d7.5 Опис на работна задача за владиниот гео...

16
Поддршка за развој на Стратегија за НИПП D7.5 Опис на работна задача за владиниот гео-портал Верзија 0.4 Автор(и): Јандирк Буленс (Jandirk Bulens), Бас Ванмулебрук (Bas Vanmeulebrouk)

Upload: others

Post on 03-Sep-2019

30 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: D7.5 Опис на работна задача за владиниот гео порталweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/NSDI/Plan za implementacija/D7.5... · функционалности

Поддршка за развој на Стратегија за НИПП

D7.5

Опис на работна задача за владиниот гео-портал

Верзија

0.4

Автор(и):

Јандирк Буленс (Jandirk Bulens), Бас Ванмулебрук (Bas Vanmeulebrouk)

Page 2: D7.5 Опис на работна задача за владиниот гео порталweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/NSDI/Plan za implementacija/D7.5... · функционалности

Опис на работна задача за владиниот гео-портал

Резултат Назив Опис Рок

D7.1

Изработка на програмски план Нацрт-програма за воспоставување на

НИПП, со опис на клучните задачи за

спроведување,

одговорните институции, како и

процена на потребниот буџет и временскиот

распоред

M7

D7.2

Дефинирање на улоги и одговорности

Улоги и одговорности за спроведување на НИПП

M7

D7.3

Дефинирање на клучни

фактори и показатели за успех

За спроведувањето и

функционирањето на НИПП

M7

D7.4

Дефинирање на пристап за

управување со ризици

Опфаќа регистар на

ризици со детален фокус на клучните

ризици поврзани со спроведувањето на

НИПП, проценка на веројатноста и

влијанието, како и

стратегија за олеснување

M7

D7.5

Опис на работната задача за

дефинирање на функционалностите на

владиниот гео-портал (НИПП) во согласност со Стратегијата

за НИПП, со цел да се избере компанија којашто ќе ги развие

техничките спецификации за софтверот за владиниот гео-

портал за НИПП

Дефинирање на опсегот

на работа неопходна за развивање на владиниот

гео-портал за НИПП

M7

Список на резултати за D.7 од Описот на работната задача за MK-RECRP-4768MK-CS-10-C3-1

Page 3: D7.5 Опис на работна задача за владиниот гео порталweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/NSDI/Plan za implementacija/D7.5... · функционалности

Вовед

Овој документ се однесува на резултатот D7.5 и се фокусира на Опис на работната задача за владиниот гео-портал на Република Македонија, во понатамошниот текст

на овој документ: национален гео-портал. Овој документ е тесно поврзан со резултатот D5.9 во рамките на којшто се разработени барањата за владин гео-

портал. Резултатот D7.5 ги користи токму барањата опишани во D5.9. Овој резултат е исход од применетиот пристап на соработка којшто ги опфати Kadaster

International, Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) и македонските учесници

во НИПП.

Опсег

Овој резултат се фокусира на Опис на работната задача за националниот гео-портал

на Република Македонија. Тој не ги зема предвид гео-порталите за поединечните организации. Врз основа на заклучоците од D5.9, националниот гео-портал на

Република Македонија ќе биде гео-портал со општа намена којшто ќе може да се користи за пребарување, преглед и даунлодирање на сетови на податоци.

Функционалниот, техничкиот и графички дизајн не е дел од Описот на работната задача (ОРЗ).

Цел

ОРЗ се користи за да се продолжи со развојот на националниот гео-портал во Македонија, за којшто се веќе преземени првите чекори како дел од спроведувањето

на НИПП.

Методологија

Како појдовна точка се користат резултатите од анализата на барањата. Врз основа на тие барања ќе го опишеме општиот изглед на националниот гео-портал. Овој

документ ќе го опише „општиот“ изглед бидејќи овде не станува збор ниту за целосен функционален дизајн, ниту пак за технички дизајн - тие ќе следат во

подоцнежните фази. Чекорите што следат се оние што треба да се преземат при развивањето на гео-порталот (по D5.9). При разгледувањето на можностите за

општиот изглед на гео-порталот, земени се предвид национални гео-портали што се користат во моментот.

Во рамките на овој документ ќе се осврнеме на:

Резиме на барањата:

анализа; корисници;

цел; содржина;

технички барања; барања за архитектурата;

Општ изглед/содржина:

опис на изгледот; најдобри практики и примери;

ОРЗ:

визија, цели, опсег и резултати;

учесници, улоги и одговорности;

ресурси; план на активностите и временски распоред;

Page 4: D7.5 Опис на работна задача за владиниот гео порталweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/NSDI/Plan za implementacija/D7.5... · функционалности

фактори/ризици за успех.

Page 5: D7.5 Опис на работна задача за владиниот гео порталweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/NSDI/Plan za implementacija/D7.5... · функционалности

Резиме на барањата

Анализа Во рамките на резултатот D5.9 беше извршена анализа на барањата. Анализата на

барањата за националниот гео-портал ги опфати следните активности:

1. Утврдување и избор на една или повеќе групи на корисници коишто ќе го

користат националниот гео-портал;

2. Комуникација со избраните групи на корисници во рамките на првиот чекор,

со цел да се утврдат нивните барања, целите на користење на националниот гео-портал;

3. Анализа на барањата коишто се истакнати од страна на групите на

корисници, со цел да се утврди дали има нејасни аспекти во однос на таквите барања, дали тие се нецелосни, двосмислени или контрадикторни; и потоа

постапување по таквите аспекти;

4. Документирање на барањата.

По реализирањето на тие активности се дојде до заклучокот дека националниот гео-

портал на Република Македонија ќе биде гео-портал со општа намена којшто ќе може да се користи за пребарување, преглед и даунлодирање на сетови на

податоци. Гео-порталот ќе функционира како заедничка платформа каде што

обезбедувачите на податоци ќе може да ги објавуваат метаподатоците за своите сетови на податоци. Само како потсетување може да се спомене дека општиот гео-

портал го дефиниравме како гео-портал којшто располага само со општи функционалности и со хетерогена збирка на сетови на податоци. Ова е спротивно на

тематскиот гео-портал којшто пак е насочен кон одредена задача и може да располага со мошне поспецифични функционалности и похомогена збирка на сетови

на податоци.

Корисници

Главните групи на корисници на националниот гео-портал се:

министерства; АКН;

Централен регистар;

општини.

Цели Овие групи на корисници може да го користат националниот гео-портал за некоја од

следните генерички намени:

пребарување на сетови на просторни податоци; преглед на просторните податоци;

уредување на метаподатоците; даунлодирање на просторните податоци.

Содржина Со цел да може да се реализира функционалноста наведена во споменатите цели, обезбедувачите на податоци треба да обезбедат метаподатоци. Иако создавањето

метаподатоци на почетокот може да изгледа како застрашувачка задача, обемот на

Page 6: D7.5 Опис на работна задача за владиниот гео порталweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/NSDI/Plan za implementacija/D7.5... · функционалности

метаподатоците што се потребни пред да се пронајде сет на податоци е минимален и може да биде ограничен на:

назив на сет на податоци, резиме и клучни зборови;

географски опсег – за да се активни функциите за географско пребарување;

временски опсег – за да се активни функциите за временско

пребарување.

Доколку е потребно да функционира прегледувањето на сетовите на податоци, обезбедувачите на податоци мора да создадат услуги за преглед за своите сетови на

податоци, како и да обезбедат точни линкови до овие услуги за преглед кај метаподатоците. Даунлодирањето на просторните податоци подразбира или услуга

за даунлодирање или функција за даунлодирање на датотека со податоците, како на пример FTP услуга (протокол за трансфер на датотека). И повторно, кај

метаподатоците мора да се обезбедат точни линкови.

Барања за функционалности Целта на барањата за функционалности е да се утврдат неопходните задачи, дејствија или активности што корисникот мора да има можност да ги реализира со

користење на националниот гео-портал. Овие барања за функционалности може да

се опишат со примена на т.н. случаи на користење.

Случај на користење претставува техника за документирање на барањата за нов систем или за промена на софтвер. Случаите на користење им помагаат на

дизајнерите да одлучат кои карактеристики ќе ги спроведат. Случај на користење (на пр. D6.3) претставува опис на чекори или активности помеѓу корисникот и

софтверскиот систем, што го води корисникот кон нешто корисно.

Треба да се опише случај на користење за секоја од претходно утврдените намени

(т.е. пребарување на сетови на просторни податоци, преглед на сетови на просторни податоци, уредување на метаподатоци и даунлодирање на сетови на просторни

податоци). Случајот на користење детално опишува кои функции треба да се достапни во една апликација, со цел таа да биде во можност да ги задоволи

потребите. Случајот на користење утврдува одредена претходна состојба, ги опишува активностите на корисникот и завршува со опис на состојбата по

спроведувањето. Некои од функционалностите утврдени според претходните цели може да имаат заеднички делови. Тие делови може да се изолираат во посебни

случаи на користење. На пример, релативно е честа практиката на создавање

посебни случаи на користење на авторизација и автентикација. Случај на користење којшто му наложува на корисникот да биде логиран ќе може тогаш да се потпре на

таквиот случај на користење, наместо постојано да се опишува случајот на користење на логин.

Фактичкиот опис на случаите на користење е надвор од опсегот на овој документ, но

тие ќе се опишат подетално во D6.3.

Барања за архитектурата Барањата за архитектурата ја утврдуваат неопходната системска архитектура. Од овој аспект, националниот гео-портал на Република Македонија треба да биде во

согласност со INSPIRE архитектурата. Оваа архитектура е опишана во D5.3 „Концептуална архитектура за интероперабилната инфраструктура на НИПП“.

Гео-порталот се состои од графички кориснички интерфејс (GUI - graphical user interface) врз националната инстанца на услугата за откривање. Според тоа

употребата на истиот софтвер којшто бил искористен за оваа услуга за откривање

Page 7: D7.5 Опис на работна задача за владиниот гео порталweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/NSDI/Plan za implementacija/D7.5... · функционалности

може да се смета како добра идеја. Овој софтвер веројатно веќе ќе има вклучено некако вид на GUI. Тој GUI може да се модификува/прошири, со цел да може да се

искористи како национален гео-портал.

Општ изглед/содржина Општиот изглед на којшто ќе се осврнеме овде е идентичен со оној опишан во

резултатот D5.9. Тој е заснован на главните утврдени цели на националниот гео-

портал. Менито коешто е претставено подолу ги содржи главните функционалности.

Клучните карактеристики се следните: • едноставен клиент;

• овозможување на пребарувања; • овозможување на (INSPIRE) услуги;

• овозможување на размена на метаподатоци и податоци; • поддршка на основни концепти.

Едноставен клиент Клиент-прегледувачот е едноставен за користење и јасен, и притоа нуди

функционалност за главната цел. Ова значи дека сè што не оди во прилог на целта треба да се избегнува, и воедно дека корисничкиот интерфејс е интуитивен.

Корисникот има пристап до порталот преку почетната страница на којашто ќе бидат претставени информации што ќе одговараат на прашањата: „зошто, како и за кого?“

Тука има можност да се истакнат и информации за сопственикот(-ците) (лого и линкови), а може да се стави и клаузула за одрекување од одговорност (за ова е

потребно советување со правници).

Овозможување на пребарувања Пребарувањата се вршат целосно врз основа на метаподатоците според стандардите

на OGC/ISO стандардите (види D5.4), и се состојат од три дела:

Page 8: D7.5 Опис на работна задача за владиниот гео порталweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/NSDI/Plan za implementacija/D7.5... · функционалности

пребарување на два начини – едноставно (поле за внесување текст слично на она што го користи google, наменето за секаков текст, со цел да се добијат

можни корисни сетови на податоци), и напредно. Во напредното пребарување може да се користат специфични елементи од метаподатоците како што се

обезбедувач, опсег, геометриски тип, итн.;

прикажување на списокот на сите сетови на податоци извлечени според

текстот во полето за пребарување;

прикажување детали за одбраниот сет на податоци преку користење на информациите зачувани во елементите на метаподатоците.

За да се овозможи пребарувањето, врз основа на потребите на корисникот треба да се утврдат елементите на метаподатоците што ќе се користат.

Овозможување на (INSPIRE) услуги По успешното пребарување корисникот треба да има можност да врши преглед на

пронајдените податоци, а подоцна и да ги даунлодира по потреба. За таа цел обезбедувачот на податоците треба да создаде услуги за преглед и за даунлодирање

според стандардите на OGC/ISO стандардите, и по можност покрај овие стандарди да ги има предвид и спецификациите на INSPIRE. Во суштина постојат два дела:

преглед; даунлодирање.

Овозможување на размена на метаподатоци и податоци Овој дел од националниот гео-портал е наменет конкретно за една група на

корисници – обезбедувачите на податоци. Корисникот пред сè ќе мора да се логира

за да добие заштитен пристап до овие страници. Кога станува збор за автентикација и авторизација упатуваме на стандардни алатки коишто се достапни за тие намени.

Постојат два дела:

Page 9: D7.5 Опис на работна задача за владиниот гео порталweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/NSDI/Plan za implementacija/D7.5... · функционалности

Метаподатоци: Овој дел на корисникот му обезбедува уредувач на метаподатоци како и средства за објавување на метаподатоци, и за ставање

на сетот на податоци на располагање во каталогот на метаподатоци. За повеќе информации во однос на метаподатоците, види D5.4;

Размена на податоци: Овој дел ќе му овозможи на обезбедувачот на податоци да состави лиценца за податоците што сака да ги објави. Во примерот

претставен подолу може да се види холандскиот формулар за размена на

податоци којшто е заснован на истите принципи како оние на Creative Commons. За повеќе информации во однос на размената на податоци, види

D5.7.

Поддршка на основни концепти Ова е поопшт дел од гео-порталот и може да се искористи за да се претстават дополнителни информации за различни теми поврзани со ИПП. Може да има колку

било делови коишто ќе нудат подетални информации во однос на утврдените теми.

За илустрација нудиме три можни делови што би се однесувале на одредени теми: архитектура;

услуги; картирање на податоци.

Најдобри практики и примери Како пример за гео-портал со општа намена може да послужи Холандскиот национален гео-портал (NGR) (види Слика 1 подолу). Тој им овозможува на

корисниците да пребаруваат низ Холандскиот национален гео-портал којшто содржи записи на метаподатоци од различни организации што објавуваат просторни

податоци, и коишто се активни во различни сфери. Во продолжение на тоа, со користење на овој гео-портал сопствениците на просторните податоци може да ги

уредуваат метаподатоците поврзани со своите сетови на податоци.

Во Франција на пример, страницата за пребарување не е почетната страница, туку треба да се избере еден од табовите (Слика 2).

Page 10: D7.5 Опис на работна задача за владиниот гео порталweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/NSDI/Plan za implementacija/D7.5... · функционалности

Слика 1: Холандски национален гео-портал (NGR)

Подолу следат дополнителни примери уште од две земји. За да се направи најдобрата можна споредба, избрана и прикажана е страната на каталогот. Во

суштина повеќето национални гео-портали имаат иста основна функционалност, но истовремено покажуваат и разлики што се специфични за земјите. Во некои случаи

додадени се и дополнителни страници за да се информираат корисниците подетално во однос на достапните гео-информации во земјата.

Слика 2: Француски гео-портал (Geoportail)

Во Велика Британија има повеќе од еден национален гео-портал, и тука го претставуваме GoGeo. Тој е сличен на францускиот портал: на почетната страница

Page 11: D7.5 Опис на работна задача за владиниот гео порталweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/NSDI/Plan za implementacija/D7.5... · функционалности

има доволно информации за локацијата на страната за пребарување, којашто се наоѓа под друг таб. (види Слика 3)

Слика 3: Гео-портал на Велика Британија (GoGeo)

Page 12: D7.5 Опис на работна задача за владиниот гео порталweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/NSDI/Plan za implementacija/D7.5... · функционалности

Како резиме, Описот на работната задача за националниот гео-портал би изгледал на следниот начин:

Визија, цели, опсег и резултати Визија

Националниот гео-портал мора да биде воспоставен така што ќе им одговори на

потребите поврзани со пребарувањето на професионалниот корисник, и потоа ќе ги „пронајде и поврзе“ податоците поврзани со просторот на еден усогласен и

стандардизиран начин.

Цели

Националниот гео-портал ги содржи просторните податоци достапни во

Македонија;

Основната функција на националниот гео-портал е пребарување и

пронаоѓање на просторните податоци;

Националниот гео-портал ги прикажува метаподатоците и картите на објавените просторни податоци;

Националниот гео-портал ги поддржува обезбедувачите на податоци да ги објавуваат своите податоци.

Опсег

Националниот гео-портал содржи единствено просторни податоци;

Националниот гео-портал содржи сетови на податоци за сите просторни теми

наведени во анексите кон INSPIRE;

Националниот гео-портал содржи метаподатоци за податоците и за услугите за податоци;

Обезбедувачите на податоци се одговорни за фактичките сетови на податоци;

Националниот гео-портал ги применува стандардите и спецификациите на

OGC/ISO и на INSPIRE.

Резултати

Гео-портал заснован на веб којшто нуди пристап до просторни податоци;

Каталог на метаподатоци за пребарување на податоци;

OGC веб-услуги за преглед на податоците;

Уредувач за создавање метаподатоци;

Услуга за објавување сетови на просторни податоци;

Поддршка за обезбедувачите на податоци и за корисниците;

Организација за одржување на националниот гео-портал.

Page 13: D7.5 Опис на работна задача за владиниот гео порталweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/NSDI/Plan za implementacija/D7.5... · функционалности

Учесници, улоги и одговорности

Учесници

Под учесници се подразбираат професионалните субјекти во Македонија коишто

користат просторни податоци. Се разликуваат две главни групи, имено:

Обезбедувачи на податоци: Како сопственици на податоците тие се одговорни

за содржината. Податоците, метаподатоците и квалитетот на податоците се

нивните примарни обврски, и тие воедно ќе го користат националниот гео-портал за сите тие да станат достапни;

Корисници на податоци: Сите професионалци коишто ги користат просторните податоци со цел на пример да ги извршат правните задачи, да ја дефинираат

националната политика, да едуцираат и истражуваат, како и за да им обезбедат услуги на граѓаните.

Улоги и одговорности

Комитет за НИПП: Координирањето на националниот гео-портал е предвидено

како дел од обврските на Единицата за управување со НИПП, којашто ќе биде под надлежност на Комитетот за НИПП. Тука се подразбира воспоставување,

одржување, поддршка на и управување со националниот гео-портал;

Обезбедувачите на податоци се одговорни за своите податоци и за услугите

што ги нудат надвор од националниот гео-портал. Тие исто така создаваат и ги одржуваат метаподатоците за сите податоци и услуги што се објавуваат на

националниот гео-портал според соодветните OGC/ISO стандарди, како и според дополнителните спецификации на INSPIRE. Според управувачката

структура обезбедувачите на податоци се дел од групата партнери во НИПП.

Тие имаат институционална одговорност, но сепак се препорачува самите да се организираат во полза на размена на знаењата и искуствата;

Корисници на податоци: Како примарни корисници тие ќе ги обезбедат барањата и спецификациите за националниот гео-портал. Во тековната

средина нема организирана група на корисници – но токму тоа треба да се поттикне во иднина со цел да се обезбеди организиран канал за комуникација

на повратни информации до Комитетот за НИПП, и според тоа до обезбедувачите на просторни податоци.

Ресурси

Ресурси

За да се воспостави национален гео-портал потребни се различни ресурси. Од една

страна станува збор за експертиза и капацитет за реализирање на активностите. Од друга страна станува збор за финансиите и за самата содржина. Експертизата е

достапна во Македонија, но сепак таа треба и понатаму да се развива. Проектот за изработка на Стратегија за НИПП меѓу другото го обучи и персоналот во АКН и

вклучените учесници како да се стекнат со информации во однос на компонентата за

НИПП, што е потребно за реализирање на националниот гео-портал. Индустријата во Македонија и средината исто така веќе вршат работа којашто е мошне слична на она

што е потребно за националниот гео-портал. Индустриските партнери исто така имаат можност да ја вршат работата и индиректно да се вклучат во процесот. За

почетното воспоставување потребни се финансиски ресурси. Во некои земји се спроведуваат кост-бенефит анализи за да се процени повратот на трошоците. Се

препорачува да се разгледаат таквите студии на случај и искуствата да се пренесат во македонската средина. Ова би можело да подразбира посебно истражување за

Page 14: D7.5 Опис на работна задача за владиниот гео порталweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/NSDI/Plan za implementacija/D7.5... · функционалности

утврдување на фактите што би го поддржале развојот на националниот гео-портал, како и за прецизирање на износот на потребните финансиски ресурси и повратот на

инвестицијата.

Структура и распоред за поделба на работата Поделба на работата

Реализацијата на националниот гео-портал ќе се одвива во рамките на повеќе последователни фази, коишто може исто така и да се преклопуваат или да се

одвиваат паралелно, имено:

почеток;

дизајн;

изработка;

тестирање;

употреба.

Почеток

Оваа фаза во моментот се спроведува во рамките на проектот за изработка на Стратегија за НИПП. Таа ги опфаќа испитувањата на теренот и институционалната

поставеност. Од една страна се утврдува изгледот на националниот гео-портал, додека пак, од друга страна се дефинира управувачката структура за НИПП во

Македонија. Како дел од процесот се смета и дефинирањето на Описот на работната задача, со цел националниот гео-портал да прејде во следната фаза – неговото

фактичко дизајнирање.

Управување

Треба да се воспостави управувачка структура со цел процесот на донесување

одлуки да биде заснован на националниот контекст во Македонија. Тоа всушност и ќе обезбеди средства за управување со процесот на реализирање на националниот

гео-портал. Ова исто така значи и дека оваа фаза ќе се одвива паралелно со сите други фази.

Дизајн

Врз основа на почетните информации може да се започне со дизајнирањето. На

почетокот ќе станува збор за функционалниот дизајн. Описот на работната задача се пренесува во функционални барања. Дизајнот се дефинира како:

архитектура - може да опфаќа дизајн на база на податоци (по можност во UML

за да биде независна од спроведувањето);

дизајн за интеракција со корисници (може да се подели според случаи на

користење за да се утврдат различните компоненти/модули што треба да се реализираат);

графички дизајн.

Следниот чекор е да се преточи сето ова во технички дизајн.

Изработка

Техничкиот дизајн се изработува и системот потоа го тестираат изработувачите.

Page 15: D7.5 Опис на работна задача за владиниот гео порталweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/NSDI/Plan za implementacija/D7.5... · функционалности

Тестирање

Фазата на тестирање е потребна за да се прифати изработениот национален гео-

портал, а може да се користи и за тестирање на применливоста. Со цел да се изврши влијание врз она што се обезбедува, тестирањето на применливоста треба да се

реализира колку што е можно порано. Ова значи дека треба да се реализира и за функционалните дизајни. Постојат два начини да се направи тоа: едниот е на

хартија бидејќи апликацијата сè уште не е изработена, додека пак, вториот

подразбира дизајнираната апликација да стане прототип. Ова значи дека оваа фаза треба да се одвива паралелно, и треба да започне во фазата на функционалниот

дизајн.

Одржување и поддршка

Дел од дизајнот ќе се однесува на модули за одржување на националниот гео-портал. Ова значи дека и оваа фаза треба да се одвива паралелно со фазите на

дизајн и на изработка. За да стане оперативно ова може да се реализира единствено по успешното финализирање на националниот гео-портал.

Поддршката подразбира соодветен центар за поддршка со прва и втора линија, како

и дека се постигнати договори за соодветното ниво на услуги со сите вклучени партнери - изработувачи, обезбедувачи на услуги и на податоци.

Комуникација

Од суштинска важност за успехот е корисниците да бидат запознаени со она што ќе

се реализира. За таа цел, комуникацијата во однос на речиси сè што се реализира треба да се остварува веднаш штом ќе се смета за оправдана. Потребен е

комуникациски план којшто ќе се воспостави на почетокот на процесот. Според тоа, и ова исто така се одвива паралелно со сите други фази.

Временски распоред

Временскиот распоред мошне зависи од воспоставувањето на конечните функционални барања.

Фактори/ризици за успех

Постојат многубројни фактори коишто имаат влијание врз резултатот:

воспоставување на национален гео-портал, имено:

воспоставената управувачка структура е од суштинска важност за поддршка

на процесот на донесување одлуки, како и за утврдувањето на одговорностите;

политички заложби – доколку потребата од национален гео-портал не се препознае на политичко ниво, во тој случај нема да се создаде никаква

мотивација;

непризнаени одговорности – доколку учесниците не ги гледаат своите придобивки од националниот гео-портал, нема да се почувствува никаква

одговорност за поддршка на процесот на развој на националниот гео-портал;

недостаток од финансиски средства – јасно е дека ќе се јават проблеми

доколку нема доволно достапни финансиски извори;

расположливост на експертиза и обуки;

непостоење на содржината во дигитална форма. Примарните средства се самите просторни податоци. Доколку тие не се достапни во дигитална форма,

ова може да има влијание врз успехот;

Page 16: D7.5 Опис на работна задача за владиниот гео порталweb01.katastar.gov.mk/userfiles/file/NSDI/Plan za implementacija/D7.5... · функционалности

обезбедувачите на податоци не се подготвени. Како надоврзување на претходната точка, доколку обезбедувачите на податоци не успеат да ја

стават на располагање својата (дигитална) содржина, ова ќе има влијание врз успехот на националниот гео-портал;

директиви на ЕУ коишто наметнуваат законодавство.