zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/programa... · 2017-12-07 ·...

28

Upload: others

Post on 31-Mar-2020

2 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ЖИВОТ ВО РАДОВИШ! ЗА СИТЕ

Page 2: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ЖИВОТ ВО РАДОВИШ! ЗА СИТЕ

Прочитајте ја Програмата „Живот за сите“, бидете горди и сигурни и на денот на изборите заокружете Живот во вашиот град, во вашето село.

Драги граѓани на Република Македонија, заедно jа освоивме слободата, ја ослободивме заробената држава, ги враќаме човечките и демократските вредности во нашиот живот. А, животот, мораме да го подобриме насекаде, и во моите Струмица и Муртино, и во Охрид, Прилеп, Тетово, Битола, Куманово, Струга, Штип, Арачиново, Конче, Баница, Ваташа, Ботун, Липково, Кучевиште, Оризари, Секирци, Мешеишта, Шишево... низ целата наша убава Македонија.Промените се тука, и продолжуваат!На сцената е нова, одговорна и домаќинска власт, која е свртена кон потребите на граѓаните. Достапна за сите нив, отворена и отчетна. Новата политика, е политика од збор. Новата политика значи служење на граѓаните, а не владеење. Домаќински ги намаливме трошоците на функционерите и обезбедивме вашите пари да ви се вратат вам преку поголема минимална плата, поголеми субвенции за земјоделците, преку новите политики за економски раст, поддршката за домашните фирми, преку укинување или намалување на разно-разните давачки.Ајде да ја продолжиме оваа наша заедничка акција наречена „Живот во секоја општина, живот за сите!“. Во секоја урбана и месна заедница, во секое маало. Заедно со вас и со нашите луѓе можеме да го направиме тоа. Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно, одговорно и домаќински.

Здрава животна средина за сите – преземаме итни мерки за да обезбедиме чиста вода и чист воздух.

Можности за сите - насочуваме повеќе пари кај општините, за да има повеќе пари за граѓаните. Сето ова, во отворени и услужни општини.

Ја барам вашата поддршка, за да живееме добро и достоинствено сите, каде што сме родени, каде што учат нашите деца, каде што работиме, во современи општини, во нашата Република Македонија.Прочитајте ја Програмата “Живот за сите”, бидете горди и сигурни и на денот на изборите заокружете Живот во вашиот град, во вашето село.

Ваш,Зоран Заев,

Претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија

Page 3: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ЖИВОТ ВО РАДОВИШ! ЗА СИТЕ

Почитувани сограѓани,Сегашноста зборува за иднината а иднината за минатото.Пред повеќе од 16 години Радовиш беше прекрасно место за живеење.Шеснаесет години локана власт на ВМРО-ДПМНЕ-општината е на маргините на опстојувањето. Очајна слика во јавните претпријатија, нехигиена, руинирани детски градинки и училишта, неасфалтирани улици, неурбанизирани места, стара водоводна мрежа, ниту еден нов парк, спомен обележја кои пропаѓаат.Радовиш - градот на рударите, тутунарите, на Ацо Караманов, градот од кој потекнуваат многу истакнати личности, не го заслужува тоа.Ќе започнеме да градиме преку идеи, со многу ентузијазам, желба да направиме многу повеќе за нашиот Радовиш. Идеите ќе ги реализираме континуирано во наредниот години, со чесна и пожртвувана работа, со чиста мисла и вредни раце.Ветуваме многу проекти, индустриски зони, кружни текови, модерни паркови, нови училишни згради и детски градинки. Она што го ветуваме и ќе го реализираме.Со напорна работа и посветеност, во наредните години Радовиш ќе стане препознатлив и атрактивен град.Ние, граѓаните на оваа општина, ќе покажеме дека градот свој се сака и може многу да се направи за него.Бидете уверени дека онаа што ќе го правиме е најголемата придобивка и инвестиција за нашата општина.Да работиме сите заедно за европски Радовиш, за европска Македонија.Да излеземе на гласање и да дадеме шанса на ЖИВОТОТ и во нашата општина!Ваш,Герасим Конзулов

Идеите ќе ги реализираме континуирано во наредниот години, со чесна и пожртвувана работа, со чиста мисла и вредни раце.

Page 4: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ЖИВОТ ВО РАДОВИШ! ЗА СИТЕПЛАН ЗА ЖИВОТ ВО СКОПЈЕ

Со нови луѓе до ново лице на Општина Радовиш.

Page 5: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА РАДОВИШ

1. КОЛЕ ЧАРАКЧИЕВ2. ВИКИЦА МАНОЛЕВА3. ЈАШАР СУЛИМАН4. РИСТО СПАСОВ5. КРИСТИНА МИТЕВА6. ГОРАНЧО КОЗОВСКИ7. БЛАЖЕ УЖЕВСКИ8. РОЗКА ЃОРГИЕВА9. ЖАКЛИНА СВИРКОВА10. МАЈА ТРАЈКОВА11. БОШКО АТАНАСОВ12. ПАВЛИНА ЗАЈКОВА13. ДАНИЕЛ ЈОВАНОВ14. РАТКА РИСТОВА МИЛАДИНОВА15. ТОМЕ КОЗОВСКИ16. КРИСТИНА КРСТЕВА17. ВАНЃЕ ЦЕНЕВА18. ИГОР ЕВТИМОВ19. АЛЕКСАНДРА АВРАМОВА

Page 6: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ЖИВОТ ВО РАДОВИШ! ЗА СИТЕ

ГРАДИМЕ ПО ПЛАНИНФРАСТРУКТУРА ЗА СИТЕ

zz Ја приспособуваме целата постојна урбана и рурална инфраструктура да биде во функција на потребите на граѓаните.

zz Градиме одговорно, квалитетно и домаќински, за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина.

zz Новите локални власти носат планови и проекти за патишта, улици, канализации, водоводи, градинки, училишта, спортски терени и гасна мрежа.

zz Ги намалуваме разликите помеѓу градските и селските средини.

zz Градиме по план, обезбедуваме инфраструктура за сите.

Page 7: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ЧИСТА ВОДА И ЧИСТ ВОЗДУХЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ

zz Обезбедуваме чиста и здрава вода за пиење и чист воздух, зашто тие се клучни за здравје и за живот. За нас ништо не е поважно од здравјето на луѓето.

zz Граѓаните се јасни и сериозни во своите барања, а ние одговорно го слушаме и го разбираме крикот за чиста животна средина.

zz Создадовме план и проекти за зголемен капацитет и за професионална услуга на јавните комунални претпријатија, преку намалени трошоци за граѓаните.

zz Се обврзавме постојано и навремено да ги чистиме депониите и каналите, да вложуваме во колекторски системи, пречистителни станици, регионални фабрики за третман на цврстиот комунален отпад и во енергетски ефикасни објекти.

zz Обезбедуваме услови за здрав живот за сите.

Page 8: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ЖИВОТ ВО РАДОВИШ! ЗА СИТЕ

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ГРАЃАНИТЕМОЖНОСТИ ЗА СИТЕ

zz Ја активиравме спиралата на покачување на платите. Носиме директна поддршка за домашните фирми, пред сè за малите и средните претпријатија.

zz Обезбедуваме повеќе пари за општините, а со тоа и повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин на локално ниво.

zz Обезбедуваме еднакви услови и за странските инвеститори.

zz Вложуваме во младите, отвораме центри за отпочнување и развој на бизниси.

zz Ги здружуваме бизнисите, општината и граѓаните, со единствена цел – нови и подобро платени работни места.

zz Ја вклучуваме бизнис заедницата во дефинирање на приоритетите на општината и воведуваме бизнис форуми како редовна активност за проектирање и следење на локалниот економски развој.

zz Посветената и одговорна работа ги носи парите директно кај граѓаните.

Page 9: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ОТВОРЕНА И УСЛУЖНАОПШТИНА ЗА СИТЕ

zz Ја отвораме локалната самоуправа за да може секој граѓанин да добие навремени, квалитетни и евтини услуги.

zz Ја враќаме моќта на месните и урбаните заедници, ги опремуваме со технички услови и го зајакнуваме нивниот правен статус.

zz Граѓаните ќе ги добијат сите потребни услуги на едно место, и од органите на локалната, и од органите на централната власт во современи центри за услуги.

zz Воведуваме електронски систем на услуги и мобилни канцеларии кои ќе нудат услуга во секое село.

zz Ги вклучуваме граѓаните во креирањето на буџетот, во носењето одлуки и во контролата на власта.

zz Буџетските средства ќе се користат строго наменски, транспарентно, домаќински и одговорно, преку редовно известување за сработеното.

zz Обезбедуваме ефикасен јавен превоз, пријатни детски градинки, чисти и загреани училишта. Обезбедуваме поддршка и помош за најзагрозените семејства и за лицата со посебни потреби.

zz Ги поддржуваме и поттикнуваме сите демократски механизми како петиции, претставки, граѓански иницијативи, собири на граѓани и референдуми.

zz Воведуваме нов модел на отворена и услужна локална самоуправа - општина за сите.

Page 10: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ЖИВОТ ВО РАДОВИШ! ЗА СИТЕ

НОВИТЕ ПОЛИТИКИ НА НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК

ДОСЕГАШНИ СОСТОЈБИПочитувани сограѓани,

Сегашноста зборува за иднината, а иднината за минатото.

Пред повеќе од 16 години Радовиш беше прекрасно место за живеење.

Шеснаесет години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - општината е на маргините на опстојувањето. Очајна слика во јавните претпријатија, нехи-гиена, руинирани детски градинки и училишта, неасфалтирани улици, неу-рбанизирани места, стара водоводна мрежа, ниту еден нов парк, спомен обележја кои пропаѓаат...

Радовиш - градот на рударите, тутуна-рите, на Ацо Караманов, градот од кој потекнуваат многу истакнати лично-сти не го заслужува тоа.

НОВА ЕНЕРГИЈА ЗА НОВ РАЗВОЈСѐ што е важно за животот на граѓани-те и за квалитетот на нивните животи

е работата на локалната самоуправа.

Како кандидат за Градоначалник на општина Радовиш ќе се залагам за:

1. Активно учество на граѓаните во креирањето на политиките на ло-кално ниво како клучен фактор за иднината на локалната заедница

2. Потполна примена и почитување на принципот на транспарентност како најдобра гаранција дека јав-ните овластувања се употребу-ваат за остварување во корист на заедницата.

3. Остварување на граѓанско - сер-висниот карактер на општинската администрација

4. Активно и континуирано инфор-мирање на граѓаните, проследено со самоиницијативно, навреме-но и редовно дистрибуирање на податоци за своите активности и планови од страна на локалните власти

ВИЗИЈА

Радовиш - атрактивна општина посакувана за живеење, висококвалитетна услуга за граѓаните и бизнис заедницата, иднина за младите и сигурност за пензионерите.

Page 11: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

5. Поттикнување на соработка на невладиниот сектор со локалната самоуправа како важен предус-лов за квалитетна и транспарент-на комуникација меѓу граѓаните и локалната самоуправа. Оваа со-работка ќе овозможи нови мож-ности за подобрување на животот во заедницата.

Во нашата општината ќе внесеме нова енергија за нов развој, а приори-тетите ќе ги насочиме кон:XX Програма за економски и инфра-

структурен развој на градот, села-та и неурбанизираните подрачјаXX Развиена мрежа на образовните

институции во руралните срединиXX Детски градинки согласно потре-

бите за развој на децата, вклучу-вајќи ги децата со посебни по-треби (дефектолози, медицински персонал) XX Развој на еко-туризмот, трајна

одржливост на ресурсите со почи-тување на еколошките принципи

XX Довршување на урбанизацијата на населбите на населените мес-та на општината со решавање на инфраструктурните проблеми.XX Изградба на локални улици и па-

тиштаXX Улично осветлување – подобру-

вање на квалитетот на живеење на граѓаните, како во градот така и во населените места, со поставу-вање на штедливи светилкиXX Асфалтирање на улици и тротоари

на целата општинаXX Изградба и реконструкција на ат-

мосферската канализација за неј-зина оптимална функционалност.XX Финализирање, односно рекон-

струкција на канализациски сис-тем во населените места како што се: Подареш, Јаргулица, Ораови-ца, Ињево и др.XX Осовременување на ефикасноста

на водоводните системи, со цел подобрување на квалитетот на во-дата за пиење.XX Изградба и реконструкција на во-

доводниот систем со пречисти-телна станица за вода за пиење.XX Рационализација и ревитализа-

ција на потрошувачката на елек-трична енергија за постојните во-доводни системи.XX Користење на средства од европ-

ски фондови за развој на рурални подрачја и зелени површини.XX Форсирање на ЕКО проекти за по-

МИСИЈАПодобрување на инфраструктурата, отварање нови работни места, подигање на животниот стандард, заштита на животната средина. Граѓаните во урбаните и руралните средини да имаат добар и квалитетен живот, преку плански развоен процес кој е прифатлив за сите граѓани на општината Радовиш.

Page 12: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ЖИВОТ ВО РАДОВИШ! ЗА СИТЕ

добрување на условите и квалите-тот на живеење.XX Стратегија на избалансирано вло-

жување, како во градот Радовиш така и во населените места.XX Создавање услови за изградба

на објекти во индустриската зона Радовиш за поттикнување на еко-номскиот развој на општината, како бизнис дестинација, со ин-тенција за вработување на млади лица и лица со посебни потреби.XX Залагање за активирање на по-

стојните капацитети во индус-трискиот дел на Радовиш.XX Реконструкција и изградба на пат

кон планината Плачковица и доиз-градба на патот кон с. Смиљанци, како ЕКО дестинација, во соработ-ка со Владата на РМ XX однесување иницијатива за реша-

вање на депонијата со комунален отпад, со изградба регионална де-понија во југоисточниот регион со што ќе се обезбеди соодветна ло-кација за депонија на комунален и други видови отпад.

И уште многу други проекти : XX гасификација на Општината Радо-

виш

XX изградба на паркинг просторXX изградба на затворен зелен пазар XX изградба на нов градски парк, XX изградба на вештачка акумулација

над хотел Панорама,XX етапна изградба на атмосферски

шахти за дренирање на водата, со изградба на нови атмосферска и водоводни линии со подземен ка-тастар на целата инфраструктура,XX изградба на спортски терени во

населените места, XX развој на планински и селски ту-

ризам.

МЛАДИНСКА ПОЛИТИКАМладите во изминатиот период оди-граа клучна улога во носењето на многу одлуки. При работата на мла-динските совети дадоа многу идеи и со нивно делување го подобрија жи-вотот на младите граѓани на Републи-ка Македонија

Младите претставуваат посебна категорија која е основа на идниот развиток на општеството. Младите луѓе се способни да преземат одго-ворност за сопствениот живот и да

решаваат за сите прашања кои ги за-сегаат на сите нивоа. На оваа способ-ност треба да ѐ се дозволи вистинска изразна форма во која младите луѓе и активностите кои тие ги преземаат имаат централна улога.XX Активно ќе ги поттикнуваме мла-

дите да се вклучуваат во општест-вото,XX Отстранување на сите за активна

партиципација на младите во јав-ниот живот во општината,XX Воспоставување на канали за

партиципација на младите и за из-разување и усвојување на нивното мислење во административните органи на локалната самоуправа,

Промоција на правото на младите да се здружуваат.

Ќе го поддржиме воспоставувањето на Младински совет во општината, за широко запознавање и информи-рање на младите и за нивното право за активно учество во донесување одлуки и едукација на младите за вредноста и улогата на цивилното општество.

Вклучување на претставници на мла-дите и младинските здруженија во

Page 13: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

работа на телата и комисиите на локал-ната власт кои во доменот на своето работење опфаќаат сфери на интерес на младата популација.

Поттикнување на младите да учеству-ваат во уметнички активности,

Поттикнување на креа тив ни те спо соб -нос ти на мла ди те од об лас та на кул ту-ра та. Поддршка на проекти кои содржат пре по зна ва ње, развивање и промоција на таленти и уметнички потенцијали.

Воспоставување на механизми за им-плементација на локални младински стратегии, активна партиципација на младите во политичкиот, економскиот, социјалниот и културниот живот на ло-калната заедница.

ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈЛокалниот економски развој е една од најзначајните функции и надлежности на општината, чија што главна цел е да се обезбеди развој на локалното сто-панство, а со тоа и квалитетен живот на населението.

Секоја инвестиција, покрај директен има и индиректен ефект врз економ-

ската активност во општината, прак-тично мултиплициран и има зголемен вкупен ефект на економијата и креи-рање нови работни места.

Визијата на општината Радовиш е:

Атрактивна општина со ефикасна администрација и развиена инфра-структура која обезбедува висококва-литетни услуги за граѓаните и бизнис заедницата. Општина во која ќе има висок квалитет на живот која ќе ги со-единува локалните и традиционални вредности со творечка моќ и капаци-тет на поединецот за обезбедување на одржлив развој.

Неопходни активности за остварување на поставените цели би биле:

Поттикнување на развој на бизнисот и отворање на нови работни места,

Подобрување на постојната и развој на нова инфраструктура во општина Ра-довиш

Воведување на нови технологии и практики во земјоделството и подобру-вање на руралниот развој,

Подобрување на квалитетот на образо-ванието и усогласување со потребите

на пазарот на труд во општина Радо-виш,

Радовиш да биде атрактивна туристич-ка-еко дестинација.

Со имплементација на овие цели ќе се придонесе кон подобрување на сос-тојбите и прашањата што се однесува-ат на економско-социјалната положба, а со тоа ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните на општина Ра-довиш.

Јавното-приватно партнерство е мо-дел на иднината и ние секогаш ќе го поддржуваме кога ќе постои економ-ска оправданост, ако се знае каков е економски раст во развиениот свет од овие проекти.

Јавното-приватно партнерство за граѓаните ќе значи подобри услуги а за локалната заедница функционален и подобрен сервис, а за бизнис секто-рот квалитетно управување со јавните добра и профит.

Ќе воспоставиме директен и отворен дијалог помеѓу локалната власт и при-ватните компании во општината со кој ќе се создаде одговорност и обврска за унапредување на соработката.

Page 14: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ЖИВОТ ВО РАДОВИШ! ЗА СИТЕ

За децата: Изградба на нова Детска Градинка, подобрување на ус-ловите во затворениот и отворениот простор во кој учат и престојуваат децата, обезбедување дополнителни и во-нинституционални облици на работа со децата (детска га-лерија, странски јазици). Отварање дневен центар за деца од улица, опремување на детските градинки со дидактички материјал, мебел и играчки, уредување и оплеменување на дворните површини во детски градинки со насади и дрвца. Поддршка за децата со интелектуална, физичка, сензорна или друг тип попреченост со посебни образовни потреби, да ги имаат истите права на образование како и другите, согласно своите интелектуални и други можности, ам-биции и интереси. Обезбедување дефектолози, лични асистенти, педагози, психолози, едукатори, медицински сестри, физиотерапевти кои ќе бидат дел од секојдневи-

ето и образованието на секое дете.

За учениците: Бесплатни курсеви по странски јазик и информатика за децата кои потекнуваат од социјално загрозени групи, стипендирање на најдобрите ученици и средношколци од општината, организирање летни училници за тален-тираните ученици, формирање Центри за дневно и при-времено прифатилиште и згрижување на социјално ис-клучените деца, субвенции за нови велосипеди, изградба на патеки за велосипедизам, опремување нови кабинети, осветлување на пристапите до училиштата, пристап до училиштата за децата со посебни потреби. Изградба и оп-ремување на нижо музичко училиште, во насока на ква-

литетна практична настава по музичко образование.

ОПШТИНАТА ЗА СИТЕ НАС

Page 15: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

За младите: z� Формирање општински фонд за стипендирање на сту-

дентите

z� Проектен менаџмент и вработување млади лица во реализација на проекти

z� Поддршка на младинските организации

z� Промоција на младите да се здружуваат

z� Финансиска поддршка на проекти кои содржат препо-знавање, развивање и промоција на таленти и уметнич-ки потенцијал.

z� Изработка на физибилити студија и проект на постоеч-ката стара општинска административна зграда да се из-градат повеќе простории и содржини за разни културни, уметнички и разни спортски активности за младите во општината.

z� Реконструкција и осовременување на Градскиот парк во Радовиш со проширување и дополнување со нови содржини.

Изградените повеќенаменски спортски игралишта, ќе бидат по потреба реконструирани и ставени во функција, и соодветно на намената и со добра организација млади-те ќе можат да ги користат, а не да бидат неми споменици

и руинирани.

За пензионерите: Изградба на нов пензионериски и по потреба геријатриски дом за згрижување на пензионери и стари лица, како и ре-конструкција на постоечкиот пензионерски дом и ресторан. Помош на пензионерите во случај на смрт на пензио-нерот на семејството или на сопружникот, помош при болничко лекување повеќе од 10 дена, партиципација при бањско лекување на пензионерите со најниски пензии. Согледување на целокупната социјално и здравствена состојба на пензионерите, особено по селата. Организи-рање еднодневни излети и екскурзии и посети на верски

и туристички места во Македонија.

ОПШТИНАТА ЗА СИТЕ НАС

Page 16: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ЖИВОТ ВО РАДОВИШ! ЗА СИТЕ

КЛУЧНИ ПРОЕКТИГАСИФИКАЦИЈА НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Гасификација на општина Радовиш преку вклучување воглавниот гасовод „Јужен Поток“ и изградба на секун-дарна и терцијарна мрежа. Ќе се овозможат пониски трошоци за греење за домаќинствата и компаниите, како и пониски трошоци за енергенси на производстве-ните капацитети кои ќе го користат гасот. Овој проект ќе значи директна заштеда на енергија во домаќинствата, во стопанството, во јавните општински и државни институции и во најголемата економска гранка – земјоделството.Интересот на граѓаните од населените места, особено на сопствениците на оранжериите и пластениците, е голем. Ќе можеме да им дадеме услуга за користење на гас и на нив. Многу оџаци повеќе нема да ја загадуваат средината. Ова значи зголемување на конкурентноста на стопан-ството, а за сите заштеда од неколку милиони евра го-дишно. Намалување на сечење на шумскиот фонд.

Целна група: ? Стопанство - бизнис сектор, јавни општински и државни институции, земјоделците, домаќинствата

Рок: 2017-2021 година

Page 17: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ, РЕКОНСТРУКЦИЈА И ИЗРАБОТКА НА ЕДИНСТВЕН СИСТЕМ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА ЗА СНАБДУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ СО КВАЛИТЕТНА И ЧИСТА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ.

Изработка на Физибилити студија и проект за осовременување и реконструкција на постоечките пумпни станици за вода за пиење, изградба на нови енергетски ефикасни и автоматизирани модерни системи за снабдување со чиста вода за пиење и кана-лизациона мрежа во град Радовиш и нас.места како и замена на постоечките азбестни цевки користени во водоводната мрежа со соодветни. Изработена е анализа за можност да се изработи на единствен интегриран систем на водоводна мрежа во општи-на Радовиш, можност за изведба на повеќенаменски функцио-нален систем на река Плаваја, како и анализа на можностите за реализација на децениски проект за изградба на повеќенамен-ска брана на река Плаваја.

Со овој проект се планира осовременување и реконструкција на постоечките пумпни станици за вода за пиење, изградба на нови енергетски ефикасни и автоматизирани модерни системи за снабдување со чиста вода за пиење, реконструкција на канали-зационата мрежа во град Радовиш и населените места, но и за-мена на постоечките азбестни цевки користени во водоводната мрежа со соодветни. Тоа е потреба на жителите на општина Ра-довиш и развој на индустриските капацитети.

Целна група: Домаќинства, стопанство - бизнис заедница

Рок: 2017-2021 година

РЕКОНСТРУКЦИЈА И ИЗГРАДБА НА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ОПШТИНСКИ И ОБРАЗОВНИ ОБЈЕКТИ И ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ.

Со овој проект ќе се добие бенефит од заштеда на високи трошоци - финансиски средства за осветлување, греење и ладење на сите објекти со кои располага Општина Радовиш и РМ. Ќе се изврши анализа на можностите за искористу-вање на разни фондови и форма на јавно-при-ватно партнерство.

Со овој проект Општината ќе се ослободи од ви-соки трошоци и ќе заштеди огромни финансиски средства.

Целна група: Целна група: јавни општински и државни институции

Рок: 2017-2021 година

Page 18: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ЖИВОТ ВО РАДОВИШ! ЗА СИТЕ

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИИЗГРАДБА НА ПАРКИНГ ПРОСТОР - КАТНА ГАРАЖА

ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ НА ПАТНАТА И УЛИЧНАТА ИНФРАСТРУКТУРА И ИНСТАЛАЦИИИзградба на паркинг простор - катна гаража за паркинг

на возилата, проект за унапредување на безбедноста во сообраќајот. Функционален град, град во кој ќе има добар и организиран проток на возила и доволно паркинг места.

Сообраќајниот хаос, сѐ поголемиот број на возила, пробле-мот со паркирањето ја ставаат на врвот на приоритетите изградбата на паркинг простор - катна гаража на новиот градоначалник на општината Радовиш. Улиците ќе се ос-лободат од возилата кои се паркирани и ќе се овозможи побрз проток на сообраќајот. Сигурно место за паркирање без временско ограничување и слободно паркинг место во секое време. Кревање на културата во сообраќајот и свеста за културно паркирање.

Целна група: Сите граѓани

Рок: 2017-2020 година

Потребата на граѓаните од современа, функционална патна и улична мрежа со сите подземни и надземни ин-сталации, ја наметнува потребата во општина Радовиш да се направи студија и анализа на приоритетни проекти и можности за нивна реконструкција и проширување.

Со овој проект ќе се задоволат потребите на граѓаните во општина Радовиш, коишто ќе добијат функционална патна и улична мрежа.

Целна група: Граѓани од урбани и рурални средини

Рок: 2017-2021 год година

Page 19: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТИ И ИЗГРАДБА НА ЦЕНТРАЛЕН ПАРЕН СИСТЕМ ВО ДВЕ ФАЗИ: 1 ФАЗА – ЈАВНИ ОБЈЕКТИ КОИ СЕ ПОД ИНГЕРЕНИЦИИ НА ОПШТИНАТА И РМ2 ФАЗА – ОСТАНАТИ ИНСИТУТУЦИИ И ПРИВАТНИ ОБЈЕКТИ ВО ОПШТИНАТА

Потребата од загревање на објектите под ингеренции на Општина Радовиш. Се јави потреба од изработка на проекти и изнаоѓање начин за реализација на инвестиции за изградба на централен парен ситем во Радовиш и тоа во две фази:

1 фаза - јавни објекти кои се под ингерениции на општината или републиката (општинската зграда, детски установи, основни училишта, гимназија, судска зграда, здравствен дом и објектот на Универзитет „Гоце Делчев“)

2 фаза - останати институции и приватни објекти во општината

Со реализација на проектот ќе се изведе централен систем за загревање на капацитетите кои се под ингеренции на Општина Радовиш

Целна група: Сите граѓани

Рок: 2017-2021 година

Page 20: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ЖИВОТ ВО РАДОВИШ! ЗА СИТЕ

ИЗРАБОТКА НА ГУП И ДУП НА ГРАД РАДОВИШ И СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА И ВИКЕНД НАСЕЛБИ

Со довршување и правилна урбанизација во општина Радовиш, со изготвување на ГУП и ДУП за населените места и викенд на-селби во Општина Радовиш, ќе се решат елементарните усло-ви и загарантирани права за градење и приватен имот. Со тоа паралелно ќе се решаваат и инфраструктурните проблеми во општината, а не како до сега, со избрзани и хаотични парцијал-ни решенија, без претходни припреми и податоци, решенија по желба на поедини моќници во општината, а на штета на сосе-дите или државата. Со овој проект максимално ќе се заложиме тоа повеќе да не се доволи.

Потребата на граѓаните и бизнис заедницата за правилно, на-времено и квалитетно решавање на нивните урбани проблеми ќе биде решена со довршување и правилна урбанизација во општина Радовиш, со изготвување ГУП и ДУП за населените места и викенд населби во Општина Радовиш ќе се решат еле-ментарните услови и загарантирани права за градење и прива-тен имот.

Целна група: Сите жители и бизнис заедницата

Рок: 2017-2020 година

РЕКОНСТРУКЦИЈА И ПРОШИРУВАЊЕ СО НОВИ СОДРЖИНИ НА ГРАДСКИ ПАРК РАДОВИШ

Градскиот парк Радовиш беше симбол на градот и општината како урбана средина. Со реконструк-цијата и проширувањето, ќе му биде вратен сјајот на градскиот парк во Радовиш, како најатрактивен дел во градот, со можност за создавање предус-лови за дислокација на Градскиот стадион, којшто заради лошото владеење на ДПМНЕ сега е прет-ворен во маалско игралиште. Ќе бараме измени на ДУП за тој дел да се овозможи изградба на рес-торан со летна тераса, катче за одмор и рекреација на младите и други содржини согласно потребите и предлозите на младите и стари лица од општи-ната. Во паркот ќе биде предвидена и изградба на модерно осветлување со што трошоците за елек-трична енергија ќе бидат сведени на минимум.

Младите и стари лица бараат катче за одмор и рекреација. Со реконструкција на градскиот парк Радовиш ќе се врати сјајот како симбол на градот и општината како урбана средина, како најатрак-тивен дел во градот.

Целна група: Сите жители и бизнис заедницата

Рок: 2017-2021 година

Page 21: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ПРОЕКТ ЗА ТУРИЗАМ, СЕЛСКИ РУРАЛЕН ТУРИЗАМ И ЕКО ТУРИЗАМ КАКО ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП НА ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА СО ОПШТИНА КОНЧЕ И ДРУГИТЕ СОСЕДНИ ОПШТИНИ

Гранката за туризам, селски рурален туризам и еко туризам, како заеднички настап на туристичката понуда со Општина Конче и другите соседни општини треба да биде нова вред-ност која Општина Радовиш ќе ја понуди на домашните и странски туристи. Разните историски локалитети и турис-тички локалитети кои гравитираат на овој дел од Македонија треба да бидат предност и можност за развој на оваа турис-тичка гранка.

Преку развојот на туризмот се овозможува остварување приход кој локалното население ќе го искористи за зачуву-вање на природните ресурси. Со ова ќе се отворат нови ка-пацитети и нови работни места, профитабилни бизниси итн.

Целна група: Млади лица, жители на рурални населби.

Рок: 2017-2021 година

ДИСЛОКАЦИЈА НА ДЕПОНИЈА ВО РАДОВИШ СО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА ЗА ЈУГОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН

Постоечката депонија да се санира во соглас-ност со директивите на ЕУ и истовремено да се работи на проект за изградба на современа сани-тарна депонија во Југоисточниот плански реги-он, за потребите на наредното одлагање и згри-жување на комуналниот и друг вид на отпад од општината Радовиш.

Со децении комуналниот и другите видови опасен отпад како што се: медицински, ветеринарен, живо-тински, домашни апарати, гуми, стари автомобили, градежен оптпад и други видови отпад неконтро-лирано се одлагани како неселектиран отпад на дивата депонија во Радовиш, што претставува еден од најголемите комунални и еколошки проблеми на градот Радовиш.Со таквото неконтролирано одлагање на отпадот на дивата депнија е направено ѓубриште, кое завзема неколку илјади квадратни метри простор и прет-ставува потенцијален опасен загадувач на воздухот, подземните води и земјата.

Целна група: Сите граѓани на општината Радовиш

Рок: 2017-2021 година

Page 22: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ЖИВОТ ВО РАДОВИШ! ЗА СИТЕ

МЕСНИ ПРОЕКТИКОМУНА

1. Довршување на канализациски систем во урбан блок 9 и асфалтирање на улици

2. Адаптација на тениските терени во затворен (балон) и полузатворен тип

3. Решавање на паркинг простор

4. Чистење на дивите депонии

5. Уредување на приодите околу зградите помеѓу ул. „Наум Наумовски Борче“ и бул. „Александар Македонски“

6. Уредување на просторот околу Основниот суд

7. Уредување на зоната за шетање на градскиот рид

С.КАЛУЗЛИЈА1. Улично осветлување -

реконструкција

2. Асфалтирање улици

3. Канализациона мрежа

4. Отварање детски катчиња на

отворен простор

5. Регулирање на атмосферска канализација

С. АЛИКОЧ1. Бетонирање на улицата околу

џамијата

2. Отварање детски катчиња на отворен простор

3. Одржување и стопанисување на водоводот од страна на ЈП „Плаваја“

4. Регулирање на статусот на училишна зграда и вклопување во образовниот систем

5. Улично осветлување-реконструкција

6. Регулирање на атмосферска канализација

С. КОЏАЛИЈА1. Одржување и стопанисување

на водоводот од страна на ЈП „Плаваја“

2. Улично осветлување - реконструкција

3. Отварање детски катчиња на отворен простор

4. Регулирање на атмосферска канализација

С.СУПУРГЕ1. Пробивање и пошлунчување на

пат до селото Парналија

С. ВОЈСЛАВЦИ1. Реконструкција на основното

училиште во селото

2. Прифаќање атмосфески води

3. Асфалтирање и изградба на улици

4. Изработка на проектна документација за регулирање на поројните водотеци низ селото

5. Изградба на водоводна и канализциона мрежа

6. Одржување на детски игралишта

Page 23: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

МЕСНИ ПРОЕКТИ и спортски терени

7. Одржување и реконструкција на улично осветлување

8. Решавање на проблемот со дивите депонии и организирано подигање на сметот

С.КАЛУГЕРИЦА1. Прифаќање атмосферски води

2. Асфалтирање улици

3. Отварање детски катчиња на отворен простор

4. Регулација и редовно чистење на речното корито

5. Регулација на поројните води

6. Изградба на улици

7. Подобрување на водоснабдувањето

8. Изградба на водоводна и канализациона мрежа

9. Одржување детски игралишта и спортски терени

10. Одржување и реконструкција на улично осветлување

ЈАВОР1. Изработка на проектна

документација за регулирање на поројните водотеци од Илиница во правец кон градот и одржување на речното корито

2. Поставување огледало на раскрсницата на ул. „Гоце делчев“ – „Горги Сугаре“

3. Санирање на оштетените решетки за прифаќањеатмосферски води на раскрсницата ул. „Гоце Делчев“ – „Бел Камен“

4. Преземање мерки и активности за санирање на оштетувањата на зградата на Старото собрание

5. Изградба на тротоар и одвод на атмосферски води на ул. „Спасо Радовишки“ на потегот Хотел „Панорама“ - мост р. Сушица

6. Изградба на потпорен ѕид на ул. „Ана Поцкова“

7. Изградба на покриен пазар

8. Изградба и одржување на паркови и зеленило

9. Чистење на дивите депони

10. Решавање на проблемот со кучињата скитници

КУКЛЕВИЦА1. Реконструкција на атмосферска

канализација на ул. „Илија Алексов“

2. Регулирање на поројните води од ул. „Калузлиска“, „Браќа Миладиновци“, „Кирил и Методиј“

3. Регулирање на речното корито на река Марлада

4. Чистење на дивите депонии

5. Уредување на приодите околу зградите на Бул. „Александар Македонски“

6. Подобрување на состојбата со водоснабдувањето

7. Надградба/асфалтирање на оштетените улици

8. Редовно одржување на уличното осветлување

9. Решавање на проблемот со кучињата скитници

МИРЦЕ АЦЕВ1. Уредување на паркинг простор,

регулирање на паркирањето, посебно во пазарн ден - сабота на потегот Кеј „8-ми Септември“ –„Мирце Ацев“ – „Готен“

Page 24: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ЖИВОТ ВО РАДОВИШ! ЗА СИТЕ

2. Поставување на легнат полицаец на Кеј „8-ми Септември“ пред спојот со ул. „Готен“

3. Редовно одржување на уличното осветлување, особено на делот од полигонот за полагање возачки испит и регулирање на гаснењето на уличното осветлување

4. Решавање на водоснабдувањето на граѓаните од повисоките зони

5. Иградба на ул. „Шаин Маала“

6. Чистење смет и наноси на просторот од раскрсницата Плачковица - Мирче Ацев - Булбудере

7. Регулирање на поројните атмосферски води на потегот стара Касарна - ул. „Калузлиска“ – „Партизанска“

8. Редовно чистење и одржување на решеткастите пропусти за атмосферски води на потегот ул. „Плачковица“ – „Мирче Ацев“ – „Булбудере“ и „Партизанска“и заштита од атмосферски води во горниот дел од ул. „Калузлиска“ со поставување ивичници

9. Решавање на проблемот со кучињата скитници

10.

БЕЛ КАМЕН1. Изработка на проектна

документација за регулирање на поројните водотеци од Коџа Баир ул. „11-ти Октомври“ во правец кон градот

2. Асфалтирање на улици

3. Решавање на проблемот со водоснабдувањето на граѓаните од повисоките зони во УЗ

4. Чистење на дивите депонии

5. Решавање на проблемот со кучињата скитници

6. Решавање на дворниот простор на објектот Стара Касарна

7. Редовно одржување на уличното осветлување

8. Отварање детски катчиња на отворен простор

УЗ РАКЛИШ1. Асфалтирање на следните улици

во населбата:

zz десно од мостот на Марлада кон фудбалското игралиште

zz лево од мостот по р.Марлада

zz од регионалниот пат кон место викано Белички Гумна

2. Изградба на тротоари од влезот на населбата до гробиштата

3. Уредување на паркот во населбата

4. Заштита на изворот на жеска вода со замена на цевките и прифаќање на атмосферските води кон изворот

5. Изградба на фекална канализација во р. Марлада за прифаќање на отпадните води од нас. Куклевица

6. Решавање на сопственоста на објекот самопослуга и просторите на МЗ

7. Санирање на зградата на училиштето, оградување и уредување на училишниот простор и изградба на спортски училишни терени

ОРАОВИЦА1. Редовно чистење и регулација на

речното корито

2. Изградба и асфалтирање улици

Page 25: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

3. Подобрување на водоснабдувањето

4. Изградба на водоводна и канализациона мрежа

5. Одржување детски игралишта и спортски терени

6. Одржување на улично осветлување

7. Решавање на проблемот со дивите депонии и организирано подигање на смет

ПОДАРЕШ1. Редовно чистење и регулација на

речното корито

2. Регулација и одржување на речното корито на р.Плаваја

3. Изградба на улици

4. Подобрување на водоснабдувањето

5. Изградба на водоводна и канализациона мрежа

6. Одржување на детски игралишта и спртси терени

7. Одржување на улично осветлување

8. Решавање на проблемот со

дивите депонии и организирано подигање на смет

ДАМЈАН1. Асфалтирање на преостанатиот

дел од патот Подаре-Смиланци и редовно одржување

2. Подобрување на состојбата со водоснабдувањето

3. Изградба на канализациона мрежа

4. Одржување на улично осветлување

5. Преземање на водоводната мрежа од страна на локалната самоуправа и ЈП Плаваја да стопанисува со водоводот

ЈАРГУЛИЦА1. Изградба на улици

2. Подобрување на водоснабдувањето

3. Изградба на канализациона мрежа

4. Санирање на оштетувањето на дел од патниот правец и мостот на Радовишка Река

5. Одржување на улично осветлување

6. Решавање на дивите депонии и организирано собирање на смет

ЈАВОР1. Изработка на проектна

документација за регулирање на поројните водотеци од Илиница во правец кон градот и одржување на речното корито

2. Поставување огледало на раскрсницата на ул. „Гоце делчев“ – „Горги Сугаре“

3. Санирање на оштетените решетки за прифаќањеатмосферски води на раскрсницата ул. „Гоце Делчев“ – „Бел Камен“

4. Преземање мерки и активности за санирање на оштетувањата на зградата на Старото собрание

5. Изградба на тротоар и одвод на атмосферски води на ул. „Спасо Радовишки“ на потегот Хотел „Панорама“ - мост р. Сушица

6. Изградба на потпорен ѕид на ул. „Ана Поцкова“

7. Изградба на покриен пазар

Page 26: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ЖИВОТ ВО РАДОВИШ! ЗА СИТЕ

8. Изградба и одржување на паркови и зеленило

9. Чистење на дивите депони

10. Решавање на проблемот со кучињата скитници

ПОКРАЈЧЕВО1. Санирање на оштетувањето на

дел од патниот правец и мостот на Радовишка Река

2. Одржување на улично осветлување

3. Регулација на поројни води

4. Изградба на водоводна и канализациона мрежа

5. Подобрено водоснабдување

ЗЛЕОВО1. Редовно чистење и регулација на

речното корито низ селото

2. Регулација на поројни води

3. Изградба на улици

4. Подобрување на водоснабдувањето

5. Изградба на водоводна и канализациона мрежа

6. Одржување на улично осветлување

7. Решавање на проблемот со дивите депонии и организирано подигање на смет

8. Одржувања на детски игралишта и спортски терени

СУЛДУРЦИ1. Редовно чистење и регулација на

речното корито низ селото

2. Регулација на поројни води

3. Изградба на улици

4. Подобрување на водоснабдувањето

5. Изградба на водоводна и канализациона мрежа

6. Одржување на улично осветлување

7. Решавање на проблемот со дивите депонии и организирано подигање на смет

8. Одржувања на детски игралишта и спортски терени

9. Редовно чистење и регулација на речното корито низ селото

ТОПОЛНИЦА/БУЧИМ1. Изградба на улици

2. Изградба на водовод и анализациона мрежа

3. Одржување на детски игралишта и спортски терени

4. Подобрување на водоснабдувањето

5. Одржување на улично осветлување

6. Решавање на проблемот со дивите депонии

Page 27: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,
Page 28: zivotzasite.mkzivotzasite.mk/wp-content/uploads/2017/10/Programa... · 2017-12-07 · Инфраструктура за сите - градиме по план, квалитетно,

ЖИВОТ ВО РАДОВИШ! ЗА СИТЕ