окото како оптички систем

9
ОКОТО КАКО ОПТИЧКИ СИСТЕМ

Upload: fesna

Post on 24-Jun-2015

1.004 views

Category:

Education


22 download

DESCRIPTION

:))

TRANSCRIPT

Page 1: окото како оптички систем

ОКОТО КАКО ОПТИЧКИ СИСТЕМ

Page 2: окото како оптички систем

Око е орган за вид на повеќеклеточните и едноклеточните организми. Со усложнување на градбата на организмите, фоторецепторите се преместуваат на одредено и ивотни. Првите “очи” претставуваат во суштина молекулска агрегација на фоторецепторите во константно место во организмот, градејќи ги првите сетилни органи за вид. Кај примитивните животни, очите се клучни за брзи реакции во движењата. Кај посложените животни, сетилото за вид е само едно од примачите на информации од надворешноста и овие информации се интегрираат во мозокот.

Page 3: окото како оптички систем

ДЕЛОВИ НА ОКОТО

•Белка – цврста заштитна обвивка на окото, таа е во предниот дел, преминува во испапчена проѕирна рожница која ги пропушта зраците во окото. Зад рожницата се наоѓа очна течност.

•Садовницата се наоѓа под белката, изградена е од крвни садови. Во внатрешноста се наоѓа темен слој кој го спреќува одбивањето на светлината во окото.

•Ирис – обоениот дел на окото е изграден од крвни капилари и мускулни влакна и ја контролира количината на светлина кој влегува во окото со ширење и стеснување на зеницата – на силно светло зеницата е тесна, а во темно широка.

Page 4: окото како оптички систем

•Мрежницата се наоѓа на 2/3 на окото и овозможува широко видно поле. За јасен вид светлосните зраци мора да паднат на мрежницата. Ако паднат пред или зад мрежницата ( кратковидност, далековидост ) настанува замаглен вид.

•Леќата ја прекршува светлината и фокусира, насочува светлосни зраци на мрежницата. Леќата овозможува прецизно насочување на светлината. Кај здраво око леќата можи да го измени својот облик ( акомодација ) како би овозможила јасен вид зависно од оддалеченоста на набљудуваниот објект.

Page 5: окото како оптички систем

АДИТИВНО МЕШАЊЕ НА БОИТЕ

Мешањето на две основни бои при кои се добива друга боја се вика адитивно мешање на боите. Основните бои во адитивниот колор систем се црвената, зелената и сината, кои кога меѓусебно ќе се искомбинираат во идентичен сооднос ги даваат суптрактивните бои, цијан, магента и жолта.

Page 6: окото како оптички систем

СУПТРАКТИВНО МЕШАЊЕ НА БОИТЕ

При мешањето на еднакви количини од примарните пигменски бои се добива црна боја. Суптрактивното обојување ги опфаќа теориите на мешање на колор палети, мастила и природни обоители, за да се добијат нови бои, кои апсорбираат едни бранови должини од светлината а ги рефлектираат останатите.

Page 7: окото како оптички систем

ДАЛЕКОВИДНОСТ (ХИПЕРМЕТРОПИЈА)

Далековидноста се случува кога вашето око е премногу кратко, надолжно и не ја прекршува светлината правилно. Ова предизвикува светлината да се фокусира позади ретината наместо директно на неа, па затоа сликата е матна.

Page 8: окото како оптички систем

КРАТКОВИДНОСТ (МИОПИЈА)

Кратковидноста најлесто е предизвикана од природната промена на формата од очното јаболко. Помалку често кратковидноста може да биде предизвикана од промената во рожницата или зеницата. Овие проблеми предизвикуваат светлосните зраци да навлезат во окото до фокусот во предниот дел од ретината (мрежницата) , а нормално светлината директно се фокусира на мрежницата.

Page 9: окото како оптички систем

ДИПЛОПИЈА (ПОЈАВА НА ДВОЈНИ СЛИКИ ВО ВИДНОТО ПОЛЕ)

Диплопијата претставува двојно гледање. Зборот има грчко потекло, и се состои од зборовите “diplos" што значи двојно, и “ops" што значи око. Често претставува прва манифестација на многу системски пореметувања, особено мускулни и невролошки заболувања.