zdravstven kod br.11

64

Upload: blagica-hadzipetrova

Post on 28-Mar-2016

260 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

Zdravstven kod br.11

TRANSCRIPT

Page 1: Zdravstven kod br.11
Page 2: Zdravstven kod br.11

ИздаваФилип Втори Консалтинг ДООЕЛ, Скопје

Генерален директорAкадемик д-р Жан Митрев

Главен и одговорен уредникИскра Ребац

Технички уредникСлободан Костовски

Редакција/соработнициАкадемик д-р Жан МитревАлександра Црвенпанова Проф. Д-р.Ѓорѓи Зафироски Д-р.Димитар ДимитриевскиД-р.Александра ДимоваДр. Кармен Цекиќ – Димовска, Д-р. Вилма Ампова- СоколовД-р. Димитар ДимитриевскиД-р Борјанка ГеоргиеваД-р Лидија ВељановскаД-р Севда Гацова-радиологМ-р Неда Милевска-КостоваТатјана Неделковска Љубица Наумовска Татјана НеделковскаАнета Манасиева Марина ШуманскаЕмилија Стоилкова

Дизајн на списаниетоКома

Фотографија:Слободан КостовскиДаниел Велјановски

Јазична редакцијаЈасмина Ѓоргиева

МаркетингИрена Димитрова

ПечатиЕвропа 92, Кочани

ДистрибуцијаМПМ, Скопје

Адреса на редакцијатаУл. Вељко Влаховиќ 1а, 1000 Скопје, Р. МакедонијаТел. +389 (0)2/ 3 111 [email protected]

бр. 11, година 3, цена 100,00 ден.

[ Во овој број... ]

4

9 Интервју

Д-р Кнегиња Рихте - Соколовска

Да се разбуди свеста за предиктивна медицина

16 Ортопедија

Тивка и опасна епидеимја на денешницата

28 Интерна медицина

КАБ - АНГИНА ПЕКТОРИС симптом на коронарна болест на срцето и селективната коронарографија како неопходен дијагностички метод на коронарната болест

34 Истражување

Алергии на храна

42 Медицина базирана на докази

SYNTRAX и CARD дадоа поддршка на коронарното артериско бајпас графтирање (CABG)

52 Превентивна медицина

РАНА ДИЈАГНОСТИКА на болести на дојката превентивни прегледи

56 Репортажа

КЛАГЕНФУРТ град кој плени со својата убавина

9

16

34

42

Page 3: Zdravstven kod br.11

Академик д-р Жан Митрев

[ Збор... два... ]

5

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

Наjдобри се кога ќе се соживеат со улогата.

Глумат, значи се нешто што не се, се претвораат во научници, херои кои ја спасуваат планетава...

Глумењето е уметност... Висок професионализам.

За сè си има свое време и место.

Но, ако глуми надвор од местото предвидено за глумење тогаш лаже. Колку е подобар, толку подобро лаже... па почнуваат да веруваат во лагата и се лажат и самите себе.

Пробуваат да го лажат и времето.

Пластични операции, вештачки гради, усни, затегање на кожа ... Но, времето не признава глумци. Како тоа одминува, така оние кои се обидуваат да го излажат, се претвораат во вистински грдотии и монструми.

Има глумци и во медицината.

Глумат медицина... вистински дилетантизам.

И сакаат да го излажат времето...

Какви ли сè монструозни појави ќе станат после некое време.

ГЛУМЦИ И ГЛУМЕЊЕ медицина

Page 4: Zdravstven kod br.11

[ НОВИТЕТИ ] [ ТЕхНОлОГИЈА ] [ МЕДИцИНА ] [ ЗДРАВЈЕ ] [ ЖИВОТ ]

6

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

Внесот на фолати и Б6 витамин го намалува ризикот од смртност од мозочен удар и

кардиоваскуларни болести кај жените а исто така го намалува ризикот од срцева слабост кај

мажите, утврдила научна студија спроведена на Универзитетот Осака во Јапонија.

Испитувањето е спроведено на повеќе од 20 000 жени и околу 35 000 мажи со возраст помеѓу

40 и 79 години.

Споредувајќи го количеството на витамин Б6 и витамин Б12 кое испитаниците го внесувале и тоа највисокиот и најнискиот внес на истите

утврдено е дека внесот на фолати и Б6 витамин е поврзано со значително намалување на

смртноста од мозочен удар и инфаркт кај жените како и намалување на смртноста од срцева

слабост кај мажите.

Внестот на витамин Б12 не е поврзан со намалување на смртност.

Механизмот на оваа асоцијација се претпоставува дека е поради тоа што внесот

на овие витамини го намалува нивото на хомоцистин во крвта.

Хомоцистинот е аминокиселина која се ствара во организмот како спореден продукт при консумирање на месо и месни производи.

Покаченото ниво на хомоцистинот ( над 10 микромоли/литар) го зголемува ризикот од

срцев инфаркт, мозочен удар а многу веројтно и од Алзхајмерова болест.

Центарот за дојка при ЈЗУ Клиничка болница -Штип постои и функционира веќе над десет години. Тој е регионален центар и во него се прегледуваат пациенти од целиот Источен регион на државата. Се врши целосна дијагностика на болестите на дојка: клинички преглед, ехосонографија, мамографија и биопсија. Исто така, вработените вршат и едукацијата за самопрегледи на дојката, како и понатамошни контроли и следење на болеста. Центарот е вклучен во кампањата „Надмудри го ракот биди здрава жена“ која овозможи годишно да се прегледуваат над 2000 жени од регионот. Последните три години се направени околу 7000 прегледи и дијагностицирани се 61 карцином на дојка. Преку едукацијата за самопрегледи на дојка подобрена е информираноста на жените за болеста, а со тоа и заштитата од тој вид на карцином.

ФОЛАТИТЕ И ВИТАМИНОТ

Б6 ГО НАМАЛУВААТ

РИЗИКОТ ОД СРЦЕВИ

ЗАБОЛУВАЊА И МОЗОЧЕН

УДАР

ЦЕНТАРОТ ЗА ДОЈКА ВО ШТИП -ЕДИНСТВЕН ВО ИСТОЧНИОТ РЕГИОН

Page 5: Zdravstven kod br.11

[ Инфо ]

7

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

Стресот е неспецифична реакција на организмот на штетните влијанија на психата (развод, губиток на драга личност), хемиски (отрови), физички

(студ , топлина, бучава, вибрации) или од друг карактер.Сите реакции на организмот се насочени кон тоа организмот сам да се брани и да се адаптира на новонастанатата ситуација, со што се воспоставува рамнотежа со околината .

Теоријата за стресот првпат ја дава еден американски ендокринолог, ханс Сели, во 1936 година. Врз основа на набљудувањето на експериментални животни, тој дошол до заклучок дека до некои болести доаѓа поради нарушување на рамнотежата во организмот под дејство на надворешни и внатрешни фактори.

Секој причинител кој влијае на организмот позитивно или негативно се нарекува стрес, а одговорот на организмот на дејството на стресот се нарекува стресна реакција. Во одговорот на организмот на стресот учествуваат голем број на медијатори и хормони во централниот нервен систем (CNS), а импулсите од CNS влијаат на ќелиите на жлездите со внатрешно лачење со цел адекватно да го подготват организмот за одговор на стресот.

Меѓу жлездите со внатрешно лачење кои најбрзо одговараат на стресот се надбубрежните жлезди и штитната жлезда, но и панкреасот. Со своите хормони, надбубрежната жлезда предизвикува забрзана работа на срцето и покачен крвен притисок, а штитната жлезда го зголемува производството на топлина, додека надбубрежните хормони и оние на панкреасот ги обезбедуваат ткивата со енергија (шеќер и масна киселина).

Реакцијата може да биде акутна, на пример, ненадејна бука и рефлексното бегање , но ако стресот се повторува, организмот реагира преку својот адаптациски систем и секогаш на ист начин , што се нарекува адаптација. Таа адаптација може да биде причина за многу болести, меѓу кои е и покачениот притисок.

До пред десет години, теоријата укажуваше на тоа дека чирот на дванаестопалачното црево е последица на стресот, а денес се знае дека за појавата на чирот е одговорна Helicobacter pylori (бактерија во цревото) и луѓето кои ја имаат се склони кон настанување на таа болест.

За другите болести (хипертиреоза, шеќерна болест) постои наследна предиспозиција, а стресот претставува само почеток за безброј случувања што ќе доведат до развој на болеста.

И годинава, по трет пат на 18-ти ноември Министер-ството за здравство, заедно со Институтот за јавно здравје, Центарот за регионални истражувања и со-работка „Студиорум“ и Миедицинскиот факултет, а на иницијатива и под логото на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, го одбележа Европскиот ден за рационална употреба на анти-биотици. Оваа година, активностите се насочени кон антимикробната резистенција и рационалното пропишување на антибиотици во болничката здрав-ствена заштита.

На настанот кој се одржа на Медицинскиот факул-тет, беше нагласена симболиката на одржувањето на настанот токму на Медицинскиот факултет, од каде излегуваат кадрите кои работат во болнич-ката здравствена заштита, и кој постојано треба да се грижи за стручната надградба на кадрите, и овозможувањето тие да го следат најновите трен-дови во лекувањето и медицинската технологија, во насока на подобрување и унапредување на здравјето на пациентите, а воедно зачувувањето на корисните лекови, како што се антибиотиците, кои

и натаму остануваат едно од најважните откритија и моќна алатка во борбата со заразните заболувања.

На настанот стручни презентации имаа професио-налци од областа и членови на Интерсекторската комисија за антимикробна резистенција, формира-на од страна на Министерството за здравство: д-р Голубинка Бошевска, проф. д-р Звонко Миленковиќ, проф. д-р ЗоркаТодорова-Николова и д-р Жаклина Цековска.

На настанот беа поделени брошури, постери и пот-сетници за здравствените работници за главните чекори кои треба да се преземат пред да се доне-се одлука за антибиотска терапија, а беше нагласе-на и улогата на следењето на секоја пациент пред донесување на одлуката за антибиотски третман, потребата од земање примерок за микробиолошка анализа заради потврда на индикација за антибиот-ска терапија, како и фактот што неправилната упо-треба води кон антибиотска резистанција.

Стресот и болестите

ANTIBIOTICI

на ендокриниот систем

В Н И М А Т Е Л Н А У П О Т Р Е Б А ! !

Page 6: Zdravstven kod br.11
Page 7: Zdravstven kod br.11

9

Пишува: Искра Ребац

[ Интервју ]

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

ДА СЕ РАЗБУДИ СВЕСТА ЗА ПРЕДИКТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО МАКЕДОНИЈА!Доцент д-р Кнегиња Рихтер Соколовска работи на Клиниката за психијатрија и психотерапија во Нирнберг како заменик-директор и специјалист по психијатрија, психотерапија и сомнологија.

Таа е добитник на наградата за индивидуален филантроп од дијаспората бидејќи со своите филантропски активности придонесе за подобрување на квалитетот на лекувањето и животот на лицата со ментални заболувања во Република Македонија, нивна работна интеграција и инклузија во општеството, како и намалување на стигмата и предрасудите кон нив. Особено е голем придонесот што д-р Рихтер-Соколовска го дава во насока на подобрување на квалитетот на универзитетската и практичната едукација на социјалните работници, лекарите и психолозите во Република Македонија. Нејзините донации изразени во финансиски средства, производи, бесплатни услуги во полето на нејзината експертиза и волонтерски ангажман изнесуваат повеќе од 20.000 евра.

Наградите ми значат многу. По моето заминување од мојата земја, повторно бев ангажирана да работам во Македонија на проекти преку Светската здравствена организација со цел да се подобри третманот на лицата со ментални заболувања во Македонија . Овој проект траеше од 2001 до 2005 година кога се направија и многу работи за менталното здравје. Наградата ја разбирам како признание за подобрувањето на условите за лицата со проблеми со менталното здравје во Македонија.

Но, за жал, морам да кажам дека сум многу разочарана од она што можев да го видам сега. Третманот, од пред четири години, кај овие пациенти драстично се влоши. Искрено сум разочарана затоа што она што беше постигнато веќе значително е изменето. Искрено сум разочарана бидејќи нехигиената во болниците повторно е застапена. Третманот кон овие лица е мизерен. Условите за пациентите се на ниско ниво. Една голема негрижа, голема нехигиена, во болницата во Скопје пациентите немаат ниту четкички за заби. Работата на лекарите во психијатриските институции е отежната.

Ова е голем проблем во една држава и не смееме да ги затвораме очите пред овој проблем. Конечно, можам слободно да кажам дека проблемот е во политиката и политичарите, станува збор за голема негрижа, односно незаинтересираност за овој проблем. Некој од политичарите не сакаат да имаат ништо со менталните заболувања и затоа за ваквите болни не се прави доволно.

Сакам да нагласам дека бројот на менталните заболувања расте во цела Европа , а, се разбира, и во Македонија. Затоа не смееме да се однесуваме несериозно кон овој проблем.

Добитничка сте на наградата 13 Ноември за 2009 година од областа на меѓународната соработка, и на наградата за индивидуален филантроп во 2008 година. Колку Ви значат овие награди и каква е сега состојбата во третманот на лицата со ментално заболување?

1

Page 8: Zdravstven kod br.11

10

[ Интервју ]З

драв

стве

н ко

д ]

[ Д

екем

ври

201

0

Превенцијата е многу важна работа во медицината. Сите знаат дека подобро е да се спречи отколку да се лекува. Чекор пред превенцијата е и предикцијата, односно предвидувањето на болеста. Да се предвиди пред да дојде до одредено заболување. Тоа значи дека ако се насочите на генетска анализа на заболувањата, на пример, во последната третина од бременоста кај бремените жени, се врши еден вид на генетска анализа на плодовата вода со цел да се откријат можни заболувања кај новороденчето. Ова е еден пример на предиктивна анализа. Но,генетските анализи се многу скапи, па затоа, целта на Европската асоцијација за предиктивна медицина е да се употребуваат биомаркери (испитување на одредени протеини во крвта) со цел што порано да се определат ризиците кај секој човек за определени заболувања. Со ова би се превенирале многу заболувања, на пример, дијабетесот. Познато е дека дијабетесот е хронично заболување со многу последици, ги оштетува крвните садови. Придобивката од навременото откривање на ваквите ризици за едно заболување и навременото превенирање е огромна. Со овие биомаркери навремено се открива ризикот за заболување од дијабетес и на тој начин постои можност болеста да се превенира. Со земање на крв може да се направи едноставен брз тест кој ќе укаже на можни манифестации на болест. Овие биомаркери се користат во сите гранки на медицината. На пример, во областа на психијатријата се исклучително корисни. Ако имаме пациент кој страда од депресија, психијатарот му препишува антидепресив. Пациентот го зема шест недели, лекот не дејствува, нема резултат. Го менуваме лекот со друг и пак без резултат. Трет лек, и тој не дејствува, значи доаѓа до една хронична тешка депресија која може да заврши со самоубиство. Со помош на овие биомаркери, со земање на крв, се прави брз тест. Може да се открие кој вид на лек најмногу ќе дејствува и кој лек е најдобар за одреден пациент. На тој начин заштедуваме време, пари за лекот и на пациентот долгорочно му помагаме. Преку овие два примера можат да се откријат придобивките од овој вид на испитувања со помош на биомаркери. целта е да се разбуди свеста за потребата од овој вид на медицина. Секаде во светот здравствените фондови ги плаќаат резултатите од тешките хронични долготрајни заболувања и со текот на времето оваа стратегија треба да се менува. Значи, подобро е да се инвестира во предиктивната медицина, а не кога болеста ќе стане веќе тешко излечива. Да се одредат ризични болести и да се спречи тие да се манифестираат кај пациентите или, ако се манифестираат, да се лекуваат правовремено и на едноставен начин. На тој начин заштедуваме време, пари, го скратуваме процесот на лекување, а на пациентот му помагаме брзо и долготрајно. Мојата цел е да се разбуди свеста за предиктивната медицина во Македонија.

Од 2009 г. Вие сте национален координатор на Македонија и Баварија на Европската асоцијација за предиктивна, превентивна и персонализирана медицина. Што конкретно значи тоа?

2

Page 9: Zdravstven kod br.11

11

[ Интервју ]

Здр

авст

ве

Од работата на Универзитетот „Гоце Делчев“ сум одушевена. Морам да нагласам дека долги години работам во Германија и знам што значи работна дисциплина и на универзитетско ниво и на клиничко ниво и можам да кажам дека сум многу позитивно изненадена. Прво од организацијата на работата, а потоа и од дисциплината на Медицинскиот факултет при УГД во Штип. Доаѓам двапати во годината и држам предавања за студентите на Медицинскиот факултет. Навистина сум одушевена од перфекцијата на организацијата на работата. Од работата со студентите можам да кажам дека студентите на моите предавања се мотивирани за работа. Моите предавања не се фронтална настава,туку имаат елементи на интерактивна настава со користење на дидактика и со работа по групи. Студентите се анимирани, самите подготвуваат постери и ги презентираат и самите подготвуваат предавања и го пренесуваат знаењето на своите колеги. На овој начин ќе продолжиме и понатаму и ќе вметнеме и елементи на видеометрик настава.

3Вие сте надворешен соработник на Факултетот за медицински науки на УГД. Каков е Вашиот впечатокот како визитинг професор кој доаѓа од Германија?

Page 10: Zdravstven kod br.11

12

[ Биохемија ]З

драв

стве

н ко

д ]

[ Д

екем

ври

201

0

Холестеролот Пишува: Александра Црвенпанова - дипл.инж.по биохемија

и исхраната

Мастите се есенцијален составен дел на секоја клетка и претставува нејзина незаменлива структурна единка, благодарение на која се создава еластичноста на клеточните мембрани.Од друга страна, пак, зголеменото ниво на мастите е ризик-фактор број еден за коронарна болест, односно таложење на мастите на sидовите на крвните садови и појава на артериосклероза.

Најголем дел од холестеролот (околу 2/3) се создава во црниот дроб. Дневно во него се синтетизираат 1-2 г. холестерол кој преку крвотокот се пренесува до секоја клетка на организмот каде што подоцна понатаму се преработува во зависност од потребите.

Само 1/3 од вкупниот холестерол се внесува со храната. Така, кај најголем број луѓе причина за зголеменото ниво на холестерол не е исхраната туку самиот процес на синтезата на холестеролот. Всушност, со храната ние би можеле и минимално или воопшто да не внесуваме холестерол.

Најчесто правилната исхрана донекаде може да го намали нивото на холестеролот и да го доведе во нормални граници ако нивото не е премногу зголемено или ако не постојат природни нарушувања во метаболизмот.

Од друга страна, пак, кај поголем број пациенти со драстично зголемено ниво на маснотии, заедно со промената на исхраната потребно им е да им се ординира лек за намалување на мастите, т.н. статин (антихиперлипидемик). Овие препарати го забавуваат создавањето на мастите во црниот дроб, а со тоа тие се доведуваат до нормала.Toa се лекови со различен механизам на дејствување, а најефикасниот за пациентот го одредува лекарот. Треба да се напомене дека лекот никако не ја заменува диетата и обратно. Исто така, многу е важно тоа дека лекот треба да се зема постојано, никако без прекин на своја рака, сè додека тоа не го ординира вашиот кардиолог, затоа што веднаш по прекинот со терапијата нивото на мастите брзо ќе порасне.

Најдобар начин на одржување на задоволувачко ниво на мастите е една урамнотежена и разновидна исхрана. Тоа се постигнува внимавајќи на неколку препораки:

Да се намали внесот на заситени масти од млеко и млечни производи (избегнувајте павлаки, полномасни сирења, путер и нив заменете ги со нискомаслено млеко и млечни производи);

Да се намали внесот на храна од животинско потекло (жолчка

од јајце, какви било внатрешни органи: мозок,џигер).Тие силно влијаат на покачувањето на мастите: 100 г. мозок содржи дури 2000 мг холестерол, 100 г. црн дроб содржи 270 мг холестерол. Во споредба со нив, 1 чаша јогурт содржи само 13 мг холестерол;

Не се препорачува мрсно свинско месо и негови преработки, потоа црвено месо кое изобилува со заситени маснотии, потоа школки и секакви сувомеснати производи;

Да се избегнува пржена храна, особено ако е пржена во животинско масло. Маслото да се замени со растително, маслиново или ладно цедено сончогледово масло;

Максимално да се избегнува брзата инстант храна, потоа разни мајонези, преливи и слични конзервирани продукти (100г. мајонез содржи 105 мг холестерол).

Сите овие непожелни продукти треба да се заменат, а се препорачува:

Да се внесува повеќе овошје и зеленчук;

Да се консумира храна која содржи многу растителни влакна (житарки, јаболка, црн леб...)

Црвеното и свинското месо да се заменат со риба и посно

Page 11: Zdravstven kod br.11

13

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

пилешко месо, а поретко, по малку, и посно јунешко и говедско месо. Дневната порција на месо ограничете ја на 180 г. а срцевите болни и помалку;

Месото подготвувајте го варено или печено на скара, а избегнувајте негово пржење во масло.

За одржување на нормално ниво на триглицериди препорачливо е да се намали количеството на слатки,тестенини и алкохол.

Доволно е дневно да се внесат 150-300 мг холестерол. Со внес на холестерол повеќе од 100 мг преку храна, холестеролот во крвта се зголемува за 0.25 ммол/л;

Физичките вежби, пешачењето и спортувањето драстично го намалуваат нивото на мастите, па затоа треба да бидат задолжителен дел од денот, барем половина час;

Холестеролот, исто така, се намалува со намалување на телесната тежина - затоа таа треба да се одржува во нормала и да не се дозволи создавање на масни наслаги.

Ако сте пушач, задолжително престанете со пушењето. Имено, лицето кое пуши има три пати поголем ризик за коронарна болест од непушачите.

Сите овие ризици за коронарна болест може да се изменат со промена на начинот на живот. Тие не настанале преку ноќ, па не можат и така брзо да се променат. Чекор по чекор – само така ќе се отстранат сите ризик-фактори за коронарна болест, а во исто време ќе се зголеми расположението и самоувереноста.

ОСНОВНИ

ПРЕПОРАКИ

ВО ВРСКА СО

ИСХРАНАТА И

МАСТИТЕ

Page 12: Zdravstven kod br.11

14

[ Педијатрија ]З

драв

стве

н ко

д ]

[ Д

екем

ври

201

0

Пишува Д-р Кармен цекиќ – Димовска, педијатар

Постојат многу откритија кои влијаеле на развојот на медицината, а секако со тоа и на опстанокот на човештвото. Едно од тие откритија е и откривањето на антибиотиците, откритие кое ја има сменето историјата на човештвото, откритие кое учествувало во продолжувањето на животниот век.

Но, од нивното откривање па наваму, а секако поизразено во последните години, се бележи нивна зголемена и нерационална употреба. Како последица на некоректната и неконтролирана употреба на антибиотиците, повторно се бележи брз пораст на

резистенцијата на бактериите кон одредени антибиотици. Со цел спречување на понатамошниот пораст на резистенцијата на бактериите кон антибиотиците, потребно е што порационално препишување на овој вид на лекови, а апсолутно е недозволиво и неисправно самоволно (без лекарско мислење) давање на антибио-тици на деца. Во непознавањето на фармакокинетиката (наука која ја проучува ресорпцијата, дистрибуцијата, метаболизмот и излачувањето на лекот), како и фармакодинамиката (која го проучува механизмот на дејствување на лекот во орга-низмот) лежи основната при-чина за грешките кои настану-

ваат при примената на лекот, како и сè поголемиот пораст на резистенција на бактериите кон антибиотиците. Затоа е потреб-но добро познавање на специ-фичноста на детскиот организам и карактеристиките на одредени заболувања кај децата.

Рационалноста во употребата на антибиотиците е условена и од фактот дека голем процент од инфекциите на горниот респи-раторен тракт се од вирусно по-текло, а кон повеќето од нив де-цата имаат голема склоност кон самоизлекување. Лекувањето на децата со антибиотици при присутна вирусна инфекција со цел спречување на бактериска суперинфекција – НЕМА СМИС-ЛА.

Примена на антибиотици кај детската популацијаКОЛКУ И ДА СЕ ТЕРАПИСКИТЕ КАТАСТРОФИ ИМПРЕСИВНИ И ТРАГИЧНИ, ТИВКАТА ШТЕТА ПО ЧОВЕКОВОТО ЗДРАВЈЕ, ПРЕДИЗВИКАНА ОД НЕДЕлОТВОРНИ ЛЕКОВИ, Е УШТЕ ПОГОЛЕМА (СПОРЕД ЕДНА ДЕКлАРАцИЈА НА СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ОД 1970 ГОДИНА)

Page 13: Zdravstven kod br.11

[ Педијатрија ]

15

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

Земајќи предвид дека во педијатриската пракса не е така лесно со клинички пре-глед да се донесе суд дали се работи за вирусна, бактериска или друг тип на инфекција, потребно е да се придржуваме кон одредени параметри при поставувањето на дијагнозата:

добро земена анамнеза (податоци за текот на болеста дадени од родителите);

хематолошки иследувања: комплетна крвна слика, диференцијална крвна слика, одредување на ниво на Ц-реактивен протеин;

микробиолошко иследување (брис од нос и грло со антибиограм), а за брза диференцијална дијагноза за стрептококни од вирусни ангини секако ќе ни користи тестот за одредување на групен антиген на стрептокок А;

лабораториско испитување на урината.

Ако со помош на горенаведените иследувања се докаже дека предизвикувачот е бактериски агенс (докажан со сигурност), тогаш важен чекор понатаму е да се утврди за која бактерија конкретно станува збор за да може, врз основа на изработениот антибиограм, да се одлучи за терапијата. Секако, мора да се земе предвид возраста на детето, како и телесната маса за покоректно одредување на дозата на користење.

На што треба да се внимава при изборот на антибиотската терапија?

Треба да се внимава на антибактерискиот спектар (фармакокинетските својства), да биде со добра подносливост, а секако и на фармацевтскиот облик (за помалата возраст лекот мора да биде во облик на суспензија со пријатен вкус и мирис). Перцепцијата на вкусот се смета за многу важен фактор кој ја поттикнува соработката на детето во лекувањето.

Да ги паметиме зборовите на Пробер и Голд од 1980 година – „Пред употреба на лекот треба да се разреши дилемата дали е поголем ризикот од терапијата или од болеста, што зависи, од една страна, од точната дијагноза и познавањето на природниот тек и прогнозата на болеста, како и, од друга страна, познавањето на рационалната терапија“.

Во некои ситуации за лека-рот е многу тешко да донесе одлука за препишување на антибиотик поради позна-тиот парадокс: Опасност од нелекување-последици од лекување-настанување на ре-зистентни слоеви на бактерии. Од таа причина апелираме до родителите да не даваат анти-биотик на децата без лекарско мислење.

Page 14: Zdravstven kod br.11

[ Ортопедија ]

16

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

КАКО ДИЈАГНОЗАТА ДА СЕ ПОСТАВИ РАНО?

Денес насекаде се зборува за остеопорозата. Таа е особено присутна после петтата деценија од животот, но може да се сретне и на сите возрасти. Остеопорозата претставува голем ризик за појава на скршеници што можат да предизвикаат сериозни нарушувања на здравјето, а за поединците и за општеството предизвикуваат големи трошоци. Скршениците може да се лекуваат оперативно или без операција, во зависност од видот. Важно е рано да се препознае остеопорозата за да не се дозволи да дојде до кршење на коските што може да се повторува и да има фатален крај за пациентите.

ШТО ПРЕТСТАВУВА ОСТЕОПОРОЗАТА?

Остеопорозата е состојба на намалена густина на коската која може бавно да прогредира во долг временски период. Ако рано се постави дијагноза, скршениците може да се превенираат. За несреќа, остеопорозата останува често недијагностицирана се додека не дојде до скршеници.

За да се постави дијагноза за остеопороза, потребни се неколку стадиуми кои ја претскажуваат можноста за идни скршеници, а тоа се:

* почетен лекарски преглед,

* различни радиографии кои откриваат скелетни проблеми,

* лабораториски тестови кои даваат важни податоци за метаболните проблеми на коската во смисла на кршење или создавање на коска,

* тест за одредување на коскена густина за да се открие намалена коскена густина.

Пишува: Проф. д-р Ѓорѓи Зафироски - специјалист по ортопедска хирургија и трауматологија

ОСТЕОПОРОЗАТИВКА И ОПАСНА ЕПИДЕМИЈА НА ДЕНЕШНИЦАТА

Page 15: Zdravstven kod br.11

17

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

Пред да се направи каков било тест, вашиот лекар ќе побара информации за вашата медицинска историја и стилот на живеењето и ќе ви постави прашања во врска со:

фактори на ризик, т.е. информации околу скршеници кои сте ги имале,

фамилијарна историја на болести, вклучувајќи и остеопороза,

историја на примања на лекови,

општо за внесот на калциум и витамин Д,

вежби, кај жените - менструална

историја.

Понатаму, лекарот може да ги забележи медицинските проблеми и лекарства кои вие можеби сте ги земале, а може да доведат до загуба на коскената маса (вклучувајќи глуко-кортикостероиди, како што се кортизоните). Исто така, треба да се провери висината на пациентот и промените во држењето и да се забележи какво било искривување на ‘рбетниот столб поради скршеници на пршлените кои доведуваат до кифоза - т.н. згрбавување.

КОИ СЕ ФАКТОРИТЕ НА РИЗИК ЗА ОСТЕОПОРОТИЧНИ СКРШЕНИцИ?

Историја на скршеници во адултниот живот

Историја на скршеници кај роднини од прва линија

Кавкаска или азиска раса, меѓутоа, исто така и Африканци и Американци од шпанско потекло кои имаат значителен ризик

Напредната возраст Женски лица Деменција Лошо здравје, нежни лица

или и едното и другото Пушачи Потпросечна телесна тежина Анорексија нервоза Дефицит на естроген (мината

менопауза, менопауза пред 45-годишна возраст, отстранување на јајниците, отсуство на менструација една година или повеќе пред менопаузата

Пониско ниво на тестостерон кај мажите

Употреба на лекови како што се кортикостероиди и антиконвулзиви, како и хепарин

Долг период на понизок внес на калциум

Алкохолизам Влошување на видот и

покрај адекватна корекција Повторувачки паѓања Неадекватна физичка

активност Нарушување на функцијата

на жлездите за внатрешно лачење, паратиреоидна, тиреоидна и надбубрежна жлезда

Други фактори

Жените ја губат коскената маса побрзо во првите 4 до 8 години после менопаузата, а со тоа коските се многу поподложни на остеопороза.

ТЕСТ СО РАДИОГРАФИИ

Денес радиографиите се прават често поради разни причини. Доколку имате болки во слабината или на некој дел од ‘рбетниот столб, вашиот лекар може да ви препорача радиографска слика на ‘рбетниот столб за да одреди дали сте имале скршеница на ‘рбетот или некоја друга болест. Радиографијата е соодветна доколку имате промена во висината или промена во држењето, т.е. искривување и згрбавување на ‘рбетниот столб.

Меѓутоа , радиографиите може да откријат загуба на коскената маса само доколку се намали повеќе од 30% од скелетната маса, па затоа на радиографиите остеопорозата може да се пропушти, т.е. да остане неоткриена.

ТЕСТ ЗА МИНЕРАлНА ГУСТИНА НА КОСКАТА

Тестот за коскена минерална густина(БМД) е најдобриот пат да се одреди здравјето на коските. Тестот БМД може да ја открие остеопорозата и да го открие вашиот ризик за појава на скршеници (кршење на коските), а исто така и да го измери одговорот на дадената терапија за остеопорозата. Најраспространетиот тест за одредување на минералната густина на коската или губењето на коскената маса е наречен двојна

Page 16: Zdravstven kod br.11

[ Ортопедија ]

18

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

енергетска-апсорпциометрија (дуал-енергѕ џ-раѕ абсорптиометрѕ или ДЏА.). Тоа е безболен метод - безболно тестирање, всушност, како да правите радиографска слика, но со многу помало експонирање со радијација - со многу помало зрачење. Може да се мери густината на коската на вашите колкови, на ‘рбетот, подлактиците или на целиот скелет.

За време на тестот БМД, екстремно низок извор на зрачна енергија поминува низ дел или низ целото тело. Информациите се евалуираат со помош на компјутерска програма кој дозволува лекарот да види колку имате коскена маса, т.е. дали е таа нормална или намалена во однос на стандардните нормални вредности за вашата возраст. Коскената маса служи како мерка за јачината на коските и оваа информација им помага на лекарите точно да го одредат намалувањето на коскената маса, да постават дефинитивна дијагноза на остеопороза и да одредат ризици од идни скршеници.

Тестот БМД им овозможува на лекарите мерење наречено Т-тест, број кој ја покажува вредноста за компарација на вашата коскена густина со оптималните коскени густини. Кога Т- вредноста е негативна, на пр. -1, -2 или -2,5, тоа значи пониска коскена маса, т.е. загуба на коскената маса. Вредностите помеѓу -1 и -2 означуваат остеопенија, слабост на коските, а вредноста -2,5 Т означува остеопороза. Колку се поголеми негативните вредности на бројките, постои поголем ризик од скршеници.

Потребно е да се знае дека не постои тест за одредување на коскената густина кој е 100% точен. Овој тест е едноставно најважен претскажувач дали лицето во иднина ќе се здобие со скршеници.

КОСКЕН СКЕН

Кај некои пациенти можеби има потреба да се направи скен на коските. Скенот на скелетот е поразличен од тестовите БМД или ДЕКСА, меѓутоа, терминот коскен скен често се користи неправилно за да го опише тестот за коскената густина. Скенот на коските е индициран кај постоење на рак во организмот, т.е. коскена лезија, воспаление или нови скршеници, најчесто патолошки. При правењето на скен на скелетот, во вена се инјектира радиоактивен материјал - Тц-99м (технициум) што му дозволува на скенерот да идентификува разлики во состојбите на различни области на коскеното ткиво, т.е. радиоактивниот материјал се прифаќа во зони на патолошки промени на коските. Во такви ситуации коскениот скен е позитивен.

лАБОРАТОРИСКИ ТЕСТОВИ

Може да се направат бројни лабораториски тестови на крвни и уринарни примероци. Резултатите од овие тестови можат да му помогнат на вашиот лекар да открие состојби кои се однесуваат на губење на коскената маса.

Најчести крвни тестови кои се евалуираат се:

нивото на калциум во крвта нивото на витамин Д во крвта тироидната функција нивото на паратхормонот нивото на естрадиол-естроген кај жените фоликуло-стимулирачки хормон(ФСХ) - тест за

одредување на статусот на менопаузата нивото на тестостерон кај мажите нивото на остеокалцин за мерење на коскеното

формирање

Најчести тестови на урината се:

*24-часовно собирање на урината за да се измери метаболизмот на калциум

тест за мерење на нивото на ресорпција на коската при скршеници или патолошки состојби

лЕКУВАЊЕ

Со поставување на дијагноза остеопороза или остеопенија, резултатите од БМД или Т- тестот му помагаат на лекарот во одлуката кога да отпочне со програма за превенирање или за лекување. Кога имате дефинитивна информација базирана на историјата на болеста, прегледот и дијагностичките тестови, ќе се одреди специфична терапевтска програма за дадената ситуација. Доколку отпочнете со рано лекување, резултатите од лекувањето се добри. Доколку дијагнозата се постави во напредната фаза со присутни остеопоротични скршеници, една или повеќе, лекувањето е далеку посложено и поскапо.

Детали за лекувањето на остеопорозата ќе најдете во вториот дел од информацијата.

Во некој од следните броеви на „Здравствен код” ќе пишуваме за остеопорозата во детството, за постменопаузалната остеопороза, за врската на остеопорозата со атеросклерозата, остеопорозата и исхраната и за многу други состојби од оваа интересна проблематика.

Page 17: Zdravstven kod br.11

[ Ортопедија ]

19

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

Пишува: Д-р Александра Димова - ортопедски хирург

БОЛКА ВОБолката во крстот е чест проблем кој се јавува кај голем дел од популацијата во некој момент од животот, а кај над 50 % се јавува повеќе од еднаш. Таа не претставу-ва специфично заболување, туку повеќе е симптом кој може да претставува различни процеси и заболувања, а често, и покрај темелните медицински иследувања, не е можно да се идентификува специфичната причина за болката во крстот.Болката во крстот претставува честа при-чина за отсуствување од работа и една од најчестите причини за посета на лекарот. Ја сметаме за акутна ако трае помалку од еден месец, или за хронична ако трае по-долго.КРСТОТ

Причините за болка во крстот опфаќаат повреди и заболувања на мускулите, лигаментите, коските и нервите на 'рбетниот столб.Акутната траума на 'рбетниот столб (сообраќајни несреќи, пад од висина), како и остеопоротичните компресивни скршеници на пршленските тела доведуваат до болка во крстот.Една голема група на причина за овој симптом претставува компресијата на нервните корени, а тука спаѓаат, пред сè, дискус херниите (протрузија на „перничињата“ помеѓу пршленските тела кои потоа притискаат на нервните корени – типичен пример претставува ишијалгијата), понатаму дегенеративните промени на 'рбетниот столб (спондилоза), како и стеснувањето на каналот на 'рбетниот мозок (спинална стеноза). Во оваа група спаѓа и синдромот на cauda equinа, каде што 'рбетниот мозок е директно притиснат во каналот и се јавува болка, губење на осетот на внатрешната страна на натколениците и дисфункција на бешиката и дебелото црево - ова е состојба на медицинска итност и треба веднаш хируршки да се интервенира.

Друга група претставуваат мускулоскелетните причини за болка во крстот. Тоа се миофасцијалните болни синдроми (локализирани болки со намален обем на движење на одредени мускулни групи и специфична ирадијација-ширење долж периферните нерви), како и фибромијалгијата (болка, вкочанетост).Болката во крстот може да биде предизвикана и од воспалителни (спондилитис) или инфективни заболувања на пршленските тела (остеомиелитис).Туморите, особено малигните, исто така можат да предизвикаат болка во крстот.Неретка причина за болка во крстот може да биде и херпес зостер инфекцијата на нервите.И на крај, болката која потекнува од абнормалности на органите во абдоменот, карлицата или градниот кош, таканаречена реферирана болка, може да се манифестира како болка во крстот. Неа може да ја предизвикаат воспаление на апендиксот, бубрежни заболувања, инфекции на бешиката, аневризми на крвните садови, карлични инфекции, заболувања на јајниците.Често и нормалната бременост предизвикува болка во крстот.

ПРИЧИНИ

Page 18: Zdravstven kod br.11

[ Ортопедија ]

20

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

СИМПТОМИПримарен симптом претставува болката во лумбоскралниот дел од 'рбетот – во полови-ната или во крстот.Болката може да биде локализирана само во крстот или да ирадира - да се шири долж предната или задната страна или странично по едната или двете нозе до различна висина (натколеница, потколеница, стапало). Болката може да се влошува, односно да се засилува со активност, како и со пролонгирано седење (особено долго возење во автомобил). Исто така, може да биде поизразена во текот на ноќта.Покрај болката, може да се јави здрвеност или слабост на дел од ногата кој прима сиг-нали од специфичниот нерв кој е притиснат, па така може да се појави неможност за стоење на прсти, неможност за подигање на палецот на стапалото и др.

ДИЈАГНОЗАКако и за сите други заболувања, првиот чекор за поставување на дијагнозата претставува детална-та анамнеза - интервју на пациентот за да се от-крие кога и како се јавила болката во крстот, дали се јавувала претходно, во кои околности се вло-шува или подобрува, дали постојат други актуелни или претходни заболувања.Понатаму следи физикалниот преглед - при стоење, одење и лежење се испитува мускулна-та сила, површниот и длабок осет, рефлексите, тензијата на ишијадичниот нерв, палпаторните болни точки. Понекогаш, за да се исклучи рефери-раната болка од други заболувања, потребно е да се направи преглед на абдоменот и карлицата или ректален преглед.На крај, во поставувањето на дијагнозата се ко-ристат имиџинг-техниките. Стандардните ренд-ген слики ретко даваат податоци особено кога се работи за акутна болка во крстот (освен при траума или кај остеопоротични пациенти). Затоа и не се користат како стандардна дијагностичка процедура. Она што може да даде појасна слика за причините за болката во крстот претставуваат CT- скенот, кој дава транссекциска слика на 'рбетот

по слоеви, како и МРИ (магнетна резонанца) која дава прецизен увид во состојбата на пршлените, лигаментите, дискусите и 'рбетниот мозок со нерв-ните корени.

Уште една дијагностичка процедура која повеќе се користи при хронична болка во крстот претставува електромиографијата која служи за диференцирање дали болката е од мускулно или од нервно потекло, како и за одредување на нивото на оштетување на нервните корени.

Page 19: Zdravstven kod br.11

[ Ортопедија ]

21

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

Третманот на болката во крстот, покрај самиот третман од страна на лекарот, вклучува и еден режим кој треба да се спроведува од страна на пациентот, а кој значи одржување на активност и минимализирање на периодот поминат во мирување во кревет, спиење на страна со перница меѓу нозете, избегнување на тешка физичка активност и редовно спроведување на лесни вежби, особено при хронични болки, како и локално загревање на пределот на половината (топли крпи).Што се однесува до медицинскиот третман, тој, пред сè, е конзервативен. Се оди на краткотрајно ограничување на физичките активности и мирувањето во кревет, само во текот на првите неколку денови. Од

медикаментозната терапија се даваат нестероидни антиинфламаторни лекови, опоидни аналгетици и миорелаксанти, а кај потешки случаи и стероиди (преку уста или во вид на инјекции и локални блокади). Хируршкиот третман поретко доаѓа предвид при акутни болки во крстот, освен кога се работи за синдром на cauda equina. При хронични болки во крстот со прогресивна компресија на нервните корени поради дискус хернија, исто така се препорачува хируршко лекување. Кај хроничната болка во крстот во третманот се вклучува и физикална терапија и тоа, пред сè, кинезитерапија, односно специјални вежби за ‘рбетот.

ТРЕТМАН

Повеќето пациенти со акутна болка во крстот ќе се опорават во текот на еден месец, иако е можно болката да се повторува во наредни-

те 6-12 месеци. Исто така, и кај пациентите со лумбоишијалгија, во најголем број од случаите доаѓа до комплетно опоравување со или без

хируршка интервенција, но периодот на рехабилитација кај нив е по-долг отколку кај обичната некомплицирана лумбална болка.

Пациентот може да си ги подобри шансите за рано опоравување со тоа што ќе остане активен и ќе избегнува строго мирување во кревет по-

долго од два дена.

ВАЖНО Е ДА СЕ ЗНАЕ

Page 20: Zdravstven kod br.11

[ Ортопедија ]

22

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

Што е Што е ОСТЕОСАРКОМ?ОСТЕОСАРКОМ?

Најчесто се локализира на краевите на долгите коски(метафизите). Во 42% од случаите се појавува во бутната коска, 19% се појавува на подколенишната коска од кои само во 2% во средината на подколеничната коска. Во 10% се појавува во надлакатната коска.Во рбетниот столб се појавува ретко во 1%. Во 8% се појавува во черепот и во вилиците, како и во 8% во карличните коски.

Остеосарком е коскен карцином-рак на коската кој се развива во коската и потекнува од коскените клетки остеобластите. Тој е агресивен коскен тумор чии туморски клетки продуцираат остеоид.

Се работи за најчеста хистолошка форма на примарен коскен карцином. Остеосаркомот е осми по ред на застапеност од карциномите во детството. Честотата на остеосаркомот изнесува 2,4% од сите малигнитети кај децата, и зафаќа околу 20% од сите коскени карциноми. Неговата инциденца е колу 5.0 на милион жители годишно. Почест е кај машките . Соодносот машки женски изнесува 2:1.

Причина?Точната причина за појава на остеосаркомот е непозната . Постојат повеќе претпоставки.Најважно е лекарот кој доаѓа прв во контакт со пациентот да ги препознае симптомите, а тоа се болка и тоа потенцирана во текот на ноќта на местото на заболената коска или во проекција на притиснат нерв, оток и ограничена функција на заболениот екстремитет.Обичната радиографија во два правца, Компјутеска томографија, магнетна резонанса и скен на скелетот со Тц-99 м. само попрецизно ќе ја дефинираат природата

на болеста. Се разбира треба да се направат и радиографија на бели дробови и лабораториски испитувања на крвта.Дефинитивната дијагноза ја поставува хистологот откако ќе добие материјал за анализа од самиот тумор или по отворена биопсија или со пункциона биопсија. Доколку матичниот лекар навреме го испрати болниот до ортопедски онколог најголем дел од работата е завршена.

Пишува: Проф. Д-р Ѓорѓи Зафироски - ортопедски хирург

Page 21: Zdravstven kod br.11

[ Ортопедија ]

23

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

До пред 10 години единствениот начин на лекување беше ампутацијата на заболениот екстремитет. 5- годишното преживување беше 10%.Денес лекувањето е комбинирано со хемотерапија, операција, хемотерапија и во одредени случаи и радиотерапија. Успехот од овој третман е во 70-80% преживување со зачуван екстремитет во 90% од случаите.

Чуствата и подршката зависат од начинот на лекувањето и од компликациите од самото лекување. Како најдобро да се справите со нус појавите. Можни се различни емоции: лутина, чувство на вина, страв, загриженост, може да се затекнете расплакани,безнадежни, уморни со безсоница. Може да чувствувате депресија. Тоа се се нормални реакции во ситуација на стрес. Но после првите реакции на стрес потребно е отрезнување и борба со сите сили против овој тежок непријател. Навистина тешко и жалосно е пациентот да се прими со сите овие чувства. Но пациентите не мора да се грижат да ги спречат овие чувства.

Во Специјалната Болница Филип Втори има персонал кој ќе ви помогне. Бидете уверени дека Центарот за емоционална и психолошка подршка ќе ви помогне на најсоодветен начин. Во него ќе најдете специјално тренирани психолози, лекари со адекватен тренинг за психолошка подршка, како и некои од медицинските сестри и физиотерапевти.Исто така корисно е за сите проблеми да се зборува со најблиските роднини и со пријателите. По излегување од Болница ќе ви се посочат специјални сервиси за психолошка и социјална подршка.

Како се лекуваше и како се лекува денес ракот на коските ?

Колку е важна поддршката на овие пациенте?

Page 22: Zdravstven kod br.11

[ Ортопедија ]

24

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

КОЈА ОПЦИЈА ЗА ЛЕКУВАЊЕ И ЈА ПРЕ ПО РА ЧАВ НА ДД

Пред повеќе од три години беше испратено од ортопедските хирурзи во Приштина кај мене да се лекува од остеосарком на десната подколенична коска.Таа се жалеше на болки и оток на десната подколеница.Особено болките биле изразени во текот на ноќта и ја буделе од сон.Нејзините родители мислеле дека е повредена и очекувале тегобите да престанат. Поминувале денови и недели со непроспани ноќи. Наместо подобрување тешкотиите станувале се поизразени,а болките посилни. Почнала и да накривува, а одењето и било се потешко.Во Приштина е извршена отворена биопсија и резултатот бил остеосаркома.

За децата со остеосарком -рак на коска како што беше во слу ча јот со па ци ен тка та ДД секогаш една од опциите е ампутација. Во овој случај си помислив и како низ филмска лента ми поминаа младоста, убавината и нежноста на ДД, зарем е неизбежна ампутација- туморот е доста проширен на десната подколеница почнувајки под горната зона на раст под коленото до над скочниот зглоб.Дали со претходната биопсија туморот не е проширен. Се направија сите контролни испитувања. Одлуката е донесена да се спаси ногата од ампутација и да се спаси животот на ДД. Неопходна е трка со времето, но неопходна е и финансиска подршка. Потребно е веднаш да се отпочне со три циклуса на хемотерапија, следи оперативна интервенција- отстранување на туморот заедно со дел од мускулите и замена на отстранетиот коскен дел со биолошка протеза со коскен цемент и фиксација со плочка и штрафови, проследено уште со три циклуса на хемотерапија после оперативната интервенција. Како сето тоа ќе делува на зоните на раст на коската. Дали двете нозе ќе растат подеднакво. Наше е да ги преземеме сите неопходни мерки, наше е да веруваме дека ќе успееме. Но потребно е да се издржи оваа долготрајна, макотрпна борба на нашата мала нежна пациентка и на нејзините храбри и неуморни родители кои постојано беа покрај неа.

Сметаме дека нашата пациентка ја победи болеста, се спаси нејзината нога и се спаси еден млад живот. Таа помина низ пеколот ги преживеа и најтешлите физички и духовни болки. Таа ќе може најадекватно да помага на многу други деца кои страдаат од слични болести.Ја преброде и последната битка, последната операција. Сега цврсто стои на нозе, оди без накривување, оди без болки, вози точак, плива, планинари, спортува, студира, се врати во убавините на животот поминувајки низ многу врати на пеколот, ќе гради нов убав живот. Среќно...

Пишува: Проф. Д-р Ѓорѓи Зафироски - ортопедски хирург

Page 23: Zdravstven kod br.11

[ Ортопедија ]

25

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

Едно многу долго очекување за да ја извршам оваа операција. Поминаа речиси две години мислејќи на овој момент, како ќе биде, дали ќе заврши успешно, дали ќе биде последна или пак ќе се среќавам со белите мантили иако веќе три години бев постојано со нив. Ова е четврта операција што ќе ја направам и, искрено, не е лесно. Наместо да се забавувам со друштвото некаде надвор, од 14.07.2007, друштво, фамилија, забава, училиште, ми стана болницата. За моја среќа, ме лекуваше најголемиот човек што го знам - проф. Зафировски.

Трите операции беа со голем успех. На 26.08.2010 дојдов во болницата „ФИЛИП ВТОРИ“ каде што сe беше како во сон – салите, ходниците, тоалетите, сe беше на високо ниво.

Во петокот на 27.08.2010 требаше да се опе-рирам, но зaради технички проблем, мојата операција беше одложена за во понеделник, на 30.08.2010. Си заминав дома и се вратив во неделата, на 29.08.2010.

Сe беше во ред, се оперирав со голем успех благодарејќи на вредните лекари што рабо-тат во „Филип Втори“, а особено проф. За-фировски. Останав 5 дена со најголема нега од страна на медицинските сестри.

Денес е петок, 1.10.2010 и си одам дома, со успех и извонреден впечаток за екипата на „Филип Втори“.

Thanks for all.

You are the best.

Page 24: Zdravstven kod br.11

26

[ Физикална терапија ]З

драв

стве

н ко

д ]

[ Д

екем

ври

201

0

''Аталектаза'' ''CPAP-терапија'' Aкутната Аталектаза е состојба на респираторна слабост со долг период на механичка вентилација. Таа е заедничка кај постоперативните компликации во торакалната и абдоменалната хирургија. Оваа состојба се јавува и кај пациенти кај кои имаме високи дози на седативна терапија, пациенти со подолго време во имобилизациона состојба која подвлекува пасивност на респираторната мускулатура. Аталектазите можат да се јават и состојба на повреда на градниот кош и стомачни болки. Неподвижноста и гојазноста на телото го зголемуваат ризикот за Акутната Аталектаза. Ваквата состојба доведува обструкција на дишните патишта компресија на белодробното ткиво и и не комплетна експанзија на алвеолите. Ризик популација се повозрасни пациенти, пушачи, пациенти кои веќе имаат некое респираторно заболување. Клиничка слика: плитко (ослабено) дишење, забрзано дишење, тахикардија (зголемена срцева фреквенција) и ниска концентрација на кислород во крвта. Дијагностицирањето е со оскултација, рендген снимка и спирометриска проценка.

Пишува: Манасиева Анета - Одговорен физиотерапевт

Page 25: Zdravstven kod br.11

[ Физикална терапија ]

27

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

Третманот на оваа состојба вклучува респираторна – физикална терапија која опфаќа: респираторни вежби, вежби со поттикнувачки спирометар, вибромасажа на дишната мукулатура, инхалација и кислородна поддршка и CPAP терапија.

CPAP терапијата претставува инструментална метода во респираторната терапија со која континуирано се инсулфрира додатен позитивен притисок во дишните патишта на крајот од експириумот со помош на машина за дишење. Оваа терапија се спроведува со цел да се одржи отвореност на алвеолите, да се подобри оксигенацијата и да се зголеми резидуалниот белодробен волумен, а да се подобри парцијалниот притисок на кислородот.

Спроведување на CPAP терапијаПациентот се става во правилна седечка положба, се бара од него да направи добра респираторна тоалета (искашлување), со цел да се исчистат и отворат дишните патишта. Постапката трае од 10 до 30 минути и се изведува еднаш до два пати дневно. За цело време на третманот пациентот е следен од страна на физиотерапевт и задолжително мониторирање на срцевата фреквенција, фреквенција на дишење, тензија и сатурација.

Page 26: Zdravstven kod br.11

28

[ Интерна медицина ]З

драв

стве

н ко

д ]

[ Д

екем

ври

201

0

АНГИНА ПЕКТОРИССИМПТОМ НА КОРОНАРНА БОЛЕСТ НА СРЦЕТО И СЕЛЕКТИВНАТА КОРОНАРОГРАФИЈА КАКО НЕОПХОДЕН ДИЈАГНОСТИЧКИ МЕТОД НА КОРОНАРНАТА БОЛЕСТ

Селективната коронарографија е директно снимање на коронарните артерии (артериите на срцето) со вбризгување на контрастно средство кое е рендген-позитивно (се визуелизира под рендген-зраци) и при заболување на артериите се прикажува како дефект во полнењето на артеријата (види сл. 1). Срцето се храни од две главни артерии: лева и десна коронарна артерија и нивните помали гранки. По снимањето (коронарографијата) на левата и на десната коронарна артерија, точно знаеме каде е проблемот, каде е зачепувањето на артеријата и каков понатамошен третман му е потребен на пациентот - бајпас хирургија, стентирање или медикаментозен третман.

ПРОДОЛЖЕНИЕ ОД ПРЕТХОДНИОТ БРОЈ

Пишува: Д-р Вилма Ампова - Соколов

Page 27: Zdravstven kod br.11

29

[ Интерна медицина ]

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

Интервенцијата се изведува во ангиографска сала, во услови на локална анестезија на местото на пласирање на катетрите. Пациентот во текот на целата интервенцијата е буден, свесен и комуникативен. Посебна подготовка за самата интервенција не е потребна. Се врши амбулантски и за 3 до 6 часа пациентот се отпушта од дневната болница. Местото од каде што се воведуваат катетрите за снимање е преку рака или преку нога, а во нашата установа 100% се врши преку артерија радијалис (преку рака), освен кога тоа е апсолутно невозможно (нема пулсации - атеросклероза, повреда на артеријата од претходни интервенции или механичка повреда итн.). По направената коронарографија имаме 100% дијагноза, со 100% можност за понатамошно лекување. На пациентите им се објаснува состојбата на крвните садови на срцето и можноста за понатамошно третирање, со стент или бајпас операција. Во нашата установа секогаш се определуваме за метод на лекување кој ќе претставува дефинитивно долгорочно решавање на проблемот. Ако е потребно стентирање (слика 1), тоа се врши веднаш, по извршената коронарографија и исклучиво со согласност од самиот пациент за продолжување на интервенцијата. Во ситуации кога пациентот не може да одлучи за себе (на пр., во тешка општа состојба со акутен инфаркт, губење на свест итн.), за неговото понатамошно лекување се бара согласност од најблиските. Пациентот и неговата фамилија мора да бидат известени за состојбата на болниот и потребата од понатамошно лекување. По поставувањето на стентот (слика 2) артеријата е комплетно отворена и дотокот на кислород до мускулните клетки е ослободен.

Ако пациентот е со инфаркт од пред неколку години и има зачепување на повеќе од една артерија, тогаш најдобро решение е бајпас хирургија (слика 3).

Прашањето што го поставува секој пациент: Постои ли ризик?Ризик постои од секаква интервенција, па дури и од пласирање на мускулна инјекција со антибиотик од која може да се добие алергиска реакција, анафилакса, од што може и да се умре. Луѓето мислат дека кога ќе им се стави инфузија или инјекција ќе оздрават побргу, не знаејќи дека за срцево болните пациенти и една инфузија може да биде фатална. Коронарографијата е само една минимално инвазивна дијагностичка процедура која за пациентите може да значи 100% дијагностицирање и можност за понатамошно лекување (бајпас или стент). РИЗИКОТ од самата интервенција е неспоредлив со РИЗИКОТ од незнаењето за коронарната болест на срцето, која за болниот значи сигурна смрт. На пример, во Русија, сите пилоти над 45 г., за да можат да работат, задолжително вршат коронарографија, без разлика на тоа дали имаат тегоби или не.Коронарната болест (инфаркт) е причина број еден за смртност кај населението на светско ниво. Разликата меѓу нашата земја и западниот свет е во тоа што во развиените земји, дијагностицирањето е побрзо и во поран стадиум на болеста, па така и лекувањето е понавремено и со помалку компликации. Редовните рутински кардиолошки контроли (ехокардиографија, ЕКГ, коронарен стрес тест итн.), водат до рано дијагностицирање и лекување на коронарната болест и спречување на компликациите од болеста: тешка срцева слабост, масивни инфаркти со висок процент на смртност, формирање на аневризма на местото на инфарктот и постепено проширување и слабеење на срцето (на срцевиот мускул), ненадејна смрт.Колку побрзо се дијагностицира оваа болест, толку повеќе мускулни клетки се зачувуваат здрави и витални, се зачувува мускулот на срцето кое ја пумпа крвта до сите други органи, а со тоа се спречуваат компликациите и смртноста кај населението. Моја препорака е барем еднаш годишно рутински кардиолошки преглед (ехо, ЕКГ, коронарен стрес тест), дури и да немате никакви тегоби, затоа што кога ќе се појават тегобите, болеста е веќе во напредната фаза.

Page 28: Zdravstven kod br.11

30

[ Интерна медицина ]З

драв

стве

н ко

д

и

Дали сте имале мозочен удар?

Дали имате вртоглавица?

Дали имате главоболки?

Имате ли зуење, свирење во ушите?

Се случило ли да загубите свест?

Дали во последно време сте почувствувале почесто темнење пред очите?

Дали сте почувствувале трнење на левата или десната половина на лицето?

ДАЛИ ИМАМ ПОТРЕБА ДА НАПРАВАМ ДОПЛЕР НА КАРОТИДНИТЕ АРТЕРИИ

Пишува: Д-р Вилма Ампова - Соколов

Специјална болница за хируршки болести „Филип Втори“ – Скопје

(снимање на артериите на мозокот)

ТЕСТ:

1234567

ДА НЕ

ДА НЕ

ДА НЕ

ДА НЕ

ДА НЕ

ДА НЕ

ДА НЕ

Page 29: Zdravstven kod br.11

31

[ Интерна медицина ]

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

Дали повремено имате проблем со рамнотежата?

Дали при пешачење ви се случило да почувствувате вртоглавица и темнење пред очите?

Дали сте имале двојно гледање?

8910

ДА НЕ

ДА НЕ

ДА НЕ

Ако имате повеќе од 5 одговори со ДА

Ако имате повеќе од 7 одговори со ДА

Ако имате повеќе од 7 одговори со НЕ

Ако имате подеднакво оговори со ДА и НЕ

имате апсолутна потреба од доплер на каротидните артерии (снимање на крвните садови на мозокот).

освен доплер на каротидни артерии имате апсолутни индикации за компјутерско снимање на каротидните артерии.

немате потреба од доплер на каротидните (мозочни) артерии. Можен е рутински доплер преглед по ваша желба.

потребно е да се направи добра васкуларна процена (преглед) и дополнителни иследување од кои ќе се добијат повеќе информации за вашето здравје – доплер на каротидните артерии, невролошки преглед, комплет ККС со биохемиски анализи и други испитувања според процената на лекарот кој ќе го изврши прегледот.

Одговори на прашањата:

Page 30: Zdravstven kod br.11

32

[ Интерна медицина ]З

драв

стве

н ко

д ]

[ Д

екем

ври

201

0

СРЦЕВО ПОПУШТАЊЕ

И покрај напредокот во откривањето и терапијата, срцевото попуштање (СП) останува голем и растечки општествен проблем. Околу 2% од населението во западниот свет (во Македонија околу 40 000 лица) имаат СП, синдром кој се карактеризира со висока смртност (5%-20% годишно),чести хоспитализации,намален квалитет на животот и комплексен терапевтски режим.Срцевото попуштање е клинички синдром кој се карактеризира со недоволна системска перфузија за задоволување на метаболните потреби, а како резултат на оштетена пумпна функција на срцето. Најкарактеристични симптоми на СП се отежнато дишење, малаксаност, намалена толеранција на напор и задршка на течност. Постои функционална класификација на тежината на болеста во класи од 1 до 4 (најтешка) која се користи со децении наназад, а лекувањето најчесто почнува во втората или во третата класа.

Современите дијагностички методи и терапијата употребени во бројни студии, придонесоа да се стекнат нови сознанија за процесот на ремоделирање и консекутивна дисфункција на левата комора на срцето кои се основа за понова клиничко-морфолошка поделба на СП на стадиуми - А, Б, Ц и Д, при што последните два стадиума вклучуваат пациенти со симптоматско, односно рефрактерно СП. Многу е важно пациентите во стадиумите А и Б, кога немаат симптоми на СП, да се идентификуваат на време и правилно да се третираат за да се избегне или запре ремоделирањето на левата комора и со тоа да се одложи слабеењето на нејзината функција што води кон стадиумите Ц и Д. Раната идентификација и третманот на ризик-факторите е можеби најважниот чекор во ограничувањето на негативните последици на СП врз јавното здравство.

АСИМПТОМАТСКА ЛЕВОВЕНТРИКУЛАРНА ДИСФУНКЦИЈА

Точка пресвртница на патот кон хронично срцево попуштање Значење, карактеристики и стадиуми на хроничното срцево попуштање

Пишува: Д-р Димитар Димитриевски - специјалист по интерна медицина

Page 31: Zdravstven kod br.11

33

[ Интерна медицина ]

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

Пред сè, тоа се пациентите во стадиумите А и Б на срцевото попуштање. Во стадиумот А се асимптоматски

пациенти без структурна срцева болест, но со висок ризик за СП и во

него спаѓаат лица со дијабет, обезност, хипертензија, хронична бубрежна

болест, анемија, коронарна болест, пушачи, корисници на кардиотоксични

супстанции и дроги и лица со фамилијарна историја за кардиомиопатија.

Во стадиумот Б, исто така, се пациенти без симптоми за СП, но со структурна срцева

болест (пациенти со претходен инфаркт на срцето, асимптоматска валвуларна болест, асимптоматска

левовентрикуларна дисфункција-АлВД). АлВД е состојба кога е намалена ежекционата фракција на ремоделираната лева комора под 40% или постои дијастолна дисфункција, но не постојат знаци и симптоми на СП што претставува латентен период пред развивање на симптоматско СП кон кое се насочува вниманието. Доказите сега укажуваат дека АЛВД е многу почеста отколку што се мислело порано. Во општата популација 3% луѓе имаат АЛВД и тие имаат 5-6 пати поголем ризик за СП во однос на луѓето кои ја немаат, па затоа сите кои се во ризичната група треба да поминат низ скрининг за дијагностицирање на оваа состојба.

Неодамнешните сознанија дека терапијата насочена кон симптоматското СП може да го подобри исходот

кај пациенти со АЛВД ја зголемија важноста на препознавањето и лекувањето на пациенти со

оваа состојба. Во дијагностицирањето на АЛВД се користи ЕКГ, ехокардиографија, БНП-есеј, КТ. Кај пациентите од А стадиумот се спроведува превентива со третирање на гореспомнатите состојби плус редовна физичка активност, избегнување на ексцес на алкохол и дроги и примена на АКЕ-инхибитори кај одделни пациенти.Третманот на стадиумот Б опфаќа сè што е напоменато за стадиумот А плус додавање на бета-блокатори таму каде што е индицирано. Со овие мерки се врши превенција и запирање на процесот на ремоделирање на левата комора, а можна е и регресија на настанатите промени.

КАКО ЗАКлУЧОК БИ РЕКлЕ ДЕКА МНОГУ лУЃЕ, ИАКО НЕМААТ СИМПТОМИ ЗА СП, А СЕ ПРЕПОЗНААТ СЕБЕСИ ВО РИЗИЧНИТЕ ГРУПИ, ТРЕБА ДА ГИ НАПРАВАТ НЕОПхОДНИТЕ ПРЕГлЕДИ ПРЕВЕНТИВНО, СО цЕл ДА НЕ СЕ ДОЗВОлИ ДА ДОЈДЕ ДО СРцЕВО ПОПУШТАЊЕ.

Кои се потенцијални кандидати за симптоматско СП?

Page 32: Zdravstven kod br.11

34

[ Истражување ]З

драв

стве

н ко

д ]

[ Д

екем

ври

201

0

Превземено од списанието welt der wunder

Алергиина хранаТИЕ МОЖАТ СЕКОГО ДА ЗАГРОЗАТ, НИВНИТЕ ПРЕДИЗВИКУВАЧИ СЕ КРИЈАТ

НАСЕКАДЕ ВО НАШАТА ХРАНА: АЛЕРГИИТЕ НА ХРАНА НАВИСТИНА ТЕШКО

СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРААТ, БИДЕЈЌИ НИВНИТЕ СИМПТОМИ ЧЕСТОПАТИ

ПОГРЕШНО СЕ ТОЛКУВААТ. ШТОМ НАСТАНЕ АНАФИЛАКТИЧЕН ШОК,

ЧЕСТОПАТИ ВЕЌЕ Е ДОЦНА ЗА ДА СЕ ПРЕЗЕМЕ НЕШТО. ЛЕКАРИТЕ ГИ

РАЗОТКРИВААТ НАЈОПАСНИТЕ АЛЕРГЕНИ – И КАДЕ СЕ КРИЈАТ.

НА КОЈ НАЧИН ОВОШНИОТ СОК ПРЕДИЗВИКУВА АЛАРМ НА СРЦЕТО ?

Да се јаде овошје е здраво? Да и не. Главна состојка на овошјето е овошниот шеќер, т.н. фруктоза. Нашиот организам е во состојба да разградува поголеми количини од него. Последица: нетолерантност на фруктоза. Речиси половина од возрасните не можат да примаат повеќе од 35 г фруктоза дневно – оваа количина се „ крие “ во две чаши сок од јаболко. Во цревата вишокот на шеќер се претвора во масни киселини со кратки синџири. Последица - зголемени масти (триглицериди) во крвта. Во случај на нејасна симптоматологија, лекарите препорачуваат да се откажеме од фруктоза најмалку три месеци. Воопшто не е едноставно: шеќерот се наоѓа во речиси сите видови на храна од типот на јогурт, овошни сокови, пудинзи, гумени бомбони – и, сè разбира, во сите видови овошје.

ДАЛИ ЛЕБОТ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА СОГОРУВАЊЕ (BURN-OUT)?

Житата, за да може да преживеат во обработливото земјиште, имаат не-колку „оружја“ кои го напаѓаат и нашиот организам. Така, глутенот може ја уништи слузницата на тенкото црево. Последица - веќе не можат да се апсорбираат минералните материи кои се од животно витално значење за организмот. Истоврeмено се нарушува и создавањето на хормонот серотонин (кој се лачи при благосостојба на организмот). Имунолошкиот систем создава антитела против протеинот глутен – и тие ги активираат симптомите. Болеста целијакија е алергија предизвикана од жита, но исто така и автоимунозаболување.

СИМПТОМИ: Гадење, грчеви, подуеност, дијареа, опасност од срцеви заболувања поради зголемени вредности на мастите во крвта.

СИМПТОМИ: Недостиг на железо и калциум, потешкотии во варењето на храната, воспаление на зглобовите, инфекти на дишните патишта, согорување (burn-out), депресија.

Page 33: Zdravstven kod br.11

[ Истражување ]

35

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

КАКО ЗЕЛЕНЧУКОТ ГИ ПОВРЕДУВА НАШИТЕ БЕЛИ ДРОБОВИ

Целерот е разновиден, како растението, така и луковицата - и тоа е опасното: ние целерот го јадеме како салата, како зеленчук. Како зачин се наоѓа во супи, сосови, мешавина на зачини, коцки за супа, а исто така и во ликерите. Речиси половина од сите алергии на храна во Германија укажуваат на целерот. Прв знак се напади на кашлица ноќе, и тоа во случај на минимални дози на целер. Објаснување: алергените на целерот ги дразнат бронхиите, се поттикнува создавањето на слузницата– и сето тоа по извесно време предизвикува рефлекс на кашлица. За алергиска реакција се доволни само 0,16 грама прашок од целер. Слаба утеха - дел од алергените на целерот се термолабилни и се уништуваат при готвење на температура од 100 ° C.

ЗА КОГО СЕ ОПАСНИ МОРСКИТЕ РАКЧИЊА?

Околу 80000 различни видови на морски плодови ширум светот се наоѓаат на менијата за исхрана –иако тие се вбројуваат во најопасните предизвикувачи на алергии. Главен алерген на ракчињата, шкампите и сл. е мускулниот протеин тропомиозин. Тој дејствува повеќекратно, како контактен алерген, бидејќи сите морски животни, откако ќе се уловат, рачно се сортираат и се готват, а исто така и при консумирањето. Не само населението кое живее во крајбрежните региони укажува на зголемена стапка на алергии. Врз база на кружната реакција, за алергичните лица постои опасност од потенцијален смртоносен алергиски шок – особено кога за првпат јадете морски ракчиња.

КОЛКУ СЕ ОПАСНИ КИКИРИТКИТЕ?

Дури и еден микрограм кикиритки може да биде смртоносен. Притоа, одлучувачка е врската на алергените, т.е. на материите кои предизвикуваат алергии, со одредени протеини во организмот. Врз основа на оваа врска се предизвикува лавина од метаболички реакции кои може да доведат до циркулаторна инсуфициенција – и тоа само со вдишување на мирисот од кикиритките или доколку дојдете во контакт со лице што јаде кикиритки. Во 2006 година, во Канада почина млада девојка откако го бакнала нејзиниот пријател. Тој, неколку часа пред да се случи настанот јадел путер од кикиритки. Експертите предупредуваат дека бидејќи сè почесто како замена за кикиритките се додава храна од сончогледови зрна, уште повеќе се зголемува ризикот од алергии. Причина - алергенот во зрната сончоглед е далеку помоќен од алергенот на кикиритките.

СИМПТОМИ: Kашлица, јадеж, кивавица, гастроинтестинални тегоби, егземи, осип на кожата, отоци, па дури и шок.

СИМПТОМИ: Отоци, главоболки, кивавица, егземи со јадежи , астма.

СИМПТОМИ: Тешкотии во дишењето, отоци на слузницата, осип, нарушена циркулација, сè до животно загрозувачки шок.

ОПАСНИ СЛАТКИ ПРОИЗВОДИОвошниот шеќер од страна на индустријата се третира како поздрава варијанта за користење во домаќинството. Не го покачува шеќерот во крвта, но ги зголемува вредностите на мастите во крвта. Последица - дијареа, ферментација во цревата, депресија.

ЧУВСТВИТЕЛНА ЗОНАГлутенот во житата ги уништува цревните ресички кои во милионски број се наоѓаат во слузницата на тенкото црево и кои се одговорни за транспортот на хранливите материи. Последица - хроничен недостиг на хранливи материи и минерали.

Page 34: Zdravstven kod br.11

[ Истражување ]

36

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

КАКО РИБАТА ГИ МАНИПУЛИРА НАШИТЕ ЗГЛОБОВИ?

Постојани болки во зглобовите, но тестот за реума е не-гативен? Ортопедите и рендгенолозите не утврдија ниш-то? Можеби станува збор за нетолеранција на риба која досега не е утврдена. Главен алерген е мускулниот про-теин парвалбумин. Протеинот може да предизвика пре-кумерна реакција на имунолошкиот систем со претерано формирање на антитела. Овие антитела го оптоваруваат сврзното ткиво, меѓу другото зглобот, и предизвикуваат силни болки. Важно е да се запамети дека алергените од риба се стабилни на топлина, што значи дека не само суровата риба туку и сварената риба може да предизви-ка алергии. И тоа дури и кога седите во ресторан покрај кујната и готвачот ја пржи рибата. За потсетување, мор-ските риби почесто предизвикуваат алергиски реакции отколку слатководните риби.

ДАЛИ ПИЦАТА ЈА ПОТТИКНУВА МИГРЕНАТА?

Пицата беше добра – но, сепак, во рок од два часа се појавуваат главоболка и мигрена. При-чина се состојките како што се саламата, кашкавалот и морските плодови, но и другите пре-хранбени производи како чоколадата, виното и пивото кои содржат хистамин. А токму тоа е материјата која имунолошкиот систем ја ослободува во случај на алергиска реакција. Хистами-нот во организмот се метаболизира од ензимот диаминоксидаза. Во случај на нетолеранција на хистамин, активноста на овој ензим дополнително се ограничува. Во тој случај, зголеменото ниво на хистамин предизвикува стеснување на крвните садови и силни главоболки.

КАКО СОЈАТА ГО ОСЛАБУВА НАШИОТ ОРГАНИЗАМ?

Вртоглавици, проблеми со концентрацијата, чувство на слабост во нозете – а сепак со мерењата на крвниот притисок и другите тесто-ви лекарите не можат да постават наод. Честопати во заднина се крие нетолеранција на соја. Симптоми-те честопати може да се увидат со текот на времето. Типично е лесно чувство на топлина, пулсот полека се забрзува, а крвниот притисок опаѓа. Сојата ја има во маргаринот, маслото, чоколадата, печивата, супите, сосо-вите и зачините. Повеќе од полови-ната од сите протеини во сојата се глицинини кои припаѓаат на групата алергени во храната. На пакувањата на готовата храна која содржи соини протеини најчесто тие се означени како лецитин.

СИМПТОМИ: Напади на астма, гастроинтестинални тегоби, кивавица, отоци на кожата со јадежи.

СИМПТОМИ: Главоболка, стомачни болки, дијареа, исцрпеност, вртоглавица, уртикарија (копривница), егземи, јадеж, аритмија.

СИМПТОМИ: Дразнење во грлото, вртоглавица, слаба главоболка, уртикарија (копривница), гастроинтестинални тегоби.

Page 35: Zdravstven kod br.11

[ Истражување ]

37

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

ЗОШТО ЈАБОЛКАТА И БРЕЗИТЕ СЕ ОПАСНИ ДВОЈНИЦИ ?

Алергените од јаболката се слични на алергените од поленот од бреза. На поленот од бреза реагираат најголем број на алергични лица. Алергенот од брезата, протеинот Бет в 1, според структурата е многу сличен на алергенот од јаболката Мал д 1. Бет в 1 полека навлегува во организмот, ние го вдишуваме и како таков стигнува во крвотокот. Таму имунолошкиот систем реагира на него и до толкава мера го сен-зибилизира што не се внимава и на најмалите разлики и го совладува протеинот од јаболката Мал д 1. И тоа се случува додека јаболката уште е во нашата уста.

ЗОШТО СТАНУВАМЕ СЛАБИ ВО ОДНОС НА ГУМЕНИТЕ БОМБОНИ?

Осипи, покачена температура, кашлица, замор - овде лекарот не дијагностицира инфект, а најверојатно вината за тегобите е желбата за слатко. Позадина: гумени бомбони, бомбони за џвакање, манчмелоу, вафли, торти со шлаг - сите тие содржат желатин. Но, желатинот го има и во вакцините и во средствата за разредување на крвта. Произ-водот од разградувањето на животинскиот колаген кој, меѓу другото, го има и во говедските коски, покрај водата и минералните соли се состои од околу 85 % протеини. Овие протеини ја поттикнуваат од-браната и со тоа доведуваат до зголемена дистрибуција на антитела. Бидејќи симптомите се пролонгираат и со тоа честопати се манифе-стираат со часови после консумирањето на слатките работи, најчесто не се препознава дека станува збор за алергија.

КАКО ЕДНА ГОЛТКА ВИНО НИ ГО ОДЗЕМА ЗДИВОТ ?

Дополнителната материја сулфит за време на процесот на ферментација се додава против штетници и микроорганизми , како и за стабилизирање на аромата. Делумно и винскиот квасец ја создава оваа материја. Особено лицата болни од астма засилено реагираат на сулфити кои, исто така, се додаваат во печивата, лимонадите, ренот и мармаладот. Само 10 милиграми сулфит на килограм прехранбен производ се доволни за предизвикување на тешки реакции. За обожа-вателите на вино важи следново правило - колку што е посуво виното, толку помалку содржи сулфит.

СИМПТОМИ: Јадеж и меури во устата, отоци, отежнато дишење, напади на астма.

СИМПТОМИ: Уртикарија (копривница), чувство на стегање во градите, чувство на слабост, отежнато дишење, отоци.

СИМПТОМИ: Напади на астма, отоци на слузницата (честопати во устата), дразнење во грлото, кивавица, проблеми со варењето.

Page 36: Zdravstven kod br.11

[ Истражување ]

38

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

ЗОШТО МЛЕКОТО ГИ САБОТИРА НЕРВИТЕ ВО ГРБОТ?

Лекарот не открива ништо – сепак имаме постојани болки во грбот. Мо-жеби е од млекото? Објаснување: доколку недостасува ензимот лактаза, тогаш за време на варењето лактозата од млечните производи не се распределува во градбени материи. Цревата се преоптоварени пора-ди потенцирање на путрификацијата (ферментното разградување на лактозата од нормалните бактерии во цревната флора) што доведува до интензивно дуење на цревата што предизвикува притисок на нервите и на тој начин се предизвикуваат силни болки. Кравјото млеко спаѓа во групата на мал број на прехранбени производи кои можат да пре-дизвикаат не само нетолерантност на лактоза, туку и алергија. Некогаш е доволен само еден милилитар за да се предизвика алергија, особено млечниот протеин казеин, кој е застапен во кашкавалот, кој е високоа-лерген и термостабилен. Екстремното загревање на млекото воопшто не ја намалува опасноста за лицата кои имаат алергија.

КАКО МЕДОТ ПРЕДИЗВИКУВА ГРИП ?

Медот содржи една состојка за која воопшто немаме претстава. Станува збор за ацетилсалицилната киселина, главната активна супстанција на аспиринот. Во природата е присутна во кората на врбата, но и во јагодите, малините и сл., како и во медот. Исто така, ацетилсалицилната киселина вештачки се користи како конзерванс и може да предизвика нетолерантност. Подмолно: симптомите одговараат на симптомите на настинка. Доколку не ја поднесувате ацетилсалицилната киселина, без да знаете, можете да помислите дека имате грип, земате аспирин и се чудите зошто тегобите стануваат хронични. Во една студија нетолерантноста на ацетилсалицилната киселина се докажала кај третина од тестираните пациенти со кивавица.

КОГА ЗАЧИНИТЕ СЕ РИЗИК ПО ЗДРАВЈЕТО...

Тахикардија после јадење? Контролата не покажува ништо? Сè е во ред? Сè повеќе луѓе реагираат на зачините. Како алергени тие предизвикуваат прекумерна имунолошка реакција, а како последица на тоа интензивно се ослободува хистамин кој го поттикнува протокот на крвта. Особено критични се анасонот (слично на целер и моркови), копарот, кари (мешавината може да предизвика реакција уште при вдишувањето), лут пипер (проблеми во дишењето поради материјата капсаицин), ѓумбир и цимет. Семето од синап спаѓа во групата на потенцијални алергени од зачини и речиси и најмалите количини можат да доведат до тешки анафилактични реакции. Внимание - реакциите од зачините стануваат поинтензивни кога се пие алкохол.

СИМПТОМИ: Гастроинтестинални тегоби, осипи на кожата, вртоглавица, несоница, депресија.

СИМПТОМИ: Уртикарија (копривница), бронхијална астма, хронична кивавица, носни полипи.

СИМПТОМИ: Тегоби во варењето на храната, проблеми со циркулацијата, асматични тегоби.

Page 37: Zdravstven kod br.11

[ Кардиологија ]

СРЦЕВА СЛАБОСТАкутната срцева слабост се дефинира како збир на симптоми во однос на абнормалната кардиолошка функција, честопати без претходно кардиолошко заболување.Акутната срцева слабост може да биде поврзана со систолна и дијастолна дисфункција и абнормалности во срцевиот ритам. Многу често, во овие случаи доаѓа до ургентен или доживотен третман.

АКУТНА

Симптоми на акутна срцева слабост се:

Етиолошки фактори кои доведуваат до акутна срцева слабост се:

Коронарно срцево заболување (60-70%)

-акутна коронарна болест,-миокарден инфаркт, нестабилна ангина, исхемична дисфункција,-механичка компликација на акутен миокарден инфаркт.

Дилатативна кардиомиопатија

Акутна аритмија (вентрикуларна тахикардија, вентрикуларна фибрилација)

-атријална фибрилација,-суправентрикуларна тахикардија.

Хипертензија со пристапи на хипертензивни кризи

Валвуларна срцева болест Акутен миокардит Аортна дисекција и срцева тампонада

Заболувања на други системи и органи (бубрежна слабост, ендокрини заболувања, мозочен удар, употреба на дроги и алкохол).

1

5

2

6

3

7

4

8

отежнато дишење,

гушењекашлица

(срцева астма)потење хипотензија

вртоглавица несвестица срцебиење олигуријабелодробен едем

Пишува: Д-р Борјанка Георгиева - кардиолог

Page 38: Zdravstven kod br.11

40

[ Кардиологија ]З

драв

стве

н ко

д ]

[ Д

екем

ври

201

0

Дијагноза

Дијагностицирањето на акутна срцева слабост е базирано на симптомите и клиничките наоди дополнети со соодветни истражувања: ЕКГ, РТГ, срцеви биомаркери, ехокардиографија, ангиографија (по индикација).Ехокардиографијата е една од најважните дијагностички процедури при евалуацијата на функционални и морфолошки промени поврзани со акутна срцева слабост, како и при процена на акутен коронарен синдром.Ехокардиографијата со доплер снимање се користи за процена и мониторинг на регионалната и глобалната лева и десна вентрикуларна функција.-Валвуларна структура и функција-Процена на механички компликации на акутен инфаркт на миокардот-Процена на перикардна патологија-Процена на пулмонален артериски притисок и трикуспидна регургитацијаМетодот на ехо испитување има предност со можности за повторување и без никакви последици за пациентот. Постои добра можност за следење на ефектот од дадената медикаментозна терапија и проценување на потребните дополнителни иследувања. Електрокардиограмот (ЕКГ) служи за идентификување на ритамот, за откривање на акутен коронарен синдром, лева и десна вентрикуларна хипертрофија, блок на лева гранка.Лабораториски испитувања: крвна слика, електоролитен статус, хепатален статус, деградациони продукти, тироиден статус, CRP, BNP, срцеви маркери.

Третман

Акутната срцева слабост бара ургентна хоспитализација. Третирањето на пациентите со акутна срцева слабост се состои од клиничка и хемодинамска стабилизација, дијагностицирање, етиологија и интензивен медикаментозен третман за повлекување на симптомите.Откако е постигната стабилизација на акутната фаза на срцевата слабост, понатамошниот третман зависи од причината која ја предизвикала.

Page 39: Zdravstven kod br.11

41

[ Кардиологија ]

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

Медикаментозен третман

Овој третман вклучува терапија со диуретици, кардиотоници, ACE инхибитори, бета-блокатори

Хируршко и интервентно лекувањеВо некои случаи на срцева слабост се препорачува хируршки или интервентен третман на примарната болест која довела до срцева слабост:

- пациентите со срцева слабост предизвикана од валвуларна дисфункција се упатуваат на операција за корекција или замена на срцевите валвули;

- пациентите со акутен миокарден инфаркт треба да направат коронарографија, PTCA или имплантација на стент;

- кај пациентите со акутна аритмија потребна е имплантација на кардиовертер-дефибрилатор, имплантација на пејсмејкер;

- кај пациентите со NYHA IV кои се помлади од 70 години, а кои не се кандидати за коронарна ревасуларизација, може да се постави срцева пумпа (LAVDs) и, во најлош случај, да се упатат во центрите за срцева трансплантација.

И во двата случаја на лекување потребна е промена на начинот на живеење, односно соодветна диета, намалување на физичката активност, намалување на внесот на сол, масти и холестерол, а најважно од сè е редовното земање на медикаментозната терапија.

Компликации кај акутна срцева слабост

Најголема компликација кај срцевите слабости е ненадејна смрт од вентрикуларни тахиаритмии, брадиаритмии, белодробен едем и кардиоген шок. Со брза и точна дијагностика и третман ваквите фатални компликации може да се намалат.

Прогноза

Акутната срцева слабост е застапена со голем процент на смртност. Кај хоспитализираните пациенти процентот на смртност се движи од 5 до 20%, додека кај пациенти кои не се хоспитализирани, овој процент изнесува 20% во првата година и до 50% во првите 5 години од дијагностицирањето. Пациентите се често хоспитализирани и бараат скап кардиолошки третман, особено ако се во состојба на кардиоген шок, белодробен едем или витално загрозувачки срцеви аритмии. Секоја рехоспитализација го зголемува процентот на смртност од 20 до 30%.

Заклучок

Превентивата на акутната срцева слабост се состои од навремена дијагностика и адекватен третман на коронарната и валвуларната болест, артериската хипертензија и нарушувањето на срцевиот ритам.

Page 40: Zdravstven kod br.11

42

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

[ Медицина базирана на докази ]

На годинешниов Конгрес на Европското здружение на кардиолозите, одржан во Минхен, Германија,

од 30. август до 3. септември, беа презентирани податоци од две компаративни студии помеѓу

перкутаните коронарни интервенции (PCI) со обложени стентови и поставувањето на коронарниот

артериски бајпас графт (CABG) и тоа: студијата SYNTAX која даде осврт на заболувањата на левата

главна коронарна артерија (left main), како и на пациентите со заболување на три крвни коронарни

садови, и студијата CARD која ги анализираше пациентите со дијабет.

SYNTRAX и CARD дадоа поддршка на коронарното артериско бајпас графтирање (CABG)

Page 41: Zdravstven kod br.11

43

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

[ Медицина базирана на докази ]

Доктор Патрик Сери од Универзитетската болница во Ротердам, Холандија, и д-р Фридрих Мор од Клиниката за кардиохирургија во Лајпциг, Германија, ја презентираа синергијата помеѓу перкутаните коронарни интервенции со TAXUS стентови и срцевите операции преку т.н. ( SYNTAX ) рандомизирана кохортна студија за период од една година, во име на истражувачите. Студијата не ги задоволи примарните очекувања за намалување на кардиоваскуларните несакани ефекти, но, сепак, истражувачите велат дека перкутаните коронарни интервенции ( PCI ) сè уште се безбедна опција за третман кај некои пациенти, така што студијата го надминува „табуто“ за стентирање на левата главна коронарна артерија (left main).

Студијата чија цел беше да ја докаже неинфериорноста на перкутаните коронарни интервенции (PCI) на левата главна коронарна артерија (left main) и на заболувањата на три срцеви крвни садови во споредба со коронарното артериско бајпас графтирање (CABG), беше дизајнирана да биде отворена кон „сите пациенти што доаѓаа“, а не само кон определени пациенти. На овој начин студијата имаше за цел да ја претстави популацијата од агол на хирурзите и интервентните кардиолози во нивната дневна пракса. Беше формиран „договор за консензус на лекарите“ кој ги претставуваше критериумите за вклучување и исклучување на пациентите. Сите пациенти беа испитувани од страна на мултидисциплинарен тим, вклучувајќи интервентен кардиолог и кардиохирург и пациентот беше вклучен доколку двајцата лекари имаа исто мислење за реваскуларизацијата.

Студијата SYNTAX вклучи n=3075 пациенти од 62 места во Европа и 23 места во САД, вкупно 1800 пациенти. CABG беше направен на 897 пациенти, а Taxus обложените стентови беа употребени кај 903 пациенти. Останатите пациенти, т.е. оние кои не беа кандидати за рандомизација, беа поделени во две групи: една група на пациенти кои не беа соодветни за CABG (n=198) поради

коморбидитетите, недостиг на графтови, лош квалитет на дисталните крвни садови и пациенти кои не прифаќале операција; а другата група на пациенти беа оние кои не беа соодветни за PCI (n=1077) поради комплексната анатомија, хроничната тотална оклузија која не се третира, неможноста да се зема антиагрегациона терапија или доколку пациентите одбивале да бидат третирани.

ПРЕЗЕНТАЦИИ

Моровите заклучоци од регистрите беа дека пациентите со PCI покажаа највисоки коморбидитети, како што е прикажано во резултатите EuroSCORE или PArsonnet. По дванаесет месеци од интервенциите се добија следниве резултати: кај пациентите со PCI, 7.3% завршиле со смрт, на 12% од пациентите им била направена реваскуларизација, 4.2% доживеале миокарден инфаркт (МИ) и 20.4% имале големи споредни кардио и цереброваскуларни ефекти (MACCE). MACCE ефектите резултираат со смрт, цереброваскуларни случаи од типот на удар, документиран МИ и повторна реваскуларизација, и кога пациентот бил подложен на PCI или на CABG. Во регистарот на CABG, резултатите по 12 месеци се следниве: 2.5% резултирале со смрт, кај 3.0% била потребна реваскуларизација, 2.5% МИ и 8.8% МАССЕ.

Како дел од студијата беше развиен SYNTAX систем на бодирање за да се измери комплексноста на коронарните лезии кои вклучуваа калцификации, доминантност, број и место на лезиите, заболување на левата коронарна артерија (left main), заболување на три крвни садови, (СТО), тортуозност, бифуркации и тромби. Целта беше да се направи водич за лекарите за да можат на најдобар начин да ја изведат реваскуларизацијата на пациентите со високоризични лезии.

Сери заклучи дека севкупните резултати за безбедност на интервенциите беа споредливи по 12 месеци следење на пациентите според протокол на исто ниво на симптоматска оклузија на графтот и тромбоза на стентовите. Вкупниот број

SYNTRAX

Page 42: Zdravstven kod br.11

[ Збор... два... ]

44

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

на случаи на смрт по 12 месеци изнесуваше 4.3% за PCI и 3.5% за CABG, реваскуларизацијата беше сигнификантно поголема кај пациенти третирани со PCI (13.7 % наспроти 5.9 % ) и кардиоваскуларните несреќи беа поголеми кај пациентите третирани со CABG (2.2 % наспроти 0.6 %). Проблемите кои спаѓаа во комбинираната категорија на споредни кардиоваскуларни и цереброваскуларни случаеви (MACCE) беа повисоки кај пациентите третирани со PCI и тоа 17.8% наспроти 12.1%.

Повеќекратно повторените PCI процедури го ставија графт премостувањето (CABG) последно

PCI се покажа како подобра интервенција од CABG кај пациенти изолирани со заболување на левата коронарна артерија (left main) ( CABG: 8.5 % наспроти PCI 7.1 % ), и кај пациенти со заболување на еден крвен сад ( 13.2 % наспроти 7.5 % ), но студијата не го постигна својот очекуван заклучок, претходно утврдената маргина од 6.6 % МАССЕ инциденци. Сери коментираше дека должејќи се на сличната безбедност на двете процедури, пациентите би требало сами да одлучуваат кој тип на процедура сакаат да им биде изведен. Кај PCI може да биде потребна повеќе од една процедура пред да се рече дека проблемот е решен, а некои пациенти може повеќе да сакаат да бидат подложени на повеќе процедури за да ја избегнат операцијата.

КОМЕНТАРИ

Доктор Кристијан Хам од Центарот за срце Керкхол, Германија, даде мислење за SYNTAX од кардиолошка гледна точка. Во дискусијата дали истражувањата ќе влијаат врз клиничката пракса, тој рече дека веќе има „добри вести“, а тоа се дека и двата типа на интервенции, PCI и CABG, се подобриле од почетокот на компаративните студии, и техниките се надополнуваат една со друга, а не компетитираат. Тој напомена, во корист на употребата на стентови, дека е помал ризикот за удар и пократко е времето на престој во болница (седум дена наспроти 14 дена).

Следните забелешки беа од доктор Роберт Џонс – хирург, од Универзитетскиот медицински центар, Северна Каролина, кој дискутираше за предностите и слабостите на истражувањето. Го величаше дизајнот на студијата како и одлуката да се користи клиничка процена за избор на пациенти. Тој особено ја истакна висококвалитетната нега дадена на пациентите и на развојот на нови SYNTAX резултати на коронарните комплексни заболувања. Кaко и да е, тој даде критика на тоа што го виде како ниска бројка на пациенти со (left main) заболување на левата главна коронарна артерија (34% ) од кои само 11.2% беа подложени на PCI интервенција. Покрај ограничувањата на истражувањето, тој ги броеше долгите хоспитализации на двете терапевтски групи, ниската комплетна реваскуларизација и следењето од една година.

Page 43: Zdravstven kod br.11

[ Збор... два... ]

45

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

Доктор Акил Капур од Болницата за торакална хирургија во Лондон, Велика Британија, ги презентираше резултатите на годинешниов Конгрес на Европското здружение на кардиолозите (ESC). Тој го коментираше малиот број на пациенти - 510 од планираните 600. Иако ова резултираше со неуспех во достигнувањето на примарниот состав на смртни случаеви, удар и МИ, Капур забележа дека пациентите кои биле следени во период од 12 месеци не покажале разлика помеѓу PCI (11.6%) и CABG (10.2%). Едногодишните проценти на преживување изнесуваа 97% кај двете групи: PCI пријавија повеќе реваскуларизации (PCI: 9.9%, CABG: 2.0% ). Како кај SYNTAX, и CABG студијата пријави повеќе ударин (CABG: 2.5%, PCI: 0.4% ), иако овие бројки не беа статистички сигнификантни.

Како и во SYNTAX, и за ова истражување може да се каже дека покажа подобри резултати со операциите. Капур коментираше дека сега PCI може да се смета како разумна стратегија кај дијабетичарите со мултисадовни заболувања, а како еквивалент беше прикажана безбедноста кај двете процедури. Како и да е, коментаторот, д-р Валентин Фустер од Медицинскиот центар Монт Синаи, Њујорк, додаде дека всушност резултатите не водат до дециден заклучок. „Не сум сигурен дека можеме да кажеме дека кај овие пациенти е разумно да им се изведе PCI, па сметам дека одлуката јасно мора да биде индивидуализирана на секој пациент” - изјави тој.

CARDiaИстражувањето на коронарната артериска реваскуларизација кај дијабетичарите (CARDIA) споредно кај PCI и CABG, понуди различни перспективи на компетитивните третмани. Оваа студија, исто така, имаше за цел да ја покаже неинфериорноста на PCI, но не успеа во тоа поради недостиг на доволна поддршка.

Page 44: Zdravstven kod br.11

46

[ Дневник пациент ]З

драв

стве

н ко

д ]

[ Д

екем

ври

201

0

Раскажува: Виолета Аларова

Август 2010, Скопје, типична летна скопска ноќ. Стојам на балконот и се восхитувам на сè. Најмногу на животот и на неговите тајни. А на Водно блеснал крстот со прекрасна убавина кој како да ме потсетува дека треба да сум среќна сега, на ова место, во ова време. Одново живеам.

А токму пред еден месец бев во болницата „Филип Втори“. Безнадежно во јулската ноќ го гледав крстот низ прозорецот и мислев дека е крај. Дека никогаш нема да ја впивам во себе убавината на животот, на денот и на ноќта. А моето срце трепереше и молеше – Господе, дај ми да живеам, спаси ме, а истите зборови од дното на душата му ги упатив и на д-р Жан Митрев, човекот што дарува живот. Ми беше чест што го молам иако неговото достоинство не дозволуваше

понижување на другите. Но, јас сакав да му ги бакнам рацете само за да живеам. Молев.....

Оваа моја одисеја започна во јануари 2010 година. Бев во Гевгелија, а поради замор и истоштување не ни забележав дека моето срце почнало да откажува. Градите ми се наполнија со вода и се лекував во гевгелиската болница. Моето срце имаше оштетен аортен залисток. Тоа беше вистинска опомена, а потоа, се знае, пат во Скопје – коронарографија и подготовка за операција. Ми беше познато десетгодишното искуство на д-р Жан Митрев, но размислував и за препораката да се оперирам во Белград - се знае: ние повеќе им веруваме на другите отколку на себе. Лекарот во Белград беше коректен,

операцијата е тешка, но добра, според неговите зборови. Но, постоперативниот тек стана друга приказна. Сфатив дека сум во државна болница со сите недостатоци околу грижата и хигиената. Веднаш ја сфатив својата грешка. Станав свесна дека оваа авантура скапо ќе ја платам со своето здравје. Уште таму им зборував за тоа дека имаме светска болница во Скопје, „Филип Втори“, но не знаеја. Некои се чудеа, но стореното беше сторено. Се вративме во Скопје и сите велеа дека ќе ми биде подобро, дека ќе се опоравам брзо, но јас добивав сива боја на лицето.

Му велев на мојот сопруг дека нешто од внатре ме јаде, чувствував постојан студ, нешто страшно се случуваше со мене. Уште повеќе се исплашив кога едно попладне добив

Молитвата

Page 45: Zdravstven kod br.11

47

[ Дневник пациент ]

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

температура. Лекарот од кардиологија препорача итен прием. Останав 15 дена. Бев очајна.

До собата имаше едно огромно дрво, а јас зборував со лисјата од мака и од осаменост. Но, и тоа заврши, ми беше подобро, но само еден ден, вториот ден добив температура. Ме убедуваа дека лекувањето е побавно. Јас не се чувствував добро и сфатив дека сум во канџите на нешто страшно. Нешто како да играше со моето тело. Треска, мачнина, повраќање, недостиг на апетит. Скапо ја плаќав својата грешка и сите велеа - ајде во приватна болница. Заминав во Систина. Прекрасна зграда, убав амбиент, убав апартман, а моето тело и понатаму се тресе. Целата екипа се собираше секојдневно и

се правеа сите испитувања, па дури и трансезофагеално ехо. И покрај третманот, состојбата се влошуваше.

Беа сигурни дека во прашање е бактерија, но не можеа да ја пронајдат. Се плашеа за другите пациенти, па ме префрлија на Инфективната клиника во Скопје. Одново нов амбиент. Снагата ми се тресеше од исцрпеност. По приватните болници, Инфективната клиника беше како казна, но за среќа имав соба со клима. Но, од радоста толку - далечинскиот управувач не функционираше. Во собата имаше 50 степени. Пред да се онесвестам, некој сепак ја вклучи климата.

Чудно, ниту еден прозорец не се отвараше. Персоналот беше љубезен иако условите беа никакви. Јас ги добивав најсилните антибиотици. „Ако не помогнат“, ми рече еден пријател, „следна станица е Бутел“. Ги правеа сите испитувања. Со мене беше др. Оливија и сите беа љубезни, но ме гледаа безнадежно. Антибиотиците течеа, состојбата се влошуваше, температурата растеше, и одново се чувствував многу лошо. Го губев апетитот, а со тоа се намалуваше и мојата надеж. Сите вени ми беа испукани, едвај преживував. Дури и се гушев. Се убедував самата себеси дека ќе ми биде подобро. Се молев. Само трески и температури.

на моето срце

Page 46: Zdravstven kod br.11

48

[ Дневник пациент ]З

драв

стве

н ко

д ]

[ Д

екем

ври

201

0

Семејството беше околу мене, немоќно и тажно.

Одново се молев и во молитвата сфатив. Само болницата „Филип Втори“! Ако таму речат не, сигурно е дека сум готова. Ќе умрам, но пред тоа сакам да го видам д-р Жан Митрев. Да му кажам за грешката што ја плаќам со животот. Ќе му ги бакнам рацете, ќе му се извинам, ќе го молам да ми прости. Иако беше доцна во ноќта, со сопругот одлучивме да одиме во болницата „Филип Втори“. Таму нè пречека милиот лик на д. Тања Анѓушева. Нè успокојуваше, иако имаше исплашен израз на лицето и не сакаше да ја пренесе загриженоста.

Веднаш ме задржаа. А јас почувствував надеж во воздухот. Сакам одново да го видам сонцето. А како сонца беа ликовите на вработените – др. Маја, Томе, Борче, Лепа, Ѓорѓија, сите со насмевка на лицата. Најмногу др. Енвер Идоски. Јас сè уште се чувствував лошо. Мислев на најстрашното. Дали е готово со мене? Какво мачно чувство е бактеријата во крвта. Се бориш со непознат непријател кој полека те покорува. Но, нешто ми велеше - не си сама, со тебе се многу луѓе. Овојпат ќе победиш!!

Со мене беше вистинскиот човек

- д-р Жан Митрев. Тешко е - вели – но ние овде не се предаваме. Патот на лекувањето е долг и мачен, но ќе го изодиме заедно. Неговите зборови на надеж беа музика за моето срце. Ќе живеам. Мора да преживеам. За своите деца, за своите внуци. Ќе успееме – во мене одекнуваше гласот на човекот кој за мене беше Господ.

Полека се успокоив. Околу мене беа прекрасни млади луѓе. Со својата грижа и помош како да ми даваа енергија. Сестра Ане ме покриваше како мајка. Или физиотерапевтот Оле, или Сашка која ми ја разгалуваше душата. Или Надире, Благица, Бети, Пепи, Тинка, Камка, Билјана и Надица, сите ми ја отвораа вратата кон животот. Да не ги заборавам и Натка, Роберт, Љупчо, Аце, сите. На сите ви благодарам од сè срце.

И, се случи неверојатно. Со упорност на лекарската екипа, хемокултурата ја даде бактеријата – јас имав ендокардит, но и антибиограм кој ме спаси од страшната бактерија. Останав во болницата „Филип Втори“ 24 дена - денови на мое повторно раѓање. Веќе по една недела ми беше подобро.

Втората недела уште подобро. Мојата боја се промени. Се родив одново. Кога

можев, застанував на прозорецот, го гледав крстот на Водно и се молев. Имав среќа. Знаев дека Господ е некаде на небото и управува со нашите судбини. Но тој е и околу нас. Секогаш ќе верувам дека во д-р Жан Митрев има нешто свето, нешто што го нема кај другите. А таа светост како да преминува и врз вас. Ви ја просветлува душата, ви го враќа животот.

Ова е мојата приказна. Ви ја раскажувам за да не го доживеете ова непријатно чувство. Моите грешки јас ги платив. Но, благодарам што има луѓе што ми го покажаа патот кон животот – да бидам со своите синови и внуци. Со луѓето што ги даруваат своите животи да помогнат на другите. Им благодарам. На сите.

За 24-часовната грижа, за убавата насмевка, за пријателството. Затоа, кога се молам на Господ, се молам и за нив. Одново пред мене блеска крстот на Водно. Изгрева млада месечина. Ѕвездите треперат. Доктор Жан Митрев ми го даде најголемиот подарок – животот. Ви благодарам.

Page 47: Zdravstven kod br.11

[ Клуб на пациенти ]

49

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

[одговори и прашања]

АКАДЕМИК Д-Р ЖАН МИТРЕВ

ПрашањеДијагностицирано ми е стеснување на левата внатрешна каротидна артерија на компјутеризирана томографија. Долго време имав главоболки, а во последно време се јавија и вртоглавици. Ми препорачаа стентирање на стеснувањето на каротидната артерија. Знам дека постои и оперативен третман. Ве молам за ваше мислење и препорака?

ОдговорВие имате симптоматско стеснување на каротидната артерија кое бара побрз третман. Симптомите кои ги чувствувате се нарекуваат мали мозочни удари (транзиторни исхемични напади) кои се предвесник на вистински мозочен удар. Затоа состојбата бара побрз третман, со цел превенција на вистински мозочен удар кој може да биде фатален или може да доведе до траен инвалидитет. Третманот кој ви го препорачале, стентирање на каротидната артерија, има многу полоши резултати во однос на оперативниот третман, хируршки. Според најновите светски препораки, ставен е мораториум на каротидното стентирање и се користи само во исклучителни ситуации кога е невозможен оперативниот третман или по исклучителна желба на пациентот. Оперативниот третман се нарекува тромбендартеректомија на каротидните артерии и всушност ги чисти од атеросклероза. Операцијата трае од 30 минути до 1 час, се изведува преку мал оперативен рез од 2-3 сантиметри на вратот, може да се изведе и во локална анестезија, во болница сте само еден ден и трајно се решава проблемот со каротидните артерии. Во нашата болница овој оперативен третман е секојдневна рутина и дневно се изведува на 2 или 3 пациенти, со одличен успех. Честопати овој третман се комбинира со оперативниот третман на коронарната болест кај пациентите. Моја препорака е да дојдете во нашиот Дијагностички центар за да ве прегледа специјалист и ќе ви ги објасни сите поединости околу оперативниот третман. Оперативниот третман е покриен од страна на Фондот за здравствено осигурување.

Page 48: Zdravstven kod br.11

50

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

ОдговорВие имате проширување на абдоменалната аорта над нормалните димензии кое бара побрз третман поради опасноста од пукање на аневризмата и со тоа искрварување. Колку е поголема аневризмата, толку е поголема можноста за нејзино прснување поради ослабениот ѕид. Втора опасност претставува емболизацијата со материјал од аневризмата во артериите на нозете, што може да доведе до гангрена на нозете. Затоа е потребно да дојдете побрзо за да ја додијагностицираме и третираме аневризмата. Постојат 2 начина на третман: првиот е класичен хируршки отворен начин при што преку отворање на стомакот се доаѓа до аневризмата, таа се отстранува и на нејзино место се поставува специјална хируршка васкуларна протеза. Операцијата се изведува во целосна анестезија и престојот во болница трае 3 до 4 дена. Овој вид на оперативен третман е рутински во нашата болница, со одлични резултати кои се споредуваат со светските васкуларни центри.

Вториот начин е ендоваскуларен при што преку крвните садови од слабините се внесува ендоваскуларен стент-графт и се решава аневризмата од внатре, без да се отвора стомакот, значи без хируршки рез. За овој вид на интервенција е потребна адекватна анатомија на аневризмата за да може да биде покриена од внатре со стент-графт. Интервенцијата се изведува во целосна анестезија, но може да се изведе и во локална анестезија. Престојот во болница трае 1 до 2 дена. За вториот начин на третман, интервенцијата е делумно покриена од страна на Фондот за здравствена осигурување, а дел од трошоците ги плаќа самиот пациент.

ПрашањеБев примен во болница поради јаки болки во стомакот и по прегледите лекарите утврдија дека станува збор за проширување на абдоменалната аорта и ми предложија оперативен третман. Би сакал операцијата да ја извршам кај вас, па ве молам подетално да ми го објасните оперативниот третман.

Page 49: Zdravstven kod br.11

[ Клуб на пациенти ]

51

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

ПрашањеПосле снимањето на артериите на срцето, од Клиниката за кардиологија ми рекоа дека треба да ми се стават 3 до 4 бајпаси, поради болките кои ги имам во градите. Ми рекоа дека сум имал и инфаркт. Сакам да се оперирам кај вас. Може ли да ми ја објасните операцијата?

ОдговорОперацијата се нарекува аорто-коронарно премостување. Се изведува рутински, секојдневно во нашата болница, во повеќе случаи. Нашите резултати се одлични, со минимални компликации и смртност под 0.5%. Операцијата се изведува во целосна анестезија, трае 2 до 3 часа, после операцијата се будите во интензивна нега, а целиот болнички престој трае 3 до 4 дена. За оперативната интервенција се користат графтови (бајпаси) и тоа артериски, од левата внатрешна страна на градниот кош, наречена внатрешна мамарна артерија, уште една артерија од левата подлактица, наречена радијална артерија, и се користат вени од левата или десната потколеница, наречени големи сафенски вени. Кај помладите пациенти користиме само артериски графтови, каде што покрај опишаните артерии, се користи и десната внатрешна мамарна артерија и десната радијална артерија. Овие графтови може да ги извадиме со посебни минимални оперативни резови, со користење на ендоскопски инструменти, така што наместо големи оперативни резови на левата рака и десната/левата потколеница, ќе имате само два мали реза од по 1 сантиметар. Целата операција е покриена од страна на Фондот за здравствено осигурување. По желба на пациентот за минимално инвазивна оперативна интервенција, со ендоскопски добивање на графтовите, операцијата е повторно покриена од страна на Фондот за здравствена осигурување, а пациентот доплаќа одредена сума пари.

Page 50: Zdravstven kod br.11

52

[ Радиодијагностика ]З

драв

стве

н ко

д ]

[ Д

екем

ври

201

0

РАНА ДИЈАГНОСТИКАна болести на дојката превентивни прегледи

рапавост на кожата

вовлекување на дојката

вовлекување на брадавката

исцедок од брадавката

САМОПРЕГЛЕД ЗА ВРЕМЕ НА ТУШИРАЊЕ:1. подигнете ја вашата рака2. со сапунеста рака проверете ја вашата десна а

пoтоа лева дојка.

За било какви промени во смисол: спонтан исцедок од дојката, појава на грутка, појава на топче, промена на бојата на кожата, рапавост на кожата, вовлекување на брадавката, вовлекување на дел од дојката, јавете се кај вашиот доктор.

ПРЕГЛЕД НА ДЕСНАТА ДОЈКА: 1. легнете на грб2. под вашето десно раме поставете перница 3. поставете ја вашата десна рака под главата 4. со средните прсти од вашата лева рака нежно

притиснете со мали кружни движења и прегледајте ја целата десна дојка

5. додека стоите или седите прегледајте го со допир делот кон пазувата и целата пазува

6. потоа лесно притиснете ја брадавката да проверите дали има некаков исцедок.

Повторете го целиот процес на левата дојка при што ќе ви биде подигната под главата десната рака.

Пишува: Д-р лидија Вељановска - специјалист по радиодијагностика

Page 51: Zdravstven kod br.11

53

[ Радиодијагностика ]

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

акот на дојката, според светските статистики, е на високото второ место како при-чинител за смрт-ност на женската популација.Тоа е болест

карактеристична за жени над 50-го-дишна возраст (кај 80% од жените) , но. за жал. и помладата популација не е воопшто поштедена. Според препораките на светските асоцијации за борба против ракот на дојката, оваа борба е состои од таканаречени задолжителни превентивни пре-гледи. Целта на превентивните прегледи на дојките е рано откривање на болести на дојката кога е многу поголема веројатноста за нивно комплетно лекување.Тоа се прегледи кои се прават пред воопшто жената да има какви било промени на дојките и се состојат од самопреглед , клинички и ехо-преглед, како и мамографски пре-глед.

Самопреглед е преглед кој се изведува еднаш месечно во до-машни услови и тоа за жени во ре-продуктивен период 3 до 5 дена по почнувањето на месечниот циклус, додека за жените во менопауза секој месец на ист датум. Постојат

препораки за самопреглед кои � се објаснуваат на жената за да може самата да ги спроведува…страна 2Клиничкиот преглед се изведува од страна на лекар и се состои од ви-зуелна инспекција и палпирање на обете дојки. (слика 1)

Ултразвучен (ехо) преглед на дојката се изведува со ехо-апарат со посебна сонда за тој дел од телото. Прегледот е безбеден, комфорен, безболен.Прегледот треба задолжително да се прави еднаш годишно и најдобро време за преглед на дојките е сед-миот до десеттиот ден од месечниот циклус. (слика 1)

Мамографија е рендгенско снимање на дојката кое се прави кај жени над 40-годишна возраст (со исклучок на помлади девојки кај кои постои индикација одредена од страна на лекар) . Прегледот е комплементарен со кли-ничкиот и ехо-прегледот на дојките. Ваквиот преглед треба задолжител-но да се прави на секои две годи-ни, а најдобро време за преглед на дојките е седмиот до десеттиот ден од месечниот циклус . (слика 2) При какви било промени на дојката (објаснети на страница 2), жената не треба да чека туку веднаш треба да се јави кај својот лекар на преглед.Тогаш се изведуваат задолжителни

ехо и мамографски прегледи (до-колку има потреба од мамографија) и ако се открие промена во дојката и е потребна нејзина анализа, тогаш се прави биопсија.Дијагностичките процедури овоз-можуваат прецизна дијагностика по која следи понатамошен третман од страна на хирург и потоа, доколку има потреба, третман од страна на онколог-радиотерапевт.Кога ќе се донесе заклучок дека е потребно лекување на болеста на дојката (оперативно и радио и хемотерапевтско), следат уште не-колку други испитувања кои ќе по-кажат дали болеста зафаќа и некој друг дел од телото, како што се ренденграфија на белите дробови и скелетот, комплетна лабораторија, ехо-преглед на стомакот и, по потреба, компјутерско снимање на одредена анатомска регија.Покрај постојаната борба против оваа болест преку кампањи и при-сутноста на бројни асоцијации во медиумите, како и учество на ме-дицински лица во ваквите кампањи со цел зголемување на свеста на женската популација за превентив-ните задолжителни прегледи и за раната дијагностика, не смее да се запостави фактот дека во успешноста на лекувањето и прогнозата имаат учество типот и стадиумот на самиот рак на дојката.

слика 2слика 1

Р

Page 52: Zdravstven kod br.11

54

[ Психологија ]З

драв

стве

н ко

д ]

[ Д

екем

ври

201

0

Пишува: Љубица Наумоска, психолог и психотерапевт

Нашата цел беше да се види проспективната психо-динамика на стресот на кардиоваскуларни паци-енти со акцент на нивната перцепција на стресните животни настани како ризик-фактори во развојот на нивното заболување.На графиконот бр.1 се претставени 4 категории на па-циенти од кои последната (маркираната) група на па-циенти за нас беше од најголем интерес. Оваа специ-фична група на пациенти искусиле стресни живот-ни настани, но не ги евидентираат (пер цепираат) како значајни, го исклучуваат и одби ваат нивното влијание врз здравствениот статус.

Психолошки гледано, кога еден пациент не препознава, не изразува и не вербализира што се случува со неговите емоции, се покренува прашањето на алекситимија.

Досегашните сознанија за ко-ронарната болест збо руваат за мултифакторијална етиологија. Апсо лут ниот ризик зависи од сомат-ски, средински и бихејвиорални фактори кои се повеќе познати како, на пр., артериска хипертензија,

дијабетес мелитус, пушење, исхрана итн., но и од оние кои се помалку истражени фактори, т.е. психолошките фактори. Пси холошките фактори се одредени црти на личноста на пациентот (Тип А личност, агресивност, хостилност итн.), одредени бихејвиорални аспекти (навики, шеми на однесување), како и изложеноста и реакцијата на стрес. Нивно препознавање овозможува пристап и до личноста на пациентот што пак помага во изнаоѓање на адекватни психотераписки интервенции.

СТРЕСНИ ЖИВОТНИНАСТАНИРизик-фактор во развојот на кардиоваскуларно заболувањe кај хоспитализирани кардиохируршки пациенти

Д

Во 2006 година беше спроведено истра-

жување кое беше повторено и во 2009

година: 238 хоспитализирани пациенти со

индикација за кардиохируршка интервенција

во Специјалната болница за хируршки

болести „Филип Втори“ го комплетираа

Прашалникот за животен стрес во 2006

година (јуни, јули и август) и 384 пациенти

во 2009 година (октомври, ноември и

декември). Прашалникот за животен

стрес (Holmes&Rahe Life Stress Inventory)

според Holmes и Rahe може „да ја предвиди

веројатноста за развој на заболување

поврзано со стрес“.

Page 53: Zdravstven kod br.11

[ Психологија ]

55

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

емоција (возбуда, анксиозност, страв) и да ги дове-дат во релација со соматските манифестации. Бидејќи пациентите имаат различна персонал-на и здравствена динамика и на различен начин го доживуваат и реагираат на стресот, важно е психодијагностиката да е адекватна. За пациентите кои перцепираат ниско ниво на стрес и/или во-општо не перцепираат стрес, значајни се следни-ве психолошки насоки: адекватен третман со нив е антистрес програмата како и Body-mind техниките на работа; работа преку тело и психотерапевтски интер-венции во таа насока кои овозможуваат пациентите да се сензивитизираат за своите потреби, да се поди-гне свеста за врската помеѓу телото и умот со цел да се воспостави психофизиолошкиот баланс и да се из-бегне евентуална понатамошна психосоматизација и регресија кон болест. Алекситимијата е интересна и нова тема, особено во областа на кардиопсихологијата. Нејзиното поната-мошно проучување ќе биде од големо значење како во научна смисла, така и во праксата.

Алекситимијата е сe почеста тема на интерес во по-следните години. Етимолошкото значење е неспособ-ност да се опишат со збор чувствата (A – lexi – thimia - без зборови за чувства). Се сметала за црта на лично-ста, но подоцна се одредува како состојба која може да се појави и да ја карактеризира целата личност. Кога е последица на рано афективно врзување, таа е примарна, а доколку е последица на актуелно стресен настан, тогаш се нарекува секундарна. Клиничка-та слика за алекситимија вклучува: потешкотии во идентификувањето на чувствата, неспособност да се направи дистинкција помеѓу чувствата предизви-кани од телесните сензации и чувства предизвикани од емоционална природа, нивна вербализација и манифестација. Во рамка Погрешно е да се мисли дека алек си-тимичните луѓе немаат емоции! Тие имаат потешкотија да ги вербализираат свои-те емоции, да ги манифестираат (изразат) и потешкотија која оди на уште подлабоко и посуптил-но ниво – да препознаат (перцепираат) чувство или

Ризик и развој на заболување поврзано со стрес

Про

цент

на

паци

енти

зав

исно

пер

цепи

рано

ни

во н

а ст

ресн

и ж

ивот

ни н

аста

ни

100

80

60

40

20

01

Висок2

Среден3

Низок4

Небележат стрес

2006 2009

Графикон бр. 1 Распределеност на пациентите според степенот на ризик за развој на заболување поврзано со стрес

Висок степен на ризик

Низок степен на ризик

Анти стрес програмаПсихотераписки интервенции поддршка во функција на воспоставување на психо-физиолошкиот балансПсихоедукација и превентивна стрес програма (балансирање на когнитивниот и емоционалниот аспект)

Растоварување на стресПсихоедукативна подготовка: превенција на еден страс (стрес мехаџмент техник)

Психоедукација и превентивна стрес програма (балансирање на когнитивниот и емоционалниот аспект)

Психотерапија: интроспекција и работа на свесност за body-mind врска (емоционален аспект)

Среден степен на ризик

Не бележи стресни настани

Page 54: Zdravstven kod br.11

56

[ Репортажа ]З

драв

стве

н ко

д ]

[ Д

екем

ври

201

0

Пишува: Љубица Наумоска, психолог и психотерапевт

Клагенфурт е главен град на федералната држава Каринтија, шести по големина град во Австрија. Се наоѓа на езерото Вертер (Wörtersee) и на реката Глан (Glan), опкружен со неколку ридови богати со густа шума. Прекрасната природа и типичната континентална клима го прават Клагенфурт привлечно место не само за странците, туку и за самите Австријци кои им го препорачуваат на туристите, но и самите го користат како одлично место за трошење на деновите за одмор и рекреација.

град кој плени со својата убавина

КЛАГЕНФУРТ

Во периодот од 16. до 18. септември 2010, на Универзитетот во Клагенфурт, Австрија, беше организирана „9. Alps – Adria Конференција по психологија 2010”. По 9-ти пат, над 300 психолози од околу 30 земји, не само од Европа туку и пошироко, се собраа на оваа Конференција и ги споделија своите искуства и сознанија со околу 230 постери и трудови, презентирајќи ги најновите истражувања и резултати од областа на здравствената психологија. Во овој период, како дел од тимот на психолози од Одделот за психологија и психотерапија при ПЗУ „ФИЛИП ВТОРИ“, имавме можност да присуствуваме на оваа Конференција и истовремено да го видиме и доживееме градот Клагенфурт во неговата полна светлина.

Page 55: Zdravstven kod br.11

[ Репортажа ]

57

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

Најпривлечен за туристите е стариот град со централниот Стар плоштад (Alterplatz) и ренесансните градби со своите шармантни аркадни дворови. Околината на градот изобилува со бројни раскошни замоци и прекрасни зелени паркови во кои уживаат жителите на овој град. Градот се наоѓа на помалку од еден час возење од Италија и од Словенија и само на неколку часа од метрополите како што се Виена, Будимпешта, Братислава, Салцбург и Загреб. Така, Клагенфурт со право може да се нарече крстосница, па и попатна станица која патниците од светот не забораваат да ја посетат.

На темелите на традицијата на стариот

град и она што тој го носи како специфична енергија расте градот Клагенфурт кој во летниот период станува домаќин на настанот ”Магијата на стариот град” (Altstadtzauber) кој содржи повеќе настани: музика од различни жанрови, храна, акробации и пантомимичари.

Новиот дел од градот е одраз на современото живеење на неговите жители: универзитет, театри, модерен стадион, богат ноќен живот итн. Градот зрачи и со својот спортски дух и богат спортски живот на што укажува и импозантниот фудбалски стадион - Арената Хипо Алпс – Адрија во кој има прекрасна свечена VIP-Lounge сала во која се одржа свечената вечера како

дел од неформалните социјални активност во рамките на Конференцијата, организирана од страна на Универзитетот. Тука имавме можност да видиме некои од значајните имиња од европската психолошка сцена во едно друго, но не и помалку значајно светло. На суптилен начин Австријците го споиле старото со новото, традиционалното и современото во градот во кој провејува чувството на добросостојба. Неоптоварената модернизација и можноста да се ужива во убавината на природата дефинитивно го прави Клагенфурт град кој плени со својата убавина и мами да биде повторно посетен.

Page 56: Zdravstven kod br.11

58

[ Ендокринологија ]З

драв

стве

н ко

д ]

[ Д

екем

ври

201

0

Пишува: Д-р Јасмина Зафировска - специјалист по интерна медицина

КЛУЧЕН ЗА РАНАТА

ПРЕВЕНЦИЈА НА

ЗАБОЛУВАЊАКАРДИОВАСКУЛАРНИТЕ

РАНОТО

ДИЈАБЕТЕСОТ Е ОТКРИВАЊЕ НА Дијабетес

Дијабетесот и кардиоваскуларните болести многу често се јавуваат во исто време кај ист пациент. Од една страна, дијабетичарите имаат придружни кардиоваскуларни заболувања, а од друга страна, пациентите со кардиоваскуларни заболувања страдаат од дијабетес или предијабетес. Затоа, дијабетолозите и кардиолозите имаат заедничка цел да го подобрат менаџирањето во врска со дијагностиката и лекувањето на пациентите кои во исто време имаат и метаболно и кардиоваскуларно заболување.

Page 57: Zdravstven kod br.11

[ Ендокринологија ]

59

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

Кардиодијабетолошкиот пристап кон лекувањето на овие пациенти е инструмент за иден прогрес на полето на кардиологијата и дијабетологијата.

Европското здружение за кардиологија и Европската асоцијација за проучување на дијабетесот го имаат прифатено овој предизвик со цел врвните експерти од двете области да создадат нови препораки, т.е evidence –based guidelines for Diabetes and Cardiovascular Diseases.

Суштинскиот пристап во овие препораки се состои во рано откривање на кардиоваскуларни заболувања кај пациенти со ДМ и метаболни нарушувања кај пациенти со кардиоваскуларни заболувања.

• Автоимун• Идиопатски

Тип 1 дијабетесот се карактеризира со недоволна продукција на инсулин поради деструкцијата на Б-клетките на панкреасот.

• Предоминантна инсулин

резистенција• Предоминантен

секреторен дефект

Тип 2 дијабетесот се карактеризира со комбинација од намалена

продукција на инсулин и намалена осетливост на клетките на инсулин. Раниот стадиум на тип 2 дијабетесот се карактеризира со клеточна резистенција на инсулинот и намалена секреција на инсулин предизвикувајќи постпрандијална хипергликемија.

Тип 2 дијабетес имаат околу 90% од возрасната популација со дијабетес и типично се манифестира кај средовечни пациенти. Овие пациенти често се обезни или страдале од обезност во претходните години и физички се неактивни. Кетоацидозата е невообичаена за овие пациенти, но може да се манифестира после некој стрес.

• Генетски дефект на Б-клетките

• Генетски дефект во дејството на инсулинот

• Егзокрин панкреас• Ендокринопатии• Индуциран со лекови или

хемиски средства• Невообичаени форми

на имунолошки предизвикан диjабетес

• Други генетски синдроми асоцирани со дијабетес (Sy.Down, Friedreich ataxia, Klinefelter’s Sy.Wolfram’s Sy)

1. ТИП 1 ДИЈАБЕТЕС

2. ТИП 2 ДИЈАБЕТЕС

3.ДРУГИ СПЕЦИФИЧНИ ТИПОВИ НА ДИJАБЕТЕС

4.ГЕСТАЦИСКИ ДИЈАБЕТ

Page 58: Zdravstven kod br.11

[ Ендокринологија ]

60

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

Рано препознавање, поставување на дијагноза и класификација на дијабетесот:

-предијабетес-ран стадиум на хипергликемија - асимптоматски дијабетес тип2

Дефиницијата и дијагностичката класификација на дијабетесот треба да се базираат на нивото на ризикот од кардиоваскуларни компликации.

Ризикот за кардиоваскуларно заболување кај лицата со дијабетес е поголем 2 до 3 пати повеќе кај мажите и 3 до 5 пати кај жените, за разлика од луѓето без дијабетес.

HbA1c e корисен показател на метаболната контрола и ефикасноста на третманот на дијабетесот, но не е препорачлив како дијагностички тест за дијабетес.

За секој процент зголемен HbA1c, процентуално е зголемен и ризикот за кардиоваскуларно заболување.

Тековните истражувања покажале дека 195 милиони луѓе во светот имаат дијабетес и се предвидува тој број да порасне на 500 милиони до 2030 година.

Околу 50% од пациентите со дијабетес остануваат недијагностицирани и неоткриени во текот на повеќе години. Да се детектираат луѓе со недијагностициран дијабетес тип 2 е многу важно во секојдневната клиничка пракса. Повеќе студии потврдуваат дека скринингот е многу важен за рано откривање на дијабетесот, а со тоа и за превенција на кардиоваскуларните компликации. Раниот третман со медицински

препарати и промените на животните навики ги редуцираат можностите од натамошно прогредирање на дијабетесот.

Раниот стадиум на хипергликемија и асимптоматскиот тип на дијабетес тип 2 најдобро се дијагностицираат со ОГТТ (oрален гликоза толеранс тест).

Луѓето со висок ризик за развивање на дијабетес и тие со асимптоматски дијабетес немаат симптоми за дијабетес и обично не се свесни за статусот на висок ризик што го имаат.

Постојат три основни пристапи за рана детекција на дијабетесот:

1. Одредување на нивото на шеќерот во крвта

2. Одредување на демографските и клиничките карактеристики кои би воделе кон дијагноза на дијабетес

3. Пополнување на прашалник со етиолошки фактори за појава на дијабетес

Неопходно е да се направи поделба на основни групи луѓе на кои би се вршеле тестирањата:

1. Општата популација

2. Поединци со потврдени метаболни промени, вклучувајќи ги тие што се обезни, хипертензивни и оние со фамилијарна историја за дијабетес

3.Пациенти со предоминантно кардиоваскуларно заболување

ПРИМАРНА ПРЕВЕНЦИЈА

ПРЕПОРАКИ

ПРЕПОРАКИ

ОТКРИВАЊЕ НА ПОПУЛАЦИЈА СО ВИСОК РИЗИК ЗА ДИЈАБЕТЕС

ГЛИКОЛИЗИРАН ХЕМОГЛОБИН

СКРИНИНГ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА НЕДИЈАГНОСТИЦИРАН ДИЈАБЕТ

ПРЕПОРАКИ

Примарен скрининг за

потенцијален дијабетес

тип2 може да се изврши

многу ефикасно користејќи

го неинвазивниот ризик-

скор во комбинација со

дијагностичкиот ОГТТ кај луѓе

со висок скор резултат.

Page 59: Zdravstven kod br.11

[ Ендокринологија ]

61

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

ЗА РИЗИК ОД

ДИЈАБЕТЕС ТИП 2

ТЕСТ1.ГОДИНИ

Под 45 години 0 п

45-54 години 2 п

55-64 години 3 п

Над 64 години 4 п

2.BODY-MASS INDEX

Помалку од 25 кг/м2 0 п

25-30 кг/м2 1 п

Над 30 кг/м2 3 п

3. ОБЕМ НА СТРУКОТ

Мажи Жени

Помалку од 94 см 0 п Помалку од 80 см

0 п

94 – 102 см 3 п 80-88 см 3 п

Повеќе од 102 см 4 п Повеќе од 88 см

4 п

4.ДАЛИ ВООБИЧАЕНО ДНЕВНО ПРАКТИКУВАТЕ ФИЗИЧКИ ВЕЖБИ ВО ТРАЕЊЕ ОД 30 МИНУТИ ?

Да 0 п

Не 2 п

5.КОЛКУ ЧЕСТО ЈАДЕТЕ ОВОШЈЕ ИЛИ ЗЕЛЕНЧУК?

Секој ден 0 п

Повремено 1п

6.ДАЛИ НЕКОГАШ СТЕ КОРИСТЕЛЕ ТЕРАПИЈА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА КРВНИОТ ПРИТИСОК?

Не 0 п

Да 2 п

7. ДАЛИ НЕКОГАШ СТЕ ИМАЛЕ ПОКАЧЕНО НИВО НА ШЕЌЕР ВО КРВТА?

Не 0 п

Да 5 п

8. ДАЛИ НЕКОЈ ОД ВАШАТА ФАМИЛИЈА ИЛИ ДРУГИ БЛИСКИ ИМААТ ПОТВРДЕНА ДИЈАГНОЗА НА ДИЈАБЕТЕС (ТИП 1 ИЛИ ТИП2) ?

Не 0 п

Да ( подалечни роднини) 3 п

Да ( блиски роднини) 5 п

Вкупен ризик-скор за развивање на дијабетес тип 2 во следните 2 години ______ п

ПОМАЛКУ ОД 7 НИЗОК 7- 11 ЛЕСНО ПОКАЧЕН

12-14 ПОКАЧЕН15 – 20 ВИСОК

20 МНОГУ ВИСОК

РЕЗУЛТАТ:

Page 60: Zdravstven kod br.11

62

[ Исхрана ]З

драв

стве

н ко

д ]

[ Д

екем

ври

201

0

Пишува: Татјана Неделковска - инструктор по макробиотика

Зимницата е традиционален и многу здрав начин на чување и

складирање на зеленчукот за зима, под услов да се подготви

на природен начин преку процесот на природно ферментирање

(киселење). Вака подготвената храна може да се одржи долго, со

месеци, од една до друга сезона, а и е многу здрава: дава енергија и

го стимулира апетитот. Туршијата е богата со витамини, особено со

Ц витамин, а бактериите кои го предизвикуваат ферментирањето,

шеќерот од зеленчукот го трансформираат во киселина која ја подобру-

ва цревната флора и го помага процесот на апсорпција на хранливите

состојки во крвотокот. Ферментирањето може да биде кусо (да трае

само неколку часа до 2-3 дена) и овој начин е соодветен за пролетно-

летниот период, додека во есенско-зимскиот период се јадат долго

ферментирани туршии кои може да се киселат и по неколку месеци.

Овие туршии се многу солени и затоа се добра рамнотежа на благиот

вкус со оглед на ниските температури карактеристични за овој пери-

од од годината. Меѓутоа, ако туршијата е здрава, тоа не значи дека со

неа треба да се претерува. Кога туршијата ќе стане премногу солена,

добро е да се остава да отстои 1-2 часа во вода пред да се употребува.

Иако може да се кисели секој вид на зеленчук, сепак, најпопуларен

за киселење е главичеститот зеленчук. Во макробиотската исхрана

киселењето може да се прави со сол, со мисо, со тамари, со три-

ци од жита (од ориз, т.н. нука, и од пченица). На нашето поднебје

најкарактеристичен и најраширен начин на природно ферментирање

е расолот: киселење на цели главички зелка со сол. На сличен начин

се подготвува и познатиот резанец (сечкана зелка која се гмечи со сол

и се притиска). Традиционално, кај нас природно се кисели и живата

туршија, но заради лошиот квалитет на зеленчукот (одгледан со веш-

тачко ѓубриво и прскан) се јавува потребата од додавање на разни

прашоци кои зеленчукот ќе го одржат цврст и жолт до крајот на зимата,

со што се нарушува природниот процес на ферментација. Ако успеете

да најдете биолошки чист и здрав зеленчук, еве неколку идеи како да

го складирате на природен начин:

Зимница на макробиотски начин

Page 61: Zdravstven kod br.11

[ Исхрана ]

63

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

РОТКВИцИ ВО СОлИлО

Потребни продукти:

-ротквици

-4-5 мали главички кромид

-сол

-1 парче рен

-малку синап

Ротквиците се мијат и чистат од листовите и се ставаат во тегла. Врз ротквиците се става кромидот, исчистен само од надворешната лушпа.Се вари солило: 1 кафена лажичка сол (морска нерафинирана) и синап. Се вари 5 минути и се остава да се олади. Ротквиците се преливаат со солилото и се оставаат да ферментираат.

ПРЕСУВАНИ лИСТОВИ ОД РОТКВИцА

Листовите се мијат, се сеч-каат и се ставаат во преса. Се додава сол: на две шолји сечкани листови се додава 1 кафена лажичка сол. Добро се меша и се притиска со пресата. Се остава да стои 4-5 часа или преку ноќ. Ако по првиот час не се одвои вода, значи дека треба да се додаде уште сол. Во случај да немате специјална преса, тогаш притиснете со нешто тешко.

РЕЗАНЕц (СЕЧКАНА

ЗЕлКА СО СОл)

Зелката се сечка ситно како салата. Во

тегла се става ред зелка, се попрскува

со сол и со толчник се толчи додека

зелката не пушти сок. Потоа повторно се

става ред зелка, се посолува и повтор-

но се толчи. Така се реди до врвот на

теглата. На крај, зелката со рака добро

се притиска кон дното на теглата сè

додека сокот не избие на површината.

Ако сокот не избие, значи не сте ставиле

доволно сол или не сте толчеле довол-

но силно.Теглата ја затвораме со парче

платно и ја оставаме 4-5 дена на собна

температура. Одвреме навреме прити-

скаме со раката за да го одржиме сокот

на површината.Откако ќе стаса, се чува

во ладилник.

ДОМАШНА ВЕГЕТА

1кг моркови1кг пашканат1/2кг магдонос (корен и лист)1/2кг целер (корен и лист)1/2кг морска нерафинирана солЗеленчукот се мие и суров се меле на машина за месо. Добро се меша со солта и се остава преку ноќ да отстои за солта да се стопи. Потоа се реди во тегли, добро се набива со толчник за да се истисне воздухот и се чува на студено и темно место.

Page 62: Zdravstven kod br.11

[ Исхрана ]

64

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

КИСЕлЕЊЕ СО ПЧЕНИЧНИ

ИлИ ОРИЗОВИ ТРИцИ

2кг трици

2 литри вода

100 гр сол

200 гр мисо (хачо-соино)

4-5 парчиња комбу алга од 5 см

Лушпи од јајца

Триците се тостираат на тивок оган додека не се заруменат. Водата со солта и

алгите се става да зоврие и се остава да се олади. Потоа се мешаат триците со

солилото, се додава мисото и добро се меша. Во тегла, дрвено каче или земјан

ќуп се реди ред трици, потоа ред зеленчук, ред трици и така до врвот. Последен

ред треба да бидат триците. Секое парче од зеленчукот мора да биде обвиткано

со трици. За овој вид киселење најдобар е коренестиот зеленчук: морков, дајко и

чичак, трупка бела и црна, итн. Може да се стават и ротквици, кромид, карфиол.

За побрзо да стаса, зеленчукот се сече на парчиња. Одозгора туршијата се при-

тиска со камен за да пушти вода. Ако по 3-4 дена не се појавува вода, тежината

треба да се намали. Исто така, туршијата треба често и да се промешува за да не

фати мувла на површината. Пред употреба, парчињата зеленчук се плакнат со

вода. Откако ќе се изеде зеленчукот, во истите трици може да се стави нов.

ТОФУ (СИРЕЊЕ ОД СОЈА) ВО МИСО (ПАСТА ОД СОЈА)

Една коцка тофу се премачкува со тенок слој мисо (најдобро е јачменово или оризово) од сите страни. Се покрива со газа и се остава да стои 24 часа. Потоа се симнува слојот од мисо. Се сече на кришки и се употребува за јадење.

РОТКВИцИ СО УМЕБОШИ

Ротквиците се мијат и се сечкаат на тркалца. На две шолји сечкани ротквици се додава 1 кафена лажичка умебоши паста и 1 кафена лажичка киселина од умебоши. Сè добро се меша и се остава да стои на собна температура два дена. Потоа се чува во ладилник. Се употребува како додаток по една кафена лажичка.

Page 63: Zdravstven kod br.11

[ приказни за големи деца ]

65

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

Ум царува....кон други уште повеќе, нема да тргувате меѓу себе, нема да се жените меѓу себе, ќе ги нема оние прекрасни веселби кајшто се игра и пие вино, нема да ги има игрите на кои ќе се натпреваруваат младите меѓу себе....

- Има ли некој тука, од сите вас, да ми каже што ќе добиете ако се степате меѓу себе...

Вака на глас, силно викал Царот пред целата постро-ена војска пред него. Сите молчеле со наведнати глави, чувствувајќи ја глупоста во која ќе западнеле. Најнаведнати им биле главите на кнезовите. Но, на сите срцето им било исполнето со благодарност и љубов кон Царот, што тој се нашол во вистинскиот момент да им помогне.

Откако Царот ќе им кажел за своите планови, веќе никој не помислувал на кавгата. Сите, до последниот војник, ја увидувале бесмисленоста во која ги довеле нивните кнезови, а воедно биле обземени и од големите идеи на нивниот владар. Војската и кнезо-вите се поздравувале меѓу себе, а настанот завршувал со голема слава и веселба. Така, Царот успеал, без капка крв да ги обедини сите до смрт скарани кнезови во цела Македонија. Со тоа постигнал голем економски напредок на државата и стекнал голем углед и силна војска. Но, во тоа време, во царството живееле и мали групи на луѓе, но Македонците не можеле никако да им го разберат нивниот јазик. Бидејќи им личел на грчење, почнале и така да ги нарекуваат. Таа група на луѓе биле големи трговци и на народот му носеле разни стоки од други страни на светот, разни работи кои ги немало во царството.

Земјата изобилувала со многу квалитетни земјодел-ски, сто чарски, занаетчиски и други производи, па тие ме ѓусебно правеле успешна размена. Така си живееле во некоја слога.

Меѓутоа, тие луѓе со трговија почнале да заработуваат многу злато, бидејќи производите многу се барале во другите земји, а и златото што го добивале од Македонците за некои луксузни предмети донесени од далеку, било уште поголемо. Со текот на времето, како економски зајакнувале, почнале да се сметаат за поцивилизирани и почнале да се групираат во мали градови заобиколени со високи ѕидови.

Но, тие не биле самобендисани само кон Македонците. Во алчноста за повеќе злато тие почнале да се прес

Си бил еден македонски цар кој на далеку се прочул како многу силен и храбар. На сите страни зборувале дека е голем војсководец, но и дека е многу суров, див, безмилосен. Меѓутоа, ептен малку, всушност, само најблиските знаеле дека тој бил многу мудар. Тој постојано се обидувал со преговори да го направи она што го замислил, да избегне војна, а да ја оствари целта. А замислил многу и имал голема цел, Македонија да го освои целиот свет.

Но, во тоа време во царството имало разни немири и несогласувања со локалните и регионалните владе-тели. Сите биле скарани меѓу себе. Секој против секого. Брат со брат очи да си извадат. За да го надмине овој проблем, Царот се впуштил во една акција. На секој од скараните кнезови му праќал свои пратеници, дека Царот токму него го поддржува за негов соработник. Така, секој од тие кнезови уште повеќе ја заострувал кавгата со својот ривал. Секој од нив толку многу се вжестувал, што за кратко време се подготвувале да се пресметаат и да се истепаат во војна. А тој момент го чекал Царот.

Кога веќе биле подготвени за борба, да се истепаат меѓу себе до последен, Царот се појавувал ненајавен. Но, се појавувал со целата своја свита и со целата своја војска, вооружена до заби. Неговите кнезови се изненадувале од ваквата ненадејна посета. Царот се правел дека ништо не знае и велел дека имале некоја вежба со војската, па дошол кај својот најдобар пријател да се одморат. Набрзо кнезот си ги кажувал своите маки за што се подготвувал, бидејќи знаел дека Царот него го поддржува, па се надевал дека со царската војска ќе му помогне. Тогаш Царот наредувал да дојдат и двајцата спротиставени ривали со својата војска. И кога ќе се построеле пред него, пред сите ќе извикал:

- Што ќе постигнете со тоа што ќе се истепате со својот најблизок?..

- Ќе загинете многу неславно, ќе ги осиромашите вашите фамилии, ќе ја зголемите омразата едни

Автор: Одиисеј

Page 64: Zdravstven kod br.11

[ Приказни за големи деца ]

66

Здр

авст

вен

код

] [

Дек

емвр

и 2

010

и уништуваат, туку дека се дојдени да соработуваат.

Со таква стратегија, македонскиот Цар ги освоил сите тие градови. Но, дошол и до главниот град на тие луѓе. Тој бил најголем. Во тој град се сметале за посебни, најучени. Биле најарогантни и на Македонците гледале со понижување. Па, и така зборувале, па дури го омаловажувале и Царот и го нарекувале дивјак.

Но, Царот ја спровел истата стратегија. Прво ја поставил огромната војска пред тврдините. Па, го пратил гласникот со сите закани и со две товарени магариња полни со злато.... Но, се вратиле назад. Не ги земале. Пак упатил нови пострашни закани, но сега со четири магариња полни со злато....не ги придобил. Пак упатил нови уште пострашни закани, но сега со шест магариња полни со злато....но, и овој пат безуспешно.

Тука и самиот Цар длабоко се замислил. Знаел дека трговците треба да ги поткупи со нешто поголемо, но со што..? И му текнало.

Огромната војска била распространета пред капиите и пред големата тврдина со сите коњи, со сите крави и добиток, со целокупниот плен и трофеи што ги земале од своите градови. Царот ги викнал своите генерали кои биле радосни дека конечно ќе го остварат она за што цело време им се заканувале на досегашните градови. Но, наместо да добијат наредба за напад, Царот им го кажал новиот план.

Им наредил да ја поделат војската на два табора и да изведат вежба како жестоко се тепаат меѓу себе. Секако, непријателите будно следеле с$ што се случу-вало пред тврдината. Виделе во далечината како војската се поделила на два дела и како почнале меѓу-себно да се напаѓаат, да се караат, коњите фрчеле натаму-наваму. Се направила голема мешаница, паѓале мртви војници на сите страни. Меѓусебната борба, викотниците, лелеците, топотот и ‘ржењето на коњите траеле цел ден и цела ноќ. Утрината малиот остаток од едната војска заминал на едната страна, уште помалиот остаток од другата, на другата страна. И тука, на широкото поле, пред портите на големиот град и пред нивните лакоми очи, оставиле с$ што носела војската. Сите коњи, добиток, шатори, сите воени трофеи, с$ што поседувале. Тука стоеле и шесте магариња полни со злато. Полето било прекриено со мртви војници. Кога го виделе ова граѓаните од големиот град, ја отвориле ширум портата и се стрчале кон товарените магариња со злато, но и кон сите работи што ги оставила војската. Во тој момент, кога ги отвориле портите и излегле надвор, одеднаш од сите страни скокнале „мртвите“ војници и во јуриш, македонската војска за неколку минути влегла и го освоила градот.

Така, умниот Цар успеал да го освои најголемиот град на непријателите без ниеден загубен војник.

метуваат и тепаат и меѓу себе. Секој нивни град водел војна со некој нивни друг град. Во царството настанале проблеми затоа што почнале и да не ги плаќаат даноците на Царот.

Сето ова му пречело на Царот, па решил да ги стави под контрола. Неговата војска сега била обединета и многу силна. Со силата со која располагал можел да ги згази во еден ден, ако посакал. Но, тој не бил таков. Сакал само да ги придобие на своја страна. Не сакал да ги убива, туку да ги смири меѓу себе и да продолжат да бидат дел од неговото царство. Да си го плаќаат данокот и како што си работеле и дотогаш, да си работат и понатаму. Да си ја тераат трговијата, но и да ја признаваат власта на Царот.

Но, тој мал народ станал многу самобендисан, аро-гантен и дрзок, па не сакал да се покори на неговата власт. Затоа, тој направил план, да освојува еден по еден град. Ги собрал и им го објаснил планот на своите генерали. Прво, да го опколат градот со целата војска, со целата пешадија, со целата коњаница, сите до заби вооружени.... со сите катапулти и со сите најстрашни борбени справи. Да се подготват интензивно и брзо како да ќе се тепаат за најрешавачка и најстрашна битка. Како да ќе се борат со најсилниот непријател до-тогаш. Да ја подготват војската за најстрашниот напад што се немал случено дотогаш... И откако с$ ќе било подготвено, ќе го прателе гласникот со едно товарено магаре да им го однесе ултиматумот. А тој гласел: „Ако се предадете и ја прифатите мојата власт, ништо нема да ви се случи, ништо нема да се промени, никого нема да казнувам или уште помалку да палам куќи. Ако не, градот ќе биде срамнет со земја и сите ќе бидат безмилосно убиени“.

За сите генерали ова бил многу логичен план. Но, и сите се зачудиле и прашале: „Зошто товарено магаре и со што товарено?...

Сега се зачудил и Царот на нивното прашање. „Како со што? Па тие најмногу сакаат злато и ние ќе им да-деме злато. Како ќе преговарате со непријател ако прет ходно не му го понудите тоа што најмногу го сака. Потоа, откога ќе ги покориме, со данокот ќе ни вратат сто пати повеќе“, им објаснил Царот.

Така и постапиле. Товареното магаре со бисаги злато пред портите на непријателите се покажало како најмоќен војник. Непријателот, исплашен од она што го видел како се подготвувала војската за напад, бил збунет и изненаден кога пред капијата видел гласник. Кога ќе ја отвореле капијата за да го примат гласникот и кога ќе виделе дека товареното магаре е полно со злато, со големо олеснување почнувале да разговараат меѓу себе. Веднаш се јавувале гласноговорници кои велеле дека овие луѓе не се дивјаци што ќе ги убиваат