diplomska симовска драгана

25
Вовед Насилството е универзален камшик кој удира по заедницата и им го загрозува животот, здравјето и среќата на сите луѓе. Ни една земја, ни едeн град, ни една заедница не е имуна на насилство, но и ние не сме немоќни да му се спротивставиме.Молчењето го подржува насилството. Живееме во свет на насилство. Тоа завладува онаму каде што не постои демократија, каде што не се почитуваат човековите права и не се врши правилно управување. Вистина е дека насилството побрзо и пошироко проникнува во општествата каде што властите ја одобруваат употребата на насилство преку своите сопствени постапки. Во голем број општества насилството е толку присутно што ги попречува можностите за економски и општествен развој. Оние во чиј живот насилството е секојдневно присутно, го прифаќаат како природен дел од човечкото битие. Но не е така. Насилството може да се спречи. Насилните појави можат да се пренасочат. Во мојата земја и во светот имаме очигледни примери за победа над насилството. Насилството над поединците во денешниот современ свет е опсежно, често и брутално отколку било кога порано. Ги крши најосновните човекови права и на возрасните и на децата. Во различноста на своите форми, насилството ги прекршува правата на живот, безбедност, достоинство и физичка, психичка, емоционална и душевна благосостојба. Насилството е физичка и психичка реалност, како и социјално постигнат концепт 1 . 1 Nelson Mandela (која година)

Upload: sofija-arnaudova

Post on 29-Jul-2015

119 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: diplomska симовска драгана

Вовед

Насилството е универзален камшик кој удира по заедницата и им го загрозува

животот, здравјето и среќата на сите луѓе. Ни една земја, ни едeн град, ни една

заедница не е имуна на насилство, но и ние не сме немоќни да му се

спротивставиме.Молчењето го подржува насилството.

Живееме во свет на насилство. Тоа завладува онаму каде што не постои

демократија, каде што не се почитуваат човековите права и не се врши правилно

управување. Вистина е дека насилството побрзо и пошироко проникнува во

општествата каде што властите ја одобруваат употребата на насилство преку своите

сопствени постапки. Во голем број општества насилството е толку присутно што ги

попречува можностите за економски и општествен развој. Оние во чиј живот

насилството е секојдневно присутно, го прифаќаат како природен дел од човечкото

битие. Но не е така. Насилството може да се спречи. Насилните појави можат да се

пренасочат. Во мојата земја и во светот имаме очигледни примери за победа над

насилството. Насилството над поединците во денешниот современ свет е опсежно,

често и брутално отколку било кога порано. Ги крши најосновните човекови права и

на возрасните и на децата. Во различноста на своите форми, насилството ги

прекршува правата на живот, безбедност, достоинство и физичка, психичка,

емоционална и душевна благосостојба. Насилството е физичка и психичка реалност,

како и социјално постигнат концепт1.

Насилството врз децата е еден од најсериозните проблеми кои го загрозуваат

нивниот развој, здравје и добросостојба, основните права достоинство и можат да го

доведат во прашање детскиот живот. Тоа се случува насекаде, во домот, во

училиштата или во други институции за детска грижа, на улиците. Голем дел од

насилството врз децата останува скриено. Тие се плашат да го пријават заради

стравот и поврзаноста со насилникот или насилството воопшто не го сметаат за

нешто погрешно или невообичаено, туку како оправдана и неопходна казна за своте

постапки. Децата жртви може да се чувствуваат виновни и да веруваат дека го

заслужиле насилството.

Не постои општоприфатена дефиниција за насилството, таа има свои

пермутации. Изгледа дека нема таква врст на интеракција меѓу луѓето, ниту група на

луѓе која би била имуа на насилство: тоа може да се јави секаде, меѓу членови на

1 Nelson Mandela (која година)

Page 2: diplomska симовска драгана

семејството како и меѓу државите. Поради својата голема сериозност насилството е

предмет со кој е занимаваат различни дисциплини кои се опишани од страна на

одделни јазици развиени во рамките на секој од нив. Па оттука не е ни чудно што

постојат големи разлики во сваќањето за тоа што е насилство, кои термини му се

синоними, а кои му се блиски. Насилството е сложен проблем кој е поврзан со

начинот на размислување и однесување што го определуваат многубројни фактори,

во рамките на семејството и заедницата, но и фактори кои можат да ги преминат и

државните граници. Насилството честопати може да се предвиди и да се спречи.

Како и другите здравствени проблеми, и тоа не е подеднакво распространето, ниту

кај различните слоеви на населението, ниту во различни средини.

Голем број фактори што придонесуваат за појавата на насилството се јавуваат

кај различни видови насилство се и променливи. Насилството е сложена појава што

има свои корени во интеракцијата на повеќе фактори - биолошки, социјални,

културни, економски и политички. Некои ризични фактори можат да бидат

единствени за одреден вид насилство, но почеста појава е разни видови насилство да

носат повеќе ризични фактори.

1. Дефинирање на насилството

Page 3: diplomska симовска драгана

Светската здравствена организација го дефинира насилството како "намерно

користење на физичка сила или моќ против себе или некое друго лице, или против

некоја група или заедница, кое води или може да доведе до повреда, смрт,

психолошка повреда, неразвиеност или депривација".(Да се стави од каде е оваа

дефиниција пример СЗО, 1999) Оваа и слични дефиниции го определуваат

насилството од аспект на примена на физичка сила што може да се третира како

тесно дефинирање на поимот кој и во секојдневниот говор укажува на поширока

сфера на однесувања, делувања и реакции кои се однесуваат на вербалните,

психолошките и социолошките аспекти на насилно однесување.

Една од дефинициите која ги зема предвид и овие аспекти е дефиницијата на

малтертирањето како еден вид на насилно однесување. Во меѓународната студија за

однесувањето поврзано со здравјето кај децата на училишна возраст, малтертирањето

се објаснува како насилно однесување во кое се потврдува интерперсоналната моќ

преку агресија и се дефинира како:негативни физички или вербални акции кои имаат

непријателска намера, предизвикуваат повреда на жртвата, кои се повторуваат и

вклучуваат нееднаква моќ меѓу оние кои малтертираат и жртвите.(од кој автор е

студијата)

Според дефиницијата на Конвенцијата за правата на детето, преамбула 19

"Државата треба да го заштити детето од сите форми на малтертирање, додека е под

грижа на родителите или други лица кои се грижат за него и ќе се воспостават

соодветни програми за превенција и помош за жртвите на злоупотреба.

Во овј труд тргнуваме од одредување на поимот насилство кое го опфаќа она

однесување кое се превзема со намера неоправдано да се нанесе болка на друг,

страв, срам и понижување. Olweus (1999:12)2 го дефинира насилството како

"агресивно однесување со кое актерот или насилникот го користи своето тело или

некој предмет (вклучувајќи оружје) за да нанесе (прилично сериозна) повреда или

непријатност на друга личност". Слична дефиниција (чија е оваа дефиниција?) е тоа

дека насилството е "однесување на личноста спрема други личности на кои намерно

им се заканува, дека ќе им нанесе, се обидува да им нанесе или навистина нанесува

физичка повреда".

2 Olweus, D. (1999). U lavirintu nasilja.

Page 4: diplomska симовска драгана

Училиштето е општетсвена институција специјално организирана што

подобро да се грижи за развојот и благосостојбата на ученикот. И покрај тоа на

многу ученици им се случува за нив училиштето да биде место на кое ќе се сеќаваат

по тоа што во него биле предмет на исмејување и навредување каде добивале ќотек и

биле заплашувани и каде научиле што е тоа социјално изолирање, страв и

понижување. Сето ова најчесто е дел од општењето меѓу учениците, гледано од друг

агол, училиштето е место каде многу ученици ке бидат тие кои малтертираат други

ученици. Ваквиот начин на меѓусебно малтертирање можеме да пронајдеме не само

меѓу децата туку и во интеракцијата помеѓу учениците и возрасните.

На прашањето што е тоа училишно насилство, прв одговор би бил дека тоа е

насилство кое се случува во училиште. Одговорот е доволно добар да покрие

најголем дел од она што подразбираме под училишно насилство, но совпаѓањето не е

потполно. Оној кој експресно би дал ваков одговор, брзо би увидел дека треба да го

прошири контекстот од школска зграда на школски двор, можеби и патот од

училиштето до дома и назад, но и дека под училишно насилство се подразбира и

тепање и меѓусебно малтертирање на ученици кое се случува и вон границите на

училиштето. Изразот на насилство во училиштето има недостаток кој сугерира дека

се работи за насилство дефинирано од просторот во кој се одвива.

Од друга страна пак, ниту изразот "училишно насилство" не е идеален бидејќи

може да сугерира на тоа дека училиштето како институција е единствен субјект на

насилство. Под насилство се подразбира намерно и неоправдано нанесување штета

на другите. Насилството се врши со намера да се нанесе болка или повреда на друг.

Тоа во училиштето вклучува негативни постапки од страна на еден или повеќе

ученици. Насилството помеѓу деца во училиште е многу важно социјално прашање,

бидејќи има негативен впечаток на олем број деца, гледано како краткорочно така и

долгорочно. Ученик кој е изложен на насилство тешко се брани и донекаде е

безпомошен во однос спрема злоуставувачот.

Над ученик е извршено насилство кога еден или повеќе други ученици:

зборуваат подли и болни зборови за ученикот или го исмејуваат и му ставаат

грди имиња,

потполно го исклучуваат од својата група на пријатели или намерно го

занемаруваат,

го удираат со рака, нога, го туркаат,

го заклучуваат во просторија,

Page 5: diplomska симовска драгана

лажат и шират лажни гласини или настојуваат да ги одделат другите ученици

од него.

1.1. Училишно насилство

Насилството помеѓу децата во училиште според својот облик може да се

подели на директно и индиректно насилство.

за директно насилство се зборува тогаш кога жртвата е постојано и трајно

напаѓана со директно нанесување на штета како на пример вербално

навредување, крадење пари и слично,

индиректно насилство е кога жртвата постојано и трајно е напаѓана со

неизмерно нанесување на штета како на пример ширење гласини и невистини

за некое дете од страна на неговоте врсници, наговарање врсниците да не се

дружат со некое дете и слично.

Типологијата на насилството искористена во Светскиот извештај за насилство

(која година) го дели насилството на три широки категории, според тоа кој го

извршува насилниот акт: насилство кон себеси, колективно насилство и

интерперсонално насилство. Училишната средина многу деца ги изложува на

насилство и може да ги научи на насилно однесување. Насилството во училиштето се

јавува во форма на ќотек и насилничко однесување кај децата. Насилството често

вклучува дискриминација помеѓу децата од сиромашни семејства или од етничи

маргинализирани групи односно оние со одредени лични карактеристики.

Категоризацијата што се применува во Светскиот извештај за насилство и здравје го

дели насилството во три пошироки видови според тоа кој го врши насилниот чин:

Самонасилство

Меѓулично насилство

Колективно насилство

Покрај непосредните физички повреди, жртвите на насилство можат да

страдаат и од голем број психолошки проблеми и проблеми во однесувањето, како

што се депресија, прекумерна употреба на алкохол, анксиозност и самоубиствени

помисли, но и здравствени репродуктивни проблеми како што се несакана

Page 6: diplomska симовска драгана

бременост, болести пренесени по сексуален пат и губење на сексуалните функции.

Исто така здравствените последици од насилството можат да бидат долготрајни и

можат да предизвикаат трајна инвалидност, како на пример оштетување на рбетот,

оштетување на мозокот и губење на екстремитетите. Возраста и темпераментот на

лицето, како и тоа дали има емоционална подршка, ќе влијае врз исходот од

насилниот чин. Луѓето што активно реагираат на насилството имаат тенденција брзо

да се повратат во нормална состојба за разлика од оние што остануваат пасивни.

1.2. Видови на насилство

Физичко насилство

Физичкото насилство е најраспространет вид на насилство во училиштата и се

јавува во различни облици - од појава на чисто физичко насилство, до појава на

физичко насилство во комбинација со психолошко.

Комитетот за правата на детето го дефинира физичкото казнување како казна

во која што се користи физичка сила и којашто, колку и да е лесна, има за цел да

предизвика одредена болка или непријатност. Во образовната средина во таква казна

спаѓаат удирањето(шлапнување, шлакнување, плескање по задникот) на ученикот со

дланка или со алатка. Тоа може да биде и клоцање, тресење или туркање на

ученикот, гребење, штипење, касање, кубење, удирање по ушите, присилување на

ученикот да стои во непријатни позиции, горење и сл.

Исто така постојат и многу други не физички форми на казнување коишто се

сурови и понижувачки. Во овие казни спаѓаат омаловажувањето, понижувањето,

заплашувањето, заканувањето или потсмевањето на ученикот. Дефинициите за

физичко насилство се различни во зависност од целта што се истражува. Најчесто

користена дефиниција за физичко насилство е онаа која вклучува активности

спрема лица помлади од 18 години, кои резултираат со ризик за озбилно

повредување, смрт или тешки физички последици изведени од лице кое е одговорно

за заштита на детето помладо од 18 години. Злоставувачот не мора да биде

полнолетно лице, најбитно е да постои разлика во моќта помеѓу злоставувачот и

жртвата. (Од каде е оваа дефиниција)

Page 7: diplomska симовска драгана

Постои често верување дека децата треба да се тепаат, инаку како ќе знаат

што е добро, а што лошо. Според повеќе истражувања се покажува дека физичкото

насилство е поврзано со голем број на проблеми кај децата: интерперсонални,

емоционални и бихевиорални, исто така и со бројни психички болести кои се

јавуваат во текот на процесот на адолесценција а можат да се јават и во

подоцнежниот период кај личноста. Момчињата се повеќе изложени на физичко

насилсто отколку девојчињата.

Најчести знаци на физичкото насилство се видливи на кожата. Промената на

кожата може да биде случајна или предизвикана од насилникот. Разликата меѓу

повредата која е случајна и намерно предизвикана, може да се процени:

Позицијата на повредата

Присутноста на повеќе повреди на различна возраст

Отсуството на промени на кожата кога детето ќе се издвои од средината во

која живее

Бојата на повредата

Обликот на повредата

Модриците се најчест знак на физичко злоставување, и можат да настанат

спонтано или како последица на трауми. Тие можат да се јават на сите делови од

телото. Еден од проблемите кои се јавуваат кај физички злоуставувани деца е

молчењето, прикривање и заштита на злоуставувачот. За тоа постојат голем број

причини, а најчести се несигурност и неповерење спрема возрасните кои нема да ги

разберат и заштитат, но истовремено и срам поради родителите и ситуацијата,

бидејќи децата сепак ги сакаат своите родители злоуставувачи, не сакаат тие да

бидат казнети и често се поставуваат во позиција на заштитник. Исто така многу

важен фактор е страв од обележување. Многу често децата велат:" јас само сакам да

бидам како другите" или "зошто моите мајка и татко не се како мајка им и татко им

на моите другари".

Емоционално/психолошко насилство

Page 8: diplomska симовска драгана

Емоционалната злоупотреба наједноставно би можела да се опише како

состојба во којашто една личност се однесува спрема друга на начин кој

предизвикува вознемиреност, страв или депресија. Психолошкото насилство

доведува до моментални или трајни загрозувања на психичкото и емоционално

здравје и достоинство. Нормален емоционален развој значи детето да има шанса да

научи да ги покаже човечките чувства на социјално прифатлив начин. Кога

емоционалниот развој напредува нормално децата ќе научат да имаат позитивни

емоции спрема себе, да можат да испратат емоционални пораки на другите со

зборови, гестови и разни активности.

Додека пак, ако децата се жртви на емоционално злоставување, тогаш се

јавуваат проблеми во искажување на емоции, во контакт со другите, комуникација,

однос спрема самиот себе, што значи дека е загрозен нивниот развој, а последиците

во некои сегменти траат цел живот.3Емоционално злоставување во најширока смисла

опфаќа деструктивно понашање на возрасните спрема децата, што вклучува

присуство на непријателско однесување и одсуство на позитивен пристап.Детето од

возрасните очекува заштита и љубов, и му приоѓа со поверение, а несоодветните

постапки на возрасните го збунуваат и влијаат на неговото ментално здравје.

За жал возрасните во задоволување на своите лични интереси многу често свесно

или несвесно го повредуваат детето, го користат за свои конфликти во рамките на

семејството, манипулираат со детските чувства, го уценуваат или злоуставуваат

неговиот развој поради своите себични или болни причини.

Најчести облици на емоционално злоставување се:

Отфрлање на детските потреби

Тероризирање или третирање на детето континуирано со вербални напади кои

предизвикуваат страв, тензија и несигурност

Игнорирање и деградирање на детето што вклучува и недостаток на позитивна

иницијатива

Манипулирање со детето со цел да се задоволат некои свои потреби кои не се во

склад со детските

Изолација

Константен сарказам, понижување( бламирање)

Вербални напади

3 (Kocijan Hercigonja D, 1999.).

Page 9: diplomska симовска драгана

За правилен развој на децата потребни им се двајцата родители, кои во текот на

развојот ке им бидат и заштита и модел за идентификација и личност која ќе

пристапи со љубов и поверение. Родителите и наставниците многу често ги

засрамуваат децата пред своите врсници, со различни коменнтари, критики како сто

се : огледај се на овој или на оној, никогаш нема да бидеш како твојот брат или како

твојата сестра, зошто баш јас мора да имам такво дете и сл.

Или наставниците кои го критикуваат детето пред цело оделение, даваат негативни

коментари, го казнуваат пред цело одделение како пример за другите.

Сексуално насилство

Page 10: diplomska симовска драгана

Сексуалното насилство се дефинира како било кој вид на сексуален контакт меѓу

деца и возрасни лица или тинејџери постари повеќе од 5 години од детето жртва.

Притоа возраното лице може да биде :

- Родител

- Роднина

- Дедо

- Баба

- Наставник

- Тренер

- Дадилка

Најчесто злоуставувачот е некој на кој детето му верува и добро го познава.

Сексуалното насилство опфаќа различни чинови, како присилен сексуален однос во

бракот и други врски со партнери, силување од непознато лице, систематско

силување за време на вооружани судари, сексуално вознемирување ( вклучувајќи

барања на сексуални услуги заради вработување или давање добри отценки во

училиштето) сексуална злоупотреба на деца, присилна проституција и трговија со

сексуални услуги, брак со деца и други насилни чинови насочени кон сексуалниот

интегритет на жените, како и оскатување на женските генитални органи и

задолжителна проверка на девственоста кај женските лица. Жените и мажите можат

да бидат силувани за време на нивниот притвор или затвор.

Во главно почеста е појавата на сексуална злоупотреба на жените и девојчињата,

при што извршители се мажите и момчињата. Сексуалното насилство има големо

влијани врз физичкото и менталното здравје на жртвата. Покрај повреди, тоа носи

зголемена опасност од низа други сексуални и репродуктивни здравствени проблеми

со последици што се забележливи како непосредно така и во текот на наредните

неколку години. Последиците врз менталното здравје се исто така тешки како и

физичките и можат да бидат исто толку долготрајни. Смртноста може да настапи

како последица од сексуалното насилство со вршење на самоубиство, заразуване од

ХИВ вирусот, и убиства, било во текот на нападот или последователно. Постојат

неколку фактори што придонесуваат за зголемена опасност едно лице да стане жртва

на присилен сексуален однос. Исто така постојат и фактори во рамките на

цоцијалната средина што влијаат да се изврши силување и рњакција на таквиот чин.

Насилното сексуално однесување кај мажите исто така се јавува како последица од

сведоштво на семејно насилство, при кое таткото бил емоционално далечен и

Page 11: diplomska симовска драгана

недоволно грижлив. Сиромашниот живот во заедницата со општа толеранција на

сексуалното насилство и нестрогите казни за таквите дела исто така претставуваат

фактори за таквата појава. Поголема е веројатноста сексуалното насилство да се јави

онаму каде што машките права на сексуален однос се подоминантни, каде што

половоте разлики се големи, и во земјите во кои постои висока стапка на други

видови на насилство. Сексуално насилство се случува кога возрасни или тинејџери

го користат детето за задоволување на своите сексуални потреби-каде личноста

постара од детето го наведува, му се заканува, го заведува или присилува на

сексуални контакти, кој притоа на се грижи за психичкиот и емоционален развој на

детето.

Кога сексуалното насилство се случува помеѓу крвни роднини тоа се нарекува

инцест. Сексуалното насилство може да се дефинира и како сексуален чин кој се

наметнува на дете кое не е довплно емоционално, мотивациски и когнитивно

развиено за таков чин.

За сексуално злоставување е тешко да се утврдата ризичните фактори, за разлика од

физичкото злоставување за кое е познато дека ризичните фактори се во околината на

детето: самохрани родители, екстремно сиромштво, злоупотреба на алкохол и дрога.

Некои автори наведуваат дека најранлива доба и за момчињата и за девојчињата е е

измеѓу 7 и 13 години, сексуалото злоставување се случува во сите доби.Но постојат и

некои претпоставки дека раширеноста на сексуалното злоставување е и под 6

години, бидејќи малите деца не се отвараат односно не се искажуваат, а кога се

возрасни може и да не се сеќаваат.

Превенција во училиштата

Превенцијата на насилство кај децата, како и обезбедување безбедни средини за

децата се преоритет за UNICEF во 21 век , глобално и во Македонија. Најефективни

интервенции за борба против злоупотреба и запоставување на децата се насочени кон

Page 12: diplomska симовска драгана

подобрување на односот родител-дете, вклучувајќи и социјална подршка.Законот за

Основно образование и Законот за средно образование, експлицитно забрануваат

физички и психички малтертирања на учениците во училиштето, со казни за

наставниците. Програмите за превенција на насилството ожат да бидат најуспешни

доколку се целисходни и се засновани на научна основа. Доколку мерките се

преземат усте во раното детство или ако се спроведат во точно одредено време,

постои поголема веројатност да бидат поуспешни. Превенцијата на насилство на

поединечно ниво има две цели.

Првата цел е да се поттикнат оние размислувања и однесувања кои се поврзани со

здравствената состојба кај децата и младите луѓе со цел да се заштити нивниот развој

Втората цел е да се променат оние размислувања и однесувања кај поединците што

веке станале насилни, или пак на кои има се заканува опасност да се повредат

Ваквата превенција е особено насочена кон тоа да ги поттикне луѓето да ги

решаваат проблемите и судирите без употреба на насилство.

Видови индивидуални приоди

Образовни програми: на пример, мотивација на учениците да го завршат средното

образование, стручно оспособување за ученици и возрасни, и програми за

информирање за злоупотреба на дрога.

Програми за социјален развој:на пример,оние што се насочени за спречување на

заплашување, како и предшколски програми. Таквите програми имаат за цел да го

подобрат успехот во училиштето како и социјалните односи.Таквите програми се

изготвени со цел да им се помогне на децата и адолесцентие за да развијат социјални

вештини, да се справуваат со чувството на лутина, да ги решаваат одредените судири

и да развиваат високо морално однесување.

Терапевтски програми:се состојат од консултативни услуги за жртвите на насилство

или за оние што можат себе си да си наштетат, подршка за групи и терапии за

однесување при депресии и други психијатриски растројства кои се блиски до

суицидното однесување.

Програми за лекување: за луѓето што можат себеси да си наштетат, како медицински

третмани за оние што страдаат од психијатриски растројства. Постојат исто така и

програми за извршители на сексуално насилство и лица што ги злоупотребуваат

своите партнери и деца.

Page 13: diplomska симовска драгана

Степенот на ефикасноста на овие разлишни приоди зависи од голем број фактори.

Индивидуалните приоди се насочени, главно кон поттикнување здрав став и

однесување кај децата и помладите во текот на нивниот развој и промен на ставови и

однесувања кај лица што веќе станале насилни или се во опасност да си нанесат

себеси штета.

Акционите планови во согласност со поговорката " подобро да се спречи отколку да

се лечи " елаборираат повеќе начини за превенција од насилство, отколку

интервенција во случај на насилство. Мерките на превенција можат да бидат

различни и се засноваат на различни принципи. Тие тргнуваат од одредба на

физичкото окружување, па се до развивање на комплекснио превентивни програми.

Постојат три вида на превенција и тоа

Примарна превенција

Секундарна превенција

Терцијална превенција

Примарна превенција

Примарна превенција е насочена кон целата популација, а не само кон ризични

групи. Примарната превенција има за цел спречување на насилството пред да се

изврши. Нејзина предност е тоа што опфаќа цела група, охрабрува и ги мотивира

децата кои не се склони кон насилство да помогнат во намалување на

насилството.Добра страна на училишните програми е и тоа што се работи со своите

децата, не се прави дискриминација и на овој начин избегнува можна стигматизација

Page 14: diplomska симовска драгана

било на агресивни деца било на жртва. Овие програми можат да се прават рутински,

како дел од наставната програма.Понекогаш програмите избегнуваат да се

фокусираат на децата со ризик што се јавува како слабост, бидејќи таквите деца

изостануваат од таквите програми, излегува дека таквите програми им се помалку

потребни, дека ти се во нив повеќе ангажираат и обратно.

Секундарна превенција

Секундарна превенција се однесува на работата со ризична група млади или оние

кои покажуваат проблематично однесување во блага форма, и постои ризик да

започне насилство. Секундарната превенција е насочена кон итни мерки за

спречување на насилството како што се- предболничка помош, услуги на брза помош

или лекување на полови болести пренесени со силување. Во ризик фактори за

насилно однесување се вбројуваат: ниско интелектуално или академско

достигнување, хиперактивност, неразвиени социјални вештини, млади родители,

несоодветни воспитни постапки на родителите, конфликти помеѓу родителите, низок

социоекономски статус, дружење со деликвентни врснаци, дезорагнизирано и

насилно соседство, достапност до дрога и оружје и сл. Едно ограничување на оваа

програма е тоа што децата се етикетирани како склони кон ризик, може да се заклучи

дека таквите етикетирања имаат влијание и на самите деца, на нивните врсници и

наставници. Добра страна е тоа што интервенцијата лесно може да се прилагоди на

децата, за разлика од примарните програми. Бидејќи не се работи со своите деца,

спроведување на програмата за секундарна превенција може да биде различна. Во

неа често се користи советување и тераписки пристап, помагање во учењето, давање

домашни задачи, работилница во мали групи и сл.

Терцијална превенција

Терцијална превенција се однесува на работа со млади кои се веќе

окарактеризирани како насилници. Терцијалната превенција е насочена кон

долгорочна медицинска помош по насилството, како што се рехабилитација и

реинтеграција, и кои настануваат да ја ублажат траумата или да ја намалат

долгорочната инвалидност како последица од насилството. Постојат дијаметрално

спротивни ставови како став да се заземе спрема таквите ученици. Од една страна се

залагаат за нулта толеранција и остро казнување и изолорање од потенцијални

жртви. Фактот дека некој случај на насилство се случил во училиштето, во близина

на училиштето или учениците да се сторители на насилство, не е во надлежност на

Page 15: diplomska симовска драгана

училиштето да се занимава со утврдување на грешки и казнени мерки. Ислкучување

на насилникот од училиште ја зголемува веројатноста за понатамошно деликвентно и

криминално однесување. Од друга страна се поставува прашањето како на друг

начин да се заштити жртвата. Решението се бара во програмите на терцијална

превенција во кои би се работело со насилниците. Додека овие програми често се

спроведуваат во воспитно-поправни домови и центрите за социјална работа, во

прашање е колку е училиштето погоден амбиент за реализација на овие програми.

Една од програмите на терцијална превенција што се смета за докажана успешна е

мултисистемската терапија(MST). Во оваа програма се работи со малолетни

деликвенти насочена е, помалку на личноста а повеќе на интерперсонални врски со

околината. Програмата, која трае околу 4 месеци бара вклученост на детето во

социјалните мрежи и интензивна работа со семејството. Задача на оваа програма што

повеќе да се ослабнат социјалните врски со деликвентната околина, а да се

воспостават и да се зајакнат врските со семејството, роднините, соседите,

неделиквентни врсници и сл.

Овие три нивоа се дефинирани според нивниот временски аспект и тоа

Дали мерките за превенција се преземаат пред да се случи насилството

Веднаш потоа

Или во текот на подолг период

Овие нивоа на превенција се спроведуваат кај жртвите на насилство и во рамките

на средини во кои се даваат здравствени услуги. Но тие исто така се однесуваат и на

извршителите на насилство и се користат за дефинирање на судски мерки за

насилството. Како кај високо развиените земји, така и кај земјите во развој приоритет

му се дава на справувањето со непосредните последици на насилството со давање

помош на жртвите и казнување на сторителите. Потребно е поголемо вложување во

примарната превенција на насилството, односно мерките за запирање на

насилството, пред се да не се случи воошто. При развивањето на начините за

спречување на насилството треба да учествуваат голем број сектори и агенции, а

треба да се изготвуваат и програми што ке бидат соодветни за различни културни

средини и групи на население.

Page 16: diplomska симовска драгана

Најголем недостаток во напорите за оваа цел до денес е непостоењето на прецизни

проценки на самите начини и мерки за спречување на насилството.Вршењето на

проценка треба да биде составен дел на сите програми, така што ке може да се увиди

што е ефикасно и што не е во однос на спречувањето на насилството.

Програми наменети за жртвата

Ако се погледнат расправите на електронските форуми кои се започнуваат околу

некое обелоденување на некој случај на насилство, се приметува дека најчестите

совети кои и се давааат на жртвата се- охрабрување да му врати со иста мера на

насилникот, да се спротивстави, на насилникот да му " покаже заби ".Како што

советот има свои посредници, има и критичари. Во рамките на програмите наменети

за жртви на насилство, си даваат за право оние кои се скептични за идејата дека е

најдобро на агресија да се одговори со агресија. Во некои преограми се смета дека е

најдобро да се охрабри жртвата, некогаш тоа ја охрабрува идејата и за обучување на

боречки вештини.

Прва задача на програмата наменета за жртви е пред се жртвите да научат да

препознаат кои ситуации се опасни и да ги избегнат, и како да побара помош од

други. Што се однесува на понашањето во интеракција за врсниците, програмите

Page 17: diplomska симовска драгана

имаат за цел да ги отстрани претпоставените недостатоци во социјалните вештини

кои се погодни за учениците и препознавње на жртвата. Се покажува дека и

емоционалните реакции како што се плачење, агресивно однесување го поткрепуваат

насилникот, но и рамнодушноста.

Генерална стратегија е зголемување на самоувереноста на потенцијалните жртви.

Самоуверената реакција објаснува Roberts " праќа дупла порака".