УЛОГАТА И НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА УПРАВАТА ЗА … elmazi _uprava za...

34
Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци 1 3 Декември 2014, Скопје ЕВЗАЉ ЕЛМАЗИ ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

Upload: others

Post on 21-Jan-2020

40 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и

финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

1

3 Декември 2014, Скопје

ЕВЗАЉ ЕЛМАЗИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

Врз основа на член 4 алинеја 4 од Законот, една од мерките и

дејствијата за откривање и спречување на перење пари и

финансирање на тероризам кои ги преземаат субјектите е воведување

и примена на програми.

Програмата ги обединува постапките и политиките на субјектот, кои

што се спроведуваат со цел да се намали ризикот од перење пари и

финансирање на тероризам, и со истиот да се обезбеди адекватно

управување.

Програмата ги пропишува активностите на субјектот кои што се

преземаат со цел да се имплементираат одредбите од ЗСППФТ во

секојдневното работење на субјектот.

2

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

Програмата е основа за имплементирање и спроведување на

процедури согласно Законот. Со воспоставените процедури

субјектот поблиску ги определува мерките и дејствијата за

откривање и спречување на перење пари и финансирање на

тероризам.

Врз основа на член 34 од Законот (Сл. весник на РМ бр. 130/14),

друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци

поединци се должни да изготват програми и истите да ги

достават на увид и мислење до Управата.

3

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

Во Програмата за преземање на мерки и дејствија за откривање и

спречување на перење пари и финансирање на тероризам се вклучени

следните процедури:

1.Процедури за прифатливост на клиенти;

2.Процедура за анализа на клиентот;

3.Процедури за анализа на ризик и индикатори за анализа на ризик;

4.Процедури за проценка на ризикот на носител на јавна функција;

5.Процедури за препознавање на невообичаени трансакции и

сомневање на перење пари и финансирање на тероризам;

6.Процедури за чување на податоците и документите и доставувањена извештаи до Управата;

4

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

7. План за постојана обука на вработените во субјектот од областа на

спречување на перење пари и на финансирање на тероризам која

обезбедува реализација на најмалку две обуки во текот на годината;

8. Постапка за именување на овластено лице за спречување на

перење пари, како и дефинирање на задачите и одговорностите што ги

има овластеното лице за спроведување на одредбите од Законот;

9. Утврдување на начин на соработка со Управата и

10. Процедура и план на вршење на внатрешна контрола и ревизија на

спроведувањето на мерките и дејствијата.

5

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

Цели на Процедурата за прифатливост на клиенти се:

Утврдување на групи клиенти кои можат да го изложат субјектот на

ризик од перење пари и финансирање тероризам и минимизирање на

нивото на ризикот на кој субјектот може да се изложи.

Секој субјект треба да ги користи најмалку следните податоци и

информации врз основа на кои утврдува кои клиенти можат да го

изложат на ризик од перење пари и финансирање тероризам:

Историја на клиентот, доколку станува збор за постоечки клиент;

Вид на дејноста што ја извршува;

Природата на активностите кои ги врши клиентот;

Географска локација на клиентот и на неговите најзначајни деловни

партнери и листа на неговите најзначајни партнери, добавувачи и

купувачи;

Здруженија на граѓани и фондации или лица поврзани со нив.

6

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

При воспоставување на деловен однос со нов клиент, покрај основните

податоци за идентификација, се обезбедуваат и следните податоци и

информации:

• Дејност која клиентот ја обавува;

• Управител и овластени лица;

• Сопственичка структура – утврдување на вистинскиот сопственик;

• Главни деловни партнери;

• Главни извори на средства во обем во кој реално може да се добијат

податоци.

7

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

ПРОЦЕДУРА ЗА АНАЛИЗА НА КЛИЕНТОТ

Кога се врши анализа на клиенти?

Субјектот задолжително врши анализа на клиентите во сите следни

случаи:

кога се воспоставува деловен однос;

кога се извршуваат една готовинска или неколку поврзани готовински

трансакции на износ од ЕУР 15.000 во денарска противвредност или

повеќе;

кога постои сомневање за перење на пари или финансирање на

тероризам без оглед на износот на средствата од трансакцијата;

кога постои сомневање за вистинитоста и точноста на претходно

добиените податоци за идентификација на клиентот.

8

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

Што вклучува и содржи анализата на клиентот?

Анализата на клиентот ги содржи следните активности:

идентификација на клиентот и потврдување на неговиот идентитет;

идентификација на ополномоштувачот и потврдување на неговиот

идентитет;

идентификација на вистинскиот сопственик и преземање на

соодветни мерки за потврдување на неговиот идентитет;

обезбедување на информации за целта и намерата на деловниот

однос и

постојано следење на деловниот однос и трансакциите кои се

извршуваат во рамките на тој деловен однос со цел да се осигура

дека овие трансакции се конзистентни со профилот на ризик и

бизнисот на клиентот.

9

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

1. Поедноставена анализа на клиентите

Во случаите кога постои низок ризик од перење пари и

финансирање на тероризам.

2. Засилена анализа на клиентите

Во случај кога постои висок ризик од перење пари или

финансирање тероризам кој се утврдува во анализата на ризикот

на клиентот, треба да се применува засилена анализа за тој

клиент.

10

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

ПРОЦЕДУРИ ЗА АНАЛИЗА НА РИЗИК И ИНДИКАТОРИ ЗА

АНАЛИЗА НА РИЗИК

Цел на оваа процедура е класификација на клиентите според

нивото на ризик од аспект на перење пари и финансирање на

тероризам.

Врз основа на анализа на клиентот, субјектот формира профил

на ризик за секој нов клиент со кој ќе воспостави деловен однос,

односно го ажурира профилот за ризик за постојните клиенти, во

рамките на кој го уредува и го следи нивото на ризик од перење

пари и финансирање тероризам поврзан со тој клиент.

11

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

За проценување и утврдување на ризикот од перење пари и

финансирање на тероризам на определен клиент се користат

следните категории на ризици:

ризик од земјата на потекло (според потеклото на клиентот

односно на вистинскиот сопственик)

ризик на производот или услугата која ја користи клиентот

ризик согласно карактеристиките на самите клиенти

Во рамките на секоја од горенаведените категории на ризици се

прави класификација на три нивоа:

низок ризик

среден ризик

висок ризик

12

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

Ризик од земја на потекло

Како посебна категорија за проценка на ризикот е утврден

географскиот ризик, односно ризик од земја на потекло.

Оценувањето на ризикот од земја на потекло се врши според

земјата на живеење за физички лица и земјата во која се наоѓа

седиштето на правното лице за правни лица,

живеалиштето/седиштето на основачите и вистинските

корисници, земјите од каде потекнува финансирањето,

инвестициите, каде се извршуваат деловните активности, каде

се наоѓаат деловните партнери.

13

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

Земји со висок ризик

Земји со висок ризик од аспект на перење пари и финансирање

на тероризам се:

земји со висок степен на корупција;

несигурни економски или политички системи;

неефикасен правен систем (пр. земји каде се бара многу

малку документација за отворање и отпочнување на нови

бизниси,

земји познати по производство, преработка и трговија со

дрога и оружје,

offshore - земји,

земји под санкции или ембарга и др.

14

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

Производи со висок ризик

Производи со висок ризик од аспект на перење пари и/или

финансирање на тероризам се оние производи кои вклучуваат

висок степен на анонимност, или се однесуваат на кеш

трансакции. Како производи со висок степен на ризик ги

класифицираме следните:

готовински и поврзани готовински трансакции на поголеми

износи над 15.000 евра;

позајмици;

приливи од странство и/или плаќања кон странство во кои е

вклучена земја која се наоѓа на листата на земји со висок

ризик;

15

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

Клиенти со висок ризик

o значителна и необјаснива географска оддалеченост помеѓу субјектот кој

треба да ја изврши активноста и местото на живеење или седиштето на

клиентот

o клиенти каде е отежната или скоро невозможна идентификацијата на

вистинскиот сопственик;

o казина, обложувалници и други активности поврзани со игри на среќа;

o добротворни организации или непрофитни организации;

o клиенти кои се занимаваат со градежништво и градежно-услужни дејности;

o клиенти кои доаѓаат од држави кои не ги имплементирале или недоволно ги

имплементирале мерките за СППФТ.

За сите клиенти кои влегуваат во групата на клиенти со висок ризик од

аспект на перење пари се спроведува и применува засилена анализа на

клиенти. Тоа означува повеќе активности, како на пр. зголемена контрола на

севкупниот деловен однос со тој клиент и анализа на трансакциите,

обезбедување на дополнителни податоци за целта и намерата на деловниот

однос итн.

16

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

ПРОЦЕДУРИ ЗА ПРОЦЕНКА НА РИЗИКОТ НА НОСИТЕЛ НА

ЈАВНА ФУНКЦИЈА

Носители на јавни функции се физички лица кои не се државјани на

Република Македонија, на кои им е или им била доверена јавна

функција во Република Македонија или во друга држава.

При стапување во деловен однос со НЈФ, субјектот е должен да врши

засилена анализа и постојан мониторинг на деловниот однос.

Одлуката за (не)воспоставување деловен однос со клиентот да е

донесена од страна на лица со посебни права и одговорности, како што

е предвидено во процедурата за прифаќање клиенти. Во случаи кога

постоечкиот клиент или вистинскиот сопственик ќе стане НЈФ, субјектот

носи одлука за (не)продолжување на деловниот однос со тој

клиент/вистински сопственик.

Постојано следење на деловната соработка со овие лица.

17

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

За носители на јавни функции според утврдените законски

одредби е потребно да се спроведува засилена анализа. Тоа

подразбира постојано да се следи целокупниот деловен однос со

тој клиент, да се врши постојано следење на трансакциите кои ги

спроведува лицето, и да се утврди изворот на средствата.

Во анализата треба да се одговори на клучното прашање дали

имотната т.е. финансиската состојба на лицето е соодветно

одразена преку спроведените трансакции, или евентуално

лицето започнало со расфрлање на средствата (купување на

движен и/или недвижен имот) за кои не се знае потеклото или

изворот.

18

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

ПРОЦЕДУРИ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА НЕВООБИЧАЕНИ

ТРАНСАКЦИИ И СОМНЕВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ

НА ТЕРОРИЗАМ

Како невообичаени трансакции се сметаат сите трансакции коишто се

невообичаено големи, сложени, трансакции кои што се извршени на

невообичаен начин, имаат карактер којшто не одговара на видот на

активности што ги врши клиентот, а клиентот не дава прифатливо

образложение за причината заради која ја врши таа трансакција.

Врз основа на направената анализа за клиентот, неговиот профил на

ризик, како и дополнителните информации и/или документи овластеното

лице на субјектот донесува одлука дали станува збор за сомнителна

или само невообичаена трансакција. Сомневањето се однесува на

клиентот или трансакцијата која ја извршува. Сомневањето може да

биде во врска со перење пари или финансирање на тероризам.

19

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

Препознавање на СТР

Основите на сомневање за перење пари или финансирање на

тероризам субјектот ги утврдува врз основа на непосредни

сознанија, листата на индикатори за препознавање на

сомнителните трансакции како и согласно интерните акти за

проценка на ризикот.

Листата на индикатори на веб страната на Управата:

http://www.ufr.gov.mk/files/docs/sr.pdf

20

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

ПРОЦЕДУРИ ЗА ЧУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ И ДОКУМЕНТИТЕ

И ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ИЗВЕШТАИ ДО УПРАВАТА

Субјектите се должни да чуваат копии од:

документите со кои го утврдуваат идентитетот на

клиентот и вистинскиот сопственик;

документите за спроведените процедури за анализа на

клиентот или вистинскиот сопственик;

клиентското досие и деловната кореспонденција;

документацијата од член 36 од законот.

пет години по извршената трансакција, односно сметано од последната

трансакција кога се работи за повеќе трансакции кои сочинуваат една

целина.

По барање на Управата субјектите се должни да ги чуваат податоците

подолго од пет години.

21

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

Доверливост на податоците

Податоците обезбедени врз основа на ЗСППФТ се доверливи.

Вработените во субјектите и лицата кои што управуваат со

субјектите не смеат да го известат клиентот или трето лице за

доставувањето на податоците до Управата или останатите

органи за надзор.

Вработените во субјектите и лицата кои што управуваат со

субјектите не смеат да ги користат личните податоци од

досиејата на клиентите за други цели, освен за спроведување на

активностите наменети за откривање и спречување на перење

пари и финансирање на тероризам.

22

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

Доставување на извештаи до Управата

Собраните податоци и документи се доставуваат до Управата во

следните случаи:

кога се сомневате или имате основи за сомневање дека:

било или е извршено перење пари и/или финансирање на тероризам

или е направен обид или се прави обид за перење пари и/или за

финансирање на тероризам без оглед на износот на трансакцијата;

имотот е принос од казниво дело;

имотот е поврзан со финансирање на терористички акт, терористичка

организација или терорист.

Субјектите се должни во писмена форма да го известат надлежниот

орган за надзор (УЈП) во рок од три работни дена од доставување на

извештајот до Управата.

23

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

Прилог 2 – Извештај за сомнителни трансакции

24

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

25

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

Дополнително барање од Управата

Во случај на барање за дополнителни податоци од Управата,

вработените од субјектот се должни да одговорат во законски

одредениот временски рок односно десет работни дена од денот

на приемот на барањето.

Доколку се работи за итно барање, вработените се должни да

одговорат во рок од четири часа и да ги достават побараните

податоци до Управата.

26

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

ПЛАН ЗА ПОСТОЈАНА ОБУКА НА ВРАБОТЕНИТЕ ОД

ОБЛАСТА НА СППФТ

Планот за обука предвидува најмалку две обуки во тековната

година на вработените, а врз основа на проценка на

овластеното лице, се дефинираат таргетни групи и тематиката на

обуките.

Вработените треба да знаат дека постои закон наменет за

спречување на перење пари и финансирање тероризам, со кој

закон предмет на контрола меѓу останатите субјекти се и

друштвата за ревизија.

Исто така вработените треба да ги познаваат санкциите,

прекршоците и глобата кои што произлегува од непочитувањето

на тој закон.

27

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

Од голема важност е вработените добро да ги познаваат

обврските на субјектот како целина, но пред се и нивните

индивидуални обврски кои што се наметнуваат со овој закон во

текот на нивното оперативно работење.

Вработените, посебно оние кои што имаат директна

комуникација со клиентите треба да ги знаат индикаторите

објавени од страна на Управата, а прифатени од страна на

субјектот во кој што работат, и инкорпорирани како составен дел

на Програмата, со цел самите да бидат способни да

препознаваат ризичен клиент и да достават информација (усна

или писмена) до овластеното лице.

28

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

ПОДАТОЦИ ЗА ОВЛАСТЕНОТО ЛИЦЕ

Секој субјект е должен да именува овластено лице (име,

презиме, податоци за контакт) кое ќе се грижи за спроведување

на програмата.

Доколку во субјектот се вработени повеќе од 50 лица треба да

формира посебен оддел со најмалку три вработени лица

29

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

НАЧИН НА СОРАБОТКА СО УПРАВАТА

Соработката со Управата се остварува преку:

• доставување на извештаи за сомнителни трансакции;

• доставување на податоци на барање на Управата;

• консултации за законската регулатива, консултации во случај

на сомнителни активности (налог за следење на деловен

однос, привремени мерки);

• одржување на заеднички состаноци, работни средби и преку

вклучување на вработените од Управата во интерните обуки.

30

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

ПРОЦЕДУРА И ПЛАН ЗА ВРШЕЊЕ НА ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА И

РЕВИЗИЈА НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ И ДЕЈСТВИЈАТА ЗА

СППФТ

Врз основа на член 36 од законот, секој обврзан субјект е должен да врши

внатрешна контрола над спроведувањето на мерките и дејствијата за СППФТ

најмалку еднаш годишно и изготвува документација за констатираните наоди од

спроведената контрола.

Предмет на контрола се:

комплетираноста на клиентските досиеја;

почитување на процедурите за идентификација на клиентите;

запознаеност на вработените со Индикаторите за препознавање на

сомнителни трансакции;

запознаеност на вработените со листите на земји и региони кои се ризични во

однос на перење пари и финансирање на тероризам;

Запознаеност на вработените со начинот на пријавување на извештаи за

сомнителни трансакции до Управата:

други обврски кои произлегуваат од Законот за СППФТ и останатите

подзаконски акти кои ја регулираат оваа материја.

31

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

Заклучно со 03.11.2014 само 3 друштва за ревизија од вкупно 37

(26 друштва за ревизија и 11 овластени ревизори – трговци

поединци) имаат доставено Програми и за истите имаат добиено

позитивни мислења од Управата.

По нашето известување испратено до Институтот на овластени

ревизори, статистиката за доставени и одобрени Програми од

страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори –

трговци поединци, значително се подобрува.

32

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

Со новиот закон укината е обврската за ажурирање на програмите

најмалку еднаш годишно.

Прекршочна одговорност за не доставување на програми на увид и

мислење на Управата :

- правно лице (глоба во износ од 30.000-40.000 евра и забрана за

вршење на дејност),

- за одговорно лице (глоба во износ од 2.500-5.000 евра) и

- за физичко лице (глоба во износ од 2.500-5.000 евра).

33

Програма за примена на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам од страна на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци

БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО!

34