ПРЕДИЗВИЦИ ВО СПРЕЧУВАЊЕ И КОНТРОЛА НА ЗАГАДУВАЊЕТО...

30
ПРЕДИЗВИЦИ ВО СПРЕЧУВАЊЕ И КОНТРОЛА НА ЗАГАДУВАЊЕТО ОД ТЕРМО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ЦЕНТРАЛИ НА ЈАГЛЕН ВО МАКЕДОНИЈА ЈУНИ 2014, СКОПЈЕ

Upload: independent

Post on 19-Nov-2023

1 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

ПРЕДИЗВИЦИ ВО СПРЕЧУВАЊЕ И КОНТРОЛА НА ЗАГАДУВАЊЕТО

ОД ТЕРМО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ЦЕНТРАЛИ НА ЈАГЛЕН ВО

МАКЕДОНИЈА

ЈУНИ 2014, СКОПЈЕ

ПРЕДИЗВИЦИ ВО СПРЕЧУВАЊЕ И КОНТРОЛА НА ЗАГАДУВАЊЕТО

ОД ТЕРМО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ЦЕНТРАЛИ НА ЈАГЛЕН ВО

МАКЕДОНИЈА

ЈУНИ 2014, СКОПЈЕ

Автор: Александра Бујароска (Фронт 21/42)

Анализата е подготвена во рамки на спроведување на заеднички проект „Градење

партнерства за заштита на климата во Македонија“ со Центарот за истражување и

информирање „Еко-свест“.

1

Во контекст на актуелните две најголеми глобални грижи на светот: потребата од

ефтина енергија и борбата против климатските промени и намалување на емисијата на

штетните гасови, производството на електричната енергија е една од клучните

пресечни точки која треба да ги рефлектира овие два посакувани резултати1. Овие две,

многу често спротивставени, цели бараат поцелисходен заемен одговор на политиките

за снабдување со електрична енергија и политиките за заштита на животна средина и

здравјето на човекот. Ова подразбира поинаков пристап во корелацијата на идното

енергетско-еколошко сценарио, така што во производството на електричната енергија,

со оглед на фактот што поголема потреба од електрична енергија многу често значи и

поголема деградација на животната средина, еколошката одговорност е земена

предвид. Правото на здрава животна средина денес се повеќе се оддалечува од

традиционалното потчинување на суровата потреба од електрична енергија што

резултира правата и обврските за заштита на животната срединада се интегрираат во

сите сфери на енергетската политиката.

Европската унија повикувајќи се на правото на здрава животна средина се соочи со

судир на се поголемата потреба од електричната енергија и стремежите за

декарбонизирана иднина и нула загадување. Амбициозните цели на Европска унија за

енергија и клима со кои општеството треба да се заснова на ниско ниво на емисија на

јаглерод, енергетска ефикасност и поголема употреба на обновливите извори на

енергија преточено во посакуваните цели со политики за 2020, 2030 и 2050 година

уште повеќе ја потенцираат потребата за иновативни и креативни решенија,

ослободени од традиционалните начини на производство на електричната енергија

кои покажале штети врз здравјето на човекот и животната средина.

Имајќи ја предвид ваквата политичка заложба за енергетскиот сектор први на удар се

најдоа термоелектраните односно т.н. валкана енергија. Термоенергетските

капацитетиемитираат значителни количини на прашина (ПМ10 и ПМ2,5 честички),

сулфур диоксид, азотни оксиди и јаглерод моноксид кои имаат директно негативно

влијание на живиот свет преку емисијата на јаглерод диоксид и метан и глобално

негативно влијание допринесувајќи кон ефектот на стаклена градина. Долгорочна

изложеност на овие загадувачи на воздухот има директно негативно влијае на белите

дробови и срцето. Релутатот од влијанието вклучува хронични респираторни болести,

1 1 Source: Nakhle, C., Energy and Climate- No need for conflict. International Association for Energy Economics (IAEE)

Newsletter, 4th quarter, (2007) p.125

1. ТЕРМОЕЛЕКТРАНИ НА ЈАГЛЕН И ЕФЕКТИТЕ ВРЗ

ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ЧОВЕКОВОТО

ЗДРАВЈЕ

2

како што се хроничен бронхитис, емфизема и рак на белите дробови, и

кардиоваскуларни заболувања, како што се миокарден инфаркт, конгестивна срцева

слабост, исхемична срцева болест и срцеви аритмии. Акутни ефекти вклучуваат

респираторни симптоми како што се стегање во градите и кашлање, како и

зголемување на случаите на астма и алергии. Загадувањето на воздухот со овој тип на

полутанти, исто така, може да резултира со ниска плодност и

предвременопородување како резултат на изложеност на мајката на овие загадувачи

во текот на бременоста.2

Други опасни супстанции што ги емитираат електраните на јаглен се тешките метали и

неразградливите органски загадувачи (POPs), како што се диоксини и полициклични

ароматични хемикалии (PAHs). Влијанието може да биде директно преку дишење или

индиректно преку конзумација на контаминирана храна и вода. Посебна загриженост

предизвикува емитирањето жива кое може да резултира со нарушување на

когнитивниот развој на децата и да предизвика непоправлива штета на виталните

органи на фетусот. Дополнително на листата на тешки метали вклучува и олово, арсен,

кадмиум и ураниум.3

Во однос на цврстиот отпад, типична термоелектрана резултира со повеќе од 125.000

тони пепел. Токсични материи во отпадот, вклучувајќи ги арсенот, живата, хромот,

кадмиумот – директно ја загадуваат почвата, а може да го загадат и

водоснабдувањето.

Преку системите за ладење се употребуваат 70-180.000.000.000 литри вода (вода

потребна за ладење за една типична 600 мегавати термоелектрана). Доколку се

испуштаат во река, езеро или океан (имајќи предвид дека оваа вода е и до 20-25 ° F

потопла) доведува до "термо загадување", кое може да доведе до изумирање на

водниот жив свет. Дополнително, отпадната вода содржи висока концентрација на

хлор или други токсични хемикалии кои имаат негативно влијание врз животната

средина.4

Типична термоелектрана на јаглен има потреба од 40 транспортни вагони за

снабдување на 1.400.000 тони во една година. Тоа е 14.600 транспортни движења

годишно. Транспортот кој често подразбира употреба на гориво дополнително

придонесува во количеството на емисија на азотни оксиди (NOx), прашина и слично.5

Според студијата на Health and Environment Alliance „THE UNPAID HEALTH BILL How coal

power plants make us sick“ изготвена минатата година eмисиите од термоцентралите во

Европа значително придонесуваат во болести предизвикани од загадувањето на

2 http://earthjustice.org/features/campaigns/the-anatomy-of-air-pollution-from-coal-plants

3Треба да се напомене дека термоелектраните се најголемиот извор на жива во Европа. Европската унија работи на

решавање на овој проблем преку технички опции за намалување на овие емисии во рамките на новиот договор на

ОН 4 http://www.ucsusa.org/clean_energy/

5 http://www.ucsusa.org/clean_energy/

3

животната средина. Последните податоци објавени во овој извештај покажуваат дека

во Европската унија загадувањето резултира со повеќе од 18.200 прерани смртни

случаи, 8500 случаи на хроничен бронхитис, како и над 4.000.000 изгубени работни

дена секоја година. Економските трошоци на здравствените влијанија од согорувањето

на јаглен во Европска Унија се проценува на 42.800.000.000 € годишно. Ако се додадат

емисиите од термоцентралите во Хрватска, Србија и Турција, бројката на смртност се

зголемува за 23.300 прерани смртни случаи, или 250.600 случаи на прерана смрт

годишно, додека вкупните трошоци се изнесуваат до 54.700.000.000 € годишно. Овие

трошоци се главно поврзани со респираторни и кардиоваскуларни болести, кои се две

важни групи на хронични болести во Европа.6

Во производството на електрична енергија во Македонија доминираат

термоелектраните на лигнит. Речиси 90% од примарната енергија во Македонија се

добива од фосилнитегорива, главно лигнит и мазут, па како резултат на тоа

енергетскиот сектор учествува со преку 70% во вкупните емисии на стакленички

гасови, а слично учество има и во локалното загадување.7 За жал кај нас не се

направени детални студии за загадувањето од постоечките термоелектрани и

потенцијалното влијание од отварањето нови капацитети. Од она што е достапно како

официјален податок може да се констатира дека термоелектраните заземаат големо

учество во аерозагадувањето во Македонија и генерирањето отпад.

Според „Програма за постепено намалување на емисиите на одредени загадувачки

супстанци на ниво на Република Македонија со проекции на намалувањето од 2010 до

2020 година“ до 90% од вкупната емисија на сулфур диоксид - SO2 во Република

Македонија е резултат на согорувањето на фосилните горива за производство на

електрична енергија во термолектраните на јаглен (РЕК Битола и РЕК Осломеј) и

производството на топлотна енергија. Во однос на емисијата на азотни оксиди (NOx)

главен извор повторно претставуваат согорувачките процеси при производство

наелектрична енергија од согорување на јаглен кои учествуваат со околу 60%. Во однос

насуспендирани честички (TSP) иако нема доминантно учество 33,8% од вкупната

емисија отпаѓа на производство на топлотна и електрична енергија и согорување на

горива во производствена индустрија.

Според месечните извештаи за емисии за ТЕ Битола и ТЕ Осломеј доставени од страна

на Македонскиот информативен центар за животна средина при Министерството за 6 www.env-health.org/unpaidhealthbill

7Програма за постепено намалување наемисиите на одредени загадувачки супстанцина ниво на Република

Македонија со проекциина намалувањето од 2010 до 2020 година, мај 2012, Скопје

1.1. ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ НА ЈАГЛЕН ВО

МАКЕДОНИЈА – ИЗВОР НА ЗАГАДУВАЊЕ

4

животна средина и просторно планирање емисијата на сите загадувачки супстанци во

воздухот од овие два капацитети е над максимално дозволените гранични вредности.

За пример во следните табели претставени се количествата на емисии на гасови за

месец февруари 2013 година за двете термоелектрани.

ИЗВЕШТАЈ ОД ИЗВРШЕНО МЕРЕЊЕ НА ЕМИСИЈА НА ГАСОВИ ОД ТЕ ОСЛОМЕЈ ЗА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ 2013 ГОДИНА

ЗАГАДУВАЧКА СУПСТАНЦА КОЛИЧИНА НА ЕМИСИЈА MG/NM

3

КОЛИЧИНА НА ЕМИСИЈА KG/H

SO2 3.364,60 2.090,99

NO2 408,60 253,93

CO 581,04 361,10

Прашина 461,50 286,81

ИЗВЕШТАЈ ОД ИЗВРШЕНО МЕРЕЊЕ НА ЕМИСИЈА НА ГАСОВИ ОД ТЕ БИТОЛА ЗА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ 2013 ГОДИНА

БЛОК I

KАНАЛ ДОЛУ

ЗАГАДУВАЧКА СУПСТАНЦА КОЛИЧИНА НА ЕМИСИЈА MG/NM

3

КОЛИЧИНА НА ЕМИСИЈА KG/H

SO2 5.387,59 /

NO2 688,51 /

CO 55,46 /

Прашина 296,14 /

KАНАЛ ГОРЕ

ЗАГАДУВАЧКА СУПСТАНЦА КОЛИЧИНА НА ЕМИСИЈА MG/NM

3

КОЛИЧИНА НА ЕМИСИЈА KG/H

SO2 5.665,63 /

NO2 577,47 /

CO 65,84 /

Прашина 325,53 /

БЛОК II

KАНАЛ ДОЛУ

ЗАГАДУВАЧКА СУПСТАНЦА КОЛИЧИНА НА ЕМИСИЈА MG/NM

3

КОЛИЧИНА НА ЕМИСИЈА KG/H

SO2 5.571,88 /

NO2 349,47 /

CO 105,2 /

Прашина 348,70 /

KАНАЛ ГОРЕ

ЗАГАДУВАЧКА СУПСТАНЦА КОЛИЧИНА НА ЕМИСИЈА MG/NM

3

КОЛИЧИНА НА ЕМИСИЈА KG/H

SO2 5.681,07 /

NO2 385,83 /

CO 96,93 /

Прашина

342,73 /

5

БЛОК III

KАНАЛ ДОЛУ

ЗАГАДУВАЧКА СУПСТАНЦА КОЛИЧИНА НА ЕМИСИЈА MG/NM

3

КОЛИЧИНА НА ЕМИСИЈА KG/H

SO2 3.314,43 /

NO2 836,52 /

CO 30,88 /

Прашина 440,33 /

KАНАЛ ГОРЕ

ЗАГАДУВАЧКА СУПСТАНЦА КОЛИЧИНА НА ЕМИСИЈА MG/NM

3

КОЛИЧИНА НА ЕМИСИЈА KG/H

SO2 3.685,30 /

NO2 810,62 /

CO 31,57 /

Прашина 537,19 /

Доколку се земат за референтни моменталните гранични вредности за емисијата за

SO2 која изнесува 400 mg/Nm3 и за емисија на прашина која изнесува 50 mg/Nm3, двете

термоелектрични централи го загадуваат воздухот десет пати повеќе од максимално

дозволената концентрација. Надминување на граничните вредности има и за NO2.

Според барањето за добивање А- дозвола за усогласување со оперативен план за РЕК

„Битола”, капацитетот претставува голем загадувач на водите. Од рудникот „Суводол”

во Река Црна се испуштаат околу 1,9*106 [m3] непречистени отпадни води на годишно

ниво, после механичкиот третман во таложници. Валканите води, преку систем на

цевководи и пумпи, се носат во специјална непропусна јама за неутрализација, од

каде по нивната неутрализација, се пуштаат во канал во Река Црна, а фекалните води,

исто така се прочистуваат во посебна пречистителна станица. И покрај тоа што постојат

јасно дефинирани обврски за пречистување на отпадните води на овој проблем сé

уште не му е посветено соодветно внимание.

Во однос на отпадот депонијата за пепел и згура на РЕК Битола која е настаната како

резултат на долгогодишното работење на овој комплекс е веќе класифицирана како

еколошка жешка точка. На површина од речиси 100 милиони m2 депонирани се околу

1,5 милиони тони отпад. Дополнително,вреди да се напомене дека загадувањето на

почвата од работењето на РЕК „Битола” е особено значајно ако се земе предвид дека

во последните неколку години, во технолошкиот процес на горењето се издвојуваат

50 [t/h], односно околу 1,4·106 тони годишно електрофилтерски пепел и 8 [t/h],

односно 160·106 тони годишно шљака.8

8 http://postconflict.unep.ch/publications/fyromfinalasses.pdf

6

Европската унија преку регулаторните системи на превенција, контрола и

задолжителното унапредување на технологијата константно воспоставува и

унапредува системи со цел намалување на загадувањето во сите медиуми на

животната средина. Правната рамка се состои од сет директиви кои интегрирано имат

за цел да обезбедат спречување а таму каде што тоа не е возможно намалување на

загадување преку унапредување на технологијата за одредени инсталации.

Централите на јаглен дефинирани како загадувачи треба да го усогласат своето

работење со одредбите на овие директиви. Во однос на електричните централи на

јаглен главни релевантни директиви кои треба да обезбедат спречување односно

намалување на загадувањето се Директивата за интегрирано спречување и контрола

на загадувањето, Директивата за намалување на емисиите во воздухот од големи

согорувачки инсталации и новата Директива за индустриски емисии.

Директива96/61/ЕЗ9 има за цел спречување и контрола на загадувањето кое

произлегува од шест сектори (индустриски и земјоделски инсталации) наведени во

Анекс I на Директивата10 преку имплементирање на најдобрите достапни техники

(НДТ). Директивата беше усвоена на 30 октомври 1996 година и дефинира процедура

за авторизирање на загадувачките активности и минимум барања за загадување и им

на налага операторите на дефинирани дејности да обезбедат т.н. еколошка дозвола

како законски услов за почеток (или продолжување) со работа. Самата еколошка

дозвола претставува регулативна „алатка“ чија цел е заштита на животната средина во

целина (интегриран пристап11), преку комплетно спречување, а таму каде што тоа не е

практично, преку намалување на емисиите во вода, воздух и почва, вклучувајќи ги и

мерките за управување со отпад и мерките за енергетска ефикасност.

Операторите кои сакаат да добијат ИСКЗ дозвола мора да го усогласат своето

работење со амбициозните принципи и дефинирани гранични вредности на емсии врз

9 32008L001

10 Инсталации по категории на дејности кои неопходно подлежат на овие барања од оваа Директива се:

Енергостопанство, Производство и обработка на метали, Индустрија на минерали, Хемиска индустрија,

Постапување со отпадот и други дејности 11

Интегриран пристап подразбира целосно координирање на условите и постапката за издавање на дозволата.

2. СПРЕЧУВАЊЕ И КОНТРОЛА НА ЗАГАДУВАЊЕТО

ОД ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ НА ЈАГЛЕН

2.1. ДИРЕКТИВА ЗА ИНТЕГРИРАНО СПРЕЧУВАЊЕ И

КОНТРОЛА НА ЗАГАДУВАЊЕТО (ИСКЗ)

7

основа на најдобрите достапни техники12. Референтните листи за НДТ се издаваат за

секоја индустриска гранка одделно и се надградуваат во зависност од промена на

технологиите. Дозволата треба да содржи гранични вредности за испуштањата на

загадувачките супстанци во водата, воздухот и почвата. Граничните вредности на

испуштањата и еквивалентните параметри и техничките мерки треба да се засноваат

на НДТ, водејќи сметка за техничките својства на предметната инсталација, за

нејзината географска местоположба и за локалните еколошки услови. Дозволата треба

да содржи информации за емисиите со дефинирана мерната методологија и динамика

(период на мерење), постапка за проценување и обврската за доставување податоци

за извршениот мониторинг како и за текот на исполнување на условите и мерките

предвидени во плановите за унапредување на технологијата. Според Директивата

доколку еколошкиот стандард за квалитет налага построги услови од оние што можат

да се постигнат со користење на НДТ во дозволата дополнително треба да се

предвидат мерки без исклучување на другите мерки кои што би можеле да бидат

преземени за сообразување со еколошките стандарди за квалитет.

Директивата ги дели инсталациите на постоечки и нови инсталации. Постоечки (стари)

инсталации се инсталациите кои до 30 октомври 1999 година работат или се

поседуваат дозвола за работа со која инсталацијата отпочнува со работа најдоцна до

30 октомври 2000 година. За овие инсталации е предвиден транзиционен период за

усогласување на нивната технологија со најдобрите достапни техники најдоцна до 30

октомври 2007 година. За новите инсталации кои започнале со работа по 1 ноември

2000 година уште од почеток треба да ја усогласат технологијата со НДТ како услов за

отпочнување со работа.

ТРАНСПОНИРАЊЕ

Рамковниот Закон за животна средина од 2005 година13 го воведе овој европски

модел на регулација на индустриското загадување во Македонија14. Според одредбите

на Закон за животна средина работењето на новите инсталации или значителните

промени на постоечките се вршат само по претходно добиена интегрирана еколошка

дозвола. Ваква дозвола се добива само доколку инсталацијата ги има

имплементирано предвидените најдобри достапни техники (НДТ) во зависност од

индустриската гранка. Исклучок од ова правило претставуваат инсталациите кои се

дефинирани како постоечки односно инсталаците кои започнале со работа пред 1 јули

12

Според директивата најдобрите достапни техники е најефективната и најнапредната фаза во развојот на активностите и на методите на работа кои укажуваат на практичната соодветност на конкретните технологии за обезбедување, во начело, на основата на граничните вредности за емисиите, наменети за спречување и, онаму каде што тоа не е практично возможно, за намалување на емисиите и на негативното влијание врз животната средина 13

Службен весник на РМ“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 128/10, 51/11, 123/12, 93/13,187/13, 42/14) 14

Уредба за определување на активностите на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола односно дозвола за усогласување со оперативен план и временскираспоред за поднесување на барање за дозвола за усогласување со оперативен план,(„Службен весник на РМ“ бр. 89/05)

8

2007 година. За овие инсталации предвиден е системот на дозвола за усогласување со

оперативен план. Дозволата за усогласување со оперативен план предвидува „грејс“

период во кој треба да се усогласат со НДТ.15

Оперативниот план од дозволата содржи сет на активности и мерки предвидени во

фази кои загадувачот ќе ги превземе за да го усогласи своето работење со НДТ.

Оперативниот план е поткрепен со финансиски план за спроведување на мерките.16 За

обезбедување на спроведувањето на активностите и мерките од оперативниот план

Законот за животна средина предвидува финансиска гаранција.

Според Законот, сите постоечки инсталации (кои се оперативни пред 1 јули 2007)

имаат обврска да го усогласат своето работење со најдобрите достапни техники

најдоцна до 1 април 2014 година17. По исклучок, Владата на РМ може да утврди

дополнителен рок за поединечна постоечка инсталација кој не може да биде подолг

од 1 април 2019 година. Законот остава можност за операторот на нова инсталацијата

која започнува со работа во периодот 1 јули 2007 година до 31 декември 2009 година

да одлучи дали ќе поднесе барање за дозвола за усогласување со оперативен план

или барање за добивање А-интегрирана еколошка дозвола. Новите инсталации (оние

кои започнуваат со работа по 1 јануари 2010), исто така до 2014 треба да обезбедат А-

интегрирана еколошка дозвола како услов за почеток со работа.

Главната цел на Директивата 2001/80/ЕК18 е ограничување на количината на сулфур

диоксид, азотни оксиди и прашина што се емитираат од големи постројки за

согорување како и воспоставување на гранични вредности на емисии (ГВЕ) за

постоечките и новите инсталации. Директивата ги опфаќа согорувачите со номинален

топлински влез еднаков на или поголем од 50 MW, без оглед на видот на горивото кое

го користат (цврсто, течно, гасовитоили комбинација од сите). Истовремено,

директивата ги поттикнува операторите на инсталациите да имплементираат

комбинирано производство на топлина и електрична енергија (когенеративно

производство). Директивата врши поделба на постоечки (стари) инсталации и нови

инсталации во зависност од времето на отпочнување со работа на инсталацијата:

15

Правилник за поблиските услови кои треба да ги исполнат членовите на научно-техничката комисија за најдобри достапни техники, („Службен весник на РМ“ бр. 71/06) 16

Правилник за постапката за добивање А-интегрирана еколошка дозвола, („Службен весник на РМ“ бр. 04/06); Правилник за постапката за добивање Б-интегрирана еколошка дозвола, („Службен весник на РМ“ бр. 04/06); Правилник за постапката за издавање дозвола за усогласување со оперативен план („Службен весник на РМ“ бр. 04/06); 17

За оние индустриски гранки за кои не се изготвени упатства за НДТ се применуваат упатствата изготвени од страна на Европската комисија http://eippcb.jrc.ec.europa.eu/reference/ 18

32001L0080

2.2. ДИРЕКТИВА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЕМИСИИТЕ ВО

ВОЗДУХОТ ОД ГОЛЕМИТЕ СОГОРУВАЧКИ ИНСТАЛАЦИИ

9

- Согласно директивата операторите на овластените постројки чие работење

започнало во периодот од 1 јули 1983 до 27 ноември 2002 година мора да ги

намалат емисиите од своите постројки во согласност со граничните вредности

на емисиите утврдени во Дел А (од анекс III до анекс VII за сулфур диоксид,

азотни оксиди и прашина).

- Инсталациите на кои работниот век им започнал по 27 ноември 2002 мора да го

усогласат своето работење со построгите гранични вредности на емисиите

утврдени во Дел Б (од анекс III до анекс VII за сулфур диоксид, азотни оксиди и

прашина).

Директивата остава можност одредени постројки да бидат изземени од усогласеноста

со граничните вредности на емисии и од вклучување во националните планови за

намалување на емисиите само доколку операторот превземе обврска да не работи

повеќе од 20.000 часа во периодот помеѓу 1 Јануари 2008 и 31 декември 2015 година.

Покрај тоа, директивата остава можност за отстапување од усогласеноста со

граничните вредности на емисија за постројки кои работат на специфични видови на

горива.

За постоечките инсталации директивата предвидува два начина на постигнување на

редукција на емисиите и тоа:

- постигнување усогласеност со граничните вредности на емсии преку

унапредување на технологијата и ограничување на емисијата на секоја

постројката одделно согласно Дел А од Анекс III до VII, или

- преку национален план за редукција на вкупните емисии на инсталациите,

односно имплементација на мерките наведени во програмата со кои се

постигнува вкупно намалување на годишните количини на емисии на SO2, NOX,

вкупни суспендираните честички, амонјак и испарливи органски соединенија.

Намалувањето на емисиите од постоечките (стари) инсталации предвидено во

директивата и усогласувањето со граничните вредности на емисии требаше да се

постигне најдоцна до 1 јануари 2008 година.

За исполнување на одредбите во директивата земјите-членки на ЕУ требаше да

испратат национален план за намалување на емисиите запостојните постројки не

подоцна од 27 ноември 2003 година.19 Овие планови согласно директивата содржат

конкретни мерки и рокови за постигнување на целите и граничните вредности

поставени во директивата како и механизам за следење на напредокот. Методите за

мерење на емисиите и фреквенцијата на мониторингот се утврдени во Анекс VIII на

19

Со цел полесно изготвување на овие национални планови Комисијата на ЕУ во 2003 година изготви упатства кои содржат насоки за изработка на плановите: Commission Recommendation 2003/47/EC of 15 January 2003 on the guidelines to assist a Member State in the preparation of a national emission reduction plan further to the provisions of Directive 2001/80/EC on the limitation of emissions of certain pollutants into the air from large combustion plants [Official Journal L 16 of 22.1.2003].

10

директивата. Анексот содржи и правилата за воспоставување и водење на мониторинг

на емисијата за овој тип на инсталации.

ТРАНСПОНИРАЊЕ Транспонирање на директивата во нашето законодавсто се изврши преку Уредбата за определување на согорувачките капацитети кои треба да превземат мерки за заштита на амбиентниот воздух од загадување од 2011 година20. Согласно Уредбата, операторите на големите согорувачки инсталации се задолжуваат даподготват План за превземање на мерки за заштита на воздухот во кој ќе се дадат акциите за редукција на емисиите и временската рамка на исполнување на соодветната инсталација. Секоја голема согорувачка инсталација прави посебен план за редукција. Планот за превземање на мерки треба да ги содржи основните технички податоци за инсталацијата како што се општите податоци, количините на емисија на годишно ниво, придонесот во националните горни-граници плафони, тип на гориво, капацитетот на инсталацијата, бројот на работни часови, годишни емисии на SO2, NОx и TSP, емисиите на SO2 пред почнување на десулфуризација, степенот на десулфуризација и вкупниот годишен проток. Планот треба да содржи и мерки за намалување на емисијата како што се промена на горивото, промена и подобрување на водење на процесот на горење и согорување, воведување на нови уреди за намалување на емисиите, временски распоред за спроведување на планот, процена на средства за спроведување, анализа на трошокот и користа и друго. Согласно Уредбата секоја идентификувана голема согорувачка инсталација треба да достави план до надлежниот орган (МЖСПП) каде треба да се разработат и усогласат поедините планови со ефектите врз вкупното загадување на ниво на државата, придонесот во националните горни-граници плафони, сообразност со граничните вредности на емисии како и да се алоцираат потребните финансиски средства за спроведување на плановите. Подготвените планови од големите согорувачки инсталации треба да бидат дел од програмата. Донесувањето на планот е со цел согорувачките капацитети (инсталации) во временски период од 2010 до 2020 година да ги намалат емисиите на загадувачки супстанции во воздухот. Во контекст на работата на големите согорувачки инсталации мора да се напомене дека интегрираните еколошки дозволи и дозволите за усогласување со оперативен план (ИСКЗ) ги дефинираат обврските на овие инсталации како на новите, така и на постоечките.21 Меѓу поважните обврски се мерките за намалување на емисиите, кои се и основа за издавање на ИСКЗ дозволата.22 Освен овие услови големите согорувачки инсталации мора да го задоволат и условот на придржување кон гранични вредности на емисии, кои се пропишани со Правилникот за гранични вредности на емисии23.

20

Службен Весник на РМ 112/2011 21

Со ИСКЗ дозволата може дасе пропишат и построги гранични вредности, како и гранични вредности на емисии за други загадувачки супстанци ако е утврдено дека сеиспуштаат во воздухот. 22

Програма за постепено намалување наемисиите на одредени загадувачки супстанцина ниво на Република Македонија со проекциина намалувањето од 2010 до 2020 година, мај 2012, Скопје 23

Правилник за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачкисупстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот (Сл. Весник на РМ бр.141/2010)

11

Овaа директива24 претставува преработка на седум постоечки директиви кои го

регулираат загадувањето од индустријата и нејзината цел е да се постигне значајни

придобивки за животната средина и здравјето на луѓето преку намалување на

штетните индустриски гасови во ЕУ, особено преку подобра примена на најдобри

достапни техники.

Директива за индустриски емисии претставува збир од следните постоечки директиви:

- Директивата за спречување и контрола на загадувањето (IPPCD) - Глава II;

- Директивата големи согорувачки инсталации (LCPD)- Глава III;

- Директивата за управување со горењето на отпадот (WID) - Глава IV;

- Директивата за емисии на растворувачи (SED) - Глава V;

- Tрите постоечки Директиви на титаниум диоксид -Глава VI

o отстранување (78/176/ЕЕЦ),

o за следење и надзор (82/883/ЕЕЦ) и

o програмите за намалување на загадувањето (92/112/ЕЕЦ).

Директивата стапи на сила на 6 јануари 2011 година и требаше да се транспонира во националното законодавство од страна на земјите-членки до 7 јануари 2013 година. Директивата ги заменува сите директиви заклучно со 7 јануари 2014 со исклучок на Директивата за големите согорувачки инсталации која ја земенува од 1 јанури 2016 година.

Директивата за индустриски емисии се базира на неколку претходно презентирани

принципи во однос на спречувањето и контролата на загадувањето:

- интегриран пристап,

- најдобрите достапни техники,

- флексибилност,

- мониторинг и надзор, и

- учество на јавноста.

Директивата содржи одредби за следните инсталации :

- инсталации со согорувачки капацитет ≥ 50 MW;

- инсталации за горење или согорување на отпад;

- одредени инсталации и активности кои користат органски растворувачи;

- инсталации за производство на титаниум диоксид;

- сите активности претходно дефинирани со Директивата за ИСКЗ, со одредено

проширување на листата.

24

DIRECTIVE 2010/75/EU OF THE EUROPEAN PARLIAMENT AND OF THE COUNCILof 24 November 2010 on industrial emissions (integrated pollution prevention and control)

2.3. ДИРЕКТИВА ЗА ИНДУСТРИСКИ ЕМИСИИ

12

Согласно директивата индустриски инсталации што се наведени во Анекс I на

Директивата мора да исполнат следните основни обврски25:

- превземање превентивни мерки за загадување;

- применување најдобрите достапни техники (НДТ );

- не предизвикување значително загадување;

- намалување на генерираниот отпад, рециклирање или отстранување на начин

кој најмалку предизвикува загадување;

- спроведување мерки за енергетска ефикасност;

- спроведување мерки за намалување на индустриските несреќи и ограничување

на нивното влијание на минимум; и

- ремедијација на земјиштето кога инсталацијата ќе заврши со активностите.

Директивата за индустриски емисии всушност претставува правен наследник на Директивата за интегрирано спречување и контрола на загадувањето и налага минимизирање на загадувањето од различни индустриски извори во рамките на Европската унија. Исто како и кај ИСКЗ Директивата, интегриран пристап подразбира дека при одобрување на работењето на инсталацијата мора да подлежи на дозвола во која ќе се земат предвид сите еколошки перформанси на инсталацијата што ги опфаќа емисии во воздухот, водата и почвата; генирирањето отпад; начинот на користење на суровините; барањата за енергетска ефикасност, бучава, заштита од несреќи и ремедијација на местото на затворање.

За постигнување на високо ниво на заштита на животната средина како целина директивата предвидува имплементирање на најдобрите достапни техники кои се развиени на скала која овозможува имплементација во релевантниот индустриски сектор под економски и технички остварливи услови. Директивата предвидува ревизија на веќе постојните најдобри достапни техники предвидени во ИСКЗ директивата и нивна имплементација најдоцна 4 години од нивното објавување.

Во специфични случаи во дозволата можат да се предвидат помалку строги гранични вредности за емисија во споредба со нивоата на емисии поврзани со НДТ, доколку се покаже дека постојат непропорционални повисоки трошоци во споредба со користа за животната средина поради специфичности на локалните услови и тоа како резултат на географска локација или локалните услови на животната средина или техничките карактеристики на инсталацијата. Оваа можност за флексибилност во дозволата ги вклучува проценките на трошоците и придобивките од спроведување на мерките за намалување на загадувањето. Дополнително, Глава III од директивата која се однесува на големи постројки за согорување вклучува одредена флексибилност во однос на инструменти за намалување на загадувањето (на пример преодни национални планови, ограничување на работните часови и слично).

Директивата за индустриски емисии содржи одредби кои определуваат задолжителен

мониторинг и надзор на емисиите на инсталациите и го гарантира правото на јавноста

25

http://europa.eu/legislation_summaries/environment/soil_protection/ev0027_en.htm

13

да учествува во процесот на донесување одлуки и издавање дозволи и налага

обезбедување целосен пристап до информации за инсталациите со цел ефективно

учество на јавноста.

ТРАНСПОНИРАЊЕ

Транспонирањето на оваа директива доправа претстои во нашето законодавство. Она

што оваа нова директива менува во однос на постоечките (претходните) директиви

останува предизвик како за транспонирање во нашето законодавство така и за

имплементација. Главни измени со новата Директива за индустриски емисии се:

- Поголема регулација во однос на ограничувањата на емисиите во ИСКЗ

дозволите – поголема улога и значење е дадено на референтните упатства за

најдобрите достапни и проширување на листата на индустриски активности кои

подлежат на ИСКЗ дозвола;

- Детален мониторинг треба да биде вклучен во дозволата и истиот треба да

биде во согласност со најдобрите достапни техники;

- Граничните вредности на емисии за SO2,NOx и ПМ10 за големите согорувачки

инсталации се построги и пониски. По 2016 термоелектраните на јаглен (и

некои постари инсталации на гас) ќе треба повторно да инсталираат нова

опрема за дополнително намалување загадувањето или да ги намалат

работните часови со цел да ги исполнат новите гранични вредности односно да

се затворат;

- Предвидува гранична вредност за емисија на СО за инсталации кои работат на

гас (100 mg/Nm3);

Круцијалната измена во однос на граничните вредности на емисии за големите

согорувачки инсталации се презентирани во следните табели.

Гранични вредности на емисии за SO2

Топлински влез на инсталација (MW)

Директивата за големи согорувачки постројки (mg/Nm3)

Топлински влез на инсталација (MW)

Директивата за индустриски емисии (mg/Nm3)

50-100 2000 50-100 400

100-500 2000-400 (линеарно

намалување) 100-300 250

>500 400 >300 200

14

Гранични вредности на емисии за NOx

Топлински влез на инсталација (MW)

Директивата за големи согорувачки постројки (mg/Nm3)

Топлински влез на инсталација (MW)

Директивата за индустриски емисии (mg/Nm3)

50-500 600 50-100 300

>500 500 (од 2016 граничната вредност изнесува200)

>100 200

Гранични вредности на емисии за прашина

Топлински влез на инсталација (MW)

Директивата за големи согорувачки постројки (mg/Nm3)

Топлински влез на инсталација (MW)

Директивата за индустриски емисии (mg/Nm3)

50-500 100 50-100 30

>500 50 100-300 25

>300 20

15

И покрај тоа што изминаа речиси осум години од транспонирање на ИСКЗ Директивата

издавањето на дозволите и усогласувањето со најдобрите достапни техники, односно

реалната имплементација на директивата и намалување на загадувањето, сериозно

заостана. Бавното издавање на дозволите и лошата имплементација на оваа

директива беше посочено во речиси сите извештаи на Европската Комисија за

напредокот на Македонија. Од вкупно 117 инсталации, во периодот декември 2006 -

април 2012 година (меѓу кои и постапките за круцијалните термоенергетски

капацитети), МЖСПП имаше издадено само 23 еколошки дозволи (15 А-дозволи за

усогласување со оперативен план и 8 А-интегрирани еколошки дозволи, односно

околу 19% од потребните дозволи). На Министерството му останаа две години до

законскиот рок за целосно усогласување до ИСКЗ директивата (2014 година) за

издавање на 94 дозволи, но и за усогласување на работата на сите 117 инсталации со

најдобрите достапни техники.26 Поради лошиот квалитет на тогашните издадени

дозволи Министерството за животна средина најави ревизија на дозволите што

претставуваше значителна шанса за подобрување на спроведувањето на ИСКЗ

одредбите, односно шанса за корекции на сите недостатоци во веќе издадените

дозволи, но и за конкретни насоки како да се избегнат истите грешки и пропусти во

новите дозволи. Сепак ревизијата не се случи. Наместо тоа трчајќи по крајниот рок за

унапредување на технологијата без соодветно учество на јавноста се издадоа голем

број дозволи што повторно го покренува сомнежот за квалитетот на истите.27

Во однос на Директивата за големите согорувачки инсталации на ниво на Република

Македонија идентификувани се 15 (од кои 7 се инсталации на производство на

електрична енергија) вакви инсталции со инсталирана моќност над 50 МW, кои се

обврзани да подготват План за превземање на мерки за заштита на воздухот и да ги

намалат емисиите. Законска обврска за истите е исто така редовен мониторинг на

емисиите и известување кон надлежните органи. Со исклучок на инсталациите на гас

останатите инсталации останатите капацитети немаа изготвено планови за

превземање мерки за заштита на воздухот и само делумно го имаат намалено

загадувањето на воздухот.

26

„Интегрирано спречување и контрола на индустриското загадување: од теорија во пракса“ Истражување за спроведување и извршување на ИСКЗ директивата во Република Македонија, А. Бујароска и Б. Богевски јуни 2012 27

Во периодот септември 2013 – април 2014 министерството издаде речиси 40 ИСКЗ дозволи

3. ПРЕДИЗВИЦИ И ПРИДОБИВКИ ОД

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕЛЕВАНТНИТЕ

ДИРЕКТИВИ ВО ОДНОС НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ

ЦЕНТРАЛИ НА ЈАГЛЕН ВО МАКЕДОНИЈА

16

Спората имплемтација на круцијалните директиви за намалување на индустриското

загадување е посочена и од Европската енергетска заедница. Имено, Македонија спаѓа

во групата држави кои се соочуваат со сериозни предизвици за имплементација на

одребите од Директивите за големи согорувачки инсталациии Директивата за

индустриски емисии.28

Главните причини за застојот во интегрираното спречување и контрола на

загадувањето се однесуваат на:

- Некоординираното и непланско транспонирање и имплементација;

Уште од самиот почеток на транспозиција и спроведување на ИСКЗ одредбите (2006),

доцнеше усвојувањето на одредени важни подзаконски акти со кои се овозможува

практично спречување и контрола на индустриското загадување. На пр. Правилникот

за супстанциите за кои задолжително се пропишуваат гранични вредности на емисија

во А – интегрираната еколошка дозвола и Решението со кое се формира на научно

техничка комисија за најдобри достапни техники заради определување на најдобри

достапни техники во А – интегрираните еколошки дозволи, беа усвоени во 2010

година, 5 години од носењето на Законот за животна средина.

- Недоволен капацитет на сите засегнати страни во процесот на издавање на

ИСКЗ дозволите;

Иако според Законот за животна средина првите барања за добивање дозвола за усогласување со оперативен план беа поднесени на почетокот на 2006 година, МЖСПП во 2007 година изврши преструктуирање на организацијата на Министерстовото и го оформи Одделението за ИСКЗ. Одделението за ИСКЗ при МЖСПП нема(ше) доволни капацитети ефективно да ги процесуира сите Барања за добивање А-еколошка дозвола (во 2007 г. ова одделение имаше 5 вработени). Дополнително, речиси сите оператори имаа проблем со пополнување на барањето за добивање ваква дозвола. Имено, долгиот период на комплетирање на Барањето, во голема мера го одолговлечува целиот процес, кој за досега издадените дозволи надминува и 2 години.

- Операторите на инсталациите не покажаа некој посебен мотив за што поскоро

добивање на дозволите ниту пак за исполнување на мерките во оперативниот

план;

Со исклучок на неколку оператори на инсталации и спроведени пилот проекти за

издавање на ИСКЗ дозволи операторите на инсталациите многу често се трудеа да ја

избегнат одговорноста за унапредување на технологијата (зошто би инвестирале кога

сеуште немаат дозвола која ги обврзува а од друга страна имаат поднесено барање за

добивање на дозволата кое ги позиционира во положба да не можат да бидат предмет

на казнување за загадувањето). Дополнително, треба да се напомене дека во текот на

процесот Министерството не ги користеше законските механизми за извршување на

обврските поврзани со процесот на издавање А-еколошки дозволи (свикување

Комисија за оперативен план доколку истиот не може да се договори во рок од една

година, изрекување казнени глоби за службените лица во МЖСПП и слично).

28

Strana Study on the Need for Modernization of Large Combustion Plants in the Contracting Parties of the Energy Community in the context of the implementation of Directive 2001 /80/EC, South East European Consultants, Ltd., November 2013, стр 82

17

Проблемот сега уште повеќе се зголемува со оглед на фактот што Директивата за

интегрирано спречување и контрола на загадувањето (ИСКЗ) и Директивата за големи

согорувачки инсталации како што напоменавме се заменети со нова директива –

Директива за емисии од индустриски гасови. Земјите членки на ЕУ имаа обврска да ја

транспонираат новата директива во националните законодавства до јануари 2013

година. Со новата директива ЕУ предвидува уште поголемо намалување на емисиите

до 2016 (што значи ревизија на постоечките дозволи во согласност со новата

директива). Предизвикот за имплементација на новата директива во однос на

термоелектраните на јаглен е уште поголем доколку се земе предвид дека до крајниот

рок за имплементација на ИСКЗ директивата и унапредување на технологијата, април

2014, не беа издадени дозволи за контрола и спречување на индустриското

загадување за двата круцијални енергетски капацитети РЕК Битола и РЕК Осломеј.

Постапката за добивање ИСКЗ дозвола за термоелектраните на јаглен, ТЕ Осломеј и ТЕ Битола, започна во 2007 година со поднесување Барање за издавање А- Дозвола за усогласување со оперативен план согласно предвидената временска рамка во Уредба за определување на активностите на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола односно дозвола за усогласување со оперативен план и временски распоред за поднесување на барање за дозвола за усогласување со оперативен план.29 Поради некомплетност на барањата за издавање на дозволите постапката заостанува цели седум години. Имено, за капацитетот РЕК Битола операторот А.Д. ЕЛЕМ го комплетирал барањето на почеток на 2014 година кога и е оформен преговарачкиот тим (составен од претставници на МЖСПП и А.Д. ЕЛЕМ) кој треба да го финализира оперативниот план. Во однос на капацитетот РЕК Осломеј сеуште не е комплетирано барањето и не е оформен тим за преговори за оперативниот план. За двете инсталации нема изготвени нацрт А-Дозволи за усогласување со оперативен план согласно ИСКЗ Директивата и целиот процес поврзан со издавање и имплементација на дозволата сериозно заостанува назад за разлика од другите индустриски капацитети кои исто така подлежат на вакви дозволи. Земајќи ја предвид сегашната состојба на овие капацитети, потребни се значајни финансиски средства за нивна реконструкција како и утврдување рок на исполнување на усогласувањата сооперативните планови од ИСКЗ дозволата.

Усогласувањето на овие два енергетски капацитети со Директивата за големи

согорувачки инсталации исто така заостанува. Операторот на инсталациите нема

изготвено детален план за намалување на емисиите на сулфур диоксид, азотни оксиди

и прашина согласно оваа директива. Од страна на операторот објавени се два идејни

инвестициски проекти кои треба да доведат до намалување на емисиите од двата

29

Службен весник на РМ бр. 89/05

3.1. СПРЕЧУВАЊЕ И КОНТРОЛА НА ЗАГАДУВАЊЕТО ОД

ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ НА ЈАГЛЕН ВО МАКЕДОНИЈА

18

комплекса кои не се проследени до Министерството за животна средина и просторно

планирање.

За РЕК Битола објавен е проект за ревитализација и модернизација во 2012 година.30

Според проектот треба да се изврши ревитализација и модернизација на котлите и

намалување на NOx и ревитализација на ладилните кули како и ревитализација за

намалување на емисијата SOx и прашина. Според информациите проследени од

страна на операторот А.Д. ЕЛЕМ од планираното спроведени се мерки за намалување

на азотните оксиди од инвестицискиот проект за РЕК Битола за два блока (блок I и блок

II). За мерки за намалување на азотни оксиди на блок III и мерки за десулфуризација

како и намалување на емисите на прашина сеуште не е отпочната постапката.

Во однос на термоенергетскиот капацитет РЕК Осломеј објавен е проект за

модернизација, замена на истрошената опрема и зголемување на капацитетот со

инсталирање нов гасен блок (комбинирана гасна електрана).31 Проектот е сеуште во

фаза на анализа и се очекува подготовка на физибилити студија. Не се спроведени

мерки за намалување на емисиите.

Заостанување и спора имплементација претставува предизвик со кој ќе треба да се

соочиме во следните неколку години. Се поставува прашањето колку чини и дали

вреди да се вложува во унапредување на технологијата на овие капацитети стари

повеќе децении што е потенцирано и во Стратегијата за развој на енергетиката во

Република Македонија до 2030 година.32 Поради спората имплементација Европската

Енергетска Заедница во 2013 година објави истражување за „Потребата од

модернизација на големите согорувачки инсталации во земјите членки на Енергетската

Заедница“ во која е направен преглед на екстерните трошоци од производството на

електрична енергија од постоечките термоелектрани во Македонија и придобивките

од унапредување на технологијата во согласност со најдобрите достапни техники врз

основа на три сценарија.

30

http://elem.com.mk/images/stories/1_TE_Bitola_MK_000_kraen.pdf 31

http://elem.com.mk/images/stories/3_Oslomej__000_.pdf 32

Со цел да се одржи кондиционата способност на постојните термоелектрани на лигнит планирана е ревитализација на опремата на ТЕ Битола и ТЕ Осломеј со зголемување на нивната моќност за повеќе од30 MW. Покрај тоа, потребно е вградување на системи за десулфуризација на чадните гасови до 31 декември 2017 година, согласно обврските кои произлегуваат од Директивата 2001/80/EC. Со оглед дека постојните термоелектрани на јаглен ќе бидат при крај на својот работен век потребно е да се спроведе детална техноекономска анализа за замена на ТЕ Битола 1 и 2 и ТЕ Осломеј со нова од 600 MW наместо нивна ревитализација и монтажа на системи за десулфуризација. Со тоа би се задоволиле еколошките барања од наведената Директива и поради повисокиот степен на полезно дејство би се намалила емисијата на стакленични гасови и би се заштедело значително количество на јаглен.

3.2. ЕКСТЕРНИОТ ТРОШОК НА ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ НА

ЈАГЛЕН ВО МАКЕДОНИЈА

19

Екстерналии (екстерни трошоци) се скриени трошоци на дејност кои не се

вкалкулирани во нивната цена - како што се влијанието врз човековото здравје и

животната средина на загадувачките супстаци што се испуштаат во воздухот. Емисиите

имаат различни ефекти а влијанијата во голема мера варираат во зависност од типот

на горивото, техничките карактеристики на инсталацијата како и локалните услови на

средината. Екстерните трошоци за производтво на електрична енергија и топлина се

оние кои не се рефлектирани во нивната цена, но кои општеството како целина мора

да се поднесе како трошок (на пример, оштетување на здравјето на луѓето е

предизвикано од емисиите на прашина - честички (ПМ), SO2 и NO).33

Според анализата, нивото на екстерните трошоци во Македонија е високо поради

квалитетот на лигнит кој се употребува во РЕК Битола и РЕК Осломеј и поради не

применувањето соодветни мерки и инвестиции во технологијата за намалување на

емисиите на NOx, SO2 и прашина од големи постројки за согорување. Сите постројки

имаат прекумерни емисии на загадувачки материи, со исклучок на ТЕЦ Неготино, која

не е во редовна служба поради намалената побарувачка на енергија и недостаток на

мазут. Емисијата на прашина е помеѓу 400 и 640 mg/m3, емисијата на NOx е над 800

мг/м3, додека емисијата на SO2 е помеѓу 4000 и 5000 mg/m3. Во истражувањето

напоменато е дека новите централи на гас треба да ги задоволат стандардите на двете

директиви. Сепак, не се изведени мерења со користење на природен гас досега.34

Термоелектраните биле во служба за 150,000-190,000 работни часа, со исклучок на ТЕЦ

Неготино која има само е во погон само 30.000 часа досега, главно поради високите

трошоци за гориво и ги намалуваат екстерните трошоци на нула.

Име на инсталација

Тип на гориво

Термален влез MW

Емисии Концентрација во mg/m

3

Гранични вредности на емисии согласно ДГСИ

Гранични вредности на емисии согласно директивата за индустриски емсии

Прашина NOx SO2 Прашина NOx SO2 Прашина NOx SO2

Битола 1 лигнит 647 370 810 4800 50 200 400 20 200 200

Битола 2 Лигнит 647 640 820 3900 50 200 400 20 200 200

Битола 3 Лигнит 647 640 820 3900 50 200 400 20 200 200

Осломеј Лигнит 334 570 360 4100 100 600 1064 20 200 200

Неготино Мазул 656 / / / 50 400 400 20 150 200

Енергетика Гас 412 10 160 1 5 300 35 5 100 35

Когел гас 65 10 160 1 5 300 35 5 100 35

Емисии на загадувачки супстанци од големи согорувачки инсталации

33

The ExternE (External Costs of Energy) project , 1991, European Commission and the US Department of Energy http://www.eea.europa.eu/data-and-maps/indicators/en35-external-costs-of-electricity-production-1/en35; http://www.eea.europa.eu/data-and-maps/indicators/en35-external-costs-of-electricity-production-1/en35 ; http://ec.europa.eu/research/news-centre/en/env/02-10-env02.html 34

Study on the Need for Modernization of Large Combustion Plants in the Contracting Parties of the Energy Community in the context of the implementation of Directive 2001 /80/EC, South East European Consultants, Ltd., November 2013, стр 9

20

Име на инсталација

Тип на гориво

Термален влез MW

Емисии Загадувачка супстанца тони/година

Трошоци Вкупен трошок во миниони €/ година

Цена на €/ kWh

Прашина NOx SO2 Прашина NOx SO2

Битола 1 лигнит 647 2571 5629 33359 1,2 26,9 189,2 15,7

Битола 2 Лигнит 647 4448 5699 27104 2,0 27,3 153,7 13,2

Битола 3 Лигнит 647 4448 5699 27104 2,0 27,3 153,7 13,2

Осломеј Лигнит 334 1722 1087 12383 0,8 5,2 70,2 12,6

Неготино Мазул 656 / / / 0 0 0 0

Енергетика Гас 412 28 456 2 0,0 2,2 0,0 0,0

Когел гас 65 4 72 0 0,0 0,3 0,0 0,2

Трошок од емисии на загадувачки супстанци од големи согорувачки инсталации

Во истражувањето анализирани се вкупните трошоци за намалување на загадувањето

напроти придобивките од усогласување со најдобрите достапни техники за три

сценарија – имплементација на Директивата за големи согорувачки инсталации,

имплементација на Директивата за индустриски емисии и замена на постоечките

термоелектрани со нови. Придобивките од избегнување на дополнителните трошоци

за термоелектраните се пресметани согласно соодветна методологија и базата на

податоци и се однесуваат на периодот 2018 – 2030 и намалени за 2017 година.

Име на инсталација Цена по загадувач во мил. € Вкупна сума по

инсталација во мил. €

Прашина NOx SO2

Битола 1, 2, 3 34.8 30 126.9 191.7

Осломеј 7 6 25 38

Неготино / / / /

Вкупно во мил. € 41,8 36 151.9 229.7

Сценарио I - Намалување на загадувањето во согласност со Директивата за големите индустриски

постројки

Име на инсталација Цена по загадувач во мил. € Вкупна сума по

инсталација во мил. €

Прашина NOx SO2

Битола 1, 2, 3 39 55.8 139.5 334,3

Осломеј 8 1.8 27.5 37.3

Неготино / / / /

Вкупно во мил. € 47 57.6 167 271.6

Сценарио II - Намалување на загадувањето во согласност со Директивата за индустриски емисии

Име на инсталација Цена во мил. € Вкупна сума по

инсталација во мил. €

Прашина NOx SO2

Битола 1, 2, 3 166 MW * 1.65 мил. €/MW 1153.0

Осломеј 125 MW * 1.7 мил. €/MW 213.5

Неготино /

Вкупно во мил. € 1366.5

Сценарио III - Замена на постоечките термоелектрани со нови

21

Име на инсталација

Моментална вредност за Директивата за големи согорувачки инсталации

Моментална вредност за Директивата за индустриски емисии

Вредност на намалувањето на екстерните трошоци во милиони €

Вредност на намалувањето на екстерните трошоци во милиони €

Прашина NOx SO2 Вкупно Прашина NOx SO2 Вкупно

Битола 1 13 271 2.926 3.210 14 271 3.059 3.345

Битола 2 24 276 2.328 2.627 25 276 2.461 2.761

Битола 3 24 276 2.328 2.627 25 276 2.461 2.761

Осломеј 8 0 878 886 10 31 1.127 1.168

Неготино 8 0 0 0 0 0 0 0

Придобивките од избегнување на дополнителните трошоци за постоечките термоелектрани во

Македонија со имплементација на Директивата за големи согорувачки инсталации и Директивата

за индустриски емисии

Цената на инвестиции пресметана за унапредување на технологијата за секоја

термоелектрана е представена во следните две табели. Трошоците за редовно

одржување и работење се инкорпорирани во истата табела до трошоците за

инвестирање.35

Име на инсталација

Трошок Моментална вредност

Инвестиции Редовно одржување и работа

Трошок Придодивки Трошок-Придобивки

Милиони € Милиони € годишно

Милиони € Милиони € Милиони €

Битола 1 63.9 3.7 103 3,210 3.107

Битола 2 63.9 3.7 100 2.627 2.527

Битола 3 63.9 3.7 100 2.627 2.527

Осломеј 38.0 1.5 54 886 832

Неготино 0 0 0 0 0

Имплементација на Директивата за големи согорувачки инсталации

Име на инсталација

Трошок Моментална вредност

Инвестиции Редовно одржување и работа

Трошок Придодивки Трошок-Придобивки

Милиони € Милиони € годишно

Милиони € Милиони € Милиони €

Битола 1 78 5 135 3.345 3.109

Битола 2 78 5 135 2.761 2.629

Битола 3 78 5 135 2.761 2.629

Осломеј 37 2 55 1.168 1.112

Неготино 0 0 0 0 0

Имплементација на Директивата за индустриски емисии

Вкупната сума на инвестициски трошоци изнесува 230 милиони евра за

имплементација на Директивата за големи согорувачки инсталации и 272 милиони

евра за имплементација на Директивата за индустриски емсии, додека сумата за

редовно одржување и работење изнесува 12 милиони евра и 17 милиони евра за

анализираните сценарија. Анализата покажува дека во сите случаеви придобивките

значително ги надминуваат трошоците за унапредување на технологијата во

согласност со најдобрите достапни техники. Екстерните трошоци за производство на

35

Study on the Need for Modernization of Large Combustion Plants in the Contracting Parties of the Energy Community in the context of the implementation of Directive 2001 /80/EC, South East European Consultants, Ltd., November 2013, 54

22

електрична енергија поврзани со емисија SO2, NOx и прашина се проценува во износ од

10,4 € центи/kWh.36

Според сценарио 1 (унапредување на технологијата согласно Директивата за големи

согорувачки инсталации) ќе бидат потребни 1.230 минилони евра за унапредување на

технологијата. Меѓутоа, за алтернативни решенија потребни ќе бидат 1369 милиони €

како и постигнување на годишни надворешни придобивките од речиси 33 милиони € и

заштеда на директните трошоци (гориво и одржување и редовна работа) од 69

милиони € по година.37

Име на инсталација

Директива за големи согорувачки инсталации (ДГСИ) Алтернативно сценарио (АС)

Разлики во сценарија (АС - ДГСИ)

Инвестиции Редовно одржување и работа

План за враќање на инвестиција

Трошоци за гориво

Инвестиции Заштеда на гориво

Придобивки Гориво и трошоци за редовно одржување и работа

Милиони € Милиони € годишно

Милиони €

Милиони € % Милиони € Милиони €

Битола 1 63.9 3.7 2027 40 335 25 8.5 19.4

Битола 2 63.9 3.4 2028 40 335 25 8.5 19.4

Битола 3 63.9 3.4 2029 40 335 25 8.5 19.4

Осломеј 38.0 1.5 2027 17 214 18 7.4 10.7

Вкупно 229.7 12.1 137 1.369 0 32.9 68.9

Основни разлики помеѓу сценарио III (замена на ТЕ со нови) и сценарио I (унапредување на

технологијата согласно Директивата за големи согорувачки инсталации)

36

Study on the Need for Modernization of Large Combustion Plants in the Contracting Parties of the Energy Community in the context of the implementation of Directive 2001 /80/EC, South East European Consultants, Ltd., November 2013, 68 37

Study on the Need for Modernization of Large Combustion Plants in the Contracting Parties of the Energy Community in the context of the implementation of Directive 2001 /80/EC, South East European Consultants, Ltd., November 2013, 86

23

Како земја кандидат за членство во ЕУ ќе мора да биде вклучена во заедничките

европски напори и цели во врска со климатските промени. Игнорирањето на целите на

ЕУ би значело оддалечување од патот кон ЕУ. Оддалечувањето од овие цели сега, ќе го

направи идното приближување многу потешко и поскапо. На пример, новите

технологии за употреба на лигнитот можеби се напреднати во безбедност, ефикасност

и влијанието врз животната средина во споредба со постоечките, но градењето нова

термо електрана го заклучува капиталот, емисијата, трошоците и структурата на

енергетскиот сектор за четири, пет декади, што е далеку по посакуваниот датум за

членство во ЕУ и далеку по целта на ЕУ за декарбонизација а енергетскиот сектор до

2050 година.38 Веќе е се поизвесно дека целите за намалување на емисии треба да

бидат соодветно рефлектирани во стратешките документи за развој на енергетиката во

Македонија и да се земат предвид при носењето одлуки поврзани со нови

термоенергетски комплекси на јаглен.

Издавање дозвола согласно барањата од новата Директива за

индустриски емсиии- Министерството за животна средина што поскоро

(најдоцна до крајот на 2014 година) да ја заврши постапката за издавање

на дозволата и одобрување на плановите за намалување на емсиите

согласно Директивата за индустриски емисии во согласност со начелата

на Архуската конвенција за пристап до информации, учество на јавност и

пристап до правда.

Со оглед на фактот што претстои транспонирање и имплементација на Директивата за

индустриски емсии а за овие капацитети не се издадени ИСКЗ дозволи и делумно се

спроведени мерки за намалување на емисијата потребна е координарана и планска

имплементација согласно барањата од новата Директива за индустриски емсии (која

ги заменува претходните директиви заклучно со 2016 година). Условите во дозволата 38

Во Стратегијата за развој на енергетиката во Македонија до 2030 година посочено е дека при планирањето на идните проекти во енергетскиот сектор треба да се имаат предвид следните два клучни елементи: - Зголемени оперативни трошоци на термоелектраните на јаглен заради наметнување на обврска да купуваат дозволи за емисии на стакленички гасови; - Зголемени инвестициони трошоци при градење на нови и ревитализација на термоелектрани на јаглен заради барањето за користење на BAT („чист јаглен“ технологии), односно генерално за почитување на европските стандарди за големи постројки.

4. ЗАКЛУЧОК И ПРЕПОРАКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И

КОНТРОЛА НА ЗАГАДУВАЊЕТО ЗА

ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ НА ЈАГЛЕН ВО

МАКЕДОНИЈА

4. ЗАКЛУЧОК И ПРЕПОРАКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ

И КОНТРОЛА НА ЗАГАДУВАЊЕТО ОД

ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ НА ЈАГЛЕН ВО

МАКЕДОНИЈА

ПРЕПОРАКИ

24

треба да ги рефлектираат барањата согласно новите гранични вредности за емсии од

Директивата за индустриски емисии и ревидираните упатства за Најдобрите Достапни

Техники.

Новата дозвола треба да обезбеди дека се превземени сите превентивни мерки за

спречување на загадувањето; дека ниту еден процес или активност не генерира

значително загадување, има намалување на генерираниот отпад, рециклирање или

отстранување на начин кој најмалку предизвикува загадување; спроведени се мерки

за енергетска ефикасност; спроведени се мерки за намалување на индустриските

несреќи и ограничување на нивното влијание на минимум; и предвидена е

ремедијација на земјиштето кога инсталацијата ќе заврши со активностите. Тоа значи

опремата за десулфуризација, за намалување на емисијата на NOx и намалување на

емисијата на суспендираните честички во атмосферата треба да ги постигне барањата

согласно со новата Директива за индустриски емсии и изменетото упатство за

најдобри достапни техники за Големи согорувачки инсталации. Согласно упатството

треба да се обезбеди енергетска ефикасност при производството на електричната

енергија. Во производството треба детално да се разгледаат препораките за употреба

односно додавање биомаса при согорување на јаглен како делумна замена за гориво

и замена на употребата на мазут и дизел со биодизел гориво и нивната ефикасност.

Дополнително, треба дeтално да се разгледаат можностите за поголема застапеност на

природниот гас и комбинирани гасни постројки. Сите мерки треба да бидат внесени во

плански документи за редукција на емисиите во воздухот и утврдување акции за

намалување на количините на загадувачки супстанци. Во дозволата треба да се

определи соодветен мониторинг на емисиите и квалитетот на воздухот и да се

овозможи електронски пристап до информации поврзани со емисиите (онака како што

е предвидено во упатството за најдобрите достапни техники за мониторинг). Исто

така, треба да се предвидат почести и построги надзори од страна на инспекторатот

согласно упатствата за мониторинг издадени од страна на Европската комисија.

Министерството за животна средина задолжително треба да се предвиди временска

рамка и рокови во кој операторот ќе мора да ги комплетира барање за добивање

еколошка дозвола со цел забрзување на постапката за издавање на дозволата. Со

оглед на фактот што Министерството сериозно се соочува со комплетирање на

оперативните планови во овој случај Министерството треба да формира Комисија за

оперативен план која ќе донесе решение во рок од 2 месеци по приемот на

релевантни податоци. На овој начин ќе се убрза постапката за издавање на дозволата.

Во процесот на издавање на дозволите Министерството за животна средина

задолжително треба да ги вклучи сите засегнати страни и да обезбеди соодветен

пристап до информации и учество на јавноста (особено на локалното население). По

примерот на голем број други земји (Холандија, Шведска, Хрватска), потребно е во

процесот на издавање на дозволата да се вклучат и надворешни експерти

(универзитетски професори, сертифицирани експерти, личности од други

25

министерства, претставници од граѓанскиот сектор итн.) кои со своето знаење ќе

допринесат за што поскоро изготвување на нацрт дозволите.

Во дефинирање на оперативниот план треба да се земат предвид

препораките на Енергетската заедница за итно вложување и

инсталирање на технологија за намалување на емисиите врз животната

средина за термоелектраните Битола и Осломеј согласно

специфичните техники за усогласување до Директивата за индустриски

емисии презентирани во следната табела.39

Име на инсталација

Мерки согласно Директива за индустриски емсиии (ДИЕ)

Прашина NOx SO2

Битола ESP (electrostatic precipitator)

LNB (Low – NOx Burner) + SCR (Selective catalytic reduction)

WLS (wet limestone scrubber)

Осломеј ESP (electrostatic precipitator)

LNB (Low – NOx Burner) + OFA (Over-fire air)

WLS (wet limestone scrubber)

Неготино Да се подготви физибилити студија за пренамена

Вреди да се напомене дека за разлика од другите индустриски инсталации на кои им

беа издадени интегрирани еколошки дозволи и уплаќаа соодветен надоместок повеќе

од пет години (на пример ФЕНИ Индустри) операторот на овие два капацитети има

одредена финансиска заштеда во однос на трошоците поврзани со загадување кои се

однесуваат на поседувањето ИСКЗ дозвола со оглед на фактот што постапката сеуште

трае.

Поучени од претходната спора имплементација и пасивен однос од

страна на операторите Министерството за животна средина во

издавањето на дозволите треба задолжително да предвиди соодветна

висина на финансиска гаранција или пак казнени пенали.

Финансиската гаранција односно казнените пенали и нивното задолжително

активирање во сите случаи кога операторот нема да ги исполни обврските за

унапредување на технологијата (со цел загадувачите да немаат опција чекање на

последниот рок или недостаток на финасии) претставува гарант за исполнување на

мерките предвидени за унапредување на технологијата.

Една од клучните препораки со цел што побрзо намалување на

загадувањето е соодветен модел за обезбедување на финансиските

издатоци на операторот за усогласување на нивното работење со

најдобрите достапни техники (НДТ) и надминување на евентуалните

економски пречки.

Поради ова, предлагаме да се реализираат мерките предвидени во Националната

стратегија за инвестиции во животната средина 2010 – 2013 година (на пример, мека

кредитна линија за инвестирање во унапредување на производствената технологија

39

Study on the Need for Modernization of Large Combustion Plants in the Contracting Parties of the Energy Community in the context of the implementation of Directive 2001 /80/EC, South East European Consultants, Ltd., November 2013, 89

26

преку меѓународните финансиски институции, за што ќе гарантира државата; заеми за

спроведување на мерките од оперативните планови/програми за подобрување; итн.).

Во европските земји постојат различни финансиски механизми од ваков тип -

субвенции, „рециклирање“ (повраток) на средствата уплатени по основ на еколошки

давачки доколку истите се искористат за инвестирање во „чиста“ технологија итн. ТЕ

Битола и ТЕ Осломеј се клучни термоенергетски капацитети кои учествуваат со 80% во

вкупното производство на електричната енергија во електроенергетскиот систем во

Македонија и како такви инвестициите за нивно технолошко унапредување и

модернизација треба да бидат стратешки приоритет.

ЗАКЛУЧОК

Игнорирање на ефекти врз животната средина и нивно не

рефлектирање во употребата, инвестирањето и

планирањето на производството на електрична енергија

доведува до непланирани, дополнителни, надворешни

трошоци како и погрешни стартешки определби кои не ја

рефликтираат „реалната цена“ на електричната енергија.

Како што беше посочено во анализата подготвена за

Енергетската заедница нивото на екстерни трошоци од

големите согорувачки инсталации во Македонија котира

високо токму поради работата на ТЕ Битола и ТЕ Осломеј на

лигнит. Разновидноста на влијанијата врз животната

средина од различниот тип производство на електрична

енергија и разноврстноста на технологиите денес, повеќе од

било кога, во својата формула мора да ги содржат

последователните надворешните трошоци врз животната

средина и човековото здравје кои сериозно ја менуваат

финалната цена на производството на електричната

енергија. Токму поради ова потребно е што поскоро

транспонирање и планска имплементација на директивите

кои го регулираат загадувањето од термоелектричните

централи на јаглен и вклучување на целите на Европската

унија за клима и енергија.