утврди дали е сторена повреда, кој е сторителот и дали може, доколку е крив, со

пресуда да му биде изречена пропишаната казна или некоја друга мерка.2

Кривичната постапка на Република Македонија, по правило, се состои од четири

стадиуми кои се надоврзуваат еден на друг и сочинуваат една систематска целина, и тоа:

1. Претходна постапка;

2. Обвинување (со евентуална контрола на обвинението);

3. Главен претрес со донесување и објавување на пресудата, и

4. Постапка по правни лекови.

Различни автори различно го определуваат почетокот на кривичната постапка, а со

тоа и немаат прецизна граница кога таа започнува. Според проф. Иванчо Стојанов, за да

може да започне преткривичната постапка, потребно е да се дознае за извршено кривично

дело што се гони по службена должност и евентуално за неговиот сторител.3 Исто така,

постои дилема и нема јасна граница помеѓу предистражната постапка и претходната

постапка. Доколку би било прецизирано со одредба кога кривичната постапка започнува и

завршува и таа одредба да би важела за сите подеднакво кривични постапки, би дошло до

хаотичност и до голем број на проблеми, затоа што имаме различни кривични постапки

(редовни постапки, постапки без истрага, скратени постапки, постапки спрема

малолетници и сл.) и сите тие постапки имаат различен почеток.

1 Види: Н. МАТОВСКИ, Казнено процесно право (општ дел ), Скопје, 2003.

2 Види: Д. КРАПАЦ, Kazneno procesno pravo, Prva knjiga: Institucije, III izmjenjeno i dopunjeno izdanje, Narodne

Novine, Zagreb, 2007. 3 Види: И. СТОЈАНОВ, Мерки и дејствија во преткривичната постапка, Ревија за криминалистика,

криминологија и кривично право, Скопје, стр. 334-335.

Page 14: Magisterska Emilija Penova

14

Во теоријата може да се сретнат две сфаќања за почетокот на кривичната

постапка.4 Според првото, претходната постапка започнува со првото дејствие кое го

преземаат надлежните државни органи чија цел е да се утврди дали е навистина сторено

делото и да се најде неговиот сторител. Ваквото гледиште во казнената постапка ја

вклучува и предистражната постапка. Според второто, строго формално-правно сфаќање,

почетокот на кривичната постапка може да биде определен со: а) некој формален почетен

момент на процесно случување; б) момент на настапување на правни последици или в) со

донесување на начелна судска одлука по прашањето дали постојат законски услови за

поведување на кривична постапка против определено лице. Според професорот Павишиќ,

дејствијата кои се преземаат во предистражната фаза, поднесувањето на кривичната

пријава, извидите, прибирањето известувања и одлучувањето на јавниот обвинител за

пријавата, не се дејствија на кривичната постапка. Кривичната постапка започнува во

моментот на настанувањето на основаното сомнение.5 Исто е и толкувањето кое во својот

коментар на ЗКП го дава професор Васиљевиќ, кој вели дека започнувањето на

кривичната постапка е моментот на донесувањето на решението за спроведување истрага,

а доколку се работи за непосредно обвинение, тогаш постапката тече од моментот кога

истражниот судија ќе го донесе решението да не се води истрага.6 Ваквото сфаќање

доминира во поранешната југословенска литература.7

За да се покрене кривична постапка секако мора претходно да се открие

кривичното дело, да се обезбедат докази и да се открие сторителот на кривичното дело,

односно лицето за кое постои сомнение дека е извршител на делото. Значи, според

постојаниот ЗКП, на официјалната кривична постапка и претходи претходната постапка

која е составена од предистражна постапка (кривична пријава и овластување на органите

во предистражната постапка, посебните истражни мерки) и истрагата. Некои оваа фаза ја

поистоветуваат со полициските истраги (извиди) во смисла на откривање и пријавување

на кривичното дело, иако е очигледно дека составен дел на оваа најрана фаза од казнената

постапка е и постапувањето на други државни органи задолжени за пријавување казниви

4 Види: D. KRAPAC, Suvremeni prethodni krivični postupak – nastanak i glavne značajke, Naša zakonitost, br. 2-3,

Zagreb, 1989, стр. 287-332. 5 Види: B. PAVIŠIĆ, Kazneni postupak u Republici Hrvatskoj, во: Hrvatski ljetopis za kazneno pravo i praksu,

Zagreb, vol. 7, бр. 2/2000, стр. 572. 6 Види: T.VASILJEVIĆ, Komentar Zakona o krivičnom postupku, Službeni list, Beograd, 1977, стр. 173, 174

7 Кај нас така Н. МАТОВСКИ, Казнено процесно право, Посебен дел, Втори август, Штип/Скопје, 2004.

Page 15: Magisterska Emilija Penova

15

дела, како и постапувањето на јавниот обвинител по кривичната пријава. Во таа смисла

може да се каже дека предистражната постапка е составена од два дела: 1. откривање и

пријавување (условно кажано, полициски дел) и 2. постапување по кривичната пријава

(обвинителски дел).8

Според некои автори предистражната постапка се дефинира како „активност што и

претходи на кривичната постапка”.9 Професорот Мирјан Дамашка зборува за

„криминалистичка кривична постапка”,10

Младен Грубиша го користи називот

„неформална постапка”11

, додека според професорот Владимир Баер станува збор за

„дејност на органите за внатрешни работи пред почетокот на редовната кривична

постапка”.12

Предистражната постапка започнува во оној момент кога постои основа за

сомневање дека е сторено казнено дело за кое се гони по службена должност, односно

постоењето на основа за сомневање дека одредено лице извршило такво казнено дело.

Предистражната постапка се води со цел на јавниот обвинител да му се обезбеди

материјал за да оцени дали основите на сомнение, како првични сознанија, преминуваат

во основано сомнение како повисок степен на сомневање заснован врз прибавените докази

кои упатуваат на заклучокот дека определено лице сторило кривично дело, за да може тој

да поднесе барање до судот за спроведување истрага.13

Дејствијата кои се определени како

цели на предистражната постапка и кои ги презема полицијата не се формални истражни

дејствија (на пример: формално испитување на обвинетиот, на сведокот или вештакот),

туку се разни претходни мерки и претходни информации кои овозможуваат успешно

водење на понатамошната истрага.

Предметот на предистражната постапка се состои во:14

• откривање на кривичното дело,

• пронаоѓање на сторителот,

8 Друго е прашањето дали на ова ќе се надоврзе формална судска истрага водена од истражен судија, или

формална или неформална обвинителска постапка односно истрага. 9 Види: T. VASILEVIĆ , Sistem krivičnog procesnog prava, Beograd,1971,str. 446

10 Види: M. DAMAŠKA, Jugoslovenska revija za kriminologiju I krivičnog pravo, br. 2/69.

11 Види: M. GRUBIŠA, Priručnik za primenu noveliranog Zakona o krivicnom postupku, Zagreb, 1968, стр. 32 и 40.

12 Види: V. BAYER, Jugoslovensko krivično procesno pravo, Kniga prva, Uvod u teoriju krivičnog procesnog

prava, Zagreb , 1977, str. 111. 13

Види: Н. МАТОВСКИ Г. ЛАЖЕТИЌ-БУЖАРОВСКА, Г. КАЛАЈЏИЕВ, Кривично процесно право (Второ изменето

и дополнително издание), Скопје, 2011. 14

Види П. МАРИНА, O pretkrivicnom postupku, ЈРКК,1-2/1982, , str. 113.

Page 16: Magisterska Emilija Penova

16

• откривање и обезбедување на трагите на кривичното дело и на предметите што

може да послужат како доказ,

• прибирање на сите известувања што би можеле да послужат за успешно водење на

постапка како и

• преземање на определени истражни дејствија за кои постои опасност од одлагање

Предистражната постапка има свои особености, бидејќи не е судска постапка,

поради кое повеќето домашни автори сметаа дека таа воопшто не е кривична постапка, па

најчесто можеме да ја сретнеме опишана како криминалистичка постапка или полициски

извиди. Оваа дебата не е само теоретска, туку има и нормативни аспекти, бидејќи од

ваквиот или онаков концепт ќе зависи дали овластувањата и дејствијата на полицијата и

другите органи со посебни овластувања ќе биде уредена со казненото процесно право

односно ЗКП (САД, СФРЈ) или со полициското право (Велика Британија, Р. Хрватска).

Постојната правна литература и позитивното право во Р. Македонија покажува дека ова

прашање кај нас сè уште не е до крај разрешено. Имено, според Законот за полиција (а во

литературата професорот Матовски),15

преткривичната односно полициската постапка е

дел од полициското право, додека според ЗКП оваа материја спаѓа во казненото процесно

право (во домашната литература професорот Калајџиев).16

15

Н. МАТОВСКИ, op. Cit. 16

Види: Г. КАЛАЈЏИЕВ, Замки и заблуди на реформата на истрагата, во Зборник на трудови на Правните

факултети во Скопје и Загреб, Скопје/Zagreb, 2009, 165; Г. КАЛАЈЏИЕВ, Дали имаме правец за реформите, во:

Реформи на македонското судство, Агтис, Прилеп, 2005; Г. КАЛАЈЏИЕВ, Реформа на истрагата во Република

Македонија, во: Iustitia, Бр. 2, 2010, стр. 12; Г. КАЛАЈЏИЕВ, Позначајни концепциски разлики во реформата

на истрагата во Хрватска и Македонија, во Зборник на трудови на Правните факултети во Скопје и Загреб,

Zagreb, 2010; Г. КАЛАЈЏИЕВ/ Д. ИЛИЌ, Формирање, организација и функционирање на правосудната полиција

и истражните центри на јавното обвинителство, МРКПК, бр.2, 2009, стр. 121-154.

Page 17: Magisterska Emilija Penova

17

1.2 Полициски извиди

Предистражната фаза некои автори ја поистоветуваат со полициските истраги

(извиди) во смисла на откривање и пријавување на кривичното дело, иако е очигледно

дека составен дел на оваа најрана фаза од казнената постапка е и постапувањето на други

државни органи задолжени за пријавување казниви дела, како и постапувањето на јавниот

обвинител по кривичната пријава. Терминот извиди во суштина е синоним со зборот

истрага, но се користи за да се направи разлика од судската истрага.

Извиди на казнени дела се дејствија и мерки за откривање и собирање на податоци

за казненото дело кое се гони по службена должност, евентуалниот сторител и неговата

вина како и за други околности од корист за успешно водење на казнената постапка.

Извиди на казнени дела се нарекуваат мерките и дејствијата кои ги преземаат полициските

власти (полиција или војна полиција) по службена должност или по налог од јавниот

обвинител заради:

пронаоѓање на сторителот на казненото дело,

спречување на бегство или сокривање на сторителот или учесникот во

казненото дело,

откривање и обезбедување на траги од казненото дело и на предмети кои

можат да послужат при утврдување на факти,

собирање на сите известувања кои би можеле да бидат од корист за успешно

водење на казнената постапка.

Извидите се неформални дејствија за кои законот не пропишува форма за нивно

спроведување и затоа нивниот резултат не може да се користи како доказ во постапката.17

Дејствија на извиди се и мерките одредени со правилата на криминалистиката, изразени

во посебното полициско право. Услов за отпочнување извид на казнено дело е постоењето

на основа за сомневање дека е сторено казнено дело за кое се гони по службена должност,

односно постоењето на основа за сомневање дека одредено лице извршило такво казнено

дело Во пракса предистражната постапка најчесто започнува со полициски извиди, кои

17

Види: Д. КРАПАЦ / З. ЃУРЃЕВИЌ / С. ГЛУШКИЌ / И. ЈОСИПОВИЌ / Д. КОС / Н. НОВОСЕЛЕЦ, Kazneno procesno

pravo – Primjerovnik, Narodne Novine d.d., Zagreb, 2001, стр. 50.

Page 18: Magisterska Emilija Penova

18

полицијата ги започнува под одредени законски услови или по службена должност или на

барање на јавниот обвинител, при што се пропишува обврска на полициските власти да го

известат јавниот обвинител во рок од 30 дена за мерките кои ги преземале, односно

секојдневно да го известуваат за преземените мерки на барање на самиот јавен обвинител.

Извидите на казнени дела можат да бидат општи и посебни. Општи извиди се покренуваат

и спроведуваат кога постојат основи за сомневање дека е извршено казнено дело за кое се

гони по службена должност, заради собирање на податоци за доказите кои се потребни за

да јавниот обвинител донесе одлука за покренување на казнена постапка. Посебните

извиди се спроведуваат со посебни мерки на ограничување на уставните права и слободи

само за казнени дела одредени со закон.

.

1.3 Процедурален тек и процедурални субјекти на предистражната

постапка

Органи надлежни за водење на предистражната постапка се:

органите за внатрешни работи,

јавниот обвинител,

судот односно истражниот судија,

царинската управа и финансиската полиција.18

Во текот на предистражната постапка, а заради остварување на нејзината цел

надлежните органи преземаат низа дејствија. Професорот Стојанов вели дека за време на

преткривичната постапка, полицијата може да презема многубројни и разновидни

активности кои што ги дели на мерки и дејствија, истражни дејствија и лишување од

слобода.19

Така, доколку постојат основи за сомневање дека е извршено кривично дело за

кое се гони по службена должност, МВР е должно да ги преземе потребните мерки да се

пронајде сторителот на кривичното дело, сторителот или соучесникот да не се скрие или

не побегне, да се откријат и обезбедат трагите на кривичното дело и предметите што

18

Со измените на ЗКП од 2004 година овластувањата што ги има МВР во предистражната постапка и во

истрагата, ги имаат и Царинската управа на Република Македонија и Финансиската полиција, но само за

определени кривични дела (чл. 142-а, ст.1 и 2, ЗКП). 19

Види: И. СТОЈАНОВ, Op. Cit., стр. 335.

Page 19: Magisterska Emilija Penova

19

можат да послужат како доказ, како и да ги соберат сите известувања што би можеле да

бидат од корист за успешното водење на кривичната постапка.

За таа цел МВР може:20

• да бара потребни известувања од граѓани;

• да сопре, да легитимира и да изврши потребен преглед или претрес на лица,

превозни средства и багаж ако постојат основи на сомневање дека кај нив ќе

се пронајдат траги на кривичното дело или предмети што можат да послужат

како докази;

• со наредба да пренасочи, насочи или ограничи движење на лица и превозни

средства на определен простор за нужно потребно време;

• да преземе потребни мерки во врска со утврдувањето на идентитет на лицата

и на предметите;

• да спроведе потрага, распише потерница по лицето и објава по имотот и

имотната корист или по предметите по кои се трага;

• да изврши преглед или претрес на определени објекти и простории на

државни органи, институции што вршат јавни овластувања и други правни

лица и да оствари увид во определена нивна документација;

• фотографира;

• дактилоскопира;

• да повикува граѓани заради собирање на потребни известувања со писмена

покана.

Според законот главен координатор на сите активности е јавниот обвинител.

Според неговите инструкции и наредби треба да преземаат дејствија, другите органи и на

крајот да му достават извештај. Меѓутоа во пракса е поразлично, повеќето дејствија ги

преземаат органите со полициските овластувања, коишто најчесто први доаѓаат до

сознанија за извршено кривично дело. Истражниот судија пак прв стигнува на самото

место во текот на вршењето на увидот каде што може да ги преземе дејствијата, со тоа

што за се што е преземено треба да биде известен јавниот обвинител.

Како што наведовме, предистражната постапка ја опфаќа дејноста и на царината,

финансиска полиција (а за определени кривични дела и УБК), во откривање на казнени

20

Види: П. МАРИНА, O pretkrivičnom postupku, ЈРКК, 1-2/1982, str. 118.

Page 20: Magisterska Emilija Penova

20

дела и на сторители како и во собирање на докази за покренување на казнена постапка и

собирање и обезбедување на докази за нејзино спроведување. На крајот, врз основа на

собраните сознанија МВР составува кривична пријава во која ги наведува доказите за

кривичното дело и ја доставува до јавниот обвинител или пак, го известува јавниот

обвинител дека врз основа на собраните сознанија нема основа за поднесување на

кривична пријава.

Јавниот обвинител штом ќе ја прими кривичната пријава, ќе ја оцени, т.е. дали

содржината во пријавата претставува кривично дело според КЗ кое што може да се гони

по службена должност според ЗКП и дали постојат основи за сомневање дека пријавеното

лице е сторител на тоа дело.

Доколку јавниот обвинител не може да оцени од самата пријава дали се веројатни

наводите од неа или ако податоците од пријавата не даваат доволна основа да може да

одлучи дали ќе бара спроведување истрага или ако до јавниот обвинител само допрел глас

дека е извршено кривично дело, а особено ако сторителот е непознат, јавниот обвинител

ќе преземе претходно прибирање на известувања и тоа или сам или преку други органи

или пак, ќе бара од МВР да соберат потребни известувања и да преземат други мерки

заради откривање на кривичното дело и на сторителот (чл. 144, ст.2, ЗКП).21

Јавниот обвинител може да бара потребни податоци и известувања од државни

органи, од институции што вршат јавни овластувања и од други правни лица, од органите

на единиците на локалната самоуправа и од граѓани; може да бара да му достават

документи, списи, предмети и известувања; може да врши консултации и да прибави

мислења од стручни лица од соодветна област потребни за да одлучи по кривичната

пријава, а може да го повика и подносителот на кривичната пријава, како и осомничениот

во присуство на неговиот бранител и други лица за чии сознанија смета дека можат да

придонесат за оцена на веродостојноста на наводите во пријавата.22

Заради поефикасно

откривање на кривичното дело, јавниот обвинител во определени случаи може да нареди

едно или повеќе овластени лица од Министерството за внатрешни работи или друг

државен орган да му бидат ставени на располагање за определен период во текот на

постапката.

21

Види: Н. МАТОВСКИ, Г. ЛАЖЕТИЌ-БУЖАРОВСКА, Г. КАЛАЈЏИЕВ, Кривично процесно право, Второ изменето

и дополнително издание, Скопје 2011, стр.275. 22

Исто.

Page 21: Magisterska Emilija Penova

21

Предистражната постапка завршува со одлука на јавниот обвинител. Одлуката

може да биде позитивна или негативна. Позитивна е ако има основа за покренување на

кривична постапка, а негативна е доколку нема таква основа. Во тој случај, јавниот

обвинител со решение ќе ја отфрли пријавата ако:23

од самата пријава произлегува дека пријавеното дело не е кривично дело за

кое се гони по службена должност;

ако настапила застареност или делото е опфатено со амнестија или помилување;

ако постојат други околности што го исклучуваат гонењето,24

или

ако не постојат основи на сомневање дека пријавениот го сторил кривичното

дело.

За отфрлање на кривичната пријава, јавниот обвинител му доставува на

оштетениот примерок од решението со поука дека има право во рок од 8 дена од приемот

да го преземе кривичното гонење, а подносителот на пријавата го известува за причините

за отфрлањето (чл. 144, ст.1)

Доколку пак резултатите од предистражната постапка покажат дека покренувањето

на казнената постапка е основано, истата може да започне со појака правно нормирана

претходна постапка, која се состои од истрага и обвинение. Во скратената постапка

предистражната постапка не е предвидена, меѓутоа се применуваат нејзините одредби.

23

Види: П. МАРИНА, op. Cit., str. 121-122. 24

На пример, смрт на осомничениот за кривичното дело.

Page 22: Magisterska Emilija Penova

22

1.4 Истрага

Под поимот истрага на кривично дело, се подразбира акција која се презема кога

постои основано сомнение25

дека е извршено кривично дело за кое се гони по службена

должност.26

Истрагата е стадиум на редовната кривична постапка и се поведува против

определено лице кога постои основано сомневање дека сторило кривично дело.27

Истрагата може да се разбере како парапостапна активност во однос на потребите за

собирање на податоци навреме, на уште незрели услови за кривична постапка. Кривичната

истрага е дефинирана како севкупност на дејствија кои се преземаат заради откривање и

разјаснување на кривичното дело и неговиот сторител и се собираат информации28

и

докази кои ќе му овозможат на јавниот обвинител да оцени дали ќе поднесе обвинение и

кои го овозможуваат натамошното водење на постапката. Порано, кон средината на 19

век, истрагата била сфатена како судска истрага, посебно во континенталните европски

земји, додека пак во англосаксонското право, истрагата ја водела полицијата.

Денеска во меѓународни рамки карактеристична е тенденцијата на укинување на

судската истрага и нејзина реформа во обвинителска (или поточно полициско-

обвинителска истрага). Така, на пример, таа е укината во Германија (1974 год.), во Италија

(1988 год.), во последниве години и во Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија. Кај нас,

според постојниот ЗКП, формалната истрага е судска и неа ја спроведува истражниот

судија. Имајќи во вид дека тој не успеа да се афирмира и покаже како инвентивен фактор

за пронаоѓање нови докази, се донесе нов ЗКП кој ја ремоделира истрагата прифаќајќи го

обвинителскиот модел.29

25

Законот за кривична постапка од 2010 год. за прв пат ги дефинира поимите „основи на сомневање“ и

„основано сомневање“. Основи на сомневање се сознанија кои врз основа на криминалистичкото знаење и

искуство може да се оценат како доказ за сторено кривично дело. Основано сомневање е повисок степен на

сомневање заснован врз прибавените докази кои упатуваат на заклучок дека определено лице сторило

кривично дело (член 21). 26

Види Д. ВУЈОВИЌ, Ј. ВУЧКОВИЌ, Кривично процесно право, Београд, 1996 година, стр. 115. 27

Види: С. БРКИЌ, Кривично процесно право, Правен факултет, Нови Сад, 2010, стр. 77. 28

За да може да се користат информациите во кривичната постапка, тие треба да се формализираат по

прописни и продедурални правила. Тогаш информацијата подготвена по процедуралните прописи

преминува во доказ. Доказот е основна единица на секоја информација или состав. 29

Оваа поделба на моделите на истрага според субјектите кои ја водат. Сепак, треба да се нагласи, дека има

и автори кои кога говорат за модели на истрага, прават нешто поинакви класификации. Така на пример,

според проф. Грубач истрагата може да биде доверена на: истражниот судија; полицијата со самостојна

надлежност; полицијата која е врзана со упатствата на јавниот обвинител; формално на државниот

Page 23: Magisterska Emilija Penova

23

Целта на истрагата како втора фаза од претходната постапка што ја спроведува

истражниот судија на барање на јавниот обвинител откако постои основано сомнение дека

определено лице го сторило кривичното дело е: 30

• Да се најде сторителот;

• Сторителот да не побегне;

• Идентификација и обезбедување на траги и докази од кривичното дело,и предмети

кои што може да се користат за утврдување на фактите,

• Се собираат сите информации кои можат да бидат корисни за успешно водење на

кривичната постапка.

Според постојаниот ЗКП целта е да се соберат докази и податоци31

што се

потребни за да може јавниот обвинител да се одлучи дали ќе поднесе обвинителен акт или

ќе ја запре постапката, докази за кои постои опасност дека не ќе може да се повторат на

главниот претрес или дека нивното изведување би било поврзано со тешкотии, како и

други докази што може да бидат од полза за постапката чие изведување со оглед на

околностите на случајот се покажува како целесообразно (чл. 150, ст. 2, ЗКП).

Во новиот ЗКП, целта на истрагата е определена како:

- собирање докази и податоци што му се потребни на јавниот обвинител да може да

одлучи дали ќе поднесе обвинение или ќе се откаже од гонење и

- изведување на докази за кои постои опасност дека нема да може да се изведат на

главната расправа или чие изведување би било поврзано со тешкотии.

Истрагата може да биде спроведена во согласност со процедуралните правила по

барање на државниот обвинител (чл. 151, ст. 1, ЗКП) или на полицијата по сопствена

иницијатива.32

Ако се согласи со барањето на јавниот обвинител, истражниот судија

обвинител кој, по правило, ја доверува на полицијата или на полицијата и на јавниот обвинител, самостојно.

Види: М. ГРУБАЧ, Кривично процесно право - посебни део, Службени гласник, Београд, 2002, стр. 46. 30

Види: М. МИЛОШЕВИЌ, Ч. СТEФАНОВИЌ, Кривично процесно право, Полициска академија, Белград 1997,

стр. 315. 31

Податоци е опис или изјава на фактот што и дава субјективна слика на објективната реалност. 32

Во барањето за спроведување истрага може да се предложи да се извидат определени околности, да се

преземат одредени дејствија и за извесни прашања да се сослушаат определени лица, а може да се предложи

и да се стави во притвор лицето против кое се бара истрага (чл. 151, ст. 4, ЗКП). Сите овие предлози мора да

бидат конкретни и прецизно формулирани. Јавниот обвинител, по барање на истражниот судија му ја

доставува и кривичната пријава и сите списи и записници за дејствијата што се преземени, а истовремено му

ги доставува и предметите што може да послужат како доказ или му го назначува местото каде што се

наоѓаат (чл. 151, ст. 5, ЗКП). Штом ќе го прими барањето истражниот судија, тој ќе ги разгледа сите списи

Page 24: Magisterska Emilija Penova

24

донесува формално писмено решение за спроведување на истрагата, кое треба да ги

содржи сите податоци како и барањето (чл. 151, ст. 3, ЗКП) и тоа се доставува до јавниот

обвинител и до обвинетиот. По донесувањето на решението, истрагата ја спроведува

истражниот судија на надлежниот суд (чл. 154, ст. 1, ЗКП), кој е dominus во истрагата и ги

презема сите процесни дејствија за кои смета дека се неопходни за утврдување на

вистината. Истражниот судија презема низа процесни активности кои што може да се

реализираат како на својата територија, т.е. подрачјето на својот суд, како и во интерес на

истрагата и на други подрачја.33

Исто така, може да може да му довери вршење на

одделни истражни дејствија и на органот за внатрешни работи, како на пример

извршување наредба за претрес на дом или на лица или за привремено одземање предмети

или преземање на криминалистички дејствија.34

Предлозите за извршување одделни истражни дејствија од страна на странките и

оштетениот, истражниот судија може да не ги прифати и за тоа ќе го извести предлагачот,

кој може предлогот повторно да му го даде на истражниот судија на надлежниот суд (чл.

160, ст. 2, ЗКП), а странките може да ги повторат предлозите и на главниот претрес. Исто

така ЗКП овозможува тужителот и бранителот да присуствуваат при испитувањето на

обвинетиот (чл. 161, ст. 1, ЗКП), при претресувањето на дом (ст.3), тужителот,

оштетениот, обвинетиот и бранителот имаат право да присуствуваат при увидот и при

сослушувањето на вештаци (ст. 2). При сослушувањето на сведок имаат право да

присуствуваат тужителот, обвинетиот и бранителот. Оштетениот може да присуствува на

сослушувањето на сведок само кога е веројатно дека сведокот нема да дојде на главниот

претрес.

По завршувањето на истрагата истражниот судија ги доставува списите до јавниот

обвинител, кој откако ќе ги добие списите, должен е во рок од 15 дена да даде предлог да

се дополни истрагата,35

да поднесе обвинителен акт или да даде изјава дека се откажува од

гонењето.

приложени кон барањето, (чл. 152, ст. 1, ЗКП) и должен е да го испита лицето против кое се бара

спроведување истрага, освен ако постои опасност од одлагање (чл. 152, ст. 2, ЗКП). 33

Види С. БРКИЌ, op. Cit., стр 80. 34

Исто, стр. 84. 35

На пример, да се преземат уште некои процесни дејствија. Најчесто во практиката истражниот судија се

согласува со предлогот на јавниот обвинител за дополнување на истрагата но, ако не го прифати, одлучува

советот од чл. 22 ст.6.

Page 25: Magisterska Emilija Penova

25

1.5 Улогата и значењето на предистражната постапка во казнената

постапка

Предистражната постапка е од големо значење за целокупната постапка , и воедно

претставува воведен дел и насока како треба да се одвива истрагата, поради што често

оваа фаза се нарекува и „подготвителна постапка“. Главната улога на оваа постапка е да се

соберат докази за веројатноста на казненото дело и на неговиот сторител за да може да се

одлучи дали ќе му се суди или постапката против него ќе биде запрена. Покрај

собирањето на доказниот материјал со цел да се донесе одлука за тоа дали ќе се поднесе

обвинение или не, материјалот пронајден и собран во текот на истрагата, во случај на

поднесување на обвинителен акт и одржување на главна расправа има за задача да го

олесни и забрза нејзиниот тек. Доказниот материјал, т.е. доказите (персоналните) не се

изведуваат, туку само собираат, ниту пак се утврдуваат сите факти за тие подоцна само да

се повторат на главната расправа, туку само оние кои се нужни за да јавниот обвинител

може да донесе одлука дали ќе гони или не. Тоа значи дека во некои предходни постапки,

нормално во зависност од кривичноправниот систем, дејствијата што се преземаат во

текот на истрагата претставуваат само собирање на доказите, но не и нивно формално

изведување, додека пак во системите на судска истрага дејствијата ги презема истражен

судија со закон пропишана форма што всушност не претставува само нивно пронаоѓање и

собирање, туку и нивно изведување. Изведувањето на доказите е карактеристично за

судската истрага во која птретходната е поделена на полициски извиди преку кои се

собираат докази и на истрага во која истражниот судија без да дојде до нови докази

формално ги изведува оние кои ги собрала полицијата во предистражната постапка.

Предистражната постапка овозможува заштита на граѓаните од неосновани обвиненија и

судења, и истовремено спречување на произволно изведување на граѓаните пред суд.

Истрагата е „филтер“ кој ги штити граѓаните од неосновани обвиненија и судења и токму

во тоа што таа го спречува произволното изведување на граѓаните пред суд, се состои

нејзината оправданост. Затоа органот кој ја спроведува истрагата, мора да внимава како на

доказите кои одат во прилог на обвинението, така и н оние кои одат во прилог на

осомничениот. Модерните демократии во кои се почитуваат човековите права и слободи

Page 26: Magisterska Emilija Penova

26

од полицијата бараат да постапува согласно со правно предвидените процедури кои

предвидуваат се повеке гаранции за инвидуалните права на граѓаните.

Во оваа смисла предистражната постапка како вовед во казнената постапка добива

на значење, па дури и се сметаат за еден вид „сеизмограф“ на Уставот, односно примена

на уставните слободи во практичниот живот. Оттука казненото процесно право во

последните дваесетина години се занимава со оваа тема ,како со централно прашање, не

само кај нас туку и како светски тренд. Кај нас особено со последната реформа на

кривичната постапка, улогата на полицијата се редефинира и станува тема од

исклучителен правен интерес, за која интензивно се пишува во последниве неколку

години. Затоа во самата предистажна постапка, органите кои што имаат задача да

собораат докази мора да обрнат внимание и да имаат во предвид како на обвинението,

така и на осомничениот, а до осудата на сторителите на кривичните дела, може да се дојде

само доколку полицијата, биде ефикасна и ги пременува сите модерни сознанија на

криминалистиката и истовремено ги почитува човековите слободи и права.

Page 27: Magisterska Emilija Penova

27

2. Улогата на полицијата во кривичната постапка

2.1. Должности и овластувања на полицијата

Полицијата е еден од субјектите кој може да иницира поведување на преткривична

постапка и да учествува во неа, односно да презема дејства што претходат на

поведувањето на истрагата. Врз основа на дејствата преземени во фазата на

преткривичната постапка, кривичната постапка може да биде поведена, а може и не.

Основна карактеристика на преткривичната постапка е нејзината неформалност.

Овластувањата на полицијата во казнената постапка произлегуваат од ЗКП и полициските

прописи. Пред да ги изложиме овластувањата на полицијата во преткривичната постапка ,

неопходно е да го разјасниме самиот поим полиција, нејзината улога во општеството како

составен дел од секојдневните случувања на граѓаните кои што се поврзани со нивното

безбедносно функционирање.

Проучувајќи ја полицијата и полициските дејности низ историјата, доаѓаме до

фактите дека нејзините корени потекнуваат од самите почетоци на човековата

цивилизација. Бабовиќ вели дека полицијата се вбројува меѓу најстарите институции на

човечкото општество и е многу битен елемент на секој политичко-државен систем .36

Самиот збор "полиција" има корени во грчката "polis politeia" - град-држава, а се појавува

и во старолатинскиот јазик37

,односно терминологијата на зборот полиција потекнува од

латинскиот збор "politia".38

Самиот збор полиција кај различни народи има различно

значење. Во античка Грција поимот "политије" го означува моделот на организирана

полициска дејност и според Аристотел полициската служба во стара Грција имала и

задача на извршување на судски пресуди како и на чување редот на затвореници.39

Во

Франција во 17-тиот век поимот "politie" означувал идеално владеење и рационална

организација на јавниот ред.40

Слично значење сретнуваме и во англиското општество

36

Види: Б. БАБОВИЌ., Policija u svjetskom poretku, Nea, Beograd, 1997, стр. 67-68. 37

Види Б. МИЛОСАВЉЕВИЌ, Наука о полицији, Београд, 1997, стр. 3-17. 38

Исто. 39

АРИСТОТЕЛ, Politika, Beograd, BIGZ, 1975. 40

Францускиот збор „police” има две основни значења: збир од правила наменети на граѓаните со цел

воспоставување на владеење на редот,мирот и безбедноста внатре во групата и јавната сила задолжена за

Page 28: Magisterska Emilija Penova

28

каде "police" го означува делувањето на полициската служба преку која се обезбедува

почитување на законот и мирот. Самиот збор има значење на јавна служба или орган на

Владата, цивилна администрација, регулирање и одржување на дисциплината и

контролата во заедницата, цивилните сили за одржување на јавниот поредок и

извршување на законите, група граѓани кои службено се задолжени или вработени заради

чување на редот.41

Слично значење на зборот полиција има и во Италија, Германија и

Русија.

Денес полиција во нејзината функционална и организациска смисла, претставува

посебна организациона служба со првенствена задача да го заштитува јавниот ред и

поредок, односно да се грижи за внатрешната безбедност и да извршува други внатрешни

работи.42

Во рамките на внатрешната безбедност и внатрешните работи кои ги извршува

полиција според Законот за полиција, спаѓаат:43

1) Заштита на животот,личната и имотната безбедност на граѓаните,

2) Спречување и откривање кривични дела и пронаоѓање и фаќање на сторителите на

тие дела, како и нивно приведување пред надлежните органи,

3) Спречување на насилно уривање на демократските институции утврдени со

Уставот на Република Македонија,

4) Одржување на јавниот ред и мир,

5) Спречување на разгорување на националната,расна или верска омраза или

нетрпеливост,

6) Обезбедување на настани и друг вид соборања на граѓаните,

7) Грижа за безбедноста на сoобраќајот на патиштата,

8) Контрoла на преминување преку државна граница,

9) Контрола на движење и престој во грaничен појас,

10) Контрoла на движење и престој на странци,

11) Работи во врска со набавување, држење и носење оружје и муниција,

примена на тие правила. Види: Grand Larousse Encycloprdiique en dix volumes, Paris, Librairie Larousse, 1963,

наведено според Т. СТОЈАНОВСКИ, Полицијата во демократското општество, 1997, стр. 41. 41

The Oxford Dictionary: A New English Dictionary on Historical Principles, Oxford Klarendon Press, 1933,

наведено според Т. СТОЈАНОВСКИ, op. Cit. 1997, стр. 41. 42

Види: Т.СТОЈАНОВСКИ, op. Cit., стр 43. 43

Исто, стр. 98 и чл. 4 од Законот за полиција.

Page 29: Magisterska Emilija Penova

29

12) Работи во врска со производство и промет на експлозивни материи, запаливи

течности и гасови,

13) Работи во врска со заштита од пожари,

14) Обезбедување на државните органи и странските дипломатски и конзуларни

претставништва,

15) Укажување помош помош при отстранување на последиците предизвикани од

природни непогоди и епидемии кои можат да го загрозат животот и здравјето на

граѓаните и имотот,

16) Истражување и развој во областите од неговата надлежност и

17) Други работи утврдени со закон.

Полицијата како дел од егзекутивата има многу флуидно дефинирана улога во

одржувањето на поредокот и почитувањето на правото, како и голема недефинирана

широчина во извршувањето на внатрешните задачи. Нејзината улога и функција постојано

се проширува како потреба од социјалното живеење и придонесува, истата да стане дел од

општеството како постојан сервис на граѓаните. Имено терминот сервис на граѓаните

претставува барање за лимитирана сила како инструмент на нејзиното дејствување.44

Поточно, улогата на полицијата како сервис на граѓаните треба да ја задржи полициската

интервенција на минимално ниво. Во современото македонско општество ,полицијата

мора да се трансформира во служба која е верна на интересите на заедницата како целина

и посветена на заштитата на сите граѓани.45

Таа мора во секој момент да биде достапна за

граѓаните, да одговара на неговите потреби, да го почитува законот и воедно да го

спречува криминалот и да овозможи безбедно живеење.

Полицијата како сервис на граѓаните, вршењето на внатрешните работи во

делокругот на своето работење, целосната функција и улога не може да ја реализира преку

овластувањата кои и се доделени. Самиот поим полициски овластувања (police power)

потекнува од САД. Настанал во уставната практика на оваа земја, а со нив се означува

овластувањето на државата да регулира определени лични и сопственички права за

одбрана на јавните интереси, вклучувајќи го тука и полициското дејствување заради

44

Види: З. ЈАНКУЛОВСКИ, Полиција и човекови права, Скопје, 1994, стр. 15. 45

Види: Б. МУРГОВСКИ, Материјал од предавања, предмет „Полицијата и човековите права“, тема

„Меѓународни и национални стандарди за улогата и структурата на полицијата во демократското

општество“.

Page 30: Magisterska Emilija Penova

30

одржување на поредокот, безбедноста, јавното здравје и моралот и општото добро на

општеството.46

Овластувањата се легитимна можност на лица овластени со закон да

преземаат законски активности заради употреба на мерки, методи и средства за

спречување во извршување на казнени дела или откривање и фаќање на извршителите на

тие дела.47

Под поимот „овластено службено лице на Министерството за внатрешни

работи“ се подразбира лице кое има должност и обврска, на начин и во случаите

предвидени со закон да преземе соодветни мерки и активности со цел да го заштити

животот и личната сигурност на граѓаните, да спречи и открие кривично дело, да ги

пронајде и фати сторителите на кривичното дело, да го одржува јавниот ред и мир како и

да ги извршува другите задачи што се ставени во негова надлежност, независно од тоа

дали се наоѓа на службена должност и тоа му е ставено во задача и дали нивното

извршување може да го доведе во опасност неговиот живот.48

Овластувањата може да се применат кога имаме нарушување на некоја законска

норма. Тоа нарушување може да биде извршено свесно или несвесно. Во зависност од

прекршокот неговата тежина и потреба за интервенирање, овластувањата се различни.

Односно, во зависност од конкретниот случај, може да се примени поблаго или построго

средство, нормално дозволено со закон. За да се открие кривичното дело, во

преткривичната постапка законот на полициските службеници им дозволува сами да

оценат во секој конкретен случај кое средство ќе го употребат.

Според начинот на употребата, овластувањата ги имаат следниве карактеристики:

- Овластувања кои може да се применуваат самостојно;

- Овластувања кои се надоврзуваат на други службени дејствија или

предходат;

- Комбинирани овластувања49

Примената на овластувањата може да се изврши по наредба на овластен орган и по

оценка на полициски службеник, односно врз основ на законско овластување. Наредба за

примена на овластување во кривичната постапка може да издаде судот, надлежен орган во

46

Q. Wright, “Police Power”, Encyclopaedia Americana, New York, 1974, vol. 22, pp. 301-302; наведено според

Б. Милосављевиќ, Увод у полицијске науке, стр.11. 47

Види: Т. СТОЈАНОВСКИ, op. Cit., стр. 208. 48

Види: В. ЗАФИРОВСКИ, З. ЈАНКУЛОВСКИ – Полициските овластувања и човековите права во Република

Македонија, Скопје. 49

Овие овластувања во својата суштина се доволни сами за себе, односно може да се употребуваат

самостојно, меѓутоа може и да се надоврзуваат или претходат на други службени дејствија.

Page 31: Magisterska Emilija Penova

31

постапката т. е во управната постапка, орган надлежен за извршување на кривичните

санкции и Министерството за внатрешни работи. Примената на овластувањата во

кривичната постапка поткрепени со законски основ, му овозможуваат на полицискиот

службеник да ја оцени самата ситуација и со примена на што е можно помалку присила да

ја постигне саканата цел.50

Заклучок на сето ова е употребата на полициските овластувања

а воедно и присилата и репресијата е да се сведе на минимум, односно остварувањето на

функцијата и справувањето со ситуацијата полицијата да ги употреби своите овластувања

во вид и обем кој е неопходен за да се совлада отпорот и да се воспостави нарушениот ред

и мир.

Примената на овластувањата во кривичната постапка иако се поткрепени со законска

основа, многу често се среќаваме со примери за флагрантно кршење на човековите права и

слободи. Гарантирајќи го правото на живот, слобода, заштита или забрана од мачење,

нечовечно или понижувачко однесување или казнување како основни човекови права,

заедницата го изразила и стравот на поединецот од можната злоупотреба на власта врз

неговиот дигнитет.51

Заради тоа се изградени и усвоени универзални стандарди во

меѓународните декларации и конвенции. Тие се:

1. Универзална декларација за правата на човекот

2. Меѓународен пакт за економски, социјални и културни права

3. Меѓународен пакт за граѓански и политички права

4. Меѓународна конвенција за укинување на сите форми за расна дискриминација

5. Конвенција за незастарување на воените злосторства и злосторства против

човештвото

6. Конвенција против мачењето и другите свирепи ,нехумани или понижувачки казни

или казнувања

7. Кодекс за однесување на лицата одговорни за примена на законот

8. Декларација за основните принципи на правдата во врска со жртвите на

криминалните дејствија и жртвите за злоупотреба на власта

50

Самиот полициски службеник при употребата на присилата, самиот треба да оцени кое средство ќе го

употреби во конкретниот случај. Поважни фактори кои влијаат на одлуката на полицискиот службеник ,кое

средство да го употреби се сериозноста и комплексноста на ситуацијата, вредноста на објектот и тежина на

последицата, времето и местото на ситуацијата, начинот на вршење на прекршокот, спремноста на

полицискиот службеник и слично. 51

Биди, Б. МУРГОВСКИ, op. Cit.

Page 32: Magisterska Emilija Penova

32

9. Европска конвенција за човекови права

10. Европска декларација за полиција

11. Основни правила за употреба на сила и огнено оружје од страна на со закон

овластените лица, 8 Конгрес на ООН, Хавана,1990 година.

Овие меѓународни документи имаат за цел да ја поттикнат и унапредуваат

меѓународната соработка во зацврстување на правата на човекот и основните слободи и

осознавање на тие вредности од страна на оние на кои треба да им се обезбеди нивното

целосно уживање, како и истовремено проучување и прифаќање од страна на оние кои се

задолжени да ја обезбедат нивната заштита, секогаш кога тие ќе бидат прекршени.

Во делокругот на полициските овластувања, односно ако постојат основи на сомнение

дека е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност, полицијата во

предистражната постапка треба да преземе одредени полициски работи кои за да се

реализираат потребни се на располагање полициските овластувања.

Според чл.28 од ЗП, полициките овластувања се:

1. Проверка и утврдување на идентитетот на лица и предмети;

2. Собирање на информации;

3. Повикување;

4. Приведување;

5. Задржување;

6. Потрага по лица и предмети;

7. Пренасочување, насочување или ограничување на движењето на лица и превозни

средства на определен простор за нужно потребно време;

8. Предупредување и наредување;

9. Привремено одземање на предмети;

10. Преглед или претрес на определени објекти и простории на државни органи,

институции што вршат јавни овластувања и други правни лица и увид во

определена нивна документација;

11. Сопирање легитимирање преглед или претрес на лица,превозни средства и багаж;

12. Обезбедување и преглед на местото на настанот;

13. Примање на пријави;

14. Јавно распишување награда;

Page 33: Magisterska Emilija Penova

33

15. Снимање на јавни места;

16. Собирање, обработка, анализирање, користење, оценување, пренесување, чување и

бришење на податоци и обработка на лични податоци;

17. Примена на посебни истражни мерки и прикриени извори на податоци и

18. Заштита на лица опфатени согласно со прописите на заштита на сведоци.

Овде ќе ги обработиме овластувањата што полицијата ги има во откривањето и

пријавувањето на кривичните дела. Детално ќе се анализираат овластувањата на

полицијата по дознавањето за сторено кривично дело со цел за пронаоѓање и фаќање на

сторителот на кривичното дело и обезбедување на трагите и доказите: сопирање и

легитимирање; предупредување; повикување на т.н. информативен разговор, упатување

до истражниот судија и задржување до неговото доаѓање; собирање на потребни

известувања; приведување; лишување од слобода; задржување; преглед на превозни

средства, и други мерки според Законот за полиција и ЗКП. Преземањето на истражни

мерки во итни случаи, како увид на лице место, влегување и претрес на дом и други

простории и претрес на лица; привремено одземање на предмети и вештачење се исто така

предмет на ова поглавје. Како посебно уредено овластување ќе ја разгледаме

проблематиката на примената на посебните истражни мерки, за овој дел да заврши со

поднесувањето на кривична пријава до јавното обвинителство.

Page 34: Magisterska Emilija Penova

34

2.1.1 Повикување

Во предистражната постапка, заради расветлување на кривичното дело и фаќање на

сторителот односно заради успешно водење на кривичната постапка, полицијата има

овластување според чл43 од ЗП да повикува граѓани со писмена покана со цел собирање

на потребни известувања неопходни за извршување на полициските работи.

Повикувањето се врши преку писмена покана чл. 43 ст. 2 од ЗП каде што е наведено име и

презиме на лицето кое се повикува, назив, место и адреса на седиштето на

организационата единица на Полицијата каде што се повикува лицето, причините за

повикувањето, местото и времето на повикувањето, како и поука за правото на бранител

во полициската постапка, како и последиците доколку не се јави на поканата.

Полицискиот службеник е овластен да повика лице и усно, при што е должен да му ги

соопшти причините за повикувањето, а со согласност на лицето може да го превезе до

службените простории. Исто така, законот според чл. 45 дозволува лице може да се

повика и преку средствата за јавно информирање кога е тоа неопходно потребно заради

опасност од одлагање, безбедност на постапувањето или кога поканата се упатува на

поголем број лица.

На прв поглед, повикувањето како полициско овластување за предистаржната

постапка се чини како небитно овластување, но тоа сепак е од големо значење за

целокупната постапка, поаѓајќи од аспектот да првите сознанија за сторено кривично дело

и прибирањето на информации секогаш се прибираат преку повикувањето и

„информативниот разговор“. Преку него полицискиот службеник може да оцени, колку

информацијата е валидна, дали може да послужи како доказ и дали лицето е од корист за

целата постапка.

Page 35: Magisterska Emilija Penova

35

2.1.2 Приведување

Во домашното законодавство и практика постои определена конфузија и

невоедначеност во користењето на поимот „приведување”. Во секојдневниот говор со

него се опишува постапувањето на полицијата со лицето лишено од слобода врз основа на

писмена наредба издадена од надлежен суд, како и заради спроведување во просториите

на полициската станица по лишување од слобода без судски налог. Во оваа смисла, ЗП

прави разлика помеѓу приведување со и без налог на судот. ЗКП пак поаѓа од

терминологијата на чл. 12 на Уставот на РМ, кој прави разлика помеѓу „приведување“ и

„лишување од слобода“, па така поимот приведување го користи за апсењето52

со налог на

суд (што Уставот го преферира) и „лишување од слобода“ како наслов за апсењето без

судски налог (како исклучок во итни случаи).53

Односно, приведувањето согласно чл. 177,

ст. 1, од ЗКП не е ништо друго туку апсење со налог, додека лишувањето од слобода (чл.

188 ЗКП) е, всушност, апсење без налог, по иницијатива на МВР.

Според ЗП приведувањето може да се изврши во определен со закон временски

период, освен во случаи кои повторно законот го дозволува, дејствија кои не трпат

одлагање.54

Приведувањето во предистражната постапка може да се врши врз основа

според чл.15 ст. 2 од Правилникот за начинот за вршење на полицискиот правилник.

- Судска наредба за доведување на лице во својство на обвинет или сведок,

- Судска наредба за присилно доведување на лице за издржување казна

затвор,

- Распишана потерница или распис,

- Судска наредба за присилно доведување на лице за кое е донесено решение

за притвор

Приведувањето се врши од страна на најмалку двајца полициски службеници. Тие

најпрво треба да му го проверат идентитетот55

и потоа да му ја врачат поканата и да го

52

Според КРАПАЦ, апсењето е одземање на слободата на граѓанинот, кое на пропишан начин го преземаат

државните власти заради правно одредени цели. 53

Види: Н. МАТОВСКИ/ Г. ЛАЖЕТИЌ-БУЖАРОВСКА/ Г. КАЛАЈЏИЕВ, Казнено процесно право, Академик,

Скопје, 2011. 54

Според чл. 46 од ЗП, лицето може да се приведе во време од 6,00 до 22,00 часот.

Во случај кога приведувањето е нужно заради преземање на полициските работи кои не трпат одлагање,

лицето може да се приведе и надвор од времето утврдено во ставот 5 на овој член. 55

Според член 38 од ЗП.

Page 36: Magisterska Emilija Penova

36

повикаат да дојде со нив. Постојат случаи кога лицето може да дава отпор. Во тој случај,

преку претходна проверка и оцена на случајот, за какво лице се работи, дали претходно

бил евидентиран, дали може да побегне или да дава отпор, полицијата постапува според

претходно подготвен план. Доколку,лицето пружи отпор,полицијата во предистражната

постапка има овластување да го приведе, притоа употребувајќи разумна сила за

совладување на неговиот отпор. Во врска со употребата на разумна сила, при

преведувањето постапувањето не е исто спрема бремени жени, лица помлади од 16

години,немоќни и изнемоштени лица, инвалидни лица, освен во случаи во кој видно се

пружи отпор со огнено оружје или опасни средства со кои директно се загрозува животот

на полицискиот службеник. Исто така, постојат и посебни правила за приведување на

малолетни лица и лица кои уживаат имунитет, како и регулирање на правила за

специфични ситуации. Односно, ситуации во кои има присуство на живина или добиток,

или инвалидно или изнемоштено лице, чие опстојување е загрозено во отсуство на лицето

кое треба да се приведе.

Од друга страна пак, како што веќе споменавме ЗКП приведувањето го третира

како апсење по судска наредба и апсење без судска наредба. Според чл.157 приведување е

апсење на обвинетиот со судски налог ако постојат причини за притвор, ако е веќе

донесено решение за притвор или ако уредно повикан обвинетиот не дојде, а својот

изостанок не го оправда или ако не можело да се изврши уредно доставување на поканата,

а од околностите очигледно произлегува дека обвинетиот го одбегнува приемот на

Проверката на идентитетот на лице ќе се примени кон лицето:

1) кое треба да се лиши од слобода, приведе, задржи, упати или предаде на надлежен државен орган или

установа;

2) од кое се заканува опасност за чие спречување е неопходно полициско постапување;

3) над кое се извршува преглед или претрес или се преземаат други со закон утврдени мерки и активности;

4) кое е затечено во туѓ дом, објект и други простории или во превозни средства над кои се извршува

преглед или претрес, ако проверката на идентитетот е потребна;

5) кое е затечено на простор или објект на кој е привремено ограничена слободата на движење и

задржување, ако проверката е неопходно потребна;

6) кое пријавува извршено кривично дело или прекршок или сторителите на тие дела, односно соопштува

информации од интерес на работата на Полицијата, освен ако лицето кое го пријавува кривичното дело или

прекршокот не сака да се идентификува;

7) кое со своето однесување предизвикува сомневање дека е сторител на кривично дело или прекршок или

дека има намера да стори такви дела или кое одговара на описот на лице по кое се трага;

8) кое ќе се затекне на местото на извршено кривично дело или прекршок;

9) кое се наоѓа на место на кое заради безбедносни причини е потребно да се утврди идентитетот на сите

лица или на поголемиот број лица;

10) на оправдано барање на службено лице од државен орган, правно или физичко лице и

11) во други случаи утврдени со закон.

Page 37: Magisterska Emilija Penova

37

поканата. Додека пак, апсењето без налог е всушност лишување од слобода (чл.158 од

новиот ЗКП). Лишувањето од слобода во смисла на апсење мора да биде од овластено

службено лице и со конкретна цел осомничениот да се изведе пред суд. Овластените

службени лица можат да лишат од слобода лице кое е затечено во извршување на

кривично дело, кога постои опасност од бегство како и без одлука на суд да лишат од

слобода и лице за кое постојат основи на сомнение дека сторило кривично дело за кое се

гони по службена должност ако постои опасност од одлагање а постои некоја од

причините за притвор од член 184 став 1 на овој закон. По лишувањето од слобода

полицијата е должна да го приведе до истражниот судија.

На крајот, за секое приведување или лишување од слобода (и според ЗКП и според

ЗП) полицискиот службеник изготвува службена белешка.

2.1.3 Лишување од слобода

Како што напоменавме преходно, лишувањето од слобода за разлика од

приведувањето е апсење без налог, односно апсење без судска наредба, која може да биде

реализирана од секое лице.56

Според новиот ЗКП (чл. 158 ст. 1 и ст. 2), лицето затечено на

извршување на кривично дело за кое се гони по службена должност може да го лиши од

слобода секој доколку постои опасност од бегство, за што веднаш го известува МВР.

Лицето лишено од слобода мора веднаш да му се предаде на истражен судија или на МВР,

а ако не може тоа да се стори, мора веднаш да се извести еден од овие органи.57

Затечено

на извршување на кривично дело и секој имаме потреба да ги објасниме од причина што:

во ЗКП чл. 204 се сретнуваме со терминот веднаш, каде што немаме јасна слика што значи

самиот збор веднаш. Односно во кој временски период е извршено кривичното дело,

додека за разлика од него во новиот ЗКП имаме јасно прецизирање на временскиот период

56

Види магистерскиот труд изработен од кандидатот СИЛВАНА БЕРЖЕТСКА, под наслов „Лишување од

слобода – Апсење”, одбранет на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Скопје, 2011 год. 57

Чл. 158 ст. 1 од новиот ЗКП.

Page 38: Magisterska Emilija Penova

38

т.е лице кое е затечено во извршување на кривично дело и непосредно по сторено

кривично дело е затечено под сомнителни околности кои укажуваат на сторено кривично

дело. „Секој“ се мисли според ЗКП чл. 204 да постојат два услови, да се работи за

кривично дело кое се гони по службена должност и да постои опасност од бегство.

Одредбите на Уставот на Република Македонија со кој се гарантира слободата и

безбедноста, таксативно не ги набројува случаите и условите кога едно лице може да биде

лишено од слобода, но сепак дава цврста гаранција дека лишувањето од слобода не може

да биде самоволно и надвор од постапката утврдена со закон. Што е уште позначајно,

според Уставот ниедно лишување од слобода не е дозволено без одлука од судот.

За разлика од ЗКП, ЗП не го предвидува лишувањето од слобода како посебно

полициско овластување, туку го третираат како дел од приведувањето без судска наредба.

Меѓутоа и во двата случаи, односно и според двата закони лишувањето од слобода и

приведувањето без судска наредба, се изготвува службена белешка. Ако не е изготвена

службена белешка, истражниот судија даденото известување ќе го внесе на записник.

Што се однесува пак, на овластените службени лица, нивното постапување во

предистражната постапка за време на лишувањето на слобода, мора да се запазат некои

стандарди. Физичката сила не е потребна при лишување од слобода. Факт е дека не постои

барање за употреба на физичка сила кога се спроведува лишување од слобода.

Ограничувањето како аспект на лишувањето од слобода е исто така валидно и кога лицето

лишено од слобода мирно ќе се покори на овластеното лице или откако е употребена сила.

Намерата на овластеното лице или неговата психолошка состојба на почетокот при

иницирањето на физичкото ограничување на нечија слобода со нивното приведување и

ставање под полициски надзор, заради некоја одредена цел на законско одржување, е оној

разграничувачки елемент којшто лишувањето од слобода го прави различно од другите

овластувања.

Овластувањата на полицијата да влезат во дом и други простории е регулирано со

чл 202 од ЗКП. Полицијата може да влезе во дом или во други простории доколку таму се

наоѓа лице за кое постои судска наредба за притворање или приведување. Според тоа,

заради усогласеност со Уставот, наредбата заснована на основна причина – сомнение за

лишување од слобода,имплицитно носи ограничени овластувања за влез во дом и други

простории каде осомничениот живее или престојува, доколку постојат основи да се верува

Page 39: Magisterska Emilija Penova

39

дека осомничениот се наоѓа таму. Ако постојат доволно докази дека лицето извршило

кривично дело што ќе го убедат судијата дека апсењето е оправдано, уставно гледано,

разумно е од него да се бара да ги пушти полициските службеници. Исто така, според чл.

202, ст. 2 се регулираат ограничувањата кои се однесуваат на спроведување на претрес на

простории. Полициските службеници се овластени да го претресат лицето што треба да се

приведе, да се лиши од слобода или спроведе, со цел да пронајдат оружје што лицето

може да го употреби за да се противстави на полицијата или да побегне, како и да ги

одземе евентуалните докази со цел да се спречи нивно криење, отфрлање или

уништување. Намената на овие претреси е да се воспостави контрола врз лицето и да се

осигура безбедноста на полицајците и на други лица. Овие активности се засновани врз

основано сомнение.

2.1.4 Задржување

Задржувањето е привремено ограничување на слободата на движење на одредено

место или простории. Поимот на задржување има различно значење и уреден е со

процесни прописи, а го спроведува полицијата по повод извршување на казнено дело.

Според професорот Крапац, „задржувањето е мерка на процесна присила која се

состои во кратко одземање на личната слобода на некое лице, која по пат на негово

сместување во затворен простор може да ја одреди истражниот судија, со цел во

дозволениот краток рок да се овозможи донесување на други одлуки или преземање на

некои дејствија кои се важни за казнената постапка или за јавната безбедност".58

Задржувањето, исто така, можеме да го дефинираме како полициско овластување

по исклучок кое се надоврзува на лишувањето од слобода, сè со цел да се потврди

идентитетот, да се провери алиби, да се соберат докази, да се проверат податоци како и во

определени случаи да се одреди протвор.59

Со секое задржување на лице, неопходно е да

му се кажат причините за неговото задржување како и неговите права, освен во случаи

58

Види: D. KRAPAC, Kazneno procesno pravo, Prva knjiga: Institucije, Narodne Novine, Zagreb, 2007, стр. 316. 59

Притвор може да се одреди според чл. 199 ст. 1 од ЗКП.

Page 40: Magisterska Emilija Penova

40

кога имаме приведување, повикување и лишување од слобода. Според НЗКП , чл. 159 ст. 2

лицето кое е задржано мора да биде известено за причините за задржувањето, за делото

кое се товари, ќе се поучи за правото на молчење, право на информирање на семејството,

право на бранител и на лекарска помош. Што се однесува на правото на бранител ЗКП,

полицијата е должна да му овозможи да повика свој бранител или пак, доколку не е во

состојба лицето сам да си овозможи, полицијата треба да му обезбеди адвокат. НЗКП

дозволува (чл 161 ст 1 ) лицето кое е задржано т. е лишено од слобода ,може насамо да се

советува со адвокатот во било кое време. Исто така, чл 162, ст 2 од НЗКП, овозможува

лицето кое е странски државјанин да има право да контактира со дипломатско -

конзуларното претставништво на неговата земја.

Што се однесува на задржувањето, според ЗКП лишувањето од слобода може да

трае најдолго 24 часа од моментот на лишување од слобода и во овој рок лицето мора да

се изведе пред истражен судија. За разлика од ЗКП, ЗП задржувањето како полициско

овластување според конкретната ситуација, разликуваме задржување со различен

временски рок, односно, со различно временско траење. Така што, според чл. 50 ст. 1 од

ЗП, полицискиот службеник може да задржи лице за кое постојат основи за сомневање

дека сторило кривично дело за кое се гони по службена должност, под услови и на начин

утврдени со посебен закон, при што задржувањето може да трае најмногу 24 часа како и

лице кое го испорачал странски орган на безбедноста заради спроведување до надлежен

државен орган. Исто така, полицискиот службеник може да задржи лице затечено при

извршување на прекршок под услови и на начин утврдени со посебен закон, како и лице

кое го нарушува или загрозува јавниот ред и мир, а воспоставувањето на јавниот ред и

мир или отстранувањето на загрозувањето не може да се постигне на друг начин.60

Задржувањето може да трае најмногу 12 часа. 8 часа полицискиот службеник може да

задржи лице под дејство на алкохол или други психоактивни материи под услови и на

начин утврдени со посебен закон. Кога имаме ситуација во која се активира друго

полициско овластување сопирање, легитимирање, преглед или претрес на лица, превозни

средства и багаж задржувањето е неминовно во случај кога постојат основи на сомневање

дека лицето кое се прегледува кај себе, во превозното средство или во багажот кој го носи

со себе, поседува оружје или предмети кои можат да послужат како доказ во кривичната

60

Види, ЗП чл 50 ст 2.

Page 41: Magisterska Emilija Penova

41

или во прекршочната постапка, полицискиот службеник е овластен да го задржи лицето на

местото каде што се врши прегледот до обезбедување судска наредба за претрес, но не

подолго од 6 часа61

, како и во случај на обезбедување и преглед на местото на настанот

полицискиот службеник има право лицата затечени на местото на извршувањето на

кривичното дело да ги упати до истражниот судија или да ги задржи до неговото доаѓање

најмногу 6 часа, ако тие би можеле да дадат податоци важни за кривичната постапка и ако

е веројатно дека подоцна не би можело да се изврши нивно сослушување или тоа би било

сврзано со значително одлагање или со други тешкотии.62

Од 2004 година ЗКП со одредба определени со акт на Министерот за внатрешни

работи, лицето се задржува во посебни уредени станици. Според Правилникот за вршење

на полициски работи чл. 25 ,задржувањето се врши во посебно уредени полициски

станици од општа надлежност кои исполнуваат определени стандарди во врска со

безбедното сместување на лицата кои што се задржани.

Задржувањето го одобрува службеникот за прифат.63

За секое задржано лице,

службеникот за прифат води посебен записник во кој се внесуваат податоци за64

:

денот и часот на лишувањето на лицето од слобода;

причините за лишувањето од слобода;

причините за задржувањето;

времето кога е поучено за неговите права;

знаци на видливи повреди, болест, ментална растроеност и слично;

кога е контактирано со семејството, бранителот, лекар, дипломатско-конзуларно

претставништво и слично;

податоци кога е со него разговарано;

дали е префрлено во друга полициска станица;

ослободување или изведување пред суд и

други важни податоци.

61

Види, ЗП чл 61 ст 6. 62

Види ЗП чл 62 ст 3. 63

Според новиот ЗКП од 2010 година посебен полициски службеник - наречен службеник за прифат има

задача да го одобрува задржувањето и да изготви записник. 64

Види Н. МАТОВСКИ, Г. ЛАЖЕТИЌ- БУЖАРОВСКА, Г. КАЛАЈЏИЕВ, Кривично процесно право второ изменето

и дополнително издание, Скопје, 2011, стр. 234.

Page 42: Magisterska Emilija Penova

42

Лицето кое што е лишено од слобода треба да се потпише на записот по однос на

часот и датумот на лишувањето, часот и датумот на пуштањето на слобода и поуката за

правото на бранител, како и на записникот во целина. По потпишувањето, се доставува

примерок на задржаното лице без разлика дали лицето е пуштено од слобода или е

предадено на истражен судија. Ако лицето лишено од слобода е изведено пред

истражниот судија, истражниот судија по претходно испитување на законитоста на

лишувањето од слобода утврдува со решение, додека пак лицето лишено од слобода кое

не е изведено пред истражен судија, може во рок од 30 дена од денот на пуштањето на

слобода да бара од истражниот судија на надлежниот суд да ја испита законитоста и тоа да

го утврди со посебно решение.65

Против ова решение дозволена е посебна жалба во рок од

48 часа до советот од членот 22 став 6 од ЗКП, кој решава во рок од три дена. Постојат и

случаи, кога лицето ниту е пуштено, ниту пак е предадено на истражен судија, туку е

префрлено во друга полициска станица, и во тој случај се прави копија од записникот која

се доставува до таа полициска станица.

За разлика од ова задржување, лицата кои што се затечени на местото на настанот

може да се задржат најмногу до 6 часа (чл. 143 ст1 од ЗКП), од причина што овие лица не

се осомничени и кое во себе не опфаќа лишување од слобода, и ова краткотрајно

задржување е да се обезбеди органите на постапката да утврдат дали овие лица кои

присуствувале на критичниот настан можеби можат да се јават како сведоци во

постапката, да им се земат лични податоци и сл.

65

Исто, стр. 234.

Page 43: Magisterska Emilija Penova

43

2.1.5 Потрага по лица и предмети

Потрагата е наредба на надлежен орган со која се бара од полицијата да се

ангажира во пронаоѓање на лица и предмети.66

Според ЗП чл. 51, полицијата во

предистражната постапка е овластена да спроведува мерки на потрага по лица и предмети.

Според Правилникот за вршење на работата на полицијата, (чл. 28) потрагата по лица и

предмети претставува спроведување на мерки што ги презема полицијата за пронаоѓање и

фаќање на лице за кои постојат основи на сомнение дека е сторител на кривично дело и

прекршок или за лице кое може да даде информација за сторено кривично дело или

прекршок или за сторители на такви дела, за исчезнати лица, за утврдување на

живеалиште или престојувалиште, утврдување на идентитет на лице кое не може да даде

за себе податоци или леш, како и предмети кои што се исчезнати. На ист начин и ЗКП го

дефинира ова овластување. Распишувањето на потрага според чл. 142 ст. 2 од ЗКП, е

различна од онаа што е пропишана со чл. 536-539 од ЗКП, од аспект што, потрагата која се

однесува на лица и предмети е потрага во преткривичната постапка која ја спроведува

полицијата по своја иницијатива и е во склад со нејзината оперативно – криминалистичка

активност, додека пак потрагата односно распишувањето на потерницата според чл. 536-

559 се врши по наредба на судот, Управникот на установата во која осуденикот ја

издржува казната и се распишува во текот на кривичната постапка и во текот на

извршувањето на казната од лишување од слобода.

Законот за полиција (чл. 51) дозволува да се распише потерница врз база на

наредба во следниве случаи.

1) лице за кое постојат основи на сомневање дека е сторител на кривично дело или

прекршок или за лице кое може да даде известување за сторени кривични дела или

прекршоци или за сторителите на такви дела

2) исчезнати лица.

Додека пак објава се распишува за:

1) утврдување на живеалиште или престојувалиште на лице;

66

Види И. СТОЈАНОВ, Мерки и дејствија во преткривичната постапка, Ревија за криминалистика,

криминологија и кривично право, Скопје 1996, стр. 341.

Page 44: Magisterska Emilija Penova

44

2) утврдување на идентитет на лице кое не е во состојба да даде лични податоци за

себе или за леш чиј идентитет не може да се утврди и

3) пронаоѓање на предмети во врска со кривично дело или прекршок, како и

предмети кои се исчезнати.

Улогата на полицијата во предистражната постапка спроведена преку полициските

овластувања е од големо значење. Токму преку ова овластување кое законски и е

доделено, нејзината дејност опфаќа систем на оперативно – тактички мерки и дејствија се

со цел пронаоѓање на одредени лица и предмети, утврдување на идентитетот и

прибавување податоци за лица и предмети. По својата природа, потрагата е акт на

надлежниот орган кој е овластен да и нареди на полицијата трагање на одредени лица или

предмети или да се собере корисни информации за определено лице и предмети кои се во

врска со извршеното кривично дело.

Освен потрага по лица и предмети, полицијата може да распише и објава и распис.

Наредбата за распишување објава ја издава Судот кој ја води кривичната постапка или

полицијата. Таа треба да содржи повеќе информации за родот, видот, индивидуалните

карактеристики на предметот и слично. Кај расписот во кој за разлика од потрагата која се

распишува по наредба на државен орган или по иницијатива на полицијата, расписот

секогаш се распишува по иницијатива на полицијата чие спроведување се врши според

некои криминалистички правила. Расписот најчесто се спроведува полицијата по

сопствена одлука заради преземање на мерки за пронаоѓање на сторителот на кривично

дело и собирање на известување заради успешно водење на постапката. Ова посебно важи

во случаите кога имаме основано сомнение дека одредено лице сторило кривично дело

кое се гони по службена должност.

Според Правилникот за вршење на начинот на полициските работи (чл. 29 ст. 1),

потерниците, расписот и објавите се распишуваат на информацискиот систем на

полицијата и истите се објавуваат во Регистерот за лица и предмети по кои се трага (ст. 2)

како и се запознаваат со истите а по потреба пред упатување на извршување на конкретна

задача им се дава на увид фотографии од лица и предмети.

Page 45: Magisterska Emilija Penova

45

2.1.6 Насочување или ограничување на движењето на лица и превозни

средства

Во преткривичната постапка, полицијата е овластена да пренасочи, насочи или

ограничи движење на лица и превозни средства на определен простор за нужно потребно

време. Ова овластување и е доделено (како и во ЗКП, ЗП, и ПНВРП) заради ) спречување

на извршување на кривично дело или прекршок; постоење основи за сомневање дека е

сторено кривично дело за кое се гони по службена должност; пронаоѓање и фаќање на

сторител на кривично дело или прекршок; пронаоѓање и фаќање на лице по кое се трага;

откривање и обезбедување траги на кривично дело и предмети што можат да послужат

како доказ во постапката; случаи на загрозена безбедност предизвикана од елементарни

непогоди и други несреќи и собирање известувања што можат да бидат од корист за

успешно водење на постапката. Пренасочувањето, насочувањето или ограничувањето на

движењето не смее да трае подолго од времето неопходно потребно за остварување на

целта заради која истото се применува. За остварување на целта полицискиот службеник е

овластен да изврши отстранување на лица (евакуација) на безбедно растојание, да забрани

пристап на лица и возила, да изврши преглед на просторот, лицата и превозните средства,

како и да изврши проверка на идентитетот на лицата.

Постапувањето на полицијата се врши врз основа на претходно оперативен план,

кој содржи податоци за описот на објектот или предметот кој треба да се прегледа,

времето на извршување на задачите, бројот и задачите на полициските службеници кои

учествуваат во преземањето на мерките, постапувањето со пронајдени предмети и

сторители, материјални – технички средства, заштитна и друга опрема, средства за врски и

други превозни средства, начинот на непосредно постапување и раководење на

полициските службеници, определено одговорно лице за извршување на оперативен план,

како и за други оперативни – функционални и материјално – технички податоци.67

Ова

полициско овластување полицијата го спроведува со полициски и криминалистичко-

67

Види: Правилник- начин за вршење на полициските задачи (чл 32 ст 1) Службен весник на РМ, бр. 149

10.12.2007.

Page 46: Magisterska Emilija Penova

46

тактички активности: преглед на одредени објекти, простор, лица и превозни средства,

заседа, рација и блокада на определени објекти, патишта и друг простор.

А) Блокада

Блокадата во предистражната постапка, како дел од полициското овластување

пренасочување, насочување или ограничување на движењето на лица и превозни средства

на определен простор за нужно потребно време е од големо значење, посебно како мерка ,

од причина што полицискиот службеник се со цел спречување на извршување на

кривично дело, пронаоѓање и обезбедување на предмети и траги при потешки незгоди,

како и во случаи на општи опасности предизвикани од елементарни непогоди и еподемии,

може да врши затварање на сите пристап на определен простор или објект како и да го

оневозможи напуштањето или влегувањето на други лица на тој простор.

За организирањето и спроведувањето на блокадата, претходно се изготвува план по

одобрение на надлежен орган кој ја наредил истата. Временското траење на блокадата го

одредува овластеното службено лице кое раководи со извршувањето на блокадата.

Блокада се прекинува кога ќе престанат причините за нејзиното преземање. На крајот, по

завршувањето на блокадата, овластеното службено лице поднесува писмен извештај.

Б) Рација

Рацијата претставува службено дејствие кое се состои во брзо неочекувано

превземање на низа комбинирани дејствија од оперативен и истражен карактер

(легитимирање, претресување, привремено одземање на предмети,приведување и

лишување од слобода и слично) на простор или објект кој е претходно блокиран, а со цел

да се пронајдат и фатат сторители на кривични дела, да се пронајдат лица и предмети по

кои се трага, да се изврши контрола на пријавувањето на живеалиштето и

престојувалиштето на граѓаните и сл. Според Водинелиќ, рацијата е добро припремена

молневита оперативна акција, која најчесто се простира на поголема површина, а се

состои во затварање на сите отстапи од одредено место со цел лишување од слобода на

Page 47: Magisterska Emilija Penova

47

одредени лица и категории.68

Тоа значи дека рацијата можеме да ја преземеме во случај

кога имаме известување дека на определено место се наоѓаат лица за кои се трага, или пак

вршат или имаат извршено кривично дело или прекршок.

Рацијата може да се спроведе во отворен и во затворен простор, како и да се знае

точното време и распоредувањето на полициските службеници. Рации најчесто се прават

во локали, пазари кои што немаат дозвола, железнички станици, коцкарници, институции

за кои имаме сознанија дека вршат некоја криминална дејност и сл.

За спроведување на рацијата претходно се изготвува план каде што се одредува

раководител на рацијата кој ќе биде одговорен за целокупната мерка, и кој што на крајот

од рацијата, т. е по завршувањето на истата изготвува писмен извештај. Рацијата како

мерка, односно дел од полициско овластување е регулирана со нормативен акт на

полицијата на начин што во (чл. 41) од истиот акт се наведува (заради пронаоѓање и

фаќање на сторителите на кривични дела, спречување на извршување на кривични дела,

пронаоѓање на лица и предмети за кои се трага, контрола на пријавување, живеалишта и

престојувалишта на граѓаните и други слични потреби. Органите на управата надлежни за

внатрешни работи може да организираат рација на објекти и одредени простори.)69

В) Заседа

Заседата се состои во прикриено распоредување на работниците на полицијата на

определен простор или објект со цел да се спречи извршување на кривично дело, да се

фатат сторители или соучесници на некое кривично дело што се гони по службена

должност; и да се фатат лица по кои се трага. Заседата е всушност специфичен облик на

оперативно – тактичко дејство кое во предистражната постапка можеме да го

применуваме постојано или привремено, групно со униформирани или цивилни

полицајци, во зависност од случајот, со однапред испланиран план. Основен услов за

68

Види В. ВОДИНЕЛИЌ, Криминалистика, шесто изменето и проширено издание,научна книга, Белград, стр.

88-89.

69

Види: Правилник за правилата за вршење на работите на службата за јавна безбедност, Скопје, 1985 чл.

23- 25.

Page 48: Magisterska Emilija Penova

48

ефикасна заседа е нејзината организација и поставеност. Заседата многу често можеме да

ја комбинираме со други овластувања како што се претресот на терен.

Во предистражната постапка полицијата кога ја користи заседата како мерка има

една цел да се лиши од слобода извршителот кои (подготвуваат) извршување на кривично

дело на местото на заседата, лишување од слобода на извршители кои се наоѓаат во

бегство а за нив е распишана потрага, лишување од слобода на сите учесници кои

посетуваат одредени извршители (фалсификатори, јатаци, провалници, трговци на

странски валути и девизи, кријумичари на опојни дроги и сл.).

2.1.7 Преглед или претрес на определени објекти и простории на

државни органи, институции што вршат јавни овластувања и други

правни лица и увид во определена нивна документација

Полицискиот службеник е овластен во присуство на одговорно лице да изврши

преглед или претрес на определени објекти, простории на државни органи институции

што вршат јавни овластувања и други правни лица и да изврши увид во определена нивна

документација, заради:70

1) пронаоѓање и фаќање на лице затечено во извршување на кривично дело кое се дало во

бегство;

2) пронаоѓање и фаќање на лице кое при приведување се дало во бегство;

3) пронаоѓање и фаќање на лице за кое е распишана потерница согласно со закон;

4) постапување по пријава за присуство на експлозивни направи или друга опасност и

5) заради обезбедување на документација за успешно водење на кривичната постапка.

Овластените службени лица на полицијата можат да извршат преглед на објекти и

простории како и увид во документацијата на државни органи, претпријатијата и

установите, кога постојат основи на сомневање дека кај нив е извршено кривично дело

што се гони по службена должност или може да се најдат траги и предмети што можат да

послужат како доказ во понатомошниот тек на кривичната постапка.71

Прегледот на

70

Види Закон за полиција, чл. 60 ст. 1 и 2. 71

Види И. СТОЈАНОВ, op. Cit., стр. 32.

Page 49: Magisterska Emilija Penova

49

објектот и просториите се врши во случај кога се бараат поопасни криминалци, а се

претпоставува дека е скриен или засолнет во одредениот објект или просторија на органот

или друга организација, како и кога постојат основи на сомневање дека во објектот или

просторијата се наоѓаат скриени предмети кои можат да послужат за извршување на некое

тешко кривично дело

Увид во одредена документација е овластувањето на полицијата таков вид да

спроведе секогаш кога постојат основи на сомнение дека во документацијата на органот,

или во организацијата можат да се најдат траги од кривични дела или таквата

документација е фалсификувана или фиктивна и како таква, служи како средство за

извршување или прикривање на веќе извршено кривично дело. При вршење на увид во

документацијата на државен орган, институција што врши јавно овластување и друго

право лице, полицискиот службеник зема потребни податоци од неа, делумно или целоно

ја препишува или ја фотокопира или ја фотокопира онаа документација во содржината

која е во врска со конкретното постапување, ако постои можност таа да биде уништена

или сокриена, заради нејзино обезбедување за успешно водење на постапката.72

На крајот,

за одземената документација се изготвува записник. Исто така, за преземените мерки од

увидот, треба да се состави службена белешка во која се внесува времето, местото,

причината и резултатот од увидот како и во присуството на одговорното лице и

овластеното службено лице.

2.1.8 Сопирање, легитимирање и преглед или претрес на лица, превозни

средства и багаж

Полицијата во предистражната постапка има овластување според Законот за

полиција чл. 61 да изврши сопирање, легитимирање, преглед или претрес на лице,

превозното средство и багажот кој лицето го носи со себе кога тоа е неопходно заради

пронаоѓање на предмети погодни за напад или самоповредување или кога постојат основи

72

Види: Правилник за вршење на работите на службата за јавна безбедност, Скопје,1985 чл. 49 ст. 1.

Page 50: Magisterska Emilija Penova

50

на сомневање дека кај нив ќе се пронајдат траги на кривично дело или предмети што

можат да послужат како доказ.

Преглед на лице според истиот член ст1 од ЗП подразбираме увид и проверката на

облеката и обувките. Преглед на лице може да изврши само лице од ист пол, освен во

исклучителни случаи кога е неопходен итен преглед на лице заради одземање на оружје

или предмет подобен за напад или самоповредување.

Под преглед на превозни средства, во смисла на ставот 1 од овој член, се смета и

преглед на сите отворени и затворени простори и места во превозното средство и багажот

кој се превезува. При прегледот полициските службеници се овластени да користат

технички средства или службено куче.

Имено, чл. 144 ст.2 од ЗКП исто така ја овластува полицијата во текот на

предистражната постапка да сопира, легитимира и да изврши потребен преглед или

претрес на лица, превозни средства и багаж ако постојат основи на сомневање дека кај нив

ќе се пронајдат траги на кривично дело или предмети кои што можат да послужат како

доказ.

При разгледување на ова овластување, најпрво мораме да направиме

разграничување помеѓу претресот и прегледот. Според проф. Калајџиев, под преглед на

лице се мисли на надворешна, делумна проверка на облеката и други предмети, додека

нивното детално и темелно проверување претставува претрес.73

Исто така, за прегледот не

е потребна судска наредба, додека за претресот е потребно писмено образложена судска

наредба во која се назначува лицето што се претресува, како и предметите што се

одземаат. Во НЗКП во чл. 186-189 јасно е опишано на кој начин се прави претресот во

врска со издавањето на наредбата, односно барање за издавање на наредба, решавање по

барањето, содржина на наредбата и сл.

Од законот ќе заклучиме дека пред претресот, полицијата мора да добие налог за

претрес. На лицето на кое ќе се врши претресот ќе му се предаде налогот и ќе му се

посоветува сам да ги предаде предметите што се бараат. Меѓутоа во ова правило постои и

исклучок, во случај кога претресот мора да се изврши ненадејно доколку околностите се

ризични т. е лицето пружи отвор со огнено оружје или се работи за тешко кривично

73

Види НЗКП чл. 21 ст. 1, како и во чл. 185 ст. 1 се дефинира претресот на лице.

Page 51: Magisterska Emilija Penova

51

дело.74

На сето ова, НЗКП му дополнува уште еден основ, т.е. ако имаме страв дека

трагите може да бидат уништени или прикриени.75

Друго правило во врска со претресот е

што законот дозволува претресот на женско лице да го врши само женско лице и за

сведоци ќе се земат само две женски лица.76

Доколку во моментот не можат да се

обезбедат сведоци, без разлика дали имаме случај со лице од ист пол или не, претресот

може да се изврши.

Многу важен сегмент при реализирањето на ова полициско овластување од страна

на полицијата, доколку имаме отпор од страна на лицето кое се притресува, полицијата

може да употреби разумна сила како крајно средство. Како и кај секое овластување, и овде

на крајот изготвуваме записник. Спор ЗКП чл. 144 ст. 4, лицата што прегледуваат или

претресуваат треба да се известат дека за преземените дејствија ќе се состави записник.

Но, Правилникот за начинот на вршење на полициските работи на полицискиот

службеник му дава друга обврска, т. е го обврзува за преглед на лице да изготви службена

белешка, додека за претресот на лице да состави записник.

2.1.9 Обезбедување и преглед на местото на настанот

Местото на настанот е местото на настанување на криминалниот настан и на кое

останале последиците од делувањето на сторителот на кривичното дело врз околината при

извршувањето на кривичното дело и настаната последица од криминалното делување.

Местото на настанот претставува секое место на кое можат да се најдат траги кои можат

да помогнат во расветлувањето на кривичното дело.77

Исто така, во ЗП чл. 63 полицискиот

службеник дознава за извршено кривично дело, прекршок или настан заради што треба да

се изврши непосредно забележување, утврдување или разјаснување на фактите,

74

Види чл. 215 ст. 1, 2 и 3 од ЗКП. 75

Види чл. 191 ст. 4 од Новиот ЗКП (2010 год.). 76

Во некои европски земји, ќе ја нагласиме Велика Британија, полицискиот службеник може да побара од

лицето кое се претресува да ги подигне рацете и да ги рашири нозете, се со цел да може визуелно (никако

физички допир) да се прегледаат и интимните делови. 77

Види чл. 108 од ПНВПР.

Page 52: Magisterska Emilija Penova

52

полицискиот службеник е овластен да го обезбеди местото на настанот до доаѓање на

службените лица од надлежниот државен орган, истото да го прегледа заради откривање и

обезбедување траги на кривично дело и предмети што можат да послужат како доказ,

пронаоѓање на сторител, како и прибирање известувања во врска со кривичното дело,

прекршокот или настанот. Во однос на ст. 2 од овој закон полицискиот службеник е

должен да преземе соодветни мерки и активности за неодложно укажување помош на

настраданите лица и отстранување на последиците од кривичното дело, прекршокот или

настанот, како и ст. 3 полицискиот службеник има право лицата затечени на местото на

извршувањето на кривичното дело да ги упати до истражниот судија или да ги задржи до

неговото доаѓање најмногу 6 часа, ако тие би можеле да дадат податоци важни за

кривичната постапка и ако е веројатно дека подоцна не би можело да се изврши нивно

сослушување или тоа би било сврзано со значително одлагање или со други тешкотии.

Основните овластувања на полицијата да преземаат дејствија за обезбедување и

редослед на постапувањето на местото на настанот заради пронаоѓање на докази кои

доведуваат во релација сторител- делото – оштетениот се предвидени и во ЗКП. Законот за

кривична постапка во чл 142 и 143 во поглавјето за кривична пријава ги поставува

основните законски одредби кои ја овластуваат полицијата да дејствува и да ги извршува

сите неопходни должности за пронаоѓање на сторителите на кривични дела и доказите кои

се поврзани со кривичните дела.

Процедуралните одредби кои ги насочуваат полициските дејствувања во однос на

местото на настанот се содржани во Правилникот – начинот за вршење на полициските

работите. Во поглавјето Примена на полициските овластувања, во чл. 55 се содржани

надлежностите на полицијата при обезбедување и преглед на местото на настанот. Во тој

однос, полицијата може да ги преземе следниве дејствија:

- ќе го задржи сторителот ако е фатен на местото на настанот или од други

лица;

- ќе преземе мерки и активности за неодложно укажување на лица на кои им е

потребна лекарска помош;

- ќе ја извести за случајот дежурната служба во полициската станица на чие

подрачје тоа е случено и ќе побара на местото на настанот да излезе увидна

група, јавен обвинител и истражен судија;

Page 53: Magisterska Emilija Penova

53

- привремено ќе ја ограничи слободата на движење на присутните лица и

видно ќе го одбележи место;

- ќе издаде потреби предупредувања и наредби;

- визуелно ќе го прегледа просторот, теренот, објектот, предметот како и

документацијата која е пронајдена;

- ќе ги прегледа лицата предметите и превозните средства;

- ќе го провери идентитетот лицата кои се затечени на местото на настанот;

- ќе ги одземе привремено предметите кои можат да послужат како доказ во

постапката;

- ќе ги заштити трагите и предметите;

- ќе забрани снимање на местото на настанот.

Составен дел од обезбедувањето и прегледот на местото на настанот се увидот кој

претставува истражна мерка, односно судска мерка или дејствие кое се состои од

непосредно запазување, утврдување и разјаснување на поедини околности и факти кои се

од значење за постапката во секој посебен кривичен случај. Меѓутоа, истражните

дејствија, не се цел на нашата тематска истражна работа, и во тој случај акцентот ќе го

ставиме на полициските работи во предистражната постапка.

Како што споменавме погоре, водејќи се од ПНВПР една од првите и најосновните

дејствија при реализација на ова овластување е полицискиот службеник да го дефинира

неговиот периметар. Според тоа, полицискиот службеник треба точно да ги процени

околностите на кривичното дело, секоја потенцијална поврзаност на сите предмети или

лица присутни со појавата на кривичното дело и да направи најпрецизна проценка за тоа

во кој степен се извршило влијанието на околината од криминалната активност.

Неопходно е и да заштитат личниот живот и животот на граѓаните во близина на местото

на настанот, но да ги заштитат пред се жртвите и сведоците и да преземат мерки за

спречување на бегство на сторителот на кривичното дело. Потоа го идентификуваат

самото место на настан и го определуваат периметарот кој треба да го обезбедат со

соодветни знаци на обележување. Контролирање, идентификување, отстранување на лица

од местото на настанот и нивно движење, претставува важна одговорност на полицаецот

кој прв стигнува на местото на настанот. За да се зачува интегритетот на местото на

настанот и за да се зачуваат доказите и да се минимизира нивната контаминација, од

Page 54: Magisterska Emilija Penova

54

суштинска важност е да се спроведе контролирањето на движењето на лицата на местото

на настанот и ограничувањето на бројот на лицата кои влегуваат во местото на настанот.

По преземањето на сите дејствија кои ги дозволува ова овластување, полицискиот

службеник изготвува службена белешка. Според чл. 57 ст3 од ПНБПР службената

белешка покрај податоците од усното известување,78

содржи и податоци и за полицискиот

службеник и местото кое е обезбедувано, причините поради кои се извршени овие

дејствија, времето за известување и пристигнување на местото на настанот, како и

затечените лица на местото на настанот.

2.2. Примена на посебните истражни мерки

Во последниве неколку години во Европа, во структурите на полицијата доста се

преферира примената на посебно истражните мерки, кои за разлика од претходно беа

ексклузивно право само на тајните служби. Овие мерки кои се дел од лепезата на тајни

средства и методи на дејствување се мошне погодни за откривање и идентификување на

криминалните активности уште во предполето на криминалната реализација. Со тоа се

овозможи постепено проширување на субјектите законски да ја користат таа методологија

и за прв пат доаѓа до методолошко изедначување на работата на криминалистичката

полиција и тајните служби.

Најголема причина за воведување на овие мерки се силниот замав на современиот

криминал, односно започнувањето на примената на посебните истражни мерки е од

исклучиво значење особено во борбата со организираниот криминал, корупцијата и

тероризмот. Посебните истражни мерки мора да се базираат на принципот на легалитет,

пропорционалност и процедурални гаранции за заштита на правата и слободите на

човекот. Токму поради тоа, паралелно со преземањето обврска на земјата за усогласување

на домашната легислатива со законодавството на Европската унија, дојде до значителни

измени во тој правец и тоа најнапред во системските закони, како што е и Законот за

78

Види: чл. 57 ст. 2, полицискиот службеник дава усно известување за затекната состојба и за другите факти

утврдени на местото на настанот, за преземените мерки и активности или за настанатите промени на

местото на настанот.

Page 55: Magisterska Emilija Penova

55

кривична постапка, каде што во декември 2004 година е донесен Законот за изменување и

дополнување на Законот за кривичната постапка со кој беа прифатени повеќе нови

институти, меѓу кои како најзначаен може да се издвои воведувањето на осум нови

посебни истражни мерки. Со нивното пропишување се утврдува јасна и прецизна законска

рамка и соодветни процесни гаранции против нивната злоупотреба, што е во согласност

со европските барања за инкорпорирање на современите мерки на истрага во доменот на

кривичната правда и човековите права а заради прибирање на податоци и докази

неопходни за водење на кривичната постапка и олеснување на гонењето на извршителите

на делата на организираниот криминал, корупцијата, перењето пари, недозволената

трговија со луѓе, оружје и дрога и други тешки форми на криминал.79

Во тековното работење, Одделението за гонење на сторители на кривични дела од

областа на организираниот криминал и корупцијата при Јавното обвинителство на РМ, а

од 2008 година и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и

корупција се трудеше да ги применува посебните истражни мерки со цел за поефикасно

откривање, а со самото тоа и полесно докажување на кривичните дела од областа на

организираниот криминал, корупцијата и тероризмот но само во случај кога на друг начин

не можат да се обезбедат докази за сторителите или за кривичното дело.80

Со нивната

примена расте надежта за одвраќање на потенцијалните сторители, која уште повеќе се

зголеми со примената на целосниот капацитет за следење на комуникации, бидејќи со

донесувањето на Законот за следење на комуникациите81

се зголеми веројатноста за

поголема ефикасност во откривањето и гонењето на сторителите на вакви кривични

дела.82

Во Законот за кривичната постапка се предвидени осум посебни истражни мерки

кои за прв пат беа воведени во 2001 год. Тие се:

79

Види: Н. МАТОВСКИ, Г. БУЖАРОВСКА, Г. КАЛАЈЏИЕВ, Кривично процесно право, Второ изменето и

дополнително издание, Скопје, 2011, стр. 263. 80

Види: В. РУСКОВСКА, Ј. ИЛИЕВСКИ, Посебни истражни мерки (домашна и меѓународна практика), Скопје,

2010, стр. 13. 81

Имено, последните измени во Законот за следење комуникации и Законот за кривичната постапка од 2008

год. предизвикаа бурни реакции и несогласувања во експертската јавност, невладиниот сектор и кај некои

политички партии од опозицијата, како во врска со нивната содржина, така и поради фактот што вакви

значајни закони со кои се уредува досегот на уставното право на приватност како едно од основните

човекови права и слободи се донесени без никаква јавна или стручна расправа. Види: Годишен извештај на

Хелсиншки комитет 2009 год. (www.mhc.org.mk) 82

Исто, стр. 13.

Page 56: Magisterska Emilija Penova

56

▪ следење на комуникации и влез во дом и други простории или во превозни

средства заради создавање на услови за следење на комуникации, под услови и постапка

утврдени со закон,

▪ увид и пребарување во компјутерски систем, одземање на компјутерски

систем или дел од него или базата за складирање на компјутерски податоци,

▪ тајно набљудување, следење и визуелно-тонско снимање на лица и

предмети со технички средства,

▪ привиден (симулиран) откуп на предмети, како и привидно (симулирано)

давање поткуп и привидно (симулирано) примање поткуп,

▪ контролирана испорака и превоз на лица и предмети,

▪ користење на лица со прикриен идентитет за следење и собирање на информации

или податоци,

▪ отворање привидна (симулирана) банкарска сметка на која може да се

вложуваат средства што потекнуваат од сторено кривично дело и

▪ регистрирање на привидни (симулирани) правни лица или користење на постојни

правни лица заради собирање на податоци.

Постојниот ЗКП го уредува надзорот над кои било облик на комуникација помеѓу

луѓето, на начин што ги опфаќа како електронските комуникации, така и непосредни

комуникации помеѓу луѓето (т.н амбиентално прислушкување). Амбиентално

прислушкување под притисок на Европската унија беше ппредмет на последните измени и

дополнувања на ЗКП од 2011 год. Имено иако нашиот Устав предвидува посебна заштита

на електонските комуникации, денес во светот е вообичаено да се признаваат разумни

очекувања на приватноста и во непосредните комуникации помеѓу луѓето, што

подразбира и комуникации остварени и во јавен простор а не само во затворени простори.

Основна слабост на мерката е тоа што истата е регулирана и со ЗКП и со посебен

закон кои што не се секогаш егзестенти, поради кои што се отвараат теоретски и

практични проблеми за кои веќе е пишувано во домашната правна литература.83

Мерката увид и пребарување на компјутер и компјутерски систем и одземање на

компјутерскиот систем исто така не беше јасно дефинирана, бидејќи од една страна не

83

Види: Ј. ЈОВЧЕВСКИ, Специјалните истражни мерки во кривичното законодаство на РМ, докторска

десертација, Скопје 2009, стр. 228 и натаму.

Page 57: Magisterska Emilija Penova

57

беше јасно дали со оваа одредба се предвидува можност за упад во електронските

комуникаци кои се остваруваат преку компјутерскиот систем (интернет) или пак се мисли

на растер потрага за автоматско пребарување на лични и други податоци. Со слични

потешкоти е обременет и вториот дел од одредбата што се однесува на целиот

компјутерски ситстем или дел од него, бидеќи по природа на нештата оваа мерка е

поблиска на мерката на привремено одземање на предмети, што по природа на нештата е

доста различно од другите посебни истражни мерки. Дел од овие контраверзии новиот

ЗКП ги надвинува, при што ќе се усврнеме подолу.

Како посебна мерка законот ја предвидува и тајната опсервација на лица и

предмети, што многумина сметаа дека е составен дел на опретаивниот дел на полицијата

што нема потреба да се уредува во ЗКП. Сепак мерката, зафаќа во приватноста не само во

случај на подолготрајни опсервации, што во некои законодавства како германското е

доволна причина за мерката да бара посебен третман, туку првенство заради можноста за

визуелно тонско снимање при ваквата опсервација, односно следење што има за цел да

создаде фотографски или видео запис, коишто и без да ја содржи содржината на

вербалната комуникација може да биде од големо значење за кривичната постапка. Во

практиката се покажа како несмасното поврзување во самата одредба на видео и аудио

записот, а спорно беше дали истата се однесува за следење на јавни места или пак за

приватни простори, особено во домот на граѓаните.

Органите на прогон особено интерес покажа за мерката привиден (симулиран)

откуп на предмети, како и привидно (симулирано) давање поткуп и привидно

(симулирано) примање поткуп, овие мерки почнаа зачестено да се користат за сузбивање

на корупцијата. Се работи значи за три мерки кои законодавецот ги споил во една, а кои

мерки во криминалистичка смисла се еден вид на стапица која се состои во фиктивно

содавање на прилика со цел сторителот да ја реализира криминалната намера, при што

едновремено се обезбедуваа докази за кривичното дело. Најконтраверзно е

разграничувањето на овие со закон допуштени методи со таканеречениот „агент

провокатор“, што инаку го забранува и нашиот ЗКП со тоа што се забранува примената на

посебните истражни мерки да се потикнува на сторување на кривично дело. Определени

насоки за разграничување на случаите каде веќе постојало криминална намера од оние

Page 58: Magisterska Emilija Penova

58

каде истата ја создал самиот агент провокатор, дава и практиката на Европскиот суд за

човекови права во Стразбург.84

Мерката контолирана испорака и превоз на лица и предмети од криминалистички

аспект претставува вид на прикриена истрага тогаш кога при нејзиното спроведување е

ифилтриран прикриен истражител. Во спротивно таа е само вид на тајна опсервација,

односно следење на лица и предмети. Ваквата мерка често се применува како облик на

меѓународна полициска соработка, особено во случаите со недозволена трговија со лица и

предмети.

Мерката користење на лица со прикриен инедтитет, претставува легализирање на

таканаречените прикриени агенти, законот остава можност како такви да се јават не само

полициски службеници, туку и други лица, особено и полициските информатори.

Отворањето привидна банкарска сметка, погрешно упатува дека сметката е лажна,

односно непостоечка. Напротив сметката е непостоечка, но отворена со посебна цел да се

создаде погодна прилика финансиската операција да се конторлира и да се обезбедат

докази за криминални приходи за перење пари и слично.

Мерката регистрирање на привидни правни лица или користење на правни лица

заради собирање податоци, претставува класичен облик на разознавачко дејствување во

насока на тајно и прикриено собирање на податоци.85

Во новиот ЗКП во чл. 252 како посебни сега се наведени следниве 12 мерки:

следење на електронските комуникации во постапка утврдена со посебен

закон;

следење и снимање во дом, во затворен или заграден простор што му

припаѓа на тој дом, или во деловен простор означен како таков, или во

возило и влез во тие простории заради создавање услови за следење на

комуникациите;

таен увид и пребарување во компјутерски систем;

84

Види: Teixeira de Castro v. Portugal (9 June 1998, Reports of Judgments and Decisions 1998-IV; Malininas v.

Lithuania, no. 10071/04, §§ 34-35, 1 July 2008; and Bykov v. Russia [GC], no. 4378/02, §§ 88-93, 10 March 2009,

Constantin and Stoian v. Romania, Аpplications nos. 23782/06 and 46629/06) Judgment 29 September 2009. 85

Види: ЈОВЧЕВСКИ, op.cit., стр. 228 и натаму.

Page 59: Magisterska Emilija Penova

59

снимање лица и предмети со технички средства надвор од домот, од

затворениот или заграден простор што му припаѓа на тој дом, или надвор од

приватен деловен простор означен како таков, или од приватно возило;

автоматско, или на друг начин, пребарување и споредување на личните

податоци;

увид во остварените телефонски и други електронски комуникации;

симулиран откуп на предмети;

симулирано давање и примање поткуп;

контролирана испорака и превоз на лица и предмети; и

користење лица со прикриен идентитет заради следење и собирање

информации или податоци;

Отворање банкарска сметка на која може да се вложуваат средства што

потекнуваат од сторено кривично дело; и

Симулирано регистрирање правни лица или користење постојни правни

лица заради собирање податоци.

Со новиот закон кај посебните истражни мерки се направени неколку значителни

промени. Така, додадени се три нови мерки: „Следење и снимање на електронските

комуникации во постапка утврдена со посебен закон“, „Следење и снимање во дом,

затворен или заграден простор што му припаѓа на тој дом или деловен простор означен

како таков или во возило и влез во тие простории заради создавање на услови за следење

на комуникации“ и „Автоматско или на друг начин пребарување и споредување на

личните податоци на граѓаните“.86

Една мерка е избришана „Следење на комуникациите и

влез во дом и други простории или во превозни средства заради создавање услови за

следење на комуникациите под услови и постапка утврдени со закон“, додека мерката

„Симулиран откуп на предмети“ е издвоена засебно. Значително е интервенирано во

мерките „Таен увид и пребарување во компјутерски систем“ и „Снимање на лица и

предмети со технички средства надвор од дом, затворен или заграден простор што му

припаѓа на тој дом или надвор од деловен простор означен како таков или возило“.

Направена е и битна терминолошка интервенција во мерките: „Отворање банкарска

86

Види: Ј. ЈОВЧЕВСКИ и Г. КАЛАЈЏИЕВ, Специјални истражни мерки, МРККП, стр13; Правото на

почитување на приватноста во Македонија, МРКПК бр. 1/2009, 267-284.

Page 60: Magisterska Emilija Penova

60

сметка, на која може да се вложуваат средства што потекнуваат од сторено кривично

дело“ и „Симулирано регистрирање на правни лица или користење на постојни правни

лица заради собирање на податоци“, во кои терминот „симулирано“ оправдано е избришан

пред зборовите „банкарска сметка“ и во втората, терминот е преместен пред зборот

„регистрирање“.

Со новата мерка „Следење и снимање на електронските комуникации во постапка

утврдена со посебен закон“, оправдано засебно се опфаќаат електронските форми на

комуникација што сè повеќе го заземаат приматот во сферата на комуникациските односи

помеѓу луѓето. Законодавецот предвидува регулирање на постапката за надзорот над

електронските форми на комуникација со посебен закон, мислејќи на постоечкиот закон за

следење на комуникациите додека, условите за надзор над истите комуникации,

законодавецот предвидува да бидат регулирани со одредбите од ЗКП.87

Основна цел на законското уредување на посебните истражни мерки е податоците,

известувањата, документите и предметите прибавени со нивна примена, под услови и

начин утврдени со ЗКП да може да се употребат како доказ во кривичната постапка.

Одлуката за примена на овие мерки е во вид на наредба која може да ја издаде само јавен

обвинител или истражен судија во предистражната постапка, додека пак во претходната

постапка – истрагата според (чл.142 ст. 1 од ЗКП) само истражен судија.88

Во случаи кога не се располага со сознание за идентитетот на сторителот на

кривичното дело во предистражната постапка јавниот обвинител одлучува со писмено

образложена наредба на писмено образложен предлог од Министерството за внатрешни

работи, за примена од третата до осмата мерка .

Во новиот ЗКП се напушта дистинкцијата дали се работи за познат или непознат

сторител, па така во член 256 е предвидено дека:

▪ За мерките од т.1 до 5 на образложено барање на јавниот обвинител на-

редба издава судијата за претходна постапка

▪ За мерките од т.6 до т.12 наредба издава јавниот обвинител

87

Исто. 88

Во предистражната постапка по писмено образложен предлог на јавниот обвинител, истражниот судија

одлучува со писмено образложена наредба. Ова се однесува на втората до осмата точка). Кон образложениот

предлог, јавниот обвинител до истражниот судија треба да достави од каде се добиени сознанијата, во

спротивно истражниот судија може да изјави несогласност до кривиниот совет.

Page 61: Magisterska Emilija Penova

61

Наредба за примена на посебните истражни мерки може да се издаде во следниве

случаи и потреби

▪ заради обезбедување на податоци и докази неопходни за успешно водење на

кривичната постапка кои на друг начин не можат да се соберат или нивното собирање би

било сврзано со поголеми тешкотии

▪ за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку четири години,

▪ за кривични дела за кои е пропишана казна затвор до пет години за кои постои

основано сомнение дека се извршени од страна на организирана група, банда или друго

злосторничко здружение и

▪ за таксативно наброените кривични дела без оглед на предвидената казна и бројот

на извршителите.

Наредбата за примена на посебните истражни мерки согласно чл.142-д ст.1 од ЗКП

ја извршува Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и Финансиската

полиција. Исто така согласно со истиот член , наведено е што треба да биде содржина на

наредбата, а тоа е:

▪ податоци за лицето против кое се применуваат посебните истражни

мерки кога сторителот е познат,

▪ основи за сомневање за стореното кривично дело

▪ фактите од кои произлегува примената на посебните истражни мерки

▪ начин на примена

▪ обем

▪ времетраење

Откако ќе заврши примената на посебните истражни мерки МВР или другите

органи кои ги применувале имаат обврска до Јавниот обвинител, односно до истражниот

судија да достават Посебен извештај, согласно чл. 142-ѓ од ЗКП во кој треба да е

наведено:

▪ Време на започнување и време на престанок;

▪ Број и опис на работата на службените лица;

▪ Вид и број на техничките средства;

▪ Број и идентитет на опфатените лица;

▪ Видот на кривичното дело;

Page 62: Magisterska Emilija Penova

62

▪ Краток опис за остварувањето на целта

Во склоп на посебните истражни мерки, неминовно е да го споменеме и Законот за

следење на комуникации кој е донесен во 2006 година, а веднаш по неговата практична

примена после две години во 2008 година беа донесени измени кои стапија во сила истата

година, со што се зацврсти предистражната и истражната фаза во насока на собирање на

докази. Измените овозможија Законот да биде многу поефективен и подобар инструмент

со кој се олеснува работата во насока на прибирање на докази. Во тој однос, измените се

следниве:89

▪ може да се прислушуваат непознати лица, додека претходно не можеше да се

прислушуваат непознати лица додека не бидат целосно идентификувани;

▪ реализирањето на следењето на комуникациите се врши во просториите на

Одделот за организиран криминал при Министерството за внатрешни работи, додека

претходно следењето го вршеше исклучиво Управата за безбедност и контраразузнавање.

▪ Наредба за следење на комуникации секогаш дава истражен судија, без разлика

дали се работи за познати или непознати сторители. Со новиот Закон за кривична

постапка се предвидува судијата во претходна постапка да дејствува како контролор во

однос на проверката на законитоста на овие интрузивни но неопходни истражни мерки.

2.3. Поднесување кривична пријава

Органот за внатрешни работи, односно полицијата во склоп на извршување на

основната задача согласно со законското овластување постапува по сопствена

иницијатива при што самостојно работи на откривање и пријавување на кривични дела и

нивни сторители. Составувањето и поднесувањето на кривична пријава, како финален дел

од целокупната задача и искористување на сите потребни мерки и дејствија во

предистражната постапка, органите за внатрешни работи тоа го преземаат врз основа на

овластувањата од Законот за кривична постапка, Законот за вршење на внатрешни работи,

89

Види: РУСКОВСКА, ИЛИЕВСКИ, op.cit., стр 19 и натаму.

Page 63: Magisterska Emilija Penova

63

детално разработен во Правилникот за вршење на работите на Министерството за

внатрешни работи. Кривичната пријава е првиот акт на сознание, дека е сторено кривично

дело и прв писмен акт кој временски е најблизок до криминалниот настан.

Овластените лица, кривичната пријава ја составуваат врз основа на податоци и

известувања прибавени со криминалистичка обработка на определен криминален настан.

Врз основа на прибавените известувања се составува кривичната пријава, т. е таа ќе се

состави кога ќе се стекне основ на сомнение дека е извршено кривично дело за кое се гони

по службена должност. Меѓутоа, тоа во такви случаи секогаш не е обврзано, овие органи

само оценуваат и го одредуваат моментот кога ќе ја достават кривичната пријава по своја

иницијатива на јавниот обвинител, бидејќи тоа зависи од низа околности од самиот

криминален настан, а тоа е најчесто и фактичко прашање.90

Како и да е, ефикасноста на

кривичната пријава зависи од нејзината поткрепеност со голем број на докази и можност

за дополнување на дополнително доставување на посебен извештај за прибраните

податоци и известувања. Фактот дека органот за внатрешни работи е овластен самостојно

да одлучи кога ќе поднесе кривична пријава до јавниот обвинител, тоа не смее да значи

дека во тој поглед тој е сосема слободен и дека тој ги има овластувањата да го применува

начелото на опортунитет во однос на одлуката за пријавата.

Сакајќи јавниот обвинител да го натера порано активно да се вклучи во кривичните

истраги, новиот ЗКП предвидува итно и формално информирање на јавниот обвинител од

страна на полицијата уште рано во постапката. Имено, по приемот на кривична пријава

или добиеното сознание за постоење на основи на сомневање дека е сторено кривично

дело за кое се гони по службена должност, полицијата, без одлагање по писмен пат го

известува јавниот обвинител. Ако постојат основи на сомневање за кривично дело за кое е

пропишана казна затвор од најмалку четири години или постојат причини за итност,

полицијата веднаш устно ќе го извести јавниот обвинител, по што ќе состави и писмено

службено известување. По приемот на кривичната пријава или по добиеното известување

од полицијата, со постапката веќе раководи јавниот обвинител. Правосудната полиција е

должна да постапува по наредбите и насоките на јавниот обвинител. Како што веќе стана

збор, таа продолжува со извидите и тогаш кога нема посебни наредби или насоки од

јавниот обвинител и за спроведените мерки и дејствија го известува јавниот обвинител.

90

Види: Д. ТУМАНОВСКИ, Постапка на јавниот обвинител по кривични пријави, Скопје, 2001, стр. 82.

Page 64: Magisterska Emilija Penova

64

Се рабира дека јавниот обвинител нема да може да се вклучи во сите полициски

извиди, ниту за тоа ќе има време ниту ресурси.91

Идејата е тој да се вклучи во посерионите

случаи, не со цел да ја замени полицијата, туку полицијата да ја раководи заради

поефикасно и поквалитетно собирање на информациите и доказите кои ќе помогнат тој

случајот да го добие ако истиот дојде пред суд.92

На ова комплесно прашање се

осврнуваме во текстот што следува.

2.4 Граници на автономијата на полицијата при преземањето на

дејствијата во предистражната постапка

Иако во теоријата и во законодавството на речиси сите европски држави, јавното

обвинителство се смета за раководител на истрагите на кривичните дела, тоа не значи дека

обвинителството треба да ги контролира сите мерки и дејствија преземени од полицијата

при истражувањето на кривичните дела, бидејќи тоа ниту може ниту пак е обучено, ниту

пак кадровски опремено јавното обвинителство активно да се вклучува во сите можни

истраги.93

Токму затоа, реалноста е сосема поинаква, односно па обвинителите се

вклучуваат понекогаш само површно, понекогаш само на крајот на полициските извиди,

речиси во сите случаи кои обично се најсложени или политички сензитивни.94

Причини за

ова има повеќе и за истиот е доста пишувано во европската литература, но најзначајни се

91

Види: A. PERRODET, The public prosecutor, вo: M. DЕLMAS-MARTY /J. SPENCER (Eds.), European Criminal

Procedures, 415 и натаму; E. MATHIAS, The balance of powers between the police and the public prosecutor, вo:

European Criminal Procedures, 459, 461. 92

Види: Г. КАЛАЈЏИЕВ, Замки и заблуди на реформата на истрагата, во Зборник на трудови на Правните

факултети во Скопје и Загреб, Скопје/Zagreb, 2009, истиот автор: „Новите односи меѓу полицијата, јавното

обвинителство и судот во претходната постапка“ и „Преуредување на претходната постапка во Република

Македонија“ објавени во Македонска ревија за казнено право и криминологија (МРКПК, бр. 1, 2008 и

МРКПК, бр. 2/3, 2008 93

Види: M. DЕLMAS-MARTY / J. SPENCER (Eds.), European Criminal Procedures, Cambridge University Press,

Cambridge 2002; P. FENNELL/ C. HARDIG/ N. JÖRG/ B. SWART, Criminal Justice in Europe – A Comparative

Study, Clarendon Press, Oxford, 1995. 94

Види: Д. КРАПАЦ/ В. КАМБОВСКИ/ Г. БУЖАРОВСКА/ Г. КАЛАЈЏИЕВ, Стратегија за реформа на казненото

право на Р. Македонија, Министерство за Правда, Скопје, 2007; Г. КАЛАЈЏИЕВ/ Т. СТОЈАНОВСКИ/ С. ЗИКОВ.,

Новите односи меѓу полицијата, јавното обвинителство и судот во претходната постапка, МРКПК, бр. 1,

2008.

Page 65: Magisterska Emilija Penova

65

врзани со расположливите ресурси и стручноста и опременоста на полицијата во сферата

на истрагите. Имено, иако модерните законодавства и повеќето теоретичари во поново

време се залагаат за поактивна улога во истрагите за кривични дела, речиси никаде во

светот јавните обвинителства не се обучени ниту спремни, напротив капацитетите за

откривање на криминалот со векови се градени во рамките на полицијата со исти или

слични овластувања кои примарно работат на откривањето и разјаснувањето на

кривичните дела.95

Со оглед, на тоа што и кај нас во последниве неколку години во напори

се да се модернизира казнено правниот систем со цел да се зголеми неговата ефикасност

од една страна но и да се обезбеди законитоста од друга страна, се создаде определена

збрка во однос на улогата и надлежноста во откривањето и гонењето на кривичните дела,

сакајќи да ја нагласат и со тоа ја наложат поактивната улога на обвинителите некои

домашни експерти вклучени во реформата експлицитно го вклучија откривањето помеѓу

надлежностите на јавното обвинителство. Со ова се создаде забуна дали постои суштинска

разлика помеѓу откривањето и гонењето на кривичните дела или пак откривањето треба да

се смета само како дел од активностите и надлежностите на кривичното гонење.96

Во домашната литература на разграничувањето на овие два поими не му беше

посветено должното внимание што во крајна линија не беше само семантичко прашање

бидејќи разликите во поимањето на овие термини резултира со значителни разлики во

однос на прашањето за разграничувањето на улогата и надлежностите за полицијата и

јавното обвинителство.

Имено некои теоретичари под откривање подразбираат дознавање, односно

првични информации за можно кривично дело, што би значело дека под ова го

подразбираат оперативното полициско работење пред почнувањето на полициската

постапка , додека пак други автори со овој поим го покриваат целосното разјаснување на

случајот со финализирање на истрагата а некои дури и на целата постапка.97

95

Види Т. ВИТЛАРОВ / Г. КАЛАЈЏИЕВ/ М. ЛАБОВИЌ/ Т. СТОЈАНОВСКИ, Системска анализа на законската рамка

и соработката меѓу надлежните институции во борбата против организираниот криминал, ФИООМ, Скопје, 2005. 96

Законот за јавното обвинителство (ЗЈО) за прв пат експлицитно го спомнува откривањето како едно од

надлежностите и обврските. 97

За различните сфаќања во поранешната југословенска литература и повеќе европски држави види кај В.

ВОДИНЕЛИЌ, Криминалистичка тактика 1, Скопје 1999, стр. 147 и натаму.

Page 66: Magisterska Emilija Penova

66

ЗКП не му придава некое вистинско процесно значење на овој поим туку зборува за

различен степен на веројатност, односно сомневање за постапката да прогресира во една

фаза во друга, а неретко и како услов против определени лица да се преземе определено

дејствие како гаранција дека државните органи на прогон немаат непотребно да ги

вознемируваат граѓаните, а особено не кога се работи за нивните основни права и слободи

(слобода на движење и правото на приватност). Сепак потребата од дефинирање на

откривањето не треба да се марагинализира, не само од аспект неразграничување на

надлежноста помеѓу обвинителството и полицијата, туку и заради тоа што Уставот на РМ

прави разлика помеѓу откривање и спречување на кривични дела (кое некои го ставаат во

полициска проблематика) и за потребите на кривичната постапка , што имплицира судска

надлежност за некои исклучително важни полициски овластувања поврзани со човековите

права, како што се претресите и прислушувањето, односно следењето на комуникациите.

Во однос на полициската автономија се појавуваат две групи на проблеми.

1. Дали полицијата ила определена слобода во смисла на тоа дали воопшто ќе поведе

или натаму процесуира определен случај,

2. Дали полицијата ќе има автономија во смисла на самостојно и слободно

одлучување за тоа кои мерки и дејствија ќе ги преземе во текот на предистражната

постапка.

Во однос на првото прашање, за разлика од обвинителството, кои во некои држави

може да не поведе постапка потпирајќи се врз принципот на опортунитет, ваква можност

односно право не е предвидено за ниту една полиција. Имено, правно гледано

полициските организации се секогаш обврзани да работат на откривање и расчистување

на делата секогаш кога постојат определени сомневања. Ова е разбирливо, ако се земе

предвид дека орган надлежен за гонењето (со исклучок на Англија), во модерна Европа

јавното обвинителство, а не полицијата. Од друга страна, практиката е сосема поинаква,

бидејќи под притисок од огромниот број на случаи полицијата е доведена во ситуација

самата да прави избор за тоа на кој вид криминалитет генерално ќе даде приоритет.98

Без да навлегуваме во прашањето кои се учествува во креирањето на криминалната

политика, овдека само сакаме да кажеме дека иако тоа ретко е оставено на полицијата

98

Види: M. DЕLMAS-MARTY / J. SPENCER (Eds.), European Criminal Procedures, Cambridge University Press,

Cambridge 2002.

Page 67: Magisterska Emilija Penova

67

истото се наметнува како реален проблем во практиката. Токму затоа се чини подобро

овој проблем да се согледа и проучи и да се изградат определени насоки за постапувањата

на полицијата за спречувањето на арбитрерности. Имено, борбата на полицијата за

определена автономија може да претставува израз на слобода за простор во кој ќе се

овозможат политички влијанија, што ќе резултира со полициско непостапување не заради

нивната маргиналност во смисла на незначителна општествена опасност, туку напротив ќе

бидат резултат на коруптивно (не)постапување како израз на политичка или полициска

или друга злоупотреба.

Автономијата пак на полицијата во смисла на тоа дали таа самостојно ќе одбере

што и како ќе одбере во рамки на законски предвидените мерки и овластувања, се

поставува прашање во која мера и колку конкретно јавниот обвинител навистина ќе

раководи со полицијата во рамки на предистражна постапка. Постојаниот ЗКП за ова не

дава јасен одговор, бидејќи најпрво законот ги дава задачите и овластувањата на

полицијата на начин на кој што претпоставува голема слобода и автономија на полицијата

во оваа фаза на постапката. Ваквото гледиште има логика првенствено заради ситуацијата

реалните состојби во оваа иницијана фаза на постапката, каде што од една страна имаме

само првични информации ко полицијата допрва треба да ги провери. Од друга страна,

многу често се работи за состојби на итност и опасност од одлагање со цел веднаш да се

соберат податоци и докази кои подоцна не можат да се соберат, да се фати осомничениот

кој може да побегне и слично. На линија на ова гледиште, може да се вброи и законот за

полиција кој што овластувањата на полицијата во кривичната постапка ги наведува заедно

со другите полициски овластувања како оргинерни (изворни) полициски овластувања, од

што произлегува за истите не треба да биде консултирано јавното обвинителство, туку

дека нив полицијата може да ги преземе ex lege. Ваквото становиште тешко би можело да

се помири со одредбите на ЗКП кои што говорат за раководна улога на јавниот обвинител

во предистражната постапка.

Слично е ЗЈО кој што содржи уште појасни одредби за надреденост и раководење

на јавното обвинителство. Сосема е погрешно аргументите во прилог на овие две

спротивставени становишта да се толкуваат како некое, ако може така де се каже,

„шизофрено“ постапување на законодавецот. Напротив истите треба да се сметаат како

флексибилност која законодавецот ја остава со цел да излезе во пресрет на различните

Page 68: Magisterska Emilija Penova

68

животни ситуации, во смисла на тоа дека може да се работи на кривични дела со различен

степен на тежина и комплексност. Во услови на специјализираност и опременост на

полицијата во откривање и релативно мал број на обвинители со главно правно

образование, подразбира дека обвинителството поактивно ќе се вклучува само таму каде

што фактичката и правна сложеност на делото, односно неговата тежина, тоа посебно ќе

го бара. Во другите поедноставни случаи ,поголем дел од работата без сериозни тешкотии

ќе го заврши самата полиција, бидејќи за најголемиот број обични кривични дела постојат

стандардизирани процедури, па не се покажува како нужно ниту економично

ангажирањето на обвинителските кадри, коишто се помалубројни и специлизирани за

правните прашања, а во крајна линија во повеќето земји не е ни економично од причина

што се работи за релативно скап профил.

Во таа смисла и постојното и новото законодавство поставаат можност јавното

обвинителство самото да го определи во која мера и колку активно ќе се вклучи во

истрагите. Новиот ЗКП се чини дава појасни насоки за ова прашање пропишувајќи дека

Обвинителството може активно да се вклучи со давање на конкретни наредби за

преземање на определени конкретни мерки и активности и со тоа непосредно и директно

да ја раководи предистражната постапка, која опција се претпочита во случаи на сложени

предмети најчесто од областа организираниот криминал. Овие случаи полицијата за која

што инаку се предвидува обврска со посебен извештај (што не беше предвидено во

постојаниот ЗКП) да го информира јавниот обвинител за сознанијата за кривичното дело,

со што законодавецот јасно покажува дека оцената за степенот на инволвираност на

јавното обвинителство не е оставена на полицијата, туку на самото обвинителство. Во

ваков случај кога обвинителството активно ќе го преземе работењето на случајот, истото

би требало да го заведе во известувањето во уписникот за кривични пријави, со што од

друга страна значи дека полицијата во ваков случај нема да треба да поднесе кривична

пријава.

Наспроти ова, во едноставните случаи обвинителот предистражната постапка се

претпоставува дека ќе ја препушти на полицијата односно, правосудната полиција како

што спомнавме во горенаведениот текст. Поучени од некои негативни искуства од

првичната примена на обвинителството во БиХ и Косово, за непостапување на полицијата

со изговор, односно образложение дека не постапуваат во случајот затоа што чекаат

Page 69: Magisterska Emilija Penova

69

наредби или насоки од јавното обвинителство, новиот ЗКП јасно определува дека во

случај на молчење на обвинителството, полицијата има обврска да продолжи да работи на

случајот и истиот да го финализира со поднесување на кривична пројава. Законот не е

докрај јасен дали во случај на делумно ангажирање на обвинителот, во смисла на давање

на општи насоки и упатства, писменото информирање од страна на полицијата до Јавниот

обвинител треба да се смета како поднесена пријава, и дали во таков случај треба да се

земе дека предистражната постапка на истрагата треба да ја земе обвинителот. На

мислење сме дека ова прашање ќе треба да се решава во практика од случај до случај,

зашто полицијата и обвинителството бездруго со време ќе изградат и определени

стандарди. Како и да е, во случај на двоумење поправилно би било полицијата сепак да

поднесе и формална кривична пријава со што јавниот обвинител ќе го запознае со мерките

преземени од нива страна и што е уште поважно, сознанијата и доказите собрани во текот

на полициските извиди.

Page 70: Magisterska Emilija Penova

70

3. Однос на полицијата со јавното обвинителство

3.1 Поим на јавен обвинител

Според член 106 од Уставот на Република Македонија, јавното обвинителство е

дефинирано како единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на

кривичните дела на други со закон утврдени казниви дела и врши други работи утврдени

со закон. Врз основа на оваа уставна одредба е донесен Законот за Јавно обвинителство

(Службен весник на РМ, бр. 80/92, 19/93, 9/94 и 9/96) со што е уредена неговата

организација, надлежност, определени се подрачјето и седиштето на јавните

обвинителства и се утврдени условите и постапката за именување и разречување на

јавниот обвинител и замениците на јавниот обвинител. Јавното обвинителство своите

функции ги врши врз основа и во рамките на УРМ, законите и меѓународните договори

ратификувани во согласност со УРМ.99

Јавното обвинителство е организирано како Јавно обвинителство на РМ, виши

јавни обвинителства, Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и

корупција и основни јавни обвинителства. Јавното обвинителство се организира според

принципите на хиерархиска субординација и централизам, но почитувањето на овие

принципи не смее да ја загрози самостојноста и одговорноста на секој јавен обвинител во

вршењето на функцијата.100

Јавниот обвинител може да презема низа процесни дејствија во постапката за кои е

овластен според законот сам или преку лицата кои врз основа на ЗЈО се овластени да го

застапуваат во кривичната постапка, се со цел да се донесе правилна и законска судска

одлука. Исто така, Јавниот обвинител не дејствува само од аспект на интересите што ги

има како процесна странка која ја врши функцијата на кривично гонење, туку е должен со

еднакво внимание да ги испитува и утврдува како фактите што го товарат обвинетиот,

99

Службен весник на РМ, бр 80/92, 19/93 ,9/94 и 9/96. 100

Именувањето и разрешувањето на Јавниот обвинител го врши Собранието на РМ по предлог на Владата

за време од 6 години и можност за повторно именување. Замениците на Јавните обвинители на Република

Македонија, јавните обвинители на Вишите јавни обвинителства и на Основните јавни обвинитеслтва ги

именува и разрешува Собранието на Република Македонија по предлог на владата на Република

Македонија, а по предходно позитивно мислење на Јавниот обвинител на Република Македонија за време од

6 години и може да биде повторно именуван.

Page 71: Magisterska Emilija Penova

71

така и оние што му одат во корист.101

Постојат случаеви во кои постои опасност од

одлагање на дејствијата, па истите во постапката ќе ги преземе и ненадлежен јавен

обвинител, но за тоа мора веднаш да го извести надлежниот јавен обвинител.

Во рамките на правото и должноста на јавниот обвинител во гонењето на сторителите на

кривични дела за кои се гони по службена должност спаѓа обврската:102

• ги има овластувањата што ги имаат МВР и другите државни органи за откривање на

кривични дела и нивните сторители и на прибирање на докази заради кривично гонење на

сторителите на кривични дела;

• во предистражна постапка има овластувања да издава наредби за примена на посебните

истражни мерки;

• ја раководи предистражната постапка и ги има на располагање овластените службени

лица во МВР, Финансиската полиција и Царинската управа;

• може сам да го преземе секое дејствие потребно за откривање на кривичното дело и

откривање и гонење на неговиот сторител за кое со закон е овластено МВР, Финансиската

полиција и Царинската управа;

• одлучува за преземање или продолжување на кривичното гонење;

• поднесува и застапува обвиненија пред судовите;

• изјавува редовни или вонредни правни лекови против судски одлуки, и

• поднесува барање за поведување прекршочна постапка и др.

3.2 Улогата на јавното обвинителство во предистражната постапка

Во нашиот ЗКП, преткривичното постапување не е доволно нормативно уредено,

како и голем број на прашања останаа недоволно правно регулирани. Во таа смисла,

особено го привлекува вниманието, прашањето каква било одлука брз основа на што ќе

треба да ја заснова јавниот обвинител како овластен орган на прогонот, отпочнувањето на

формалната или неформалната постапка. Посебно е прашањето за улогата на јавниот

101

Види: J.-M. JEHLE / M. WADE (Eds.), Coping with Overloaded Criminal Justice Systems- The Rise of

Prosecutorial Power across Europe, Göttingen, 2005. 102

Види: Н. МАТОВСКИ, Г. БУЖАРОВСКА, Г. КАЛАЈЏИЕВ, Кривично процесно право, 2011 год, стр. 116.

Page 72: Magisterska Emilija Penova

72

обвинител со оглед на сериозноста на одлуките на јавниот обвинител во кој правец ќе одат

што ЗКП му ги нуди како решенија (дали да ја отфрли кривичната пријава, дали да бара

потребно известување од МВР, дали сам ќе побара потребни известувања, дали ќе бара

спроведување пооделни истражни дејствија, дали ќе поднесе непосредно обвинение, дали

ќе продолжи определени истражни дејствија во скратена постапка, дали ќе поднесе

обвинителен предлог, дали ќе поднесе барење за покренување на постапка спрема

малолетник, дали ќе поднесе предлог за примена на мерка за безбедност и сл.).

Улогата на јавниот обвинител во остварувањето на функцијата на гонење и за

откривање на кривичните дела и нивните сторители се темели врз соработка и

координација преку дејствијата со МВР и другите државни органи и правни лица за

преземање потребни мерки за пронаоѓање на сторителот на кривичното дело, сторителот

или соучесникот да не се скрие или избега, да се откријат и обезбедат трагите од

кривичното дело и предметите што може да послужат како доказ.

Јавниот обвинител ги зема пријавите и записникот и делумно сам, во зависност од

природата на делото и акциите кои што треба да ги преземе, прави видување на работите,

земајки ги во предвид изјавите на оштетениот и обвинетиот. Јавниот обвинител, ретко се

случува да зема да ги повика сведоците и да земе изјави, односно, најчесто таа работа ја

остава на други органи , каде што подоцна може да ги искористи нивните информации.

Разгледувајќи го месечниот извештај на јавниот обвинител, се констатира дека во

последно време, Јавниот обвинител сè повеќе сам прибира податоци и информации од

други органи како што се правни лица, владини агенции и корпорации. Тоа е добра

ориентација, особено ако станува збор за прашања за чиј одговор е потребно правно

знаење. Така, на пример, увид во разни регистри, регистер на земјиште, регистер на

судови и сл., што бара посебно знаење од правото и во тој случај собирањето на

податоците не треба да се препушта на полицијата или други органи кои се слаби со

правно знаење.

Во сите случаи каде што е потребно собирање на податоци од страна на

полицијата, обвинителот на барањето треба да ја наведе содржината на мерки и дејствија.

Некои обвините тоа не го прават, често само бараат собирање на податоци и потребните

информации, без да прецезира содржината и преземањето на конкретните мерки и

дејствија. Јавниот обвинител сам ги кординира спроведувањето на испитувањето кои ги

Page 73: Magisterska Emilija Penova

73

спроведува полицијата и други државни органи, и секогаш во барањето треба да нагласи

што конкретно се бара. Тоа е многу важно за комплексните случаи.

Јавниот обвинител кој не го конкретизира точното барање, препушта на

полицикиот службеник сам да одлучи што е важно да се собере, а такви нажалост има

многу , без основа да се предаде одговорноста за успешноста на постапката. Во особено

сложени случаи не може да се направи во писмено барање и тогаш е потребана средба

помеѓу полицијата и јавниот обвинител да ги презентираат, образложат и објаснат

нивните барања.

После собирањето на сите информации и податоци, се одлучува за кривичната

постапка . Јавниот обвинител во оваа фаза може да ги прифати мерките и работите кои ги

спроведува полицијата, може да присуствува при вршењето на полициските истраги, но

исто така може и да присуствува или сам да го испрашува обвинетиот во присуство на

адвокат, кој орган се користи многу ретко. Конечно, по собирањето на сите информации,

јавниот обвинител ќе одлучи за кривичната пријава.

3.2.1 Поводи од кои јавното обвинителство дознава за кривичните дела

Изворите од кои јавниот обвинител дознава дека е извршено или имало обид за

кривично дело кое се гони по службена должност, било посредно преку изјави на други

лица, било непосредно со свое запазување се нарекуваат поводи за поведување кривична

постапка и тие се:103

• пријава;

• непосредно забележување на јавниот обвинител, и

• глас и ноторност.

Пријавата потекнува од латинскиот збор (notitio criminis) и означува акт со кој

некое лице или орган го известува надлежниот јавен обвинител дека е сторено кривично

дело за кое се гони по службена должност и во неа може да биде именувано лицето за кое

постои сомневање дека го сторило делото, а може да се поднесе и без наведување на

103

Исто, стр. 272.

Page 74: Magisterska Emilija Penova

74

податоци за осомничениот. Државните органи, институциите што вршат јавни

овластувања и други правни лица имаат должност според ЗКП да пријават кривични дела

кои се гонат по службена должност, да ги наведат доказите што им се познати, да се

обидат да не ги уништат или оштетат. Доколку е сторено кривично дело, а институцијата

каде што е сторено делото или пак дознала на некој друг начин дека има сторено делото,

доколку не го пријави ќе се казни според чл.364 од КЗ

Кривичната пријава може да му се поднесе на надлежниот јавен обвинител

писмено или усно, а доколку таа е поднесена до суд до МВР или до ненадлежен јавен

обвинител, тие ќе ја примат пријавата и веднаш ќе ја достават до надлежниот јавен

обвинител (чл.141, ЗКП).

Непосредно забележување на јавниот обвинител всушност означува должност на

јавниот обвинител да побара поведување на кривична постапка кога самиот непосредно ќе

забележи дека е извршено кривично дело или кога постои сомневање дека е извршено.

Непосредното забележување на јавниот обвинител може да се реализира преку бројните

секојдневни контакти со претставници на државни органи, установи, работни организации

и со обични граѓани. На тој начин постои објективна можност непосредно, со свои сетила,

да забележи некој настан или дејствие што во себе содржи елементи на кривично дело

Гласот кој потекнува од латинскиот збор (fama), како повод за поведување на

кривичната постапка се јавува во случаи кога во потесен или во поширок круг луѓе се

зборува дека е сторено некое кривично дело. Тоа најчесто се озборувања помеѓу луѓето,

или во весниците или во другите средства за информирање се објавуваат податоци од кои

може да се заклучи дека е извршено кривично дело. Ноторноста која потекува од

латинскиот збор (notus) пак, значи општо познат, извесен факт кој укажува на постоењето

на некое кривично дело.

Во случај на непосредно забележување, глас и ноторност јавниот обвинител не

чека да биде поднесена кривична пријава, туку во согласност со принципот на

официјалноста должен е веднаш да ги преземе мерките за кои е овластен според ЗКП за

откривање на кривичното дело и сторителот.

Page 75: Magisterska Emilija Penova

75

3.2.2 Постапување на јавното обвинителство по кривичните

пријави

Кривичната пријава претставува таков документ, акт на државен орган или

приватно лице со која се укажува на постоење кривично дело и се бара покренување на

постапка сторителот да се изведе пред суд, да се докаже неговата вина и да се осуди на

заслужена казна. Значи таа е иницијален акт со кој се покренува активноста на јавниот

обвинител и други државни органи со повик да отпочне кривичен прогон на сторителот на

кривичнотот дело.

Јавните обвинители во својата работа примаат голем број на кривични пријави, и

тоа со најразлична содржина ,кои можат да бидат потполни непотполни, вистинити,

невистинити,со познат сторител, со непознат сторител , самопријавување и слично.

Јавниот обвинител по таквите пријави е должен да постапува , дури и кога допрел галс

дека е сторено кривично дело..

По приемот на кривичната пријава, јавниот обвинител е должен да ја разгледа и

обработи, се со цел да утврди дали е стварно и месно надлежен да одлучува по кривичната

пријава. Секоја поднесена кривична пријава, овластениот јавен обвинител е должен да

оцени дали има доволен основ за покренување на кривична пријава, т. е дали е сторено

кривично дело кое се гони по службена должност.

Одлуките на јавниот обвинител при проучувањето на кривичната пријава не се

исти со одлуките на судот што ги донесува во текот на постапката, од причина што со

одлуките на јавниот обвинител мериторно не се решава кривично – правната последица,

па истите не произведуваат правни последици како што произведуваат судските одлуки.

Така на пример, ако кривичната пријава биде отфрлена, тој не го губи правото да бара

судско одлучување, туку автоматски може да се појави како супсдијарен тужител . Исто

така, според Ванко Павловски, и самиот јавен обвинител може во секое време од

оштетениот да го преземе гонењето , а може и доколку дојде до нови сознанија и докази

да отпочне кривична постапка иако предходно ја отфрлил кривичната пријава.104

Меѓутоа

ова становиште кое го застапуваат повеќе автори, според Д. Тумановски не е е прифатлив

104

Види: В. ПАВЛОВСКИ, Прием, постапување и одлуки по кривичната пријава, Збирка на трудови 1989, стр

15.

Page 76: Magisterska Emilija Penova

76

и овде се отвара една дилема и основно прашање злоупотребата на функција на гонење.105

Според Тумановски не треба да се решава во рамките на родовите на застареноста за

кривчното дело, па во идното законодаство треба да се предвиди еден процесен рок во кој

јавниот обвинител ќе може да постапува по кривичната пријава.106

Кривичната постапка како процесен начин на постапување во своето битие

претставува збир на процесни односи меѓу процесните субјекти и другите учесници по

повод преземени процесни дејствија за утврдување дали е извршено кривично дело, кој е

извршител и дали се исполнети условите предвидени со материјалното кривично право, за

да може на извршителот да му се изврши кривична санкција. 107

Основна цел на кривичната постапка е давање конкретен одговор за постоење на

основните претпоставки дали определено лице е извршител на кривично дело и дали

против него може да се изрече кривична санкција. Законодавецот е мотивиран од тоа, пред

отпочнувањето на кривичната постапка во ЗКП предвидел таканаречено предкривично

постапување, овластени државни органи да можат да преземат одредени активности,

мерки и дејствија насочени кон сузбивање на криминалитетот и да се спречи неосновано,

неоправдано или непотреебно нејзино поведување и водење.108

Во одредување на нивната

содржина и цел кривично правната литература е единствена.

Од резултатите постигнати од предкривичното постапување во голема мера зависи

како ке се врши функцијата на кривично гонење и преку него и кривична постапка. Таа

претставува филтер ,можност предходно да се расцистат прашањата сврзани со

постоењето основи на сомнение за извршено или подготвувано кривично дело кое се гони

по службена должност и за неговите извршители. Преку него се обезбедува овластените

органи да не западнат во произволност во вршење на функцијата на кривично гонење.

3.3 Однос на полицијата со јавното обвинителство

Односот помеѓу јавниот обвинител и полицијата во текот на предистражната

постапка е од големо значење за самата истрага и преземените активности од двете

105

Види: Д. ТУМАНОВСКИ, Постапка на јавниот обвинител по кривични пријави, 2001 год, стр 142. 106

Исто. 107

Види: В. БАЕР, Југословенско кривчно процесно право, Први део, Загреб, 1997година. 108

Види: Д. ТРПКОВСКИ ,Улогата на Јавниот обвинител во предкривичното постапување и претходна

кривична постапка, 1983 година.

Page 77: Magisterska Emilija Penova

77

страни. Со оглед на одредби од Законот за кривична постапка, работaта на полицијата и

јавниот обвинител може да изгледа прилично едноставна: полицијата спроведува

истражување и поднесува кривична пријава, а потоа јавниот обвинител одлучува дали

пријавата е комплетна, дали се темели на доволно цврсти докази или пак е потребно

дополнителни докази. Меѓутоа, во пракса, ситуацијата е поразлична. Постапката без

разлика дали е посложена или поедноставна, без разлика дали се работи за потешки или

посложени кривични дела, си има своја тежина и инвидуалност. Ако е извршено кривично

дело од страна на повеке сторители и делото е извршено во една или во повеќе држави, а

последиците се во сосема трета држава, сложеноста на постапката ке биде на завидно ниво

и работата на полицијата и јавниот обвинител ќе биде многу потешка од што може да се

констатира само врз основа на одредбите од ЗКП.

Сето ова укажува на фактот а воедно и потребата од заедничка соработка на

полицијата и јавниот обвинител, сè со цел за успешно откривање на кривичното дело и

неговиот сторител.

Односот помеѓу овие два државни органи е различен и инвидуален за секое

кривично дело. Најчесто работата на овие два државни органи е поделена. Полицијата ја

врши работата околу истражувачкиот дел, криминалистичката обработка, да поднесе

кривична пријава и да го извести јавниот обвинител, додека пак јавниот обвинител ја

врши работата околу прваниот, законитиот процедурачкиот дел.

Сето ова укажува на тоа дека при разгледувањето на работата на полицијата и

јавниот обвинител, нивната соработка и односи, особено во размислување за тоа каков вид

на соработка треба да биде, потребно е да се разгледа она практична работа јавниот

обвинител и полицијата.

Што е целта на барањата и активностите што ги презема Јавниот обвинител за време на

преткривичната пријава?

Јавниот обвинител сака да добие квалитетна кривична пријава за конкеретен

случај, со сите потребни прилози. Во најголем дел случаи во оваа рана фаза

предкривичната постапка, јавното обвинителство според новите закони (ЗЈО и ЗКП)

повеќе или помалку само ја насочува полициската истрага, а поактивно се вклучува кај

посериозните случаи. Од друга страна, јавното обвинителство самото ќе може да поведе

истрага за дела за кои полицијата се „оглушува“ (како, на пример, случаи на висока

Page 78: Magisterska Emilija Penova

78

политичка или полициска корупција) или ги „забошотува“ (како случаи на полициски

пречекорувања и сл.). Активното вклучување на јавниот обвинител во една рана фаза од

постапката се заснова врз идејата дека истрагата и оценката на доказите за евентуалното

кривично судење се така битен стадиум во постапката, што нивната законитост мора

строго да се гарантира.

Која е целта на полицијата? Целта на полицијата е откривање на кривичните дела и

сторителите на тие дела, собирањето на податоци информаци и докази на кои што може да

се темели кривичната проијава, односно основ за покренување на истата, додека понатаму

оценка врз сето тоа врши јавниот обвинител. Тоа значи дека полиција по службена

должност или по наредба на јавниот обвинител презема мерки и активности со цел за

откривање и криминалистичко истражување на кривични дела, спречување на натамошни

последици на кривичните дела, фаќање и пријавување на нивните сторители,

обезбедување на доказите и други мерки и активности што може да користат за непречено

водење на кривичната постапка.

Со цел да се избегнат некои непотребни забуни, сакаме да нагласиме дека во

новиот ЗКП нема битни промени во фазата на откривање и пријавување, досега кај нас

означувана како преткривична односно предистражна постапка, а особено не во делот на

постапувањето на полицијата (во ЗКП сега по примерот на правната литература именуван

како „полициски извиди“). Полицијата (и другите органи со слични овластувања) и

натаму треба да го носи главниот товар на откривање и пријавување кривични дела и

нивни сторители, како што тоа е впрочем задача на секоја полиција каде било во светот.

Важно е да се нагласи дека додека да се донесе одлука за покренување на кривичната

постапка, полицијата и јавниот обвинител работат заедно. Но ,подоцна во зависност од

обврските и задачите и конкретниот случај јавниот обвинител работи самостојно, и тој е

задолжен за одлуката за кривичната пријава и исходот во постапката. Исто така јавниот

обвинител одговара за неуспехот на постапката, иако за посложените случаеви

процедурата и одлуката е заедничка.

Јавниот обвинител работи според начелотот на легалитет и ако смета дека е

направно кривично дело и ако постојат основи на сомнение дека определена основа е

сторител на кривично дело, мора да се покрене кривична постапка. Меѓутоа успехот на

кривичната постапка честопати зависи од квалитетот на птретходната постапка.

Page 79: Magisterska Emilija Penova

79

Полицијата е должна да го извести обвинителот во рок од 24 часа, после

преземањето на првотот дејствие. Полицијата доставува известување за преземените

активности, односно кога постои основно соменени дека е сторено кривично дело.

Зависно од полициската администрација, полицијата повеке или помалку се држи до

своите обврски. Неопходно е да се знае, дека првото известување честопати е

механичко,гледано од аспект на добиените првичните информации, и не придонесува до

подобра и подлабока соработка. Јавниот обвинител на почетокот е затрупан со првични

информации од кои што ништо посебно не може да види. Полицијата го известува јавниот

обвинител ако има одредени сознанија, кои можат да му помогнат се со цел да преземе

адекватни мерки.

За целата постапка и преземните активности, и добиените информации полицијата

изготвува записник. Случаите, односно 2/3 од пријавите кои се поднесени од граѓаните,

идат дирекно кај полицијата, а доколку сторителот е познат преостанати дирекно идат кај

јавниот обвинител. Полицијата постапува по барањето на јавниот обвинител во врска со

пријавите кои ги презела и самата започнува истрага. Собира потребни информации од

ѓраѓаните, и споведува низа криминалистички мерки наведени во ЗКП. Испитувањето на

обвинетиот се врши во присуство на адвокат, спроведува итни истражни дејствија, ја

составува казненната пријава и ја поднесува на јавниот обвинител.

3.3.1 Раководење и контрола на јавното обвинителство врз

полицијата

Законот за јавно обвинителство како и Законот за кривична постапка овозможуваат

законска основа за активно вклучување на јавниот обвинител во откривањето на

кривичните дела и нивните сторители, обезбедувањето на квалитети докази, а со цел да не

дојде до одолговлекување на постапката и држење во неизвесност на граѓанинот против

кој постои основано сомнение дека е сторител на одредено кривично дело. Тоа значи дека

јавниот обвинител преку овие два закони може да ја реализира својата улога, а воедно да

врши контрола и раководење на целата постапка, а со тоа општо земено и врз работата на

Page 80: Magisterska Emilija Penova

80

полицијата. Меѓутоа и покрај јасната надлежност на обвинителството, полицијата тешко

им се „покорува“ на наредбите на јавниот обвинител во споредба со одговорностите што

полициските службеници ги имаат и чувствуваат кон претпоставените полициски

началници.109

Работата на Јавниот обвинител, односно негова надлежност е да преземе потребни

мерки во врска со откривањето на кривични дела и со пронаоѓањето на сторителите и

заради насочување на преткривичната постапка, во предистражната постапка да издава

наредби за примена на посебните истражни мерки под услов и начин утврдени со овој

закон и да бара спроведување на истрага, да подигне и застапува обвинение, вложува

редовни и вонредни правни лекови против правосилните судски одлуки, како и врши

други дејствија определни со закон (ЗКП и ЗЈО).

Исто така, во контекст на неговата надлежност, раководењето го реализира и преку

координирање на активностите на органите за откривање, за да ја усмери постапката со

давање на упатства и укажувања во врска со обезбедување на релевантни докази.

Благовременото вклучување на јавниот обвинител во оваа фаза на постапката дава

гаранција за успешно усмерување на постапката, преземање на мерки и активности за

обезбедување на квалитетни докази, обезбедени во согласност со одредбите од ЗКП.

Според одредбите од ЗКП и Законот за јавно обвинителство, активноста на јавниот

обвинител во оваа фаза на неформалната постапка се манифестира со:110

• активности во врска со преземање мерки за откривање на кривичните дела и

сторителите;

• издавање наредби за примена на посебни истражни мерки;

• прием на кривична пријава;

• собирање на претходни известувања, кои активности може и сам да ги оствари, која

следува по приемот на кривичната пријава до донесување на јавно обвинителска одлука.

По приемот на кривичната пријава до јавниот обвинител, во зависност од

комплетноста на пријавата со материјални докази и основа за покренување на постапка,

јавниот обвинител има повеке алтернативи, да ја отфрли кривичната пријава;да бара

109

Види: Г. БУЖАРОВСКА, Редефинирана улога на јавниот обвинител во казнената постапка, во: Зборник на

трудови на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје 110

Види: Г. Калајџиев, В. Зафировски, В. Гавровски, У. Пировска, З. Јанкулоски, З. Ибраим, Анализа на

домашното законодавство, институции и практика во случаи на пречекорување на овластувања од страна на

овластени службени лица, ОБСЕ, Скопје, 2009.

Page 81: Magisterska Emilija Penova

81

собирање на потребни известувања преку други органи или тоа може сам да го стори; да

бара преземање на истражни дејствија. Доколку јавниот обвинител не може да оцени дали

се веродостојни наводите во кривичната пријава, доколку доказите и податоците не даваат

доволна основа за покренување на истрага, или пак јавниот обвинител има сознанија дека

е извршено кривично дело, ќе побара од полицијата т. е од овластените службени органи

или друг органи да се собират потребните известувања и да преземат и други мерки за

откривање на кривичното дело и сторителот. Освен од полицијата, јавниот обвинител

може да побара да му се достават потребните податоци и материјали и од други државни

службени органи и институции што вршат јавни овластувања, органите на единиците на

локалната самоуправа, може да бара да му се достават документи, списи, предмети и

известувања, може да врши консултации и да прибави мислења од стручни лица од

соодветна област.

Според Законот за јавно обвинителство, јавниот обвинител има право да го повика

подносителот на кривичната пријава, осомничениот во присуство на неговиот бранител и

други лица кои што може да бидат директно или индиректно поврзани со кривичното дело

и може да придонесат за оценка на веродостојноста на наодите во пријавата. Записниците

за прибавените известувања, составени пред јавниот обвинител, осомничениот или

бранителот, а потпишан од повиканото лице може да се користи како доказ во кривичната

постапка. Исто така, според Законот за кривична постапка, и полицијаецот може да ги

повика наведените лица на разговор, за додополнување на пријавата и нејзината

комплетност. За разлика од полицијата, јавниот обвинител мора да побара налог за

присилно поведување од истражен судија.

Полицијата и другите државни органи, институции што вршат јавни овластувања и

други правни лица се должни веднаш да постапат по барањето на јавниот обвинител, а

најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето. Само во исклучително

сложени случаи за тешки кривични дела извршени од повеќе лица на поголемо подрачје

или од организирана криминална група по барање на јавниот обвинител, полицијата,

другите државни органи и правни лица се должни да постапат во рок не подолг од 90 дена

од денот на приемот на барањето. Јавниот обвинител има право во секој момент да добие

известување за текот на постапката, за мерките кои што ке се преземат од страна на

Page 82: Magisterska Emilija Penova

82

овластените органи притоа не пазејки да не ги повреди правата на лицата за кои што се

однесуваат податоците.

По приемот на кривичната пријава до јавниот обвинител, истиот може да предложи

до истражниот судија да се преземат определени истражни дејствија во можен најкраток

рок. Посебен проблем во законската регулатива се одредбите од ЗКП според кои кога е

доставена кривична пријава до јавното обвинителство, а сторителот на кривичното дело е

непознат, обдукција и ексхумација на леш може да нареди само истражен судија, а не и

јавен обвинител. Посебна празнина во ЗКП претставува одредбата со која ниту

истражниот судија, ниту јавниот обвинител не можат присилно да ги повикаат

овластените службени лица на сведочење, туку да бараат од институцијата или од

претпоставениот на овластеното лице да го обезбеди за испитување - чл. 177 ст. 5 од ЗКП.

Понатаму, не постои рок во кој претпоставениот е обврзан да го обезбеди инволвираното

службено лице.

3.3.2 Други форми на контрола и надзор врз полицијата

Во претходните глави го запознавме традиционален хиерархиски однос во кој

полицијата има обврска да известува, а обвинителството да проверува, и јасната поделба

на надлежностите помеѓу овие два органа. Мариан Вејд111

освен овој традиционален и

прифатен модел скоро од сите земји,112

ни нуди уште два модели со кои што може да се

контролира работата на полицијата. Вториот модел се карактеризира со асистирање на

обвинителството од страна на овластени службени лица со полициски овластувања,

односно таканаречени асистенти на обвинителството.113

Главна предност на овој модел на

контрола е што јавното обвинителство има директен пристап и моќ да издава наредби до

определени полицајци кои нему му се одговорни, но од друга страна, тука воедно

настанува и конфликт на интереси кои се јавува за полицајците кои остануваат во рамки

111

Види: J.-M. JEHLE / M. WADE (Eds.), Coping with Overloaded Criminal Justice Systems- The Rise of

Prosecutorial Power across Europe, Göttingen, 2005 112

Освен во Шведска. 113

Исто.

Page 83: Magisterska Emilija Penova

83

на полициската структура, а му одговараат на обвинителството; разбирањето на потребите

на јавното обвинителство останува тема за обука и лимитирано влијание од страна на

јавното обвинителство. Овој модел е застапен во Германија, Холандија, Франција и

Италија.

Третиот модел според овој автор, нуди присуство на јавниот обвинител директно

во полициската станица, каде што ќе има можност да ја советува полицијата, протокот на

информации ќе се одвива директно, без поголеми формалности, како и директна

комуникација,соработка и меѓусебно разбирање и истовремено задржување на своите

улоги на двата органи. Ваквиот модел застапен е во: Англија и Велс и Холандија.

Во врска со надзорот над полицијата, можеме да направиме повеќе поделби со кои

се врши надзор и контрола над полицијата

- внатрешен и надворешен

- институционален и неинституционален

- функционален и на општ надзор.

Внатрешен и надворешен надзор поаѓа од организацијата на телата на државната

власт и на нивната положба во тие тела. Тој се спроведува преку постојано надгледување

на законитоста на работата на полицијата во самото Министерство за внатрешни работи

на две нивоа. Првото произлегува од општата организација на Министерството за

внатрешни работи како централизирано и хиерархиски поставено тело со разработени и

одредени овластувања на секој организациски облик и на одговорните вработени лица во

него. Повисокиот организациски облик има обврска за контрола и надзор на вработените

на тој начин што вработените на повисоки работни места имаат задача да ги контролираат

и надгледуваат вработените на пониски работни места. Внатрешниот надзор во таа смисла

се спроведува преку посебни организациски облици кои имаат исклучиво задача на надзор

во Министерството за внатрешни работи и се концентрирани во организациска единица за

внатрешна контрола.

Page 84: Magisterska Emilija Penova

84

Надворешниот надзор над работата на полицијата, во организациска смисла, им припаѓа

на телата кои не се во рамките на Министерството за внатрешни работи и кои можат да

бидат постојани и ad hoc.114

Институционален и неинституционален поаѓа од припадноста на одреден облик на

надзор на телата на државната власт или на невладините здруженија, така што

институционален надзор е оној кој го воспоставуваат телата на државната власт, а

неинституционален надзор се различни невладини здруженија кои се бават со заштита на

правата на граѓаните.

Функционалниот надзор е оној кој се воспоставува и спроведува над работата на

полицијата имајќи ја во вид функцијата на полицијата, односно задачите на полицијата и

за разлика од горе наведените надзори има првенствено превентивна заштита. Така

надзорот над работата на полицијата при извидите на казнени дела му припаѓа

првенствено на јавниот обвинител бидејќи тој е одговорен за покренување на казнена

постапка. Општиот надзор претставува надзор над севкупната работа на полицијата и го

вклучува правото на секој граѓанин да поднесе приговор против лице кое постапувало

незаконски.

114

Постојани тела се различните одбори, првенствено при Парламентот (Одбор за внатрешна политика и

национална безбедност), а ad hoc се оние тела кои можат да се формираат со одлука на Владата,

Парламентот или претседателот на државата заради истражување на поединечни настани.

Page 85: Magisterska Emilija Penova

85

4. Споредбено –правен преглед

4.1. Германија

Корените на германскиот Закон за казнена постапка (Strafprozessordnung), датираат

уште од 1877 година, каде што со дополнителни измени и понатамошни дополнувања

стапува во сила во 1879 година.115

Како резултат на големиот број на измени и

дополнувања, од законот произлегле две новелирани верзии, едната во 1975 и втората во

1987 година.116

Кривичната постапка според ЗКП е поделена на:

- Истражна постапка или подготвителна постапка

- Т.н. Меѓупостапка

- Главна Постапка

- Постапка на спроведување.

Во Германија истражната постапка започнува со покренување на обвинение од

страна на јавниот обвинител, полицијата и судот врз основа на претходни сознанија за

извршено кривично дело. По прием на пријавата, полицијата ги спроведува првите

истражни дејствија а потоа резултатите ги доставува до јавниот обвинител, кој го води и

насочува истражувањето. Истражувањето има за цел да собере податоци за одлуката на

јавниот обвинител за покренување на обвинение или за прекин на постапката. Односно,

една од главните цели е подготовка на обвинителен акт, каде што на главната расправа

изведувањето на докази започнува од почеток,и токму поради тоа во Германија е

карактеристично еднократнотно повторување на доказите. Следствено на тоа,

обезбедувањето на доказите за расправата може да се одбива во втор ред од претходната

постапка, а присуството на одбраната и неговите права во никој случај не се загрозени.

Постојат исклучоци, кога може да се одземе имотната корист која што се претпоставува

дека е стекната со кривично дело, со адекватни мерки пропишани со закон.

Овластувањата на јавниот обвинител во претходната постапка се широки, односно

широкиот дијапазон на овластувања ги добил по измената на ЗКП во 1975 година, кога

позицијата на истражниот судија е укината. Тој има овластувања за: започнување на

115

Преглед на измени и дополнувања види во: С. ROXIN, Strafverfahrensrecht, Aufl., Munchen, 1995. 116

Види: V. Kuhle, Strafprozessrecht, 5. Aufl., Heidelberg, 1999.

Page 86: Magisterska Emilija Penova

86

казнено гонење, насочување на полициското делување, издавање на налог за одредени

присилни дејствија, застапување на обвинението и др. За одредени дејствија јавниот

обвинител мора да има одобрение од судот. Тој е во нормативна смисла господар на

претходната постапка. Меѓутоа иако теориски и законски, јавниот обвинител е носител на

целата истрага а полицијата помошник, во практиката полицијата е таа што ја врши целата

истрага.

Како што кажавме претходно, на Јавното обвинителство не му се подредени

полициските сили. Германската полицијата има главно две функции – превентивна и

ретрибутивна. Првата е регулирана со Законот за полиција, а втората со ЗКП .117

Полицијата е многу повеќе независна од Јавното обвинителство. Начелно можат како

униформирани полициски службеници, како и цивилни службеници да обработуваат

кривичноправни истражни постапки.118

Во голем број секојдневни случаи најчесто

полицијата како прва, дали како резултат на тоа што самостојно забележала, дали поради

пријави или укажувања на трети лица, дознава за кривични дела. Во практиката

потешките деликти се обработуваат од криминалистичката полиција, а сообраќајниот

криминал и помалиот општ криминал од службениците на заштитната полиција.

Полицијата на сојузните покраини има две категории персонал со различни атрибути:

„истражители на јавниот обвинител“ (Ermittlungspersonen der Staatsanwaltschaft) и

останатите. Сите припадници на полицијата може да вршат апсења или проверки на

идентитетот на уапсеното лице, но само истражителите имаат натамошни овластувања за

дејствијата на процесна принуда во итни предмети (како што е претрес, одземање

предмети, земање крв и сл.)119

Полицијата има должност да го спроведе почетното постапување, односно да

обезбеди докази, и истите да ги сочува на лице место, а во одредени случаи, кога делото

не трпи одлагање, а е потребана брзина и ефикасност,а за истото е потребен судски налог,

полицијата и јавниот обвинител сами можат да издадат налог или да изречат мерка,

меѓутоа по краток рок да добијат потврда за мерката од судија.120

Таа категорија на мерки

117

Види: C. SAFFERLING, op. cit., стр. 65. 118

Види J. DEHN, Public prosecutor’s role in the pre-trial procedure in Germany, Реферат презентиран на

работилницата на тема „Новите односи меѓу полицијата, јавното обвинителство и судот во претходната

постапка“, Скопје, февруари 2008. 119

Види: Д. КРАПАЦ, во Стратегијата за реформа на казненото право на РМ, op. cit 120

Исто.

Page 87: Magisterska Emilija Penova

87

го опфаќа телесниот преглед на лицето, одземање на предмети, претрес на компјутерот,

одземање на пошта и пресретнување на телекомуникации, видео снимање и аудио следење

на приватната комуникација на обвинетиот вон станот или просториите по пат на

технички уреди, претрес, контрола на патниот сообраќај и примената на прикриени

истражители. Исто така, во доменот на овластувањата за кои што не е потребен судски

налог, полицијата и Јавниот обвинител можат да идентификуваат, да фотографираат, да

земаат отпечатоци и да апсат привремено лица за кои што постои сомнение дека се

сторители на кривично дело.121

По завршувањето на истрагата,полицијата мора, веднаш

без одлагање сите списи да му ги довери на Јавниот обвинител, кој ќе одлучи дали ќе се

покрене обвинение или не.122

Службениците на полицијата треба да ги иследат

кривичните дела и за таа цел тие се надлежни да преземат истраги од секаков вид.

Полицијата организациски е самостојна, нејзината истрага и истрагата на

државното (јавното) обвинителство секогаш чинат едно единство, и тогаш кога се

спроведуваат без налог на обвинителството. Самостојните истраги на јавниот обвинител

се многу ретки и тие најмногу се карактеристични за стопанскиот и криминал и кај

тешките кривични дела. Начелно, насочувањето на истражната постапка е задача на

јавниот обвинител, кој што е одговорен за регуларно водење на предметот на полициската

истрага и ја понесува главната одговорност за правилното собирање и сигурност на

доказниот материјал потребен во правната постапка.123

Кога има потреба полицијата од

налог од судија или од јавен обвинител заради спроведување на определена процесуална

мерка, тогаш се обраќа до јавниот обвинител.124

Јавниот обвинител ги испитува правните

и фактичките предуслови. Доколку не постојат тие, тој ја известува полицијата. Ако не се

доволни фактичките предуслови, дејствува на полицијата за соодветни натамошни

иследувања.

121

Види: R. J. BIRMANN/ H. JUNG, The German system, во: European Criminal Procedures, 292 и натаму 122

Види: B. ELSNER / J. PETERS, The Prosecution Service Function within the German Criminal Justice System во:

J. JEHLE / M. WADE (Eds.), op. cit., стр. 228. (Полицијата независно ја спроведува истрагата и дури по

нејзиното завршување му го предава предметот на обвинителот). 123

Според германското право постои судска компетенција релевантна на основните права, во истражната

постапка само за наложување на истражната постапка. Во овој стадиум на постапката нема истражни

компетенции. Денес истражниот судијата (кој подоцна не може да биде расправен судија во предметот)

може во претходната постапка да интервенира само на барањето на јавниот обвинител за да издаде налог за

мерката на процесна принуда таму каде што тоа законот изречно го бара. 124

Види J. DEHN, op. cit.

Page 88: Magisterska Emilija Penova

88

Мерки кои што може да ги наложи истражниот судија се да издаде налог за апсење,

налог за сместување во душевна болница, налог за потребни испитувања во односот на

генетиката и слично, одземање на возачка дозвола,обезбедување надзорна приватни

простори на обвинетиот, забрана за вршење на дејноста и сл. За судските налози на

поединечните процесуални мерки во законот се пропишани определени степени на

сомнеж. Така на пример, за наредба на апсење потребен е поголем сомнеж за сторен

деликт (112 ЗКП), за претрес доволен е помал сомнеж за сторен деликт (102 ЗКП). За

мониторинг на телекомуникацијата (100 ЗКП) не само што сомнежот треба да биде голем,

туку треба да постојат определени факти кои непосредно или како знак за доказ ќе го

поткрепат сомнежот. Значи, нужниот степен на сомнеж треба да се испита во секој

поединечен случај. Со кое доказно средство ќе се докаже сомнежот, тоа не е пропишано.

Туку важи постапката на слободни докази.

Во Европа тенденцијата оди кон менување на прелиминарната постапка, заради

реформирање на процесот со која истражниот судија се повлекува, а сé повеќе се

наметнува улогата на јавниот обвинител, на моменти се појавува грижа за процесуалната

хармонија. Затоа не е чудно што судската компетенција за конторла се гради врз

истражната постапка која ја води Јавниот обвинител. Истражниот судија не добива притоа

сопствена надлежност за иследување, тој останува ограничен на неговата конторлна

функција. Во Германија постои актуелен тренд во практиката на сојузниот уставен суд за

јакнење на оваа судска контролна функција. Компетенцијата на јавниот обвинител и на

неговите службеници да може да интервенираат во случај на опасност од одолжување, на

тој начин повторно се враќа на својата првобитна суштина.

Претходната постапка завршува со прекин или со покренување на обвинението.

Обвинението го испитува судот кој ќе суди на главната расправа, но без судии поротници.

Page 89: Magisterska Emilija Penova

89

4.2 Италија

Најадекватен пример со прецизни одредби и остра граница помеѓу англо-

американската „акузаторна“ и континентално-европската „мешовита“ постапка е новиот

италијански ЗКП, кој претставува оригинален модел на земјите кои што се одлучиле да

направат реформи во законодавството.125

ЗКП дава една нова процесна култура составена

од нови и стари процесни аспекти, кои што му овозможуваат поефикасно постапување на

процесните субјекти при откривањето на кривичното дело, а воедно и при сузбивањето на

криминалот.126

Новиот италијански ЗКП од 1988 година стапил на сила една година подоцна на 24

октомври (Codice di procedura penale, Gazzeta ufficiale della Repubblica Italiana, n. 250) и со

него е заменета дотогашната инквизиторна постапка.127

Предистражната постапка во Италија се реализира преку претходните истраги кои

се карактеристични за самата земја и претставуваат истражувачка активност, собирање на

докази внимавајќи да не се повредат човековите права и слободи. Претходните истраги

можат да ги вршат јавниот обвинител, правосудната полиција и судијата на претходните

истраги.128

Основна цел на овие претходни истраги е јавниот обвинител да одлучи дали ќе

подигне обвинение или не.

„Господар“ на истрагата е јавниот обвинител, кој што раководи со целата постапка,

располага со правосудната полиција129

која директно е под негова контрола и надзор.

Судијата на претходните истраги е задолжен за временскиот рок на претходната постапка,

врши контрола врз активностите на Јавниот обвинител во делот да не се повредат правата

и слободите на оштетениот, при преземањето на мерките, да одлучува по барањата на

125

Види: Д. ИЛИЌ, Реформа на истрагата, Магистерски труд, Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје,

2009. 126

Види: M. DAMAŠKA, Sudbina anglo-američkih procesnih ideja u Italiji, во: Hrvatski ljetopis za kazneno pravo

i praksu, Zagreb, vol. 13, бр. 1/2006. 127

Овој закон претрпел повеќе измени коишто се реализирале преку декрети од Владата, подоцна

ратификувани од Парламентот, како и со одлуки од Уставниот суд. Види: A. PERRODET, The Italian system,

во: M. DELMAS – MARTY/ J.R. SPENCER (Eds.), European Criminal Procedures, Cambridge, 2002, 348. 128

Види повеќе кај: Д. ИЛИЌ, op.cit. 129

Правосудната полиција може и по кривичната пријава,да продолжи да дејствува, но под раководство на

јавниот обвинител и на начин пропишан во ЗКП. Правосудната полиција е составена од припадници на

„Polizia di Stato“ која е дел од Министерството за внатрешни работи, „Arma dei Carabinieri“ која е во состав

на Министерството за одбрана и „Guardia di Finanza“ која е дел од Министерството за финансии.

Page 90: Magisterska Emilija Penova

90

јавниот обвинител, приватните странки и оштетениот и како и кога постои потреба од

претходно изведување докази пред почетокот на главниот претрес.

Правосудната полиција во Италија ги извршува своите надлежности и задачи

строго според наредбите на јавниот обвинител, освен во исклучителни итни случаи, како

што се флагрантните деликти и во случај на опасност од губење на доказите, кога

дејствува самостојно. Секое јавно обвинителство поседува биро кое е составено од

посебен одел на правосудна полиција која е дел од трите министерства. Јавниот обвинител

има овластување да врши контрола и надзор врз ова биро и без негово одобрување, т. е од

раководителот на бирото, не може да се одземе ниту еден полицаец, ниту пак истата не

може да извршува надлежности без одобрение на јавниот обвинител, освен во

исклучителни итни случаи, како што се флагрантните деликти и во случај на опасност од

губење на доказите, кога дејствува самостојно.

Откако ќе се прими кривичната пријава, правосудната полиција има должност да го

извести јавниот обвинител за основните елементи на делото, за прибавените податоци и

информации, и изворите на доказите. Известувањето за преземените дејствија од страна на

правосудната полиција треба да биде во рок од 48 часа. Ова се однесува на предмети во

кои се предвидува обвинетиот да има бранител, освен во случаи кога се применуваат

законски прописи кои предвидуваат посебни рокови.130

Пријавата се пополнува комплетно

и му се испраќа на јавниот обвинител. Веднаш потоа, правосудната полиција продолжува

да ги врши своите активности кои и ги доделил ЗКП.

Откако ќе ја добие пријавата, јавниот обвинител и доделува активности на

правосудната полиција неопходни да се открие кривичното дело. Правосудната полиција

ги спроведува дејствијата кои и се доверени, меѓутоа постојат и случаи каде презема

дејствија и по своја иницијатива.

130

Кога се работи за потешки случаи, каде преземените дејствија не трпат одлагање, известувањето може да

се каже и усно, но веднаш потоа мора да се даде и писмено.

Page 91: Magisterska Emilija Penova

91

4.3. Англија

Англиската казнена постапка е строго акузаторна. За разлика од другите европски

земји, Англија претставува класичен модел за полициска истрага, каде што целата истрага

ја води полицијата, со широк дијапазон на овластувања. Главна карактеристика на

системот на Англија е самостојноста на полицијата во истражувањето на казнени дела.

Обвинителството нема улога во истрагата каква има во другите европски држави.

Полицијата во претходната постапка има значење на обвинително тело особено во

донесување на одлука за продолжување на казненото гонење. Заклучно главни

карактеристики на англискиот систем се:131

o истрагите ги води полицијата

o различни органи на правосудниот систем потпаѓаат под различни

министерства и соработката помеѓу нив е повеќе неформална

o правилото на дискреционо гонење важи во многу повеќе случаи,

отколку во друго држави

o класичен акузаторен модел во кој не постои истражен судија.

o покрај CPS постојат повеќе други органи кои се надлежни за гонење

на полесни дела;

o обвинителството (Crown Prosecution Service - CPS) кое што е

воспоставено во 1986 година со Prosecution of Offences Act од 1985

година и ги нема истите овластувања како обвинителствата на

другите континентални европски системи

Законот за гонење на казнени дела (the Prosecution of Offences Act) е од 1985 година

започнал да се применува 1986/87 година132

. За претходната постапка многу важни се три

пишани извори и тоа:133

o Законот за полицијата и кривичните докази (Police and Criminal Evidence ACT -

PACЕ) од 1984 година,

131

Види: C.LEWIS, The Prosecution Service Function Within the English Criminal Justice System, во: J.JEHLE /

M. WADE (Eds.), Coping with Overloaded Criminal Justice System, 2006, стр. 151, 152. 132

Види Крапац, Д., Engleski kazneni postupak, Pravni fakultet, Zagreb, Sveučilišna tiskara d.o.o., Zagreb 133

Види повеќе за изворите на англиската кривична постапка: J.R. SPENCER, The English system, во: M.

DELMAS – MARTY/ J.R. SPENCER (Eds.), European Criminal Procedures, Cambridge, 2002, стр. 143-145.

Page 92: Magisterska Emilija Penova

92

o Законот за кривична правда и јавниот ред (Criminal Justice and Public Order Act -

CPOA) од 1994.,

o -Законот за кривична постапка и истрага (Criminal Procedure and Investigation Act -

CPIA) од 1996.

Исто така, важен извор претставуваaт и подзаконските акти (т.н. кодекси на

практиката - codes of practice), кои како подзаконски акти немаат формална законска сила,

но се особени значајни во практиката, бидејќи многу детално и јасно ги уредуваат

полициските овластувања при истражувањето на кривичните дела. Со нив практично се

уредуваат основните насоки на полициското работење. Иако овие правила немаат

формално законска сила и повредата на нивните правила не доведува неизбежно до

казнена одговорност на службениците, тие правила се сепак обврзувачки бидејќи нивната

повреда може да доведе до тоа доказите да не бидат важечки.

Улогата на полицијата во казненото гонење, сe разликува од онаа во

континенталните држави во однос на начинот како е таа организирана и во однос на

должностите што ѝ се доверени.134

Tака нејзината улога започнува кога полицијата му

поднесува на магистратот пријава, односно тужба за одредено казнено дело, а потоа

обезбедува присуство на обвинетиот.

Полициската истрага во Англија всушност се темели врз принципот на

организација на полицијата на локално ниво, каде што таа е и независна од владина

контрола и влијание, додека на национално ниво за полицијата е одговорен Министерот за

внатрешни работи, и карактеристично за него е тоа што тој не може да и дава наредби на

полицијата.

Истрагата во Англија опфаќа повеќе истражни дејствија кои мораат да се вршат на

начин што е предвиден во Законот за полиција и докази од кривичното дело (PACE).

Полицијата за време на истрага е овластена:

- Да испрашува лица, кои што подоцна може во постапката да се јават како идни

сведоци,

- Да презема вештачења

- Да прибира материјални докази во врска со кривичното дело

- Да врши преглед на лица и простори

134

Види: J.R.SPENCER, op. Cit.

Page 93: Magisterska Emilija Penova

93

- Да врши претрес на лица

- Да лишува од слобода

- Да одзема предмет

Полицијата во врска со одземањето на предметите кои што во текот на истрагата ќе

бидат откриени како предмети кои што настанале како резултат на кривичното дело, со

кои било извршено кривичното дело, со кои сторителот имал намера до го стори

кривичното дело или конечно, кои што може да послужат како доказ во текот на

кривичната постапка, мора да набави посебен налог, освен во случаите кога полицијата

има налог за претрес, а овие предмети биле пронајдени во текот на претресот или итна

полициска интервенција.

Полицијата може да лиши од слобода лице т. е осомничен се со цел да го потврди

неговиот идентитет да го потврди негово алиби и да спроведе други истражни дејствија.

Задржувањето може да трае најмногу 6 часа, или пак за ова дејствие е потребно повеќе од

6 часа, во тој случај лицето го презема полицаец за прифат во друга назначена полициска

станица. Тој е должен на осомничениот и да му објасни кои се неговите права, пред се

правото на бранител и правото да го извести своето семејство за лишувањето од слобода,

како и да внимава да не повредат неговите права и да не се злоупотребат. Ова лишување

од слобода се врши без судски налог.

Може да се заклучи дека претходната постапка во Англија битно се разликува од

другите кривични постапки во Европа, бидејќи нејзин основен и главен носител е

полицијата која што за повеќе кривични дела има и обвинителски ингеренции. Од друга

страна на изненадување на многумина кои за англиската кривична постапка, како типичен

модел на прецедентно право, очекуваат минимум пишана законска регулатива,

полициската постапка при кривичните истраги во Англија се разви во најдетално правно

полициска регулатива во Европа.

Page 94: Magisterska Emilija Penova

94

4.4. Франција

Еден од највлијателните казнено правни системи во Европа претставува

францускиот казнен систем. Наполеоновиот Закон за кривичните истраги (Code

d’instruction criminelle) од 1808 година беше закон со кој во Европа е воведен

таканаречениот мешовит модел на кривична постапка ,по чиј узор наскоро ке бидат

реформирани законите за кривична постапка на речиси сите европски држави.135

Овој

закон во 1958 година е преработен во Закон за кривичната постапка (Code de procédure

pénale). Од многу бројните измени треба да се издвои онаа од 15 Јуни 2000 година која го

прокламира начелото на правична постапка, контрадикторниот карактер на постапката и

еднаквоста на оружјето, а ги ограничува дискреционите овластувања на полицијата во

спроведувањето на извидите и го воведува судијата на слободите и задржувањето (le juge

des libertés et de la detention).136

Денес францускиот систем се карактеризира со полициско–истражна постапка.137

Прелиминарната постапка е нормалната редовна полициско– истражна постапка, додека

постапката за флагрантни случаи е исклучок, односно таа е постапка која се преминува

само во случаи кога е извршено флагрантно кривично дело. Исто така пак, CPP

предвидува и постоење на формална судска истрага (l'instruction préparatoire), која се води

во само околу 5% од случаите. Во првиот случај, прелиминарната постапка ја спроведува

полицијата каде што нејзина првична задача е да обезбеди докази и да му ги достави на

Јавниот обвинител со цел истиот да може да поднесе обвинение до надлежниот суд.

Дејствијата кои што се преземаат се во согласност со лицата кои што се осомничени,

освен определени присилни мерки кои што се дозволени само во флагрантните случаи.138

Во вториот случај законикот посебно ја уредува постапката во случај на

флагрантно казнено дело (брзо излегување на местото на настанот, прво делување,каде

135

Види: V. DERVIEUX, The French system, во: M. DELMAS – MARTY/ J.R. SPENCER (Eds.), European

Criminal Procedures, Cambridge, 2002, 219. 136

Види: Д. ИЛИЌ, op. cit. 137

Види: Mack, стр. 227 стр. 231. 138

Тоа значи дека дејствијата од типот земање на изјави, задржување на лицата и вештачењата се нормални

дејствија кои што се предвидуваат и во двата случаи. Ако Полицијата утврди дека има доволно докази, му ги

предава на надлежниот јавен обвинител. Доколку пак, полицијата оцени дека е направено само престап, таа

може сама да поднесе обвинение во согласност со Јавниот обвинител. Оваа обвинение има правна сила.

Page 95: Magisterska Emilija Penova

95

што сторителот е затечен во текот на извршувањето на кривичното дело, фатен блиску до

местото каде што било сторено кривичното дело или пак е откриен од страна на јавноста

дека непосредно по извршувањето на кривичното дело во непосредна близина на местото

каде што било сторено тоа кривично дело или кај него се откриени предметите со кои што

било сторено делото или што настанале како резултат на тоа дело непосредно по

вршењето на кривичното дело) каде што главни носители се полицијата и јавниот

обвинител. Јавниот обвинител освен што има насочувачка улога, исто така тој има и

овластување во било кој дел од претходната постапка да се откаже од гонење и да ги запре

сите истражни дејствија. Исто така, доколку се открие дека е сторено тешко кривично

дело, обврска на Јавниот обвинител е да поднесе формално барање за спроведување на

истрага до истражниот судија.

Во францускиот систем постојат три стадиуми, извиди (l'enquette), гонење (la

pursuite) и истрага (l'instruction).

-Извидите ги спроведува судската полиција,

-Гонењето го води ЈО, а

-Истрагата истражниот судија.

Во текот на истрагата постапката е тајна. Во истрагата учествуваат три субјекти

-правосудна полиција,

-јавен обвинител

-и истражен судија.

Истрагата ја спроведува истражниот судија кој што го испитува постоењето на

услови за упатување на предметот на судење,односно тој има улога да ги собира доказите

во прилог на обвинението и во прилог на одбраната. На крајот истражниот судија треба да

оцени дали случајот може да се изведе пред суд или пак ќе се запре постапката, со што за

секоја одлука ги известува и двете странки.

Во Франција правосудната полиција постапува под водство на јавниот обвинител, а

нејзините единиците се распоредени при секој апелационен суд под надзор на генералниот

јавен обвинител и на советот на обвинението. Основна задача на полицијата е да утврди

дали е извршено кривично дело, да собере докази и да го пронајде сторителот пред да

биде покрената постапката. По покренување на постапката, полицијата доаѓа на местото

на истражната јурисдикција и презема соодветни дејствија.

Page 96: Magisterska Emilija Penova

96

Разликата помеѓу претходната постапка и истрагата е во интензитетот на

преземањето на истражните дејствија. Односно, за разлика од полициската истрага во

судската истрага може да се преземат поголем број на истражни дејствија кои се

карактеризираат со голема мера на присилба во насока на пронаоѓање на докази.

4.5. Хрватска

Како резлултат на интензивните реформи во 2008 година е донесен нов ЗКП, кој

што следната година набргу е новелиран.139

Овој закон овозможува поинаков однос и

третман на субјектите и нова правна култура.140

Полициската постапка само рамковно е

уредена во ЗКП, а полицијата има значителна автономија, иако извидите не ги реализира

сама. Полициските овластувања сега се уредуваат со нов Закон за полициските

овластувања. Поднесувањето на кривичната пријава од страна на полицијата се уредува со

истиот закон, а државниот обвинител, како сега таму се нарекува јавниот обвинител, пак

по примерот на италијанскиот ЗКП, кривичната пријава е должен да ја заведе во

Уписникот на казнени пријави, чие водење го пропишува министерот надлежен за

правосудство.

Новината што е воведена со новиот ЗКП е дека државниот обвинител може да ги

спроведува сите извиди и тоа или сам или пак, да и ги наложи на полицијата.141

Полицијата за преземените извиди треба да го извести државниот обвинител најкасно во

рок од 24 часа, а тој има право и должност на постојан надзор над спроведувањето на

извидите кои и се наложени на полицијата. Полицијата е должна да постапи по налозите и

упатствата на јавниот обвинител во спроведувањето на надзорот над извидите и за тоа му

одговара нему.142

Од ова произлегува дека полицијата задржува иницијативност и автономија во

значаен дел на полициските извиди, но обвинителството начелно одговара за законитоста

139

Narodne novine, 152/2008 и 76/2009. 140

Види: B. PAVIŠIĆ, Novi hrvatski Zakon o kaznenom postupku, во: Hrvatski ljetopis za kazneno pravo i praksu,

Zagreb, vol. 15, бр. 2/2008, стр. 518. 141

Исто. 142

Види: Г. КАЛАЈЏИЕВ, Г. БУЖАРОВСКА, Д. ИЛИЌ, Б. МИСОСКИ, Компаративно казнено процесно право,

Академик, Скопје, 2011, стр. 226.

Page 97: Magisterska Emilija Penova

97

на полициските мерки и дејствија, за по свое наоѓање да може поактивно да се вклучи и

порано во постапката. Полицијата, по претходно известување на обвинителот, може да ги

повикува на граѓаните на „информативни разговори“, па дури и присилно да ги доведува,

но не може формално да ги испрашува во својство на обвинет, сведок или вештак143

додека пак во истрагата можат да сослушуваат лица и нивните искази да се снимаат и да

се користат како доказ во постапката.

Новиот ЗКП на Хрватска истрагата во голем број случаи ја остава на истражителот

како нов субјект на казнената постапка. Тој е полициски инспектор којшто наводно му

одговара на државниот обвинител, но кој и натаму работи во рамки на полицијата. Друг,

исто така, нов субјект во Законот е судијата на истрагата кој има улога да одлучува и да

биде гарант на слободите и правата на лицата.

Државниот обвинител или истражителот по негов налог можат и пред

спроведување на истрагата да спроведат определени истражни дејствија за кои постои

опасност од одлагање. Доколку пак, сторителот на кривичното дело е непознат, државниот

обвинител или истражителот можат да ги испрашуваат сведоците кога тоа е целисходно за

откривање на сторителот или ако постои опасност од одлагање. Истражителите во

истрагата можат да сослушуваат лица и нивните искази да се користат како доказ во

постапката.144

Јавниот обвинител може или сам да ги презема дејствијата во текот на истрагата

или пак може, со налог тоа да му го довери на истражител. Во налогот ќе биде определен

истражителот кој ќе постапува во конкретниот предмет и тој мора да ги следи упатствата

на јавниот обвинител. Врз основа на одлука на обвинителот во сложените предмети, освен

истражителот учествуваат и јавнообвинителски советници и стручни соработници.

Доказните дејствија т. е истражните дејствија во истрагата може да ги презема

самиот јавен обвинител или истите да му ги довери на истражителот, кој нема јасна

дефинирана положба во Законот па така не е до крај јасно дали тој ќе работи полициски

работи за обвинителот или всушност обвинителски работи наместо обвинителот односно

како негов помошник. Доколку, истражителот оцени за потребно дека треба да се

преземат и други доказни дејствија кој се поврзани со оние доверени од обвинителството,

143

Исто. 144

Види: Г. КАЛАЈЏИЕВ, Позначајни концепциски разлики во реформата на истрагата во Хрватска и

Македонија, Зборник на ПФ Загреб, 2011.

Page 98: Magisterska Emilija Penova

98

должен е да се консултира со јавниот обвинител, а во случај на итност, да го извести

најдоцна веднаш по нивното преземање.

4.7. БиХ

Процесните извори во Босна и Херцеговина се донесени според примерите на

акузаторните постапки, но со елементи на поранешната југословенска постапка во

структурата на поединечни дејствија.

Карактеристично е што измените во кривичното законодаство овозможиле, јавниот

обвинител да се вклучи уште во најрана фаза на постапката, со што заштитата на правата

на осомничениот е загарантирана, како и измена во однос на преземањето на доказните

дејствија кои можат да се преземат и кога идетитетот на сторителот е непознат. Јавниот

обвинител може да ги преземе сите истражни дејствија вклучително и распит на

осомничениот и сослушување на сведоците, оштетениот, наредува вештачења, врши увид

и реконструкција и превзема посебни мерки за обезбедување на сигурноста на сведоците.

Во текот на спроведувањето на истрагата и реализацијата на истражните дејствија , на

јавниот обвинител му помагаат стручни соработници кои ги исполнуваат неговите барања.

На крајот за сите истражни дејствија се составува записник.

Според ЗКП овластени службени лица се лица кои имаат соодветни овластувања во

полициските органи на БиХ, вклучително и Државната агенција за истраги и заштита,

државните гранични служби, судската и финансиската полиција, како и царинските

органи, даночните органи и органите на воената полиција. Под овластени службени лица

се подразбираат и стручните соработници, односно истражителите во Обвинителството на

БиХ, кои работат по овластување на јавниот обвинител.

Овластените службени лица главни обврски и надлежности кои што треба да ги

извршуваат за време на истрагата се:

• да собираат изјави од лица,

• да извршат преглед на превозни средства, патници и багаж;

• да го ограничат движењето на определен простор за време потребно да се изврши

одредено дејствие;

Page 99: Magisterska Emilija Penova

99

• да превземаат потребни мерки за утврдување на идентитет на лице и предмети;

• да распишат потерница за лица и предмети;

• во присуство на одговорни лица да прегледаат објекти и простории на државни

органи, јавни претпријатија и установи и

• да извршат увид во нивната документација.

За време на извршувањето на истражните дејствија Јавниот обвинител врши надзор

и конторла. Во врска со преземените дејствија во текот на истрагата, се користи и уред за

звучно снимање, за кое што од страна на јавниот обвинител или овластеното службено

лице се известува лицето кое се сослушува и да го поучат дека има право да побара

репродукција на снимката заради проверка на својата изјава.

Звучната снимка целосно или деломно писмено се внесува во записникот.

На крајот по преземањето на наведените дејствија или за време на истоимените од

страна на овластените службени лица, лицата спрема кои се превземени имаат право во

рок од 3 дена да поднесат притужба до јавниот обвинител, кој пак е должен да ја провери

нејзината основаност. Доколку се утврди повредна на работната обврска обврска или

постојат обележја на кривично дело ќе преземе дејствија определени со законот.

Page 100: Magisterska Emilija Penova

100

5.Предистражната постапка во Р. Македонија

5.1. Историски преглед на кривичната и предистражната постапка на

РМ

(значајни реформи на ЗКП)

Првиот ЗКП во Р.Македонија е донесен на 26 март 1997 година, (Сл. весник на РМ,

бр.15/97). Од тогаш се до денешен ден, целиот закон беше изложен на голем број

реформи. Измените и дополнувањата на ЗКП беа насочени кон имплементирање на

современите достигнувања во областа следејќи ги компаративните искуства и европските

стандарди за модернизирање на казненото процесно законодавство а во исто време

остварување на заштита на човековите права и слободи. Како посебно значајно се

истакнува зајакнување на улогата на јавниот обвинител во постапката, заради спречување

на незаконско постапување или пречекорување на овластувањата од страна на

овластените службени лица во претходната постапка, но и за подобрување на ефикасноста

на кривичната постапка.

Page 101: Magisterska Emilija Penova

101

5.2. Предистражната постапка и истрагата во постојниот ЗКП

Според постојаниот ЗКП претходната постапка е составена од предистражна

постапка (кривична пријава и овластување на органите во предистражната постапка,

посебните истражни мерки) и истрагата. Основната цел беше да се потврди сомневањето

дека е извршено кривично дело, да се соберат докази кои што најчесто се собираат на

неформален начин под роководство на јавниот обвинител од страна на полицијата, и

преземање на дејствија од страна на истите овластени со закон органи.

Според чл. 140 од ЗКП, во предистражната постапка, државните органи,

институциите што вршат јавни овластувања и други правни лица се должни да пријават

кривични дела за кои се гони по службена должност, за кои се известени или за кои ќе

дознаат на некој друг начин, како и секој граѓанин е должен да пријави кривично дело за

кое се гони по службена должност .145

Понатаму (според чл. 141 ст. 3 ЗКП), кривичната

пријава му се поднесува на надлежниот јавен обвинител писмено или усно. Ако е

поднесена до суд, до Министерството за внатрешни работи, или до ненадлежен јавен

обвинител, тие ќе ја примат пријавата и веднаш ќе ја достават до надлежниот јавен

обвинител .146

Доколку постојат основи на сомнение дека е извршено кривично дело за кое

се гони по службена должност , министерството за внатрешни работи според член 142, ст.

1 од ЗКП е должно да ги преземе сите потребни мерки да се пронајде сторителот на

кривичното дело, тој или соучесникот да не се скријат или побегнат, да се откријат и

обезбедат трагите на делото и предметите што може да послужат како доказ.147

Во тој

случај полицијата мора да се ангажира, да спроведе истражни мерки, да легитимира, да

врши претреси и прегледи, да распише потерница и да спроведе потрага, да го ограничи

или пренасочи движењето на лица, да повикува лица на информативен разговор, нормално

преку уредно доставена покана, каде што ќе биде известен за часот и место на средбата во

полициската станица, и доколку не одговори или ја одбегнува средбата, дека со судска

одлука ќе биде присилно доведен, согласно со законските одредби. При одлучувањето за

кривичната пријава од страна на јавниот обвинител, истиот доколку смета дека

кривичната пријава не е комплетна и нема доволна основа за покренување , ќе побара од

145

Закон за кривична постапка, член 140, ст. 2. 146

Закон за кривична постапка, член 141, ст. 3. 147

Закон за кривична постапка, член 142, ст. 1.

Page 102: Magisterska Emilija Penova

102

полицијата и од другите овластени државни органи да ги соберат потребните известувања

информации и податоци се со цел за покренување на кривичната пријава и воедно

откривање на кривичното дело и фаќање на сторителот.( чл. 144 ст. 2 ЗКП). 148

Исто така, јавниот обвинител може да ги повика и осомничениот во присуство на

неговиот адвокат, како и оштетениот ,односно подносителот на кривичната пријава, или

пак други лица кои се дирекно или индирекно инволвирани во целиот случај, чии што

сознанија можат да придонесат за потврдување за веродостојноста на доказите и наводите

кои што се прибавени за време на истрагата. После спроведувањето на сите овие

активности, јавниот обвинител може да одлучи дали ќе подигне обвинување, дали ќе

поднесе барање за спроведување на истрага или ќе се откаже од истрагата.

Претходната постапка знаеме дека освен делот за кој што е овластен јавниот обвинител, е

составена и од судска истрага со која што раководи истражниот судија. Истрагата може да

ја покрене јавниот обвинител кога постои сомневање за сторно кривичното дело за кое е

пропишана казна затвор над 5 години. Целта на истрагата е да се соберат докази и

податоци што се потребни за да може јавниот обвинител да одлучи дали може да се

поднесе кривична пријава .Истражниот судија ја завршува истрагата кога ќе најде дека

состојбата на работите во истрагата е доволно разјаснета. По завршената истрага

истражниот судија ги доставува списите до јавниот обвинител, кој е должен во рок од

петнаесет дена да стави предлог да се дополни истрагата или да подигне обвинителен акт

или да даде изјава дека се откажува од гонењето (чл. 167 ст. 1 и 2 ЗКП).149

Доколку истрагата не може да се заврши во рок од 90 дена, истражниот судија

треба да го извести претседателот на судот причината зашто истрагата не е завршена и да

преземе мерки за завршување на истрагата. Инаку , во целокупната истрага истражниот

судија е директно зависен од јавниот обвинител и мора да ги исполнува барањата на

јавниот обвинител.

Улогата на полицијата во предистражната постапка е голема и многу моќна. Тоа

можеме да го забележиме и во самиот ЗКП и во Законот за Полиција, преку овластувањата

со кои што располага како и со задачите кои ги има. Полицијата е должна да го расветли

кривичното дело, да го најде сторителот на тоа дело, како и да ги прибави потребните

148

Закон за кривична постапка, член 144, ст 2. 149

Закон за кривична постапка, член 167, ст1 и ст. 2.

Page 103: Magisterska Emilija Penova

103

информации, податоци и докази, односно во согласност чл. 142 од ЗКП кога постои

причина за сомневање дека кривичното дело е сторено, и налага на полицијата да го

открие сторителот, да ги обезбеди сите докази и да ги собере сите релевантни

информации.

Овој член 142 ст2 и овозможува широки овластувања на полицијата, кои што пак

истовремено допринесуваат полицијата да биде одговорна за целата истрага. Меѓутоа за

време на истрагата законот не ни дава јасна распределба на функциите, и до каде може да

оди полицијата. Мошне е нејасно во кои случаи постои потребата јавниот обвинител да ја

преземе истрагата од полицијата. Маркирањето на една граница помеѓу овие два органи

има функција да означи момент во постапката кога јавниот обвинител мора поактивно да

се вклучи во истрагата, а тоа е моментот кога таа ќе се фокусира врз конкретно лице и да

се означи моментот кога осомничениот е така сериозно засегнат со истрагите за да ги има

сите гаранции за фер судење. Законот , истовремено му дозволува на јавниот обвинител да

побара и од полицијата и од истражниот судија спроведување на одредени истражни

дејствија во случај ако сторителот е непознат. Дискреционата одлука зависи лично од

јавниот обвинител.

Јавниот обвинител може согласно одредбите од овој закон да ги преземе следните

истражни дејствија:

- претрес;

- привремено обезбедување и одземање на предмети или имот;

- испитување на осомничениот;

- испитување на сведоци;

- определување вештачење;

- увид и реконструкција и

- посебни истражни мерки.

Траењето на претходната постапка е временски лимитирано. Јавниот обвинител е

должен во рок од 3 месеци да одлучи по поднесената кривична пријава, и во рок од 6

месеци од донесувањето на наредба за спроведување на истражна постапка е должен да ја

заврши истражната постапка. Овој рок, во сложени предмети, може да биде продолжен од

Вишиот јавен обвинител уште за 6 месеци и од Јавниот обвинител на Република

Македонија уште за 3 месеци. По истекот на рокот јавниот обвинител е должен да донесе

Page 104: Magisterska Emilija Penova

104

соодветна одлука, односно да поднесе обвинение или да донесе наредба за запирање на

истражната постапка. Јавниот обвинител ја завршува истражната постапка кога ќе оцени

дека состојбата на работите е доволно разјаснета за да може да подигне обвинение или да

ја запре истражната постапка.

Заклучок на сето ова и воедно на целокупната постапка ке констатитаме дека

реформа на ЗКП е неминовна. Со реформата се инсистираа на тоа да се избрише границата

помеѓу предистражната постапка и истражната постапка и целата претходна постапка да

се поедностави. Откако по определени проверки и полициски истраги ќе се соберат

доволно информации и докази дека определено лице е основано сомнително дека

извршило кривично дело за кое се гони по службена должност против истото може да се

поведе службена истрага што подразбира можност спрема него да се применат мерки што

зафаќаат во неговите интереси, права и слободи (притвор, претреси, посебни истражни

мерки, заплена на предмети и сл.).

5.3 Предистражната и истражната постапка според новиот ЗКП

Спроведувањето и реализацијата на реформите во европските држави , нивната

позитивна реакција и прифатеност , честопати претставуваат модел на тековните реформи

кои што се случуваат во Р. Македонија. Една од тие реформи е проектот за реформа на

казненото право на РМ која што ќе се темели врз развивање на концепт на хармонизирани

правни реформи со воспоставување баланс меѓу ефикасната борба со криминалот и

заштитата на основните човекови права и слободи во една демократска правна држава во

согласност со стандардите востановени во земјите членки на ЕУ.150

Главни реформи на кои што се угледа нашиот законодавец во претходната глава

беа законите за кривична постапка на Италија, Сад, Англија, Босна и Херцеговина,

Германија, Франција и Хрватска. Посебно италјанскиот модел се наметна како позитивен

модел кој од континентална кривична постапка прерасна во европска модерна процедура.

150

Види: Н. МАТОВСКИ Г. ЛАЖЕТИЌ-БУЖАРОВСКА, Г. КАЛАЈЏИЕВ, Казнено процесно право, Второ изменето и

дополнително издание, Академик, Скопје, 2011.

Page 105: Magisterska Emilija Penova

105

Значајно е особено реформирањето на истрагата, т.е замена на судската истрага со

обвинителската.151

Според професорот Калајџиев, полициската и обвинителската истрага

во новиот систем се надополнуваат и се фузионираат, а судската истрага практично се

прескокнува.152

Имено, најголема причина за реформирање на истрагата се средствата и

времето кои што беа потребни да се реализира целата постапка. Односно, губењето на

времето со префрлање на предметот од еден субјект до друг, при што ретко доаѓа до

непотребно повторување на едни исти дејствија. Ова доведуваше до хаотичност,

некоординираност и дополнително отежнување на работите, како и доведување на

неефективност и ефикасност на системот.153

Затоа , идејата на реформата е да се создаде т. н “работни станици” и една

единствена истрага за криминален настан, што со здружени сили и кординирано ја водат

полицијата и другите органи со посебни овластувања, под раководство на јавниот

обвинител. Со тоа истрагата многу ќе се поедностави и забрза преку значителното

редуцирање на бројот на работни станици низ кои еден предмет сега минува во

претходната постапка, и практично во целост ќе се прескокни формалната судска истрага.

Бројот на „работни станици“ во претходната постапка ќе се редуцира од четири или

повеќе на две. Имено, наместо по предметот најпрвин да работи (I) полицијата, потоа (II)

обвинителството, па (III) истражниот судија, за (IV) на крајот повторно предметот да се

врати на јавниот обвинител (кој може да бара и дополнување на истрагата (V), сега

случајот од полицијата или друг пријавувач на кривичното дело оди само до јавното

обвинителство, а со неговото рано вклучување во постапката, се прави обид овие да се

спојат во една единствена „работна станица“ во која обвинителството ќе ја насочува

полицијата.154

151

Види: Г. КАЛАЈЏИЕВ /Т. ВИТЛАРОВ/ М. ТРОМБЕВА/ Д. ИЛИЋ/ К. КРСТЕВСКА, Преуредување на претходната

постапка во Република Македонија, МРКПК, бр. 2/3, 2008, 79-120. 152

Види: Г. КАЛАЈЏИЕВ/ Т. СТОЈАНОВСКИ/ С. ЗИКОВ, Новите односи помеѓу полицијата, јавното

обвинителство и судот во претходната постапка, МРКПК, бр. 1, 2008; Г. КАЛАЈЏИЕВ, Замки и заблуди на

реформата на истрагата, во Зборник на трудови на Правните факултети во Скопје и Загреб, Скопје/Zagreb,

2009, 165. 153

Исто. 154

Види: Г. КАЛАЈЏИЕВ, Замки и заблуди на реформата на истрагата, во Зборник на трудови на Правните

факултети во Скопје и Загреб, Скопје/Zagreb, 2009, 165; Г. БУЖАРОВСКА, Г. КАЛАЈЏИЕВ, Реформа на

кривичната постапка, Зборник од текстови од проектот за борба со организираниот криминал на јавното

обвинителство, Скопје/Охрид, 2009, 13

Page 106: Magisterska Emilija Penova

106

Имено во пракса, според проф Калајџиев тоа би изгледало вака: по првичните

проверки што во рамките на автономните овластувања за откривање и за пријавување ги

вршат полицијата и другите државни органи веднаш штом ќе дознаат дека постојат основи

на сомнение дека е сторено кривично дело , со цел да истражат дали навистина има дело -

истрагата против конкретен осомничен за кој сомненијата се потврдиле на ниво на

основано сомнение продолжува под раководство на јавниот обвинител.155

Јавниот

обвинител откако ќе дознае за случајот, според новиот концепт, ќе земе сам подетално да

го истражи случајот со помош од правосудната полиција, на кој начин доаѓа до

„прескокнување“ на судската истрага.

5.3.1 Основни причини за напуштање на судската истрага

Со реформата на ЗКП во Република Македонија се напушта формалниот концепт

на постапката, па и на истрагата, којашто кај нас се поистоветуваше со судска постапка

бидејќи започнува со судската истрагата како клучна фаза во којашто валидно се

изведуваат доказите и каде што во суштина во истрагата веќе имаме едно „судење пред

судење“. Претходната постапка беше составена од два дела - првиот дел (предистражна

постапка) - во рацете на извршната власт, на која ѝ беа доверени работите за откривање и

фаќање на сторителот на кривичното дело и пронаоѓање и обезбедување докази, и вториот

дел - во рацете на судската власт, во којшто се изведувани докази што би биле правно

употребливи на судењето.

Во практиката ова работење се покажа како неефикасно. Од една страна,

полициските работи за откривање и обезбедување докази се продолжени врз целата

претходна постапка, а од друга страна, јавното обвинителство своите работи ги редуцира

на техничката улога на „оценувач“ на полициските резултати и ги запостави другите,

суштински работи на кривичното гонење.156

Тоа значи дека во претходната постапка

полицијата, јавните обвинители и судиите задачите ги извршуваат на сличен начин, а со

тоа истражувањето и кривичното гонење нема можност јасно и изречно да ги оддели

155

Види. Н. МАТОВСКИ, Г. БУЖАРОВСКА, Г. КАЛАЈЏИЕВ, Кривично процесно право,Скопје 2011,стр. 395. 156

Види: Г. БУЖАРОВСКА, Г. КАЛАЈЏИЕВ, Истражни дејствија, Прирачник за практичари, ОБСЕ, декември

2010.

Page 107: Magisterska Emilija Penova

107

самите дејствија, и како резултат на сето тоа хаотично дејствување, самата постапка

станува долготраен процес.

Досега во постојаниот систем, практиката некако е оддалечена од формалното

законодавство. Односно, предистражните дејствија досега ги реализираше полицијата, а

формално законски требаше да управува јавното обвинителство, исто така истрагите би

требало да ги води самостојно истражниот судија, но тој се ограничува на спроведување

на предлозите на јавното обвинителство, кои пак сами по себе најчесто само го

повторуваат она што обвинителството го добило од полицијата. Сето ова доведува до

неекономично дејствување, од аспект што се трошат голем број на средства додека

предметот се расветли, додека да се обезбедат докази и истите тие докази да поминат низ

рацете на трите овластени државни органи, т. е правно релевантните факти најпрвин ги

утврдува полицијата за потребите на кривичното гонење, потоа истражниот судија и на

крајот расправниот суд. Според новата реформа би било доволно претходната постапка да

се насочи само врз известувањата и доказите што се потребни за одлуката за кривичното

гонење, да се заврши со контрола на обвинението, а дури главната расправа да се

организира и спроведе во функција на донесување мериторна пресуда во согласност со

начелата на непосредното и контрадикторното изведување и оценка на доказите.

Како резултат на сето ова, реформата предлага да се отфрли досегашната практика

и да се доделат јасни прецизни и одвоени задачи на полицијата ,јавното обвинителство и

судовите.

Друга причина за реформа на истрагата е собирањето докази од страна на

истражниот судија. Ако основна цел на целата претходна постапка е собирање докази

заради донесување на одлука дали обвинителот ќе подигање обвинение, тогаш не е

логично доказите за ова на јавниот обвинител да му ги собира истражниот судија. Исто

така, зошто истражниот судија работи на расчистување на случајот, а на крајот не дава ни

мислење за тоа дали се потврдуваат сомненијата од почетокот на истрагата, туку само му

ги враќа списите како куп материјали кој овој допрва ќе ги проучува за да донесе

сопствена одлука.

Со ваквото компликување истрагата непотребно се оддолжува, а со инволвирање

на истражниот судија како активен истражувач неретко го прави пристрасен и со тоа

Page 108: Magisterska Emilija Penova

108

неподобен како гарант за правата и слободите на граѓаните.157

Сето ова укажува на тоа

дека преткривичната постапка ќе се забрза, некои делови ќе се поедностават и целиот

акцент ќе биде ставен на главната јавна контрадикторна расправа, како централен дел од

кривичната постапка.

5.3.2 Односот на полицијата и јавниот обвинител според новиот ЗКП

Новата реформа која е спроведена во кривичната постапка овозможува довербата

на целокупната постапка да ја носи јавниот обвинител. Соработката помеѓу него и

полицијата е значително зголемена , како и соработка со другите специјализирани органи

кои ќе се од корист за расветлување на постапката.

Полицијата и другите органи со посебни овластувања уживаат определена

автономија и ги водат полициските увиди самостојно и по сопствена иницијатива. Таа за

разлика од јавниот обвинител е пооперативна и располага со поголеми материјални и

човекови ресурси , така што во целокупната постапка, таа доминира на теренот, слично

како преостанатите европски држави освен Италија. Својата доминантност полицијата ја

изразува преку ненавремено известување на јавниот обвинител за сите откриени случаи на

криминал. Со тоа, полицијата неофицијално ги отфрла пријавите без да ги пријави или

консултира со јавниот обвинител, односно без знаење го затвора случајот и со тоа

автоматски го приграбува овластувањето за кое законодавецот го резервирал за јавниот

обвинител. Со реформата на кривичната постапка, се прават напори овие делови и случаи

целосно да се отстранат, и јавниот обвинител да го постави како вистински гарант за

законитоста во птретходната постапка.

Новиот ЗКП не го користи терминот криминалистичка полиција туку се определил

за нов термин наречен правосудна полиција. Под правосудна полиција според новиот ЗКП

се подразбираат полициски службеници од Министерството за внатрешни работи и

157

Види: Н. МАТОВСКИ, Г. ЛАЖЕТИЌ-БУЖАРОВСКА, Г. КАЛАЈЏИЕВ, Кривично процесно право (Второ

изменето и дополнително издание), Скопје, 2011,стр 396.

Page 109: Magisterska Emilija Penova

109

припадниците на Финансиската полиција и со закон овластени лица на Царинската

управа, кои му се ставени на располагање на јавното обвинителство во откривањето и

гонењето на кривичните дела и водењето на истражната постапка. Правосудна полиција се

наречени од причина да се нагласи централната улога во кривичните истраги на јавното

обвинителство, околу кого сега се вртат сè повеќе специјализирани органи со посебни

(полициски и сл.) овластувања.158

Правосудната полиција по службена должност или по

наредба на јавниот обвинител презема мерки и активности со цел за откривање и

криминалистичко истражување на кривични дела, спречување на натамошни последици

на кривичните дела, фаќање и пријавување на нивните сторители, обезбедување на

доказите и други мерки и активности што може да користат за непречено водење на

кривичната постапка.159

Како со видовме во горе наведениот текст ЗКП како процесен закон описно ги

означува сите организациони единици кои и сега се функционално надлежни за откривање

кривични дела. Тоа се криминалистичката полиција во МВР, (евентуално) УБК,

Финансиската полиција и делот од Секторот за контрола и истраги на ЦУ кој работи на

истраги. Овластените службени лица пак на УБК согласно новиот ЗВР (2009) сепак ќе

(о)станат дел од правосудната полиција, со оглед на тоа што законот во член 16

предвидува тие сепак да се бават со потешките форми на организиран криминал.

Концепциски реформата на казненото право не предвидува УБК да биде дел од

полицијата која под раководство на обвинителството ќе работи на кривичните истраги.

158

Види: М. Лабовиќ Т. Витларов Г. Калајџиев Т. Стојановски, Системска анализа на законската рамка и

соработката меѓу надлежните институции во борбата против организираниот криминал, ФИООМ, Скопје,

2005. 159

Овластувањата што со овој закон и се дадени на правосудната полиција, Финансиската полиција ги има

во случаите кога се работи за откривање и истражување за кривичните дела: даночно затајување од член

279; перење пари и други приноси од казниво дело од член 273; криумчарење од член 278; недозволена

трговија од член 277, сите од КЗ, како и други кривични дела кои вклучуваат поголеми и значајни износи на

данок, царина и други приходи. Царинската управа овие овластувања ги има во случаите кога се работи за

откривање и истражување за кривичните дела: производство и пуштање во промет на штетни средства за

лекување од член 212 КЗ; производство и пуштање во промет штетни прехрамбени и други производи од

член 213; неовластено производство и пуштање во промет наркотички дроги, психотропни супстанции и

прекурсори од член 215; неовластено прибавување и располагање со нуклеарни материи од член 231;

внесување опасни материи во земјата од член 232; изнесување, односно извезување во странство на добра

под привремена заштита или културно наследство или природна реткост од член 266; перење пари и други

приноси од казниво дело од член 273; криумчарење од член 278; царинска измама од член 278–а;

прикривање на стоки предмет на криумчарење и царинска измама од член 278–б; даночно затајување од

член 279; недозволено држење оружје и распрскувачки материи од член 396; трговија со луѓе од член 481–а,

сите од КЗ; кривични дела од Законот за акцизи и други кривични дела поврзани со увоз, извоз и транзит на

стоки преку граничната линија (чл. 46 НЗКП).

Page 110: Magisterska Emilija Penova

110

Концептот подразбира тесна соработка на раководителите од организационите единици во

рамките на МВР, Финансиската полиција и Царинската управа кои работат на откривање

и пријавување кривични дела со надлежниот обвинител, а тоа од УБК реално не може да

се очекува. Со ова законодавецот сака да ја нагласи централната улога во кривичните

истраги на јавното обвинителство ,околу кого се вртат се повеќе специјализирани органи

со полициски и слични овластувања.

Правосудната полиција тесно соработува со јавното обвинителство , а еден нејзин мал дел

е предвидено да биде непосредно во тимот на јавното обвинителство - истражните центри

на јавното обвинителство.160

Таа како главен соработник на јавното обвинителство,

соработката започнува уште од самиот почеток, се со цел да не дојде до некаков

конфликт. Како пример ке наведеме , ако јавниот обвинител оцени на крајот од истрагата

дека доказите не се доволни, или пак не се законито изведени, ,па да мора да го отфрли

случајот. Ова сега станува многу порано, зашто со напуштање на активната улога на судот

во расчистувањето на случајот, товарот на докажувањето во целост преминува на

обвинителството.

Односот помеѓу јавниот обвинител и полицијата е битен сегмент во

расветлувањето на кривичното дело во целата постапка. Заедничката соработка на

почетокот од постапката , претставува главен предуслов за пронаоѓање на докази и

сторителот на кривичното дело. Ако јавниот обвинител и полицијата не соработуваат

уште од најрана фаза на постапката, може да дојдат во вистински конфликт, кога на крај

на истрагата јавниот обвинител ќе оцени дека можеби доказите не се доволни или не се

законито изведени, и ќе мора да го отфрли случајот бидејќи и самиот нема да може да го

добие на суд.161

160

Виде Г. Калајџиев и др., Новите односи меѓу полицијата, јавното обвинителство и судот

во претходната постапка, МРКПК, бр. 1, 2008 и Г. Калајџиев и др., Преуредување на претходната постапка

во Република Македонија, МРКПК,Бр. 2/3, 2008, стр. 79-120. 161

Види: Г. КАЛАЈЏИЕВ, Замки и заблуди на реформата на истрагата, Скопје / Загреб, 2009.

Page 111: Magisterska Emilija Penova

111

5.3.3. Истражни центри на јавното обвинителство и овластувањата на

полицијата во истражниот центар

Поаѓајќи од моделот на европските држави новиот ЗКП предвидува и т.н истражни

центри на јавното обвинителство. Работите во истражниот центар ги вршат инспекторите

припадниците на правосудната полиција кои што се избираат за вршење на работите на

определено време, по пат на објавен внатрешен оглас. Замислата на новиот ЗКП, е во

истражните центри на јавното обвинителство да работат полициски инспектори со

криминалистички знаења и искуства, како и правници и други експерти чии знаења се

потребни во борбата со современиот криминал (компјутерски, финансиски, банкарски и

сл.). Сето ова доведува до заклучок дека во истражните центри освен кадри од полицијата

ќе има и службеници од Финансиската полиција и Царината. Меѓутоа, овде ќе се судриме

со една дилема: дали јавното обвинителство може да се постави над надлежните

министерства и самостојно да располага со нивните кадри, имајќи во предвид дека,

полицијата и ФП односно ЦУ се јасно дел од извршната власт, додека самото јавно

обвинителство има една нејасно дефинирана позиција меѓу извршната и судската власт.

Исто така, претходната системска комплексност на односите меѓу јавното обвинителство

и извршната власт го компликува и прашањето дали обвинителството воопшто може да

распишува оглас во ресорните министерства (МВР и МФ) и да самото да врши избор на

кадри од истите и сл.

Инспектори на правосудната полиција се карактеризираат со определен степен на

специјализација, стабилност и лојалност кон работата и самата соработка со јавното

обвинителство. Тоа значи дека правосудните инспектори во истражните центри центар се

на располагање на надлежниот јавен обвинител, работат под негова контрола и надзор, ги

извршуваат наредбите на јавниот обвинител, работат согласно неговите насоки и упатства

и за својата работа му одговараат на јавниот обвинител (чл. 51 НЗКП). ЗКП ,исто така сака

да обезбеди дека за времето додека тие работат во истражниот центар не може да бидат

распоредени на друго работно место во државните органи од каде што доаѓаат или да

бидат отстранети да работат од предметниот случај, без изрeчно одобрение на јавниот

обвинител (чл. 48 и 51 НЗКП). Раководењето на обвинителството со полицијата е тешко

остварливо по однос на полициските службеници кои остануваат во МВР и МФ и кои во

Page 112: Magisterska Emilija Penova

112

раната фаза на откривање имаат поголема иницијатива и оригинерни надлежности

определени и со други закони.162

Во делот на овластувањата на полицијата во истражните мерки, повторно ќе се

судриме со низа прашања и нејаснотии. Ќе се запрашаме какви овластувања имаат

истражителите на правосудната полиција? Дали имаат полициски или обвинителски, и

дали тие согласно тоа ќе делуваат во фазата на откривање и пријавување или во

истражната? Според ЗКП правосудната полиција во истражните центри ја определува како

составен дел од правосудната полиција и со тоа ги има сите „полициски“ овластувања од

ЗП, ЗФП и ЗЦУ. Правосудната полиција во истражните центри првенствено ќе делува во

фазата на претходно прибирање известувања, повеќе отколку во истражната постапка,

каде дејствијата ги презема непосредно јавното обвинителство.163

162

Види: Т. СТОЈАНОВСКИ, Г. КАЛАЈЏИЕВ, Критички осврт кон Законот за полиција, Билтен бр. 1, ФИООМ,

Скопје, 2006. 163

Според акциониот план на Владата, во Р. Македонија се предвидува да има најмалку 10 истражни центри

кои што ќе бидат распоредени во градовите каде што има Сектори за внатрешни работи. За Скопје се

предвидени два истражни центри, еден за Основното јавно обвинителство Скопје и еден за Основното јавно

обвинителство за организиран криминал. Бројот на припадниците на правосудната полиција се определува

во однос на јавните обвинители, така што на двајца јавни обвинители, да има по еден припадник на

правосудната полиција, освен на Јавното обвинителство за организиран криминал во Скопје каде што бројот

на претставниците на правосудната полиција се определува на вкупно 15, и тоа: 13 од МВР и по 1 од

Царинската управа и од Финансиската полиција. Вкупниот број на претставници на правосудната полиција

кои би требало просторно да бидат сместени во истражните центри според АП изнесува 102.

Page 113: Magisterska Emilija Penova

113

Заклучоци и предлози

Предистражната постапка како активност што и предходи на кривичната постапка

се дефинира и како целокупна активност на органите за внатрешни работи и други

државни субјекти со цел откривање на кривичното дело и фаќање на сторителот, како и

донесување на основно сомнение како законски услов за покренување на кривичната

постака.

Предистражната постапка започнува во оној момент кога постои основа за

сомневање дека е сторено казнено дело за кое се гони по службена должност, односно

постоењето на основа за сомневање дека одредено лице извршило такво казнено дело.

Овие дејности на полицијата и јавното обвинителство, како и многу други органи кои се

учествуваат во предистражната постапка не се законски формулирани, со што на

предкривичната постапка и дава неформален карактер.

Главни субјекти на предистражната постапка се сепак јавниот обвинител и

органите за внатрешни работи, додека судот може да се уклучи во некои специфични

случаеви, со што на оваа постапка и дава вансудски карактер. Од овде може да се заклучи

дека акцентот е ставен на ефикасност и законистост, а не само на законитоста по секоја

цена, со која би се нарушила ефикасноста, а со тоа во крајна линија би се изгубило

значењето и целта на преткривичната постапка.

Задача на претистражната постапка е откривање на кривичното дело, пронаоѓање

на сторителот, откривање и обезбедување на трагите на кривичното дело и на предметите

што може да послужат како доказ, прибирање на сите известувања што би можеле да

послужат за успешно водење на постапка како и преземање на определени истражни

дејствија за кои постои опасност од одлагање. Дејствијата кои се определени како цели на

предистражната постапка и кои ги презема полицијата, не се формални истражни дејствија

(на пример: формално испитување на обвинетиот, на сведокот или вештакот), туку се

разни претходни мерки и претходни информации кои овозможуваат успешно водење на

понатамошната истрага.Од овде можеме да заклучиме декасите мерки и дејствија кои се

преземеаат како дел од задачата на органите за внатрешни работи имаат една насока, а тоа

е на јавниот обвинител да му се обезбеди материјал за да може да оцени дали основите на

сомнение, како првични сознанија, преминуваат во основано сомнение како повисок

Page 114: Magisterska Emilija Penova

114

степен на сомневање заснован врз прибавените докази кои упатуваат на заклучокот дека

определено лице сторило кривично дело, за да може тој да поднесе барање до судот за

спроведување истрага. Јавниот обвинител.штом ќе ја прими кривичната пријава, ќе ја

оцени, т.е дали содржината во пријавата претставува кривично дело според КЗ кое што

може да се гони по службена должност според ЗКП.и дали постојат основи за сомневање

дека пријавеното лице е сторител на тоа дело. Доколку јавниот обвинител не може да

оцени од самата пријава дали се веројатни наводите од неа или ако податоците од

пријавата не даваат доволна основа да може да одлучи дали ќе бара спроведување истрага

или ако до јавниот обвинител само допрел глас дека е извршено кривично дело, а особено

ако сторителот е непознат, јавниот обвинител ќе преземе претходно прибирање на

известувања и тоа, или сам или преку други органи или пак, ќе бара од МВР да соберат

потребни известувања и да преземат други мерки заради откривање на кривичното дело и

на сторителот.

Поаѓајки од фактот, од комплицираната природа на преткривичната постапка,

субјектите со кои што се карактеризира, како и нејзината задача и улога во целата

кривична постпка, репресивната компонента донекаде е приситна и логична, во некои

случаи и доминанта. За разлика од реалноста, системот на државата налага,

превентивноста да биде појдовна точка која би ја почитувале сите државни органи како и

начин со кој може да се заштитат правата и слободите на човекот , но колку е тоа

возможно, статистиката покажува, ако го земеме фактот дека една од мерките за

откривање на кривичното дело е притворот.

За позицијата на полицијата по однос на тоа дали истата е субјект на постапката или само

учесник постојат спротивставени ставови, од негирање до признавање на таа позиција. Без

оглед на формалното утврдување на тоа дали полицијата е предмет на тие постапки или

не, или пак само учесник, можеме да констатираме дека без полиција и нејзините

активности во претходната постапка, кривичната постапка не би ни постоела. Улогата на

полицијата во кривичната постапка е обично опишана како споредна функционално

подредена под раководство на јавниот обвинител во спроведување на предистражната

постапка, како и законски дефинирана обврската на полицијата за усогласување со

барањето на јавниот обвинител. Покрај тоа, полицијата има обврска да постапи по

сопствена иницијатива ако се дознае дека постои основано сомневање дека е сторено

Page 115: Magisterska Emilija Penova

115

кривично дело за кое се гони по службена должност. Полицијата може да употреби

различни овластувања кои се регулирани со Законот за кривична постапка и Законот за

полиција, со цел постигнување на „основано сомневање" дека определено лице сторило

кривично дело за кое се гони по службена должност, како и преземање на мерки и

дејствија за спречување на бегство сторителот. Овластувањата на полицијата кои

законски и се доделени преставуваат главно оружје на целата постапка, без разлика за кој

дел од неа се работи, притоа во спроведувањето почитувајќи ги човековите права и

слободи. Без нив, покренување на кривичната постапка, не би било можно. Без разумно и

правилно спроведување на полициските овластувања а со тоа и на полициските извиди, не

е можна точна селекција на вистинските осомничени како и истовремена заштита на

останатите лица кои се приведени и затечени во целата постапка.

Во принцип, во текот на казнената постапка, без резултати од долгата

криминалистички правилно спроведена полициска истрага, резултатите од доказните

работи се земаат врз основ на постоење на ,,опасност од одлагање, одложување, не е

можно да се разреши фактичкото прашање за постоењето и обележјата на кривичното

дело или околностите кои ја исклучуваат противправноста и вината. ѕатоа улогата на

полицијата во каѕнената постапка е од клучно значење за успешното отпочнување, водење

и правилно ѕавршување на постапката

Односот меѓу овие два органа резултира со севкупниот успех на кривичното

гонење, кое е условено не само со законски решенија,туку и со организационите,

кадровските и финансиските услови. Со нормативните решенија се утврдува положбата на

јавниот обвинител во конкретен случај како орган и правно лице кое е одговорно за

успешно спроведување на постапката, а полицијата како тело кое е го истражува случајот,

конкретното дело и спроведува активности, презема дејствија и мерки. Овој заклучок

произлегува од голем број на конкретни решенија ЗКП како и други закони кои ја

нормираат работа и организацијата на овие две тела.

Поделбата на предистражната постапка на полицискс и обвинителски дел нуди

одредена самостојност и одговорност врз резултатите од тие извиди. Во постоечкиот

модел на кривично гонење, постапката не е без јасно регулирани односите меѓу јавниот

обвинител и полицијата со кои ќе се спроведе доказна постапка. Горенаведената поделба

на извидите мора да се свати како усковна во истразувањето на казнените дела.

Page 116: Magisterska Emilija Penova

116

Истражните мерки што полицијата по правило може самостојно да ги презема не се

доволни за успешно да се гони и да се одлучува за основаноста на обвинението, затоа е

неопходно да се обезбедат докази и дејствија како и ограничување на самата слобода на

дејствување. Обезбедувањето на докази не е можно без одобрение од страна на јавниот

обвинител или истражен судија, како и превземањето на конкретни акции да се ограничи

слободата на движење. Според тоа не може да се зборува за извиди кои се исклучиво

полициски, односно обвинителски.

Основна цел на полициското делување спрема нашето право во казнената постапка

е прибирање на информаци и докази што ќе овозможат формално започнување на

истражната постапка. Понапред објаснивме дека овие активности на полицијата во

нашата постара литература се третираат како дејност надвор од кривичната

постапка.Сепак, не само што ЗКП овие активности ги уредува со закон, туку тоа се прави

се поинтезивно што се објаснува со големото значење на истите во собирањето на докази

во кривичната постапка, туку и заради фактот што полициските овластувања кои се

применуваат во постапката зафаќаат во основните човекови права и слободи. Точно е дека

голем број од полициските активности во откривањето на кривичните дела остануваат и

надвор од ЗКП и не се уредени со формални процесни правила, иако не се ни целосно

пропуштени само на криминалистичките правила и искуство бидејќи овластувањето на

полицијата, на финанската полиција, царинската управа и другите институции со исти

или слични овластувања (УЈП, инспекторски органи ) денеска се веќе уредени со законски

прописи.

Фактот што исказите на осомничените дадени во полиција југословенското

процесно право не ги користеше како доказ, доведе до тоа во процесната литература

полициското постапување во преткривичната постапка да се третира како комплетно

неформално постапување чии што резултати не се доказ во кривичната постапка.

Наспроти ова, како исклучок полицијата се сметаше како формална, во ситуации кога

презема формални истражни дејствија (во случај на итност и во случај каде што

сторителот е непознат). Новиот ЗКП и воопшто правната регулатива со која што се

уредуваат овластувањата и задачите на органите што учествуваат во откривањето на

кривичните дела одат кон поголемо нормативно уредување на полициските извиди, кое не

само го зголемува бројот на правно важечки докази изведени од полицијата со шти

Page 117: Magisterska Emilija Penova

117

придонесува за зголемување на ефикасноста за зголемување на кривичната постапка, туку

овозможува и поефикасна судска и обвинитеска контрола врз полицијата во однос на

почитувањето на правата и слободите во преткривичната постапка.

Марганизирањето на полициското постапување преку исклучувањето на доказите

добиено во полициската постапка се засноваше на комплетната недоверба на полицијата е

контрапродуктивно и по однос на ефикасноста и по однос на човековите права и слободи.

Наспроти ова, добрите практики и нормативните решенија во компаративното право и

меѓународното право покажувааат дека полицијата ќе биде повеќе склона да ги почитува

човековите права и процедурите тогаш кога нејзиното правилно постапување ќе биде

наградено со процесна валоризација и обратно исклучувањето од користењето на

определени докази во постапката заради тоа што се добиени на незаконит начин

претставува важен механизам што полицијата ќе ја мотивира за законито постапување.

Оттука новото процесно законодаство влегува во една нова етапа во која што процесното

постапување на полицијата не само интензивно се нормира, туку и се валоризира.

Имено, Уставот на РМ, измените во ЗКП и Законот за полиција и другите процеси

што следеа потоа, одеа кон посилно нормирање на полицијата и полициското постапување

со што да се зајакне заштитата на човековите слободи и права но истовремено останаа на

стариот концепт во однос на наприфаќање на доказите собрани од полицијата.

Новиот ЗКП овозможува исказите (признанието на осомничениот) дадени во

полиција во присутво на Јавен обвинител да може да се користат во постапката. Од не

помало значење е и правното уредување на препознавањето во полицијата кој што сега се

уредува со новиот ЗКП, а подетална процедура треба да донесе МВР. Овој голем чекор

напред во однос на досегашната ситуација според која препознавањето на полицијата се

спроведуваше врз основа на наводници на утврдување на идентитетот на лицето што

беше особено проблематично, бидејќи едно е да се утврди идентитет на лица а друго е

лицето да биде посочено (препознаено) како сторител на делото од страна на жртвите или

други сведоци.

Новиот ЗКП, за жал, не ги надминал сите слабости и контраверзии на стариот

(постојниот) систем. За полицијата, и воопшто за откривање и успешното процесуирање

на кривичните дела. Така, на пример, во новиот ЗКП не се јасно разграничени истрагата на

местото на настанот што ја врши полицијата и увидот како истражно дејствије, што по

Page 118: Magisterska Emilija Penova

118

новиот закон треба да го води Јавниот обвинител. Под прашање се наведува и самиот

поим на увидот како дејствије со кое што непосредно се разјаснуваат и утврдуваат важно

правни релевантни факти, бидејќи ова може да биде точно само за увидот што го врши

судечкиот совет. Активноста на полицијата и на Јавниот обвинител на местото на

настанот поточно може да се преведе како истрага на местото на настанот, што сега е

обичен термин во споредбеното право и практика, односно правото во странските држави.

Многу нејаснотии остануваат и во врска со таканаречените информативни разговори кој

што новиот ЗКП не ги наведува како посебно овластување на полицијата , ниту како

обврска на граѓаните , но сепак допушта граѓаните да бидат задржани до 4 часа во

полициската станица заради разговор со истите.

Најголема новина во реформираниот ЗКП се новите односи помеѓу полицијата и

(другите органи со слични овластувања) и јавното обвинителство. Законот се обидува на

полицијата да и остави една разумна автономија што ќе ги респектира нејзините задачи,

стручност и капацитети во откривањето на кривичните дела, но ја задолжува истата што

поитно да го информира јавниот обвинител кој има право и должност да раководи со

предистражната постапка. Во исто време, овој комплекс е поставен флексибилно водејќи

сметка за тоа дека јавното обвинителство на некој начин се надоградува на полициските

извиди и нема ниту време ниту капацитети активно да севклучува во сите можни истраги,

туку тоа се претпоставува за потешките кривични предмети и потешките кривични дела.

Не само сега што обвинителството е задолжено поеплицитно да врши надзор врз

законотоста, туку тоа има сега и поголем интерес, доказите собрани во предходната

постапка да бидат по квалитет доволни обвинителството успешно да го застапува случајот

на суд. Ова од едноставна причина што самиот систем сега е заснован врз активната улога

на обвинителството вината на осомничениот да ја докаже на суд , надвор од основано

сомнение. Овој систем во таа смисла има сосема различна логика од досегашниот кој се

засноваше врз судскиот партернализам, односно активната улога на судот по служба на

должност да го расчисти случајот.

За разлика од реформите на современата постапка во повеќето држави на

Југославија, нашиот НЗКП се обидува да најде алатки како да се намине познатиот

проблем на таканаречениот „хиерарјиски дуализам“, проблем кој што во најголем број на

држави доведува во тоа наспроти законските норми што ја форсираат раководната улога

Page 119: Magisterska Emilija Penova

119

на обвинителството главниот збор на терен е да го има полицијата кој што на јавното

обвинителство му сервира готови или повеќе готови завршени истраги.

По примерот на Италија, еден помал дел на криминалистичката полиција сега ќе работи

непосредно во тимот на јавното обвинителство, што би требало да доведе до неколку

предности. Така не само што целата предходна постапка ќе се забрза со тоа што јавниот

обвинител податоците и доказите што му треба за кривично гонење нема да треба да го

бара од полицијата и другите државни органи, ниту пак собирањето на докази ќе му го

препушти на истражниот судија. Ваквото процесно упростување на постапката заедно со

кадровското и друго екипирање на јавното обвинителство би требало битно да ја зголеми

ефикасноста и брзината на претходната постапка. Од друга страна со самото тоа што

јавното обвинителство нема да зависи целосно од полициските истраги би требало да

дојде до унипредување на полициската работа и поефикасно истраги во случај каде што

постои определен судир на инетереси внатре во самата полициска организација и

нејзините односи со извршната власт.

Во литературата и поновите законодаства одново се актуализираше дилемата дали

полициското поставување во преистражната постапка треба да се уреди целосно со

законот за кривична постапка , или пак со законот за полиција. Не е исклучено н и

хибритно решение во смисла на тоа некои поважни прашања да се уредат со ЗКП, а други

со друг закон или подзаконски акти кој пристап како да доминира во современото право.

Она што треба да се забележи е дека е непожелно еднио исти работи да се уредуваат

паралелно во повеќе закони, а особено е проблематично , па дури и штетно овие различни

законски или подзаконски прописи да се содржат различни па дури и противречни

решенија за една иста работа. Оваа се случи со нашиот ЗКП , ЗП и Закон за финансиска

полиција. Овие последниве сега уредуваат полициски процедури и овластувања кои се

истовремено се уредени и со ЗКП, при што постојат низа противречни или неускладени

решенија, што неповолно се одразува не само во постапката, туку и во однос на слободите

и првата на граѓаните. Би било пожелно, реформата на казненото законодаство во РМ да

се искористи за надминување на овие неусогласености, со тоа што другите закони и

подзаконските прописи треба да се усогласат со ЗКП како системски закон.

Од друга страна, во иднина би требало да се посвети повеќе внимание на

законските прописи со кои се уредува постапувањето на другите органи што учествуваат

Page 120: Magisterska Emilija Penova

120

во откривањето на другиоте дела, од кои некои како Управата за јавни приходи стануваат

особено значајни. Тенденцијата тие да се изедначуваат со полицијата во смисла да бараат

повеќе полициски овластувања во суштина е погрешно, од причина што истите вршат

надзор во определени области и притоа откриваат и кривични дела врз основа на посебни

постапки и овластувања кои што се битно различни од полициските, а што е особено

значајно најчесто се вршат врз основа на одредена контрола и надзор во определена

сфера. Притоа, не само овие органи понекогаш имаат практично поголеми овластувања

од полицијата бидејќи за нивното постапување најчесто не е потребно однапред да

постојат одредени сознанија , како што тоа го бараме за полициските овластувања.

Посебен интерес во поново време постои за улогата и овластувањата на службите за

прииватно обезбедување на имот и лица кои што во светски рамки го надминуваат бројот

на полицикси службеници. На крај, но не најмалку по значање, во нашето законодаство

треба да се доуредат постапувањата и овластувањата на воената полиција и Управават за

безбедност и контраразознавање. Ова од причини што истите имаат определни

овластувања во откривањето наопределени кривичните дела, но за истите не постојат

јасни овластувања и процедури. Имено, за воената полиција постојат застарени прописи

кои што дури не се јавно објавени во службен весник на РМ, додека пак Законот за

внатрешни работи упатува на тоа дека УБК ќе се користи со полициските овластувања.

Конечно порастот на различни државни органи кои што имаат некакви овластувања во

откривањето на кривичните дела упатува на потребата во нивна меѓусебна кординација

во постапувањето. Само посебе се подразбира дека улогата на јавниот обвинител добива

значење не само заради замената на судска со обвинителска, туку и заради фактот што

токму тој може да ги кординира и раководи сите овие различни органи на овој или оној

начин се вклучени во кривичниот систем.

Од посебно значење е и интензивирањето на полициската и обвинителската работа

во истрагите во рамките на Европа, па и пошироко, која материја е предмет на

интензивно хармонизирање и стандарна стандардизација, не само заради зголемување на

ефикасноста во борбата против организираниот криминал, корупцијата и тероризмот, туку

и во врска со корпусот на човекови права и слободи, но исто така и предмет на

интензивно стандардизирање во рамките на Европска унија и Советот на Европа.

Page 121: Magisterska Emilija Penova

121

ЛИТЕРАТУРА:

1. ALDERSON, J. ( 1995) : Човековите права и полицијата, Хрватски културен дом

Ријека

2. ALEKSIĆ, Ž. (1964): Примена на научните достигнувања кај личните извори на

докази во кривичната постапка, Белград

3. ARISTOTEL, (1975): Politika, BIGZ, Beograd

4. BABOVIĆ, B. (1997): Полицијата во светскиот поредок, Неа, Белград, стр.67-68

5. BAČIĆ, F. (1980): Кривично право – oпшт дел, Народни Новини, Загреб

6. БАЧАНОВИЌ O( 1997): Полицијата и жртвите ,Скопје

7. BAYER, V. (1977): Југословенско кривично процесно право, книга 1: Вовед во

теоријата на кривично процесно право ,Загреб, стр 111

8. BAYER, V. (1978): Југословенско кривично процесно право, книга 2: право за

фактите и нивното утврдување во кривичната постапка, Загреб, стр. 15

9. BAYER, V. (1987): Закон за кривичната постапка, Информатор, Загреб

10. BAILEY, W.C. (1975): Gender inequality and violence against women: The case of

murder, In: Hagan, J., Peterson, R.D, (eds.): Crime and Inequality, Stanford, California

11. BAYER, V. (1987): Закон за кривичната постапка, Информатор, Загреб

12. BEVAN V. (1991): Lidstone K.:The Investigatio of Crime: A Guide to Police Powers,

Butterworths London

13. БЕРЖЕТСКА С. (2011) : Магистрески труд : Лишување од слобода – Апсење,

Правен факултет, Скопје

14. BUBLE, M.: Management, ( 2000): Економски факултет во Сплит, Сплит

15. BRNETIĆ, D., GLUŠČIĆ, S., ŠUPERINA, M. (1998): Kриминалистика, избрани

поглавја од криминалистичката методика, МВР на РХ, Загреб

16. БУЖАРОВСКА Г.: Редефинирана улога на јавниот обвинител во казнената

постапка, во: Зборник на трудови на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје

17. БУЖАРОВСКА Г., КАЛАЈЏИЕВ Г. (2010): , Истражни дејствија, Прирачник за

практичари, ОБСЕ

18. БРКИЌ С. (2010) : Krivicno procesno pravo, Praven fakultet , Novi Sad

Page 122: Magisterska Emilija Penova

122

19. CALESINI Giovani (2007): European Police Law: Handbook, Rome Italy

20. CAJNER MRAOVIĆ I., FABER V., VOLAREVIĆ G. (2003): Внатрешна

демократизација на полицијата, Стратегија на полицијата во заедницата, Загреб

21. ČUBINSKI, M.P. (1933): Научен и практичен коментар на Законикот за судска

кривична постапка на Кралството Југославија, Привредник, Белград

22. DAMAŠKA, M. (1962): Исказот на обвинетиот како доказ во современата кривична

постапка, Загреб.

23. DAMAŠKA, M. (2001): Доказното право во казнената постапка: контура на новите

тенденции, Загреб.

24. DAMAŠKA M. : Sudbina anglo-američkih procesnih ideja u Italiji, во: Hrvatski ljetopis

za kazneno pravo i praksu, Zagreb, vol. 13, бр. 1/2006.

25. DAMAŠKA, M.: Jugoslovesnka revija za kriminologiju I krivicnog pravo, br. 2/69,

Загреб

26. ДИМОВСКИ З. (2005): Илегална трговија со оружје и тероризам во Република

Македонија,Скопје

27. DUFFY P.(1993): Policija in Evropska konvencija o človekovih pravicah, Revija Policija

broj 2/1993.

28. ĐURĐEVIĆ, Z., GLUŠČIĆ, S., JOSIPOVIĆ, I., KOS, D., KRAPAC, D., NOVOSELEC,

H. (2007): Казнено процесно право, примјеровник II. Изменето и дополнето

издание, Народни Новини, Загреб.

29. M. DЕLMAS-MARTY /J. SPENCER (Eds.), European Criminal Procedures, Cambridge

University Press, Cambridge 2002

30. ИЛИЌ Д. (2009) : Реформа на истрагата, Магистерски труд, Правен факултет

„Јустинијан Први“, Скопје

31. ESER A. (1983): Einfuhrung in das Strafprozeßrecht, tisak C.H.Beck München.

32. Европска спогодба за лицата кои учествуваат во постапките пред Европскиот суд

за човекови права, Народни Новини - Меѓународни договори 7/99.

33. FERDICO J.N. (1993):Criminal Procedure for the Criminal Justice Professional, 5

izdanje, West Publishing Compani Minneapolis / St. Paul USA.

34. GALLWAS H.U. (1993):Polizei und Bürger: Rechtsfragenzu polizeilichem Handlen,

DTV München

Page 123: Magisterska Emilija Penova

123

35. GOMIEN D./Harris D./Zwak L. (1996): Law and practice of the European Convention

on Human Rights and the European Social Charte, Council of Europe Strasbourg

36. GOMIEN D. (1996): Краток водич низ Европската конвенција за човекови права,

Организатор, Загреб

37. GRUBISA M.(1968) : Priracnik za primenu noveliranog Zakona okrivicnom postupku,

Zagreb

38. GRUBAC M. (1997) : Krivicno procesno pravo, Policiska akademija, Belgrad

39. HARTLEY T.C. (1999): Темели на правото на Европската заедница – вовед во

уставно и управно право, Правен факултет во Ријека, Ријека

40. JACOBS F.G.( 1987): The European Convention on Human Rights, Clarendon Press

Oxford

41. JEHLE J-M / M. WADE (Eds.),(2005): Coping with Overloaded Criminal Justice

Systems- The Rise of Prosecutorial Power across Europe, Göttingen

42. JOSIPOVIĆ I. (1998): Апсење и притвор, Тарга, Загреб.

43. ЈОВЧЕВСКИ Ј: Специјални истражни мерки, Скопје

44. ЈОВЧЕВСКИ Ј(2009) : Прирачник за конвенцијата на обединетите нации за борба

против корупцијата, Скопје

45. ЈАНКУЛОВСКИ З (1994) : Полиција и човекови права, Скопје

46. КАМБОВСКИ, В (1982): Кривично право (општ дел ),Скопје

47. КАМБОВСКИ,В (1982): Кривчно право (посебен дел ),Скопје

48. КАЛАЈЏИЕВ, Г (2005): Зајакнување на независноста и ефикасноста на судството,

Сараево.

49. КАЛАЈЏИЕВ, Г. За усогласување на Законот за кривична постапка со Уставот на

Република Македонија, зборник на трудови на правниот факултет,Скопје

50. КАЛАЈЏИЕВ, Г, МАТОВСКИ, Н, БУЖАРОВСКА ЛАЖЕТИЌ Г (2011) : Кривично

процесно право,( второ изменето и дополнително издание ) Скопје

51. КАЛАЈЏИЕВ Г. (2009): Замки и заблуди на реформата на истрагата, зборник на

трудови на Правните факултети во Скопје и Загреб

52. КАЛАЏИЕВ, Г. ИЛИЌ Д.(2009): Формирање, организација и функционирање на

правосудната поллиција и истражните центри на јавното обвинителство MRKPK,

бр 2/2009

Page 124: Magisterska Emilija Penova

124

53. КАЛАЈЏИЕВ, Г. ,ЗАФИРОВСКИ, В. ,ГАВРОВСКИ, В. ,ПИРОВСКА,У.

ЈАНКУЛОВСКИ, З. ,ИБРАИМ, З.(2009):Анализа на домашното законодавство,

институции и практика во случаи на пречекорување на овластувања од страна на

овластени службени лица, ОБСЕ, Скопје

54. КАЛАЈЏИЕВ Г, ИЛИЌ Д., БУЖАРОВСКА Г., МИСОСКИ Б., (2011):

Компаративно казнено процесно право, Академик, Скопје

55. КАЛАЈЏИЕВ Г. , ВИТЛАРОВ Т ., ТРОМБЕВА М ., ИЛИЌ Д , КРСТЕВСКА К.:

Преуредување на претходната постапка во Република Македонија, МРКПК, бр.

2/3, 2008

56. Kоментари на Законот за кривична/kaзнена постапка во Босна и Херцеговина,

Совет на Европа и Европска Комисија, Сараево, 2005.

57. KÜHLE, V.: Strafprozessrecht, 5. Aufl., Heidelberg, 1999., 5.13. Pfeiffer.

58. Kundmachung der Bundesregierung vom 9. Dezember 1975 tiber die

Wiederverlautbarung der Strafprozefiordnung 1960 (Strafprozefiordnung - StPO), BGBl

1975/631.

59. KRAPAC, D. ( 1995): Англиската казнена постапка, Правен факултет, Загреб

60. KRAPAC, D.: Како да се одбере типот на казнена постапка за 2000 година?

Неколку правнодогматски и криминалнополитички прашања за расправа, Зборник

ПФЗ број 5и6/ 1994.

61. KRAPAC, D.: Полициски извиди во идното хрватско казнено процесно право:

62. правни аспекти од нацртот на Законот за казнена постапка, Полиција и Безбедност

број 3и4/1993.

63. KRAPAC, D.: Судска пракса, Хрватски летопис за казнено право и пракса, Загреб

1/1999.

64. KRAPAC, D.(1989): Современа претходна кривична постапка – настанување и

главни обележја, Наша Законитост 2и3/ 1989.

65. KRAPAC, D. (1996): Закон за кривичната постапка и други извори на хрватското

казнено процесно право, трето издание, МВР Загреб.

66. KRAPAC, D., ĐURĐEVIĆ., GLUŠČIĆ, S.. JOSIPOVIĆ, I., KOS, D. NOVOSEL, D.

(2006): Закон за казнената постапка и други извори на Хрватското казнено

процесно право, VI. Изменето и дополнето издание, Народни Новини, Загреб.

Page 125: Magisterska Emilija Penova

125

67. KRAPAC, D., ĐURĐEVIĆ., GLUŠČIĆ, S.. JOSIPOVIĆ, I., KOS, D. NOVOSEL, D.

(2001): Kazneno procesno pravo – Primjerovnik, Narodne novine d.d Zagreb

68. KRAPAC, D.: Заштита на човековите права во кривичната постапка, ЈРКК број

2/1980.

69. KRAPAC, D.: Европска конвенција за заштита на темелните права и слободи и

хрватското казнено процесно право, Народни Новини, Загреб, 2003. петто издание.

70. KRAPAC., D. (2007): Казнено процесно право, Прва книга: Институции, Народни

Новини, Загреб.

71. КРАПАЦ, Д. , КАМБОВСКИ, В., БУЖАРОВСКА, Г. , КАЛАЈЏИЕВ,Г.(2007):

Стратегија за реформа на казненото право на Р. Македонија, Министерство за

Правда, Скопје, Г. КАЛАЈЏИЕВ/ Т. СТОЈАНОВСКИ/ С. ЗИКОВ., Новите односи

меѓу полицијата, јавното обвинителство и судот во претходната постапка, МРКПК,

бр. 1, 2008.

72. KRIVO, L.J., Peterson, R.D. (1996): Extremely disadvantaged neighbourhoods and

urban crime, Social Forces, str.75:619-650.

73. KRSTIĆ, B. (1976): Некои особености на ментално оболените лица во хомицидното

однесување, Медицински вештачења во судската пракса, Центар за форензичка

психијатрија, Врапче, Загреб.

74. ЛАБОВИЌ, M ( 2006): Власта корумпира, Скопје

75. ЛАБОВИЌ,М. (1999): Деполитизација и (или) департизација на државната управа

во Република Македонија, Скопје

76. ЛАБОВИЌ, М. ,ВИТЛАРОВ, Т. , КАЛАЈЏИЕВ Г. ,СТОЈАНОВСКИ Т. (2005)

Системска анализа на законската рамка и соработката меѓу надлежните институции

во борбата против организираниот криминал, ФИООМ, Скопје

77. LJUBANOVIĆ, V.: 120 годишнина од донесувањето и санкционирањето на

хрватскиот Закон за казнена постапка од 17. мај 1875., ХЛЈЗКП број 1/1994.

78. MARKOVIĆ, B. (1921):За доказите во кривичната постапка, Белград.

79. MARKOVIĆ, B. (1926): Учебник за кривичната постапка, Белград.

80. MARKOVIĆ, T., MAKRA, A., JEREMIĆ, M., KOVAČEVIĆ, D. (1959): Кривични

дела на лишување на живот на подрачјето на НР Хрватска, Служба за

Page 126: Magisterska Emilija Penova

126

криминолошки испитувања на ДСУП НРХ, Збирка на криминолошки студии 2,

Загреб.

81. MARLEAN, J.D. PAULIN, B., WEBANCK, T,. ROY, R., LAPORTE, L.: (1999)

Paternal Flicide: a Study of 10 Men. Canadian Journal of Psychiatry, Vol. 44, No 1

82. МАТОВСКИ Н. (2003): Казнено процесно право (општ дел ),Скопје

83. МАТОВСКИ Н. (2004): Казнено процесно право (посебен дел ),Скопје

84. МАТОВСКИ Н (2001): Системот на казнената постапка во Република Македонија,

годишник nа правниот факултет, Скопје

85. Меѓународен пакт за граѓанските права, (1993)"Народни Новини",.

86. MILOŠEVIĆ, Milan (2005): Организација и функционирање на полицијата во

кривичната постапка, Драслар партнер, Белград,

87. MILOŠEVIĆ, M., STEVANOVIĆ, Č. (1997): Кривично процесно право, Полициска

академија, Белград.

88. MILOSAVJEVIC B.(1997) : Nauka o policiji, Beograd

89. MILOSAVJEVIC B: Uvod u policiske nauke, (Q. Wright, “Police Power”,

Encyclopaedia Americana, New York, 1974, vol. 22, pp. 301-302;)

90. MATHIAS E, : The balance of powers between the police and the public prosecutor, вo:

European Criminal Procedures

91. MODLY, D. (1990): Кривична пријава на органите за внатрешни работи, МВР

Загреб

92. MODLY, D. (1998): Прирачен криминалистички лексикон, Сараево.

93. MODLY, D. (1990): Органите за внатрешни работи и примена на членот 154. од

ЗКП, криминалистички и кривично процесни аспекти, Загреб.

94. МУРГОВСКИ Б.:Полицијата и безбедноста во собракајот,(докторска десертација)

Факултет за безбедност, Скопје

95. МУРГОВСКИ Б (2008): Збирка на прописи од областа на собраќајот, Скопје

96. МУРГОВСКИ Б, :Материјал од предавања, предмет „Полицијата и човековите

права“, тема:„Меѓународни и национални стандарди за улогата и структурата на

полицијата во демократското општество“.

97. NEWMAN, D. (1973): Organization Desing, London (Edward Arlond).

98. OGORELICA, N. (1899): Казнено процесно право, Загреб .

Page 127: Magisterska Emilija Penova

127

99. PANTA, M.: За преткривичната постапка во Југословенското кривично-процесно

право, ЈРКК број 1 и 2/1982.

100. PAVIŠIĆ, B. (2005): Коментар на законот за казнена постапка, Жагар,

Ријека.

101. PAVIŠIĆ, B. ( 2006): Казнено право на Советот на Европа, извори,

коментари, пракса, Голден маркетинг – техничка книга, Загреб.

102. PAVIŠIĆ, B./MODLY, D. (1999): Криминалистика издание Правен факултет

Ријека

103. PAVIŠIĆ, B., MODLY, D., VEIĆ, P. (2006): криминалистика, прва книга,

трето изменето и дополнето издание, Голден маркетинг –техничка книга, Загреб

104. PAVIŠIĆ, B., VUČKOVIĆ, R., VEIĆ, P., RADOLOVIĆ, M.(1998): Закон за

казнена постапка со коментар, литература и судска пракса, Загреб.

105. PAVIŠIĆ, B., VEIĆ, P.(1999): Kоментар на казнениот закон, МВР на РХ,

Загреб.

106. PAVIŠIĆ, B.: Нов хрватски закон за казнената постапка, Хрватски летопис

за казнено право и пракса, Загреб, вол. 15. број 2/2008, стр. 496-510.

107. PAVIŠIĆ, B : Kazneni postupak u Republici Hrvatskoj, vo : Hrvatski ljetopis za

kazneno pravo I praksu , Zagreb, vol. 7 , br. 2/ 2000

108. PAVIŠIĆ, B.(2009): Закон за казнена постапка, Наклада д.o.o.

109. PENA Uroš(2006): Работата на полицијата во заедницата и нејзината

имплементација со посебен осврт на БиХ, Графомарк, Бања Лука.

110. PETROVIĆ, Borislav(2004): Наркокриминал, кривичноправни,

криминолошки, кривичнопроцесни и криминалистички аспекти, Правен факултет

на Универзитетот во Сараево, Сараево.

111. ПАВЛОВСКИ, В. (1989) : Прием, постапување и одлуки по кривичната

пријава, Збирка на трудови

112. Police аnd Criminal Evidence Act од 1984 и Code of Practice со тој закон.

113. PERRODET А., The public prosecutor, вo: M. DЕLMAS-MARTY /J. SPENCER

(Eds.), European Criminal Procedures

114. Полиција и сигурност број 3/92, стр. 6.

Page 128: Magisterska Emilija Penova

128

115. Полицијата во заедницата 2007-2010 кои се претстоечките предизвици SDC,

Swiss Agency for Development and Coperation Freiburgstrasse 130 CH – 3003, Bern,

www.deza.ch, 2007. стр. 159-205.

116. PUŠELJIĆ, M., MAGUŠIĆ, F., NAĐ, I.(2008): Организација и

функционирање на полицијата, МВР на РХ, Загреб.

117. ROXIN, C.: Strafverfahrenrecht, (1995) 24-то издание во библиотеката

”Juristische Kurz-Lehrbücher”, C.H. Beck München .

118. РУСКОВСКА Б. ИЛИЕВСКИ Ј. (2010): Посебни истражни мерки (домашна

и меѓународна практика), Скопје

119. SAMAHA J.:CRIMINAL JUSTICE(1994): West Publishing Company

Minneapolis /St.Paul .

120. САЗДОВСКА МАЛИШ М. (2005): Прирачник за разознавачки циклус,

Скопје

121. SCHENKMAN, H.(1920): Полицијата во Стара Грција, Полиција, Белград

122. SCHüRMAN, J./ Grosse W.(1994): Wohnungsdurchsuchung nach Vorläufinger

Festnahme, Kriminalistik broj 11/1994.

123. SICOT, M.(1955): Општа и судска полиција, Загреб, РСУП, СРХ, Избор, бр.

1,стр. 5.

124. SIMONOVIĆ, B.(2005): Проект "Теориски и практични аспекти од

имплементација на полицијата во заедницата (communitу policing)", Виша школа за

внатрешни работи, Белград, стр.68.

125. SOKOLOVIĆ, Ranko: Полицијата и кривичната постапка, Службен Гласник,

Белград, 2003.

126. SPELMAN Wiliam, I John E. ECK: Problem (1987)– Orijented Policing,

Wasington De: Nacional Institute of Just

127. СУЛЕЈМАНОВ З. И ПИВАРОВ Б. (2002): Кривично процесно право,Скопје

128. ŠUPERINA, M.(2001): Казнено правна положба на полициските службени

тела за внатрешни работи во Хрватското казнено право, Биротисак д.o.o., Загреб,

стр. 47-82.

129. СТОЈАНОВ И.(1989) : Оштетениот како тужител, Скопје

Page 129: Magisterska Emilija Penova

129

130. СТОЈАНОВ И (1996) : Мерки и дејствија во предкривичната

постапка,Ревија за киминалистика, криминологија и кривично право, Скопје

131. СТОЈАНОВСКИ Т, КАЛАЈЏИЕВ Г, (2006):Критички осврт кон Законот за

полиција, Билтен бр. 1, ФИООМ, Скопје

132. СТОЈАНОВСКИ,Т . : Полицијата во демократското општество, Скопје

133. ТРПКОВСКИ, Д. (1983):Улогата на Јавниот обвинител во предкривичното

постапување и претходна кривична постапка

134. ТУМАНОВСКИ, Т. : (2001): Постапка на јавниот обвинител по кривични

пријави, Скопје

135. TEGELTIJA, Milan. и соработници.(2006): Mod 1 кривична област истражна

постапка, ЦЕСТ Ф БиХ, ЦЕСТ РС, Сараево.

136. TERRITO L. / HALSTED JAMES B. / BROMLEY MAX L.(1992): Crime and

Justice in America: a human perspective, treće izdanje West Publishing Company,

Mnneapolis/St.Paul .

137. The Oxford Dictionary(1933) : A New English Dictionary on Historical

Principles, Oxford Klarendon Press, spored T СТОЈАНОВСКИ, op. Cit. 1997, str. 41.

138. VASILJEVIĆ, T.(1971): Систем на кривичното процесно право на СФРЈ,

Белград .

139. VASILJEVIĆ, T(1977) : Komentar Zakona o krivicnom postupku, Sluzbeni list,

Beograd

140. VEIĆ, P.(1996): Хрватската полиција и меѓународните стандарди на

полициското постапување, Загреб, МВР на РХ.

141. VODINELIĆ, V.(1982): Како се врши претрес на лица, простории и возила

во криминалистичка истрага, Белград .

142. VODINELIĆ, V.: Основи за сомневање и основано сомневање во науката за

кривично процесно право. Наша Законитост, Загреб број 9/1977.

143. VODINELIĆ, V.(1987): Криминалистика, VI. Издание, Современа

Администрација, Белград.

144. ВОДИНЕЛИЌ, В. (1999): За различните сфаќања во поранешната

југословенска литература и повеќе европски држави види во Криминалистичка

тактика 1, Скопје 1999, стр. 147 и натаму

Page 130: Magisterska Emilija Penova

130

145. VUČKOVIĆ, V.(1976): Прилог на проблемот на повеќекратни убијци,

Медицински истражувања во судската пракса, Центар за форензичка психијатрија

на Психијатриската болница Врапче, Загреб.

146. VUČKOVIĆ, V, Vuckovic J. (1996) : Krivicno procesno pravo , Beograd

147. VUKADINOVIĆ. R.(1998): Меѓународни политички односи, Барбат, Загреб

148. WALKA, A.(1923): прирачник за полициската служба, Загреб, стр.8.-9. и стр.

821.

149. WEIGEND, I.: Реформа на кривичната постапка, Законитост 11 и 12/1992.

150. ЗАФИРОВСКИ А, ЈАНКУЛОВСКИ З – Полициските овластувања и

човековите права во Република Македонија, Скопје.

151. ZEČEVIĆ, D., ŠKAVIĆ, J.(1996): Основи на судската медицина за правници,

Барбат, Загреб.

152. ZLATARIĆ, B./ DAMAŠKA, M.(1966): Речник на кривично право и

постапка, Информатор, Загреб.

153. ZUPANČIČ, B.(1996): Уставно казнено процесно право, Љубљана.

Правни прописи:

- Устав на Република Македонија

- Закон за јавно обвинителство

- Закон за полиција

- Закон за кривична постапка на РМ (пречистен текст )

- Новиот закон за кривична постапка

- Закон за внатрешни работи (пречистен текст)

- Закон за следење на комуникациите 2006

- -Закон за кривична постапка на Германија

- -Закон за кривична постапка на Италија

- -Закон за кривична постапка на Франција

- -Закон за кривична постапка на Босна и Херцеговина

- -Нацрт-закон за казнена постапка на Хрватска

- Правилник за начинот на вршење на полициските работи 2006

Page 131: Magisterska Emilija Penova

131

- Правилник за организација и систематизација на работите и задачите во јавното

обвинителство,2004

Internet stranici:

1. http://www.pravo.org.mk/index.php

2. http://www.coe.int/

3. http://www.europa.int/

4. http://www.euro-justice.com/

5. www.deza.ch,