Излез број 9

48
СТУДЕНТСКО СПИСАНИЕ/ЈАНУАРИ 2013/izlez.mk ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ГРАДИМЕ ЅИД ИЛИ МОСТ ПОМЕЃУ НАШИТЕ СВЕТОВИ? стр. 04 МОЖЕ ЛИ ДА СЕ СКРОТИ ГОВОРОТ НА ОМРАЗА? стр. 09 БАРАК ОБАМА ЛИДЕР НА ДИГИТАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА стр. 10 МАЈКОВИНАТА — МАЌЕА ЗА САГЛАМ КАРИЕРА? стр. 27 ДАЛИ СМЕ ФЕЈСБУКОВСКИ ЗАВИСНИЦИ? стр. 25 ДАРКО МИТРЕВСКИ НЕ ГО ПРАВИ ГЛУМЕЦОТ ДИПЛОМАТА стр. 31

Upload: izlez

Post on 25-Mar-2016

251 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

Деветтиот број на студентското списание „Излез“.

TRANSCRIPT

СТУДЕНТСКО СПИСАНИЕ/ЈАНУАРИ 2013/izlez.mk

ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИГРАДИМЕ ЅИД ИЛИ МОСТ ПОМЕЃУ НАШИТЕ СВЕТОВИ?

стр. 04

МОЖЕ ЛИ ДА СЕ СКРОТИ ГОВОРОТ НА ОМРАЗА? стр. 09

БАРАК ОБАМАЛИДЕР НА ДИГИТАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА стр. 10

МАЈКОВИНАТА — МАЌЕА ЗА САГЛАМ КАРИЕРА?

стр. 27

ДАЛИ СМЕ ФЕЈСБУКОВСКИ ЗАВИСНИЦИ? стр. 25

ДАРКО МИТРЕВСКИНЕ ГО ПРАВИ ГЛУМЕЦОТ ДИПЛОМАТА стр. 31

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на автор(ите) и не ги одразуваат ониена Стејт Департментот на САД.

ИЗЛЕЗ ИМА ПРОСТОР ЗА ТВОИТЕ ИДЕИ!

Главен уредник За СОдрЖина ДаЛИБОР СТаЈИЌ | Главен уредник За KООрдинаЦиЈа и МаркеТинГ БЛагИца ПеТРОва | уредниЦи: ОПШТеСТвО Александра Живковиќ | ние и СиСТеМОТ Елена Тимчева | МОЖнОСТи и кариера Маријана Јанческа | кулТура Симона Јовчева | МуЗика Дени Омерагиќ | редакЦиЈа Маја Керамитчиева, Кристина Велевска, Елена Данова, Елизабета Секирарска, Викторија Гаврилова, Ана Чурева, Ѓорѓе Камов, Вера Велевска, Емилија Петреска Владимир Стајиќ, Ана Лакалиска, Даниела Атанасова. лекТура Кристина Велевска ФОТОГраФии Далибор Стајиќ, Мухамед Мујовиќ Нуне, Сара Коцевска. илуСТраЦии Сара Коцевска, Aps_Real. ГраФички диЗаЈн Иван Дургутовски. За иЗдавачОТ Здружение „Студентска организација Излез“ кОнТакТ [email protected], www.izlez.mk. Контактите на авторите ѝ се познати на редакцијата.

содржина » |04 ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ: ГРАДИМЕ ЅИД ИЛИ МОСТ ПОМЕЃУ НАШИТЕ СВЕТОВИ? |05 ДАЛИ ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ИМААТ СООДВЕТНИТЕ УСЛОВИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ? |07 САМО ЗДРУЖЕНИТЕ НАПОРИ ЌЕ ДОНЕСАТ ПРИДОБИВКА |08 ПРВИОТ СТУДЕНТ СО ДАУНОВ СИНДРОМ ЗБОРУВА ЗА СВОЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ |09 МОЖЕ ЛИ ДА СЕ СКРОТИ ГОВОРОТ НА ОМРАЗА? |10 БАРАК ОБАМА — ЛИДЕР НА ДИГИТАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА |13 СТУДЕНТСКИ ВАУЧЕРИ: КОМПЈУТЕРИ ЗА АПСОЛВЕНТИТЕ ОД СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИТЕ ГРУПИ |14 КОЈ Е ВИНОВЕН? |18 17 НОЕМВРИ — МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СТУДЕНТИТЕ |20 БУРНИОТ СТУДЕНТСКИ ЖИВОТ НАСПРОТИ БИОЛОШКИОТ ЧАС |21 „СЕКОЈ СТУДЕНТ“ ЗА СЕКОЈ СТУДЕНТ |22 ГРАДЕЈЌИ МИНАТО, НЕ СЕ УЧИМЕ ОД МИНАТОТО |25 ДАЛИ СМЕ ФЕЈСБУКОВСКИ ЗАВИСНИЦИ? |27 МАЈКОВИНАТА — МАЌЕА ЗА САГЛАМ КАРИЕРА |28 МЛАДИТЕ БАЛКАНЦИ РАЗГОВАРААТ ДЕСЕТ ГОДИНИ ПО РЕД ЗА ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА |30 СО „ЕРАЗМУС“ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА |31 ИНТЕРВЈУ PRIMUS: ДАРКО МИТРЕВСКИ |34 ИНТЕРВЈУ SECUNDUS: ДАРЈА АНДОВСКА |37 ИНТЕРВЈУ TERTIUS: КОСТАДИН ГЕРОСКИ |40 ФИЛТЕР 57 И ПАНК ВО МАКЕДОНИЈА |42 ТРИ МАКЕДОНСКИ DIY-ИЗДАНИЈА ПОД КАПАТА НА „НАПРАВИ ЗАЕДНО“|44 ОРИГАМИ — ФЕНОМЕН ОД ПАРЧЕ ХАРТИЈА |46 WINDOWS 8 — ДЛАБОКИ ПРОМЕНИ СО ПОВРШЕН УСПЕХ?

04 | ОПШТеСТвО: ФОРУМ

Ученици со посебни потреби: деца и младинци со оштетен вид или слух, деца со телесен инвалидитет, со пречки во психичкиот развој, со проблеми во поведението, аутистични деца, како и случаи со комбинирани пречки. Колку вакви случаи познавате во својата околина? Дали воопшто ги забележувате наоколу или им посветувате макар минимално внимание? Колкумина претпоставувате дека ги има?

Колкумина и да претпоставивте, има многу повеќе отколку што можете да замислите и далеку повеќе отколку што случајно сте сретнале по нашите улици. Последните податоци од 2009 година покажуваат дека лицата со посебни потреби на локално ниво го достигнуваат бројот 42. Дотолку потрагично, половината од нив се невработени.

Моментно во Македонија, институциите што служат за образование на лицата со посебни потреби и воопшто за нивно згрижување се бројат на прсти: „Д-р Златан Сремац“ во Скопје, „Димитар Влахов“ (за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид) во Скопје, Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ во Битола, Центарот за специјално средно образование „Искра“ во Штип, Државниот училиштен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ во Скопје и „Св. Наум Охридски“ во Охрид. Фактот што овие институции постојат шеесетина години е показател за релативно младото постоење на вакви прибежишта во споредба со европските земји, каде што ваков вид институции постојат повеќе од двесте години.

Прашањето што само по себе се наметнува во овој контекст е — дали овие неколку институции се доволни за потребите на лицата со пречки во развојот? Еднакво важно — колку се вложува финансиски за одржување некое задоволително ниво? И покрај предлозите и обидите за нивно модернизирање и веќе малку подобрените услови, институцииве сè уште го немаат достигнато нивото на економски квалитетна средина. Вистинска среќа е што,

без оглед на минималните средства, овие институции се претежно водени од ентузијасти и од вистински професионалци во оваа област, упатени во стратегиско и во тимско работење. Професорите, бездруго, го вложуваат својот максимум, мотивирани првенствено од желбата да се подобри општата состојба и да им се помогне на оние на кои помошта им е многу потребна.

Силно стадионско исвиркување заслужуваат сите градинки, основни и средни училишта што одбиваат случаи на деца со инвалидитет или со некаква болест. Ова е последица на недостатокот на волја за работа со вакви случаи, а неретко и на немањето услови, како и на кусокот од обучен кадар. Во вакви ситуации, овие лица не се само дискриминирани, туку и често им се одзема правото да се образуваат. Според дефектолозите, на овие лица им се неопходни: зајакнато социјално вклучување, поголема социјална заштита, еднакви можности, недискриминација, како и поттикнување и развој на личните и на општествените вредности.

Конечно, да фрлиме поглед и врз нашата култура. Како постапуваме кога ќе дојдеме во допир со овие луѓе? Дали би можеле во наше друштво да замислиме лице со посебни потреби? Често ги занемаруваме, ги избегнуваме, а како помлади — сосем погрешно и нехумано — можеби и им се потсмевавме. Сè уште сме незрели, а во исто време недоволно информирани и слабо запознаени со ваквите случаи. Ретко знаеме како да постапиме при соочувањето со вакви лица. Нештата се едноставни — треба само да ги прифатиме онакви какви што се. На овие луѓе треба да им пристапиме со насмевка — таа е основниот материјал за изградба на мостовите помеѓу нашиот и нивниот свет. Со неа можеме да ги срушиме бариерите и предрасудите. Овие луѓе, многу повеќе од посебната грижа, имаат потреба од нормална социјализација и комуникација. Зашто, некој помалку, некој повеќе — сите сме несовршени дела на природата, сите потекнуваме од ист свет. Крајно време е сите да сфатат дека во ист свет и живееме!

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

Маја Керамитчиева [Филолошки факултет „Блаже Конески“] Сара Коцевска

ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ: ГРАДИМЕ ЅИД ИЛИ МОСТ ПОМЕЃУ НАШИТЕ СВЕТОВИ?

ОПШТеСТвО: ФОРУМ | 05

ИНкЛУзИјА НА ДЕцАТА СО ПОСЕбНИ ПОТРЕбИ ВО УчИЛИШТАТАСпоред Правилникот за инклузија на децата со посебни потреби во редовниот образовен процес, тие имаат законско право на еднаков пристап до образовните институции, каде што ќе ги имаат сите граѓански и посебни права што ги овозможува државата. Сепак, една од најголемите дилеми на родителите на дете со посебни потреби е дали да се избере редовно или специјализирано училиште.

Иако теоретски постои поддршка за децата со пречки во развојот, на кои законски им е дозволено

да следат настава во редовните училишта, практиката покажува дека работите се одвиваат поинаку. Проблемите почнуваат уште во градинките, со оглед на тоа што не се сите градинки „расположени“ да запишат вакви деца. Правдајќи се на различни начини и измислувајќи различни причини, тие го одбиваат уписот на овие деца, со што ги нарушуваат основните човекови права – правото на образование и правото на еднаквост пред Законот.

Проблемите на повисоките нивоа на образование се влошуваат. Од здружението „Дајте ни крилја“, чии членови, генерално, се родители на деца со посебни потреби, дознавме дека е потребна итна

адаптација на училиштата според потребите на овие лица. Уште повеќе – загрижувачки е мал бројот на училиштата со соодветни санитарни простории, а речиси и не постои училиште во кое има лифт. Достапноста на ваквите средства во училиштата во Македонија не би требало да претставува проблем поради тоа што нивното набавување е многу мала инвестиција во финансиски поглед, а без нив се скратува основното право на образование. На тој начин, непостоењето на овие помошни средства во училиштата претставува еден вид дискриминација, и тоа од страна на институциите задолжени да се борат против неа.

продолжува

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

„Отвори го срцето, ослободи го умот од предрасуди!“, „Сите сме исти!“, „Да бидеме подобри!“… Македонскиот медиумски простор е бомбардиран од вакви слогани и кампањи. Сепак, свесни сме дека дискриминацијата постои. Па, во што е проблемот? Потребни ли се рекламни пораки за да бидеме подобри луѓе? Колку оние што се задолжени да ги учат децата да ги почитуваат различностите – навистина се ослободени од сите предрасуди?

Не можејќи да ги опфатиме сите дискриминирани општествени групи, овојпат ќе се свртиме кон лицата со посебни потреби, кон оние што немаат моќ сами да се изборат против суровоста на предрасудите, кон оние на кои им е многу важно да почувствуваат дека припаѓаат на овој свет. Заинтересирани за условите за образование на лицата со посебни потреби во нашата земја, како и за тешкотиите со кои тие се соочени при образовниот процес, се обративме до две здруженија на граѓани, чии активности се ориентирани токму кон овие лица. „Дајте ни крилја“ и „СОЛЕМ“ ги споделија своите сознанија во врска со тоа како македонското општество пристапува кон решавање на проблемите на оваа категорија граѓани.

Кристина Велевска [Филолошки факултет „Блаже Конески“] „Дајте ни крилја“ и „СОЛЕМ“

дали лиЦаТа СО ПОСебни ПОТреби вО МакедОниЈа Ги иМааТ СООдвеТниТе уСлОви За ОбраЗОвание?

ЗДРУжеНИЈаТа „ДаЈТе НИ КРИЛЈа“ И „СОЛеМ“ гИ СПОДеЛУвааТ СвОИТе СОЗНаНИЈа И ИСКУСТва

06 | ОПШТеСТвО: ФОРУМ

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

Друг проблем е кадарот во образовните институции. За жал, не постои доволен број наставници што се соодветно обучени да работат со овие лица, а повеќето од нив не се ни трудат околу тоа. Неретко се случува наставникот писмено да се откаже од обучувањето на дете со посебни потреби, а да помине неказнето, иако тоа е законски забрането. Во вакви случаи, наставникот би требало да биде испратен на обука или, пак, доколку го одбие тоа, да добие отказ за несовесно вршење на својата дејност. Незамисливо е што ваквите постапки на наставниците се толерираат, како од страна на директорите на училиштата така и од страна на просветните инспектори. Каков пример може да им даде еден наставник на своите ученици ако вака се однесува кон некого?! Во врска со кадарот, треба да се спомене и начинот на оценување. Јасно е дека за децата со посебни потреби не можат да важат истите критериуми за оценување и дека треба да постои поголема толерантност кон нив, но наставниците, кои не се обучени да им држат предавања, не се обучени ниту да ги оценуваат. Тоа е голем проблем, кој Државниот просветен инспекторат треба детално да го истражи.

Во нормални услови, во секое училиште, без разлика дали е основно или средно, кадарот треба да вклучува и: педагог, психолог, социолог и дефектолог. Реалноста е многу поразлична – обично, дефектолозите работат на општинско ниво, па, така, ако во една општина има, на пример, седум училишта, тогаш сите тие „делат“ еден ист дефектолог. По правило, во секое училиште треба да има развоен тим, во кој ќе биде вклучен и дефектолог, кој за време на наставата ќе биде сконцентриран на децата со посебни потреби и ќе се грижи за нив. Кај нас, доколку некој родител сака неговото дете да биде придружено од дефектолог, мора самиот да ги подмири трошоците за него. Тоа се должи, пред сè, на фактот што во сите училишта во Македонија отсуствуваат најважните надгледни средства, кои се неопходни за овие деца да го завршат задолжителното основно и средно образование.

„ДАјТЕ НИ кРИЛјА“ СО ИНИцИјАТИВА зА ПОДОбРУВАњЕ НА УСЛОВИТЕ ВО УчИЛИШТАТА ВО МАкЕДОНИјА

Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и со посебни потреби „Дајте ни крилја“ започнува иницијатива за подобрување на условите за образование на лицата со посебни потреби. За почеток, нивната цел е барем едно училиште во Македонија да функционира како што треба. Идејата е ова училиште да биде пилот-проект, пример за тоа како треба да изгледа секое училиште или, ако не секое, тогаш барем по едно во секоја општина.

За остварување на таа цел, во едно училиште во Скопје, освен што ќе се набават сите потребни помошни средства, пристапни и поттикнувачки материјали, ќе се вклучи и развоен тим, составен од стручни лица, но и од волонтери, кои ќе им помагаат на наставниците во процесот на образование на децата со посебни потреби. Од страна на здружението, во март ќе бидат организирани обуки за наставниот кадар и за родителите со предавачи од странство и на тој начин тие ќе бидат подготвени за прием на деца со посебни потреби и за правилно спроведување на инклузијата.

„СОЛЕМ“ – РАбОТИЛНИцИ зА ЛИцАТА СО ПОСЕбНИ ПОТРЕбИ

Здружението на граѓани „СОЛЕМ“ е една од ретките организации кај нас чија примарна целна група се лицата со посебни потреби. Поддржувајќи го процесот на нивна деинституционализација, членовите на „СОЛЕМ“, освен што се залагаат за унапредување и за промоција на правата на лицата со посебни потреби, директно се вклучени во работата со овие лица преку креативните центри, кои претставуваат еден тип неформално образование за деца и за возрасни со посебни потреби. Во моментов, во рамките на „СОЛЕМ“ функционираат две работилници – Центарот за креативно изразување и за релаксација и Центарот за компјутерски работилници.

Креативниот центар првенствено е наменет за лицата што се опфатени со процесот на деинституционализација на Специјалниот завод во Демир Капија, но го посетуваат и лица што живеат во своите биолошки семејства. На лицата со посебни потреби овој центар им обезбедува: организиран престој во одреден дел од денот, можности за креативно изразување, вежбање на моторните вештини, креирање соодветни и интересни активности, социјализација, усовршување и вежбање на постоечките вештини, развој на нови вештини, создавање основни работни навики, создавање позитивни чувства кон личниот труд и почит кон туѓиот труд, развивање чувство за естетика, изразување на личните желби и интереси. Производите од овие работилници се бројни, а досега биле претставени на неколку настани: изложби во просториите на „СОЛЕМ“ и во Музејот на град Скопје, продажна изложба во просториите на општина Аеродром, како и продажни изложби во склоп на манифестациите „Бела ноќ“ и „Вегефест“.

Центарот за компјутерски работилници, пак, е проект што им дава можност на возрасните лица со посебни потреби да ги научат базичните компјутерски вештини. Во овој центар тие се запознаваат со деловите на компјутерот, со основните компјутерски програми, а учат и како да пребаруваат на интернет и како да ги користат социјалните мрежи.Освен двата центра, „СОЛЕМ“ го реализира и проектот „Запознај го Скопје“, преку кој им се дава можност на лицата со посебни потреби да ги запознаат природните убавини на главниот град и да присуствуваат на културно-рекреативните настани што се одржуваат во Скопје.

ОПШТеСТвО: АЛТЕРНАТИВА | 07

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

Инклузивното образование, во денешно време, претставува основна политика, потреба и централен тренд во однос на образованието на децата и лицата со посебни потреби. Трендот е одамна присутен на светско ниво, но следејќи ги успесите на современите европски модели на инклузивна едукација, процесот на воспоставување успешна инклузивна практика се разврза и во нашата земја. Тоа значи дека се настојува училштето како образовна институција да добие улога на едукативен центар за сите деца, без разлика на индивидуалните разлики кои постојат кај секое од нив, нивните посебни потреби и различните способности. Вака наједноставно појаснета, инклузијата на лицата со посебни потреби не е едноставно да се посигне, но во никој случај не е недостижна.

За што поуспешно прифаќање на учениците со посебни потреби во редовните училишта, мора да се почне од создавање позитивна социјална клима во средината во која ученикот ќе биде вклучен. Тоа подразбира подготовка на самите наставници за прифаќање на овие ученици, а секако и подготовка на останатите врсници. Решавањето на овој проблем треба да вклучува и работа со родителите на учениците, имајќи го предвид фактот дека децата својот однос и став кон врсниците со посебни потреби делумно го градат преку ставот на нивните наставници, а делумно и преку ставот на своите родители. Добро воспоставената социјална клима сигурно ќе му обезбеди на ученикот поедноставно вклучување во наставниот процес.

Секој ученик треба да има непречен пристап до наставната програма која се изведува. За да се постигне ова, потребно е соодветно да се проценат способностите и потребите на ученикот, а откако тоа ќе се утврди потребно е да се изработи Индивидуален образовен

план (ИОП). Со таквите планови се утврдува точно како одреден ученик треба да ги совлада конкретните наставни содржини за одреден наставен предмет и, што е особено важно, се утврдуваат диференцијалните стратегии кои наставникот ќе ги користи конкретно за тој ученик.

За да можат да ја следат самата настава, неопходно е да се утврди и спроведува соодветен модел на поддршка кој, природно, зависи од различните видови и степени на попреченост. Согласно со потребите на овие ученици се утврдува степенот, видот и локацијата на поддршката, како и стручното лице кое ќе ја дава таа поддршка. Современото училиште мора да го прошири кругот на професионалци во училишниот тим — во него треба да биде вклучен и дефектолог кој ќе се грижи за дефектолошката процена на учениците, ќе учествува при изработката на ИОП и ќе има советодавна и директна практична улога при давањето на поддршката на учениците со посебни потреби.

Во однос на поддршката, во иста мера потребно е и што поголемо искористување на достигнувањата од технолошката област. Денес постои широко развиено поле на асистивна технологија која во нашите училишта сè уште недоволно се искористува. Дотолку повеќе, училиштето треба да биде мрежно поврзано со останатите институции (рехабилитациски установи, социјални центри) кои овие ученици ги посетуваат, со цел и тие да споделуваат информации во насока на поголем напредок на учениците. Вака организираното образование ќе овозможи развој на максималните потенцијали и создавање на потребните компетенции на овие ученици за влез во работниот сектор или, во најдобар случај, високообразовните институции, што ќе доведе до нивно целосно учество во општеството.

Маја Филиповска, магистер по дефектолошки науки Далибор Стајиќ

САМО зДРУЖЕНИТЕ НАПОРИ ЌЕ ДОНЕСАТ ПРИДОбИВкАкАкО ДА СЕ ПОДОбРИ, ВО ИДЕАЛНО СцЕНАРИО, ОбРАзОВАНИЕТО зА ЛИцАТА СО ПОСЕбНИ ПОТРЕбИ?

08 | ОПШТеСТвО: ИНТЕРВЈУ

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

ПРВИОТ СТУДЕНТ СО ДАУНОВ СИНДРОМ збОРУВА зА СВОЕТО СЕкОјДНЕВИЕАЛЕкСАНДАР МАТОВСкИ Е ИМЕ ПРЕПОзНАТЛИВО ПО СВОјАТА УНИкАТНОСТ ВО МАкЕДОНСкОТО

ОПШТЕСТВО, СИНОНИМ зА УПОРНОСТА И зА ТРУДОљУбИВОСТА. ТОј Е ПРВИОТ СТУДЕНТ СО ДАУНОВ

СИНДРОМ ВО МАкЕДОНИјА, кОј, И ПОкРАј ГОЛЕМАТА ЖИВОТНА ПРЕчкА, РЕДИ ИзНЕНАДУВАчкИ ГОЛЕМ

бРОј УСПЕСИ. НЕ МОЖЕТЕ ДА НЕ МУ СЕ ВООДУШЕВУВАТЕ — СТУДИРА, ПИШУВА ПОЕзИјА, ОбјАВУВА

СТИхОзбИРкИ, ПОСТОјАНО Е ВЕДАР, НАСМЕАН И РАСПОЛОЖЕН зА кОМУНИкАцИјА И зА ДЕВОјкИ.

кАкО ПОМИНУВА ЕДЕН ТВОј ДЕН СО СИТЕ

АкТИВНОСТИ ШТО ГИ ИМАШ?

Најчесто, наутро, одам на факултет. Потоа, доаѓам дома

и учам за наредниот ден. Навечер, одам на тренинг по

карате, трипати во неделата – во понеделник, во вторник

и во петок. Во другите денови следам спорт, излегувам,

гледам телевизија, седам на интернет и нормално –

пишувам поезија.

кАкО СЕ ОДЛУчИ ДА СТУДИРАШ И зОШТО ГО ОДбРА

ТОкМУ ПЕДАГОШкИОТ фАкУЛТЕТ?

Едноставно, бидејќи сум желен за нови знаења и вештини,

факултетот ми беше предизвик. Јас и моите блиски бевме

уверени оти имам капацитет и волја да студирам. На

Педагошкиот факултет сум на групата за предучилишно

образование, но меѓу другото, го одбрав и затоа што сакам

да работам со мали деца.

ШТО Е ОНА ШТО НАјМНОГУ ТЕ МОТИВИРА ДА СЕ

ШкОЛУВАШ?Како што споменав — желбата за нови знаења, вештини и

навики. Исто така, желбата да стекнам поголемо искуство

од она што сум го имал. Новите познанства и пријателства.

кОјА Е ТВОјАТА ЛИчНА ВИзИјА зА ИДНИНА?

Сè уште не се знае што ќе работам. Имам многу планови.

Пишувам поезија и, со оглед на тоа што сум голем

обожавател на Пушкин, се гледам како него. Сакам да

го работам она за што студирам, а еден од плановите ми

е и тоа да оформам невладина организација за деца со

пречки во развојот. И, на крај, се гледам и како тренер по

карате.

ОД кАДЕ цРПИШ ИНСПИРАцИјА зА ПИШУВАњЕ

ПОЕзИјА?Во почетокот, основна инспирација ми беше смртта

на дедо ми. Денес, најчесто црпам инспирација од

секојдневниот живот, т.е. од љубовта, од тагата... Некогаш

и од историските моменти (понекогаш ми се јавува

инспирација од средниот мрачен век и од ренесансата).

А, најголемата инспирација, секако, ми се преубавите

девојки.

ОД кОГО јА ДОбИВАШ НАјГОЛЕМАТА ПОДДРШкА?

Поддршка добивам од сите, а најмногу од моето

потесно семејство, моите родители, сестра ми и брат

ми, од родините и од пријателите. Поддршка добивам

и од колегите, од професорите и од вработените на

факултетот.

ШТО бИ ИМ ПРЕПОРАчАЛ НА СИТЕ ТВОИ кОЛЕГИ И

кОЛЕШкИ ШТО ГО чИТААТ ОВА ИНТЕРВјУ?

На сите би им препорачал да не се откажуваат и да го

извадат најдоброто од себе!

Елена Данова [Висока школа за новинарство и за односи со јавноста Мухамед Мујовиќ Нуне

ОПШТеСТвО: НАСТАНИ | 09

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

д-р јАСНА бАчОВСкА, Правен факултет, Скопје

Меѓународните конвенции имаат голем удел во справувањето со говорот на омраза, но сметам оти е далеку побитна социјалната средина во која тие треба да се применат. Со говорот на омраза треба да се справуваме фронтално, и тоа на социолошка, дифузна основа, пред сè, преку училиштата и медиумите. Првиве не можат без својата воспитна функција. Вториве, пак, сред дигиталната револуција за која ниту самите не сме можеби доволно свесни, од секундарен фактор на социјализација станаа клучен фактор во воспитувањето и изградбата на карактерот на нашите деца. Во денешни услови, речиси сме немоќни пред окупацијата од информации расфрлани околу нас, па така се чини неопходно воведувањето задолжително специјализирано образование за новинари, преку кое тие ќе може да се оспособат за информирање според врвни и професионални етички стандарди. Ова сигурно ќе нè придвижи чекор напред кон префинета естетизација на општеството и несомнено ќе го скуси размерот на говорот на омраза во јавната сфера.

Македонската академија на науките и уметностите свечено го одбележа 16 ноември, Меѓународниот ден на

толеранцијата, со организирање Национална конференција за говор

на омраза. Поддржанo од Мисијата на ОБСЕ во Македонија, збиднувањето

насловено „ Предизвици во ерата на толеранцијата, различноста и

кохезијата“ обедини мноштво научни видувања на говорот на омраза во

контекст на македонската мултикултурна демократија. Препознавајќи ja потребата

од специјалистичко проучување и од подложување на говорот на омраза на научна критика, „Излез“ ги пренесува

највпечатливите разгледи пренесени на Националната конференција.

акад. кАТИцА ЌУЛАВкОВА, член на МАНУ

Мошне парадоксално, говорот на омраза во државава произлезе од процесот на нејзината демократизација. Со оглед на тоа што тој е тешко препознатлив, јавното мнение ретко е свесно за мерата во која говорот на омраза треба да се вреднува. Од голема важност е трудољубиво да се работи на создавање амбиент во кој не се зборува за толерирање разлики, ами за пронаоѓање заеднички интерес во нив — битно е да постои колективен стремеж кон промислена слобода на делување и творење врз основа на универзални демократски, а не на етнократски принципи. Во таа смисла, бидејќи говорот во неговата суштина не е само информативно средство, туку и чин, односно дејство, треба да се избегнува манипулирање со него — треба да се срони каква било форма на институционализиран вербален терор. Нашево општество, бездруго, има потреба од сестрана хуманизација на говорот.

проф. д-р фЕРИД МУхИЌ, филозофски факултет, Скопје

Гледано од филозофски агол, централното прашање надвиснато над овој крајно сензитивен проблем е дали може да се најдат валидни аргументи за забрана на говорот на омраза. Зар постои инстанца што може да го санкционира говорот на омраза ако секој човек има право на слобода на говор? Оваа когнитивна дилема за мене беше во голема мера нерешлива сè додека не се запознав со прагматичните становишта на Џереми Валдрон. Имено, тој тврди оти секој говор, па дури и оној во бенигни форми, го повредува достоинството на социјално ранливите групи. Ако не се санкционира, тој постојано ќе ја отежнува инклузијата на одредени категории во незавидна позиција — ем се оддалечуваат од општествената интеграција, ем достоинството им останува повредено. Сред таквата ситуација, не е неопходно судско решавање, а уште помалку дозволиво е вршење репресии. Напротив, пожелно е континуирано да се даваат насоки кои ќе придонесат кон навремено препознавање и ублажување на говорот на омраза на сите полиња.

МОже ЛИ Да Се СКРОТИ гОвОРОТ На ОМРаЗа?

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТОЛЕРАНцИјАТА — ПОВОД зА НАУчНИ РАзГЛЕДИ

Далибор Стајиќ

10 | ОПШТеСТвО: НАСТАНИ

барак ОбаМа — лидер на диГиТалнаТа деМОкраТиЈа

Политичка Америка е во многу погледи комплексно

создание. Нејзината најголема тежина, хармонично

со востановениот систем на управување, ја носат

претседателските избори, кои се одржуваат секоја

четврта година. За разни подробности од изборната

постапка, но и за мноштво други аспекти на

американската политичка култура, се дискутираше

во полна демократска сила во Американската

амбасада во Скопје. На иницијатива на Амбасадата

и на Американското катче од Скопје, на 24 октомври

2012 година, педесетина младинци од повеќе

невладини организации во Македонија имаа можност

да се запознаат одблизу со процесите врзани за

претседателските избори — низ дискусија и низ куси

видеозаписи од претседателските дебати водени помеѓу

кандидатите Мит Ромни и Барак Обама во текот на

месец октомври. Дотолку поинтересен за младинците

беше дебатниот настап на членовите на Младинскиот

образовен форум (МОФ) од Скопје, коишто жестоко,

но мудро, симулираа дебата во која ги одмерија силите

за и против актуелната надворешна политика на

претседателот Барак Обама. Иако двата дебатни дома

пренесоа подеднакво силни аргументи — позитивни и

негативни — гласовите на младата публика му донесоа

победа на тимот што изразуваше поддршка за Обама,

а на крајот, сосема природно, сите беа наградени со

американски колачиња и со неизбежната „Кока-кола“.

аМериканСкаТа Младина ШТедрО ГО ПОддрЖува ОбаМа

Предизборната трка помеѓу Мит Ромни и Барак Обама

беше неизвесна борба на исклучително нерамен

терен. Конечниот резултат, веќе секому познато, му

донесе на Обама втор мандат и шанса за унапредување

на досегашниот политички курс. Мошне интересно

за годинашните избори е што младата американска

популација и натаму се покажува како силен поддржувач

на Обама. Според изборните податоци следени од

„Си-Ен-Ен“, 60 отсто од граѓаните на возраст од 18

до 29 години — кои чинат 19 отсто од севкупниот

електорат — го дале својот глас за Обама. Со ова,

старо-новиот корифеј на американската нација

доби потврда за популарноста што ја ужива и што

секојдневно ја проширува, пред сè, преку присутноста

на електронските социјални мрежи. На почетокот на

новиов век, изборните циклуси во Америка доживеаја

организациски препород со вклучувањето на

социјалните мрежи во изведбата на претседателските

кампањи, но сè повеќе и во промовирањето на

самата политика на претседателите. Жив доказ за

тоа е фотографијата од прегрнатите Мишел и Барак,

проследена на интернет од Кабинетот на претседателот

веднаш по прогласувањето победа. Фотографијата,

всушност, беше најретвитуваната објава во историјата на

„Твитер“, со што се покажа вредноста што им се придава

на социјалните мрежи за зголемување на популарноста,

но и во сè позасилена мера на политичката поддршка.

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

ОПШТеСТвО: НАСТАНИ | 11

барак ОбаМа — лидер на

диГиТалнаТа деМОкраТиЈа

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

Далибор Стајиќ Aps_Real МОФ

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

какО Ги иЗМени инТернеТОТ ПреТСедаТелСкиТе каМПањи?Според досегашните практики и искуства во

претседателските избори, интернетот се покажа

особено моќен во три области од предизборната

кампањска комуникација: промовирање политички

пораки, собирање финансиски средства и

мобилизирање гласачи. Станувајќи сè посвесен за

новите технологии, просечниот граѓанин на Америка

трајно се оспособи за непосредно дискутирање на

изборните настани, пред сè, преку блоговите. Со

оглед на фактот што интернетот функционира без

новинарска контрола на процесот на пренесување

информации, политичките пораки упатени на

електоратот побргу стигнуваат до својата крајна

цел. Како што образложува проф. Филип Хауард од

Универзитетот на Вашингтон во Сиетл, за разлика од

традиционалните политички кампањи, каде што тимови

политички експерти ги креираа содржините наменети

за јавна презентација, со продорот на интернетот

во политичкиот живот, голем дел од работата за

создавање содржини се префрли на волонтери и

на слободни соработници желни да придонесат

кон кампањата на својот посакуван кандидат.

Персонализирани интернет страници им овозможуваат

на корисниците да ги избираат информациите што

сакаат да ги воспримат и спонтано да одлучат на кои

аспекти ќе им дадат предност. Интернетот им дава

шанса да коментираат онаму каде што сметаат дека

нивниот став вреди да се прочита; ги охрабрува да се

вмрежуваат според сродноста на своите убедувања и

активности. Едноставно, интернетот ѝ овозможува на

публиката да биде и креатор и примач на пораки.

ОбаМа и наТаМу беСПриМерен на инТернеТ МреЖаТаОд својата прва претседателска кампања во 2008

година, па сè до денес, Обама не попушти во

користењето дигитални алатки за да ги оствари

политичките цели. На пример, тој беше првиот

кандидат што го искористи „Јутуб“ како медиум

за бесплатно политичко рекламирање. Меѓутоа,

она што остава најголем впечаток во неговиот

приод кон користењето на социјалните мрежи е

обемноста на информациите во врска со неговиот

живот и со неговото семејство, поставени на

неговите профили. Бројните фотогалерии,

подробните биографии, придружните документи,

снимените видеообраќања и групите за поддршка

се насочени кон градење доверба во него како

личност способна да управува со држава од такви

размери. Со водењето на официјалната интернет

страница на Белата куќа, Обама на граѓаните не

им дава само можност да погледнат во спектарот

на неговите обврски, туку и да зборуваат со

него за своите секојдневни грижи и проблеми.

Одржувањето ваков вид контакт — посреден, но во

реално време — е уште еден доказ за напредноста

на развојниот процес на американската

демократија. Тамошниот политички амбиент на

очиглед на сите доживува сè повеќе иновации

под навевот на новите дигитални технологии и,

бездруго, засилено почнува да ги пренесува и на

другите демократии низ светот. Дека ќе остане

да ги бележи и во иднина со нестивнато темпо

е вистина на цврсти нозе — далеку и по вториот

мандат на Обама.

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

Министерството за образование и наука на

Република Македонија го донесе Законот за

издавање вредносни бонови-ваучери за студентите-

апсолвенти од социјално загрозените семејства.

На распишаниот конкурс беа повикани да се

пријават сите студенти што во тековната 2012-2013

година првпат се запишале во завршната година

од своите студии, а кои се корисници на социјална

помош, лица со посебни потреби или студенти

чии семејни примања не преминуваат повеќе од

12000 денари месечно. Единствениот услов бараше

од апликантите да достават до студентските

служби на факултетите потврди од соодветните

институции, кои ќе ја докажат нивната социјално

ранлива положба. Номиналната вредност на

ваучерите изнесува 15500 денари, а селекцијата,

како и распределбата, треба да ја изврши самото

Министерство, со помош на факултетските служби.

Иако почетниот краен рок за пријавување беше 25

октомври 2012 година, тој подоцна беше преиначен

во 20 октомври. Причините сè уште остануваат

непознати. Појавата на подоцнежни телефонски

јавувања од факултетските служби за дополнителни

информации, како на пример број на лична карта

и слично, кои не беа наведени во официјалните

соопштенија, исто така останува неразјаснета. Во

очекување на крајниот резултат, останува надежта

оти долгопосакуваните ваучери навистина ќе

завршат во рацете на оние за кои се наменети

и дека нема се повтори ситуацијата од 2007

година. Тогаш, истиот проект се сведе на премногу

студенти — премалку ваучери, што предизвика хаос

на факултетите — се појави редица од изневерени

студенти што не ги добиле своите ваучери, бидејќи

од предвидените петстотини студенти, имало

ваучери само за стотина. Не беа ретки ни случаите

на доделување ваучери на лица што само го

зголемија својот „фонд“ на компјутери дома или,

пак, на злоупотреба на ваучерите за сосема други

цели од наменетите. Уште еден ваков пример беше

и проектот „Компјутер за секое дете“. Замислен

како олеснителна околност во образовниот процес,

денес се покажа како тон правлив и неупотреблив

ентериер во училишните простории. „Електронска

проверка на знаењата на учениците “, „е-дневници“

и многу други вакви проекти беа добра замисла

на хартија, но не се покажаа така и во практиката

според контроверзиите што кружеа околу нив.

Без оглед на сè, по завршувањето на првиот рок, кој

и самиот беше неколку денови пократок од првично

предвидениот, следуваше негово продолжување.

Дополнителното олеснување на критериумите им

овозможи шанса за ваучери и на оние апсолвенти

чии семејни примања достигнуват најмногу до

15000 денари. А оние што веќе ги искористија,

се надеваме дека барем успеаја да го изберат

најдоброто со оглед на сумата што ја добија.

СТуденТСки ваучери: кОМПЈуТери За аПСОлвенТиТе Од СОЦиЈалнО ранливиТе ГруПиСТуденТиТе ШТО Се аПСОлвенТи вО ТекОвнаТа 2012-2013 акадеМСка ГОдина, а Се кОриСниЦи на СОЦиЈална ПОМОШ, лиЦа СО ПОСебни ПОТреби или СТуденТи чии СеМеЈСТва неМааТ ПОГОлеМи МеСечни ПриМања Од 12000 денари, МОЖаТ да дОбиЈаТ вреднОСни ваучери За набавка на кОМПЈуТери.

Проект на владата на р. Македонија

Тимчева Елена [Правен факултет — Студии по новинарство] Сара Коцевска

ние и СиСТеМОТ | 13

14 | ние и СиСТеМОТ

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

Во сплет на околности во кои на детето дома му е криза, родителот му е под стрес (бидејќи, кога се нема, лесно се губи од вид и она што се има — самото дете), на училиште му е зона на самракот (зашто ништо не го интересира), на улица и низ медиумите му се сервираат вредности без вредност – што му останува, тогаш, освен да почувствува дека е напуштено и дека нема на кого да се потпре? Тоа е последното скалило, од кое нема назад и кое го има нивото на суровата статистика на суицидност, која ќе се забележи и ќе почне да се превенира дури откако ќе стане драматична.

ПРОСвеТНа ИНТРОСПеКцИЈа вО ПРвО ЛИце

Елизабета Секирарска [Професор по менаџмент и маркетингСОУ „Перо Наков“ — Куманово]

Далибор Стајиќ

кОЈ е винОвен?

Читам за новите мерки за превенирањето

на суицидноста кај младите. Истовремено,

слушам репризно издание на утринска

програма на тема „Учат ли децата повеќе од

потребното?“ и правам напори да извлечам

макар преодна оценка од денешните

ученички резултати. Кога ги гледам овие три

аспекти во паралела, ми стојат во цврста

меѓусебна врска. Долги години работам

со деца од шеснаесет до осумнаесет

години, предавајќи им стручни предмети

со своја специфична тежина и, за да ја

доловам атмосферата, ќе кажам вака: Прво,

пубертетлииве имаат секој ден по шест или по

седум часа, а во еден ден од неделата имаат и

по девет, бидејќи, според насоките „од горе“,

слободните ученички активности мора да се

вклопат во редовната настава.

Второ, секој од наставниците е задолжен

да реализира и дополнителна настава, исто

така распоредена по термини во рамките на

распоредот. Кога?!

продолжува

реТрОСПекТива | 15

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

16 | ние и СиСТеМОТ

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

Трето, поголем дел од учебниците по кои работат

се за секоја осуда — апстрактни, конципирани од

универзитетски професори според принципот „копи-

пејст“ од своите учебници наменети за студенти.

Во иста мера, за мене е неразбирлива работата на

компјутер на дете од шест години — на возраст кога

треба да се работи на неговата моторика. Неслучајно

учевме и ние и генерациите по нас да цртаме првин

полжави, криви и прави линии, а дури потоа ги учевме

буквите. Затоа доаѓаат во средно со ракопис налик

на клинесто писмо и со загрижувачки ниско ниво

на елементарна писменост. Таблицата множење е сè

почесто апстрактна именка. Ова е вака не затоа што

учителите се лоши, ами затоа што се оптоварени со

мноштво дискутабилни обврски, кои ги оддалечуваат од

работата со децата, а ги отепуваат и едните и другите.

Четврто, сите наставници се ставени во ситуација

да го оптоваруваат ученикот со домашни задачи,

проекти, истражувања и со тестови (многу често се

случува да се прават и по два теста во ист ден, губејќи

го од вид психолошкиот момент што тестирањето го

предизвикува само по себе, без разлика на тоа колку

ученикот учел). Од сите овие аспекти наставникот

треба да извлече една единствена оценка.

Петто, сред континуираниот притисок и барања

во врска со претходно изнесените подробности,

секој наставник е задолжен да води обемна

администрација, која освен што подразбира тековно

планирање на наставата (со кое, инаку, се согласувам

и кое го сметам за потребно артикулирање на часот),

означува и администрација во дневникот, во главната

книга, а сега и во електронскиот дневник. Акцентот

овде го ставам на пренасочувањето на ангажманот на

наставникот во сфера во која ученикот го нема — во

администрацијата.

Претходно изнесените работи се голи факти за

моментните состојби во образованието. Меѓутоа, како

изгледа практиката?

Првата слика што ми стои пред очи е од училницата во

која учат момците и девојките со девет работни пакети

предвидени за тој ден. Јас имам настава со нив во

петтиот час. Веќе можам да го почувствувам нивниот

замор, драматично зачинет со отпор кон фактот дека

се едвај на половина од денот. Требаше мал напор

за да се уредиме и да почнеме да работиме, но тоа

беше крајно неефективен час. Без разлика на тоа што

дома се подготвував цели два часа, разработувајќи

ја лекцијата како презентација, со наставни ливчиња

и со мозгалка, тие ме слушаа само од учтивост,

со празни погледи. Не можев ништо против тоа.

Едноставно, беа изморени, апатични и несреќни.

ПОГледи | 17

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

Навистина сакав да беше таму Министерот. Можеби

ќе успееше да здогледа оти – колку е поголем

товарот, толку е потешко носењето. Освен ако

поентата не е само да се носи, без разлика дали тоа

ќе има ефект.

Втората слика е онаа од наставничката канцеларија,

во која ние, интелектуалците, секој ден делиме

јад и мака. Исто како и моите ученици, така и ние,

бездруго, сме апатични, несреќни и со празни

погледи. Потполно маргинализирани, без синдикат,

кој барем ќе дискутира за состојбите ако веќе не

им наоѓа решение. Верувајте, да се биде наставник

е привилегија! Зошто се дозволува да се изгуби

од вид благородноста на оваа професија, а со

тоа и да се создаде клима во која наставникот ќе

дејствува под притисок поради кој нема да работи

како што треба со децата? Зошто како класен

раководител да го губи од пред очи младото битие

и неговите проблеми само затоа што е оптоварен

со небулозата „животни вештини“ како вид

задолжителни работилници за време на часот по

класно раководство?

Сигурна сум дека на детето нема да му помогне

чукање со прстите, играње оро, симулирање дожд

или игра „клекни-стани“, низ која, според замислата,

ќе се изгради во позитивна личност, подготвена за

животните предизвици. Нему, во ова тешко време,

му треба здрава и стабилна фигура на класен

раководител, кој ќе го советува, кој ќе му помога,

кој во училиштето ќе биде доживеан како личност

еднаква со онаа другата — со родителот.

Останувам, за жал, недоречена на оваа тема. Молкот

со кој реагираме на континуираното оддалечување

од нашата есенцијална работа, ми се чини, е

доволно гласен. Толку е силен, што јасно говори оти

го губиме правото да се наречеме наставници, кои

се од другата страна на катедрата бидејќи имаат

мисија — освен лекциите, учениците треба да научат

и што значи борба за своето достоинство, што значи

бранење на она што е исправно, што значи учење

од пример. Во сегашниов сплет на околности во кои

е фатено детето — дома му е криза, родителот му е

под стрес (бидејќи, кога се нема, лесно се губи од

вид и она што се има — самото дете), на училиште му

е зона на самракот (зашто ништо не го интересира),

на улица и низ медиумите му се сервираат вредности

без вредност — што му останува, тогаш, освен да

почувствува дека е напуштено и дека нема на кого

да се потпре? Тоа е последното скалило, од кое нема

назад и кое го има нивото на суровата статистика

на суицидност, која ќе се забележи и ќе почне да се

превенира дури откако ќе стане драматична.

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

17 нОеМври — МеЃунарОден

ден на СТуденТиТеАна Тодоровска [Филозофски факултет] Иван Кантарџиски

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

ние и СиСТеМОТ | 19

На 28 октомври 1939 година (ден на независноста

на Чехословачка), на улиците во Прага, студентите

покренале активности со кои покажале

отпор против нацистичката окупација. Тоа го

инспирирало создавањето на Антинацистичка

студентска коалиција. Тие не се плашеле јавно да го

искажат својот став, иако овие настани биле крваво

задушени: познат е настанот кога студентот Јан

Оплетал бил сериозно застрелан во стомакот и, за

жал, починал на 11 ноември. Неговиот погреб бил

на 15 ноември и на него присуствувале илјадници

студенти, па настанот повторно се претворил во

антинацистичка демонстрација. Како реакција

на тоа, на 17 ноември нацистите ги затвориле

сите чехословачки универзитети, 9 студенти биле

застрелани, а 1200 испратени во концентрациски

логори.

Од 1941 година до денес – овој ден се одбележува

секоја година насекаде во светот како ден на

студентскиот активизам. Тој претставува и

глобален ден на акција, кога студентите низ целиот

свет протеститаат, прават блокади на своите

факултети, на улиците, на мостовите, а целта е да

ја спречат комерцијализацијата на образованието,

како и да ја покажат важноста на тоа што значи да

си студент.

И 2012 е година во која студентите од целиот свет

бурно реагираат против неправдите, борејќи се

за поквалитетна иднина. За жал, овој бран како

секогаш да ја прескокнува Македонија. Никаде ни

трага ни глас од нашиве студенти. Но, го пишувам овој текст со цел да ги мотивирам и нашите студенти да ја преземат судбината во своите раце, бидејќи студентите отсекогаш биле движечка сила во општеството! Затоа, морам да ја споменам 1968

— година на масовни протести низ целиот свет, во

кои учествувале голем број студенти и работници.

Некои сметаат дека овие масовни протести се

резултат на бројните социјални промени што

настануваат во текот на тие 20 години по Втората

светска војна. Тие биле насочени против расизам,

за граѓански права, биле почеток на еколошки

движења што може да се поврзат со протестите

против биолошките и нуклеарните оружја.

Дел од активностите на студенти низ светот:

• студентите на Универзитетот во Мадрид

протестирале против вклучувањето на полицијата

на студентски демонстрации, против режимот

на диктаторот Франциско Франко, а извршиле и

демонстрации за работничките права;

• студентите од 108 германски универзитети

протестирале за отстранување на владините лица

што имаат нацистичко минато и за правата на

студентите;

• во феврурари, студенти од Харвард, од Редклиф

и од Бостон одржале четиридневен штрајк со глад

против војната;

• 10000 студенти од Западна Германија одржаа

блокада против американската инволвираност во

Виетнам, а поради истата причина протестираа и

јапонските студенти;

• во март, италијанските студенти го затворија

Универзитетот во Рим во времетраење од 12 дена

за време на еден антивоен протест;

• во јули, студентите на Универзитетот во Белград

протестирале 7 дена, се собрале на Филозофскиот

факултет, каде што одржале дебати и говори за

социјална правда и делеле копии од забранетото

списание „Студент“;

• Итн. итн. итн....

Но, борбата од 1968 година уште не е завршена.

И денес студентите во светски рамки се борат

против комерцијализација на образованието

и против неговото претворање во пазар, за

самоорганизирање и за подобрување на условите

и на квалитетот на студирањето, под името

International Student Movement и со паролата

„Еден свет – една борба!“. Ваква мрежа постои и

кај нас, на Балканот, под името „Балкан студент“

(посетете ги http://ism-global.net/ и http://balkan-

student.site90.net/).

Во Македонија, пак, независното студентско

движење „Слободен индекс“ секоја година го

одбележува овој ден, па така ќе биде и оваа.

Но, дополнително на тоа, група студенти од

Филозофскиот факултет, самоиницијативно

по овој повод на 16 ноември во 16 часот

организираа изложба, проекција на студентски

видеа од светот и трибина на тема „Што значи

да си студент денес, (а што значело некогаш)?“

на која беа поканети сите студенти, независно

од кој факултет доаѓаат и неколку професори

да ги споделат своите искуства. Да се надеваме

дека ќе има почесто вакви настани кои ќе нè

поттикнат сите во борбата за подобри услови!

иСТОриЈаТа на ОвОЈ ден

а, денеС?

20 | ние и СиСТеМОТ

Кога комшијата ќе ти „удри

еден бас“ среде ноќ или,

пак, кога си доаѓаш доцна од

вежби на кои си заглавил цел

ден и кога, конечно, сакаш

да ја одмориш главата на

перница, наместо книгите што

со месеци голтаат прав по

градските читалници, до тебе

допира чувството што живот

значи — да се биде студент. Без

разлика дали станува збор за

студирање во Скопје или во

некој друг град, за живеење

во стан или во студентски

дом — како што „продумале“

старите оти од „борчот“ и од

треската не се бега, така и од

студентскиот живот нема спас.

Под тонажата на неговите

бремиња, изгледа дека ретко

кој има нормална навика за

спиење — не треба да чуди

што настанува општа веселба

кога утринските предавања се

одложиле, а и бездруго се чини

оти мнозинството младинци

почнале да го мерат животот

строго во денови.

За да биде способен да ги

издржи часовите, слушајќи

разноразни академски

персони или стоејќи во

редица за средба со тетките

од Студентски прашања, на

студентот му е потребен добар

сон. Меѓутоа, дека студентите

сè помалку се препуштаат на

задоволството од спиењето

и оти тоа лошо влијае врз

квалитетот на нивното

учење покажуваат сè повеќе

истражувања спроведувани

на универзитетите низ

Соединетите Американски

Држави. Без разлика на тоа

дали некој е „добар“ или

„лош“ студент и без оглед на

животниот стил, недоволниот

сон претставува пречка за

постигнување добри студиски

резултати. Како најчеста

причина за нарушувањето на

сонот се споменува бурниот

младешки живот, полн со

журки и со лудории, а некои

истражувања дури откриле и

сооднос помеѓу консумирањето

алкохол и нарушениот сон.

Со иста жестина се наведува

и стресот пред испит, обоен

со притисокот од семејството,

кое чека резултати и само

резултати.

Сепак, последниве два фактора

не се единствените виновници.

Проблемот со спиењето е

во голема мера системски и

непосредно произлегува од

начинот на кој е организиран

образовниот систем. Во

таа насока, решавањето на

проблемов не се огледува

единствено во практиката да

им се „попува“ на децата оти

мора да спијат осум часа или,

пак, дека не смеат да читаат и

да пишуваат домашни задачи в

кревет. Напротив, надлежните

треба да му посветат внимание

на распоредот, односно на

должината на часовите. Има

голема разлика во тоа дали

првиот час почнува во осум

или во девет часот наутро —

студентите се приспособуваат

токму според матрицата што им

се наложува од институцијата

што ја посетуваат. Конечно,

имајќи предвид оти студентите

сакаат да бидат активни на

повеќе полиња истовремено,

т.е. дека сакаат и добра забава

и добар просек, зошто, тогаш,

сè е црно -бело ако постои

црвена линија?

ОД ДИСКО, ПРавО На фаКУЛТеТ, ОТТаМУ вО чИТаЛНИца И, На КРаЈ,

ДРеМКа вО гРаДСКИОТ авТОБУС. СТУДеНТИ, ИМаТе ПРОБЛеМ СО СПИењеТО?

Емилија Петреска [Висока школа за новинарство и односи со јавност] Сара Коцевска

бУРНИОТ СТУДЕНТСкИ ЖИВОТ НАСПРОТИ бИОЛОШкИОТ чАС леГни Си вечер ПОдОЦна, СТани Си уТре ПОранО!

ние и СиСТеМОТ | 21

Студентите се само еден процент од светската

популација, но тие се најмоќниот процент! На нив

треба да се гледа како на идни водачи: тие ќе го

менуваат светот во хармонија со своите убедувања,

верувања, вредности, креативни идеи, знаења

и вештини, кои во голема мера ги стекнуваат за

време на своите студии. Организацијата „Секој

студент“ е студентско движење комплементарно

на универзитетите. Студирањето, само по себе, не

нуди одговор на најсуштинските животни прашања,

не нè подготвува во доволна мера за животот во

реалниот свет по дипломирањето и не може да

обезбеди квалитетна изградба на личноста и на

карактерот. Универзитетите преку наставните

програми не се обидуваат да дадат одговор на

најважните животни прашања. Мисијата на „Секој

студент“ е да ја пополни оваа празнина. Членовите

на организацијата сакаат да создадат средина во

која ќе се истражува животот вреден за живеење —

сакаат студентите да излезат од факултетските клупи

со јаснотија за животот и со надежна визија за светот.

Бездруго, човекот претставува социјално-

емоционално битие. Покрај потребата од

развивање на сопствената интелигенција, тој има

потреба и од развивање на сопствените социјални

и емоционални вештини и способности: стекнување

пријателства, ефективна комуникација, разбирање

на сопствените емоции и на емоциите на другите,

разрешување конфликти итн. Многубројни

истражувања укажуваат дека за успехот на еден

поединец не е пресудна неговата интелигенција,

изразена преку некаков коефициент, туку токму

неговите социјални и емоционални способности.

Човекот што не знае како да оствари интеракција

со луѓето околу себе, ниту пак ги разбира емоциите

на другите, многу тешко успева да опстане во

општествено-социјалната средина и да ги оствари

спосвените цели и замисли. Имајќи го предвид

последново, од организацијата порачуваат:

„Секој студент мора да се изградува како личност,

како карактер и како водач. Ова не е опционално!

За човекот да има вистинско исполнување и

уживање во животот, тој мора секојдневно да

работи на својата изградба. Има четири области

во кои овој развој треба да се случува — тоа се

како четирите тркала на еден автомобил. Сите

тркала мора да се добро балансирани за да се

овозможи удобно возење. Не може едната гума да

биде пукната или издишана и да се очекува оти

возењето ќе донесе уживање. Напротив, може да

се случи сериозна несреќа! Така е и во животот —

сите четири области мора да бидат балансирани

за да се ужива во животот. Затоа, нашата цел е

секој студент да се развива — интелектуално,

емоционално, духовно и физички. Така, нашите

активности се насочени кон остварување на целта

за личен развој на студентите како идни водачи во

општеството. Личниот развој е сериозна работа и

бара многу напор и дисциплина, меѓутоа нуди и

најголемо задоволство и исполнување во животот“.

За вториот семестар од тековнава академска

година, организацијата подготвува семинар од

областа на емоционалната интелигенција, кој ќе

трае два дена, а ќе се одржи трета година по ред.

Семинарот ќе го водат искусни предавачи, и тоа на

англиски јазик. Повеќе информации за семинарот,

за самата организација и за додатните планирани

активности може да добиете на интернет

страницата www.sekojstudent.org

ра

ЗГО

вО

рн

ик

Ол

а С

Тр

еЗ

Ов

Ск

и(а

рХ

иТ

ек

Т)

ПОГледи | 23

Далибор Стајиќ Никола Стрезовски

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

Архитект по вокација, борец по природа. Никола Стрезовски е автентичен пример на човек

со плодна домашна кариера. Неговото авторско портфолио е збирка несекојдневни урбани

решенија, кои нашле место и примена во современа Македонија. Настојувајќи да го поттикне

младиот дух на критичко размислување и на колективни подвизи, Никола ревносно ги

споделува вредните искуства со младите архитектонски надежи. Преку разгледување на

неговиот пат, кој неминовно проаѓа низ Скопје, се обидовме да допреме до суштината на

бидувањето архитект во Македонија—настојувавме да ги откриеме кодовите на градбите на

нашето време, оставајќи широк простор за проектирање на иднината.

Беше СТУДеНТ На аРхИТеКТОНСКИОТ фаКУЛТеТ, а Сега СИ вКЛУчеН КаКО ДеЛ ОД КаДаРОТ вО ПРаКТИчНаТа НаСТава. КаКвИ ПОСЛеДИцИ ИМааТ БОЛОњСКИТе вИСОКООБРаЗОвНИ РефОРМИ вО СТУДИИТе ПО аРхИТеКТУРа?

На прв поглед, промените во системот

им донесоа мноштво олеснувања на

студентите. Студентот го зајакна својот

интегритет со тоа што сега самостојно

носи одлуки како ќе постапува и на

што ќе му даде предност во текот на

своето школување. Од друга страна,

обемот на работа значително се скрати.

Всушност, со децении постои тренд

на намалување на работните задачи.

Така, мојата генерација имаше помал

обем на работа од генерациите пред

неа. Жално, со последните промени

се скратија значаен број проектантски

предмети преку кои студентот треба

да добие елементарна работна рутина.

Како последица, сè повеќе студенти

одбиваат да вложат повеќе од она што

е неопходно за да се постигне некое

основно ниво на квалитет. Со други

зборови, немаат волја да се активираат.

Сè потешко е да се разграничи добар

од лош цртеж, а во архитектурата е

најважно каков е цртежот, зашто тој

е основен медиум на комуникација.

Оттука, ако не се знае јазикот на

архитектурата, постои опасност оти

потезите на авторот ќе се сведат само

на банално редење коцки, како што

чинат малите деца.

ГрадеЈЌи МинаТО, не Се учиМе Од МинаТОТО

продолжува

КаКО гО чИТаш РаЗвОЈОТ На СОвРеМеНО СКОПЈе вО ПОшИРОКИОТ КОНТеКСТ На МаКеДОНСКаТа ИСТОРИСКа чИТаНКа?

Скопје, бездруго, е политички и

административен центар на Македонија. Во

таа смисла, тој треба да биде поддршка за

целокупното индустриско производство: да

дава правна помош, да доделува кредити,

да координира секакви подробности

од државен интерес. Од друга страна,

децениското концентрирање моќ во

главниот град, на очиглед на сите, доведе до

буквално распаѓање на помалите населени

места. Првиот знак за тоа, всушност, е

распаѓањето на архитектурата. Секојдневно

сведочиме како се испразнуваат и се

затвораат дуќани и, дотолку полошо, ретко

се наоѓа некој што има желба и знаење

како да се зачуваат вредните нешта во

еден град. Мнозинството млади луѓе низ

Македонија одбиваат да плодоуживаат

земјоделско земјиште или да станат дел од

локалното стопанство, кое со секој изминат

ден станува сè послабо. Сред стекнатите

околности, младите масовно одлучуваат

да заминат во Скопје. Така, сите доаѓаат

во поддршка на производство што реално

не постои, а исходот од таквиот тренд е

трагичен: Скопје станува црна дупка, која

влече сè во себе и која има толкава сила,

што почнува да се вовлекува самата себеси.

Токму поради тоа, тешко е да се предвиди

каков крај ќе има.

КаКвО е ТвОеТО ТОЛКУвање На шИРОКаТа НаКЛОНеТОСТ На ОПшТеСТваТа Да МУ Се НавРаЌааТ На МИНаТОТО ПРеКУ аРхИТеКТУРаТа? КаКва УЛОга МОжаТ Да ИгРааТ аРхИТеКТИТе вО РешавањеТО ОПшТеСТвеНИ ПРашања?

Водејќи се од примерот на актуелната

градителска пресвртница на Скопје,

согледувам оти градејќи минато, ние не

се учиме од минатото. Без оглед на тоа

колку сакаме да ја вратиме славата на

поранешната скопска архитектура, денес

можеме да зборуваме исклучиво за нови

објекти: иако носат стари обележја, се

работи за дела што трпат интервенции и

се градат од современи материјали. Од

друга страна, главниот град е сочинет од

многу слоеви послани еден врз друг, па

штом почнеш да ги набљудуваш горните,

веднаш ги забележуваш тие под него.

Имајќи предвид какви пресврти доживувал

Скопје како отворен град со низа култури—

што во времето на Османлиите, што

по разорниот земјотрес—читањето на

градската историја изискува студиозна

посветеност. Таа очигледна потреба ни

покажува оти сè уште не сме се посветиле

доволно на проучувањето на минатото во

архитектонска смисла. Жалам, на пример,

што ја немаме препознаено културата

на Старата чаршија во нејзината полна

сила, иако таа има најголем историски

квалитет. Исто така, не ми е сеедно што

новоизградените објекти во центарот на

градот го затворија погледот кон скопското

Кале—аспект што имал голема важност

за архитектите што работеле на обновата

на Скопје по земјотресот, вклучувајќи го

и Кензо Танге. Всушност, ова големо име

на модерната зборува за важноста на

општествената улога на архитектот. Земајќи

ги предвид сите негови нишани, мислам

дека еден архитект може подобро да

препознае одредени општествени аспекти

од другите луѓе. Впрочем, како што од него

се очекува способност за координирање

повеќе работни профили при изведбата на

еден проект, архитектот треба секогаш да ја

гледа големата слика—да вклопи мноштво

подробности во хармонична целина. Таква

била и градителската филозофија на Танге,

кој бил настојчив во намерата од Скопје

да направи модерен, функционален град

и со тоа да ги постави неговите развојни

одредници.

шТО БИ СПаСИЛ ОД ЗагУБеНИТе аРхИТеКТОНСКИ БОгаТСТва вО СвеТОТ? На шТО МОжеМе Да Се ПОУчИМе?

Моментно најинтересни за истражување

ми се објектите и, воопшто, смислата

за дизајн на Луис Кан, американски

архитект од времето помеѓу модерната

и постмодерната. Неговите градби, иако

малку на број, восхитуваат со својата

префинетост и функционалност. Тие се

добро зачувани и, просто, ме одушевува

како Американците се учат на потезите

на Кан, покажувајќи на тој начин почит

кон неговото дело. Нема да згрешам

дури и ако кажам оти тие се фанатици

на архитектурата создавана од нивната

нација. Во таа насока, не знам дали воопшто

би враќал некакви загубени богатства.

Напротив, би зачувувал квалитети по

примерот на американската култура. Луис

Кан, пред сè, бил искрен, исто како што е

искрена и Старата скопска чаршија. Оттука,

би се борел за зачувување на искреноста

во архитектурата, зашто нема корист

од криењето зад лажни фасади или од

вовлекувањето во субјективна содржина.

Просто кажано, треба да инвестираме во

заедничко добро. Ако бидеме сите искрени

кон својата професија и залагање, секој ќе

може да се надева на среќен крај.ра

ЗГО

вО

рн

ик

Ол

а С

Тр

еЗ

Ов

Ск

и(а

рХ

иТ

ек

Т)

24 | ПОГледи

ПОГледи | 25

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

Најосновните психолошки потреби кај

човекот се оние за љубов, приврзаност

и чувството на припадност. Во нив

веројатно лежи и главната причина зошто

социјалните мрежи се толку допадливи

и зошто бројот на нивните корисници

постојано се зголемува. Една таква

социјална мрежа е Фејсбук, која започна

да функционира во февруари 2004 година.

Споредено со само милион корисници

во 2004 година, во април 2012 — Фејсбук

имаше 901 милион активни корисници.

Ваквиот огромен пораст за толку мал

временски период го привлече вниманието

на многу истражувачи, па голем дел од

нив сега истражуваат на теми од полето на

социјалните мрежи за тоа како тие влијаат

на јавноста. Неодамна, многу од нив ја

искажаа идејата оти користењето Фејсбук

или некоја друга интернет страница од тој

тип, колку и да ни изгледа невино, може

да предизвика зависност, особено кај

помладите корисници.

Противниците на оваа идеја тврдат дека

користењето на зборот „зависност“ е

преувеличување. Тие велат дека ова не би

требало да го гледаме како проблем само

по себе, туку би требало да ги истражиме

причините што довеле до оваа опсесија со

платформите за социјализирање. Во иста

мера предупредуваат и оти оваа област

треба многу повеќе да се истражи пред

да се започне со употребата на термини

како зависност за да се објаснат можни

промени во однесувањето. Според нив,

иако има мала вистина во концептот за

зависност, не можеме да кажеме ништо без

тоа да звучи хиперболизирано.

ДОКаЗ За ЗаРаЗНаТа ПРИРОДа На феЈСБУК е фаКТОТ шТО РечИСИ НеСвеСНО Се вКЛУчУваМе. НаЈчеСТО ТОа е ПРваТа СТРаНИца шТО Ја ОТвОРаМе КОга Ќе гО СТаРТУваМе ИНТеРНеТ ПРеБаРУвачОТ: ДУРИ ОТКаКО УСПешНО Ќе Се вКЛУчИМе На феЈСБУК, гИ ЗавРшУваМе ДРУгИТе ОБвРСКИ На ИНТеРНеТ.

„„дали СМе ФеЈСбукОвСки ЗавиСниЦи?

Викторија Гаврилова Далибор Стајиќ

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

Нивните зборови делумно звучат разумно и можеби би се согласиле со нивното видување да не беше истражувањето од април 2011 година, насловено како The World Unplugged, или во слободен превод, Одмрежен свет. Истражувачите од Универзитетот на Мериленд во САД побарале од 1000 тинејџери од 10 различни држави да поминат 24 часа без користење каков било социјален медиум, а потоа да ги соопштат резултатите од ваквото искуство. Крајните резултати од студијата се навистина интересни, а сведоштвата прилично вознемирувачки. Но, уште пошокантно е што мнозинството не успеало да издржи 24 часа без користење некој социјален медиум. Еден од учесниците во истражувањето признава оти му требале само 3 часа пред да му се врати на својот телефон, како и на електронската пошта и на профилот на Фејсбук. Додека нагоните за сон и за секс кај човекот се најсилни, оваа студија открива дека исто толку веројатно е луѓето да попуштат пред желбата за користење на социјалните мрежи. Иако зависноста не може клинички да се дијагностицира, нескротливата желба е реална, за што сведочат тинејџерите што биле тажни, депресивни и осамени, а некои дури чувствувале чешање и јадеж, симптоми слични на оние при одвикнување од дрога или од алкохол.

Уште еден доказ за заразната природа на Фејсбук е фактот што речиси несвесно се вклучуваме. Најчесто тоа е првата страница што ја отвораме кога ќе го отвориме интернет пребарувачот, па дури откако успешно ќе се вклучиме на Фејсбук, ги завршуваме другите обврски на интернет. За ова секако сведочат и

учесниците во The World Unplugged. Многумина од нив забележале дека проверувањето на нивните профили на Фејсбук преминало во навика, дури до ниво што понекогаш несвесно го прават тоа. Еден од нив бил вчудовиден од фактот колку лесно биле програмирани неговите прсти за веднаш да започнат со типкање на F-A-C-E во пребарувачот.

26 | ПОГледи

За да се уверам во точноста на

резултатите од оваа студија, решив

да направам сличен експеримент. Ја

замолив мојата 17-годишна сестра,

којашто е по малку опседната со

Фејсбук, да се обиде да не се вклучи

24 часа. Во интервјуто што следуваше

потоа само се потврди она што

беше кажано досега. Таа призна оти

поминува најмалку осум часа дневно

на Фејсбук, но нејзиниот профил

останува вклучен дури и кога не го

користи компјутерот. Уште покомично

е тоа што за време на 24-часовната

апстиненција од Фејсбук, додека

гледала филм на компјутерот,

постојано го минимизирала

прозорецот за да види што има ново

на Фејсбук.

Вистината е оти многу луѓе се

чувствуваат слично. И покрај

тоа што сè уште не можеме со

сигурност да тврдиме дека Фејсбук

и другите социјални мрежи

предизвикуваат зависност, промените

во однесувањето на младите се

очигледни. Бидејќи социјалните

мрежи се широко распространети,

можеби е време да ги преиспитаме

своите причини за нивното

користење. Како луѓе, во нашата

природа е да бидеме склони кон

зависности, но со доволно знаење и

свест можеме да спречиме да станеме

зависни од Фејсбук.

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

Во нашево општество, секој младинец има право да

избира и да биде избран — тоа се должи на можноста

за остварување на неговите права и интереси.

Благодарение на тоа што живее во демократско

општество, младиот човек уште oд рана возраст

избира свој водач: од претседател на класот, преку

студентски лидер, па сè до премиер и претседател на

државата. Во таква држава, народот избира лице што

ќе застане зад неговите права и интереси и во негово

име ќе се бори за нивно остварување. Меѓутоа, овде

се поставува прашањето: дали она што ни се случува

денес е вистинското лице на демократијата? Која е

причината што нè примамува да сметаме оти младите

во нашата држава само „глумат демократија“? Токму

оттука произлегува одговорот, кој за нечија среќа

е вистинит, но не претставува кризен фактор за

политичарите. Нема ништо чудно во фактот што

студентите своето образование и својот талент ги

даваат во замена за партиската книшка, на која ѝ

се дава сè поголемо значење. Бездруго, таа стана

синоним за „билет кон подобра иднина“.

гРаДење КаРИеРа вО МаКеДОНИЈа?

Доколку се стави акцентот на градењето кариера во

Републиката, младите сè повеќе се ангажирани околу

ова прашање. Голем број студенти слободното време

го минуваат вршејќи волонтерски активности во разни

организации што им нудат искуство за понатамошното

работење: „Волонтерски центар–Скопје“, „Младински

образовен форум“, „Креактив–Здружение на млади“

и „YMCA–Битола“ се само дел од центрите каде што

секој средношколец или студент може да волонтира

и притоа да запознава нови луѓе и да стекнува

нови пријателства. Исто така, секој средношколец,

пред запишувањето во високообразовна установа,

најпрвин ги зема предвид огласите за стипендии што

ги објавуваат државните и приватните факултети

низ Републиката, кои му нудат можности за полесно

студирање, во случај на финансиски план. Од друга

страна, пак, со поставувањето на прашањето - „каде,

со што и што потоа?“, но и битниот фактор - „каде има

слободни работни места?“, младите ја започнуваат

првата фаза на градење кариера. Пред самиот крај,

никој лесно не се откажал од прашањето: што треба

да се направи за младите да ги добијат најголемите

можности за развиток и напредок?

КаДе И КОМУ Се ПОСТавУва

ПРашањеТО: КаКО МЛаДИТе Да

ДОБИЈаТ НаЈгОЛеМИ МОжНОСТИ?

Во нашето демократско владеење потребен е закон

за малдите, кој ќе им ги укажува правата и обврските,

но и ќе се соочи со нивните проблеми. Неопходно

е да се изгласа Устав за млади, и тоа на седница

на Национален младински парламент, кој ќе биде

составен од младински организации што независно

дејствуваат на територијата на нашата држава. Како

би изгледал тој Парламент? Врз основа на органот на

државната управа надлежен за водење на работите

од областа на младите, Младинскиот парламент во

Република Македонија треба да содржи најмалку

50 регистрирани здруженија, кои ќе бројат над 1500

членови. Во Статутот на Парламентот е наведен

начинот на одлучување, работа и членување во него,

каде што најнапред се претпочитаат правата на

сите заедници. Но, најважно е да се напомене дека

Парламентот е тело признато од државата, кое ги

штити правата и ставовите на секој млад човек. Во

Националниот парламент може да учествува секој

млад човек, без разлика на полот, расата или на

вероисповедта. Сепак, мора да се внимава на поимите

„дискриминација“ и „стереотип“. Доколку постои

антидискриминација и намалена стереотипност во

нашето секојдневие, никој не би се почувствувал

дискриминирано. Ова е важна помошна алатка за

намалување на монополскиот активизам и зголемување

на плурализмот во одлучувањето. Како најважен

предуслов за успешен Национален младински

парламент, потребно е младите да го спречат наливот

на политичкото масло во својата работа.

МаЈкОвинаТа — МаЌеа За СаГлаМ кариера?

Ѓорѓе Камов [Висока школа за новинарство и односи со јавноста Сара Коцевска

МОЖнОСТи | 27

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

28 | МОЖнОСТи

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

Оваа година Младинскиот сојуз од Крушево славеше

десет години од организирањето на првата Меѓународна

младинска конференција „Европски вредности

за иднината на земјите од Југоисточна Европа“.

Конференцијата потврди и оваа година дека младите

луѓе од ЈИЕ се главните креативни и продуктивни сили

во регионот, чии идеали и стремежи го поддржуваат

развојот на регионот како просперитетен, демократски

и стабилен во рамките на Европската Унија. Во овој

контекст, 55 активни млади луѓе од 15 земји — Македонија

(земјата-домаќин), Албанија, Босна и Херцеговина,

Бугарија, Хрватска, Франција, Германија, Грција, Косово,

Црна Гора, Италија, Романија, Србија, Словенија и Турција

— од 21 до 25 септември, во Крушево, се фокусираа на

промовирање на европските вредности како заеднички

вредности на младите луѓе од овој регион.

Следејќи го примерот од Европа, каде надминувањето

на национализмот по пат на интеграција на државите

и нивните интереси, по векови на конфликти со

соседството, донесе беспримерен период на мир,

благосостојба и стабилност, невладината организација

„Младинскиот сојуз од Крушево“, во 2003 година

започна со преземање конкретни младински активности,

базирани на европското обединување за поддршка и

за популаризација меѓу активните младински лидери

од регионот на Југоисточна Европа. Во таа насока,

огранизацијата избрала нивните активности да имаат

регионален карактер, имајќи предвид дека општествата

во регионот се тесно поврзани меѓу себе и дека добрите

и лошите нешта многу лесно преминуваат од една во

друга држава.

МладиТе балканЦи раЗГОварааТ деСеТ ГОдини ПО ред За еврОПСкиТе вреднОСТи вО ЈуГОиСТОчна еврОПаГОдинава Се ОдрЖа деСеТТаТа, ЈубилеЈна кОнФеренЦиЈа „еврОПСки вреднОСТи За иднинаТа на ЗеМЈиТе Од ЈуГОиСТОчна еврОПа“, кОЈа вО круШевО Обедини ПОвеЌе Од 55 МладинСки рабОТниЦи

Маријана Јанческа [Институт за литература – Скопје] НВО „Младински сојуз на Крушево“

МОЖнОСТи | 29

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

Преку пораките испратени од десетте веќе

спроведени конференции, активните млади луѓе,

испраќаат свои ставови и сугестии за различни

општествено-економски појави во регионот, секогаш

стремејќи се да имаат свое влијание врз донесувањето

на одлуките на локално, на национално и на

регионално ниво. Учесниците на овие конференции

имаат улога на мултипликатори на заложбите на НВО

„Младински сојуз од Крушево“ преку пренесување

на заклучоците и резултатите од дискусиите во

своите матични организации и средини. На овој

начин, оваа невладина организација се труди да ја

постигне својата основна цел: да им се пренесат на

нашата младина компетенции потребни за станување

толерантни граѓани, кои ќе бидат поттикнати да

ги промовираат и да ги спроведат демократските

вредности.

На десеттата Младинска конференција, младите

луѓе, јасно ја истакнаа својата визија за побрза

европеизација на регионот, постојано се разменуваа

мислења и искуства со активните младински лидери

од своето опкружување, беа предложени сугестии,

повици, мислења и предлози, се започнаа многу

нови пријателства, се идентификуваа проблемите во

балканските општества и за нив се разговараше со

критички и со самокритички пристап. Одговорноста

што ја имаат учесниците како младински лидери

спрема општествата во кои живееме ја обврзува

оваа организација да ја продолжи својата работа

и понатаму, и тоа со поголем интензитет. Во

периодот што следува, со оглед на економската и

на политичката ситуација, за младинските лидери

се отвораат нови предизвици и се поставуваат нови

приоритети како поддршка на нашите општества во

интеграциските процеси.

Во услови на економска криза на глобално и на

европско ниво, во регионот на Југоисточна Европа

повторно се забележуваат рецидиви на некои

појави од минатото. Поради економската немоќ

на некои од општествата, поради зголемувањето

на невработеноста, како и поради економската

несигурност на граѓаните, сè почесто опаѓа

поддршката за реформските процеси што се

неопходни не само за членство во ЕУ туку и за целосна

европеизација на регионот. Евроскептицизмот,

пласиран од страна на политичките елити, наоѓа

сè почесто плодна почва, особено кај младите,

во недостаток на напредок на општествата во

евроинтеграциските процеси. Во замена за европска

иднина и за интеграциски услови, сè повеќе се

создаваат услови за развој на национализмот, кој се

нуди како алтернатива.

Во овој период, за „Младинскиот сојуз на Крушево“ е

од голема важност да остане жива идејата за европска

интеграција, особено во размислувањата на младите.

Оттука, невладината организација ја согледува

потребата да продолжи да работи на поддршка на

довршувањето на европската интеграција на регионот

како наша најважна политичка цел. Во таа смисла,

овогодишната Меѓународна младинска конференција

послужила како форум за дискусии и размислувања за

улогата на младите во постигнувањето на европските

вредности во нивните општества во ЈИЕ и за развој на

препораки и на предлози за натамошни младински

активности за промоција на европските вредности.

Гледањето на европските вредности со пристапот

на младите луѓе е од суштинско значење, и тоа не

само за нивниот развој како мултипликатори на овие

вредности. Иднината на Југоисточна Европа зависи

од насочената и конзистентна акција кон развивање

ефективни граѓански структури, од напредокот

во младинското лидерство и од интегрирањето на

регионот во евроатлантските политички, економски и

безбедносни сфери.

30 | МОЖнОСТи

ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ИСкУСТВОТО НА АНА чУРЕВА, кОјА ПРЕкУ ПРОГРАМАТА

„ЕРАзМУС“ ЌЕ ПОМИНЕ ЕДНА АкАДЕМСкА ГОДИНА НА СТУДИИ ПО ТУРИзАМ НА

УНИВЕРзИТЕТОТ ВО ГРАНАДА, ШПАНИјА.

СО „еРаЗМУС“ ПОБЛИСКУ ДО евРОПа

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

Ана Чурева [Катедра за туризам, Природно-математичкиот Факултет - Скопје] Ана Чурева

Уште како малечка имав голема желба да студирам надвор

од својата земја. Или да патувам. Сеедно, да осознавам.

Како студент по туризам, навикната сум да патувам, да

истражувам нови земји и општества. Затоа, аплицирав

за програмата „Еразмус“, која ме донесе во Шпанија. Во

моментов студирам туризам на Универзитетот во Гранада

и тука ќе бидам цела академска година. За програмата

„Еразмус“ и за можноста да поминам одреден дел од

студентските денови надвор од Македонија дознав од

мојата вујна, која, инаку, работи на Институтот за физика

при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Се

ангажирав и ги најдов сите информации поврзани со

процесот за аплицирање.

За да се пријавам, ми беа потребни повеќе документи:

потврда за редовен студент, уверение за државјанство,

уверение за положени испити, уверение за завршен курс по

шпански јазик, кратка биографија, документ за обврзување

(каде што се пишуваат предметите што треба да ги слушам

на факултетот на кој се префрлам), како и согласност

од продеканот за настава и од шефот на Катедрата за

туризам при Природно-математичкиот факултет, каде што

изјавуваат дека предметите што ќе ги слушам на факултетот

во Шпанија ќе ми бидат признати и дека ќе ми ја прифатат

трета година како успешно завршена.

Откако аплицирав, чекав три месеци за резултатите — тие

три месеци поминаа како во сон. На крајот на месец мај ме

известија дека сум прифатена од страна на Универзитетот

во Гранада и дека ги исполнувам сите критериуми за да

бидам една од студентите што студираат таму. Бев во

постојан контакт со надлежните на Универзитетот и ми

одговараа на сите прашања што ми беа нејасни. Кога

пристигнав овде, веќе беше сè организирано за бргу да

се приспособиме на новата средина. Првата недела беше

исполнета со разни настани: разгледување на градот,

запознавање со мештаните, но и со студентите од други

држави преку разни манифестации и забави организирани

во вечерните часови, но и преку одење во кино, каде што

се емитуваа филмови со историска тематика — некои од

нив беа за цела држава, но повеќето како тематика го имаа

самиот град Гранада.

По завршетокот на првата недела, веќе го имавме и

распоредот за настава. Уште од самиот почеток бев

прифатена како дел од Универзитетот во Гранада, особено

од професорите и од студентите на мојот факултет,

кои ми помагаа и сè уште ми помагаат за секој проблем

на кој ќе наидам. Од ден на ден запознавам сè повеќе

и повеќе пријатели од целиот свет, кои, исто како и јас,

аплицирале за некој проект со цел да стекнат нови

искуства, нови пријателства, како и нови знаења за својата

идна професија, а пред сè — да се духовно исполнети

и задоволни од своите постигнувања. Јас сум тука веќе

два месеца — времето минува бргу и се надевам дека до

моментот кога ќе треба да се вратам во Македонија ќе

осознаам уште многу работи, ќе запознаам многу пријатели

и ќе стекнам искуства и знаења за кои ќе можам со гордост

да раскажувам кога ќе се вратам во Македонија.

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

продолжуваин

Те

рв

Ју p

rim

us

да

рк

О М

иТ

ре

вС

ки

(ре

Жи

Се

р)

ГлуМеЦОТ не ГО Прави диПлОМаТа,

Туку ХрабрОСТа и СаМОдОвербаТа

реЖиСер, СЦенариСТ, ПрОдуЦенТ... даркО МиТревСки е „ТаТкОТО“ на „балканкан“ и на „ТреТО ПОлувреМе“, два

Одлични ПрОиЗвОда на ПОнОваТа МакедОнСка ФилМСка иСТОриЈа. Заради Зачувување на авТенТичнОСТа на

неГОвиТе ЗбОрОви, инТервЈуТО СО неГО ви ГО ПренеСуваМе беЗ никаква лекТура или ЈаЗична редакЦиЈа.

Кристина Велевска [Филолошки факултет „Блаже Конески“] Дарко Митревски

32 | кулТура

За ПОчеТОК, „ИЗЛеЗ“ вИ чеСТИТа За ОДЛИчНИОТ фИЛМ „ТРеТО ПОЛУвРеМе“ И За СИТе ПОЗИТИвНИ КРИТИКИ За НегО. шТО ве ИНСПИРИРаше За ОвОЈ фИЛМ И ЗОшТО Ја ОБРаБОТУваТе ТОКМУ Таа ТеМаТИКа?Не би повторувал по којзнае кој пат дека приказната е инспирирана од мојата средба со Нета Коен, жена врз чија животна приказна е базиран овој филм (тоа сум го раскажал едно десетпати по разни интервјуа, па веќе имам чувство дека им додевам на читателите). Но затоа би се фокусирал на вториот дел од прашањето: зошто токму оваа тематика? Па, веројатно затоа што и самиот како дете сум бил во заблуда сметајќи дека историјата на македонскиот фудбал започнува со создавањето на ФК „Вардар“ во 1947 година. Подоцна осознав дека Македонија, земја што нема којзнае какво граѓанско педигре, има фудбалска историја што се протега сѐ до првиот фудбалски натпревар одигран во дворот на скопската гимназија „Идадија“ во 1909 година. Првиот скопски фудбалски клуб „Ускуб“ е основан во 1911 година, во истата година кога е основан и сплитскиот „Хајдук“, кој е најстариот фудбалски клуб на Балканот. Риспект, дечки, риспект! Еден век подоцна можеме само капа да им симнеме на луѓето што во тоа време спартански биле посветени на еден спорт што не носел ниту пари ниту перспектива во животот… И затоа посакав да снимам филм за најуспешниот клуб меѓу нив, за ФК „Македонија“ и за сите искушенија низ кои поминале тие во својата борба за пехарот. Многумина не го знаат тоа, но токму со фузија на клубовите „Македонија“ и „Победа“ по војната е создаден гореспоменатиот ФК „Вардар“.

Беше ЛИ ТешКО Да Се РаБОТИ СО КаТаРИНа ИваНОвСКа, СО ОгЛеД На ТОа шТО Не е ПРОфеСИОНаЛНа гЛУМИца И Ова е НеЈЗИНИОТ ПРв фИЛМ?Напротив. Тешко е да се работи со

млади професионални глумици,

при што ова „професионални“ ќе го

ставам во наводници. Освен тоа, не

гледам зошто Катарина не би можела

да се нарече себеси професионална

глумица. Затоа што нема формална

драмска едукација? Па, формално

актерско образование немаат ниту

Кетрин Денев, Глорија Свансон,

Камерон Дијаз, Шарлиз Терон, Симон

Сињоре, Марлен Дитрих… Глумецот не

го прави дипломата, туку храброста

и самодовербата. Во Македонија има

многу талентирани девојки, но нивна

несреќа е што запаѓаат во рацете на

главно лоши професори по глума. Тие

наместо знаење, им го пренесуваат

сиот свој неталент – и создаваат

актерски инвалиди. Замислете, на

кастингот што го организиравме

пред две години сите млади глумици

влегоа со трема, од памет извадени,

се чувствуваа како селанчиња во

дискотека, одбегнувајќи да ме

погледнат во очи додека зборуваа

со мене… Ако мене не можат да ме

погледнат во очи – како ќе ја погледнат

камерата во објектив? Ако мене не

успеат да ме освојат при првата

средба – како очекуваат утре да ја

освојат стоилјадната публика? За

разлика од сите нив, Катарина настапи

решително, небаре секој ден режисери

ја кандисуваат да им игра главна

улога. Требаше да поминат долги

месеци заедничко дружење за да ми

признае дека во тој момент ептен била

исплашена – но во ниту еден момент

не дозволи тоа да го забележам. Ете,

тоа е вистински актер! И затоа мислам

дека пред Катарина стои успешна

филмска кариера, а пред нејзините

„професионални“ колешки стои долга

низа турски серии што треба да се

натсинхронизираат.

фИЛМОТ е МаКеДОНСКИ КаНДИДаТ За „ОСКаР“ За НаЈДОБаР фИЛМ ОД НеаНгЛИСКО гОвОРНО ПОДРачЈе. шТО ОчеКУваТе вО вРСКа СО Оваа ПРеСТИжНа НагРаДа?Тоа е како да ме прашате кога очекувам

да умрам. Тоа никој на светов не знае.

Таа оскаровска игра е комплицирана,

како впрочем и животот, но исто така

и возбудлива како животот. И кога ќе

дојде моментот на селекција, важат

законите од филмот „Хајлендер“:

„Деар куд би онли уан!“. А за да бидете

тој „уан“, прво треба да ве изберат

меѓу номинираните „фајв“. А за да

стигнете до „фајв“, треба да сте на

полуфиналната листа од „најн“. А

за да стигнете до „најн“, треба едно

„три мантс“ да правите кампања

за воопшто да бидете забележани

во исклучително конкурентната

оскаровска трка. Наш к’смет е што

имаме реномирана холивудска ПР-

компанија, која ни ги брка овие работи.

Од друга страна, наш баксуз е што

годинава се имаат пријавено рекорден

број филмови: дури 71, а некои од нив

веќе се докажани шампиони од тешка

категорија! Од кај да знам до кај ни се

силите? Арно ама, јас по убедување сум

џедај, така што му верувам на Оби-Ван

Кеноби кога вели: „Џаст фил д форс,

Лук, ју маст фил д форс!“.

КаДе гИ ПОМИНавТе СвОИТе СТУДеНТСКИ ДеНОвИ? шТО СТУДИРавТе? Студирав на Факултетот за драмски

уметности, една во принцип добро

замислена, но исклучително погрешно

поставена институција. Таму, со пар

навистина чесни исклучоци, разни

медиокритети што себеси се нарекуваа

педагози се обидуваа (и честопати

успеваа) во нас да го убијат она што

е суштествено за секој уметник:

бунтовната индивидуалност. Се

сеќавам кога доцентот Наум Пановски,

еден исклучително неталентиран

и фрустриран човек, науми мене и

Александар Поповски по секоја цена

да нè исфрли од Факултетот затоа

што не доаѓавме редовно на неговите

(инаку прилично здодевни) предавања.

А ние не ни можевме да доаѓаме,

бидејќи снимавме испитни филмови

во продукција на тој ист факултет!

Замислете: да се запишете на училиште

што треба да ве научи да снимате

филмови, а оттаму да ве набркаат затоа

што сте - снимале филмови?! И што е

најстрашно, сите други професори

или се солидаризираа со гуштерот

Наум или пак си молчеа за да не му се

замерат на мнозинството. На крајот

бевме принудени да потпишеме

покајничка изјава, нешто што имаше

цел јавно да нè понижи и да служи

како пример за другите студенти да

наведнат глава. Тогаш си се заколнав

дека никогаш нема да станам дел од

тој систем, во кој преживуваш така

што секој ден го кривиш ’рбетот за по

пола пршлен… И ден-денес не сум ја

заборавил таа заклетва.

КаДе е ПОУБавО Да Се жИвее – вО СКОПЈе ИЛИ вО ЛОС аНџеЛеС?Зависи што ми треба во одреден

момент. Во Скопје се повеќето од

луѓето што ги сакам. Во Лос Анџелес се

повеќето од нештата што ги сакам.

шТО е СЛеДНО ОД ваС? КаКвИ Се вашИТе ПЛаНОвИ За БЛИСКаТа ИДНИНа На ПРОфеСИОНаЛеН ПЛаН? Да ОчеКУваМе ЛИ НОвО фИЛМСКО ИЗНеНаДУвање?Богами да очекувате – бидејќи мене

за ништо друго на свет не ме бидуе!

Занимавањето со филм е единствената

работа за која имам талент, за сѐ друго

сум комплетен дунстер.

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

кулТура | 33

ин

Те

рв

Ју s

EC

uN

Du

ар

иЈа

ан

дО

вС

ка

(кО

МП

ОЗ

иТО

р)

34 | кулТура

„следењето филм сме навикнати да го перцепираме, пред сè, визуелно. но, што ќе се случи доколку го исклучиме тонот? дали филмот, уметноста на сликите, е чиста илузија? да, но е аудиовизуелна. илузијата се наоѓа во средиштето на најважниот однос помеѓу звукот и сликата - односот на додадена вредност. Под додадена вредност подразбираме изразна и информативна вредност со која некој звук ја збогатува сликата до таа мера, што ни се чини дека во моментот на гледање (или во натамошното сеќавање) таа информација или тој израз природно произлегуваат од она што го гледаме и веќе се содржани во самата слика. оттука е и очигледно погрешниот впечаток дека звукот е непотребен и дека само ја повторува смислата, која всушност тој ја дава и ја создава, без разлика дали во целост или со разликата од она што го гледаме.“ – извадок од скриптата по аудиовизија на дарија андовска.

ФаСЦинирана СуМ Од МОЌТа на МуЗикаТа, кОГа Таа ГО неМа ПриМаТОТ, Туку е вО ФункЦиЈа на една ПОвиСОка идеЈа.Харизматична, ведра и професионалец во секоја гледна точка. дарија андовска дипломирала композиција во класата на Гоце Коларовски, магистрирала на „ZHdK“ во Швајцарија, а моментално е во исчекување на докторските студии во класата на Каја Черновин на институтот во Харвард – сад. работи како доцент на Факултетот за музичка уметност, но и на Факултетот за драмски уметности во скопје. и – среде сиот тој набиен распоред од предавања, од изведби на дела и од проби за претставата „духот на слободата“ во Куманово, успеавме да одвоиме време да продискутираме за филмската музика, за магистерските студии во Цирих, за нејзините последни изведби...

Симона Јовчева [Факултет за музичка уметност] Ивана Дракулевска

продолжува

ДаРИЈа, КОМПОЗИТОР СИ На МУЗИКа За фИЛМ, За ТеаТаР И За ТаНц, а СИ УчеСТвУваЛа И вО ПОвеЌе МУЛТИМеДИЈаЛНИ ПРОеКТИ. КОЈа е, СПОРеД ТеБе, ПОвРЗаНОСТа ПОМеѓУ фИЛМОТ И фИЛМСКаТа МУЗИКа. КОЛКУ МУЗИКаТа гО ПРавИ фИЛМОТ? Музиката во филмот е како музика на свадба - може да

ја направи свадбата, а може и да ја уништи. Звукот во

филмот, многу повеќе од сликата, е средство за потајна

афективна и семантичка манипулација. Оние режисери

и композитори што се свесни за моќта на музиката и на

звукот, можете да ги препознаете по ремек-делата, во кои

со ненаметливи и со елегантни решенија се постигнува

многу. Музиката, како и секоја друга уметност, вклучена

како медиум во филмот, треба да се користи за да се

кажат нешта што остануваат недоречени од сликата, од

зборот, од монтажата во филмот. Како голем љубител на

синкретичната уметност, но и како познавач на музиката,

фасцинирана сум од моќта на музиката, кога таа го нема

приматот, туку е во функција на една повисока идеја.

вИСОКООБРаЗОвНИТе МУЗИчКИ ИНСТИТУцИИ НИЗ СвеТОТ веЌе ОДаМНа гИ ЗаМеНИЈа ТРаДИцИОНаЛНИТе МеТОДИ На ИЗУчУвање СО

МОДеРНИ, ОДНОСНО Ја вОвеДОа ТехНИКаТа вО НаСТаваТа. На фМУ, ПаК, МИНаТаТа гОДИНа Беа вОвеДеНИ НОвИ ПРеДМеТИ – вОвеД вО ПОПУЛаРНаТа МУЗИКа И аУДИОвИЗИЈа, а ОД Оваа гОДИНа ОТвОРеН е И НОвИОТ СМеР – ПОПУЛаРНИ жаНРОвИ. КОЈа е цеЛТа И НаМеРаТа На вОвеДУвањеТО НОвИ ПРеДМеТИ И СМеРОвИ На фМУ?Новиот раководен тим на ФМУ, на чело со деканката

Гордана Јосифова-Неделковска, направи многу

позитивни промени и го води Факултетот според новите

светски текови и трендови. Токму поради тоа се воведоа

новите предмети и оддели - да се освежи програмата,

да се следат интересот и потребите на современото

музичко живеење и да се фати чекор со европските и со

светските високообразовни музички институции. Освен

балетскиот оддел, кој е отворен во 2011 година, а кој им

овозможи на нашите балетски уметници да го продолжат

образованието во Македонија под менторство на врвни

уметници, во 2012 година се отвори и оддел за популарна

музика, кој, пак, им овозможи на студентите да добијат

образование во согласност со нивните афинитети и

желби. Во процес на реализација е отворањето на уште

еден оддел, но за тоа допрва ќе се чуе.

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

ин

Те

рв

Ју s

EC

uN

Du

ар

иЈа

ан

дО

вС

ка

(кО

МП

ОЗ

иТО

р)

ДИПЛОМИРа И МагИСТРИРа вО КЛаСаТа На ПРОфеСОРОТ гОце КОЛаРОвСКИ (1959-2006). КаКО ТОЈ вЛИЈаеЛ вО ТвОеТО НаСОчУвање И вО ИЗгРаДБаТа На СОПСТвеН И авТеНТИчеН СТИЛ На ПИшУвање МУЗИКа?Професорот Коларовски беше уникатен во

односот кон својата класа и токму поради

тоа сите негови студенти си развија свој стил

на пишување и личен печат, без воопшто да

се почувствува естетската насоченост на

професорот. Неговото влијание повеќе ги

акцентираше: дисциплината, образованието

и информираноста, развивањето на идејата

пред реализацијата, професионалноста во

сè, пронаоѓањето на соодветен пристап,

интензивното размислување, љубовта кон

музиката и уметноста воопшто. Она на

што професорот Коларовски нѐ научи е

со непроценлива вредност, а јас до крај

на животот ќе му бидам благодарна и со

огромна почит и гордост ќе го споменувам.

„Деца, полнете го куферот со знаење - тоа е

најголемото богатство без тежина, кое секаде

ќе си го носите и кое многупати ќе ви го

олесни животот“ се зборовите на професорот

Коларовски.

вО 2007 гОДИНа МагИСТРИРаше На СТУДИИТе За СОвРеМеНа КОМПОЗИцИЈа вО КЛаСаТа На ИЗаБеЛ МУНДРИ, СО СУПСПецИЈаЛНОСТ За фИЛМСКа МУЗИКа И ПРОДУКцИЈа вО КЛаСаТа На ДОМеНИКО феРаРИ И На аНДРе БеЛМО На ZHdK вО цИРИх, шваЈцаРИЈа. КаКвО ИСКУСТвО СТеКНа И КаКО фУНКцИОНИРа СИСТеМОТ ТаМУ? Швајцарија е неверојатна земја. Сè

функционира беспрекорно, условите за

работа се на највисоко можно ниво. Секако,

тоа подразбира и соодветно ниво на

одговор, во смисла на успеси, креативност

и одговорност. За мене ваквиот систем е

идеален бидејќи, кога работам што било, нема

забошотување, нема криење, нема изговори и

оправдувања, сè мора да биде на највисокото

можно ниво. Веројатно делумно и поради тоа,

од моментот кога стапнав во Швајцарија, веќе

бев распродадена за наредните две години

за проекти што беа надвор од студиите. Но,

ваквата оптовареност воопшто не пречи кога

условите за работа се беспрекорни, туку

напротив – ги зголемува продуктивноста и

креативноста.

Интересно, и за мене ново, беше тоа

што комисијата за магистерскиот испит

не беше составена од професори од

конзерваториумот, туку од уметници и од

професори од цела Европа, кои за првпат

го гледаат студентот на неговиот испит и се

сосема во состојба да дадат непристрасно

мислење и оцена. Имајќи предвид дека во

мојата комисија беа големи и реномирани

композитори, како Бетина Скрипчак и

Ксавијер Дајер, и дека испитот го полагав на

три јазици (германски, англиски и француски),

многу се гордеам со завршната оцена: magna

cum laude (лат. со голема чест).

Се чИНИ ДеКа ИМаше ДОСТа аНгажМаНИ ИЗМИНаТава гОДИНа. КаДе Беа ТвОИТе ПОСЛеДНИ ИЗвеДБИ На ДеЛа КаЈ НаС И вО СТРаНСТвО?Изминатава година беше прилично

интензивна во однос на работата и доста

активна во однос на концертите. Во март,

во Цирих, на „IOIC“, фестивал за современа

музика и за стари филмови, беше изведена во

живо мојата музика за филмот „Лудилото на

доктор Туб“ од Абел Ганц. Во мај, во Куманово,

беше премиерната изведба на претставата

„Околиска болница“, за која ја работев

музиката, во режија на Јане Спасиќ, по текст

на Христо Бојчев. А, во јуни, во Тетово, беше

премиерната изведба на „Аквариум“, во

режија на Лука Кортина (Италија), по текст

на Рефет Абази (јас ја работев музиката).

Оваа претстава беше изведена и номинирана

за најдобра претстава на реномираниот

фестивал „МЕСС“ во Сараево, Босна и

Херцеговина.

Во последниве десетина дена, мојата

композиција „DOrMIrNO“имаше изведба

во Опатија, од ансамблот „SONEMUS“; на

Есенските музички свечености, во рамките

на концертот „Од студентскиот опус на

нашите професори“, се изведе еден став

од гудачкиот квартет „Илуминации“; на 14

ноември, во Куманово, премиера доживеа

претставата „Духот на слободата“, во режија

на Лука Кортина (Италија), по текст на Горан

Стефановски, се разбира – со моја музика; а на

18 ноември, по повод 21 година независност

на Република Македонија, на концертот во

Рим (Италија), мојата композиција „Молитва“

за глас и за пијано ја изведе нашиот светски

познат тенор, Благој Нацоски, со придружба

на пијано од Алесандро Дагостини. За она

што следува – допрва ќе се чуе.

36 | кулТура

кулТура | 37

ин

Те

рв

Ју T

Er

Tiu

ОС

Тад

ин

Ге

рО

Ск

и(л

ик

Ов

ен

уМ

еТ

ни

к)

продолжува

чуМу СТрав?на 9 ноември, во домот на арМ, беше отворена првата самостојна изложба на младиот уметник Костадин Героски, еден од поистакнатите членови на неформалната група млади алтернативни уметници од повеќе области. Героски (1988) е мултимедијален уметник; покрај сликарството, активен е и на полето на книжевноста (каде е наградуван) и на музиката, а создал и три кратки филмови. своите слики тој ги опишува како аналогни на неговата проза; му служат за нејзино надополнување и дообразување. Мултимедијалниот карактер, не само на Героски туку и на гореспоменатата група млади луѓе, беше одразен и на отворањето на неговата изложба преку читање поезија, музичка изведба и воведен говор од „човекот на вечерта“.

Дени Омерагиќ [Факултет за музичка уметност] Приватна архива и сликани платна

КажИ НИ ПОвеЌе За ИЗЛОжБаТа, За ТОа КОЛКУ вРеМе ТИ ТРеБаше Да Ја ПОДгОТвИш, КОЈ ТИ ПОМОгНа ИТН.

Петнаесетте акрилни платна и петнаесетте графики се родија како апотеоза на мојата сага кон Византија, во која се вљубив студирајќи

архитектура. Ми требаше повеќе од една година. Бев опседнат со смртта од една страна и со вечноста од друга; тие ме измачуваа. Често правев стотици скици барајќи ја совршената слика, се нервирав и никогаш не бев задоволен од себеси. Понекогаш сакав да ги фрлам во отпад. Се затворав дома и не се

дружев со никој. Згора на сè ова, на почетокот, моите родители гласно се противеа јас да сликам и морав да се снаоѓам за пари за да купувам платна, бои... На крајот, сепак, сè си дојде на своето место и имав навистина добра посетеност и интерес од јавноста. Па, и од стручната јавност. Симболизмот

на моите слики допира до многу души.

ЗОшТО ТОКМУ „вИЗаНТИСКИ чОвеК“?Византискиот човек е современиот Македонец, кој не може да се помири со

светските текови на глобализацијата и со циничниот капитализам, бидејќи тој самиот е растен во едно културно милје, една онтолошка матрица, која

е најмногу од сè - ВИЗАНТИСКА. Циклусот настана кога сфатив оти не можам, дури и да сакам, да избегам од фактот дека во Македонија на еден квадратен километар има повеќе цркви отколку што било друго. Византија е етиката што би можела да нè спаси од постмодерното лудило! Но, дали?

Византија има и свои сопирачки и свои забрани и тука страда византискиот човек, кој го насликав со мунковски крикови, со ожарени бои, со виолетови

сенки, во темни, многу темни, алхемиски простори, кои потсетуваат на цркви, на народни носии или на сакрална геометрија.

38 | кулТура

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

ин

Те

рв

Ју T

Er

Tiu

ОС

Тад

ин

Ге

рО

Ск

и(л

ик

Ов

ен

уМ

еТ

ни

к)

вО ТвОЈОТ вОвеДеН гОвОР Се СвРТе КОН „ТРИТе РаСПеТИЈа“ шТО ТежаТ вРЗ МаКеДОНецОТ. БИ МОжеЛ ЛИ ПОДРОБНО Да Се ОСвРНеш На ОвОЈ КОНцеПТ?Да, јас се качив на една маса и почнав

да ги проповедам трите распетија на

денешницата.

Првото распетие е распетието помеѓу

традицијата и современоста. Македонскиот

уметник од мојата генерација традицијата

ја чувствува како товар што му тежи. Исто

како да си Јапонец, а да не знаеш што

е змеј – ете, за такво бреме зборувам.

Но, во Јапонија змејовите успешно се

инкорпорирани во целата нова и популарна

култура, па во „Византиски човек“ јас го

нудам токму тоа решение: го нареков

наттрадиција и сметам дека тоа е можно

да го направиме, тоа јас го пробав.

Наттрадицијата е единствениот начин

традицијата да преживее.

второто распетие е распетието на

идентитетот. Како можеме да имаме

македонски уметник на иднината ако тој

не е сигурен во својот идентитет? Антички

Македонци или Словени? Мора да знаеме.

Лично, поборник сум на теоријата дека

нашиот ген е мешавина од двата ентитета

и не се срамам што сум мешавина! А вие?

Одговорете ми! Проблемот настанува кога

луѓето сакаат да го прифатат едното и го

негираат другото. „Византискиот човек“

за мене е средината помеѓу античкиот и

словенскиот Македонец – и историски, но и

културно.

Третото распетие е распетието на

политиката. Како и сè друго во земјата, и

уметноста е, за жал, поделена на сина и

црвена и сè додека имаме вакви поделби

и дихотомии, нема да имаме ангажирана

уметност ниту пак конструктивна критика.

Ве повикувам да ја издигнеме уметноста

над овие глупости, да ја деконструираме

дихотомијата во манирот на Дерида, да

ја скршиме веднаш, сега, да создадеме

Трет Пат и само така ќе се издигнеме над

неа и ќе постанеме она што го нарекувам

Надмакедонец – битие за кое своевремено

пееја „Архангел“ во легендарната „Uber-

makedonischen“. А, во тој контекст би ја

издвоил и мислата на Ниче, кој во една

ваква ситуација би рекол : „Сè што било

создадено од љубов – било создадено

НАД силите на доброто и на злото!“ Ова

најдобро ќе го направиме со протест и

веќе имам идеи за улични перформанси,

во кои ќе се спојат уметноста и протестот.

Силно ги поддржувам „Слободен индекс“,

„Ленка“, „Анархистички фронт“ и сите оние

што протестираат за да протестираат и што

сакаат Трет Пат во сите сфери!

На 15 НОеМвРИ, вО КИНОТеКаТа На МаКеДОНИЈа, ПРеТСТавИ ДеЛ ОД СвОЈаТа ПРОЗа ПО ПОвОД ОДБеЛежУвањеТО На МеѓУНаРОДНИОТ ДеН На ПИСаТеЛИТе вО ЗаТвОР. МОже ЛИ Да Се ПОвЛече ПаРаЛеЛа ПОМеѓУ ТОа И МеТафОРИчКИОТ ЗаТвОР На МаКеДОНИЈа вО ОДНОС На СЛОБОДаТа На ИЗРаЗОТ И ОгРаНИчУвањаТа На МаЛИОТ ПаЗаР?Per se! Ergo, во Македонија нема

слободарска традиција! Имаме традиција,

но немаме традиција на почитување на

индивидуата! Замислете што правеа оние

што не беа православни во Византија!? А,

пазарот – тоа е друга тема. Пазарот секогаш

бил и ќе биде мал во малечка земја. Битно

е да имаме уметничка сцена и таа да е

квалитетна. Прво сцена, после пазар. Плус,

за уметниците има пазар и во странство,

не? Погледнете го Манчевски, или Гоце

Смилевски, или Маџиров, или Плевнеш. Тие

се најкорисните патриоти и амбасадори на

земјава, не политичарите! Во Кинотеката

одржав беседа во која ја преземав улогата

на Прличев, кој излегол од својот гроб за да

им фрли клетва на македонските уметници,

велејќи им: „Проклет нека е мојот народ,

кој не го кренал својот глас против ништо,

против никого, па ни против самиот себеси!“

Ќе го цитирам мојот професор Грчев, кој

велеше дека Македонија е општество

на стравот, на атавизмот и на ропскиот

менталитет. Чуму страв? Немаме време за

страв.

КОИ Се ТвОИТе аМБИцИИ За ПОНаТаМУ?Го подготвувам својот прв роман, но

„отом-потом“, не брзам. Ќе се одморам

од сликите и ќе ѝ се навратам на прозата

и само на прозата. Порано се занимавав

со повеќе уметности оти тие самите ме

повлекоа, ме втурнаа и верувајте – во

тој процес на интертекстуалност се учи

многу за уметноста, а тоа ми отвори многу

мисловни врати и ми помогна. Уметноста

е едно невидливо битие, а ние ја гледаме

низ повеќе медиуми. Сепак, на крајот,

човек мора да одбере една област и јас тоа

ќе го направам со прозата. Да, ќе бидам

мултимедијален, но само во еден медиум -

како инка, оти во животот не може да имате

сè ниту, пак, ви треба сè. Тоа е алчноста на

модерниот човек, која ќе ја избегнам; ќе се

прочистам духовно, ќе го смачкам своето

его и храбро ќе заминам на илуминирачко

патешествие.

шТО е СЛеДНО КаЈ ТеБе?Уште многу работа (се смее). Ќе ги поведам

младите уметници во ново движење, ќе

бидам остар како меч и ќе го пробам

невозможното. Ќе слушате за мене.

40 | МуЗика

МИСЛаМ ДеКа Ќе Се СОгЛаСИТе СО НаС аКО ЗаКЛУчИМе ДеКа СИТе Деца вО СвеТОТ ИМааТ ИСТИ, УНИвеРЗаЛНИ, жеЛБИ За ИДНИНаТа: Да БИДаТ фУДБаЛСКИ МеНаџеРИ/ТРеНеРИ; Да ИМааТ СвОЈа МУЗИчКа гРУПа.

аРНО аМа, Не СеКОе ДеТе гО ИМа КаСМеТОТ НеКОгаш, БаРеМ На МОМеНТ, Да гО ПОчУвСТвУва БРЗОТО ТРОПање На ТРеНеРСКОТО СРце ПО ДОБРООДИгРаНИОТ НаТПРеваР ИЛИ Да гИ ИЗвеДе ПРеКРаСНИТе „СОЛажИ“ На гИТаРаТа, КОЈа, вСУшНОСТ, НИКОгаш Не МУ Ја КУПИЛе НегОвИТе РОДИТеЛИ. а НИе, БИДеЈЌИ ЗНаеМе КаКвИ Се УСЛОвИТе За фУДБаЛ вО МаКеДОНИЈа, СеПаК ПОвеЌе Ќе Се ЗаДРжИМе На ОНИе ТаЛеНТИРаНИ Деца шТО УшТе ОД МаЛИ „ПРеСПИвааТ“ ПО ваЛКаНИТе ПОДЗеМНИ гаРажИ, СО НаДеж ДеКа еДеН ДеН Ќе СТаНаТ СЛавНИ И КваЛИТеТНИ МУЗИчаРИ. ТИе Деца Се НавИСТИНа За ПОчИТ. вИе Не МОжеТе НИ Да СИ ЗаМИСЛИТе КОЛКУ е СаМО ТешКО И КОЛКУ СаМО вРеМе е ПОТРеБНО Да Се НаПРавИ еДНа КваЛИТеТНа ПеСНа. НО, ТИе „ПОДЗеМНИ“ ДечИња НИКОгаш Не Се ОТКажУвааТ ОД ТаЛеНТОТ.

Мартин Богатиноски [Висока школа за новинарство и за односи со јавноста]

и ПанкОТ вО МакедОниЈа

ПаНКОТ Не е СаМО МУЗИКа, ТУКУ И НачИН На жИвОТ И На РаЗМИСЛУвање

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

МуЗика | 41

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

Имавме можност да направиме еден

мал разговор со еден „тригодишен“

панк-рок-бенд, „Филтер 57“, составен

од четворица тинејџери, кои веќе

имаат снимено и демо-албум и кои

велат дека единствен голем проблем

со кој се соочуваат е наоѓањето

гаражен простор за вежбање, а сѐ

друго е релативно лесно. Сепак, и

најтешката работа, ако се работи со

љубов, дава позитивни резултати.

„Навистина, многу напорно се

подготвуваме и го градиме својот

кариерен план, па се надеваме дека

еден ден, слушајќи нѐ на радио,

народот ќе се сети дека токму

овој бенд и нивното свирење беа

причините за нивната несоница“,

духовита изјава на еден од

членовите.

Исто така, велат дека наоѓањето

свирки и места каде што ќе можат да

го оправдаат својот труд е сведено

на минимум, со оглед на фактот дека

народот е преокупиран со многу

турбо-фолк „ѕвезди“, кои тотално

им ги затвораат ушите на луѓето за

квалитетна музика.

НО, ДаЛИ НеКОгаш ТОа БИ МОжеЛО Да Се ПРОМеНИ И На КаКОв НачИН Да Се НаМаМИ НаРОДОТ Да Се СвРТИ КОН ДОМашНИОТ КваЛИТеТ? На тоа прашање „подземните“

одговорија: „Народот не може

никогаш да се промени во целост.

Тоа е факт. Сепак, не може некого

со сила да го натерате да ја слуша

таа музика. И тоа е факт. Но, барем

да добиеме почести свирки и

почести концерти, макар доаѓале

и само 10 души, бидејќи верувајте

дека тие десетина со нетрпение

очекуваат некоја таква забава,

на која навистина ќе уживаат. А,

бендови има многу. Навистина добри

бендови, кои можат да ја променат

оваа ‘мизерна’ ситуација, но само

доколку им се даде шанса“.

КОЛКав е БРОЈОТ На ДОМашНИТе КваЛИТеТНИ БеНДОвИ шТО Сè УшТе Се БОРаТ Да СТаПНаТ На Таа СцеНа, НО Не МОжаТ Да гО СТОРаТ ТОа ПОРаДИ НеСфаТЛИвИ ПРИчИНИ?„Може да се каже дека токму ние сме

еден таков пример. Нашиот музички

живот веќе дуваше три свеќички,

но, за жал, тортата сè уште не е

пресечена. Се организираат свирки

и миниконцерти низ Македонија,

но тоа се случува двапати годишно,

што е премногу нефер ако се измери

времето и вложениот труд во другите

слободни 10 месеци од годината.

Но, навистина е жалосно за бенд

како ‘Дефект’, кој постои веќе 6

години и кој има издадено 3 албуми,

да биде сенка на некои почетници

со силни врски. Други такви групи,

оштетени на сличен начин, се: ‘New

Police State’, ‘Нова генерација’,

‘Тотално опуштање’, ‘Калимеро’ и

многу други активни бендови, кои го

‘газат’ своето најдобро време само

во своите гаражи“, вели басистот

на „Филтер 57“, Питер Владимир

Ференц.

СТе ИМаЛе ЛИ НеКОгаш шаНСа Да ИЗЛеЗеТе ОД гРаНИцИТе На МаКеДОНИЈа И Да ЗаСвИРИТе ПРеД ТУѓа ПУБЛИКа, ПО НИвНО БаРање?Минатото лето требаше да

отпатуваме во Суботица и да свириме

на нивниот познат „Рок-фестивал“,

но, како и секогаш, бевме спречени

поради финансиски причини.

Ниту тие беа во можност да го

платат нашето присуство ниту ние

можевме да си дозволиме таков

кариерен луксуз. Пред неколку

години, „дефектните“ гостуваа на

фестивал во Хрватска, со свој платен

превоз, со свој платен престој и

со своја платена болничка услуга,

поради повредите што ги добија

од хрватските националисти. Тоа

најдобро ја покажува ситуацијата на

македонските бендови: Не добиваат

никакви шанси за напредување на

домашен терен, а гостинскиот е

премногу скап и штетен за здравјето.

ОБЈаСНеТе НИ Ја ПРОцеДУРаТа За ИЗДавање НОв аЛБУМ вО МаКеДОНИЈа И КОЛКУ ТОа чИНИ?Цената за издавање албум во

државава е иста како да сте

направиле цела балканска турнеја

со бендот. Ние имаме издадено

само демо-албум со 7 песни и не

се ни осудуваме да ја „чепнеме“

таа тема со официјалниот, кој чини

најмалку 3000 денари од песна. А,

што се однесува на процедурата,

најголемата процедура е да се има

пари, сè друго е финеса.

И, За КРаЈ, БИДеЈЌИ ПОвеЌеТО ОД вашИТе ПеСНИ Се СО аНаРхИСТИчКИ ТеКСТ, КОЛКУ ТОа вИСТИНСКИ вЛИЈае вРЗ „СЛУчаЈНИТе“ СЛУшаТеЛИ?Видете, панкот не претставува само

правец на музика, туку и начин на

живот и начин на размислување.

Како што дивите ноти го подигнуваат

адреналинот така и анархистичките

текстови си ја вршат својата работа

во мозокот на слушателите. Преку

текстот го прикажуваме своето

незадоволство кон политиката,

манипулацијата, парите, неправдите,

расизмот и кон нацизмот, а цврсто

се држиме и против глобалната

индоктринација врз народот.

Многупати се случувало некои

луѓе од публиката да ги затворат

ушите поради дивоста на музиката

и на текстовите; се случувало и

да нè исмејуваат поради нашата

„невозможна“ цел, но најчестата

појава е аплаузот по секоја песна и

гласното „БРАВО!“ по секоја свирка.

Нам ни останува само да им се

заблагодариме за искрените

одговори на младите панкери и да

им ја искажеме целосната поддршка,

која ќе им биде потребна за во

иднина. Се надеваме дека со текот на

времето ќе се изменат некои работи

и дека конечно Македончето ќе

сфати дека лежи на многу скриени и

неоткриени музички таленти.

42 | МуЗика

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

СИЗ: Responsibility

ПРОДУЦЕНТ: НеНаД ТРИфУНОвСКИ

ИЗДАВАЧ: НаПРавИ ЗаеДНО

ВРЕМЕТРАЕњЕ: 21 МИНУТA

ОЦЕНА: 7/10

Со неконвенционални структурни решенија и со „power-duo“ инструментариум, искористен на начин досега

невиден кај нас, првенецот на кумановското дуо „СИЗ“ е едно од најуникантните изданија во последните неколку

години. Со времетраење одвај над 20 минути, ова издание е EП (без разлика на тоа што е наречено ЛП од страна

на изведувачот и на издавачот) и содржи 13 песни, од кои само една навлегува подлабоко во третата минута, што

придонесува за фагментарното чувство што оваа плоча го проектира од формален аспект. Под закрила на авангарда

и на минимализам, песните од овој албум се формално нецелосообразни и музички недоискажани. Овој субјективен

пристап, кој пркоси на непишаните норми за форма на поп-песна, е освежувачки како концепт, но во конкретниов

случај е погрешен. Големо отклонување од овој субјективен пристап е вокалот, чија дикција на англискиот јазик

остава недоволно убедлив впечаток. Да не останам и јас недоискажан, ќе завршам со тоа што ќе напоменам дека, и

покрај амбигуозната рецензија, ова издание има доволно суштина за повеќе преслушувања – нешто што можам да го

кажам единствено за ова издание на листата.

2012 беше релативно плодна година кога станува збор за дискографски остварувања.

Плејада независни изданија, издадени на сопствени етикети, беа присутни на пазарот (ако постои)

во последните неколку години, а полека се чувствува зајакнување на некои помали „налепници“.

доколку пред неколку години „PMG“ беше доминантното име на независната сцена, денес имињата

како „Sixtynine Records“ и „наПраВи ЗаЕдно“ се еднакво присутни. За волја на вистината, сите три

имиња соработуваат со дел од истите изведувачи (и меѓусебно), создавајќи атмосфера на заедништво на

сцената (братство – единство/кој е пионерот?) каква што немало од доцните ’90-ти.

Тука вреди и да се спомене групата бендови сконцентрирани околу „22 Records“, кои, исто така, се

борат за сопственото место на алтернативната сцена. со кажаново, би сакал да се сконцетрирам на три

изданија од втората половина на 2012 година, сите издадени од „наПраВи ЗаЕдно“, сите снимени од

истиот човек и сите релативно кратки и to the point!

Дени Омерагиќ [Факултет за музичка уметност]

МуЗика | 43

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

CultuRe development: tHe 3 of us

ПРОДУЦЕНТ: НеНаД ТРИфУНОвСКИ/ДеНИ КРСТев

ИЗДАВАЧ: НаПРавИ ЗаеДНО

ВРЕМЕТРАЕњЕ: 28 МИНУТИ

ОЦЕНА: 6/10

По распадот на „Heart Stroke“, еден од бендовите од помладата генерација, за кој се чинеше дека има светла иднина,

дел од членовите се реконструираа во ова моќно трио, заменувајќи го хардкор панкот со т.н. пост-хардкор – релативно

нов и недефиниран жанр, но дефинитивно чекор напред кон позрел звук, кој користи повеќе бои од соничната палета

и кој зема поуметнички пристап, кој сам по себе не отстапува од директноста/непосредноста на самиот однос кон

слушателот. Суровиот пристап на албумот тука се чини најсоодветен, но е потценет од сувите и превисоко измиксани

вокали, кои заземаат 60% од звучната слика, како да е фонографска снимка од почетокот на 20 век, а не албум

(веројатно) снимен доминатно (или целосно) на дигитална опрема, иако овој коментар е делумно поттикнат од мојата

аверзија кон старовремскиот концепт на ВИС, каде што сè е потчинето на вокалите. Албумов би бил маргинално

подобар со потчинување на вокалите, а не би било на одмет и текстовите да се на македонски, со што поприродно би

се пренел дел од емоциите, кои се важна компонента на ова издание. Сѐ на сѐ – солидно деби-издание.

хахаха: СИРОМашНИ И БОгаТИ

ПРОДУЦЕНТ: НеНаД ТРИфУНОвСКИ/ДеНИ КРСТев

ИЗДАВАЧ: НаПРавИ ЗаеДНО/moonlee ReCoRds

ВРЕМЕТРАЕњЕ: 31 МИНУТA

ОЦЕНА: 6/10

„ХАХАХА“ е бенд што во првата половина на своето дејствување постоеше само како фуснота на „Bernays Propagan-

da“, попрочуениот проект на Васко, Ненад и на Џано. Но, со слушање на овој албум (втор по „Танго Револуционер“ од

минатата година), се добива впечаток дека конечно ја одлепуват таа етикета и дека почнуваат да создаваат сопствена

база на обожаватели, која е можеби поблиска до онаа на „FxPxOx“, уште еден проект на истата тројка, отколку до BP.

Сепак, не би сакал да правам споредби со ниту едни; она со што можам да правам споредба е „Танго Револуционер“.

Музички не е големо поместување напред, но, за среќа, и „Танго Револуционер“ не беше премногу лошо остварување.

И тука се присутни влијанијата од американскиот панк и од британскиот пост-панк на ’80-тите, со „остар раб“ што добро

е пресликан од живиот звук. Инструменталниот дел на две песни („Кон своите се вртиш“ и „Секој работи“) е збогатен

со присуството на Владан Дробицки и на Панче Бујуклиев на тромбон, односно на ел. клавир (обајцата од „Sethstat“),

како и на Кристина Горовска („Bernays Propaganda“), која ги изведува придружните вокали на „Колку назад можеш да се

вратиш“. Најслаба страна на албумот се токму вокалните мелодии, кои се неинвентивни и кои на моменти наликуваат

едни на други, но веројатно Васко свесно се држи до своите ограничувања како вокал. Тука не би коментирал за

текстовите, поради тоа што не се чувствувам доволно квалификуван, само би напоменал дека се главно апстрактни и

дека има подобрување од општествено-критичко-локал-патриотската приказна на минатото издание. Over and out.

44 | СлОбОднО вреМе

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

интересна занимација за пополнување на слободното време, уметност или само обликување

фигури од хартија? изработката на оригами е стара јапонска вештина, која инспирирала многу ентузијасти низ светот. Вера Велевска, студентка

на Економскиот факултет, ја пренесува лично својата приказна за љубовта кон оваа уметност,

која датира уште од антички дни.

ОриГаМи — ФенОМен Од

Парче ХарТиЈа

еФекТивнО кОриСТење на (не)СлОбОднОТО вреМе

Вера Велевска [Економски факултет] Сара Коцевска

СлОбОднО вреМе | 45

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

Мојата приказна за оригамите

— семантички врзани за

јапонските зборови „ори“

(витка) и „гами“ (хартија) —

започна во текот на мојата

прва колоквиумска недела.

Иако обично под хоби се

подразбираат активности што

се изведуваат во слободно

време, кај мене работите

се одвиваа поразлично. Не

успевајќи да се концентрирам

на напишаното во книгите,

постојано си наоѓав

занимација во предметите

што ми беа во непосредна

близина, превртувајќи ги

по стопати и преместувајќи

ги од едно место на друго.

Така, започнав „да си играм“

со еден лист хартија на кој

претходно пишував забелешки,

образувајќи го во авионче.

Во тој момент, се сетив на

деновите од основното

училиште кога изработувавме

некакви животинчиња од

хартија и ги нарекувавме

„оригами“, ама никако не

можев да се сетам како одеше

целата постапка, иако во тоа

време „ги владеев“ прилично

добро. Затоа, решив да

прочепкам низ интернетот

и да ги најдам тие неколку

едноставни чекори што водат

до прекрасни фигури од

хартија. Така започна сè.

Се изненадив од тоа што

каналите на „Јутуб“ беа

преполни со видеозаписи за

изработка на оригами — од

наједноставни до најсложени.

Во својата природа, техниката

на изработување оригами

се заснова на геометријата

— секое свиткување е права

линија. При изработката, може

да се користи само еден лист

хартија или, пак, повеќе мали

делчиња. Мојот лист хартија

постојано менуваше облици,

а пропорционално со тоа —

моето време се намалуваше.

Кога веќе ми здодеа само да

превиткувам едно обично

парче хартија, преминав на

некои „покомпликувани“

методи, како сецкање на

хартијата во различни форми

и спојување на тие форми без

употреба или со многу мала

употреба на лепило.

По неколку дена, мојата соба

беше преполна со цветови,

пеперутки, кутии и со некои

недефинирани геометриски

тела. Како се одрази тоа врз

мојот успех на колоквиумите

не ви откривам. За мене

најважно е тоа што почнав да

се чувствувам како уметник

и што за своите дела добив

многу позитивни коментари,

иако не вложив некој особен

труд. Толку се заразив со

„оригамиманијата“, што почнав

секој ден да купувам хартија

со различен квалитет и во

различни бои, да се обидувам

да изработувам нови и

посложени примероци, па дури

и самата да измислувам некои

начини на изработка. Денес,

само една година по моето

деби во светот на оригамите,

сопственик сум на огромна

колекција од оригами, не

сметајќи ги оние што ги имам

подарено на своите драги луѓе.

Конечно, не сакам да заговарам

дека постојат поинтересни

нешта од учењето. Мојата цел,

едноставно, е да промовирам

една забавна и креативна

занимација, која во Јапонија

денес се смета за уметност,

или подобро речено, е

развиена до ниво на наука.

Со правење оригами може да

се занимава секој, и тоа од

повеќе причини: не треба да

бидете многу талентирани и

уметнички настроени, не ви

е потребно многу време или

скапи материјали и алатки

— потребни ви се само мало

трпение и голема желба да

создадете нешто со кое ќе

бидете горди на себе. Многу

поважно — од еколошка

гледна точка, изработката на

оригами е одличен начин за

искористување на старата

хартија за нешто што визуелно

изгледа супер на студентското

биро, а нема да заврши како

загадувач на животната

средина. Затоа, на сите

љубопитни им препорачувам

што поскоро да му се

препуштат на задоволството

од ова хоби. Забавата е

гарантирана!

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

Владимир Стајиќ [МАНУ]WindoWs 8ДЛаБОКИ ПРОМеНИ СО ПОвРшеН УСПех?

46 | ТеХнОлОГиЈа

ИЗЛеЗ/ЈаНУаРИ 2013

Од почетоците, кога за првпат беше воведен врз основа

на принципот на десктоп, па сè до денес, кога со огромна

брзина прераснува во хибриден оперативен систем

употреблив на сите кориснички уреди — вклучително и на

паметните телефони — оперативниот систем „Виндоус“ е

најизразитата одредница за развојот на светски прочуената

компанија „Мајкрософт“. Кон крајот на месец октомври 2012

година, компанијата ја лансира новата верзија на својот

најпознат оперативен систем, оставајќи широк простор

за дискусија во стручните кругови. Воден од мантрата

дека на светот постои само една константа — промената —

„Мајкрософт“ реши сериозно да го промени корисничкиот

интерфејс на „Виндоус“ и да го приспособи за паметните

телефони и за таблет-компјутерите, кои сè поразжештено

влегуваат во нашето секојдневие.

Впрочем, за „Виндоус 8“ може да се рече дека е подобрена

верзија на неговиот претходник, „Виндоус 7“, но со една

радикална разлика: отсуството на добропознатото старт

мени. Она што стручната јавност го оценува како погрешен

потег — а понекогаш дури се зборува и за неуспех — е

токму физиономската преработка на старото старт мени.

Упатените велат дека добро би изгледало на таблет, меѓутоа

во ваква форма не е воопшто прегледно при користење

персонален компјутер. Голема главоболка создава и

немањето копче за автоматско исклучување на компјутерот:

спротивно на досегашните верзии, кои можеа да се

исклучат и преку старт менито, „Виндоус 8“ се исклучува

преку едновремено притискање на копчињата Alt и F4 на

тастатурата, што за многумина е компликувана рутина во

заборав. Во иста мера, наспроти досегашната практика на

која генерации луѓе беа навикнати, функцијата на десниот

клик е потполно отстранета, но позитивно се гледа, пак, на

преструктуирањето на Менаџерот на задачи (Task Manager),

кој сега е поуедначен и графички почист.

Намерата на „Мајкрософт“ да го унапреди користењето

„Виндоус“, сепак, се загрозува со агресивноста со која

компанијата интегрирано почна да ги форсира своите

сервиси, како што се: „Бинг“, „Аутлук“, „Календар“,

„Месинџер“ итн. Имајќи ја предвид едноставноста со која

сервисите на „Гугл“ веќе допреа до корисниците — и тоа

само со пристап преку обичен интернет пребарувач — се

чини дека „Мајкрософт“ стои на исклучително стрмен

терен додека се бори да ја прошири својата дејност. Според

многумина, мора јасно да се разграничи што е персонален, а

што таблет-компјутер, со оглед на тоа што двата не користат

истородни апликации. Првичната идеја на „Мајкрософт“

да се направи хибрид што ќе поддржува исти апликации

на сите платформи е во многу погледи интересна, но им

налага на корисниците макотрпно привикнување, кое

во никој случај не е нужно. Всушност, станува збор за

меч со две острици: додека на програмерите ќе им се

олесни развивањето софтвер, односно изработката на

апликации за иста платформа, на обичните корисници ќе

им се отежни секојдневието со тоа што некој сака да им ја

смени интуицијата. Исходот останува прашање на време, а

навиките — проблем на културата.

Владимир Стајиќ [МАНУ]