Земјата е динамичен систем

31
ЗЕМЈАТА Е ДИНАМИЧЕН СИСТЕМ

Upload: petreska25252

Post on 13-Apr-2017

441 views

Category:

Education


4 download

TRANSCRIPT

Page 1: Земјата е динамичен систем

ЗЕМЈАТА Е ДИНАМИЧЕН СИСТЕМ

Page 2: Земјата е динамичен систем

ВНАТРЕШНА ГРАДБА НА ЗЕМЈАТА

Структура и состав на земјатаПо големина, земјата е петта во сончевиот систем. За разлика од некои други планети, земјата не е гасовит џин, каква што е Јупитер на пример. Земјата има цврста површина како и Меркур, Венера и Марс, од кои земјата е најголема, со најголема густина, најсилна гравитација и најсилно магнетно поле. Генерално, земјата се состои од атмосфера, биосфера, хидросфера, литисфера и нејзините внатрешни градби под површината.

Page 3: Земјата е динамичен систем

АТМОСФЕРА ЗЕМЈИНАТА АТМОСФЕРА ИМА ПОВЕЌЕКРАТНА УЛОГА. ТАА ЈА ШТИТИ ЗЕМЈАТА ОД ПОМАЛИ МЕТЕОРИ ТАКА ШТО ПРЕДИЗВИКУВА НИВНО ЦЕЛОСНО СОГОРУВАЊЕ ПРЕД ТИЕ ДА СТИГНАТ ДО ПОВРШИНАТА НА ЗЕМЈАТА. АЗОТОТ И КИСЛОРОДОТ ВО АТМОСФЕРАТА, ЗАЕДНО СО ЗЕМЈИНОТО МАГНЕТНО ПОЛЕ, ЈА ШТИТАТ ЗЕМЈАТА ОД ЗРАЧЕЊЕТО КОЕ БИ БИЛО СМРТОНОСНО. ЗЕМЈИНАТА АТМОСФЕРА НЕМА ТОЧНО ОДРЕДЕНА ГРАНИЦА, БИДЕЈКИ КАКО ШТО ПОМИНУВА ВРЕМЕТО ТАА СТАНУВА СЕ ПОБЛЕДА И ПОРЕТКА. АТМОСФЕРАТА ЈА СОЧИНУВААТ ПОВЕЌЕ СЛОЕВИ, А СЕ ПРОТЕГА НА ПОВЕЌЕ ОД 100 КМ НАД ПОВРШИНАТА. НЕЈЗЕ ЈА СОЧИНУВААТ: 78% АЗОТ, 21% КИСЛОРОД, 0,93% АРГОН, 0,03% ЈАГЛЕРОД ДИОКСИД И МАЛИ КОЛИЧИНИ НА ВОДЕНА ПАРЕА И ДРУГИ ГАСОВИ.СЛОЕВИ НА АТМОСФЕРАТА:

Page 4: Земјата е динамичен систем

ТРОПОСФЕРА (ДО ВИСОЧИНА ОД ОКОЛУ 12 КМ) Е НАЈНИСКИОТ И НАЈГУСТИОТ ДЕЛ ОД АТМОСФЕРАТА ВО КОЈ СЕ ОДВИВААТ СИТЕ ВРЕМЕНСКИ ПОЈАВИ. ВО ОВОЈ СЛОЈ ТЕМПЕРАТУРАТА ОПАЃА ВО ЗАВИСНОСТ ОД ВИСИНАТА. СОДРЖИ ГОЛЕМА КОЛИЧИНА НА ВОДЕНА ПАРЕА.

Page 5: Земјата е динамичен систем

СТРАТОСФЕРА (ДО ВИСОЧИНА ОД ОКОЛУ 50 КМ) СОДРЖИ ОЗОН КОЈ НЕ ШТИТИ ОД ШТЕТНИТЕ ЗРАЧЕЊА ВО ВСЕЛЕНАТА. ВО ПОНИСКИТЕ СЛОЕВИ, ТЕМПЕРАТУРАТА Е ПОСТОЈАНА, А ВО ПОВИСОКИТЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА. ВЕТРОВИТЕ КОИ ДУВААТ ВО СТРАТОСФЕРАТА ДОСТИГНУВААТ БРЗИНА ОД НЕКОЛКУ СТОТИНИ КМ/Ч.

Page 6: Земјата е динамичен систем

МЕЗОСФЕРА (ДО ВИСОЧИНА ОД ОКОЛУ 85 КМ) Е СЛОЈ ВО КОЈ СЕ СЛУЧУВА НАГЛО ОПАЃАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА.

ЈОНОСФЕРА ИЛИ ТЕРМОСФЕРА (ДО ВИСОЧИНА ОД ОКОЛУ 500 КМ) СОДРЖИ ЈОНИ, НАЕЛЕКТРИЗИРАНИ ЧЕСТИЧКИ. ВО ОВОЈ СЛОЈ НА АТМОСФЕРАТА, ПОД ВЛИЈАНИЕ НА СОНЧЕВИОТ ВЕТЕР, СЕ СОЗДАВА ПОЛАРНА СВЕТЛИНА. ТЕМПЕРАТУРАТА СЕ НАКАЧУВА СЕ ДО ВИСОЧИНА ОД 400 КМ.

Page 7: Земјата е динамичен систем

ЕГЗОСФЕРА ЕГЗОСФЕРАТА Е ПРЕЛАЗЕН ПРСТОР КОН ВАКУУМОТ. ТАА Е СЛОЈ СО МНОГУ РАЗРЕДЕНИ ГАСОВИ И СЕ ПРОСТИРА НА ВИСОЧИНА ОД НАД 500 КМ.

ПРЕОДНИТЕ ПРОСТОРИ ПОМЕЃУ СЛОЕВИТЕ НА АТМОСФЕРАТА СЕ: ТРОПОПАУЗА, СТРАТОПАУЗА И МЕЗОПАУЗА.

Page 8: Земјата е динамичен систем

ХИДРОСФЕРА

Хидросферата е непрекинатата водена обвивка на Земјата. Таа ги опфаќа сите води во океаните, морињата,езерата, реките, мочуриштата, водата што се задржува како постојан снег и мраз, водата во атмосферата и воЗемјината кора.

Хидросферата е поделена на океански (морски) води, копнени води и води во атмосферата. Копнени води се езерата, реките, мочуриштата, постојано ладните води на високите планини и во поларните области, како и подземните води. За разлика од нив, океаните и морињата се поврзани меѓусебно и сочинуваат единствена водна целина - Светско Море. Во Светското Море влегуваат четири океани и 56 мориња со различна големина. Водата во вид на водена пареа, ситни капки и ледени честици, се наоѓа и во атмосферата. Тоа е т.н. атмосферска вода, која преку дождот и снегот паѓа на површината на Земјата.

Page 9: Земјата е динамичен систем

БИОСФЕРА

Биосферата претставува дел од Земјината обвивка (хидросферата и граничните делови од  литосферата  и атмосферата) во која егзистира и многу активно дејствува живиот свет. Со други зборови речено, биосферата ја сочинуваат сите екосистеми. Динамиката и структурата на биосферата ја прават неа основен трансформатор на енергијата и материјата на Земјата.

Page 10: Земјата е динамичен систем

ЛИТОСФЕРА Литосферата ја претставува

горната тврда карпеста обвивка на Земјата на длабочина од 10 метри до 120 километри. Наука за литосферата е литологија - наука за карпите и камењата.

Page 11: Земјата е динамичен систем

ПРИРОДНИ ПОЈАВИ НА ЗЕМЈАТА Земјотрес или потрес е природна појава, којашто е резултат на

поместувањето на тектонските плочи, движењето на земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата.

Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицантарот и составот на земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на земјиното тло.

Јачината на земјотресот се изразува со помош на Меркали-Канкани-Сибергова скала, попозната какоМеркалиева скала, којашто има 12 степени и се темели врз разорноста и последиците од земјотресот.

Постои и Рихтерова скала или скала на Рихтер, којашто има магнитут од 0 до 9 степени и се темели врз јачината (количината) на енергија што се ослободува при потресот.

Науката што се занимава со изучување на земјотреси се нарекува сеизмологија, но и покрај големиот напредок на технологијата и новите сознанија, и денес е многу тешко да се предвиди земјотресот и неговите последици. Направата со којашто се мери земјотресот се нарекува сеизмограф, а документот што останува се нарекува сеизмограм.

Page 12: Земјата е динамичен систем

ВУЛКАН Вулканите — отвор или пукнатина во 

земјината кора низ коимагмата избива на површината како лава. Вообичаено, тие се јавуваат по должината на границите на плочите на кората: повеќето вулкани се наоѓаат во појас наречен Тихоокеански Огнен Прстен, кој се протега по должината на работ на Тихиот Океан. Вулканите може да бидат класифицирани според јачината и честотата на нивните ерупции.

Page 13: Земјата е динамичен систем

Неексплозивните вулкански ерупции, главно, се јавуваат таму каде што плочите на Земјината кора се одвојуваат една од друга. Овие ерупции создаваат многу течна базалтна лава, која брзо се шири низ пространата област и создава релативно рамни конуси. Најјаките ерупции создаваат густа лава и можат да исфрлат во вид на експлозии, облаци од прав ипироконгломерати. Лавата тече непосредно пред да се излади и затоа гради конусни вулкани со стрмни страни. Некои вулкани создаваат лава и ерупции од пепел, што градат сложени вулкански конуси. Вулканите што имаат чести ерупции се наречени активни, а тие што имаат ретки ерупции се нарекуваат заспани и тие што прекинале со еруптирање се наречени угаснати вулкани. Освен вулканите, во други појави поврзани со вулканските региони се и гејзерите, жешките минерални извори, солфатарите, пукнатините во вулканскиот конус од кои избива само чад ипареа и врелите базени со кал.

Page 14: Земјата е динамичен систем

ГЕЈЗЕР Во некои области подземни езера, реки и 

извори се загреваат од стопените карпи под нив. Жешката вода вриејќи се пробива кон површината како извори и формира езерца или може да се пробива нагоре под голем притисок формирајќи гејзер. Гејзер е жежок извор од кој, под внатрешен притисок, повремено се исфрла млаз вода во височина во вид на водоскок. Гејзери има на Исланд, во Северна Америка и во Нов Зеланд.

Page 15: Земјата е динамичен систем

БУРА

Бура (северњак, север, италјански: bora) е многу силен ветар, кој повремено дува посебно во постудените времиња од годината во северниот дел на источните брегови на Јадранското Море, а и во некои други крајеви на Земјата. Како природна појава е многу значаен овој ветар, бидејќи влијае врз животот на луѓето, организмите и развојот на вегетацијата. Бура доаѓа од копно и дува во правец на морето. Обично има голема речиси орканска сила, посебно на местата каде планините се блиску до морскиот брег.

Page 16: Земјата е динамичен систем

МОЛЊА Молња (секавица, молскавица) — моќен ненадеен тек на

електрична искра (електростатично празнење) придружено сотатнеж или гром кои се слушаат за време на бурата. Празнењето ќе се движи низ електрично наелектризирани области во самитекумулонимбуси, или од еден облак до друг облак, или меѓу облак и површината на Земјата. Наелектризираните облсти во атмосферата се ослободуваат од полнежот преку молњите или електричните празнења, често нарекувани удар на гром доколку погоди некој предмет или живо суштество на површината. Постојат три основни видови на молњи, во самиот облак (СО), од облак до облак (ОО) и меѓу облак и Земја (ОЗ). Иако молњите секогаш се придружени со звук на татнеж, оддалечените молњи можат да бидат видени но не и слушнати.

Page 17: Земјата е динамичен систем

ЕРОЗИЈА

Ерозија (латински erodere – нагризува, струга) е процес на разрушување честици од почва, камења и други делови од подлогата под дејство на водата и ветерот, како и нивно пренесување и таложење во зарамнетите делови одрелјефот. Врз типот и интензитетот на ерозијата влијаат разни фактори:климатски (дожд, ветер, сонце...),топографски (наклон, облик на падина, дисецираност...),подлогата (почвен тип, петрографски состав),како и неправилното користење на земјиштето. Според причинителот, ерозијата се дели на:водна, во која спаѓаат плувијалната (дождовна) и флувијалната ерозија (предизвикана од текуштите води) иветрова (еолска).Плувијалната ерозија се дели на површинска и линиска (браздеста и јаружеста) ерозија. Посебни облици на ерозијата се: абразивна, глацијална, карстна и суфозија.

Page 18: Земјата е динамичен систем

ПЛИМА И ОСЕКА

Плима и осека (морски мени) — растот и снижувањето на морското ниво предизвикано од заедничкото дејство на гравитационите сили на Месечината и Сонцето и ротацијата на Земјата.

Некои крајбрежја имаат две скоро подеднакви плими и осеки секојдневно, наречени полудневни плими. Некои места пак имаат само по една плима и осека дневно, наречени дневни плими. Некои пак места имаат две временски нееднакви плими и осеки дневно, или пак една плима и осека дневно, овие се наречени мешани плими. Времето и висината на плимата на одредено место зависат од подреденоста на Сонцето и Месечината, од плимите во длабокиот океан, од амфихидромните системи на океаните, и од формата на крајбрежјето и саматабатиметрија (види Временски период).

Page 19: Земјата е динамичен систем

ВРНЕЖИ

Во метеорологијата, врнежи се сите облици на кондензираната водна пареа, кои на Земјината површина се излачуваат во течна или цврста агрегатна состојба.[1]

 Настануваат кога во атмосферата, огромен гасовит раствор, се заситува со водна пареа и тогаш водата кондензира и паѓа на земјата во вид на врнежи.[2] Два процеса, најверојатно кои дејствуваат заедно, можат да предизвикаат да воздухот стане заситен: ладејќи го воздухот или додавајќи водна пареа во воздухот. Вирга се врнежи кои започнуваат да паѓаат на Земјината површина но испаруваат токму пред да ја допрат површината. Атмосферските врнежи настануваат со судир на капки дожд или снежни кристали со некој облак.

Page 20: Земјата е динамичен систем

ОБЛАК

Облак — видлива маса на кондензирани капки или замрзнати кристали во атмосферата над површината од Земјата или некое друго планетaрно тело. Гранката од метеорологијатакоја се занимава со проучување на облаците се нарекуванефологија.

На Земјата кондензираната материја всушност е водена пареа, која формира мали капки или кристали на мраз, најчесто со големина на дијаметарот од 0.01 mm. Групирани милијарди капки односно кристали формираат облак, кој е видлив објект во атмосферата.

Page 21: Земјата е динамичен систем

ГРАД

Град е назив за врнежи во облик на топчиња мраз. Ваквиот вид врнежи нанесува големи штети во земјоделството и се сметаат за временска непогода. Се случува силните воздушни струи да ги одвлечат водените капки од облаците(кумулонимбуси) во повисоките слоеви каде температурата е пониска. Таму овие капки замрзнуваат и добиваат облик на топче, односно се претвораат во град. Кога влезното струење што ги понело тие капки веќе нема да може да ја одржи нивната тежина, замрзнатите топчиња паѓаат на Земјата.

Page 22: Земјата е динамичен систем

РОСА

Роса — појава кога водената пареа се кондензира на билките во вид на капки кога тие имаат пониска температура од пареата, може да се појави и на други предмети.Роса е водена пареа која паѓа на земјата како капки дожд.

Page 23: Земјата е динамичен систем

СЛАНА

Слана е вид врнеж во вид на тенки кристали мраз, формирани од воденатапареа во атмосферата при нагло опаѓање на температурата на воздухот под нула степени Целзиусови.[1] Големината на кристалите зависи од долготрајноста на изложеноста на ниски температури и од количината на влага во воздухот. 

Page 24: Земјата е динамичен систем

ДОЖД

Дожд е течен врнеж, за разлика од нетечните видови врнежи како што се снег, град и лапавица. За дожд неопходно е дебел слој на атмосферата да има температура над точката на топење на водата блиску и над површината на земјата.На земјата, дождот паѓа на површината кога кондензацијата на атмосферската водена пара создава водени капки доволно тешки за да паднат. Два процеси, кои е можно да дејствуваат заедно, може да го презаситат воздухот што ќе доведе до паѓање дожд: ладење на воздухот или додавање на водена пареа на воздухот. Вирга е врнеж што почнува да паѓа кон земјата но испарува пред да ја достигне површината на земјата, тоа е еден од начините воздухот да стане презаситен.Врнежите се формираат со судир со други дождовни капки или ледени кристали во облакот. Дождовните капки варираат во големина од сфероидна, кружна форма за поголемите капки,до мали топчиња за помалите капки.

Page 25: Земјата е динамичен систем

ЦУНАМИ Цунами е природна појава на огромни

бранови кои потекнуваат од земјотрес или вулканско избувнување, при што се поместуваат тектонските плочи на дното на морето и настанува привремено вознемирување на површината на океанот или морето. Исто така цунамите може да бидат создадени од удар од големи вселенски тела, како на пример метеорити.

Page 26: Земјата е динамичен систем

КАРПИ Карпите се составни делови на литосферата составени од

збир на повеќе минерали, иако во некои случаи можат да бидат составени само од еден минерал. Иако се создале на различни начини и на разни длабочини, тие може да се најдат на целата земјина површина, бидејќи се јавуваат во облик на површински пројави. Науката, пак, чиешто внимание е насочено кон настанокот, составот, особините и начинот на пројавување на карпите воЗемјината кора сенарекува петрологија (грчки: petros-карпа). Сите карпи, според начинот на настанувањето, се делат на три основни групи: магматски, седиментни и метаморфни.

Page 27: Земјата е динамичен систем

МАГМАТСКИ КАРПИ

Магматските карпи настануваат со ладењето или стврднувањето на вулканската лава или магма во самата Земјина кора или на нејзината површина. Кога ладењето е многу брзо, нема време да се создаваат кристали, но ако тоа се случува бавно, колку подолго ќе трае процесот, толку поголеми ќе бидат карпестите кристали. Овие карпи се одликуваат со голема цврстина и имаат голема примена во градежништвото.

Page 28: Земјата е динамичен систем

СЕДИМЕНТНИ КАРПИ

Седиментните карпи настануваат со седиментација (напластување или таложење) на ситен материјал во морињата, езерата, реките и на копното. Овие карпи најчесто се напластени во хоризонтална положба и се состојат од слоеви со различна дебелина. Во нив може да се сретнат фосилни остатоци од растенија или животни.

Page 29: Земјата е динамичен систем

МЕТАМОРФНИ КАРПИ

Метаморфните (видоизменети) карпи имаат променлив состав и потекнуваат од метаморфозата (видоизменувањето) на физичко-хемиските особини на кој било друг вид на карпи (магматски, седиментни). Метаморфозата најчесто се врши во подлабоките слоеви на Земјината кора. Главни фактори за видоизменувањето се високиот притисок и високите температури, кои придонесуваат кристалографската структура на карпата да се измени (процес познат како прекристализација), а резултатот е создавање нови минерали. Метаморфни карпи се мермерот, гнајсот, шкрилците, кварцитот, амфиболитот и слично.

Page 30: Земјата е динамичен систем

ПОЧВА

Почвата е површинскиот слој од литосферата на Земјата кој најчесто е плодороден и претставува повеќефункционален хетероген и отворен четирифазен структурен систем кој се образува со раздробување накарпите и животната активност на организмите.[1] Таа се смета за посебна природна мембрана (биогеомембрана) што го регулира заемодејството меѓу биосферата, хидросферата и атмосферата на Земјата. Почвата се формира под влијание на климата, релјефот, првобитниот почвообразувачки материјал (родителски материјал или матичен супстрат), но исто така и од микроорганизмите и останатите живи организми. Почвата се менува со текот на времето.

Page 31: Земјата е динамичен систем

Рената Петреска VII3