alexthegreat - Избор поезија

26
Македонска поезија (избор песни) Alex The Great 1. Радован Павловски – Зрно ................................ 2 2. Гане Тодоровски – Нашинска ..............................2 3. Васко Караџа – Ветрови ..................................... 3 4. Матеја Матевски – Дождови .............................. 3 5. Константин Миладинов – Шупељка ...................5 6. Блаже Конески - Болен Дојчин .......................... 6 7. Блаже Конески – Везилка ................................... 7 8. Анте Поповски – Македонија ...............................8 9. Коле Неделковски - Глас од Македонија ...........8 10. Радован Павловски – Гоце ..................................9 11. Кочо Рацин – На Струга дуќан да имам.......... 12 12. Кочо Рацин – Копачите .......................................15 13. Константин Миладинов Т`га за југ.....................17 14. Блаже Конески – Тешкото....................................18 15. Кочо Рацин – Елегии за тебе ..............................20 16. Гане Тодоровски – Фуснота без повод.............23 17. Петре М. Андреевски – Откако те нема.............25

Upload: alexthegreatmk

Post on 29-Jul-2015

163 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: AlexTheGreat - Избор поезија

Македонска поезија (избор песни) Alex The Great

1. Радован Павловски – Зрно ................................ 2

2. Гане Тодоровски – Нашинска ..............................2

3. Васко Караџа – Ветрови ..................................... 3

4. Матеја Матевски – Дождови .............................. 3

5. Константин Миладинов – Шупељка ...................5

6. Блаже Конески - Болен Дојчин .......................... 6

7. Блаже Конески – Везилка ................................... 7

8. Анте Поповски – Македонија ...............................8

9. Коле Неделковски - Глас од Македонија ...........8

10. Радован Павловски – Гоце ..................................9

11. Кочо Рацин – На Струга дуќан да имам.......... 12

12. Кочо Рацин – Копачите .......................................15

13. Константин Миладинов Т`га за југ.....................17

14. Блаже Конески – Тешкото....................................18

15. Кочо Рацин – Елегии за тебе ..............................20

16. Гане Тодоровски – Фуснота без повод.............23

17. Петре М. Андреевски – Откако те нема.............25

Page 2: AlexTheGreat - Избор поезија

Радован Павловски - Зрно

Во мене живее житието на народот А со мене И судбини по светот се пребројуваат Да не ми остане семето во темнина Земјата да не ми огрубее, овенее И низ камен отварам пат Породот кон сонце го водам Во невреме јас знам химна да запеам Потоа кон ѕвездите да се оддалечам и да бидам вечна светлина Над шари од жита и народи.

Гане Тодоровски - Нашинска

Да ние е да сме доста колку да се разбистри небото над Бистрине, Корабине – Да ни е да сме доволно колку за да се довардиме покрај Вардарине и Струмине – Да ни е да сме мерата колку да се прелееме од колено во колено до кај истрајвекот – Малцичка сме ли ете па што малцичка божем а веќе со векови по стопати по севезден нè пребројуваат Но ние сме како што сте како што се И покрај сè и покрај сè колку сме толку сме токму сме!

Page 3: AlexTheGreat - Избор поезија

Васко Караџа - Ветрови

О, ветрови уривачки Што ги растуривте Виденијата на надежите О ветрови истребувачки Што нù ги исушивте Бакнежите на пролетта, Што нè искорнавте Што нè истребивте Откако го разгоривте Пламенот на некој знак, За да се потврди пак Мислата на мудроста стара: „Само малата тага зборува - Големата е безмолвна“ О, таго наша бескрајна Што срцата ранети ги кинеш А солзите пресушуваат Заедно со ’ртулците Во циметовата светлина Таму каде што останаа Понекои завеани траги Од една вечна љубов За сè што е возвишено Ах, љубов нерасцутена, Љубов изневерена...

Матеја Матевски - Дождови

1. Страв Пристигаат троми пристигаат уморените коњи на просторот тој далечен и наслутен шум на заборавениот говор Тропаат беспрекин сами пред затворените прозорци изгубено тропаат со нозете тапи без поткови ти земјо по тебе лизгава и масна земјо мирна тропаат темно измешани Каде пред оваа маса пред овој памучен хоризонт без линии пред ова темно месо на земјата и ноќта измешано длабоко месо и густо наеднаш поплава на очите и на просторите смрт Каде о каде ти јас ти море шумно и бескрајно

Page 4: AlexTheGreat - Избор поезија

ти монотоно поле хоризонтално уморено желно за исправено ветровито разведрување Каде о каде ти тесто густо на дождот и земјата човеку јас камену во рацете и во очите кал 2. Песна Од каде о каде доаѓаш ти позната незаборавна песно ти дете безнадежно ти наивно стрело од тревите и птицо на калта сува и бескрајна врвицо низ дождот врвицо сребрена игрива камењарко каде ме водиш Секогаш наслутена во водите и мракот ти гриво блага гриво груба нерамнодушно смела секогаш жилаво месо на земјата и ноќта гриво остра сабјо немирна на виделото по сребрената врвица на просторот како зрак и како светкавица Па однеси ме па однеси ме велам ти детство однеси ме ти песно старост вечна и незаборавна ти најголема илузијо без метафора прозору неспретно отворен грубо длабок за сите бои на вечноста Однеси ме низ овој дожд ти врвицо за да ме вратиш блага во овој пристан мал во ова нежно седало на сонот 3. Коњи Пристигаат троми пристигаат уморените коњи на просторот (дождови бледи беспатни и неми) пред јаслите на моите дланови на прозорот Храно велам хранете се испотени и влажни од топлата пареа што се цеди од колковите на ноќта Игриво зањискајте да вриснеш скокни ти птицо со заборавените крила

Page 5: AlexTheGreat - Избор поезија

козјонога танчарко кобило преуморена преку овој прозорец да скокнеме заедно и во него пак и секогаш без запирање по сенестата ведрина на просторот

Константин Миладинов - Шупељка

Ушче ко си беф малечек, От клас си писка напраиф. Со неја свиреф, подскаквеф, И по зелени ледини Си трчах по преперуги. Достигне други години; Да свира мило ми беше. Радосен свирка напраиф И со моите другари Играф со срце весело, Трчаф по поле широко, Шетаф по гори високи И низ езера поминаф. Сега се други времина; Ја сега нејќу да трча, Не ми е мило да шета, Ни сака игри другарски. Сега шчо ми је најмило, Дружба да има шупељка, Да најда место високо, Под ладна сенка д’боа: Пред мене поле широко, Под ноѕе рече да течит, Над глаа ветар да шумит; И ја на д’бот навален Да свира со шупељката Как ќе ме учит срцево.

Page 6: AlexTheGreat - Избор поезија

Блаже Конески - Болен Дојчин

Кога бев преполн сила што придојдува како матна речна глава, кога се сетив вреден за мојот подвиг, достоен за слава, кога ми закрепна гласот за најдлабок збор, раката за најтежок меч, ногата за најверен од – тогаш се сломив. Паднав како црешово дрво од премногу род. Една потсмешлива сенка ми ја издемна трагата, како змија во гробно камарче се вовлече во свеста, смеата ми ја урочи, ми ја зацрни тагата – да се обѕирам подозриво, да думам да шестам. Тогаш се сетив ситен и смешен и долен, – се стопи снагата, капнаа раце, падна мечот, паднав болен. Болен лежам до девет години, што искинав до девет постели. Не ги чувствувам веќе своите зглобови, јас сум расфрлан на тврда ледина на пеколен пладневен присој, јас сум раскостен коска од коска, низ моите коски трева поникнало, низ таа трева змии се ведат. Јас копнеам гроб темен и студен – нема крај без мојот подвиг суден. Непозната жено, единствена на светот, сестро и мајко моја, ти што си страдала многу, ти што си сетила мака до вбигорување, дојди, сестро златно, збери ги моите мувлосани коски, не грози се, состави ме, повиј ме со триста лакти платно, речи ми тих реч, исправи ме, научи ме пак да одам, мајко, дај ми в рака меч – да убијам Црна Арапина. Да умрам.

Page 7: AlexTheGreat - Избор поезија

Блаже Конески - Везилка

Везилке, кажи како да се роди проста и строга македонска песна од ова срце што со себе води разговор ноќен во тревога бесна? - Два конца парај од срцето, драги, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди морничави таги, другиот копнеж и светол и стрвен. Па со нив вези еднолична низа, песна од копнеж и песна од мака, ко јас што везам на ленена риза ракав за бела невестинска рака. Судбинско нешто се плело за века од двете ниски, два созвучни збора, едната буди темница што штрека, другата буди вкрвавена зора. Везилке, крени наведена лика, погледај в небо во претпладне златно: се зари таму и чудесна блика твојата везба на синото платно. За тебе нема ни вечерен запад, ти - морно око на трепетна срна. две бои таму ти горат и капат, две шарки твои - црвена и црна. Зар не се плашиш јаркоста нивна, и најмил спомен дека ќе ти згасат? Зошто се губиш, ти строга, ти дивна, дните ти минат, прокоби се гласат. - И најмил спомен што в душа ми блесна се гаси од нив ко цвеке без боја. Но ти што ловиш звук на чудна песна, ти си ја кажа судбината своја.

Page 8: AlexTheGreat - Избор поезија

Анте Поповски - Македонија

Еве ја таа проста земја од дволичен камен и сонце Децата уште незаодени каде откопуваат лобањи по градините Еве ја таа проста земја од пајажина и од води Мудро слободата кај што ги запишува селските имиња Место икони по црквите И каде летото како судбина Трае до последниот востанат Еве ја таа проста земја од заморено дишење и од молк Низ која времето одминува и пак се враќа Со неа да го сподели лажното траење. О, еве ја таа проста земја од грч и од чекање Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски А никој не ја знае.

Коле Неделковски - Глас од Македонија

О, трајте, трајте, тирани недни! Доста се тија лаги и злоба - пакосен глас од устите гадни над мојот народ у секоја доба. Та ете веќ векови цели писка и стенка од волци гости - за брата вијат кој да го дели за да му глода сувите коски. Па нека сега сам да си реши со своја волја судба и сева, в животот еднаш сам да се теши, д'издигне славно свој род без врева. Та Шар и Пирин дружно да викнат родната песна в небеса темни и бурниот Егеј - на век да плиска тешкиот глас на новите химни.

Page 9: AlexTheGreat - Избор поезија

Радован Павловски - Гоце

Гласник: Ќе те слезат во ад за Македонија Каде змии пиштат Очи закрвавени и зли Ќе те земат на нишан за Македонија Ако паднеш недоречен Љубовта одново ќе се роди И до што е народ по светов Во подземја и надземја И на сон и на јаве Ќе те довикува Полн светлина е гробот на Прометеја! Накалеми врз посечена овошка слобода! Секоа твоја стапка е темел за престолнина! Гоце: Ме мачат прокоби Крвави играрии на векот Ни потопи ни суши Не ќе ме слезат од височини Не смрт без слобода Не без Македонија Та кој ми ја краде земјата И во очи ми ја фрла Кој ми го погани морето Ѕвезди крвави ќе му потопам Тука и тревка се бори За сонце и слобода Тука и семето јачка Во земјина утроба Та од каде прислушнувам плач Та кој ветер ми го корне Морето од душава Мајка ти во црнина те оплакува Јадра роса се нејзините солзи Морска длабочина е нејзината душа Има денови кога се збогувам Со времиња - деца сирачиња што ми се По патишта оставени

Page 10: AlexTheGreat - Избор поезија

Како оголена шума Без лисја што е без деца таа жена сиротица Та додека едни народи Се гаѓаат во срце со Аморови стрели Овде под покрив од меч На дар се делат тирании Гласник: Има една куќа меѓу камени пустелии И има едно сонце и меч во темели И син на сонцето во камени одаи што се игра И во игра го прислушнува времето И тој убавец ќе слезе Меѓу народ во низини И од планини ќе се јави Со стада на морски брегови И народ од темнина Ќе изведе на виделина Од за игра се е создадено тука Од бело камче што држи зданија До метеор во ноќ на ретки преданија Ќе се јави како надеж на еден народ Како плева за слобода ќе се крене И роден од оган во оган ќе трае Човек на човека Да му подаде рака во беспаќе Кога ќе се покренат со силата од морето Кули во планиње ќе покршат Во црвено ќе ја облечат слободата И без да се плаши за породот Од друг поган народ што страда Зашто времињата Нечесно бродеа Од колено на колено Гоце: Та сега кога се шетам по морски брегови И кога со народот се веселам над црни векови Или кога во планиње јачат ветрови Или кога ќе ме снема се плашам Да не угине ова семе што го сеам Под ова ѕвездено небо што се сели Или лете кога боите на душата

Page 11: AlexTheGreat - Избор поезија

Здружено зреат и здружено умираат За секоја битка прстен кован Но она што и да се изроди Од човека против човека А и од кој и да е народ Ако е семе грабежливо и алчно Молчешкум проследете го И ако има жал за умилно живинче Ќе пробуди во себе успиеност човекова Постравотен од чума штом се крене Во себе првин одиграјте ја битката А потоа срцето само ќе зажали За оваа осамена куќа на Европа Ќе има видик кон морето Ќе има тајна на меч со темели Ќе играат крај огниште деца радоносни Гласник: И секој камен во природата Ако беше дел од слободата Како побунет роб ќе прозбори И ако беше грабежливо соѕидан ќе напушти туѓи престолнини Или пак од далечни покраини Во поход ќе кренат Со твојот лик Буропловсни галии На овој век Претскажано му е да гине За себе неспокоен а за народ Како татко загрижен благороден Гоце: Покрени се море градобран биди Пред налет на стрели сараценски Смрт или слобода и за бога Одлука стравотна е, а камо ли За народ унесреќен И ако умрам и не стигнам Да ве опоменам Во природата и надвор од неа Се што допрев и помилував Ќе загрми а ако сите вас Не ве збрав на покрив на слобода

Page 12: AlexTheGreat - Избор поезија

И ако во себе Не ја допрочитав вашата душа Се плашам да не ве измамат Оти има Лажно сонце и рана пролет Среде зима тешка Та така Да ги измами на видело Вљубениците во слободата А потем на нишан да ги земе ете од тоа нам ни страдаат поколенија

Кочо Рацин - На Струга дуќан да имам...

"3анаетот е златен... " Народна пословица Изгори, - мерак, изгори, изгори - пепел се стори! Сал не скоривај јадови на стари, добри мајстори! Времиња тешки дојдова уште по тешки прокуди, од ден на ден се умира и душа бере с години. Не пеј песната страдална – в гората капат лисjата, водите течат - ронат брег и влечат млади јасики, Чаршиите изумреа, дуќаните запустеа – пропадна сичко, прокопса занает златен - 'рѓоса. Ние имавме чаршии и рој - кошница пазари и ред редени маази полни, преполни со стока. Слегнеш ли долу в чаршиjа, минеш ли покраj дуќани – пукот и врева - работа и алтан полно чекмеџе! Сами ковавме кондури

Page 13: AlexTheGreat - Избор поезија

правевме бочви, мотики, с нашите раце маjсторски дигнавме бели градови. Кој ни ги срина, кој ни ги очумаве градовите? Кој ни запусте, затвори дуќани, куќи високи? Наквеуер доjди, наквечер, наквечер - в прва темница, мини го прагот раскапан влези во трошна одаја, на миндер седни накривен со каракамен на гради: каде е, каде радоста каде е куќа весела? Штамата чмае, штамата дебнее пуста проклета, како ли, боже, чумата в косите, сичко стегнала. По сокацитe чекорат кондури с клинци ковани, штамата сечат с ножови и пиjат вино румено. А в бафчи трендафилите слушат ги – со темницата шепотот севда без мерак, шепотат – златни времиња! Прикаски си останаа старите бочви со вино! Прикаски болни, таговни грутки во срце снеговни! Раскапани, буѓосани со обрачи 'рѓосани, по темни изби мемливи риjат ги црвци смрдливи. Никоj не кова, не прави старите бочви големи! Старите бочви - преполни со руіно вино црвено! И ноќе - слушаш! - баботат по бочвите саjбиите! Деца се плашат - бегаат сништа за стари времиња...

Page 14: AlexTheGreat - Избор поезија

Банки дигнаа палати распнаа мрежи широки, банки дигнаа палати и кули танки, високи: нагоре кула висока надолу земjа длабока. Од сичко носат кајмакот од потта цедат го сокот, од сичко носат кајмакот маката нам оставаат! Банки дигнаа палати, банки на нови имами, кондури друзи коваат с мотики гроб ни копаат – паjдоса, златен, 'рѓоса нашиот чесен занает! Aj, на наломи излези бело Фиданче писано, прошетаj долу в чаршиjа кога седам на ќепенцн! Ако со око погледнам око е - да го ископам, ако со рака посигнам рака е - да ja исечам. Но ако срам ме залиса оти сум жив закопан, кажи ми, кажи, Фиданче кaj да се кpиjaм со лице? Majcтop бев и устабаша мajcтop бев - станав чираче: за борч продадов дуќанот за борч продадов алатот – с две раци сум, и тијa две скапаjа се без работа! Тешката тага, тeшката, тешката тешко засвири! Севда е тешка, голема, уште по тешка прокуда! Наточи вино крваво! Наточи на вepеcиja! Донеси да ja коваме на Крали Марко сабjата! В горите лисjа капале – в избитe веди м'cкajaт! В поле над млади jаганца

Page 15: AlexTheGreat - Избор поезија

ножеви остри л'скаjат. На Струга дуќан да имам на ќепенците да седам, да видам, само да видам и на ќепенкот да умрам!

Кочо Рацин - Копачите

Се к'ти ноќта црна! Се рути карпа - мрак! И петли в село пеат и зората се зори – над карпа в крв се пие и темнината пие силно светнал ден! Пробудете се морни копачки и копачи – на трудот црн народ! Со мотика на рамо за корка сува леб, по патиштата стрмни, по полињата paмни, у вивналиов ден да тprнeмe и ние страдалници од век! На деда Богoмил земjата poвка, мека, наба6рена за poд, со страдна душа чека ударите ни jаки со мотиките остри по троскот пелин трат! На работа! На труд! Да прокопаме меко полињата родни афион, тутун, житце да родат благородни. И по кривите вади да пропуштиме води за оризите млади и зелени лободи.

Page 16: AlexTheGreat - Избор поезија

На работа! На труд! Да роди род богат! Да бликне живот млад! На пепел троскот, пелин во огин пламен jад! Жилите да пуштат корења длабоко плодови да бликнат високо, високо слободно на воздух! Ораме со рало но земjата ни златна колку е богата! На пепел троскот, пелин! Во огин пламен јaд! Да престане, да снема тагата голема за голиот живот на човек станал – скот. И в тaјa мугра пресна да екне дружна песна на дружните удари – та биjат срца млади и растат силно гради пребликнати со јaд! Од сички маки тешки не видовме бел ден, а од солзи жешки не стануе меден нашиот живот! На работа! На труд! Та не сме саде ние та не сме саде тука – ние сме по цел свет безброjни милиони на трудот црн – народ! Да биде честит денот и првата ни стапка у првиот ни век! Ќе мине силен ек ќе б'сне сонце златно –

Page 17: AlexTheGreat - Избор поезија

по секаде на светот ќе згине срамно гнетот - ке л'сне живот нов! И реки ќе потечат, и бреме ќе одвлечат на вековита смрт! Реките од живи и пробудени сили на копачи копачки и страдни голи гладни по целата земjа! Се к'ти ноќта црна! Се рути карпа - мрак! И петли в село пеат и зората се зори – над карпа в крв се мие и темнината пие силно светнал ден!

Т'га за југ - Константин Миладинов

Орелски крилја как да си метнех, И в наши ст’рни да си прелетнех! На наши места ја да си идам, Да видам Стамбол, Кукуш да видам, Да видам дали с’нце и тамо Мрачно угревјат како и вамо. Ако как овде с’нце ме стретит, Ако пак мрачно с’нцето светит На п’т далечни ја ќе се стегнам И в други ст’рни ќе си побегнам, К’де с’нцето светло угревјат, К’де небото ѕвезди посевјат. Овде је мрачно и мрак м’ обвива И темна м’гла земја покрива: Мразој и снегој и пепелници, Силни ветришча и вијулици; Околу м’гли и мразој земни,

Page 18: AlexTheGreat - Избор поезија

А в гр’ди студој и мисли темни. Не, ја не можам овде да седам, Не, ја не можам мразој да гледам! Дајте ми крилја ја да си метнам, И в наши ст’рни да си прелетнам: На наши места ја да си идам, Да видам Охрид, Струга да видам. Тамо зората греит душата И с’нце светло зајдвит в гората: Тамо дарбите природна сила Со с’та роскош ги растурила: Бистро езеро гледаш белеит Или од ветар сино – темнеит; Поле погледниш или планина, Сегде божева је хубавина. Тамо по срце в кавал да свирам, С’нце да зајдвит, ја да умирам.

Тешкото – Блаже Конески

О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат,

штом тапан ќе грмне со подземен екот - во градиве зошто жал лута ме стиска, во очиве зошто навира река и зошто ми иде да плачам ко дете, да превијам раце, да прекријам лик - та гризам јас усни, стегам срце клето, да не пушти вик. О тешкото! Старци излегуват еве, на чело им мисла, во очи им влага и првиот чекор по меката трева е мирен и бавен, со задржана тага. Но 'рзнува тапан и писок се крева и молња светнува во секој глед, и напред се пушта, се стрелка, се слева стегнатиот ред. До старците момци се фаќаат скокум; не издржа срце - сив сокол во клетка, не издржа пламен жив потулен во око, не издржа младост што сака да летне!

Page 19: AlexTheGreat - Избор поезија

Се залула оро! Се заврте земја, и чиниш - се корне стресениот век, и околу трпнат ридиштата темни и враќаат ек. И божем се врасло кипнатово оро со исконска сила за земјава наша и во него шуми на реките зборот, и во него рика див ветер и страшен и во него шепнат узреани житја и вечерен мирис се разлева тих, и земјата дише во пролетна ситост со запален здив. И душата, чиниш, на родот мој мачен во тешково оро се уткала сета - век по век што трупал сè попуст и мрачен од крвава болка, од робија клета, век по век што нижел од корава мисла за радосна челад, за слободен свет, од песна - за љубов што гине со пискот ко жерав во лет. О тешкото! Кога во молк да те гледам, на очиве магла ми напаѓа сура, и одеднаш - в бескрај се растега редот и ридја се губат в пустелија штура - и еве кај иде од маглата матна сè сенка до сенка, сè еден до друг - во бескрајно оро син оди по татка, по деда си - внук. Времињата мрачни се нивното поле, и нивната свирка - на прангите ѕвекот, а главите им се наведени доле, и покроце врват - сè чекор по чекор. О времиња, што ве в мрак родот мој минал, кој збор ќе ми најде за вашата стрв? Кој збор ќе ми најде за ужасот зинат над пустош и крв?! Кој број ќе ми каже на лутите рани, на пламнати ноќи, на пеплишта пусти, кој на срце болки ќе изреди збрани, и на очи солзи, и клетви на усти? О тешкото! Синџир ти беше на робја, од калеши моми и невести ред. со врзани раце во плен што ги погнал насилникот клет. О тешкото! Синџир ти беше на робја, дур не стана народ во листена гора, сè дури со јадот од векови собран не поведе бујно, бунтовничко оро! се залула танец низ крвје и огон,

Page 20: AlexTheGreat - Избор поезија

и повик се зачу и грмеж во чад - те разнесе сегде бунтовната нога по родниот кат. О тешкото! Сега по нашите села во слобода првпат штом оро ќе сретнам, зар чудно е - солза да потече врела, зар чудно е - жалба јас в срце да сетам?! Од вековно ропство, мој народе, идеш но носиш ти в срце дар златен и пој. Пченицата твоја триж плодна ќе биде, И животот твој!

Кочо Рацин - Елегии за тебе

Вчера си појдов, наминав низ таја гора зелена под тија буки високи по ќилим сенки широки. Одев со глава замаен наведната, мртов, зачмаен, одев со грутка на срце и каракамен на гради. Деј гиди горо зелена! Деј гиди водо студена! Пилците пеат – ти плачеш, сонцето грее – ти темнееш. Ако ги криеш коските на дели млади јунаци тука што лежат по тебе за тија темни дубрави – зошто ги таеш песните? Зошто по тебе дрвјата и на дрвјата гранките и на гранките лисјата шумолат скришно таговно? Таму горе на небото зора руди, земја буди, ден морави шири крила и алова точи свила,

Page 21: AlexTheGreat - Избор поезија

таму зора црвенее – мое срце ми црнее. Ископајте длабок бунар извадете ладна вода натопете лути рани да не горат, да не болат. Зоро златно и румено! Зоро слатка посестримо! Ти изгреваш на далеку – да ли еднаш ќе изгрееш силно, силно, дури милно над долови и над гори над полиња и над реки над мојата татковина? Два брега – двата стрмнини. А од брег на брег танок мост. Под мостот вода морава – тече и мие ранава. Тече од векот вековит и нова и се` нова по нова, тече, а тука маките се` стари и се` постари. Тече и влече со себе сичко што стои пред неа, а на брегови животот чмае у троскот зараснат! Течи си водо студена! Течи си – рони брегови! Течи – и нам низ срцето нели и крвта ни тече? Скотски е, скотски животот аргатски у темно заѕидан, до скот сме синко попритиснати на овој свет убав. Кој ни ги скрши белите крилца крилца на галаби бели? Кој ни замати извори бистри извори на души чисти?

Page 22: AlexTheGreat - Избор поезија

И кој раздвои, и кој раздвои човек од човек со ѕид? И кој направи, и кој направи човек на човека роб! Та човек од човек да страда и тегне и бега од лулка до гроб? Ти да знаеш, паметуваш и ем да си на ум да имаш – работник си – и работник ти ќе паѓаш и се дигаш. Луњи ли ќе пусти дојдат сонце ли ќе јасно грејне – патиштата, патиштата пред тебе се на борбата. Како сртта вечна што е така борба долго трае. Но од смртта е по силна по патиштата борбата! Исцедете, ограбете пот и труд и меса голи, уста пуста затворете да не каже оти боли. Очи црни ископајте да гледајат не давајте, раци машки прекршете срце лудо наранете. Угаснете и светлини! Мрак ќе биде – каракамен. Има, има – в темнината нешто живо пак да свети: има болка на душата има души наранети. Болка боли – болка гори

Page 23: AlexTheGreat - Избор поезија

болка пече, душа мори. А болката кога свети – тешко, тешко, тешко клети!

ФУСНОТА БЕЗ ПОВОД - ГАНЕ ТОДОРОВСКИ

Ги оставивме мускулите на село, ги оставивме легендите, ливадите, лошините, зареците, клетвите, благословиите, дотековме како пролетен порој-одненадеж, за да му станеме квасец на градот, за да му станеме озон на градот, за да го помакедончиме Скопје- Ој, МакедонијО, малодушна и кибарна, кај ти е без нас алот! Дотековме во град по весници, по струја, по телевизори, по стадиони, по кина, по бањи домашни, по чисти клозети, по тротоари, дојдовме за да дрнчиме секој први пред благајните, дотековме, дотрчавме, доклинкавме, Ој, Македононијо, кај ти е без нас алот! Ој, Македонијо, градска и социјалистичка, натема ти го селото обескозено, обезлуѓено, како по чума поморија, Ој, Македонијо, со пет епископи и илјада икони испокрадени, Ој, Македонијо, со сојузни министри и судбини на периферија, Ој, Македонијо, со јоги душеци, со терени за скијање, со пленуми, со црква автокефална, со тела самоуправни, со штедни книшки, со приватни земјоделци, со коли половни, со сметки девизни, со дефицитарно осигурување, со први домати во републиката, со четиринаесет академици, со безброј политичари, со евтин зеленчук, со таан-алва, со голем број дипломати и со ниски плати, со две затворени граници, со трета хипокритска и четврта замислена, Ој, Македонијо, на конкурси и конгреси, на два Илиндена и филмови нетитлувани на македонски,

Page 24: AlexTheGreat - Избор поезија

Ој, Македонијо пленумска, синдикална од лани уште синодална, автокефална, колку ќе биде платен тутунот годинава? Колку кредит ќе ветат банките? Колку ли уште приватни крчми ќе отвориме? Колку девизи надвор ќе депонираме? Ој, Македонијо со голем број неписмени, со Академија на науките и уметностите, со беспрекорна грижа за народностите, со мал тираж на весници, со многу пензии, колку навистина ќе биде платен тутунот? Ој, Македонијо, кај ти се селата Мијачки? Кај се Помаците? Кај се ветросаа? Кај се Егејците? Кај се витосаа? Ој, Македонијо, распослана од Узбекистан до Анадолија, Канада и Австралија, од Балтик до Карпатите, до немај-каде, до глувчина дупка до канцелариите на бирократите. Ој, Македонијо, не пати за Патакос, многушто уште ќе доживееме! Ој, Македонијо, пушти го родот нека се растура небаре семето Хамово, небаре проколнатици. Живите треба да живеат, мртвите ќе починуваат а безработните ќе трагаат по работа. Ој, Македонијо, науми почит кон мртвите, збери ги коските на своите заљубеници, коските Мисирковите, коските Цепенковите, коските Ѓорче Петровите, прибери ги во Скопје, покрај Гоцевите, покрај најсветите, и крени крај нив паметник на неродениот Македонец. Ој, Македонијо, колку ли уште ни треба за да те домакедончиме!

Page 25: AlexTheGreat - Избор поезија

Петре М. Андреевски - Откако те нема

Најубава несреќо што ми влегла в куќи, жено опљачкана од моето телесно наследство, кажи што ќе работиш и што ќе мислиш за мене кој продолжува да дише со твојата воздишка откако те нема... Невенчана невесто што сакаше да имаме иста лажица, како што сакаше мојата болка да биде интересна, о богатство во мојот слух, моја ноќна татковино, поздравуј ме по пролетта што ќе те сретне под земјата иако те нема.... Невидлива забаво во затворите за доживотна робија, созвездие на сите движења под водата и небесата, железницо што ги поврзуваше годишните времиња, моја лично слободо што ме научи да страдам а да не лелекам дека те нема.... Царинарнице што ми ги откри скриените места од душата, Горчливо изобилство во мите тажни пијанства, чаша водо што ги зближуваш народите те среќавам по сите градови, но нигде не те гледам оти те нема.... Пароло извикана на сите државни празници, најубава спроводнице на ветровите од мојата глава, основна мерко за земјата и сите течности, единствена самогласко за сите изговорени зборови, кај што те нема... Конецу отпаран од ветрот фатен во

Page 26: AlexTheGreat - Избор поезија

кражба на каранфилот неизвлекувана рамнотежо во моето одродено тело ти си одиш а јас останувам без никој никаде оти ти си мртва, а смртта во мене ти продолжува откако те нема...