100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/finalen izvestaj za proektot... · АКН преку...

44

Upload: others

Post on 17-Sep-2019

31 views

Category:

Documents


1 download

TRANSCRIPT

Page 1: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување
Page 2: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

100%катастар на недвижности

94% зголемен број на трансакции од 2005 до 2015

188% зголемен број на регистрирани хипотеки од 2005 до 2015

нова хардверскаинфраструктура за електронскиот систем на АКН со нов ЕРП, ДМС, дистрибутивен систем и електронски шалтер

106% зголемен број на новопримени предмети од 2005 до 2014

99,98% решени предмети во 2014 – тековно решавање на предметите

4,9 милиони посетители на веб страната на АКН (од 2009 до јуни 2015);10 пати е зголемена посетеноста на веб страната на АКН

87,12% од територија на Македонија покриена со дигитални катастарски планови

616 корисници во е-кат шалтер

воспоставен национален НИПП портал

4007 eвидентирани трансакции во регистер на цени

591извршена обука

100% покриеност со современи геодетски мрежи (активна и пасивна ГНСС мрежа, нивелманска мрежа од висока точност, основна гравиметриска мрежа)

3,94 оценка на задоволството на корисниците

64,7% самофинансирање

4.1 милион катастарски парцели

748.167 регистрирани објекти

32 изработени студии и стратегии

Page 3: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Во 2005 година, катастарскиот систем во Република Македонија имаше примеси од Тапискиот систем (пописен катастар) формиран во далечната 1847 година од Отоманската империја, од земјишниот катастар формиран 1928 година од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, како и од катастарот на недвижности формиран во 1986 година во поранешната југословенска држава. Развојна цел на проектот беше создавање на ефикасен и ефективен систем на катастар и запишување на правата на недвижностите, придонесувајќи кон развојот на ефикасен пазар на недвижности, додека финалните индикатори за успешност на проектот беа зголемен број трансакции на земјиште и недвижности, зголемено ниво на хипотеки, дигитални катастарски планови за 70% од територијата на земјата достапни преку интернет, како и зголемен степен на задоволство кај клиентите преку подобрување на стандардите за катастарските услуги. Во рамките на проектот со редефинирање, со редизајнирање и со преодредување на геодетската референт-на инфраструктура во Република Македонија, се воспостави нова активна (МАКПОС) и пасивна (МАКРЕФ) ГНСС мрежа на целата територија на Република Македонија, се воспостави нова нивелманска мрежа од висока точност, нова основна гравиметриска мрежа, а се спроведе и детален гравиметриски премер на целата територија на Репу-блика Македонија. Со овој проект Република Македонија доби катастар на недвижности на целата територија и се воспостави електронски катастар во сите одделенија за катастар на недвижности. Преку електронскиот шалтер, со Катастарот се поврзаа сите нотари, општини, геодетски компании итн. и се овозможи 24-часовна онлајн достапност и транспареност на податоците на катастарот, сите хипотеки и други стварни товари врз недвижностите од судовите се пренесоа во катастарот, се дуплираше односно триплираше бројот на регистрира-ни трансакции односно хипотеки, се зголеми ефикасноста за решавање на предметите, се обединија алфанумерич-ките и графичките податоци преку дигитализација и хармонизација на податоците и катастарските планови во една централизирана база поставена на најсовремена хардверска инфраструктура, се воспостави нов ЕРП и ДМС систем и нов дистрибуциски систем со кои целокупното работење на Агенцијата се одвива по електронски пат, а имотен лист, катастарски план и други податоци од Катастарот можат да се нарачаат и од дома преку интернет, се воспостави Регистар на цени на недвижностите и закупите со што се зголеми транспарентноста на пазарот на недвижности, се воспотави нов „хелп деск“ за внатрешни и надворешни корисници, се воспостави новиот владин НИПП геопортал, се изработија многу студии кои помогнаа во значајни процеси во Републиката, се помогна за формирање на приватната геодетска практика, се помогна во реформите на образовната програма на катедрите по геодезија при Градежниот факултет, се зголеми задоволството на граѓаните и професионалните корисници од услугите на Катастарот и се направија многу други работи опишани во оваа брошура. Денес во 2015 година, со задоволство можеме да констатираме дека сите индикатори од проектот се исполнети, а граѓаните и бизнис-заедницата во Република Македонија добија катастарски систем што во целост ги исполнува стандардите на FIG – „Катастар 2014 визија на новите катастарски системи“, со што овој проект беше награден како најдобар проект за подобрување на животот на граѓаните во Југоисточна Европа и Азија. Почитувани пријатели, да се работи во Агенцијата за катастар на недвижности во време кога се напра-вија овие крупни реформи, беше голема обврска за секој вработен, но истовремено и посебна чест бидејќи изградивме мрежи и системи кои се одлична основа за идниот развој на Катастарот, но изградивме и современ катастар кој е во функција на економскиот развој на државата.

Со почит,Славче Трпески, директор

Почитувани пријатели,

Оваа брошура е мало сведоштво за десетго-дишниот проект “Катастар на недвижности и регис-трација“ финансиран од Светска банка, а потпомог-нат со техничка и експертска помош од Кралството Шведска, Кралството Холандија и Царството Јапо-нија. Во изминатите десет години со огромна поддршка на Владата на Република Македонија и со напорна и посветена работа на сите вработени во Агенцијата, Република Македонија доби современ мултифункционален катастарски систем.

Page 4: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

СОДРЖИНА

1. ВОВЕД1.1. Главни проектни цели1.2. Управување со проектот

/клучни учесници

2. ПОСТИГНАТИ ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ ПО КОМПОНЕНТИ

2.1. Компонента 1: Комплетирање на катастарот на недвижности

2.2. Компонента 2: Институционален развој и подобрување на услугите што ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности

2.3. Компонента 3 - Развој на земјишна

политика2.4. Компонента 4:

Управување со проектот2.5. Компонента 5: Дигитални катастарски

планови и ВЕБ-ГИС2.6. Компонента 6: Поддршка на Управата за имотно-правни работи

3. ВЛИЈАНИЕТО НА ПРОЕКТОТ НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ, КОРИСНИЦИТЕ НА СИСТЕМОТ И ОПШТЕСТВОТО

ЛИСТА НА КРАТЕНКИ

(РМ) – Република Македонија

(MФ-УИПР) – Министерство за финансии – Управа за имотно-правни работи

(АКН) – Агенција за катастар на недвижности

(СБ) – Светска банка

(МБОР) – Меѓународна банка за обнова и развој

(ЕУ) – Европска унија

(ПКНР) – Проект за катастар на недвижности и регистрација

(ДФ) – Дополнително финансирање

(КН) – Катастар на недвижности

(КЗ) – Катастар на земјиште

(ДКП) – Дигитални катастарски планови

(ГРИ) – Геодетска референтна инфраструктура

(НИПП) – Национална инфраструктура за просторни податоци

(ГИС) – Систем за геоинформации

(ДМС) – Систем за управување со документи

(ЕРП) – Систем за управување со ресурси

(ЦКН-Скопје) – Центар за катастар на недвижности-Скопје

(СИДА) – Шведска меѓународна агенција за развој

(ЈИЦА) – Јапонска агенција за меѓународна соработка

(ИКТ) – Информатички и комуникациски технологии

ЕУП – Единица за управување со проектот

(ККП) – Комисија за координација на проектот

(СКЗП) – Советодавен комитет за земјишна политика

(ТТЛ) – Лидер на тимот на проектот

Page 5: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

1. ВОВЕД 1.1. Главни проектни цели

Главната цел на проектот „Катастар на недвижности и регистрација“кој се имплементираше во две фази ( 2005-2010 и 2010-2015 ) беше да се изгради еден ефикасен и ефективен систем за катастар на недвижности и регистрација, со што ќе се придонесе за развојот на ефикасен пазар на земјиште и недвижен имот на територијата на Република Македонија.

За да се покрие целата територија на Република Македонија со катастар на недвижности во што пократок рок, беше донесена одлука да се започне проект финансиран од страна на Светска банка наречен„Катастар на недвижности и регистрација“ (КНР). Проектните активности беа фокусирани кон:

1. Забрзување на воспоставувањето на катастарот на недвижности (КН) и запишување на правата на недвижностите;

2. Подобрување на процесите и процедурите преку реконструирање на канцелариските функции и воведување автоматизација и ИТ-технологија;

3. Подобрување на институционалниот капацитет и човечките ресурси на АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување и развој на човечки ресурси;

4. Развивање на капацитетите на Владата за формулирање политики со цел да се создадат ефикасни пазари на недвижности.

Директни корисници на проектот КНР се граѓаните на Република Македонија, а особено актуелните и потенцијалните сопственици на недвижен имот, инвеститорите, експертите и компаниите кои учествуваат во трансакциите со недвижен имот, банките, единиците на локалната самоуправа, државните управни органи и професионалните корисници.

Потпишување на договорот за Проектот Катастар на недвижности и регистрација - дополнително финансирање

1

Page 6: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

1.2. Управување со проектот/клучни учесници Во имплементацијата на проектот КНР беа вклучени:

- Агенцијата за катастар на недвижности (АКН); - Комисијата (колегиум на АКН) за координирање на проектот (ККП); - Управата за имотно-правни работи на Министерството за финансии (МФ-

УИПР); - Единицата за управување со проектот (ЕУП); и - Советодавниот комитет за земјишна политика (СКЗП).

Тимот на Светска банка беше предводен од страна на лидерот на тимот

(TTL) кој беше задолжен за координација и следење на реализацијата на проектот. АКН имаше можност да соработува со други донатори во рамките на

неколку проекти кои придонесоа во целокупната реформска програма за регистрација на недвижностите. Заради обезбедување успешно и ефикасно спроведување на реформските процеси во АКН, овие проекти беа третирани како составни делови на една единствена, поголема реформска програма бидејќи постоеше силна и ефикасна комуникација и координација на активностите кои се реализираа во рамките на овие реформски проекти.

• Владата на Холандија, преку фонд на Светска банка, овозможи грант наменет за имплементација на активности во рамките на пилот-проект во ОКН Куманово, во периодот од 2005-2006 година;

• Владата на Јапонија, преку Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЈИЦА), во периодот 2004-2006 година ја поддржа АКН со изработка на основна државна карта за ГИС во РМ, во размер од 1:25.000;

• Владата на Шведска и Шведската интернационална агенција за развој (СИДА), во период од 2005 до 2008 година, ја финансираше програмата за градење капацитети и тренинг за АКН;

• Шведската интернационална агенција за развој (СИДА) ја финансираше и втората фаза на проектот за градење капацитети за спроведување на Стратешкиот план на АКН 2009 – 2012;

• Агенцијата за катастар на недвижности преку твининг-проект со холандскиот катастар (Kadaster), во периодот септември 2008 – 2010 година ги имплементираше проектите за „Техничка помош поврзана со процесот на производство на дигитални планови, бизнис-развој и ИТ-стратегија;

• Владата на Холандија финансираше твининг-проект помеѓу АКН и холандскиот катастар за изработка на стратегијата за НИПП;

• Владата на Јапонија, преку Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЈИЦА), обезбеди техничка помош за подготовка на потребните студии и технички спецификации за подобрување на геодетската референтна инфраструктура, а проектот КНР во втората фаза-дополнително финансирање ја поддржа нивната реализација.

2

Page 7: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

2. ПОСТИГНАТИ ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ ПО КОМПОНЕНТИ 2.1. Компонента 1: Комплетирање на катастарот на недвижности (КН)

Првата компонента го поддржа комплетирањето на катастарот на недвижности и запишувањето на правата на недвижностите во сите урбани и полуурбани средини во земјата, до отпочнување на втората фаза на проектот КНР. Компонентата содржеше две поткомпоненти:

- Оперативна поддршка за комплетирање на КН вклучувајќи основно картирање, повторен катастарски премер, поддршка за систематско излагање и запишување на недвижности и рационализација на постапките за запишување;

- Програма за јавна свест - Јавна кампања за систематско запишување на правата на недвижностите.

2.1.1. Повторен премер и ажурирање на катастарските планови

Во рамките на проектот, на 197 катастарски општини (КО) со вкупна површина од 30.275 ха, во шесте најголеми области на Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Струга и Кичево беше извршено аерофотограметриско снимање во функција на изработка на ортофото подлоги, основа за реамбулација.

За 59 КО на територија на Гостивар беше извршено аерофотограметриско снимање и изготвување на дигитални катастарски планови кои беа основа за започнување на постапката за систематско запишување на правата на недвижностите.

За 620 КО на територијата на РМ, и тоа: со површина од 30.275 ха (урбани средини окарактеризирани како активен пазар на земјиште); со површина од 52.800 ха (станбени средини на мали градови и села каде што пазарот на земјиште не беше активен) и со површина од 395.000 ха (рурални области каде што земјиштето се користи за земјоделство и шумарство или високопланински области од мало стопанско значење) беа склучени вкупно 24 договори за реамбулација (дополнителен премер), и тоа: 15 договори со приватни геодетски компании за вкупно 54 КО и 9 договори (домашни и меѓународни) за вкупно 606 КО. 2.1.2. Поддршка за систематско излагање и запишување на правата на недвижностите

Како логистичка поддршка на постојните комисии на АКН, за спроведување на постапката за запишување на правата на недвижностите (излагање на јавен увид на податоците за недвижностите и на носителите на правата на недвижностите) беа ангажирани дополнителен број комисии составени од правници, геодети и административни асистенти (околу 200) и беше извршена нивна обука од страна на проектот финансиран од СИДА.

3

Page 8: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

2.1.3. Рационализација на процедурите за запишување

Во функција за непречено, забрзано и навремено завршување на постапката за востановување катастар на недвижности, во првата фаза од имплементацијата беа донесени измени на законската регулатива во 2005 година со што се овозможи:

- Воведување приватна геодетска практика за вршење на оперативно-теренските работи поврзани со катастарот на недвижности;

- Поедноставување на процедурите за запишување на правата на недвижностите;

- Воведување нов начин на запишување на правата на недвижностите -поединечно запишување на правата на недвижностите; и

- Конверзија на „катастар на земјиште“ во „катастар на недвижности“ на определени делови од катастарските општини.

Во табелата се прикажани бројот на лица овластени геодети, како и бројот на регистрирани приватни геодетски фирми за вршење теренски и геодетски работи

2.1.4. Програма за јавна свест – Јавна кампања за систематско запишување на правата на недвижностите

За реализација на активностите од првата компонента како што беше аерофотограметриското снимање на 59 КО, претходеше јавна кампања спроведена под мотото „Обележи што е твое“. Во функција на успешно спроведување на постапката на систематско запишување на правата на недвижностите и востановувањето на катастарот на недвижности беше спроведена јавна кампања под мотото „ Да се знае што е - чие е“.

4

Page 9: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

Постери, билборди и летоци изработени во рамките на првата компонента

Оваа компонента заврши во првата фаза на проектот. Заклучно со 31 декември 2010 година, најзначаен резултат е востановен катастар на недвижности на 99,50% од територијата на Република Македонија. Воспоставеноста на катастар на недвижности на 100% од територијата на Република Македонија беше постигната во текот на 2012 година.

5

Page 10: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

Графички приказ на темпото на востановување катастар на недвижности

По востановувањето на катастар на недвижности на целата територија на

Република Македонија, АКН продолжува со процесот на одржување на катастарот на недвижности кое вклучува: запишување недвижности кои останале со незапишани права, запишување промени во катастарот на недвижности и востановување и одржување на катастарот на инфраструктурни објекти како дел од катастарот на недвижности. 2.2. Компонента 2: Институционален развој и подобрување на услугите што ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности

Целта на оваа компонента беше трансформација на АКН во современа и ефикасна агенција, подобрување на услугите во сите подрачни одделенија за катастар на недвижности, со цел времето на извршување на трансакциите да се намали на крајот на проектот и да биде во рокови утврдени со Законот за КН.

Во првата фаза на проектот КНР, оваа компонента ги вклучуваше следните поткомпоненти:

(1) Институционален развој на АКН; (2) Транспарентност и одговорност; (3) Подобрување на услугите; (4) Развој на автоматизиран систем на катастар и запишување; (5) Обука и едукација.

Во втората фаза од проектот, активностите во оваа компонента беа насочени кон: (6) Спроведување на интегрирано управување со финансиите, управување со

човечките ресурси и мониторинг, систем за анализи и известување;

0%

10%

20%

30%

40%

50%

60%

70%

80%

90%

100%

1988

19

89

1990

19

91

1992

19

93

1994

19

95

1996

19

97

1998

19

99

2000

20

01

2002

20

03

2004

20

05

2006

20

07

2008

20

09

2010

20

11

2012

0%

0.53

%

0.59

%

0.82

%

1.11

%

4.52

%

6.65

%

10%

14

.30%

16

.90%

17

.30%

22

.10%

35.6

0%

36.9

0%

39.1

0%

42.6

0%

44.5

0%

46.1

0%

52%

70

.50%

84.4

0%

96.1

0%

99.5

0%

99.8

7%

100%

Востановување на катастар на недвижности

6

Page 11: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

(7) Надградба на постојните софтверски системи за подобрување на доставувањето услуги за регистрација, вклучувајќи обезбедување потребен софтвер, приспособување на софтвер, хардвер, миграција на податоци;

(8) Обуки и техничка помош. 2.2.1. Институционален развој на АКН

Во рамките на оваа поткомпонента беше изготвен првиот Стратешки план на АКН за периодот 2007-2010 година со три анекси:

- Стратегија за управување со човечки ресурси; - ИТ/ИМ стратегија; - Стратегија за пазарна анализа и поврат на трошоците.

Во рамките на оваа поткомпонента беа реализирани и следните активности:

- Развој на правна рамка (закони, подзаконски акти, прописи) за трансформација во извршна агенција;

- Техничка помош и обука за супервизија и контрола на квалитетот во АКН, како и обука и техничка помош за развој на внатрешните капацитети на персоналот на АКН за супервизија и контрола на квалитетот на приватниот сектор;

- Ангажирање консултанти за изработка на повеќе студии со цел подобрување на доставувањето на услугите;

- Студиски патувања; - Краткотрајни обуки во странски држави; - Развој на регионалната и меѓународната соработка.

Во текот на 2013 година АКН го подготви стратешкиот план кој имаше цел

идентификување на приоритетите и развивање стратегија на Агенцијата за периодот 2013–2016 година. Стратешките приоритети и програми на АКН за период 2013–2016 година се насочени кон подобрување на услугите кон корисниците, создавањето ефикасен, сигурен и безбеден електронски геодетско-катастарски информациски систем, како и кон зајакнувањето на институционалните капацитети. 2.2.2. Транспарентност и одговорност

Активностите во оваа компонента беа насочени кон: (1) издавање листа на права наменета за корисниците; (2) зајакнување на процесите на внатрешната контрола во АКН; (3) воспоставување телефонска линија за добивање дополнителни информации и пријавување неправилности во работењето на АКН.

Во рамките на оваа компонента беа изработени брошури и памфлети со цел

запознавање со тековните активности и услугите што ги дава АКН. Во Центарот за

7

Page 12: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

катастар на недвижности-Скопје и во сите 29 подрачни одделенија за катастар на недвижности се поставени рекламни паноа, листа на права на клиенти од каде што странките можат да ги добијат потребните информации за одреден вид услуги и постапки.

Листа на права наменета за корисниците

Брендирање

Од 2007 година АКН започна со акцијата „Отворено со катастарот“. Целта на овие форуми е да се информираат граѓаните за новините во катастарот, како и да им се овозможат стручни совети при решавањето на нивните проблеми, поврзани со катастарот на недвижности.

8

Page 13: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

За новите надлежности на АКН се изготвени ТВ-спотови, постери, летоци и брошури.

9

Page 14: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

Одржани се голем број прес-конференции преку кои се промовираа новите

услуги и продукти на АКН, како што се: бесплатната изработка на геодетски елаборати за социјалните случаи, формирањето на катастарот на инфраструктурни објекти, формирањето на регистарот на цени и закупнини, регистарот на адреси и куќни броеви и регистарот на градежно земјиште.

10

Page 15: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

Информативни брошури

Подобрувањето на транспарентноста и одговорноста во работењето на АКН, исто така вклучуваше и подобрување на услугите кон клиентите. Во текот на 2010 година беа изготвени пет информативни брошури кои даваа јасни и прецизни упатства и насоки за корисниците при добивање податоци и услуги што ги нуди АКН.

Информативните брошури беа распределени на шалтерите во сите сектори/одделенија за катастар на недвижности.

11

Page 16: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

Воспоставување телефонска линија за пријавување неправилности во работењето на АКН

Инфо-линијата на АКН беше

отворена во јули 2006 година и функционираше со бесплатните телефонски линии 0800 80 800, 02/3171-733 и 02/3173-825. Инфо-линијата беше наменета за професионалните корисници, физичките лица и за вработените во АКН. Со ова им се овозможи на граѓаните, професионалните корисници и бизнис заедницата добивање на дополнителни информации поврзани со работењето и услугите на АКН а на вработените помош во извршување на работните обврски.

Во 2014 година инфо-

линијата прерасна во контакт-центар на АКН и беше пуштена новата апликација како единствено место за контакт (Single Point of Contact-SPOC). Со ова им се овозможи на клиентите достапност до унифицирана информација за сите услуги и продукти на АКН на едно место. 2.2.3. Подобрување на услугите за запишување

Оваа поткомпонента се фокусира на подобрување на квалитетот на услугата наменета за клиентите и подобрување на работните услови за персоналот на АКН во локалните канцеларии.

Реновирањето е комплетно завршено на сите 29 подрачни одделенија за КН кое вклучуваше реконструкција, реновирање

12

Page 17: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

канцеларии и обезбедување мебел, канцелариска опрема и материјали. За Центарот на КН - Скопје изградена е нова зграда која е комплетно опремена со нов мебел и со канцелариска опрема.

Од 1 февруари 2010 година, АКН започна со употреба на електронски уреди

за наплаќање со платежни картички (ПОС терминали) на надоместоците за своите услуги. 2.2.4. Обука и едукација

Оваа поткомпонента беше

координирана со програмата за градење капацитети финансирана од СИДА. Беше формиран тренинг-центарот во кој се спроведоа обуки за потребите на АКН, на приватниот геодетски сектор и на другите професионални корисници.

Центарот за обука на АКН беше основан во текот на 2005 година со поддршка на проектот „Зајакнување на институционалниот капацитет на АКН“ финансиран од Шведската интернационална агенција за развој (SIDA).

13

Page 18: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

Во овој центар континуирано се спроведуваат обуки за вработените и

професионалните корисници, во согласност со Годишната програма за обука, развиена од страна на АКН.

Следната табела го покажува бројот на организирани обуки и вкупниот број учесници.

2.2.5. Развој на регионална и меѓународна соработка

Остварени се повеќе студиски посети на агенциите за катастар во регионот и пошироко, организирани се меѓународни конференции и работилници.

Регионална конференција за катастар и Работилница за новите надлежности на АКН земјишна администрација – Охрид 2009

14

Page 19: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

НИПП конференција, јуни 2010

Оваа поткомпонента ја поддржа и реформата на наставната програма на

Катедрата за геодезија и на Правниот факултет, како и на средното геодетско училиште, преку надградување на наставниот план со нови теми во администрирањето на земјиштето, земјишното право, економијата на земјиштето, управувањето со земјиште и проценка на имот. Проектот КНР ја поддржа Катедрата за геодезија со купување на најважната наставна опрема-компјутерска лабораторија.

2.2.6. Развој на автоматизиран систем за катастар и регистрација

Проектот за градење на капацитетите финансиран од СИДА, покрај финансирање на програмата за градење на капацитети, обезбеди финансирање на 4 домашни ИТ-лица кои требаше да помогнат на АКН во формирањето на идниот ИТ-сектор. Беше финансирана и меѓународна стручна помош за ИТ-секторот, во насока на развивање на капацитетите за воспоставување на современ ИТ-систем за водење на регистрите од катастарот на недвижности со сервиси за професионалните корисници и граѓаните. Воспоставување електронски систем за регистрација е-Кат

АКН во процесот на институционално зајакнување започна со воведување електронски систем за регистрација („еКат“). На 1.6.2010 година, системот „еКат“ стана оперативен во ЦКН – Скопје и во потполност го замени стариот систем за регистрација во катастарот на недвижности, а до средината на 2012 година системот „еКат“ стана оперативен на целата територија на Република Македонија. Со воспоставување на е-катастарот АКН создаде можност за воведување нови сервиси за граѓаните и професионалните корисници чија цел беше зголемување на ефикасноста и транспарентноста во работењето.

15

Page 20: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

АКН ги промовираше следните сервиси:

- увид во статусот на решавањето на предметот за сите граѓани; - издавање имотен лист за недвижност што се наоѓа во друг град; - електронско поднесување на предметите од страна на професионалните

корисници (нотари, приватни геодети, општини, извршители, проценители и други);

- електронско издавање документи преку професионалните корисници на електронскиот шалтер како имотен лист, копија од план, графички извадок од дигитален катастарски план за изработка на геодетски елаборат и друго.

Графикон на електронски поднесени пријави преку е-кат

Надградба на електронскиот катастар со модул за графички податоци – интегрирана алфанумеричка и графичка база за катастарот на недвижности

Системот е-Кат во средината на 2013 година е надграден со нов модул за графички приказ на недвижности (катастарските парцели и објекти). Модулот графика во е-Кат овозможува побрзо, поефикасно и поквалитетно одржување на катастарските податоци, како и побрза и поефикасна електронска размена на податоци со професионалните корисници на АКН, а особено со приватните геодетски фирми. Со оваа надградба во е-Кат системот се создаде единствена база на алфанумерички и графички податоци за катастарот на недвижности.

16

Page 21: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

НОВИ НАДЛЕЖНОСТИ НА АКН

Со Законот за катастар на недвижности од 2013 година, воведени се нови надлежности на Агенцијата за катастар на недвижности, и тоа воспоставување катастар на инфраструктурни објекти како дел од катастарот на недвижности, воспоставување графички регистар на улици и куќни броеви, регистар на градежно земјиште и воспоставување масовна проценка. Втората фаза на проектот „Катастар на недвижности и регистрација“ ги поддржа новите надлежности на АКН преку набавка на софтвер за инфраструктурни објекти и изработка на Студија за регистар на градежно земјиште и Студија за воспоставување масовна проценка. Електронски систем за регистрација на инфраструктурни објекти

Агенцијата за катастар на недвижности согласно со законската надлежност во целост го воспостави системот за запишување/евидентирање на сите видови инфраструктурни објекти.

Запишувањето на инфраструктурните објекти во инфраструктурниот катастар овозможува

17

Page 22: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

ставање во правен промет (купопродажба, закуп, ставање под хипотека), а сопствениците добиваат можност за обезбедување дополнителни средства.

Првиот издаден имотен лист за инфраструктурен објект

Регистар на цени и закупнини

Преку проектот КНР беше изготвена физибилити-студија за можностите, условите за воспоставување и за имплементација на системот за масовна проценка на недвижностите. Студијата содржи предлог-законски решенија, предлог-начини за собирање на податоците потребни за воспоставување и одржување на системот, како и

18

Page 23: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

за воспоставување на регистарот на цени и закупнини на недвижности, во кои се регистрира целиот промет со недвижности во Република Македонија и се собираат дополнителни податоци за карактеристиките на недвижностите кои се дел од трансакциите.

Регистарот на цени и закупнини на недвижностите е воспоставен и пуштен во продукција на 18 март 2015 година.

Студија за воспоставување регистар за градежно земјиште

Изготвена е Студија за воведување регистар на градежно земјиште во АКН. Со воспоставувањето и управувањето на регистарот за градежно земјиште ќе се овозможи транспарентност на постапката на урбанистичкото планирање на територија на Република Македонија, анализи поврзани со управувањето на градежното замјиште и поедноставна постапка за издавање извод од урбанистички планови, нумерички податоци и други податоци за градежното земјиште.

19

Page 24: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

Студија за воспоставување скен-центар

Во рамките на проектот изработена е Студија за воспоставување скен-центар за скенирање и дигитализација на архивската документација што ја поседува АКН.

Оваа студија содржи детаљно објаснување на процесот за воспоставување скен-центар, опишана е класификацијата на документите и опциите за нивно организирање, индексирање, а содржани се и метаподатоците потребни за полесно дигитално наоѓање на документите во базата на податоци. НОВИ СИСТЕМИ ЗА УПРАВУВАЊЕ Систем за управување со ресурси (ЕРП)

Агенцијата за катастар на

недвижности (АКН) со средствата од заемот на Светска банка продолжи со воведувањето нови системи со кои се зајакнуваат капацитетите на Агенцијата, се воведува ефикасно и економично работење и се подобруваат и услугите кон граѓаните и бизнис-заедницата.

20

Page 25: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

ЕРП системот е

пуштен во употреба во 2015 година и е систем што ги обединува внатрешните бизнис-процеси на Агенцијата, и тоа финансиите, човечките ресурси, набавките и основните средства, односно следните модули: матични податоци, сметководство и финансии, материјална

евиденција, комерција, човечки ресурси и евиденција на работното време, соопштенија од АКН и др.

Системот ЕРП е поврзан со електронскиот катастар со што се автоматизира пресметката на ефикасноста на вработените врз основа на остварениот учинок, согласно со дејностите што ги извршуваат секојдневно. Систем за управување со документи (DMS)

АКН воведe систем за управување со документи (DMS) што вклучува проток (workflow) на влезно-излезни документи од и кон АКН, како и интерни документи меѓу секторите на АКН. Системот e интегриран со постоечките системи во АКН (електронски катастар - е-кат, софтвер за интегрирано планирање на ресурси - ЕРП) при што има можност за директно преземање на документите генерирани од постоечките системи и нивно проследување согласно со преддефинираните постапки.

Системот (DMS) го

користат повеќе од 500 вработени во АКН, со што се зголеми ефикасноста на работата во АКН и се овозможи продолжување на тенденцијата за прераснување во модерна

самофинансирачка агенција, ориентирана кон потребите на клиентите.

21

Page 26: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

Скенирање на предметите примени на шалтер Кон крајот на 2013 година, во Центарот за катастар на недвижности - Скопје и во останатите одделенијата за катастар на недвижности воведенa е нова функционалност, односно скенирање на целокупната примена документација што е во прилог на поднесеното барање, доколку спаѓа во категоријата архивска граѓа со трајна вредност. Со скенирањето на примените документи почна да се формира дигитална архива на предмети. Доделени се официјални дигитални сертификати за електронски потпис за сите вработени во Агенцијата. Сите документи кои се од трајна архивска вредност и кои се креирани во процесот на спроведување на промените во одржувањето на катастарот на недвижности, се електронски потпишани од страна на вработениот кој работел на него. Исто така, воведена е нова функционалност за електронско архивирање на барања кои не се од трајна важност. Скенирана книга на промени – дигитален историјат на парцела преку слики од 1929 година до денес

Сите стари книги во кои се запишани сите промени кои настанале во

катастарот на земјиште и катастарот на недвижности се скенирани, индексирани, обработени и се ставени во употреба за поефикасно следење на историскиот преглед на промени во катастарот на недвижности. Воведена е нова функционалност за пребарување и преглед на сите архивски книги на промени од 1929 година до воведувањето на електронскиот катастар. Со тоа се намалува времето кое е потребно за изработка на барањата за историско движење на недвижностите и за решавање на предметите.

22

Page 27: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

Хардверска структура на ИКТ-системот на АКН

АКН е одговорна за одржување и чување на информациите во врска со правата на недвижностите, т.е. највредните информации што секоја земја ги има. За таа цел, постоењето на стабилен и сигурен ИКТ-систем беше повеќе од неопходен. Беше потребна стабилна ИКТ-инфраструктура со високи перформанси

за да може да биде домаќин на податоците за примарните и секундарните деловни процеси и да ги опслужува сите видови барања кои доаѓаат од внатрешните и надворешните корисници. Заштитата на највредните податоци е највисок приоритет. Основниот концепт за ИКТ-инфраструктурата е претставена на следната слика.

Агенцијата воспостави робусна хардверска инфраструктура која ги

задоволува потребите на системите на Агенцијата за наредните 5 години, на една единствена консолидирана платформа. Архитектурата на решението обезбедува потполна редундантност на сите елементи во системот и обезбедува заштита на податоците на оддалечена локација (>100km), како и заштита на податоците на ленти за правење резервна копија.

Зголемување на самофинансирачките приходи

Средствата за работа на Агенцијата за катастар на недвижности се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија и од сопствени приходи.

Графички приказ на приходите на АКН во период 2005 – 2015 година

23

Page 28: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

2.3. Компонента 3: Развој на земјишна политика

Третата компонента на проектот КНР беше фокусирана кон обезбедување поддршка за подобрување на капацитетите на Владата, формулирање и развивање политики потребни за комплетирање на катастарот на недвижности и целосно функционирање на пазарите на земјиште и недвижности. Советодавен комитет за земјишна политика (СКЗП)

Формиран е СКЗП чија главна цел е меѓуинституционална соработка и координација на сите институции задолжени за креирање и имплементација на земјишната политика во РМ. Во СКЗП првично членуваa претставници од осум институции, a составот на СЗКП во мај 2013 година е проширен со претставници од уште 3 институции. СКЗП го сочинуваа вкупно 27 членови и нивни заменици од 11 институции. Од воспоставувањето, СКЗП одржа вкупно 22 состанока. Студии од областа на земјишната политика

Во рамките на проектот „Катастар на недвижности и регистрација“ изготвени се вкупно 9 студии од областа на земјишната политика изработени од индивидуални консултанти.

Студија за заштита на сопственички права изработена 2006-2007 година

Студија за пристап до земјиште за инвестиции изработена 2006-2007 година

Студија за пазар на земјиште изработена 2008 година

Пилот-вежба за попис на државно земјиште во една катастарска општина во Република Македонија (општина Струмица-градежен реон) изработена 2009 година

Студија за бесправно изградени објекти изработена 2009 година

Студија за фонд за обештета изработена 2011 година

Стратегија за НИПП изработена 2010 -2011 година година

Студија за управување со државно градежно земјиште изработена 2011 година

Студија за масовна проценка на недвижности изработена 2013 година

Сите студии се достапни на веб-страницата на АКН: www.katastar.gov.mk.

Студијата за заштита на сопственички права придонесе кон поедноставување на процедурите за воспоставување на катастарот на

24

Page 29: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

недвижности кои беа вградени во Законот за катастар на недвижности од 2008 година.

Студијата за пристап до земјиште за инвестиции придонесе кон поголема соработка помеѓу институциите во насока на олеснување и скратување на процедурите за пристап до податоците, востановување на 100% на КН и воведување на електронски систем е-кат.

Студијата за пазар на земјиште придонесе за он-лајн поврзување на нотарите и останатите професионални корисници.

Студијата за бесправно изградени објекти и препораките во неа беа искористени при донесувањето на Законот за легализација на бесправно изградените објекти. Во моментот во Република Македонија, легализирани се околу 133.000 бесправно изградени објекти.

Стратегијата за НИПП претставуваше основа за донесување на Законот за НИПП и Акцискиот план за имплементација.

Студијата за масовна проценка на недвижностите и препораките во неа беа имплементирани во измените на Законот за катастар на недвижности 2013 година, со кои се воспостави Регистарот на цени и закупнини.

Во рамките на оваа компонента преку плодната соработка во рамките на СКЗП и изготвените студии од страна на консултантите се дадоа насоки за планирање и управување со земјишни ресурси со кои располага државата. 2.4. Компонента 4: Управување со проектот

Единицата за управување со проектот (ЕУП), формирана во рамките на АКН, беше главно координативно и извршно тело кое ги вршеше набавките, повлекувањето на средствата и плаќањата, финансиското управување и мониторингот и евалуацијата на сите проектни активности. 2.4.1. Поддршка во управување со проектот

При имплементација на проектните активности, вработените во ЕУП соработуваа со координаторите на соодветните компоненти од проектот и со раководителите на секторите/одделенијата на АКН и УИПР.

2.4.2 Надзор и евалуација Надзорот и евалуацијата беа клучни во определувањето на ефективноста на проектот. Надзорот на проектот вклучуваше три области:

- Редовно следење на перформансите на проектот поддржано од компјутеризиран систем за следење и евалуација;

- Редовни анкети на корисниците за следење на задоволството на корисниците и усогласување со услужните стандарди;

- Анализа на социоекономското влијание и влијанието на животната средина на проектот.

25

Page 30: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

2.4.3. Набавки

Од почетокот на проектот „Катастар на недвижности и регистрација“, сѐ до неговото завршување на 30 јуни 2015 година, постапките за набавки се спроведени во согласност со Договорот за заем потпишан на 6 јуни 2005 година помеѓу Република Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој и Упатствата за набавки од Светска банка. За времетраењето на проектот, склучени се вкупно 232 договори, и тоа 132 договори за набавки на работи, добра и услуги надвор од консултантските услуги и 100 договори за набавка на консултантски услуги. За постапката на запишување на правата на недвижностите и за постапката на дигитализација на катастарските планови, беа склучени над 400 дополнителни договори за индивидуални консултантски услуги.

Работи, добра и услуги надвор од консултантските услуги:

Метод/тип на набавка Институција

ICB Добра

ICB Работи

ICB ТС

ICB ИТ

NCB Рабо-ти

NCB ТС

Купува-ње (добра/ работи)

Директно договарање

Вкупно

Холандски грант - Пилот ПКНР - Куманово

/ / / / / / 6 / 6

4768-MK - ПКНР

6 / 12 / 9 3 28 15 (ТС) 73

7928-MK-ДФ-АКН

/ / 15 5 / 4 12 5 41

7928-MK-ДФ-УИПР

1 1 / 1 / / 8 1 12

Вкупно 7 1 27 6 9 7 54 21 132

Консултантски услуги:

Метод/тип на набавка Институција

QCBS

CQ Индивидуални консултанти

Еден/ Един-ствен избор

Директно договарање

Тренинг/ Работилници/ Студиски тури

Вкупно

Холандски грант - Пилот ПКНР - Куманово

1 1 1 / / / 3

4768-MK - ПКНР 2 13 26 / / 4 45

7928-MK-ДФ-АКН 2 5 23 4 1 3 38

7928-MK-ДФ-УИПР

/ 2 2 / 4 6 14

Вкупно 5 21 52 4 5 13 100

ICB (International Competitive Bidding) - Меѓународен тендер; NCB (National Competitive Bidding) - Домашен тендер; TS (Technical Services) –технички сервиси; IT (Information Technologies) – информациски технологии; QCBS (Quality and Cost Based Selection) – Селекција врз основа на квалитет и цената CQ (selection based on the Consultants’ Qualifications) – Селекција врз основа на квалификации на консултантот Single/Sole Source Selection – селекција од Еден/Единствен избор

26

Page 31: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

2.4.4. Управување со финансиите

Во следната табела е дадена динамиката за реализација на исплатите во однос на планираните износи по години, за првата и втората фаза на проектот КНР:

ИБРД Заем 4768 Статус по години 2005 2006 2007 2008 2009 2010

Планирано по ДПП(EUR) 200.000 1.500.000 3.700.000 6.600.000 9.500.000 10.300.000 Вредност на склучени договори(EUR) 364.000 2.829.000 6.588.000 8.109.000 9.122.000 9.683.000

Исплатено(EUR) 154.000 1.365.000 3.727.000 6.653.000 7.833.000 9.665.000

ИБРД Заем 7928 Статус по години 2011 2012 2013 2014 2015 Планирано по

ДПП(EUR) 935.000 1.890.000 3.800.000 6.588.000 9.000.000 Вредност на склучени

договори(EUR) 1.426.000 2.672.000 4.999.000 8.739.000 8.962.000 Исплатено(EUR) 462.000 1.679.000 4.007.000 6.379.000 8.962.000

Распоред на финансиски средства по компоненти и видови трошоци вкупно за двете фази на Проектот:

11,71%

12,17%

11,12%

25,36%

10,94%

22,63%

2,42% 0,36%

3,29%

Вкупно исплатени средства Заем 4768 и 7928 (ЕУР)

Градежни работи

Опрема

ИТ опрема (хардвер и софтвер)

Технички услуги (картирање, катастарски премер/скенирање,векторизација, нивелманска и гравиметриска мрежа) Излагање

Консултанстки услуги и ревизија

Оперативни трошоци

Однапред платена провизија

Неискористени средства од заемот

30,93%

24,77%

2,43%

5,68%

27,37%

5,17% 0,36% 3,29%

Вкупно исплатени средства 1-ва и 2-ва фаза - Заем и буџетско учество (ЕУР)

(1) Комплетирање на катастарот на недвижности(2) Институционален развој и подобрување на услугите(3) Развој на земјишна политика

(4) Управување со проектот

(5) Дигитални катастарски мапи и ВЕБ Гис(6) Подршка на Управaта за имотно-правни работиОднапред платена провизија

Неискористени средства од заемот

27

Page 32: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

2.5. Компонента 5: Дигитални катастарски планови и ВЕБ-ГИС Дополнителното финансирање ги поддржа следните четири поткомпоненти:

а) Дигитализација на сите катастарски планови, подобрување и имплементација на технологијата (модел на податоци, база на податоци, апликациски софтвер, хардвер, тренинг) за одржување на дигиталните катастарски планови (ДКП) и доставување на услугите;

б) Развој и имплементација на ВЕБ-ГИС платформа, овозможувајќи интернет пристап до дигиталните податоци;

в) Развој и имплементација на владин геопортал како дел од имплементацијата на Стратегијата за НИПП;

г) Ажурирање на геодетската референтна инфраструктура.

2.5.1. Дигитални катастарски планови (ДКП)

Во рамките на оваа поткомпонента од проектот, АКН спроведе масовно скенирање и геореференцирање на работните оригинали (преку надворешен изведувач- приближно 3000 РО; како и со сопствени капацитети - околу 6000 РО).

Како втор чекор, изработката на ДКП вклучуваше масовно векторизирање на архивските оригинали (прва фаза). Векторизацијата на архивските оригинали на катастарски планови, за вкупно 1194 КО на територија на РМ, поделени во 8 договори, ја вршеа надворешни изведувачи.

Следниот чекор во постапката за производство на ДКП се изврши во Агенцијата - проверка на квалитетот и финализирање на сите промени од РО. Воспоставен е систем за контрола на квалитетот и потврда на квалитетот на графичките и алфанумеричките податоци на катастарските планови во процесот на дигитализација.

Векторизираните катастарски планови се импортираат во графичка база на податоци (МакЕдит). По извршената хармонизација на графичките податоци на катастарските планови со атрибутните податоци, тие се сместуваат во централна база на податоци (еКат).

Во МакЕдит базата, до 30.6.2015 година се импортирани и се одржуваат 1768 KO, од кои 386 КО дигитални и 1382 КО аналогни катастарски општини, односно 95,73% од цела територија на Република Македонија.

Наменски изработениот софтвер МакЕдит за изработка на дигитални геодетски елаборати во функција на одржување на катастарот на недвижности, надграден е и со модул за изработка на дигитални геодетски елаборати за сите типови инфраструктурни објекти во функција на евидентирање/запишување и одржување на инфраструктурниот катастар.

Во еКат базата, до 30.6.2015 година се импортирани и се одржуваат 1521 KO, од кои 342 КО дигитални и 1179 КО аналогни катастарски општини, односно 83,12% од цела територија на Република Македонија. Процесот на дигитализација и миграција на податоците во базата на податоци на еКат, согласно со усвоениот

28

Page 33: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

акциски план од страна на Владата на РМ, се планира да заврши до крајот на 2015 година.

Графички приказ на Проектот за Графички приказ на статусот на катастарските дигитализација на катастарски планови општини од Проектот за дигитализација заклучно со 30.6.2015 година

2.5.1.1. Поддршка на постапката за дигитализација и контрола на катастарски планови

Како поддршка на редовно вработените стручни лица во одделенијата за катастар на недвижности и генералната дирекција, во постапката на хармонизација на податоците од графичката и алфа-нумеричката база на податоци, како и во постапките за контрола, беа ангажирани дополнителен број геодети (вкупно 120) и правници (вкупно 6) и беше извршена нивна обука од страна на координаторите на Проектот, како и одговорните лица во одделенијата.

Копија од катастарски план Посета на Премиерот на Владата на Република Македонија во Секторот за дигитализација

1768 КО во МакЕдит – 95,73% 1521 КО во еКат – 83,12%

29

Page 34: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

2.5.2. ВЕБ-ГИС

Активностите во рамките на оваа поткомпонента вклучуваа поддршка за АКН во развојот на корисничките и техничките критериуми за ВЕБ-ГИС, развој и имплементација на ВЕБ-ГИС, набавка на хардвер и на комуникациска опрема, поддршка за АКН во управувањето на софтверскиот развој и имплементација, како и овозможување контрола на квалитетот и потврда на квалитетот. АКН ГИС- портал

ГИС - порталот на Агенцијата е прегледник за сите геопросторни податоци и информации, кои се во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности.

На ГИС-порталот се достапни катастарските парцели и зградите кои се запишани во катастарот на недвижности, топографските карти, геодетските точки, авионските снимки за целата територија на РМ, инфраструктурните објекти, податоци од регистарот на цени, сите информации во врска со парцелите, зградите и нивните сопственици, локациите за кои е издадено одобрение за градба. Покрај ова, на ГИС-порталот претставени се и точки од интерес, и тоа: локациите на нотарите, геодетските фирми, општините, односно сите локации на кои се достапни услугите на катастарот, надвор од одделенијата за катастар на недвижности.

Во насока на понатамошен развој на АКН ГИС порталот, АКН разви дистрибутивен систем кој претставува единствена точка за пристап до сите геопросторни податоци и услуги со кои располага АКН. Воспоставениот дистрибутивен систем овозможува он-лајн продажба, не само за професионалните корисници туку и за пошироката јавност.

30

Page 35: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

2.5.3. Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП)

Со цел да се поддржи имплементацијата на Стратегијата за НИПП изработена во рамките на Компонента 3, проектот го поддржа развојот и имплементацијата на владиниот геопортал. Изработената Стратегија за НИПП помогна да се идентификуваат институциите кои се дел од НИПП-инфраструктурата, се процени достапноста на податоците на другите владини институции кои ќе учествуваат во геопорталот. Исто така беше изработен Нацрт-текстот на Законот за национална инфраструктура на просторни податоци на Република Македонија. Законот за национална инфраструктура на просторни податоци на Република Македонија, го донесе Собранието на Република Македонија во февруари 2014 година.

Активностите во рамките на оваа поткомпонента вклучуваа поддршка за АКН во развојот на корисничките и техничките критериуми за владиниот геопортал, развој и имплементација на владиниот геопортал, набавка на хардвер и потребната комуникациска опрема, како и поддршка за АКН во управувањето на развојот и имплементацијата на владиниот геопортал, како и овозможување

контрола на квалитетот и потврда на квалитетот.

Во периодот 2014-2015 година, во Агенцијата за катастар на недвижности се одвиваа активности кои се поврзани со развивањето на софтверското решение за воспоставување на националниот геопортал, а се реализира во мај 2015

година. На геопорталот може да се врши пребарување и публикување на податоци и услуги, а субјектите на НИПП со користење на уредувач за метаподатоци може да креираат и сопствени метаподатоци. Агенцијата за катастар на недвижности на геопорталот ги постави податоците и веб-услугите (CSW, WMS, WFS) кои се однесуваат на: државната граница, статистичките региони, единиците на локална самоуправа, населените места и дигиталниот модел на терен. Покрај објавените податоци кои се изработени според националните стандарди, на геопорталот се достапни и стандардизираните податоци за административните единици и дигиталниот елевациски модел изработени според техничките спецификации кои произлегуваат од директивата INSPIRE.

За сите институции, членки на Националната инфраструктура на просторни податоци, на геопорталот е достапна алатка за внесување податоци позната како уредувач на метаподатоци (метадата едитор). На порталот можност за публикување на геопросторните податоци ќе имаат субјектите на НИПП, а тоа се 16 владини институции, Градот Скопје и Стопанската комора на Македонија.

31

Page 36: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

2.5.4. Надградба на геодетската референтна инфраструктура (ГРИ)

Во рамките на проектот „Катастар на недвижности и регистрација“ се реализираа повеќе активности поврзани со редефинирање, редизајнирање и преодредување на геодетската референтна инфраструктура во Република Македонија со цел да се усогласи со меѓународните стандарди.

АКН успеа во релативно краток временски период да воспостави активна и пасивна GNSS мрежа на целата територија на Република Македонија и истите преку специјално спроведени геодетски кампањи да ги вклопи во европската референтна рамка. Активната GNSS мрежа (МАКПОС) ја чинат 14 референтни GNSS станици опремени со најсовремена GNSS опрема, поставени на просечно меѓусебно растојание околу 50 километри и контролен центар од којшто се управува со мрежата, додека пак пасивната GNSS мрежа (МАКРЕФ) ја чинат 220 точки поставени на меѓусебно растојание од 10 до 15 километри. МАКПОС и МАКРЕФ точките претставуваат прва непосредна реализација на европскиот координатен систем ETRS89 за Република Македонија, верификувана од страна на EUREF.

МАКПОС–Македонски позиционен систем Пасивна GNSS мрежа во Р. Македонија

Преку проектот „Катастар на недвижности и регистрација“ АКН одреди и параметри за трансформација на податоците од европскиот ETRS89 координатен систем во македонскиот државен кординатен систем и обратно.

Во насока на подобрување на вертикалниот и гравиметрискиот референтен систем АКН изготви Студија за развој на нова нивелманска и гравиметриска мрежа во Република Македонија, како и проекти за нивна реализација. Реализацијата на овие фундаментални геодетски мрежи се финансираше исто така со средства од кредитот на Светска банка.

Новата нивелманска мрежа од висока точност (НВТ3) ја чинат вкупно 1098 нивелмански точки (репери), поврзани во 49 нивелмански линии и 19 полигони, со вкупна должина од 2190 километри. Таа во иднина ќе претставува основа за реализација на различни инфраструктурни проекти и проекти од областа на инженерската геодезија.

32

Page 37: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

Основната гравиметриска мрежа ја чинат три апсолутни гравиметриски точки поставени во Скопје, Охрид и Валандово и 25 гравиметриски точки од прв ред, поставени на просечно меѓусебно растојание од 30 до 40 километри. Оваа мрежа претставуваше основа за спроведување детален гравиметриски премер на целата територија на Република Македонија, чијашто реализација исто така се одвиваше во рамките на проектот „Катастар на недвижности и регистрација“. Со деталниот гравиметриски премер опфатени се вкупно 2310 детални гравиметриски точки на просечно меѓусебно растојание околу 5 километри, вклучувајќи ги тука и сите репери од новата нивелманска мрежа од висока точност. Податоците од гравиметриските мерења се исклучително важни за одредување на прецизен геоид за територијата на Република Македонија, како и при спроведувањето на разни научно-истражувачки и стручни работи во областа на геонауките.

Основна гравиметриска мрежа во РМ Детален гравиметриски премер во РМ 2.6. Компонента 6: Поддршка за Управата за имотно-правни работи

Врз основа на анализата што беше изработена во рамките на компонентата за земјишна политика, Владата ја препозна потребата од зајакнување на управувањето со државното земјиште и релевантните државни тела кои се вклучени во таа постапка, вклучувајќи ја и УИПР. Компонентата содржеше две поткомпоненти: 2.6.1. Автоматизација и подобрување на услугата 2.6.2. Поддршка за инфраструктурата Во рамките на втората фаза на проектот „Катастар на недвижности и регистрација“, извршени се набавки за сите подрачни одделенија, со цел да ја поддржи модернизацијата на ИТ и канцелариската опрема на УИПР. Сите подрачни одделенија на УИПР се поврзани со интернет заради зајакнување на внатрешната комуникација во УИПР, за подобрување на управувањето и

33

Page 38: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

мониторинг на своите услуги, како и заради он-лајн пристап до дигиталните катастарски планови и до записите сопственост на АКН. За да се подобри надворешниот изглед на одделенијата на УИПР, просториите на 25 подрачни одделенија на УИПР се реновирани во рамките на дополнителното финансирање. Реновирањето ги опфати приемниот/шалтерскиот дел и работните простории, а набавен е и нов канцелариски мебел.

ДФ поддржа и автоматизација на архивската документација и записите за приватизација на градежното земјиште во државна сопственост, како и обука за персоналот на УИПР за употреба на компјутеризираната архива и записите во секојдневните постапки. Архивската граѓа во хартиена форма која е стара повеќе од 50 години, е преземена на трајно чување во Државниот архив на Република Македонија. Исто така, воспоставен е систем за електронско јавно наддавање, со кој управува Управата за имотно-правни работи, на кој се врши продажба и давање во закуп на движни и недвижни ствари кои ги користат државните органи.

34

Page 39: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

3. ВЛИЈАНИЕТО НА ПРОЕКТОТ НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ, КОРИСНИЦИТЕ НА СИСТЕМОТ И ОПШТЕСТВОТО 3.1. Пазар на недвижности

Востановувањето на катастар на недвижности на целата територија на Република Македонија овозможи раздвижување на пазарот на недвижностите и тоа преку зголемувањето на бројот на трансакции, зголемување на бројот на запишани хипотеки и вредност на хипотеките.

Графички приказ на број на новопримени, решени, одбиени и нерешени предмети 2005-2015

Графички приказ на регистрирани и избришани хипотеки 2005-2015

Овие податоци јасно укажуваат на растот на пазарот во целина, а особено на недвижностите финансирани од страна на хипотекарни кредити каде што се

0

2,000

4,000

6,000

8,000

10,000

12,000

14,000

16,000

18,000

2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 Q2 2015

2,920

6,159 8,148 8,573

6,261

9,145 9,803 10,433

13,000

17,496

8,397

767 1,565 3,027

4,192 4,863 6,415

7,848 8,912

5,377

Регистрирани хипотеки Избришани хипотеки

35

Page 40: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

важни брзината на обработката на пријавите за запишување хипотека и правната сигурност во целина. Под ова позитивно влијание, повеќето комерцијални банки се откажаа од традиционално усвоениот пристап за обезбедување станбени кредити преку системот на даватели и приматели на заем, па денес залог на недвижен имот е прифатлива опција за повеќето банки како единствен инструмент за обезбедување на кредитите.

Графички приказ на вредноста на хипотекарните заеми 2007-2015

Намален број на нерешени предмети

И покрај забележаниот тренд на зголемување на бројот на новопримени предмети во постапките за одржувањето на катастарот на недвижностите, со воведувањето и имплементацијата на електронскиот катастар е овозможено следење на поставените рокови за постапување по барањата на корисниците и континуирано намалување на заостанатите/нерешените предмети до нивно решавање.

Графички приказ намалувањето на бројот на нерешени предмети

0 1,000,000 2,000,000 3,000,000 4,000,000 5,000,000 6,000,000 7,000,000 8,000,000 9,000,000

2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 Q2 2015

456,348 1,090,051

1,673,845 1,938,492

3,865,245

5,462,137

3,706,982

8,014,488

3,419,964

Вредност на хипотекарен заем (во илјади €)

21,990 19,329

8,929

4,054 2,862

4,814 3,894 1,967 1,299 1,799 2,079

0

5,000

10,000

15,000

20,000

25,000

2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 Јуни 2015

ЦКН Скопје 29 ОКН Вкупно

36

Page 41: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

3.2. Корисници на системите

Со воспоставувањето на катастарот на недвижности на целата територија на Република Македонија и новиот систем на регистрација на недвижности, се овозможи доставување на брзи и ефикасни услуги на граѓаните и професионалните корисници, како и брз пристап до информациите за недвижностите.

Во прилог е даден графички приказ на бројот на корисници на МакПос системот

Успешната имплементација на проектот КНР овозможи нова димензија во електронските услуги и услугите дадени на професионалните корисници (нотарите, приватните геодетски компании и општини) и на граѓаните.

Целиот комплекс на проекти и активности доведе до зајакнување на довербата на граѓаните и фирмите во системот за запишување недвижности. Јавноста во кое било време има увид во податоците за парцелите, зградите и нивните сопственици. Секој кој има поднесено барање во АКН, без надомест може да ја следи постапката за обработка на барањето и да добие информации кога може да се издаде нов имотен лист. Информациите за недвижниот имот се достапни за гледање преку веб-страницата на АКН, бесплатно 24 часа на ден. Граѓаните и компаниите можат да вршат различни видови трансакции на недвижен имот преку нотарска канцеларија, без притоа да дојдат до шалтерите на АКН.

3.3. Влијанието врз општеството

Во рамките на проектот беа спроведени 5 анкети за истражување на јавното мислење. Со анкетите се утврди дали со реформите се запознаени и дали тие се прифатени од корисниците на нашите услуги. Целна група на анкетите беа граѓаните, и тоа од општата популација-граѓани над 18 години, Ромите и

0

50

100

150

200

250

2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015

25 52

87 106

132 144

159

31

68

126 146

177 191

214

Број на фирми Број на ресивери

37

Page 42: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

Агенција за катастар на недвижности Проект „Катастар на недвижности и регистрација“

раселените лица, професионалните корисници (адвокатите, нотарите, банките, приватните геодетски друштва, извршителите, како и вработените).

Графиконот ги прикажува просечните оценки за задоволството

на корисниците на услуги во спроведените пет анкети

Во склоп на анкетите, рамномерно беа застапени испитаници согласно со полот, националноста и специфичноста на населението и групите: земјоделци, Роми, социјални случаи, ранливи групи (самохрани родители и лица со посебни потреби).

*********************************** ВИЗИЈА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ

АКН е ефикасна и ефективна самофинансирачка владина агенција,

ориентирана кон своите потрошувачи која обезбедува и одржува дигитални геопросторни податоци и информации од катастарот на недвижности и катастарот на инфраструктурни објекти како дел од катастарот на недвижности, 3Д катастарот на згради, посебни и заеднички делови од згради и други објекти, ја пресметува и ја евидентира вредноста на недвижностите, ја воспоставува и ја одржува Националната инфраструктура на просторни податоци за потребите на општата јавност и бизнис-секторот без користење на хартија (paper free).

ТЕКОВНИ И ИДНИ ПРОЕКТИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ

- Воведување масовна проценка на недвижностите - Воспоставување и управување со графичкиот регистар на градежно

земјиште - Водење адресен регистар - Воведување во употреба на ETRS89 координатен систем - 3Д катастар на згради, посебни и заеднички делови од згради и други објекти - Национална инфраструктура на просторни податоци

38

Page 43: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување

БЛАГОДАРНОСТ

Агенцијата за катастар на недвижности ја изразува својата благодарност до Светска банка, до Кралството Шведска и Шведската агенција за меѓународна соработка – Sida, Царството Јапонија и Јапонската агенција за меѓународна соработка – JICA и на Кралството Холандија и Холандскиот катастар , за поддршката при воспоставувањето на ефикасен и ефективен катастар на недвижности и систем за запишување на правата на недвижностите, со што се придоне кон развојот на ефикасен пазар на недвижности во Република Македонија.

Page 44: 100%web01.katastar.gov.mk/userfiles/file/FINALEN IZVESTAJ ZA PROEKTOT... · АКН преку развој и имплементација на стратешки план за управување