Локомоторен систем, Мускулен систем
DESCRIPTION
Локомоторен систем, Мускулен системTRANSCRIPT
ЛОКОМОТОРЕН СИСТЕММУСКУЛЕН СИСТЕМ
1. Која е улогата на мускулите?
1. Мускулите го движат телото и неговите одделни делови.
2. Кој ја има трофичката улога на мускулите?
2. Крвта ги снабдува мускулите со
хранливи материи и кислород (трофичка улога), а во неа од мускулите се отстрануваат непотребните продукти од метаболизмот.
3. Кој систем го контролира движењето на мускулите?
3. Движењето на мускулите е под директна контрола на нервниот систем.
4. Мускулното ткиво е поделено на:
А) срцево мускулно ткиво
В) напречно-пругасто мускулно ткиво
С) мазно мускулно ткиво
А В С
5. Клетките на мазното мускулно ткиво се вретеновидни, содржат едно јадро и имаат дифузен распоред на контрактилните протеини (актин и миозин).
Мазна мускулна клетка
Шематски приказ на мазните мускулни клетки
Мазните мускулни клетки гледани под микроскоп
А. Од напречно-пругасто мискулно ткиво изградени се скелетните мускули и се контрахираат со наша волја (волева).
В. Срцевиот мускул е изграден од напречно-пругасто мускулно ткиво, но неговата контакција е неволева.
С. Внатрешните мускулни органи се изградени од мазно мускулно ткиво и нивната контакција не зависи од нашата волја (неволева).
9. Скелетните мускули се движат со стегање (контракција) и отпуштање (релаксација).
Каква е формата на мускулите на екстремитетите?
• Мускулите на екстремитетите се со вретеновидна форма изградени од глава и две тетиви.
Движења на скелетните мускули изградени од напречно-пругасто мускулно ткиво
10. Големина, форма и положба на скелетните мускули
1. ДОЛГИ – вретеновидни мускули во екстремитетите, на кои се разликува: проширен дел (активен, глава, мев) и два стеснети и пасивни краеви – тетиви.
Според бројот на главите кои поаѓаат со одделни тетиви, скелетните мускули може да бидат:
• Двоглави (m. biceps) – мускулите на предниот дел на надлакотот или на задниот дел на натколеното и потколеното
• Триглави (m.triceps) – мускулите на задниот дел на надлакотот
• Четириглави (m.quadriceps) – правиот бутен мускул, кој истовремено е најголем и најмоќен мускул во телото на човекот.
2. Плочести
• Дијафрагмата, широкиот грбен мускул. Но може да бидат и со најразлична форма: во форма на ладало (слепоочен), перо, трапезовиден, или да се косо поставени како стомачните мускули.
3. Куси мускули
• Најчесто се овални или кружни кои ги опкружуваат природните отвори на лицето (кружен мускул на очниот капак и на усните)