finansiski pazari i institucii

Post on 26-Dec-2015

267 Views

Category:

Documents

11 Downloads

Preview:

Click to see full reader

DESCRIPTION

Основи на финансиите

TRANSCRIPT

Економски Факултет насока -Финансиски менаџмент

предмет

ОСНОВИ НА ФИНАСИИ

II семестар Д-р Виолета Маџова

1

Универзитет Гоце Делчев –Штип

Содржина

2

Финансиски институцииФункцијата на финансиските институции е да прибираат

парични средства и да ги насочуваат во финансиски пласмани и да вршат финансиски услуги;

Овде ги вбројуваме:- банкарски институции;- небанкарски финансиски институции/финансиски

посредници; - трезор ...

Небанкарски финансиски институции / Финансиски посредници се стопански друштва чија основна дејност се состои во давање услуги на своите клиенти во врска со движењато на финансиските инструменти и производи на финансиските пазари;

.

3

Финансиски пазари Финансиски пазар – место каде се поврзуваат

различни учесници на стопанскиот и општествен , каде се склучуваат трансакции на различни финансиски инструменти.

Место каде се формираат цените на поедини хартии од вредност, каматни стапки, девизни курсеви 

Видови финансиски пазари : пазар на пари/ Пазар на капитал девизен пазар / пазар на финансиски дериват Промтен /термински пазар...берза

4

Видови финансиски институции

Банки - доминантни финасиски институции

Видови небанкарски финансиски институции:1. Депозитни посредници (штедно депозитни институции)

2. Договорни посредници (пензиски фондови&осигурителни друштва)

3. Инвестициони посредници (инвестициони банки/брокери/дилери)

4. Други финансиски институции

6

Банки Банката е институција чија главна дејност е земањето депозити и

давањето кредити и посредувањето во паричните текови ВИДОВИ БАНКИ Поделбата на банките според функцијата Емисиони, депозитни, хипотекарни банки и штедилници Во денешни услови, најголем дел од банките се УНИВЕРЗАЛНИ

затоа што современата економија бара комплетна услуга од банките

Според критериум на прибирање на парични средства, банките се делат на:

1.Емисиони или централни 2.Депозитни или комерцијални3.Специјализирани&грански 4.Универзални5.Инвестициони 6.Деловни7.Развојни 8.Регионални9.Моно-банки 10.Мултинационални банки

Небанкарски финансиски инститиции

1. Депозитни посредници (штедно депозитни институции

2. Договорни посредници

3. Инвестициони посредници

4. Други финансиски институции

7

Депозитни посредници (штедно депозитни институции)

Овие институции своето име го добиле поради тоа што основен извор на средстава се депозитните средства примени од домаќинствата и фирмите.

Прибраните средства ги пласираат во форма на станбени и потрошувачки заеми на населението. Комервцијалните банки – кредитирање на компанииОвој празен простор го надополниле штедилниците, кои им нуделе потрошувачки заеми на граѓаните. Во групата штедно -депозитни институции се врбројуваат:

1. штедилници,2. штедно кредитни асоцијации3. кредитни унии

ШтедилнициШтедилниците се појавиле пред околу 200 години. Цел: прибирање на штедни влогови и финансисрање на населението за нивни потреби

Главен извор на средства се депозитите на населението. Прибраните средства ги пласираат најчесто во хипотекарни кредити.

Овие институции се под контрола на државата. Тие мораат да издвојуваат задолжителна резерва кај централните банки, а некаде и да ги осигураат депозитите.

Во Р.М нивната улога е релативно мала.

Ова пред се се должи на пропаста на неколку штедилници во 1997 година.

Штедно-кредитни задруги(асоцијации)• Се основаат заради доделување на кредити на членовите на

задругата• Средствата се прибираат од штедни влогови, позајмици и

емисија на ХВ

Традиционално, единствени средства во кои на овие институции им било дозволено да инвестираат биле станбените заеми, а доминантен извор на средства депозитите на населението. (депозитите се во форма на учество)

Во Германија, но и во САД преку нив се реализирани целите на станбена и социјална политика

Кредитни унии

Кредитните унии се основани за да ги задоволат потребите на населението за потрошуваки кредити.

За да може да се користат услугите од кредитната унија треба да се биде нејзин член, додека членството во униите е ограничено само за оние луѓе кои имаат заедничка врска, т.е. само на членовите на определени здруженија или професии и на луѓето кои живеат во определен географски регион, им е дозволено да се придружат на институцијата.

Тие се непрофитни институции и уживаат даночни олеснувања.

Во Македонија не постои ниту една кредитна унија.

Договорни институции

Овие финансиски посредници склучуваат договори со своите клиенти заради штедење и/или финансиска заштита од загуба на животот или сопственоста.

Своите средства ги прибираат од премии за полиси и од придонеси од работодавачите и вработените, а вака прибраните средства ги користат за вложување во хартии од вредност.

Во групата договорни институции се врбројуваат:

1. осигурителни компании

2. пензиски фондови

1.Осигурителни компании

Осигурувањето претставува инструмент за штедење, и/или за покривање на загубит/штетата за ризиците на кој е изложен нашиот живот и имот

Преку осигурувањето се намалува финансиската несигурност.

Осигурителните компании го носат ризикот на лицата кои сакаат да го избегнат, префрлувајќи го ризикот на осигурителната компанија.

Лицата кои сакаат да го избегнат ризикот, на осигурителната компанија и плаќаат премија.

Осигурителните компании прибираат средства на основа на долгорочни договорни аранжмани и ги пласираат на пазарот на капитал

Видови осигурување Профитот на осигурителната компанија=(осигурителни

премии+инвестициони приноси) – осигурителни исплати

Осигуривањето на живот служи како инструмент за штедење. Ова е прилично предвидливо осигурување и компаниите можат да инвестираат во подолгорошни средства.

Осигурувањето на имот и несреќи има помала рочност од животното осигурување и овие компании се принудени да држат поликвидни средства за да одговорат на неочекувани настани.

Во Македонијао има ,,,, осигурителни компании - единствени институции, кои покрај банките, имаат некое позабележително учество во финансискиот систем на Р.М.

Само 2-3% се однесува на животно осигурување –останатото се однесува на осигурување на имот

2. Пензиски фондови Вид на институции за договорно штедење кои своите

парични средства ги мобилизираат со уплати на придонеси од страна на вработени и работодавачи во текот на редовното ангажирање и обезбедуваат исплата на надоместок по пензионирањето

Со пензиските фондови управуваат или банки или финансиски компании

• Пензиските фондови се инвеститори и учесници на финансиките пазари т.е. се големи инвеститори во различни хартии од вредност:

Видови пензиски фондовиДржавни пензиски фондови. Кај овие фондови финансирањето на сегашните пензионери се врши од придонесите на сегашните вработени.

• Приватни пензиски фондови. Во рамките на приватните фондови сегашните вработени уплаќаат на своја сметка придонеси за времето кога ќе одат во пензија. Нивните средства ги раководат менаџери, кои ги вложуваат во различни видови финансиски инструменти.

• Пензиските реформи во РМ. Македонија го реформираше пензискиот систем во 2006 година.

• При тоа, тој се трансформира во двостолбен/тростолбен систем

• Првиот е државно раководен, а вториот се состои од два пензиски фонда, кои раководат со средствата на осигурениците, уплатени на нивните лични сметки.

Инвестициони посредници

Овие финансиски посредници до средства доаѓаат преку емисија на хартии од вредност, додека прибраните средства ги користат за давање на заеми или за инвестирање во хартии од вреднсот.

Во групата инвеститиони посредници се врбројуваат:

1. финансиски компании

2. инвестициони фондови

Инвестициони фондовиИнвестиционите фондови се финансиски посредници кои ги собираат средствата од мали инвеститори, продавајќи им акции, а приходите од акциите ги употребуваат за да купат хартии од вредност.

Видови инвестициони фондови

1. Отворени инвестициони фондови

2. Затворени инвестициони фондови

3. Инвестициони трустови

4. Инвестициони фондови на пазарот на пари

Во Македонија инвестиционите фондови започнаа со работа во 2007 година

Финансиски компании

•Финансиски компании основаат големи производни и трговски корпорации, банки, осигурителни друштва и други финансиски институции

•Финансиските компании се приспособуваат на посебните потреби на индивидуалните заемобаратели и испорачуваат високо персонализирани кредитни услуги. Финансиските компании - прибираат средства “на големо” преку емисии на комерцијални ХВ и долгорочни обврзници, со земање на кредити од банки и со емисија на акцииПрибраните средства ги пласират “на мало” во облик на кредити на населението и претпријатијата,

Видови финансиски компании

1. Потрошувачки финансиски компании. –сопственици се производители, трговци но и банки- директно одобруваат мали потрошувачки кредити за купување стока- каматните стапки се нешто повисоки од банкарските

1. Продажни финансиски компании. Овие компании даваат

кредити и на населението и на фирмите, за да ја финансираат продажбата на производи. –нудат извори за финансирање за купувањата на потрошувачите.

2. Деловни финансиски компании. Тие се специјализирани за кредитирање на мали и средни фирми и се особено погодни за кроење на финансиски пакети, изработени според посебните потреби на фирмите-клиенти.

Други финансиски институции

Во групата други финансиски институции спаѓаат оние институции кои не се финансиски посредници.

Тие не емитуваат свои финансиски инструменти, како финансиските посредници, туку само ги пренесуваат инструментите од институциите кои ги издаваат, до крајните купувачи.

Во групата други финансиски институции спаѓаат:

1. инвестициони банки,

2. брокери и дилери, итн

Инвестициони банки Инвестиционите банки -финансиски институции кои посредуваат во

емисијата на хартии од вредност при нивната иницијална продажба на примарниот финансиски пазар, а во улога на брокери и дилери вршат тргување со хартии од вредност на секундарниот пазар.

Нивни клиенти се фирми и државни институции, кои сакаат да мобилизираат капитал преку емисии на акции и обврзници.

Инвестиционата банка не е депозитна институција, не обавува мултипликација на депозити, нема примарни пари, има посредничка улога.

Во РМ нема ниту една инвестициона банка, но сите наши банки имаат сектори за инвестиционо банкарство. Македонските прописи им дозволуваат на банките истовремено да се занимаваат и со инвестиционо и со комерцијално банкарство.

Функции на инвестиционите банки

Советодавна функција-инвестиционата банка му дава сугестии на клиентот во поглед на начинот и временскиот редослед на финансирањето, што најдобро би му одговарале

• Административна фукција - ги опфаќа правните детали на емисијата

• Осигурителна функција- подразбира дека инвестиционата банка ја откупува емисијата од еминтентот за да потоа ја препродаде на пазарот (Underwriting)

• Дистрибутивна функција-пласирање на хартиите од вредност во рацете на инвеститорите

.

Брокери и Дилери

Брокерите се чисти посредници кои работат за провизија по налог на коминтентот и за негова сметка; нарачките од клиентите им ги препраќаат на непосредните извршители т.н. мешетари на паркетот;

Дилерите работат за своја сметка и на сопствен ризик;

Специјалистите, кои се грижат за стабилноста на понудата и побарувачката на определени видови хартии од вредност;

Финансиски пазари Финансискиот пазар е место на кое се среќаваат понудата и

побарувачката на финансиски средства. Предмет на купопродажба на финансискиот пазар се парите или ХВ.

Функција на финансиските пазари: Ефикасно алоцирање на слободните средства

Аспекти на ефикасност на финансиските пазари: Алокативна ефикасност (allocative efficiency) Информациона (ценовна) ефикасност (pricing efficiency) Оперативна ефикасност (operative efficiency)

Видови финасиски пазари

Пазар на пари и пазар на капитал

Организирани и неорганизирани

Примарни пазари (доколку вредносните хартии се појавуваат првпат) и секундарни пазари (на кои се врши препродажба на веќе емитувани вредносни хартии) - Трети и четврти пазари

Девизен пазар и пазар на финансиски деривати Промтен и тремински пазар

Пазар на пари

Пазарот на пари е пазар на кој се тргува со финансиски инструменти со рочност до една година. Овој пазар ги доведува во врска големите економски единици, кои имаат потреба за позајмување во куси временски периоди, со оние кои имаат големи суми слободни средства.

Економски единици на кои одливите им се поголеми од приливите ги елеинираат тие гепови, задолжуввајќи се на овој пазар.

За разлика од другите органзирани пазари, пазарот на пари нема специфична локација, и во современи услови најчесто е електронски /телефонски пазар.

Учесници на Пазарот на пари

1. Комерцијалните банки, на кои овој пазар им овозможува ефикасна алокација на нивните средства и можност резервите да ги држат на најниско можно ниво.

2. Централите банки, кои преку операциите на отворен пазар и дисконтните операции, ги остваруваат целите и задачите на монетарно-кредитната политика.

3. Државата, која најчесто преку Министерството за финансии емитува краткорочни вредносни хартии, за да дојде до ликвидни средства за финансирање на своите потреби.

Вид на пазар на пари

Примарен пазар на пари.- вредносните хартии се појавуваат прв пат. Кусорочните средства се добиваат брзо и лесно, по каматни стапки кои варираат според кредитниот рејтинг на позајмувачот и природата на финансискиот инструмет.

Секундарен пазар на пари. На овој пазар се врши препродажба на веќе емитувани хартии од вредност, додека каматните стапки се резултат на понудата и на побарувачката за овие инструменти.

Пазар на пари на повик, кој е изразито кусорочен пазар, каде што парите се позајмуваат од една банка на друга и можат да се повикаат во било кое време.

Меѓубанкарски пазар, на кој банките меѓусебно си позајмуваат пари за периоди од неколку недели до една година.

Инструменти на пазарот на пари

Позначајни инструменти на пазарот на пари се: државни хартии од вредност, депозитни сертификати,

комерцијални ХВ, банкарски акцепти, евровалути

Карактеристики на инструментите на пазарот на пари:

1. Тие се должнички обврски

2. Имаат рокови од еден ден до една година

3. Висок степен на сигурност т.е. низок кредитен ризик, поради тоа што се издаваат од заемобаратели со висок кредитен рејтинг и поради кусото времетраење на овие инструменти

4. Имаат висок степен на ликвидност

5. Се издаваат во големи износи

Пазарот на пари во Македонија

Пазарот на пари и краткорочни хартии од вредност, како институционален пазар, престана да постои во 2006 година, пред се поради трансакционите трошоци, т.е. банките не наоѓаа интерес да плаќаат провизија за трансакции што самите можеа да ги договорат.

Денес сите трансакции се одвиваат на директниот пазар. Воведена е референтна каматна стапка СКИБОР. На пазарот на пари доминираат благајнички записи на НБРМ и

државни запсиси (во 2004 година, ги издава Министерството за финансии.)

Пазар на капитал

Организирано сретнување на понудата и побарувачката на слободни долгорочни финансиски средства;

Предмет на купување и продавање се долгорочните слободни парични средства и долгорочните хартии од вредност (ефекти);

Од аспект на предметот, во секоја национална економија, пазарот на капитал може да се разгледува :

во потесна и во поширока смисла.

Пазар на капитал ( во потесна&поширока

смисла)

Во потесна смисла на зборот Пазарот на капитал опфаќа емисија и промет на

долгорочни хартии од вредност ( акции и обврзници )

Во поширока смисла на зборот Пазарот на капитал го опфаќа долгорочното

финансирање на инвестициите, односно го зафаќа и класичното банкарско долгорочно кредитирање (зајмовен капитал).

Приноси на пазарот на капитал

Приносите на пазарот на капитал можат да бидат во неколку видови и тоа, како:

дивиденда, што ја добиваат сопствениците на акциите;

камата, што ја добиваат сопствениците на обврзниците и

капитална добивка, којашто одговара на разликата меѓу продажната и куповната цена на капиталот, односно меѓу продажната и куповната цена на хартиите од вредност.

Функции на пазарот на капитал

Мобилизација (прибирање) и алокација на слободниот паричен капитал, кој натаму служи за долгорочно финансирање на работењето на претпријатието;

врши и тековно вреднување на самото претпријатие, што ги емитирало хартиите од вредност.

овозможува финансиско, сопственичко и управувачко преструктуирање на претпријатијата и дејствува врз зголемувањето на вкупната ефикасност на стопанисувањето на националната економија во целост.

Учесници на пазарот на капитал

Продавачите на капитал (субјекти што имаат вишок на капитал), кои всушност ја сочинуваат понудата на капитал - сопственици на капитал;

Купувачите на капитал (субјекти што имаат потреба од капитал), кои всушност ја сочинуваат побарувачката на капитал - корисници на капитал;

Посредници на пазарот на капитал се тие, кои суштински делуваат врз обемот и квалитетот на трансакциите на пазарот на капитал;

Државата како учесник на пазарот на капитал може да се јави во една од следниве улоги: инвеститор, корисник на капитал, регулатор и контролор.

Пазарот на долгорочни хартии од вредност

Пазарот на долгорочни хартии од вредност опфаќа емисија и промет на долгорочни

хартии од вредност.

Тој се дели на: - примарен пазар на капитал - секундарен пазар на капитал - терцијарен пазар на капитал и - квартален пазар на капитал.

Примарен пазар

Примарниот пазар на капитал ги опфаќа институциите, инструментите и механизмите, преку кои се вршат активностите околу подготовката и реализацијата на емисиите на долгорочни хартии од вредност (акции и обврзници);

На овој пазар се врши мобилизација (прибирање) на слободен паричен капитал, со цел за долгорочно финансирање на корпорациите, која се врши преку нова емисија на акции и обврзници.

Финансирањето на претпријатието преку примарна емисија на долгорочни хартии од вредност

Tри основни начина:

1. Директна;

2. Индиректна; и

3. Интерна емисија.

Директната емисија Директната емисија економските субјекти

директно комуницираат со финансиските инвеститори без посредување на т.н. финансиски интермедиери.

Директна емисија најчесто вршат големи и познати фирми, кои се одлучуваат за приватна емисија т.н. приватен пласман (private placement), односно, кои директно ги пласираат акциите и обврзниците до крајните купувачи.

Приватен пласман Во САД за приватно пласирана хартија од вредност се смета

онаа хартија од вредност која се продава на помалку од 25 купувачи (инвеститори).

Поради ограничената дистрибуција (мал број на инвеститори), емисијата не треба да се регистрира кај SEC;

Во Велика Британија, не постоеја ограничувања во поглед на висината на износот на кој може да се изврши емисија на овој начин. Од 1996 година нема ограничувања во поглед на износот на кој може да се изврши емисија по пет на приватен пласман.

Во Македонија - “емисии за познати купувачи”, Прв пат дефинирање на овој вид на емисија во новиот закон за

хартии од вредност (2005 година) со внесување на терминот “приватна понуда”.

Индиректна емисија

Индиректната емисија, преку финансиски посредници Целокупната процедура на емисија, запишување и

пласман на долгорочните хартии од вредност-вршење на бројни операции, од кои најзначајни се:

1. Избор на инвестициона или универзална банка;

2. Преговори помеѓу емитентот и банката за условите на емисијата;

3. Формирање на конзорциум (синдикат) на банките;

4. Регистрација на новата емисија на ХВ кај надлежниот државен орган.

5. Формирање на група продавачи на ХВ и нивна дистрибуција до крајните купувачи.

Секундарен пазар

Секундарен пазар на капитал ги опфаќа институциите и механизмите, преку кои се врши прометот на еднаш веќе емитирани ХВ;

Купувачите на ХВ немаат можност така вложените пари да ги повратат од самото претпријатие, туку единствена можност им е нив да ги продадат на специјализираните пазари - ефектни берзи (секундарен пазар на капитал).

Типови на секундарен пазар

Организиран (службен) пазар на хартии од вредност- ефектни берзи и

Неорганизиран (неслужбен) пазар на хартии од вредност- „пазар преку шалтер“, ( „over the counter market“)

Ефектната берза Станува збор за постојано место, на коешто во

одредено време се сретнуваат купувачите и посредниците заради промет со долгорочни хартии од вредност.

Њујоршката берза-NYSE (New York Stock Exchange), формирана уште во 1792 година, на која котираат хартиите од вредност на преку 4.500 фирми;

Трговијата на ефективните берзи de facto ја извршуваат посредници- брокерите (брокерски куќи) и дилерите.

Пазар преку шалтер

Ваквата трговија преку шалтерите во банки денес е многу поретка; Во овој термин се приклучува и меѓубанкарски пазар на хартии од

вредност; Денес најчесто под терминот шалтерски пазар се подразбира

тргување со хартии од вредност кое не се врши на берзата; Далеку најважен пример за шалтерски пазар е пазарот кој го

сочинуваат дилерите со хартии од вредност во САД, кој се нарекува NASDAQ (National Association of Securities Dealers’ Automatic Quotation) – систем на автоматска котација на националната асоцијација на дилери на хартии од вредност. Овој пазар е дилерски, за разлика од класичните, кои се брокерски (лондонската берза е дилерска).

Трет и четврт пазар

Оној дел кој се однесува на хартии од вредност кои не се на листинг на берзите се нарекува трет пазар;

Четвртиот пазар се однесува на трансакциите, кои ги извршуваат директно меѓу себе институционалните инвеститори и др. големи институции;

За нив карактеристично е што во нив не се вклучени професионални пазарни посредници (дилери и брокери);

Логиката на овој пазар е да се избегне т.н. дилерски распон (кога се работи за дилерски пазар); односно да се избегнат брокерските провизии (кога се работи за брокерски пазар).

Девизен пазар

Специфичен облик на пазарот на пари е девизниот пазар.

На него се тргува со побарувања кои гласат на странски средства на плаќање.

Девизниот пазар е пазар на размена на валутата на една земја во валута на друга земја.

На овој финансиски пазар се утврдуваат девизните курсеви. Овој пазар нема локација. Тоa е глобална мрежа на банки,

брокери и девизни дилери, поврзани преку системи на електронска комуникација.

Девизниот пазар е средство што овозможува компаниите од различни држави со различни валути меѓу себе да тргуваат.

Водечка позиција на глобалниот девизен пазар има Лондон, а доларот е водечка валута на овој пазар.

Девизен курс Цената на една валута во однос на друга валута се нарекува

девизен курс. Кога се зголемува вредноста на валутата, таа се соочува со

апрецијација, а кога се намалува вредноста на валутата, таа се соочува со депрецијација.

Кога доаѓа до апрецијација на валутата на една земја (нејзината вредност се зголемува во однос на другите валути), стоките на земјата во странство стануваат поскапи, а странските стоки во таа земја стануваат поефтини.

Кога доаѓа до депрецијација на валутата на една земја, нејзините стоки во странство стануваат поефтини, а странските стоки во таа земја стануваат поскапи. .

Тргување со девизи на девизен пазар

Карактеристики на меѓународниот девизен пазар: не е институционализиран мрежа на банки поврзани преку срества за комуницирање Најголемиот финансиски пазар- 4 трилиони $ дневно Единствен глобален пазар – работи 24 часа Девизен пазар на мало ( банките продаваат/купуваат девизи на

компаниите Девизен пазар на големо- банките тргуваат меѓу себе-девизен

меѓубанкарски пазар ( 10 банки учествуваат со 80% промет)

50

Промптен и термински пазар(пазар со сегашна и идна испорака)

Промптен и термински пазар -во зависност од времето на извршување на обврските на купувачот и продавачот

Промптен пазар (spot market)- трансакцијата склучува и се врши веднаш ( со spot валута – 48 h).

Купопродажбата се врши по одредени куповни и продажни курсеви утврдени од банката –разликата meѓу нив–распон (gap)

Термински пазар(forward market –трансакцијата се склучува денес а се реализира во иднина. ( по тнр. термински курсеви )

Термински курс < промтен курс = продажба на девизи со дисконт Термински курс > промтен курс = продажба на девизи со премија Активности на девизниот пазар за заштита од девизниот ризик

и за шпекулативни цели

51

Активности на девизниот пазар

Арбитража- купување валута на еден пазар и истовремено нејзино продавање на друг пазар

Активности за заштита од девизен ризик (преку тремински договори, валутни фјучерси, валутни опции и валутни свопови)

Спекулативни активности (на промтниот или терминскиот пазар)- купување на валути за кои во иден период се очекува да им се зголеми цената со цел остварување на добивка приа нивна продажба и обратно

52

top related